II критериуми за оценување

Page 1

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ВО II ОДДЕЛЕНИЕ I ниво Македонски јазик Чита течно и изразно, именувајќи ја бојата на гласот, во однос на интерпункциските знаци.Пишува печатни и ракописни букви со изразито уреден ракопис. Правилно употребува голема буква на почетокот на реченицата. Ги препознава интерпункциските знаци и знае за нивната функција, разликуивајќи при тоа расказна, прашална и извична реченица. Ги воочува темата, пораката, настаните и ликовите во текстот. Ги препознава строфите во стихотворбата и истите ги рецитира. Самостојно усно и писмено прераскажува куси содржини и раскажува по низа слики, зададени зборови и по доживеан настан. Опишува карактеристики преку набљудување. Пројавува голем интерес за читање и има дарба кон литературното творење, како и за следење на детски печат. Математика Самостојно решава проблемски задачи и ја утврдува логичната поврзаност на настаните. Класифицира предмети според еден и два признаци. Претставува множества со Венов дијаграм и формира унија од две и три множества. Чита и пишува броеви до дваесет, споредува броеви до десет по големина, ги чита и пишува симболите: <, >, =, +, - и ги применува во математички изрази. Умее да собира и одзема броеви до бројот 20. Самостојно решава едноставни текстуални задачи со собирање и одземање до 20. Мери, проценува и споредува должини. Проценува маса на предмети со мерење, искажува вредности на предмети во денари. Прави графички приказ и го чита истиот. Запознавање на околината Ги знае своите права и одговорости.Знае како е организирано училиштето. Знае неколку знаменитости и природни убавини на Македонија. Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство и разликува различни видови на семејно живеење. Ги именува апаратите во домот и знае каква е опасноста од неправилно ракување со нив. Разликува елементарни непогоди.. Разликува домашни од диви животни и ги именува. Ја објаснува поврзаноста меѓу промените во природата и однесувањето на луѓето и животните. Го знае значењето на водата, воздухот за животот на човекот и ги знае основните својстваЗнае правилно и безбедно да се движи на улица. Музичко образование Интерпретира соодветни песни различни по карактер и содржина. Успешно креативно се изразува при изведба на танците и ората. Самостојно го определува карактерот на музиката ( весела, тажна). Ги препознава и разликува еднаквите, кратките и долгите траења. Разликува и именува ДМИ ( визуелно и по слух). Ликовно образование Ги препознава и именува основните бои и умее да добие секундарни бои. Во сликањето внесува уметнички дух. Успешно умее да одбере материјали и соодветни средства за моделирање и обликување и при тоа кретивнно ликовно да се изразува. Умее правилно да ракува со печатот и со ритмичко повторување да создава композиција. Физичко и здравствено образование Правилно и симетрично ср поставува во една и две редици и колони. При одењето и трчањето изведува правилни и синхронизирани движења. Со координација на локомоторниот апарат фрла и фаќа топчиња. Покажува особено внимание и активност во играта и ги почитува правилата на играта.Со координација на локомоторниот апарат фрла и фаќа топчиња. Ученикот успешно ги поминува поставените справи и реквизити покажувајќи умешност, сила, брзина и снаодливост. Преминува во трето одделение

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ВО II ОДДЕЛЕНИЕ II ниво Македонски јазик


