Kapital-magazine-1057

Page 1

КОРОНА – КРИЗА: ВИРУСОТ ГИ НАПАДНА И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ИНТЕРВЈУ business magazine

Диомидис Николетопулос генерален извршен директор на Стопанска банка – Скопје

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1057

цена 100 ден. l 10 април 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

АНАЛИЗА Коронавирусот „направи“ најголем месечен промет на Македонската берза последниве десет години

cover story

СТРАНСКИТЕ ЕКОНОМИСТИ ПРОГНОЗИРААТ РЕЦЕСИЈА, ДОМАШНИТЕ ДЕПРЕСИЈА „МИСТЕРИЈА“:

ЗОШТО ГЕРМАНИЈА ИМА ТОЛКУ НИСКА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД КОРОНАТА



СОДРЖИНА

Kapital... 1057 6

14

COVER STORY

Сите облици на економската криза од пандемијата Странските економисти прогнозираат рецесија, домашните депресија

ИНТЕРВЈУ

Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје

Во ситуацијава сме сите заедно и Банката го прави точно тоа што најдобро знае да го прави - ја поддржува економијата работејќи заедно со луѓето и компаниите!

20

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Индексот падна за 35% во март, прометот со акции се качи до рекордно ниво Коронавирусот „направи“ најголем месечен промет на Македонската берза последниве 10 години

36 СВЕТ

„Мистеријата“ на Германија Зошто најмоќната европска економија има толку ниска стапка на смртност од коронавирусот

32

36

Што велат инвестициските менаџери за вложувањата среде корона - кризата

Слободата и човековите права во костец со болеста

„Мистеријата“ на Германија

COVER STORY Сите облици на економската криза од пандемијата....................................................................6 Странските економисти прогнозираат рецесија, домашните депресија

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Индексот падна за 35% во март, прометот со акции се качи до рекордно ниво...................................................20 Коронавирусот „направи“ најголем месечен промет на Македонската берза последниве 10 години

26

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Купувањето удели во фондови е подолгорочна инвестиција – не треба да се паничи поради моменталните падови!

ИНТЕРВЈУ Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје.................................................................................14 Во ситуацијава сме сите заедно и Банката го прави точно тоа што најдобро знае да го прави - ја поддржува економијата работејќи заедно со луѓето и компаниите!

ПОЛИТИКА

Вирусот ги нападна и европските вредности

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Што велат инвестициските менаџери за вложувањата среде корона - кризата.....................................................26 Купувањето удели во фондови е подолгорочна инвестиција – не треба да се паничи поради моменталните падови!

СВЕТ

Зошто најмоќната европска економија има толку ниска стапка на смртност од коронавирусот

ПОЛИТИКА Слободата и човековите права во костец со болеста....................................................32 Вирусот ги нападна и европските вредности СВЕТ „Мистеријата“ на Германија.........................36 Зошто најмоќната европска економија има толку ниска стапка на смртност од коронавирусот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 12.3.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1057 10.04.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

СТРАНСКИТЕ ЕКОНОМИСТИ ПРОГНОЗИРАА РЕЦЕСИЈА, ДОМАШНИТЕ ДЕПРЕСИЈА


СИТЕ ОБЛИЦИ НА ЕКОНОМСКАТА 5 КРИЗА ОД ПАНДЕМИЈАТА

www.kapital.mk

И АТ

Капитал број 1057 10.04.2020

Меѓународните финансиски институции веќе почнаа да ги објавуваат своите најнови пролетни прогнози, па иако потврдија дека рецесијата ќе ни биде опсесија годинава, сепак, нивните процени се посмирувачки отколку домашните и влеваат оптимизам. Светската банка го објави својот најнов извештај според кој економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани доколку пандемијата се смири до јуни, па до најмногу -2% пад на БДП ако коронавирусот се шири цела година. Домашните власти пак, излегоа со многу поцрни сценарија за економијата – процени дека приходите во буџетот може да се намалат од 20% до 40% што аналогно би значело дека падот на БДП би бил од -10,6% до -22,7%, што делува апокалиптично споредено со предвидувањата на меѓународните финансиски институции.


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

6

COVER STORY

Од Светска банка сугерираат земјите во регионот да помогнат во одржувањето на економската активност преку поддршка на приватниот сектор со поволни деловни кредити, намалување на даноците или одложувања за плаќањето на некои даноци.

пишува:

Александар Јанев

Р

aleksandar.janev@kapital.mk

Рецесијата годинава е факт, а не само црна прогноза на песимистичките економисти кои веќе неколку недели откако се „замрзнаа“ општествата за да се запре ширењето на коронавирусот лицитираат со бројки кои многу брзо може да ве фрлат и во депресија. Меѓутоа, меѓународните финансиски институции веќе почнаа да ги објавуваат своите најнови пролетни прогнози, па иако потврдија дека рецесијата ќе ни биде опсесија годинава, сепак, нивните процени се посмирувачки и влеваат

оптимизам. Светската банка во пресрет на одржувањето на виртуелните Пролетни средби заедно со ММФ, го објави својот најнов извештај според кој економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани. Ова е прогноза според оптимистичното сценарио кое претпоставува дека пандемијата со коронавирусот ќе се смири до јуни. Но доколку трае цела година, тогаш Светска банка проценува дека падот на бруто домашниот производ (БДП) годинава ќе надмине -2%. Сепак, без оглед кое било од овие две сценарија да се оствари, економистите на оваа меѓународна финансиска институција имаат значително поразлични гледишта отколку домашните власти.

Сценарија за приходите во буџетот

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека економската криза предизвикана од

пандемијата со коронавирусот може да ги скрати јавните приходи во буџетот за дури 60% од планираните 3,6 милијарди евра, што во апсолутен износ значи дека приходите од даноци, придонеси и царини би биле помали за околу 2,2 милијарди евра годинава. А за да се случи тоа, падот на БДП би требало да достигне дури 35% што навистина делува катаклизмично. Потоа и Министерството за финансии излезе со три сценарија за приходите во буџетот, според кои во зависност од времетраењето на пандемијата, тие би се намалиле за 20% во најдобар случај, потоа за 30% во некое понеповолно сценарио, па до 40% во најлошото сценарио. Соодветно на ова, за да секнат јавните приходи колку што предвидува Министерството, бруто домашниот производ би требало да падне околу -10,6% во првото сценарио, -16,7% во второто, и дури -22,7% во третото и најпесимистичко сценарио.


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

7 Претходно Виенскиот економски институт којшто е специјализиран за регионот на Југоисточна Европа, ги објави своите процени за македонската економија според кои очекуваат раст годинава од 1,7% наспроти првичната прогноза за раст од 3,3%. Но овие процени беа направени до крајот на февруари, кога се уште импактот од коронавирусот врз економијата беше послаб. Овие споредби покажуваат дека домашните власти се драстично поголеми скептици и песимисти за економијата отколку меѓународните финансиски институции. „Краткорочната перспектива - слично на другите земји во регионот - е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020

година. Пандемијата и мерките за ограничување на движењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, пишува во најновиот пролетен економски извештај на Светската банка. Споредено со земјите од регионот, прогнозата за македонската економија е најоптимистичка. Првото сценарио кое засега го зема предвид Светската банка, предвидува пад на економијата во Хрватска од дури -6,2%, Бугарија -3,7%,

Босна и Херцеговина -1,9%, Косово -1,6%, Црна Гора -1,5%, Албанија -1,3%, Србија -0,5%.

Светска банка: 140 милиони евра за поддршка на македонската економија Од Светската банка анализираат дека економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст. „Светската банка ја финализира програмата на активности за да и


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

8

COVER STORY

ММФ: Околу 100 милијарди долари инвестиции веќе се одлеале од пазарите во развој, што е три пати повеќе од капиталниот егзодус забележан во светската финансиска криза во 2008 година. помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктурирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од оваа меѓународна финансиска институција. Покрај тоа, од Светска банка сугерираат земјите во регионот да помогнат во

одржувањето на економската активност преку поддршка на приватниот сектор со поволни деловни кредити, намалување на даноците или одложувања за плаќањето на некои даноци. Малите и средни претпријатија кои се погодени, би можеле да имаат значителна корист од таргетирани владини субвенции. „За време на овој исклучително тежок период, од особено значење е креаторите на политики да постапуваат решително“, вели Сирил Мулер, потпретседател на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. „Ова значи одлучни мерки за

зајакнување на здравствените системи и системот на социјална заштита, поддршка на приватниот сектор и зачувување на финансиската стабилност и доверба – аспекти кои се клучни за животот на луѓето“. Проекциите за економските последици од Ковид-19 се проследени со значителна неизвесност. Затоа, извештајот вклучува повеќе симулации за да се претстават различните сценарија во поглед на растот на економијата кои би можеле да се случат како резултат на пандемијата. Сценаријата сугерираат дека регионот на Западен Балкан ќе западне во



www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

10

COVER STORY

МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ: КАТАСТРОФАЛНО ГУБЕЊЕ НА РАБОТНИ ЧАСОВИ И ВРАБОТУВАЊЕ ПОРАДИ КОВИД – 19. Се очекуваат огромни загуби кај различни категории според примањата, но особено во земјите со средно високи примања (7,0 %, 100 милиони работници со полно работно време). Ова значително ги надминува ефектите од финансиската криза од 2008-9 година.

