Творам за Македонија - За тебе пеам, за тебе пишувам

Page 1



Tvoram za Makedonija

Za tebe peam, za tebe pi{uvam

Меморијален центар фондација-никола кљусев Skopje, 2016


Моето име тоа сум јас Проектот “Творам за Македонија” е поддржан од Министерство за Култура на РМ.

Izdava

Fondacija Nikola Kqusev Pe~ati , Skopje

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-1(082) МОЕТО име тоа сум јас. - Скопје : Фондација Никола Кљусев, 2012. - 142 стр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: “Творам за Македонија” ISBN 978-608-4685-01-2 COBISS.MK-ID 92588810


Кон изданието Младите се иднината на Македонија. Нивниот талент и насока треба да се негуваат и поттикнуваат уште од најраната возраст, кога тие сè уште го откриваат патот по кој чекорат впуштајќи се во животот. Преку поттикнување на творештвото кај младите сакаме да им помогнеме да ја откријат дарбата во себе и да ја развиваат креативноста и убавиот збор, а со постигнатиот успех да им послужат за пример на своите соученици. Проектот Творам за Македонија успешно ја оствари својата цел, го поттикна творештвото и креативноста на над 150 ученици од основните и средните училишта во Македонија, кои на темата „Моето име, тоа сум јас“ низ стихови и прозни творби ги изразија своите искрени чувства на припадност и љубов кон татковината. Жирито во состав: Веле Смилевски - писател и претседател на друштвото на писатели на РМ; Надежда Кљусева - професор по македонски јазик во пензија, претставник на Фондацијата Никола Кљусев и Слаѓана Тошиќ - уредник на списанието Комплетна, беше доведено пред сериозен предизвик да ги избере првите меѓу најдобрите. Наградени се следниве ученици: Марија Наумовска, ОУ „Александар Здравковски“, Јегуновце Исидора Димитриевска, ОУ „Христијан Карпош“, Куманово Розета Стојанова, СОУ „Коле Нехнетин“, Штип Дајана Лазаревска, СУГСГ „Раде Јовчевски - Корчагин“, Скопје



Проза и Поезија Основни училишта


СТИХОВИ ЗА ЕДНА ВИСТИНА Збор по збор крваво испишани стихови на песна за една вистина. Вистина за народ кому Громови на тишината му ја запишаа судбината: Во немилосрдието на минатото да истрајува и прашува за товарот вековен за товарот оловен. Ќе добие ли одговор за судбината што му ја наметнаа? Ќе се слушне ли гласот на проголтаните од мракот пред кои Глувее темнината и Слепее вистината? Го болат ли раните? Раните времето ги лекува. Стравува ли од смртта? Смртникот љуби слобода.

6


За тебе пеам, за тебе пишувам

Со векови во вратот му дишат предавства но, тој истрајува живее со заборавот на судбината. Од раните реди зборови, Од болката ниже стихови, Со смртта раѓа песна. Песна за солзите секнати, За воздишките одземени. Песна за едно име, за една неправда. Песна со која Ветува и порачува: Судбината може и сам да си ја крои Зад името свое Вечно ќе стои. Мракот и ноќта сведочат за една вистина преточена во стихови... Ерика Спасева 9 одд. ООУ „Гоце Делчев“, Свети Николе Ментор: Гордана Панева

7


Мојата Муза Ја молам Музата да ме вдахнови, со зборови да ме напои, да напишам песна достојна за Тебе. Го најдов изворот во Миладинов, Прличев, Рацин, Конески... во песната на народот мој Македонски. Органиката на тапанот и зурлата ја проби муграта. Твојата младост не издржа да летне. Раскина синџир на робје, се роди Илинден. Републиката во пламен гореше, народот песни пееше, крваво знаме вееше. Повторно карпа мрак над тебе, повторно копнеж за Тебе. Идеалот за зората зазори, и повторно се роди. Изникна ко Феникс од пепелот на урнатините се вивна кон височините, за да бидеш Неда на своите неродени чеда, за да бидеш Амазонка на својот род, за да бидеш Муза на мојата песна. Кристина Божиновска 8-а ООУ „Аврам Писевски“, Скопје Ментор: Ракиќ Марика

8


За тебе пеам, за тебе пишувам

Мојата земја Во моето срце, името твое, на дедо ми и дедо ти огниште, на син ми и ќерка ми потприште, од Александар до денес вечен непокор, вечен непребол, вечен копнеж. Овде, каде сонцето ја грее душата, овде, каде водата ги лечи раните, овде, каде земјата раѓа бесмртност, овде, каде кавалот ги буди мртвите, овде, каде чедата на Александар гордо си ја чуваат својата грутка овде, каде внуците на Карев и Питу мирно спијат врз камата и ножот, ОВДЕ Е МАКЕДОНИЈА! Македонијо силно грееш! Македонијо душата ни ја топлиш! Но, мајко моја, сè уште солза ми капи плачам и ридам за моето, за Пиринот и Егејот, за Сандански и Вапцаров, за моите војводи и дејци, за децата откорнати од мајка, 9


за празната колевка, за пустиот дом... Доста беа крв и коски по ридиштата, доста беа сираци по патиштата, нема веќе колење и грабање нема палење и крадење, нема делби и поделби но, има силна светлина над нашата мајка Македонија! Низ векови поробувана, мачена, глодана низ векови понижувана и поништувана, но, во мојот град Првата Република, во мојот град високо знамето се вее, знамето на Илинден свет! И еве, живеат спомените низ крушевските куќи, тука се и браќата земјаци, милите комшии и пријателите од китните села, тука, во секое сокаче го слушам чекорот, чекорот на Питу, на Карев, на Биринчето, тука, низ калдрмите го слушам тропотот на коњите, на коњите и жедните за крв и гладните за човечко месо, муртат. Нови утра над Македонија песна, спокој, мир и убавини, но одеднаш некои дигаат глава, денес, некои решија со пушки против децата, денес, некои решија домот да ни биде пуста пустина, денес, сакаат да нè дотераат до нож, денес, пак сакаат да нè дотераат до питачки стап. 10


За тебе пеам, за тебе пишувам

И, еве, го пишуваме новиот Манифест, ние денес, мирољубиво стоиме пред душманите, ние, наша крв повеќе не пролеваме, ние, Македонија со љубов ќе ја браниме. И утре сонцето силно ќе грее и утре гордо знамето ќе се вее и утре ќе си подадеме рака и утре пак ќе речеме „Македонија е наша мајка и вечно ќе го славиме името нејзино!“ Антина Проеска, IXБ ООУ „Никола Карев“- Крушево Ментор: Александра Ангелеска

11


По патот на патриотите Од оков на заборавот, и здивот на стравот, го откорнувам минатото и го вкоренувам денес пред прагот на татковината. Пред окото на светот фрлам искри за своето постоење и твоето татковино! На прадедо ми патот го барам, го пронаоѓам во непреодни спили, затрнети патје и затрупани воденици. Го наоѓам во згаснати села, запретани огништа и недосонети сништа.

12


За тебе пеам, за тебе пишувам

Газам по непристапен пат до споменикот на паднатите херои да им оддадам почит на четите на загинатите. Тука само микрокосмосот го чува нивниот здив и повикот „напред“ Оттука микрокосмосот го распрснува, до глувото уво на Европа, а ехото го враќа во мојата Малечка татковина МАКЕДОНИЈА. ЛИЛЈАНА РАЗМОСКА VIII одд. ОУ„Св.Наум Охридски“, Охрид Ментор: Валентина Рубаноска

13


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Грутка земја – еден здив, еден крик – историја, едно перо – азбука, еден јазик наш вековен порекуван, одрекуван, но истраен. Една мајка древна, заборавена, една цветна иконија, една татковина – Македонија. На Балканот знаен, на топлиот југ, од дамнини, ко птица со нежни крилја таа гнездо си свила. Опеана е таа во песни стари, аманет свет, што чела ни жари, заветна мајка на илјадници чеда, поробена била во крв, плач и беда.

14


За тебе пеам, за тебе пишувам

Но во пазуви скрила таа комитски чети, што дале надеж, ко ѕвезда што свети и партизани млади што оделе в бој, животи дале тие за народот свој. Денес, за неа пее нова младина, за неа се гради посветла иднина, инспирација е таа за сите нас, за неа пишувам, за неа пеам на сиот глас.

Изработила: Оља Аницин IXв одд. Ментор: Катерина Аницин ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје

15


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Од искон создадена, земјо библиска, од сончевина огреана, земјо рајска. Земјо на Филип и Александар Македонски „Еј Македонијо, ти си бисер балкански!“ Со векови под јарем роб робувана, спалувана, мачена, газена, ограбувана. На борците твои за слобода – гробје „О, тешкото – синџир ти беше на робје“. Нé тераа и тераа име да погазиме, пред нивните нозе кучешки да лазиме. Да молиме, да патиме, да страдаме и просиме, но „Едно име имаме – во душата го носиме!“. Пеам, како партизаните што песна пееле, додека во јуриш, знамето го вееле. Како Рацин кога „Мугрите“ ги видел – бел ден. „Нижи си синџир железен, околу вратот навезен“. Земјо на Кирил, на Методиј и Климент Охридски, земјо на Гоце, на Даме и Јане Сандански... И Мајка Тереза и Тоше да не ги заборавиме, „...и во радост и во солзи, ние ќе те бодриме!“. За тебе родино пеам, за тебе пишувам, во тебе сум се родил, во тебе ќе векувам! 16


За тебе пеам, за тебе пишувам

И сé додека сонцето на небото грее „Македонија слободна, слободно да живее!“. Изработил: Андреја Поповиќ VIIIводд. Ментор: Катерина Аницин наставник по македонски јазик ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје

17


За тебе пеам, за тебе пишувам Слаба светлина. Нежен ветер. Мирис на трендафили. Се разбудив кога златни пламени ја гореа планината, а сонцето сè уште се немаше пробудено. Го слушнав жуборот на изворот, кој весело потскокнуваше по камењата, а во далечината тој се губеше низ ширните полиња. Се вивнав во воздухот, и мало парче сонце ми ја затопли душата, ми ги позлати крилјата, и ми блесна во очите. Високо над мене облаците танцуваа, 18


За тебе пеам, за тебе пишувам

ме поздравуваа и ми се насмевнуваа. Прелетав над езера кои мирно спиеа, легнати помеѓу високи, зазеленети планини. Прелетав и над ливади покриени со шарени килими, и над ниви со златни прекривки. И на крај, сонцето повторно го позлати небото, го слушнав жуборот на мојот извор, слетав во моето мало гнездо, и татковината засекогаш остана во моето срце. Итан Георгиевски ООУ ,,Јан Амос Коменски“ VII б одд. Скопје Ментор: Грозданка Кажлева

19


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗЕМЈО ВЕКОВНА Од зраците на сонцето ко пламен црвена ти што си создадена, со бујни жита под синото небо, пурпур грозје, медовина. Во песни и свети книги, стари ко светот ти си испеана. Како сон во јаве престорен, од дедовци на внуци оставена. Тебе ти пеам земјо вековна, после дождот сонце изгрева. Биди горда со храбри синови, чувај деца идни џинови. Аманет на деца оставам, со перо, слово и песни тебе да те опеваат, со љубов облеваат, Зошто без тебе не ќе постојат. Ти библиска земјо моја, завет си одамна даден, на секој Македонец за живот среќен и слободен. Мила Маркоска VII-б О. О.У. „Рајко Жинзифов“- н. Драчево Ментор: Љуба Мишевска 20


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Во моето срце Еден жар силно жари, Мојата љубов за Тебе стихови пали. Како многу пред мене, Великани на твоето време, Сакам песна да оставам, Твое културно семе. Длабоко во тебе Јас тивок плач слушам, За твојата крв пролеана, За твојата мака пеена. Во вените наши Тече болката твоја, За твоите синови Татковино моја. Но тука е и твојата Густа гора зелена, Планина горда, висока, Вардар со својата притока. И денес пак За тебе пеам, За тебе творам, За тебе песна јас да створам. Тамара Велковска 9-4одд. ООУ „ „Дане Крапчев“ - Скопје Ментор: Катица Стојчевска 21


За тебе пеам, за тебе пишувам

Е

дна е, единствена. И не е обична, мајка е. Силна непокорна, исправена и горда. Знаете несебична е, само убавини нуди. Татковина е, Македонија. Во крвава колевка нè израснала, бидејќи борба и војна е нејзиното минато. Ваму погледни лузна, онаму погледни река од солзи, а таа само насмевка сака да покаже, солзите и раните сака за себе да ги чува. На места гледаш дрвја покосени, трева исушена, куќа разрушена и чиниш овде невреме било. Ама не, не е невреме, од невреме стопати полошо е, војна е, животи згаснати се, мајкини лелеци и таткови воздишки се, младост изгубена е. И сето тоа само за нејзе е, за мајката за татковината. А таа пак толку напатена, а толку прекрасна е. Да погледнеш оддалеку падната сјајна ѕвезда ќе ти се стори. Ја боли, минатото вековно на грб го носи, ама на убавини не штеди. Планини до небесата, реки и езера волшебни, во нив ликот да си го видиш. Туку вака што пишувам да не помислите дека голема е. Не, мала е, пеш да ја изодиш, ама во душата е голема. Уште поголема ја прави љубовта што ја пружа, воздишките што ги изнудува, хероите и добрите луѓе што ги создава. Луѓето да добри се, со очи испиени и усни насобрани, со срце како грутка. Којзнае душата што им носи, којзнае сонот што им го краде. Такви се, немаат ништо, а даваат сè. Порано ропство, а сега којзнае што на плешки им тежи. За неа пеам, за неа пишувам, за Македонија. За старата и веќе збрчкана, а сепак во духот млада и подготвена да се избори за нова, подобра иднина. Можеби почвата со крв ѝ е заситена, но ќе успее и низ неа само бистри води ќе протечат. Илина Тодева VII-1одд. ОOУ„Дане Крапчев“-Скопје Ментор: Јагода Филиповска 22


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Земјо моја, погача од солзи и од брашно замесена, распарана, разресена. Почва си земјо моја, од страдања раскопана, си ми втисната, вкопана. За тебе земјо моја од љубов јас пеам, за тебе живеам, копнеам, тлеам. Ноти бирам вткаени во јамболија густа, најсветол збор си ти, на детската уста. За тебе земјо моја, со гордост пишувам, со восхит убавините твои секојдневно ги вдишувам. Убавина си бескрајна о земјо – џин, покриени со ѕвезди со јорган син. Мајко на виножита и на зори, секоја песна за тебе, гласно да се ори. Од гроздови и од тажни приказни, мајко на вино, 23


те сакам до вечноста, до небото сино. И сè додека постојам, пред тебе со почит ќе стојам! И сè додека дишам и издишувам, за тебе ќе пеам, за тебе ќе пишувам! Ева Дејаноска IV, ОУ МК Ататурк, Гостивар, Ментор: Ѕвезда Михајлоска

24


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Таму каде сонцето се раѓа на високите планини. Таму каде сончевината ги бои зелените полјани. Таму каде сонцето ги златее житата. Таму течат бистри води Таму пеат славеите Таму во виорот на зеленото лисје... Таму е мојата лулка Таква е мојата песна Таму е мојата смеа Таму се закопани моите солзи Таму ми е животот Таму ќе биде мојот гроб Таму е место каде Бог направил земски рај Ех, тоа е мојот роден крај! Тоа е мојата Македонија, моја земја, моја надеж, моја гордост. Ти си сонце со шеснаесет краци Ти си капка солза од невина душа Ти си врела крв од мачен човек Ти си мајка на многу деца Ти си блескав бисер од скап ѓердан Ти си грам злато во железна руда Но пред се ти си мојата душа Кога не сум тука канџи ријат во моето срце, и солзи се лијат по моето лице! Деспина Мојсова VIII1 ООУ ,,Братство“- Скопје Ментор: Лидија Заборска 25


За тебе пеам, за тебе пишувам Твоите бистри езера, цветни планини и росни полиња. Ако ги снема, пак ќе те сакам. Твојте бојни полиња, ишарани од крвта на нашите херои. Кои засекогаш ќе ја красат историјата. Опојниот мирис на трендафили, зумбули и рози Вечно ќе сведочат за твоето постоење. И кога денот ги покрива звездите, сонцето силно свети на бесконечниот хоризонт. Недогледните житници и питомите срни секогаш ќе бидат твој заштитен знак. Ако пресушат изворите ако облаците паднат од небото или се срушат планините, засекогаш ќе те носам во своето срце. Марко Доневски VIIIб ООУ „Христијан ТодоровскиКарпош“ - Скопје Ментор: Талевска Татјана

26


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пишувам, за тебе пеам

О

д север од Глажња, здание од брана каде здивот застанува од убавина, каде водата во карпите удира и како сапуница се прави, до Дојран на југ, езеро покриено со килим од алги, татковино моја си ти. Од исток, каде сонцето милно Берово го гали и со зраците зеленило му дава, до Глобочица дебарска на запад, татковино моја си ти. Гордо исправени, Шара, Галичица, Осогово и Беласица те чуваат, како лушпата својата јатка орев, а ти како лавица која од лавчето ја делат, ‘ржиш и шепите над нас ги ставаш. Те сакам, татковино моја, описменета од своите сопствени синови, ти со име библиско, со росни пирински ливади, со ѓердани од тутун накитена, со вкус на ресенско јаболко, со мирис на ајвар во есен, ти моја, незаменлива. Ја сакам баба ми со носија македонска, вез од нејзина рака извезен и галичка свадба со грмеж од тапан во височините, со невеста со глава удолу што почит искажува. Ти, величество мое, што закрила ми пружаш, да можам на дланка би те ставила, а дланката тупаница би ја направила и никој нема да те допре. Еј, Вардаре мој. Ти се обраќам тебе, немоќна сум да ги поздравам сите, грнчарите во Велес, оризовите аргати, рударите, тутуноберачите, скршни, посети го и гроздоберот што вино надалеку прочуено ни дава, појди Вардаре кај што јас не спомнав и поздрав однеси. А, Охридот, таму долу, на крај, со бисери охридски накитен, како стражар стои и ги пречекува сите. И кој со години не си го видел, таму ќе го сретнеш, кај Св.Наум, кај Чинарот, во Амам. А јас растам и живеам во тебе гордост моја, пеам и пишувам за тебе, среќна сум сега и овде, горда што сум македонка. Анастасија Јакчулева IX одд. ООУ „Христијан Тодоровски- Карпош”- Скопје Ментор: Ленче Алаџајкова 27


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ОХРИДЕ Ако си вечен трагач по убавините исконски, тука ќе го видиш воздухот на слободата, тука, кајшто јазолот на исконското се поврзува со нишките на сегашноста ќе го пронајдеш, без да го бараш, најдлабокиот и најголемиот мир. Тука, во мојот роден Охрид, доволно е само да чувствуваш со сите длабоки сетила, да запееш милозвучно за Билјана и Лихнида, тивко и нечујно, ќе ги слушнеш акордите за Вториот изгрев на Сонцето. Погледи ми граба и тврдината стара, се истанчила низ канџите на времепловот, пребродила безброј лета со чиста гордост и височество Самуилово Грижливо ја чува историјата света. Тука, природата се надвладеала себеси и допрела божествената рака. Низ времето проткајала чудеса од град, Град на вечност и убавина, ОХРИД, мојот град, мојата вечност! ТЕОДОРА ЛАЗЕСКА VII одделение ОУ„Св.Наум Охридски“, Охрид Ментор: Валентина Рубаноска 28


За тебе пеам, за тебе пишувам

Вселената на мојата насмевка Мојата земја е во рацете на: пекарите, лекарите, учителите и шоферите, во рацете на природната убавина, во дланките на детскиот оптимизам, во лирската поезија на вљубените насмевки, во репликите на нашата историска драматика. Генерации сомнежи ја испитуваат вечноста... на крајот сите завршуваме во храмот на вербата, пред стихот на молитвата. Нашата духовна икона ја повикува вечноста. од неа бара древен симбол што ќе ја одобри среќата, бара пристојно поклонување пред одговорноста на времето.

29


Се појавуваме свечено пред знамето на нашето древно достоинство, од сонцето ја позајмуваме светлината на бескрајот и поезијата на несебичното. Ете таква е мојата земја... несебична и кротка, поетска и древна, бесконечно храбра во дивите зеници на решителната фаланга. Ја пишуваме судбината на нашата поетска земја, ги дополнуваме празните редови на таа богата историја, се возбудуваме од херојствата на илинденската слобода. Во пепелта на трагиката се буди жарот на волјата, расте нашето небо над нашата врамена убавина, а убавината... таа нема свое име... без името Македонија! Мојата земја е древна приказна, за смислата на огнот, 30


За тебе пеам, за тебе пишувам

мојата земја е првобитен мит за космогониски настани, мојата земја е планински пејзаж во височините на етиката, мојата земја е езерска длабочина во солзата на искреното дете, мојата земја е убаво ѕвездено небо во вселената на мојата насмевка Јана Костовска, VII – 2 ООУ „Јоаким Крчовски“ - Волково - Скопје Ментор: Мирјана Славевска

31


Ти си ми потребна мене На рибите им треба море, на птиците им треба небо, на сонцето му се потребни облаците, на дождот капките. На житото му е потребно сонцето, на љубовта и е потребно време, на детето мајка, на вљубениот, љубен... На сите луѓе им е потребна љубов. За да има војна потребни се војници, за да има крв потребна е војна. За да има мир потребни се и Гоце и Даме, и сите писатели и патриоти. А на мене ти си ми потребна, татковино моја, водилке моја. Тамара Миташевска VIIIб одд. ОУ ,,Марко Цепенков“ Зелениково ментор: Горан Кошчицовски

32


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Во доцните часови со перо во рака на прагот седам, спомен за спомен низ мисли си редам и безброј стихови за тебе пишувам, за тебе пеам, татковина милна секогаш вековечна и силна. Ќе се качам на бел коњ и ќе јавам со брз галоп, кон зелените ниви во долината, кон небесниот венец на планината, ќе ги поздравам животните и птиците, ќе се пошегувам со лисиците, ќе попливам во потокот со брзаците, ќе се спријателам со зајаците и ќе јуришам во далечината, гледајќи ја убавината на татковината. Со белиот коњ ќе полетам кон Охридските убавини, малите езерски бранчиња кои си поигруваат покрај брегот, со златниот песок гледајќи го сончевиот блесок.

33


Ќе поминам низ градот низ зелената ливадска трева ќе ја слушнам детската врева, што не знае за зло, што не знае за војни, што не знае за глад и забревтано ќе трчам покрај шините и некаде во далечините, гледам ко јагне бело се скрило мало прекрасно планинско село. Ќе прелетам крај стариот мост на Вардарот и занесено гледам, како Вардар бесчујно тече и спомени драги влече, за клети ропства разни раскажува разни сказни, сеќавајќи се на непријателот клет татковино, единствена на овој свет. Ќе поитам низ раскошните Малешевски околини и кривулести долини, ќе вдишам мирис од цвеќињата, ќе ја ислушам песната на славејчињата, ќе си поиграм со јагнињата, ќе им мавнам на рибарчињата и ќе се опијам од убавината на татковината.

34


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ох, колку е убава и чудесна, мојата татковина милна секогаш вековечна и силна. На крајот од патувањето со белиот коњ повторно ќе се вратам дома, на прагот да седам и спомен низ спомен безброј стихови да редам. Горда сум што се родив во тебе, секогаш ќе те носам во себе и во срцето ќе те чувам, ти си гордост моја, колку и да сум далеку јас секогаш ќе бидам твоја. Симона Калешова IX одд. ООУ „ Благој Кирков “ – Велес Ментор: Горан Грков

35


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Ти земјо над земјите, Ти мајко над мајките, Ти ѕвездо над ѕвездите, Ти песно над песните, Небесна си ти, Лична убавице Земјо страдалнице. Колку далеку да одам Никогаш нема да те заборавам, Колку далеку да одам За тебе од срце ќе зборувам. Од вистината никој не ќе избега Ти постоиш Ти си овде Ти мајка си Наша Македонија.

36

Рената Малевска Одделение: IX ООУ „Климент Охридски“ Миравци – Гевгелија Ментор: Маја Танова


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Земјо моја родна Во прегратките на сонцето спиеш Земјо моја плодна Безброј богатства криеш. Планини високи на број Крунана твојата глава Изворчиња и реки долги По јасна твојата става. Очите твои, Земјо моја Езера се длабоки, бистри Косите –полиња ширни, Котлини богати, чисти. Срцето твое е лулка На градови, села со ископини стари, Манастири и цркви од минато време Во нив приказни се ткаат Нит по нит за дамнешно бреме. Приказни за јунаци славни, Учители во светот знајни Приказни за луѓе –Македонци Умови признати, сјајни. За тебе пишувам, за тебепеам Но, зборови немам на број За убавината да раскажам твоја Горда сум на тебе Земјо најмила моја . Леона Бојаџиева 7г одд., Наставник Грозданка Кажлева, OOУ „Јан Амос Коменски“ - Скопје 37


За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино моја, мое росно цвеќе Миризливо, опојно, вечно шарено и расцутено. За тебе во бој се одело, За тебе јунаци гинеле И со песни на усни, жежок огин палеле И со крвав поглед, искри стрелале. Татковино моја, ти си епопеја на Гоце и Јане, На Карпош и Питу И на многу значајни и непознати чеда, Кои за тебе гинеле И со своја крв те топеле. Те воздигнале да си вечна и вековна, Љубена и сакана И неменлива И непобедлива Татковино моја. Татковино моја, ти си колепка наша, Моја, на тато и мама, на дедо и баба, На парадедо и парабаба. Ти си леб на нашата маса И сонце што низ прозорец грее И вода што жед ни гаси И светла мисла на челото И поле родно И училиште бело И воздух што гради ни шири. 38


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ти си мир и спокојство наше Бодра си, силна, и јака Ти си рај за душата блага О, те сакам Татковино драга! Биди горда, силна, моќна и јака И душманот клет не ќе те допре Зашто ти си ми сė на светот, Ти ветувам, Татковино моја! Оливија Трајковска IX-2 ООУ„Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Маја Стојановска

39


Македонија е тука... Под секој твој камен... Незнаен јунак... Скаменето срце живо Во вечност чука Историја со крвта пишувала име И секој го бришел Македонија е тука... Оризови бисери на гради ти се нишкаат Вардар пенлив со неми солзи на гордост Од срцето ти блика Охридските очи... те љубат в почин На Пелистер зелен сон шуми Молика На Крушево за вечен мир На душите... резгранува кон небо бука Македонија, наша мила Македонија е тука... Над снегови шарски ќе раскрили орел крилја Ќе растеме како пиреј и црвени булки в пролет И кај и да сме Како јато во нејзино крило долет Каде срце мајчинско ни дава сила И за нас чука... До последна клетка наша Додека нè има За сите на светот Македонија е тука!!! Ти скинав син гороцвет 40


За тебе пеам, за тебе пишувам

Непозната душо За спомен и резба ставив На каменот под кој срце чука Корени наши татковински Преданија ќе носам За сите што идат Македонија е тука... Сара Конин 9-4 одделение ООУ „Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Маја Стојановска

41


За тебе пеам - за тебе пишувам Дај ми Господе, толку голема сила, за да стигнам на највисокиот врв, од твојата Земја мила. Да бидам горда, да бидам силна, па од таму горе високо, над тоа поле широко. Да викнам толку силно: ,,Ја љубам мојата Земја, ја љубам мојата мајка, мојата мајка Македонија.” Да се чуе на далеку, сиот свет да дознае, како тебе Земјо моја, немало и ќе нема никаде. Затоа те љубам, те љубам толку силно. Со сето срце и душа, мајко моја Македонија. Земја со безброј убавини, со езера и реки бистри, 42


За тебе пеам, за тебе пишувам

како твоите, Земјо моја, нигде нема исти. Насекаде ливади зелени и високи планини, со толку многу спомени, па да дознае светот цел. Ќе викнам на цел глас, нека слушне секој: ,,Ја љубам мојата Земја, Затоа пишувам за Македонија јас.” Теодора Неделковска VIII-5 одд. ООУ,,Васил Главинов”- Велес Ментор: Елена Гуновска

43


За тебе пеам за тебе пишувам Македонијо – татковино моја ти си земја убава, плодна: Со ливади широки цветни, распослани како килим, во сите бои. Со полиња богати, родни каде плодовите бесшумно се лулеат. Со езера чисти, кои чиниш се огледало. Со реките бистри, кои неуморно раскажуваат за времето што било. Со многубројните планини, чии врвови небото го допираат ја предат приказната за твоето постоење. Од искона па до денес чекореле разни воини, сакајќи да те распарчат.

44


За тебе пеам, за тебе пишувам

Но синовите твои, мајко Македонијо мила, со борба и крв, со животот платија но тебе не те дадоа. Затоа денес, додека гордо се вее Македонското знаме славејќи 25 години самостојност Додека одекнуваат акордите од химната македонска клетва даваме: Македонијо отсекогаш си била наша наша ќе останеш за навек. Филип Чоков VIII-4 Ментор: Елена Гуновска Училиште: ООУ„Васил Главинов“ Велес

45


За тебе пеам, за тебе пишувам Татковината моја Македонија се вика. Да погледнеш сегде, најубава слика. Планини и реки, градови и села, споменици, цркви историја цела. Поделена, распарчена иако си била, синовите твои се бореле за тебе мила! И пееме денес за твојата храброст, истрајност и вечност, за славата твоја! Секој кој те сака во слободна земја, заслужува и треба да живее без мака. Магдалена Ѓеровска, VIIб.одд ОУ. „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица Ментор: Раде Трајковски 46


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Вековен сведок, меѓу долги два брега, А студенило болно в срце го стега. Долгото памтење на реката силна, За раце изморени, за душата милна. За крвта и солзите со неа измешани, За храбрите скопјани и силни велешани, И за сите неспомнати македонски борци, За цареви, царици, за моќните творци... Вардар со болка во срцето течел, Гордост на Македонија со него влечел.... Браќата смислиле глаголица света, Среќи и таги во зими, во лета. Битки и војни, натежнал жалост, Па победа славна, неизмерна радост.. Прилеп, Куманово- вечно спомен на срце да тежи, Крушево наше, долго мирот во него да лежи... вечно да светли крвта пролеана под сонцето наше златно, да се издигне гордост наша, црвено-жолтото платно. Минале години, минале лета, се спасила Македонија од војната клета, Вардар радосно во водата славел, Грнчарот грнчиња безгрижно правел... Гулабот слободно над небото летал, Народот се веселел, слободно шетал... 47


Останале во историја дамна немирите, Градови се издигнале, оживеле населбите, Од селото во градот почнале преселбите, На печал се тргнало почнале разделбите. Вардар со топлина под сонцето стоел, Среќните краеви на луѓето ги броел, Се смеел и се радувал преку нивната среќа! Имињата на храбрите вечно да се бројат, Со рака на срцето за нив да се пее, И духовно до нас да нè бодрат и да стојат, Пример да ни бидат, додека знамето се вее. И додека во вените наши Црвено-жолтата крв мине, Љубовта кон патриотите нема да згине. Цената прескапа на животот нивен, Беше слобода за целиот потомок иден, Одлуките нивни храбри и чесни, Да се опејат во сите песни. Затоа да се гордее Вардар, И Баба и Охрид и Шара Да се радува и Тетово, Скопје Велес Зошто Македонија херои бара.... Да се радува Крушево за Тоше, И Струга за Константин Миладинов, И Кукукуш за Гоце Делчев, И Велес за Кочо и Џинот.. 48


За тебе пеам, за тебе пишувам

Да се радува Македонија за сите, За своите потомци, чеда.. За победите бројни, За спасот од немилосрдна беда... Да стојат вечно за спомен Очите пелистерски, со најубав поглед на светот, Да стојат езерата бројни, И планините, и Дојран, и Претор... Да стојат оти години, векови ќе минат, на Вардар сеќавањата долги, никогаш нема да згинат.. Вероника Гијовска VIII-2одд ООУ„Блаже Конески“, Велес Ментор: Иванка Славковска

49


За тебе пеам, за тебе пишувам Македонијо, моја земјо славна, во тебе сум роден, на твоето тло живеам, на тебе се радувам, за тебе пишувам. Низ историјата родино, секогаш прочуена си била, горд сум на нашите револуционери, татковино моја мила. Осми септември е денот кога се слави роденденот твој, независна и ти стана така и јас сум Македонец свој. О, татковино, гнездо мое, грбот, знамето и химната, симболи се наши. Со нив си огреана, Вечно ќе ни значиш. Ангел Здравески VIII-4 одделение ООУ „Круме Кепески“ Скопје ментор: Валентина Т. Стаматовска

50


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Исконско семе во утроба блажена, една е Македонија од бога дадена. Историја тешка што светот го плаши, и солзи црни мајкини за синовите наши. Од Александар и Самоил, преку Мечкин Камен славен, за тебе душа даваме во крв и во пламен. За тебе пеам Татковино вековна мила. Папокот на светот од века си била. За тебе пишувам Македонијо моја. И за сонцето твое древно, во црвено – жолта боја. Стефан Здравески VIII-4 одделение ООУ „Круме Кепески“ Скопје ментор: Валентина Т. Стаматовска 51


За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино наша, Македонијо мила, се гордееме со тебе, ти ни даваш сила. Низ векови тешки, те чуваме смело од душмани клети, од секакво злодело. А, за тебе, мајко наша мила, паднаа јунаци смели, да потклекнеме и ние, сигурно нема, тоа нема да се заборави. Те сакаме бескрајно многу, света татковино наша. Не ти може никој ништо без нас да нè праша. А одговорот наш се знае нека слушнат сите, ќе те чуваме и браниме сложно да ти наштети некој, тоа е невозможно. Ива Здравеска VII-4 одд. ООУ „Kруме Кепески“ – Кисела Вода, Скопје Ментор: м-р Татјана Пеливанова 52


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ – ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ За тебе пеам Те засакав уште кога бев мала, од приказните на баба. Таа ми раскажуваше колку си била страдна, за слобода гладна. Те запознав во училишната клупа, кога бев на другарка ми лута, во игрите детски, бесни во нашите сокаци тесни. Те видов во книгите тешки во песните безбројни, лесни, во рељефот, шарен обоен, во пејзажот недобоен. Те помирисав во темјанушката, глогот и моликата, во јоргованот, лозата и јасиката. Те милував во танцот на житото, заедно со боите на виножитото. Те допрев до врвовите на Кожув, Шара и Галичица. Те испив во водите на Вардар, Дрим и Брегалница.

53


Те почуствував колку си силна кога за Тебе добив награда милна. Топлина душата ми ја згреа од радост солзи слеа. Те најдов во сė што постои, во секој елемент што опстои, под ова парче небо над мојата Македонија! Јана Ангеловска 8-а оддел. ООУ „Аврам Писевски“ с. Бардовци – Скопје Ментор: Ракиќ Марика

54


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ –ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Моето име си ти Јас и моите бои, Ти и твојата убавина. Јас и мојот лист, Ти и твојата лика. Сликам. Твојата коса – разлеано жито. Твоите очи – езера сини. Твојата става – планини вишни. Неук сликар. Не умее да те наслика. Запирам. Палетата ја пакувам. Пишувам. Јас и мојот молив, Ти и твојата мудрост. Јас и мојата песна, Ти и твоето трпение. Затоа што си тврдина на лелекот, извор на копнежите, надежите, калеидоскоп на времето, Затоа што си планетарно име, а јас по тебе Македонка се именувам. Викторија Стојановска 9-а одд ООУ „Аврам Писевски“ - Скопје Ментор: Ракиќ Марика 55


„За тебе пеам, за тебе пишувам“

М

оите тешки чевли направија големи чекори кои останаа како траги по таа мека калдрма. Го дочекав сонцето како изгреа од Беласица, а јас треперев додека чекорев по Широк Сокак. Огреа од сите четири страни. Тоа што се виде во моите очи беше сонцето на Македонија.

