IB DB ВО АМЕРИКАНСКАТА ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТА И АКРЕДИТИРАНА ПРОГРАМА
COVER STORY
БИТКОИН ПОРАСНА
ЗА ПРЕКУ 80% ОД ПОЧЕТОКОТ НА 2023
ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ БАНКИ?
ИНТЕРВЈУА
КИРО
ЧАДИКОВСКИ
Комерцијалнабанка
ЦЕЛИМЕ ДА
СТАНЕМЕ ПРВАТА
ЦЕЛОСНО
ДИГИТАЛНА
БАНКА ВО
ЗЕМЈАТА
КОЧО
АНЃУШЕВ
Renewable EnergySupply
РЕС Е
НАЈДОБАР СНАБДУВАЧ
СО ЕЛЕКТРИЧНА
ЕНЕРГИЈА НА
СЛОБОДНИОТ ПАЗАР
ВО МАКЕДОНИЈА
КОИ ПРОФЕСИИ СЕ ПОМАЛКУ ЗАГРОЗЕНИ ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НЕМА ЗИМА ЗА ВЕШТИТЕ РАЦЕ ПРЕТПРИЕМНИШТВО ОД ДОМА ПОТЕНЦИЈАЛОТ Е ГОЛЕМ, НО ИМА МНОГУ ЗАКОНСКИ ПРЕЧКИ
МАЛ БИЗНИС
ДАЛИ КРИПТОТО Е ИЗЛЕЗ ОД АКТУЕЛНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ ШТО ГО НАРУШИЈА УГЛЕДОТ НА
КАПИТАЛ... 1144 06
COVER STORY
Биткоин порасна за преку
80% од почетокот на 2023
Дали криптото е излез од актуелните турбуленции
14
ИНТЕРВЈУ
Киро Чадиковски
26
ИНТЕРВЈУ
Една година Renewable Energy Supply
22
ЕКОНОМИЈА Над 305 илјади граѓани имаат животно осигурување
Раст на овој продукт за 14% во 2022
што го нарушија угледот на традиционалните банки? 30
МАЛ БИЗНИС Претприемништво
од дома
Во светот микро-бизнисите
во домашни услови растат, потенцијалот е голем, но има многу законски пречки
COVER STORY
Биткоин порасна за преку 80% од почетокот на 2023.........................................06
Дали криптото е излез од актуелните турбуленции што го нарушија угледот на традиционалните банки?
ИНТЕРВЈУ
Киро Чадиковски, директор на
Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје.............14
Целиме да станеме првата целосно дигитална банка во земјата ЕКОНОМИЈА
Над 305 илјади граѓани имаат животно осигурување...............................22
Раст на овој продукт за 14% во 2022
директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје Целиме да станеме првата целосно дигитална банка во земјата
Анѓушев: РЕС е најдобар снабдувач со електрична енергија на слободниот
пазар во Македонија
36
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Истражување на Deloitte
Дигиталната трансформација може да ја зголеми пазарната вредност на најголемите светски компании
ИНТЕРВЈУ
Една година Renewable Energy Supply......................................................26
Анѓушев: РЕС е најдобар снабдувач со електрична енергија на слободниот пазар во Македонија
МАЛ БИЗНИС Претприемништво од дома..................30
Во светот микро-бизнисите во домашни услови растат, потенцијалот е голем, но има многу законски пречки
ЕДУКАЦИЈА
IB DB во Американската Гимназија Скопје.............................................33
40
УМЕТНОСТ
Роберт Јанкулоски
фотограф, снимател и ко-автор на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ Очите широко
отворени
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Истражување на Deloitte.........................36
Дигиталната трансформација може да ја зголеми пазарната вредност на најголемите светски компании за уште 1.250 милијарди долари
УМЕТНОСТ
Роберт Јанкулоски.......................................40
фотограф, снимател и ко-автор на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“
Очите широко отворени
СВЕТ
Кои професии се помалку загрозени
од вештачката интелигенција.............42
Нема зима за вештите раце
ва што гледате на фотографијата е уметничка интерпретација на она што американските научници го открија со моќниот телескоп Хабл неодамна: необична светла трага која има едно најверојатно објаснување. Се работи за огромна црна дупка што по судир на галаксии е лансирана во вселената. Според студијата објавена деновиве тоа лансирано чудовиште продолжило да патува низ облаците од гасови покренувајќи во нив создавање на млади ѕвезди коишто на снимките на славниот телескоп се забележуваат
како многу долга светла линија.
На снимката од електронската камера
на Хабл космичките зраци коишто
проаѓаат низ детекторот главно
изгледаат како гребаници. Но, откако
научниците направиле спектроскопска анализа на чудната линија, сфатиле
дека се работи за ланец на млади сини
ѕвезди долг 200 илјади светлосни
години. Една светлосна година
е растојание од 9.460 милијарди
километри, па сега замислете колкава
должина се 200 илјади светлосни
години. nnn
ГОЛЕМО ЧУДОВИШТЕ ЈУРИ НИЗ ВСЕЛЕНАТА И
ДАЛИ КРИПТОТО
Е ИЗЛЕЗ ОД
АКТУЕЛНИТЕ
ТУРБУЛЕНЦИИ
ШТО ГО НАРУШИЈА
УГЛЕДОТ НА
ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ БАНКИ?
Што е причината за ваквиот раст на биткоин периодов?
Делумно, можеби затоа што трговците очекуваат
претседателот на американските Федерални резерви
Џером Пауел да го забави растот на каматните стапки
поради банкарската криза, што пак ќе ги направи биткоинот и другите ризични средства попривлечни за инвестирање. Други ја туркаат приказната за биткоин
како безбедно засолниште. Со сегашната финансиска
несигурност, средствата како биткоин и злато остануваат
безбеден облог кога (сè уште) јасно се наѕира рецесијата.
БИТКОИН ПОРАСНА
Кризата во банкарскиот сектор предизвика низа реакции кои сигнализираат исцрпена доверба во централизираните банкарски власти и Федералните резерви на САД. Како што постои т.н. 'крипто зима', така постои и може да се случи 'TradFi зима'. Дали биткоин и остатокот од крипто-пазарот можат да се издигнат среде обесхрабрувачките потези на регулаторите?
иткоин се тргуваше за преку 30.000 долари во
вторникот, во моментот
на пишување на
овој текст. Тоа беше
пораст од преку 8% за
само една недела, а последен пат
најголемата криптовалута според
пазарна капитализација била
на ова ниво на 10 јуни минатата
година, пред десет месеци.
Етереум, втората по големина
криптовалута, се тргуваше за преку
1900 долари, што беше раст за
речиси 5% за само 24 часа.
Биткоин постигна најголем раст
меѓу најголемите 20
во светот.
криптовалути
Криптовалутата имаше вредност
од околу 16.600 долари на
почетокот од годината, што беше
пад од речиси 75% во однос на
максималната цена од 64.400
долари достигната во ноември 2021
година. Но, во првите три месеци од
годинава биткоин почна да расте
силно, и во моментов е за повеќе од 80% над вредноста на први јануари 2023, и покрај навидум бескрајните
регулаторни пречки за криптоиндустријата и „алергијата“ на
инвеститорите на ризични средства.
Што е причината за ваквиот раст на биткоин периодов? Делумно, можеби затоа што трговците
очекуваат претседателот на американските Федерални резерви Џером Пауел да го забави растот на каматните стапки поради банкарската криза, што пак ќе ги направи биткоинот и другите „ризични“ средства попривлечни за инвестирање. Други ја туркаат приказната за биткоин како безбедно засолниште. Со сегашната финансиска несигурност, средствата како биткоин и злато остануваат безбеден облог кога (сè уште) јасно се наѕира рецесијата. TradFi зима?
Кризата во банкарскиот сектор предизвика низа реакции кои сигнализираат исцрпена доверба во централизираните банкарски власти и Федералните резерви на САД. Како што постои т.н. 'крипто зима', така постои и може да се случи 'TradFi зима'. Дали биткоин и остатокот од крипто-пазарот
можат да се издигнат среде обесхрабрувачките потези на регулаторите?
Традиционалната финансиска
(TradFi) индустрија неодамна се соочи со предизвици, вклучително и зголемена регулатива, конкуренција од финтек компании и менување на преференциите на потрошувачите. Една од најголемите грижи на индустријата е можноста за „ненадејна“ финансиска криза слична на глобалниот крах во 2008 година. Банкарските институции и Фед имаа тешка задача да ја вратат довербата по Големата рецесија.
Овие грижи се засилени со пандемијата, која ги откри недостатоците во финансискиот систем и ја зголеми веројатноста за финансиски дебакл. Еден од најзначајните ризици со кои се соочува индустријата TradFi е можноста за т.н. bank run или банкарско стампедо во слободен превод. Ваков bank run се случува кога многу штедачи ги повлекуваат своите средства одеднаш, што предизвикува банката да остане без готовина и потенцијално да колабира. Различни фактори, вклучително и гласини за финансиска нестабилност,
БИТКОИН ПОРАСНА ЗА ПРЕКУ 80% ОД ПОЧЕТОКОТ НА 2023
загриженоста за безбедноста
на депозитите и промените во
владините политики, може да
предизвикаат банкарски стампеда.
