Истражи ја МАКЕДОНИЈА

Page 1


Истражи ја

Македонија

Народна носија од Бојмија, Гевгелиско

Народна носија Водичарки, Скопскo


Билјана платно белеше

3


СкоП је Во срцето на Скопје, главниот град на државата, е сместен плоштадот Македонија, местото каде што започнува секоја туристичка прошетка. До него ќе дојдете кога ќе поминете пеш под Порта Македонија, една од највпечатливите градби во центарот на Скопје. Плоштадот е изграден е помеѓу 1920 и 1940 година, менуван, модернизиран и сè уште е во фаза на доизградба. Во

4

самиот центар на плоштадот се наоѓа фонтаната-споменик „Воин на коњ“, висока 22 метра, која го привлекува вниманието со својата грандиозност, особено во вечерните часови кога со спектарот на бои и водата која „танцува“ во ритамот на музиката, ги тера да подзастанат дури и оние кои брзаат некаде.

Воин на коњ ► Порта Македонија▼


5


На плоштадот се поставени и голем број други споменици - Цар Самуил, Гоце Делчев, Даме Груев, Димитрија Чуповски, Методија Андонов - Ченто, гемиџиите, Јустинијан Први. Со Камениот мост, кој излегува од плоштадот, се поврзуваат стариот и новиот дел на градот. На левиот брег на реката Вардар, во „стариот“ дел на Скопје, денес се наоѓа Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Македонскиот народен театар, Меморијален центар на холокaустот, новата зграда на Министерството за надворешни работи, како и Државниот архив и Археолошкиот музеј до кои се стигнува преку пешачкиот мост „Око.“ Тука се наоѓа и новата концертна сала на Македонската филхармонија и Мостот на уметноста на кој се поставени 28 скулптури изработени од бронза.

Музеј на македонската борба за државност и самостојност ▼

6


Македонскиот народен театар▼

Мостот на уметноста▲

7


Меморијален центар на холокхаустот▼

8


Скопското Кале▲

Кале Скопското Кале е споменик на историјата и културата на градот, сместен во стариот град, од каде што се гледа целата чаршија, старото Скопје и новиот дел од градот. Според историските записи, Калето било за првпат населено меѓу 4 и 3 милениум п.н.е. Повторно било населено околу 6 век п.н.е. Во ископувањето на Калето се откриени остатоци од културноритуални дејствија, остатоци од животински жртви, керамика и бронзени монети. При градењето

на Калето биле користени камени блокови од урнатините од античкиот град Скупи. Огромните ѕидини на Калето потекнуваат од 11 век. Ископините покажуваат дури и присуство на Викинзите во 12 век. Во 14 век Турците урнале голем дел од Калето, а тоа наместо место за живеење станало гарнизон на турската војска. Во 17 век Калето го зазеле Австријците, а денес гордо се издига над Скопје и сведочи за богатата историја на овој град.

9


Камен Мост Камениот мост, кој ги поврзува стариот дел на Скопје со плоштадот Македонија и новиот град, е изграден во 6 век. Иако е обновен и модернизиран, дел од оригиналните камења и понатаму се наоѓаат во неговата основа. На Камениот мост се издига старата стражарница, а поставен е и споменик на Карпош, човекот кој го предводел првото востание против Османлиите и бил набиен на колец на самиот мост.

10


11


12


Милениумски крст

Свети Пантелејмон

На врвот на планината Водно, на надморска височина од 1066 м. е изграден Милениумскиот крст (висина 66 м. ширина на краците 46 м.), највисокиот на Балканот. Од неговото завршување, во 2002 година, тој е едно од најпосетуваните места во Скопје. Крстот е изграден по повод 2000 години од раѓањето на Исус Христос, поставен на 12 столбови кои ги претставуваат 12-те апостоли. Составен е од 33 елементи кои ја симболизираат возраста на Исус. До Крстот може да се стигне пеш, за околу еден час или со жичница, која поаѓа од Средно Водно.

Едно од главните обележја на Скопје е црковниот комплекс Св. Пантелејмон, составен од црква, манастирски конаци и ресторан, сместен во селото Нерези. Фреските во манастирот датираат од 12 век.

