KOO prilog

Page 1

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА

ОДГОВОРНОСТ

INTERVIEW

ЕЛЕНА ДИМОВСКА

раководителка на Секторот за корпоративни комуникации во А1 Македонија

„ЗА ПОДОБАР СВЕТ“ Е ХУМАНАТА ДИМЕНЗИЈА

НА РАБОТЕЊЕТО НА А1 МАКЕДОНИЈА

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА

член на УО на ПроКредит Банка ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ СЕ

ПОКАЖУВА ПРЕКУ ДЕЛА

ЖИВОТНА СРЕДИНА, ОПШТЕСТВО И УПРАВУВАЊЕ

ESG – НОВИОТ ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИК ВО КОРПОРАТИВНОТО УПРАВУВАЊЕ

издание на 17
business magazine
special edition
март, 2023
ПАНДЕМИЈАТА И КРИЗИТЕ ПО НЕА ЈА ПРОМЕНИЈА ПАРАДИГМАТА ЗА КОМПАНИСКАТА ОПШТЕСТВЕНА
ОДГОВОРНОСТ
Колку станаа бизнисите посвесни за својата врска со заедницата

КОЛКУ СТАНАА БИЗНИСИТЕ ПОСВЕСНИ

ЗА СВОЈАТА ВРСКА СО ЗАЕДНИЦАТА

ПАНДЕМИЈАТА

И КРИЗИТЕ ПО НЕА

ЈА ПРОМЕНИЈА

ПАРАДИГМАТА ЗА КОМПАНИСКАТА

ОПШТЕСТВЕНА

ОДГОВОРНОСТ

Се докажа дека

општествената одговорност е неопходен дел од

водењето успешен бизнис, а

не дополнителна практика што е убаво да се има.

Се докажа важноста на

поврзаноста со заедницата

и намалената зависност од

глобални ланци. Трагањето

по одржливи решенија

стана посилен аргумент од базичната пазарна логика

на најниска цена и се

докажа дека одржливоста

мора да е дел од водењето

на сите бизнис процеси.

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

астаните во нашето секојдневие се одвиваат како на брза лента. Секојдневно сме бомбардирани со вести за климатски катастрофи, социјална беда, војни, деструкција. Во исто време, вестите за луѓето кои го даваат својот придонес за светот да биде подобро место за живеење нè мотивираат да се надеваме на подобро утре. Со толку многу ресурси на дофат, корпорациите имаат силно влијание врз тоа како нашите општества ќе напредуваат. Сепак, корпорациите често се прикажуваат само како бесчувствителни и жедни за профит организации. Колку бизнисите всушност можат да бидат двигатели за добро? Пандемиската криза и проблемите што следеа потоа беа значаен катализатор за промена на парадигмата на корпоративната општествена одговорност на глобално ниво. Бизнисите се соочија со нови предизвици и притисоци, што ги натера на промена на своите процеси и пристапи. Тоа ги натера да размислуваат за својата одговорност и влијание врз вработените, заедницата и природата. „Глобално пандемијата и кризата дадоа силна аргументација за значењето на одржливоста како принцип на водење одговорен бизнис“, истакнуваат во Конект, граѓанско здружение коешто веќе 15 години работи на проблематиката на општествена одговорност и одржлив развој. „Се докажа дека општествената одговорност е неопходен дел од водењето успешен бизнис, а не дополнителна практика што е убаво да се има. Се докажа важноста на поврзаноста со заедницата и намалената зависност од глобални ланци. Трагањето по одржливи решенија стана посилен аргумент од базичната пазарна логика на најниска цена и се докажа дека одржливоста мора да е дел од водењето на сите бизнис процеси. “, вели Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Пандемијата

општеството

Пандемијата несомнено го предочи и влијанието на човештвото и бизнисите врз природата. Сликите од враќањето на животните поради отсуството на луѓето предизвикано од локдауните остануваат врежани во меморијата, а глобалното затоплување веќе не феномен за којшто се спори дали и зошто

постои. Пандемијата влијаеше

и на зацртаниот глобален пат

преку Агендата 2030 и Целите за одржлив развој кои го вградија и аспектот на нејзиното влијание поради дополнителното негативно

влијание на најзагрозените луѓе во општествата.

Како што велат нашите соговорници, пандемијата на

дело ја покажа врската на бизнисите со општеството. Особено релевантни станаа влијанијата на бизнисите врз човековите праваработничките права, правото на здравствена заштита, родовата рамноправност итн.

„Кај нас иако со години претходно се поставуваше прашањето

за важноста на флексибилните работни пакети како дел од семејната одговорност и грижа за вработените и нивниот приватен товар (еднородителски семејства, грижа за членовите на семејствата, потреба од баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, попреченост, итн.), пандемијата направи флексибилните работни пакети (работење на далечина, флексибилно и клизно работно време, работа од дома, итн.) да станат неопходност. Така, практиката се постави и се докажа дека продуктивноста е возможна и во флексибилност. Цениме дека оваа е трајна промена и дека ќе се разбере суштината на овие мерки на одговорен работодавач.“, објаснува Кусиникова од Конект. КОО е многу повеќе одошто збир на активности Корпоративната општествена одговорност (КОО) е термин кој се користи повеќе децении. На почетокот, тоа било само плиток маркетиншки трик користен во компаниските соопштенија за одбележување на некаков ден за садење дрва и сл. Денес, практиката на КОО бара многу повеќе од обичен збир на активности. КОО бара деловните практики да бидат ставени под лупа. Бизнисите мора да изградат рамка околу одговорноста и да бидат одговорни пред членовите на своите тимови, инвеститорите, јавноста и околината.

