Создавање државност - Никола Кљусев

Page 1



Никола Кљусев

Создавање државност


Dela od Nikola Kqusev Poezija: • Antiteza • Kamen Ostrov • Silata na zborot • Oda na zborot • Neizrteno seme • Re~nik na srceto • Prividenija • Ispra}am son~ev zrak • Grauntele de aur / selectie si postafata de Dimitri M. Jon (prevod na romanski jazik) • La Semence d'or (prevod na na francuski jazik) • Hayat Cesilemeri (prevod na turski jazik) Esei: • Pogledi i promeni • Verba i izmama (esei), (Predizvici; kniga 1), • Bessoni no}i, (Predizvici; kniga 2), • Viduvawe (Predizvici; kniga 3),

Roman: Lenman - hronika na edna mladost Izbrani dela: Izbrani dela - 6 toma - Teorija i politika na ekonomskiot razvoj - Investicii: teorija - politika - ekonomika - Problemi na stopanskiot razvoj - Investiciono - razvojni problemi - Patot na makedonskata nezavisnost - Zlatno zrno


Никола Кљусев

соЗДАВАЊЕ ДРЖАВНОСТ

Книга ЧЕТВРТА патот кон независноста

Фондација Никола Кљусев Скопје, 2016



Предговор Обично кога некој пишува за блиското минато го фаќа сомнеж дали ја кажал целосно вистината за појавите, случките, за личностите и настаните, конечно и за самиот себе. Зашто вистината не е нешто што можеме да го имаме. Таа е цел кон која се стремиме. Од тие причини тешко може да се сфати „вистината“. Имено, што е тоа „вистина“ и „вистинско“, кога таа се преточува преку филтерот на личноста и на нејзината искреност. А искреноста не е чист пламен што избива од духот. Зашто, како што вели Едгар Морен (во книгата „Автокритика“), волјата човек да биде искрен, кога е во прашање искреноста кон себе, секогаш се губи во лавиринтите на внатрешните двојности. Слободната волја човек да биде искрен се потврдува само во посебни услови на горделивост и мазохизам. Затоа, пред чинот на искреноста за искажаната вистина сите паѓаме во искушение и сомнеж колку реално го прикажуваме виденото, доживеаното. Колку прикажани случки и настани се обусловени од познати или непознати фактори и услови. Колку тие се плод на личната имагинација и фантазија и сл. Од тие причини ќе се согласиме со Е. Морен кога вели: „Искреноста може да биде чиста само во еден посебен момент на согорување помеѓу гасовите што ја хранат и чадот што се ослободува од тоа.“ Верувам дека само историјата ја држи палката на праведноста и вистината. Таа знае да суди за нас не секогаш во онаа насока во која ние пресудуваме. Таа конечно е врховен судија, како што би рекол Гете. И затоа го молам читателот да просудува за мојата искажана вистина во оваа книга како нешто релативно и менливо пред вечноста, пред историјата.

5



ИЗБРАНА НОВАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДА „Нова Македонија“, 21 март,1991 година

Со мнозинство гласови пратениците го прифатија предлогот за Владата во која покрај претседателот има тројца потпретсе­датели, 15 ресорни и четворица министри без ресор. - Деклара­цијата и Платформата темел врз кој ќе се изградува новата филозофија на правниот и на економскиот систем на Македонија. - Владата ќе дејствува натпартиски. Македонија од вчера има нова Влада. Пратениците на Собранието со мнозинство гласови го усвоија предлогот за составот на Владата што го поднесе проф. д-р Никола Кљусев кој во наредниот период ќе биде на нејзино чело. За предлогот за Владата гласаа 83 пратеници, 17 беа против, а тројца пратеници се воздржаа. Со овој чин е заокружен циклусот на конституира­њето на новата власт во Републиката, по првите повеќепартиски парламентарни избори одржани во ноември минатата година. Во составот на Владата, покрај претседателот Кљусев, вле­гоа тројца потпретседатели д-р Блаже Ристовски, Јован Андонов и д-р Беќир Жута, 15 ресорни мини-

7


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

стри и четворица министри без ресор. За министри се избрани д-р Ристо Дамјановски (народна одбрана), Јордан Мијалков (внатрешни работи), м-р Ѓорги Наумов (правосудство и управа), д-р Денко Малевски (односи со странст­во), м-р Методија Тошевски (финансии), Стојан Трајановски (сто­панство), д-р Гоце Петрески (развој), д-р Александар Лепавцов (урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија), д-р Иван Ангелов (земјоделство, шумарство и водостопанство), Илијаз Сабриу (труд и социјална политика), д-р Димитар Димитров (обра­ зование и физичка култура), д-р Ѓорѓи Ефремов (наука), д-р Цветан Грозданов (култура), д-р Перко Колевски (здравство) и Мар­тин Треневски (информации). За министри без ресор се избрани д-р Јане Миљовски, д-р Љубомир Фрчковски, Илија Андонов­Ченто и м-р Алаетин Тоска. На истата седница за нов командант на Републичкиот штаб за цивилна заштита беше избран Јован Андонов. Во своето обраќање до пратениците, претставувејќи ја про­ грамата на новата Влада, д-р Никола Кљусев истакна дека таа презема во наследство претежок економски товар, кумулиран во подолг период, а кој ескалира последниве месеци. За Кљусев Декларацијата за сувереност на Републиката и Платформата за иднината на Југославија се основните постулати врз кои ќе се изградува новата филозофија на правниот и на економскиот сис­тем на Македонија. Нивниот дух и содржина, рече Кљусев, ќе ја инспирираат Владата да ги постави темелите на новиот македон­ски Устав и механизмите на државното уредување. Што се одне­сува до зацврстувањето на политичката заедница во Македонија, за оваа цел, според Кљусев, ќе се поаѓа од принципите на подел­ба на власта на законодавна, извршно - управна и судска, потоа деполитизираната армија, државна безбедност и милиција и про­ фесионално независни јавни медиуми. Новиот претседател на Владата побара временски мир од пратениците за да може таа сталожено, научно аргуменгирано и без политички притисо-

8


Н и к ол а Кљус ев

ци, со нужна доверба да изработи нова нацоинална стратегија за развој. Ние не сакаме привилегии, слава и ордени, рече тој, ние един­ствено се придружуваме кон големиот предизвик за промени за општото добро на нашиот народ. Владата ќе дејствува натпартиски и првенствен ќе биде интересот на македонскиот граѓанин и на македонската држава. Инаку самата расправа за предлогот за Владата го одрази составот на Парламентот, односно политичката припадност на пратениците. Многу се говореше за програмите на партиите, се ставаа забелешки за одделни кандидати за министри (Илијаз Сабриу и Димитар Димитров) во поглед на нивната партиска наклонетост. Упорно се инсистираше на тоа дека партиите требало да имаат повеќе влијание во составувањето на Владата, при што како да се забораваше дека станува збор за натпартиска Влада. Сепак и покрај неколкучасовната расправа предлогот за Влада­та помина.

9


НЕ РЕФОРМА, ТУКУ НОВ СИСТЕМ „Нова Македонија“, 23 март,1991 година

Непосредно по Изборот за претседател на Владата на СРМ проф. д-р Никола Кљусев се одзва на поканата од Редакцијата „Нова Македонија“ да поразговараме за неговиот концепт за национална развојна стратегија и за првите потези што ќе ги направи Владата. Настојувавме во разговорот да го избегнеме она што веќе беше истакнато во неговата пристапна реч пред пратениците на македонскиот парламент. Сите досегашни македонски извршни совeт, на поче­токот од работата, почнуваа со критики на претходните состави. Од што вие ќе тргнете? Н.К.: Ние сме заситени од критика. Несомнено, дијагнозите за овој период, помалку или повеќе, се познати. Сега треба тер­ апија, лечење на болниот организам. Пред нас е неизвесна идни­на. Сега е прашање како да ја согледаме иднината. Пред големите искушенија на иднината која е и политички, и економс­ки, и социјално неизвесна, мошне е важно да вградиме одбрам­бени механизми наспроти ерозијата.

10


Н и к ол а Кљус ев

Прашање е како да го сопреме опаѓачкото темпо на економијата, на социјалните тензии, на технологијата и во надежта кај луѓето. Тоа е првата преоку­пација. Јас тоа го нареков прв отворен фронт, зашто ние сега се наоѓаме на кризното дно. Ако ги прелистате стенограмите, пред десет години говорев: „Ние ќе се лизгаме кон кризното дно до 1990 и 1991 година“. Тогашните мудреци од Централниот комитет почнаа да ме напаѓаат дека сеам дефетизам, дека е болно тоа што го говорам. А јас познавајќи ја теоријата и политиката на економскиот развој знаев дека ако е обична деловна криза таа ќе зафати една или две гранки, но ако е криза во целиот процес на репродукцијата, особено инвестициониот сектор и уште подгре­ана криза во целото опкружување на социјалното битие, тогаш тоа се долги циклуси што траат од 15 до 20 години. Нарушеното развојно темпо со репродукцијата и пресушените извори за забрзувње на развојот не даваат шанса да се забрза циклусот на формирање нова акумулација. Доколку тенденцијата не се сопре до крајот на годинава или на почетокот од идната година таа ќе нè доведе до нови страшни социјални и економски тензии. Јас не сакам да се оствари она што го говорев пред десетина години но таа прогноза се потврди и ние практично влегуваме во страшни потреси. Тука може да дојде до девијантни форми, да се искриви линијата на опаѓачкиот тренд од некои т.н. надворешни, вон од сферата на економијата и на општеството сили, или некакви интервенции. Но, ние ги исклучуваме тие надворешни влијанија, и сме свртени кон моделот како ќе се одвиваат економските, соци­јалните движења. Од тој аспект, во сопирањето на разорното кризно дејство, ние сакаме да видиме имаме ли шанси, со нашите реални постојни производни сили и во циклусот на репродукција­та што не се искористени, а без дополнителни инвестиции, да се сопре опаѓачкото темпо. Доаѓам до сознание дека имаме 30-40 проценти не­ис­ко­ рис­тени капацитети, имаме сменски коефициент кој се движи

11


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

околу 1,5 до 1 ,6, а во некои гранки ни толку. Ние имаме еден мошне умртвен капитал, почнувајќи од „Фени“, „Конзерваекспорт“ и други. Понатаму, во сферата на субјективниот фактор имаме ген­ерации на учени луѓе кои чекаат да се покажат, а еден товар пре­вработени се однесуваат толку неодговорно што дури вршат при­тисок врз мислењето на другите, па не ја покреваат спиралата на продуктивноста, на одговорноста и на дисциплината. Тие се фаталистички помирени со тоа, и еве сега ќе штрајкуваме, ќе гладуваме... Ова е филозофија на ниски удари, тоа не е класна свест. Доколку сакаме да создадеме класна свест, тогаш тој треба да биде дисциплиниран во однос на работата, ако една пара му се скуси од она што е договорено, тој тогаш се бори и ги бара. А, нашиот работник се срозува, се помирува со границата на егзистенцијата на животот, не борејќи се за поголема продук­тивност. Меѓутоа, ваква психологија создаде социјалното милје во минатото и системот на самоуправувањето. А тоа е дека работникот, пред сè, е домаќин, да распределува доход, да доне­сува одлуки, неговите два прста значеа сè. А јас мислам дека, пред сè, тој треба да биде работник, а привилегија е подоцна да учествуваш во одлучувањето. Тоа е цивилизациска вредност, кон која, сакале ние или не, пак ќе се вратиме. Тоа е нужност и бара созревање во нашата свест, во нашите навики, во нашиот однос кон работното место и во културата на нашето однесување. Веќе спомнавте некои влијанија што неминовно водат или водеа кон сегашната состојба во која што се наоѓаме. Ги споменавте и можностите што треба да се користат во стабилизирањето на натамошното опаѓање кон кризното дно. За што всушност треба да се зафатиме, па работите да почнат да се одвиваат поинаку? Н.К.: Станува збор за збир на влијанија. Кај нас се појавуваат повеќе непознати. Оние што ги осознавме се јасни, а не-

12


Н и к ол а Кљус ев

познатите или малку познатите сега се јавуваат како можност и надеж за резерви. На пример, треба ли сега ние да увезуваме компири и домати, а нашите полиња да стојат необработени или таквите наши производи да останат непродадени. Значи, во нашиот репродукционен циклус ни се јавуваат елементи кои неконтроли­рано се увезуваат од други извори, а ние не можеме да ги имаме. Само треба да создадеме стимулативен систем преку иницијати­ва на малото стопанство или поголемите претпријатија да се произведува она што го увезуваме. Ние нема да се лишиме од увоз на она технолошко знаење и технологија што реално го немаме. Ова е едната сфера каде што се кријат резервите. Дру­гата ја спомнавме – мртвите капацитети, неискористените капа­цитети, човекот да се натера да работи одговорно и дисциплини­рано. Ова е повод да кажам дека нема гарантиран работен однос. Ова важи и за министрите во Владата и за секој работник. Ако дојде до отпуштање, се јавуваат синдикати, судови на здружен труд... Овие се јавуваат како квазихумани институции. Нам ни требаат реални институции што ќе го заштитат работникот, а не лажни институции. Првата ударна задача е да ги откриеме сите резерви, имаме ли шанси со мали дополнителни инвестиции да го сопреме падот и да создадеме можност за ревитализација и трансфузија на клиничкиот болен организам на нашето стопанство. За тоа ќе треба дополнителна поттикнувачка инвестициона маса, тука е трансформацијата на општествената сопственост, преку агенци­ите и фондот кои преку системот на трансформирањето на соп­ственоста и на продажбата на општествените станови да се врати тој општествен капитал. Второ, итно да го искористиме гладниот пазар што сега се појавува, од разорното дејство на вој­ната во Заливот, да пласираме таму дел од градежната операти­ва, нашиот проектантски инженеринг, нашите здравствени инсти­туции и таму да освоиме одреден простор, за брзо враќање на средствата. Исто така не е за потценување фактот дека треба да расчистиме со оние што ни должат во земјата и странство.

13


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Дали ова се првите чекори во санирањето на состојбите? Н.К.: Токму така. Тоа би бил, ако сакаме да елаборираме, првиот пристап кон иднината – санирање на состојбите, сопи­ рање на кризниот пад и воспоставување на некоја рамнотежа која ќе даде шанса за развоен циклус или како што велиме ние економистите, подем кон фазата на стопански полет. Тој полет го гледаме во тоа што во овие неколку години треба да реализир­име неколку крупни проекти. Ако успееме со заинтересирани надворешни партнери да воспоставиме договори со јасни конце­сии и наши национални интереси, тогаш одиме во реализација на проектот „Вардарски слив“, којшто е море од проекти: енергетс­ки, акумулациони, хидромелиоративни, сообраќајни, регулација на просторот, туристичко-угостителски, демографски промени на селските населби. Тоа е еден мултидисциплинарен проект кој ќе поврзе со себе десетици и десетици проекти. Ако најдеме некоја компанија, која би била поприспособлива, тогаш значаен дел од нашите градежни, индустриски и други капацитети ќе бидат ангажирани и на тој начин спиралата на полетот ќе земе замав. Во овие рамки доаѓа и проектот на гасификација на Македонија, проектот на Јадранската магистрала, проектите на енергетиката. Ако откриеме некои рудни наоѓалишта може да овозможиме кон­ цесија за нивна експлоатација со странски фирми кои би биле атрактивни за тоа. Станува збор за длабоко осмислена развојна политика, која ќе ги преферира националните интереси, но со претходно утврдени механизми на системот кој ќе биде способен од фазата на прединвестициони студии, преку ангажирањето на целиот ком­плекс на науката, да го истражиме и феноменот – концесија во рударството, во енергетиката, каков ќе биде трансферот на кап­италот, репатријацијата на профитот и на други прашања. Ако сето тоа добро го обмислиме, и ако навистина најдеме партнери, ние тогаш ќе пристапиме кон реализација.

14


Н и к ол а Кљус ев

Вие со ова ја образложивте вашата теза, што е нова во овој момент за Македонија, за национална развојна стра­ тегија. Колку сето ова го овозможува реформираниот сис­ тем со кој очигледно, не се задоволувате туку одите и на­ пред, заговарате нешто и над тој систем. Н.К.: Моите гледања се вакви: Ние сме презаситени од реформи. Досега имавме 40-тина. Некои теоретичари откриле стотина: стопански, во образованието, во науката, во админис­ трацијата и сл. Денес не станува збор за реформа на некој орга­низам или систем, со шминкање и дотврување, туку треба да се изградува систем со нови референци, со нови премиси. Меѓутоа, новиот систем веднаш не може да заживее. Тој има т.н. фази на ферментација, на зреење. Не треба да имам илузија дека таа трансформација веднаш ќе ја направиме. Таа се совладува чекор по чекор. Но, за тоа мора да се изгради филозофија за однапред да може да се согледаат сите фази. Како што во главата на некој композитор кој знае како ќе се развива композицијата во првиот и во последниот чин. Ако ова го осознаеме ќе може да одиме во новиот инвестиционен и развоен циклус. Би биле пресреќни да ни дојде, на пример, јапонски капитал, да ни дојде некој западно­европски, или американски капитал. Претпоставувам дека и натаму сме атрактивно подрачје. Овде не е значајна толку теори­јата на компаративните предности. Значајни се проектите што привлекуваат интереси на партнерите, а не само експлоатација на трудот. Партнерот ќе гледа интерес тука да пласира своја технологија која би била отскочна штица за пласирање во други земји. Се разбира, тука секој ќе го гледа својот интерес. Важно е да се изгради една филозофија која ќе овозможи од Македонија да направиме бесцаринска зона, неутрална зона, да го ослобод­име просторот да тој степен тој да биде атрактивен трансфер на технологија, стоки, ум, итн. И тогаш секој придружник би ни бил добредојден и би имале шанси да го забрзаме нашиот развој.

15


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Колку овде е важно прашањето на трансформацијата на сопственоста? Н.К.: Станува збор за трансформација на една изнасилена, не по природен пат формирана сопственост, која се издигна на пиедесталот на општите поведенија за социјализмот. Како сега оваа општествена сопственост да се трансформира во други видови сопственост. Тука се сретнаа сите источни земји, па и ние. Не можеме да ги расчистиме тие односи. Како сега во еден ОХИС, во една Железарница да им речеме на луѓето, ајде купу­вајте ја. Тоа не оди така. Овој модел преку интерни акции е повеќе деградирање на пониско стапало, отколку разрешување на трансформацијата на општествената сопственост. Се поста­вува прашањето преку интерните акции – која е таа вредност. Можеш да имаш интерни акции ако имаш високо платен труд. Но, ако имаш 90 отсто од работничката класа на границата на живот­ната егзистенција, тогаш тоа е повеќе политичка, отколку економска мерка. Тука се појавува потребата од дополнителна акумулација, а тоа е странскиот капитал, или домашниот партнер од другите републики. Ние уште не знаеме колку е тој подготвен да пар­ тиципира. Тој процес ќе го отвориме, ќе ги разработиме моделите, ќе дадеме шанса да успееме барем неколку проценти годишно да ги направиме со трансформацијата во други видови сопственост. Кој период, според вас би бил потребен ако се се одвива без политички примеси? Н.К.: Ако за една до една и пол година ја санираме состојба­та, да го сопреме опаѓачкиот тренд на кризата, тогаш т.н. фазата на полет ќе се испреплете со фазата на санирање. Со сопствен капитал, реков, тоа не можеме да го направиме. Од партнерите од странство, доколку се јават за овие големи проекти што веќе ги споменав, ќе зависи дали ќе се повлечат

16


Н и к ол а Кљус ев

десетици и стотици други активности. Претпоставката е ние за овој мандат да успееме да ги подгрееме овие два приода за санација, значи да ја намалиме температурата на болниот организам и најавата на полетот да ја видиме по две до три години. Ние можеме и ова година да склучиме некој договор, но до почетокот на неговата реализација ќе помине сигурно една година. А таа реализација некаде ќе трае и повеќе години. Колку е реално да се потпреме на нашите во странство во прибирањето на капитал? Н.К.: Синтагмата „наши“ е емотивна. Никој не ти дава пари за црни очи, па ни нашите од странство. Според тоа, колку можеме да привлечеме капитал по економски основи, тоа е важно, емо­тивниот, односно националниот набој е плус. Нашите луѓе надвор многу се под влијание на оние идеолошки догми и сфаќања на партиите. И кај нив постојат лавирања и разни препукувања. Сега, доколку се создаде поволна политичка клима, тогаш и про­текот на капиталот, и слободата си доаѓаат и се создава бизнис во што ние нема никому да пречиме. Само даночниот систем ќе го изrрадиме да биде флексибилен, да дава шанса за профит, но и можност државата да земе нешто. Ако подготвите добра национална стратегија, свесни ли сте за тоа со кои стопански кадри, таа ќе се спроведува? Н.К.: Тоа е најболниот проблем. Јас своевремено говорев дека најголеми отпори кон промените ќе имаме во субјективниот фактор. Да објаснам. Системот што го напуштаме по 30-40 годи­ни, имаше девалвирани критериуми за избор на раководни кадри: Што ќе каже Комитетот, што ќе каже СВР, раководејќи се од измислени критериуми на подобност. Тогаш кадрите не беа при­мани според овие премиси за кои говорам

17


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

за новиот систем. Сега, веднаш ќе се постави проблемот дали тие раководни кадри можат да бидат двигатели на претприемачката иницијати­ва. Јас сум убеден дека некои од нив би можеле, особено оние што се помлади. Но, имаме и кадри, кои повеќе беа сервисери на други структури и поединци, отколку креатори. Па дури и некои што ги познаваме како добри раководители, се појавија не затоа што беа умешни прептриемачи, туку колку зад нив стоеја некои кланови и политичка моќ, а суровата диригентска палка созда­ваше страв кај другите и сите викавме: тие се добри раководители. Ние сме богати со интелигенција. Генерациите што ги создававме знаат странски јазици, имаат големи знаења, пофлек­сибилни се и имаат слух полесно да се доближат до светската наука, до светското искуство. Се разбира, треба дополнително знаење за менаџерство. Тој процес веднаш треба да се отвори, но се поставува прашањето како ќе постапиме во нивно инфилтри­рање на раководни работни места, ако таа поданичка структура, внатре во колективот, уште му аплаудира на постојниот власто­држец. Јас тука го гледам најголемиот отпор. Имаме вода, имаме сонце, а некои проекти финансирани од Меѓународната 6анка, напросто ги промашивме? Н.К.: Нашето земјоделство не ги даде ефектите на оние проекти во кои навистина се вложи капитал и беа финансирани од Меѓународната банка. Имаме доста плантажи и индивидуално земјоделство кое ако е добро организирано, со јасни производ­ствени програми и програми на откуп и преработка, ќе даде добри резултати. Нашите преработувачки капацитети не се искорис­тени во преработката – или пропаѓа трудот на чесниот селанец, или прекупците за ниски цени го откупуваат производството. Мора да изградиме маркетиншки систем. Производствена про­грама, спектар на асортиманите, политика на откуп и стратегија за продажба на домашниот и на стран-

18


Н и к ол а Кљус ев

скиот пазар во големи серии, квалитет и стандард. Странскиот пазар бара 12 месеци ист производ и ист квалитет. А не одозгора во кошот да се ставаат убави јаболка, а одоздола гнилеж. Земјоделството крие големи резерви. Фактички, општествениот сектор дава 30 отсто од доходот во земјоделството, сè друго е во индивидуалните поседи. Но испарцелијализираните индивидуални поседи не се така атрактивни, а згора на тоа се уценувани од задругите, прекупците и други. Претставници на другите републики одат низ Европа, не­ кои во Африка, бараат партнери, пари. Што прави Ма­ке­ до­нија во тој поглед? Н.К.: Сувереноста на државата дава право таа да си бара партнери надвор. Ние 45 години бевме под една пресија, не мо­ жевме самостојно да изградуваме односи со светот. Носевме некој комплекс на подаништво. Ако се бориме за сувереност на една држава, ништо не пречи, поаѓајќи од економскиот интерес, за легитимитетот во меѓународните односи да бидеме поактивни, да се отвориме, да контактираме, да бараме партнерски врски. Тоа ќе биде прва задача на нашата Влада. Станува збор за тоа дека уште пред десетици години Словенците тоа го практикуваа независно од единствената политика што тогаш се водеше. Неформално, одеа во странство во потрага по некакви сопствени интереси. Наспроти кризата во која што се наоѓаме, вие делувате оптимистички. Со оглед на составот на Парламентот впе­ чаток е дека во Македонија може многу лесно да се пре­ дизвика владина, односно парламентарна криза. Во кој момент вие би биле подготвени да поднесете оставка? Н.К.: Јас во Парламентот побарав да ни се даде мир, за да можеме научно и аргументирано, со факти да изработи-

19


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ме една концепција, механизми за операционализација и ако ги почусту­ваме ефектите од тој напор ние тогаш ќе добиеме крилја и поголем морал да водиме уште поагресивна политика кон отво­рање, кон средување на работите, отколку да се надмудруваме во Парламентот. Не случајно реков дека не ни требаат слава и ордени: Ние го прифаќаме големиот предизвик на промени за подоброто утре на Македонија.

ОД ГОЛТАЧ ДО ПОКОЈНИК Своевремено ја изрековте синтагмата: Фени голтач на пари. Тогаш се крена бура во Републиката. Од каде е так­ виот став? Времето покажа дека сте во право за концен­ трацијата на еден така голем капитал на едно место. Кога дојде распра­вата за тоа дали Фени треба да работи или не, излеговте со тезата дека треба да работи. И тогаш повтор­ но бевте на удар. Како сега гледате на тоа? Н.К.: Јас тогаш реков дека е голтач, што е нормално кога еден огромен капитал се дава во раката на една општина и некој дозволува десет години да се одолговлекува активирањето на инвестицијата. Јас го реков тоа од тој аспект, од аспект што се влечеше. Одлуката е донесена од една Влада, а се чекаше толку години да дојде друга Влада за да почне проектот да се реал­изира. Тука имаше еден дисконтинуитет, па се појави еден огромен капитал недоволно активиран. За наши услови тоа беа огромни средства. Тоа не е според економската логика. Е, сега кога влеговме вo Фени и вложивме огромен капитал, кога дојде ден за активирање се најдоа мудреци да тврдат дека е нерентабилен. Каде беа цело време тоа да го согледаат. Кога се случи тоа што се случи, кога се материјализираа огромни средст­ва одеднаш дојдоа идеи за затворање. Појдовната идеја за тоа беше дека проектираната цена била околу осум илјади долари, а сега е 3-4 илјади долари на

20


Н и к ол а Кљус ев

светската берза, дека нема струја, нема енергија и друго. Каде беа тие кога се програмираше тој објект. И на крајот стана една дилема, на која јас се спротивста­вив, а тоа е стратешките производи каков што што е случајот со никелот, чија цена се формира на странските берзи. Домицилната политика креира различен пристап во оданочувањето. Во економските политики на земјите, постои диференциран приод кон ова прашање. Во т.н. фаза на коњуктурата се прави поостро ода­ночување, кое дава претпоставки за создавање фондови кои ќе помогнат во неизвесната иднина. Во фазата на декоњуктурата, на опаѓањето на цената на светските берзи, тогаш се користат овие фондови и вршат санирање на состојбите. Тоа го прави секо­ја голема компанија со стратешки производи што имаат берзанс­ки цени. Да биде иронијата уште поголема, не поминаа ни година и пол откако го затворивме Фени, цената на берзите на никелот дојде од 18 до 20 илјади долари по тон. Замислете да ги искорис­тевме само тие две-три години. Ќе се оствареше огромен профит. Тоа ќе беше феникс, а ние се заглавивме во дискусии, во поли­тички расправии, кого да оклеветиме, а не да се спасува Фени.

21


ЗОШТО Д-Р КЉУСЕВ Ѝ СЕ ЛУТИ НА „ПОЛИТИКА“? МЕЃУ ТЕЛЕГРАМИТЕ СО ЧЕСТИТКИ И ОНИЕ ОД АНТЕ МАРКОВИЌ, ФЕНИ, ПА И ЕДНА ЗВУЧНА ЧЕСТИТКА СО „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН“ „Вечер“, 30 март, 1991 г. (Тодор Наумчевски)

Едно непишано новинарско правило, ако сакате и меѓусебен „договор“, нас, новинарите, нè обврзува рамно сто дена, да не буричкаме по кабинетите и работата на Владата. Што се вели: да ги оставиме луѓето најнапред да се сместат, да се „освестат“ и откако ќе ја сфатат сета сериозност на местото што им е дов­ерено, конечно, да почнат и да работат. Нека работат, ако треба и нека грешат, но „премолчувањето“ важи само сто дена... Посетата на кабинетот на претседателот на македонската Влада, д-р Никола Кљусев и не ја замислуваме како новинарска „контрола“ на работата на новиот премиер, зашто човекот речиси сè уште и не седнал саглам во фотелјата, а не да почне и да греши. Едноставно, наша желба беше да поминеме еден ден во неговата „кожа“ и да ги почувствуваме

22


Н и к ол а Кљус ев

проблемите на првиот човек на новата Влада, сега кога сите погледи на обичниот граѓанин и работник се свртени токму кон него. Човекот од кого „преку ноќ“ се очекува да ги разреши сите проблеми и дилеми, да го расплети она што други со години го заплеткувале... Можеби и токму поради ваквата констатација претседателот знае да се пошегува: Ќе ми требаат илјада, а не сто дена „примирје“... Инаку, оној што барем еднаш досега навратил во кабинетот на премиерот, ќе забележи дека новиот домаќин не променил ниту ситница – од персоналот, до ентериерот. Тоа е истата иконо­графија од досегашниот претседател: фотографија на Тито и големата карта на Македонија, еден абажур на работната маса, телевизорот кој можеби никогаш досега не е вклучен и задолжи­телните „црни“, „црвени“ и оној „зелениот“ телефон. Пред влезна­та врата дури останал да виси и бакрорезот со ликот и пораката на Ленин дека: „Не е многу препорачливо да се состанчи и разго­вара... дека треба што повеќе да се работи...“ Единствена новина – повторно ќе се пошегува претседателот е икебаната. Таа се менува секој ден. Но, и тоа го прават други...

ЗЛАТНО ВРЕМЕ Во кабинетот бевме нешто пред осум часот. Тогаш почнува „работного време“ на д-р Кљусев, а на располагање имавме само еден час, и тоа со прекуредно уфрлање, бидејќи во распоредот за тој ден беше сè однапред прецизирано: средба со градските татковци на Скопје, прием на еден, па на друг амбасадор, договор со стопанственици итн... итн... А и во тој еден час повеќе ѕвонеа телефоните, отколку што ние можевме да разговараме на „мир“. Златниот џебен часовник, поставен пред премиерот, колку што го покажува времето, можеби уште посимболично „отчукува“ дека секоја минута е златна и дека не треба многу да се губи време за состанчење. - Вака е постојано, како да се оправдува д-р Кљусев. И

23


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

не само овде, во кабинетот, и не само во работното време. Овде сум задолжително во осум и останувам се почесто до 20 или 21 часот. А потоа само ја менувам просторијата. Со дебела папка в раце (разни писма, пошта, материјали) заминувам дома, каде работата продолжува сè до „малите“ полноќни часови ... Кога сме веќе кај вториот „кабинет“ на премиерот, бараката во населбата, „11 Октомври“, да го кажеме и тоа дека овде улога­та на секретар ја игра неговата сопруга, а телефонот, барем засега повеќе молчи одошто зборува, бидејќи е „нов“ и е непоз­нат за широката јавност. Велиме „нов“, зашто до само пред неколку дена телефонот на „обичниот“ професор д-р Кљусев, беше „двојник“, како и кај поголемиот број скопски претплатни­ци...

БЕЗ ОРДЕНИ При средбата со премиерот непотребни се прашањата за проблемите на Републиката, за новата Влада и нејзините обврс­ки во разрешувањето на состојбите што се повеќе од хаотични. Видливо е дека д-р Кљусев е незадоволен од она што сега се случува во македонската држава, во нејзиното стопанство, економија, но е и свесен дека токму неговата Влада е таа што ќе го понесе сиот товар. Задоволен е од ентузијазмот на новите мин­истри и вели дека етичката и морална одговорност пред народот ги тера да се зафатат за оваа „Сизифова“ работа. Нам, не ни се потребни привилегии и слава, не ни требаат ордени и одликувања, а во овие први настојувања да се разрешат проблемите, повеќе од добредојдена ни е подршката што пристигнува секој ден од обичниот човек, работник, во нефор­малните разговори или телефонски јавувања. Плановите се големи и далекосежни и можеби затоа, за нив премиерот многу не сака да зборува. Како што не сака

24


Н и к ол а Кљус ев

макар и малку да ги обвинува неговите претходници и политичари за сос­тојбите во Републиката и земјата. Не им се лути на оние што му забележуваат на составот на Владата, дека, наводно, била вмро­вска, штипска или не знам каква. Секој има право да мисли што сака и како сака. Од Штип сум излезен речиси половина век, и скоро никогаш не сум им бил „симпатичен“ на поранешните раководства на овој град. А, сега ми префрлуваат за некаква локална пристрасност... Вистина е дека меѓу министрите има и мои, некогашни, сограѓани, но тоа најмалку било решавачко при мојата определба. Напротив, станува збор за луѓе кои само добро ги познавам и многупати досега ме уверу­вале во нивните способности и квалитети... На крајот на краишта­та, зарем треба друг да ми ги одредува луѓето со кои ќе соработу­вам!? Не им се лути премиерот ниту на оние што имаат свои за­белешки за поединечните квалитети на одделни министри. Вели: „Времето е пред нас, а работата ќе покаже кој колку знае и умее. Никој, впрочем не е претплатен на министерската фотелја... “ Но, не му е сеедно на д-р Кљусев кога пред неколку дена прочитал во „Полигика“ дека новиот македонски премиер е „непознат човек“, некој си „речиси непознат професор“ итн. итн... Ни вели дека не сака да се „кара“ со „седмата сила“, но дека лагите го навредуваат најмногу од сè и дека злобните и тенденциозни пишувања имаат само задни намери и секогаш се во нечија служба...

ЗВУЧНА ЧЕСТИТКА Стрелките на златниот џебен часовник одамна го поминаа одреденото време, а секретарката потсетува дека делегацијата на градот Скопје веќе чека во соседната сала... Премиерот го продолжува својот работен ден според од­

25


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

напред утврдениот распоред и протокол, а ние остануваме во кабинетот и го прелистуваме купот телеграми што во меѓувреме или ден пред тоа пристигнале на адреса на новиот претседател на македонската Влада. Има овде телеграми од политичари, познати имиња, но и од обични луѓе. Содржината е речиси идентична: сите на д-р Кљусев му пожелуваат успех во работата и битката за просперитетот на македонскиот народ. Овде се телеграмите од југословенскиот амбасадор во Ка­ракас, Борис Рикаловски, од министерот за надворешни работи на Југославија Будимир Лончар, словенечкиот премиер Лојзе Петерле, српскиот - Зеленовиќ... Меѓу првите честитки е и онаа од сојузниот премиер Анте Марковиќ, со кого инаку д-р Кљусев сè уште не се има сретнато, ниту пак лично се познава. Честитајќи на изборот, Марковиќ, меѓу другото, вели во телеграмата: „Со овој чин презедовте исклучи­телна одговорност за решавањена многу прашања, посебно оние врзани со спроведувањето на реформата...“ Овде се и телеграмите со честитки испратени од досегашни­те студенти на д-р Кљусев, од неколкумина негови сограѓани, од разни претпријатија и работни колективи, па дури и од вработен­ите во ФЕНИ... Една од честитките е без никаков текст, но при нејзиното от­ворање, се одгласуваат музичките тонови на „Среќен роденден... “(!) За крај еве ја пораката до претседателот Кљусев, испратена од непотпишан граѓанин, во која се вели: „Луѓето од под Исарот (брдо во Штип - н.з.) секогаш ја потврдуваат својата човечност и стручност, особено кога е најтешко... “ А на новиот македонски премиер, сигурно дека никогаш досега не му било потешко од денес. И во деновите што доаѓаат...

26


ОПТИМИЗАМ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА „Наш весник“, 12 април, 1991 г. Од Куманово носам пријатни спомени, но некои работи што се случуваат не ми се допаѓаат, вели меѓу другото претседателот на Владата на Македонија, доктор Никола Кљусев. По конституирањето на повеќепартискиот парламент на СР Македонија и извесните партиски натегања околу мандаторот за составот на новата Влада на Македонија, конечно така да се рече во „цајтнот“ и се чини на општо задоволство на јавноста и граѓаните на Македонија за прв претседател на Владата на Маке­донија беше избран доктор НИКОЛА КЉУСЕВ, познат и признат познавач (во наши и светски рамки) на економската проблемати­ка, човек кој уште во првиот свој настап во јавноста како премиер навести дека ќе се залага за функционирањето на правната држава, за промените посебно во економската сфера и дејству­вањето на пазарот како единствен мериторен фактор за ефикас­но стопанисување, за поголема афирмација на приватната иници­јатива и во оние области во кои досега и не можеше да се замис­ли, за зачувување на духовните и историските вредности на македонскиот простор, за граѓанинот како основен субјект на општеството, за патриотското чувство во смисла на тоа дека во овој момент на Македонија треба и мора да й се помогне за побр­зо излегување од кризата.

27


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Одговарајќи на прашањето какви сознанија има за Куманово и за состојбите кај нас, претседателот на Владата на Македонија доктор Никола Кљусев меѓу другото вели дека за нашиот град го врзуваат пријатни спомени од нашето револуционерно минато, додека за Куманово слушнал убави, но и работи што не му се допаѓаат и дека впечатокот што кај дел од нашите сограѓани дека „Македонија како да не е ориентирана кон југословенскиот простор“ едноставно треба да се елиминира, бидејќи не одговара на вистината. НАШ ВЕСНИК: Г-не Претседателе, на чело на македон­ ската Влада дојдовте во најтешки моменти, а Вашиот избор донесе извесно смирување кај граѓаните на Маке­ донија. Какви се Вашите први впечатоци за состојбите во Републиката и аналогно на тоа решенијата? Н.К.: Несомнено, дојдовме во мошне тешки услови. Речиси во сите сегменти на нашето живеење, во стопанството и вон­стопанските дејности се исцрпени можностите за развој, но оценувајќи ја состојбата во која ние се наоѓаме, дојдовме до соз­нание дека покрај нашата стручност не инспирира патриотското чувство да се вклучиме во механизмите на разрешување на овие тешки проблеми во Републиката и да се ставиме на располагање на македонскиот народ во изнаоѓањето на патишта за излез од кризните потреси во кои се наоѓа нашата Република. Ние носиме во себе дух на оптимизам. Владата во тој поглед е мошне хомогена и крие во себе верба за работа, создава творечка иницијатива. Тоа се луѓе кои со своето знаење и искуст­во ја олеснуваат почетната мака на новата Влада. НАШ ВЕСНИК: Законот за локална самоуправа сè уште прет­ ставува непознатица. Сите општински собранија уште не се конституирани, а се најавува и нова територи­

28


Н и к ол а Кљус ев

јална реорганизација на Македонија. Од ова сосема е логично и формирање на нови општини. Дали тоа значи нови избори во локалната самоуправа? Н.К.: Точно е дека меѓу поважните ангажмани на Владата во донесувањето и изградувањето на политичкиот и правен сис­тем на Републиката, покрај работата на новиот Устав ќе по­светиме сериозно внимание и на донесување на Законот за ло­кална самоуправа и Законот за територијална поделба на Маке­донија. Локалната самоуправа претставува нешто ново од она што денес е постојната општина. Постојните општини беа специфични органи на власта, политички заедници кои на свој начин создаваа ерозија во сите сегменти на нашето живеење, затварајќи се во атарот на општината и на тој начин правниот и политичкиот систем на Републиката не можеше да биде ефикасен. Ние дојдовме до сознание дека во духот на сите овие измени е неопходно да се изгради нов систем на локална самоуправа, во кој ќе се разрешуваат проблемите од интерес на идната општина која ќе има по­веќе грижа за граѓанинот и сервисирање на дејностите околу одр­жувањето на хигиената, патиштата, противпожарната заштита, она што најнеопходно треба да биде грижа за граѓанинот, а сите аспекти на власт да бидат концентрирани во Републиката. Значајна и радикална е филозофијата помеѓу постојните општин­ски собранија и локалната самоуправа. Ќе настапат големи раз­лики, па оттука еден голем дел од вработените во постојните општини, посебно инспекциските служби, Службата за внатреш­ни работи, правосудните органи, образованието, даночната поли­ тика и другите ќе бидат под контрола на Републиката. НАШ ВЕСНИК: Колку програмата на новата македонска Влада ќе се заснова на сегашната програма на сојузната или пак програмата на македонската Влада ќе биде неза­ висна?

29


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Прво би тргнал од вториот дел на прашањето. Со доне­сувањето на декларацијата за суверена македонска држава се напушта онаа концепција ние да изградуваме периферно своја економска програма, туку темелните определби на декларација­та зборуваат дека мора да се гради нова филозофија во соз­давање на јасни критериуми и определби на стратегијата на развојот на Македонија како национална држава која првен­ствено треба да се базира врз ново видување на економскиот развој. Се разбира таквите тенденции околу изградувањето на сопствена стратегија, и краткорочна и долгорочна за економ­скиот развој, ние ја гледаме и врз постулатите на програмата на сојузната Влада која се стреми кон промени. Ние во Републиката сме определени за радикални промени, па дури ја истакнуваме синтагмата дека не е доволно да говориме толку за реформата, отколку за изградување на нов политички, економски и правен систем. НАШ ВЕСНИК: Иднината е во истражувањето на големи проекти. Позната е сегашната состојба на македонското стопанство. Во кој правец Вие го гледате идниот развој на стопанството во Македонија? Н.К.: Ова е мошне комплексно прашање. Засега јас би ја истакнал визијата за нашата амбиција во развојот во две фази. Првата би била да се сопре ерозијата и паѓањето на стопанство­ то. Тоа значи да создадеме претпоставки на амортизери кои ќе го запрат кризното паѓање и би сакале тој кризен пад, тоа дно да биде фактички оваа состојба во која сега се наоѓаме, да не одиме уште понадолу. Тоа претпоставува изградување на политика околу јасно диференцирање. Сè она што е способно, витално, креативно со свои нови програми од постојното стопанство, да се поддржува, да се стимулира, државата да ги даде сите свои сервисирања, пред сè интелектуални, и преку механизмите на системот да помага. Она што е неспособно,

30


Н и к ол а Кљус ев

што беше лажно санирано, поддржувано со нашминкани санациони програми, она што покажувало тенденција на повеќегодишни загуби, нормално треба да биде ликвидирано. Треба да се создадат претпоставки тие претпријатија да ги преземат нови луѓе, нови тимови, со предлагање на нови производствени програми за да може да се излезе од состојбата на криза во тие претпријатија. Тоа би била првата фаза во која ќе се откријат многу резерви во нашето стопанство, резерви во користењето на факторот труд поради сегашната слаба дисциплина, одговорност, крадење на работ­ниот фонд на времето, од една страна, а од друга резерви во материјалното користење на производните фактори, на неиско­ристените капацитети, на откривањето на можни супституции во материјалните елементи во репродукцијата, обезбедување прос­тор на ново маркетиншко поврзување со домашниот и светскиот пазар. Значи станува збор за значајни резерви што постојат во нашето стопанство. Мора да ги откриеме сопствените резерви и сопствените сили во стопанството во првата фаза, а во втората да откриваме простор за нова визија кон иднината. Тој простор ние го гледаме во истражувањето на нови големи проекти како што се Вардарскиот слив, гасификацијата на Македонија, Јадран­ската магистрала, решавањето на ФЕНИ и неговото активирање и поврзување со скопската Железарница. Има проблеми во овие големи проекти, но ние би биле среќни ако почнеме уште во ова година со нивната реализација, ако видиме некој договор за нив. Еве, првиот е на виделина. Наши луѓе сега се наоѓаат во Совет­скиот сојуз и го потпишуваат преддоговорот за гасификација на Македонија и со тој проект во оваа година ќе биде и дефинитивно одговорен. НАШ ВЕСНИК: Сè почесто се говори за странски вложу­ вања во Македонија. На кој начин ќе го стимулирате вло­ жувањето на странскиот капитал во нашата Ре­пуб­лика?