Св. Пантелејмон ▼

◄ Милениумски крст

Стара чаршија ▼

13


Даут-Пашин амам ▲ Куршумли ан ►

Стара чаршија

14

Старата скопска чаршија се протега од Камениот мост до Калето и Битпазар. Тука се споени бројни култури, се преплетува историјата со современото време. Уште во 12 век на местото на денешната чаршија, постоел центар за тргување. Кога со градот завладеале Османлиите, почнала изградбата на џамиите, ановите, сараите. Во 17 век во чаршијата имало околу 2150 дуќани, но во големиот пожар во 1689 година изгореле скоро сите. Денес, во старата чаршија постојат само


Старата скопска чаршија ▲ неколку објекти кои сведочат за минатото. Сули-ан бил изграден во 15 век. Денес, во обновениот објект е сместен Факултетот за ликовна уметност и Музејот на старата скопска чаршија. Западно од Сули-ан се наоѓа Безистенот. Тој бил најголемиот трговски центар во чаршијата, а околу него биле изградени голем број мали дуќани. Денешниот Безистен е изграден врз темелите на разурнатиот, од 15 век. Во него постојат неколку дуќани и чаjџилници, но и уметничка галерија. И Капанан е изграден во 15 век. Во него имало 44 простории кои служеле како соби, а денес повеќето од нив се адаптирани во дуќани и ресторани. Чифте амам е изграден во 15 век за да биде

јавна бања, а денес е уметничка галерија. Најдобро сочуван од сите е Куршумли ан, кој денес е место за одржување концерти и културни настани. На влезот на чаршијата, во срцето на градот, се наоѓа Даут-Пашин амам, еден од спомениците на исламската култура во Македонија. Тој е дел од поранешната исламска тројка Ибни Пајко џамија и Караван сарај, но денес постои само ДаутПашиниот амам. Изграден е во 15 век и претставува вистинско ремек дело на исламската архитектура - масивни ѕидови и многу куполи, што му дава посебен сјај. Денес се користи како уметничка галерија.

15


Св. Спас ▲

Св. Спас Веднаш под Скопското Кале, во највисокиот дел од старата скопска чаршија, веќе 5 века гордо стои црквата Св. Спас, која својот денешен изглед го добила во 19 век. Овој споменик на културата е познат и како местото во кое се наоѓаат моштите на еден од најголемите македонски револуционери, Гоце Делчев.

Пештерата Врело ▼

16


Кањон Матка Во близина на Скопје се наоѓа Кањонот Матка, омиленото место за одмор на многу скопјани, но и едно од омилените места на планинарите и спелеолозите во земјата. Тука се наоѓа и најстарото вештачко езеро во Македонија, создадено со изградбата на браната на реката Треска. Тука виреат околу 1000 видови растенија, а егзистираат околу 250 различни видови пеперутки. Големо внимание привлекуваат пештерите, а најпознати од нив се Врело,

Крштена и Убава. Врело е првата пештера во Македонија која може да ја посетуваат туристите, а на самиот влез се наоѓа „сала“ во која повремено се одржуваат концерти. Во пештерата има две езерца и извор на топла вода кој се наоѓа под пештерата, во водата на езерото. Секое лето во „врелото“ влегуваат спелеонуркачи кои ја истражуваат длабочината и ширината на пештерата, која во моментов е меѓу петте најдлабоки подводни пештери во светот.

Кањонот Матка ▼

17


Спомен-домот на Мајка Тереза Куќа во која била родена Мајка Тереза се наоѓала на плоштадот, во центарот на Скопје. По повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, во јануари 2009 година беше изграден Спомен-домот на Мајка Тереза, на местото каде до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква

18

Спомен-домот на Мајка Тереза ▲ „Пресвето срце Исусово” во која Мајка Тереза (тогаш Гонџа Бојаџиу), била крстена само еден ден по своето раѓање и тука ја примила првата причест. Куќата опфаќа изложбен простор, капела и амфитеатар, а таму може да се видат голем број фотографии и лични предмети на хуманата скопјанка.


