ISBN 978-608-4685-13-5
9 78608 4 685135
90000
Tvoram za Makedonija
Domot, vo srceto moe
Меморијален центар фондација-никола кљусев Skopje, 2017
Домот, во срцето мое
Проектот „Творам за Македонија“ е поддржан од Министерство за Култура на РМ.
Кон изданието Целта на проектот Творам за Македонија е поттикнување на творештвото и креативноста на учениците од основните и средните училишта во Македонија. Оваа година со поддршка од министерството за култура на Р. Македонија се реализира по шести пат на темата „Домот, во срцето мое“. Иако секое училиште е ограничено да прати само по три творби и сите се придржуваат до тој критериум, сепак секоја година се вклучуваат сè поголем број училишта и пристигнуваат огромен број творби, како проза така и поезија. Оваа година добивме над илјада творби, а комисијата направи избор од најдобрите, кои се поместени во оваа збирка. Наградени на конкурсот Творам за Македонија на тема „Домот во срцето мое“. Во минатите шест години три ученички се истакнаа со своите творби и веќе трипати по ред се наградувани на различни теми. Како најдобри и овојпат, овие ученички се одликувани со специјална награда Истакнат млад творец. Тоа се: Елена Костовска IV год., СУГС „Никола Карев“, Скопје; Дијана Дурлевиќ III год., ПСУ „САБА“, Скопје; Симоновска Анабела II год., СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово; Им посакуваме успешно и плодно творештво во иднина и многу издадени збирки поезија и/или проза.
Оваа година наградени се следниве ученици: Основни училишта Стефанија Александар Ристовска, 8б, ООУ „Димо Хаџи Димов“, Скопје Јана Костовска, VIII одд., ООУ „Јоаким Крчовски“, Скопје Оливера Наумовска VIIд, ООУ„Димо Хаџи Димов“, Скопје Андреја Поповиќ IXв, ООУ „Владо Тасевски“, Скопје Борис Ночески IX5 одд., ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Прилеп Средни училишта Ангела Ајтовска, IV-6 СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани Јовановска Јована I-3, СОУ ,,Јосип Броз – Тито“, Битола Марија Наумоска IV 2, СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“, Тетово Ана Илиева I – 2, СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје Наташа Илиевска IV2 СУГС „Владо Тасевски“, Скопје
Проза и Поезија Средни училишта
Топлиот дом на суштината Топлина, околу неа студени траги од небиднина и амбис. Во тишината одекнува молитвата на предците, за нив го палиме вечното кандило што го истребува искушението. Во мракот останува само сенка од нивната издржливост, и по некоја алова вистина за да закрпиме крај со крај. Во соѕвездието наречено куќа и домот што го создава небото, во бескрајот на светлината, во приказните што ми ги толкува тајната суштина на сонцето, во кобната прозаичност што Бог им ја оставил на Македонците, постојат толку приказни на кои им создаваме нови заплети, толку суштински копнеења во комплексноста на заблудата, толку ненаситни зборови што мешаат прсти во историјата.
6
Домот, во срцето мое
Македонецот од Македонија создаде татковина за потомците, ровка земја низ која протекува крвта на нивната искалена смелост, но ги заборавил стиховите што будат стремеж за просветлување, сите оние поетски талкања по непроодноста во вистината, ги заборавил ѕвездите што вдомуваат дом во куќите. Нишанам кон јасна вистина, а целта е само момент на издигнување, дострелот врв на самопризнавање, затоа проодувам по мислењето што битисува по моќта на нацијата, и тука пронаоѓам делови од себе: загрижениот поглед на мајка ми што готви трпеза нагласени дамари: колку ќе каснеш толку ќе пораснеш, татковиот молк сркнува остатоци од заситеноста на празните надежи, и така некако ќе се најаде од суштината на топлата смеа... Ни преостанува да создаваме симболи во лажната гримаса на задоволството, да ја откриеме историската тајна што Македонија ја закопа во времето, да си објавиме војна на себеси а потоа да се победиме и да се поразиме, во битките каде што со крв
7
никој нe надмудрил вистина, во бунтот против својот нескротлив јуначки кукавичлак, во ослободувањето од непрокопсани и секакви прогонувачи на стравот, во револуцијата на едноставноста во која мислата е скапоцено оружје. Тука се родив некогаш, и тука да ме закопате, само ако постојат очи што гледаат кон мајка ми, ако замрзнам најдете ми огниште што гори во болка, за да станам пепел што го пронаоѓа духот на баба си, за да ја прежалам тагата во крвавите зеници на татко ми, во мигот кога зајдуваат раните на обесправените копнежи! Долг е патот до Македонија ако не го пронајдеш чекорот до срцето, а уште подолг и уште посуров ако пеш ги проодуваш овие калливи вистини! Митската вистина е древно писмо што се пишува во преживувањето, така преживува мојот древен народ, мојот народ, моето суштинско племе! Елена Костовска 4 – 6 СУГС „Никола Карев” – Скопје Ментор: Билјана Костова 8
Домот, во срцето мое
Срцево живописание Се вишам над тебе, се вишам со тебе, го вдишувам секој твој извор, го извишувам секој твој кораб, ја носам сета моја љубов, за која зборовите ми се скудни да ја испишам. Со из,ртена страст си припаѓаме од коренот, та катаден ги чувам твоите синори и меѓи да не ги избришат налудничави и алчни ветришта. Потпирам темел со каменот од вечноста, златна круна ти крунисувам на глава, под небесната чатија рајски порти отворам, на славскиот колач молитвеник ти воспевам,
на килибарова лојаница сите думи ги кириличам, од миро сета виделина ти ја протегам. На твојот јарбол сиот светоглед го завејувам. Од стерната на сонцето ги излевам сите зраци во твојата слатка плодност. Ковачница од думи за тебе пеам на изуст, о, песно моја вековита, без тебе би била сиромав скитник, бездомник, неспокој, ил прегорен копнеж, вековит чинар без корен. Во срце те претворив со перото, во океан те раширив од капка роса,
9
во прегрнина те носам дено-ноќно, со чекори без пасош те милувам со иднина. Сите извори ќе ги прегрнам да го зачувам твојот блажен вкус. Сите страни на светот за срце ќе ги зашијам тебе да не те повредат. Сонетен венец ти плетам, метафорини монистри истурам, моја древна родино, мој доме, моја виделино. Дијана Дурлевиќ ПСУ САБА - Скопје Ментор: Наташа Атанасовска
10
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое
М
и плови погледот кон височина, јагленосан мрак се крши, небо- пламени огнови дарува, килибарен тафт блеска, расејува мугровен зрак, светлина- зацарува!
Сама сум во ноќта тивка- сонувам со очи отворени. Темнино, си заминуваш- во пајажина тенка преминуваш, светнува златен српѕвездено жито што коси, златна топка- младо утро што носи!... Дому мој... Сончевина на изгревина те буди дому мој, те злати, акварел цветен пред нозе ми фрлаш- Ти, порти ми отвораш, ме каниш, ме туркаш, ме занесуваш, ѕидови твои допирам, слушам шепотат, од камен се- ама топли се, пеат, со спокој ме полнат, со алтани ме китат, со ѕвекот ме градат, со мерак усни ми красат- чемер во мене гасат. На чардак твој излегувам, вдишувам- мајчина воздишка од гради откината, моја колепка мала- галам и постела гушкам, соништа ковам, свое срце бијам, патека од рози постелам, танц на самовила вијам. Во твои прегратки дому мој... ме каниш на оро свиено, од љубов извиено. Дому мој... Развигор на мојата душа, моја трепетлика, море разбранувано, прв таен бакнеж мој си, мирислив јоргован расцутен. И оваа есен на старо вино мирисаш. На раскршена погача, пресна, мирисна, од занес замесена- со љубов подарена. И оваа есен... пак си... моја пресвета мајка- Богородица, мое успение и распение, моја божица, и мој амин, запален фенер со трепкава свеќа, мое минато, денешнина, моја вековност! И... мој татко и мајка си, мое пристаниште, и сидро и едро, мој копнеж и мое утешение, мој болскот- мој момински немир, и 11
спасение мое си- на гради свиј ме- во твои пазуви привиј ме, дари ми царство на мир- накитено со темјанушки ко олтар во манастир! Копаничар на резби во душава моја- си ти доме мој... моја молитва, месечевина, моја библија, врел вруток- што ми бранува крвоток, во жили- вител што ми вриеш, алови вени- животен сок што ми напиеш! О, музи мои... заштитнички на мојот творечки дух! Дајте ми сила и моќ, блескави стихови да создадам, божји дар да потече од срцево мое, да расцути ко цвете во мај, па таква нежна и дива и мила, да ти ги испеам тебе дому мој... под чиј кров зачекорив, под чија закрила здогледав виделина, откинав воздишка, се накитив со белина! И, затоа... Дому мој! Ако... водата носи бакнежи- ти дарувам море, ако... листот носи прегратка- ти разгранувам дрво, ако... љубовта е засекогаш ти дарувам вечност. За мене остануваш мое... светилиште, родилиште, огниште и засолниште, градилиште и ветриште и сониште и мое духовно чистилиште! Славиш ти- славам и јас! И слави! Чествувај! Дому мој... Во срцето мое, вечно ќе си!
Симоновска Анабела II4 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово Ментор: Стојанка Дудучки
12
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Како тезга без терезија пак ден на небо жигна, и денес светло очи гори, каде ли да се пикнам? Нема ли дупка под чекорот од свеста до сните и дали остана место таму за мене помеѓу блиските? Се исклучиле сите седат в сенка на тремот, конци расфрлени, прсти – грч, молчат и гледаат немо. Да им речам утеха ќе морам и самата да ја најдам, да одам, не трчајќи дома - кон моето срце. Та дома ми е пештера ладна, надвиснале мразулци чиниш в око ќе ти паднат, ќе ти пролеат солзи, макар крвави, жарни солзи, трепки влажни; а ти пека душа по зборови,
ќе закорави пред стравот од плач, те боцка откитен венец прашања, но, туѓи ни се зборовите, а молкот наш. зелник и насмев носам, со раце ко нежни китки, да те прашам нешто колку глас да ти слушнам, нешто што пловеше по ветрови плитки. Мои коса расплетена, кожа расцепена, правам пат низ трње змиско, врба жали, врба гали, очи затворени, в гради пискот. Сожали се и над мене, кажи кај да плукнам клетва, да никне уште трње сплет дошла ли сушата на жетва. А, барав нели дупка,
13
и ја најдов сред мрамор и цут, со сув заборав да ја покријам сакам, но, денес облак виси лут. И ти си лута, горчиш како караница, горчиш како темница со недостиг на сон. Темница затемнела пуста, без никаков си прекин, ќе те бакне со леден молк, ќе трeпкаш ако се сетиш. Да не мижам! Ќе чекам искра, искра и свеќа што гори, ќе речам неречита молитва со другите – хор да се створи. Венчавка со вечноста, фрчат молњи, време тмурно, а јас пекам по полска песна, убава, но нема грло неуморно. Ќе почекам надвор, кајгоде!, последните куќи да заспијат, нека тонат спокојно в сон, дур капките печал да се испијат.
полска песна ми се пее в час. Доаѓаш? Ќе дојдеш ли? Ил’ да дојдам пак јас?Скини се судбино, закон име што ти краси, шепни ми ја тајната што лек сон ми гласи. Зајадливо гракаат корвините што кола до градот бадијала карам, дал’ примирје ко песна в поле никне? Дај кажи, под кој камен да барам? Ти само молчи ми, трај, кога некој в пепел ќе бара и ќе оди, и кога од нива со посадена надеж само плевел ќе ми се роди. до бистрец жедно појди и кажи ако на усни ти студи, таму, велат, немало змии, а ако има – Бога ќе им суди. (на дедо)
дојди си, дојди дома,
14
Ангела Ајтовска, IV-6 СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани Ментор: Магдалена Антовска
Домот, во срцето мое
Домот во моето срце Домот мој го барам, во старите порти прадедови. Го бакнувам прагот што е спомен и почит. Домот мој – камен темелник, сраснат во земјата, векови брои. Со нивната древност младоста ја врзав и барам душевна врска, со родот мој. Кога ветришта нови дуваат, стојам пред портите, ја допирам рапавоста и лузните во дрвото што времето ги вдлаби. На поклонение на прагот седам, со тишината зборувам и видов: Огниште старо со згаснат оган. Гразомор во душата. Те нема тебе. Ме нема мене.
Барам прошка. Нов мајстор нови темели става. Неспокој во прадедовиот гроб. Сети бол – без болка и рече: ,,Гледај во ѕвездите, само тие се вечни.“ Доаѓам да се простам. Двокрилни порти и провев кој низ нив се слуша. Самотија. Го барам моето детство во дабот столетен сув. Влегов – и никаде не стигнав. Нов пајак нова пајажина плете. Повторливост пресликана во живот. времето виновник ме стаса И митовите ги брише. сакам да плачам, но празна сум. Плачам за портите стари, за црковните врати и за икона света на божица мајка 15
и фитилот што згасна. Го зедов куферот на моето детство во новиот дом. Странец сум за новите порти. Приказна немаат, само белило празно, бесконечно бело. Нема жар, нема топлина. Приказна само за некоја нова песна... Јовановска Јована I-3 СОУ ,,Јосип Броз – Тито“, Битола Ментор: Мери Талевска
16
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Оган во гради ми гори, будно дочекувам зори. Дните сал ги бројам, а тие долги ко река... не врват А... ти таму ме чекаш... Не тагувај, мајко. Не пекај! О, Везилке, сестро моја мила еве, ќе ти дадам конец од свила. Навези го срцево мое, а во него Огледалото на Кирила во кое се огледува Ленка... и за Копачите навези сенка души мачни да одморат ... Ох... болат! Болат сеќавањата дамни вистините расеани по ридовите и полињата нејзини рамни. Во туѓина седам и тие случки ги редам...
буква по буква, збор по збор - со себе водам разговор. А, ти си далеку, таму крај огништето наше, ене триножецот го спремаш и котелот, црепната и сачот... тешки се, но за тебе сè е лесно и ете, домот наш скромен замириса на лепче пресно. Чувај ми касај, ќе си дојдам, мајко ти ветувам: наскоро ќе те гушнам! Ех, одвај чекам „чедо мое“ од усните твои да слушнам додека те гледам в очи, а в срце нежност ми се точи... Молчи! - себе си се прекорувам и одново со пусти желби се изморувам...
17
Повторувам... повторувам... Срцево не сака да слуша, ме гори пламенов в душа.
- топол, спокоен, мил...
Безнадежно сонот го довикувам, несоницата еве ја, ликува, зајадливо ми се смее, а јас пак тебе те слушам како песна ми пееш... Вкочането гледам во туѓиот небесен свод, очајно сакам да го видам својот род Домот во срцето мое гнездо свил
Надежта пак ме залева: та и тој насекаде бил и пак со татковинската љубов се полевал! И зората пак му греела душа и сонце светло го огреало и бистрото езеро му се насмеало... И мене домов в срце што го носам ме чека и мене за љубов ќе ми шепне нашата жуборлива река...
Марија Наумоска IV 2 СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетово Ментор: Даниела Богоеска
18
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Разиграни насмевки од земјата на многуте реки, светлосини езера и горделиви планини, живописни селца и бесценети убавини. Се вратив од далеку, за да се преродам, да зберам сила и душата да ја одморам. Те чекам на нашето место, Во старата куќа среде булките крај патот, љубовта каде што најсилна е и гордо царува, и радост, среќа и иднина несебично дарува. Ги помниш ли старите ѕидови на кои имињата свои ги испишувавме, додека растевме и будни, со очи ширум отворени сонувавме. И старата липа со миризба што нè опиваше и тивкиот ветер што галејќи
ни ги лицата нè заспиваше. „Ќе се вратам“, пропелтечив, си дадов ветување... Го помниш ли денот кога тргнав на далечното патување, за да се најдам себеси, да го остварам сонот и да ги освојам далечините, да успеам да стасам до височините и да се нурнам во себеси, во длабочините... Те барав, земјо, онаму каде што те оставив во спомените, те најдов, те гушнав и веќе нема разделување. Од соседите, со бурна историја, посебна традиција и култура и милозвучен јазик, убавице, ти се издвојуваш. Што значи чувството на дом, секојдневно ми повторуваш. Потскокнувам - Сонцето со 19
желба да го фатам. Сонцето на црвеното платно историјата што ја запишува и неговите шестнаесет краци. За љубов и сплотеност - тие не се ли знаци? Зарем не си ти сончевата територија? Зарем не си ти нашиот дом, нашата татковина, прекрасната и чудесна, нашата Македонија? АНА ИЛИЕВА I – 2 СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје Ментор: Љупка Боцевска
20
Домот, во срцето мое
И уште еден ден по засекогаш Душата моја чувствува наплив на љубов, кога за Македонија слушам. Мал дел од голем универзум, со ониксни ноќи и небо ко сафир, со смарагдни шуми и тиркизни води, сонце – чисто злато, ѕвезди - килибар! Дојди тука! Појди во Охрид, Велес, Богданци, посети го Скопје, Прилеп или друго место. Не е важно, ништо клучно нема да се смени, љубов ќе почувствуваш секаде исто. Македонија е ова! Овде, другари неразделни ќе сретнеш и бездруго, браќа прегрнати ќе видиш, распеани луѓе на трпеза што слават, овде, што е пријателство ќе сфатиш. Во очите, мојот народ сончевина носи! Насмевка искрена го краси! Во погледот негов сочувство отсјајува, а душата љубов несебично дарува. Верба бие во срцето на нашиот човек, и добра дума и искрена мисла, желба за помош, подадена рака радост за нечија пребродена мака. 21
И колку и да зборуваме ние, за нашиот човек, за овој народ, за малиот дел од овој универзум, секогаш нешто недокажано ќе биде. Но едно е сигурно! Ти си, татковино, нашата стреа, нашиот спокој, душевен мир! Наша си Мајка, наш дом, наша земја си! Мајка си! Наша Мајка Македонија си! Вчера, денес, утре, по век, милениум и засекогаш, и уште еден ден по засекогаш! Наташа Илиевска IV2 СУГС „Владо Тасевски“- Скопје Ментор: Наташа Петреска
22
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО МОЕТО СРЦЕ Тука си... Во моето срце си оган, и моите мисли на тебе се посветени, и свеста и потсвеста со тебе опседнати, мајко Македонијо.
Ти си огромна, ти си бескрајна, те има насекаде. И таму каде што те нема си ТИ зашто некогаш таму си била, но те украле од нас те украле, негирале...
Дали ќе те зачувам, аманет да исполнам од прадедовци, од дамнина, и тебе и твоето вечно име како љубов да ве пренесам на моите потомци.
Но ти што си таква огромна во моето срце имаш дом, таму те чувам и ќе те чувам. И кога срцето мое ќе згасне, ќе замине во твоите длабочини јас пак ќе бидам твоја а ти пак ќе си моја. Преку мојата душа, моите чеда, мојата крв ќе живееш и ќе имаш дом Мајко Македонијо.
Од моето во нивните срца љубовта што гори и боли за тебе Мајко Македонијо нека остане, нека расне, нека живее.
