Kapital-magazine-1058

Page 1

НЕКОЛКУ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПОПОЛЕКА СЕ ВРАЌААТ ВО НОРМАЛА: ПРОЧИТАЈТЕ КАКО COVER STORY business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1058

цена 100 ден. l 17 април 2020 петок l година 21

БУЏЕТОТ СÈ ПОПРАЗЕН, А ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ СÈ ПОГОЛЕМИ www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУА

ЕКОНОМИЈА

Кире Наумов

Виртуелни пролетни состаноци на ММФ и Светска банка Големото Затворање поголема закана за економијата и од Големата Депресија

главен извршен директор на Развојна банка на Република Северна Македонија

Почнавме со исплата на бескаматните кредити за поддршка на бизнисите Анита Ангеловска Бежоска гувернерка на Народна банка

Очекуваме пад на економијата, но и закрепнување следната година

interview

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ министер за здравство

ЗАСЕГА ДОБРО СЕ ДРЖИМЕ!

Истражување на Deloitte

Френсис Фукујама: Посмртно ѕвоно на ерата започната во времето на Роналд Реган и Маргарет Тачер!? Проф. д-р Марјан Бојаџиев директор на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Со иновативното хибридно учење остануваме посветени на студентите во секое време

за финансиските директори во централна Европа



СОДРЖИНА

Kapital... 1058 4

12

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Антикризните мерки се редат како на лента, „измешани емоции“ кај бизнисите

24

ИНТЕРВЈУ

Венко Филипче

Анита Ангеловска Бежоска

Засега добро се држиме!

Очекуваме пад на економијата, но и закрепнување следната година

министер за здравство

Буџетот сè попразен, а очекувањата за државна помош сè поголеми

гувернерка на Народната банка

20

ЕКОНОМИЈА

Виртуелни пролетни состаноци на ММФ и Светска банка Големото Затворање поголема закана за економијата и од Големата Депресија

44

32

ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ

Кире Наумов

главен извршен директор на Развојната банка на Република Северна Македонија

Френсис Фукујама

политички филозоф, научник и автор

54

ИНТЕРВЈУ Проф. Марјан Бојаџиев

директор на Универзитет Американ колеџ – Скопје

Почнавме со исплата на бескаматните кредити за поддршка на бизнисите

Дојде време за посмртно ѕвоно на ерата започната во времето на Роналд Реган и Маргарет Тачер!?

COVER STORY Антикризните мерки се редат како на лента, „измешани емоции“ кај бизнисите.................................................................4 Буџетот сè попразен, а очекувањата за државна помош сè поголеми

ИНТЕРВЈУ Кире Наумов, главен извршен директор на Развојната банка на Република Северна Македонија.......................................................................32 Почнавме со исплата на бескаматните кредити за поддршка на бизнисите

МЕНАЏМЕНТ Истражување на Deloitte.................................50 Финансиските директори од централна Европа повеќе веруваат во своите компании одошто во националните економии

ИНТЕРВЈУ Венко Филипче, министер за здравство...12 Засега добро се држиме!

СВЕТ Релаксирање на рестрикциите предизвикани од корона епидемијата...36 Неколку европски земји пополека се враќаат во нормала: прочитајте како

ИНТЕРВЈУ Проф Марјан Бојаџиев, директор на Универзитет Американ колеџ – Скопје........54 Со иновативното хибридно учење остануваме посветени на студентите во секое време

ЕКОНОМИЈА Виртуелни пролетни состаноци на ММФ и Светска банка........................................................20 Големото Затворање поголема закана за економијата и од Големата Депресија ИНТЕРВЈУ Анита Ангеловска Бежоска, гувернерка на Народната банка...................................................24 Очекуваме пад на економијата, но и закрепнување следната година

ИНТЕРВЈУ Френсис Фукујама, политички филозоф, научник и автор............................................................44 Дојде време за посмртно ѕвоно на ерата започната во времето на Роналд Реган и Маргарет Тачер!?

Со иновативното хибридно учење остануваме посветени на студентите во секое време

КАРИЕРИ Секое зло за добро или... што после короната?...........................................60 Како да го искористите карантинот за подобрување на своите вештини и знаење

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 16.4.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1058 17.04.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

БУЏЕТОТ СÈ ПОПРАЗЕН, А ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ СÈ ПОГОЛЕМИ Од она што досега може да го видиме, скоро сите компании во Македонија ќе претрпат одредена штета од кризата предизвикана од Ковид-19. Кај некои тоа ќе биде како резултат на воведените ограничувања и забрани од Владата кои најмногу ги погодија фирмите од услужните дејности, кај други заради отсуството од работа на голем дел од работниците, кај некои поради застојот во снабдувањето со репроматеријали, а кај повеќето заради намалената потрошувачка. Владата досега донесе повеќе сетови мерки за поддршка на погодените бизниси, според првичните процени овие пакети мерки чинат околу 200 милиони евра, но од бизнис коморите велат дека мерките не се доволни и не се адекватни за сите бизниси. Од друга страна буџетот истовремено станува сe’ попразен поради замрената економска активност и намалената уплата на даноци, што ја доведува државата во невозможна ситуација истовремено „да гаси пожар со црево коешто сe’ повеќе протекува“.


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ СЕ РЕДАТ КАКО НА 5 ЛЕНТА, „ИЗМЕШАНИ ЕМОЦИИ“ КАЈ БИЗНИСИТЕ

БРАНКО АЗЕСКИ

ДАНЕЛА АРСОВСКА

Ние сите бараме нешто, а никој не зборува како тоа ќе се врати или како ќе се наполни буџетот за да може да се земе. Во вакви услови треба да бидат избалансирани степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив, двете страни да ги приближуваат ставовите со упорни преговори.

Од наша страна се бараа системски мерки за сите асегнати микро, мали и средни претпријатија без оглед на дејноста а кои се засегнати од кризата. Наместо тоа со оваа делумна помош не се постигнува крајната цел, а тоа е да се сочува економијата и да се задржат работните лица особено за оние правни лица кои се најмали и незаштитени и на кои овие потреси ќе им го уништат целиот труд да се самовработат и да си ги издржуваат семејствата.

претседател на Стопанската комора на Македонија

претседател на Сојуз на стопански комори

НЕБИ ХОЏА

претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија

Според истражувањата што ги направивме со нашите членки, има голем број од нив кои што не се задоволни поради тоа што мерките се донесоа доцна, не се соодветни и не можат сите кои што се оштетени во оваа ситуација да добијат помош од државата. Во однос на процедурата за аплицирање за искористување мерките, државата треба да биде попрагматична, бидејќи ги има сите информации во електронска форма и помошта треба да биде автоматска.


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

6

COVER STORY

ГАЦОВ: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЧНИОТ ТОВАР ВО ОВАА ФАЗА ОД КРИЗАТА НЕ Е РЕШЕНИЕ

В

о економските кругови периодов станува се’ повеќе актуелна и идејата за воведување на прогресивно оданочување и слични фискални мерки со цел да се поддржи полнењето на буџетот среде кризава. Даночниот експерт Павле Гацов вели дека не е најдобар момент за такви решенија. „Тоа дополнително ќе ги оптовари граѓаните и компаниите, а од друга страна заради намалените приходи и намалениот промет, ќе изостанат ефектите. Заради ситуацијата со силното намалување на цената на бензините, се создаде одлична можност за зголемување на акцизата на нафтените деривати. И овде ефектот ќе биде намален заради намалената потрошувачка на нафтени деривати.“, смета Гацов. Инаку, тој лично смета дека мерките не се идеални, имаат слабости, но некои од нив за среќа се исправаат брзо благодарение на правната можност за донесување на Уредби

пишува:

Игор Петровски

K

igor.petrovski@kapital.mk

Катерина Петровска е сопственик на бутик за текстилна стока во Скопје, со двајца вработени. Таа е една од илјадниците микро и мали бизнисмени во државава што деновиве ги преживуваат веројатно најтешките моменти во својата работа како приватници. Стравот од неконтролирано ширење на епидемијата од коронавирусот ја натера Владата од средината на март да ги затвори со уредба угостителските, хотелските и други бизниси чиешто редовно работење го зголемува ризикот од зараза кај граѓаните. Бутиците, маркетите и останатите продавници не се опфатени со оваа мерка, но како што вели Петровска, за некои од нив исто како и да се. „Месец дена ми нема стапнато човек во продавницава, што се вели. Луѓето купуваат само основни работи, храна, лекови и сл. Кому му е дојдено сега до обнова на гардероба?! Прометот ни е

со законска сила од страна на Владата. „Пред оперативната примена на мерката за финансиска поддршка на компаниите заради исплата на платите за април и мај 2020 година, отстранет е условот за елиминација на сопствениците и управителите од можноста да ја користат финансиската поддршка. Мерката е ефективна и за овие лица кои се во работен однос во своите компании. Носењето и повлекувањето на Уредбата на Законот за трговските друштва поврзано со забраните за одржување на годишните собранија / собири и забраната за исплата на дивиденди, покажува дека мерките понекогаш се донесуваат без да бидат одмерени во целост сите импликации што можат да ги предизвикаат. Со укинување на забраната за исплата на дивиденди, приходите во буџетот од данокот на дивиденди ќе покаже соодветен раст.“, вели Гацов.

буквално нула.“, вели Петровска. И таа, како и сите погодени бизниси од корона – кризава будно ги следи мерките за поддршка на реалниот сектор што Владата речиси на секојдневна основа ги најавува и донесува во вид на уредби. Смета дека бескаматните кредити што ги понуди државата преку Развојната банка, на пример, се добра мерка за поддршка на ликвидноста на фирмите во овој момент, но за жал нејзиниот бизнис не спаѓа во категориите што се опфатени со оваа мерка – угостителството, туризмот и транспортот, за коишто Владата утврди дека реално се најпогодени од сите економски сектори. „Се надевам дека нешто ќе ни помогне мерката за покривање на платата во износ до 14.500 денари, но за нам микро – бизнисите потребна ни е малку поголема поддршка. Еве, и да обезбедиме некако минимална плата за два месеци, што потоа? Сите сме заглавени со роба што веќе не е за новата сезона, значи не сме направиле обртни средства. Кога би се нормализирала ситуацијава, ние немаме средства за набавка на роба за следната сезона. Исто така, во контакт сме со Турција, Грција и сл., каде што најмногу одиме по набавки, и таму фабриките не работат, нема производство и прашање е кога ќе се пуштат границите повторно. И да бидеме реални, не сме богата држава, а сите

ПАВЛЕ ГАЦОВ даночен експерт

Зголемување на даноците дополнително ќе ги оптовари граѓаните и компаниите, а од друга страна заради намалените приходи и намалениот промет, ќе изостанат ефектите.

бараме помош од буџетот, искрено не знам како ќе го пребродиме сето ова. Пак ќе кажам, можеби е најдобро да се искористат сите можни начини за обезбедување ултра поволни кредити за бизнис секторот периодов, без многу ограничувања, за да обезбедиме паричен тек и обртни средства во фирмите“, вели Петровска.

Голем интерес за бескаматните кредити

А, кога сме кај поволните кредити, Кредитната линија од 5,7 милиони евра што оди преку Развојната банка на Република Северна Македонија беше меѓу првите мерки што македонската влада ги донесе како поддршка за погодените компании од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид – 19 вирусот. На 25.03 директорот на Развојната банка Кире Наумов го објави Јавниот повик за оваа прва кредитна линија, а веќе се најавува и втор повик, за кредити во износ од 8 милиони евра којшто ќе биде објавен набрзо. „Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“,


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

7 рече Наумов при претставувањето на кредитната линија. Повеќе од 1.050 компании имаат доставено апликации на вкупен износ од околу 7,5 милиони евра до Развојната банка за дваесетина дена. Заклучно со вторникот, 14 април, од одобрени 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра. По структура, најголем дел се микро компании, околу 69% и мали компании кои учествуваат со 28% во овие 254 одобрени кредитни апликации. Покрај првиот и вториот повик што ќе бидат во вкупен износ од речиси 14 милиони евра, Наумов рече и дека во Развојната банка работат на тоа да ги направат подостапни средствата од Европската инвестициска банка – ЕИБ. петта фаза кредитната линија,

која преку деловните банки може да ја користат компаниите, најмногу за обртни средства. „Се работи за износ од 50,9 милиони евра. Новината кај оваа кредитна линија е дека Владата се вклучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата, која Развојната банка како корисник ја има кон ЕИБ.“, појасни Наумов. Сепак, јасно е уште од сега дека ќе бидат потребни уште многу пари за поддршка на бизнис секторот во надминување на последиците од корона – кризата. Самата владејачка партија истакна дека со мерките што ги носат, како онаа на пример, за финансиска поддршка од 14.500 денари за вработен, планираат да се спасат 250 илјади работни места

и да им се помогне на преку 35 илјади компании. Оваа мерка може да ја искористат сите компании што се соочуваат со намалени приходи од над 30 % во април и мај во споредба со просекот од истите месеци во 2019 година, да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката и да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените. Мерката е достапна за сите вработени што имаат нето плата до 39.900 денари, но и за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари. Мерката може да ја користат и претприемачите што веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

8

COVER STORY

платите. Мерката единствено не може да се користи за вработени за кои работодавецот веќе користи ослободување од плаќање придонеси од проектот „Македонија вработува 1 и 2“ и за вработени за кои ќе се користи антикризната мерка 50% субвенции на придонеси, која е дел од поголемиот пакет на економски мерки. „Заради вонредната состојба која во правна смисла има третман на виша сила, работодавачите можат да исплатат само 50% од платата што би ја зел работникот, кој сега седи дома“, појаснува даночниот експерт Павле Гацов. „При тоа, придонесите би требало да се платат на најниската основица, се работи за износ од 5.910 денари месечно по работник. Во ваков случај работодавачот би можел да исплати 7.250 денари нето плата плус 5.910 денари придонеси, што е вкупен трошок за плата од 13.160 денари. За илустрација финансиската поддршка изнесува 14.500 денари месечно по работник.“, објаснува тој.

Бизнис коморите не се докрај задоволни од мерките

Инаку, пакетот мерки што досега ги најави и донесе Владата, се проценува на околу 200 милиони евра, а фискалната и монетарната политика веќе се водат во услови на нова економска криза. Исто така, и Народната банка ја намали основната камата, но и ослободи околу 130 милиони евра пари коишто банките ги вложуваа во благајнички записи. Сепак, според процените на бизнис коморите, повеќе од половина од

компаниите работат со редуциран капацитет поради состојбата предизвикана од корона вирусот во државата. Претседателот на Стопанската комора Северозападна Македонија, Неби Хоџа објаснува дека рестриктивните мерки за ограничено движење и вонредната состојба биле кобни за одредени бизниси. Тој вели дека производствените капацитети работат со скратено работно време и намален број на вработени. Хоџа смета дека негативните последици ги чувствува и онака кревката економија а клучен предизвик за фирмите ќе биде ликвидноста и поради тоа очекува владините мерки да го адресираат токму тој проблем. На прашањето колку досегашните мерки го ублажуваат ударот од пандемијата врз економијата, Хоџа вели дека компаниите не се до крај задоволни и бараат од Владата поголем слух за проблемите на бизнис секторот. „Според истражувањата што ги направивме со нашите членки, има голем број од нив кои што не се задоволни поради тоа што, прво мерките се донесоа доцна, второ не се соодветни и трето не можат сите кои што се оштетени во оваа ситуација да добијат помош од државата. Конкретно имаме компании кои што имаат повеќе подружници или филијали каде што прометот е паднат со поголема вредност, а имаат друг бизнис каде што си тече нормално и во глобала компаниите го немаат тој 30% пад на обртот. Што значи дека иако работниците се дома, тие не можат да добијат помош од државата. Од друга страна ни се понуди, нели,

кредит без камата, каде што беше претпоставено дека ќе добијат помош околу 35 илјади фирми, од кои што имаме најнов податок дека само 250 компании го добиле тој кредит“, истакна Хоџа.

