Никола Кљусев
Солзи, страв и гордост
Dela od Nikola Kqusev Poezija: • Antiteza • Kamen Ostrov • Silata na zborot • Oda na zborot • Neizrteno seme • Re~nik na srceto • Prividenija • Ispra}am son~ev zrak • Grauntele de aur / selectie si postafata de Dimitri M. Jon (prevod na romanski jazik) • La Semence d'or (prevod na na francuski jazik) • Hayat Cesilemeri (prevod na turski jazik) Esei: • Pogledi i promeni • Verba i izmama (esei), (Predizvici; kniga 1), • Bessoni no}i, (Predizvici; kniga 2), • Viduvawe (Predizvici; kniga 3),
Roman: Lenman - hronika na edna mladost Izbrani dela: Izbrani dela - 6 toma - Teorija i politika na ekonomskiot razvoj - Investicii: teorija - politika - ekonomika - Problemi na stopanskiot razvoj - Investiciono - razvojni problemi - Patot na makedonskata nezavisnost - Zlatno zrno
Никола Кљусев
солзи, страв и гордост
Книга ТРЕТА патот кон независноста
Фондација Никола Кљусев Скопје, 2014
Предговор Обично кога некој пишува за блиското минато го фаќа сомнеж дали ја кажал целосно вистината за појавите, случките, за личностите и настаните, конечно и за самиот себе. Зашто вистината не е нешто што можеме да го имаме. Таа е цел кон која се стремиме. Од тие причини тешко може да се сфати „вистината“. Имено, што е тоа „вистина“ и „вистинско“, кога таа се преточува преку филтерот на личноста и на нејзината искреност. А искреноста не е чист пламен што избива од духот. Зашто, како што вели Едгар Морен (во книгата „Автокритика“), волјата човек да биде искрен, кога е во прашање искреноста кон себе, секогаш се губи во лавиринтите на внатрешните двојности. Слободната волја човек да биде искрен се потврдува само во посебни услови на горделивост и мазохизам. Затоа, пред чинот на искреноста за искажаната вистина сите паѓаме во искушение и сомнеж колку реално го прикажуваме виденото, доживеаното. Колку прикажани случки и настани се обусловени од познати или непознати фактори и услови. Колку тие се плод на личната имагинација и фантазија и сл. Од тие причини ќе се согласиме со Е. Морен кога вели: „Искреноста може да биде чиста само во еден посебен момент на согорување помеѓу гасовите што ја хранат и чадот што се ослободува од тоа.“ Верувам дека само историјата ја држи палката на праведноста и вистината. Таа знае да суди за нас не секогаш во онаа насока во која ние пресудуваме. Таа конечно е врховен судија, како што би рекол Гете. И затоа го молам читателот да просудува за мојата искажана вистина во оваа книга како нешто релативно и менливо пред вечноста, пред историјата.
5
ОДЗЕМАЊЕ НА ВОЕНАТА ЕВИДЕНЦИЈА И БОЈКОТ НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРМИЈА
1. Честопати гледав како ја растеруваме од себе жалоста што беше натежнала во нас. Нè заплиснуваа солзите на мајките и ехото на нивниот лелек по плоштадите додека ги бараа своите синови одвлечени од Југословенската армија по боиштата во Словенија и Хрватска. Ние речиси секој ден одевме на погреби на наши млади војници, жртви на таа валкана војна. Пет, десет, дваесет, сè до четириесет и седум жртви. И притоа слушавме во прво време од устите на крвожедни генерали и офицери, при надгробните ритуали, дека паднале храбро „за одбрану отаџбине“. А за која татковина станува збор, тоа не се прашуваа. Тие уште живееја во идеологизираната лудост, за некаква Југославија која сè повеќе стануваше наше минато. А тоа, за жал, во голем број беа и наши генерали и офицери на високи функции во армискиот врв и во Сојузниот секретаријат за народна одбрана.
7
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Доволно е да го изнесам случајот на генерал-полковникот Ружиновски кој говореше за некаква „отаџбина“ Југославија на гробот на војникот Сашо од Кавадарци, првата македонска жртва на таа валкана војна. Што да речам и за другите кои би ја прифатиле командата да го уништат и Скопје ако Југословенската армија им го наредеше тоа. 2. Владата ја осуди таа валкана војна како етничка, со агресивни цели за поробување. Почнавме, ние од Владата, да настапуваме на погребите со свои говори. Се сеќавам во Скопско, во драчевските села загина, на фронтот едно војниче Албанче, други Македончиња од Кумановско, Тетовско, речиси од цела Македонија. Од многу војничиња се проштавав лично јас и пред насобраните ожалостени се обраќав со зборовите: „Вие паднавте како жртва, драги синови, на една гнасна војна која Македонската влада не ја признава. Во војна насилно фрлени, ја пролеавте својата крв, ни криви ни должни, во една безумна хистерија што ја наметнуваат агресивните апетити против слободните одлуки на народите на Словенија и Хрватска кои сакаат да живеат во свои самостојни држави. На оваа тажна и болна разделба јавно ги повикувам нашите војници да ја напуштаат Југословенската армија и да се враќаат дома, во својата самостојна татковина, а Владата на Македонија ќе го организира нивното прифаќање“. 3. Во услови кога воената стихија можеше да нè однесе во валканите води на војната и кога Југословенската армија почна предвреме да ги бара нашите деца за отслужување на воениот рок, односно насилно да мобилизира резервисти за да
8
Н и кол а Кљус е в
ги носи на воените жаришта што се прошируваа од Словенија во Хрватска и Босна, Македонската влада беше ставена на тешки искушенија. Се постави прашањето како да се однесуваме кон агресивните апетити на Југословенската армија за да ги зачуваме своите синови. Едно претпладне повикав неколку членови на Владата (Ј. Мијалков, Ѓ. Наумов, Б. Ристовски, Д. Димитров, И. Андонов Ченто) и им ја соопштив идејата за одземање на воената евиденција. Сите едногласно се согласија. Единствено министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков беше претходно известен од моја страна. И во текот на разговорот во кабинетот, Мијалков, возбуден, стана и ја симна сликата на Тито. Рековме, ние сме независна држава, имаме свој претседател на државата, парламент и своја самостојна влада, и тие се одговорни да ги решаваат сите проблеми во државата и веќе немаме, во таа смисла, ништо заедничко со Југославија, иако бевме свесни за опасноста дека нејзината армија сè уште е присутна на нашите простори. Решивме дека треба да се извести Претседателот на државата од неговиот кабинет и од сите државни институции да се извадат сликите на Тито, а Владата да донесе одлука тоа да се стори во сите институции и општествени претпријатија на целата територија на државата. Но, иако Владата донесе таква одлука, до денес сме сведоци за Титовата иконографија во нашите службени простории, а за голем срам, нашиот најреволуционерен град Велес до скоро го носеше неговото име само затоа што некои борци, поданици кои верно му служеле на култот на личноста, тоа го бараа и вршеа пресија врз граѓаниге. Така од сите градови во поранешните југословенски републики на кои им беше наметнато да го носат името на Тито, Велес последен се ослободи од него. Со овој еклатантен пример на верност кон Тито и кон Југославија и на обичните политички лаици им стана јасна големата носталгија во главите на нашите челници.
9
сол з и , ст ра в и го рд о ст
4. Заедно со министерот Мијалков начелно го запознав Претседателот на Републиката со одземањето на воената евиденција, без да соопштувам детали за оперативното извршување на таа мошне важна акција. На неколку наврати со министерот Мијалков детално разговаравме за изведувањето на таа сложена операција. Барав максимална тајност. Тој ме информираше за проширената контрола на КОС (Контраразузнавачка служба на Армијата) во нашето Министерство за одбрана. Тотално го исклучивме министерот за одбрана д-р Ристо Дамјановски, од таа акција. Повеќе кореспондиравме само со потсекретарот во тоа министерство Тодор Аџисанков нагласувајќи му за одговорноста што го чека ако биде провалена акцијата. Мијалков инсистираше, ако постапи доследно во извршувањето на акцијата, да биде предложен за заменик-министер за одбрана. 5. Информациите од Министерството за внатрешни работи укажуваа на засилено влијание на КОС и во Секретаријатот за внатрешни работи на град Скопје и во некои весници (Пулс и др.), како и кај некои пратеници во Парламентот. Пилотираните медиуми почнаа жестоко да нè напаѓаат Владата и мене лично заборавајќи ја својата професионална етика. Укажав максимално да се внимава за да не се отворат некои проблеми, да не се падне во некоја стапица. Баравме доверливи луѓе за успешно извршување на акцијата. Добив информации дека КОС ни ги прислушува телефоните. Поради тоа планиравме упад во поштата. Додека се подготвуваше тоа, КОС најверојатно ја откри нашата намера и навреме, преку својата агентура, брзо интервенира и се повлече. Еден ден, во мугрите, органите на нашата безбедност
10
Н и кол а Кљус е в
упаднаа во Главната пошта на Македонија. Беа изненадени. Пронајдоа само триесетина прислушувачи, и тоа на безначајни личности, повеќето странски државјани. Потоа побарав да се изврши електронска проверка во владините кабинети и во кабинетот на Претседателот на Републиката. И во тој домен немаше резултати. Реков, добро соработува КОС и со некои органи на нашата безбедност, а можеби и со некои политички личности. Немавме можност тоа брзо да го откриеме, иако притоа добивме одредени индикации. Беа потребни радикални кадровски зафати, а тоа беше невозможно во една сложена структура на кадри што работат со методи на шифрирани извештаи и не знаеш кој за кого работи во таа громорна хиерархиска пирамида. Министерството се обиде да изврши извесни кадровски поместувања. Колку ќе бидат логични и ефектни, и тоа беше прашање што ни создаваше главоболки. Од друга страна, немавме доволно увид во новите кадри. Не сакавме ангажирање на кадри од активисти на политичките партии, од причина што Владата беше вонпартиска, и цврсто зазедовме став Министерството да се ослободи од партиските влијанија. Баравме млади интелектуалци, патриоти. 6. Еден ден министерот Ј. Мијалков ми претстави во мојот кабинет еден млад, сериозен човек, со изразити вторични бе лези: отворени сини очи со благ прониклив поглед, широко чело на кое паѓаше прамен светлотемна коса, правилен нос што контролираше блага насмевка. Спокојно го гледав и во него открив школуван детектив од американските филмски серии. Министерот ми рече дека тој, го спомна неговото име, Васко, ќе биде одговорен за безбедноста на град Скопје. Потоа дојдоа уште два-тројца млади луѓе, со изострена бистрина, сите мошне снаодливи во разговорот. Иако претходно
11
сол з и , ст ра в и го рд о ст
не ги познавав, имав доверба во министерот и во неговите потсекретари кои Владата ги назначи пред извесно време. Едниот, по име Павле, со благо овално лице и дискретна, речиси невина насмевка, мошне скромен, тивок и таинствено затворен. Другиот, по име Слободан, херметички затворен во себе, со енигматично скриен поглед, со пресечено лице со пепелава боја и со еден загубен прамен коса виснат над челото. И двајцата не ги познавав лично. Го запаметив презимето на вториот, што го слушнав во времето на составувањето на Владата од устите на раководствата на противставените парламентарни партии СКМ-ПДП и ВМРО-ДПМНЕ. Во себе си реков, овој е дуплекс. Можно ли е и двете партии да го поддржуваат и да го предлагаат за функција? Го сопрев решението за потпис. Ги известив министерот и Претседателот на државата дека станува збор за двојно партиски поддржуван човек. Човек што може да ги денунцира партиите или да ги потхранува со селектирани информации и на тој начин да ја компромитира Владата. Тие не се спротивставија и така тој помина низ Кадровската комисија. Но, во подоцнежната практика мојата оцена се потврди во многу случаи во дејноста на таа енигматична личност. Тој почна мошне ревносно да сервисира кај Претседателот на државата со разни информации без знаење на Владата. Целосно се стави на страната на СДСМ. Се обиде во многу случаи да го денунцира министерот Мијалков, како и мене лично. Министерството за внатрешни работи брзо подготви предлози за подмладување на раководниот кадар и беше оперативно способно да ја изведе акцијата за одземање на воената евиденција. 7. Една вечер, околу 18 часот, министерот Јордан Мијалков, во придружба на потсекретарот во Министерството за одбра-
12
Н и кол а Кљус е в
на Тодор Аџисанков, пристигна кај мене дома. Поведовме краток разговор за проблемите што ни ги наметнуваше Југословенската армија. Го гледам министерот Мијалков возбуден, со стегнати вилици. На лицето му ползеше бледожолта боја, а од очите му зрачеше надежна насмевка. Криеше немир, чуден неспокој. Таков го немав видено дотогаш. Го познавав од раните детски дни во палавите игри низ тесните штипски сокаци. Подоцна, во студентските години, живеевме во ист стан. Јас како дипломиран економист, тој како студент на право. Добро му ги знаев и слабите и добрите страни. Имаше пожртвувано срце, секогаш за заштита на други, а најмалку за себе. Носеше безгранична љубов кон своите многубројни пријатели. Неговиот темперамент беше во извесен расчекор со службата што ја вршеше. Таа бараше тон на смиреност, а не нагласена бунтовност. Но, во службата го красеше беспрекорна преданост и љубов кон Татковината. Тој создаде блиски односи со полицијата, се бореше за нејзиниот статус и таа го засака како татко. Тој беше парадигма на чист, невин патриот задоен од дете со Гоцевата заклетва: „Смрт или слобода за Македонија“ напишана на ѕидот на неговата спална соба во Штип. И како министер до последниот здив се бореше за самостојна Република Македонија. Таа пожртвуваност ги засенуваше сите други недоречености што се врзуваа за неговото име. Сè повеќе сум убеден дека неговата енигматична смрт е плод на пресуда за неговата висока патриотска припадност. Таа смрт нè обврзува на темелно расветлување. 8. Гледајќи го, така нагласено возбуден, додека во погледот му се читаше неизвесноста што нè демнеше, го прашав, што е, Јордане, дали сме готови? Без да проговори, ја отвори чантата, извади еден лист хартија, застана мирно, со вкочането
13
сол з и , ст ра в и го рд о ст
лице, и со своето омилено ословување кон мене рече: „Бате Коле, ќе ја потпишеш ли Одлуката за одземање на воената евиденција?“ „Зошто ме прашуваш, зар се сомневаш во тоа?“ Ја потпишав Одлуката, се прегрнавме и реков: „дали е екипата готова за акција?“ Одговори кусо: „сè е подготвено и чека наредба од тебе.“ Ја изразив својата желба за среќно и успешно извршување и за постојано целовечерно информирање. По кратко време се врати, според договорот, и го изврши моето дислоцирање од дома при што ѝ се препуштив на нивната засилена безбедност. Цела ноќ постојано добивав информации како се одвива акцијата. Во секоја општина низ Македонија течеше беспрекорно, со исклучок на две-три општини, и тоа: Кисела Вода во Скопје, Кавадарци и, со одредени тешкотии, Кичево. 9. По извонредно пожртвуваната и успешна акција, што ги подигна авторитетот и моралот на Министерството, бев задоволен и побарав од министерот Мијалков сите ангажирани да ги пофали од името на Владата. Рано утредента закажав за пладне состанок во Владата на сите општински началници одговорни за народната одбрана. Во тоа време се јави од Белград по телефон претседателот на Републиката г. Глигоров да праша. Одговорив кратко: „Се е во ред“, „Добро. Јас се враќам утре.“ На седницата пристигнаа сите одговорни за народната одбрана. Ги запознав присутните со акцијата. Ги кажав причините зошто се решивме на тој чекор и зошто не беа претходно известени. Речиси сите ја поддржаа акцијата на Владата, освен два-тројца кои реагираа зошто не биле известени навреме. Еден почна жестоко да критикува, чинам дека беше од Кавадарци или од Неготино. Морав строго да
14
Н и кол а Кљус е в
одговорам: господине, ако вие не ја почитувате одлуката на Владата, напуштете ја седницата и поднесете си оставка. Со тоа ставив до знаење за колку сериозен проблем станува збор. Критичарот се смири. Седницата продолжи. Ги известив присутните дека секој повик за мобилизација или за регрутирање се забранува. Никакви информации не треба да ѝ се даваат на Југословенската армија. Вашата работа ќе мирува и, по потреба, ќе добивате информации од Владата. Сите останувате како владини службеници, без никаков контакт со Армијата. 10. Го повикав министерот за одбрана д-р Ристо Дамјановски и го известив за акцијата. Му реков да не реагира зошто не сум го известил порано. Тоа го направив заради негова заштита, за да не му прават проблеми воените органи кои вршеа силен притисок врз него за да ги храни со информации од Владата. По кратко време се смири. Почувствува недоверба кон себе. Му реков, подобро е да те зачувам отколку да бидеш жртвуван од Армијата. Преживуваше психолошка драма во себе. Беше распнат меѓу Сојузниот секретаријат за народна одбрана, од кој очекуваше промовирање за генерал-мајор, и Командата на Третата армиска област во Скопје, со која соработуваше, од една страна, и обврските кон Владата како цивилен министер за одбрана, од друга страна. 11. Откако разбраа за нашата акција, во Третата армиска област настана паника. Го повикаа министерот за одбрана. Почнаа да ми се закануваат мене. Бараа каде се наоѓа евиденцијата. Нивните оцени беа, според нашите сознанија, дека евиденцијата е лоцирана во приземјето на Републичкото собрание. Почнале да подготвуваат план за упад во зградага
15
сол з и , ст ра в и го рд о ст
на Собранието. Додека тие го концентрираа своето внимание околу зградата на Собранието, одземената воена евиденција со камиони се шеташе по патиштата низ Републиката сè додека не се смири состојбата. По жестоките заканувања и критики, по огорчената кам пања од страна на Армијата против Владата, почнаа да се плетат разни сценарија за ликвидирање на Македонската влада која беше наречена сецесионистичка, националистичка, антијугословенска. Тогаш ние одговоривме со повик до младата генерација и до сите резервисти за непослушност спрема Југословенската армија. Тие се послужија со военополициски методи на ловење на нашите деца, со упади на воената полиција по становите. Тоа го осудивме како криминален акт. Ги повикавме родителите да не ги даваат своите деца. Упативме апел до младата генерација да бојкотираат секакво нивно повикување од страна на регрутните комисии на Југословенската армија. 12. Кулминацијата настапи со бунтот на воените резервисти во Кумановско-кривопаланечкиот регион. Тие ја откажаа послушноста да бидат транспортирани на српско-хрватскиот фронт. Ним им се придружија и други резервисти. Така, околу 700-800 души под строга контрола беа сместени во логор на воениот полигон петнаесетина километри североисточно од Куманово. Откако не постигнаа согласност со претставниците на Третата воена област од Скопје да бидат ослободени, војниците одбиваа понатамошни разговори со нив. Во тоа многу им помогна фактот дека го имаа оружјето со себе. Да беа обезоружени, тешка ќе беше нивната судбина. Затоа беа енергични и бараа разговор со претставници на Владата и лично со мене откако го прифатиле владиниот повик за непослушност кон Југословенската армија.
16
Н и кол а Кљус е в
13. Го повикав министерот Јордан Мијалков да се информирам дали е безбедно да заминеме. Одговори дека е мошне ризично, но дека војниците бараат разговор со мене. Тие ја почитуваа само одлуката на Владата. Тогаш реков веднаш да заминеме. Тој зеде 4-5 специјалци за наша безбедност. Меѓу нив еден што го викаа „Апигатор“, карпа од човек, со густи црни мустаќи и крупноотворени црни очи што влеваа сигурност и страв. Од Третата армиска област дојде заменик-командантот, генерал-потполковник Троха. Тој бил задолжен да кореспондира единствено со Владата, а командантот на Третата област со Претседателот на Републиката. Генерал Троха беше мошне подмолен човек. Иако имаше благи црти на лицето, беше прикриен циник и верен пес на Армијата. Беше Словенец, од подрачје порано под Италија, кој фрлаше погрдни зборови против Словенија по нејзиното осамостојување како независна држава. Колоната автомобили тргна накај Куманово. По инсисти рање на Мијалков, за секој случај, заради безбедност, генерал Троха го поканивме во нашата кола. И така, покрај Мијалков, и генерал Троха беше со мене во колата. Возејќи се накај Куманово, министерот Мијалков му рече на генерал Троха: „Внимавај, генерале, ако му се случи нешто на Претседателот на Владата, истото ќе ти се случи и тебе“. Значи: „Вие морате да гарантирате безбедност за нас“. Тој мошне сериозно го вети тоа. 14. Пред влезот во Куманово џипот на воената полиција сврте кон касарната. Министерот Мијалков скокна и не дозволи да се влезе во касарната, заради наша безбедност. По по-
17
сол з и , ст ра в и го рд о ст
долго убедување бевме известени дека треба да го посетиме командантот на Кумановскиот корпус генерал-мајор Вуковиќ и заедно со него да заминеме во логорот. Крај влезот во касарната пак настана мала расправија. Генерал Вуковиќ бараше воената полиција да нè обезбедува во касарната. Мијалков не се согласуваше, бараше да влезе нашата безбедност. И така влеговме во кабинетот на командантот на Корпусот. Штотуку седнавме настана инцидент. Домаќинот, генерал Вуковиќ, излегувајќи од другата врата на кабинетот, наиде на вперен шмајзер од нашата безбедност. „Апигатор“ не му дал да мрдне, барајќи да застане, зашто не го препознал, а излегува од друга врата. Генералот почна да вика: „Како тоа, во моја касарна да ми се вперува оружје“. Вика, се дере! Министерот Мијалков истрча да види што станува. Го стишува генералот велејќи му: „Нашата полиција има наредба за подигната готовност“. Така се смири генералот. Влезе во кабинетот и почна додворливо да му вели на Мијалков: „Што, министере, вие немате футрола за пиштолот. Јас утре ќе ви донесам нова жолта футрола“. Така тој шишко го смири својот гнев што малку невкусно му го предизвика „Апигатор”. А министерот утредента ја доби футролата. 15. По кратка пауза тргнавме накај логорот. На колоната ѝ се придружија уште неколку џипа, генерал Вуковиќ со група офицери и нивната безбедност од воената полиција. Со Мијалков се погледнавме, каква опасност нè опкружува. На патот кон логорот гледам воената полиција гони цивилно население. Не им дозволува да одат накај брдото каде што беше сместен логорот на побунетите македонски резервисти. Нивните родители и блиски со солзи во очите си ги бараа своите деца. Во рацете држеа торбички со храна да им дадат за јадење. Веднаш реагирав кај генерал Троха зошто
18
Н и кол а Кљус е в
толку грубо се однесува воената полиција. Еден од офицерите излезе и создаде малку ред. Им рековме на родителите дека, кога ќе се вратиме од посетата на војниците, ќе им објасниме сè што треба да прават. Тие со внимание нè ислушаа. Тргнавме накај логорот. Кога пристигнавме, сите војници, дигајќи го оружјето в раце, скандираа: „Да живее независна Република Македонија“, „Да живее Владата на Република Македонија“. Тоа ми помогна да ги разберам заповедните зборови на мигот. Минувајќи ја телената ограда, се доближивме до нив. Пред да им се обратам на војниците, му шепнав на Мијалков да ме опкружи нашата безбедност и да го следат движењето на воената полиција и на офицерите. Почнав да се борам со стравот и во тој метежен час чувствував како некоја сила ме воведува во тајните на храброста и громко извикав: „Синови војници, ни педа подалеку од светата македонска земја. Владата и македонскиот народ се гордеат со вас, со вашето достоинство и љубов што останавте во својата татковина независна Република Македонија. Владата на Македонија не ја признава оваа војна. Ова е валкана војна и вие мора да се вратите назад во своите домови, утре да бидете чувари на нашите македонски граници“. Почнаа еуфорични скандирања за поддршка на Македонската влада. Генералите Троха и Вуковиќ и некои од офицерите почнаа да се поднакашлуваат, да стануваат нервозни. Јас сетив повторно страв. За сигурност влегов неколку чекора меѓу војниците. Тие ме слушаа со длабоко внимание и љубопитност. Мојата егзалтација потонуваше во еден кошмар поради нејасните, недефинирани ставови на тие генерали, поданици на Југословенската армија, поради продолженото присуство на една сила водена од агресивни мрачни цели. Ги гледав војниците, нивните сериозно отворени очи, што очекуваа надеж и слобода, додека во тилот ме гледаа змиските очи на генералите кои во себе ја кобеа мојата ликвидација. Завршив со повикот: „Да живее независна, суверена Република Македонија и истиот миг од сите насмеани усти
19
сол з и , ст ра в и го рд о ст
на војниците громко се разлеа ехото “Д а ж и в е е”, а благиот ветер го понесе низ разретчените дабови дрвја до подножјето за да ги избрише насолзените очи на нивните родители кои го слушаа гласот на своите синови. И продолжив: „Ние инсистираме кај воените власти уште оваа вечер да бидете сместени по училиштата во Романовце и Крива Паланка, а сега ќе ги известиме и вашите родители за ова наше ветување“. 16. Тоа го сторивме при враќањето. Разговаравме со родителите и насобраните блиски роднини и пријатели на војниците што беа дојдени во голем број. Го натерав генерал Троха јавно да го каже договореното. Тој се обиде да го измени, да не го каже во целост договореното, велејќи дека за неколку дена ќе побара согласност од Командата на Третата воена област. Јас реагирав дека ништо не пречи тој да бара согласност, а војниците веднаш да бидат сместени по училиштата наместо да останат под отворено небо во логорот, без храна и сон. Тоа успешно го постигнавме. 17. Му реков на министерот Мијалков таа вечер со засилена безбедност да отиде лично во Крива Паланка, да го организира пристигањето на војниците, а потоа да им овозможи сите да избегаат дома. Така ги спасивме да не станат жртви на таа валкана војна тие храбри и честити синови кои за првпат масовно искажаа непослушност спрема Југословенската армија. Тоа беше сјаен пример што повлече масовен отпор против ЈНА. Нивниот пример го прифатија и други единици и започна процес на масовно напуштање на Југословенската армија и на доброволно ставање на располагање на органите на македон ската власт.
20
Н и кол а Кљус е в
18. Во истото време министерот Љ. Фрчковски, како најмлад министер во Владата, настапи на Македонската телевизија повикувајќи ја младината на Македонија на непослушност, на бојкот спрема Југословенската армија. Заради историската вистина, сакам да кажам колку смелост и ризик носеше таквата изјава, со давање на јавна поддршка на Претседателот на Владата кој беше вклештен во воените канџи. Јас тој настап високо го ценев и тогаш тој ги доби сите мои симпатии. 19. Ете, ги собирам расфрлените мисли во мене, сакам да ги средам, да ги смирам, да внесам во нив одреден ред. Поточно, да побарам одговор за сето она што се случуваше околу мене, околу нас. Верувам дека нашиот живот нема да запре пред искушенијата на неизвесностите што демнат. Во тој грч на размисли нешто внатре во мене ме тешеше. Ми го враќаше спокојот. Нешто ми велеше дека умира една грдосија, една сурова општествена сила, една непожелна сила што сака да ја откине насмевката од младото нежно лице што расцутува, кое грижливо го одгледуваме, тоа сакано ЧЕДО на нашата болка, на нашата надеж и љубов - НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
21
ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПРЕДАВНИЧКАТА УЛОГА НА ТАКАНАРЕЧЕНОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ЈУГОСЛАВИЈА
1. Владата на Република Македонија јавно ги осуди оние сили што не сакаа мирно и со демократски дијалог да ги решаваат нараснатите кризни проблеми. Отпадници од Претседателството на Југославија ја наметнаа опцијата на легализирање на воениот пуч на Армијата и на војната и воените дејства на југословенскиот простор, од една страна, и на суспендирање на законодавната власт во земјата, од друга страна. Со донесената т. н. „четворна одлука”, зад која во суштина стоеја само претставници на две републики, Србија и Црна Гора, им беше наметната туѓа волја на другите четири суверени држави. Владата на Република Македонија ја осуди целата таа криминална активност на тоа т.н. претседателство.
22
Н и кол а Кљус е в
2. Во таа смисла Владата на Република Македонија изгради свои ставови и направи сериозни подготовки за заштита на македонските интереси. Цврсто стоев зад тие ставови и барав да се информираат Парламентот и македонската јавност за да се подготви населението за неизвесностите што нè демнеа. Тие ставови ги изнесувам онака како што беа објавени во весникот „Нова Македонија“ на 5 октомври 1991 година. Прво, тргнувајќи од непризнавањето на војната што се наметна на југословенската територија меѓу етничките аспирации и меѓунационалните крвави судири, сметаме дека овој акт претставува територијална окупација на една република (во случајот Хрватска н. з.) од страна на Армијата, а од друга страна, ги осудуваме исто така и блокадите на воените касарни во Хрватска, иако таа појава беше предизвикана од крвавите судири. Второ, упатуваме повик до Врховната команда итно да се вратат во татковината Македонија сите наши војници и офицери, оние со кои тие сè уште командуваат, заробените војници и офицери и оние што ја напуштиле Армијата. Владата ќе ги создаде нужните претпоставки за нивно прифаќање и ангажирање во Републиката. Со тоа ќе се решат и одредени проблеми во врска со решавањето на нивните семејни услови, станови, вработување и др. Сите оние што ќе се вратат мора да ја покажат нужната почит како синови на оваа татковина. Ова уште повеќе го нагласуваме затоа што и така Владата на Македонија стои на својот став, да не се пуштаат понатаму регрути во Југословенската армија. Трето, безбедносните органи во Македонија треба будно да ја следат состојбата во Републиката, да ги создаваат нужните претпоставки за одвивање на животот и работата во овие услови, иако ни се наметнати со воени пресии. Четврто, од резервистите од Србија што се наоѓаат на територијата на Македонија, посебно на воените полигони
23
сол з и , ст ра в и го рд о ст
за изведување на воени вежби со нејасна цел, бараме итно да ја напуштат територијата на Македонија. Нивното присуство го загрижува македонскиот народ и иивиото што побрзо заминување се наметнува како нужност. Петто, Владата упатува апел до сите граѓани на Македонија да се чуваат од секакви провокации, да се гради одговорен однос на партиите кон овој проблем, да не се доведеме во состојба преку разни провокации да предизвикаме интервенции било на Армијата или на разни паравоени формации (аркановци, шешељовци и сл., н. з.) кои се зад границата на Македонија. Шесто, да се искористат овие релативно мирни услови и брзо да се изградуваат механизмите на правниот и на економ скиот систем за самостојно живеење на суверена Македонија. Предлагаме целосно да се сврти вниманието на Парламен тот кон донесувањето на уставот и во таа смисла Парламентот да не става точки на дневниот ред пред да го усвои уставот, освен ако владата оцени неопходност од некои точки што би требало да бидат разгледувани. Во таа смисла се бара максимална политичка рационалност во донесувањето на сите одлуки. Седмо, Владата ќе се заложи пред меѓународните асоцијации, органи и тела, како и кај владите на одделни земји, за обезбедување и заштита на територијалниот интегритет на Македонија и за нејзино меѓународно признавање. Во таа смисла ќе се обратиме до сите асоцијации и до нашите Македонци во дијаспората и во Европа, за преземање на акции за поддршка на овие наши иницијативи пред владите на тие земји. Осмо, Владата ги задолжи надлежните ресорни министер ства да ги преземат нужните мерки и активности во согласност со новонастанатите околности. Деветто, Парламентот да пристапи кон испитување на можностите за донесување на декларација за неутралност на
24
Н и кол а Кљус е в
Македонија и за демилитаризирање на македонското подрачје, и Десетто, да се усогласи дејноста на информативните средства во Републиката со настанатата состојба во земјата и во сообразност со политиката и ставовите на Републиката. 3. Така јасните и цврсто изнесени ставови на Владата станаа темелник врз кој се градеше мирот во Републиката. Тие ставови ја подигнаа надежта во македонските срца, во срцата на сите граѓани во Република Македонија за независно опстојување на младата, штотуку формирана едномесечна самостојна македонска држава. Од друга страна, Владата стана цел на жестоки напади од страна на северниот сосед и на Југословенската армија. Белградскиот печат наголемо фабрикуваше дезинформа ции, ја напаѓаше Владата на Република Македонија како сецесионистичка. Се пишуваше дека Република Македонија е неспособна да опстане сама и сл. КОС во Македонија почна да плете мрежи за наша ликвидација. Влеговме во бессони ноќи на пеколот.