K

ризата со КОВИД-19 се очекува да „збрише“ околу 6,7 % од работните часови на светско ниво во второто тримесечје на 2020 година – што би било еквивалентно на 195 милиони работни места со полно работно време. Големи намалувања се предвидуваат во арапските земји (8,1 %, еквивалентно на 5 милиони работници со полно работно време), Европа (7,8 %, или 12 милиони работници со полно работно време) и во Азија и Пацификот (7,2 %, 125 милиони работници со полно работно време). Се очекуваат огромни загуби кај различни категории според примањата, но особено во земјите со средно високи примања (7,0 %, 100 милиони работници со полно работно време). Ова значително ги надминува ефектите од финансиската криза од 2008-9 година. Секторите што се под најголем ризик ги вклучуваат угостителските услуги за сместување и исхрана, производство, малопродажба и деловни и административни дејности. Евентуалното зголемување на глобалната невработеност на крајот на 2020 година ќе зависи суштински од идниот развој на настаните и мерките во политиките. Постои висок ризик дека бројката на крајот на годината ќе биде значително повисока од првичната

проекција на МОТ од 25 милиони. „Работниците и претпријатијата се соочуваат со катастрофа, како во развиените, така и во економиите во развој ... Мора да делуваме брзо, решително и заеднички. Вистинските, итни, мерки би можеле да направат разлика меѓу опстанок и колапс.“, изјави Гај Рајдер, Генерален директор на МОТ. Во моментов, повеќе од четири од пет лица (81 %) од работната сила во светски рамки (3,3 милијарди) се погодени од целосно или делумно затворање на претпријатијата. Во Второто издание на Мониторот: КОВИД-19 и светот на работата, кој го објавува МОТ, ситуацијата со КОВИД-19 се опишува како „најлошата светска криза по Втората светска војна“. Ажурираните информации од истражувањето на МОТ, објавено на 18 март, вклучува секторски и регионални информации за ефектите на пандемијата. Во согласност со новата студија, 1,25 милијарди работници се вработени во секторите што се идентификувани како сектори под висок ризик од „драстични и катастрофални“ зголемувања на отпуштањата на работници и намалувања на платите и работните часови. Голем дел од нив работат на ниско платени и нискоквалификувани работни места, за коишто ненадејната загуба на примањата е катастрофална.

Во светски рамки, две милијарди луѓе работат во неформалниот сектор (пред сè во новите и економиите во развој) и се под значителен ризик. Потребни се сеопфатни и интегрирани мерки што се фокусираат на четири столбови: поддршка на претпријатијата, вработувањето и приходите; стимулирање на економијата и работните места; заштита на работниците на работното место; и, користење на социјалниот дијалог меѓу владата, работниците и работодавачите за изнаоѓање решенија, наведува студијата. „Ова е најголемиот тест за меѓународната соработка по повеќе од 75 години“, изјави Рајдер. „Ако една земја падне на тестот, тогаш паѓаме сите. Мора да најдеме решенија што им помагаат на сите сегменти од нашето глобално општество, особено на оние што се најранливи или најмалку способни да си помогнат самите себеси.“ „Она што ќе го избереме денес директно ќе влијае врз начинот на којшто ќе се одвива оваа криза и, оттаму, врз животите на милијарди луѓе,“ додаде тој. „Со вистинските мерки може да го ограничиме нејзиното влијание и лузните што ќе ги остави. Мора да стремиме кон реконструкција што ќе ги направи нашите системи побезбедни, поправични и поодржливи од оние што допуштија да дојде до оваа криза.“



www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

12

COVER STORY

рецесија во 2020 година, со пад на економската активност од -1,1% за потоа следната година да има раст од 4,4% и ова се оптимистичните прогнози според кои пандемијата ќе се смири до крајот на јуни. Другото сценарио кое предвидува коронавирусот да се шири цела година а со тоа и ограничувачките мерки да бидат на сила до крајот на 2020, вели дека падот на економијата во Западен Балкан би бил -3,8%, но во 2021 растот би достигнал 4,5%. „Социјално дистанцирање и привременото затворање на бизнисите кои не се есенцијални како и на училиштата, се потребни мерки за да се спречи ширењето на пандемијата и да се спасат што повеќе животи", вели Асли Демиргуч - Кунт, главен економист за регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка. „Во исто време, треба да се спроведуваат и политики за да се минимизираат економските трошоци на овие мерки и да се создадат услови за побрзо закрепнување, а не негово пролонгирање, штом пандемијата ќе заврши“. Мерките за поддршка, како што се директни трансфери на средства или субвенции за здравствена заштита, наменети за помош на ранливите граѓани и нивните семејствата, како и поволни деловен кредити и даночните олеснувања, ќе бидат клучни за ублажување на падот и зачувување на работните места, се вели во извештајот. Групацијата на Светска банка презема широка, брза акција за да им помогне на земјите во развој да го зајакнат нивниот одговор на пандемијата, да го подобрат надгледувањето на болеста, да ги подобрат интервенциите во јавното здравство и да му помогнат на приватниот сектор да продолжи да работи и да се одржат работни места. Со имплементирање на финансиска поддршка од 160 милијарди долари во текот на следните 15 месеци ќе им се помогне на земјите да ги заштитат сиромашните и ранливите категории, да ги поддржат бизнисите и да го зајакнат економското закрепнување.

ММФ очекува најголема криза по Големата депресија

Глобалната пандемија на коронавирус предизвикува економска криза поголема од која било во минатиот век и ќе бара масовен одговор за да се обезбеди закрепнување, истакна шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева. Таа предупреди дека „глобалниот раст ќе се претвори во остро негативен во 2020 година“, при што 170 од 180 земји членки на Меѓународниот монетарен фонд се соочиле со пад на приходот по глава на жител. „Всушност, ние ја очекуваме најтешката економска криза од Големата депресија“, рече Георгиева во говорот, во пресрет на идната недела на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка, кои ќе се одржат виртуелно.

Дури и во најдобар случај, ММФ очекува само „делумно закрепнување“ следната година, под претпоставка дека вирусот ќе згаснува подоцна годинава, дозволувајќи му на нормалниот бизнис да продолжи да работи со укинување на мерките што се наметнати да го запрат неговото ширење. Но, „може да се влоши“ и „има огромна неизвесност околу перспективата“ и времетраењето на пандемијата, истакна Георгиева. Земјите веќе презедоа чекори во вредност од 8 илјади милијарди долари, но Георгиева ги повика владите да направат повеќе за да обезбедат „животен век“ за бизнисите и домаќинствата „да избегнат лузни на економијата што ќе го отежнат закрепнувањето“. Во вторник ММФ ќе го објави својот Светски економски изглед со нови понегативни прогнози за економиите на земјите за оваа и следната година. Во јануари, ММФ предвиде глобален раст од 3,3% оваа година и 3,4% во 2021 година. Но, тие прогнози беа објавени во еден поинаков свет. „Последиците се силни и во развиените земји и во економиите во развој. Оваа криза не знае за граници. Сите страдаа “, рече Георгиева и истакна дека околу 100 милијарди долари инвестиции веќе се одлеале од пазарите во развој, што е три пати повеќе од капиталниот егзодус забележан во светската финансиска криза во 2008 година. ММФ во вторник ќе ја објави својата прогноза и за нашата земја.

Задолжувањето станува предизвик

Откако стана јасно дека намалувањето на економската активност ќе ги секне приходите во државната каса, економските власти се фокусираа како да обезбедат пари за да ги надоместат загубените приливи. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, првично најави дека државата ќе позајми околу 600 милиони евра, и тоа 87 милиони евра од ММФ, 100 милиони евра од Светската банка и околу 400 милиони евра од комерцијални банки од странство. Меѓутоа, оваа операција е голем предизвик бидејќи пазарите на капитал последните недели изреагираа бурно, побарувачката за пари нагло се зголеми, а во услови на зголемен ризик пораснаа и каматите. Професорот Марјан Петрески, вели дека државата мора итно да ја обезбеди неопходната ликвидност од околу 500-700 милиони евра, но и тој изрази загриженост околу пристапот до капитал. „Министерството за финансии излезе со план за задолжување и тој е коректен, но морам да го изразам својот песимизам дека од ден на ден, можноста за позајмување на приватните финансиски пазари станува се` поневозможна. Имено,

