Никола Кљусев ПРИВИДЕНИЈА
_________
1
_________
Издава
МАКАВЕЈ – Скопје тел. 02/ 3290 528, 070 36 50 50 e-mail: makavej@t-home.mk Во соработка со „Нампрес.“
Главен уредник Владимир Цветкоски ПОЛИЦА МАКЕДОНСКА СОВРЕМЕНА ПОЕЗИЈА Дизајн на корица Анета Гацевска Печат „Нампрес“ CIP Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-1 КЉУСЕВ, Никола Привиденија / Никола Кљусев. - Скопје : Макавеј, 2008. – 96 стр. ; 21 cм. – (Полица Македонска современа поезија) Неколку зборови место вовед кон последната поетска книга на Никола Кљусев / Бранко Цветкоски: стр. 5-9 – Кон поетското творештво на Никола Кљусев / Санде Стојчевски: стр. 89-94
ISBN 978-9989-164-93-4 COBISS.MK-ID 72840202
***
!
Изданието финансиски е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија
_________
2
_________
)&'*( '51/$"
,-&"&#$)&3
скопје 2008
_________
3
_________
_________
4
_________
*' ,-6' 9;-, 7,1F1 6' J'6A';1 7*'' +7 ,16' 7, '6+-47? *7 6-+7*17? ,75 )-H- 97*13'6 1374' LA=-* 6' )7/-=?*-67?7 9'?A*'M- 376 ,757? 6' ?;'J67 ?7 7)1?A*'M- '4A,67 - H?7 =1?- 61- 6-+7*1?- 9;1J'?-41 1 6'J)41=31?- ;7,=?*-61F1 ,-6-= =7 6'J?;-*7/6' )743' 06'-5- ,-3' 1374' 6137+'H 97*-N- 6-5' ,' +7 *1,15- *7 767J 0-5-6 7)413 =7 37+7 )-*5- =;'=6'?1 O *7 7)4137? C1 +A;'?' 1 4137? 6' 6-97*?7;41*17? ,;/'*613 79H?-= ?*-613 6'AG613 ?*7;-F 1 6-0'5-641* 9;1J'?-4 7 1=?7 ?743A - 6-0-567 J'=67 ,-3' 1374' 1 6-+7*7?7 ,-47 7=?'6A*' =7 6'= 973;'J 6'= *7 9;-,-41?- 6' 6-+7*'?' 0-5J' *7 =7401?- 6' 6-+7*'?' '3-,761J' *7 9'0A*1?- 6' 6-+7*'?' =976?'6' 41;13' *7 7*1- ;1*1,-61J' 7, 371 =5-;67 9;1=67 1 ,7=?716=?*-67 6- 9;-,A9;-,A*' 0' 516 41*7=?' 6' =1?- G7*-37*1 0')4A,1 *1- ;1*1,-61J' 1374' +1 =70,'*'H- *7 ?-37? 6' 4-?7?7 1 -=-6?' +7,16' *7 -,6' ;-?3' ?*7;-G3' *706-=-67=? !- +4-,'*5- 567+A G-=?7 #7J 6' =*71?7=A5,-=-? 4-?' =- )-H- 6';'514 1 0'*-H?'4 =7 6-0+'=41 *'?' /-, ,' 15 975'+' 6' 54',1?- ,;/'*61F1 6' *5;7* _________
5
_________
=3'?' 67*' 9;-;7,)' 6' '3-,761J' 1 ;-G1=1 3'?',6-*67 )-H- 6' =1?- 34AG61 ,-=?16'F11 7, ?'' 0');-*?'6' 67 *79;-;7,)-6=3' 5';H;A?' H?7 =- *13'H- 1 =- *13' O ,71 =3'GA*'M- 376 *1=7;'5616'?' 6' ,-C161?1*67?7 5'3- ,76=37 -*;79=37 -?')41;'M- !- ,;A/-H- =7 51+7*1 6' *706-= *-;A*'H- ,-3' 1 =7 =*7J'?' 5A,;7=? 1 =7 =*7J'?' 0,;/'67=? 1 ,7);7=7*-= 67=? N- J' ,71=?3'- 9;-I'?' 6' =1?- *-4131 5'3-,76=31 97374-61J' 7 ,61 6' ?'3*' *-;)' +7 *1,7* 6-3743A ,-67*1 9;-, 7+7J'*4-61- *7 7*' 4-?7 57 3'37 ,' )-H- *-N- *7 ?1*73 ;'0+7*7; =7 '6+-41?- 7 6-+7*17? 3')16-? *7 % 5A +1 *;'?1* 97= 4-,61?- 37;-3?A;1 6' 7*'' 361+' 1 ?7+'H 51 0';'G' ,-3' 0' 7,1F1 *7 D;1, 6-3',- 973;'J *7,1?- 6' 67*17? 14-61A5 N- =- =;-?6-5- 1 9'3 N- =- 6'*;'?15- 6' 41;13'?' 37J' +7 79=-,6A*'H- ,7 97=4-,61?- 0'91;31 ,7 3;'J61?- ;-C;-61 *7 7*'' 57?1*1;'6' 1 ?;-*7/6' 361+' 0' A)'*16'?' 51641*7=?' 1 4'/7*67=?' 6' G7*-37*1?0-561 '5)1F11 !'3'H- 7=97, ,' 6- =- 0)1,6- ?'' =;-,)' *7 D;1, 7 ='3'4 !-9;1=A?617? ,' 51 J' 7=?'*1 57/67=?' -*- ,' J' 9;1;-,'5 1 6-3743A 5-=-F1 ,' J' =?1=3'5 7*'' 361+' 3'37 =*-? 9;1J'?-4=31 '5'6-? 0' =1?- '3-,76F1 1 0'-, 67 =7 ';+';1?' -67*=3' LA=-*' ,' +1 7)J'*15- 7*141;=31 9;1*1,-61J' 0', 371 J' +4-,'5 )4'+'?' 1 5A,;' 6'=5-*3' 6' 1374' LA=-* _________
6