25
ПРЕТПАЗЛИВОСТ И КРИЕЊЕ ОД КОС НА ЈНА
1. Читателот секако сфаќа дека овде не пишувам бајки. Ова не е чувство на авантура. Ова е болна и груба вистина. Јас пишувам за да изнесам на виделина извесни околности што ме условувале и ограничувале во тие тешки дни исполнети со нервоза, неизвесност и страв. Ќе се обидам да фрлам поглед на некои мигови од тие дни. 2. Исполнет сум со неопределен страв, и најмало движење ме обврзува. Неизвесноста со себе ја носам. Крадешкум се засолнувам секоја ноќ. До кога ќе трае ова демнење на ѕверот? Зар само ноќта ја носи злобата и одмаздата? Се прашувам, зар навистина може да ми се случи најлошото? Никогаш нема да дознаам што ме очекувало во тие за мене бессони ноќи. Зашто мноry од актерите ги нема.
26
Н и кол а Кљус е в
3. Стражарот на независноста, покојниот министер Мијалков, тој што будно бдееше над мене, со кого ги делевме грижите, стравот и радостите, ми велеше: „Другите спокојно се одмораат дома, ги ryшка сонот во брачните кревети“. Па каде е смислата на нашето дејствување? Каде се заryбија заедничките чувства? Ми велеше: „Дали веруваш дека тие чувства биле исти!?! Ова со нас покажува дека љубовта и вербата во целта биле поделени“. Силите што нè демнат имаат поинакви оцени за нас. Тие во нас гледаат диво месо за отстрел. Другите изникнале во нивните крда. Од нивниот извор се напојувале. 4. Од известувањата на нашите разузнавачки служби дознавам дека сè повеќе растат недоразбирањата и сè повеќе се раскинуваат врските со некои структури и личности што нè окружуваат. Едни со огромен ентузијазам пристапуваат кон промените, кон градењето на независната држава, како чист мајчин плод носен со љубов од искона, други тонат во компромис, задоени со отровната папочна врвца на поданичката вазалност на некакво југобратство и единство. Овие последниве носталгични мечтатели за некаква југословенска заедница се вткаени во сите пори околу нас. Тие мошне агресивно вршат ерозија во процесот на промените кон самостојност. Дури би сакале да станат и „жртвени јарци“ само за да не дојде до тоа. Додека тие заплашуваат и сеат дефетизам, други ги бранат во Парламентот, го заложуваат својот авторитет за нив, за нивните функции. Во тој галиматијас од сомнеж и немир, подгреан од дел од нашите и од соседските медиуми, во Владата пуритански настојувам да се опстои во реализацијата на генералната идеја - создавање на независна македонска држава.
27
сол з и , ст ра в и го рд о ст
5. Во такви несредени услови КОС ги градеше своите сценарија за контрола над нас и за наше отстранување и ликвидација. Така почнаа да се редат бессоните ноќи во нашата дислокација и сместување по разни локации во градот од страна на добар дел мошне верни и приврзани кон нас органи на нашата безбедност на чело со министерот Мијалков. Една вечер Мијалков ме одведе во една раскошна приватна куќа на Водно. Го прашувам каде сум, дали е сигурно тука, особено поради тоа што ми го кажа српското презиме на соп ственикот. Ми вели: „Биди наполно спокоен, сè е безбедно. Сè е во ред“. Легнав. Одвреме-навреме го сопирав својот здив, како некој да ми го крадеше од градите. Го демнев секој шум што доаѓаше однадвор. Слушам кучешки лаеж. Станав, гледам низ прозорецот, моите очи скокаат брзо од еден на друг крај во дворот. Реков, некој можеби се приближува кон оградата. Тоа, куче гонело некоја мачка низ бавчата. Легнав, но сонот бега од моите очи. Тие отворени зјапаат во таванот, го успиваат мракот во собата. И така со отворени очи ги дочекав мугрите. Тие штедро ја носеа свежината на денот. За миг ме совлада една дремка. Се загубија мислите што ми носеа неспокој и тегобност во бессоната ноќ. Во тој благ занес, пред да ме понесе божицата на сонот, еден силен сончев зрак ми ги прободе клепките. Станав, се избричив, во тој момент пристигна шоферот и тргнавме. Забележав дека се возам со друга кола. Шоферот со напластено искуство, никогаш не одеше по ист пат и постојано ги менуваше колите. Тој ми беше и шофер и безбедност. Со татко му ја делевме судбината на Голи Оток. Официјално за безбедноста беше задолжен еден млад, мошне скромен и честит човек, се викаше Живко. Него повремено го ослободував додека се чувавме од КОС.
28
Н и кол а Кљус е в
6. Штотуку пристигнав во Владата, се најдов пред лифтот. За миг ја подигнав главата да видам дали се спушта, ме понесе една невидлива сила, ми ги одзеде нозете и ме турна во лифтот. Се почувствував како да тонам. Силни вртоглавици, и веќе ме спружиле на каучот во мојот кабинет. Набргу чув познат глас и погледот ми се сретна со топлиот поглед на министерот за здравство. По кратка интервенција и двочасовен одмор, седнав на своето работно место. 7. Читам извештај во црвениот билтен на Министерството за внатрешни работи. Одржан состанок на раководни офицери во Третата армиска област. На состанокот присуствувал наш македонски генерал-полковник (Ружиновски) од Сојузниот секретаријат за народна одбрана. Предмет на дискусија состојбата во Република Македонија во врска со ставовите и одлуките на Македонската влада. Се изнесува жестока, непримерна осуда на Македонската влада, како сецесионистичка и националистичка, која е против Југославија. Многумина од присутните почнале да се натпреваруваат кој повеќе ќе ја напаѓа Македонската влада. Меѓу нив зел збор некој потполковник Дешиќ, командант на воздухопловната база Петровец. Тој во осудата на Владата барал ликвидација на претседателот на Владата. Генералот одговара: „Тоа е добро, но не е само тој“. Тогаш „да се пиквидираат сите околу него кои работат за отцепување на Македонија од Југославија“. Министерството за внатрешни работи повторно ја засилува безбедноста околу мојот дом. Мене ме префрлија за извесно време да спијам на третиот кат во зградата на Министерството. „Алигатор“ одново дежура по цела ноќ. Во другата соба до мене се наоѓа министерот Мијалков. Потоа
29
сол з и , ст ра в и го рд о ст
се менуваа станови на ,,Партизанска”, во Соње, во Аеродром, на Водно, повторно во Министерството и сл., сè додека не стивна бурата околу нас. 8. Контраразузнавачката служба (КОС) на Југословенската армија ја засилува и проширува својата дејност во Македонија. Организира нова мрежа на агентура преку врбување на наши граѓани, вклучувајќи и припадници на Службата за државна безбедност и други државни органи, сите од галеријата на лесноподатливи платеници и предавници на својот народ. КОС засилено собираше информации за работата на нашите највисоки државни раководители, на раководството во Министерството за внатрешни работи, на водачите на политичките партии и на други личности од јавниот и политичкиот живот во државата. Прибираше сознанија и оцени за ставовите и намерите на највисокото републичко раководство, на државните органи и на партиите за одделни политички прашања. 9. Преку својата агентура КОС покажуваше посебно интере сирање за прибирање на податоци и сознанија за следниве состојби и факти: Општата политичко-безбедносна состојба во Републиката, улогата и влијанието на политичките партии врз неа, оцените на водечкиге личности за неа, оцените што ги даваат оперативните работници и Службата за државна безбедност итн.; Парламентот на Република Македонија, неговите конкретни потези: Декларацијата за сувереност и независност на Македонија и нејзиното значење за Југославија; целта што се сака да се постигне со Уставните амандмани и со подготов-
30
Н и кол а Кљус е в
ките за донесување на новиот устав; ставот на Парламентот во врска со новите закони за ЈНА (мобилизацијата, улогата на територијалната одбрана и др.); ставот за идното уредување на СФР Југославија (федерација, конфедерација); евентуалното донесување на одлука за повлекување на македонските војници и старешини во Републиката и сл.; Владата на Република Македонија, нејзините конкретни потези, нејзините намери и планови. Посебно односите во Владата, личностите што раководат со министерствата, нивните политички определби; која партија доминира во Владата; потезите на Владата што се на штета на ЈНА или на федерацијата; ставовите и оцените на Владата за Србија и другите републики и сл.: Највисоките раководни личности во Македонија, степенот на нивната национална определба; кој од нив е најголем противник на ЈНА, кој се залага за сопствена армија; Политичките партии во Македонија, а посебно ВМРОДПМНЕ, ПДП и НДП; нивните политички платформи, влијанието кај народот, учеството во органите на власта и нивното влијание во Парламентот и во Владата; активностите што ги преземаат и поддршката што ја имаат; нивните раководители; нивниот однос спрема Југославија и ЈНА; односите со политичките партии во Хрватска и Словенија; евентуалното постоење на паравоени формации (особено формирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ), дали набавуваат оружје и од каде; расположението на народот спрема ВМРО-ДПМНЕ и спрема раководството на оваа партија (Љ. Георгиевски, Б. Змејковски, Д. Димовска, Ратка Димитрова и др.); кој од нив е помилитантен; раководството на ПДП-НДП, нивната поврзаност со Косово; вооружувањето на членовите на овие партии; постоењето на политички струи во нив; подготовките за вонпарламентарни активности (демонстрации, бојкот, вооружени акции и сп.);
31
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Состојбите во Министерството за внатрешни работи; дали Службата за државна безбедност воопшто работи и што работи; односот на таа служба кон национализмот, посебно кон македонскиот национализам; смислата на кадровските промени и консолидацијата на МВР; раководните луѓе во МВР (посебно министерот Јордан Мијалков и др.), нивните политички определби, евентуалната блискост со ВМРОДПМНЕ и влијанието на оваа партија врз Службата за државна безбедност; нивниот однос кон Југославија, кон ЈНА и соработката со воените органи; значењето на мобилизацијата на МВР, бројниот состав на мобилизираните; што значи посебното обезбедување на виталните објекти во Скопје и со каква цел е; формирањето на паравоени формации (се споменувал Охрид) и колкав е нивниот број; купувањето на оружје и евентуалното учество на Владата во тоа; дали МВР би се борело против ЈНА; каква е оценката на МВР за акцијата на ЈНА во Словенија; постоењето на реакции во врска со најновите кадровски промени во ЈНА; односот на македонските офицери во иднината; дали постои антиармиско расположение во Македонија; евентуалните намери за антивоени активности во Македонија (диверзии и сл.) итн. 10. Еден пример е мошне карактеристичен за подривачката дејност на органите на КОС во тој период во Македонија. Имено, при откривањето на случајот со шпионска дејност во полза на КОС од страна на Милош Лозановски, инспектор во Службата за државна безбедност во Битола, е констатирано дека именуваниот од 4. 7. 1991 година свесно и самоиницијативно стапил во контакт со полковник Никола Глумац, началник на органот за безбедност на 41. корпус на Третата скопска воена област, лоциран во Битола, со кого воспоставил класичен соработнички однос, како доставу-
32
Н и кол а Кљус е в
вач на информации во полза на КОС, против интересите на Република Македонија. Лозановски во тие контакти со полковник Никола Глумац го добил псевдонимот Борец и на повеќе наврати му доставувал на Глумац податоци и сознанија со кои располагала Службата за државна безбедност, што претставуваат државна тајна. Тој, освен што доставувал доверливи податоци од Служ бата за безбедност, како и за мобилноста и мобилизацијата на органите на попицијата, за распоредот на силите и за мрежата на соработниците на Службата за безбедност во Битола, Ресен, Демир Хисар и др., посебно го кодошел раководството на Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пренесувајќи лажни вести за наводно формирање на доброволечки единици од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за наводна кражба од нивна страна на иконите од Галеријата во Битола и што уште не! Сите доставувани податоци од страна на Лозановски, преку Никола Глумац и разузнавачката служба на Третата воена област се праќани до Сојузниот секретаријат за народна одбрана во Белград со кој непосредно раководел и координирал генерал Симо Тумановски, заменик-началник на службата за безбедност на Сојузниот секретаријат за народна одбрана, инаку брат на Драган Тумановски, поранешен потсекретар на Службата за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. 11. Во текот на расчистувањето на случајот со Милош Лозановски добиени се сознанија дека Наќе Стојановски, пратеник на СДС во Парламентот на Република Македонија, стапил во соработнички контакт со именуваниот полковник Никола Глумац кому му изнел дека потсекретарите во
33
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Министерството за внатрешни работи (се мисли на Слободан Богоевски и Павле Трајанов) наводно имале намера, во соработка со Социјалдемократскиот сојуз, да го срушат тогашниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. На 19. 9. 1991 година, веднаш по подигнувањето на иницијативата на СДС за одговорност на министерот Мијалков (18. 9. 1991 година), во кафеаната Ајчо во Битола се состанале Наќе Стојановски, Тито Петковски и Никопа Глумац и уште едно лице (пријател на Лозановски), при што го информирале Н. Глумац во врска со настаните сврзани со подигнатата иницијатива во Парламентот против Ј. Мијалков. Денес можеме слободно да се прашаме колку такви сценарија има подготвувано КОС со претставници на нашата владејачка гарнитура. Колку судбини биле во нивните раце? 12. Јас ја водев владината делегација во Софија и Букурешт да ги замолам претседателите на тамошните влади (Димитар Попов и Петре Роман) да не се придружат кон предлогот на претседателот на Република Србија Слободан Милошевиќ на закажаниот состанок по 20 септември 1991 година во Атина со претседателот на Владата на Грција Мицотакис, за разгледу вање на македонското прашање по успешниот референдум за создавање на самостојна независна држава Република Маке донија и нејзиното отцепување од СФР Југославија. Додека летав од Букурешт кон Скопје носејќи радосни вести дека претседателите Попов и Роман го откажаа присуството на состанокот во Атина, поддржувајќи ја нашата замолница, истата вечер во македонскиот парламент се подига постапка за сменување на министерот Јордан Мијалков, без мое присуство како мандатор на Владата, што претставува преседан во парламентарната практика. Се разбира, по
34
Н и кол а Кљус е в
своето доаѓање јас го одбив предлогот, иако потоа до неговото загинување државниот врв постојано инсистираше за сменување на Мијалков од функцијата министер за внатрешни работи. Кога го известив за овие притисоци, тој беше мошне неспокоен и по извесно време му перфорира чирот во стомакот и се најде во медицинскиот клинички центар во Скопје 13. Истата вечер се случи уште еден куриозитет. Новинар ските трабанти, на чело со фамозниот Јосиф Ќурчиев, без чувство на новинарска етика и политички слух, преку Радио Скопје јавуваат: „кој му дал право на премиерот Кљусев да ѝ ја продава Република Македонија на Бугарија?“ Може да се замисли каква дрскост на еден пилотиран новинар. Потоа веднаш се организира т. н. хумористична програма НННРВ на Радио Скопје, во која на недоличен начин и цинично се исмејуваше моето наводно „бугарофилство“ со имитирање на мојот глас од една новинарска препознатлива зборлеста уста. Додека ние се боревме да ја афирмираме нашата независ на држава и да ја признаат балканските земји, отворено изнесувајќи пред господата Петре Роман и Димитар Попов дека не сакаме да се повтори 1913 година и да се случи нова поделба на Македонија и дека не му даваме никому историско право да разговара за Македонија без присуство на легитимните државни органи на независна Република Македонија, внатрешни подривачки сили со југоносталгични вкусови ја клеветеа и денунцираа Владата. 14. А сега да се вратиме на егземпларниот случај Лозановски кој ни открива многу нешта за методот на работењето на КОС и за задгрбните манипулации на веќе познатите пратеници
35
сол з и , ст ра в и го рд о ст
на Социјалдемократскиот сојуз и за нивната вмешаност во подривачките активности на КОС. Основниот мотив за ваквите недозволени активности на Лозановски била неговата наводна патриотска определеност спрема СФРЈ и ЈНА. Треба ли да се прашаме кој мотив ги инспирирал господата пратеници од СДСМ? 15. Покрај прибирање на информации и контрола на личности и институции во Македонија од страна на агентурата на КОС, во која биле инволвирани и личности од Сојузот на резервните воени старешини, како и од Сојузот на борците на Репубпика Македонија, таа служба почна да се занимава и со вооружување на некои нивни експоненти. Така, на пример, во Скопје, во населбата „Аеродром“ неколку личности КОС ги снабди со „калашникови“, наводно, од безбедносни причини, а во суштина зашто биле потенцијални атентатори и убијци. 16. Овие денови (1995 година) излезе од печат книгата на генералот во пензија Митре Арсовски, тогашен (1991/92 година) началник на Третата армиска област. Во книгата „Хроника на еден неминовен распад“, издание на Пинд „Време“, Скопје, 1995 година, авторот раскажува за една средба со командантот на Третата армиска област генерал-полковник Кукањац кој му рекол: „Митре, Република Македонија сака да се отцепи од Југославија, што не би било добро за нејзината иднина. Ние заклучивме дека дојде ред и вие, македонските генерали, да ѝ се оддолжите на Југославија. Еве, ви давам две-три бригади да ја урнете владата на Македонија и неа да ја вратите во рамките на Југославија.
36
Н и кол а Кљус е в
Во врска со ова коментарот на генерал Митре Арсовски следува: „Јас бев фрапиран од неговата дрскост. Си размислу вав во себе кој го заклучил тоа. Дали така размислувал целиот rенералштаб или пак само тој? Дали и македонските генерали во највисокиот воен врв размислувале на ист начин? Или ова прашање е разгледувано на некоја затворена седница во поте сен круг кај сојузниот секретар? Во чии рамки да се врати Македонија?! Која Југославија. Другар генерале, за што ме сметате вие? На што ви личам јас? На Јуда? Зошто токму јас да војувам против сопствениот народ, за какви цели и по чија наредба? Лично не гледам потреба од уривање на владата на Македонија“. 17. Ете како размислувале и какви планови кроеле Југословенската армија и нејзината агентура КОС во однос на Македонската влада и на македонската независна држава. Овој пример сам по себе е еклатантен. Доволно илустративно зборува. 18. Од друга страна, меморијата не ја напушта и грозоморната изјава на наши генерали дека, ако треба, ќе го бомбардираат и Скопје. А фактите убедливо сведочат дека мнозинството од нашите македонски генерали, што беа на највисоки воени позиции, останаа во Бепград, до последниот здив да ѝ служат на Југословенската армија во крвавата агресивна војна осудена од сета меѓународна јавност, за да бидат фрлени на крајот во ѓубрето на историјата како секој предавник на својот народ. Да ги споменеме само, меѓу другите, Д. Петковски, Ружиновски, фамозниот командант на Голи Оток,
37
сол з и , ст ра в и го рд о ст
сега веќе починатиот М. Стефановски, А. Костовски, Павлов, Спирковски, Николовски, М. Котевски, С. Тумановски итн. 19. Но со задоволство ќе се сеќаваме на сите оние наши храбри офицери кои, и покрај сите опасности, застанаа на страната на Владата давајќи ги потребните информации за состојбите во касарните. Многу од нив овозможуваа навремено информирање на нашите војници да ја напуштаат Југословенската армија. Тие успешно учествуваа и во акциите за одземање на дел од оружјето од Југословенската армија. Убаво е да споменеме дека во овој домен посебно се истакнуваше групата офицери во Битолскиот гарнизон. За жал, повеќето од нив по некоја година оваа политичка гарнитура ги пензионира и ги заборави. Од извонредна важност е да ја нагласиме улогата на група та офицери околу генерал Митре Арсовски кои во првите месеци на 1992 година ги поставија темелите за формирањето на АРМ заедно со нашето Министерство за одбрана и успешно ги изведоа акциите околу преземањето на караулите на македонските граници.
38
РАСПРАВИИ СО ГЕНЕРАЛ КАДИЕВИЌ
1. По извесно време во Скопје пристигна сојузниот секретар за народна одбрана, фамозниот генерал на армија Вељко Кадиевиќ. Од протоколот бев информиран дека треба да одам на ручек што го закажува Претседателот на Републиката по повод неговото доаѓање. Јас не му дадов особено значење, зашто често доаѓаа сојузни министри, па дури ни кога доаѓаше и претседателот на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, не организиравме посебни приеми за него. Сега одеднаш, покрај Претседателот на Републиката и Претседателот на владата, цела свита генерали и високи офицери поканети на ручек. Јас и не знам од кого беше поканет генерал Кадиевиќ да дојде во Скопје и по кој повод. Обично сојузните министри кореспондираа со владата на Македонија. Се прашав како тоа Кадиевиќ доаѓа, а Владата за тоа не е информирана, а Претседателот на Републиката ме кани на ручек со него.
39
сол з и , ст ра в и го рд о ст
2. Отидов во долната вила на Водно и останав стаписан. Од влезот до вилата и околу неа безброј војници и воена полиција. Се чувствував мошне непријатно, како да сум во опсада. Ладна атмосфера низ која ползат сивило и морници. Протоколот ги означил местата со имиња кој каде треба да седне. Од мојата лева страна генерал Кадиевиќ. Спроти него Претседателот на Републиката, до него командантот на Третата воена област, во продолжение лево и десно генерали и виши офицери. По куртоазните поздрави од страна на Претседателот, проследени со кратка информација за гостите, зеде збор Кадиевиќ. Тој, со своето намрштено темнопепелаво лице, иронично промрмори осуди на сметка на Македонската влада. Сетив зол дух како излегува од цинично стегнатите усни на тој мрачен човек што зборуваше со умисла, кој дошол со намера да навредува и да држи лекции. Темни брчки од секоја страна ползат по неговото мовливо лице: Од подуените усни наѕираат пукнатини што се губат во раштрканите потемнети заби. Сиво-бел мов се разлеал низ големите падини на образите. Од тврдата карпеста глава се спуштиле неколку свиленикави прамни коса врз изрезбаното чело. Во тоа темнопепелаво лице се криеше некоја чудна злоба која паѓаше в очи колку и да се трудеше тој да ја скрие. На тој мрачен тип му фалеше уште нож па да земе да пие човечка крв. 3. Јас немам дарба да ги препознавам сите детали на такви помрачени болни типови. Сепак, препознав во него нешто веќе видено во раните години на мојата младост на крвавиот камен остров. Многу такви џелати станаа генерали кои и денес се жедни за крв. Тој цело време ги држеше очите полузатворени и одвај меѓу клепките можеше да се здогледа работ на неговите сиви
40
Н и кол а Кљус е в
зеници, исполнети со отровен убод. Додека зборуваше со повишен глас, научен да дава наред би, морав сериозно да му обрнам внимание дека води разговор со претседател на влада на независна држава, а не со некој подреден чиновник. Му реков дека за мене тој е само член на Сојузната влада и досега никој не се однесувал толку арогантно и бесрамно како што се однесува тој. 4. Сфатив дека тој дошол со информации од Сојузниот секретаријат за народна одбрана против мене. Имено, тој префрли дека на седницата на Сојузната влада јас сум бил против Југословенската армија. Точно, јас го критикував предлогот на воениот буџет за 1992 година како многу висок и гласав против. Тоа било доволно мојата дискусија да стане предмет на разгледување во Сојузниот секретаријат за народна одбрана. Таа гнасна улога на денунцирање ја извршил, за жал, мојот колега, доктор по економски науки, генералполковник Никола Чубра кој беше присутен на седницата на Сојузната влада како претставник на Секретаријатот за одбрана. 5. Дискусијата сè повеќе се заоструваше. Навредите продолжуваа. Гледам, тоа тело до мене, истрошено од животот и страстите, веќе изгледа болно. Под неговите густи веѓи на избразденото чело зјапа безбоен поглед на темносиви заповед нички очи. Очи што влеваат страв, што заплашуваат. Кога те гледаат, чиниш страшилиште ти влегува во градите да те распара со својот суров змиски поглед. Најважно е тоа што јас ја разбрав неговата намера и се чувствував охрабрен. Се созедов, си го вратив спокојството, ја
41
сол з и , ст ра в и го рд о ст
изгонив нервозата од себе и со пркос и гордост почнав да му изнесувам еден по еден факт за состојбата на експлоатација и осиромашување на нашите претпријатија што произ ведуваат за военоиндустрискиот сектор или се ангажирани за извршување на воени проекти. За неисплаќањето на нивните производи и услуги од сојузниот воен буџет. Особено ја изнесов загриженоста на македонските градежни претпријатија што работеле за воени проекти во странство. Нагласено го илустрирав случајот со Ирак од кого нашите организации побаруваа околу 300 милиони долари. Настана невкусна, жестока расправија со повишени тонови. Сетив слабост во неговиот бес. Енергично продолжив да изнесувам нови факти за подредената улога на Република Македонија во военоиндустрискиот комплекс и за експлоатацијата што ѝ се наметнува преку воениот буџет. Имено, Македонија учествуваше со околу 6% во финансирањето на воениот буџет, а од стопанството на нејзината територија Третата скопска армиска област се снабдуваше со производи само со 0,8 до 1,2% од воениот буџет. Единствено во 1991 година тој процент се покачи на 2,2%. Изнесов дури и за такви производи кои скапуваа во Република Македонија, а армијата се снабдува од другите краишта на Југославија, каков што беше случајот со зелката, компирот, доматите, кромидот, месото и сл. Молчешкум се погледнавме неколку секунди. Замижувајќи, тој го впери својот змиски поглед во мене и повторно истури гнаса од навредливи зборови. Си реков во себе, ваков тип треба веднаш да се заборави, да не те потсетува ништо на него. Гледам, овој силник не заслужува човек да зборува со него. Го плукнав со погледот и ја свртив главата за да му ставам до знаење дека разговорот е завршен.
42
Н и кол а Кљус е в
6. Од другата страна на масата, додека јас жестоко се расправав со господин Кадиевиќ, едно лице понижувачки се насмевнуваше. Лице пожолтено, замолчено, дали во мислите или во стравот загубено?!? Како да исчезнале сите грижи од неговата глава за проблемите што ги слушаше, за проблемите што ја притискаа Македонија. Си реков, дали ова ладно молчење значи мудрост или заборавена грижа за нашите болки. Или пак во молкот ја знаел намерата на ѕверот што ја демне жртвата?! 7. При разделбата со генерал Кадиевиќ и со другите офицери чув од претседателот Глигоров дека господин Анте Марковиќ, претседател на Сојузниот извршен совет, му обрнал внимание по телефон дека генерал Кадиевиќ е незгоден собеседник, нервно пречувствителен, дека бил болен. Таа информација беше мошне задоцнета и требаше навреме да ја слушнам и воопшто да не се појавам пред тој суров насилник. Си реков, ако е таков болен, зошто воопшто бил поканет да доаѓа? Зошто воопшто бил прифатен разговор со него од страна на Претседателот на Републиката? Или пак треба само да му се аминува на таков осоен болен тип?!?