31


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Во услови кога националната акумулација е мошне ниска од една страна, а од друга страна Македонија сака да се отвора кон светот со економски критериуми на работење, тогаш поврзувањето со тој свет, пред сè, бара и дополнителен капитал, дополнителна акумулација. Ние прифаќаме политика на секој интерес на странски партнери кои по било која основа, пазарна, технолошка, научна да имаат интерес и да бидат прифатени, а тие заеднички вложувања би биле стимулација за нашиот развој. Ние ќе создаваме таков стопански систем кој ќе го стимулира привлекувањето на странските партнери и на тој начин од тие инструменти ќе дадеме и одредени олеснувања на странските партнери во прво време, било во разработката на разни концесии при договарањето на проектите, било во поглед на трансферот на капиталот, на заштитата на профитот, стимулирање на задржувањето на тој профит на повторно инвестирање кај нас. Значи тој феномен на заедничките вложувања кои во поширока смисла на зборот ќе добие и карактер на директни инвестиции, како акционерски капитал, мошне ќе го стимулираме, затоа што ќе биде еден од надежните извори за подгрејување на спиралата на развојот на нашата Република. НАШ ВЕСНИК: Најавено дека од сега најголемиот дел од средствата што се собираа во буџетските каси ќе одат во републичките фондови. Која е Вашата концепција за це­ локупниот систем на финансирањето на вонстопан­ските дејности и државните органи? Н.К.: Па, во моментот на таканареченото сизофовско ра­ ботење, што се покажа неделотворно, избирократизирано и неконтролирано, напуштајќи го тој систем на посредништво и тие измислени институции на нашиот систем, новата филозофија на финансирањето на вонстопанските дејности ќе се стреми кон водењето максимална грижа за секој денар кој ќе

32


Н и к ол а Кљус ев

се земе од стопанството во разните наши ресорни министерства кои ќе одго­вараат по одделни дејности како што се: просветата, науката, културата, здравството и т.н. и тоа дали ќе се организира на ниво на фондови, дирекции или таа уште институционална форма ќе ја испитаме, важно сите средства ќе се слеат во републичкиот буџет и оттука ќе се изгради систем на критериуми за дистрибуција и финансирање. Ќе се бориме колку што можеме да не доз­волиме да се бирократизира таа сфера. Секогаш ќе се пристапу­ва со јасно изградени проектни пристапи кон финансирање на одредени дејности и со една јасна увидност и контрола на секој денар каде ќе оди. Сите дејности, науката, образованието, културата, здравс­твото, социјалата, значи целата надградба е во прашање да биде финансирана од републичкиот буџет. НАШ ВЕСНИК: Досегашниот систем ја напушти практика­ та за трајно финансирање на здравството, односно за за­ гарантиран извор на финансирањето. Може ли за кус вре­ менски период македонското здравство да го промени ли­ кот, функционирајќи при тоа не по логика на договорната туку според пазарната економија? Н.К.: Некои дејности ќе попримат и мешовит карактер на фи­нансирање, кој е оној најнеопходен стандард на финасирање од буџетот во здравството, па и во образованието и во културата се разбира, а што е она што ќе го прими елементот на пазарност. Елемент на пазарност е, кој ќе бара повисок конфор и стандард тој мора да плати. Според тоа ние нема да го затвориме само во постоечките институции на здравството. Ќе се отвараат и приват­ни институции, приватни ординации, со што ќе се создаде кон­куренција, ќе се воспостават економски цени. Но, нужно се поста­вува прашањето кој е оној минимум или неопходен стандард дa се одржи едно ниво на здравството кое државата со грижа ќе го финансира, а што е

33


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

она што претставува економски момент или економска цена. Економска цена во некои системи, на пример на Запад се диференцираат поексплицитно. Случајот на Америка е таков да има приватни и државни болници, да има приватни и државни патишта, па според тоа и она што се нарекува државно тоа е тој неопходен минимум или стандард што треба да го обезбеди државата од својот буџет, а приватното е потполна комерцијализација на таа дејност. Ние не можеме така експлицитно да ги поставиме. Кај нас ќе има некој мешовит карактер, но со тек на времето ќе се профилира, ќе дојде до израз. Во низа дејности во здравството луѓето ќе го најдат својот интерес да одат кон плаќање за да добијат одреден квалитет, но тоа плаќање на тру­дот ќе биде поставено на друг начин. Работникот нема да ја плаќа оваа стапка на придонеси, но таа ќе биде сосема минимална. Тој парите ќе си ги земе како бруто личен доход, па со тие пари ќе оди во приватната ординација и самиот ќе плати. Ќе нас­танат можни комбинации, ќе се добијат разни модели на тие соодноси во финансирањето. НАШ ВЕСНИК: Познато е дека земјоделството како и ос­ танатите стопански дејности е во незавидна состојба. Што планира македонската Влада агроиндустриското произ­ водство од Републиката да биде конкурентно на домашни­ от и странскиот пазар? Н.К.: Нашата загриженост е голема кон земјоделието затоа што таму постои ерозија, слаба организација на работењето, а нашиот географски, природен амбиент, нашето поднебје и почва се погодни за една, втора, па и трета реколта со организација на работењето. Имаме извонредно слаба организација на функцио­нирањето на системот во примарното производство и преработу­вачките капацитети. Примарното производство е пуштено во сти­хијност. Ако ги исклучиме петшеснаесет насто земја во општес­твениот сектор сè друго е во приват-

34


Н и к ол а Кљус ев

ниот, но сè тоа е ситно испарцелизирано со мали меѓи. Нема изградена стратегија на произ­водни програми кои би можеле да бидат пофлексибилни и па­зарно ориентирани. Примарното производство се појавува во една спротивност со секторот на откупот и преработката. Од една страна се стимулира производството, а од друга откупот е слаб и не дава можности за благовремено откупување и со прис­тојни цени, се појавуваат накупци, прекупци, разни диви пазари и на тој начин имаме една стихија. Умешноста е во организирањето на приватниот чесен труд, чесно да биде откупен, односно отку­пено неговото производство. Тоа подразбира маркетинг концеп­ција на целата територија на Македонија. Преработувачките капацитети кај нас се предимензиони­рани. За жал не ги користиме, а имаме можност да го обработиме нашето производство, па затоа разни накупци ни ја носат стоката низ целата земја сè до Словенија, а од таму ни се враќа како производ во амбалажа, а ние тоа со скапи пари го купуваме. Тоа е само слаба организација. Изградивме кланици, силоси, млекарници, фабрики за конз­ервирање кои имаат низок степен на искористеност, а не сме толку богати така неодговорно да се однесуваме. Во оваа поли­тика на трансформација ние тоа итно ќе го разрешиме. Она што е неспособно, секој кој раководи со тоа мора да биде сменет пред силата на новата енергија што доаѓа. НАШ ВЕСНИК: Пописот на населението, домаќинставата, становите и земјоделските стопанства во 1991 година е во тек, но со бојкотирањето од страна на албанското населе­ ние доби непожелен тек. Каков е Вашиот коментар? Н.К.: Пописот е државна и граѓанска должност и обврска. Меѓутоа, пописот кај нас се исполитизира. Политизацијата дојде од одделни партии што се наметнаа со својата политичка пресија, создавајќи една сосема поинаква психологија кај населението и ги хендикепираат граѓаните во однесу-

35


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

вањето. Политиката не смее да се меша во државните работи. Ние им ставивме до знаење на албанските партии дека нема ферплеј во односот на она што значи државна обврска. Неизвршувањето на државната обврска се гони и казнува. Не сакаме да ја користиме таа пресија и ставивме до знаење дека треба да се ослободат од таков пристап, да дадат слобода на секој граѓанин да се определи со јасни одговори. Ако евентуално дојде до дефекти и понатамошен бојкот на пописот за таа популација на населението која нема да биде попишана ќе важи, односно ќе се користи пописот од 1981 година, а тоа ќе биде за нас меродавно, впрочем тоа го прават и другите земји во светот. НАШ ВЕСНИК: Какви се Вашите поблиски сознанија за Куманово и воопшто за состојбите во него? Н.К.: Куманово ми е близок град. Куманово е врзано и за многу мои школски другари од студиите во Белград. За Куманово слушам и убави, но и лоши работи. Последните неколку години Куманово како да има некоја дисонанса од општите македонски збиднувања. Испаѓа според кумановчаните грижата на Маке­донија како да не е ориентирана кон заедништвото во живеење­то на југословенскиот простор, па затоа Куманово е најзагрижено. Тоа ме изненадува, но не би сакал да давам политички оценки, а најмалку за појавата на некои кумановски лидери на југословен­скиот простор во нови партии и нови организации. Тоа е нивна определба. Мене лично тоа толку не ме интересира, но да се задржуваме на изживеани концепции и истите сега грчевито да ги популаризираме преку јазикот на политички активности од Куманово кои имале можност да се докажат во тој систем и биле на функции, а ја доведоа земјата до пропаст, не гледам кои се тие политички амбиции сега да ја спасуваат земјата тие исти луѓе. Тие имаа можност да се искажат. Се искажуваа, видовме што

36


Н и к ол а Кљус ев

кажуваа и што градеа и до каде дојдовме. Би било потребно сега на сцената да се појавуваат нови визии, нови амбиции во изграду­вањето на еден нов свет. На Куманово можам да му посакам сè најубаво, затоа што има капацитети врз кои треба да се направи ревитализација, пре­структуирање, како би се вклучиле во механизмите на ова отворено стопанство, да ги затворат процепите на оние слабости кои токму такви политичари ја доведувале економијата на Кумано­во да паѓа и да дојде сега во тешки искушенија. Куманово се појавува малку во контраверза, но не треба да го сфаќаме така. Градот има свој пат, тој секогаш бил една револуцинерна енерги­ја, а јас сум имал можност како дете од петшеснаесет години да го поминам тој крај во најтешките денови на нашата Револуција. НАШ ВЕСНИК: Г-не Претседателе, дали од верските заед­ ници во Репу6ликата има поддршка македонската Влада? Н.К.: Религиите во Македонија искажаа подготвеност и љубов за соработка со новата македонска Влада. Меѓутоа постојат реални проблеми, особено во нашата доминантна црква. Но, се­пак, ние сме заинтересирани да ги негуваме тие односи, таа прис­на соработка. Црквата која секогаш била духовен чувар на наш­иот народ низ тешките периоди на својата историја, да се при­дружи и во овие тешки моменти заедно со Владата во изграду­вањето на еден нов свет, во демократија, во слобода и слободна вероисповед. Нема никави блокади на тој пат. Оној што сака да верува нека верува, оној што сака да гради нов свет, свет на нови идејни видувања нека гради и токму на тој начин ја гледам таа соработка која треба да постави поеманципирана основа и без притисоци. Новата Влада нема претензии да врши негирање на црквата, туку се придружува кон слободата на определбата на човекот, на граѓанинот и црквата ќе дејствува во границите на нејзината активност, без политизација во тој домен.

37


КРЕИРАЊЕ ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА „Нова Македонија“, 12 април, 1991 г. (А. Шољаковски) Политички и економски систем базиран врз Декла­ра­ци­ја­ та за сувереност на македонската држава. - Два големи проекти, Вардарскиот слив и гасификацијата. - Активирање на ТЕЦ „Него­тино“ и ФЕНИ. - Интерес за „Јадранската магистрала“ За време на одржувањето на четвртата рунда преговори за иднината на Југославија во Охрид се одржа и пресконференција со претседателот на македонската Влада Никола Кљусев и со неколку министри. Со оглед на тоа дека Кљусев изнесе и повеќе гледања за натамошниот развој на Македонија и односите во Југословенска­та заедница, донесуваме поопширни изводи од разговорот со новинарите од југословенски и странски редакции. На почетокот Кљусев рече дека, македонската Влада за околу еден месец од своето формирање се ангажира за разрешу­вање на крупни проблеми на општествениот и економскиот развој. Новата Влада сака, рече тој, да ги креира и политиката и системот, да ги изведе правниот, економскиот и политичкиот сис­тем врз постулати на Декларацијата за сувереноста на македон­ската држава. Таа Декларација ја

38


Н и к ол а Кљус ев

инспирира новата македонска Влада да пристапи со ентузијазам во разрешувањето на сложе­ните проблеми кои со децении се таложеа во овој македонски амбиент, со амбиција да создаде претпоставки за изградување на нова филозофија, нов модел за развој и излез од кризата. Хи­потеката која ни е оставена, рече Кљусев, не е од таква природа за да може бргу да се совлада и да се разреши. Во економското битие на македонската држава вткаени се низа противречности, пред сè, неповолната стопанска структура која со децении е креирана врз недоволно изградени претпоставки за долгорочните амбиции на Републиката, а е ситуирана врз критериумите на југо­словенските перформанси. Оттука, нејзиниот карактер кој го носи обележјето на енергетско - суровинскиот комплекс, аграр­ниот комплекс и традиционалните гранки кои што се карактер­ изираат пред сè со трудоинтензивност како што е текстилната индустрија, индустријата за чевли и слично – не дава шанса за брзо преструктуирање, истакна Кљусев. Исто така, со меха­низмите на стопанскиот систем нашата република со години, посебно преку врзаните, контролирани и нискооткупни цени, била значајно експлоатирана. Тековите на разменските вредности на југословенскиот пазар оделе преку цедењето на потта на работ­ничката класа на Македонија како недоволно развиено подрачје, во поразвиените структури на југословенското стопанство. От­тука и амбициите на Владата рече претседателот Кљусев, да создаде претпоставка за менување на таа структура, бараат подолг период и значаен капитал.

ПРЕВРАБОТЕНОСТА ПРИТИСКА Втор проблем е пресијата на демографскиот фактор. На подрачјето на Македонија имаме над 160.000 невработени. Ако тоа се искаже преку стапката на невработеност, таа е меѓу 25 и 30 насто, што е непоимливо за економистите да ја сфа-

39


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

тат, зашто на европскиот простор нема таква висока стапка на невработе­ност како во Македонија. Негативните реперкусии врз секторот на невработеност уште повеќе се искажуваат и преку некон­тролираната и врз неекономски критериуми ангажирана работна сила, (која се искажува преку синтагмата „технолошки вишок“ која е неправилна зашто тоа е фактички превработеност) било во стопанството или во вонстопанскиот сектор. Таа превработеност уште повеќе ја отежнува состојбата во нашето стопанство. Тоа стопанство, заради својата ниска ефикасност која произлегува како од објективните услови на слабата структуираност, така и од субјективните причини на слабата организација, неодгов­орниот однос на работното место, трошењето на работниот фонд на времето на разни конференции и јалово договарање, и неде­лотворната кадровска политика во креирањето на раководниот кадар, кој е создаван не врз економски критериуми туку врз кри­териуми на политичка подобност и слично, создаваат објективни тешкотии во премостувањето на тешкотиите пред кои е исправе­на новата Влада. Состојбата во нашето стопанство исфрла на виделина неспособност да се плаќа ангажираниот труд. Над 180.000 вработени денес не примиле личен доход за еден, два или три месеци. Оттука и тенденциите постојано да расте пла­ќањето на таканаречената категорија на гарантираниот личен доход од една страна и високи лични доходи кај одделни дејнос­ти и гранки кои неконтролирано ги подигнуваат личните доходи, создаваат социјални тензии и немир. Ние како Влада, истакна претседателот Кљусев дојдовме да ја откриеме визијата на нашата иднина, со своето знаење, умеење, со акумулираното знаење на светските и наши модели, да изградиме сопствен модел на развој, ситуиран во две фази. Првата фаза подразбира да го запреме паѓањето и ерозијата во стопанството, да се задржиме на ова ниво, да не одиме и да се спуштаме кон некое ново, подлабоко кризно дно. Задржувајќи се на ова сегашно ниво, ние шансата ја гле-

40


Н и к ол а Кљус ев

даме во низата резерви кои постојат во нашето стопанство. Вградените материјални капацитети и технолошкото знаење вткаено во нив не се користат рационално. Триесет до триесет и пет, а во поодделни гранки и цели четириесет насто од капацитетите се неискористени. Некои од нив се сè уште болни или полумртви. Низок е коефициентот на сменската ангажираност на капацитетите кој се движи некаде од 1,5 до 1,6. Новата организација во стопанствсто со рационално користење на ангажираниот труд, со кадровско поместување, оставаат простор за нови визии, за нови производни програми на нови амбиции кај младата школувана генерација. Таа резерва од интелектуален набој кој постои кај нас, а не си го зазема заслуже­ното место, е една од можните шанси за запирање на ерозијата на кризата.

НЕКОНТРОЛИРАН УВОЗ Освен тоа, рече Кљусев, преку еуфоријата на неконтроли­ раниот увоз се затвораат производните технолошки процеси вна­ тре, пред сè во македонскиот економски амбиенит и низа производи лежат во магацините. Неконтролираната југословенс­ка политика на увоз создава удар врз трудот на македонскиот селанец и работник. Случајот со оризот е еден, со виното друг. Сето тоа покажува колку нерационално се однесуваме и нерационал­но ја валоризираме вредноста на нашите производи пред неконтролираните и би рекле дури и неекономски критериуми на увоз. Друго е да се решаваат слабостите во пооделни сегменти. Ние ќе се согласиме со тоа дека нема да ги задржуваме нашите дејности и гранки со лажни санирани програми, со санација, со лажно ангажирање на мали инвестиции кои повеќе го оптоваруваат стопанството одошто ги разрешуваат неговите проблеми. Но тоа стoпанство сега објективно се наоѓа пред тешки проблеми, над­вор од неговата волја, наметнато од југословенскиот амбиент. Паралелно со

41


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

оваа прва фаза на санирање на кризниот хаос, ќе се одвива и втората, а тоа е реализирањето на големите јавни проекти. Првиот и најважен проект е Вардарскиот слив. Тој со­држи десетици и десетици проекти кои треба да се надоврзат во деценијата која нè очекува. Вардарскиот слив во кој е преточена маката, потта и радоста на македонскиот народ треба симболич­но до го искаже ентузијазмот и љубовта на денешната генерација и да го разреши тој голем проект, да ги вткае новите амбиции во изградба на хидроенергетските проекти, во изградба на акумула­циони брани, хидромелиоративни системи, нови сообраќајници, во нови туристичко-угостителски објекти, во планирањето на просторот, урбаните средини и демографското поместување. Тоа е проект со кој сакаме да го видиме 21-от век. Но, да не влеземе само со зборови и констатации, туку со негово реално оживо­творување. Првиот чекор е остварен. Преддоговорот за првиот енергетски објект е веќе потпишан (Кадина река), со една итали­јанска компанија и очекуваме во месец август работите и да започнат. Тоа е објект со вредност од над 111 милиони долари.

НОВА ФИЗИОНОМИЈА Со програмата на Вардарскиот слив, напомена Кљусев, ќе се измени физиономијата на Македонија. Во распеаниот природен амбиент на македонското поднебје, во питомата природа и домаќинска топлина на македонскиот граѓанин и селанец ќе се внесе нова смисла за живеење, ќе се отвора нов простор за виду­вање и врз економски принципи ќе се спојува духовното битие на македонскиот народ и надвор од границите на македонската држава. Вториот голем проект е гасификацијата на Македонија, и со неа поврзаниот ансамбл на проекти од технолошкопроизвод­ственото заокружување на македонското стопанство. Станува збор за следното, рече претседателот на Владата: за

42


Н и к ол а Кљус ев

гаси­фикацијата на Македонија, а за потпишувањето на договорот ни требаат 25 милиони долари. Пари имаме, но денари, а постоеч­киот девизен пазар не ни дава шанса да ги откупиме тие 25 мил­иони долари. Ние тоа ќе го обезбедиме, со силата на својот авторитет, пред сојузната Влада која го затвора протокот на можностите. Гасификацијата создава енергетска супституција од скопската рафинерија, од 300 до 350 илјади тони мазут. Тој мазут ќе биде добродојден како енергетски потенцијал за активирање на термоцентралата „Неготино“ која бара 250.000 тони од ова гориво. Со нив „Неготино“ ќе даде една милијарда киловатчасови енергија. Од нив 600.000 ќе се даваат на располагање за првата линија на ФЕНИ, фамозниот Дамоклов меч во неговото погребу­вање, образложението дека немаме енергија, ќе се елиминира. На овој начин добиваме претпоставка дека еден значаен дел од тој метал ќе врши благотворнодејство во облагородувањето на челикот од Скопската железарница, создавајќи нов квалитет и повисока цена. Преку валавницата, пак, во Скопје, тие производи ќе одат во изведување на нов погон од околу 40.000 тони за рабни цевки во ,,11 октомври“ во Куманово, за потребите на Со­ветскиот сојуз. Кредитот кој го дава Советскиот сојуз ќе здружи разни производители, на текстил, чевли, агроиндустриски произ­води за отплата на овој долг, со што се заокружува целиот про­цес кој што го отворил еден проект како што е гасификацијата. Тоа е сложен инвестиционен циклус, во кој почетниот капитал кој е околу 70 милиони долари, ќе активира нови стотици милиони долари од ресурсните центри кои денес лежат мртви на македон­скиот простор. Знаете добро, рече Никола Кљусев, за игрите околу затво­рањето на ФЕНИ. Да не се враќаме на таа грозна сторија која беше исполитизирана. Ние мислиме да ставиме крај на политич­ките игри и да се бориме само за економски критериуми, да го штитиме економскиот интерес на Републиката. Натаму, се појавува и проектот на Јадранската магистрала

43


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

за кој ние сме исто така заинтересирани, како за сообраќаен крвоток на масовниот туризам од Западна Европа кој треба да се преточи низ нашиот простор за југ, а има и други проекти кои ние ќе ги изложиме во нашата програма пред македонскиот парла­мент, заклучи претседателот Никола Кљусев.

44


НОВА ФИЛОЗОФИЈА НА РАЗВОЈОТ НА РЕПУБЛИКАТА „Нова Македонија“, 19 април, 1991 г. – пресконференција на маке­донската влада во Охрид Почетокот на работите на Вардарскиот слив се очекува во август годинава. - Мора да престанат политичките манипулации околу Фени. - Некои политички партии си земаат за право да бидат „команданти“ на свеста и совеста на еден дел од народот. Присуството на големиот број домашни и странски новинари на Ју-самитот во Охрид беше искористено за пресконференција на која претседателот на македонската Влада д-р Никола Кљу­сев, потпретседателот д-р Блаже Ристовски и министерот за наука д-р Ѓорѓи Ефремов говореа за актуелните проблеми од општествениот и економскиот живот во Македонија, а одговорија и на повеќе поставени прашања. Претседателот д-р Никола Кљусев говореше за напорите на новата македонска Влада да создаде нова филозофија на разво­јот на Републиката, базирана врз декларацијата за сувереност на македонската држава. Тој се осврна и на хипо-

45


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

теките од минатото кои на Македонија й наметнаа улога на неразвиено подрачје, како и на напорите за менување на тие состојби. Притоа Кљусев говореше за две фази во надминувањето на општата криза и неповолните состојби. Првата би се состоела во тоа, ерозијата да се запре, пришто особено ќе се води сметка за неискористените индустриски капацитети и слабата искористеност на оние кои се во погон. Тој говореше за потребата од запирање на еуфоријата на неконтролираниот увоз, посебно на производите како што се оризот и виното, како и на други производи со што му се нанесу­ваат штети на македонското стопанство. Втората фаза би одела паралелно со првата, а би се состоела во реализирањето на јавни проекти. Притоа, претседателот на Владата го спомена Вар­дарскиот слив кај кого почетокот на работите се очекува во август годинава со почетокот на реализацијата на проектот Кад­ина Река. Тој исто така говореше и за гасификацијата на маке­донската индустрија, зафат кој во себе содржи цел ансамбл на проекти, а го спомена и заживувањето на ФЕНИ и заинтересира­носта за проектот на Јадранската магистрала.

ЧИСТИ СМЕТКИ Во продолжението членовите на Владата одговараа на прашања на новинарите. Одговорајќи поблиску за проектот за повторното оживување на ФЕНИ, Кљусев рече дека е желба на Владата да престанат политичките манипулации околу овој oбјeкт и дека во скоро време се предвидува средба со сите можни заинтересирани стопански и други субјекти за него, ќе се настојува на овој проблем да му се даде гласност и тоа не само во собранието туку пошироко. Тој изрази надеж дека во однос на ФЕНИ веќе кон крајот на годинава може да се очекува некаква новост. На прашањето за тоа како ја оценува политиката на сојузна­та Влада, д-р Никола Кљусев се заложи за чисти смет-

46


Н и к ол а Кљус ев

ки во цела­та земја. Тој смета дека без оглед на политичките договори кои се водат за судбината на земјата, ќе треба да се сфати дека ќе мора да се живее на овие југословенски простори и дури и да се раздвоиме, создадените врски ќе мораат да се почитуваат. Тој оцени исто така дека напорите на Анте Марковиќ тргнуваат од реалистична концепција посебно и поради светот, кој сака да нè види заедно, врз нови принципи во меѓусебните односи. Што се однесува до приватизацијата на стопанството д-р Кљусев рече дека Владата е за целосно преструктуирање на соп­ ственоста, но приватизацијата не е доволно обмислена како модел и опширно ги образложи напорите и гледањата на маке­донска Влада во оваа област при што оцени дека проблемите на сопственоста не може да се решаваат од случај до случај. Кљусев посебно зборуваше за слободата на јавното изразу­вање и како креација и како изнесување на слободното мислење. Притоа, тој рече дека треба да биде заборавен периодот на цен­зурата и да цветаат разни идеи и стилови. Само врз конкуренција во духовниот простор може да создаваме вистински творби. Сло­бодата на изразот во печатот и другите јавни гласила ја гледаме, рече Кљусев, само преку строгиот критериум на професионал­носта, а не преку избрзани и неаргументирани настапи кои повеќе личат на минатите времиња. 3атоа, рече тој, максималната сло­бода не треба да се разбира како „слободија“ туку треба да има правила на играта. Сакаме, рече Кљусев, односите и со јавните медиуми и со културата да ги базираме на ферплејот. На крајот претседателот на Владата д-р Никола Кљусев одговори и на прашањата за најновите моменти од односите со соседите при што ги спомена разните сценарија кои преку нашата глава „летаат“ на релацијата Атина - Белград - Софија - Тирана. Тој меѓутоа рече дека нема да се дозволи друг да ни ја крои капа­та. Тој го рече и тоа дека Македонија и ма-

47


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

кедонската Влада немаат никакви територијални претензии, туку само сакаат нашиот народ во соседните земји да биде постојана грижа на македонската Влада, да се запре процесот на асимилација, про­цесот на укинување на елементарните човекови права на јазик, култура, историја.

48


ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА БЕЗ АЛТЕРНАТИВИ „Нова Македонија“, 25 април, 1991 г. - Експозе во Собранието на Република Македонија Создавање претпоставки за живеење во преодниот период. - Македонското стопанство „врзано“ за Југославија. - СИС треба поотворено и покритички да се однесува спрема Фондот на Фед­ерацијата. - Негативните ефекти од девалвацијата за СРМ пзне­ суваат 3,2 милијарди динари. Се раскинува ткивото на нашиот општествен и политички живот. Многу тешко можеме да пронајдеме спојни точки каде што можеме да ја изградуваме безболно нашата иднина, но, вербата е тука и пораката на претседателот на нашта Република во таа смисла и јас ја сфаќам и прифаќам, рече во почетокот претсе­ дателот на Македонската Влада. Тргнувајќи од тој аспект, останува да функционира само еден орган во Југославија, изложен пред тешките искушенија. Тоа е Сојузната Влада. Се даваат различни оценки, од различни аспекти се оценува тој напор на Владата, но ако тргнеме од

49


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

фак­тот дека не функционира политичкиот врв во Југославија, така како што е пожелно, тогаш вниманието е свртено кон СИС. Наоѓајќи се пред тешки искушенија, СИС се обидува и со овие свои предлогмерки да создаде претпоставки за живеење во овој преоден период. Ние точно и не знаеме колку тој преоден период ќе трае, дали половина година, година или повеќе, но мора да се живее, општествено, економски пред сè, и безбеднос­но. Тргнувајќи токму од тој аспект, претседателот на СИС нас­тапи пред Собранието на СФРЈ со своето експозе, кое се темели врз одредени премиси познати под синтагмата ,,11 +3“ услови. Ние сме сведоци што се се случува на Југословенскиот пазар. Политичкиот набој во одделни републики малку или пове­ ќе создава ерозија врз мобилноста на факторите на производ­ ството на капиталот, на стоките, на трудот, на знаењето. Тој по­литички набој создаде силна блокада со негативни реперкусии во размената на стоките, пред сè, на Југословенскиот пазар и блока­дите во механизмите на банкарското функционирање. Некои републики, меѓу кои Србија, Хрватска и Словенија, ис­такна Кљусев, имаат донесено 40 закони за ограничување на пазарот, сè до појави на експропријација на имоти на една Репу­блика од друга. Тоа е специфичен вид на криминал, кој не го поз­нава современа Европа. Сојузната Влада настојува да се вратат во нормални услови функциите на пазарот и, во таа смисла да се побара сите оние републики кои што донеле такви неконтроли­рани и штетни закон и по пазарот, да ги повлечат.

ВРЗАНИ СМЕ ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКОТО СТОПАНСТВО Ние укажувавме дека структурите на стопанството на одд­ елни републики не се ситуирани преку сопствени национални стратегии на развојот. Македонската национална

50


Н и к ол а Кљус ев

структура е изградувана врз примеси на јутословенската глобална стратегија. Оттука, во нејзиното ткиво се вградени такви гранки и дејности кои долг период биле експлоатирани на југословенскиот простор преку прелевање на екстра профит од една гранка во друга, од една територија во друга. Врз таа основа се изградувал механиз­мот на развојот, а и стопанскиот систем, па оттука нашата Репу­блика преку таквата структура на стопанството била врзана во одредени периоди 70,80 па и 90 отсто преку континуирани откуп­ни цени, врзани цени итн., со што механизмот на системот ги исце­дувал можните акумулации на пооделните гранки и создавап класична претпоставка на експлоатација. Во такви услови банкарскиот систем не бил способен да егзистира затоа што пос­тојано бил неликвиден. Оттука, санацијата на банките мора да се поврзе со санациите на стопанството, барем кај оние сегменти кои предизвикувале неликвидност кај банките. Ние не сакаме да го одбегнеме оној фактор на слабост на организацијата, на нефункционирањето на селективниот фактор, некористењето на капацитетите, тоа се слабости на самиот субјективен фактор и на организацијата во пооделните колективи. Ние говориме за некои појави што објективно биле ситуирани да создадат една слика на неликвидно стопанство и на неликвиден банкарски систем. От­тука ние бараме не линеарна санација, туку и поединечна санаци­ја на пооделни банки, посебно што се однесува на нашиот маке­донски терен. Понатаму, рече Кљусев, меѓу новите ангажмани што се пред­лагаат е изградување на една помирна, поразумна, порационална социјална политика од страна на сојузната Влада. Станува збор за тоа дека ние сме изложени среде крупно преструктуирање на стопанството. Можните технолошки ино­вации, ревитализацијата на стопанството и неговото преструк­туирање ќе условат значајно ослободување на мануелниот труд кој со години бил креиран не според економски, туку повеќе според политички критериуми, разни акции и

51


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

слично што го нарушиле ритамот на потребата на трудот во однос на опре­меноста и на тој начин се создаваат претпоставки кај нас да се зголемува армијата невработени. При така, тешките услови, при армијата од 160.000 невработени феноменот на социјалната ситуираност мора да биде присутен, обмислен. Сојузната Влада презема значајни ангажмани, било по однос на привлекување странски средства, било по однос на буџетски средства со кои ќе партиципира на оној дел работници кои ќе бидат ослободени, а сакаат да го решат своето прашање и индивидуално, ќе пар­тиципира со над 60 отсто од средствата до износот на тие 24 просечни лични доходи во Републиката, а за другите средства судбината ќе ја определуваат претпријатијата и Републиката. Сето ова претпоставува една грижа, мора да се признае, иако таа целосно не го решава социјалниот проблем. Сепак покажува знаци дека таквото видување на сојузната Влада треба да биде поддржано, посебно кај нас, затоа што тој проблем е најнагласен. Ние исто така укажуваме дека сојузната Влада околу Фондот за финансирање на недоволно развиените нагласи Кљусев треба поотворено и покритички да се однесува. Тој фонд мошне неод­ говорно функционира поради неодговорното однесување на општественополитичките организации, на Републиките кои нè уплатуваат во него. Со тоа посебно се погодени неразвиените републики во кои спаѓа и нашата. Нашите побарувања се доставени уште од 1989 година, па 1990 година и првото тромесечие од 1991 година. Не се испумпуваат средствата од тој фонд кон корисници­те затоа што нема прилив. Не можеме да бидеме индиферентни спрема креирањето на идната политика од доменот на овој фонд.

ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДААТ ГЛОБАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ Второ, нормална работа на Сојузното собрание е конечно да се остави обмислено да дејствува Сојузниот извршен совет

52


Н и к ол а Кљус ев

за да ја реализира програмата во овој преоден период. Сè друго би не однело во амбисот на неизвесноста. Би нè фрлило во страшен хаос. Оттука, донесените мерки треба да ги гледаме во светлото на глобалниот интерес, затоа што тие на одделни аспекти ќе покажуваат понагласена позитивност или негативност. Меѓу овие мерки е и девалвацијата на динарот. Црниот пазар тоа најдобро го покажува. Да се одстојува во такви нерасчистени односи на депресирана домашна валута и да се воспостават контакти со странски партнери, тоа е нонсенс. Оттука економски е нормално да добие друга вредност нашиот динар. Тоа што таа негова нова вредност покажува и друга ситуираност во нашиот амбиент, е судбината и цената на сите промени. Девалвацијата е мерка на економската политика која има влијание речиси врз сите текови на стопанската активност и во другите сфери на општествениот живот. Оваа мерка бара целосни согледувања во сите сегменти на стопанскиот и општествениот живот па согледувањата што ги направивме како Влада за периодот кој не очекува (мај - декем­ври) оваа година, даваат различни ефекти на страната на изво­зот на стоки и услуги, на страната на увозот, на страната на от­платата на странските кредити и ефектите од неизмирените фиксни и гарантирани девизни обврски, како и отворените акред­итиви за увоз на нафта. Ефектите од девалвацијата на динарот се доста неповолни, речиси во целиот југословенски амбиент. Во нашата република негативно се реперкуираат и во поизострена форма. Ова прои­злегува и од неповолната структура на стопанството, нискиот степен на покриеност на увозот со извоз, високиот степен на македонската задолженост, а пред сè поради тоа што во умртве­ниот период од четири месеци не функционираше девизниот пазар. Се појавија такви неповолни тенденции кои не би ги имале денес со оваа девалвација доколку девизниот пазар функциони­раше.

53


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ХАОСОТ Се разбира, рече Кљусев, дека и во овие мерки постојат низа олеснувања, но не се до крај изведени операциите. Оттука, имајќи ги предвид политичката положба во земјата и непос­тоењето на алтернативни програми, други опции, креатори и ини­цијатори, Владата на Македонија ја поддржува програмата на мерки презентирани во експозето на претседателот Анте Мар­ковиќ како реална во овој преоден период со цел да се избегнат големите ломови и хаосот во земјата. Тој хаос, таа цена на нашето постоење е далеку поголема на негативните ефекти кои се ис­кажаа преку три милијарди и 200 милиони динари, само од девал­вацијата. Имајќи ја предвид тежината на девалвацијата, оценувајќи ги сите гранки и дејности во стопанството, делејќи кој од истите ќе добие или ќе губи, подготвивме и одредени мерки кои ќе ги суг­ерираме на Сојузниот извршен совет. За неизмирените обврски по отворените акредитиви за увоз на нафта од Народната банка на Југославија бараме да продаде девизи на банките од Републикава по курс кој ќе важи пред девалвацијата од 19.04.1991 година. Доколку ова не може да се реализира, СИС да обезбеди средства од Федерацијата за оваа намена. Ова усмено го соопштив пред две недели во Владата на Југославија, на оваа мерка треба да опстоиме. Се разбира, пора­ди вистинитост, треба да се каже дека СИС излегува во пресрет на Република Македонија. Во таа смисла сто илјади тони нафта од резервите доби нашата рафинерија по стари цени. Бараме, исто така, до нормализирањето на работата на девизниот пазар, Народната банка на Југославија приоритетно да продава девизи за следните намени: За измирување на фик­сни и гарантирани обврски по странски кредити, за плаќање на увоз на сурова нафта, гас и јаглен за коксирање, за плаќање на увозот на суровини, и репроматеријали кои не се произведуваат во земјата, за набавка на суровини за производството на лекови. Настојуваме ка-

54


Н и к ол а Кљус ев

матата, курсните разлики и нето намалу­вањето на девизното штедење да се пресметува месечно по валути и банки, според обврските преземени со прописите од страна на федерацијата и Народната банка на Југославија. А во покривањето на курсните разлики да не се менува пос­тојниот приод, односно да не се исклучуваат курсните разлики по основ на камати. Се предлага буџетот на Федерацијата да ги преземе сите странски кредити по кои врз основа на сегашниот закон се исплаќа 100 насто курсните разлики, истакна на крајот на своето излагање.

55


МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ НЕМА ДА БИДАТ ЖРТВИ НА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ „Нова Македонија“, 10 мај, 1991г. Заклучоците што ги донесе Претседателството на СФРЈ не смеат да паднат врз плеќите на македонските војници. Бараме детално испитување на околностите под кои е убиен Сашо Гешовски. - Некои партии не треба да се мешаат во државните работи. Македонија е веројатно најбезбедната оаза во Југославија. Тоа се не само наши оценки, туку оценки и видувања на многуми­на надвор од Македонија, во Југославија, па и одредени согледу­вања кои се среќаваат во печатот и надвор од Југославија. Во овој краток период на нашето работење, а и на овој пар­ламентарен живот кој го живее Македонија, се постигна голем степен на демократизација во Републиката. Тоа е цивилизациска придобивка во нашиот плуралистички амбиент кој треба високо да се цени, да се зачува и да се насочува, врз таа основа да се изгради еден нов свет и ново видување се разбира без секакви злоупотреби на тој пат. Во таа смисла Македонија можеби е и пример во Југославија и е исклучена

56


Н и к ол а Кљус ев

од такви разулавени појави и процеси кои го фрлаат југословенскиот граѓанин на работ на сигурносното живеење, на работ на амбисот и во безмилосниот чин на убивање. Владата во такви мирни услови, сака да го посвети своето внимание на изградување на ефикасен правен, политички и економски систем, а пред сè да создаде основа на размислување, заедно со нашиот Парламент, да бидеме пионери во развојниот процес на оваа Македонија во создавање прет­поставки за нов систем. Врз таа основа Владата сака во блиски денови да ви презентира и програма за општествено економски развој во која ќе ги искаже реалните можности, услови и амбиции да преземе обврски и да го посвети целото свое знаење и умеење во реализацијата на таа програма. Состојбите, односите и настаните во некои подрачја на Југославија, особено во Србија и во Хрватска, сè повеќе поч­нуваат да се рефлектираат негативно и врз Македонија. Случајот бара да се соочиме со разните закани на Шешељ и сличните челници од Србија, со фалбите дека се пуштени разни вооружени одреди и диверзантски групи во Македонија да бранат некои Срби во опасност во нашиот простор. Овие гнасни инсинуации и закани ќе наидат на еднодушен отпор кај секој чесен Македонец и тој ќе биде можеби еден стимул да се сплотуваме и поинаку да мислиме, да изградуваме заедничка филозофија на иднината и заеднички отпор против таквите тенденции.

ПОЛИТИЧКИ ИГРИ Посебно сакам да го истакнам случајот со убиството на војникот Сашо Гешовски и ранувањето на војникот Тони Стојчев како и сознанието дека ангажираната единица пред Командата на Военопоморската област во Сплит била составена главно од војници од Македонија. Тој чин посебно нè загрижува во поли­тичките игри и безредија надвор во разни немили случаи кои се појавуваат таму никако не сака-

57


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ме нашите синови - војници да бидат жртви, а уште повеќе, сознанието дека во таа единица имало повеќе Македонци. Тоа сознание нè загрижува. И тоа ние им го соопштивме и на раководителите од нашата воена област, да се води строго внимание за секој наш војник, за неговиот живот, да не се случат повторно нови жртви. Сето ова услови напнатост и нарушување на мирот во Републиката, појави на демонстрации, негодувања, во Скопје, Кавадарци, Македонска Каменица и во речиси сите градови на Македонија при што беше осуден тој гнасен чин на убиство. Разните петиции и телеграми кои ги добиваме како Влада сè повеќе нè убедуваат во високото чувство на загриженост, со појави на страв и неизвесност, посеб­но засилени со мобилизацијата на околу 4.000 македонски момчиња. Оценувајќи ги овие појави во деновите кои изминаа и она што ни го соопшти претседателот на Републиката како ставови на Претседателството на Југославија, денес Владата на Маке­донија тоа го прими со олеснување. Ги подржа заклучоците на Претседателството на Југославија како надеж за разрешување на сите овие стравотни појави во земјата, но со една надеж дека тие заклучоци не смеат да паднат врз плеќите на македонските војници. Во југословенскиот простор подеднакво застапени треба да бидат сите воени структури и војници од сите републики на земјата. Ние денес добивме сознание, а до вчера го немавме, дека мобилизација е извршена и во Словенија. До утрово ние немавме такви сознанија, сето тоа дава поинаква оценка. Тоа од своја страна ја натера Владата по овие настани да реагира и да донесе свои заклучоци со кои вие се сретнавте во јавниот печат, а денес ги имате во вашите раце. Јас не сакам да се навраќам на нив само сакам да укажам дека Владата изразува јавна осуда и протест на неконтролиран­ите великодржавни националистичко шовинистички елементи што вршат терористички акции во одделни региони во земјата. Владата бара Сојузниот извршен совет и Врховната команда на оружените

58


Н и к ол а Кљус ев

сили на Југославија детално да ги испитаат околнос­тите под кои е убиен војникот Сашо Гешовски и ранет војникот Тони Стојчев од Македонска Каменица и виновниците да се изве­ дат пред Врховниот суд. Оттука и Претседателот ве информи­ раше дека се предлага и наша група која ќе оди да ја посети Воено-поморската област. Да не биде само да ги посетат нашите војници, туку и да партиципираат во откривањето на појавите и причините кои што довеле до убиството.

ПРИТИСОЦИТЕ ВОДАТ ВО АМБИС Имајќи ги сите овие појави, ние како Влада ја зголемивме будноста и готовноста на нашата безбедност за да создадеме услови за мирно работење, услови во кои секој граѓанин ќе се чувствува слободен во нашиот македонски простор. Некои појави не се од таков карактер да не загрижуваат, меѓутоа како несакани би требало да ги изнесеме. Тоа можеби се епизодни случаи. Некои неконтролирани групи искршиле некој излог, или има тенденција на застрашување, каменување и други анонимни или телефонски јавувања на семејства. Безбедносните органи мора да ги откриваат таквите појави зашто и епизодниот случај може да се претвори во политички и да ни создаде проблеми. Ние сакаме да ја увериме нашата македонска јавност дека оваа слобода и демократија што сме ги оствариле ќе знаеме достојно да ги чуваме и развиваме. Би сакал уште со неколку зборови да укажам на некои реперкусии од овој политички безбедносен сектор во меѓуна­ционалните односи. Ние сметаме дека тие засега се добри. Постојат тенденции на притисоци со писма, петиции, лични интер­венции, посебно во врска со пописот на населението и педагошката евиденција, како и во врска со формирањето на општин­ските извршни одбори во Тетово и во Гостивар. Сето ова пока­ува дека некои појави во овој домен вештачки се обременуваат, вештачки се засилуваат, тенденциозно се зголемуваат. Што

59


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

значи тоа? Тоа покажува дека некои струења и партии кои ние ги повикуваме на мирно разрешување на проблемите, не би требало да бидат стожерници околу појавувањето на вакви тенденции, посебно не би требало да се мешаат во државните работи. Тука е Парламентот, сите партии имаат свои претставници за да можат да се одвиваат дијалози, дискусии и да се заземаат ставови, но има партии кои влегуваат со закани, пресии и притисоци врз свеста на човекот, а во надлежност на државна ингеренција. Нашите безбедносни органи мора да одржуваат ред за да не дојде до немили случаи. Јас велам ние немаме негативни манифестирања преку нашиот јавен сектор на безбедност, и не би сакале да ги имаме, и затоа укажуваме на добрата волја на Владата во атмосфера на толеранција, на потемелно испитување, на добивање аргументи. Притисоците само нè носат во амбис. Во оваа ровка политичка ситуација во Југославија дозволете да укажеме дека не е пожелно некои средини па и партии да заземаат таков курс, затоа што една негативна појава создава верижни реакции и геометриски ќе се шират негативните реперкусии.