Го има совладано поимот за збор како дел од реченицата и зборот како име за предмети. Пишува печатни и ракописни букви и со мотивација чита зборови и текст. Употребува голема буква на почетокот на реченицата. Ги препознава интерпункциските знаци и знае за нивната функција, разликувајќи при тоа расказна, прашална и извична реченица. Воочува и препознава наслов, разликува видови текстови, илустрација и автор. Го прилагодува гласот кон природата на содржината на текстот со поттик. Ги воочува настаните (случките) и ликовите. Прераскажува обработени куси содржини. Математика Решава проблемски задачи и ја утврдува логичната поврзаност на настаните. Класифицира предмети според еден и два признаци. Претставува множества со Венов дијаграм и формира унија од две и три множества. Чита и пишува броеви до десет, споредува броеви до десет по големина, ги чита и пишува симболите: <, >, =, +, - и ги применува во математички изрази. Со мала помош собира и одзема броеви до бројот 20. Решава едноставни текстуални задачи со собирање и одземање до 20. Мери, проценува и споредува должини. Проценува маса на предмети со мерење, искажува вредности на предмети во денари. Запознавање на околината Ги знае своите права и одговорости.Знае како е организирано училиштето. Знае неколку знаменитости и природни убавини на Македонија. Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство и разликува различни видови на семејно живеење. Ги именува апаратите во домот и знае каква е опасноста од неправилно ракување со нив. Разликува елементарни непогоди.. Разликува домашни од диви животни и ги именува. Ја објаснува поврзаноста меѓу промените во природата и однесувањето на луѓето и животните. Го знае значењето на водата, воздухот за животот на човекот и ги знае основните својстваЗнае правилно и безбедно да се движи на улица. Музичко образование Интерпретира соодветни песни различни по карактер и содржина. Успешно креативно се изразува при изведба на танците и ората. Самостојно го определува карактерот на музиката ( весела, тажна). Ги препознава и разликува еднаквите, кратките и долгите траења. Разликува и именува ДМИ ( визуелно и по слух). Ликовно образование Црта различни линии и детали.Ги препознава и именува основните бои и умее да добие секундарни бои. Во сликањето внесува уметнички дух. Успешно умее да одбере материјали и соодветни средства за моделирање и обликување и при тоа кретивнно ликовно да се изразува. Умее правилно да ракува со печатот и со ритмичко повторување да создава композиција. Умее правилно да ракува со печатот и со ритмичко повторување да создава композиција. Физичко и здравствено образование Поседува чувство за правилно и симетрично поставување во една и две редици и колони. При одењето и трчањето изведува правилни и синхронизирани движења. Со координација на локомоторниот апарат фрла и фаќа топчиња. Покажува особено внимание и активност во играта и ги почитува правилата на играта. Со координација на локомоторниот апарат фрла и фаќа топчиња. Покажува особено внимание и активност во играта и ги почитува правилата на играта. Ученикот успешно ги поминува поставените справи и реквизити покажувајќи умешност, сила, брзина и снаодливост.

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ВО II ОДДЕЛЕНИЕ III ниво Македонски јазик Oдговара на прашања и поставува прашања со помош. Го има совладано поимот за збор како дел од реченицата и зборот како име за предмети. Со поголема мотивација и поттикнување пишува


печатни букви и чита зборови и текст. Употребува голема буква на почетокот на реченицата, при тоа потребно е насочување. Со помош ги препознава интерпункциските знаци и знае за нивната функција, разликувајќи при тоа расказна и прашална реченица. Воочува и препознава наслов, разликува видови текстови, илустрација и автор. Ги воочува настаните (случките) и ликовите. Со поттик прераскажува обработени куси содржини. Математика Со помош решава проблемски задачи и ја утврдува логичната поврзаност на настаните. Класифицира предмети според еден и два признаци. Претставува множества со Венов дијаграм и формира унија од две и три множества. Чита и пишува броеви до десет, со поттик споредува броеви до десет по големина, ги чита и пишува симболите: <, >, =, +, - и ги применува во математички изрази. Со поголема помош и мотивација собира и одзема броеви до бројот 20. Со поттик и мотивација решава едноставни текстуални задачи со собирање и одземање до 20. Мери, проценува и споредува должини. Проценува маса на предмети со мерење, искажува вредности на предмети во денари, а при тоа потребно му е помош. Запознавање на околината Знае некои особености на местото во кое живее: населба, село, град. Препознава неколку објекти во непосредната околина. Ги знае грбот и знамето на Р Македонија. Знае неколку знаменитости и природни убавини на Македонија. Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство. Ги именува апаратите во домот и знае каква е опасноста од неправилно ракување со нив. Разликува елементарни непогоди. Го знае значењето на водата, воздухот за животот на човекот и ги знае основните својства. Умее безбедно да се движи по улица . Музичко образование Интерпретира соодветни песни различни по карактер и содржина. Успешно креативно се изразува при изведба на танците и ората. Самостојно го определува карактерот на музиката ( весела, тажна). Ги препознава и разликува еднаквите, кратките и долгите траења. Разликува и именува ДМИ ( визуелно и по слух). Ликовно образование Црта различни линии и детали. Ги препознава и именува основните бои и умее да добие секундарни бои. Во сликањето внесува уметнички дух. Умее да одбере материјали и соодветни средства за моделирање и обликување и при тоа ликовно да се изразува. Умее правилно да ракува со печатот и со ритмичко повторување да создава композиција. Умее правилно да ракува со печатот и со ритмичко повторување да создава композиција. Физичко и здравствено образование Поседува чувство за правилно и симетрично поставување во една и две редици и колони. При одењето и трчањето изведува правилни и синхронизирани движења. Со координација на локомоторниот апарат фрла и фаќа топчиња. Покажува особено внимание и активност во играта и ги почитува правилата на играта. Со координација на локомоторниот апарат фрла и фаќа топчиња. Покажува особено внимание и активност во играта и ги почитува правилата на играта. Ученикот успешно ги поминува поставените справи и реквизити покажувајќи умешност, сила, брзина и снаодливост.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.