_________
- *1 =- 9;1*1,A*' 7?*7;-617? ?7947=;,-G617? *7=D1?-617? 1 J',7='617? 1374' LA=-* 7, 6'=?'61?371 6-97=;-,67 5A =- =4AGA*'' *7 6-+7*'?' )4'+7?*7;6' 51=1J' 6' 0)41/A*'G 1 +;',1?-4 6' *-=-4613 1 9;1=613 6' 3;-91?-4 6' 5'+1G617? 9701?1*-6 7,+4'= 6' )1?1=A *'M-?7 0-567 -3' 61 =- 9;1*1,A*' 610 7*1- =?1D7*1 1 6-3' 61 7,5'*6A*' ?;'J67 6-+7*'?' *1=73' )-=-,' 0' ,;-)61?- 0-5 61 0'6-=1 ;'637 &*-?37=31
_________
7
_________
_________
8
_________
СУДБИНА Секој човек е градител, носител и уривач на својата среќа, на своите радости и задоволства, на своите тегоби и страдања, на својата судбина. Не очекувајте некој друг дека ќе ја гради вашата судбина. Радосните и трагични мигови надвор од нас не постојат. Самите ги чувствуваме во својата душа.
_________
9
_________
_________
10
_________
АПОТЕОЗА НA УБАВИНАТА
_________
11
_________
_________
12
_________
Ги слушам зборовите на морската пена, од јужни дождовни облаци носена, а секоја капка дожд од лисјата е збор, на белиот леандар во нашиот двор.
_________
13
_________
_________
14
_________
АПОТЕОЗА НА УБАВИНАТА
1. Ја сакам убавината разголена во зорите. Ја сакам осамена во преграб на пурпуниот залез. Ја сакам во месечевата светлина намовната во сенката. Ја сакам во песната на славејот во ноќната тишина. Ја сакам во жарот на срцето - вечно да пламти и грее. 2. Убавината е меко струење во нашите очи. Убавината шепоти во тајните на нашето срце. Убавината саноќ сонува во нашите сетила. 3. Убавината доаѓа со пролетниот бакнеж во цутовите. Убавината е насмевка во сочните плодови натежнати на овошките. Убавината разнобојно танцува по разлистените стебла. Убавината здивка во сонот на семето што р`ти под снежната скрама. Убавината жубори од изворот на вечниот живот. _________
15
_________
4. Убавино, симни го твојот таен превез, да ме видиш во белите ноќи како патувам со срцето на денот што радосно се раѓа. Посакувам да полетам на твоите крилја и да го сејам семето на твојата бесмртност.
_________
16
_________
ВОЗБУДЛИВА УБАВИНА
Нештата околу мене се убави, топли. Тие ме прегрнуваат, ме милуваат. Тука се: Отворените срца на маргаритките украсени со сончеви зраци Нежните погледи на тажните темјанушки и грациозно гордите лалиња. Тие ги ловат звуците на трепетливите лисја од девствените брези. Недофатливиот поглед на чемпресите и широките прегратки на гордиот кедар се вљубуваат во миризливите цветови на липите, ја инкарнираат мојата имагинација да го слушнам гласот на невидливиот Создател на ова неовдешна убавина. Колку се убави нештата околу мене колку е насмевната природата _________
17
_________
- дури и во грдите нешта откривам нешто убаво. Зашто Тој кој е безграничен во мудроста и знаењето создал возбудлива убавина со восхит да ја откривам и со благодарност да ја примам. Соње, август, 2007
_________
18
_________
МИЛОЗВУЧНИ ТОНОВИ
Милозвучни тонови се слеваат во песна низ водните текови на немирната река. Извираат лекум од триежот на камењата и струи планинскиот вруток и го носи повикот на минатото - вечно да ни припомнува за убавината на родниот крај. Соње, 2007
_________
19
_________
РОДИНО
Кај сте мои високи, снежни планини, шумни реки и плодни долини? Мојот збор е загубен во морското дно, само мислата и ветрот се слеваат во едно. Во сон некој снежна лавина се преродила, и нашла починка во поројните води? Во зрачното огледало на езерската шир, блескоти студен и висок планински вир. Кадрави пупки на роза цутат во мојот крај, а магепсен мирис ме носи во Божји рај.
