Творам за Македонија - Јас и мојот град

Page 1



Tvoram za Makedonija

Jas i mojot grad

Меморијален центар фондација-никола кљусев Skopje, 2013


Јас и мојот град Проектот “Творам за Македонија” е поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија

Izdava

Fondacija Nikola Kqusev Pe~ati , Skopje

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-1 821.163.3-3 ЈАС и мојот град. - Скопје : Фондација “Никола Кљусев”, 2013. 288 стр. ; 21 см ISBN 978-608-4685-03-6 COBISS.MK-ID 95052554


Кон изданието Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат од најраната возраст. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат својата дарба и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици. Проектот Творам за Македонија има за цел да го поттикне творештвото и креативноста на учениците од основните и средните училишта во Македонија. Оваа година, на темата „Јас и мојот град”, низ стихови и прозни творби тие ги изразија своите искрени чувства на припадност и љубов кон својот роден град. Жирито беше доведено пред сериозен предизвик да ги из­бе­ ре првите меѓу најдобрите. Затоа, одлучивме да на­градиме по пет најдобри творби од средните и основните училишта. Наградени се следниве ученици: 1. Викторија Петровска IV год., Гимназија ,,Кочо Рацин’’- Велес 2. Сања Мирчева I год., Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес 3. Славева Тања III год., Гимназија „Кочо Рацин”, Велес 4. Ирина Банишка, Гимназија „Орце Николов“ – Скопје 5. Елизабета Муканова, СОУ „Јане Сандански“, Струмица 6. Екатерина Лазаревска, VIII одд. ОУ „Јан Амос Коменски” – Скопје 7. Симона Манолева VIII ООУ „Петар Мусев“, Богданци 8. Отилија Арсенова VIII одд. ОУ „Синиша Стоилов“ –Зрновци 9. Елена Ефремова VIII одд. ООУ „Гоце Делчев“ 10. Ана Стојановска VIII одд. ОУ Св. „Климент Охридски“ - Битола



Средни училишта


Средни училишта

ВЕЛЕС – ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ Во изгрејсонцето ново над градот што се буди Одекнува песна на жетварки и тутуноберачи млади, Со насмевка блага надеж што буди и со гердан од отров закитиле гради. Работници со токмак го кршат мракот и бараат искра да светне во новиот ден, а од Цветот кон сонцето што се врти да исплетат венец, за Една младост, за едно време, за животот кучешки клет, за Тешката мака, за непокорот – да изградат спомен за навек. Една река, еден мост, Гемиџија, учител и млад поет Низ вечноста и незаборавот ги славиме... Од песната нова мугра над градот се роди, Стих што секој велешанец низ животот го води, А тајните низ калдрмите на сокаците што се гласат Мојот град ко нераскинлива нишка со традиција го красат, а се слушаат тие Во полињата родни и во нивите плодни, меѓу портите и мендерите и велешките дворови... Ех, да прозоборат старите градби за чалгиите и серенадите, за најубавите свадби, за Лозјата каде виното се раѓа на лозниците од гроздови дрочни, за

6


Јас и мојот град

Еснафите, чорбаџиите, за меракот на Којник дуќан да имам, за муабетите сочни, од Спомените навираат солзи налик на утринска роса, јас и мојот град – Велес во срце те носам! Викторија Петровска IV-клас Гимназија ,,Кочо Рацин’’- Велес Ментор: Александра Стојановска

7


Средни училишта

Јас и мојот град Посакав да го запрам времето, да го фокусирам моментот во сегашноста. Посакав да ми остане вечно сеќавањето. Да ги врежам спомените поминати во тебе, сега и засекогаш во мене. Посакав да те разубавам граду мој преку мојата песна невешта. Да ги спомнам имињата на Миле и Џинот Коле и Кочо сокаците, калдрмите и мостовите Прцорек и Којник. Посакав да те осветлам граду мој, да го заслужам моето постоење во Тебе! Ти бликнуваш од бура. Излегуваш од тишината на зајдисонцето. Се пресликуваш од минатото, во сегашноста и опстојуваш гордо низ времето. Ти си светлост што во зората утрата ги буди. Зракот на сонцето што зад ридот скокотливо наѕира. Ти си жуборот на Вардар голите ридови исправената саат кула. Ти си убавина и среќа, лавина од желби,

8


Јас и мојот град

енергија, сеќавање вечност и незаборав. А јас, растам во тебе создавам за тебе среќна сум со тебе! И сакам да те успокојам граду мој, да те возвишам, да те овековечам Зашто Те љубам! Сања Мирчева I 6 СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес Ментор: Александра Стојановска

9


Средни училишта

Јас и мојот град Јас и градот сме оригинали, а не копии, гнезда сме на желби, а не залутани копнежи, во староградскиот раскош зачуван зад бедем ткаеме надежи, а не сомнежи. Пливам во длабочините на времето пред вечната фотографија на древниот град, начичкани домови, распослани кровови пленува поглед на градот за мене многу драг. Вековниот ôд на реката Вардар во брчките на времето се запишува, го буди зборот што чмае, времето го брои стариот градски часовник што гордо се возвишува. Под вршникот на жегите исправени горостасни велешките јавори нераскинлив дел се од градот, под сенките што ја создаваат раскошните гранки се воздивнува, се наоѓа љубов, се сплотува народ. Додека ветре шумоли, јаворите ронат спомени стотици години се сведоци на настани бурни, со градот заедничка им е староста мудро гледаат во вечноста и во деновите тмурни.

10


Јас и мојот град

Се разликуваат местата по кои одам траги и записи од историјата се среќаваат, таму каде што тагата и радоста луѓето ги обединува како ненаситна приказна на старата чаршија се сеќаваат. Ќе го распламтам огнот што носи таинственост со блескава светлина, во крик на песна, за старите занаетчиски дуќанчиња наредени покрај калдрмата на улицата тесна. Гласниот удар од чеканите на занаетчиите го огласуваат денот што одминува и повторно се раѓа, со забрзани чекори покрај нив мошне ретко минувале убавите жени со зацрвени образи и по некој скриен поглед паѓа. Мамка на окото радост што носи е преливот на пената врз стомните, кога в душа беснее бура, чиниш кавалот зборува тапанот чука за да се слушнат спомените. Да се вратам назад тешко е како ненаситна приказна градот ме обзема, сакам да му ја променам душата ми го бележи патот и старата слика ми ја одзема. Со еленски скок од урнатини се преуредува во строен град обликувам умотворби за да остане вечно млад, божји дар е што бележи судбина и време вечен мотив за љубов и убавина во мене. Славева Тања III -6 СОУ Гимназија „Кочо Рацин”, Велес Ментор: Весна Павлова 11


Средни училишта

Јас и мојот град

С

копје не е посебно, Скопје нас нè прави посебни. А ние го правиме... единствено...

Скопје не е Водно. Не е ниту „крстот“, ниту Аце. Скопје е сета љубов која ја виделе патиштата до средно Водно, сите детски насмевки горе на видиковците. Скопје е ладовината од фонтаната на Аце на жешко јулско попладне. Скопје не е ниту Градскиот парк, Скопје е љубовта на „втор дел“, и музиката на „Школка“, сите први „здраво“ и последни „чао“ засекогаш овековечени кај „Фонтана“, собиранките на „Мече“. Скопје сум јас, Скопје си ти.

Мало е, заборавено од очите на светот. Фрлено е да постои во минатото, да живее од спомените. И ние во него, со него, живееме од неговите спомени. Живееме со нашите заљубени баба и дедо на клупа кај Кермес, на балет во „Офицерски“, или можеби на корзо по „Македонија“. Се сеќаваме. Се сеќаваме на Скопје, и го живееме духот на неговото минато. Ги издишуваме полека спомените од убавините на старо Скопје, во нашето модерно, живо, разиграно, и секогаш будно гратче. И така сме едно. Скопје сум јас, Скопје си ти. Скопје не би било наше, македонско, балканско, да не беше чаршијата, без пивница и свирки до доцна во ноќта. Го сакаме со секое камче од калдрмите по „Камени мост“, со секое срце врежано во дрвјата да сведочи за љубовта која ја кријат улиците на нашиот град, и со секоја ладна лименка од „нашето најдобро“. Го засакавме и смогот, навикнавме. Заскавме да се прикрадуваме во сите темни 12


Јас и мојот град

учички и влезови од згради, да се туркаме да фатиме последна 5-ка на „Рекорд“ меѓу толпата луѓе. Научивме да си играме со сите деца низ Карпош, да се бркаме за да фатиме слободна маса во некое од кафулињата на „Македонија“ или на Кеј, и секако, да водиме војна со пензионерите во 24-ка. И еве, далеку е од совршено. Далеку е од метропола, како што сакаме да го нарекуваме, и далеку е од светски град. Ама е наше. Загадено, валкано, зиме престудено, лете жешко, преполно, пренаселено, пренатрупано... но знае како да нè задржи сите тука, знае како да нè шармира. Скопје нè научи да го сакаме со сите негови маани. Како мојата модрица, и твојот белег на грбот... Скопје сум јас, Скопје си ти. И никој, никогаш, нема да може да ме разубеди дека има нешто посовршено, нешто почисто, поискрено, и поисполнето со носталгија од глетката над Скопје од Кале. Едно е, наше е, единствено. Нè навикнува на промени, нè штити од жештини и студови... Ветрот по Вардар ми ги разбиструва мислите, а секое ќоше ги собира на купче сите мои спомени. Така Скопје нè чува, така Скопје ме чува. Живееме, јас во него, а Скопје во мене. Затоа, јас сум Скопје, ти си Скопје. А Скопје сме јас и ти.

Ирина Банишка СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје Ментор: Боцевска Љупка

13


Средни училишта

Јас и мојот град Минувам низ нишките на разбојот Ткаејќи те со чудесна убавина и сјај И секој нов поглед го вденувам во платното Го обликувам во парче налик на рај. Од небото за него крадам ѕвезди Темнината во него се плашам да не се вгнезди. Го успивам со шумот на мојата младост Заедно ја делиме секоја наша тага и радост. Мојот град ми го топи дијамантот во душата Како дождот што ја прогонува сушата. Од златните лисја се проѕираат неговите погледи Тој е огнот на мојата темнина што свети. Кога неспокојот како сениште облетува околу мене, Несебично во големата прегратка чека да ме земе. Ветриштата му ги шепотат моите идеали Заедно треба да изодиме уште многу скали. Кормилото го држи цврсто в рака Кога надоаѓа разбеснетата стихија страшна, А кога ветрот моќни далги крева Како капетан ја чека својата флота што слева.

14


Јас и мојот град

Одиме, се поткреваме, се исправаме. Вистината ја креваме на нозе. Одиме своеглаво, одиме упорито, Одиме тивко без зборови, продолжуваме гласовито. Уште многу дни ние овде пак Заедно ќе пиеме од зрак, Под тие крошни дрвја што во раскош тонат И потајно од светот во тиха дремка сонат. Елизабета Муканова, СОУ „Јане Сандански“, Струмица Ментор: Снежана Пијанманова

15


Средни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Седам под крошните на костенот стар и гледам како полека умира денот, бакарно небо, распламтено блика златен лист во косите ми паѓа, а споменот како надојдена река во оваа есенска ноќ се раѓа. Тука се родив и заедно растев со тебе мое Скопје мило, во оваа сребрена ноќ, кога ѕвезди горат да се сетиме на сè што било. Со првата капка на мајчиното млеко со првиот чекор и првиот збор, ја учев вистината твоја метафората на твоето постоење. А Вардар тече со векови така и носи поздрав од земјата: Кирилова, Климентова, Прличева и гори огнот со бои на виножито во срцата на твоите луѓе. О реко, сону на мојата младост извору на моето срце, моето постоење мојата остана радост на твојот брег.

16


Јас и мојот град

Мирисот на трендафилот див ми враќа спомени на едно време на една песна, твоја химна вечна „Скопје младост ти ќе бидеш Скопје ти ќе бидеш цвет и ќе бидеш израз свиден на сè братско во овој свет.“ Ја паметам оваа песна мила заради близината на чекорите по старата калдрма и Камениот мост, секој камен спомен, секој камен збор заедно чекориме по патот кон вистината и го градиме новиот ден. И може сè ко порано да биде од детските раце да направиме златен мост и срцата наши калдрма да бидат по неа нека чекори љубовта и очите сини, со боја на лен нека заедно се радуваат на новиот ден. Ефнушева Симона III2 клас СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје Ментор: Миле Величковски

17


Средни училишта

Јас и мојот град

Г

о чувствувам ноншалантното движење на воздухот. Слушам крикови, зли предвесници на мракот. Бегам од возбудата. Дозволувам да ме плаши, но не се препуштам на нејзината опојна магичност. Прибегнувам во градот. Градот кој се превиткува во скромноста, нежна уметност за подобрување на шармот, градот кој плени без да биде свесен за тоа.

Првите проблесоци на зората, мугра, мечта. Рефлексија на зраците во плитките води. А сонцето, залог на верноста. Години спокој, вечна топлина. Дава верност, длабочина на мислите, огрев на душата. Инспирација. Јас пораснав во овој град. Мојата проза е родена помеѓу ридот и езерото. Својот глас го зедов од дождот. Како дрво, се киснам во шумата. И еден поглед кон неистеченоста, еден поглед кон огледалото на животот, една светлина, едно крајбрежје. Една слика – безброј години. Нема ништо помило од соживувањето со својот град, ништо побеспрекорно од уживањето на убавината која ти ја пружи, истовремено игнорирајќи ги сите несовршености. Ми ја дава инспирацијата за продолжување на стварноста. Нема ниедна попријатна сензација на светот од будењето во своето место. Секој од нас ги ужива, ги форсира убавините кои му се најпознати. Физичката убавина која ќе те понесе, секогаш те задржува. Градот ми нуди бегство кога сакам да побегнам од самата себеси, а истовремено ми нуди можности да се пронајдам. Секогаш кога се враќам во својот роден град, се среќавам со сеќавањата за растењето, за првите мои пишани зборови извлечени од езерото, за првите мои пишанки за ветрот и за спокојствата на животот овде. Ми нуди бегство од вистината, 18


Јас и мојот град

уживајќи во неговите убавини, осветлувајќи ги правилните патеки, улици кон умствените мисли. Ме тера да раскажувам за него, да го оживувам шумот на ветрот, да го овековечам токму овде. Се впивам во, навидум нечистите води, за да ја измијам правта од наметнатите битки. Заедно ја разобличуваме и разоткриваме неговата чудна амфорна мешавина на препознатливи вредности. Секогаш... Секого... го прифаќа онаков каков што е, без оглед на сè. А, разликата помеѓу мене и средновековните писатели е тоа што тие пишувале за пеколот, место кое никогаш не го виделе. Само можеле имагинарно да си претставуваат како тој изгледа. А јас пишувам за рајот, набљудувајќи го со години, уживајќи ја неговата недопирлива стварност, недоживеана приказна, прикажувајќи еднаквост кон секој ексцентричен поглед на моменталните опсесии.

Кристина Иванова, IV година СОУ „Богданци“ – Богданци Ментор: Соња Србова

19


Средни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД

П

оследна вечер што ја минувам тука, во прегратките на мојот убав и сончев град. Размислувам и се убедувам дека многумина на мое место би биле среќни затоа што ги чека нова околина, нова средина, можност за истражување и авантура. Таа нова средина отвара безброј нови пријателства и познанства. Но, не јас се борам со тешките чувства кои ме обземаат. Обивиена во сивило и мрак чувствувам дека срцето ми се крши на милион парчиња, божем дошол некој и го парчосал, а дали ќе успее некој да го среди? Почнувам да ги барам делчињата од мозаикот на моите сеќавања за да ја составам сликата на спомените за мојот роден Прилеп. Есенскиот ветер почна да ја врши својата работа. Чувствувам како ми помага и ми носи делчиња од мојот мозаик, а носи изгубени сеќавања, заборавени мириси, личности од минатото и многу, многу спомени кои будат копнеж по едно минато. Тие спомени нема да дозволам да избледат и ќе ги носам секаде со мене како топлина за мојата душа. Некои луѓе од драгите спомени не се повеќе во мојот живот, но сега и не е толку важно сакам да ви ја дораскажам мојата приказна за мојот роден град, а раскажувајќи да си ја составам најтоплата слика која планирам да ја понесам со себе на моето патување. Знаете, горда сум што сум се родила тука. Да, тука ги научив првите животни лекции, гордо се шетав со лузни од асфалтот и тука го почувствував вкусот на љубовта. На прилепските улици ги направив и првите грешки, незаборавното крадење на кајсии и цреши.

20


Јас и мојот град

Тука ја добив и првата петка, но бев учесник и во бегањето од часови и со возбуда им се придружував на останатите за да гледаме натпревари на ФК ,,Победа“. Безброј палавости се нижеа, брканици викотници до доцна навечер, а потоа следуваше строгиот прекор на мајка ми. Времето леташе и јас пораснав, а тоа време донесе и симпатии, па дојде и првата љубов, а со неа и разочарување. Ајде, да се вратам на мојата тема и да ви дораскажам зошто искрено го сакам Прилеп. Го сакам затоа што сум родена тука, затоа што едноставно тоа е местото каде што чувствувам дека припаѓам. Затоа што кога се движам низ плоштад кај пазарот во среда и сабота, мириса на риба. Затоа што има многу места за добра забава, а тука е и Могилата кое е место за дружење, прошетка и секако место на вљубените. Потоа го сакам Прилеп, поради Марковите Кули, место кое впило многу историја и сега гордо стои и шепоти за славното минато на мојот град. Кога си на врвот на Марковите кули го имаш Прилеп на дланка, и можеш да уживаш во чистиот и свеж воздух. Го сакам Прилеп и поради Саат-кулата, која кога ќе ја погледнам како да ми вели: „Ти тука припаѓаш“. Многу љубов носам за мојот град кој е град на фонтаните, а тие будат воодушевување и возбуда кај многу туристи во градот. Полека и полека го составувам мозаикот, а ми фалат делчињата кои носат спомени од празникот Свети Никола и Прочка време кога сите заборават на проблемите и едноставно се препуштаат на празничната магија. Сите сме среќни и по малку пијани од чувствата на среќа и од пиво на фестивалот на пивото Пиво-фест, кој се случува во мојот Прилеп. Го сакам Прилеп и заради мирисот на липите на неговите улици и булевари, кои пак во есен ја дават најубавата слика на која секој уметник би ѝ завидел.

21


Средни училишта

Чувство на љубов кон тебе Прилепе буди и мирисот на тутун кој царува по твоите улици секое лето. Те сакам затоа што растеме заедно и затоа што и ти ме сакаш. Еве сум на крај ја склопив мојата најубава мозаична слика, која зрачи со чувства и топлина и ти ветувам граду моја сакан каде и да сум, што и да имам, ниеден град нема да ми подари таква слика како ти и нема да ми ги даде овие чувства на припадност, топлина и среќа како ти. Те љубам Прилепе мој!

Елизабета Антевска II 2 СОУ Ристе Ристески - Ричко, Прилеп Ментор: Андијана Челебитова

22


Јас и мојот град

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Под ова небо, под ова сонце во твоето срце се родив јас и растев среќна со твоите песни еј, сакан граду го слушам твојот глас. А Водно како заљубено момче со векови гордо како стражар стои, раскажува тајни за времиња тешки и маки и радости тоа брои. Те газел душман и огин те горел во прав и пепел завиткан си бил, но растеше гордо со нашите песни се гордеам со тебе граде мој мил. Еј Скопје мое, мое око сино во срцево детско те носам јас, кај и да одам пак ќе се вратам на Вардар шумот да го слушам в час. И песната нека биде брод до брегот на моите сни, со љубов ќе те бранам еј Скопје мое, бисеру балкански. Мифтарова Мерлина III2 клас СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје Ментор: Миле Величковски

23


Средни училишта

Јас и мојот град

Т

огаш кога сонот ќе ми каже добро утро, мигот кога есента неосетно ќе ми се вовлече под кожа, а утрото ќе ги открие новопожолтените листови што за последен пат ќе го видат сончевиот изгрев, тогаш се будам во собата на куќата од населбата во моето гратче на кое географијата му дала многу помалку одошто му зела граматиката. Денот и животот ме носат по исти патеки. Секое утро го пречекорувам прагот од дворната врата. Внимателно газам на нерамните плочки на тротоарот и продолжувам. На исто место секогаш ме дочекува ореовата крошна со лузни што £ ги направиле годините, а малку понатаму на малото столче во дворот, пред уште петлите да запеат, истата старица го дочекува будењето на градот. Порано или подоцна во утрото се завртуваат клучевите во бравите. Илјадници веќе износени или штотуку купени, високи, рамни, скапи и купени на попуст, различни броеви чевли поминуваат по повеќе или помалку здравиот асфалт. Еве ме и мене, патики со висок ѓон, се обидувам да се пробијам низ утринското брзање. Менувањето на светлото на семафорот и украдениот миг да поминам преку белите ленти, кога тоа не смеам да го правам, како и последните мигови кога трчам да ја стасам минутната стрелка пред училишното ѕвоно, ме потсетува дека денот веќе почнал. Животот почнал, а јас тонам броејќи ги часовите до пладне. Градот се капе во спокојна светлина и ги раскажува разговорите кои некој ги оставил во тајност во утринскиот метеж.

24


Јас и мојот град

Битката во стомакот со гладот, диетата што почнува од следниот понеделник, или од утре, како и попладневниот „одмор“ ме поврзуваат со пријателските средби - намерни или случајни. Се мешаат миговите и луѓето, приказните и трачевите, се меша чорбата или се пече пилето за ручек. А каде отидов јас, ах, сигурно веќе имам ручано и сега го оставам желудникот да си ги изврши своите рутински ритуали и £ се покорувам на попладневната дремка. Повторно сè нешто околу мене се движи, градот никако не мирува, а веќе мракот се меша со чадот од оџаците и со себе ја носи ноќта, таа го буди утрото, тоа повторно заспива со неа и секое одново и одново повторување отстапува од законот за осцилации. Ништо не е исто, ништо не е повторливо, колку и да изгледа секојдневно и еднолично. Јас и моето гратче продолжуваме да чекориме низ животот, ако се сопнам тоа е секогаш тука да ми даде „фластер“ и да продолжам понатаму да чекорам кон нови предизвици, да ме потсети дека е тука и секогаш ќе остане во моите мисли и замисли, моите желби и остварени соништа.

Наталија Илиевска , СОУ „Методи Митевски Брицо“, Делчево Ментор: Димитар Стојановски

25


Средни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Уште кога се родив, ја видов светлината твоја Прекрасната зелена боја со мирисот свој Знаев, тоа е градот мој! Срцето трепереше, Љубовта се зголемуваше, очите ми светеа со сјај Да, тоа е мојот роден крај. Делчево, сите го сакаме твоето небо сино, Твојот вкусен леб и црвеното вино Свети твоето сонце над нас За нашата земја има спас. Во рацете на Турците си бил Тогаш познат како „Царево село” Но борбата и храброста на нашите борци се виде, Се бореле за слободата твоја Затоа што градот наш заслужува мир а, не да се разлева вир од солзи. Ќе платат сите за сè што сториле И болката на нашиот народ што ја повториле. Но ние не се предаваме толку лесно Отсекогаш сме се бореле и ќе се бориме чесно! Ги гледам спомениците за паднатите борци и Гоце Делчев Тагата сама ми доаѓа, паѓа и првата солза Но од плачење нема полза Се сеќавам на зборовите на прадедо ми, 26


Јас и мојот град

На болката што тие ја имале И судбината што во душа ја примале. Не, нема да згасне сонцето што свети Јас на мојот роден крај љубов му ветив секој нека се сети овој убав град во нас радост буди и секој треба по нешто да понуди. А, реката Брегалница непрестано тече и со себе многу спомени влече го дели градот на делчиња две прекрасно е сѐ, но треба и чисто да е зар не!? Планината Голак горда молчи, не збори ја пушта мислата за неа да се рои и само очите да ги впиваат убавините пропратени со силните воздишки свои. Гордоста за Делчево нема крај, за другите е мало место, но за мене е царство на кое се восхитувам со сета моја сила. Сонцето надвор блика, некој глас од душата полека вика Да запееме на глас, да славиме за Царево село во овој час. Во овој град се сака, секому можеш да подадеш рака јас и мојот град споделуваме порака што од срце се праќа да го изговориме името на градот со насмевка чиста иднината во овој град да ни биде бистра. Кети Ангеловска СОУ„М.М.Брицо”-Делчево Ментор: Димитар Стојановски 27


Средни училишта

ГРАДУ МОЈ Од искони до денес, од ропство до мир, растел и се разубавувал, мојот град Гостивар. Бил осамен и тажен, бил ранет и крварел, тагувал народот, плачел, кон небото кревал раце. Од небото барал спас... Се смилувало небото, им вдахнало сила и храброст, ропски пранги скинале, раните ги залечиле. Братски сплотени ко еден, рамо до рамо, брат до брат, различни по вера, но исти во душа. Современ град изградиле, со паркови, факултети, болници, сложно, братски сплотени, кон подобро утре свртени.

28


Јас и мојот град

Гледаат кон иднината, но и назад се свртуваат, паметат, не забораваат, од ништо нешто создале. Горда сум граду мој, што чекорам по улиците твои, што за свој те имам. Те сакам граду мој, вечен да си со народот твој. Симона Цветкоска IV 2 клас СЕОУ Гостивар Ментор: Габриела Петроска

29


Средни училишта

Јас и мојот град

1

Мојот град има широки улици и булевари. Мојот град има тесни сокачиња и назабена калдрма.

Мојот град има високи згради и солитери. Мојот град има трошни куќарчиња. Мојот град има историја. Многу војски минеле тука. Некогаш бил и престолнина. На Гаврил Радомир. Мојот град има и цркви и џамии. Некогаш имал и синагога. Во мојот град има различни гробишта: православни, влашки, француски, германски, српски, еврејски, турски. Што значи дека многу луѓе со различна националност и вера умирале тука. Некои и се раѓале тука, во овој град, шеретски потпрен на планината.

2

Една од џамиите во мојот град се вика Чауш-џамија. Во неа е пронајдена камена плоча. Наречена е Битолска плоча. Датира од 1017 година. На неа пишува дека тврдината се подигала со помош на Богородица. Пишува и тоа дека градот е посветен на светите апостоли. Кога разбрал за смртта на Самоил, во мојот град пристигнал Василиј Втори. Ги запалил дворците на Гаврил Радомир, но не успеа да го завземе градот. Еее, не се предава така лесно мојот град. Потоа Јован Владислав ја обновува тврдината. Во дванаесеттиот век во мојот град се јавува значаен ракопис пишуван со кирилски букви, но и со глаголско писмо. Долго време е негувана кирилометодиевската традиција. Ракописот е наречен 30


Јас и мојот град

,,Битолскиот триод.“ Се смета дека го напишал граматикот Георги од селото Вапа. Во 1395 година загинал Крале Марко. Истата година мојот град паѓа под османлиска власт. Никогаш градот не се предаде. Во црквите и манастирите живееше и глаголицата и кирилицата и духот и јазикот на народот и гордоста и непокорноста. Градот знаеше и од маката и од ропството да излезе посилен. Да зајакне. Само така можеше да преживее. Знаеше да се прилагоди и така да издржи и да не се претопи. И еве еден силен доказ за тоа. Во 1802 година некој поп Данаил од Москополе напишал речник со четирите јазици што се употребувале во градот во тоа време. Митрополитот Нектариј бил тој кој го помогнал издавањето на речникот со подршка и со пари. Во мојот град секогаш имало блескави забави и темни зандани. Во мојот град секогаш имало револуционери и борци, но и кодоши и предавници.

3

Во мојот град има еден парк. Се надевав дека ќе се прошири. Имаше можност за тоа. Се надевав дека ќе се направат патеки, дека ќе се направат детски игралишта, или спортски терени. За сето тоа би имало доволно простор. И тоа како, без проблем. Но, решија да градат згради. Ќе ги срушат дрвјата кои се тука со децении, дрвјата во чиишто кодови е зачувана историјата на градот. Бетонот, асфалтот и стаклото ќе го избркаат зеленилото и кислородот. Велат дека становите ќе бидат комфорни и убави. Без воздух, изникнати како бетонски печурки. Да му е мерак на човек да умре во нив. Зошто градат станови? Богатите веќе имаат доволно куќи и 31


Средни училишта

станови, а сиромашните и онака не можат да ги купат зашто немаат пари. Да ви кажам уште нешто сериозно. Нешто што ме плаши. Во соседниот блок има неколку нови згради. Преку денот, високи и елегантни, во стакло и убави бои, изгледаат отмено. Но ноќе, повеќето од прозорците се затемнети. Во тие станови не живее никој. Можеби некој глушец или бубачка. Ги купиле оние на кои не им требаат, со премисла дека ќе се најдат за идните поколенија. За оние нови генерации кои секако ќе доаѓаат и ќе запишат прво одделение во учебната 2201/2202 година. Зошто сум против бетонот и асфалтот? Ќе ми речат дека тоа било нормално ако живеам во Њујорк или Лондон на пример, или некој друг голем град. Но јас не сакам да живеам во Њујорк, Лондон или некој друг голем град. Ова е мојот град и јас сакам да сум дома. Можеби и не би ми пречеле толку зградите, секој има право на дом, каков-таков. И има право на свој живот и своја интимност. Мене, всушност ми пречи бесцелноста. Во мојот град се раѓаат сè помалку деца. Болницата во градот има потреба од проширување на сите болнички одделенија, освен онаму каде се раѓаат децата. Во градинките и училиштата има место колку што сакаш при упис во новата школска година. Нема ученици. Многу мои врсници размислуваат да заминат во странство. Таму било поубаво. Можеби е тоа така, а можеби и не е така. Сеедно, размислуваат да заминат. Кога ќе се вратат, ќе си купат не еден, туку два стана. Да имаат каде да преспијат кога се тука. И пак да се вратат во другите држави. Средени и хигиенско стерилни земји каде велат дека ептен им е убаво. Така, тивко умира мојот град. 32


Јас и мојот град

4

Климата, велат е променета. Летата се жешки, зимите студени, а пролетите се кратки. Сандалите ги заменуваат чизмите. Она малку пролет што ќе дојде, започнува од градот и се шири кон планината. Затоа пак, есента доаѓа од планината. Ќе се спушти прво во нивите, потоа тивко низ покривите, неми ќе останат тревите. Не знам кога есента дошла во мојот град, тука е веќе многу години. Некако заборавила да си замине. Минуваат години, се менуваат годишни времиња, а таа не заминува. Ја бркаа на различни начини: правеа шарени карневали, достоинствени фестивали, градеа згради, држеа срцепарателни говори, пееја пригодни песни, ораторите ја дадоа цела своја вештина. Ама ништо. Есента останува и не сака да си замине. Стои во градот мирна и непоколеблива. Не покажува никаква намера да замине. Есента може да замине единствено на два начина: Првиот е кога ќе дојде зимата, со вечен снег и мраз ќе го окова градот и тој ќе биде само дел од падината на блиската планина. Со децении нем и глув, додека и самиот не стане само парче мраз. Вториот начин ми го кажа една жена која на Владислав му помагаше во поправката на бедемите: ,,Есента бега како кучка попарена, кога ќе слушне бебешки плач или детски џагор.“

Марија Јовчевска СОУ „Јосип Броз Тито“ II-3 - Битола Ментор: Слаѓана Тасевска

33


Средни училишта

Јас и мојот град

Ј

ас и мојот град... Тоа ти е, пријателе, една необјаснива конекција. Трае веќе 15 години и толку сме си прираснати за срце што, верувај ми, го познавам ко човек, ко мој близок пријател. Да го вдишеш Кавадарци, тоа значи да ги наполниш своите гради со полуориенталност, срдечност, домаќинство, традиција... Не знам колку добро ме сфати пријателе. Вака: за да ме разбереш, персонифицирај го градов. Замисли си пред тебе една млада девојка, претстави си ја облечена во нешто традиционално и конзервативно. Накити ја со гранче винова лоза и дозволи ѝ да ти принесе чаша кавадаречко вино. Ох, пријателе, кажи ми дека го почувствува вкусот на блаженството и спокојот кои по малку навраќаат во минатото и те потсетуваат на онаа старинска гордост. А ја имаме во изобилство. Таа и нашиот патриотизам си течат во вените на кавадаречката крв- практично сме задоени со нив. И не, ни оддалеку не велам дека тоа е застарено, дека Кавадарци спие во минатото. Не, немој погрешно да ме разбереш. Само ти ја објаснувам нашата традиција. Ние добро ја познаваме нашата историја и сме горди на неа, а нашата иднина...? Зависи од нас, а ние сме просперитетни и понекогаш дури и премногу алчни за напред, за нови успеси. Е сега, кога веќе почна да ме разбираш и кога се заинтересира за таа убава девојка, дозволи ми да ти ја претставам. Поради некоја причина, колку позната, толку и интригантна, моево Кавадарци ме асоцира на есен. Овде сите годишни времиња зрачат со посебен сјај, но есента... Пријателе, ако не си ја видел кавадаречката есен си пропуштил навистина воодушевувачка слика. Композиција на Хендел вдаховена во топлината која ја чувствуваш во срцето секојпат кога ќе поминеш по улица. Ги гледаш собрани семејството и соседите како 34


Јас и мојот град

помагаат и го сплотуваат трудот правејќи вкусна зимница која ги крепи во студените зимски денови. Ги гледаш и вредните кавадарчани распрснати по лозјата како ги берат и последните гроздови - симбол на нивната целогодишна работа. Се враќаш во градот и го чувствуваш оној добро познат остро-благ мирис на вино и варена ракија. Ова ти го велам, пријателе, за да знаеш зошто не викаат град на грозјето и виното. А за децата, за нив есента значи нов почеток и враќање во училишните клупи. Би ти раскажувала уште за нашата есен, зашто за неа би изнашла уште илјада зборови, но да не должам многу. Ти пријателе сакаше да знаеш каква е врската меѓу мене и мојот град. Сега кога знаеш како јас го доживувам ќе ти биде полесно да го сфатиш следново што ќе ти го кажам. Реков дека градот ми е пријател и ти секако мислеше дека сум метафорична, но пријателе... Навистина, тоа што го реков е точно, затоа што овде е мојот дом, местото каде што сум сигурна и каде се моите блиски, моето семејство. Овде се моите пријатели, мојата љубов, мојата среќа, мојот мир. Овде се моите места, местата на кои ја снемува тагата, ти се бришат солзите, усните ти се развлекуваат во спонтана насмевка кога ќе надојдат спомените. Кога ќе те преплават новините и откритијата... Малите нешта кои биле тука секој ден, а ти токму денес ги забележуваш... Не можеш да живееш монотоно. Самиот град те тера да пулсирате во ист ритам и да запловиш во уживањето. Ова се само дел од нештата поради кои го сакам мојот град. Можеби фразата„само дома си е дома“ е клише, но не постои залудно. Сега навистина можеш да ја разбереш. Дојди, пријателе, посети нè. Ослободи си ја душата од напнатоста и увери се во моите зборови. Почувствувај ја топлината. Кавадарци се восприема со сите сетила. Биди сведок на оваа убавина. Посети нè за време на Гроздоберот... Ќе го засакаш и ти ова мало место со големо срце.

Изработи: Крстевска Драгана I5 СОУ: Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци Ментор: Кочо Кочов 35


Средни училишта

Јас и мојот град

Ј

ас и мојот град, во моментов тоа е централен пејзаж во мојот ум. Јас и Скопје, љубовна приказна. На прагот од моето полнолество, на прагот од мојата официјална зрелост, јас ја одминав фазата на вљубеност во Скопје и сега знам дека го љубам Скопје. Да сакаш некого тоа значи дека го сакаш со сите негови добри и лоши страни. Но да сакаш значи и слободно да ги воочиш и да се обидеш да ги поправиш неговите лоши страни, да ги отстраниш неговите слабости.

