Kapital-1056

Page 1

ПЛРК: ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА ЕЗЕРСКИОТ ТУРИЗАМ ИНТЕРВЈУ business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1056

Дарко Димитровски

генерален менаџер на Bar & Breakfast

Создаваме производ од премиум состојки во којшто потрошувачите ќе веруваат

цена 100 ден. l 13 март 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

COVER STORY Коронавирусот може да ја чини светската економија 2.700 милијарди долари АНАЛИЗА За македонската економија лани круна, годинава корона?!

interview

МИЛОРАД КРСТИЌЕСКИ Генерален менаџер на Бритиш Американ Тобако за Србија и Црна Гора

ВЛОЖУВАЊЕТО ВО СОПСТВЕНИТЕ КАДРИ НЕМА АЛТЕРНАТИВА PROFILE COMPANY:

ШАР АУТДОРС, АГЕНЦИЈА ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ



СОДРЖИНА

Kapital... 1056 16

20

ИНТЕРВЈУ

АНАЛИЗА

Милорад Крстиќески

генерален менаџер на Бритиш Американ Тобако за Србија и Црна Гора

Вложувањето во сопствените кадри нема алтернатива

Економскиот раст лани 3,6% За економијата лани круна, годинава корона?!

26

ИНТЕРВЈУ

Дарко Димитровски

генерален менаџер на Bar & Breakfast

Создаваме производ од премиум состојки во којшто потрошувачите ќе веруваат

6

COVER STORY

Што ако COVID 19 прерасне во пандемија Коронавирусот може да ја чини светската економија 2.700 милијарди долари

34

30

38

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ

ЛИДЕРИ IN MEMORIAM:

Адреналин зачинет со физички напор, но и запознавање на локалната култура и традиција

Избор на нови езерски доживувања

„Неутрон Џек“: шефот на Џенерал Електрик што стана бизнис супер - ѕвезда

ВО ФОКУС Паника на берзите.....................................................4 Стравот од коронавирусот плус војната околу цената на нафтата ги потонаа пазарите на капитал

АНАЛИЗА Економскиот раст лани 3,6............................20 За економијата лани круна, годинава корона?!

PROFILE COMPANY

Шар Аутдоорс – агенција специјализирана за авантуристички туризам

Поддршка на развојот на езерскиот туризам

COVER STORY Што ако COVID - 19 прерасне во пандемија.........................................6 Коронавирусот може да ја чини светската економија 2.700 милијарди долари ИНТЕРВЈУ Милорад Крстиќески, генерален менаџер на Бритиш Американ Тобако за Србија и Црна Гора...........................................................................16 Вложувањето во сопствените кадри нема алтернатива

ИНТЕРВЈУ Дарко Димитровски, генерален менаџер на Bar & Breakfast.........................................................26 Создаваме производ од премиум состојки во којшто потрошувачите ќе веруваат PROFILE COMPANY Шар Аутдоорс агенција специјализирана за авантуристички туризам......................................30 Адреналин зачинет со физички напор, но и запознавање на локалната култура и традиција

Џек Велч

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ Поддршка на развојот на езерскиот туризам................................................34 Избор на нови езерски доживувања ЛИДЕРИ In Memoriam: Џек Велч........................................38 „Неутрон Џек“: шефот на Џенерал Електрик што стана бизнис супер - ѕвезда МЕНАЏМЕНТ И вака се кратат трошоци...............................46 “Форекастинг“ за успешно менаџирање со набавките

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 12.3.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1056 13.03.2020

4

ВО ФОКУС

ПАНИКА НА БЕРЗИТЕ Галопирачкото ширење на коронавирусот во комбинација со „војната“ околу цените на нафтата ги потона берзите во светот само неколку минути откако почна тргувањето во понеделникот, на 9 март.

Ш

Ширењето на заразата од коронавирусот низ светот, заедно со ниските цени на нафтата предизвикани од „војната“ околу цените помеѓу големите производители Русија и Саудиска Арабија, предизвикаа паника на берзите во понеделникот наутро, па Dow Jones на Њујоршката берза да падне за 7% веднаш по почетокот на тргувањето. Ова предизвика привремено сопирање на тргувањето со цел да се спречи тотален крах на берзата. За 7% пет минути по почетокот на тргувањето потона и S&P 500 индексот, што предизвика автоматско сопирање на трансакциите од 15 минути. Откако продолжи тргувањето, пазарите почнаа пополека да враќаат нешто од тоа што го загубија.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

5


Капитал број 1056 13.03.2020

6

www.kapital.mk

COVER STORY

КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ДА ЈА ЧИНИ СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

2.700 Како што се шири вирусот COVID – 19 низ планетава секојдневно, така се зголемува и износот на проценетата штета за светската економија. Најстрашното е што никој во моментов не може со сигурност да предвиди колку голема криза или рецесија може да предизвика коронавирусот. Како капак на сè е и падот на цената на нафтата, што во прво време за земјите увознички како Македонија може да е добра вест, но на подолг рок ќе ја зголеми штетата по светската економија првично креирана од короната, што на крајот, индиректно ќе се одрази и врз македонската економија.

МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

7 ШТО АКО COVID - 19 ПРЕРАСНЕ ВО ПАНДЕМИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

8

COVER STORY

Во Венеција и Милано, музеите, театрите и останатите популарни дестинации се затворени, а големите настани се откажани. Германското национално туристичко биро (GNTB) очекува ноќевањата од кинеските туристи да паднат помеѓу 17 и 25%.

пишува:

Игор Петровски

Д

igor.petrovski@kapital.mk

Деновиве разбрав од менаџер на еден од попознатите скопски хотели дека моментално ситуацијата поврзана со епидемијата на коронавирусот кај нив е катастрофална: откажани се 70-80% од резервациите за март месец, а нови резервации речиси и да нема. Ако вака продолжи, рече хотелиерот, сезонава е загубена за нив, а штетите допрва ќе ги пресметуваат. Во еден пак, од најголемите хотели во градов, неофицијално дознав, дека во еден ден се отпуштени 15 луѓе од персоналот, поради големите загуби предизвикани од масовните откажувања на резервации, но и закажани настани, поради стравот од ширење на коронавирусот. Ова се само два примери од тоа што го преживува во моментов домашниот туристички бизнис, којшто допрва ги очекува туристите од Холандија и другите европски земји што треба да дојдат пролетва со чартер летови во Скопје и Охрид. Државната Агенција за поддршка на туризмот заедно со стопанските комори и асоцијациите за туризам

формираа специјално Координативно тело за превенција од последиците на коронавирусот, кое што засега утврди штети од околу три милиони денари коишто се претежно последица на откажувањето на летовите на Визер кон северна Италија и следствено откажување на аранжманите на туристичките агенции за оваа дестинација. Засега нема големи откажувања од странските туроператори, туку дека поголемиот број на семинари, конференции и други аранжмани, претежно индивидуални, се на ниво на град Скопје како туристичка дестинација. На светско ниво, ситуацијата во туристичката индустрија станува сè позагрижувачка. Најпогодена е секако, Кина, местото од каде што тргна епидемијата, како и останатите азиски држави кон коишто гравитираат најголемиот дел кинески туристи. Според Дојче Веле, од 150 милиони патувања во странство на Кинезите, 90% се во азиските земји. Кинеските туристи станаа клучен економски фактор во овие дестинации. Меѓутоа, затоа што повеќето авиокомпании ги прекинаа нивните конекции со Кина, гостите од оваа земја во голема мера останаа дома. Популарниот индонезиски остров Бали веќе објави дека 40.000 хотелски резервации се откажани. Јапонија е уште повеќе погодена. Таму, гостите од Кина сочинувале 25% од вкупно 32 милиони туристи што ја посетиле земјата во 2019 година. Слична е ситуацијата и во Тајланд, Јужна Кореа, Сингапур,

Малезија и останатите азиски земји. „Катастрофа за овие земји“, изјави професорот по туризам и директор на Институтот за аутгоинг туризам на Кина (COTRI), Волфганг Арлт, за Дојче Веле. „Многу, особено малите бизниси како продавници за сувенири, хотели, агенции и сл., веќе се затворени. Туризмот на Тајланд стравува од пад од 6 милиони туристи годинава, што е 16% помалку од лани.“ Во Европа кризата се’ уште расте: откако почна епидемијата во Италија, популарните туристички места зјаат празни. Во Венеција и Милано, музеите, театрите и останатите популарни дестинации се затворени, а големите настани се откажани. Во Франција, пак, Лувр останува затворен неколку дена по ред, затоа што вработените се плашат да дојдат на работи поради можноста за инфекција. Во меѓувреме, во Германија, по откажувањето на големиот саем за туризам ITB, луѓето се повеќе загрижени околу влијанието што ќе го имаат врз туристичката индустрија откажувањата на патувањата од азиските туристи. Германското национално туристичко биро (GNTB) очекува ноќевањата од кинеските туристи да паднат помеѓу 17 и 25%. Кинеските туристи трошат околу 8 милијарди евра годишно во Германија, па овој пад ќе се одрази значително во овој сектор. „Секако дека ќе го почувствуваме ефектот од овој пад“, вели Матијас Шимер, директор на Хајделберг Сити Маркетинг. Овој древен универзитетски град на реката Некар е едно од


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

9 најпопуларните места што го посетуваат кинеските туристи во Германија. Иако, како што вели Шимер, бројките се’ уште не се пресметани, едно е сигурно: “Нема да можеме да надоместиме за оваа загуба.“

Четири „црни“ сценарија

Коронавирусот се шири глобално, и можно е да и нанесе тежок удар на светската економија. Епидемијата што почна во срцето на кинеската провинција Хубеи, сега рапидно се шири. Веќе се забележани значителни епидемии во Јужна Кореа, Италија, Иран, а првите смртни случаи се забележани и во САД. Економската криза би можела да предизвика рецесии во САД, еврозоната и Јапонија, најбавен раст досега во Кина, и вкупно околу 2.700 милијарди долари загуба за светскиот бруто домашен производ – колку што е целиот БДП на една Велика Британија. Ова е најцрното можно сценарио, од четирите што ги разви тимот на Bloomberg Economics, втемелени на искуствата во Кина, симулации во другите земји, процените на ризик за глобалните синџири на снабдување и симулација на моделот на светската економија.

Но, со толку многу непознати во равенката на епидемијата, како и реакциите на владите и бизнисите, овие прогнози не може да ги сметаме за крајно прецизни. Тие само се обидуваат да понудат начин на трасирање на потенцијалните ефекти во земјите и индустриите, како и да ја предвидат магнитудата на потресот. Стартна основа на анализата на Bloomberg е она што се случува во Кина, каде што продажбата на автомобили падна за 80%, патничкиот сообраќај за 85%, а економијата, практично е застаната. Аналитичарите на Bloomberg прогнозираат дека растот на кинескиот БДП во првиот квартал на 2020 забавил до ниво од 1,2% година за година, што е најслаб досега резултат. Ако Кина не застане брзо на нозе до крајот на Март, дури и оваа прогноза може да била оптимистичка. Првото сценарио е дека главниот удар на епидемијата ќе го поднесе Кина, а релативно благо ќе се прелее на остатокот од светот. За остатокот од светот, Кина е голем извор на побарувачка и на понуда, и причина за загриженост на финансиските пазари. Во 2019 година увозот во Кина изнесувал 2.100 милијарди долари, буквално

секаква стока, од игла до локомотива. Кина е исто така најголемата фабрика на светот, од каде што доаѓаат и омилените ајфони на западните потрошувачи и огромните градежни машини какви што ретко може да најдете на друго место. Ако Кина ја воспостави контролата врз епидемијата доста брзо, и оваа светска фабрика се врати на нозе во вториот квартал, тогаш ефектот врз остатокот од светската економија ќе биде ограничен. Ако ова се оствари, по силниот удар од првата половина од годинава, ќе следи закрепнување во вторите шест месеци, а за светот како целина, и за големите економии како американската, овој ефект тешко дека ќе се почувствува во бројките за годишниот БДП на крајот. Сценарио 2: Епидемијата предизвикува локализирани потреси. Што ако проблемот се влоши? Во ова сценарио, Bloomberg претпоставува дека на Кина ќе и треба подолго време да закрепне економски. Претпоставка е и дека Ј. Кореа, Италија, Јапонија, Франција и Германија – големите економии што освен Кина, се соочија со најголем број заразени досега – ќе бидат економски погодени. Според процените, ова би го симнало глобалниот економски раст на 2,3% во 2020 година, за разлика од


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

10

COVER STORY

Најцрното сценарио на Bloomberg Economics претпоставува дека сите земји во нивниот модел претрпуваат страшен шок – ако ова се случи, растот на светската економија ќе биде нула. И САД ќе влезе во рецесија, а кинескиот раст ќе биде само 3,5%, најслаб од 1980 година досега. На светско ниво, оваа стагнација ќе значи загубен бруто производ од 2.700 милијарди долари.

прогнозата од 3,1%, пред вирусот. Во третото сценарио, што подразбира глобално распространета зараза, Bloomberg стравува од поголеми шокови во претходно наведените земји. Исто така, на ова додаваат и извесни помали шокови во сите други земји што досега пријавија случаи на коронавирус до почетокот на март. Тука се САД, Индија, В. Британија, Канада и Бразил, што значи дека сите од 10 – те најголеми светски економии ќе доживеат помал економски раст паралелно со нивната борба да го ограничат ширењето на смртоносниот вирус. Во ова сценарио, светскиот економски раст се проценува на 1,2%. Еврозоната и Јапонија ќе влезат во рецесија, а растот на САД ќе биде само 0,5%, што ќе доведе до раст на невработеноста среде изборна година. И четвртото, најцрното сценарио на Bloomberg, претпоставува дека сите земји во нивниот модел претрпуваат страшен шок – ако ова се случи, растот

на светската економија ќе биде нула. И САД ќе влезе во рецесија, а кинескиот раст ќе биде само 3,5%, најслаб од 1980 година досега. На светско ниво, оваа стагнација ќе значи загубен бруто производ од 2.700 милијарди долари.