Поради технолошкиот развој на медиумите, КОО сега е поважна од кога било. На интернет, лошите вести патуваат брзо, а добрите вести се малку и тешко се пробиваат покрај „конкуренцијата“.

Луѓето се свесни за меѓусебната поврзаност на буквално сè и сфаќаат дека корпорациите играат витална улога во создавањето на правично и одржливо општество. Кризата овозможи пред очи да се

25
Н
на дело ја покажа врската на бизнисите со

Во 2023 година, работата

не е само работа. Од пандемијата наваму, луѓето

масовно ги напуштаат

работните места за да ги

следат своите интереси и

преференции за животниот

стил. Тешко е да се

најде добар работник, а

талентот кој е лојален на

вашата компанија е еден

во милион. Кога вашата

компанија има силна

мисија и цел, ќе привлечете

вредни вработени кои

бараат повеќе од само

плата. Социјално свесните

компании го инспирираат

и мотивираат нивниот

тим, зголемувајќи го

ангажманот на вработените, моралот, лојалноста и продуктивноста.

видат влијанијата што компаниите

ги имаат врз животната средина, своите вработени, потрошувачите и

заедницата. Кризите покажаа колку

инкорпорираноста на бизнисите

во заедницата има значително

влијание врз нив. Ориентацијата

на локални добавувачи наместо

глобални ланци бизнисите ги

направи поотпорни. Лојалноста на потрошувачите и на вработените

во времиња на криза се докажа

за исклучително важен механизам

на отпорност, кој не се гради преку

ноќ, туку е резултат на добри пракси на грижа за вработените

и градење доверба кај клиентите. Често практиките на општествена одговорност се клучни во овој домен.

Праксата на грижа за здравјето на вработените стана траен дел од многу корпорациски култури, што го покажа значењето на здрава работна сила за економијата.

Компаниите треба да се проактивно вклучат во градење на здравствениот систем и да имаат пристап до здравствени услуги за своите вработени.

Енергетската криза покажа дека енергетската ефикасност не е само дополнителна добра практика туку насушна неопходност во водењето бизнис.

Компаниите што беа посветени на одржливост, односите со своите вработени, клиенти и локалните добавувачи и што вложуваа во заедницата беа поотпорни на

кризата и успеаја да го издржат ударот. Генерално, овие пристапи и пракси можат да го направат бизнисот поотпорен на идни кризи и да имаат позитивно влијание на околината во кој бизнисот делува. Во Македонија сè уште малку компании со јасен стратешки приод кон одржливоста Ги прашавме во Конект, кога би направиле една генерална слика на развојот и имплементирањето на КОО стратегии кај македонските компании, како би ја оцениле ситуацијата сега.

„Сè уште се реткост компаниите што имаат јасен стратешки приод кон одржливоста, општествената одговорност, корпоративната филантропија, ESG или во

ИНФОРМИРАЈTE СЕ

26
OFFICE@GREENMACHINES.COM WWW.GREENMACHINES.COM OFF WW OM M
ЗА ЧИСТА
ОПШТИНА
И ОКОЛИНА

 специјален

прилог КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

усогласувањето со развојните агенди.“, вели Виктор Мирчевски, програмски раководител во Конект.

Еден од аспектите во кои има напредок поради пандемиската

криза е намалувањето на отпорот

за воведување и примена на флексибилни работни модели, додава тој.

„Пандемијата докажа дека ефективноста е можна и при

работа од дома, од далечина, онлајн или со флексибилно

работно време. Од друга страна

ова е важно за благосостојбата

на вработените не само поради балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот, туку за намалување на родовиот јаз. Така, значајна можност е компаниите

да ги унапредат своите практики преку стандардот Mamforce

кој овозможува компаниите да

ги намалат родовите бариери станувајќи работодавач што овозможува непречен кариерен и приватен напредок на вработените

жени, мајки и оние што се грижат за членови од семејствата. “, објаснува Мирчевски.

Општествено одговорните

бизниси

имаат полојални

потрошувачи

Во 2023 година, работата не е само работа. Од пандемијата наваму, луѓето масовно ги напуштаат

работните места за да ги следат

своите интереси и преференции за животниот стил. Тешко е да се

најде добар работник, а талентот

кој е лојален на вашата компанија е еден во милион. Кога вашата компанија има силна мисија и цел, ќе привлечете вредни вработени кои бараат повеќе од само плата. Социјално свесните компании го инспирираат и мотивираат нивниот тим, зголемувајќи го ангажманот на вработените, моралот, лојалноста и продуктивноста.

Според бизнис школата на

Харвард, 93 отсто од анкетираните вработени во едно истражување

веруваат дека бизнисите мора да покажат одговорно лидерство.

Речиси 70 отсто од вработените

рекле дека нема да работат во

компанија која нема силна цел, а 60 отсто би прифатиле дури

и помала плата за позиција во компанија со цел. Оваа статистика јасно покажува дека поединците

сакаат да бидат дел од решението. Компаниите со силни иницијативи за КОО ќе имаат попосветена и позадоволна работна сила.

На истиот начин, потрошувачите сакаат да видат компании кои се грижат за општеството и животната средина - или, во најмала рака, да го ублажат нивното влијание.