Искреност зрачеше во мене, „Патриот во душа“ - напишав јас. Мајко на овој народ во Пиринска и Егејска Македонија, мајко Македонија. Земјо на Даме, Гоце, Питу Гули, Сандански. Земјо Александрова. Со векови под ропство те заробиле и слободата твоја ја зеле, со векови не си видела сонце да грее. Твоето сонце сега грее на знамето кое во Крушево се вее. Твојот свод го штити целиот овој македонски род. Народот херојски земал пушка во рака и од дома тргнал со тешка мака. „Слобода или смрт, нека се лее туѓа крв!“ Како борец прав рече јунак без никаков страв. Со товар на плеќи свои, не ги виде веќе твоите темни зори. Сирачиња оставиле, тие бедни за крв жедни. Сиромашни за болка, лелеци на сите страни. Народ рака на срце стави, името нека му се слави. „Јунак погина за татковината“ ечеа гласови туѓи, а мајка плаче и колне судбина тешка. „Гоце кај Баница за слобода загина,“ –ја теши невеста јадна, без да знае каква тежина на мајка на срцето и падна. Некој поет за таа болка пишувал до пред мугри, за тежината нивна, за таа Ленка силна. За твојата црна мака, биле во гроб со едната рака. За тие тутуни, тие црни зандани, тие маки големи. Погинал со последниот крик од својот народ, со последната недовршена песна. Некој борец со чевли искинати пеш по светот одел 56


За тебе пеам, за тебе пишувам

и против непријателите до смрт храбро се борел. Некој патриот пак со љубов напишал: „Знамето твое нека се вее, над височини и планини, за борците твои нека се пее, сите да знаат за твоите убавини. Нека се издигнат високо црвената и жолтата боја, нека се слави слободата твоја.“

Мартина Пешова, IX одд. ООУ„Стојан БурчевскиБуридан“-с.Сујаклари, Велес Ментор: Каролина Попова

57


НЕШТО ШТО Е МОЕ Како бисерен ѓердан на грло јазикот свој го носам јас. Се изразувам на свој јазик, имам право на глас. Кога ќе погледнам во река, кога ќе чујам мајчински глас, кога ќе погледнам горе можам да кажам – имам свое јас. Светите апостоли ја започнаа мисијата и со голема љубов ја исполнија визијата, во мисионерски поход одеа често и меѓу паганските народи се снаоѓаа вешто. Каде и да одиш едно знај, секогаш имаш нешто твое имаш нешто што можеш да наречеш ,, Нешто што е мое”. Теодора Магденоска VIII-2 одд. ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ - Кичево Ментор: Крстеска Добрица

58


За тебе пеам, за тебе пишувам

Македонија, за тебе пишувам, за тебе пеам Татковино мила, во мисли те носам, при разделба тешка, што боли како рана жешка. За тебе пишувам, за тебе пеам, песна над песните, и во срцето радост сеам. Во тебе најубаво цвеќе цути, мирис лее, насмевки сее. Срцето трепери на твоите убавини, насекаде полиња, ридови и високи планини. Татковино мила, во срцето си ми се свила, огниште си ми дарила, за тебе, секакви добрини би направила! Ема Китинова VI a ОУ Кирил Пејчиновиќ Ментор: Снежана Цоневска 59


За тебе пеам, за тебе пишувам Земјо моја најмила, во тебе убавината од секаде се смее и сонцето најсилно грее најсино небо имаш, со најсјајни ѕвезди в рој ти свет си мој, нацртан на овие дланки две за мене си сè. Лулка нежна на мојот мирен сон стражар, чувар на сечиј дом. Корените не ги заборавам тие од мене се дел за тебе пеам и пишувам, тебе те сакам и ти се восхитувам. Македонка сум горда во срце те носам, и на она што добро за тебе не е спремна сум да пркосам. Така ќе биде и ништо не може да се смени крв јуначка тече во нашите вени, ти остани непокорна, достоинсвена и смела ќе те чува љубовта наша врела! Кристина Митовска VI-б одделение Ментор: Снежана Цоневска ООУ Кирил Пејчиновиќ-Скопје 60


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам

О

дам по патот, трудејќи се да газам по стапките на едно дете кое оди пред мене. И обликот на стапките се изобличува... едни се губат, а други остануваат свежи. Колку ли вакви стапки се направени не вчера, ни минатиот месец и година, туку одамна, многу одамна од кога еден мал словенски народ почнал да ја вика оваа земја своја. Беа многу! Но, може ли да се изгубат и изобличат стапките што ги направија оние кои не се со нас, но се во нас и вечно ќе живеат? Може ли да се разниша земјата во чии темели се крвта и телата на народот кој секогаш се издигнуваше од пепелта како Феникс. Може ли да падне во заборав споменот од минатото без кое не би можеле да ја градиме сегашноста и иднината? Може ли да ги заборавиме хероите кои ни ја подарија слободата, да го заборавиме страдањето и болката на оние кои живееле во мрак и покрај блесокот на сонцето?

Херојството и љубовта кон татковината cе многу повеќе од пишан текст, прераскажана случка. Мојата татковина е горда што има длабоки корени. Таа е земја со име и своe место под сонцето. Мојата татковина е вековна и има иднина бидејки има минато. Мојата татковина е градина на миризливи цвекиња и алеа во која расте мирот и среќата на сите нас без оглед на вера, боја, пол... Убава е мојата Македонија! За мене најмила, најскапоцена! За тебе пеам, за тебе пишувам! Понекогаш зборовите се премногу сиромашни за да го искажам сето она што ми лежи во срцето. А, срцето секогаш ми кажува што треба да правам. Да пишувам за реката која бучи врзана за брегот што сеуште спие и раскажува и потсетува кои сме, од 61


каде сме...Да пишувам за планините кои во своите прегратки ги затоплуваат градовите и селата шитејки ги од сите зла. Да пишувам за езерата, очите на оваа земја. Да пишувам за љубовта со која те чувам најмила Земјо моја. Горда сум! Јас сум скапоцен камен оставена од предците! Јас сум тагата, среќата, достоинството, истрајноста! Јас сум само едно дете кое сите чувства ги искажува преку зборовите напишани со моливот, кој во мојата рака станува најмоќно оружје. Со него пишувам, за тебе татковино.

Ева Карамановска VII б одд. О. О.У.„Рајко Жинзифов“- н. Драчево Ментор: Љуба Мишевска

62


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам,за тебе пишувам Вечна убавино моја! Ох, земјо македонска, ох, татковино моја, што се преживеа? Но, ете денес се издигнуваш со гордоста своја,со сончевина и спокој. Што ли немаш поминато ти?! Немири, ропства, војни, кои во тебе секогаш, ќе останат неизлечливи рани тројни. За вековити плач и маки сал знаеше. Колку реки крв протекоа, колку пати на раб на уништеност беше, распарчена, без волја за живот? Но со тешка ранета душа, синови македонски даде. Јунаци нови заслужни роди, што од срце јуначка мисла ги води. Денес виорно, восхитувачки, храбро постоиш. Љубов моја, спокојство милно, Солзи радосници броиш. Знаме алови виориш. Романси пишуваш. Светла историја во срце носиш. Вечна убавино моја! Ученичка: Рената Пеева IXb Ментор: Катерина Чрчева ООУ„Петар Мусев“ Богданци 63


За тебе пеам, за тебе пишувам Татковината сме ние, што заеднички учиме, работиме, чекориме. Едно срце што бие. за секого – добрина да сториме. Татковината се сака, и со подадена чаша студена вода со слатко. Со топлиот леб, од тврдите раце на татко. Татковината е, постела мека, и утрински банеж од мама. Татковината е и домашната задача, и сè што научив сама. Татковината е и автобусот „двојка“, што полн доаѓа и полн се враќа. И мустаклијата што катаден вози, што мавта и поздрав праќа! Изработила: Марија Николова 9а ООУ„Јан Амос Коменски“Скопје Ментор: Елизабета Теодосиевска

64


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Таму на Балканот под сончевата југовина, се наоѓа мојата татковинаРепублика Македонија. Сета убавина од светот си ја обрала, и на ова мало, но прекрасно место си ја собрала. Татковино моја, татковино мила, ти радост ми носиш, ти ми даваш сила! Јас пеам за секое твое катче, и за секое мало, скриено патче... За тебе татковино пишувам јас, ти си еден мал, Балкански украс... Твојата убавина е бесценета, татковино моја совршена, а, мојата песна тука официјално е завршена! Викторија Ангеловска 8в одделение ООУ „КОЧО РАЦИН“ - с. ПЕТРОВЕЦ Ментор: Наташа Здравковска

65


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Ти тајно скриена убавино неоткриена, весел крај тебе стојам и убавините твои ги бројам. Наша чест е да ги гледаме убавините твои кои ни ги даруваш во различни бои. Македонците љубов имаат со душа гостите ги примаат, секој добродушно сака да им подаде рака. Ти тешките времиња од гради ги симна, па затоа во Македонија се пее твојата химна. Татковината наша нè дарува со плодност и убавина испарува, дрвја сите да засадиме чадот од воздухот да го извадиме. Јас за тебе пеам, македонското знаме го веам. 66


За тебе пеам, за тебе пишувам

Пишувам различни песни кои за сите се лесни. Традициите да ги зачуваме на бабините рецепти да се радуваме, од старите ум да примаме затоа што и ние деца ќе имаме. На татковината не можеме да ѝ се оддолжиме животниот век да ѝ го продолжиме, секој штетен гас да го снема и во гради чист воздух да зема. Јас ти се заблагодарувам и цвеќе ти засадувам, во тебе животот е како во бајка најсакана наша мајка. Христијан Џингарски VIII одд. ООУ „Никола Петров-Русински“ Русиново, Берово Ментор: Мирјана Белчовска

67


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Живеам сега, во земја силна, сите нас не штити, со насмевка, блага милна. Татковината моја е лична како слика, на целиот глас ќе извикам, МАКЕДОНИЈА се вика. Црвена и жолта е најубавата боја, македонското знаме е гордоста моја. Низ векови многу во клети ропства била, родена е во војна но мене ми е најмила. Овде сум среќна во земјата моја, нека секој ја цени, ТАТКОВИНАТА своја. Македонијо, о, земјо мила, ти, што одеше по сокаци тесни, 68


За тебе пеам, за тебе пишувам

денес те слават со најубави патриотски песни. Татковино мила, вечно ќе живееш во срцата наши, зар има некој... МАКЕДОНИЈА што ја плаши?! Овде сме родени, јас и родителите мои, затоа Македонија моја мила, во нашите срца стои. ООУ „Никола Петров-Русински“ Русиново, Берово Македонка Алаѓозовска VIIIодд. Ментор: Мирјана Белчовска.

69


За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пишувам поезија на небото, осветлена од сонцето на Вергина, напишана со твојата крв која струи низ моите вени. Го изрежувам твоето име во карпите, го извикувам толку силно, та да се слуша насекаде. Ја закопувам љубовта кон тебе во твојата душа, секој мој здив е твое чукање на срцето, секој мој чекор е твој напредок. Во срцето на Балканот ти трепериш, во рефренот на песната за Европа, струи името македонско. Распослана со прекрасен ќилим, жедта ја намалуваш со реките и езерата, истакната со своите планини и ридови. Израмнета со своите долини и котлини, каде што добиваме овошја и зеленчуци, плодови на твојата љубов. Би сакал да летам со твоите крилја, да навлезам во убавините твои, од тие распеани чувства да се развеселам. 70


За тебе пеам, за тебе пишувам

Да те прегрнам толку силно, да те бакнам, да ти кажам колку многу те сакам. Насекаде би го испеал, би го напишал името твое, сите нека го знаат. Твоето сонце со осум краци, нека зрачи, нека нè грее вечно. Со своите широко разгранети гранки, со своето минато, со превкусните плодови грееш сечија душа. Плодови скинати уште во созревањето, твоите бранители те красат, без страв, само за тебе го напуштија дрвото, за да се шири сé повеќе. И во најтешките мигови, кога поткрепа ти требало, ти со својата храброст се издигна во она што си денес. Од твоите скинати плодови, од твоите овенати цветови, ние и денеска учиме како да станеме луѓе. Гнездо на љубовта, наше огниште, 71


неисцрпен извор на мир и среќа. Не гори, не биди распарчена, нека ме прободат најдлабоко каде што вирее мојата љубов кон тебе, нека ме изгорат за да остане само пепел од мене. Во тој пепел ќе се наоѓа моето македонско срце, кое и да умрам нема да го изгубам, нема да изгори мојата љубов кон тебе. Кога ти е тешко и си тажна, тонам во мрак, длабока црнина ме покрива. Секоја твоја насмевка е празник на моето срце, летам високо на небото, веејќи го твоето знаме. За тебе живеам, за тебе ќе умрам, за тебе срце ќе прободам и душа ќе изгорам. Крв ќе пролеам, солзи ќе изронам, гроб ќе си ископам. За тебе се борам, за тебе мечтаам, за тебе песна пеам.

72


За тебе пеам, за тебе пишувам

Со стихови на искреност, со бесценета љубов, тебе ти се поклонувам. Македонијо... Гордо и без двоумење, мојот последен здив, и моето последно и најсилно чукање на срцето ќе ти ги доверам тебе. Александар Кутлешовски 8 б одд. ОУ „Стив Наумов››- Битола ментор: Ана Динковска-Божиновска

73


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Мила ти си наша земјa знај О, мајко ти во крошни твој Јунаци си задоила Руба црна и црвена блеска со цел сјај. Запејте синови македонски, Послушајте гори стамени, Татковина наша пак се роди Од силни огној пламени. За тебе татковино песна пишувам Како твое чедо се потпишувам Душава за тебе се радува Сонот на претците се остварува. Рашири крила, слободо лична Гулабе бел, летни од пламен врел мир нека царува, љубов да се дарува Слободо биди ми вечна. За тебе пеаам, за тебе пишувам Моја мила, моја татковино Убавина твоја вдишувам Земјо моја домовино. ООУ ,, Св. Климент Охридски ’’ Македонски Брод САЊА КУЗМАНОСКА VI - 1 одд. МЕНТОР: Јасмина Трајаноска 74


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Рамнини и ридови, планини и полиња родни, ја красат од сите страни, а таа на прошетка те кани. Реки длабоки и бистри, а езерата секогаш чисти. Сите се грижат за природата, а животните ја имаат слободата. Ниту еден ден, не би бил поубав, ниту еден ден, не би бил посреќен. Се додека над тебе сонцето изгрева, и песната на славејот не буди. Минатото тешко да го заборавиме, и за твојата храброст да славиме. За тебе пеам, за тебе пишувам, земјо моја, моја Македонијо. ООУ ,, Св. Климент Охридски ’’Македонски Брод Сара Симјаноска VIII-2 одд. МЕНТОР: Јасмина Трајаноска

75


За тебе пеам за тебе пишувам Има ли поубава од тебе, Mакедонија, татковино моја. Чудесна си, топлина си, една, единствена ти си. Мајка на јунаци храбри, родилка на писменост света ти песна, и сонце си Македонијо светлино моја.

Лулка на мирот, на синови смели, земја на гулаби бели, на полиња житни и гроздови зрели. Ти си ни една, ти си ни се, во тебе растеме ние, гордо во тебе живеам, за тебе пишувам, за тебе пеам. Биљана Цветкоска VI-2 одд. ООУ ,, Св. Климент Охридски ’’Македонски Брод МЕНТОР: Васе Сиљаноски

76


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам, За тебе пишувам, Срцево со радости, За тебе го жнеам.

За тебе пеам, За тебе пишувам, Душава со ѕвезди Рој ја греам. За тебе пишувам За кој ли пеам? Од срце љубов На некого му леам. Константин Гаштаров VII-1 ООУ Александар Македонски Аеродром-Скопје Ментор: Александра Н. Ефремова

77


За тебе пеам, за тебе пишувам Татковина-земја со златни полиња разни, планини, езера и реки прекрасни шуми како во сказни. Татковина-земја на нашите дедовци и баби. родила јунаци славни тука нема место за слаби. Татковина-земја страдалничке моја низ векот за тебе се жртвувале јунаци многу му покажале храброст на светот. Татковина-земја рајска градино цветна, во тебе слободно си творам, а времето наеднаш ми летна. Татковина-земја за мене си најубава на светот, со можност за иднината во тебе ќе си го минам векот. Татковина-земја прекрасна родино моја, во тебе си живеам среќно си ја сакам зeмјата своја. Татковина-земја исправена пред тешкотиите стоиш, 78


За тебе пеам, за тебе пишувам

гордо чекориш по својот пат за своите чеда подобри денови да броиш. Татковина-земја во која сум родена јас, живеам и творам со срце песни за тебе пеам на сиот мој глас. Борјана Дончева IX -одд. ООУ „Никола Карев›› –Радовиш Ментор: Каменита Костадинова-Атанасова

79


За тебе пеам ,за тебе пишувам За тебе пеам , татковино моја , за тебе пишувам, за тебе в срце љубов се жари, ти земјо што Сонце ни дари. Лулка на писменоста, гласот на искреноста, земја на јунаци, за тебе сонцето грее, за тебе славејот пее, мила земја моја. И Гоце и Даме и Питу те штителе така и ние ќе продолжиме. На никого нема да те дадеме, нема да те издадеме. Твои сме со срце и душа, засекогаш песна за мир да се слуша. Под овој небесен свод, ти си земја од најскапоцен род. Ми даваш сила татковино мила, мирна и јасна ко бисер красна. Ливади ширни те красат, а по нив бели стада весело пасат. Знамето твое со сонце што грее, спокојно и весело се вее. Многу знаменитости имаш, затоа и многу пофалби примаш. Секој сака да ги проба, јаболката во Ресен највкусни на есен, а во Пелистерски очи сјај топол се точи. За тебе пеам татковино моја, за тебе пишувам. За тебе љубов в срце се жари, ти земјо што Сонце ни дари!

Катерина Манчевска VI-1 одд. ООУ„Никола Карев“ –Радовиш Ментор: Каменита Костадинова –Атанасова

80


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино моја мила На Балканот си се скрила. Те газеле те корнеле , Но ти постоиш како сончев рид. Како бистри очи те красат езерата твои, Убавините твои ги гушкам во прегратките мои Растам со храброста за јунаците смели Кои гинеле од куршуми врели Татковино моја мила, ти си земја каде сонцето грее, цвеќето цвета, а птиците сладок пој пеат, во тебе мирот и љубовта цвета. Во тебе татковино сонувам две времиња: -време на животот и време на песната. Затоа ти татковино секогаш ќе бидеш нов живот и огниште каде младоста расте. Донева Марија IX-2 одд. ООУ„Никола Карев“ Ментор:Каменита Костадинова-Атанасова

81


За тебе пејам, за тебе пишувам (ПЕСНА ЗА МАКЕДОНИЈА) Мајко! Ангелска убавино, кристално чиста, езерска самовило, девствена убавино огледало мое на вистината! Ука за херојства искра на младоста јасна ко слика! Ангелска убавино моја татковино мајко Македонијо!. СТЕФАНИЈА ЦВЕТАНОВСКАVII1одд. Ментор: м-р Валентина Трајкоска Св. Климент Охридски-с. Драчево

82


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пејам, за тебе пишувам Бистри реки низ неа брзо течат, дрвја шумно ечат! Љубов и зеленило од неа зрачи, убавина блеска на секаков начин. Планини бујни и житороднополе ја красат Најубава е татковината наша! Езера сини и чисти води, каде и одам патот кон неа назад ме оди. СТЕФАНИЈА ПЕТРЕВСКАVII2одд. Ментор: м-р Валентина Трајкоска Св. Климент Охридски-с. Драчево

83


МОЈАТА ТАТКОВИНА Еј татковино, татковино моја мила, ти во секој од нас свои тајни си скрила. Во тебе се протега прекрасната Шара, и да ја посети секој од нас бара. Тебе те китат езера, реки, планини и безброј други убавини. Во планините твои несебично за тебе јунаците ги давале животите свои. Крвта своја За тебе ја пролеале и знамето на слободата го развеале.

84


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе поетите бројни песни напишале, и во нив убавините ги запишале. На бројните посетители многу драга си им била, и во нивните срца спомени си скрила. Ина Мишева VI – 4 одд. ООУ „Ванчо Прке“ - Делчево Ментор: Билјана Стоиловска

85


За тебе пеам-за тебе творам Ех, да можам да сум птица во небесен лет и од небо да можам да го видам целиот свет. Да летам над Балканот под златно сонце милно и да те видам тебе татковино моја со име силно. Тука брат со брат си подава рака и секој бара решение за туѓа мака. Ех, татковино моја колку сакам во Битола да свратам и од таму разгледница да пратам. Во Охрид сакам и Струга да идам езерата и убавините твои да ги видам. Сакам на Шар Планина 86


За тебе пеам, за тебе пишувам

јас да вивнам а потоа од Скопско кале да се симнам. И на крај сакам во оризови полиња да свратам и повторно во мојот роден крај да се вратам. Глорија Димировска VII-1 одд ОУ „Ванчо Прке“ Делчево Ментор: Билјана Стоиловска

87


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ – ЗА ТЕБЕ ТВОРАМ Ех, да сум птица што лета во мир, да те разгледам тебе татковино моја, од небесна шир. Низ твоите убавини да се вивнам, а на крај во езерата да се симнам. Во Битола да дојдам и низ широк сокак да појдам. Понатаму и во Велес да наминам, убав и мал. Во Стоби да свратам и низ историјата да се вратам. А сега на тврдината Кале да виснам И оваа песна да ја смислам. Да се разбудам во рани зори па да продолжам по твоите планини и гори. Татковино моја, со посебна убавина своја, секое место со свој сјај а на мојата прошетка овде и дојде крај. Магдалена Аврамова Vlll-1 ООУ „Ванчо Прке“ - Делчево Ментор: Билјана Стоиловска 88


За тебе пеам, за тебе пишувам

Македонијо моја Од сите ѕвезди, соѕвездија најсветлата е моја. Обвиена во бесконечноста, растреперена за слободата. Насекаде богатства бликаат гледаш рид, планина, гледаш вода, убавина. Длабоки корења во себе криеш на разни страни ти се лиеш. Со миризби опојни душите ги полниш, храброст им влеваш, мисла им крепиш, напред ги водиш, стремеж им даваш ова мало парче земја да го крепат. Сенки надвискувале, надвиснуваат мраз и страв низ почва вееле и корења древни длабоко копале, со мисли лесни облаци влечат. Сите твои бои високо издигнати до небеса возвишени, светлината ја чуваат вековите ги осветлуваат, во македонските срце мируваат. Филимена Најдовска VIIIб одд ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола Ментор: Александра Упале 89


Зборови Ова е песна за нас. Ова е песна за нашето секојдневие. Песна составена од зборови. Зборови - големи и мали. Јасни или здодевни. Зборови кои градат мостови, се вртат и стеснуваат, не засолнуваат и како игла ги прободуваат нашите срца. Зборови кои прават да се чувствуваме убави или грди, кои како ден и ноќ се населуваат и остануваат во нас кратко или вечно. Зборови кои остануваат во длабочината на нашата уста или во длабочината на добрите и лоши спомени. Зборови во бои кои обојуваат денови, ноќи и мисли, не прегрнуваат или ги чувствуваме како отров кој некако влегол во нас. Зборовите ги менуваат луѓето. Луѓето - зборовите. Се губиме во тишината на бескорисните зборови. Уживаме во тишината на зборовите кои носат бескрајни размислувања. Ова е песна за нас. Ова е песна за нашите зборови кои заедно со погледите ја прават нашата важност. Или неважност. Ова е песна составена од зборови кои треба да ги покажат моите размислувања.

90


За тебе пеам, за тебе пишувам

Песна која ќе покаже колку е важно да кажам дека убавината на нашите зборови создава мир во нечија душа. Носи љубов и вера. Или пак, го носи мирот во нашата душа. Михаела Стефановска VIIб одд. ОУ. „Св Кирил и Методиј“ – Битола Ментор: Катерина Маруши

91


ДО КОГА ЛИ ЗА ТЕБЕ ЌЕ ПИШУВАМ И ПЕАМ Зошто се појавуваш во секоја моја песна? Повторно ли за тебе да пишувам и пеам? Таго проклета... Се прашувам… Kако се создаваш? Каде ли таго извираш? Во недоглед течеш ко бескрајна река, а јас на Бога се молам да пресушиш, да секнеш, да те снема... Јас со тебе можам да се борам да се справам кога ќе го стегнеш моето срце, кога ќе завладееш со мојата душа... Но, не можам да те поднесам кога ќе ги засениш очите на мојата мајка, кога ќе ги победиш оние кои ми значат. Таго проклета... Ти ме поразуваш, а јас ти пишувам и пеам. Ти ме уништуваш, а јас те величам во моите песни. 92


За тебе пеам, за тебе пишувам

Исчезни таго за навек! Ослободи ме од оковите што ги создаде во мојот ум, во мојата инспирација. Исчезни таго за навек! Време е. Сакам да напишам песна за радоста. Ивана Мерџаноска IX – 2 одд. ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар Ментор: Анѓелко Јанкоски

93


Мојата татковина По едно тло сите чекориме, за нашата татковина заедно твориме. Земја милна во која зрееме, насмевки си подаруваме и раце си подаваме. Наша земја, гордост наша земја храбра, издржлива. Исправена и горда на Балканот се свила. Земја со убавиниДетско лице што се смее, И сонце милно што грее, И луѓе кои исправено одат, И деца патриоти кои ќе се родат. Во таа земја ние се сложуваме, во неа си помагаме. Заедно сите се смееме, под едно небо сите заедно живееме.

Дијана Димковска VIIIa ООУ„Христијан Карпош “-Куманово ментор: Сања Јакимовска 94


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Во доцните ноќи тебе те сонувам, светло мое си по темниот пат, и ѕвезда водилка кога по патот негде се губам. Кај и да тргнам во мене те носам, во срцево везден ми седиш ти. Ти си единственото нешто што може за час да ме развесели, да ме успокои. За тебе пеам, пиле во гради си ми, за тебе пишувам, најубави зборови везам, секогаш и во добри и во лоши дни. Мартина Митковиќ 6-б одд. ООУ,,Христијан Карпош“Куманово ментор: Весна Алексова

95


За тебе пеам, за тебе пишувам

Т

атковино,ти си надежта која ми дава сила секој нов ден да почнам од почеток, со нови победи и нови предизвици... Растев со приказните од бабите и дедовците, приказните од историјата, песните испеани за тебе и за твоето вистинско постоење, за борбите, за убавините, за тешкотиите и победите, за постоењето со векови наназад и векови нанапред.Со упорноста да донесеш поубава и поубава насмевка на детските лица, поубава иднина на своите чеда,поубаво утро за сите нас.Ете, тоа ми дава сила,од тебе не можам да се сокријам, ти секогаш ќе ме наоѓаш и ќе ми даваш уште повеќе сила да пеам и пишувам за тебе. Понекогаш ми доаѓа да избегам, но патот и мислите секогаш ме враќаат во твоите прегратки зашто тука се чувствувам најбезбедно и најсигурно.Твоите раце секогаш се отворени за милување, за прифаќање на тагите , болките, за нашите солзи радосници, насмевки, без разлика на времето и просторот.Се засолнуваме во твоите прегратки, во нив сонуваме, мечтаеме чувствувајќи ја твојата заштитничка рака.Затоа те љубам бескрајно,безрезервно,... Го чувствувам твоето постоење длабоко врежано во моето срце, твојата силна љубов, твоите милувања и сите твои убавини.И што уште можам да сторам освен секојдневно да се насладувам од тие волшебни убавини и сè посилно да се нуркам во твоите мајчински прегратки. За тебе пее моето срце, за тебе пишува твоето чедо, со тебе се гордеам татковино мила.

Тамара Трајковска 6-б одд. ООУ,,Христијан Карпош“-Куманово ментор:Весна Алексова 96


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Мила ти си наша земјa знај О, мајко ти во крошни твој Јунаци си задоила Руба црна и црвена блеска со цел сјај. Запејте синови македонски, Послушајте гори стамени, Татковина наша пак се роди Од силни огној пламени. За тебе татковино песна пишувам Како твое чедо се потпишувам Душава за тебе се радува Сонот на претците се остварува. Рашири крила, слободо лична Гулабе бел, летни од пламен врел мир нека царува, љубов да се дарува Слободо биди ми вечна. За тебе пеаам, за тебе пишувам Моја мила, моја татковино Убавина твоја вдишувам Земјо моја домовино. САЊА КУЗМАНОСКА VI - 1 одд. ОУ ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци Ментор: Лиле Жабоска 97


За тебе пеам, за тебе пишувам Рамнини и ридови, планини и полиња родни, ја красат од сите страни, а таа на прошетка те кани. Реки длабоки и бистри, а езерата секогаш чисти. Сите се грижат за природата, а животните ја имаат слободата. Ниту еден ден, не би бил поубав, ниту еден ден, не би бил посреќен. Се додека над тебе сонцето изгрева, и песната на славејот не буди. Минатото тешко да го заборавиме, и за твојата храброст да славиме. За тебе пеам, за тебе пишувам, земјо моја, моја Македонијо.

ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци Сара Симјаноска VIII-2 одд. Ментор: Лиле Жабоска

98


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам

В

рзувајќи ги старите и уморни врвци од моите искинати патики, патики кои имаат стапнато на толку многу места и имаат проодено толку далечен пат, се запрашав зарем е можно овие патики да ја имаат почувствувано сета убавина на оваа наша Македонија? Зарем е можно тие да ја имале честа да проодат низ прекрасната и полна со љубов калдрма на старата скопска чаршија? Зарем е можно да го имаат допрено сјајниот песок и бистрата вода на Охридското Езеро или пак да проодат низ тревата кај вевчанските извори?

Сè уште ја чувствувам таа енергија од ората кои се играни на вевчанскиот карневал и покрај бадниковиот оган и сè уште од нивното платно доаѓа мирисот на мајчината душичка од Скопска Црна Гора. Зад секоја нивна гребнатинка стои една убава приказна, и уште поубав спомен. Се сеќавам дека со овие патики за првпат стапнав на највисоката карпа на Елен Камен и во нив сè уште се крие адреналинот и позитивната енергија кои биле во секоја мала капка од пот од моето тело. Овие патики напамет го знаат секој сантиметар од кејот на Вардар и знаат дека најубава е зелената трева од градскиот парк во Скопје. На овие патики никогаш не им сметало стоењето на едно место со часови додека јас сум ги разгледувала сите слики во галериите и сите артефакти во музеите, и никогаш не им сметало моето скокање од радост кога ќе ја видам автобуската карта за Струга зашто знаат дека повторно ќе стапнат на мостот на Поезијата и ќе бидат дел од танцовите на прекрасната музика проследена со една пастрмка од водите на Охридското Езеро. 99


Движејќи се низ јаболкниците и берење по некое јаболко низ ресенскиот јаболкобер, секогаш ми беше мило без разлика што ќе ги извалкав моите патики, но знам дека и тие уживаа во тоа. Овие мои стари патики имаат стапнато на пристанишето од магичното Дојранско Езеро, и со голема енергија го имаат прошетано локалитетот Стоби и неговите историски убавини, а замислете си какво е чувството да седиш во амфитеатарот и да си уживаш во глетката со своите најдобри другари. И навистина ако треба уште милион пати јас би го проодоела истиот овој пат заедно со моите стари патики. Тие никогаш не се изморија и никогаш не отстапија од секој мој цврсто изоден чекор додека ја запознавав земјата во која сум родена. Чувствувам дека се желни за нова авантура. Сакаат да планинарат по Шара, да прошетаат низ Широк сокак, повторно да се качат на Самоиловата тврдина, да ги почувствуваат речните бранови на брзата Радика, да отидат до Хераклеа, Скупи, на Кокино, во Шарената џамија, во Бигорскиот манастир, да логоруваат низ кањонот на Вардар во Демир-Каписката клисура. Не им кажувам дека времето им е изминато и дека само поради тоа што сум малку поголема ќе морам да се простам со нив. Но ќе ги оставам во шкафчето за чевли токму до моите нови патики. Знам дека во ноќите кога ќе се одмораат ќе си ги раскажуваат приказните што се сплеле додека патуваа низ Македонија.

Мирна Мемиќ VIII-4одд. ООУ „ДанеКрапчев“-Скопје Ментор: КатицаСтојчевска

100


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам ,за тебе пишувам За тебе пишувам земјо од искона, земјо прадедовска, дедовска, земјо-татковино, земјо-мајко Македонијо! Чекорам по твоето тло во срцето трепет, во душава немир. Поклон длабок правам, на земјава букет ставам, за жртвите неброени, за крвта излеана за младоста неизживеана. Мајко на кралеви и цареви, на јунаци и војводи, низ тешки ропства, низ крвави војни чедата си ги бодрела, но секогаш со глава крената си одела. И денес пред нови предизвици стоиш, за народот свој 101


храбро се бориш. Иднина светла на секој да дадеш, сите да знаат дека во оваа држава имало и ќе има надеж. Софија Гешоска VII-б одд ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Прилеп Ментор: Билјана Јагуриноска

102


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам ,за тебе пишувам Пишувам за тебе, кротка птицо од мене полека одлетуваш ми задаваш среќа, но и страв од овој волшебен прав. Го оставам минатото, гледам во иднината барам знаци што ќе ми ја кажат судбината. Таа уличка, тоа место се моите топли спомени на кои ќе се враќам често. Низ мене и радоста а и тагата минува И не знам дали љубовта доаѓа или заминува. Но едно е сигурно ,детството проаѓа како топол воздух низ градите, како сонце заоѓа и повторно изгрева со нова светлина и радост не внесува во нашата младост. Срцето сега немирно бие, но пишувам за тебе за тоа волшебство реално и чисто ќе пеам исто. 103


Пишувај и пеј за детството, носи го со себе спомените скриј ги во себе, така вечно млад биди и храбро дочекај се што иди. Офелија Настеска Vll Б одд. ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Прилеп Ментор: Билјана Јагуриноска

104


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Ти која во мене радост будиш, ти која љубов несебично нудиш, бескрајна грижа и надеж ми даваш, за возврат ништо не бараш. Рака нежна и топла ми пружиш, ме водиш по патот кон голема цел, во мене радост и доверба будиш, дека ќе бидам од убавиот свет дел. За тебе можам да пишувам без крај, сите песни се малку за се, за тебе можам да пеам до утре, и тоа би било малку зар не? Те сакам мајко најмногу на свет, биди ми среќна во животот твој, живот да имаш уште еден век тоа е желба и во сонот мој! ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Прилеп Кирил Димовски 6-г одд. Ментор: Весна Крстеска

105


За тебе пеам, за тебе пишувам Македонија е мало делче од Земјината топка, која во нејзиното постоење наиде на многу сопки. Идеата за модерна држава, се уште тлее, но сигурно е дека еден ден ќе успее. Македонија е родна татковина моја, во неа сум роден и за неа ќе творам. Антонио Малески 7-в ОУ„Елпида Караманди“- Битола Ментор: Сузана Петковска

106


За тебе пеам, за тебе пишувам

Патот на татковината Силни сме, храбри сме, единствени сме. Ние сме деца на нашата татковина, ние треба да продолжиме и продолжуваме таму каде што застанавте Вие, наши ослободители. Силни сме, храбри сме, единствени сме. Одиме по патот што ни го оставивте осветлен од вас, партизани, ослободители на оваа наша татковина. Ѓорѓи Стојчевски 7-а ОУ„Елпида Караманди“- Битола Ментор: Сузана Петковска

107


Македонија Македонско сонце душава ми ја грее додека славеј во гора песна пее. Татковино! Земјо македонска најмил извор во срцето што ми блеска. Под небесен свод свиен е нашиот македонски род. Твојот сончев зрак татковино насекаде мојот чекор го прати за повторно секогаш назад, кај тебе да ме врати! Татковино! Ти си извор Вруток на нашите корени. Ти си најнежна лулка на нашите соништа. Во тебе Македонијо сигурно чекорам низ животот. Ти си чуварот на мојот сон, ти си радоста на мојот ден. Димитар Торковски 7-а одд ОУ „Елпида Караманди“- Битола Ментор: Сузана Петковска

108


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе Македонијо Моја мила татковино со векови си уништувана oд клети тирани поробувана. Тирани многу народ поробија и многу мајки, невести и деца без свои најмили ги оставија. Многу крв се пролеа и многу мајки во црно се завиа. Сета таа мака се опеа во песна моја,еве така спомнувајќи ги големите јунаци наши Даме, Питу , Сандански,Ченто Пере Тошев, Кочо Рацин и многу други во песните наши. Се пееле, се пеат и ќе се пеат, oвие песни за нашите борци и револуционери кои да се заборават никогаш не смеат. Во песни сите ние ќе ве опееме и вечност ќе ви дадеме наши борци на земја Македонија. За тебе пеам ,за тебе пишувам во заборав не те давам Македонијо јас сум потомок на Гоце ако треба и во борба моја младост ќе дадам земја македонска во непокор не оставам земјо моја ,мајко бесценета! Николовска Мартина 9 одд. ООУ„Методи Митевски -Брицо“ - Лозово Ментор Китанова Ленче 109


За тебе пеам за тебе пишувам За тебе пеам ,за тебе пишувам за тебе оваа песна ја пишувам. О,Македонијо за тебе ќе го кренам мојот глас секогаш во Македонија ќе бидам јас и кога ќе биде подобра државата тоа сакам да го видам. За тебе Македонијо се би дал немој да мислите дека се замислувам бидејќи сум мал, секој Македонец треба Македонија да ја сака бидејќи со мене ќе си има мака. Тебе Македонијо ќе те сакам вечно и за тебе ќе ја испеам оваа песна течно. Некои луѓе Македонија ја направија каша не заборавајте Македонија е и наша! Години и векови ќе минат не може никој мислата моја да ја смени ќе те сакам ,ќе те опејувам ќе те чувам ,бранам и секаде прославувам! Ако некој посака да те пороби ако некој сакада те омаловажи јас,вака малечок со мои гради ќе се спротиставам и земја моја ќе чувам.