Нема многу простор за маневар на владите и централните банки Освен аналитичарите на Bloomberg, и други го запалија алармот. ОЕЦД ги снижи своите прогнози за светскиот економски раст од 2,9% на 2,4% за годинава, и предупреди дека може да падне и до 1,5%. Goldman Sachs очекува контракција на светската економија во првото полугодие, а скорешните прогнози за раст на кинеската економија во првиот квартал се движат од 5,8%, па сè до пад од 0,5%, што само го истакнува високиот степен на несигурност околу целава ситуација со коронавирусот. Неминовно дека ќе следат одговори на државите низ светот и нивните

централни банки во вид на снижување на каматните стапки и зголемување на јавната потрошувачка, затоа што ќе требаат многу пари за справување со последиците од епидемијата. Во најмала рака вирусот ќе направи шок на страната на понудата – фабриките ќе се затвораат, затоа што луѓето ќе седат дома. Тука не може што многу да се стори од било која влада. Снижувањето на каматите и поголемата потрошувачка ќе помогне да се одржи колку толку стабилноста на кревките финансиски пазари, и да се обнови побарувачката штом ќе помине кризата. Меѓутоа, во време на историски најниски каматни стапки, и високо ниво на долг во светот, останува многу малку простор за маневар на светските политички и економски лидери. Тие, како и сите други на планетава, само може да се надеваат дека епидемијата може брзо да биде ставена под контрола.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

12

COVER STORY

КОЛКАВА Е СМРТНОСТА ОД КОРОНАВИРУСОТ? „Епидемиолозите и оние кои прават модели на болеста се согласни во едно – сите признаваат дека проекциите за стапката на смртност се ризични зашто постојат многу непознати. Се уште многу работи не се знаат за новиот вирус, а дополнителен предизвик се обидите прогнозите да се прилагодат на неоткриените и непријавените случаи“, пишува Гласот на Америка.

З

Здравствените власти и епидемиолозите не можат да се согласат колку е смртоносна болеста Ковид-19. Проекциите за смртен исход се движат меѓу 1 и 3.4% од заразените. Оваа разлика не е изненадувачка кога станува збор за нов вирус, велат виролозите и оние кои прават модели на болеста, пишува Гласот на Америка. Тие предупредуваат дека разликите меѓу државите можат да ги искриват предвидувањата – особено доколку здравствените системи се преплавени и попуштат под притисокот од пациенти на кои им треба болничко лекување. Некои епидемиолози се загрижени дека тоа се случува сега во најзагрозените делови од Северна Италија. Смртноста во Италија се искачи на загрижувачки 5% во неделата откако Агенцијата за цивилна заштита објави вознемирувачки скок од 51% на смртните случаи со што вкупниот биланс на починати од коронавирусот се искачи на 366. Скокот во смртни исходи во Италија ги надмина и најлошите проекции, како и вкупната стапка на смртност во другите погодени држави. Но, здравствените власти велат дека смртноста не е исклучително висока ако се земе предвид големиот процент на возрасна популација во земјата, речиси една четвртина од населението во Италија има над 65 години. Меѓу развиените држави само Јапонија има постаро население. Во Кина околу 9% од постарите од 80 години заразени со коронавирус починаа. Во Италија смртноста кај највозрасните е нешто над 8%. До понеделникот италијанските здравствени власти имаа пријавено само два смртни исходи кај луѓе помлади од 63 години. Најголем дел од починатите биле во нивите 80-ти или 90-ти години, поголемиот дел биле со ослабен имунолошки систем и страдале од хронични болести како проблеми со бубрезите, со срцето или дијабетес. Здравствените власти велат дека

системот се држи но е под неверојатен притисок кој веројатно ќе се засили доколку драстичните мерки за спречување на ширењето на заразата кои ги најави Премиерот Џузепе Конте не почнат да даваат резултат. Во Ломбардија, најтешко погодениот регион, 10% од медицинскиот персонал не може да работи зашто е позитивен на вирусот и е во карантин. Болниците во градовите Лоди и Кремона минатата недела беа толку преполни што мораа да ги затворат ургентните центри и да ги испратат пациентите на друго место. Различните проекции за смртноста на вирусот предизвикаа политички раздор во Соединетите Американски Држави минатата недела кога Претседателот Доналд Трамп шпекулираше дека стапката ќе биде околу 1% што е спротивно на Светската здравствена организација која ја постави глобалната стапка на смртност на околу 3.4%. „Мислам дека 3.4% е навистина лажен број. Сега, ова е само мое претчувство, но базирано на многу разговори со многу луѓе кои работат ова. Многумина ќе го добијат вирусот, но во блага форма. Тие ќе оздрават многу бргу. Тие дури и нема да мора да одат на лекар. Тие дури и не се јавуваат на лекар“, рече Трамп во едно телевизиско интервју.

Британските медицински власти претпоставуваа дека стапката на смртност ќе биде околу 1%. Крис Вити, главниот медицински советник во земјата, минатата недела пред Парламентот изјави дека се охрабрувачки намалениот број на инфекции и намалената стапка на смртност во Кина. Епидемиолозите и оние кои прават модели на болеста се согласни во едно – сите признаваат дека проекциите за стапката на смртност се ризични зашто постојат многу непознати. Се уште многу работи не се знаат за новиот вирус, а дополнителен предизвик се обидите прогнозите да се прилагодат на неоткриените и непријавените случаи. Тие велат дека подобрени протоколи за лекување и употреба на постоечки лекови кои би делувале на вирусот можат значително да ја променат ситуацијата. Од особена важност е избегнувањето на нагло покачување на бројот на заразени – големиот прилив на пациенти на кои им треба болничка нега во исто време може да ги преплави здравствените системи и да предизвика недостаток од кревети и персонал. Крајниот резултат може да биде несоодветен третман што би резултирал со поголема смртност.

nnn


35 години рок на отплата

Намалени каматни стапки

Без трошоци за одобрување и проценка

НЛБ Станбени кредити

Ги одбројувате ли деновите до Вашиот нов дом? Аплицирајте за новите НЛБ Станбени кредити со 35 години рок на отплата, намалени каматни стапки, без трошоци за одобрување и проценка! Понудата трае до 31- ви мај!

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

14

COVER STORY

НА НЕКОЈ ЌЕ МУ СВЕТНЕ КОГА НА ДРУГ ЌЕ МУ СЕ СТЕМНИ Вакцината против корона ќе влезе на пазарот вреден 35 милијарди долари годишно

K

Коронавирусот го привлече вниманието кон брзо растечката индустрија на вакцини во светот. Како што пишува CNBC, пазарот на вакцини на планетава пораснал за шест пати во изминативе две децении, и вреди повеќе од 35 милијарди долари денес, според AB Bernstain. Аналитичката компанија вели дека во оваа индустрија се четири главни играчи коишто држат 85% од пазарот – британскиот производител GlaxoSmithKline, француската фармацевтска компанија Sanofi, и американските Merck и Pfizer. „За секој долар инвестиран во вакцинација во најнеразвиените 94 земји во светот, нето повратот е 44 долари. Тешко е да се борите против овој

аргумент“, велат од AB Bernstein. “Овој олигопол е настанат преку значителна пазарна консолидација првенствено придвижена од комплексноста на производството и синџирите на дистрибуција“. Овие компании веќе ја почнаа трката за креирање вакцина против смртоносниот коронавирус, како и креирање на други лекови против грипот. Инвеститорите пак, таргетираат некои компании од биотехнолошкиот сектор, со надеж дека нивните напори да развијат вакцини и превенција од коронавирусот, еден ден ќе родат со плод и богато ќе ги наградат. Sanofi се здружи со американската влада со цел да развие вакцина за новиот вирус, надевајќи се дека нивната работа на вакцина проти SARS од 2003 година, ќе го заврза процесот. GlaxoSmithKline изјави дека се здружиле со Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации за разививање на вакцини. Moderna Therapeutics, биотехнолошка

компанија од Кембриџ, Масачусетс, САД, на 25 февруари ги испорача првите пратки од вакцината против коронавирусот или сега веќе познат како COVID – 19. Вакцината е развиена за само 42 дена откако е направена генетичката секвенца на вирусот, наречена SARS – CoV – 2, од страна на кинеските научници, кон средината на јануари. Првите дози на вакцината се испратени во Националниот Институт за алергии и заразни болести (NIAID), каде што треба да ја подготват оваа прва вакцина против коронавирус за тестирање врз луѓе што се очекува да почне во првите денови на април. Сепак, некаква комерцијална употреба на вакцина против коронавирусот ќе почека извесно време. Експертите предупредија, дека и покрај моменталниот напредок на некои компании, јавноста не треба да очекува вакцина против коронавирусот до почетокот на следната година. nnn



Капитал број 1056 13.03.2020

16

ИНТЕРВЈУ

МИЛОРАД КРСТИЌЕСКИ ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА БРИТИШ АМЕРИКАН ТОБАКО ЗА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА И ДОСЕГАШЕН ДОЛГОГОДИШЕН ГМ ЗА МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И КОСОВО

ВЛОЖУВАЊЕТО ВО СОПСТВЕНИТЕ КАДРИ НЕМА АЛТЕРНАТИВА Во БАТ веруваме дека вработените и нивниот талент се клучни за нашиот успех и поради тоа се фокусираме на нивниот развој и на создавањето иновативна и инспиративна работна средина. Бритиш Американ Тобако е компанија во која инвестирањето во сопствени кадри е високо на агендата за човечки ресурси. Во БАТ тоа подразбира создавање на квалитетна работна средина, инвестирање во тренинг и едукација на своите вработени, фокус кон препознавање и вработување на млади таленти и нивно креирање и конвертирање во лидери, подобра здравствена заштита за вработените, работа од дома, флексибилни часови, фитнес активности итн.. Сето ова влијае на зголемување на долгорочната продуктивност на компанијата. Горд сум што во БАТ Македонија ова е застапено на највисоко ниво и придонесува директно за исклучителните резултати во изминатите години, но и индиректно преку развојот на човечкиот капитал придонесува до поголем економски раст во Македонија.


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

17 разговара:

Игор Петровски

М

igor.petrovski@kapital.mk

Милорад Крстиќески од почетокот на 2020 година е новиот генерален менаџер на тутунската компанија „Бритиш Американ Тобако“ за Србија и Црна Гора, со седиште во Белград. Тој на оваа позиција доаѓа од местото генерален менаџер на „Бритиш Американ Тобако“ за Македонија, Албанија и Косово. Крстиќески поседува огромно искуство во тутунскиот бизнис, кое го стекнал преку работа во Творница Духана Ровињ ТДР од 2003 година, каде бил задолжен за развој на тутунската индустрија на пазарите на повеќе земји во регионот, а со преземањето на ТДР од страната на БАТ, тој ги презема најодговорните позиции во БАТ системот. По неговото преземање на обврските на новата работна позиција во Белград, разговаравме околу постигнатите резултати во Македонија, вложувањето во развојот на сопствените кадри, имплементацијата на новите стандарди и иновации, со што ТДР како дел од БАТ успеа да се издигне и позиционира како една од најуспешните компании во регионот. XГ-не X Крстиќески, Бритиш Американ Тобако како една од светските водечки тутунски компании веќе неколку години е присутна преку своите брендови на македонскиот пазар, како би го оцениле своето досегашно работење и вашата позиција на пазарот? Бритиш Американ Тобако е една од најголемите мултинационални компании која на македонскиот пазар е директно присутна од 2015 година преку преземањето на ТДР како една од најуспешните компании на екс-југословенските простори, а која во септември 2017-та година стана дел од регионот на „БАТ Адриа“ и во исто време е дел од кластерот „АлМаКо“ (Албанија, Македонија, Косово). Оттогаш нашето работење е стабилно, бележиме константен раст на сите клучни показатели, а нашите производи имаат добра позиција на пазарот. Спојот на искусниот локален тим, познатите меѓународни тутунски брендови на БАТ како што се Lucky Strike, Rothmans, Pall Mall и други, како и интернационалниот know-how, беа јасен сигнал за продолжување на успешната приказна која ТДР ја градеше долги години. Комплетното портфолио на ТДР за помалку од 16 месеци мигрираше во интернационалните брендови


Капитал број 1056 13.03.2020

18

ИНТЕРВЈУ

на БАТ, кој за потрошувачите се јасен сигнал за стандарден висок квалитет, но и задржување на најдобрите брендови од ТДР и вклучување на истите во БАТ портфолиото, како што е Ронхил. Можам да заклучам дека БАТ од компанија која воопшто не беше присутна на македонскиот пазар, за 16 месеци од преземањето на ТДР успеа да се наметне како битен играч, кој учествува во создавањето на структурата на тутунската индустрија во државата. XШто X значеше преземањето на ТДР од страна на БАТ пред четири години за операциите на ТДР во земјава? Какво know-how и практики донесе светскиот гигант БАТ во работењето на локалното претставништво во Скопје? ТДР, како водечки независен производител на цигари во Централна Европа, со преземањето пред повеќе од четири години и инвестицијата во него во вредност од 505 милиони евра, стана горд член на British American Tobacco, која претставува вистинска глобална тутунскa компанија. Со оглед на тоа што ТДР беше присутна само во државите од Балканот, како потреба се наметна прилагодувањето на дотогашниот начин на работење со највисоките интернационални норми. Ние имплементиравме високи стандарди во работењето и го збогативме портфолиото на компанијата со познати и препознатливи интернационални брендови со веќе изграден имиџ, додека преку паметни инвестиции, континуиран фокус на потрошувачите, зацврстување на одличната соработка и извонреден професионален однос со нашите трговски партнери, успеваме да воспоставиме и водиме одржлива развојна агенда на нашиот бизнис. Одржливоста е нешто што е клучно во обезбедувањето на иднината на нашата компанија и создавањето на заеднички вредности со нашите потрошувачи, нашите акционери и сите вклучени страни. Овие глобални стандарди воспоставени од страна на БАТ станаа дел од нашето работење, дневна рутина, издигнувајќи ја локалната компанијата на уште повисоко ниво. XКакво X е значењето на БАТ за македонската економија и буџет, во смисла на откуп на тутун за преработка, плаќање даноци и акцизи во буџетот, итн.? БАТ игра исклучително важна улога не само за македонската економија и буџет, туку и за општеството во целина. Имено, само во 2019 година, БАТ, директно преку акциза, царина и даноци од тутунски производи во државниот буџет има уплатено 47 милиони евра, додека пак преку вработување на 100 лица, односно 25 директно во компанијата и 75 индиректно преку нашиот овластен дистрибутер Пекабеско А.Д. Скопје, влијаеме на намалување на процентот на невработеност. Дополнително,