43
ДОГОВОРОТ СО ГЕНЕРАЛ АЏИЌ
1. Доаѓањето на генерал Кадиевиќ во Скопје не даде никакви резултати, а воената криза на југословенскиот простор добиваше сè пошироки и пожестоки размери. Војната од Словенија брзо се прошири речиси низ целата територија на Хрватска. Стационираната Југословенска армија на македонската територија почна да гради бункери пред воените објекти и сè повеќе внесуваше напната воена психоза. Се обратив до политичките партии, посебно до ВМРОДПМНЕ, да се чуваат од провокации на КОС кој имаше мошне широко инсталирана шпионска мрежа во Македонија, за да не се создадат услови за инциденти и повод на Армијата за воени пресметки. ВМРО-ДПМНЕ покажа висока дисциплина и патриотско достоинство и бдееше над ситуацијата, но не даде повод за крвави пресметки. Владата будно ја контролираше ситуацијата во државата и бараше што побргу да се регулираат односите со Југословенската армија. Но Југословенската армија и нејзината команда на Третата скопска воена област не сакаа
44
Н и кол а Кљус е в
да соработуваат со Владата, што ја оценуваа како сецесионистичка, туку само со Претседателот К. Глигоров. 2. Од тие причини и во таква ситуација претседателот Глигоров во јануари 1992 година прати покана за одржување на заеднички состанок до Сојузниот секретаријат за народна одбрана, лично за генерал-полковник Благоја Аџиќ, вршител на должноста сојузен секретар за народна одбрана во Белград, со следнава содржина: Почитуван господине генерале, Кризата во Југославија и натаму трае. Постои реална опасност да се прошири и да предизвика несогледливи последици. Сите сме загрижени поради ваквата состојба. Република Македонија, Собранието, Владата и јас лично, во целиот овој период посебно водевме сметка со ништо да не придонесуваме за влошување на југословенската криза. Спротивно на тоа, настојувавме до неа да не дојде, а уште повеќе да не се прошири. Република Македонија со донесувањето и прогласувањето на Уставот и на Уставниот закон за негово спроведување стана самостојна и суверена држава и сега се очекува нејзиното меѓународно признавање. На 13 овој месец Собранието на Република Македонија ќе донесе закон за одбраната на Република Македонија со кој ќе се реши системот на одбраната. Во овие наши настојувања очекуваме и ваша помош. Ние, како и досега, ќе настојуваме и понатаму да одржуваме добри и коректни односи со командите и единиците на Третата воена област врз основа на договор што ќе се постигне меѓу Владата на Република Македонија и Сојузниот секретаријат за народна одбрана. (Ваков договор Владата на Р. М. со ССНО не потпиша од споменатите причини и поради
45
сол з и , ст ра в и го рд о ст
непризнавањето на таа воена управа на територијата на независната македонска држава, наша забелешка.) Меѓутоа, некои настани што во последно време се случија на просторот на Република Македонија во врска со начинот и постапката на заминувањето на ЈНА од територијата на Маке донија (на Владата и мене лично не ни беше познато кога и со кој се договарал претседателот Глигоров за начинот и постапката на заминувањето на ЈНА од територијата на Македонија! - наша забелешка), укажуваат на можност за нови компликации, поради што се актуелизира потребата лично да Ви се обратам со барање за одржување на заеднички состанок во Скопје, на кој би се договориле за мирно решавање на сите спорни прашања и за зачувување на досегашните коректни меѓусебни односи. Поради тоа треба да разговараме за следниве глобални прашања: - Начинот и постапката на преземањето и обезбедувањето на државната граница на Република Македонија во периодот на повлекувањето на ЈНА од територијата на Републиката; - Постапката за мирно повлекување на ЈНА од територија та на Македонија и регулирање на прашањето на имотот на ЈНА; - Статусот на воените старешини, војниците и граѓанските лица на служба во ЈНА. Очекувам дека ќе го прифатите овој предлог и дека состанокот ќе го одржиме што поскоро. Претседател на Република Македонија Киро Глигоров 3. На горнава покана на претседателот Глигоров генерал Аџиќ одговорил, но содржината на неговиот одговор не ѝ
46
Н и кол а Кљус е в
беше позната на Владата. Љубезниот и мошне лојален на воениот врв на ЈНА г. Глигоров на 6 февруари 1992 година прати повторно писмо до генерал Аџиќ, заведено во неговиот кабинет под доверлив иот број 13/1. Еве како гласи тоа писмо: Го примив Вашиот одговор на моето барање за одржување на заеднички состанок во Скопје, на кој би разговарале за мирно решавање и договорно спроведување на обврските околу заминувањето на ЈНА од територијата на Република Македонија. Ме радува тоа што и Вие имате исто мислење како мене, дека овие прашања треба да се решаваат на обострано прифатлив начин и по пат на преговори. Ја уважувам и положбата во која се наоѓате и Вашата неможност без одлука на Врховната команда да го прифатите нашето барање за водење разговори околу повлекувањето на ЈНА од територијата на Република Македонија. Поради тоа ме упатувате со истото барање да се обратам до Врховната команда на вооружените сили и таа да донесе одлука за тоа. Имајќи го предвид моето барање да водиме разговор за чисто воени, а не за политички прашања и дека таквите прашања во Република Словенија и Република Хрватска се решавани со преговори помеѓу военото раководство и органите на споменатите републики, сметам дека е поприфатливо Вие да ја запознаете Вашата Врховна команда со моето барање и од неа да го добиете потребното овластување за водење на овие преговори. Ако Врховната команда е запознаена со моето барање, Ве молам да инсистирате да Ве овластат Вас и да дојдете во Скопје на разговор. Очекувам дека ќе го прифатите овој предлог и дека состанокот ќе го одржиме што поскоро. Киро Глигоров Претседател на Република Македонија
47
сол з и , ст ра в и го рд о ст
4. Бараното овластување за разговор и договарање генерал Аџиќ го добил од Претседателството на Југославија како врховен командант и ги соопшти мотивите и целите, односно заклучоците или, поточно, инструкциите од заедничкиот состанок што се одржа на 21 февруари 1992 година во Скопје. Тие заклучоци на Претседателството на Југославија, се доне сени на неговата седница одржана на 14 февруари 1992 година и ја имаат следнава содржина: Претседателството го разгледа предлогот на Сојузниот секретаријат за народна одбрана за дислоцирање на единиците на ЈНА од територијата на Република Македонија, а имајќи предвид дека Република Македонија, спротивно на уставноправниот систем на СФРЈ, престана да ги финансира потребите на ЈНА и да праќа регрути и воени обврзници во ЈНА, дека донесе акти за создавање на самостојна држава и дека чека меѓународно признавање како суверена држава, а со цел да се одбегне можниот судир, Претседателството како врховен командант на вооружените сили на СФРЈ, врз основа на член 316 од Уставот на СФРЈ, а во согласност со член 52 од Деловникот за работа, ги донесува следниве заклучоци за привремено Дислоцирање на ЈНА од територијата на Република Македонија. (Интересно е да се констатира мошне енигматичната формулација - наша забелешка.) 1. Командите, единиците и установите на ЈНА ќе престанат со стационирањето на територијата на Република Македонија до дефинитивниот договор за решавање на државно-политичката криза во Југославија. Преместувањето на личниот состав и на подвижниот имот на ЈНА да се изврши во рок од два месеца од донесувањето на овие заклучоци, според планот што ќе го направи Сојузниот секретаријат за народна одбрана. 2. За сите припадници на постојаниот состав на ЈНА кои
48
Н и кол а Кљус е в
сакаат да останат на територијата на Република Македонија, одговорните старешини ќе решат за престанок на службата во ЈНА во рок од два месеца од донесувањето на овие заклучоци. Во рок од 15 дена по завршената дислокација на командите, единиците и установите на ЈНА од територијата на Република Македонија, надлежните старешини ќе донесат акти за престанок на службата на активните воени лица и на граѓанските лица на служба во ЈНА кои сега се наоѓаат надвор од територијата на Република Македонија, а сакаат да се населат на нејзината територија. Војниците од македонска националност, како и од другите етнички малцинства ќе се отпуштат од ЈНА во рок од 15 дена по заминувањето на ЈНА од Македонија. 3. Спроведувањето на овие заклучоци не може да се условува со решавањето на какви било имотноправни односи на Република Македонија со органите на федерацијата или на другите републики. Тие прашања ќе се решаваат врз основа и во согласност со дефинитивниот договор за решавање на државнополитичката криза во Југославија. 4. На семејствата на активните воени лица и на граѓанските лица на служба во ЈНА, кои остануваат во служба на ЈНА, а сакаат да се населат во друга република, ќе им се обезбеди иселување со нивниот целокупен имот на трошок на ЈНА. 5. Се овластува Сојузниот секретаријат за народна одбрана да ги решава со надлежните органи на Република Македонија сите неопходни прашања за спроведување на заклучоците, вклучително и на пензионираните воени лица кои остануваат во Република Македонија. За решавањето на позначајните прашања Сојузниот секретаријат за народна одбрана ќе го известува претседателството на СФРЈ. 6. Сојузниот секретаријат за народна одбрана ќе осигури безбедно, навремено и ефикасно дислоцирање на командите. единиците и установите на ЈНА од Република Македонија.
49
сол з и , ст ра в и го рд о ст
5. Горните заклучоци на таканареченото Претседателство на Југославија, кое главно работеше под диригентската палка на Србија, генерал Аџиќ ги изнесе на самата заедничка седница на 21 февруари 1992 година. Не ми беше познато дали претседателот Глигоров претходно ги имаше добиено овие заклучоци. Поради сложеноста на проблемите и неизвесностите што нè демнеа, како и поради недоволното информирање на Владата за овој комплекс на прашања, се обратив до нашето Министерство за народна одбрана да изготви платформа за разговор на Претседателот на Република Македонија со вршителот на должноста сојузен секретар за народна одбрана. Во Платформата се даваат некои наши критички оцени и ставови во врска со неконтролираниот грабеж на оружјето и воената опрема од страна на ЈНА, како и со многу други нерешени прашања пред да се решат договорно. Од тие причини ќе изнесам некои наши ставови изнесени во Платформата. Повлекувањето на ЈНА од територијата на Република Македонија, кое трае подолго време, се остварува без да е тоа заеднички договорено, што предизвикува револт кај граѓаните и недоверба во исправноста на ваквата постапка. Со тоа директно се слабее одбранбената моќ на Републиката и безбедноста на нејзината граница. Во отсуство на заеднички договор за повлекување на Армијата од Републиката, Владата донесе одлука со која ја воспостави неопходната контрола на неконтролираното движење на возилата на ЈНА, пред се заради избегнување на можните инциденти со граѓаните. Со оглед на вкупните настани во Југославија, со донесувањето на Уставот Република Македонија се конституира како суверена и самостојна држава, со утврдено право и обврска за создавање на сопствен одбранбен систем со сопствени вооружени сили.
50
Н и кол а Кљус е в
Со донесувањето и влегувањето во сила на Законот за одбраната се создадоа и потребните нормативно-правни услови за формирање на сопствени вооружени сили. Од овие причини ЈНА во уставно определениот рок треба договорно да ја напушти територијата на Република Македонија. За нормално одвивање на овој процес, а за де се обезбеди непречено и договорно повлекување на ЈНА од територијата на Македонија, предлагаме да разговараме и да постигнеме согласност за следниве глобални прашања: 1. Решавање на статусот на воените старешини, војниците и граѓанските лица на служба во ЈНА; 2. Утврдување на начинот и постапката на преземањето и обезбедувањето на државната граница на Република Македонија; 3. утврдување на постапката за повлекување на ЈНА од територијата на Република Македонија и регулрање на праша њата поврзани со преземањето на имотот со кои располага ЈНА на територијата на Републиката. За реализирање на гореизнесените глобални прашања во Платформата се приложени податоци, аргументи и ставови. 1. Решавање на статусот на воените старешини, војниците и граѓанските лица на служба во ЈНА: Укажавме дека, според сознанијатата на Министерството за одбрана на Република Македонија, воени старешини и граѓански лица на работа во ЈНА од Македонија има околу 3.500 луѓе, од тоа само во единиците на Третата скопска воена област околу 1.250. Притоа беше укажано дека оваа бројка е далеку поголема зашто личните досиеја ги води Персоналната управана Сојузниот секретаријат за народна одбрана. Од околу 11.300 регрути упатени на отслужување на воениот рок во ЈНА во 1991 година од Република Македонија, според нашите податоци, сè уште во ЈНА има околу 4.500 до 5.000 војници.
51
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Предложивме овие прашања да се решат на следниов начин; - На активните воени лица и граѓанските лица од Република Македонија на служба во ЈНА да им се овозможи да ја напуштат ЈНА без да бидат прогонувани за тоа, наiдоцна до 1 април 1992 година; - Војниците од Република Македонија кои сè уште се на отслужување на воениот рок во ЈНА да бидат ослободени во рок од 15 дена од постигнувањето на заедничката согласност; - Веднаш да се прекинат гонењето и судските постапки против сите старешини и воiници од Македонија кои веќе ја напуштиле ЈНА по повикот од Владата на Република Македонија; - Република Македонија ќе обезбеди прифаќање на сите воени старешини од Републиката, како и на воените старешини што се на служба во ЈНА на територијата на Македонија од другите републики, а кои сакаат да останат тука. Со прифаќањето на старешините да ни бидат дадени и нивните персонални досиеја; - Прифаќање на граѓанските лица на служба во ЈНА и на лицата што се на служба во ЈНА според договорот, со почиту вање на правата што им произлегуваат од работниот однос; - Прифаќање на сите питомци што се наоѓаат на школу вање на академиите и другите воени школи; - Исплата на пензиите на пензионираните воени старешини што живеат и што ќе се определат да живеат во Македонија. 2. Преземање и обезбедување на државната граница на Република Македонија: Границата на Република Македонија со соседите, не вклучувајќи ја северната граница, е во должина и досега се обезбедуваше со сили од 7 баталјони, односно со 57 караули и околу 2.600 војници и старешини. Имаме сознанија дека овој број е намален за повеќе од 70%, а некои од караулите
52
Н и кол а Кљус е в
се целосно напуштени, со што во значителна мера е ослабено обезбедувањето на границата. Со тоа е овозможено непречено преминување на границата, особено спрема Албанија и вршење на кражби и други дејства во граничниот простор на Републиката. Поради ова бараме задолжително да се решат следниве работи: - Во рок од 15 дена по овој договор да се изврши целосно примопредавање на сите гранични објекти со материјално техничките средства и опремата што им припаѓа, во исправна состојба. - Со примопредавањето на објектите да се предадат елаборатите и другата документација за вршење на граничната служба. - Посебно е неопходно во исправна состојба да се предадат воорувувањето, средствата за врски и набљудување, минскоекслозивните средства, интендантската опрема и другите средства што според материјалната формација му припаѓаат на секој поединечен објект, како што се товарниот добиток, кучињата и друго, - Доколку има поставено мини во граничниот појас, да ни бидат предадени елаборатите и скиците за нив. Граничните единици на ЈНА да не ја напуштаат државната граница додека не се заврши примопредавањето. - За примопредавањето на границата, командата на Тре тата воена област и Министерството за одбрана на Република Македонија да го определат потребниот број комисии составен и од стручни и квалификувани лица за овие потреби. 3. Утврдување на постапката за повлекување на ЈНА од територијата на Република Македонија и регулирање на прашањата поврзани со преземањето на имотот со кој располага ЈНА на нашата територија: Во Платформата јасно ставивме до знаење дека досега ЈНА од територијата на Република Македонија, заедно
53
сол з и , ст ра в и го рд о ст
со поголем број на единици, неодговорно извлече најголем дел од материјално-техничките средства, вооружувањето, убојните и минскоексплозивните средства, нафтените деривати, прехранбените артикли, медицинската опрема и лековите и другите средства и опрема, како што се: - Радиоизвидувачкиот баталјон со сите средства и опрема, компјутерско-сметачкиот центар, опремата и средствата на санитетските одреди и баталјони, артилериските единици и единиците за противвоенооклопна борба, механизираните и оклопните единици, единиците и средствата за противвоздушна одбрана, дел од инженерската механизација, средствата за врски, набљудување и др. - Исто така, однесени се речиси сите сојузни, армиски и корпусни резерви на муниција, минскоексплозивни средства, нафтени деривати и др, - Нашата проценка е дека околу 80% од материјалнотехничките средства, вооружувањето, убојните средства, минскоексплозивните и другите средства и опрема се извлечени од територијата на Република Македонија, со што нејзината одбранбена способност е сведена на минимум. Тргнувајќи од уставното право на Република Македонија за заштита на својот територијален интегритет и државен суверенитет, како и од правото стекнато со учеството на Република Македонија во буџетот на федерацијата помеѓу 5 и 7% од општествениот производ во целиот повоен период од кои се финансираше ЈНА, нејзиното вооружување, опремување и обучување, бараме неопходно: - Веднаш да се престане со понатамошното изнесување на материјално-техничките средства, вооружувањето и другата опрема што се наоѓа на територијата на Македонија во исправна состојба, а особено: - Системите за врски, средствата и опремата за контрола на летањето, како стационарните така и преносните; - Да не се нарушуваат инфраструктурата и функционира
54
Н и кол а Кљус е в
њето на радиорелејните и радиорепетиторските објекти, на радиоприслушните центри, како и на центрите за врски; - 3дравствените објекти, медицинските средства и опремата, а особено воената болница во Скопје и гарнизонските амбуланти и аптеки; - Воените објекти, како што се касарните, магацините, домовите на ЈНА, објектите за обука и военостанбениот фонд; - Да се овозможи непречено исклучување на оружјето и опремата на нашата Територијална одбрана. - Примопредавањето на објектите, средствата и опремата да се изврши записнички од комисии составени од претставници на Третата воена област и на Министерството за одбрана на Република Македонија најдоцна до 1. 4. 1992 година. Покрај овие прашања, баравме да се решат уште следниве: Да се деминираат евентуално минираните објекти и прос тории; - Единиците на ЈНА стационирани во јужниот дел на Србија и Косово, пред сè во Качаник, Прешево, Приштина и Врање, и сите борбени средства наменети за евентуални интервенции кон Македонија, веднаш да се дислоцираат зашто Република Македонија со својот одбранбен систем никого нема да загрози, а со соседите ќе гради добрососедски односи на заемно разбирање и соработка; - Веднаш да се прекине со активностите на разузнавачки план насочени кон Република Македонија, како и со давањето поддошка од страна на ЈНА на одредени политички партии и лидери чија активност е насочена против самостојноста на Република Македонија; - Да остане целокупната техничко-технолошка доку ментација, алати и опрема во претпријатијата што произведу ваат оружје и воена опрема и вршат ремонт на борбени и неборбени возила и пешадиско оружје; - Да се намират долговите на Армијата спрема
55
сол з и , ст ра в и го рд о ст
претпријатијата од Македонија за испорачаните производи и извршените услуги. 6. Врз основа на Заклучоците на т. н. Претседателство на Југославија, што ги застапуваше делегацијата на Сојузниот секретаријат за народна одбрана раководена од генерал-пол ковник Благоја Аџиќ, од една страна, и владината Платформа за разговори, од друга страна, се одржа заеднички состанок на 21 февруари 1992 година во просториите на вилата 1 на Водно во Скопје. Состанокот го водеше претседателот Киро Глигоров. Дискусијата траеше долго. Беше мошне формализирана, напати исполнета со мачнина и напнатост. Гостите во униформи се чувствуваа наметливо агресивни, а некои од нашата страна со шминка на уста и избрани зборови, како да не станува збор за грабеж, отимање и уривање на наше богатство. Но мигот бараше претпазливост, мудрост и одговорност пред агресивните апетити на воинствените генерали. 7. Седам со чувство на загриженост. Зошто се водат овие долги дискусии кога нашата влада далеку порано упати апел до сите војници и офицери од Македонија да ја напуштат Југословенската армија? Ова од причина што еден месец пред водењето на разговорите со делегацијата на генерал Аџиќ, на 21 јануари 1992 година, во Службен весник на Република Македонија број 5 излезе владината Одлука за прифаќање на старешините на ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на служба во ЈНА од страна на Република Македонија. Одлуката гласи:
56
Н и кол а Кљус е в
Член 1. Република Македонија ги прифаќа сите старешини на ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на служба во ЈНА кои ја напуштаат Армијата и се враќаат во Република Македонија и се вклучуваат во нејзиниот состав на одбраната. Член 2. Прифаќањето на старешините на ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на служба во ЈНА подразбира нивно вработување, пензиско и инвалидско осигурување, здравствена заштита и решавање на станбеното прашање, доколку го немаат решено во Република Македонија. Член 3. Старешините на ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на служба во ЈНА што ја напуштаат Армијата се пријавуваат во Министерството за народна одбрана. Член 4. Се задолжуваат Министерството за народна одбрана, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија да ја реализираат оваа одлука. Член 5. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Истовремено Владата донесе одлука за отповикување на сите дипломатско-конзуларни и културни претставници од Република Македонија во Сојузниот секретаријат за надворешни работи и во странство. Со овие одлуки беше ставено до знаење дека односите со Југославија се прекинуваат и почнува самостојното функционирање на независна Република Македонија.
57
сол з и , ст ра в и го рд о ст
8. Иако овој состанок се одржа со доста големо задоцнување, а за тоа време ЈНА ја однесе главнината на оружјето и опремата од територијата на Македонија, дејност за која беше одговорен Претседателот на државата кој единствено контактираше со армискиот врв, сепак, и покрај многуте пропусти и несогласувања, беше донесен заеднички договор со следнава содржина: На разговорите водени во Скопје на 21 февруари 1992 година помеѓу Претседателот на Република Македонија и генералполковник Благоја Аџиќ, кој го заменува сојузниот секретар за народна одбрана, а во врска со дислокацијата на ЈНА од територијата на Република Македонија, е постигнат следниот ДОГОВОР 1. Дислокацијата на ЈНА од територијата на Република Македонија ќе се изврши најдоцна до 15 април 1992 година со луѓето, оружјето, муницијата и материјално-техничките средства и другиот подвижен имот што формациски спаѓа во составот на единиците и командата на ЈНА. 2. Целиот неподвижен имот што го користела ЈНА на територијата на Република Македонија им се предава на органите на Републиката комисиски со записници. З. Се овозможува слободен избор на старешините и на граѓанските лица на служба во ЈНА да се определат за понатамошно останување во ЈНА или за вклучување во системот на одбраната на Македонија, односно за останување на територијата на Република Македонија. На сите оние што остануваат во Република Македонија им се гарантираат сите права како граѓани на Македонија. ЈНА им гарантира остварување на сите права на воените и на граѓанските лица од Македонија што остануваат на
58
Н и кол а Кљус е в
служба во ЈНА, како на другите припадници на ЈНА. 4. ЈНА се обврзува на старешините и на граѓанските лица што сакаат да си одат од ЈНА да им овозможи по повлекувањето на ЈНА од територијата на Република Македонија заминување во рок од 2 месеца. 5. Војниците од Република Македонија што се наоѓаат на отслужување на воениот рок во ЈНА, доколку порано не им истече продолжениот воен рок, ќе бидат отпуштени најдоцна до 30 април 1992 година. ЈНА презема обврска да ги испита можностите да ги отпушти и порано сите војници од територијата на Република Македонија. 6. Оружјето и другата опрема на Територијалната одбрана на Република Македонија му се ставаат на располагање на Министерството за народна одбрана на Република Македонија. 7. Примопредавањето на границата ќе се изврши така што ЈНА ќе ги предаде: - сите објекти на границата, со опремата во нив, освен оружјето и муницијата; - комплетниот систем на врските и средствата за надгледување на границата; - сите гранични кучиња и коњи ЈНА презема обврска да ја испита можноста за отстапување на дел од превозните средства и средствата за ноќно контролирање на границата, за што заеднички ќе се реши. 8. Од здравствените установи ЈНА комплетно со опрема ќе ѝ ги предаде на Република Македонија: - Воената болница; - Заводот за превентивна медицинска заштита; - Военомедицинскиот центар во Скопје; - сите аптеки; - поголем број гарнизонски амбуланти, за што отпосле ќе се реши. Република Македонија ќе ги прифати сите вработени во овие установи кои сакаат да останат во Македонија и ќе им
59
сол з и , ст ра в и го рд о ст
овозможи здравствено осигурување на сите воени осигуреници. 9. ЈНА се обврзува да ја остави сета опрема и сите уреди за цивилно воздушно летање на аеродромот Петровец кај Скопје. Посебна комисија ќе утврди кои средства се потребни за прописно цивилно воздушно летање (ИКО) и ќе ги реши имот ните прашања што произлегуваат од тоа во остварувањето за функцијата на контролата на летањето. Прифатено е Република Македонија да остане во заед ничката контрола на летањето до склучувањето на конечната спогодба. 10. На Република Македонија ѝ се оставаат во функционал на состојба и сите стационарни центри за врски и центри за врски со телекомуникациските уреди, сите АТЦ-централи освен во Куманово, Кичево и аеродромот Петровец. Обемот на опремата што ќе се остави ќе биде утврден од заедничка стручна екипа на ЈНА и на Република Македонија. ЈНА ги остава сите објекти за електронско изведување и опремата во нив што е затечена таму на денот на донесувањето на спогодбата. 11. Домовите на ЈНА ѝ се предават на Република Маке донија. 12. Прашањата во врска со станбениот фонд на ЈНА и за остварувањето на правата во врска со нивното користење и располагање ќе ги утврди посебна заедничка комисија. 13. Прашањата за исплаќањето на пензиите на осигурените воени лица што остануваат на територијата на Република Македонија ќе се решаваат како и за другите осигурени лица во Македонија. 14. Ќе се формира заедничка комисија што ќе ги разгледу ва прашањата подигнати со судска постапка против воени лица и ќе предложи соодветни решенија.
60
Н и кол а Кљус е в
15. Договорено е сите тековни прашања од оваа спогодба што имаат оперативна природа да се решаваат со Командата на Третата воена област, Командата на РВ и ПВО и СУКЛА, во рамките на нивните овластувања. 16. Земјиштето на воените економии органите на Македонија можат веднаш да го обработуваат. Со овој Договор ќе се опфатат и сите други прашања околу дислокацијата на ЈНА кои во овие разговори биле начелно третирани или не биле воопшто разгледувани. За сојузниот секретар за народна одбрана генерал-полковник Благоја Аџиќ
Претседател на Република Македонија Киро Глигоров
9. Мошне тешко е без педантна аналитичка документација да се даде анализа и оцена за тоа колку од договорените премиси се во целост извршени. Овој труд нема таква задача. Прашањето е колку е реален договорот, а колку условен од конкретниот политички и воен амбиент и, како таков, колку носи неизбежни компромиси, толеранции и енигми. Колку е оправдано предавањето, односно одземањето на целото оружје и опрема од нашата територија и прифаќањето на договор само за неподвижните (физички) објекти кои и така не можеле да бидат одземени. Дали постоеле други можни решенија без сила и воени провокации? Зошто оружјето на Територијалната одбрана е предмет на договор кога е целосно купувано од буџетските средства на Републиката? Или, зошто се договара за отстапување на македонско земјиште на воените економии кога тоа земјиште е природно интегрален дел од геополитичката територија на Македонија? На крајот, зошто
61
сол з и , ст ра в и го рд о ст
во договорот нема решение за преземање на северната граница, а се споменуваат само караулите на другите граници итн. Според денешната оцена, можат да се постават многу такви прашања. Но во тие услови, доколку кај некој не постоеле заткулисни игри и манипулации со татковината, тешко можело да се размислува повеќе, посебно затоа што нè опкружуваа безброј мистерии, безброј тајни што не можеа да се откријат. Од друга страна, она што треба да се знае е дека за сите прашања не постои ниту одговор ниту објаснување. Барем не на некои од онаа страна на силата и од оваа страна на гробот, односно во нашето постоење и нашиот живот.
62
РАЗДЕЛБАТА СО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРМИЈА
1. Во една од долните сали на Парламентот претседателот Глигоров закажува состанок (некаде кон средината на април 1992 година) за разделба со командата на Третата скопска воена област. Покрај командантот генерал-полковник Узелац и членовите на неговиот генералштаб (меѓу кои и нашите генерали Митре Арсовски, Пере Поцевски и други виши офицери), беа присутни и неколку генерали од Сојузниот секретаријат за народна одбрана (генерал-полковник Домазетовиќ и др.). Од македонска страна, покрај претседателот на државата и претседателот на Собранието, бевме и министерот за одбрана Трајан Гоцевски и јас. 2. По куртоазните поздрави разговорот се одвиваше околу извршувањето на Договорот за повлекување на Југословенска
63
сол з и , ст ра в и го рд о ст
та армија од територијата на Република Македонија. Се изнесуваа некои ситни забелешки и се создаваше една чудна атмосфера, исполнета со топлина на пријателски чувства, како божем ништо не се случило со пљачкањето на сето оружје и воена опрема и инсталации од нашата територија, со разорниот пустош што го оставија во касарните и воените полигони. Со децата што ни ги отимаа од топлите родителски домови и насилно ги спроведуваа на воените жаришта итн. 3. Состанокот траеше мошне кратко време, речиси пократко од разговорот на Глигоров и генерал Узелац што се водеше во четири очи настрана. Таа практика на издвоени разговори во четири очи Глигоров ја применуваше и на претходните состаноци со генерал Аџиќ. И тогаш и сега сите наши погледи се лизгаа кон нив, како да ја претресуваа таинственоста на нивниот разговор. А тие во длабок занес се отсликуваа себеси во розов фолклор од нежна интимност. Го прашав министерот за одбрана Трајан Гоцевски, што се овие долги разговори во четири очи? Тој се наведна кон мене со доверлив израз и лаконски ми одговори: „сигурно се договараат за некои кадровски прашања во врска со формирањето на нашата армија по нивното одење“. 4. Во оние што ме окружуваа сè уште гледав по некои сентиментални носталгичари и ранливи мечтатели по она што било, што умира. Се затскриваа зад тој југословенски „штит“, таа грда маска што се растопува и на виделина го покажува нивното предавничко лице. Среќна околност беше тоа што сите немаа иста страст во тие мигови на разделба. Тие
64
Н и кол а Кљус е в
беа само еден мал дел од присутните офицери и политички функционери Македонци. Тие бездушни егземплари се погледнуваа со додворувачки израз. При разделбата се гушкаа во сентиментален преграб и со бакнежи со српските генерали и како да им се откинуваше нешто што беше закачено за нивната кожа, за нивната мисла и за нивното постоење. Од нивните усти слушам: „Не грижете се, ние сме тука“, „Јавувајте се и мислете на нас“. И се потчукнуваат по рамената во топлите прегратки и бакнежи, со надеж дека пак ќе се здружат. Насмевнати, толку гласно ги искажуваа своите симпатии едни спрема други што мене нешто болно ме пронижа и ме оттргна од моите тегобни размислувања. Во нивните срца зјапаше една голема празнина, при дружена од онаа во мозокот, им создаваше ужасни болки при разделбата. Тие таа разделба, по сè изгледа, никако не ја очекуваа. Целото мое тело вџасено се бунеше, опиено од ужас, од она што го гледав: отсуство на грижа кај тие луѓе, на реална мисла и чувство за татковината; отсуство на сè што е возвишено. 5. Додека Претседателот и командантот генерал Узелац даваа интервјуа пред новинарите и заеднички се сликаа, јас поназад и подзасолнат ја гледав таа комедија, а мислите ме гонеа во сомнеж поради можната неизвесност што нè демнеше. Се чувствував смешен и тривијален при таа за мене непријатна средба, со тие болно идеологизирани титоистички офицери, заслепени догматици на Југословенската армија и бесрамно подли политички функционери.
65
ПЛАТФОРМАТА ГЛИГОРОВИЗЕТБЕГОВИЌ
1. Некои владетели се оправдуваа со градење на нови поли тички платформи за спасување на Југославија, како некаков сојуз на суверени држави, каков што беше случајот со Платформата Глигоров-Изетбеговиќ. Тој јалов напор се правеше токму кога хистеријата на војната беснееше најжестоко, однесувајќи десетици илјади жртви. Каква илузија имаше во главите на тие луѓе!?! Свесна намера или погрешна оцена се даваше за грубата реална вистина, во еден отуѓен простор, во еден безвременски свет да се лелека и да се бара враќање во некаков сојуз на суверени држави. И така, некој упорно сакаше да ја враќа историјата и нос талгично лелекаше за големата лага на историјата, титоистич ката творба Југославија. Треба ли денес да ја препознаеме таа дволична свест на тие луѓе!? Што ќе беше во такви услови со независната држава Република Македонија? Дали канџите на „големиот брат“ немаше да ја задушат?
66
Н и кол а Кљус е в
2. Растројството и војната го разголија до беспоштедност квазијугословенскиот тоталитет. Го покажаа пред целиот свет неговото грдо лице. Духот на титоистичките логори во кои умираа илјадници маченици ја покажа својата опачина - крвавиот варваризам на војната, невиден во цивилизирана Европа по Хитлеровиот фашизам. Каде испари „најхуманиот“ самоуправен социјализам, толку штедро пропагиран од тој суров „пруски“ тоталитет, таа квазитворба чии пропагатори и челници можеме да ги препознаеме и денес во нашата средина? Творба во која зрачењето на сончевата енергија беше спречувано од замаглените мембрани што самата ги издигаше, зад кои гниеја страдалните души на непожелните понижени и заборавени суштества до кои никако не допираа сончевите зраци да ги огреат. А тие, што го пропагираа тој систем, кои беа негова креација и трансмисија, за жал, станаа преку ноќ конвертити и ги зазедоа челните позиции во новите промени за да ги замаглуваат поуспешно патиштата кон иднината. 3. А нашите напори беа целосно свртени кон градењето на македонската самостојна државност со монетарното осамостојување и донесувањето на своја национална валу-
67
сол з и , ст ра в и го рд о ст
та, со изработката на сопствена антиинфлациона програма, со организирањето на своја армија и со заштитата на своите деца од валканата војна на југословенскиот простор и сл. Тие наши заложби врз кои се темелеше државноста беа исполнети со патриотизам и професионален интелектуален напор. Тие нови дела имаа некаква таинствена и свечена хар моничност, еден возбудлив миг за трајно паметење, некаква магичност што влезе во нашата нова историска меморија.