Зголемен ризик
Ризикот од bank run се зголеми во последниве години поради
неколку фактори. Еден од нив е зголемената меѓусебна поврзаност
на глобалниот финансиски
систем. Банките сега се меѓусебно
поврзани повеќе од кога било, а сложените финансиски инструменти
ги поврзуваат во мрежа од финансиски обврски.
Ова значи дека ако една банка пропадне, може да предизвика
каскада низ целиот систем.
Друг фактор што го зголеми ризикот
од банкарски стампеда е растот
на банкарството во сенка (shadow banking). Банкарството во сенка се однесува на обезбедување
на банкарски услуги надвор од традиционалните банкарски
канали, на пример преку хеџ фондови, парични фондови и други небанкарски финансиски
институции. Банкарството во сенка е често помалку регулирано од традиционалното банкарство и може да биде поранливо на финансиски шокови. Пандемијата дополнително го зголеми ризикот од bank run со откривање на слабости во финансискиот систем. Многу влади воведоа ограничувања на движењето и други мерки кои сериозно влијаеја на економијата за време на пандемијата. Ова доведе до остар пад на економската активност, што ја намали вредноста на многу финансиски средства.
Придобивки на децентрализираните финансии
Падот на вредноста на средствата врши притисок врз банките и другите финансиски институции, зголемувајќи го ризикот од пропаѓање на банките. Покрај тоа, пандемијата доведе до зголемување на невработеноста,
што ја намали способноста на
потрошувачите да ги отплатат
своите долгови.
Во последно време, имателите на
банкарски сметки од сите големини
сега се справуваат со нов ризик
по големиот колапс на Банката
на Силиконската долина (SVB) во
САД каде што интервенираа Фед и
владата.
Ова изврши дополнителен
притисок врз финансискиот систем
и го зголеми ризикот од економска нестабилност. Традиционално, финансиската индустрија
останува високо регулирана и
централизирана, при што банките
и другите институции дејствуваат како посредници помеѓу клиентите и финансиските пазари. Сепак, во последниве години децентрализираните финансии (DeFi) станаа сè попопуларна услуга со блокчејн технологија и криптовалути. DeFi е изграден на децентрализирана инфраструктура која овозможува peer-to-peer трансакции без посредници. Иако DeFi донесе неколку
1 ГОДИНА RES
ЛИДЕРИ ВО ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
ПОРТФОЛИО
НАД 270
РЕНОМИРАНИ КОМПАНИИ
НОСИТЕЛИ НА ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ
Еден од најзначајните
ризици со кои се соочува традиционалната финансиска индустрија (TradFi) е можноста за т.н. bank run или банкарско стампедо во слободен превод. Ваков bank run се случува кога многу штедачи ги повлекуваат своите средства одеднаш, што предизвикува банката да остане без готовина и потенцијално да колабира.
Различни фактори, вклучително
и гласини за финансиска
нестабилност, загриженоста
за безбедноста на
депозитите и промените во владините политики, може да предизвикаат банкарски стампеда.
придобивки, како што се зголемена транспарентност, пристапност и намалени трошоци, тој е исто така поврзан со ризици како што се нестабилност на цените, измами и хакерски напади. Банкарство со ниска доверба Поранешниот директор за технологија на Coinbase Балаџи Шринивасан твитна извештај од истражувачката група на њујоршката Alliance Bernstein. Овде, Шринивасан подигна „црвено знаменце“ околу банките, прозивајќи ја индустријата.
„TradFi презема некои од најлошите аспекти на Defi. Јас тоа го нарекувам TradFi зима“, напиша тој.
Повлекувајќи неколку паралели, тој ги критикуваше регулаторите за неуспехот да ги предупредат клиентите за потенцијален неуспех на банката. Тој укажа и на нетранспарентното известување на банкарските институции.
„Пред да печатат пари, банките користеа сметководствени трикови за да се измамат себеси и другите да мислат дека имаат ликвидни средства за да ги подмират плаќањата“, објави тој.
До моментот кога вестите се емитуваат од реномирана пресагенција, „често е предоцна“, додаде тој. Овие случаи доведоа до систематско губење на довербата во западното банкарство, слично на губењето на довербата во западните медиуми. Како заклучок, поранешниот директор во Coinbase го нарече сето ова банкарство со ниска доверба, што води кон општество со ниска доверба.
Едноставноста на криптото како дигитално средство ги решава непосредните ризици од другата страна со кои се соочуваат клиентите на банките, но клиентите бараат и стабилност на вредноста. Затоа, биткоин, како дигитално средство, можеби нема веднаш да им се допадне на корисниците кои гледаат стабилност во номинални американски долари.
Дали биткоин може да
помогне?
Крипто заедницата одамна ги разбра опасностите од хипербрзите
банкарски стампеда кои можат
исклучително брзо да се шират на социјалните мрежи. Федералните резерви се подготвена пријдат на помош и да обезбедат ликвидност
на проблематичните банки, но тоа
има своја цена. Затоа, штедачите
имаат добра причина да бараат
други опции, што ја минимизира финансиската сложеност.
Дали биткоин може да помогне
овде? Оваа растечка класа на средства забележа огромни
зголемувања на вредноста од своето основање. Биткоин и другите криптовалути имаат потенцијал да
одговорат на некои од ризиците
од другата страна со кои може да
се соочат клиентите на банките.
Една од предностите на биткоин е
тоа што овозможува трансакции
меѓу корисниците без потреба од
доверлив посредник како што е
банка контролирана од Фед.
Ова значи дека корисниците можат
директно да вршат трансакции
меѓу себе, што може да го намали
ризикот од другата страна поврзан
со традиционалните банкарски
трансакции. Но, повторно, крипто
како биткоин е сè уште ново лице во
оваа игра.
„Едноставноста на криптото како
дигитално средство ги решава
непосредните ризици од другата
страна со кои се соочуваат клиентите на банките, но клиентите бараат и стабилност на вредноста. Затоа, биткоин, како дигитално средство, можеби нема веднаш да им се допадне на корисниците кои гледаат стабилност во номинални американски долари“, се вели во извештајот на Alliance Bernstein.
Пречки за остварување на крипто потенцијалот
Биткоинот или воопшто крипто потенцијалот е огромен. Но, патот до достигнување на неговиот целосен потенцијал е полн со пречки. Регулаторите ширум светот презедоа итни чекори за да го отежнат усвојувањето на криптото. Во март, Белата куќа го прозва криптото дека нема основна вредност. Неодамна, владата на В. Британија презеде мерки за да го обесхрабри растот на криптото во земјата.
Крипто компаниите генерално
подлежат на огромен број
ограничувања и прописи кои се разликуваат во зависност од јуриздикцијата. Некои услови со
кои може да се соочат крипто
компаниите го вклучуваат следново: Барања за лиценцирање - Во многу јуриздикции, крипто компаниите мора да добијат лиценца за да работат како испраќач на пари или како дигитална менувачница на средства.
Барања за спречување на перење
пари (AML) и „Знајте ги вашите
клиенти“ (KYC) - крипто компаниите мора да се усогласат со прописите за AML и KYC, вклучувајќи
проверка на идентитетот, следење трансакции и известување за сомнителни активности.
Капитални барања - Некои јуриздикции може да бараат од крипто компаниите да одржуваат одредена сума на капитал за да работат.
Оданочување - Крипто компаниите може да подлежат на оданочување на нивната добивка и можеби ќе треба да ги пријават своите трансакции до даночните власти. Барања за безбедност и приватност - крипто компаниите мора да ги заштитат податоците на корисниците и да спречат неовластен пристап до системот. Непочитувањето на овие ограничувања и прописи може да резултира со парични казни или кривични пријави. Покрај тоа, некои крипто компании може да се соочат со дополнителни предизвици, како што се тешкотии при добивање банкарски услуги или замрзнување на сметки од финансиски институции поради перцепцијата на ризиците поврзани со индустријата.
Оптоварувањето со документи, исто така, може да биде значително, особено за бизнисите кои работат во повеќе јуриздикции или кои нудат широк опсег на услуги. nnn
Банката има
динамичен план
за да ги интегрира
сите услуги
кои клиентите
ги користат со
електронската
идентификација
со цел да бидеме
првата целосно
дигитална банка
во земјата. Со тоа
на клиентите ќе
им овозможиме
пристап кон целото
портфолио на
производи и услуги на Комерцијална
банка од удобноста
на нивниот дом, од работното место
или од кое било
друго место на
планетата, 24 часа
во денот, 365 дена
во годината. На
тој начин ќе можат
да го заштедат најдрагоцениот
ресурс на современото
живеење, а тоа е личното време и, што е најважно, секогаш ќе бидат
први во редот.