во однос на откупот на тутун од тутунопроизводителите, во последните 3 години откупот од страна на БАТ во просек изнесува 5.000 тони, или 20% од вкупното македонско производство на тутун што покажува колку е значаен македонскиот пазар за нас. Бенефит кој директно го чувствуваат тутунопроизводителите, но и државната економија во исто време. XШто X значи признанието Employer Partner Certificate што БАТ го доби за седум различни пазари во регионов, меѓу кои и македонскиот? Кои се клучните предности на БАТ како работодавач во земјава? Нашите вработени се главната причина зошто БАТ е една од водечките мултинационални компании во тутунската индустрија, а сертификатот Employer Partner е само мотив да продолжиме да работиме во истата насока. Во БАТ веруваме дека вработените и нивниот талент се клучни за нашиот успех и поради тоа се фокусираме на нивниот развој и на создавањето иновативна и инспиративна работна средина. Бритиш Американ Тобако е компанија во која инвестирањето во сопствени кадри е високо на агендата за човечки ресурси. Во БАТ тоа подразбира создавање на квалитетна работна средина, инвестирање во тренинг и едукација на своите вработени, фокус кон препознавање и вработување на млади таленти и нивно креирање и конвертирање во лидери, подобра здравствена заштита за вработените, работа од дома, флексибилни часови, фитнес активности, итн.. Сето ова влијае на зголемување на долгорочната продуктивноста на компанијата. Оваа награда е дополнително признание на нашите континуирани напори да создадеме систем за успешно развивање и унапредување на кариерите на нашите вработени на пазарите во Македонија, Албанија и Косово, каде имаме повеќе од 60 вработени. Признанието Employer Partner Certificate подразбира и имплементација на исти услови за работа како во западните и развиените земји. Дополнително, ова признание нуди можност на нашите вработени за интернационална кариера во рамките на групацијата, односно колегите од Македонија добиваат уникатна прилика да работат во Австрија, Чешка, Романија итн. Се отвораат можности за пракса преку разни програми во рамки на БАТ Групацијата, како што се Global Graduate Program, Battle of Minds и други програми наменети за актуелни студенти како и тукушто дипломирани студенти, од кои голем број добиваат можност за постојано вработување во нашата компанија. Global Graduate Program ја спроведуваме од 2017 година, и забележуваме дека интересот за оваа програма е сè поголем односно дека секоја година бројот на пријавени кандидати се зголемува. Додека, Battle of Minds програмата ја

реализираме од оваа година и според бројот на апликанти, исто така, можеме да кажеме дека интересот е огромен на сите три пазари. Токму инвестицијата во развој на сопствените кадри, квалитетна работна средина и таленти, е она што ја прави БАТ поразлична, а со тоа и добитник на престижното признание Employer Partner Certificate. Од лична перспектива, во изминатите 16 години, како дел од БАТ и ТДР, сето ова што претставува БАТ како работодавач, можам да го потврдам со безброј лични примери. Неизмерно сум благодарен на сите мои досегашни претпоставени и на компанијата, кои вложувале во мојот развој и едукација, а најдобар начин да се заблагодариш е да продолжиш со понатамошно инспирирање на младите кадри и со креирање на средина во која што ќе може да се развиваат. Горд сум што во БАТ Македонија ова е застапено на највисоко ниво и придонесува директно за исклучителните резултати во изминатите години, но и индиректно преку развојот на човечкиот капитал придонесува до поголем економски раст во Македонија. XКолкав X интерес има БАТ за пласман на производите со намален ризик на македонскиот пазар и кога може домашните консументи да ги очекуваат овие производи? БАТ е континуирано посветена на развој и комерцијализација на производи со потенцијално намален ризик. Нашата амбиција за „трансформирање на тутунот“ подразбира повеќе избор, повеќе иновации и потенцијално помалку ризик. Имаме јасна амбиција за водење на процесот на трансформацијата на нашата индустрија, нудејќи им на потрошувачите низа производи со потенцијално намален ризик. Развојот на овие производи е високо на агендата на БАТ глобално, секако и Македонија е на мапата во правец на утврдување на најповолниот момент за пласман на истите согласно потребите и навиките на потрошувачите на пазарот. Денес, имаме водечки производи во индустријата за електронски цигари; несогорливи тутунски производи; во современите производи за орална употреба, како и во категоријата на традиционални орални производи. И покрај успесите на нашите нови категории, ова е само почеток, а иновациите и технологијата сè повеќе ќе бидат во срцето на нашиот бизнис. Нашиот центар за истражување и развој, во кој работат стотици научници, е насочен кон континуиран развој на нови и иновативни призводи и категории со потенцијално намален ризик. Во 2018 година поднесовме 130 патенти и очекуваме тој број значително да се зголеми во следните години. Се разбира, стручноста во оваа област не е единствено во рамките на БАТ и, следствено, имаме голем број на


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

19

Признанието Employer Partner Certificate подразбира и имплементација на исти услови за работа како во западните и развиените земји. Дополнително, ова признание нуди можност на нашите вработени за интернационална кариера во рамките на групацијата односно колегите од Македонија добиваат уникатна прилика да работат во Австрија, Чешка, Романија итн. Се отвораат можности за пракса преку разни програми во рамки на БАТ Групацијата, како што се Global Graduate Program, Battle of Minds и други програми наменети за актуелни студенти како и тукушто дипломирани студенти, од кои голем број добиваат можност за постојано вработување во нашата компанија. соработки, партнерства и инвестиции со трети страни кои имаат широк спектар на специјализации, со цел да ни помогне во процесот на планирање и развивање на идните производи. XКако X влијае новиот Закон за тутун врз работењето на БАТ на македонскиот пазар и дали како компанија заедно со другите играчи на пазарот партнерски учествувавте во негово креирање заедно со Владата? Морам отворено да кажам дека Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија беше консултирана во процесот на изработка на новиот Закон за тутун. Одредбите од новиот Закон за тутун директно немаат големо влијание во однос на тековното работење на БАТ, со оглед на тоа дека прометот со цигари беше детално регулиран и со претходниот закон. Меѓутоа, она што е новина во последниот Закон за тутун е регулирањето на контролата на увозот и прометот на необработениот тутун, кој досега создаваше големи проблеми за државата и ја зголемуваше нелегалната трговија со тутун и производи од тутун.

На тој начин со новиот закон за првпат се регулира производството и прометот на производи од несогорлив тутун и електронските цигари во Македонија. Оттука, оваа нова промена на Законот за тутун ќе влијае Македонија да се приклучи на современите земји во светот каде е регулирана трговијата и пласманот на алтернативни несогорливи тутунски производи. XКакви X се плановите на БАТ и Вашите планови за следната година? Нашите амбиции и планови за 2020 година вклучуваат раст на бројот на вработените согласно потребите, а со тоа и зголемување на работните простории со повисоки стандарди на условите за работа, како и создавање на „мини хаб“ за Косово и Албанија, каде голем број на функции се менаџирани и контролирани од централната канцеларија во Македонија. На личен план, после 10 години активно управување на пазарите во Македонија, Албанија и Косово, почнувајќи од јануари 2020 година ја преземам позицијата генерален менаџер на Бритиш Американ Тобако за Србија и Црна Гора, со седиште

во Белград, што за мене претставува еден нов поголем предизвик и големо задоволство. Со гордост можам да кажам дека заложбата на БАТ за развој на локални таленти покрај во мојата кариера се огледа и во назначувањето на мојот колега Саше Николовски за нов директор на БАТ за пазарите во Македонија, Албанија и Косово. Саше е дел од компанијата од септември 2011 година, а пред преземањето на овој голем чекор во неговата кариера, беше на позицијата менаџер за маркетинг за пазарите на Македонија, Албанија и Косово. Поради природата на позицијата, но и поради своите квалитети и талент, Саше беше вклучен во сите аспекти на креирање на портфолио стратегијата и директно спроведување на истата, со што тој е еден од клучните луѓе кои се заслужни за континуираниот раст на пазарите кои ги покриваме. Оттаму, сметам дека БАТ - АлМаКо, со Саше Николовски како директор ќе продолжи да биде креатор на позитивни приказни поставувајќи нови стандарди за работа како една од најуспешните компании во регионот.

nnn


2015

www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

20

ЕКОНОМИЈА

3,8% 3,6% 2,7%

2,4%

РЕАЛЕН РАСТ НА БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД (БДП)

0,2% 2016

2017

2018

2019

2020

20

Извор: Државен завод за статистика, Народна банка

ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЛАНИ 3,6%

ЗА ЕКОНОМИЈАТА КРУНА, ГОДИНАВА


www.kapital.mk

ЛАНИ А КОРОНА?!

Капитал број 1056 13.03.2020

21 Растот на економијата лани благо ги надмина прогнозите на сите меѓународни финансиски институции, па и на самата Влада, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци, економијата лани забележала поголема активност за 3,6% споредено со годината претходно, иако најоптимистичките прогнози се движеа до највисоки 3,5%. Според властите овие бројки се статистичка потврда на заложбите 2019 година да биде економска. Натфрлувањето на проекциите за растот на БДП лани според властите е охрабрувачки и за очекувањата годинава. Нивните очекувања се дека економскиот раст оваа 2020 година ќе достигне 3,8% а можеби и над тоа ниво. Меѓународните финансиски институции засега се попретпазливи и нивните прогнози за растот годинава се движат од 3,2%, колку што е проекцијата на Европската Комисија и Светската банка до 3,4% на ММФ, без притоа да ги имаа предвид ниту можните негативни влијанија од пандемијата со корона вирусот што се заканува да им наштети на многу европски економии коишто нам ни се главни трговски партнери.


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

22

ЕКОНОМИЈА

пишува:

Александар Јанев

Р

aleksandar.janev@kapital.mk

Растот на економијата лани благо ги надмина прогнозите на сите меѓународни финансиски институции, па и на самата Влада, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци, економијата лани забележала поголема активност за 3,6% споредено со годината претходно, иако најоптимистичките прогнози се движеа до највисоки 3,5%. По одделни сектори, најголем пораст е забележан во градежништвото и тоа 5,9%, потоа во трговијата на големо и мало, транспорт и хотелиерство 4,7%, земјоделството 3,8%, дејности со недвижен имот 3,3% и индустријата 3,1%, додека пак намалување на активноста е евидентирано во информации и комуникации, услужни дејности и домаќинствата како работодавачи. Според властите овие бројки се статистичка потврда на заложбите 2019 година да биде економска. Техничкиот премиер Оливер Спасовски коментирајќи ги податоците за бруто домашниот производ (БДП), потсети дека власта го презеде управувањето со државата во 2017 година во состојба на рецесија. „Рековме дека 2019 година ќе биде година на економијата. Бројките

што ги презентираме кои доаѓаат од Државниот завод за статистика потврдуваат дека бевме во право. Реализиравме исклучително позитивна година на полето на економијата во нашата држава“, истакна премиерот Спасовски. Тој истакна дека непосредната придобивка од растот на економијата оди во прилог на граѓаните со просечниот раст на вработеноста, односно со отворање на нови работни места. Министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека позитивно е што растот на бруто домашниот производ се реализира преку широк спектар на активности. „Ова покажува дека економските фундаменти се здраво поставени за да продуцираат раст во сите сектори, односно сите сегменти од економијата“, нагласи министерката Ангеловска и додаде дека оваа Влада успеа да ја стабилизира ставката на јавниот долг, при што долгот е помал од креираната нова вредност, односно под економскиот раст. Таа истакна дека стапката на вработеност е највисока досега, додека стапката на невработеност е најниска од кога се спроведува Анкетата на работна сила. „Само во текот на минатата година, бројот на вработените е поголем за 38.600 лица. Притоа активното население расте за околу 6.400 лица минатата година. Она што е особено позитивно е што кај најмладата возрасна група од 15-24 години, каде има и најголема стапка на невработеност, невработеноста значително е намалена на годишно

ниво за 13,8 процентни поени и сега изнесува 35%. Охрабрувачки е тоа што политиките кои ги спроведуваме даваат резултати и стапката се намалува“, подвлече министерката Ангеловска. Министерката Ангеловска нагласи дека намалувањето на стапката на невработеноста, особено кај младата популација, е резултат на инвестициите во човечкиот капитал, во образованието на долг рок, а преку активните мерки за вработување на среден рок. Таа посочи дека буџетот е стабилен и ликвиден, при што додаде дека добриот тренд на реализација продолжува и годинава, со раст во првите два месеци од 8,3% кај даноците и придонесите. „Потврда за добрата економска состојба добивме и од кредитната агенција „Стандард и пурс“. Кредитната агенција го потврди рејтингот на земјава ББ- со стабилен изглед“, посочи министерката Ангеловска. Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека мерките за поддршка на бизнисот ги даваат очекуваните резултати и за само две и пол години економијата е на вистинскиот пат, кој носи раст и развој. „Четвртиот квартал, но и цела 2019 година е период на комплетна реализација на мерките и активностите од програмите за поттикнување на конкурентноста на бизнисот, но и целосна реализација на мерките од Планот за економскиот раст и реалните политики преточени во мерки за поддршка на бизнисот“, нагласи министерот Бектеши.



www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

24

ЕКОНОМИЈА

Mинистерот за земјоделство Трајан Димковски истакна дека земјоделството во вкупниот бруто домашен производ во 2019 година има значителен позитивен придонес. „Во 2019 година извозот на земјоделско - прехранбени производи во споредба со 2018 година бележи пораст од 14,5%. Ова е највисоката вредност на извозот на земјоделско - прехранбени производи досега. Дефицитот во трговската размена со земјоделско - прехранбени производи бележи намалување во споредба со 2018 година за 13,8% или во апсолутна бројка од 246,6 милиони евра во 2018, на 212,6 милиони евра лани. Ова значи дека во 2019 година увозот на земјоделски производи е помал за 34 милиони евра“, истакна министерот Димковски. Тој посочи дека тутунот и натаму е стратешка извозната гранка, и ваквиот пораст на вредноста на извозот на земјоделско - прехранбени производи се должи пред се на зголемениот извоз на тутун, за 9,3%. МН: Властите оптимисти Натфрлувањето на проекциите за растот на БДП лани според властите е охрабрувачки и за очекувањата годинава. Нивните очекувања се дека економскиот раст оваа 2020 година ќе достигне 3,8% а можеби и над тоа ниво. Министерката за финансии Ангеловска, во интервју за Капитал, неодамна зборуваше дека ако се имаат предвид сите фактори, владината проекција е многу реална. „Секако би сакала да можевме да проектираме над 5% раст базиран на реални параметри и очекувања, каков што ни е потребен“, истакна Ангеловска. Проекцијата на Министерството за финансии е во линија со проекцијата на Народната Банка која исто така проектира раст на економијата од 3,8% што е само 0,2 процентни поени над ланскиот раст, па оттука и заклучокот дека годинава ќе биде истаа како и ланската на економски план. „Растот е базиран на реални параметри и остварување од минатата година, земајќи ги предвид и мерките и политиките кои се планирани за годинава, како и целокупниот контекст и потенцијални влијанија. Ако велите дека е копипејст од минатата година, се надевам дека и во делот на надминување на проекциите ќе биде копи-пејст и ќе ги надминеме проекциите и оваа година“, изјави министерката Ангеловска. Според неа, солидното темпо на раст на потрошувачката од 2019 година, треба да продолжи и во 2020 година. Особено приватната потрошувачка, која како резултат на

растот на платите и вработеноста, поттикнати од владините мерки, како и зајакнувањето на социјалната заштита на ранливите категории се очекува да порасне за 3,3%. Бруто - инвестициите во 2020 се предвидува да се зголемат за 8% на реална основа, за што придонес ќе дадат инвестициите во јавниот сектор, но и владината поддршка за инвестициска активност на домашните и странски претпријатија. НАТО - ефектот исто така може да дејствува како катализатор на бруто - инвестициите. Значајни фактори се и мерките за подобрување на деловната клима и патната инфраструктура за оддржлив раст на инвестициите. Динамиката на раст на извозот се очекува да продолжи и во 2020 година. Проекцијата за реалниот раст на извозот на стоки и услуги изнесува 8,3%, придвижен главно од извозот на новите индустриски извозно ориентирани капацитети. „Што значи растот за граѓаните!? Предвидениот раст на економската активност се очекува да биде придружен со раст на вработеноста и намалување на невработеноста. Се очекува во 2020 година бројот на вработените да порасне за 2,1 процентни поени, додека стапката на невработеност да се намали на 16%. Растот на просечната нето плата се очекува да изнесува 6,3% на номинална основа“, објасни Ангеловска.