60


РАЗДРУЖУВАЊЕ - СО ЧИСТИ СМЕТКИ „Нова Македонија“, 28 мај, 1991 г. (К. Чангова) Раздружувањето претпоставува обврски за расчистување на односите во Југославија, чисти односи како во економијата, така и во политиката. - Словенечкото стопанство на Македонија и должи 1.070 милијарди динари. - Ексклузивна изјава на Никола Кљусев за „Нова Македонија“ Првата средба меѓу претставниците на словенечката и на македонската Влада помина во разгледување на проблемите од стопанска природа и соработка на словенечките со претпријати­ јата од Републиката, а стана збор и за стопанската размена, која за првите пет месеци од оваа година е драстично опадната. Во меѓувреме, рапидно се зголемија обврските на партнерите од Словенија кон македонското стопанство за продадената стока на тоа подрачје. Претставниците на владите на двете републики се договорија сите проблеми од заеднички интерес да се решат во што покус рок. Ова, меѓудругото, го изјави претседателот на македонската Влада Никола Кљусев, специјално за „Нова Македонија“, веднаш по враќањето од Љубљана. Беше покренато и прашањето за блокадата на средства, за обврските на Словенија кон Фондот на Федерацијата, поточно за склучените 36 спогодби

61


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

со нашата најсевepнa република за финансирањето на објекти кај нас во Македонија. Значаен дел од нив се во застој поради ненавременото из­вршување на обврските од страна на Словенија, што го умртвува вложениот капитал и врши депресијација со сите непожелни реперкусии. Разговарано е за проблемите во изградувањето на нашиот иден живот, со посебен акцент на словенечката политика за отцепување од Југославија. Македонската Влада смета дека во оваа фаза во која сега се наоѓа Југославија пред да се донесе таква судбоносна политичка одлука, Словенија би требала да се воздржи, зашто како што нагласи Кљусев “лесно е да се влезе во такви ангажмани, а тешко е да се согледаат последиците од нив”. Еден дел од словенечките претставници истакнале дека се за раздружување, меѓутоа не и за економско раздружување. Раздружувањето сепак носи и обврски за расчистување на односите во Југославија, што би се стремеле кон утврдување на чисти одноци и чисти сметки, како во економијата така и во политиката. Оваа опција, според Кљусев, претставува реален пристап во овој момент, зашто во градењето на филозофијата на сојузот на сув­рени држави треба паралелно да се градат и механизми за функционирање на тој сојуз.

ДВЕ СОЗНАНИЈА ЗА ОБВРСКИТЕ Што се однесува до побарувањата и обврските на претпријатијата од словенечка и од македонска страна, Никола Кљусев истакна дека тука постојат две сознанија, прво како гледаат претпријатијата на своите обврски, а второ како на тоа гледаат службите на општественото книговодство. Тука постојат разлик­и. По сè изгледа и македонските и словенечките претпријатија не оперираат со точни податоци. Според наши пресметки словенечкото стопанство за овие четири месеци од годината ни должи околу 1.070 милијарди динари, но тие тоа не го потврдуваат. Истакнуваат други бројки, па затоа ќе се

62


Н и к ол а Кљус ев

формираат групи преку коморите на двете републики за да се утврдат точните износи и врз основа на договорите за исплата на стоките да се даде шанса за што побрзо подмирување на обврските. На прашањето колкав е интересот на словенечкото стопанство да учествува во финансирањето на македонското, пре­миерот на Македонија истакна дека на овој проблем му е дадено најголемо значење на средбата. Словенија принципиелно прифаќа соработка, но на преден план ги става тешкотиите изразени со слабата акумулативност во Македонија, но и загубите кои кај словенечките претпријатија се појавуваат во последно време и речиси неколкукратно се поголеми од акумулацијата што ја формираат. Во врска со подготвеноста изразена од словенечка страна за продолжување на соработката и за нивната отвореност кон стопанството на Македонија, таа е поткрепена со тоа дека имаат 76 претставништва кај нас, а ние само 22. Во секој случај, Македонија не треба да биде само подрачје за пласирање на нивните стоки. Што се однесува до обврската која произлегува од федералниот фонд за поттикнување на развојот на помалку развиените републики од минатата година, тие ја признаваат, но оваа година како и да не се расположени да влегуваат во такви обврски. Во идната политичка заедница, сметаат тие треба да се изведат механизми на соработка што ќе бидат темел за воспос­тавување на соработка на повисоко ниво, врз основа на критери­умите што ќе попримат карактер на заеднички вложувања. Не се за класично финансирање, но за финансирање врз економски основи.

ФНП – НЕДОВОЛНО ЈАСЕН Што се однесува до Фондот на Федрацијата, нагласи д-р Кљусев, Словенија има високи обврски кон нас. Од лани 140 мил­ иони динари, неподмирени, а со последните податоци 222 мил­иони динари. Што за нас не е мал износ. Меѓутоа,

63


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

факт е дека судбината на Фондот на федерацијата недоволно јасно е дефини­рана и во економската политика на сојузната Влада иако таа сра­межливо го поставува како елемент на новиот буџет. Неколку ре­публики, се чини, не ќе бидат согласни да го прифатат и под­држат начинот на финансирањето на Фондот, а наше гледање е дека е поисплатливо да се отвораме преку производствени про­грами. Тој проектен пристап треба да е присутен како економски критериум на интерес и на словенечкото и на македонското стопанство. По разговорите јас сум оптимист. Дотолку повеќе што тие сакаат со нас да соработуваат, независно каков ќе биде исходот од политичкото разрешување на кризата во Југославија, зашто ги врзуваат многу блиски односи со македонските стопанственици, а и нас со нив. Разговаравме и за други области: за туристичката размена, за градењето заеднички маркетинг, заедничка полити­ка на програмирање на туристичките капацитети, за изградување на нов стил на соработка во областа на малото стопанство чија иднина се гледа во вложување на приватниот капитал, изградба на мост во овој незаживеан сектор што ќе нè поврзе уште повеќе, и преку можности и преку искуствата.

НЕНАМИРЕНИ ОБВРСКИ Во областа на градежништвото укажавме на обврските што ги има Словенија во однос на градежните претпријатија „Маврово“ и „Бетон“. Особено кон „Маврово“ за оние 10 милиони долари обврска која не е покриена од нив во оној голем ангажман со Советскиот Сојуз во износ од 75 милиони долари. Тука има некои манипулации, зашто вината се префрла на „Маврово“ и тоа би требало да се расчисти. Впрочем, во „Маврово”“ се вработени многу луѓе, а долгот би значел големо растоварување на претпријатитето заради финансискиот колапс во кој се наоѓа. Словен­ците од своја

64


Н и к ол а Кљус ев

страна се жалат дека еден дел од тие 75 милиони долари не ги зеле од Советскиот Сојуз, но со исплатените 36 мора да ја покријат обврската, се очекува и покривање на обврските кон “Бетон” во износ од 2 милиона долари. Ние пред доаѓањето во Словенија со себе понесовме цел список на побарувања на нашите од словенечките претпријатија, почнувајќи од Железарницата, ОХИС, „Бучим“. Побаравме оние осум милиони динари што Словенија му ги должи на „Бучим“ што побрзо да ги исплати за да може да се смета на санирање на ситуацијата по хаваријата. Го посетивме и електронскиот центар „Искра – Сименс“ и укажавме на фијаското и манипулациите што настанаа по банкротството на „Искра-Делта“ и негативните реперкусии врз македонското стопанство. Од Словенија добивме ветување дека по правното регулирање на таа хипотека на „Искра-Делта“ на стечајна постапка ќе ги стават и обврските кон Македонија и ќе ги покријат. На крајот од разговорот македонскиот премиер изрази надеж дека посетата на македонската делегација и разговорите во Словенија не ќе бидат без резултати и дека нема да се третираат само како обичен трансфер, туку дека ќе послужат за таква соработка во која ќе се отворат вратите и за нашето стопанство.

65


МАКЕДОНИЈА ВЕРУВА ВО МОЖНОСТА ЗА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР „Нова Македонија“, 29 мај, 1991 г., Љубљана - Разговор меѓу деле­гациите на Словенија и Македонија Македонскиот премиер Никола Кљусев побара да се испол­нат 36-те спогодби за заеднички вложувања во Ма­ке­ до­нија ­ - Словенија не сака проблеми во воспоставената сора­ бот­ка со Македонија. Неполн месец пред најавеното осамостојување на Словени­ја, денес во Љубљана е одржана првата средба меѓу претставниците на словенечката и на македонската Влада. Делегаци­ ите ги предводеа потпретседателот д-р Андреј Оцвирк, од слове­нечка, и премиерот д-р Никола Кљусев, од македонска страна. Гостите од Македонија ги поздрави и словенечкиот премиер Лојзе Петерле, кој потоа, на кратката конференција за новинар­ите, рече дека за Словенија останува опцијата за Сојуз на сув­ерени држави, но дека Словенија претходно треба да стане сув­ерена држава. Петерле рече дека Словенија не сака пречки во веќе воспос­тавената соработка со Македонија. Слично изјави и д-р Кљусев но притоа го свр-

66


Н и к ол а Кљус ев

те вниманието и на некои прашања што произлегуваат од досегашниот стопански систем. Тие, пред сè, се однесуваат на Федералниот фонд за пот­тикнување на развојот на помалку развиените републики и на Косово. Исто така, д-р Кљусев рече дека членовите на неговата дел­ егација во денешниот разговор, во седиштето на словенечката Влада, предупредиле дека не би било опортуно да се забрзува со целосното, физичкото и правното отцепување од Југославија. Македонија, според зборовите на Кљусев, сè уште верува во можноста за политички договор и во одлуките што би довеле до сојуз на суверени држави. Притоа, македонскиот премиер го пов­тори познатиот став на својата република, која се залага за одреден облик на заеднички пазар, одбрана и надворешни работи. На прашањето од новинариге, што ќе направи Македонија кога за еден месец Словенија ќе се осамостои, д-р Кљусев рече дека во Македонија раздружувањето се сфаќа „во релативна смисла“, за да се дојде до „чисти сметки“. Македонскиот премиер, покрај тоа, е убеден дека соработка­та, особено економската, не може да биде прекината „преку ноќ“. Оттука е барањето на Македонија да се исполнат обврските од 36 спогодби за заедничко вложување во оваа Република. Познато е дека уплатите во тие спогодби Словенија ги прек­инала уште кон средината на минатата година.

67


ЕДИНСТВЕН ПАЗАР - УСЛОВ ЗА ЕВРОПА „Нова Македонија“, 12 јуни, 1991 г. - Економски Самит во Женева (С.Н) Политичката ситуација и идното уредување на Југославија беа доминантни прашања во разговорите со бизнисмените, другите странски инвеститори и банкарите од другите земји. - ­Нагласена потребата од зголемувањето на стоковната размена. На Економскиот форум на земјите од Централна и Источна Европа, што се одржа во Женева, се разгледуваа можностите колку земјите што поминуваат на пазарен начин на стопанису­вање се подготвени да изградат механизми да го привлечат странскиот капитал и да ја зголемат економската соработка. Конкретното интересирање на бизнисмените за Југославија, а во нејзини рамки и за Македонија, се сведуваше главно на тоа пос­тојат ли и какви се воопшто можните разврски на политичката криза, без кои и не може да се зборува за доверба, за правна сиг­урност, за странски вложувања и за воспоставување на други деловни односи на партнерите од Европа со нашата земја. Ова, меѓу другото, го

68


Н и к ол а Кљус ев

изјави претседателот на македонската Влада Никола Кљусев, непосредно по враќањето од економскиот самит во Женева. На Форумот, на кој присуствуваа и д-р Јанез Дрновшек, членот на Претседателството на Југославија и претставниците на републичките влади, рече Кљусев, голема пресија врз претставниците на другите земји оставија нашите политички конфронтации и делби, на што многумина најпрво побараа одговор, а дури потоа се интересираа за економските текови во земјата. Веднаш морам да кажам дека поради лошиот рејтинг и степенот на ризик што го има Југославија, интересирањето на и бизнисмениге се насочи кон Полска, кон Чешкословачка и кон Унгарија и многу повеќе претставниците на Форумот се интере­сираа за економските промени во овие три земји. Во многуте прашања што ни беа упатени нам, одговор се бараше на тоа како Југославија ќе биде уредена во иднина, се праша дури и тоа дали кај нас ќе има граѓанска војна, на што изразија уверување дека идната заедница ја гледаме како сојуз на суверени држави, онака како што тоа неодамна во платформата го понудија Глигоров и Изатбеговиќ. Бизнисмените, странските инвеститори и банкари, исто така, ги интересираа и прашањата за трансформацијата на сопственоста, на што се даде до знаење дека во земјата се дава целосна афирмација на сите видови сопственост што ќе резултираат со економски ефекти. Особено за Македонија, рече Кљусев, укажано е дека процесот на сопственичката трансфор­мација треба што побезболно да се извршува и дека во најбрзо време во Републиката ќе се понудат и инструменти и услови таа да се одвива непречено. На посебни средби со странските претставници се говореше и за трансформацијата на сопственоста на големите претпријатија, што е бавен процес, по што бевме запрашани и за нефункционирањето на единствениот југословенски пазар, за упадите во платниот промет во земјата, за опаѓањето на производството, инвестициите, зголемувањето на трговскиот и платниот дефицит кон другите земји. Во разговори-

69


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

те што ги водевме нас дури и отворено нè запрашаа како со домашниот затворен пазар и со многуте закони што ги донесоа републиките, се смета на пробив на пазарите во Европа, на зголемување на стоковната размена, што како потреба за Македонија, ја потенци­раа претставниците на Германија, на Италија и на Грција. Исто така, отворено нè прашуваа дали со недоразбирањата толку едноставно се откажуваме од финансиската помош што се нуди однадвор, по што мораше да укажеме дека состојбите премногу се драматизираат и дека во Југославија се вложуваат сите напори за мирно решавање на кризата. Сепак, додаде Кљусев, на заинтересираните бизнисмени ние им предочивме дека ориентацијата на Македонија е пазарот на Европа и присуството на Економскиот форум беше дотолку потребно што успеавме да претставиме многу наши колективи и атрактивни сектори за странски вложувања, какви што ги имаме во текстилната, во хемиската, во индустријата за производство на цигари, во малото стопанство и колективите Рудници и железарница Скопје, Металскиот завод и други. На затворениот дел на собирот во Женева, како што доз­наваме, пред странските инвеститори и банкари д-р Никола Кљу­сев говорел за можностите на странското инвестирање во Маке­донија, при што посебно укажал на проектот Вардарски слив и значаен дел од своето излагање посветил на трансформацијата на сопствеништвото и на приватизацијата, што претставуваат клучни прашања на економската и на политичката реформа.

70


КАПИТАЛОТ БЕГА ПОРАДИ ПОЛИТИКАТА „Вечер“, 12јуни, 1991 г., прес конференција по враќањето од Женева Основната причина за незаинтересираноста на странските партнери во овој момент да соработуваат со југословенските фирми е политичката состојба во земјата, оцени претседателот на македонската Влада. Претседателот на македонската Влада, Никола Кљусев, кој вчера се врати од Женева, каде што учествуваше на економ­скиот самит на седумте земји на Централна и Источна Европа, на новинарите во Скопје им изјави дека угледот на Југославија опадна и дека меѓународниот финансиски капитал барем додека се вакви нашите политички прилики, нема да се вложува во зем­јата во потребниот и саканиот обем. Кљусев рече дека странскиот капитал покажува поголемо интересирање за учество во развојот на полската, чешкословачката и унгарската, додека во групата на источните и средните европски земји, кои минуваат на пазарна економија, Југославија подобро котира од Романија, Бугарија и Албанија. Основната причина за незаинтересираноста на странските партнери во овој момент да соработуваат со југословенските фирми е по-

71


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

литичката состојба во земјата, оцени претседателот на македонската Влада. Што се однесува до Македонија, Кљусев рече дека најголем­ и можности за соработка, Македонија има со земјите на Европ­ ската заедница, посебно со Италија, Германија и Грција, трите најзначајни партнери во економската размена на Републикава со странство. Тие три земји купуваат речиси третина од македонските извозни производи, но дебалансот со нив е премногу голем, зашто Македонија од тие земји повеќе увезува. Меѓутоа, тоа може да биде и добар знак, бидејќи кај партнерите од тие земји постои готовност трговскиот дебаланс да се намали или да се елиминира со заеднички вложувања во производството на стока за извоз, рече Кљусев.

72


СОСТОЈБАТА ВО РЕПУБЛИКАТА Е СТАБИЛНА „Нова Македонија“, 19 јуни, 1991 г. – Експозе во Собранието на Република Македонија Со неизборот на претседателот на Претседателството на СФРЈ се разголуваат агресивните сценарија за разбивање на Југославија. - Разни информации што доаѓаат од Србија имаат за цел да внесат вознемиреност кај граѓаните во Републиката и немаат реална основа. На пратениците вчера им се обрати и претседателот на Владата на Македонија, Никола Кљусев, кој, меѓу другото рече дека со неизборот на претседател на Претседателството на СФРЈ се разголуваат агресивните сценарија за разбивање на Југославија, како и негирање на одделни народи и суверени држави во неа. Дури и одделни челници зборуваат за измислени нации и држави, пред сè нашата. Се плука врз вековната борба на македонскиот народ. Тоа ли е иднината на Југославија, се зaпраша Кљусев и рече дека таква иднина не ни е потребна. Ние сме борци за поинаква Југославија – за сојуз на суверени држави кои слободно, демократски ќе живеат врз критериумите на цивилизирана Европа. Тие се појдовни премиси, вткаени во платформата на СРМ и во Декларацијата за суве-

73


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

реност што автентично ги толкуваат нашите претставници во Претседателството. Зборувајки за активностите на Владата на Македонија во новонастанатите околности, Кљусев соопшти дека завчеравечер Владата одржала седница на која главна тема била актуелната безбедносна ситуација во Републиката и во земјата. За ова, детално информирале нaдлежните ресорни органи од министерствата за народна одбрана и за внатрешни работи. Притоа, констатирано е дека состојбата во Републиката е стабилна, а над­лежните органи редовно и без поголеми проблеми го одржуваат јавниот ред и мир. Разни информации што доаѓаат од Србија, на­гласи премиерот, имаат за цел да внесат вознемиреност кај граѓа­ните во Републиката и немаат реална основа. Тоа се разни екс­тремни политички партии кои во своите сценарија сакаат своите агресивни дејства да ги пренесат и на наш терен, меѓутоа сè уште тоа се илузии во нивните глави. Никола Кљусев информираше и за расправата за состојбите што ќе настанат со стапувањето во сила на двата сојузни закона – за народна одбрана и за воена обврска, по 30 јуни. Со нив, значителен дел од надлежностите на републиките сега помину­ваат во ЈНА, па и регрутирањето. Била разгледувана и можноста да се избегне неповолната ситуација во која би се нашла Маке­донија, а и самата Влада на Македонија која се изјасни за тоа поголем дел од регрутираните војници од републиката воениот рок да го служат тука. За таа цел, формирана е работна група од експерти кои ќе ги разгледаат овие два закона, а потоа ќе се води расправа за заземање дефинитивен став како да се заштити сувереноста на Републиката. Со тоа, Владата ќе има јасен поглед за излезните решенија за надлежностите на Федерацијата и на републиките во областа на народната одбрана. Притоа ќе биде оценета и можноста Владата да понуди закон со кој одредбите од сојузниот закон за народна одбрана, што се во спротивност со Декларацијата, да ги стави надвор од употреба. Владата укажува на потребата да се подигне степенот на безбедноста во Републиката и нареди да се засили заштитата на јавните објекти од општ национален интерес, рече меѓу другото Никола Кљусев. 74


ТЕШКИОТ ПАТ ДО НЕЗАВИСНОСТА „Politika Weekly“ 22 јуни, 1991 - А НАRD RОАD ТО INDEPENDENCE (D. В.) Како што му доликува на професор којшто предавал Теорија на социјалниот и економскиот развој, Никола Кљусев, премиерот на Македонија, систематски и внимателно ја објаснува моменталната, економска ситуација во најјужната југословенска република. Емотивните зборови кои што се толку популарни меѓу југословенските политичари не постојат во неговиот речник, а мирниот израз на неговото лице изгледа непроменлив. Тој мирно вели дека македонската економија е во „многу тешка“ состојба и дека главната причина за ова лежи во нејзината стpyктypa, која што беше креирана како резултат на претходните југословенски договори. Во минатото Македонија беше таа што на земјата й обезбедуваше сировински материјали и енергија и како што вели Кљусев ова наскоро доведе до „безмилосна експлоатација“. Македонската Влада пред себе си постави неколку стратешки цели за оживување на економијата: промени во економската структура, охрабрување на извозот и инаугурација на големи јавни проекти со цел да се постигне пораст на она што во моментов опаѓа. Кљусев зборува за два главни проекти: проектот за речното корито на Вардар и гасоводот. Според Кљусев првиот е „го-

75


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

лем енергетски, иригационен, туристички, сообраќаен и демографски проект“, дека вториот ќе й помогне на Македонија да заштеди приближно 300 илјада тони јаглен. „Ниту еден од нашите проекти не е можен без странски инвестиции, но во моментов странските партнери покажуваат малку интерес во Македонија и Југославија во целост. Некои италијански бизнисмени сакаа да партиципираат во Вардарскиот проект. Тие беа подготвени да инвестираат 130 милиони долари во мелиоризацијата на Кадина река, но нашите две банки не беа на нивната листа на гаранти. Недостигот од капитал ја успорува приватизацијата на компаниите од областа на базни хемикалии и металургијата, коишто имаат витална важност за нашата репу­блика“, рече Кљусев. Дали процесот на приватизација е оштетен од фактот дека Македонија сè уште нема донесено нов Устав? Н.К.: Веќе имаме подготвена верзија на новиот Устав. Ние го информиравме Парламентот за ова бидејќи се плашиме дека ова може да го оддолжи донесувањето на законите потребни за трансформација на економскиот систем. Од сите југословенски републички влади само нашата Влада не ја контролира само една партија. Наместо тоа, таа обединува експерти. Владата би можела да се најде сред партиски расправии во Парламентот, но не верувам дека ќе дојде до тоа. Вие веќе бевте критикувани иако сè уште не се поминати сто дена. Работничката партија тврди дека сте исто толку недговорен како и претходните влади. Водачот на најго­ лемата партија вели дека Македонија е парал­изирана во последниве четири месеци. Н.К.: Ова се субјективни проценки од луѓе кои што не знаат како навистина работиме. Тие исто така го отсликуваат недоста­токот на политичка култура и старото утопистичко

76


Н и к ол а Кљус ев

верување дека сите проблеми можат да се решат лесно и преку ноќ. Парти­ите постојано нè притискаат со нивните барања. Истото важи и за пратениците кои нè опсипуваат со стотици прашања на секоја сесија. Само за да се одговори на сите прашања ќе треба да формираме друга влада. Добро е познато дека поранешната комунистичка влада се обиде да процени колку ќе чини можната независност на Македонија. Таа наводно се огради од овие пресметки бидејќи беа поразувачки. Дали и вие правите слични про­ ценки и дали сметате дека Македонија може да се одржи сама? Н.К.: Проценките направени од претходната Влада беа површни, но корисни. За еден месец ќе излеземе со сопствена програма која што ќе покаже што можеме да очекуваме во една независна држава, а што во сојуз на суверени држави. Нашата индустрија е тесно поврзана со индустриите од другите републики. К ­ ога ќе започнеме со процесот на приватизација околу 50 до 90 илјади работници ќе им се придружат на 160 илјади невработени. Сето ова ги намалува нашите шанси за независност. Доколку се решиме за независност целата територија на Македонија ќе ја претвориме во бесцаринска зона, а на странските инвеститори ќе им ги дадеме сите можни форми на олеснувања. Како и да е, првичната фаза ќе биде означена со опаѓање на животниот стандард и ефикасноста. Вашата Влада неодамна имаше непријатен состанок со Албанците во врска со средните училишта. Претпоставу­ ам ќе имате повеќе тешкотии со нив околу образовани­то и новата територијална организација на Републиката. Дали имате посветено посебен дел од Вашата програма на пра­ шања што се однесуваат на Албанците?

77


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Македонците опфаќаат приближно 68% од населени­ето на Македонија. Ние им нудиме на членовите на другите етнички групи мирен живот. Ние исто така гарантираме дека ќе ги почитуваме сите права што се заштитени со меѓународните конвенции.

78


НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ПОЖАРНИКАРИ „Пулс“, 27 јуни ,1991 г. (Драган Тодоровски) Пензионираниот професор и дописен член на МАНУ, д-р Никола Кљусев, кој во текот на повеќедецениската научна кари­ера беше на политичките маргини, а во извесни периоди потисну­ван како „неподобен“ и „непослушен“ научник и истражувач, нагло и за многумина неочекувано се најде на врвот на власта. Премиерот Кљусев, како и впрочем повеќето членови на маке­донската Влада, смета дека политичкото неискуство и недовол­ната упатеност во технологијата на власта не претставува хендикеп за Владата, зашто тој и неговите министри имаат доволно стручно знаење, но и желба да учествуваат во концепи­рањето и спроведувањето на историските промени, кои водат кон изградба на поинаков политички и економски систем. ПУЛС: Во земји каде што државата и економијата функ­ ционираат нормално, стоте дена на Владата имаат култ­но значење, па и смисла. Дали вие ги чувствувате овие сто дена како обврска, бидејќи, колку што се сеќавам, на по­ четокот од мандатот не дадовте такво ветување?

79


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Ако се сеќавате, кога бев избран реков дека ние до­ аѓаме во Владата кога во Македонија владее комплицирана и мошне сложена состојба, со натрупани проблеми и потреси и со еродиран морал кај субјективниот фактор, но и кај институциите. Во такви услови кога сè уште не се изградени механизмите на политичкото однесување, стоте дена на Владата се малку. Дури и илјада би биле недоволни. Но, ние ја прифативме оваа придо­бивка на јавноста во текот на стоте дена Владата да ја урам­нотежи својата амбиција и да покаже што сака. Владата тоа го почитуваше и, еве, ја понудивме нашата програма на Парламентот како обврска и ангажман за овој мандатен период. ПУЛС: Како вие лично ги доживеавте овие три месеци? Н.К.: Искрено да ви кажам, мошне тешко ја доживеав агонијата во која се наоѓаме и фактот што сме фрлени во котел во кој се вариме. Бевме притиснати уште на почетокот од тековните проблеми, од гневот на работничката класа и народот што се кумулирал со години и постојано се манифестираше низ штрајкови, демонстрации итн. Наследивме осиромашено стопанство кое се бори за гола егзистенција, а од друга страна бевме соочени со политички игри на некои партии кои сакаа преку напади врз Владата да си го подигнат својот рејтинг. Во такви околности се обидувавме да издржиме, да опстанеме на нашите определби што јас како Претседател ги дадов уште во уводната беседа. Се ослободивме од секаква пресија на било која политичка партија. Влaдатa го нема тој комплекс на инфериорност. Таа настапува со својот авторитет како стручна Влада, но ако сте ставени во амбиент во кој има недоволни кадровски, институционални и законски поместувања, вие не можете да ги доживеете оние ефекти доколку состојбите се регулирани како што треба.

80


Н и к ол а Кљус ев

ПУЛС: Дали го чувствувавте како хендикеп тоа што во Владата влегоа луѓе што по вокација не се политичари и какви проблеми се јавуваат поради политичкото неис­ куство? Н.К.: Ние сме свесни дека членовите на Владата имаат многу мало политичко искуство. Никој од нив не бил во некој политички форум и сè уште не ги знае политичките махинации, технологијата на изигрување, подметнување, правењето разни сценарија и слично, па оттука не е чудно зошто лесно упаѓаме во пајаковата мрежа на собеседниците. Имам впечаток дека некои луѓе, кои уште како млади се формирале во политичките гарнитури, ја усовршиле технологијата на политичката манипулација. Политичките структури, колку и да се менуваат сè уште во нив има луѓе од стариот ков, а тие се некаде околу нас. Токму овие структури со своите ситни страсти и пакости создаваат една извртенa слика за луѓето во Владата и тие се обидуваат да создадат претстава дека ние сме случајни луѓе, дека ќе паднеме за три-четири месеци, дека го немаме кредибилитетот во однос на претходните влади итн. ПУЛС: Во неколку пригоди се пожаливте дека јавноста малку знае за вашиот досегашен ангажман, па оттука по­ стои можност и помалку да ве цени. Врз основа на што го заклучивте тоа? Н.К.: Од она што го следам во печатот и другите медиуми, вниманието на јавноста главно е сконцентрирано на некои пер­иферни проблеми, кон епизодни промашувања што се попатна појава на секоја индивидуа и организирана институција. Додуша, севкупниот ангажман не можеше целосно да се претстави зашто дури сега ги презентираме нашите конкретни резултати. Имено, го донесовме буџетот, економската политика и мерките за годи­нава, а сега ја нудиме и Програмата на Владата. Изготвивме значајна законска регу-

81


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

латива, од нацрт уставот што како работна верзија го понудивме на Парламентот, па до низа закони кои се готови и чекаат протек кога ќе биде донесен уставот. Вложивме огромен напор за претставување на Републиката во странство, особено плодни контакти имавме со членови на дипломатскиот кор кој престојуваше во Македонија. Во соработка со сојузната Влада решававме низа проблеми во аграрот, околу нафтата, тешкотиите со девизниот пазар, ненаплатените побарувања и друго. Владата се претстави на Светскиот економски форум во Женева на кој ги презентиравме нашите видувања околу сопственичката трансформација, а беа поведени разговори и за финансирањето и кофинансирањето на некои проекти. ПУЛС: Кај обичниот човек, но и во дел од она што се на­ рекува стручна јавност, владее една мошне поеднос­тавена претстава како може во сегашни околности да се оценува успешноста на една Влада. Имено, Владата се вреднува според тоа колку марки и долари ќе успее да му донесе на ова осиромашено стопанство. Прилично прагматичен е овој приод? Н.К.: Нормално е така да се размислува. Но со тоа се манифестира филозофијата на гладниот. Зашто ние сме соочени со сиромаштија и секој граѓанин го интересира – има ли шанси за излез? Ќе се подобри ли ситуацијата? Меѓутоа, сметам дека и на овој план може да се пофалиме бидејќи веќе се потпишани два договора кои треба да й донесат на Македонија свеж капитал. Првиот е со Израел за изградба на 1.450 станови во вредност од 130 милиони долари и вториот со Италија за хидроелектраната „Кадина Река“ со приближно иста толкава вредност. Освен тоа за гасификацијата на Македонија се очекуваат околу 70 милиони долари. Ако ова го оствариме до крајот на годината плус уште некој договор како, на пример, за ФЕНИ, но и за многу други по­мали објекти (рестораните

82


Н и к ол а Кљус ев

Мекдоналдс, оранжерии од Холандија и други), лично сметам дека Владата чесно си ги изврши работите во овие три месеци. Меѓутоа сега проблем се гаранциите зашто ние ги склучивме договорите, меѓутоа, инсолвентноста на банкарскиот систем ни ги врзува рацете. ПУЛС: Пред да биде избрана оваа Влада, еден нејзин се­ гашен министер напиша дека идната извршна власт тре­ ба да ја сочинуваат луѓе-визионери, а не пожарника­ри. Имаше ли, според Вас, многу пожари во Македонија? Н.К.: Ние би биле пресреќни кога би можеле да останеме како креатори, визионери, да „пилотираме“ со развојот, со што доаѓа до израз продуховеноста и смислата на творештвото. Меѓутоа, имам впечаток дека нас нй туркаат да бидеме пожар­никари. Синдикатот постојано нè прозива, ни говори за гневот на работниците, небаре како да е државата за тоа виновна. Затоа министрите, а особено потпретседателот и министерот за сто­панство, за аграр, за сообраќај ја добија улогата на пожарникари. Јас ова го доживувам болно и морам да кажам дека тие не се виновни што сега упаднавме во овој сос. Моја порака е нека пове­лат оние кои се незадоволни самите да си ги разрешуваат состојбите во колективите, нека изградуваат нова производствена програма, нека ги менуваат неспособните раководни екипи и нека создаваат своја визија за развој. Нам можат да ни се жалат ако ние сме некоја сопирачка. Меѓутоа, не сме ние виновни што ја понесовме хипотеката на нашите претходници. ПУЛС: Програмата на Владата можеби лесно ќе помине во Парламентот. Меѓутоа, дали водевте сметка дека таа про­грама не била промовирана во предизборјето и не го по­ минала тестот кај избирачите. Како го решивте овој проблем?

83


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Ние ги испитавме програмите на политичките партии зашто моравме да имаме слух што соопштија и порачаа пред изборите. Впрочем, и наша обврска како Влада е да оцениме дали партиите понудиле значајни новини, кои можат да бидат конзистентни според нашето видување. Некои аспекти навистина ги уважувавме, но, од друга страна, констатиравме дека има полно работи кои се само голи прокламации, незасновани визии, кои биле оценети како помпезни пред и за време на изборите. Инаку, нашиот однос кон партиите е мошне јасен: ние не сме експоненти на ниту една партија, а ниту над нашата глава стои нечија диригентска палка. Сите партии ги сметаме како чинител во политичкиот живот, но не прифаќаме настапи и дијалози врз основа партија – Влада. Тоа оваа Влада не го сака. ПУЛС: Дали стравувате дека со примената на владината програма и излегувањето на површина на сите натрупани проблеми, партиите ќе ви го свртат грбот, зашто поради вашата радикалност тие ќе губат политички поени пред гласачкото тело? Н.К.: Таа опасност постои и ние сме свесни за тоа. Меѓутоа, ние ќе ја понудиме нашата програма на разгледување до многу поединци и организации. Нека ја разгледуваат во Академијата, на Универзитетот, нека се чуе мислењето на стручни луѓе. Сепак, ние не живееме во стариот систем кога секој документ на Влада­та прво ќе одеше во Це-Ка, во Социјалистички сојуз, па кај борците, младината и да не набројувам повеќе. Тој систем се изживуваше во такви дискусии и на тој начин ја исполнуваше содржината на својата работа и егзистенција. Сега, како Влада бараме од вкупната политичка структура да се однесува корект­но, секој нека каже што сака, но би бил мошне несреќен ако некои сили почнат да нè напаѓаат тенденциозно и да се служат со опструкции, како што

84


Н и к ол а Кљус ев

сега некои политичари и новинари сакаат да ја промовираат Владата како провмровска, прокомунистичка, прореформска итн. ПУЛС: До вас, бездруго, допреле сомневањата во надпар­ тискиот карактер на Владата. Чаршијата и понатаму оце­ нува кои и колку министри се симпатизери на некоја по­ литичка партија. Н.К.: Два члена на Владата се изјаснија дека се партиски определени. Едниот е на ВМРО-ДПМНЕ, а другиот на СДСМ. Реално е да се претпостави дека секој член на Владата крие во себе некоја симпатија, наклоност, но треба да се има предвид дека тој ниту физички ниту идеолошки не припаѓа на некоја поли­тичка партија. Гледано од страна, ако се совпаднат склоностите со некој потег на Владата, тоа веднаш да се толкува дека некој министер е припадник на некоја партија. Но, ние на работните седници на Владата не дозволуваме никој да изнесува ставови на некоја политичка партија. Тоа е најстрого забрането, во еден, два случаи што се појавија на нашите седници јас веднаш реагирав и го прекинав тоа. Членовите на Владата имаат право да ги изнесуваат само своите стручни и научни ставови и да водат сметка за интересот на Републиката, за интересот на македонскиот граѓанин и на народот. Тоа единствено може да го застапуваат. ПУЛС: Сепак, народот и понатаму ќе се сомнева... Н.К.: Па, еве, на пример, ако денес поместиш некој кадар веднаш ќе се забележи „тој е од оние“. Добро, а нели е време да се запрашаме: сите кадри кои останаа, чии се тие? Нели сите беа претставници на политичкиот систем кој доминираше? Нависти­на, тие биле, но сега не се искажуваат така и сакаат да си работат како стручњаци. Тоа треба да се почитува.

85


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ПУЛС: Во омажот за вас пред да бидете избрани, ви пора­ чавме дека ќе биде опасно доколку се обидете своите успе­ си политички да ги капитализирате. Имате ли Вие, госпо­ дине Кљусев, политички амбиции? Н.К.: Никакви политички амбиции немам ниту јас, а ниту мојата Влада. Интересно е, но барем сите членови тоа недвосмис­лено го искажуваат. Впрочем луѓето од Владата се академици, универзитетски професори, успешни стопанственици. Оттука, жртвата што ја правиме кога се прифативме за оваа работа е израз на желбата да помогнеме и да се придружиме во реализацијата на овие големи промени што нè очекуваат. Јас немам амбиција да станам некаков политички лидер, ниту политички да се докажувам. Штом некој ми спомене некакво политичко докажување, кај мене се јавува репулсија, гнев, зашто јас од млади годи­ни сум доживеал и почувствувал што значи политичката пресија и како изгледало до сега политичкото докажување кај нас. Мене ми пречи кога сега почнаа да ме третираат како политичар. За мене е несфатливо кога ПУЛС прави рејтинг на политичарите и мене ме сместува меѓу нив. Не знам зошто робуваме на старите сфаќања: имено, ако сте претседател на Влада, тогаш сте политичар. ПУЛС: Па зар не е така? Н.К.: Не е. Политичар е оној кој припаѓа на некоја политичка партија. А јас во овој случај можам да бидам третиран само како државник. Да ви кажам отворено, јас го сфаќам како навреда кога мене ме ставаат во ист кош со личности со кои ниту може, ниту смее да ме споредуваат. Зар е можно да се компари­раат и да се исмејуваат министрите кои се наоѓаат на најниската скала на политичкиот рејтинг во вашиот неделник? Па, зар, твор­ци со таков научен опус како што е, на пример, академикот Ефре­мов, па еден еминентен културолог и историчар како што е Блаже Ристовски, па историчарот на

86


Н и к ол а Кљус ев

уметноста Грозданов и да не ги споменувам сите други, да се споредуваат со луѓе кои постигнале нешто со тоа што станале лидери на политички пар­тии. Ве молам, тоа е навреда. ПУЛС: Меѓутоа, Вие се наоѓате на чело на најистурената и најмоќната институција на власта. Кога ќе почнете да правите отстапки и компромиси, дали тогаш ќе станете политичар? Н.К.: Јас начелни отстапки од политичка природа нема да направам. Во тоа бидете убедени. ПУЛС: Но, ако тоа е нужно за да останете на сегашната позиција? Н.К.: Не дај боже. Тоа во никој случај. ПУЛС: Историјата нè учи дека многумина ја промениле идеологијата, дека се откажале од своите убедувања за да останат на власт. Не е потребно да посочуваме примери. Н.К.: Јас чесно ќе се повлечам, но нема да направам политички компромис за да останам на власт. За мене власта не е привилегија. Власта ја доживувам само како енормна обврска пред својата совест како човек и научник. И таа обврска ја презе­дов само да се оддолжам кон народот со своето знаење, а не заради борба за фотелји и власт. Знаете ли вие дека јас сè уште не сум добил ниту еден динар за својот досегашен ангажман во Владата. ПУЛС: Сè уште примате пензија? Н.К.: Да. Во ред, тоа не значи дека нема можеби да преминам на плата. Кога станува збор за наградувањето на членовите на Владата, засега, тој однос е навредувачки.

87


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Претседателот на Собрани­ето господин Андов се зачуди како е можно пратениците да имаат повисоки плати од министрите. Меѓутоа, ние сметаме дека треба малку да се причека прво да се разработиме, да се докажеме, што се вели, а дури потоа да го поставиме прашањето за нашето наградување. ПУЛС: Дали планирате да го промените живеалиштето и да преминете во некоја државна резиденција од безбедносни и други причини, како што му доликува на еден премиер? Н.К.: Не сакам да ги имитирам своите претходници и да влегувам во посебни населби, кои сега до тој степен се извикани што создаваат и гнев и одбивност кај народот. Политичката каста што се создаваше во овие 45 години, нормално, уживаше во таков издвоен живот. Јас живеам покрај обичниот човек, во работничка населба, каде ме задушува мојот најблизок „комшија“ Цементарницата. Сега ми останува единствен проблем, бидејќи синот неодамна се ожени, па се поставува прашањето каде тој или јас, да се сместиме. Јас би можел да си најдам некој двособен стан. Можеби тоа Владата ќе го реши, можеби јас самиот. Но, ако не биде ништо од тоа, ќе останам со синот, се разбира ако се покаже дека може да се живее во хармонија. ПУЛС: Познато е што го интересира најмногу еден научик и како ги црпи своите сознанија. Што денес го интере­сира премиерот? Што чита, како го поминува денот? Н.К.: Новата функција стана за мене и личен предизвик. До сега имав еден мирен стил на работење, како вљубеник во лит­ературата, со повремени амбиции да се учествува на некоја тркалезна маса, а најголема радост ми беше да објавам нова книга. Денес сè ми е однапред програмирано. Секретарката уште наутро ќе ме потсети дека во текот на

88


Н и к ол а Кљус ев

денот имам дваесетина делегации кои морам да ги примам, дека министрите треба нешто да ми соопштат. На крајот на работниот ден, околу четири или пет часот, ќе ве натоварат со еден куп материјали за вечерна литература. Во овие три месеци тој предизвик ми беше интере­сен, сакав сè да прочитам што е упатено до мене и да бидам нав­истина информиран. Но, кога ме умори, ова жртвување на сонот, онака интимно ги запрашав некои претходни претседатели дали и тие слично постапувале како мене. Знаете што ми рекоа? „Немој така да продолжиш. Ќе си го загубиш здравјето. Имаш кабинет, па и тие нека почнат да читаат.“ Така од некој ден почнав да им делам на луѓето околу мене барем да селектираат од поштата што ја добивам. Веројатно така ќе биде и во иднина, но јас и како истражувач сум љубопитен и сакам лично сам сè да прочитам. Зашто, мене ми пристигаат писма од граѓани, од прет­пријатија, пошта од безбедноста, од Министерството за односи со странство, мноштво информации, па тука е печатот, нашиот и странскиот, што сè кај мене предизвикува интересирање. ПУЛС: Што ви пишува народот? Дали писмата се пове­ ќето конструктивни или, пак, се, главно, клеветнички? Н.К.: Поштата е вистински омнибус од разни идеи, сугестии, критики, критизерства и напади. Во писмата има прекрасни идеи. На, пример некои нудат цели програми како да се организира малото стопанство, како да се реши изградбата на некој водовод, како да се подигне козарството во Македонија итн. Многу писма се напишани инвентивно, па дури во нив има и креативност. Ме­ѓутоа, во поштата има и страшно клеветничко однесување спре­ма личности и организации. Во некои се нудат и аргументи но, повеќето се напишани без аргументации и премногу се емотивни.