Говрлево Во близина на Скопје, во селото Говрлево, во 2000 година археолозите пронајдоа машка фигурина која потекнува од времето на младиот неолит и е едно од десетте најголеми откритија во светот. Малата фигура на машко торзо е позната како Адам од Говрлево, или Адам од Македонија. Испитувањата покажале дека датира од 5478 година п.н.е, а на локалитетот Церје каде што е пронајдена, се ископани камени алатки, накит и голем број керамички украси.

Адам од Говрлево ▲

Аквадукт Во северозападниот дел на Скопје се наоѓа Аквадуктот во долината на реката Серава, изграден во 6 век, во времето на Јустинијан I, кој бил роден во селото Таор, 20 км. југоисточно од Скопје. Дел од Аквадуктот функционирал до почетокот на 20

век, снабдувајќи со вода неколку скопски села. Долг е 386 метри, со 55 главни лака и 42 засводни отвори, 53 столбови и две рампи, но денес голем дел од него е разурнат. Сепак, и во оваа состојба, остава без здив.

Аквадуктот во Скопје▼

19


Охрид Охридското езеро е настарото езеро во Европа, настанало пред 4 до 10 милиони години, долго време пред појавата на првите луѓе. Бистрата вода е резултат на бројните подводни и неколкуте површински извори. Го нарекуваат и „музеј на живи фосили“, зашто денес во него живеат преку 200 видови ендемски организми. Охридската пастрмка е најпрепознатливиот жител на езерото, но и белвицата од чии

20

крлушки се прави емулзија за премачкување на охридските бисери. Корморанот, лебедот, пеликанот и галебот се дел од богатата фауна на езерото. Во Охрид постојат 365 цркви, по една за секој ден во годината. Св. Апостол Павле токму тука го започнал ширењето на христијанството, со крстењето на првата христијанка, Лидија.


Св. Јован Канео ▲

Св. Јован Канео Црквата Св. Јован Канео е една од најубавите во Охрид, изградена во 13 век на местото на старата рибарска населба Канео. Најстариот фрескопис датира од 1290 година.

Браќата Св. Кирил и Методиј родени во Солун (Егејска Македонија) во IX век, биле мисионери на христијанството меѓу Словените и учители на Св. Климент и Наум, создавачите на кирилицата.

Св. Кирил и Методиј ►

21


Самуилова тврдина Самуиловата тврдина се издига над Охрид. Иако на ридот над градот постоела тврдина уште во 4 век п.н.е., денешната фортификација датира од 4-5 век. Подоцна таа е проширена и го зафатила целиот рид. Во Средниот век, во внатрешноста на тврдината егзистирал цел град, а од 15 век градот се проширил надолу, кон езерото. Во бројните

◄Охридската чаршија ▼ Самуиловата тврдина

22


ископувања на тврдината, пронајдени се гробници со обемен археолошки материјал, керамички садови, накит,

бронзени, железни, сребрени и златни предмети, како и златна маска пронајдена на почетокот на 21 век.

23


Плаошник

24

Комплексот Плаошник е местото на кое, според археолошките ископувања, била крената првата населба на Охридскиот рид, уште кон крајот на бронзениот период. Во 5 век на ова место биле изградени првите христијански базилики со препознатливи подови со мозаици. Кон крајот на 9 век Св. Климент тука изградил црква на темелите на веќе разурната црква од 7 век и тука ја сместил Охридската книжевна школа, првиот Словенски

универзитет во Европа. Оваа црква била разурната до темел со доаѓањето на Османлиите во 15 век и на нејзино место била изградена џамија. Старата црква на Св. Климент е возобновена во 2002 година, а во внатрешноста може да се види живопис кој потекнува од 13-14 век.


Св. Софија Црквата Св. Софија е едно од главните обележја на Охрид. Не постојат записи за нејзината изградба, иако се верува дека постои од периодот на владеењето на Цар Самуил. Во времето на Османлиското царство голем дел од фреските биле премачкани со вар, било изградено минаре над едната купола и црквата функционирала

Црквата Св. Софија▲ како џамија. Денес дел од фреските се реставрирани, а пронајдена е и галерија на портрети на архиепископи, патријарси, епископи... Во внатрешноста и во дворот на црквата се одржуваат концерти во рамките на интернационалната културна манифестација Охридско лето.