Вистина е, ниедно место на светот не е како домот. Да гледаш е едно, да видиш е друго. Од Скопје има многу поубави градови на светот. Но моето срце забрзано чука само кога после некое патување се враќам во мојот град, во моето Скопје. Сакате да знаете за историјата на мојот град? Ве молам затворете ги историските читанки. Дозволете ми да ве поведам на прошетка низ Скопје додека неговите улици и стари градби немо, истовремено и громогласно ќе ви ја раскажат историјата на мојот град. Скопје е место каде се среќаваат, ракуваат и испреплетуваат минатото, сегашноста и иднината. Град без река е како човек без крв. Вардар е крвоток на Скопје, тој тече низ срцето на градот. Таму каде реката ја напојува земјата жедна, Стариот камен мост и неколку нови мостови го красат Скопје и го поврзуваат стариот и новиот дел на градот. Уморното, подготвено за залез сонце расфрла сребро по водите на оваа река и им вдахнува душа на новите градби кои со метеорска брзина никнат крај неговиот брег. Чекорам по Камениот мост им се препуштам на чувствата и уживам во зедничките мигови кои ги споделувам со мојот град. Стара скопска чаршија, тоа е приказна сама за себе. Овде зборовите имаат бои, мириси и звуци. На ова место сите емоции се дозволени а срцето и душата се секогаш во право. Во старата 36


Јас и мојот град

скопска чаршија истокот и западот, христијанството и исламот хармонично се испреплетуваат покажувајки и докажувајки дека во разликите лежи скриено богатство и убавина. Убавина е сето она што ни ја збогатува душата. Скопје неуморно потсетува дека културата ја создава цивилизацијата. Човечката цивилизација ги прави народите ранливи бидејки индиректно ги учи да се сомневаат во себеси. Скопје не го става своето достоинство на коцка. Скопје е чувар на својата гордост. Во овој град пулсира во ритамот на срцето, скапо платената слобода. Слободата е суштина и дух на човековото постоење. Меѓусебен респект, разбирање, толеренација, пријателство, тоа се базични потреби – патокази на луѓето од сите меридијани, времиња и генерации. Скопјани го знаат ова и непрекинато го надоградуваат своето знаење на овие теми. Се искачувам на скопското Кале. Оваа тврдина е една од најстарите градби – споменици во мојот град. Години на страдања, труд, љубов, солзи и радост се вложени во изградбата – раѓањето на ова здание. Ова здание е нем сведок на значајни настани од животописот на Скопје. Спомен на изминатите денови, победи и порази, но и потсетник дека утре е нов ден. Секоја сегашност во себе содржи многу минато. Празни како пустина се државите, градовите и луѓето кои немаат свое автентично минато. Тажни и несреќни се државите, градовите и луѓето кои се заробени во своето минато. Мојот град загледан во иднината ја рефлектира сегашноста која во себе со респект ги носи и чува деновите изминати. Скопјани знаат дека кој не памети болка, повторно преживува болка. Скопјани паметат. Во градскиот парк сум, ова место е пристаниште на мирот, тишината но и на воздишките на младите вљубени двојки. Во денешните тешки и опасни години на живеење, кога добрината се мери на грамови, Скопје нуди љубов и пријателство во огромни количини. Од крстот на Водно се гледа Скопје под прекривката на ноќта. Од ова место се простира еден од најубавите погледи на градот. Лицето на мојот град изчезнува од зоната на светлината на сонцето и се претопува во шаренилото на сенките под месечевата светлина. И додека ноќта тивко на прсти како крадец се спушта на градот 37


Средни училишта

илјадници вклучени светилки го бојат Скопје во таинствените и волшебни бои на ноќта. Овој поглед душата ја чисти, на волјата сила £ дава. Го гледам Скопје, надоаѓа момент кога како низ отворен прозорец ја гледам иднината пред себе и како животот совршен би можел да биде. Понекогаш вреди да се оди сам против сите, спротивно од уверувањата и размислувањата на другите, сам против ветрот. Мојот град е на забрзан курс во кој треба да научи како да им пружа закрила на силните индивидуалци. Ме опкружува атмосфера на блискост и животна радост додека исполнета со оптимизам, потпрена на силата на своите чувства и внатрешна енергија забрзано чекорам низ улицата Македонија, каде во едно од бројните кафулиња ме чекаат моите другари. Додека минувам крај споменикот на скопјанката Мајка Тереза ме обзема чувство на гордост што моја сограѓанка била жена чие име е светски симбол за хуманоста и човечноста. Овој град порачува: „Отвори го своето срце и кажи ми се за тебе човеку.“ Никаде не сум се чувствувала слободна како во прегратката на Скопје. Скопје е град со стара и нова, со убава и помалку убава архитектура на градбите, но многу поважна, најважна ми е богатата – раскошна духовна архитектура на скопјаните. Топлината во очите, насмевките на овие мудри и кротки луѓе, се најубавиот спомен кои патникот ќе ги понесе со себе. Скопје за секој добронамерен човек, за секој добронамерен гостин отвора врата, отвора срце и пријателски подава рака и посакува добредојде. Следете ја мапата на љубовта и пријателството, таа непогрешиво ќе ве доведе во Скопје. Еден ден кога утре ќе биде вчера, еден ден кога сегашноста и иднината ќе бидат минато, ова ќе биде сведоштвото на тема, јас и мојот град, јас и Скопје љубовна приказна што има почеток, но нема крај.

Сара Урошевска IV г СУГС „Кочо Рацин“, Скопје Ментор: Јасмина Стојановиќ 38


Јас и мојот град

Јас и мојот град

О

д полураспарчената кутија го вадам стетоскопот. Го ставам на ушите и полека звукот од живоста од мене продира во нив. Со секое отчукување го чувствувам животот поминат на погрешна фрекфенција. Очигледно јас и градот ги имаме завртено антените на различни страни. Дали мојот град навистина е домот на моето детство и мојата младост? Како да го присвојам, како да кажам дека е мој кога со секое мое отсуство ги полнам моите батерии со енергија, којашто ќе ми биде потребна да се справувам со црно-сивата атмосфера што владее. Колку посилно го чувствувам и слушам секое отчукување на срцето, толку сликата ми станува појасна. Се наоѓам на терасата. Со погледот го следам зајдисонцето и го вдишувам воздухот кој за чудо има недефиниран мирис на комбинација од чад и раскиснат отпад. Чекорам замислено по раскопаната улица. О, не! Пак згазнав во истата дупка полна со вода. На раскрсницата ги гледам малите деца како со „тонски” ранци трчаат преку улицата додека семафорите не работат во најфрекфентните часови од денот. Се враќам до чешмата да ја исчистам патиката од калот, но одвртувајќи ја славината се сетив-нема вода! Бесконечни расправии за цената на водата. Се разочарувам и заминувам. Ја подигнувам главата кон уличната светилка, која што води борби долго време, дали да престане да светка или пригушено да го осветлува делот од улицата и тоа да биде ноќното примирје. Од еден двор слушам како му солат памет на едно дете: „Како си смеел да си играш со тие распарталени, обоени деца! Уште еднаш да не ти се случи!“ 39


Средни училишта

И твоето дете има две очи и две уши како и „обоеното”, нема никаква разлика. Билборди, реклами, соопштенија, работилници, флаери и што сè уште нема за организираната меѓуетничка соработка, којашто тешко ќе ја доживееме некогаш. Ноќниот живот е посебно поглавје во оваа заборавена книга. Секој викенд е копија на претходниот. Поврзани се со бесконечно индиго. Мислата: Не е важно каде си, важно е со кого си, дефинитивно го губи своето значење. Со погледот шетам во околните кафулиња. Толку познати лица, толку млади луѓе на едно место. Толку жалење за тешкиот живот и трачеви за тоа кој што купил и каков имот имал. Реткоста на квалитетниот карактер, смислата за хумор и заедничкото мислење висат на конец, кој одвреме – навреме ќе се заплетка. И полека се враќам. Во три часот наутро ги гледам соседите како седат до прозорец за да дознаат поубаво што се случува во соседниот двор. Нема никаква приватност. И ролетните да се спуштени, ќе ги впрегнат сите сили за да те откријат. Толку малку детали коишто го прават градот да биде примамливо место за живеење. Да биде гостопримлив домаќин на своите жители. Проблемот е во големината. Во непријатноста на малиот град во кој што меѓучовечките односи се базираат на измислување приказни. Какво организирање, какво функционирање? Можеби и градот не е виновен, можеби е до луѓето. Кој е виновен за моите мисли? Природата трпи, асфалтот пука, луѓето доаѓаат и си одат. Каде е иднината, чии раце треба да се одврзат за да се телепортираме за некој век понапред од векот на мојот град, затоа што неговиот век и векот на светот воопшто не се поклопуваат. Подобро да ни кажеле дека сме сами на овој свет, за да не се надевам на нешто подобро. Моето множество на интереси и 40


Јас и мојот град

множеството можности кои ми ги дава градот немаат заедничка унија. Личната карта на мојот град Мотото на градот:

Планирај кого да контролираш и организирај го.

Идејата на градот:

Постојам за да ве избркам во неповрат.

Хороскопски знак на градот:

Балканец.

Пораката на градот:

Немој да бидеш тоа што си, биди тоа што не си.

Бргу го враќам стетоскопот на своето место и полека погледнувам околу себе. Да. Истите четири ѕида, истиот поглед од прозорецот - Сега се родив во овој град и никогаш повеќе!

Тамара Николовска IV-3 СОУ „Перо Наков“ Куманово Ментор: Фросина Крстевска

41


Средни училишта

Јас и мојот град

П

оследните неколку години почнаа да ми се појавуваат црнила по телото. Црни, ужасни кругови. Ги мијам, тријам. Не излегуваат.

Одблизу изгледаат како отсечено парче кожа, па збрчкана, се обидела да се спои, да зарасне. Но, нема крв, само црно. Нема ни болка… Бев на лекар. Среќа што не ме испрати на психијатар. Ми рече немало ништо. Упорно му ги покажував, тој рече: „Девојко имаш сериозен проблем, немаш никакво црнило на кожата, твојата кожа изгледа како секоја нормална кожа.” Тоа се случи и со неколку пријатели на кои им се доверив. Потоа одлучив да ги занемарам. Но се појавуваа нови, старите стануваа поцрни. Знаете како е кога некој проблем се плашиш да го решиш, па го оставаш настрана и се обидуваш да научиш да живееш со него. Ама тој упорно ти навлегува под кожа, ти излегува пред очи... е па мене денес ми излезе на срцето. Огромна црна дамка на градите. Небото е сино. Можеби кога е такво ми се појавува по една нова дамка? Не, не. Можеби кога се плашам да не изгубам некоја личност од мојот живот? Не е ни тоа, чувстувам. Конечно се осмелив да ја допрам. Ги затворив очите и ја ставив раката на срцето. Слушав детски гласови. Не е можно. Ги отворив очите тргајќи ја раката истовремено. Седев во мојата соба и немаше деца околу мене. Охрабрена од претходно, ја повторив истата постапка.

42


Јас и мојот град

Сонцето изгреваше на исток. Десетина деца на игралиште и една топка по која сите трчаат. Нема правила. Сите се смеат. На страна седнати девојчиња со врзани косички, со кукли во рацете. Чукаат раце кога некој ќе даде гол. Топката лета накај мене, стојам сама, највозрасна од сите. И таман да ме удри во лицето ги отварам очите. Тоа е нашето маалско игралиште, сега се сетив на него. Тоа е местото на кое денес има една голема зграда. Зграда која ги уништи нашите сонови за стадион. Нашите дрвени стативи. Клупите со камења и даски. Зграда која ги заѕида темелите со спомени од нашето детство. Не им верувам на своите очи. Изморена сум. Работам, учам. Немам време, морам да станам. Станувајќи се фаќам за црната дамка на раката. Сега е пладне. Првачиња одат на училиште. Поминуваат покрај Проевскиот парк. Трчаат да се качат во автобус, интересно им е. Нема ни за што да се задржат, градскиот автобус е преполн. Баби кои се враќаат од бања, пензионери, мајки со деца кои се шетале во паркот и многу ученици. Сите се туркаат. Ах, па тука сум и јас. Носам зелена јакна и стојам заедно со другарките. Им раскажувам нешто. Се симнуваме од автобусот и одиме кон училиштето. Јас одам прва заедно со мојот помал брат кој го држам за рака. Се губам во толпата ученици. Ги стискам очните капаци со желба да останам таму, да видам што ќе се случи. Да се потсетам на школскиот двор, на сите игри кои ги играв таму. На сите песнички научени во училиштето. Но нема ништо. Сега пред очите ми е новиот училишен паркинг. Нема ни лулашки, ни лизгалки. Сето тоа е однесено некаде, заедно со заборавот. Го нема повеќе ни градскиот автобус со број 5 кој секојдневно минуваше пред мојата куќа.

43


Средни училишта

Како мала се сеќавам седев со денови и чекав да помине, да мавнам на некоја стара бабичка, но го немаше. Потоа заборавив и дека постоел. Сè до денес како гас и ја допрев раната. Заборавив и на мојата работа. Интересно ми беше да се навраќам во минатото допирајќи ги црнилата на моето тело. Jа гледав старата спортска сала во која научив што е победа, а што пораз. Ѕидчето на кое првпат излегов. Плоштадот со камени коцки. Се сетив и кога татко ми ме носеше на турнир во Соколана. Кога дедо ми ме возеше на велосипед по калдрмата на Трета Македонска Ударна Бригада. Но сите тие слики беа пригушени во магла. Не можев јасно да ги видам сите тие места, само така, по нешто што останало во сеќавањето. Кога ќе ги отворев очите можев јасно да гледам Новиот булевар, скоро уништениот кеј покрај загадената река, оградата поставена на ѕидчето за да не може некој да седи. Дури и плоштадот со нови споменици од кој извира омраза помеѓу етничките групи. Кучиња скитници на споменикот Костурница и илјадници нови згради и куќи на нашите игралишта. Конечно сфатив што биле тие црнила. Се викаат носталгија. Одат заедно со прашањето - Кога ќе почнеме да го цениме она што го имаме и ќе се потрудиме да го сочуваме? До кога свесно ќе ги уништуваме сите наши места, ќе ги погребуваме нашите спомени? А и јас се прашувам, што ќе биде кога целата ќе бидам со црнила? Како ќе се погледнам во огледало без да се видам себеси. Ќе гледам црна сенка која никогаш не се потрудила да го спречи она што пропаѓа.

Мартина Накевска IV-5 СОУ„Перо Наков” - Куманово Ментор: Фросина Крстевска 44


Јас и мојот град

Јас и мојот град Што е тоа, мало, скриено под пазувите на големите градови на Балканскиот полуостров, и мирува во дланките и чистотата на неговата мајка? Што е тоа, што лесно се витка на удар од тупаница, и наликува на згмечена, фрлена, светкава, полупразна лименка од „нашето најдобро“? И што е тоа, чиј нечист воздух те одржува во живот, и ти ги прочистува белите дробови, што те чува заробен, заврзан, во ланците на носталгијата, кои не ти даваат, да им побегнеш? Тоа е наше Скопје, Скопјани, со секој сантиметар од неговата убавина, со секој човек во постојаната гужва, и со моќта да те заведе, освои со својата слаткоречивост, харизма, и начинот на кој те познава подобро од кој било. Ирина Банишка СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје Ментор: Боцевска Љупка

45


Средни училишта

Јас и мојот град

С

копје, град на секојдневни промени, сопственик на сечии приказни. Поминат ден во Скопје е вистинска уникатност, разбрануван поглед на општеството во сите класи, од злато до прав, од восхит до страв. Тоа го прави посебен овој град, распарчен од тивкиот и непресушлив Вардар. За некој чекорењето во Скопје е мака, за некој, пак, обична леснотија.

Во потрага по совршенство јас би се упатила во Скопје, но не поради изгледот на градот, туку поради мојот живот кој Скопје ми го подари. Сум видела секакви градови со прекрасни архитектури, кули и мостови кои ме оставиле без здив, но прошетката низ Скопје е нешто поинакво, неописливо. Сликовница на моето минато, секоја клупа и секоја уличка тивко раскажува по некоја приказна. Кога чекорам по тие места како некој да ми дозволува повторно да се навратам на некој момент и одново да го доживеам истиот. Како повторно да можам да го почувствувам мирисот на првата љубов во скопскиот воздух. Едноставно оживуваат моментите за кои одамна сме мислеле дека умреле. Можеби да се пронајдам себеси во него ќе биде еден од најтешките предизвици во мојот живот. Кога молчам Скопје зборува за мене, ги знае сите мои падови и сите победи, знае каде прв пат се заљубив и каде ја пролеав првата солза. Ниедно друго место на светов не може да ми го долови тоа чувство, бидејќи Скопје е сведок на сите мои незаборавни моменти и доколку некој ден животот ми постави прашање дали би се откажала и би заминала од Скопје, со сигурност би одбила, бидејќи во спротивно би се согласила да го заборавам своето детство и сите спомени кои живеат во прегратките на Скопје.

46


Јас и мојот град

Градов може да биде рај за секој кој знае од која страна да го погледне. Каде и да одиме во иднина, дури и на крајот на светот, Скопје засекогаш ќе ни ги чува спомените и после децении со само една прошетка, тој ќе ни ги раскаже нашите моменти и повторно ќе ни дозволи да се навратиме во моментите кога сме биле нераскинливо поврзани со овој град. Сигурна сум дека животов не би можела да го раскажам на ниедна златна страница и со ниедно златно мастило толку добро како што можат да раскажат улиците на Скопје.

Сара Цветковска – III-4 „Васил Антевски - Дрен“, Скопје Ментор: Соња Панева

47


Средни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД

С

копје е градот во кој се родив и раснам... градот во кој би сакала и последните денови од мојот живот да ги поминам. Станувајќи среќно девојче најпрвин играјќи жмурки, плочка, брканица по неговите улици, трчајќи низ неговиот најубав парк, играјќи се во дотраените, но замене волшебни играчки во лунапаркот а потоа излегување во дискотеки и денгубење со другарките на кеј... а тој... ден низ ден стануваме метропола... станува преубав град. Се гордеам со мојот роден град, светлина и закрила на мојата душа. Се навикнав на сите мани на овој град. Се навикнав на неиздржливата гужва, се навикнав на неодговорноста на граѓаните да фрлаат отпадоци низ целиот град, се навикнав да се возам во приватните автобуси што се пред распаѓање но уживам кога се возам во новите двокатни автобуси на ЈСП, но се прашувам колку долго ќе останат „нови“? Во него почнаа да ми се случуваат најубавите работи... сите спомени ми се од овој град: го сакам неизмерно и среќна сум што се родив во Скопје. Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4 000 години п.н.е.! Кој ќе се пофали со ваков податок за својот град? Колку ли богата историја кријат ѕидините на Калето, калдрмата на Старата скопска чаршија, Камениот мост... знам дека ни позавидуваат туристите намерници за нашата богата културно-историска етимологија: за исконското, традиционалното, архаичното, мистичното, вкусното, недопирливото, распеаното и разиграното семе посеано во секој скопјанец.

48


Јас и мојот град

Но... Се променивме многу, и двајцата... Имам само една желба... Да остариме заедно. Јас ќе седам на оние клупи покрај кејот и ќе го вдишувам мирисот од липите над нив. А ти, мој граду, продолжи да живееш заедно со новите генерации на кои сигурно ќе им прираснеш за срце како што беше и со мене. Знаеш, оваа песна секогаш ќе биде твоја химна: „Ова е само наше Скопје тука ни е сè овде сè дури сме живи ќе се враќаме“

Ангела Панева – III-10 „Васил Антевски - Дрен“, Скопје Ментор: Рајна Шопова

49


Средни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД

Ј

ас сум птица, и мојот град е кафезот, јас сум риба, и мојот град е аквариумот, јас сум пред сè човек, и мојот град е мојот дом. Каде сум се родил, израснал, каде сум ги запознал убавините и секој зрак светлина, тоа е мојот град-моето мило Скопје, го обожавам. Оној кој не сфаќа метафорички, дека јас живеам за него, нема зошто да се мачи да размислува.

И најмалото дете, со текот на годините го запознава градот во кој живее, дури може и самостојно да се препушти на слободата, и така низ лавиринтот на градот да го пронајде излезот. Но, кога би го пуштиле на друго место, нешто ново, сосема непознато за него, тој би се испреплетил во сите пајажини по ќошевите, и длабоко, тивко во мислите ќе си рече: -Каде си гратче мое? Тоа ни кажува дека и најмалото нешто е „загрижено“, ја има зајакнато својата доверба за сигурност. Јас тоа најчесто го споредувам и со мојата состојба. Како би се чувствувал јас, како средношколец, да излезам со непознато друштво, на сосема непознато место, досега невидено за мене? Со еден збор, би ми се треселе нозете, не ќе можам да контактирам, да реагирам или пак да се снајдам. Не само кај мене, тоа е кај сите така. Сега да се навратам на темата. Неодамна заврши летото, и главна тема на разговор беше дестинацијата на летување. Раскажувањето за поминатиот одмор, за Црна Гора, за Будва, Солун, Истанбул... сите беа толку многу накитени со пофални зборови. Секој си има мерак да го раскаже туѓото, но дали и нашето? За тоа ќе подразмислам малку. И до ден денес слушам како во Истанбул било преубаво времето, нивните споменици биле преубави, луѓето биле дружељубиви. Од друг слушнав дека Егејското Море било рај за сите луѓе. Па што, ние немаме море, но затоа имаме преубави езера, ние сме специфичен народ, полни со елан, со насмевки. 50


Јас и мојот град

Јас велам секогаш, дека како што сме ние гостопримлив народ, не е никој таков. Кога преку ден, по завршувањето на наставата, излегувам низ градот, и се восхитувам на нашава убавина. Насекаде паркови и зеленило, голем метеж, насмеани луѓе, млади луѓе, голем избор за убав живот...Тоа е слободата на секој човек. Мене најубаво ми е дома. Не мислам на тоа дека најубаво ми е кога сум затворен во мојот дом, туку кога сум слободен онаму каде што се чувствувам како дома. Затоа, народе мој сакан, сакајте си го својот град, бидејќи она што ќе ве направи горди, ќе биде моментот кога гласно и достоинствено ќе го изговорите зборот: „Скопје“. Мене ме прави горд и пишувањето на текстов, поради неговиот наслов: „Јас и мојот град“!

Душко Трифуновски – III-9 „Васил Антевски-Дрен“, Скопје Ментор: Соња Панева

51


Средни училишта

Скопје Во тебе сум роден Граду мој мил, И најубав од сите Каде досега сум бил. Со твојот Камен мост, И вековното Кале, Ти си град За кој многу животи се дале! Минатото зад тебе е, Сегашноста ја бие добар глас, А иднината се надевам, Скопје, Ќе ти бидеме другарите и јас

Ѓорѓи Илиев 1- 5 СУГС „Никола Карев“, Скопје Ментор: Станкова Снежана

52


Јас и мојот град

Јас и мојот град Чекорам по улици, замаглени видици! тоа есента, те обоила во свои бои, но, јас знам дека и таа руба, тебе ти стои. Тој ме прегрнува со својата прегратка и струи некоја чудна енергија. Ме расплинува, ме приграбува срце свое ми подарува, во мугри бескрајни. Станувам и го гледам, низ прозорец го следам, А... тој! Ми се насмевнува со златни утра. Потпевнува природата низ зеленила, тоа парковите се раздвоиле во сивила и ѕуни ѕуницата во зеницата на зенитот свој, додека бескрајот го зазорува градот мој. Тогаш, сакам чекор да следам тогаш, сакам низ него да прошетам! На најблиската клупа седнувам и со срце во срцето – мирно разгледувам. Знам дека тоа се моите декорации од бетон, улици и згради. И додека низ плаштот на живеењето минувам тој будно ми вели дека секој ден сè повеќе се гради сè повеќе оживува, низ деновите се подмладува а, мене полека кон зрелата младост ме разлетува. И еве ме... пак чекорам! Стапка по стапка разредена... откинувам! Уште многу есенски денови нè очекуваат во кои улиците на мојот град ќе сонуваат а, моите зборови заедно со него ќе римуваат! Ненад Крстевски 4-5 клас ССОУ „Коле Неделковски“, Велес Ментор: Мариче Стојанова 53


Средни училишта

Мојот град

К

ако солза тивко и без душа ползеше, се загледав во тебе не забележував што има околу мене, низ тебе гледав сè како прозорец низ кој ветрот борејќи се со тежината на земјата ја обликува мојата коса. Го гледав театарот, ја гледав прашината на уметноста на тие штици, ја слушав смеата на секој од нив, звучеа како безгрижно дете. Таа мелодија, таа сува песна ми се мешаше со жуборењето на водата, како да го поливаше секој звук што доаѓаше до моето глуво уво. Таа беше толку сина секогаш го барав небото во неа, но единствено што можев да здогледам е моето лице, а по него и голите малечки раченца како шлапкаат во неа, со секоја капка што леташе во воздухот ја цртаа детската радост. Дин, дон, дин, дон... ми се заматуваше мозокот, но звучеше мошне убаво како да сум во еден од светските познати градови, за момент бев на врвот на Ајфеловата кула или пак се замислував како засрамено ја гледам скулптурата на слободата. Нешто светкаво, нешто прекрасно допираше до моите зеници, нешто што ја расветлуваше целата душа, нешто каде човек се покорува, нешто што ја буди светлината во темнина, што го повикува денот во ноќта. Како да патував пребрзо, во мене секоја капка крв се движеше како да нема време за чекање, како на ред да дошол само последниот воз. Се гледав себеси како уморно седам потпрена на маса, а пред мене неколку реченици напишани со последни сили, се прашував каде сум, од каде беше тежината во моите нозе, потоа стигнав до некоја крива линија која развеселено ми шепотеше, беше упорна да ја најде песната во таа тишина. Се изгубив слушајќи, а ветрот повторно ме кубеше, како торнадо ме вееше во височините, се чувствував како пердув низ тие тесни улички. Додека моите коси лежеа заплетлано на моето рамо ги здогледав душите на тие заплеткани посребрени

54


Јас и мојот град

цевки полеани со река од солзи, преклопени со мост кој им даваше сила за понатаму. Повторно играа нотите во моето срце, погледнав наоколу како да ја барам трубата која беше достапна за мојот слух, ја следев реката која играше на таа мелодија, нешто се движеше, нешто кое без напор го минеше мостот на спомените кој за секој претставуваше предизвик. Како и мене да ме повлече со себе, наеднаш се најдов во центарот на сите овие случувања, сè повеќе се збунував како да вртам некој албум со фотографии, па секогаш налетувам на некоја нова слика. Како коњот да се тркаше во редовите поезија кои го прикажуваа лелекот на душите, а потоа како спокојот со свила да го покриваше целото негово тело и почна да игра со грнчарските дела. Ја погалив неговата глава, како да сакав да ги прочитам неговите мисли, а потоа сето тоа повторно ме врати назад во времето, во таа гужва што се ширеше по сокаците, во тие зборови што лебдеа во прашината. Падна, падна, мојата капка роса, мојата последна солза, мојата последна надеж, мојот последен филм кој постојано го гледав. Гранката полека се заниша а таа со задоволство го напушти зеленилото, како да беше последна надеж на земјата, а не моја. Изгледа албумот заврши, последната фотографија одамна заврши, но моето сеќавање секогаш ќе трага по мојот град.

Румена Шопова IV -2 Гимназија „Кочо Рацин“ Велес Ментор : Александра Стојановска

55


Во гради те носам - граду мој Постои еден град цел свет што го слушнал, Во земја една мала но знајна. Тој дланка е испружена ширно, Отворена, топла и без никаква тајна. Има нешто во мојот град, Ко магнет постојано што ме влече, И внесува немир во мене. Дал Вардар тука најлично тече, Или цвеќето никогаш не вене?! Од сите страни планини збрани, Го бранат него и тој нив. Реките течат, приказни редат, И ги раскажуваат дури до речниот слив. Погледни го качен на Костурница горе, За восхит и убост спремен биди. Тргни на Којник и по булеварите китни, Велес уште поубав ќе ти се види. Небо сино, бистра роса, И славеј што милозвучно пее, Училиште - цветот в коса, Градот мој топло ме грее.


Јас и мојот град

Среќна сум што живеам тука, Во градот на Рацин – поетот драг, Град на поетот кој творел, На таван со свеќа и темен мрак. Мојот град и јас сме нешто неразделно! Ние дишеме заедно, Ние живееме заедно, Ние сме едно...

Викторија Петровска IV клас СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин’’- Велес Ментор: Александра Стојановска

57


Средни училишта

Јас и мојот град Има една земја, падини распослала над прекрасни полја и зеленила, но срце свое оставила во едно катче мало каде што моево тело се родило. Да! Тоа катче си ти граде мој! Ти си оној кој дарува спокојство и мир! Колку со зборој лирски да те опишувам секогаш, твојот воздух го вдишувам. Тоа спокојство на улица и паркови додека чекорам по тие мои калдрми со срце и душа потскокнувам и радост бескрајна втемелувам. Во себе си извикувам ,,Тоа е и мој град“! Овде иднината се споила со минатото сегашноста ги следи како самовила, и ја диктира неговата убавина. И пак денови се нижат во недоглед или така мене од детска страна ми се чини, а, тој тука оставил своја душа и како да вели: ,,Јас и Ти раснеме во височини“ Горан Стаменовски III-5 клас ССОУ ,,Коле Неделковски“ Велес Ментор : Мариче Стојанова

58


Јас и мојот град

МОЈОТ РОДЕН ГРАД Во изворот што клокоти, врие, по полињата каде оризот се жнее, ќе почувствуваш како бие, срцето на мојот град. Во црцорот на штурецот весел, во убавината на паркот тесен, ќе сетиш како ѕвони ко песна срцето на мојот град. И во џагорот што ечи, во смеата сè што лечи, во цветот, во лулката на убавината можеш да ги видиш, да го сетиш срцето на мојот град. Мојот град, градот на две реки, Кочани, градот на белото злато од топлина и љубов зрачи и со насмевки ко топли сончеви лачи сите ги кани, во љубов да бидат збрани. Михаела Стоилова СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани Ментор: Славица Цветкова

59


Средни училишта

Јас и мојот град Пред многу многу лета Под Царевите кули Почна тивко и нечујно Еден убав град да цвета. Тиверипол се викаше, Во срцата наши бликаше По многу поминати лета Струмица сега се вика. Многу години тој град Под туѓи робства бил, За него се борел, дури И Цар Самуил. Оттогаш поминаа години И векови цели За градот Струмица дојдоа Денови светли, бели. Слободата во неа денес е главна тема, Тоа што е најубав град на сите си создава дилема. Рано наутро со песна се станува Уште повеќе денот се пладнува. Миговите во неа ни минуваат како песна И затоа нашата дружба е интересна. Ценета и посакувана од сите, Ако си во Струмица убаво ти минуваат дните. 60


Јас и мојот град

Струмица расте Под сонцето на слободата Закрилена од рацете На Делчев војводата! Не да ја фалам зашто е моја Дојди и за миг ќе посакаш да биде твоја Струмица, граду мој! За тебе сум спремна сè да правам И никогаш да не те заборавам! Софија Галева, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица Ментор: Сузана Гојкова

61


Средни училишта

КОЧАНИ Ќе се претворам во птица и ќе летнам кон небото ширно, за да се опивам од прекрасната глетка, на нашето гратче мирно. Ќе се сторам вода, ќе се влеам во Кочанската Река што катаден ита кон оризовите полиња кои со нетрпение ја чекаат. Ќе станам зрно ориз и ќе никнам од земјава плодна, сонцето да ме милува силно и секоја година да ни биде родна. Јас не сум голем поет, но стиховите ги пишувам со љубов, со сјај за да ја пренесам убавината на прекрасниот кочански крај. . Ивана Карова СОУ „Гошо Викентиев“- Кочани Ментор: Славица Цветкова

62


Јас и мојот град

Јас, за мојот град Со поглед минувам Низ улици познати И сокаци тесни Со чекори лесни Крај споменик на Рацин застанувам Сред наплив на чувства, Бунтовна душа распламтувам. Му велам, нечујно тивко Потомок твој сум, За подобар Велес и иднина наша Со многу детски желби исплетена Да исчисти отрови Од оловни еко злостори. Чекорам по стапките твои, Со илјада зборови напишани И безброј пораки разнесени Низ времето и просторот однесени, Со аманет за победа донесени. И сонот, во јаве се стори А градот наш роден Измени лик Зеленило и букет од рози Погледи полнат Од секаде се слуша весела детска врева, Што за навек Срце и душа, до небеса крева. Маријана Гаврилова, III-г ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес Ментор: Жаклина Зафирчева 63


Средни училишта

Јас и мојот град

В

елес, срцето на оваа наша татковина Македонија, не случајно добро го познавам и го сакам. Мојот роден град со кој сум поврзана нераскинливо и вечно. Велес, срцето на мојата татковина и центарот на Македонија. Ќе се обидам да ви го доближам и да се исповедам зошто толку го сакам овој град. Кога влегувате во Велес немате некој посебен впечаток на живо место, исполнето со активно деноноќие на младите. Прво што паѓа во очи е поставеноста на градот. Околни брда, неколку излези од него и патишта кои водат до Центарот. Инаку, Велес е составен од две страни, а секоја од нив другата ја нарекува „отспротива“. Низ Велес поминува реката Вардар на која се наоѓаат четири моста. Возот е честа појава во текот на денот, бидејќи пругата поминува во сега не толку популарниот дел на градот. Велешани, инаку навикнати се, а и уживаат да пешачат угоре-удолу низ својот град, во кој сè им се чини на дофат. И младите, но и постарите генерации го прошетуваат градот од дома до Центарот или до паркот, два пати дневно (или барем така мене ми се чини). Тогаш се гледаат сите, се поздравуваат, одат на кафе во сега доста познатите кафулиња, разговараат од нога, трачарат, кажуваат по некоја шега, постарите пазарат, се наоѓаат скришно вљубените, се договараат кога ќе се најдат вечер, но не и каде. Тоа е јасно. Сите се наоѓаат на едно место, во „чаршија“ кое сега строго се наоѓа над Гимназијата, каде што се лоцирани новите локали, кафулиња, барови, ресторани... Тука навечер задолжително се шетаат барем два круга, дали со мотор или автомобил, или пеш, не е важно, а потоа секој свој правец по ноќен живот и забава. Тука се гледаат, загледуваат, коментираат, ретко се караат, се смеат, понежниот пол секако повеќе горд на

64


Јас и мојот град

будното око на машкиот свет. Тука се случуваат првите симпатии, скришни погледи, сеири. Но, денес Велес се разликува по многу нешта од оној Велес што јас го знам, но сепак го чувствувам како мој град. Како да го знам до последната плочка, последниот камен. Некои населби се доста мачни за стасување до нив, на пример Којник, но се сепак специфични по својата местоположба, градба, население... Езерото Младост, го прави посебно убав градот, иако е оддалечено на неколку километри. Во лето, камповите таму се најпријатното место за оној кој не бил во можност да оди подалеку, но и за дружба навечер, за оние кои се со авантуристички дух. Градот на просветителите, градот на глумците, градот на поезијата, македонската крстосница, имаше и свои лоши страни. Водата беше загадена, воздухот исто така, но неодамна се изборија за бришење на „загадувачот“ т.е. Топилницата, од мапата на градот! Голем е бројот на невработени, но сите се трудат и наоѓаат начини да преживеат, да фатат ритам со новите текови. Но, можеби сето тоа се заборава со динамичноста на градот. Ако не добиете леѓен вода над глава, секако добивате топло добредојде и пита штотуку месена или топло турско кафе. Како дел од културата изобилува со споменици и спомен-куќи. Убаво е да се посетат спомен куѓите на Коста Солев Рацин, великанот на поезијата, на Џинот, на Васил Главинов, на Касапови, потоа црквите, музејот и ред други работи. Прекрасен град. Град полн со добри луѓе. Град исполнет со надеж. Град полн со смеа и мајтап на сопствена сметка... Ете затоа го сакам мојот Велес и мојата љубов кон него ќе биде вечна!

