Творам за Македонија - Мојата иднина - ја создавам јас

Page 1



Tvoram za Makedonija

Mojata idnina ja sozdavam jas


МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Проектот „Творам за Македонија“ е поддржан од Министерство за Култура на РМ.

Издава Фондација Никола Кљусев За издавачот Маргарита Неновска Уредник Ангела Неновска-Крстевска Јазична редакција Биљана Стајковска-Граоркоска Печати Нампрес, Скопје Тираж 2000 примероци CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-1(082.2) 821.163.3-32(082.2) МОЈАТА иднина ја создавам јас. - Скопје : Фондација “Никола Кљусев”, 2015. - 158 стр. ; 20 см Публикацијата е во рамките на проектот: “Творам за Македонија” ISBN 978-608-4685-10-4 COBISS.MK-ID 100066314


Tvoram za Makedonija

Mojata idnina ja sozdavam jas

Меморијален центар фондација-никола кљусев Skopje, 2015



КОН ИЗДАНИЕТО Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат од најраната возраст. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат својата дарба и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици. Проектот Творам за Македонија има за цел да го поттикне творештвото и креативноста на учениците од основните и средните училишта во Македонија. Веќе четврта година се реализира со поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија, при што секоја година младите творат на различна тема. Оваа година, на темата „Мојата иднина ја создавам јас”, низ стихови и прозни творби тие ги изразија своите чувства за тоа како ја гледаат и создаваат својата иднина. Иако секое училиште е ограничено да прати само три творби, а сите училишта се придржуваат до тој критериум, сепак секоја година се вклучуваат сè поголем број училишта, така што пристигнуваат огромен број творби на талентирани ученици од сите краишта на земјата. Бидејќи оваа години добивме над илјада творби, речиси невозможно беше да се објават сите во една книга, па затоа одлучивме да направиме избор, кој е отпечатен во оваа збирка. Наградени се по пет ученици од основните и пет од средните училишта. Наградените покрај комплет книги и сертификат за учество, добиваат и стипендии за школување, па така учениците од основните училишта добиваат стипендија да го продолжат своето образование во приватното средно училиште САБА, додека учениците од средните училишта добиваат ваучер со 25% попуст за тригодишно студирање на Американ колеџ, Скопје.


Наградени се следниве ученици: Основни училишта 1. Симоновска Анабела, IX одделение ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово 2. Магдалена Јакимовска IX одд. ООУ „Гоце Делчев”, Илинден, Скопје 3. Ерика Спасева VIII одд. ООУ „Гоце Делчев”, Свети Николе 4. Михаела Стефановска ОУ„Св. Кирил и Методиј”, Битола 5. Викторија Попова, VII одд. ООУ „Владо Кантарџиев”, Гевгелија Средни училишта 1. Тина Урдинова II – 2 клас СОУ „БОГДАНЦИ“ – Богданци 2. Дијана Дурлевиќ I година Средношколска Академија за Бизнис и Администрација „САБА“ – Скопје 3. Елена Костовска II-9 СУГС „Никола Карев“, Скопје 4. Марија Бојкова IV-2 СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија 5. Драгана Кнежевиќ СОУ „Гоце Делчев“ Валандово


Основни училишта



Мојата иднина – ја создавам јас

9

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС На исток, од утробата на синевината - нов ден се раѓа. Младото новородено утро разденува - прв зрак зазорува. И би светлина - ден бел виделина! Благослов од пехарот твој, животе, се напивам, те поздравувам, ти се радувам, тебе иднино те величам, ти наздравувам! Иднина... збор накитен со милион прашања, бедем во кој ги ѕидам своите надежи, своите стравови, своите чекори, чекори кои талкаат по ходниците на времето, оставајќи го зад себе минатото, споменар на мојата младост, ковчег - чувар на мојата радост, лавиринт од детски соништа, светла ѕвезда од крајот на тунелот... Иднина... пламен од зборови - сплотени во едно, сплет од волшебни мигови, свет полн со маски, лаги, вистини... мост граден од храброста моја, гордоста, борбеноста, упорноста, свет на сонце и оган, јасна месечина, постела од рози... Чекорот кон тебе иднино, знае да боли, лузни да прави, душа да крши, срце солзи да лее, соништа да руши, бури да крева... Патувајќи низ клисурата - животна, вербата, надежта, желбата... се мои ѕвезди водилки, мои спасителки, хранителки, мои икони - врамени во блескав ореол. Ми ја осветлуваат квечерината, утрешнината, иднината! Нема светлина без темнина, јаве без соништа, нема утре без денес, раѓање без паѓање. Како воин на бел ат, се воздигнувам, смело, воинствено, мудро... стравувам - а, велам напред, се сомневам - а, крвта во вените ми пее, плачам а срцето ми танцува, се воздигнува, радост сее... Те видов таква иднино - таква Те создавам! Фрлена во прегратките на непознато, ново време, во разбрануван свет од трепет и страв, и свила и прав, тајни чудни, и светло и мрак, и сончев зрак... ги вртам страниците од книгата живот, ги испишувам листовите, оставам траг, го кинам превезот на тајните, ја кршам тишината, ја дочекувам иднината - сјајна,


10

Творам за Македонија

распеана, насмеана, со љубов излеана, со венец од трендафил накитена. На стиховите од младоста, преку полето на наука, низ призмата на знаење, рака пружам во оро големо заигрувам светла иднина создавам! И гушни ме животе! Во твоите пазуви да битисувам, да творам, со роса да го китам светот, денот, цветот, ѕвезден прав да сеам, да ширам ѕвонлива песна, да оставам белег - траен, да исковам темели кон вечноста, секој мој чекор да одекнува, ечи, трае, се пренесува, ноќта во ден да ја бојам, кујунџија на ѓердан да бидам, да му дадам сјај на времето пред нас! Иднино моја - твоја сум родилка, доилка, создателка, неи­мар­ ка, патронка, хероина, дарителка... Чекај ме - доаѓам! Симоновска Анабела Куманово IX одделение ООУ „Крсте Мисирков“ Ментор: Стојанка Дудучки


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС И еве, додека ги везам овие зборови во дневник за мене драг, се нижат сликите драги од раното детство. Сликите брзи како на филмско платно, се премотуваат во мојата свест, јас со дланка свиткана на вратот, се навраќам на раното детство со братот. Минутно посакав да заминам, од тебе земјо, заштитничке моја, но, се поколебав за тоа, зошто ми ја впиваш во зениците гордоста твоја. Гушни ме земјо, убеди ме да останам тука, каде што срцето најсилно чука, гушни ме и не пуштај ме од прегратките твои, обој ме со твоите црвено - жолти бои. Иднината ја градам со скалички стрмни, ја дистанцирам со мисли врвни, поплочени со успеси мои, и со желби за кариери кои светот ќе ги брои. Дај ми малку надеж земјо, да бидеш единствена моја, дај ми малку топлина, да не се одделам од родината своја. Зацврсти ги темелите на замислената иднина, Татковино, обој ги со сребрениот превез на месечината, иднината ја создадов јас, а ти зачувај ја, создади во артериите мои патриотската лава, густа. Зачувај ме како цветните ливади и сите тревки, ти знаеш како треба, да останеме сите мирни и кревки. Срцето зборува со тивка шепот:

11


12

Творам за Македонија

„Остани тука живеј го векот“ Иднината моја да живее во твоите дланки цветни, и да биде вечна како твоите стрмни врвови, лединки летни. Животот е пред нас и иднината ја градам со свои ставови, предности, искрени желби и борбеност како лавови. Те пуштам иднино, да дојдеш со време, ќе го живеам детството, додека зрелоста не ме земе. Магдалена Јакимовска IX-б одд. ООУ „Гоце Делчев“- Илинден, Скопје Ментор: Вера Влаховиќ


Мојата иднина – ја создавам јас

Летај низ животот Греботини се прават од трњето немилосно од товарот вековен, од товарот оловен. Се одбиваат зборовите од ѕидовите, а трњето боли. Но болката учи, ќе боли, ќе заздрави. Кога ќе ожеднеш, напиј се од солзата своја. Да те видат, да ги боли... Кога ти се тресат колениците, Стани, не клекнувај! Стој, исправи се! Поминува. И запамети. Гледај само напред! Во убавината, таа е пред тебе. Погледни во животот! Погледни, и види ја иднината. Ќе полеташ... Летај птицо моја! Летај низ животот! Летај! Грамади на плешки стави. Носи!

13


14

Творам за Македонија

Тежат! И да тежат носи ги! Суштината е во тежината со неа ја градиме иднината! Ерика Спасева VIII одд. ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе Ментор: Гордана Панева


Мојата иднина – ја создавам јас

Прозорец кон минатото Седам сама. Црвената светлост на ноќта ме обзема. Темните очи на историјата ми зборуваат: - Дај ми живот да го избришам минатото. - Дај ми минато да се потсетам на сегашноста. - Дај ми сегашност - да ја изградам иднината. Да ја поддржам како со столбови. Столбови кои полека се рушат. Ја кршат и ја бришат историјата. Бескрајна тага. Одземена слобода. Плач. Ропство во сите форми. На Телото, Душата, Мирот. Од темнината течат зраци надеж. Таа носи блесок. Звук и ѕвон. Крв. Бесни ветришта... А потоа, повторно сè е мирно. Добрината има голема сила. Многу често и правдата. Затоа, сега имам мир. Мирната светлост на ноќта ме обзема. Наоѓам мир во темнината. Михаела Стефановска ОУ„Св. Кирил и Методиј“- Битола Ментор: Катерина Маруши

15


16

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Беше неделно утро. Се прославуваше верскиот празник Свети Илија. Јас и другарка ми се договоривме уште изутрина да појдеме на црква за да присуствуваме на литургијата. Пристигнавме навреме. Внимателно ја слушав службата. Атмосферата во црквата беше духовна. Свеќите трепереа во полутемната просторија. Сите го чувствувавме Бога во нашите срца. Ги пеевме молитвите заедно со црквениот хор и Отецот. Ах, колку беа грандиозни тие мигови. Ме одушевуваа пораките кои Отецот ни ги пренесуваше преку молитвите. Пред крајот имаше и обраќање до верниците со пораки кои не оставаат никого рамнодушен. Тој сите нас нè учеше за живеење во мир, скромност, слога, взаемно почитување, вера, љубов, надеж и оптимизам. После службата, со другарка ми се упативме кон нејзината куќа. Тие славеа именден и јас како нејзина другарка сакав да бидам таму. Пред куќата забележав убави автомобили. Влегов внатре и седнав на масата која беше спремена за нас, школските другарчиња. На масата имаше сè и сешто, како што знаат да спремат нашите домаќинки, посебно кога сакаат да се истакнат пред јавност. На другата маса беа седнати возрасни луѓе, генерација на татко ми, облечени празнично во скапи костуми, а нивните сопруги во уште поскапи фустани, со телефони од последната генерација до нив и огромна дилема пред нив - дали виски или домашна ракија за почеток. Отпрвин не ми беа важни тие нивни тегавења, но понатамошниот тек на нивниот разговор сепак успеа да го насочи моето внимание кон нив. Откако убаво се раскомотија, со скапите цигари во едната рака и уште поскапите пијалоци во другата, почнаа да умуваат дека тука нема живот, дека владее беспарица, безперспективност, убавиот живот е на друго место, некаде далеку, никогаш нема да биде подобро, од нас ништо не зависи, друг ни ја создава иднината...


Мојата иднина – ја создавам јас

17

Овие два настани предизвикаа збрка во моите мисли и емоции. Најпрвин бев во црквата каде отецот нè учеше на мирољубивост, вера, надеж, скромност, взаемно почитување, оптимизам... А сега ова? Го слушав разговорот во кој сите потврдуваа дека нема иднина овде, сè е завршено, владее беспарица и што уште не. За момент се исклучив од сè, се повлеков во себе со мислите и од дното на мојата потсвест се потсетив на едно кажување на дедо ми, слушнато и запаметено од неговиот дедо.... Било тоа во почетокот на првата светска војна. Моите предци уште одамна навикнале да живеат во немаштија, неизвесност и страв, но сепак останале сите заедно, на куп и знаеле да бидат среќни. Следното било премногу... Едно утро, во селото влегле луѓе кои носеле униформи непознати за нив како и јазикот на кој зборувале. Ги собрале селаните на сред село и им зборувале нешто на долго и широко. Нашите само разбрале дека ќе се војува крај нивното село, а тие треба да ја соберат сета покуќнина и до утре да заминат каде што ќе им биде наредено. Татко ми подоцна ми објасни дека низ селото минувала фронтовата линија, каде ќе се судраат две огромни завојувани страни. Тоа лесно го разбрав. Но друго не разбрав. Отсекогаш сум се прашувала и сè уште се прашувам како може некој непознат да дојде и да ти нареди сета куќа да ја ставиш во една воловска кола? И да си одиш. И да не прашуваш ништо. Дека збор повеќе ќе те чини, живот помалку. Моите предци послушале како и сите останати. Ја оставиле нивата, ја распуштиле стоката, а куќата ја оставале отклучена бидејќи и онака знаеле дека ќе ја искршат. Се сместиле семејствата во воловски коли и тргнале на пат во непознато, таму каде што друг им ја создавал иднината. Ги одвеле далеку од родниот крај, во земја непозната за нив, непознат јазик, непознати обичаи... Престојот им бил борба за преживување од ден за ден. Некои не ја издржале таа борба до крај. Умреле од глад. Поминале години. И повторно осамнало едно утро, се појавиле други луѓе во поинакви униформи и повторно им се обратиле на јазик непознат за нив. Разбрале само


18

Творам за Македонија

дека можат да се вратат назад, во родните краишта, кои пред неколку години биле принудени да ги напуштат. Кога се вратиле, нашле променета географија на теренот - селото преорано од борбите. Ја поминале зимата во импровизирани засолништа. И секако гладни...но сите на куп, во мир, слога, со верба во бога, со погледот вперен напред. Нашле уништено сè што се градело со генерации наназад. Не се пожалил никој. Почнале одново, среќни што се пак сите заедно и свои на своето. Продолжиле сами да ја создаваат својата иднина. И пак ја создале. Нивната иднина сум јас, која сега седи збунета на именденот. Размислувам за сè што се случи денеска. Возрасните разговорот го продолжија со други теми, но мене не ми излегуваше од главата претходно искажаното во врска со иднината која ни претстои. Од мислите ме тргнаа грмотевиците и поројниот летен дожд што следуваше веднаш. Се јавив дома за да дојдат да ме земат со автомобилот. Татко ми очекувано не беше дома, па затоа по мене дојде мајка ми. По пат требаше да застанеме до еден маркет. Се паркиравме пред маркетот и влеговме да купиме што ни беше потребно. Кога излеговме, пред нашиот автомобил здогледавме полицаец, кој изгледаше налутено. Ја казни мајка ми за неправилно паркирање. Но, носеше униформа позната за мене, ни се обрати на јазик кој ни беше познат. Тоа мене ме правеше среќна и задоволна, и покрај казната која ни ја напиша. После некое време возење, ја прашав мама каде е татко ми. Таа ми одговори дека татко ми работи. Ја прашав како може татко ми да работи по цел ден. Таа на ова ми врати дека мора многу да се работи за да се создава иднината на нашето семејство и треба да сме среќни што постојат услови за тоа. Стигнавме дома. Бев преморена и веднаш влегов во мојата соба за да заспијам. Но никако не можев да ги склопам очите. Станав и седнав на компјутерот. Но во моите мисли сè уште пливаа зборовите кои ги слушнав на именденот. Ми здосади од компјутерските игри и социјалните мрежи, па зедов една книга од мојата малечка библиотека. Ја отворив. Тие букви ми беа познати. Јазикот исто така познат. Мојот мајчин јазик. Па си размислувам... Читам книги


Мојата иднина – ја создавам јас

19

кои се напишани на мојот мајчин јазик, одам на училиште, имам можности. Мое е само да се трудам и да сакам. Помина некое време, но мислите не ме напуштаа. Дојде друг празник. На училиште ни рекоа дека бил државен. Дома беше посебна атмосфера. Моите родители не сакаа да одиме на шопинг во Солун тој ден, иако на вестите постојано јавуваа дека колоните возила на граничниот премин се долги. Не сакаа ниту да се искористи денот за спремање зимница. Сакаа да се спреми празничен ручек, во празничната атмосфера. Затоа што се празнува 8 Септември -денот кога генерацијата пред мене решила да ја создаде својата иднина. На таа генерација припаѓаат и моите родители. Тие и понатаму се тука. Работат многу за да заработат малку, за сите да имаме доволно. Да се изгради среќата овде. Каменот си тежи на местото, како што често вели дедо ми. Само да има мир, да има слога. Верата, љубовта и надежта да бидат водилки на секое семејство. И доколку е така, какво ќе биде моето утре? Од моите научив, ако историјата некому често му се повторува, лесно е да му ја предвидиш иднината. Јас историјата сакам да ја знам за да не ми се повторува. Затоа сакам да се образувам, да израснам во скромна, вредна и дисциплинирана. Сакам да се гордеам со луѓето во униформа што ја препознавам и ги издаваат строгите заповеди на јазик што ми е мајчин. Сакам тука -не надвор, сакам да е убаво - не кул, сакам пријателства - не лајкови, сакам писма - не емаилови, сакам свадба - не забава, сакам именден - не коктел парти. Сакам верба. Сакам да сум своја, сакам да сум на своето, сакам сама да ја создадам својата иднина. п.с. Се поклонувам пред моите предци, кои го создадоа минатото за да ја имаме нашата сегашност. На нас е да ја создадеме иднината која ќе биде минато за наредните генерации. Уште една тула во ѕидот? Пинк флојд? Хм. Тато, плииз, ми требаш. А дедо тука е? Викторија Попова, VII одд. ООУ „Владо Кантарџиев“, Гевгелија Ментор: Елизабета Инадеска-Ефремова


20

Творам за Македонија

Мојата иднина - ја создавам јас Знае ли некој, што ми носи утрешнината, има ли сонце во будењето и светлина во месечината? О, не не знае никој, бидејќи мојата иднина ја градам јас и самата го бирам сопствениот пат. Иднината ја создавам со убавина, гест и сознание, со убаво воспитание. По тој долг пат неуморно чекорам, а во огнот на мојата љубов постојано горам. Со срце полно со мудроста за убавината, во ушите одѕвонува песна за светлината и полни душа со соништа. Чекорам и од љубовни тули ѕидам мировни кули, а пак од малтер помешан со надеж градам куќи за бездомниците, делам насмевки по улиците, полнам згради со емпатија, а исфрлам апатија. А, кога навечер ќе се нурнам во лулките на блесокот на месечината заспивам спокојно бидејќи знам дека оставам посветол пат кон иднината. Mарија Илиевска IX-1 ООУ ,,Браќа Миладиновци“ - Куманово Ментор: Весна Лазаревска


Мојата иднина – ја создавам јас

КУФЕР Никој не бира кога ќе се роди, но може да бира во што ќе се изроди. Јас сум дете на тач-генерација, на фејзбук, твитер - комуникација. Долго време живеев во виртуелниот свет, но видов дека од него нема леб. Решив сė умерено да дозирам, за нормално да еволуирам. Прво – времето го распоредив. Наутро рано станувам – зеленчук појадувам. На часови внимателно слушам – во задачи да не се гушам. Спортувам многу често па во облеката не ми е тесно. Творењето ми е хоби, не слушам кога некој напразно дроби. Сакам музика со порака јасна, но не гласна. Екологиста сум во душа, природата мора да се слуша. Љубовта не ми е приоритет, не дека кон симпатии немам афинитет Секоја година куферот го пакувам за во мојата иднина да го распакувам. Викторија Божиновска IX ООУ „Аврам Писевски“, Ментор: Ракиќ Марија

21


22

Творам за Македонија

НЕИМАР Јас сум ластовичка која го гради своето гнездо. Јас сум Гауда, архитектот – неимарот на својата иднина. Проектот го направив сама, иако бев мала. Темелот сė уште го градам. морам солидно да го направам. Треба да издржи науки тешки во кои не смее да има грешки. Тоа ќе биде ремек-дело со форма и содржинасо име цело. Ова не е мечта пуста, ниту одење по магла густа, туку збор пред себе даден, а не украден. Кристина Божиновска VIII-а ООУ „Аврам Писевски“ Ментор: Ракиќ Марија


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина-ја создавам јас Силуета на жена во полуосветлена соба во прегратка го држи своето чедо, и шепоти на својата прва рожба, а на нејзиното лице, уморно, бледо, се гледа милост и бескрајна радост, додека потпевнува тивко позната мелодија, со нежни воздишки ги опсипува со љубов, двете крупни очиња што пред некој ден се родија. На трет ден веруваше дека наречници ќе дојдат да го даруваат нејзиниот од Бога дар, да му подарат љубов, убавина и среќа, да му дадат мудрост и богатство, според адетот стар. И првото запче го закити со злато, на првиот чекор од срце му се радуваше, секој роденден со песна ми го славеше и сè најдобро за цел живот ми посакуваше. Ме израсна мајко со многу љубов, ми даде крилја понатаму да летам сама и знам дека секогаш јас ќе бидам твое дете и ти засекогаш ќе бидеш моја мама. Возот стаса на мојата четиринаесетта станица и од него повторно слегоа-љубовта, среќата и радоста, трите вечни патника што неуморно патуваат, отварајќи ми ги портите кон мојата младост. Оттука сама продолжувам, со животните предизвици да се борам, да паѓам, да станувам, гордо да чекорам, да бидам и јас нечиј пример сè ќе сторам. Иднината во ѕвездите не е напишана, секој за себе си ја крои,