INTERVIEW
КИРО ЧАДИКОВСКИ
директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни
сметки во Комерцијална банка АД Скопје
ЦЕЛИМЕ ДА СТАНЕМЕ
ПРВАТА ЦЕЛОСНО
ДИГИТАЛНА БАНКА ВО ЗЕМЈАТА
Киро Чадиковски
директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје
Дигитализацијата
на производите
и услугите во
Комерцијална
банка е одамна
започнат и
интегриран
процес. Само како
пример ќе посочам
дека Комерцијална
банка ги воведе
првата платежна
картичка во
нашата земја, првиот банкомат и
првите конкретни
и, за тоа време, најнапредни
услуги на интернет банкарството.
Покрај тоа, Комерцијална
банка беше
пионер не само во земјата, туку
и во регионот, со
воведувањето
на првата
дигитализирана
платежна картичка
и можноста за
плаќање со
паметен телефон
на ПОС терминал.
биде двигател за побрзо учење, прифаќање и адаптирање кон
новите дигитални канали.
X Дали клиентите може да
очекуваат уште нови можности
и бенефити од дигиталното
банкарство на Комерцијална
банка?
Секако, Комерцијална банка
континуирано работи на развој
на своите дигитални услуги.
Напоменав дека имаме динамичен
план и спремна агенда за следните
чекори, а додека се реализираат
истите, веќе се планираат нови
чекори. Процесот на дигитализација има почеток, но нема крај... Со задоволство можам да најавам дека клиентите наскоро од далечина ќе можат да отворат платежна сметка и да поднесат барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка, кредит или картичка, но истото и дигитално да го потпишат и да започнат со користење на целосната услуга без посета на шалтер. Овие услуги и досега беа делумно дигитализирани, но законските ограничувања во делот на идентификацијата
или електронскиот потпис не дозволуваа целиот процес да се заокружи. Се надевам дека наскоро целосно ќе се дигитализираат повеќе институции во државата, што ќе овозможи Комерцијална банка да може да ги „повлече“ или верификува сите потребни податоци (висина на примања на клиентите, висина на пензија, правното лице каде што е вработен клиентот и статус на неговото вработување…)
за да нема потреба од заверки на документација од страна на клиентите, односно ќе може
Киро Чадиковски
директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје
Со задоволство можам да најавам дека клиентите наскоро од далечина ќе можат да отворат платежна сметка и да поднесат барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка, кредит или картичка, но истото и дигитално да го потпишат и да започнат со користење на целосната услуга без посета на шалтер. Овие услуги и досега беа делумно дигитализирани, но законските ограничувања во делот на идентификацијата или електронскиот потпис не дозволуваа целиот процес да се заокружи.
значаен фактор, а банките како
носители и поддржувачи на
инвестициски проекти ќе влијаат
значително во намалувањето на
емисијата на CO2 и за одржливиот развој.
Не можеме да предвидиме
што сè носи иднината, но со
сигурност можам да кажам дека
решението ќе биде пресек на следниве компоненти, односно технолошкиот развој, потребите и навиките на клиентите, како и барањата на регулаторот (локален или глобален). Верувам дека во догледно време поголем број клиенти ќе се ориентираат кон овој нов дигитален концепт, но верувам и дека традиционалното банкарство ќе продолжи да постои, како што не исчезна готовината со
појавата на платежните картички. Бенефитите ќе бидат огромни бидејќи веќе нема да биде конкуренција само локалната или најблиската банка, туку понудата ќе биде поголема бидејќи дистанцата нема веќе да биде пречка за никого. Банките ќе имаат поголем притисок да се адаптираат на новите правила на игра, да бидат динамични системи кои во фокус ќе ги имаат само клиентот и неговите потреби. Тоа ќе биде најголемиот бенефит за клиентот бидејќи тој ќе биде во центарот на вниманието. Доколку сето ова го симплифицирам преку пример, иднината на банкарството значи дека ќе се логирате на Ваша лична апликација, која ќе биде создадена врз основа на Вас и Вашите
лични навики и потреби. Вашата апликација ќе биде различна од мојата. Ова ќе се случи многу наскоро, по мое мислење за најмногу две до четири години и ќе значи културолошка промена, како кај клиентите, така и кај банките. Свесни за сето ова, тимот на Комерцијална банка ги има детерминирано сите овие фактори кои влијаат и ќе влијаат на развојот и со сигурност можам да потврдам дека активно ќе продолжиме да работиме и да се прилагодуваме на сите предизвици кои нè очекуваат, односно да бидеме лидер и двигател на побрз развој во дигиталниот банкарски свет во нашата земја, имајќи ги нашите клиенти на прво место. nnn
Дел од говорниците на првата Конференција за недвижности во Скопје:
Коосновач
Директор
ИНТЕЛИ ВЕЈ СЕРВИЦЕС
Директор
ЕБОР
ЏЕКМЕН
Адвокат и Управувачки партнер
Директор
Корпоративен секретар
QUEHENBERGER LOGISTICS MACEDONIA
Управен директор
Консултант
ВЛАТКО БЕЗОСКИ СТЕЛА ДАМИ ДИМИТАР РИСТОВСКИ ИГОР СТОЈНЕВ Директор за продажба и маркетин
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ ЖИКОЛ ГРУП
КОЛИЕРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ
Спонзори: Покровител:
ПРВА
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ
ВО СКОПЈЕ
10 мaј 2023
by Hilton
За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности се среќаваат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.
Дел од темите кои ќе ги опфати агендата на конференцијата се:
• Инвестирање на пазари кои се во развој, домашни и интернационални искуства
• Градење на широко портфолио на недвижности
• Финансирање на проекти
• Потреба за развивање на логистички паркови
• Што носи иднината за канцеларискиот простор?
• ЕSG - фактори на одржливост како дел од процесите во бизнисот со недвижности и нивна имплементација
• Пазар на резиденцијални објекти – станбен простор.
Со задоволство ja најавуваме специјалната панел дискусија, чија фокус тема ќе биде состојбата на пазарот на станбен простор во нашата земја. На панелот ќе има истакнати инвеститори, кои ќе ги споделат своите согледувања и перспективи за секторот. Дискусијата ќе опфати различни теми, вклучувајќи ги ценовните трендови како и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите. Панелистите, исто така, ќе разговараат за идната перспектива на секторот и ќе ги споделат своите размислувања за можностите и ризиците.
Следете не за информации за учесниците на овој панел!
РАСТ НА ОВОЈ ПРОДУКТ ЗА 14% ВО 2022
Најголемо учество имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра, додека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.
ложувањата во
осигурување живот
надминаа 2,27
милијарди денари (37
мил.евра). Овој сегмент
на осигурителниот пазар лани
пораснал за 14 отсто во споредба
со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци
што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Заклучно со крајот на 2022 година
во земјава животно осигурување
имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.
Најголем раст осигурувањето
без штедна компонента
Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со
штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил. евра)
НАД 305 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ИМААТ ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
Официјалните податоци на
компаниите за осигурување живот
покажуваат дека најголем раст
на продажбата има животното
осигурување кое нема штедна
компонента. Со него во случај на
смрт, за времетраење на договорот,
се исплаќа осигурена сума на
член на семејството или на друг
корисник на осигурувањето. Но
доколку не се случи ризикот до
истек на договорот за осигурување
сите вложени средства ги задржува
осигурителната компанија која
го презела ризикот да исплати
средства во случај на смрт на
осигуреното лице.
Вложувањата во ова осигурување
лани достигнале 547 милиони
денари (8,9 мил.евра) и тоа е за
56 отсто повеќе од претходната
година. Бројот на лица кои го имаат
ова осигурување надмина 243.000
што е 22 отсто повеќе во споредба
со 2021 година.
Една од двете клучни причини за
раст на продажбата за ризико
осигурување е тоа што овој продукт
се поврзува со банкарски кредити
кои ги имаат осигурениците.
Другиот катализатор на растот
на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со
која АСО им укажа на друштвата
за неживотно осигурување
дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода).
Кроација живот останува
лидер на пазарот
Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата
го превзема осигуреникот е
најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13.600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 мил. евра).
Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто.
Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 мил.евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента. АСО: Друштвата за животно осигурување се солидно капитализирани Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 мил.евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.
АСО во рамки на своите
надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања. Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси.
Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.
За една година
РЕС го презеде снабдувањето
на над 270
компании од македонското стопанство, а во следниот период
најавуваме најповолни
понуди и за јавниот сектор.
Кочо Анѓушев, сопственикот и извршен директор на РЕС заедно со својот тим успеаја од компанијата да создадат снабдувач со најголема балансна група, а тоа значи дека се снабдувач кој на дневна основа прави најголем квантитет на снабдување со електрична енергија. Изминатата година испорачале над 250 GWh, со што значително се надминати првични планови при основањето на РЕС.
Renewable Energy Supply - РЕС е компанија
која се занимава со снабдување со
електрична енергија
и за само една година успеа да се етаблира како
лидер во секторот и компанија
со најголема балансна група во Република Северна Македонија. Разговаравме со сопственикот и
извршен директор на компанијата, Кочо Анѓушев, за тоа кој е рецептот за успехот и како ја добија професионалната доверба од компаниите да ги снабдуваат со електрична енергија во тешките услови на енергетската криза.