Александра Петровска, ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес Ментор: Жаклина И. Зафирчева

65


Средни училишта

Мојот Велес

М

естото во кое човек ќе се роди е центар на светот за него, нераскинлива папочна врвка и длабок корен кој никогаш не се откорнува. Тоа место со магнетна привлечност го држи или го привлекува секогаш назад. Тој магнет за мене е мојот роден Велес. Ме прави моќна мислата за историското минато на мојот град. Сознанието дека сум потомок на луѓе надарени со храброст да кренат глас против ропство, тиранија, неправда - Гемиџиите. Да, додека го гледам Вардар пред мене ја гледам сликата на гемијата која трга кон Солун и ги однесе младите Велешани со саможртвувачка акција и фанфари за правда. Зар не ме прави моќна и бунтовна нивното ехо што одзвонува: „Европо, отвори ги очите и види што му се случува на еден народ пет века под ропство!“ Моќна сум и горда зашто во моите дамари ја чувствувам силата на Рациновиот стих, стих толку моќен што го бранеше, но и храбреше својот народ да се крене и да се избори за белите мугри. Секој Рацинов стих што ми минува низ мислите ме тера уште посилно да го прегрнам мојот Велес и никогаш од него да не се разделам. Ни од неговата стара калдрма во тесните сокаци, ни од високите шимшир порти на старите велешки куќи на Којник, на Бузаана, ни од Стариот мост, ни од Градскиот саат... Родната куќа на Џинот е овде. Таа му дава посебна големина на мојот град и ја прави мојата љубов кон него поголема. Таа сведочи за постоењето на еден човек кој неуморно учителствуваше на мајчиниот јазик и беше протеруван, тероризиран и ослепен поради тоа. Работеше неуморно за да го создаде првиот македонски стих и да биде втемелувач на македонскиот театар. И неговиот сон се

66


Јас и мојот град

оствари зашто беше силно посакуван и посветен на еден народ кој копнееше да го слуша и говори мајчиниот јазик. Да мојот град носи многу спомени на личности и историски настани кои ме возвишуваат и облагородуваат, но истовремено и обврзуваат. Зашто не е доволно само да си потомок на Рацин, Џинот, Панко, Главинов, а да го немаш нивниот дух или дел од нивната творечка искра. Знам дека духот на моите предци живее во мене и тоа ме прави силна, горда, непобедлива. Минатото ме тера да го сакам овој град. Но и сегашноста што пулсира во мојот град ја сакам. И таа ми ја возвраќа љубовта, зашто таа сегашност се моите блиски, моите другари, моето маало... Секое ново добро утро што му го шепнувам на мојот град значи неодолив порив да останам тука и сега и секогаш. Да, местото во кое човек ќе се роди е центар на неговиот свет. Тоа е Велес за мене.

Викторија Велиновска, IV-д клас ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес Ментор: Жаклина И. Зафирчева

67


Средни училишта

Јас и мојот град Велес низ вековите На дланка обиколен од бреговите, Горд град на својот Којник, Во Македонија нема двојник. Градскиот Саат – вечна меморија Ја бележи градската историја. Трагите низ времето се благословени, А велешките дејци ословени. Граду, мој мил роден Гордо, низ историјата воден. Ти си срце и душа За Велес, надалеку се слуша. Ти не си име прочитано од книга Не си свеќа што се гаси, Ти си зрак што грее, Оган во срцето што тлее. Тука сум родена од мајка Тука учам и творам, Да создадам за Тебе нова бајка Со сите сили ќе се борам.

68


Јас и мојот град

Во овој град растам, Тука најслободно дишам. Радости, насмевки, нови пријателства Секојдневно, сè повеќе нижам. Кога заминувам одовде, Бакнежи ти праќам, Но секогаш граду во срце те носам И во твоите прегратки се враќам. Барбара Бочварова I-2 клас СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес Ментор: Магдалена Сарагинова

69


Средни училишта

Јас и мојот град

Ј

ас сум само една од луѓето кои детството го поминале во гратчето кое опстанало низ вековите, во гратчето каде секоја улица има приказна, а секоја куќа – спомени. Дел од луѓето кои го напуштиле ова гратче, денес се враќаат во своето родно место и со насмевка се присетуваат на минатото. Други пак доаѓаат зашто мораат и заминуваат веднаш штом ќе можат. Јас само сакам да раскажам за Македонски Брод – мојот роден град, каде го поминав детството и сега сум во цветот на најубавите години од младоста. Го сакам и мојот град затоа што тука се моите сакани и најблиски, како и секој друг град и тој има недостатоци, но го сакам затоа што е мал и удобен, затоа што е мирно место за живеење и скоро сите се познаваме. Го сакам и затоа што тука лицата не луѓето се украсени со топлата насмевка на гостопримливоста. Повеќето од луѓето си заминаа со надеж дека ќе најдат подобро место за жвеење, но сепак верувам дека понекогаш во мислите се навраќаат на родното место, се присетуваат на убавите места, како што е познатото Кале, а тука се и местата каде што одат вљубените, за да уживаат во цветот на својата љубов. Тука нема многу места на кои се оди, но тие се понекогаш единствените сведоци на големите љубови, како и на тешките и болни разделби во минатото, но и денес. Како и да е, сигурна сум дека сите тие места како што се во сеќавањата на нашите дедовци и баби, татковци и мајки за прекрасното детство, ќе останат и во нашите срца.

70


Јас и мојот град

Еден ден кога со врсниците ќе бидеме семејни луѓе, во мислите ќе дојде некое од местата сведок на незаборавното доживување од родното катче. Каде и да одам, каде и да сум секогаш ќе се враќам во мојот крај, зошто никаде не е како дома, еден е родителскиот дом, и горда сум што сум родена тука.

Андријана Антеска, IV -2 клас СОУ „Св.Наум Охридски“ – Македонски Брод

71


Средни училишта

Мојот град Има едно парче земја Кај што сонце силно грее. Шуми високо стојат Гори не се бројат. Шумите најчисти се наши Никој од нив не се плаши. Внесуваме воздух чист Тоа ни го дозволува секој лист. Реката Треска жубори. Сите нас нè вика Да ја видиме Нејзината прекрасна слика. Македонски Брод е мојот град. Споменици има разни Парковите никогаш не се празни. Цвеќиња разни опишани се во сказни. Ако некој патник ме праша Што има градот мој? Би му рекол дека има душа, Што секој ја чувствува, слуша. Ивица Кузмановски, I-2 клас СОУ „Св.Наум Охридски“ – Македонски Брод

72


Јас и мојот град

Јас и мојот град Полн е градот се убавини разни, селца и луѓе со многу сказни деца добри, убави и чесни ливади китни, со музика и песни. Убавината од мојот град, добрината од целиот свет сè во едно може да се каже светлината во градот како лет. Сонцето блеска ко сјај ко далечен убав рај, во мојот град убавина се лее кај и да сум в срце ќе ме грее. Сепак си толку мал но сè што имам за тебе од сè срце би го дал. Живеам во мојот град, го сакам мојот град преставува чудесно чудо што секој го љуби лудо. Ивона Пецовска 1-2 клас СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево Ментор: Верка Арсова

73


Средни училишта

Јас и мојот град

Г

рад, место каде што секој се чувствува свој, место каде што се чувствуваме среќни и сигурни, место каде секој си има свои спомени. Почнувајќи од улиците, клупите, игралиштето, секое најмало место и најмало камче, па сè до различни ситуации кои го одбележале мојот живот, будат спомени од радост, тага и разни доживувања. Ниту една светска метропола, па ниту едно од седумте светски чуда не би ми го разубавиле чувството на топлина и воодушевување, како што тоа го прави мојот град. Мојот град претставува мост кој поврзува два града, Прилеп од една и Кичево од друга страна, па поради таквиот мост кој преставува синоним за брод, го нарекле Македонски Брод. Всушност, местото каде што јас израснав е село, село кое секој би посакал да биде дел од него. Моето место наречено Самоков е едно од централните села во Македонски Брод, место во кое луѓето генерално се многу добри, секогаш отворени за разговор, гостопримливи и мирни. Како што сум слушнала од постарите луѓе, многу одамна во моето место имало самоковачница, според која Самоков го добило своето име, но денес постојат само приказни и преданија од тоа време. Поради тоа што живееме во мал град, секој со секого се познава, така што вистинска убавина е кога гледаш како луѓето застануваат се поздравуваат и ги споделуваат своите грижи и радости. Но за жал, таквата слика не се среќава секаде низ светот. Не можам, а да не ги напоменам и убавите денови кои ги поминав со моите другарчиња кога бев помала, денови исполнети со разни игри кои ги знаевме од нашите постари братчиња и сестри, игри кои понекогаш сами ги смислувавме за да ни биде поинтресено

74


Јас и мојот град

дружењето, игри за кои целиот ден ни беше краток со нив. Се сеќавам и на моментите кои со нетрпение чекавме на првиот снег, на игрите кои ги приредуваше зимата. На излетите кои ги правевме во пролет, шетањето по зелените и цветни ливади. Летните денови кои ги поминувавме на базен горејќи се на жешкото сонце, па дури и на сувите лисја кои паѓаа на есен, а ние ги користевме за да се криеме под нив. Сите овие доживувања сместени во едно место го правеа нашиот живот безгрижен и весел. Безброј насладувања за време кое брзо минува, сепак тука сме за да живееме понатаму, а случувањата од нашиот живот да ги запишуваме на белите страници од нашето минато. Како знак на благодарност, секој својот град треба да го сака и почитува затоа што тој претставува слика на сопственото детство.

Сара Богеска, I-2 клас СОУ „Св.Наум Охридски“ – Македонски Брод

75


Средни училишта

Јас и мојот град Се роди мисла, Кога се раѓаше и денот, Кога сонцето светна, Кога трагите исчезнаа, Кога почувствував среќа... Се роди мисла, Која ме замисли, Која ме натера Да исчезнам во тебе, Да се скријам во твоите крила И да размислам за себе, А и за тебе. А ти, Чуварот на моите тајни, Радости и солзи... Допираш со свежината Преку ветрот и Притаено ги милуваш и гушкаш, Сите кои доаѓаат, Си одат И по пат оставаат белези во тебе.

76


Јас и мојот град

Ех, Кога би можел да нè слушнеш, Со колкава жар пишуваме за тебе, Би се гордеел со нас И би нè поддржувал И би ни бил рамо за плачење И би нè бодрел... И сè би направил за нас. Ама ние го знаеме тоа! И затоа Те сакаме и Ќе Те сакаме и Ќе се гордееме со тебе, И кога сме далеку, И кога сме тажни, И кога ни е тешко ...ние пак со мислите Ќе сме овде, во тебе, Изгубени во лавиринтот на среќа, Закопан во минатото... Марија Бојкова, II-2 клас СОУ „Богданци“ – Богданци Ментор: Соња Србова

77


Средни училишта

Јас и мојот град

С

олзата се тркала по површината на едно лице. Нејзиниот одблесок го пренесува тивкиот шепот на душата потоната во длабочините на неспокојот и очајот. Со длабока конфузија во мислите и неиздржлива огорченост, патува низ времето и спомените. Фундаментална опсервација на миговите кои биле филувани со насмевки, безгрижност, спокој, неизмерна љубов... каде ли отишло она, што некогаш било сè? Оваа улица на којашто сега стоеше младата жена, требаше да биде нејзин замок, нејзиниот остварен сон. Но, не се чувствуваше така. Можеби идеализира, но во едно нешто е сосема сигурна. Не припаѓа овде. Никогаш и не припаѓала. Нејзините корени, каде што половина душа засекогаш останува, се далеку од овие сиви ѕидини коишто ја гушат од сите страни. Таа припаѓа на една мала земја, каде Сонцето заоѓа давајќи му на хоризонтот златен сјај, а на планината покривка која жари. Таму, шетајќи се по тесните камени улички од калдрма, се среќаваат луѓе кои се секогаш спремни од сè срце да помогнат. Таму воздухот е полесен и посвеж, а песната на славејот ја брише сета напнатост, додека летот на штркот ја носи топлината на летниот ветрец, кој ја милува сечија коса. Во ноќните часови на месечева светлина, младо момче со гитара в рацете £ пее серенада на својата љубена, обидувајќи се да го освои нејзиното срце. Овде времето како да застанува. Сè е толку волшебно. Местото каде што таа потекнува... се сеќава и на крвави битки, жртви, страдања...

78


Јас и мојот град

Но звукот на детскиот џагор е секогаш тука, за да нè потсетува дека животот не запира при првиот неуспех. Потребна е борба за да се постигне она по кое секогаш мечтаеме. Испреплавена со исконското носталгично чувство, испушти болна воздишка: „Граду далечен, дали сè уште ја чувствуваш мојата празнина или веќе ме испрати во заборав?“ Можете да бидете на многу места, но само на едно се враќате. Онаму каде Вашата мајка Ви пеела приспивна песна, опсипувајќи Ве со бакнежи и прегратки. Местото каде што Вашата душа засекогаш останува да лебди, присилувајќи ве постојано да размислувате на деновите кои сте ги поминале таму.

Теодора Петрушева, III-та год. СОУ „Богданци“ – Богданци Ментор: Соња Србова

79


Средни училишта

Мојот роден град Низ векови покрај тебе мој роден крају Жубори пенливиот Вардар и лечи лути рани, Солзи и крв мие од непријателскиот клет. А стариот градски саат, неуморно ги отчукува дните Годините ги брои и многу тајни во себе крие. Во тебе разграниле лисја Јаворите столетни џинови. Под нивните сенки дебели, Се раскажуваат стари љубовни тајни. Се редат приказни разни, За храбрите велешки синови и ќерки За хероите Џинот и Рацин, За Коле, Жинзифов и гемиџиите славни. Преку нив светот слушна за македонскиот глас. Храброста нивна, е гордост за сите нас Во деновите кои како ѓердан од бисери се нижат, Во староградските градби и улиците тесни, Чекорејќи низ калдрмите на сокаците Се слуша звукот на велешките песни: За Сербез Донка, Миле Поп Јорданов. Тоа е време кое не се купува со пари, Ниту може да се врати Тоа е време кога се слушаше ударот На чеканите во ковчниците, Време на неуморните грнчари. 80


Јас и мојот град

А кога ќе падне мрак И ноќта ќе се спушти над градот, Тишината ја кршат звуците на чалгијата На еснафските места, Којничкиот плоштад. Длабоко во ноќта, под ѕвездената покривка Додека градот спие на: Мегдан, Вршник и Прцорек, Свои слатки тајни крие. Во белиме мугри штом силно светнува новиот ден Одекнуваат камбаните на црквите и манастирите. Сребрениот сјај на месечината полека се гаси, А елегија за Ленка и Татунчо, Во душата на секој велешанец ко ехо се гласи. Денес градот живее, градот расте. Ја живее сегашноста и е со надеж за подобро време. И кога најмал спомен ќе ми разгали душа Солза врела од око одронува, Нови приказни за мојот град слушам: „Велес, Велес, мој убав град, Кога јас ќе дојдам пак, На стариот мост кај Вардарот Повторно да застанам И тебе да те поздравам“ Славица Мишковска, III-4 клас ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес Ментор: Верица Николова

81


Средни училишта

Јас и мојот град

Г

и врзувам високите потпетици, ја облекувам јакната и фармерките припрени за моето тело. Се свртувам кон огледалото, тоа сум ЈАС. ТОЈ го облекува црниот костум и ги запалува светилките, да ми го осветлуваат патот. Излегува, ја ставам ногата на уличната калдрма. ТОЈ го пушта ѕвоното на „Саат кулата“ и го означува времето. Се насмевнувам, продолжувам во чекор со него. За миг се наоѓам на осветлените улици, пред мене излегува претворен во фенер во три бои, намигнува и за миг ме запира. Задоволна се движам меѓу раздвижените луѓе. Пред нас се појавува прекрасна река, неговата вечна пријателка. Пенливиот и осамен Вардар, жуборка во тивката ноќ, ги слуша тајните на многу од нас, ја знае и мојата, но нема да ја каже. Затоа те сакам моја прекрасна реко. Заминувам понатаму. ЈАС земам роза од ливадата во разни бои, ја ставам во џебот на неговата лева страна. Изгледа волшебно. Добивам насмевка. Благодарам! Седнуваме во паркот со прекрасната фонтана, цветни градини, зеленило, високи дрвја. До паркот прекрасна црква и убаво училиште – моето училиште. ЈАС учам во него. ТОЈ го изгради за мене. Благодарам! Благодарам! Благодарам! Возот со својата песна на волшебната труба се јавува дека пристигнува. Нè поздравува. Во него се патниците кои заминуваат далеку. Но, ќе се вратат и тие не можат без него.

82


Јас и мојот град

За миг пред нос излегува езеро со голем брод во него. Езеро на чија површина се слегле сите ѕвезди од небото. Љубов, надеж, желба и вечно пријателство останува кај него. ТОЈ ги собира сите ѕвезди од небото и му дозволува на сонцето да му го осветли лицето. Излегува по улиците на кои има илјадници продавници, галерии, библиотека, музеј на познатиот Коста Солев Рацин. Се појавуваат фабриките: за леб, масло, кожа, вештачко ѓубриво. Здравствени домови, болници, пошта. ТОЈ го создал сето тоа за мене. Повторно благодарам! Се искачувам на угорницата што се наоѓа кон изгревот на сонцето, „Спомен костурница“ – споменик што сведочи за многу храбри луѓе. А таму здивот ти сопира. ТОЈ распослан како зелен тепих во цветна градина на два дела, луѓето да можат да се гледаат. Повторно застануваме пред огледалото. Мене ме препознава, а ТОЈ? ТОЈ? ТОЈ е мојот град!

Бојана Атанасова, II-3 клас ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес Ментор: Верица Николова

83


Средни училишта

Јас и мојот град

Ж

ивеам во историски град, град кој во минатото Турците го нарекле – „ќупури – градот на мостовите“. Велес, град – полн со историја и долга традиција од антиката па сè до денес. Град – кој претставува мешавина од старо и ново, а сепак може да ги задоволи сите наши потреби и да понуди богата културна програма за сите вкусови.

Кочо Рацин, Јордан Х.К-Џинот, Петар Поп Арсов, Димитрија Чуповски, Петре Прличков се само дел од нашите херои, тие се великани со кој се гордее мојот град. Во историјата претрпувал голем број на падови и издигнувања, тогашните жители се соочувале со разни проблеми, но и покрај сè, тие никогаш не се откажувале од своите сонови, секогаш биле храбри и успешно се вклучувале во сите војни, буни и востанија, сè со цел да се создаде еден слободен град. Велес е горд на тоа што токму тука е отворена првата библиотека, горд е на своите херои, на ѓемиџиите. Духот на фолклорното богатство расте со векови, тој е белег на нашиот град. Со гордост можам да кажам дека грнчарството е занает кој го носи духот на Велес. Овој занает успеал да преживее векови полни со предизвици и успеал да стане симбол на мојот град. Но денес, и покрај долгата традиција, луѓето знаат како да живеат со стил. А како прво и најважно е тоа што тука луѓето се многу пријателски расположени и секогаш се спремни да помогнат кога имаш потреба од нешто. Тука може да ги поминете своите најубави моменти со пријателите, дали тоа ќе биде прошетка покрај прекрасното езерото „Младост“ или пак можеби ќе ве привлече звукот на музиката која доаѓа од кафулињата и го мами вашето присуство. 84


Јас и мојот град

Ноќниот живот е најдинамичен во летниот период кога кафулињата и дискотеките нудат незаборавна забава. Во мојот град секој може да се пронајде, тука има место и за спортистите, риболовците, уметниците, а особено значајно и ново во нашиот град се кајакарите и кануистите. Културните манифестации како што се: Рациновите средби, античка драма – Стоби, копаничарската колонија – Папрадишки мајстори тие ниту во еден момент не се заборавени, постојано тлеат и секогаш оставаат по некој нов спомен зад себе. Најважното од сè е тоа што мојот град знае што сака. Еднаш згреши, но повеќе тоа нема да дозволи да се случи. Сите ние сме сложни дека сакаме повеќе зеленило, природа и чиста животна средина. Во Велес постојат многу паркови кој од една страна нудат визуелно уживање, а од друга страна забава за најмладите. Мирот и тишината честопати знаат да бидат пријатно нарушени од птиците кој со своите големи крилја рамнодушно пловат по бескрајната шир. Загадувањето некогаш можеби било проблем во Велес, но денес тоа е скоро надминато, сите ние се трудиме да го дадеме најдоброто од себе и да го направиме својот живот подобар за нас и за идните генерации. Реката Вардар, најголемата и најдолгата река во мојата земја тече низ срцето на овој град исто како што луѓето се движат низ улиците. Звукот на веселите луѓе, мирисот на прекрасните цветови, вкусот на традицијата, сето тоа допира до мене, сите тие се дел од моето срце, мојата душа, мојот град - Велес.

Александар Арсовски, III-1 клас СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес Ментор: Верица Николова

85


Средни училишта

Јас и мојот град Штом зората се јави над езеро и поле Штом денот светол почне и сончев бликне зрак, Се чувствува мирис на планина, поле, Мирис единствен и вечен во мојот роден град. Сред ноќта блага, бесшумна и тивка, Уште еден звук се слуша Една песна, вечерна балада Ја смирува и топли детската душа. И во далечини да патувам, шетам, Низ славни метрополи, низ океан и море, Само едно место да се вратам ме влече За мојот роден град, срцето ме пече. Полетувам за миг со мислите детски, млади Се враќам таму, каде сонот сладок е! Таму каде утрото сончево ме мами, На животот безгрижен и среќен ме кани. Јас и мојот град, како утро и роса, Сведок ми е тој, сведок сум негов јас Град на вечниот рај, каде мојот живот цвета Како палата на безброј безгрижни и младешки лета. Сара Стомнароска, III/2 клас СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

86


Јас и мојот град

Јас и мојот град Во глетка која одзема здив, Во простор кој те прави жив, Се наоѓа градот под Марковите Кули Величенствено и гордо Прилеп стои, Годините и вековите зад себе ги брои. Во него се родив и живеам јас, Тој е толку прекрасен и значаен за сите нас. Тој е голем херој силен како џин, На мајка Македонија, тој е роден син. Градскиот саат, безвременска слика Во центарот на градот времето го брои Како неуморен патник, Гордо стои. Секој човек кој припаѓа на овој град Би можел да ги почувствува овие мисли. Кој е роден во него, тој е многу среќен, Прилеп, граду мој биди ми ти вечен. Ивона Костовска, III/1 клас СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

87


Средни училишта

Јас и мојот град

С

копје - симбол на Македонскиот дух. Град на моите претходници, на моето раѓање, детство и формирање.

Скопје - сведок на многубројни премрежја и невремиња: пожари, земјотреси, поплави, војни, ропства кој го загрозувале неговото опстојување. Но, ниедно зло не успеало да го уништи. Секогаш се издигнува гордо кон сонцето оставајќи трага за своето постоење. Некогашниот Илирик, потоа Скупи, а денес Скопје живее со полна енергија и животна сила. Раскажува за минатото распослан на двата брега на реката Вардар. Ги спојува минатото и сегашноста, хероизмот и истрајноста како и вербата во иднината. Денешното Скопје само потсетува на она некогаш, а живее со динамиката на новиот ден. Културно се издигнува, и укажува на едно ново време, со сета почит кон сè она што поминало. Задоволство е да се биде дел од овој град. Да се ужива во благодетите на новото Скопје. Да се твори и расте во град под падините на Водно, да се чекори по мостовите на пријателството, да се вдахне традицијата во старата скопска чаршија. И што уште е Скопје?! Скопје има и постојани жители. Тоа се камените жители, кои стојат таму и го чуваат градот. Тоа се спомениците на паднатите борци. Во еден момент застанав и се најдов себе пред споменикот на борецот. Малку се зачудив, почнав да гледам во неговиот изглед, и сфатив дека станува збор за човек во чудна несекојдневна положба. Споменикот беше како човек, спремен да појде во поход на нешто што по самиот израз на неговото лице, нешто што му значело многу. За момент се запрашав, што е тоа што би можело толку многу да ми значи, но набрзо се присетив тоа е нашата татковина. Тој човек се борел за да

88


Јас и мојот град

биде нашата земја слободна, и да можеме денес сите ние слободно да живееме. Почнувам да чувствувам голема почит кон камениот човек, што стоеше гордо пред мене. Почнав да размислувам, како му било кога бил во борбите, како се борел, како можел да биде толку храбар, и да не се плаши од ништо. Сигурно бил голем јунак, затоа што заслужил да стои на ова толку убаво место, издигнат и поголем над сите гордо во градот. Стоејќи долго време пред споменикот, загледан во неговата моќ, и замислен не успеав да сфатам зошто морам да одам, а да не останам уште малку, да му оддадам почит на овој голем јунак. И што уште е Скопје ?! Скопје е и древното Кале, домот на Мајка Тереза. Скопје е спомен на античкото време, походот на Карпош, Орце Николов, Петар Поп Арсов кој го положија животот за достојно денес. И затоа Скопје со својот развој и полн сјај претставува срце на Македонскиот народ,и неговите достигнувања. Воедно и паметник низ вековите, водејќи нè по патот кон иднината и вербата во новиот ден.

Стефан Лазаревски III

89


Средни училишта

Јас и мојот град Мојот град е поцврст и од гранит, Потпол од оган, Посветол од ѕвезда што трепери в сјај, Во него се чувствувам ко да сум во рај. И громови да грмат, Молскавици да блескаат И ветрот силен да вее Јас сум во мојот град. Тој е исполнет со зелен дел И ни служи за наша цел. Има украси во мојот град, Со дрвца млади И има кој да ги сади. Има неколку клупи прости За кога ќе ни дојдат гости. Во мојот град покрај мене, Има куќи, згради сплет И деца во лет. Прекрасен е мојот град Но, му треба воздух чист, Расад млад И зелен лист. Цветанка Костовска, III-2 клас СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

90


Јас и мојот град

Јас и мојот град

В

о подножјето на прекрасната планина Водно, а на двата брега на реката Вардар се простира еден преубав град Скопје. Тоа е мојот град, градот на моето детство, на мојата младост. Од едната страна на Вардар, Скопје го красат стари градби во склопот на Старата скопска чаршија, а од другата страна е новото Скопје модерно и изградено. Скопје, кое ни ние сè уште не го познаваме доволно, преполно е со туристи кои слушнале за него и дошле да го запознаат. Дошле да ги видат сите негови убавини и знаменитости. И се разбира, сите се воодушевени и восхитени. Новиот изглед, кој го воздига високо како голема светска метропола познат е ширум светот. И секој турист кој ќе дојде да го види градот останува тука со денови, не дозволувајќи ништо да пропушти. А и има што да се види! Безброј споменици, музеи, културни објекти. Новиот театар сите нас нè остава без здив кога ќе минеме покрај него, исто е и со споменикот на Цар Самоил, мостот Око, Музичкиот мост, Портата Македонија и многу други. А посебно место во моето срце ѝ припаѓа на фонтаната со споменикот на Александар Македонски, качен на својот коњ Букефал. Мислам дека и не постои човек кој само рамнодушно поминал покрај оваа фонтана. Сите се воодушевуваат и со широка насмевка на лицето се фотографираат. А ние, скопјаните тоа најубаво го правиме, бидејќи ова е нашиот град кој најсветлото сонце го грее. И сето богатство на овој свет да ни го дадат, ние градот не го менуваме само уште ќе го доградуваме и во него ќе вложуваме. Росана Чакаловска III -12 Арсениј Јовков, Скопје

91


Средни училишта

Јас и мојот град

Д

али доколку би го поминала пола свет за да најдам вакво прекрасно место каде што се наоѓам сега, би била среќна? Дали би можела да го напуштам родниот крај и да заминам? За мене тоа сè уште ќе остане неодговорено прашање. Но, сепак, постојат луѓе кои што не го вреднуваат доволно она што го имаат сè додека не го изгубат. Скопје е главен град на Република Македонија. Некои го сакат, возвишуваат, почитуваат и со пот и свои раце го градат за биде онаков каков што е сега, додека пак други едвај чекаат да си заминат од него, но тоа е затоа што не ги знаат доволно убавините, кои тој ги поседува. Скопје ќе биде запаметен и одбележан по големиот земјотрес, кој се случи во 1963 година. Во него, загинаа околу 2000 скопјани, но негова изградба потоа беше подвиг по кој Скопје го доби новиот грациозен изглед. Старата железничка станица, денес е музеј и претставува симбол за потсетување на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш запрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина. Скопје повторно се изгради и стана гордост на светската солидарност – велеа постарите. И така и беше, Скопје повторно се гради одново, добива нов лик – споменици, музеи, мостови, сето ова е само дел од него, но граѓаните секако очекуваат и уште многу многу работи кои треба допрва да се реализираат. Во секоја друга земја или град како и да е, колку и да се убави и величенствени нејзините убавини, најмило ќе ми остане Скопје, бидејќи тука е моето срце, моите пријатели, местото каде што сум израснала и каде што ќе останам. Но, тука не застануваме, Скопје секако го краси ноќниот живот, културните настани и традицијата. Ноќните светла, автомобилите, преполните ресторани, патиштата 92


Јас и мојот град

и толпата луѓе кои како мравки се шетаат низ улиците на главниот град, е едно од поубавите нешта што ми оставаат голем впечаток. На Плоштадот Македонија, пак, кој плени со барокните згради, секогаш се случува некој настан, како на пример Белата ноќ и Ѕвезденото небо за Тоше, кои секоја година се одбележуваат. Како и да е, секој пат можеш да се судриш со некој другар или познаник од минатото... Портата Макдонија и уште многу други градби се опколени со денешните млади, кои трагаат по нови авантури, секако се фотографираат со цел да остават некој драг спомен во сеќавањата на сите нас...

Катерина Тренчевска III -12 Арсениј Јовков, Скопје

93


Средни училишта

Јас и мојот град

Н

оќ, предолга ноќ. Дејството се случува во главниот град, Скопје. Петок е. Се симнувам од 57-ка на добро познатата автобуска станица - Рекорд. Имаше гужва, многу гужва, луѓе, стари, млади... Сите некаде одат, а јас решив да бидам нем набљудувач на мојот град и луѓето во него.

Најпрво тргнав кон Плоштадот Македонија каде беа собрани повеќе друштва, кои ги чекаа своите другари и беа решени ноќта да ја поминат во некој од добро познатите кафулиња или клубови. Потоа се упатив кон кејот на реката Вардар. Од спротивната страна во блескава светлина се издигаа повеќето нови згради кои му даваа прекрасен изглед на кејот. Тргнав да пешачам, од десната страна се наоѓаа актуелните ресторани: Дион, Ања, Торос... од каде што ечеше музика и се слушаа весели гласови. Класика, две-три другарки, колеги седнати муабетат за изминатата недела и престојниот викенд. Сакав да видам и што се случува во паркот, па тргнав натаму. Како што се движев по патеката наидував на парови кои седеа на некоја од клупите, исто така можеше да се сретнат и некои стари луѓе кои решиле да се прошетаат и да се одмораат во друштво на нивните пријатели. Одејќи по патот, здогледав една слободна клупа и решив да седнам. Беше многу тивко се слушаше само жуборењето на реката и пеењето на штурците. Почнав да размислувам за она што го видов пред малку. Мојот град... Можеби не е некоја метропола како Лондон, како Париз, но знам дека никогаш нема да можам да го заменам со некој друг град и каде и да отидам секогаш ќе се враќам во моето Скопје. Се потсетувам на стиховите на Владо Јаневски во неговата песна: „Можеби немаме цркви со златни кровови, но овој народ е најбогат на свет со песни, вино и пријатели. Само дома си е дома!“

Габриела Костовска III – 12 Арсениј Јовков, Скопје

94


Основни училишта


Основни училишта

Јас и мојот град Дванаесет години имам, Дванаесет години го љубам! Дванаесет лета, дванаесет зими... И за него ги сплетов овие рими. Како гнездо на птици златокрилци, Свиено меѓу Водно и Скопска Црна Гора, Со векови топол дом на лозата наша, Срцето е на Македонија, ако некој ме праша. И јас сум денес со него жива, Растам со него, го чувам, го пазам. За него творам и од желба горам Да биде најубав – сè на свет ќе сторам. И во јануари кога и на Партизанска Исто како на Водњанска, Снегот крцка под стопала, И зимaтa со бело шалче, во Карпош на каналче, Февруарски цврсто дрвјата ги замотала... И кога Баба Марта во март, никако не попушта, Крај Вардар вестите за пролет, Кокичето не ги пропушта... Потем на плоштад, априли-ли-ли! Со другарките мили Со маски царски и шарени свили... Во мај – мајски црешки, Вкуси ги по Максим Горки, пешки. 96


Јас и мојот град

А во јуни? И со врзани очи, Во Скопје било кој да крочи, Не би се смешал ил збунил За мирисот на липите (на Ленинова) во јуни. Сака ли некој врел, баш врел котел? Нека повели во јули. Или во август цел. Септемвриски скопски се белези Костенчиња печени од Нерези, Но есенска легенда што трае и трае Е аромата на ајвар во родното ми Влае. А во ноември? Во ноември мој граду ти е роденден и празник, Па со љубов спремам приредби разни. А за Нова Година на прослава сакам, Кај Александар Македонски сите да ги поканам! Граду мој сакан! Биди ми благословен, биди ми вечен! Молитва за тебе од врв Водно на КрствоварМое Скопје ти си ми божји дар! Екатерина Лазаревска, VIII-в одд. ОУ „Јан Амос Коменски” – Скопје Ментор: Грозданка Кажлева

97


Основни училишта

Јас и мојот град Уште како многу мала Безгрижно трчав, шетав, Низ прекрасниот зелен парк На мојот град, Се сеќавам јас. На белата фонтана Со водоскоци од сјајна вода Ко бисери блескаат На сонцето златно, Во мојот град, Се сеќавам јас. Кога ноќта паѓа, На клупите во темниот парк Се раѓаат многу љубови први, Во мојот град, Се сеќавам јас. И Велигденското јајце Паркот го краси За големо пријателство И гостољубивост наша Раскажува мојот град, Се сеќавам јас.

98


Јас и мојот град

И лулашките мили Во училишниот двор, Децата со џагор Ги полнат по цел ден Во мојот град, Се сеќавам јас. И мирисот на слаткото од смоквите зрели Во секој двор во есен ќе ги сретнеш Во мојот град, се сеќавам јас. И растам и учам Се сеќавам и мечтаам Светот да го видам И пак назад да се вратам Во мојот град.

Симона Манолева VIII б ООУ „Петар Мусев“, Богданци Ментор: Софија Проданова

99


Основни училишта

Стихоградие Направен од ѕвезди, од сонца сјајни, ко цут на ориз бел, распослан низ котлина, извезен со убавина, градот мој се гушнал во прегратките на планина... Навезен од сјај, светлина и нежности бескрај, сјае и во тишина и среќа носи, ко во мугри златни роси... Многупати поробуван, но, и многупати ослободуван. Луѓето некогаш жедни за корка леб, за капка вода, а денес со аргатска пот полето бисерно свети, со рожба на оризот бел, живее во срцето мое, живее за весели дни, живее за љубов, живее за мир. Од неговата жуборлива река разни шепоти се вајат, а темното небо и ѕвездите безброј надежи ткајат. Овде се родив, 100


Јас и мојот град

овде ја почувствував првата болка, ги почувствував утрото и ноќта свежи и првиот пораз којшто тежи. Ја направив првата лузна бедна, верувам, ќе доживеам и следна. Овде можеш да го надминеш сопствениот рекорд, да уживаш во срцевиот градски акорд, да го откриеш и најтаинствениот пасворд, да бидеш задоволен, радосен и горд. Но не, не е важно, каде и да си, дал си стар или млад, ако в срце носиш песна, заумна, на магична лира исткаена, песна светла, радосна, песна гулабомирна ... Не, не е важно, каде и да си, дал си стар или млад, ако в срце носиш песна, за својот роден град!...

Отилија Арсенова VIII-1 одделение ОУ „Синиша Стоилов“ –Зрновци Ментор: Билјана Ѓорѓиева Гавриловa

101


Основни училишта

НОСТАЛГИЈА Додека си млад не го цениш доволно својот град. Одиш далеку по моќ, раскош и сјај и го забораваш својот роден крај. А потоа кога си стар се враќаш назад во својот град и посакуваш повторно да си млад, да го вратиш назад времето што тече и бараш познат лик во секој добар ден што ќе ти рече, Талкаш по улиците сјајни, трага од минато време бараш во спомени трајни на овој град што вечно ќе ги крие, сите твои тајни. Во секој агол, дрво или камен бараш стар заборавен пламен на една младост немирот далеку што ја гонел а мирот и носталгијата пак во родниот крај ја донел. И стоиш така, спокоен, сам

102


Јас и мојот град

додека те гали ветрецот благ, ги затвораш очите а нозете сами те носат, повторно, пред родниот праг во твојот убав, роден град. Елена Ефремова VIII одд. ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе

103


Основни училишта

Jас и мојот рај За првпат заплакав во еден рај, во Битола, мојот роден крај. Се вишев со сплетените легенди, тие станаа и мои славни митови: за мојот Сокак, дамнина од чекори, за Хераклеја, историја од непокори. Понекогаш и дедо ми вели: Да, чедо, насекаде има спомени врели... Приказната вековита затоа ја знам, ја раскажувам, со гордост, без срам. Убавините не ги кријам, во топлите прегратки спокојно спијам. Нека знае целиот свет, Битола е најпрекрасниот цвет!