110


За тебе пеам, за тебе пишувам

Мајко Македонија ,бисер балкански вечна убавице во свет прославена на храбри борци и илинденски дејци на независна и самостојна Македонија. Ќе живееш додека живее светот во планините високи шарпланински во бистрите води охридски во срцата македонски раселени низ цел свет! Стојановски Никола 9 одд. ООУ„Методи Митевски -Брицо“Лозово Ментор Китанова Ленче

111


За тебе пеам,за тебе пишувам Ги гледам езерата, ги гледам падните, со насмев и восхит поглед ќе вперам кон височините и во песна ќе влезат планините. За тебе пеам,за тебе пишувам.. Гледам како спокојно овде грее сонцето, како во слобода над тебе пеат птиците, како мирно,мирно течат водите. Татковино,љубовта кон тебе ми е во стиховите. Црвена и жолта боја стои меѓу редовите и песната владее со мојата душа, а таа песна надалеку се слуша. За тебе пеам,за тебе пишувам... Уште од дамнеши времиња ти се пеела песната, и кога крв се леела, таа пак се пеела. Кога овде ќе умреле јунацити, кога за тебе живото го губеле, последно песната ја изустувале. Кога со маки луѓето заминувале, торбите ги зарамувале, песната не ја завршувале, а одново почеток запејувале. Со векови,од векови 112


За тебе пеам, за тебе пишувам

за тебе пишувале, те удостојувале, убавините твои ги издвојувале, на храброста твоја болно се насмевнувале. За тебе пеам,за тебе пишувам... Со глава крената, со восхит тивко,тивко издишувам, за тебе пеам,за тебе пишувам... Наде Ефремова, 8-1 одд. род. 2003 год. 8-1 одд. ОУ „Никола Карев“ –Кочани Ментор: Љупка Стојменова

113


Татковината во срцето Македонијо, татковино моја силна, сите нè штитиш со насмевка милна. Ти што си имала живот клет, ти што си единствена на овој свет. Во тебе се нижи среќа и тага ти си најубава татковино драга. Чувствата кои ги имам за тебе се столетна слика, а кога твоето име се спомнува од моето лице насмевка блика. Ти нема да умреш ќе живееш вечно бидејќи раѓаш мајко моја синови херои, а многумина ги положија животите свои за правдини твои. Црвена и жолта боја тече во моите вени. О, Македонијо, татковино моја зар има некој што ќе те исплаши? Бојан Поповски VI -2 одд. ОУ „Никола Карев“ – Кочани Ментор: Сања Атанасовска

114


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Се прашувам кај би одела јас, ако случајно те немав тебе те сакам ко мајка своето бебе Македонка сум, гордо пеам на глас. Многу често некој знае да каже засекогаш да те напуштил сака но и покрај сите тешкотии носталгично кај тебе се враќа. Земјо моја, убава и мила шириш крилја нежни како свила. Бистрата, брза, планинска река пее за јунак со пушка што чекал. Погледнеш ли надолу, ќе видиш богати полиња и плодни ниви. Погледнеш ли нагоре, ќе видиш гори зелени и ридишта сиви. Овоштарници преполни со грозје тука го има највкусното грозје. Од него ракија и вино се прави, се пие кога се празнува и слави. Кај нас луѓето се силни и здрави А пак, младите се јунаци прави. Наши специјалитети низ цел свет далеку познат е планинскиот мед. Писатели, уметници, сликари најдобрите потекнуваат од тука, ним срцето чисто македонско 115


само за татковината ќе им чука. Во иднина што и да се случи, каде и да шетам низ белиот свет кога по вторпат би се родила пак би ја одбрала Македонија најубавиот балкански црвен цвет. САНДРА НАУМОВА 9-1 ОДД. ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ МЕНТОР: ГОРДАНА ЈЕФТИМОВА

116


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пишувам песна татковино најмила моја, сакам да ја раскажам историјата твоја. Низ векови градена, од други поробувана. Но од твоите синови слобода извојувана. Природа преубава, езера, реки и планини, многу градови и села, тоа се твоите убавини. Чекориме гордо во прегратката твоја. Ќе те чуваме и градиме татковино моја. Ученик: Анастасија Гавроска Одделение: 6а Училиште: ООУ„Браќа Миладиновци“Скопје Општина: Аеродром Наставник: Сунчица Петрева

117


,,За тебе пеам, за тебе пишувам “ Ниедна земја нема толку убави планини, Кои ни ги нудат своите убавини. Секој би сакал да потоне во сон, та, во себе да го почувствува и најнежниот тон. Родино моја , за тебе кога пеам како да ме облива чудесна топлина со која се греам. За тебе кога пишувам, има многу нешта да опишувам. Птиците со својот милозвучен глас, природата со својата убавина милна, ме тера да бидам уште повеќе силна. Татковино моја ,ти мало парче земја Со тебе се гордеам , за тебе песна пеам . Во тебе се крие голема слава. Колку ли само херои, јунаци се бореле за тебе, а, толку малку мислеле за себе, од таа љубов кон тебе голема што во минатото, секој пред тебе клекнувал на колена. Македонија-нашата татковината сакајте ја , не напуштајте ја , не заборавајте ја ! Евгенија Јованова ОУ ,, Никола Парапунов“ с.Драгобраште IXодд. Ментор : Даниела Христова 118


За тебе пеам, за тебе пишувам

ТВОРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА За тебе пеам , за тебе пишувам За тебе пеам, за тебе пишувам татковино моја мила за твоите планини, реки, убавини бистри за воздухот, полињата и детските солзи пролеани чисти . За твојата јуначка сила за твоите јунаци верни за тебе на секакви жртвувања што биле спремни. Пеам и пишувам за дамнешното време, каде што милниот ветер лисјата на дрвјата ги вее и селанската рака на земјата црна семето го сее и за деноноќно жетварските песни што се пееле и овците по ридовите што блееле и за таму каде нивите се саделе за сува корка леб, пари се ваделе. Пеам и пишувам за кога таму некаде на некои нашата земја мила им се видела како територија над која ке употребат сила.

119


Пеам и пишувам за јунаците со голема јуначка сила за Делчев, Карев, Питу Гули и борбите што се воделе низ цела Македонија и Марковите Кули Пеам и пишувам и за твојот страден народ за твоите синови,ќерки и пролеаната крв за востанието на Илинден кое го достигна својот врв. О, Македонијо земјо наша напатена, огорчена и силна ти од Тиранини клети што многу болки сети. Најважно е какви луѓе те водат дали во победи или порази одат, и за нив ќе пишуваме и пееме во мир и благосостојба ако живееме. За тебе пеам, за тебе пишувам татковино моја мила за твоите планини, реки, убавини бистри за воздухот, полињата и детските солзи пролеани чисти за твојата јуначка сила за твоите јунаци верни за тебе на секакви жртвувања спремни.

Марија Постолова IX одд. ОУ ,,Никола Парапунов“ с. Драгобраште, Виница Ментор: Даниела Христова 120


За тебе пеам, за тебе пишувам

,,За тебе пеам - за тебе пишувам“ Земјо наша Македонијо Убавино,со многу раскош, Во тебе се раѓа сè и сешто Тука има за сите место! Во Библијата си запишана, Александар низ светот те разнесе, Со љубов и песна за тебе се пее Низ светот македонско знаме се вее. За тебе пеам Македонијо, Пишувам најубави зборови, Убава си,мила како бајка, Македонска си наша мајка. Кога тапанот силно ќе чукне, А зурлата писка и свири, Во тешкото оро е тежината, Убава ни е,светла иднината. Колку си убава, секој да те види вреди И да се напие од твојот извор чист, Лични се твоите градови и села Како рај си Македонијо цела.

121


Пеам за тебе,се радувам, Ти израсна современа,модерна Гордо стојат бистите на твоите борци Тие се силните јунаци и македонски творци. Светиот Бог сè ни подарил, Мајка Тереза Македонка, наша Ги осветли нашите лица И со своите дела стана мајка Светица. Порака пишувам голема, До сите вас Македонци, Чувајте го аманетот од нашите прадедовци На посветла иднина и ние да станеме сведоци! Ана Илиевска 9a одделение Ментор: Розета Дулевска ООУ ,,Страшо Пинџур“ – Скопје

122


За тебе пеам, за тебе пишувам

ОБИЧНА ЉУБОВНА ПЕСНА Оваа песна не ми беше лесна немав инспирација и почнав вака, така, се најдов на мака. Љубовта кон татковината не знаеме што е, се додека не ја почувствуваме доживееме и заслужиме. За да бидеш сакан од неа - треба да сакаш, да го почитуваш нејзинот минато да имаш големо срце за да ја сочуваш љубовта кон неа... Љубовта кон татковината е мистерија која не се опишува, не се раскажува. Љубовта кон неа само се доживува. ООУ ,,Григор Прличев», Скопје Дамјан Димитровски, ученикодVII б одд. Ментор, проф. Љупчо Јордановски наставник по македонски јазик

123


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Горда сум Македонка која чекори по оваа земја што слободата ја диши. Татковината наша големо срце има, срце што за љубов со љубов нè храни, во срцето на Татковината мила сите наши срца во едно се збрани. Херои над хероите раѓала земјата моја мила, Македонци кои кон сободатата ширеле крилја јунаци смели, бесмртни со своите дела. Сè додека ова сонце нè грее, крв македонска во нас ќе врие, додека знамето исправено се вее со гордост песна македонска ќе се пишува, родољубива искра ќе се распламтува, во вечност преточена! Татковината е најголемо богатство, сон за среќа, љубов, насмевка. Во секоја македонска душа постои надеж искрена замисла за успех во реалност преточена. Горда сум што сум ќерка на оваа Татковина и што чекорам по земјава најмила: ДЕНЕС ... УТРЕ ... ЗАСЕКОГАШ! ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – БИТОЛА Христина Гарабиљевиќ – IX 1 Ментор – Емилија Прчкова 124


За тебе пеам, за тебе пишувам

ТАТКОВИНА Кога сонцето високо ќе изгрее на небото, прекрасната глетка на која се посветува е онаа на златните патишта на мојата татковина, по кои секојдневно со гордост чекорам. Таа голема светлина, широка насмевка на лице ќе ми плисне, кога по улиците на градот мој чекорам и со погледот кон иднината патувам. Татковината моја е убавица, со високи планини и мирни езера што душа маѓепсуваат, никого рамнодушен не оставаат, а мене да творам ме поттикнуваат. Чудесна е оваа наша земја сакана, наш дом и наша иднина, со голема љубов и почит секогаш ќе ѝ останам достојна, со делото свое верност ќе ѝ подарам, најубавите песни за неа ќе ги напишам! ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – БИТОЛА Наталија Гагачева IX 2 Ментор – Емилија Прчкова

125


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ; ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ За тебе пеам, за тебе пишувам, пламен во градите мои гори, а срцето бескрајна љубов го мори. За мојата земја света, горда љубов вечно ќе цвета. Убавината твоја како блескаво сонце сјае, за храброста и слободата наша секој знае. Слобода чиста, скапоцена, платена со млада крв драгоцена. Силата твоја вечно ќе трае, за споменот безвремен да е. Незаборав за херојските дела, за секоја педа, за земјата цела. За тебе пеам, за тебе пишувам, во мракот тивко, полека горам, со своите мисли постојано се борам. Мисли со благодарност до јунаци вредни, кои својата сила ја дале за мојата татковина. Татковината копнее секогаш да биде мирна и слободна. ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – БИТОЛА Маја Милошевска – VIII 1 Ментор – Зора Дамјанова

126


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ ГРАДУ МОЈ! СЕ РАДУВАМ НА ТВОЈОТ РАСТЕЖ, СЕ ГОРДЕАМ СО ТВОИТЕ ПРОМЕНИ МЕ РАДУВА НЕГУВАЊЕТО НА ПРАДЕДОВИТЕ ТРАДИЦИИ, ИДЕИТЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА ОПШТИНАТА. ПЕАМ ЗА УБАВИНИТЕ ТВОИ, ЗА НИВИТЕ, ЛОЗЈАТА И РОДНАТА ГРУТКА, ЗА ОНИЕ КОИ ЗА ТВОЈА СЛОБОДА ЖИВОТОТ ГО ДАДОА, ЗА НАС СПОКОЕН ЖИВОТ СОЗДАДОА. ТЕ САКАМ КАКО СВОЈОТ ДОМ, СО ЉУБОВ РАМНА НА РОДИТЕЛСКАТА. ТЕ ПОЧИТУВАМ И СЕ ЗАЛАГАМ ПОСВЕТЛА ДА НИ БИДЕ ИДНИНАТА. НАДИЦА ЃОШЕВАVI 1 OOУ „ВАНЧО ПРКЕ“ ШТИП Ментор Славица Танева-Анева

127


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ

В

о срцето на Балканот лежи ѕвезда, најсакана, најскапоцена. Таа ѕвезда е моја, таа е таткова, таа е дедова. Тоа е мојата Македонија, нашиот Непокор. Единствена, со единствени

луѓе.

Од висините небесни, шарена, со тенки нити-убавина. Во мојата Македонија има нешто поголемо од небото, побескрајно од вселената и вечноста, тоа е минатото и традицијата, душата и срцето. Таа мала, а срце огромно, срце доволно за целиот свет. Нам не ни треба злато, злато е нашето пченично класје, зелената трева, миризливиот јоргован. Носи убава природа на себе и убави луѓе во себе. Под овој небесен свод е македонскиот род што чита и пишува кирилица, слави семејни слави, се крсти со три прста и бакнува до три пати. Ширум ги отвара портите и длабоко ја чува традицијата, леб, сол и постела за добронамерникот. Таа не би поднела некој од неа да плаче, душата ѝ е пространа иако е мала. За неа се пишува и пее, за неа се тагува. Оние нашите, онаму далеку, во туѓа земја, со туѓ збор на усните тежнеат за песната на славејот, за рибата во потокот нејзин, за мирисот на сеното. Очите не гледаат, но душата и гените паметат. Пишувам за земјата и луѓето со мирен лик, но немирен и борбен дух, за она што е скриено во нашите корени, за крвта и пепелта положени за татковината и верата. Нешто Големо нè чува, нè прави посилни и поголеми од другите. За неа се испишани книги, страници и карпи исклесани. За неа зборуваат манастирите и молитвите, исткаена во носиите, испеана во песните. Пишувам и пеам за татковината, дедовината, зашто човек без татковина е како земја без семе. 128


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ние Македонците и таа Македонија ќе гледаме, а останатите нека мижат. Очите да не им распрснат од сјајот и убавината на нашето лице.

Луција Мургоска Манев VI-1 ООУ „Ванчо Прке“ ШТИП Ментор Славица Танева-Анева

129


За тебе пеам, за тебе пишувам В срце носам љубов силна кон мојата сакана татковина цветна, сјајна и милна. Мојата татковина е богата со гори зелени и полјани без крај, а милно ветре и разнобојни цвеќиња, шират опоен мирис во месец мај. Убава е мојата татковина и во лето и во зима, низ целата нејзина територија житородни полиња има. Мојата татковина, Република Македонија се вика, во неа растам и развивам крилја, таа ми дарува сила и во неа детската игра ми е мила. Низ векови си страдала, татковино моја, во клети ропства и борби разни многу жртви и крв си пролеала, но зад себе тие не оставија страници празни! Од дамнешно минато, млад и стар за слободата твоја се бореле со нивната пожртвуваност патот за независна држава го отвориле! 130


За тебе пеам, за тебе пишувам

Денес, ние, под твоето знаме слободно чекориме и успешните резултати, гордо ги броиме! Во твоите градови и села и денес јунаци храбри се раѓаат, нив ништо не ги плаши, зашто во нив крв борбена тече, за нивната желба за правда, секој добро ќе рече! Татковино моја мила, лична Македонијо, те сакам повеќе од сè на светот, ти си ми топло гнездо, ти си ми полична од цветот! Низ твоите улици смело чекорам јас, за твоите убавини ќе кажувам на цел глас, за тебе секогаш песни ќе пеам и секогаш весело ќе се смеам! Андреј Андреев VII-в одд. ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Велес Ментор: Мирјана Гулевска

131


За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам земјо, која си била ранета, мачена и угнетувана! За тебе пеам земјо, со гори зелени, падините бели, а народот црн, измачуван. За тебе пеам земјо во која наседнале клети тирани и не те пуштале да бидеш слободна, не станувале да си одат, не сакале. За тебе пеам земјо моја најсакана, каде ден по ден се полнела почвата со млади луѓе, со млади арслани-арслани јунаци! А мајките носеле црни шамии! Но, зошто да носат? Зошто да страдат невини дечиња, што го чекаат својот татко - чувар, да не знаат што е среќа, да не знаат што е радост? Шумите пееле тажно криејќи ги коските на телата на загинатите јунаци, гората пеела како да плаче, потокот жуборел како да стенка, дури и рисот се враќал во дивината своја. За тебе пишувам земјо моја најсакана, за почвата полна со чеда храбри и силни кои храбро се избориле за слобода за сите други генерации идни! 132


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пишувам земјо моја најсакана, каде смело, со пушки во раце во тешки борби од утро до мрак, гинеле смелите борци, за да ја видат оваа земја со посветол сончев зрак! За слободата денешна наша, на генерациите минати сме им должни, тие не ослободиле, ни дале мир за да бидеме сложни. Татковино моја најсакана, денес, исправено, гордо стојам и убавините твои ги бројам, а, птиците летајќи во рој слободаат ја шират! Целиот раскош и сјај во тебе татковино се збрани преубави планини, недогледни ливади, жуборливи реки и езера сини. Оваа татковина наша, чие име Македонија е и без зборови и без глас, не научи да ја сака секој од нас! Да ја чуваме, почитуваме со гордост да ја претставуваме со векови нејзиното име да трае секој од нас да ја сака каде и да е! Иво Мирчев IX в одд. ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес Ментор: Маја Јовановска

133


ТВОРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА За тебе пеам, за тебе пишувам Земја на реките, езерата и планините, на пространите полиња, живописните селца и градовите. Земја на сонцето распослано над височините, земја на црквите, манастирите и убавините. Земја каде што си се родил и си пораснал, за која те врзуваат од детството спомените, земја која е твојот дом во кој се враќаш по секое патување. Земја во која го живееш својот сон и уживаш во своето сонување. Земја во која историјата со крв се пишувала, која со векови само за неправди и болки знаела, земја која повеќепати од пепел се кревала, разурната и опустошена молкум траела. Земја на јунаците – имени и безимени, кои слободата со живот ја платиле, земја на генерациите во слобода родени од желба и надеж за успех водени, Сонувачи кои ја ткаат иднината на родната земја, на татковината. Јас сум еден од многуте сонувачи подготвени за татковината сè да сторат, да се молат и да се борат, за неа да пишуваат и да творат. Моите стихови ти ги посветувам тебе, татковино, лична и чудесна Македонијо! Ана Илиева IX2 ООУ „Кузман Шапкарев“ – Скопје Ментор: Анета Јумбрукова Алексова 134


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам,за тебе пишувам Мајко на мајките, родино, наша верна... Знаеш ли колку љубов всушност за тебе ние криеме? Ноќе и дење за тебе се молиме, во слобода и среќа секогаш да бидеме. Твојата животна историја е наш учител вечен, со векови газена,со солзи облеана... Ти си тоа што сме и ние. Почвата твоја за мене е храна. Убавините твои за мене се лек. Искри од борбите околу нас лебдат. Во нас борците сеуште живеат. Слободни птици со восхитлив глас, за тебе песни секогаш ќе пеат. Планини и ридови зад нас стојат, грбот наш тие ни го чуваат. -Шепни ми мајко,испушти бар еден глас, не биди исплашена татковино,родино наша, верувај во сите нас!

135


И сонцето солзи за тебе ќе испушти, за крвта Македонска која многупати беше пролеана. За тебе,со горделив глас ќе пеам. За тебе, насекаде ќе раскажувам. За тебе долго јас ќе пишувам. За тебе моја Македонијо! Ученичка:Ружица Стојанова, IX одд. Ментор: Ковилка Енџекчева, ООУ„Петар Мусев“ Богданци

136


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам,за тебе пишувам Тебе да те видам,посреќна не може да бидам, Еден ден да не те видам,со грижа обвиена ќе бидам. Сакам да ти кажам “те сакам”,но како да го кажам? Ако кажам “не те сакам”,сигурно ќе те излажам. Како да го кажам она што ми лежи на душата, А притоа,од срам,да немам кнедла во гушата, Многу те сакам и за тебе по планини би талкала. Подоцна ми стана јасно,но веќе беше касно. Одамна не сакаш да ме видиш, Видело да немаш,слеп да бидиш, Ете што е срце,ќе боли и боли, Ќе кине и гребе,но и ќе преболи. Еве сум јас,во друго гнездо летнав, Одамна ветрот те однесе, Друг ми донесе,и,сигурно нема да го однесе. Светот ми го подари,без око да му трепне, Еве сум јас,силна и цврста,а ти,да пукнеш од жал, кога го одбиваш срцето на оној кој за тебе и душа би дал. Изработила:Ева ПетрушеваVIII-1 одд ОУ Вера Јоциќ – Скопје Ментор: Јасминка Трајковиќ 137


За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам, за тебе пишувам со тебе секогаш и секаде се гордеам. Ти што си имала живот клет. Ти што си единствена на овој свет. Татковина наша, земја мила насекаде раширила крилја. Од убавини и раскош блика, таа Македонија се вика. Татковина наша главна, со богата историја славна, земја мала, земја мила насекаде главни херои родила. За тебе пеам, за тебе пишувам и со твојата убавина секаде силно се гордеам. Земја горда, земјо мила татковина на народи разни. Сите во себе имаат иста цел и ти да бидеш од светот дел. Вистина е, не е лага ти имаш историја на радост и тага. Вечно ќе живееш ,никој не те плаши, 138


За тебе пеам, за тебе пишувам

те носиме во срцата наши. За тебе пеам, за тебе пишувам, со тебе секаде се гордеам. Те сакам каква и да си од многу зла ти се спаси. Биди горда, биди славна, во светот и ти биди главна. За тебе живеам, во тебе творам и и целиот мој живот за тебе се борам. Те сакам татковино мила, ти ни даваш храброст и сила. Ти си таа што не пази и никој клет по тебе нема да гази. За тебе пеам, за тебе пишувам, за тебе ако треба и крвој ќе леам Христина Марјановиќ 8-1, ООУ Вера Јоциќ Ментор: Јасминка Трајковиќ

139


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Татковино, земјо моја мила, ти ни даваш љубов, ти ни даваш сила, ти ни даваш сонце што силно нè грее, ти ни даваш насмев што сите нè смее! Секогаш ќе бидеш во срцето мое, секогаш ќе го веам знамето твое, зашто секогаш со убавини нè китиш разни, со тебе срцата никогаш не ни се тажни! Љубовта кон тебе ја изразувам смело, за тебе секогаш правам добро дело, за тебе имам најсилен глас, секогаш сум тука за тебе јас! За мене ти си вистински рај, секогаш ќе те носам во срцето, знај! Убавината твоја што јас ја вдишувам, со најубави зборови ја опишувам! Оваа твоја вечна среќна слика, сите нè воодушевува, на сите насмевка им блика, ова твое сонце силно што грее, на сите радост во душата им лее! Татковино, земјо моја, знај, љубовта кон тебе нема крај, јас за тебе пеам, за тебе пишувам, од твојата срцевина животот го вдишувам! Ангела Василевска VII2 одд. ООУ „Славејко Арсов“ Штип ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова 140


За тебе пеам, за тебе пишувам

Спомен Денес ако навлезеш во срцето на крушевската корија, од дрвјата ќе слушнеш шепот за востанието, кога нашите херои се изборија и десет дневната Крушевска република ја створија. Зулуми, штети, страв, зла, нив тешката мака ги збра, та во тој тежок час, единствено во револуцијата најдоа спас. Сакаа народот свој слободен да го видат, не плашејќи се дури и да загинат, тргнаа во борба низ планинските ридови, храбро, без двоумење македонските ќерки и синови. На Илинден востание кренаа, бунтовничкиот глас на Македонците рикна, воздухот го распараа огнени пукотници, гласен, страшен хаос и викотници. Без умора, до последната капка крв жестоко се бореа, од силна желба за слобода гореа, секој од нив својот живот на татковината и го дарува, само за правдината со овие страдални луѓе да зацарува!

141


И денес по долги години откако тие ги разораа небеските ниви, со почит и тага се зборува за нивните судбини жални, сиви. Врели, искрени солзи во нивна чест се леат, меланхолични, хиперболични песни за нив се пеат! И секоја година, додека Илинденската зора гори, и стар и млад за нивно почесно место во рајот Бога го моли, зашто сега иако овој народ конечно мирно спие, сеуште под сенката на коријата споменот за нив се крие.

Изработила: Евгенија Стојаноска IX- 3 одд. О.О.У.,,Блаже Конески”- Прилеп Ментор: Виолета Христоска

142


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Ти, кој ме слушаш и гледаш без мака, знај, јас само тебе те сакам. Ти, кој патуваш и сонуваш сни, ти чекориш во моите дни. Ти, кој плачеш додека пееш, знам дека само за мене се смееш. Ти, кој секоја моја желба ја остваруваш без мака, знај тато, јас многу те сакам! Ана Марија Манческа V-3 одд. ООУ „Блаже Конески“ Прилеп Ментор: Борка Попова

143


Блаже Конески за тебе пееме, за тебе твориме Блаже Конески, училиште мое мило, од секогаш ти, најубаво си било. Во тебе, детска игра се слуша, со убави спомени е исполнета мојата душа. Убаво си ти како слика детски џагор во тебе блика. Знаење во тебе стекнуваме ние златно, петки везиме како на платно. Убави денови минав со тебе, твојата прегратка ме топли ко кебе . Од мали нозе, со тебе израснавме ние, името твое секогаш во нашите срца ќе бие. Сите ние за тебе твориме, и за нашата иднина се бориме. За да бидеш вечно, ние се ќе сториме и никогаш нема страниците да ги затвориме. Мила Тасеска V-3 одд. ООУ „Блаже Конески“ Прилеп Ментор: Борка Попова

144


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам татковино Израснав тука... Во времето на растеж кога недостижното се чини можно и кога сè добива поинаква боја - Татковино мила тука јас се чувствувам своја! Заедно растеме, татковино драга, крај тебе исчезнува секоја тага. Со тебе се радувам, со тебе се смеам и песни најубави за тебе пеам. На Балканот си парче земја. За мене грутка родна мила ќе те чувам и бранам знај со сета своја сила! Знамето со сонце гордо се вее над долините ветрот најубава песна пее низ неа три езера се брануваат мирно, и појот на славејот се протега ширно. Убава си моја Македонијо, земја на херои и светци. Се колнам ќе те чувам вечно зашто тоа е аманетот од нашите предци. Ајла Вусљанин 9-4 ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје Ментор: Мирјана Малјановскa 145


За тебе пеам, за тебе пишувам Минатото бесчујно плови, тивко по нејзините води. Ти, што си имала живот клет, о, Македонијо, татковино моја! Ти си таа, која била во клети ропства разни, низ години што поминале, луѓе од родни огништа заминале. По сокаците тесни, па до патриотските песни, те сакаат сите бесценето знај, а на таа љубов, никогаш нема да и дојде крај. Татковино, о земјо моја, низ векови крвта за тебе се лее. За нас, за сите, за сонцето сјајно и врело да грее. Ученик Стефанија Смиланска VIII одд. ОУ„Гоце Делчев“- Виница Ментор: Мара Јованова

146


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино моја драга ти си многу мала, но безброј убавини природата ти дала. Бескрајните ливади твои ишарани се со различни бои. Поточиња и реки чисти, езера ко солза бистри. И планини многу имаш за кои и не умеам да пишувам, но знам дека од нив чист воздух вдишувам. Многу лединки, паркови а и поле ширно, во нив трчам, растам и имам детство мирно. Некои ќе речат дека немаш море сино, но ти сепак го правиш најубавото вино.

147


Ти секогаш ми подаваш рака татковино моја, многу те сакам. Тука сум јас секогаш среќна татковино моја биди ми вечна. Леонора Иванова VIII одд. ОУ „Гоце Делчев“- Виница Ментор: Мара Јованова

148


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино моја мила, најубава за мене секогаш си била, во срцето мое си се свила ко птица лекокрила. Расти и цветај, земјо сакана, високо до небесата шир, вечно да владее во тебесреќа, слобода и мир! Горда биди победничке, со своите вредни граѓани, со полињата и високите планини, со езерата и речните убавини. За тебе мајко чезнеам, за тебе заштитничке пишувам, за тебе со полно срце се смеам, за тебе Македонија песни пеам! Ментор: Сања Смиланска Ученик, Мартин Милевски VII-2 одделение ОУ „Гоце Делчев“- Виница

149


За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам Македонијо, за тебе пишувам татковино. За мене ти си најубав цвет во целиот овој свет. Те сакам најмногу од сè, имаш толку многу убавини, чист воздух, природа, реки, езера, планини. За тебе би пеел песни, беспрекорно убави и лесни. Ах, само да можам да те стиснам в раце да те милувам нежно да те чувам на дланките ко капка роса и никогаш да не те пуштам. Јанис Ѓорѓиев, IXБ ООУ „Никола Карев“- Крушево Ментор: Александра Ангелеска

150


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Македонијо, татковино моја силна, сите нè штитиш со насмевка милна. Ти, што си имала живот клет. Ти, што си единствена на овој свет. Ти си таа, која била во клети ропства разни. Но само твојата силна победа драга, раскажува многу сказни. Во тебе се нижи и среќа и тага, но и радост силно блика. Чувствата кои ги имам за тебе, се столетна слика. Татковино, земјо моја, низ векови крвта за тебе се лее. За нас, за сите, за сонцето сјајно и врело да грее. Ти си по сокаците тесни, па до патриотските песни, те сакаат сите бесценето знај, а на таа љубов, никогаш нема да ѝ дојде крај.

151


Ти нема да умреш, ќе живееш вечно, бидејќи ти раѓаш, мајко моја, синови херои. Тебе силно што те љубат, кои ќе загинат за правдини твои. Црвена и жолта боја тече во вените наши. О, Македонијо, татковино моја! Зар има некој што ќе те исплаши? Сара Алексова VI 3 одд. ООУ „Тошо Велков-Пепето“, Кавадарци Наставник – ментор: Тимка Стојанова

152


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Градини плодни, полиња родни, ко пролет си лична татковина мила. Твоите езера се бисери бели, а реките бистри жуборливи смели. Сонцето тука посилно грее, птицата слободна песна ти пее. Те сакаме ние децата твои, ти праќаме бакнежи во илјада бои. За тебе пеам татковино мила, за тебе пишувам вечна ни била. Емилија Јошева VI 3 одд. ООУ „Тошо Велков-Пепето“ Кавадарц Ментор: Тимка Стојанова 153


За тебе пеам, за тебе пишувам Местото каде сум се родила, местото каде што живеам, со многу реки и планини, со многу природни убавини. Местото мое, местото твое за ништо не би го заменила тоа е мојата татковина мајката наша најмила. Земја мала, но богата со многу љубов и топлина за тебе пеам и пишувам татковино моја најмила. За тебе пеам за тебе пишувам, за тебе живеам за тебе се радувам. Мајко моја, татковино моја! Стефани Орданова VI 3 одд. ООУ „Тошо Велков-Пепето“ Кавадарци Ментор: Тимка Стојанова

154


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ

З

а тебе пишував, пишувам и ќе пишувам. За тебе и за никоја друга. Мојата земја. Мојата татковина.

Светлина! Мрак! Ме обзема чувство на тага, копнеж. Зошто? Пишувам за мојата земја, страдалничка, за тоа што била во минатото, а што е сега. Легенди и преданија за тебе се шират. Опеана во песни, извезана на носии, обоена со разни бои. Одекнува писокот на зурлите, р’знувањето на тапанот, пискотниците на мајките, грмежот на пушките. За тебе твореле, собирале и размислувале за иднината: Миладиновци, Рацин, Мисирков, Прличев, Шапкаров, Жинзифов. “ Дајте ми крилја ја да си метнам И в наши ст’рни да си прелетнам: На наши места јас да си идам Да видам Охрид, Струга да видам. “ Миладинов чувствувал голем копнеж по својот роден крај за да ги види зората, езерото, планините и сите убавините во својата татковина. „За тебе нема ни вечерен запад, Ти- морно око на трепетна срна. Две бои таму ти горат и капат,

155


Две шарки твои- црвна и црна.“ Црвената и црната боја како симболи на тагата и борбата за слобода се длабоко врежани во основните нишки на татковината. Пишувале за животот тежок и беден, за војните што се случувале во минатото, за тешките работи на луѓето, за носталгијата по родниот град. Таму кај што Рацин, на тивок плам од свеќа ткаел песна за кошула ленена недоткаена и таму кај што Делчев, Груев и Карев проста земја со црвена крв топеле за парче слобода, таму далеку зад ридовите каде Кирил и Методиј и Климент слово сликале и со шепот кон небото се молеле. Тие за тебе се бореле за денес ти татковино - Македонијо да бидеш слободна и независна. Денот не може без сонцето, растенијата не можат без светлина, нема живот без вода така не можам јас без тебе.

Рената Малевска IX одд. ООУ „Климент Охридски“ Миравци – Гевгелија Ментор: Маја Танова

156


За тебе пеам, за тебе пишувам

Македонија За тебе пеам, за тебе пишувам земјо моја прадедовска, земјо моја татковска. Во изворот на желбите тече и твоето име. Во избледените страници на историјата стои и твоето име. Во прегратките на грутката земја една бразда изорана за тебе. Во споменот мој, твој, наш, нивни далечен, неприкосновен си ти ! Македонија! Моја, твоја,нивна, ничија! Македонија! Горда, храбра! Во неа е нашата младост нашата иднина Таа е патот по кој чекориме. Чекор по чекор да ја измериме! Чекор по чекор да ја изодиме! А можеме ли? А сакаме ли? Да, можеме! Да, сакаме! 157


Те сакаме тебе земјо наша затоа што те имаме само тебе! Ти си нашето парче земја ти си нашето парче небо ти си нашата иднина ти си нашиот живот. Во тебе живееме во тебе се колнеме во тебе веруваме за тебе сонуваме. Македонија! Нашата сегашност! Македонија! Нашата иднина! Те сакаме мајко наша вечно биди жива! Михаела Јурукоска 8 одд., ООУ Круме Волнароски –Тополчани Ментор: Марија Грижоска

158


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам, за тебе пишувам татковино моја, земјо прадедовска, Ти си таа што в сонце блика, Во избледените страници на историјата е запишано твоето име, Македонија се вика, за мене ти си единствена слика. За тебе пеам, за тебе пишувам татковино моја, моја Македонијо, во споменот мој неприкосновен си ти. Ти си горда, ти си храбра, во тебе е моето детство, мојата младост, мојата иднина, мојата радост, Те сакам единствена земјо моја, во тебе живеам, во твоите прегратки сонувам! Затоа што те имам само тебе, ти ми подаруваш убавина, живот за мене, Со љубов само за тебе пеам, за тебе пишувам, моја МАКЕДОНИЈО! Теодора Звездакоска, 7-мо одд. ООУ „Круме Волнароски“ -Тополчани ментор: Мирјана Талеска

159


За тебе пеам, за тебе пишувам

Во оваа полноќна тишина за тебе пеам, за тебе пишувам, за бреговите, реките и езерата твои, за разбранетите води кои шепотат за тебе за твоето потекло и твојата слобода. Слушни ја песната, за тебе пеам, за тебе пишувам, името твое го возвишувам, Македонија – со гордост на небото запишувам! За тебе пеам, за тебе пишувам, за твоите полиња, тревки и цвеќиња, за твоите шуми и полјанки чисти, за твоите херои што се бореле, слобода трајна на децата оставиле! За тебе пеам, за тебе пишувам, и кога денот се раѓа, и сонцето кога високо над мене грее, и во градиве кога нешто силно ме пече, и во очиве кога нешто силно ме жари од твојата убавина што ми ја дари. Во моите детски стихови има радост, слобода, топлина, 160


За тебе пеам, за тебе пишувам

има сила, љубов бескрајна татковино моја единствена! Слушни ја песната, за тебе пеам, за тебе пишувам, за слободата твоја солзи радосници леам И ЗНАМЕТО ТВОЕ ВИОРНО ГО ВЕАМ! Дафина Богоеска, 7 одд. ООУ Круме Волнароски -Тополчани Ментор: Мирјана Талеска

161


За тебе пеам,за тебе пишувам Среќата што ја чувствувам тагата што ја доживувам насмевката што ја имам и животот кој го живеам јас во тебе Македонијо го поминувам. Сонцето ме грее ветрот ме милува кога вее земјо,те сакам со зборови и дела ќе ти покажам. За тебе убавино, пишувам и пеам за нашите реки и планини слики везам љубов редам, зборови сакам да споделам зашто најубава Си Ти Македонијо тоа го велам. Мојата среќа каде ќе почне каде ќе заврши тоа никој нема да го знае но јас едно знам ќе влевам радост и среќа во земјава која над мене бдее како свеќа. Алмаса Гуџевиќ VIII2 Оу. „Живко Брајковски“, Скопје Ментор: СлавицаНевчевска 162


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам,за тебе пишувам Сите мои радости, спомени и солзи собрани се во песна што за тебе ја пишувам земјо моја! Си била робинка и комита и учител си ми од тебе ја учам историјата и слободата ми е завет од поколенијата. Мојот народ со љубов и чест те слави со најубави стихови Македонија, земјо мила! Мартина Мијакова VIII2 Оу. „Живко Брајковски“, Скопје Ментор: Славица Невчевска

163


И камилиците тагуваат Сонцето пече, чекорам по врелиот пат, по таа плодна земја. Никогаш не сум се чувствувала вака, како некој товар да носам. Сакам да отидам на некоја планина, и да ѝ кажам на оваа татковина колку ja сакам Утре наутро заедно со моето семејство се преселувам од својот роден крај, одиме далеку одовде, кој знае дали некогаш ќе се вратиме. Со тежина вo душава ќе одам, ќе ми недостигаат другарите, роднините, а најмногу родниот крај, онаму каде што израснав, овие плодни полиња, ливадите полни со спомени од детски игри. Би сакала да можам сите цврсто да ги прегрнам, но така ќе ми биде се потешко и потешко, немам толкава храброст. Доцна е, време е за спиење, куферите се подготвени за пат. Целата ноќ врнеше дожд, солзи како извори ми ги наполнија очите, не од тага, ниту пак од среќа. Гледајки го дождот од прозорецот сум заспала, сончевите зраци милно ме разбудија, побрзи беа од мајка ми Излегов надвор, набрав камилици од мојот двор, 164


За тебе пеам, за тебе пишувам

направив прекрасен букет. Се подготвивме, отидовме кај железничката пруга, возот пристигна и се качивме, преостанаа уште само неколку минути пред да тргне. До возот стоеја моите пријатели, ме гледаа без да ги сопрат солзите Знам и во нивните гради длабеше болката Нешто во мене велеше ,,Зар ќе ја оставиш својата родна земја ?’’, душата ми беше неспокојна. Одлучив, и слегов од возот, моите родители се обидуваа да ме спречат, но не успеаја. Тие слегоа по мене, куферите останаа внатре, возот тргна. Не знаев дали да се радувам или да тагувам. Ги загубивме куферите, но не и родната земја. Тој ден сфатив дека родната земја е дел од нас, и целиот свет да ми го подарат, не би ја заменила за оваа моја прекрасна татковина. Горда сум што овде живеам. Не знам каде се сега камилиците што ги набрав, но сигурно знам дека и ним ќе им недостасува родниот крај. Клаудија Стаменова VIII2 ООУ: Јоаким Крчоски- Волково Ментор: Мирјана Савевска

165


Мојата татковина Светлината сончева, и ликот мајчин за прв пат ги видов овде. Катаден, од чекорот прв, чекорам овде. Букет чувам за неа во срцето што цути, во мислата моја што буји како воздух секојдневно за мене струи. Со вечност дарувана од љубов милувана со сончевина векувана да биде мојата Македонија. Лола Илиевска - VIII2 ООУ „Јоаким Крчоски“ - Волково Ментор: Мирјана Славевска

166


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Денес растам во тебе татковино мила, по твоите ритчиња и планини гледајќи ги твоите езерски убавини, по твоите раскошни околини и кривулести долини. Денес стојам и занесено гледам, како денот завршува а сонцето ја гаси својата светлина присетувајќи се на спомените стари, и се прашувам зошто судбината на баба ми и дедо ми била испишана со крв и солзи. Денес стојам и занесено молчам присетувајќи се на спомените стари надежта за живот која во мене жари, се чувствувам возвишено во оваа земја на мирот, каде детската игра е безгрижна, сонцето спокојно изгрева и се прашувам дали и кај тебе борбата оставила траги бришејќи ги од детството спомените драги. 167


И денес чувствувам искри разгорени од младешка храброст кои ќе те понесат в лет без страв, без сомнеж, без болка, сеќавајќи се на непријателот клет. Искри разгорени од јуначките дела на храбрите борци, што секогаш ќе живеат во нашите срца. Денес растам во тебе татковино мила, играјќи по твоите ритчиња и планини во срцето собирајќи ги твоите убавини мирисот на цвеќињата, песната од славеите и сончевината, вгнездени во душата ме опиваат од убавината што во срце ја носам татковината. Симона Калешова IX одд. ООУ „ Благој Кирков “ – Велес Ментор: Горан Грков

168


За тебе пеам, за тебе пишувам

Песна ти пеам Татковино Мојата татковина Македонија се вика, од сите нејзини страни таа со убавина блика. Мојата татковина храбри синови има, кои ја бранат и во лето и во зима. Нејзиното минато е пример за сите, хероите нејзини од тешко ропство ја ослободиле, борците храбри за слобода живот дале - нам денес весело ни минат дните. Татковино моја, од твоите полиња ние се храниме и секогаш ќе те браниме! Денес, слободно македонското знаме се вее и сонцето милно нè грее. Под синото небо и жолтото сонце мојата татковина со убавина расте и љубовта кон неа никогаш нема да згасне. Татковино моја мила во срце те чувам како најскапа свила! Во тебе слободно живеам, се смеам, и за тебе секогаш најубави песни ќе пеам! Габриела Оцедова VI-а одд. ООУ „Благој Кирков“ - Велес Ментор: Горан Грков 169


Мојата тактовина Македонец храбро стана слобода во ропството да бара. Крв се пролеа на секоја страна, а во душата се зацрта една голема рана. Оваа земја полека се рони, народот болката што ги гони. Ова солза за што капна полека, јунакот ќе се памтиме довека. Го вкуси тој горчив прав, падна на нозе без страв. Без да се покори, гледаше како во очите пламен му гори, ја гледаше македонската мака и не се предаде на таа болка јака. Стана и пушката ја зема, го погледна сонцето, а тоа одеднаш како да го снема. Сега тоа сонце од осум зраци, сите ропства со слобода ги спаси. Се вивна високо да нè грее, знамето во Крушево се вее.