89


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ПУЛС: Дали ви значат контактите со јавноста и туѓото мислење? Н.К.: Сакаме отворен дијалог и со граѓанинот и со печатот, зашто е исклучително важно да се ослободиме од гарнираните вистини и од политичките обланди. Сакаме да добиеме реална претстава за она што се случува околу нас, но нужно е да знаеме како нас нè гледа јавноста, како нè оценува и што ни порачува. Значи, ние се однесуваме, барем јас се однесувам така, да не дојде до израз никаква пристрасност. Ставете се во ситуација како домаќин, како татко кога ќе констатирате дека некои проб­леми не држат. Тогаш веднаш почнувате да се сомневате и да барате дополнителни сознанија. Секогаш кога немам свое мис­лење за некој проблем се обидувам да го решам тоа со консултации, било кабинетот ќе ги истражи тие работи, па ќе ги соопшти или, пак, од министерствата кои се надлежни за таа проблематика, моите колеги и пријатели. ПУЛС: Стравувате ли дека можете лесно да станете заро­ беник на сопствената бирократија? Н.К.: Вие сигурно претпоставувате дека човек кој 60 години се формирал во еден стил на работење тој никогаш нема да биде плен, да речеме на една визија, на едно гледање, па макар да е тоа и од најблиски соработници. За најсуптилните, но и за најед­ноставните проблеми човек мора да изразува сомневање за да дојде до вистината. Постојано сум се обидувал никогаш да не подлегнувам на првиот впечаток, иако понекогаш во животот сум грешел. Секогаш кога сум прифатил едно мислење или сум се раководел според првичната импресија, тоа секогаш било фатално. ПУЛС: Пред неколку години мошне популарна беше бри­ танската серија Yes, prime minister. Во оваа серија на са­

90


Н и к ол а Кљус ев

тиричен начин беше претставен бирократскиот слој кој успева да го манипулира својот шеф, па дури и да го убеди дека тој ги ,„донесува“ одлуките. Н.К.: Таа опасност постои. Јас не го забележувам тоа кај моите министри, зашто тие не се подложни на бирократизација, не биле нигде досега во врвни институции. Тоа се повеќе научни работници. Меѓутоа, во постојната констелација на управата има такви тенденции. Ние тоа веќе го чувствуваме, зашто додека уште траат седниците веќе надвор се слушаат гласови за тоа што решавала Владата и тоа главно се погрешни информации. Сè yште не ни е јасно од каде излегуваат тие работи, дали од оние што седат таму во галеријата или од оние што се присутни. ПУЛС: Како беше можно оваа стручна Влада, во мошне кус рок да направи два големи гафа, прво со регресот, а подоцна и со финансирањето на партиите? Н.К.: Што се однесува до регресот, Владата сметаше дека тоа ќе биде еден вид бај-пас за три месеци. Немавме намера да укинуваме ништо од тоа право, туку само да ги префрлиме средствата од еден во друг сегмент. Завршува таа седница, си замин­увам дома, кога радиото соопштува дека до крајот на годината се укинуваат хранарините, се укинува регресот, К15. Другиот ден сите нè прашуваат дали е навистина така? Им одговараме дека не сме го планирале тоа. Наша грешка беше, можеби, што послушавме еден човек кој предложи да донесеме еден привре­мен закон па да го понудиме на Собранието. Јас веднаш реагирав, бидејќи не ми беше јасно каков е тој закон, со кој ние некому му го одземаме правото. Но, тоа веднаш се искористи, па ајде на Уставен суд, па нови расправии. Уставниот суд не чека ни нужно време, заседава, а илјадници акти му стојат нерешени. Кај вториот случај, Владата реши на партиите да им се дадат еднократно за овие шест месеци пари

91


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

во износ од 3,8 милиони динари. Сите сме убедени во тоа, но произлезе дека тоа биле пари за еден месец. А таа одлука поминала низ групата, дошла дури до мене да ја потпишам и сите ние мислиме дека е тоа тој износ за шест месеци. И ние додека го дознавме тоа, сето ова допре до новинар­ите. Јас дури се спорев со еден новинар, дека не може да биде така. И ете го резилот, иако подоцна овој закон го повлековме. Замислете, за вакви банални, ситни пропусти, Владата доби грозни епитети, поразителни, дури и ниски удари. ПУЛС: Ќе помине ли овој резил без последици? Н.К.: Заклучок на Владата е дека ако треба една вечер нема да одиме на спиење, ќе ги преслушаме лентите што се снимени и ќе ги отвориме стенографските белешки, за да се види што е направено. Напоменав дека секој кој има удел во овие пропусти ќе мора да понесе одговорност. ПУЛС: Владата ја подготви работната верзија на Нацрт ус­тавот. Зошто, кога се работи за уставот, се инсистира на негово што е можно побрзо донесување? Н.К.: Неопходно е да се забрза донесувањето на Уставот зашто во моментот ние живееме во еден правен вакуум. Ние немаме закони, фигурираме како Влада, а принудени сме да работиме како извршен совет. Тоа значи дека Владата си го бара своето право. Да се работи за истиот политички систем немаше да не боли глава. Меѓутоа, станува збор за изградување на нов политички, правен и економски систем, радикално поинаков од довчерашниот. Врз база на тој устав ќе дојдат нови избори. Ние ќе си ја извршиме чесно нашата задача и може ако сакаат да продолжиме, ако не, благодариме, си одиме. Значи ние не се бориме за власт. Ние сме донеле инструменти на правниот сис­тем такви какви што се и нема-

92


Н и к ол а Кљус ев

ме намера да сопираме некои процеси, туку напротив – да ги отвораме. Значи, ние работиме на подготву­вање на сите правни прописи со кои ќе се уобличи новиот правен и економски систем во една конзистентна целина. Се надеваме дека тоа ќе биде и втемелување на една нова филозофија, поинакво видување на демократското општество и на пазарното стопанство, со нова социјална стратегија и нов начин на разре­шување на меѓунационалните односи. Како ќе биде примен овој напор на Владата, од тоа ќе зависи успехот, но и опстанокот на оваа Влада. ПУЛС: Кон какво општество ние се стремиме? Н.К.: Сакаме да изградиме мешовито општество, зашто ни­каде не постојат чисти модели, што се вели идеална пазарна економија. Наша цел е да имаме систем сличен на оној во развиените вропски земји. Тоа отвора можности за ширење на ефектите во правен, политички и социјален поглед и создава можности за побогато стопанство, а со тоа и на побогато население. Во тој сис­тем, државата, стопанствто и синдикатот ќе се среќаваат, ќе мора да кореспондираат, зашто во земјите каде стопанството перфектно функционира, тоа не е резултат и сплет на пазарните законитости, туку е пред сè последица на она што се нарекува регулирана економија. Но, тоа бара исклучително управувавачко умеење, знаење како да се влечат вистински потези, во вистин­ско време. ПУЛС: Зошто Вие како еден од најкомпетентните и нај­ стручните луѓе во Републиката за инвестиции, многу мал­ ку, или воопшто не говорите за некаков инвестиционен циклус, за забрзан развој? Н.К.: Ние не сакаме да го кажеме тоа, бидејќи веднаш не можеме да влеземе во нов инвестиционен циклус. За жал,

93


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

во развој не може да се оди без гаранција на некоја банка. Свет­скиот капитал сака прецизно да знае кој ќе гарантира за средст­вата што би ги вложиле кај нас. Доколку не се средат односите на ниво на земјата, ние ќе бидеме принудени со посебни законски акти да најдеме институција која ќе биде гарант за таквите сред­ства. Ако треба ќе издадеме, концесија на Охридското Езеро, на пример, или на некое друго природно богатство на десет години, за да добиеме гаранција, но нема да дозволиме оваа генерација на македонски граѓани да бидат жртви на натамошно осиромашување само затоа што не се создадени услови за непречен развој. ПУЛС: Вие сте претседател на републичка Влада во еродирана федерација. Се залагате, впрочем како и Македонскиот парламент, за Југославија како заедница на суверени држави, а можеби, доколку настаните добијат неповолен тек, да бидете премиер на Владата на самостој­ на Македонија. Како во вака несредени прилики мо­же да се владее и на што треба да му се посвети предим­ство? Н.К.: Објективно, ние навистина сме во мошне неповолна состојба. Стопанството е блокирано поради неисполнувањето на обврските што произлегоа од политичките договарања. На ниво на сојузот, освен Сојузниот извршен совет, другите институции речиси и не функционираат. Македонската Влада и понатаму ќе се залага за спроведување на програмата „11 плус 3“ на сојузната Влада. Наша оценка е дека сојузната Влада е позитивна институција и така дејствува, како во земјата, така и во странство. Но, нашата Влада работи и според претпоствката, односно барања­та, Југославија да биде сојуз на суверени држави. Владата веќе има подготвено низа законски акти за наше раздружување, но, ако треба и за самостојно живеење.

94


Н и к ол а Кљус ев

ПУЛС: Раздружувањето многумина го доживуват трау­ матично, некои сметаат дека ќе го забрза драматичниот расплет на југословенската криза. Како вие го оценувате раздружувањето? Н.К.: Раздружувањето не го сфаќам како крај на Југославија туку како почеток на едно ново здружување. Ако не се најде решение врз основа на постојната платформа, тогаш, раздружу­вањето е неопходен чин. Затоа, неопходно е да се создадат услови, демократски, без синдром на унитаризам и патернализам да продолжат преговорите за формирање на една нова заедни­ца. Инаку раздружувањето, во никој случај не значи отцепување, бидејќи за тоа е потребна согласност на сите партнери, а како што може да се види, повеќето не го сакаат тоа.

95


СКОК ЗАД ОГЛЕДАЛОТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРВИ ИЗБОРИ 1990-1992 „Центъар за изследване на демокрацията“, 6 септември,1991 (FRIEDRICH - NAUMANN - SТIFТUNG) Разговор со Никола Кљусев - премиер на Република Македонија по првите повеќепартиски избори Г-не Кљусев, што би раскажале за себе? Н.К.: Јас сум научен работник, професор, член на Македонската академија на науките. Пред да земам учество во работата на Владата, работев на Универзитетот во Скопје. Роден сум во Штип. За време на целиот мој живот сум се занимавал со научна дејност. Бев ангажиран во различни експерпски комисии. Што се однесува до политиката, пред да влезам во Владата, не сум се занимавал со неа. Никогаш не сум членувал во политичка партија. На прес конференцијата која се одржа по спроведување­ то на Референдумот за независност на Република Маке­ донија Вие развивте една интересна теза за идниот, гла­вно економски, развој на Македонија. Бидејќи во ден­ овите

96


Н и к ол а Кљус ев

на Референдумот во Скопје, за Бугарија и за Грција мо­ жеби по инерција, кумулирана од минатото, се збору­ваше мошне малку или сосема негативно, дали Вашето искажу­ вање означува дека претстои суштинско отвара­ ње на Републиката кон Бугарија? Н.К.: Ние со задоволство ќе го прифатиме признавањето на македонската држава и македонската нација од страна на Бугарија. Од некои информации, кои стигнуваат до нас, разбравме дека Бугарија ќе ја признае македонската суверена држава, но не и ма­кедонската нација. Зборувате дека тоа е бугарско население. Так­вото тврдење не одговара на вистината и упатува на несериозен пристап кон Македонија, што се базира на историското минато. Нашето отварање кон Европа и соседните земји е поврзано и со напуштањето на оние системи, политички и економски, кои недозволено ја поттиснуваа слободата на мислењето на луѓето. Затоа е потребно да се создадат претпоставки граѓаните на Бугарија да добијат објективна информација за тоа, дека маке­донскиот народ има свој јазик и култура, своја национална самобитност и духовност, свои традиции и обичаи, свое геополитичко расположение. Македонија сега се отвара кон југословенските народи, кон Балканот и Европа, стремејќи се да создаде претпоставки за нор­мално сожителство и соработка. Затоа ќе биде коркетно Бугари­ја да најде сили да ја признае македонската нација и да ја поправи историската грешка од минатото. А со тоа ќе се создаде можност за соработка и обезбедување од заемна полза и за двете страни. Отварајќи се кон Албанија, ние констатиравме дека, има многу неисползувани можности во областа на стоковната разме­на, во областа на услугите, во размената на суровините, во изградбата на патиштата. Јас добив покана преку Вашиот претставник да ја посетам Бугарија и јас ќе ја посетам во најблиска иднина. Ја искористив можноста преку него да соопштам, дека ние би сакале заедно да работиме

97


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

за реализација на проектот „ВИА ИГНАЦИА“, со кој можат да се ангажираат Италија, Албанија, Македонија, Бугарија, на север Романија, и на југ Турција. Тоа е една заедничка програ­ма. Би сакале црноморската област да ја поврземе со јадран­скиот регион. На тој начин Македонија, како централно-балканска држава, ќе може да реализира нови контакти и соработка. Тие идеи во никој случај не треба да се прифатат како стремеж да се изоли­раат другите држави. Нека се присоединат и Грција, Србија и Хрватска, како и другите членови на Југославија. Гореизнесеното означува, дека ние наполно се отвараме за нашите соседи и за Европа. Според Вашите оценки што е потешко: науката или поли­ тиката? Н.К.: Науката е благословена работа, во која човек потполно може да ги искаже своите способности, знаења и умеења. Секој напишан труд се пресретнува со радост и се сака како рожба. Политиката е неизвесност. За неа се зборува тешко и јас не сум научен да давам изјави за неа. Има стари филозофи, од Пла­тон наваму, кои добро ја окарактеризирале... Со какви предлози конкретно ќе дојдете во Софија? Н.К.: Во Софија би сакал да се реализираат некои заеднички проекти. Ќе се потврди можноста претпријатијата да работат заеднички, без ограничувања. Како независна и самостојна држава Македонија ќе ги изградува своите односи со земјите од нејзината најблиска околина, вклучувајќи ја и Бугарија, по стандардите и критериу­мите кои ги ползува цивилизирана Европа. Без дискриминација – национална, економска, државна, а преку нови патишта за соработка.

98


Н и к ол а Кљус ев

Со тоа ќе им се обратите на политичарите, а што би му кажале на народот? Н.К.: На бугарскиот народ ќе му кажам, дека го има за сосед македонскиот народ, со неговата горда историја и чувство на сло­бодна нација. Народ, кој има дух и богато творештво, кој има амбиција да работи за својата таковина. Тоа е народ, кој искрено ја љуби својата татковина. Ќе му посакам на бугарскиот народ да пристапува со отворено срце кон сите, вклучувајќи ја и Македонија – како кон суверена држава со суверен национален идентитет. Г-не Кљусев, како ги гледате односите меѓу нашите земји по дваесетина години, на почетокот на новиот милени­ум? Н.К.: Убеден сум, дека европските стандарди и критериуми ќе нè поттикнат и научат да живееме заедно, ќе нè ослободат од историското бреме и грешките, ќе ни помогнат да постигнеме зближување и разбирање, да живееме со сознанието за слобод­ни и демократски народи. Кое е Вашето животно мото? Н.К.: Да се трудам во секој момент за честа и своето лично достоинство.

99


НОВО СПОЈНО ТКИВО ЗА ИНТЕГРАЦИЈА „Нова Македонија“, 7 септември, 1991 г. (Б.Ц. - С.Ј.) - Разговори во Скопската Железарница и Фени Македонија по прогласувањето на својата независност и сувереност ќе ги прогласи своите граници за отворени, со што ќе покаже дека е демократска и мирољубива земја, која сака добри односи и соработка со соседите. - Официјално пуштен во произ­водство металургискиот комбинат Фени во Кавадарци. Претседателот на македонската Влада, во рамките на своите предреферендумски активности, вчера претпладне зборуваше пред вработените во најголемиот македонски колектив Рудници и железарница Скопје, а во попладневните часови при­суствуваше на официјалното пуштање во производство на мет­алургискиот комбинат Фени, во Кавадарци. Премиерот во раз­говор со раководниот кадар на Железарницата беше запознаен со сите проблеми на овој колектив по што своето обраќање го почна со потенцирање на желбата и напорите што ги прави Владата за создавање нов стопански, правен и политички систем во Македонија, кој ќе одговара на европските стандарди и текови.

100


Н и к ол а Кљус ев

Референдумот, рече Кљусев, претставува светол и историс­ки чин, голема обврска и гордост за македонскиот народ и за сите граѓани на Македонија, а позитивното изјаснување ќе при­донесе понатаму Македонија правно легитимно да се договара за влегување во сојуз на суверени држави со другите југословенски народи, но и пошироко во Европската заедница. Кљусев се освр­на и на третманот на националните малцинства во Републикава, при што рече дека Македонија ортодоксно се придружува кон меѓународните норми, но дека нема да дозволи својата сувере­ност да ја дели со друг народ кој има своја матична држава. Зборувајќи за непризнавањето на македонскиот народ од страна на соседна Бугарија и на Грција, премиерот истакна дека тој проблем најдобро ќе се реши со тоа што Македонија, по прогласувањето на својата независност и сувереност, ќе ги прогласи своите граници за отворени и ќе овозможи проток на луѓе без какви било визи, со што ќе покаже дека е демократска и миро­љубива земја, која сака добри односи и соработка со соседите. Никола Кљусев се осврна и на дефетизмот во српскиот печат и на силната противреферендумска пропаганда и истакна дека Македонија на референдумот не гледа како на сецесија, туку, напротив, како на ново спојно ткиво за интеграција на југословенскиот, на балканскиот и на европскиот простор. Вчера во попладневните часови претседателот на македон­ската Влада присуствуваше на официјалното пуштање во произ­водство на металургискиот комбинат Фени, во Кавадарци. Об­раќајќи им се на присутните Кљусев истакна дека со пуштањето на овој капитален објект сакаме да ја поправиме грешката од ми­натото кога беше умртвен еден крупен објект на обоената метал­ургија, што долги години се издржуваше на плеќите на македон­скиот работник. Новата Влада, ослободена од притисоците, врз база на слободни, демократски одлуки ги процени економските ефекти на Фени и им даде зелени светла на оние македонски претпријатија кои

101


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

најдоа економски интерес во Фени. По ова претседателот на македонската Влада се осврна на претстојниот референдум и притоа рече дека во осамостојување­то на македонската суверена држава се втемелени сите до­сегашни настојувања на македонскиот народ. Признавањето на суверени држави во Југославија станува преокупација на сите ми­рољубиви сили кои се стремат за создавање сојуз на суверени држави во едни поинакви рамноправни односи. Сведоци сме, ре­че Кљусев на една мошне нечиста војна на скараните југословен­ски народи, што македонскиот народ не ја признава како татковинска војна, која ни праќа само мртви војници и создава неизвес­ност и страв кај сите. Давајќи го својот глас за суверена македон­ ска држава, истакнуваме дека сувереноста за нас не значи сино­ним, што некој сака да ни го наметне, за сецесија и отцепување. Не ја сфаќаме Македонија како нешто автархично, затворена, напротив, сувереноста е правен легитимитет за рамноправност и слободно здружување на сите југословенски држави, истакна на крајот Кљусев.

102


ИЗГРАДБА НА НОВ ПОЛИТИЧКИ И ПРАВНО-ЕКОНОМСКИ СИСТЕМ „Нова Македонија“, 8 август, 1991 г. - Експозе за програмата на македонската Влада Наместо многуте закони и прописи кои ги задгушуваа иниција­тивите на граѓаните, мора со низа системски закони да соз­дадеме современ, транспарентен, јасен и конзистентен систем што ќе ја штити и овозможи иницијативноста и креативноста на секој субјект. - Владата е определена да се приватизира што поголем дел од стопанството во сите гранки. - Неопходно е создавање основи за нов развоен циклус. Собранието на СРМ ја продолжи 20- тата седница која ја помина во знакот на расправата по експозето на Програмата за раб­ота на Владата на Република Македонија во мандатниот период, што го поднесе премиерот д-р Никола Кљусев. Документот за наредните задачи кои стојат пред Владата на Републиката, што пратениците го добија по исчекување од четири месеци, беше разгледан, а забелешките на Програмата беа многубројни. Најголем дел од нив се однесува на неможноста и практично да се реализираат многу од поставени-

103


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

те задачи, без претходно да се знае дали и кога во иднина Македонија ќе биде суверена и самостојна држава, со сите права и надлежности што й при­паѓаат. На седницата и меѓу пратениците преовладеа уверување­то дека се наоѓаме во исклучително тешка политичко-економска состојба и дека треба што поскоро заеднички да се најдат вистин­ски решенија за што поскоро санирање на состојбите во стопанството, како најважен предуслов за натамошен развој. Реализацијата на Програмата за работата на Владата во наредниот период треба да овозможи создавање на нов политички и правно-економски систем, да се надминат сегашните многубројни тешкотии и да се создадат основи за започнување на нов развоен циклус на Република Македонија. Во подготовката на овој документ се појде од Декларацијата за сувереност на Република Македонија, платформата за идното уредување на Југославија и основните насоки од веќе подготвениот Нацрт на новиот Устав на Македонија. Основните определби на оваа Програма ќе се разработуваат и ќе се дефинираат врз системските закони чие донесување претстои по новиот Устав нa Република Македонија, низ документот на развојната политика во тековното среднорочје и во годишните програми на мерките на економската политика, како и во актите што ќе ги донесува Владата на Македонија и што ќе му ги предлага на Собранието, рече на почетокот на своето експозе по Програмата за работата на Владата во наредниот период, д-р Никола Кљусев, претседател Владата на Република Македонија. Треба да е јасно дека Програмата не претставува никаква замена на документот за среднорочната развојна и економска политика, бидејки тој сепаратно се подготвува и ќе му се предложи на Собранието до крајот на годината. Оттаму, јасно е дека оваа Програма е отворена за корекции и задачи и ќе се дополнува во зависност од нејзиното спроведување, од новите економски и политички збиднувања во Македонија и во земјата и од новите искуства. Во периодот

104


Н и к ол а Кљус ев

на подготвувањето на овој документ, во Југославија се случија драматични настани кои доведоа до длабока политичка криза, крајно влошена економска и безбедосна ситуација, која ги наруши и некои од појдовните претпоставки врз кои се базираше Програмата. Настаните внесоа и некои нови елементи на југословенската криза кои бараат јасни потези на основната линија на Декларацијата за сувереност на Македонија. Затоа Владата веќе презеде дополнителни мерки и активности, кои мораат да кореспондираат со сите реални и можни опции за разврска на ситуацијата иако, за Република Македонија, во принцип, неприфатлив е секој едностран акт кој ги менува односите во Југославија од гледна точка на државно-правниот статус, економската, политичката и националната сувереност, односно соодветниот меѓународно-правен субјективитет.

НЕПОВОЛНИ ТЕНДЕНЦИИ На сите добро ни е позната општествено-економската состо­јба во која се наоѓа Македонија, истакна Кљусев. Во ситуација на општа политичка ерозија, стопанството е во колапс, дополнител­но поттикнат и од распадот на целиот стопански и монетарен сис­тем. Ваквите сложени политички, економски и социјални состојби кои се присутни во Југославија, многу поизразено се чувствуваат во Македонија. Имаме повеќегодишна стагнација, опаѓање на производството, запирање на реформите, прекин на функциони­рањето на Југословенскиот пазар, на финансиските текови во рамките на одделни републики. Неповолните тенденции ескалираа уште кон крајот на ми­ натата, а посебно годинава, кога во Македонија реално опаднаа сите показатели – индустриското производство и извозот, инвес­тиционата активност. Дезинвестирањето е големо и заканувачки расте трговскиот дефицит. Во Македонија невработеноста се зголеми на 164.000 лица, а заради преструк-

105


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

туирањето на стопан­ството ќе имаме вишок од уште околу 55.000 работници. Особено загрижувачки се и другите резултати: животниот стандард, најниските лични доходи кои ги имаме во споредба со оние во земјата, неможноста да земат плати голем број работници. Состо­јбата во стопанството директно влијаеше и во општествените дејности, бидејќи сè уште не сме дошле до содејство на овие две сфери на општествениот живот.

НЕОПХОДНИ ПРОМЕНИ НА ПОЛИТИЧКИОТ И ПРАВНИОТ СИСТЕМ Владата на Македонија, истакна Кљусев, се залага за про­мени на речиси сите политички институции во сегашниот систем, зашто тие се хибридни, не можат да одговорат на барањето и може реално да претставуваат пречка за премин кон парламен­тарната демократија. Основна политичка филозофија од која поаѓа Владата се човековите права и слободи, етиката на граѓан­ ското општество и правната држава. Наместо многубројните закони и прописи кои ги задушуваа ини­цијативите на граѓаните, ние мораме да создадеме современ, транспарентен, јасен и конзистентен систем, што ќе ја овозможи и штити креативноста и иницијативата на секој поединец. Пара­ лелно се подготвуваат многубројни системски закони, кои ќе послужат како темел на парламентарните институции во Маке­донија во случај на одложување на процесот на донесувањето на новиот Устав на Републиката. Се подготвуваат и други закони за основите на политичкиот систем, како оние за политичките пар­тии, за здруженијата на граѓаните, за јавните собири, изборите и други. Многу важен сегмент на системот на кој Владата на Маке­донија во наредниот период ќе обрне големо внимание е дефини­рањето на локалната самоуправа, зашто новиот закон веќе е доставен до Собранието на Македонија. Спротивно на сите опре­делби

106


Н и к ол а Кљус ев

кои политичките партии ги имаа во предизборната кампања, а кои се однесуваа на развластувањето на општинските феуди, сега е присутна тенденција од истите тие партии да се нас­ тојува да се зајакнува власта на општините, што не е добро и мора да се надмине. Конечно, да се сфати дека не станува збор за проста делба на функции меѓу Републиката и општините, туку за нов и поефикасен облик на организацијата на власта. Во областа на промените во политичкиот и во правниот сис­тем Владата посебно внимание посветува на создавањето на општествени услови за остварување на демократската јавност и целосна слобода на јавното информирање во Републиката. Един­ ствено на тој начин ќе се создадат сите потребни услови за ост­варување на правата на граѓаните за точни и навремени инфор­мации, како предуслов за активна и демократска партиципација во власта.

СОПСТВЕНИЧКАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА – КЛУЧНА ЗАДАЧА Во програмата за работата на Владата во наредниот период, од промените во стопанскиот систем, клучна задача ќе биде транформацијата на сопственоста, зашто ќе се предложат соод­ветни републички закони и акти со кои ќе се реализира оваа област. Ние се определуваме, истакна Кљусев, да се прива­тизира што поголем дел од стопанството од сите гранки, што не значи да се оди на приватизација на сè и сешто, без критериуми и значење за тоа што значат определените гранки на стопанството во Македонија. Затоа и ќе бидат исклучени организациите од инфраструктурен карактер и оние што се во монополска полож­ба, сè додека кај нив не се обезбедат услови за конкурентност. Составен дел на оваа задача е воведувањето и институција­та на концесии, за што Владата ќе предложи закон со кој тие ќе може да им се дадат на странски лица за

107


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

експлоатација на некои природни богатства во Републиката и за користење на стопан­ските субјекти, а посебно ќе бидат стимулирани концесиите во енергетските, во сообраќајните, во туристичките и во угостител­ските капацитети. Притоа, за дефинирање на начинот и условите за издавањето на концесии за ползување на отцепните ресурси, Владата посебен акцент и активност планира да преземе за реализација на Програмата за интегрален развој на Вардарскиот слив, што е капитален проект, кој би учествувал со 80 отсто од вкупната површина на Македонија. Во Програмата на трансфор­мацијата на сопственоста активно ќе бидат вклучени и Агенција­та за преструктуирање и развој и Фондот за развој, кој ќе се зани­мава со продажба на претпријатијата и со давање услуги на сите оние што се заинтересирани за трансформација на сопственоста. Со уставните решенија ќе се подобрат и состојбите во финансиската и во фискалната сфера, особено во даночната политика и во монетарно-кредитната политика. За стимулирање на вложување на капиталот од странство во стопанството на Македонија, Владата ќе донесе прописи и ќе утврди програма, како и начин на оданочување на странски корпорации, со настојување тие да бидат конкурентни во однос на другите земји. Затоа се предвидуваат многу погодности за вложување во одделни стопански дејности, особено во програмите за преструктурирање на капитално-интензивни капацитети. Основна определба на тековната политика останува пре­структуирањето на индустријата. Тоа ќе се остварува со забрзано менување на структурата на индустриското производство, формирање на мали и средни претпријатија за да може да се добие модерно, пропулзивно, флексибилно и високо-доходно производство. Затоа и ќе се ревитализираат постојните програ­ми, ќе се воведуваат нови, посебно ќе се настојува да се намали учеството на базно-суровинскиот комплекс во црната, во обоена­та металургија и во дел од дрвната индустрија, како и во другите класични индустриски гранки

108


Н и к ол а Кљус ев

со поинтензивен развој на проп­улзивниот сектор. Се преземаат и големи активности и за реак­тивирање на некои капацитети како Фени, Конзерваекспорт, Стакларницата и други. Уште во текот на оваа година ќе се создаваат услови и за изградба на наредниот електроенергетски објект, ќе се започне со гасификацијата на Републиката и ќе се заврши електрификацијата на преостанатите села во Република­та. Владата големо внимание ќе посвети и на развојот на: земјоделството, градежништвото, станбената изградба, малото стопанство...

ГРИЖА И ЗА ОПШТЕСТВЕНИТЕ ДЕЈНОСТИ Со програмата, рече премиерот Кљусев, Владата ќе создаде услови за надминување на проблемите во општествените дејнос­ти за ефикасно и квалитетно нивно организирање и работа. Затоа, од оваа година ќе започне и трансформацијата на овие дејности со промени на организацијата, управувањето и системот на нивното финансирање. Ќе се видат и можностите организаци­ите од оваа сфера да се организираат во установи со различни видови сопственост, што ќе овозможи и различни основи за стекнување средства за финансирање и за активностите што ќе ги извршуваат. Средствата што се одделуваат преку придонеси и даноци за остварување на правата, потребите и интересите во областа на образованието, науката, културата, техничката и физичката култура, одделните видови на здравствена, социјална и општествена заштита, ќе се обезбедуваат преку буџетот на Републиката и ќе се пренесат во управување и располагање на одделните министерства. Ова, од причина што проблемите, со кои сега се соочува, посебно образовниот систем, укажуваат на потребите од радикални реформски зафати во сите сегменти. Тргнувајќи од состојбите во демографските движења, рече Кљусев, ќе се преземаат мерки и активности за доследно спрове­дување на Резолуцијата за популационата политика, во насока за на-

109


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

малување на наталитетот, порамномерна разместеност на населението и, воопшто, за усогласување на демографскиот со социјалниот и економскиот развој на Републиката. Посебен пункт за дејствување на Владата ќе биде можноста за остварување на продуктивно вработување, со еден нов приод и концепција на вработувањата, во сообразност со пазарните услови за стопанисување. Суштината на ова прашање ќе значи конкуренција за добивање и задржување на работните места, за лошо работење и губење на ваквиот монопол, поголема мобил­ност на вработените за ангажирање во нови развојни програми. Со посебни програми ќе се решава и вишокот на вработените, зашто постои оценка дека просечно годишно би можеле повторно продуктивно да се ангажираат до 15.000 работници. Во исто време се воспостави пазар на трудот и ќе се утврди единствен систем на информирање за понудата и побарувачката на работна сила.

РЕСПЕКТ ЗА ВРЕМЕТО И ОДГОВОРНОСТ Меѓутоа, додаде Кљусев, за да може да се реализира поголем дел од предвидените мерки и активности на Владата мора да се има предвид дека во вака сложени проблеми, објек­ тивните можности за пресврт во развојот на Републиката, и тоа во краток период – крајно се ограничени. Затоа, тежиштето на сите мерки на Владата, во првите две години, ќе биде насочено кон санирање на состојбите, кон сопирање на кризниот пад и кон воспоставување рамнотежа, како предуслов за натамошен севкупен развој. Мандатот на оваа Влада и реализацијата на задачите се совпаѓаат во период, кој, според сите карактеристики, е вистинс­ка историска пресвртница. Во билансот на досегашните преднос­ти од историско значење е Декларацијата за сувереност, со која најлегитимно е потврден државно-правниот и меѓународниот ста­тус на нашата Република. Таа така и се афирмира, како исклу­чително конструктивен фактор на

110


Н и к ол а Кљус ев

разрешувањето на југословен­ската криза на демократски и мирен начин. Во остварувањето на својата, со Уставот утврдена улога и функција во овој преоден период, Владата настојуваше да не биде повреден или, пак, загрозен ниеден витален интерес на Македонија, до што доаѓаше поради блокади или неефикасност на сојузните органи или како последица на остварување на еднострани акции. Покрај објективните предности, јасно е, како и во сите пресвртнички епохи, се јавува инерција на старата свест и прак­тика, исчекување, наместо конкретно дејствување, барање на различни „спасители“, наместо брзо преструктуирање. Односно, судирот меѓу новото и старото се испреплетува на економски и на политички непродуктивен и нерационален начин, а во социјално­психолошката и емоционална сфера сè уште има ставови, кои имаат големи амплитуди на осцилации. Продолжувањето на политичките дуели и конфронтации може да води кон историски и непродуктивен растур на националните и на вкупните социјални и творечки сили во Македонија. Владата на Републиката решително, тргнува и од тоа дека стопанските и другите субјекти на Републиката не можат ниту премногу да веруваат ниту да очекуваат од институциите и орган­ите на историски веќе истрошениот југословенски федерален модел, зашто мораме да бидеме свесни дека под површината на ситe политички, национални и националистички конфронтации и борби, всушност, се кријат реалните енономски интереси. Меѓутоа, посебно нагласи Кљусев, Владата нa Македонија најдоследно ќе ги брани сите економски интереси, што произлегуваат од учеството на нашата Република во создавањето на сите југословенски економски ресурси и за остварувaњe на сите обврски на Федерацијата. Но, секој субјект, исто така, мора да ги знае, да изгради стратегија, да ги штити и да ги остварува своите реални интереси. Тоа е пресврт што мора да се направи во претприемничка, менаџерска и маркетиншка смисла. И на внатрешен и на надворешен план Македонија знае што

111


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

сака и има јасна стратегија. Но, во расплетот на југословенската криза, можни се и неочекувани појави и пресврти. Со сета сериозност треба да се смета дека влијаието на меѓународниот фактор нема да биде само глобално, ќе се настојува да се фавори­зираат и некои парцијални интереси. Затоа, на Македонија во овој момент и е неопходен максимум политичка толеранција и консензус, како и откажување од настаните кои дневно се менуваат да се користат за дневен или за предизборен рејтинг, бидејќи секоја испуштена шанса да се заштити или да зајакне националниот и државниот интерес, ниту сегашните, нитy идните генерации, нема да ни ја простат.

112


МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОПСТОЈУВА И ПО РЕФЕРЕНДУМОТ „Нова Македонија“, 8 септември, 1991 г. – прес конференција, (Ј. К.) Не ја замислуваме Македонија како автархична држава, би­дејќи на сувереноста се гледа како на спојно ткиво за југословен­ската заедница на суверените држави во која ќе се води сметка за сопствените економски интереси, изјави вчера премиерот Никола Кљусев. Некои агресивни политички аспирации кон Македонија говорат дека по референдумот Македонија ќе биде неспособна економски да опстојува, безбедносно да егзистира, а преку разни памфлети се сее страв дека доколку граѓаните на Македонија гласаат на референдумот ќе доживеат сиромаштија и војна. Македонија ќе опстојува и по референдумот изјави претсе­дателот на Владата на Македонија Никола Кљусев на вчераш­ната прес-конференција. Македонија не оди на сецесија и отцепу­вање, а сите тврдења дека Македонија опстојувала на југосло­венски и туѓи јасли, премиерот на Републиката ги оквалификува како лаги. Претседателот на македонската Влада на средбата со новинарите оцени дека Македонија не се замислува како автар­хична држава, бидејќи сувереноста се

113


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

гледа како спојно ткиво за југословенската Заедница на суверените држави, во која ќе се води сметка за сопствениот економски интерес. Тргнувајќи од демократските слободи и правата на граѓаните Македонија ќе ги отвори просторите за слободна иницијатива во духот на Европ­ската заедница, а ќе ги почитува националните малцинства со­гласно Хелсинки. И досега, рече Кљусев сме ги почитувале пра­вата и слободите на националните малцинства, тие имаат школу­вање на мајчин јазик, економски и политички слободи, свои вес­ници и културни институции, а таква привилегија немаат Македонците во Бугарија, Грција и во сите делови на Албанија, забележа македонскиот премиер. Образложувајќи го ангажманот на Владата на Македонија, Кљусев вчера најави дека по референдумот Македонија ќе настојува да ги отвори границите, да ги укине визите кон соседите, ќе побара Македонија да биде слободна царинска зона и демилитаризирано подрачје, ќе им понуди концесии на странските партнери да се отворат во Македонија економски бази, ќе понуди соработка на „Тексако“, „Шел“ и на други компании. Тие чекори објасни Кљусев покажуваат дека Македонија со референдумот нема територијални претензии, ниту подготвува агресија како што тврдат круговите во соседна Грција, туку претставуваат промени во духот на Европската заедница. Кљусев ги коменти­ раше и бугарските ставови истакнувајќи дека Македонија не е некаква аморфна маса и збирштина на луѓе дојдени од страна. Премиерот, одговараќи на новинарските прашања истакна дека референдумот ќе ја чини Македонија 7 до 9 милиони динари, но истовремено забележа дека не постои цена кога македонскиот народ дава поддршка за суверената позиција на својата држава. Тој оцени дека Владата на Македонија има јасна претстава и анализа како ќе живее Републиката и истакна дека пореметувањата во економскиот биланс самостојна Македонија би ги почувствувала само во периодот

114


Н и к ол а Кљус ев

од една година. Во однос на Армијата, Кљусев одговори дека Македонија нема да дозволи нејзините деца да бидат жртви на нетатковинската војна што се води во Југославија, а на прашањето како го коментира тоа што во идната македонска војска секој трет војник би бил Албанец Кљусев рече дека сите граѓани во Македонија се чесни и не треба да постои никаков страв од војници Албанци. Премиерот ги демантираше и тврдењата на одделни новинари за бројноста на Албанците во Македонија соопштувајќи го официјалниот податок дека во Македонија живеат 19 до 21 отсто Албанци. Премиерот опширно зборуваше за остварените економски договори со Советскиот Сојуз, Израел, Италија, Албанија и рече дека тие економски ангажмани беа повод и бугарскиот амбасадор неодамна на Владата на Македонија да й понуди економска соработка. Ние ќе предложиме Охрид да биде домаќин на градењето на економската стратегија на дијагоналата Македонија – ­Италија – Албанија – Бугарија – Грција – Турција, најави премиерот Кљусев.

115


САМИ ИЛИ СО СИТЕ ЕВРОПА НЕ НИ ГИНЕ „Вечер“, 14 септември, 1991 г. (Душко Стрезов) Проф. д-р Никола Кљусев за првите чекори на Владата во самостојна и суверена Македонија - Гостопримство на ЈНА, но без внатрешни судрувања - Македонија мора да гради своја дипломатија и во услови на сојуз на суверени држави и доколку нема таков сојуз во економијата по угледот на европската заед­ница: отворено пазарно стопанство итно завршување на законите во стопанскиот систем и заокружување на другите два система: политичкиот и правниот. По референдумското изјаснување на македонскиот народ за самостојна и суверена сопствена држава, Владата на Македонија се наоѓа пред прилично голем празен простор што веднаш се појави или уште ќе се појави како последица на новите услови во општествено-економскиот, политичкиот и културниот живот и во сите други сфери на опстојувањето на една комплетна, самостој­на независна држава. За многу работи, речиси уште сега во моментот треба да се имаат јасни мислења, одговори и искриста­лизирани ставови. Не се за потценување ни незавршените работи кои Владата не можеше да

116


Н и к ол а Кљус ев

ги финализира во времето на нејзина­то само петмесечно работење во овој состав, кога пред неа се најде еден цел систем кој треба сега да добие сосема нова содржина. На оваа тема разговаравме со професор д-р Никола Кљусев, претседател на Владата на Република Македонија. Денес – вели претседателот Кљусев – со задоволство може да констатираме дека воодушевувањето и ентузијазмот на македонскиот народ во полн израз дојде на 8 септември кога масовно се искажа љубовта на народот да добие своја самостојна македонска суверена држава. Тоа сега е реалност. И веднаш сега наоѓаме пред една ситуација: поминаа дискусиите, митинзите, јавните настапи – заврши референдумот. На адреса на Владата сега постојат големи обврски за да може што поуспешно да го заврши изведувањето на новата развојно инвестициона и економска политика и механизмите и инструментите на својот стопански систем. Сега ќе настојуваме што побргу да му ги досставиме на Парламентот најпотребните закони на стопанскиот систем, пред сè, законот за трансформацијата на сопственоста, законот за концесиите, за даноците... Тоа ќе го мобилизира речиси целиот наш интелектуален ум, појдовните премиси, кои ги вткајувавме во овие регулативни закони да бидат предмет на поширока научна дискусија. Основните премиси од кои тргнуваме, пред се, се оние вредности, стандарди и критериуми кои се длабоко вткаени во земјите-членки на Европската заедница, затоа што тргнувавме од концептот дека Македонија треба да биде со отворена пазарна економија во која ќе владеат пазарните законитости. Слободата на партнерството ќе условува на доменот на изградувањето на стопанскиот систем да бидат блиски стандардите и критериумите на Европа како би имале корспондентност и поклопување, па дури би дале и некои шанси на поголема афинитетност, условно да речеме и привилегија, на странските партнери да можат да вложуваат во било која сфера во развојот на стопанството на Македонија. Сето тоа покажува колку Македонија ќе сака да се отвора кон светот.

117


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ДОЛГ ОД 7.5 МИЛИЈАРДИ ДИНАРИ Понатаму, Владата ќе работи околу завршувањето и на политичкиот и правниот систем. Ние го имаме изработено законодавството околу државјанството, имињата, комуналната самоуправа... Мора брзо да се реагира за да може да се ослободат механизмите на државата за да бидат стимулативни за заштита на демократијата, слободата и правата на граѓаните и заштита на економската иницијатива на секој граѓанин. Тоа од своја страна ќе значи како втора преокупација на Владата, да го отвори просторот на стопанството, да го посвети целото свое внимание, да му сервисира на тоа стопанство, како во воспоставувањето на нови партнерски односи, така и во реализирањето на политиката за санирањето на стопанството и за процесите на неговото пре­структуирање. Во тој домен ние веќе почнавме да работиме и не е нескромно да се констатира фактот дека во многу наши активности можеме да бидеме и задоволни, било во реактиви­рањето на некои капацитети, кои досега биле умртвени, било околу институционализирањето на некои соодноси во партнер­ството, во меѓусебната размена. Така, на пример, ние констати­раме дека огромната разменска вредност на стоките на југосло­венскиот пазар е во блокада. Голем дел од нашите производи не се наплатуваат благовремено. Тоа е голема сума – околу 7,5 мил­ијарди динари! Една од основните карактеристики на оваа Влада е да се имаат чисти сметки со републиките во земјата. Како и кога ќе почнат да се градат темелите на новите односи со другите републики во земјата? Н.К.: Замислата е следна: во овој период на преговори доде­ка не се изгради новата визија на сојуз на суверени држави на Југославија, или било каков сојуз тој ќе биде, но под тој сојуз ние ги подразбираме сите шест постојни републи-

118


Н и к ол а Кљус ев

ки во земјата, ние ќе ги поддржиме сите оние настојувања на ниво на Југославија кои ќе го заштитуваат заедничкиот економски простор на земјата, царинскиот систем и сите оние допирни точки во кои Македонија ќе го гледа својот сопствен интерес. Меѓутоа, некои претпоставки кои постојат или кои функционираат во постојниот стопански сис­тем, а се нарушени во одделни републики и во цела Југославија, ние преку изградувањето на сопствениот македонски стопански систем ќе ги штитиме, пред сè, интересите на македонските стопански субјекти и критериум на нашиот однос ќе биде апсо­лутната заштита на македонскиот интерес во постојните услови. Доколку не дојде до тоа, што ние интимно не би сакале така да се одвиваат работите, тогаш Македонија врз основа на своите истражувања за самостојно функционирањe во сегменти на живеењето, во правниот, политичкиот и стопанскиот систем, ќе изгради таков систем кој ќе овозможува функционирање на една современа држава со сите потребни прерогативи. Тука претпос­тавката е, пред сè, да се отвори македонскиот економски прос­тор со блиските свои опкружувања на Балканот, во Европа и светот. Ќе настојуваме да изградуваме нови правни односи со наши­те соседи, без секакви претензии на територијални промени на границите, на разни други политички тензии, заострувања. Ние ќе одиме кон тоа нашиот мирољубив однос да се преточи, пред сè, преку економска соработка, а таа ќе ги релаксира односите и политички ќе создаде една нова димензија: да се заборават сите тие политички кавги и расправии, сè она што е наследено од ис­торијата и да заживееме како нови генерации во еден нов амби­ент, без пресии, без политички оптоварувања, а со желба еко­номски да соработуваме со сите.