Меѓународните институции претпазливи

Меѓународните финансиски институции засега се попретпазливи и нивните прогнози за растот годинава се движат од 3,2%, колку што е проекцијата на Европската Комисија и Светската банка до 3,4% на ММФ, без притоа да ги имаа предвид ниту можните негативни влијанија од пандемијата со корона вирусот што се заканува да им наштети на многу европски економии коишто нам ни се главни трговски партнери. Министерката за финансии Ангеловска изјави дека засега е неизвесно колку корона вирусот може да влијае негативно на нашата економија иако во одредени сектори како што се туристичките агенции веќе има и видливи ефекти. Но таа посочи дека властите на дневна основа будно ја следат ситуацијата и навреме ќе реагираат доколку има потреба од вонредни мерки. Економистите коментираат дека движењето на домашната економија во голема мера зависи од тоа што ќе се случува глобално, и особено во Европа. Германската економија лани за влакно избегна рецесија, но веќе годинава се очекува да порасне 1,3%. Тоа значи дека ќе се зголемува

побарувачката за производи од Германија и тоа е добро и за нашата економија, бидејќи половина од вкупниот извоз завршува токму на германскиот пазар. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, оценува дека прогнозата за македонската економија главно зависи од глобалните случувања, односно разрешувањето на трговските тензии помеѓу САД и Кина, коишто се клучни за странската побарувачка, но и од неколку домашни ризици. „Неспорно тоа се предвремените парламентарни избори коишто ќе ја окупираат првата половина од годината. Сме виделе и претходно дека нашите стопанственици заземаат некоја повнимателна позиција во текот на изборни циклуси и тоа детерминира едно благо забавување на растот“, коментира Петрески. Но според него тоа е многу краток рок, а она што е поважно е што ќе се случува потоа. „Секогаш доаѓањето на нова влада е момент кога треба да размислиме кои се нашите долгорочни цели како економија. Политичките партии може да се разликуваат во инструментариумот што ќе го користат за да се постигне некоја долгорочна цел меѓутоа во целите не треба да се разликуваат. Ако тоа е европската интеграција што гледаме дека е цел на сите политички партии, тогаш треба исклучителен фокус да ставиме на економијата и да видиме како реформите што ќе се прават особено низ процесот на преговарање со ЕУ може да дадат максимален резултат за економијата“, истакна Петрески. Еден од позитивните импулси на домашната економија секако е извесноста на почетокот на преговорите со Европската Унија. Евроинтеграциите особено може да ја поттикнат инвестициската активност во земјава. Освен очекувањата за почеток на преговорите за влез во ЕУ годинава, сосема извесно е и членството во НАТО, а иако економските перформанси на земјите членки не се примарна грижа за системот на колективна безбедност на Северноатлантската Алијанса, неговата директна функција, обезбедувањето на безбедноста, има голем позитивен ефект врз политичката и економската стабилност. Искуствата на другите земји што го поминаа евроатланскиот пат пред нас, покажува дека по пристапувањето во НАТО, се зголемува инвестициската активност, се намалува невработеноста, економскиот раст е забрзан и се забележува подигнување на животниот стандард. nnn



Капитал број 1056 13.03.2020

26

ИНТЕРВЈУ

ДАРКО ДИМИТРОВСКИ ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА BAR & BREAKFAST

СОЗДАВАМЕ ПРОИЗВОД ПРЕМИУМ СОСТОЈКИ ВО К ПОТРОШУВАЧИТЕ ЌЕ ВЕР разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Кога почна приказната за Bar & Breakfast и вашиот производ, нутритивните плочки – барови Forest Bar? Bar & Breakfast е основана во 2018 година, а со производство на барови започна во февруари 2019 година. Нашите производи прв пат излегоа на пазарот во април минатата година. Произведуваме здрави и нутритивни барови, со помош на најнова технологија од Германија, а

се развиени во лаборатории во САД и Германија. Соработката е од траен карактер. Баровите се состојат од неколку видови на јаткасти плодови, што е и основата на барот, од суво овошје, како и природен ливадски мед од нашето поднебје. Инсистираме сите состојки да бидат природни. Фирмата има двајца основачи: јас и мојот партнер. До сега сите вложувања се финансирани од средства на основачите. Како дојдовте на идеја токму вакви производи да понудите на пазарот? Сметате дека има уште неосвоен простор - бидејќи има

доста конкуренција, и од домашни и од странски производители? Која е вашата конкурентска предност? Дванаесет години бев дел од менаџментот на една од најголемите кондиторски фабрики во земјата, а моето искуство со производство датира од многу порано. Од секогаш ме фасцинираше процесот на производство, и магијата на креирање, од сировина до финален производ спремен за консумација, па оттаму произлезе идејата за започнување на сопствено производство. Познавањето на пазарот кај нас и во регионот, како и светските трендови во однос на исхраната, ме


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

27

Forest Bar e брендот на нутритивни плочки или т.н. барови коишто речиси една година се нудат на домашниот пазар, но и се извезуваат во неколку земји од регионот и пошироко. Разговаравме со Дарко Димитровски, еден од сопствениците и генерален менаџер на стартапот Bar & Breakfast, којашто ги произведува овие барови за тоа какви се нивните планови за понатамошен раст и развој на компанијата.

ОД КОЈШТО РУВААТ насочија да одберам токму ваков тип на производи. Трендовите во светот од 90-тите години па наваму се променети, променет е и начинот на живот, а со тоа и самата побарувачка. Здравиот начин на живот и здравата исхрана стануваат сè повеќе актуелни, потрошувачите се едуцираат, се грижат за здравјето и изгледот, а сите информации благодарејќи на развојот на технологијата им се на дланка. Брзиот начин на живот и недостигот на време наметнуваат побарувачка за производи кои се „ready to use“ и вкусни, но сепак здрави. Мојата замисла беше

да направиме совршена комбинација на вкусен производ кој истовремено е и здрав. Ги одбравме јаткастите плодови кои се полни со минерали и протеини и се сметаат за супер храна. Земајќи го сето ова во предвид, дојдовме до идеја за Forest баровите. Во однос на конкуренцијата, сметам дека секогаш, во било кој сегмент има неосвоен простор и дека секогаш постои простор за напредок. Во сегментот на здрави барови немаме директна конкуренција, бидејќи нашите производи се безглутенски и без додадени вештачки масти. Клучна состојка во Forest баровите се јаткастите плодови со над 60%, и сушено овошје. Сакаме да создадеме бренд во кој што потрошувачите веруваат и се сигурни дека добиваат премиум производ од природни состојки. Колку енергија, време, ресурси одвојувате за креирање совршено избалансирани формули за бар производите? Како што споменав, повеќе од 15 години сум дел од процесот на производство на храна, и тоа го сметам за голема предност при започнување на бизнисот. Искуството собрано низ годините ни овозможува полесно да се соочуваме со предизвиците кои ги носи секој бизнис кој е на почеток. Во однос на самите производи, уште на самиот почеток бевме решителни во идејата да добиеме производ со извонреден вкус, од природни здрави состојки, без конзерванси и останати додатоци. Заради тоа, не штедевме на време и ресурси за да добиеме совршено избалансирани формули за сегашните Forest барови. Верувам дека во тоа успеавме, а највисоко признание за тоа се потрошувачите и дистрибутивните синџири кои го прифатија производот. Уште на почетокот остваривме соработка со најголемата компанија за производство на машини од оваа индустрија и ја користевме нивната технолошка лабораторија за креирање на овие производи. Во процесот на самото создавање ангажиравме експерти од машинскиот и технолошкиот сектор со кои сè уште имаме соработка. Морам да споменам, дека доста време одвојуваме за набавка на високо квалитетни сировини и соработуваме со успешни и веќе докажани добавувачи на пазарот, со што сакаме да додадеме на квалитет. Напорите за усовршување на производите се постојани. Тоа е единствениот модел да се биде конкурентен, како во земјата, така и во странство. Иновациите преку воведување на нови производи и технологии, како и соработката со странски и домашни експерти од оваа област се трајни. Колкав пазарен удел ви е целта, како се позиционирате на пазарот? Пазарниот удел не ни е приоритетен, пред сè се грижиме да ги задоволиме потребите на потрошувачите во модерниот начин на живеење. Уделот на пазарот ќе дојде сам по себе кога ќе постигнеме да ги задоволиме барањата на потрошувачите. Наша цел е да бидеме прв избор на потрошувачите кога станува збор за

здрави барови со природни состојки. Потрошувачите се многу сензитивна категорија, вкусовите се индивидуални и токму затоа даваме се од себе за да ги исполниме нивните високи критериуми. Секако дека наша цел е да бидеме лидери во нашата категорија. Иако сме македонски бренд, се позиционираме во премиум сегментот и нашата цел е сите наши идни производи да ги позиционираме токму тука. Дали планирате извоз на вашите производи? Иако сè уште сме релативно нови на пазарот и се’ уште го освојуваме домашниот пазар, веќе почнавме соработка со партнери од други земји. Од регионот, соработуваме со партнери од Косово и Србија, имаме извоз во земјите од Блискиот Исток и веќе сме во преговори со дистрибутери од западноевропските земји. Секако, наша цел е да навлеземе во што повеќе странски пазари и веќе од оваа години планираме да ги посетуваме големите светски саеми на храна, што ќе ни овозможи поголем пристап до меѓународните. Каква е Вашата маркетинг стратегија, односно како ја користите дигитализацијата и новите технологии во брендирањето на Forest Bar плочките? Во самиот процес на создавање на името, логото и дизајнот на пакувањето, целта ни беше да биде во склоп со самиот бренд, односно да изгледа и звучи согласно современите светски трендови, модерно и искрено. Посветивме навистина доста време, внимание и ресурси и имавме соработка со една од поголемите маркетинг агенции кај нас. Самото име Forest го одбравме поради состојките на самите барови и асоцијацијата со природата, односно природните состојки во производот. Во однос на дигитализацијата, комплетно ја разбираме потребата од тоа да се биде присутен во дигиталниот свет и токму затоа сме присутни на социјалните медиуми од самиот почеток, односно имаме наша веб страница, како и страници на Facebook и Instagram. Доколку брендот го нема на социјалните медиуми е исто како да и не постои. Неодамна почнавме и со поддршка на настани од спортско рекреативен карактер, кои што поттикнуваат здрави навики кај младите. Исто така, сакаме да бидеме општествено одговорна компанија кон заедницата на која и припаѓаме. Да го поддржуваме здравото живеење, спортскиот дух, грижата за човековата околина и да градиме одговорна корпоративна култура и вредности. Од досегашното искуство кои се најголемите предизвици со кои што се соочувате и како ги надминувате? Како и во секоја работа така и кај нас, има предизвици и тешкотии. Еден од поголемите предизвици, кој верувам го имаат и другите работодавци во земјата е


Капитал број 1056 13.03.2020

28

ИНТЕРВЈУ

Брзиот начин на живот и недостигот на време наметнуваат побарувачка за производи кои се ‘ready to use’ и вкусни, но сепак здрави. Мојата замисла беше да направиме совршена комбинација на вкусен производ кој истовремено е и здрав. Ги одбравме јаткастите плодови кои се полни со минерали и протеини и се сметаат за супер храна. Земајќи го сето ова во предвид, дојдовме до идеја за Forest баровите. масовниот brain drain, односно недостигот на квалитетна, квалификувана, работна сила и обучен кадар. Нема корпоративна култура и работни навики. Последниве години сме сведоци на огромен одлив на стручен кадар. Македонија мора да стане атрактивна дестинација за живеење, место каде младите можат да го сонуваат и остварат својот сон. Јас се охрабрив да ги прифатам сите предизвици, да ги остварам моите идеи во земјава и да покажам дека тоа е можно. Поврзано со претходното е нееднаквиот третман на стартап компаниите со компаниите во економските зони. На тој план, најдестимулативна е даночната политика. Имено, ако сте стартап во економските зони, каде 90% од суровините се увозни, ослободени сте од плаќање на даноци и придонеси за вработените во период од 10 години. Ако сте старт ап, како Bar & Breakfast, и користите домашни природни суровини од земјоделските производители, уште од првиот ден плаќате даноци и придонеси за вработените. Bar & Breakfast вработува 7 лица со полно работно време, со 3 лица има договор за соработка и договор со околу 20 производители на природен мед, јаткасти плодови и слично. Следниот предизвик е извозот на странските пазари. Македонскиот пазар, дури и за стартап е ограничувачки фактор. Од самиот почеток мора да се прави производ за извоз и да се биде конкурентен. Тоа е наше мото и е наш единствен критериум за успех.