23


24

Творам за Македонија

јас мојата постојано ја замислувам, обоена во најсветли бои. Исполнет живот со патувања многу пријателства и љубови пред очи ми се нижат, моите успеси испишани со твојата горда насмевка, какви се убавини ме чекаат и ми се ближат. И еден ден кога во рацете ќе го држам моето дете, на уво ќе му шепотам со тивок глас, дека успеав, дека сум среќна за сè што постигнав, дека мојата иднина си ја создадов јас. Каја Пановска IX-3 ООУ,,Браќа Миладиновци“ - Куманово Ментор: Весна Лазаревска


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина – ја создавам јас Секој живот еден, многу е вреден реприза на претставата нема, да се живее будно треба, да се работи вредно во соновите сите да сме ко едно. Во модерен град да живеам сакам улиците да се нови и чисти, реките зелени и бистри. Во училиштето кровот да не кисне низ прозорците ветерот да не може да ме стисне. Ви ветувам луѓе посреќни времиња доаѓаат, јас ќе бидам професор, лекар, правник, премиер или можеби научник еден, светот ќе го сменам неправди ќе нема. Ќе измислам машина што ќе произведува среќа тагата и болката ќе ги заврзам во вреќа. Солзите ќе ги соберам во една река, таа ќе облагороди долина мека. Војните ќе ги пратам во историјата, гладот ќе го затворам во самица, лошите лидери ќе ги архивирам, а светот ќе го реорганизирам. Париз и Лондон ќе ги доближам, во Москва сонце повеќе ќе внесам, Швајцарија за пример ќе ја земам, Македонија волшебен дом за сите деца ќе ја направам. Ќе создадам свет во кој луѓе среќно ќе живеат, братски ќе се поздравуваат, пријателски нови идеи ќе споделуваат, спортските успеси заедно ќе ги прославуваат. Розов план за светот ќе скројам, само успеси и награди ќе бројам,

25


26

Творам за Македонија

ќе ја модернизирам работата на мама, ќе го скратам работното време на тато, ќе ги намалам обврските на бато. Ќе обезбедам звездено небо за пилотите, мирно море за морнарите, бели гулаби за вљубените, цветни полјани за дамите. Ќе направам сите семејства заедно да се радуваат, среќно празници да празнуваат, здравици да кажуваат.. Љубов и внимание низ целиот свет ќе делам вредно ќе учам, ќе работам за ваква иднина да создадам. Теона Тодоровска VII-а одд. ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово Ментор: Сања Јакимовска


Мојата иднина – ја создавам јас

КАКО СТАНАВ НОВО ДЕТЕ Дедо ми често ми велеше вака: - Земи ја судбината во своја рака! Мудроста на зборовите не ја сфатив, па вака му одвратив: -Дедо, гледај си ја својата старост, пушти ме да уживам во мојата младост. Непромисленоста ко бумеранг ми се врати. Еве како ми наплати: Успехот ми го намали - недисциплината ми ја зголеми. Казните ми изгледаа смешка, сė додека не ја запознав Снешка. Свидетелството кога ми го виде, рече дека со незнајковци не сака да биде. Знаев дека дедо од некаде ме гледа и чека што ќе правам сега. А јас!? Јас, срамот си го проголтав, море и солза одронав. Цехот скапо ме чинеше ете, за да станам ново дете. Давид Трајчевски VI-а ООУ „Аврам Писевски“ Ментор: Ракиќ Марија

27


28

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам јас Коцка... шест броја и положен испит на работ на неуспехот. Туптап... туп-тап. Се слушаат само секундите, силното биење на срцето, а коцката се врти. Паѓа од работ на масичката и продолжува со тркалањето по подот. Еден... два... три... доаѓа крајот... крајот, а животот тукушто почнал. Во вениве тече адреналин, а не крв. Желба, сон и многу илузии. Ум полн со планови за иднината. Успех, па пад, се качив уште едно скалико нагоре, еве сум на другите, упсс... каменче, пак се сопнав и пак на почетокот. Трпение и само желба. Нов обид и акцијата почнува од почеток. Смели чекори и душа полна самодоверба. Храброст и строг лик полн надеж. Под очите подочници - доказ за непроспиената ноќ. Навикната како и вообичаено, а утредента колоквиум. Задоволувачки поени и 10-десетка. Втор чекор, нов испит, а коцката уште се врти без престан. Се зголемува брзината на плусот и длабоко вдишување на лошиот воздух. Дим и добар поглед на врвот на апсурдноста. Ист ритам, а успехот пак паѓа на ниското ниво. Доле-горе... долегоре... Нема откажување, половина од патот е изоден. Изброени чекори и мистериозен поглед на крајот на патеката. Нема назад, не сега кога патот е почнат... Натпрварот трае, а трофејот спремен. Добро работно место на виско ниво... исплата за добар живот и чувство дека си самостоен човек на стабилни нозе. Исполнет сон и обнова на илузиите... можеби среќно семејство и убав крај. Многу труд, мака и солзи. А утре насмевка и продолжува акцијата... Филмот се режисира, а животот тече како матна река. Не застанува, времето во прудружба. Храброста на моменти се изморува и ја прекинува посетата. Доаѓа назад и нов чекор... Нов положен испит. Очекување на тропотот на вратата. Животот чука. А јас прикована на фотелјата пренатрупана со книги. Ветер и топол чај од хибискус... Добитна комбинација зар не? Коцката уште се врти, а крајот се ближи. Ритамот се побавен,


Мојата иднина – ја создавам јас

29

а темпото за реализирање на планот сè побрзо и побрзо... се завршува. Уште еден положен исит и широка насмевка. Срцето полно, егото силно. Сладок успех нели? Иднината фантастична. Канцеларија, книги, а надвор пациенти. Крајот на канцеларијата и доаѓа вратата, а не неа залепено ливче. А на ливчето онаа горда кратенка пред презимето. „Др.“ Ете ми го исполнетиот сон. Спасен човечки живот и акцијата завршува... Дојде среќата, а животот почна. Целта е постигната. Се слушаат и последните вртења на коцката... и одеднаш застанува... ШЕСТКА! Ленора Стоименова IX-2 ООУ„Јоаким Крчоски“ Ментор: Мирјана Славевска


30

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам јас Иако сè уште сум дете за иднината размислувам ете. Што ли ќе бидам јас кога ќе пораснам в час. Да бидам ли учителка? А може и лекарка исто така, ама многу желби имам! И тоа ми создава мака. Би можела и политичар да бидам да го освојам и светот, но верувајте ми не знам што сакам во моментот ете. Решив да барам помош од возрасен некој, а тие ми велат: „Да бидеш умна и добра и да го почитуваш секој” И на крајот сфатив дека ќе се сменат многу нешта, може сè да се случи, а за иднината моја, времето ќе одлучи. Јас сега луѓе мои ја избрав добрината, така мислам дека полесно ќе чекорам во иднината. Леонора Иванова VII-1одд. ОУ „Гоце Делчев“- Виница Ментор: Бранка Стаменкова


Мојата иднина – ја создавам јас

31

Мојата иднина – ја создавам јас Иднина! ... Се прашувам дали со секој чекор сум поблиску до иднината, дали тој пат е долг? Но сигурно секој патник што ќе го сретнеш прашај го колку е долг патот, тој ќе ти одговори: патот е долг и нема крај, а јас сум само еден патник кој го бара сопствениот пат. Иако вратите на иднината се широко отворени никој точно не знае што нè очекува на тој пат, освен дека со секој изминат ден се откинува едно ливче од цветот на нашиот живот. И уште нешто: за фантазијата и натаму нема граници. Животот во иднината може да биде разбрануван како разбрането море, непредвидлив, полн со убавини, но и со несреќи, со страдања. Сепак секогаш треба да бидеме храбри, истрајни, да се бориме да ги оствариме своите желби, зашто ние сме тие што сами си ја создаваме својата иднина. И кога животот ќе ни приреди непријатни изненадувања не треба да се предаваме, туку уште порешително да се бориме и да веруваме во иднината, да веруваме дека ќе дојдат и мигови на среќа и успех. Со својата „временска машина” јас патував насекаде и се уверив дека секој човек има право на слобода и живот. За разлика од периодот што одминува, се надевам дека во наредниот ќе се искачувам по почисти скалила, ќе пловам по бистри и незагадени води, ќе среќавам луѓе со добри намери. Секој ден колку повеќе ќе се качувам по скалилата кои водат кон иднината, толку повеќе ќе посакувам да ме заплискуваат и преплавуваат пријателски води. Душата секој ден ќе си ја заситувам со убавината. Ќе продолжам да сонувам и да мечтаам... Создаваме, твориме, постоиме, живееме. Чекориме по различни патеки, доживуваме падови и подеми, се радуваме на мали и големи нешта, се смееме и тагуваме, сите кон нешто се насочуваме и полека како личности секојдневно се оформуваме. Цврсто фатени за кормилото на нашата судбина пловиме низ животот кон непознатото, неодгатнатото, кон иднината... Со секој наш потег, со секоја наша воздишка, свесно или несвесно


32

Творам за Македонија

ние ја создаваме иднината. На почетокот чекориме онака детски, невино, спонтано, а подоцна со забрзани чекори и со сите расположливи средства се трудиме да стигнеме до посакуваната цел. Ние сме иднината. Гледајќи се во огледало го забележуваме одразот на сè што претходно сме го вложиле во себеси. Некои ќе ги видат само лузните од тажниот и изнемоштен живот, други со гордост ќе гледаат на своите победи, а трети нема ни да забележат дека се изгубиле некаде во лавиринтот на својата судбина. Секоја индивидуа се пронаоѓа во иднината која си ја создала. Ние сме творци и двигатели на сопственото јас. Ја имаме моќта себе си да се наградуваме и казнуваме, да сонуваме и мечтаеме, нашите соништа да ги оствариме, за своите амбиции да се бориме. Во своите раце ги држиме нишките на утрешниот ден, а врз нив со златен конец ги везиме нашите спомени. Тоа се истите тие спомени врз кои ја темелиме нашата иднина, со кои се будиме секое утро и со кои оставаме белег на нашето постоење. Со нив дел по дел го градиме нашиот животен мозаик. Секое парче е различно, уникатно, но со својот единствен код совршено се вклопува во сликата на мозаикот. Боите, големините и формите на тие парчиња ние самите си ги бираме. Ние одбираме дали мозаикот ќе биде темен или светол, дали ќе отсликува немир или спокој, ние сме богови на тоа наше дело, на таа креација, на таа иднина која самите ја создаваме. Со своите одлуки и дела го бираме патот по кој чекориме. Препреките, бариерите, проблемите се надминуваат со истрајност, одлучност, трпеливост и голема желба. Нашите мисли и дела ја креираат нашата иднина. Ние бираме во што ќе се претвориме... Иднината ја замислувам како свет без граници и свет без војни. Знам, светот не е совршен, но би сакал да создадам едно мало совршенство, со кое ќе се усреќам себе си, а и другите и ќе си ја нахранам душата со убавините на животот. Со секој изминат ден не треба да се губи надежта за посветла иднина и подобро утре! Дарко Бутевски, VII одд Ресен


Мојата иднина – ја создавам јас

33

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Чисто сино небо, распослано над мојата глава, ми се насмевнува со својата убавина. Раскошно го обвиткува хоризонтот, прегрнувајќи ги високите згради, зелените крошни и улиците на мојот град полни со жагор. Која ли убавина над нашите глави! Далечен спокој. Неоткриена мистерија која носи полет во нашето живеење. Тивко ветре ме потурнува напред и мислите ми ги насочува кон нешто подалечно, неизвесно, идно..... Колку и да се трудиме да й се доближиме на иднината таа останува недопирлива и завиткана во неизвесност. Мами љубопитност. Ги шири прегратките и нè подзема со својот жар, носејќи растреперување на срцето и душата. Постарите знаат често да кажат дека човек е често кројач на својата иднина. Можеби звучи чудно и нереално, но ако се задлабочиме во суштината ќе може да ја разбереме и оваа вистина. Времето во кое живееме нè носи со несовладлива брзина кон секој нареден ден, уривајќи пред себе моменти на блискост, убавина, пријателство и милиони мали нешта што му даваат смисла на животот. Иднината е за мене примамлива карта која ме предизвикува на непозната игра. Посакувам да успеам да ги совладам скалилата изградени од математички задачи, хемиски формули, книги исполнети со мудри зборови, да осознам историски енигми и храбро да ги совладам предизвиците на јазиците со кој зборуваат луѓето на планетава. Учењето е движечка сила во животот на секој човек. За мене секој училишен час значи една нишка повеќе во знаењето кое ми е потребно да го осознаам светот околу мене. Патот кон иднината значи храбро чекорење со вистински пријатели, во права насока без скршнувања кон мрачни сокаци и опасности кои демнеат. Секое скршнување значи отстапка од желбите и целите кои ги гледам пред себе. Осознавањето на животот со знаење значи отварање на


34

Творам за Македонија

портите кон светот во која јас се гледам, запознавање на тајните на материјата и природните закони, подобрување на потребите на човештвото во поглед на изворите на енергија и олеснување на животот со нови технологии во производство на храна. Сурова е вистината, но во денешниот свет, без разлика колку е понапреден и поразвиен од минатото, има илјадници гладни луѓе и мали детски насмевки осветлени во темнината само со сјајот на една свеќа. Малку надеж за подобро утре му треба на секој човек. Продолжувам на чекорам под синото небо и полека му се препуштам на прекрасниот ден, весело насмевнувајќи и се на мојата иднината, која ме чека тука, близу, многу близу, веќе на наредното свртување на десно. Иван Јовановски IX-1 одделение ОУ „Петар Поп Арсов“ Скопје Ментор: Марија Петкова


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина- ја создавам јас Сјајните ѕвезди спуштајќи се во дивината на езерото, треперејќи како позлатени пеперуги, се капат во далечината и ја носат веста за иднината. Виножитото е како разнобоен полжав, кој после капењето во синевината зад планината, се отсликува на бескрајното платно, и во секоја од необичните бои, има необични капки, а во секоја капка има вест вест за иднината на синилото. Еј, иднино моја, а на мене, кој тивко ќе ми шепне за тебе? Штом ноќта се спушти, и штом сонот ги измами очите, мислите ми жуборат низ крвта црвена, а пак срцето немир чувствува, крилја шири, го лови егото на моите желби, и тивко ми шепнува: сонувај, само сонувај.

35


36

Творам за Македонија

Златни порти, портите на мојата Македонија ги гледам, и чекор по чекор редам бидејќи не можам сè оддалеку да следам. Љубовта се шири, како миризба на цвеќе за подобро утре ќе работам веќе. Мостови на доверба ќе изградам, добрини во срцето ќе засадам. Поетеса јас сум, за татковината творам во животот храбро сама ќе се борам, бидејќи мојата иднина блика во земја која Македонија се вика. Глорија Спасовска, IX г одделение ООУ „Христијан Карпош“-Куманово Ментор: Весна Алексова


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Кога би можела да го тргнам мрачниот превез од иднината, кога би можела да погледнам зад него и да ги видам светот и сите човечки судбини, а меѓу нив и мојот иден живот. За да видам дали запреле човечките несреќи, дали завршиле војните, дали оздравеле болните, дали се утешиле тажните. За да знам за каква иднина создаваме, за што се бориме, за што да се надеваме. А овде, сега: пред моите очи секојдневно се нижат ужасни слики од Сирија, Украина, Авганистан... деца без родители, мајки завиени во црно, плач на штотуку родени во виорот на војната, бегалци, гладни, болни, сиромашни, повредени... Таква не сакам да биде мојата иднина! Во таква иднина никој не создава, никој не е среќен, никому не му е до смеа.

37


38

Творам за Македонија

Затоа го подигам својот глас, заради мене, заради тебе – заради сите нас: На несреќните да им ја вратиме насмевката, на тажните – радоста, да ги утешиме тие што плачат, на гладните да им дадеме храна и да го тргнеме превезот од очите на „слепите“! Да ги запреме истрелите од оружјето, па војната да ја замениме со мир, тагата – со радост, плачот – со насмевка! Да го поправиме светот за да не ја изгубиме иднината: мојата, твојата – нашата! Да ги почитуваме другите, да си помагаме, да се залагаме за правдина и меѓусебно разбирање! Да не се мразиме, да не се гледаме со презир и потценување, да не се омаловажуваме и повредуваме! Да научиме да се сакаме безусловно! Таква сакам да биде мојата иднина! Мојата и твојата – нашата иднина ја создаваме јас и ти – сите ние заедно. Нашата иднина ќе изникне и ќе се роди од семето што ќе го засадиме ние. Јована Лубеска ООУ„Св.Климент Охридски“ с. Драчево, Скопје Ментор: Розица Трајковска


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја создавам јас „Секој треба да се обиде“ така велат, но се сомневам дали воопшто поседувам моќ да го оживеам светот... А тогаш замижувам! Стапнувам по патеката, го слушам моето срце, но не оддава звук. Внатре во мене, знам дека ако не го променам светот, нема да живеам... Но, не се откажувам! Во мене, ги најдов моите крилја, можам да бидам тоа што ќе посакам. Во мене, надеж е сè што ми треба. Некогаш треба да превземеш контрола, големината на твојата моќ е непроценлива. Време е да се покажеш. Ќе се бодрам со сета сила во мене, ќе успеам и спремна сум. Овој свет нема да ти даде она што сакаш доколку не се потрудиш. Па дај сè што имаш!

39


40

Творам за Македонија

Во мене, ги најдов моите крилја, можам да бидам тоа што ќе посакам. Во мене, надеж е сè што ми треба. Погледни во ѕвездите на небото, потпри се на рамото, замисли ја својата желба и отствари ја со верба. Славица Ацева IX одд. ООУ „Васил Главинов“, Велес Ментор: Билјана Лепидовска


Мојата иднина – ја создавам јас

41

Мојата иднина – ја создавам јас Јас како создавач, творец на нешто скапоцено, нешто вредно, нешто долгоочекувано. Мечта со значајна големина чија вредност се нарекува живот. Јас како битие кое дише во секојдневието, гребе по минатото и сонува за иднината. Иднина која им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Но, никогаш не размислувајте за иднината, бидејќи таа доаѓа побрзо отколку што мислиме. Иднината се потпира на тоа што ние го правиме денес, но да не дозволуваме минатото да ни ја проголта иднината. Животот е она што ни се случува додека ние правиме планови за него. Кога сонуваме со отворени очи, кога длабиме по богатата ризница на животот и собираме плодови за да ја наполниме нашата животна торба со искуства и купишта благодети. Мојата душа е полна, а спокојството кое го чувствувам е одраз на рамнотежата која владее насекаде околу нас и создава впечаток на здраво, зрело и успешно битисување. Кулминативната точка во мојот живот ќе го означи почетокот на уште една мечта која чекала да биде созреана и грабната како црвено, сочно јаболко. Карактерот е луксуз кој малку луѓе можат да си го дозволат. Најголемите војници во животот се стрпливоста и времето, а двете најголеми нешта што ја исполнуваат мојата душа се ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене. Во кругот на животот не постојат ниту победи ниту порази, постојат само промени. Затоа, подадената рака е божји благослов, а почитта е духовно воздигнување кое го изградува ореолот врз нашите глави, правејќи нè победници. Лора Ставрова IX одд. ООУ „Гоце Делчев“, Неготино Ментор: Канита Гичовска


42

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Низ едниот прозорец погледнав и ја видов: ко бисер сјајна, ко ден јасна, со песна на славеј и мирис на дрен ја видов таква и за момент запрев. Како може да е таква, се прашував јас, но потоа најдов одговор јас самата. Сјајна е ко бисер, бидејќи секој ден работев, секој ден се трудев, во своето срце надежи будев. Јасна е ко ден, бидејќи секој ден јас со надежи се будев, ја осмислував и цртав, ја чекав да дојде утре. Со песна на славеј е, бидејќи имам разиграна мисла, јуначки дух и храброст на срце. Има мирис на дрен, бидејќи секое утро, секој нов ден јас имам нова можност да живеам.


Мојата иднина – ја создавам јас

Но надежта може да биде црна мисла, мрачна свила, која води во искушенија. Не подлегнувајте на такава мисла, таква надеж, бидејќи ќе ве однесе во копнеж. Низ другиот прозорец погледнав и ја видов: ко ноќ во шума темна, ко магливо утро нејасна, со крикови за помош и мирис на болка, ја видов таква и за момент запрев. Како може да е таква, се прашував јас, но потоа најдов одговор јас самата. Мрачна е ко ноќ во шума бидејќи имало денови кога не сум ја сакала работата и не сум се трудела да ја разберам слободата. Ко магливо утро е нејасна, бидејќи понекогаш не сум се грижела, не ми било важно дали ќе дојде утре, бидејќи за мене била неважна. Со крикови за помош е, бидејќи сум имала и тага и и болка и копнеж на срце а духот ми опаѓал како мислите.