_________
20
_________
ЕСЕН В ГРАДИНА
Радост трепереше во градината низ пролетните миризливи и горди цветови. Сега низ градината се лелее дождовна есенска завеса и со тегобен здив гледам како се откинува лист по лист со пожолтено и проѕирно лице. Низ кората на стеблата ко сварена кожа се лизга синилото. Натежнала маглата врз лисјата што гнијат и со секој нов тажно што паѓа по една изгубена надеж во мојава душа умира. Соње, 2007
_________
21
_________
_________
22
_________
ЛИЦЕТО ТИ СЈАЕ
_________
23
_________
_________
24
_________
СЛЕЈ СЕ СО ЉУБОВТА
1. Ако во поривите на вашата душа тивко влезе љубовта, следете ја таа топлина, тоа чувство на верност иако до вас патува низ спили и стрмнини. 2. Кога љубовта ве носи низ молскавици и бури слушајте го ехото на нејзиниот татнеж, таа ги смирува подводните бранови во спокој да сонат вљубените брегови. 3. Нејзиниот глас грмотевици скротува, ги празни облаците и во милоста _________
25
_________
бие, толчи ко разбеснет бран во морските канари. 4. Во вашето срце океанот на љубовта ги скротува во тишина да сонуваат далечните води - речните притоки и тие - поројните потоци. 5. Во дивите полски цвеќиња љубовта нашла свој мир, мами мирисот на нејзината девственост. Дај Боже, тој мирис Твој здив да биде и пупки кадрави да расцутат во срцето твое. 6. Тоа рането срце низ пепелишта и трње чекори да го втаса крстот на љубовта и да го слушне _________
26
_________
тивкото Божјо предание за љубовта тага што ја мачи, а од нејзините просолзени очи занавек радост да зрачи. Соње, 2007
_________
27
_________
ЛИЦЕТО ТИ СЈАЕ
Лицето ти сјае, а ти милостива и нежна ме гледаш со поглед што не ветува радост. Лицето ти сјае, а ти си потоната во себе молкната и со изгубена насмевка - те покрива сопствената сенка. Лицето ти сјае, а мисли те гонат низ мозочните темни агли и во длабок сон тонат. Отвори ги прозорците за провев да ги сетиш тивките пролетни струни што треперат во моево срце. Скопје, септември, 2007
_________
28
_________
ВО СВЕТОТ НА СРЦЕТО
Во таинствениот свет на срцето ги чуваме тајните на сонот, таа длабока интима воскреснува со нашето ново раѓање.
_________
29
_________
ИЗГУБЕНА НАДЕЖ
Слушам ехо од тишината на сонот повик на изгубен глас таинствено шепоти, бара изгубена надеж, а креветот сонува љубов Септември, 2007
_________
30
_________
ПРОШЕПОТИ САМ
Те молам, прошепоти сам на сопственото уво, да слушнеш самиот колку клокоти и врие срцето на љубовта во сопствениот копнеж. Пушти ги антените бесшумно да ѕунат, космичките слушалки да го доловат гласот на љубовта што далечно бие во жилите на нашиот нескротлив времеплов.
_________
31
_________
ДЕВСТВЕН ГРЕВ
Го слушам шумолењето на твоите гради, тие разиграни бранови во кристална вазна. Ми шепотат тивко, срамежливо во ноќта глува и празна за болките на девствениот грев за пролеаните солзи и мојот гнев.
_________
32
_________
ИЛУЗИЈА Долу под градината еден осаменик шета под насолзениот свод и потонат во занес со илузија чека свенатата љубов во срцето одново да процвета. Скопје, 16 октомври, 2007
_________
33
_________
СО КРИЛЈАТА НА АМОР
Да бев со кријлата на Амор ширни страни ќе прелетав, низ молскавици и виулици со љубовен жар во Твојот двор ќе слетав.
_________
34
_________
МИРИС НА ЖИВОТ
Ме опива нектар од топлите гради од длабина што вечно струи и низ набрекнати пупки од штедар розов цвет ми носат мирис на живот на овој земен свет.
_________
35
_________
ОСАМЕНА ПТИЦА
Од разлистен цвет мирис се шири, ги буди вљубените сонот што ги мири. Осамена птица во далечен лет ги понела мајчините грижи од овој проколнет свет.
_________
36
_________
ОЧИ ПОЛНИ СО ДУША
Твоите очи полни со душа милозливо зрачат во моиве зеници тие ги грејат ширните крилја на ангелските бели птици.
_________
37
_________
МЕСЕЧЕВ ПРЕВЕЗ
Се прелева ноќта во сребрен превез исткаен од најнежни зраци низ мојата градина се прострел и во срцево одново љубов внел
_________
38
_________
СЛАДОК ГЛАС
Твојот мил и сладок глас е занесна музика, пренежна за сетилата мои во овој блажен час. Секоја вечер пред сонлив блен го доловувам шепотот на Твојот мил глас како тивко и со молитвена милост сплотен со топлите дланки на рацете ме милува и понесува во спокој.