Покрај многуте предизвици, би сакал да издвојам и една позитивна карактеристика, а тоа се македонските синџири на супер маркети, кои поддржуваат македонски производи и во експресно време ни овозможија пристап во нивните маркети и до потрошувачите. Моментално сме присутни во сите големи маркети во земјата. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на сите нив и да посакам и понатаму да продолжат да даваат шанса на сите компании што се охрабриле да почнат со производство и имаат квалитетни и конкурентни производи. XКако X претприемач во сегментот здрава храна, какво е вашето мислење околу нов пристап, стратегија во производството на храна во земјава, поточно, на што треба да се фокусира Македонија за да ја зголеми вредноста на својот извоз на храна? Првенствено, според мене земјата мора да се фокусира на подобрување на инфраструктурата, да има пристапни патишта, да биде поврзана со соседните земји. Секако, потребен е и соодветен даночен третман на производителите и преработувачите на храна. Сметам дека иако сме мала земја, Македонија е многу плодно поднебје за земјоделски производи и треба да се најде начин да се поврзат производителите на храна со земјоделците со цел да се создадат премиум производи. На тоа треба да се надоврзат дистрибутерите –

супермаркетите во земјата и синџирите за продажба во странство. Овој процес мора да биде долгорочно поддржан од носителите на економските политики. Треба да се фокусираме на создавање на брендови и високо квалитетни производи, бидејќи имаме голем потенцијал, наместо на лон производи. Од досегашното искуство, сметам дека неопходно е да се направи и долгорочна државна стратегија за извоз на македонските производи. XКакви X се вашите планови за иден раст и развој на компанијата? Имаме доста планови кои би сакале да ги оствариме. Планиран е развој во категоријата на здравата исхрана, креирање нови производи. Се движиме во правец на создавање здрава храна, главно за појадок и ужина и континуирано целиме кон тоа да се намали или исфрли шеќерот во нашите производи, како и да ги создаваме од здрави и природни состојки. Тоа го правиме со врвна технологија и сме конкурентни како во земјата, така и во странство. Цел ни е да бидеме препознатлив бренд кој ќе биде прв избор на потрошувачите. Во однос на развојот, како што напомнав погоре, сакаме да се пробиеме на пазарот на западноевропските земји, а секако и земјите во регионот. Сакаме компанијата да расте и да се развива, да бидеме општествено одговорна компанија, која во фокусот ќе ги има потрошувачите, но ќе се грижи и за општествената заедница и вработените.

nnn



Капитал број 1056 13.03.2020

30

PROFILE COMPANY

ШАР АУТДООРС

АГЕНЦИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ

АДРЕНАЛИН ЗАЧИНЕТ СО Ф НАПОР, НО И ЗАПОЗНАВАЊ ЛОКАЛНАТА КУЛТУРА И ТРА


www.kapital.mk

ФИЗИЧКИ ЊЕ НА АДИЦИЈА

Капитал број 1056 13.03.2020

31 „Ние продаваме уникатни искуства (туристички пакети) за сите кои што се во потрага по доза адреналин зачинет со физички напор, активности во природа и запознавање на локалната култура и традиција.“, велат од тетовската туристичка агенција која што во зима нуди free ride и турно скијање, а во лето цел сет на планински активности како искачување по карпи, планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг.“, вели менаџерот на агенцијата Шар Аутдорс, Даниел Солаков.

пишува:

Игор Петровски

В

igor.petrovski@kapital.mk

Возбудливо, но максимално безбедно free ride скијање и други адреналинско – хедонистички доживувања е главното мото на туристичката агенција Шар Аутдорс (Shar Outdoors) ДОО од Тетово, специјализирана за т.н. авантуристички туризам. Токму затоа, од агенцијата неодамна одржаа презентација на проектот „Лавинска безбедност во free ride скијањето“ откако добија финансиска поддршка од 10.000 евра од програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, инаку спроведена од локалната канцеларија на меѓународната консултантската компанија Palladium Group. После кусата презентација на понудата со слободно скијање, лавинската опрема и потенцијалот на продуктите за привлекување на домашни и странски туристи, претставници на Шар Аутдорс заедно со присутните новинари, претставници на Palladium, како и заменик амбасадорот на Швајцарија во земјава, г-дин Стефан Томажиан, излегоа на терен, се повозеа со ратраците, малку скијаа и добија објаснување како се користи опремата на терен. „Најважната алатка за успешно да се организираат и реализираат туристички тури кој што содржат доза на екстремност се безбедносните процедури. Од самиот почеток, за сите клиенти, без разлика дали се приватни лица или компании кој што се во бизнисот на авантуристички туризам, ни потенцираа дека за успешна соработка се бара огромен степен на професионалност и безбедносни процедури за секоја тура и тука нема компромис. Па така инвестирањето во едукација на вработените и во безбедносна опрема беше и останува главен приоритет на компанијата.“, вели менаџерот на Шар Аутдорс, Даниел Солаков.

Како резултат на горе наведеното, денеска после година и пол постоење на пазарот, од Шар Аутдорс може да се пофалат дека имаат склучено договори за соработка со повеќе интернационални компании и дека за секоја тура на Шар Аутдорс се користи професионална безбедносна опрема од највисоко ниво, и придружба од најмалку два лиценцирани (UIMLA сертифицирани) и обучени туристички водичи, додава нашиот соговорник. МН: Три летни и два зимски продукти за адреналински туризам Агенцијата има лиценца Б и се занимава со авантуристички туризам во Македонија, Косово, Албанија и Бугарија со мал допир во локалната култура и традиционалната кујна. Компанија која што во зима нуди free ride и турно скијање, а во лето цел сет на планински активности како искачување по карпи, планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг. Подетално, имаат пет продукти поделени на две зимски и три летни пакети: u Free ride скијање каде што со ратрак се врши превоз на клиентите до најдобрите планински терени и тешко пристапни врвови за да може клиентите да уживаат во скијањето на неистапканиот (powder) снег. u Tурно скиjање каде што целата група пешки се искачува до претходно одредени терени и тоа со помош на скии и кожи за скии а понекогаш, во зависност од тежината на турата за искачување се користат и јажиња, цепини, клинови и друга професионална опрема се со цел да се скијаат слободни патеки и предизвикувачки кулоари со неистапкан снег. u Планински велосипедизам со професионални електрични велосипеди каде што се движиме по планински предели, претежно земјен пат посетувајќи ги најубавите планински масиви, национални паркови, кањони, езера традиционални села и историски места. u Искачување на карпи претежно на Кањон Матка и Демиркаписка клисура. u Планинарење и искачување на добро познатите македонски планински врвови.


Капитал број 1056 13.03.2020

32

PROFILE COMPANY

Од Шар Аутдорс неодамна одржаа презентација на проектот „Лавинска безбедност во free ride скијањето“ откако добија финансиска поддршка од 10.000 евра од програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка Исто така од оваа година преку нивни партнери ќе понудат и тури кои што вклучуваат јавање на коњи и параглајдинг. „Ние продаваме уникатни искуства (туристички пакети) за сите кои што се во потрага по доза адреналин зачинет со физички напор, активности во природа и запознавање на локалната култура и традиција. Самите туристи се директни ‘виновници’ за активностите што ќе ги совладаат и местата кои што ќе ги посетат, бидејќи како активни учесници во својот одмор, во зависност од нивната физичка кондиција и степенот на нивното залагање во турите, зависи колку денови и напор им требаат за да ги постигнат предвидените цели.“, објаснува Даниел Солаков од Шар Аутдорс.

Клиентите се претежно од 10-тина европски земји

Според неговите зборови, целта на агенцијата е секоја тура да е приспособена за да одговара на можностите, желбите и потребите на клиентот. „Сепак, нивниот краен успех е и наш успех, а нивната желба да ја посетат, запознаат и доживеат нашата земја преку овие уникатни искуства беше и се’ уште е нашиот мотив поради кој и што ја основавме оваа компанија.“ Инаку, за потребите на зимската понуда на пакетите на Шар Аутдорс, изградена е куќа над Ново Село во Општина Боговиње, купени се скии и сноубордови, лавинска безбедносна опрема (ранци со воздушни перничиња

лавински пребарувач, лавински лопати, лавински сонди, телескопски стапчиња за скијање, ГПС уреди), опрема за зимско искачување по тешки терени (јажиња, кожи, дерези, цепини, итн.) и 3 ратраци кои што имаат кабини за превоз на патниците. За потребите пак, на летните продукти, купени се 8 планински електрични велосипеди, сет опрема за сервис и резервни делови за истите, безбедносна опрема (шлемови за велосипед), и целосна опрема за искачување на карпи (јажиња, гуртни, замки, карабинери, појаси за качување, чокови, френдови и клинови). Целокупната инвестиција (опрема и обука) направена за неполна година и половина изнесува 180 илјади евра, вели нашиот соговорник Солаков. Засега агенцијата има 5 вработени со целосно работно време и 10 лиценцирани водичи по кој што работат по потреба – договор на дело. Агенцијата соработува со преку 10 меѓународни компании: Telemark Ski Company – Британија; Regina Tours – Израел; PowderProject – Швајцарија; Powder Hounds – Worldwide; Apex Adventures – Холандија; The Wildlinger – Белгија; Mountain Action – Германија; Into The Wild – Бугарија; Media Turizem – Словенија; Frost Group – Poland и др. Клиентите се главно од земјите на Бенелукс, Шведска, Германија, Норвешка, Полска и Швајцарија. Поради комплексноста на турите може да се спомне дека цената за зимските активности е околу 250 евра по човек

Што значи авантуристички туризам u Авантуристичкиот туризам

е туристичка активност која вклучува физичка активност, културна размена или активности во природа u Авантуристичкиот туризам е вид туризам во кој туристите прават некои авантуристички активности како што се скокање од авион или со падобран, искачување по ридови, екстремно скијање, нуркање итн. u Авантуристичкиот туризам се карактеризира со способност да им се обезбеди на туристите релативно високи нивоа на сензорна стимулација, што обично се постигнува со вклучување физички предизвикувачки искуствени компоненти со туристичкото искуство по ден. Значи, околу 1500 евра е еден аранжман за 6 дена all included (скијање + транспорт + хотел). За летните продукти цените се помали и доста варираат во зависност од турата и местата кој што се посетуваат. За планински велосипедизам цените се околу 140 евра по ден по човек, all included. nnn



Капитал број 1056 13.03.2020

34

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ

ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА ЕЗЕРСКИОТ ТУРИЗАМ

ИЗБОР НА НОВИ ЕЗЕРСКИ ДОЖИВУВАЊА


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

„Преку Проектот за локална и регионална конкурентност, што е финансиран од Европската Унија и од Владата се збогатува туристичката понуда во десет туристички дестинации. Преку овој Проект инвестираме во подобрување на инфраструктурата и пристапноста до туристичките атракции во околината на Охридското и на Дојранското Езеро. Дополнително, го поттикнуваме развојот на туризмот и на вештачките езера - Младост во Велес, Мантово во Конче, Дебарското и Прилепското Езеро, со цел да се подобри општиот впечаток на туристите. Вкупната вредност на инвестициите што ги реализираме со општините Струга, Дојран, Велес, Прилеп, Конче и Центар Жупа изнесува околу 3,5 милиони евра. Со овие инвестиции ќе се зголеми придонесот на туризмот во локалниот економски развој на споменатите општини“, истакнува г-ѓа Мила Царовска, Заменик Претседател на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

С

35

Секое доаѓање тука, на брегот на езерото, значи едно ново доживување, една нова магија на живописни пејзажи, каде што се преплетуваат необичните нијанси на водата, небото и сонцето. Неповторливиот звук на езерските бранови и свежиот ветер се вистински мир за душата. Секој миг претставува голема привилегија... Тука започнува приказната за езерата и езерскиот туризам. Езерата, барите и акумулациите се отворени водни тела, непроточни води на површината на земјата и претставуваат вреден ресурс кој човекот го користи за различни активности. Во многу делови од светот, езерата се од витално значење за рекреативни активности и за туризмот. Можат да послужат како локација за активности во слободно време, а во исто време се атракција сами за себе. Квалитетот на водата во езерата е клучен за нивната привлечност како рекреативен и туристички ресурс. Локацијата на езерата, нивната поставеност и пејзажите се исто така важни аспекти во овој поглед. Езерскиот туризам се дефинира како туризам што не се случува само на езеро, туку и во неговата околина. Затоа, езерскиот туризам ги вклучува езерото, пејзажите, шумите, како и објектите и инфраструктурата во неговата непосредна околина. На тој начин се истакнува улогата на езерото како туристичка атракција. Еколошкиот систем што е основа за езерскиот туристички систем е обично многу поголем по површина и ги вклучува сите области во сливот на езерото. Постојат голем број туристички дестинации во Европа и во светот за кои системот на езерото или самото езеро е клучно за нивната привлечност. Овие туристички дестинации, како на пример, езерските области на Англија и Финска, езерските системи во Унгарија, Шкотска, Швајцарија и во северна Италија во Европа ги посетуваат голем број туристи. Во светски рамки, такви дестинации се Нов Зеланд, западна Канада и САД, и секако Големите Езера во Северна Америка коишто се, веројатно, најистражените езерски системи во светот во однос на туризам и рекреација. Најголемите езера на земјата - Езерото Бајкал и Езерото Викторија, можат да се видат дури и од вселената. Иако езерскиот туризам честопати се смета за рурална активност, треба да се нагласи дека во голем број земји урбаните езера, вклучително и вештачките езера направени од страна на луѓето, претставуваат исклучително важен туристички ресурс.