Античкиот амфитеатар▼

25


Св. Наум Изворите на реката Црн Дрим се наоѓаат веднаш во подножјето на манастирот Св. Наум. Постојат вкупно 45 извори, од кои 30 на дното, а 15 на брегот на езерото, со капацитет од околу 8 м3 вода во секунда. Црн Дрим се влева во Охридското Езеро, а на самото место каде што се спојуваат реката и езерото се гледаат концентрични кругови, резултат на допирот на езерските и речните струи. Заради бистрата вода, дното кое е на три метри, се чини дека може да се допре со

26

раката. Црн Дрим го добил името по црните ендемски алги кои се гледаат на дното на водата. Покрај изворот на реката е сместен манастирот Св. Наум Охридски, но и три цркви - Св. Богородица, Св. Атанасие и Св. Петка. Основач на манастирот е еден од учениците на Св. Кирил и Методиј, Наум. Тој поголемиот дел од животот го поминал во манастирот, а тука е и погребан. Денес посетителите на манастирот ги посетуваат

Изворите на Црн Дрим▼


Св. Наум▼▲ моштите на Св. Наум и се наведнуваат над неговиот гроб за да го слушнат чукањето на неговото срце. Учениците на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум (IX век) се основоположници на словенската писменост и на новата азбука, која во чест на Св. Кирил ја нарекле кирилица. На северната страна на Охридското Езеро, во Струга, од самото езеро истекува реката Црн Дрим.

27


Архитектурата на стариот град ▲

Трпејца

28

Трпејца е, за многумина, најубавото место на охридскиот брег, селце близу градот, со преубави плажи и сина вода, а сепак далеку од градската врева. Селото е изградено во архаичен стил, па и првиот хотел во него воопшто не отскокнува со архитектурата.

Трпејца ▼


Заливот на коските На брегот на Охридското Езеро постоеле праисториски живеалишта, куќи кои биле изградени врз платформи кои стоеле на дрвени колци забодени во езерото. Денес, во местото познато како Заливот на коските, се наоѓа Музејот на вода, кој сведочи за тоа време. Остатоците од праисториските живеалишта се наоѓаат на езерското дно, а куќите кои се атракција за туристите од целиот свет, се нивна реплика направена врз основа на подводните снимки.

29


Струга Во Струшко Поле, на брегот на Охридското Езеро, се наоѓа градот Струга, родното место на преродбениците браќата Миладиновци, местото каде што на крајот на секое лето се одржува вистински фестивал на пишаниот збор - Струшките вечери на поезијата, кои се одржуваат од 1961 година. Во и околу градот се пронајдени 120 археолошки локалитети, што зборува за богатата историја на овој регион.

30

Струшки вечери на поезијата▲ Св. Богородица, Калишта, Струга▼


Струга е позната и како градот на јагулите - од реката Црн Дрим јагулите го започнуваат својот пат кон Саргаското Море (помеѓу Бермудските Острови и Порторико) каде што се мрестат, а потоа женките се враќаат назад до Црн Дрим.

Мала пештерска црква▲

Црн Дрим▲▼

31


Вевчани Селото Вевчани се наоѓа во подножјето на планината Јабланица, во близина на градот Струга. Според некои записи, тоа датира од 9 век, а во и околу селото постојат светилишта изградени во различни временски периоди. За неговите жители, Вевчани е држава во држава. Во селото денес живеат околу 2500 жители, а посетителите можат да си купат пасоши, но и да ги разменат своите денари за вевчански пари - личници. Селото е преполно со туристи во времето на Вевчанскиот карневал, кога се изведуваат бројни традиционални и пагански обичаи. Жителите на селото се маскираат и започнува големата манифестација

32

поделена во два дела. Во првиот дел тие одат од куќа до куќа за да им честитаат Василица на домаќините, а во вториот дел одат до Вевчанските извори за да наполнат вода во котлиња. Во водата ставаат три гранчиња - босилек, дрен и василичарка. Целата манифестација завршува со карневалот на сред село и палење на маските за да се истера злото.