_________
39
_________
_________
40
_________
ПАРАДИГМА НА ДЕВСТВЕН ЛИК
_________
41
_________
_________
42
_________
ПАРАДИГМА НА ДЕВСТВЕН ЛИК 1. Тој беше утро во нашето зајдисонце. Пороен поток што го разорува нашиот успиен океан. Тој го враќа жарот во нашите зеници. Неговиот дух и љубов ни дава спокој да медитираме и занесни сништа да сониме. 2. О, Боже! Немој да го скриеш неговиот разлистен цветен лик. Не казнувај ги да страдаат нашите очи. Тие ја бараат везден сочната насмевка што се лизга _________
43
_________
на вжарени усти ко девствен повик, ах, тој прв негов страстен крик. 3. Ако во љубовта страда, Боже тој со милост да биде спречувана неговата болка. Нека таа согоре во жарот што в гради му тлее, а пепелта сама ќе ја излечи неговата рана. 4. Ко благ пролетен ветер ја буди тој миризмата на цветовите и радосниот пој на птиците преселнички што ги доградуваат своите родни гнезда. 5. Неговата насмевка се разлистува во нашите очи, ги враќа чувствата _________
44
_________
на првите копнежи и мечти. Тој во просторот и времето е овоплотено наше его. Боже чувај го Од пакости и злоба него.
_________
45
_________
ПРИВИДЕНИЕ – ОЧЕКУВАЊЕ
1. Те нема! Него видов твојот лик. Сал слушам ехо во тишината, од исплашен глас, болен крик. 2. Барам да видам: Која си? Чија си? Од каде идеш? Кој те испрати? Кој дух го смрачи денот, да не те видам каква си!?! 3. Го слушам само гласот и не знам: _________
46
_________
Дал си привидение? Дал на мојата муза глас? Ил суштество, што ме демне в овој час? 4. Кажи: Дал си моја кобна судба ил ме чуваш в ноќва будна? В миг, исчезна виделината денот потона во мрак се изгуби мојот вид и бараниот невиден Твој лик.
_________
47
_________
НА ПРИЈАТЕЛОТ
Ме грее едно срце што ко огниште тлее, тоа срце во полево мое засејува љубов, а мојава жедна муза со благодарност ја жнее. Тоа е срцето на мојот пријател во неспокој што молчи, а моево срце без прекин го ослушнува молкот и без зборови ги доловува: Сите мисли, сите мечтаења сите негови исчекувања и со восхит ги споделува. Неговата мисла е птица во просторот, а во кафезот на зборот ја крие магијата на летот _________
48
_________
за да ја искаже вистината во себе и духот што живее во ритмична тишина. Скопје, 2006/2007
_________
49
_________
ТИ БЕШЕ
1. Сенка тешка надвисната над Тебе ја потемнува твојата мека душа. Твојот ум е окован заробеник без сила да полета. А Ти беше птица во просторот полско цвеќе со опоен мирис. Срамежлив нежен еделвајс вон од дофатот на погледот. 2. Твоето перо ко огнен меч светлосни зраци ширеше низ темните тунели на заспаната вода. На галебови крилја молскавици и бури прелетуваше _________
50
_________
ширно да се отворат озарените порти на новиот ден. А сега каде си? Каде да те барам? Кој ги скрши крилјата ти полетни ? Септември, 2007, Скопје
_________
51
_________
_________
52
_________
РАЗБУДИ СЕ
_________
53
_________
_________
54
_________
Кој светот го подели на светлина и вечен мрак, та наша кобна судбина фрли пекол да се ништи татко, син, брат, нашиот живот и надеж да одат во неврат? Кој од уста ми откина насмевка горда и човек претвори во животинска орда? Кажи, кој си Ти на мојот пат застанат, зар воспеаниот водач - демон станал?
_________
55
_________
_________
56
_________
РАЗБУДИ СЕ
Ти постоиш вон нашето време, не буди ги од сон тие што заспале пред време. Нивните очи не се среќаваат со твоите остави го злосторот и омразата да истече од нивната мртва мисла не биди соучесник со нивното дело. Невидливи гости како призраци влегуваат во твојата тишина и во мигот на неспокој со огнени нокти те туркаат да го пречекориш преминот кон мрачните предели на смртта. Разбуди се! Биди подалеку од нашето време, светилник на патот кон нашиот дом.