Над 70 отсто од Американците, на пример, веруваат дека компаниите треба да вложат напори светот да го направат подобро место, додека 77 отсто од потрошувачите ќе бидат повеќе склони да купуваат од компании со одговорни политики. Што е уште поважно, 25 отсто од потрошувачите и 22 отсто од инвеститорите имаат нулта толеранција за компаниите со проблематична етика и практики. Она што ова значи за компаниите е дека наместо да издаваат изјави за нивните возвишени идеали, тие треба да ги поткрепат своите теории со акција. Социјалното докажување е најголемата форма на органски маркетинг. Компаниите со висок стандард на одговорност и транспарентност ќе имаат корист од базата на клиенти која верува во нив и учествува во нивниот раст.

Конект како организација што

спровела низа проекти досега од областа на имплементирање КОО

стратегии, овозможува компаниите лесно да се вклучат во платформи

што ќе овозможат да ги остварат

своите цели за КОО и ESG. „Клубот на одговорни бизниси“, освен едукација на компаниите членки и м овозможува активно да се вклучат во стручно обмислени програмски платформи што директно ќе влијаат на важни прашања за развој на нашите заедници. Од стратешка филантропија, преку корпоративно волонтирање, па се до вклучување во борбата против корупцијата, Клубот на одговорни бизниси ќе им овозможува на компаниите да го пронајдат својот фокус и здружено да делуваат на трајни промени.

27
 ОД ИДЕЈА ДО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ФОТОВОЛТАИЦИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ
ГАСНИ ЕЛЕКТРАНИ
2 5514 000 info@feroinvest.mk www.feroinvest.mk ПРОЕКТИРАЊE, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ
БИО
ТРАНСФОРМАТОРИ +389

ЕЛЕНА

ДИМОВСКА

раководителка на Секторот

за корпоративни комуникации во А1 Македонија

НА РАБОТЕЊЕТО НА

28
ИНТЕРВЈУ
„ЗА ПОДОБАР СВЕТ“
Е ХУМАНАТА ДИМЕНЗИЈА
МАКЕДОНИЈА
А1

n специјален прилог КОРПОРАТИВНА

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

17 март 2023 | KAPITAL.MK | број 1142

Остануваме да

дејствуваме според нашата филозофија

„За подобар свет“, да креираме и да имплементираме проекти што ќе значат

чиста и здрава животна околина, да ставиме на располагање ресурси за едукација на дигиталните вештини и секако да ги интегрираме различностите.

Ќе продолжиме да го

потврдуваме својот хуман карактер и дух, како и грижата и стремежот за подобро општество.

X Објаснете им ја на нашите читатели стратегијата за општествена одговорност на А1, кои се нејзините клучни столбови?

Одржливиот начин на работа во А1 Македонија е длабоко втемелен во стратегијата на Групацијата A1 Телеком Австрија, а со самото тоа истото се пренесува и на нејзините членки во сите земји во кои таа има свои операции, па така и во А1 Македонија.

Стратегијата позната под кратенката ESG, која се однесува на environmental, social and corporate governance, се залага за грижа за животната средина, за социјалното и за корпоративно управување. Имено, сите овие сегменти ги претставуваат фокус подрачјата на одговорност што компаниите, кои се дел од Групацијата А1, преку своите активности ја носат внатрешно во својата организација и во своето опкружување.

Групацијата А1 Телеком Австрија е свесна за оваа одговорност и затоа поставува специфични цели за животната средина, за општеството и за нејзините луѓе. Покрај тоа, компанијата ги смета овие сегменти како двигатели на долгорочна вредност, кои носат не само еколошки и социјални придобивки, туку и економски предности. Како дел од амбициите за

29

Општествено

одговорните практики

во А1 Македонија не

се случуваат стихијно,

туку се составен дел

од корпоративнaта

стратегија што ни

дава прецизен фокус

на проектите и на

активностите што

ги подготвуваме

и реализираме.

Одржливоста и

резултатите на долг рок

се наш приоритет.

климатска одржливост во рамките

на ESG, А1 Македонија работи

за реализација на целите за

достигнување нето неутралност на

јаглерод диоксид со намалување

на емисијата на штетни гасови

и постепено префрлување на

енергија од обновливи извори.

Рециклирање на околу 50.000

стари уреди годишно.

Социјалната амбиција до 2023

година има за цел едукација на

повеќе од 100.000 луѓе – особено

фокусирани на деца и млади – во

сегментот на дигитална писменост, а со тоа на јавноста да ѝ се даде

доверба и вештини за активно

обликување на дигиталните

светови. Амбицијата, пак, за

корпоративно управување 2023

година има за цел да се зголеми

процентот на жени на раководни

позиции и да се подигне и да

се одржи процентот на жени

во компанијата над 50%, да се

одржи најдобрата практика

и надворешно сертифициран

усогласен систем за управување,

со цел да се заштити интегритетот

и доверливоста на Групацијата А1

Телеком Австрија.

X Кои се позначајни проекти и кампањи што А1 ги спроведе

во последно време како општествено одговорна компанија?