приватните пазари замрзнаа. Оттука, моето стравување е дека потрагата по приватно финансирање надвор може да заврши неуспешно и да значи изгубено време, но да се надеваме дека нема да бидам во право. Затоа, мојата сугестија беше веднаш да се пристапи кон концесионалните кредитори и со нив веднаш да се отпочне со преговори за рамката за позајмување која ќе овозможи непречено снабдување на економијата со ликвидност. Да нагласам дека постоеше можност централната банка да ја олабави ликвидноста преку значајно намалување на базната каматна стапка, така овозможувајќи му на Министерството за финансии веднаш да се задолжи кај банкарскиот систем, но во моментов сметам дека и таа опција стана „тешка“, бидејќи и домашниот банкарски пазар ќе биде воздржан во однос на позајмување на државата“, смета Петрески. Тоа се покажа и на Воздржано однесување покажаа и на последната аукција на државни хартии од вредност, на кој што после долг период, прв пат домашните финансиски институции не одговорија целосно на понудата од страна на Министерството за финансии. Односно, домашните финансиски институции купија 15 годишни државни обврзници во износ од 58% понизок од оној што сакаше да го прибере Министерството за финансии. Но, добра вест стигна од ММФ од каде што потврдија дека не само што го одобрија бараниот заем, туку и го дуплираа. Од Владата информираа дека ММФ ни одобри 175,2 милиони евра. Министерската Ангеловска, вели дека се преговара да се обезбедат и други извори на пари, околу 100 милиони евра од Европската Унија, од Светска банка и од неколку банки. „На дневна основа го следиме пазарот на капитал и се обидуваме да обезбедиме пари однадвор за финансирање на сите потреби од буџетот. Банките на последната аукција на државни хартии од вредност беа повоздржани но таа аукција се совпадна и со одлуката за одложување на ратите на кредитите па верувам дека оттука и таа воздржаност. Мислам дека е и дорбо дел од ликвидноста да остане кај банките за да може тие да ги пласираат парите како кредити и за фирмите и за граѓаните. Верувам дека ќе успееме да ги добиеме бараните износи и сакам да ги уверам граѓаните дека буџетот ќе има капацитет да ги финансира сите свои потреби“, истакна министерката Ангеловска. Според последните процени на Министерството, годинава ќе бидат потребни дополнителни 700 милиони до најмногу 1,3 милијарди евра во буџетот, во зависност од развојот на кризата.

nnn



Капитал број 1057 10.04.2020

14

ИНТЕРВЈУ


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

15

ДИОМИДИС НИКОЛЕТОПУЛОС ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

ВО СИТУАЦИЈАВА СМЕ СИТЕ ЗАЕДНО И БАНКАТА ГО ПРАВИ ТОЧНО ТОА ШТО НАЈДОБРО ЗНАЕ ДА ГО ПРАВИ ЈА ПОДДРЖУВА ЕКОНОМИЈАТА РАБОТЕЈЌИ ЗАЕДНО СО ЛУЃЕТО И КОМПАНИИТЕ! Во врска со каматата што ќе продолжи да се пресметува за време на одложениот период…Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата. објаснува во интервјуто за Капитал, генералниот извршен директор на Стопанска банка – Скопје, Диомидис Николетопулос.


Капитал број 1057 10.04.2020

16

ИНТЕРВЈУ

Редакција Капитал

К

kapital@kapital.mk

XКако X гледате на тековната ситуација и на кризата, и кој е одговорот на Банката и пораката која сакате да се испрати? За првпат во модерно време се соочуваме со пандемија со невидени последици, а глобалната несигурност не тера да се грижиме за нашето здравје, за нашите животи, за нашите најблиски, за работата, за бизнисот и генерално за иднината. Во вакви времиња, според мое скромно видување, државата прави се’ што е во нејзина моќ да го забави растот на бројот на заболени. Воведените мерки вклучуваат и значајни рестрикции на движењето на луѓето и стоките, економски мерки, па и правни мерки со кои нашите животи драматично се променети, меѓутоа мора да сфатиме дека многу работи се доведени во прашање и затоа мора да се однесуваме дисциплинирано, со трпеливост и толерантност, во надеж дека наскоро ќе се надмине кризата и ќе продолжиме со нашите животи. Со сите овие големи промени во однесувањето и ефектите врз економијата, горд сум што можам да кажам дека Стопанска банка АД – Скопје, бргу се прилагоди и проактивно презеде мерки да ги заштити вработените, клиентите и добавувачите, комуницира транспарентно и најзначајно од, се продолжува со редовно работење. Затоа што, дури и кога се друго запира, парите не запираат. На луѓето се уште им се потребни пари за да ја поминат неделата/месецот/периодот. Ним им се потребни храна, лекови, имаат планови кои застанаа со реализација на половина и имаат потреба да бидат завршени... и наша обврска е да бидеме на нивна страна и да им помогнеме во тоа. Таа е и логиката зошто банките, маркетите, аптеките, телекомите и електродистрибуцијата се сектори кои мора да продолжат со работа низ сите типови на кризи, бидејќи се критични за одржување на минималните потреби за живот на граѓаните. Затоа, едни од најважните активности кои Банката ги направи во поглед на континуитет во работата како дел од олеснителните мерки во овие екстремни времиња е што нашите филијали се отворени и достапни, дури и во градови под карантин, како Дебар, ги одржуваме банкоматите функционални, иако движењето на готовината е отежнато, со оглед на фактот што многу локации се затворени или ограничени

за пристап, како и посебното работно време за пензионерите (кога ги отворивме сите наши филијали во сабота за да се намалат гужвите). Но, не остануваме само на тоа, затоа што Банката се обидува да ги пренасочи клиентите кон нашите 24/7 алтернативни канали (телефонско, електронско и мобилно банкарство) кои се сега и комплетно бесплатни. Работиме на нивно промовирање, односно подучувањето на клиентите да согледаат дека со нив на лесен и безбеден начин можат од дома да реализираат основни банкарски трансакции, да останат безбедни од гужви и непотребни интеракции во овој период. Согледуваме преку зголемениот број трансакции преку овие канали дека дигитализацијата ќе ни се случува и порано од очекувано. Стопанска банка има и уникатен 24/7 Контакт центар кој е сега засилен со капацитети поради зголемениот број дојдовни повици, а работи и преку телефон и преку e-mail обезбедувајќи на тој начин поддршка за клиентите физички лица и за големата мрежа на трговци со кои соработуваме. XШто X конкретно правите за вашите клиенти корисници на кредити? Со првите знаци кои индицираа дека кризата ќе има сериозни ефекти врз економијата, веднаш започнавме, многу сериозно, со разгледување на бројни алтернативи за тоа што се може да се преземе. Како што знаете, кај нас не постои мораториум на отплати на долгови и затоа банките мораа да одговорат веднаш, со решение кое ќе може ефективно да одговори на проблемот. Затоа, поради настанатата ситуација, и ние презедовме многу иницијативи при што на крајот сите банки, посебно големите, се согласивме да имаме конструктивен пристап, да овозможиме 6 месеци одлагање на плаќањата за сите физички лица, покривајќи ги воедно во голем размер и компаниите. Веруваме дека мерката е повеќе од доволна клиентите да го надминат периодот на најдобар можен начин. Овие мерки беа преземени во склад со Измените на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ како и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките кои помогнаа банките да ги применат мерките на најефикасен можен начин, без притоа со клиентите да се потпишуваат нови договори/пропратни документи или да се посетуваат филијали и нотари. XДа, X но банките кажуваат дека камата сè уште ќе се пресметува во одложениот период... Разбирам дека ова прашање го поставуваат многу клиенти, иако знаат

дека банките во земјата покажуваат високо ниво на одговорност. Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата. XКои X се главните предизвици на среден рок за Банката? Што се случува со ликвидноста и како се афектирани депозитите? Примарен приоритет, секогаш, дури и нагласено повеќе за време на кризи, е банките и целиот систем да се ликвидни! Ликвидноста на нашиот банкарски систем е на високо ниво, многу повисоко отколку во пост кризниот период од 2008-2009 година. Станува очигледно дека оваа криза е посериозна и не покажува препознатливи трендови се уште иако, забележуваме дека редовните глобални и тековите во нашиот систем се намалени и забавени. Депозитите кај нас се стабилни, клиентите се смирени и не забележуваме големи движења во тој дел. Средствата со кои располага Банката и создадените резерви во Стопанска банка се сосема доволни да се пресретнат потребите на клиентите. Износот на ликвидноста е повисок од потребните нивоа, и структурата на ликвидните средства е составена на начин кој може да обезбеди брза конверзија во готовина и веднаш да бидат на располагање за системот. Се разбира, понатаму, по надминување на кризата, предизвикот ќе биде како да се регулираат големиот број на кредити кои се сега со одложена отплата и да се избегне креирање на раст на нефункционални кредити што пак може да предизвика притисок за поголема потреба од ликвидни средства. Би сакал да напомнам, дека НБРСМ, согласно пристапот на европските банки, ја промени регулативата за управување со кредитниот ризик, овозможувајќи им на Банките да продолжат со реструктурирање без да ги третираат кредитите како реструктурирани и/ или нефункционални. Веруваме дека надлежните институции во земјата ќе продолжат да изнаоѓаат патишта кои ќе овозможат економијата, како целина, не само да излезе од кризата, туку и да најде потенцијал да заздрави и да почне повторно да расте.