На надморска висина од 1350м. е сместен градот Крушево, препознатлив по тесните калдрми и специфичните градски куќи. Крушево е споменик на историјата, познат по Илинденското востание и Крушевската Република. Во центарот на градот се издига црквата Св. Никола која била опожарена во востанието против Турците и само мал дел од „спасените“ предмети се наоѓаат изложени во споменикот „Илинден“. За празникот Илинден, мажите се облекуваат во комитска и турска носија, а градот живее како во времето на востанието.

Крушево

Околу градот се издига дабова и букова шума, а веднаш до него се наоѓаат ски патеки за алпско скијање, нордиско скијање и биатлон, кои од ноември до март го привлекуваат љубителите на зимските спортови.

33


Во 2005 година НАСА ја прогласи Мегалитската опсерваторија Кокино за четврта најзначајна опсерваторија во светот. Кокино се наоѓа во близина на градот Куманово, а од 2005 година е често сврталиште на вљубениците во астрологијата. Најмногу посетители има на денот на пролетната рамноденица, а сите тие чекаат да ги видат првите сончеви зраци и да ја почувствуваат магијата на ова мистично место. Опсерваторијата датира од раното бронзено време, околу 1800 год. п.н.е.

34

Кокино

Древните жители на ова поднебје ја сметале за место на кое се среќаваат земјата и небото. Пронајдени се многубројни садови со дарови, што е доказ за култовите, обредите и ритуалите кои се изведувале на планината.


Во кратовскиот регион се наоѓа селото Куклице и локалитетот Камени Кукли, познат и како Весела Свадба; Кукли; Пијани Сватови. „Куклите“ се големи земјени столбови кои потсетуваат на човечки фигури, а легендата ги поврзува со приказната за скаменетата свадба. Според приказната, еден ѕидар закажал свадба со две девојки, но ја одбрал богатата. Кога дознала за тоа сиромашната девојка, на денот на неговата свадба,

Куклице побарала уште само еднаш да ја бакне, но пред бакнежот го проколнала да се скамени, заедно со сватовите. Денес, посетитетлите во 148-те камени фигури ги „препознаваат“ младенците, кумовите, старосватот... Според испитувањата извршени на локалитетот, камените фигури се создале пред 20 милиони години, со ерозија на вулкански карпи. Највисоките се и до 10 метри.

35


Во северозападниот дел на Македонија се наоѓа планината Шара, на границата со Косово и Албанија. На врвот Љуботен започнува течението на реката Лепенец, а под врвот Морава се наоѓа Вруток, изворот на најголемата река во Македонија, Вардар, а на планината се наоѓаат преку 200 извори на чиста вода. Шарпланинските Очи се бројни глацијални езера кои се создавале со векови на планинскиот масив.

36

Шар Планина


27 од нив се наоѓаат на македонска територија, и од нив 19 се постојани, а осум се повремени. Заради студената планинска клима, снегот на врвовите се задржува и во текот на летото. На Шар Планина има преку 200 ендемични растенија, најголем број ендемични видови на едно место во земјата. На оваа планина има преку 45 видови животни, а доминираат рисот, срната, дивокозата, мечката и дивата свиња. Сепак, заштитен знак на овој регион е шарпланинецот -

Шарпланински Очи ▲ македонскиот овчарски пес, кој се наоѓа на монетите од еден денар и на поштенската марка на „Македонска пошта“.

Шарпланинец ▼

37


Дојранското е едно од трите природни езера во Македонија. Половина од неговата површина се наоѓа на територијата на нашата земја. Поседува уникатна флора и фауна, а на неговата мала површина има 500 вида пеперутки, 15 вида риби, вилински коњчиња, 5 вида школки, дојранскиот ендемски полжав... Од алгите во езерото испарува јод, кој е исклучително лековит за малите деца. Подеднакво е лековита и калта од езерото, која помага во лекувањето бронхитис. Дојранското Езеро е познато и по специфичниот риболов - ловење со птици во огради од трска. Ваквиот начин на риболов постои единствено во Кина.