Ивана Мерџаноска I – 10клас СОУ „Гостивар“, Гостивар Ментор: Жаклина Ѓорѓиоска
23
Домот во срцето мое Од прадедо за тебе првпат слушнав јас За вековна земја со борбен глас. Парче по парче од неа кинеле сите, Ненаситни, гладни останале пците. Но, непокор е името твое знај, На црното робје му дојде крај. Ти сега во мене растеш и вриеш, Македонска крв во себе криеш. Македонија- едно парче земја, Мало- ама рај на вечности, Спомени, истории и векови. Едно парче земја, Мало-ама татково огниште Македонија- тоа сме ние! Патник сум по светот јас, Но мојот дом и јас сме нешто неразделно, Домот во моето срце. Ние дишеме заедно! Ленче Ѓорѓиова I-5 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин “-Велес Ментор: Александра Стојановска
24
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Во перфектна ротација, налепени фотографии, еуфорични, наклештени лица на идеална рекламација. ...Будејќи се од работ, од работ на стариот, нагмечен душек додека се присетувам на јадот и ги налегнувам антените на наелектризираната коса, додека ги чекам ветените, додека ја барам причината и смислата. Бездушни, студени ѕидови, уште постудени предмети, бесцелни и несфатливи мигови каде се замрзнува нечие тело на плус дваесет и петтиот степен. Луѓето и енергијата, Фенг Шуи во расцвет, ти ја бараш топлината додека броиш до пензијата, ја бараш во софа што е сега „ин“ додека срцето го ставаш во кофа полупразна со парафин. 25
Го става фитилот во парафинското масло, за да може и искра пламен да го разбуди сечие гесло, да го стопли замрзантото срце од домот-да направи спомен. Но, ѕидовите, софата јас сега не ги помнам, од длабочина повторно ми идат ко од корен да ги корнам, миговите кога мирисаше на топло млеко, ги прегрнував саканите и ко на перница-меко ја ставав главата и заспивав леко. Ја помнам и вревата и задушливата жештина, како што земјата фрла сенка на беспомошната месечина така личностите ја оставија сенката секогаш да ме следи, за љубов срцето е аеродром, а тие рекоа „ние сме твојот дом“. Николина Димитриева IV-8 СОУУД ,,Димитар Влахов“, Струмица Ментор: Олга Хаџиева
26
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Се потсетувам колкава тага во очите носев додека зад мене куферот се влечеше, како заминував без волја и мајка ми ме тешеше. И досадував да ми купи куфер, огромен и со розова боја со надеж дека ќе заминам лесно и ќе згасне и тагата моја. Си замислував поинакви дестинации, куќа од соништата мои, недопрена убавина и виножита со невидени бои. Посакував да сретнам и луѓе, поблиски од родината, но никогаш не помислив дека токму во домот е сигурна иднината. Мојот дом не е локација, ниту пак дестинација. Мојот дом се луѓе со чиста душа, некој што умее со задоволство да ме слуша. Мојот дом е чувство кое се претвора во недостиг уште пред заминување, мојот дом е реакција, која ја правам пред секое збогување. Мојот дом се луѓето кои ги сакам, оние кои секогаш остануваат, оние кои секогаш ме заштитуваат 27
и од љубов никогаш не се заситуваат. Не ќе беше дом, да умеев да заспивам во туѓи прегратки сè додека мојата постела ме примаше и кога солзи на мене имаше и кога ништо во денот не штимаше, повторно мојата перница со приказни за добра ноќ ме заспиваше. Мојот дом се прегратки од луѓе кои ме чекаат по денот работен, хармонија во секој ден саботен. Мојот дом не е ништо повеќе ниту помалку од мајчината љубов која ја поседувам, ниту пак од албумот од детството што секојдневно го разгледувам. Мојот дом не е ништо повеќе ниту помалку од татковите неуморни раце кои ме заштитуваат од луѓе кои без збор си заминуваат. Мојот дом е спокојот кој го пронаоѓам на крајот на денот, првиот здив и првиот плач кaко бебе мојот дом е таму кај што си ти, и секој добар човек како тебе. САБА, Скопје Магдалена Јакимовска
28
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ
З
емја страдалница, земја убавица… земја на Александар, Питу и Делчев, земја моја, мој дом. Во неа небото најсино е, и во невреме и тага, под овој вечен свод, сонцето најсилно грее, а ѕвездите сјајни дамки неискоренливи, најсјајни се. Ко феникс издигната, ко со рака недопрена, мајка над мајките, татковината моја е.
Татковината моја, цврста ко карпа, со кревка душа... Во ропства и немири, во успони и радости, не даде заветот на родот наш да згасне. Домот мој душа грее, и темнината ја наликува на светлина, засолниште чисто, племенито, безусловно ми е, и корен на моето дрво. Бистро огледало на сестрана култура, богата традиција, гласови од минатото на бојни полиња, времиња бурни и неуништив копнеж за домот свој. Дом. Колку тоа всушност убаво звучи. Зрачи топлина, мириса на пролет, виножито после дожд oбојува. Потсеќа на безгрижност, ведрина, моја љубов прва, силна прегратка. Парче земја израснато во градина со рози, со меланхолична арома. Аманет. Аманет од ливадите и ридовите, котарите и кледовите, вајарниците и котларниците, планините и рамнините, оставен од дедовците наши.
Песна што ја пеам, сè дур без глас останам... „Доме мој, птицо мила! Развеј крилја, земи ме во своја закрила. Во прегратка мала, колку ли љубов ти си збрала? Срце имаш едно, за милион е вредно. Постела си мека, 29
која секоја ноќ ме чека. Кај и да појдам, да бидам јас гост, Не ќе го преминам јас, оној кој од тебе ме дели, мост. “ Кај шумите шумат, таму се слуша шумот на спокојството, кај цветовите цутат, таму цути љубовта, кај галебот лета, тоа е летот на слободата, кај што ластовицата пее, се одѕвонува песната на животот, кај дождот паѓа, носталгија проткајува, таму моето срце најсилно чука, таму е мојот дом!
Ангела Босанчиќ IV година, СОУ „Јане Сандански”, Струмица Ментор: Снежана Пијанманова
30
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое
О
ф! Ете вака ќе почнам. Не заради нешто друго,туку заради оваа тешка непреболена болка што понекогаш ме раскинува. А јас немоќен, снеможен и болен, напразно се обидувам да ја ублажам. Знам јас, многу добро знам што ја лечи мојава болка. Знам. Се молам и затворам очи. Се присетувам за да не заборавам, ама не, нема да заборавам. Никогаш! Во душата стои тоа, во срцето. Мислите ме водат таму некаде, каде можеби и јас заборавив, но таа патека ја знам. Тесна патека, обрасната со трева, можеби неугледна, но таа ме води токму таму, во мојот дом. Полека моите нејаки од возбуда, нозе ја одминуваат и стигнуваат до големата дрвена порта. А зад неа двор, голем двор од каде се слуша детскиот џагор, втиснат некаде внатре во мојот збунет мозок, а јасно го слушам како токму сега да сум таму. Јас, сестра ми, другарчињата, нашето куче... Ја пружам раката, бавно, како да сакам да ја зачувам вечно дрвената порта во истата состојба, ја отворам и ѕирнувам внатре. А таму спомените, се втиснале еден до друг и не се делат, не се бришат. Стојат вкопани во секое ќоше. Еј спомени! Разбудете се, дојдете, ублажете ми ја болката. Моите сè уште нејаки нозе ме водат низ дворот и таму покриена со сенката на голем стар орев стои таа, мојата куќичка, мојата прегратка, мојата пазува. Оф колку е убава, колку е моја и колку е топла. Милина ми ја облева душата, а срцето поигрува од радост. Ја отворам нејзината врата и влегувам во прегратката на мојот дом. А таму сè си е исто. Ѕидовите сè уште дишат и чуваат тајни, татко ми и мајка ми сè уште шепотат во својата соба. Татко ми строг, а полн со љубов, а пак мајка ми моли за прошка за својот 31
немирен син. Наслушувам. Ѕвонат секакви гласови низ ѕидовите, детска смеа, детски плач, игра... О колку сакам сега сè да е тука, сè да се врати, па дури и моите скинати фармерки на колениците и лутењето на татко ми и расправијата со сестра ми, и.... Тишина! Треба да ги отворам очите, но се плашам. Се плашам од она што ме опкружува, се плашам од себеси да не направам нешто и пак да заминам некаде далеку... А реалноста е тука. Ги отворам очите и ете. Тоа е тоа. Јас во мојот странски дом, модерен, луксузен, простран, но... Мене ми студи. Не, не е студено, но мене ми студи внатре во мене, околу срцето ми студи. Исто онака ми студи како кога седам на студениот мермер на гробот на мајка ми и татко ми. Ете токму така. А оној топол дом, а онаа топла прегратка, ги нема, исчезнаа. Прегратката ја погребав заедно со мајка ми, а домот, тој е тука, го носам со себе, вдлабен, исклесан во срцето. И од таму е оваа топлина што понекогаш како магија струи низ моето тело и ми ги лекува раните.
Иле Калиновски III – 1 СОЗУ Кузман Шапкарев - Битола Ментор: Мери Најденовска
32
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Кога утринската зора, ги плете волшебните замки од свилени конци на моите воздишки, срцето го крие твоето постоење и тајно да не чуе никој во тишината на првото будење шепоти... Го гледам сонцето во твоите очи во бескраен хоризонт на светлината, срамежливо ми подаруваш насмевка, во трепет ми ја допираш душата, со музика која го исполнува просторот во занес на нежна балерина која танцува, на меките облаци кои патуваат во времето на остварените надежи родени во синилото на новиот ден. Во нечујноста на магичната убавина ти го предавам клучот од срцето мое, а ти го отвараш со силата на копнежот и ги распостилаш нишките на љубовта да го пуштат коренот на вечноста, да создадат дом во бесконечноста. Никола Жежовски, САБА, 2 год.
33
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Не ме барај никаде каде ќе одиш, нема да ме најдеш таму... Мојата душа ќе биде во секој фрагмент на овој свет и сите негови светови. Јас сум ти, а ти си јас и сите сме едно во големата слика. Побарај ме, во детската смеа и разиграното срце, во мирната река и бурниот дожд.
Побарај ме, во трепетот на душата и авантурите кои ти го бојат светот. Побарај ме, во дивите цвеќиња и крикот на бесните ѕверови, во срцето на шумите и звукот на природата. Побарај ме и ќе ме најдеш, во чудесна земја. Тоа е домот на срцето мое. Ивана Богдановска IV-1 клас СУГС „Лазар Танев“ - Скопје Ментор: Мариче Голчева - Аврамовска
34
Домот, во срцето мое
Домот во моето срце Често сам со себе си чинам разговор и сè едно исто се прашам, од што ли на небитницава најмногу се плашам? Дали од самотијата мрачна од мирисот на четири ѕида, или пак од разделба неправедна дека нема во домот да бидам. Го сакам тоа исконско место кон кое ме води секој од, светлина небесна од бога пратена, судбина запечатена со божјиот код. Во прегратките негови се стопив, таму беше магијата се разбегаа тогаш темните облаци понесена се радуваше и библијата. Со растреперени раце го галам, Сè уште опоен мирис шири, со солзи чемерни го залевам срцево не може да се смири. Сенката негова ја снемува се губи зад хоризонтот, 35
останав сам јас, како мртов војник на фронтот. Често се присетувам за миговите во него, во тајното одајче кришум од светот беше тоа време кога цутеа црешните а јас со птиците го милував во летот. Ми кажаа дека ме чекал долго, дури не паднал со уморна снага. Маки од гревот ме притиснаа в земи и чемерот по мојот љубен дом. А толку многу сакав да имам топол дом кога надвор, ситен дождец ќе зароси но правото на желби го однесе виорот студениот ветер страдание ми носи. Го видов за последен пат во сенките на старите ели осамен и пропаднат среќата со него веќе ништо не дели. Само старата чешма сè уште тече влечејќи го своето бреме и тивко со својот жубор раскажува за минатото време. Драган Андреевски I-3 Гимназија Добри Даскалов-Кавадарци Ментор: Кочо Кочов
36
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Таму каде првпат срцето мое почна да бие. Таму каде една голема љубов за неа се крие. Таму каде што ден по ден ќе минат и години дали за неа некогаш ќе ти се разбудат спомени? Детството ми мирисало на зрели класја, настани родени во лето, каде жегата пече а жетварката со вода жедта ја лечи, и без умор го испраќа заодот на сонцето и болката што пече.
зракот зад онаа планина, и сега парче од сонце жари во мојата душа. Таму каде што повеќе не цути мојата младост и тагува по далечната, непреболена сладост. Таму каде што велат дека сум родена, на највредниот жетвар, и највредната жетварка. Таму, таму каде еден дел од мене сè уште дише, и една половина од мене за неа се нише. Таму каде што одново и одново камбаните за неа бијат. Таму каде што сè мое е и твое. Таму каде што копнежи стари повторно ријат таму е срцето мое.
Таму каде сенката ми заскитува сред нива и трчам по оризовото поле, нескротлива и дива. Таму каде гори душата на овој времеплов таму мојата душа зрее со Кристина Крстева IV-8 оризовите класја. СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани Таму каде си го изгубив Ментор: Александар Димитров
37
Домот во срцето мое Секое парче од оваа земја тече низ мојата крв, од секое планинско подножје до секој планински врв. Секое парче од оваа земја моето срце го лекува, секое езеро и секоја река, која низ оваа земја протекува. Мојата љубов, мојот копнеж, мојата земја родна, со секоја своја посебност и секоја почва плодна. Мојата љубов, мојот копнеж, мојата земја родна, мојата сила, мојата надеж, мојата душа сродна.
млеко сме доени. За мојата Македонија би ја искористила секоја страст, нејзиното име ќе ги краси моите усни, сè до последниот глас. Секоја боја од македонската природа е моја радост, секој сокак низ кој врвам ја оживува мојата младост. Сите ливади кои се осветлени од македонските зраци, не би можеле да ги заменат ни големите островски краци!
Да ја изразам мојата љубов кон неа, многу епитeти би ми текнале, но таа е толку голема, што сите мои зборови би секнале.
Секогаш ќе зборувам и колку можам ќе творам, за мојата Македонија вечно ќе се борам. Ја носам во срце, во мисли, во душа, тоа да го знае секој, кој за неа чита и слуша!
Нашите зеници со македонско знаме се боени, сите ние, со македонско
Јована Станојовска, I-6 СОУ„Јосип Броз Тито“, Битола Ментор: Соња Живковиќ-Ѓоргиевска
38
Домот, во срцето мое
За тебе Почуј... ветерот ткае сказна и преде пајажина околу твоите очи... да не видиш, да не плачеш и сневаш милно за родната грутка. Молчи! Чуј го појот на изворот кој збори да прегрнеш, да посакаш и силно љубиш во твојата лулка... И вдиши! Длабоко видиши, скриј ја во пазувите свои за тебе, за него и сите идни поколенија, мои и твои! Алана Чаушоска II-3 СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје Ментор: Дијана Дерменџиева
39
ДОМЕ МОЈ, ОД СОНЦЕ И ЉУБОВ РОДЕН Се роди од љубов, Израсна во пламен и јад. Се капеше во крв и солзи, Се гушеше од барутен чад. Со крв научи да збори, Не го доби лесно гласот свој. Со крв научи да твори, Се лееше крв во нерамен бој. Живееше во мрачна беда, Во крваво и слепо ропство. Со крв почна да гледа, Разбистри опскурно сопство. Мориња од мртви тела Заплискуваа нејзин убав лик. Завиена во црнина цела, Не можеше да запре болен крик. Умираше во крв со нив, И се преродуваше во крв повторно. Живееше со нивниот порив Да му пркоси на тоа што е злокобно.
А има како сонце убост смела, Блеска како сонце и топлина шири. Надеж е за нова мугра бела И елан што нема да се смири. Сонце во душа и сонце во срце грее, И на окови жестоко се противи. И ги гори, ги ништи, како прав ги сее Сите клетници со дубиозни мотиви. Кај сите има сонце на небо сино, Над висок планински врв. Но, кај неа има сонце и крв. Крв и сонце. Сонце и крв. Се роди од љубов, Израсна во пламен и јад. Се капеше во крв и солзи, Се гушеше од барутен чад.
Лиле Стефановска II – 4 СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ Ментор: Дијана Дерменџиева
40
Домот, во срцето мое
Земјо моја, доме мој Земјо моја, со реки и потоци брзотечни, со езера како солзи бистри, со сонце што над тебе најсилно сјае, со полиња златножолти, родни, со планини, височини, убавини. Земјо моја, срце што ми исполнуваш, душа нарануваш. Ти постоиш, мајко наша Македонијо, земја на Александар и Сандански, Делчев и Карев. Земјо напатена, со крв натопена, со порој солзи облеана, во песни неброени опеана. Радост и гордост, навек за тебе да ечи, стари рани да излечи. И да ме повика исток и запад, и нека ме повика север и југ, јас овде на моја земја стојам, живот во моја земја да живеам, да градам, творам, за љубов, мир, слобода секогаш да се борам.
41
Јас не сакам в туѓина да одам, јас тебе те имам топол доме мој, по тебе слободно чекорам, те бранам, те славам, и никому не те давам. Традиција одржувам, минатото го истражувам, прадедов корен да следам, така знам и по вистинскиот пат одам. Клекнувам, се прекрстувам, света земја бакнувам. Прегрни ме земјо мила, ти си домот мој. Нела Стефанов I-5 СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје Ментор: Вера Бојкикева
42
Домот, во срцето мое
Писмо до срцето Не значи секоја адреса дом, срце мое! Не е секој дом дома. Дома сум и кога сум надвор. Секој ѕидар може да изгради велелепни зданија, но само човек може да создаде дом. Нè значи секоја срушена куќа бездомност. Одев по светот, и тука и таму, видов многу убави куќи кои не беа дом. Во нив се населиле станари, но убавиците сè уште не беа дом. Видов многу луѓе без костими, и многу костими во кои немаше луѓе. Погледнав нагоре во стреата, и видов дом во мојот дом. Од кал и гранки, најубав на светот, всушност е целиот свет за гладните клунчиња. Дом е греота да растуриш. Тоа се цели животи, љубови оплодени, рожби родени и неродени, гладови заситени, приспивни испеани, леб и сол макани, сказни прераскажани, болести прележани, животи преживеани, смрти изумрени. 43
Колку што може срцето да збере, окото не може да види. Затоа домот не е во окото, туку во срцето...на тој што има срце! Кој немал дом, тој не се родил, ниту пак може да умре. Скитник и бездомник со многу имотни листови ќе биде, сиромав богаташ, јадник на векот. Дом имаш, ако Те памети некој, ако си нечие сеќавање, тага и среќа! Инаку ќе бидеш една полна, а празна вреќа! Не значи секоја адреса дом, и не раѓа секој каменолом дом! И не е секој дом дома, срцето е доказ за оваа аксиома. И надвор сум дома, зашто срцето нема ортома. Марија Павлоска III3 Ментор: Бисерка Гунова СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија
44
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Како што молњата не е гром, секоја куќа не е дом. А што е домот ако не е татковината, родниот град, родината? Кога во нејзиниот скут се родив, кога таа прва ме прегрна со убавините на нејзините пејзажи, ме восхити од својата грациозност, ме опи со нежност и љубов, за кои го врзав срцето на вечност. И со секој нареден ден јас растев заедно со љубовта кон неа. Со секое ново утро и залез на сонце, таа патриотизмот во крвта ми го зовриваше, сè додека не експлодираа од мојата душа овие стихови, посветени само на НЕА. Чинам, така најдостоинствено ќе ѝ ја искажам платонската љубов, ќе ја бакнам со понизност во чело преку емоцијата на зборот оставајќи го целото срце, докажувајќи ѝ дека и таа тече низ моите вени, како времето низ нејзините пенливи реки. Можеби никогаш не ме прегрна, но таа секогаш ме галеше преку нежната милувка на ветерот, ме гледаше низ призмата на небото од високите планини, ме натера да се чувствувам најсигурна и најмирна, во благодетот на нејзините свилени постели од треви, правејќи ме постојано горда на нејзиното свето име, за кое црква во душата изградив. 45
Таа животот мене ми го подари, а сега време е таа врз моите плеќи да се натовари, јас да продолжам да ја чувам како аманет од своите предци, како бисерна капка солза на дланка и да ѝ ветам дека и до последна капка сила за неа ќе се борам, па дури и ако повторно се родам, зашто родителот никој не може да го замени. Ја штитам, таа мене ме исчува. Ја почитувам, таа мене така ме воспита. Неизмерно ја сакам, таа прва мене со љубов ме задои. Знам, што и да кажам ‒ сиромашно е, што и да сторам ‒ премалку е, но до небеса сум желна да ѝ докажам колку ми значи, па затоа во еден здив, низ гласен љубовен излив, ќе ја распарам нејзината тишина, возбудено ѕверејќи се на ова парче хартија: Ја љубам безрезервно татковината своја! Нејзината историја е и судбина моја! И знај, кај и да одам, што и да правам, за љубов јас никогаш нема да страдам. За трошка сакање јас никогаш не ќе просам, зашто татковината, домот, јас во срцето секогаш го носам! Теона Ацеска II-7клас во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп Ментор: Лидија Тошеска
46
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Постои изгрејсонце над полињата и зајдисонце зад планините, но, најсветлиот зрак на сонцето не дозволува ништо друго да биде посветло од тебе во мракот што сака да нè голтне. Билките на нерасцутената ливада лекот за вечност тебе ти го подаруваат, да нема ништо повечно од тебе, да нема копнеж и лутање на идните кревки животи, и двата вљубени гулаби сета љубов мене ми ја дадоа, во моето срце платонска љубов да создадам, да ја почувствувам топлината на домот. Создадов. Тогаш моите гради трепереа, тогаш полетав високо над Вардар, Охрид, Шар Планина. Тогаш сфатив јас во твоите корени заробена, ти во мој дом претворена. Сара Петрова VI-3 СОУ „Коле Нехтенин“-Штип Ментор: Силвана Андонова-Иванова 47
Домот во срцето мое Сакан доме мој! Ти си еден, почеток и основа на сите градби. Ти постоиш во себе единствен. Ти си душа на душата моја, трепериш во ритамот на моето спознание! Твоето постоење е скриено во длабочините и височините на срцето мое кое непрестано чука, за да ме потсети: „Не би постоел
ако нема ум кој би те примил, не би бил изговорен ако нема слух кој би те слушнал, не би бил топлина ако нема кој да те почувствува, не би опстанал ако љубовта не стражари на твоите порти!“ Те љубам доме мој! Ти си силата на срцево мое кое непрестано чука, за да ме потсети на постоењето твое!