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

17 Депозитите кај нас се стабилни, клиентите се смирени и не забележуваме големи движења во тој дел. Средствата со кои располага Банката и создадените резерви во Стопанска банка се сосема доволни да се пресретнат потребите на клиентите. Износот на ликвидноста е повисок од потребните нивоа, и структурата на ликвидните средства е составена на начин кој може да обезбеди брза конверзија во готовина и веднаш да бидат на располагање за системот. XСтопанска X банка е позната по своите општествено одговорни постапки. Што правите сега во услови на криза? Како водечка банка, имаме докажан пристап кон општествено одговорно однесување, многупати во минатото и истото го правиме и за време на оваа криза. Банката беше меѓу првите компании кои пристапија кон Министерството за здравство со донација на вредна медицинска опрема за вештачка вентилација за пациентите кои се третираат на Клиниката за инфективни болести. Исто така, донесовме одлука да пристапиме кон втора голема донација на неколку медицински апарати, кои се итно потребни за медицинскиот кадар во Клиниката. Со тоа, во оваа фаза, вкупно донираме 150.000 евра. Донацијата е наша форма на благодарност, која ја изразувам во име на нашите вработени и на нашите акционери, кон здравствената заедница – за сите доктори, медицински сестри, лаборанти и другиот придружен кадар – Ја разбираме и цениме вашата пожртвуваност овие месеци и сме на ваша страна! Оваа форма на поддршка Банката ја правела во многу наврати, со години наназад – во поддршка на болниците, подобро да им помогнат на пациентите. Ја користам оваа прилика да нагласам дека сите преземени економски мерки се насочени да им помогнат на сите оние (граѓани и компании) кои се најмногу погодени од кризата иако мерките се овозможени за сите. Затоа, категорично повикуваме тие што не се погодени од кризата и можат да продолжат редовно да ги сервисираат обврските, да го прават тоа редовно, и да покажат соодветно ниво на солидарност, која се очекува од сите нас во периодов.


Капитал број 1057 10.04.2020

18

ИНТЕРВЈУ

Категорично повикуваме тие што не се погодени од кризата и можат да продолжат редовно да ги сервисираат обврските, да го прават тоа редовно, и да покажат соодветно ниво на солидарност, која се очекува од сите нас во периодов. Во спротивно, мерките наменети да им го олеснат периодот на најслабите, може да го немаат посакуваниот ефект за излез од кризата на оние кои им е најпотребно. Во спротивно, мерките наменети да им го олеснат периодот на најслабите, може да го немаат посакуваниот ефект за излез од кризата на оние кои им е најпотребно. XКако X вашиот тим, вашите вработени се справуваат со пандемијата? Многу сум благодарен на покажаната посветеност на нашиот тим – имаме колеги кои работат од дома, одделени од тимовите, но сепак заедно, некои се со своите деца дома, сите имаме рестрикции во движењето, а посебно ќе нагласам дека сум горд со нашите вработени во филијалите кои се заштитници на нашиот бренд во моментов. Тие работат во нагласено стресни услови, мора да се заштитат себеси со добиени строги мерки за заштита на личното и јавното здравје, мора да ги заштитат и клиентите и постојано да работат на едукација за користење на дигиталните канали и притоа да ги извршуваат дневните обврски ревносно. Со цел обезбедување на континуитет во

работењето и во екстремни услови, не само што е битно да се организираат човечките ресурси соодветно за поддршка на оперативата, туку е потребна и значајна техничка поддршка и прилагодување кон новите потреби. XКоја X е пораката за очекувањата на долг рок? За првпат во модерната историја, светот не може да планира неколку недели однапред, а не пак со месеци, години/ декади. Кога и Њујорк, „градот кој никогаш не спие“ е затворен, кој може да каже со сигурност што не’ очекува во иднина. Според мене, секоја криза остава белег, меѓутоа, луѓето наоѓаат начин да ја надминат и да извлечат нешто позитивно од неа. Може да очекуваме раст на нови бизнис модели и идеи, мали бизниси да никнуваат, да растат e-commerce и алтернативните канали, да се намали протокот на готовина со што ќе се намали и сивата економија. Повеќе ќе се грижиме за природата и повеќе ќе ја цениме во иднина. Ќе се фокусираме на семејството и на одржување

квалитетни меѓусебни односи. Целиот едукативен систем ќе се промени на подобро, користејќи ја технологијата и поврзаноста. И ако ништо друго, научивме овие недели дека можеме да се организираме да работиме од дома, односно надвор од канцеларија. Мора да одржиме ниво на оптимизам, мора да веруваме дека човековата раса ќе излезе како победник и мора секој од нас да го направи своето во тој процес, за да се вратиме во нормала. Тоа што можам да ви кажам со сигурност е дека Стопанска банка ќе продолжи со работа, ќе ги поддржуваме нашите клиенти и заедницата, ќе бидеме транспарентни и отворени во комуникација како и секогаш и ќе создадеме услови нашите вработени да се вратат на работа и да продолжиме да ја создаваме оваа приказна заедно. Стопанска банка ќе ги штити депозитите, ќе обезбедува поволни кредити, ќе нуди поддршка и финансиски совет, ќе помогне компаниите да ја надминат кризната состојба, да продолжат да создаваат и ќе остане на страната на заедницата. nnn



Капитал број 1057 10.04.2020

20

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ИНДЕКСОТ ПАДНА ЗА 35% ВО МАРТ, ПРОМЕТО

КОРОНАВИРУСОТ „НА МЕСЕЧЕН ПРОМЕТ Н БЕРЗА ПОСЛЕДН


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

ТОТ СО АКЦИИ СЕ КАЧИ ДО РЕКОРДНО НИВО

21

НАПРАВИ“ НАЈГОЛЕМ НА МАКЕДОНСКАТА НИВЕ 10 ГОДИНИ


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

22

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Паничната „распродажба“ на акциите во март месец предизвикана од корона – кризата предизвика промет од 23,5 милиони евра, и тоа само во класичното тргување – што е најголем месечен промет на Берзата изминативе 10 години...а и подолго. пишува:

Игор Петровски

З

igor.petrovski@kapital.mk

Златното правило на Ворен Бафет, „биди алчен, кога другите се плашат и плаши се кога другите се алчни“ имавме прилика да го видиме како најдобро функционира во пракса, токму тука, во Македонија, на домашниот пазар на капитал, односно, на Македонската берза изминатиот месец март. Легендарниот американски инвеститор и милијардер неброено пати досега е цитиран со оваа своја препорака, која подразбира да не се залетуваме да купуваме акции кога нивната цена секојдневно расте, туку да почекаме кога пазарите ќе почнат да паѓаат поради икс причини, па да купиме акции на квалитетни компании по многу намалена цена. Ваква „распродажба“ се случи на сите светски берзи во текот на март годинава, лавина предизвикана од паниката поради кризата со коронавирусот којашто ги сопре помалку или повеќе сите економии на планетава. Индексите на сите големи берзи во САД, Европа и Азија паднаа за по 30, 40 и повеќе проценти, а сето тоа се прелеа и на Македонската берза, каде што индексот МБИ – 10 за еден месец загуби околу 35% од вредноста. Поточно, од максималната вредност од 4.997 поени постигната последниве неколку години, којашто индексот ја имаше на 5 март, се спушти на 3257 поени на 27- ми истиот месец. Според билтенот на Македонска берза за месец март, најголем пад имала вредноста на акциите на рафинеријата ОКТА, од 31,6%, Макпетрол (-30,46%), ТТК Банка (-28,81%), Фершпед (-27,76%), Гранит (-26%), итн. Од останатите најликвидни акции на берзата, најголем пад имале оние на НЛБ Банка (-22,87%), Стопанска банка – Скопје (-22,65%), Алкалоид (-22,46%).

Македонски „бафети“ на берзата

Но, додека некои панично брзаа

да се ослободат од своите акции во страв дека ќе се обезвредни нивниот капитал, некои други го искористија тоа, и токму како да учеле од Бафет, се изнакупуваа акции од најсилните македонски компании и банки, по “дисконтни“ цени. Па, така вкупниот промет на Берзата во месец март во споредба со претходниот месец е поголем за 250% и изнесувал 2,8 милијарди денари (околу 46 милиони евра). Од тоа, без малку половина, или 1,44 милијарди денари е во класично тргување со акции, што е за 129% повеќе од месец февруари, додека во блок трансакции се истргувани акции во вредност од 1,3 милијарди денари, или за дури 19 пати повеќе во однос на претходниот месец. Ова последново се должи пред се’, на сумата од 1, 075 милијарди денари (17,5 милиони евра) за којашто групацијата Граве од Австрија ја купи домашната осигурителна куќа Еуролинк, трансакција што помина како блок преку Берзата. Но, да се вратиме на класичното тргување: тука прометот со акции изнесува 23,5 милиони евра, што е за 2,3 пати повеќе од минатиот месец и дури 4 пати повеќе од просечниот месечен промет со акции минатата, 2019 година. Ако одиме малку поназад во времето со „копањето“ на берзански податоци, ќе видиме всушност дека овие 23,5 милиони евра се најголемиот месечен промет во изминативе 10 години, а и подолго. Поголем месечен промет имало само во фамозната 2007 година, кога берзанското лудило по купување акции како на панаѓур, доведе до просечен месечен промет од над 40 милиони евра. Инаку, во март месец, најголем промет имаше со акциите на Комерцијална банка, од 9,6 милиони евра, со просечна цена од 6.618 денари – трговија која е за речиси 3,5 пати поголема во однос на месец февруари. Следи Алкалоид со промет од 4,8 милиони евра (1,9 пати повеќе од февруари) и просечна цена од 10.600 денари, НЛБ Банка со 2,6 милиони евра (3,8 пати повеќе промет) и 16.486 денари просечна цена, итн. Со најликвидните акции имаше и блок трансакции, па така со акциите на Комерцијална банка имаше вкупно 1,44 милиони евра промет, Стопанска банка – Битола со блокови од 875

илјади евра, Алкалоид со блок трансакции од 545 илјади евра, ТТК Банка со 180 илјади евра, и нешто поситни трансакции со акциите на Гранит и Реплек.