43


44

Творам за Македонија

Има мирис на болка бидејќи секое ново утро носи нов ден, нови искушенија, нови решенија. Но, кога ги отворив прозорците, на средината ја видов неа, со раширени раце и насмевка таа отсекогаш ме чекала. Тамара Велковска VII-4 ОУ,,Дане Крапчев“-Скопје Ментор: Катица Стојчевска


Мојата иднина – ја создавам јас

45

Мојата иднина ја создавам јас Гледам во белиот ѕид и постерите кои ги имам излепено - и оддеднаш сè ми губи смисла. Сите луѓе кои ја имале честа да се пронајдат на мојот ѕид - Силвија Плат, Алекс Тарнер, Металика, Били Џо Армстронг, Франц Кафка, Нирвана и многу други од луѓето кои ги сметам за хероини и херои, за великани, мои идоли со своја цел и триумф во општеството што од упорност, што од луцидност на умот, што од негувањето на талентот, но секако личности со белег на оригиналност и квалитет. ... Чувствувам некаква празнина. Која е мојата цел? Каде сум јас тука? Каде на мојот ѕид од постери се сместувам себе??? Велат сите ние во одреден дел од животот се пронаоѓаме самите себе си. Но јас никогаш не сум се чувствувала поизгубено. Ги затворам очите и талкам по беспаќето на мојот замислен иден живот и се прашувам што ако? Што ако некогаш се вработам, но монотонијата ми го сруши духот? Или пак, што ако заталкам во светот на книгите и науката, успехот и славата, но го загубам компасот и неуморно се движам кон неостварлива цел и барам уште и уште и уште, заборавајќи ги квалитетите и убавината на едноставните работи? Што ако патувам, живеам безгрижно и отидам на сите концерти и турнеи на кои некогаш сум сакала да одам, но потоа ми стане претешко да се соочам со реалноста и останам изолирана од вистинските вредности? Што ако, што ако... и така се губам, полека но сигурно. Гласната музика ме освестува и сфаќам дека немам никаква идеја, дека сè што можам да направам е да си го кажам името, но не и вистината која стои зад него; неделниот план, но не и причината во него; плановите за летото, но не и желбата која стои зад нив, но не и целта. Тонам подлабоко и се прашувам дали девојчето кое е вљубено во науката и добрата музика, дали девојчето кое го сака дождот,


46

Творам за Македонија

кое е изгубено во боите на уметноста и кое секогаш талка по редовите на книгите, ќе остане доследно на сонот, на себе, ќе пркоси на светот и стереотипот, ќе чекори онака како што чувствува и ќе вложува во она што за неа е суштината: науката, истражувањата, знаењата од секоја можна област, пратени од добра музика и поддршка од битните до неа? Или можеби сега останала само нејзината носталгична сенка, страв, неверодостојна копија која се плаши од неуспех и болка, па затоа се затвора во собата, во самата себе и не ги покажува цртежите на кои еднаш беше толку горда и не ја слуша гласно музиката на која еднаш можеше безгрижно да се движи и со наведната глава ја чита книгата? Тивок шепот на нешто што некогаш било. Но, ја кревам главата и си велам - јас не сум Силвија Плат, не сум Били Џо или Џејн Остин - јас сум она што сум - вљубеник во науката, добрата книга и музика, уметник во секоја смисла на зборот, мистерија и парадокс за сите освен за самата себе. И дали девојчето кое сега пркоси и со храброст гледа во сечии очи, со истата сигурност ќе ја достигне иднината, ќе го живее сонот, ќе покаже на светот дека ремек делото сјае силно и во најтемната ноќ, зависи само од неа и вербата што ја храни, зависи од мене самата зашто јас го креирам мојот живот и не за утре или десетина години, не, туку секој ден, со секое ново знаење, нова прочитана страница, нова откриена димензија, трудот кој го вложувам постојано, креирам сигурност на моите избори во мојот живот. Георгина Јовановска IXд одд ООУ: „Крсте Петков Мисирков“ Ментор: Стојанка Дудучки


Мојата иднина – ја создавам јас

47

Мојата иднина, ја создавам јас Иднина. Како парче чисто сребро и срма кое во рацете на вештиот изработувач шири крилја и прераснува во филигран-леснокрила пеперутка. Иднина. Како глина која ја обликувам, моделирам и со секоја промена на текстура, вдлабнување и испакнување мојата визија за она што посакувам да стане е на чекор кон остварување. Се обидувам да ја минам реката. Чекорам по мост со штици разлабавени, дрвото пред гниење и се чувствувам уплашено. Стравот се вовлекува под мојата кожа како непоканет гост во напуштена куќа-а кој може нему да му противречи?.. Мој вечен сопатник е и несигурноста, колебањето кое како верна сенка ме следи насекаде. Но трошка доверба, малку елан, еден обичен комплимент, едноставен но од суштинско значење за да се обидам повторно. Смири се, вдиши. Вдиши длабоко. Сега обиди се повторно. Можеби штиците се олабавени, да, но зар се трошни, безнадежни? Ќе се роди една таква мисла, малку позитивност ко за промена и чинам лавина се сторила-ги потопила сите нејзини мисли претходнички, сите тие песимистички настроени паразити кои се роеја во мојата потсвест, во обид да ме натераат да потклекнам. Да потклекнам во мојата цел да живеам живот лишен од негативности.. Знам, знам дека во секоја добрина е неизоставно испреплетено и злото-како што бојата црвена е симбол на љубов, радост, симбол е и на крв, војна, те прави бескрајно среќен или те прави тажен.Но твој е изборот која страна од паричката ќе ја свртиш, во што ќе веруваш и што ќе гледаш-се е до перспективата. Чинам светов на мигови ме кутка во еден агол, обиколена сум од сите страни со различни исчекувања, прашања, одлуки кои морам да ги донесам и сево ова на мигови станува премногу. Како тоа мислиш не знаеш што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? Тоа


48

Творам за Македонија

е сè што сакаат да дознаат. Не ги интересира дека се топиш при првите ноти на твојата омилена композиција на Бах, обожуваш и литературни читања и би ги дала сите саботни вечери за една вечер најприжелкувана осаменост со добар трилер, драма, криминалистички (а зошто да не и љубовен!?) роман, а тука се и медицината, лингвистиката. Не можеш да ја анализираш личноста базирана врз едно единствено, неопсежно прашање, без да ги соголиш сите тие слоеви што не прават она што сме. Човекот не е само една одлука што ја донел, тој е поезија, тој е неговата гледна точка кон светот, тој е своите сакани, тој е љубов, но и тага, безмерна ведрина, а во следниот миг-ненадејна меланхоличност. Колку комплексни, силни-а ранливи, навидум цврсти-а некогаш толку кршливи битија сме. Својот живот одбирам да го бојам во боите на несебичноста, помагањето, со љубов и добра волја ќе пловам низ водите на животот, не дозволувајќи немирните морски струи да ми го попречуваат патешествието. Откако ќе ги поминам лавиринтите на образованието, можеби нема името да ми биде испишано во ѕвездите, но печат Ќе оставам онаму каде е највредно-во родината, онаму каде темелот на срцето нераскинливо е. Под небово-милијарди сништа, копнежи, желби, стремежи, а меѓу нив-јас. Мојата маленкост во тоа гигантско здание, работи, твори, диши и се бори за своето парче сончевина, за мигот кога задоволно, со полно срце, ќе здивне и ќе прошепоти-ЖИВЕЕВ. Анастасија Тасевска IX-3 одделение ООУ ,,Браќа Миладиновци“


Мојата иднина – ја создавам јас

49

Мојата иднина –ја создавам јас - Делфина, одиме! - кога ќе го слушнев милозвучниот глас на мојата баба, како најтоплите зраци да ми ја топеа душата. Секогаш нетрпеливо го очекував овој повик со кој како да ми се отвораа вратите на еден магичен свет. Никогаш нема да го заборавам мигот кога баба ми цврсто ја стегна мојата рака влегувајќи во училишниот двор-нејзиниот втор дом. Ни во сон не можев да ја замислам таа глетка, џагорот почна да ме плаши, а очињата возбудено ми шараа. Да, за момент застрашувачки, но кога баба ми со топла насмевка и смирувачки тон спокојно рече: - Добредојде, душичке! Мило ми е што денес имам прекрасна прилика, да те запознаам со најубавата професија-наставничка. Возбудата растеше, насмевката се населуваше на моето лице, а обравчињата стануваа сè порумени од срдечните поздрави и милувања на моето главче од многубројните колеги на мојата баба. Кога се упативме кон местото кое баба ми го нарекуваше училница, вриеше како во кошница полна со пчели влеговме и сè се стиши. Како да ме стрелаа љубопитните детски погледи, баба го почувствува силното биење на моето срце и со нежен глас го изговори моето име кога ме претстави на своите ученици. Атмосферата стана пријатна, учениците веќе ме прифатија, а јас со неизмерна гордост ја гледав баба ми како го одржува часот. Идолот веќе се роди во моето главче, а и желба се врежа во моите мисли. Да, таков е животот. Сиот е исполнет со желби, но како да ги оствариме? Кога за прв пат во мојата рака дојде буквар и молив, знаев дека тука е почетокот на мојот долг пат кон остварување на мојата желба. Не помина долго време, научив да пишувам и цртам. Почнав да читам книги, да се дружам со нив и во нив да го наоѓам мојот најдобар другар. Во нив го наоѓам најубавото. Буквите разиграно танцуваат пред моите очи и ме водат и во најневозможни авантури. Ја чувам како очите мои затоа што таа


50

Творам за Македонија

ме учи, ме расположува, а понекогаш и ме растажува, но книгата е мојата ѕвезда водилка кон мојата посакувана и замислена иднина. Годините ми се малку на број, но доволно за цврсто да верувам во себе и да се борам со сите препреки кон остварување на мојата желба - во иднина да станам наставничка - втора мајка на многу идни успешни генерации. Сакам да станам човек во вистинска смисла на зборот и со своите постапки да ги бркам недостатоците, неправдата и нечовечноста кои сè почесто се дел од нашите животи. Па еден ден кога многу ќе научам сакам сета своја љубов да му ја подарам на своите ученици. Тука е патоказот на мојот живот. Неговата светлост ги осветлува моите чекори, кои ме водат кон полето на иднината во кое цветаат и се пресушуваат плодовите на минатото, но јас ќе ги оживеам оние најдобрите, најсаканите, најдрагите!!! Делфина Апостолоска VIII в ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп Ментор: Мирјана Јованоска


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина - ја создавам јас Октомвриско утро се родив јас, сè започна со мојот писклив глас. Третата вечер наречниците мои: -Ах, судбина и на ова дете треба да се крои. Желби многу имаме ние, а иднината негова во него се крие. Во мислите мои, желби ко виножито во разни бои. А иднина јас имам, во рацете свои. Желби многу прашања разни, не е сè лесно како во сказни. Треба да си човек, треба да си мудар, да се градиш, да твориш и за себе многу да не збориш.

51


52

Творам за Македонија

Да бидам поет во мене желба гори, за иднината моја има многу да се твори. Ученик: Марко Инѓилизов ООУ „Васил Главинов“, Велес Ментор: Елена Гуновска


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја создавам јас Колку би бил убав овој свет, поубав и од најубав цвет, и слободен како птица во лет, и весел и разигран за оцена пет, само кога јас би ја создавала иднината за овој свет! Не би постоеле ужасни војни, ни кошмари и немирни детски сни, во радост и игра би минеле дни! Ех, кога мојата иднина би ја создавала јас! Би немало поделби во светот па секој на свој јазик би пеел песни на цел глас, само кога мојата иднина би ја создавала јас! Училишта, игралишта и паркови разни, како од најубави детски сказни, со учење и игра би минеле дните радост и среќа би поделила на сите! Да нема тажни детски лица да нема несреќни и бедни таква иднина би создавала јас, само кога би можел да се чуе и мојот детски глас! Тамара Ѓелевска VIб ОУ „Елпида Караманди“ -Битола Ментор: Сузана Петковска

53


54

Творам за Македонија

Мојата иднина О, моја иднино, што зора те раѓа, патуваш во мене од мугри бели, заспиваш уморна кога ѕвезда паѓа, како лавица вратена од херојско рели. Почиваш на мојата перница ко преплашена срна, без глас и стас во собата и тишината, ме бодриш ко мајка во ноќта црна, ми шепотиш за љубов и среќа, за иднината. О, моја иднино, ме будиш во утра ладни, ме бодриш по патишта темни и ширни, подаваш рака на страдни, пркосни и гладни, а ноќта ме враќаш во соништа мирни. О, моја иднино, на сите деца што растат, дари им од мојата светлост и сила, нивните надежи и соништа да не згаснат, дај им соколово око и јуначки крила. Ангела Трајковиќ, VII-1 одд. ОУ „Панајот Гиновски“, Скопје Менотр: Светланка Тодоровска


Мојата иднина – ја создавам јас

55

МОЈАТА ИДНИНА - ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Мојата иднина е пат од светол бакар кој самата ќе го исковам. Овој пат е чист зашто по него ќе се движам достоинствено и простум. Знам од возрасните дека животот е тежок, полн со проблеми. Иако, секој ќе рече: ,,Здравје, ќе помогне Бог!“ И Д Н И Н А! ... што може да значи овој збор! Ако тоа е времето што ќе дојде по една, три, пет, десет години, зарем иднината не почнува сега? Моето име е Теодора и знам, добро знам, дека секоја од овие седум букви доаѓа од иднината. Бидејќи тоа што било и тоа што е - веројатно, и ќе биде. Барање зборови и составување реченици за тоа... што ќе дојде... Пред мене, на мониторот бел лист, под прстите тастатура. Станувам и тргнувам. Дворот од нашата куќа. Веќе течат првите денови на есента. Полни со зеленило листови од дрвјата, малку тажни, жолти цветови блиску до моите чекори. Зарем оваа глетка, овој прекрасен простор знае нешто за иднината? Целиот овој круг од слики како во себе да крие длабока мудрост. Без сомневање, на природата може во целост да й се верува. Далечина. Кон Галичица го устремив погледот. Но, што можам да видам, што да слушнам? Тоа што секој може да чуе и види. Некое друго, внатрешно чувство ми вели дека одговорите постојат Љубов... трпеливост, постојаност... вера... милост, храброст. Од таму доаѓа моќта за создавање иднина. Сила на умот да се замисли „п а т о т“, Склоности, дарби, планови, цел... Како до остварување на замислата ? Како иднината да е место кое ме очекува. Судбина..!...иднина. Нели тоа е исто? Сè уште не знам. Низа од денови ... години... години. Едно утро ќе се разбудам од среќа дека сум го остварила својот сон. Во собата, на масата на која пишував - чаша со исцеден лимонов сок.


56

Творам за Македонија

Мајка ми не заборавила на мојата настинка. Ја испив и помислив: „Во чест на утрешниот ден, зашто иднината е многу далеку!“ Како и да е, иднината треба да се бара длабоко во себе. Ако ја нема таму тогаш тешко ќе го пронајдеме патоказот кон неа. Обземена од треската на размислувањата го исклучив компјутерот. Повеќе немам сила. Се нурнувам в постела. Замижувам. Очните капаци жежат и лутат. Лесно ме прими сонот. Полека тонам во бескрајот на непознатото. Пред да заспијам почувствував... и воздухот има мирис на иднина. Теодора Бабаноска VIIа одделение ОУ „Мите Богоевски“, Ресен Ментор: Никола Чоневски


Мојата иднина – ја создавам јас

Иднината во моите очи Јас. Мојот живот во склоп со емоциите. Најголем прашалник. Простор. Голем или мал. Секогаш празен за неограничена фантазија. Секогаш отворен за мене. За иднината испреплетена од амбиции и желби. За среќата и нејзините бои. За гласот на мојата уметност. За денот и ноќта на животот. За љубовта. Црвена, розова, бела или црна. Сега, имам прашања. Дали тој простор е мал? Голем?... Бескраен...?... Тој простор. Отсекогаш знам. Постојано чувствувам. Зависам од него. Тој е содржател на моето минато, сегашност и иднина. Тоа е мојот живот. Михаела Стефановска ОУ„Св. Кирил и Методиј“- Битола Ментор: Катерина Маруши

57


58

Творам за Македонија

Мојата иднина -ја создавам јас Што било знам, знам и што е сега, иако секој миг неповратно бега, но иднината, е тоа е голема непознаница, отворање на нова животна страница. Таа зависи од мене, зашто мојата иднина ја создавам јас, секојдневно, во секој миг во секој час. Создавам навики за почитување себеси, но и другите. Негувам одговорност, трудољубивост, љубопитност, чесност. И учам вредно, науката ја впивам жедно, а тоа ќе ми даде можност на родителите да бидам гордост! Аделиса Кицара VII одд. ООУ „Рајко Жинзифов“ Д. Оризари, Велес Ментор: Јагода Матева


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Тоа што можам да го направам денес за утре не го оставам, за она што можам да го направам сама од други помош не барам. И вредно ко мравка, ко пчела работам, учам, се трудам, задоволна од самата себе секое утро се будам. Не давам денот ништо да ми го скрати ни минута залудно да ми побегне, во секој ден изминат јас го зацврстувам темелот на мојата иднина. Сакам што повеќе да научам знаењето потребно е секогаш, знаењето гради самодоверба и многу врати ни отвара. Сакам на сите да им помагам човечноста доблест е најголема човечноста радост подарува ја враќа насмевката изгубена. Така ја градам мојата иднина сама трасирам пат од добрина, сама градам кула од успеси и ги следам најмудрите совети.

59


60

Творам за Македонија

Зад себе на патот гордо ги оставам добрите дела и веселото дете, и брзам светот да го освојам со љубов, со работа, со наука. Пред мене на патот каде чекорам гледам личност за живот способна личност што се бори и не се предава што во најтешки моменти испливува. Што ќе фрлиш зад себе, ќе најдеш пред себе. една мисла умна така ни збори, знам дека ништо не сум изгубила тоа е клучот иднината што ќе ја отвори. Неуморно во секој час мојата иднина ја создавам јас. Не може ништо да ме запре праведно да чекорам напред. Ивана Мерџаноска VIII-2 ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар Ментор: Анѓелко Јанкоски


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја создавам јас Мир да царува, љубов да се дарува, војните да сопрат, без раните да се допрат. Ние сме нова генерација утеха за целата нација. Среќа ќе даваме, за возврат ништо не бараме. И јас, како дел од оваа приказна сакам да оставам свој печат, болните да се лечат, децата да учат и животните приказни понатаму да течат. Не е важно дали ќе бидам: лекар, професор или дизајнер, важно е да бидам добра личност, која ќе ужива во сè. Бидејќи за својата иднина одлучувам јас, ќе дадам сè што можам за сите нас. Филипина Себишка VI-4 ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ - Скопје Ментор: Ана Стамболиска

61


62

Творам за Македонија

Мојата иднина – ја создавам јас Животот е волшебно ковчеже исполнето со грстови радост, среќа, љубов, тага, предизвици... Животот наликува на плодородно дрво чии корени упатуваат на минатото, како значаен животен период, продолжува да расте стеблото на сегашноста и храбро се упатува кон небесните височини со гранките на иднината. Вербата, љубовта и почитувањето се основните животни принципи кои раководат со магичното стапче и ги исполнуваат желбите на вредните, упорните и доследните. Стеблото на се­ гаш­носта, во чија срцевина лежи семејството и образованието, е одраз на тоа какви личности сме, а сами одлучуваме дали ќе чекориме по патот изграден од мед и млеко или ќе заталкаме по мрач­ните патишта на длабоката и безнадежна бездна. Хранејќи го стеблото со нова, позитивна и благородна сила, добиваме чудесна енергија која ни го осветлува идниот меѓу­прос­ тор кој бара многу жртвувања, посветеност и одговорност. Зна­е­ њето е магична храна, пријател - сопатник кој знае да гушне, утеши и помогне. Чекорејќи по фрленото и одмотано клопче, по­слуш­но го откривам животниот лавиринт, ги отклучувам големите же­лезни врати и трпеливо се упатувам по патот на успешното из­дигнување. Јас сум единствениот виновник – креатор на сопствената среќа или несреќа, на сопствената иднина. Приказната со извишените и трепетливи листови на иднината повикува да се потрудам да ги достигнам, а со тоа постепено и внимателно ќе допрам до сонуваното. Небесната светлина ми дава сила, храброст и енергија да продолжам по потрагата на одмотаното и заталкано клопче, да успеам да го стигнам и пронајдам недостижното, да ја почувствувам топлината на успехот и благиот вкус на славата. Светлината од распламтениот факел примамливо повикува да издржам и да успеам да го освојам животот и победнички, гордо и сигурно да се издигнам на врвот на успехот, среќата и сонот. Ученик: Верица Анѓелкова IXа одд. ООУ,,Гоце Делчев“- Неготино Ментор: Канита Гичовска