119


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ПОФЛЕКСИБИЛНА ОДБРАНБЕНА СТРАТЕГИЈА Какви се односите на Владата на Македонија со Сојузни­ от извршен совет, ЈНА... ? Н.К.: Односите на Владата на Македонија во средувањето на изградувањето на новиот сојуз на суверени држави на Југославија сè додека траат преговорите, а ние мислиме дека тие ќе траат многу подолго отколку што сега си замислуваме, е таков што мислиме дека некое врзивно ткиво на ниво на Југославија мора да постои. Дали тоа ќе биде сегашната структура на СИС или друго тело мора да постои за да може процесите во Југослав­ија нормално да се одвиваат. Затоа што многу е тешко веднаш да се оди кон изградување на свои национални валути, национална царинска политика... Во тој контекст може да се каже дека и односот кон ЈНА ќе го гледаме како една преодна фаза во која таа би можела да биде чувар на нашите граници, се разбира, да не се впушта во внатрешни cyдpувањa. По престанувањето на воените дејствија во Југославија и договорот за мир, прет­поставка е дека и самата ЈНА ќе се преиспита себе си и во нова констелација на односи, до колку се изгради сојуз на суверени држави, тогаш ќе се види нејзиното место. Со заеднички договор тоа ќе се почитува, а тоа ќе биде она што самите суверени држави ќе создадат свои системи на одбрана. Верувам дека ќе се постави нормална кореспондентност и во тие услови ќе се изгра­дува една пофлексибилна, помодерна одбранбена стратегија во која ќе бидат застапени, пред сè, интересите на земјите членки на таков сојуз на суверени држави кои ќе можат поспокојно и мирно од одбранбениот сектор да живеат. Тоа е знак дека во овој временски период Владата ќе биде мошне ангажирана околу изградувањето на сите овие механизми и инструменти на новата заедница, доколку таа ќе се оствари, а и доколку не се оствари таа ќе може да ја изграду-

120


Н и к ол а Кљус ев

ва политиката, стратегиите и механизмите за регулирањето на сопствената македонска држава како самостојна и независна држава. Тоа се значи крупни обврски пред кои ќе стоиме, а ќе ги совладуваме чекор по чекор, вели претседателот проф. д-р Никола Кљусев. Тоа не може на јуриш да се совлада. Ќе треба да се користи и нашиот ум, а и искуствата на другите земји. Ќе бидеме склони кон тоа да видиме кои мерки и инструменти ќе ни донесат најмногу ефекти. Нивната оценка треба да биде опера­ционализирана. Некои закони може да ги повратиме, да ги преиспитаме, доколку се на брзина донесени. Значи тоа е еден процес, да го наречеме процес на зреење на младата суверена држава, во кој ќе се наидува на значителни тешкотии. Дури тогаш ќе треба да ги утврдуваме кои се нашите ограничувачки фактори во економијата и во другите сектори на нашето живеење, каква политика ќе изградуваме кон тие ограничувачки фактори, какви сили ќе ни бидат потребни за нивното решавање, дали сопствените економски сили на Македонија ќе бидат способни. Ние сме убедени дека ресурсите со кои располагаме, изградените ка­пацитети, нашата интелигенција и квалификуваната работна сила се доволна гаранција за да можеме да изградуваме еден динамичен модел на развој со интерес на странски партнери во услови на максимални концесии кои ќе ги овозможиме.

СОПСТВЕН ДИПЛОМАТСКИ КОР Како ја гледате Македонија во светот во новите услови и кога ќе почне Македонија поконкретно да ги гради свои­ те односи со светот – дипломатски претставништва, пра­ шањето на другите институции од меѓународен карак­тер кои се потребни на секоја суверена држава? Н.К.: Досегашната дипломатија не го штитеше подеднакво македонскиот интерес. Оттука новата визија за изграду-

121


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

вањето на самостојна и суверена држава во сојуз на суверени држави претпоставува да се преиспитаат и надворешно-политичките односи на Македонија и нејзините претставништва во другите земји. Ние не може да планираме така брзо да организираме свои посебни дипломатски претставништва во повеќе земји. Но, до­колку постои тој сојуз на суверени држави, еден дел целосно ќе го преземе тој сојуз, а значаен дел со полноправна партиципација ќе преземе нашата суверена држава. Доколку пак егзистираме како посебна независна држава, тогаш ќе испитаме во кои групи на земји ќе имаме свои претставништва, каде е понагласен нашиот политички и економски интерес. Сигурно е дека нема да се рашириме низ оваа планета и да настојуваме во секоја земја да имаме свои претставништва. Ќе го правиме тоа што го прават многу цивилизирани земји: едно дипломатско претставништво да може да сервисира повеќе земји, а во поголемите земји, каде што ќе имаме поголем акцент на политички и економски интереси, се разбира, тука Македонија ќе биде претставена со свој дипломатски кор. Во таа смисла ќе настојуваме сега во сите меѓународни институции македонскиот интерес да биде застапен преку свои претставници. Ние сме многу малку претставени во меѓународните институции на Европа и светот. Тоа беше повеќе привилегија на сојузните органи кои ситуираа други кадри, но сега нашиот интерес ќе биде по нагласен со тоа што во тие меѓународни институции, било политички, културни, научни, образовни... ќе имаме свои претставници. Тие ќе бидат од таков карактер што ќе можат легитимно да ги претставуваат интересите на нашата држава, а затоа ние имаме доволно интелигенција која знае и странски јазици и која се школувала на странски универзитети, која ја носи цивилизацијата и културата на Европа и на светот, па нема да бидеме инфериорни и во тој домен.

122


МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ И САМА “Масеdonian newspaper” - Sydney, Australia, октомври 1991 г. Ексклузивно интервју со претседателот на македонската Влада Преку механизмите и инструментите на југословенскиот сис­тем Македонија „се исцедуваше“ со ниски откупни цени на земјо­делските производи и контролирани и врзани цени на индус­триското производство. - Ние отворено кажавме дека не бараме никој со сила да не признае – ние сме тие што сме – постоиме, ­Македонија нема територијални претензии. - Во Македонија не сакаме воопшто да се третира албанскиот проблем на некакво Југословенско ниво. - Оставката на Љупчо Георгиевски – негово убедување и видување на водењето на владината политика.­Сакаме да договориме конкретни договори со Австралија. Со претседателот на македонската Влада се сретнавме веднаш по пристигнувањето во Сиднеј. Иако мојата намера за интервју ексклузивно по повод промоцијата на весникот беше најавена уште во Македонија, ми беше речено дека сè е

123


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

исплани­рано, и претседателот нема ниту миг слободен. Затоа, како и секој репортер решив да се снаоѓам, онака „на своја рака“ и го „начекав“ д-р. Кљусев некаде напладне во неговата соба во хотелот на Бондај. Не можеше да ме одбие и еве го резултатот.

ПОСЕБЕН ИНТЕРЕС – ПОВРЗУВАЊЕ СО ИСЕЛЕНИШТВОТО Најпрвин кажете ни ги вашите впечатоци од пристигну­ вањето. Имавте пречек на аеродромот како ретко кој др­ жавник? Н.К.: Мошне сум импресиониран од високата љубов и почит од нашето иселеништво тука во Сиднеј кон нас. Тие нè дочекаа со длабоко почитување и искажаа желби да размениме мислења, да се сретнеме. Посебно ме радува што во сабота, на 2-ри ноември ќе ги отвориме првите музички среќавања во Австралија. Нашиот народ секогаш во својата интима носел и носи чувства на љубов кон својата мајка татковина од кадешто потекнува. Тоа чувство, таа љубов кн која се негува и се пренесува на младите поколенија треба да ја цениме посебно. Посебно ме радуваше кога ги гледав младите дечиња облечени во македонски народни носии. Нè дочекаа со букети цвеќиња. Тоа е повеќе од импресивно и се надевам дека нашите средби ќе станат една традиција во разме­ната на нашето богатство на музиката и песната. Ние сакаме да им го свртиме вниманието на нашите луѓе тука, а тоа е денес сув­ерената македонска држава, а со донесувањето на уставот, утре – во блиска иднина, и независната македонска држава. Ќе биде од мошне висок интерес да се поврзува и економски со нашето иселеништво. Иселеништвото да работи на основа на профит, да инвестира во својата татковина.

124


Н и к ол а Кљус ев

СЕКОЈА ОСТАВКА - НАПУШТАЊЕ НА ФРОНТОТ Деновиве потпретсeдателот на претceдателот на Ре­пуб­ли­ ка­та Љупчо Георгиевски поднесе оставка со образ­ложение дека не се согласува со досегашниот начин на водење на владината политика. Кажете ни дали досега биле изразе­ ни некои конфликти и на што се должи овој чекор на ам­ бициозниот Георгиевски? Н.К.: Прашањето не ви е добро формулирано. Тој нема ни­какви конфликти со Владата. Тој ја поврзува својата оставка со несогласување но водењето на државата од страна на претсе­дателот на Република Македонија. Во условите на плуралистичко повеќепартиско општество секој има право да се однесува како ќе најде за згодно, според неговото видување и убедување. Па, во таа смисла не би требало да се драматизираат оставките како да се со некоја посебна заднина. Јас лично воопшто не го ценам тоа. Чинам дека во овие тешки моменти низ кои минува нашата суверена македонска држава, кога изградуваме нов уставен по­редок, токму пред чинот на донесувањето на уставот, секаква оставка ја третирам како напуштање на фронтот за изградба на самостојната македонска држава. Сосема друго е тоа што сите ние имаме различно видување во изведувањето на механизмите на системот на државата, во изведувањето на нејзината законо­давна и регулативна основа. Сето тоа покажува дека постои една слобода на исказ да може секој да си ја каже својата опција за изведувањето на државноста. Но, не би требало, веќе реков, во вакви критични моменти да се поднесуваат оставки кои се толку­ ваат како дефетизам или отстапување и кое може многу лошо да се протолкува и разбере од народот. Јас верувам само во едно настојување: заеднички да се разрешуваат суштествените про­блеми од интерес за нашата нација и нашата држава. Би требало сите да се сплотиме во духот на нашето заедништво,

125


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

да ги потис­неме нашите политички определби и да дадеме придонес на овој миг во создавањето на нашата уставотворна држава. Зашто таа наша независна држава сакаме да ја афирмираме пред целиот свет како една современа правна држава. Не може да направиме ништо конструктивно и нема воопшто да делуваме инспиративно ако сега сите почнеме да даваме оставки. Кој ќе работи тогаш за таа независна држава. Едно е да имаш друго видување околу устројството, а сосема друго е да отстапуваш од Фронтот и улога­та на таа правна држава. Ќе видиме во што е намерата на Љубчо Георгиевски и Драги Арсов, потпретседателот на Собранието на Македонија, кој поднесе оставка, исто така. Ние токму тогаш тргнавме на пат и не знам како ќе се заврши сето тоа.

МАКЕДОНИЈА БЕШЕ „ЦЕДЕНА“ Во услови кога југословенската федерација очигледно се распаѓа и кога Словенија и Хрватска прогласија незави­ сност многумина иднината на Македонија не можат да ја видат. Многумина душегрижници „стравуваат“ дека Македонија не ќе може да опстане сама. Како гледа маке­ донската Влада на тоа? Н.К.: Точно е. Многу ни зборуваа дека ние не ќе можеме сами да опстанеме. Посебно некои републики од Југославија наметну­ваа таква филозофија. Ние сме убедени дека напротив односите во последната Федеративна Југославија ги стегаа обрачите и вршеа притисок врз развојот на нашата република преку разни механизми и инструменти на југословенскиот стопански систем, на кои долго време повеќе тоа им служеше за „исцедување“ на нашиот народ преку ниско откупни цени на земјоделските произоди, контролирани и врзани цени на индустриските производи... Сето тоа со единствена цел – дел од доходот да се прелее во други гранки во други подрачја,

126


Н и к ол а Кљус ев

а нас ни се даваше еден вид помош од Фондот на неразвиените. Македонија може да опстане сама. Откако го увидовме сето тоа, дојдовме до констатација дека Македонија може сама да опстои, со своите природни и човечки ресурси. Ние како самостона македонска држава нема да бидеме затворено стопанство. Самостојноста ја гледаме како шанса да донесеме свои самостојни развојни инвестициони, технолошки и политички одлуки. Врз основа на своето суверено право, без мешање од страна на други. На крај, за нашата судбина ние конечно сами ќе решаваме, сами ќе ги решаваме сопствените проблеми. Целта воопшто не ни е економски да се затвориме. Ние сме за отворена пазарна економија во која е битна стабилноста и мотивот на секој човек кој што има свој капитал. Ние сме за економска корист на секој член кој вложува, кој инвестира. Каде и како ја гледате иднината на Македонија? Иднината е да успее во тоа да изградиме една правна само­стојна македонска држава која својот суверенитет ќе го вос­постави во нови правно-политички основи во меѓународната за­едница, со земјите со кои ќе соработува. Врз таа основа ние замислуваме дека сите почнувајќи од дипломатски и трговски до економските соработки ќе треба да се изведуваат врз механиз­мите на независната македонска држава. Тоа значи дека ние мораме да го напуштиме ова федеративно уредување кое се по­кажа како систем економски нефункционален и политички над­минат. Наша желба е во овие нови услови на живеење да се доближиме до светот, односно на оние иницијативи што се проф­итабилни како за поединецот, така и за општествената заедница во целина.

127


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

НЕ БАРАМЕ НИКОЈ СО СИЛА ДА НЕ ПРИЗНАЕ! Како гледаат другите земји на нас. Дали се спремни да ја прифатат новата самостојна суверена македонска држа­ва? Н.К.: Овие земји што ги посетивме – Бугарија, Романија и Албанија, пред тоа недвосмиспено кажаа дека немаат територијални претензии спрема Македонија и дека ја признаваат сувере­ната македонска држава. Иако Бугарија пред тоа недоволно експлицитно го потврдува постоењето на македонската нација и македонскиот народ. Говори за некое население како да е аморфно, а тоа се оние историски наслаги кои со поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година, па и со Вер­сајскиот договор од 1918 година ја поделија Македонија на три дела (со Албанија, на четири). Оттогаш тие ги носат сите историски хипотеки на свои барања како да имаат право на Македонија. Ние напротив кажавме дека не бараме никој со сила да не признае. Ние сме тие што сме. Ние се гордееме со својата национална самобитност и својата национална гордост. И сите оние што сакаат да ја признаат нашата суверена држава ќе ни биде мило тоа да го прифатиме. Но, нормално, утре, малку или повеќе, ќе бидат исправени пред политичката вистина на пос­тоењето на самостојната суверена држава, дека таа држава има и свој народ, тоа е горделивиот македонски народ со својата национална самобитност. Во последно време сè почесто се зборува за албанизаци­ја на Западна Македонија. Се вели дека Косово се сели во Ма­кедонија. Како гледате вие на тоа? Н.К.: Ние ги користиме механизмите и стандардите на Хелсиншката Декларација и Париската повелба, односно сган­дардите на КЕБС за регулирање на односите за националните малцинства. Меѓутоа, албанските политички партии не се задо­волни со тоа, туку бараат некоја си категорија на

128


Н и к ол а Кљус ев

народ, суверено право да партиципираат со македонскиот народ. А таквите тен­денции не можат да бидат прифатени. Наше е, и тоа официјално го кажуваме, правата кои ги ужива албанското, па и турското население и други во доменот на образованието, весниците, радиото и телевизијата, културните институции како театри и др. се стандард кој може да ни чини задоволство и Европа не прифаќа со тие стандарди, а ние би биле пресреќни нашинците во Албанија, Бугарија и Грција да го доживеат ова ние што им го даваме на овие малцинства. Па според тоа не станува збор да се прифати таа синтагма – албански народ. Тие се само малцинство кое ние го почитуваме, спрема стандардите на Европа и нема потреба да се караме за некои максималистички програми и да се бара повеќе од она што фактички меѓународната јавност и меѓународните институции го даваат. Нема причина да се плашиме, зашто Косово е сосема надвор од нашата граница – од Македонија, и не сакаме воопшто да се третираат албански проблеми на некакво југословенско ниво. Југославија за нас не постои. Нас нè интересира само албанското население во Македонија, а тоа е само малцинство.

ГО ОБНОВИВМЕ ФЕНИ Македонското стопаство во колапс. Во меѓувреме ФЕНИ воскресна. Руда за него ќе увезуваме од Ал6анија. Колку е тоа оправдано и како мисли македонската Влада - кој ќе го повлече товарот на развојот на стопанството? Н.К.: Ние и сега можеме да речеме дека сме задоволни од нашето стопанство, бидејќи кај нас војна се води меѓу Србија и Хрватска. Водејќи мудра политика ја сочувавме Македонија, но во овие тешки услови на економска и сообраќајна блокада во платниот промет на нашите стоки, сепак, нашето стопанство колку толку работи, за разлика од

129


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

другите краеви. Тешкотиите на македонското стопанство не се резултат на слабата органи­зација. Тие се наметнати во услови на Југославија каква што е сега. Нашите претпријатија нормално не можат да купат репроматери­јали, а тоа е одраз на блокадата. Ние отвараме нови патишта користејќи ги сега и пристаништата Драч во Албанија, Солун во Грција, Истанбул во Турција и Бургас во Бугарија. Било кои патишта само нашето стопанство да увезува репроматеријали, затоа што југословенскиот простор е во потполна блокада. Во вакви услови со блокади успеавме да го оживееме ФЕНИ и првиот метал протече и јавно кажавме на сите политички сили кои кажуваа дека тој не е рентабилен и на многу луѓе им се фрли кал врз лицето. А, сега ФЕНИ се отвори. Од наредната година се надеваме да проработи и втората линија. Тоа што велите за увоз на рудата во Албанија. Станува збор за мала одредена количина, се поради стравот зимно време да не застане „конвојот“, линијата долга 30 километри што ја носи рудата во текот на зимските месеци. За некои големи проекти не можеме да говориме барем сега. За прв пат после овие демократски повеќепартиски из­бори со изборот на новата Влада, отворено и без резерви се гово­ ри за улогата на иселеништвото. Прв пат иселеништвото игра значајна улога во развојот на својата земја. Кажете ни како гледате на улогата на иселениците? Н.К.: Сакаме поблиски односи на стопански план. Заинтересирани сме за некои проекти на компании, а со австралиската Влада сакаме да договориме за финансирање на топилница на олово и бакар во Македонија. Тоа е добра шанса. Ние можеме да преработуваме околу 100 илјади тони руда и тоа е навистина афирмативен податок, па верувам дека австралиската Влада ќе прифати реализација на еден таков проект. Сакаме да оствариме директни контакти за ку-

130


Н и к ол а Кљус ев

пување волна од Австралија и тоа околу 5.000 - 6.000 тони. Заинтересирани сме и за увоз на сурова кожа. Ќе се зборува за отворање на мешовити претпријатија и друго. Тука е и културната и научната соработка, и грижата за нашето население овде.

МАКЕДОНИЈА НЕМА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ Деновиве, по вашето враќање од посета на Бугарија и Романија, во дневниот печат имаше многy обвинувања на ваше име дека сте ја продавале Македонија. Ќе ни појас­ ните претседателе за што станува збор и какви се тие теш­ ки обвинувања? Н.К.: Не станува збор за предавство. Тоа беше после вра­ ќањето мое и на Блаже Ристовски од Бугарија. Наведено беше како ние да сме барале заштита и патронство од Бугарија. Некој тоа го прави за да создава тревога, а некои пак, сакаат да нè држат во блокада како во последните 45 години. Им одговара да се караме со соседите и да не се отвараме. Целта на нашето одење во Романија и Бугарија беше да не се дозволи да се одржи закажаната конференција во Атина на која требаше да прис­уствува Романија, Бугарија, Грција и Србија. Ние дознавме дека ќе стане збор и за Македонија. Отворено им рековме дека секој ќе поднесе историска одговорност доколку се дискутира за Македонија без нејзина делегација. Не може еден Милошевиќ да зборува за Македонија во нејзино отсутво. Некои тенденции, како што гледате почнаа да се повторуваат. Како ние божем сме отишле да бараме некакво покровителство и заштита од Бугари­ја. Ние со сила на авторитет и аргументи ја образложивме суштината на нашиот референдум и суверената македонска држава од една страна, а од друга страна, што значи македон­ската нација и самобитност и

131


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

дека никој нема право како гос­подинот Желев од Бугарија да вели дека ако се признае македонската нација, тогаш таа ќе пројави и територијални претензии према Бугарија и Грција, па уште повеќе ќе се создаде тревога меѓу Грците и нив. Ние им рековме дека сме една мирољубива Македонија која нема територијални претензии, не треба да се плашат од една мала Македонија. Друго, ако тие евентуапно сакаат да бидат душегрижници за Грците, дека се плашат дека Македонија ќе покаже некои територијални претензии, тогаш сиг­урно сакаат да ги оживеат меѓународните договори од 1913 и 1918 година. Тоа значи сметаат дека не постои македонски на­род, туку Јужна Србија и Србија граничи со Грција. Но, сето тоа е голема историска заблуда и македонската нација има богата духовна основа, свој јазик, литература, култура, обичаи, тради­ ции. Сето тоа е едно изворно битисување на македонскиот народ кој опстојувал со векови на тој простор, кој херојски се борел и преку првиот Илинден до вториот Илинден добил своја држава. Тој македонски народ не може денес никој да го негира, вклучу­вајќи ги пред сè нашите соседи Бугарија, Грција, а во тој контекст и Србија. Впрочем не станува збор за никакво предавство. Всушност ние ја афирмиравме македонската нација. А, без оглед дали сака или не, Бугарија и Грција утре ќе бидат принудени не само да ја признаат суверената македонска држава, туку и македонскиот народ и неговата горда нација.

132


МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС „ОН“ – Белград, 18 октомври,1991 г. (Јасна Олуиќ) Д-р Никола Кљусев й е познат на политичката јавност како постојанен критичар на власта, а на научната јавност – како екон­омист што се залага за големи реформи. Д-р Никола Кљусев за претседател на Владата на Република Македонија дојде по пред­лог од Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, по дваипол месеца од конституирањето на Собранието на Репу­ блика Македонија. Така се сметаше дека Д-р Никола Кљусев, со помош на реформаторот Киро Глигоров и магистерот по економи­ја, претседателот на Собранието на Република Македонија, Сто­јан Андов, ќе оди по проверени патишта и искуства... Дека нема да се експериментира на патот кон заздравувањето на македон­ската економија. Исто така, се сметаше дека овој тим на поли­тички план уште поцврсто ќе ја држи Македонија на неутрална позиција во југословенските преговори меѓу жестоко спротивс­тавените опции. Што, на крајот, остана од сето тоа? Вистинскиот одговор го побаравме од претседателот на Македонската влада, д-р Никола Кљусев.

133


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ОН: За претседател на Владата дојдовте дваипол месе­ ци по конституирањето на Собранието на Република Македонија. Како ја надминавте собраниската криза? Н.К.: Нашето собрание е составено од различни политички и партиски структури, па со тоа и нашата политика мораше да до­несе нешто ново, реформаторско... Во собранието доминараат четири партии, ама ниедна од нив нема мнозинство. Знаете, ние сите сме ослободени од политички и партиски пресии. А пак нашата работа и ефектот се засновани, пред сè, врз научни и економски реформи. Бидејќи подолго време бев во разни југословенски економски комисии, ги сфатив сите недостатоци на политиките на источно-европските земји, а со тоа и недостатоците на Југославија... Од тие причини, значи, за да помогнам во оздравувањето на Македонија, решив да го прифатам местото претседател на Владата на Република Македонија. На тој начин, единствено бев во позиција да помогнам во разрешувањето на суш­ тинските политички и економски проблеми, наталожени поради несоодветниот општествен систем. Со сите сили се трудев да не дојде до поголема парламентарна криза и кавга во Собранието. Затоа составив тим од луѓе, мои блиски соработници, кој не беше оптоварен со струитге од политичките партии и пресии. И бидејќи нашето собрание е составено од луѓе со различни старосни граници, следствено, на едно место се испреплетува и младоста, и знаењето, и искуството. Благодарение на тие факти, Собранието е полно со работна динамика. Нашата програма е заснована врз пунктовите што се директно врзани за развојот на Република Македонија. Главна цел ни е изградување на систем што ќе биде приспособлив на стандардните барања на Европска­заедница. Значи парламентарната криза е надмината благодарение на реформите.

134


Н и к ол а Кљус ев

ОН: Дали тие реформи се однесуваат само на суверените­ тот и независноста на Република Македонија? Н.К.: Суверенитетот и независноста на Република Македонија никако не треба да се сфатат како херметички затворен ситем! Реформите се општо цивилизациско богатство, а се јавија како одговор на педесетгодишниот затворен економски и политички систем на Југсославија. Тие претставуваат значајно економско придвижување за Македонија, но и за цела Југославија. Во Југославија владееше сосема непродуктивен политички и економски систем, којшто беше исполнет со забрани. Затоа тој и мораше да биде сменет. Нашите реформи се направени врз принципите на вистинската демократија, слободата, еманципацијата и нормално, економските иницијативи. Благодарение на таквите измени, ние се надеваме на подобри денови... Притоа, свесни сме дека Република Македонија уште не е доволно економски раз­виена и дека ја гушат лимитирани услови за развој... Од тие причини, нормално е што недоволно развиената економија, а од дpyra страна имаме едно национално шаренило, претставуваат отежнувачки околности за нашите реформи... Затоа, сите реформи, па и економските, мора да се постават и да се сфатат како долгорочен процес. Нормално е што тие мора да се постават врз основа на националниот субјективитет, а со тоа и врз национал­ниот идентитет, но базирани според цивилизираниот свет на Европа. Тоа го правиме заради развојот и напредокот на Македонија, но и за целата Југославија... Шаренилото на југословен­ ските причини не дозволува едноставно раскинување и затво­рање... Токму од тие причини, нашите реформи, врзни за суверен­итетот и независноста на Република Македонија, не може да бидат херметички затворени.

135


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ОН: Од Вас се очекуваше дека во југословенските пре­ говори цврсто ќе ја држите Република Македонија на неутрална позиција меѓу остро спротивставените опции. Колку успеавте во тоа? Н.К.: Тоа е сосема точно. Морам да ви речам дека Република Македонија воспостави некој еквилибриум на југословенскиот простор. Нашата филозофија се засновува врз принципите за мирно разрешување на проблемите за раздружување, базирана врз достоинствен политички дијалог, ослободена од сите можни пресии. Синтагмата на пресијата врзана е за унитарниот хегемо­низам, богатството... Ние сакаме да се ослободиме од таквите пресии... Затоа Република Македонија и води и поддржува една разумна политика. Нашиот човек, Македонецот, пред сè, е мирољубив. Оттаму за нас би било трагично да ни се наметне воено решение, предизвикано од нашата мирољубива потреба за сув­еренитет... Нашиот народ (македонскиот) тогаш би се нашол, ни виновен ни должен, пред крвопролевање, а ние тоа не го сакаме и не го бараме... Оттаму нашата филозофија се базира врз прин­ ципите на мирољубивост, хуман дијалог, врз разговор за посто­јните проблеми што ја гушат Југославија. Сметаме дека е нужно да се изгради нова заедница на југословенските народи што со самото тоа ќе има нови принципи врз кои ќе стои цврсто... Сакаме да ја изнајдеме заедничката суштина за живеење на сите народи на Југославија, зашто само така ќе одиме во Европа. Сосема е нормално и правилно сите народи во Југославија да ги штитат своите национални интереси. Никој не треба да оди кон скратувањe на гордоста на националниот идентитет, а со тоа и на сув­еренитетот. Секоја политичка и правна индивидуа мора да ги искаже своите интереси (национални) и меѓусебно да соработува... Мора да ги утврдиме нишките што ќе нè поврзуваат во идни­ната, а нив многу ги има. Исто така, треба да изградиме заеднички критериуми

136


Н и к ол а Кљус ев

и стан­дарди со кои ќе тргнеме кон Европа. Нашиот предлог и определ­ба е на мирен и достоинствен начин да се договориме за разрешувањe на југословенската криза... Ние немаме претензии за освојувањe нови територии. Сакаме да создадеме научен, културен и економски простор што ќе им овозможи подобар и поудобен живот. Нашата сувереност, значи, никому, па ни на нашите сосе­ди, не им носи опасност. Сакаме со сите соседи да имаме прија­телски контакти и односи. Со други зборови, се отвораме кон све­тот... Благодарение на тоа, очекуваме успешна економска соработка со сите земји во светот. Од тие причини, нашата сув­ереност за нас е вистинска светост, а тоа го покажа и референду­мот одржан во Република Македонија. Нашата љубов и гордост поради националниот идентитет се извонредно големи и силни, така што, веројатно затоа се и засновани врз неутрална и мирна потреба за разрешување на југословенските проблеми. ОН: Се укажува на фактот дека ја нема повеќе Југослави­ ја. Што очекува Македонија во таква ситуација? Н.К.: Системот на федералното устројство на Југославија го зафати голема и опасна ерозија. Сметам дека не би требало да се создаваат нови процеси и притисоци за да се одржи нешто кое траеше како историски миг. Но, не како миг на љубовта, односот, работата, туку како некоја чудна создадба... Свесен сум за ова тешка војна, нејзините бесмислени жртви, уривање на национал­ното богатство и сите последици што ќе остават неизбришливи траги зад себе. Со други зборови, сите денешни случувања на просторите на Југославија ќе донесат со себе и долгорочни реперкусии. Сигурно, ќе се изнајде решение, ама, како што веќе реков, последиците ќе бидат големи. И сите треба да бидеме свесни дека суверенитетот не треба да й пречи на нашата инте­грација, затоа што сите ние сакаме во Европа! Исто така сметам дека е погрешна и теза-

137


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

та на Србија дека сите Срби мора да живеат во една територија, во единствена држава. Замислете на тоа да инсистираат Германците, Французите... Тогаш тоа би до­вело до убиствена војна. И Македонците се раселени низ Југосла­вија, Европа, целиот свет, ама ние не бараме и не ја подцржуваме тезата на Република Србија. Ние, Македонците, отсекогаш сме биле подвижни, се се­левме од еден на друг крај од земјата... А пак оние што останаа да живеат во Македонија, мора да ја знаат и цената на родната грут­ка, националниот идентитет, да ја почитуваат својата традиција. Затоа сметам дека сите ние што живееме на територијата на Југославија, мора постојниот федеративен систем да го замениме со некој нов, понапреден... Мора да изнајдеме нов модус за разре­шување на постојните проблеми. Мора да заборавиме на тито­истичкиот систем што пропагираше братство и единство, а кое што, очигледно, беше лажно. Ако веќе не се согласуваме, тогаш сосема е нормално и да се разделиме, ама да се почитуваме. Денес Европа живее слободна, не познавајќи и не прикажувајќи за никакви граници. Тоа е еманципација што, очигледно, уште нема корени на југословенските простори. Зошто Македонија и Србија или Словенија заемно да не се почитуваат или да не соработуваат, а притоа да се сите суверени... ? ОН: Според реакциите на првите соседи, може да се заклу­ чи дека патот на Македонија кон самостојноста ќе биде трнлив. Н.К.: Пред да се решиме за патот кон сувереноста и независ­ носта, добро расмисливме... Албанија, Грција, а ни Бугарија, не­ маат апетити спрема македонски територии. Доколку, сепак, дојде до некои судири, тоа навистина, би било поразително не само за нас, туку и за нив. Или поточно, би се создала објективна опасност за сигурен пат кон крвопролевање, а мислам дека тоа на никој од нас не би му одело во

138


Н и к ол а Кљус ев

прилог. Нашата независност и сувереност претставу­ваат стремеж кон мирољубива соработка со сите соседи... Ние, исто така, од соседите не бараме никаква помош за поддржува­ње на нашите потреби за суверенитетот. А пак секој Македонец со гордост ја брани својата дедовина. Сметам дека за тие факти се свесни сите наши соседи. Јас сум уверен дека ќе се изнајде вистинското решение и за оваа војна меѓу Хрватите и Србите... Трнлив е патот за самосто­јност на Македонија, но само затоа што ни е лимитирана економи­јата, технологијата... Но, македонскиот народ сака да работи и на секое поле да го помага сопствениот суверенитет. Јас сум опти­мист како што е и мојот народ... Ние од патриотски побуди мора да ги победиме и да ги надминеме сите зла и пречки што не чекаат на патот кон тој суверенитет. Ќе го изградиме својот правен и економски систем, базиран врз европските стандарди, ќе ги изнајдеме заедничките интереси со странските партнери. Со помош и вложувања од странски партнери тој наш трнлив пат ќе биде видно скусен. Наша амбиција и желба е од Република Македонија да создадеме бесцаринска зона што ќе биде тотално демилитаризирана. Затоа мене ми е смешно кога слушам кружат прикаски дека Република Македонија одделила 30 милиони долари за купување оружје? За такви нешта ние немаме ни волја, ни пари. Кога би имале 30 милиони долари, ќе ги вложиме во нешто поумно, а не во оружје. Тие пари би ги вложиле во економи­јата што би овозможила подобар живот. Оној што ја проширил таа информација во јавноста сакал да го компромитира мирното подрачје на Република Македонија и нашата желба за сувереност. Некој сакал да инсценира судири. Секоја југословенска република мора да биде свесна дека трнлив ќе биде патот за својата сувереност. Ниедна од репуб­ликите, што се изјаснија за сувереност, не располага со ресурси што може благотворно да дејствуваат врз решенијата за економскиот развој. Сите ќе се судрат со тие ограничени услови, ама со порационална организација

139


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

и дополнителен капитал, ќе се изнајдат вистинските решенија и патишта. Да се скуси тој тежок и макотрпен пат кон самостојност... Сепак, јас сум оптимист... Во секоја држава треба да се формира флексибилен и функционален државен апарат којшто ќе знае да го изведе својот народ од можните кризи. Значи, тој трнлив пат што Вие, како новинарка го воочивте за Република Македонија, не е каракетристичен само за нас, Македонците, туку и за сите други што се изјаснија за сувереност и независност... Допрва ќе видите што ќе биде со Словенија... Хрватска... Сите ние ќе мора да се соочиме со груба­та стварност. А тоа што сите бараме една слобода во одлучувањето за суверенитетот, за политичкото и економското одлучувањe, според мене, тоа е феномен произлезен од нашите национални свести. ОН: За „Борба“ изјавивте дека стопанството на Република Македонија е „клинички мртво“.. Како тогаш, мислите да се свртите кон Европа? Н.К.: Јас сум сигурен дека не сум го употребил тој израз, „клинички мртво“! Ами реков дека стопанството на Република Македонија е навистина во тешка и незавидна состојба... Зошто толку тешко? И самите може да видите што се случува моментно на југословенските простори... Овие блокади носат само штети за сите републики, а никаква полза. Кој има полза од војната меѓу Хрватите и Србите? Никој! Македонија е мирно подрачје. Сите сили и капацитети ги свртивме само кон работа, и само кон рабо­та. Чесниот труд на нашата работничка класа, односно нашите производи, и како суверена држава, да им ги понудиме на југо­словенскиот пазар, но исто така и на светскиот пазар. За жал, ние во овој момент имаме финансиски проблеми. Тие се последи­ца од отежнатото наплатување. Нам Србија, само до јуни, треба да ни исплати три милијарди и четиристотини илјади (нови) ди-

140


Н и к ол а Кљус ев

нари. А каде се долгувањата од Босна, Хрватска, Словенија... Значи, тие огромни долгувања нас нè сопираат и задржуваат на определен степен на стагнација. Второ, нашиот стопански извоз (35 до 40%) беше свртен кон источноевропските земји, со нив исто така, доживеавме еден благ колапс. Не ги извршуваат долгувањата... И, нормално, денес наплатувањето од нив ни претставува огромен проблем. Трето, странските вложувачи едноставно повеќе не сакаат да вложуваат капитал во земји како што е Југославија. Причи­ната е позната, не мора да ја објаснувам. Значи, нашето лошо сто­панство не е последица на нашето неработење, ами на некои други фактори. Во нашите колективи сите работници максимално се трудат и работат... Полни се со енергија и ентузијазам. Нивните погледи се свртени кон иднината. Нашите претпријатија имаат сјајни програми, но сето тоа е попусто кога не може да се снабду­ваат со репроматеријал. Тоа се објективни тешкотии со кои мора да се соочи македонското стопанство. На крајот, Република Македонија е една мала економска единица, така што секое нарушување на добрите односи во Југославија, и тоа како се чувствуваат. ОН: Дали навистина сметате дека спасот на Република Македонија е во суверениот пазар, и како тоа го објасну­ вате? Н.К.: Не! Сигурно тоа не! Република Македонија нема да изгради суверен пазар само за себе. Тоа не е можно. Прво, сув­ерениот пазар не може да постои. Тешко е воопшто да се зборува за некаков суверен пазар. Таква синтагма уште не бев чул! Ние сме на отворен пазар... За соработка... Република Македонија е отворена за сите балкански земји, а потоа и за цела Европа, светот. Ние сме за секој облик на соработка. Значи дека нема ни збор за некакво херметичко затворање на македонскиот пазар. И врз основа на што подоцна ќе може

141


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

да тврдиме дека ние сме единствен и суверен пазар? Ние сметаме дека суверено право на која држава е да решава за потенцијално партнерство со која и е земja. Тоа е наше суверено право... Следствено, ние не сакаме да зависиме од разни ограничувања... Тоа што е од економски интерес за Република Македонија секојпат ќе го при­фатиме. Секој економски интерес на Република Македонија е светост, па никој и ништо не може да нè запре или да нè спречи при склучување такви договори. Уште еднаш нагласувам дека ние не сакаме да бидеме затворени, туку апсолутно отворени за секој вид соработка. Всушност тоа е една од нашите најбитни цели. ОН: Како ќе го решите шаренилото на меѓунационалните односи во Република Македонија? Н.К.: Се чини дека Република Македонија е единствена Република во Југославија што им даде права и слобода на сите национални малцинства. Кај нас Албанците, Турците, Ромите, сите национални малцинства имаат свои училишта, културни домови, весници, политички организации... Конкретно, на пример Албанците, имаат свои весници, телевизиски програми... Воведовме локална двојазичност... Останува уште да ги признаеме како народ?! Но, тоа е вон разумот. Чиста глупост... Им дадовме сè што бараа... Знаете ли колку тука има српски училишта ? А нашите Македонци во Србија немаат такви услови... Немаат услови ако живеат во Србија, да се образоваат на мајчиниот јазик. Ви велам, во Србија има цели македонски села, а немаат свои училишта! Албанците сега бараат отворање уште повеќе училишта на мајчин јазик. Ние им одобривме, но едноставно немаме пари... Скапо би не чинело... Нивните политички партии толку се осилија што од ден на ден бараат сè повеќе и повеќе привилегии. Се гледа дека на секој чекор мора да предизвикуваат конфликти... Тоа го сторија со референдумот, со пописот на населението,

142


Н и к ол а Кљус ев

со Уставот... Едноставно, тие не сакаат да се усогласат со реалните можности што ги добија. Сепак, меѓyнационалната соработка и не е толку лоша... Нема поголеми ексцеси и проблеми. Проблемите со Албанците се обидуваме да ги решаваме со разумни дијалози... Кога нашите луѓе, мислам на Македонците – кои се на пример национално малцинство во Србија, Бугарија, Грција или Албанија – би имале такви услови и погодности за развој и стекнување знаења, ние би биле многу среќни. Ако Албанците продолжуваат со инсистирање за одделни прашања, тогаш и ние ќе бараме такви погодности за нашето национално малцинство во нивната земја. Од сто и четириесет илјади Македонци во Албанија тие признаваат само четири илјади?! ОН: Драмата со преминот од еден општествен систем во друг, како и суверенитетот на одделните републики, спо­ ред Вашето мислење, мора да за врши со остри судири? Н.К.: Не, и не дал Господ! Никако не би сакал таков судир и ерозии да се случуваат на тлото на Македонија! Страшно е ова што се случува меѓу Словенија, Хрватска и Србија. Интимно сум уверен дека во Република Македонија ќе нема никакви судири. Всушност, ние сакаме само мирно и цивилизирано разрешување и признавање на нашиот суверенитет. Исто така, сакаме нашите пријателски односи да бидат исполнети со почит. Цела Маке­донија е против крвопролевање и последиците што неизбежно настануваат по еден таков судир. ОН: Остро се спротивставувате кога македонските мом­ чиња одат на отслужување на воениот рок, а оние пак што веќе се таму не сакаат да се вратат. Како ја објаснувате таа појава?

143


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Како што веќе неколкупати нагласив, јас ја осудувам оваа војна. Тоа е валкана и недефинирана војна, со нејасни цели. Друго, оваа војна се изроди меѓу етнички и национално спротивс­тавени страни. Потоа се замеша војската, така што таа доби поширок карактер и значење... еднакво ги осудуваме и хрватска­та страна, што ги блокира касарните, но исто така и ЈНА што се вмеша во судирот меѓу Србите и Хрватите. Ова не е само мое мислење, туку став на Македонската Влада. Од спомнатите причини ние не ја признаваме оваа војна, а ни ЈНА. Затоа е разбирливо што не дозволуваме нашите регрути да одат во ЈНА. Не е точно, дека нашите војници не сакаат да се вратат во Македонија. Не знам од каде ви е таа информација. Вистината е дека тие сите сакаат да се вратат дома. И тоа што побргу. Кога би ги ослободила армијата без никакви репресии, ви гарантирам дека сите војници ќе се вратат. Ние не сакаме нашите војници да побегнат од армијата, туку апелираме кај ЈНА сите наши регрути да се вратат дома, во Република Македонија. Не сакаме беспред­метно да гинат млади луѓе, наши деца... Ние сакаме што побргу да се склучи мир меѓу завојуваните страни. Не сакаме да гине ниеден југословенски народ. Доста се жртвите! Тоа е наше објас­нение и наш став. Ниедна мајка – Македонка, Србинка, Хрватка, Албанка – не сака нејзиното дете беспредметно да гине. Сите тие сакаат мир. Друго прашање е што никој од нив не знае зошто се бори и кои се целите на тој наметнат конфликт. Мислам дека тоа уште никој не го знае. Уште една противтеза на Вашето прашање е фактот што во секојдневните контакти со нашите војници... Тие сакаат да се вратат, но не знаат како да дојдат до нас. Не можеме да им каже­ме да избегаат, оти ќе ги убијат. Затоа постојано упатуваме апели до врховната команда на ЈНА да ги врати нашите војници. Армијата треба да ги чува надворешните граници, а не да се меша во етничките конфликти... Сметам дека со новите преструктуирања што ја чекаат Југославија, ќе дојде и до измени и преструктуирање и

144


Н и к ол а Кљус ев

во армијата. Филозофијата на нашиот народ е, пред сè, мирно решавање на сите постојни проблеми и конфликти. ОН: Како гледате на судирот меѓу Хрватска и Србија и чија концепција политички Ви е поблиска? Н.К.: Тоа е мошне сложено прашање и комплицирано. Одгов­орот бара солидно познавање на историјата на судрените народи. Тие два народа со векови се мешале... Затоа, сосема е глупаво нивните проблеми да се решаваат со сила. Силата, пресијата и крвта не носат разрешување на проблемот што е испречен меѓу нив. Најумно би било да се утврдат нивните интереси и тие да се решат на најбезболен начин. Тоа е можно преку достоинствен дијалог... Исто треба да се знае врз кои принципи ќе се засновува српската автономија во Хрватска. Претпоставка е дека треба да се формираат некакви интерни граници во Југославија. Тие на некој начин мора да се респектираат, затоа што тоа е во интерес на обете страни. Имено, и Србите и Хрватите се легитимни наро­ди, но со судири, крв ништо не се решава. Знам дека во Хрватска има околу 600.000 населени Срби и тие не може да бидат индиферентни во однос на нивниот матичен народ, ама живеат во друга република. Треба да се најде некое компромисно реше­ние, некоја оаза за Србите во Хрватска. Но, тој проблем не се решава со оружје. Оружјето и крвопролевањето, секако, остава­ат тешки траги и последици... И, ние уште не ги преболевме чет­ниците и усташите од Втората светска војна, а веќе се повампир­ија нови четници и усташи... Најискрено сакам да се смират срп­ скиот и хрватскиот народ и да изнајдат компромисно решение за овој бесмислен конфликт. ОН: Според Вашето мнение, како ќе се разреши заостре­ ната ситуација и како сето тоа ќе се одрази на состојбите во Република Македонија?