X РЕС во март одбележа една година постоење, во овој
кус период успеавте да се
етаблирате како стабилна
компанија и една од трите
најважни компании во секторот
за трговија со електрична
енергија. Кој е моделот кој го
применува РЕС и успева за толку
кус период да стане важен
„играч“ во овој многу важен
сектор?
РЕС започна да работи во март 2022 година и за само една година го презедовме снабдувањето со
електрична енергија на преку 270 квалитетни и стабилни македонски
компании, носители на економската активност во земјата, кои се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар. Од мала компанија, во овој кус временски период, станавме снабдувач со најголема балансна група, а тоа
значи дека сме снабдувач кој на дневна основа прави најголем квантитет на снабдување со електрична енергија. Изминатата година испорачавме над 250 GWh, што значително ги надмина нашите првични планови при основањето. Успеавме затоа што имаме соодветна понуда за секој клиент поединечно. Нашите понуди се уникатни за секој клиент, со неколку различни комбинации кои се прилагодуваат на потребите на секоја фирма и секоја организација. Единствени сме на македонскиот пазар кои гарантираат дека дел од енергијата која се испорачува е од обновливи извори. Во услови на најголема енергетска криза имавме најповолни понуди и успеавме да помогнеме на македонското стопанство да преброди големи предизвици кои се појавија со ценовните шокови на енергетските берзи HUPX и IBEX, кои имаат и најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија.
X Што конкретно значи тоа дека договорите се по потребите на клиентите?
Секоја компанија знае колку енергија троши месечно, какви се трошоците на дневно ниво, па така на компаниите им нудиме повеќе варијации на договори: договори со целосно фиксна цена, со голем удел на енергија од обновливи извори, договори кои се делумно со фиксна цена, а делумно се врзани
со индексирани цени од берзите, при што процентот на учество на одредена енергија го одредува самиот клиент или пак договори кои се врзани со берзанските цени. Тоа што располагаме со енергија од обновливи извори ни е огромна
предност, а самите компании во нас гледаат општествено одговорна фирма, бидејќи голем фокус ставаме на зелена енергија, со што се заштитува животната средина, а зелените сертификати за енергија им се важни на фирмите да ги имаат.
РЕС има сериозна предност во однос на останатите трговци бидејќи тргува со енергијата
од обновливи извори кои се во сопственост на самите основачи на компанијата. Тоа се македонските компании Феро Инвест и Централ Инвест, кои се во моја сопственост, а кои имаат сопствени хидроелектрани, фотоволтаични електрани и биогасна електрана, и од КерТоки, компанија од Бугарија, чиј сопственик е Иво Прокопиев, која исто така во своја сопственост има големо портфолио на централи од обновливи извори. Всушност, РЕС е само една од компаниите во групацијата каде имам сопственост и тие како група претставуваат вертикално интегрирано мало електростопанство со сите сегменти: обновливи извори на енергија, одржување на истите, управување преку диспечерски центар и снабдување токму преку РЕС. Како такви сме единствени на пазарот
ИНТЕРВЈУ
Во услови на најголема енергетска криза имавме најповолни понуди и успеавме да помогнеме на македонското стопанство да преброди големи предизвици кои се појавија со ценовните шокови на енергетските берзи HUPX и IBEX, кои имаат и најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија.
и тоа ја гарантира сигурноста на
клиентите.
Дополнително, ние сме компанија
која дава најконкурентни
цени за откуп на електрична
енергија од обновливи извори
од другите приватни македонски
производители и затоа над 90% од
нив ја даваат енергијата на РЕС.
Обновливите извори се главна
тема во последниот период, се
чини дека енергетската иднина
на нашата земја ќе се базира на обновливи извори, а што значи тоа за компаниите кои се ваши клиенти?
Да, дефинитивно обновливите
извори се иднината на нашето
општество, но не само. Верувам
дека се иднината на Европа и светот.
Ние сме и овластена компанија која
може да издаде зелени сертификати
за нашите клиенти, да имаат
верификувана потврда дека во нивниот процес на производство се користи зелена енергија, од незагадувачки извори, што многу влијае на нивната конкурентност на меѓународните пазари.
Трендот во Македонија, регионот, Европа и светот е да се намалуваат конвенционалните загадувачки технологии на производство на електрична енергија и да се зголемува учеството на енергија
Понудите на РЕС се уникатни за секој клиент, со неколку различни комбинации кои се прилагодуваат на потребите на секоја фирма и секоја организација. Единствени се на македонскиот пазар кои гарантираат дека дел од енергијата која се испорачува е од обновливи извори.
од обновливи извори, за почиста
и поздрава животна околина. Тоа
многу се цени на европскиот пазар, а нашите клиенти се главно извозно ориентирани компании. Сигурни
сме дека кај нас ќе се зголемува
производството на електрична
енергија од обновливи извори и
дека од ден во ден ќе можеме да понудиме се поголемо количество на зелена енергија на клиентите.
Просечно, некаде околу 50% од енергијата со која тргуваме е од обновливи извори, а тој удел, како се градат нови електрани од обновливи извори ќе продолжи да расте.
X Кога зборуваме за електрична
енергија, сите знаеме дека
постои и дека е потребна, но за
голем дел од граѓаните станува
збор за апстрактна категорија.
Да ве замолам, за граѓаните
кои не се многу упатени, колку енергија испорачува РЕС кон
своите клиенти во моментите
на најголема потрошувачка и
пластично да ни илустрирате на пример колку домаќинства би можела да снабди таа енергија?
На слободниот пазар, каде се
компаниите со над 50 вработени
и над 2 милиони евра промет, кои се всушност наши клиенти, се тргува часовно, затоа што и потрошувачката се менува од час во час, за време на викендите исто така. Еве, како за илустрација во часовите на најголема потрошувачка, имаме потрошувачка од 80 мегават часови на час, што одговара на просечна часовна потрошувачка на околу 105 илјади домаќинства.
Ако земеме во предвид дека
во нашата земја има околу 600 илјади домаќинства, практично ние во часовите на најголема потрошувачка обезбедуваме количина на електрична енергија која што е еквивалент на 1/6 од енергијата што ја трошат сите домаќинства во Македонија. Тоа е и очекувано, затоа што во нашата балансна група има навистина големи компании кај кои електричната енергија зафаќа голем дел од трошоците за производство. Токму заради ова, ние сме фокусирани да обезбедиме стабилно, доверливо и ценовно најповолно снабдување со електрична енергија. X Цените на електричната енергија како да се стабилизираа во последниот период, вие како компанија која се занимава со трговија сигурно правите подолгорочни анализи. Како проценувате дека ќе се движат цените во наредниот период?
Ние секојдневно ги следиме европските берзи HUPX и IBEX, кои имаат најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија кај нас. Моменталните цени се на ниво од 100-150 евра по мегават час, но како ќе се движат во иднина ќе зависи од многу фактори, кои не се само економски, и многу е неблагодарно да се прогнозира. Она што ние би можеле да го гарантираме, дека нашата понуда секогаш ќе биде најконкурентна на пазарот и ќе им овозможи на нашите клиенти одличен квалитет и квантитет, најконкурентни цени и еколошка компонента во нивното работење.
X Какви се идните планови на РЕС? Дали има дополнителен простор за напредок и развој?
РЕС се појави во моменти на најголемата енергетска криза, и со најинвентивна понуда и креативен пристап, со комбинација на електричната енергија од обновливи извори од нашата земја и увоз на енергија од Бугарија, успеавме да им помогнеме на македонските компании да ја одржат нивната конкурентност. Досега бевме фокусирани
исклучиво на приватниот сектор, скоро сите наши клиенти се приватни компании, најголемиот дел од нив се и носители на економските активности во државата.
Во периодот кој следи, ќе дадеме понуди и кон јавниот сектор, ќе понудиме поевтина и зелена енергија на државните институции, локални самоуправи, јавни претпријатија. Поради
високите цени на струјата особено општините беа на удар, сите знаеме дека се финансиски лимитирани, па во одредени моменти мораа да прибегнуваат и кон рестриктивни
мерки, особено за јавното осветлување на патишта и јавни површини. Нашата конкурентска предност е тоа што можеме да го задоволиме јавниот интерес и интересот на стопанството.
Ќе продолжиме да создаваме
понуди со кои ќе се прават заштеди за електрична енергија и ќе се одржува ликвидноста и конкурентноста на стопанството. nnn
ПРЕТПРИЕМНИШТВО ОД ДОМА
За отпочнување со домашен бизнис не се потребни многу средства, дава можност да се експериментира, овозможува самостојно управување со времето прилагодено на личните потреби
ВО СВЕТОТ МИКРО-БИЗНИСИТЕ
ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ РАСТАТ, ПОТЕНЦИЈАЛОТ Е ГОЛЕМ, НО
ИМА МНОГУ ЗАКОНСКИ ПРЕЧКИ
Водењето бизнис од дома
има голем економски потенцијал, ова особено
се покажа за време и по пандемијата со Ковид-19
кога тоа доживува вистински подем.