Мојата иднина – ја создавам јас

63

Мојата иднина-ја создавам јас Да можев да добивам по еден златник, за секоја направена грешка во минатото до сега ќе бев богат човек... Постои ли времеплов со кој ќе можеме да патуваме со времето? Да ги исправиме грешките и да ѕирнеме во иднината за да знаеме што нè чека. Велат, сè што се случува, се случува со некоја причина. Секој лик што го виделе нашите очи има значење во нашиот натамошен животен пат кој допрва ќе го минеме. Некои личности ќе нè повредат, ќе нè измамат, а пак некои ќе ни го направат животот толку сладок и убав со нивната добрина и љубов упатена кон нас. Затоа ние треба внимателно да одбираме со кои луѓе вреди да се сподели иднината, а со кои да се запечати минатото. Секој човек си е кројач на својата судбина. Постојат многу митови и легенди поврзани со виши сили кои не контролираат со пенкало во раката, и го пишуваат нашето секојдневие. Јас не се сложувам со тоа. Можеби сум само тринаесетгодишно дете, чиј глас е неважен за повозрасните, но сепак цврсто стојам зад моите зборови. За моите успеси и падови единствената виновничка сум јас. Јас сум таа која ги донела тие избори. Јас сум таа која во иднина ќе има или ќе нема корист. Секое изгрејсонце е празен лист хартија на која јас со моите постапки пишувам. Секој нов ден е ново поглавје во мојот животен роман. Некогаш со мислите ги враќам страниците од таа книга и се сеќавам на моите доживувања од кои влечам поука. А тоа е најважно! Иднината не постои. Ние треба да ја создадеме. Да се соочиме со реалноста и да гледаме со бистри очи, а да размислуваме со јасни мисли. Тоа е патот кој води до успехот. Да учиме од минатото, да се трудиме во сегашноста за да бидеме свои луѓе во иднината што следува. И кога еден ден ќе се разбудиме од слаткиот сон и ќе погледнеме во изгрејсонцето, да кажеме со гордост „Јас сум задоволен од она што го создадов“. Кристина Милкова VIIIа одд. ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци Ментор : Јованка АнгелковскаЗмејковска


64

Творам за Македонија

Мојата иднина-ја создавам јас Чекорам и со секој чекор постојам јас, и со секој чекор созревам јас, и со секој чекор градам иднина јас. Јас создавам букви, зборови реченици мили создавам свет реален и магичен. Ја гледам мојата иднина, го гледам мојот животен пат, кој го создавам со секој поминат ден, со секој миг на добрина и добри дела. И успеси во иднина да се редат, и однесувањата наши со луѓето ќе вредат. Леона Харалампиева VII-1 одделение ОУ „Славчо Стојменски“-Виница Ментор: Роза Цекова


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина-ја создавам јас Секој од нас сака светла иднина да има затоа учи, работи, се бори неуморно создава, твори. И јас како и сите други сакам да имам живот убав и вчера и денес и утре исполнет со радост и љубов. Знам! Иднината моја ќе биде мое дело ќе победам сè на својот пат ќе се борам решително, смело. Ќе нанижам ѓердан од бисери белиод безброј успеси и остварени цели. Со волшебно стапче во рака ќе претворам сè во рај ќе живеам живот прекрасен како во бајка со среќен крај. Јас сум таа што треба да создадам сè што сакам со љубов и со добри дела да ја позлатам иднината цела.

65


66

Творам за Македонија

Ќе станам херој на денот што иде моето утро ќе биде сонце иднината моја светлина ќе биде. Христина Ралис IX одд. ООУ,,Ацо Шопов’“, Скопје Ментор: Александра Јорданоска


Мојата иднина – ја создавам јас

Иднината моја На училиште секој ден и секој час мојата иднина ја создавам јас. Поуки и совети од секого примам иднина сјајна сакам да имам. Вредно ќе работам јас го кажувам тоа на цел глас, иднина своја ќе градам нејќам да патам и страдам. Родниот крај сакам да блика ќе го направам зелена лика, градина цветна да биде тој во него секој да биде свој. Училишта нови сакам јас иднината тие се за секој од нас, на секое лице радост да цвета секое дете од радост да лета. Чиста средина ќе создавам јас подобро здравје за сите нас, бистри реки сакам да течат болка и тага да не нè печат. По животниот пат ќе чекорам смело секој чекор ќе го претворам во дело. Ќе учам, ќе творам, за иднината моја храбро ќе се борам.

67


68

Творам за Македонија

Сите животни препреки ќе ги минам за мојата иднина сè би сторил, чинам со знаењата - клучот мој ќе станам достоен човек свој. Радост и среќа кај луѓето ќе вселам љубов и надеж од срце ќе делам, во животот гордо ќе стојам судбината своја сам ќе си ја кројам. Андреј Пешовски IX одд. ПОУ „Христијан Тодоровски Карпош“с. Псача, о.Ранковце Ментор: Јасминка Јакимовска


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА - ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Секој ден е убав и прекрасен, секој час во училиште - ново знаење, секое дружење со другарките ново доживување, секое ново искуство научено - среќно раскажување. Се сеќавам уште од малечка, моите родители ме учеа, денот со насмевка и добар збор да го почнам, да ги слушам советите од постарите, најдобрите од нив да ги применувам. Сè уште сум на патот, на откривање на работи нови, нови знаења, учам од постапките на личности важни, се учам од искрени дела, никогаш лажни. Успех во училиштето и во сè што работам, е мојата желба, слика и замисла, секој ден јас план за активности имам, учтиво однесување, тоа е мојата одлика. Да сум секогаш одлична, да ми е одлично поведението, да ги почитувам сите, такви ми се часовите и дните.

69


70

Творам за Македонија

Сфатив дека со труд и учење добивам успех, знаење, напредување, почитување, сето тоа го ставив во моето однесување. Сакам да израснам во зрела личност, со позитивни навики и квалитети, да се запишам на најдобрите факултети. Да се гордее со мене семејството мое, да бидам пример и мотив за останатите, да помогнам и на другите да им се отворат вратите. Во главата секогаш позитивна мисла, сè што работам да има смисла, да има успеси и многу фалби, тоа е гледање на иднината моја, да бидам претставена во најубава боја. Се гледам себеси, успешна и среќна, со достигнувања најдобри од секоја страна, да им помагам на сите во секое време, така никогаш нема да доживеам „невреме“. Мојата иднина ја замислувам јас, сè што замислам го кажувам на глас, сè што градам сакам да е корисно и водам сметка, како да е за оценка петка. Мартина Хасиќ, VII-2 одд. ООУ „Вук Караџиќ“- Куманово Ментор: Николче Јакимовски


Мојата иднина – ја создавам јас

71

Мојата иднина - ја создавам јас Се прашувам во овој момент што би можела да направам со мојот живот во овој минлив свет? Овој живот што го имаме ни е единствена шанса да се покажеме како вистински луѓе или пак да останеме нелуѓе, да направиме добри или лоши дела по кои идните генерации ќе нè величат, ќе нè воздигнуваат или ќе нè осудуваат. Да се живее обично, секојдневно, да се живее само за себеси без да се мисли на другите ми изгледа лесно. Но, јас сакам да направам нешто друго. Сакам да работам работа што ќе ги усреќува и другите, а не само мене. Мојата иднина – ја создавам јас, но јас сакам иднина во која ќе создавам и подобра иднина и за другите луѓе. Сега сум само ученичка во осмо одделение, но во мене чувам љубов сокриена во душата, а тоа е љубовта кон творењето. Од малечка, од првите прочитани приказни, сум сакала и сакам да бидам писател или поет. Сè што мислам и чувствувам ќе го запишувам за да трае вечно. Отсекогаш замислував како комуницирам со целиот свет преку моите писмени дела. Преку лист хартија натопена со перото на мојата душа, моите мисли ќе стигнат во секое катче. Мојот дом нема да биде едно единствено место во мојот живот. Јас преку моите дела ќе патувам низ целиот свет и ќе пренесувам пораки до сите среќници и несреќници. На среќните би им посакала среќа и во понатамошниот живот и би ги учела како да ја зачуваат. А на несреќните ќе им бидам другар во осаменоста, ќе им шепнам да не очајуваат и заедно ќе го најдеме светлото на крајот од тунелот и патот до среќата. На гладните ќе им дадам малку храна за нивните срца. Глувите читајќи ги моите дела ќе ги слушнат сите овоземни звуци. А слепите слушајќи ги моите песни ќе почувствуваат светлина, ќе дознаат дека и душата знае светлина да точи. На политичарите би им посакала сета мудрост од најстари времиња до денес да се слее во нивните


72

Творам за Македонија

глави и да ги води низ животниот лавиринт до подобро утре. На бесќукниците ќе им укажувам дека светот е голема куќа, а небото доволен покрив. Јас имам уште безброј пораки и би била прекрасен творец кога би знаела дека моите мисли се мал придонес за нечие посреќно утре. Многу љубов и малку упорност се доволен фактор за да го постигнеме посакуваното. А јас ги имам и двете и се надевам дека ќе се оствари мојот животен сон. И секојдневно ја создавам мојата иднина: секоја ноќ пишувам во мојот дневник и секој ден по една песна се раѓа во мојот нотес. Некои песни и состави се поуспешни, некои не се толку добри, но јас не се откажувам зашто иднината не е само сон кој се сонува, таа е цел која со многу труд се постигнува. Автор: Марија Спасеска VIII а одд. ООУ „Кочо Рацин“, Прилеп Ментор: Габриела Стојаноска – Станоеска


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја создавам јас Што е дрвото без коренот, тоа е иднината без минатото. Ни ветришта, ни олуји силни, не им можат ништо на корените жилни. Сега сум и тука сум на тлото здраво стојам, каква слика ќе нацртам денес утре ќе ја бојам. Кон иднината светла чекорам јас и ќе извикам гласно на сет глас: Иднино!-Спремна кон тебе доаѓам сега изгрева ново Сонце, Месечината нека бега. Мила Тасеска IV-3 одд. ОУ „Блаже Конески“, Прилеп Ментор: Борка Попова

73


74

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Седам во училишната клупа и се прашувам: Дали овде почнува иднината моја? Дали тука ја решавам судбината своја? Можеби и не, иднината почнува со мојот прв плач, со мојата прва желба. Желбите се мојата иднина. Додека шепотот утрото го буди, додека нов ден се раѓа во новата светлина на денот дел од мојата иднина доаѓа. Пред мене е животот како виножито и ми нуди многу бои тие се мешаат со желбите мои. Се трудам да ги одберам најубавите трагам по нивната моќ и после секоја преспиена ноќ сè започнува одново. Некогаш сум изморена ми доаѓа да се откажам но, не животот е во мои раце морам да одам напред.


Мојата иднина – ја создавам јас

Да го зграпчам најубавиот цвет, да го држам силно во мојата дланка, да ја краси мојата душа која во својата иднина плови нови моменти да долови. Ќе станам човек во лесен птичји лет со крила на својата иднина ќе летам во неа безгрижно ќе цветам. Офелија Настеска VI б одд ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп Ментор: Билјана Јагуриноска

75


76

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Јас сакам фудбалер да бидам зашто сакам убав живот да имам, здрав, прав да бидам, спортски живот да минам, во иднина голем човек да бидам, златна копачка да имам. Јас од мал мерак си имам на светски натпревари да играм, македонско знаме да се вее, за мене химна да се пее На цел глас „Алек!“ – да се вика „Браво момче!“ да ми се честита! Алек Саит VIIв одделение ООУ „Димитар Македонски“, Скопје Ментор: Виолета Здравковска Ташевски


Мојата иднина – ја создавам јас

77

Мојата иднина ја создавам јас Иднина - поле расцветано со цветови во разни бои, а секое од нив да е едно добро дело што човекот сам си го скроил. Иднина – неостварен сон со желби еден тон, за кој од секогаш сме сонувале додека дните минувале. За иднината треба да размислуваме уште од сега, да учиме од грешките човекови што се најдобрите лекции со векови. Мојата иднина е мојата реалност, мојата иднина е мојот избор, мојата иднина е мојот пат по кој чекорам јас. Мојата иднина е мојот живот, мојата иднина е мојата мечта, за подобра иднина се борам секој час, Мојата иднина ја создавам јас! Деспина Стојмировска ООУ „Кузман Шапкарев“ – н. Драчево Ментор: Марија Атанасова


78

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам јас Ние, како човечки суштества живееме во три димензии. Четвртата димензија, времето, ни е позната, но сè што можеме да направиме е да ја измериме. Ние ја немаме способноста да патуваме низ времето, ниту пак да го истражиме и сè што можеме да правиме е да го гледаме како тече и да претпоставуваме што ќе се случи и што се случило. Историчарите во свои раце ја земале задачата да одговорат на прашањето за тоа што се случувало во минатото и поставиле многу теории од кои некои се докажани, а некои се само општоприфатени како најверојатни. Но, прашањето кое буквално никој не може да го одговори е: Што ќе се случи во иднината? Тоа може, но и не мора, да се однесува на далечната иднина. За нас секоја следна секунда е непозната и постојано несвесно го поставуваме тоа прашање. Иако иднината ни е нешто сосема туѓо, имаме огромно влијание врз неа, но најчесто ни за тоа не сме свесни. Секоја наша одлука прави некаква промена во универзумот, почнувајќи од одлуката да се разбудиме наутро и да ги извршиме нашите обврски за денот, па се до одлуката навечер да го навиеме алармот за утрото. Затоа, би можеле да кажеме дека ние ја создаваме нашата иднина. За да отидеме некаде треба да имаме некаква мапа, план. Сиот наш живот правиме планови, сонуваме, се надеваме, но тоа тоа што го планираме не секогаш се остварува. Мислиме дека утре ќе се разбудиме во 07:15, но еден ден алармот се расипува и не одиме никаде бидејќи сме во длабок сон. Без разлика колку планови правиме, секогаш се судираме со случајноста, универзумот, непознатата и непредвидлива иднина. Но, сепак можеме да влијаеме врз неа. Кога спиеме ни работи потсвеста, а таа знае дека тој ден, кога не заѕвонел алармот имаме важен тест кој не смееме да го пропуштиме, па затоа ќе не разбуди во 07:30. Потсвеста е тоа што сме не, вистинските, а свеста е само


Мојата иднина – ја создавам јас

79

нејзина слика. Ние, несвесно сме сакале да одиме на тој тест, да го завршиме училиштето, да се изградиме како продуктивни, а не деструктивни личности. Немаме начин да ја предвидиме и контролираме иднината, но можеме сопствената да ја направиме подобра со тоа што ќе го поминеме животот создавајќи добра личност од нас. Иако нашите приоритети и афинитети се менуваат со текот на времето , желбата да придонесеме нешто за општеството останува. Желбата да создадеме подобра иднина за нас и човештвото нè води во текот на целиот живот.

Емилија Митовска IX одделение ООУ „Лазо Трповски“ Ментор: Весна Кочовска


80

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Крстопат... немо стојам по кој пат да чекорам мислам, дали на крајот нивни ме чека иднина иста? Кој е вистинскиот пат морам јас сега да решам. Да направам вистински избор, никако не смеам да згрешам. Од мене зависи дали ќе чекорам со гордо исправена глава, или ќе исчезнам во животот ќе ме проголта како вулканска лава. Донесов одлука храбра, се нуркам во морето на знаење новини, бескрајни хоризонти ќе учам и истражувам без каење. На крајот на долгиот пат ме чека награда голема ќе станам вистинска личност што пред никого не клечи на колена. Ќе чекорам само напред ќе градам иднина права. Знаејќи дека изборот е мој ќе ја кренам гордно мојата глава. Мојата иднина ја создавам јас. Направете вистински избор редот сега е и на ВАС! Мартина Нанева IXа одд. ООУ„Димката Ангелов – Габерот“- Кавадарци Ментор: Ванчо Илов


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја градам јас Мојата иднина ја градам јас, слушајќи внимателно на секој час. Си мислам , да градиш иднина Убава и сигурна, не е лесно. Но, да ја изградиш цврста гради ја чесно. Работи полека чекај го својот ред. Биди добар и ќе те почитува цел свет. Ајде да градиме мост на другарство тој ќе ни помогне на сите. Би можеле ли ние децата да ги смениме дните? На секој што ќе ти помогне кажи му благодарам. Би сакала на сите убава иднина да подарам јас! Милена Ѓорѓиева VII-1 одд. ООУ „Методи Митевски-Брицо“ Ментор: Китанова Ленче

81


82

Творам за Македонија

Иднината е во мои раце Малечка сум, уште сум дете На мама сум й најлично цвете На училиште со радост седам Во дневникот сè петки редам. И таму пред да почне часот Си мечтае секој од класот На секој во очи мисла му иде Кога ќе порасне што сака да биде. И јас си мислам што би била Дал лекарка, аптекарка, Учителка или пекарка Во мојава глава бистра Се мешаат професии триста. Но едно сигурно знам Во срце ми гори плам, Ќе раширам крила ко птица во лет, Ќе се гордее со мене сиот свет. Под свето знаме стојам Везено со златни краци Верувам и знам Иднината е во мои раце. Дариана Петрушевска, IV одд. ООУ „Благој Кирков“ Велес Ментор: Ленче Димовска


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја создавам јас Мисла... што навистина значи тоа? Таа на некој начин е креатор на нашата иднина... Со мислите, макар и скромни да се, тие имаат многу сила: можат да ја создадат иднината наша мила. Од оваа теорија нема да се откажам, еве, и пример ќе ви дадам за неа да ја докажам: -мала бев, ништо околу мене не разбирав јас, и полека, полека, се наближи најубавиот час: братче посакав да си добијам, сини очи и руса коса да има... најверен другар да ми биде тој, и реков дека ако го добијам, никогаш не би го сменила за никој... Времето си мина, и часот златен полека стигна: мало братче си добив јас, од радост почнав да пеам на цел глас! Заклучокот од ова е волшебен, навистина невозможен... мислата како бумеранг се враќа, на оној кој искрено ја праќа...

83


84

Творам за Македонија

Веќе знаеме дека со една мисла иднина волшебна се создава, а сето друго на универзумот ќе го оставам... Викторија Ангеловска VII в ОУ „Кочо Рацин“ - Петровец Ментор: Наташа Здравковска


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Од сè срце најмногу би сакала расположени и среќни да се сите, безгрижно да си живеат овде спокојно да им поминуваат дните. Кога слушам во земјата несреќни, болни и гладни души, мислам дека срцето ме стега, се гушам и устата ми се суши. Затоа најмногу сакам да придонесувам тука, се додека живеам и срцето ми чука. Моето малечко, храбро срце, има визија и желба јака, да го подобри светот и животот без многу мака. За успешни проекти јас нема да се штедам, ќе работам напорно по цели ноќи ќе седам. Младите вредни и паметни, придонес со знаење ќе дават, своите успешни проекти научни со врсници од светот ќе ги слават.

85


86

Творам за Македонија

Ќе ги патентираат мудро своите иновации тајни, заедно сите ќе станеме успешни луѓе и јунаци знајни. Оваа светла иднина ќе биде нивна и моја, ќе успееме заедно во земјата своја. Затоа ќе викнам силно колку ме држи глас, мојата и нашата иднина ќе ја создадам јас. Борјана Дончева, VIII одд. ООУ „Никола Карев“, Радовиш Ментор: Каменита КостадиноваАтанасова


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина зависи од мене Ме мачат мисли: „Зошто небото е темно Зошто нема весели деца? Зошто има страдања и војни? Зошто несреќни шетаат низ светов? Зошто има среќни и тажни и болни?“ Имам желби големи: „Топол дом, прегратка топла, насекаде да имаат сите.“ „Земјата мирно место да биде каде слободно птиците ќе летат каде цвеќињата безгрижно ќе цветат.“ Иднина!? Вреди ли без сегашност и минато? Таа е тоа-спомен од минатото, миг од сегашноста. Не зависи само од мене, Туку од сите деца, селани, работници, Од г-ѓи, г-ѓици и г-да, од министри, од претседатели, од премиери, од тебе, од него, од сите.