„Помошта да биде автоматска, државата ги има сите податоци за фирмите електронски“

Тој вели дека речиси сите сектори ќе бидат погодени, почнувајќи од угостителите коишто први беа затворени со владина одлука, па потоа и нивните снабдувачи. „Производните капацитети работат со редуцирано работно време, редуциран број на вработени, дел од нив и затвориле, кои што имаат можност и за извоз, каде што државите каде што извезуваат им забраниле да извезуваат за овој период некои производи, така што генерално некаде околу 60% од компаниите работат со редуциран капацитет“, вели Хоџа. И од сопствено искуство како газда на златарски дуќан во Старата скопска чаршија, Хоџа вели дека рестрикциите во движењето на граѓаните директно влијаат врз приходите од продажбите на дуќанџиите. „Ние сме отворени сакаме да работиме меѓутоа побарувачка нема, луѓе нема, никој не размислува за нешто екстра, освен прехранбените артикли.“ Хоџа е дел и од Економскиот совет на Владата до кој, коморите предлагаат нивни мерки за спас на стопанството, но вели, едно е што членовите на тој Совет кажуваат, а друго, каква е ситуацијата во реалноста. „Секогаш има некакво оправдување дека немаме средства, немаме


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

9

n ВОДИЧ НИЗ ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ

ДРЖАВАТА ГИ ОСЛОБОДУВА БИЗНИСИТЕ ОД ДАНОК НА ДОБИВКА И ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА МАРТ, АПРИЛ И МАЈ Прочитајте ги условите за искористување на оваа мерка за поддршка на погодените бизниси од корона - кризата

Д

ржавата ги ослободува компаниите од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, како и аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај оваа година, информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. Двете ослободувања како мерки се донесени со владина уредба со законска сила во време на вонредна состојба поради корона - кризата. Ослободувањето се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам или транспорт, како и други обврзници кои имаат претрпено штети поради спроведувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Лукаревска истакна дека ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други обврзници, кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките од (COVID-19) а за да го користат ова право потребно е да ги исполнуваат следните услови: Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на уредбата со законска сила, до денот на

траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и да не го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените. Додека Обврзниците од останатите дејности, правото од ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка може да го остварат доколку исполнуваат и еден од следните услови: Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките , да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или Даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти). Даночните обврзници, го остваруваат ова право со електронско поднесување на образец Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) преку системот e-Даноци на УЈП, а досега до

Управата за јавни приходи поднесени се вкупно 370 барања. За ослободувањето од плаќање на данокот на личен доход Лукаревска истакна дека може да го искористат обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за COVID-19. За користење на ослободувањето самовработените лица поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец ДЛД-ОМА) преку системот е-Персонален данок на Управата за јавни приходи. Директорката истакна дека Управата за јавни приходи овозможи автоматска обработка на поднесените Барања при што обврзникот добива повратна порака за статусот на Барањето. Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно ( март, април и мај 2020) така што обврзниците не треба да поднесуваат барање за секоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека Барањето е комплетно и е прифатено, автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за месеците март, април и мај 2020 година.


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

10

COVER STORY

можност. Од друга страна бројките кога ги гледавме од сите министерства и Народната банка, покажаа дека сме стабилни, имаме финансиски можности, од другата страна на терен не гледаме нешто што би можело да го задоволи бизнис секторот“, вели Хоџа. Стопанската комора на Северозападна Македонија даде и свои предлог мерки до Владата за справување со кризата, за кои се уште чекаат одговор. “Првото наше барање беше државниот долг кон приватниот сектор да се врати што е можно најбрзо, поради тоа што дел од компаниите не функционираат и ние бараме помош. Во ваква ситуација кога е во прашање ликвидноста на компаниите и функционирање, имаме долг од државата кон тие компании. Зошто да бараме помош кога првично треба да се исплати тој долг од државните институции кон приватниот сектор, па потоа да видиме кои компании, кои не соработуваат со државниот сектор, треба да добијат помош и да се избалансираат овие работи“, истакна Хоџа и додаде дека во однос на процедурата за аплицирање за искористување на владините економски мерки, државата треба да биде попрагматична, бидејќи ги има сите информации во електронска форма и помошта треба да биде автоматска.

„Би било несериозно да се предлагаат мерки со кои само ќе се одлеваат пари од Буџетот, а нема да се слеваат во него“ Од Стопанската комора на Македонија, којашто има преку 15.000 членки – компании, велат дека „би било несериозно да се предлагаат мерки со кои само ќе се одлеваат пари од Буџетот, а нема да се слеваат во него. „Ние сите бараме нешто, а никој не зборува како тоа ќе се врати или како ќе се наполни буџетот за да може да се земе. Во вакви услови треба да бидат избалансирани степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив, двете страни да ги приближуваат ставовите со упорни преговори. “, смета претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Деновиве, на пример, многу бура во јавноста крена предлогот на Комората

да се крена акцизата на горивата. Во интервју за Топ Тема Азески рече дека во моментов цената на горивото е многу ниска и дека се неосновани реакциите околу тоа прашање. „Во секој случај во овој момент имаме огромен пад на цената на горивата, пад во потрошувачката на горивата, а како човек што познава дека тоа е сериозна ставка во полнењето на буџетот, јас ги знам последиците од таа работа. Како разумен човек, морам да бидам одговорен и да ги земам предвид сите аспекти, тие аспекти говорат дека во овој момент треба да се искористат сите внатрешни резерви пред да почнеме да земаме пари од надвор, а тие внатрешни резерви се да ги оневозможиме сите кражби, да ги оневозможиме сите нерегуларности коишто постојат во државата, да направиме целосна рационализација во државниот апарат, она што државата треба да го направи, приватниот сектор исто така, а после да посегнеме по пари од надвор“, смета Азески. Тој додава и дека екстра - лесното гориво се злоупотребува кај нас на различен начин со години и поради пониската цена се употребува како замена за дизелот, оценувајќи дека е крајно некоректно во услови кога умираат луѓе и кога се наоѓаме во ваква криза да се толерираат такви работи. Затоа, Азески бара изедначување на акцизите за да се стави крај на овој проблем.

„Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза“

Од Сојузот на стопански комори пак, уште по објавувањето на првите мерки од економскиот пакет на Владата, излегоа со став дека бараат системски мерки за сите засегнати микро, мали и средни компании без оглед на дејноста, а кои се засегнати од кризата. „Наместо тоа со оваа делумна помош не се постигнува крајната цел, а тоа е да се сочува економијата и да се задржат работните лица особено за оние правни лица кои се најмали и незаштитени и на кои овие потреси ќе им го уништат целиот труд да се самовработат и да си ги издржуваат семејствата. Затоа ги предложивме на Економскиот совет и

исто така и на писмено ги доставивме следните мерки за претприемачите и микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата: Владата да одобри поддршка од 100% нето платата за следните 3 месеци; Владата да ги покрие сите даноци и придонеси на платите за вработените за следните 3 месеци; Правните лица кои се погодени од кризата да не плаќаат аконтација на данок на добивка во 2020 година; Мораториум на сите казнени камати како и камати на задоцнето плаќање на обврски за следните 6 месеци; Вработените кои припаѓаат на групата лекари, трговци и сите кои сега се најоптоварени и под ризик, од владата да им се исплати еднократен бонус; По изминувањето на кризата да се изнајде соодветно решение како средствата да се вратат во буџетот согласно можностите на претпријатијата “, рече претседателката на Сојузот на комори, Данела Арсовска. Таа додава дека за дадат предложените мерки добри резултати, од ССК ги предложиле следниве едноставни критериуми: “Да не се дискриминира по дејност, секој кој е погоден од кризата потребно е да има еднаква можност да аплицира, доколку некој несовесно аплицирал средства, неправилности може да се бараат и истражуваат откако кризата ќе заврши; Бидејќи до сега немаше употребливи мерки кои важат за сите правни лица, дел од нив одјавија вработени, не по своја желба или волја туку под притисок од страв за неликвидност и трупање долгови и обврски; Да се отстрани критериумот намален број на работници; Да не се бара обемна документација, која институциите електронски можат да ја добават по службена должност; Со барање документи да се достават од УЈП, Централен регистар и други, правните и физичките лица се изложуваат во оваа криза на здравствен ризик од трчање по шалтери за издавање документи но и на непотребни трошоци во време и финансии (да се има во предвид дека голем број од нив особено микро и малите фирми, претприемачите и занаетчии немаат електронско банкарство ниту токени).“

nnn


тно Беспла ај! им до 31-в

Заштитете се и користете НЛБ мКлик мобилно и НЛБ Клик електронско банкарство бесплатно до 31- ви мај! Реализирајте ги сите банкарски трансакции од дома, без посета на експозитура! Со НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство имате постојан увид на сите трансакции, можете да ги плаќате сите Ваши сметки, обврски по кредити или картички и да ги вршите сите банкарски работи преку Вашиот мобилен телефон или компјутер. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 1058 17.04.2020

12

ИНТЕРВЈУ


INTERVIEW www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

13

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

ЗАСЕГА ДОБРО СЕ ДРЖИМЕ! Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „Капитал“ оценува дека најголем проблем во битката со коронавирусот е наглото, а фатално влошување на состојбата кај болните, кое е неверојатно брзо и никако не може да се предвиди „Подготвени сме да воведеме и нови протоколи на лекување“ вели тој. Министерот зборува и за процесите на тестирање, состојбата во болниците, подготвеноста на кадарот, стапката на смртност и очекувања за развојот на кризата.


Капитал број 1058 17.04.2020

14

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

С

XСо X сите аспекти на кризата ставени на маса, како досега ја цените македонската битка со Ковид - 19 и што најмногу Ве загрижува, која алка од системот? Задоволен сум како нашиот здравствен систем одговара во справувањето со КОВИД-19. Секако уште со почетокот на кризата во Кина почнавме да воведуваме заштитни мерки. Иако се чинеше далеку, беше сосем јасно дека вирусот може многу брзо да се прошири и во други делови во светот, што се покажа така. Вирусот не заобиколи ниту една држава и ниту една не успеа да ги заштити своите граници од Ковид-19, а СЗО прогласи пандемија. Ние ја поставивме нашата стратегија уште во јануари, кога бевме една од ретките земји која имаше термални камери на аеродромите за патниците кои доаѓаа од високо - ризичните подрачја. Потоа ја проширувавме контролата на аеродромите, воведовме контрола на сувоземните премини, задолжителна самоизолација за оние кои доаѓаа од странство, па државен карантин и уште низа други активности кои одеа во насока на превенција на ширење на вирусот. Паралелно го подготвуваме здравствениот систем, медицинските лица, капацитетите со кои располагаме. Но, во вакви услови, ниту една стратегија не е функционална ако истата не се прилагодува согласно актуелните случувања кои можат да бидат крајно непредвидливи, но и согласно препораките на СЗО, позитивните и негативни искуства на другите земји. Секако голем удел во справувањето со коронавирусот имаат и сите мерки носени „во од“ од страна на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести. Сметам, дека благодарение на сето ова, ние досега сосем добро се носиме со епидемијата, наспроти најпогодените земји во Европа кои, за жал, се соочија со црни сценарија. Во услови на епидемија, оваа па и било која друга, најважно од се е растот на бројот на заразени да е линеарен, а не да дојде нагло, како што се случуваше во Италија, што практично ги затрупа болниците на почетокот од епидемијата. Ние имплементиравме модел учејќи од искуствата на другите земји, пред сè од примерот на Германија. Бројот на пациенти нашиот здравствен систем засега одлично го амортизира

и сметам дека оваа стратегија на комбинација на домашно лекување на пациентите со блага клиничка слика и хоспитализација на оние на кои им е потребна, е многу добра. Нашите болнички капацитети предвидени за згрижување пациенти заболени од КОВИД-19 имаат уште многу места. Но, ќе повторам, во услови кога се борите со вирус, состојбата може да биде непредвидлива. Разгледуваме и други стратегии за црни сценарија, но во моментов не ни се случува најголемиот страв, а тоа е да имаме огромен број пациенти кои нема да можеме да ги примаме во нашите болнички капацитети предвидени за ова.

Најголем проблем околу вирусот е наглото влошување на состојбата кај болните XВо X однос на самата болест, што најмногу Ве изненадува кај овој коронавирус? Кое негово однесување е најголем проблем? Самиот вирус е една огромна непозната за целиот свет. Буквално се учи нешто ново од ден во ден, и будно ги следиме сите еминентни научни и клинички студии за КОВИД-19. Она што го читаме од стручните студии и она што го гледаме што се случува кај нас е неверојатната брзина со која, на некои пациенти, им се влошува состојбата предизвикана од Ковид-19. На наглото влошување не е имун никој. Иако најголемиот дел од случаите на коронавирусот поминуваат со благи и умерено благи симптоми, па дури и асимптоматски, непредвидливото и брзо влошување на состојбата кое доведува до фатален исход е она што ги збунува медицинските лица во целиот свет. Иако поподложни на фатален исход се постарите и лицата со корморбидитети, фатален исход има и кај помладите. Тоа што се уште нема вакцина за вирусот и што се уште трае потрагата по најсоодветна терапија е најголемиот проблем во третманот на пациентите. Затоа и се воведуваат рестриктивни мерки – да се запре ширењето и пренесувањето на вирусот, да имаме помалку заболени, а со тоа и помалку смртни случаи. Верувам дека веќе сите се свесни дека е од исклучителна важност да се почитуваат мерките – да се остане дома, да не се мешаат повозрасните групи кои се ризични со помладите кои немаат симптоми, а најчесто се преносители, да се одржува хигиена, да се одржува безбедно растојание, сите групи кои може да бидат во контакт со заболени лица да носат лична заштитна опрема. Само ако секој од нас ги почитува овие мерки, тогаш сите заедно ќе придонесеме за сузбивање на оваа криза. XВелите X дека брзото влошување е она што најмногу загрижува. Но, сè уште има многу непознаници околу овој нов вирус, меѓу другото и во

врска со неговото пренесување. Во последно време од различни земји излегуваат различни студии, од американски научници дека на пример се пренесува дури и преку дишење бидејќи останувал во аеросоли во воздухот, или пак германски кои велат дека е невозможно да се пренесе дури и при купување во супермаркети и сл. Какви се нашите искуства од заболените, колку е навистина така лесно пренослив? Има многу податоци и сознанија, претпоставки, а и некои докази, но сè уште се утврдува на кои се начини може да се пренесе вирусот. Сo сигурност по капличен пат, но и со нечисти раце. Некои податоци говорат дека вирусот останува на површините, на рапава површина 3-4 часа, на мазна површина до 8 часа, а и дека останува на обувки. Во однос на вирулентноста нашите искуства се различни. Имаме пример од првата потврдена заболена пациентка во нашата земја која повеќе од 20 часа се возеше во комбе, мал простор со повеќе лица и никој од тие лица не заболе од тој контакт, и го имаме пример со кластерот од Дебар каде се заболеа повеќе лица и по пократкотрајни контакти. Вирусот е пренослив и тоа е факт. Затоа треба максимално да се штитиме, да ги почитуваме мерките и препораките за превенција од заболување. Здравствените работници, полицајците, вработените во маркети, сите кои може да бидат во контакт со заболени лица мора правилно да носат лична заштитна опрема за да се заштитат себе си и останатите. Почитувањето на мерките, одржувањето на дистанца, хигиената и правилното користење на заштитна опрема до сега се покажа дека дава резултати во заштитата од инфекција.

Подготвени сме да воведеме и нови протоколи на лекување XОколу X лекувањето, какви се првичните резултати од експерименталните лекови што претходно се користеле против ХИВ, маларија, кај заболените од Ковид – 19? Гледаме сега се зборува и за некои нови лекови... Ги следиме искуствата, и веќе сме дел од студијата „Солидарност“ на Светската здравствена организација (СЗО), што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен третман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19 и преку која ни се достапни искуства и протоколи за лекување на пациентите кај нас. Целта на студијата е во рамки на дефинирани протоколи да се следи ефикасноста на 5 тераписки опции со кои ќе се лекуваат пациентите со КОВИД 19. Во меѓувреме овие тераписки опции, според искуствата од другите земји, веќе се


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

15 користат како офлејбл терапија, односно терапија која не е препорачана во упатствата на лековите, но дала добри резултати. Во таа смисла, Агенцијата за лекови - МАЛМЕД ја одобри комбинацијата којашто содржи хлорокин и азитромицин, која се покажа, до одредена мера, ефективна во повеќе земји, и се аплицира на дел од пациентите коишто се лекуваат кај нас врз основа на проценка на клиничката состојба на пациентот. Подготвени сме да воведеме и нови протоколи на лечење кои даваат резултати кај пациентите. Во суштина терапијата се темели на антиретровирални и имуномодулаторни лекови. Но, се уште вирусот е една голема непозната и подетални резултати од терапијата и лекувањето нема да бидат наскоро научно докажани. Во светот веќе се работи на изнаоѓање вакцина, а најавите за можна вакцина се врзани со почетокот на наредната година.