170


За тебе пеам, за тебе пишувам

Една солза се лее, за сите јунаци се пее. Сите нека знаат за твоите убавини, знамето нека се вее над тие високи планини. Нека се веат високо црвената и жолтата боја, нека се слави слободата твоја, Македонијо, татковино моја. Марко Попов Vодд ООУ „Благој Кирков“ , Велес Ментор-Ленче Димовска

171


,,За тебе пеам, за тебе пишувам” Мојата татковина црвена и жолта Мојата татковина е црвена и жолта Ја сакам мамо ко принцеза во вила, облечена во нашето знаме од свила. Историјата на мојата татковина бескрајно ја почитувам, во неа се имињата славни: Филип II, Александар III,Гоце Делчев, Ѓорче Петров и многу други и нивните освојувања и битки многубројни. Спомениците на нашите борци, нè потсетуваат на нивната храброст и голема пожртвуваност за татковината, за својот народ и иднината. Знамето на мојата татковина жолта боја има, тоа е сонцето наше кое живот на луѓето дава и да порасне се што во земјата се става. На празниците и натпреварите знамето наше се вее, химната наша со гордост се пее. 172


За тебе пеам, за тебе пишувам

Во нашата татковина секој нека знае храбар народ живее кој вечно ќе трае. Ја сакам мамо мојата татковина како кожата на моето тело. Моето срце за неа чука постојано, брзо и врело. Харис Дрндар VIII1 одд. ООУ ,,Ѓорче Петров”-Скопје Ментор:Иванка Мишевска

173


О, Македонијо О, Македонијо, моја убава татковино: -Ти си нашето божество! Нашите јунаци те ослободиле од пранги, на нас те подариле и аманет ни оставиле: -Ти си нашето божество! Си преживеала војни, многу солзи пролеала, но пак си толку силна и си многу милна. Семето на радоста за својот народ си го посеала, најубавиот род за него си го ожнеала: -Ти си нашето божество! Луѓето на убавините твои се гордеат, ги чуваат и негуваат, тие се нашето богатство големо од многу генерации створено.

174


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ти можеби си мала, но во душата голема и хумана, тоа го покажуваш и сега, во тебе има место за секој страдалник, патник, гостин и добронамерник. О, Македонијо, моја убава татковино: -Ти си нашето божество! Стефан Ристиќ VII2 одд. ООУ ,,Ѓорче Петров”-Скопје Ментор:Иванка Мишевска

175


За тебе пеам, за тебе пишувам

С

рцето ми е растреперено, реаспеано, радосно...

Среќна сум кога гледам насмеани лица околу мене, посебно сега, во месец септември. Насекаде е раздвижено,сите брзаат некаде, сакаат да ги завршат преостанатите работи од летото. Учениците со радост ја започуваат новата учебна година, тргнати по нови знаења, по нови успеси... Се берат последните плодови од жолтата есен. Се подготвува зимница, се бере грозјето, а се собираат и дрвата за долгоочекуваната зима. Ова е сликата на мојата сакана земја..... Таа дише преку мојот народ. Насекаде е врева, бучава, гласови од неуморни земјоделци, се слушаат трактори, сето тоа донесува радост на нивните измачени лица-обросени со пот. По полето се слуша песна од луѓето кој ги собираат последните плодови, надевајќи се дека после тоа ќе има малку одмор за идната година. Со песна и насмеани лица се прикрива маката на мојот напатен народ. Со голем труд и големо храбро срце секој ги завршува последните полски работи. Затоа и јас им се придружувам со песна ...Пишувам за мојот народ, кој е силен и вреден ....Би сакала на сиот глас да викнам „За тебе пеам мој народе, за тебе пишувам“ , но гласот ми се губи во далечината..Пригушен од мојата возбуда...Место мојот глас слушам

176


За тебе пеам, за тебе пишувам

далечно ехо...Звуците на нашата химна... Таа го симболизира минатото и иднината на нашиот народ кој поминал многу војни, бил поробен, но не потклекнал... Ја постигнал својата вековна желба -слободата. Грбот не го ведне пред никого, со исправена глава и ведро лице не потклекнува на никакви препреки. Мојот народ е вреден, достоинствен и непоколеблив... Беше тешко, но изржавме, после вековната бура, огреа слободно сонце....Ме облева некоја милина, песна, бидејќи јас пеам, гордо пеам за својот народ, песна што ќе остане за навек и ќе се слее со вечноста на мојот народ.

Матеја Трпевска VI б одделение ООУ „Пере Тошев“-Росоман ментор: Мирјана Јошева

177


За тебе пеам, за тебе пишувам. Кога те сретнав беше месец мај, а во очите ти блескаше чуден сјај. Беше тоа прекрасен час најубав ден кој ќе го паметам јас. Кога би можел, би ти го дал цел свет. Но затоа ти го давам ова срце, тоа е срцето мое, што засекогаш ќе биде твое. Како утринската роса што роси, срцево мое љубовта го носи. Како моите солзи што за тебе леат, така утринските птици за нас пеат. Замина тивко, и пустош остави, зад него непробоен ѕид постави. Роза подарена, искина на две, реши таа да стави крај на се. Со солзи ја следеше, и убиствен молк, а во него владееше глад како на волк. Сакаше да се стрча, да ја гушне силно, да ја погали по образот, да ја бакне милно.

178


За тебе пеам, за тебе пишувам

Мислам дека уште ме има во тебе но попусто се лажев себе си. Помислувам колку те сакам, но џабе е се. Ти сакаш друг, а мене не. Млада девојка низ гробишта оди, не знае патот каде ја води, во раката таа цвеќе носи, а утринскиот дожд почнува да роси. Милан Милошевиќ ООУ „Пере Тошев“-Росоман Ментор :Данча Давчева

179


За тебе пеам, за тебе пишувам

И

повторно и ноќва без тебе, без твоите бакнежи и милни зборови, без твојата љубов. Јас, потполно сама во темнината, сокриена во бескрајот на тишината и осаменоста, удавена во разбрануваното море од тага и солзи, чекам да помине и оваа проклета ноќ. И оваа ноќ којзнае по кој пат се навраќам на минатото, бидејќи тоа е единственото нешто кое ни остана, само тоа не поврзува. Те чувствувам блиску до себе како ме милуваш, ги чувствувам твоите воздишки. Ах, тоа е само сон. Сон сонуван со отворени очи. Зошто замина? Каде си? И оваа ноќ којзнае по кој пат мислам на тебе, пишувам за тебе. Зборовите се најмоќни да го опишат ова силно чувство што ја исполнува мојава ранета душа, оваа љубов што го прободе моето срце кое уште долго време ќе се надева и ќе чека да се вратиш. Нема зборови со кои можам да ја опишам болката што ми ја нанесе твојата суровост, ниту пак има зборови со кои ќе кажам колку многу те сакам и покрај се тоа што ми го направи. И ноќва повторно плачам за тебе, не ги запирам солзите иако болката станува се поголема... очајот се потежок... Моли и страда душава моја за љубовта твоја која некогаш ме исполнуваше, за љубовта што исчезна заедно со тебе.

Засекогаш... Стефанија Стојанова lXa одд. ООУ: „Пере Тошев“ – Росоман Ментор: Данча Давчева

180


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ За тебе пеам во радост и тага, за тебе пишувам, Татковино драга! За твоите планини високи и стројни, за стадата по нив разблеани, бројни. За бујните ливади миризливи, китни, за ширните полиња, плодородни, житни. За сините езера бистри како очи, за реките твои кај жубор се точи. За сонцето најтопло што душа ми грее, за химната наша гордо што се пее. За твоите страдања и рани што болат, за храбрите херои душман што не молат. И секогаш кога на тебе мислам зборовите сами како река течат, напатена Мајко, Убавице моја, Татковино мила – има што да речат! За тебе пеам и љубовта голема, кон тебе земјо вечна – Македонија! Изработил: Дарио Илиоски VIIг одд. ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје Ментор: Олгица Мешкова наставник по македонски јазик 181


За тебе пеам,за тебе пишувам Македонијо! Родино моја мила, Ти-птицо сонцекрила, Мало,но најтопло место на Балканот си свила. Македонијо! Ти си ми божја дарба, Светост наша, Аманет од дедо на внук што се пренесува, Ти си ни зеницата во окото, Што мора да се чува. Македонијо! Мајко на хероите славни, На Гоце, Питу, Даме Груев..., На светите браќа Кирил и Методиј, И на Климент и Наум... Кои неуморно ден по ден, Час по час, Создадоа свето писмо за сите нас. Твојот свет јазик мајко, Секој од нас со бескрајна љубов го негува, На него песна за тебе пеам, Зашто најубаво звучи и надалеку се слуша, Зашто македонскиот јазик и македонскиот народ има душа.

182


За тебе пеам, за тебе пишувам

Македонијо! Во срцето секогаш ќе те чуваме, Со душате ќе те милуваме Гордо за тебе ќе пееме И за тебе најубави стихови ќе пишуваме. Тијана Димитриевска IX а ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ О.Ранковце Ментор: Марија Јакимовска

183


Есенска слика од мојот роден крај Жолто знаме светликаво се вее Секоја птица на југ што одии, пее. Опоен мирис до собата стигна Златна прашина од овошјето се дигна. Реките немирно жуборат, Дрвјата се веќе голи, Есенска симфонија ќе се свири, Дождлива песна ќе се шири. Животните засолниште бараат, Со исплашени очиња шараат Да бегам со мојот овошен плен, Невреме се спрема цел ден. Сликата не е секогаш иста Облакот солзи знае да рони. Ветрот шумата ја направи чиста И со своето ѕвонче постојано ѕвони. Теодора Ристовска, 9 б ОУ„Христијан ТодоровскиКарпош“ О.Ранковце Ментор: Светлана Лазаревска

184


За тебе пеам, за тебе пишувам

,За тебе пеам, за тебе пишувам Колку ли убавини татковино криеш во сечие срце родино спиеш, раце пружам кон тебе мила сакам да лебдам на твоите крила. Секое поле и планина твоја се вечна нспирација моја, за тебе пеам на сиот глас, за тебе мила пишувам јас. Полиња житни во тебе зреат нашите срца за тебе пеат, реките твои гордо ти стојат ливадите китни слики ти кројат. Блескаш мила во својот сјај нема поубав од мојот крај и додека на падините твои седам безброј стихови за тебе редам. Татковино драга, татковино мила на Балканот ти гнездо си свила, татковино моја со пелистерски очи од тебе само убавина се точи.

185


Животот во тебе многу е драг нема помило од родниот праг. На секому татковино за тебе зборам од љубов за тебе јас секогаш ќе горам. Езерата бистри здивот ми го земат водопадите безброј со убавини ме пленат, полна си со убавини во различни бои името твое татковино вечно ќе постои. Викторија Пешовска, 6 одд. ПОУ, „Христијан Т.Карпош“ с. Псача о. Ранковце Ментор: Јасминка Јакимовска

186


За тебе пеам, за тебе пишувам

Македонија На југот од Балканот како птица песнопојна и милна топло гнездо свое свила Македонија мојата сакана татковина низ вековите храбра и силна за многумина творечка инспирација таа била. Со тебе земјо моја се гордее и високата Шара каде овчарот со своето стадо напладне починка си бара а пак таму некаде подолу Полог се распослал и богат род ни нуди навистина човек на оваа убавина од бујни пасишта, житородни полиња миризливи цвеќиња, распеани птици и весели раздвижени луѓе по селските улици за миг да се воздивне и од восхит да се чуди. Пенливиот и бучен Дрим во Струга пак своја сказна плете и како да сака да ја раскаже на секое дете за славните браќа Миладиновци со кои се гордее и во раскажувањето од миг во миг ита исто како кога „Т,га за југ“ секоја година на Струшките вечери се чита. Од Вруток пак немирен и пенлив 187


Вардар извира и тече на оној што ќе застане за миг за спомените од храброто и славно минато на Македонија како на секој патник намерник сака по нешто да му рече. Охрид пак е посебна приказна за себе колевка на писменоста уште од древно време каде Климент и Наум го посеале своето словенско просветителско семе за да го жнеат Џинот, Шапкарев, Прличев и сите Македонци во денешно време. Над Крушево пак Илинденско родно место славно во 1903г. се виорело првото републичко знаме на Никола Карев на јарбол јавно додека на Мечкин Камен, Питу Гули царувал со својата чета и до последен здив неуморно се борел и загинал славно. Прилеп многу тајни во себе крие некаде во тајните сокаци можеби уште мајтапот на Итар Пејо во некој прилепчанец спие. Битола пак се гордее со Широк сокак и на починка те мами додека го пиеш утринското кафе опкружен со многу слични патници намерници никој пат не ќе се чувствувате дека сте сами.

188


За тебе пеам, за тебе пишувам

Кавадарци и Неготино во пир царуваат кога гроздобери таму се одржуваат и со богата гозба секого го даруваат ако на тиквешки гроздобери дојдат и присуствуваат. На истокот од Беласица, па сè до Малеш и Осогово други тајни се кријат за славното историско минато постарите сè уште битки бијат за да на внуците многу тајни им откријат. Малку се овие зборови што ќе се кажат за тебе земјо моја мила бидејќи многу богатства и убавини во себе ти си скрила вечна и сакана од многу поколенија уште многу години да би ни била Македонијо татковино моја мила. Христијан Петрушевски ООУ„Браќа Миладиновци“ 7-в одд. Пробиштип Ментор: Руса Атанасовска

189


За тебе творам, за тебе пишувам Македонијо земјо моја јас сум твое чедо тука, на оваа земја родено за тебе моето срце чука моето место на живеење е тука. Македонијо во срце те носам Ти си мојата втора мајка Животот мој е како бајка Но некогаш, ти си била мајка страдалница и мајка на славните борци, твои чеда кои животите свои ги положиле за ние денес во мир да продолжиме. Животот во мир да цвета да царува слободата галебот на мирот нека лета. Македонијо биди горда тука небото е најсино тука сонцето грее најсилно Црвена, зелена, жолта, сина боја најубави се на твојата територија. Жолтата-сонцето што зрачи зелената – се твоите ливади и гори црвена – е знамето што се вее сината – се езерата убави и ширни безброј извори, ладни и мирни.

190


За тебе пеам, за тебе пишувам

Македонијо заветот на дедовците што пред векови го оставиле ќе продолжиме да го славиме македонското име не го даваме. Јас тука ке живеам и ќе учам со љубов за тебе песни ќе пеам со љубов македонското знаме ќе го веам. Ангеловска Стефанија 9-то одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип Ментор:Славица Јанева

191


Убавините на Македонија

Н

ашата татковина изобилува со бројни природни убавини. Во многу делови од Македонија природата не ја штедела својата дарежливост, исцртала единствени и уникатни пејзажи, подигнала грандиозни планини, оформила длабоки и чисти реки и езера, им дала живост на многубројните водопади, пештери, извори, полиња, долини, клисури.... За некои вистински одмор и релаксација подразбира викенд и шопинг во Солун, за други пиење кафе на Кнез Михајлова. Други со подлабок џеб пикираат егзотични локации, а трети тврдат дека не вкусиле поубав сладолед од оној во Италија. И тоа е сосема в ред, прекрасно е да излезеш надвор и да прошеташ. Патувањата на различни дестинации ти дозволуваат да го отвориш погледот, да вкусиш туѓа култура, да визуелизираш различности, да си го нахраниш погледот, умот и душата, а богами и стомакот. Но одвреме-навреме ви препорачувам да се прошетате низ нашата татковина и да дозволите пријатно да ве изненади. Неодамна поминавме викенд во Љубаништа и останавме опиени од природната едноставна убавина која го краси пределот. Оттаму успеавме да ја забележите прекрасната магична глетка кон Галичица, дивите плажи и кристално чистата вода. Накратко свративме и во Маврово, случајно го здогледавме магичниот пејзаж на Галичник кој потсетуваше на време илустрирано во Македонските народни приказни. Беровското езеро едноставно ни понуди мир за душата, а боровата шума не натера да се вратиме по репете порција чист кислород. Минатата година присуствувавме на карневалот во Струмица нè расположи бидејќи е синоним за добра забава,

192


За тебе пеам, за тебе пишувам

нови познанства и пријателства. Таму ќе сретнете среќа, љубов, расположение, забава, слога, пријателства и слично во преголеми количини. А Вевчани верувајте имам слушнато велат било како од бајка, најразлични звуци од шумата, мелодиите на птиците, падот на водата ве импресионира да го посетите повторно. Нормално е дека имаме многу фалинки и не можеме да се пофалиме со совршена организација или уреденост кога станува збор за интересни туристички локации. Но, за момент сакам да заборавам на сето тоа, бидејќи само така ќе ги вкусите велешките ќебапи, штипските пастрмајлии или охридското ѓомлезе, и ќе научите да мезите безгрижно долго со неготинска ракија. Следниот пат кога ќе добиете покана за панаѓур, карневал или пастрмајлијада во срцето на Републиката, не двоумете се. Урнете ги сопствените предрасуди и тргнете во мисија да си ја запознаете и засакате татковината. Или одново да се вљубите, доколку веќе ја сакате. Убавината лежи онаму, каде што ќе се решите да ја пронајдете. Санела Ѓорѓиевска ООУ„Браќа Миладиновци“ 8-а одд - Пробиштип ментор: Лила Петрушевска

193


„За тебе пишувам, за тебе пеам“ За тебе пишувам, за тебе пеам во твоите прегратки татковино најтопло се греам. Тие златни и зелени ливади, долини и полиња плодни божји дар се татковино и нас нѐ прават горди. Твоето грозје сочно и благо, што во сите лозја го има од него се прават најубавите Македонски вина. Твоите реки бистри, чисти и убавите езера сини Благослов твој се Како рај се. Тие полиња златни со жито плодни сонцето сјајно свети над дрвјата родни Е ова е тоа поради кое јас за тебе пишувам За тебе пеам ова е причината Поради која јас се смеам. Сара Толевска 6 одд. ООУ „Гоце Делчев“, Св. Николе Ментор:Елена Иванова

194


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе творам Ко ѕвезда ми трепериш Со сончеви зраци ме осветлуваш Топлина ми лееш во срцето милно. Македонија–име проткаено од нишки крвави. Земја кајшто Сонцето сјајно свети и го разгорува огнот во очите. О, Македонијо, земјо наша древна прекрасна духовна природна убавина! Растам во твоите прегратки, во мислите секаде те носам. Жубор ми заплискуваш во душата, од мирните детски дни трепетна желба в срцето се роди и ги исполни детските сни. Желба в срце се раѓа – да растам во твоите прегратки за ново сонце во очите, за нов живот. Со љубов силна, радост бисерна, ќе ја чувам оваа убавина. Во жилите ми тече крв македонска која се преточува во вино што опива. Тоа вино ми налева блаженство во душата. Ми ја распламтува љубовта –исконска да те љубам вечно, родна земјо моја. Алексеј Дерменџиев 7 одд. ООУ„Гоце Делчев“, Свети Николе Ментор: Елена Иванова 195


За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам, за тебе пишувам, Татковино моја драга! Ти татковино моја срце разигруваш и душата ја грееш, со магична убавина, како со рака недопрена! Во тебе и небето најсино е, и сонцето најсветло е. Во невреме и во тага, под овој вечен свод, неуништив е македонскиот род! Татковино моја милна, сите нè штитиш со својата насмевка силна, ти што си единствена на овој свет, во тебе сум слободна ко птица в лет. Ко бисери се нижат насмевки и среќа, и насекаде радост блика, сите чувства кои ги имам за тебе неможам да ги претставам во една слика! Учесник: Теодора Тодоровска, VI-3 одделение ООУ. „Св. Климент Охридски“, Делчево Ментор: Весна Иванова 196


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пришувам Како капка, Од небесно сини води, како солзи, од небесно сини очи, убава си татковино, како светлата сина боја, од твоето небо што се точи. Како златни ѓердани, на бел врат што стојат, тебе убавини те красат. Како златни руди, златна си татковино, како од тебе божеството, што секој ден се буди. Како мајка над болно чедо што со тага бдее, така ти татковино, за македонски јунаци, секојдневно солзи лееш. Силна си Македонијо, како гората, зелена, мирна, за тебе пееме, пишуваме, Македонијо татковино, вечна ни била! Учесник: Матеа Спасевска, VIII-1 одделение ООУ. „Св. Климент Охридски“, Делчево Ментор: Милка Стоилкова 197


За тебе пеам, за тебе пишувам Македонија, ти си наша света земја, наша светлост, наша иднина, наша најубава татковина со векови жална и страдалничка. Не постојат зборови за тебе што можат вистински да те опишат, а твојата магична убавина нè пленува и срце ни засенува. Ти си наша мајка над мајките и сјајна ѕвезда над ѕвездите нова светлина што нè осветлува и патот кон иднината што ни го отвара. За тебе пеам, за тебе пишувам целата љубов тебе ти ја посветувам, ти си наша Балканска Македонија најсвета земја над земјите. Над тиранство и ропство се издигна и успеа земјо македонска страдалнице да останеш херој низ вековите и победи над победи да нижеш и народот свој слободен да го видиш. Народот твој низ векови, во многу песни те опеа, 198


За тебе пеам, за тебе пишувам

но ти беше толку многу силна и издржа и ко феникс високо се издигна, моја Македонијо, не потклекна и засекогаш јуначки остана. Борците за твојата слобода слава и чест да имаат, што ни ја донесоа слободата наша, да чекориме смело кон иднината во нашата мила Македонија Македонија земја победничка. Минатото постојано нè потсетува да те чуваме и силно да те сакаме, зошто ти си наша и ќе останеш најубава земја над земјите, херојска, силна и непокорлива земја на сите Македонци што во тебе иднина гледаат и твоето име го чуваат. Ти си постоела и ќе постоиш, целиот Балкан ќе го красиш, најсветли страници во историјата остави наша Македонијо, ти си овде, ти си наша земја, наша татковина, наша најубава МАКЕДОНИЈА! Учесник: Милена Начевска, IX-1 одделение ООУ. „Св.Климент Охридски“, Делчево Ментор: Милка Стоилкова 199


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Горда сум Македонка која чекори по оваа земја што слободата ја диши. Татковината наша големо срце има, срце што за љубов со љубов нè храни, во срцето на Татковината мила сите наши срца во едно се збрани. Херои над хероите раѓала земјата моја мила, Македонци кои кон сободатата ширеле крилја јунаци смели, бесмртни со своите дела. Сè додека ова сонце нè грее, крв македонска во нас ќе врие, додека знамето исправено се вее со гордост песна македонска ќе се пишува, родољубива искра ќе се распламтува, во вечност преточена! Татковината е најголемо богатство, сон за среќа, љубов, насмевка. Во секоја македонска душа постои надеж искрена замисла за успех во реалност преточена. Горда сум што сум ќерка на оваа Татковина и што чекорам по земјава најмила: ДЕНЕС ... УТРЕ ... ЗАСЕКОГАШ! Христина Гарабиљевиќ – IX 1 ОУ „Гоце Делчев“ – Битола Ментор – Емилија Прчкова 200


За тебе пеам, за тебе пишувам

ТАТКОВИНА Кога сонцето високо ќе изгрее на небото, прекрасната глетка на која се посветува е онаа на златните патишта на мојата татковина, по кои секојдневно со гордост чекорам. Таа голема светлина, широка насмевка на лице ќе ми плисне, кога по улиците на градот мој чекорам и со погледот кон иднината патувам. Татковината моја е убавица, со високи планини и мирни езера што душа маѓепсуваат, никого рамнодушен не оставаат, а мене да творам ме поттикнуваат. Чудесна е оваа наша земја сакана, наш дом и наша иднина, со голема љубов и почит секогаш ќе ѝ останам достојна, со делото свое верност ќе ѝ подарам, најубавите песни за неа ќе ги напишам! Наталија Гагачева IX 2 Ментор – Емилија Прчкова ОУ „Гоце Делчев“ – Битола

201


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ; ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ За тебе пеам, за тебе пишувам, пламен во градите мои гори, а срцето бескрајна љубов го мори. За мојата земја света, горда љубов вечно ќе цвета. Убавината твоја како блескаво сонце сјае, за храброста и слободата наша секој знае. Слобода чиста, скапоцена, платена со млада крв драгоцена. Силата твоја вечно ќе трае, за споменот безвремен да е. Незаборав за херојските дела, за секоја педа, за земјата цела. За тебе пеам, за тебе пишувам, во мракот тивко, полека горам, со своите мисли постојано се борам. Мисли со благодарност до јунаци вредни, кои својата сила ја дале за мојата татковина. Татковината копнее секогаш да биде мирна и слободна. Маја Милошевска – VIII 1 ОУ „Гоце Делчев“ – Битола Ментор: Зора Дамјанова

202


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам О, татковино моја мила, сонце во моите очи, ти ме грееш силно со твојот поглед милно. Родена во крв и оган, газена од фашисти клети, убавините твои беа нивни мети. Мојата татковина не е било која. Убава е како слика, лична како цвет. Бескрајно ја сакаме, најмногу на свет! Татковината е радост до небо. Татковината се чува како цвет на дланка, како мајка што го чува своето чедо во топла прегратка, слатка. За тебе пеам, за тебе пишувам, о татковино моја драга. Во срце те чувам, и името твое вечно ќе го славам. Со векови си била поробена и газена, и повторно издигната. Низ вените наши тече црвено-жолта боја, ти засекогаш ќе бидеш гордост моја! Емилија Карафилоска, IX одд. ОУ МК Ататурк, Гостивар, Ментор: Ѕвезда Михајлоска

203


За тебе пеам за тебе пишувам Татковино моја под падините на Шар, Бистра, Беласица, се крие и секое утро лице си мие. Иако е мала, со убавини на секаде блика и Македонија се вика. Нашата гордост во срцата ни блика, зошто секогаш пред нас гледаме убава слика. Во ова убаво катче секогаш пријатна клима има, и во лето и во зима. Многу планини и реки имаме и секогаш посетители примаме. Нејзините пејсажи секого го викаат, прекрасни слики да насликаат. Во мојата Татковина мала насекаде цвеќиња цветаат и птици слободно летаат.

204


За тебе пеам, за тебе пишувам

Таа е мојата Татковина мала која на секого љубов му дала. За неа кога пишувам секогаш се радувам и сета љубов ја подарувам. Анастасија Симуноска VIIб ОУ МК Ататурк, Гостивар, Ментор: Ѕвезда Михајлоска

205


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ

П

лач, лелек, болка, ти си мајка на твоите синови кои го дадоа животот за сите нас, за светла иднина на твоите идни чеда. Заборав никогаш, вечност секогаш.

Ни поет би напишал, ни пејач би отпеал, се за тебе, за нас, за народот горд, спокоен, твој.

Со тоа што докажуваш на сите... библиска земја, заобиколена со планини, недопрена, не нагледана... совршена. Со потреба за мир и соживот, песна и спокој, со љубов, без омраза. Се заљубуваме во тебе, секој ден, секој момент. Милиони луѓе кои дишат заедно, те сакаат, те разбираат и се трудат да те разберат. Го најдовме тоа што ни требаше, баш тука... на ова свето парче земја... Фрлено во недоглед, но, сепак, тука, до тебе. За жал, лесно доаѓаме, лесно си одиме, така живееме. Поминуваме низ секакви болки, така растеме. А, да останема тука, во твоите прегратки меки, што би згреале секого? Е, така треба и да умреме, во спокој, засекогаш... Живееме во земја која тешко се наоѓа, со милиони луѓе кои еднаш се раѓаат, во воздух кој само тука го дишеме. А тоа нешто, фрлено во недоглед, тоа се нашите срца. Малкумина ги имаат, но наши се. Е, тие вистинските се дел од тебе, тие се тие што ја љубат и сакаат татковината, што на химната и 206


За тебе пеам, за тебе пишувам

се восхитуваат, ја пеат и гордо ја спомнуваат. Тие те чувстуваат тебе, а и ти нив. Тие те сакаат тебе, а ти нив. Сите сме како ластовички... си одиме, но секогаш се враќаме. Срцето, со срце се привлекува. Македонија е единствена, ние исто... Најубава е во есен. Жолт килим, сувите листови кои крцкаат под чизмите, боите. Сонцето кое како пламени заоѓа, како оган се раѓа и гордо нè грее... сонцето кое го има на нашето верно знаме... на Македонското. Сонцето на слободата... Сонцето кое се родило многу одамна и тоа кое никогаш не престанува да грее, ни дење, ни ноќе. Сонцето кое го греело мојот прадедо, кое го грее мојот дедо и татко... кое ме грее и мене. Кое ни еден поет не може да го опише целосно, совршено... затоа што и не е. Затоа што сме родени да го гледаме несовршеното нешто, совршено. Затоа што баш несовршенството не прави совршени, посебни... Издржa векови тешки, издржи и сега. Издржa ропства страшни, издржи и сега. Издржa плач и болка, издржи и сега. Храбро, со крената глава, без да се бега. А, сонцето... црвено, жолто создадено од пламени, химна, емоции, луѓе во еден глас, не осамени. Библиска земја, мир, соживот веднаш. Ако сакате да ја напуштите Македонија... размислете уште еднаш.

Марија Филипова VIIIв одд ОOУ „Наум Наумовски – Борче“ – Скопје Ментор: Сања Пецевски 207


И

ма ли доволно зборови, доволно епитети, да се опише твојата убавина? Може ли некој да помине покрај тебе, а да не се воодушеви? Да не го изгуби здивот и да не испушти воздишка? Може ли некој да не посака да се издигне високо, да го допре недопреното? Да се соедини со ѕвездите, кои над тебе најсјано светат.

Ти си таа која ги окупира сите мои мисли. Ме тераш да те одбранам од секоја неправда, од секоја зла намера. Да истраам до тебе: горда, исправена, силна. Ти ми даваш сила да се справам со секој твој непријател, кој има само една намера, да те повреди. Твоите сончеви зраци ги чувствувам како најслатка прегратка. Искрена, топла, вистинска. Она што ти го даваш секому е љубов, топлина, сила. Ти си надеж и светла иднина. Јас живеам под твоето сонце, под твоето небо, чудесно. Ти ме учиш дека со трпение и храброст можам да ја постигнам секоја зацртана цел. Да успеам и тогаш кога никој не верува во мене. Да покажам дека со знаење и умешност можам да го победам целиот свет. Ти си моја и јас засекогаш ќе бидам твоја.

Анастасија Ѓоршовска, VIIа одд. ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Скопје Наставник: Соња Златевска

208


За тебе пеам, за тебе пишувам

Живеам низ стихови

Љ

убиме, сакаме, плачеме, се смееме. А зошто? Бидејќи сите сме луѓе. Создадени со душа која сака и срце кое боли. Велат 3 минути се доволни да ти ги вратат спомените од животот. Пишувам токму за овој човек кој што низ своите стихови раскажуваше за својот живот, за своите нови искуства и предизвици. Низ мелодија и текст нè научи искрено да љубиме. Го смени целиот народ, ја омекна душата на стотици луѓе. Никогаш лично но го запознав, но низ неговата музика секогаш блиску го чувствував. Низ солзи ги пеам неговите песни. Иаку сега е меѓу ѕвездите, горе, на небото, знам дека нè гледа и чува. Не го заборавивме. Со и без него не е исто и нема да биде. Секогаш ќе ни недостига оној со кого пеевме и за кого плачевме. Низ овој текст пеам токму за него, човекот со срце големо колку океан, каде што секој имаше свое место. Од него ни останаа единствено песните кои се најголемиот спомен. Веќе не си меѓу нас ангелу, но остана во нас, длабоко во нашите срца засолнет и сакан. Се надевам дека знаете за кого пишувам, на кого вечно му се восхитувам.

Евгенија Ристова VIIIб одд. ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково ментор: Горан Кошчицовски

209


Мојата мајка

У

ште од раѓање ме води како ѕвезда водилка. Цврсто ја држи мојата рака и ми дава безусловна подршка секогаш кога имам потреба. Секогаш е до мене и ме учи секогаш да го избирам она што е подобро. За неаа пеам и пишувам... Тоа е мојот идол, таа е мојата мајка. Има прекрасно лице и сјајна насмевка. Лицето и го покрива црна густа коса како абонос. Таа има зелени очи ко најубавите дијаманти. Ведар поглед и строгост зад која се крие нежност собрана од целиот свет. Срцето и е полно до љубов и добрина. Исто така мојата мајка е храбра и упорна. Секогаш се труди мене и моите двајца браќа на сите морални вредности. За неа верата, нацијата, полот и изгледот не се никаква пречка за топло пријателство и дружење. Секогаш е расположена и подготвена да помогне на сите луѓе. Таа е многу вредна и дарежлива личност. Мојата мајка работи исто како мравките кои цело лето неуморно собираат храна за да не останат гладни за време на зимскиот период. За мене таа е најсаканата, најдрагоцената и најдобрата мајка на светот. Мојата мајка е една прекрасна мајка и сопруга. Затоа јас сега за неа пеам, за неа пишувам.

Стефанија Димовска VIIIб ОУ,,Марко Цепенков - Зелениково ментор: Горан Кошчицовски

210


За тебе пеам, за тебе пишувам

„За тебе пеам, за тебе пишувам“ Дали ти некогаш ќе дознаеш колку ми значиш? Како музиката на тажното срце, како љубовта на авторот во мене, што наутро копнее по воздишка неисполнета. Дали ти некогаш ќе дознаеш како ме болиш? Како крвавата рана - човекот, како невозвратената љубов, како ноќта што ткае стихови за светлината во денот. Дали ти некогаш ќе дознаеш како е да живееш без трошка надеж во себе? Како ветерот без житните класје, како гласот на душата, како стиховите во градиве. Дали ти некогаш ќе го чуеш срцево како бие? Како сонцето што го буди денот, како што осамената девојка рони солзи, како усните што изговараат тешки зборови. Дали ти некогаш ќе дознаеш како тешко се учи да љубиш ? Како во математиката - најтешката задача, како во болницата, болестите во секој агол, како на овој стар лист хартија овие стихови. Дали ти некогаш ќе дознаеш колку те љубам? Како слепите - очите, како неподвижните - ногата, како желбата на болниот да оздрави.