Кристина Маневска III-4 СОУ „Коле Нехтенин“-Штип Наставник ментор: Јованка Шалева
48
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Волшебна птицо, полетај со крилјата твои, кон патот на вечноста каде што најубава песна се пее, каде што слободно се живее. Ти само летај, и ќе го видиш домот мој мил, оној кој на Балканот гнездо свое свил, дом на просветители, на Кирил и Методиј, таму каде што глаголицата ќе ти прошепоти, и кирилицата нешто ново ќе ти каже. Прелетај Пирин планина, слетај во Охрид, види убавина, езеро и кладенци медени, напиј се од извори Билјанини.
Мелодијата од нашиот кавал слушни ја, со топлина ќе те опие, а и солза ќе ти пушти оти ќе дознаеш за немилосрдието, за крвавите темјанушки и полиња бојни, за бестрашните јунаци и најстрашните војни. Тогаш ти заедно со мене на ова парче земја ќе му се восхитуваш, и кога повторно ќе посакаш шепотот на ѕвездите да го чуеш и ова небо да го видиш, ти рашири крилја кон градиве мои, и ќе те примам кај мене, бидејќи е домот во срцево мое.
Анастасија Спировска IV-8 СОУ„Перо Наков“, Куманово Ментор: Фросина Милошевска
49
Потрага по топлина Во потрага по засолниште ги превртуваме сите непроодни калдрми, па во тој беспомошен лавиринт не наоѓаме ништо освен еден лик. Идеализирана индивидуа којашто ти го одзема здивот на моменти и те прави да се чувствуваш како да живееш во твој имагинарен свет, а ти суштествуваш во нејзиниот. Наизглед изгледа како дом во кој секој би се вселил, но дали таа би го примила. Продолжуваш да ја заробуваш во твоето срце
и таа станува домот во срцето твое. Но, дали ќе остане таму? Почнува постојано да те потсетува дека не и се допаѓа личноста којашто живее во твојата глава и дека никој не може да ѝ се приближи. Се обидуваш да се промениш, но и успана можеш да забележиш дека заминува од тебе. Што можеш да направиш за да ја пренасочиш болката? Не можеш од секој да направиш дом. Чудна си и загадочна. Не умее секој тоа да го љуби!
СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш Кристина Грујоска III-1 Ментор: Катерина Диманова
50
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Ќе поминам низ планини и мориња, горештини или студ и лед, ќе проталкам низ сиот, голем и потценет свет. Ќе видам се што оваа земја, во своите прегратки држи, сите нејзини убавини, кои таа на окото наше ги пружи. Кога се ова ќе го видам, мојата изморена душа ќе побара, во домот свој да идам. Кога сум таму моето срце, со нова надеж бие, а пак љубовта за мојот дом,
во моите мисли спокојно спие. Во мене таа расте и се вкоренува, ме исполнува и ме теши, и не се проценува. Овде, во мојот дом, грижата еден за друг, сите не смирува и сплотува, и немирите самостојно, таа ги скротува. Мојот дом е засолниште, за мене и сништата мои, и овде во моето срце, почитта кон мојот дом, запечатена, засекогаш ќе стои. Стефанија Ристова I-5 СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш Ментор: Тина Вергова
51
Домот во срцето мое Сите сме само опасни познаници на едно заедничко минато, сегашност и иднина. Ги живееме напнатите ноти на тајните симфонии кои секогаш се појавуваат во глувиот простор меѓу нас. А тишината, како и темнината знае да биде љубезна, па ќе рече дека лесно е да се убиеш без да умреш. Околу себе просторот исполнет со празни зборови, малку високи тонови, тишина и подмолна смеа просторот ќе остане празен, како црна јама во Вселената која постојано се шири и се претвара во едно гиганско тело недостапно за истражување. Мојата душа блуди во копнеж да го допре работ на најдлабокиот мир. А мирот, кој во определен момент од нашето постоење ја губи контролата на нашиот ум, и му се препушта на срцето. Оставајќи го, оставаме и дел од нас самите, дури и да отидеме далеку 52
Домот, во срцето мое
нештата остануваат засекогаш. Домот не е место каде што е присутно нашето физичко битие, домот не е куќа, тоа е чувство, емоција, каде што е присутно нашето срце. Не, туку момент кој го градиме суптилно за да се засолнеме, за да го понесеме со себе. Среќата не лежи во немилосрдната алузија, и бескорисната конверзација, лежи во срцето. Односно лицето кое седи до нас и способноста да сме блиску до него. Тоа е чистата човечка интеракција, и емпатија, а не митолошка суета. Среќата е домот, состојба на умот и место на безусловна љубов. Дури откако ќе го преминеме прагот ќе го почувствуваме мирот во нашето срце. Илијана Такашманова III-2 Ментор: Верица Ризовска СОУ„Богданци“-Богданци
53
Домот во срцето мое
Д
невникот нека ми го помни тој живот, додека јас живеам во туѓ хоризонт....
Отчукува часовникот. Полноќ... Пролетно ветре ми ја дразни кожата и ми ја милува душата. Гледајќи се изгубив меѓу ѕвездите, станав посјајна од нив. Тие мали волшебни светки ме носат на друг свет. Имагинација од соништа кои се преголеми за креветот во кој лежам. Ме потсетуваат на нас, луѓето, среќни, а осамени. Здружени, прават топол дом. Ми оѕвонува звукот од тркалцата на бледосиниот платнен куфер. Ме кине на ситни делови и ги распрснува во етерот. Велат, лесно е да се спакуваш и да заминеш, да оставиш и бараш нова цел. Сè изгледа авантуристички, возбудливо и ново, сè до последниот момент кога го земаш куферот и со едната рака ја затвараш вратата на твојот дом, а со другата отвараш нов, непознaт свет. Последното збогум-жигосува. Навистина, колку далеку треба да се отиде заради нашите амбиции? И мора ли воопшто некаде да се оди? За неколку часа е почеток... Обврски, нови луѓе, доживување. Се факаш во сопствениот одраз, се гледаш-мисли потемнети од размислување. Па си велиш, дека си среќен. Ги достигна своите амбиции, и што сега? Колку што обожавам да патувам и да отварам нови животи, сега признавам дека кога ги слушам стрелките на полноќ го барам мојот дом. Онаму каде првпат возев велосипед. Сè уште ми се враќа топлиот мирис на мојата татковина. Огромните ливади низ кои несомнено ја покажувавме безгижноста. Копнеж и далечина, зарем тоа е сечија животна приказна?
54
Домот, во срцето мое
Како во призма се вртат слики. Ме довикуваат да се вратам онаму каде е моето срце. Да го спакувам куферот и побегнам. Но, низ животот ние сме птици преселници. Цел живот патници. Сè си има цена. За да добиеш треба да изгубиш. А најчесто го губиме срцето. Си велиш: ќе биде сè во ред, треба време. НЕ! Признај! Само дома се чувствуваш како дома. Каде и да си, те прогонува мисла и те потсетува дека тое не е твојoт дом, зашто секаде си само турист со изгубен паричник. Си ја трошиш душата. За на крајот каде и да стигнеш, еден ден... се враќаш назад, назад да ја наполниш изветвената ти душа. И одново да го почувствуваш живиот живот во тебе!
Тина Танчева, СОУ „Богданци“, Богданци, Ментор: проф. Соња Србова
55
Домот во срцето мое Итам со брзина на светлината. Веслам со сила која ми ги исцрпува коските. Веслам небаре животот да виси на конци, а јас како марионетата, беспомошно мавтам со веслата. А конците се закануваат дека ќе попуштат и ќе се скинат ако не продолжам побрзо. Болката во моите гради станува посилна, се распукува и се излева како море од солзи кои навираат од секое делче на речиси бездушното тело заробено во надежта дека веслата ќе го стигне закотвениот брод кој полека се губи и потонува во бурата заедно со илузијата на среќата. Пловам по црното мочуриште на тагата лебдејќи со мислите во чамецот на слободата, сонувајќи за изгубениот дом. Ми навираат сеќавања од среќните времиња, од смеата која тлее низ мојата крв, од детските лудории, од игрите со моите сестри, и ме преплавува бран на светлина и надеж. Надежта се сели од рака на рака, ми вели дека пајажината ќе се отплете 56
Домот, во срцето мое
и тажната реалност ќе згасне, а соништата ќе станат единствената вистина. Но, повторно ми доаѓа реалноста на гости. Ми чука на врата, чука ко да сака да ја скрши и неа заедно со мојата среќа и моите соништа за мојата малечка куќичка. За мојот топол дом. Очајот во моите очи е видлив. Рика со цело грло и се истура ко пороен дожд кој гази по кревката природа на соништата. Чекори со тешките чизми на командант и остава болката да легне во постелата на заборавеноста. Ми останува само оклопот од окованите трња на моето кревко срце. Оклопот стега сè посилно и посилно, префрлајќи се кон моето тело, гушејќи ме. Ме гуши со отровниот прозорец кој отвора нови болки и нови епитети на носталгија. За мојата малечка куќичка. За мојот топол дом. Љупка Јовановa СОУ„Јане Сандански“ –Штип Ментор: Софија Стојанова
57
Домот во срцето мое Во старата семејна куќа потпрена на брегот од ридовите стрмни годините ги бројам, а во нив и предците мои. Седам во тремот и ги чувствувам спомените од минатите времиња. Лето е, а пеплосаните лисја на црницата во дворот ме враќаат во детството мое. Со години домот останал во срцето скриен. Од раскажувањата на дедо и баба во мисли ги видов предците мои. Пожолтените слики од семејниот албум ми ја раскажуваат приказната за годините поминати во среќа и слога. Од старата куќа останале
спомени бројни, но и котлето црно над огништето пусто И црницата и плотот во дворот. Во тој миг сетив мирис на испечена пита, на печени костени и мирис на суви сливи. Со спомените на мама и тато се вратив во нивното детство. Ги слушав кажувањата за деновите поминати во игра, за детските песни кои ѕвонат силно во мене. Домот иако трошен ми ги врати спомените. Љубовта на моите предци ја чувствувам на секој чекор. Таа силно одекнува во моето срце. Љубоморно ја чувам заедно со домот.
Розета Петрова СОУ„Јане Сандански“ -Штип Ментор: Софија Стојанова 58
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Ги гледам куќите што ги напуштија мртовците, Бледи лица и празни срца, сронети души. Сепак, ведро е и твоето мртво чело пријателе, Младоста те натера да трчаш со ритамот на ветрот, Кој удира во гради, рушејќи ги темелите на домот. Никој од нас не сфати дека твојот дом, Не е четири ѕида туку четири страни на светот Кои градат парче земја, исконско Запаметено од тие што не знаат дека постои. Ја видовме заедно, стои сама Крвари низ вековите што минат Но како успеа да ја собере нејзината мака на карта? Кој би рекол, кој би знаел дека парче земја Може да се вдоми во човековото срце? Кој би предвидел, кој би го спасил Проколнатиот македонски народ, Кој воскреснува секогаш преку крвта и потта На тутуноберачите и печалбарите. Везилките и недоткаените кошули, заборавени на разбој Носат надеж за малото сираче, Кое никогаш го нема видено својот татко, А таткото ја нема видено својата татковина слободна. Кој слушнал дури и во тишината, прогледал во мракот Дека првата љубов е кон татковината, домот? Кој би ѕирнал внатре во неа, цела е распарчена. Сепак ново сонце на слободата се раѓа над неа, Ги лекува раните создадени од нејзините чеда. 59
Ја гледам низ темница, искра ми е во очи Ја чувствувам в гради, кротко дишење. Нејзиното копно притиска врз моето срце, Не се предава, чука и постои, А со неа постојам и јас. Сања Василева III-3 Ментор: Катерина Ќосева СОУ ,,Јане Сандански“-Струмица
60
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Под јаворот твој во паркот седам и спомен за спомен низ мисли си редам, горда сум што се родив во тебе и секогаш ќе те носам во себе. Под јаворот твој во паркот седам и занесено гледам како Врдар бесчујно тече и спомени драги влече. Се потсетив на минати години и волшебни сни во кои може да бидеш само ти. Во спомени често се навраќав на старото место, каде трчав боса по тревата врз меката коса. Под јаворот твој во паркот седам, занесено молчам и се сеќавам, на радост и смеа под нашата стреа. Се чувствувам возвишено во тебе граду мој на мирот, каде детската игра е безгрижна, сонцето спокојно изгрева, убавина во тебе грее и среќно се живее. И кога некој ќе зачекори по сокаци твои тесни, веднаш ќе чуе велешки песни, за Миле, за Рацин, за Коле, јунаци славни и рамноправни. 61
Рамо до рамо, млад до млад животот свој го дале за тебе мој славен град. И ден денес за тебе песни се пеат, солзи се леат, а јас од срце тебе те сакам и да ти речам, само во тебе можам рани да лечам. Ти секогаш ќе бидеш гордост моја а јас колку и да сум далеку ќе бидам твоја. Еј, дому мој со минато славно, и денес времето во тебе минува забавно. Граду мој - моја инспирација, со најзначајна културна манифестација, и денес Рацинови спомени опејуваме, пишан збор прославуваме. Еј, дому мој! во себе една мисла кријам и на старост сакам под јаврот твој да спијам. Спомен за спомен низ мисли да редам твоите убавини да ги гледам и да слушам како луѓето песни пеат, од срце весело се смеат и среќно живеат. Симона Калешова I-ва година ССОУ „Димитрија Чуповски“-Велес Ментор: Верица Николова
62
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Овој свет не е создаден за сам во него да се живее, никој не е толку силен сам сè да преживее. Овој свет е огнена лава, затоа треба стреа над глава, Дом- засолниште кое сигурност дава. За мене оваа именка е далечно минато, ова срце мое од маки е раскинато. Некогаш и јас имав покривка над глава, ама тргнав лошо, не по линија права. Сам на тротоар со корка леб в рака, се обидувам да се спасам од голема мака. Јас не знаев што се злосторства, кражби, јас не знаев да употребам
имиња лажни. И денес плаче моето срце дробно, што овој свет ме претвори во суштество злобно. Живеев јас во свет како од бајка, свет создаден за мене од моите татко и мајка. Нашата куќа беше наше мало кралство, училиште во кое ме учеа за вистинското богатство. Кај нас сè течеше како млеко и мед, го сакав животот и семејниот ред! Мојот дом ми беше најголемата закрила, мојот дом беше рајска идила. Дури живеев таму јас имав образ чист, O Боже, сè би дал да бидам оној стариот, ист! 63
Мојот дом имаше посебна светлина, љубовта во него - најголема топлина. Нашите прозорци секогаш беа отворени за новиот ден со својот сончев зрак, за добри луѓе – вратите никогаш затворени, за да впијат радост и исфрлат мрак! Сите знаеја, имавме ние рајска градина, Сите ѝ се восхитуваа на нејзината убавина. Имавме сè што нуди мајката природа, од домати, зелка, јаболка, до румена јагода. Најубаво беше во лето, во пладневните часови, време кога се слушаа само птичјите гласови. Ќе легнев на лежалка, со дрвјата, под сенка, чекав да дојде таа преслатка, таа сонлива дремка.
64
Дојде време на лудории на младост гладна, во лошо друштво, мрачни простории под темно небо паднав. Светлината во моите очи прегоре, душата на моите родители изгоре, јас во монструм се претворив, една книга започнав, а друга затворив. Во животот минав низ безброј бури, долги, мрачни затворски авантури. Дали ме мачи беспарицата моја, тоа што како уличен дух јас постојам? Или пак злото што го имам сторено и болката што ова срце во мрак е затворено? Јас за ништо веќе немам волја, само сакам да ја вратам светлината во душата моја.
Домот, во срцето мое
Да ги пронајдам спомените од минатиот живот, да го спасам во мене она што е останато живо. Што и да биде со мене, срцево кога сака нека свене, Но јас знам само едно: Во светов постоеше нешто вредно, нешто што никој никогаш и
никаде, за илјада години нема пак да го создаде. Тоа е жарче кое во мене гори, кое од мене добар човек пак ќе стори. Тоа е споменот кој со сила ме дое, тоа е домот кој живее во срцето мое!
ТЕОДОРА РИСТОВСКА IV1 СОУ Гимназија „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ - Тетово Ментор: Даниела Богоеска
65
Домот во срцето мое Француски брод тонеше во Белото море, донесе абер во Eвропа и на Славјаните горе.
Ќе се роди ли повторно Шатев Павел? Или повторно како и порано, кога македонскиот народ во тиранија се давел.
Целта - повредени и мртви да нема, според мотото на организацијата. Но на својот пат, слободата жртви зема. Својата младост ја изгубија, но не се жалеа. За македонското прашање, главни објекти во Солун палеа.
Ќе има ли повторно гемиџии, или повторно само западни сеирџии? По смртта посакуваа само роза во црвена боја, и велеа: Ќе дојдат подобри синови од нас, Македонијо, мајко моја!