Под мотото „За подобар свет“

воведовме низа проекти токму во оваа насока на ESG, каскадирана од Групацијата А1

Телеком Австрија. Во сегментот на социјалното управување и

грижа за заедницата, во февруари

2018 година во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија го започнавме проектот „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“, програма наменета за четвртоодделенците, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Проектот досега има опфатено

повеќе од 35 училишта ширум земјата и едуцирано близу 4.000 четвртоодделенци. Особено сме

горди на оваа програма, а дека сме на вистинскиот пат се многубројните признанија и благодарници

што ги добиваме, меѓу кои е и признанието во категоријата „Однос кон заедницата“, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија. Успешната реализација на едукативната програма нè охрабри да размислуваме понатаму и ја лансиравме и „A1 Academy“ која е продолжување на активностите за едукација на младите. Пристап до бесплатната академија имаат сите млади на возраст од 18 до 25 години, кои по завршување на секој модул, добиваат сертификат за стекнатото знаење. По успешното лансирање на „A1 Academy“ со првиот модул на тема Дигитален маркетинг, нашата иницијатива за неформално образование ја продолживме со предавања на нова атрактивна тема – Бизнис аналитика. Учесниците добиваат можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини, да слушнат реални бизнис примери и да учат од професионалци што активно работат во оваа област. Академијата е придонесот на А1 Македонија кон младите и кон заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Големиот одѕив ни укажува на потребата кај младите од учење на вештините на иднината

и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање од модерните тематики.

Со A1 Green Call, платформа за

рециклирање на старите мобилни уреди, корисниците покажаа

навистина голема свест за рециклирање и доставија илјадници парчиња во специјалните кутии поставени во продажните салони на А1 ширум земјата. Тргнувајќи од премисата дека нов, зелен, подобар свет е можен, од неодамна 50% од снабдувањето со електрична енергија е обезбедено од обновливи извори на енергија за потребите на А1.

Работиме на адаптација и на имплементација на хибридни модели на напојување на нашите базни станици. Во тек е реализација на нашиот стратегиски план за зелени базни станици, со цел да ја достигнеме бројката од 165 до 2025 година, а намалувањето на CO2 се трудиме да го постигнеме преку менување на возилата со гориво со електрични возила.

X Колку пандемијата и другите кризи што таа ги продуцира ја направија А1 поотпорна на идни шокови, но и посвесна за компаниското влијание врз општествената благосостојба?

Како што веќе кажав, општествено одговорните практики во А1 Македонија не се случуваат стихијно, туку се составен дел од корпоративнaта стратегија што ни дава прецизен фокус на проектите и на активностите што ги подготвуваме и реализираме. Одржливоста и резултатите на долг рок се наш приоритет. Имајќи ја предвид нашата посветеност кон креирање работна средина во која вработените се во центарот на нашето внимание, во време на пандемија ги засиливме мерките за превенција и заштита на здравјето и продолживме фокусирани на грижата за балансот меѓу работата и приватниот живот, понудивме уште повеќе можности за едукација и ги ставивме на располагање компаниските ресурси за учење нови вештини.

X Општествено одговорните

компании ги инспирираат и ги мотивираат своите вработени, ја зголемуваат нивната лојалност, морал и продуктивност. Кои практики ги спроведува А1 во оваа насока?

Вклученоста на колегите во општествено одговорни проекти е уште еден доказ за високата свест и хумана димензија што ја негуваме во А1. Тргнувајќи од топ менаџментот и нивните одлуки, па сè до сите вработени, кои општествената одговорност ја имаат инкорпорирано во извршувањето на своите секојдневни работни задачи. Корпоративниот волонтеризам отсекогаш бил дел

ИНТЕРВЈУ 30

n специјален прилог

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

17 март 2023 | KAPITAL.MK | број 1142

Проектот „Интернетот не e само игра...

Кликај безбедно!“ досега има опфатено

повеќе од 35 училишта ширум земјата и

едуцирано близу 4.000 четвртоодделенци. Особено сме горди на оваа програма,

а дека сме на вистинскиот пат се многубројните признанија и благодарници

што ги добиваме, меѓу кои е и признанието

во категоријата „Однос кон заедницата“, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија

и Министерството за економија.

од нашата ДНК, за што говорат

волонтерите во програмата „Кликај

безбедно“ каде што колегите

несебично и со многу посветеност

се вложуваат себеси, со цел на што

поедноставен начин да го пренесат материјалот на дечињата како безбедно да користат интернет. Волонтерски се вклучуваме сите и во активностите што се однесуваат на заштита на животната средина во програмата A1 Green month, рециклираме, преку енергетски ефикасно изградениот објект на управната зграда штедиме електрична енергија, користиме превозни средства што не ја загадуваат околината какви што се електрични тротинети итн. Спроведуваме проекти што се дел од стратегијата бидејќи сметаме дека најважно е примерот да тргне

од самите нас, па понатаму истото да го пропагираме во јавноста.

Оттука можам да констатирам дека aктивностите се испреплетени, но сепак се однесуваат токму на овие три главни носечки теми. Почитувајќи ја еко-определбата, одевме чекор понапред и ја прекинавме употребата на пластични чаши и пластични галони за вода на сите работни локации на А1 Македонија, селектираме отпад и тоа не само електронски туку и хартија и пластика. Преку специјална процедура што ги дефинира правилата за селектирање отпад, склучен е договор со две компании за електронски отпад, еден што вклучува рециклирање и продажба на отпад од метал, алуминиум и дрво, и втор што вклучува селектирање отпад од батерии и од електрични апарати.

X ESG е, како што велат, новиот престолонаследник во корпоративното управување, па како А1 се вклопува во оваа парадигма на општествената одговорност?