211


Дали ти некогаш ќе дознаеш како е да дишеш за некого? Како еленот за срната, како татко ми за мајка ми, како дедото за бабата. Дали ти некогаш ќе дознаеш дека јас за тебе пишувам седејќи на некоја ѕвезда? Како писателите за своите музи, како детето за симпатијата, како сопругот за сопругата. Дали ти некогаш ќе дознаеш како е да бидеш меѓу живите, а во тебе секоја клетка е мртва? Како што умира љубовта, како што се раѓа радоста, како што се споделува надежда. Дали ти некогаш ќе дознаеш дали пеам за тебе со трепет во гласот? Како во очите - солзите, како на усните - бакнежите, како префинет парфем на вратот. И цел живот да го посветам пишувајќи романи за тебе, и цел живот да го посветам пеејќи ја песната за тебе, ти не би ме засакал. Ти си мојата несоница во романите, а јас тебе сонот, во песната. Стефаниja Сидороска IX- а одделение ООУ „ Јонче Смугрески“ – Обршани, Кривогаштани Ментор: Моника Паскоска

212


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Во тебе се родив во тебе растев, растам, ден по ден годините мои на твоите гради ги пластам. За тебе учам, за тебе творам и цртежи шарам, страници безброј исполнувам, на новите идни генерации сакам љубовта моја кон тебе да им ја подарам. Ти си сјајна ѕвезда на небото, светло сонце во гората, златна рипка во водата. ТИ, си таа која била во проклети ропства разни но, само твојата храброст смела, ни овозможила да учиме за извојуваната слобода врела. Низ сокаците тесни, со чекори лесни, и ден, денес за тебе ги пееме патриотските песни. 213


Татковино моја ти не си било која. Крв црвена во нашите вени тече, никој нема да не присили од тебе да се одречеме! Ќе се запали секое срце па, дури и оние студените како камен штом високо се развее, нашето црвено – жолто, Македонско знаме! Јована Мискоска, 8 а одделение ООУ „ Јонче Смугрески“ – Обршани, Кривогаштани Ментор: Јасмина Мулоска

214


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам

Љ

убовта која ја носам во срцето, онаа тивка, тлеава е неуништлива. Љубов исконска, безвременска, кон тебе моја Татковино. Ќе ја преточам низ зборови на овој мал лист хартија. Зборови на крилја галебови. Ќе ги прелетаме заедно вековите, премрежијата, страдањата. Твоите житни пространства, тутуновите полиња, планините, реките и езерата. Минатите превирања и стравови ќе ги заменам со надежите кои ги носам во срцето. Лична моја Татковино! Ги затворам очите. Мрак... во мене и околу мене. Галебе мој што се случува? Душата ми ја брануваат страдањата твои. Угнетувачи ни ја земаат светлината. Ропство, лелеци, смрт и тишина во секоја македонска куќа. Цврство се држам за галебот. Одиме понатаму. Гледам искра, светлина, храброст. Јунаци, твои синови, со визија голема. Визија со љубов кон тебе проткаена и храброст со желба за слобода незгаслива. Надежта повторно во срцето се враќа. Светлина од југ ме осветлува, пишаниот збор на твоите преродбеници одекнува. Чедата твои од длабок сон ги буди. Гордост во душава сетив. Земјо моја, низ какви премрежија твоите чеда поминаа? Предавнички стапици нагазија, цели поколенија тој крст го носеа? Слобода или смрт! – извик го распара небото. Јасно сонце лицето ми го облеа. Се роди повторно надежта и темнината ја растера. Лична моја Македонијо! Со само четиринаесет мои години, бев сведок на вековите твои поминати. Растам во мир, славејќи го херојството на твоите синови. Родена на ова свето парче земја, гордо го носам наследството твое. Можеби не си најдобрата земја 215


за живот, но имаш душа и толку многу убавини. Сончогледови рамници, пченични полиња, преубави висорамнини и планини прекриени со шума. Езера, недопрена природа, ендемски видови... Ме милува сонцето на слободата, чистиот воздух, синото небо. Во душата ми тлее бескрајна благодарност кон храбрите твои синови за она што го имаме денес. А можеме да имаме и повеќе. Верувам во добрата мисла водилка која се вика надеж. Надеж соочлива со сите стравови и човечки облечена во смиреност. Сè дури можам, чувствата ќе ги преточам на хартија и ќе пишувам. За животот, малите луѓе, ситниците кои живот значат, за тебе земјо моја. Ќе пеам и пишувам, татковино моја. Живееш, верно чувајќи ја слободарската традиција и љубовта кон слободата. Во себе чуваш благослов, скриен во нашата традиција и жртвите дадени низ историјата. Тој благослов е напишан во твоите манастири, во молитвите, традицијата, народните песни. Тоа е тајната на земја со историја, она што нè држи низ вековите и нè води низ темнината и светлината. Тоа е нашата длабока и трајна верба. Тоа е мојата земја Македонија, со која се гордеам и на која припаѓам.

Марта Спасовска, IX- 3 одд. Ментор: Гордица Илиевска ООУ „Браќа Миладиновци“- Куманово

216


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе, о земјо моја пишувам Македонијо тебе во песни те опејувам. Во минатото свое за слобода си се борела, но и ранета дела си творела. На потомците аманет за слобода си оставила и така иднината на сигурни темели си ја поставила. Твојата природа секого го восхитува, во тие убавини и незнаен патник заскитува. Бистрите езерски води се огледала твои, зајдисонцето над нив ги има најраскошните бои. Под топлите сончеви зраци се засолнуваме искреност, добрина, чесност - еден кон друг си ветуваме. Под твоето знаме гордо чекориме, подготвени со дела и знаења да се бориме. Ти нè храниш со сила и инспирација и не учиш дека сме посебна нација, од историјата твоја спомени оживувам, за тебе гордо стихови пишувам. Панче Василевски – VIII-б Ментор: Сашка Василевска ООУ ,,Маршал Тито“, Муртино, Струмица

217


За тебе пеам, за тебе пишувам Пред долги, долги години Во мојата татковина големи патриоти биле родени. Тие си ја сакале татковината, се бореле за слободата и правдината. Животот свој за слободата наша го дале, за слободата која други ни ја украле. Многу борци животот во ропство го поминале, многу борци за слобода загинале. Македонијо моја си преживеала времиња тешки, но низ сите нив те предводеле херои вешти. Благодарни сме на борците кои целта си ја остварија и повторно слобода ни подарија. За Македонија своите животи тие ги дадоа, за идните генерации мирен живот подарија. Се гордееме со секој што на било каков начин за Македонија допринесува и патриотски се однесува. Таквите луѓе со гордост и почит нè пленат, таквите луѓе навистина треба да се ценат. Тие ни овозможиле цврсто и гордо да чекориме, 218


За тебе пеам, за тебе пишувам

секогаш најдоброто и ние за Македонија да го сториме. Твориме и дела создаваме и кон заедничка цел чекориме: Сакаме татковината наша вечно да трае, нашиот јазик во неа, ко сонце да сјае. Делата наши вечно да се памтат, зборот и песната за неа, ко оган да пламтат. Мирјана Алачева –VIII-а одд. ООУ,,Маршал Тито“, Муртино, општина Струмица Ментор: Сашка Василевска

219


За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе татковино пеам, болни стихови редам, за твоето минато пеам, додека крај Вардар седам. За твоето минато свето, дедо ми ми раскажуваше, за маките и ропството клето, солзите тивко ги бришеше. Во твоите денови поробени и тешки, храбрите борци живот давале, твојата чесна и мила победа, дедовците наши со крв ја залевале. Среќни сме денес што те имаме, под златното сонце слободни се будиме. Среќни сме твојот воздух што го дишеме, слободата да ја чуваме, да се потрудиме. Денес ти си прекрасен црвен цвет, на тебе златна пеперутка слетала. Денес ти си најубава на целиот свет, птица песнопојна во слободен лет.

220


За тебе пеам, за тебе пишувам

Со својата раскошна убавина маѓепсуваш, со бисерните езера и планини занесуваш. Ти си ни сè на овој свет, Нашиот живот е благодет. Македонијо мајко мила, вечна нека биде твојата сила. Македонијо татковино света, љубовта кон тебе засекогаш ќе цвета. Ученик : Ајла Лековиќ VII одд. ООУ„Рајко Жинзифов“, с. Горно Оризари, Велес Ментор: Менка Андреева

221


За тебе пеам за тебе пишувам Татковино моја мила за мене отсекогаш убава си била лична како слика сета убавина во тебе блика. Родена во тешките војни се гордееш со момите стројни со песната што насекаде се лее сонцето најсилно во тебе што грее. За мене во земјата цела мојата татковина е најлична, бела. Те изградив како кула од злато во тебе среќно живеам со мама и тато. ќе те насликам и во најубави бои тоа се желбите мои. Ученик: Нермина Кицара, VI одделение Ментор: Снежана Стојанова ООУ„Рајко Жинзифов“, Оризар-Велес

222


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам За тебе пеам Македонијо, земјо страдалницо, земјо на Делчев, Карев и Сандански, и во време на крвава војна, неуништлив е родот македонски. За твоите времиња пишувам бурни и тешки, храбра и силна си била, Македонијо моја родна грутко, татковино моја мила. Мајко наша заштитничко, ѕвездо најсјајна, Северницо, убавините твои, езерата и горите отпеани се во древните стихови на песните. За твојата магична убавина пеам од планините милно што се смее, над тебе и небото е најсино и сонцето најсветло грее. За славејот во гората пеам, со песна ми ја смирува душата, за капките дожд врз житото и за летото што ја носи сушата.

223


За есента твоја златна пишувам и сочни плодови во полето берам. За зимата твоја снежно-бела и за сите убавини, твои ремек дела. Денес за тебе имам убав дар, да те љубам татковино топла како жар. Македонијо ти си мојот роден крај, да се живее во тебе е вистински рај! Адиса Авдовиќ VII одд. ООУ „Рајко Жинзифов“, с. Г.Оризари, Велес Ментор: Менка Андреева

224


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Ако некаде љубовта постои, толку силна, моќна и опеана, во мајкиното срце е знам прегрната, возљубена, распеана. Само таму ти се раѓаш, и твориш наспроти сите страдања и незгоди те воскреснал Бог, те возвишил и во мајчината душа те вплодил. Во битка против секого ти мајко застануваш, го љубиш своето болно чедо, го будиш за средба со светот со топлиот мирис на лебот. Нè учиш како да се пробиеме низ виорот исправени и одлучни, гордо напред неуништлива и единствена твојата љубов никогаш не ќе запре. Пркосиш и на најтивкото ветре што ги разбушавува нашите детски коси, пред икона наведнуваш глава и милост божја за нас просиш.

225


Ти знеш од сите најдобро својата болка и бес да ги скриеш но најтешко од сè е знам кога солза за чедото лиеш. Те гледам така вознесена и мудра, секоја брчка искуство ти дава, истрајна пред нашите пропусти, секогаш ни помагаш да дигнеме глава. Патот трнлив го постилаш со рози наша си ѕвезда сјајна, водилка од првиот момент до последниот здив те сакам мајчице, светилке, родилке! Драган Андреевски, 9в одделение ,,Димката Ангелов Габерот“, Кавадарци Ментор: Соња Тончевска - Костова

226


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, За тебе пишувам

М

ајка... Толку мало и обично зборче, сепак исполнето со многу љубов и емоции...

Мамо... Во моментов седам и се прашувам кои зборови би биле барем блиску доволни за да ти се заблагодарам за сè што направи за мене. За жал, ниеден збор не е доволен... Мамо... Ти се восхитувам. Секој ден, секој час, секој момент... За мене ти си еден чист пример за успешна жена и мајка. Мамо... Ти си мојата најголема мотивација. Ме инспирираш да одам по твоите стапки. Да гледам и учам од тебе. Мамо... Ти си најубава. Ме потсеќаш на ангел. Толку нежна, мила... Мамо... Како си толку силна? Ти со сигурност си најхрабрата и најборбената жена која ја знам. Одлучна си, цврста ко камен, не потклекнуваш пред никого...

Мамо... Ти си мојата хероина. Ти си силата која ме води низ животот, светлината на крајот од тунелот. Тука си секогаш кога ќе ми притребаш, за било што... Мамо... Ти ме научи толку многу нешта. Пред сè, да бидам одговорна, да ги почитувам сите без разлика на сè. Ме научи да бидам посамоуверена и посилна. Ме научи како да им пристапам на проблемите. Ме научи после секој удар да бидам посилна. Ме научи да им се радувам на ситниците, бидејќи всушност среќата е во малите нешта. Ме научи дека животот се состои од темна и 227


светла страна. Ме научи дека нема секогаш да биде како што сум замислила. Ме научи дека нема да добијам сè што ќе посакам. Ме научи да бидам задоволна со она што го имам, бидејќи некој го нема ни тоа. Ме научи да се борам за она што го сакам, бидејќи без труд ништо не се добива. Ме научи да одам исправено и гордо, дури и кога сакав да се скријам во најтемниот агол и да не излезам. Ме научи да го познавам секое добро кај луѓето, да ги ценам туѓите квалитети и да учам од грешките. Ме научи да сакам неизмерно. Ме научи дека успехот е најдобрата одмазда. Ме научи дека мајката е најдобрата другарка на секое дете, дека помеѓу нас нема табу тема... Мамо... Знам дека понекогаш ти е навистина тешко иако пред мене и брат ми не покажуваш никаква слабост. Многу пати навечер те имам слушнато како липаш во темницата, бидејќи во тој момент си мислела дека не можеш повеќе. Сепак ги бришеш солзите и се насмевнуваш. Мамо... Ти си мојата најдобра другарка, готвачка, фризерка, банкомат, учителка и што ли уште не... Мамо... Понекогаш навистина многу ме нервираш. Знаеш да бидеш многу строга и за најмалите ситници. Ме тераш да си ја средувам собата, да ја пишувам домашната работа, да не се задржувам до доцна надвор и ред други нешта. Знам дека е за мое добро и затоа се трудам да те слушам што повеќе. Мамо... Твојата прегратка е најтопла. Кога и да ме прегрнеш се чувствувам како да сум на седмо небо. Светот го гледам во розово. Мамо...Твојот глас е најнежниот звук што постои. Кога и да си потпевнуваш некоја мелодија ми наликуваш на мало славејче. Мамо... Ме научи да ја ценам слободата. Да ја сакам мојата татковина и местото во кое живеам... Мамо... Кажи ми како да ти се заблагодарам. Што би било 228


За тебе пеам, за тебе пишувам

доволно да ти покажам колку го ценам и почитувам она што го правиш за мене? Ти си мојот најголем и најубав подарок. Ти го всади она што е добро и квалитетно во мене. Ќе се потрудам да добијам убав плод. Ти ме научи како да живеам и затоа... Мамо... Јас ,,ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ!”

Жанина Лазарова 8б одд, ОУ Димката.А. Габерот – Кавадарци Ментор – Ванчо Илов

229


Најубавата, најдобрата, најмоќната, најсилната жена во светот тоа е МОЈАТА МАЈКА!

М

ама, збор од четири букви, мал но со толку големо значење. Кафена коса,зелени очи и незаборавна насмевка. Тоа е најсовршеното суштество на планетава. Мама е едниствената личност која се бори за мене без да се предаде. Мамо ти си најхрабрата, најубавата, најискрената и најмилата жена во мојот живот. Ти си жена полна со разбирање и љубов. Секогаш одмерна со совети, либерална за проблемите, храброст за преземањето вина, жртва за своето дете.

Ти си ме носела девет месеци во својот стомак, зарем некој друг би ме носел девет месеци, зарем некој друг не би спиел со ноќи за мене? Зарем некој ќе ми даде искрен совет како ти, на чие рамо ќе можам да се потпрам ако не на твоето? Борец во секоја смисла на зборот. Жена на која и се воодушевувам,жена која нема сила на овој свет која може да ја спречи да биде до нас.Жена која ме сака онаква каква што сум,која се гордее со моите успеси, а неуспесите ми помага ги ги поправам. Ти си онаа која знам дека секогаш ќе ја имам до мене. Онаа која ќе биде тука секогаш за да ме насмее, да ме утеши, да направи да заборавам на лошите моменти, да заборавам на тага и лутина.Ти си онаа која знам дека цврто ќе ми ја држи ракта и ќе ме бодри секогаш, секој час, минута и секунда. Ти си жена ангел. Ангел чувар. Те сакам, повеќе и од самата себе, бидејќии ти си единствената личност на која можам целосно да се потпрам без да ме изневери.

230


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ти си моја инспирација, мојата желба за живот. Незнам каде ќе бев и која ако не беше ти, но знам дека без тебе ќе бев едно големо НИШТО.Те сакам, затоа што си најдобра другарка на светов. Те сакам затоа што без твоите милозвучни зборови денот не е ден ниту мракот ноќ. Те сакам затоа што знам дека можеш да направиш се за тие што ги сакаш.Те сакам затоа што никогаш не ме остави на половина пат. Секогаш кога паѓав ти беше таа што ме креваше на нозе. Колку и да сакам да ти се оддолжам, никогаш нема да можам, бидејќии тоа што ти си го правела, го правиш и ќе го правиш неможе да оддолжи на никаков начин, но можам барем за возврат да ти подарам бескрајна љубов и почит. Се гордеам што имам мајка како тебе, бидејќи ти си најсовршената личност и мајка која ја познавам и која би требало да ја има секој. ТЕ САКАМ МАМО!

Розе Милкова VIIIб ООУ,,Димката Ангелов –Габерот ``-Кавадарци Ментор: Ванчо Илов

231


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ За Тебе пишувам, наша балканска убавице, украсена со три небесно-сини езера, како горска невеста накитена со чудесни планински венци, дарувана со питоми долини и родни полиња. За Тебе пишувам земјо моја, Македонијо, восхитен од Твоите цркви и манастири, кои многу векови и мрачни години беа чувари на верата и името наше, запишано во најстарите евангелија. Горд сум на нашите икони зашто тие ги цртале големи македонски уметници наречени зографи. Од фреските како пред мене да оживуваат светите браќа Кирил и Методиј родени во Солун. Тие ја измислиле првата азбука глаголица и превеле многу книги на нашиот јазик познат како старословенски. Горд сум затоа што тој јазик е првиот литературен јазик не само за нас, туку и за сите други словенски народи. Свети Кирил и Свети Методиј ги превеле сите книги потребни за првите училишта и за црковна богослужба. Нивното дело достојно го продолжиле Свети Климент и Свети Наум Охридски, кои во Охрид го отвориле првиот словенски универзитет и образовале неколку илјади ученици. Свети Климент не само што преведувал, тој го опишал животот на своите учители и создавал оригинални поетски творби. Додека пишувам за Тебе, татковино, слушам кај шумат буките; тие ги пеат песните за македонските ајдуци и комити, за војводите и партизаните. Беласица, Пирин, Кајмакчалан, Богомила, Караорман ги пеат песните за Сирма Војвода и Дедо Иљо Малешевски, за Гоце, Јане, Никола Карев, за Ченто и Апостолски. И за многу други, знајни и незнајни јунаци кои со златни букви се запишани на страниците од нашата историја, зашто своите животи ги дадоа за нашата слобода. 232


За тебе пеам, за тебе пишувам

Затоа пишувам за Тебе, татковино моја. Ти си насекаде присутна: во историјата и во сегашноста, во селата и градовите, во училиштето и во семејството, За Тебе пишувам, Македонијо, затоа што живееш во моето срце и бескрајно Те сакам.

Јордан Стојаноски, VI - a одделение OОУ „Јосип Броз Тито“, Валандово Ментор: Марина Павлова

233


Mojaта татковина Земјо моја, во песни опеана, земјо Александрова, земјо Македонска, од врелата крв на твоите јунаци насекаде си полеана. Минатото твое тивко и нечујно, по Вардар плови, таа е сведок и на убавинта што во тебе се роди. Татковино моја, ти си имала живот клет. Ти си убавина со рака недопрена, ти си црвено-жолта земја, ти си најубавата на овој свет. Филип, Александар, Делчев и Сандански-се чеда твои. Тие се твоите и наши визионери и вистински херои. Неправдини разни ти си издржала, векови исполнети со маки и ропства разни. Секоја вечер го слушам дедо ми како ми раскажува за тебе сказни.

234


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ти си мојата татковина, в срце те носам јас. -Те сакам Македонијо! нека се чуе мојот глас. Вечно името твое ќе го славиме, и никогаш нема да те заборавиме! Сандра Ѓорѓиева 8б одд. ООУ„Страшо Пинџур“, с.Соколарци Ментор: Тодорка Стоименова Општина Чешиново-Облешево

235


За тебе пеам, за тебе творам Ти мајко златна, во прегратка што си ме скрила, ти мила моја, живот во себе си ми свила. Во тебе гледам како во сонце со светол сјај, во тебе гледам херои кои се бореле против твојот крај. Со чист образ кон небоно си се обратила. ‘’Спас за татковината” која несакајќи човечки животи скратила. Сепак за тебе, татковино, ние живееме и со тебе вечно ние ќе се гордееме. Татковино моја! Ти под сонце, под небо, под ѕвезди сјаеш в срцево ко прва љубов довека ќе траеш! Марија Николова 8а одд. ООУ„Страшо Пинџур“, с. Соколарци Општина: Чешиново-Облешево Ментор 236


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ

С

екогаш одењето во старата куќа на село ми било неволно. Зошто? Па таму нема ниту wi – fi. Што да ви кажувам повеќе. Но, тој ден никако не можев да се извлечам. Требаше да ја земеме зимницата и нешто дрва за огрев, па решивме фамилијарно да одиме. Добро се сеќавам дека беше 7 Ноември, ден пред Митровден. Градот го прославуваше денот на ослободувањето и во училиштето имавме пригодна приредба. После училиштето родителите ме зедоа со автомобилот и за час стигнавме во старата семејна куќа. Ми беше здодевно. Немав занимација. Па, си помислив, ете прилика подетално да ја испитам куќичкава. Сум влегла многу пати досега, но никогаш не сум застанала да ги разгледам сликите по ѕидовите, или пак старите предмети. Влегов внатре и почнав да ги разгледувам просториите, со надеж дека така времето побргу ќе помине. Во нив немаше ништо невообичаено и интересно за мене. Додека излегував од една од собите, слушнав тивок муабет на крајот од ходникот. Се упатив кон последната соба. Во неа ги затекнав татко ми и дедо ми кои средуваа некои работи. Во таа соба влегував за прв пат. Навистина, беше поинаква од другите, за мене малку почудна, невообичаена. Во оваа соба се наоѓаа многу, многу стари предмети, книги, портрети... На едниот ѕид беа поставени стари полици на кои уредно беа наредени секакви книги. Стар, дрвен сандак во едниот ќош, софра на средината со триножни столчиња околу неа и ткаена черга со народен вез под неа. Стар кантар на ѕидот, ѓумчиња, тави и бакарни садови наоколу. Повеќе наликуваше на етно соба или мал музеј, отколку на соба со некаква употребна вредност. Бев воодушевена и веднаш почнав да испитувам. Погледот ми застана 237


на старите портрети на ѕидовите. Млади луѓе во униформи. Веднаш беше воочливо дека униформите не се исти. Љубопитната во мене веднаш се разбуди. Тато, кои се овие луѓе? – прашав покажувајќи кон портретите. Нашите предци. –одговори кратко. Кажи ми за нив. Кои се, што се, зошто носат различни униформи? – му поставив повеќе прашања наеднаш за да го задржам во собата. Кога ќе учите по историја ќе ти стане појасно. – сакаше да ме откачи набрзина, но јас не попуштав. Ама те молам кажи ми, сега сакам да знам. – бев упорна. Еве вака накратко. Овој овде е дедо на дедо ти и загинал како бугарски војник во првата светска војна. Овој до него е син му и бил српски војник во кралска Југославија. До него е вујко на баба ти, загинал во партизани кај Плетвар. Ова е дедо ти, војник во Титова Југославија. Ова сум јас, војник на нашата држава Македонија. Одиме сега надвор - ми одговори набрзина. Различни генерации во различни униформи. Зошто така? На кој како му паднало. Македонски судбини. – одговори татко ми на излегување од собата. А, тато, брат ми кога ќе порасне каква униформа ќе носи? И тој е друга генерација – му довикнав, не дозволував да го прекинеме разговорот. Никаква. Ќе носи костим. Ајде сега брзо излегувај надвор, оти ручекот е готов, сите не чекаат на маса. – Се вмеша и дедо ми, сакајќи да го доведе разговорот при крај. Му успеа. Послушно излегов од собата. Но, не ми се јадеше, сакав уште да истражувам. Му го кажав тоа на дедо ми и тој ми дозволи да останам уште малку.

238


За тебе пеам, за тебе пишувам

Се вратив. Погледот повторно ми одлета кон портретите. Овој пат најмногу се загледав во загинатиот партизан. За нив се евоцираа и спомени тој ден во школо. Млад човек, во дваесеттите години од животот. Сигурно и тој имал сонови и планови за иднината, а ни гроб не му се знае. Таа помисла ме стресе и си реков малку да се оддалечам од портретите и да ги разгледам книгите на полиците. Книгите беа стари, но сочувани. Беа поделени во сектори. Едниот сектор беше со наслов ,,Македонија”. Поминував преку насловите. “Илинденската епопеја” , ,,Карнеги” , ,,Македонија е сè што имаме” ,,,Сè за Македонија” , ,,Спомени на војводите” , ,,македонско прашање” , ,,питање “ , ,,вапрос” , ,,цуштенден” , ,,куешчн” , и пак редица наслови - Македонија, Македонија, Македонија... - Па мала е нашава Македонија. Кому и зашто му била толку важна, па толку книги да се напишат за неа?- си размислував во себе и натаму шарајки со очите по полицата. Записи. Хм, записи? Не издржав и го зедов тој наслов од полицата. Ја отворив на слепо, прочитав половина страна и се стаписав. Зарем е можно да било вака? Седнав на триножното столче и продолжив. Ручекот денес може и да се прескокне.

*** “Невесто моја,

Т

и добро знаеш како стојат работите во нашата родна земја. Во неа јуначка крв обилно се лее. Никогаш потешко време за мајка Македонија не е било. Јас одлично го чувствувам тоа и како нејзин мил син, не можам да не се одзовам на нејзиниот маченички повик. Јас заминувам моја драга невесто! Во овој величествен миг, јас, без да се поколебам, ја поставувам 239


татковината повисоко од семејството, нејзината среќа повисоко од нашите лични богатства. Не жали за мене. Определеното од горе со тажачки не може да се промени. После татковината, тебе и децата најмногу ги сакам на овој свет. Биди разумна, живеј скромно, постави си за цел во животот – да ги изгледаш децата – и ти ќе си ја најдеш среќата во тоа. Срдечно Ве бакнувам тебе и децата.

Борис, јули 1903-тата некаде од планините на Македонија” Овој текст не е напишан од романтичен поет. Ниту од драмски текстописец. Не е ниту извадок од некој роман. Не. Всушност ова е невозможно да се осмисли и напише на хартија. Ова се зборови од душата. Од човек кој си го остава семејството, среќата, за да се бори за татковината. Овие зборови можат да се сложат вака на хартија само ако си ги препишеш чувствата. Ако ги имаш. А било тоа време кога илјадници луѓе со вакви чувства, знајни и незнајни сопрузи,татковци и домаќини се построиле под едно знаме со цел да го исполнат долгот кон татковината. Напишаното останало да не потсетува на тоа. А имало и попотресни пишувања. Најдов на следната страна.

“Мила ми мајко,

Ј

ас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата бесконечна љубов, за илјадите неволји и страданија, за безбројните бессони и мачни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствувам болките на нашата измачена

240


За тебе пеам, за тебе пишувам

Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам – во името пак на моите свети чувства кон тебе – да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најсреќен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш пример на другите мајки и сопруги.” Кога писмото тргнало кон неговата мајка Анастасија во Охрид, нејзиниот син Христо го испукал последниот куршум. Во себе. Заедно со уште 10-мина јунаци, негови соборци, решени братски прегрнати да заминат во вечноста и така да се наредат во стројот на легендите и незаборавните. За кои ќе се пишува и во песни ќе бидат опеани. Ја затворив книгата. Солзите се стркалаа, емоциите победија, а прашањата се редеа. Зарем вака се сакала? Повеќе од сопствената мајка? Повеќе од домот топол и сè живо во него? Колку вакви песни и текстови се напишани за неа? Сигурно ова на полициве не е сè. Колку вакви судбини имало? Како почнало? Кога? Не можело ли поинаку? Изгледа не. Читам понатаму. Обраќања од Гоце Делчев. “Македонија ќе се ослободи кога робот ќе се ослободи од робот во себе. ..Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешно востание... Македонија припаѓа на сите, без разлика на вера, јазик, нација... Јас го разбирам светот како....” Последнава ја знам. Страшни времиња. Проголтале генерации. Паднал и Апостолот предвреме. Но, напишаното останало. Сите песни, текстови, визии... Бесмртни и неуништиви. Небото да е хартија а морето мастило, не ќе се доволни да се напишат. 241


Колку потешки времиња доаѓале во Македонија, толку погласно се пеело, толку повеќе се пишувало, толку повеќе населението се борело. Следувале настани кога пеколот се преселил во Македонија, но никој не успеал да ја избрише од мислите на учителите, да ја откорне од душите на преродбениците, од рацете на трудбениците и од срцата на мачениците. И покрај сите униформи кои доаѓале, опустушувале, семејства зацрнувале и пак си заминувале. Умирал Македонецот на бојното поле уверен дека татковината ќе се ослободи кога неговите синови ќе пораснат и ќе станат офицери на Македонија. Знаел дека ќе биде така, како што знаел дека тукушто умира. И тоа е опеано во песна што сум ја слушала многу пати на семејните веселби. Така и било. Осамнал и тој ден, кога над Македонија се родило ново сонце на слободата. Македонците се избориле за своите правдини. Старо и младо, машко и женско на нозе се кренало. Одново се развеало знамето на Крушевската република, гордо издигнато на јарболот во центарот на главниот град на слободна Македонија. Под знамето стоела построена македонската војска. Наоколу радосен народ.

*** Ручекот го прескокнав. Ги затекнав на десертот. Ги гледам моите. Гледам во брат ми. Го замислувам пораснат. Се присетувам на моите соседи, роднини, пријатели. На чичкото од кого пазаруваме. На тие до него. На моите другарчиња. И нив ги замислувам пораснати. Се присетувам на нивните родители. На тие од игротеката, на тие што зборуваат на телевизија и на тие што ги слушаат од домовите. Сите што ги познавам и не ги познавам се наследници на тие славни генерации. На тие што пишувале, пееле, се бореле. Достојни сме пред нив? А пред Македонија? Можеме ли и ние така и толку да ја сакаме? Можеме ли ние поубава песна да испееме од тие што се испеани? Можеме ли да напишеме поубаво четиво од тоа што е напишано? Ја сакаме ли Македонија? Се надевам дека нема нивните 242


За тебе пеам, за тебе пишувам

несреќи да не погодат за да си одговориме. Јас ја сакам Македонија. Не можам да напишам поубава песна за неа, ама сакам да ги пееме тие што се создадени. За да останеме тоа што сме, какви што сме. Не можам да наредам поубави редови на хартија од тие што се веќе наредени. Сакам истите да ги читам. Да ги спасиме од заборав луѓето што ги создале. Со тоа и самите себе. Сакам мојата генерација да се образува. За Македонија да се гради. Сакам мојата генерација да учествува на меѓународни симпозиуми, конгреси, олимпијади. Така Македонија да се претставува и брани. Во право е дедо ми. Униформите нека си останат во портретите. Сакам мојата генерација да е среќна дома. Зашто само сонцето е постаро и само рајот е поубав од Македонија.

*** На мое барање, се искачивме на највисоката точка над селото. Сите забележаа дека сум вознемирена и затоа ми ја исполнија желбата. Глетката беше прекрасна. Смирувачка. Сонцето веќе го доодуваше својот пат на запад за тој ден. Реката Вардар неуморно го врвеше својот игрив пат на југ, итајки во прегратките на Белото море. Селото полека стивнуваше. Десно од селото се издига планината Погана. Во своите пазуви љубоморно го чува Ѓуров Дол. Нејзините висови стражарат над историјата која се одиграла во него. Од таму засвири ветер. Како труба да труби. Исто како пред еден век, кога трбата трбела в гевгелиско, за да се соберат три илјади и да тргнат на тримина. И тоа е опеано. И за тоа е пишувано. На нас е да паметиме, чуваме, пазиме, градиме и сакаме. И Македонија ќе биде вечна!

Викторија Попова, VII одд. ООУ „Владо Кантарџиев“, Гевгелија Ментор: Елизабета Инадеска-Ефремова

243


За тебе творам (Македонија има сонце за сите) Во срцето на Балканот, гнездо си свила, Македонијо, родна грутко наша мила! Постоиш уште од античко време, векови носиш на твоето бреме. Со векови под ропство си била, за независност храбро си се изборила. И Гоце и Даме и Јане и Питу се синови твои, за слободата ги дале животите свои. Овде има богатства и убавини разни, Опишана си во Библијата, во песни, приказни и сказни. Шара и Вардар, Охрид и Струга, како твојата убавина на светот нема друга. Тука сонцето сите нè грее силно, „Татковина за сите“ те викаме милно. Македонијо, имаш сонце за сите, весели и среќни ни минуваат дните! Ќе те љубиме вечно знај, нашата љубов кон тебе нема крај! Заедничка песна на литературната секција при ООУ „Вук Караџиќ“- Куманово Ментор: Николче Јакимовски 244


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам , затебе пишувам Македонијо, во две бои, црвена и жолта, Жолта и црвена знамето свое си го скрои. Македонското сонце душава ми ја грее, Додека славеј во гората песна слободрска пее. Татковино, земјо македонска, Најмил извор во срцето што ми блеска! Под овој небесен свод Свиен е нашиот македонски род. Твојот сончев зрак татковино Насекаде мојот чекор го прати, За повторно секогаш назад да ме врати. Од војни и тирани тлото гореше, Младо и старо за тебе се бореше, За парчето земја се ќе се стори, За орото македонско во слобода да се виори. Најслаткото вино овде се пие на секој рид и врв по една легенда се крие. Во душите радоста на сите им врие А историјата за нашите јунаци Ко камбана бие! Делфина Давидовска ПОУ „Браќа Миладиновци„ - с. Пчиња , Куманово Ментор : Лидија Илијевска 245


За тебе пеам, за тебе пишувам За човека татковината е ко цветна градина. Секое гратче како посебен цвет го прави мозаикот на мојата татковина-Македонија. Сончевите зраци на македонското знаме Претставуваат симбол кој ја осветлува храброста која живее во секој граѓанин. Мојата татковина е прекрасно царство, знај каде и да шеташ низ Македонија на убавините им нема крај. Татковино моја мила во моите очи секогаш ти најубава си била како златна самовила со бескрајни крилја.

Меланија Лазаревска VII-6 одд. ПОУ „Браќа Миладиновци“ - с. Пчиња, Куманово Ментор : Лидија Илијевска

246


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ За тебе пеам, за тебе пишувам татковино моја родна, за твоето сонце убавина што дава за твојата земја плодна. За твоите гори високи, за твоите шуми зелени. Сонцето врз тебе рајски сјае, за него секоја река, поток, шума знае. Низ твоите долини реки жуборат, а пак шумните ветрови силно поддувнуваат. Бели снегови твоите планини ги покриваат, среќни да се сите во снежна белина да се разигруваат. Секој на твоите убавини се чуди, секое око од твоите зеленила се буди. Над тебе птици надлетуваат, добрина и среќа ти донесуваат.

247


За тебе пеам, за тебе пишувам, за земјата на која царуваш, за среќата која ја даруваш. Стефан Новковски VIII 6 ПОУ „Браќа Миладиновци“, с. Пчиња , Куманово Ментор: Лидија Илијевска

248


Проза и Поезија Средни училишта

249


Виножито Колку бои ми требаат за да те насликам, за да те овенчам? Колку страници да испишам за да те опишам и овековечам? Колку мастило да потрошам за да ти покажам, за да ти докажам дека си единствена, непроценлива, моја татковина незаменлива? Со црна боја ќе исцртам време на ропство и страдање, во црвена ќе обојам борби за ослободување, зелена ќе употребам за планините и долините во злато ќе ги преточам на родина убавините. На розова страница ќе зборувам за денот на денешнината, на сина подлога ќе раскажам за спокојот, за среќата, на жолта ко сончевина на родот мој насмевката и радоста на децата ќе ја запечатам во вечноста, а белата ќе ја употребам за иднината да ја претставам. И на неа со црвено, со големи букви ќе напишам: Ти си ми земјо ко пирејот, истрајна во невремето лавица на боиштето, икона во спокојството, Ти си ми земјо единствена, бесценета, незаменлива, горда и достоинствена, мила моја татковина! Наташа Илиевска III - 2 СУГС „Владо Тасевски“, Скопје Ментор: БИЛЈАНА РИСТОВА 250


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам

Р

анети зраци од небо, утрото го кројат. Бледиот мозаик во пурпур го бојат. Пулсира твојата утроба, крвта врие – дамар бие, утро руди.

А, секое ново утро, земјо моја, во волшепство од зора да е, и сјај од божилак да е, убавината твоја да ме буди, на срце порти да ми отвори, трепетна искра в крв да ми зоврие, да ме гори, букти, да ме жари, пече...

И додека Ти, земјо моја убавуваш, новиот ден го поздравуваш, со пехар на младото пресно утро наздравуваш, мене душата ми ја разгоруваш, пламени огнови ми разбуктуваш, магија ми даруваш, со воздишка ме милуваш, се вгнездуваш, царуваш, ми отвораш секоја пора, насмевка ми крадеш.. Еј, татковино... еј, убавино! Што беше до песна – грло бисер испеа, и болка, и жал, и радост, и чемер излеа, што беше до руба – срма конец извезе, аловина крвава во темел си соѕида, што беше до солзи – камен карпа растопи, врз твоите херои заплака, искон испиша, со мајчина топла дланка – чедата си ги погали, па постела мирис на зелен босилок, со блескави монети го накити светот, па се раскрили – се вивна во летот, пушти радосен крик – пушката ја закити со цветот. И кога златен тутун поле кити, јадро зрно кога жетвар жнее, румена јаболка кога натежнала – зрее, рујно вино од моминска рака кога наточено е, тапани татнат, зурли ечат, ергени кога оро вијат, секој ден ко празник кога е, звук од камбана свод кине – татнежи бијат, Татковино, исткај го небесниот шир, расеј спокој, расеј мир. 251


Еј, татковино... еј, убавино, еј, земјо Македонска! Грутка земја, Твоја црна, ронам, мека е, топла е, мирис на темјан шири, златни снопја плете, пуст извор е, мерак е, див вулкан е – в гради кој рика, прв бакнеж –е, растреперен акорд од гитара –е, шепот на младост – е, капка – животна од чешма стара – е, и бисер на дланка – е, и букет од темјанушки – е, и фонтана од желби – е, и распеан славеј – е... и... твојата грутка, од гради откината, земјо моја! Пеам, Во душава моја радост има сега, и секој здив мој е пролет. Сонцето се смее, сега во мене. А, што ми го израдувало моето детско око, та сега да искри небаре Деница е? Ти, земјо моја! Среќна си, слободна, пееш, се смееш, та крај тебе и јас играм, пеам, се смеам, со шарена палета го бојам светот, го плетам венецот од цветот! Ти – закити ми го утрото, злати ми го денот – со нектар напиј ме, ѕвезди ми ја ноќта – со харфа заспиј ме, ода на радост засвири – всели ми во младост, душа - напој ми, вечност – дари ми, сокаци од алтани – исковај ми, немирен дух – смири ми, копнеж – всели ми, растргни ми тага – запеј ми љубовна сага... Ти – и биди... трепет и страв, и тантела, и прав, и вистина, и бунтовност наша, сплотен непокор, светлина на времето пред нас, факел на бескрај, Ти – клокоти, вриј, цути, расти, распосли се во сиот твој сјај! И биди... насмеана, распеана, во љубов излеана. Гушни ме, во прегратка свиј ме, препороди ме, сочувај ме, до хоризонтот вивни ме, со озно накити ме, благослов дари ми, на твојот бедем исправи ме. Еј, земјо моја! Во душата те носиме, за тебе живот даваме! Еј, Македонијо!