Теодор Богојевски II-2 СУГС „ВладоТасевски“ - Скопје Ментор: Билјана Ристова
66
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Посакав денес да полетам, како птица, Од високо јас ридот да го видам, Зад него да ги видам и планината и ширината, Над нив небото сино и милно, А над нив, Над нив, сонцето што мојот роден крај го грее силно. Сонцето кое со топлина зрачи, Сонцето кое добрини ни лее, Сонцето кое од сите четири страни, Луѓето ги упокојува и грее. Сонцето од кое милина блика, Истото сонце кое ја создава најубавата пејсажна слика. Волшебната слика од мојот крај Најсаканиот, родниот крај Кој блеска во полн сјај. Посакав денес да полетам, Од повисоко јас ридот да го видам. Зад него да ги видам и планината и ширината, зад нив небото сино и милно а над нив, над нив, сонцето кое мојот роден крај го грее најсилно. Симона Борова IV-3 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес Ментор: Александра Стојановска
67
Домот во срцето мое Прегрни ја љубовта што те носи, бакни го тој обелиск што пред тебе стои, понеси го немирот за да го допре ветрот и ќе го слушнеш чуварот. Собери ги солзите боси што се тркалаат, гризни си го јазикот кога ќе ги боли и кога ќе го слушнеш суфлерот. Види ја сенката со која те гони, онаа која сиот свет нема да ја види, Не ја кревај главата кога ќе сакаш да си го видиш огледалото и кога сомнежот ќе те ништи. Тоа е она што го бараш кога ти недостига, она кое го плукаш кога не треба. Тоа е она што те има кога му недостигаш, она кое те сака кога го губиш. Тоа е она поради кое по секој милуван сон утрото ти ја целива ѕвездата. Светла Јакшиќ III-7 СУГС Гимназија „Раде Јовчевски- Корчагин“ Ментор: Тина Ѓошева
68
Проза и Поезија Основни училишта
69
Слободарскиот дух на љубовта Прв дел Во идентитетот на возбудата знамето ја вее воздишката, сонцето ги вжарува битките на востаничките испотени чела, чувството нараснува во срцето што ја негува слободата. Во огништето трепери силата на пламените јазици на љубовта, секој ќе стави по некој дамар од возбудата на заедништвото, та дури и предците учествуваат во тој непрекинат бескрај... Напнатоста расте насекаде во потенцијата на животот, татковината се раѓа во клетката на востаничките напори, крвта се милува со звукот на патриотските јуришници! 70
Се прегрнуваме во успесите што ја величаат надежта, се радуваме и во поразите што ја поучуваат иднината... Домот ни станува бескрај во кој ја негуваме уметноста, татковината така се раѓа од намерите на вечноста, така жилаво се држи пред намерите на глутницата. Насекаде го гледам пркосот на воскреснатите насмевки, храброста жилаво се качува по стрмнините на подвизите, во древните текстови почиваат коските на храбрите зборови. Се пребројавме пред знамето оковано во немирот на судбината, нè имаше толку колку што треба во историјата на слободата... недостигаа само болките
Домот, во срцето мое
што сме ги заборавиле во јуришот! Втор дел Се почувствува слободата на неизлечивиот плач, дојдовме до сознанието и до тајната на постоењето, ја изградивме вербата следејќи ги дамарите на надежта, ги освоивме срцата кои полека го отчукуваа крајот, сега играме заедно низ психолошките полиња на љубовта, нè згрижува среќата кога тивко шепотиме со љубовта, завладува сонцето кое ни ја отвара сегашноста, а дамарите на вечноста, го прифатија духот на насмевката. Следејќи ги чекорите на вистината, си составивме автобиографија,
го вметнавме пасусот за вечноста меѓу минатото и неизвесноста, го слушаме гласот на убавината, ширејќи песна во таинственоста, ја задоволуваме среќата, живеејќи во сегашноста, и, ете така, живеејќи во вечноста, го прифативме отсуството на претераната совршеност. Дрските опасности на зборот станаа пресвета тајна, од зборот се роди револуцијата што ја наоружа волјата, тогаш созреа и митскиот речник во вокабуларот на храброста, та грмна повикот за слобода под знамето на историјата, крвта зовре во изгрејсонцето на Рациновата утрешнина... Во името на Делчев и Даме, во намерите на илинденците, во решителноста на партизаните, 71
во поезијата на Конески што ја скротува граматиката, во перцепцијата на љубовта и во сите шепотливи молитви – секаде свети зборот, оној немилосрден вербален меч што ја брани нашата интима, оној опасен тектонски порив што учествува во раѓањето на оваа моја убава земја!
Сега, еве, слободата блеска во пигментите на вистината, ја составува смислата за љубов во етичкиот кодекс на овој век... Во домот на вселенскиот миг еве, сега сме сите тука: јас, ти, ние, времето и просторот, тука сме и нежно го негуваме слободарскиот дух на љубовта!
Стефанија Александар Ристовска, 8 - б ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје Ментор: Марјан Костовски
72
Домот, во срцето мое
Задомената вечност на татковината Прв дел – Родина Се вљубив во соѕвездието, на нивното минато, моите предци го држат темелот на искушенијата, една необична гатанка талка во историја, го бара вистинскиот одговор за да ги расветли неволјите, сложните заедништва ни го дефинираат времето, родољубиви настани ја создаваат историјата, од крвта на борците создадовме вистина, чекорите маршираат врз скелетот на љубовта! Се возвишивме кон универзумот на хуманите вредности, трпението ја чека на усните тишината на убавиот збор, колони потомци ја чуваат содржината на сеќавањата, тврдините ја набљудуваат
инвазијата на љубопитните, но, лузните имаат длабочина во недовршениот бескрај, времето узреа во трпението на сончевата пченица, ритуалите се само натежнати камења кои тежат во мигот на вербата. Лажните насмевки ги препознавме во актерските неумесни изливи, на време ја задомивме радоста во молитвата за татковината, планини од врвна суштина го згрижуваат секое парче среќа, милиони детства ја создаваат визијата за мојата земја. Го темелиме времето врз молкот во кој ја запишавме историјата, 73
нема парче земја во времето во кое нема возвишен гроб, нема ни непрероден човек што не го осмислува времето – она страдалничко време во клетките на сите победи! Втор дел – Дамарите на мојот дом Го задомив неискуството во семејната сигурност, ја возбудив насмевката во мајчината безусловност, си ја уредив судбината во биографијата на татко ми, ги напишав моите тајни зборови во експресијата на бескрајот. Ги вгнездив потребите во топлината на љубовта: во кујната на животот ги зготвив нашите ракувања, во детските соби ги сокрив палавштините на детството, во дневните простории
74
создаваме кротка филозофија. Невоспитаните ме погледнуваат со љубоморна подивеност, се обидуваат да ми ги украдат задомените детски соништа, да ми ги искинат документите во кои се опишува љубовта, да ми ја продадат осаменоста за некоја евтина животна ролја! Навечер тишината молчи во дамарите на суштината: некој заеднички сон ја бара заедничката гробница, секој поединечно молчи во небото на личната судбина, а сонуваме и замесено тесто кое го расквасуваме со солзи! Изутрината сонот го толкува тишината на баба ми, нешто сокрива од значењата што имаат опасни конотации, нешто корисно препорачува што знае како со судбината, заклучоците ги чува за крај што ќе ја осмислат иднината.
Домот, во срцето мое
Мојот дом има невидлив простор на таванот на тишината, таму ги криеме душите на нашите храбри предци... има простор и за живите тајни што ја љубат светлината, место за нашите насмевки што ја создаваат вечноста!
Дамарите на мојот дом го вдомуваат времето, маршираат по патиштата на општите закономерности, стануваат силен чекан што ја кова иднината, одекнуваат во силното ехо на гласовите на предците!
Јана Костовска, VIII - 2 ООУ „Јоаким Крчовски“ - Скопје Ментор: Мирјана Славевска
75
Домот во срцето мое Те закопав длабоко во душата во испреплетени прсти на вечноста, ги грабам мислите на возвишеноста топлина ме обзема од звукот на твоето име. Одам, патувам, прелетувам, далечините на бескрајните линии траат само еден миг, тука е моето засолниште. Воздивнувам од глетката на изгрејсонцето белината на врвовите небесни е само парче од величенственоста, го чувствувам треперењето на раката што ме прегрнува искри се распрскуваат од цврстината на крикот кога те повикувам, љубезно се насмевнувам на секој што ќе те овековечи. Постоиш и во секојдневието на очајот ги топиш сомнежите на неизвесноста, на дланка ми го нудиш спокојот на сигурноста и темнината ми станува видлива. Во срцето те засадив со моќта на хоризонтот што во тебе наредил сложувалка. Оливера Наумовска VIIд ООУ„Димо Хаџи Димов“, Скопје Ментор: Јагода Серафимовска
76
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Тонам во мисли за дестинации следни, да појдам, да видам дали се вредни – како убавините во оваа земја исконска, нашата рајска фантазија македонска. Сонцето секаде од Исток изгрева, но тука срцето најтопло го загрева. Штом родната грутка земја, зраци впие, највкусни плодови по дворови крие. Луѓе со широка насмевка и душа, насекаде џагор и песна се слуша. Спомени и случувања сè повеќе се редат што секогаш и секаде ќе ме следат. Јас не знам дал тука ќе останам сега, но патриотско чувство во гради ме стега – никогаш дом да не напуштам мој, тука, на своето – јас сум свој! Топлина в душа што носам јас, чувство на слобода, мир и спас, никаде на светот кај што сум бил како домот мој не ми е мил. Андреја Поповиќ IX в, ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје Ментор: Катерина Аницин 77
Домот во срцето мое Каде е мојот дом? Таму каде Шар Планина небото го допира Под Пелистер каде шушти Молика Таму кај стада овци се белеат И гроздови тиквешки зреат и во градот под Марковите кули легенди и преданија се пеат Таму во моето срце мојот дом е, мојата татковина Цветна градина е И цветови раѓа Да цветаат вечно! Не еднаш, не двапати, по стопати Стотици црни орли ја надлетувале Ја разурнувале, ја преорувале, нè пребројувале Но еве сме, тука сме Колку сме, доста сме! За тебе земјо најмила Реки солзи се излеале Безброј песни се испеале
78
Вардар солзите ги измивал Пирин маките ги покривал. И пак знаеш, а и сила имаш Портите да ги отвориш Прегратка да ни подариш Мајчински да нè надоиш! За тебе! Зашто ти си во срцето мое! Млади јунаци, бесмртници Со силата младешка пркоселе Ги кинеле, ги корнеле, ги кубеле А тие пак како пиреј, како троскот Низ пепелта никнувале Сами судбината си ја пишувале И не се предавале. Со писокот на зурлите и грмежот на тапанот Се леела македонската судбина и мака За непокорот македонски Историјата да говори сака. Така и ти татковино Низ црнини си се издигнала
Домот, во срцето мое
И низ векови опстоила! Со која боја да те опишам, а да не погрешам? Можам со црна-за црнилата и патилата низ кои си се калела Можам со црвена- за да се присетам на крвта на јунаците, илинденците Кои останаа на вечна стража Да ги чуваат своите идеали. Можам со сина-како сините солзи на мајките и момите невенчани Леани низ годините. За сите нив За јунаците, за Делчев, за Питу, за Јане, За Рацин и Конески За везилките ненавезени, за песните недопеани. Денес ти земјо моја смело чекориш По патот на демократијата И во тебе расне силата
За подобар живот во иднината. Над ѕвезденото небо твое Запишана е судбината Нежно трепери срцето мое Полно со љубов кон татковината. Ние денес ќе пееме И ќе чекориме под знамето црвено и жолто Исправено кон иднината! Доволно силни да бидеме бедем на татковината Да бидеме сино небо на родината Птици гласници, пролетни ластовици Да бидеме цвет-гороцвет Надалеку што мириса Да бидеме момина солза Темјанушка планинска Да ги славиме, да не заборавиме! Дом во срцата наши за тебе да направиме!
Борис Ночески IX5 одделение ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп Ментор: Сузана Николоска
79
Домот во срцето мое Кога пишувам за домот во срцето мое Мислите длабоко ми тонат И православни напеви долго ми ѕвонат. Кога пишувам за домот мој Ја гледам мајката на Сонцето, Гледам земја библиска. Ги гледам Филип и Александар непокорни, Самуил и војниците негови тврдокорни. Ги гледам Климент и Наум како браздата Започната од Кирил и Методиј ја добраздуваат, А пак Григор и Јаким браќата Миладинови ги одмаздуваат. Кога пишувам за домот мој Пред очи ми се појавува: Прилеп со својот востанички ОктомвриПобедоносно по Илинден в радост блика. И веднаш во мене се јавува слика Од Пелистер па до Пирин, Од Вруток до Егеј бел, Три цвеќиња – еден букет Еден народ сплотен цел. Ги слушам како шумат зелените гори И бескрајно течат Вардаровите води, Гледам „Бели Мугри“ одејќи „Пеш по светот“ Ги слушам како ечат камбаните, Гледам реки од народ по улиците Со притоки од сокаците Како се збираат во едно јунаците. 80
Домот, во срцето мое
Грмеж на тапан, Секој удар тежок ко камен Се зарива в срце и длаби, „Тешкото“ се игра на „Крвава свадба“. И конечно лавот крваво, но гордо стои, Лавот кој засекогаш ќе постои. Кога пишувам за домот во срцето мое Ја чувствувам татковината моја! Џогова Николина IX одделение, ООУ „Кирил и Методиј“, Тетово Ментор: Сашка Танеска
81
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Аргатски маки доживуваш, аргатски маки преживувам, крв се лее по тие падини, падини на гордоста. По тие падини чекориме, по тие планини, врз тие горчливи маки. Доживуваш, преживувам... Син сум изгубила, низ тие матни облаци, во тие тешки години. Црвен конец влечам низ дворот, кон мојата постела, додека сите ме гледаат и продолжувам да чекорам кон вратата, по дрвената плоча. Доживуваш, преживувам... И одеднаш пропаѓам во тие недолистани листови хартија во моите гради, додека млади печалбари жуборат покрај реката, оставајќи ги зад себе планините, зад кои и сонцето го крие својот лик, кога тие огнови ќе распламтат. Жените, децата, мајките... Доживуваш, преживувам... Кога дојде и мојот ред, да гледам како 82
Домот, во срцето мое
зрелите детски очи таткото не го препознаваат, само јас ги гледам истите тажни очи, истата уморна душа, желна за починка, за мир. И влегувам во таа воена машина, стаклото напукнува и не престанува, како маките мои. И ги собирам парчињата од искористената гума и ги бришам сите маки, сите болки, сите страдања. И доживуваш, преживувам... Тоа е минато! Веќе ја избришав крвта од тие планини, од тие падини, ги пресушив солзите покрај реката, за нашата иднина, за нашата татковина, за нашиот дом, за мојата татковина, за домот во срцето мое. Ангела Филовска VIII 3 одд. Ментор: Лилјана Димовска ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола
83
Оваа наша земја Мислата боли повеќе од сета реалност, а делата се најискрени сведоци. Метафорично блеска минатото во ритам на победа. Чии стапки на земјава белег оставиле. Во чии страни ова сонце грее. На чии дланки блеска бисерот балкански. Тивко, тивко и без здив, до последна капка крв во срцево едно име ќе ечи. И нозеве каде и да ме водат, и денот, што и да ни носи, оваа земја цврсто знам ќе стои. Мисија оставена од предците наши, голготско душа на бојното поле, што оставиле, продолжува со име Македонија. Марија Јанчевска VII а ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје Ментор: Лазар Матески
84
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Оддалеку се гледа едно скриено катче, оддалеку се гледа една земја допрена од божја рака. Стои сред звуци волшебни и албум од фантазии, а ние ја гледаме крилести, инспирирани. Накитена си татковино, со венец од крвав трендафил, заробена си во реченици од илјадници усти. Заштитена си ти со шуми на најгласна тишина копнеж си на облаци оловни и густи. Но, ти распостилаш ќилим од најсјајно жито и бескрајни ливади од црвени булки. Низ тебе течат непресушни и непокорни реки, се издигнуваат планини неоплишливо силни. На зајдисонце во зрела пролет, ме претвораш во пеперутка во лет, и кога крај езеро во доцна есен стојам, би можела и ѕвездите да ги бројам. Ти имаш, татковино, посебна дарба плениш со убавина, расцутуваш во доверба. Ти си плетена од топлина и пој, најде место во срцево, сега си домот мој! Михаела Василеска IX одд. ОУ Кочо Рацин, Охрид Ментор: Фила Вероска-Стојковска 85
Домот во срцето мое Натежнале сеќавања од векот минат, ко афионски чушки распослани по поле плодно. Тропаат кепенци по дуќаните занаетчиски. Терзии, ковачи, чевлари, цел еден еснаф по тесни калдрми. Татнеж на трактор што ора по ниви родни. Леплив тутун, гроздови долги-алтан. Завет од дамнешно време зачуванСакај го градот свој, носи го в срце секој миг! Ох, Кавадарци мое-ти си мојот дом! Во твоите извори, пенливи и ладни, би црпела живот што не знае за суша, под твоите длабоки сенки да легнам, и да ја смирам мојата душа. Стефанија Грозданова 8б одд. ООУ„Димката Ангелов Габерот“-Кавадарци Ментор: Соња Тончевска - Костова
86
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Има една грутка земја сонце што ја блика, тоа е мојата родна лулка Македонија се вика. Во пазуви свои носи убавини безброј, шумни гори населени со бели стада разблеани, од славеј песни испеани и бистри реки жуборливи. Вардар од Вруток зачнат па до Егеј син, со векови тивок патник бил и сведок на тажни и среќни дни. Сини води езерски со бисерен сјај, со лебеди бели што ликот си го мијат, а од Плаошник весело камбани бијат. Прекрасна си татковино моја во песни опеана, со зборови опишана, во срцево зачувана! Ема Ѓорѓиевска 8в ООУ „Стив Наумов“ -Скопје Ментор: Магдалена Јанковска 87
ДОМОТ ВО МОЕТО СРЦЕ Има ли смеа помила од детската има ли очиња посветли од светлината како сјајот во очите на дечињата? Има ли грижа поголема од онаа на мајка гледајќи нè како нè носи туѓината очи се полнат при помисла на далечината. Има ли копнеж поголем, од оној за домот свој има ли среќа поголема од враќање во домот тој. Првиот чекор мој, скриен длабоко во тулите Првиот изговорен збор, најголема гордост за блиските. Каде и да одам, далеку од дома,
копнеж ме стега во градите без мајчината прегратка топла студено минат зимите. Домот е место магично Враќа спомени бледи, стари слики и болка во срце, сегде носам во градите, семејна љубов зрнце. Мама ме научи, да сакам и да знам како е да си сакан. Тато ме научи, што е тоа храброст, да се бориш за своето ако навистина го сакаш. Сестра ми ми покажа, Што значи да не си сам, каде и да одам, дека не сум сама знам, семејството над мене бдее, ме грее со љубов полн зрак.
Матеа Спасевска IX-1 О.О.У „Св. Климент Охридски“, Делчево Ментор: Милка Стоилкова 88
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Патував често ко птица во лет, сакав да ги видам убавините на целиот свет. Затоа талкав по дождови, по суша, сакајќи да ја исполнам желбата на мојата душа. Но, никаде ко тебе убава нема, а ја посетив скоро секоја земја, никаде сонцето не сјае со таква сила, како во татковината моја мила. Овде се вишат најубавите гори, росата свежина буди во раните зори, птиците ја пеат најубавата песна, во родната грутка секоја стапка е лесна.
Татковино моја, тебе езера три те красат, по пасиштата твои безброј стада пасат, Пелистер, Беласица, Јабланица и Шара се планините каде спокој за душата барам. Расцутени цветови во шарени бои ги красат ширните ливади твои и уште безброј убавини имаш, секого во срцето со радост го примаш. И јас те носам во срцето мое, штом в туѓина сум, копнеам по сè што е твое, зашто ти си мојот дом, мојата родина, името ти е татковина.