Окрупнување на уделите на најголемите акционери

Познавачите на берзанските прилики велат дека паниката во март беше идеален момент за поголемите поединечни акционери во најдобрите македонски компании и банки, уште повеќе да ја зацврстат својата позиција, како што го направи тоа, на пример, сопственикот на градежната компанија Адора инженеринг, проф. Ванчо Чифлиганец, инаку најголем поединечен акционер во Комерцијална банка, којшто во неколку трансакции купи преку 30 илјади акции на истата, и го качи својот удел во најголемата банка во земјава според актива, на 12,8%. Од извештаите што ги објавува Берзата за промена на сопственоста во акционерските друштва, се гледа дека и во уште неколку од компаниите со најтргувани акции (Алкалоид, Макпетрол, итн.) во месец март се случувало докупување на позначителни пакети акции од страна на најголемите поединечни акционери, генерални менаџери, членови на управни и надзорни одбори, итн. Ова не е невообичаено, насекаде во светот клучните луѓе на компаниите постојано купуваат акции од истите, или добиваат бонуси во вид на акции, со цел да им се покаже на сите останати актуелни и потенцијални акционери дека топ менаџментот верува во перформансите и потенцијалот на компанијата.

Како да инвестирате во време на осцилации на берзите

Финансиските аналитичари советуваат дека и за оние што имаат мала или никаква изложеност во хартии од вредност, во овој момент треба да размислат за влез на пазарот на капитал. „Препорачуваме да размислат за метод на просечна куповна цена, што значи постепен влез со не повеќе од 25% износот за вложување. Потоа почекајте како ќе се развива ситуацијата. Сè додека трае флуктуацијата, би требало постепеното да се вложуваат преостанатите 75% од износот и тоа поделени на третини, по 25% при секој поголем пад.“, велат аналитичарите од



www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

24

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ БРОЈКИ

35%

од вредноста загуби главниот берзански индекс МБИ -10 во март месец

129%

поголем беше прометот со акции во класично тргување

113%

поголем беше просечниот дневен промет во месец март

81%

поголем беше бројот на трансакции во март

40%

од прометот со акции во март беа со оние на Комерцијална банка

Просечен месечен промет на Македонска берза (милиони евра) (класично тргување) 2010 4,43

2011 4,67

2012 3,73

2013 2,88

Генерали Инвестментс. Според нив, пазарот веројатно ќе осцилира уште посилно во наредните недели и месеци, а особено надолните поместувања треба да се искористат за додавање на позиции. „За инвеститорите со долгорочни гледишта оваа криза нема да промени ништо значајно. Со периодични плаќања, тие сега имаат можност да купат акции на добри компании со дисконт т.е. по пониска цена. Се уште има многу непознати во економиите и на пазарите на капитал, но во моментов насоката на движење на пазарот е водена главно од страв. Како и да е, минатата недела видовме дека инвеститорите направија похрабар потег за купување стабилни и одржливи,“ велат од Генерали. Инаку, од крајот на март и почетокот на април, Македонската берза почна да закрепнува, односно од 30.03 до моментот на пишување на овој текст, 08.04, МБИ-10 континуирано расте, поточно, за вкупно над 23%.

nnn

2014 3,42

2015 2,82

2016 3,16

2017 3,94

2018 6,62

2019 5,7

Март 2020 23,5

Најтргувани акции на Македонската берза во март 2020 (класично тргување) Комерцијална банка Алкалоид НЛБ Банка Макпетрол Гранит ТТК Банка Реплек УНИ Банка Стопанска банка - Скопје Стопанска банка - Битола вкупно

Промет (евра) 9.603.971 4.831.664 2.617.609 2.175.541 1.067.108 657.966 381.829 371.113 335.143 326.981 22.368.925

март/февруари 240% 89% 287% 14% 136% 50% 160% 48% -



Капитал број 1057 10.04.2020

26

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

27 ШТО ВЕЛАТ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ МЕНАЏЕРИ ЗА ВЛОЖУВАЊАТА СРЕДЕ КОРОНА - КРИЗАТА

КУПУВАЊЕТО УДЕЛИ ВО ФОНДОВИ Е ПОДОЛГОРОЧНА ИНВЕСТИЦИЈА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАНИЧИ ПОРАДИ МОМЕНТАЛНИТЕ ПАДОВИ! Поаѓајќи од претходни искуства на движењата на пазарите на капитал во услови на рецесија на економиите, може да се заклучи дека инвеститорите треба да носат рационални одлуки и овие падови да ги искористат за дополнителни вложувања кои ќе им обезбедат подобар принос во наредниот период. Инвеститорите не треба да носат емотивни одлуки, да останат доследни и дисциплинирани во инвестирањето и на тој начин да ги максимизираат ефектите, советуваат инвестициските аналитичари.


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

28

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

пишува:

Игор Петровски

И

igor.petrovski@kapital.mk

Истовремено со падот на светските берзи минатиот месец, паднаа и вредностите на инвестициските фондови, меѓу нив и оние во Македонија, чиишто пари се вложени во акции од меѓународните корпорации. Тоа предизвика загриженост „Појавата на коронавирусот имаше и се’ уште има негативни ефекти врз економиите во светот. Во услови на неизвесност и страв од последиците на економските перформанси на компаниите, следуваше пад на цените на акциите и зголемување на распоните помеѓу првокласните обврзници и високо - ризичните обврзници. Овие падови кои беа евидентни на домашниот и странските пазари на капитал се причината за падот на цената на уделите на инвестициските фондови“, коментира Горан Марковски, главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум. Тој додава дека пазарите на капитал следниот период ќе бидат првенствено водени од информациите за решенијата за надминување на кризата преку изнаоѓање на соодветни медицински третмани за лекување на заболените и превентивни третмани за имунизација на населението од една страна, и прогнозите, очекувањата и конкретните ефекти врз економиите во светот. „Засега очекувањата се дека во првиот и вториот квартал, економиите ќе претрпат значаен пад што во наредните два квартали до крај на годината би требало да се надоместат. Соодветно на тоа, се очекува и враќање во нормала на пазарите на капитал со динамика која ќе зависи од стабилизирањето и враќањето на економските параметри на преткризно ниво“, оценува Марковски. Марковски вели дека вложувањето во удели во фондови што инвестираат во акции е вложување на подолг временски период што подразбира дека инвеститорот има временски хоризонт од најмалку 3 години, па затоа не би требало да реагира панично во услови на вакви шокови. „Поаѓајќи од претходни искуства на движењата на пазарите на капитал во услови на рецесија на економиите, може да се заклучи дека инвеститорите

треба да носат рационални одлуки и овие падови да ги искористат за дополнителни вложувања кои ќе им обезбедат подобар принос во наредниот период. Затоа сметам дека инвеститорите не треба да носат емотивни одлуки, да останат доследни и дисциплинирани во инвестирањето и на тој начин да ги максимизираат ефектите“, сугерира Марковски. За инвеститорите со долгорочни гледишта оваа криза не промени ништо значајно, сметаат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс. „По 2021 година, се очекува само мало влијание на вирусот врз економијата, така што инвеститорите треба да ги одржат своите инвестициски стратегии и темпото на вложување. Во изминатите недели, оние што беа малку похрабри, имаа можност да купат добри компании на попуст, но сликата не се промени значително.“, велат од Генерали Инвестментс. Во оваа инвестициска куќа направија еден осврт за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. „Инвеститорите кои успеале да вложат поголем дел од своите средства по цени блиску до дното (иако такви се многу малку) сега можат да ги реализираат профитите и да ги префрлат средствата во побезбедна инвестиција. Приносите на пазарот во последните десет дена се движат помеѓу 10% и 20%, што е одлично и претставува и неколкугодишен принос, па затоа реализацијата на профитите има смисла.“, велат од Генерали. Според аналитичарите на Генерали, здравствените, прехранбените, ИТ компаниите како и основните

комунални услуги остануваат како најатрактивни индустрии на глобално ниво. „Нашите фондови инвестираат во акциите од овие компании, а адаптациите на портфолија ги одразуваат очекувањата за идните случувања, така што ја задржуваме препораката за претпазлива структура на портфолиото и диверзификација на средствата помеѓу различни категории и региони.“ Пандемијата и нејзиниот одраз на пазарите покажа дека паметната инвестициска структура има огромна предност пред логиката „ Сè ќе инвестирам во најбрзо растечката инвестиција“, заклучуваат во Генерали. „Затоа, ние повторно ги известуваме инвеститорите дека инвестицијата не треба да се гледа само преку споредување на апсолутни приноси, туку и преку призмата на ризик (и флуктуација) што ја носи таквата инвестиција. Кризата е добра ако научиме нешто од неа.“