Ана Стојановска VIII-5 одд. ОУ Св. „Климент Охридски“ - Битола Ментор: Соња Петровска

104


Јас и мојот град

Гнездо исплетено со усни Мојот град се родил во една куќа, во една колевка занишана од мајчина рака. И јас така сум се родила како бело оризово зрно под небесната вршидба. Вистинските патишта не се тие што доаѓаат кон нас, туку оние по коишто одиме. Мојот град е мојот пат кон светот, мојот свет е светот што доаѓа во мојот град. Реката што тече покрај мојот град, никогаш нема да истече од огледалата на нивите во кои сеуште, на една нога, стои белиот штрк – вечниот стражар на животот и раѓањето. Има едно големо гнездо среде мојот град. Стои тоа како остров на сонцето и селидбите – повисоко од сите ветришта на разделбите, гнездо исплетено со усните на иднината. Радица Јованова VIII-2 одделение ОУ ,,Синиша Стоилов“- Зрновци Ментор: Билјана Ѓорѓиева Гаврилова

105


Основни училишта

Мојот град Дојде есен во мојот град, дувна ветре силно заврна ситен дождец, лисјата како златен тепих се послале на градските улици. Златно-жолта боја дише мојот град! Студи, октомври е оган се пали есента рано ни пристигна, донесе магла густа како што велат старите: маглата да е пуста! Дождови ситни паднаа чадорчиња шарени се отворија и чекорат по градскиот плоштад. Тоа е Скопје мојот град! Го сакам со преубавиот мирис на листопад. Есента рано дојде и зимата е на пат со снег, по снегот пролетта Скопје ќе го буди, по неа летото, па дождот и снегот што студи! А, јас ќе ги чекам ден за ден во тебе мој граде вековен! Стефан Петровски VII-1 одд. ОУ ,,Св. Климент Охридски”-Драчево Ментор: Валентина Трајкоска

106


Јас и мојот град

Јас и мојот град На небото посеаните ѕвезди рој Се очите твој. Розите пламнати и румени, леки Се твоите усни меки. Белите дробови твои Се сите дрвја нивни и мои. Наутро кога изгрева Сонцето златно, ТИ СЕ НАСМЕВНУВАШ А, навечер кога згаснува И видикот ни го покрива Темното платно, ТИ СЕ РАСТАЖУВАШ. Кога славеј песна пее Знам, низ срцето твое спокој се лее. Дај ми ги твоите очи Од кои само светлина се точи. Бакни ме со розите твои Да ги стоплам градиве мои. О, граду мој Остана горд после секој бој. Калето восоко над тебе се издигнува Немирот наш, тоа го стивнува. Години минале, а и ќе минат Твоите предели верувај, никогаш нема да згинат. Мартина Костадиноска, VIII-2 одд „Д-р. Владимир Полежиновски“ – Кичево Ментор: Добрица Крстеска 107


Основни училишта

Јас и мојот град Тивка е оваа ноќ, Градот мој безгрижно спие, Небото ѕвездена покривка Над него ќе свие, Во моево срце љубов се крие, Мојава душа од тоа вино сака да пие. А, јас сонувам и сонувам, Го шетам срцето низ улиците на мојот град, Низ времиња минати и дамни, Кога градот мој беше уште млад. И гледам црвена крв се лее, Ко вино истекува од неготинската душа, Низ градот тажна песна се пее, Непријателот и овде направил суша. Но, дојде и тоа време, ноемвриска ноќ, Пругата близу градот во пламен е цела, По долга борба и пукотници Окупаторот плати за своите дела. Време дошло да се посее семе, Од кое што ќе никне градот нов и убав, Неготинци да го најдат својот мир, Да живеат во слога и љубов.

108


Јас и мојот град

И минале оттогаш години многу, Се изградило ова место, И тргна напред кон иднина светла, Припомнувајќи си и за минатото често. Градот, кој во нашиве срце се крие, Од него најубаво вино се точи, Покрај него македонски Вардар се вие, Ширни полиња пред нашиве очи. И јас сум негово чедо, Неготино е мое родно место, И многу пати ми велел мојот дедо: Сакај го, сине, својот град, Каде и да скиташ, каде и да одиш, Срцето твое секогаш наваму, дома да те води. Кристијан Пановски, VIII-г одд. ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино Ментор: Нетка Богевска

109


Основни училишта

Јас и мојот град Во кој град од светот, каде и да бидам, и сите светски чуда, таму да ги видам за мене и тогаш не постои дилема, од моето Скопје, поубаво нема. Шеесет и третата, се разурна до темел но на нозе се крена, од прав и од пепел. До своите пријатели упати благодарност, и доби епитет - град на солидарност. Денес е Скопје современо место, многу туристи го посетуваат често. Тој има душа за млади и за стари, зборува за минато, а гради идеали. Водно од север, нас сите нè чува, за ветерот силен в грб да не ни дува. Вардар се пени, неуморно тече, спомените од детството со себе ги влече. Тврдината Кале е сведок без глас, а мајка Тереза се моли за нас. Плоштадот во Скопје е посебна глетка, со споменици и фонтани, убавина е ретка. Тие за херои и легенди зборуваат, за сите со гордост да ги споменуваат.

110


Јас и мојот град

Секому оној дом му е мил, кајшто се родил и гнездо си свил а од моето срце единствено води пат, кон моето Скопје, мојот сакан град. Марио Методиевски VIII-г одд. ООУ „Димитар Миладинов“ - Скопје Ментор: Лидија Паневска

111


Основни училишта

Јас и мојот град Таму некаде на Балканот, долу Каде што ветерот немирно дува, Чудесна земја распослала коси Ко лавица силна, храбра ко воин, Со сонце во раце, победа што носи. За среќа, во неа сум се родил Штип е мојот роден град, Таму се пее, тука живот се живее Секој со секого, како брат со брат. Вечен патнику, низ светот што скиташ! Погледни, тоа е градот мој, Со насмев те кани, ти подава рака Пријател сака да биде твој. Прошетај, застани! Го слушаш ли звукот што ѕвони, Тоа, калдрмата шепоти Раскажува за страдањата свои. Низ градот Брегалница тече, Артерија - живот што му дава Преку неа, мостови што поврзуваат Наоколу клупи генерации што спојуваат.

112


Јас и мојот град

Не заборавај на Исарот да се качиш, Наш вечен чувар е тој, Ни дождот, ни ветрот не го плаши ништо Минатото го сведочи, на народот свој. Во Штип место за секого има За мене, за тебе, за сите, Овде „Ода на радоста“ се пее, Овде брзо поминуваат дните. Туристи, гости, добредојдовте Вистинско место за престој одбравте, Безброј причини за да останете, Верувајте, нема да зажалите. Јовица Петров, VIII-2 одд. ООУ „Гоце Делчев“ – Штип Ментор: Маре Милева

113


Основни училишта

Јас и мојот град

С

о првиот човечки плач, се отвараат вратите на животот. Всушност, тогаш се пуштаат првите човечки корења, оние кои засекогаш потсетуваат на потеклото на човекот и се носат како украс на еден идентитет. Тие корења постепено, паралелно со човекот се развиваат, се шират и насликуваат географска карта на град која не може да се купи ниту во еден киоск. Моето Кавадарци е град со посебна„душа“ во моите очи. Слободно можам да ја употребам присвојната заменка „мое“ бидејќи „моето“ Кавадарци е дом на луѓето кои ги сметам за најзначајни, чувар на спомените кои ги вбројувам во најскапоцени и кои се затвараат во ковчегот на душата. Овде се испишува мојата автобиографија, а секој нов ден е нова свртена страница. Овде сите луѓе се сплотени во еден дух, духот на љубезноста и пријателството. Овде никоj со никого не е странец, а не може ни да биде покрај тој кавадаречки менталитет кој тече во крвта на секој Кавадарчанец. Тука е почвата на Св. Трифун, наш грб и заштитен знак се грозјето и виното, а секој ќош, секоја клупа има своја приказна, суеверие. Мене, овој прекрасен град никогаш не ми дозволува да се чувствувам осамено. Кратки релации, широки познанства е она што го прави посебен. Кај нас „рози“ цветаат во љубовта, додека безгрижноста и мирот се препознаваат по хармоничните насмевки. Го обожувам градов и поради забавите кои го хранат сечиј вкус, поради музиката која ја компонира нашата мала, но уникатна река. Ете сето ова ме прави заљубена во мојот град, се надевам дека овие зборови некогаш ќе стигнат до неговото поплочено, а сепак толку човечко срце.

Елена Ридова VIII одд. ООУ „Тоде Хаџи - Тефов“ Кавадарци Ментор: Лиле Жабоска 114


Јас и мојот град

Јас и мојот град Јас и мојот град град од сказни Охрид е волшебен како мајката чедото топло разни, гушнати, со живописнии бои, убавини еден другсреќа, нежназаљубов тој мисоноси мене еделиме, рај еден без друг дробни солзи рониме. многу сум горда на мојот роден крај. Јас и мојот град На Галичица ветрец нежно свири, како златното сонце со небото сплетени, златооко сонце низ гранките сјае, еден без друг не осамнуваме, зелените дрвја шепотат тивко, еден со друг во утрото се будиме. Галичица сите тајни ги знае. Јас и мојот град Езерото синои-коренот студено сплотени, и мирно, како дрвото кристално окотивко – блескаво, еден без друг венеме,нежно, за мене тоа е замрзната убавица еден со друг со години вирееме. секогаш кога е заспано и снежно. Јас и мојот град Охриде, граду мој роден, како рибата и водата неразделни, со радост за тебе творам, еден без друг не опстојуваме, ти си со мидруг надеж, ти си вера еден живот сими даруваме. и за тебе со љубов горам. Јас и мојот град како птицата и слободатаБисера споени, Петревска VIII-в, еден без друг ни ден не живееме, ОУ „Блаже Конески”, Скопје еден со друг среќни во лет пееме. Марија Костовска Ментор: Орданче Рибарски 8 одд. ООУ„Св.Кирил и Методиј “-Велес Ментор: Менка Андреева 115


Основни училишта

Јас и мојот град

А

х, колку е убаво пак да си дома! После неколку години пак сум тука во моето мало, а големо Скопје.

Се наоѓам во мојата стара соба откако пред десет години со мајка ми и татко ми заминавме во Канада на печалба. Сè беше различно! Улиците, објектите, луѓето, па дури и воздухот. Воздухот кој Скопјаните самоуверено го вдишуваа. Имав само девет години кога заминав од Скопје. Сега после шест години се враќам назад во мојот роден крај. Секоја птица се враќа во своето гнездо, па така и јас. Мамо, ќе може ли да одам да се прошетам низ плоштадот? Сакам повторно да го запознаам мојот роден град. Секако дека може. Но биди внимателна! Не е сè како што оставивме! Во ред мамо – реков јас и се упатив кон плоштадот. Излегов од дома и тргнав да го видам Скопје. Сè беше толку... различно. Кога дојдов на плоштадот не верував дека бев во Скопје. Околу мене имаше голем број споменици, продавници, кафулиња и др. Луѓето беа раздвижени повеќе од кога и да било, а одејќи слушав туристи како зборуваа за нивните тури низ Македонија. Поминував, се чудев и не им верував на своите очи. Спомениците на нашите херои гордо сведочеа за нашата историја. Фонтаните, новите мостови, сè ме возбудуваше. Насекаде имаше нови работи кои воодушевено ги набљудував. На крај се најдов на Стариот камен Мост. Го гледав Вардар како

116


Јас и мојот град

тече и размислував. Можеби сè ми беше ново, но се чувствував дека... припаѓам тука! После толку години се почувствував дека припаѓам тука. Ги познавав сите овие луѓе, јазик и се чувствував неверојатно исполнето. Се чувствував ... безбедно. Срцето ми беше мирно и по неколку години слободно! Знаев дека во Скопје преживеав секакви работи и настани. Славев, плачев, се гордеев, но знаев дека на крајот на краиштата, секогаш ќе се враќам тука и ќе зборувам за него како место каде вистински припаѓам! Делина Хајрединовиќ, VIII 4 одделение ОУ “Цветан Димов“ –Чаир, Скопје Ментор: Ленче Милевска

117


Основни училишта

МОЈОТ ГРАД Градот мој Скопје се вика и сè е во најубава лика. Во срцето мое секогаш го носам како најубава слика. На пролет зелен, на есен жолт, а пак во зима кристално бел прекрасен е мојот град цел. Споменици, фонтани, светилки го красат неговиот лик го сакам мојот град распеан, шарен и секогаш хит! О, Скопје граду мој посакувам да бидеш во најубав крој и генерации нови што идат на тебе горди да бидат! Тамара Стојановска V-3одд. ОУ„Блаже Конески“- Скопје Ментор: Јадранка Клисарова

118


Јас и мојот град

Јас и мојот град На јужната страна едно сонце грее, Богданци-родно гратче мое, Од секаде вреден домаќин се смее, Потпевнува ветрето за минатото твое. Паљурци те краси, за минатото бајка ткае, Апостол Павле за твои предели знаел, Карабалија шумна порака ти праќа, Од јунак смел, слобода што сакал. Те носам во срцето, за тебе творам, Со дланките мои земјата ја галам, На секој гостин за тебе му зборам, Фенер поетски со жар му палам! Симона Лисичкова VIа одд., ООУ „Петар Мусев“, Богданци Ментор: Ковилка Енџекчева

119


Основни училишта

Јас и мојот град

Х

ммм, мојот град... Што еден град треба да биде за да можеш да го наречеш - мој град? Дали е доволно само да биде твој роден град или треба нешто повеќе? Дали можеби треба да биде голем, сив, накитен, величествен, осветлен, бучен или мал, спокоен, ... Веројатно, не е доволно само да бидеш роден во него, зошто баба ми е од Штип ама кога зборува за Скопје од нејзината младост тоа звучи мошне носталгично и се насетува многу љубов во тие раскажувања. Секој сокак, секое маало, секоја капија како да £ останала длабоко врежана во главата. А жарот со кој зборува за тоа Скопје е толку силен, мислиш ти раскажува за прекрасната Виена или можеби единствениот Париз. Долго време не можев да го разберам тоа, но полека и јас ја откривам вистината. Мислев дека доволно е само да си роден таму и тогаш тоа место е твој град. Но, не било така. Секоја ситница го прави еден град да биде само твој, единствен и најпрекрасен на светот. Викендите на Водно, прошетките низ патеките во Градскиот парк, возењето велосипед на кеј, скарата во Старата Чаршија, Велигден во Соборниот Храм, сокче на улица Македонија, неделен пазар со тато на Буњаковец, купување со мама во Градски Трговски Центар, концерт во Универзалната Сала, дружбата со децата од моето маало... тоа го прави Скопје – мој град, најубав на светот. И сé има во тоа мое Скопје, но најмногу има топлина и љубов за сите нас кои живееме во неговите прегратки. И колку времето да го менува незапирливо, сепак силно го чувствуваме неговиот жар и непобедлив дух. Стои гордо и сведочи за секој живот поминат на неговите улици и во исто време им дава енергија на новите 120


Јас и мојот град

генерации. И во овој денешен метеж и секојдневно трчање низ животот градот сé уште си го крие мирот во тивките населби како мојата. Не го пуштил да избега некаде и сé уште им дава топлина и чувство на припаѓање на своите луѓе. И затоа, тој е убав, мал... Скопје, мојот единствен град.

Катја Зенделска, VII a одд. О.У. ,,Владо Тасевски”, Скопје Ментор: Катерина Аницин

121


Основни училишта

Јас и мојот град Таму каде што владее добрината, каде што природата е украс на убавината, се наоѓа градот во кој живеам јас, и за да разберете, треба да го поминете овде секој час. Има парк со прекрасна фонтана и бина „за да пее г-ца Монтана“. Ако мислите дека овде атмосферата е тажна, мили пријатели, таа информација е лажна. „Чавдарова чешма“ е стар извор тука кога ќе ја видите, срцето брзо ќе ви чука. Возбудата и во мене сеуште расте, Не, не верувам дека некогаш ќе згасне. Сакам нешто да ви кажам, искрено, јас не ве лажам, дојдете да нè посетете нас, наскоро ве очекуваме вас. Надица Каракамишева VIIIa одд. ООУ „Петар Мусев“, Богданци Ментор: Софија Проданова

122


Јас и мојот град

ЈАС и МОЈОТ ГРАД Утро, в сина виделина Јас и мојот град. Срцето ми бие в грло, сончевина Од палетата на сонцето пад. Ти растиш со мене, граду мој, Притаена роса врз бланката на Баба. Залутан во скутот на ридовите тој Трепери в пејзажот и убавина градба. Ти подигаш населби на моите стапки, Што стрчат во времето лудо, Но, за Широк Сокак тие се само капки, А Хераклеа – вистинско чудо. Ме гледаш немо ко низ музејска витрина Граду мој, со мирис на липа, Од утробата твоја се раѓа и низина, За тебе се испеани безброј стиха. Кристина Котевска, VIII б одд. ОУ „Стив Наумов“ – Битола Ментор: Христина Мијалчева

123


Основни училишта

Јас и мојот град

Р

ешив овој текст да го започнам со зборот убавина, зборот кој целосно може да го опфати мојот град Битола, мојата Битола со својата убавина во секое време, од денскиот живот до ноќниот живот за младите. Вреди да се опише и старата чаршија и нејзината привлечност, мирисот на битолскиот локум и турското кафе, а да не го заборавам и звукот на ѕвончарите, ковачите и кројачите. Битолскиот Монмартр е простор во кој во секое време излегуваат и влегуваат од најмлади до најстари генерации кои учеле и учат да бидат ликовни уметници. Ќе го спомнам и затворениот пазар или уште така наречен Битолски Безистен. Кога минуваш покрај него можеш да ја пробаш и битолската позната чкембе чорба. Кога ќе се приближиш до Саат кулата можеш да ги чуеш и отчукувањата на Битолскиот часовник и да помислиш на песната „Битола мој роден крај“, а паркот на Саат кулата е доста познат за младите Битолчани. Широк Сокак е мојата омилена дестинација, мирисот на липите на познатото битолско кафе и она што ги полни очите на битолчаните т.е. добро познатите шареникави излози. Според мене Битола е најубава во есен кога улиците се исполнети со најразлични разнобојни лисја и кога тивко дува нежното ветерче и ги гали образите на Битолчани. Кога учениците брзаат кон училишните клупи и ги споделуваат сите убави моменти поминати за време на летниот распуст со своите школски другарчиња. Сега морам да го завршам овој текст, но многу ми е жал за тоа поради тоа што имам уште многу работи за раскажување за моето родно место, за мојата Битола и нејзината убавина. Да не заборавам дека секој што поминал низ Битола според мене не зажалил.

124


Јас и мојот град

За мене Битола е најубавиот град во сиот свет, тој е како зрно од житотото, како лист од цветот. Тоа е катче во кое живеат и ќе живеат многу генерации. Се надевам уште многу години ќе се пее песната „Ако одам во Битола“ и ќе се споменува убавината и ендемичноста на Пелистерската Молика и топлиот планински чај испиен на Пелистер гледајќи ја Битола оддалеку.

Елена Здравковска VII a одделение ОУ „Стив Наумов“, Битола Ментор: Ана Динковска-Божиновска

125


Основни училишта

Јас и мојот град “Ако одам во Битола, Ќе прошетам по Широк Сокак, А на Дембел чаршија Кафе ќе се напијам Младост мила ќе си спомнувам“ Ах! Моја Битола, Битола моја убава. Патнику! Ако си добронамерен дојди во мојата Битола. Прошетај по Широк Сокак за да ги слушнеш најубавите приказни за мојот град, приказните за минатото, сегашноста и иднината. Да ја слушнеш приказната за Хераклеа – бисерот на антиката, за најпознатиот пат Виа Игнација, која го спојувала Јадранското Море и Егејското крајбрежје, пат кој го спојувал истокот и западот. Слушни ја приказната за прекрасната Баба планина, за нејзините две езера наречени „Планински очи“, за прекрасниот и единствен бор молика. И така во подножјето на оваа убава планина и на широкото Пелагониско Поле е сместена мојата Битола. Дојди патнику и напиј се кафе на Широк Сокак и ќе ја слушнеш приказната за Битола под власт на Османлиите, време кога голем број цркви се претворени во џамии и изградбата на Саат Кулата која денес со своето отчукување како да го одмерува времето кое поминало или поминува. Ќе слушнеш за Безистенот, место каде се продавала или купувала стока од цела Европа, а луѓето меѓу себе комуницирале на повеќе јазици, можеле да се слушнат македонскиот, турскиот, албанскиот, францускиот, грчкиот и влашкиот јазик. Еј! Патнику, потруди се да ја слушнеш приказната за конзулска Битола, за Битола град на клавирите, град на браќата Манаки, град 126


Јас и мојот град

на убавата староградска песна, во која се пеело за убавините и животот во мојот град. Потруди се да го слушнеш тропањето на пајтоните, кои „кроце-кроце“ се движат по Широк Сокак, возејќи ги убавите битолски девојки, но исто така почувствувај ја насладата што се слева од Тумбе кафе, за на крај да ги здогледаш денешните убавини, што го красат мојот град и да сфатиш како убаво се сплетени старите и новите традиции, старата и новата култура. Да слушнеш за „Битолското културно лето“, за манифестацијата „Илинденски денови“, интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и многу други збиднувања кои се случуваат во мојот град. Ете, мој непознат патнику, зошто јас и луѓето што живеат во Битола, а и оние кои еднаш ќе дојдат, засекогаш остануваат вљубени во неа.

“Битола мој роден крај, Јас те сакам од срце знај“ Марија Мицевска, VII-б одд. ОУ „Стив Наумов“ – Битола Ментор: Христина Мијалчева

127


Основни училишта

Јас и мојот град Битола – граде мој, Слико моја, Каде и да одам Чувствувам сум твоја! Пред мене стоиш Со староградска и модерна става, А Пелистер е твојата глава! Градскиот саат со битолчани се дружи, Милно ги чека Еј, така било од памтивека! Низ улиците твои Светкаат црквите наши вечни, Еј како „Манастири“ Си опеана низ песни! Низ тебе граде мој, Чекорот ми е сигурен и лесен И секој досаден миг е тесен! Ретката молика На Пелистер царува, И во летната врелина Планинска свежина на градот му дарува.

128


Јас и мојот град

Јени-маало, Чифте-фурни, Бела-чешма, Баир, Тумбе-кафе Се пулсот твој Еј, граде, а и мој! Старата чаршија Не дозволува Занаетите да згаснат А се труди и нови да раснат. Кој од тебе ќе замине Во мислите засекогаш, Низ Широк Сокак ќе намине. „Свети Нектарие Битолски“ На градот му е заштита силна, Еј, Битола, Битола моја сакана Лична, милна!!! Евгенија Велковска, VIII-5 ОУ „Св.Климент Охридски“ – Битола Ментор: Мирјана СтојановскаПалигора

129


Основни училишта

Го сакам мојот роден град Облаците додека растураат по небото, јас твојот лик во небото го гледам. Додека сонцето изгрева ти во моиве зелени очи зрачиш. Додека капките од дождот капат на мојот прозорец ти во нив блескаш. Кога заминувам иако дел од срцево те oтфрлa, ти во него остануваш Остани… Остани во моиве мисли затоа што те сакам. Остани во моиве спомени да те гледам. Нека остане твојот убав лик во мене и тогаш кога ќе се разделиме. Остани во мене остани засекогаш мое Скопје мило! Дијана Стојковиќ VIII-3одд. ОУ Гоце Делчeв –Долно Лисиче Ментор: Марија Тодоровска

130


Јас и мојот град

Јас и мојот град Дете сум сè уште -со насмевка чиста, а за градот мој роден веќе имам спомени триста. Над Кале дур се спушта ѕвезденото небо, денот ми минува крај Вардар - на брегот. Таму, на Матка, трчав крај Треска, шетав среќна дури сонце блеска. На Водно еднаш со другарка се качив и цело Скопје ко на дланка го фатив. Аеродром, сепак, ми е најомилено место, зошто таму минува моето детство. Исидора Мицоска VIII-в одд. ОУ „Димитар Миладинов“-Скопје Ментор: Митра Цилевска

131


Основни училишта

Јас и мојот град Заедно растеме мојот град и јас низ пишани редови ќе ви раскажам за нас. Ќе ве прошетам низ време на јунаци славни, на војници и војсководци главни. И да почнам така редум преку Кале славно па да појдам надолу покрај Вардар рамно. Од лево чаршијата носи тешко бреме, нејзините сокаци раскажуваат за едно одамна минато време. И модерен дел градот има мој, на модерното и урбаното тука има спој.

132


Јас и мојот град

И тоа не е сè што има, нешто дојди види сам, дека ќе бидеш воодушевен тоа јас го знам. Тргни, ако бар малку те повикав на пат, а тука ќе те пречекаме Јас и мојот град! Анастасија Јакимовска VI - в oдд. ООУ „Димитар Миладинов“ - Скопје Ментор: Лидија Паневска

133


Основни училишта

Јас и мојот град

Д

олго време размислувам и се обидувам да ги пронајдам вистинските зборови, со кои што би можел да ја искажам големата поврзаност, што ја чувствувам кон мојот град.

Стоејќи така, во мојата глава ми се нижеа мисли како бисери за времето кога мојот град се соочувал со тешкотии. За сите што со храбро срце се бореле јуначки и го дале својот живот, СЛАВА ИМ. И додека размислувам за минатото и за поробениот народ, една по една солза ми го квасеше моето детско лице. Се соживував со сите оние што тагувале, што изгубиле некој свој и во тој момент ми надојде уште едно сеќавање за големиот земјотрес, кој го погодил мојот град. Пред очи ми излегуваат слики од рушевини, од пискоти и плач на луѓе што ги изгубиле покривите над главите. За само еден миг им се срушил сиот свој свет, сето она за кое работеле, за кое мечтаеле и го стекнале. За само еден миг, како времето да застанало, исто како и ѕидниот часовник, што како нем сведок сè уште непоколебливо стои на истото место. Но животот продолжува понатаму. Мојот град и народот што живее во него, како вредни пчели, сите сплотени едни со други успеале да го вратат сјајот, оној прв утрински зрак од светлина и да го подобрат изгледот. Спојот на она традицијалното и модерното, на она за кое секогаш сите ќе се гордееме. Ги затворам очите, за да можам подобро да го доловам сето она што ме опкружува околу мене. Многу згради, училишта, игралишта, универзитети, здравствени установи, трговски центри, кино сали, театри, споменици, фонтани и што ли уште не го красат мојот чудесен град. Како една приказна се испреплетени минатото и сегашноста, 134


Јас и мојот град

поврзани со златна нита, која секогаш ќе не потсетува од каде сме и каде сакаме во иднина да се гледаме. Стојам исправено пред мојот град со многу љубов, бидејќи тука сум роден, тука ми поминуваат училишните денови, детските игри, дружби, смеа, моите желби и соништата. Јас и мојот град чинам сме едно. Колку повеќе љубов му искажувам, толку повеќе ја чувствувам неговата блискост и поврзаност. Се радувам на секој нов ден. На секое изгрејсонце и зајдисонце, на секое шумолење на ветрот, на сончевите зраци, на чрчорењето на птиците, дури и на звукот од автомобилите. И навистина сум горд што сум жител на мојот град Скопје, што сум Македонец и што слободно живеам во мојата земја Македонија. Те сакам граду мој мил...

Виктор Тошевски VII одд. Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ - Скопје

135


Основни училишта

Јас и мојот град

В

о мојот град, јас се чувствувам многу убаво и сум многу среќен. Убаво ми е кога станувам наутро и знам дека денот ќе ми биде исполнет со учење, другарување и играње. Го сакам мојот град бидејќи овде се сите тие работи кои ме прават среќен. Многу сакам кога се шетам слободно по моето маало, кога одам на игралиштето, а тоа е секогаш полно со многу деца и силна врева. Сите деца овде си играт и се радуваат, сите се среќни. Јас таму поминувам многу време со другарите, си ги кажуваме тајните и желбите и си ги мериме силите кога играме фудбал, кошарка и многу други игри. Го сакам и мирисот на липите по улиците кадешто се шетам. Со моите родители секогаш се шетаме и уживаме. За викенди кога не сум на училиште, времето го минувам во природа, со родителите одиме на Матка и убаво се чувствувам кога со нашите домашни миленичиња се шетаме во нашиот голем и убав парк. Во паркот секогаш има многу луѓе; млади и стари и сите одмараат и уживаат на клупите под големите дрвја. Мојот град е многу убав, бидејќи има многу споменици, мостови и друго. Убаво ми е што во мојот град има и места кои можеме да ги посетиме во слободното време. Камениот мост е еден од најстарите и за него учиме многу работи на училиште. За него ни раскажувале и бабите и дедовците. Тој е дел од нашата историја. Убаво е и да се прошета по Скопското кале, од каде многу убаво може да се види целиот град. Мојот град е полн со многу убави

136


Јас и мојот град

работи, некои сеуште не сум ги видел и прошетал, но, пред мене има многу време да шетам и да уживам во убавините. Баш затоа го сакам.

Блаже Зафиров VI одделение Државно училиште за рехабилитацуја на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ - Скопје

137


Основни училишта

Ментор: Наталија Маневска

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Мојот град Делчево се вика, убав е, има прекрасна лика. Опкружен со одлична географска слика, сите луѓе тој ги вика. Толку многу го сакам јас, мислам дека го делам мислењето за него со вас. Опкружен со стари,мали села, насекаде распространет со природно-уметнички дела. Тој е мојот роден крај, во него се е како во рај. Тој во срцето останува, љубовта кон него никогаш не престанува.

Сара Станоевска VI-2 одделение ООУ Св.Климент Охридски Делчево Ментор: Милка Стоилкова

138


Јас и мојот град

СКОПЈЕ Во државата убава наша Македонија која се вика главниот град Скопје се издига како слика. Згради, улици и споменици од убави, поубави го красат. Водно како круна му стои со крстот издигнат во илјада бои. Вардар неуморно, жубори тече како да пее со срце и душа спомените, желбите и мечтите на сите минувачи на Камениот Мост ги слуша. Болка голема градот имал, војни, земјотреси и што ли не, но не се предавал тој лесно и повторно се издигал чесно. И денес со него се гордееме, исправени, чесни, Химната ја пееме името твое многу на значи како сончева светлина зрачи. Михаил Димитровски с.Звегор Делчево Ментор: Милка Стоилкова 139


Основни училишта

Јас и мојот град Мојот роден град Делчево се вика и за мене е убав како најубава слика. Реката Брегалница на два дела го дели весели песни реди и да се слушаат вреди. Скриено во пазувите на планината Голак приказни свои збори и моето срце од љубов гори. Каде и да одам секогаш ќе те сакам јас. О, граду мој роден од моите мисли и желби воден. Оваа песна за тебе ја напишав јас и ќе ја прочитам во мојот клас. Ана Анакиева VI -2 ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево Ментор: Милка Стоилкова

140


Јас и мојот град

Мојот град Мир. Квечерина тивка. Слобода и птиците пеат, и сонцето топло грее се слуша и џагор и детска смеа. Прекрасен е градот мој. Мир,тишина,сјај, секој човек би посакал да живее во ваков рај. Гоцевиот споменик градот го краси и неговото име славно го носи. Околу него по тревичка трчкаат децата разиграни, боси. Не е којзнае колкав град но за мене е прекрасен свет шарен, во разни бои прекрасен ко пролетен цвет. Сандра Ристовска VIII одд. ООУ ,,Св.Климент Охридски“, Делчево Ментор: Валентина Даневска

141


Основни училишта

Јас и мојот град Поминувам низ него гледам споменик кој гордо стои Кој е горд на својата историја, кој на своето име и дела е навистина горд. Реката Брегалница на два дела го дели, своја приказна влече и мирно си тече. Планината Голак горе во североисточниот дел се наоѓа и со прекрасни билки располага. Врвот чавка кој со планината нè поврзува. Ех, во планината Голак нема што нема... Лековити билки, растенија, шумски плодови кои навистина добро нè лекуваат. Горе кон планината Голак црква прекрасна е изградена, за здравјето на сите нас, таа е направена. И таму горе во планината Голак секоја година август-месец „Голачки Фолкорни Средби“ се одржуваат. Во Истевник пак „Кукуљето“ навистина добро е сочувано Легенда - за да нè потсети дека на сирома шните треба да им се помага. А, во Звегор „Илин камен“ да го видите навистина ќе се воодушевите, и навистина убавина ќе се нагледате. Габровцица е река која е горда на себе, како поток низ градот тече, и тој дел од градот го краси. Духовно навистина добро сме развиени, со неколку цркви во градот и околината.

142


Јас и мојот град

„Успение на Пресвета Богородица“, „Цар Константин и Царица Елена“, „Св. Петка“, „Св.Богородица Блаклија“, „Архангел Михаил“, „Свети Води“, „Свети Илија“ духовно се воздигнуваме. Кон дамнината вечно сме носени, а и спомените и традицијата уште добро ги негувам, ги сакам, ги чувам, и им се посветувам, и јас и младите во мојот град. Јас и мојот град, заедно дишеме, со љубов твориме, растеме и се развиваме во дамарите на модерното време. Јована Витанова VIII одд. ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево Ментор: Иванова Весна

143


Основни училишта

МОЈОТ ГРАД Кога чекорам по тебе, Кога минувам покрај многубројните булевари Кога размислувам за историјата славна, Ти, граду ми го земаш здивот. Кога шетам покрај пенливиот Вардар, Го чувствувам твоето пулсирање. Кога се качувам по тесните патеки На планината Водно Го забележувам твојот поглед, Врежам во народот свој. Ти, гради за мене си сончев сјај, Мил мој роден крај, Цвеќе во градина цветна, Во секое срце љубов вечна. Петровска Ангела - VII г одд. ОУ„Гоце Делчев“ - Илинден, Скопје Ментор: Вера Влаховиќ

144


Јас и мојот град

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Среќно чекорам по широки улици, Се восхитувам на цветни булевари, Возбудливо срцето ми бие Од глетката што пред очи ми е. Мојот град е моја радост, Моја среќа, моја младост, Тој е љубов моја, но и твоја. Со векови те граделе раце Спремни за големи дела, Затоа смело ќе кажам Најличен си на земјава цела. Расти граду убав За среќа на твоите чеда, Нека со восхит светот Тебе личен те гледа. Ивана Бојковска VII г одд. ОУ„Гоце Делчев“ - Н. Илинден - Скопје Ментор: Вера Влаховиќ

145


Основни училишта

Јас и мојот роден град Градот мој убав Скопје се вика, таа убавина не ја собира само на една слика. Таа е метропола мала исполнета со дружба и смеа, кој дошол тука ја засакал неа. Низ него тече реката Вардар, околу него детска смеа и игри. Тука е и Скопското Кале каде се воделе големи битки, се слушале пукотниците на пушките пламени, витки. Од далеку се гледа убавината на Водно и Милениумскиот крст, кој ни дава ориентација, но и голема релаксација.

146


Јас и мојот град

Се гордее и плоштадот Македонија, кој е исполнет со споменици убави и разни. Тие раскажуваат за историјата славна, и многу спомени им оставаат на туристи разни. Александра Крстевска – VII г одд. ОУ„Гоце Делчев“ - н. Илинден, Скопје Ментор: Вера Влаховиќ

147


Основни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД

В

о срцето на мојата татковина, Македонија се наоѓа мојот роден град, Кавадарци. Тој е сместен во прегратките на сончевата и плодна Тиквешка котлина. Во него како река жуборат радоста, смеата и распеаноста на луѓето кои му даваат душа на градот. Поради тоа, според мене, Кавадарци е еден од најубавите градови во Македонија. Тој е препознатлив по убавото тиквешко вино, не само во нашата татковина, туку низ цела Европа. Денес мојот град е модерен град. Изградени се многу фабрики, згради, училишта како и културни споменици. Кавадарци повеќе не е мало гратче во кое жителите се занимаваат само со земјоделство. Сега секојдневно никнуваат нови фабрики во кои граѓаните работат и ја остваруваат својата егзистенција. Кавадарци се гордее и со своите културно историски споменици. Тие гордо низ генерации сведочат за херојството на нашите борци кои храбро се бореле за слободата на Македонија. Еден од тие споменици е костурницата која е изградена во прекрасниот парк на Кавадарци. Градскиот парк со својата природна убавина ја надополнува убавината и гордоста на овој споменик. Мојот роден град може да се гордее и со убавината на неговиот центар. Центарот на градот изграден со модерна архитектура е секојдневно прибежиште на моите сограѓани. Секојдневно млади и стари своето слободно време го исполнуваат во срцето на гордост, дружејќи се со своите пријатели. Мојот роден град е горд и на неговата младина. Младите луѓе секојдневно се стремат градот да биде поубав и повесел. Се организираат разни манифестации со кои се негуваат вековните традиции. Најголема манифестација е Тиквешкиот гроздобер. 148


Јас и мојот град

Тиквешкиот гроздобер се одржува во чест на лозарството и винарството кои се основни животни егзистенции во Кавадарци. Кавадарци не може да се замисли без винова лоза и вкусното тиквешко вино. Како секој млад човек и јас многу го сакам мојот град. Како нашите предци, така и ние младите ќе го одржуваме, градиме и ќе се гордееме со него. Ќе се стремиме секоја година да биде поубав и помодерен кој ќе биде пријатно место за живеење во кое нашите животни егзистенции ќе бидат остварени.