Благица Коцева VIII-2 одд. ООУ „Славејко Арсов“ Штип Ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова 89
ДОМОТ ВО СРЦЕТО Секој има своја приказна надвор од свои земјени граници, не е важно дали свири, пее или испишува празни страници. Кога си од другата страна на светот голем копнеж гори в тебе да е пократок патот, да е пократок летот. Камо да долетам, крилја да нараснам, камо да препливам, риба да станам, во мојата родна земја со семејството да си останам. Сите сакаат да бидат во своите зелени треви, легнати, во рацете на татковината безбедно стегнати. Мила Симоновиќ, VIII б одд ООУ ,,Григор Прличев», Скопје Ментор: Љупчо Јордановски
90
Домот, во срцето мое
Мојот дом Како домот мој нигде на светот нема, љубовта и енергијата за живот постојано од него ги земам. Домот е место каде и птицата гнездо свила, под покрив татков во прегратки сите нè скрила. Домот е место кое не се купува со пари, топлина и сплотеност на семејството му дари.
место кое дава за животот прекрасна слика. Домот за мене е волшебно нешто кое нема почеток и крај, во него љубовта се разлева често, па затоа тој е мојот рај. - Кај и да одиш, вели баба, дома пак се враќаш! Домот е најскапоценото место, тоа на крајот го сфаќаш.
Место без поделба каде насмевка блика, Марија Николова 9а одд., ООУ „Страшо Пинџур“ с.Соколарци Ментор: Тодорка Стоименова
91
Домот во срцето мое Домот е место, каде семејството топлина го краси, домот е место, каде што хумор, љубов и сплотеност на прво место гласи. Таму сме ние со насмевка на лице бело, таму сме ние од каде се слуша силен џагор во нашево село. Најпрво в зори мама за појадок, ко милослив ѕвон лека полека со нејзините очи блика, бујната коса мека, за појадок не вика.
Се разбудил рано, низ порти зачекорил, кон продавнцата на чичко Тое, да го нахрани тој семејството свое. Јас и сестра ми, чекориме надолу вешто, знаејќи на препирките на мама и тато им се засмееме често. „Повторно изутрина лебчето ти гори“- тато смеејќи се ќе викне. „А,ти повторно изутрина цвеќињата ги заборави в двори“-мама ќе му свикне.
Мирисот в кујна без здив нè остава, чувство дека сме среќни тоа ни дава.
Кога ќе седнеме сите заедно, од лицата сјај ни блика најубава е тоа семејна слика.
Тато купил лебче за сите, без глад да ни поминуваат дните.
Еве дечиња, сега в овој час да ви проговорам нешто
92
Домот, во срцето мое
за сите нас, мора да ви кажам можеби и ве лажам.
в палтенце наутро ќе му стави.
Ова е само фантазија наша, да ја развеселам мислата ваша. ова сето е една голема лага за жал, не е толку нашава судбина блага. Повеќе изутрина појадок не се прави, секој родител на детето џепарлак за храна
Ниту се слушаат семејни џагори в зори, бидејќи секој сам со проблемите свои си се бори. Ете, зошто во семејствата се појавува ваква казна, зошто се наоѓа се по некоја обврска разна?
Јована Петрова IX-а, Крсте Петков Мисирков, Оризари-Кочани Ментор: Виолета Цекова
93
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Во срцето мое цвеќето го има,ЗНАЈ! Во срцето мое ќе цвета радост без крај! Во срцето мое сонцето го има,ЗНАЈ! Да се капам, пливам, во длабочини да нуркам, да видам подводен рај! Во срцето мое зимата ја има,ЗНАЈ! Да се скијам, санкам, снешко да правам со смрзната дланка!
Бескрајно ја сакам, со насмевка блага споделувам радост и тага! Во срцето мое домот мој го има,ЗНАЈ! Домот мој го сакам без крај! Го наследив од моите прадедо, дедо и татко! Домот мој вечно ќе царува во срцето мое, ЗНАЈ! Не смеам да го разрушам, на следните поколенија во наследство да го оставам, ЗНАЈ!
Во срцето мое мајка ми ја има,ЗНАЈ! Христина Дебрешлиоска, 8 одд. ООУ „ Круме Волнароски“ с.Тополчани – Прилеп Ментор: Мирјана Талеска
94
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Дом! Светол, голем до небото, а сепак толку мал што се скрил во срцето мое. Се вгнездил, со нежност се обвил и тивки бранувања на мир и спокој во душата ми носи. Дом! Детство исполнето со љубов, со безгрижни игри, со топла мајкина прегратка, неизбришана солза. Приказни што се редат покрај огништето, зацрвенети детски обравчиња и топли печени костенчиња.
Како најшарена сликовница, Како најубава бајка е домот мој. Во него царува добрината, во него царува топлината. Тука сум среќна, исполнета, безгрижна. Тука сум своја. Го сакам домот мој до бескрајот, до вечноста. Во него е мојата сила, мојот живот. Домот во срцето мое.
Матеа Ангелеска IX одд. ООУ„Круме Волнароски“ с.Тополчани ППУ с.Старо Лагово Ментор: Марија Грижоска
95
Домот во срцето мое Во прегратките на едно мало село, во сенката на еден стар даб, во полето каде се слуша птичји пој и весел детски џагор се наоѓа домот мој. Каде сонцето срамежливо од зад темниот рид се буди со поздрав од песна за новиот ден каде ветрот одмара крај жолтиот дрен и мрси прсти во синиот ден. Таму каде реката пенлива ситни бисери рони таму во долината каде животот го гони со сила на трепетна снага. Со семејството мое таму живеам јас во дом каде родителска љубов зрачи со малиот палав брат и сестра која многу ми значи. Во мајчината закрила безбедност што ветува од проблемите наоѓам спас 96
Домот, во срцето мое
и наутро кога ме буди уживам во звукот на нејзиниот глас. Можеби не е совршено убав, можеби не е царска палата но,каков и да е во него детството мое минува со сите игри, авантури, желби. Сешто се случило тука, секаква среќа, радост и понекоја тага што вечен спомен останува спомен што во срце чука и пламени искри в очи буди. Желби имаат сите некој сака богатство, злато, бег во туѓ крај но, мојата желба е наједноставна: да бидам во домот мој, во тој прекрасен рај. Ангела Ивановска IX-1одделение ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија,Св.Николе Ментор: Катерина Алексова Наумова
97
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Секој ден ги испишувам своите страници, од раѓањето, постоењето и битисувањето на овие топли, јужни и плодни простори. Радоста што трепери во мене како јужен ветар, во секој дамар на моето срце ме претвора во птица, а птицата е песна и живот е и крвоток што шурка низ сите зелени предели и ја носи цветната пролет. Можеби јас сум таа птица пролетница што го исполнува просторот со прекрасна мелодија, во миговите кога во моето срце се вселува славеј и тогаш сите полјанки и ливади за мојата песна се претесни, за да ја излеам својата радост. Во домот на моето срце посадив цветна градина каде собирам миризливи спомени, заклучено богатство од слатки сни. Насекаде околу нас има часовници, најбучен е оној во домот на нашето срце, часовникот на нашето време и нашата совест. Моето срце е дом за љубов, добрина, хуманост. Запејте славеи, моево срце е прекрасна харфа со волшебни струни. Небото и звездите треперат како зората што изгрева, како надежта што е вселена во секое чисто и ангелско срце. Љубовта е чиста и прозирна како најбистрото жуборливо поточе, како моминската солза, искрена како детската душа. 98
Домот, во срцето мое
Моето срце-најдлабок океан чие дно не можам да го допрам. Брановите се вознемируваат и спласнуваат. Океанот се бранува преполн со чувства. Со возбуда е испишана секоја моја воздишка, за да ни биде насмевката како калинка, како маслинка што донесува мир, љубов и убавина на сите вљубени во животот, во сонцето и звездите. Да го исполниме домот во нашите срца со мисли за љубовта и добрата волја и чуда ќе почнат да се случуваат. Данило Здравковски VII а Оу „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ Скопје Ментор: Гроздана Казлева
99
Домот во срцето мое Тешките удари на чеканите го полнат воздухот и ритмички одекнуваат. Удар до удар – такт до такт, нотите од чеканите мајсторска песна отпејуваат, а во душите на добрите мајстори како најмилозвучни ѕвона одѕвонуваат. И полека, бавно, се креваат во воздухот, и одеднаш ги снемува, полека испаруваат, но по нив, нови, посилни удари од чеканите пристигнуваат. Старите мајстори – налик се на грначари, кои голема љубов и внимание, трпение и восхит вметнуваат во секое свое уметничко дело. Па така со валкани раце, но со чист ум, го креираат секое свое грнчарско тело. Така и мајсторите ги засукуваат ракавите на застарените кошули, повторно, по којзнае кој пат. И повторно одекнува дружна песна, и повторно поддршката и силата се креваат во небесата, се здружуваат мајсторите ко брат со брат. Одново шајките и чеканите растреперуваат во мајсторската рака. Се гледа почетокот, се туркаат камења и греди, 100
Домот, во срцето мое
и полека, еден по еден, секој мајстор камен до камен реди. „Ајде браќа, на работа!“ Така ги советува најстариот меѓу нив „Ако се сплотиме, со големи ѕидови планина можеме да направиме ние. Не се откажувајте така лесно, знајте, силата во нас се крие“ И за брзо време, ко за час, се крена првиот, најцврстиот ѕид. И исправен сега стои над сите, горд како највисок планински рид. Се заѕида и вториот ѕид, и третиот се крена, работата ко река потече смело. Нема враќање – решија мајсторите, до крај ќе го довршат, и ова свое започнато дело. Закрцкаа дрвените потпорни греди, застенкаа под камењата големи и тешки. Со секој испуштен шум, си мислиш ќе пуштат по некоја солза. И од секоја греда по една капка, ќе направат поток, ќе направат река. И од потокот жедните мајстори вода да пијат. А со солзите во реката, тешките камења да ги плискаат и мијат. Но не плачат гредите, ниту солза по солза ронат. Достојни, силни и храбри, исправени меѓу камењата, 101
под тешките удари на чеканите стојат. А штом остра шајка во нив забиваат, срцето од болка им се кине, како убод од нож да добиваат. Но поминува време, и болката се лечи, болката мине. И покрај сета таа тешкотија, и сета болка, гредите се силни, и горди се на себе, Затоа што се темел на една куќа, темел на еден дом. И ќе се држат исправени и горди години нанапред, колку и да помине време. Се креваат сè повеќе и повеќе ѕидови, сè погоре и погоре. Стојат како силни карпи несоборливи од ветар и водата в море. Се вее белото шамивче со кое мајсторот ја брише потта од своето чело. Идните домаќини на новата куќа воодушевени го гледаат големото ѕидарско дело. Куќата – која за миг изникна над земјата ќе биде дом на едни луѓе од едно малечко село. Го спремаат мајсторите покривот – најважниот дел, тој ќе ги држи сплотени сите, со сплотени раце и сплотени срца. Баби и дедовци, родители и деца, и бебиња мали, под тој покрив што мајсторите го прават – да бидат радосни, среќни, и бериќетот и мирот по лицата да ги гали. Црвеникавата боја на ќерамидите се прелева под силните сончеви зраци, мислиш убоста своја ја прикажуваат. И дека вечно ќе водат борба со дождот од сивите облаци на мајсторите ќерамидите им докажуваат. 102
Домот, во срцето мое
Прецизно и вешто секоја прзнина во покривот со ќерамитка мајсторите ја пополнија, и сега го зазема секоја од нив на покривот своето место. Се чини половина од работата тие ја исполнија, и вреди да се чудат селаните за сè што сработија. Следен е балконот кој кралски се издигнува над сите, и на мајсторите, и на домаќинот балконот им е приоритет. На него деца ќе растат и ќе си играат, а домаќинот ќе одмора душа, гледајќи далеку во планините, во недоглед. Ја прават неговата потпора од најсилен материјал, се делкаат нови греди, од камено дрво. За посилен да биде балконот, и поцврст, Да дочека на него да заоди детето, и внучето прво. Стасаа на ред прозорците – правоаголници од најфино изрезбано дрво, и светнато стакло. За секое од нив во ѕидовите посебно место си има, каде што секое утро ќе ги поздравуваат утринските зраци, и ќе го штитат домот од студот и ветрот во зима. Прецизно ги местат, ги коват и ги редат, Како за излог за некој најнов моден дизајн, и од секое парче по малку додаваат, не штедат. Крајна на ред портата голема стаса пред прагот на новиот дом, изрезбана дрвена плоча, со разни изрезбани шари, ко историски мозаик. И ќе ја одбројува секоја нова година позади тој праг што ќе дојде. А секој, што ќе стапне на тој праг топло ќе му посакува добредојде. И веќе е готова и спремна... Куќата со сета своја убавина над сите се издигна. 103
Неизмерна е радоста на домаќините, безбројни се љубопитните погледи од селаните. Силните удари на чеканите конечно стивнаа, Вредните раце и храбрите мајсторски души конечно здивнаа. За крај – ги нагостија, и колку што посакаа толку им платија, вредната работа и добрината – со добро им ја вратија. Повикаа стопаните свирачи, поставија на масите мезе, ги повикаа најблиските да го видат новиот дом, и ја пофали убавината на куќата секој што во неа влезе. Се јадеше, се свиреше, се точеше вино, пееја сите и се веселеа до зори под небото сино. Но не помина долго време, семејната лоза на младите во новиот дом се збогати со уште едно семе. Одекна во куќата првиот детски плач, домаќинката првото синче го роди. Младенче е тоа во куќата сега, патоказ кој кон иднината ќе ги води. После долги години белокос старец стои на балконот горе. Задлабочен во мислите, опкружен од дечиња мали, гледајќи во снежно – белите облаци и синото небесно море. Стефани Јованова IX одд. ООУ „Коста Рацин“, Подареш Ментор: Анета Јанковиќ
104
Домот, во срцето мое
Мајко Македонијо Ти си утринска роса од сонце огреана, ти си најсјајна ѕвезда, во песни опеана. Ти си букет од цветови во црвено-жолта боја, ти мирисаш на историја, Македонијо моја. Ој, Македонијо, мајко наша мила, многу векови во ропство, ти си била. Твојата убавина секого го заслепува, тебе мајко, секој душман сака да те поседува. Од дамнина те бранеле јунаци наши стројни, поминале низ голготи и крвави војни. Биди ми силна, најтешкото ќе мине твоето име, мајко, никогаш нема да загине. Ти си наша светлост, светост и спас, ти си копнеж, инспирација и дом за сите нас. Христијан Николоски VII одделение ОУ Кочо Рацин, Охрид Ментор: Фила Вероска-Стојковска
105
Домот во срцето мое Живеам во голем, маглив град полн со смог и чад. И одеднаш голема тага и болка ме фаќа, далеку таму во мисли ме враќа. Ме враќа таму каде што е чисто и бело, ме враќа во моето малечко село. Па чинам бродски едра ќе дигнам, што поскоро во домот свој да стигнам. Но тука седам и го дишам воздухот влажен, а мојот поглед е изгубен и тажен. И повторно таа
носталгија ме фаќа и далеку во мисли мене ме враќа, ме враќа таму каде што сонцето посилно грее, таму каде што сечие лице се смее, таму и ветрето што дува, детските спомени ги чува, и водите што жуборат и лисјето што шумолат да се вратам таму мене ме повикуваат И знам дека на светот сè си има место свое, а јас домот го чувам тука во срцето мое.
Мартина Ристоска 9 одделение; Ментор: Гоце Евгениевски ОУ „Коста Рацин“ с. Брвеница
106
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Како пролетна роса, солзата тешкa паднала на мрачниот тажен праг. Жал лута в гради ме стиска, гулабот в срце е заробен, слободата е зад челични решетки. Ни излез има, ни болка доволна рани стари да се извлечат. Здивот повлечен во прангите на злото туѓи раце го приграбуваат не оставајќи ме да земам тешка воздишка после тагата. Крвта блика, заедно со солзите, душата е изгорен пепел, животот е завршена бајка. Наеднаш светлина бледа распрскува по стапките бедни. Се гледа крвта покрај зраците на златното сонце, писнала мајка Македонија за своите синови.
Секој праг е ваков пуст, сите заминале во борба за слобода. Корнела коси мајката за своите чеда, в очи и гори силен очај. На едната страна од прагот е револверот, а на другата е камата-смрт или слобода. Вечна слобода, највисока цел во животот или едноставно недостоинствена смрт. Мајката над своите чеда бдее, ги милува, секој од нив е нејзино парче народот јуначки песни пее, и знамето го вее. Го раскинаа знамето, душата, народот, нашиот дом на четири дела.
107
Мајка плаче што не ги бакнала, прегрнала своите синови пред да се раздели од нив.
земја што ќе го покрие, знае дека в гради носи силно огниште потопло од сè.
Но македонскиот син е горд, знае дека ќе се гордее и мајка со него.
Тој чесно ќе загине, неговиот лик ќе биде осветен, издигнат на повеќе места во слободната татковина.
Тој одамна в гроб ги закопал и револверот и камата, и да умри и да преживее, му е сеедно. Не се плаши од студена
Знае дека зад неговите стапки ќе одат сите негови потомции зaтоа нема страв туку верба во успех со неизмерна храброст.