Опасност по економијата и ако се повтори вирусот на есен

Мерките за спречување на ширењето на вирусот делуваат во повеќето земји. Во најтешко погодените земји Италија и Шпанија, вирусот се стабилизира, како и во повеќето други европски земји. Врвот во пандемијата во Велика Британија и САД најверојатно ќе се следи за седум до десет дена. Така, вниманието сега полека се префрла на планот за бавни мерки за закрепнување. Првите земји веќе откриваат подетални планови за повторно отворање на некои индустрии и за повторно


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1057 10.04.2020

30

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

воспоставување на економијата и јавниот живот во целина. Австрија и Данска се најгласни во овие планови. „Вниманието на инвеститорите се префрла од вирусот кон закана од рецесија. Човештвото ќе го надмине вирусот, но прашањето е колку длабока ќе биде рецесијата и пред сè колку ќе трае. Сепак, сè уште се шпекулира околу можното повторување на вирусот во есен и каква ќе биде реакцијата на земјите доколку тоа се случи. Одговорот на ова е веројатно прилично јасен, бидејќи според процените, затворањето на економиите, повеќе не е опција поради економските штети.“, велат од Генерали Инвестментс. Влијанието на пандемијата врз економиите ширум светот во 2020 година ќе биде поголемо и подлабоко отколку во финансиската криза од 2008/2009 година, сметаат аналитичарите. Според најновите податоци, падот на економскиот раст на САД ќе биде поголем од 6%, при што бројките за Европа и Германија се приближуваат кон 10%. Поради сето ова минатата недела повеќето земји најавија дополнителни мерки за ублажување на кризата. Влијанието на сите овие мерки ќе биде видливо во наредните месеци, но останува умерениот оптимизам, што е видливо и од позитивната реакција на пазарите. „Компаниите полека ги повлекуваат проекциите за 2020 и 2021 година во последните неколку дена, бидејќи има премногу нејасни работи околу економското закрепнување и повторното започнување со работа

по пандемијата. Некои компании престанаа да исплаќаат дивиденда, а дел од нив се поврзани со помошта на земјите за справување со пандемијата. Во наредните 14 дена започнува објавувањето на резултатите за првиот квартал од 2020, што ќе даде појасна слика за тоа што се случува со продажбата, профитот и маржите. Уште поважни ќе бидат процените за вториот квартал како и за целата година, бидејќи тие ќе дадат слика како компаниите го оценуваат и како гледаат на развојот до крајот на годината. Секторите кои се повеќе погодени ќе бидат од посебен интерес, затоа што можеби ќе се дадат основна рамка за тоа како повторно да се воспостават моделите за вреднување на овие компании.“ Големо внимание е насочено кон Кина, која во последните десет дена моќно спроведе мерки и, како резултат на тоа, економска активност оживеа многу брзо. Остатокот од светот, исто така, се надева на кинеско сценарио, бидејќи тоа ќе донесе дополнителен оптимизам на пазарите.

Централните банки во светот „креираа“ 10.000 милијарди долари финансиски инјекции

Централните банки успеаја да ги стабилизираат пазарите и заедно со мерките на државите, обезбедија оптимизам на пазарот, се вели понатаму во анализата на Генерали. „По најбрзиот мечкин пазар видовме најбрз пресврт на трендот во историјата и сè уште е многу тешко да се извлечат заклучоци, но ако закрепнувањето е во облик на V, ние практично веќе сме во биков пазар. Развојот на случувањата беше неверојатно брз и повеќето потенцијални инвеститори сето тоа го гледаа од ‘безбедно’ растојание.“ Основното прашање што си го поставуваат инвеститорите по толку силни реакции е дали следува нова корекција или ќе видиме двојно дно (во форма W). Нема едноставен одговор на ова прашање. Судејќи според историјата на пазарите, одговорот на прашањето за двојно дно би бил позитивен. Пазарот веројатно ќе го тестира дното повторно. Но, од друга страна, сите земји и централните банки во светот во последниве два месеци создадоа уште 10,000 милијарди американски долари повратни и неповратни средства, што е огромна бројка, која може да ја промени историјата на пазарот на капитал и во голема мерка да ја намали веројатноста за двојно дно. Од друга страна, силното негативно изненадување за длабочината на кризата повторно може да донесе негативни бројки на берзата. Различните влијанија врз одделните сегменти на економијата стануваат се повеќе видливи. Најновите бројки покажуваат убав раст во индустријата на основните производи за широка потрошувачка, бидејќи сите купуваат храна, средства за чистење и други производи за широка потрошувачка. Ситуацијата е слична во здравствениот сектор како и кај комуналните услуги и ИТ компаниите. Акциите на овие компании паднаа многу помалку, дел од нив веќе се приближија кон старите нивоа, а некои веќе прикажуваат и позитивни бројки годинава. Од друга страна, во последниве денови можеме да видиме многу оптимизам кај најпогодените сегменти од економијата (бродовите за крстарење, воздухопловната индустрија, туризмот, хотелиерството и др.), бидејќи темпото на олабавување на мерките е нејасно и закрепнувањето е невозможно да се предвиди. Акциите на дел од овие компании пораснаа нагло, сигнализирајќи дека шпекулациите се повторно живи и дека времето за “казино” инвестирање се врати. Стабилизацијата на пазарите на обврзници, исто така, се искористи во целост од страна на државите и компаниите, бидејќи гледаме наплив на нови емисии на обврзници во последните десет дена, што им дава можност на трговците да заработат од тргување и арбитража, но засега не може да се очекуваат поголеми движења на пазарите на обврзници бидејќи повеќето каматни стапки се околу 0%, а централните банки целосно го користат расположливото оружје. Приносот на тој начин ќе биде минимален во овој сегмент, доколку го има, но од друга страна, инвестицијата го задржува својот безбедносен атрибут. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

32

ПOЛИТИКА

СЛОБОДАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО

ВИРУСОТ ГИ НА ЕВРОПСКИТЕ ВР пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

K

Каде е точно нацртана линијата што ги разделува слободата на граѓаните и човековите права од обврската на државите да обезбедат и спроведат мерки за заштита на населението во ек на

пандемија? Ова прашање сè повеќе се наметнува низ интелектуалните европски кругови, но и кај нас, откако Владата одлучи да ги засили рестриктивните мерки и да прогласи полициски час на територијата на целата земја што ќе ги опфати сите граѓани секој ден од 16 часот напладне до 06 часот наутро и цели викенди, односно од 16 часот во петоците до утрото во понеделник. Слободата на движење на стоки

и луѓе е еден од принципите на коишто почива самата Европска унија. Националните држави се разликуваат во строгоста и во обемот на спроведување на мерките, но нема таква којашто воопшто не спровела некаков тип на ограничување, откако науката децидно застана на ставот дека намалувањето на социјалните контакти е една од клучните мерки за борба со вирусот. На страна на аргументацијата на


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

33 Каде е точно нацртана линијата што ги разделува слободата на граѓаните и човековите права од обврската на државите да обезбедат и спроведат мерки за заштита на населението во ек на пандемија?

О КОСТЕЦ СО БОЛЕСТА

АПАДНА И РЕДНОСТИ властите е фактот што граѓаните се ноншалантно поставени кон препораките за самоизолација и собирањата во групи продолжуваат и покрај сите апели. Критичарите на овие мерки, пак, велат дека наместо „затвор“ за сите треба да се зајакне санкционата политика и да има казни за оние кои не ги почитуваат, што повторно го отвора прашањето дали држава - поединечен полицаец е идеалот што во 21 век требало да го

достигнат свесни и совесни жители на континентот со најголем стандард. Професорката Катерина Колозова, смета дека токму овие теми ќе бидат клучните кога ќе стивне хоророт со болеста и ќе треба одново да се постават принципите на политичко дејствување. Во Европа каде и онака земаа замав радикалните, регресивни и конзервативни сили, пандемијата може да се гледа како одлична можност за тие да расцутат, но може

да се очекува и сосема спротивно сценарио - слободата и човековите права да добијат да се вратат на пиедесталот. „Европа е будна и следи. Загриженоста за тоа што на пример еден Орбан го прави во Унгарија злоупотребувајќи ја пандемијата за да се самопрогласи небаре за Наполеон или Вучиќ кој веќе наголемо е тема во Европа е се смета за проблем, сето ова е факт. Зборуваме за илиберални демократии, тоа што ние го нарекувавме ‘груевизам’. Тоа се всушност демократии испразнети од либерални вредности, ги гледаме и во срцето на Европа и во нејзиното блиско опкружување и се разбира дека посткризно овие теми ќе бидат силно актуелни иако веќе тие се дебатираат и во Франција, Германија...“, вели таа. Парламентот во Унгарија (тоа што Колозова всушност го забележува) му дозволи на Виктор Орбан во кризата да носи одлуки на своја рака, во однос на прекршувањата на карантинот и „лажните вести“, што на пример аналитичарите на "Форин Полиси“ го оценија како „чекор на автократ што ја зграпчува можноста“. Реагираа невладини, новинари, европратеници, Советот на Европа, но ФИДЕЗ и Орбан не можеа да одолеат на можноста да ја земат целата моќ во свои раце. Допрва ќе треба да е види какви акции ќе преземе ЕУ во врска со тврдоглавиот (и не прв) однос на унгарската власт кон европските начела, но она што загрижува е што тој може само да биде пример и да ги поттикне или открие таквите тенденции низ континентот.