Секоја етаблирана компанија на

пазарот која еднаш го востановила општествено одговорното

работење во својата компаниска

филозофија, тешко е дека ќе се врати чекор назад. Остануваме да дејствуваме според нашата филозофија „За подобар свет“, да креираме и да имплементираме проекти што ќе значат чиста и здрава животна околина, да ставиме на располагање ресурси за едукација на дигиталните

вештини и секако да ги интегрираме различностите. Ќе продолжиме да го потврдуваме

својот хуман карактер и дух, како и грижата и стремежот за подобро

општество. nnn

31

ESG – НОВИОТ

ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИК ВО

КОРПОРАТИВНОТО УПРАВУВАЊЕ

Автор на текстот е

АмЧам Комитетот за ESG

Концептот на

корпоративна

општествена

одговорност одлично ја

одигра својата улога во

поставувањето на нови, повисоки

стандарди во корпоративното

управување. Многу општества

ширум светот имаат бенефит

од неговите идеи, принципи и

вредности.

Меѓутоа, ниту овој концепт не

остана имун на потребата и

неопходноста на современото

време за континуирано

подобрување и усовршување

што резултираше со креирање

на нов и

унапреден концепт во

корпоративното управување

– ESG концептот. Истиот, во

голема мера е резултат и на сè

поголемите предизвици поврзани

со климатските промени, потребата

од јакнење на капацитетите за

отпорност на општествата преку

вложувања во човечкиот капитал, како и на сè позначајната улога на корпоративна култура врз развојот на опкружувањето.

ESG е акроним од англиските

зборови Environmental, Social и Governance, а се однесува на

активностите на компаниите

поврзани со животната средина, општествените прашања и

управувањето. Всушност, ESG

е одговор на сè посилните

барања кон компаниите да ги

земаат предвид и факторите што

влијаат врз животната средина

и општественото опкружување

при донесување на корпоративни

одлуки, како и на притисокот за

зголемена транспарентност при

известување во врска со овие активности.

Дистинкција помеѓу ESG и

концептот на општествена

одговорност

Иако е вистински предизвик да

се направи јасна дистинкција

помеѓу ESG концептот и концептот на општествена одговорност, правењето паралела помеѓу овие два концепти е најдобриот пристап за претставување на ESG концептот,

ESG е акроним од англиските зборови Environmental, Social и Governance, а се однесува на активностите на компаниите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето.

пред да се објасни значењето на секој од трите фундаменти врз кои се базира овој концепт.

Воспоставувањето на практики и политики од страна на компаниите коишто имаат за цел позитивно

да влијаат врз животната средина и, генерално, опкружувањето, е основното јадро на двата концепти.

Меѓутоа, иако јадрото е идентично, овие два концепти се различни.

Целта на концептот на општествена одговорност е да осигури дека активностите на компаниите имаат позитивно влијание врз опкружувањето, односно компаниите имаат зголемена свесност и одговорност за влијанието на нивните одлуки. ESG концептот ја презема таа цел и се надоврзува на начин што дефинира конкретни критериуми и мерливи индикатори што го мерат влијанието на овие активности на компаниите. И двата концепти се однесуваат на реализација на активности што значат општествена одговорност, меѓутоа, ако кај концептот за општествена одговорност, спроведувањето на тие активности е крајната цел, кај ESG концептот, крајната цел е континуирано подобрување на резултатите од тие активности. Дополнително, ако концептот на општествена одговорност дава простор секоја компанија да може да се самодекларира како општествено одговорна, независно

од активностите коишто се преземаат или степенот на нивното влијание, ESG концептот обезбедува конкретни квантитативни податоци базирани на унифицирани индикатори коишто овозможуваат, не само мерење на влијанието на активностите и докажување на својот напредок, туку и можност за компаративно согледување помеѓу компаниите од најразлични индустрии.

Врз основа на направената паралела помеѓу овие два концепти, може да заклучиме дека ESG концептот значи и воспоставување на систем за мерење на резултатите на компаниите во делот на активностите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето, како фундаменти коишто, согласно овој концепт, ја дефинираат агендата на компаниите за одржлив развој и општествена одговорност. Креирање нови деловни

можности за компаниите За секој од трите фундаменти, дефинирани се цели, критериуми

и индикатори што треба да се следат, мерат и анализираат со цел остварување на определбите за позитивно влијание врз опкружувањето. Активностите поврзани со животната средина (Environmental) се однесуваат, но не се ограничени, на справувањето со климатските

32
ЖИВОТНА СРЕДИНА, ОПШТЕСТВО И УПРАВУВАЊЕ

 специјален прилог

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

17 март 2023 | KAPITAL.MK | број 1142

промени, заштита на животната средина и природните ресурси.

Индикаторите за влијанието на

овие активности вклучуваат, на пример, мерење на емисиите

на стакленички гасови, или потрошувачката на електрична енергија и вода.

Општествените прашања (Social),

во суштина, се однесуваат на социјалните односи, односно како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, клиенти, добавувачи, како и, генерално, на опкружувањето

во коешто делува. Индикаторите

коишто се мерат во овој сегмент може да бидат, на пример, стапка на обрт на вработени, број на часови на обуки за вработените, итн.

Активностите поврзани со управувањето (Governance)

се однесуваат на начинот на управувањето со компанијата, односно на структурата на органите на управување, финансиската

транспарентност, итн.

Имајќи го предвид широкиот

спектар на мерење на резултати, веројатно првиот впечаток е дека инвестирањето во ESG претставува значителен трошок за компаниите на краток рок. Меѓутоа, имањето

и спроведувањето на долгорочна стратегија за ESG е во позитивна корелација со финансиската

профитабилност.