Септември ,2007, Охрид
_________
57
_________
ДАЛИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕАМ
Посакувам да ја слушам мелодијата на ноќната тишина и шепотот на ѕвездите што бдејат над мене. Ме заглушуваат темни тонови и бијат дивите ветришта на судбината. Умираат во залезот скриените копнежи Тајната во сонот ме буди ми вели - утре е денот што ќе ја објасни мистеријата и денот што го живеам. Од порои нови возбуди се раѓа невидена светлина. Дали ќе ја доживеам!?! Септември, 12. 09. 2007, Охрид
_________
58
_________
ОДМИНАТО
Лице виснато ко сварена кожа темно огледало од напластени слоеви на судбината. Слушам тажни струни на едно дамнешно минато тајната шепоти неразбирливи зборови низ брчките на лицето. Од очите извира последен изгрев носен од длабините на таинствениот свет на срцето. Тој изгрев божествено распослан ги буди заспаните пред време да го пронајдат патот на тие кои минувале низ трње и спили до татковиот дом. Септември, 2007, Скопје _________
59
_________
ДАЛЕЧИНАТА МЕ ОТУЃУВА
Далечината ме отуѓува, во нејзината глува магливост тонам како што месечината во пурпурниот оган на залезот се губи себеси. Не знам колку е далечна смртта? Можеби таа не е никогаш далеку колку што е близу!? Во одот кон далечината и височините минувајќи по животната врвица во бескрајот пресекнуваат соковите што не движат и во неумоливиот временски след секој пристига до својот крај Во секој чекор кон далечината суштествата го губат животот под стапалата, под копитата, под сечилото на џелатот. Септември, 2007, Охрид
_________
60
_________
СОНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО
Го носиме во себе сонот на сеќавањето. Секој брза да го дофати ритамот на животот, а тој се отсликува во сонот на сеќавањето И мртвите патуваат со сонот на сеќавањето. Сеќавањето живее во нас Ние постојано се движиме кон сеќавањето за да ги чуваме долго спомените во сонот Август, 2007, Охрид
_________
61
_________
КРИК ОД ПЕКОЛОТ
Кога вриеш во казанот на пеколот и животното сонце ти згаснало, од пареата пламенот што ја гони, создај месечина за излез на виделина. Кога џелат срце ти распорува и на крст смртно те приковува, од крвта на крстот скали соѕидај и пат за излез на слобода пробивај. Кога во усвитени спили те ѕидаат, а бранови од морски бури те удираат, од морската пена кајче направи и на брегот свој среќно исплови. Кога сеќавањето те изморува, а минатото носталгично се повторува, подмлади ги своите спомени со желби полетни, пламени.
_________
62
_________
Слушај го сопствениот внатрешен глас што живее во срцето на вистината, тој глас - молитвен храм во нас кој ја довикува иднината.
_________
63
_________
ГАЛЕБОТ СВИДЕТЕЛ 1. Сенки на заборавените Облаците сјајни огледало се на невидливиот лик на Создателот кој будно бдее врз сенките на заборавените. Тие шепотат по гробовите, го слушам нивното ехо од окрвавените морски спили. 2. Галебот болно падна Еден галеб гордо летал во небесните висини раширил крилја и стреловит поглед упатил кон камените спили го мамила човечка крв испрскана на нив се вчудовидел од грозотиите и маките човечки _________
64
_________
натажен, изгубил моќ и сила болно паднал врз брановите сури го погребале во песочните канари. 3. Галебот свидетел Галебот свидетел за кошмарот грозен на човечката беда ја носел тагата во себе на заборавените во гробовите. Почивај во спокој галебе мил буден свидетел на историската грозотија.
_________
65
_________
_________
66
_________
РЕФОРМИ
_________
67
_________
_________
68
_________
РЕФОРМИ
1. Реформи до небиднина Реформи, реформи и одново пак реформи минувавме низ пет, десет, петнаесет реформи во социјализмот и постојано „реформирани” „прочистени” со испрани мозоци и со јалови резултати минувавме од една во друга реформа кон „среќна иднина” а турнати во хаос и беда и одново влегување во нова реформа до небиднина. 2. Иноватор – реформатор Познавам еден „иноватор” професионален реформатор челник на сите југо-реформи _________
69
_________
и гробар на постојните, промашените. Тој послушен поданик гладен за слава и дар политички нарачан со доверба препорачан триумфален предлагач и поразителен критичар стана познат југо-алхемичар. 3. Доста со реформи И сега одново пак иста мелодија: ги слушам зборовите на гласноговорници од надвор, од дома и нивните пораки реформи, реформи. Оглушен громко извикав: доста со реформи, не сакаме реформи на тоталитарниот систем на диктатурата и хаосот, на криминалот и корупцијата. _________
70
_________
Сакаме градење нов слободен, демократски плуралистички систем, сакаме нов економско-политички систем самите слободно да ја градиме својата судбина, својата иднина. Мај, 2007
_________
71
_________
ТИ ЧОВЕКУ 1. Ти обичен човеку, исполнет со хуманост и љубов што секој ден стоиш пред машината, компјутерот пред булдожерот и тракторот и со трогателна мисла трчаш избезумено по магијата на денарот што безмилосно ти го зема знаењето, енергијата и времето сведувајќи те на механичка трансмисија да живееш во отуѓен безвремен свет. Човеку, дали знаеш кој ги користи плодовите на твојот труд и всушност каде си Ти?