Откако првите реакции беа бавни сега ЕУ ја враќа солидарноста во преден план

Паралелно со грижата за авторитарноста, стигнуваат силни критики кон Брисел и дека Унијата го напушта основното начело - она на солидарноста после бавната реакција на одговор кон пружената рака од


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

34

ПOЛИТИКА Француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншален смета дека Европската унија ќе се соочи со „егзистенцијални“ прашања, вклучително и за местото на некои од земјите - членки, доколку не излезе обединета од кризата со „Ковид-19“.

Парламентот во Унгарија му дозволи на Виктор Орбан во кризата да носи одлуки на своја рака, во однос на прекршувањата на карантинот и „лажните вести“, што аналитичарите го оценија како „чекор на автократ што ја зграпчува можноста“.

страна на најпогодената земја членка Италија. Медиумите беа преполни со текстови во кои и' се забележува на Европската Унија дека заглавена во дебелите институционални ѕидови и бирократски процедури задоцни сериозно да помогне и на Италија и на останатите држави. Паралелно со овие критики следуваа информации за тоа како додека Брисел се мисли што да преземе, официјална Москва веќе е на терен и ја презема ситуацијата „под свое“ пружајќи итно солидна помош. Но, сериозните анализи говорат дека вистината е малку поинаква од она што во секојдневието се пласира. Во маглата на разни информации и во средиштето на кризата која за волја на вистината е ужасна катастрофа за Италија има и тоа како простор за критика и кон Брисел и кон поединечните држави, особено откако Франција и Германија на почетокот на кризата не одговорија на нејзиното барањето за испорака на медицинска опрема. Помошта беше побарана преку Центарот за итна интервенција и координација, а Европската комисија ја проследи молбата до земјите членки. Веднаш после ова се појавија текстовите дека Русија, ама и Кина доаѓаат како спасители. Но, реномираниот италијански весник Ла Стампа објави дека помошта од Москва практично и нема големо значење, оти главно се состоела во експерти за нервни отрови и војници од нуклеарна одбрана, инструменти за деконтаминација од хемиски оружја, што Италија и самата ги има и не и требаат. Францускиот претседател, Емануел Макрон е на иста линија со весникот - во изјава за италијанските медиуми истакна дека многу се зборува за кинеска или руска помош која пристигна во Италија, но забележува

дека никој не ги спомнува Франција и Германија кои откако се фатија во костец со кризата испорачаа два милиони маски и десетици илјади заштитни одела во Италија, за што Макрон најави дека е само почеток на помошта. Во исто време, Германија, во нејзините болници во три покраини да се лекуваат италијански и француски граѓани заразени од корона вирусот. Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас рече дека германските болници ќе преземат најмалку 47 пациенти од Италија во знак на европска солидарност. Тој додаде дека во оваа криза тие се заедно со италијанските пријатели и само така, можат да се спротивстават на заканата. А токму одговорот на прашањето - како Европската унија ќе одговори на предизвикот од корона вирусот, ќе го одреди нејзиниот кредибилитет во иднина, согласни се голем дел од европските лидери, откако на виртуелниот Самит што беше одржан поради ситуацијата, не беше постигнат договор за заеднички економски одговор на пандемијата. Германија и Холандија се спротивставија на притисокот на Италија, Шпанија, Португалија и Франција да се издадат заеднички корона обврзници за да се помогне на економиите на земјите - членки.

Европска помош за Македонија По ова, Макрон ги предупреди лидерите дека постои ризик, пандемијата да ги поткопа основните столбови на Унијата и порача дека Франција ќе се бори за солидарност во Европа. И француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншален исто така порача дека европските држави треба, заедно да се подготват за излезот од кризата, закрепнувањето, како и за последиците.

Моншален смета дека државите ќе ја покажат ефикасноста со тоа што ќе бидат заедно, и ќе опстојат само ако покажат солидарност. Ставот на француската државна секретарка е дека Европската унија ќе се соочи со „егзистенцијални“ прашања, вклучително и за местото на некои од земјите - членки, доколку не излезе обединета од кризата со „Ковид-19“. Лидерите на еврозоната имаат две недели да најдат начин како да ја поддржат економијата за време на пандемијата. Но во меѓувреме Европската Унија покажа силна подготвеност за помош на владите со тоа што се обезбедија 37 милијарди евра во рамките на „политиката на кохезија“. Европската централна банка објави огромна програма од 750 милијарди евра, а Европската комисија ги олабави правилата за фискална дисциплина. Во однос на Македонија, Европската Унија ќе издвои износ помеѓу 65 и 70 милиони евра за справување со предизвиците од корона вирусот. Од овие пари, 4 милиони евра се предвидени за поддршка на здравствениот систем и 62 милиони евра за економско и социјално закрепнување од последиците на пандемијата. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј информираше дека е одобрено ослободување на 50 милиони евра кои беа предвидени како награда на Македонија за реформски постигнувања. Дополнително, Европската комисија ги разгледува можностите за вклучување на земјава во пошироките механизми на Европската унија во справување со Ковид-19, како и непречено одвивање на протокот на стоки помеѓу европските и земјите од Западен Балкан што за нашата земја што во голема мера е увозно зависна е исклучително важно. nnn


ЛЕГЕНДАРНИОТ ЛОКУМ ОД ПРИЛЕП

П

рилепскиот регион во

е

надалеку

поЗнат

најквалитен локуМ.

и

по

уште од даМнина

проиЗводството

на

прикаЗната За овој локуМ Започнува уште пред повеќе од 100 години кога едно поЗнато сеМејство од крушево го испраќа својот син во солун да го иЗучува слаткарскиот Занает. оттогаш од генерација на генерација се пренесуваат рецептите и Занаетот За проиЗводство на овој легендарен локуМ.

Н

ие

во

дониа

идентичниот

во

Мекост и сочност.

сМе

особено

горди

начин

на

на кој

локуМот

го правиМе исклучиво саМо од природни

Л

окуМот пред вас е беЗвреМенски специјалитет кој го носи духот

на традицијата преку својот автентичен Мирис и вкус.

наследството го

на

проиЗведуваМе

нашата фабрика сеуште на стариот начин и

овој

локуМ е

Збогатен со вкус на лиМон и роЗа и посипан со шеќер во прав кој го прави уживањето во него уште поголеМо.

В

елат тајната на убавиот вкус не е саМо во состојките, туки и

во финесите на иЗработката. љубовта

традиционален

нашиот локуМ.

За да секое парче од ова деликатесно Задоволство иМа посебна едноставни состојки кои ги бираМе со особено вниМание.

Западна Македонија

препоЗнатлив

по старите рецепти локуМот го вариМе, соЗреваМе и рачно го сечеМе

и

вниМанието

вреМињата

при

остануваат и до ден денес.

се проМениле но страста,

иЗбработката

со

на

дониа

локуМот

гордост МожеМе да кажеМе дека

нашите Мајстори се вистински специјалисти доследни на традицијата на проиЗводство на квалитетен локуМ.


Капитал број 1057 10.04.2020

36

www.kapital.mk

СВЕТ

„МИСТЕРИЈАТА“

ЗОШТО НАЈМОЌН ЕКОНОМИЈА ИМА ТОЛ НА СМРТНОСТ ОД

Пандемијата силно ја погоди Германија, со околу 115 илјади потврдени заразени досега, или околу 1.350 на еден милион жители, што ја става земјата меѓу 20 –те најзагрозени на планетава. Но, стапката на смртност од коронавирусот е 28 во еден милион популација, што е далеку помала бројка одошто останатите големи членки на ЕУ, САД, итн.


www.kapital.mk

“ НА ГЕРМАНИЈА

Капитал број 1057 10.04.2020

37

НАТА ЕВРОПСКА ОЛКУ НИСКА СТАПКА КОРОНАВИРУСОТ


www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

38

СВЕТ

пишува:

Drive – through тестирање во Хале, Германија. Земјата има направено убедливо најмногу тестирања од големите европски земји досега.