68
ЛИСАБОНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА
1. Лисабонската декларација како атомска бомба ја зголеми радиоактивноста во нашата ментална атмосфера. Претсе дателот на државата не ја изавестува Владата, што би било сосема нормално, а закажува состанок на Советот за безбед ност на Република Македонија. На состанокот со безбоен глас реферира и дава интерпретација на Лисабонската декларација. Наеднаш гледам, сета живост му се загуби од лицето. Во дискусијата прв зедов збор и почнав жестоко, еуфорично да реагирам: „Тоа е крах на нашата дипломатија. Кој ја плетеше пајажината што ги обвива нашите мисли? Со оваа Декларација смртно се пронижани нашите определби“ и сл. 2. Настана молк во Советот. Членот на Советот Крсте Црвенковски критички реагира на мојата остра осуда на нашата дипломатија во врска со Лисабонската декларација. Претседателот бара да се смени чл. 48 од Уставот за да се за-
69
сол з и , ст ра в и го рд о ст
доволат барањата на Грција. Чувствувам бранување и револт кај министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчковски. Тој се придружува кон моето реагирање и не се согласува со промена на Уставот донесен пред два месеца велејќи: „Се доведува во прашање угледот на државата ако на секое барање отстрана се менува уставот на земјата“. 3. Министерот за надворешни работи Денко Малески упорно молчи. Претседателот Глигоров, менувајќи ја бојата на лицето, убедува во исправноста да се бара од Парламентот промена на чл. 48 од Уставот. На неколку наврати го убедува министерот Фрчковски да настапи пред Парламентот. Успева во тоа. Таквата состојба на крајот ја тетанизира свеста на членовите на Советот. Мене ме замоли да не ја информирам Владата за дискусијата во Советот и со молбен глас ми рече: „Нека остане разговорот меѓу нас, без јавност“. 4. Во тој миг се побуни една мисла во мене. Ме исполни гневот што кон таквите го носев од млади дни. Гнев кон човекот кон кого веќе не можев да чувствувам доверба, симпатија и восхит, туку само сожалување. Тоа беше природна одбивност, ме заплисна реакција на револт понесена од вриежот на времето што бараше од нас преданост кон делото на независноста и гордост во опстојувањето и самостојноста, а не сеење на дефетизам и откажување од уставните определби и од светото национално свое. 5. Меѓутоа, заради историската вистина, треба да се каже дека уште пред донесувањето на Лисабонската декларација во
70
Н и кол а Кљус е в
Владата министерот Илија Андонов - Ченто достави писмен предлог во кој бараше директно да се прати до Обединетите нации барање за прием на Република Македонија во членството, како и во сите други меѓународни организации, а не да талкаме по европските престолнини. Беше сосема јасно дека Европа, која го подели геополитичкиот простор на Македонија во 1913 година во Букурешт, како резултат на Втората балканска војна, и го потврди тоа со Версајскиот договор во 1918/1919 година, дека ќерките и синовите на таа Европа денес не можат да мислат поинаку од нивните родители. 6. Иако Претседателот на државата беше запознаен со предлогот на министерот Илија Андонов - Ченто, остана енигматично неговото молчење и со министерот Д. Малески упорно работеа на европската карта. Се пропушти еден значаен период во кој Грција ја подигна еуфоријата до степен на вжареност и омраза со својата агресивна националистичка политика спрема нас и почна да не разорува во европските земји, успевајќи дури да извојува консензус во Мастрихт, наметнувајќи го своето вето за наше негирање, за да се истрезнат на крајот Претседателот на државата и нашата дипломатија да ѝ стават крај на својата европска авантура и по речиси две години да се свртат кон Соединетите Американски Држави и Обединетите нации.
71
ЕНТУЗИЈАЗМОТ НА ВЛАДАТА
ИЗБОРОТ НА ПРВАТА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА ВО ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ
1. Првата демократска влада ја почна својата работа на 20 март 1991 година, кога беше избрана со повеќе од двотретинско мнозинство од Првиот плуралистички парламент, во чие гласање учествуваа пратеници од сите политички партии освен поголем број од ПДП (партија на Албанците во Македонија) и помал дел од Партијата на реформските сили на Македонија. Во неа влегоа четири члена на Македонската академија на науките и уметностите, четиринаесет доктори и магистри на науки (професори и научни работници - експерти од разни научни области) и четири факултетски образовани експерти од стопанството и општествените дејности.
74
Н и кол а Кљус е в
2. Првата македонска влада профункционира со ентузијазам. Во нејзината работа имаше нешто наполно чисто, девствено: еден безграничен патриотизам; еден инвентивен интелектуален полнеж, во една неприспособена слобода; една мечтателска тврдокорност за создавање на посреќна иднина; една недоловлива мелодија на чисти звуци со кои се воспеваше независната државност на Татковината. Но и една неотпорност кон политичките игри и манипулации. Без вграден одбранбен механизам, без никаква друга сигурност, освен онаа природна усогласеност меѓу самите себе и својот живот, своето знаење, умеење и честитост. Без доволно политичко и државно искуство. Сè што не си бевме рекле поминуваше низ топлината на нашите очи, сите недоразбирања, жалења и радости, со преголема толеранција кон бирократската пирамида. И токму поради таа преголема толеранција оние кон кои пристапивме со доверба и во кои гледавме првично вдахнување се испречија пред нас, се претворија во рогати ѓаволи, што нè искушаваа и почнаа да си поигруваат со настаните, со луѓето, па и со нас. 3. Останавме доследни на високата верба кон народот, дека нашето присуство навистина ќе биде во полза на изгрејсонцето кое со блескот ќе го грее лицето на новороденото Чедо. Владата стана стожер за остварување на слободата и слогата како крајна цел на македонскиот народ. А да имаш слобода потребно е самостојно живеење исполнето со креативни аспирации за градење на сопствена иднина, без потчинетост, патернализам и експлоатација, без духовен гнет и асимилација.
75
сол з и , ст ра в и го рд о ст
4. Настојувавме постојано да мислиме на иднината, за да ја имаме. Зашто тргнавме од сознанието дека иднината не постои, таа се создава, а нашата цел беше да ја создаваме сопствената иднина; да не се препуштаме на спонтаноста на сегашноста. Познато е, ако сегашноста е тешка и маглива, а иднината нејасна, тогаш нè обзема носталгија за минатото, а тоа беше погубно за нас зашто ќе не фрлеше во амбис, во расправии за минатото и сегашноста, замаглувајќи ни ја на тој начин иднината. Такви тенденции се потхрануваа, се градеа разни платформи за зачувување на некаква Југославија. Ќе оставиме на историските анализи да ги расветлуваат тие појави и личностите, што ги иницираа. Владата пуритански го пробиваше патот на нашата самостојна иднина. Со сета страст сакавме во тие тревожни и радосни мигови новото утро да ги прегрне минатото со сеќавање и иднината со копнеж. 5. Во услови кога демнат неизвесности, се случуваат разоча рувања, колебања, малодушности, независно од тоа за кого станува збор. Луѓето ги обзема дефетизам, страв. Во тешките денови на искушенија, какви што беа оние во 1991 година, настануваа меѓусебни недоразбирања за сите проблеми што ги разгледувавме во Владата и во другите институции и организации на државата и на стопанството. Бргу се појави сознанието дека не е доволно тоа што нè красат само науката и знаењето. Кај некои членови на Владата, а особено кај некои надвор од Владата, што нè окружуваа, сетив нерешителност, колебање и сомнеж во тоа зошто дојдовме тука. Тешко ги доживував тие пребрзи разочарувања и се трудев да бидам максимално толерантен кон одредени внатрешни
76
Н и кол а Кљус е в
несогласија што ги поттикнуваа одделни групи и партии. Кај некои, од кои било причини, разочарување од методот на работата на оние што ги окружуваа или што им подметнуваа интриги и провокации, сè до мешање во работата на нивните ресори (Цветан Грозданов, Димитар Димитров), кај други малодушност (Гоце Петрески), кај трети партиска дисциплина (Јован Андонов) или пак негирање на независноста (Денко Малески), односно служење на интересите на ЈНА (Ристо Дамјановски). Затоа беше поважно и потешко да се разгори вербата во истинатите срца во изградбата на сопствена независна држава. Нашата бујна матица смело си пробиваше пат кон таа главна цел. И на тој пат опстојавме до согорување. Но истовремено бев жестоко непомирлив кон разните струења на надворешните експоненти кои во разни форми преку медиумите и печатот, како и преку парламентарната говорница се противставуваа на нашиот пат кон независноста. 6. Од друга страна, во миговите на радост чувствував во душата среќна тежина. Ме исполнуваше опојниот здив на колегијалност, интимност и соработка во главнината на владиниот состав. Од силата на тој здив, на таа чудесна сплотеност и почитување речиси бев срозен. Тоа високо го ценев и храбрењето ме исполнуваше cо ентузијазам за нови потфати. 7. Слушам гласови, читам писма на поддршка во кои се вели: Првата влада беше раѓање на среќа, иако некои веднаш посакаа да замре во мигот кога се појави, зашто таа имаше свој автохтон пат кон целта, создавање на независна држава Република Македонија.
77
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Некои свесно сакаат да ја заборават Првата влада во овој плуралистички период, како што оние пред нив, од нивниот сој, свесно го заборавија Президиумот на АСНОМ во лицето на неговите членови како повереници (министри) кои ги поставија темелите на извршната власт во Демократска Република Македонија во времето од 2 август 1944 до април 1945 година, познати како Чентова влада, од кои повеќето потоа беа жестоко мачени и погубувани по занданите и логорите на титоистичкиот систем. Таа тешка судбина ја доживеаја, покрај Ченто како претседател на Президиумот, и двајцата потпретседатели, стариот илинденец Панко Брашнаров и професор д-р Емануил Чучков. Потоа истата судбина ги снајде секретарот на Президиумот на АСНОМ доктор на Сорбона Владимир Полежина, министерот за стопанство д-р Лазар Соколов, министрите за правосудство Петре Пирузе и легендарниот гемиџија, илинденецот Павел Шатев, министерот за внатрешни работи Кирил Петрушевски, членот на Пре зидиумот Венко Марковски, партискиот секретар и политички комесар на Главниот штаб Бане Андреев и др. 8. Од тие причини, нека биде барем денес речено, ако неко гаш дојде до тоа да се каже, во некоја далечна иднина, како се боревме и живеевме во оваа материјално неразвиена, а духовно богата независна македонска држава, тогаш треба да се каже дека Првата демократска плуралистичка влада беше нејзин темелник и буден светилник, чии акции и дела не дозволија варварски однос кон својот народ, овозможувајќи таа слободно да се напојува со демократските вредности на современиот свет.
78
ПРОГРАМСКА ВИЗИЈА НА ВЛАДАТА
1. Исправени пред судбината на својот народ во овој историски миг, во нас длабоко проникнува желбата и недвосмислената определба за градење на суверена македонска држава со сите нужни механизми на правниот, економскиот и политички систем, со радикално нови определби, за разлика од постојниот неделотворен и политичко-економски нефункционален систем што се напушта. Тој процес на промени и големи општествени мутации не е специфичен само за нас. Тоа е широк процес на транзиција во сите источноевропски земји и, врз таа основа, на градење на нова стратегија и нова филозофија на општественото и економското уредување. Иако тој процес е општоевропски, сепак, кај нас се манифестира со изразито стихиско, би рекле разурнувачко дејство врз економското и социјалното битие. Тој процес паралелно се одвива веќе десет години во изразита економска и технолошка стагнација, од една страна, и висок емотивен национален полнеж во сферата на политиката, од друга страна.
79
сол з и , ст ра в и го рд о ст
2. Тие промени се рефлектираат и во структурата на светска та економска, политичка и воена моќ и врз таа основа во изменетата стратегиска слика на светот. Прашањата на мирот и безбедноста стануваат мошне непредвидливи, внесуваат нови моменти во содржината на стратегијата на доминација на силата, актуелизирајќи го на тој начин прашањето за глобалната безбедност на секоја држава и народ воопшто во Европа и на Балканот посебно. 3. Особено кај нас тоа прашање добива извонредно значење, со оглед на специфичните услови на нашето окружување со ненаситни апетити кон македонскиот национален и територијален интегритет. Во интеграцијата со Европа, во чии темели е вградена слободата на секој поединец, слобода сфатена како збир на политички, економски и национални права, ја гледаме својата иднина и иднината на Балканот. Тоа е патот зад себе да ја имаме Европа и светот во борбата за националните права на Македонците во соседните земји. 4. Треба да се гордееме со она што сите ние заедно, независно од националната припадност, сме го направиле на планот на заштитата на националните права на човекот. Тоа е нашата меѓународна легитимација и кога бараме правата на човекот да се почитуваат од сите на овој наш балкански простор, зашто во тој поглед токму ние во Македонија најмногу сме сториле. Меѓународно осведочените критериуми за заштитата на правата на човекот во Македонија ќе бидат трајна грижа на Владата.
80
Н и кол а Кљус е в
5. Најновите внатрешни потреси во Југославија уште повеќе го усложнуваат ова прашање. Владата енергично ќе се залага за решавање на југословенската криза по демократски, мирен пат и со дијалог, без употреба на воена сила, со слободно изразување на различните политички и национални интереси на секоја република. Сепак, во такви услови Македонскиот парламент донесе два извонредно важни Документа од историско значење: Декларацијата за самостојна суверена македонска држава и Платформата за преговори за идното уредување на југословенската заедница. Декларацијата и Платформата претставуваат основни постулати врз кои ќе се гради новата филозофија на правниот и економскиот систем на Македонија. Нивниот дух и содржина ќе ја инспирираат Владата да ги постави темелите на новиот македонски устав и механизмите на државното уредување. Афирмативниот дух на овие два документа ја мотивира нашата делегација во преговорите за идното устројство достоинствено и мошне конструктивно да учествува и да зазема ставови со трајна вредност и интерес за Македонија. 6. Нашата Влада презеде наследство на претежок економски товар кумулиран во подолг период, кој сè повеќе ескалираше во вртоглавото опаѓање на сите економски показатели. Производството влезе во колапс по регистрираниот разорен пад од над 10% во однос на претходната година. 3аканувачки расте трговскиот дефицит од 551 милион долари како резултат од скокот на увозот и увозната зависност на ригидната стопанска структура и депресијата на извозот. Експлозијата на загуби и епидемијата на неликвидност го враќаат функционирањето на стопанството во архаичните
81
сол з и , ст ра в и го рд о ст
облици на демонетизирана размена, која предизвикува физички блокади на производството и размената. Претприемачката иницијатива засега е канализирана во секторот на услугите, што носи обележја на современ меркан тилизам од преткапиталистички образец. 7. Сопственичката структура, структурата на цената и економските мотиви ги носат обележјата на воспоставената економска и социјална структура и здобиените навики на работно и потрошувачко однесување. Претприемачката иницијатива стана заробена во скудноста на финансиските извори кои во услови на висок инвестиционен и деловен ризик се ориентираат кон инвестиции со брзо враќање на вложувањата. Непостоењето на адекватни финансиски механизми ги ограничува и така сиромашниот инвестиционен потенцијал и употребата на распрснатите заштеди, во чие постоење ниту може да се направи увид ниту се познати нивните карактеристики. Стопанството е номинален побарувач на извесен обем домашни и странски средства со висока неизвесност дали ќе бидат реализирани зашто носители на обврските се економии што се борат со слични економски тешкотии. 8. Се појавуваат заканувачки бранови на нова невработеност со тешки социјални последици, а во истото време, поради структурни и организациски проблеми и отсуство на минимални претпоставки за внатрешна флексибилност, неефикасно се користи и постојната вработеност. Исцрпен е целокупниот капацитет за потрошувачка, така што се заканува дисконтинуитет со опасни размери и ширење на епидемија на економска ерозија и пропаѓање која генерира и други манифестации на сиромаштво.
82
Н и кол а Кљус е в
9. Пресушени се сите извори за оживување на стопанските активности и за создавање на минимални услови за економска акцелерација. Распнати сме пред повеќе крупни обврски и задачи и свесно влегуваме во нивното решавање. Првата тешка обврска е што побргу со инфузија да се оживее клинички мртвиот организам на нашето стопанство, и тоа, пред сè, потпирајќи се на сопствените сили. Најголемите резерви за оживување на нашето стопанство лежат во будењето на индивидуалната иницијатива на нашиот човек. За таа цел ќе биде потребно да се изгради нов стопански систем што ќе овозможи полн размав на индивидуалната претприемчивост. 10. Најголемо ограничување во изградбата на новиот систем ќе претставува нивото на специфичните знаења што се нужни за работењето во условите на отворено, конкурентно, пазарно стопанство. Во таков систем не можеме да одиме со знаењата што беа доволни во затвореното непазарно, монополизирано стопанство. Не можеме новиот систем да го градиме со вештините што беа потребни во времето во кое речиси секоја стопанска одлука, секое кадровско решение бараше одобрение од политичката структура. 11. Неопходно е да се изгради систем што ќе ги исфрли на површината сите оние што имаат нови идеи и во кој иниција тивите многу полесно ќе се претворат во реалност. Системските промени ќе предизвикаат брзо активирање на резервите на неискористените капацитети, рестартување на
83
сол з и , ст ра в и го рд о ст
мртвите објекти, подобро користење на субјективниот фактор, подобрување на организацијата на работата, економија на дефицитарните ресурси и воопшто промена на нашиот досегашен однос кон работата. Пазарната ориентација ќе има за поспедица зголемен асортиман и квалитет на понудените производи со што ќе се зголеми снабденоста на домашниот пазар. 12. Тој систем ќе предизвика и напуштање на досегашната практика со трајно загарантиран работен однос и секој ќе биде принуден со својата повисока продуктивност и инвентивност да го зачува својот работен однос и ќе мора да го носи ризикот за своето работење исто како што и приватниот претприемач го носи ризикот за својата инвестиција. Цениме дека во овој домен се кријат големи резерви што можат да го зголемат општествениот производ за 1 до 1,5% со мали додатни инвестициски вложувања и во еден разумен рок. Значајно место треба да добие ревитализацијата на сè што е способно за брзо пазарно преориентирање. Одредени резерви лежат и во ликвидирањето на сите оние објекти што преживуваат само благодарејќи на постојната помош од општествената заедница. 3начајно ќе биде активирањето на потенцијалите на агро-индустрискиот сектор, како и брзиот развој на малото стопанство. Резервите во овој сектор се значителни. Особено ќе има значење поддршката на малите производно-преработувачки претпријатија формирани како приватни или мешовити претпријатија. 13. За да се исполнат сите овие цели нужно е забрзување на процесот на сопственичката трансформација. Во таа смис-
84
Н и кол а Кљус е в
ла претстои напор да се организира и јасно да се определи функцијатa на техничко-економското сервисирање што треба да ја имаат агенциите за преструктурирање и да се утврдат критериумите за функционирање на фондот за развој. Тој процес ќе биде мошне сложен и тежок. Ќе се пристапи кон примена на модели на сопственичка трансформација кои треба да овозможат промена на сопственичката структура со што е можно помалку стопански потреси. 3начаен елемент на процесот на сопственичкото преструктурирање претставува изградбата на систем на антимонополско законодавство. Борбата против монополите е еден од основните методи за изградба на отворено и динамично стопанство. 14. 3начајно место во новиот стопански систем мора да заземе и заштитата на приватната сопственост. Исто така, активноста на Владата ќе биде свртена кон постепено воведување на пазар на хартии од вредност. Притоа извонредна важност има истражувањето на регулативните механизми применувани во Европската унија. Ова особено се однесува на издавањето, прометот и контролата на хартиите од вредност. 15. Изменетиот карактер на сопственичките односи и изградбата на динамично пазарно стопанство го поставуваат на дневен ред и прашањето за изработка на современ даночен систем. Поттикнувањето и поддршката на новите стопански иницијативи ќе бараат омекната даночна пресија, но истовремено и низок степен на евазија (избегнување) на даноците и ефикасна контрола во нивното прибирање. Користејќи го искуството на Европската унија во овој домен, ќе се настојува
85
сол з и , ст ра в и го рд о ст
даночниот систем во нашата земја да се хармонизира со системот на даноците во тие земји. Ова од причина што само со однапред позната структура и методи на пресметување на данокот Македонија би можела да стане привлечна за странскиот капитал. 16. Новиот систем ќе создаде претпоставки за оживување на инвестиционата активност во Републиката, што подоцна може да прерасне во оживување на севкупниот општественоекономски развој. Сведоци сме на страшна ерозија на производните фондови на нашето стопанство. Нивната технолошка застареност и десетгодишното отсуство на иновациони процеси, со појава на висок процент на дезинвестирање, го фрлаат стопанството на маргините на технолошката периферија, а нашата Република ја претвораат во технолошки инфериорно и зависно подрачје. 17. Тргнувајќи од расположливите ресурси, светските тен денции во економскиот и технолошкиот развој и стекнатите научни сознанија од досега реализираните макро-истражувачки проекти, Владата ќе пристапи кон реализација на поадекватна развојна политика и политика на структурни промени. Притоа ќе се стреми кон имплементирање на економска стратегија на отворено стопанство, градуално подредување кон светската структура на цените, мотивите и економската ефикасност. Очекуваме стратегијата на отворено стопанство, во состојба кога акумулацијата во Републиката е многу ниска, да придонесе и за привлекување на странски капи-
86
Н и кол а Кљус е в
тал. За таа цел ќе мора да се развие цела скала механизми што ќе го привлекуваат странскиот капитал: концесии, гаранции, репатријација на капиталот и слично. Тоа ќе бара организирање на инвестиционоразвоен центар за подготовка на инвестициони студии, со цел организирано да ги понудиме нашите барања пред заинтересираните странски партнери и финансиски институции со претходно јасно утврдени интереси на оваа Република. 18. Неопходно е да започне трансформацијата на нашата понуда на странството. Во тој домен мора да добива се поголема важност понудата на интелектуалните услуги што може да ги даде нашата Република. За таа цел инженерските, проектантските и здравствените организации мораат да се приспособуваат за нудење на комплетна здравствена услуга, разни видови проектантски услуги и сл. Ова посебно ќе важи за големите програми и проекти какви што се: Програмата за вардарскиот слив, Проектот за гасификација на Републиката, геолошките истражувања, Проектот за поврзување со Јадранската магистрала и железничкото поврзување на Македонија со Албанија и Бугарија и слично. Исто така, ќе се помогне организираниот настап на градежната оператива во Републиката на блискоисточниот (заливски) пазар и наплатувањето на досегашните извршени работи на проекти во Ирак кои Достигнуваат околу 300 милиони долари наши побарувања. Градежната оператива во Републиката има значителни неискористени капацитети, а нивното целосно искористување мора да оди преку префрлање на тежиштето на нивната понуда од едноставни изведувачи на градежни работи во организации што продаваат комплетна инженеринг услуга.
87
сол з и , ст ра в и го рд о ст
19. Во настојувањето да се развива еманципирана, суверена македонска држава од извонредно значење е и изградувањето на духовната култура на нашиот човек. Ние сме земја со богат духовен потенцијал. Располагаме со творци на една широка скала на уметнички, културни и научни достигнувања. Меѓутоа, системот во кој живеевме и организацијата на општественото уредување создадоа ерозија на етничките и културните вредности на човекот. Во современите услови на научно-технолошката револуција и информатизацијата на општеството, културната средина и културното богатство како окружување на човекот сè повеќе се манифестираат како фактори на развојот во единствен процес и меѓусебна зависност на расположливите материјални духовни и организационо-институционални услови. Поради тоа духовното богатство на нашите творци, нивните идеи, имагинации, теории и сл., како израз на духовната култура, можат да постојат само ако се пренесат во разни форми на материјалната култура, односно во орудија за работа, работни навики и материјализирани знаења, во изградувањето на еманципирана култура на личноста, во меѓусебното комуницирање и во односот на работното место. Не може да се очекува активен однос кон општествениот развој и поголема креативност без културно еманципирани личности со адекватно производно искуство, знаење и работни навики. 20. Владата ќе го изградува политичкиот и правниот систем според современите достигања на политичко-правните науки и богатото искуство на земјите со плуралистички парламентарен живот. Владата во овој период на премин ќе има
88
Н и кол а Кљус е в
практично мисионерска улога во поставувањето на основите на културата на граѓанските права, пред сè, со максимално почитување на демократските начела во комуникацијата со јавноста и почитување на интегритетот на граѓаните, со ефикасна заштита на нивните права, без дискриминација. 21. Основните постулати од кои ќе се тргнува се човекот-гра ѓанин, неговата слобода, мисла и идеја, неговата сопственост (приватност) и иницијатива. Притоа граѓанинот однапред треба да ги знае своите права и обврски, одговорно да се однесува спрема нив, да изградува култура и однос кон институциите на правниот систем. Нека остане далеку во заборавот времето на насилството на разните култови на личности, чија субјективна волја или политички измислени административни комисии можеа да му ја одземат слободата на човекот без никаква правна основа. Афирмативниот пристап кон заштитата на слободата на човекот и на неговото творештво во сите домени на стопанскиот и културниот живот ќе ја издигне Владата над секакви амбиции на реваншизам. Но секој оној чија совест е нечиста, а уште повеќе чии раце се окрвавени, нужно ќе се најде пред судот на историјата. 22. Владата со нужното внимание ќе работи над зацврсту вањето на политичката заедница во Македонија, што пред сè значи прецизна изградба на правната процедура и доградба на институциите на правната држава во Македонија. За постигнувањето на таа цел ќе тргнуваме од следниве принципи: 1. Поделена власт на законодавна, извршно-управна и судска,
89
сол з и , ст ра в и го рд о ст
2. Деполитизирана армија, државна безбедност и полиција, и 3. Професионално независни јавни медиуми. Во таа смисла Владата, во која се концентрирани поголем број извршни и управни надлежности, ќе настојува да дејствува како вистински креативен, оперативно-мобилен и одговорен субјект при предлагањето на политиката и законите на Парламентот и во грижата за нивното успешно и ефикасно спроведување на целата територија на македонската држава. Притоа, со воведувањето на министерства и други органи на управата, се зголемува нивната надлежност, особено со преземањето на работите што во минатиот период ги вршеа општинските органи на управата, па во таа смисла ќе се настојува да се изгради ефикасен систем на координација и синхронизација на работите во одделните управни области, вклучувајќи ја и нужната информатичка технологија. Од не помала важност е градењето на нов модел на функционирање на локалната самоуправа, заради што Владата итно ќе донесе правна регулатива за општините и за градската заедница во Скопје. 23. Посебно внимание Владата ќе му посвети на конституирањето на судската власт во Македонија. Заедно со Парла ментот, Владата ќе ги постулира принципите за независност на судството, и тоа посебно во преодниот период на неговото воспоставување. Станува збор за изградување на независност и самостојност на судовите, јавните обвинителства и другите правосудни органи, а посебно за обезбедување на трајност на судската функција со избор и разрешување на правосудните кадри.
90
Н и кол а Кљус е в
24. Владата енергично ќе пристапи кон изградба на деполитизирани, стручни и современи органи за внатрешни работи. Радикално ќе ги отвори проблемите на аномијата (беззаконието) на службата, како и можните блокади и политички манипулации со неа. Свесни сме дека во спротивен случај во постојниот плуралистички изострен амбиент Владата би била сериозно блокирана доколку полицијата биде на удар на споменативе процеси. 25. Владата ќе се грижи да овозможи да се создава амбиент за слободен проток на идеите и творештвото, за право на мислење и различни ставови, односно да се овозможува сето она што е свртено кон иднината, прогресот и комуникацијата со светот. Саканата демократија претпоставува полно право на ин формација, без затворени приватни кланови и лобија, без поли тички комесари што ги затвораат изворите на информирањето и преку строги филтри одредуваат што смее, а што не смее да се гледа, да се слуша и да се чита. Во таа смисла треба целосно да се информира сопствената јавност во Републиката за активностите на Владата, за состојбите на сè уште постојната поширока југословенска јавност, како и да се информира меѓународната јавност, особено Македонците во дијаспората, а се разбира, редовно да се информираат и Парламентот и пошироката јавност во Републиката за тоа што мисли и како гледа светот на нас. Нашата нескриена определба ќе биде широкото комуницирање со светот, со цел да се афирмираат демократските принципи и дострели во Републиката, нејзините стопански можности и потенцијали, нејзините научни и културни достигнувања.
91
сол з и , ст ра в и го рд о ст
26. Владата ќе покаже крајно принципиелен однос кон јавните медиуми. Станува збор за тоа, таа да биде колку што е можно повеќе отворена кон јавноста, односно кон граѓанинот, настојувајќи со објективно, наполно вистинито и навремено информирање, во исто време да го мобилизира, да го мотивира и да го стимулира тој граѓанин како поединец, да го дава својот придонес во рамките на сопствените индивидуални способности и можности, за излез од сегашната криза во општеството. Тоа ќе значи и оживотворување на нашето ново гледање и на определбите за градење на модерно демократско информирано општество. Нашиот напор е насочен кон поставување на темелите на демократскиот парламентарен систем. Но потешкиот дел допрва следува: сите ние, и народот и државата, треба да вложиме многу труд и напор за да ги достигнеме високите прокламирани демократски идеали. 27. Кризните потреси низ кои минуваме, натрупани со слабостите во стопанството, социјалните тензии и изострениот политички амбиент во кој ќе дејствува Владата, бараат од сите нас мирно и достоинствено да се однесуваме за да може сталожено, научно аргументирано и без политички притисоци, со нужната доверба, да се изработи нова национална стратегија врз чија основа ќе се изгради еден динамичен модел на развој. Ние сме свесни за нараснатите тензии во општеството, кои се искажуваат, пред сè, во перманентното осиромашување на поголемиот дел од населението, во големата невработеност и социјалната несигурност на дел од вработените, во високата ерозија на моралот на луѓето и нивната демотивираност
92
Н и кол а Кљус е в
за продуктивна работа, со видлива апатија, страв и неизвесност. Наброените и уште многу други појави на кризниот хаос дејствуваат лимитирачки за некаков временски брз излез и оптимизам во иднината. Меѓутоа, ние ги ставаме целосно на располагање, истовремено и на големо искушение, нашиот научно-стручен потенцијал и авторитет, нашето кумулирано знаење и искуство, нашата љубов и припадност на младата македонска суверена држава, и ќе одиме кон наоѓање на такви решенија што ќе бидат во полза на општото добро на секој нејзин граѓанин, за да може утре во мир, среќно и побогато да се живее. Тоа е процес во кој треба природно да се слеат целиот национален ум, знаењето и енергијата на македонскиот трудољубив човек, неговата штедливост, претприемчивост и иницијативност. Во тоа сме убедени и верно ќе му служиме на народот, за процут на нашата сакана татковина Македонија. 28. Ние не сакаме привилегии, слава и ордени, ние единствено се придружуваме кон големиот предизвик за промени за општото добро на нашиот народ. Владата ќе дејствува натпартиски. Нема да се дозволи да се пренесат политичките и идеолошките погледи и дискусии во нејзината работа. Најважен е интересот на македонскиот граѓанин и на македонската држава. За сите членови на Владата важат начелата за максимал на преданост и чесност во работата, без да дозволува да не совладаат искушенијата и сенките на мрачното сомнение, малодушноста ќе биде згазена на прагот пред влезот во храмот на Владата.
