podgotovka IKT

Page 1

План за наставна единица со интеграција на ИКТ Одделение: Второ Предвидено време: 1 час Наставен предмет: Математика Наставна содржина: Одземање на броевите до 20 со премин (15 -6) - Вежби Наставно подрачје: Броеви до 20. Собирање и одземање Интеграција со други наставни Ликовно образование; Македонски предмети јазик; Музичко образование Цели на БРО: -Стекнување на знаење и конкретизација на учениот материјал за одземање на броевите до 20 со премин.Оспособување на учениците за самостојна работа во утврдување на учените содржини од одземањето (наставно подрачје Броеви до 20. Собирање и одземање). -Вклучување на активна употреба на ИКТ во организирање, интегрирање, оценување и пренесување на знаењето во наставата. -Развивање интерес и одговорност кон компјутерската технологија како извор на стекнување на знаења, комуникација и соработка( ученик, наставник,средина). Образовни цели: • Да знае да одзема со премин до 20. • Ученикот да се воведува да дава претпоставка за можните резултати од спроведувањето на бројните изрази и да ја проверува со решавање на изразот. • Да се воведува во решавање на едноставни текстуални задачи со една операција. - За ученици со потешкотии во учењето -

Да знае да собира и одзема без премин со броевите од 1 до 5 и со бројот 10. Да умее да запише збир или разлика на два броја. Да го разбира бројот 0 – резултат добиен со одземање на број од самиот

-

Да знае да одредува следбеник и претходник .

себе.

   

- Задачи за учениците: Да го препознаат точниот одговор во квиз – прашања. Користејќи текст уредувач и основни функции за форматирање на текст, да впишат броеви во OpenOffice Impress. Да се концентрираат и правилно да ја решат дадената активност за определено време. Да отворат и правилно да ги користат алатките во во OpenOffice


GNU Paint . МЗТО стандарди:  Основни операции и концепти: да знаат да ги користат компјутерските алатки влезни и излезни уреди за да ракуваат успешно со технолошката опрема (користење на глувче, тастатура и монитор). - Алатки за технолошка продуктивност: користење на алатките за пишување, боење на текст во во OpenOffice Impress и OpenOffice GNU Paint .( OpenOffice Writer за ученици со потешкотии во учењето).  Социјални, етички и хумани прашања: работат со желба во соработка со соучениците и ја употребуваат технологијата во наставата. Покажуваат позитивно, социјално и етичко однесување со употреба на технологијата. Специфични вештини на ИТ:  Ученикот ќе знае солидно да работи со компјутерската техника и нејзините алатки;  Правилно ќе го користи поставениот програм за изведување на наставната содржина;  Ќе биде во можност да изведе самоевалуација и меѓусебна дискусија околу можностите на ваква примена на изведување активност. Наставни форми: заедничка работа; индивидуална, индивидуализирана. Методи: метод на игра; откривачки (истражувачки) метод; метод на решавање проблеми; аналитичко – синтетички; илустративно – демонстративен . Место на реализација: училница. Потребни материјали: хартиена коцка, картончиња со бројки и букви, лаптопчиња, дигиталена презентација во во OpenOffice Impress, OpenOffice Writer и OpenOffice GNU Paint, LCD проектор, бројалки, стапчиња, CD плеер, самооценувачки ливчиња. Тек на активностите на часот: АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:

 Демонстрација на хартиената коцка со задачи и давање упатство за нејзино решавање преку игра, со цел да се систематизираат веќе стекнатите знаења за одземање на броевите до 20 со премин.


 Објаснување на целта на часот- утврдување на знаењето за одземање на броевите до 20 со премин (15-6) со користење на компјутери за реализирање на наставната содржина.  Поставува квиз прашања со цел да се систематизираат веќе стекнатите знаења за одземање на броевите до 20 со премин.  Го објаснува начинот на одговарање на прашањата во квизот.  Ја објаснува изучените изучената постапка за решавање на задачи- одземање на броевите до 20 со премин (15-6) на дигитална презентација.  Ги задава задачите од дигиталната презентација. (За учениците со потешкотии во учењето задава посебно електронско ливче).

    

Го објаснува начинот на кој ќе се извршуваат задолженијата. Координира, поттикнува и следи. Ги анализира ефектите од дотогашната работната активност. Дава завршни активности. Врши синтеза од ефектите на работнате активности од часот.

АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ:

 Ги решаваат задачите од хартиената коцка.  Размислуваат и одговараат на поставените квиз прашања.  Ги следат упатствата за работа и ги спроведуваат задачите во дигиталната презентација. - Ги читаат задачите и ги решаваат.( Учениците со потешкотии во учењето решаваат електронско ливче).  Самостојно решаваат едноставни текстуални задачи.  Ги диференцираат и ги бележат грешните одговори.  Учествуваат во анализата на позитивните и негативните решенија.  Пополнуваат самооценувачки ливчиња.  Одговараат на поставените барања за работа во GNU Paint.  Учествуваат во музичко- ритмичка кореографија. Резултати:  Пополнети презентации во OpenOffice Impress , во OpenOffice Impress Writer(За учениците со потешкотии во учењето) и OpenOffice GNU Paint . Вреднување на учениците: -Учениците работат индивидуално, индивидуализирано и заеднички. - Активно соработуваат меѓу себе, споделуваат искуства и знаења.


-Прифаќаат мислење од соученикот и наставничката. -Знаат меѓусебно да се сослушаат. -Комуницираат за технологијата- лаптопчињата и за нивната употреба во наставата. -Покажуваат желба за работа и соработка со соучениците. - Имаат изграден етички однос за употреба на технологијата. Рубрика за оценување на планот: -Целите кои се поставени од БРО се целосно постигнати. -Образовните задачи од страна на наставникот и ученикот се постигнати. -Активностите при реализирање на наставната содржина се интегрираа меѓусебно (наставник-ученик, ученик-ученик). -Целосно се постигна соработката меѓу учениците. -Развојниот степен и возраста на учениците овозможи да ја интегрираат комуникацијата на компјутерската техника во стекнување на знаење, разбирање и употреба на технологија при реализирање на наставната содржина. -Употребуваа правила, примена на информации и го самооценуваа постигнатиот труд за користењето на ИКТ. Дата: 11.04.2013 год.

Одделенски наставник: Јасмина Велеска ОУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево – Скопје


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.