Лилјана Чукаркова VII в одд. ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадаци Ментор: Олгица Младеновска

149


Основни училишта

Јас и мојот град

Е

х, овој мој крај, ех овој мој роден град. Тиквешкото поле, Тиквешкото езеро, реката Луда Мара, планината Кожуф, тоа е сликата на градот Кавадарци, или, Тиквешија или Македонија... како сакате, така може да го запознаете. Но, за мене е еден, единствен, за мене е мојот роден крај! Луѓето зборуваат : „Никаде не е како дома“, или „Грутката тежи од каде што потекнува“. Мала сум сè уште да го доживеам тоа, но доволно голема за да го почувствувам. Го чувствувам топлиот ветер додека минувам покрај улиците, уживам во спокојството кое го нуди нашиот „шума парк“, шетам покрај брегот на Тиквешкото езеро, трчам по ливадите на „12 деца“, ја гледам панорамата на Кавадарци од споменикот „Костурница“, учам за борците кои ни ја дадоа слободата, учам од легендите за легендарната Ваташа, за саат кулата... Можам да ви раскажам за полињата во кои бранува виновата лоза и за прочуените Тиквешки вино и ракија. Знам да раскажувам за убавините кои ги нуди висорамнината Витачево и планината Кожуф: бескрајни зелени ливади, длабоки букови сенки, прошетки во шума, жуборот на планинските поточиња, мирисот на природата, ладовината, песната на птиците, шумското овошје, танцот на пеперутките, одмор од градската врева... Рај за душа и очи. Можам да раскажувам уште многу, но сликата за мојот роден крај ќе биде целосна само ако дојдете и ги доживеете овие убавини на свој начин, се разбира поразличен од мојот. Тогаш ќе ве пречекаат добрите и гостопримливи мои сограѓани, со вешто подготвените традиционални јадења, доброто црно и бело вино, жолта ракија и едно големо „Добродојдовте“ кое е напишано на двата влеза во мојот... во нашиот град Кавадарци.

Ангела Иловска ООУ „Гоце Делчев“-Кавадарци Mентор: Лиле Жабоска 150


Јас и мојот град

Јас и мојот град

К

авадарци е мојот дом и мојот живот. Tука се сите што ги сакав и што ги сакам. Дом што ги чува моите спомени. Mногу делови од овој град сцедочат за многу искуства и доживувања. Го сакам Кавадарци затоа што е мал и удобен за живеење, затоа што скоро сите меѓусебно се знаеме, се дружиме, живееме еден убав и мирен живот. Ако треба да ја нацртам мојата градска кавадаречка мапа, ќе се добие еден сосема поинаков град, чија мапа не може да се купи никаде затоа што таа е само моја, јас ја измислив доживеав и нацртав. Го сакам мојот град затоа што е мирно место за живеење, затоа што луѓето се гостопримливи така велат сите што го посетуваат градот.

Моето Кавадарци се состои од оние места и луѓе што ми се драги, од убавите среќни мигови што изминале и што нема да се вратат. Од нештата што ќе ме потсетуваат на оние среќни мигови што допрва ќе ги доживеам. Го сакам Кавадарци и си дозволувам, да го наречам мое затоа што го имаме најубавото вино, затоа што тука се моите сакани и моите најблиски личности. Го сакам и среќна сум што живеам тука, во овој мал и прекрасен град. Го сакам со сите негови убавини, маани и доблести. Го сакам затоа што е мој!

Aдонија Тодорова Гоце Делчев VI ª - Кавадарци Ментор: Јованка Ангеловска Змејковска

151


Основни училишта

Јас и мојот град

Н

а југ од ридестиот Балкан каде сонцето ги истура своите зраци, а Господ ја благословил почвата со сласт и милост, таму е нашето Кавадарци. Мојот град Кавадарци лежи на јужниот дел од Република Македонија. Етимолошки името Кавадарци потекнува од грчкиот збор „кавадион“ што значи наметка од скапоцена ткаенина и Кавадарчани ја изработиле оваа скапа ткаенина. Во историјата за првпат Кавадарци под денешно време се спомнува во 1915 година како мала рурална населба во рамките на солунскиот вилает. Јас сум родена во овој прекрасен град и за мене и најубаво место на живеење. Во мојот град Кавадарци, во мојот дом заедно со моето семејство и со сите други луѓе во него, се чувствувам сигурна, среќна и безгрижна. Мојот град Кавадарци бил во минатото, а сега е уште поголем стопански административен и трговски центар на Тиквешијата, препознатлив е и по производството на грозје, вино и ракија. Затоа секој патник, или случаен минувач, којшто барем еднаш поминал, или престојувал во мојот роден град сигурно се враќа повторно да го посети. Многу сум горда што живеам во град кадешто една од најголемите вредности кај моите сограѓани е срдечноста и гостопримството. Секогаш со насмеани лица, ги дочекуваат своите гости, со традиционални специјалитети, со тиквешко вино и ракија, со македонски изворни народни песни, а на заминување ги испраќаат со убаво трпезно грозје, со вино и ракија. Денес, мојот роден град е еден од поголемите градови во Република Македонија и според природните ресурси и потенцијали е еден од најбогатите. Духот на нашето богато културно и револуционерно минато, во нас длабоко е вкоренета почит кон обичаите и традициите. Јас многу го сакам и сум поврзана со мојот град затоа што има погодни климатски услови, а природата создала такви природни убавини и посетувајќи ги се чувствуваме многу удобно, пријатно и релаксирано. Кога поминувам по мостот на реката Луда Мара и пешачам сè до градскиот парк, ја чувствувам

152


Јас и мојот град

ладовината од дрворедите, мирисот на липите, звуците на реката, а во срцето на паркот ги гледаме убавите пејсажи, песната на птиците, шумолењето на лисјата, детската смеа и џагор. Сето тоа ми ја полни душата со радост. Градскиот парк го чувствувам како едно најубаво катче во градот, како идеално место за прошетка, одмор и рекреација, одам како да лебдам ослободена од секојдневните обврски, што ме оптоваруваат. Посебна убавина му даваат цветните предели и колоритот од бои во есен, зимските патеки за санкање. Посено сум горда што основна стопанска гранка, извор на егзистенција на моето семејство и на целокупното население се земјоделските насади, а особено лозовите, кои се во постојан подем и проширување. Земјата е обработлива, плодна и се произведуваат многу сорти грозје. Јас учествувавм во обработката на нашиот лозов насад и се чувствувам корисна што им помагам на моите родители. Потоа го конзумирам вкусното трпезно грозје, гледам како во казаните се вари ракија и се чувствува остриот мирис на грозјето во буриња, а во големите буриња во визбите се прави вино. Најголема винарска визба е Тиквеш. Почнувајќи од 1964 година редовно секоја година во првата помовина на септември се организира неколкудневна стопанско туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“. Оваа манифестација го означува почетокот на масовното берење на грозјето во овој познат лозарски регион. Тиквешкиот гроздобер е посетен од голем број домашни и странски посетители. Се организира карневалска поворка. Тогаш сме дел од таа магија и сè е како во бајка. Има богата забавна програма со многу музика, огномети, балони, конзумирање на многу вино и ракија. Тоа е еден убав настан што ни оставува да го паметиме цел живот. Во мојот град има дом на култура, музеј – галерија, градска библиотека „Феткин“, училишта, спортски сали, фудбалски терени. Јас толку многу го сакам мојот град и сум горда што живеам во него и можам да раскажувам само убави работи за него и каде и да одам по светот секогаш ќе го носам во моето срце.

Павлинка Ташева ООУ „Димката Ангелов – Габерот“, Кавадарци Ментор: Сања Тончевска – Костова 153


Основни училишта

Мојот роден град

Е

ден и единствен е родниот град, родното место, родната грутка каде што сме се родиле, растеме и живееме. Најубав на светот е родниот крај каде ти е позната секоја улица, секое дрво и секој камен, каде сонцето најубаво свети и каде што е најтопло околу срцето и најубаво во душата. Мојот грда е едно убаво, живописно место. Кон него природата била дарежлива и го истурила сиот свој раскош и убавина во плодните ниви, зелените шуми и ливади, а неговите жители го направиле современо место за живеење, достојно за времето во кое што живееме. Каде и да одиме некаде надвор од нашиот град, секогаш постои нешто што нè влече да се вратиме назад и да бидеме на своето, затоа што дома е најубаво. Носталгијата пече во душата за мојот роден крај. На светот постојат прекрасни места, поубави и поголеми, но во моето срце најубав е само еден град, мојот град, Кавадарци. Распослан во срцето на нашата татковина каде сонцето најсилно грее, а небото ја има најубавата боја, мојот град секојдневно ја живее својата приказна преку жителите кои сеуште ги негуваат старите тиквешки традиции, но се и дел од најсовремените достигнувања во новото време. Во мојот град, најживописно е во есен. Тогаш врие како во кошница. Луѓето го собираат родот од нивите, а насекаде се шири мирисот на грозје, вино и ракија. Скоро во секој двор на стар, традиционален начин се пече ракија, а во воздухот се чувствува оној остар мирис на варена ракија кој е препознатлив за мојот роден крај. Се прави вино, маџун и други преработки од грозјето, кое е заштитен знак на нашиот крај и нешто по што сме препознатливи насекаде. Река од трактори и камиони итаат кон полето да го соберат грозјето што го родила плодната тиквешка

154


Јас и мојот град

земја, а го обработиле моите вредни сограѓани. Мојот град живее за и од овој род, а тиквешките вина и ракија се надалеку познати. Моите сограѓани – најтоплиот и најсредечен народ. Секогаш со насмевка на лицето, топлина во очите. Секогаш гостопримливи ќе ти го отворат својот дом и како да отвориле катче од своето срце. Веднаш ќе ја почувствуваш топлината на мирен и спокоен дом. Затоа сум горда што токму тука сум се родила, тука живеам и мојт град засекогаш ќе биде во моето срце. Овде е најубаво бидејќи од каде и да се враќаме, дома возбудата е иста како да сме на најубавото место на светот, а секогаш кога сме далеку носталгијата не влече назад. Затоа, каде и да не однесе животот, мојот град Кавадарци секогаш ќе биде во моето срце, а неговите улици, куќи и паркови секогаш ќе бидат дел од моето детство, младост и од мојот живот.

Ангела Галева VIII одд ООУ „Димката Ангелов – Габерот“, Кавадарци Ментор: Соња Тончевска – Костова

155


Основни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Кавадарци е мојот град тој ми е како роден брат, тој е убав и чист, како пролетен лист. Кога чекорам по него јас скокам од среќа, сила тој ми дава една полна вреќа. Мојот роден град е најубав од сите, со грозјето и виното лесно минат дните. Каде човек и да оди, овде патот го води, се враќа во родниот крај, се враќа во убавиот рај. Душица Колева ОУ „Гоце Делчев“ VI а - Кавадарци Ментор : Јованка Ангеловска Змејковска

156


Јас и мојот град

Мојот град Кавадарци

К

ога велиме Кавадарци за многумина означува само еден обичен град кој претставува дел од територијата на Република Македонија. Но, за мене Кавадарци претставува една постојана верига која се протега низ соништата на Кавадарчани. Таа верига буди чувства тешки за опишување, некои пак воопшто немаат име. Тие летаат како пеперутки во нашите срца, не прават горди на она што сме денес. Кавадарци не е обичен град, тој е бајка, а во најките се случуваат невозможните работи. Тие невозможни работи мојот град ги оживува. Тој не се карактеризира по својата чаршија или со некои објекти во самиот град кои ги има во секој град. Не, мојот град се краси со нас, Кавадарчани. Луѓето уште рано наутро, верувајте дека со своите зраци на милоста ќе ве позлатат, со погледот ќе ве усреќат, со допирот ќе ве омекнат. Тука е многу топло, но не од високите температури занете ли зошто? Бидејќи тука се наоѓаат многу сонца, сонца кои китат венец на љубовта. Полињата на винова лоза кои се како армија која го обиколува градот, го произведува најдоброто вино, единствено вино тиквешко. Надалеку се чувствува мирисот на казаните, бурињата полни со ракија, топлиот спокој на душата. Тоа грозје кое е сочно, чисто како капка роса, те гледа и ти се насмевнува. Но, дали ќе го имавме сето ова ако не немаше нас? Сето ова да изгледа вака убаво преставено е со труд, напор и вештина која ја даруваат за срцето на овој град. Во чест на ова во Кавадарци се одржува Тиквешки гроздобер. Повелете и бидете дел од ова среќно семејство кое го слави гроздоберот. Среќата оддалеку не е среќа. Единствено нешто за да го видите невозможното ви преостанува само да го посетите Кавадарци. Ќе ве угостиме со убавата ракија и убавото вино црвено, со топли раце и среќа за навек. Ве очекуваме.

Надица Туриманџова VIII одд. ООУ „Димката Ангелов – Габерот“, Кавадарци Ментор: Соња Тончевска – Костова 157


Основни училишта

Мојот роден крај Мојот роден град е без поле широко, со сино небо високо. Без жита оросени, со треви некосени. Мојот роден град под Калето спие со венец од цвеќиња шарен што се вие! Со дрвја високи, под дланките на планини и сред една река накитен со спомени од неколку века! Опиен со мирисот буен на доцната смрека! Сара Ѓорѓиевска VII-2 одд. Оу ,,Св. Климент Охридски”-Драчево Ментор: Валентина Трајкоска

158


Јас и мојот град

Скопје Дом во кој живеам, Дом во кој растам. Дом во кој ми поминало целото детство. Дом во кој тагата е радост. Дом кој ми е во срцето. Дом кој ме води да чекорам. Дом кој ми дава храброст. Дом кој го делам со секого. Дом прекрасен, со безброј убавини, дом што сакам да е само мој дом што има своја душа која умее да говори, а јас да ја слушам.

Симона Дојчиновска VII2 Оу ,,Св. Климент Охридски”-Драчево Ментор: Валентина Трајкоска

159


Основни училишта

Ти.. Ти што стоиш гордо под Кале, Ти што вееш знаме бујно слобода што значи. Ти што си слика која здивот го плени. Ти што прегратки шириш за мене и за секој Ти си мој мој град Што го љубам за век и векој! Ивона Трајкоска VII-2 одд. Оу ,,Св. Климент Охридски”-Драчево Ментор: Валентина Трајкоска

160


Јас и мојот град

Јас и мојот град Скопје – крстосница на северот и југот, истокот и западот. Градот мирно лежи во котлина меѓу питомите планини Водно, Караџица и Скопска Црна Гора. Среде градот се пенат водите на реката Вардар. Скопје е мојот град, бидејќи пред дванаесетина години се родив токму во него. Оттогаш јас и градот сме неразделни пријатели меѓу кои нема тајни. Скопје, како древен мудрец, мене одлично ме запозна. За мене пак, тој засекогаш ќе остане неоткриен, бидејќи е полн со минато, историја, луѓе кои оставиле трага во времето. Скопје доживеал многу природни катастрофи, до темел палења и уништвувања, но тој не се предавал – стрпливо, со мака, истрајно, со вера, надеж и љубов, од пепелта се кренал уште поубав, со очи вперени кон Сонцето. Затоа Скопје е мојата птица, мојот Феникс. Денес Скопје е скоро милионски град, престолнина на мојата татковина република Македонија. Тој е вистинска метропола – административен, научен и културен центар на земјата. Со своите вековно стари градби (Калето, црквите, џамиите, амамите), со музеите, со убавите згради од поново време, со широките улици, булевари, плоштади, шеталишта, цветни паркови – сите украсени со многу споменици; со пространите спортски терени; со жичарница на на Водно каде Скопје се гледа како на дланка, мојот град е навистина пријатно место за живеење. Имав среќа да ги посетам надалеку познатите Истанбул, Солун, Рим, Венеција, Белград, но секогаш кога се враќав во Скопје бев пресреќен! Чувствував дека се враќам кај свој искрен пријател кој со радост ме очекува, спремен да ми пружи насмевка и топла прегратка. Тоа е нешто што никаде во светот нема да го најдам.

Алексеј Кубелка, VII-а одд. ОУ „Јан Амос Коменски” – Скопје Ментор: Грозданка Кажлева 161


Основни училишта

Јас и мојот град Низ прозорецот мој како краци Во утрото рано сонцето ги шири своите зраци. Зората над небото се руди Градот мој облеан во сончевина се буди. На работа, во училиште, на факултет Итаат брзо сите Ги повикува градот мој Успешни да им бидат дните. Сега е викенд денови за одмор Во паркот, на Водно, на плоштад, на Кале Убавините на мојот грда те мамат Во прегратки свои нè галат. Го сакам градот мој Во него се родив и растам Како цвет во ливада личен Мојот град ме негува, ме чува На успесите мои се радува. Габриела Ивановиќ, VIII-в одд. ОУ „Јан Амос Коменски” – Скопје Ментор: Грозданка Кажлева

162


Јас и мојот град

Јас и мојот град

О

самна свежо ноемвриско утро. Сонцето, едвај пробивајќи се низ сивите облачиња ме погали со својот нежен зрак по косата. Беше 11 Ноември. Тоа е ден на кој е ослободен мојот град Куманово. Црвено Куманово. Запишано со црвени букви во историјата од крвта на храбрите борци кои ги дадоа своите срца за слободата на мојот град. Но нивните срца продолжија да чукаат во нашите: во моето, твоето, во сите нас. Го сакам Куманово, мојот убав град. Кога се шетам по кејот, кога чекорам радосна на плоштадот и ги гледам насмеаните лица на децата и расцутените цвеќиња по тревниците. Ги гледам и птиците кои се креваат на небото над мојот град носејќи ја слободата во своите крилја. Затоа посакав да поминам до споменикот на паднатите борци од НОБ. Пред гранитниот споменик на Жената-борец, оставив свежи цвеќиња и маслинови гранчиња. Одеднаш како да чув глас: -,,Ех, слобода ... драго дете... Ние не ја видовме и не ја дочекавме. Не го сетивме изгревот на зраците на слободарското сонце. Беше војна и имаше многу страдања. Солзи и крв ја натопија закоравената земја, за на неа да расцутат денес маслинови гранчиња и да се брануваат житните полја. За да вие слободно растете, учите и живеете. Затоа чувајте ја слободата како завет, сакајте го овој град и оваа земја. Станете добри луѓе кои ќе го градат уште поубав, поголем и вечно носете го во срцата како што и ние го носевме кога тргнавме в бој....“ Гласот се изгуби во шумолот на ветерот кој ми ги мрсеше косите, а во небото се крена јато гулаби. Јас сум горда што чекорам со заветот и вечно ќе го носам во срцето мојот град Куманово!

Сара Конин VI-4одд. ООУ ,,Кочо Рацин” Куманово Ментор: Маја Стојановска 163


Основни училишта

Јас и мојот град Во мојот град цвета љубов и младост на детските лица блика радост. На небото сино, сонцето силно грее а славејот за мојот град песна си пее. Секое утро кога се будам на убавините на мојот град се чудам, горда на училиште секој ден одам и дневник за тебе водам. На секого за мојот град раскажувам и неговите убавини им ги прикажувам, колку борби во него се воделе а нашите борци гладни и боси оделе. Тој секогаш ќе биде моја родна стреа сила и надеж што ми влева. Песната за тебе секогаш ќе ечи и моите рани ќе ми ги лечи. Меланија Димковска VIII – д ОУ „ Кочо Рацин “ - Куманово Ментор: Весна Тодоровска

164


Јас и мојот град

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Кај се најубавите ѕвездени ноќи? На црно небо ко грозје сончевина што скрива... Во градот што заспива во моите очи како гулаб в мир со склопени крилја... Каде е есенскиот сликар и волшебната пролет со злато или виножито градот го бои... Низ кејот кога шетам и градот го сакам улиците шепотат под стапките мои... Мојот град, јас, деца, луѓе, стари... Стапалки безброј невидливи ќе минат... Ќе го градат, ќе го растат и секоја нова пролет нова душа ќе никне на некој цвет скинат. Кај и да одам небото е вечност, широк свет, градови, судбината ќе суди... Но срцето мое е само една семка во оваа земја и во овој град ЕДИНСТВЕНО ЌЕ ЦУТИ !!! Сара Конин V-4 одд. ОУ “Кочо Рацин”, Куманово Ментор: Маја Стојановска 165


Основни училишта

Јас и мојот град

Р

одниот крај, е местото каде што сме се родиле, средината каде што сме израснале, начинот по кој што се одвивал нашиот живот, нашите желби, мечтаења, успеси, сето тоа го раскажува нашето родно место. Мојот роден град – место кое го опишува мојот живот, место кое ми буди илјада спомени. Родниот крај ја искажува мојата цел, моите вредности, постапки и начини на однесување, изградување како личност и созревање. Во подножјето на планината Баба со високиот врв Пелистер, се наоѓа мојот град Битола, што е синоним на блескост и убавина и создава силна светлина во моето срце. Битола е мојот дом, моето место и спокој. Оддалеченоста од мојата татковина создава силен копнеж и носталгија, и го стимулира моето срце на уште поголема љубов и сила да го совлада ентузијазмот и спознавањето на светот полн со искреност, ведрина и мир. Секое утро се будам среќна, на бледиот утрински сончев зрак, кој секој ден ме потсетува да го ценам тоа што го имам, да внимавам и да бидам претпазлива на сè што се случува околу мене. Утринската мугра ми го покажува правилниот пат, по кој треба да се движам, без застанување и обрнување на пречките кои ќе го прекинуваат патот. Мојот град и средината во која живеам ме научи да се контролирам кога чувствувам дека сум несигурна, залутана во некои студени ветрови. Ме научи да бидам човек и да се однесувам човечки. Мојата татковина – место кое ми е мајка, заштитник, учител кој со разбирање ми ги предаде основните лекции за животот, кој ме упати во правилна насока, ме научи да простувам на грешките,

166


Јас и мојот град

ме научи на човечките вредности, да се грижам за природата и луѓето околу мене. Мојот град – Битола, со своите стари градби, патриотите кои се бореле за да го ослободат од туѓи ропства, нашето богатство – Хераклеа, сите тие нешта ме прават горда во средината каде што сум израснала и каде што живеам. Битола – град во кој живееле луѓе со разбирање и почит, вредни раце кои ја создале срцевината на градот Битола, која никогаш нема да се стопи. Природата направила дело, кое вечно ќе го исполнува моето срце, вечно ќе создава ведрина во мојата душа, ќе ме охрабрува и помогнува, кое секогаш ќе ги брише солзите во моите очи и ќе ме радува. Тоа е мојата татковина. Мојот роден крај, за мене секогаш ќе биде мојот топол дом, во кој ќе секогаш ќе се чувствувам безбедно и бескрајно среќна.

Емилија Илиевска VIII a одд. ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола Ментор: Софија Јанкова Талевска

167


Основни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Битола мој роден крај јас те сакам од срце знај, ти си како светкав сјај во душата мал како рај Кој те видел тој те запомнил кој те прошетал тој се заљубил Ако идеш да ја видиш нема да можеш да и одолееш Една си е Битола наша мајка единствена. Симона Лазаревска VI – б ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола Ментор: Софија Јанкова Талевска

168


Јас и мојот град

Јас и мојот град Во тебе се родив граде мил, за тебе од срце песни пеам. Во времиња тешки борци смели, со пушка во рака во Октомври славен, тргнаа смело за слобода мила. Хероите твои бестрашни биле, за слобода мила животите ги дале. Како град херој гордост си за сите. од Маркови Кули до Могила славни, во тебе живает јунаците главни. Ој Прилепе граде мој поубав од тебе нема знај! И сите ние, чедата твои каде да сме сепак сме твои. Славата твоја е иднината наша. Те сакаме и ќе те сакаме,поубав дар во животот нема. Јана Бонеска VI г одделение ООУ “ Гоце Делчев“ – Прилеп Ментор: Јованоска Мирјана

169


Основни училишта

Пробиштип На исток таму, гратче се свило, ко вито гулабово крило. Град е на рударот, на младоста, среќата и радоста. Пробиштип се вика градот роден наш, дојдете и вие, дом ќе биде ваш. Ана Јовановска VI а одд. ООУ Никола Карев, Пробиштип Ментор: Славица Тасевска

170


Јас и мојот град

Јас и мојот град Пробиштип е мојот град кој за мене е најубав и најдраг. Мојот град Пробиштип, има полиња широки, цветни, има и поточиња мали, кои сонцето милно и нежно ги гали. Мојот град Пробиштип е како во бајка мојот град Пробиштип мојата втора мајка. Во Пробиштип, дворовите и парковите се многу чисти, а улиците наликуваат на писти. Мојот град Пробиштип, јас го сакам најмногу на свет, мојот град е како раширен пролетен цвет! Ивана Стојановски VI б одд. ООУ Никола Карев, Пробиштип Ментор: Славица Тасевска 171


Основни училишта

Јас и мојот град Во убав град живеам јас, за мене тој е вистински спас. Нема бучава и голема врева и чад не се крева. Сè е убаво ко сјај, го сакам својот роден крај. Ова овде село беше, но куќа по куќа стана гратче цело. Ова гратче под фашистичко ропство било, и многу борци во себе крило. Борци паднале, слобода да биде, непријателот крајот да го виде. Штом автомобил слушнеш брчи, со акумулатор наш трчи. Во Добрево руда се најде, и во него градот се снајде. Рудата е наше злато, тоа ми го кажа тато. Затоа ќе ви кажам: „Пробиштип го сакам, не ве лажам.“ Давид Велковски VIII б одд. ООУ „Никола Карев“, Пробиштип ментор: Славица Тасевска 172


Јас и мојот град

Јас и мојот град

Р

осоман е мој дом, мој живот, тука се сите што ги сакам. Моите роднини, моите убави спомени од малечка, па дури и мојата прва симпатија ја запознав овде.

Кога сум далеку од Росоман, во моите очи нема сјај. Го сакам селото, затоа што тоa е сведок на сите мои искуства и мојата љубов. Кога сум оддалечена од него - цвеќето венее во мојата душа. Тивко говори срцето: ,,Bрати се“! Ја протегам патеката од моето детство, ги газам улиците, одам по голи и суви ридови за да стигнам до моето село. Кога ќе стигнам во родното гнездо се радувам како мајка на своето дете. Но, има луѓе кои се иселуваат од родниот крај од различни причини. Тие заминуваат, но во нив останува копнежот по своето огниште, родниот крај, семејството и убавите спомени. Постојат мигови кога требa да заминам од моето село, па и од мојата татковина, но јас копнеам, копнеам за убавините на Росоман, драгоцените места кои сум ги посетила со моите сакани. Копнеам за спомените што сум ги поминала. Секој поминат миг надвор од моето село му создаваат болка на цвеќето во мојата душа, го венеат и неговото последно ливче. Росоман отсекогаш за мене бил, и ќе биде извор на спомени и драгоцени места кои никогаш нема да пресушат.

Милена Бошевска VIIIa одд. ООУ „Пере Тошев“ Росоман Ментор: Мирјана Јошева

173


Основни училишта

Јас и мојот град

В

о него се раѓам, во него растам, во него се школувам... Да, и сите други најважни работи се случуваат во нашиот град, во нашето место на живеење. За секој човек родниот крај е најубавото место на светот, најтоплото катче полно со безусловна љубов. Во светот има илјадници градови и села, но никое од нив не може да се спореди со мојот роден крај. Заминувам накратко и пак се враќам, некоја сила постојано ме влече кон мојот дом, мојот град, моето село. Мојот град е мое прибежиште, моја закрила од сите несреќи и неволји во светот. А можеме ли да го замислиме животот без тоа катче? Секако дека не! Ние, илјадниците луѓе во свотот, сите имаме посебни места дадени од Господ. Сите сме под исто небо, но во различни држави, градови, села. Градовите во моја близина се чисти и уредени, зеленикави и со многу паркови, таков е и мојот град. Колку е убаво кога сите ќе ги почитуваме правилата на природат,а а таа ќе ни врати со своите убавини. Да фрламе отпадоци во корпа, да не ги фрламе по улиците, да ја чуваме природата во градот, затоа што таа нè чува нас. Мојот град е моето родно место Росоман. Сиот мој живот, сите мои другари, луѓето што ги сакам..сè е во него. Го познавам секое маало, секое дрво и секој камен - сите се дел од мене и од моето родно место. Постојат прекрасни градови, Лондон, Париз, Њу Јорк или Венеција... Но, кога случаен минувач би ме прашал кој е најубавиот град на светот, без колебање би одговорила дека тоа е мојот роден град. Тоа е местото кое се издигнува над сите останати со својата топлина, детските спомени и безграничната љубов која ми ја дарува.

Симона Кареова, VIII a-8 одделение, ООУ „Пере Тошев“ – Росоман Ментор: Мирјана Јошева 174


Јас и мојот град

Јас и мојот град Во Кавадарци ноќта ѕвезди истура а градскиот парк на липа мириса додека Луда Мара приказни ткае муграта ќе ги издаде. Не е крај на свет, велат Росоман и Рибарци, Сирково ко да крие тајна слатка срцата наши со златен ланец ги врзува Трстеник и Манастирец во мојот град никој не е странец. Сите нас нè спојува овој град на љубовта не е важно дали си стар или млад секоја улица знае колку јас го сакам мојот град. Не ме прашувај колку е саат, кога Паликура заспива – Росоман е раат, од Трстеник до Манастирец живот дува Камен Дол стража чува. Кога паркот голта вљубени во мракот за Росоман тоа е знакот цел пазар да запее во хор Паликура и Сирково прават чуден акорд тебе те чека такси со жолт декор. Наталија Темова VII одд., ПОУ „Пере Тошев“ с.Сирково Ментор: Данча Давчева 175


Основни училишта

Јас и мојот град Скопје, радост ти ќе бидеш Скопје, ти ќе бидеш цвет Ти ќе бидеш израз свиден На сè братско на овој свет Стихот за Скопје, нема кој не го знае. Во него е содржана историјата на градот. Колку ли пати е разрушен и повторно издигнат? - Последен пат по катастрофалниот земјотрес во 1964 година. И пак, како Феникс се кренал од правот и гордо го носи епитетот „град на солидарноста“. Во тоа време светот ја покажал својата хуманост и несебичност и Скопје се изградил како модерен и современ град. Оттогаш тој смело гази напред, но старите градби, одбележја, грижливо ги чува и обновува. Скопје отсекогаш бил мешавина на старото и новото и дом на сите вери и националности. Секој што поминал низ раскрсницата на која се наоѓа градот, оставил по нешто свое - вредно за спомен. Во тоа се состои убавината на овој град. Егзотичноста на старата чаршија, старите занаети, дуќани и градби, калдрмата прави тоа место да дише со неповторлива енергија. Камениот мост што неразделно ги поврзува левата и десната страна на Вардар е споменик - паметник на сите случувања во градот, лоши или добри. А, реката Вардар тивко шумоли и ги прераскажува старите приказни запишани низ вековите. Шармот на старо Скопје се прераскажува и ден денес. Стариот театар, Офицерскиот дом, корзото, старите маала, со неповторлива магија живеат во спомените. Трендот на боемството преку старите скопски кафеани, модата во облекувањето и културата отсекогаш биле составен дел од живеењето на Скопје. Но, модерниот и современиот начин 176


Јас и мојот град

на живот си го направиле своето. Новите градби, современите трговски центри, широките булевари и слично му дадоа на градот нов изглед. Скопје како метропола е принуден да ги следи потребите на огромното население што живее во него и да наоѓа соодветни решенија со цел животот да биде полесен и поедноставен. Неизоставен дел на Скопје е и планината Водно, место за релаксација и рекреација, сега со новата жичарница таа е навистина атрактивно место за сите љубетели на планината. Уживателите на урбаното живеење можат секојдневно да уживаат во кафулињата и безброј културни настани што секојдневно се случуваат, а истовремено да напредуваат во својата кариера. Затоа, Скопје е толку атрактивно место за живеење, можностите што тој ги нуди, надополнето со добрината и гостопримството на луѓето. Скопје е нашиот дом, а домот е симбол на нешто свето! - па да го чуваме.

Кристина Грнчаровска VIII б О.У. „Св. Климент Охридски» с. Драчево, Скопје Ментор: Розица Трајковска

177


Основни училишта

Мојот град Таму каде што оризот се ниша од ветерот што вее, таму каде што златното сонце најмногу грее, таму е мојот град, којшто среќа лее и во него секој човек е среќен и искрено се смее. Таму каде што ѕирка една планина, таму каде што постои една падина, таму е мојот град кој блика од убавина и се смее под покривката - небесна синевина. Таму каде што песни весели се пејат, кога селаните вредно оризот го сеат, таму каде што момите орото го водат, таму е мојот град во којшто сите се смеат. Таму каде што сите под една стреа се збрани, таму каде што сите се во едно, а не на други страни, таму е мојот град којшто Кочани се вика и верувајте, од него нема да најдете подобра слика. Ооо, граду мој, мојата љубов кон тебе не се опишува, туку се изразува со најдлабоките чувства преку душа, само во тебе се чувствувам вистински спокојна и среќна и само во тебе мелодијата на среќата се слуша!

178


Јас и мојот град

Граду мој, над тебе небото најсветло сјае, во тебе мирисот на љубовта најсилно се чувствува, во тебе хармонијата во секоја куќа владее и мирот заедно со радоста од човек на човек патува. Вечно ќе ти бидам благодарна, граду мој, за неизмерната среќа што во тебе сум се родила и вечно ќе го паметам местото во кое што за првпат око сум отворила! Корнелија Анастасова VIII одд. ОУ„Страшо Пинџур“ с. Соколарци Општина: Чешиново-Облешево Ментор: Тодорка Стоименова

179


Основни училишта

Мојот роден крај Дом, во кој зрачи топлина, во кој живееш ко птица слободно, чувство на пријатност и припадност, во моето мило гнездо родно. Со ѕвездите на небото и росата в мугри, знамето под сонцето гордо се вее. Додека центарот, срцето на Штип под тврдината Исар топло грее. Штип, град со големо богатство, со културни манифестации и игри, со познат универзитет ,,Гоце Делчев“ во кој многу ученички души се насочени. Зеленило и чист воздух, покрај коритата на реките, и миризливост и инспирации, покрај елите и смреките. Од далечни места се стремат, разни народи да дојдат, да вкусат од убавата пастрмајлија, и познати пејачи да видат и слушнат. Ѕвонот од убавите гласови, на Mакфестот се собира, нивниот пријатен и добар глас до нашите срца допира. Нина Стојанова VIII1одд. ООУ „Димитар Влахов“ – Штип Ментор: Вера Наумова 180


Јас и мојот град

Јас и мојот град Вардар брзо тече, Понекогаш матни води влече, На двете негови страни е Скопје Низ вековите прободувано со копје. Скопје е шармантен град, во него си вечно млад, има многу луѓе со душа кои секој со задоволство ги слуша. Сите нè спојува овој голем град, не е важно дали си стар или млад, посебна е секоја населба и општина со своја оригинална сопствена убавина. За слобода силни борци се бореле, а за да биде Скопје поубаво уметници и работници со векови твореле. Во овој град има луѓе од сегде збрани, од цела Македонија и од сите страни. Камениот мост Вардар градот го поделува, секој посетител среќите на две страни ги споделува. Ако се качиш на високото Водно, ќе забележиш дека е многу згодно, од високо градот ќе го видиш и со поглед Скопје ќе го минеш. Валерија Котеска VIII г ООУ„ Страшо Пинџур“- Скопје Ментор: Јордана Тодоровска 181


Основни училишта

Јас и мојот град

Ј

ас и мојот град. Јас и Скопје. Ако се прашувате со кое право го нареков Скопје „мој град“ еве сега ќе ви кажам. Родена и израсната сум во Скопје. Тоа е градот за кој ме врзуваат безброј спомени од детството и овој период кој го живеам сега, младоста. Мојот град е вистински спој на античката убавина и архитектурата на новото модерно време. Прекрасен е и има свои препознатливи белези исто како и другите градови во Македонија. Живеам во населба која е малку оддалечена во Скопје, но сепак на дофат ми се сите места на кои може да се ужива: кафулињата, трговските центри, плоштадите, слаткарниците, парковите, спортските центри и уште многу други места. На пример мене често може да ме видите во трговските центри, со моите родители како купувам нови патики или пантолони и во парковите како шетам со моите другарки, уживајќи на топлото јунско сонце и (понекогаш) смеејќи се до бесвест. Да, го сакам мојот град иако понекогаш се гушам од загадениот воздух (свесна сум деко тоа е заедничка вина на сите скопјани) во Центарот икиснам на дождот чекајќи „22 ка“ на една од многуте автобуски постојки во градот. Го сакам Скопје и поради тоа што сè повеќе наликува на светска метропола, која многу луѓе сонуваат да ја посетат. Сега Скопје е град со кој можеме да се гордееме. Светско, а наше што би рекле постарите. Па, во тој случај оправдано е да мислам дека сум на Тајмс Сквер или Шанзелизе кога шетам по улицата „Македонија“. Тоа главно се должи на новите споменици, музеи и мостови, кои се надвиснуваат над пенливиот Вардар, а воедно и одржуваат рамнотежа помеѓу историјата на градот и како што реков веќе модерното време. Токму тие споменици ни помагаат да не ги заборавиме сите значајни македонски дејци, кралеви и владетели, тие не ни дале доволно причини да ги запомниме. Скопје е посебен

182


Јас и мојот град

и поради тоа што успеал да заживее по катастрофалниот земјотрес од кој годинава одбележавме половина век. Таков е Скопје, градот на слидарноста, градот на Мајка Тереза, градот над кој се издига Водно... Мојот град е единствен и не, не го велам ова само бидејќи живеам во него, туку бидејќи Скопје е навистина необичен град. Ако не верувате посетете го, верувајте ми, неговата убавина ќе ве остави воодушевени и со подотворени усти. Тоа е моето Скопје, градот на моето минато, сегашност и иднина!