145


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Сметам дека веќе е стигнато до кулминација и кај луѓето се создаде одбивност спрема војната. Секое семејство, а и сите народи во Југославија, во овој миг сакаат мир. Сите ние почнуваме да лелекаме за да престанат пукотниците. Добредој­дена е и иницијативата од Европската заедница, а и оваа морал­но-политичка пресија од САД и СССР. Благодарение на сите наброени факти, сметам дека мирот веќе се наѕира. За неколку месеци може да очекуваме мирен процес за решавање на сите конфликти на југословенската територија. Набргу сите југословенски народи мора да седнат и да ги преиспитаат своите интереси... Изгледа дека чукна часот за да сфатиме што е она што ќе нè обединува во иднина... Врз основа на што ќе го орга­низираме нашиот заеднички живот, заедничката иднина... Ние не смееме да живееме како туѓинци, туку мора да ги изнајдеме заед­ничките интереси, некое врзивно ткиво... Овие последниве усил­би тукушто упатуваат на тоа... Таа одбивност спрема војната и масовните жртви што се и нејзина нужност, а нашата постојност, со уривање на националното богатство на Југославија, од болни­ци до училишта, историски споменици и куќи – нè води кон помирни струи... Мислам дека и кај замразените страни набргу ќе дојде до освестување што ќе доведе до крајот на војната. И само да речам: Дај Боже да се заврши војната! Само така ќе може да ја реализираме нашата иднина на овие простори. А нашата идни­на е во трудот ...

146


ТАТКОВИНАТА ЌЕ БИДЕ ЗАЧУВАНА „Студентски збор“, 11 декември, 1991 г. (Теофил Блажевски) Со премиерот на Репубка Македонија, отворено за актуелната ситуација околу „бивша“ Југославија, војната, Хашкиот маратон, македонската сувереност и опасностите по неа, дилемите колу Законот за одбрана и шеесет и девет други, делбениот биланс и се разбира Универзитет и неговата автономија... С.З.: Господине Кљусев, целото внимание на македон­ ската јавност изминативе недели беше свртено кон зао­ кружувањето на Македонската државност со чинот на донесувањето на новиот Устав. Очекуваните Реакции на светската јавност меѓутоа, како да изостануваат. Имате ли некакво објаснување? Н.К.: Не би можел да се согласам дека реакциите изос­ нуваат. Меѓународните фактори и јавноста се преокупирани со тековните проблеми на југословенската сцена, со крвавата војна, како и со претстојното разрешување на Хашката конференција. За нас е многу важно што го промовиравме новиот Устав. (Тој е преведен на англиски, а наскоро на француски

147


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

и на германски – белешка на Н.К.), со што светот ќе има директен увид во вред­ностите и на политички и на економски план што ги вградивме во него. Бидејќи станува збор за светски стандарди не може ниту една земја да не ги почитува, па од тука чинам дека разрешувањето на преговорите во Хаг и признавањето не само на Словенија и Хрватска, туку и на Македонија е единствениот исправен начин. Тогаш и другите земји во контактите, како и по однос на признавањето, ќе бидат послободни тоа да го изразат. И мислам дека не би требало да создаваме една паника дека светот не реагира. Барем според писмата што ги добиваме и изјавите може да се заклучи дека Македонија е доста присутна на политичката сцена во Европа и светот. Конзистентното спроведување на мирољубивата политика ја афирмираат Македонија секојдневно и ја вткајуваат во основното ткиво на платформата на Хашките преговори. Сепак мораме да бидеме свесни дека и Европските дванаесетмина не се докрај единствени. С.З.: Вашево размислување е втемелено врз претпоставка за конструктивното решение и исход на Хашките прегово­ ри. Што доколку тие не успеат? И, дали Македо­нија има единствена стратегија на својата меѓународна политика? Н.К.: Ако евентуално Хашката конференција не заврши со резултати со кои принципиелно би се разрешиле проблемите меѓу суверените држави во Југославија, што за нас е најповолна варијанта, и за која ние единствено се залагаме, тогаш ќе настане туркање, патернализам на посилниот, нови крварења и којзнае каде сетоа тоа ќе нè одведе. Јас сум убеден дека Хашката конфер­енција поддржана од Соединетите Американски Држави, Канада и Советскиот Сојуз мора да даде успех. Но доколку тоа не се случи, војната би можела да се прошири и не само во југословен­ски рамки туку да израсне во многу поширока војна. Нашата стратегија на надворешната

148


Н и к ол а Кљус ев

политика во моментов е насочена кон борбата за меѓународно признавање на Македонија. Ние упорно укажуваме дека не само Словенија и Хрватска, туку и Македонија би требало да влезе во првата фаза на меѓународното признавање. С.З.: Господине Кљусев, еден од клучните елементи на су­ вереноста на секоја држава е воената сила која таа сувере­ ност може да ја гарантира. Кој во наши услови ја гаран­ тира сувереноста на Македонија? Од друга страна Вам ви е веќе позната тезата дека не постои национална држава во Европа која својата сувереност ја стекнала исклучиво по мирен пат? Н.К.: Таа теза е видување и одраз на состојбите од 19 век и првата половина на 20 век. Тогаш на политичката сцена се фор­мираа нации, се појавуваа револуции, а крвта беше израз за патот на самостојноста. Но, во втората половина на 20 век, а особено сега зрее мислата, духот и идејата за интеграција на силите на прогресот. Денеска гаранција не е војската и воената сила особено кога станува збор за малите држави. Гаранција е кога здружените и интегрирани народи како што е случај со Европска­та заедница, врз објективни критериуми ќе ги признаат малите суверени држави, се разбира без крв. Притоа е важно преку еден демократски дијалог да се ситуира нормалниот живот во тие држави. И тоа врз премисите на иднината кои се вткаени во европската економска заедница, како центар на демократијата на стариот континент. На тој центар полека почнуваат да се придружуваат и другите земји како што се САД, Канада, Австралија, СССР. Затоа велам, гаранцијата на нашата сувереност не треба да ја гледаме исклучиво во некоја наша силна војска или одбрана. Прво, ние не можеме да ситуираме, материјално и финансиски, таква една национална армија. Второ, ние како Влада се изјас­нивме, а Парламентот и ја прифати нашата програма дека ние сакаме

149


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

да изградиме еден вид демилитаризирано општество во иднина, да бидеме неутрална зона. Тоа значи да им создадеме предизвик на нашите соседи со оние европски вредности со кои се надминуваат формалните граници. Тоа е единствениот и вистински пат. Во рамките пак на некоја релативна сигурност, ќе се чуваат границите од разни банди, шверцерски канали за дрога, оружје и слично, при што секако дека ќе имаме еден контингент на војска кој ќе го обезбедува тоа. С.З: Дали тука лежат причините што и покрај три, поточ­ но четири веќе постојни верзии на Законот за одбрана, тој сè уште не е влезен во собраниска процедура? Н.Н.: Видете, верзиите на Законот за одбрана, така да речам се дотеруваат. Основната причина е што не сакаме да се истрчаме со некои преголеми амбиции во тој домен. Инаку јас мора да повторам дека нашата економија не е во таква состојба да издржува скапа армија со скапо вооружување, а ниту пак некој ќе ни даде кредит за таа намена доколку не сакаме да бидеме експоненти на туѓа политика. Ние не попусто во сите наши кон­такти постојано повторуваме дека немаме територијални претен­ зии спрема никого, потоа изјавуваме дека не ги подржуваме екстремните партии, а и на самите партии им советуваме да се воздржуваат од екстремни истапи. Зашто секоја провокација може да биде поинаку разбрана од соседите, пред сè од разните паравојски, а не смееме да го заборавиме ни армискиот естаблишмент. Е, сега ако се наметне најцрната опција, таква солуција што ќе ги занемари нашите демократски стремежи за мирољубива политика, ако сака некој да нè поробува, тогаш без сомнение секој македонски граѓанин ќе се најде во ешалоните на одбрана­та на својата татковина пришто без наша вина, со наметната агресија ќе паднат неброени жртви, но татковината сигурно ќе биде зачувана. Но, повторувам ние со ништо не сакаме да соз­дадеме

150


Н и к ол а Кљус ев

претпоставки за агресија, затоа недвосмислено говориме дека сме ослободени од комплекси да бараме територии. С.З. Какви се во моментов, господине Кљусев, односите со ЈНА? Прашањата од типот на заштитата на македон­ските граници, евентуалниот делбен биланс на армиски­от имот и слично, се сè уште отворени? Н.К.: Ние како Влада овие проблеми, не ги третираме во целост, затоа што еден добар дел спаѓа во доменот на работата на Советот на Народната одбрана што го води Парламентот на Републиката. Сепак, гледајќи дека се празнат контигентите на ЈНА на границите, ние разговаравме со командата, на Третата воена област, тој процес да оди постепено за да можат сукце­сивно младите македонски регрути да ги преземаат работите околу обезбедување на границите. Меѓутоа, тие разговори не за­вршија до крај, но, се надеваме дека ќе продолжат и дека овој проблем безболно ќе го решиме. Ние сме заинтересирани да не дозволиме нашите граници да бидат отворени и оваа стихија, која доаѓа до израз, особено на границите со Албанија, па и оваа ако сакате сега влегување на грчки авиони, да го запреме. Сакаме да воспоставиме режим на чувани граници, но не во смисла на чување од некоја воена опасност, туку за спречување на онаа стихија за која зборував, како и заради обезбедување од крими­нални дејности. Што се однесува до делбениот биланс на ЈНА, сведоци сме на еден процес во кој армијата се концентрира во Србија и Црна Гора со онаа логика дека „вие се отцепувате, а ние го продол­жуваме правниот континуитет на Југославија“ – тоа е смешна теза и дури е несериозно да се дискутира така. Ние сме сведоци дека Србија и Црна Гора сакаат да бидат суверени држави, па дури тие и создадоа такви претпоставки и пред нас и пред другите републики. Заеднички создаваното богатство не може да й припадне само на една територија или пак таму каде што

151


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

бил административниот центар Белград на пример. Ако сакаме утре да бидеме на било кој начин поврзани, теркот на Западна Европа е сосема доволен како пример. Според тоа, оној дел кој й припаѓа на Македонија ќе треба да й се врати и тоа е најприродно нешто. Но, јас сум убеден дека и тука ќе има расправии, како и при секо­ја делба. Затоа треба да се формира една методологија со која врз објективни критермуми ќе се согледа потеклото на заед­ничкиот капитал, како и се она што се снабдувало за потребите на армијата и во смисла на техниката и во смисла на администрација. По ова треба да се изврши поделбата, се разбира не врз идеални параметри, зашто до нив не може ни да се дојде, ами приближно, колку што може пореално. Јас сум свесен дека и при идеална методолигија за поделба, повторно мора да дојде до кавга, но ние треба да настојуваме таа кавга да не биде крвава. И да нема патерналистички однос: „јас сум постар брат па сега ќе ви дадам некое залче и на вас, по милост божја и моја“. Не. Таквиот однос е понижувачки. С.З.: Владата на Република Македонија се зафати со кап­ италниот проект на донесување на 70-тина закони. Кој се приоритетите и колку Владата е подготвена да одговори на овие предизвици? Н.К.: Врз темелите на новиот Устав треба да се донесе цела­та законска регулатива, што е макотрпна работа. Прво, затоа што овој Устав не е некое механичко продолжување на досегашните устави. Овој Устав е со такви амбиции, да овозможи изградување на едно слободно, демократско општество, на еден нов свет на вредности, економски и правни, кои до вчера не беа втемелени во нашиот систем. Значи станува збор за едно ново општество. Колку ќе бидеме поспособни архитекти законски да го облику­ваме тоа општество, толку генерациите што доаѓаат ќе бидат посреќни, или пак ќе нè осуду-

152


Н и к ол а Кљус ев

ваат. Ние како Влада направивме еден регистар на закони што ни претстојат. Веќе на седницата во четврток ќе го утврдиме целиот омнибус на законите што нè оче­куваат и ќе им дадеме приоритет. Патем, тоа го бара и Собрани­ето од Владата за да може да си ја направи својата програма за идната година. Инаку морам да кажам дека Владата сама за себе нема претензии да биде единствен креатор и носител на сите за­кони. Нашите разбирања се дека мора да се мобилизира целиот креативен национален ум, тука мислам на Универзитетите, на МАНУ, на способни стопанственици и сл., така што имаме намера да ангажираме соработници. Со задоволство можам да ви кажам дека така и почнавме да работиме. Тоа се однесува да речеме на Законот за даночниот систем, потоа на Законот за трансформа­ција на општествената сопственост, а бевте сведоци кога се раз­говараше и за иднината на Универзитетот. Јас дури и предложив доколку немаме стручњаци во Македонија за некоја област, да се ангажираат стручњаци и од надвор. Еве, Европската банка ни понуди кадри од Европа и светот кои се придружуваат во изра­ботка на студијата за трансформација на општествениот капитал. Сето ова е со цел да се искористи духовното богатство од една страна, а од друга практичните примери што постојат во светот да се адаптираат во нашите услови. Јас би бил среќен ако на ова политичко, правно и економско законско обликување на нашата држава се работи опстојно. Тогаш тоа ќе резултира со една кон­зистентност и овој фитбек – Закон – граѓанин ќе биде многу посигурен, односно на дело ќе ја имаме правната држава. С.З.: Дали го имате предвид политичкиот момент, однос­но условите во кои работите, распоредот на силите во парла­ ментот и сл.? Н.К.:Некои велат дека експертските влади цврсто треба да застанат зад своите ставови. Тоа несомнено е точно, но само

153


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

доколку опкружувањето на Владата, односно Парламентот, исто така биде на она ниво за да го сфати духот и содржината на Законите. Притоа не смеат да бараат од Владата да врши корекции или да прифаќа компромиси. Сепак јас ова го сфаќам како природен чин, во кој ферментира политичката мисла и не можеме со првите избори да имаме идеален Парламент. Тоа е едниот аспект на оваа проблематика. Од друга страна постојано ќе се јавуваат некои политички идеи, чии носители со своите ставови ќе се обидат да пенетрираат во работата на Владата. Конечно, одлучува пратеничката сила во Парламентот. И трето, живееме во едно време кога се случува војна во Југославија и кога врз нас влијаат многу надворешни фактори. Во такви услови, изградување на една сложена законска материја носи со себе ризик и опасност, затоа што живееме во амбиент каде што нема стабилни индикатори за прогнозирање. Она што мене ме иритира е тоа што некои работи се поставуваат многу лекцијаш­ки. Сите критикуваат и држат лекции, а никој не дава конкретни предлози. Да речеме: не е идеја ако со напише или се каже, Вла­дата доцни и нема макроекономска политика ни за три месеци. Па ве молам, можна ли е макроекономска политика или страте­гија за три месеци. Не разбирам каква конзинстентност на мерки се бара од Владата кога на пример една одлука во Хаг или во Обединетите нации или пак некое пресвртно збиднување на домашен терен во услови на војна, може да ги измени работите и условите од корен. Јас би бил задоволен кога Владата би била оставена да работи намира, но, еве ќе ви кажам дека дури некогаш сме исправени и пред проблемот на кадровската екипираност, било да се работи за министри или за помошници. Ќе одберете еден кандидат, кој или è смета на едната политичка сила или на друга­та или пак на средствата за информирање. А треба да се разбере дека идеалното не постои.

154


Н и к ол а Кљус ев

С.З.: Во таа смисла значи кога може да се очекува ком­ плетно, што би рекле Вие, ситуирање на Владата и евенту­ ално некаква реконструкција? Н.К.: Ние на минатата седница на Парламентот рековме дека прашањето за министрите за образование и за одбрана ќе го оставиме за следната седница. Јас имиња не би ви кажувал, би го оставил тоа за подоцна. Но, сега нè очекува и промена на т.н. втор ешалон, заменици на министрите. С.З.: Јас би Ве замолил да го коментирате извесниот ани­ мозитет што постои кај добар дел од јавните гласила во однос на Владата, како и многу честите обвиненија речи­ си за секој владин потег? Н.К.: Видете, некои весници прилично комотно, ноншалант­но и неодговорно пишуваат некои работи. Вие се сеќавате кога се вративме од официјалната посета од Бугарија, веднаш излегоа писанија, те сме барале заштита од Бугарија, некакво си патро­натство и сл. Буквално новинарите нè претставија како да сме ја продале Македонија на Бугарија. А зошто не претпоставите една друга варијанта. Дека има некои други аспирации од надвор, некои сили, политички или било кои други, кои сакаат да фрлаат сенка и сомнение дека се работи за пробугарска Влада и да дојдат „спасителите“ од Белград, заедно со армијата за да го „спасу­ваат“ народот. Може ли вака да кажеме и да претпоставиме? Искрено да ви кажам, добар дел од Владата, вклучувајки ме и мене, не ги познаваме методите на подметнување, бидејќи досега сме се занимавале не со политика туку со научна работа. Таквите техники не ни се познати. С.З.: Конечно ме интересира кој е вашиот личен став по однос на повеќе прашања кои се сврзани за студентите и

155


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

за Универзитетите во Македонија како и за разни закони кои се поврзани за оваа област, како што е Законот за на­ ука на пример? Н.К.: Општеството кое се гради на нови принципи, нужно ќе ги рефлектира своите односи врз сите сегменти на општествено­то живеење. Тоа значи дека ќе ја зафати сферата на науката, образованието, културата... Се поставува меѓутоа прашањето дали постои опасност да се оштетат некои витални функции кои се втемелени како вредности и специфика на дадената област. Тоа не смее да се случи. Проблемите за кои зборувате настануваат заради одредени приземни интереси, во материјалниот сектор на нашето живе­ење. Во тој домен ние би сакале да се доближиме до светот на развиените земји, каде што постои паралелна грижа, и на др­жавата и на приватниот капитал. Затоа таму и постојат приватни болници и државни болници, приватни универзитети и државни универзитети, приватни патишта, државни патишта. Тоа е карак­теристика на една динамична економија, како онаа на Соедине­ тите Американски Држави. На стариот, Европски континент, пак, имаме една мешавина. Не постои имено, препознатлива дефинираност - што спаѓа во т.н. јавен или државен сектор, а што во при­ватниот. Тука имаме една малку покласична буџетска компонен­та остварена преку државата и една полуприватна, или акцио­нерска компонента. Токму во таков материјално лимитиран амбиент во кој живе­еме, се создава една нервоза – кој ќе господари со тие средства. Министерството предлага тоа да биде совет во неговите рамки, едноставно за тоа што на тоа нè наведува Законот кој инаку е донесен пред оваа Влада да го преземе мандатот. Од тој аспект, во смисла на поделба на тој сиромашен колач, Универзитетот бара да постои посебен фонд за образование, а посебен за наука и да има посебни инструменти кои би обезбедувале финансир­ање на тие фондови директно од доходот. Тоа практично значи оформување

156


Н и к ол а Кљус ев

паралелен буџетски систем... Оттука, јас не знам зошто страв меѓу универзитетските ра­ботници и во тоа што е навистина проблемот – во несигурноста, надгледувањето, контролата? Јас веќе реков, ако тоа тело биде во рамките на ресорното министерство, неговата работа нема да ја карактеризира исклучивост и монопол. Во неговиот состав дури 60 до 80% ќе бидат универзитетски работници. А и нема кој друг да биде! Но, регулативната функција мора да ја врши оној кој го донесува законот. Тоа е абецеда во правниот сиртем на секоја земја. С.З.: Генерално гледано проблемот повторно се сведу­ ва на дамнешните барања за оптимална автономија на Универзитетот? Н.К.: Автономијата, тоа повеќепати сум го истакнал, не нас­танала затоа што средновековните унивезитети биле бедни, туку поради гушењето на духот, поради схоластичката пресија на тоа време. Во таа смисла таквата автономија беше изградена да се заштити духот, инвенцијата, креацијата, слободата на мислата. Ововековните универзитети бараа на пример на Универзитетот да не влегува полицијата, да нема надворешно влијание над критериумите на изборите на универзитетските професори. Авто­ номијата на Универзитетот значи, а и за самата институција и за студентите, се сфаќаше и се сфаќа како борба за зачувување на ткивото, слободарскиот дух на таа средина. Токму овие поединци меѓутоа, кои се многу гласни во сегашните барања, како профе­сори и декани дозволувале да влегува политичката полиција и да апси студенти и професори. Каква е таа хипокризија? Треба да се знае дека автономијата на Универзитетот е изгубена токму во овој 20 век, од Сибирските логори до Голи Оток. Токму тој соци­јализам на пример, го отстрани шпанскиот борец проф. Камилов и многу други заедно со нивните студенти и ги од-

157


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

несе на Голи Оток. Целиот мој животен и работен век помина во страв и неизвесност од политичка пресија. Живеев едноставно во услови кога Уни­верзитетот немаше никаква автономија... Автономијата значи јас ја гледам многу пошироко. Не смееме да ја банализираме, вулгаризираме автономијата со проклетство­то на сиромашниот динар, и со тоа како него ќе го управуваме и делиме. Ако така сториме ќе се деградираме и ќе ја понижиме традицијата на Универзитетот. А што се однесува до статусот на националните институти дијалогот е сè уште отворен и прашањето сè уште не е дефини­тивно преселено. С.З.: На крајот на овој разговор – имате ли сознанија за актуелните студентски проблеми и преокупации? Извес­ но време не сте непосредно врзани за студентската попу­ лација, но претпоставувам дека ги следите актуелните збиднувања? Н.К.: Вистина е, дека денес јас предавам само на постдип­ ломските студии. Имав, меѓутоа, една прилика да се сретнам со вашите колеги и се сеќавам дека им реков – зошто не тргнувате од афирмативните принципи, зошто тргнувате со негација? Зошто, мимо сите наши настојувања, предлагате штрајкови? Кол­ку јас знам, студентската младина од секогаш се борела вистина­та да ја докаже преку други методи, а не преку пресии и штра­јкови. Ние живееме во ограничени услови. Кога би имале полно ќесе пари, би имале и повеќе студентски домови, и поквалитетна исхрана, и побогати библиотечни фондови. Фондовите меѓутоа се ограничени. И може ли некој сега, со пресија врз буџетот, Влада­та и општеството да наметнува логика на штрајкови и немили сцени? Преовладува значи кај вас една негативна оценка на појавите. А веќе реков, на младоста повеќе и лежи афирма­тивниот пристап – да се бори за прогрес, за промени, за квалитет, за докажување.

158


ИДНАТА ГОДИНА ЦЕЛОСНО НЕЗАВИСНИ ,,Вечер“, 18 декември, 1991 г. На вчерашната средба со новинарите, премиерот Кљу­ сев говорејќи за бриселскиот Документ, истакна дека за Ма­ кедонија се прифатливи условите за меѓународно признавање на новите држави во Европа. Во годинава што изминува се остварени историски придо­ бивки за македонскиот народ, кои се втемелени со референду­ мот и новиот Устав. Изминативе 12 месеци беа вистинско учи­лиште за парламентарна демократија. Притоа, и Владата беше исправена пред низа непознати. Со оглед на тоа, бидејќи помина една фаза на адаптација и се создадоа услови за формирање на еден нов систем ние како Влада, сме задоволни од она, што, во вакви услови го постигнавме. Ова, вчера го изјави премиерот на Република Македонија, д-р Никола Кљусев на средбата со нов­инарите организирана по барање на Македонската Влада, а на тема „Македонија, денес и утре“. Задоволството, како што истакна Кљусев е одраз, пред сè, на фактот што е доста направено во услови кога сме соочени со блокади: на сообраќајот, на меѓународното движење на капи­талот, а што не даваше можност, на економски план, да дојдат до израз напорите на Владата до крај да ја реализира својата програ­ма. Освен тоа, Владата работи во услови

159


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

кога со новиот систем што постои во Републикава, се воведува и целосно нова законска регулатива, со која се регулира, правниот, политичкиот и економ­скиот систем на Македонија. За одделни закони, како на пример, за Законот за приватизација, ќе се создаде само основа, а со текот на времето ќе дојде до нивно усовршување. Говорејќи за бриселскиот документ, претседателот на Маке­ донската Влада д-р Никола Кљусев изјави дека за Македонија се прифатливи условите за меѓународно признавање на новите др­жави во Европа, што прексиноќа во Брисел ги усвои Министер­скиот Cовет на Европската заедница. Според зборовите на Кљусев, во споредба со другите југо­словенски релублики коишто тргнале по патот на осамостоју­вање, Македонија и Словенија имаат најчист однос кога се ра­боти за исполнувањето на бараните услови. Во Босна и Херцегов­ина, додаде тој, нема единствен став во поглед на самостојноста, додека зa Хрватска сè уште е отворено прашањето за границите. Кљуceв го изрази уверувањето на Владата дека 1992 година ќе биде година на постигнување на целосна независност, самостојност и сувереност на македонската држава, со сопствена дипломатија и економски односи во светот. Истовремено, д-р Кљусев изрази противење на упорното настојувањe на некои земји меѓународно да се признаат само Сло­венија и Хрватска и на информациите што ги добиваме од некои земји дека не сме упатиле барање за признавање на независноста. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да преиспита дали сме постапиле исправно и дали писмото на претседателот Глигоров, упатено до сите членки на ОН има значење на офици­јално барање, или пак тоа треба на друг начин и од друго место да биде упатенo. За идната година, како што нагласи премиерот, Владата ќе понуди неколку алтернативи како политички и економски ја гледа Македонија во 1992 година бидејќи во вакви услови тешко може да се прават некои цврсти проценки. Идната година, покрај другото, ќе биде обременета

160


Н и к ол а Кљус ев

и со решавање на делбениот биланс во однос на „југословенскиот колач“ бидејќи во изградбата на големите, економски системи сите сме учествувале, па затоа ќе биде потребно да се изгради заеднички пристап за делењето на тоа што e општо богатство.

ОКТАНСКА ДИЛЕМА Во врска со новинарското прашање околу најавите за скоро зголемуваање на цената на бензинот, д-р Кљусев истакна дека се преиспитуваат можностите да не дојде до уште едно енормно зголеување, бидејќи Владата е свесна дека тоа драстично ќе се одрази врз стопанството и врз секој граѓанин во Македонија, со оглед на нискиот стандард на населението.

161


АРМИЈАТА ГЛАВЕН ЗАГОВОРНИК „Република“ 30 декември, 1991 г. (Владимир Т. Димитровски) Постои писмо, потпишано од полковник на работа во Коман­дата на Третата воена област, во кое е содржана заканата до македонскиот Пре­миер. Плановите за отворање на ,,Јужниот фронт“ во рацете на бриселската полиција. Каква е улогата на мистериозниот полковник Миодраг Станимировиќ, а каква на генералите што своите чинови ги заработија на македонска територија. Врз претседателот на Владата на Република Македонија, д- р Никола Кљусев, е подготвуван заговор за физичка ликвидаци­ја, а реализацијата требало да ја изведат припадници од армиски­те редови, означувајќи го така почетокот на отворањето на „Јуж­ниот фронт“ на македонските простори од страна на „србоармија­та“. Дека сето ова е точно говори фактот што постои писмо, упатено до македонскиот премиер во кое е содржана заканата за негова ликвидација, потпишано од полковник на работа во Ко­мандата на Третата воена област, а кое се наоѓа во Министерството за внатрешни работи на Македонија. Значи Кадиевиќевата генералска клика очигледно не може да се помири со фактот за незвисна и са-

162


Н и к ол а Кљус ев

мостојна македонска држава, која за такво нешто се изјасни на Референдум, усвои Устав и побара меѓнародно признавање. За неа, секако тие има­ат план да ја задржат во остатокот од некогашна АВНОЈ-ска Југославија, која е сон на Милошевиќевиот големосрпски хегемо­низам, четиричленото српско – црногорско - југословенско Претсе­дателство и србоармијата. А дека плановите за „Јужниот фронт“ и за задржување во југословенскиот остаток на Македонија се реалност, говорат и информациите од белгискиот главен град Брисел, во кој пред три недели се најде висок армиски старешина од Третата армиска област заедно со својот син, кој беше повикан на отслужување на воениот рок во србоармијата, кои на тамошната полиција й предадоа многубројни документи во кои се разработени целите и задачите на војската на македонските простори, а сè со цел тие да се најдат во идната трета Југославија.

МИСТЕРИОЗНИОТ ПОЛКОВНИК Веќе рековме дека постои писмо упатено до македонскиот премиер, д-р Никола Кљусев, во кое е содржана заканата за неговата ликвидација, а е потпишано од полковник на работа во командата на Третата армиска област. Според воената доктрина ваквите задачи секоја армија, а тоа значи и Југословенска народ­на армија, ги наменува на специјалците, во овој случај на Воената безбедност. Нејзиниот прв човек во Третата воена област е молчаливиот и конспиративен полковник Милан Херцеговиќ, кој пред неколку месеци замина на операција, по која и ден денес се наоѓа на домашна нега. Имајќи предвид дека ваквото чувстви­телно место не може да трпи отсуствување на првиот човек, за­ради акутноста на состојбите на македонските простор и Коман­дантот на Третата воена област, новопечениот контроверзен ге­нералполковник Милутин Кукањац, се присети и повторно го ак­тивира на-

163


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

водно пензионираниот, поранешен прв човек, полков­ никот Миодраг Станимировиќ. Овој фанатичен Србин, по потекло од селото Барлово кај Прокупље, од сомнително семејство, за кое до ден денес не се знае на чија страна се борело во Втората светска војна, многу брзо напредувал во армиската хиерархија, благодарејќи на она што го извршувал на македонските простори, а познато меѓу нар­одот како доушник и кодош. Очигледно дека полковникот Миодраг Станимировиќ осо­ бено внимание му посветил на македонското секојдневие. Така нему не му се непознати македонските политичари, политичкото милје, стопанството и културата, но и слабостите на самата срединa и на нејзините луѓе. Затоа и добро се вклопил во средината, освен големиот комфорен стан во скопската населба „Јане Сан­дански“, тој има изградено викендичка во скопското село Подморани, а има купено апартман во струшкиот хотел „Еуротел“. Во станот пак, неговата сопруга, држи непријавен козметички салон, за кој овој полковник во слободното време подготвува помади. Немаме докази, но претпоставуваме дека викендичката, која е опремена со војнички кревети, како и луксузниот апартман, Миодраг Станимировиќ, во последно време ги користел во разработката на отворањето на „Јужниот фронт“, а тоа значи и за подготвување заговор за физичка ликвидација на македонскиот Премиер, со што подоцна ги запознал полковникот Милан Херце­говиќ, како и повисоките старешини, дури и самиот командант на Третата воена област, Милутин Кукањац.

ГЕНЕРАЛСКИ ЗАГОВОР Несфатливо е за ваквите армиски активности да не знае Кадиевиќевата генералска клика, во која најголем број генерали своето напредување го заработиле на македонските простори. Пред сè началникот на Генералштабот на ЈНА, генералпол­ковник Благоја Аџиќ, потоа членовите Миле Ружиновски

164


Н и к ол а Кљус ев

и Марко Неговановиќ, како и „теренците“ генерал-мајорите Ратко Младиќ, командант на книнскиот корпус, како и претходните команданти на Третата воена област генерал полковниците Живота Авра­мовиќ и Душан Симовиќ. Подготовката за физичка ликвидација на македонскиот пре­миер, д-р Никола Кљусев, како и сè уште обвиената со превез тајна на загинувањето на министерот за внатрешни работи, Јор­дан Мијалков очигледно се само почеток од реализацијата на планот за повторно враќање на Македонија во каква - таква Југославија. А подготовките за ова од страна на србоармијата се поодамна во тек. Војската со оружјето и опремата одамна замина на север, се бара било каков судир со македонската власт, дури не се заобиколуваат и ангажирањата на воените сили на маке­ донските соседи. Според плановите за „Јужниот фронт“, со кои непосредно бевме усно запознати од висок воен старешина, чие име, од разбирливи причини, не го соопштуваме, со брза воена интервен­ција, што треба да трае не повеќе од 48 до 72 часа, Македонија треба да биде вратена во старото стадо, а државните функции на легалните органи и тела, создадени по првите повеќепартиски републички избори, треба да ги преземат активистите на Сојузот на комунистите - Движењето за Југославија, на чие чело се наоѓа верниот србофилски хегемонист Драган Атанасовски, роден кумановец, инаку, декларирани легални наследници на веќе постојниот Сојуз на комунистите на Југославија, а во чии редови најбројни се, како активните, така и пензионерите воени ста­решини.

МОЛСКАВИЧНА ОКУПАЦИЈА Брзата воена интервенција на македонските простори, сека­ко по денот „Д“ за отворање на „Јужниот фронт“, ќе ја координира генерал-полковиник Милутин Кукањац, командант на Третата воена област, а под непосредна надлежност на началникот на Генералштабот на Југословенската народна

165


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

армија, Благоја Аџиќ, за кого нема непознаница кога станува збор за македонски­те источни простори, бидејќи долги години во седумдесеттите беше на чело на Струмичкиот гарнизон. Во Македонија најнапред би навлегле единиците од Врањ­ скиот и Урошевачкиот гарнизон, кои веќе подолго време се на­водно на терен на македонско-српската административна грани­ца. Со единците на овие гарнизони веројатно ќе командува ново­печениот генерал-мајор Ратко Младиќ, кој генералскиот чин го заработи во слична акција во Книн, или искусниот генерал ­полковник Живота Аврамовиќ. Нападите пак на воздухоплов­ните воени единици, во кои спаѓаат и Нишките воени падобранс­ки единици, веројатно ќе ги координира полковникот Бранислав Дашиќ, донеодамнешен командант на скопскиот воен аеродром „Петровец“. Секако дека при влегувањето армијата смета на поддршката на своите пензионирани старешини, македонските србомани и оние Срби верни на Милошевиќевите големосрпски хегемонистички идеи. Тогаш секако на сцена ќе стапат активис­тите на Сојузот на комунистите - Движење за Југославија. Македонскиот парламент, Владата, како и Министерствата за народна одбрана и за внатрешни работи на Македонија, секој во рамките на своите надлежности, писмото со заканата упатено до македонскиот премиер, д-р Никола Кљусев, треба да го сфа­тат сериозно и по расправата за неговата содржина, да донесат заклучоци со кои ќе треба да се запознае пошироката меѓународ­на јавност, а, пред сè Европската економска заедница и Кар­ингтоновата комисија, како и организацијата на Обединетите нации.

166


ПО ПОЛИТИЧКА – ЕКОНОМСКА САМОСТОЈНОСТ „Нова Македонија“, 31 декември 1991г. 1-2 јануари 1992 г. (Виктор Цветаноски - Мирче Адамчевски) По 15 јануари, кога се очекува Македонија да биде меѓуна­ родно призната, треба уште повеќе да се свртиме кон животните проблеми. - Човечкиот фактор мошне бавно се приспособува кон големите промени. - Не треба да се прават илузии дека опш­тествената сопственост веднаш ќе се претвори во приватна. Два тешки воденични камења врз вратот нra Владата – високата невработеност и големата опасност од нови затворања на повеќе работни места.

СОРАБОТКА СО СИТЕ СОСЕДИ Зад нас остана една многу тешка година, кога, всушност, се распадна Југославија, а војната сè уште трае, која има­ ше голем одраз и врз севкупниот живот, на политички, стопански и на социјален план. Како во тие услови се снаоѓаше македонската Влада, како ги оценувате постиг­

167


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

натите резултати, ако се знае дeка врз себе презедовте еден тежок товар? Н.К.: Настаните кај нас брзо се одвиваа. Тоа од своја страна значи дека годинава што ја испраќаме беше драматична со своите настани, а ние и психолошки и емотивно бевме во ритамот на промените. Пресвртничките етапи низ кои минувавме оваа година создадоа предизвик во сите домени на нашето живеење, од трауматичните неспокојства и грчеви, до еуфоричните и радосни моменти што ги доживувавме заедно со народот, со реф­ерендумот, со донесувањето на Уставот. Сето тоа е мозаикот низ кој минувавме оваа година. Иако нашето минување беше задоено со чувства на еден позитивен ентузијазам од кој не отстапуваме, сепак, некои проблеми што се наметнуваат како од домашната сцена, повеќе од опкружувањето на југословенскиот, а во пос­ледно време и од светскиот простор, ги потиснуваа временски можностите за реализација на нашите амбиции и предизвикуваа потреба од изградување нови одбранбени механизми, било во секторот на стопанството и на економијата, било во секторот на животниот стандард, на социјалната структура на населението, било во секторот на промените на политичкиот сегмент. Ние, како Влада бевме будни сведоци на тој процес. Сакавме да се дистанцираме од тие политички струења, конечно ние дојдовме и со таква цел. Се разбира, колку можеме да бидеме непартиски и да функционираме врз таква една платформа. Кога велиме непартиски ние мислиме, во државното работење и функциони­рање да не прострујуваат програмски цели на партиите. Инаку, во политичката интима на човекот никој не може да навлезе. Дури можеме да кажеме дека благотворно дејствуваше и печатот понекогаш, кога велеше дека Владата се наклонува кон една или кон друга политичка струја, дека прави некои компро­миси. Тоа ни даваше, сепак, една мисла постојано да

168


Н и к ол а Кљус ев

се преис­питуваме, да не дозволиме протек на пресија на некои политички видувања. Конечно тоа е реалноста на животот низ која се мину­ва. Тука нема цврсти сценарија затоа што во краткорочните пери­оди од месец во месец влегувавме со многу непознаници. Тешко можеше човек нив да ги елаборира и секогаш да создава опти­мални одбранбени механизми на заштита. Па оттука можеше да се направи и некоја „екскурзија“. Ако сега го оставиме тој поли­тички фолклор, со сите негови недостатоци и позитивни струења и се префрлиме во секторот на економијата, на стопанството, ќе дојдеме до еден заклучок: некои пророци кои во почетокот кога дојдовме ни велеа дека стопанството е во распад, дека е во хаос, дека Македонија е целосно економски уништена – не беа во право. Ние колку што можевме создадовме можности да го одржиме постојното темпо на благо опаѓање или сопирање во некои домени. Во други домени пак настојувавме да бараме рез­ ерви во стопанството, како што се неискористените инвестиции, неискористените капацитети, подигање на мобилноста. Созда­довме претпоставки за некои наши надежни развојни можности, силно манифестирани преку импулсите на сопствениот капитал, преку рестартирањето на Фени, со отпочнувањето на градба на акумулацијата на Тополка, со потпишувањето на договорот за гасификација со Советскиот Сојуз, со потпишувањето на преддо­говорот со Италија за Кадина Река, со потпишувањето и реализирањето на еден огромен проект за размена на нашите индус­триски и градежни потенцијали со веќе поранешниот Советски Сојуз. За првпат во нашата повоена историја го откупивме целото годишно производство од земјоделството. Нашата активност беше, насочена кон тоа што може повеќе Maкедонијa да ја отво­риме пред соседите и пред светот. Прво сакавме со соседите да создадеме една релаксација на политичката напнатост, на кавгите, и успеавме со посетите на Албанија, на Бугарија, на Турција да создадеме една клима да може да се соработува, да се кон­тактира

169


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

и со нужно почитување да го отвораме просторот на низа проекти. Особено тука напреднаа некои проекти. Да речеме со Албанија веќе слободно се тргува, сообраќајните проекти ги прет­ставивме. Романија се придружи на тој наш напор. По нашата посета дојде нивниот министер за надворешни работи, дојде турс­киот министер за надворешни работи, сосема е природно да дојде и бугарскиот. Сето тоа ќе носи со себе елементи на нужна сора­ботка и со Србија ако сакаме да живееме на овој простор. Ние сакаме методолошки поинаку да постапуваме, а не како што постапувале, да речеме, другите републики. Ние не сакаме да создаваме никакви предизвици, ниту провокации. Зошто? Затоа што ние немаме ниту територијални амбиции спрема некој друг, ниту амбиции политички да наметнуваме некоја идеологија. За нас е добар секој сосед кој сака економски, културно, политички и технолошки да соработува. Немаме никакво право некого да префорсираме, или да дискриминираме. Нормално, сите очекуваме на 15 јануари Македонија да биде меѓународно призната. По тоа неопходно е да се за­ врши институционализирањето на македонската др­жава. Меѓутоа, ќе се јават проблеми во други домени од живо­ тот. Има ли Владата некоја своја визија за сето она што нè очекува. И самите во една пригода пред 10 години рековте дека врв на кризата ќе биде во 1992 година. Н.К.: Точно е тоа, ‘81 и ‘82 година јас реков дека кризното дно ќе биде достигнато околу ‘91 - ‘92 година. Така некои од гоемата куќа крај Вардар ме обвинуваа, дека сеам дефетизам, страв и неизвесност кај населението. Ете помина тој период, за жал, кризата трае. Меѓутоа, тогашната оценка ја дававме Ние во констелација на економските трендови и економските односи. Тогаш не можеше да се види дали ќе дојде до војна и до разорувања кои ќе ја подгреваат спиралата на кризата и

170


Н и к ол а Кљус ев

не можеше да се очекува ваков расплет на институционално изве­дување на независни држави, во кои така снажно просудува меѓународното влијание. Според тоа, тука не може да ги пос­тавиме параметрите на чистата економија во кризното дно, апс­трахирани од политичко-воениот фактор и општо надворешниот фактор, кој што има силно влијание да го продолжи или да го сопре опаѓачкото темпо на кризата. Сепак и во тие услови можеме да изградиме две сценарија. Ако со 15 јануари се признае независноста на РМ, тогаш сосема е оправдано дека од еуфоријата треба да се оди кон работа, кон трезвеност, кон темелно испитување, да се реализираат нашите визии и цели во сите сег­менти на животот во: политичкиот, правниот, економскиот сис­тем врз цивилизациски вредности за кои сме се определиле. А ние сме се определиле во политиката да имаме демократија, слобода, еманципација на мислата и духот поаѓајќи од граѓанинот, а во економијата пазарно отворено стопанство со валоризација на економските законитости на производството. Ние не се откажу­ваме од таквата ориентација. Таа е наша трајна определба, но со текот на времето, во оваа година која ја напуштаме настанаа силни лимитирачки фактори, од разни блокади, пресии, разурну­вања, до нарушување на репродукциониот циклус, до губење на таканареченото отворање на дополнителни инвестиции однад­вор. Тие ограничувачки фактори ние ќе треба да ги преиспиту­ваме и да ја оцениме оптималната сила за запирање на нега­тивните трендови во економијата и подигање на спиралата на развојот. Тоа ќе биде искушение на Владата во економскиот домен, речиси, во целата 1992 година. А ако евентуално се напуштат едни такви сценарија и не дојде до осамостојување и ако тука се отворат нови кризни жаришта, со сите аспирации на воинственост, тогаш јас не би сакал да ви дадам никакво решение, тогаш трагедијата е на повидок... Во развојот да ја концентрираме и моќта и знаењето, како да изградуваме механизми кои со својата универзалност не се лесно применливи во на-

171


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

шата средина, да се ослободиме и од поданич­кото гледање на некои научни теории и модели кои се при­способливи со своите ефекти во некои средини, а не можат да се емитираат со сите позитивни ефекти во нашата средина, бидејќи таа е доволно нагризана, еродирана, нарушени се процесите во сите сегменти на економското живеење. Станува збор како да се проценат тие, тој вредносен свет во економијата, кој создава ав­томатизам преку пазарните законитости, како тоа да го прето­чиме во нашава следна година, до кој степен ќе даде свои ефек­ти. Јас очекувам дека тие ефекти ќе бидат побавни, пониски, но надежни за следниот период така што ние ќе ги идентификуваме проблемите, ќе ги идентификуваме гранките каде што ќе можеме да бидеме со сила на развој и ќе може да создадеме една прет­поставка сопствените ресурси да ги доближиме до афинитетните барања на странските партнери и во тој склоп да ги изградуваме инструментите и мерките на стопанскиот систем. Ние треба да се отвориме како држава со сите перформанси на една демократс­ка и пазарно афинитетна и конкурентна земја, да бидеме привлечна, за странскиот партнер тој да го види својот афинитет во профитот што ќе го создаде. Сакаме економските критериуми да бидат тие што ќе нè спојуваат, иако сме свесни дека на страна­та на ефектите ќе бидеме со пониски позитивни салда за себе, но тоа е нужност низ која што мора да се минува затоа што ни се поз­нати законитостите во односите на економиите. Тоа се наши определби. Значи во првите три месеци ќе биде адаптирањето на законитоста, до шестиот месец ќе се видат односите и рефлексиите спрема адаптирањето, во втората половина веќе треба да се очекуваат понагласени ефекти во промената на стопанскиот систем и на целото стопанство кај нас. Под услов, како што реков првата оптимистичка варијанта да се оствари, да останеме како независно сплотено ткиво со своја размисла и со своја одлука.