Капитал број 1056 13.03.2020

36

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ

Земја на езера

Северна Македонија е земја на езера. Некои анализи покажуваат дека во државава има околу 70 поголеми или помали природни езера и дополнително уште околу 120 вештачки езера, што значи дека вкупниот број езера е во рангот од 190 до 200. Во земјава има 3 природни тектонски езера: Охридско, Преспанско и Дојранско. Притоа, само Охридското Езеро, како најголемо, има повеќе вода од сите останати езера заедно. Охридското Езеро е меѓу најдлабоките и најпровидните езера во Европа и претставува дел од природните реткости на УНЕСКО. Преспанското Езеро е класифицирано како споменик на природата, а на неговиот северен дел се наоѓа паркот на природата „Езерани“ што се наоѓа на листата на значајни локалитети за птици. Дојранското Езеро е пак, најмалото и најплитко езеро, коешто е познато по лековитоста на водата. Вештачките езера во земјава, првенствено се градени како хидроенергетски објекти или за наводнување на земјоделските површини. Сепак, голем број од нив можат да се искористат и во туристичката дејност. Тие привлекуваат посетители поради нивните убави пејзажи, флората, фауната и културните атракции. Некои вештачки езера, со оглед на нивната географска положба и туристичките вредности што ги поседуваат, веќе се вклопени во туристичката понуда (Матка, Мантово, Дебарско, Младост). Езерото Матка во околината на Скопје е најстарото вештачко езеро, езерото Младост е најмалото, а Дебарското Езеро е најбогато езеро со вода од сите вештачки езера во земјава. Кај овие езера главно преовладува понуда за спортско - рекреативни активности, исто така и понуда за пешачење во непосредната околина, како и пешачење во националните паркови во близина на езерата. Рекреативните активности се однесуваат на можностите за капење и сончање, потоа за риболовни активности и за практикување спортови на вода. Бројните природни и вештачки езера на територијата на земјава со својата убавина и со прекрасната природа се вистинско место за одмор и рекреација. Сепак, за да се смета за вистинска туристичка дестинација, привлечноста на едно езеро треба да биде надополнета со услуги за поддршка на туризмот, како што се објекти за сместување и угостителство, како и соодветен пристап и добра организација на ниво на дестинација. Речиси 50% од туристите во текот на 2019 година се евидентирани во дестинациите на трите природни езера (Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро). Имајќи ги предвид

Дојран како веќе препознаена туристичка дестинација, има голем придонес во развојот на туризмот, како во регионот, така и на национално ниво. Токму затоа, активностите на потпроектот во оваа општина се насочени кон зголемување на туристичкиот потенцијал и на надградување на туристичката понуда.

погоре споменатите посебности и потенцијали, Проектот за локална и регионална конкурентност поддржа повеќе потпроекти коишто се насочени кон инвестирање во развој на туризмот на вештачките езера и во надградување на инфраструктурата и понудата на природните езера во нашата држава.

Проекти во вредност од 3,5 милиони евра

„Владата на Република Северна Македонија го стимулира развојот на езерскиот туризам и тоа и на природните и на вештачките езера. Долги години не беше инвестирано во збогатувањето на туристичката понуда во нашите главни туристички центри. Преку Проектот за локална и регионална конкурентност, што е финансиран од Европската Унија и од Владата се збогатува туристичката понуда во десет туристички дестинации. Преку овој Проект инвестираме во подобрување на инфраструктурата и пристапноста до туристичките атракции во околината на Охридското и на Дојранското Езеро. Дополнително, го поттикнуваме развојот на туризмот и на вештачките езера - Младост во Велес, Мантово во Конче, Дебарското и Прилепското Езеро, со цел да се подобри општиот впечаток на туристите. Вкупната вредност на инвестициите што ги реализираме со општините Струга, Дојран, Велес, Прилеп, Конче и Центар Жупа изнесува околу 3,5

милиони евра. Со овие инвестиции ќе се зголеми придонесот на туризмот во локалниот економски развој на споменатите општини“, истакнува г-ѓа Мила Царовска, Заменик Претседател на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Општина Конче е една од општините опфатени со Проектот за локална и регионална конкурентност. Таа го спроведува потпроектот „Подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончевата езерска населба Мантово“. На самиот брег од езерото има манастир, а во негова непосредна близина се наоѓа и познатиот рид Чуката кој е неиспитан археолошки локалитет. Интерес побудува и делот со гранитни карпи коишто се со височина од 3 до 15 метри и создаваат добри услови за алпинистичко качување. Градоначалникот на општина Конче, г-дин Благој Илиев, ја потенцира важноста на овој потпроект за дополнителен развој на општината и за развој на туризмот на езерото Мантово каде што се изградени околу 200 викенд куќи. „Во рамките на потпроектот се спроведуваат низа активности што имаат за цел подобрување на впечатоците на посетителите во Општина Конче и промоција на природните убавини, здравата животна средина, локалните производи и историските локалитети. Активностите на потпроектот вклучуваат асфалтирање на патот од


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

37 Промените поради рекреативните активности и туризмот да не ги почувствува еко – системот на езерата

Општина Конче е една од општините опфатени со Проектот за локална и регионална конкурентност. Таа го спроведува потпроектот „Подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончевата езерска населба Мантово“.

браната Мантово до селото Габревци во должина од 6.5 км, обележување на пешачки патеки во должина од 3 км, осветлување на локалитетот „Влашки колиби“ на Езерото Мантово и набавка и поставување на соодветна урбана опрема во близина на езерото“ - додаде г-дин Благој Илиев, Градоначалник на Општина Конче. Дојран како веќе препознаена туристичка дестинација, има голем придонес во развојот на туризмот, како во регионот, така и на национално ниво. Токму затоа, активностите на потпроектот во оваа општина се насочени кон зголемување на туристичкиот потенцијал и на надградување на туристичката понуда. „Со поддршка на Проектот за локална и регионална конкурентност создаваме зелена рекреативна зона во централното подрачје на Стар Дојран, со цел да се создаде нешто повеќе

од место за одмор. Целта е крајниот производ од оваа активност да биде место каде што туристите ќе поминат време покрај езерото, ќе организираат пикник, ќе се забавуваат, ќе спортуваат и ќе се рекреираат заедно со своите пријатели и миленици. На овој начин ќе се создаде „урбано место” по мерка на потребите и желбите на туристите. За создавање на зелена рекреативна зона, предвидено е партерно и хортикултурно уредување на постојните површини, изградба на пешачки патеки, детски игралишта, парк за миленици, уредување на повеќе простори за забавни и друштвени игри, осветлување на просторот, реконструкција на отворената летна сцена, како и поставување клупи и корпи за отпадоци низ целиот парк на површина од околу 25 хектари“, истакнува г-дин Анго Ангов, Градоначалник на Дојран.

Општина Велес спроведува низа активности за развој на туризмот во близина на вештачкото езеро Младост, кое претставува почеток на „винскиот пат“, влез во дестинацијата и клучна туристичка локација долж ЕУ коридорот 10. Како дел од потпроектот „Смарт - Езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија“, се спроведуваат повеќе инфраструктурни активности за збогатување на туристичката понуда со нови содржини и подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура во дестинацијата. „Вршиме обнова на инфраструктурата, односно ја реконструираме пешачката патека од влезот на езерото Младост до хотелот „Романтик“ во должина од 1.580 метри, го доградуваме пристапниот пат до винарницата „Сопот“ во должина од 726 метри, инфраструктурно уредуваме еко - камп на површина од 1500 м2 и поставуваме 7 типизирани куќички од дрво со соларни панели. Исто така, ги подобруваме велосипедските патеки во должина од 17.5 км околу Езерото“ истакнуваат од Општина Велес. Останатите активности се однесуваат на заштита на животната средина, бидејќи е многу важно промените поради рекреативните активности и туризмот да не ги почувствува еко - системот на Езерото. „Направивме набавка на велосипеди со смарт-уред и дигитален систем за управување, смарт-клупи на соларна енергија, канти за селекција на отпад, контејнери со смарт-уред за следење и дигитален систем на управување. За да ја подобриме промоцијата, поставивме промотивни табли и билборди со информации за флората и фауната и пораки за заштита на околината, изработуваме и два промотивни спота за Езерото Младост, како и промотивни брошури и флаери“ - дополнуваат од Општина Велес. Проектот за локална и регионална конкурентност се финансира од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори г-ѓа Мила Царовска.

nnn


Капитал број 1056 13.03.2020

38

ЛИДЕРИ Возвишуван од едни како најголемата менаџерска икона на векот, како што Fortune го нарече во 1999 година, или пак оспоруван од други, како бескрупулозен диктаторски тип на директор којшто се грижел единствено за интересите на акционерите, едно е сигурно за Џек Велч: за време на неговото 20 – годишно раководење со Џенерал Електрик, една од најголемите компании во светот, нејзината пазарна вредност се зголеми за 25 пати, а приходите за 5 пати. Некои ќе речат дека само ја искористил поволната бизнис клима и ниските даноци во време на претседателот Реган и неговите наследници, дека го „посеал семето“ на тоа што потоа ќе дојде како криза за ЏЕ, попатно отпуштајќи десетици илјади вработени и продавајќи/ затворајќи бизниси, но “Неутрон Џек“ веројатно во свој стил некаде од горе сега би им порачал: Лидерот не е поставен за да победи на натпревар во популарност, туку за да води!

IN MEMORIAM: ЏЕК ВЕЛЧ

„НЕУТРОН ЏЕК“: ШЕФОТ НА ЏЕНЕРАЛ ЕЛЕКТРИК ШТО СТАНА БИЗНИС СУПЕР - ЅВЕЗДА


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

39

Н

На 1 март годинава светот го напушти Џек Велч, главен извршен директор на “General Electric" од 1981 до 2001година, чиј што прекар беше “Неутрон Џек”, успеа за 5 пати да ги зголеми приходите на компанијата и да ја зголеми нејзината пазарна вредност за 20 пати. Водејќи ја GE во многу диверзифицирани области, тој имаше политика да ги задржува само оние бизниси што беа број 1 или број 2 во своето поле. Џек Велч го воведе системот за квалитет наречен ”Six Sigma”, првобитно развиен во Моторола. Тој важи за еден од најголемите легенди на современиот менаџмент. Кој беше всушност Џек Велч? Зошто е толку славен, истовремено издигнуван до ниво на бизнис икона, но и омразен кај оние што не ги одобруваа неговите радикални и често контроверзни потези? Без оглед на сe’, Џек Велч е бизнис легенда. Станал најмладиот главен извршен директор во историјата на “GE", спровел револуционерни менаџерски идеи и ја зголемил вредноста на компанијата од 12 милијарди долари во 1981 кога станал нејзин прв човек, на 280 милијарди кога се повлекол во 2001. Роден како Џон Франсис Велч Џуниор во Салем, Масачусетс, во 1935, младиот доктор по хемиско инженерство се вработил во “GE" во 1960, за да и помогне на компанијата да развие нова пластична маса наречена PPO. По напорната работа и добивањето на стандардниот бонус, Велч почувствувал дека заслужува повеќе и решил да ја напушти компанијата. Бил разочаран и од крутата бирократска шема на функционирање што владеела во “GE". Меѓутоа, еден од неговите претпоставени, младиот директор Ројбен Гутоф, насетил дека Велч може да биде драгоцен за компанијата. Го изнел на вечера и четири часа го убедувал да остане, ветувајќи му поголеми бонуси и поинаков начин на комуникација во фирмата. И го убедил. Гутоф во тој момент не бил свесен што направил за Велч и за “GE". Она што следувало е историја за еден метеорски подем кон личниот успех, но и драматичното воздигнување на “подзаспаниот” гигант што подоцна стана компанија на која сите & се восхитуваа.

“Не плаши се од промена!”

Велч бргу напредувал во бирократијата на “GE", прво како генерален менаџер на една нова фабрика на компанијата, а потоа станал одговорен за целиот сектор за пластика, со продажби од 26 милиони долари годишно. Во 1971 Велч бил назначен за потпретседател на одделот за хемија и металургија. Со 400 милиони годишна продажба, овој оддел бил најголемиот

Велч (десно напред) во посета на фабриката за авионски мотори во Охајо, некаде при крајот на 1990-те. За време на неговото раководење компанијата беше најголем индустриски производител во САД. можен предизвик за младиот менаџер. Тој одлично се снашол и во 1973 се случил следниот голем скок, кога станал шеф за стратегиско планирање на портфолио бизниси што тогаш создавале две милијарди долари годишно. Неговото последно унапредување, пред да ја добие врвната функција, било во 1977, кога е избран за извршен директор на одделот на “GE" за потрошувачки добра. Оваа групација остварувала продажби од 4,2 милијарди долари и Велч извонредно ја раководел. Конечно, во 1981 станал најмладиот CEO (Chief Executive Officer), или Главен извршен директор во историјата на “GE". Оттогаш неговата кариера е совршен пример за тоа како се менаџира компанија. Велч имал визија за тоа што сака да направи од “GE" и не губел време да го постигне тоа. Бргу почнал да ја “распарчува” огромната бирократска организација на компанијата и од 350 “заспани” бизниси ја свел на агилна структура од само 12 клучни сектори. За да го постигне тоа, Велч се раководел од три главни начела; “Не плаши се од промена”; “Ослободи се од нерешителните и 'млаки' менаџери и бирократија” и “Престани да менаџираш и стани лидер”.

“Ѕвезди” и “лимони”

Тој не се плашел да ја менува “GE". Го вовел фамозното правило дека секој оддел на компанијата мора да биде бр.1

во својата област. Инаку, следувала продажба на други или, едноставно, затворање. Во неговите напори да ја менува и зајакнува “GE", околу 100.000 вработени биле отпуштени за 20–те години од сувереното владеење. Заради тоа го заработил прекарот “Неутрон Џек”, со алузија на неутронската бомба, која уништува жива сила, а не ги оштетува објектите. Патем, самиот Велч не го обожувал баш овој свој прекар. Благодарение на таквото менаџирање и аквизиции, компанијата континуирано растела. Неговиот фокус на развивање талентирани луѓе е легендарен. Тој верувал во постоењето на своевидни “ѕвезди” во компанијата и нивно соодветно наградување. Велч воспоставил исцрпувачки критериуми што одредувале кој е ѕвезда... исто како и за тоа кој е “лимон”, или што би се рекло - губитник. Ѕвездите - врвните 20% - биле наградувани со високи бонуси и растечки предизвик. “Лимоните”, долните 10%, биле отпуштани и заменети со свежи таленти. Можеби изгледа сурово, но функционирало фантастично.

Како Џек Велч ја водеше “General Electric”

Строг и принципиелен, но истовремено и многу великодушен кога ги наградувал добрите резултати, Џек Велч


Капитал број 1056 13.03.2020

40

ЛИДЕРИ

Џек Велч (во средина) во посета на Њујоршката берза во 1996 година. Под негово водство вредноста на Џ.Е. на берзата порасна од 14 милијарди на преку 350 милијарди долари.