87


88

Творам за Македонија

Некогаш тврдам: „Мојата иднина, таа, многу зависи од мене“ Ќе засадам дрвца насекаде во светот, мир и слобода да царува низ векот. Ќе подарам леб и вода на секој гладен, ќе го згрижам секој страден. Би направила многу да не знае човек за мака. Лекарка можам јас да бидам, епидемии да лечам војни да спречам. Ќе ги следам Тоше и Мајка Тереза, и Македонка ќе бидам смела. и храбро ќе чекорам, и добри ќе чинам дела. Мисионерка можам да станам, сиромашните и болните да ги бранам! Ќе ги здружам сите мои сили. Ќе ги обединам сите со идеи мили. Ќе се избориме еднаш за сите: Да не се разликуваме по национални бои сите да бидат другари мои! Марија Пејкова, VII ООУ „Петар Мусев“ Ментор: Катерина Чрчева


Средни училишта



Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина – ја создавам јас Иднино, ти мисло далечна створена вистини сегашни да раѓаш, кои додека постојат кружно врз плочникот мисловен, сезнајно ќе помешаат неколку грама лудост додавајќи им ја на плановите сериозни, (стихо)творејќи забавено без запирки и точки да беспогледно во времето распуштено, видат дни што ко равенки со многу непознати решенија за себе бараат и сфатат: (г)решенија минати треба да стишат, сопрат пред со поглед, нови врати отворат. Иднино, ти пријателке мила, зар не чувствуваш дека си мое ремек дело, кралица на неизмислиците заклинета ко ѕидна слика во одајата на една девојка која занесено кадифени тонови создава и не гледа во бестелесноста на сака и не сака допатувани до почетокот на векот, застанати пред училиштето и

91


92

Творам за Македонија

стилото кое само пишува: „Зборовите се песна кадифена, посеана од себе во мене, моја иднина, постојбина незаборав на дните побегнати од едно детството со спомени вљубени во идните возбуди. “ Тина Урдинова II – 2 клас СОУ „Богданци“ – Богданци Ментор: Соња Србова


Мојата иднина – ја создавам јас

Ода на неразделени Сонцето ти го љуби тлото, крвта ти го пишува минатото, насмевката ти ја црта сегашноста, во душава ти ја славам иднината. Затоа, грстам од дланките на заедништвото, декорите ги редам на утрата ко ѓердан на успехот, деновите се осмислен круг на светлината, испиен блесок од Сонцето, патека на живот и време, затаен молк, извиен глас до иднината, скорнати стремежи, блескави надежи, облагородени насмевки, Ти и Јас едно цело, Ти и Јас иста цел. Затоа, те чувам за на век сакана, те чувам за на век единствена, те чувам во дамарите на душата неразделени и сраснати. Ние сме корен и стебло, ние заедно ќе бродиме во синилото, ние заедно ќе растеме во зеленилото, ние заедно ќе го крчмиме спокојот, заедно ќе го пиеме успехот, заедно ќе чекориме по светот, ќе го будиме Исток,

93


94

Творам за Македонија

ќе го успокојуваме Запад, ќе го грееме Југот, ќе го белееме Северот. Во тивките вечери, мирни и притаени, ќе слетаме на прадедовските беседи, ќе корнеме од незаборавот што нè челичи, ќе точиме од гарежот, измешан со црнилишта и крв, за да го порабиме со сјај на ѕвезди заѕвездени, за да го накитиме со ракатка спомени незгаснати. Времето, песната, зборот... се музи на иднината, порака и молња што сека. Не кинете ми ја душата, не парчете ми го срцето, не крадете ми го зборот, не кријте ме зад маски, на крепостите не ѕидајте дивоградби, на цветовите не кинете им ја насмевката, на водата не сопирајте й го жуборот, не омеѓувајте ми го опсегот на прегратката, не крадете ми ја мојата империја, таа е изѕидана со моето раѓање, таа е изникната од коренот древен, таа е покрстена, таа е света и просветлена. Древна колку каменот,


Мојата иднина – ја создавам јас

95

моќна како молњата, силна како напливот, цврста како прегратка, љубена како младост. Јас и Таа, сме виножитото, Јас и Таа, сме капка роса и светлина, Јас и Таа, сме нераскината иднина. Таа е мојата мера во педа крв, Таа е во крилјата на душата, за да ја извијам до космосот, за да ја стоплам во прегратката, со топлина посилна од Сонце, и да й скројам среќа од ожнеан успех како жиг на моето Јас во неа, како коцка во мозаикот што ја носи иднината. Отворам небесни порти да ги допрам ѕвездите со челото, за да ти ја подарам светлината во вечно дарување, даруван спомен во твојата вечност, што ќе молска, што ќе свети и кога ќе ме нема. Дијана Дурлевиќ I година Средношколска Академија за Бизнис и Администрација „САБА“ - Скопје Ментор: Анета Симовска


96

Творам за Македонија

Соочување во иднината I Кога има идно соочување, минувам пополека, или се брзам да не ме нападне бунтот на следниот збор. Стравот ткае чувства во очите, пие од искрите на твојот поглед, го суши обидот за прегрнување. На ова место, знае да замириса и на возбуда во молчењето, се разминуваат и сегашно-идните знаци за помирување, се заборава и намерата на ова соочување! Кога има соочување станувам невидлива за да не бидам соочена и јас во соочувањето! За некој миг, пак доаѓа соочување како случајност во иднина.


Мојата иднина – ја создавам јас

II Одблесокот во водата раѓа вистина, и огнот пламти како страста во исчекувањето, па и ветерот дува зашто му е наредено, треба да ја однесе валканоста на цивилизираните луѓе, и сонцето на исток почна да се раѓа, па и секој сон на сон е заборавен во сонување. Во секоја случајност има спонтаност, во секоја спонтаност се наоѓа случајност, за да ја осветлат иднината таму на хоризонтот. И кога сè е случајно, се појавува намера, или не... тука била, ѕиркала меѓу воздишките на насловот. Елена Костовска II-9 СУГС „Никола Карев“ – Скопје

97


98

Творам за Македонија

Мојата иднина- ја создавам јас Мечти, идеолошки распрскувања во кратковидоста, изусти- безсуштински значења, лелеава сеножност, рутинска сатисфакција... Јас Оптичка проширеност, вдлабнати жариштата на патот, на погледот, на сјајот од свеќата на врвот, на смрдјавата на загадената опколност, на аристократската завладејаност, на сè .. Крстореди на слова пререкувани притиснати низ гласотекот на срцевиот отчук, на тоновите низ иднината одречени и шумолот на лисјата оваа есен и контрастот на нагласеноста и дождот на пурпурни сетива и талканијата со умот низ лавината и времето во доба на заклучување... Каде сме? Колкав е крајот? Каде е недореченоста? Дрворед, чистоглед, дрворед, чистоглед... и еве нè на првата чистинка од недосонот. Можеме да допреме со сончевиот одзрак на полноќ, можеме само ако изоставиме дел од говорието, можеме и да се нурнеме во непротокот... Можеме ли?... Дали?!


Мојата иднина – ја создавам јас

Дали сега или не, дали тука или не, дали некогаш или не? Збунувачки прашања, теоретски упатувања, дискусии со видни полемики, дебати и молк.. провидни размислувања, заклучоци и пак само Јас! Сталежот во новата ера, ерата на иднината, на механиката, монотоноста и апстрактот со техничкото мото... Ајде, пронајдете се! Допрете од дното на Сократ и недофатот на Хесе, престигнете се, проширете се, истекнете се – Докажете! Вие иднината сте! Марија Бојкова IV-2 СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија Ментор: Бисерка Гунова

99


100

Творам за Македонија

Мојата иднина - ја создавам јас Својот живот го гледам како земјен пат по кој морам да одам боса. Секој непромислен чекор ми носи нов почеток, а цел свој свет на грб го носам. Дали ќе ме сопне камен, или ќе ме боцне трн? Болката минува, зад мене ќе остане, понекогаш мораш и да пуштиш крв. Ги носам своите спомени и ме гори јажето што ми седи на плешки, колку и да сакам, не можам да ги спуштам, бидејќи така учам од своите грешки. Чекор, чекор, раскрсница. Крај не им се гледа. Чекам, чекам, нова пресвртница. Стапнувам лево, патот десно се руши. Можам само да се надевам дека ова не е патот на изгубените души.


Мојата иднина – ја создавам јас

Не барам иднина запишана во ѕвезди и карпи. Не барам иднина претскажана со некои чудни карти. Јас и само јас можам да си створам иднина и глас. Чекор, чекор, раскрсница... Драгана Кнежевиќ СОУ „Гоце Делчев“ Валандово

101


102

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам јас Еден ден, многу одамна кога бев мала, се разбудив сосема сама, ги протрив очите и кога се свртев на другата страна на средина на собата видов една огромна скала. Стара, дрвена, рамна скала која изгледаше како да нема крај, почнав да се качувам зашто изгледаше како таму горе да имаше рај, насекаде само бели облаци налик на перници, беше пријатно ладно како да беше есен, а од време на време ме удираше ветер бесен, качувањето почна да ме уморува страшно, а во глава ми се вртеше само едно прашање: Зошто? Не знаев каде одам ни што правам, а од тенкиот воздух почнував да се предавам, времето беше насекаде околу мене, и многу нејасно и со умор му шепнав, потоа една скала нагоре рипнав а тоа ме повлече за рака, си помислив: ,,Што ли од мене сака?“ А тоа исто толку нејасно ми вели: „Пронајди ги своите цели, разгледај што имаш долу, а потоа почни да се качуваш.“ Јас му велам: „Еве ќе направам како што кажуваш ама што ако пак биде вака тивко и празно?“ Ми враќа: „Ти самaта бираш дали ќе биде убаво или грозно.“ Потоа молкна и како со облаците да ми пиша: „Самиот скалите си ги поставуваш, пробај ниедна да не промашуваш.“ Одбив полека да се спуштам па решив од неа да се пуштам, паднав многу побрзо отколку што се качував


Мојата иднина – ја создавам јас

и си велем за што ли толку време се измачував, ама кога погледнав околу мене тоа беше друга стварност, тоа беше една лоша реалност и тогаш се сетив дека ако се спуштав скала по скала друга иднина судбината би ми дала. Го слушнав времето како пак се спушти до мене, иако така легната на земјата на која паднав не бев при себе, знаци дека го слушам му давав и тоа гласно ми повтори: „Пат кон иднината ти сама си отвори!“ И потоа пак во облаците се затвори и ме остави сама на иднината да се спротивставам и ветувањето што го си го дадов да го исполнам. Милена Сиљаноска IV година „Јосип Брзо Тито“, Скопје Ментор: Јасминка Видевска

103


104

Творам за Македонија

Мојата иднина - ја создавам јас Иднината во каменот врежана, од ѕвездите создадена, во бескрајот недогледана, во очите насмеана. Секој од нас сам за себе иднината си ја создава со своите постапки и одлуки за нејзино остварување сонува. Секој од нас треба сам за својата иднина да се бори со пламен во очите напред, пламен кој непрестано гори. Иднината наша е сон неиссонуван, солза неисплакана, песна недопеана, смеа недосмеана, тага нетагувана, патека неизвесна. Што и да сториме колку и да се противиме иднината своја сами си ја кроиме нечујно и тивко си ја создаваме. Столе Каламадевски IV клас СОУ „Никола Карев“ - Струмица Ментор: Ице Беличев


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина – ја создавам јас Бев бебе, мало среќно бебе кое растеше во рацете на својата мајка. Се будев секое утро со првите сончеви зраци, зборував со белите мугри и им пружев бебешка насмевка но, сето тоа е веќе минато. Јас пораснав... Сега седам во училишната клупа, го гледам Сонцето кое и денес го гали моето лице, ги слушам капките на дождот додека надвор врне, навечер сум пријател на Месечината ги заменувам ноќните птици, седам до прозорецот со лист и пенкало в рака. На листот ја пренесувам преку зборови мојата тешка мака. Фрлам поглед надвор, во небото ги здогледувам ѕвездите, како го играат својот танц на мелодијата на ветрот, а пак долу на тротоарот го здогледав скитникот како седи стуткан и рони солзи, солзи полни со невиност. На момент се почувствував токму како него. Во душата ми гореше тагата, солзите почнаа една по една

105


106

Творам за Македонија

да се пролеваат по лицето. Капна првата солза на листот кој го држев в рака. Како што чекореше капката по листот така се разлеваше мастилото од зборовите кои беа напишани. Останаа само траги, траги од тага... Она што пред малку беше сегашност, сега веќе е минато. Како што се движат стрелките на часовникот, така секој миг станува минато, секој следен миг е наша иднина и нова надеж. Размислуваме што понатаму? Можам ли јас да излезам од депресијата која ги нападнала моите мисли? Дали може скитникот да ја надмине бедата во која живее? Да, можеме. И пред мене, и пред него стои една свеќа, свеќата на животот. Онаа која ја дава целата светлина за да ги расчисти нашите мрачни мисли. Имаме уште долг пат кој нè чека во животот. Идината е пред нас, таа стои во наши раце, нејзе ја создавам јас и јас одлучувам по која патека во животот ќе чекорам. Гушева Ивана II-4 клас СОУ „Јане Сандански“-Струмица Ментор: Сузана Гојкова


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА - ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Зарем иднината имала иднина!? Зарем сега, овде зборовите ќе добијат парафразирачка вредост!? Ќе бидат ли некогаш мечтите за иднината токму сега во сегашноста? За некои иднината е само крвав стих, фатил ,,прашина“ зад придавките во стиховите на некои големи поети. За повеќето пак банален поим, симптом за превртување очи и вирус, вирус за душата. За мене? За мене светлата иднина е подарок само за луѓето кои сонуваат и кои барем еднаш во животот се запрашале кои се сега, а кои би требало да бидат. Ве поразил животот? - Потпрете се на иднината. Ве болат старите рани? - Потпрете се на иднината. Ве измамила судбината? - Потпрете се на иднината. И секогаш сè се сведува на тоа, СОНОВИТЕ ЗА ИДНИНАТА. И кога на крајот сè ќе заврши, дали ќе останат само соновите? Од Вас зависи, Вашата иднина зависи само од Вас, од Вас зависи дали соништата ќе бидат пред Вас, или ќе ве болат и ќе живеат во Вас. Флертувајте со сегашноста,

107


108

Творам за Македонија

за таа да заборави на нејзината љубов - МИНАТОТО. Сонувајте за да имате иднина, борете се самите со себе за неа! Василева Зуле I-7 СОУ „Јане Сандански“ Струмица Ментор: Гордана Донева


Мојата иднина – ја создавам јас

109

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Доследно ја градам иднината своја размисла нова иде, пронајдок со горда слава. Висок на став подавам рака, предност давам на силата бледа. Делата силни, смели даруваат почетни цели. Во секој план, мисла и емоција: Како да ги качам скалите од кои не треба да бегам? никогаш да не заборавам каде толку решено сум се упатила, за да знам и да се сеќавам точно од каде сум почнала. Драги светли друмови, чекорот мој го пратат охрабрено блистам од ловот на предокот мој и подарок од светло, излачувам вредна криза. Ги гледам пред мене сите мои желби и стравови, сите таги и јадови, па верувам силно во мојата иднина како што веруваат деца, со мастилни пенкала ја пишувам, ја чрктам и пребришувам, ама моја си е затоа на крајот јас се потпишувам. Марија Алиева I-3 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес Ментор: Весна Павлова


110

Творам за Македонија

Мојата иднина - ја создавам јас Иднината е ѕвезда водилка кон посветлиот пат исполнет со нови знаења, предизвици, услов да се искачиш на погорниот кат. По патот на иднината чекорам сама силно и одлучно, вредно учам, тренирам, почитувам, донесувам одлуки праведно. Помагам во неволја на сите зашто доброто со добро се враќа. На мојата иднина јас й нудам чист и прав пат зашто сакам кон успеси да ме праќа. Мојата иднина е мој предизвик, секојдневна моја задача: Постарите да ги почитувам, вредно да учам, другарството да го негувам, читањето книги да е мој прозорец кон светот. Да подавам рака за нови пријателства, луѓето да ги ценам по делата, а не по богатството. Й верувам на мојата светла иднина од длабочината на срцевиов лак дека преку моите чесно исполнети задачи, секојдневно јас ќе й создавам олеснителен зрак. Аврамова Александра I-3 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес Ментор: Весна Павлова


Мојата иднина – ја создавам јас

111

Мојата иднина - ја создавам јас Овој врнежлив октомвриски ден пак ме натера да се затворам во мојата соба. Да го земам пенкалото и белите листови, да пуштам тивка музика, да го отворам срцето, да пишувам, а зборовите да се нижат на белите листови исто како ритамот на музиката. Често се запрашуваме за иднината, дали ние сами си ја градиме или пак судбината одредува? Јас би рекла: - Иднината е светлина кон која чекориме низ животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нас. За да изградиме добра иднина мораме да имаме темел уште од минатото. Мораме да поминеме низ многу порази кои ти даваат сила, а и победи кои ти даваат уште повеќе енергија за да продолжиш. Пишував, зборовите се редеа, музиката доаѓаше и поминуваше, часот брзо леташе. Наеднаш се слушна крцкање на паркетот во собата чекорите беа бавни, спокојни, некој чукна на вратата. Го препознав уште пред да се појави во мојата соба, тоа беше мојот дедо. Му реков слободно да влезе. И овој пат следуваше истото прашање: - Зар повторно белите листови се криви за случувањата? Овојпат што пишуваш? –За иднината дедо- додадов тивко. Седна полека на столот којшто се наоѓаше точно до прозорецот. Некое време ги набљудуваше капките дожд кои удираа по прозорецот, потоа ме праша: - Што претставува за тебе иднината, па и животот? Следуваше молк. Не бев од оние девојки кои слободно би зборувале за сè, моите бели листови ми беа доволни за да го кажам она кое што срцето не можеше да го каже пред било кое човечко битие. -Знаеш јас сум доволно стар за да на овие години многу добро знам што е добро во животот, а што лошо, – додаде дедо ми. Разочарувањата и среќата кои што секојдневно чукаат на вратата од животот ги сметав за пријатели. Секое разочарување ме подбуцнуваше кон сонот за добра и блескава иднина, а среќата, таа ми даваше уште повеќе


112

Творам за Македонија

сила за да го остварам испланираното. Секогаш одев со мислата ако не се случи овој ден можеби наредниот. Доколку утрото не ми донесеше светла иднина, го чекав наредното изгрејсонце, наредниот ден, но не со тага затоа што тагата ги уништува луѓето. Пријателите се оние кои што после паѓањата би те подигнале. Верував во нив и знаев дека нивната насмевка, добрина којашто ми ја правеа беше лекот на моите рани. Велат животот не е живот без пријатели, животот не е живот без успеси и неуспеси, животот не е живот без среќа и насмевка, па и животот не е живот доколку нема болка и тага. Но велат дека животот е школа од којашто секој ден учиш по една лекција. Помагањето на луѓето често ме усреќуваше па за возврат доволна ми беше и една блага насмевка, една топла прегратка. Сето тоа беше доволно за еден успех, еден чекор понапред кон својата цел за добра иднина. Затоа како што велат кралот не би бил крал ако не помага на своите луѓе во кралството. - Да дедо – реков самоуверено. Го знам тоа, затоа што принцеза не е онаа која што е со круна на главата туку со круната на срцето. Ме погали нежно по главата и рече: - Запомни во животот не секој сака ти да бидеш среќна, во животот има многу лоши луѓе кои што би сакале да те повредат, да ти наштетат, не секој знае да ја цени добрината. Можеби твојот збор за некој претставува болка, твојата среќа за некого претставува тага. Но како е речено: „Секое лошо за добро е што и да е ќе помине.“ Патот до успехот е преку напорната работа. Секој незаработен успех има краток рок на траење, секој поинаков постигнат успех нема вредност. Успехот тешко се гради, но за миг може да се уништи исто како довербата. Бидејќи чедо речено е: „Една тула е доволна за да се почне куќа, но за целосна изградба потребно е многу маки и труд. Така е и со успехот.“ Снежана Стојанова II-12 СОУ „Никола Карев“, Струмица Ментор: Ице Беличев


Мојата иднина – ја создавам јас

113

Мојата иднина ја создавам- ЈАС! Не верувам во судбина. Верувам во себе и во ретките среќни случајности и околности. Ако некаде таму, во „книгата на животот“ веќе се испишани нашите приказни, тогаш која е поентата секојдневно да се будиме, да стануваме од кревет и да го живееме секојдневието? Та нели и онака веќе се знае крајот и исходот од нашето постоење. Не можеме вечно нашите грешки да ги препишуваме на добро познатото „така требало да биде“. Превземаме одговорност за нашите постапки и тоа нè прави подобри луѓе. Самосвесноста денес е потценета доблест. Не верувам во судбина. Тоа не ме прави грешник, само едноставен човек. Човек кој живее во моментот и мисли на тоа како неговите постапки ќе се одразуваат утре... Не верувам во „што е твое - ќе си дојде“. Доколку не го побараш, доколку цврсто не ги затвориш очите и не посакаш, додека за желбата не се избориш и ако не ја заслужиш - не доаѓа пријателе... А и не би било праведно од страна на „универзумот“ ако ти овозможи нешто што не си заслужил. Не верувам во судбина. Верувам во работа и труд. Сè што имаме на располагање е денешниот ден. Вчера е веќе минато, а утре допрва ќе дојде. И ако нашите предци, големите умови, веруваа во судбина тие едноставно ќе се откажеа од борбата. „Така требало да биде... Ние да немаме свој јазик и писмо“, „Така требало да биде... Да сме асимилирани и поробени“, „Така требало да биде... Книгите да ми бидат запалени како казна што имам свое ЈАС и што размислувам со своја глава...“. Колку апсурдно звучат овие искази. Дури и во најтешките моменти, кога горел на клада и кога само еден поинаков збор можел да го искупи, ТОЈ изустил „Сепак се врти“, а не „Така требало да биде“. Не верувам во судбина. Зошто универзумот би ни дозволувал да правиме сопствени избори, зошто би нè искушувал? Ние сме тоа што ќе избереме да бидеме, нашата иднина е тоа што ќе одбереме таа да биде, а не тоа што некој друг веќе за нас го избрал. И да,