93
МАКРОЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 1992 ГОДИНА
1. Основните премиси изнесени во програмската визија на Владата станаа мотивирачки фактор на членовите на Владата во одделните ресори за подготовката и донесувањето на нејзи ните програми и за нивната реализација. Тоа беше период на разорено стопанство, со висока лими тираност на факторите на производството и развојот. Владата се бореше како да го снабди населението со елементарните животни производи: брашно, млеко, масло, шеќер, нафта и нафтени деривати и др. Од друга страна, Владата интензивно работеше над гра дење, на нов правен, политички и економски институционален систем, за ослободување од сојузното југословенско законодавство. Постојната правна регулатива често ја блокираше работата на Владата. За секоја наша посакувана промена ќе слушнев од Секретаријатот за законодавство дека: „Тоа
94
Н и кол а Кљус е в
не е во духот на постојните закони“. Се разбира дека тоа ги покачуваше температурата и нервозата во Владата која беше заробеник на старото законодавство, а особено на сојузното - југословенското. Таквата состојба ме натера јавно да речам пред Парламентот и печатот „да се престане со крпеници на постојната законска регулатива. Сакаме побрзо донесување на нов македонски устав и нови закони“. Од тие причини во втората половина на 1991 година Владата го концентрира своето внимание на организирањето на Референдумот за самостојна македонска држава, на помагањето во изработката и донесувањето на Уставот, а особено на изработката на макроекономската политика на Република Македонија за 1992 година и врз таа основа на донесувањето на Антиинфлационата програма со монетарното осамостојување на Македонија. 2. Макроекономската политика се подготвуваше во исклучително нестабилни политички и економски услови и ограничувања од нормативен и материјален карактер. Беше укажано дека остварувањето на задачите на макроекономската политика ќе биде под силно влијание на вкупната нестабилност, што подразбира потреба од следење и приспособување на одделни сегменти за пократки временски периоди од годината. Во земјата економските активности продолжија забрзано да опаѓаат како последица на распаѓањето на стопанскиот сис тем, на прекинувањето на функционирањето на економските механизми и на парцијализирањето на економскиот простор. Стагнацијата и опаѓањето на производството и услугите, присутни во кризната последна деценија, кулминираа во 1991 година. Сите економски движења во претходниот период имаа класични рецесивни обележја. Општествениот про-
95
сол з и , ст ра в и го рд о ст
извод во 1991 година опадна за 15% од оној во 1990 година, а индустријата опадна за повеќе од 20%. Користењето на капацитетите страшно опадна под 50%. Неликвидноста на стопанството сè повеќе растеше, односно асиметрично распоредената ликвидност добиваше загрижувачки размери. Стопанството не можеше нормално да го одржува намирувањето на меѓусебните должничко-доверителски односи, како и извршувањето на кредитните обврски и исплатата на платите и другите примања. Долгорочниот тренд на опаѓање на инвестирањето и во последните години драстичното дезинвестирање се закануваа со длабоки долгорочни последици и депресија на развојниот капацитет фрлајќи го стопанството во технолошка инфериорност. Сè повеќе растеше трговскиот и платнобилансниот дефи цит, а невработеноста се кумулираше и во октомври 1991 година достигна ниво од 165,4 илјади невработени лица. Од друга страна, ниското ниво на ефикасноста и акумула тивноста на стопанството и високите износи на дефицити, загуби и други дубиози стануваа основни долгорочни ограничувачки фактори и најтешки проблеми од материјален карактер. Тие произлегуваат, пред сè, од следниве појави: - 3агубите во тековното работење на стопанските субјекти во 1991 година, заедно со непокриените загуби од 1990 година изнесуваа 10,5% од општествениот производ на вкупното стопанство за истата година, а вкупните загуби беа за 4,6 пати повисоки од очекуваната акумулација; - 3агубите во вонстопанските, општествените дејности во 1991 година изнесуваа околу една третина од акумулацијата во стопанството. А дефицитите во социјалните фондови изнесуваа околу 90% од акумулацијата во стопанството во истата година; - Дефицитите во банките поради загуби и ризични плас мани во 1991 година изнесуваа околу 9% од општествениот
96
Н и кол а Кљус е в
производ на Републиката за таа година; - Дефицитите врз основа на курсните разлики за депони раните девизни штедни влогови кај НБЈ (јавен долг) изнесуваа околу 967 милиони долари, односно близу една половина од општествениот производ за 1991 година; - Дефицитите од вкупните трансакции со странство за 1991 година изнесуваа околу 300 милиони долари учествувајќи со над 26% во остварениот извоз на стоки во претходната година; - На крајот, ненаплатената реализација (побарувачкото салдо) од меѓусебните краткорочни должничко-доверителски односи на стопанските и на другите субјекти од Република Македонија во 1991 година со правни лица од другите републики на поранешна Југославија учествуваа со околу 15,6% во општествениот производ за таа година. 3. Изнесените и многу други ограничувачки фактори станаа предмет на темелно испитување во Владата, особено во Министерството за развој во процесот на изработката и донесувањето на макроекономската политика. Тргнувајќи од тие сознанија, Владата ги прифати следниве основни задачи и насоки на макроекономската политика за 1992 година: 1) 3абавување на интензитетот на падот на производ ството и услугите; 2) Создавање на услови за снабдување на населението со виталните производи за живот и на стопанството со суровини и енергија; 3) 3големување на извозот и одржување на надворешната ликвидност; 4) Обезбедување на социјална заштита на лицата на кои таа ќе им биде неопходна.
97
сол з и , ст ра в и го рд о ст
4. Во конципирањето на макроекономската политика за 1992 година примарно место имаа дефинирањето и реализацијата на сопствена монетарно-кредитна политика. Притоа ние не бевме во можност да утврдиме целосна и конзистентна монетарна политика затоа што живеевме во изнудена заедничка монетарнокредитна политика дефинирана за остатокот на Југославија (без Република Словенија и Република Хрватска). Поради неможноста за контрола над обемот на примарната емисија од НБЈ, како и поради непостоењето на акт на макро економска политика за остатокот од Југославија, оценивме дека нејзината монетарна политика ќе биде нецелосна и неконзис тентна и утврдена според претпоставки кои инфлаторно деста билизационо и поразително ќе влијаат врз нашите стопански и други текови. Поради очекуваните негативни импликации врз нашата Република од монетарната политика на остатокот на Југослави ја, Владата на Република Македонија почна интензивно да работи над конципирањето на сопствена монетарно-кредитна политика и над воспоставувањето на сопствена парична единица. Работевме над тоа сопствената монетарно-кредитна поли тика концепциски нужно да биде целосно конзистентна со другите сегменти на макроекономската политика, да отвора про цеси за стабилизација на цените и на сите други текови на општествената репродукција во што е можно пократки временс ки периоди. Од тие причини укажавме дека на почетокот на воспос тавувањето на сопствена монетарна политика ќе треба да се прифати умерена рестриктивност и таа да биде во функција на стабилизацијата на сопствената парична единица, на запирање то на интензитетот на опаѓањето на производството и услугите и на постапното и стабилно намалување на цените и на инфлацијата воопшто.
98
Н и кол а Кљус е в
Во таа насока Народната банка на Македонија во рамките на своите уставни овластувања пристапи кон определување на целите и задачите на монетарната политика, како и на квантитативните параметри и неопходните промени на монетарните агрегати за периодот по монетарното осамостојување на Република Македонија. Укажавме дека очекуваната сопствена монетизација, односно креирањето на примарна емисија квантитативно треба да биде врзано за трансакциите што ќе се остваруваат во односите со странство и на пазарот на пари и хартии од вредност, врз основа на што ќе се емитуваат или ќе се повлекуваат соодветни количества примарни пари. При изградувањето на темелите на сопствената моне тарно-кредитна политика ја нагласивме потребата во 1992 година дел од кредитните функции било директно или индиректно да се остваруваат преку деловните банки, особено во кредитирањето на одделни намени во земјоделството, извозот и ликвидноста на банките. Со средствата од динарската примарна емисија да се поддржува кредитирањето на производството, залихите и резервите, на основните земјоделскопрехранбени производи, и тоа: пченица, пченка, шеќерна репка и шеќер, маслодајни растенија и сурово масло, оризова арпа и ориз, организирано гоење на добиток (говеда и овци), риби, месо во ладилници, млеко и млечни производи, тутун, резерви на вештачко ѓубре, продажба на опрема и изведување на инвестициони работи во странство, подготовка на стоки и извоз и увоз на стоки и услуги. Народната банка на Македонија ќе ја испитува и определу ва есконтната стапка зависно од монетарните движења на пазарот на пари, а таа треба да биде над каматната стапка на благајничките записи со рок на втасување од еден месец, како и над каматните стапки на едномесечните депозити кај деловните банки. Со есконтната стапка на НБМ ќе се влијае и врз нивото на банкарските каматни стапки кои ќе се формираат
99
сол з и , ст ра в и го рд о ст
слободно, согласно со понудата и побарувачката на пари и хартии од вредност на пазарот на пари. Со цел да се спречат причините за воведување на изразито високи каматни стапки на пласманите на деловните банки, а поради огромната побарувачка на средства од претпријатијата во услови на „безакумулативност“ на стопанството, и врз таа основа банките да остваруваат високи приходи со што ќе ги надоместуваат приходите што настанале од поранешната сом нителна актива. НБМ во таков случај, по исклучок, може да пропише и максимална каматна стапка на пласманите на банките. На крајот, предложивме и една ригорозна монетарнокредитна мерка, имено, НБМ да нема право да одобрува кредити за финансирање на потребите на Републиката искажани во републичкиот буџет. 5. Макроекономската политика во конципирањето на даноч ниот систем и даночната политика го сврте своето внимание кон предлагањето на нови прописи со цел да се изврши замена на постојните со нови видови даноци кои се применуваат во земјите со развиена пазарна економија. Притоа го сврте тежиштето на даночниот систем кон јакнење на развојната и социјалната функција на даноците со уважување на сопственоста и еднаквиот третман на сите стопански субјекти, како и со стимулирање на штедењето на населението, акумулацијата и инвестициите со цел за подигање на вработеноста. Поттикнувањата единствено треба да се однесуваат на развојните програми на претпријатијата, а не како досега на дејностите и гранките. Се укажа на поправедна распределба на фискалниот товар на одделни сектори и обврзници заради поуспешно структурно приспособување и технолошко модернизирање на сто-
100
Н и кол а Кљус е в
панството. Воведување на единствен информационен систем за приходите и даноците, како и формирање на модерна и ефикасна стручна даночна служба. Со оглед на сложеноста и комплексноста на даночниот систем, неговото воведување Владата го предложи во три фази. Во првата фаза (1992 година) ќе се изврши интеграција на основниот со посебниот данок на промет на производи и услуги заради упростување на пресметувањето и наплатувањето на даноците на промет и ќе се преиспитаат сите досегашни ослободувања и олеснувања од плаќање на данок на промет. Исто така, ќе се изврши интеграција на вонбуџетските сметки воспоставени со воведувањето надоместоци во цената на одделни производи, со буџетот на Републиката. Надоместо ците од цената на електричната енергија и ПТТ услугите ќе се укинат. Во приходите на републичкиот буџет ќе се вклучат и приходите врз основа на царини и други увозни давачки, вишоците на приходите над расходите на НБМ, дел од приходите од игрите на среќа наменети за социјално-хуманитарни и спортски цели, надоместоците за изградба на скривници и други приходи кои сега се остваруваат надвор од буџетот. Владата предложи во првата фаза да се воведе и данок на добивка наместо сегашниот данок на доход и тој да се плаќа по пропорционална и единствена стапка. Втората фаза, која ќе започне во текот на 1992 година, предвидува воведување на нови видови на даноци, и тоа синтетички данок од доход на физичките лица, наместо досегашните даноци што ги товарат личните доходи и приходи на вработените и граѓаните, и данок на додатна вредност (ДДВ), наместо сегашните даноци на промет на мало. Во оваа фаза Владата предвидува преиспитување на постојниот систем на оданачување на прометот на нафтата и нафтените деривати, на тутунот и тутунските преработки,
101
сол з и , ст ра в и го рд о ст
на алкохолот и алкохолните пијалаци и на други производи и услуги кои вообичаено во светот се подложни на посебно оданочување. Се укажува дека овие специфични даноци на промет треба да се издвојат од системот на оданачувањето според општиот данок на промет во систем на „акцизи“ и да се приспособат кон системот на Европската унија. Во третата фаза, која главно ќе се остварува во 1993 годи на, ќе се подготви и закон со кој ќе се воведе синтетички данок на доходот на физичките лица, а во 1994 година и закон за данокот на додатна вредност. Во духот на макроекономската политика изработена во 1991 година за 1992 година и понатаму централното внимание му беше посветено на заокружувањето на монетарната и фискалната сфера во чија срцевина треба да функционира даночниот систем. Настојувавме првенствено тој да биде конзистентен и компатибилен со системите во развиените европски земји за да овозможи предност во меѓународната размена на стоки и услуги од Републиката. 6. Макроекономската политика во фокусот на истражување то ги става јавната потрошувачка и начинот на нејзиното финансирање. Притоа се тргнува од тоа дека финансирањето на јавната потрошувачка целосно ќе се остварува со сопствен и приходи и за намени неопходни за нормално функционирање на државните органи и општествените дејности и за други намени. Иако се наоѓаме во фаза на формирање на нови државни институции и градење на нов економски и политички систем, Владата прифати вкупниот обем на јавната потрошувачка за 1992 година и понатаму да се димензионира најмногу до 37% од очекуваната вредност на општествениот производ на вкупното стопанство. Глобалните намени на буџетот главно се однесуваат на финансирањето на:
102
Н и кол а Кљус е в
Основната дејност на органите на управата. Заради рационализација на средствата треба да се исклучат сите служби што можат да функционираат со пазарно работење (угостителската дејност, возниот парк и сл.); Потребите на вооружените сили, дипломатско-конзулар ните и царинските служби, како и некои други органи кои досега биле финансирани од сојузниот буџет; Општествените дејности: образованието, науката, културата, спортот, општествената заштита на децата и социјалната заштита; Правата на работниците чија работа престанала поради структурното приспособување на стопанството; Селективно утврдените интервенции во стопанството; Поттикнувањето на регионалниот развој; Откупувањето на производи за стоковни резерви; Локалната самоуправа и другите фондови утврдени со закон. При формирањето на буџетските средства треба да се има предвид растоварувањето на стопанството од разни други давачки, како и ослободувањето на населението од висока фискална пресија, со цел да се овозможат средства за финан сирање на деловни приватни иницијативи. 7. Република Македонија со оваа макроекономска политика за првпат самостојно ќе ги уредува прашањата од економските односи со странство, особено политиката на курсот на домашната парична единица, режимот на извозот и увозот, поттикнувањето и заштитата на производството, кредитнофинансиските и надворешно-економските односи и политиката на девизните резерви. Тежиштето на мерките на економската политика е насочено кон поттикнување на девизниот прилив по сите основи, како и кон заштита на домашното производство, посеб-
103
сол з и , ст ра в и го рд о ст
но на земјоделското, преку системот на царини, како и кон создавање на можности и погодности за поголем прилив на дополнителна акумулација од странство, со поголема примена на иновативните форми на вложување на капитал. Владата ќе изработи антимонополско законодавство и врз таа основа ќе го либерализира увозот на оние производи чии домашни производители енормно ги подигаат цените и ја нарушуваат стабилноста на домашниот пазар. Владата се согласи редовно да ги извршува втасаните обврски кон странство, со цел да го отвори патот за преговори со меѓународните финансиски институции (Меѓународната банка и Меѓународниот монетарен фонд и нивните агенции за развој). Притоа другите девизни обврски, за кои федерацијата или Народната банка на Југославија имаат дадено гаранција, треба да се решаваат во рамките на делбениот биланс со другите републики. За остварување на макроекономската политика во сек торот на економските односи со странство Владата ќе настојува: 1) Да подготви програми на мерки и активности за успешно приспособување и вклучување на македонското стопанство во интегративните процеси во Европа, со конкретни предлози за вклучување на нашето стопанство во проектот „Европа-92“, како и за отворање на процес за склучување на спогодба за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА; 2) Да се поддржува и развива иницијативата за економска соработка со земјите членки на Работната заедница Јужен и Среден Јадран и со другите региони со кои Македонија има воспоставено непосредни контакти; 3) За обезбедување на девизни средства за потребите на Републиката да се издвојуваат 30% од девизните приливи на претпријатијата по основ на извоз на стоки и услуги; 4) Заради заштита на домашното производство да се изврши ревизија на царинската тарифа и сл.
104
Н и кол а Кљус е в
8. Во макроекономската програма за 1992 година тежиштето на инвестиционата политика го насочивме кон создавање на услови за отворање на инвестиционен циклус во програми за ревитализација и преструктурирање на постојното производство потпрено на приватната иницијатива, со можности за привлекување на дополнителна акумулација од странство. Предложивме нови системски решенија во овој домен со цел да се создадат услови инвестиционата активност да се остварува со целосна самостојност и слободна стопанска иницијатива на економските субјекти мотивирани од критериумите на профитабилноста кои ќе одлучуваат при изборот на инвестиционите програми и ќе бидат одговорни за ризикот од прифатените инвестициони одлуки. За поттикнување на инвестиционата активност беа презе мени мерки на економската политика со кои ќе се обезбедува: 1. Оспободување на обврзниците што вршат стопанска дејност од ппаќање на данок на добивка сразмерно на ангажи раните сопствени средства во инвестиции; 2. Оспободување на економските субјекти во чии про изводни и развојни програми се вложени средства на странски правни и физички лица од плаќање на данок на добивка за период од три години, сразмерно на вложените средства; З. Целосно оспободување од плаќање на данок од добивка на странските претпријатија и физички лица за време од три години; 4. Ослободување или олеснување на економските субјекти од ппаќање на царини и други увозни давачки при набавка на земјоделска механизација, сообраќајни средства (освен автобуси) и модерна технологија за проекти со кои се врши преструктурирање на стопанството; 5. Преотстапување на користење на земјиште за градба на објекти на странски правни и физички лица кои ќе
105
сол з и , ст ра в и го рд о ст
инвестираат во стопански проекти, како и за градба на објекти од типот шведски села; 6. Дaвањe на гаранции од Републиката за финансиски кредити од Светската банка и од други меѓународни финансиски институции за поддршка на позначајни зафати за преструктурирање на стопанството и за изградба на објекти од стопанската инфраструктура; 7. Дaвањe на средства од републичкиот буџет за завршува њe и опремување на објектите од нестопанските дејности што се со висок степен на довршеност и др. 9. Еден од најсложените проблеми секако беше решавањето на високата невработеност која до крајни граници ја изостру ваше социјалната нервоза во земјата. Тенденциски растеше невработеноста поради намалената стопанска активност во процесот на преструктурирањето и трансформацијата на економскиот систем со пазарни критериуми на работење. Со оглед на долгорочноста на решавањето на ова прашање во 1992 година, тежиштето на активноста беше ставено на самоврабогувањето, на воспоставувањето и дejcтвувањетo на механизмите на пазарот на работна сила, како и на постапното решавање на вишоците на вработени. Со цел да се зголеми вработеноста, Владата предложи повеќе мерки во макроекономската политика, меѓу кои и следниве: 1) Да се намали основицата за ппаќање на данок на добивка, и тоа: - за 10% ако фирмата вработи до 5 лица од невработените на неопределено време, - за 25% ако фирмата вработи до 20 лица и - за 50 ако фирмата вработи до 50 и повеќе лица; 2) За правните и физичкиге лица во приватниот сектор
106
Н и кол а Кљус е в
кај кои со инспекциска контрола ќе се утврди незаконско вработување (работење „на диво“) да се применува мерката забрана на вршењето на дејноста од најмалку десет години за сопственикот на фирмата и за членовите на неговото семејство; 3) Да се изврши изедначување на статусот на лицата вработени преку младинските задруги и агенции со правата и обврските утврдени во прописите од работниот однос; 4) За остварување на задачите на политиката на вработу вањето да се насочуваат и средства од Фондот за реинтеграција на повратниците од западните земји. 10. Во социјалната политика тежиштето на задачите се става на обозбедувањето на социјална заштита на граѓаните и на (не)вработените кои од објективни причини нема да бидат во состојба со својот личен труд или по друг основ да си обезбедат материјална и социјална сигурност или кои во услови на преструктурирање на стопанството ќе останат без работа. Во пензиско-инвалидското осигурување ќе започне изградба на систем со кој ќе се обезбеди воспоставување на права согласно со вложените средства на поединецот, укинување на сите поповолни решенија при стекнувањето на право на пензија, ослободување на системот од социјалната компонента или друг облик на заштита на осигурениците и нивните потесни семејства и развивање на доброволно осигурување со средства што ќе ги обезбедуваат граѓаните надвор од утврденото задолжително осигурување. Во боречко-инвалидската заштита ќе се уреди единствен систем за материјално обезбедување на постојните корисници, како и за заштита на граѓаните прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и за членовите на нивните семејства кои
107
сол з и , ст ра в и го рд о ст
немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Средствата за овие намени ќе се обезбедат од буџетот на Републиката. За остварување на оваа политика Владата ќе ги преземе следниве мерки и активности: 1) Ќе се донесе програма за заштита на социјално загро зеното население, во која ќе се утврдат нивото на заштитата, етапноста во примената на тоа ниво и бројот на корисниците; 2) Ќе се утврдат критериумите, мерилата, начинот и постапката за остварување на заштитното право на одделни корисници; 3) Ќе се донесе програма за обезбедување на законски утврдените права на работниците од чија работа престанува потребата поради структурното приспособување на стопан ството во 1992 година; 4) Со билатерални договори ќе се обезбедат трајни реше нија за исплата на пензиите што се остварени во републиките Словенија и Хрватска. Соодветни договори ќе се склучат и со републиките од останатиот дел на Југославија; 5) За обезбедување на станови за социјални потреби и за субвенционирање на станарината ќе се издвојуваат средства од буџетот на Републиката и од средствата од продажба на општествените станови на сите субјекти; 6) Ќе се продолжи со продажбата на „општествените“ станови. Средствата што ќе се остварат од продажбата на становите ќе се насочат на следниов начин: 20% за изградба на социјални станови и 80% за поддржување на развојните програми на претпријатијата; 7) На сопствениците што ќе вршат надградба на индивиду ални куќи, а кои го имаат регулирано комуналниот придонес за основната градба, ќе им се намали обврската за плаќање на овој надоместок за 50%; 8) Висината на станарините на становите што нема да се продадат ќе се утврди на ниво со кое ќе се намират тро-
108
Н и кол а Кљус е в
шоците за амортизација и за нивно тековно и инвестиционо одржување. 11. Во доменот на одбраната Владата внимателно укажа дека, иако сме сè уште во канџите на Југословенската армија, Репу блика Македонија ќе почне да организира и развива самостоен систем на одбрана со кој ќе ги штити територијалниот интегритет и независноста на Републиката. Средствата за потребите на одбраната ќе се обезбедат од буџетот на Републиката во висина од 8-10% од вредноста на националниот доход. До организирањето на вооружените сили користењето на средствата ќе се остварува со посебна програма. За развој на производството на вооружување и воена опрема претпријатијата ќе бидат ослободени од плаќање на данок на добивка сразмерно на вложените средства за оваа намена. 12. Изградувајќи ги основите на макроекономската политика на Република Македонија, Владата паралелно организира работни групи на експерти кои заеднички работеа на Антиинфлационата програма и на монетарното осамостојување на Републиката. Работните тимови ги усогласуваа материјалните и финан сиските биланси и разработуваа антиинфлациони модели и средства за скротување на галопирачката инфлација што се генерираше во остатокот од Југославија (во Србија) под влијание на воените настани. Во тој напор дискретно се подготвуваше и печатењето на нашата парична единица денарот.
109
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Владата оцени дека извојуваната правно-политичка незав исност со Референдумот бара итно решавање на економските проблеми на државата, односно градење на нов економски систем. Тоа и ја мотивира Владата да пристапи кон изработка и донесување на антиинфлациона програма и кон монетарно осамостојување, што ќе биде поопстојно изнесено подолу.
110
ДОНЕСУВАЊЕТО НА АНТИИНФЛАЦИОНАТА (ВЕЛИГДЕНСКА) ПРОГРАМА И МОНЕТАРНОТО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ
1. Во периодот по 1990 година економскиот, политичкиот и воениот хаос беснееше на територијата на Југославија. Република Македонија преживеа повеќе домашни и екстерни шокови. Воените конфликти, прво во Словенија, потоа во Хрватска и уште пожестоко во Босна и Херцеговина, доведоа до распаѓање на вештачката федеративна творба Југославија и до остри економски нарушувања. Прекинот на протокот на стоки и капитал и разорената пазарна и сообраќајна инфраструктура тотално ги нарушија репродукцијата во реалниот сектор на стопанството и процесите на размената на стоки.
111
сол з и , ст ра в и го рд о ст
2. Индустриското производство во 1990 и 1991 година опадна за околу 30% годишно. Монетизацијата на буџетскиот дефицит на поранешна Југославија (без Словенија и Хрватска) во текот на 1991 и во првите месеци на 1992 година се качи енормно високо. Во тој период во Република Македонија платниот дефицит изнесуваше над 500 милиони долари и го подгреа огнот на инфлацијата која достигна стапки над 50% месечно, а во април 1992 година изнесуваше дури 86 проценти. Светското искуство покажува дека, доколку стапката на инфлацијата на месечно ниво е повисока од 50 проценти, станува збор за хиперинфлација со уништувачки последици врз стопанството и стандардот на населението. 3. Домашните шокови беа зголемени и со присуството на потенцијалната опасност од стационираната Југословенска армија на територијата на нашата Република. Тие шокови беа проследени и со многубројни удари однадвор во кои спаѓаа: економската блокада наметната од страна на Грција; финансиската изолација како резултат на отсуството на политичко признавање на Република Македонија од страна на Европската унија со фамозната Лисабонска декларација; потоа колапсот во размената со поранешните членки на Советот за заемна економска помош (СЕВ); порастот на цената на нафтата во времето на 3аливската војна; како и губењето на пазарите, туризмот и приходите од девизни дознаки на наши граѓани однадвор поради замрзнатите девизни средства во нашите банки итн.
112
Н и кол а Кљус е в
4. Од почетокот на 1992 година Владата на Република Маке донија правеше напори за ублажување на последиците од овие шокови преку изготвување на програми и проекти насочени кон воспоставување на основа за градење на здрава економска политика. Тие напори вклучуваа основање на независна централна банка, односно Народна банка на Македонија; воведување на сопствена валута; прифаќање на антиинфлациона програма; подготовка на нова фискална политика и регулатива; како и преструктурирање на општествените претпријатија со подготовка на процесот на приватизацијата во стопанството. 5. Во такви услови Владата на Република Македонија рабо теше на својата антиинфлациона програма. Работните групи интензивно ги истражуваа разните модели и светското искуство од овој домен. Ценејќи ги тежината на оваа проблематика и сериозноста на задачата, самиот го раководев и координирав работниот тим во изготвувањето на антиинфлационата програма, составен од повеќе талентирани научни работници кои со знаење и ентузијазам работеа непрекинато. Меѓу нив предводеа тројца млади доценти и асистенти: д-р Михајло Петковски, д-р Г оце Петрески и м-р Трајко Спавески. Колку варијанти се подготвуваа и колку документација и билансни сметки се анализираа и оценуваа во тој напорен труд! 6. Слична беше состојбата, па и уште подискретна, со работните тимови за подготовка на материјалите за монетарно осамостојување на Република Македонија. Тие почнаа да работат уште во октомври 1991 година.
113
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Мошне амбициозната група уметници во прилепската пе чатница брзо ги креира насловните страни на нашата валута (бонот) во разни апоени. Чувство на восхит ме облеваше од нивниот ентузијазам. Истовремено се наметна потребата и од избор на називот на нашата валута. Називите на пари најчесто се позајмувани од други јазици, некои од нив водат потекло од далечното минато и немаат јасна етимологија. Во античка Македонија биле во употреба и се ковале пари главно со грчки називи: статер, драхма, обил и др., според феникискиот и атичкиот мерен систем. Во својот прилог кон дискусијата за називот на македонската монета академик Петар Илиевски укажа дека во времето кога Словените се населиле на Балканскиот Полуостров Македонија била римска провинција и овде се употребувале римски пари. Основниот назив на римската монета бил денариус, латински збор изведен од дистрибутивниот збор дени „по десет“ од децем, индоевропски збор декм, сесловенско десет, основа на десетеричниот мерен систем. Називот денариус продолжил да се употребува до денес на Балканот и Медитеранот во две форми: поретко денар и пораспространето динар. Вторава форма е развиена преку византискиот грчки δεναρ, каде што долгото е во грчкиот се предава со ета (н) која ја променила гласовната вредност во и. Следејќи ја традицијата, рече во продолжението академик Петар Илиевски, во употребата на називи за пари има резон да се задржи било едната било другата форма на де(и)нар. Во таа смисла, тој ќе сугерира дека денар повеќе би одговарало од следниве причини: 1. Називот денар е документиран во старословенски рако писи (Супрасалскиот зборник), што кажува дека балканските Словени го наследиле тој назив и го прифатиле во таа форма. 2. Се избегнува грчкото посредство дури и во изговорот на е како н.