_________
72
_________
2. Ти си нашето битие, нашето време, нашиот ум. С се врти околу тебе, човеку. Од твојата мисловна лабораторија зрачат бранови кон бесконечноста. Низ тебе чувствата и сетилноста доживуваат чудесни вознемирувања. Ти си создателот на сите блага на овој свет кој се движи низ пространствата - до невидимото, што го слуша нечујното што го претвора хаосот во хармонија и земното лудило во мир.
_________
73
_________
3. Човеку, до каде стасува твојот устрем? Во миг на занес ја упатуваш стрелата до целта и таа се движи кон средиштето, го пронижува и продолжува кон втора, петта, десетта... вртејќи се во магепсан круг до своето согорување.. Во таа вжарена животна стрела тлеела твојата сива материја, човеку, а нејзината пепел го означи крајот и генијалниот почеток на вечноста. Скопје, декември, 2007
_________
74
_________
НАШИОТ КРИТИЧАР
Тукушто излегле зборовите од неговата уста, се скарале со мислата што ги родила, се степале за лагата изречена, се уништиле меѓу себе. Во глувиот простор критичарот го слушал звукот на сопствениот глас и од заскитаните мисли говорот му станувал се побучен, објаснувал апстрактни тенденции во лингвистиката, музиката, сликарството, во политиката, книжевноста и генетиката. Безброј зборови се тркалаат како камења во осека на морски брег, се прпелкаат еден врз друг во тажен и зашеметен круг. _________
75
_________
Тие зборови, земени од вокабулари разни се нижат во реченици како јато исплашени риби низ чии струи се креваат магливи облаци и во конфузен меланхоличен тон восхитениот критичар одвај се разбрал себеси, а слушателите ги понел кон длабок сон. Скопје, декември, 2007.
_________
76
_________
НАРЦИСИ И МАСКИ
_________
77
_________
_________
78
_________
НАРЦИС
Еден болен за слава опседнат од нарцисов комплекс го понеле во заносен сон музите на Парнас се видел летнат на долгокрилна птица и во мигот на восхит еден секавичен гром го струполил во остри спили го приграбила темна бездна и останал во непробуден сон. 18 ноември, 2007, Скопје
_________
79
_________
ЛУЃЕ - МАСКИ
1. Маски Се чудам, нешто се случува околу мене, пред мене, во мене. Дали е тоа привидение или призраци? Не! Гледам, тоа биле луѓе- маски што ме опкружувале: Бледи, исчанчени,
грозни,
подмолни, измамни,
со вкочанети погледи го крадат мојот поглед откриваат нешто во мене _________
80
_________
2. Спокојно ги гледам Смирено, спокојно ги гледам. Па тоа, не се тие што до вчера ме прегрнуваа, верност ветуваа, со насмевки ме даруваа. Еден по еден во ноќните саати во дувло собрани со грозни маски наденати судбата моја на вага ја кроеја. 3. Режиран ритуал Помина режираниот ритуал ги симнаа маските се обидувам да откријам што останало од нивното лице? Изгледаа восхитени, расположени, насмевнати еден со друг кимнуваа, си намигнуваа. Кон мене „нежно, сомилосно“ погледнуваа како „загрижени“ ангели-чувари над мене _________
81
_________
мислите ме носат во други ментални пространства и се прашувам? Тие ли беа со грозните маски што со демонски рогови ме прободуваа ме туркаа во бездна, се насладуваа. 4. Една сенка од маските ми вели Една сенка од маските ми вели: „На грозата нивна, подла упати убоити стрели. Прашина да ги покрие тие маски врз маски на искршени карактери“. Со умислена недоверчивост го задржав својот поглед врз сенката на маската што ми зборува и се прашувам: Дали верност ми нуди или во мене интриги буди? Спокојно се олабавив, фрлив резигниран поглед _________
82
_________
и посакав: Да ме прегрне зората што руди и денот нов надежи што буди. 17 декември, 2007, Скопје
_________
83
_________
ПОДЛОСТА ФРЛА СЕНКА
Во бездната на ноќта ме приграби сонот талкам низ лавиринти на неизвесност ме туркаат во пеколен круг призраци ме гонат во неспокој умот ми се мати ме фаќа ужас барам знак за надеж од изгубена насока слушам страшен глас што грофта како ранет ѕвер се повеќе допираат до мене гласови на измама во уши ми ѕунат подли гласови на превртливци престрашени чувства во мене се ројат о, каде сте мечти изгубени копнежи водете ме кон денот _________
84
_________
да исчезнат соништата диви што немир носат. Радосна мисла во мене да се роди да го пронајдам патот во спокој што води. Вознемиреноста с посилен замав зема токму кога човек создава во мислите нешто важно а подлоста фрла сенка врз чувствата тажно. Животот е исполнет со пречки и искушенија и повеќепати во соништа умирам не стасувајќи го својот крај. Во пламнати мигови што судбата ми ги даде со див устрем полетав кон рајот и во подмолен пеколен судир пустински ветришта ме понесоа во адот.
_________
85
_________
Во мигот критичен ме приграби космичка сила ме напои со нова енергија спокојно да полетам духот мој да биде свидетел на сите висини. 17 декември, 2007, Скопје
_________
86
_________
НЕКАНЕТ ГОСТ
Некој неканет гост пакост ми носи. Потемнет во грозата своја со мрачни мисли коби, во годината на радоста моја прокудува зло и тага да ме мори. 18 ноември, 2007, Скопје.