114

Творам за Македонија

голема е одговорноста која треба да се сноси со секоја одлука и не секој ги поднесува последиците од сопствениот избор. Но на крајот од денот, она што мораме да го прифатиме е дека „книгата на животот“, на нашиот живот, за цело време била тука, а ние сме ја криеле под перница како дневник. Ко дневник на мало девојче испишан со стихови за првата љубов. А и пенкалото било во наши раце... И сè уште е... Само уште толку, доволно за да го ставиме нашиот потпис на крајот на последното поглавје. Верувам во животот. Нема поголемо задоволство од тоа да видиш дека си успеал. И таму некаде во златното доба, кога знаеш дека си блиску до крајот на трката живот наречена, само за момент да се свртиш назад и да ја наситиш душата со сликата пред тебе што ќе ја видиш. Љубовта на твојот живот до тебе, вечно тука да те погледне со очите на срна, мала, нежна срна која знаеш дека не е беспомошна зашто цел живот ти го чувала грбот. Да ја прегрнеш твојата срничка и да им се насмеете на вашите деца кои како да ја искажуваат својата благодарност затоа што знаат што сè за нив сте направиле и жртвувале. Ги прегрнувате и нив и потоа ги гледате внучињата кои ја прекинуваат играта за да се затрчаат и да ви се втурнат во прегратки. Го знаете она чувство кога мислите дека срцето од милина ќе ви препукне? Тоа е чувството дека сте успеале, сте ја донеле вистинската одлука. Тоа е среќа! И не верувам во судбина. Сакам да знам дека сум одговорна за таа среќа и дека сум направила сè што можам за неа да ја добиијам и да можам тогаш, некој убав „утрешен“ ден да погледнам што зад себе оставам и да бидам горда на себе. Да можам моите најмили на ручек да ги седнам и да знам дека тие ќе продолжат исто, дури и подобро од мене затоа што и нив сум ги воспитала да веруваат во себе посакувајќи им го само најдоброто на овој свет. А тие ќе успеат. Знаете како знам? Затоа што не се откажуваат по секој пораз, знаат да станат и да продолжат. Не верувам во судбина. Верувам дека мојата иднина- ја создавам ЈАС. Драгана Крстевска III-5 клас СОУ „Гим. Добри Даскалов“ Кавадарци Ментор: Кочо Кочов


Мојата иднина – ја создавам јас

115

МОЈАТА ИДНИНА- ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Колку пати само сме размислувале за иднината, сме се потсетиле на минатото, сме уживале во сегашноста? Она што сега е минато, некогаш било иднина, а она што сега е денес, утре ќе биде минато, но движечката сила на овој циклус се одлуките кои сме ги донеле и резултатите кои ги согледуваме потоа од нив. Дали сме задоволни од секоја наша одлука? И ако не сме, оптимистички поглед кон иднината ќе нè потсети за долгиот пат пред нас и за можностите чии врати се отвораат со еден клуч оној на слободниот избор. Секојдневно во мислите ја градиме нашата иднина, но зошто тоа не би го преточиле во реалност? Според мене доволно е соништата да се претворат во цел, зашто цел е она што треба да се постигне. Ниту некаква пречка не може да биде достоен противник за силната желба и волја. И желбата е придружничка на љубовта, како што е љубовта следбеник на желбата. На патот кон остварување на замисленото, се наидува на многу раскрсници со знаци: „ЖЕЛБА-ЗОШТО ДА НЕ?“ Ова прашање е еден вид на мозочна игра со која разумот го предизвикува срцето; меѓутоа ова е само едно гледиште, но што е со другото? Се разбира, за некои работи во животот се потребни и жртви. Има и успешни и неуспешни денови, но без исклучок сите тие се еднакво важни, зашто нè учат на нешто. До овој степен на животот јас научив дека иднината е непредвидливо нешто. Зошто би предвидувале нешто, кое самите го креираме? Како пример за ова може да се земе образованието. Кога го започнуваме со нас ги понесуваме оние детски желби, фантазии, но со созревањето полека почнуваме да ги откриваме нашите вистински афинитети и овие желби остануваат онаму од од каде што дошле, во детството, како потсетник на едно убаво време. До матура сите ние знаеме што ни претстои, но што потоа? Изборот


116

Творам за Македонија

на факултет е една од оние клучни животни одлуки, од која зависи и природата на нашата иднина. Почнувајќи од мене, сметам дека многу млади луѓе се зафатени во недоумици, во борба на желбата и разумот. Некои можеби сакаат да зачекорат по потежок пат, но ги плаши неговата стрмнина. Тие, правилната насока ќе ја побараат онаму каде што и нивните пријатели, мислејќи дека посигурно ќе чекорат со нив, чувствувајќи се исполнето. Но, тогаш кога пријателите ќе го постигнат посакуваното и кога нивните битија ќе се исполнат со задоволство, оние залутаните ќе се почувствуваат празно. Други пак ќе размислуваат на долгорочни патеки, ќе ја разгледуват општествената состојба, најбараната професија. За нив имам само една порака: Ништо од тоа не е вистинско! Вистинско ќе биде само она кое вие ќе го направите! Затоа да ја оставиме желбата да ни биде водилка, а упорноста – десна рака, зашто сè се може ако се сака. Да размислуваме разумно и добро, но не против својата посветеност. Зашто разумот бара, но срцето пронаоѓа! Човек секогаш може да избере. Него, всушност го прават човек, сопствените избори. Затоа да го избериме начинот на кој ќе ја градиме својата иднина. За крај, една впечатлива мисла од Виктор Иго: „Не постои ништо како сонот да ја креираме иднината”. Елена Ридова II-1 клас СОУ Гимназија „Добри Даскалов” Кавадарци Ментор: Ристенка Јосифова


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина-тоа сум јас Ја чувствувам свежната на тивкиот ветер, и последните капки дожд на моите трепки, на секоја пора од моето лице додека погледот ми плови по брановите на првиот сончев зрак, барајќи ја иднината. Така се губам во времето и просторот, во секојдневието. Не можам, а можеби и не сакам да се искорнам, убаво си пуштам корење како старо дрво со нови лисја на пролет, секогаш ја чувствувам свежината. Никој не е совршен и моливот на врвот има гума. За она што ќе го напише ако е грешка, да може да се избрише. И навистина, никој не е совршен. Сите грешиме, секој ден наново. Но учиме од грешките, учиме за во иднина да не ги повториме. Во мојата сплотеност и мисла секојдневно се трудам иднината да ја создадам цела, сигурна, цврста. Добрите работи кои ги мечтаам ми доаѓаат на сон, расцутени од љубов, разлеани од црвени капки ружи на белото писмо. Само така ми доаѓаат на сон. Ми го најавуваат светлото утро. Тие, со силата на својата реч

117


118

Творам за Македонија

му даваат бесмртност на денот. Добрите работи ме научија како се љуби и сака како се пишува ода за бесмртната љубов без мака. Мечтаам за иднината, за среќа и тло со успешна надградба. Фантазијата и кохезијата за мене станаа живот, испомешани чувства, хаотични мисли, патека кон успешноста! Таа љубов за иднината извира од свеста како потреба и неопходност, а не како парола, убава мисла или метафора. Иднино! Ти притаено сонце во моите зими. Те мирисам како свежите таласи, те галам како последниот здив од пролетта, ти се радувам како првиот ден од есента, те создавам со милостина и песна од нежност. И кога мечтаеш за светлина и кога секој ден ја создаваш творејќи на виделина и тогаш кога успеваш, е тогаш ти си како горд победник со насмевка поведра од секоја ведрина, со своите дланки го држиш златното сонце како пехар, и ја враќаш светлината од оние моменти кога ја губиш секогаш одново и наново. Таму најгоре, во највисоката висина стои животот. Се отсликува борбата и светлината во монотоното огледало. Се качуваш по високите патеки за да стигнеш до среќата. Едноставно кон таму патувам јас. Исполнета со енергија, со добрина, позлатена љубов, опкружена среќа од радосни крикови и топла прегратка со езерска убавина во капките очи.


Мојата иднина – ја создавам јас

Со темел на знаење, цврстина под нозе и срце широко за ангелите на стварноста. Јасно е сè! Мојата иднина е умешност на успешност. Мојата иднина-тоа сум јас. Надица Туриманџова I-4 СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов“, Кавадарци Ментор: Катица Манева

119


120

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам – јас Иднина, време, живот, работи кои уште многу векови не ќе можеме да ги објасниме. Има нешто што неочекувано нè скокотка однатре. Иднината ни се крчка во вените. Чекајќи ја и бркајќи ја и повторно не фаќајќи ја, губиме време за градењето на нешто поважно и поголемо од неа. Нешто што постои. Нешто што е тука, а не го гледаме талкајќи по нешто непостоечко. Илјадници мисли и идеи непотребно и безнадежно умираат секој ден бидејќи немале иднина. Идеите се нашите другаркипоттикнувачки. Мислите се доказот за нашето постоење. Заедно, од нас создаваат високи умови и нè вивнуваат на места каде што не би достигнале да не мислевме и да не замислувавме. Што е иднината? Наша замисла и наша идеја за нашето развивање, наше фантазирање за постоењето што денес не постои, а токму тоа го немаат идеите. Немаат ништо што не постои, зашто во нив постои сè. Тие талкаат низ времето будејќи се во нас, додека ние ги осудуваме на пропаст заради стравот од непознатото, стравот од иднината. Стравот од нешто што не постои, тоа е главната причина да продолжат да умираат, а можеле да бидат цврсти темели на нешто ново и просветлено, ново создадено. Животот пак, е нешто што се случува додека времето поминува. Животот е остаток од времето. Времето пак, е незапирливиот круг на животот. Некаде во срцевината на тој круг се наоѓате и вие. Зошто непоправливо го учиме минатото? За да не го повториме во иднината? Така залажувајќи се, одбиваме да напишеме нови страници, продолжуваме да читаме нешто што изминало. Започнуваме анализирајќи случаи и однесувања, а тогаш завршуваме повторувајќи го истиот круг кој сме го избегнувале. Тоа се случува бидејќи ние создаваме сега и тука, создаваме со секој потег, со секој збор што го пукаме како куршум. Ние создаваме за себе, но и за другите, бесконечно создаваме, секој


Мојата иднина – ја создавам јас

121

ден и во секој момент. Со луѓето што ги запознаваме создаваме нови чувства, нови врски, нови почетоци. Со проучувањето создаваме нови сознанија, нови заклучоци и многу нови промени создаваме и тоа трае бесконечно. Но, ако ние сето тоа внимание го пренасочиме во решавање стари проблеми, во проучување на стари случаи ние не создаваме нешто ново, ние живееме во заблуда. Ништо не се враќа онакво какво што било и затоа не вреди да се повторува историјата. Мора да се пишува и создава нова. Што всушност се обидуваме да направиме, од што бегаме и што сме? Кои сме ние? Иднината е метафора на надежта на нешто што нè очекува. Ние не можеме да создаваме врз основа на едно големо ништо. Не можеме да живееме во илузиите што ги бараме, не забележувајќи дека веќе имаме сè. Сето она што ни треба, го имаме, што бараме имаме, ама барајќи повеќе, не заситувајќи се и барајќи нешто што не постои, лутаме и се губиме во времето, во просторот. Во животот. Ние се имаме себе си. Зарем не е тоа доволно? Во секоја наша клетка цути живот, низ нас тече времето, во нас се наоѓа просторот, ние сме нашиот мал универзум. Моќта на нашите тела, на нашите умови е повеќе од тоа што некогаш би можеле да замислиме. Ние не можеме да сфатиме што е сето она што постои. И не се познаваме доволно за да престанеме да создаваме. Ние создаваме за да се запознаеме, ние се создаваме себе си. Ние сме богати и треба да бидеме благодарни, но наместо сето тоа, одбираме да отфрлиме сè поради едно големо и непотребно НИШТО. Се плашиме од тоа што не се познаваме, стравот нè спречува да создаваме, да се откриваме. Така живееме заглавувајќи се, не знаејќи дека кога ќе се откриеме ќе почнеме пак да се откриваме и повторно да се создаваме. Животот не престанува, туку продолжува да тече проткаено со создавањето. Затоа јас не создавам иднина, јас сум сето она што ми треба, јас сум она што го имам, јас сум дел од времето, просторот и животот. Јас сум богата и благодарна на овој мал универзум што


122

Творам за Македонија

го поседувам, што ми е подарен. Јас сум надеж, јас сум тука, постојам, мислам и создавам. Нема да ги отфрлам идеите и мислите што течат во моето тело, зашто тие го поврзуваат мојот универзум меѓу него и со другите мали светови околу мене. Ние сме умиверзуми, ние сме како ѕвездите, ние постоиме сега и тука, а сме во потрага по едно ништо. Можеби затоа што од тоа сме настанале. Ако дојдеме до крајот, ако ја фатиме иднината ќе почнеме од почеток. Нема крај бидејќи ова е кругот на животот. Јас не живеам за иднината, јас градам со мислите, јас градам со идеите, јас градам со соништата, а украсувам со желбите. Јас го ткаам мојот мал универзум, јас се откривам себе си, бидејќи создавам единствено со тоа што го имам. Јас сум мојата иднина. Ели Шапкарова III-1 клас СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија Ментор: Даниела Џишева


Мојата иднина – ја создавам јас

МОЈАТА ИДНИНА - ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Доаѓа ден по ноќта. Доаѓа сонце по дождот. Доаѓа утрото кое носи надеж, надеж која нè води низ соништата, соништата кои ствараат слика, слика која ја прикажува иднината, иднината која ја создаваме ние, иднината која нè создава нас. Илузија од таа визија, рефлексија во тоа огледало. Огледај се! Задоволен ли си од таа илузија? Би променил ли нешто во неа? Би војувал ли меѓусебни битки? Би се изборил ли за подобро јас? Иако длабоко во себе, знаеш... Знаеш што се крие под тоа лице, но велиш не... Слабоста е појака, зар не? Слабоста те обзема, слабоста те спречува те спречува да ја водиш таа битка, па наместо да се бориш ти се откажуваш. Се откажуваш бидејќи поседуваш фобија, фобија од неуспех. Земи го тој ризик, макар и изгуби. Изгуби, па добиј така оди тоа сонцето, па дождот дождот, па сонцето денот, па ноќта

123


124

Творам за Македонија

ноќта, па денот победа, па пораз пораз, па победа... Цветанка Христова III клас ДУФК „Методи Митевски-Брицо“, Скопје Ментор: Анета Трајковска


Мојата иднина – ја создавам јас

125

Мојата иднина – ја создавам ЈАС Погледни се. Млада и убава. Оган наместо срце, река наместо душа. Но, во борба. Реалноста против соништата. Кој доминира? Дај го тој чекор напред. Ајде. Направи прогрес, сруши го својот рекорд. Желбата нека ти биде поголема од стравот. Оживеј го сонот. Живеј го истиот. Престани да ги проголтуваш зборовите. Кажи. Можеби ќе направиш промена. Смеј се. Плачи. Смеј се додека стомакот не те заболи од смеа и не заплачеш од среќа. Читај книги. Слушај музика. Играј. Посети го местото што отсекогаш си сакала да го видиш, но, си немала време. Кога ќе сфатиш дека можеш да правиш што сакаш? Тоа те гради тебе, твојот живот, ТВОЈАТА иднина. Бидејќи, еден ден, гордо ќе можеш на своите деца да им кажеш: „Мојата иднина, ја создадов ЈАС!“. “Иднината припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Еленор Рузвелт Памела Реџеповска II-4 СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип Ментор: Сузана Арсова


126

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам јас Таму каде што завршила илузијата започнува животот, а кога сме разочарани сонуваме наголемо за светот и иднината во која би сакале да ја живееме и за која според нас вреди да се бориме. Времето не можеме да го смениме ниту да го запреме. Заедно со времето се менуваат и луѓето, но нивните спомени остануваат исти. Понекогаш можеби и ненамерно го забораваме нашето минато и се посветуваме живеејќи ја сегшноста, а сонуваме за иднината. Сонуваме за тоа како би било кога би било, но животот е сето она што ни се случува додека ние кроиме други планови. Нашата иднина е всушност воз ко ј секогаш има една почетна станица. Низ своето патување мораме да поминеме време и со други патници. Ние всушност не ги одбираме нив туку само одбираме дали би се прилагодиле на нив или би се оддалечиле. Секој сам ја крои и создавасвојата иднина. Таа е како еден напишан роман но има една голема разлика, во романот може да се сврти на најубавта страница, а во реалниот живот не. Иднината наша е всушност еден цртеж без гума за бришење. На неа ги цртаме сите наши желби и мечти, соништа и стравови. Ако сакаш да ти се случи нешто ново или пак да притигнеш на ново место секогаш мора да тргнеш по нов пат. Патот до сонот, патот до јасно зацртаната цел. Во животот сè ни се случува со одредена причина. Во секое зло има и по нешто добро, во лошите моменти сите тагуваме и плачеме но исто така и се смееме и пееме бидејќи забавата ни дава сила, ни дава нов и храбар живот. Секогаш има светлина на крајот на тунелот и правилен пат на секоја нова раскрсница, а ако го слушаш срцето ќе го пронајдеш. Животот е дар, а ние сами одлучуваме како би го искористиле. Симона Борова II клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес Ментор: Александра Стојановска


Мојата иднина – ја создавам јас

127

Мојата иднина- ја создавам јас Да се разбудиш еден ден и да го живееш твојот сон, да имаш сè што отсекогаш си посакувал, да го правиш тоа што те прави среќен и да бидеш она што си... што повеќе да побараш од животот? Спремен или не еден ден сè ќе заврши и ќе исчезне сè што си планирал, а не си го реализирал. Нема да биде важно сето она за што си се трудел и си изградил, туку она што си го дал. И нема да биде важно колку долго ќе те паметат, туку по што. Вчерашниот ден е историја, денешниот мистерија, а утрешниот? Што со иднината? Дали си човек со отворена книга и отворена иднина? Не плаши се да живееш и твориш. Не плаши се да се истакнеш и да помогнеш. Не плаши се од она што живее во тебе. Не плаши се од себе. Не можеш да владееш со светот во кој никој не те подржува, но со твојот свет можеш. Ова е твојата приказна, и не е сè како во бајка... затоа ова се нарекува живот. Ќе паднеш еднаш, два пати, десет пати. Ќе станеш. Секое откажување е губење на време. Можеби си видел како е да се откажеш, а што би се случило ако продолжиш? Секое утро е неиспланиран ден. Секое утро е нова можност да се обидеш повторно. Од судбината не се бега и сите ќе си тргнат по свој пат. Биди сигурен дека и ти имаш твој пат. Секој почнува некаде, но крајот на патот зависи од тебе. Бидејќи твојата иднина ја создаваш ти. Матеа Горевска II клас СОУ„Гимназија Кочо Рацин“, Велес Ментор: Александра Стојановска


128

Творам за Македонија

Мојата иднина - ја создавам јас Блескава светлина, силна.. Бескрајност недогледна, ширна.. Слика со безброј точки.. Ѕид нареден со шарени плочки. Иднината би била тоа, нешто незамисливо, нешто неописливо, нешто што можност ти дава да стекнеш голема моќ, достоинство, почит, слава, но можеш и во длабока да пропаднеш кал, погледни зад себе, помисли дали некому нешто си дал? „Што си посеал-тоа ќе жнееш“, една поговорка вели стара, но таа правата смисла на животот ја дава. Како низ минатото си постапувал ти, тоа во иднина најмногу ќе си. Иднината на неколку патишта се дели, но ние сами го бираме својот, така, нели? Многу пари, облека, храна, куќи и фирми голем број... застани, полека ти не си тој! Замисли иднина поубава, замисли топол дом, замисли мирен сон, замисли љубов голема силна, замисли другарство без мана..