38

Дојранско Езеро


Смоларски, Колешински водопади Струмичкиот регион, освен по производството на пиперки е познат и по водопадите. Во подножјето на планината Беласица, во атарот на селото Колешино, се наоѓа Колешинскиот водопад. Висок е само 15 м., но е еден од

Струмички водопади највисоките во Македонија. Спроти овој тектонски водопад се наоѓаат уште неколку помали водопади. Во северниот дел на Беласица, над селото Смоларе, се наоѓа Смоларскиот Водопад, највисокиот водопад во Македонија, кој паѓа од 39.5 м.

39


Хераклеа Локалитетот Хераклеа, еден од најстарите и најубави разурнати градови во Македонија се наоѓа во близина на Битола. Градот датира од 200 година п.н.е. Во централното градско подрачје се наоѓал театарот кој имал 12 реда седишта и почесна ложа, а можел да собере до 2.400 гледачи. Заради постојаните напади на Готите, околу Хераклеа биле кренати големи ѕидини, а градот станал големо епископско седиште. Од тој период се пронајдени и неколку големи градби - Големата базилика, Малата базилика, Гробишната базилика и Епископската

40

резиденција. На подовите на градбите доминираат мозаиците на кои се прикажани слики од Библијата. Со доаѓањето на Варварите замрел животот во Хераклеа. Денес, ова е идеално место за одржување културни манифестации во текот на летото.


Во близина на градот Битола, во југозападниот дел на Македонија, на површина од 12.500 ха се наоѓа националниот парк Пелистер. Недопрената природа, преубавата вегетација и особените климатски услови, го прават уникатно место за прошетка. Исклучително впечатливи во овој предел се релјефните форми кои се создаваат со раздобување на карпестата подлога. Заштитен знак на националниот парк се Малото и Големото Езеро, познати и како Пелистерски очи.

Пелистер Со 2.601 м. Пелистер е највисокиот врв во овој национален парк. До самиот врв се стигнува од три правци - од планинскиот дом Неолица преку Големо Езеро, од селото Нижеполе преку Големото Езеро и од планинарскиот дом Копанки. А од самиот врв се гледаат Битола, Пелагонија, вештачкото езеро Стрежево и Преспа.

Битола ▼

На Пелистер виреат 88 различни видови дрвја, но најпрепознатлива за овој предел е моликата. На планинските врвови растат ретки видови чаеви кои се карактеристични само за овој регион. Во националниот парк има преку 90 видови птици и многу видови животни, од ситен до крупен дивеч.

Пелистерски очи ▼

Молика ▼

41


Маврово Маврово, како Национален парк постои од 1949 година. Причината за неговото прогласување за национално богатство на Македонија била заштита на смреката. Во самиот парк има преку 50 врвови повисоки од 2000 метри, а оние на Бистра се идеални за зимски

спортови. Мавровското Езеро е изградено во 1957 година. Тоа е едно од трите најголеми вештачки езера кај нас. Негов заштитен знак е црквата Св. Никола која, зависно од водата во езерото, најчесто е во голем дел потопена под вода. Туристичка атракција во Националниот парк

Црквата Св. Никола▼

42


е и пештерата Шаркова Дупка, која се наоѓа на излезот од селото Маврово, а која изобилува со сталактити, сталагмити, корали и е целосно осветлена и отрворена за посетителите.

43


Во 1020 година се поставени темелите на Св. Јован Бигорски, манастирот кој се наоѓа под падините на планината Бистра. Денешниот храм постои од крајот

44

Св. Јован Бигорски на 18 век, но во вековите пред и потоа бил уриван, опожаруван, обновуван... Централното место во комплексот го зазема црквата Св. Јован Крстител. Во црквата


е сместена икона на Крстителот, која, според кажувањата, има исцелителна моќ. Во време на немири иконата исчезнувала од црквата, а потоа повторно се појавувала.