Пример се САД каде овој вид микро бизниси двојно се зголемиле.
Овој вид претприемништво е и
многу важен за поттикнување на иновативноста, вели Амир Шани, професор на Универзитетот Бен
Гурион од Израел.
Токму домашното претприемништво беше во фокусот
на неговото обраќање на јавната
дебата на тема „Претприемништво, иновации и економски слободи“
организирана од Правниот
факултет „Јустинијан Први“ во
Скопје и Центарот за австриска економија од Виена во рамки на
меѓународната иницијати Free Market Road Show®, извести МИА.
Одлична можност за
дополнителни приходи Претприемништвото во домашни услови, односно основањето и водењето бизнис од дома, според Шани има низа предности, а тоа уште подостапно го прават новите технологии, постоењето на бројни бизнис платформи каде може да се пласираат домашни рачни изработки, слики, накит, домашно произведена храна… Овој вид бизниси е и многу погоден како
дополнителен извор на приходи, покрај регуларната работа.
За отпочнување со домашен
бизнис не се потребни многу
средства, дава можност да се експериментира, овозможува самостојно управување со времето прилагодено на личните потреби. Особено, вели тој, се поволни за оние кои не сакаат да патуваат
долго до работното место, да ги избегнат сообраќајниот метеж типичен за големите градови, а се и еколошки погодни. „Главната причина, главната мотивација за работа од дома е што луѓето се сами свои шефови, имаат слобода, самостојно одлучуваат и ги креираат своите работни агенди, имаат пофлексибилен распоред на активности“, вели професорот Шани.
Домашно базираните бизниси се особено важни и за иновациите, вели израелскиот економист, посочувајќи дека Бил Гејтс и Стив Џобс своите бизниси ги започнале во гаража, односно во подрум. Тоа им овозможува на претприемачите да се стекнат со основни вештини и почетен капитал, да придонесат за локалната економија.
Ковид-пандемијата предизвика
бум на
микро-бизниси
по дома
Постојат и слаби страни на домашното претприемништво, а тоа се постоењето многу законски пречки. Сликата е иста речиси во секоја земја, тоа се пред се бирократијата, забраната за работа во станбени зони, потоа бројните безбедносни и здравствени рестрикции. Во САД, вели, е целосно забрането производството на храна во домашни услови, бидејќи треба да се следат многу стриктни здравствени прописи кои се применуваат на рестораните, иако станува збор за мали бизниси. Професорот Шани, кој има експертиза во туризмот и екотуризмот, посочува дека во Израел особено по Ковид пандемијата присутни се мноштво иницијативи каде луѓето ги отвораат своите
Професорот Амир
Шани од израелскиот универзитет Бен Гурион, кој има експертиза во туризмот и екотуризмот, деновиве на конференција во Скопје посочи дека во Израел особено по Ковид пандемијата присутни се мноштво иницијативи каде луѓето ги отвораат своите домови и нудат комерцијално гостопримство.
домови и нудат комерцијално гостопримство.
„Луѓето се заситени од традиционалните туристички атракции, сакаат нешто
возбудливо, уникатно, автентично
и креирано како локална понуда. Не ја сакаат повеќе
институционализираната
туристичка индустрија. Кај
домашното комерцијално гостопримство, сега обичните
граѓани ви ги отвораат своите домови, ве покануваат да ги посетите и ви пружаат гостопримство. Ова е мошне атрактивна пракса која се случува во градот Арад, во јужен Израел.
Тоа може да бидат уметници, кои сакаат да ви презентираат како
ги создаваат своите дела, како живеат. Може да бидат и обични семејни луѓе кои сакаат да ја споделат својата семејна историја, традициите, нивната култура“, вели Шани.
Потребно е либерализирање
на условите за бизнис во домашни услови Пречка за развојот на овој вид иновативен туризам е вели, токму традиционалниот институционализиран туризам кој не сака конкуренција, па дури сака и да ги потисне овие нови форми на туризам.
„Одредена регулатива треба да постои, но решението е Владата, локалните власти да
Домашно базираните
бизниси се особено
важни и за
иновациите, вели израелскиот економист
Шани, посочувајќи
дека Бил Гејтс (на
фотосот) и Стив Џобс
своите бизниси ги
започнале во гаража, односно во подрум.
Тоа им овозможува
на претприемачите
да се стекнат со
основни вештини
и почетен капитал, да придонесат за локалната економија.
ги либерализираат условите за домашно базираниот туризам, комерцијалното гостопримство кое се нуди во домашни услови“, вели израелскиот професор и експерт за туризам и екотуризам. Настанот е во рамки на 2023 Free Market Road Show® – европска иницијатива за промовирање на принципите на пазарната економија и претставува собир на истакнати лидери од бизнисот, научници и студенти, креатори на јавното мислење, експерти за политики, дипломати и други интересни групи кои дискутираат на актуелни општествени прашања. Оваа година иницијативата ќе посети 33 града, а Скопје е втората дестинација.
20
ГОДИНИ
Печат за успех
+389 43 212 560 office@brako.com.mk www.brako.com.mk
ВО АМЕРИКАНСКАТА
ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ
бразованието е
основа на иднината
и една од најважните
алатки во животниот
развој на секој
човек. Верувајќи во моќта на образованието и посветени на континуирано подобрување, во учебната 2022/2023
Американската Гимназија
Скопје почна да ја спроведува
и престижната програма за Меѓународна матура – IB DP.
Првата паралелка веќе се приближува до крајот на учебната година и промената кај учениците
е огромна и фасцинантна.
IB DP програмата во
Американската Гимназија Скопје
се изведува во трета и четврта година средно образование, во посебна паралелка, и наставата
се одвива на англиски јазик. Се
работи за меѓународно призната
и акредитирана програма
која се заснова на интензивни
и балансирани академски
содржини, и која има за цел да
ги подготви учениците за успех
во текот на нивното подоцнежно
студирање, како и во текот на
нивниот целокупен живот. Што претставува IB DP?
IB DP е програма која е посветена на интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и психофизичкиот развој на учениците во последните две години од средното образование. Односно, учениците посетуваат редовна настава во прва и во втора година, и пред почетокот на трета година, се префрлуваат во IB DP паралелката во Американската Гимназија Скопје и ја почнуваат програмата. Признаена и прифатена од преку
1.000 водечки универзитети
и факултети во светот, таа ги стимулира учениците да станат што поуспешни во учењето и во нивниот личен развој. Покрај изучување класични предмети, но на повисоко и поинтензивно ниво, јадрото на оваа програма дополнително ги вклучува и предметите „Теорија на спознавање“, “Продолжена есејска задача” и „Креативност, активност и волонтирање“, чија
Меѓународно призната и акредитирана програма
главна цел е да потикнат љубов кон учењето, критичко размислување, работа за доброто на заедницата, ентузијазам кон луѓето околу себе и емпатија во текот на целиот живот. Какви
придобивки нуди IB DP?
Според глобалните наоди од истражувањата за IB DP, запишувањето во оваа програма на учениците им нуди врвно образование, што им овозможува да постигнат повисок успех во средното образование и ги зголемува нивните шанси за запишување и дипломирање на универзитети низ целиот свет. IB DP во Американската Гимназија Скопје нуди еден интегрален пристап во кој професорите и административниот кадар се специјално обучени за спроведување на програмата, во која постои една заедничка цел – да се создаде успешен ученик, опремен со современо знаење и вештини за светот околу нас. По завршување на програмата, учениците се здобиваат со IB DP диплома, која сведочи за високото ниво на постигнати знаења и способности.
Зошто да одберете IB DP?
Од можноста за учење под високо специјализиран тим, со личен пристап кон образованието на секој
ученик, до добивање диплома која значително го олеснува процесот за запишување и студирање на водечките универзитети во светот, IB DP во Американската Гимназија Скопје е многу повеќе од образовна програма, и претставува основа за личен и професионален раст на младите во модерни граѓани со глобален поглед.
Што треба за запишување во програмата?
Програмата ги опфаќа последните две години од средното образование, односно е достапна за сите ученици, од сите средни училишта, што оваа година завршуваат втора година. Од учениците во IB DP се бара високо ниво на познавање англиски јазик, одличен успех, како и љубопитност
за знаење, откривање и учење, и желба за успех. Апликациите се веќе почнати, а бројот на запишани ученици е ограничен, така што побрзајте и резервирајте го вашето место. За повеќе информации во врска со упис, како и за целокупната IB DP програма, посетете ја веб страната на Американската Гимназија Скопје – www.ahss.edu.mk, и контактирајте ја гимназијата на info@ahss.edu.mk
или на +389 2 2469 993. nnn
ЕДУКАЦИЈА
n ПРОФ. ФИЛИП ПЕТКОВСКИ
IB DP СЕРТИФИЦИРАН
КООРДИНАТОР ЗА ТЕОРИЈА
НА ЗНАЕЊЕ И КРЕАТИВНОСТ, АКТИВНОСТ И ВОЛОНТИРАЊЕ
IB DP е меѓународно призната
програма која им дава предност
на учениците при аплицирање
на универзитети, како и при
почнување кариера во дадена
област. IB DP се фокусира на
развивање критичко мислење
кај учениците, учење вештини за
истражување и анализирање, како и разбирање различни
култури и перспективи, што може да им помогне да бидат успешни во глобалната заедница и да комуницираат со луѓе од различни
делови во светот. Програмата опфаќа и критички дискусии,
групни вежби, анализи на случаи и примери и дебатирање, како и
екстракурикуларни активности кои учениците ги извршуваат вон наставата. Пресудни се критичките
дискусии за сè што учениците
имаат веќе научено, по што тие се често пати изненадени од фактот
дека поставувањето клучни
прашања може да им ја промени
целата перспектива за тоа како тие гледаат на светот.