Експертизата на нашите лекари околу респираторите е огромна, проблем е кога се нападнати други органи XОчигледно X и употребата на респираторните машини е непознаница и сè погласни се ставовите дека нивната улога е повеќе штетна отколку потребна. Имате ли конечен изграден став за ова и дали постапките за набавка се ставаат настрана? Пациентите кои заболуваат и јавуваат тешка форма на КОВИД-19, всушност јавуваат тешки форми на таканаречена атипична пневмонија. Но, вирусот ги напаѓа и другите органи. Кај овие тешки случаи на пациенти без кислородна поддршка, за некои без интубација и без механичка вентилација болеста неминовно би имала летален исход. Според некои студии објавени во еминентни медицински научни списанија („Lanset“) процентот на пациенти кои се поставуваат на респираторна машина и преживуваат е многу мал. Нашата експертиза за третман на пациенти на респираторна машина е голема. Нашите доктори кои работат во одделите за интензивна нега имаат искуство со огромен број случаи и врз основа на тоа големо искуство во индикациите за третман на пациентите со респираторна машина. Но, кај конкретните пациенти заболени од Ковид-19 вирусот, се покажа дека многу поголем проблем е зафаќањето на повеќе органи преку АЦ2 рецепторот и последователно таканаречената состојба на „пропаѓање на повеќе органи“ со целосно менување на коагулационата способност на крвта во која ситуација, за жал, респираторната машина не може да помогне. Во рамките на Министерството за здравство, согласно уредбата на

На прашањето како сега го гледа фактот што Буџетот на Министерството е помал од еден процент од БДП, Филипче одговара: Многу треба за да се надомести штетата во здравството сторена низ годините, ама верувам дека кризата ќе нè натера и како држава да си преиспитаме приоритети.


Капитал број 1058 17.04.2020

16

ИНТЕРВЈУ

Владата, веќе е завршена постапката за набавка на 31 респираторна машина. Од девет економски оператори, два ги задоволуваа условите - во однос на критериумите. За нас, најважен критериум беше времето на испорака, земајќи го во предвид фактот дека многу држави го стопираа извозот, чувајќи ги за себе, а државите кои најавија донации истите ги повлекоа согласно развојот на состојбата во својата земја. Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните неколку дена, а другите во текот на следните 30 дена.

Има време за серолошки тестови, сега ни е важен бројот на активни заболени XВо X јавноста се појавија многу дилеми откако потврдивте присуство на вирусот кај мртво тело пронајдено во Велес со што ја отворивте можноста коронавирусот да бил присутен во земјава многу порано пред да почнеме со тестирањето и да го откриеме официјално првиот случај. Кажете ни детали, што најдовте кај ова тело, кои се Вашите сомнежи и

колку тоа ќе го менува пристапот понатаму, односно следните мерки? Дали можеби веќе голем дел од населението има стекнато имунитет без тоа да го знаеме? По наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, која со својот син беше пронајдена мртва, Министерството ја прошири истрагата во која се вклучија повеќе институции – Институтот за судска медицина и Институтот за јавно здравје. Судска медицина треба да ги заврши резултатите од обдукцијата, во координација со други истражни институции, а по што ќе се утврди периодот во кој тие починала. Податоците кои ќе ги добиеме ќе ни бидат од големо значење, пред се за добивање на слика за епидемиолошката слика за населението. Во однос на понатамошните анализи, многу скоро во Дебар ќе започнеме да правиме и серолошки испитувања на антитела, односно таканаречена серопреваленца, за да видиме во колкав обем населението има стекнато имунитет со оглед на тоа што беше

најпогодено подрачје со КОВИД-19 на почетокот на епидемијата и со оглед на тоа што веќе повеќе денови нема случаи на ново - дијагностицирани пациенти, што значи дека е време да се процени имунитетот. И веќе, во соработка со матичните лекари, направивме план како и на колкав процент од популацијата во Дебар истото ќе го спроведеме. Планираме да правиме и во иднина серолошки тестови за да утврдиме дали дел од поширокото население во земјата има стекнато имунитет, но на тоа ќе се фокусираме подоцна, во подоцнежната фаза на епидемијата, сега сите наши капацитети се ставени во функција на откривање на нови случаи на инфекцијата. XПостојано X велите дека има доволно тестови и дека бројот на спроведени тестирања е доволен. Постојано велите и дека медицинскиот персонал има соодветна заштитна опрема. Но, критиките на овие две теми се најгласни и не стивнуваат. Кажете ни прво зошто не се спроведе


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

17 ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КАРАНТИНОТ ОДГОВОРЕН Е СЕКРЕТАРИЈАТОТ ВО ВЛАДАТА XГолем X дел од забелешките се однесуваат на спроведувањето на карантинот за граѓаните кои се враќаат во земјава. Тие се жалат дека не се почитуваат никакви мерки при нивниот транспорт и дека условите особено од влезот на нашата територија до сместувалиштата се поразителни. Во Ваша надлежност ли е ова? Ако не, кој сектор точно го спроведува и дали имате некаков надзор врз овие операции? Организацијата на државниот карантин во целост е задача на Секретаријатот на Владата. Министерството за здравство има издадено и подготвено препораки, протоколи кои треба да се запазат за сузбивање на ширењето на коронавирусот и учествува со лекар и епидемиолог од локалната здравствена установа кои вршат прегледи и ги изготвуваат епидемиолошките анкети на лицата во државен карантин и имаат задача да реагираат по повик.

масовно тестирање како што се бара? Вашата теза, ако не се лажам, е дека таквата „операција“ може да даде лажни резултати кои ќе влијаат врз општото однесување. Објаснете го ова. Тестови и тестирања има доволно. До денес (14.04) имаме направено над 9.000 тестирања, што не става меѓу првите земји во регионот со околу 4500 тестирани на милион жители. Тестирањата се прават по индикации – односно се тестираат лица со симптоми, а нивните непосредни контакти се ставаат во изолација. Максимално ги прошируваме капацитетите за тестирање вклучувајќи и приватни лаборатории, наскоро го вклучуваме и МАНУ и Институтот за судска медицина. Повеќепати објаснуваме дека прераното тестирање може да даде лажно негативни резултати кои може да придонесат луѓето да не внимаваат на своето однесување. Овој обем на тестирање кој го имаме сега од во просек 400-500 тестови дневно, зголемување на капацитетите за тестирање, заедно со мерките

кои се преземаат за спречување на ширењето на вирусот – ограничувањето на движењето и практикување на социјална дистанца, даваат резултати.. Инаку, според препораките на СЗО, а и стручно мислење од Комисијата за заразни болести е дека за позитивни пациенти на коронавирус се сметаат оние кај кои, со таканаречената PCR метода, ќе се потврди присуство на вирусот. Тестови со кои се испитуваат антитела поставуваат сомнеж дека некој можеби бил заразен со вирусот и затоа сите кои го прават овој тест, а во насока на дијагностицирање на активен носител на вирусот, мора задолжително да направат уште еден тест за присуство на истиот. Тоа е критериумот врз кој се регистрираат активните пациенти во сите земји во светот. Серолошките тестови, кои ги добивме како странска донација, ќе ги користиме за испитување на опфатот на населението во Дебар, за да се утврди колку лица кои можеби и немале симптоми имаат створено антитела на вирусот. Како што споменав, штом го надминеме овој период, ќе се впуштиме и во една операција на тестирање на пошироката популација, која треба да ни даде насоки како понатаму,како по рестрикциите, по мерките и тогаш кога ќе се вратиме на секојдневието кое го имавме пред Ковид-19

Кога вирусот ќе ги нападне сите органи медицината е немоќна XШто X се однесува до опремата , за критиките велите дека тоа се лаги од опозициските кујни. Но, бројот на заболени помеѓу медицинарите загрижува. Ако имаат опрема, како имаме толку заразени? Се почитуваат ли протоколите? Како и секаде во светот и во нашата земја има медицински лица кои се инфицирани од коронавирус. Согласно нивните епидемиолошки анкети, еден дел од нив се инфицирани од приватни контакти надвор од работно место, дел се на самото работно место, а за дел не може да се утврди со сигурност. Што се однесува до заштитната опрема на медицинскиот персонал морам да кажам дека има доволно и дека има доволно резерви. Направени се повеќе мерки за заштита на медицинскиот персонал – од аспект на заштита и дезинфекција на работната средина и посебни протоколи и простории за прием на пациенти сомнителни на коронавирус, ротација на кадарот во установите, обезбедување на заштитна опрема во доволни количини кои секојдневно се надополнуваат по потреба. Понатаму, направени се протоколи и обуки за правилно користење и отстранување на личната заштитна опрема, како и за пристапот кон и третманот на пациентите. Државниот здравствен инспекторат постојано врши контроли

дали се почитува сето ова и укажува до менаџерите доколку најде пропусти. До сега се извршени 223 вонредни инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи при што е установено дека во повеќето ЈЗУ и ПЗУ главно се почитуваат протоколите. Во одредени ЈЗУ и ПЗУ се нотирани одредени забелешки, пропусти во однесувањето во однос на користење на лична заштитна опрема за што се известени менаџерските тимови и кои се обврзани да го контролираат почитувањето на лична заштитна опрема во однос на медицинскиот кадар. Тука уште еднаш би апелирал до сите колеги, до сите здравствени работници да ја користат правилно личната заштитна опрема, со тоа се чуваат себе си, но и своите колеги, своите пациенти и своите семејства. XЗагрижувачки X е и бројот на починати. Како го објаснувате ако се преземаат сите мерки како што треба? Природата на самиот вирус и на заболувањето е со висока стапка на смртност во споредба со на пример сезонскиот грип. Во нашата земја стапката на смртност е некаде над 4 % што се покажува како пониска од просекот во светот каде е 6,2%, на пример во Италија е 10%. Сите мерки се преземаат за да го намалиме бројот на заболени и да го спречиме ширењето, токму затоа што стапката на смртност кај коронавирусот е висока, а влогот на медицинските тимови кои се грижат за пациентите и нивните напори да се спаси секој човечки живот е огромен. Но, мора да потсетам дека станува збор за болест против која, во нејзината најтешка форма на манифестација, напаѓајќи ги сите органи, што и да се преземе сме немоќни. XФакт X е дека освен легитимните напади, соочени сте со многу лажни вести кои секојдневно ги демантирате. И тоа не е само македонски проблем, целиот свет е преплавен од овој феномен со лажни информации кои дури одат и против официјалните ставови на науката во однос и на потеклото на вирусот и на развојот на пандемијата. Дел од нив се политички мотивирани и се на дневна основа. Колку овие појави се дополнителен проблем во време кога енергијата треба правилно да се насочи? Од самиот почеток на појавувањето на кризата со коронавирусот во Кина, ние се подготвуваме, го информиравме населението и граѓаните апелиравме за заштита, за почитување на мерките, за разбирање на важноста од заштитата, а меѓу другото апелиравме и да се следат релевантните извори на информации. Токму затоа секој ден, па дури и по


Капитал број 1058 17.04.2020

18

ИНТЕРВЈУ

неколку пати во денот, Министерството за здравство ја информира јавноста за сите нови случувања, дава практични совети и одговараме на секое прашање кое ќе стигне до нас. Од првиот момент ја разбираме загриженоста на граѓаните. Сфативме дека во напливот на лажни информации и разни теории на заговор, можеме да се бориме само со навремена, правилна, достапна и целосна транспарентност. Како Министерство за здравство покрај тоа што се грижиме за јавното здравје, здравјето на нашите пациенти, целосно сме посветени и на тоа да го едуцираме населението и да бидат сите граѓани правилно и точно информирани за сите аспекти и за сите сознанија за Ковид-19 и заштитата од вирусот. XВие X како да немате служба за односи со јавноста. Кога веќе зборуваме за правилно трошење на енергија, не е ли попродуктивно токму во насока на правилното информирање прашањата од „широк спектар“ и околу поединечни случаи да не ги преземате лично Вие? Не сметам дека имањето повеќе и детални информации е непродуктивно трошење на енергијата. Во една вака деликатна ситуација, пред сè како човек и лекар, а потоа и како министер јас едноставно треба да ги имам сите информации. Секојдневно сум во комуникација со колегите од Институтот за јавно здравје, од Инфективната клиника и болниците во земјата каде се лекуваат пациентите, колегите од комисијата за заразни болести, штабот, владата, институциите. Сметам дека тоа е единствениот соодветен начин да се има увид во состојбата и согласно тоа да се планираат идните чекори. Точно, некои мислат дека можеби одредени поединечни случаи ги преземам лично. Но ова е сосем поинаква ситуација од било која со која сме се соочиле како држава и како поединци. Во оваа ситуација, јас имам уште поголема одговорност, кон здравствениот систем и колегите, кон пациентите и целокупното колективно здравје во државата. Во таков контекст, ниту една информација не е „вишок“, напротив може да биде од исклучителна важност.

Кризата ќе ни ги смени приоритетите и како држава верувам ќе влијае на инвестиции во здравствениот систем XМинистерството X со кое раководите има прилично скромен буџет од помалку од 1% од БДП, што е срамно само по себе. Колку Ве загрижува ова особено во вакви екстремни случаи на пандемија? Ни откри ли кризата каков погрешен распоред на приоритети сме имале кога се работи за трошењето и распределбата на парите на граѓаните?

Со воведувањето на вонредната состојба, дел од првите мерки на Владата на РСМ беше да се обезбедат средства за Министерството за здравство колку што се потребни за справување со коронавирусот. До Министерството за здравство стигнаа и бројни донации од странство, но и од бројни наши компании, организации и поединци за што сме неизмерно благодарни. Во моментот можам да кажам дека имаме доволно средства за сузбивање на коронавирусот. Иако во последните две години направивме позитивни поместувања и сериозни инвестиции во однос на здравствените капацитети, но и на човечкиот потенцијал, како и примањата на здравствените работници, не можевме лесно и брзо да ја надоместиме штетата правена со години во здравствениот систем. Оваа криза на секого од нас лично, семејно, во компаниите, па и на ниво на држава ќе ни ги смени видувањата

за приоритетите на подолг рок, верувам дека тоа ќе се отслика понатаму во одлуките за инвестиции во здравствениот систем и во здравствениот кадар. XКои X поуки ги извлековте досега од оваа пандемија што ќе мора да имаат приоритет откако состојбата ќе се смири? Сè уште не е завршена кризата со пандемијата. Јас посакувам се ова што поскоро да заврши, а загубите да бидат што помали. Знаете, никој не може да биде целосно подготвен за големи кастрофи каква што е оваа, можеби и најголемата закана која во изминатите децении му се случила на човештвото. Секако ќе треба да се сумираат сите научени лекции – она што сме го направиле добро да го одржиме, она што сме можеле подобро – да го нотираме и да направиме се за да бидеме подобри. nnn



Капитал број 1058 17.04.2020

20

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

ВИРТУЕЛНИ ПРОЛЕТНИ СОСТАНОЦИ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА

ГОЛЕМОТО ЗАТВОРАЊЕ ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА ЕКОНОМИЈАТА И ОД ГОЛЕМАТА ДЕПРЕСИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

21 ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобалниот раст годинава, односно проценува дека светската економија нема да има раст воопшто, туку ќе се намали за -3% споредено со лани. Тоа е намалување на првичната прогноза за 6,3 процентни поени бидејќи првично проекцијата беше раст на глобалната економија од 3,3%. Меѓутоа, ова е сепак според пооптимистичкото сценарио. ММФ има предвид уште две сценарија. Едното доколку пандемијата се провлекува низ цела оваа година и рестрикциите траат 50% подолго од предвиденото, па во тој случај глобалниот раст би се намалил за дополнителни -3%. А доколку вирусот повторно благо се прошири и во 2021 година, ММФ прогнозира пад на светскиот бруто домашен производ (БДП) за дури -11%. За споредба, падот на глобалната економија во екот на Големата Рецесија од 2009 година достигна само -0,1%. За Македонија, ММФ пргнозира рецесија од -4%.