_________
87
_________
_________
88
_________
Затврдена е претставата дека Никола Кљусев спаѓа меѓу оние поети кои можеме да ги наречеме самоници,... кои природно се раѓаат како такви, направо никнуваат од природата и слични квалификации, како што се и тукушто наброените определби на природата на поезијата на нашиот поет, определби што ги изнесува писателот Паскал Гилевски во предговорот на шестиот том од избраните дела на академик Никола Кљусев, том што исцело е посветен на неговата лирика. И, се разбира, и тоа е вистина. Но тука треба да додадеме: тоа не е целата вистина. Не е, затоа што на тој начин, преку таквите искази, се опфаќа она што оваа лирика ја прави изворна, чиста и блиска, такаречи на дофат на раката, небаре испис од личните интимни записи на секој од нас. Овие квалификации ги имаат предвид непосредноста и топлината, мирисот на лебот и на косата на љубената, ведрината на утрата и опојноста на приквечерината, вознесот од насмевот и уплавот од грчот на лицето што ни иде во пресрет. Сето тоа е така, и би било голема несмотреност, критичарски превид и огрешеност од вистината доколку со еден таков став се тргне да се спори. Тој став и тоа мислење, меѓутоа, нужно ќе мора да се дополнат. Ним ќе мора да им се придодаде и една _________
89
_________
ваква размисла: на тој очигледен креативен импулс, на таа понесеност и на тоа сеопшто вдахновение, во поезијата на Никола Кљусев се надоврзув а, се надградува едно својство кое попрво би го препознале како меморија на едно промислување за природата на поетската уметност, како желба да не се претрча и да не се протатни преку лирските рамнини, туку да се освои и да се спечали барем основен впечаток за вистинската природа на певот, па макар и само на материјалот од кој тој пев се строи и се извишува. Имено, да не се заборави дека поетот Никола Кљусев не испеа инцидентно, бегло и спорадично песна-две за јазикот, за делото и за зборот, туку испеа цела една книга што нему, на зборот, му е посветена. И уште, да се има предвид дека тоа не е обична книга за зборот, не е песна за зборот, не е дури ни само збирка песни за зборот тоа е вистинска ода на зборот! Во таа ода, пак, во тој потк ренат говор и пев, не се допушта место на неконтролираната спонтаност, не му се отвора ширум портата на певот на забревтаното крдо на говорот. Поетот тука, на границата меѓу говорот и сопствената песна, поставува непоткуплива јазична царина, која вели: не може с во песна. Ова, пак, недвосмислено упатува на констатацијата дека овој самоникнат , автохтон поет, еден од оние кои природно се раѓаат како такви , кои направо никнуваат од природата , сепак запира над зборовите што му се нудат за песна, се замислува над нив, им ги тестира својствата и употребните можности и квалитети, и остава впечаток дека чувствува потреба од обмисла, од скица, од присенка, макар на дофатка од креативна стратегија. _________
90
_________
Доколку овој исказ побуди чувство н а изнасиленост и кревкост, допуштете веднаш во разговоров да го воведеме сведокот кому тешко може да му се ускрати уверливоста да му дадеме збор на самиот поет. Имено, уште во првата песна од книгата Ода на зборот , Кљусев го извикнува, во негов понесен и понесувачки, никако спокоен и неутрален стил, го извикува своето творечко вјерују, па пее вака: Многу зборови слушнав во бучниот говор твој но сал тие просеани низ моево духовно сито ги помни умот мој. Ова е толку јасно што нема потреба да се преточува од стих во дискурзивен говор. Поетот тука директно ги става под знак прашање поривноста и спонтаноста. Она што го помни умот мој, вели тој, она што го земам предвид за градба на песна, мора претходно да биде темелно проверено и просеано, да мине низ духовното сито, а никако да јурне од уште жешките расположби и чувства кон белината на хартијата. Се чувствував побуден, чувствував потреба сето ова да го споделам со читателите и сега спокојно можам да потсетам на она што никако не смее да се испушти кога се проговара за поезијата на Никола Кљусев а, имено, дека во својот голем, ако не и најголем дел, таа е несомнен израз, зошто не и изблик, на оние неотклоними и доблесни составки на певот, особено на лирскиот, _________
91
_________
од искони: љубовта спрема жената и татковината, копнежот по убавината и слободата, возвишувањето на детството, исповедта од неправдите и страдањата... Читателот подобро од мене го знае тоа: ниту имало ниту ќе има поет без вакви составки на својата убава уметност. Има, меѓутоа, лиричари кај кои ваквите својства или се повлечени во споредните, рабни подрачја и зони или, пак, се концентрирани и наталожени во определени возрасти и периоди, обично во она преодно доба меѓу детството и момчештвото, па с до доцната младост или раната зрелост. Е ова правило не важи, тоа не е случај кај Никола Кљусев. Во оваа смисла тој се открива како припадник на оној сој поети што ги предводи големиот Гете, кој и во својата осумдесетгодишна возраст воздивнува и испушта младешки поривни изливи, сонува врели соништа и му се радува на утрото, како да е првото раѓање на Сонцето. Тој планира, гради иднина, нестрпливо го чека утрешниот ден, Денот утре, зашто ни се доверува дека: ќе полетам еден ден со мојата бела еднокрилна птица, над ѕвездите божји ќе се дигнам со ангели да прошетам, да поиграм и во тишината на Космосот, да го донесам денот утре што ќе му даде смисла на денот што го живеам.