Радица Стојановска VIII б ООУ „Страшо Пинџур“- Скопје Ментор: Јордана Тодоровска

183


Основни училишта

Јас и мојот град

С

копје е мојот град и во длабоките сфери на моето битие и јас сум негова. Дел од моето срце му припаѓа нему, на широките булевари кои се протегаат во неговите прегратки, на скопското Кале во чии темели опстојува историјата, на Вардар кој како една голема артерија минува низ срцето на Македонијаниз мојот град. Неговата убавина засекогаш ќе ми остане всадена во мислите каде и да заминам, на кое било место и да отидам, знам дека ќе ми недостига мирисот на липите во јуни, кога моите бели дробови се желни за воздух исполнет со духот на Скопје. Знам, чудна е таквата потреба-потребата од познатите хоризонти насликани со Водно и Шара, позната слика на блесокот кој го оддаваат бронзените скулптури разубавувајќи го идентитетот на центарот на градот, како и останатите делови чии агли се преплавени од обележја на мноштво историски личности. На некој начин, мемоарите на Скопје во кои е впишана неговата историја, зафаќаат многу голем дел од замислата која ми се се јавува кога некој ќе го спомене градот. Музејот на холокаустот, Споменкуќата на Мајка Тереза, Мостот на статуите кои ги претставуваат личностите кои придонеле во изградба на културата и уметноста низ историјата на Македонија, Даут-Пашин Амам и Чифте Амамзданија изградени во времето на Османлиската Империја кои сега претставуваат галерии и музеи сместени во Скопската стара чаршија, локалитетот Стоби, Аквадуктот кој престојува во Визбегово - се само дел од историската сложувалка на Скопје. Меѓутоа, и покрај нив, целосната сложувалка на мојот град е составена и од модернизацијата која со текот на времето доживувала сè поголема еманципација, за денес во градот да опстојуваат трговски центри, кина, театри, спортски центри, галерии, дискотеки, ресторани, аква-парк, болнички центри и

184


Јас и мојот град

уште многу други симболи кои го прикажуваат Скопје како дел од современиот свет. А во еден ваков град, можам да ја зголемам приврзаноста кон неговите испреплетени гранки на високото образование. Ова е град за кој можам да допринесам со залагање за надоградување на култот на уметноста во поглед на основата која е веќе поставена и која со години се воздигнувала на сè повисоко ниво и еве каде се наоѓа денес- на една плоча од врвни дела кои се дел од срцето на Скопје. Токму поради можностите кои се нудат овде, градот сè повеќе ги издигнува своите стандарди и јас сè повеќе уживам во него, сè повеќе го сакам и почитувам, знаејќи дека можеби еден ден ќе успеам да направам за него нешто за возврат. Но, и тоа би било малку во споредба со она што Скопје ми го пружа мене-уживање и успех поради прекрасните паркови и зеленилото од една страна и модерните, високи градби од друга страна, како и инспиративноста која се наѕира од секој агол и ни нуди творење кое ние можеме да му го подариме нему. Затоа и овие зборови му се посветени нему, на неговите истовремено и историски и модерни црти, на неговиот лик насликан на улиците и булеварите, на Камениот мост, на плочите на плоштадот, на Калето, на површината на карпите од кањонот Матка, на Милениумскиот крст на Водно. Сите тие се сместени во очите на мојот град, во обистрината на неговиот поглед кој е втренчен во мојата свест и кој ја мами насмевката на моето лице поради љубовта што ја чувствувам кон секој дел од сложувалката наречена Скопје.

Лина Ливринска VIIIa одд. ООУ„ Страшо Пинџур“- Скопје. Ментор: Јордана Тодоровска

185


Основни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Во центарот на Овчеполието, со пиродни убавини опкружено сето, распослан е мојот град кој ни го покажува вистинскиот пат Пролетта го буди градот, во лето ајде сите на плоштадот, полека есента дојде која набрзина во училиште ни пројде ете и зимата на гости сака, Новата година еве ја на врата. Едно мало весело место посетувано од гости често, најсакан од сите е тој СВЕТИ НИКОЛЕ е градот мој. На секој чекор расположен домаќин има кој фини гости тој прима. Малото мирно гратче е културно и спортско катче. Спортисти градот многу има нови надежи тој прима претставници тие да бидат за градот да се слушне, да го видат. Секој кој во мојот град ќе дојде пак сака низ убавината да пројде гостинот пак на гости ни иде поубаво гратчето да ни биде да го види ова место мало кое многу јунаци дало. Стефанија Паневска VIII одд. ОУ „Гоце Делчев“ Свети Николе 186


Јас и мојот град

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Свето име, носи овој свет град, среќно живее секој и стар и млад . Ова е град, каде што безброј топли срца се кријат, град каде што, сите спокојно спијат. Тој ме чува, тој ме штити, него сонцето, секогаш го штити, Во него, вечно гнездо сум свила, од него, нема да ме одвои никаква сила. Можеби, тој е мал но, полн е со убавини знај! Во овој мал град, птиците најубаво пеат, децата најгласно се смеат! Гостите секогаш задоволни си одат, убави спомени со себе водат! Ридови и дрвја него го опкружуваат, безброј настани во него се случуваат! Овде јас ќе живеам среќно, во мојот мал, но голем град! Љупка Науновска VII одд ООУ „Гоце Делчев“, Свети Николе 187


Основни училишта

МОЈОТ ГРАД Сонцето сјајно свети го разгори огнот во очите огнот што гореше во очите на дедо ми сега и во моите го гледам. Кога бев мал дедо ми ме водеше за рака и ми велеше: широки улици и високи згради уште многу ќе се гради Сега јас каде и да одам градот мој со мислите го водам. Спиј мирно граду мој сакан ќе те чуваме ние и ќе бидеш рај Свети Николе, знај!!!! Лука и Алексеј Дерменџиеви IV одд. ООУ„Гоце Делчев“, Свети Николе

188


Јас и мојот град

Јас и мојот град

С

копје е град со големи потенцијали кој секогаш покрај сè се развивал, се развива и ќе се развива. Скопје секогаш се стреми кон подобри услови за живот и добива мотивација од насмеаните лица на граѓаните. Градот Скопје е еден од ретките градови каде луѓето се чуствуваат среќно, задоволно, но и чии врати се секогаш ширум отворени и сите се добредојдени! Мојот град Скопје е град кој при многубројните падови се преобразува во град со дупло повеке подеми. Богатата, долга и фасцинанта историја со која може да се пофали е една од најважните моменти преку кои се отсликува и докажува борбеноста и единственоста на Скопје. Во Римскиот период Скопје било познато како Скупи. Развиениот градски живот, масовната трговија, положбата на Скопје на Балканот и многу други работи биле привлечни за Римјаните и нивните освојувања. Скупи било скоро целосно разрушен со земјотресите во 518 и тој кон крајот на 11 век,што било голем удар, но Скупи брзо било вратено на свои нозе. Во 1392 година, Скупи било конечно освоено и тоа во почетокот на 500 годишното владеење на Отоманската Империја. Скупи во тоа време било познато и по својата ориентална архитектура. Многу цркви биле претворени во џамии, а Скупи го сменило своето име во Ускуп. Во 1555 година уште еден земјотрес го уништил Ускуп. Со почетокот на Илинденското востание Ускуп бил клучна цел на ослободувањата. Hа 25 октомври 1922, Османлиите го напуштиле Скопје, но тоа набрзо потпаднало под србска власт. Во Прва Светска војна Скопје било под окупација, а по завршувањето на војната станало дел од СХС. Во Втора Светска војна Скопје било окупирано од Бугарија,а по ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 189


Основни училишта

1944 година градот брзо се развивал и набрзо станал културен, економски и научен центар. Но целиот тој напредок бил повторно запрен на 26 јули 1963 во 5:17 часот кога Скопје било разурнато од фаталниот земјотрес и се изгледало дека веќе нема надеж, но како и вообичаено Скопје се вратило на свои нозе и тоа поуспешно од порано со помош на надежта на граѓаните и добрата волја на останатите југословенски држави и светската спасувачка интервенција. Часовникот на станицата сегашен музеј е засекогаш запрен на грозоморните 5 часот и 17 минути наутро, за сите да се сеќаваат на борбеноста на луѓето тогаш за да го развијат Скопје во ова што го имаме денес. После сетоа тоа Скопје го добило епитетот „Град на солидарноста“. Денес Скопје е модерен и современ град кој се стреми кон нови успеси и има многу да понуди на секое поле.Град кој секогаш изобилува со позитивна енергија, гостопримливост и способност да привлече многу нови луѓе од целиот свет да живеат шаролико и заедно! Овој град може многу лесно да се издвои од останатите и да ги увери сите луѓе на светот во својата убавина, енергичност, уникатност и специфичност. Постојат многу убави градови на светот во кои човек може да отиде и прошета, но малку во кои ќе се врати, еве такво е моето Скопје! Скопје е мојот роден град, град во кој се чуствувам прекрасно, град кој засекогаш ќе живее во мене.Улиците на овој град секогаш ме пречекуваат со раширени раце. Јас уживам додека шетам низ убавиот со интересните и историски градби и споменици,додека го поминувам големиот Камен мост кој е симбол и гордост на Скопје и чии ѕидови ги заплискуваат водите на водите на реката Вардар. Мојот град го красат и Старата турска чаршија каде што има стари занаети, таинствената и мистериозна Тврдина Кале и многу други цркви, музеи како и паркови исполнети со најубавиот нежен мирис на липите. 190


Јас и мојот град

Паркот на жената е парк каде што секогаш кога ќе поминам и ке ги видам расположените пензионери како задлабочено и внимателно играат шах ми се стоплува душата. Како и Градскиот парк и езерцето. Тука е и стадионот на кој нашите спортисти секогаш го оставаат своето лавовско срце. И така одејќи накај дома таму горе каде што сè е покриено со темната завеса на ноќта свети само Милениумскиот крст, но и по некоја ѕвезда која посакува да биде на мое место и да шета низ Скопје. Еx, тоа е магијата на мојот град! Сето тоа го прави Скопје едно и единствено и затоа го сакам мојот град и ниеден друг не може да го замени. Скопје е мојот град, а јас сум само негова!

Доротеа Трајковска VIII б ООУ „Владо Тасевски“ Ментор: Катерина Аницин

191


Основни училишта

Јас и мојот град Доцна е. Сите спијат, само јас седам на терасата и со тажен поглед ја набљудувам околината. Утре јас и моето семејство заминуваме од Скопје. Се селиме во Германија. Татко ми доби работа таму, па сега сме принудени да заминеме. Не можам веќе да седам овде. Излегувам. Поминувам низ моето маало. Оттука се наѕира училиштето. Се сеќавам кога за првпат стапнав во него. Бев мала, исплашена, несигурна, но тука ги стекнав најголемите другарства, првите љубови, караници, игри.... Се упатувам кон булеварот Св.Климент Охридски. Липите што се простираат долж булеварот како нешто тивко, тивко да ми шепотат. Со секој шум се навраќам на сите минати чекори тука, среќни, тажни, убави. Сега одам кон Градскиот Парк. Во секоја клупа, во секое дрвце, во секоја патека е врежан по некој спомен од моето детство. Тука мајка ми секој ден ме шетала кога сум била мала, тука сум ги направила првите чекори, тука за првпат научив да возам велосипед... А пак кејот, кој толку многу го сакам бидејќи тука скоро секој ден доаѓав за да трчам и да ги разбистрам мислите со помош на музиката на Вардар. Срцето ми се полни со слатка горчина поради сите спомени кои ми навираат, и поради се она што го оставам зад себе. На плоштадот Македонија сум. Овде пак ги доживеав првите излегувања со друштвото. Овде татко ми ме носеше на пречекот на кошаркарите и ракометарите, и тогаш го видов Скопје сплотено. Сега сум на Камениот Мост и полека чекорам кон Старата Чаршија. Иако е темно уживам во звукот што го прават моите патики по калдрмата и во старите градби. Поминувам крај црквата Св. Димитрија каде што сум крстена. Потоа меѓу многуте продавници ја забележувам онаа каде што заедно со тетка ми ја биравме нејзината венчаница.

192


Јас и мојот град

А малку подолу продавницата каде што моите родители ми го купија првото златно синџирче. Се сеќавам на добродушното лице на стариот продавач и мојата среќа кога ми го стави синџирчето на вратот. Ах, не можам повеќе да бидам овде. Премногу е тешко. Имам време да посетам уште едно од моите омилени места. Врвот на Водно. Искачувањето и свежиот возух ми ги разбиструваат мислите и сега ми е подобро. Стигнав. Веќе се зазорува. Погледот е прекрасен, воодушевувачки, неопислив... Никогаш не сум видела нешто поубаво од оваа глетка, и иако скоро секоја сабота се искачував овде, сепак секојпат одново се воодушевувам. Целото Скопје пред мене. Горда сум. Горда на мојот град, кој сега почнува да се буди. Животот ќе продолжи нормално, луѓето ќе станат и ќе тргнат на работа, моите другари на училиште, а јас... Јас заминувам... Се разделувам од се, од другарите, роднините,навиките... Но, најтешко ми паѓа разделбата од градов, затоа што кога и да бев тажна ги посетував овие места, кои ме смируваа, ми ја враќаа насмевката на лицето, а потоа среќна и расположена се враќав на моите обврски. А таму, во непознат свет, како ли ќе се снајдам? Кој ќе ме утеши?... Сепак каде и да сум срцето секогаш ќе ми чука во ист ритам со Скопје -мојот град. Мислите ми ги прекинува ѕвонењето на телефонот. Мајка ми е. Го слушам нејзиниот паничен глас: -Каде си? Време е да тргнеме, ќе задоцниме на авинот! –Во, ред мамо, доаѓам.- велам и затворам. Се свртувам уште еднаш за да ја впијам оваа убавина, убавината на Скопје, за да остане засекогаш врежана во мене, а потоа со насолзени очи се упатувам надолу. Сепак знам дека еден ден ќе се вратам, зошто човек секогаш се враќа онаму од каде што тргнал се враќа дома. А Скопје не е само мојот град, тоа е мојот дом. Мелина Стојановска VIIIб ОУ,,Владо Тасевски“ Скопје Ментор: Катерина Аницин

193


Основни училишта

Јас и мојот град Пространо небо сино градот го прекрива, во топло гнездо детето сонува. Соѕвездијата сјајни ги стоплуваат градите, месецот ги милува куќите и оградите. Осветлени се улиците украсени со цвеќиња, дигнати се споменици на славните имиња. Мостовите се цврсто ракување за вековно спојување на двата брега, а реката Вардар што многу тајни знае жубори, сјае, животни приказни ткае. Со тебе раснам, пеам, понекогаш плачам, но и се смеам, град си на радоста на љубовта и младоста. 194


Јас и мојот град

Град си на убавините, на поетите, на артистите на легендите, град си на успешните. За убавините твои уште многу има да се зборува, за соживотот и мултиетничноста секое дете Ти се заблагодарува. Сајма Лековиќ VI одд. ООУ „Рајко Жинзифов“, Д. Оризари, Велес Ментор: Јагода Матева

195


Основни училишта

Јас и мојот град Мојот град е како птица мила, Како волшебна самовила што дава сила. Мојот град е како сонце што грее Како славеј што најубаво пее. Во зима врне снег Во пролет цвеќиња цутат на брег Во есен е како жолт сјај А во лето како убав рај! Градот мој, многу го сакам јас, Затоа што е како мала вила, Која е убава и нежна како свила, Како птица што шири крила. Градот е мој, Како птици рој! Под висока планина што се крие, Во срцето мое, засекогаш ќе спие. Евгенија Јованова VI одд. ОУ,,Никола Парапунов“- Драгобраште, Виница Ментор: Даниела Христова

196


Јас и мојот град

Јас и мојот град Живеам во мал град Со семејството и мојот помал брат. Тоа е прекрасен град Во кој живеам на трети спрат. Во мојот град слободно шетам низ парк Град кој може да ме одведе до Млечниот пат. Град кој дише во мене Град кој е без граници и време.

Мартинка Стојкова VIII одд. ОУ,,Никола Парапунов“ Драгобраште –Виница Ментор: Даниела Христова

197


Основни училишта

Јас и мојот град Јас и мојот град Сме пријатели, другари верни Заедно делиме тага, среќа И радости неизмерни. Мојот град е убав Како росно планинско цвеќе Како расцветано дрво Како ластовичка в лет, Како звезда најсјајна на сиот свет. Мојот град е убав, Во пролет, лето, есен, зима, Во секое годишно време Свои убавини си имa! Марија Постолова ОУ ,,Никола Парапунов“, Драгобраште –Виница Ментор: Даниела Христова

198


Јас и мојот град

Моето родно село Меѓу четири рида над кои се влече облаче бело, каде бистра планинска река тече, сместено е Зрновци, моето родно село. Под падините на Плачковица срцето на Зрновци чука силно, горда сум што се родив тука родно место мое, најмилно. Зрновска река на два дела го дели топло сонце го милува, гали, под дабова ладовина една баба седи на својата внука приказни од минатото реди. Зрновци може многу нешта да пружи урбана средина, недопрена природа, прекрасни места, љубезните жители, гости од секаде канат, за дружба цврсто подаваат рака затоа никој на светот не може, а да не го сака. Елена Ристова VII одд. ОУ ,,Синиша Стоилов” – Зрновци Ментор: Далиборка Милосјова

199


Основни училишта

Јас и мојот град Низ овие велешки улици чекорам денес јас, по кои чекорел Рацин, по кои чекорел Џинот. Низ овие велешки улици останаа како аманет, Рациновите песни за аргатите - страдалници од век, кои од мугри до ноќи темни работеле по полињата родни. Џинот - ти, македонски просветителу, за просвета на народен јазик што се залагаше, во колку ли училишта предаваше? И денес во силно светол ден, застаната на едниот мост, го гледам родниот крај, за мене како вистински рај. Велес - град на два брага: на десно Саат кулата постојан потсетник за времето, на лево Спомен Костурница вечниот дом на велешките борци.

200


Јас и мојот град

За да го претставам овој град во најдобро светло и јас се обидувам да направам нешто, со нотите на клавирот се справувам вешто и вежбам често. Даниела Василеска VIIIб одд. ООУ „Благој Кирков“ - Велес Ментор: Мирјана Гулевска

201


Основни училишта

Мојот град Делчево го нарекол некој Царевото село од историја Кога станало мал град во пијанечката котлина. За историјата на градот Судат и споменици видни, Се извишил Гоце Делчев На кејот на реката наша. Реката наша го дели градот На два дела А со неа се гордее Општината цела. Насекаде воздух планински, чист Донесен од шумите Со ветер тивок Од планината Голак. Долини, ниви и овоштарници Полни со сливи Насекаде се вари Ракија веселбија. Од училишта две Детски жагор се слуша На сите жители Исполнува душа. 202


Јас и мојот град

Централниот дел го краси Спомен домот Асном Со библиотека полна со книги Од историјата наша. За ниеден град на светот Јас нема да го сменам Среќно ќе живеам во него И секогаш ќе го ценам Александар Атанасовски ООУ „Ванчо Прке“, Делчево Ментор: Маријана Стојменовска

203


Основни училишта

Мојата гордост, мојот роден град Меѓу планини и долини Прекрасна убавина се свила Ко од бајка самовила убава и мила. Со својата убавина одблеснуваш Како бисерен ѓердан На врат што се носи Твојата убавина Никој не може да ја скоси! Каде и да одам Каде и да шетам, Во твоето гнездо Ко птица ќе слетам Мартина Крстевска VIII 1 одд. „Ванчо Прке“, Делчево Ментор: Маријана Стојменовска

204


Јас и мојот град

Јас и мојот град Мојот град Делчево се вика втиснат во една дланка, Скриен во една рака. Делчево е мир на душата Луѓето се безгрижни и слободни. Уште од најмали нозе го спознав Мојот град, мојата татковина. По патот кон училиштето Поминав низ мостот на гордоста Не случајно се свртев и видов еден човек го кренал прстот кон небото И без збор кажува: Ние треба да го разбереме светот Единствено како поле за културен натпревар Меѓу народите. Кога заминам од градот Ја чувствувам празнината, Срцето ми чука забрзано, Толку силно, небаре ќе излета. Се доближувам кроце До мостот, ја слушам немирната Брза и жуборлива река Брегалница. За џабе постарите не рекле: Каменот си е тежок на своето место. Моника Василева, VIII 3 „Ванчо Прке“, Делчево Ментор: Билјана Стоиловска 205


Основни училишта

Јас и мојот град Местото во кое живеам е местото во кое го направив својот прв чекор и го изустив својот прв збор. „Јас и мојот град“ тоа се силно поврзани именки, чија поврзаност никогаш нема да згасне. Љубовта којашто ја чувствувам кон тоа парче земја е апстрактна именка која ниту може да се види ниту да се измери, може само да се почувствува. Мојот град на географската карта е само една точка, но во моето срце зафаќа огромен дел. Сите ливади, паркови, улици, дрвја, планините кошто го обиколуваат ова мало место имаат голема важност за мене. Сите будат различни спомени во мене. Ме навраќаат на моето рано детство, првиот училишен ден, на секојдневните прошетки со мојот дедо, на моментите кои никогаш повторно нема да ги доживееме заедно. Овие спомени во мене будат чувство на настолгија, понекогаш чувство на радост, чувствата ми се испомешуваат, се сеќавам на дедо ми, на неговата насмевка. Толку многу го сакам овој град, токму поради тоа што ме враќа на моментите кои сакам повторно да ги доживеам, а ми ги обновува спомените кои никогаш не сакам да ги заборавам. Секоја прошетка ми овозможува да се сеќавам на моментите кои поминале и луѓето кои влегле во мојот живот, а многу рано го напуштиле. Елена Ангеловска VIII б одд, „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица Ментор: Марина В. Стојановска

206


Јас и мојот град

Јас и мојот град Под Осогово доле Се наоѓа широко поле Широко поле, ширно шир Во мојот град владее мир. Во градот мој Секој си живее живот свој. Во градот мој, нема глад Секој живее на начин млад Убав, личен ко цвет Како слободна птица во лет. Растам, пеам и се смеам Тагувам и се радувам Во мојот град живеам. Дијана Ивановска VIII одд. Ментор: Марина В. Стојановска

207


Основни училишта

Јас и мојот град

М

оето гратче е рударско гратче. Во него сè што е направено е направено во последните 50-тина години. Секоја педа асфалт, секој тротоар, секоја поставена клупа и секое засадено дрво е од раката на вредниот рудар. Ако не постоел рударот немало да постои ни ова мало гратче. Затоа, јас многу си го сакам мојот град. Во него има сè за мене – современо и топло училиште, библиотека, игралиште, црква, прекрасен плоштад на кој честопати ги возам моите ролери, велосипедот. На лето уживам во градскиот базен. Во текот на цела година ги чувствувам убавините на секое годишно време. Ги познавам сите луѓе, а и тие мене исто така. Јас сум многу вредно дете, на сите им помагам и затоа сите ме сакаат. Најголема радост ми причинува денот петок – пазарен ден во мојот град. Тогаш со татко ми одиме во новоизградениот пазар. Ги гледам радосните лица на луѓето кога купуваат, се ценкаат, пазаруваат. Навечер со мајка ми и сестра ми се шетаме по кејот на нашата река и тоа е за мене навистина посебен момент. Голем поздрав од моето мало, но преубаво рударско градче.

Лора Стојановска VI г. одд. Ментор: Благоја Стамболиски

208


Јас и мојот град

Јас и мојот град На нашата татковина тој е главен град во него сака да живее и стар и млад. Срцето на Балканот тука го наоѓам мирољубив народ во него пронаоѓам. Низ бурните векови тој преживеал војни, земјотреси и поплави доживеал. Сите тие оставиле свои трагови тоа го знаат неговите куќни прагови. Камениот мост раце пружа кон два дела така неговата територија е цела. Сводовите негови Вардар го скротуваат граѓани по кејот се разонодуваат. На Музејот наш застанат часовник стои тој не може веќе времето да го брои. Времето на кобниот час го покажува на луѓето за ужасот им раскажува. Старата скопска чаршија сите ги дружи многу нешто на секого може да пружи. По калдрма на сокаци тесни се излегува културата и минатото се негува. Калето историјата негова ја чува во ѕидините стари кога ветрот дува. Каде и да погледнам убавина милна тој ми подарува топлина и љубов силна. Симона Ивановска VIII2 ООУ ,,Ѓорче Петров”- Скопје

209


Основни училишта

Јас и мојот град Градот во кој сум родена го носи името Скопје, во него Вардар тече во него и сонце пече. Тој е многу лета постар и од прапрадедото мој многу страдања поминал земјотрес, поплави и бој. Заедно живееме ние убавото нè радува, лошото нè загрижува љубовта да се вградува. Има повеќе населби која од која поубава, со паркови свои цветни и гостилници летни. Со него се гордеам јас во него уметноста сјае, убави споменици и палати секој за него ќе знае. Сара Незировска VIII2 ООУ ,,Ѓорче Петров”- Скопје Ментор: Иванка Мишевска 210


Јас и мојот град

Јас и мојот град Градот во кој сум родена е мојот најсакан град мил, за мене, за моето семејство, роднините и пријателите топло гнездо свил. Тој многу удобности ми дава каде и да посакам можам да одам во него учам, спортувам и се рекреирам и битки за подобро утро мое водам.

За мене тој е голем град со убавини безброј: споменици, палати, факултети и мои желби за него рој. И тие ќе се исполнат знам еден ден тие реалност ќе бидат метропола ќе стане тој тоа мојата и идната генерација ќе го видат. Ирма Аломеровиќ VII1 ООУ ,,Ѓорче Петров”- Скопје Ментор: Иванка Мишевска

211


Основни училишта

ЈАС и МОЈОТ ГРАД

П

рилеп е мојот роден град.

Го сакам Прилеп бидејќи тука сум ги стекнала првите пријателства, сум ја добила првата петка, сум играла народна, џамија, ластик. Тука сум се смеела, сум плачела, сум ја доживеала првата победа, сум го почувствувала првиот пораз, сум кажала да, сум кажала доста е, сум кажала не. Прилеп е мојот дом, мојот живот, тука се сите кои ги сакам, ги чува моите спомени и тогаш кога сум оддалечена од овде. Мојот Прилеп се состои од оние места и луѓе што се драги, од убавите среќни мигови што изминале и нема да се вратат, од нештата што ќе ме потсетуваат на оние среќни мигови што допрва ќе ги доживеам. Тоа е град каде што можеш повторно да се родиш. Лавиринт од улици, зеленило и липа која цвета по должината на целиот град. Топлината на градот се чувствува на секој чекор. Тоа е град кој е преплавен со злато и мириса на пролет, град каде што луѓето меѓусебно се познаваат. Прилеп е мој град! Овде сум родена, порасната, овде сум го доживеала најубавото, но и најтажните моменти од мојот живот, но сепак не би го менувала ни за било кој град во светот!

Го сакам! Се навикнав на него и знам како дише овој град. Го сакам Прилеп и си дозволувам да го наречам “МОЈ ГРАД“!

Анастасија Насевска VIII – 1 одд ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп Ментор: Весна Мојсоска 212


Јас и мојот град

МОЈОТ ГРАД ПРИЛЕП Мојот роден град е познат по Марковите кули Прилеп се вика и најубав е во месец јули. Сите места убави што мојот град ги нуди во нашите очи сјајни слики буди. Прилеп е убав град што го сакаме ние Ве кани на гости да го посетите и вие. Андреј Николоски, II-3 одд. ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп Ментор: Борка Попова

213


Основни училишта

МОЈОТ РОДЕН ГРАД Секој горд Македонец Си има свој град, А ние си го имаме Прилеп наш драг. Убавините во него Нè прават среќни сите, Со игра и смеа Ни минуваат дните. Јас сум среќно дете Што живеам во овој град, Сите си го сакаме Секој човек, стар и млад. Андреј Алексоски, II -3 ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп Ментор: Борка Попова

214


Јас и мојот град

Јас и мојот град Јас во мојот град Сум многу среќен Играм и пеам Секој ден се смеам. Училиштето во средина Ни е како цветна градина Цвеќиња и дрва садиме Заедно со нив растеме. Валандово мојот град се вика Мал, дотеран Како најубава слика Дојди посети нè, во прва прилика. Јордан Стојаноски, III одд. ООУ „Јосип Брзо Тито“ - Валандово

215


Основни училишта

Јас и мојот град Во подножјето на Шара со убавина и раскош блика, мојот роден град Гостивар се вика. Низ него Вардар, Најубавата река тече, И секој нејзин жител Како магнет го влече. Живееме во слога Националности разни, Го калиме секој ден Не остануваме на зборови празни. Градиме живот, Полн со слога и дела, Пример сме за соживот Во земјата цела. Гостивар е прекрасен, Изграден, чист и славен, Во Македонија цела По многу нешта тој е главен.

216


Јас и мојот град

Секој намерен патник, Во Гостивар кога ќе дојде, На татлии и сладолед Секогаш мора да појде. Го сакаме животот, Заедно му се радуваме сите, Така полесно Ни поминуваат дните. И климата е прекрасна Во градот најубав мој. Го сакам најмногу Во срцето ми е врежан тој. Теодора Страшевска, VIII-4 одд. ОУ “Гоце Делчев“ – Гостивар Ментор: Благица Петровска

217


Основни училишта

Јас и мојот град По истите улици, патишта, дворови Куќи и згради рој Живеам и јас во градот, роден мој. Тука се родив и растам, Безгрижно детство со љубов Би сакала вечно да е така Во мојот град прекрасен и убав. Нема место, нема катче, Нема утро, нема ден Твоето име граду мој Во моите мисли нежно како да спие, И многу спомени крие. Ја допирам твојата рака цврсто, Во тие рани утрински дни Кога одев во градинка јас, А потоа прваче станав, а сега добар ученик сум јас Би го кажала тоа со сиот глас Во моето училиште мило, Што во мојот прекрасен град се свило. Мојор град Гостивар што се вика, Растам, како дете, како булка, како една прекрасна слика. И безброј, безброј утра, ноќи и дни Сето тоа го има во срцето на градот мој, Како бајки, приказни, затворени. 218


Јас и мојот град

Но чекајте, застанете, не брзајте Има уште многу, многу време И да ви кажам само едно да знаете сите, Јас и мојот град сме како еден верен пријател знај, Сè уште сум тука граду мој убав Во тебе многу желби и тајни се кријат, Но еден ден ќе слушнеш шепот До бескрај гласовито, До небото сликовито. Симона Ристовска, VIII-4 одд. ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар Ментор: Благица Петровска

219


Основни училишта

Граду мој Крај реката Вардар седнав, И покорно глава веднав. Пред живиот паметник стојам, Годините што минувале ги бројам. Црно било, најцрно обоено, И крваво црвено натопено. Од пеплишта си израснал граду мој, Огнови го гореле народот твој. Срцево ми плаче од тага, Минатото врз нас остава трага. Да паметиме, да не спориме, Никогаш да не го повториме. Граду мој мирен и тих, Граду опеан во поетски стих. Гостивар граду мил, Под Шара си се свил. Но Вардар и друго ми збори, За народот слога што твори, За градот во кој соживот има, За градот кој многу гости прима. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Во своите прегратки си ги збрал, Секој секому му подава рака, Секој секому да помогне сака. 220


Јас и мојот град

Среќна сум во овој град, И секој ден го живеам со слад. Овде сонцето посветло грее, Овде птицата посилно пее. Марија Петроска, VIII-4 одд. ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар Ментор: Анѓелко Јанкоски

221


Основни училишта

Јас и мојот град

Е

нтузуијаст, авантурист, трагач по нови сознанија и нови доживувања – е, тоа сум јас! Иако мечтаам по запознавање на нови места и луѓе, цврсто сум поврзана за родниот град.

Пред извесно време, принудена да го напуштам мојот град, моето гнездо, мојот дом. Носталгијата ми ја печеше душата. Беше време за нови почетоци, но јас сеуште живеев со спомените за мојот град. После цели две години, се враќам дома. Срцето ми лупа од возбуда. Имавме средба, јас и мојот град. Средба по која копнеев цели две години. И, еве не, јас и мојот град. Двајцата по малку изменети, а сепак исти. Си раскажуваме, плачеме, се смееме и споделуваме... Оваа студена декемвриска ноќ се почувствува прекрасно. Ги прошетав сите улички. Минувам во паркот. Сè е исто, а сепак различно. Ги замениле лулашките, ги бојадисале клупите, по­ садиле нови дрвја. Паркот е празен, но јас сум полна. Порано му се восхитував на ова место. Како мала доаѓав на лулашките да ме подбутнуваат и лулаат се посилно и посилно! Откако ми здодеаја лулашките, доаѓав под дебелата букова сенка со книгата в рака и ги започнував патувањата... Еве ги и клупите на кои се изрежани безброј имиња и срциња. Одам понатаму. Навлегувам во улицата на која се продаваа топли костени, костените кои ми ги топлеа и душата и срцето во студените денови.

222


Јас и мојот град

Минувам по улиците, минувам, разгледувам. Копам длабоко во сеќавањата. Секоја моја приказна е поврзана со ова место. Овој град е сведок за тоа колку пати сум ги поминала улиците размислувајќи и мечтаејќи. Само тој ги знае моите надежи, желби и амбиции. Каде што е срцето, таму е и домот! А мојот дом е Виница.

Тамара Ристова, VI-3 одд. ОУ „Гоце Делчев“ – Виница Ментор: Мара Јованова

223


Основни училишта

Јас и мојот град

М

ојот град е Виница. Виница е мало, но сепак топло место. Сите си помагаат меѓусебно. Не го прават тоа затоа што мораат, туку си помагаат од срце, затоа што сакаат да помагаат.

Јас многу го сакам мојот град. Се наоѓа под падините на планината Плачковица. Зима е студено, но во мојот град студот не се чувствува. Тоа е така затоа што добрината и дарежливоста на луѓето прават топлина. Топлина, која не се менува со ништо друго. Градот не го прават градбите, зградите, огромните трговски центри, туку го прават хармонијата, срдечноста и сплотеноста меѓу луѓето. Виница не е град со милиони жители. Насмеаните и добрите луѓе го прават вистинска метропола. Секој со секого се поздравува со насмевка. Сите се искрени и го зборуваат и прават тоа што го мислат. Иако мојот град е мал, има култура и богатства кои се негуваат со години. Има и археолошко наоѓалиште, Виничкото Кале. Во Виничкото Кале се пронајдени теракотни икони, кои се познати насекаде на Балканот, како и во светот воопшто. Тие теракотни икони се чуваат во музеј во Парис, Франција. Овде во Виница има и музеј. Во музејот се зачувани сите предмети и остатоци пронајдени на Калето. Тоа говори за многувековната историја на генерации кои живееле далеку во минатото и на свој начин креирале живот. Мојот град е Виница. Виница е убав град, најмногу поради тоа што Виница е мој град.