Главниот економист на ММФ, Гита Гопинат, објасни дека засега изгледите за Европа се полоши бидејќи Стариот континент е најсилно погоден од пандемијата, а освен тоа и првичните прогнози за растот биле пониски.

пишува:

Александар Јанев

Г

aleksandar.janev@kapital.mk

Големата Депресија од триесеттите години од минатиот век како феномен којшто служеше за пример за економска криза од огромни размери, добива сериозна конкуренција годинава. Големото Затворање како што меѓуанродните финансиски институции како ММФ и Светската банка го нарекоа овој период на целосно запирање на движењето на граѓаните низ цел свет за да се запре ширењето на коронавирусот, се заканува да уште остави посериозни економски последици. ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобалниот раст годинава, односно проценува дека светската економија нема да има раст воопшто, туку ќе се намали за -3% споредено со лани. Тоа е намалување на првичната прогноза за 6,3 процентни поени бидејќи првично проекцијата беше раст на глобалната економија од 3,3%. Меѓутоа, ова е сепак според пооптимистичкото сценарио. ММФ има предвид уште две сценарија. Едното доколку пандемијата се провлекува низ цела оваа година и рестрикциите траат 50% подолго од предвиденото, па во тој случај глобалниот раст би се намалил за дополнителни -3%. А доколку вирусот повторно благо се прошири и

во 2021 година, ММФ прогнозира пад на светскиот бруто домашен производ (БДП) за дури -11%. За споредба, падот на глобалната економија во екот на Големата Рецесија од 2009 година достигна само -0,1%. Според економистите на ММФ, падот на економската активност најсилно ќе го почувствуваат рзавиените земји, и тоа просечно за -6,1%. Италијанската економија на пример, се очекува да падне за -9,1% споредено со лани, шпанската за -8%, француската за -7,2%, германската за -7%, додека пак на Велика Британија за -6,5%. За целата еврозона, падот е проектиран на -7,5% годинава и е поголем отколку прогнозата за американската економија која се очекува да се намали за -5,9%. Главниот економист на ММФ, Гита Гопинат, објасни дека засега изгледите за Европа се полоши бидејќи Стариот континент е најсилно погоден од пандемијата, а освен тоа и првичните прогнози за растот биле пониски. Од земјите во развој, Кина како најголема и најзначајна, се уште се очекува да оствари економски раст од 1,2%, но тоа ќе биде најниска стапка со децении наназад, додека пак растот на Индија се очекува да достигне 1,9%. „Колку ќе биде силен ударот врз глобалната економија се уште не може најпрецизно да се каже, бидејќи постои голема неизвесност колку долго ќе трае овој шок, потребата да се запре ширењето на коронавирусот наметна мерки што ќе доведат до криза како нидена друга“, истакна Гопинат за време на виртуелното одржување на пролетните средби на ММФ и Светска банка.


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

22

ЕКОНОМИЈА

Министерката за финансии Нина Ангеловска: „Добро е што оваа економска криза е од неекономска причина, што значи дека штом пандемијата почне да се смирува, очекуваме економијата многу брзо да закрепнува“.

На прашањето зошто ММФ разгледува само попесимистички сценарија и дали тоа значи дека можеме да очекуваме само полошо од ова, Гопинат одговори: „Ризиците што преовладуваат сега се само надолни, ако го погледнете развојот на ситуацијата низ целиот свет. Но секако може да има позитивни вести. Може да има нова вакцина или да се развие нова терапија многу брзо и работите може да тргнат кон многу подобро. Но, во моментов, како што гледаме, негативните ризици преовладуваат. Разгледувавме различни сценарија и доколку се оствари најлошото, тогаш ударот врз глобалната економија бил бил огромен“, истакна главниот економист на ММФ, Гита Гопинат.

Делумно закрепнување во 2021

ММФ предвидува делумно закрепнување во 2021 година, кога проценува дека растот ќе закрепне на 5,6%, но Гопинат рече дека нивото на БДП ќе остане под нивото пред појавата на коронавирусот, со значителна неизвесност за брзината на заздравувањето. Околу мерките што државите ги преземаат и преку фискалната и монетарната политика, Гопинат потврди дека најголем дел од земјите се фокусирани на разни начини да ги ублажат негативните ефекти. „Големите, навремени и насочени фискални, монетарни и финансиски политики што веќе ги преземаат многу држави, значат живот и за домаќинствата и за деловните субјекти. Оваа поддршка треба да продолжи во текот на фазата на задржување за да се минимизираат постојните лузни што можат да произлезат од намалените инвестиции и загуби на работни места за време на оваа длабока рецесија. Креаторите на политиките исто така мора да мислат на закрепнување, во услови на мерки за ограничување, политиките треба да се префрлат брзо кон поддршка на побарувачката“, истакна Гопинат.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска истакна дека почнал да се чувствува тешкиот удар врз државната каса поради корона – кризата. Таа соопшти дека во првата половина на април има пад на приходите во буџетот за 38,15% во однос на истиот период лани.

Според неа, фискалниот стимул што е координиран низ земјите кои имаат фискален простор е значителна придобивка за сите економии. Мораториум за исплати на долгови и реструктуирање на долгот според ММФ, можеби ќе треба да се продолжат во текот на фазата на закрепнување. Таа истакна дека клучната улога во обезбедување на финансиската поддршка за земјите погодени од панедмијата треба да ја одиграат концесионалните кредитори каков што е ММФ и Светската банка. „Мултилатералната соработка е неопходна за глобалното закрепнување. За поддршка на потребното трошење во земјите во развој, билатералните доверители и меѓународните финансиски институции треба да обезбедат концесиско финансирање, грантови и одложување на долговите. Ние како Меѓународен монетарен фонд, ја преземаме својата улога. Ставаме на располагање фонд од 1.000 милијарди долари за поддршка на ранливите земји, вклучително и преку инструментите за брзо финансирање и олеснување на на долговите на нашите најсиромашни земји членки и ги повикуваме и другите кредитори да го сторат истото“, истакна Гопинат. Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, истакна дека тие размислуваат за нивните најсиромашни членки тројно да го зголемат фондот што ќе може да го користат во справување со последиците од пандемијата. „Ке се концентрираме на заеми и на поддршка на политиките за да се намалат лузните на економијата предизвикани од банкроти и невработеност, со цел да се поддржи брзо закрепнување. И, со оглед на тоа што многу економии продолжуваат да се соочуваат со одлив на капитал и висок долг, ние сме подготвени да соработуваме тесно и со други меѓународни институции и форуми, како и со приватни чинители, да им

помогнеме на нашите членки да пливаат подобро низ оваа криза и да излезат од поотпорни“, истакна Георгиева. „Последиците се силни и во развиените земји и во економиите во развој. Оваа криза не знае за граници. Сите страдаат“, рече Георгиева и истакна дека околу 100 милијарди долари инвестиции веќе се одлеале од пазарите во развој, што е три пати повеќе од капиталниот егзодус забележан во светската финансиска криза во 2008 година.

Песимистички прогнози и за македонската економија

А исклучок од голбалните трендови не е ниту македонската економија. Рецесијата годинава веќе не е само песимистичка загриженост туку станува факт откако најрелевантните меѓународни финансиски институции потврдија дека економската активност ќе опаѓа како последица на рестриктивните мерки за запирање на ширењето на коронавирусот. Најпрво Светската банка, објави прогноза според која македонската економија годинава ќе падне за -0,4% во некое пооптимистичко сценарио доколку пандемијата би се смирила до јуни. Но ако кризата продолжи цела година, падот на бруто домашниот производ би достигнал до -2%. Меѓународниот монетарен фонд пак, објави уште попесимистичка прогноза според која падот на економијата ќе достигне -4%. Домашните институции иако првично покажаа поголем песимизам и креираа сценарија за намалување на буџетските приходи и до -60% што аналогно би значело дека падот на економијата би бил дури -35% годинава, сега прават нови проекции. „Министерството за финансии работи на новите проекции за движењето на македонската еконимија годинава и мислам дека и нашите и прогнозите на Народната банка ќе бидат на иста линија како и оние на меѓународните финансиски институции. Добро


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

23 е што оваа економска криза е од неекономска причина, што значи дека штом пандемијата почне да се смирува, очекуваме економијата многу брзо да закрепнува“, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска. И ММФ и Светската банка, освен негативните прогнози за пад на економијата, во исто време објавија и по една добра вест за нас. Најпрво ММФ одобри заем од 176,5 милиони евра што е двојно повеќе од првично бараната сума, и е всушност максималната квота што Македонија може да ја добие, а потоа и Светска банка потврди дека работи на програма за финансиска поддршка од околу 140 милиони евра. Во услови на пад на економската активност, кога се очекува намалување на приходите во државната каса а задолжувањето на меѓународните пазари на капитал е сосема неизвесно, ова е значајна финансиска поддршка.

Буџетот го доби првиот голем удар

Дополнително, во клучни моменти дојде поддршка и од домашните банки. Преку издавање на шест месечни и

годишни државни записи, неделава Министерството за финансии доби од домашните банки 95,5 милиони евра. Во исто време, за отплата доспеаа државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека во државната каса остануваат околу 70 милиони евра. Оваа аукција покажа дека банките имаат интерес да вложуваат во државните хартии од вредност иако пред две недели се воздржаа од купување записи, односно инвестираа во 15 годишни обврзници во износ 58% помал од бараниот. Операцијата за задолжување кај домашните банки се случува и откако Народната банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, ликвидност што дополнително се ослободува кај банките. А дека финансирањето на јавните трошења е голем предизвик покажаа и најновите податоци за полнењето на државната каса што ги објави Управата за јавни приходи. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска

истакна дека почнало да се чувствува тешкиот удар врз државната каса поради корона – кризата. Таа соопшти дека во првата половина на април има пад на приходите во буџетот за 38,15% во однос на истиот период лани. „Падот е најголем кај приходите од ДДВ, за 29%, додека кај данокот на личен доход падот е 6% и кај данокот на добивка од речиси 10%“, рече Лукаревска. Меѓутоа, појасни таа, во делот за ДДВ рокот за достава на пријавите е 25 април, при што разгледана е опцијата да се пролонгира рокот до крајот на месецот. За месец март, кога до средина на месецот економијата функционираше нормално, а потоа затворија угостителските објекти, хотелите и сл., има пад на вкупните буџетски приходи од 12,28% во однос на истиот месец лани. Падот на приходите од ДДВ во март е помал за 16,85%, данокот на личен доход има помала наплата од само 1,11%, а од данокот на добивка се наплатени за 10,78% помалку пари. Кај социјалните придонеси, пак, УЈП бележи раст на приходите. nnn


Капитал број 1058 17.04.2020

24

ИНТЕРВЈУ


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

интервју

25

АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА ГУВЕРНЕРКА НА НАРОДНА БАНКА

ОЧЕКУВАМЕ ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА, НО И ЗАКРЕПНУВАЊЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА Народната банка е во фаза на подготовка на новиот циклус макроекономски проекции, во кој ќе бидат вградени сите нови податоци, информации и ризици што се појавија во изминатите неколку месеци. Очекуваме тој да биде финализиран до крајот на месецот. Притоа, извесно е дека на краток рок, економските остварувања ќе бидат пониски од досега очекуваните, имајќи ги предвид промените во глобалното окружување, како и домашните мерки преземени за спречување на ширењето на вирусот. Влошените очекувања на економските субјекти и зголемената неизвесност ќе доведат до одложување на потрошувачката, до намалена деловна активност и инвестиции, што пак ќе значи и пониска домашна побарувачка, барем на краток рок. Неповолни ефекти би се очекувале и во надворешниот сектор. Македонската економија е мала и отворена, така што намалувањето на економската активност во глобални рамки, вклучително и во Европската Унија, а со тоа и во германската економија каде што е сконцентриран голем дел од нашиот извоз ќе се одрази директно врз нашиот извозен сектор. Впрочем, дел од извозните капацитети веќе го прекинаа привремено производството што секако ќе се одрази врз вкупната извозна активност.


Капитал број 1058 17.04.2020

26

ИНТЕРВЈУ

разговарал:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

XГувернерке, X рецесијата годинава веќе не е само песимистичка загриженост туку се чини станува неизбежна откако најрелевантните меѓународни финансиски институции објавија прогнози кои предвидуват пад на бруто домашниот производ (БДП) од -0,4% до околу -4%. Иако Народната банка сè уште нема објавено своја прогноза која веројатно ја креира, колку се според Вас реални овие проценки? Веќе е извесно дека состојбата поврзана со пандемијата на Ковид-19 ќе има поизразени негативни последици за економскиот раст, барем на пократок рок. Тековно се справуваме со најсериозниот глобален шок во периодот по големата депресија. Ова е здравствена криза, при што првенствено треба да се заштити здравјето на луѓето. Оттаму, сите мерки коишто се преземаат во оваа насока се секако неопходни, но сепак, неизбежно е тие да имаат и економски ефекти. Затворањето на границите, ограничувањето на движењето, затворањето на дел од услужните дејности во коишто има социјална интеракција, затворањето на производните капацитети и нарушувањето на глобалните производни синџири и трговија сето тоа веќе се рефлектира врз финансиските пазари и пазарите на примарните производи, ќе влијае врз довербата на потрошувачите и инвеститорите и во крајна линија ќе доведе до намалување на економската активност на глобално ниво. Впрочем, меѓународните организации и прогнозирачки институти веќе направија или најавија надолни ревизии на глобалниот економски раст за 2020 година, а како главна причина за надолната ревизија се наведува овој неекономски фактор. Според Меѓународниот монетарен фонд, глобалната економска активност, годинава се очекува да се намали за 3%, наспроти проектираниот раст од 3,3% во рамки на јануарските проекции. Надолни корекции на растот се направени и за сите региони и за индивидуалните економии, притоа понегативни се очекувањата за развиените економии, отколку кај земјите во развој и брзорастечките економии. Во услови на многу брза промена на состојбите од ден во ден, мошне е тешко да се направи прецизна процена. Еден од главните извори

на неизвесност, можеби и клучен во процената на големината на негативните економски ефекти, е и времето потребно за справување со акутната фаза на пандемијата – дали таа ќе биде сконцентрирана само во вториот или ќе дојде до продолжување и во третиот квартал, па и до крајот на годината. Имајќи го сето ова предвид, не е за изненадување и позначајната разлика во проекциите на различни институции. Впрочем тоа не е случај само со проекциите за нашата економија. На пример, во рамки на истражувањето кое го спроведува агенцијата „Консензус форкаст“, проекциите за германската економија за 2020 година се движат во интервал од -1,3% до -10%. Она што е поизвесно и околу кое барем засега постои изграден консензус во економската фела, е дека за разлика од 2008 година, кога кризата беше резултат на сериозно нарушување на макроекономските фундаменти во глобални размери, тековно се соочуваме со шок кој има неекономски карактер и како таков, тој не би требало да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите, ниту пак да доведе до креирање подлабоки структурни проблеми. Народната банка е во фаза на подготовка на новиот циклус макроекономски проекции, во кој ќе бидат вградени сите нови податоци, информации и ризици што се појавија во изминатите неколку месеци. Очекуваме тој да биде финализиран до крајот на месецот. Притоа, извесно е дека на краток рок, економските остварувања ќе бидат пониски од досега очекуваните, имајќи ги предвид промените во глобалното окружување, како и домашните мерки преземени за спречување на ширењето на вирусот. Влошените очекувања на економските субјекти и зголемената неизвесност ќе доведат до одложување на потрошувачката, до намалена деловна активност и инвестиции, што пак ќе значи и пониска домашна побарувачка, барем на краток рок. Неповолни ефекти би се очекувале и во надворешниот сектор. Македонската економија е мала и отворена, така што намалувањето на економската активност во глобални рамки, вклучително и во Европската Унија, а со тоа и во германската економија каде што е сконцентриран голем дел од нашиот извоз ќе се одрази директно врз нашиот извозен сектор. Впрочем, дел од извозните капацитети веќе го прекинаа привремено производството што секако ќе се одрази врз вкупната извозна активност. Сепак, како што веќе нагласив, овие отстапувања не се предизвикани

Очекуваме банкарскиот систем да остане стабилен и сигурен и во следниот период. Факт е дека тековно сме исправени пред голем предизвик, што веројатно ќе има големи ефекти врз економијата. И во таа смисла, многу е веројатно дека ќе дојде до одредена материјализација на кредитниот ризик и појава на „лоши кредити” во билансите на домашните банки. Но она што е клучно, е добрата кондиција и силните капитални позиции на домашните банки, што остава доволен простор за апсорбирање на евентуалните загуби, без притоа да биде загрозена стабилноста на банкарскиот систем.