Мојата иднина – ја создавам јас

129

но не заборавај на ниедна твоја рана. Секогаш нешто непосакувано може да се случи во секој нареден час, но не се разочарувај, имај надеж, ќе најдеш спас. Може и болест да те нападне и во сиромаштија животот да ти пропадне, но помисли, иднината е непредвидлива и може да се промени во секој миг таа може да го насмевне нејзиниот лик. Најважно е да имаш совест чиста, за да имаш и иднина таква убава, иста. Немам зборови за сегашноста, не сум сигурна дали сакам да го вратам минатото и не знам што ке биде во иднината, но знам дека животот тече, а ако не го искористиш секоја солза по изгубеното многу ќе пече. Александра Мечкаровска II-2 Гимназија „Кочо Рацин“ - Велес Ментор: Александра Стојановска


130

Творам за Македонија

Мојата иднина – ја создавам јас Живот со љубов, знаење, искуство исполнет, нешто што посакуваме да оствариме, безброј планини да искачиме, среќа да подариме, нешто што ќе вреди на овој свет. Кога сонцето ќе огрее и денот ќе османе за тебе гордо да ја тргнеш црвената завеса пред себе бидејќи знаеш дека се со труд си стекнал И благодарение на истрајноста од плановите не си се порекнал. Кога низ некој лавиринт ќе се изгубиш, кога низ неволја ќе почнеш да тонеш сети се дека успехот зависи само од тебе, не од било кој станувањето по пад е од круцијална важност за секој. И кога ќе почувствуваш дека исполнетост те обземува, доаѓа момент кој како личност те променува. Личност која е задоволна и среќна од постигантото, херој кој ги пречекорил препреките од минатото. Горда што продолжила без откажување, задоволна што пркоси без слабост покажување. Свесна дека ако дозволеше проблем по проблем да ја стегне немаше од зад оваа црвена завеса светот да го погледне. Живот со љубов, знаење, искуство исполнет, нешто што посакуваме да оствариме, безброј планини да искачиме, среќа да подариме, нешто што ќе вреди на овој свет. Драгана Кичукова III-3 СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“ Велес Ментор: Магдалена Сарагинова


Мојата иднина – ја создавам јас

131

МОЈАТА ИДНИНА ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Го чекорам патот на моето постоење.Сонувам будна и летам низ времето и просторот. Го сонувам мојот сон и го живеам неговото остварување. Мечтите го пишуваат сценариото кое ме води по патот обоен во боите на виножитото, во вкусот на животот кој споро се препелка пред моите очи. Да, знам... Мојата иднина е моја судбина... Со големи букви запишана во времето на моето битисување. А јас одлучно решив дека сама ќе бидам нејзин автор и изведувач. Се сеќавам на минатото, кога мојата иднина ми изгледаше многу поинаку. Повремено бев докторка, потоа учителка, со првото милениче станав и ветеринарка. За баба ми бев фризерка, за дедо ми манекенка, за татко ми физиотерапевт, а низ игрите со Сара бевме и сите останати професии. Од ден на ден сликата станува се појасна, но не и кристално чиста. Одлучив да си дадам можност низ разни активности да се пронајдам онаму каде што најдобро ќе се чувствувам. Сакам да ја пронајдам професијата која како сенка ќе биде залепена до мојата личност и ќе ја чувствувам како неизоставен дел од моето постоење. Животот е прекрасен, шаренолик во својата содржина и од сите негови делови, со умешност и креативност на уметник, секој треба да се потруди да создаде хармоничен уникатен мозаик, залепен во прекрасен микс од љубови кои се надопонуваат една со друга. И во таа шареноликост, како на филмска лента се нижат моите сништа. Мечтаам за денот кога ќе станам самостојна личност, академски граѓанин, некој кој доследно ќе ја исполни својата должност кон татковината, човештвото и кон себе. Мечтаам за пат околу светот, за денот кога ќе ја заситам мојата глад за авантури, мојата радозналост за другите култури, за земји далечни, за луѓе поинакви. Да се нурнам во непознатите длабочини на животот, од


132

Творам за Македонија

каде што бисер по бисер ќе го нижам ѓерданот на животот, толку драгоцен и вреден. Ќе ги турнам стравовите далеку во својата потсвест, и ќе отстапам место за животот без кочници. Ќе танцувам на дождот, ќе пеам додека плачам, ќе гушкам кога ќе сакам. Ќе го допрам секое суштество што ќе го сретнам по пат, ќе вкусам се слатко и горчливо, ќе плачам кога ќе се радувам, ќе помогнам таму кај што треба, ќе живеам, ќе дишам, ќе гледам, ќе растам... И ќе го остварам својот сон... Ќе ја создадам својата иднина... Сандра Јосифовска ДСУ Кочо Рацин


Мојата иднина – ја создавам јас

Мојата иднина ја создавам јас Сончев зрак се спушта на жешкиот асфалт, чекорам, не запирам, секој чекор, во ритамот на минутите, во ритамот на срцето. Чувствувам жештина под моите нозе, а патот е долг, кривулест. Моето двожење е бавно, запирам, пранги и окови ги оковале моите нозе. Ако останам така да седам, само спомени ќе редам. Собирам сила, излегувам од тие железни канџи, го слушам татнежот на возот во далечината. Да, и тој патува некаде кон иднината. Поминува предели разни, полиња пусти и празни и стигнува до ливади росни, до жита узреани плодови сочни. Како што возот ја знае совојата релација, мојата иднина е моја дестинација. Бисера Стојмановска I-2 СОУ „Гоце Делчев“, Куманово Ментор: Ангела Петковска

133


134

Творам за Македонија

Мојата иднина ја создавам јас Секој човек е сопственик на својата животна книга, на непредвидливата иднина која може да се смени за неколку мига. За напишаната судбина и среќа, одлучува тој, како печалбари во самотни дни, жедни за пој. Ко снегулка во ладна зимска ноќ иднината нè потсетува на нејзината моќ. На нашата нежна кожа доминација покажува и секоја животна приказна со сласт ја прераскажува. Ко вознемирени бранови во немирно море. Ко стуткано ливче во збеснат ветар кон горе. Ни закажува борба сè дур не ни застане здивот, за да ни овозможи убав и мирен живот. Цврстите темели на секоја куќа се дробовите бели, а иднината нè преиспитува за сопствените цели. Торба полна искушенија секојдневно ни донесува, со сигурни чекори и мисли на подобра иднина може да се верува. Димитри Ѓорѓиев – I год. ПСУ ,,САБА“ – Штип Ментор: Кирил Панајотов


Мојата иднина – ја создавам јас

135

Мојата иднина ја создавам јас ,,Иднина” – прозорец со румени, срамежливи стакла. Растреперени, слаби, но сепак со цврста основа поткрепени од двата животни сопатника. Минатото здружено со сегашноста. Тоа се всушност два столба од кој зависи прикачениот наслов на нашиот сомнителен дуќан, наречен судбина, каде секое клинче, рака под рака, го држи животот на дуќанскиот организам имајќи си свое животно патешествие полно со бури, падови и врели солзи од изворот на тагата. Но некаде длабоко во центарот на душата се затскриени позитивните клетки вредни за живеење. Сето тоа сочинува едно цело кое заедно со членовите на недоречените зборови и неискажаните мисли ја сочинуваат иднината. Таа е непредвидлива мистерија полна со загатки и прашалници. За секој одговор потребно е време кое трае ко вечност. За секоја приказна потребна е торба полно искуство за да се прераскаже. За секоја мисла неопходни се дузина други за да биде целосна. Сложен процес каде требаат многу состојки за да се открие конечниот резултат. А токму резултатот нè полни со страв и неизвесност. Нè обзема со трепет, ко доцен октомвриски златен лист подложен на секакви услови и закани. Но, ако двете кандели, минатото и сегашноста, со цврста подлога и долга животна „врвка“ имале позитивен исход, собата наречена иднина ќе се осветли со сета нејзина сјајност. Опасноста од нејзино зголемување би била минимална. Во таа соба, би владеела хармонијата со сите нејзини пријатели: љубовта, безгрижноста, насмевките. Но сета таа идила, би потонала во темното море, доколку негативниот и непосакуван ветер би оживеал и би ја покажал својата злобна моќ, изгаснувајќи ги преплашените кандели. Сепак, доколку секоја дупка е пополнета, секој прозорец е цврсто заспан, секоја врата замандалена не постои ниту најмал сомнеж дека имаме иднина од нашите најрани детски сни. Тоа е патоказ и правец


136

Творам за Македонија

кој ни вели дека Човекот сам си ја гради среќата, ни и сам си ја урива. Осамен се полни со солзи и осамен си бара утеха. Сам си ја прави иднината, а за да опстои потребен е цврст и сигурен материјал. Димитри Ѓорѓиев – I год. ПСУ ,, САБА“ – Штип Ментор: Кирил Панајотов


Мојата иднина – ја создавам јас

137

Мојата иднина – ја создавам јас Во недогледот пред мене, со остар поглед, многу често се обидувам да ги оживеам сликите од мојата визија. Сликите ми се менуваат како филмска лента. Ми се мешаат сите мои желби и мечти. Убаво е животот да е како пријатен сон, но не е секогаш така. Затоа започнувам од поблиската иднина, согледувајќи ја реалноста. Средношколските денови ги поминувам собирајќи го знаењето од моите професори, жедна за нови размислувања и предизвици кои ги чувам длабоко во депото на мојата душа. Тоа го надополнувам со секојдневните случувања, кои понекогаш и не се толку едноставни. Па така, се обидувам да правам баланс кој пред мене отвoра хоризонти кои ми ги даваат насоките на размислување за мојата идна професија. Во овие размислувања се мешаат многу сегменти: материјалното, духовното, карактерот... и повторно, желбите и мечтите. А, над сето тоа како ореол со блага светлина – мојата иднина. И безброј прашања. Дали да се напушти родната грутка, да се замине некаде каде што цел живот ќе бидам туѓинец. Да, ќе имам светлини и убавини, но нема да можам да зборувам на мојот милозвучен јазик. Дали Сонцето таму ќе грее толку силно како тука? Размислувам... И патот ме води повторно назад. Тука. Во мојата Македонија. Се враќам со сите мудрости од белиот свет. Се враќам, да и дадам сé што можам на мојата земја. Да помогнам при создавањето на светла иднина. Сјајот и светлината на велеградовите да ги донесам овде, како разгорено жарче. Затоа што огнот кој гори во моето срце за светла иднина во мојата држава е поголем од сите благодети во туѓина. Времето е пред мене, а јас сум со надеж за исполнување на мојата визија за светла иднина. Ана Вељаноска I-5 СОУ ,,Св. Кирил и Методиј“, Неготино Ментор: Маја Тефова


138

Творам за Македонија

Мојата иднина – ја создавам јас Првиот плач,првиот чекор, Првиот збор кој излегол на површината од моите усни Воопшто непознато искуство кое го сторив сама. За подобро утре себе си дозволувам Пошироко и позрело да размислувам. Сегашноста не постои За овој момент да може да опстои. Минатото е само секунда зад иднината Во овој свет на патишта кои завршуваат со слепи улици. Со овие две раце, две нозе и тело во трепет, Ум полн со желби - наточен со знаење, Душа со тронка надеж И младо срце облеано во сомнеж, Јас градам нешто свое. Ден по ден сè повеќе го ценам животот, Својот здрав и слободен дух. Со лесен чекор трчам кон таа светла точка, Таа истовремено блиска и далечна иднина Што ја создавам јас. Викторија Лампевска III-2 СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово Ментор: Ана Димитровска


Мојата иднина – ја создавам јас

139

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Ненапишана, незавршена приказна, каков ќе биде нејзиниот тек? Дали ќе донесе радост, смеа или плачлив ек? Дали ќе биде бестселер или згужван лист, загубен некаде во темнината на подот нечист? На тие прашања одговор сега нема, и од самата помисла за нив ме обзема трема. Иднината е најголемата мистерија во светот, сонце или дожд, никој не знае, што нè чека на другата страна од брегот. Во едно само сум сигурна јас, иднината се создава од самите нас. Ние сме креатори на таа мистична сказна, во која секоја грешка си има своја казна. Иднината во себе крие многу тајни, е создадена од фантазии и соништа бескрајни, ние се обидуваме да ги оствариме среќно поглавје во нашиот животот да оставиме. Многу предизвици треба да бидат совладани, и од нас самите остварени Но, кога ќе дојде денот трудот да се исплати, животот со голема награда ќе ни возврати. Сепак, мојата иднина е мое дело, кое сакам да го изложувам гордо и смело, и секој миг, секој час, поблиску до остварување на моите соништа - сум јас. Емилија Пановска III-1 СОУ „Митко Пенџуклиски“ –Кратово Ментор: Ана Димитровска


140

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Што е животот, ако не неосвоен врв, прифатен предизвик, битка за кој ќе стигне прв. И во тоа се крие сета негова убавина, идеал е тоа совршенство, таа Божја правдина. Мистерија е што ги буди сите мои сетила, да го спознаам добро, себе сум си ветила. Дете сум во срцето, мудрец во душата, но, возрасните ретко мислите ми ги слушаат. Затоа, во темните ноќи кога светот спие, се буди една мисла, која од останатите се крие. Сонот неостварлив, навидум е реален, а посакуваниот триумф, толку идеален. И чиниш невозможно е, но, постои начин, ќе го остварам тоа што најмногу ми значи. Само играчка во наши раце е иднината, само наша марионета, тоа е вистината. Каде ме носи патот ќе појдам, каде сакам ќе стигнам, ќе успеам, и на животот ќе му намигнам. „Кој е твојот влог?“ – ќе праша судбината, ќе дадам сè, и границата ќе биде надмината. Клучот е во мене, само јас можам нереалното да го направам возможно. Кој ќе ми ги следи соништата, ако не самата јас? Кој друг да послушам, ако не сопствениот глас? Моите планови постојат за да бидат остварени, по цена на измамени солзи, и можеби насмевки украдени. И тогаш една душа скриена во бесконечноста, ќе го пронајде своето место во вечноста. Ќе бидам храбра, ќе го сторам зацртаното, ќе истрајам – очекувајте го неочекуваното!


Мојата иднина – ја создавам јас

141

Ќе кренам глава, светот ќе го погледнам во очи, мојот влог е исполнет, крајот ќе посведочи. Јас ќе го создадам сè она што ми следи, ќе биде тоа живот што да се живее вреди. Тоа е моето оружје, тука извлекувам корист, ако не се бориш сам за себе, кој друг ќе се бори? Во срцево ќе го најдам сопствениот дом, ќе го исполнам најпосакуваниот сон. И ќе знам, нема залудно потрошена младост, тоа ќе ми носи радост во доцната старост. Ќе бидам автор на сопствената книга, вистина е, ќе бидам најсреќна во тој миг. Иднината ми е во раце, таму е сета сила, времето е на моја страна, а надежта ми дава крила. Кристина Данилова III-1 СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово Ментор: Ана Димитровска


142

Творам за Македонија

МОЈАТА ИДНИНА – ЈА СОЗДАВАМ ЈАС Блесни ѕвездо Денице, Блесни ѕвездо сјајна, Покажи ми го патот, По росна трева послан, Со мирисно цвеќе со опој што мами Со звукот на виолината на работа што кани. Со поглед во минатото - крвава болка Со звукот на Тешкото што болни спомени нуди Јас, нема да останам робинка клета на својата судба Јас, нема да живеам без да покажам дека постојам. Тигрица ќе се сторам За мојата иднина вечно ќе се борам. Со поглед вперен кон далечината заспивам Со првиот сончев зрак – мисла за светла иднина се будам Од блескавиот пехар полн со нектар се сладам Од него сила црпам за битките - предизвици тешки За посветла иднина ćе ќе сторам Со последен атом на сила ќе се борам. Го гледам пајакот - пајажина плете Ткајач на сивило бедно – инстинкт од природата Ткајач на мојата светла иднина тоа сум јас Животот убав - чекор по жица Неизвесност, трнлив пат, неми акорди... ѕидар на сопствената иднина тоа сум јас. Гледам ширно поле, неорани бразди... Да се ора мора, и затоа кртица ќе се сторам За мојата иднина неуморно ќе се борам Секој ден неуморно ќе творам Со збор кој како копје пронижува Мојата иднина светла ќе ја создавам јас. Исидора Димитриевска III-1 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово Ментор: Лидија Ристoвска


Мојата иднина – ја создавам јас

143

Мојата иднина – ја создавам јас „Човек без иднина нема сегашност“ Денес стојам на прагот помеѓу вчера и утре. Да се вратам во она што беше вчера - не можам; да зачекорам во она што ќе биде утре - треба да почекам. Вчера не постои. Вчера живее само во сеќавањата, а тие со време бледнеат, стануваат сè помалку реални. Времето му напакостува на минатото! Но, утре - веќе од утре започнува иднината. Затоа времето е сојузник на иднината! Ја живееш ли својата иднина, пријателе? Што? Туѓа ти е? Не, пријателе! Туѓа е ако ја препуштиш во рацете на туѓинец. Но твојата иднина е само твоја. Твое орудие. Твое дело. Твое право. Твое правило. Што крие иднината? Ги крие ли тајните на луѓето, на светот, на минатото? Има ли граници? Може ли да ги собере сите човечки фантазии? Многу прашања, а одговори? Нема, тишина е. Гласно молчење. Одговорите ќе се разбудат во иднината, можеби. Човек без иднина нема соништа. Па, добро, каде заспива твојата цел? Каде заспиваат твоите соништа? Сонуваш ли за својата иднина? Не?! Доста е! Разбуди ја иднината! Но, првин разбуди се себеси! И ќе ја видиш иднината... Таа започнува со утрешниот ден. Почнува токму онаму каде што завршуваат твоите соништа. Ме прашуваш за мојата иднина? Да, јас секој ден станувам со мисла за неа. Ја вадам од под перница - како амајлија. Наутро й ги измивам очите. Ја носам со себе на појадок. Ја вклучувам во круговите со најблиските. Ја запознавам со мојата симпатија... идната љубов... проширеното семејство... внуците... Мојата иднина е мој сопатник, пријателе. Таа е сè она што сакам да сум. Иднината е сè она што не сме и сè она што ќе бидеме. Не можеш да ја победиш, но можеш да ја освоиш. Таа не старее. Постоела и


144

Творам за Македонија

пред Александар Македонски и пред Кирил и Методиј. Постоела и по Гоце Делчев и по Рацин. Можеби ниеден од нив не ја победил, но ја освоил! Сите тие се бореле за една иста иднина. Ја освоиле за да ни ја подарат нам. Нивната иднина станува наша сегашност! Затоа секој мора да ја планира својата иднина за таа да биде нечија сегашност. Како што иднината ја граделе мојот дедо и мојот татко, така ќе ја изградувам и јас. Секој е ковач на својата иднина. Таа е пат по кој мораме да одиме. На тој пат се вкрстуваат нашите заеднички амбиции. Иднината е прекрасно нешто: за новороденчето таа е светоглед, за првоодделенчето – азбука, за средношколецот – наука, за дипломецот – кариера... Секое време си има своја иднина! Не постои лошо време, бидејќи „времињата не се лоши, туку човекот“. Токму затоа, пријателе, сè она што ќе го прочиташ, видиш и научиш е дел од твојата иднина. Научи да создаваш, бидејќи иднината е создавање, а само создаденото може да се пренесе низ времето. Тогаш генерациите по тебе ќе ти заблагодарат не само поради тоа што сам си ја создал својата иднина, туку и поради тоа што си им го отворил патот за нивната. Марија Заринска I-5 СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани Ментор: Александар Димитров


Мојата иднина – ја создавам јас

145

Мојата иднина-ја создавам јас Животот е игра за будалите, комедија за богатите, трагедија за сиромашните. Тој е како детелинка со три листа: минато, сегашност и иднина. Ние сме обликувани од мудроста на минатото, но одговорни за иднината. Живот е таков. Како да седнал човек крај маса, зел хартија и бои, па слика. Ја пресликува содржината на душата. Ги пресликува чувствата, искуствата и карактерот. И осознава кој е. Откако ќе сфати, може да продолжи натаму, со нови чувства и нови мисли. Кога ќе ја погледне внимателно сликата, ќе ги забележи своите цели и своите особини. Ќе се осознае себеси. На најубав начин ќе ги преслика желбите и тоа што го исполнува. Ќе си ја нацрта и сегашноста и иднината. А бидејќи минатото, без оглед дали те фасцинирало или разочарало, е минато, единствено иднината може да се планира. Болката го прави човека посилен, солзитепохрабар, а скршеното срце помудар, но сите тие искуства се дел од минатото, нему единствено треба да му заблагодариме што нè вооружило за битка за подобра иднина. Само затоа што минатото не излегло онака како што сме го замислувале, не значи дека иднината не може да биде подобра и од тоа како некогаш сме ја замислувале. Треба да размислуваме за неа, а не да се плашиме од тоа што таа ќе донесе. Оти, што е иднината? Иднината има многу лица. За слабите таа е недостапна, за страшливите е мистична, а за храбрите е можност. Можност која максимално ја искористуваат. Страшливите гледаат како се создава, но храбрите ја создаваат, а слабите пак се чудаат што се случило. Затоа мора да се биде храбар, цврсто да се држи четкичката и да се биде полн надеж. Надеж дека сликата што ќе се појави на крајот ќе биде совршено заокружување на сопствениот живот. Голема слика која ќе ја разубави староста. А староста, таа ќе дојде да ја врами сликата. Со секоја мисла што човек ја мисли, и што му прошетува