Ана Павлова, VI одд. ОУ „Гоце Делчев“ – Виница Ментор: Мара Јованова

224


Јас и мојот град

Јас и мојот град Мојот град Штип се вика И од радост и живост блика. Мојот роден крај Штип е знај, Топло место во кое Пишувам и творам често. Животот во него е бајка Тој е како моја втора мајка Во својата ведрина и светлост зрачи. Играта и смеата во него Никогаш не престанува, Но љубовта секогаш останува. Секој доаѓа и си оди, нашиот град Низ волшебен свет го води. Штип, во срцето секогаш ќе стои Таа вечна идила сеќавања ќе брои. Ирена Јованова – VIII-3 одд. ООУ „Гоце Делчев“ - Штип Ментор: Марија Ристова

225


Основни училишта

Јас и мојот град Град покрај Брегалница бистра, Под Исарот скриен Од блескави сончеви зраци Наутро измиен. Историско име носи Кон иднината во чекор оди. Тоа е Штип Како некој мит, Кој бестрашно плива низ Историските води. Го сакам овој град Што постои и вечно е млад. Прекрасни луѓе живеат тука Музичари, уметници, наставници. Татковинска топлина шири во шир, Јас живеам овде во мир. Ангела Пандазиева, VIII-3 одд ООУ „Гоце Делчев“ - Штип Ментор: Марија Ристова

226


Јас и мојот град

Јас и мојот град Валандово, име кое вечно Ќе се слави во моето срце. Со љубов живот му давам и за Ништо на светот не го продавам. Во мојот крај има Грозје, калинки, смокви, јапонско јаболко Топло сонце што нè грее И секој ден ни се смее. Вино се точи во чаша прелеано И во песна опеано. Овде луѓето живеат среќно и заедно Македонци, Срби, Роми, Турци... Простено нека ми е ако заборавив некого. Се дружиме и ја споделуваме радоста и Тагата, растеме заедно. Јас сум среќен што живеам во ова мало парче Земја што се вика Валандово. Кога ќе пораснам и Валандово ќе се гордее со мене. Марија Петрушева, ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово Ментор: Жаклина Жабокова

227


Основни училишта

Мојот роден крај

Н

ина беше шестнаесетгодишна тинејџерка. Таа живееше заедно со нејзиното семејство во Скопје. Нина беше многу поврзана со тој град. Таму живееше цели 16 години. Во него имаше другари и другарки, родители, училиште. Сите убави спомени беа поврзани со секоја уличка во градот. Еден ден кога си дојде Нина од училиште ги виде нејзините родители кои тажно ја гледаа. Нина не знаеше што се случува. Нина, мила, - почна да зборува татко £, кој многу добро знаеше колку таа го сака овој град. – Јас и мајка ти добивме многу добра работа, но за жал во друг град. Затоа ние ќе мораме да се преселиме. Нина го гледаше изненадено. Без да забележи £ се тркалаа солзи по лицето. Ова беше едно непријатно изненадување за неа. Ги гледаше своите родители како нема, а очите £ беа полни со солзи. Се сврте и плачејќи си замина. Отиде во паркот во кој секогаш одеше кога беше тажна! Пред очите £ излегуваа сите настани, сите мигови заедно со нејзиното семејство и другарите во овој град од кој сега мораше да се раздели. Плачеше сè повеќе и повеќе. Веќе беше доцна. Стана од клупата на која седеше со часови и тргна дома. Тогаш некој £ викна. Тоа беше стариот дедо Илија кој £ беше сосед. Што и да е причината што си толку тажна преболи ја и продолжи понатаму. Тоа ќе те научи да се прилагодиш на сите промени во твојот живот, – £ рече дедо Илија.

228


Јас и мојот град

Нина тажно го погледна, му се насмевна и си замина. По советот од дедо Илија, Нина беше посмирена. Кога влезе дома родителите ја чекаа со насмевка на лицето. Тогаш £ кажаа многу убава вест. Мила, рече мајка £. – Ние се откажавме од селењето. Сфативме колку многу го сакаш овој град и дека ниту една работа не е поважна од нашата ќерка. Нина ги прегрна двајцата и отиде во нејзината соба. Повторно почна да плаче, но овој пат од радост. Тогаш се потсети на сè она што доживеала во овој град. Сите среќни и тажни моменти во градот кој многу го сака, во нејзиниот роден крај.

Марија Илиевска, VII-б одд ООУ „Јосип Брзо Тито“ - Валандово

229


Основни училишта

Јас и мојот град Има еден град, Кочани се вика, во срцево за него силна љубов блика. Таму на свет дојдов в родно гратче мое, затоа го носам во срцето свое. Го краси река чиста и улици средени, а покрај тротоари дрвја се наредени. Зелениот парк најубаво е место, за игра на дечиња и за одмор често. Најмногу го сакам мојот роден град, топол дом за секого и за стар и млад. Ако појдам далеку болка ме пече, мислата кон Кочани секогаш ме влече. Стојанче Постолов VII одд. ОУ „Страшо Пинџур“ с.Соколарци Општина: Чешиново-Облешево Ментор: Тодорка Стоименова 230


Јас и мојот град

Јас и мојот град Сместен е на север Од нашата татковина, Поубав од било која Царска престолнина. Постојано се гради И од убавина блика Мојот град е единствен И Куманово се вика. Родена сум тука Живеам со години, Граѓаните на Куманово Се сите ко роднини. Желбите за градот наш Во дела ги преточуваме И заеднички на успесите Им се радуваме И ветуваме: „Изграденото како свое ќе го чуваме“ Сара Тодоровска, VIII-в одд ОУ „Христијан Карпош“, Куманово Ментор: Сунчица Шоиќ

231


Основни училишта

Јас и мојот град

Ј

ас припаѓам на еден град и можам тој град да го наречам мој, можам тој град да го наречам дом. Место сместено во подножјето на планината Козјак, украсено со богато минато и прекрасни луѓе – вистинска убавина, која крие многу тајни и прекрасни места. Но, неговата убавина не лежи во неговата големина на зградите, раскошните ресторани и трговски центри, неговата убавина не лежи во големината и богатството – туку во чувството на дом, кој тој и луѓето кои живеат во него ми го пружаат. Прошетката низ тесните, понекогаш калливи улички, намерното стапнување низ вирчињата и бескрајната смеа со пријателките, старата скршена клупа во паркот, со една скршена рачка на која секогаш одмараме кога одиме на прошетка со моето семејство, малите продавнички во кои секогаш ве дочекува насмевка и љубезност, поздравувањето со познатите, додека чекориме, - во тоа лежи убавината на мојот град. Сите делови од мојот град, сите луѓе кои живеат тука се заслужни за текот на мојот живот. Звуците на предците, шареното минато дишат од секоја уличка, куќа, катче и ме исполнуваат со почит и љубов. Луѓето кои некогаш чекореле тука и луѓето кои чекорат денес го прават ова место најубаво на светот. Другите градови имаат поубави згради и куќи, но мојот град има најубава душа, најубави воздишки и голема љубов. И најважното од сè, каде и да одам, кои места и да ги посетам – тука ми е најубаво. Само што почнувам да чекорам низ животот и не знам каде патиштата ќе ме одведат, не знам каде ќе го свијам своето гнездо, но едно нешто знам, тука секогаш ќе имам дом и луѓе кои ме сакаат.

Ивона Трајковска, VIII-в одд. ОУ „Христијан Карпош“, Куманово Ментор: Сунчица Шоиќ 232


Јас и мојот град

Мојот град Мојот град е прекрасен рај, Најубав е кога цвета во мај. Каде и да одам, што и да видам, Во моето Скопје пак сакам да бидам. Граду мој, чувар на моето детство, Ти дарувам песна мила, Со сета своја бистрина и сила. Неџмие Рамизи, VI одд. ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково, Скопје Ментор: Дафинка Јурукова

233


Основни училишта

Јас и мојот град

К

ако волшебник кој гледа во својата кристална топка, така јас гледам во мојот роден град. Гледам високи, бели, убави згради. Гладам луѓе насмеани, задоволни.

Под високо исправеното Водно, покрај запенетиот и бучен Вардар, се издига градот-кој како птица воскресна од пепелта на големиот земјотрес и слободно го развива својот лет. Скопје гордо ја плете својата приказна. Тој е град на хероите, на победниците, град на надежта. На илјадници луѓе што живеат во него. Го сакам градот на солидарноста, градот на моето детство. Во него првпат ја сетив убавината на животот. Затоа, граду мој стани вечен, биди храбар, биди херој како што си бил некогаш, како што си денес.

Марија Давчевска, VIII-9 одд. ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково, Скопје Ментор: Дафинка Јурукова

234


Јас и мојот град

Мојот град Чекорам низ Скопје Исправено, гордо И кон калето Скопско Кое зборува за долгото ропство. Се загледувам во Скопје И кон жичарницата до крстот Таа гордост наша ќе биде За неа ќе зборуваат сите. Воздивнувам по Скопје По гордиот Александар наш Како го краси нашиот град Таму е секој ко брат до брат. Ана Николовска, V одд. ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково, Скопје Ментор: Љупка Продановска

235


Основни училишта

Јас и мојот град Јас и мојот град сме неразделно споени со љубов и добрина граду сме напоени. Те носам во срцето ти ми даваш сила, те љубам колку и татковината мила. Ја чувствувам прегратката околу својот врат, ти си ми богатство ти си другар, брат. Јас те сакам, јас те љубaм мој си роден град, биди среќен топол дом, биди вечно млад. Амра Џигал VII одд. ООУ ,,Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, Велес Ментор: Јагода Матева

236


Јас и мојот град

Јас и мојот град Уште рано наутро Птиците пеат Сонцето силно свети Убавините се леат. Денес е убав ден Денес ќе го прошетам градот цел Широки улици Згради високи преубави А во парк зеленила На секој му треба природа. Планината наспроти планина Река бистра најубава Во центар вечен херој На секој чекор спомени безброј. Градот мој е убав Градот мој е мил Мудрост среќа и знаење Мене ми подарил. Матеас Атанасовски, VI-2 одд ОУ „Живко Брајковски“ – Скопје Ментор: Славица Невчевска

237


Основни училишта

Градот Скопје

Л

етниот распуст помина за миг, како секој ден да е едно бранче од разбранувано море. Така е кога времето не стои и секој ден од летниот распуст се брои.

Еден убав септемвриски ден, јас, мајка ми и брат ми, отидовме да пешачиме низ зеленилото во шумата на планината Водно. Одевме високо по планината. Околу нас се ширеше прекрасниот мирис на чист воздух. Седнавме да се одмориме и пред нас се рашири прекрасна глетка на градот. Низ булеварите се извишуваа големите згради, куќите покрај улиците беа наредени едни до други, а меѓу високите градби ѕиркаа спомениците. Скопје е главен град на република Македонија.

Низ градот тече реката Вардар која со нејзе ги носи историските спомени на градот. Над Вардар стои Камениот Мост кој продолжува да биде незаменлив симбол на градот. Тој ги поврзува и левиот и десниот брег на Вардар, ги поврзува и минатото и сегашноста и старите и модерните делови на градот. Преку него може да се стигне до плоштад Македонија и до Старата Скопска Чаршија. Таа е потсетник и споменик на старите времиња. Чаршијата е заштитена како културно-историски споменик на градот, а во градбите сеуште се задржани старите архитектонски белези на прекрасната камена калдрма. Секако и Тврдината Кале е една од спомените на градот. Таа се наоѓа на брегот на реката Вардар, а ѕидовите се изградени во различни временски периоди. Просторот околу тврдината е толку убаво уреден што наликува на парк и има прекрасна глетка на дел од грдаот. Помеѓу Кале и чаршијата се наоѓа црквата Свети Спас. Во неа има раскошни икони од ореово дрво, а во дворот е гробот во кој почива најпознатиот македонски револуционер Гоце Делчев.

238


Јас и мојот град

Но сепак како најубаво место во градот ќе го одберам градскиот парк во кој до доцните часови има луѓе и џагор кои шетаат по патеките опколени со дрва. Скопје е град кој секој што го посетил го засакал и не го заборавил. Тој е град за кого има напишано и испеано многу песни, град кој има богато историско минато. Скопје со векови се рушел од војни, земјотреси, поплави, пожари, но повторно бил изграден и ден денес е сеуште политички и културен град со многу историски спомени.

Теодора Јовчева, VI-1 одд. ОУ „Живко Брајковски“ – Скопје Ментор: Славица Невчевска

239


Основни училишта

ГРАДОТ СКОПЈЕ Вардар ја краси Твојата лика А Водно е наша најубава слика. Камен до камен Убав мост рамен. Тврдината Кале Ѕидовите се збрале. Чаршијата стара Златни занаети собрала. Природата на Матка Воздишка е слатка, Пештери и тајни За цел свет се знајни. Камбаните ѕвонат Златни звуци ронат. Кули, анови, амами Народи од многу страни На едно место збрани. Јана Домовска, VI-1 одд ОУ „Живко Брајковски“ – Скопје Ментор: Славица Невчевска

240


Јас и мојот град

Мојот роден крај Каде што сонцето најсилно свети, Каде што мирисот на цветот е најсилен Има само едно такво место Родниот крај најмилен. Птиците преселници во право биле, Што во родното гнездо идат на пролет, Се враќаат дома во родниот крај, Без разлика колку шират полет. Туѓина кој заминува Со нетрпение до поврат денови брои, Да се врати во родното огниште сака И пред прагот свој да стои. Каде и да одиме тука секогаш се враќаме Колку е посебен родниот крај сфаќаме Реки, шуми, ведро небо, Се одлики на мојот роден крај, Можеби ќе ти се допадне, а можеби и не, но за мене е рај МОЈОТ РОДЕН КРАЈ Ангела Вељановска, VIII-3 одд. ОУ „Д-р. Владимир Полежиновски“ – Кичево Ментор: Добрица Крстеска 241


Основни училишта

Јас и мојот град Мало гратче во татковината наша збрано Кое сите мои детски спомени ги носи, Секој негов дел поединечно го паметам јас Секој миг и час поминат во мојот град. Нема на земјава потпло катче Нема град кој поголема љубов ти буди! Најубави спомени, разни детски игри Кои уличките на мојот град ти ги нуди! Каде и да одиш и патуваш по светот, На крајот на едно место ќе свратиш знај, Во својот драгоцен роден крај! Не е метропола славна Или милионски град со врева, Ниту пак европска станица главна. Но за мене најдраго место е, ете Втор дом за секое дете!!! Евгенија Петреска, VIII-3 одд. ОУ „Д-р. Владимир Полежиновски“ – Кичево Ментор: Добрица Крстеска

242


Јас и мојот град

Јас и мојот град

К

очани е познат како градот на оризот, градот на најчистата река во Македонија, градот на Драмскиот аматерски фестивал, но пред сè – Кочани е мојот роден град.

Во него има многу знаменитости кои го красат: Споменикот на слободата, Етно-куќата, Кулата, но највпечатливи се оризовите полиња кои го пречекуваат секој посетител, а класовите со златното зрно му се поклонуваат и го поздравуваат. Кочани е градот во кој ја почувствував првата мајчинска прегратка, го вдишував воздухот на детството, го живеам мојот тинејџерски живот. Тоа е градот во кој ја изиграв првата детска игра, ги запознав првите другарчиња, го посетувам моето училиште, ја пуштив првата љубовна солза. Нераскинлива е мојата врска со мојот град, Кочани.

Животот е непредвидлив и не знаеме каде ќе не однесе животот во иднина, но едно знам, Кочани засекогаш ќе остане мојот град, град на детството, град на младоста, можеби и мој град на староста. Којзнае! Повелете во мојот град, ве очекува топлата насмевка на моите сограѓани, гостопримството на неговите жители, ширум отворените порти за секој добронамерен посетител!

Тиана Јовиќ VIII-2 одд. ОУ „Никола Карев“ – Кочани Ментор: Љупка Стојменова 243


Основни училишта

Јас и мојот град Велат дека убавината на градот треба да се доживее, да се види одблизу. Во него приказна стара, буди спомен жив: за времето на нашето постоење, за моето детство, за спомените кои во срце ги носам. И кога ќе си заминам далеку, во срце ќе го носам, со мисла врела, со копнеж врел, пак да му се вратам на мојот град. Го љубам градот и неговите убавини, неговите улици и шеталишта. Во изгрејсонцето на зората го наоѓам нашето постоење: минатото – во приказните, сегашноста – во песните, иднината – во неизвесноста која ни претстои. И наутро штом станам да го почнам денот, тој е тука ко лулка во сончев крај. Иако времиња ќе поминат многу, тој покорно ќе стои во младешки жар. Небото светли – нов ден ни дари, на мене и на мојот град. Розета Петрова VIII-3 одд. ОУ „Никола Карев“ – Кочани Ментор: Љупка Стојменова 244


Јас и мојот град

Јас и мојот град

Ж

ивеам во непосредна близина на мојот град, Охрид. Го гледам мојот град, градот на Цар Самоил, градот на прекрасното езеро, градот кој е богат со културноисториски споменици, ископини и цркви кои се украсени со прекрасен живопис и резби. Мојот град не е само мој, тој е град на илјадници туристи од целиот свет. Прекрасното езеро, парковите, старата чаршија и многуте хотели се само дел од неговите убавини. Во лето градот е полн со туристи. Плажите се полни со луѓе. Насекаде врие како во кошница. Ноќите се како ден. Како градот Охрид нема друг град. Сакам да биде уште поубав , па затоа јас работам, учам и пишувам за мојот прекрасен град.

Алек Иваноски VI-а одд. ОУ„Ванчо Николески“ Лескоец, Охрид Ментор: Елизабета Велјаноска

245


Основни училишта

Мојот роден град Мојот роден крај Охрид се вика, сè е како на слика. Него го краси езеро бистро, Прекрасно, големо и чисто. Ги сакам твоите маала стари и тесни улици. Низ улиците смеа се слуша, Градот Охрид има душа. Има безброј цркви и манастири, кои сака секој да ги види. Најубав е на цел свет, Личен е како цвет. Наталија Лапоска VI - а одд. ОУ„Ванчо Николески“ Лескоец, Охрид Ментор: Елизабета Велјаноска

246


Јас и мојот град

Мојот град Мојот град Демир Хисар се вика. Со природни убавини Прекрасна е слика. Тој е убав и мал, Ако не го посетиш Ќе ти биде жал. Во него има плоштад нов Фонтана во разни бои Која детски погледи лови. Од училиштата две Детски џагор се слуша Што ни ја полни целата душа. Заедно сите се збираме Отпад собираме Дрвца и цвеќе садиме Нашиот град да го разубавиме. Од Демирхисарските убавини Голем број поети Добиваат инспирација И пишуваат песни За читање лесни. Мојот град многу го сакам И за него во цел свет Безброј убави пораки праќам. Ивона Грујевска, VI-б одд. ОУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар Ментор: Трајанка Џамбазовска 247


Основни училишта

Јас и мојот град

Н

авистина е племенито чувство кога зборувам за нешто кое е составен дел од мене. Од моето срце, од моето битие. Претставува мое радосно и возбудливо секојдневие. Остава траги длабоко во мојата душа. Ме прави радосна кога го слушам џагорот преку прозорецот. Ме тера да треперам, брзајќи да ги средам моите обврски, за што поскоро да станам дел од купчето насмевки и зацрвенети обравчиња. Тоа е моето место на живеење. Тоа е само делче од мозаикот на спомени од моето рано гратче. Спомени кои не сакајќи се врежуваат во мојата потсвест. Сите тие мисли ме тераа што поскоро да се искачам на она мое место од каде често пати го набљудувам моето гратче. Еве веќе стојам алчно вдишувајќи од утринската свежина, и оуштајќи го погледот од најоддалеченото место, кое како да ми се смешка што не можам да видам што има зад него. Одеднаш станав гледајќи во нешто што ме боцна со одблесок од утринското сонце. Наликуваше на делче од старо оружје, нешто како дел од револвер, можеби... Одеднаш се сетив на нешта кои сум ги прочитала. Можно ли е да стојам на патот кој од прастари времиња е познат како ВИА ИГНАЦИЈА?...

Или на патеката на која пешачеле Самоиловите слепи војници... Или можеби тоа е делче од опремата на некој комита од четата на Јордан Пиперката?... Сум читала но... Можно ли е моето родно место да носи толкав товар страни од историјата? - си помислив!

248


Јас и мојот град

Да, можно е! – си реков, со полугласен шепот. Одеднаш некој далечен звук на црковно ѕвоно ми го однесе погледот. Во далечната шума каде се гледаше само црвениот покрив од стариот манастир. Се сетив дека го имам посетено. Ех... колку чудесни нешта крие ова мое родно место. Во тој момент се почувствував навистина горда. Во занесот на таа слика ме сретна веќе подигнатата висококатница. Се восхитував на патот заграден со млади дрвца... Од таа фантазија ме разбуди цвркотот од песната на славејчето. Спуштајќи се надолу мојот поглед сеуште беше заскитан, кога незабележително станав во малечкото студено поточе кое како линија се извлекуваше од чешмичето кое извираше од под едно дрво. Се наведнав и се напив од студената и чиста вода. Имав чувство дека само овде има толку слатка вода. Слегував со раширени раце, како да сакав да ме види сиот свет колку сум богата во тој миг. Велат дека најјасно се помни детството поминато во родното место. И секогаш се живи сликите од тоа време. И дека вечно се носат во срцето. Веќе почнав да верувам во тоа. Но сигурно знам дека моето гратче Демир Хисар го носам во посебно место во моето срце!!!

Елена Василевска, VI-б одд ОУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар Ментор: Трајанка Џамбазовска

249


Основни училишта

Јас и мојот град

Д

ен по ден, година по година, секој човек ја гради својата среќа без која не може и која е основната движечка сила за да може да опстане, а и да продолжува со своите планови и остварувања. Среќен човек е исполнет човек со позитивни чувства кои ги пренесува на околината и на другите луѓе... Нашиот град... ние го сакаме, го градиме со љубов, во него живееме со љубов, тој е нашиот дом, нашата иднина. Место кaде што сме среќни луѓе, луѓе кои што со љубов го изградиле својот дом, своето катче, местото каде што сме најсигурни. Во тебе Демир Хисару, граду мој, гледаме како безгрижно растат децата, среќни сме што секој ден гледаме како се грдаиш, како растеш... Една мала точка на земјината топка, под ова сонце кое спокој носи, каде срцето среќно чука, е моето родно место, мојот град! Моето СÈ! Тука се плете секој нов ден, секоја наша радост и тага и целата наша судбина. Тука се нашите дедовци и баби, нашите роднини и нашите поколенија. До денот суден во тебе ќе бидеме роден граду мој! Мое родно место, ти си прозорец кон светлината, секој нов ден за мене е и нов свет. Те сакам мој прекрасен граду Демир Хисар! Ти си моето гнездо, мојата љубов, мојата судбина!

Евгенија Талевска, VIII-б одд. ОУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар Ментор: Трајанка Џамбазовска

250


Јас и мојот град

Јас и мојот град На Радин мост сум, еве, Пред мене глетка во шир, Срцето ми се полни Со љубов, спокојство и мир. Ги гледам вековните кули И реката оро што вие, Ги гледам околните шуми Каде славните кули се скриле. О, Кратово, родно место мое, Во тебе сум најсреќна знај, И сите нека убаво слушнат Најубав е мојот крај! Анастасија Арсовска, VI одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово Ментор: Лидија Ташевска

251


Основни училишта

Јас и мојот град Пишувам, затоа што Ме побудува самата помисла на тебе. Со илјадници зборови Кои се премалку за да се искаже љубов Кратово, љубов моја! Како стела постоиш од далечни времиња Ти, секогаш вековно поробен, Град настрадан до несон и страв, Кој на својот грб ја сетил Тежината на многу поробувачи. Завиткан со векови под црнилото на ропството, Напоен со крв и покриен со коски, Но секогаш одново, да се воскресне и раѓа Никнува и се крева од далечината за навек. Ти си град свиен во планините Каде сум се родила, растам и живеам Да ти се радуваме, Да се гордееме на твојата историја, Да те опејуваме во многу песни, И да те љубиме за века. Ивана Павловска, VIII одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово Ментор: Стојанче Коцевски 252


Јас и мојот град

Јас и мојот град Во светот во една мала Татковина под планините Осоговски Има едно мало патче кое што води до моето гратче. Тоа е единствениот град во мојата Татковина со ориз во полиња. Јас во тебе се родив, живеам и растам, Јас за тебе не можам да кажам лош Збор, бидејќи ти си мојот единствен дом. Секое место во овој град, Има по еден спомен драг. Спомени каде што до солзи се смееме, Каде што како луди пееме. Мојот град го сакам поради оризот, поради спокој и мир, Во него летам како птица во шир. Јадењата од ориз најмногу ги сакам И сите ги прават и за празник и за слава. Сите нас нè спојува овој град, Не е важно дали е стар или млад. Јас со него и радост и тага делам И немам намера никогаш да се селам. Габриела Бошкова, VIII-2 одд. ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани Ментор: Александра Закова Цветков

253


Основни училишта

Јас и мојот град

М

ојот роден град Кратово е многу малечко гратче. Но, за мене- најубавото! Прекрасно! Боите на есента го прават уште пораскошно. Град со посебен сјај во кој секоја кула има своја приказна и е сведок за големината и убоста на градот. Во него ќе наидеш на добри и срдечни луѓе, мошне гостопримливи. Во него доаѓаат безброј туристи. Едно утро мојот град беше удостоен со луѓе кои правеа документарни емисии за градовите. Ја гледав емисијата за загаденоста на градовите која предизвикува огромни опасности. За жал, го слушнав и името на мојот роден град. Нешто силно ме прободе во срцето. Истиот ден се шетав низ градот, се шетав низ тие валкани улици. Бев љубопитен за каква опасност се работи, но ништо не видов. Изодев десетина километри, но ништо не видов, ништо не забележав. Си реков: Измислуваат! Јас си го сакам мојот роден град, каков и да е! Штом го реков тоа на сиот глас, забележав ситни капки. Си помислив дека се од дожд. Но, не беа дождовни. Беа многу ситни, како да се од солзи... ама, кој би можел да плаче, кога никој не поминал по овие валкани улици?! Кај мене се разбуди една љубопитност. Ме интересираше кој плачел. Се решив да ги следам и да ги бројам тие солзички. Броев... двесте... двесте и педесет... триста... четиристотини и десет... ги имаше бесконечно. Си реков: - Чудо невидено!

254


Јас и мојот град

Потоа се слушна еден глас: Не чуди се, тоа се моите солзи, солзите на твојот град! Многу сум валкан и моите други пријатели – градови ми се смеат, а најлошото е тоа што ме избегнуваат и не сакаат да ми се доближат, зашто сум валкан и смрдам на отпад. Јас веќе со години плачам и леам солзи, но никој не помина по ова уличе, никој не ги ни забележа овие солзи. Ти си првиот што ги виде и мислам дека ти си вистинскиот што може да ми помогне да бидам прекрасен, чист, убав, да ми се восхитуваат сите, тоа е мојот сон... Мислам дека нема да ме разочараш! Ќе се фатиш за метлата да ме исчистиш, ќе го фрлиш отпадокот таму каде што треба и ќе им пренесеш на твоите другарчиња како во иднина да постапуваат со мене. За малку ќе заплачев. Не се мислев воопшто, веднаш одговорив: Во ред, мој роден граду, нема да дозволам да бидеш понижуван, еве сега се фаќам за метлата, ќе ги исполнам твоите заповеди, а ти ќе станеш како бисер над другите градови. Ја зедов метлата и го исчистив тоа загадено уличе. Градот мој бласкаше. И од убавина и од среќа. Потоа ми се заблагодари, зашто сега соседните градови се тепале кој да се дружи со него, бидејќи сакале чист пријател. Тој беше чист и убав не само тогаш. Беше и уреден секоја недела, секој месец, цела година. Навистина блескаше! Ахх, колку си го сакам овој мој роден град.

Оливер Иванов, VII одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово Ментор: Емилија Симонова

255


Основни училишта

Јас и мојот град Мојот град, Место кое зафаќа дел од планетава Сосем малку, но сепак зафаќа, Место со многу улици и куќи, Во кое живеат многу млади и стари, Место во кое има смеа и радост Кои ги создаваме ние најмладите – децата. Тоа е околина обиколена со цвеќиња и лисја Со зелен и убав килим, Околина во која има правдина, хуманост и доблест Кои се поврзани со знаењата и мислите, Околина во која сонцето светло изгрева И во која небото е исполнето со сјајни ѕвезди. Тоа е земјата на која секое утро се будам, Тоа е воздухот кој секоја секунда го дишам. Овде е сместено белото злато, Овде е огледалото на жетварите Со разните шминки кои блескаат на него, Овде е Осоговскиот џин Кој е потрупан со снежна убавица, Овде високо над браната нешто силно жуборка Водопадите, кои паѓаат и се губат како сон, И овде се стапките на минатото кои секојдневно ги истражувам. АХ, Кочани граду мој, Во твоите раце се чувствувам сигурна,

256


Јас и мојот град

Во твоите очи ја гледам надежта, Во овдешните луѓе ја гледам искреноста. Ти си неверојатно нешто, Ти си град во кој живеев, живеам И град во кој посакувам да живеам. Марина Панова, VIII-2 ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани Ментор: Александра Закова Цветков

257


Основни училишта

Јас и мојот роден град

Г

радот во кој се родив, во кој растам, во кој живеам е Кочани. Кочани е најубавото место во светот, местото каде насекаде само љубов се шири, каде се чувствува топлина и се диши чист воздух. Кочани е прекрасно мало гратче создадено од мајката природа, скриено во раскошната котлина, обиколено со вечните стожери Осоговските Планини на север и Плачковица на југ. Тоа се стражари кои го чуваат мојот град, кои ги раскажуваат легендите за него, кои го милуваат во своите прегратки – градот кој е еден и единствен во моето срце. Ако се качиме малку на Осоговските Планини веднаш ги забележуваме пространите оризови полиња, заедно со луѓето кои вредно го работат нашето „бело злато“. Ако прошетаме низ градот ќе го почувствуваме мирисот на преубавите јадења, специјалитетите од орис - пилавот, рижото, лапата, сутлијашот и други превкусни јадења кои со задоволство ги јадеме. И токму во чест на оризот секоја година со почнувањето на жетвата почнуваат и деновите на кочанскиот ориз. Во ископините се пронајдени разни предмети со историска вредност кои сведочат дека овде бил и минувал еден од најголемите воини, најголемиот војсководец и освојувач на сите времиња Александар Македонски. Се верува дека некаде овде е сокриена и дијадемата на египетската кралица Клеопатра. Можеби ова се само легенди и приказни, но можеби е и вистина која допрва ќе биде откриена и изнесена на виделина, нешто кое допрва ќе се докажува. Како капка солза низ Кочани тече преубавата бистра река и го дели моето убаво гратче на два дела. Кога човек чекори

258


Јас и мојот град

покрај неа и ќе се занесе во нејзината долина, може слободно да потоне во своите мисли и соништа. Малку повисоко од тука се наоѓа Споменикот на Слободата и од овде се гледа прекрасната панорама на мојот убав град. Убаво е овде, посебно навечер и тука од разните светилки во градот ви се причинува како да се наоѓате помеѓу ѕвездите. Кој и да го види и посети моето убаво гратче посакува пак да се врати во него и пак да биде дел од сета таа прекрасно исткаена сказна, да биде дел од оваа убавина. Јас пак каде и да одам од мојот крај поубаво место сè уште не видов, нема поубаво место за живеење, бидејки тука цвеќињата мирисаат најубаво, птиците пеат прекрасно, а луѓето, луѓето живеат во слога, разбирање и братска љубов.

Тамара Трајчова, VII-3 ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани Ментор: Хилда Панов

259


Основни училишта

Јас и мојот град Куманово е град во кој сум родена Тука растам, тука живеам Љубовта кон мојот град ми е вродена. Кумановскиот дијалект е познат насекаде Хуморот е препознатлив во него И каде и да одиме нè препознаваат по него. Куманово е најубавиот град во Македонија, Батко Ѓорѓија и четирите бандери, Проверете ако не верувате Никој со нас не може да се мери! Дојдете во Куманово, пробајте мезалк, суџук, Но, сепак се знае и дека тука пукнала првата пушка. Козјак на плешки го носи Низ него Пчиња тече, Бурната историја безвремено ја влече. Куманово е град во кој живеат насмеани лица Мултиетничноста е препознатлива Куманово е град слободен како птица! Вања Лазаревска, VIII3 ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово Мантор: Габриела Живиќ 260


Јас и мојот град

Јас и мојот град Во раните утра го отворам прозорецот Го гледам небото сино Чувствувам љубов позната, непозната Љубов неизмерна кон мојот град. Го градиме Куманово со тули од надеж Скриени желби... Го сакам мојот град! Во мојот град ме радува тивката песна, Шепотот на тревата И уште многу мали убави нешта. Мојот град е бескрајно убавина Богато родно поле, Ја собирам жетвата од него Се радувам на секој скинат плод. На зајдисонце сонцето благо ме милува Се протега по плоштадот, улиците, сокаците... Мирисаат качунките на прозорците Се прибирам дома: Да, јас сум дел од мозаикот! Бисера Стојмановска, VIII-9 одд. ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово Мантор: Габриела Живиќ 261


Основни училишта

Јас и мојот град Јас и мојот град Сме среќни и радосни со Своето постоење и живеење. Јас растам, расте и мојот град Во височина, во убавина на својот поглед Во нови згради, широки улици Многу автомобили и поголем број жители. Времето минува, исполнето Со многу културни и други настани Важни за мене и мојот град И ние сме среќни што тоа е дел Од нашето постоење. Сум била и во други градови, Но чувството за мојот град е посебно И секогаш сум среќна кога сум дома. Мила Петрушевиќ, VIII-3 одд. ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово Мантор: Габриела Живиќ

262


Јас и мојот град

Мојата татковина – мојот град Татковино моја мила, Најубава природа во тебе си свила, Планини, ливади, реки и шуми, Секој човек што живее во тебе Не може да не те љуби. Ти си со бои И убавини украсена, Има име убаво, Како за тебе создадено. Прилеп е мојот Роден град, Во срце го носи И стар и млад. Од убавини тој е голем, И многу е славен Па затоа повелете Господа и дами На вкусен ајвар Прилеп ве кани. Татковино мила, под ропство долго Ти си била. Но сега над тебе Сонцето силно грее, Химната наша се пее И знамето вечно ќе се вее. Рената Миниска, VI-а одд. ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп Ментор: Виолета Христоска 263


Основни училишта

Јас и мојот град Домот мој Спокоен и мил Во градот мој Гнездо свил. Детството мое Безгрижно и весело, Во градот мој Низ игри вознесено. Вечно живеј Граду мој, Со љубов, радост И среќа дарувај го Секој жител твој. Бојана Мицеска ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп Ментор: Гордана Џокоска

264


Јас и мојот град

Јас и мојот град На високо седам На далеку гледам На небото ѕвезди рој Тоа е градот Прилеп мој. Наоколу окружени Со планини А во центарот Негови раскошни убавини. Стар градски часовник Минути што брои Во срцето на градот Отсекогаш стои. Јунакот Марко Кралот на силата Марковите кули Над Прилеп се крилата. Херој град Епитет што ти доликува Херојствата твои Могилата ги отсликува. Еј, Прилепе граду мој Горда сум на себе Што сум дел од тебе Со животот мој! Катерина Јорданоска, VIII-1 одд. ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп Ментор: Ана Бошкоска 265


Основни училишта

Мојот град Секогаш сонце го грее, И птицата во него пее, Детето во него се смее Во мојот град плодот зрее. Мојот град од убавина блика Со споменици, со прекрасна слика, Со безброј полиња плодни Нивите, со житие се родни. Ако го посетиш еднаш, Нема да го заборавиш веднаш Но в ред во спомени ќе ти трае Твоето срце, вечно ќе го знае. Ангела Додевска, VII-г одд. ОУ „Христијан Карпош“ – Куманово Ментор: Весна Алексова

266


Јас и мојот град

Јас и мојот град Во тебе се родив Куманово граду мој, Во тебе го направив првиот чекор свој, Првата насмевка на лицето мое. Отидов во еден друг град, Патувајќи по непознат пат, Гледајчи чудна околина Жуборење на речна долина. Срцето ми биеше силно, Се чувствува тажно, Што го напуштив тој прекрасен рај, Мојот роден крај. Во тебе има споменици мазни, Низ паркови булевари разни, За херои борци силни Опеани песни милни. Да живее Куманово, Уште многу века, Со сонце огреано Со дечиња распеано. Глорија Спасовска, VII-г одд. ОУ „Христијан Карпош“ – Куманово Ментор: Весна Алексова 267


Основни училишта

Јас и мојот град

В

о североисточна Македонија има многу градови. Но, за мене само еден, толку многу значаен е мојот град, моето родно место, моето Куманово. Во него сум толку среќна, заштитена уште од рано детство. Секој ден сè повеќе и повеќе расте љубота кон него. Првиот здив го почувствував во тој слободен град исполнет со многу згради, училишта, фабрики, културно-уметнички споменици и најголемото богатство во него е тоа што го исполнуваат околу сто дваесет илјади жители. Во него пораснав и ги запознав боите на детските игри кои секојдневно ги игравме со маалските другарчиња. Кога бев малечка, мислев дека во мојот град има толку малку улици и секогаш шетајќи се со моите родители се запознав со многу делови на градот, така што ги запрашував како можат да ги запомнат сите овие места. Растејќи, го добив одговорот на моето прашање, бидејќи кога ќе поминеш низ еден дел од градот, не можеш да го заборавиш, затоа што ти остава убав впечаток. Во едно од многуте училишта во градот и јас ги започнав првите училишни денови. Подоцна се запознав со културно-уметничките друштва, спортски натпревари, а останаа уште многу секции за кои се надевам дека ќе ги опфатам во слободното време. За мојот град има да се зборува уште многу и пак нема да можам да ги искажам своите чувства, па затоа имам една порака до сите граѓани на Република Македонија и пошироко: да дојдат, да го посетат и да се запознаат со мојот прекрасен град – Куманово.