од поместувања во економските фундаменти и засега се очекува да бидат од привремен карактер. Антикризните пакети на мерки, а во овој контекст и мерките кои ги презема Народната банка, имаат за цел да обезбедат ублажување на негативните ефекти и да го помогнат закрепнувањето на економијата, а притоа да се задржи макроекономската стабилност.

Инфлацијата нема да порасне XОчекувате X ли поголеми инфлаторни притисоци годинава, особено поради недостигот на храна што се наметнува како нов глобален проблем? Во текот на првите три месеци од оваа година, исто како и минатата, стапката на инфлација е релативно ниска и стабилна. Просечната стапка на инфлација заклучно со март изнесува


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

27

0,6%, со мал позитивен придонес од сите три компоненти на индексот – базичната инфлација, прехранбената и енергетската компонента. Со нашата октомвриска проекција, ние очекувавме просечна инфлација од 1,5%. Досегашните остварувања се под проекцијата, а воедно и оцените за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу. Пандемијата негативно се одрази врз глобалната побарувачка, што пак доведе до надолно прилагодување на цените на повеќето берзански производи. Овој пад е посебно изразен кај цените на нафтата на светските пазари, каде што дополнителен ефект имаше и неможноста за договор помеѓу најголемите производители на овој енергенс. На пример, цената на суровата нафта од типот „брент“,во

март се сведе на 33 американски долари за барел (годишен пад од околу 50%), што е најниско ниво регистрирано во последните четири години, а надолни корекции се направени и во однос на очекуваното движење на цените до крајот на годината. Ваквите поместувања ќе имаат директен надолен ефект врз стапката на инфлација во македонската економија преку пониските домашни цени на горивата, што, впрочем е веќе видливо и преку мартовските податоци за инфлацијата. Пониските цени на енергентите, кои што се влезна компонента и кај другите производи и услуги, може дополнително да влијаат и на останатите цени. Покрај директниот ефект од пониските увезени цени, надолно влијание врз цените би се очекувало и преку каналот на домашната побарувачка.

Дел од преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот влијаат во насока на одложување на потрошувачката на домаќинствата, што пак би можело да доведе и надолно прилагодување на цените во домашната економија. Кога станува збор за нагорни ризици за стапката на инфлација, тековно, веројатноста за нивна материјализација се чини мала. Во нашата економија, беа забележани неколку изолирани епизоди на раст на цените на одредени производи на периодот на почетокот на кризата, но сепак станува збор за ограничен број производи. Овој ефект веројатно во целост ќе биде неутрализиран од факторите коишто веќе ги споменав, бидејќи тие вршат притисок за намалување на цените. Што се однесува до понудата на храна, Организацијата за храна и


Капитал број 1058 17.04.2020

28

ИНТЕРВЈУ

земјоделство при Обединетите нации (ФАО), превентивно ја потенцираше значајноста од одржување на активноста на глобалните синџири на храна, при што нагласи и дека понудата на храна во глобални рамки не претставува извор на загриженост и дека таа е солидна и стабилна. Оттаму, ограничената или намалена понуда не би требало да претставува фактор што би креирал нагорни притисоци врз цените. Имајќи ја предвид ваквата дистрибуција на веројатноста помеѓу надолните и нагорните ризици, проекциите за идните движења на цените се ревидирани најчесто во надолна насока. На пример, Меѓународниот монетарен фонд во најновиот циклус проекции направи надолна корекција на очекуваната стапка на инфлација за развиените економии и еврозоната, при што сега се очекува стапка на инфлација од 0,5% и 0,2% во 2020 година, соодветно, наспроти 1,7% и 1,4%, соодветно согласно јануарските проекции на Фондот. XВо X пресрет на оваа криза, Народната банка веќе направи одредено олабавување на монетарната политика. Но колку според Вас е доволно намалувањето на основната камата само за 0,25 п.п за да ги стимулира банките наместо во благајнички записи, повеќе да ги

пласираат парите како кредити? Евидентно е дека материјализацијата на ризикот од здравствената криза во глобални рамки и оцените за негови поголеми негативни ефекти врз растот на економиите резултираа и со брза реакција на поголем број централни банки во светот, со намалување на нивните каматни стапки и/или преземање дополнителни мерки за креирање на ликвидност во системот и поддршка на кредитирањето. Ова е особено изразено кај поголемите и поразвиените економии, коишто имаат поголем фискален простор, флексибилен девзиен курс, како и полесен и поедноставен пристап до механизмите на финансирање од Европската Унија. Од почетокот на годината и ние ја релаксиравме монетарната поставеност, во услови на стабилни домашни инфлациски движења и адекватно ниво на девизни резерви, а во околности на веќе извесни негативни ефекти од надворешното окружување, како и од мерките за ограничување на ширењето на вирусната инфекција. Основната каматна стапка беше намалена во два наврати, за вкупно 0,5 процентни поени, со што таа се сведе на историски најниско ниво од 1,75%. Дополнително овозможивме и регулаторна флексибилност, преку којашто создадовме услови банките да можат да направат

реструктуирање на кредитите на населението и корпоративниот сектор, преку обезбедување на грејс-период и промена на условите на финансирање. Сето ова е направено на прудентен начин, без да се создаваат ризици за билансите на банките, а истовремено да се обезбеди неопходната ликвидност за секторите погодени од кризата. Воедно, во изминатиот период, по појавата на корона-кризата, беа донесени и други регулаторни промени, со кои на банките им се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор да се фокусираат на процесот на кредитирање. Како централна банка ја променивме и одлуката за задолжителна резерва на банките, односно ја активиравме неконвенционалната мерка, со која на банките им се ослободува дополнителна ликвидност, за износот на новоодобрени и реструктуирани кредити на најпогодените сектори во економијата. Обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно во овој момент, имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките коишто се преземаат за справување со него. Дополнително на промените во основната каматна стапка, на последната аукција на благајнички записи ја намаливме и понудата на овој инструмент за 8 милијарди денари во однос на достасаниот


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

29 износ. На овој начин директно влијаевме на износот кој може да се пласира во нашиот инструмент. Средствата кои се ослободуваат по овој основ би обезбедиле натамошна поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови од страна на банкарскиот систем. Мислам дека сите овие мерки треба да се гледаат како конзистентен пакет,којшто претставува значајна поддршка за ликвидноста и за обезбедување поволни услови на финансирање во економијата, вклучително и преку пониски каматни стапки. Постојано ја следиме состојбата и кога ќе оцениме дека има потреба ќе реагираме и понатаму со инструменти кои ќе оцениме дека се најефективни. Секако тоа не смее и нема да биде по цена на макроекономската стабилност. Народната банка останува доследна на успешното спроведување на своите цели – одржување на стабилноста на цените и на девизниот курс и одржување на финансиската стабилност. XКаква X кредитна активност очекувате годинава во услови на економска криза? Планирате ли дополнително да ја олабавувате монетарната политика во оваа насока? Од почетокот на годинава, кредитниот раст е солиден и во февруари изнесува околу 7% на годишно ниво, а прелиминарните податоци до крајот на тримесечјето покажуваат задржување на позитивните стапки на годишен раст. И натаму е присутен трендот на поголема фокусираност на банките кон домаќинствата, чии кредити растат со стапка од околу 11% на годишна основа во февруари, наспроти поумерениот раст кај корпоративното кредитирање, од околу 3% на годишно ниво. Истовремено, продолжи и депозитниот раст којшто во февруари изнесува околу 8% на годишна основа. Оттука, движењата досега се солидни. Меѓутоа, свесни сме дека се соочуваме со голем шок којшто може да има поголеми ефекти врз економијата, пред сè на краток рок. Па оттука, реално е да се очекува дека ваквата состојба би имала одраз и врз кредитната активност на банките. Секако, кредитната активност на банките зависи и од растот на депозитната база во претстојниот период, имајќи го предвид влијанието од корона-кризата кој се очекува и врз доходот на економските субјекти. Мошне е битно што домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра позиција од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година, што упатува на доволен потенцијал за негово справување со можните

неповолни ефекти врз економијата од тековната здравствена криза. Ова е резултат на нашите зајакнати регулаторни и супервизорски барања во пост-кризниот период, во линија со зајакнатата европска регулатива, кои придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем. Со низата преземени мерки досега од страна на Народната банка, очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Очекуваме дека банките ќе ја искористат ослободената ликвидност и активно ќе ги применуваат можностите кои им се ставени на располагање со регулаторните измени, сè со цел соодветно да ги поддржат компаниите и граѓаните во справувањето со последиците од корона-кризата, и притоа да се одржи финансиската стабилност. XКакви X се очекувањата за банкарскиот сектор? Правите ли нови стрес тестови и што покажуваат тие во новите сценарија што ги наметнува можниот интензитет и времетраење на пандемијата? Колку најмногу би можеле да се зголемат таканаречените “лоши кредити“, односно ненаплатливи побарувања? Нашите оцени и согледувања упатуваат дека банкарскиот систем е здрав, стабилен и поставен на цврсти основи, со капацитет да се справи со различни шокови. Тоа го потврдуваат сите актуелни податоци и досегашните движења, што како централна банка ги следиме на редовна основа. Тие покажуваат висока капитализираност, високо ниво на ликвидност и многу солиден квалитет на активата со којашто располага банкарскиот сектор. Адекватноста на капиталот е 16,3% и е подобрена во однос на 2008 година, кога домашната економија се соочи со голем шок предизвикан од глобалната финансиска криза. Учеството на ликвидната во вкупната актива изнесува 30%,што исто така е повисоко во споредба со периодот пред глобалната финансиска криза. Подобрен е и квалитетот на активата на банкарскиот сектор, како значајна детерминанта на кредитната активност. Нивото на нефункционални кредити во моментот е околу 4,8% од вкупните кредити и е едно од најниските споредено со земјите од регионот, а истовремено е и историски најниско ниво на овој показател. Стабилноста на банкарскиот систем и неговата отпорност на шокови се потврдуваат и преку редовните стрестестови, што во Народната банка ги спроведуваме на редовна квартална основа. Последниот редовен стрестест беше подготвен со податоци од крајот на претходната година, а

во меѓувреме направивме и бројни дополнителни анализи и стрестест симулации како би ги оцениле ефектите од тековните случувања. Сите тие покажуваат висок капацитет на системот за апсорбција на шокови, дури и при уште поизразено неповолни сценарија. За илустрација би ги споменала резултатите од т.н. обратен стрестест, којшто покажува колку треба да пораснат нефункционалните кредити, за солвентноста на банките да падне под регулаторниот минимум од 8%. Според резултатите од крајот на минатата година, потребен e раст од нешто над 300% на нефункционалните кредити за адекватноста на капиталот на банкарскиот систем да се намали до нивото од 8%. Ваквата претпоставка е крајно екстремна, имајќи предвид дека нефункционалните кредити кон нефинансиските субјекти,минатата година забележа годишно намалување за 2,8% За споредба во годините на финансиската криза, растот на нефункционалните кредити изнесувал 20,6% во 2008 година и дури 39,2% во 2009 година. Очекуваме банкарскиот систем да остане стабилен и сигурен и во следниот период. Факт е дека тековно сме исправени пред голем предизвик, што веројатно ќе има големи ефекти врз економијата. И во таа смисла, многу е веројатно дека ќе дојде до одредена материјализација на кредитниот ризик и појава на „лоши кредити” во билансите на домашните банки. Но она што е клучно, е добрата кондиција и силните капитални позиции на домашните банки, што остава доволен простор за апсорбирање на евентуалните загуби, без притоа да биде загрозена стабилноста на банкарскиот систем.

Околу 70% од граѓаните прифатиле одложување на ратите XКако X ги коментирате Вие критиките во јавноста дека банките иако им овоможија на граѓаните и фирмите одложено плаќање на ратите за шест месеци, сепак и во овој период ќе ги засметуваат каматите на овие кредити? Заради олеснување на финансискиот товар на граѓаните и компаниите, како што веќе споменав, ние подготвиме и донесовме регулаторни измени кои значат поповолни договорни услови за сите субјекти коишто се погодени од корона-кризата. Притоа, како централна банка водевме сметка ова решение да е системски издржано, односно да не доведе до нарушување на стабилноста на секоја поединечна банка и на вкупната финансиска стабилност, којашто е клучна за одржување на макроекономската стабилност. Она


Капитал број 1058 17.04.2020

30

ИНТЕРВЈУ

што е особено значајно е дека и од одржувањето на финансиската и макроекономскта стабилност ќе зависи и заздравувањето на нашата економија, односно нејзиното враќање на патеката на забрзан раст. Во насока на обезбедување поволни финансиски услови презедовме и други мерки, како што се намалување на основната каматна стапка, таргетираната мерка со која се намалува обврската за пресметка на задолжителна резерва за кредитите одобрени на погодените сектори и намалување на понудата на благајнички записи коишто банките на редовната априлска аукција можеа да ги запишат кај Народната банка. Конкретно, понудата на благајнички записи на априлската аукција беше за 8 милијарди денари пониска во споредба со понудата на аукцијата спроведена во март. Ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем. Значајно е и што Владата донесе Уредба со која се намалува казнената каматна стапка, но и максималната договорна стапка кај граѓаните и компаниите. Иако, како и останатите централни банки, ние немаме законска надлежност за директно регулирање на каматните стапки, очекуваме дека сите овие мерки што ги наведов, треба да резултираат со поповолни услови за финансирање, што е значајно за пребродување на овој период. Според првичните информации од банките коишто досега доставија податоци до Народната банка, околу 70% од граѓаните ја прифатиле понудата за одложено плаќање на обврските. Кај корпоративниот сектор, олеснувањата се усогласуваат поединечно воз ависност од потребите на правните лица, а сè со цел колку што е можно повеќе да им се излезе во пресрет на компаниите за полесно да ги надминат потешкотиите предизвикани од состојбата со коронавирусот. Овие одложувања, за банките значат времено откажување од приливите што требало да ги наплатат во овој период, со што индиректно се поддржува економијата. XКако X го оценувате фискалниот одговор на оваа криза во земјава, имајќи предвид дека други економии одговорија со пакети што се бројат во милијарди евра? Имајќи ја предвид природата на шокот со кој се соочуваме – комбинација на домашни рестрикции на економската активност со цел заштита на здравјето на луѓето, намалена странска побарувачка и