постигнал ретко забележан баланс во раководењето со толку голема компанија како “GЕ”. Инспириран од успехот на програмата за квалитет “Six Sigma” што ја вовел во 1995, Велч воопшто не бил “скржав” при делењето бонуси и пакети со акции на своите вработени. Меѓутоа, бил и невиден перфекционист и никогаш до крај задоволен, колкави и да се рекордите во продажбата. “Не е време да се биде опуштен”, знаел да каже Велч при средбите со неговите менаџери. Знаејќи за иновативниот и победнички менталитет на Велч, воопшто не е изненадувачки што тој одлучи да ја примени најголемата корпоративна стратегија за квалитет што некогаш била промовирана. Велч бил убеден дека програмата “Six Sigma” на “GE” ќе креира дополнителни пет милијарди долари приход до 2000. Долги години Велч бил скептичен околу програмите за квалитет што се употребувале во ’80-те. Чувствувал дека се пресилни на зборови, а “тенки” на резултати. Тоа било пред да го слушне поранешниот потпретседател на “GE”, Лоренс Босиди, инаку негов долгогодишен пријател, како зборува пофално за придобивките што ги постигнал со програмата за квалитет лансирана во “AlliedSignal Inc.”, каде што бил генерален менаџер од 1991. Босиди ја “позајмил” програмата “Six Sigma” од “Motorola” и потоа значително ги намалил трошоците, а ги зголемил продуктивноста и профитот. Велч не седел со скрстени раце. Го поканил Босиди да го сподели искуството

Што е „Six Sigma“?

“S

ix Sigma” во многу организации значи мерило за квалитет што се стреми кон перфекција. Тоа е методологија за елиминирање на дефектите во кој било деловен процес - од производство, услуга, трансакција и сл., оригинално креирана во технолошкиот гигант “Motorola”. Статистичкото прикажување на “Six Sigma” квантитативно го опишува процесот. За да се постигне “Six Sigma”, процесот не смее да покаже повеќе од 3,4 грешки во милион операции. Основната цел на методологијата е имплементација на стратегија базирана врз мерливи показатели, чија цел е усовршување на процесот и редукција во варијациите на квалитетот. “General Electric” е една од компаниите што најуспешно го имплементираше моделот и во првите пет години од неговата примена, создаде придобивки од околу 10 милијарди долари.

со топ менаџментот на “GE” во јуни 1995, на состанокот на Корпоративниот извршен совет. Ова бил единствениот случај Велч да биде отсутен од тој состанок, бидејќи заздравувал дома од операцијата на срцето. Меѓутоа, презентацијата на Босиди добила толку ласкави оценки, што Велч веднаш штом се вратил на работа, во август, се согласил да ја спроведе “Six Sigma”.

„Покажи резултат или бегај!“

“Six Sigma” генерирала помалку од 3,4 дефекти на милион операции во процесите на производство или услуги. “GE” до пред заминувањето на Велч работела на Сигма ниво од 3-4. Јазот помеѓу оваа состојба и нивото шест ја чинеше компанијата помеѓу осум и 12 милијарди долари годишно во неефикасност и загубена продуктивност. Сепак, не била лесна одлука да се

лансира оваа програма за квалитет, бидејќи тоа барало огромни инвестиции за обука на илјадници вработени во строгата методологија, обемно “зачинета” со статистика. Велч ја лансирал “Six Sigma” кон крајот на 1995 со 200 проекти и интензивни тренинзи, во 1996 бројот на проеките бил 3.000, а во 1997 се реализирале преку 6.000 проекти. “Six Sigma” почнала да дава резултати, и во 1998 “GE” профитирал додатни 320 милиони долари благодарение на зголемената продуктивност, двојно повеќе од првобитните проекции на Велч од 150 милиони. Во 1999 придобивките од програмата “Six Sigma” биле над 750 милиони долари. Успехот од Програмата биле разгледуван на состаноците во Бока Ратон, Флорида, каде што секоја


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

41 година Велч се среќавал со врвните 500 менаџери на компанијата. Пред Велч во првиот ред од аудиториумот, триесетина менаџери ја имале привилегијата да зборуваат за тоа како ги употребиле новите идеи за да ги редуцираат трошоците, да ја зајакнат продуктивноста, да заземат поголем удел на пазарот и да ја елиминираат потребата од инвестиции во нова фабрика или опрема. Оваа практика им овозможувала на менаџерите од одделот “Пластика”, на пример, да разменат “лекции” со нивните колеги од одделот “Капитал”. Бока е место, исто како и Кротон на Хадсон, каде што најдобрите искуства се трансферираат помеѓу различните бизниси на “GE”. Помеѓу сесиите менаџерите што произведуваат електрични ламби или локомотиви разменуваат идеи со оние чиј што бизнис се кредитните картички. Главниот настан, сепак, е моментот кога Велч ќе излезел на сцената под светлото на рефлекторот и зуењето на камерите. Иако “GE” беше постигнал уште една рекордна година, Велч секогаш сакал повеќе. Повеќето од лидерите на негово место би одржале самобендисан говор полн со задоволство од постигнатото. Но, Велч ќе ги предупредел директорите дека ги очекува една од најтешките години. “Не е време да се биде опуштен. Особено не покрај азиската економска криза и дефлација што виси во воздухот”. Велч тогаш исфрлил уште еден предизвик пред нив: “Пазарот ве наградува и се чувствувате како носители на олимписко злато. Знам дека имам вакви атлети пред мене. Можете ли да го спротивставите вашиот тим на мојот? Дали сте горди на секој член од вашиот тим? Ако не сте, тогаш не може да победите, не може да ја добиете играта”, рече Велч. Кога директорите се враќале на работа во понеделник наутро, на бирото ги чекала видео лента од говорот на Велч. Во рок од една седмица, повеќе од 750 ленти на осум различни јазици, вклучувајќи мандарински и унгарски, се испраќале до локациите на “GE” низ целиот свет. Зборовите на Велч допирале до речиси 150.000 вработени до крајот на месецот. Поентите од она што се случувало во Бока, на тренинзите во Кротонвил или пак на кварталните сесии на Корпоративниот извршен совет, многу брзо се пренесувале се’ до најниските нивоа на компанијата. Мнозинството од големите лидери се мајстори во интерпретација на своите желби и барања. Во почетните години како главен директор, Велч сфатил дека не е доволно само да сакаш нештата да се случат и да очекуваш од неколку стотини луѓе на врвот брзи промени. Затоа, тој постојано и постојано им ги повторувал пораките, искористувајќи ја секоја прилика за тоа.

Рози и шампањ

Велч бил невообичаено свесен за сигналите и симболизмот на лидерството. Тој ретко ја пропуштал шансата да се почувствува неговото присуство. Рачно напишаните пораки испраќани до вработените од буквално сите нивоа на компанијата предизвикувале мошне силен ефект, бидејќи содржеле во себе доза на спонтаност и блискост. Веднаш откако Велч ќе го оставел своето пенкало на бирото, пораките биле праќани по факс, а два дена подоцна оригиналот стигнувал по пошта. Пораките биле пишувани со намера да инспирираат и мотивираат, но исто толку често и да критикуваат и поттикнат на акција. За тоа сведочи и една случка во 1999-та, кога еден од менаџерите во GE го одбил унапредувањето што му било понудено од Велч, што подразбирало преместување во друг град. Причината била ќерката на менаџерот - тој не сакал таа да го смени училиштето. Велч зборувал со него за неговата одлука по телефон, и истиот ден му испратил лична порака. “Бил, те сакаме поради многу причини. Една од нив е што си многу посебна личност. Тоа го докажа утрово, а твоето семејство е среќно што те има. Направи го твојот сектор најдобар и следи ги твоите приоритети”, му напишал Велч. За Бил Вудбрн, пораката беше исклучително важен гест. “Ми покажа дека се грижи за мене како за човек, а не само како за менаџер. Тоа многу ми значеше.”, коментира Вудбрн. Меѓутоа, имаше и такви што не ја гледаа таа страна на Велч. Некои од вработените негодуваа заради постојаниот притисок да постигнуваат резултати и го измислија прекарот Неутрон Џек. “Без разлика колку рекорди се срушени во продуктивноста или профитот, секогаш постоеше прашањето ’А, што си сторил за мене во последно време?*’, вели Стивен Торми, човекот што преговараше со управата во име на 6.000 работници на GE околу нивните синдикални права. “Работниците ги сметаа за лимони и ги цедеа до последна капка”, додава. Други критичари на Велч се прашуваа дали можеби неговиот притисок предизвикал некои од вработените да запливаат во нелегални води, мислејќи пред сe’ на скандалите околу зделките на “GE” со армијата или понижувачкиот случај на тргување со обврзници во кој беше вклучена фирмата ”Kidder, Peabody & Co.”, а што предизвика прикажување на лажни профити во раните ’90-ти. Малкумина би го оспориле фактот дека Велч беше менаџер што кај неговите вработени предизвикува мешавина од чувства како страв и почит. Свесен за обесхрабрувачкиот ефект што би можел да го има на луѓето, Велч постојано се трудел да го смени тој имиџ. Шефот одговорен за меѓучовечки односи во “GE” се сеќава на случката со Вилијам Конати, менаџер што требало да одржи

“Straight from the gut“, мемоарите на Велч издадени во 2001 година се продадоа во 10 милиони примероци. презентација пред Велч и бил толку нервозен, што целиот се тресел. Тој за прв пат го имал сретнато Велч, кој требало да се сретне и со други 10 менаџери тој ден. “Толку сум нервозен. А, жена ми ми рече дека ќе ме исфрли од дома, ако не направам успешна презентација”, му се пожали менаџерот на Велч. На крајот од денот, додека Велч итал кон својот службен авион, организирал итно да и се однесат букет рози и шише Дом Перињон на менаџеровата сопруга. Во пораката до неа стоело: “Вашиот сопруг заврши фантастична работа денес. Искрено жалиме што моравте да поминете низ таков стрес изминативе неколку недели”. Велч не испраќал формални писма, ниту до работниците, менаџерите, па дури и до директорите во бордот на “GE”. Секое зголемување или намалување на плата, секој бонус, или секој пакет со доделени акции бил проследен со искрени зборови за очекувањата и перформансите. “Во таа игра со стапот и морковот, Велч извонредно балансираше. Кога ќе ти додели бонус или пакет со акции, јасно ти става до знаење што очекува во наредниот период”, се сеќава Гери Рајнер, потпретседател на “GE”. Изненадувања ретко се случувале. Велч поставувал прецизни цели за исполнување и го следел нивното извршување преку годината. И секој од дузината топ менаџери на “GE”, почнувајќи од тројцата потпретседатели, па до главните менаџери на 12-те бизниси на компанијата, исто така добивале напишана порака на две страни, со евалуација на нивните перформанси на крајот од секоја година. На овие пораки беа прикачени кратки забелешки од претходната година со нови коментари во стилот: “Добро сработено” или “Треба уште напор”.

nnn


Капитал број 1056 13.03.2020

42

КАРИЕРИ Признавањето на своите грешки навистина не спаѓа во најпријатните чувства кои ги имате на работното место, но правејќи го тоа, ви се зголемува кредибилитетот и почитта кај другите колеги. u Ценете ја работата

на колегите

Некои вработени мислат дека никој освен нив не може да ја изврши работата што ќе биде конкурентна со другите на пазарот. Немојте да сте еден од таквите. Верувајте во можностите и на другите. u Покажете интерес Секој во фирмата има голем список на интереси, искуства и стилови. Обидете се да дознаете нешто повеќе за нив, дури и ако немате ништо заедничко. u Пофалете ги другите Немојте само да кажете “добра работа”. Бидете поконкретни во своите пофалби и покажете колку сте свесни за тоа што колегата/колешката го направиле.

ТОЛКУ ЕДНОСТАВНИ, А ТОЛКУ ЗНАЧАЈНИ

ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ

Да знаете како да се однесувате со луѓето, е еднакво важно како и поседувањето одреден талент за извршување на некоја работа

П

Помислете на најлошиот шеф што сте го имале. Се сеќавате ли како се одразувал неговиот недостиг на комуникациски вештини во човечките односи врз моралот на колегите и продуктивноста? Колку бевте очајни во желбата да побегнете од фирмата? Еве неколку основни правила за меѓучовечки односи на работното место:

u Запомнете ги имињата

на колегите

Кога некого викате по име, ја персонализирате пораката што му ја упатувате. Исто така, оставате впечаток на блиска личност со добра меморија. Тоа е на изглед едноставна алатка за спуштање на личната одбрана. Зачинете ги вашите реченици со имиња и почнете со прашања како “Иване, како сте денеска?” u Признајте ги своите грешки Нема да ви се сруши целиот свет, ако сте одговорни за некоја грешка.

u Стојте си на зборот Немојте нешто да ветувате, ако немате намера да ги следите тие ветувања. Вашиот кредибилитет во голема мера зависи и од вашите зборови. Ако не сте доверливи нема далеку да стигнете во својата кариера. u Покажете благодарност Ако некој ви направи услуга или скршне од својата моментална агенда за да направи нешто за вас, потрудете се да го цените неговиот труд. Секако, не сте претплатени на услуги и никој не ви го должи своето скапоцено време. Но, ако некој е доволно љубезен да ви помогне, заблагодарете се и понудете ја својата услуга за возврат. u Опуштете се Излезете од својот делокруг, и понекогаш помогнете им на другите околу нивните задачи. Направете го тоа без да ве молат, сами понудете се. u Бидете скромни Преголемиот напор со цел да ги восхитите своите колеги и претпоставени, може да резултира со контраефект. Никој не сака фалбаџии. Ако целите на тоа другите да ве фалат, ќе мора да се потрудите и да бидете трпеливи. u Помогнете да се сочува

туѓиот углед

Сите грешиме. Сетете се само на последниот пат кога сте направиле некоја огромна грешка. Нели сте посакале некој да застане во ваша одбрана, и да ја смири ситуацијата. Е, па истото тоа направете го и за другите. Насмевнете се и кажете дека таквите работи им се случуваат и на најдобрите. Ако е прикладно, немојте да избирате преголеми зборови, само малку осврнете се на грешката. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1056 13.03.2020

44

КАРИЕРИ

СОВЕТИ

НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВАЈТЕ ДА БАРАТЕ НОВА И ПОДОБРА РАБОТА Луѓето кои имаат успешни кариери секогаш се распрашуваат за нови успешни претпријатија во сопственото окружување. Откако еднаш ќе се вработат, тие не се опуштаат и не престануваат да бараат нови можности за напредување