Теодора Ѓурева, VII-а одд. ОУ „Христијан Карпош“ – Куманово Ментор: Весна Алексова 268


Јас и мојот град

Мојот град Скопје Мојот град Скопје, Огледало на животот градски, Јасно светнат во темнината, Облеан во сонце во утрината, Тој никогаш не спие. Го сакам мојот град Радост што ми носи, Ангелски лик што го краси, Дом е тој на сите раси. Со широки речни мостови, Крстосници современи големи, Облакодери во висините, Паркови мирни зелени, Јавни површини средени, Единствен и убав е мојот град. Андреј Петрушев, VIII-2 одд. ОУ „Љубен Лапе“ - Скопје Ментор: Цветанка Поп Петрова

269


Основни училишта

Јас и мојот град Како во волшебна приказна, Никна град близу Водно Планина, Близу Вардар река на огромна ливада. Со плоштадот кој го краси, Со Крстот кој го осветлува, Со зеленилото кое го разубавува Со тоа ме привлекува. Тaму е моето место, Тоа е мојот град, Таму е моето детство Таму е и мојата иднина. Скопје е мојата светлина, Скопје е мојата радост Скопје е мојот дом. Скопје граду мој! Со љубов те спомнуваме, Со љубов во тебе живееме. Со љубов ти пееме. Теодора Кочова, VIII-1 одд. ОУ „Љубен Лапе“ - Скопје Ментор: Цветанка Поп Петрова

270


Јас и мојот град

Јас и мојот град Скопје градот мој, Во него сум родена, Во него живеам, Во него дните, Везден ги поминувам. Вардар го дели, Скопје на два дела, Калето и Камениот Мост, Душа со љубов исполнета цела. Скопје е градот мој и твој, Среќно детство Низ скопските улици минавме, Во природни убавини поминавме. Низ историјата, Бил разурнат, пален, Тешки времиња минал, Живот, жален. Скопје е градот на солидарноста, Се обновувал, се градел, Како феникс птица, Од пепелта изникнал, За подобар живот, За подобра иднина. Каков е, каков бил, каков ќе биде, Јас ќе го сакам Скопје, Мојот град, роден, мил. Ангела Поповска, VIII-б одд. ОУ „Љубен Лапе“ - Скопје Ментор: Менка Стојановска 271


Основни училишта

Јас и мојот град Мојот град е како сонце Облеано во боите На виножитото, Вгнезден во пазувите На плодното Тиквешко поле. Мојот град дише Со срцето на луѓето, Кои во него среќно Ги минуваат дните. Среќна сум и јас Во мојот град, Во кој секој со секого Се дружи, И секој секому љубов ќе му пружи. Иако сум само дете Како пролетно, росно цвете Го сакам мојот град И сакам среќа околу мене Животот да ни плете. Кристина Димова, VII-б одд ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино Ментор: Маја Атанасова 272


Јас и мојот град

Јас и моето гратче Во едно мало убаво гратче Таму е сместено моето катче. Среќа и радост секаде блика Македонски Брод тоа се вика. Легенда стара постои овде Рибарот кога рипчиња ловел, Во море тој гледал Брод кај што пловел. Но, денес тоа не е веќе така, На место море, езерото Козјак е тука Рибари сложно со трска в рака Брзаат таму риби да ловат. Во ова мое убаво гратче Уморен патник кога ќе дојде, Воздушна бања и вода студена Кој сака крај река Треска нека дојде. Плодови сочни, костени благи Дечиња берат, душа си сладат Секој кој од нив пробал и каснал За кратко време брзо пораснал. Во ова гратче сонцето сјае, Убави места многу ги има. Пештерата Пешна многу ми е мила Дојди да видиш гратче без мани, Другарче мое, Јана те кани. Јана Стефановска, VIII-2 одд. ООУ „СВ. Климент Охридски“ – Македонски Брод Ментор: Васе Сиљаноски 273


Основни училишта

Јас и мојот роден крај

С

екој од нас се раѓа во определено место на оваа планета. Се прашувам дали е тоа случајно, или, пак тоа е планот на судбината, кој го одредува животот на секој човек. Многу луѓе низ минативе години ми раскажуваа за своите грaдови, за местата каде се родени. Тие секогаш раскажуваат со љубов и страст. Нивните приказни понекогаш ме воодушевуваат, но тие не се достојни на приказните и убавините на мојот роден крај. Човекот во книгата и во пишаниот збор го наоѓа своето јас. Сеедно е дали ќе пишувам за убавините или за историјата на мојот роден град Неготино, приказната секако е прекрасна. Тивка есенска квецерина, сонцето веќе го измина својот пат, и се скри за високата планина оставајќи зад себе пурпурно руменило. Седам пред куќниот праг. Размислувам. Сè е тивко и осамено, па си мислам има ли поубаво нешто од мојот роден крај. Заслепена мечта шета по улиците кои ги запишале спомените од минатото како лузни низ градбите, оставајќи траги за сè што поминало. Се навраќам со мислите во минатото на мојот роден крај. За тајните кои ги криеле некогашната Саат Кула – гордоста на градот. За приказните како настанала, за легендите поврзани за и околу неа. Таа е нем сведок за војните и битките кои се воделе во градот, но и за многу љубовни приказни секоја за себе, но секоја дел од овој прекрасен крај. Ова е место на херои кои пожртувано го дале својот живот за подобра и посветла иднина. На мисла ми доаѓа исклучителното и надалеку познато херојство на баба Митра, која жртвувајќи го својот живот ги спасила младите животи на борците за слобода. Оддеднаш се појавува сосема друга околина, истите улици, но поинакви и опкружени со нови градби. Се враќам во сегашноста. 274


Јас и мојот град

Со доаѓањето на есента мојот град е покриен со прекрасен жолт ќилим. Се слуша брмчењето на тракторите кои го носат богатиот плод на виновата лоза. Грозјето е основната карактеристика и препознатлив белег на моето место. Тој плод и виното кое се добива од него е гордоста не секој кој се родил и живее тука. Како што вели старата поговорка во виното е вистината, а вистина е дека иако мал, мојот град е прекрасен. Тој е како орел со раширени крилја кој те заштитува, но и како виножито со прекрасни бои кое ти дава секогаш различно, но прекрасно чувство дека некаде припаѓаш. Приказната за мојот роден крај е игра на бои, игра на животот вешто или несмасно закован за овој лист хартија.

Јованка Панова, VIII-б одд. ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино Ментор: Маргита Котева

275


Основни училишта

Јас и мојот град Моето место е извор Од кое љубов извира И секој тука Својот пријател го избира. Пријатели, роднини Од сите страни За празници Тука се збрани. Детството мирно, Го живеам тука А тинејџерството На врата ми чука. Екологијата му е На прво место И затоа доаѓаат Туристи често. Македонски Брод е име на град, Во кој живееме сложно Стар и млад. Забавите за младите Се одржуваат често, А и постарите Си го знаат своето место.

276


Јас и мојот град

Река, планини Природни убавини Го красат Брод И тука се продолжува својот род. Те сакам броде во срце те носам, Твојот непријател со поглед го косам. Магдалена Милеска, VIII-1 одд. ООУ „СВ. Климент Охридски“ – Македонски Брод Ментор: Јасмина Трајаноска

277


Основни училишта

Јас и мојот град

Б

род е моето царство.

Дел од моето срце, дел зачнат и нераскинлив со мене. Знак за мир и слобода, знак за спокоен и мирен живот, а постои уште од старо доба. Македонски Брод е името на моето мало топло место. Го љубам од кога знам за себе. Детството, другарството, љубовта сè што е мое најдраго и најскапоцено, секој убав спомен што е дел од мене ти припаѓа тебе. Броде мој! Скапоцена е твојата убавина заедно со нашата распенета река Треска и Козјачкото езеро. Секој што те видел еднаш, повторно се враќа тука за уште еднаш да ја доживее таа рајска глетка која е мелем за душа. И кога сум среќна и кога тагата го налеала срцето, ти си секогаш тука за да ја чуеш таа приказна, која дозволила да рани нешто нечие. Тоа е мојот град, исполнет со околу три илјади пријатни луѓе. Не би можела да најдам неколку зборови за да ги опишам моите чувства кои се големи и неописливи. Прошетките врз недопрената природа, особено крај бреговите на Треска се нешто волшебно. Ова е тоа место, на кое секогаш бегам кога се чувствувам осамено. Долгото пешачење кон тој брег, извиен од околу со вишни, буки дрвја, кои постојано шумолат заедно со жуборот на реката, чиниш сакаат нешто да ти кажат. Птиците во голем број ги шират своите гнезда, сигурно и на нив ова им се допаѓа. Ова е најубавиот град кога си весел и тажен, кога чувствуваш немир или нешто друго бидејќи секогаш постои човек кој што може добро да те разбере и да те советува, едноставно тука се најдобрите луѓе. Денот е пријателски а ноќта тивка, тука си одморен и весел. Овде животот на секој човек е спокојство. Тоа е Македонски Брод неописливо место, град кој е отворен под ова небо. Добредојден е секој што сакал да го посети и да го почувствува тој хармоничен живот. Брод скриен во тајните на убавината, привезок за сечие срце. 278


Јас и мојот град

Бистрата вода како капка солза од Козјачкото езеро е нешто што ова место го прават многу посебно. Како одиш пеш, и навлегуваш во длабочината од дрвјата, сè ти се причинува како да минуваш низ некој тунел. Тие високи дрва со густи сенки кон небото нагоре се вијат, и се мислиш дека си во некој филм. Срцето ти трепери од возбуда, а сè повеќе и повеќе сакаш да навлезеш кон тој тунел, сето тоа е толку примамливо и воодушевувачки. Затоа го сакам Брод. Секоја нова мугра со изгревот на сонцето е еден нов почеток за секој човек. Сонцето се прелива во водите, а планините со кои е опколено езерото се како некои порти чуварки. Ливадите блескаат во зеленило, а можеш да видиш и по некој старец кој е потпрен на некое дрво и легнат да си отпочине. Брод и околината се нашиот рај, затоа човек не може да најде зборови за да го опише ова тихо место. Брод скриен во тајните на убавината, привезок за сечие срце. Тука е и пештерата “Пешна“ наш споменик на гордоста, дека нашиот град изобилува од околу со убавини. Кога ќе го свртиш погледот нагоре кон пештерата, кога ќе го погледнеш нејзиниот отвор, мислиш дека влегуваш во некоја џиновска палата. Внатре е тивко, се слуша само жуборот на изворот. Тука има и лилјаци, но тие се внатре во длабочините на џиновската палата. Брод е нашиот живот, нашиот дом и никогаш не би го напуштила овој скапоцен благодет даден од Бог. Тој град иако е мал сепак е многу посебен, поразличен. Овде е започнат мојот прв чекор, тука е кажан мојот прв збор, тука е моето детство, тука се најубавите спомени, тука е љубовта, тука е сè... Го сакам ова мое гратче, бескрајно го љубам затоа што Брод е град скриен во тајните на убавината и нераскинлив привезок на моето срце. Елена Србиновска, VIII-1 одд ООУ „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод Ментор: Јасмина Трајаноска 279


Основни училишта

Јас и мојот град Најубав град ти За мене си знај. Со твоите убавини Царуваш низ сиот крај. Среќна сум што сум родена Во лулката твоја, Во срцето мое те носам Ти си гордост моја. Прекрасни пејзажи Насекаде те красат, Од крошните на дрвјата Славеи се гласат. Некогаш поплави и земјотреси До земја те сронале, А вредните раце на народот наш Повторно те изградиле. Денес слободни Во тебе живееме, Среќни и весели Песни ти пееме. Анабела Дичиќ, VI-2 одд. ОУ „Вера Јоциќ“ – Скопје Ментор: Зорица Поп-Панкова 280


Јас и мојот град

Јас и мојот град Штом затворам очи во есенска вечер, И миризба пијам од градот што цвета, по брегот на Вардар душата лета ко водопад сончев што бескрајно тече. Раширила постела планина ширна Го обвила градот со прегратка милна, Спокој насекаде се влече Мирнотија в ноќта тече. По градските улици безгрижно одам Без здив ме остава светлината што се шири, Милозвучна песна од близу се слуша Покрај кејот едно момче свири. За својата историја немо, Раскажуваат бројни споменици, Храбрите молчешкум зборуваат И порака испраќаат до идните наследници. Колку Скопје јас го сакам Ѕвони тивко, шепнат збор, Длабоко во срцево Стои мојот одговор. Нена Радуловиќ, VI-2 одд. ОУ „Вера Јоциќ“ – Скопје Ментор: Зорица Поп-Панкова 281


Основни училишта

Скопје во срце те носам Скопје, граду мој роден Ѕвездо што блескаш ти. Сети се, о граду сакан, За твоите тешки дни. Сети се кога душманот клет Те пороби ко птица без крила. Но, истраја народот твој, Челичен беше, имаше сила. Заедно сите со пушка во рака Тргнаа твоите чеда. Во бојот тежок и жесток, Да победат пранги и беда. Лука Велковски VII-1 одд. ОУ „Вера Јоциќ“ – Скопје Ментор: Александра Димитриевска

282


Јас и мојот град

Граду мој Граду мој, Граду мој роден, Од херои воден, Во срцето твое Е гнездото мое. Во тебе цвеќе цвета Во тебе птица лета, Во тебе роса роси, Во тебе студот коси. Ти си наша среќна слика, Ти си наша бистра лика, Во тебе сме среќни сите И весели ни минат дните. Милан Богдановски, V-1 одд. ОУ „Вук Караџиќ“ - Куманово Ментор: Милева Илиевска

283


Основни училишта

Јас и мојот град

М

ојот роден град се наоѓа на североисточниот дел на Македонија, распространет на двете страни на речните убавици Липковска и Кумановка. Куманово, градот на испреплетени култури, религии и традиции, спомени и соживот. Градот на шегата и родно место на познати личности од минатото па сè до денес. Според легендата која се пренесувала од колeно на колено, името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани, кои во 1904 година навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешно Куманово. Куманово е многу стар град. Датира од 1519 година. На почетокот оваа oбласт била населена со педесет и две семејства, кои живееле во мали куќички. Со текот на времето во Куманово сè повеќе се развивала трговијата, земјоделството и занаетчиството. Денес, Куманово е модерен град и центар на многу случувања. Кога ќе дојдете во Куманово, ќе прошетате по Уќумат сокаци, една од најстарите улици, ќе се сретнете со многу стари занаети, ќе пробате вкусна храна, ќе чуете многу стари легенди. Овде преовладува песната и шегата. Куманово е град на познатиот шегобиец Батко Ѓорѓија, за кого од секого ќе чуете по нешто. Кумановците се горди и на познатиот херој, Карпош. Денес, Куманово е најголемата општина во Македонија со околу сто илјади жители. Еден од познатите локалитети е опсерваторијата Кокино, која се наоѓа на периферијата на Куманово. Во Куманово има цркви и џамии, кои сведочат за разните култури и религии кои меѓусебно се почитуваат. Во Куманово постои друштвен и културен живот. Сите луѓе се дружат и меѓусебно се познаваат. Поважни културни манифестации се Ликовната колонија, Џез фестивалот и Денови 284


Јас и мојот град

на комедијата. За Куманово карактеристични се кумановскиот дијалект кој е поразличен од другите дијалекти и традиционална храна. Кога ќе отидете на некое далечно место каде што ќе се чувствувате убаво, потрудете се да не заборавите на својот роден крај, бидејќи тоа е местото во кое сте родени. Таму засекогаш остануваат најубавите сеќавања за прекрасните мигови од детството.

Мила Ѓорѓевска, VI-1 одд ОУ „Вук Караџиќ“ - Куманово Ментор: Николче Јакимовски

285


Основни училишта

Јас и мојот град

С

екој од нас има сон да посети некое посебно место, барем посебно за нас. Местото што нè воодушевува и фасцинира во секој можен поглед. Па да тргнам од самата себе, отсекогаш сонував и посакував да го посетам и да ги видам убавините на „градот на светлината“ или уште попознат како „најромантичниот град на светот“ – Париз. Тука е и Њујорк – градот што никогаш не спие. Убавините на урбаниот Менхетен и Централ парк нема кој не би сакал да ги посети и да ја почувствува барем на момент атмосферата на едно такво големо и раздвижено место, полно со живот. Искрено кога ќе помислам и ќе го споредам мојот град веднаш пред себе имам една поинаква слика. На едно мало монотоно место каде што треба да има некоја „посебна“ прилика да се случи нешто или пак да се промени нешто. Коге ќе ме праша некој како го доживуваш својот град, место каде што сум родена и сум ги поминала досегашниве години тука, не знам баш точно како да одговорам. Признавам, не знам всушност како го доживувам Куманово. Не сум од оние со архитектонско око, мене отсекогаш ме интересираат луѓето. Ако замижам, нема да знам точно да ги опишам улиците на Куманово. Куманово според мене е град на мракот – спротивно од Париз, во буквална смисла сè уште немаме доволно улични светилки, што е мизерно и жално да го споменеме ова бидејќи сме 21-ви век. Доколку Њујорк е град што никогаш не спие, кај нас повторно е спротивно, Куманово е град кој никогаш не е буден, и ништо не се случува сè е монотоно, започнувајќи од

286


Јас и мојот град

нас младите што пред сè немаме места за излегување, немаме ноќен живот... За возрасните нема доволно работни места, за пензионерите или пак оние кои уживаат во релаксирачки прошетки немаме нормален парк и „здрава“ клупа, каде можеш да се одмориш. А да, и да не даде Господ да ти се припие вода додека си во град, можеш слободно да дехидрираш, а да не сретнеш една фонтана која работи. Да не зборувам за луѓето секој е во свој „филм“, дотерани во костуми и фустани, со тон шминка на нив која им служи како комична маска, а под тоа се крие тажно и разочарано лице. Но сепак сето тоа вешто го кријат седнати во некое кафуле, со телефони во рака, уживајќи во алкохолот и цигарите, која слика е секојдневние дури и за младата популација. А во сето тоа е вклучена „трач партија“ со најдобрата пријателка. Додека пак кај машкиот дел најбитно е кој ќе вози подобар автомобил или слично... Драги мои тоа е она што го прави негативен мојот град, всушност за тоа сме си криви самите, луѓето се тие кои го прават едно место, ние влијаеме позитивно или негативно и така сами создаваме слика за нашето општество. Но сепак колку негативно и да го претставив моето родно место, секогаш ќе бидеме препознатливи по нашиот карактеристичен и далеку поразличен дијалект од останатите градови, тука се и доста познатите знаменитости за ова место како што е „Батко Ѓорѓија, Тумба и три бандере“... секој кој слушнал за Куманово веројатно слушнал и за овие знаменитости. Се надевам дека понатаму во иднина нема да биде се така„црно“ и да се потрудиме ние самите да им овозможиме на следните генерации она што нам ни недостига.

Ангела Јовановска, VII -1 одд. ОУ „Вук Караџиќ“ - Куманово Ментор: Розита С. Аритонова

287


Основни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Јас живеам во мојот прекрасен град, кој според една легенда стара, Кавадарци се вика, Во него живее добрина, среќа и насмевка ведра и во него секој човек од радост блика. Убавини красни во него безброј има, постојано во пролет, лето, есен или зима. Кожув го краси мојот град со својот снежен врв. Им благодарам на неговите херои смели, кои за народот ја пролеале својата лавовска крв. Познат е мојот град по грозјето, слатко, зрело, по виното убаво црвено, розе и бело. По културно историските споменици, стари, по Тиквешката котлина која што убавина дари. Каде и да одам секогаш за мојот град, место во моето срце за него ќе има, во секој час и време и во најснежната зима. Лазар Стојановски V б ООУ „Тоде Хаџи -Тефов“ Кавадарци Mентор: Загорка Крстевска

288


Јас и мојот град

Јас и мојот град Охрид е волшебен град од сказни со живописни бои, убавини разни, тој ми носи среќа, за мене е рај многу сум горда на мојот роден крај. На Галичица ветрец нежно свири, златооко сонце низ гранките сјае, зелените дрвја шепотат тивко, Галичица сите тајни ги знае. Езерото сино - студено и мирно, кристално око – блескаво, нежно, за мене тоа е замрзната убавица секогаш кога е заспано и снежно. Охриде, граду мој роден, со радост за тебе творам, ти си ми надеж, ти си ми вера и за тебе со љубов горам. Бисера Петревска VIII-в, ОУ „Блаже Конески”, Скопје Ментор: Марија Костовска

289


Основни училишта

ЈАС И МОЈОТ ГРАД Мојот град – Скопје, љубов на прв поглед , моја среќа и радост. Градот во кој сум создадена, градот во кој сум родена Скопје е мал, удобен и модерен град, град низ кој можеш да талкаш и шеташ и воопшто да не ти здодее. Мирен град, во кој вака-така скоро сите во него се знаеме. И сѐ е прилично блиску – спротивно од онаа клише реченица „Не можам да стигнам до таму без такси, далеку е “. Скопје е место во кое и кога е темно , и кога е црна ноќ, не се плашиш, туку уживаш во темнината. Скопје има шарм, можеби не е најубав град, но убавината е минлива, а ШАРМОТ траен. Шармот е низ улиците, низ патиштата, низ блоковите од згради, покрај училиштата, уште повеќе покрај градинките, крај пекарите, низ центарот, покрај совршено наредените излози, покрај рестораните, па дури и покрај автобуските постојки. Низ чаршија е останат оној етно дух кој го раскажува минатото на овој град. Скопје има шарм бидејќи дозволува секој да ја живее својата слобода. Скопје е „шармантно“ бидејќи во него повеќето луѓе обострано се почитуваат. И шармот на Скопје не го носи Воинот на коњ, ниту новиот театар, туку луѓето кои живееат во него, кои пропагираат слобода и меѓусебна почит. Низ воздухот наоколу во Скопје се насетува мирисот на добрите души и гостопримливоста на Скопјани. Спонтаното реагирање на неправдите, борбата за искреност, правда, чесност, морал, желба и волја да се живее подобро го прави Скопје она што денес е. Во мојот град владее една префинетост и длабока смиреност

290


Јас и мојот град

која е проследена со многу љубов од страна на сите жители . Го сакам Скопје, бидејќи се родив овде, го сакам Скопје бидејќи живеам овде. Го сакам зошто за него ме врзуваат убави спомени и драги личности, го сакам зошто тука за првпат научив да возам велосипед, го сакам зошто тука се заљубив за првпат, го сакам зошто утрата се топли, а ноќите ладни. Се сакаме со Скопје можеби затоа што заедно го пиеме секое утринско кафе , затоа што заедно појадуваме, затоа што јас одам низ него, а тоа без проблем ме пушта каде што сакам да одам . Го сакам мојот град затоа што и тој ме сака мене. Го сакам мојот град зошто тука го поминувам детството, го сакам и заради мојата населба Аеродром, Чаршијата, Градскиот Парк и видиковецот на Водно од каде што погледот кон Скопје е прекрасен. Што е Скопје, тоа сум и јас, тоа е мојот живот. Скопје е мојата лулка и мојот гроб. Го знам секој мирис што се јавува во пролет, па сѐ до зимскиот ветер. Ја знам секоја нијанса на светло. Од розеви утра до црвени зајдисонца, од искубени памучни облаци, до намуртени сивила кои најавуваат невреме. Ја знам и најтемната ноќ, но и најсветлиот ден . Го познавам и најстуденото утро, но и најтоплиот ден во месец јули. Јас и мојот град сме нераскинливо поврзани. Овде се родив, овде и ќе исчезнам. Тука за првпат го видов зеленилото на кое очите ми се одморија и ова мое Скопје не би го заменила за ниеден град на светот. Скопје те сакам од дното на душата.

Уна Николовска VIII-a ОУ „Блаже Конески”- Скопје Ментор: Марија Костовска –

291


Основни училишта

Мојата Гевгелија ,,Трба трби Гевгелија сите Турци надавија. Сите Турци надавија од јунака Леонида. Цар испратил до три војски до три војски се ти разби.” После секој стих чувствувам болка во душава, чувствувам болка за мојата Македонија, за мојата Гевгелија. Како да ја заборавам мојата Гевгелија, како да го заборавам тој топол град. Таму се родив, таму израснав, таму сонував и се образував. Во мојата Гевгелија сонцето најтопло свети, таа е рај за очи и засолниште за секоја изгубена душа. Мојата Гевгелија е гранична линија што ја дели Македонија од Грција, оваа линија била судбинска за мојот народ. Во мојата Гевгелија биле изгубени многу животи, многу крв било пролеано за мојата Македонија. Над мојата Гевгелија се простира најубавата планина, се простира планината Кожуф. И после толку години сѐ уште го чувствувам мирисот на слаткото од смокви, мирисот на печените пиперки, сѐ уште ги слушам песните на баба ми и мајка ми додека подготвуват зимница... Ми летаат пред очиве дните поминати таму, сѐ уште се сеќавам како деца кога трчавме низ прекрасните зелени гевгелиски паркови со топлото месено лепче во рака намачкано со пинџур и парче сирење на него. Улиците во мојата Гевгелија никогаш не се пусти и осамени, тие секогаш се полни со насмеани и ведри лица, таму постарите се почитуват, а децата мегусебно се забавуват сѐ до доцните ноќни часови.

292


Јас и мојот град

Орелски крилја как да си метнех, и во наши страни да си прелетнех на наши места јас да си одам, да видам Гевгелија, Кожуф планина да си видам. Кога би можела да го вратам времето назад никогаш не би го напуштила тоа рајско место, каде и да одам со себе ја носам мојата Гевгелија, таа ми е запишана во срцето. Ех моја чудесна Гевгелијо, кој и да дојде сака засекогаш да остане, никогаш не ќе те напушти, а тој што те напуштил вечно ќе копнее по тебе.

Цвета Ангелова VIII1 ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија Ментор: Мери Олумчева

293


Основни училишта

Јас и мојот град Велес е мојот роден град, тој воодушевува со убавини разни. Велес е мојот дом, тој е полн со чудесни приказни. Велес за мене е светлина во темната, густа ноќ. Тој е значење на зборот среќа, ми носи радости цела вреќа. Тој е мал, но по душа голем град, тој е дом на многу творци. Во него се родиле и израснале многу јуначки борци. Тоа мало гратче е мојот сакан дом, мое топло катче и моја закрила. Тој е пчеличка неуморна и вредна, Птица е слободна со магични крилја. Каде и да одам, Велес во срцево мое живее. Тој е светло сонце на небото сино, што ме топли и силно ме грее.

294


Јас и мојот град

Во Велес јас раснам , го минам детството мое, уживам во детските игри и песни и приспивните приказни интересни. Како Велес не е ниту едно друго место. ниту најголемиот и најубавиот град на овој свет. Тој за мене е еден и единствен, затоа што Велес е најубавиот мајски цвет ! Елена Тодорова Vlll б О.О.У. „Св.Кирил и Методиј“ - Велес Ментор: Невена Подолешова

295


Основни училишта

Јас и мојот град Како птица од јатото свое што не се двои во срцето мое името твое Велес стои. Велес, мојот роден крај секогаш е како рај, каде и да одам, каде и да шетам никаде така милно, никаде така силно не се чувствувам, не се радувам. Во тебе се родиле многу борци, писатели и поети творци многу тешки времиња заедно со тебе пребродиле, а со нив ние се гордееме, ги почитуваме и нивните дела ги учиме. Ти си град со голема историја, град на поезијата и културата, град на индустријата, град на цивилизацијата. Штом името твое ќе се спомне и девојче видам со стомне чувства прекрасни ми идат и блескави мисли ме водат.

296


Јас и мојот град

Во срцето на Македонија си се родил Ти, граду наш најмил, иднина светла заедно ќе кроиме и среќни моменти во неа ќе броиме. Зоран Нацев VI в ООУ „Св.Кирил и Методиј” - Велес Ментор: Маја Јовановска

297


Основни училишта

Мојот град Денес кога те гледам ми личиш на цвет. Ти граду што гордо се вишиш крај Исарот наш. Над тебе Сонце топли зраци лее и гулаби со песна летаат волшебен лет. Со векови окупаторска чизма те газела. Но ти бунтовно ја покажа решеноста твоја и храбро ја извојува слободата своја! Но сега радувај се граду мој. Имаш деца со среќно детство разиграни, распеани кои вечно ќе те сакаат и чуваат! Славица Ивановска VI2 одд. ООУ „Димитар Влахов“ - Штип

298


Јас и мојот град

МОЈОТ ГРАД Мојот град Штип се вика тој претставува украсна слика. Во Штип Брегалница тече, на два брега градот го сече. Во нашиот град гости ни идат, Исарот наш тие да го видат. „Градот под Исарот“ така го викаат од разни места доаѓаат за да го сликаат. Оној што сака во Штип да оди и своите другарчиња со него нека ги води. И на крајот знајте градот вас ве кани да дојдете сите ко пријатели збрани. Мартина Митева VII-1 ООУ„Славејко Арсов“- Штип Ментор: Даниела Ивановa

299


Основни училишта

Мојот град

С

уво лисје се рони под моите нозе. Голите гранки и влажниот коловоз во мене будат чудни чуваства. Чувство дека припаѓам некаде, некому, во некој дел од светот што се радува заедно со мене... Поројниот дожд го поистоветувам со она што се случува во мене, толку силни чувства, толку многу бои и дразби што просто пленат. Секое утро кога ќе погледнам низ прозорецот, ги забележувам уличните светилки, нанижани како фенерчиња, обвиени со магла. Рано наутро. Сите некаде брзаат, на работа, на училиште. Ретко кој останува дома со шолја кафе и ги сплотува мирисите на есента, им се препушта на сетилата. Таа раздвиженост, таа динамика, толку е примамлива за око, да се загледаш и да заборавиш на сѐ. Мирисот на тогаш испечениот леб, костенчиња, влажната земја... Професори, пекари, продавачи, еко-акивисти, ученици: чиниш сите се дел од нешто поголемо, па складно дејствуваат. Мојот град. Токму тој е оној дел од светот за кој ви зборував. Дел од светот во кој се чувствувам сигурно, дел од светот во кој припаѓам. Сите спомени, чувства, караници, мирења, успеси и падови се скриени во него. Мало место, со многу активности и дружба, и не толку тајни. Го обожавам мојот град. Го обожавам со дрворедите низ кои игра ветерот, со тротоарите и чистите патеки. Го обожавам со детскиот џагор и озборувањата на пензионерите во пространиот парк. Ги сакам долгите прошетки, и квалитетното дружење. Го сакам муабетот во кафулето и мирисот на макијато. Го одобрувам занесот во добра книга и мислите кои лутаат по празните улици. На крај, во некој момент секој останува сам, размислувајќи за она што било и за она што доаѓа. Како и да е, можеби ќе помислиме дека нашето мало катче не ни е доволно, сакаме да го видиме светот, целиот свет. Зашто, некој кажал дека ако целиот живот останеме на едно место, во еден град, тоа би било како една иста страница од книга да ја читаме одново и одново, безброј пати. 300


Јас и мојот град

Каде и да одиме, Париз, Рим, Лондон.. да шетаме по „Шанзелизе“, да ги посетиме сите музеи и фонтани, фрлајќи паричка за желба, мислам дека во нас ќе остане еден копнеж, нарастувајќи од ден на ден, копнеж по нашето место, онаму каде што припаѓаме. Носталгија по мојот град, улиците каде што се научив да возам велосипед, училиштето во кое ме прогласија за најдобра ученичка во генерацијата, паркот каде што за првпат го видов Бојан, кафулето во кое се опуштаме со другарките, библиотеката со мирисот на нови книги. Ги обожавам! Мојот град. Ми пружа топло чувство, нешто како топол шал изврзан околу мојот врат, или пак, голтка чај со лимон. Од внатрешноста изнурнува чувство на задоволство што сум тука, што го доживувам тоа, сега и овде. Знаете, да читаш една иста страна од книга со, да речеме 432 страници одново и одново и не е баш толку забавно, но што ако таа страница се погоди да е онаа со највозбудливи доживувања, со најинтересните моменти од романот, онаа со кулминацијата? Не кажувам да ја читате засекогаш, но барем додека да ви здодее. А ако ја завршите книгата и останете разочарани од крајот, секогаш можете да се вратите на кулминацијата и да смислите сопствен крај. Така е и со мојот град. Каде и да одам, мислам дека ќе ми недостига. Сѐ од него. И никогаш повеќе да не се вратам, ќе знам дека едно време сум припаѓала во него, тој ќе биде делчето кое недостига за да се комплетира сложувалката. Градот на поетите и писателите, градот на љубовта и разо­ча­ раните од истата, градот на ноќното лудување и осамените ноќни птици, градот на забавата и уметноста... Мојот град.

Мартина Велковска СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар

301


Основни училишта

Мојот град низ времето Каде е твојот град? Мојот град е меѓу две реки, стои гордо исправено под вечниот Исар, стои таму каде што шепотот на татковината се слуша кој зборува за некоја загината душа. Штип бил дел од на Самуил тврдината, а потоа станал парче земја од византиската сила и темнината. Во 1382 год. Штип потпаднал под тиранија клета што сечела расцутена младост, што со остар нож бодела по верата света и од срце корнела и најмала радост. Од тогаш до денес поминале многу векови страдни и народот се борел со многу непријатели гладни, кои сакале да заграбат нова територија, кои сакале да го освојат нашиот град и цела Македонија. Патот до денешен Штип бил долг и тежок, изникнат низ маки и страдања, наросен со капки крв на млади борци кои животот го дале. Староградското градителство и спомениците се оставени да ги бројат годините како сведоштво за нашата историја. За нив иднината сказни ќе си плете, а ти научи ја историјата на својот град уште додека си дете. Никола Пенчов VI-2 одд. ООУ „Славејко Арсов“ - Штип Ментор: Милкица Миленковиќ – Стојанова 302


Јас и мојот град

Јас и мојот град

И

ма ли поубаво место од родниот крај, од родниот град? Нема град поубав од Штип, градот во кој се родив и во кој живеам, градот кој ми има подарено безброј радосни мигови во животот, градот кој го чувствувам како втора мајка, градот со богата историја, градот кој зрачи топлина, сјај, насмевки... Под падините на Исарот гордо векува со бесконечна убавина и со долга историја. Некогаш бил окован од прангите на тиранијата, но изродил храбри чеда кои се бореле до својот последен здив за денес ние да живееме во слобода и мир. Многу капки крв ги наросиле местата во Штип кои денес нудат образование, напредок, успех... Сите треба да ја знаеме и да ја пренесуваме историјата на градот на идните генерации, а тоа да биде поттик да го чуваме она што го имаме. Градот мој е како расцутен цвет во градина, како ѕвезда на небото, како најнежна мелодија што продира во сечија душа. Штип е градот што го носам во моето срце, градот што ми нуди спокојство и среќа, градот кој е чувар на моите тајни. Во Штип се вљубуваш на прв поглед и таа љубов останува вечно врежана во срцето. Го сакам Штип и никогаш нема да го напуштам зашто ми ја храни душата со најлатки блаженства, зашто ме пои со најслаткиот нектар, зашто неговата топлина е моја мајчинска прегратка. Човекот никогаш не ја напушта мајка си, па како тогаш да го напушти местото во кое се родил и во кое ги поминал најубавите мигови од животот?

Сара Денкова VIII – 2 одд. ООУ „Славејко Арсов“ - Штип Ментор: Милкица Миленковиќ – Стојанова

303


Основни училишта

304




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.