прекинати синџири на снабдување, најефективни можат да бидат фискалните мерки. Во вакви услови, фискалните политики се фокусираат на неколку аспекти: обезбедување доволно средства во секторот здравство заради зголемување на капацитетот за успешно справување со вирусот, од што ќе зависи и намалувањето на рестрикциите; преструктуирање на расходната страна во насока на зголемување на расходите со најголем мултипликативен ефект (најголем позитивен ефект врз економијата) и спроведување на дискрециони фискални мерки. Со тоа што фискалниот простор не е неограничен, неопходно е овие фискални мерки да бидат привремени и добро таргетирани за компаниите и граѓаните коишто се најпогодени. На овој начин ќе се помогне коронакризата да не резултира со поголеми негативни ефекти врз билансите на погодените компании, што е предуслов и за побрзо опоравување. Глобалната криза од 2008 година, јасно покажа дека кога билансите на субјектите се позначајно погодени, опоравувањето трае долго. Се разбира сето ова не е едноставно – во услови на пад на јавните приходи, а кога има потреба за спроведување на фискални мерки кои чинат, ова значи раст на буџетскиот дефицит и потреба за негово финансирање. Сите помали економии со помали домашни финансиски пазари се соочуваат со овој предизвик, а особено во актуелниот контекст кога и условите на финансирање на странските пазари се затегнати. Оттаму, и пристапот до финансирање е еден од факторите коишто ги објаснуваат разликите помеѓу големините на фискалните импулси кај одделни земји. Пакетот на преземени фискални мерки кај нас, по својата суштина, не се разликува многу од мерките кои ги преземаат фискалните власти во глобални рамки. Имено, речиси стандарден пристап во овие неколку недели е фокусот да биде ставен на зачувувањето на работните места и спречувањето на поголем пад на платите, многу често преку различни шеми на субвенции. Исто така, често се преземаат мерки на одложување на плаќањето на одредени обврски кон државата, како и мерки за спречување на нагло влошување на ликвидноста кај претпријатијата. Се активираат и поволни кредитни линии, како што е кај нас кредитната линија на Развојната банка. Досега, Владата усвои два пакети на фискални мерки, а најави и нови коишто секако се неопходни, имајќи ја предвид силината на шокот. Обемот на фискалните мерки ќе зависи од можноста за

обезбедување на финансирање. Оттука, многу ќе биде важно да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка преку задолжување. Тоа што мислам дека е позитивно за нас, е што веќе успеваме во еден дел да обезбедиме финансирање по поволни услови, на пр. преку ММФ, а делумно се обезбедува и финансирање на домашниот пазар, исто така по релативно поволни услови. Во тек се и разговори за обезбедување на дополнителни надворешни извори за финансирање на буџетот. Се разбира, во ниту еден момент, мерките коишто се преземаат и во монетарната и во фискалната сфера не смее да доведат до неодржливи позиции, или до зголемени ранливости на среден рок. Економските основи мора да останат здрави, и покрај пандемијата, а ние како носители на макроекономската политика, имаме одговорност да ја одржуваме економската стабилност. Затоа како и во слични ситуации во минатото, и кај нас како и во сите други земји, централната банка е во постојана комуникација со Министерството за финансии и со Владата, заради потребното ниво на координираност во реакцијата на економските политики на пандемијата и нејзините последици. XОколу X финансирањето на недостигот на приходи во државната каса како последица на намалената економска активност, а имајќи предвид дека странските комерцијални кредитори се воздржани, колку Народната банка би можела тука да помогне во некое најлошо сценарио, со пренасочување на ликвидноста од благајничките записи или пак девизните резерви? Благајничките записи се редовен монетарен инструмент преку којшто се спроведува монетарната политика и се управува со ликвидноста во банкарскиот систем. Ние преку овој инструмент впрочем обезбедивме дополнителна ликвидност во системот од 8.000 милиони денари, ценејќи дека оваа промена е конзистентна на постојните услови и нашите цели. Оваа ликвидност, покрај за поддршка на кредитирањето на приватниот сектор, може да се искористи и за финансиска поддршка на имплементацијата на фискалните мерки за поддршка на економијата. Девизните резерви имаат неколку точно утврдени намени, согласно меѓународните стандарди и практики. Тие служат за интервенции на девизниот пазар, заради одржување на вредноста на домашната валута, односно девизниот курс. Притоа, во зависност од насоката на притисокот на девизниот пазар, интервенциите може да бидат со


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

31

откуп на вишокот на девизи или со продажба за задоволување на недостаток. Преку нивото на резервите се цени капацитетот на земјата за спроведување на прифатената политика на девизен курс и одржување на довербата во домашната валута, особено во земја со политика на фиксен или стабилен девизен курс. Токму затоа, нивното ниво е од исклучителна важност како за домашните така и за странските инвеститори при носењето на нивните одлуки за финансиска поддршка на една економија. Девизните резерви служат и за непречено извршување на меѓународниот платен промет, вклучително и за потребите на државата. Согласно со законската рамка и сите меѓународни стандарди и правила, со девизните резерви управува исклучиво централната банка, и тоа исклучиво за погоренаведените цели. Употребата на девизните резерви за други намени не е дозволена бидејки може да доведе до нарушување на макроекономската стабилност. Директното финансирање на фискалната политика од страна на централната банка, преку девизните резерви, или друг модалитет веќе одамна е забрането во земјите со пазарна економија, вклучително и во Европската Унија.

Денарот останува стабилен и имун на лажните вести XВо X екот на панедмијата се појавија и многу лажни вести околу стабилноста на денарот. Направија ли овие шпекулации посериозна штета и бараа ли интервенции од девизните резерви? Во моето долгогодишно искуство, речиси по правило, во секоја ситуација во која има одредена неизвесност, за жал, се појавуваат и дезинформации околу стабилноста на девизниот курс, и покрај постигнатиот консензус за значењето на стабилноста на курсот за стабилноста на нашата економија. Нашиот став и комуникација се јасни – курсот е и останува стабилен, нивото на девизни резерви е адекватно, впрочем затоа и континуирано го градиме, за да имаме комфор во вакви епизоди кога сме погодени од некој шок. Неколкуте објави со неточни информации околу стабилноста на денарот, коишто се појавија заради следење нереферентни извори за следење на девизниот курс, предизвикаа одредена вознемиреност кај дел од населението, но тоа беше краткорочен ефект без поголемо влијание врз девизните резерви. Нивото на резервите, ние со години го одржуваме на релативно високо ниво, што е најзначајна гаранција за стабилноста на девизниот курс

на домашната валута. Согласно последните податоци, девизните резерви изнесуваат нешто над 3 милијарди евра, што генерално е во рамки на очекувањата согласно октомвриската проекција. Дополнително, но многу важно, обезбедената финансиска поддршка од ММФ, овозможува и натамошен раст на девизниот потенцијал на нашата економија, односно зголемување на девизните резерви, со што ќе се испорача и дополнителна гаранција за стабилноста на домашната валута. Впрочем, тоа што ние како централна банка, континуирано даваме цврсти гаранции дека денарот е и ќе остане стабилен беше и еден од клучните предуслови за одлуката на ММФ позитивно да одговори на нашето барање за финансиска поддршка. Народната банка е подготвена ако е потребно да реагира со сите инструменти кои и стојат на располагање, со цел да се зачува стабилниот курс на денарот кон еврото. Ова впрочем го потврдуваме повеќе од две децении наназад, вклучително и низ неколку периоди на кризи и значителни шпекулации. Затоа, уште еднаш морам да потенцирам: ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет.nnn


INTERVIEW Капитал број 1058 17.04.2020

32

ИНТЕРВЈУ

КИРЕ НАУМОВ

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПОЧНАВМЕ СО ИСПЛАТА НА БЕСКАМАТНИТЕ КРЕДИТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСИТЕ Од првата група одобрени кредитни апликации, сите компании се контактирани, тековно тече потпишувањето на договори, а веќе неделава почнавме и со исплатите. Целта на самата кредитна линија е да им помогне на компаниите да ги сервисираат ликвидносните потреби.


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

33


Капитал број 1058 17.04.2020

34

ИНТЕРВЈУ

Кире Наумов, главен извршен директор на Развојната банка на Република Северна Македонија го објавува првиот Јавен повик за аплицирање за бескаматните кредити, на 25.03.

Повеќе од 1.050 компании доставија до Развојната банка кредитни апликации на вкупен износ од околу 7,5 милиони евра. Заклучно со вторникот, 14 април, имаме одобрени 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра. По структура, најголем дел се микро компании, околу 69% и мали компании кои учествуваат со 28% во овие 254 одобрени кредитни апликации. разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

K

Кредитната линија од 5,7 милиони евра што оди преку Развојната банка на Република Северна Македонија беше меѓу првите мерки што македонската влада ги донесе како поддршка за погодените компании од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид – 19 вирусот. На 25.03 директорот на Развојната банка Кире Наумов го објави Јавниот повик за оваа прва кредитна линија, а веќе се најавува и втор повик, за кредити во износ од 8 милиони евра којшто ќе биде објавен набрзо. „Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, рече Наумов при претставувањето на кредитната линија. Со г-дин Наумов разговаравме за тоа каков е досега интересот на домашните компании за користење на оваа поддршка, колку кредити се одобрени

и какви кредитни линии се планираат наскоро за уште поголема помош на бизнис секторот погоден од Ковид 19 кризата. XКолку X апликации досега се пристигнати во Развојната банка од компаниите што бараат финансиска поддршка, а колку кредити се одобрени? Повеќе од 1.050 компании доставија до Развојната банка кредитни апликации на вкупен износ од околу 7,5 милиони евра. Заклучно со вторникот, 14 април, имаме одобрени 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра. По структура, најголем дел се микро компании, околу 69% и мали компании кои учествуваат со 28% во овие 254 одобрени кредитни апликации. Што во суштина ја покажува достапноста на оваа прва бескаматната кредитна линија. XМоже X ли да добиеме некаква структура на апликантите според дејноста, бројот на вработени, износот на кредит што го бараат и сл., како и истава структура за тие што добиле кредити? Од компаниите што добија кредити, 118 или 46% се во дејноста транспорт, 117 и исто толку проценти се во дејноста угостителство и 19 компании се во областа на туризмот или 7% од досега одобрените апликации. Според големината, 174 компании или 69% се микро, со најмногу 10 вработени, 70 компании или 28% се мали, до 50

вработени и остатокот од 4%, односно 10 компании се во рангот на средни, со максимум 250 вработени. Оттука, разбирливо е што најголем број на одобрените износи на кредитите се до 307.500 денари, или 5.000 евра, поточно за 161 компанија. Следат 64 одобрени кредити во износ од 15 илјади евра, или 922.500 денари и 10 одобрени апликации се со износ од 1,845 милиони денари, или 30 илјади евра. Има уште 19 одобрени кредити што се во други износи во рамки на овие граници, што значи вкупно 254 одобрени кредити, како што реков претходно. XКога X може да се очекува првите одобрени кредити да им се исплатат на компаниите? Дали фирмите наведуваат во апликациите за што конкретно им се потребни средствата? Од првата група одобрени кредитни апликации, сите компании се контактирани, тековно тече потпишувањето на договори, а веќе неделава почнавме и со исплатите. Целта на самата кредитна линија е да им помогне на компаниите да ги сервисираат ликвидносните потреби. XКако X се обезбедуваат овие бескаматни кредити, колкав е периодот на враќање и останатите најбитни услови? Првата бескаматна кредитна линија, која тековно ја администрираме, има период на враќање до 24 месеци со грејс период до 6 месеци. Отплатите се


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

35 Исто така, работиме да ги направиме подостапни средствата од ЕИБ петта фаза кредитната линија која преку деловните банки може да ја користат компаниите, најмногу за обртни средства. Се работи за износ од 50,9 милиони евра. Новината кај оваа кредитна линија е дека Владата се вклучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата, која Развојната банка како корисник ја има кон ЕИБ.

на квартално ниво, што значи дека првите отплати од овие кредити компаниите ќе ги направат за отприлика 9 месеци. Во втората бескаматна кредитна линија, за која во следниот период ќе биде објавен Јавен повик, е предвидено период на отплаќање до 3 години, со грејс период до 12 месеци. Минималниот износ на кредит ќе биде 3.000 евра, додека максималниот износ ќе биде 90.000 евра. Каматната стапка повторно ќе биде 0% и на кредитокорисниците нема да им се наплаќаат административни трошоци. XПретпоставувам X дека предвидената сума од 5,7 милиони евра во првата транша ќе биде за кусо време распределена по компаниите, па какви се плановите за понатаму во смисла на поддршка на македонските бизниси? Какви кредитни линии може да очекуваат наскоро? Иако јавниот повик за првата бескаматна линија, ,,Ковид1” е отворен 30 дена, веќе побарувачката е повеќе од 7,5 милиони. Како што кажав, следно пред нас е втората бескаматна кредитна линија, ,,Ковид2”, со фонд од 8 милиони евра, средства од Компензационите фондови. За оваа втора бескаматна кредитна линија очекуваме Јавниот повик да го објавиме следните денови. Втората бескаматна кредитна линија, ќе биде отворена за сите дејности чија економска активност е погодена од Ковид-19. Исто така, работиме да ги направиме подостапни средствата од ЕИБ петта фаза кредитната линија која преку деловните банки може да ја користат компаниите, најмногу за обртни средства. Се работи за износ од 50,9 милиони евра. Новината кај оваа кредитна линија е дека Владата се вклучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата, која Развојната банка како корисник ја има кон ЕИБ. Со ова направивме максимални заеднички напори деловните банки да може да понудат каматни

стапки кон крајните корисници под исклучително поволни услови. XВо X таков контекст уште побитна ќе биде улогата на Развојната банка на РСМ, па ме интересира, какви се размислувањата во врвот на владејачката партија каде што се одлучува за економските политики, околу докапитализацијата на Банката, односно, нејзината поголема реална моќ за кредитирање и останатите услуги, како осигурување на извозот и сл.? За докапитализација на Развојната банка, верувам дека во иднина, следната година на пример, Владата ќе има позитивен став за ова прашање. Докапитализацијата е значајна од аспект на зајакнување и проширување на портфолиото на услуги на банката, за самата банка да може да понуди поголема поддршка на компаниите во делот на поддршка на домашните компании со извозно осигурување, откупување на нивните побарувања (факторинг) во странство и во земјата, и слично. Има силна волја активно да ја поддржуваме и помагаме домашната економија. И без докапитализацијата, ние изминативе месец - два се трудиме да им излеземе во пресрет на потребите на домашните компании. Она што не успеавме да го претставиме соодветно периодов поради познатите околности е дека Развојната банка ги направи неопходните интерни промени за да може на компаниите да им нуди и домашен факторинг. Досега, Развојната банка правеше откуп на побарувањата што домашни компании ги имаат од нивните странски купувачи, но сега ќе може да откупува и побарувања кои домашните компании ги имаат од домашни купувачи. Ова сметаме дека е еден директен придонес за подобрување на ликвидноста на домашните компании имајќи го во предвид просечниот рок на наплата од 123 дена кои го имаа домашните компании, пред коронавирусот.

nnn

Досега, Развојната банка правеше откуп на побарувањата што домашни компании ги имаат од нивните странски купувачи, но сега ќе може да откупува и побарувања кои домашните компании ги имаат од домашни купувачи. Ова сметаме дека е еден директен придонес за подобрување на ликвидноста на домашните компании имајќи го во предвид просечниот рок на наплата од 123 дена кои го имаа домашните компании, пред коронавирусот.