напори во нејзино остварување. Предноста на IB DP е во тоа што од една страна, има точно зацртани методи и пристапи, но од друга страна, има и слобода во нивното користење. Учениците
се стекнуваат со неспоредливо поголеми знаења и вештини, кои им се неопходни за нивното понатамошно учење и личен развој.
програма, која обично се потпира на стандардизирани тестови и испити. Покрај академските постигнувања, во IB DP се става силен акцент и на холистичкиот развој на ученикот и се посветува големо внимание на личниот и социјалниот раст, преку работа за доброто на заедницата, развој на лидерски и тимски вештини, како и внимавање на добра општа физичка кондиција, додека пак редовната наставна програма обично се фокусира потесно на академските достигнувања.
n ПРОФ. ИРЕНА ФИЛИПЧЕ
IB DP СЕРТИФИЦИРАН
ПРОФЕСОР - ПОЧЕТНО НИВО НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
IB DP нуди сеопфатно образование
n ПРОФ. СЛАВЧО ЗАБАЗНОВСКИ
IB DP СЕРТИФИЦИРАН
ПРОФЕСОР - МАТЕМАТИКА (АНАЛИЗА И АПЛИКАЦИЈА)
Програмата е наменета за
ученици со таленти и предзнаења
од одредени области, но и
за ученици кои имаат цел во
животот и не се плашат да вложат
со силен акцент на критичкото
размислување, истражувачките вештини и интердисциплинарното учење. Дизајнирана да ја поттикне глобалната свест и меѓукултурното разбирање, IB DP ги оценува учениците преку комбинација на испити, есеи, усни презентации и други форми на предмети, за разлика од редовната наставна
n ПРОФ. ДАНИЕЛА САНДЕВА IB DP СЕРТИФИЦИРАН ПРОФЕСОР – ДИГИТАЛНО
ОПШТЕСТВО Најпризнатата средношколска академска програма Меѓународна матура цели кон тоа да ги охрабри учениците да бидат активни, сочувствителни, да го развиваат сопствениот капацитет за анализа и за евалуација на информацијата,
како и за ефективна комуникација.
Предавањата и стекнатите знаења
имаат за цел да создадат љубопитни, образовани
и чувствителни млади луѓе
кои ќе помогнат да се создаде
подобар и
побезбеден свет преку
интернационално разбирање
и почитување. Знаењата и
вештините стекнати преку оваа програма им овозможуваат на учениците да го продолжат своето образование на најпрестижните универзитети ширум светот.
претставува објективен индикатор
дека ученикот е сериозно спремен да ги прифати предизвиците на академското образование. Угледот кој го има IB DP значи дека без оглед на кој универзитет или колеџ ќе сакате да се запишете, секој од нив ќе знае за трудот што сте го вложиле. Фактот дека имате IB диплома значи дека сте избрале училиште со наставна програма која е далеку поразлична од онаа во регуларните училишта и дека сте се одлучиле за начин на остварување на целите кој бара многу од вас. Ова се предности кои конкурентните универзитети и колеџи во голема мера ги ценат.
понатамошно продолжување на универзитетски студии. Покрај академската основа, голем бенефит е тоа што
програмата помага и
во развојот на личните карактеристики кај учениците.
Разликата во однос на останатите гимназиски
програми е во напредното
ниво на интелектуален и личен развој кај учениците. Токму поради тоа голем број на врвни универзитети овозможуваат
замена на IB предметите
со предмети од прв циклус универзитетски студии, со што дополнително се вреднуваат знаењата стекнати со оваа програма.
n Д-Р КАТЕРИНА БЛАГОЕВСКА
СЕРТИФИЦИРАН IB DP ПРЕДАВАЧ - БИОЛОГИЈА
IB DP е добро позната програма во целиот свет по квалитетот на образованието кое го нуди. Со сериозна и темелна обука на
IB професорите и училишните администратори, програмата држи висок стандард. IB програмата е ригорозна и успехот да се добие IB диплома на универзитетите им
n ПРОФ. НАДЕЖДА ПОП-КОСТОВА IB DP СЕРТИФИЦИРАН ПРОФЕСОР - БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ
IB DP програмата овозможува стекнување цврста академска основа, што е клучен фактор за
n ПРОФ. САНДРА ГРУЈЕВСКА
IB DP СЕРТИФИЦИРАН
ПРОФЕСОР - АНГЛИСКИ
ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
ПРОЕКТНА ЕСЕЈСКА ЗАДАЧА Програмите на IB DP се различни од другите наставни програми бидејќи тие ги поттикнуваат учениците од сите возрасти да размислуваат критички и да ги оспоруваат претпоставките.
Наставните програми се развиваат независно од владините и националните системи, инкорпорирајќи квалитетна практика од нивното истражување.
Програмата за Меѓународната матура работи во глобални контексти, бидејќи го стимулира и го зголемува разбирањето на јазиците и свеста за културите, и истражува глобално значајни идеи и прашања со цел да ги подготви учениците да бидат активни учесници во глобалното општество. Воедно, оваа програма им помага на учениците да развијат уникатен сет на вештини, ставови и перспективи, што им се потребни за да успеат и подоцна на универзитет, но и во текот на животот, пошироко.
36 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
ИСТРАЖУВАЊЕ НА DELOITTE
ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА
МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА
КОМПАНИИ ЗА УШТЕ
1.250 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ
Deloitte ги анализираше објавите на компаниите од Fortune 500 листата и откри дека вистинската комбинација на иницијативи за дигитална трансформација може да ја зголеми пазарната вредност на овие компании за повеќе од 1,25 трилиони американски долари. Од друга страна, погрешната комбинација може да ја намали нивната пазарна вредност за повеќе од 1,5 трилиони американски долари, што покажува колку е важен стратешкиот пристап кон дигиталната трансформација.
Н
овиот извештај
на Deloitte „Како
да се создаде
вредност преку
дигитална трансформација:
Патеки и стапици“
открива дека врската помеѓу стратегијата и реализацијата
е клучна за зголемување на вредноста преку дигитална трансформација.
Deloitte ги анализираше објавите
на компаниите од Fortune 500
листата и откри дека вистинската комбинација на иницијативи
за дигитална трансформација
може да ја зголеми пазарната
вредност на овие компании
за повеќе од 1,25 трилиони
американски долари. Од друга
страна, погрешната комбинација може да ја намали нивната пазарна вредност за повеќе од 1,5 трилиони американски
долари, што покажува колку е важен стратешкиот пристап кон дигиталната трансформација. „Иако дигиталната трансформација е тековен процес, нејзината големина и влогот постојано растат. Компаниите мора да ги искористат можностите што ги нудат технолошките иновации, ова е клучот за нивниот долгорочен раст“, велат во Deloitte. Лидерите треба добро да разберат кои чекори можат да ги доведат до успех, а кои можат да го загрозат создавањето на вредноста на компанијата. Поврзувањето на дигиталната стратегија со имплементација на дигитални иницијативи е докажан начин на кој лидерите создаваат огромна додадена вредност за засегнатите страни, се вели во извештајот на глобалната консултантска куќа. Deloitte ги анализираше индивидуалните и комбинираните влијанија на три клучни фактори:
X Дигитална стратегија или ефектите што дигиталната трансформација ги има врз компанијата; X Усогласување на технологијата
со стратегија или употреба на технологии за постигнување дигитална стратегија; X Способност за прифаќање на дигитални промени, односно способност на компанијата да се прилагоди и да воведе нови процеси, ресурси и начини на работа во светлината на дигиталната трансформација.
Како поединечните фактори влијаат на вредноста?
Според Deloitte, доколку
компаниите ја презентираат
својата дигитална стратегија во нивните финансиски извештаи, тоа може да има многу позитивен ефект врз нивното вреднување. Иако многу компании ја
започнуваат дигитализацијата
Лидерите треба добро да разберат кои чекори можат да ги доведат до успех, а кои
можат да го загрозат создавањето на вредноста на компанијата. Поврзувањето на дигиталната стратегија со имплементација на дигитални иницијативи е докажан начин на кој лидерите создаваат огромна додадена вредност за засегнатите страни, се вели во извештајот на глобалната консултантска куќа.
со поставување стратегија, само 44 проценти од нив имаат
доволно зрелост да ја претстават
својата дигитална стратегија.