172


Н и к ол а Кљус ев

Вие споменавте некои инвестициони зафати со странски парт­нери. Еве бевте во Австралија, и може ли нешто кон­ кретно да се очекува од луѓето од дијаспората. Колку тие се подготвени за тоа, колку се моќни да помогнат? Н.К.: Нашето иселеништво во дијаспората ќе делува благотворно на ниво на малите претпријатија, малите иницијативи. Еден дел од таа дијаспора што располага со некои свои средства може да дојде до израз преку некој проект, да изгради некој хотел, некое трговско или туристичко претпријатие итн. Кога гов­ ориме за инвестициони зафати, ние мислиме на поголеми проек­ти. Нашето иселеништво не е од таква природа да се зафати за поголеми проекти. И затоа ние го отвораме тој процес пред вла­дите и компаниите во земјите што ги посетуваме. Нашето иселеништво не може да донесе милијарда долари. Суштината е како нашите проекти да ги заинтригираат финансиските и произ­водствените компании. Таков е случајот, со нашата понуда да из­градиме нова топилница за олово и за бакар. Ние ги запознавме во Австралија од компаниите, па сè до министерот за надворешни односи и сите индустриски асоцијации каде што одевме. Тие во основа немаат ништо против, заинтересирани се и се надеваме дека ќе нè посетат, во што сум убеден. Тоа е една работа. Друго е да се расчисти овој однос околу Вардарскиот Слив и тој проблем го отворивме. Тука е и она што рековме за Кадина Река со Итал­ијанците. Доколку сега се заврши физибилити студијата од страна на конзорциумот Вардарски Слив, ќе видиме што од тоа ќе се вклопи во овој голем интегрален проект, да го понудиме и да видиме дали француската страна ќе конкурира за некој проект кој секако ќе ни биде од интерес. Ова им го рековме и на Германците, ќе треба да разговараме и со Грците за таа работа. Ова е вториот блок за кој што говоревме. Трето е што нуди постојната структура на индустријата таа да биде атрактивна во процесот на ревитализација

173


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

и преструк­турирање. Не треба да се потценува големото богатство што е создадено во индустриските капацитети кај нас. Тоа дава шанса за маневрирање. Но, тука е и проклетството на човечкиот фак­тор. Тој е во прашање. Оттука и инертноста, наместо сега да се приспособиме на новите услови, за некој е важно како да се задржи фотелјата. Затоа забрзувањето на процесот на преструк­туирањето на сопственоста и приватизацијата е извонредно важно со цел да се поттикне спиралата на прогресот. Инаку, тој човечки фактор, тоа постојано го нагласуваме, мошне бавно се приспособува на големите промени. Вие своевремено говоревте дека се очекува инвестици­онен импулс од продажбата на становите и од приватиза­цијата. Тоа изостана. Кога ќе може да се очекува тој им­пулс. Н.К.: Тоа е точно. Меѓутоа, корисниците не се исто матери­јално ситуирани за да можат да одговорат на економските законитости за да ја покријат цената на станот. Па оттука наша намера е (затоа и го вративме законот за станбените односи кој й беше понуден на Владата пред две седници) уште еднаш да се фрли поглед врз него да видиме каде може да се изврши инови­рање на тој закон, за да не создадеме тревога. Наша намера е со продажба на становите да одредиме некоја цена на учес­тво, да го одредиме процентот што носителите на станарско право можат да го платат. Ако е некој пензионер или социјален случај, тој не може да го купи станот. Тогаш тој ќе стане проблем на државата. Затоа треба да се знаат колку се тие за да се изд­војат. Од друга страна, сигурно ќе се појават синови и ќерки што ќе пројават интерес да ги купат тие станови. Сè се тоа рамки на низа непознати. Нас најнапред нè интересира што е со иницијал­ниот капитал, за изградба на становите преку разните дирекции, СИЗ-ови итн. Тој иницијален капитал, какво повратно дејство има досега, како ќе се враќа тој капитал, преку кои механизми и каде се сред-

174


Н и к ол а Кљус ев

ствата од досега продадените станови. Дали е вистина дека ние немаме ни динар таму? И конечно, ќе мора да ги опфатиме сите носители на станбената изградба, она што се вика општествени станови под ингеренција на државата, општествени станови во стопанството, општествени станови во милицијата, во војската. Но, тоа е тврд орев, голем проблем. Сега овде се наметнува и друга логика. Партиципација да, но што со тие пари. Дали да се користат за инвестиции или да ги ситуираме пензиските фондови, или штедните влогови, или пак да ги вратиме на населението што го уплатувало, а не добило стан. На пример, некои одвојувале 20 години извесен процент за ова, тоа е нивни капитал, но кој не го користеле. Или имало соли­дарна станбена изградба, а сега се продава приватно. Се мену­ваат односите. Ако некој има право сега да рече дајте ми ја земја­та што ми ја зедовте, зошто да нема право друг да рече дајте ми ги парите што ми ги зедовте, и со нив изградивте општествени станови и им ги доделивте на други. Ова се крупни проблеми. Државата мора да мисли за нив, но при донесувањето на законот, не ќе можеме сите овие проблеми да ги ситуираме, бидејќи тоа е мошне сложена материја. Но ќе го отвориме процесот за нивното разрешување. Клучен проблем за натамошниот развој сиryрно е прива­ тизацијата. Одржани се неколку научни расправи, во стран­ство се подготвува студија, што Владата во наред­ ниот период ќе преземе на тој план? Н.К.: Сите овие манифестации што се одржуваат надвор се под диригентската палка на Владата. Значи, Владата сака прво да го чуе научното мислење и да изработи студија. Добро ни дојде што ни се придружија два-тројца стручњаци од Европската банка и среќна околност е што меѓу нив е и Ченто Велјановски кој има голема љубов кон Македонија. Тие го доставија својот материјал до Владата. Е, сега е муд-

175


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

рост на нашиот министер (Ј. Миљовски) тоа богатство од истражувања и согледувања, преку групите што ги формираме да го преточиме во закон. Тоа го работиме сега. Да се надеваме дека во почетокот на новата 1992 година тој закон ќе го донесеме. Ќе создадеме инструменти и мерки на системот за поддршка на тој закон за да може да се спроведува. Но, тоа ќе биде долгорочна проекција за реализација. Значи до крајот на овој век, најмалку. Не треба да се прават илузии дека општествената соп­ственост веднаш ќе се претвори во приватна и дека со тоа е свршена работата, дека од царството на стегите се преминало во царството на слободата. Тоа е илузија. Тоа си го мислат некои протагонисти кои сакаат да спечалат со интерните акции. Кога одам по претпријатијава ми велат дека имаат 80 или 90 отсто од капиталот претворено во интерни акции. А кога им велам дајте да видиме колку е реален капиталот, излегува дека имаат само четири до пет отсто. Тогаш кој им дал право да управуваат со целото богатство, тоа никаде го нема. Друго е кога ќе создадат инструменти на екстерни акции, тогаш секој ќе може да ги купи нив, ќе се создаде конкуренција, ќе може на директорот да му се каже збогум ако не работи добро. Тоа е таа логика што ние ја поддржуваме. Веројатно јавноста ќе сака да чуе за тоа што презема Вла­дата подготвено да ги пречека евентуалните социјал­ ни потреси што се очекуваат. Дали се подготвува некоја со­цијална програма за да ги ублажи евентуалните соци­ јални раслојувања? Н.К.: Ние живееме со тој проблем на социјалните диферен­цијации што ќе се наметнат и социјалната програма ќе биде едно нужно зло од кое не може да се избега. На овој сектор има два тешки воденички камења врз вратот на Владата. Едниот е високата невработеност од 166.000 невра-

176


Н и к ол а Кљус ев

ботени, а другиот е потенцијална можност за невработеност поради преструкту­ирањето и ниско платениот труд на границата на таканаречениот гарантиран личен доход. Тоа се проблемите. Гарантираниот ли­чен доход е под секое ниво на животна егзистенција на европ­ските стандарди. Дури и за наши стандарди од пред неколку години. Меѓутоа ние сме лимитирани. Но, ќе помогнеме онолку колку што ќе можеме. Ќе одиме сега кон максимална стимулаци­ја на индивидуалната иницијатива. Ние не смееме да ги идеализираме работите под притисок на социјалата да загубиме здив и да речеме еве пропаднавме. Ние мораме во болниот оганизам да ги поттикнеме одбрамбените тела што ќе дадат ефекти за негово оздравување. Вие секогаш сте биле за соработка со средствата за инфор­ морање. Меѓутоа, во последно време се јавуваат извесни недоразбирања на релација Влада – средства за ииформи­ рање. Како ја оценувате работата на средствата за јавно информирање? Н.К.: Ние како Влада, и јас лично никогаш не сум бил за тоа да имаме непотребно конфронтирање со печатот. Јас новинар­ството го замислувам како мошне атрактивна значајна дејност во која се преточува смислата на професионалноста во квалитетот на информацијата и преку неа да се укаже на можности за размислување на граѓанинот тој сам да донесе одлука спрема алтернативните сугестии. Печатот како дејност треба да биде во добри односи со сите сегменти на едно општество. Не само со државата. Вие видовте дека државата не создаде никакви бариери да го ограничува печатот. Рековме еве ви слободно, независ­но новинарство, редакциите нека си ја носат одговорноста, па дури и им рековме на новинарите сами да го направат законот за информирање. За жал не се воспостави блиска соработка, имам такво чувство, а другото

177


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

е дека и во средствата за информирање процесите на промените во новите видувања носи белег на старите сфаќања и платформи од кои произлегуваат, од кои се мотивирале, од кои политички структури припаѓале. Тоа интимно сите ние го носиме во нас. Но, во средствата за информирање тоа доаѓа повеќе до израз бидејќи треба секојдневно да се пишува нешто. Се чувствува дека сè уште има сугестии од страна.

КОНТАКТИ СО ГРЦИЈА Ние очекуваме да ги развиеме дипломатските односи со Грција. Би било пожелно уште во почетокот на годината да дојде до меѓусебни посети. Се разбира, прво на пониско ниво, па потоа и на врвот. Со Грција имаме интерес да соработуваме, иако таа настапува со некои максималистички барања спрема нас. Сега Европа и светот знаат и прифаќаат дека постои еден народ, една држава која се вика Република Македонија, и тие преку механиз­мите на нивните канали и дипломатија вршат позитивно влијание. Се надеваме дека Грција нема да биде индифирентна спрема сето тоа. Едноставно добрососедските односи немаат алтернати­ва.

МИНИСТРИ ЗА ИСПРАЗНЕТИТЕ МЕСТА На следната седница на Собранието ќе се предложат мин­ истри во оние министерства каде што местата се упразнети, за народна одбрана, за образование и за внатрешни работи и сите нужни заменици на министри. Доколку некои кадровски промени не можат да се реализираат, веројатно ќе останат и за следните седници на Собранието. Но главнината ќе оди на првата седница на Собранието. Станува збор за познати имиња на стручњаци и научни работници кои се мошне важни и неопходни за динамизи­рање на работата во министерствата. Владата ќе се потпре врз нивното искуство и знаење.

178


Н и к ол а Кљус ев

Изборот е направен со консултации со голем број луѓе и се надевам дека Владата ќе биде пополне­та.

ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА – ВЗАЕМЕН ИНТЕРЕС Според информациите за одржаната средба меѓу македон­ ската и српската делегација во Охрид се осознава дека може повеќе да се очекуваат позитивни реперкусии, во смисла на ука­жаната констатација дека Србија нема да има ништо против вол­јата на македонскиот народ да го реализира својот пат како неза­висна македонска држава, со надеж дека ќе соработува на овој простор и понатаму. Ние како Влада, спрема сите републики, односно независни држави како и спрема целото наше опкружу­вање сме се определиле за отворено стопанство, со што е можно повеќе отворени граници, со една тенденција утре да живееме без визи, а пред сè нè интересира, а во тој контекст и со Републи­ка Србија, да продолжи економската соработка. Инаку во меѓу­секторската размена на стоките и на услугите во Македонија, ако се исклучи она што е размена, увоз-извоз со светот, на југословен­скиот простор од таа размена-речиси половината е со Република Србија. Па оттука не можеда се затворат процесите на економ­ската соработка, затоа што е од обостран интерес. Затоа треба да се стремиме кон таа соработка, но со заштита на сопствениот интерес. Како Влада се определуваме за максимално почиту­ вање на интересот на нашите стопански субјекти, па во таа смис­ла, синтагмата на освојување на нови пазари, што ја заговара Владата, се однесува повеќе на заштитата на нашите органи­зации од блокадите што постојат на југословенскиот простор за тие да можат нормално да работат и во таа смисла да се борат и за нови пазари.

179


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

СОПСТВЕНА МОНЕТАРНА КОНЦЕПЦИЈА Влегувањето на Македонија во замената на постојните дина­ри со нови апоени е една изнасилена состојба поради исклучува­њето на Хрватска од монетарниот систем и заштитата на другото подрачје. Ние тоа го сфаќаме како мерка во од, која може да донесе помалку негативни ефекти, отколку да останевме со стари­те динари. Таа мерка во од ја прифаќаме, но Македонија има раз­работено монетарна концепција која брзо ќе се реализира. Таа целосно ги испитува и позитивните и негативните ефекти, и сите други аспекти. Нашата концепција очекуваме да се одвива во неколку фази, па на тој домен треба да се има спокојство и трпе­ние за ова кратко време.

РЕФЕРЕНДУМ ВРЗ НЕКОЕ ДРУГО СЦЕНАРИО Чинам дека албанските политички партии не се сообразени со оние реални услови во кои живее албанското население кај нас, со сите стандарди и критериуми кои што ги овозможува Хелсиншката декларација, Париската повелба и конечно КЕБС, за што така интимно се здружија и придружија пратеничката група на ПДП и НДП во парламентот, гласајќи за Декларацијата за независна македонска држава која што ја испративме во Хаг. Јас сум убеден дека албанската интелегенција и голем дел од албанскиот народ не може да се согласат со такви настојувања на овие политички партии кои се стремат кон екстремно виду­вање на односите кај нас. Тежиштето е да се овозможи сожител­ство врз една политичка платформа која дава шанси да дојде до израз и духовното и материјалното битие на албанската нацио­налност во Македонија кој е длабоко вткаен и во премисите на Уставот. Секое друго видување што ќе повлече зад себе некое интерно попишување на населението и изјаснување на референ­думот врз некое друго сценарио барајќи посебен статус надвор од сожителството на

180


Н и к ол а Кљус ев

Македонија, ќе ги заострува односите во на­шето живеење, ќе создава тревога кај самото албанско населе­ние. Таквите диви процеси Европа не може да ги прифати. Само цивилизациските вредности на таа Европа се вткаени во офици­јалните документи за признавањето на правата на човекот, за кои ние не само декларативно, туку ги вткајуваме во институ­ционалните основи на нашиот правен и политички поредок. Тоа може да биде вистинскиот пат за разрешување на овие пробле­ми.

181


МАКЕДОНСКИ ИСЧЕКОР ВО ЕВРОПА „Трудбеник“, 1 јануари 1992 г. (Слободанка Манева) Донесувањето на Програмата за економската политика на младата македонска Држава, беше повод да го поканиме за гостин на Редакцијата д-р Никола Кљусев, премиер на Владата на Република Македонија, кој е и останува архитект во креирање­то на економската политика На Републичкото раководство, а со тоа и на Владата, им се префрла дека стопанските активности ги става во сен­ ка на заокружувањето на државноста. Колку е тоа точно? Н.К.: Има вистина во вашето прашање затоа што се наоѓаме во една фаза на изнаоѓање на соодветни модели во изграду­ вањето на правниот, политичкиот и економскиот систем на нова­та македонска суверена и самостојна држава. Сведоци сме дека македонската Влада до донесувањето на новиот Устав значајно време посвети на прилагодувањето и доработка на законите врз база на стариот Устав за да може нормално да тече животот во Републиката. Завршувајќи го тој процес се вклучивме во изграду­вањето на правата визија на новиот Устав. Нашите сознанија ги пренесовме во надлежност на уставната комисија на Собранието. А ние, бидејќи ги

182


Н и к ол а Кљус ев

знаевме премисите кои ги вткаивме во уставни­от предлог, во нашата комисија за политички систем веднаш пристапивме кон подготвување на терен за изработка на оние закони кои сега ги финализираме. Сето тоа бараше да помине низ повеќе филтри, бараше многу време, и моравме брзо да делу­ваме и што поитно да ги доставуваме законите пред Собранието. За масовните стечаи имам свое мислење. Не значи дека ние ќе ги напуштиме нашите основни фондови и претпријатијата. Може да се каже збогум на едни раководни екипи и да дојдат други – способни кои ќе можат да го спасат претпријатието од пропаст. Секако, ова треба да биде настојување и на работнич­ката класа. Меѓутоа, иако бевме целосно ангажирани околу изграду­вањето на државноста (а тој процес ќе трае и идната година) сепак со голема грижа пристапивме кон решавање на виталните проблеми од стопанството на Македонија. Имено, покрај програ­мата за мандатниот период, дадовме и една мини-програма на мерки за тековната економска политика. Потоа дојдоа блока­дите на југословенскиот простор и од надвор и моравме на тоа да се ангажираме. Веднаш подготвивме значајни интервенции. Фор­миравме кризен штаб кој нè „хранеше“ со сите сознанија според кои Владата носеше и конечни одлуки. Така дојде и до неса­каното максимирање на цените на 17 отсто на производството од Македонија и некаде 20 отсто од Републиката. На овој чекор се определивме поради изнасилената околност: Другите републики ни го затворија просторот и стоковниот промет и ние не сакавме да бидеме фатени неподготвени. Неопходно беше веднаш да интервенираме. Со еден збор, Владата не отстапи од грижата за решавање на економските проблеми. Но, имавме мал простор за маневрирање на тој домен, затоа што сè повеќе се наметнуваа екстензивни фактори на влијание. И во такви услови Владата правеше благотворни чекори. Особено значаен чекор е направен за агроиндустрискиот сектор со извршениот откуп на стоковните резерви на сите култури и нивно лагерирање

183


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

во нашите републички резерви. Значаен потег беше и тоа што голем дел од средствата кои што стоеја на распо­лагање за слободните динарски средства во вид на благајнички записи во НБЈ повлековме преку банкарскиот механизам во на­шето Министерство за стопанство и го овластивме да врши ин­ тервенција на откуп и да дава позајмици на претпријатија за нивните неопходни потреби.

СТОПАНСТВОТО НЕ Е ЗАПОСТАВЕНО Дали неодамнешната седница на Парламентот значеше и почеток на сериозно занимавање со доста запоставеното стопанство? Н.К.: Ние не го делиме тоа мислење дека сме го запоставиле стопанството. Владата постојано имаше грижа за стопанството што може да се види преку честата посета на голем број претпри­јатија во многу градови. Настојувавме и во стопанската комора на стопанствениците да им укажеме на сложените проблеми што се наметнаа над нивното работење. Постојано откривавме простор за соработка со другите земји и републики во Југославија, а направивме и значаен потег околу пребивањето на побарувања­та и обврските на југословенскиот простор на што најмногу беше ангажирано нашето Министерство за стопанство. Понатаму, не дозволивме да ја оставиме Републиката без некои витални про­изводи како што е нафтата и уште многу други производи. Откри­вавме простор за нови проекти (проектот за гасификација, проек­ тот што веќе почна и е во изградба акумулационата брана на Тополка во Велес и среќното започнување на експлоатацијата на ФЕНИ, што влева надеж дека и втората печка ќе може де ја активираме на пролет идната година. Тука се и помалите проек­ти, како на пример потпишувањето на заеднички договор со Италија за хидросистемскиот проект на Кадина Река и

184


Н и к ол а Кљус ев

др. Имавме мож­ност деновиве да зборуваме со италијанскиот амбасадор да се покрене таа иницијатива и да се поддржи. Тој даде оптимистички оценки околу идната соработка и ни вети дека за петнаесеттина дена ќе дојде стопанска делегација од Италија за конкретно договарање со повеќе претпријатија. Вие знаете дека успешно стартувавме и на Советскиот пазар, посебно во Украина во За­порожје, со еден голем договор од 600 милиони долари во двете насоки. Стартуваме со проекти во Израел, а отворивме простор за соработка со Албанија, Бугарија, Турција, Италија. Некои ини­цијативи се во фаза на предговор, како што е случајот за соо­браќајното поврзување меѓу Албанија, Македонија и Турција. Се поддржа програмата на Македонија за внесување на најнова информатичка технологија во ПТТ системот за да може да се поврземе со светот. Секако, не смееме да заборавиме дека да­довме простор за поголема иницијатива на малото стопанство. Тоа ги раздвижи малостопанствениците кои тргнаа во Турција, Бугарија, Грција и носат производи кои што се дефицитарни, како што е млекото и некои други. Ја поддржавме и иницијативата за изградбата на модерниот ресторан „Мекдоналдс“. Целосно се ангажиравме и околу програмата за оранжерии во соработка со Холандија, итн.

ОДБРАНБЕН МЕХАНИЗАМ На крајот од 1991 година која што по многу не може да се смета за „стандардна“, вообичаено е прашањето за тоа как­ва економска политика имавме и што Ви остана нере­ ализирано? Н.К.: Секогаш амбициите на една Влада се големи. А и нашите се големи, зашто сакаме да овозможиме едно видување за побрз економски развој. Поаѓаме од тоа дека оваа година дој­довме до кризното дно и мораме да интервенираме да

185


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

го сочуваме нивото на развојот, максимално да ги искористиме пос­тојните капацитети, ресурсите на трудот и да отвориме пона­гласен развој. Никој не можеше да очекува, во март, кога дој­довме дека Југославија ќе биде најкрваво поприште во Европа со сите негативни реперкусии на затворање на тековите на раз­мената и финансиската циркулација. Сето тоа се умртви. Југосла­вија стана црвена зона за странските партнери и во таа констела­ција Македонија ни виновна ни должна ги чувствува негативните реперкусии можеби и посложено зашто беше недоволно разви­ена. Нормално е тоа што секоја послаба економија ги доживува ударите поразорно, отколку што тоа го доживуваат богатите економии. Во таа смисла многу работи од нашата амбиција оста­ наа незавршени. Но и во такви лимитирани услови на неработење воспоста­ вивме една сила на урамнотеженост за негативните трендови да не бидат разорни врз социјалното и економското битие во Маке­донија. Настојуваме да се сочува политичката клима на мирољу­биво, демократско разрешување на кризните процеси во Југосла­вија. Токму таа мирољубива политика Македонија ја афирмираше на меѓународен план и ја исклучи од ограничувањата на многу земји. Се определивме за пазарно стопанство, но некои потези на Владата, (цените, личните доходи... ) се спротивни на таа определба. Како го толкувате тоа? Н.К.: Точно е дека Владата целосно е определена да ги по­читува критериумите и стандардите на отворено пазарно стопан­ство. Меѓутоа, сè што зборував досега, со сите ограничувања и наметнати услови, не оди во прилог на процесот на валоризација­та на трудот да биде врз економски критериуми. Ние интимно настојуваме да ја запазиме таа наша определба. Некои мерки кои што ги донесовме се поради наметнати услови. Но, тоа не значи дека се откажавме од политиката на па-

186


Н и к ол а Кљус ев

зарно стопанство. Напро­тив, создаваме одбранбен механизам да се заштити сè она што може, со цел пазарно да делуваме. А она што беше под удар и е врзано за елементарната животна егзистенција, го решававме со мерки на државата. Сакам да кажам дека во услови на војна, во услови на несакано окружување и блокади, секоја држава, секо­ја нејзина Влада е одговорна да донесува мерки кои ќе бидат соодветни на наметнатите услови. Нашата индиферентност на таквите услови ќе внесеше страотно поразителни односи во нашето живеење, затоа што лесно е да се каже пазарно работење, но ако немаш пазарни услови за работење тоа тешко се остварува. Тогаш и одговорноста на Владата ќе биде многу поголема затоа што не покренала механизам за заштита. Околностите наметнаа да воспоставиме колку толку сочувување на механизмите на пазарот, но и такви инструменти кои создаваат претпоставки на нужна заштита. Ние би сакале со политичките одлуки да се овозможи благотворно делување на економските законитости. Но, иднината е пред нас и ќе видиме како ќе се одвиваат тие процеси. Судејќи по сè доаѓа галопирачка инфлација. Што презема Владата за да се спречат, или барем ублажат последици­те? Н.К.: Сите механизми на таканаречената сојузна држава се распаднаа. И последниот орган кој колку-толку делуваше - Со­јузната Влада и таа, со оставката на Анте Марковиќ гасне. Во такви услови најчувствителен е доменот на монетарниот сектор, затоа што се губи контролата над емисијата над Централната Народна банка и може да се појават многу аспирации препоз­натливи да стават рака на фабриката за пари. Јасно е дека тука се настојува трошоците на војната да се префрлат на сите. Меѓутоа, ние не можеме да се сложиме со една таква политика. Но, гледаме како реагираа и другите и ќе настојуваме побрзо да ги затвораме потоците

187


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

на инфлацијата иако тие не можат така брзо да се затворат. Сигурно ќе треба нужен временски период за да може да се изгради нашиот монетарен систем. Ќе реаги­раме на тој домен со нужни инструменти. Но не може да се избег­не порастот на инфлацијата посебно затоа што е голема испре­плетеноста во меѓусекторското работење на југословенкиот простор со сите републики и платниот промет што постоел врз единствен монетарен систем. Не е можно брзо престројување без тоа да остави драматични последици врз монетарната сфера и стандардот на населението преку депресијацијата на динарот?

КРШЕЊЕ НА ИНФЛАТОРНИОТ МРАЗ Оттаму, нужно се наметнува прашањето дали ни прет­стои година на сиромаштија во која Владата пред сè ќе се зани­ мава со социјалната политика? Н.К.: Ние веќе живееме во релативно сиромаштво. Тој про­цес ќе потрае и во 1992 година. Но, ние не мислиме дека ќе га­симе само пожари и ќе се занимаваме само со социјални случаи. Максимално ќе ги отвориме процесите за економска соработка со повеќе земји во светот. Ќе бараме излезни решенија и ќе нас­тојуваме преку механизмите на стопанскиот систем да даваме олеснителни околности, а тоа ќе бара од нас во изградувањето на даночната политика и даночниот закон, законот за концеси­ите, законот за трансформација на сопственоста да бидат стиму­лативни, и попикнувачки, за раздвижување на стопанската активност. Затоа што само со развиена стопанска активност може да изградуваме социјална политика. Не може Владата да гради социјална политика надвор од сферата на нашите материјални можности. Некој да си прави илузии, ние да градуиме социјална политика со емисија на пари – непокриени, тоа значи самите да влегуваме во инфлација. Само со отворање на простор за активност за сè

188


Н и к ол а Кљус ев

што е способно, да се дава можност за работа, да се вклучува во репродукцијата, ќе создаваме нови вредности. Секако тоа значи и „кршење“ на системот на соп­ственоста и ќе трае доста години. Јас сум убеден дека низа при­ватни иницијативи ќе дојдат до израз и ќе отворат нови простори. Ќе мора и стопанството, таа синтагма општествени претпријатија, да се приспособува кон пазарно работење, ако не сака да дојде до масовни стечаи. Зошто со програмата на Владата приоритет доби меѓy другото, и Законот за трансформација на општествената сопственост? Н.К.: Основниот услов за изградување на нов стопански општествен и политички систем е односот кон сопственоста. Таа синтагма – општествената сопственост која веќе ни е позната како сечија и ничија беше неделотворна – создаде илузија кај работничката класа. Иако беше дадена само на економско корис­тење и управување, се изградуваше систем на илузии на утопија на нерационални одлуки. Меѓутоа, ако сакаме да имаме реални промени, мора да изградуваме нови носители на сопственоста кои одговорно ќе го понесат и ризикот и профитот. Оттаму, Законот за трансформација е основниот базен закон од кој тргнува изградувањето на новата скала на економските вреднос­ти на нов производствен однос, а врз тој нов производствен однос и нови иницијативи, нови видувања, нови промени, а пред сè промени во управувачката структура на претпријатието. Секоја сопственост си има своја управувачка структура. Да ги искорис­тиме богатствата на инструментите кои треба да го реализираат процесот на трансформација на општествената сопственост, во разни видови на сопственост и разни носители на сопственост.

189


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ОД ИЛУЗИИ – КОН РИЗИК И ПРОФИТ За наредната година останаа многу отворени прашања Meѓy кои: југо-просторот и блокадата во него, сопствената валута, девизните штедни влогови на граѓаните, буџетот, дијалогот со Синдикатот. Н.К.: Да, точно е тоа. Тие проблеми ќе бидат предмет на опстојно реализирање. За Југо-просторот се виде. Се изградува систем на независни држави. Но тој Југо-простор ќе треба да биде оценуван како ќе се користат неговите сообраќајници, големи системи, може тоа ќе биде идното поврзување во царинска унија или економска унија итн. Блокадите зависат од политичките одлуки. Ќе мора да престанат војните и да се отвори просторот за соработка. Нужно, системот на независноста на државата усло­вува и поинаков однос кон изградување на сопствена валута. Тоа значи и македонската држава ќе биде претставена пред потре­бата да изградува и свој монетарен систем. Што се однесува до девизните штедни влогови, настојуваме и тоа да биде еден догов­орен процес со сите банки кои имаат свои филијали во Македони­ја. Како ќе се заврши тој процес со штедните влогови на граѓаните и како државата ќе преземе одговорност – јавен долг или нешто друго не е дефинирано. Ние имаме веќе едно видување. Се дистанциравме и од Сојузниот буџет, бидејќи тоа ќе биде дива одлука во која не сакаме да навлегуваме. Која е вашата порака до работниците и граѓаните за 1992 година? Н.К.: Мојата порака би била да го концентрираме вниманието кон производните процеси и кон можноста и во услови на голема криза и воени немири да го сочуваме трпението. Да не ни испро­воцираат разни несакани сценарија. Работничката класа со нуж­но внимание да се однесува кон своето работ-

190


Н и к ол а Кљус ев

но место да создаде претпоставки за поголема доходовност и поголемо наградување за што државата ќе се заложи за тој процес да овозможи и усло­ви. Само преку работа, преку продлабочувањето и развивањето на новите технологии, маркетиншки и менаџерски процеси во претпријатијата, со трансформација на сопственоста и овозможу­вање на флексибилни производни програми со максимално ко­ристење на расположивите резерви во претпријатијата, може да гледаме шанса да продолжи работата на повисоко ниво во наши­те колективи, што ќе овозможи побрз развој. Штрајковите и сите немири, во вакви услови на тревожни фази во кризни периоди, со многу неизвесности се непожелни не затоа што се сака да се скрати правото на работничката класа, туку затоа што живееме во многу лимитирани услови и секоја надојдена енергија на тој домен може да ги наруши односите на овие настојувања на државата која што сака да ја изведе оваа наша суверена независна држава на еден прав пат и во блиска иднина да ги почувствуваме благодетите кои ќе ни овозможат посреќна иднина.

191


НЕПРИФАТЛИВИ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ЧЕТВОРНА ФЕДЕРАЦИЈА „Нова Македонија“, 25 јануари, 1992 г. (С. Новевски) Отповикувањето на сите наши претставници од сојузните органи и повлекувањето на старешинскиот кадар од Армијата се политички одлуки со кои се продолжува континуитетот на изгра­дбата на Републиката како независна, самостојна и суверена др­жава. - Интензивна меѓународна активност. - Законот за транс­формација на сопственоста во завршна фаза Со отповикувањето на сите наши претставници од сојузните органи и со повлекувањето на старешинскиот кадар од Армијата, македонската Влада јасно даде на знаење дека кај нас се доне­суваат такви политички одлуки, кои го продолжуваат контину­итетот на изградбата на Републиката како независна, самостојна и суверена држава. Тоа, всушност, претста­ вува и најдобар поли­тички одговор за сите шпекулации кои доаѓаат однадвор и од некои републики за иднината на нашата држава, која јасно се определи дека не прифаќа никакви комбинации за некаква реду­цирана федерација. До­тол­ку повеќе

192


Н и к ол а Кљус ев

што независноста на Маке­донија поаѓа од основата таа сама да изградува сопствен поли­тички, економски и правен систем и само врз овие начела, како меѓународно правен субјект, може во иднина да воспоставува контакт и да гради натамошна соработка со некогашните репуб­лики и со соседите. Во таа смисла, рече на вчерашната редовна средба со нов­ инарите претседателот на македонската Влада Никола Кљусев, позитивна е нашата иницијатива Владата, врз билатерални основи, да соработува со секоја од југословенските републики одделно. Овие активности веќе се во тек. Така, досега се организирани средби со Словенија, со Хрватска и со Босна и Херце­говина, а на 31 јануари една наша делегација ќе замине во Бел­град, каде што ќе се одржат разговори за соработка со Србија на ниво на двете влади. Покрај ова, истакнува Кљусев, во неделава што измина продолжи и меѓународната активност. Кај нас престојуваше деле­гација предводена од министерот за надворешни работи на Албанија, која изнесе некои погледи од сознанијата што тие ги до­биле во контактите со албанските политички партии. На тоа, ние нужно укажавме дека секакво поддржување на некаква поли­ тичка и територијална автономија на албанското население во Македонија е во спротивност и со интересите на албанското на­селение и со настојувањата за сожителство. Рековме и дека ал­банската држава нема ниту историско, ниту политичко право да поддржува такви иницијативи и дека мирно сожителство и ре­шавање на отворените проблеми Владата прифаќа, но не со не­какви максималистички барања, туку со мирен и конструктивен дијалог. Затоа укажавме дека најдобар пример е отворањето на границите за овој сосед и заедничката потреба за проширување­то на соработката на економски, културен и друг план. Македонската Влада имаше контакти и со Турција преку новиот конзул на оваа држава, кој ја изнесе визијата за ната­мошната заедничка соработка, а посебно ориентацијата за меѓу­народното признавање на Македонија. Македонската

193


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Влада, рече Кљусев, посебно високо го оцени интересот за натамошно развивање на економските односи, посебно иницијативата за отворање на турско-македонска банка, програма за економска соработка што ќе ја понуди оваа држава на Македонија, евенту­ално, поголем износ на средства за гаранции, што е знак на добра волја за меѓусебна соработка. Затоа и ние се надеваме дека Тур­ција ќе биде првата земја однадвор која ќе го превземе во свои раце македонското застапништво. Од сето ова што се случува на меѓународен план, не може да се избегнат односите на Грција, која и натаму врши притисок за промена на името на Македонија. Јасно е, нагласи Кљусев, дека за вакви апсурдни барања воопшто не треба да се влегува во дијалог, и тоа не само со овој сосед, туку и со други кои подлегнуваат на ова настојување, зашто барањето е надвор од контекстот на сите политички и дипломатски норми. За сегашниот однос на Грција кон Македонија, со спроведувањето на најразличните не­хумани блокади, ние, како Влада, ги информиравме сите членки на ЕЗ и околу 20 цржави во светот и укажавме дека, тоа е спро­тивно на сите норми и правила за однесување во современиот свет. Во изминатиот период, додаде Кљусев, Владата донесе и три важни закони кои наскоро ќе се најдат во собраниска проце­дура и тоа: Законот за државјанство, за движење и престој на странски државјани во Македонија и Законот за лично име. Покрај овие, прифатен е и Законот за работните односи, со кој се укинува можноста за користење на буџетски средства како заем за исплата на загарантирани плати во претпријатијата. Ова е направено од причина што во услови на пазарно стопанство сред­ства за оваа намена ќе треба да обезбедуваат претпријатијата и тоа од фондовите за заеднички резерви со кои тие располагаат. Покрај максимирањето на цените на одделни производи и услуги, што деновиве го направи Владата во консултација со поголем број претпријатија, како резултат на депресираните цени, премиерот информираше и дека со воведувањето

194


Н и к ол а Кљус ев

на нови­от монетарен систем ќе отпадне секаква административна кон­трола врз цените, кои во иднината ќе се формираат слободно, врз пазарни критериуми. Тој додаде дека во завршна фаза е до­несувањето и на некои значајни закони, пред сè законот за транс­формација на сопственоста, кој кон средината на идниот месец ќе го разгледува Владата, а потоа и законите за концесии и за заеднички вложувања, како и други, околу 100 правни акти и закони кои, во соработка со стручњаци од најразлични области, ќе треба да ги разгледа и да ги донесе Владата за целосна промена на општествениот, економскиот и политичкиот систем. Претседателот на македонската Влада на вчерашната сред­ба одговори и на повеќе новинарски прашања, кои, главно беа сврзани за армиските активности во Републиката. Во врска со преселувањето на воената опрема од Македонија, Кљусев кон­ статираше дека на такви постапки никој нема право. Тој под­влече дека е постигната спогодба со Воената болница во Скопје дека оттуѓување на опремата нема да се врши. Меѓутоа, рече тој, информирани сме дека Армијата сега бара превозни средства за иселување на трите воени болници. Затоа во разговорите со Армијата, додаде Кљусев, ние само укажуваме на потребата да се има респект спрема ова подрачје, дека не сакаме да соз­даваме никакви тешкотии и да се има разумен однос, зашто сите проблеми досега ги решававме на мирен начин и нема причина вакви постапки на иселување на витални објекти да не бидат предмет на меѓусебно Договарање, а не на отуѓување и тоа на ваков начин.

НЕОПХОДИНИ 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НАФТА За нормално снабдување на Македонија со нафта и со наф­тени деривати неопходни се околу 150 милиони долари, без кои оваа суровина и не може да се набави. На разговорите со сто­панствениците, пред утврдувањето на новата цена, рече

195


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Кљусев, ние јасно кажавме дека инсистирањето на откуп на девизи по економска цена ќе значи економска цена и при набавката на мазутот за нивните потреби. Што се однесува до другите потрошувачи на нафтените деривати, кажавме и дека преку овие цени треба да се опамети нашиот индивидуален потрошувач, односно граѓанинот, бидејќи не може да се дозволува во време на економска криза, каква што имаме, толку масовно да се користат моторните возила кај насе­лението.

ОДБИЕН ПРЕДЛОГОТ НА СРБИЈА Владата на Србија поведе иницијатива средба да одржат четирите претседатели на владите на БиХ, Црна Гора, Македони­ја и Србија, на која би се разгледале некои економски и политич­ки прашања. Ние веднаш кажавме дека не сакаме да влегуваме во политички разговори во ваков состав и дека нас само нè ин­тересираат билатералните односи, рече премиерот Кљусев. Со тоа нагласи тој, јасно ставивме до знаење дека Македо­нија не може да се вклучува во било какви игри и комбинации. Особено и поради тоа што некои надворешни фактори, гонети од нечии иницијативи на југословенскиот остаток за создавање на некаква трета Југославија, се познати и одлучното спротивставу­вање на оваа иницијатива само даде на знаење дека сакаме со сите да соработуваме рамноправно, со нужно почитување на екомските проблеми, но врз билатерални основи. Претседателот Кљусев остро реагираше и на пишувањето на белградска „Политика“, за што рече дека се бесмислици и навреда за македонскиот народ произволните тврдења дека некакви македонски војници се обучуваат на воени вештини во соседна Бугарија.

196


Н и к ол а Кљус ев

МАКЕДОНИЈА НЕ МИСЛИ ДА СЕ ВООРУЖУВА Македонија не мисли да формира некоја голема армија, па според тоа и да се вооружува и да станува милитаристичка зона. Министерството за народна одбрана веќе го подготви Законот за народна одбрана и тој ќе се разгледува во Владата веќе во понеделник. Најнужен контингент на оружје секако дека ќе треба, и тоа само за да може достојно да се чуваат границите, но тоа сигурно ќе биде усогласено со материјалните можности и со потребите. Важно е и тоа дека ние не мислиме да набавуваме оружје од страна, зошто имаме легитимно право на дел од она вооружување што го имаат Армијата и Територијалната одбрана. За ова прашање, рече Кљусев, Македонија се изјаснила уште порано, со сите настојувања да биде демилитаризирана зона на Балканот, дека нема територијални претензии кон никого и дека сака да живее во мир, слога и соработка со сите соседи.

197


СОПСТВЕНОСТ СПОРЕД ЕКОНОМСКАТА ЛОГИКА „Вечер“, 27 јануари, 1992 г. (Б. С.) Се очекува поддршка од странски капитал за поттикнување на реформата на сопственичките односи, нагласи премиерот Кљусев. Владата определена за широки консултации на стручната јавност пред да й даде конечна форма на програмата за приватизација. - Контроверзи околу интерното акционерство Заблуда е да се мисли дека ние подготвуваме епохален проект за приватизација на капиталот, бидејќи тој процес е суштинска компонента на системите за пазарното стопанисување што се градат со векови според економската логика и успешно ја оствариле основната цел – ефикасно и динамично стопанство, на кое се базираат и високиот животен стандард и социјалната сиг­урност и вкупниот општествен развој. Но, нашата задача е сложена и специфична, со оглед дека немаме сопствено искуст­во, а туѓите не можеме да ги примениме како готов рецепт. На ова укажа премиерот Никола Кљусев, учествувајќи во расправата на дводневното советување за трансформацијата на општествената сопственост, што се одржа во Струга, во органи­зација на Сојузот на економистите на Македонија и на Стопанска­та комора. Кљусев додаде дека веќе е согледана визијата за она што ангажираните стручња-

198


Н и к ол а Кљус ев

ци го подготвуваат, ќе бидат напра­вени и дополнителни анализи и проверки, а се очекува поддршка и од странски капитал за поттикнување на реформите што ни претстојат. Законодавната активност треба сето тоа да го канал­изира и овозможи, вклучувајќи го и регулирањето на ограничува­њата и недостатоците со кои е оптоварен веќе почнатиот процес на приватизација на општествениот капитал во Републикава. Заклучувајќи ја расправата, новоизбраниот претседател на Сојузот на економистите на Македонија, Таки Фити, констатираше дека приватизацијата е клучен проблем за натамошниот општес­твено-економски развој на Републикава и дека е сосема разбир­ливо што тоа е сериозен предизвик за економската наука и прак­тика и што за многу прашања се искажани различни, за некои дури и дијаметрални ставови и сугестии. Тоа, како што забележа министерот Јане Миљовски, беше и целта на советувањето, со оглед дека Владата цврсто се определи за широко консултирање на стручната јавност, пред да й даде конечна форма на програма­та за приватизација и да ги расветли сите аспекти што ќе овоз­можат нејзина реализација, со целосна одговорност спрема стопанството и спрема граѓаните, а не со авантуристички потези. Големо внимание на советувањето предизвика прашањето ­како ќе се третираат постапките во претпријатијата што веќе ја почнаа приватизацијата по пат на интерното акционерство. Миљовски го соопшти ставот на странските консултанти дека тој начин на приватизирање е економски апсурд, а во Републикава се присутни контроверзни гледишта. Но, изграден е став дека приватизацијата е почната според легално донесени прописи и сè што е на тој план направено регуларно мора да се признае, доде­ка незаконитостите, што исто така ги има, ќе бидат санкционирани. Разликата е во тоа што веќе извршената приватизација ќе се третира според едноставниот критериум: дали интерните акции резултатирале со реален прилив на капитал или се само книговодствена „гимнастика“ и бесплатен пренос на сопственос­та.