Капитал број 1058 17.04.2020

36

www.kapital.mk

СВЕТ

РЕЛАКСИРАЊЕ НА РЕСТРИКЦИИТЕ ПРЕДИЗВИКА

НЕКОЛКУ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПОПОЛЕКА СЕ ВРАЌААТ ВО НОРМАЛА:

ПРОЧИТАЈТЕ КАКО Норвешка, Данска, Чешка, Германија... се земјите од Европа што релативно добро се справуваат со епидемијата на коронавирусот, со значително помал број на заразени и починати на еден милион популација во споредба со Италија, Шпанија, Холандија, Белгија, САД, итн. Сега почнуваат пополека да ги олабавуваат рестриктивните мерки и да се враќаат во нормала.


www.kapital.mk

АНИ ОД КОРОНА ЕПИДЕМИЈАТА

Капитал број 1058 17.04.2020

37


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

38

СВЕТ

„Враќањето во нормала ќе личи на одење по јаже“, вели данската премиерка Мете Фредриксен. „Ако стоиме во место ќе паднеме, а ако одиме пребрзо исто така ќе паднеме. Затоа, мора да одиме пополека, чекор по чекор.“

Г

Граѓаните во Чешка сега може да купуваат во продавниците за алат и велосипеди, да играат тенис и да одат на пливање. Австрија планира да ги отвори помалите продавници после Велигден. Данска ќе ги отвори градинките и училиштата следната недела, доколку бројот на нови заболени остане стабилен, додека децата во Норвешка ќе се вратат во градинка една недела подоцна, како што пренесува CNN. Овие држави се први на Западот што први почнуваат да ги олабавуваат ограничувањата што беа поставени од владите со цел да се заузди ширењето на епидемијата на коронавирусот. Останатите веројатно ќе чекаат да научат од искуството на другите, додека и самите бараат излезни стратегии од затворањето, соочувајќи се со силен социјален и економски притисок. За професионалната атлетичарка Ирена Гиларова од Чешка, олеснувањето на рестрикциите значи дека таа може да се врати на своите тренинзи на стадионот Јулиска во Прага за првпат откако нејзината земја отиде во „локдаун“. „Беше прекрасно, искрено. Бев многу возбудена и се чувствував одлично“, изјави оваа фрлачка на копје за CNN минатата недела. „Двете недели што

ги поминав дома ми помогнаа да си ја ценам мојата работа уште повеќе и да не ги сфаќам нештата здраво за готово.“ Атлетичарите имаат распоред на тренинзите со цел да се обезбеди дека само ограничена група на луѓе ќе бидат на стадионот во исто време. „Се чувствував сигурно“, додава 28 – годишната спортистка. „Мислам дека системот добро функционира и дека се трудиме да бидеме трезвени и одговорни.“ Др. Петер Дробац, експерт за глобално здравје при Оксфордската бизнис школа вели дека оние земји што сега ги олеснуваат рестрикциите се „битни и надежни примери“ за Западот. „Сите имаме уште многу да учиме околу тоа како ќе излеземе од локдаунот безбедно и ефективно“, вели тој. Секое олабавување на ограничувањата носи свој ризик. Директорот на Светската здравствена организација за Европа, др. Ханс Клуге, предупреди дека ситуацијата на континентот се’ уште е „доста загрижувачка“ и инсистираше на тоа дека „сега не е време за релаксирање на мерките.“ „Европа останува во голема мера жариште на пандемијата“, изјави Клуге минатата среда, „со седум од 10 најпогодени земји глобално“. Истовремено, студија базирана на епидемијата во Кина, објавена во медицинскиот журнал The Lancet, сугерира дека локдауните поради короната низ цел свет не треба целосно да бидат кренати додека не се

пронајде вакцина против вирусот.

Битно беше брзо да се реагира

Ниедна од овие споменатите земји што планираат релаксирање на рестрикциите деновиве не се помеѓу најзагрозените во Европа – и ќе настојуваат да избегнат втор бран на инфекции. Па, како успеаја во сето ова досега? Според Дробац, овие земји имаат нешто заедничко: тие беа меѓу првите во Европа што воведоа локдаун или строги мерки за социјално дистанцирање, а исто така и направија голем број на тестови меѓу граѓаните. „Тие ги направија сите овие работи и резултатот е сличен кај сите: пикот на заразата веќе им е поминат“, додава Дробац. Бројот на смртни случаи како последица на компликации од коронавирусот во овие држави се мери во десетици или стотици во најлош случај, а не во илјадници, со што се во многу подобра положба поради проактивната стратегија во однос на земјите како Италија, Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, мерено според бројот на починати на еден милион жители. “Она што го објавија за плановите како постепено да ги релаксираат рестрикциите изгледа разумно и паметно“, смета Дробац од Оксфордската бизнис школа. „Процесот е прилично градуален и тие ќе можат да учат и да ги следат новите инфекции. Но, ако ги олеснат рестрикциите премногу и инфекциите почнат да растат нагло повторно,



www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

40

СВЕТ Чешка нареди сите граѓани што излегуваат надвор да стават маски или шалови, уште од 19 март.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц минатата недела објави дека земјата се подготвува за “воскресение“ после Велигден, со тоа што ќе се отворат некои помали продавници, како оние за алатки, опрема, градинарство, итн., поточно од 14 април. Но, ќе се бара од граѓаните сите да носат маски во супермаркетите и во јавниот транспорт.

властите може да повторно да ги потстегнат мерките. Така треба секоја земја да ја заврши работата.“ Дробац препорачува дека сите останати што чекаат да го следат примерот на овие првите, треба да исполнат три основни критериуми, особено ако сакаат да избегнат втор бран на инфекции: прво, треба да ја „порамнат кривата“ и да постигнат конзистентно намалување на бројот на нови случаи на заразени. Второ, нивните здравствени системи треба да можат да се справат со кризни мерки, како што се доволно болнички кревети за итни случаи. Трето, им треба систем за масовно тестирање, лоцирање на контактите и изолација, така што инфицираните луѓе да бидат изолирани на време пред да може да заразат други. „Ова е лекција број еден во вакви ситуации и камо да го направевме сите ова уште од почетокот“, вели Дробац.

Данското “одење по јаже“

Данска рече дека ќе ги врати децата во училиштата и градинките од 15 април доколку бројот на нови случаи со коронавирус остане стабилен. Но, животот во оваа земја се’ уште ќе биде далеку од вратен во нормала. Многу рестрикции ќе останат во сила и нивното укинување ќе биде во фази, рече данската влада. Забраната за собирања поголеми од 10 луѓе останува да важи до 10 мај и сите цркви, кино сали и шопинг молови остануваат затворени исто така. Сите фестивали и големи собирања ќе бидат забранети до август, изјави данската премиерка Мете Фредриксен. И данските граници ќе останат затворени. „Ова ќе личи на одење по јаже“, рече Фредриксен. „Ако стоиме во место ќе паднеме, а ако одиме пребрзо исто

така ќе паднеме. Затоа, мора да одиме пополека, чекор по чекор.“ Данска, земја со 5,8 милиони жители, меѓу првите во Европа ги затвори границите, на 13 март. Истата недела ги затвори училиштата, кафеаните и продавниците, а забрани и собирања на групи поголеми од 10-мина, како и посета во болниците. „Единствената причина поради која избегнавме сценарио како во Италија или САД, е затоа што реагиравме брзо“, рече премиерката на националната телевизија.

Чешка отвори некои од продавниците

Чешката република исто така брзо реагираше со рестрикциите на патувањата, забрана на големите настани и затворање на сите несуштински бизниси, откако прогласи вонредна состојба на 12 март. Необично за Европа, оваа земја исто така побара сите граѓани што излегуваат надвор да стават маски или шалови, уште од 19 март. Овие строги мерки се чини дека сега даваат резултати, затоа што владата минатиот понеделник изјави дека ќе почне со релаксирање на некои од рестрикциите. Од вторникот, на луѓето им е дозволено да се рекреираат без носење на маска. Продавниците од типот на маркети за алати, опрема и сл., како и продавници и сервиси за велосипеди исто така се меѓу тие што се повторно отворени од минатиот четврток. Објектите за рекреирање исто така се отвораат, но до одреден степен – не повеќе од двајца луѓе може да бидат во исто време во ист простор, а не смеат да ги користат тушевите и шкафчињата. Неодложни патувања надвор од земјата повторно се дозволени од 14 април.

Австрија: пристап „чекор по чекор“

Соседната на Чешка, Австрија, каде што популарниот ски ресорт Ишгл беше првото жариште на корона епидемијата од каде што таа се рашири и кон другите делови на Европа, има поинаков пристап во олеснувањето на рестрикциите. Австрискиот канцелар Себастијан Курц минатата недела објави дека земјата се подготвува за “воскресение“ после Велигден, со тоа што ќе се отворат некои помали продавници, како оние за алатки, опрема, градинарство, итн., поточно од 14 април. Но, ќе се бара од граѓаните сите да носат маски во супермаркетите и во јавниот транспорт. Од први мај, сите продавници, шопинг молови и фризерници ќе бидат отворени; потоа, од средината на мај постепено ќе отвораат рестораните и хотелите. Сето ова ќе се случува под строги безбедносни услови, истакна Курц. Тој исто така предупреди дека опасноста од коронавирусот се’ уште не е помината, истакнувајќи го примерот на Сингапур каде што повторно има број на нови инфекции последниве денови. „Оние што мислат дека ситуацијата е веќе под контрола, грешат“, рече канцеларот. Владата на Австрија ќе одлучи кон крајот на април дали ќе продолжи наставата за учениците од дома и после средината на мај, а никакви поголеми настани нема да бидат одржувани до крајот на јуни. „Нашата цел е чекор по чекор да ја елиминираме заразата. Ајде сите заедно да издржиме уште неколку недели.“ Минатата недела Австрија спроведе тестирање на случаен примерок од 1.500 луѓе низ целата држава со цел да види колку се има распространето


Ти благодарам Мамо!

Покаже е им на ваши е најмили колку ви знача . Подго ве е им домашни палачинки и вафли – о�ло изненадување кое ќе го �ре вори обичнио ден во чис а среќа.

Новио бренд Fantasia ви нуди брзи, лесни и �ерфек ни миксови за �ри�рема на десер и кои ќе мама искрени насмевки од оние кои ви знача .

Колачи за нив, ЉУБОВ за вас! www.fantasia.mk Fantasia.Brand.MK

fantasia_in_cucina_

Fantasia® е регистрирана трговска марка на


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

42

СВЕТ Норвешка спроведува своја посебна стратегија, со тоа што приоритет и е да ги отвори училиштата, откако почна да ги олеснува рестрикциите воведени кон средината на март.

вирусот. Студијата покажа дека помалку од 1% од популацијата што не е хоспитализирана е заразена. Претходно, Австрија се фокусираше на тестирање на оние што беа сериозно болни со симптоми карактеристични за коронавирусот. Бројот на потврдени случаи на зараза во земјата во моментот на пишување на овој текст, вторник, 14 април, достигна 14.000, а бројот на починати 368, со стапка на смртност од 41 лице на еден милион жители, далеку подобро од поголемиот број западноевропски земји и САД.

Норвешка: претпазлив оптимизам

Норвешка исто така спроведува своја посебна стратегија, со тоа што приоритет и е да ги отвори училиштата, откако почна да ги олеснува рестрикциите воведени кон средината на март. Ќе почне со попуштање на локдаун мерките од 20 април, истакна премиерката Ерна Солберг, кога ќе почнат да работат градинките. Една недела подоцна и училиштата ќе се отворат за учениците од прво до четврто одделение. „Нашата цел е сите ученици постепено да се вратат на училиште пред почеток на летото“, вели Солберг. Владата на оваа земја верува дека последните статистики даваат основа за „умерен оптимизам“, поради тоа што стапката на нови заразени почнала да стагнира. „Со залагање на сите нас, го ставивме вирусот под контрола и може да почнеме со намалување на рестрикциите малку по малку. Ќе го направиме тоа сите заедно, внимателно, без брзање“, рече Солберг. Според норвешкиот Институт за јавно здравје, земјата имаше 6.600 потврдени случаи на зараза со Ковид – 19 на 14 април, со стапка на смртност од 25 лица на еден милион популација. Колку за споредба, оваа стапка е 380 во Шпанија, 338 во Италија, 337 во Белгија, 229 во Франција, 170 во В. Британија, 131 во Швајцарија, итн.

ерманија: претпазлива надеж

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави минатата недела дека последните статистички податоци за состојбата со коронавирусот во земјата даваат причина за “претпазлива надеж“, но предупреди дека нејзините сограѓани мора да ги почитуваат актуелните рестриктивни мерки за време на велигденските празници, кои што, патем, беа викендот на 11 – 12 април за земјите што се раководат по грегоријанскиот календар. Меркел рече дека одлуката за тоа дали сега ќе се олабават мерките ќе биде донесена врз основа на детална научна студија којашто ќе биде објавена следната неделава. Министерот за здравство Јенс Шпан претходно кажа дека земјата успеала да ја „израмни кривата“ на нови инфекции, откако рестриктивните мерки вродиле со плод. Германија во моментов прави 100.000 тестови дневно, а 40% од болничките кревети на интензивна нега се слободни, и покрај кризата. „Планираме постепено да се вратиме во нормала – но се’ уште сме далеку од секојдневната рутина на којашто сме навикнати“, рече Шпан. „Сепак, нема се’ да биде како порано. Ќе продолжиме со нашите животи, но мораме да сме свесни дека вирусот ќе биде тука, со нас отсега.“ Швајцарија исто така разгледува можности за олеснување на рестрикциите. И покрај продолжување на мерките за социјално дистанцирање до 26 април, владата најави дека можно е некои од останатите мерки да се олабават до крајот на април – вклучително контролата на границите, затворените училишта и забраната за собири на помали групи – доколку ширењето на вирусот се стави под контрола. И додека сите овие земји балансираат на тенок мраз помеѓу заштитата на јавното здравје и спасувањето на економиите, јасно е дека постојат многу замки по патот. Претходно споменатиот шеф на огранокот на СЗО за Европа, Клуге, истакнува дека “мораме да ги удвоиме, триплираме, нашите колективни напори за да се победи вирусот“. „Да мислиме дека сме стигнале блиску до крајот би било опасно сега. Секоја промена во стратегиите, релаксирање на локдауните или физичкото дистанцирање, мора многу внимателно да биде промислено.“ nnn



INTERVIEW FUKUYAM Капитал број 1058 17.04.2020

44

ИНТЕРВЈУ

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ПОСМРТНО ЅВОН НА ЕРАТА ЗАПОЧНАТ ВО ВРЕМЕТО НА РОНАЛД РЕГАН И МАРГАРЕТ ТАЧЕР!? ФРЕНСИС ФУКУЈАМА ФИЛОЗОФ И ВРВ НА СВЕТСКАТА ПОЛИТИЧКА МИСЛА

Повеќето демократии во светот поседуваат механизми и услови под кои на извршната власт (владите) им даваат вонредни овластувања во текот на некоја национална криза. Првиот испит сега е дали тие носители на власта ќе ја вратат моќта кога кризата ќе помине. Периодот во којшто сега се најдовме сите нè потсетува дека државната моќ и понатаму е многу важна, и по се изгледа дека претставува посмртно ѕвоно на ерата на неолиберализмот која започна со Роналд Реган и Маргарет Тачер во осумдесеттите години на минатиот век.


W MA www.kapital.mk

НО ТА

Капитал број 1058 17.04.2020

45


Капитал број 1058 17.04.2020

46

ИНТЕРВЈУ

Експлозијата на теориите на завери околу оваа криза покажа дека причините лежат во тоа што е голема разочараноста и немоќта кај голем број на луѓе, соочени со големата општествена нееднаквост. Оваа состојба во секој момент се влошува со сè поновите и поагресивните идентитетски политики кои ги тераат слободните луѓе да се групираат и врзуваат во политички „тимови“, и покрај тоа што тоа не е во нивен интерес!