45


Еден од најпознатите и најпосетувани археолошки локалитети во земјата е сместен во центарот на Македонија - античкиот град Стоби. Истражувањата покажале дека градот почнал да заживува во 6-7 век п.н.е., а пронајдени се остатоци уште од времето на неолитот и железното доба. Во времето на Римската империја, градот бил значаен воен, административен, религиозен и трговски центар. Градот имал сопствена ковачница каде

46

Стоби

што се ковале првите пари наречени денари. На почетокот на локалитетот се издига половина од амфитеатарот кој некогаш собирал и до 7600 посетители. Ова било омиленото место за забава на жителите на градот. Во остатоците на Стоби е пронајдена и црквата на епископот Филип, која плени со убавите мозаични подови и мермерни предмети. До неа се наоѓа епископската резиденција во која се пронајдени златен прстен и бронзено кандило. Во


близина на црквата се пронајдени остатоци од крстилницата. Градот бил напуштен во 6 век, по нападите од Хуните, промената на климатските услови и опустошувањето на обработливото земјиште.

47


Многумина го сметаат Галичник за едно од најубавите планински села во земјава. Се наоѓа на планината Бистра, на надморска височина од 1400 м, а до него се доаѓа по патот кој води кон Мавровското Езеро. Во текот на летото, селото е голема

48

Галичник туристичка атракција, особено во деновите околу Петровден (12 јули) кога се одржува традиционалната Галичка свадба. Од 1963 година, Галичката свадба е културно-туристичка манифестација, а младенци на свадбата можат да бидат само


оние со галичко потекло. Свадбата трае неколку дена, а младенците ги следат сите свадбарски адети од минатото на своите предци. Единствено оние кои имаат галичко потекло можат да купат земја во овој регион или да реновираат некоја од запуштените куќи во селото, кое и денес ја негува старата архитектура и духот на минатото време.

49


Во централниот дел на Повардарието се продега најпознатиот вински е регион во Македонија - Тиквешкиот. Во него спаѓаат градовите Кавадарци, Неготино, населените места Росоман, Ваташа, Сопот, Ресава и други места познати по лозјата и грозјето од кое се произведува најквалитетното вино во Македонија. Од сортите грозје најмногу се одгледуваат „смедеревка“ и „вранец“, но богат род даваат и „хамбург“ и „кардинал“. Од грозјето се произведуваат и ракија и вино, како за домашниот, така и за странскиот пазар.

50

Тиквешија

На почетокот на септември секоја година се организира Тиквешкиот гроздобер, кој го означува почетокот на берење на грозјето.


Македонска кујна Македонската традиционал­ на ­кујна вклучува бројни специјалитети кои се разликуваат од регион во регион - прилепски ширден, кумановски мезал’к, охридско ѓомлезе... Она што е типично и препознатливо за целата македонска кујна се надалеку прочуениот ајвар, пинџур, тавче гравче, мусака, сарми, домашна пита (зелник, комат, мазник), турлитава...

Ајвар

Пита

Сарма Тавче гравче 51


Народните носии во Македонија

Носиите во Македонија имаат вековна традиција, се дел од материјалната култура на македонскиот народ и значајна гранка од народното уметничко творештво. Тие се пренесувале со поколенија и во својот развоен пат вклопиле многу елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот.

Народна носија од Битолски горни села

52

Народна носија од Мариово


Народна носија од Долни Полог, Западна Македонија Мијачка народна носија, Галичник - Лазарополе

53


Повеќето носии ги карактеризира богата декорација од гајтански апликации, украси со срмен вез, чоја, волнени рески, бели платнени кошули, појаси, женски скутини со орнаментална декорација и специфични женски покривала за глава со богато везена декорација и богат и масивен женски накит. Кај дел од носиите се забележуваат старословенски, старобалкански и турскоориентални елементи.

Народна носија од Крива Паланка, Источна Македонија

54

Составен дел од народните носии се и плетените чорапи од волна, памук, а некои и во комбинација со срма. Кај машките носии тие се долги до под колената, украсени од стапалото до горниот дел, а женските чорапи се најбогато украсени од стапалото до над глуждовите. Овој проект е поддржан од Владата на РМ Издава: Фондација „Никола Кљусев“ Фотограф: Јован Настевски - Јон Дизајн: Анета Гацевска Текст: Андријана Јовановска

Прва страница - Воин на коњ, Скопје Последна страница - Плоштад „Карпошово востание“, Скопје Благодарност до Фолклорно студио Етнос


Истражи ја

Македонија

Народна носија од Бојмија, Гевгелиско

Народна носија Водичарки, Скопскo



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.