Александар Кутлешовски 9б одд. ОУ „Стив Наумов“- Битола Ментор: Христина Мијалчева
108
Домот, во срцето мое
Најлично гнездо во срцето изградив Во срцeто изградив гнездо за овие езера сини за плодните ниви за добрите луѓе, за земјата лична и родна. Таа е сонцето на мојот ден и ѕвезда на моите ноќи, топла постела за мојот сон затоа, во срцето ѝ изградив топол дом. Првиот плач во прегратки свои го прими и првиот збор мој во спомен нејзин го засолни. На насмевката прва се радуваше таа и првиот чекор некаде го тае. Го отварам срцето сета љубов да ја примам радоста на детството со родината да ја споделам. Клаудија Стаменова – IX-2 одд. ООУ „Јоаким Крчоски“ -Волково, Ментор: Мирјана Славевска
109
Домот во срцето мое Далеку сум, но во моето срце домот сè уште сјае, a моите тајни мисли само заробената птица ги знае. Стојам внатре, надвор студови стегаат, а моите мисли постојано кон топлиот дом бегаат. Честопати така на малиот прозор ноќе будно стојам. И така замислен една по една ѕвездите ги бројам. И штом конечно ќе успеам очите уморни да ги склопам, веднаш по спомените на домот почнувам да копам. За само еден миг темен, сив ми се создава бледа слика. За сонцето, небото и мојата мајка со божествена лика. За нашите езера бистри ко момински солзи збрани, 110
Домот, во срцето мое
ко капка вода на дланка од својот народ сочувани. Сакам да го видам тоа сонце што толку силно сјае, што на народот македонски везден насмевка ткае. Можеби за некого домот мој е само место во светот едно, но за мене мојот дом е како злато до бескрај вредно. За многу работи јас сигурен не сум, но само едно знам, секогаш домот во срцето мое ќе можам да го имам. Тука се чувствувам како пес кој над невкусна коска бдее, како заробена птица која за својата слобода мечтае. Но, зрно надеж ми вели дека ќе се вратам во домот свој, раскажувајќи им на внуците приказни за светот безброј. Роберт Блажески IX-2, ОУ „Александар Здравковски“, Јегуновце Ментор: Јованка Геговска 111
Дом во срцето мое Најубавото и највредното од себе го зеде создаде дом во срцето мое, и стори печат за постоењето свое. Чекорам со твоите чекори се будам со твоите мугри во кои се вгнездени сите мои надежи и одговори. Го слушам крикот на твојата ранета душа кој вели „Сакајте се сите силно“ да, треба да те сакаме и ние тебе безусловно и милно. Заедно сме една целина ко цветна белина. Ти не си само збор ти си нашиот извор, корен неуништлив и јак најтоплиот сончев зрак. Темелите твои се јаки во нив се вградени сите наши маки, но солзите ги избришавме раните ги покривме со лузни, кои ќе стојат и времето ќе го бројат. Вечна да си Македонијо! Кристина Митовска VII-б одделение ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје Ментор: Снежана Цоневска 112
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Онаму каде сонцето најсилно сјае И петлите ги најавуваат утрата рани А јас со насмевка на лице во радост се будам Е таму, токму таму, мојот дом е! Во таа трошна куќучка мала Во која ѕвони маминиот глас мил Топлата татова рака коса ми гали Е таму, токму таму, мојот дом е! Прекрасен мирис од кујна ме мами Вкусниот ручек на маса ме кани Со лажичка мала во рака е братчето мое Е таму, токму таму, мојот дом е! Таму кај што оганчето од печката топлина шири Баба ми волнени чорапи ми плете Дедо ми со кавалче весела песна свири Е таму, токму таму, мојот дом е! Каде и да одам, каде и да шетам Патот пак дома ме враќа Таму ми е душата и срцето мое Е таму, токму таму, мојот дом е! Анастасија Јефтимова 7 одд. ОУ„Синиша Стоилов“, Зрновци Ментор: Далиборка Милосјова
113
Домот вo срцето мое Однатре некој така гласно жуборно ти збори во тајното место на срцето гори. Од љубопитност внатре рој реки се збират. Не знам дали некогаш ќе се смират. Домот во срцето мое полн е со снегулки бели. Тие насекаде вејат и радост и љубов сејат. Внатре никако не студи, напротив живот буди. Можеби личи на камен но, гори во пламен. Љубовта кон семејството многу ми значи и се надевам дека секогаш ќе зрачи. Низ ридови и планини,
што ли нема да пројдам но, до мојот дом секако ќе дојдам. Штом навечер сонцето ќе зајде, месечината ѕвездите ќе ги најде. Тогаш летам на детските крилја и патувам до мојот дом далеку една милја. Кога ќе стигнам таму, Не сакам никој никаде да оди, бидејќи знам дека само некој од нив може низ животот да ме води. Среќа е да си со нив кога ќе ти речат: ,,не плаши се мило мое кога сонцето ќе згаси твоето срце ко ѕвезда ќе краси’’. Анастасија Соколова VIII, ООУ „Сандо Масев“ – Струмица Ментор: Љупка Кљанкова
114
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Татковците на мојот прадедо, дедо Имале еден заеднички сон Да создадат нешто за своето чедо Нива, куќа, двор... од црква ѕвон. Предците наши со солзи, крв, пот, сила Успеаја да го оживеат нивниот сон Ја создадоа нашата татковина мила Овој наш најубав заеднички дом. Затоа другарчиња сакани мои Со родителите и роднините ваши Секој со знаењата и делата свои Покажете почит кон предците наши Ветуваме ќе учиме и ќе работиме Со наука и мудрост ќе се храниме Пред светот да не се срамотиме Татковината до последен ден ќе ја браниме. Мојот дом е во моето срце тука Во него живеам горда и среќна За татковината тоа возбудено чука Македонија да биде засекогаш, вечна!!! Ана Марија Николовска 6-б одд ОУ „Елпида Караманди“-Битола Ментор: Сузана Петковска
115
Домот во срцето мое О, бура е срцево мое проколнато О, бура е душава моја гневна. Бура нескротлива која копнеж ми создава копнеж за домот мој сладок копнеж за земјата моја древна. Камо да би бил ангел крилест и небесен, па да би прелетал кон јужната моја татковина и повторно да ја видам нејзината убавина божествена скриена како во некој божји цвет... Да ја видам и срцево клето да ми се разигра. Јас сум бил на северот клет окован со студ и мраз вечен, таму како странец бев и се чувствував како гулаб бел помеѓу гаврани црни... 116
Тага ме обзеде за домот мој! Северот немир во мене создаде. Ветрови зимски во гради ми удираа, гневен и бесен ме сторија, душава моја ја замрзнаа и мечеви илјада ми забија во срцево мое жално. Црна чума ме обви, клет јас. О,чума северна и од пекол излезена, Тага и болка страдалничка ми вгнезди низ телото. Зажалив јас што родна грутка и сакан дом напуштив, Зажалив што во студена земја и студени градови појдов. Волци проклети мрак и темнина ми внесоа во моето срце и душата моја, виежот нивен ме умртви сиот,
Домот, во срцето мое
страв ми зададоа колку планина голем и тежок, тагата ми ја зголемија и на раменици ја чувствував... како да го носам светот на мене! „Таков е северот студен!“- ми велеа луѓето „Таква е туѓината проколната!“ „Домот е се!“ Зборовите нивни ме освестија, ме просветлија како новороден феникс и пламен се стори срцево мое лавовско. Домот и земјата се во срцево мое! Конечно, Боже... јас среќе дома се вратив1 Ниту силни ветришта ме опколуваа, нити чума црна ми се смееше злобно, ниту северни волци клети ми го будеа стравот...
Само јужнотот сонце го видов јас, Боже. О светот сонце! Штом на југот стапнав јас, сончеви зраци ме прегрнаа и ме бакнуваа, планините и ридовите јужни ме поздравуваа, езерата ме исполнуваа блескајќи, а и ја слушав приказната на реките кои мирно си го врвеа патот свој. О, Боже јас сум во домот мој вечен. Бурата јас ја победив која како темен демон ме бркаше низ лавиринтите на животот. Убавината божествена на земјата моја сега ја гледам и уживам во ведрината нејзина и во пролетниот сон.
Лука Иванов 8а одд. ООУ„Браќа Миладиновци“-Скопје Ментор: Синиша Богоевски
117
Домот во срцето мое Мојот дом е мојата татковина, детството тука ми мина, на војводи мајка си била, татковино моја мила. Знамето наше, силниот ветер го вее, името твое, нашите души ги грее. Ако одамна солзи не лееле, денес за тебе песни не би пееле, ако јунаците не се бореле со сета своја сила, денес Македонијо, не би била. Македонијо мила, единствено гнездо на чедото свое, татковино, ти вечно ќе живееш, во срцето мое! Сара Бојковска,7-г одд. ООУ,,Христијан Карпош“-Куманово Ментор: Весна Алексова
118
Домот, во срцето мое
ДОМОТ МОЈ НАЈУБАВ Доме мој најмил Останат од дедовци Македонија се вика Оросени со утрата Татковино прекрасна. Моја најмила земјо, Огледало на сите нас. Јунаци за тебе гинеле, Најмилото огниште го чувале Алчен за тебе секој бил. Јорговани сега цветаат. Убавините твои во песни се опеани. Бистри реки гргорат и течат А на планините стадата ечат Вечна да си МАКЕДОНИЈО ! Анастасија Богданова 4-3 одд. ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани Ментор: Дивна Јанушова
119
МОЈОТ ДОМ Е МАКЕДОНИЈА Мојот дом е бисерен сјај, мојот дом е градина в мај. Секој што во него ќе дојде убаво и топло ќе пројде. Тука се родив, живеам. Тука научив да чекорам сама, тука го изговорив првиот збор МАМА. Овде сонцето силно грее, птицата милно пее, езерата бранови леат, во срцата радости се слеат. Македонијо моја мила, дом си за сите нас, ти ми даваш полет, сила, биди ми горда и вечна Македонијо моја мила!
Во татковината моја, мала, сакам сите да се среќни, радост да блика од сите страни. Македонци, Албанци, Роми, Власи, подадете си раце од љубов збрани. Ние сме деца и многу нешта посакуваме, Но, мора некои правила да почитуваме: Да не ја загадуваме, Да не ја уништуваме, Корените наши да ги зачуваме и азбуката наша да ја почитуваме!
Марина Велова 4-3 одд. ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани Ментор: Дивна Јанушова
120
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Мојот дом е мојата мала куќичка. Таа е еднокатна, бело варосана, со многу цвеќе на прозорците и на балконите. Се наоѓа на југот од мојата татковина, Република Македонија, во едно гратче каде што зреат најблагите смокви и најсочното грозје наречено дренак. Го сакам мојот дом, куќичката моја мала со зелена лединка крај калдрмата, со црвени рози до авлијата, со две калинки пред портата, едната красатка лифанка, другата розова бејнарија. А дрвените порти, тие секогаш се ширум отворени, за сите добри луѓе: за соседите, за другарите и за пријателите! Мојот дом е моето семејство.
Да ви го претставам: мајка ми, татко ми, брат ми, дедо ми, баба ми, и многу роднини: тетка, чичко, братучеди... Само да знаете каква радост е кога ќе се собереме на нашиот чардак, на кој има место за сите добронамерни гости. Убавина: дедо ми и татко ми си мезат домати од нашата бавча и пивнуваат домашно винце, баба ми вари кафе, мајка ми нè нуди со слатко од смокви, а брат ми ја штима својата гитара; првин пробно удира со перцето, пребира по жиците и мајсторски ја почнува старата македонска комитска песна, омилена во семејството. Прв почнува татко ми кој е надарен песнопоец: „Ја излези Ѓурѓо...“ Потоа
121
се придружува мајка ми: „...ја излези сестро, на пенџерето...“ Но – како договорени, низ ширум отворените порти влегуваат чичко ми и тетка ми. Сега сите сме заедно и семејниот хор може да продолжи: „Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро Да ги видиш Ѓурѓо комитите...“ Ех доме мој, мое среќно семејно гнездо. Во тебе се родив и тука добив крилца за да можам да летам и секогаш повторно да ти се враќам. Зашто ти си во срцето мое и бескрајно те сакам. Мојот дом е мојот мајчин, македонски јазик! Како малечко детенце, тука, од родителите за првпат ги слушнав најтоплите и најнежните зборови кои даваат надеж и сила: „те сакам“! Те сакам доме мој, мое семејно катче, каде за прв пат го слушнав
говорот на моите родители и го научив најубавиот од сите светски јазици, на кој зборувале нашите далечни предци, дури и тогаш кога им било најтешко, кога биле под туѓинско ропство и немале слободна татковина. Но и тогаш, татковината никој не можел да им ја украде, зашто таа живеела во јазикот. Оваа мисла често ми ја кажува дедо ми. Тој, кога пред многу години бил студент, ја слушнал од неговиот професор Блаже Конески. А јас, кога ќе пораснам и ќе имам свое семејство, ќе им ја кажувам на моите потомци. Затоа ги сакам и ги носам длабоко во срцето: домот мој, моето семејство, мојот јазик, мојата татковина.
Јордан Стојаноски VII одделение ООУ „Јосип Броз Тито“, Валандово Ментор: Марина Павлова 122
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Сум прошетала сегде, сум била на многу места сум видела градој, сум видела и села, убавини разни, полиња и шуми Но, секаде е празно! Домот мој го нема! И доаѓам тука, во селото мое, домот мој го гледам срцево ми пее! Грутка држам в раце, душа ми се смее! Доме мој убав јас не можам без тебе!
Планини и реки убавини од сказни, овчари и стада, радостии разни! Татко јас си гледам, и мила ми мајка, прегратки ширам и насмевки праќам Сите јас ве љубам и сите ве сакам! Еден дом јас имам најубав на светот, ќе го сакам домот мој дур постои векот!
Јана Петковска 6/1 одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ с. Миладиновци Ментор: Анкица Петрушевска
123
Домот во срцето мое На еден простор, во едно време, се слушна тап удар на остар камен. Таму негде помеѓу карпите Кајшто шепотеше воздухот и ѕиркаше светлината изникна пештера мала, топол дом. Таму негде на еден простор, во едно време, во пештерата мала, во домот мил се роди љубов, просторот оживеа, таму негде тишината се разбуди, мракот се крена, светлината се насели. Таму негде среде морската шир се отвори камен, изникна вир, тука се насели човечки род мил, тука се залула лулка, тука се слушна детски плач. И така ден за ден, ноќ за ноќ, 124
Времето минуваше, просторот се менуваше да остави рака човечкиот род да направи куќа, свој дом. Планетата наша со векови се менуваше, вулкани, земјотреси, поплави, пожари, сите тие сликаа, уметност прикажуваа. Човечкиот род од сите нив нешто земаше, се возвишуваа планини, се простираа полиња, извираа реки, се ширеа мориња. И тука на тој простор, на таа планета никнуваа куќи во кои се раѓаше живот, топол дом. Во тоа време на мир и немир, на светлина и темнина, на очај и спокој секој сакаше да има свој дом, гнездо кое ќе го стопли родот свој.
Домот, во срцето мое
Кога се спојуваше небото и земјата, кога се бореше водата со ветерот, кога сонцето и месечината се менуваат, камен на камен се припијува, не молчеше ни чеканот дрвените столбови се редеа. Таму негде на еден простор во едно време никнуваа куќи, се редеа една до друга и тоа некој ум го нарекол дом топол. Тука помеѓу камењата и гредите тука помеѓу столбовите и темелите живееше среќата и несреќата. Понекогаш тишината ја делеше самата, а понекогаш плачот и така течеше животот. Таму меѓу тие ѕидови се гледаше, иако животот плете посебни приказни. Но тука остануваше меѓу ѕидовите Или пак продолжуваше или тивко заминуваше и негде умираше.
Замина еден човек во далечина изморен од животот во домот свој, бараше катче каде ќе се сокрие ќе избрише солза која пече како жар. И тука во студената далечина ја замрзна солзата, ја стегна душата и цврсто зачекори во туѓина клета. Потта капеше на туѓа земја! Душата молчеше, срцето силно чукаше, плачеше за домот свој, човекот го живееше животот и ако тука е празен, туѓина е! Човекот посака и тука на тоа парче земја да изгради куќа, дом свој, покрив свој, да може тивко ден за ден, ноќ за ноќ, животот свој да го минува. Секоја ноќ раѓаше нов ден, чекореше, а не знаеше што носи денот, каде го населува во кој дел на земјата, во чија куќа, во чиј дом. Тонеше секој во својата мака, 125
Ја бришеше потта скриена помеѓу брчките, белег на времето, а можеби и невремето. Кој криеше еден простор во едно време? Кајшто се градеше куќа до куќа која железна птица сееше смрт? И во прашината и урнатините те баравме тебе, човеку наш, се слушаше лелек, плач, се чувствуваше мирис на смрт. И одеднаш од под скршените тули излегуваше човечки лик кој продолжуваше да го живее денот, да ја сонува ноќта, домот свој, да ја бранува тишината, да го замолчува плачот, да ја сокрива воздишката, да молчи пред едно време на еден простор, гнездо почна да се гради. И така безвремената човечка мака полека градеше куќа, дом свој. Сонот е јаве, 126
животот продолжува. Човекот чекореше, неговата дланка беше испукана, капка крв се провлекува, темел се удира, куќата никнува, домот се гради. Времето бележи, еден човек раскажува Тука во тоа време, на тој простор дом свој за кој срце вложил и во срце ќе го носи. Секоја градба на оваа планета има белег, белег на времето, пештера, пирамида, замок, палата, многукатници... Дом! Нечиј дом, тој некој во срце го носи. Сите имаат своја приказна, старецот раскажува: Заминав одмна, од татковата куќа, од домот свој, Во туѓина изградив моја, но никогаш не осетив дека е моја. Преку прозор гледав дел од небото И тоа не беше мое.
Домот, во срцето мое
Земјата на која газев беше туѓа, маглата што ги покриваше улиците, куќите, дрвјата, сè беше туѓо. Сè беше студено. Затоа во старост се вратив, на своја земја, во свој дом, да стоплам душа, да смирам срце.
Тој простор заграден со ѕидови и топло огниште внатре, ќе ги врати годините наназад, ќе го продолжи животот мој. Таму помеѓу тие ѕидови срцето ќе чука неуморно, а јас ќе го сокријам домот свој.
Елеонора Скендерска IX одд. „Дедо Иљо Малешевски”-Берово Ментор – Душица Скендерска
127
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Длабоко во срцето мое Од секогаш таму стои Малечок извор Осветлен од радост, среќа Топли насмевки брои. Волшебна сенка што секаде ме чува Оди, а сепак стои. Со игра, со песна Рака до рака ко Цвеќиња в букет збрани Елегии, песни Топлина в срце Отсекогаш домот наш нè храни. Мало царство Од мама, тато, дада и јас Е тоа е нашиот заеднички глас. Симона Чавкоска VIIа ОУ „Св.Климент Охридски“ с. Драслајца Ментор: Весна Крстиновска-Велоска
128
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Под крило нејзино се родив, со здивот нејзин наполнив гради, таа прва ме прегрна, приспивна песна ми всади. Во дланките свои ме залула нежно, со убавините свои ме зачуди, вџаши. Во погледот нејзин се изгубив, вљубив, навек ќе остане во срцата наши. Љубопитство ме гони кон предели туѓи, нови, сакам да патувам, видам и исполнам сон што сонив, но пак кај тебе ќе се вратам, длабоко во гората... зашто таму најубава е зората! Дому мој! Гнездо за срцето мое! Боженствено и вечно да е името твое! Чувај ме и пази - а и јас тебе исто така, ветувам со полна душа, без недоумица и мака! Елена Наумова 9-4 одд ООУ „Блаже Конески“, Прилеп Ментор: Вера Искова
129
Татковина Татковино - таму каде што си ти, кај што се ливадите зелени и потоците жуборливи таму си ти, таму е мојот дом.
и полиња житородни и врвови вишни овде припаѓам се чувствувам среќна, овде е мојот дом.
Ти си насекаде, те препознавам во листот на лисјата есенски, во небото сино и облакот бел што плови по него.
И како птиците преселници нашите иселеници во гнездото свое се враќаат во својот дом- во својата татковина.
Оваа земја е мојот дом и овде го сонувам својот сон.
Оваа земја е мојот дом и овде го сонувам својот сон.
И градови и села и езера бистри Ученик: Зорица Трајкоска 6-1 одд. ООУ „Блаже Конески“ Прилеп Ментор: Виолета Христоска
130
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Длабоко во корените на минатото една грутка земја на Балканот гнездо свила со убавини ретки се покрила. Пролетта во неа е цветна градина, летото- езерска убавина, есента со богати и плодни полиња, зимата на Шар Планина обвиена со снег, топол чај во зима за лек. Длабоко во срцето мое Македонија тлее силно, топлина ми ствара во душата со која ме грее милно. Смиреност во душата чувствувам, љубов во срцето се јавува секогаш кога утрото зазорува сонце над Македонија изгрева. Мартина Шахинова IX4 ОУ „Св. Кирил и Методиј“- Кочани Ментор: Македонка Димитрова
131
ДОМОТ ВО МОЕТО СРЦЕ Еден куп насмевки збрани, среќа што блеска на сите страни. Безброј искуства споделени и разни совети доделени. Вака во нашата куќа се живее и секој ден весела песна се пее. Со задоволство одржуваме куќен ред, си упатуваме зборови послатки од мед. На успесите меѓусебно си се радуваме, а на поразите заедно тагуваме. Едни со други се засмеваме и самодовербата си ја поткреваме. Сечија душа кревка ја закрепнуваме со насмевка. Кога мајка ми за нешто ќе се испаничи, пробува слободата да ми ја ограничи.
Но, не ѝ се лутам! Таа размислува постабилно, знае што е правилно, па ја прегрнувам силно. Столбот на куќата- мојот татко, застанува до мене на кратко, ме погалува по косата и се насмевнува слатко. За сè во животот ме подржува и насмевката на лицето ја задржува. Топлата прегратка од мајка ми за добра ноќ, подршката од татко ми која дава моќ, заедничките моменти со нив при секоја прилика на нашиот дом му даваат хармонична слика. Ете затоа длабоко во срцето мојот дом го втемелив и посебно место во душата му доделив.