Анабела Симоновска I4 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово Ментор: Јадранка Цветковиќ 252


За тебе пеам, за тебе пишувам

Темелите на духовнoто постоење Прв дел – Слобода или смрт! Сè уште сме во потрага по темелите на нашето спокојство, сè уште ја пишуваме иднината на празните страници на минатото. Прифативме одговорност да бидеме искрени стихотворци, се согласивме до века да сме верни на чесната глаголивост. Ние воопшто не се плашиме од смрт зашто веќе секојдневно ја живееме. Ние воопшто не знаеме за доблести бидејќи вредност е секое ново утро. Три наречници судбината веќе со приспивна песна ни ја отпеаа, три зборови се врежаа во душата на нашето проклетство од предците. Борбата е меч со кој замавнуваме по неправедните плашила на гревот, а тишината ни е штит што се затскрива зад острата немоќ на вистината.

253


Решението го пронаоѓаме во интуицијата на истрајноста, само така спокојството има облик во разубудената утринска солза. Македонецот секогаш тајно постоел, дури и тогаш кога зборот му бил молк, дури и тогаш кога му ја зауздале секоја можност за пречек на изгрејсонцето. На моменти само заспиваме под сенката на нашата немаштија, ги затвораме очите пред стравот на нашата ранлива реалност. И тогаш кога за миг сме сами со себе, надоѓа татнеж на војска зраци што ја буди ноќта во смрзнатото утро, што го навестува почетокот на новиот ден. Овој ден го нарекуваме нов почеток во сказната за естетските предизвици, овој ден е Хераклова храброст во сите предизвици на совеста.

254


За тебе пеам, за тебе пишувам

Втор дел – Суштината на болката Кога би можеле со едно вдишување да ја голтнеме насолзената мака, кога би можеле со едно заплакување да ја избришеме испотената судбина! Кога сонот би бил начин на бегство амнезија би била значајна победа, кога сонцето веќе би испливало денот ќе стане успешна визија! Ние сме народ во чии пазуви се кријат тајните досетки на интуицијата, ние сме народ во чија совест тече бистрата метафора на чувството. Ние сме соѕвездие од погледи чии образи светат како румени јаболка, ние сме напатени сведоци што се кријат зад сенките на минатото. Понекогаш е божествен грев да се биде спокоен Македонец, да се биде наследство на вечноста да се биде совршен миг на надежта. Веднаш можеме да се препознаеме во раскажаните приказни на животот, веднаш можеме да воочиме дека играме исти улоги во различен живот.

255


Во еден ист репертоар ни задале иста улога за различни расположенија, ни задале и исти задолженија за да си ја испоколеме надежта. Откако ќе се качиме на сцената ние сме никакви глумци со лажни биографии, ние сме и тука тоа што навистина сме, ние сме робови на сопствената слобода. На памет го знаеме непишаното сценарио што нè поздравува со громогласни аплаузи, оние што остануваат заробена прашина во аголот на нашето искрено детство. Во овие агли се вкрстуваат сите бескрајни идеи на нашата визија, во овие агли се занемени и сите заострени врвови на нашите достигнувања. Трет дел – Мистерија Во древната тајна на солзата гувее нашата вековна мистерија. Во исконската светлина на вистината болката си ја разголува душата. Во бескрајната илузија на сонцето денот има сосема нов облик, во нажалената скулптура на мракот месечината е единствена насмевка.

256


За тебе пеам, за тебе пишувам

Утрото се буди во ритамот на брзото иронично живеење, а ноќта не ја доживуваме поинаку од секојдневно видување. Животот ни станува рутина која постојано отстапува од зададената динамика, животот не ни е ништо друго освен нема тишина со молчаливи ветувања. Во нечујната тантела на ѕвездите ја ткаеме последната надеж на ноќта, во издлабената мистичност на погледот ја вгнездуваме потребата за заштита.

Ние со пушка на рамо се браниме од лошите прогонства на зборот, ние со штит на срце ја заштитуваме вселенската моќ на чувството. Понекогаш бараме начин да се заштиме од личната безвредност, понекогаш само знаеме дека опасноста постои во изопачената реалност. По ова некој решава до века да го преспие својот живот, навидум е заморен од сето она што немало кога да му се случи.

257


Друг пак будно следи сè освен сопствената лицемерност, сè додека и тој не заспие во некоја празнина на песната. Преостанатите сè уште веруваат во среќниот крај на приказната, сè уште мислат дека приказната има толку автори колку и ликови. Четврт дел – Сонцето над Македонија Нестрпливо го чекам утрото што ќе ми ја запали солзата, со ведрина трагам по ноќта што се насмевнува како ѕвезда. Од изгревот на очите тажни ќе ја испијам радоста на росата, од сенката на фантазијата ќе изградам нов Илинден. Во спокојството на водата ќе го успокојам мистичниот код, во копнежот на тишината ќе започнам да молчам во стихови. На ветерот ќе му подадам трошка од мојата излитена ориентација, на иднината ќе ѝ подарам само мир што ќе знае да зборува на македонски.

258


За тебе пеам, за тебе пишувам

Доволно е само да постои месечина што ќе ти ја осветли патеката на ноќта, доволно за повторно да се навратиме во приказните на античките искуства. Потребно е само дел од мојата душа да се претвори во непокорлив војвода, потребна е и малку испостена вечност ќе се прероди во строгата молитва. Македонија станува траен жиг врз ткивото на космогонијата, нејзината болка е мистичен подвиг во историјата на монашкиот пост. Распната е на вистинската вистина на објективната интроспекција, замолчува во молитвената тага на истрајниот порив за мистика. Се покрстувам пред иконата на нашата светлост во погледот, го отворам светогледот на радоста во тишината на нашата среќа! На крајот мракот се крева во заборавот на нашата надеж, сонцето созрева над насмевката на нашите истрајни погледи. Елена Костовска 3-6 СУГС „Никола Карев» – Скопје Ментор: Билјана Костова

259


Пламени звуци Ако љубов немам ништо не сум, ако не те воспеам ќе бидам страст прегорена, збор неизустен, сон без сонување, пуста надеж без надевање. Затоа, те прегрнувам со раширените крилја на срцево, те заспивам во брановите на мислите, од усниве ми трепери поленот на зборот, гласот го надвишува и Кораб и Пирин, те воспевам со жуборот на реката, од изворот до утоката заптисана. Пишуваат ноќите со мене, пеат утрата во мене, го допирам животот едновремено, 260


За тебе пеам, за тебе пишувам

како безвремена приказна на времето му дарувам време на времето, да наздрави со чаша метафори. Ја пијам тишината за да ѝ дадам глас на песната, меѓу раздалечената молчеливост зад ѕидините од спомени скоривам стихови, да проговорат ко води разгргорени со миризба на цутен босилок. Тивкиот глас разбудува, нежноста расплакува, тагата ја ојачува, достоинството потпира корени. Од ризница откровенија собирам ракатка убавини, на разиграна лексика, со мирис на незаборав на маки и страданија и љубов антологиска. На разбојот од песните ти ја овековечувам биднината, на ѓерѓевот ги везам строфите на душата, за да дишат во твојата вечност и тогаш, кога ќе ме нема.

261


Откини ми ја песнава од изустов, ко бран од ѕвездени бури, скрши ја тишината со нежен плисок на виножито во зениците твои што потпира љубов за сите разединетости со пламени звуци да ги спои. Дијана Дурлевиќ ПСУ „САБА” - Скопје Ментор: Наташа Атанасовска

262


За тебе пеам, за тебе пишувам

Мојата вечна Македонија Во далечината – крик, во тунелот со желби – искра, во ковчегот – недоживеани соништа… Спијат. Приказни за архитектите на младоста, во изгубениот кош – солзи... Молат. Идеја за реализација на идеите за конкретната среќа и апстракната младост, се ројат во ноќните часови, во градот наречен Судбина... Чекаат Тело. Тело кое гори, тлее, чувствува, мисли, пишува... Разум – чии мисли не можат да се наредат. Им нема место. Разум – чии идеали нити гравитационата сила не е толку силна да ги спушти на земја. А таму на сцена, еден ангел чувар, еден вечен еликсир за слобода, едно парче земја за кое ноќва пеам, една неболна реалност за која пишувам, за која ноќва горам ко свеќа. а, не згаснувам! Мојата кралица, мојот чувар, дијамант со непроценлива вредност, место, каде што и каменот блеска. Мојата, вечна Македонија! Василева Зуле II СОУ Јане Сандански-Струмица Ментор: Гордана Донева 263


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Што и да сакам земјо моја да ти подарам, дали стих или песна да ти посветам малку е... Малку е за сè да ти се оддолжам, за сè што си била и за сè што ми дари, за сите победи и идеали. Колку векови низ маки и страдања си минала, со колку крв и солзи сободата своја си ја пролеала? Многу жртви за победа си положила, но главата никогаш не си ја наведнала. Затоа малку е да пишувам, да кажам што чувствувам и колку се растреперувам кога името ти го споменувам. Но да останам покрај тебе доволно е, да не заборавам, да не те напуштам и од тебе никогаш да не се откажам! Доволно е да не заминам далеку, во туѓина за да барам посреќна иднина, туку иднината во тебе да ја изградам и на светот да му докажам 264


За тебе пеам, за тебе пишувам

дека заслужуваш да бидеш почитувана. Со сите свои доблести признаена, по непокор запаметена. Но, ако останам овде сам, малку е... Малку е ако сите за раце не се фатиме за честа и достоинството да ти го вратиме. Но доволно е она што ни остана да го одбраниме и никогаш да не дозволиме историјата да ја повториме! Марио Методиевски II9 СУГС Гимназија ,,Јосип БрозТито“, Скопје Ментор: Каролина Јанчева

265


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Го подигам пехарот на Артуровото задоволство Отпивам капка од нектарот на мудроста. Перото го острам, од возбуда горам Горда сум, горда Mакедонка јас. За тебе Македонијо, денес творам За тебе Македонијо, денес гордо зборам. Со ветрот, мој сојузник драг Се искачив на вишната Шара Во Вруток слика на Кораб јас видов. Сакав да прашам за личните гори За древниот Охрид, Струга стара В миг водата спокојот го пара Непресушен извор на живот тежок. Татни од сите страни Една по една битки се редат Јунаци знајни Гоце, Питу, Даме Белото знаме го веат... Ветрецот виолината в раце ја зеде Свири, нежно разлева глас Од поновата историја сме на час Чујте в еден глас Самиостојна држава Македонија стана Кљусев прв премиер Со срце – буре оптимизам Капка надеж за посветла иднина вети За името се бори и тивко проговори: Името завет од дедовците, прадедовците да го чуваме 266


За тебе пеам, за тебе пишувам

Само така идентитетот ќе си го сочуваме! Пред портите на Бигорски се најдов јас Господ го молам: Господе дај ни сила Да опстоиме, да покажеме дека постоиме Во ова бурно време невреме Кога за брата сите вијат да го делат И крвта да му ја пијат. Наеднаш свеќата светна Мисла кон светла иднина самата летна... Исидора Димитриевска IV1 Ментор: Лидија Ристовска СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово

267


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ј

ас не се сеќавам на мојот прв чекор, но, Ти сигурно го паметиш... Трепериш тивко и мајчински за илјадници први и последни чекори, го надмудруваш секој буден сеизмолог. Но, паметат нашите предци, дека си знаела да се разбудиш, да збеснеш и проголташ многу човечки маленкости и да ги расплачеш Твоите неимари.

Чудесна е Твојата карма. Денес имаш 25 години, само десет си постара од мене. Твоите иницијали се наоѓаат на сите мои документи, дури и на она педиче што дедо ми го купи од некои Твои чеда, кои веќе Те напуштиле и одродиле. Понекогаш си акроним тежок за изговор, а уште потежок за разбирање, но, каква логика има во фактот што морето е солено, а езерото слатко? Велат, дека Твоето сонце некогаш имало повеќе зраци, но, сеедно, и така обезсонцена, најтопло зрачиш. Ги збунуваш и Целзиус и Фаренхајт, некои нови мерки се смислуваат за Тебе. Небаре мома за мажење, имаш полно претенденти, бели ракавици фрчат за Тебе од сите страни и меѓустрани на светот. Сепак, не Те освои светот Тебе, туку Ти него. Урната на Твоите чеда не е само студена воздишка на Вардарецот, туку и претсмртен повеј на светските океани. Сите напоредници и меридијани флертуваат со Тебе, та, ене и Екваторот и Гринич ќе кинисаат еден ден, за Твој атер и Твоја љубов... Немаш повеќечасовни зони, а и чуму Ти се, малечка голема моја? Тука, времето е вишок, секој черек е два или дваипол. Тука Ајнштајн би бил неверојатно глупав, а Марфи -Твој најубав устав. За Твоето име, кое е преамбула на сесловенската писменост и ученост, разбра дури и средновековниот Рим. Твоето умно глаголење го слушна дури и Папата, а го слуша и до ден денешен. Од тоа скромно боринче 268


За тебе пеам, за тебе пишувам

се осветли сиот славјански род и неговите цркви и училишта. Дури си прва Европјанка што му го отвори резето на чесниот крст и на христијанството. Два милениума пред мојот воздушест прв чекор, Ти го прими печатот на тешките и уморни нозе на Светиот Апостол Павле, дојденец кој зборуваше за Месијата и царството Божјо. Една Лидија, некоја моја или нечија прабаба со безброј префикси, беше првата Европјанка, што ја прифати Божјата реч. После тоа, низ вековите, сите Твои вирови и реки се збратимија со реката Јордан, а од нив и сите нивни водни посестрими ширум Европа. Ти си временска капсула од библиско доба. Осигурена од заборав, овековечена токму во последните страници на најстарата Божја реч и најчитаната книга на светот. Сега е наш редот да го носиме Твоето боринче и да внимаваме да не згасне. Ја примивме оваа штафета од нашите писмени и неписмени предци, еднакво видовити Прометеи на нашата иднина. Сред бел ден ќе шетаме со него, читајќи го кодот на нашата ДНК, таа интелигентна молекула што сè знае и памети и барајќи го коренот на нашето генеалошко дрво. Некои гранки се исушиле, други фиданки потерале, но сите од ист корен се хранеле... Малечка голема моја! Не си Ти шумата што некој безумен ја искасапил, туку дрвцето што некој потоа го посадил. Не си одарот на некој што зајдел, туку колепката на некој што се родил. Не си Ти дипломата на интелектуалецот што спиел, туку тетратката на ученикот што е буден. Не си Ти госпоѓица Стоун, туку селанката од Копачка. Не си Ти англиска трева, туку пирејот на Петрета. Не си Ти маќеа, туку мајка на своите чеда, малечка голема моја!

Марија Павлоска II-3 СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија Ментор: Бисерка Гунова

269


За тебе пеам, за тебе пишувам Би сакала безброј страници неиспишани и море од мастило недопрено, непроценливо време, неистрошено и безброј судбини нераскажани. Сакам белите листови јас да ги испишам, и морето од мастило јас да го потрошам. Времето дајте ми го ќе го искористам, а судбините ќе ги раскажам. Ќе пишувам за тебе. Оти ме научи како се сака, оти ми подари безброј совети и ми остави безброј спомени, и секогаш ме ставаше на тест за љубовта. Оти ме научи колку љубовта е убава но и колку може да биде разочарувачка. Оти секогаш ми велеше: -во љубовта ние сме само странци, странци со пар убави сеќавања. Оти ми остави куфер полн со спомени, спомени на двајца странци, кои со погледи се разбираа, а со молчење зборуваа. Но љубовта е таква, 270


За тебе пеам, за тебе пишувам

таа повеќе не постои. тоа е само збор, премногу стар, премногу пати доживеан, премногу пати убиен. Би пишувала и за животот живот во кој судбината често си поигрува, каде што повеќе не постои човечноста. Живот кој води кон една голема бездна, кој води кон едно големо ништо. Би сакала да пишувам и за човечноста, но ја нема. Ја нема во нас луѓето. Успеавме да го разочараме животот. Но, јас сепак ќе пишувам за тебе, за моите изгубени чувства, за судбината и за животот. Ќе пишувам со голема почит за љубовта, за човечноста убиена од страна на луѓето во нас. Снежана Стојанова III-12 СОУ „Никола Карев“, Струмица Ментор: Ице Беличев

271


За тебе пеам, за тебе пишувам

В

о ова време, чекорејќи низ животот и газејќи на почвата во светот каде што темнината полека загосподарува, се раѓаат многумина кои сакаат да создадат нови вредности и да величат бесмислени идеи. Сè што постоеше до сега, започнува да се оспорува и прогласува за непотребно и штетно, она што со векови се негува и опстојува во сите нас епигоните, како да преминува во заборав. Како Црната Арапина да се шета по црното друмје, како срцето и мечот да спијат заедно, а кукавицата го чука и пее стихот на металното ѕвоно, на немата музика од ноти со прашалници. Ќе се запрашаме кои сме и што сме, каде сме и дали навистина сме? Откривајќи ги трагите кои водат кон иднината како да забораваме на минатото. Минато невекувано, неизгодинето, неистрајувано, толку критикувано и погазувано. Спој на немили случувања и настани што не сакаме повеќе да се повторат, но и вруток-извор на желба, копнеж, остварување за подобро денес и утрешнината, тага на делникот за слобода, песна за песната ако се стори од страста, крвта, не од стрвост волчја... Ќе се замислиме, а тие од страна ќе ни одговорат „минатото не е потребно за да се обезбеди иднината“. Потоа повторно ќе кажеме дека без нашите корени на постоењето, кои лежат скриени уште во антиката, без да им оддадеме почит на хероите кои без двоумење го дадоа својот живот, за нас, за нашите чеда, нема да имаме подобри времиња. Ниту ќе знаеме кои сме и зошто сме, ниту ќе ја дознаеме вистинската вистина. Ќе останеме само бледа слика за сите оние кои ликуваат на нашата трагедија и осаменост, и сè подлабоко и подлабоко ќе тонеме во небиднина, ќе го слушаме фонот на разнебитувањето. Сите тие „пријатели“, од кои најмногу треба да се чуваме, кои

272


За тебе пеам, за тебе пишувам

ни велат дека минатото е само еден товар врз нашиот грб, кој треба постепено да се остава зад нас, токму сега започнуваат да истражуваат за да осознаат за папочната врвца, за нивното потекло и животно минато кое им ги скроило денешните предизвици и парче земја, а и сè уште им ги крои. Но, ние и понатаму остануваме наивни, остануваме да веруваме на сите тие кои со одвратност од зад грб ја дигаат раката. Чемерика, немир, мамурно будење, несоница пеплосана, иако спознаени со нашата вистина и тешка болка, мачното не толку далечно време кога брат на брата си крева рака застапувајќи две различни змии отровници, останува непроменета гнасна цел на вообразените, неиспеана песна на алегоријата на совеста. Чувство на недоволно сфатени во свет кој е ист за сите, кој не го создадоа луѓето со единствено право да одберат која вистина ќе биде прифатена за вистина, или сокриена, или сама се подлажува! Пред нејзниот свечен чин треба да се гледа со страшна почит и радување, без дозвола таа да биде прекројувана или расцепкувана, не дај Боже доделена на препишувачите. Генерации и генерации останаа сведоци на тешката разделба и болка, на веќе едновековен потпис, со неможност една држава да продолжи да опстојува и гордо да ја крева главата сè повисоко и повиско, имајќи на што да се радува. Затоа и првиот конституент на првата независна влада ќе напише: „Љубовта кон татковината, кон луѓето, храброста да се соопшти реално вистината, да се влезе во критичка конфротација со лагата или полувистината, не е привилегија на личноста која е покриена со разни акдемски степени, политички функции и општествени потврди, туку тоа лежи во исконот, во генот, во интелектот на личноста, во неговите етички вредности и научни скрупули...“. Стежнува врз сетилата примракот, а Ние и понатаму остануваме свои на своето. Наутрина го забораваме стихот во болничката капела на блудницата, оддавајќи се на страста, музичките варијации. 273


Заборавајќи дека Тоа што го чувствуваме и тоа што неуморно го носиме во срцата наши не може никој ниту да го распарчи, ниту да ни го одземе, бидејќи ние сме градителите на нашата среќа, радости и на нашите задоволства. Можеби слободни и независни, сепак како да сме само автономни, без никаква сувереност, за која треба да се избориме и натаму, бидејќи битката за своето сè уште не е завршена. Патот кој е расчистен од трнливоста и мразот, сè уште е неизоден по пругата на петолинејката. Минувајќи низ него, повторно ќе се спојат минатото и сегашноста кои цврсто ќе докажат дека без нив излез на нов пат нема. Ќе остане само да се вртиме во круг и повторно да дојдеме на почеток, барајќи нов крстеник за нова песна која ќе ја ублажува болката на споменот, заборавајќи го денес и утре пред „трижното“ столче на гусларот. Мила наша Мајко и Оранице, наше Небо и Маченице, каква и да си те сакаме и ќе те сакаме, бидејќи друга како тебе немаме. Ќе пееме, ќе пишуваме и ќе се радуваме, притоа сносејќи ги одговорностите да те заштитиме и да ги казниме сите твои „пријатели“ со неискрени мисли. Повикот дека сложноста и единството се најјаките темели на соживот, го трга мечот на хамлетовската дилема, ампутирајќи го заборавот, со јуришнички извик дека никогаш нема да можат да бидат уништени од која било противничка рака, освен од нас самите. „...Господе, желен сум да им ја чујам јас Песната радосна што ја распретале, Сакана земјо – тие долетале, Занесен, завлечен ги слушам јас“ (Спомени – Н.Ј.Вапцаров)

Ѓорѓи Димитровски 4-3, СУГСГимн.„Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје Ментор: Роска Јовановиќ 274


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Македонија, силна низ вековите, со исчекување на слободата. Долги страници пишуваа таа историја на нејзината територија. Македонија, каде златно изгрева Сонце и го топли моето срце. Каде небото со ѕвезди плени, таму се моите корени. Македонија, каде црвената боја душа ти рони, па го гледаш плачот што ѕвони. Каде Тешкото оро се вие, и вековно вино се пие. Македонија, каде народното творештво страници пишува за борецот кој од животот се лишува, за да ги спаси тие гори и планини, тие бескрајни полиња и рамнини. Македонија, земја библиска и чиста, со цркви и манастири полна, каде се ткаело и предело волна, платно се белеело во езерска вода бистра.

275


Македонија, каде ја слушаш песната на реките, шумот на елите и смреките. Каде го мирисаш воздухот во кој, страдал со векови народот мој. Цветанка Мицевска II-5 СУГСГимн.„Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје Ментор: Роска Јовановиќ

276


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ТВОРАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ.... „ ... Македонијо, ти не си име прочитано од книга, ни збор чуен од дедовци, ти си: крв, коски и отров. Крв, Коски И мајчино млеко.’’ Од поемата „Македонија“ На Лазо Каровски

С

è уште е мрак. Сончевите зраци почнуваат срамежливо да се пробиваат над Кокино.

Од својот трон на племенски старешина гордо ја набљудувам церемонијата на принесување жртви во отворите од утробата на Големата Богинка Мајка. Крвта ми пулсира во ритамот на обредната музика. Одеднаш го напуштам својот трон на племенски старешина. Чудно. Се фаќам себеси како го набљудувам раѓањето на Сонцето над платформите на мегалитската опсерваторија. Внесувам забелешки во праисторискиот календар со циклус од деветнаесет години. Свесен сум за моето огромно праисториско достигнување. И така исполнет со задоволство, во ноздрите го чувствувам мирисот на Егејот. Не знам како, но не сум зачуден што пред себе 277


го гледам величествениот Филип. Ги слушам неговите наредби и сведочам на создавањето на моќната македонска војска. За момент се губам додека го слушам гласот на Аристотел. Но се освестувам кога погледот ќе ми се сретне со мудрите очи на неговиот шеснаесетгодишен ученик Александар. Пак промена. Жешко е... Сонцето немилосрдно ме пече. Ги чувствувам неговите врели зраци врз мојата глава додека лесно поминуваат низ бронзениот шлем. Се обидувам ширум да ги отворам очите. Но ме заслепува отсјајот на шеснаесетте краци на Вергината од штитовите на моите соборци. Се движиме со тешки чекори, густо збиени еден до друг. Нашите воедначени чекори одекнуваат како еден: силен, моќен, застрашувачки... – чекор на освојувачот; чекор предводен од нашиот крал Александар. Како еден чекориме, додека не поздравуваат со стравопочит и восхит илјадници грла околу нас. Одеднаш повеќе не гледам ништо. Чекорот не ми е повеќе победнички, туку некако бавен, тром. Не гледам. Но слушам. Свеста ми ја прободуваат илјадници крици. Морничави, тешки... Се обидувам да го избистрам погледот, но не успевам. Ја подигам раката да ги истријам очите. Празнина... Дупки наместо очи. Бразди крв наместо светлина. Се потпирам на рамото на мојот соборец. И продолжуваме да чекориме така. Бавно... Тешко... Го слушаме шумот на нашето езеро. Но не го гледаме. Го слушаме плачот на нашите мајки, но не ги гледаме. И одеднаш страшна вест: нашиот цар умрел. Срцето му препукало од болка кога нè видел нас, неговите верни војници, без очи. Што ми се случува? Сонувам ли? Или сум имал среќа да влезам во некоја временска машина?

278


За тебе пеам, за тебе пишувам

Одеднаш мојот оклоп го нема. Штитот и копјето, каде отидоа? Физичката болка ми преминува во огромна душевна болка. Моќни зборови ми ја параат свеста: „Орелски крилја как да си метнех и в наши стр’ни да си прелетнех...“ Се чувствувам осамено, отуѓено. Надворешниот студ ми ја полни душата и станува внатрешен студ. Чувствувам дека носталгијата за родниот крај ме преплавува и ме убива... И пак душата ми се стоплува. Се досетувам дека е голем празникИлинден. Се наоѓам во шума. Во рацете држам пушка. Јасно го слушам гласот на мојот војвода. „Слобода или смрт!“ е напишано на нашиот крвав бајрак и во нашите срца. И нема веќе враќање назад. Јуришаме. Паѓаме покосени. Паѓам и јас. Темнина... Тишина... „Ова сигурно е мојот крај...“ – си помислувам. Но не. Пак е Илинден. Но четириесетина години покасно. Се фаќам себеси како силно аплаудирам. „Да живее Демократска Македонија!“ Се чувствувам очекувано гордо што сум дел од оние кои ја пишуваат историјата. Телото ме боли. Рацете ми крвават. Но не сум воопшто изморен. Морам. Мораме. Мораме да ја обновиме нашата Македонија. Мора да ѝ ги преврзиме и залечиме раните од војната. Мораме да ѝ ја вратиме радоста во душата на нашата татковина. Надежта е сè уште тука. Секогаш била тука. Вербата и надежта секогаш се во сржта на нашата мајка родина. И одеднаш мир. Се чувствувам среќно и некако олеснето. Чувствувам како моето битие пулсира во ист ритам со срцето на мојата слободна Македонија. Животот ми тече сигурно и моќно, како коритото на нашиот Вардар. Понекогаш по малку горделиво и своеглаво, како палавата Радика. Но стабилно и цврсто како гордата Шар Планина. 279


Наеднаш како да добивам крила. Се издигам под облаците. Добивам желба со еден поглед да ја опфатам мојата Македонија. Со очи ги галам планинските врвови, клисурите... Летам ниско над Вардар. Тргнувам од Вруток, низ Скопје, Велес... Се извивам над неговиот тек. И ги напуштам границите на мојата Македонија. Го придружувам Вардар сè до крајот на неговиот пат, до последната негова станица – Егејското Море. Чудно, но не се чувствувам како во непознато. Ме следи некое чувство на нешто веќе видено, доживеано, сепак блиско. Стресувам со крилјата – раце и како да се свестувам. Се враќам пак кон север. Надлетувам над Преспа, бисерот Охрид, Пелагонија... Ги гледам луѓето задоволни и слободни. Одеднаш, слетувам. И не ми е чудно што немам повеќе крилја. Како би ми било? Навистина многу нешта доживеав за ова кратко време. Или можеби и не е кратко. Повеќе и не можам да одредам. Станувам свесен дека е 1991 година. Осми септември. И пак во мене се вселува некое свечено чувство. Присуствувам на роденденот на новата, современа, самостојна Македонија! Пак низ главата ми поминува сè она што го доживеав непосредно пред ова. И сè она што сум го учел на училиште. Сето она за кое сум читал во книгите. Сите раскажувања на моите баби и дедовци. И се чувствувам некако исполнето и задоволно. Како да сфаќам дека еден дел од приказната е завршен. Приказната за една Македонија, за мојата татковина и нејзиниот вечен стремеж да се остане доследен на името и да се биде свој. .............................................................................................................. Се стресувам... Ми студи... Ги помрднувам рацете и ги отворам очите. Сонцето е пред својот залез. Го гледам како ги измива своите зраци во бистрите води на езерото. Гледам во истото Сонце сега, како и претходно, на моето патување. Иако сега не сум повеќе војник, маченик, слеп... Сега сум среќен и слободен. Над мене

280


За тебе пеам, за тебе пишувам

шуми ветрот. Го подигам погледот и ја гледам Галичица. Нејзиниот снежен врв одблеснува под последните сончеви зраци. Како да ми се насмевнува. Ги гледам роднокрајните ниви. И сфаќам: Па јас сум заспал! Дојдов на моето омилено место, зад куќата на моите баба и дедо. И сум заспал. Чувствата ми се измешани: среќен сум што сфаќам дека сè она што ми се случило не е нешто натприродно, туку само сон. Но истовремено и тажен што тоа вонвременско искуство заврши. Се прашувам: Од каде сиве овие мисли што ми го насочија сонот? Од каде сите тие одговорени прашања?... Од рацете ми паѓа книга. Тоа е книгата што ја зедов да ми прави друштво – Историја на Македонија. Се насмевнувам: Тоа е причината за ова мое бесценето патување! Приказната за Македонија не е завршена. Таа сè уште трае. Ние, младите луѓе допрва ќе ја пишуваме, раскажуваме...

Бојан Карапалевски II-1 клас СОУ „ЦАР САМОИЛ“ - РЕСЕН Ментор: Динче Кочевска

281


За тебе пишувам, за тебе пеам За распуканата земја по која чекорам и линијата на неа исцртана, за земјотресот во шеесет и некоја и за животот кој одново из`ртува. За реката што тече непрекинато и во мене буди слика одмината. За сонцето кое неуморно сјае и приспивната песна, месечината што ја ткае. За езерцето во парк и на Матка, чија кроткост ја милува душата, за зеленилото на Шара и Шапка и спокојот што го издишува шумата. За часовникот чии стрелки стојат, чиниш овој свет нема потреба од време, за спомените кои еден по еден се бројат, и сè што носи градот ко свое бреме. За дните во кои спокојно дишам љубов и немам потреба од ништо друго. За копнежот да нагазам суво лисје на есен и да се наежам од шумот на чекорот лесен. За ноќите во кои среќно ѕвезди бројам, стуткана во ќебе под ведрото небо сино. За желбата исправена и горда да стојам, како мајка штом го погледне синот. За прегрнатите бои жолта и црвена, борба и единство, 282


За тебе пеам, за тебе пишувам

за секоја неиспишана победа крвава, чиј плод денес е мир, спокој и другарство. За знамето кое гордо се вее над овој град, за борбата за слово и за писменост глад, за создавањето глаголица и нашата кирилица, за јазикот кој се зборува од Охрид па до Виница. За Кирил и Методиј, Александар и Гоце, за паднатите борци, за секој твој син што паднал за нас, да живееме во љубов сега и секој час. За тебе Македонијо, за тебе земјо моја пишувам Ти си песната моја, само во тебе се чувствувам своја. Ана Младеноска II-б СУГС „Кочо Рацин“, Скопје Ментор: Соња Адоновиќ

283


„За тебе пеам, за тебе пишувам“ Зар не е прекрасно небово, ова синило непостојано? Да го величам морам, за критики не сум достојна. Зар не е мила слободата слатка, успехот на дедо, гордоста на татка? И сонот, во кој се губам со задоволство, дали не е она што ни дари блаженство? Како да не го воздигаме ова совршенство од бои, како да не пееме за способноста да нè успокои? За шепотот на скршеното сомничаво срце, за сјајот во очите, насмевката на моето лице. За љубовта пеам, што го овозможува тоа, зашто љубам, мислам, благодарна сум на Бога. За чувството дека во овој лавиринт се губам, за надежта дека ќе излезам пред да полудам. Пишувам за тешкотиите кои се толку убави, заљубете се! Не бидете будали! За тебе пеам, бескрајна убавино на светот за тебе светлино, што не знаеш за крај на векот. За овој пекол што е добар бидејќи нè учи да живееме, за најголемата болка, нè учи да се смееме. Пишувам за зајдисонцето, кое ги плени сите романтични, за неверојатните приказни, толку големи, а сепак обични. И за тебе темнино! Тука се пронајдов себе, ме успокојуваш, колку и да помине време. Пеам за тебе топлино, што ме грееш во априлски утра ми даваш мир, штом помине ноќта бурна. За тебе пролет, во тебе е смислата на постоењето, 284


За тебе пеам, за тебе пишувам

за малите радости кои го забрзуваат дишењето. Дождецу летен, за тебе пишувам, со музиката што ја создаваш подобро размислувам. За тапата болка што оди со разделбите, за почетокот и крајот, средбите и веселбите. За топлото кафе пеам, после напорен есенски ден, за тебе огну, коските ми ги грееш везден! За тебе пишувам поемо носталгична, во моето детство ти ме враќаш магично. Пишувам за тебе моја визијо невозможна, за сиот мој труд ти си најзаслужна. За тебе копнежу, што ги поттикнуваш љубовниците, да ги најдат, да ги освојат несреќниците. За вас замислени желби, пеам неостварени ветувања, за вас солзи леам! За спомените што тлеат скриени во нас, лекувајте ме, вие сте мојот спас! А најважно од сè, за она што не го гледаш, за она што го забораваш животу, пеам! Ден по ден ме влечеш во рутината, но, види, во тебе ја најдов убавината! Пеам за моето пишување, за моето бегство во вечноста, прочитај, согледај ја во мене човечноста. Пишувам за тебе, моја безгласна песно патувај, во растреперените срца најди си место! Да, и за тебе пеам што го читаш ова до Универзумот ти отворив патека нова. Се спои со нас, што размислуваме вака, запомни, битно е да сакаш, и некој ќе те сака! Данилова Кристина IV – 1 клас СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово Ментор: Ана Димитровска

285


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ж

ивееме во една огромна империја.Трчај во бескрајноста на овој прекрасен свет. Ливадите се покрај тебе. Зелени. Бескрајно долги. Завидливо убави.

Трчај и не свртувај се-си велиш, но почекај да ти раскажам пријателу, да ти раскажам за сето она што го гледаш, но не можеш да го видиш.

Ги гледам планините на хоризонтот. Високи, одат до небото, а тоа пак сиво е. И ладно. Планините стари милион години, преживеале се. Исто како и ти.И понатаму ќе преживуваат.Ме прекинуваш. Сакам да ја заборавам оваа земја и да одам некаде далеку-ми велиш. И понатаму се е рамно. Патишта насекаде околу нас, не водат на различни места. Избери го вистинскиот! Го избра вистинскиот.Но ти почнуваш да ја губиш силата, навистина или ми се причинува, изгледа потрагата по новиот свет ја надмудри твојата моќ. Трчај со сета сила додека не стигнеш до целта. Мрачно е. Длабочината те голта, помогни ми-ми велиш но нема веќе помош за тебе, оди до крајот на патот што сам го избра. Мислеше дека било која друга земја може да биде твоја татковина, но не. Твојата татковина е онаму каде што си се родил, твојата татковина е онаму каде што си ги пуштил првите чекори, прозборел првите зборови, доживеал детските љубови. Твојата татковина е Македонија. Мостот низ кој си чекорел отсекогаш и понатаму стои тука онаков каков што бил отсекогаш, со својата вечна младост и добрите човечки дела, кои не знаат каде и зошто тргнале, но на крајот сепак стигнале на вистинското место. И не можеш да кажеш дека умееш да љубиш, ако најпрвин не чувствуваш ништо кон својата татковина.

286


За тебе пеам, за тебе пишувам

Не умееш да љубиш, но затоа пишувај и твори за неа, сакај ја повеќе од себе и верувај во неа повеќе од себе, бидејќи каде и да одиш, во нејзиното срце секогаш ќе има место за оние кои сфатиле дека само таа може да биде татковина на еден човек.