Има повеќе аспекти коишто

делуваат во таа насока. Еден од тие аспекти е креирање на нови деловни можности за компаниите, што е главно резултат на новите генерации кои стануваат сè позначаен дел од базите на потрошувачи, но и на инвеститори. Овие генерации ја имаат таа тенденција да ги поддржуваат компаниите кои ги споделуваат нивните вредности, и се подготвени да платат повеќе за одржливите производи од тие компании. Исто така, друг аспект е тоа што ESG стратегијата може да придонесе кон унапредување на оперативното работење на компаниите како резултат на зголемена продуктивност на вработените

и намалени трошоци на

производство преку зголемување на ефикасноста.

Индивидуален пристап за

секоја компанија

Сепак, важно е да се потенцира и

дека развивањето на стратегија за

ESG бара индивидуален пристап

за секоја компанија, што го прави самиот процес дополнителен

предизвик. Имено, развивањето и спроведувањето на стратегија за ESG е долгорочен и континуиран

процес во кој се земаат предвид и надворешните фактори кои влијаат на бизнисот, како што се социјалниот, економскиот и политичкиот контекст, како и индустријата и дизајнот и структурата на целиот синџир на снабдување/вредности. Меѓутоа, развојот на стратегија за ESG истовремено е и интроспективен процес, односно им помага на компаниите да ги подобрат своите активности, како и да ги пронајдат и да се поттикнат вистинските вредности на организацијата. Оттука, ESG концептот станува сè попопуларен и затоа многу компании, често доброволно, го интегрираат известувањето за ESG во годишните извештаи за да покажат како аспектот на одржливост е вграден во нивниот бизнис модел. Иако, во изминатиот

период сè почесто се воведуваат и регулативни барања за компаниите

во врска со корпоративното

известување за податоците од ESG, што е само уште еден показател за идната улога и важност на ESG концептот.

Kолку e влијателна корпоративната

култура фокусирана на континуирано подобрување,

како од интерен аспект, така и од аспект на опкружувањето

околу неа, покажува ранливоста

на системите и општеството

во однос на предизвиците со

коишто секојдневно се соочуваме

изминатиот период. Поради тоа, премисата дека „најдоброто време за делување е денес” станува

вистина, а имплементацијата на ESG концептот во корпоративното

управување е вистинскиот чекор во таа насока. 

RENEWABLE ENERGY

ECONOMICAL PRICES SAFE COOPERATION

Секогаш со најдобра

понуда за снабдување

или откуп на електрична енергија

Поддршка на Вашиот бизнис

office@res.mk

+389 2 55 14 000

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ www.res.mk

33
ИНТЕРВЈУ 34 ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА член на УО на ПроКредит Банка ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ СЕ ПОКАЖУВА ПРЕКУ ДЕЛА

n специјален прилог КОРПОРАТИВНА

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

17 март 2023 | KAPITAL.MK | број 1142

одржливост, во согласност со GRI.

Стандардизираното известување

дава кредибилитет на податоците кои

се објавуваат и овозможува нивна

мерливост и споредливост низ времето

или во рамките на иста индустрија.

X Со оглед на тоа дека ПроКредит банка е позната по ревносното имплементирање на стратегијата за општествено одговорно работење со години наназад, Ве молам објаснете ја повеќеслојноста во дејствувањето во овој контекст? Кон корпоративната одговорност во ПроКредит Банка пристапуваме суштински, целосно, низ интегриран систем кој се базира на три нивоа: Првиот столб се базира на активности кои се насочени кон “зелено кредитирање” т.е. финансирање на проекти за енергетска ефикасност, производство на енергија од обновливи извори, или инвестиции кои придонесуваат за заштита на животната средина. Во моментов 20% од нашите кредитни пласмани се насочени токму во овие т.н. зелени кредити. До сега, само во фотоволтаични централи имаме пласирано околу 25 милиони евра, односно учествуваме во финансирање на 40 MW капацитети. Исто така, важно е да се спомне дека ПроКредит беше прва банка која одржа повеќе од 10 работилници на кои присуствуваа повеќе од 300 македонски претприемачи промовирајќи инвестирање во фотоволтаични панели на кров за сопствена употреба уште од 2019 година, далеку пред значајниот скок во цената на електричната енергија. Вториот столб на нашиот систем е строгата контрола на нашите кредитни активности од негативно еколошко или социјално влијание. Тоа значи дека имаме систематизација на сите индустрии според нивото на ризик кон животната средина, но и кон условите за работа на вработените.

Како дејности со повисоко

ниво на ризик, согласно

определените критериуми се

оценуваат: третман на отпадни

води и други резидуали од производствен процес, издувни

гасови, здравје и безбедност

при работа. Доколку одредена

компанија не ги исполнува

бараните стандарди (кои

неретко се повисоки од минимум

пропишаните од страна на

регулаторот), и не е подготвена

да вложи во систем на подобрување, ние како банка

одбиваме кредитна поддршка.

Истото важи и за рестрикциите

кон било какво финансирање на

дејности поврзани со ископ на

јаглен, активности во заштитени зони и национални паркови, производство и трговија со пластика за еднократна употреба.

Трето, како компанија и вработени преку примери во пракса секојдневно

покажуваме дека го живееме она за кое се залагаме.

Рационално ги користиме

ресурсите и се обидуваме да го минимализираме негативното влијание кое го оставаме врз животната средина преку нашите редовни активности.