114
Н и кол а Кљус е в
3. Соодветствува на декар, основна мера за површина од 10 ари што може да се посее со еден кутел семе - долговековна народна традиција од метрологијата. На теренот на Македонија, како и во цела Европа, се вкрстувале два мерни система: децималниот и хексагезимал ниот. Од вториов има останати траги и кај нас, но децималниот секогаш доминирал, па и називот денар јазично е поблизок до десет. Владата го прифати предлогот денар за назив на македон ската монета и тој влезе во пакетот мерки за монетарно оса мостојување на Македонија. И така, на 26 април 1992 година, со познатата Велигденска програма, Парламентот го прифати Законот за паричната единица и Република Македонија ја воведе сопствената парична единица денар која се дели на 100 помали делови наречени дени. Притоа, со оглед на сè уште недоволно обезбедените материјални претпоставки за нејзино успешно заживување, како и на притисоците што можат да се очекуваат врз оваа валута во почетниот период на нејзиното заживување, Владата на Република Македонија предложи во тој преоден период да се воведат вредносни бонови издадени од Народната банка на Македонија која ќе го подготви теренот за фактичко заживување на новата македонска валута во рок од една година. Вредносните бонови беа печатени во соодветна апоенска структура, со соодветни бои и обележја. Од интерес е да укажеме и на сугестиите на академик П. Илиевски за симболите на македонските монети. Тој ги предлагаше: ликовите на св. Климент и Наум Охридски, како заштитници на Македонија; претстава на житни класови и кошница со наши плодови (грозје, јаболка, круши); претстава на мак (јазична и стопанска симболика); маслинова гранка и гулаб (симболи на мирот); бизон, кој до 15-от век живеел во нашиве краишта (симбол на силата) и др. Подоцна, при обликувањето на нашите монети, новата Влада многу од овие мошне интересни предлози не ги зеде предвид.
115
сол з и , ст ра в и го рд о ст
7. Во февруари 1992 година ние бевме готови со изработката на целата документација и со утврдените определби во политиката на антиинфлационата програма и монетарното осамостојување на Републиката. Меѓутоа, Владата не можеше да го реализира овој пакет на мерки во Парламентот зашто на нашата територија сè уште беше присутна Југословенската армија. Таа беше финансирана од сојузниот буџет и беше невозможно на иста територија истовремено да функционираат два монетарни система. Го чекавме поволниот момент што требаше да настапи со заминувањето на Југословенската армија. Но среќата не ни беше веднаш наклонета. Пламна пожарот на инфлацијата на југословенскиот простор во февруари 1992 година, ја достигна стапката од над 50%, и тој процес почна да се трансформира во самогенерички поттикнувач на хиперинфлација. Така при воведувањето на владиниот пакет мерки со Антиинфлационата програма и монетарното осамостојување на 26 април истата година месечната инфлација достигна 86 проценти. Тоа наметнуваше постојано коригирање на нашите иницијални определби во моделот на антиинфлационата програма. 8. Оваа сложена проблематика бара да укажеме на основните определби и дилеми во изградувањето на нашиот модел на антиинфлациона програма и на нашето монетарно осамостојување. Во процесот на истражувањето дојдовме до сознание дека при дизајнирањето на антиинфлаторните програми се појавуваат три основни дилеми, и тоа: 1. Дали да се избере стратегија на постепено (градуално)
116
Н и кол а Кљус е в
намалување на инфлацијата или да се оди на нејзино нагло елиминирање, што подразбира т. н. „шок“ - третман. Со оглед на висината на инфлацијата, меѓу економистите постои консензус дека хиперинфлацијата може да биде соборена само по пат на „шок“ - терапија. 2. Втората дилема се однесуваше на тоа дали антиинфла ционата програма да биде со хетеродоксен или со ортодоксен профил. Хетеродоксните програми, покрај мерките карактеристични за ортодоксните програми (монетарни и фискални рестрикции), ја вклучуваат и т.н. политика на доходот (контрола или замрзнување на сите или на некои цени, како и контрола или замрзнување на платите на сите или на одделни групи вработени). Со оглед на неразвиеноста и на слабиот квалитет на одделни видови пазари во Македонија, се ценеше дека повеќе одговара хетеродоксниот пристап. Поради силната инертна компонента на постојната хиперинфлација, хетеродоксната програма би го реализирала соборувањето на хиперинфлацијата со помали трошоци во поглед на опаѓањето на аутпутот и на вработеноста. З. Третата дилема се јави околу изборот на т.н. номинални котви на кои требаше да се потпира програмата. Постојат програми што се потпираат на само една номинална котва, при што главен кандидат за таа улога е фиксираниот девизен курс. Со оглед на тоа што во оваа програма, поради причините што се објаснети подолу, курсот имаше само секундарно значење, а и поради големите ограничувања со кои се соочуваше реализацијата на овој стабилизационен пакет, а во врска со девизниот курс, Програмата предвидуваше употреба на поголем број номинални котви. Употребата на повеќе номинални котви (монетарната политика, фискалната политика и политиката на доходот) ги покажуваше детерминираноста и решителноста на економската политика на повеќе фронтови да ѝ се спротивстави на инфлацијата. Слаба страна на вак-
117
сол з и , ст ра в и го рд о ст
виот пристап беше потребата одеднаш да се координираат и заемно да се усогласат голем број елементи на Програмата. Во врска со инструментите на антиинфлационата програма укажавме дека стојат на располагање стандардните инструменти на макроекономската политика, и тоа: монетарната политика, фискалната политика, политиката на девизниот курс и политиката на доходот. 9. Во доменот на монетарната политика обрнавме сериозно внимание при анализата и одговорно укажавме дека за нејзиниот ризик и за нејзиното рестриктивно дефинирање мошне сериозна обврска претставува замената на паричната единица, односно почетниот обем на паричната маса што ќе се воспостави со замената. Монетарната политика според природата на нештата би требало да биде рестриктивно ориентирана. Обична девизниот курс се препорачува како главен номинален таргет за монетарната политика во услови на дезинфлација, што во нашите услови, за жал, не претставуваше можен пристап. Од тие причини рестриктивниот карактер на монетарната политика се однесуваше на клучните монетарни агрегати М1 и домашната нето актива на банките. Тие требаше да растат под нивото на порастот на цените. Бидејќи побарувачката на пари во услови на хиперинфлација е изразито нестабилна и тешко предвидлива, веројатно ќе се појавеа проблеми при прецизирањето и контролата на споменатите монетарни агрегати. Од тие причини многу битен номинален индикатор би можел да биде растежот на кредитите, и тоа како на кредитите на деловните банки така и на кредитите на Народната банка на Македонија. Растежот на кредитите на деловните банки требаше да ја следи таквата динамика. Заради создавање до-
118
Н и кол а Кљус е в
верба во новата валута и заради намалување на одливот на домашните во странски пари, требаше да се воведат реално позитивни каматни стапки кои ќе се движат од 5% за тримесечни депозити до 12% за депозити орочени на три или повеќе години. Рестриктивниот приод во монетарната политика требаше да обезбеди и акумулација на девизни резерви зашто веќе не маше да постојат големи вишоци на домашни парични средства што би се конвертирале во странски валути. 10. Фискалната политика тргнуваше од фактот дека почетната претпоставка при определувањето на нивото на буџетската потрошувачка е во неа да не бидат вклучени обврските за финансирање врз основа на јавниот долг (девизните штедни влогови, санацијата на банките и надворешниот долг). Иако навидум републичкиот буџет главно беше во состојба на рамнотежа, постоеја индикации дека де факто е присутен дефицит поради временското несовпаѓање на приливот на приходите и извршувањето на расходите. Меѓу другото, ова беше резултат и на познатиот ефект на еродирање на реалната вредност на фискалните приходи во услови на хиперинфлација, т. н. танзи-ефект. Исто така, беа регистрирани дефицити во повеќе области, како што се: здравството, пензиското осигурување и сл. Новите расходи што ќе се наметнеа како потреба што треба да се финансира од буџетот (на пример, одбраната, безбедноста и сл.), требаше да бидат вградени во рамките на буџетскага потрошувачка што се предвидуваше со Програмата. Поради сето наведено, а и заради манифестирање на ре шителноста во борбата против инфлацијата, се оценуваше дека уделот на јавната потрошувачка во општествениот производ би требало да се намали на ниво на учество од 35 до
119
сол з и , ст ра в и го рд о ст
најмногу 37% од општествениот производ, што подразбираше реален пад на буџетските расходи од 22%. Соборувањето на инфлацијата ќе предизвикаше спротив ен, позитивен ефект врз реалната вредност на фискалните приходи, т.н спротивен танзи-ефект. Редуцирањето на јавната потрошувачка главно можеше да се изврши преку извесно стеснување на преголемиот удел на субвенциите во републичкиот буџет кои тогаш достигнаа до една третина од буџетот. 11. Доколку во склопот на целокупната антиинфлациона про грама не биде извршено адекватно фискално приспособување, монетарната политика ќе требаше да биде премногу рестриктивна и не ќе можеше сама да го понесе товарот на стабилизацијата, истовремено предизвикувајќи нетолерантно висока контракција на производството и вработеноста. 12. Заради зголемување на девизните резерви и смалување на одливот на девизни средства, за секое патување во странство (освен на просторот на поранешна Југославија) се воведуваше излезна девизна такса во износ од 50 германски марки. Оваа мерка се практикува во повеќе земји. Наведената мерка беше од привремен карактер. 13. Во секторот на девизниот курс се предвидува неговото фиксирање како клучен елемент на брзата стабилизација. Практиката покажува дека тоа е случај со сите земји што се стремат кон стабилизација во услови на хиперинфлација.
120
Н и кол а Кљус е в
Во нашиот случај девизниот курс не можеше да игра улога на централна номинална котва поради акутната девизна криза и многу големата разлика помеѓу официјалниот и илегалниот курс (според кој, инаку, се одвиваше мнозинството трансакции во економијата). Покрај тоа, поради безначајното ниво на девизните резер ви, централната банка не можеше да го брани и одржува саканото ниво на курсот. Во такви услови, како единствено решение се предлагаше создавање на слободен пазар на девизи на кој непречено би се одвивале трансакциите според односите на понудата и побарувачката. Модификација на ова решение беше дуалниот курс при кој фиксниот курс би важел за отплатата на долгот кон странство и за битниот увоз (на пример, на нафта и лекови во нашиот случај), а сите други трансакции би се одвивале според слободно флуктуирачки курс. 14. Со оглед на тоа што на многу кус рок не беше можно да се организира работење на девизен пазар, а и поради крајно неповолната состојба со девизниот прилив, се сметаше дека постојниот официјален курс треба да се приближи до пазарниот и да се утврди на нивото од 360 единици за една германска марка. Ваквото ниво на курсот се одредуваше и поради тоа што на самиот почеток на спроведувањето на Програмата се очекуваше значителен пораст на општото ниво на цените, меѓу другото и поради корекциите на ценовните паритети предвидени во тој стабилизационен пакет. При непроменет курс тие поместувања на цените ќе бараа брзо приспособување на курсот, што можеше набргу да ја дискредитира антиинфлационата програма. Затоа со промената на курсот од 200 на 360 парични единици се антиципираа наведените зголемувања.
121
сол з и , ст ра в и го рд о ст
15. Кредибилноста и на вака определениот курс не можеше да биде ниту трајна ниту голема зашто централната банка не беше во состојба да продава девизи според него. Во таа смисла беше потребно, заради создавање на адекватни девизни резерви кои би го потпреле фиксираниот официјален курс, да се обезбеди финансиска поддршка од странство во износ од најмалку 200 милиони долари. Финансиската поддршка на Програмата беше апсолутно неопходна не само заради кредибилитетот на курсот туку и заради санирање на состојбата во платниот биланс и заради увозот на определени дефицитарни прехранбени производи, кој во почетната деликатна фаза на спроведувањето на програмата беше неопходен заради координирање со политиката на доходот и добивање на широка политичка поддршка од страна на јавноста за реализирање на Програмата. 16. Четвртата котва во политиката на доходот беше неопходна, пред сè, заради ригидноста на цените и инерцијалната компонента на инфлаторниот тренд и заради пресекување на инфлаторните очекувања. Исто така, со политиката на доходот требаше да се обезбеди минимизирање на трошоците на дезинфлацијата, односно да се ублажи падот на производството и на вработеноста. Политиката на доходот содржеше две компоненти: контрола на цените и контрола на платите, и се применуваше привремено. 17. Во доменот на политиката и контролата на цените требаше да се врши порамнување на ценовните паритети кај
122
Н и кол а Кљус е в
контролираните производи. Во овие сектори цените се определуваа на ниво кое обезбедува зголемена понуда од домашно производство и од увоз. По извршените корекции овие цени требаше да се замрзнат за период од шест месеци. Стануваше збор за основните прехранбени производи и за производите и услугите во јавниот сектор. Цените на сите други производи и услуги се формираа слободно. Не се одеше на комплетно замрзнување на цените поради тоа што стопанството се наоѓаше во фаза на транзиција кон пазарно стопанство, како и поради тоа што таквата практика би довела до драстично опаѓање на производството кое покажуваше тенденциски пад во последните десетина години. Доколку монополските претпријатија ја искористуваат својата положба на пазарот, требаше да се воведат специјални ценовни контроли за нивните производи или услуги. 18. Од друга страна, кај контролата на платите Програмата тргнуваше од нивно замрзнување на нивото од 31 март 1992 година. Нивото на исплатените индивидуални плати во сто панството можеше да се зголеми за 30%, а минималните плати се формираа на нивото содржано во општествениот договор. Платите чиј раст беше ограничен со постојната законска регулатива за платите, се замрзнуваа на нивото на исплатените плати во март зголемено за 20%. За месеците за кои платите беа исппатени се забрануваа ретроактивни исплати, односно корекции. Исплатите на ретроактивни корекции во случаите кога биле исплатени плати за март не влегуваа во основицата за наредните месеци. Се укинуваа сите непарични лични примања. Требаше да се преземат и мерки за редуцирање на патувањата во странство за вработените во јавниот сектор.
123
сол з и , ст ра в и го рд о ст
19. Примената на овие мерки се првдвидуваше за период од најмногу шест месеци. Поради деликатниот премин од замрзнати кон слободни цени, се предвидуваше втора фаза на политиката на платите. Во таа фаза би се дозволиле парцијална индексација на платите што би се спроведувала во процентот на месечната инфлација, определен од Владата за секој месец поединечно. Зголемувањата на платите над тој процент немаше да бидат забранети туку требаше да подлежат на остри прогресивни оданочувања. Категоријата други лични примања се ограничи на исплатеното ниво од 31 март 1992 година зголемено за 15%. 20. На крајот, антиинфлационата програма укажуваше на некои главни ограничувања и можни слаби точки во процесот на нејзиното спроведување. Имено, програмата требаше да се спроведува со многу сериозни ограничувања кои објективно можеа да го комплицираат и загрозат нејзиното спроведување. Како главни органичувања се посочуваа: 1) Неповолната платнобилансна позиција на Републиката; 2) Крајно ниското ниво на девизните резерви; 3) Недоволната понуда и нискиот степен на конкуренција на домашниот пазар, и 4) Непостоењето на средства за ублажување на социјалните последици од спроведувањето на Програмата. 21. Искуството на речиси сите програми за борба против хипер-инфлацијата ни покажуваше дека одржувањето на солидна платнобилансна позиција е неопходно за да се обезбе-
124
Н и кол а Кљус е в
ди кредибилитет на Програмата. Влошувањето на платниот биланс бара чести и обилни девалвации на националната валута кои дејствуваат инфлаторно и ги дискредитираат напорите за редуцирање на инфлацијата. Сигурно не е случајно тоа што во сите успешни антиинфлаторни обиди (од Австрија во 1923 година, преку Израел во 1985 година, до Полска во 1990 година) стабилизациониот пакет бил придружен со екстерна финансиска поддршка. Платнобилансната позиција на Македонија беше неповол на, а особено беше критична ситуацијата во девизниот биланс кој покажува дека ефективниот девизен прилив изнесува само 15 до 20% од вкупниот извоз. Барем на почетокот на Програмата не можевме да сметаме на екстерна финансиска поддршка. Остануваше да се види дали домашните мерки за платнобилансно приспособување (монетарните и фискалните рестрикции, како и девалвацијата) ќе бидат доволни да го релативизираат платнобилансниот проблем. 22. Од друга страна, девизните резерви на Македонија беа безначајни. Изнесуваа одвај околу десет милиони долари, така што не можеа да бидат фактор ни за привремено амортизирање на платнобилансните тешкотии. Тие не можеа да помогнат ниту да го намалат ограничувањето, односно недоволната понуда на домашниот пазар. 23. Недоволната понуда на македонскиот пазар, која дејствуваше проинфлаторно, беше резултат на големиот пад на општествениот производ и на брзата дезинтеграција на посто јниот пазар. Заради обезбедување на поволна клима за остварување на Програмата, битно беше на самиот почеток
125
сол з и , ст ра в и го рд о ст
од стоковните резерви и со интервентен увоз да се обезбеди задоволителна понуда на виталните прехранбени производи, чии цени ќе бидат замрзнати по извршените корекции. Потенцијално поволен фактор на страната на понудата можеа да бидат акумулираните залихи за кои требаше да се обезбеди претпријатијата, кога ќе удрат на бариерата на намалената побарувачка и на зголемената неликвидност, да бидат принудени да ги пуштат на пазарот. 24. Со оглед на напрегнатата јавна потрошувачка, не беше реално да се очекува ангажирање на значителни средства за ублажување на неповолните социјални последици од неизбежно рестриктивниот карактер на дезинфлацијата. Од тие причини во Програмата се настојуваше, пред сè преку политиката на доходот, да се минимизираат, колку што е можно, трошоците за соборување на хиперинфлацијата. 25. Извесни компликации во реализацијата на пакетот можеа да настанат и доколку почетната фаза на стабилизацијата биде успешна, односно доколку дојде до нагло паѓање на инфлацијата. На страната на монетарната политика, тоа ќе имаше за последица зголемување на побарувачката на пари. Зголемената побарувачка на пари дозволува порелаксиран курс на монетарната политика кој, ако е добро дозиран, може да му помогне на стопанството без да ги компромитира почетните успеси во борбата против инфлацијата. На страната на фискалната политика падот на инфлацијата ќе резултираше со зголемување на релативниот удел на јав ната потрошувачка во општествениот производ, односно со вишок на приходите над расходите. Притоа расходите не тре баше промптно да се зголемат, следејќи ги автоматски при-
126
Н и кол а Кљус е в
ходите, туку вишокот на приходите требаше временски да се димензионира на оптимален начин. Поради својата флексибилност, монетарната политика беше најпогоден инструмент за брзо реагирање во случај на непредвидени настани. Барем во раната фаза на Програмата, од три до шест месеци, не беше пожелна промена на курсот, а фискалната политика не можеше бргу и често да ја менува својата насока. 26. Во Антиинфлационата програма беа утврдени фази за следење на процесот на нејзиното спроведување. Имено, првата фаза беше еден месец од почнувањето на спроведувањето на Програмата, кога се очекуваше највисок месечен пораст на цените. Во втората фаза, три месеци од почетокот, требаше да дојде, особено во третиот месец, до значително смирување на цените, што ќе биде конзистентно со политиката на доходот, односно со замрзнатите цени и плати. Во третата фаза, шест месеци од почетокот, требаше да дојде до стабилизација на цените на месечно ниво од најмногу 4 до 6%. Доколку инфпацијата останеше под контрола и во четвртата фаза, една година од почетокот, тогаш можеше да се рече дека стабилизациониот напор има добри изгледи да биде успешно реализиран. Притоа треба да се имаат предвид два факта: Прво, дека при контролирањето на успехот на Програмата не требаше да се следи само статистичкиот пораст на цените туку и да се гледа дали има недостиг на определени витални производи и нивно интензивно циркулирање на црните пазари, што е знак на потисната (скриена) инфлација; Второ, дека требаше да се постигне усогласеност помеѓу внатрешната и надворешната рамнотежа, зашто беше јасно дека не е одржливо она ниво на инфлацијата што е остварено во услови на влошување на платниот биланс.
127
ПОДГОТОВКА НА СТОПАНСТВОТО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АНТИИНФЛАЦИОНАТА ПРОГРАМА
1. Се обратив со нужната политичка и научна скрупула до стопанствениците на Република Македонија со цел да укажам на некои моменти што беа значајни во објаснувањето на пристапот кон обработката и начинот на реализацијата на Анти инфлационата програма, како и на политиката и механизмите на монетарното осамостојување. Како што е обелоденето, Парламентот на Република Македонија го прифати владиниот пакет на мерки, чија срцевина ја претставуваа воведувањето на македонската парична единица - денарот, и Антиинфлационата програма. Работејќи на овие проблеми, посебно на Антиинфлациона та програма, се дојде до сознание дека таа нема да може да функционира во еден среднорочен или долгорочен период. Ѝ дадовме ограничена временска димензија, дејство од шест месеци, период во кој ќе продолжат истражувањата, ќе се
128
Н и кол а Кљус е в
преиспитаат инструментите и мерките и ќе се изградува основа за стабилизациона програма на Република Македонија. Тоа беше и добра шанса сите да се преиспитаат, било одцелните стопански субјекти, нивните асоцијации, било Владата, Парламентот, Синдикатите и другите субјекти во општеството. 2. Би сакал да укажам на основните цели и на значењето на Антиинфлационата програма во овој критичен миг низ кој минуваме. Имено, во тој напор се тргна од констатацијата дека распаднатиот државноправен систем на Федеративна Југославија, кој историски нужно се очекуваше, создаде големи пукнатини во стопанството и во нашето живеење. Во такви услови не само што настанаа економски тензии, големи противречности и неизвесности, туку во таа политичка и морална криза настана и крвава војна на уривање, убивање, една етнички разулавена, валкана војна на поранешниот југословенски простор, со агресивни аспирации, војна која ќе бара нејзините трошоци да се префрлат врз грбот на секој наш граѓанин. Поради војната настанаа крупни сообраќајни блокади на прометот на стоки и луѓе, како и една наметната блокада од јужниот сосед - Грција, надвор од меѓународната етика, која специфично ја удираше ослабената моќ на нашата економија. 3. Конечно, таа услови и една неконтролирана, надвор од волјата на Македонија, емисиона политика на Југословенската народна банка, чија јасна цел беше со еуфоријата на високото производство на пари да се префрлат големите трошоци на војната и економското разорување врз грбот на граѓаните.
129
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Таквата вапкана политика на Белград создаде незапаметена ерозија на југословенскиот динар и неспособност тој да се појави како легитимно платежно средство во платниот промет со странство, како и меѓу одделните партнери внатре во земјата. На тој начин опаднаа перформансите за стимулација било на производството било на потрошувачката. Тоа услови висока инфлаторна пресија која во април дос тигна стапка од 86%. Кога ќе се подигне една таква месечна стапка на инфлацијата на годишно ниво, тоа веќе станува куриозитет непознат на просторите на Европа, освен ако ја исклучиме, во времето на Првата светска војна, состојбата во тогашна Германија која беше губитник во војната. 4. Влегувајќи во решавање на тие крупни проблеми, се исправивме пред една обврска, а тоа беше потребата да се консултира светската литература, како и искуството и знаењето на наши мошне амбициозни творци кои несебично, со ентузијазам работеа на монетарните проблеми. Тоа овозможи да изградиме сопствена антиинфлациона програма и модел на монетарно осамостојување. Тоа сознание не убедуваше дека не можеме да ја имити раме антиинфлационата програма ниту на Анте Марковиќ ниту на Микулиќ. Дојдовме до убедување дека пред нашата антиинфлациона програма се исправени како Дамоклов меч страшни, загрижувачки ограничувачки фактори. Ќе набројам пет од нив: Прво, високиот странски долг од над 1.250 милиони долари, кумулиран во еден економски неодговорен систем и во разни дубиози прекриван и оставен како неподнослив товар врз грбот на слабото македонско стопанство; Второ, голема обврска, речиси иста по обемот како првата, претставуваше девизниот долг спрема нашите граѓани.
130
Н и кол а Кљус е в
Тие средства неодговорно истекле од Македонија без да им се утврди трагата во банкарскиот систем на Југославија. Тој, би рекол, злосторнички чин остана да виси како воденичен камен над главата на Македонската влада. Тоа замрзнување на девизните средства на граѓаните услови да се загуби склоноста кон штедењето и се создаде неизвесност што ќе стане со парите што граѓаните ги вложиле во банките. Во пресушените банкарски канали таа обврска стана крупен ограничувачки фактор; Трето, високиот дефицит во платниот биланс на земјата, кој веќе со години наназад се движеше помеѓу 200 и 300 милиони долари; Четврто, слабата понуда на пазарот. Лошата структура на македонското стопанство, како периферно во југословенската стратегиска структура, беше главен енергетски и суровински висулец, без технолошко заокружување на низа производствени процеси, па оттука високата лимитираност на импутите: сурови ните, репроматеријалите, енергијата и сл. Такво структурирано стопанство не може да понуди атрактивни производи било на странскиот било на домашниот пазар; Петто, разорениот пазарен амбиент на просторот на Југославија кој беше во распаѓање. Во врска со тој нарушен пазарен амбиент анализите на Стопанската комора укажуваа на високите штети поради блокадите од Југославија што ги трпеше македонското стопанство. Тоа се бројки што застрашуваат. Само во 1991 година и во првите месеци на 1992 година, според оценките на Стопанската комора, произлегува дека нереализи раната продажба на индустријата на Македонија во поранешни те југословенски републики изнесува 576 милиони долари, нере ализираната набавка од истите простори 478 милиони долари и нереализираните градежни проекти 32 милиони долари. Таквата состојба создаваше страшна пукнатина во очеку ваниот доход од 111 милиони долари што не беше остварен во нашата Република. Тоа неподносливо го чувствуваше целото
131
сол з и , ст ра в и го рд о ст
македонско стопанство и создаваше страшна ерозија во нашето живеење. Ако кон таа штета се додадат и штетите од блокадата на Грција, чиј еквивалент се движеше над ова ниво, како и нарушените пазари во источноевропските земји, ќе се види дека сите тие ограничувачки фактори го држеа во челичен обрач македонското стопанство. 5. За сите овие прашања Владата мораше да размислува и да гради одбранбени механизми при предлагањето и остварувањето на Антиинфлационата програма. Просторот за маневрирање беше мошне лимитиран. Речиси сите економски индикатори беа поразително ниски. Со нужната научна скрупула ги баравме најефектните столбови или, поточно, кои се тие номинални котви на кои ќе се потпира Антиинфлационата програма. Дојдовме до сознание дека се значајни четири котви, четири потпори врз кои се гради една рестриктивна политика, би рекол за нашите услови во таа фаза една блага рестрикција, затоа што не сакавме во тие болни, тревожни месеци низ кои минувавме да се откажеме од нашата стратегиска определба, а тоа беше почитувањето на економските (пазарни) законитости во стопанството. Тргнувајќи од тие премиси, воведовме благо ограничување во некои домени за да можат да се држат уздите на оние пунк тови каде што можеше да се опстои во излезот од кризното дно во процесот на остварувањето на Антиинфлационата програма. 6. Откривме дека монетарно-кредитната политика има зна чајно место кое треба да биде контролирано и така ситуирана
132
Н и кол а Кљус е в
да создава претпоставки за рестрикција на токовите на паричната маса. Меѓутоа, иако бевме убедени дека во првите неколку дена ќе извршиме замена на парите во еден обем што ни беше познат и за кој Република Македонија беше должна да ѝ го врати на Народната банка на Југославија, сепак, бараната етика, бараната општествена поддршка и ангажираност почна да попушта под налетот на разни подземја во кои се појавија повеќе југословенски динари на македонскиот простор. Иако Народната банка на Југославија укажуваше дека Македонија чесно се однесува во размената на парите, прашањето беше колку чесно се однесуваат спрема нас нашите северни соседи кои ни уфрлуваа големи суми динари и го девалвираа нашиот денар уште во првите денови. Барав максимално да се засили монетарната контрола. Тоа овозможи бргу да ја издржиме таа подривачка дејност повлекувајќи значајна маса на парични средства од прометот и сведувајќи ја таа маса на нивото од кое тргнуваше Антиинфлационата програма. Тука се надоврзуваа и повеќе други проблеми какви што беа воведувањето на рестрикции во кредитната политика пора ди кое не можеше лесно да се дојде до кредити, и барањето на повисока солвентност и ефикасност во работењето на претпријатијата со цел да се обезбеди функционирање на процесот на репродукцијата. Расположливиот скромен кредитен потенцијал беше ставен во служба на развојот на извозно ориентираното производство. 7. Монетарната политика и воведената нова парична единица (денарот) бараа градење на нов амбиент за афирмирање на паритетот на курсот на денарот. Воспоставувајќи нов курс спрема цврстата валута - германската марка, во сооднос 1:360 денари, создадовме одредени можности да се оствари нашата стратеги-
133
сол з и , ст ра в и го рд о ст
ска определба, отворање на простор за експанзија на извозот, од една страна, и потиснување на црниот курс, од друга страна. Претходно курсот беше програмиран на 1:300 денари, меѓутоа, некои информативни гласила извршија провокација и во последните 2-3 дена пред донесувањето на програмата настана масовно извлекување на средства од банковните трезори од над 2,5 милијарди динари. Тоа услови Владата брзо да интервенира подигајќи го курсот за 20%, односно на 360 денари за една германска марка, со цел да се зачуваат премисите на Програмата. 8. Настојувавме да афирмираме уште еден инструмент на монетарната политика. Тоа беше овозможувањето на стимула тивен однос кон штедењето, кон економијата, било кај стопан ските претпријатија било кај граѓаните. За таа цел прифативме инфлаторната стапка до крајот на годината да изнесува во просек 8% месечно, при што во првите месеци од над 80% требаше да опадне на четириесетина проценти, а во јуни-јули 1991 година на 4 до 6%. Со така програмираните инфлаторни стапки сакавме да формираме реална каматна стапка ситуирајќи ја за тримесеч ните депозити на ниво од 5 процентни поени над инфлаторната стапка, односно од 12 процентни поени над инфлаторната стапка на депозити од 3 години. 9. Отворено им укажував на стопанствениците и на граѓаните дека со тие инструменти нема да можеме да издржиме три години ќе дојдат нови мерки, нови инструменти, нови економски разведрувања, нови надежи и амбиции. Ќе се бориме да градиме нова скала на вредносен свет и во доменот
134
Н и кол а Кљус е в
на економијата. Притоа ќе со стремиме да го почитуваме стимулативниот инструмент реална позитивна каматна стапка со што би создал е сигурност во монетарно-кредитната сфера. 10. Втората антиинфлациона котва што ја окупираше нашата мисла беше ситуирањето на буџетската потрошувачка. Таа во последните години учествуваше со околу 38 до 40% во општествениот производ. Со Антиинфлационата програма Владата изврши рестрикција на буџетот и го сведе на 35% од општествениот производ. Стопанството од сè срце го прифати тој напор на Владата зашто помалку ќе се исцрпува од него. Тоа претпоставуваше трезвено контролирање на средствата од буџетот во смисла на нивната реална намена. Можностите врз кои почиваше таа рестрикција беа интервентните средства да се сведат во реална димензија во услови кога се поставуваат пазарни законитости, од една страна, а од друга дел од таквата интервенција, место да оди по разни компензации, да се стави во социјалната програма за обезбедување на една друга монетарна котва што ја нарекуваме замрзнати плати, односно лимитирани цени на основните животни производи. 11. Третата антиинфлациона котва претставуваше изграду вање на нова политика на доходот. Во тој домен укажавме дека треба да се изврши рестрикција на платите, и тоа, прво, рестрикција во смисла да се оцени структурата на доходот и, второ, да се утврди обемот на доходот што ја формира куповната сила оценета според билансите на реалните стоковни фондови, со цел да се утврди обемот на реалната ефективна побарувачка.