A

Американската статистика покажува дека вработените во просек годишно добиваат зголемување на платата од 4,2%. Оние кои имаат храброст да ја променат работата, добиваат поголемо зголемување, во просек од 12,8%. Американскиот консултант за работно право Силвија Хо, веќе подолго време ја анализира оваа проблематика. Таа дава примери како работат луѓето кои добро заработуваат и напредуваат во кариерата. u Промената на работното место е дел од напредокот во кариерата. Верноста кон компанијата за време од 10 или 20 години не го поддржува начинот за градење на кариерата. Тоа размислување се смета за застарено и пазарно неприфатливо. Секој вработен е свесен дека компанијата ќе го отпушти ако има потреба од тоа, па многу не размислува кога треба да се одлучи да ја промени деловната единица или претпријатието во целост. u Вработените се секогаш во потрага по нова работа. Луѓето кои успеваат и градат кариера, секогаш

се распрашуваат за нови успешни претпријатија и за најновите успешни индустрии во сопственото окружување. Откако еднаш ќе се вработат, не се опуштаат и не престануваат да бараат нови можности. Тие постојано се информираат за состојбата на пазарот на труд. Но, истовремено, даваат сe’ од себе за компанијата во која работат, иако планираат наскоро да заминат од истата. u Заминуваат додека се на врвот. Вработените знаат дека нивната вредност на пазарот е најголема кога се наоѓаат на врвот, а најмала кога ќе се прочуе дека имале расправија со шефот или дека компанијата пропаѓа. Оние кои сакаат да напредуваат знаат дека од работното место треба да заминат тогаш кога им е најдобро. u Знаат да се промовираат себе си. Размислуваат за себе на начин на кој и компаниите размислуваат за сопствените производи. Се прашуваат што треба да направат за да ги презентираат своите вештини и способности подобро и да заземат што подобро место на пазарот на труд. Не чекаат пазарот да се сети на нив,

туку тие самите се наметнуваат и го освојуваат. u Имаат своја деловна стратегија. Успешните луѓе најпрво го истражуваат пазарот на труд, а потоа договараат интервју во некоја реномирана компанија и тоа за позиција која ги интересира. Се претставуваат на неконвенционален начин и покажуваат што сe’ можат да направат за новата компанија и како. Така се диференцираат од останатите кандидати и успеваат да ги добијат најдобро платените работни места. u Сè што работат – работат со страст. При преминот во друга компанија, кандидатите кои планираат голем напредок во кариерата, се претставуваат себе си како луѓе кои сè работат со страст. Ги земаат со себе сите дипломи и пофалници. Прашањата за плата и бенефициите што компанијата треба да ги обезбеди за нив, ги оставаат за крајот на разговорот. Тоа е така бидејќи тие и онака искажуваат желба за подобра и поперспективна работа, а не за плата. Или барем така се прикажуваат пред останатиот свет.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

46

МЕНАЏМЕНТ

И ВАКА СЕ КРАТАТ ТРОШОЦИ

“ФОРЕКАСТИНГ“ ЗА УСПЕШНО МЕНАЏИРАЊЕ СО НАБАВКИТЕ Успешното управување со набавките бара прогноза на идните настани. Многу професионалци се уште планираат врз основа на интуиција, а други пак се потпираат само на логично расудување, велат консултантите за менаџмент. Понекогаш тоа дава одлични резултати, некогаш баш и не.

З

За многу компании улогата на купување не еволуирала многу подалеку од тесните трансакциски корени на функцијата, како што е купувањето материјали, компоненти и услуги. Но, одредени организации што го менаџираат купувањето и набавката, го привлекуваат вниманието на главните директори со тоа што ја подигаат функцијата на повисоко ниво. Тактичкиот потенцијал на набавката како “убиец“ на трошоци не е тајна. На крајот на краиштата, трошењето на купената стока и услуги може да претставува значителен процент од трошоците на една компанија, така што бизнис лидерите веќе долго време знаат дека со подобрување на процесот на купување, може директно да го подобрат крајниот резултат. Според еден друг извештај на консултантската куќа McKinsey, вештите купувачи прифаќаат еден поригорозен пристап

кон вработените со истовремено надградување на нивните вештини на купување и со истра-жување на паметни начини да се здружат вработените во целата организација кон една заедничка цел. Овие компании, исто така, поставуваат високи аспирации и цели кои ја балансираат нивната визија за иднината со јасен фокус врз начинот како да се постигне тоа.

Прогнозирање како основа за планирање на набавките

Успешното управување со набавките бара прогноза на идните настани. Многу професионалци се уште планираат врз основа на интуиција, а други пак се потпираат само на логично расудување, велат консултантите за менаџмент. Понекогаш тоа дава одлични резултати, некогаш баш и не. Ризикот и несигурноста се наоѓаат во основите на планирањето. Процесот на “форекастинг“ (forecasting) е вештина на процена во непознати ситуации – од самата прогноза поважна

е вештината на изработка на сценарио за случаи планот да се оствари, но и во случај да не се оствари. Секоја програма во синџирот на набавки започнува со некој план. Има две основни методи за прогноза: квалитативни и кванти-тативни. Примери на квалитативни методи се: истражување на пазарот, изработка на сценарио, стручни мислења и сл. Со нив треба да се биде внимателен затоа што се темелат на интуиција и субјективна проценка. Квантитативните пак методи за прогнозирање се темелат на историски податоци, односно на минати настани. Теоријата што стои зад овие методи поаѓа од претпоставка дека историските податоци во поголема или помала мера влијаат врз настаните во иднина. Стручњаците велат дека за повеќето компании најдобро е да применат комбинација од математички анализи и историски податоци (анализа со помош на квантитативни техники) со квалитативна


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

47 анализа (изработка на сценарија, стручни мислења и фокус групи).

УПРАВУВАЊЕТО СО СНАБДУВАЧИТЕ ИМА ТРИ ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ: n Селекција на снабдувачите

Постојаната потрага по квалитетни снабдувачи и нивниот избор е централна задача на секој професионалец во набавка. За барање нов снабдувач постојат повеќе потенцијални причини: цената е превисока, квалитетот се расипал, сомневање во опстанокот на компанијата - партнер или некоја друга прилика едноставно е предобра. Денес, како иновативни извори на податоци за снабдувачите може да служат огласите за вработување, затоа што само фирми што се развиваат и растат, бараат нови работници. Исто така стручните здруженија и асоцијации ни нудат непресушен извор на податоци за снабдувачите.

n Оценување на снабдувачот

За вреднување на снабдувачот, постојат три главни елементи: Снабдувачи (оние што се оценуваат) – треба да се биде доста економичен во тоа кои снабдувачи се оценуваат, затоа што тоа е работа која бара доста време.

Најпрактично е да се земат предвид 20% од снабдувачите со најголем волумен, како и оние без кои што фирмата не може да работи. Оценувачи (оние што оценуваат) – Со оглед дека снабдувачите не се битни само за еден оддел на фирмата (најчесто секторот за набавка), туку и останатите делови (магацин, производство, книговодство и др.) потребно е снабдувачите да се мерат од различни агли. Набавката е заинтересирана за точноста на испораката и количините, но производството и одделот за контрола на квалитетот е заинтересиран за квалитетот на производите и материјалите. Исто така, магацинот го гледа квалитетот на пакувањето, а книговодството може да го оцени квалитетот на финансиските документи (дали има грешки, повторни книжења и сл.) Третиот елемент во оценувањето на снабдувачите се мерките на ефективност, односно критериумите по кои што се оценуваат. Некои од критериумите што набавката може да ги оценува се навременоста на испораката, стабилноста на количините, цените, условите за плаќање и сл. Еден од ефикасните начини да се оцени снабдувачот е да се оди во неговата фирма, погони и магацини и да се оцени на лице место.

чекори за 5практични ефективни набавки

1

Создадете персонал со вистински вештини за купување.

2

Придобијте го извршниот тим стопроцентно да го поддржи купувањето.

Вие сакате персонал со аналитички вештини, кој ќе навлезе во деталите на тоа што се купува. Вам ви требаат луѓе со голема вештина за преговарање - многу мал број менаџери за набавки, како и персоналот што им реферира се обучени преговарачи.

Највисоките менаџери за набавка треба да бидат одговорни пред главниот извршен директор или главниот оперативен директор, а не пред некој друг извршен директор во компанијата.

3

Користете префериран список со снабдувачи.

4

Користете технологија за да избиете пред конкуренцијата.

5

Создајте програма за наградување од која, всушност, ќе профитираат и поединецот и компанијата.

Извршните директори за набавка треба да ги поддржат менаџерите за набавка кога мора да се донесе тешка одлука за менување на снабдувачите. Уверете се дека користите технологија што ќе ги автоматизира сложените задачи, кои вообичаено, се вршеле рачно. Добијте ги точните податоци и искористете ги кога ќе почнете со преговарање.

Бонусите што им се исплатени на вработените се важни за способноста на организациите да прифатат и да усвојат една промена. Уверете се дека тоа што ќе се награди ќе биде и сработено.

n Оптимизација на снабдувачите

За да правилно управуваме со добавувачите мораме да избереме соодветна стратегија што е во согласност со стратегијата на компанијата. До сега доминантна стратегија во набавката беше фокусот врз намалувањето на трошоците. Кога зборуваме за намалување трошоци мора да бидеме свесни дека тука постојат ограничувања ако се користиме само со тактички техники, како што е на пример, преговарањето. Многу подобри резултати постигнуваме со стратешки пристап во управувањето со набавката и снабдувачите. Затоа, во фазата на оптимизација на снабдувачите потребно е да ја дефинираме стратегијата кон нив. Тоа би значело стратешки да се согледа можноста за замена на снабдувачите или подобрување на неговите перформанси. Системот на управување со снабдувачите (Suplier Relationship Management – SRM) e интегриран и сеопфатен систем на водење на секојдневните односи со снабдувачите. Се состои од софтвер и деловни процеси кои што ја сочинуваат соработката и поврзаноста и ги усогласуваат активностите на компанијата со снабдувачите. SRM им помага на компаниите во одржувањето на односите со снабдувачите, намалувањето на трошоците и управувањето со ризици поврзани со тие односи. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

48

ЛИДЕРИ РЕКОА ЗА...

БАНКИТЕ

Понекогаш не можеме да ги смислиме, а од друга страна не можеме без нив. Нивните пари ни требаат за да ги купиме работите што инаку не може да си ги дозволиме. Ни требаат кредити за да инвестираме во раст на бизнисот, или пак едноставно за да врземе крај со крај во месецот. Да видиме што познатите ликови на планетава искоментирале на тема “банки“. Му верувам на онлајн банкарството. Знаете зошто? Бидејќи ако некој ми ја хакира сметката или кредитната картичка, погодете кој ќе ја трпи штетата? Банката, а не јас.

Добро е што обичните луѓе не го разбираат банкарскиот и монетарниот систем, зашто ако го разбираа, мислам дека ќе имаме револуција до утре сабајле.

ХЕНРИ ФОРД

американски индустријалец

КЕВИН МИТНИК

еден од најпознатите хакери на светот

Банка е место каде што ќе ти позајмат чадор кога надвор е сончево, а ќе ги ти го побараат кога ќе заврне.

Не мислам дека може да ги оставиш банкарите да се контролираат себеси. Тие се како зависници од хероин.

РОБЕРТ ФРОСТ американски поет

ЧАРЛИ МАНГЕР

потпретседател на Berkshire Hathaway

Банкарските неуспеси се предизвикани од вложувачите што не депонираат доволно пари за да се покријат загубите направени од лошото менаџирање.

Регулација е потребна, особено во сектор како банкарскиот, кој што ги изложува државите и луѓето на ризик.

ДЕН КВЕЈЛ

потпретседател на САД за време на претседателот Џорџ Буш постариот

КРИСТИН ЛАГАРД претседател на Европската централна банка

Едноставно, сакам да си ги чувам парите во банка, не сум некој голем ризикувач. Не знам ништо за берза... се држам подалеку од работи што не ги разбирам.

Ако и должите на банката 100 долари тоа е ваш проблем, но ако и должите 100 милиони долари, тоа е веќе нејзин проблем.

ВЕЈН ГРЕЦКИ

легендарен канадски хокеар

Џ.ПОЛ ГЕТИ

американски милијардер



www.kapital.mk

Капитал број 1056 13.03.2020

50

ЛИДЕРИ

МУКЕШ АМБАНИ ИНДИСКИ ИНДУСТРИСКИ МАГНАТ

МОРА ДА НАУЧИТЕ НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПРЕДАВАТЕ, ЗОШТО РЕТКО КОГА ЌЕ УСПЕЕТЕ ВО НЕШТО ОД ПРВА

М

Мукеш Амбани е најбогатиот Индиец во светот, со проценето богатство од 60,8 милијарди долари во моментов, според Forbes, кој го смета и за најбогат човек во Азија и 13 – ти најбогат човек во светот во декември 2019 та. Конгломератот Reliance Industries на чие чело е Амбани, е активен во повеќе бизниси:

Не е доволно само да пишувате домашни заедно со вашите деца. Учете ги да ја сакаат природата, водете ги во прошетки, на планина...

Сите ние, на некој начин, се мачиме цело време, затоа што никогаш не успеваме да добиеме она што сакаме. Важна работа што научив е никогаш да не се предавам, затоа што ретко кога успеваш во нешто од прва.

Врските и довербата. Тие се темелот на животот. Нашата организациска структура е како стоногалка, па ако загуби 1-2 нозе, процесот ќе продолжи, растот ќе продолжи.

Да растеме како луѓе и како компанија, за нас е начин на живот, и мора да растеме постојано.

нафта, гас, текстил, трговија, телекомуникации, издаваштво... Компанијата е основана во 60-те години од таткото на Мукеш, Џирајлал Амбани и еден негов братучед. Денес бизнис империјата на Амбани прави преку 87 милијарди долари годишно приход и е најголемата индиска компанија според пазарна капитализација.

Сметам дека амбицијата е битна за секој претприемач. Но, амбицијата треба да е реална. Мора да сфатите дека не може да направите баш се’.

Интернетот и дигиталните услуги нема повеќе да бидат луксуз, достапен само за привилегираните.

Интернетот е најголемото откритие после печатарската преса.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.