Што тоа значи во пракса?

Користење на електрична

енергија произведена од сопствена фотонапонска

централа, користење на електрични возила, заштеда на хартија преку комплетна

дигитализација на интерните

процеси и документација, избор на одржливи добавувачи, секаде каде е можно користење на рециклирани материјали, селекција на отпад, забрана за користење на пластика

за еднократна употреба и слично. Исто така, зградата, која ја изградивме како

35
На групациско ниво, од 2017 година подготвуваме Извештај за

ПроКредит Групацијата ја

дирекција е енергетски ефикасна, сертифицирана со EDGE, прва од ваков тип во земјава.

X ПроКредит Групацијата ги мери ефектите од својата општествено

одговорна стратегија, па кажете ни нешто повеќе за годишниот

holding.com). На тој начин

намали емисијата на стакленички гасови (директната

извештај што се подготвува на групациско ниво?

емисија

од користење на

нашите возила и индиректна емисија

од користење на енергија) за 42% за

периодот од 20182022 година. Во оваа

насока целиме да станеме јаглерод -

неутрални до крајот

на 2023 година.

Дополнително од

2021 одлучивме

да се приклучиме

кон Partnership for Carbon Accounting Financials (PCAF),

што преставува

стандард за мерење и на јаглеродниот

отпечаток кој се

генерира како резултат на нашите финансиски

активности.

На групациско ниво, од 2017

година подготвуваме Извештај

за одржливост, во согласност со GRI (Global Reporting Initiative)

стандардите. Стандардизираното

известување дава кредибилитет

на податоците кои се објавуваат

и овозможува нивна мерливост и

споредливост низ времето или во рамките на иста индустрија.

Во рамки на овој извештај, на ниво на групација, имаме дефинирано материјални аспекти

кои се важни за пошироката заедница: вработените, клиентите, соработниците, кредиторите, основачите. Преку Извештајот за одржливост, известуваме за нашиот напредок од аспект на одржливо и одговорно финансирање, заштита на животната и социјалната средина. Воедно, известуваме и за нашиот однос кон вработените, недискриминаторскиот став, вложувањето во образование

и развој на нашите вработени, како и системот на наградување.

Секој од овие аспекти е поткрепен со конкретни податоци.

Овие извештаи се јавно достапни и може да се најдат на веб страницата на ПроКредит Холдинг (procredit-

е овозможена максимална транспарентност за работата на ПроКредит Групацијата. Исто така, објавуваме Edison EDGE извештај за ESG (Environmental, Social, Governance) перформансот на ПроКредит Групацијата. Во самиот извештај се дава споредба за нашиот перформанс, во ESG доменот, во споредба со претставници од конкуренцијата во банкарската индустрија - резултатот од овие извештаи покажува дека нашата просечна оценка е значително повисока во споредба со останатите.

Овој начин на екстензивното и стандардизирано известување во сферата на корпоративна

одговорност е во духот на целосна транспарентност.

Така, секоја компанија која се декларира за општествено одговорна компанија може да

даде отчет на своите активности на аргументиран начин и да направи дистинкција во однос на компаниите кои се промовираат како корпоративно одговорна компанија, а таа одговорност за жал не оди подалеку од давање на донации.

X ПроКредит Групацијата веќе подолго време е заговорник и дава сопствен пример за водење грижа за екологијата и корпоративната одговорност генерално. Можете ли да го квантифицирате вашето групациско влијание или да дадете некои примери на ваши активности?

ПроКредит Групацијата ја намали емисијата на стакленички

36
ИНТЕРВЈУ

n специјален прилог КОРПОРАТИВНА

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

17 март 2023 | KAPITAL.MK | број 1142

гасови (директната емисија

од користење на нашите

возила и индиректна емисија

од користење на енергија) за

42% за периодот од 2018-2022

година. Во оваа насока целиме

да станеме јаглерод - неутрални

до крајот на 2023 година.

Дополнително од 2021 одлучивме

да се приклучиме кон Partnership for Carbon Accounting Financials

(PCAF), што преставува стандард

за мерење и на јаглеродниот

отпечаток кој се генерира како

резултат на нашите финансиски

активности.

Како резултат на нашата

комплетна дигитализација, само изминатата година во Македонија успеавме да ја

намалиме потрошувачката на хартија и покрај значителното

зголемување на бројот на бизнис

клиенти од 17% и над 12% на физички лица.

За нас, исклучително важен

критериум во процесот на започнување соработка

со клиенти и надворешни соработници се и етичките

практики на компаниите, вклучувајќи го третманот на вработените. Па така, врз база

на доказите за прекршување

на најосновните човекови и работнички права на Ујгурите во регионот Ксинџијанг во Кина, заземавме цврст став и ги исклучивме посочените компании и производители на панели од финансирање. Инаку, учеството на овие засегнати производители на панели е значајно на светско ниво. Во секој случај ние не сме подготвени да го развиваме

нашето кредитно портфолио во соларната енергија со опрема од компаниите кои се директно или индиректно вклучени во експлоатација на работна сила, односно модерно ропство. Одговорноста на компанијата можеби најдобро се гледа преку јасната и транспарентна постапка за вработување во институцијата, каде процесот на селекција и избор на секој нов вработен се базира строго на личниот интегритет, способностите на кандидатите, како и желбата за учење и професионално усовршување. Посветуваме посебно внимание за обуката и развојот на секој еден вработен каде што 30% од вработените поминаа во изучување на англискиот јазик, додека 30% од вработените поминаа низ повеќегодишни обуки во нашиот тренинг центар во Германија. Во институцијата постои јасна и транспарентна платна структура, а платите на вработените се ревидираат на годишно ниво врз база на придонесот и индивидуалниот развој.