135
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Притоа не влегувавме во интерната распределба во стопанството ниту помеѓу одделните структури по гранки и дејности. Стануваше збор за утврдување на глобалниот индикатор лични доходи И тука констатиравме некои нелогичности што бараа интервенција, имено, да се изврши инфузија во тој домен за целото стопанство. Притоа оценивме дека две области се значајно депресирани (од причина што временската фаза во оцената, 31 март 1992 година, беше нереална), тоа беа градежништвото и земјоделството, овозможувајќи за нив инфузија - пораст на личните доходи за 35%. Тоа го постигнавме со намалување на општата потрошувачка во буџетот за 25%. Владата енергично бараше така програмираната куповна сила (личен доход) пуритански да опстане до крајот на 1992 година. Бидејќи секое нарушување на тој однос мошне негативно би се одразило врз остварувањето на Антиинфлационата програма, државата ќе преземе против прекршителите казнени мерки предвидени во духот на Програмата. Се ценеше дека во тој домен ќе дојде до израз високото чувство на верност, морал и припадност кон татковината на секој граѓанин, на секое претпријатие и асоцијација. Во моделот на Антиинфлационата програма Владата ги прифати постулатите на Колективниот договор потпишан со Синдикатот и Комората, поддржувајќи ја долната граница на плаќањето на трудот од тогашните 21.138 дин. односно 20% пониско за оние колективи што не можат да издржат, што живеат во економски тешкотии и загуби, чиј личен доход изнесува 16.900 дин. Гlритоа Владата во Програмата ги прифати исплатите за К-15 за годишен одмор, хранарината, давачките за патување и другите примања во духот на Колективниот договор. Не одевме на плафонирање на горната граница: оставивме колективите сами да оценат дали е реално остварен доход и акумулација за да можат да имаат повисоки распони во
136
Н и кол а Кљус е в
личните доходи. Притоа Владата, со желба да покаже пример, за распоните во личните доходи го утврди односот 1:4,5, односно примањата на претседателите на државата владата и парламентот не смееја да бидат повисоки од четири и пол просечни месечни лични доходи. Владата укажуваше дека во стопанството може да има извесни повисоки распони во зависност од успехот во работењето, но не смее да се допушти некој во колективот да има 800 илјади, а други 20 илјади. За жал, во практиката се среќаваа некои фирми, посебно т.н. акционерски друштва, во кои, без вложување на сопствен капитап, а врз база на фамозните фиктивни интерни акции, раководните тимови си определуваа личен доход од 500 до 800 илјади денари месечно на штета на мнозинството работници, на штета на акумулацијата и на стотиците илјади луѓе што чекаа работа. Укажувавме дека како држава немаме морално право да се мешаме во работата на претпријатијата ниту сакавме да ја преземаме таа обврска. Ние се искажавме за тие проблеми во Колективниот договор. Од тие причини препуштивме одговорноста да ја понесат внатрешните сили во колективите, тие да ги донесуваат одлуките за распределбата на доходот. Ценевме како влада дека ќе нè радува фактот кога реал ните творци во претпријатијата самите ќе станат носители на излезот од кризата. Настојувавме да се препознаат и високо да се наградат таквите творци само кога ќе ја понесат одговорноста за остварувањето на програмата на претпријатието, а не паушално да се врши распределба и грабеж. Тоа значи дека зад секое високо плаќање на трудот требаше да стои програма за извршување, одговорност во извршувањето и мотивација на колективот да инкарнира нови стимулативни амбиции во претпријатието. Само така ќе можеше да се шири инвентивноста и да се поддржува креацијата на творците во стопанството.
137
сол з и , ст ра в и го рд о ст
12. Четвртата антиинфлациона котва во тие тешки, скудни услови се однесуваше на регулирањето на животно важните производи. Владата ја презеде контролата на цените на следниве производи: шеќерот, маслото, млекото и лебот. За некои други производи остана само горната граница да се максимира. Беше овозможено за контролираните производи да се врши слободен увоз без никакви царински и други давачки, со единствена цел да се снабди гладниот домашен пазар. 13. Владата се обрати преку Парламентот до сите заинтере сирани субјекти со нужната одговорност да ја прифатат Програмата и да дадат поддршка во нејзиното остварување. Во тој голем проект беа ангажирани многу научни и стручни експерти. Беше извршена консултација со многу стопански организации и здруженија, со многу институции од администрацијата, банките, науката и сл. Претставници на стопанските ресори во Владата и лично јас како претседател, покрај координирањето на стручните групи, бев во постојано движење по градовите, по големите претпријатија. Од нив добивавме поддршка и доверба за преземените мерки во Програмата. Прифатената Антиинфлациона програма бараше поголема контрола во нејзината реализација. За таа цел Владата формира координационо тело за следење на процесот на реализацијата на Програмата со цел да се утврди каде да се упати помош за корекции во наредните фази. Намерата на Владата беше во втората фаза да се пристапи кон изработка и спроведување на стабилизациона програма според мерките на Антиинфлационата програма и новите
138
Н и кол а Кљус е в
сознанија што ќе се добијат околу решавањето на крупните ограничувачки фактори. Во таа смисла нашето внимание беше свртено кон барање на решенија за отплата на странскиот долг и посебно кон решавање на девизните обврски спрема граѓаните. Нараснатиот гнев на девизните штедачи ценевме дека е оправдан. Ние критички се осврнувавме кон претходната власт за исчезнатите девизи на граѓаните, и јавно се извинувавме пред граѓаните дека оваа нова држава нема девизи зашто ништо не наследи во банковните каси. Девизите на нашите македонски граѓани тешко можеа да се утврдат во вителот на југословенските банковни канали. Но Владата застана на становиштето дека треба да се почитуваат штедачите како реални сопственици на дел од фиксниот капитал, од националното богатство на Македонија, и дека ќе настојуваме во процесот на трансформацијата (приватизацијата) на општествената сопственост со замрзнатите девизни износи граѓаните да можат да добијат акции од државните имоти: производни добра, работни простории, станови и сл. Нашиот граѓанин-девизен штедач требаше да сфати дека грижата што ја презеде македонската држава во тие први че кори на Аитиинфлационата програма се стреми кон тоа да не се откажува од обврските спрема граѓаните. Затоа и велевме дека гаранцијата и грижата што требаше да ги обезбедува Народната банка на Југославија денес ги презема Македонската држава и таа е одговорна спрема граѓаните на Македонија за нивните девизни побарувања. Што се однесува до македонскиот долг спрема странство, ќе настојувавме да се преиспитаат можностите било дpyгa држава било приватни компании да ги откупат нашите девалвирани долгови кои тогаш вредеа под 20% од нивната реална вредност, било да создадеме претпоставки да се претворат во јавен - државен долг. Тоа наедно се однесуваше и на национализираното богатство на народот во периодот по војната. Тоа беа обврски на кои Владата требаше темелно да
139
сол з и , ст ра в и го рд о ст
работи во понатамошното испитување, и нашите стручни работни тимови веќе имаа таква задача во подготвувањето на правната основа за таа цел. 14. Сето ова покажува на виделина дека тој голем проект во пакетот мерки на Антиинфлационата програма временски се совпаѓаше со уште еден значаен, голем проект што нè очеку ваше. Тоа беше Законот за приватизацијата на општествениот капитал или т.н. трансформација на општествениот (државен) капитал. Таа обврска за нас стана најголем политички и економски предизвик. Светското искуство во овој домен не нудеше лесно при фатливи решенија. Се постави прашањето за избор на модел на приватизација што би бил адекватен на нашите услови, во кои господствуваше една претпоставена, недоволно дефинирана утописка категорија општествен капитал, делумно формирана како државен капитал пред половина век со политичка волја и државна пресија, а потоа доградувана со целиот напор на општеството, со неговата акумулација и со разни извори на долгови. Врз така формираната општествена сопственост во овој плуралистички систем требаше да се изврши процес на денационализација и реприватизација. Светот и светската економија историски имале по инаков тек во формирањето на приватната сопственост. Таа во својот долг еволутивен процес добила карактер на свето и заштитено неотуѓиво право. Врз таа основа приватниот капитал природно сраснувал, односно се вршел процес на концентрација и централизација на капиталот во големи компании. Меѓутоа, во одделни сектори во време на депресии и кризни потреси, со нарушување на процесот на репродукцијата, кога економските законитости не можат да
140
Н и кол а Кљус е в
ја оживеат развојната спирала, се отвора процес на државна интервенција преку национализација на претпријатија со значајно учество на јавниот сектор. Подоцна, кога ќе се воспостави економска рамнотежа во пазарните законитости, настапува обратен процес, односно процес на приватизација на некои јавни претпријатија. Обично тие процеси ги следат и промени на владите во тие земји. Тој модел на приватизација не беше можно да се примени во нашите услови зашто повеќе од 90% од фиксните производни фондови во стопанството имаа карактер на општествена (државна) сопственост. Значи, стануваше збор за модел чии основни премиси не беа исти со нашите услови. Тоа и ја наметна потребата од изработка на студија за приватизација во која релевантно ќе се испитаат сите теоретски и практични можности за спроведување на приватизацијата кај нас. Тоа успешно го сторивме со наши и со странски експерти и според добиените сознанија почна да се подготвува Законот за приватизацијата. Се дојде до оцена дека кај нас не е можно фронтално да се отвори процесот на приватизацијата. Ова од причина што немаше да се пројави интерес за купување на големите претпријатија што тонеа во загуби и дубиози, зашто секој би сакал да откупува економски атрактивни претпријатија. Тоа значеше дека може да се очекува една мошне непо волна ситуација што ќе води кон висока депресијација на цената на фиксниот капитал создавајќи на тој начин ерозија во националното богатство на земјата. Поради тоа беше потребно да се утврдат неколку фази во спроведувањето на процесот на приватизацијата. Се наложија и многу други проблеми што бараа темелен пристап во обработката на Предлог-законот за приватизацијата. Владата на неколку седници со внимание и политичка одговорност критички го анализираше Предлогзаконот давајќи безброј сугестии и предлози. Но таа верзија
141
сол з и , ст ра в и го рд о ст
на Законот денес не можеме да ја препознаеме зашто по нас, во времето на Владата на Бранко Црвенковски, таа доби сосема поинаков тек. 15. Во тој период Владата интензивно работеше преку своите експертски групи на подготовки на студии за донесување на Законот за даноците и Законот за фирмите (претпријатијата). Врз база на изработените студии се организираа неколку советувања со научни работници и стопанственици со цел заеднички да се изградат критериуми што ќе ги почитуваат европските стандарди, за полесно вклучување на македонското стопанство во нејзините текови, од една страна, а од друга за побезболно одвивање на приватизацијата и на развојните амбиции кај нас. Се разбира, на оваа материја, врз чија основа се изградуваа повеќе закони, ѝ претходеше една темелна студија во која се испитуваа сите можни даночни модели во пазарните економии на Европа.
142
ОДНОСОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА КОН ВЛАДАТА
1. Чувствував како се зацврстува стожерната позиција на Владетелот. Сè повеќе бев нурнат длабоко во состојба на психичка каталепсија. Тоа стана мошне видливо во низа домени. Претседателот на државата изврши страшна концентрација на домашните, а посебно на странските информации. Дозирано ја информираше Владата затворајќи го секое движење на идеи во својата таинствена мистика со која владееше над целото општество. Преку неговото сито се оценуваа и контролираа сите информации и мутации во општествената структура. 2. Претседателот Глигоров формално настојуваше да ги рел ативизира политичките конфликтности помеѓу партиите и нивните претставници во Парламентот, со шарм на „духовен татко на нацијата“, работејќи интензивно во полза на својата партија
143
сол з и , ст ра в и го рд о ст
СДСМ. Во суштина организирано се вршеше ерозија во редовите на другите партии, со посебно настојување да се блокира и разори најголемата национална партија ВМРО-ДПМНЕ. 3. Тој често јавно ќе речеше дека им припаѓа на сите, дека ги почитува сите луѓе, дека е за политика на мир и сожителство и сл. Неговите пулени во печатот силно го афирмираа принципот на неговата лажна доктрина - мир и сожителство во општеството. Себе се гледаше како татко на нацијата, како личност што оди низ животот сеејќи дарови и милост на сите страни и во сите социјални и етнички структури. Меѓутоа, мнозинството во татковината тоа го доживуваше како лажна глазура, како нешто наполно исклучено од стварноста, од таа болна и тешка сегашност. Тој беше и остана орудие на партијата на која ѝ припаѓа (СДСМ) и продолжи да ја проповеда својата доктрина пред структурите на таа партија, посебно пред младите од СДС, труејќи ги нивните срца како и пред ритуалните свечености на полувековната иста каста борци, притоа заборавајќи ги безимените реални борци што гниеја по титоистичките казамати и во логорите на смртта. Се прашував овој човек да не страда од опсесивно-ком пулзивна невроза и истражував да видам дали има некои од можните симптоми, како на пример ритуално однесување. И така дојдов до сознание дека тој хедонист, тој наконтен човек е постојан багаж на разни парадни свечености и ритуали, држејќи долги проповеди од месните заедници и селските задруги до Академијата на науките и уметностите. Единствената цел на улогата што тој ја игра во драмата на нашиот живот помалку или повеќе е да го измамува народот, да гази по неговите нерви, да создава лажна идила на мир и сожителство пред опасната агресија врз сопствениот народ
144
Н и кол а Кљус е в
и неговата голема неизвесност во иднината. Искрено се плашам дали таа негова комична и несмасна лакрдија што ја игра нема еден ден одненадеж да се претвори во грозна трагедија на нашиот народ. Жедта за политичка моќ, тоа екстремно самоволие што не се покорува пред никого, го турка право во бездна, во нечуен политички дебакл. Неговата политичка импотенција нужно води во зло. Дали треба и натаму да се молчи? 4. Неговиот кабинет стана ужасен двојник на Владата. Во него сè повеќе се манифестираа тоталитарната концентрација на политичка, полициска, воена и дипломатска моќ и манипу лациите што следуваа потоа. Чувствував дека треба да му обрнам внимание од кои мотиви го прави тоа. Лаконски одговараше: „Сакам да ти помог нам“ во работењето на Владата. Во практиката тоа беше одма гање со рафинираниот метод на контролирање на Владата и воспоставување на систем на автократско владеење. 5. Во прво време, негував чувство на пријателска верба во размената на мисли, во користењето на искуството, во меѓусебното почитување. Го сфаќав тоа како нешто нормално, што треба да помогне во зацврстувањето на основите на независната македонска држава. Како природен процес на соработка помеѓу претседателот на државата и претседателот на владата во една критична фаза на нејзиното формирање. За жал, тоа подоцна се повеќе се распаѓаше и самиот тој веќе беше лишен во моите очи од ореолот на своите мистични и есхатолошки оправдувања.
145
сол з и , ст ра в и го рд о ст
6. Глигоров согоруваше во желбата да врши контрола над Владата и над одделни нејзини министри за да ги потчини, да ја проектира својата вина на нив, да ги направи зависни од него и да го ограничи нивниот капацитет на одлучување. Тој се обидуваше неговиот дух да ги зароби и полесно да ги држи во своите канџи. Овој тип на човек со некрофилен карактер, како што би рекол Ерих Фром, сакаше да ги избегне непријатностите во владеењето и да ги префрли на другите претворајќи ги во послушни автомати, за да ги убие нивниот дух, нивната љубов и припадност, да ја убие нивната автономија, нивната оригиналност одземајќи им го она што ги прави луѓе. На тој негов некрофилски карактер многумина од нас му се противставија. Прв го направи тоа министерот за образование проф. д-р Димитар Димитров. Глигоров сакаше да го убеди да ја преземе одговорноста за водењето на школската евиденција и документација на албански јазик и да ги зголеми паралелките на тој јазик. Но Д. Димитров достоинствено му упати прекорен поглед и го напушти неговиот кабинет во присуство на пратениците на ПДП и на потпретседателот на Владата д-р Блаже Ристовски кој без мое знаење учествувал во тој монтиран чин. Тоа беше и повод Д. Димитров да поднесе оставка на функцијата министер за образование. Димитров, тој скромен човек, имаше волја, љубов и внимание за работа во Министерството и во Владата. Имаше знаење, нежност и топлина. А најмногу имаше дух на патриотизам и дух на живот, толку величествен и инспиративен, убав човечки, творечки дух. И затоа болно ја примив неговата оставка во Владата. Во тој миг почувствував одредена почит кон неговата решителност, а израз на болка минуваше низ моето лице.
146
Н и кол а Кљус е в
Исто така, во специфични случаи го осудија методот на Глигоров и министрите м-р Ѓорѓи Наумов и м-р Мартин Треневски во делокругот на дејностите на надлежните министерства со кои раководеа. 7. Но, за жал, имаше и такви што ја прифаќаа таа пресија на претседателот Глигоров. Еклатантен беше случајот со минис терот за надворешни работи проф. д-р Денко Малески. Тој речиси редовно се состануваше со претседателот Глигоров и ревносно ги извршуваше неговите наредби. Се почувствува отсуство на информираност на Владата од страна на министерот Д. Малески. Членовите на Владата, иритирани од таквиот став на министерот, побараа одговорност од Малески. Тоа се случи на две седници на Владата на кои Малески беше жестоко критикуван од повеќе членови на Владата. Не знам по кои канали Глигоров беше брзо информиран за критичките оцени кон Малески. Веднаш ќе ми се јавеше по телефон и мошне загрижен за него ќе речеше: „Што се случува со Малески? Зашто толку критики против него? Тој е мошне способен, паметен, го ценат надвор. Да не се дозволи да го загубиме“ итн. Во неговите интервенции за Малески немаше никакви забелешки. Само пофални зборови. Но кога дојдоа тешките мигови со Лисабонската декларација и уцените од страна на Грција и кога врз таа основа Парламентот на два наврати побара одговорност од министерот Денко Малески за неговата слаба дипломатска активност, претседателот Глигоров и двата пати стана да го брани министерот Малески, и покрај тоа што ги знаеше критичките забелешки за министерот од страна на Владата. Беше сосема јасно дека во критиките кон Денко Малески и во Владата и во Парламентот се препозна самиот Глигоров. Зашто Малески беше експонент, а Глигоров ментор.
147
сол з и , ст ра в и го рд о ст
8. Глигоров со своите проповеди вршеше духовна пресија врз многу членови на Владата. Таа пресија посебно ја доживеав во една средба на Глиг оров со еден мој млад соработник што го опишав во првата книга на Предизвици „Верба и измама“, на стр. 31 и 32 во есејот „Стариот проповедник“. Имено: „Еден ден влегов во собата на проповедникот. Седнав настрана на другата маса, со подзагрижени мисли во себе што ми натежнуваа на душата. Се загледав во неговите очи, тие како да ми велеа да си одам. Но, јас се покажав неучтив, не си отидов. Ме совлада една чудна љубопитност. Тој беше во занесен разговор со еден млад соработник. И слушам, проповедникот одеше далеку со својата мисија на убедување, уште подалеку, дури толку далеку што собеседникот не можеше веќе да ја следи неговата мисла. Агонично опседнат од магискиот збор на агонизираниот проповедник, сетив на крајот како, по некое чудо, младиот соработник остана измиен од дождовната бура на проповедта и стана мирна залутана овчичка која покајнички влегува во неговото трло. Тој млад човек остана до ден-денес да живее во агонијата на проповедта, ревносно извршувајќи ги сугестиите и намерите на проповедникот. Така Стариот проповедник ги „лекуваше“ душите и разбрануваните бунтовни мисли на своите поданици. Гледајќи го тој млад човек, ме обзеде непријатно чувство. Нешто згазено, понижено видов пред себе, од чии очи течеше нејасна болка. Тој натажен болен поглед ме врати во раните младешки дни, кога проколнати проповедници со измачено тело ме тераа да се колнам со исповед пред еден портрет со пркосен лик и блеснато самозадоволство. Така гледајќи, во еден момент таа блескава насмевка на тој пркосен лик во моите очи се замрачи и остана од него само еден безбоен,
148
Н и кол а Кљус е в
пепелав талог што цел век ме потсетува на гроза. Таа гроза обележи една цела епоха исполнета со страв, солзи и крв“. 9. Тој млад соработник, доцентот д-р Љубомир Фрчковски, беше штотуку избран за министер за внатрешни работи. Тој смогна сили на состанокот на Советот за безбедност на Република Македонија да ја поддржи мојата критичка дискусија и да се противстави на барањето на Глигоров за промена на Уставот во врска со Лисабонската декларација. Достоинствено и мошне одговорно укажа „што ќе рече светот за нас по 3-4 месеци од донесувањето на Уставот да се предлага во Парламентот негова измена, и тоа под влијание на надворешни сили“. Глигоров инсистираше предлогот за измена на Уставот во Парламентот да го образложи Фрчковски. Тоа негово инсистирање го преломи младиот министер и тој ја прифати сугестијата без да бидам информиран како претседател на Владата. 10. Таквите случувања не беа ретки во многу ресори, дури и на ниво на потсекретари. Типичен пример на покануван чест посетител кај Глигоров беше потсекретарот во Министерството за внатрешни работи г. Слободан Богоевски. Со таа фамозна личност беа поврзани многу нечесни игри што имаа разорно дејство врз многу личности и политички партии. Таквата практика создаваше клима на зголемен сомнеж и недоверба во соработката помеѓу претседателот на државата и премиерот. Сосема природно, тоа нужно услови продлабочување на нетрпеливоста и сè повеќе почна да расте
149
сол з и , ст ра в и го рд о ст
денунцирањето на Владата од некои поданици на Глигоров кој самиот ги стимулираше. Меѓу нив предводеше секретарот на Владата г. Никола Крлевски кој лично ми го предложи на таа функција самиот Глигоров, без да знам дека тој бил негов верен поданик. Подоцнежните настани тоа евидентно го потврдија.
150
ВЛАДЕЕЊЕТО НА СОЈУЗОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ИЛИ, ПОТОЧНО, СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ
1. За кратко време се созедоа силите на наследниците, силите на херитиџот на едноумната партија. Челниците се прегр наа во т.н. „Сојуз за Македонија“. Се исправи пред нив „големиот гарант“ и „најголемата инвестиција“, „месијата“ на нацијата г. К. Глигоров. Другите политички партии и слободномислечките поединци ужасно се маргинализираа, им се закачи фамозната синтагма „непогодни, непослушни“. 2. Така, под оклопот на големата патоводна идеја - независноста на татковината, се инфилтрираа токму оние што гледаа со сомнеж во неа во судбоносните дни во 1991 година. Другите, што беа нејзина моторна сила, што го градеа тој оклоп, што му дадоа и смисла и содржина, тие од сенка по-
151
сол з и , ст ра в и го рд о ст
сматраат, вчудовидени, стаписани пред срамното прскање на оклопот: со промената на името, на знамето, на грижата за својата челад во соседството, со низата понижувања и малтретирања. Тоа опскурно, понижувачко миткање со возвишените национални идеал и ми го свртуваше, за жал, погледот да ја видам фаталната стрмнина кон која се турка она што беше зенитно во нашите очи. 3. Често се прашувам дали живееме во цивилизирано општество. Дали имаме минимум гарантирана цивилизација со полнота на демократија и слобода или наследениот тоталита ризам уште ни го блокира мозокот. Делириумот на власта на едноумните наследници, што трае од четврти септември 1992 година до денес, за да опстане, го држи во грч и стрес нашето внимание. Дека божем некои внатрешни сили нè туркаат во војна па, ете, камбаните на власта огласуваат опасност од надворешна катаклизма. Затоа на широка уста се зборува сè повеќе да се верува во месијата на државата и во неговата власт ако сакаме спокој и мир. Зашто, ако дојдат други политички сили, ќе нè вовлечат во војна и пропаст, ќе не дадат во преграб на други. 4. Со стравот од измислениот внатрешен радикален нацио нализам, заедно со некои божемни надворешни чудовишта, кој како апокалипса на разни сеништа надвиснал над нас, како што Претседателот на државата неодамна ни соопшти во Парламентот и во многу свои интервјуа, мислејќи, пред сè, на национализмот во партијата ВМРО-ДПМНЕ и евентуално ПДПА, за жал, на низок и недостоен начин си го кодоши соп-
152
Н и кол а Кљус е в
ствениот народ, и тоа со единствена цел да ги оправда домашните монструми послободно да беснеат во пљачкосувањето на народното богатство и осиромашувањето на нашиот народ. 5. Оваа појава на озборување и клеветење на партијата ВМРО-ДПМНЕ како улична партија, односно партија на националисти, терористи и убијци, пред надворешните фактори, сè до претставниците на Европскиот парламент, како што мошне илустративно не запозна г-ѓа Дорис Пак, претседател на Комисијата за Југоисточна Европа, при посетата на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур, во ноември 1997 година, од страна на нашите државни челници и владејачката партија во Македонија, укажува на еден неморален чин, недостоен и непознат во плуралистичката практика во современиот свет. 6. Додека се искажуваат такви оцени за опозиционите партии надвор, а со славопојки се велича јаловата дипломатија која ја стави нашата земја меѓу последните во европскиот ред, внатре во земјата расте социјалниот гнев на пауперизираното население во застрашувачкиот економски колапс на стопанството. Политичките партии на левиот блок не ги штитат работ ничките интереси. Ги фрлаат работниците во прегратките на експлоатацијата од новите „сопственици“ на капиталот. Тоа е сосема спротивно на историското искуство на левите партии во западните земји. Кај нас тие партии станаа протагонисти на новата класа капиталисти. Станаа експоненти на приватизацијата и грабежот на општествениот капитал, за да биде пожестоко експлоатирана работничката класа.
153
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Напротив, по дефиниција партиите на левиот блок треба да бидат предводници на работничката класа, а не на капиталот. Настанаа ужасни социјални бркотници. Понижените и експлоатираните, тој слој на беда влегува во трагичната игра на социјалната историја. Таа класа, сè уште недоволно еманципирана кај нас, длабоко остана во пазувите на традиционалното општество. Недоволно организирано се бори за своите права. Со неа сè уште манипулира некаков стар сојуз на синдикати кој е продолжена рака на политичката номенклатура на власт од левиот блок. Со сите методи, дури и со присила се задушува дејноста на новоформираните независни синдикати. Така денес работничката класа сè повеќе станува грижа на партиите на националниот патриотизам. Таа грижа се манифестира во подигањето на нивната национална и социјално-класна свест и еманципација и во борбата за заштита на националните интереси. За жал, денес стануваме сведоци на тоа како работничката класа сè повеќе станува објект на експлоатација од носителите на капиталот што толку брзо, речиси преку ноќ, го ограбија наследниците на едноумниот систем, односно т.н. нова социјална демократија што ја сочинуваат партиите на левиот блок. Каков ужасен парадокс! Каква иронија на историјата кога се измешале улогите на носителите на општествените промени кај нас. 7. Значи, се раѓаат еден истовремено нов и стар свет и две противставени класи во социјалната стратификација што е во тек, со измешани политички носители кои зашеметено влегу ваат во конфузна игра. Игра во која се преплетуваат поривните желби за политички и економски промени и за градење на нов плуралистички, демократско пазарен систем во т.н. патриотски (десен) блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, и масов-
154
Н и кол а Кљус е в
на појава на национален грабеж и класна експпоатација, во чија закрила се создава новата класа на сопственици, со зовриени апетити за власт, во т.н. лев блок предводен од СДСМ. 8. Во овој период кај нас сè повеќе нараснуваат проблемите на неразвиеноста и гладот со перманентно повеќегодишно опаѓање на стапката на растот од една страна, и дисхармонија та помеѓу демографскиот растеж и намалувањето на производ ството, пред сè индустриското од друга страна. 9. Исто така, расте дисхармонијата помеѓу огграничената куповна сила на населението и нараснатите потреби и можностите да се задоволат тие. Повеќе од една деценија опаѓа вработеноста, а постојано расте одливот на школуваната интелигенција која масовно емигрира, пред сè, во прекуокеанските земји. Неконтролираното девалвирано масовно образование, во кое се учеше сè и сешто, само не стручно оспособување на работното место и создавање склоност кон работата, доведе до деградација, така што работникот не сака и натаму да биде работник, селанецот го напушта селото и не сака веќе да биде сепанец, а секој граѓанин сака неговите деца да станат државни службеници. Наместо образовниот систем да ги подготвува луѓето за практичниот живот, тој ги подготвува за јавни службеници во државните и јавните служби, каде секој може „успешно“ да работи без никаква самостојност, стремеж и лична иницијатива.
155
сол з и , ст ра в и го рд о ст
10. На дното од општествената скала системот продуцира војска од идни пролетери (невработена, а школувана млада генерација) незадоволни од својата позиција, кои постојано се подготвени за протести и бунтови. Официјалната невработеност се движи кон 270 илјади и плус околу 70 илјади стечајни работници, со загубена надеж за враќање на работа. 11. Значи, имаме држава која во својот образовен систем фабрикува толку многу дипломирани луѓе со кои потоа не знае што да прави, па лесно им ги поттурнува пасошите в раце. Во такви околности неодговорната држава, по сè изгледа, е принудена еден дел од оние што остануваат да ги издржува, а од другите да создава свои непријатели. 12. Од врвот до дното на социјалната пирамида денес постои огромна маса дипломирани луѓе со докторати, магистратури или со дипломи на високо, вишо и средно образование, кои чекаат една, пет или десет години за да ја започнат својата кариера. Од друга страна, за повеќе услужни или производни дејности не може да се најде работник, а за државните и јавните агенции се пријавуваат безброј кандидати. Градовите натежнале со земјоделски техничари, заботехничари, хемичари, економисти, учители, а многу од нив не се заинтересирани за работа во село. Упорно чекаат да ги храни државата или да станат лесен плен на криминогени појави или наркодилери.