146

Творам за Македонија

низ умот си ја создава иднината. Мислите се небаре бои со кои го сликаме платното на нашите животи. Една мисла-една боја. Колку поведри мисли, толку посветли бои. Светлина во темелот на иднината. Иднината е време скриено дури и од нас, кои ја создаваме. Но, тоа не значи дека треба да й дозволиме да се игра криенска со нас! Ние сме сликарите, палетата и четкичките се во нашите раце! Ние сме оние кои ја создаваме, ние ја вградуваме душата во неа, ние сме тие кои ја оживуваме! Напати се чини дека ни се оттргнала од рака, како мало немирно дете што се оттргнало од мајка си за да направи некаква палавост!, но тоа не треба да нè лути, оти ниту мајките не им се лутат на своите деца за таквите палавости кои личат на игра, но значат искуство и стекнување мудрост. Успешноста на едно уметничко дело не се мери со времето, колку долго го сликал авторот, но со тоа каква слика насликал. Исто и кога ние си ја креираме иднината. Сликите кои ги создаваме се дел од изложбата Живот. Аплаузот на публиката им припаѓа само на оние кои цврсто веруваат во убавината на своите соништа. Соништа кои тежнееле да ги остварат. Соништа со кои си ја граделе иднината. Оние кои не веруваат во своите соништа остануваат анонимни. Не создале ништо, само ги прецртувале минатото и сегашноста. Вреди да се стиснат цврсто во рака соништата и да не се дозволи боите да се исушат, да ја изгубат својата убавина. Така иднината ќе дојде убава и раскошна. Оној кој не ја замислува, не може ниту да ја создаде. Таа се создава во секоја мисла. Сите нејзини убавини се кријат во мислите на сегашноста. Токму затоа никогаш не треба да ги споделуваме предходните искуства со иднината. Минато не може да се смени, но поради тоа нашата иднина не заслужува да биде казнeта. Меѓу минатото кое одминува и иднината која се наѕира, таму и така се случува животот. А тој не е ни малку сложен, напротив, многу е едноставен. Тоа што го даваме, ќе ни се врати. Затоа што секоја мисла ја создава иднината. Драгана Лазарова III година СОУ „Гошо Викентиев“, Кочани Ментор: Жаклина Свеќаровска Филипова


Мојата иднина – ја создавам јас

147

Мојата иднина-ја создавам јас „Да се биде светец- исклучок е; правило е да се биде праведеник. Сквернавете, потклекнувајте, грешете, но бидете праведници...“ – рекол Виктор Иго. Дијагностицираното човештво заглавено во црно темната мрежа на сурово, ранокапиталистичко, буржуаско општество е плод на сопственик во кој нема господари. Ние, како плод на еволуција, сме манипулирани од опивните зборови на моќниците. Стоиме во црната дупка на беспомошноста, во јадрото на немоќноста. Таму сме исфрлани во егзил, за да не излезат нашите мисли. Ја бараме слободата за говор како што се бара вода во сушната Сахара. Судбината е за луѓе кои немаат доволно моќ да ги направат сами нештата. Се чуствуваме посилно од било кога. Мислиме дека можеме да плукаме оган. Целта е животот, а стрелата - амбиција. Жртвуваме многу нешта, се повредуваме самите себе повеќе од еднаш. Ги гледаме, застанати пред нас оние кои се спремни да не згазат. Но, ние како една голема и непобедлива империја го доживуваме својот подем, својот врв. Луѓето станаа кукли со кои можеш да ги извршуваш своите валкани работи што ти го поставуваат темелот на успехот. А ние стоиме неми додека пред нашите очи се замолчуваат оние кои го искажуваат своето мислење за нивните напади врз умовите. Стоиме неми се додека не ни кажат што треба да кажеме. Низ нашата уста искажуваме туѓи зборови кои болат за нашата душа и ум, кои се борат за своето право на говор. Стравот од страшните последици, ја предизвикува нашата уста да продолжи да зборува и без наша волја. И се додека знаеме дека се посветува внимание на нашиот говор, ние ќе го криеме нашето срце и дух во ковчегот на тишината. Тишината со острото сечило на гнев боди во слободниот ум на човекот се додека не стане една обична машина со која ќе управува некој друг. А вредностите на чесноста


148

Творам за Македонија

и љубезноста се претворија во прав кој се истури во долината на безвредноста. Додека пак, има и луѓе коишто мислат со свој ум. Тие, без разлика на последиците, се туркаат кон портата на еднаквоста, каде што ќе го најдат индивидуалното „јас“. Таму, мислењата се ослободени од очите на префрлувањето на одредените кои не баш се сложуваат со искажаното. Таму се знае кој вреди и цени, а не кој има повеќе материјални вредности или пак бројката во банката. А послушниците заробени во светот на лагите, ќе останат се додека имаат корист. Вистинските вредности за овој свет одлетаа во вселената, од која можат да се вратат со вселенскиот брод на правдата. Вредностите на чесните станаа како одвратен печат за останатите или пак како дозвола за нивно малтретирање се додека не мислат како што сакаат. Шансите за подобрување на светот лежи во ридот на невозможноста, односно таму каде што не може ништо да се направи. Самата надеж е утопија. Да има праведност, еднаквост, чесност, љубезност...Како што е кај стереотипите, во кои има исклучок. И така цело човештво е седнато пред дрвото на филозофијата. Храброста е во оние што јавно ќе ги кажат своите мисли, ќе станат симболи на неуморноста во борбата за подобар свет. Иако тие ќе имаат свои награди и пофалби, ќе ја дадат жртвата за прекрасниот мир во кој сите веруваме. Закон за човекот е што помалку да греши. А воопшто да не греши е мечтата на ангелот. Се што е овозможено е постоењето на гревот! Александар Аврамов I-1 клас СОУ „Богданци“ Богданци Ментор: Верица Ризовска


Мојата иднина – ја создавам јас

149

Мојата иднина ја создавам јас Желби! Идеи! Испуштени шанси! Искористен момент или само среќа? Дали денес не ми е денот или само лоша среќа ме прати? Дали сонцето изгрева затоа што месечината го брка, или затоа што брза да се нурне во морето на залезот? Дали денот по утрото се познава или активностите во него утрото го прават ден, а денот ноќ? Дали нештата се запишани некаде горе, или ние си ја создаваме својата нишка на нашето секојдневие? Дали ако се откажев од играта, кога првпат паднав и ги раскрвавив колената, сега ќе чекорев храбро кон патеката на младоста? Дали ако се затворев во себе кога го добив првиот прекор од наставничката, сега ќе ги гледав предизвиците на средношколските денови? А ако се скриев од „пеперутките во стомакот“ од првата симпатија, дали сега ќе знаев дека постои и друга љубов, освен мајчинската? Дали ако сите предизвици ги заобиколував ќе бев ова што сум сега? Дали ако сега предизвиците ги заобиколувам јас ќе станам ЈАС? Дали!? Дали посакувам да се откажам? Иднината плаши! Предизвиците предизвикуваат! Но храброста победува. Ниту бебето не станува човек, ако се откаже на првиот негов чекор. Ниту жената не станува мајка ако се откаже од породилните болки. Ниту семето не станува цвеќе ако никулецот не ја распука земјата. Јас сум храбра! Јас можам! Се обидувам! Ќе успеам! Сите сме креатори на нашите животи. Јас ја создавам својата иднина, бидејќи кој друг, ако не јас!? Симона Манолева II – 1 клас СОУ „Богданци“ – Богданци Ментор: Соња Србова


150

Творам за Македонија

Мојата иднина-ја создавам јас Будно, меко ги отворам страниците на душата, мирно се разлистуваат, светат и сенките од минатото. Трепери празнината на одминатите мигови, гори молбата на тагата, извира потокот на надежта и тивко се чувствува изгревањето на незаборавот. Прегратката со изгорените лалиња, незадоволството од направените грешки, жигосаните белези на десното рамо говорат за непрежалените,избришани спомени. Тогаш времето ги гали човековите срца, ги згаснува огновите на болките и ја остава пепелта во која ќе се собираат горчината и лутината. Времето се држи за рака со среќата и вдахнува копнеж во душевното јадро. Цврсто, исправено времето се потпира на препечените сончеви зраци и ја ослободува топлината на љубовта да ги грее студените срца. Времето создава историја за венчавањето на топлината со среќата и го раѓа животот. Животот е стадиум на созревање на светлината и фаза каде зелената боја ги раѓа новите зрна на човештво. Животот има три дела болно минато, реална сегашност и сончева иднина. Искачувајќи се на скалилата на нашето време сфаќаме дека животот е совршен, непобедлив, замрсен меѓу просторот и брановите на тиркизното море.Ничие минато не се умртвува колку и да е болно, бидејќи тоа е огледало за бесконечна, сонувана иднина. Вдишувајќи ги благородните воздишки на исполнетост, немо доволуваме љубовта, вербата, надежта да навлезат во секој дел на нашето постоење, во нашата иднина. Борбата на илјадниците перцепирани „јас“ успева да нè воздигне како победници, но ако би се собрале сите порази ние би биле големи губитници. Токму таа борба нè води кон иднината и нè учи дека ние сме креатори на нашата среќа. После секој минат пад, иднината ни дозволува да го почувствуваме следниот магичен полет. Мојата иднина ја создавам сега, во овој момент со мислата дека утре ќе се разбудам


Мојата иднина – ја создавам јас

151

посреќна. Новото утро го донесува татнежот од копнежи и не буди од сонот на илузиите. Втемелувањето на првите тули во градбата на нашата иднина е секое ново утро, кога сме будни, возобновени од корен и ја извршуваме нашата племенита мисија. Водејќи се според внатрешните идеали, учиме да станеме големи луѓе кои даруваат насмевки, радост и споделуваат верување во надежта. Понекогаш по некоја игра на животот, човекот може да изгуби сè, своите сопатници, семејство, надеж, љубов.Но, сепак е жив и му останува воздухот во градите и хуманоста во срцето. Иднината е конец кој ткае исконско чудо подарено од рајот на ангелите. Секој е свој сопственик на својата среќа или тага, успех или неуспех, вистина или лага. Сепак колку и да сме скршени, повредени, ние го продолжувме тешкиот од. Во моето срцево жариште се разголува зрела мисла за желбата, за силината на животот, за вечноста во светот. Ако ноќта е црна, тогаш денот е светол и тој ни дарува непроживеано спокојство и мир. Иглата на времето го прободува денот и ни помага да навлеземе во таинствените, невидени скривници на иднината. Жестоки тонови на тишината и совршената разгалена симфонија на сонцето создаваат илјада шепоти кои се упатуваат во безграничните простори на иднината. Во тие исклучени простори од земјината ротација, места каде природата со волшебна аура ти дава силина и елегантна префинетост.Ти дарува дневна величенственост и на очите да им подариш хоризонти на бессознанието, ти дарува близина на тајната, ти се затскрива во живите клетки полни радост. Иднината ти ги всадува белите крилја на вознес, без страв ти ги растреперува разлеаните чувства и те води низ лавиринтните патеки во животот. Ѕвездената прав безбедно те носи низ заборавеното, глуво невреме на болка, но секогаш иднината те води до стутканите, растурени, зрна бесконечности во универзумот. Моето име е потпис за мојата иднина, за животот замаглен или избистрен од недопишаните, недоискажаните, далечни, крикнати болки. Ехото на среќата ги отвора новите порти со ‘рѓосани катанци, таи невидена убавина, одѕунува


152

Творам за Македонија

призвукот на иднината и скротливо не враќа во постелата на разумот. Неримувани, недопишани остануваат крстопатите на тагата бидејќи иднината широкоградо намамува на нов почеток. Непреродена останува болката бидејќи јас одлучувам дека копнежот е поголем од макотрпниот лелек. Затоа ги отсекувам набабрените, меуречни воздишки долги ко праисторијата на светот, затоа што верувам во новото срцебиење, верувам во наследството на иднината, во растопените световни зраци на природата. Лекот за духовното страдање е иднината, само таа може да го обвие крајот со почетокот, громот со металот, тагата со среќата. Најнежни се морниците по срцето од распукната мудрост на разумот, за изборот за нова, бела мугра. Во утробата ги заробувам бисерните капки на радост, ги затворам одаите на темнината, ги запалувам милионите светулки, ги распрснувам солените солзи да спијат во излеаното мастило. Избрав среќа место тага, разиграна врева место тврда тишина, светлина во денот место темнина во утрото. Бакнежи место навреди, добрина место потопена празнина, лек место отров. Избрав иднина место избришано, избледено, сиво минато. Дали постои судбината, случајноста? Не се знае, но за едно сме сигурни дека постои иднината. Ако постои иднината, тогаш постои животот. Ако постои животот, постои љубовта. Ако постои љубовта, постои вечноста. А вечноста е почеток без крај. Како што ѕвездата Деница последна го напушта небото, така и минатото кога и да е ќе ги отргне канџите од сегашноста. Како што сонцето знае дека прво изгрева, така и ние знаеме дека можеме да ја создадеме сопствената иднина. Затоа што иднината опипливо нè прави посилни, посреќни, и го дарува животното засолниште. Рената Пенчова III-1 СОУ „Славчо Стојменски“, Штип Ментор: Соња Шијаков


Мојата иднина – ја создавам јас

153

Мојата иднина - ја создавам јас Светот и животот денес се разликуваат по многу нешта од она пред повеќе години, во далечното минато. Човекот, како најсовршено живо битие, низ неговите активности и истражувања, проекти и макотрпна работа успева да создаде и развие технологија, наука, највисоко да ја усоврши и медицината, бидејќи самиот тој е градител и уривач на својата среќа и на нештата околу себе. Човековата љубопитност е бескрајна, а неговиот ум, желба да осознава во непознатото, не само во светот каде што живее, туку и во интерпланетарниот простор. Место, каде Тој/Јас ја ѕида патеката на Судбината. Велат, судбински како некоја прокоба, човекот е и алчен и незаситен, секогаш настојува да оди кон повеќе, макар и на сметка на свој и близок, со што тегобите и страдањата стануваат нераскинлив дел од нашата судбина. Поуката дека „Човечкото око е незаситно“, за жал постои од секогаш и е сурова реалност дека во ниеден сегмент од човековото постоење, или во незначително мал процент, придонесува и тежнее за укинувањето на малтретирањата и враќањето на правдината. Иднината на премрежните времиња загрозени морално и хумано ја испраќаат пораката на таговното обраќање за Името (на минатото) и Вербата дека ја градам Иднината на нејзината Желба и Бесмртност. Иднината ја создаваме самите ние, стремејќи се кон остварување на сопствените цели во животот. Таа се гради од каменот на минатото и сегашноста. Тоа што ќе се создаде продолжува да трае и да води низ животот, онака како што сончевите зраци патуваат до површината на земјата. Тоа е Венчавка за лебот насушен, и само прашање по која патека ќе се тргне и продолжи за да се стигне до целта, кон правината, или пак, кон злото. Човекот се залага за демократски општества и владеење на народот, но колку


154

Творам за Македонија

тоа е вистина при губењето на моралните вредности. Реалноста е само маска на игрите за повеќе престиж, моќ и власт, зад неа се кријат илјада тајни и многу илјади планови за крупни промени во светски рамки, со кои ќе бидат задоволни само најбогатите и оние кои што го диктираат новиот светски поредок. На калдрмата пред сопствената сенка останува прашањето за иднината на малиот човек и подискинатите чевли оставени во дворот на соништата и радоста. Се радуваме и се фалиме дека живееме во дваесет и првиот век, но за жал и глувост пред вистината, која предизвикува немир и неспокој. Заедно со мене и мојата татковина, сме ораницата која сè уште се бори за стабилна и посреќна иднина, победувајќи ги непријателите и докажувајќи ги лагите од минатото кои за жал пркосат на времето кон кое чекориме, и аманетот за долгот и гордоста пред и на нашите предци. Политиките и договорите одигрувани и водени векови наназад, за нас можеби најсилни се денес. Тое е трепет за егзистенција и иднина, игра со безброј актери, борци за правдата, замижани личности пред голата вистина... Па, каква иднина ќе создадеме, како ќе се испочитуваат вредностите на прадедовците и борците за чесност, како и дали се почитуваат Божјите заповеди? Различностите се тука да нè обединат, да нè натераат да ги прошириме нашите хоризонти и да бидеме среќни, бидејќи можеме да научиме нешто повеќе од другиот кој можеби не е ист како нас. Меѓутоа, не треба да се откажеме од нашите корени кои се длабоко длабоки, туку горди на Тој што сме потомци и градители на „своите радости и задоволства, на своите тегоби и страдања, на својата Судбина“. Иднината е лична за која треба човек да се бори да биде посветла за себе и за целиот свој народ. Тоа не значи да величаме национализам, или пак да војуваме со крв. Напротив, да се биде и патриот и вистински претставувач секаде во светот, обид да се искорненат лагите и пополнат камењата на вековноста. „...Љубовта кон татковина и кон луѓето, храброста за да се соопшти реално вистината, значи мудро да се


Мојата иднина – ја создавам јас

155

влезе во критичка конфронтација со лагата и полувистината..“1 Чекорејќи кон иднината, треба да се создаваат и градат односи на доверба, толеранција и зближување, најпрво меѓу нас самите, а потоа и со нашите соседи и сите останати на нашава планета, а не да бидеме окупирани од раздорот и одмаздата. Да се биде упорен и истраен за да се постигне посакуваното, бидејќи добриот резултат секогаш бара многу труд и напорна работа. Иднината, тоа е нашата Мајка, нашата Врвица, нашата Болка, нашиот Вруток, нашиот Немир и Татко. Не треба да се дозволи погледите кон светот да бидат стереотипи и предрасуди, напротив, почитување на различностите што го прави човекот достоинствен и доволно зрел да се соочи со предизвиците кои претстојат по врвицата за нашата Беседа. „...Патот по кој тргнавме сè уште е неизоден. Тој пат не е минато и сегашноста трудно врви и влијае врз него. Ќе треба одново да се минува и повторно ќе се стигне на почетокот“.2 Тоа е патот со празнична молитва да се зачекори повторно по калдрмата, да се пополнат ѕидиштата што зјаат оставени на патиштата трњосани, и да се дочека Муграта на топлината на денот што буди со звуците на Мирисот на мојата Љубов и Среќна Иднина. Ѓорѓи Димитровски III-3 СУГСГ „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје Ментор: Роска Јовановиќ

1 2

Извадок од „Прифаќање на предизвикот“ – Никола К. Извадок од „Прифаќање на предизвикот“ – Никола К.


156

Творам за Македонија

Мојата иднина - ја создавам јас Читателу знам дека очекуваш да напишам нешто класично, да напишам неколку зборови за иднината, кои сигурно веќе некаде се кажани, сигурно се наоѓаат во некои есеи... па не ќе можам , извини. Извини за воведот. Извини ако не е тоа што се надеваше, ама ете таква сум... малку различна и не се обидувам да се вклопам, ако веќе сум родена таква. И баба ми го велеше истото, дека сум сплет на некоја нежност и суровост, понекогаш душа која се пренесува, а понекогаш сонувач кој сонува себично, сонува подалеку од другите, сонува само за себе. Токму сега во ова меко октомвриско претпладне ги пре­ листувам спомените, не само оние од пред некоја година или месец, туку и оние од вчера и не можам да се начудам како времето налудничаво поминува. И секогаш кога помислувам на тоа, ме облетува мислата на стравот. Ама тогаш се замислувам само во сонот на моето минато и бргу реагирам, не застанувам, не дозволувам стравот да ме потишти, туку продложувам. Инаетливо почнувам и создавам, го управувам кормилото на мојот живот онака за да ми остави сеќавања на кои ќе посакам да се навратам. Да ми остави спомени, зошто тие се клучот на мојата иднината. Не, и не се плашам да излезам од комфорната зона, не се плашам од непознатото, јас носам со себе едно самољубие кое не ја надвладува разумноста, туку ми укажува на она што не треба да го заборавам за себе. Да го убивам стравот, да не дозволам да завладее тишина на полињата на храброста, зашто јас сум онаа која создава, јас сум онаа која ги пишува нотите на својата мелодија. Мелодија која сакам да биде силна, а нежна истовремено. Мелодија со израз на претплазливост и светла жестокост – мелодијата на мојата иднина. Иднина која ќе ја профилира мојата душа, дива и треперлива, богата со ептитети на константна бунтовност, која ќе й пркоси на едноставноста.


Мојата иднина – ја создавам јас

157

И да, да не заборавам... не сум од оние кои веруваат дека нашата иднина е запишана во ѕвездите, јас сум од оние кои веруваат дека ние сме тие што пишуваме, дека јас сум таа која замавнува со композиторската палка. Моите постапки ја обележуваат мојата иднината. Јас сум таа чија иднина нема да зависи од шансите, туку од изборите. И јас сум таа што не ја чека иднината, туку ја создава, создава иднина... која вдахнува. Лаура Живиќ IV-5 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово Ментор: Јадранка Цветковиќ


158

Творам за Македонија

Иднината Денес се будам со нова надеж... Денес ги сонувам соништата за утре... Во боите на изгрејсонцето градам замок од насмевки. Од сјајот на детските очи разжуборувам река на среќата. Од срцата мајчини мозаик од љубовта составувам, ѕвеѕдени перничиња од радоста детска подарувам. Од ветриштата палави бранови за здравје потплиснувам и како волшебник, ги оживувам боите на цветот и сакам светла иднина, светла иднина...само едно место во светот. Од најубавите детски соништа сплетена, во мечтите замислена, од прадедовци ветена. Едно место во светот за мене, за тебе, за нас, сокриено во замок од желби, иднина без солзи, без порази и делби. Сандра Танчева III-6 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес Ментор: Александра Стојановска






Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.