Родовата еднаквост е уште една од вредностите кои ја карактеризираат ПроКредит банка. Па така, во ПроКредит Македонија, 61% од вработените се жени, додека на раководителски позиции жените учествуваат со 80%. На овој факт сме навистина горди бидејќи преку јасни бројки ја отсликува корпоративна култура која промовира еднакви можности за сите. nnn

Родовата еднаквост

е уште една од вредностите кои ја

карактеризираат ПроКредит

банка. Па така, во ПроКредит

Македонија, 61%

од вработените се

жени, додека на раководителски

позиции жените учествуваат со 80%.

На овој факт сме

навистина горди

бидејќи преку јасни бројки ја отсликува корпоративна

култура која

промовира еднакви можности за сите.

37

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

дговорното делување

во однос на животната

средина и општеството

е во срцето на нашата

стратегија и нашата

мисија е да бидеме водечки

телекомуникациски оператор и

пионер во одржливост. Ова се

однесува на сите сфери на нашето

работење, но и на иницијативи

за еднакво и еколошко дигитално

општество. Нашиот фокус е главно

насочен кон два фронта кои ќе

направат позитивно влијание

во општеството: превенирање

на климатските промени и

премостување на дигиталниот јаз.

Зелена технологија

Инвестициите во новите технологии

и дигиталната трансформација придонесуваат за заштита на животната средина и ефикасно користење на ресурсите. Со нашите решенија за паметен град во Скопје

и многу други општини се намалува

потрошувачката на енергија над 60%, загадувањето и емисиите на CO2 . Со Решенијата во облак (Cloud)

нашите многу ефикасни дата центри

трошат до 80% помалку енергија

во споредба со она што се случува

кога корисниците користат нивна

сопствена инфраструктура.

Со воведување на еСИМ технологи-

јата се заменуваат пластичните СИМ картички со електронски со што придонесуваме за намалување на користењето на пластика.

Со дигиталните услуги како што се електронското плаќање и потпишување договори ја намалуваме потрошувачката на хартија за сметки за повеќе од 55%. Дополнително повеќе од 2 години за сопствени потреби произведуваме зелена енергија користејќи ја сончевата енергија со што скромно покриваме дел од потрошувачката на дата центарот во Скопје, а штетната емисија на CO2 во воздухот се намалува за речиси 50 илјади кг. секоја година.

О
ОДГОВОРНОСТ ЗА
ОДРЖЛИВОСТ

Еко иницијативаЗаедно за заштита на животната средина Поттикнуваме иницијативи за намалување на штетните влијанија со рециклирање на електронски отпад и обнова на зелените површини. Со оваа екоиницијатива до декември минатата година собравме над 12 000 стари електронски уреди коишто соодветно ќе се рециклираат во партнерство со Нула Отпад. Компанијата се обврза за секој

Технологија

за планетата –

ко-креирање со

млади иноватори

Преку партнерство на

Фондацијата Телеком за

Македонија и УНИЦЕФ

повикавме млади иноватори

да креираат идеи за дигитални

решенија за справување со

климатските промени, во склоп

на глобалниот младински

предизвик Генерација без

граници. Младите тимови

со помош на ментори и

професионалци од Телеком

на работилници креираа

решенија за подобар

квалитет на живот на следните

генерации. Најдобрите пет

тима добија дополнителна

поддршка за развој на своите

идеи, а двата најдобри тимови

нè претставија на глобалниот

предизвик. Климатските

промени нè засегаат сите,

а особено младите коишто

собран уред да засади ново дрвце, но го удвои овој број и, во акцијата за пошумување што ја спроведе заедно со вработените, засади 25 000 нови дрвца во Кочанскиот регион на површина од 10 хектари. Оваа заложба е дел од глобалната иницијатива на Дојче Телеком #GreenMagenta којашто се спроведува во 10 земји во Европа. Целта е со заеднички сили да собереме и рециклираме 500 000 стари електронски уреди до 2024 година.

Дигитална инклузија

Веруваме дека заедничка

дигитална иднина може да постои само ако сите се подеднакво

вклучени. Затоа работиме на

намалување на дигиталниот јаз

и еднаков пристап на сите до

новите технологии. Ги поттикнуваме

и поддржуваме младите во

креирање дигитални решенија за подобро утре, преку технологија го подобруваме квалитетот на живот

на повозрасната популација.

Итно копче, технологија

што спасува животи

Во партнерство со Црвен крст

преку проектот Итно копче со

помош на дигиталната технологија

им обезбедуваме сигурност

и поддршка на лица над 65

години. Корисниците можат да го алармираат тимот на Црвениот

крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче. Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Со проектот, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна реакција. Преку ова стратешко партнерство Телеком Фондацијата и Црвениот крст ја користат технологијата како алатка преку која ќе се спасуваат животи и ја подигаат свеста за грижата за повозрасната популација.

треба активно да учествуваат во креирањето на решенијата. Наша задача е да им овозможиме на да ги реализираат своите идеи и да го поттикнеме нивниот потенцијал.

Како носители на дигиталната

трансформација, наша обврска е

да им дадеме шанса на младите

да бидат креатори на својата

иднина.

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.