Милица Василова IХ одд. ООУ „Тоде Хаџи – Тефов“, Кавадарци Ментор: Лиле Жабоска 132
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Домот мој... Домот мој е таму каде што владее љубовта. Домот мој е таму каде што се проѕира светлината, каде што владее радоста, среќата, таму каде владее хармонијата. Домот мој... Домот мој е таму каде се бришат солзите и секој каде што се смее, домот мој е таму каде гордо и силно сонцето грее. Домот ми е во земјата каде владее слободата, таму каде не наидувам на препреки и мака, во земјата каде сите се сплотени и вистински и искрено се сака.
Домот мој... Домот мој е во земјата на правдината и убавината, во земјата на радоста и вистината. Домот ми е таму каде што ми се пријателите, а најтопло го чувствувам покрај родителите. Домот ми е и во поезијата, во тетратки, во зборовите, домот ми е во стиховите. Домот мој го носам и чувствувам од левата страна, го слушам преку срцебиењето свое, зашто таму е најтоплиот, најбезбедниот дом таму се мојата земја и семјството мое.
Наде Ефремова, 9-1 одд. ОУ „Никола Карев“ – Кочани Ментор: Љупка Стојменова 133
Домот во срцето мое Од срце низ красни букви за тебе творам, но песна што доволно ќе ја опише љубовта кон тебе нема да створам! Составениот збор од родни букви добро звучи, Што би правелала ако нешто лошо ти се случи? Оваа песна е од мојава душа, за секој што со очи и уши ќе ја слуша! О, татковино слушни и ти искрена песна од душа и срце мое, како чукаат за сè што е твое! Планини, реки чисти и езера бистри со благодатни зборови ги красам! Како до твоето срце да стасам? И милиони збора да стигнат нема, проклет да е тој што со горчина сакаше да ми те зема. 134
Верните борци востание кревале, за македонските зраци слободно да изгревале, за чедата нивни во оган да не се раѓале, човечки души паѓале. За и ние да не бидиме во сопствена земја туѓи, на наша територија со јазици други! За ова срце бездушно да не биде камено, туку во своја земја пламено! Татковината барала: „или ова парче спасете го! Или на душа носете го!“ А јунакот со храбро срце збори: „да го оставиме стравот да гори, да нема право, во пепел да се претвори.“ Вредело човек да се бори и на оваа единствена земја, мир да створи!
Домот, во срцето мое
Сега остана болката што ме стега в гради, за изгубените човечки животи млади. Јас би се борела со волјата моја, за тебе, за секоја капка твоја! Би ја жртвувала и сто пати душата моја. А неблагородните „срамници“ сами на себе мамници, земи пасош во рака, „истреби ја“ секоја мака. Напушти го овој скапоцен рај, препушти се на туѓината, секаде биди странец и знај! Со секој миг ќе копнееш по благородниот сјај. Јас останувам да го негувам вечно и по својата смрт родниот крај! Тука ќе живеам, вечно ќе се смеам,
полна со сладост и срце радост, деновите ќе ги минам со своите ближни, тука каде љубовта и среќата ми се достижни. Мојата душа во туѓина би била сенлива и змија во срцето би ми се свила. Ти си навистина единствена и незаменлива, слободна сум само со твоите крилја. Ова парче земја мало ли е? Со огромно сончево срце на црвена позадина, еднакво за сите, благословена сум тука да ги минам дните. Ова парче земја мало ли е? Македонијо, моево срце само за тебе бие!
Христина Костовска IX – a ОУ „Стив Наумов“ - Битола Mентор: Христина Мијалчева
135
Домот во срцето мое
С
рцето мое е куќичка мала, сместена во центарот на збиднувањата на градот кој се вика тело.
Покрај мојата куќичка врват разни крстосници од вени, капилари, артерии, но јас воопшто не се грижам за гужвата во сообраќајот, бидејќи си градам дом на цврсти темели; дом чија изолација е доволно силна и добра, да се спротивстави на надворешната врева. Иако е цврста градба, мојот дом е комплексен како сложувалка. Расфрлани парчиња составени од моите емоции, желби, мисли тајни. Внимателно го градам својот дом - ѕид по ѕид, парче по парче и знам дека каков ќе го изградам -таков ќе ми бид , оти „секој човек е градител на својата среќа“. Мојата среќа се секојдневните мали радости на училиште, на улица, во парк, на фудбалски терен и онаа мајчинска прегратка кога ќе си дојдам дома. Чувствувам спокој во неспокојството на мајка ми, која цел ден се прашувала каде сум. Мир ми поминува низ душата, кога таа ќе ме погледне со оние очи-бадеми и ќе почне да ми „беседи“ за моите немирни дни. Мојата мајка - учителка . Нејзината професија не ја остава ни дома. Постојано нешто објаснува, кажува, испрашува. Има и втора професија, а тоа е да ми биде добар архитект што ми помага да си го поправам разнишаното во моето срце - мојот дом, или да разубавам некој дел од него. Татко ми, пак како тренер ми укажува на грешките при фудбалскиот натпревар наречен живот и често критикува за непостигнат гол, пропуштена шанса, изгубен натпревар. Ама и двајцата бескрајно се радуваат на „моите големи фудбалски победи“, „добра одбрана“ на мојата позиција, добра кондиција и одличното здравје. Уживам во нивните насмевки, прегратки, нежни зборови. Уживам во спокојството, мирот и
136
Домот, во срцето мое
љубовта која ми ја даваат и ја имаат во моето срце. Велат таму каде што ти е срцето - таму ти е домот, а мене пак домот ми е во срцето. Ова срце кое е смирено и исполнето со безусловна љубов додека зборувам за „левата и десната комора“-(мајка ми и татко ми, де), но се разбранува како цунами кога навечер ќе почнам да размислувам за Ања. Таа е немирот во мојата душа што ми влегува „онака на прсти“, полека. Таа е носителот на мојата среќа, но и уривачот на моите соништа, бидејќи е таа мојата прва љубов. Ќе речете зошто ја споменувам неа ? Каква врска има една другарка со дом? Знаете, мојот дом е место во срцето каде што другарите ми се семејство, а семејството -другари.
И „Ако куќа не направив со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е срце - порта највисока, срце - куќа најширока“ Слободан Грозданоски VII 1 одд. О.У Санде Штерјоски - Кичево Ментор: Билјана Лозаноска
137
Македонијо, моја татковино Татковино земјо моја, низ векови крвта за тебе се лее, за сите нас сонцето силно да грее. Црвена и жолта боја тече во вените наши, Македонијо, земјо моја тебе ништо не те плаши. Ти си била во клети ропства разни, за тебе бабите и дедовците раскажуваат сказни. Низ векови свои те предаваа и твоите храби синови во гроб ги ставаа, а за возврат злато им даваа.
ништо од пород да немаат предавниците. Ти нема да умреш, ќе живееш вечно ти раѓаш синови херои тебе што силно те љубат и за тебе се спремни и живот да изгубат. Ти имаш армија силна, армија смела, која ќе ги чува и штити твоите дела. И денес пред предизвик нов си но земјо света наша не давај твоето име да го збришат, не давај заветот на дедовците да згасне.
Проклет да е сјајот на златниците, Лина Рангелова VIII-1 одд. OOУ„Јоаким Крчовски“-Крива Паланка Ментор: Горица Колевска 138
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Домот мој се моите куќа и двор, домот мој е топлиот мајчински збор. Домот мој е силната прегратка на тато, домот мој е љубовта на дада и бато. Домот е местото каде се родив, домот е таму кај што мислата ме води. Домот е таму кај што учам и творам, за домот мој секогаш ќе се борам. Домот мој се нашите планини чисти, домот мој се нашите реки бистри. Домот мој се нашите ливади медни, домот мој се нашите полиња лебни. Домот е татковината исконска, мила, таму кај што љубовта гнездо свила, таму кај што сонцето топло грее, таму кај што детето среќно се смее. Република Македонија дом мој е, со славното минато свое. Најубав на светот тој е, домот во срцето мое! Петар Антовски VI-3 OOУ„Јоаким Крчовски“-Крива Паланка Ментор: Ленче Дејановска
139
Домот во срцето мое На Балканот глездо свила, исконска земја била. Со ливади и планини лични и езера на нив слични. Обдарена со богатства број а македонски народ – безброј. Низ векови угнетувана била од тирани клети. Народот наш македонски, издржал маки тешки. За таа да биде слободна го дадоа животот свој, не жалејќи за него тие – среќни и слободни да живееме ние.
да мoжам да створам сега топол дом мој. Како нашата Македонија нема никаде на целиот свет. Ја сакам со целото мое срце и душа и сакам да раскажувам, на секој што не бил, да слуша. Македонијо, убава си. Македонијо, добра си. Македонијо, љубов си. Македонијо, радост си. Македонијо, гордост си. Македонијо, сила си. Македонијо, благословена да си!
Слава и почит до сите, што го дадоа животот свој, Марија Филипова 9в одд. ООУ„Наум Наумовски Борче“-Гази Баба, Скопје Ментор: Сања Пецевски
140
Домот, во срцето мое
Домот на срцето мое На Балканот јужно, Кај што сонцето милува со топол сјај, на бреговите на реката Вардар, се наоѓа мојот роден крај.
за да пееме сите ние на радоста одата. Ние децата растеме, учиме и твориме во среќа. О земјо моја! Не ја забораваме храброста и силата твоја.
Со векови земјата моја, под ропство се мачела, за да опстои се борела, копнеела и плачела. Нашите предци ја изградија земјата, ги зачуваа мирот и слободата,
Каде и да одам Татковината ја сакам во срце ја носам, и дома се враќам.
Мартин Христовски VIIa ООУ,,Коле Неделковски”- Скопје Ментор: Еуридика Глигорова
141
Домот во срцето мое Има едно место во срцето мое, тивко е и топло, и со љубов полно. Во него милоста пајажини преди и нежниот збор приказни реди. Има едно место во срцето мое, скромно е и удобно, и со љубов полно. Во него мир како река се точи и сигурен сон ми паѓа врз очи. Има едно место во срцето мое, светло е и чисто, и со љубов полно. Во него везден мајчиниот поглед бдее, и топлата прегратка на татко ми ме грее. Има едно место во срцето мое, весело е и разиграно, и со љубов полно. Во него добрината си завзела место, и волшебниот мирис на печено тесто. ДОМ се вика тоа прекрасно место. Тое е куќа, ниту зграда, ниту двор. Тоа е катче во кое душата ми спие, тоа е искра во која мојата љубов се крие. Олја Алексовска VIIб ООУ „Кочо Рацин“- Скопје Ментор: Радмила Илиева Стојановска 142
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Добро утро Куманово, дому мој! Пак се будиш, сонлив измиен во капка бисерна роса, искапен во утринската сончевина, во пурпурот на сонцето. Добро утро, дому мој! Со нови надежи, со нови сеќавања, за денес, за вчера, за утре. Стапка по стапка чекорам, дому мој, во песна опеан, од врела крв на јунаци твои насекаде полеан. Минатото твое, тивко и нечујно, ветерот низ Козјак го носи и сведочи за убавината што со тежината негова се коси. Чекор по чекор нечујно пуштам, по меките лисја жолти,
и сите твои знаменитости цврсто в прегратка ги гушкам. Костурница сведочи за крвав бој, гордата Македонка за силината на народот свој, со цврсто крената рака, кажува дека слободата се чува така. Батко Ѓорѓија мудро стои за копнежот и желбата своја за ноќите непроспиени и весели ни збори. Чекорам гордо со љубов во градите мои што гори силно, го слушам гласот на славејот мал што пее нежно и милно. Со магична убавина како со рака недопрен над тебе сонцето има најсветол сјај, а ѕвездите на синото небо се гледаат до бескрај.
Миа Будиќ VIIIг одд. ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово Ментор: Тања Петрушевска 143
Домот во срцето мое Повисоко од највисокиот врв, подлабоко од најдлабокиот вир, пошироко од небеската шир, е човековото срце. Преполно со љубов кон сè и сешто, но сепак сè си има свое место. Домот во срцето мое има најголемо место. Живеалиште во кое се шири мирисот на моето детство, живеалиште во кое се свири песната на мојата иднина. Од прозорецот на мојата соба се гледа улицата цела
од која со години се ткаат моите животни дела. Тука постојам, тука припаѓам, тука сум ЈАС. Првиот чекор, збор, бакнеж сè е тука во мојот дом. Од убавите среќни мигови што изминале и нема да се вратат, до нештата што ќе ме потсетуваат на оние среќни мигови што допрва ќе стапат. Вечноста е тука- во мојот дом!
Глигор Алексовски 8-а одд. ООУ „Крсте Мисирков“-Куманово Ментор: Тања Петрушевска
144
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое во кој безгрижно го остварувам сонот свој.
Мој роден крају, ти со врвови вишни, ти со сонце со најубав сјај, ти со полиња зелени, ти си во моето срце, знај! Во тебе е мојот дом, од кој надалеку се слуша најтоплиот ѕвон! Околу домот мој има долини чисти, што од брегови се ронат, качунки, цветови разни по нивните ливади ѕвонат. Дрочни шуми и житен клас, околу домот, во родниот крај, гледам јас. Убавината ваша, насекаде ја има, о, дому мој, мој роден крају, таа ме плени и во лето и во зима!
Те капе тебе, дому мој, сонцето со најубав сјај, зашто си сместен во овој преубав крај! О, никогаш не видов, а и нема да видам, посреќно место, од домот свој! За тебе срцето ми грее, за тебе најубава песна мајка ми пее! За секој во родниот крај, домот му е вистински рај. Секој каде и да оди, воздишките од домот со себе ги води, и, насмев, топол и балг, во студениот, осамен час, му испраќа на својот дом драг.
Чест ми е да живеам во домот мој, Георгина Ѓошева VIIа одд. ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Велес Ментор: Мирјана Пановска 145
Домот во срцето мое „Том Соер“ го читав, посакав ко него да бидам на пат околу светот да одам и различни земји да видам. Нa среќа ил несреќа била се оствари желбата моја, со помош на една Вила авантура отпочнав своја. Со повеќе лица, чудовишта видов на лажговци спретни на пат наидов на студена клима- кај сонце се смее, а ледот од него повеќе грее, испотена сета се исплашив многу алармот ме разбуди –фала Богу! Мама ми шепна: „Стани, на училиште да одиш мора!“ Од среќа ја гушнавне знаев што друго да сторам не сакам авантура- си реков сама најубаво е дома кога ме гушка мама! Неда Арсениевска 8 одд. ООУ„Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Весна Тодоровска
146
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Не е домот само место каде јадеш и спиеш, ни ѕидови фино варосани со уметнички слики украсени. Домот е место каде секогаш со радост се враќам место на моите спомени мечти и скриени надежи. Домот е квадратен метар каде ги пуштав првите чекори радоста во очите на најблиските кога ги изговорив првите зборови. Трпезариска маса на која што има за јадење не е важно, ако на неа сите седнати си делат и радосно и тажно.
И родендени безброј прославени и подароци голем број отворени и страв пред спиење од Баба Рога и солзи поради шината нога. Домот е топла мајчина насмевка и прекратка која ти дава сила и строгиот, но праведен татков збор што низ животот те води без прекор. И затоа домот е во срцето мое кај и да одам, дома се враќам таму топлина, мир, љубов ме чека безгрижно детство и постела мека.
Јован Јовановски 8 одд. ООУ„Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Весна Тодоровска
147
Домот во срцето мое Влези во мојот дом исполнет со љубов и топлина таму ќе ги сретнеш сите мои спомени од судбината и патот до иднината. Ќе го почувствуваш тој мирис кој буди спомени од детството кое поминало но, не заминало останало тука во мојот дом. Таму, во моето срце добрината од најблиските ја кријам што ме милува кога спијам што на надежта ѝ отвара врата ширна, а мојата душа е толку мирна. Чист е мојот дом го чистам од невистини, лаги, лоши мисли и таги. Го полнам со љубов и дарежливост несебичност и реалност. Со позитивна енергија го налевам, со светол сјај го залевам. Вреднувајќи го животот твој и мој цврст покрив градам на домот свој,
148
Домот, во срцето мое
не дозволувам пукнатини да има па да навлезе зима. Само таму во моето срце допирам до мирот во мојот дом и без чувство на страв да полеам на успехот прав. Во мојот дом го живеам својот сон со добрина и надеж голема градам силни столбови и цврсти зидови на домот во срцето мое. Додека со секој мој здив срцето чука домот мој е тука, во него има место за сите со кои среќно ќе ги минам дните. Офелија Настеска VIII Б одделение ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп Ментор: Билјана Јагуриноска
149
Домот во срцето мое Таму на крајот на селото, таму блиску крај една река, таму далеку има една куќа, во која го кажав првиот збор и каде го направив првиот чекор. Мала е, со прозорци стари, обоена во бело, но, за мене, најубава во целото село. Сладок доме мој, секогаш на ум те имам и не те заборавам каде и да бидам, секој ден и ноќ на тебе мислам, бескрајно те сакам, без тебе не можам да дишам. Не те менувам ни со палата, Па, нека е и со многу спрата. Во око те носам, моја ѕвездо, Те сакам од срце, о... мое гнездо! Фатмире Весели IX 3 О.О.У. „25 Мај“ Скопје Ментор: Анета Цаневска
150
Домот, во срцето мое
ДОМЕ МОЈ, ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ Доме мој, со длабоки корења за потомците! Песна полетува од изворот на душата наша на сите јазици. Голема мудрост е да се живее животот твој, оаза на еднаквости и различности. Еве го нашето столетно сонце вишно високо! И денес од највисоките врвови со Нас, во Вас, исконска светлина се раѓа. Низ сите предели сончевина за раѓањето на лебот и Домот мој раскажува. Со мудроста на моите години и јас многу нешта од срце ќе ти подарам.
За тебе сè ќе сторам. Најубавата, најсреќната игра Тебе Ти ја подарувам. Мојата песна со отворена прегратка Те гушка, Те бакнува, Те милува... Мојата добрина, љубов и сите петки за Тебе, доме мој. Во магичен лет вредна пчелка убавини нови пресоздавам. Ги отварам пупките на сите слободни билки, и зујам, зујам... неуморно за работа будам, Твојата насмевка и лика поубава да биде. Ние знаеме како да сочуваме сè што е посеано или само никнало по нашите рамнини,
151
по нашите шуми и ниви, покрај нашите води и карпи. Белокрили јата со шаренолики бранувања, крвотокот Ти го храниме. Растеш и младееш со нас. Ние, зелени ластинки, сладок вкус од овошни градини, се чувствуваме
први освојувачи на изворот. Продолжува играта по Небото Ѕвездите Сонцето Месецот Ливадите Булките...
Благица Илиева 7-2 одделение ООУ„Никола Карев“ - Радовиш Ментор: Каменита КостадиноваАтанасова
152
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Мојот дом радост, среќа и топлина нуди во него силна емоција се буди, секој дел од него има свој сјај бескрајно сум среќна во него знај! Дневниот престој е посебен рај играј, одмoрај, читај книги без крај, кога има гости, тогаш е молк за секој случај да не е мама во - шок. Во друга соба, тато на клавир свири а пак од кујната, прекрасна миризба се шири,
кој прв ќе седне за да нема дилема јас и брат ми веднаш правиме шема. Детското катче посебна боја има кога си во него нема зима, секакви играчки, таму се збрале а ниту една тајна, досега не издале. Горе–долу по скалите се скока и вика од секој агол насмеано лице блика тоа е тоа кога си свој на свое ова е ДОМОТ во СРЦЕТО МОЕ!