199


ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ДРУГО ВРЕМЕ „Вечер“, 21 март, 1992 г. Измина исклучително тешка година, со најава за социјални раслојувања, тензии и осиромашување на поголем дел од насе­лението годинава Владата на Република Македонија, првпат во историјата из­брана од повеќепартиски парламент, зад себе веќе остави 12 ме­сеци работа, главно движејќи се во непознати и неиспитани насо­ки, полни со енигми и непознаници, бидејќи се преминуваше (и се уште се преминува) од еден терен на друг, од еден систем во друг. Токму денес се навршува година дена од инаугурацијата на првата повеќепартиска македонска Влада, што беше повод за разговор со нејзиниот премиер, д-р Никола Кљусев, во кој се направи кус осврт на работата, зафатите и резултатите што ги постигна владината екипа, со посебен акцент на економската сфера и многу битниот момент: стекнувањето на сувереноста, самостојноста и во тие рамки на меѓународното признавање на државниот субјективитет на Република Македонија.

ПОСТАВЕНИ ЗАКОНСКИТЕ ПОСТУЛАТИ Измина една драматична година исполнета со низа неиз­ вес­­ности во која се ставија темелите на новата суверена, не-

200


Н и к ол а Кљус ев

зависна македонска држава, манифестирани преку референдумот, попи­сот на населението и со завршувањето на Уставот на Република Македонија – рече на почетокот премиерот, д-р Никола Кљусев. Владата пристапи врз уставните постулати на институционално изградување на правниот, економскиот и политичкиот систем. Во таа смисла концентрацијата на вниманието на Владата беше свртено околу изработката и донесувањето на законските ос­нови предвидени со Уставот. Владата ги заврши сите обврски врз таа основа, освен една, а тоа е територијалната поделба на Ре­публиката, врз која основа сега работиме. Станува збор за локал­ ната самоуправа веруваме дека оваа обврска бргу ќе биде извршена. - Натаму, продолжи премиерот – освен Уставниот закон се донесе и Законот за одбрана на Македонија, со пристапување кон изградување на Македонска армија, се донесе макроеконом­ ската политика и социјалната програма, завршен е и Законот за приватизацијата. Сето тоа е база за натамошни ангажмани. Име­но, врз основа на макроекономската политика се подготвуваат и мерките и инструментите на системот за спроведување врз крат­ корочни основи, за половина и една година. Живееме во исклучително тешки времиња, времиња на блокади од север и од југ, социјалната сфера станува „опас­на зона“. Како тука ќе ги решавате проблемите? Н.К.: Оценувајчи дека врз состојбите во 1991 година и она што се очекува годинава – врз ерозијата на стопанските процеси и нарушените репродукциони процеси во стопанството социјал­ните тензии нараснуваат, тие ќе бидат позначително нагласени годинава – издвоивме значителни средства за интервенција во тој домен. Социјалниот фактор ќе биде еден од сериозните што ќе притиска врз севкупното работење и живеење на Македонија, поради исцрпените можности на стопанството и пресекнатите извори за развој. Оценката е

201


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

дека во овој правен вакуум на пре­мин од еден систем во друг, сè додека не се ситуира и правно за­окружи економскиот систем, ќе настанат неконтролирани социјални раслојувања во општеството, со сериозни негативни после­дици врз осиромашувањето на еден поголем дел од населението. Како во сето ова го вклопувате трансформирањето на општествената сопственост во приватна и, во тие рамки, улогата на Законот за приватизацијата? Н.К.: Врз тој Закон многу сериозно работевме, имавме и зна­чителна помош од Европската економска банка. Овој Закон ќе отвори простор за разрешување на низа дубиози и енигми во трансформацијата на општествената сопственост, поврзана по­себно со таканаречените интерни акции. Во овој процес се про­дадени околу 16,6 милијарди динари, а реално платено за развој е незначителен износ од 550 милиони динари. Врз нереално покриените интерни акции се појавува тенденцијата на делење дивиденди. Со овој Закон сакаме да ставиме до знаење дека тоа е неодговорен чин. Битна одлука е донесена и во сферата на станбената област за продавањето на становите, односно со давање на три можности за нивно купување: динарска отплата, девизна заштеда и девизна ефектива.

РЕАНИМИРАЊЕ НА УМРТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ Економската состојба во Републиката најчесто е оцену­ вана како „тешка“ или „крајно тешка“, а некои ја нареку­ ваат и „катастрофална“. Какви се шансите за развој во една таква ситуација? Н.К.: Во секторот на развојот Владата ја даде оценката на состојбите околу неоспособноста на националната акумулација да го изврши чинот на репродукцијата и развојот

202


Н и к ол а Кљус ев

и утврди дека живееме во фаза на нагласено дезинвестирање во одделни гран­ки и дејности, па според тоа бараше излез преку активирање на расположивите умртвени капацитети. Во таа смисла успешно изврши активирање на ФЕНИ со една печка од 7.250 тони, а тоа отвора простор да се бараат други партнери од странство за отворање на другата линија годинава. Испитани се, натаму, маж­ностите за активирање на умртвените капацитети во Делчево, сувомесната индустрија во Свети Николе, Скопската стакларни­ ца, капацитетите во Пехчево... Значаен инвестиционен проект е гасификацијата, за што е потпишан договор со рускиот партнер. Вредноста се цени на 57-60 милиони долари. Прифатена е иници­јативата на „Алкапоид“ за изградба на капацитет за производство на лекови. Вредноста на објектот е 46 милиони долари. Поддржана е модернизацијата на ПТТ мрежата. Сериозни зафати има и во патната мрежа во Републиката, сообраќајната дијагонала: Ал­банија – Македонија – Бугарија. Дадена е согласност за модерн­изација на аеродромите во Скопје и Охрид... Неодамна се воспостави значајна соработка со јужнокореј­ ската фирма „Даеву“. Зделката се цени на неколку десетици мил­иони долари. Отворени се вратите за соработка меѓу „Даеву“ и Скопската железарница, со Видеоинженеринг за изработка на 250.000 касети, ќе се откупат автобуси од ФАС ,,11 Октомври“, воспоставени се лон - аранжмани во текстилната индустрија за над десет милиони долари, ќе се увезат 150.000 компресори за потребите на нашето производство на белата техника. Оваа соработка со „Даеву“, како и со некои германски и австралиски, отвора можност за сериозна ревитализација на македонското стопанство. Во агрокомплексот се дадени пари како ретко кога со го­ дини назад, а сепак, незадоволството кај земјоделците е сè помасовно и почесто. Како Владата гледа на овој про­ блем?

203


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

Н.К.: Лани беше посветено големо внимание на оваа област, дадени се значајни средства за откупот на производите и ситу­ираноста на материјалните резерви, за есенската и пролетна сеи­дбена програма, со регреси во нафтата, семенските материјали, ѓубривата, заштитните средства. Меѓутоа, Владата не може да навлегува и да одговара за техниката на реализацијата на овие наши мерки. Насочени сме, напротив, кон активирање на нашето село кон враќање на животот во него со низа олеснителни окол­ности, до ослободување од данокот и други бенефиции за да се обезбеди обратен правец на миграцијата: од град во село!

НЕМА РАСЦЕПИ ВО ВЛАДАТА Македонската Влада, во однос на другите влади на бивши­ те југословенски републики, по својот кадровски состав е мeѓy најстабилните. Сметате ли дека на тоа Ве принуду­ ваат, како мандатор, резултатите што се постиг­нати или пак имате друга причина за стандардноста на поголемиот министерски состав, посебио што во послед­но време не­ кои имиња беа и акцентирани во јавноста, која очекува одговор од Вас за тоа? Н.К.: Иако добиваме голем број критики од јавноста, Влада­та со таков систем, со знаење и со стручност ги понесува обврски­те пред кои е исправена во оваа тешка програма, за преживу­вање во овие тешки времиња, со изградување на правниот и еко­номскиот систем на Македонија. Во тој контекст би напомнал де­ка Македонија е единствената единка од некогашната федераци­ја, која лани заврши со ненамалено производство, туку напротив тоа е и зголемено и бележи процент од 102! Познато е натаму, дека Владата користела и дополнителен интелектуален труд од Скопскиот универзитет, од МАНУ, од стопанството. Речиси врз сите закони што ги

204


Н и к ол а Кљус ев

донесовме е работено високостручно и врз научна основа. Меѓутоа, нормално е во текот на работата да има и потешкотии кои се манифестираат и со пропусти. Но, тоа се решава во од. Некои прогнози за расцеп на Владата не доаѓаат предвид. Постојат во процесот на работата критики внатре во Владата, а би рекол: тешко на таа Влада ако нема и сопствена самокритика во работењето. Македонската Влада беше иницијатор за заживувањето на замрениот економски живот меѓу довчерашните Ју­го­ сло­венски републики, со контактите кои постојано се одр­ жуваат. Како го цените овој потег со неговите досегашни постигања? Н.К.: Целта е да не се прекинат економските врски на сора­ботка со партнерите меѓу стопанските субјекти. Ние оценуваме дека настојувањето за сувереност и независност на членките на бившата федерација, на примерот на Македонија, би требало да се одвива како еден процес на добивање легитимитет врз чија основа ќе се донесуваат сопствени стремежи од суверената и независна држава Македонија, а не да создава претпоставки на раскинување на економските, научните, технолошки и културни врски со бившите членки на федерацијата. Наша оценка е сите проблеми да се решаваат врз демократски договор и во доменот на економијата сакаме да ги одржиме тие односи. Ние одиме кон еден концепт на целосно отворени односи кон бившите членки на федерацијата, без никакви царински или други дополнителни оптоварувања. Сигурно, во тој концепт на отвореност има место и отво­ рањето кон светот, со меѓународното признавање на Ма­ ке­донија? Н.К.: Секако. Меѓународното признавање на Република Ма­кедонија има соодветно влијание што ќе се преточи во

205


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

конкретни аранжмани, било во стоковна или финансиска поддршка на на­шето стопанство. Во таа смисла и го подготвуваме стопанството за соодветен однос со странските партнери. Тешкотиите ги оче­куваме, според тоа, во овие 3-4 месеци, а веќе во втората полов­ина на годината очекуваме значително оживување во економија­та. Што се однесува до идните задачи на Владата за кои пра­шувате, можам да кажам дека и натаму ќе вложуваме огромни напори, да се претвориме во една лабораторија која изведува нов систем кај нас, кој не може да се оцени од тековната генерација. Ние се надеваме дека тоа што денес го правиме, таа архитектура на македонската суверена држава, дека сето тоа ќе биде предмет на оценка на генерациите кои доаѓаат.

206


МАКЕДОНИЈА МОНЕТАРНО СЕ ОСАМОСТОИ „Нова Македонија“ 28 април, 1992 г. Новата македонска валута се вика денар и се менува за досегашниот ју-динар во сооднос 1:1. - Замената на динарите се врши во СОК, банките и поштите и ќе трае до утре навечер (22 часот). - За секое излегување во странство – депозит од 30 гер­ мански марки. Замрзнати цените на основните прехранбени производи и на комуналните услуги Република Македонија монетарно се осамостои и се определи за сопствена валута – денар. Новата парична единица фак­тички ќе се воведе за една година, и во овој преоден период како платежно средство ќе се користат вредносни бонови. Тие се от­печатени во апоени од 10, 50, 100, 500, 1.000 и 5.000 денари. За­мената на досегашните ју-динари за денари во сооднос 1:1 почна вчера и ќе трае до утре навечер (22 часот). Таа се врши на сите шалтери на СОК, банките и поштите кои работат со продолжено работно време. Решавачкиот чекор кон монетарното осамостојување го направија пратениците во Собранието на Македонија на седницата што се одр-

207


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

жа завчера вечерта, кога беа донесени поголем број закон и и подзаконски акти со кои Републиката монетарно се изд­вои од остатокот на бившата Југославија. Парламентот истовре­ мено усвои и антиинфлаторна програма која се спроведува заед­но со монетарното осамостојување и која треба да важи наред­ните шест месеци. Оваа програма се потпира на неколку посту­лати, како на пример, рестриктивна монетарно-кредитна полити­ка, фискална политика (обем на буџетска потрошувачка) полити­ка на доход која опфаќа контрола на цени и на плати и политика на девизниот курс. За сите инструменти на антиинфлаторната програма и за монетарното осамостојување, опширно говореше претседателот на Владата Никола Кљусев, кој меѓу другото рече дека се посег­на по редица сеопфатни мерки, меѓу кои и рестриктивни, со цел стопанството и населението да земат здив. Дури потоа ќе може пообјективно и потемелно да се води макроекономската полити­ка, врз нови основи иманентни за самостојниот и суверен карак­ тер на Републиката. Тој, зборувајќи за контролата на цените, го спомна највисокото ниво на цените на неколку основни прехран­бени производи. Така, малопродажната цена на лебот од 600 грама изнесува 85 денари, на млекото во фолија 120, а во пјурпак 138 денари за литар, на маслото за јадење од сончоглед во плас­тична амбалажа 800 денари, на шеќерот 383 денари, брашно тип 500 ќе чини 130 денари, а електричната енергија се замрзнува на цена од 6 денари за киловатчас за граѓаните и пет денари за индустријата. Во пакетот закони што ги донесе Собранието, е и задолжителниот депозит на граѓаните на Македонија во износ од 30 марки при секое излегување надвор од границите на Република­та. Исклучок се бившите ју-републики за каде оваа давачка не важи, а со оваа новововедена обврска, државата обезбедува уште еден извор на девизни резерви.

208


Н и к ол а Кљус ев

МАРКАТА – 360 ДЕНАРИ Девизниот курс на новата македонска парична единица се определува во износ од 360 денари за 1 германска марка. Курсот останува фиксиран врзан за германската марка и се применува во сите трансакции со странство. Во овој курс е антиципирано и почетното општо зголемување на цените. Треба да се очекува, дека висината на овој курс би требало да придонесе за сузбивање на црната берза?

ИНТЕРВЕНТНИТЕ МЕРКИ - НУЖЕН ПОТЕГ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА Републиката се наоѓа во кризно дно со разорни дејства и последици. - Краткорочните негативни ефекти од привремените мерки на антиинфлаторната програма се далеку помали од дол­горочните, кои би настанале ако и натаму се толерира хиперин­флацијата. - Со монетарното осамостојување и со сопствената валута се заокружува сувереноста и независноста на Македони­ја

3АШТИТА НА НАЈЗАГРО3ЕНИТЕ Заради заштита на најзагрозените делови на населението односно за невработените, пензионерите со најнизок износ на пензија и корисниците на заштитен додаток, како и за корис­ ниците на социјална помош, Владата ќе обезбеди соодветен обем на средства за компензирање на потрошувачката на основните прехранбени производи. Реализацијата на овие компензации ќе се одвива како додаток во постојната социјална програма и преку носителите назначени во неа. Се оценува со неа да бидат опфатени околу 45.000 домаќинства. Во согласност со новиот Устав на Република Македонија и со утврдените рокови за неговото спроведување, Владата на Репу­ блика Македонија за денешнава седница ви предлага донесу­

209


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

вање на неколку клучни закони од областа на монетарното оса­мостојување на нашата Република, како и бројни други акти во областа на девизниот режим, јавната потрошувачка, платите, политиката на цените и социјалната заштита на населението, рече на почетокот на своето обраќање до пратениците во Собра­нието на Македонија, претседателот на Владата Никола Кљусев. Сите овие прописи се делови на една интегрална целина на стабилизациони мерки, чиј прв дел е конципиран како Антиин­флаторна програма и ќе важи во наредните шест месеци. Во овој период треба да се обезбедат услови за стивнување на бројните материјални и други жаришта на макро-економската нестабил­ност. Се работи за нарушување, чии размери достигнаа такво ниво кое веќе ги обезвреднува и досегашните резултати и ја пар­ализира општествената репродукција, со сите други согледливи и несогледливи последици. Во период од неполни три години минавме низ две хиперинфлации со месечни стапки на инфлацијата од 50 до 100 насто, што е необична појава и во светска економска историја. Оттука, борбата против хиперинфлацијата која го уништува социјалното ткиво на Републикава, нема алтернатива. Од тие причини Влада­та на Република Македонија објективно беше принудена да посегне по редица сеопфатни мерки, меѓу кои и рестриктивни, со цел стопанството и населението да добијат здив, во кој пообјек­тивно и потемелно ќе се фундира и ќе се води макроекономската политика, врз нови основи, иманентни за самостојниот и суверен карактер на Република Македонија. Впрочем, во сите стабилизациони програми на пазарните стопанства за борба против инфлацијата се применуваат такви, па и многу поригорозни мерки (на пример, целосно замрзнување на цените и платите), што не е случај со оваа Програма. Напротив, Владата останува на премисите на пазарната економија, но во овој период на транзиција некои интервентни мерки се неопходни. Пред секоја голема пресвртничка фаза на развојот, во која сега се наоѓа

210


Н и к ол а Кљус ев

Република Македонија, секоја одлука е исполнета во висок степен на политичка одговорност и нужна научна скру­пула, бидејќи предизвикот е условен од бројни неизвесности, ог­ раничувања и посакуваните квалитети во условите и начинот на живеењето.

ТРОШОЦИТЕ НА ВОЈНАТА СЕ СТРАОТНИ Во процесот на репродукција и човековото битисување, Ре­публиката се наоѓа во кризното дно, со сите разорни дејствија и последици. Реперкусиите од долгогодишната економска, поли­тичка и воена криза на југословенскиот простор оставија застра­шувачки последици врз нашето егзистенционално и социо-психо­лошко битие. Југославија и фактички се распадна, се формираа независни држави. Меѓу нив е и нашата Република, која активно го бара и го чека своето меѓународно признавање. Крвопролевањата во Сло­венија, Хрватска, а сега и во Босна и Херцеговина, предизвикани од неразумното однесување на дел од раководствата и инсти­туциите на бившата Југославија и на одделни републики, доведоа скоро до целосно затворање на економските и вкупните текови, дезинтеграција на стопанствата и пазарот, блокади и силни други удари врз плеќите на обичниот граѓанин, што тој го чувствува преку невидената хиперинфлација. Сведоци сме дека, се употре­би и сè уште се употребува политиката на сила за решавање на споровите и конфликтите, наместо демократскиот дијалог и мир­ната разврска на југословенската криза, за што се залага целиот прогресивен свет. Трошоците на војните се стравотни, ги погодија сите, па и нашата Република, која успеа да остане поштедена од војни, но не и од трошоците што се пренесоа и на нашето подрачје преку емисијата на пари за финансирање на војните. На овие процеси одделно влијание имаат и наметнатите бло­ кади на македонскиот стопански простор, што е поврзано со

211


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

меѓународното признавање на нашата Република. Според тоа, хиперинфлацијата во нашата Република е очи­гледно настаната од причини што беа надвор од доменот и вли­јанието на оваа Влада и нејзината макроекономска политика. Се работи и за долгогодишни наследени нарушувања во општес­твената репродукција, со висок износ на долгови спрема странст­ во и спрема населението, несоодветна стопанска структура, гра­ дена врз еден друг, застарен и неефикасен систем, која повлеку­ва висок надворешно трговски дефицит и постоење други дефицити и дубиози.

ПРОТИВ ХИПЕРИНФЛАЦИЈАТА СО РЕСТРИКЦИЈА Владата на Република Македонија оценува дека сега се со­зреани условите и за монетарното осамостојување на Република Македонија и за донесувањето комплексна Анти­ ифлаторна про­ грама со која треба да се елиминира хиперинфлацијата. Впрочем, во водењето на макроекономската политика Владата беше хен­дикепирана, зашто, поради објективната потреба беше принуде­на на досегашното останување во монетарниот остаток на бившата Југославија. Затоа, за денешната седница на Собранието на Република Македонија, Владата предложи повеќе закони и подзаконски акти, кои значат монетарно осамостојување и воведување соп­ ствена ва­лута на Република Македонија, со што, покрај веќе донесените системски закони, се врши целосно заокружување на суверенитетот, самостојноста и независноста на Република Ма­кедонија. Заедно со ова, Владата на Република Македонија пред­лага и соодветна Антиинфлаторна програма, која почнува да се спроведува заедно со монетарното осамостојување на Република Македонија. Сакам да обрнам внимание, рече Кљусев, на фактот дека заради операционализација на целиот овој зафат Владата веќе донесе над десетина одлуки и прописи од нејзина надлежност, кои ќе стапат во сила истовремено

212


Н и к ол а Кљус ев

со освојувањето на законите и одлуките што му ги предлагаме на Собранието на Република Македонија за денешнава седница. Да информирам дека доне­сените одлуки на Владата се однесуваат на: - определување на највисокото ниво на цените на определени производи и услуги - формирањето на девизниот курс на новата македонска валута - начинот на пресметување и вршење на платниот промет со другите-републики - определување на постојани гранични премини на Република Македонија Накратко ќе ги образложам оперативните активности во врска со монетарното осамостојување, како и самиот модел на Антиинфлаторната програма. Замената на досегашните југословенски динари за новата парична единица на Република Македонија во однос 1:1 ќе се врши во наредните три дена, на сите шалтери на Службата за општественото книговодство, банките и поштите, кои за оваа цел ќе работат со продолжено работно време. За сите технички прашања околу замената, Народната банка на Македонија и Службата на општественото книговодство ќе издадат посебни детални упатства за запознавање на населението. Во предложената Антиинфлаторна програма, Владата на Република Македонија се определи за елиминирање на хиперин­флацијата со примена на некои рестриктивни мерки. Применет е хетеродоксниот пристап, кој опфаќа неколку номинални сидра во монетарната политика, фискалната политика, политиката на доходот и политиката на девизниот курс. Кои се основните постулати на оваа Анти-инфлаторна про­­грама? Првото номинално сидро се мерките и инструментите за водење на рестриктивна монетарно кредитна полити-

213


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ка, така што степенот на рестриктивност ќе биде 10 насто. Монетарните агре­гати, чие остварување ќе се контролира се паричната маса, нето домашната актива на банките и растот на кредитите на деловните банки. Во таа функција ќе се води и политиката на примарната емисија. Сите овие монетарни агрегати ќе се движат под нивото на стапката на инфлацијата. Есконтната стапка на Народната банка на Македонија ќе претставува основна каматна стапка и ориентир за формирање на другите камати. Притоа, ќе се води политика на реално позитивни каматни стапки, кои ќе се движат над стапката на инфла­цијата за пет проценти поени кај тримесечните депозити и за 12 процентни поени кај депозитите орочени на три или повеќе годи­ни.

КОНТРОЛА НА ЦЕНИТЕ И НА ПЛАТИТЕ Второто номинално сидро во Антиинфлаторната програма е водењето на фискалната политика, односно обемот на буџетска­та потрошувачка. Јавната потрошувачка ќе го преземе својот го­вар во борбата против инфлацијата, преку намалување на нејзи­ното учество во општествениот производ од сегашните 38 отсто на ниво од 35 отсто, односно реален пад на буџетските расходи за 22 отсто. Притоа, треба да се има предвид дека соборувањето на хипернифлацијата ќе значи и зголемување на реалната вред­ност на фискалните приходи, што ќе овозможи и подобро задо­волување на потребите во овој домен. Намалувањето на јавната потрошувачка ќе може да се изврши главно преку намалување на сега големите интервенции за стопанството (кои изнесуваат до една третина од Буџетот). Како што рече Никола Кљусев, тоа е реално да се очекува бидејќи се воспоставува рамнотежен девизен курс на новата македонска парична единица. Во доменот на јавната потрошувачка можни се и најголеми тешкотии со оглед на потребата државата да ги регулира и об­врските од преземањето

214


Н и к ол а Кљус ев

на девизните штедни влогови на насе­лението и санацијата на банките во јавен долг, за што се предла­гаат соодветни закони, како и потребата за сервисирање на надворешниот долг. Исто така, се очекуваат и нови расходи што ќе треба да се финансираат од Буџетот во доменот на одбраната, дипломатијата и безбедноста. Во областа на политиката на доходот Владата на Република Македонија се определи за две номинални сидра, и тоа: контрола на цените и контрола на платите во наредните шест месеци. Цените на сите други производи и услуги ќе се формираат слободно, а доколку се манифестира монополско однесување од определени претпријатија, ќе се воведат и специјални ценовни контроли за нивните производи или услуги. Според тоа, не се оди на комплетно замрзнување на цените затоа што стопанството е во фаза на транзиција кон пазарна економија. Во спротивно би дошло до натамошно драстично опаѓање на производството. Во втората фаза од спроведувањето на Програмата, по из­ минувањето на шесте месеци, се предвидува делумна индексаци­ја на платите, која би се спроведувала во процент од месечната инфлација, што ќе го определува Владата за секој месец пое­динечно. Зголемувањето на платите над тој процент нема да се забрануваат, туку ќе подлежат на остри прогресивни оданочу­вања. Поставениот девизен курс ја рефлектира и генералната определба на Владата енергично да ја поттикнува експанзијата на извозот. За едно така мало стопанство како што е македон­ското, извозот неизбежно мора да биде главен генератор на сто­панскиот растеж. Во тој контекст продолжи Кљусев ќе се изврши ревизија на сите издадени, а неискористени согласности за ком­пензациони аранжмани со странство, сè со цел да се обезбеди ефективен девизен прилив и да се елиминира непотребниот увоз. Заради санирање на состојбите во платниот биланс и интервентен увоз на определени дефицитарни прехранбени производи во почетната фаза на спроведувањето на Програмата ќе треба да се обезбеди и со-

215


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

одветна финансиска поддршка од странство во износ од околу 200 милиони долари. Во таа насока, Владата на Република Македонија веќе оствари бројни контакти со одделни странски земји и нивни финансиски институции. Напоредно со тоа, од големо значење се и иницијативите на нашите иселеници во дијаспората за поддршка на нашето стопанство. Како пример го истакнувам предлогот на Македонскиот клуб „Илинден“ од Минхен за издвојување на едномесечна заработувачка. Таквите иницијативи ги сфаќаме како израз на љубов и почит на исе­лениците кон својата Татковина и желба за нејзин просперитет. Доследното реализирање на сите овие мерки, како и очеку­ваната финансиска поддршка од странство треба да создадат предуслови за институционално организирање и заживување на девизниот пазар во Републиката, како еден од основните и неза­менливи регулатори на економските односи со странство, а со тоа и на вкупниот стопански раст.

НЕПОВОЛНА ПЛАТНОБИЛАНСНА СОСТОЈБА Тоа се накратко мерките што Владата ги предлага за моне­ тарно осамостојување и спроведување на Атниинфлаторна про­­грама на Република Македонија. Меѓутоа, мора да се има предвид дека во реализацијата на оваа Програма се соочуваме со сериозни ограничувања кои можат да го компликуваат, па дури и да го загрозат спроведу­вањето на Програмата. Тоа, пред сè, се однесува на следново: Неповолна е платнобилансната позиција и девизниот биланс на Република Македонија, при што ефективниот девизен прилив изнесува околу 18 насто. Така за првите три месеци од вкупно остварениот извоз во износ од 208 милиони долари, остварен е девизен прилив од само 37,5 милиони долари, поради што Влада­та ќе преземе итни мерки за почитување на законскиот рок за внесување на девизннот прилив во

216


Н и к ол а Кљус ев

Републиката. Надворешниот долг на Република Македоннја е мошне висок и заедно со каматите изнесува над 1 милијарда долари. Речиси ист толкав е и долгот по основ на девизните заштеди на населението, а постојано е присутен и дефицит во платниот биланс во износ од 250-300 милиони долари. Решавањето на овие прашања не може да се очекува на краток рок, а тие се сврзани главно и со сукцесијата на Југославија, односно делбе­ниот биланс. Мошне ниско е нивото на девизните резерви на Република Македонија, кои не можат да ја преземат улогата на привремено и поцелосно амортизирање на платнобилансните тешкотии, ниту во позначаен обем да придонесат за зголемување на понудата преку интервентен увоз на определени производи и за стаби­лизирање на пазарот. Неповолна е понудата на македонскиот пазар на повеќе значајни производи. Меѓутоа, извршеното зголемување на цен­ите, односно отстранетите диспаритети ќе ги принуди претпри­јатијата веќе создадените залихи да ги понудат на пазарот зара­ди обезбедување ликвидни средства. Ова прашање има исклучи­телно значење за спроведување на Антиинфлаторната програма во претстојните шест месеци. Исто така, треба да се има предвид дека во почетниот период се обезбедени интервенции на пазарот и од стоковните резерви на Републиката. Сите овие ограничувачки моменти, како и проблемите што можат да се јават во самото спроведување на Програмата, објек­тивно ја соочија Владата со потребата да формира постојано оперативно тело, кое во наредниот период дневно ќе го следи остварувањето на Антиинфлаторната програма и по потреба итно ќе предлага мерки за нејзина корекција и целосна реал­изација. Може слободно да се каже дека се наоѓаме во пресуден период од нашата историја, во време на конечно оформување и заокружување на стопанскиот и политичкиот систем на независ­на и суверена Република Македонија. Во тие рамки се и актите за монетарно осамостојување на Републиката што Владата ви ги достави за денешнава расправа, заедно со

217


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

бројни други материјали преточени во Антиинфлатор­ната програма, со која објективно се останува на пазарната стратегија. Интервентните мерки се од привремен карактер, како што е тоа вообичаено во сите стабилизациони програми на земјите со пазарен модел на стопанисување. Краткорочните негативни ефекти од спроведувањето на оваа Програма се далеку помали од долгорочните, кои би настанале доколку и натаму го толерираме постоењето на хиперинфлацијата. За спроведувањето на овие цели огромно значење има поли­тичката волја и консензусот на сите субјекти во лицето на Собранието, Владата, Стопанската комора, претпријатијата, Синдикатот, средствата за јавно информирање, политичките партии и граѓанската етика. Ова е голем испит пред нас како суверена и независна држава. Се бара висок морал, граѓанска свест, отка­жување и дисциплина. Во претстојниот период од шест месеци бараме целосна поддршка од сите субјекти во општеството. Интервентните мерки да ги сфативме како нужен потег, насочен токму кон ширење на условите за стабилизирање, а по­тоа и за размавнување на пазарните законитости и стопанскиот пораст, за еден подобар свет што го градиме. А основа за тоа се веќе донесените инструменти на економскиот, правниот, поли­тичкиот и повеќепартискиот систем, и вербата во демократијата и нејзините методи во решавањето на сите проблеми. Во Европа и во светот Република Македонија покажа и дока­жа дека е решителна во својата ориентација за почитување на си­те демократски критериуми што го красат напредниот свет. Дос­тигнатиот степен на надворешната афирмација на Република Македонија, добиените признанија за политиката што ја водиме од еминентни европски и други државници и институции, како и готов­носта за конструктивни односи и соработка со соседите и други земји, се гаранција за нашето меѓународно признавање и за нашиот успех, рече на крајот на излагањето премиерот Никола Кљусев.

218


Н и к ол а Кљус ев

ЕДЕН ДЕНАР - СТО ДЕНИ Од 26 април 1992 година, со предложениот Закон за па­ рич­­ната единица, Република Македонија воведува сопствена парич­на единица денар, која се дели на 100 помали делови, наречени дени. Во паричниот промет ќе се употребува скратениот назив ден. Меѓутоа, со оглед на сè уште недоволно обезбедените ма­ теријални претпоставки за нејзиното брзо воведување, како и поради притисоците што можат да се очекуваат врз новата валу­та во почетниот период на нејзиното заживување, Владата на Република Македонија предлага во овој преоден период да се воведат вредносни бонови издадени од Народната банка на Македонија, која ќе го подготви теренот за фактичко воведување на новата македонска валута, во рок од една година.

ИНФЛАЦИЈА Со реализацијата на Антиинфлаторната програма ин­ фла­ци­јата во периодот мај-декември 1992 година треба да се сведе на 92,3 насто, односно просечно месечно по 8,5 насто. Нормално е да се очекува дека во првиот месец стапката на инфлацијата ќе биде највисока (околу 45 насто) со тенденција на опаѓање во наредните месеци и стабилизирање на ниво од 3-4 насто месечно кон крајот на годината.

ЗА ДЕВИЗНИТЕ ЗАШТЕДИ – ДОПОЛНИТЕЛНО Особено сакам да го истакнам болниот проблем на суд­ би­на­та на девизното штедење на населението, рече Никола Кљусев, што оправдано предизвикува остри реакции на нашиот граѓании. Поради тоа, со предложениот Закон за преземање на депониран­ите штедни влогови на граѓаните од страна на Републиката, Вла­дата оцени дека сегашните материјални можности овозможуваат овие заштеди граѓаните да ги корис-

219


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

тат за купување на деловен и станбен простор и за купување акции согласно Законот за транс­формацијата на претпријатијата во општествена сопственост. Проблемот на девизните заштеди на населението ќе биде и ната­му во фокусот на ангажирањето на Владата и ќе се обмислуваат и дополнителни стимулативни решенија.

220


БОНОТ ОТВОРА ПАТ ЗА ДЕНАРОТ „Вечер“, 28 април, 1992 г. Новата македонска валута се вика денар, а теренот за него­ во фактичко воведување ќе го подготви вредносниот БОН изда­ден од НБМ • Замрзнување на корегирани цени на основните прехран6ени артикли и некои услуги од комуналната инфра­структура .• Замрзнати и платите • Фиксиран курсот на македон­ската валута: една германска марка - 360 денари • Дали инфла­цијата во периодот мај - декември годинава ќе се сведе на 92,3 отсто? Новата македонска валута се вика денар. Еден денар – еден динар. Една германска марка – 360 денари. До заживувањето на денарот се воведуваат вредносни бонови издадени од Народна­та банка на Македонија. Замрзнување на платите и на цените на виталните прехрамбени производи и услуги. Така накусо, телеграфски, гласат клучните одлуки од Влад­ината Антиинфлаторна програма, кои засношти добија „зелено светло“ на вонредната седница на Собранието на Република Македонија, на која е донесена историската одлука за монетарно осамостојување на Републикава и неколку важни акти во облас­та на девизниот режим, јавната потрошувачка, платите, поли­тиката на цените и социјалната заштита на населението.

221


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

ВАЛУТА Како што истакна во експозето претседателот на Владата д-­р Никола Кљусев, со предложениот Закон за парична единица, Република Македонија воведува сопствена валута денар која се дели на 100 помали делови – дени. Но, со оглед на тоа што сè уште се недоволно обезбедени материјални претпоставки за нејзино брзо воведување, како и поради притисоците што би можеле да се очекуваат врз новата валута во почетниот период, во преодниот период ќе се воведат вредносни бонови, кои би го подготвиле теренот за фактичко воведување на новата македон­ска валута во рок од една година. Со реализацијата на Антиинфлаторната програма пак, се очекува инфлацијата по периодот мај-декември годинава да се сведе на 92,3 отсто, односно просечно месечно на по 8,5 отсто. Нормално, во првиот месец стапката на инфлација би била најви­сока и би се движела околу 45 отсто, а дури наредните месеци би се стабилизирала и опаднала на месечно ниво од 3 до 4 отсто. Како основни постулати во понудената Антиинфлаторна програма претседателот Кљусев ги посочи мерките и инстру­ментите за водење на рестриктивна монетарно-кредитна полити­ка со степен на рестриктивност од 10 отсто, водењето на фискал­ната политика, односно обемот на буџетската потрошувачка, како и во политиката на доходот со контрола на цените и контро­ла на платите во наредните шест месеци.

ЦЕНИ Имено, со Антиинфлаторната програма се определува најви­сокото ниво на цените само за некои основни прехранбени произ­води. Треба да се има предвид дека прехранбените производи чии цени се замрзнуваат се наоѓаат на режим на слободен увоз и се ослободени од царини и царински давач-

222


Н и к ол а Кљус ев

ки, што треба да обез­беди нивна зголемена понуда. Односно, утврденото ниво на нај­високите цени е во тесна корелација со светските цени и со утвр­дениот девизен курс на денарот што сè заедно овозможува про­фитабилен увоз и сузбивање на евентуалното монополско одне­сување на домашните производители. Со програмата, исто така, се определува и највисокото ниво на цените на некои услуги од комуналната инфраструктура – електричната енергија, потрошу­вачката на вода, парното греење, станарините, како и на нафтен­ите деривати. Заради заштита на најзагрозените делови на населението (невработените, пензионерите со најнизок износ на пензии и ко­ рисниците на разна социјална помош), Владата ќе обезбеди соод­ветен обем на средства за компензирање на потрошувачката на основните прехранбени производи. Компензациите ќе се одви­ваат како додаток во постојната Социјална програма и преку назначените носители во неа, а со неа ќе бидат опфатени околу 45.000 домаќинства. Цените на сите други производи и услуги ќе се формираат слободно, но доколку се манифестира монополско однесување од определени претпријатија, ќе се воведат специјални ценовни контроли за нивните производи и услуги.

ПЛАТИ Во областа на платите, пак донесен е Закон со кој сите плати се замрзнуваат на ниво од 31 март годинава. Нивото на неплатен­ите индивидуални плати во стопанството (вклучувајќи го и елек­тро-стопанството) за март може да се зголеми за 30 отсто, во нестопанството за 25 отсто, а во градежништвото и земјодел­ството за 35 отсто. Притоа, се забрануваат сите ретроактивни исплати за месеците за кои платите се веќе исплатени и се укин­ уваат сите непарични лични примања (бонови, натура и друго). Истовремено, Владата ја прифати предложената определба во Општиот колективен до-

223


СО ЗД А ВА ЊЕ Д РЖ А ВН О СТ

говор во Републиката за утврдување на нивото на најниската плата. Што се однесува до втората фаза од спроведувањето на Програмата, по изминувањето на шесте месе­ци, Владата предеидува делумна индексација на платите која би се спроведувала во процент од месечната инфлација, определу­ван од неа за секој месец поединечно. Зголемувањето на платите над тој процент нема да се забранува, туку ќе подлежи на остри прогресивни оданочувања. Заедно со сите овие мерки е усогласена и политиката на де­визниот курс. Имено, девизниот курс на новата македонска па­рична единица се определува во износ од 360 денари за една гер­манска марка. Курсот останува фиксиран и врзан за германската марка и се применува во сите трансакции со странство. Во него е антиципирано и почетното општо зголемување на цените, па треба да се очекува, висината на овој курс да придонесе за сузби­вање на „црната берза“. Од друга страна, пак, заради санирање на состојбите во платниот биланс и интервентен увоз на одделни дефицитарни прехранбени производи во почетната фаза на спроведувањето на Програмата, а ќе треба да се обезбеди и соодветна финансиска поддршка од странство во износ од околу 200 милиони долари. За оваа цел, како што нагласи премиерот Кљусев, Владата на Македонија веќе остварила бројни контакти со одделни странски земји и нивни финансиски институции.

ОД КАДЕ ИМЕТО? Уште во римско време на сегашната територија на Маке­донија се користеле парите со име – денариус. Самиот поим значи пари, а зборот е всушност од арапско потекло. Идејата за името на новите македонски пари - ДЕНАР ја даде Македонската академија на науките и уметности.

224


Н и к ол а Кљус ев

ЗА СТРАНСТВО – 30 МАРКИ По бурна и полемична расправа, Парламентот одлучи обврс­ката на граѓаните при секое патување во странство да изнесува 30 германски марки или противвредност на овој износ во друга странска конвертибилна валута. Оваа обврска не важи за граѓа­ните кои се на привремена работа во странство и членовите на нивното потесно семејство, за граѓаните вработени во домашни претпријатија и организации кои се упатени на работа во странст­во, за непосредните извршители во меѓународниот сообраќај и туристичките водичи, за граѓаните кои одат на лекување во странство и нивните придружници врз основа на упат од надлеж­ни институции, за граѓаните-двосопственици на имот кога ја пре­минуваат границата заради остварување на своите права во врс­ка со тие имоти, за ученици и студенти на редовно школување во странство, за граѓани што примаат пензии и инвалиднини во стра­нство и за членови на државни делегации. Оваа обврска не важи за патување на просторите на бивша Југославија.

225



За делото Интервјуата поместени во четвртиот том од едицијата „Патот кон независноста“ од Никола Кљусев нудат детална слика на состојбите во нашата земја, во периодот на најзначајни настани поврзани со големите промени во општествениот живот. Тоа е време кога се напушташе стариот систем, а се прифаќаше новото плурално живеење. Сето тоа беше проследено со извонредно сложени и мошне ризични настани. Никола Кљусев со своите јасни научно-аналитички погледи во општествено-економската сфера одговараше на безбројните новинарски прашања прецизно, аргументирано со точни економски показатели за сé што претходеше и следеше на тој период. Како член на многу економски форуми во југословенската заедница смело и критички ги соопштуваше своите видувања. Тој беше еден од неколкуте врвни имиња на економската наука во поранешна Југославија (Бранко Хорват, Рихард Ланг, Радмила Стојановиќ), следеше сé што се случуваше, особено на економски план и настаните поврзани со економскиот интерес на Македонија. Тие сознанија ги имплементираше во Македонија како премиер на Владата во сите разновидни подрачја на животот. Препорачливо и полезно е да прочитаат интервјуата за да се стекне опсежна и потполно јасна претстава за сложените настани во периодот на втемелувањето на независната и суверена држава Реублика Македонија. Надежда Кљусева

227


Академик Никола Кљусев Никола Кљусев (1927-2008), роден во Штип, каде што завршил основно и средно образование. Во неполнолетните години (1942-45) бил учесник во Антифашистичкиот отпор - во партизанските единици на Македонија. Во 1947 год. заминал на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето на Голи Оток, две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград на 10 јули 1953 година. Во 1953 година се вработил во Институтот за научно истра­ жу­вање во индустријата на Македонија, Скопје, работејќи на ин­ вестиционо-развојната проблематика, која станала негова животна научна преокупација, на која ги добил сите научни степени, заклучно со докторатот на Белградскиот универзитет и сите на­ учни звања сè до редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметнос­ тите. Од 1961-1968 година работи во Економскиот институт, Скопје, каде по докторирањето 1964 година добил звање Виш научен соработник. Во институтот објавил пет книги и работел на повеќе проекти. Во 1968 година бил избран за вонреден, а во 1972 година за вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. На факултетот вовел за првпат две научни дисциплини: „Теорија и политика на стопанскиот развој“ и „Инвестиции - теорија, политика, економика - оценување и избор“. За двата предмета објавил учебници користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Од 1965 година предавал на следниве постдипломски студии: „Монетарно-кредитни проблеми“; „Економика на прет228


пријатијата“; „Економски развој и методи на економската анализа“. Проф. Д-р Никола Кљусев бил ментор на бројни магистерски и докторски дисертации. Работел и раководел на голем број домашни и меѓународни проекти. Бил на специјализација и студиски престој во Соединетите Американски Држави (Фордова фондација на Универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско); во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и Лондонската економска школа; во Академијата на науките на поранешниот Советски Сојуз, во Москва и Академијата на науките во Полска, Варшава; во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон. Објавил бројни научни книги, монографии, стотина статии, написи. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, Мадрид и Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научно технолошката политика“ учествувал во Барбадос, Бразил, Венецуела, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија. • 1985-1987 година избран за декан на Економскиот факултет во Скопје. • 1988 година избран за член на МАНУ. • 1991-92 година Претседател на првата демократска Влада на Р. Македонија. • 1994 година претседател на Националната конвенција на Македонија. • 1997 година претседател на Советот на ВМРО-ДПМНЕ. • 2000 година министер за одбрана во Владата на Р. Македонија. • 2002 година избран за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. За својата научна активност, носител е на Орденот со Златен венец и на наградите „13 Ноември“ и за животно дело највисоката републичка награда „11 Октомври“, како и на голем број пофалници и признанија од земјата и странство. Постхумно е одликуван од Претседателот на Р. Македонија со Орденот „8-ми септември“. 229


Едиција: Патот кон независноста Никола Кљусев Книга четврта Создавање државност Уредник: Ангела Неновска-Крстевска Лектура: Наташа Николова Издава: Фондација Никола Кљусев Дизајн на корица: Анета Гацевска Печати: Нампрес Тираж: 500

Издавањето на делото е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 304.4(497.7)"1991/1992"(046) КЉУСЕВ, Никола Создавање државност. #Кн. #4 / Никола Кљусев. - Скопје : Фондација "Никола Кљусев", 2016. - 320 стр. ; 21 см. - (Едиција Патот кон независноста) ISBN 978-608-4685-11-1 а) Општествено политички прилики - Македонија - 1991-1992 - Колумни COBISS.MK-ID 101831434




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.