Пазарот го разбира влијанието
на „дигиталното“ и ги наградува
лидерите кои даваат приоритет на
модернизацијата на бизнисот.
На вредноста на компанијата
може силно да влијае и
усогласувањето на технологијата
со стратегијата - компаниите кои
го споменуваат ова усогласување
во своите финансиски извештаи се
вреднуваат двојно повеќе. Ова им
овозможува на засегнатите страни да видат каде компанијата го
инвестира својот капитал, бидејќи
тоа се често водечки технологии, што покажува дека компанијата
негува пристап со напредно
размислување кон својот бизнис.
Ако бизнисот може да се фокусира
само на еден од трите клучни
фактори наведени погоре во
исто време, анализата покажува
дека е најкорисно да се усогласи
стратегијата со технолошките
инвестиции. Само 34 проценти
од анализираните Fortune 500
компании покажале знаци на
стратешки пристап кон нивните
технолошки инвестиции, што значи
дека има уште многу простор за
раст во оваа област.
За разлика од првите два фактори, Deloitte откри дека ако една
компанија генерално зборува
за нејзината способност да
имплементира дигитални промени во своите финансиски извештаи и не истакнува конкретни дигитални иницијативи, тоа има негативен ефект врз нејзината пазарна вредност. Кога се разгледува поединечно, дигиталната трансформација имаше речиси три пати помало влијание од дигиталната стратегија. Според анализата на Deloitte, промените кои се цел сами по себе, а не носат вредност, не се доволни за засегнатите страни. Организациите можат да бидат поуспешни ако комуницираат конкретни иницијативи со нивните засегнати страни.
Како комбинациите на фактори влијаат на вредноста?
Deloitte анализираше различни комбинации на три клучни фактори кои најмногу влијаат на пазарната вредност на една компанија. Комбинацијата
која има најпозитивен ефект е онаа која ги вклучува сите три фактори: дигитална стратегија, усогласување на технологијата
со стратегијата и способност за дигитални промени. Компаниите во кои се присутни сите три фактори бележат пораст на вредноста и до пет проценти.
Вреднувањето на компанијата е најмногу погодено ако таа не е во можност вистински да ги прифати дигиталните промени, иако може
да ги има добро оценети другите два фактори. Ако бизнисот има дигитална стратегија која исто така е усогласена со неговата технологија, но не може да спроведе дигитални промени, тоа во голема мера ја намалува неговата вредност. Последиците се и до десет пати поголеми од оние што се гледаат со вториот фактор на намалување на вредноста, а тоа е дигитализацијата само врз основа на технолошка имплементација. Најнегативната комбинација
претставува ризик од девет проценти помала вредност, што може да ги девалвира анализираните компании на Fortune 500 за 1,5 трилиони американски долари. Способноста за имплементација на дигитални промени може во голема мера да го поттикне или ограничи создавањето на нова вредност и најдобро се комбинира со дигитална стратегија која е усогласена со технолошките инвестиции.
Истражувањето покажува дека дигиталната стратегија што компанијата ја постигнува преку специфични технолошки инвестиции усогласени со стратегијата, како и сопствената способност да воведе дигитални промени, може да има значително влијание врз вреднувањето на компанијата. nnn
„Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, витално-отровно
се во фокусот на овој проект. На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат
на опасностите кои демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски), во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.
ОЧИТЕ ШИРОКО ОТВОРЕНИ
о моментов, во Националната галерија се случува мултимедијален наратив за уште една успешна приказна, претставување на националниот мултимедијален проект „Пејзажно
искуство“ од 59. Венециско биенале 2022, (“Landscape Experience”), во
Чифте амам, кое започна на 30 март 2023 и ќе трае до 30 април 2023 и е наменет за широката македонска публика.
Проектот Landscape Experience
на Моника Мотеска и Роберт
Јанкулоски претставува осмо
учество на Националната галерија
како официјален организатор
на нашата земја на Биеналето
во Венеција, што претставува
гордост, но секако и одговорност
и константен предизвик за
презентациите на македонските
автори кои со своите автохтони визуелни ракописи се во склоп со
светските актуелни тематики.
„Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, витално-отровно се во фокусот на овој проект. На критичкодискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите кои демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски), во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.
Во освртот кон изложбата, кураторот Ана Франговска запиша: Уметничките истражувања на Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски со својот наратив припаѓаат на широкото поле на уметнички искази кои ѝ
даваат важност на културата на сеќавањето. Присутна веќе неколку децении низ различна теориска, научна, уметничка и културна практика, културата на сеќавањето има сè поголемо значење не само
во конституирањето на историјата „која ја пишуваат победниците“, нејзината митологизација и критика, туку и во контекстот на изградување на лични и колективни идентитети – родови, расни, етнички, верски, социјални и други... X Венециско биенале – раскажете ни ги впечатоците за поставката таму и мотивацијата зад она што го прикажувате во Скопје? Венециското биенале заврши пред неколку месеци (27.11.2022), а нашата "венециска приказна" продолжува. Во тек е изложбата "Пејзажно искуство" Landscape Experience со којашто се претставивме на 59.Венециско биенале во Чифте амамот во Скопје. Венеција беше едно големо искуство за нас, задоволни сме од она како беше прифатен нашиот павилјон на Биеналето. Пред се од самата поставка затоа што успеавме во целост да ја реализираме нашата идеја, креативно и технички. А, исто така задоволни сме и од реакциите на публиката и стручната јавност. Иако станува збор за истите елементи, истата содржина како во Венеција, изложбата во Скопје, поради просторот визуелно е поинаква. Пораката е иста но поради поголемиот простор поставката некако е посмирена со акцент на секоја фотографија посебно.
X Како настана приказната за Македонски центар за фотографија? Македонски центар за фотографија јас и Моника го формиравме во 2000 година, со цел истражување, собирање и презентирање на стара македонска фотографија. Од 2007 започнавме со организирање на обуки од областа на фотографијата на сите нивоа и успешно работиме до денес. Нашата крајна цел е формирање Музеј на фотографија со сопствен изложбен простор. X Многу малку се знае дека поддржувате млади фотографи, дека своето богато искуство сакате да го пренесете. Кој е пристапот кон студентите на обуките што ги држите? Во какви фотографи сакате да се развијат?
Едукацијата од областа на фотографијата ја спроведувам
на две нивоа. На универзитетско
ниво, на Интернационалниот
универзитет "Еуропа Прима" каде што сум редовен професор и каде што имаме единствена катедра по фотографија во државава и во МЦФ преку курсеви, работилници и летни школи. Мојот пристап е ист со редовните студенти и со оние кои што доаѓаат на курсевите. Но, обемноста на материјалот, вежбите и критериумите секако се поголеми кај редовните студенти затоа што ним фотографијата им е професионална определба. Секогаш се трудам да создадам уметници кои се свои, независни и кои имаат идеи што од почеток до крај ги реализираат. Во уметноста најважна е идејата, размислувањето, начинот на реализација, а техничката страна е полесниот дел иако исто така многу важен при создавањето на едно дело.
X Кој жанр го работите?
Работам во повеќе жанрови затоа што на уметноста гледам поинаку, а не жанровски. Се зависи од идејата и темата која ја работам и од начинот како сакам да ја пренесам пораката до гледачот. Медиумски можеби најчесто ја користам фотоинсталацијата како облик на изразување. Пред се најмногу ме привлекува документарниот израз без разлика дали се работи за пејзаж, портрет или пак дури и некоја апстрактна форма.
X Што е за вас добар фотограф?
Секој оној што искрено и пристапува на фотографијата, а со тоа и на уметноста.
X Имате ли фотографија која ви е особено значајна?
Во различен период различна фотографија, така што со годините се насобрале многу значајни фотографии. Некои мои, а некои од други фотографи.
X Имате ли порака која сакате да ја испратите?
Ќе употребам една многу стара реченица, од еден фотографски
проект: "Гледајте го светот со отворени очи" и ќе додадам: имајте свој ракурс на гледање и постојано трудете се да ја направите вашата "најдобра" фотографија.
nnn
РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ
ФОТОГРАФ, СНИМАТЕЛ И КО-АВТОР НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ ПРОЕКТ „ПЕЈЗАЖНО ИСКУСТВО“
КОИ ПРОФЕСИИ
ЗИМА ЗА ВЕШТИТЕ РАЦЕ
Ако сте умешни со вашите раце, да изработите специфични производи или да пружите некакви услуги што им се потребни на луѓето или, во иднина на роботите и вештачката интелигенција, тогаш сигурно ќе бидете потребни и во ерата на дигитализација.
ивееме во ера обележана со брз напредок во технологијата, автоматизацијата и вештачката интелигенција. Светот го води технологијата која ни ветува многу, но пред нас става и многу предизвици.
Самовозечките автомобили, машините што читаат рендгенски снимки и алгоритмите што
одговараат на прашањата
за услуги на клиентите се сите манифестации на моќни нови
форми на автоматизација.
Сепак, иако овие технологии ја
зголемуваат продуктивноста и (не) ни го подобруваат животот, нивната употреба ќе замени некои работни активности кои луѓето моментално ги извршуваат, што природно предизвикува голема загриженост кај дел од населението.