Драгана Маџовска II-3 клас СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка Ментор:

287


За тебе пеам,за тебе пишувам Се сеќавам, сè пред очите ми минува како филм. Крај тебе ги направив првите чекори. Со тебе детството го минав. Заедно создадовме незаборавни спомени кои ми ја печат душава и ден денес. Ја доби титулата за прва љубов. Мислев дека таа љубов брзо ќе избледее, но не, се случи токму спротивното – од ден на ден таа се зголемуваше и еве, после толку години, сè уште си еден и единствен во срцево, ако тоа воошто може да се нарече така после сите твои кршења. Од најблиски станавме најдалечни и еве сме на патот повторно да станеме најблиски. Но секогаш сум те имала само како другар, никогаш на начинот на кој јас посакував. И знаеш што? Им завидував на оние кои уживаа во твоите прегратки, и покрај тоа што знаев дека за кратко ќе ги оставиш. И тогаш се појави таа, онаа која сите знаеа дека ја сакаш и дека и ја исполнуваш секоја желба. Истата со која никогаш не се појави во јавноста, а ја чуваше како капка вода на дланка, како што би рекла самата таа. Туку да се вратам на нас. Сиве овие години правев сè што можев, давав сè од себе за да сфатиш колку многу те сакам и да добијам шанса кај тебе. Се борев кога сите ми велеа да се откажам. И еве сме, повторно блиски, 288


За тебе пеам, за тебе пишувам

но само другари. А што правиш ти? Со секоја постапка ми покажуваш дека ти значам, дека ме сакаш. Правиш да се чувствувам дека сум единствена на светот, а истовремено држиш растојание меѓу нас. Не те сфаќам, едноставно не можам. А јас? Што правам, поточно што правев сето ова време? Пропуштив милион шанси поради тебе, ти посветив илјада песни, стотоци текстови, па дури и книга – моето првенче тебе ти го посветив. Но тоа твое растојание ми ја убива мотивацијата да се борам и од ден на ден се поизморена се чувствувам. Искрено, не знам уште колку ќе издржам. Да се другите на мое место, би рекле дека случајов на судбината ќе го препуштат, но јас не можам. Не можам, бидејќи не верувам во судбина. Таа е само за оние плашливците, а јас дефинитвно не сум меѓу нив, така да ќе направам сè што е во моја можност, ќе дадам сè од себе да останам цврство на нозе и да се борам за тебе, со надеж дека еден ден ќе те добијам. Доколку не успеам, а чисто се соменевам дека ќе се случи тоа, бидејќи сум таква и не прифаќам неуспеси, но во секој случај ти ветувам дека ќе ти посветам уште многу тесктови и книги. Андријана Алексовска II-2 клас СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка Ментор: 289


За тебе пеам, за тебе пишувам По долго време, со пишувало в рака се сретнувам со оваа белина, за мојава татковина душава да ви зборува сака, да склопи стихови во една целина. Го отварам срцево мое, за тебе да пее, длабоко да ти се поклони, како жариште да истлее. Ти си земјо совршено створение, Адамово јаболко што буди искушение. Го барам твојот почеток и развој до современска, а потоа сфаќам-ти си безвременска. Се будам како заспана во „екстази“ и се прашувам: „Дали ти си Икор што тече низ моето тело?“ А, тогаш еден глас ми шепоти: „Па, дете, Македонија е божјо дело“.

290


За тебе пеам, за тебе пишувам

Мајко моја, стори се бура, да запливам во твоите води, на моите болки твојата прегратка, навистина ќе им годи. Затоа го величам часот кога сфатив пак, дека јас сум неразделна од тебе како стрела од лак. Ивана Лазарова, III- 6, СОУ Славчо Стојменски - Штип Ментор: Маријана Василева

291


За тебе пеам, за тебе пишувам Посакав денес да полетам, Од повисоко, јас ридот да го видам, И зад него да ги видам И планинината и ширината, И зад нив небото сино и милно, И сонцето што таму грее силно. Посакав денес да полетам, Татковината своја убава јас да ја видам, Па на нејзините убавини горда да бидам. Мојата мала и лична татковина, За некои изгубена таа е во светот, Но за Македонците е најсакана и Полична од боите на цветот. Да си ја видам татковината моја, Таа – мајка на Александар на Гоце на Питу, Даме и Ченто, само во неа, храброст и радост насекаде се лее, а силното сонце од сите четири страни, луѓето ги успокојува и ги грее. Посакав денес да полетам, Од повисоко, да ја видам татковината своја Богата со градби и улици во разни бои, Татковината моја, во која загинале многу херои. Земјата да си ја видам, Најголемиот борец од сите нас, Онаа што издржала секакви времиња, Најтешки и бурни, Онаа што ги издржала и пустошот и ропствата Мрачни, мачни и тмурни. Една е таа наша, 292


За тебе пеам, за тебе пишувам

Во срцето свое безброј легенди и преданија крие, Само во неа најслаткото домашно вино се пие. Посакав денес да полетам, Од повисоко, јас ридот да го видам, И зад него да ги видам и планината и ширината, и зад нив небото сино и милно, и зад него сонцето што мојата татковина ја грее најсилно. Симона Борова III3 клас СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес Ментор: Александра Стојановска

293


За тебе пеам,за тебе пишувам Земјо, татковино моја мила, ти си нашата гордост и љубов, ти ни даваш поттик да имаме сила. Земјо, татковино наша, единствена ти си за нас, само в прегратка твоја силна го бараме нашиот спас! Сонцето овде силно грее, овде Македонецот од срцепесни за тебе пее! Во тебе Сонцето, со најмили зраци нè грее, убавиот живот постојано ни се смее. Твоите синови, храбри и силни, мајките ги гледаат со очи милни и секој татко за своето дете животот свој ќе си го даде, а својата гордост и чест, никогаш нема да ги продаде. Каде да одиш и што и да правиш низ светот во било кој крај – твоја татковина е Македонија и така секогаш ќе биде знај! Македонијо, За тебе секогаш сме тука сите, 294


За тебе пеам, за тебе пишувам

за тебе ако треба во борба ќе ги минеме дните! За тебе до смрт ќе одиме со крената глава тебе ќе ти дадеме љубов, сила, слава. Доста беше крв во тебе да се лее, сега слободата како бебе на брегот на Вардар мирно нека спие. Единствена си за нас Македонијо знај, за нас ти си единствен рај! Александра Мечкаровска 3-2 Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес Ментор: Александра Стојановска

295


За тебе пеам, за тебе пишувам Во темната одаја доближена до ѕидот, забележав слика од дедо со пушка на ридот. Слика којашто него му е многу важна, којашто покажува упорна Македонија, истовремено тажна. За многу загинати борци ова тло е сведок, за нивната големина кој не говори е редок. Па така и дедо без здив го слушав кога ми раскажуваше за непокорноста на секоја падната душа. Херои кои прераснаа во идоли мои, за нашиот спокој ги дале животите свои. Збор по збор нежно се нижат, гледав како борбите пред мене се ближат, очи исполнети со страст и сјај не можев да го дочекам тој фасцинантен крај. Вниманието насочено кон настани изминати восхитена од дедови успеси постиганти. Среќна што за Македонија ако треба и сега ќе се бориме, тој жар за татковината вечно ќе го гориме! Драгана Кичукова IV-3 СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин”, Велес Ментор: Александра Стојановска

296


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Македонијо! Македонијо моја мила, птицо моја со крилја од свила, Македонијо моја драга девојко убава со насмевка блага. Од Вардар па сè до Пена сета убавина во тебе се скрила, и погледни, ете ја Шара со своето стапче ја маѓепсува, секое твое ќоше, како вила. Македонијо, ти убавице, божице на ливади зелени долини и полјани на кои стада блеат сопственичке на детски очи, кои безусловно се смеат. Ти вирееш со својата гордост неколебливо се бориш и во нашите срца безусловно гориш. Охридски бисер сјае во твоите води Дојраан и Преспа блескаат од далечини, Бистра и Јакупица бликаат од височини а во Дрим, нов жубор се роди, да потече низ струшките води. Македонијо! Небесна убавина со сино платно бисерна принцеза која со сјај царува и секој ден нова надеж дарува. 297


И за тебе Македонијо творам со сите мои сили ќе се борам да бидеш она што најмногу свети да бидеш храбра и силна да шириш топлина милна. За тебе пишувам Македонијо ги редам кириличните букви и нижам зборови за твоите убавини редам гордо неколку весели стиха за твојата нежна лика. За тебе поет ќе станам Македонијо ќе ги напишам најдобрите дела, ќе ја опишам твојата скапоценост цела ќе можам да извикам силно на глас: „пишувам и творам за мојата татковина за мојата мила Македонија!” Симона Паскоска СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп, трета година ментор: Ленка Јованоска

298


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Немо и тивко, зборој редам. Пеам, со некој шепот тих. Бавно песнава ја предам, полека везам стих по стих. Стих за слобода! За земја-една шака, бранета со живот, со крвава петокрака. Стих за ропство клето! За солзи безброј. Стих, за името македонско свето! За македонскиот силен сој. Со истиот шепот тих, сега, за тебе, пеам јас како на соколот моќен, што му одекнува благозвучниот глас. Како што плачел, народот мој од мака кога го покорувала, клетата насилничка рака. Им се восхитувам на планините твои! Високи се, о татковино моја! Го слушам жуборот на водите твои, бистри се, со најубава сина боја. 299


Гледам во небово ведро, вишно. Гледам во богатството старо твое и скришно. Очи полни рај! А во душава, собран сиот, македонски сјај! Земјо наша, со крвави гради со насолзени Александрови очи, земјо на изгинати борци, млади, сонцето на тебе, сјајот, вечно ќе го точи! Заслужуваш за тебе да пишувам! Силна си, земјо моја! Блескаш сега ти сета, во крвавата, црвена боја. Симбол на маките твои, на пустош и на беда! Те бранеа твоите херои, те бранеа македонските чеда! Да се исправам сега, на највисокиот врв. Да почувствувам жега, од дамнешниот мирис, на барут и крв. Да викнам од таму, со сета сила: За тебе ја пеам оваа песна, татковино моја мила!

Ана Наумоска, II-15 СОУ „Нико Нестор“ – Струга Ментор: Силвана Мацеска

300


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам за тебе пишувам Сè додека живеам, сè додека дишам, за тебе ќе пеам, за тебе ќе пишам. Ќе напишам стихови, со мојава рака, само да ти кажам, колку јас те сакам. Моја Македонијо, земјо моја вечна, во тебе сум секогаш, насмеана и среќна. Ти ми даваш храброст, ти ми даваш сила, земјо моја убава, земјо моја мила. Овде убавината, насекаде се сее, од четири страни, сонцето нè грее.

301


Најслаткото вино овде се пие, на секој врв по една легенда се крие. Сè додека живеам, сè додека дишам, за тебе ќе пеам, за тебе ќе пишам. Георгина Ристеска II-15 СОУ „Нико Нестор“ – Струга Ментор: Силвана Мацеска

302


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Мајко родилка, Мајко доилка, за тебе песни пишувам за тебе воздух вдишувам. Ти жено-проклетница, клета на судбината своја. Разбојот твој везден што чука, црно-белиот немир што те прогонува тука. Црно предиво за тебе што ткаеш, по лозата своја силно што лаеш. Конци што тебе те шијат, децата твои во крв што се мијат, Убавината твоја во срце се крие, звукот на камбаната што напусто бие. Младоста која во тебе згаснува, пламен во душата вивнува, За тебе мајко родилка, за тебе мајко доилка. Во минатото ти што си закопана, во гревовите свои што си откопана. Под оревски лисја ти, мајко што тлееш, за правда, мајко, вечно ти блееш. Солзи се ронат врз твојата почва, век години, празна е мајко, твојата бочва. На грбот твој, илјада лаги висат, Формата твоја, пробуваат да ја исклесат. 303


Мајко родилка, Мајко доилка. Болка во вечност, што срцето твое тажи, Витриолот во нас, те молам го ублажи. Зашто ние сме твоето чедо, зашто ние сме во Форма на ледот. Зашто Мизантропија во нас виснала, а љубовта тешко писнала. Стефан Сребренов III-1 Ментор: Маријана Василева Штип, С.О.У. гимн. „Славчо Стојменски“

304


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Jас воздивнувам по секој твој допир и глас и трепет. Се будам во твоите дланки, како новороденче во лулка и како нов род во пупка. Се будам и се радувам на тебе убавино, на тебе и твоите усни со кои ни ја чуваш гордоста. Се радувам на твоите раце со кои ни ја штитиш душата од сето туѓо што ни доаѓа. Се радувам на тебе и на твоите очи во кои си ја плакнеме нечистотијата, што ни го заробила телото. Се радувам на љубовта и пријателствата кои што се раѓаат овде. Се радувам на тебе, Скопје. Te доживувам ко живо суштество како мајка и татко, како најмил брат и како сè што ме усреќува. И за тебе пеам, создавам ноти по кои се шират мелодии што ги милуваат ушните школки. Минувам улици, километри и далечини создавајќи мелодии и песни. Си го носам нотесот со себе, и повторно запишувам, за тебе пишувам, Скопје. Го врежувам секој датум 305


во една ретроспектива од спомени кои се оживуваат преку моите текстови. Така пишувам за тебе, Скопје. Влечејќи на плешките спомени кои ги правам како поклончиња ги виткам во розова хартија и им дозволувам на најблиските да прочитаат. Да погледнат како те доживувам, како те опишувам и како ти се восхитувам. Како розов свет, а ништо не е розово како што го замислуваме. Пишувајќи и си пеам, зошто ти Скопје ќе живееш, а јас додека сум жива и способна да везам стихови за тебе ќе пеам и за тебе ќе пишувам, зошто од сите градови на светот, пак тебе ти се враќам. Еден ден ќе заминам и на другата страна на светот, само да видам поинаков град но пак тебе ќе ти се вратам, зошто за тебе пишувам. И раката ми трепери само кога за тебе пишувам. Срцето е искрено само кога за тебе пишувам. Гласот ми се разубавува само кога за тебе пеам. Зошто ти си мое Скопје, а моите стихови- резултат на твоето постоење. Магдалена Јакимовска I година, ПСУ ,,САБА’’ -Скопје Ментор: Наташа Николова

306


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам

С

едам на тло, тло кое е пред распаѓање. Ниту зрак светлина не доаѓаше до ова место каде што сум јас. Кафеавата трева се ронеше при секое мое движење, а пак листовите од дрвјата се претвораа во барут. Горе, каде што требаше да зраче сината боја на небото, беше црно, мрак! Воздухот тежок за дишење, а зборот тежок за изговарање. Се прашував дали има надеж за оваа непозната земја. Кој погрешил за една земја да страда на овој начин? Дали иднината на оваа неименувана татковина е веќе одредена? Премногу прашања ми се поставуваа во мислите. Се исплашив! Бев сам во опустошената земја. Станав и одненадеж слушнав викотници придружени со гласни и непознати звуци. Тоа беше викот на еден народ. Се стремив спрема нив, но приметив дека тие се борат. Водат војна против црни суштества. Немаа надеж за победа. Сакав да и помогнам, но нешто ме придржуваше и не ми дозволуваше да дојдам до нив. Само можев да гледам и да бидам сведок за падот на еден народ. Се слушна и пукање на оружје, но се беше бескорисно затоа што црните суштества победија. Нивната победа ја прославија со повлекување на граници. Тлото на коешто стоев сега беше поделено на три дела. Се издигаа високи бодликави жици, а јас останав заробен во еден од новооформените паричња тло. Во сите три земји пристигнаа група на луѓе, кои се разликуваа едни од други, a oколу мене се собра толпа на луѓе кои ми зборуваа на јазик нерзбирлив за мене. Пробав да се искажам, но на секој мој збор тие го стестнуваа кругот. Го засилија тонот на зборување и почнаа да ми фрлат книги на нивниот јазик. Кога не знаев што да правам со ним тие се повеќе се зближуваа до мене. Секој од толпата зборуваше нешто различно, но сите ми се обраќаа мене. Како да

307


бев некој натрапник кој тие го мразеа. Ми викаа толку многу што морав да си покријам ушите. Кругот се повеќе се стеснуваше, а јас се загрижив за иднината на оваа земја. Дали ќе падне во рацете на неправедните или ќе се издвои како посебна нација? Бев стуткан и не знаев што да направам. Од далечината се слушна збор. Збор, кој јас можев да го разберам. Ја подигнав главата и во далечината видов група на интелектуалци, спасители со чие доаѓање толпата исчезна. Ми се приближија и еден од нив ми подаде рака. Само што посегнав кон неговатата дланка се создаде светлосен сноп којшто ме заслепи за секунда. Ја снема светлината, а јас седам на тло, на прекрасна земја. Го подигам погледот и ги забележувам сите прекрасни пејсажи, сите неверојатни глетки. Вчудовиден вдишувам воздух и во истиот момент се слушна течењето на кристално чистата река, која со себе понесе многу книги. Книги кои ќе бијат во истовреме, книги кои ќе ја претставуваат основата за моето творење. Ќе творам дела за да го обележам постоењето на нашата земја, ќе пишувам за да изразам почит спрема интелектуалците, ќе пеам во чест на паднатите борци, за да оддадам почит и да и симнам капа на ним. По неколку мига и азурното небо се отслика, како краен детал на феноменалната слика. Доаѓаат и облаците, а од нив полетаа бели голуби потсетувајќи ме на твојата слобода, на твоето лично ЈАС. Се материјализира и мајката на нашиот народ. Се дигна високо во облаците, со цел целата земја да ја види и силно да викне: ,,Македонија!“.

Ученик: Петар Петров III-1 Ментор: Маријана Василева

308


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пишуваме,за тебе пееме Нашата земја е во срцето на Балконот. Центар во кој со векови се чува словенската култура, корен на словенскиот даб чија крошна ја опфаќа половина Европа. Земја накитена по ридови и долини небаре платно прекрасен пејзаж: светли нијанси кои го избиструваат синилото на езерата и отсјајот на камењата во нив; реки кои жуборливо кријат безброј тајни; стрмни карпи врз кои нежно се слеваат капките вода, светот ги нарекува водопади, а ние – божествена глетка. И прегратката на водата и сонцето има живописно име – божилак. И бројните манастири и цркви живописно се живописани. Оти, убавината ни го натопува погледот од првото отворање очи. Во пазувите на нашата земја човек добива мир и спокој какви со пари не можат да бидат купени. Планините даваат сигурност како мајчина прегратка. Додека падините се ишарани со преубави цвеќиња што во детските рачиња стануваат цветни круни, врвовите се закитени со круна од дрвје. Полето, пак, е штедро, дарежливо, плодотворно. Секому ќе пружи многукратно повеќе од тоа што ќе му сокрие в пазуви. Мојата татковина, толку лична, а древна, небаре чедо на боговите. Преполна е приказни, секој камен, секое дрвце, секоја патека зборуваат. Шепотат и шумите, и водите. Ако човек појде макар во најмалото место, ќе остане вчудоневиден од бројните легенди кои ќе ги чуе.

309


Мојата татковина, толку лична, а толку намачена. Нема ни педа земја што не е испрскана со крвта на нејзините чеда. А никојпат по туѓо не сме посегнале. Но, ниту своето не го даваме. И повторно, секој што дошол, бил и ќе биде топло пречекан. Со насмевка и леб, со благ збор и рујно вино. Не постојат зборови, ниту може да се испее толку долга песна во која да се соберат сите тајни, древната мудрост, кроткоста и благоста, убавината на оваа божествена земја.

Драгана Лазарова, IVС, СОУ „Гошо Викентиев“- Кочани; ментор: Жаклина Филипова- Свеќаровска

310


За тебе пеам, за тебе пишувам

Композиција на пијано Историјата на мојата татковина е композиција свирена на пијано. Таа ноти од векови стари брои, во секоја од нив посебно значење стои! Со виолински клуч нејзиното срце го отворам а, таму неколку интервали има скриено. Едниот преданија шепоти, другиот раскажува за битки пеколни. Третиот : слобода-ми рече, Четвртиот: Ропство нема веќе! Историјата на мојата татковина е композиција свирена на пијано. Нота по нота од утро до вечер нè грее, нè насмевнува, нè заспива, нè буди. Љубов ни дарува, љубов ни нуди. Историјата на мојата татковина е композиција свирена на пијано. Изработила: Ивона Трајкоска I-4 СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов“, Скопје Ментор: Славица Танчева 311


Тоа беше почетокот на годината , но крајот на...

М

есец Јануари, утро во кое облаците безмилосно го покрија сонцето, како да немаше кислород, како да не се чувствуваше живот на земјата, миг во кој згасна поглед полн со љубов.

Утро во кое ме разбудија очи полни солзи кои без збор ми кажаа што се случило ми кажаа дека мојата најголема поддршка, столб на кој јас се потпирав, човек кој ги знаеше сите мои тајни... веќе го нема. Во тој миг како одеднаш сите зборови да немаа никакво значење. Знаев дека повеќе не е жив човекот кој го сакав најмногу, мојот втор татко, мојот дедичко. Знаев дека човек подобар од ангел замина меѓу ангелите, токму тоа малку ме смируваше. Во сите негови постапки се пронаоѓам, како неговиот дух да живее во мене, но не.Тој ден дури и небото ги излеваше најкрупните солзи, бидејќи замина голем човек. Знаев дека веќе никој никогаш нема да ме погледне како што тој знаеше, знаев дека никој никогаш нема да ме прегрне како што ти знаеше. Ти ме научи да ги пишувам буквите, затоа сега пишувам за тебе. Пишувам со надеж дека еден ден ќе го прочиташ ова од таму и дека ќе бидеш среќен бидејќи го исполнив ветувањето дека нема да те заборавам НИКОГАШ. Нели ми кажа да ја користам среќата и кога не сум среќна ? - Ја користам дедичко, но без тебе не е исто, ни среќата не е среќа, ни животот не е живот. Но едно не заборавај никогаш нема да избледат зборовите кои ми ги кажа, ми кажа дека сакаш да победувам бидејќи секогаш бев поразена. Се надевам дека гледаш како победувам и си горд на мене. Во право беше за сè дедо, а најмногу за тоа дека сите ќе ме напуштат еден ден, но не го очекував тоа и од тебе. Од сите кои ме напуштиле ти ми недостигаш најмногу. А сега пишувам во 312


За тебе пеам, за тебе пишувам

име на сите песни кои ги испеавме, во име на сите мали авантури. Кога ќе се сетам што сè поминавме уште повеќе боли бидејќи знам дека не си овде за да ги повториме, а сакам да си овде... Сакам сега да ме прегрнеш и да не заминуваш. Да ми испееш приспивна песничка, како што правеше некогаш. Ми фали да си го имам херојот покрај себе. Ми фали онаа прегратка во која се чувствував најбезбедно. Боли кога гледам девојче како се смее со деда си, боли кога гледаш дека си можела да го имаш истото доколку не си била жртва на судбината. Но ќе се најдеме еден ден и ќе бидам во твојата прегратка засекогаш, а до тогаш знај дека ќе имаш посебно место во моето срце.

Анастасија Ѓорѓевска I-8 Ментор: Станкова Снежана СУГС „Никола Карев“

313


За тебе пеам, за тебе пишувам

Н

Пред...

е беше потребен човек за да ги открие нашите тајни или пак да сведочи за вистинско пријателство. Овој пат тоа беа булките покрај патот...

Четири најдобри другарки. Четири различни суштества со различни карактери, навики, размислувања и изглед. Она што ги правеше посебни и ги издвојуваше од толпата луѓе е тоа што беа едно. Не велевме дека би умреле една за друга. Ние живеевме за нас. Живеевме за спомените кои ги создававме, за силните прегратки кои си ги дававме и огромната среќа која нè следеше на патот по кој чекоревме. После секој напорен ден поминат на училиште, ги посетувавме булките кои како наелектризирани тела ни ја одземаа сета негативна енергија од нас. Беа сведоци за искрена љубов, безброј насмевки, детска безгрижност, пријателска сплотеност и слушатели на сите наши песни кои секојдневно ги пеевме. Бевме поразлични од другите. Многу поразлични. Спремни бевме да се спротивставиме на секаква борба и бура која наидуваше. Стоевме цврсто една до друга пред целиот свет, не плашејќи се дека некој може да нè победи и раздели.... *** Сега... Пријателството за жал пропадна во вода. Разделбата беше таа која како стрела нè прободе во срцето. Останаа само болни сеќавања и пролеани солзи кои печат. Останаа и желбите кои ги кажувавме при отворање на нерасцутена булка, но сепак неисполнети. Како личност која е закопана во минатото, можам 314


За тебе пеам, за тебе пишувам

да кажам дека беше навистина убаво. И сите оние незаборавни моменти кои длабоко се врежани во срцето, засекогаш ќе потраат. Се сеќавам еднаш им реков: ,,Сакајте ме со душа, бидејќи еден ден срцето престанува да чука“. Тогаш силно ме прегрнаа и ветија дека секогаш ќе ме сакаат и никогаш нема да ме напуштат. *** (Без) Крај... По извесно време, во една голема кутија ги пронајдов писмата кои си ги пишувавме додека бевме крај булките. А на писмата беа прилепени булки кои сега и не изгледаат така сјајно како порано, овенати како и нашето пријателство. Но кој знае. Можеби нови генерации ќе создадат пријателство кое вечно ќе трае, а булките секогаш ќе расцутуваат за нив. Нашето пријателство иако заврши, булките покрај патот нема да нè заборават и секогаш ќе нè потсетуваат на нашиот заеднички почеток.

Теодора Вељановска I-8 СУГС ,,Никола Карев“, Скопје Ментор: Снежана Станкова

315


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Отворен прозорец и студен есенски воздух. Спомените навираат сами од себе, се нижат како тутун на лето, се разлетуваат низ сокаците како златножолтите есенски лисја и завршуваат залепени за калдрмите во исчекување на некои нови, тешки чекори. Си спомнувам, како да било вчера, на моите први чекори низ животот, на првите патувања, првите искуства, првите совети... И како за чудо, сè што некогаш ми се чинело просто и безначајно, денес има смисла. Ми велеа дека каде и да отидам, ни едно место нема да ми биде дом. Сега знам дека и под триста неба мојата глава да заспие, во сонот пак на исто место ќе се вратам. Ќе се вратам онаму каде што улиците се по мерка на моите чекори, онаму каде што и тапаните бијат во ритамот на моето срце, каде што и есента има поинаква боја. Тука е секој атом од моето битие, тука секоја коцка на калдрмата крие своја приказна, крие спомен на некое минато време. Длабоко во ноќта, секој чекор одѕвонува во ритамот на тие спомени, создавајќи музика која може да се слушне само овде, меѓу бедемите на моите корени. Тука е запишан секој миг на радост, опишана е секоја солза радосница, опеана е секоја тажна мелодија. И малку е за татковината што и да направиме, тони хартии и илјадници песни тешко би ја опишале љубовта кон неа која гори во секое срце. Тоа е истата љубов која почнувала борби, за која некогаш се спалувале градови, љубовта за која се извојувале победи. Тоа е истата онаа која заедно со нас го носи бремето на нашите спомени. Тоа е истата татковина за која ден денес пееме, тоа е истата онаа за која денес пишуваме.

Ана Јакимовска IV-2 СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје Ментор: БИЛЈАНА РИСТОВА 316


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Возвишени чувства од овде до Месечината навираат тивко кога ќе ги погледнам: Твоите реки, твоите езера, твоите гори, планините твои. Песна ми навира во градите милно кога името ќе ти го чујам! Секоја тревка секое дрво секој клас житен и сѐ што е твое во срце го носам! Блесок во срце пламнува ко факел кога воздухот шумски твој в гради ќе го сетам.

317


И чекорот мој станува лесен. И зракот сончев станува посјаен од злато. И љубов се вселува во душата ко птица в гнездо. Кога погледот врз водите твои нежно ќе се впие. Родена моја, моја страдалничке силна, во срце секогаш те носам. Ѕвезден прав во името твое е вткаен. Иднината твоја и патот по кој чекориме ние, секогаш да е сјаен! Ангела Станчевска I - 10 СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје Ментор: БИЛЈАНА РИСТОВА

318


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам,за тебе пишувам Восхитувачки е поривот на вистинскиот поклоник на зборот. Оној креатор на импозантната мисла за постоењето.Тој порив насочен кон исконската инспирација која е едноставна по своето постоење, инспирација која го воздигнува човековиот ум и неговата душа. Да, тоа е мојата Татковина. За неа се зборовите кои ја осипуваат со благодарност, за неа се мислите на нејзините синови и ќерки, за неа се делата овековечени преку нејзиното постоење. Тоа е таа сила, таа инспрација. Таа е онаа која говори за нас исто како што и ние говориме за неа. Татковина. Да, мошне едноставен збор. Мисла. Гласовна конструкција или не, можеби многу повеќе од сето тоа. Го пишувам зборот Татковина на ова парче хартија и размислувам за неговото значење. Колку всушност овој збор е важен? И во тој момент на мисловен занес во филозофијата на нештата разбирам дека во суштина тој збор е многу важен. Но, не, не само како збор. Татковината не е само збор или мисла. Татковината е многу повеќе. За мене тоа е Македонија. Онаа за која дури и Сонцето успева секое утро да ја милува со сончевите зраци и ја поздравува со благослов за секој нов ден. И така било со години, векови а, така и ќе биде. Нејзиниот дух е во секој наш здив. Таа е во мирисот на мистичните јорговани, таа е во импозантниот спој на звукот и движењето на „Тешкото“. Taa e калдрмата и песната. Таа е слеаното но, сепак строго обединување на црвениот и црниот конец на везот. Таа е онаа суштествена инспирација за поетскиот ум. Таа е стиховите на Рацин, Конески... Навистина тоа е мојата татковина. Но, да таа може да се забележи и како тивкиот ветар покрај Вардар кој течејќи ги слуша приказните на минатото кои неуморно ги раскажува Камениот Мост. Таа е и во длабочината на сино-зелениот пејсаж на Охридското Езеро, бисерите кои нескромно ја покажуваат 319


својата неприкосновена автентичност. Да, тоа е мојата Татковина. Чекорот упатува до неа. Таа е во мистичноста на манастирската божественост, таа е во пазувите на Шар Планина, Кораб каде владее со горската шаренолкикост на годишните времиња. Таа е секоја река, секоја капка вода од изворите, таа е секое камче од бреговите на езерата, таа е милозвучната хармонија која потекнува од гласот на раскошните пауни и горделивите славејчиња, таа е во носталгичниот мирис на лебот, таа е во секоја грутка земја која говори за едно минато. Навистина, тоа е мојата татковина. Татковината која е во палавата разиграност на полските цвеќиња, булките кои ги издигнуваат цветните глави кон синото небо, татковината која е во овошните плодови на пролетта и летото, татковината која е во симетричната убавина на пеперутките и нивниот слободољубив лет кој е толку безгрижен исто како и играта на децата во житните полиња. Да, мојата прекрасна татковина е и во комплексната едноставност на македонскиот рубин, деликатнатната специфика на филигранот, вековната традиција на грнчарството. И повторно, да тоа е мојата татковина. Онаа која во себе крие повеќе од минато. Таа крие древност, тешко,мачно но, славно минато раскажано низ херојските подвизи на нејзините чеда кои сите нивни мисли, идеали и дела ги посветија на нивната мајка, нивната татковина, Македонија. Сите зборови, мисли кои се за неа, ја воздигнуваат, слават. Онаа која на своите чеда им дарува дом, поткрепа, гордост и должност која се пренесува низ генерациите, должност за почитување и благодарност. Да, нејзините чеда пеат и пишуваат за неа, за нивната мајка чие постоење е вечно и достојно за поетско возвишување. Татковината... Вечната и безвременска инспирација, мотив и водечка мисла, поетска максима. Да, за тебе пеам, за тебе пишувам. За Македонија.

Елена Карпузовска III 7 Ментор: Роза Никодиноска Мајсторовиќ СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје 320


За тебе пеам, за тебе пишувам

„За тебе пеам, за тебе пишувам“ За тебе пеам, за тебе пишувам невино дете мило, што со ангелски крилја зад димните црни облаци си се скрило. Со тешко срце и грутка в глас, сакам да ти кажам една вистина јас. Сакам да ти кажам –Извини- во име на светот, знам дека не е доволно затоа што твојата болка ја слушаше во шепот. Извини што ти го одзема правото да имаш детство, што направи да го гледаш секој нов ден како да е проклетство. Сигурно и самото си се запрашало: „Зошто војна, зарем светот и онака не е со неправди до гуша?” Но, тешко е да зборуваш на некој, кој нема срце да слуша. Тешко е да кажеш дека има и друг избор на луѓе што не знаат што е убав збор. Безнадежно гледаш кон пламените јазици кои високо кон небото горат, ги гледаш своите познаници, мајка, татко, браќа кои за живот се борат. Се прашуваш зарем е толку тешко да се стави крај? Се прашуваш, дали мора да се отиде на небото за да се живее во рај?

321


А, каде е љубовта?, се прашувам јас, дали паднала во бескрајна бездна и моли за спас? А, можеби се крие и длабоко во сите нас, можеби зборува премногу тивко за да го слушнеме нејзиниот глас. Затоа невино дете мило, Што со ангелски крилја, зад димните облаци си се скрило, јас ти ветувам во име на целиот свет, дека љубовта наскоро ќе се расцвета како најубавиот мајски цвет. Светот ќе ти докаже дека не го изгуби залудно својот живот, Затоа што наскоро светот ќе знае за само една религија, а таа религија е мирот. СОУ „Митко Пенџуклиски“Кратово Емилија Пановска IV-1 Ментор: Ана Димитровска

322


За тебе пеам, за тебе пишувам

„За тебе пеам, за тебе пишувам“ Животот е коцка, или добиваш или губиш, ќе патиш или ќе љубиш, ќе уживаш или ќе се мачиш, ќе паѓаш или ќе се качиш. Животот е убав за здравите и богатите, а тежок за болните и сиромашните, животот е вреден, а понекогаш и беден. Во животот поминуваш понекогаш како цар, а понекогаш како слуга, но животот не секогаш дава шанса друга. Понекогаш патот по кој одиш е полн со стакло и боцка, но како што кажав животот е коцка, животот треба да го сакаш, почитуваш и цениш со тек на времето во него можеш нешто и да промениш. Животот е книга, постојано нешто те учи и од тебе бара, со секоја научена лекција нова страница ти отвора. Животот е пред мене, и многу нешта ќе научам и сфатам. Чекорам напред, зашто поминатото не можам да го вратам. Животот... СОУ „Митко Пенџуклиски“, Кратово Наталија Веселинова II1 Ментор: Ана Димитровска

323


За тебе пеам, за тебе пишувам Ме слушаш ли земјо малечка? Го слушаш ли ехото на зборовите мои? Еј Македонијо, мајко мила каде се оние убавини твои? Со векови наназад името твое гордо стои Македонијо земјо вечна, дал знаеш колку убавини броиш? Ја паметиш ли земјо историјата своја? Го сеќаваш ли плачот на загинатите? Се сеќаваш ли на нивната младост? Кажи ми сега Македонијо моја, Каде е онаа твоја радост? Отвори ги очите татковино мила, Отвори го срцето широко и слушај, Убавината твоја е во твојата сила. Гордана Арсова III1 Ментор: Маријана Василева Гордана Арсова СОУ „Славчо Стојменски“, Штип

324


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино моја мила, ти што топло гнездо за нас си свила, со твоите убавини ние се гордееме, секаде и секогаш за тебе песни пееме. Ние те чуваме и пазиме, по твоите житни полиња работливо газиме. За тебе живот даваме и никогаш не се предаваме. Ти си како искра во нашите срца што се пали и не се гаси, што во нас милно тлее и нашите срца нежно ги грее. Ти благодарам што со убавини нe храниш и со смели јунаци нас нe браниш. Од постарите луѓе – сведоци чесни, ги научивме народните песни. Денес, потомството слободно се смее и смело црвено-жолто знаме вее со гордост секој македонски песни пее а над нас е сонцето кое милно нè грее.

325


Нашата Македонија е земја мила, ние ја сакаме, таа ни дава сила, таа е лична како цвет, од него нема поубав, на цел свет! Слободата - мечта Делчева, Слободата - мугра Рацинова, Слободата - со која сме посигурни сите, и со која весело ни минат дните. Македонијо, земјо наша Македонијо, сонце милно Македонијо, наш топол дом, засекогаш, наш најубав сон. Олгица Ончева I-2 клас ССОУ ,,Димитрија Чуповски“, Велес ментор: Верица Николова

326


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Македонијо, о татковино моја силна, сите нè штитиш со насмевка милна. Ти, што си имала живот клет, ти, што си единствена на овој свет. Ти си таа, која била во клети ропства разни. Но само твојата силна победа драга, раскажува многу сказни. Во тебе се нижи и среќа и тага, но и радост силно блика. Чувствата кои ги имам за тебе, се столетна слика. Татковино, о земјо моја, низ векови крвта за тебе се лее. За нас, за сите, за сонцето сјајно, топло да нè грее.