156
Н и кол а Кљус е в
13. Во загубената надеж за вработување постојано расте бројот на незадоволните. Во такви услови, стекнатото знаење сега се појавува како сигурно средство за преобразба на образованиот млад човек во потенцијален бунтовник. Живееме во период на разочарувања, на преголеми трауми од изневерените надежи и страшен гнев од сето она што ни се случува во социјалната сфера. Потребни се радикални реформи за да се стиши бурата во овој домен. 14. Се убедуваат вработените со насмевнато задоволство да ја прифатат егзистенцијата од просечно 300 германски марки зашто, велат, преку нашиот праг, во соседството тоа е недостижна идила, заплашувајќи ги дека таму животниот идеал бил 100-150 германски марки. Но, затоа не се спомнува нашето коленичење пред влезот на Европскиот дом, каде нашата идила од 300 марки е десеткратна или дваесеткратна загубена слика под блескотот на нивните фарови. Па како ќе го наречеме сето тоа: лага, чудовиште, хистерија или реалност? 15. Се прашувам зошто пред својот народ ги изнесуваме тем ните страни кај соседите. Дали за да не опие нашиот „сјај“? Или магиски да нè привлечат другите, побогатите, па лавината на нашиот школуван мозок безболно и неодговорно да ја понесат лудите бранови на миграцијата во прекуокеанските земји? Треба ли да се прашаме кој ја форсира таа политика на иселување на нашата млада генерација? Кој го празни нашиот простор од македонскиот народ? Дали таа привлечна
157
сол з и , ст ра в и го рд о ст
туѓина нема да стане темнина во обезличените тела на нашата загубена челад, а Македонија да ѝ се препушти на другородна имиграција? 16. Едно чувство ме измачува и ме обзема видлив предизвик. Имено, за овие проблеми владејачката структура упорно молчи, го загубила здивот, а старите сили на историјата сурово владеат над нас. Тие си поигруваат со лаконските прикаски исполнети со носталгичното лелекање при зачестените посети среде тој наш за века загубен свет. Тука е втиснат благословот и на нашите духовни отци во обредните ритуали од крштенки до погреби, за да им го олеснат житејскиот товар на овој и на оној свет. Дали со тоа ги спасуваме нивните души или откорнатата челад дефинитивно ја одродуваме? Зар ќе дозволиме земјата во која живееме, земја натопена со крв, солзи и љубов, да стане гранична област меѓу небото и пеколот за оние што ќе останат да живеат во неа? 17. На врвот на општествената пирамида е нашата нова само бендисана буржоазија. Таа е во се скептична и лековерна, наконтена со потрошувачки манири на луксузни производи. Нејзината расипничка, потрошувачка психологија одговара на менталитет на луѓе кои лесно дошле до капитал без труд и знаење. Брзо сраснува со државниот апарат, заеднички со него генерира организиран криминал на штета на државниот интерес и националното богатство на земјата и со ненамирени даночни и царински давачки безболно се збогатува и, нормално, слепо верува во способноста на државата.
158
Н и кол а Кљус е в
18. Владејачката номенклатура што ја носи хипотеката на стариот еднопартиски систем, без креација и инвентивност, не е способна да ги моделира и реализира цивилизациските вредности на плуралистичката демократија во нашите услови. Таа тоне во корупција и криминал, без визија за иднината.
159
ДЕСЕТ ОД сто ПРОВИЗИЈА (случајот со г-ца Љубица Ачевска)
1. Кон крајот на 1991 година во мојот кабинет се пријави за посета една личност по име Љубица Ачевска, по препорака на претседателот Киро Глигоров. Немав доволно информации за личноста што требаше да ја примам. Телефонски бев известен од Претседателот дека станува збор за личност која има своја фирма во САД, „Голф ентерпрајзис“, по потекло од Македонија, која работи на консултантски услуги, а се работи за нејзино застапување на нашите побарувања од Ирак. Беше мошне помпезно претставена како успешна жена која треба да ѝ помогне на Македонија. Во кабинетот кај мене беше присутен и потпретседателот на Владата д-р Блаже Ристовски кој ми даде пошироки информации за таа личност што ги добил при својот престој во САД во 1991 година. Д-р Б. Ристовски се запознал со неа по препорака на тогашниот помошник-министер за надворешни работи на Југославија д-р Срѓан Керим. Во разговорот
160
Н и кол а Кљус е в
со нас г-ца Љубица Ачевска лесно подаруваше широко отворени насмевки, низ нејзините тесни усни наѕираше белината на нејзините заби, а ситните очи со вжарени зеници шепотливо ја носеа топлината на нејзиниот жеден поглед. Беше без луциден исказ, мошне елементарна, со сиромашен, архаичен македонски јазик. 2. Набргу поведовме разговор за нејзините услуги околу нашите ненаплатени побарувања во Ирак кои достигаа сума од близу 300 милиони долари. Станува збор за ангажирањето на неколку наши градежни претпријатија во Ирак на изведување проекти од военоиндустрискиот комплекс преку Агенцијата на Сојузниот секретаријат за народна одбрана во Белград во текот на осумдесеттите години. Со тие големи ангажмани на нашата градежна оператива бев запознаен на неколку наврати од страна на директорот на градежното претпријатие „Пелагонија“ од Скопје. За таа цел во Владата одржав посебна средба со сите организации од градежната оператива кои учествувале во изведувањето на проектите во Ирак и кои имаат побарувања од таа земја. Сите тие бараа да ги запознаам претседателот на Сојузната влада г. Анте Марковиќ и Сојузниот секретар за народна одбрана генерал Кадиевиќ за да помогнат побргу да се платат нашите побарувања. На два наврата го сторив тоа со Анте Марковиќ и го поканив да дојде во Скопје, и набргу се оствари неговата посета при која детално го запознав со нашите побарувања. Истиот разговор го водев и со генерал Кадиевиќ при неговата посета на Скопје во текот на една нервозна дискусија со него на закажаниот ручек од страна на претседателот Глигоров во вилата на Водно. Додека Анте Марковиќ покажуваше интерес за нашите проблеми, кај генерал Кадиевиќ отсуствуваше чувство на
161
сол з и , ст ра в и го рд о ст
одговорност и тој го пренебрегнуваше прашањето за нашите побарувања преку Агенцијата за работи во странство што му беше подредена на неговото министерство. Неговиот мозок атрофираше во агресивните амбиции против Словенија и Хрватска, а беше сосема незаинтересиран за нашите побарувања. 3. Со забрзувањето на процесот на распаѓањето на Југославија, за нејзиниот политички врв станаа ирелевантни заложбите на македонската влада да ги реализира своите побарувања од трети земји чиј потписник и гарант е институција од сојузната администрација. Во такви услови почнаа сè повеќе да ги нудат своите услуги разни странски агенции. И ете веќе стигна една од нив во ликот на нашата загрижена „добротворка“ г-ца Љубица Ачевска да лобира во пол за на нашите наплатувања од Ирак. Во таа смисла некој побрзал да го информира министерот за стопанство г. Стојан Трајановски да подготви договор за соработка со г-ца Љубица Ачевска. При втората посета на Македонија од страна на г-ца Љ. Ачевска министерот С. Трајановски ме посети и ме запозна со содржината на Нацрт-договорот. Во еден од неговите членови стои дека за наплатувањето на нашите побарувања од Ирак во износ ОД 300 милиони долари треба да се плати 10% провизија за услугите на консултантската фирма „Голф ентепрајзис“ претставена од г-ца Љ. Ачевска. По читањето на Договорот веднаш реагирав кај минис терот, како е можно да се наплатува толку висока провизија за услуга за голема сума пари. Тоа реагирање го искажав и кој претседателот Киро Глигоров. Тој лаконски ми одговори нека понуди министерот некој понизок процент, „да речеме 8%“.
162
Н и кол а Кљус е в
4. По извесно време министерот академик Ѓорѓи Ефремов замина во посета на САД. Случајно во Њујорк ја посетил канцеларијата на г-ца Љ. Ачевска. При враќањето ме информира за таа личност и за нејзината фирма како нешто епизодно, кое не заслужува внимание, нешто безначајно, па дури сомнително, а тука помпезно, изитрено величана како фирма на глас. Во себе си реков, од каде г. Киро Глигоров добива информации за таа личност?! Дали само од Блаже Ристовски кој нè запозна или можеби имал информации и од други извори? Подоцнежната практика покажа дека г. Глигоров имал посестрани информации за г-ца Љ. Ачевска, и тоа речиси во сите домени на нејзината дејност. Тој како нејзин добар пријател и обожавател не само што сакал да ја поддржи во бизнисот туку ја промовира и ја задржа како „успешен“ амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, а нејзините услуги во бизнисот остана мртва буква на хартија. 5. Овие појави внесоа сомнеж во мене. Но, притиснат од катадневните работи во Владата, не се прашав од каде една епизодна личност интимно да комуницира со Претседателот на државата. Од тие причини не му обрнав доволно внимание на нивното режирање. Подоцнежните настани со нејзиното устоличување за амбасадор на Република Македонија во САД од страна на претседателот Глигоров веќе исфрлија на виделина многу индикации кои заслужуваат потемелно испитување.
163
СЛУЧАЈОТ ЏОН БИТОВ, ОРГАНИЗАТОР НА ЛОБИ-ГРУПАТА
1. Во летото 1991 година во Македонија престојуваше нату рализираниот Канаѓанец од македонско потекло господин Џон Битов. Беше гостин на претседателот Киро Глигоров и беше сместен во вилата „Билјана“ во Охрид. Во еден саботен викенд се најдовме во резиденцијата „Билјана“ каде Глигоров ни даде информации за џ. Битов како мошне успешен бизнисмен со прагматичен дух и со љубов кон Македонија. Додека го чекавме гостинот во салонот заедно со потпретседателот на Владата д-р Блаже Ристовски, во разговорот со Глигоров констатирав дека тие добро се информирани и го познаваат тој за мене непознат човек. 2. Се запознав мошне срдечно со г. Џон Битов. Глигоров љубезно ме претстави. Пред мене се исправи човек со питом,
164
Н и кол а Кљус е в
топол поглед во чии крупни црни очи можев да препознаам движење на нешто што посакува, што бара, што интригира. На високото чело висеше прамен сивобела коса кој како да го украсуваше шармот на неговата блага насмевка што му се протегаше низ облините на лицето со боја на слонова коска. Во одделни сеанси, прво со мене, а потоа со Блаже Рис товски, издвоено поведовме разговор за низа прашања од политичка, економска и национална природа. Тој во бранови зборуваше мошне темпераментно на локалниот дијалект од подрачјата на Беломорска Македонија од каде што потекнуваат и неговите родители. 3. На заедничката вечера што ја приреди претседателот Глигоров во чест на г. Џон Битов се подигна иницијатива за организирање на нашата дијаспора за поддршка и лобирање пред тамошните фактори за интересите на македонскиот народ за самостојна држава. Целата доверба во организирањето на лобигрупа Глигоров ја упатуваше кон Џон Битов како способен и успешен бизнисмен, како човек со углед и авторитет пред северноамериканските власти. За организирање на лоби-група г. Џон Битов побара во финансирањето, покрај помошта од нашето население во странство, да биде вклучена и македонската влада, па макар, како што рече, симболично, со сто илјади долари. Мене ми се замати умот. Од каде ќе ги најдеме тие пари? Ние се боревме со големи материјални тешкотии. Очекувавме помош токму од нашите сонародници во дијаспората, тие да ги преземат организацијата и финансирањето на лобистичката група. Глигоров настојуваше да учествуваме во финансирањето и ние како влада за да се види нашата загриженост за орга низирањето на лоби-групата. Во Скопје, по одредени дискусии што ги водеше потпретседателот на Владата Блаже
165
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Ристовски со претседателот Глигоров и г. Џон Битов, Владата уплати 50.000 долари за лоби-групага на Џон Битов, а потоа во втората рата уште 50.000 долари. 4. По извесно време, околу десетти ноември 1991 година, заминав за Австралија. При првиот допир со нашето македонско население, кое ме заплисна со блескот од љубов и топлина, веќе во Канбера ми се придружи г. Џон Битов. Бев изненаден, никој не ме информира во Скопје дека тој ќе стигне во Австралија. Подоцна разбрав дека така се договориле со Глигоров. При средбите со нашите Македонци џ. Битов настапуваше, а и мене ме замоли да укажувам на потребата од помош за финансирањето на неговата лоби-група. Не знам колку средства успеа да собере тој од нашите Македонци во САД, Канада, Австралија и Европа. Се зборуваше за сума од 800.000 до еден милион долари. 5. При една посета на г. Џон Битов на Македонија во придружба на еден Американец, член на лоби-групата, престојувавме во манастирот Св. Јоаким Осоговски. Во текот на вечерата, по разменувањето на здравици со архиепископот на Македонската православна црква г. г. Михаил чув дека на тој господин му била исплатена сума од околу 400.000 долари за неговата активност во лоби-групата, со забелешка дека тие дејности високо се наплатувале. 6. Остана нејасно како работеше и што стори таа лоби-група за Македонија. Колку средства собра и што се финансираше?
166
Н и кол а Кљус е в
Дали поднесе извештај г. Џон Битов и кому му го поднесе? Се зборува дека биле ангажирани лобисти за лобирање за прием на Република Македонија во Обединетите нации, за жал, под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Дали и за тој срамен чин им плаќавме високи суми на Битовите лобисти? Дали од тие средства се финансираше и дејноста на пара лелниот Светски македонски конгрес под раководство на г. Џон Битов, за разлика од првиот што го раководеше г. Тодор Петров? Познато е дека Конгресот на г. Џон Битов е формиран под влијание на претседателот Киро Глигоров со цел да се распадне оној на Тодор Петров. Меѓутоа, практиката тоа не го потврди, туку, обратно, новоформираниот конгрес подоцна се фузионира со првиот. Дали подоцна (1994), во времето на претседателските избори, Битов ја наплатуваше својата пропаганда и поддршка на кандидатурата на г. Киро Глигоров со веќе за нас познатото свое писмено обраќање до македонските информативни медиуми и сл. Сите овие прашања побудуваат интересирање кај нашиот човек, од причина за да се видат можните манипулации околу собирањето на средствата за финансирање на дејноста на лобигрупата и начинот на нивното решавање. Или пак, за жал, сето тоа било режија на Глигоров со Џон Битов за лична афирмација на „месијанската улога“ на „таткото на нацијата“. 7. Читајќи го тоа писмено обраќање на Џон Битов до македонската јавност со замолница нашиот електорат да гласа за г. Киро Глигоров на претседателските избори, бев навистина вчудовиден. Речиси бев шокиран.
167
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Само две недели порано, кон средината на октомври 1994 година, се сретнав во Торонто на заедничка вечера со г. Џон Битов. Во мошне долгиот срдечен разговор никако не почувствував дека тој ќе го стори тоа. Напротив, критички укажа на некои значајни пропусти во работата на нашиот политички врв. Сетив разочарување во неговите искажани оцени за работата на Владата и на Претседателот на државата. Разочарувањето се протегаше и на дејноста на г. Васил Тупурковски. Се осврна и на посетата на генерал Митре Арсовски на Канада. Нашиот разговор за сите тие проблеми доби карактер на дискретна интимна размена на мисли, што од етичка природа денес не можам јавно да го кажам.
168
НА ОДМОР ВО СОЊЕ
1. Во првите денови на септември 1992 година ја напуштив Владата. Во тие септемвриски денови владееја пеколни горештини. Заминав на одмор во Соње, во тој чудесен амбиент амфитеатрално свртен кон Китка и Солунска Глава. Амбиент исполнет со пејзажи од фолклор на бои. 2. Гледам движење во воздухот, во животот што ме опкружува. Се менуваат формите на материјата, се нижат безброј појави и случки во колоритниот свет на природата и на луѓето. Многу мои соседи ме довикуваат исполнети со желба за разговор и видување. Некои ме гледаат со радост, со пријателска топлина, други со сомнителна проѕирност. 3. Се чувствувам среќно чист. Нешто внимателно ме допира, сиот амбиент ме милува. Во дворовите натежнале лозите
169
сол з и , ст ра в и го рд о ст
и дрвјата со плодови. Некои овошки се веќе оголени, со празни стебла, од нив штотуку се собрани плодовите. Сè е минливо и релативно во светот што нè плиска со блескот и нè држи во тегобен грч. Пред неумоливиот закон на менливоста сите стануваме одвишни за вечноста. Па каде се границите на човечката алчност? Каква е таа потрага во бесконечноста за профит, власт и слава? Тие мисли натежнале во мојата глава и се трудам да излезам од кругот на ништожноста, од кошмарот во кој бев ставен од оние што останаа таму за прокуда и потсмев. 4. очи.
Гледам, веќе нема ништо што би ги поматувало моите
Тие беа полни со нов свет на убавина и почнав да се одушевувам од своето ослободување. Чувствувам како нешто почна да се движи пред мене, нешто лесно и неопределено, тоа беше струењето на ветрот што ги нишаше брезите. Таа неопределеност значеше промена на сето она што беше неподвижно постоење во моето опкружување. Го означуваше неумоливиот закон на менливоста. 5. Јас го сфаќам светот во неговата неумолива дијалектичка менливост. Тоа ми даде спокој мирно да заминам од власта и со сиот полет да продолжам да творам во својата духовна преокупација. Но другите, алчни за слава и власт, го губеа својот човечки лик заборавајќи ги елементарните етички и морални скрупули. Тие останаа да владеат со лице на посраменост и гроза. Со погазени сопствен и ветувања. Со изманипулирани избори и режирани резултати.
170
Н и кол а Кљус е в
За нив ја испеав песната „Гроза в огледало”: Се вкочанил,зјапнал во погледот свој, ко исплашен ѕвер се видел тој. Исчанчен во умот полетал врз себе, се судрил самиот и вмиг го скршил огледалото и со него својот грозен лик. Ечи болен вик од искршен карактер во разглобен крвав лик, а од секој дел на распарченото огледало зјапа црна гроза, а моиве очи се полнат со гнаса и омраза. (Во „Ода на зборот“ 1995, стр. 76) 6.
Во мене остана топлото чувство што ме исполнува со безгранична љубов кон Татковината. И токму тоа чувство, таа припадност кон некоја личност, движење, идеологија, а пред сè кон татковината, природно и ненаметливо да се сака, тој чудесен магнетски афинитет, љубовта, што нè тера халуцинантно да медитираме, има склоност да создава сама од себе легенда и постојано митски да ги искажува своите почетоци, да ги повторува во нашата свест до степен на агонија. Таа припадност кон татковината е природна убавина, како што е исконската љубов таинствен божји дар, еден неодгатлив копнеж што го носиме во себе и во еден блажен миг, во трепет, им го подаруваме на себесвојни афинитетни суштества. И затоа еднаш громко извикав за века да се запамети, мојата партија е мојата Назависна Татковина.
171
За делото 1990-1991 година Години на големи промени во државите околу Македонија и подалеку. Тој бран на опасни пресврти се одрази и во Македонија. Се наметна неопходна потреба да се отворат старите порти за да продре бранот на ветрот на новото време, да се отвори патот на слободен простор и да заживее креативно-духовиот ум и дело, да обединува и да организира нов животен тек. Во такви околности Никола Кљусев иако политички неподготвен, без колебање го прифати предизвикот и се зафати со тешкиот товар што требаше да се носи и издржи пред многуте пречки и ризици. Уште од рана младост носен со жар и љубов татковинска смело влезе во тој бран. Изоде многу трење и коприви, многу бессони ноќи, но посебно сме горди (како семејство), зашто со својот ум и меморија остави пишани и печатени дела во кои ретко детално, со аргументи, со имиња и презимиња на учесниците ги опиша значајните настани од периодот кога требаше да се отворат „портите“ за новиот ветер. Едно од тие дела е и „Солзи, страв и гордост“, во кое се опишани патиштата низ кои се минуваше во исклучително опасни околности. Во почетокот на премиерската должост јасно ја соопшти својата визија: „Ние го ставивме целосно на располагање, истовремено и на големо искушение нашиот научно-стручен потенцијал и авторитет, нашето кумулирано знаење и искуство, нашата љубов и припадност на младата македонска суверена држава и ќе одиме кон наоѓање на такви решенија што ќе бидат во полза на општото добро на секој нејзин граѓанин, за да може утре во мир, среќно и побогато да се живее.“
173
сол з и , ст ра в и го рд о ст
Со така јасно зацртани ставови одеше кон целта и простум остана до крај. Во 16-те глави од книгата, со различни наслови се опфати настани од активностите на Владата и од животот во земјата во тоа безумно време. Во главата: „Одземање на воената евиденција и бојкот на Југословенската армија“, емотивно се опишани паднатите македонски синови во туѓите предели на поранешната југословенска заедница, во таа валкана војна како што ја именуваше авторот. Во таа војна насилно беа уфрлени и во таква безумна хистерија македонските војници ја пролеаја својата невина, млада крв. На тие тажни разделби присуствуваше и низ длабока болка и солзи ги повикуваше македонските војници да ја напуштаат Југословенската армија и да се враќаат во татковината. Кога се одвиваше воената стихија низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Југословенската армија бараше предвремена мобилизација за македонските синови. Владата се најде во тешки искушенија, но веднаш одлучи да се одземе воената евиденција. Тој мошне сложен и ризичен процес детално е опишан. Истакната е и умешноста, експедитивноста, дискрецијата и брзото извршување на задачата, благодарение на целата ангажирана екипа, предводена од министерот Мијалков. Тука посебно треба да се истакне и авторовата смелост кога требаше да се спасат македонските војници од логорот во околината на Крива Паланка, опколени од генералите на ЈНА. За тој ден авторот вели: „Почнав да се борам со стравот и во тој метежен час чувствував како некоја сила ме воведува и громко извикав: Синови војници, ни педа подалеку од светата македонска земја, Владата и македонскиот народ се гордеат со вас, со вашето достоинство и љубов што останавте во својата татковина независна Република Македонија. Следуваа скандирања: Да живее Република Македонија.“ Потоа се опишани понатамошните методи на
174
Н и кол а Кљус е в
решавањето на тој проблем – односно спасувањето на македонските војници од другите предели. Во делот за ентузијазмот на Владата, авторот укажува на чистиот и безграничен партиотизам и една мечтателна тврдокорност за создавање на посреќна иднина. Изгрејсонцето во работата членовите на Владата го црпеа од големата верба во народната поддршка. На разните надворешни фактори и медиуми и напади од парламентарната говорница, жестоко се спротивставуваше. Од друга страна високо ја ценеше колегијалната строгост и соработка на главнината во владиниот состав. Имено, тоа му влеваше поттик за уште поголем елан во извршувањето на работата. Во програмската визија на Владата, опишан е широкиот процес на транзиција во сите источно-европски земји, исто така и во Република Македонија. Но, во Република Македонија тој процес имаше изразито разурнувачко дејство, вели авторот. За да се совладаат тие негативни сили беше неопходна мудрата владина визија, за што тој вели: „Првата демократска плуралистичка Влада беше нејзин темелник и буден светилник чии акции и дела не дозволија варварски однос кон својот народ, овозможувајќи слободно да се напојува со демократските вредности на современиот свет.“ Посебно место е дадено на духовната култура, културната средина и културното богатство како фактори за изградување еманципирана културна личност во комуникацијата на работното место. На тие постулати верно и чесно им посветија внимание, не за лични привилегии, слави и ордени, а за општо добро на нашиот народ. Начелата за сите членови на Владата беа: максимална преданост и чесност во работата. Во многу тешки економски услови беше донесена сопствената монетарна валута. Новите методи за решавање на економските прашања беа мотив за Антиинфлационата програма (Велидгенска) за 1992 година. Во создавањето на Антиинфлационата програма дојде до израз познавањето на
175
сол з и , ст ра в и го рд о ст
сите економски фактори и околности. Решавање на една област, раѓање нов проблем. Во делото исто така се опишани перфидните игри на различните идеолошки определни личности. За авторовата психологија незамисливо беше да се стават личните интереси пред татковинските. Во такви услови строго се конфронтираше и реагираше. Делуваше и со ум и со срце. Поседуваше способност да ги открие задните намери на личностите со кои соработуваше, особено кога стануваше збор за материјалното искористување на државниот интерес. Така реагираше кога созна за 10-те одсто провизија на Љ. Ачевска од САД и за Џ. Битов од Торонто. На 4-ти септември 1992 по престанувањето на вршењето на должоста Премиер (познато е како дојде до тоа), не престана будно да следи сѐ што се случуваше. Болно го доживуваше грабежот на националното богатство и масовното отпуштање на работниците. За пустошењето на државните добра и создавањето на нови богаташи – капиталисти на товар на осиромашениот народ безмилосно реагираше и во медиумите и во 14-тата глава од делото (Владеење на СДС). Неморалното клеветење пред надворешниот фактор па сѐ до претставниците на Европскиот Парламент (Дорис Пак), кое се однесуваше на партијата на ВМРО ДПМНЕ, не можеше да го поднесе, а да не реагира. Во однос на лежерното донесување одлуки за промена на името БЈРМ, промена на знамето и негрижа за својата челад во соседството – тој чин го опиша како срамен: „Делириумот на власта на едноумните наследници од 4 септември 1992 го држи во грч и стрес нашето внимание. Зголемувањето на бројот на невработените и стечајците секојдневно се зголемуваше и создаваше разочарување, изневерена надеж и гнев „Потребни се радикални реформи за да се опише бурата во овој домен“ – вели авторот. Следејќи сѐ што се случуваше кај него растеше немирот и реагираше и како човек и како
176
Н и кол а Кљус е в
научник, особено заради парадоксот од визијата изложена во почетокот на плуралистичката демократска влада и нараснатиот народен гнев. „Со сето свое творечко битие ширум ги отвори затворените врати на демократијата. Тој и како научник и како поет и есеист, пред сѐ, како слободен дух на креацијата, бара неговата мисла да биде птица во просторот“ – Радован Павловски. А сега мал додаток за него лично од наш семеен агол: Имаше војничка самодисциплина во работата. Секој ден работно му почнуваше во 8 часот, а завршуваше на стемнување. Доаѓаше дома со купишта материјали. Ние го штедевме, не го заморувавме со нашето секојдневие. По краток одмор си ги собираше материјалите и се повлекуваше во спалната соба. Се палеше ноќната светилка и во полулежечка состојба читаше, бележеше – исклучително педантно сѐ до раните утрински часови. Преку ноќта на неколкупати ќе го „прекорев“ да ја изгасни светилката и да се одмори, а тој само со крената рака ќе ми дадеше до знаење дека уште малку па ќе заврши. Така се одвиваше работата секоја ноќ. Една квечерина дојде министерот Мијалков. Тивко разменија неколку реченици и веднаш се подготви и излезе. На излегување рече: „Не чекајте ме вечерва.“ Со нас живееше мојата стара 90 годишна мајка чиј лежај беше во трпезаријата до двата прозора кон дворот на метар до метар и половина оддалечен од стражарите. Таа будно следеше сѐ што се случуваше во нашиот дом и молкум само вртеше со главата. Кога излегоа од домот ги виде како заминуваат следени од добро вооружени полицајци. Тоа создаде немир и во старечкото срце на мајка ми. Цела ноќ преседе на лежајот. На неколку наврати да ја видам како е, таа одговараше со вртење на главата, со грч во погледот, со скрстени раце упатена кон Бога. Наутро синот се подготвуваше за работа и без збор заради напнатата домашна атмосфера излегуваше. Ќерката преку
177
сол з и , ст ра в и го рд о ст
денот навраќаше да праша дали си дошол татко ѝ ноќта. Јас знаев само дека ништо не знам, ни каде е, ни кога ќе се врати. За него извршувањето на таа должност беше света работа, многу доверлива и сосема дискрециона. Во домот продолжуваше да владее молк и неизвесно чекање. Така минуваа тие бессони ноќи и денови исполнети со страв и исчекување, но и интуитивна верба дека ќе успее неговиот ангажман. Така и беше. Неговиот оптимизам не му даде залет на сомнежот ни во најтешките моменти од животот. Секогаш беше готов и за смеа и за радост и за песна. Кога ќе ја чуевме аријата од Травијата со неговиот лирски тенор, знаевме дека работата успешно ја завршил, а таквото расположение беше често и соседите знаеја дека сѐ е во ред од звуците на неговото пеење. Непишан и неискажан аманет остави поколението да продолжи да работи за татковинскиот долг. Токму ова издание подготвено од ќерката е уште еден камен во мозаикот на независната македонска суверена држава. Надежда Кљусева
178
179
Академик Никола Кљусев Никола Кљусев (1927-2008), роден во Штип, каде што завршил основно и средно образование. Во неполнолетните години (1942-45) бил учесник во Антифашистичкиот отпор - во партизанските единици на Македонија. Во 1947 год. заминал на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето на Голи Оток, две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград на 10 јули 1953 година. Во 1953 година се вработил во Институтот за научно истражување во индустријата на Македонија, Скопје, работејќи на инвестиционо-развојната проблематика, која станала негова животна научна преокупација, на која ги добил сите научни степени, заклучно со докторатот на Белградскиот универзитет и сите научни звања сè до редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1961-1968 година работи во Економскиот институт, Скопје, каде по докторирањето 1964 година добил звање Виш научен соработник. Во институтот објавил пет книги и работел на повеќе проекти. Во 1968 година бил избран за вонреден, а во 1972 година за вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. На факултетот вовел за првпат две научни дисциплини: „Теорија и политика на стопанскиот развој“ и „Инвестиции теорија, политика, економика - оценување и избор“. За двата предмета објавил учебници користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Од 1965 година предавал на следниве постдипломски студии: „Монетарно-кредитни проблеми“; „Економика на 180
претпријатијата“; „Економски развој и методи на економската анализа“. Проф. Д-р Никола Кљусев бил ментор на бројни магистерски и докторски дисертации. Работел и раководел на голем број домашни и меѓународни проекти. Бил на специјализација и студиски престој во Соединетите Американски Држави (Фордова фондација на Универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско); во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и Лондонската економска школа; во Академијата на науките на поранешниот Советски Сојуз, во Москва и Академијата на науките во Полска, Варшава; во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон. Објавил бројни научни книги, монографии, стотина статии, написи. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, Мадрид и Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научно технолошката политика“ учествувал во Барбадос, Бразил, Венецуела, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија. • 1985-1987 година избран за декан на Економскиот факултет во Скопје. • 1988 година избран за член на МАНУ. • 1991-92 година Претседател на првата демократска Влада на Р. Македонија. • 1994 година претседател на Националната конвенција на Македонија. • 1997 година претседател на Советот на ВМРО-ДПМНЕ. • 2000 година министер за одбрана во Владата на Р. Македонија. • 2002 година избран за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. За својата научна активност, носител е на Орденот со Златен венец и на наградите „13 Ноември“ и за животно дело највисоката републичка награда „11 Октомври“, како и на голем број пофалници и признанија од земјата и странство. Постхумно е одликуван од Претседателот на Р. Македонија со Орденот „8-ми септември“. 181
182
183
Едиција: Патот кон независноста Никола Кљусев Книга трета Солзи, страв и гордост Лектура: Наташа Николова Издава: Фондација Никола Кљусев Печати: Нампрес Дизајн на корица: Анета Гацевска
Издавањето на делото е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 32(497.7)"1991/..." 341.231(497.7) КЉУСЕВ, Никола Солзи, страв и гордост / Никола Кљусев. - Скопје : Фондација "Никола Кљусев", 2014. - 184 стр. ; 21 см. - (Едиција Патот кон независноста ; кн. 3) Слика и белешка за авторот: стр. 180-181 ISBN 978-608-4685-07-4 а) Македонија - Политика - 1991-... б) Македонија - Независност Суверенитет COBISS.MK-ID 97267978