_________
92
_________
Гледате, тој ја бара смислата, суштината, мајата, самата срцевина на чекорењето и на пеењето. Онаа голема, сеопфатна, космичка смисла, но и онаа краткотрајна, интимна, приватна, скапоцена самоизмама што го исполнува нашиот обичен ден. Поетот бара стожер, вертикала, каријатида, за да може да се придржи лирското јас пред целосната наезда на ентропијата и на хаосот. Копнее по смисла, значи по ред, по назнака од систем макар. Инаку, како е можно да се остане исправен, та дури и ведар, исполнет со планови за иднината, ако пред тоа се проживеало едно свирепо но и волшебно, вознесено и заканувачко детство; една војна; години на учење, упорство за градителски зафати и потфати; успеси и падови; гулази и признанија; повреди, погрди и покуди, но и просветленост и сензационална признателност. Треба ли да ве уверувам дека поезијата во која одблеснува сето ова што се натрупало во еден драматичен, апартен, бајковит и грозно стварен, осветлен живот, дека таквата поезија, барем заради тоа, заслужува да биде читана и почитувана. И чувана! Зашто сведочи за магијата што зрачи од поезијата, убавината и духовноста; толкава магија и привлечност што на певот не се во состојба да му одолеат ни такви стаменити природи кои го досегнале највисокото во одговорни области и сфери какви што се економијата, стопанството, науката и државничките работи. Тие непогрешливо ја согледале и ја спознале силата на зборот. _________
93
_________
Затоа и мислам дека треба овој кус осврт за уметноста на зборот да заврши со чувството и свеста што совесниот поет Никола Кљусев го има испеано за својот внимателен пристап при ракувањето со зборот: Долго, стрпливо долго чекам, ги превртувам мислите, го проверувам, оценувам секој збор има ли смисла да биде изговорен? Се покажа дека имало смисла, голема смисла тој да биде не само изговорен туку и испеан! Санде Стојчевски
_________
94
_________
СОДРЖИНА
НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ МЕСТО ВОВЕД КОН ПОСЛЕДНАТА ПОЕТСКА КНИГА НА НИКОЛА КЉУСЕВ (Бранко Цветкоски) 5 СУДБИНА 7
АПОТЕОЗА НA УБАВИНАТА АПОТЕОЗА НА УБАВИНАТА 15 ВОЗБУДЛИВА УБАВИНА 17 МИЛОЗВУЧНИ ТОНОВИ 19 РОДИНО 20 ЕСЕН В ГРАДИНА 21
ЛИЦЕТО ТИ СЈАЕ СЛЕЈ СЕ СО ЉУБОВТА 25 ЛИЦЕТО ТИ СЈАЕ 28 ВО СВЕТОТ НА СРЦЕТО 29 ИЗГУБЕНА НАДЕЖ 30 ПРОШЕПОТИ САМ 31 ДЕВСТВЕН ГРЕВ 32 ИЛУЗИЈА 33 СО КРИЛЈАТА НА АМОР 34 МИРИС НА ЖИВОТ 35 ОСАМЕНА ПТИЦА 36 ОЧИ ПОЛНИ СО ДУША 37 МЕСЕЧЕВ ПРЕВЕЗ 38 СЛАДОК ГЛАС 39 _________
95
_________
ПАРАДИГМА НА ДЕВСТВЕН ЛИК ПАРАДИГМА НА ДЕВСТВЕН ЛИК 43 ПРИВИДЕНИЕ – ОЧЕКУВАЊЕ 46 НА ПРИЈАТЕЛОТ 48 ТИ БЕШЕ 50
РАЗБУДИ СЕ РАЗБУДИ СЕ 57 ДАЛИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕАМ 58 ОДМИНАТО 59 ДАЛЕЧИНАТА МЕ ОТУЃУВА 60 СОНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО 61 КРИК ОД ПЕКОЛОТ 62 ГАЛЕБОТ СВИДЕТЕЛ 64
РЕФОРМИ РЕФОРМИ 69 ТИ ЧОВЕКУ 762 НАШИОТ КРИТИЧАР 75
НАРЦИСИ И МАСКИ НАРЦИС 79 ЛУЃЕ – МАСКИ 80 ПОДЛОСТА ФРЛА СЕНКА 84 НЕКАНЕТ ГОСТ 87 КОН ПОЕТСКОТО ТВОРЕШТВО НА НИКОЛА КЉУСЕВ (Санде Стојчевски) 89
_________
96
_________