Илина Карапанчевска VII б одд. О.У.Мите Богоевски - Ресен Ментор: Дунавка Табаковска
153
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Дом... Семејство... Топло огниште и хармонија, љубов, насмевки и птичја симфонија! Можат да се пронајдат само таму, каде што срцето често ме враќа, во мојот дом-најтоплото гнездо на овој свет. Дом... Семејство... Во него се наоѓаат мојте корени, во него се и мојте крилја. Безрезервната љубов, топлина, насмевка, подршка, која секојдневно ја добивам од мојте најблиски. Затоа таму секогаш ми е најубаво, Најтопло, најудобно. Домот не е место, домот е чувство, чувство кое секогаш ќе биде тука, тука во моето срце ЗАСЕКОГАШ!!! Марија Тасевска 6-б одд. ОУ „Мите Богоевски“-Ресен Ментор: Дунавка Табаковска 154
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Во држава наша мила Македонија што се вика. На исток таму градче се свило. Каде што ветрот немирно дува ни студот ни дождот не го плаши, светецот Никола го чува и од секој ќе го спаси. Опкружен со стари и млади села насекаде распространет со уметнички дела. Билазора збор си збори за историјата цела. Со жита оросени, со треви некосени, винови лози со векови стари, лек за сите дари. Итаат брзо сите, лесно да им минат дните. Во кој град од светот каде и да бидам и сите светски чуда да ги видам, за мене и тогаш дилема нема од мојот град поубав нема. Секој својот дом му е мил, кај што се родил и гнездо си свил. Ивана Славковска 9-1одд ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе Ментор: Роза Цветковска 155
Домот во срцето мое Парче земја што во сечие срце а зиме бели како штотуку љубов и гордост всадува. расцветано кокиче. Секој поединец во неа И мирисот на зелникот расте и се радува. кој бабите ќе го испечат, Топлина зрачи кога ќе а потоа ќе се собереме сите го чујам топлиот мајчин глас на едно место и слатко ќе се кој со љубов ме успива и буди смееме, наутро. Тоа е сè што ми треба. Сестрите и браќата кои И вревата наутро пред секојдневно училиште, ме нервираат, но сепак ги тоа ми дава енергија. сакам. И сите земји да ги поминам, И татко ми кој со својот пак ќе ми фали таа врева длабок, но мил глас, наутро, понекогаш ќе те скара, а Топлиот мајчин глас, татковата понекогаш, прегратка, со топлина те милува. Караниците со сестрите, Фурнаџијата кога го пече мирисот на лебот, штотуку испечен зелник и сите и житата кои ветерот празници ги ниша по полињата. кога сите ќе се собереме на Сонцето кое овде најтопло едно место. грее! Е, тоа е незаборавно! Високите планини кои Каде и да одам ќе ми остане напролет се зелени како ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ. ловоров лист, Сара Толевска 7 одделение ООУ „Гоце Делчев“, Свети Николе Ментор: Елена Иванова 156
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Како Сонце штом блесне и топлина кога ќе те плесне, домот љубов значи, во срцето живот зрачи. Како Месечина штом светне во спектар од бои, како небесен бескраен шир домот е мојот душевен мир. И кога ќе ти стигнат годините, раните и тагувањата водите од сеќавањата нека течат од спомените, тие нека се лечат. Еден миг враќање во минатото крај каминот стар, спомените ќе останат во нас како прекрасен дар. Љубовта е дом во срцето мое во него радост нека се всели среќа за сите нека има сегде радост и љубов нека се дели. Росана Камчева 9б одд. OOУ „Гоце Делчев“ –Кавадарци Ментор: Јованка Ангеловска - Змејковска
157
Домот во срцето мое Домот мој Велес се вика, за сите патници тој е најубава слика. На два рида куќите ги послал, Вардар во средина со убавина блеснал. Во овој дом јас се родив, во овој дом најубавиот сон го сонив, ме зема тој во прегратки свои, мојот дом прелива во среќни бои. Во дворот мој ветрец лице ми гали, пишувам стихови, во мене оган се пали. Под дрвјата негови седам, спомен врз спомен низ мисли редам. Во мојот дом се чувствува историска традиција,
од неа јас црпам инспирација. Со гордост во срцето за моите предци пишувам, на нив со почит се сеќавам. Мојот дом на баба ми мириса, на татко ми пред на печалба да киниса. На ковчегот полн со спомени разни, на везените носии и надежи празни. Домот е место во кое засолниште бараш, навечер покрај огниште да се одмараш. На најубавото место на светот да појдеш, во срцето ќе осетиш копнеж дома да си дојдеш
Ајла Лековиќ 8 одд. ООУ„Рајко Жинзифов“-с. Г. Оризари, Велес Ментор : Менка Андреева
158
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Таму некаде далеку во далечината, во туѓината носталгија, тага, неспокој копнеж, немир и чемер татни во дамарите на тело мое, за домот и родината. Читајќи го писмото твое потонат во тишината, за домот во истиот миг тага го опфати срцево мое.
пред очи ми се јавува една носталгична -пејзажна слика, за повраток домот, роден ме вика. По долги години, јабанец стапив на родниот праг. Младоста ја потрошив во туѓина но, завет си дадов клет, прадедовски вековен свет, барем староста да ја минам во топлиот татков дом. Денес среќен сум и горд го остварив мојот вечен сон.
Река од спомени во овој миг во срцето ми се буди, родниот праг, родната грутка, хармонија и спомен драг топлина во срцето мое ми блика, Христијан Петрушевски ООУ „Браќа Миладиновци“ 8 одд. Пробиштип Ментор: Руса Атанасовска
159
Домот во срцето мое“ Мал збор, со многу значение. Каде што почува, завршува и се раскажува мојот живот. Од каде што нозете бегаат, но срцето останува. Каде што се луѓето што те сакаат и бранат. Од каде што животот те испраќа и топлината те држи. Нема место како домот. Местото од каде што бегаш и повторно се враќаш. Викаат дека никаде сонцето не те грее како дома. Тука се раѓаш, растеш со љубов. Човекот патува низ светот за нешто да пронајде И се враќа дома каде што му е душата. Домот, слаткиот дом, местото каде што ја пронаоѓаш среќата. Каде ти тече солзата, ти се смее лицето. Куќа со четири зида. А нашата љубов е тоа што ѝ дава смисла. Каде и да одам, домот ми е во срцето И тука ќе го чувам сè додека живееам. Греса Саити 6-то одделение Ооу „Прпарими“-с. Голема Речица-Тетово Ментор: Виолата Томеска
160
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО МОЕТО СРЦЕ Каменит пат и прашина сива и на небо темно блесок се гледа и во далечина таму се слуша гром, а во гради - бол и душа ме стега... чекор подалеку од својот дом. Наоколу луѓе, а сепак осамена со горчливо чувство на самотија и на талкање вечно осудена оти не постои последен заклон, постои само прогонство и топол татковски дом. Ох... какво ли беше чувство тоа, на топол дом, на игра, радост и смеа, со насмевка на лице - слики се редат на желби што во детски срца тлееја
нешта што некогаш... реалност беа. Како птица немоќна со скршено крило во ноќта седам... сама во ова сивило, на силата да продолжам и барам снага, а срце веднаш почнува силно да бие на помисла далечна за куќа драга. И повторно утро се буди ново со надеж и желба силна исполнето со искра во очи и молитви безброј уште еднаш да ги почуствувам во срцето топлината на домот незаборавен свој.
Андреа Белчовска IX-б одд. ООУ „Мирче Ацев“ Скопје, Ментор: Јасна Матеска 161
ДОМУ МОЈ РОДЕН Ако си вечен скитник - тука ќе застанеш ќе го почувствуваш воздухот на слободата тука, кајшто јазолот на исконското се врзува со нишката на сегашноста ќе го пронајдеш без да го бараш најдлабокиот и најголем мир. Ако имаш малечка рана врежана во срцето жедно за топлина тука ќе го напоиш со наслада и ќе отпараш небо темни облаци зашто тоа е - Домот на сите нас! Тука доволно е само да чувствуваш со сиот свој дух и сетила, да запееш со кристално јасна мелодија на душата ќе се израдуваш на вториот изгрев на Сонцето. Тука природата се надвјасала себеси и допрела Божјата рака низ времето проткајала чудеса од убавини ова срце вечно ќе го величи и сака ДОМОТ, ДОМОТ МОЈ РОДЕН! Лилјана Размоска 9 одд. ОУ „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“, ОХРИД Ментор: Валентина Рубаноска 162
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое На југ Каде што сонцето најубаво грее И песната најубаво се пее Каде народот од вино тиквешко се опива И земјата македонска вешто ја обработува Таму е Македонија А во неа домот мој и твој. На љубов во мојот дом мириса. Баба и дедо зиме до огнот седат И на внучињата за минатото за бројни војни и јунаци стројни приказни им редат. Гласот нивен ко приспивна песна да пее А до мене допира топлина И срцето ми го грее. Мама и тато - столбови на домот наш Со многу труд и мака, со насмевка, со вредни раце
Нè учат како треба да се живее И како да се сака. Бато и деде се слика на мама и тато Со насмевка на лице Подготвени да помогнат На секој кој има мака. Не може а да не ги сакам. Најубаво во мојот дом Е кога сме собрани сите Насмеани лица Од очите љубов блика. И кога темнината низ градот шета Кога сонот очи ќе ни склопи И домот мој, во длабок сон спие И тоа е радост и не се крие. Тоа е домот мој Ова е неговата слика Извезена со конци од љубов На срцето мое. Видена со очи на дете Кое нема мака И домот свој најмногу си го сака.
Леонтина Николовска VIIIб ООУ „Христијан Карпош“, Куманово Ментор: проф. Сунчица Шојиќ 163
Домот во моето срце Колку и напред да oдам, пак назад поглед праќам, чекорам кон иднината, но сепак стапка враќам каде и да сум, јас повторно на домот се присетувам и кон убавите спомени од татковината полетувам. Моето потекло мојот карактер го дефинира, борбеноста и патриотот во мене го гарантира, историјата на мојот народ како инспирација ми служи да се соочам со она што животот ми го пружи. Во мојот дом се луѓето за кои сè ќе направам, тие се оние кои ги гледам штом очи ќе затворам, семејството и пријателите за мене секогаш биле тука, тие се сè што имам и причината што моето срце чука. Во ова мое срце, само мојот роден крај ќе спие, со своите беспрекорни убавини и чуда што ги крие. И ниту едно друго место нема како домот свој да го сакам затоа каде и да одам, дома секогаш на крај ќе се вратам! Ребека Манева - IX-2 одделение ООУ „Васил Главинов“, Велес Ментор: Елена Гуновска
164
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Домот е радоста моја сигурност на желбата своја, што ме јача, што ме сили заедно со моите најмили. Во него се крие радост, Во него се крие сладост, во него се крие мир, голем е колку небеската шир. Еј, другарче мое чувствувај се како во свое! Патотот ти го покажа добрината твоја во срцево допри ја топлината моја! Ученик: Сара Попоска IX в одд ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга Ментор: Елизабет Барануаи Кукунешоска
165
ДOMOT ВО СРЦЕТО МОЕ Еве го мојот дом. Убав, топол, сјаен. Еве ги птиците в лет. Пишуваат приказни за цел свет. Во есен тој е жолт, Како лимон зрел. Во зима бел, како невестински вел. Во пролет разнобоен, развигорен, смел. Во лето топол и сјаен како расцутен јули и август знаен.
Длабоко внатре, во нив птиците црцорат на цел глас. Мојот дом, Македонија се вика. Богат е со планини, зелени полиња, рамнини со родови и плодови, синило во бескрај, храбра песна. Љубов наоколу до вселената блика. Еве го мојот дом, изникнат во срцето мое.
Ене го житниот клас. Ене ги зелените шуми. Благица Прошева, VIIа одд., ООУ„Петар Мусев“, Богданци Ментор: Катерина Чрчева
166
Домот, во срцето мое
Домот мој Домот мој е место каде јас се родив, каде растев каде со мама и тато се галев. Во домот мој- јас се смеам, во домот мој- јас и плачам, а понекогаш и пеам или во градината си трчам. Домот мој е местото што најмногу го сакам. Домот мој е местото кое во срцето го носам. Алмира Алити-VII-2одд Истикбал-Тетово (албански наставен јазик) Ментор: Рада Столеска-наставник по македонски јазик
167
Мојата куќичка мала Домот мој е куќичка мала и во него сета љубов се збрала. Мама го љуби и сака тато, а јас си ги сакам дада и бато. Во домот мој сите љубов си делиме, слатки зборови еден на друг си велиме. Но, каде и да тргнеме, каде и да одиме во своето срце домот си го носиме. Мерда Ибраими-VI-1одд. (турски наставен јазик) во ОУ „Истикбал“, Тетово; Ментор: Рада Столеска-наставник по македонски јазик.
168
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ Мојот дом е таму каде што е срцето мое, токму таму се моите среќа и радост слеани во тој дом како вечна младост, ме прават горда, храбра и чесна како татковината моја испеана во секоја убава песна. Македонијо, мајко моја мила измачена си била низ векови долги по трнлив пат – гладна, жедна ко аргат на нива вредна, ко жетвар на жетва следна, но со високо крената глава
ко војник со голема слава! Мојот дом е таму каде што е срцето мое. Тука се родив. Тука слободно мислам и учам вредно. Тука животот е убав. Тука сонцето силно грее и нежно, нежно, како во бајка ко милниот шепот на мојата мајка, во срцето топлина ми лее, ми дава љубов, надеж и верба, ми дава сила да подавам рака секому што има мака, оти само така татковината се сака!
НАТАЛИЈА МАКСИМОВСКА - VIIIa одд. ООУ„Невена Георгиева – Дуња“, Скопје Ментор: Катерина Радониќ-Стојановска
169
СПОМЕНИ ПРВИ Животот не е лесен, Има патишта разни, Некои лоши, некои добри Патишта разноразни... Домот и првата стапка, И првиот заб и збор, Поминатиот праг И прекрасниот двор Во срцето се носат И ко роса ги росат Спомените први, Од раното детство. Кога ќе се сетиш на скутот на баба На црешата и крушата, Поминува тагатаНа јаготките црвени Врати се во домот На своите спомени. На крај светот вјаси, Домот ти е во срцето Знаеш засекогаш Кој си и што си, од каде си. Бојана Јовановска, ОУ ,,Христијан Тодоровски Карпош“, Ранковце Ментор: Светлана Лазаревска
170
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Утрински мугри ѕиркаат од мојот крај Срца се будат, живеат, во мојот дом како во рај! Како бисер во вода мојот дом сјае, Љубов за него носам и вечно, вечно ќе трае! Срце од радост трепери, пред жита што зреат За тебе татковино детски гласови пеат! И ветерот ти се поклонува, во тебе спие О дому мој, убавина во тебе се крие! И цветовите распослани, носат твое име И изгревот наутро во водите твои се мие! За мене си само гордост татковино, Вечна да ни бидеш наша Македонијо! Исидора Змејкоска 7А одд. ООУ ,,Страшо Пинџур“ - Скопје Ментор: Розета Дулевска
171
Домот во срцето мое Има едно место каде што сум свој, тоа место е домот мој. Во него убавина и среќа неизмерно блика, тоа е нашата семејна слика. Топлина и радост, насекаде зрачи, насмевката на мама и тато многу ми значи. Во срцето мое со гордост го носам јас, со љубов за него ви зборувам на цел глас. Марија Шлепетурова IV одд. ООУ ,,Кирил и Методиј” Стојаково Наставник: Марика Кајтазова
172
Домот, во срцето мое
ДОМОТ ВО СРЦЕТО МОЕ
З
богум Истанбул. Збогум убав граду простран на два континента, град со прекрасни сараи и џамии. Збогум Босфор но јас посакувам да бидам во мојата татковина, во мојата дома. Уморни од долгите прошетки низ Истанбул се качуваме во автобус на пат за Македонија. Патувајќи по крајбрежјето на Егеско море го проследивме и залезот на сонцето кое се преливаша низ водите на морето. Потоа патувањето продолжи низ прекрасната Грција, застанавме пред Кавала, прекрасен пејсаж, прекрасна панорама. Но сепак во моето срце има едно нетрпение а тоа е копнежот за родната Македонија. За прекрасните планини и ридови, кои човек ги чувстува со секое вдишување на воздухот. Мојата татковина е една мала грутка земја, сместена во центарот на Балканот, која зрачи со својата светост. Да, тоа е таа оаза на мирот, да тоа е таа мојата татковина- Македонија која е богата со многу култури. Да, тоа е мојата мулти етничка татковина во која секое дете знае да зборува барем два јазика. Се прашувам со која боја најдобро би ја опишала? Можеби со црна, за да го означам црното страдање низ минатото на овој народ. Или пак, црвена, за да се присетиме на крвта пролеана за да се зачува оваа грутка земја. Или пак, со бојата на водата, за да ги соберам во едно езеро, солзите пролеани на секоја мајка која изгубила син, за ова тло. Се прашувам, кога би била голем сликар, кои бои би ги користела за да ја насликам оваа наша мала светост? Но, знам... Најпрво би започнала со бела, за да го истакнам исконскиот бисер на Балканот, нашето незаменливо Охридско езеро. Потоа би 173
ја користела кафеавата боја, за родното, вековно тло кое е извор на живот на многу вековни поколенија. Потоа, жолтата, за јасното сонце и житниците кои ја красат оваа наша грутка земја. Би ја користела и зелената за нашата вековна Молика, за Галичица која Бог ни ги дарил за да не потсетува дека уникатноста е една од одликите на нашата земја. И потоа плава за чистото небо кое е симбол на нашите срца. Нели е ова најдобар избор на палета од бои кои најсоодветно би ја прикажале мојата татковина? Колку прекрасна слика би била таа! Но, и без да ја насликам истата, таа е длабоко врежана во моето срце и душа и каде и да одам, и каде и да бидам, со себе Македонија ќе ја носам. Сега разбрав колку многу сум влубена во мојот роден крај. Се буди утрото ги отварам очите и конечно, дома. Има ли подобро чуство од чуството на душевениот мир кој го има во мојата татковина...
Еда Даутовска 9 Одделение/Турски наставен јазик О.У. „Јашар Беј Шкупи“, Скопје Mентор: Билјана Лазарова
174
Домот, во срцето мое
Домот во срцето мое Татковино, моја Македонијо, некаде скриена во длабочините на моето срце, таму каде што некогаш е најтопло како твоето пеколно лето, таму каде што е највесело во моето срце како веселите бои во пролетта, но и таму каде што некогаш е најтажно како годините низ кои си поминала до денес. Таму... во моето срце, таму се наоѓаш ти! Од првата минута од моето постоење постоиш и ти во моето срце. И сега после долги години твоите шуми шумолат во духот на твоите јунаци, твоите херои кои ни го оставија ова парче земја кое е најголем синоним за љубовта кон својата татковина, најголем доказ како се бори за слобода. И денес твоите ливади и зелени полјанки ги разнесуваат љубовните стихови напишани за тебе, житата ги придружуваат со нивниот шум, а пак славејот милно те опејува во песни на кои никој не останува рамнодушен. 175
И денес рацете ми треперат при секој пискот на зурлите и тапаните кои одекнуваат и говорат за твојата вековна традиција. Твоите три сини бисери- најголеми предности, планините-издржливи сведоци. Тука чекорам јас, во ова парче земја на Балканот, тука е моето засолниште, мојата надеж, мојот сон, мојот вечен дом! Стефанија Мирковска 9б одд., ООУ„Гоце Делчев“ - н. Илинден, Скопје ментор: Ивана Велиновска – Боцеска
176
Издава Фондација Никола Кљусев Ул. Македонија бр.12, Скопје За издавачот Маргарита Неновска Уредник Ангела Неновска-Крстевска Јазична редакција Слаѓана Тошиќ Дизајн на корица Анета Гацевска Печати Нампрес Бул. Србија бр. 11, Скопје Тираж 500 примероци
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-93-1(082.2) ДОМОТ, во срцето мое / [уредник Ангела НеновскаКрстевска]. - Скопје : Фондација "Никола Кљусев", 2017. 176 стр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Творам за Македонија" ISBN 978-608-4685-13-5 COBISS.MK-ID 105226762
ISBN 978-608-4685-13-5
9 78608 4 68 5135
90000