Напредокот на технологијата отсекогаш силно влијаел на појавата на нови занимања, како и на постепеното намалување на важноста, а често и на
целосно исчезнување на некои работни места. На пример, порано постоеле човечки будилници, односно луѓе кои оделе по станбени области и ги буделе луѓето за на работа. Исто така, на почетокот на 20 век самарџија бил најпочитуваниот човек во градот и била една од најпопуларните професии бидејќи луѓето што изработувале седла биле исклучително угледни, но и корисни за заедницата. Денес, сто години подоцна, многумина не знаат ни што е седло, а камоли за
НЕМА
СЕ ПОМАЛКУ ЗАГРОЗЕНИ ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
самарџија.
На примерот на самарџијата
пораката е единствена. Без
разлика што оваа професија
речиси целосно исчезна, останува
безвременската порака: ако
сте умешни со вашите раце, да изработите специфични производи
или да пружите некакви услуги
што им се потребни на луѓето
или, во иднина на роботите и
вештачката интелигенција, тогаш
сигурно ќе бидете потребни и во ерата на дигитализација. Значи, и на роботите ќе им требаат и
вешти, квалитетни човечки раце
со уметност на обликување и
создавање во некоја форма, како и на вештачката интелигенција, велат футуролозите.
Професии отпорни
на промените
Иако технологијата силно влијае
на трендовите и движењата на
пазарот на трудот, поради што
луѓето се плашат дека тие се оние
кои наскоро ќе бидат заменети
со машина, има професии кои,
Стручњаците сметаат дека незаменливи професии се оние во кои човечкиот контакт игра клучна улога во задоволувањето на потребите на корисниците. Без разлика дали станува збор за професор кој освен што дава знаење, има клучна педагошка улога во развојот на поединецот, или за експерти од здравствениот сектор. Сепак, треба да се забележи дека и овие индустрии и занимања се предмет на одреден степен на технолошко влијание и промена.
според сите прогнози, се отпорни на промените во технологијата и
економските околности.
Пред сè, тоа се професии кои
вклучуваат работа со луѓе,
односно креативни, интерактивни
и емоционално тешки работни
места, како што се медицинските,
образовните или уметничките
професии. Стручњаците сметаат
дека незаменливи професии се
оние во кои човечкиот контакт игра
клучна улога во задоволувањето
на потребите на корисниците.
Без разлика дали станува збор
за професор кој освен што дава
знаење, има клучна педагошка
улога во развојот на поединецот,
или за експерти од здравствениот
сектор.
Сепак, треба да се забележи дека
и овие индустрии и занимања се
предмет на одреден степен на
технолошко влијание и промена.
Затоа, колку и да изгледа
безбедно нашето работно место
во моментов, мора постојано
да слушаме што се случува на
пазарот на труд, да се едуцираме и да развиваме нови вештини.
Пореметувања на пазарите
Денес, не постои индустрија
или пазар што не е нарушен од технолошките промени и иновации,
а овие промени се случуваат толку брзо и често што речиси и да нема
време за анализи и заклучоци.
Прашањата за губење или
создавање работни места треба
да се гледаат во контекст на
карактеристиките на светот во кој живееме и во контекст на
знаењата и вештините што ги бара денешниот динамичен
начин на живот. Во оваа смисла, секако зборуваме за важноста на добра комбинација на т.н. тврди вештини, но и сè поважни меки вештини. Истовремено, мора да ја прошириме базата на знаење, која се постигнува со мултидисциплинарно образование, бидејќи проблемите со кои се соочуваме се исклучително сложени и бараат поинаков, поширок и покреативен начин на гледање на нив. Образованието, формално
или неформално, се чини дека
е најважно за да се остане во
чекор со брзиот напредок на
технологијата. Ние веќе колективно
се бориме за знаење и вештини
потребни за управување со
технологијата.
Образованието за решавање на
идните предизвици не е еднократна
работа, туку мора да биде
систематско и континуирано. Како
што се ажурира одредена верзија на технологијата, и ние мора да го
Во следните неколку години, бараните занимања сигурно ќе бидат на пример, експерт за вештачка интелигенција и машинско учење, научник за податоци, аналитичар за безбедност на информации, експерт за дигитална трансформација, инженер за финансиска технологија специјализиран за автоматизација на процесите,
и многу други слични занимања.
ажурираме нашето знаење за неа. Токму затоа доживотното учење станува норма, а не опција, велат експертите.
Не како да се одбраниме од машините, туку како да управуваме со нив Клучното прашање не е како да се одбраниме од машините, туку кои процеси треба да ги научиме за да управуваме со нив. Затоа ни треба ново (особено на домашна почва), поквалитетно образование кое ќе ги препознае, прифати и интегрира процесите на автоматизација, дигитализација, вештачка интелигенција и животот во светот на IoT и ќе развие структура и основи кои ќе им обезбеди на луѓето со доволно знаење за нивно користење и управување со таа технологија и процеси.
Иако многумина се плашат од негативните ефекти на напредната
технологија и заканите што таа
ги носи за кариерите и работните
места, секој што сака да инвестира
во своите вештини, да стекне нови знаења и промени не би требало
да има проблем, барем теоретски.
Тоа е сè што ни преостанува:
подготовка и подготвеност за промени.
Флексибилноста и подготвеноста
за промена на кариерата исто
така ќе бидат важен императив на
идниот пазар на трудот, бидејќи
денес повеќе од кога било досега е важно да не се фокусираме
на едно многу тесно поле на кариера. Трендовите покажуваат дека почесто отколку досега ќе ги менуваме и работодавците, но и професиите.
Главниот извор на промени во следните десет години, кога зборуваме за занимањата во иднината, ќе бидат демографските промени, бидејќи има се’ повеќе стари лица, а се’ помалку се раѓаат деца. Здравството опаѓа кадровски, се зголемува интересот за личните финансии, растат и зелените технологии, еволуира технолошкиот напредок.
Сè уште е тешко да се предвиди точно што ќе се случи во следните десет години, но доволно е да се погледне десет години во минатото и да се види колку нештата се промениле.
Сепак, во следните неколку години, бараните занимања
сигурно ќе бидат на пример, експерт за вештачка интелигенција и машинско учење, научник за податоци, аналитичар за безбедност на информации, експерт за дигитална трансформација, инженер за финансиска технологија
специјализиран за автоматизација на процесите, и многу други слични занимања. nnn
Користетепаметно! го
времето
паметно.
Посветете го времето на
убави нешта, останатото
препуштете ни го нам.
Преземете ја мобилната
апликација Триглав
Пријава и пријавете штета
по каско осигурување
брзо, едноставно и
ефикасно.
Размислувај зелено, одбериТриглав Пријава
ПЕТ ФАЗИ НА РАСТ НА
БИЗНИСИ
атегоризирањето на
проблемите и моделите
на раст на малите
бизниси на систематски
начин што е корисен за
претприемачите може да изгледа
невозможно бидејќи малите
бизниси варираат во голема мера
по големина и капацитет за раст и
сите имаат различни организациски
структури и различни стилови на
управување.
Меѓутоа, со подетално испитување,
станува очигледно дека сите
мали бизниси се соочуваат со
заеднички проблеми кои се
јавуваат во слични фази од нивниот
развој. Проблемите на 6-месечна
компанија со 20 луѓе ретко се
решаваат со совети засновани
на 30-годишна производствена
компанија со 100 вработени. За
првата, најважно е планирањето
на готовинскиот тек, а за втората
стратешкото планирање и буџетирањето за да се постигне координација и оперативна контрола се најважни.
Различни истражувачи во текот на годините развија модели за испитување на бизнисот. Секој ја користи големината на фирмата како една димензија и зрелоста на фирмата или степенот на раст како друга димензија. Иако се корисни во многу аспекти, овие рамки се несоодветни за малите бизниси.
Токму затоа Harvard Business Review разви рамка од пет фази на развој на еден мал бизнис, а секоја фаза карактеризирана со
индекс на големина, разновидност и сложеност и опишана со фактори на управување. Еве ги петте фази:
1. Егзистенција
Првата фаза на секој бизнис е
сосема очигледна - егзистенцијата.
Во оваа фаза, главните деловни
проблеми се наоѓање клиенти и
испорака на производи или услуги кои се договорени. Бизнис лидерите во секоја фаза треба да бидат
способни да одговорат на неколку прашања, некои од нив се: колку клиенти им се потребни и колку стоки треба да испорачаат за да го направат бизнисот одржлив? Дополнително, тие треба да знаат дали компанијата има доволно пари за да ги покрие значителните готовински барања од оваа фаза? Во оваа фаза, организацијата е прилично едноставна. Имено, сопствениците најчесто прават сè и директно ги надгледуваат подредените, а системите и формалното планирање се минимални или не постојат. Стратегијата на компанијата е едноставно да се опстане. Компанијата допрва треба да го стабилизира производството
ШТО Е ЗАЕДНИЧКО ВО НИВНИОТ РАЗВОЈ