327


Сè, по сокаците тесни, па до патриотските песни, те сакаат сите бесценето знај, а на таа љубов, никогаш нема да ѝ дојде крај. Ти нема да умреш, ќе живееш вечно, бидејќи ти раѓаш о, мајко моја, синови херои. Тебе силно што те љубат, кои ќе загинат за правдини твои. Црвена и жолта боја тече во вените наши. О, Македонијо, татковино моја! Татковино моја, во срце те носам..!!! Есра Османова 1-2 клас ССОУ,,Димитрија Чуповски“ – Велес ментор: Верица Николова

328


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам , за тебе пишувам Со магична убавина, како со рака недопрена, во тебе и небото најсино е и сонцето најсветло е. Ти си наша татковина, во срцето те носам. Мајка над мајките, ѕвезда над ѕвездите. Татковино моја мила, во нашите срца си се свила. Љубовта твоја, нас нè грее, и во душата ни пее. Мила си ни колку што си славна, мила си ни ти единствена. Во срцето, ние те носиме, до последен здив ќе те браниме. Никогаш нема да те напуштиме, знаеме многу ќе пропуштиме. Ти си една и едиствена, Наша Татковина. Виктор Зафиров 2-3 клас ССОУ ,,Димитрија Чуповски″ - Велес ментор: Верица Николова

329


За тебе пеам, за тебе пишувам Седам сама и размислувам. Размислувам за човековите вредности. Што е она што го прави човекот совршен?! Неговото минато? Или можеби времето во кое живееме. А, местото? Има ли, улога во човековото срце? Важно ли е да останеш онаму каде што за првпат си го видел Сонцето. Што е она што со невидлив конец со срцето се сврзува. Ги вдлабнува своите корени во секој од нас и не ни дава мир каде и да одиме низ светот. Воопшто не се сомневам дека голема улога во тоа имаат длабоките корени на ТАТКОВИНАТА. Она од што не можеш да побегнеш. Мистеријата што го следи секој еден. Беше октомвриско заобиколувајќи ја нашата чудесна Македонија. Возбудата растеше во секој од нас, но се сеќавам, кај мене најмногу преовладуваше. Иако сум посетила многу метрополи и Земји прекрасни, овој пат бев невообичаено возбудена. Ми изгледаше доста доволно, привлечно. Се сомневам дека тоа се должеше на љубопитноста. Што сè, се крие во мојата татковина?! Прва посета беше Повардарие. Поднебјето утро. Сончево, доцноесенско. Лисјата правеа магична глетка кога со моето семејство одлучивме да направиме кратко патување на грозјето. Градовите кои го поседуваат најубавото вино. После неколку часа патување здогледав рамници преплавени во вода, плодно поле и насекаде глетки од фолии со изобилство од сочни плодови. А, потоа низ тесно, кривулесто патче се обѕираат неколку од поголемите водопади во државава. Не можам, а да не ја споменам најплодната котлина, местото од каде што патуваат 330


За тебе пеам, за тебе пишувам

првите периодски плодови. Додека после Крива Паланка, таму горе, меѓу длабоката шума, патот нè одведе до манастирот Јоаким Осоговски, Пехчево и Куклица, на некогаш културнопреродбената борба. Таму некаде, приказен е и тој Охрид, нашата препознатливост, природното богатство и сторијата на УНЕСКО. Синиот бисер на југозапад. Цркви, манастири, тврдина што лице му красат, а бисерите вредни насекаде се гласат. И, овие впечатоци не би биле целосни, а да не го посетевме градот над градовите. Нашата гордост, главниот град каде што гордо, владата виси. Се судривме со многуте спомен-обележја. И, сега кога ќе помислам на нас, на македонскиот народ, на малата територија и сите напади, срцево ми затреперува.Се сеќавам, мојата татковина е мое минато, сегашност, иднина. А, за цела таа сторија ќе сведочи Музејот на Националната борба кој што гордо го краси центарот на Скопје. Исидора Стеваноска III-8 СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп Проф. Ленка Јованоска.

331


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ Како месото на ноктот што не се дели и молитвите без верба не се цели, како што водата не може да му се одземе на дете жедно, така ти и јас, земјо моја, сме едно. Кочо Рацин, Питу Гули, Даме Груев, патриотското чувство во мене го вродија, за достоинствено да кажам дека сум од Македонија! Предците аманет ни оставиле: без никаков страв и чувство на вина, да кажеме која ни е татковина. Па, црвено жолта крв во вените ми тече и ми дава обврска да го чувам аманетот вечен. Каде и да одам говорам на својот јазик, со крената глава, зашто и ние во светов имаме свои права. Во Светото писмо е запишана и од картата на светот никогаш нема да биде збришана, затоа што Македонија постои пред нашата ера и во Бог истрајна е нашата вера! Знајни и незнајни херои, храбро за татковината гинеле тие, за во слобода да живееме ние и секое наше поколение. Македонците секогаш имале борбен дух, па дури и тогаш кога светот за нашето постоење немал слух, била негирана и обесправена, а сепак Македонија сведочи и златно жолтото сонце, и за патриотизмот на нашиот великан Делчев Гоце, 332


За тебе пеам, за тебе пишувам

таа е сведок и на другите македонољупци исто, за дигнитет да има во нашето срце, македонско, чисто. Па, нека знае секој во целиот свет, дека јас, и ти, и сите ние имаме свое име и свој македонски идентитет. Лиле Стефановска I-4 СУГС Гимназија ,,Јосип Броз-Тито“ Скопје Ментор: Дијана Дермрнџиева

333


ЗА ТЕБЕ ПЕАМ, ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ МАКЕДОНИЈО Исплакана во солзите на старите мајки, облеана во крвта на паднатите борци и опеана во песните на различни творци. Мојата татковина, мојата Македонија. Се гордеам што живеам во оваа земја, и на секој чекор што овде го правам гордо ја исправам својата глава. Минувале деновите црни, под ропство кога држени сме биле, се ределе многубројни маки и многу цветови млади под окупаторско сонце се свиле. Но не успеал да замолчи, ниту да потклекне, пред предизвиците мојот народ смел, па затоа на востание се кренал за слободна татковина како единствена цел. Слободата е наш најголем дар, она за што нашите предци се бореле без мака, да го зачуваме нивното наследство и сложно да си подадеме рака. Пред природните убавини на оваа земја 334


За тебе пеам, за тебе пишувам

секој пат останувам нема, да пишуваш за своето родно место е навистина една неисцрпна тема. Вардар тука ги распослал своите бистри води и мирно ги одминува планините и полињата ширни. Овде каде природата не штедела на убавини, и создала чудесии безбројни, само дојди и ѕирни. Понесени од патриотските чувства и обвиткани во црвено-жолтата боја, да останеме доследни на татковината своја. Се пеело, се пее и ќе се пее за тебе, Македонијо, бидејќи ти си за тоа вредна, наша, заедничка родна земја, единствена и една. Изработила: Teодора Дамјановска IV4 СУГС Гимназија ,,Јосип Броз-Тито“, Скопје Ментор: Вера Бојкикева

335


ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ – ЗА ТЕБЕ ТВОРАМ Твоите планини Македонијо, ко свадбарски венец над куќен праг распослани се. Вардарот твој Македонијо, како белегзија на моминска рака легнал. Езерата твои Макрдонијо, ко бисери на невестинско грло светнале. Пелагонија ширна, ко невестински дувак под Пелистер се спушта. Македонијо, Ти, со твоите планини, Ти, со твоите реки, Ти, со твоите езера, Ти, со твоите рамнини, Ти, ти си мојата татковина. Ана Јовановска I год. ПСУ„Саба“-Штип Ментор: Силвана Андонова-Иванова

336


За тебе пеам, за тебе пишувам

ЗА ТЕБЕ ПИШУВАМ – ЗА ТЕБЕ ПЕАМ Македонија – зеницата на балканскиот очен систем. Европски емоционален жубор, пропратен низ вардаровата вена. За ова парче земја каде сè уште доминираат крвта и солзите на предците наши. За нејзината сопственост од непријателите голем бунт се крена. За тебе пишувам, за тебе пеам за тебе творам, за тебе живеам. За тебе ширум светот гордо македонски говорам и со секојдневни предизвици за тебе се борам. И, денес, македонското сонце со неговите златни зраци заштитнички во своето црвено царство слободно владее. Под ова бескрајно синило, гордо и чесно се вее, и во оваа рајска идила сите подеднакво нè грее. Димитри Горгиев- II год. ПСУ „САБА“-Штип Ментор: Силвана Андонова-Иванова

337


„За тебе пеам, за тебе пишувам“

Е

ј ти читателу,сега те замолувам затвори ги очите, замисли си дека в раце го држиш твоето срце, почувствувај го очукувањето на твоето срце, замисли си дека твоето срце сега е огромната Земја и во него лежат многубројните континенти, земји и држави. Како Земјата се врти така и срцето силно отчукува. Можеш ли да забележиш на големиот континент чие име го носи Европа, во нејзиниот центар, на југоисточниот дел на страната ѕирка долга и широка распространета територија низ која се прелива црвената боја, а пак Сонцето греејќи ја одалеку со своите зраци, се прави слет од тие две карактеристични бои, црвена и жолта. Ја виде, нели? Ете тоа е нашата земја чие име гордо и заслужено го носи МАКЕДОНИЈА. Таа лежи длабоко врежана во нашите срца, а пак ние сме врежани во нејзината територија. Тоа е нашата земја, Македонија, која минала низ долги, тешки и клети ропства разни, а сега нејзината долготрајна сила денес ни разкажува интересни сказни. Во нашата татковина се нижи и среќа и тага, а радоста од секаде блиска, за нашата татковина низ векови крв се леело, а денес Сонцето сјајно и врело сите нас нè грее. Македонија е нашата втора мајка, нашата родна земја. Во неа сме сите згрижени, заедно сме со нашите блиски, го чуствуваме нејзиниот мирис, ги вкусуваме нејзините плодови и ги разгледуваме и откриваме нејзините природни богатства и убавини. О, татковино наша! Колку убаво и мило звучи тоа, полно со среќа и возбуда. Нејзините шарени бои кои излегуваат од секаде ни го одзимаат здивот, нè оставаат без зборови, и молкум разгледуваме наоколу и уживаме во прекрасните глетки кои нè опкружуваат. Одалеку ни ѕирка 338


За тебе пеам, за тебе пишувам

сината боја, а тоа се нејзините бистри езера, долги и чисти реки кои течат низ нејзината територија. О, овде е и зелената боја,тоа се високите и стрмни и богати планини кои високо се издигаат над нашата татковина со чистиот воздух и богатите пасишта. Жолта е и Татковината во есен кога златните лисја ја покриваат, жолти се и житните класје што зреат по родните полиња. Шарена е кога ја красат разнобојни цвеќиња и ја облетуваат птиците и пеперутките. Татковината има и црвена боја. Секој македонски вез е извезен со црвено и црно. Црната боја е симбол на тешкиот живот на народот под туѓи ропства, а црвената боја е бојата на крвта пролеана за нејзината слобода. Тука е и белата боја, бојата на гулабот - симбол на слободата, среќата и заедништвото. Сета таа убавина на мојата Татковина ја надополнуваат и убавите градби од минатото и денес прекрасните цркви и манастири, разните споменици, китните села и раскошните градови. Сите сме горди и ја сакаме нашата татковина, за неа пееме и за неа пишуваме. О, Татковино мила слушни ме сега јас за тебе пишувам и творам, а моето срце силно трепери.

Меги Велкова I год.ПСУ„Саба“, Штип Ментор: Силвана Андонова-Иванова

339


За тебе пеам,за тебе пишувам И чудно како некој странец од улица, За минута ти станува свет. Ти станува желба. Ти станува свет. Прв наутро, Последен навечер. И чудно како некои очи ти влеваат доверба. Ти даваат сигурност. Во форма на љубов. Во форма на моменти кои чиниш вечно траат. И чудно како секое утро една насмевка ти разубавува ден. Насмевка во која зрачат емоции. Насмевка во која зрачи среќа. Среќа која се наоѓа пред твоите очи. И свесно ја милуваш. Ја чуваш. Во стаклено ѕвоно, пазејки ја од сите други. И чудно како во срцето ти врне радост. Радост во форма на нашите омилени песни. Радост во форма на нашите омилени поеми. И чудно како одеднаш секоја песна наоѓа смисла. Чиниш секое зборче за тебе е посветено. За нас. За нашата љубов. И чудно како секој збор произлезен од твојата уста, Носи со себе посвета. За тебе. 340


За тебе пеам, за тебе пишувам

За мене. За нашата љубов. За нашите бесконечни моменти. За нашите песни. За нашите поеми. И чудно како некој странец од улица, За минута ти станува цел свет. Исполнет со љубов. Испреплетен со нишки од нашите песни, нашите поеми. Јована Витанова 2-4 клас СОУ „Методи Митевски Брицо“, Делчево Ментор: Димитар Стојановски

341


За тебе пеам, за тебе пишувам Те љубам, те љубам со љубовта сета, те љубам кога галебот на небото лета. Те љубам кога утрото над мене се раѓа, кога мирот ко звезда од небото паѓа. За тебе татковино со љубов пеам за тебе татковино солзи леам. За тебе сакам сонцето најсилно да сјае од твојот народ никој за лошо да не знае. Во тебе секој треба да се гордее што живее. Да се радува на тебе, да се радува за себе. Што тебе за мајка те има што од тебе љубов прима. Тебе татковино секој те сака, и привилегија е што може со љубов да ти враќа. Во тебе татковино насекаде убавина се сее, во тебе таковино сонцето најубаво грее. Татковино ти си црвена булка, како недопрена рајска лулка. Во тебе планините се цветни градини, езерата во срцата наши вградени. Полињата жолти, житородни, богати со класја благородни. 342


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ти татковино, земјо мила, колку убавини во себе си скрила. Во тебе цвеќето најубаво цвета, во тебе секој ко во рајот да лета. Во тебе се најубавите плодови, и јуначки машки родови. Затоа татковино за тебе со векови се бореле. И неуморно творците за тебе твореле. Верица Ѓеоргиева I-4 СОУ „Методи.М.Брицо“, Делчево Ментор: Весна Соколовска

343


Татковино моја ! Го гледам небото горе сонцето со најразлични бои го краси. И ми продира низ срцето со зраците свои... Погледот го вртам кон тебе. Ти- онаа која и Господ многу добро ја знаел. Со векови во синџири окована си била. На ова тло горела силна желба слободна да бидеш. Си родила чеда. Први чекори пуштиле јунаците смели. Не ги плашел студот, во очите надеж им зборувала. Верувале дека ќе ја пуштат птицата од кафезот. Но душманот клет, ги нашол лесно во овој мал свет. Болни биле нивните крикови.Црно небо над тебе се свило. Куршуми летале, реки крв се сториле. Лелекот на мајките страшен бил... А, ти мила моја, си го проколнувала секој твој час, чедата во својата душа си ги скрила... Плачот твој некој го чул. И ова сонце што сега ме грее ти го пратил да ти ја стопли душичката. Да те насмее... Од тешки окови те ослободил.

344


За тебе пеам, за тебе пишувам

Со роса те полеал... за да станеш пиреј , за да живееш вечно . За да бидеш неуништива, како и твоите чеда. Ти си мајка која убав живот ми дари. Нека знаат сите, кај тебе тука најсреќни се дните. Ќе те чувам, од зло ќе те вардам. И ти ветувам секој за тебе ќе чуе. Охрид ќе го посети, на убавините ќе им се восхити. Ќе се радува што е тука, што и неговото срце за тебе ќе чука. Ти си силна, мила! Затоа секој нов ден го славам. За тебе пеам, за тебе пишувам. Анастасија Спировска III-8 СОУ„Перо Наков“, Куманово, Ментор: Фросина Милошевска

345


За тебе пеам, за тебе пишувам Гледам во далечините светла точка, како низ темнините се труди да пробие сончев зрак и еден човек на карпите седнат размислувајќи за својата ситуација пак. Не можев, а да не се доближам овој пат и да го искажам мислењето свое, секој ден на ист начин му осамнува, секоја вечер неговите воздишки морето ги крие. Во животот имаш две опции му реков, да се предадеш или бориш, внимавај како ќе издејствуваш, твое е како ти иднината ќе си ја створиш. Запрепастено почна да ме гледа и слуша и секој мој збор му се врежуваше в душа. Не знаев зошто решив ова со него да го споделам и секој мој збор почна во срцето да му се вселува. Мило ми е што гледам млади со ваков дух, ми рече, ти благодарам што се трудиш, убаво е кога имаш позитивна енергија некому да понудиш. Денес не можам, а да не си спомнам и ова искуство да не го раскажувам. Затоа труди се, не престанувај да се бориш, тебе и на сите други овој пат ќе продолжам да ви го покажувам. Драгана Кичукова СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин”, IV-3 Велес Ментор: Магдалена Сарагинова 346


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам Понекогаш размислувам, зарем има подобро место? Таму каде што си се родил и си стекнал искуства вешто. На секој ќе му биде мило, силно нека одекне, таму каде што ќе порасне и мудрости стекне. Пеам и пишувам затоа што срцево така сака, татковино моја, од тебе никогаш не ми е мака. Со години и векови за тебе крв се лее, ти си земја во која сонцето бескрајно грее. Каде и да одам татковината е најубаво место, горда сум на тебе иако не кажувам често. Има нешто кое секогаш ме враќа кон насоки твои, љубовта што ја чувствувам кон тебе е спектар од илјада бои. Прекрасни глетки се она што ни го нуди, богатство од планини, реки, езера и зеленила, татковино, на твојата убавина секој турист се чуди. Се радувам зашто тука го остварувам секој момент, се восхитувам на твоите убавини, нема простор за аргумент. И некогаш во иднина кога на стол околу внуци ќе седам, возбудливи приказни, митови и раскази ќе редам. Ќе те фалам секаде штом направам чекор, и пак ќе биде малку зашто за тебе немам никаков прекор. Татковино моја ти си совршена слика, исполнета со среќа, тага, но секогаш радост блика. Чесен борец и победник си била, ти си земја во која постои храброст и постои сила. Моника Тосевска IV-5 СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – Велес Ментор: Магдалена Сарагинова 347


За тебе пишувам за тебе пеам Како мајка и дете Како ластовичка и топол југ како цвеќе и почва и сонце. Со тебе раснам кај тебе се враќам ти си ми неопходна, ти си ми потекло, ти си ми идентитет, ти си ми моја татковина, мој роден дом, моја Македонија. Во тебе сонцето посилно грее, ветрот помилно шепоти и гали, водата е побистра, небото е позакрилно и посино, во тебе е мојот народ, македонски народ неговата крвава, мачна и храбра историја, но и непобојната, борбена непокорливост. Твоите планини, реки, полиња и извори, твојата исконска убавина е вечна инспирација, мир и спокој во душата, затоа јас, За тебе пишувам, за тебе пеам за тебе плачам и се радувам за тебе чувствувам и се смеам за тебе живеам, за тебе се борам за тебе сонувам, кого ако не тебе да те милувам, да те прегрнувам, 348


За тебе пеам, за тебе пишувам

да те држам до срцево и во него затоа што ти ми цветаш во душата, ми сјаеш во очите, ми мирисаш на љубов и среќа ми мирисаш на татковина, на своина, на топло огниште и среќен дом. Весна Христовска, III година СОУ„Коле Нехтенин“- Штип Ментор: проф. Сузана Арсова

349


За тебе пеам, за тебе пишувам Низ векови – румена крв како пркос од народ духовно споена, последна мисла на сите што гинеле за неа, последен збор на сите што ја барале по неизвесните трнливи патишта, со светлина од срцето. И севезден те откривам како Надеж и Верба и Сон во народниот глас, во народните приказни, во мудроста на нашите предци, во шепотот на историјата... Сè што се случувало овде, во мојата татковина го откривам во себе, во секоја капка крв, во секој мој здив, не постои граница меѓу нас зашто мојата татковина сум јас. Зар чудно е што пишувам за Тебе, јас, мост меѓу Некогаш и Сега, вљубеничка во твојата тага, жолтожитен зрак што те осветлува Тебе. Овде започнува библиската приказна за реката Вардар, за Охрид, за Струга, за сјајот на водата што бисери блика, за небесниот извор на светлина што ги отвора вратите до Светото слово... Овде започнува библиската приказна за вишните планини, богатите низини, за море од рамнини и долини и ливади, 350


За тебе пеам, за тебе пишувам

за цвеќиња што маѓепсуваат, за две срца што на излет среде гора се спојуваат... Сè се открива овде, во мојата татковина, сиот трепет на откровението, за мојата татковина. Зар чудно е што пишувам за Тебе, секој мој збор се гласи од илјада грла, зар чудно е што те сликам со виножито и со ѕвезди, мој единствен доме и мајчина дланко, пристаниште на сите сонувани соништа, на сите болувани болки, на сите неизговорени копнежи, мој храм во чија тишина го ослушнувам говорот на крвта, мое ѕвездено гнездо, моја, единствена - Македонијо! Цветанка Солакова III-3 клас ментор: Александра Ќаева СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија

351


За тебе пеам, за тебе пишувам Мајко Македонијо Балканска убавице кој се родил во тебе животот го дал за тебе. Многу крв, многу солзи земјава ја натопија, но по таа борба тешка слободата ни блесна. Единаесетти октомври вечно ќе се слави зашто и слободата на тој ден се јави. Многу млади животи згаснаа ко свеќа за подобар живот, за мир и среќа. И слушни сега јас пеам за тебе со стихови се надевам достојни на тебе. Но, во нив има душа бескрајна и сила кога пеам те сакам татковино најмила. Благица Голубова Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип Ментор: Маријана Василева 352


За тебе пеам, за тебе пишувам

МАКЕДОНСКА ЕЗГИЈА Земјо моја најмила, земјо горда, исконска, колку љубов носам за тебе, во мои гради, до срце, за сека твоја планина, ко зелен јамбол послана, за сека река жуборна, приказни што раскажува. Пред очи мома убава, со руба рачно везена, ситно, ситно оро води, снага млада извива. А гајдата завива, дури воздух снемува, тапанот подтропнува, до срцето допира. Леса прават другарки, ко божур китки црвени, млади момци покрај нив, ко кршни борја високи. А тапанот не сопира, грмат ридја, планини, вијат оро весело, бескрајно, вековито. Во занес, песна екнува, песна лесна, широка, од млади грла пеана, од душа откината, за една љубов голема, мајчинска и искрена, љубов топла, вистинска, љубов за Македонија. Ана Вељаноска СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, II-5, Неготино Ментор:

353


„За тебе пеам, за тебе пишувам”

Р

азмислувам често за инспирацијата, за вдахновението... Што е тоа што ни влева немир во доцните ноќни часови и нé измачува, сé додека не се роди вистинскиот збор, вистинскиот стих. Животно искуство немам, а сепак некоја сила внатрешна рие во мене и се излева како вруток врз парче празна хартија, на маргините на учебникот, на неупотребената салфета од сендвичарите. Невидлива рака ме води во раните утрински часови по кејот на реката Вардар, ми ја крева главата да ѝ се восхитувам на Шара, ми го стега срцето пред бистата на паднатиот борец. Можеби немам животно искуство, но имам генетско помнење вродено од моите предци, храбрите Македонци. Од искони, од фалангата на Филип Втори, преку воинственоста на Александар Македонски, мудроста на Пулевски, Прличев, Миладиновци и Конески, до Кљусев, Глигоров и Трајковски, до мене, до идните поколенија... И тогаш сфаќам, се вртам кон минатото, без оглед на темата за која пишувам и наоѓам мотиви во нашата историја. Не е клише ако речам дека ова парче земја е бисер на Балканот, втор Ерусалим, библиско тло... вечна инспирација. Кога ќе ја видам мојата симпатија и ќе почувствувам искра во срцето, не можам, а да не се сетам на тетовката Трпана, по која се воздивнувало и умирало, на Стојан и Лилјана или на момата која воздивнува по првото либе кое минува под нејзиниот прозорец. Кога се наоѓам пред некој предизвик, истрајноста и стоицизмот ги црпам од народот наш македонски, сочувствувам со неговата

354


За тебе пеам, за тебе пишувам

вековна тага поради поробеноста и распарченоста, тагувам по бројните жртви и крвта која се леела, славам со победите, успесите и херојствата на нашите Македонци. Во моите жили тече крвта на Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански. Во мојата реч вткаени се мислите на Рацин, Жинзивоф, Џинот... Вдишувам со полни гради од убавината твоја мајко Македонијо, се појам со твоите убавини и ткајам песна од нишки љубов, почит, достоинство и гордост. Татковино мила, инспирацијо вечна, коленичам пред моќта твоја и се гордеам што можам своја да те наречам!

Марија Петроска II – 3 клас СЕОУ Гостивар, Гостивар Ментор: Габриела Петроска

355


За тебе пеам, За тебе пишувам Македонијо моја мила, со векови земја на туѓинци си била. Комити и партизани во твоите пазуви си свила, за ти слободна да би била. Еј рашири крилја златни, рашири и прегрни ме. Еј твојте битки што си ги издржала во бој, тебе ти донесле среќни птици рој. Само овде, на оваа земја, сонце најмногу сјае, и Билјана платно ткае. Еј, убава си татковино моја, по езерца и рамнини, распослана е убавината твоја, низ полиња и планини. Тоа си ти! Татковино моја. Затоа за тебе јас пеам, затоа за тебе пишувам, за ти да си вечна, Македонијо моја. Анастасиа Бошкоска IV-3 СОУ „ Ѓорче Петров“ – Прилеп Ментор: Жанета Видевска

356


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам , за тебе пишувам Месечината светла насмевка крие бдеам над градот кој спокојно спие, ѕвезденото небо покривка мека, а јас нестрпливо утрото го чекам. Непоканет гостин во срцето ми слета без да праша, ја опи душава сета, ги зароби мисливе поглед еден проткаен со копнеж, за љубов жеден. Срамежлива насмевка е светот мој треперам, го слушам гласот твој, сите мои соништа се името твое вечно ќе те чувам во срцето мое. Живеам за мигот кога ќе те видам сакам да ме почуствуваш, со тебе да бидам, дека ме сакаш, сто пати да слушнам силно да те прегрнам и да не те пуштам. Здивот ми го земаш, мислите ги крадеш но, сеуште чекам одговор да дадеш срцево ќе пукне ко стакло ако кажеш- не ти си причината за која живеам, моето се. Никола Жежовски Прва година – САБА

357


За тебе пеам, за тебе пишувам!!! За тебе пеам,за тебе пишувам јас се топам кога ќе го слушнам твојот глас. Топлина барам во мекоста што ја криеш, ах,како ли е во тие дланки да се свиеш? За тебе пеам за тебе пишувам , океани би препливал за да те видам, дека си добро сигурен за бидам. Цел живот би мечтаел за насмевката твоја што зрачи, и секоја твоја солза во сон ме мачи. Во очите твои- медови искри, некаква тајна ти скри. Зарем знаеш дека го движиш мојот свет? Твоите усни се недопирлив лед. Се појави без глас од никаде, а сега трепериш низ мене насекаде. Те чувствувам во мисли, во спомен, во слатки моменти од секаков домен. Најмалите мигови како скапоцена магија ти ги дарувам, сите маани одвиени во љубезноста твоја ти ги занемарувам Ме натера да верувам во долговековна идила и волшебна љубов од бајки со крила. Овој силен занес кон тебе ме води, пркосејќи и на реалноста твојот поглед ми годи. Одбивам да го напуштам патот кој води кон тебе, зошто само таму се пронаоѓам себе!!! Омар ЏафероскиПриватно средно училиште САБА Скопје, Прва година

358


За тебе пеам, за тебе пишувам

За тебе пеам, за тебе пишувам

В

о рацете држам ковчег. Стар и прашлив. Заветен. Ми го остави дедо ми, човек со мачен живот и добра душа, пред самата смрт. Како аманет.

Кога го отворив, внатре најдов три работи – три пораки.

Првата беше изрезбарен крст. Сфатив. Ми остави порака да ја чувам верата како зеница во окото, зошто таа ја облагородува душата човечка. Втората работа беше една стара книга и најпосле еден свиток. Ја зедов книгата, која иако беше стара, беше добро сочувана. Ја отворив со трепет во рацете не знаејќи дека ќе ми го смени целиот понатамошен живот. И тогаш на неопишлив начин се отвори пространството на она што дедо ми го носеше во срцето до смртта – мојата татковина. Пространството го исполнија планини и врвови кои го милуваа вишното небо, стебла високи столетни, горски цвеќа миризливи, водопади... Во пазувите на планините се распрснале манастири, се слуша цвркотот на птиците кои ја творат најубавата мелодија. Погледот ми се протега во далечината кон ширните полиња со златесто жито, китки сончоглед, афион и тутун. Кон плодната почва каде што се слуша песната на берачите, каде силата момчешка и снагата девојкина ги милува сончевината додека вредно работат. И патувам понатаму. Пред очите ми се распостилаат огромни пасишта, а низ воздухот се слуша гласот на кавалот, звукот што ја топли душата. Добитокот се распрснал врз зелениот плашт како најубав украс. И станува се почудно и почудесно. Пространството го исполнуваат долги бистри реки и кристално чисти езера. Градови и села изникнале како печурки низ 359


целото пространство. Во нив џагор на деца, ученици, работници, среќни семејства. Џагорот на слободата. Се слуша звук на зурла и тапан, цело село празнува оти е свадба галичка. Се слуша величествен опус од Мостот на поезијата во Струга. Црковните камбани од Плаошник, шумот на водите на кањонот Матка, вревата на Широк Сокак, прилепската и скопската чаршија... Пред мене се отвори еден преубав мозаик, а секој негов камен носеше своја приказна. Живопис од луѓе, настани судбини. Од очите ми потекоа солзи, рацете ми трепереа, а душата ми гореше. Останав нем пред фактот дека поседуваме големо богатство кое треба да го чуваме. Остана уште свитокот. Остарен и пожолтен, а во него со треперливиот ракопис на дедо ми со перо беше запишано: „Секогаш и секаде штом химната ја чуеш до вишно небо нека грми гласот твој, татковината носи ја во срцето и за неа не жали го ни животот свој, нека заигра срце во градите силно нек полета гулаб кон небесната шир, нек огрее сонце на слободата света испратете пораки за љубов и мир.“ Она што до пред малку беа солзи, се претвори во порој што го допираше секој дел од телото. Ја сфатив пораката. За тебе пеам, за тебе пишувам Татковино моја, зошто љубовта 360


За тебе пеам, за тебе пишувам

кон тебе ми е извор што ќе ми ги напојува сите животни сили дури до смртта. Љубовта кон тебе е посилна од лава вулканска која ми го разгорува срцето и ми ја топли душата секогаш кога ќе помислам на тебе. Гласот мој ќе грми секогаш кога ќе ја слушнам химната, дури знамето македонско, гордо ќе се вее по градови и села, а верата и татковината ќе ги чувам по цена на сопственинот живот. Го затворив ковчегот. Ја чувствував тишината секаде околу мене, а во мене бура беснееше и мислите ми беа исполнети само со една желба: „Боже, чувај ја Македонија!“

Ученик: Сергеј Костовски Година: втора Ментор: Перчо Божиновски Училиште: ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид

361


Танцот со земјата моја Да, ја сакам месечината ја сакам и ноќта во која таа ме обвива... Кога ноќта водилка на несоницата ќе зачука на вратата ми замирисува на татковинската роза. Тогаш танцувам за мојата земја... Танцувам во ноќта со сните, чекорите ме водат во ноќното ехо таму ја наоѓаат таа татковинска роза, танцувам по мирисот на розата кој ме води кон твоето отчукување на срцето. Каде е таа? Каде е мирисот на розата? Каде се изгуби? Танцувам, ја гледам само темнината што ме обвива. Ах, таа татковинска роза. Ги видов татковинските насолзени очи капка по капка, капеа врз розата, повторно заживеа. 362


За тебе пеам, за тебе пишувам

А, јас продолжувам со танцот барајќи ја љубовта, ја најдов розата таа не спои, рака врз рака Танцуваме во ноќта со сните. Ученик: Марија Петреска Година: трета Ментор: Перчо Божиновски Училиште: ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид

363


Шaренa сликa Ќе нaцртaм еднa сликa, Живoт татковински - ќе се викa. Ќе цртaм сo рaзлични бoи, тaкa кo штo гледaaт oчиве мoи. Љубoвтa ќе биде вo бoјa црвенa, а пaк нaдежтa сo пoртoкaлoвa. сo жoлтa ќе јa претстaвиме рaдoстa, а пaк сo синa бескoнечнoстa. Зa oдмoр и уживaње тукa е зеленaтa, а пo неa, ете јa виoлетoвaтa. Црнaтa ќе е зa краевите тaжни, а рoзевaтa зa случувaњaтa вaжни. И нa крaј ќе нaцртaм нaсмевкa, и еднa птицa мaлечкa зa дa буди тoплинa, дa ни дaвa слoбoдна родбина.

364


За тебе пеам, за тебе пишувам

Зaтoa штo мојата земја е убaва и ни пoдaрувa чудa кoи требa дa ги зaбележиме и чуваме зa спoкoјнo дa живееме. Ученик: Дајана Сиљаноска Година: трета Ментор: Перчо Божиновски Училиште: ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид

365


За тебе пеам, за тебе пишувам Ќе се обидам да зборувам за Македонија, но ќе се обидам да зборувам како да сум странец. Сомничав странев кој случајно залутал на оваа грутка земја и напишал топли и искрени зборови за истата. „Пречекорив преку оградата, Да ги видам златните сончогледи Кои растат на твоето копно. Случајно се најдов меѓу тие цветови на Сонцето, Мирис свеж ме обзеде, Душата ми ја стопли, Мразот студен од душа ми го растопи. Пречекорив преку оградата и дојдов секој дел од тебе да го видам, Сите годишни времиња да ги засакам, Прекрасните бои на есента, Изораните ниви крај патиштата, Планините снежни И утрата нежни. Јас сум странец, мила Македонијо, Од далек пат идам, Дојдов само тебе да те видам. Да ме прегрнеш со рацете ранливи, Во топлата прегратка да ме примиш, Да ми ја стоплиш закоравената душа, Да ми го подариш твоето раскрварено срце, Оти кај нас Македонијо, За љубов никој ни збор чул, ниту научил. 366


За тебе пеам, за тебе пишувам

Ти си дете на Сонцето, Мајка на сите битија кои никнале на твојата земја, Ти си срцето на мирот и немирот, Борец со милион куршуми во гради Кој успеа со сите крволочни битки да се справи. Под ропство со векови тлееше, Твоето знаме никаде не се вееше, Царуваше како губитничка меѓу другите земји, А денес пак во своето ќоше се приземји. Не ми се пречекорува оградата пак, Не ми се бега од твоите канџи, Сакам и јас дел од тебе да бидам, Со векови да ти служам И љубов бескрајна да ти пружам. За тебе да пеам, За тебе да пишувам, Топол возхуд и спокој да вдушувам. “ Јас сум странец, случајно залутав на ова парче земја. Се качив на една височина и го гледав свемирското царство кое живее под мене. Се заљубив. Се заљубив во секој милиметар на оваа земја, на оваа чудесна Македонија... Во иглолисните шуми, во безгрижното детство на децата... Јас сум патник, навратник... јас случајно се вљубив во Македонија... Ирена Парчеклиева III 1 Ментор: Маријана Василева „Славчо Стојменски“, Штип

367


За тебе пеам, за тебе пишувам!

Р

одени сме во едно време и фрлени на живот во тој свет... Даден ни е нам животот како неформален облик кој секој го формира на свој начин и по своја желба. Битието е чуден сплет, чудна мешавина од ликови, настани, човечки судбини. Да се достигне имагинарноста, да се стави крај на сите маки и проблеми и да се ужива во благодетот на слободната државност е желба на која ретко кој би одолеал, на која малкумина би останале рамнодушни.

При исполнувањето на мечтата и сонот се заборава едно исклучително парче живот – среќата. Без неа живтот е пресушена река и запустено поле. А, токму такво поле е и јазичното, творечкото. Многу се зборува, а малку се знае. Кога ние би немале наши изворни творби, без разлика поетски или прозни, што би биле? Каде би се наоѓале на творечката стратификациона скала? Сето она што го оддаваме од нас, значи она кое го твориме, ѝ го даваме на Македонија. Творбите се нашиот дух. Столбовите на духот македонски крепат светлосни завршетоци, недопирливи врвови - искрено лорандитни. Духовните вредности на човековото битие се половина од патот до среќата. Тие имаат фасцинанто значење зашто со нив добиваме желби, надежи кои подоцна ги забораваме, потпаѓаат под една безвременска опојна напивка. Животот ни дава можности, но само од нас зависи како ќе ги искористиме. Ние сме лицето на нашата земја и сета оваа топлина која е насобрана во неа е од нас. Поради тоа да пишуваме што е можно повеќе творби, зашто тие ни ја оддржуваат народноста. Да не дозволиме творештвото да испари. Македонци кренете глави, името Македонско со векови се слави. И додека Сонцето свети и 368


За тебе пеам, за тебе пишувам

срцата ни ги грее, македонското знаме со гордост се вее. Ова е Македонија. Најслатката чаша вино овде се пие, на секое ритче по една легенда се крие. Во нашите души радоста врие, историјата наша како камбана бие. За тебе твориме, за тебе пишуваме и живееме Македонијо!

Александар Маноилов III1 Ментор: Маријана Василева „Славчо Стојменски“, Штип

369


За тебе пеам, за тебе пишувам Небо од ванила се капе во сончевина златна со памук облаци што нежно се допираат, како страствен сликар на своите платна убиен од пејзажите што го инспирираат, јас скитник сум осамен со душа мека и приказна раскажувам за една земја на југ, каде муграта денот в прегратка го чека да водат љубов во занес стиснати еден до друг. Од врутоците нејзини кристали се нижат го впиваат со сласт секој сончев сјај, а в пурпурна квечерина кога сенките ќе се зближат, шумите со шепот танцуваат до бескрај на мелодија од здивот на ветерот нежен и звукот на тапан од бучната гора со силен екот се шири до врвот снежен на планината што се поклонува пред новата зора. Од Галичник се вие сватовското оро што со чекор бавен младичи го водат, со благослов за напролет што ќе дојде скоро македонски чеда во нов дом да се родат. А зелениот Вардар набрекнал ко жила врз полиња родни тој истура бес, под сламена стреа, стара баба се свила пред татковата куќа до самиот влез. 370


За тебе пеам, за тебе пишувам

Од ликот нејзин наѕира душата мека стиснала јаболко в рака на внуците да го прати, а очите и гледаат кон друмот и таа чека синот единец од печалба жив и здрав да се врати. За твојата убавина о земјо моја, за неа пеам, за неа пишувам за твојот непокор и личотата твоја, за мирисот на слободата што со полни гради го вдишувам. Каја Пановска I-7 СОУ ,,Гоце Делчев” Куманово ментор: Анита Павловска

371


За тебе пеам, за тебе пишувам Земјо моја маченице, земјо моја страдалнице, од крв и коски сторена. Земјо во црно завиена, со чемер надоена. Крени глава високо сега си со Сонце обоена! Во времиња тешки и мачни, те газеа многу, ти ги солзеа очите, те камшикуваа директно во градите. Но, ти земјо сé издржа и ко Феникс од пепелта се издигна! За тебе земјо сега пишувам, и полни се со солзи очите мои, за крвта што е пролеана, за чедата твои. За тебе земјо сега творам, да чујат сите, да не се заборават јунаците – синови твои. Што судбината во свои раце ја зедоа, и кон слобода поведоа. Земјо моја убавице, земјо моја прекраснице, слободарско сонце сега ти свети, остави ги, заборави ги годините клети!

372


За тебе пеам, за тебе пишувам

Земјо моја Македонијо, во срце и душа те носам, ти ја подарувам песната моја, горда сум што сум македонка, што сум ќерка твоја! Леона Лазаревска III-1 СОУ Гимназија „Гоце Делчев” – Куманово ментор: Анита Цветковска

373


374




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.