Игор Петровски

Г

igor.petrovski@kapital.mk

Ги викаат корона – таксија: Медицински лица облечени во заштитна опрема, возат низ празните улици на Хајделберг за да ги проверат пациентите што се дома, веќе 5-6 дена болни од коронавирусот. Лекарите им земаат крв за проверка, а можат да препорачаат хоспитализација, дури и за оние пациенти што имаат благи симптоми: шансата за преживување значително се зголемува доколку се во болница кога ќе почне влошувањето на состојбата. „После една недела е пресвртната точка.“, вели за Њујорк Тајмс, проф. Ханс – Георг Крауслих, шеф на одделот за вирологија при Универзитетската болница во Хајделберг, една од водечките медицинско – истражувачки центри во Германија. „Доколку сте личност чиишто бели дробови може да колабираат, тоа е моментот кога ќе почне ситуацијата драстично да ви се влошува.“ Корона – таксијата во Хајделберг засега се иницијатива само на еден град. Но, ова е илустрација на нивото на ангажираност и посветеност на јавните ресурси во борбата против епидемијата, што би можело да ја објасни една од најголемите „мистерии“ среде пандемијава: зошто стапките на смртност во Германија се толку пониски во споредба со Италија, Шпанија, В.Британија, итн.? Вирусот прилично силно ја погоди Германија: според најновите извештаи, земјата има преку 113 илјади лабораториски потврдени случаи, што е четврта најголема бројка во светот, по САД, Шпанија и Италија. Но, со стапка на смртност од околу 2%, или 28 лица на еден милион популација, земјата е далеку подобра во однос на споменатите држави, што имаат стапка на смртност од12%, 10%, 8%, итн. „Веќе почна да се зборува за т.н. германска аномалија“, вели Хендрик Стрик, директор на Институтот за вирологија при Универзитетската болница во Бон. Експертите велат дека постојат неколку одговори на прашањето околу ниската стапка на смртност во Германија – микс од статистички недоследности и многу реални разлики во тоа како земјата реагираше на епидемијата. Прво, просечната возраст на заразените во Германија е пониска одошто во многу други земји. Голем дел од првите пациенти со корона

вирусот го добиле во италијанските и австриските ски центри, што значи релативно млади и здрави луѓе, вели проф. Крауслих од Хајделберг. „Почна како епидемија кај скијачите“, додава тој. Како што се ширеше епидемијата, така и повеќе постари луѓе беа заразени, па стапката од само 0,2% смртност почна да се качува. Но, просечната возраст на заразените останува релативно ниска, околу 50 години. Во Франција оваа бројка е 63, во Италија 62, според нивните извештаи. Друго објаснување за ниската стапка на смртност е тоа што Германија тестираше во просек многу повеќе луѓе одошто други држави. Ова значи дека се откриваат повеќе луѓе со или без симптоми, со што се зголемува бројката на официјално заразени, но онаа на смртни случаи не се качува со исто темпо. „Ова автоматски ја намалува стапката на смртност статистички“, вели проф. Крауслих. Но, епидемиолозите и виролозите велат дека има и други значајни медицински фактори што ја држат бројката на смртни случаи релативно ниска во Германија, а тоа е доволниот број на болнички кревети на интензивна нега, широко распространето тестирање и третмани на болните, како и доверба во властите чии што мерки и препораки за социјално дистанцирање беа следени со внимателност.

Тестирање

Кон средината на јануари, долго пред Германците и да се заинтересираат за вирусот, Charite болницата во Берлин веќе имаше развиено тестови и ја постираше формулата онлајн. До моментот кога Германија го регистрираше првиот случај со Ковид – 19 во февруари, лабораториите низ целата земја направија доволно

залихи на комплети за тестирање. „Причината зошто ние во Германија имаме мала стапка на смртност досега, во голема мера се објаснува со фактот што правиме екстремно голем број на лабораториски дијагнози“, вели др. Кристијан Дростен, главен виролог во Charite, чијшто тим го разви првиот тест. Досега, Германија прави околу 350.000 тестови за коронавирус неделно, многу повеќе од било која друга европска земја. Раното и масовното тестирање им овозможи на надлежните да го забават ширењето на пандемијата со тоа што ќе ги изолираат веќе познатите случаи додека се заразни. Ова исто така овозможува да се третираат пациентите на време, што на крајот е прашање на живот или смрт. „Кога јас имам пациент со рано дијагностицирање и можам да го лекувам порано – на пример, да го ставам на респираторна машина уште пред да почне ситуацијата да станува катастрофална – шансите за преживување се многу поголеми“, објаснува проф. Крауслих. Исто така, и медицинскиот персонал во Германија, особено оние со зголемен ризик од инфицирање со корона и понатамошно ширење на вирусот, редовно се тестира. За да се забрза процедурата, некои болници почнаа да прават и блок тестирања, користејќи брис од 10 вработени одеднаш, и потоа правејќи индивидуален тест само ако се покаже позитивен резултат. На крајот од април, здравствените власти исто така планираат да почнат масовна студија за тестирање на антителата, односно ќе тестираат случајни примероци од по 100 илјади луѓе неделно за да видат како се гради имунитетот на нацијата. „Масовно тестирање може да направите ако тоа е бесплатно“, вели



www.kapital.mk

Капитал број 1057 10.04.2020

40

СВЕТ Работници почнуваат со подготовка на саемска сала во Берлин за да стане центар за третман на пациенти од коронавирус.

проф. Стрик. Во тоа беше значајната разлика на германскиот пристап со оној на САД, на пример, во првите неколку недели од епидемијата. Подоцна, американскиот Конгрес го изгласа законот со којшто се овозможува бесплатно тестирање. „Млад човек без здравствено осигурување, што качил температура и го боли грлото, многу тешко дека ќе отиде на лекар, па така ризикува да зарази и повеќе луѓе“, додава професорот.

Следење

Кон крајот на февруари, професорот Стрик ја прими веста дека за првпат, пациент од болницата во Бон добил позитивен тест за коронавирусот: 22 годишно момче што немало симптоми, но училиштето каде што работел човеков побарало да се тестира, откако разбрале дека учествувал на некаков карневал каде што имало други што се инфицирале со вирусот. Во повеќето земји, вклучувајќи ги и САД, тестирањето е наменето претежно за оние што имаат очигледни симптоми, па веројатно таму истиот овој човек не би го тестирале. Но, не е така во Германија. Штом се покажал тестот позитивен, училиштето веднаш било затворено, и на сите деца и на вработените им било кажано да седат дома со своите семејства, две недели.

И притоа биле тестирани околу 230 луѓе. „Тестирање и следење е стратегија што се покажа успешна во Јужна Кореа и ние се обидовме да учиме од тоа искуство“, вели проф. Стрик. Германија исто така учела и од сопствените грешки што ги правела на почетокот: стратегијата за следење и на контактите на заболениот требаше уште поагресивно да ја примениме, смета професорот. Сите оние што се вратија од скијање во Ишгл, австриски ски ресорт каде што имаше епидемија, на пример, требаше да бидат лоцирани и тестирани, смета Стрик.

Силен систем на јавно здравство

Пред да се рашири коронавирусот во Германија, Универзитетската болница во Гизен имала 173 кревети на интензивна нега опремени со респиратори. Последниве неколку недели, болницата успеала да креира уште 40 додатни кревети и да ги зголеми персоналот што беше на стендбај а префрлен на интензивна нега, за 50%. „Сега имаме толку капацитет, што сега примаме и пациенти од Италија, Шпанија и Франција“, вели Сузане Херолд, специјалист за белодробни инфекции во болницата. “Многу сме добро подготвени во делот на интензивната нега.“ Низ цела Германија, болниците ги проширија своите капацитети за интензивна нега. А, и онака почнаа од прилично високо ниво. Во јануари, Германија имаше околу 28.000 кревети на интензивна нега опремени со респиратори, или 34 на 100.000 луѓе. Колку за споредба, во Италија оваа стапка е 12, а во Холандија само 7. Досега, овој капацитет е зголемен на 40.000 кревети за интензивна нега што се на располагање во Германија. Некои експерти се претпазливо

оптимистични за тоа дали социјалното дистанцирање во доволна мера ќе го ублажи пикот на заразата, за да може здравствениот систем на Германија да се носи со пандемијата без да се појави недостиг на респиратори. „Важно е да имаме насоки за тоа како лекарите да прават тријажа (брзо распоредување на болните во зависност од процената за итноста на ситуацијата, н.з.) на пациентите, доколку мораат“, вели проф. Стрик. „Се надевам дека нема да имаме потреба од користење на овие насоки“. Времето за коешто се дуплира бројот на заразени се забави на девет дена. Ако се забави уште малку, на 12 – 14 денови, проф. Херолд вели дека тријажите многу веројатно ќе бидат избегнати. “Кривата на заразата почна да се сплоснува“, вели таа.

Доверба во властите

Освен масовното тестирање и подготвеноста на здравствениот систем, многумина сметаат дека лидерството на канцеларката Ангела Меркел е исто така една од причините што досега Германија успешно се справува со корона – кризата. Меркел, и самата научник – истражувач, знае да комуницира јасно, смирено и редовно, за време на кризата, како што постепено ги зајакнуваше мерките за социјално дистанцирање во земјата. Рестрикциите, коишто се клучни во забавувањето на ширењето на пандемијата, имаа прилично малку критики од опозицијата, а неселението дисциплинирано ги почитува. Во меѓувреме, рејтингот на канцеларката вртоглаво расте. „Можеби нашата најсилна страна во Германија е рационалното носење одлуки на највисоките владини нивоа комбинирано со довербата што владата ја има кај граѓаните.“, вели проф. Крауслих од Хајделберг. nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.