Ф

Френсис Фукујама, филозоф и еден од најголемите политички мислители на денешницата во светот, за белградскиот политичкиот магазин Неделник, отворено зборува за последиците од, засега, најголемата криза на 21 век – Корона кризата и последиците од неа. Поради важноста на неговото размислување и битните поенти за оваа криза која веќе претендира да и го земе приматот најголема, и на онаа криза од 1929 која траеше до 1933 година, Капитал ова интервју го пренесува на увид на македонската јавност. Пандемијата на Корона вирусот влијаеше и допрва ќе влијае на животот на мнозинството жители на планетата Земја. Последиците од оваа криза ниту ќе бидат само здравствени или медицински, ниту ќе бидат само општествени! Најголемите мислители на денешницата се согласуваат дека светот после оваа криза нема да биде ист. Тој свет што го

познаваме едноставно нема да постои ... Иако многумина мислат дека оваа криза е само последна опомена или, пак во кризата гледаат нова шанса ... Едноставно овој пат нема да биде така! Во групата на мислители кои сметаат дека светот ке се промени и ништо нема да биде исто се вбројува Френсис Фукујама, прочуениот професор од Стенфорд, чија книга „Крајот на историјата„, со секој нов глобален настан или криза, има сè поголемо значење. Професорот Фукујама деновиве има многу работа. Подготвува предавање за студентите на универзитетот Стенфорд и се обидува на другите да им го протолкува ова што ни се случува - од геополитичките последици до улогата на научниците денес во светот . Најде време да одговори и на неколку прашања на белградскиот влијателен магазин Неделник, а со него разговараше Вељко Лалиќ! XМногумина X велат дека авторитарните режими подобро се снајдоа во оваа епидемија, со фактот дека многу полесно можеа да ја ограничат слободата и воопшто движењето на граѓаните, и лесната можност да воведат

строг карантин. Од друга страна се примерите на Германија, Австрија и Јужна Кореја кои релативно успешно се справуваат со кризата. Прашањето е кој најдобро ќе се снајде во оваа голема криза без преседан во историјата? Не постои корелација за тоа како се справуваат со Ковид 19 државите кои се демократски, а како оние со авторитарни режими. Некои демократии кои ги споменавте како Германија, Австрија Јужна Кореја и Тајван, направија сè и тоа многу добро, додека Мексико, Бразил и САД тоа го направија многу послабо. Постои голема разлика во справување и кога се анализира состојбата и се прават споредби внатре во авторитарни режими ... на пример, Сингапур од една страна и Туркменистан и Белорусија од друга страна! XВо X еден неодамнешен текст што го напишавте велите дека довербата во власта е клучна точка која ќе го опишува светот утре. Иднината. Во исто време на лидерите ширум светот им расте рејтингот, вклучително и кај Доналд Трамп и Борис Џонсон, кои на почетокот опасноста ја сфатија


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

47

Тоа што расте популарноста на сите лидери во текот на кризата е одраз на феноменот на „собирање на луѓето околу знамето“, којшто феномен секогаш се појавува во многу стресни времиња!

многу несериозно. Истото се случува и кај Макрон и кај Меркел. Прашувам дали е ова победа на државата над претприемачкиот дух кој го формираше модерниот свет што го живееме? Како ја гледате успешната држава после сè ова? Тоа што популарноста кај сите лидери расте во текот на оваа криза е проекција на феноменот „собирање околу знамето“ кое секогаш се појавува во стресни времиња. Повеќето демократии во светот поседуваат механизми и услови под кои на извршната власт (владите) им даваат вонредни овластувања во текот на некоја национална криза. Вистинскиот испит сега е дали тие носители на власта ќе ја вратат моќта кога кризата ќе помине. Периодот во кој сега се најдовме сите нè потсетува дека државната моќ и понатаму е многу важна, и по сè изгледа дека претставува посмртно ѕвоно на ерата на неолиберализмот кое започна со Роналд Реган и Маргарет Тачер во осумдесеттите години на минатиот век. XКој X најмногу ќе добие на геополитички план? Засега изгледа дека тоа е Кина поради тоа што многу земји во светот го копираат токму кинескиот модел за борба

против вирусот. Дали постои опасност после епидемијата државите да тргнат да го копираат и „кинескиот политички модел„? Кај ќе нè одведе тоа? Виктор Орбан во Унгарија веќе се обидува да го копира кинескиот модел, со тоа што во оваа голема криза зграби и присвои диктаторска моќ. Тоа тој одамна го сакаше и го чекаше, а кризата едноставно му даде изговор за тоа. Една од првите одлуки што ги донесе со тие нови ингеренции на диктатор беше намалување на правата на трансродовите личности!? Не може да се каже дека тоа е најитно во моментов ... Слично се случи и со Родриго Дуерте на Филипините! Но, ова не се случаи на примена на кинескиот модел! Видете ... Кина се потпира на многу долга традиција на меритократска бирократија и дисциплинирана комунистичка партија. Никој од имитаторите тоа не може успешно да го ископира ... X„Репортери X без граници„ опоменаа дека отсуството на слободен печат и медиуми во Кина, било една од најважните причини зошто толку доцна реагирало. Докторот кој прв објавил и опоменал за новиот

вирус бил уапсен. Тоа денес не би било вест ни во многу демократски земји, кои периодов воведоа и вонредна состојба. Дали слободата на медиумите е последната линија на одбрана на демократиите денес, и како да се ова да се сочува во светот денес во кој и американскиот претседател медиумите ги нарекува најголемиот непријател на Американците денес? Слободата на медиумите и денес е најголем проблем во Кина. Постојат сè повеќе докази кои покажуваат дека тие не се искрени кога зборуваат за вистинското ниво на зараза од вирусот во Кина денес. А поради тоа многу држави ја потценија сериозноста на оваа криза. За жал кризата се прошири во многу земји во светот. Доналд Трамп би посакал да стави рака на целиот слободен печат во САД, но нема таква моќ тоа да го направи! Најдобар начин за справување со лидерите како него е или да се вразумат или да ги победите на избори! Како овие во САД што ќе се одржат подоцна оваа година во ноември. XВашата X теза дека денес најголемиот проблем на науката е тоа што интелектуалци стануваат


Капитал број 1058 17.04.2020

48

ИНТЕРВЈУ

ѕвезди кои знаењето го стекнуваат на скапи вечери со светските моќници, наместо да работат во „истражувачки рудници„. Дали оваа пандемија со вирусот го покажува токму тоа? Колку довербата во науката е доведена во прашање? А колку допрва ќе профитираат разните теоретичари на завери и луѓе без темелни знаења, кои секојдневно заземаат клучни места во водењето на државите и светот? Прашањето на јавните интелектуалци и проблемот со теоретичарите на завери се одвоени работи и нема премногу врски меѓу тие две нешта! Што се однесува до интелектуалците точно е дека тесниот и гол интерес на богатите влијаеше врз интелектуалците, па овие затоа пишуваа текстови и потпишуваа истражувања што го оправдуваат денешниот свет. Што се однесува до теоретичарите на завери, нивната „експлозија„ околу оваа криза покажа дека причините лежат во тоа што е голема разочараноста, и немоќта кај голем број на луѓе, соочени со големата општествена нееднаквост. Оваа состојба во секој момент се влошува со се поновите и поагресивните идентитетски политики кои ги тераат слободните луѓе да се групираат и врзуваат во политички „тимови“, и по крај тоа што тоа не е во нивен интерес! XКако X вие лично го поминувате времето во изолација: што работите? Што ќе им препорачате на нашите читатели, но во она што значи светски аудиториум, која книга задолжително да се прочита додека се заробени во своите домови? Пред сè работам на многу видео клипови кои ќе ги користам за онлајн предавања на дистанца. Инсталирав цело студио во мојата домашна канцеларија и ги снимам моите говори. Две книги кои ги читам во моментов се „Декадентно општество„ (“The Decadent Society”) на колумнистот на New York Times, Рос Дoдет и „Црвениот Марс„ (“Red Mars”), од Ким Стенли Робинсон. Тие две книги всушност се поврзани. Рос Додет, кој пишува дека историјата завршила 1969 година, кога „Аполо„ слета на Месечината, и дека од тогаш не се случиле никакви технолошки достигнувања!? „Црвениот Марс“ е, пак, прв дел од трилогијата која зборува за изградбата на држава на Марс, за 30 години од денес. Но, Додет смета дека треба да се помириме со оваа идеја ... И дека никогаш нема да го колонизираме Марс, ниту некогаш ќе ја напуштиме нашата планета. И дека сите визии на оваа тема на писателите на научна фантастика ќе бидат практично изневерени. nnn

Виктор Орбан во Унгарија веќе се обидува да го копира кинескиот модел, со тоа што во оваа голема криза зграби и присвои диктаторска моќ. Тоа тој одамна го сакаше и го чекаше, а кризата едноставно му даде изговор за тоа. Една од првите одлуки што ги донесе со тие нови ингеренции на диктатор беше намалување на правата на трансродовите личности!? Не може да се каже дека тоа е најитно во моментов ... Но ... Кина се потпира на многу долга традиција на меритократска бирократија и дисциплинирана комунистичка партија. Никој од имитаторите тоа не може успешно да го ископира.



Капитал број 1058 17.04.2020

50

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА DELOITTE

ФИНАНСИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ПОВЕЌЕ ВЕРУВААТ ВО СВОИТЕ КОМПАНИИ ОДОШТО ВО НАЦИОНАЛНИТЕ ЕКОНОМИИ



www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

52

МЕНАЏМЕНТ

Од Deloitte велат дека влијанието на коронавирусот не е вклучено во анализата, затоа што анкетата е правена кон крајот на 2019 година, уште пред да бидеме свесни за епидемијата. „Епидемијата на Ковид – 19 предизвика огромни промени и неизвесност за глобалните и регионални економски текови. Но, сепак, сметаме дека разбирањето на трендовите во подолг временски период – ова е 11 издание на истражувањето – може да биде од интерес за бизнисите, регулаторите и креаторите на политики. Во следното истражување, кон крајот на 2020 година, ќе имаме можност да анализираме што се променило во меѓувреме“, велат аналитичарите на Deloitte. пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

С

Според анализата на Deloitte Central Europe околу ставовите на финансиските директори во 2020 година, при што се анкетирани 558 најискусни менаџери од 12 земји (Македонија, Косово, БиХ и Црна Гора не се вклучени во истражувањето, н.з.) тие очекуваат негативни деловни резултати во регионот, но 74% од нив изјавиле дека се еднакво оптимистични како и пред шест месеци или пооптимистични кога се работи за финансиските проекти на нивните компании. Од Deloitte велат дека влијанието на коронавирусот не е вклучено во анализата, затоа што анкетата е правена кон крајот на 2019 година, уште пред да бидеме свесни за епидемијата. „Епидемијата на Ковид – 19 предизвика огромни промени и неизвесност за глобалните и регионални економски текови“, се вели во анализата. Од Deloitte сметаат дека ефектот на епидемијата ќе подразбира прекинување и доцнење во голем број традиционални синџири на додадена вредност, ќе предизвика недостиг во понудата, краткорочен пад на продуктивноста, намалена побарувачка и инвестиции. Настојувањата за ублажување на шокот на страната на побарувачката нема да можат да го отстранат ефектот на шокот на страната на понудата. „Но, сепак, сметаме дека разбирањето на трендовите во подолг временски период – ова е 11 издание на истражувањето – може да биде од интерес за бизнисите, регулаторите и креаторите на политики. Во следното истражување, кон крајот на 2020 година, ќе имаме можност да анализираме што се променило во меѓувреме“, велат аналитичарите на Deloitte.

Климатските промени, разноликоста и инклузивноста

Инаку, на двете најважни прашања во истражувањето – за климатските промени, како и разноликоста и инклузивноста, големо мнозинство на финансиските директори, помеѓу 59% и 88% од испитаниците, одговориле дека чувствуваат мал или никаков притисок од инвеститорите, банките, клиентите, законодавците, управите и вработените во поглед на преземањето мерки за борба против климатските промени. Од 40 – 69% рекле дека компаниите во коишто работат не одредиле никакви целни вредности врзано за климатските промени. Што се однесува на разноликоста и инклузивноста, 28% изјавиле дека имаат официјална стратегија за разноликост и инклузивност, додека 40% од нив изјавиле дека со билтени и со посредство на внатрешните информативни мрежи се известуваат вработените за компанискиот пристап кон разниликоста и инклузивноста. Околу 50% од финансиските директори изјавиле дека прашањето за родова разноликост е најбитно, додека 32% сметаат дека тоа е флексибилната организација на работата. „Со оглед на исклучителната важност на овие прашања, особено минатата година, но и многу пред тоа, изненадени сме со фактот што резултатите во овие две подрачја не се попозитивни. Ова укажува дека некои од најголемите компании во регионот на централна Европа би требало посериозно да се занимаваат со прашањата за заштита на животната средина, како и со разноликоста и инклузивноста. Компаниите сега и во иднина, повеќе од било кога ќе се набљудуваат преку нивните мерки за борба против климатските промени, што се’ повеќе ќе влијае врз нивната вредност. Понатаму, во време кога пазарот на работна сила наголемо диктира услови и правила за конкуренција, организациите би требало посериозно да се бават со прашањата на разноликоста и инклузивноста.“, коментираат од Deloitte.

Најбитни заклучоци

Најважните наоди на истражувањето се: u Очекуван пораст на трошоците за работење, вклучително и порастот на трошоците за работна сила, производство, превоз, недвижнини и услуги; u Силен пад на оптимизмот на финансиските директори во поглед на економските изгледи за 2020 година; u Значителен пораст на бројот на финансиски директори што очекуваат зголемена стапка на невработеност, од 21% во 2019 година на 36% во 2020. Хрватските финансиски директори се меѓу најоптимистичните во регионот, па 60% од нив очекуваат пад на стапката невработеност; u Зголемен број на финансиски директори што очекуваат пад на приходите на своите компании следните 12 месеци – од 14% на 20% - иако 60% од нив очекуваат зголемување на приходите. Песимизмот на финансиските директори поизразен е при разгледувањето на пошироките економски проблеми одошто околу можните идни резултати на нивните компании. Околу три четвртини од испитаниците не смета дека преземањето на поголеми деловни ризици во 2020 година е добра идеја, но не ги одвраќа од разгледувањето на растот и вложувањето во иднината. Дури 43% од нив очекуваат зголемување на активностите за спојувања и преземања, а само 6% очекуваат пад на овие активности. Клучно е дека финансиските директори очекуваат незначително побавен раст на БДП, просечно 2% во 2020 во однос на 2,3% во 2019. Околу 36% од нив очекуваат пораст на невработеноста во следната година но кога се работи за нивните компании, само 25% очекуваат намалување на вработеноста. Околу 40% директори сметаат дека постои висок степен на несигурност во работење, за разлика од 35% во анкетата за 2019. Според мислењето на финансиските директори, две подрачја се најголемиот ризик во 2020 – 51% мислат дека тоа се растечките трошоци за работење, а 49% дека се работи за недостиг на квалификувани работници.

nnn



Капитал број 1058 17.04.2020

54

ИНТЕРВЈУ

ПРОФ. Д-Р

МАРЈАН БОЈАЏИЕВ

ДИРЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

СО ИНОВАТИВНОТО ХИБРИДНО УЧЕЊЕ ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА СТУДЕНТИТЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ Дефинитивно, образованието ќе се движи во насока на хибридно учење. Развојот на технологијата ќе го направи овој начин на учење уште подостапен, а распространетоста на брзиот интернет ќе овозможи видео комуникација до сите. Тоа се предности кои треба да се користат. Учењето за диплома е само едно ниво – тоа е почеток на животниот пат за младите луѓе. Но, учењето и усовршувањето низ целиот живот, е продолжување на тој животен пат и предуслов да останеме современи и конкурентни.

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

O

XОпишете X ни го концептот за хибридна настава на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Во што се состои неговата иновативност? Генерално гледано, хибридното образование е комбинација од неколку модуси: 1. Синхроно учење настава во училница 2. Асинхроно учење - користење систем кој го раководи учењето (Learning management System - LMS) и 3. Синхроно учење, настава на далечина преку видео - конференција Пролетниот семестар 2019/2020 почна како настава во училница, поддржана од LMS систем. Професорите и студентите на УАКС веќе години наназад користат Moodle и Microsoft Share Point Portal, а од 10 март воведовме синхроно учење на далечина. Тоа беше нешто за кое одамна сме се подготвувале, и

можеби и токму затоа, транзицијата од училница на монитор одеше брзо и без поголеми проблеми. Она што беше клучно за нас е да продолжиме со остварување на нашата мисија да нудиме врвно образование, комбинација од образование во американски стил и европскиот кредитен трансфер систем. За нас беше клучно да продолжиме да бидеме едукатори, и успеавме во тоа. XСекоја X промена носи и предизвик. Кои беа предизвиците со кои моравте да се соочите при воведувањето на ваквиот концепт? Предизвиците и проблемите беа бројни. Дури може да ги групирам во три групи: технолошки, легислативни, и воведување на промената и кај студентите, и кај наставниците! Технолошката бариера ја совладавме со избор на вистински партнер. LMS платформата веќе беше воспоставена, и ја надградивме верзијата на Moodle за да може да опфати и испитување преку платформата. За тоа, би сакал да истакнам благодарност до нашиот партнер од Америка, Solaris Intelligence. За видео - конференциска платформа го избравме Webex. И тоа беше вистинскиот момент на пресврт. Би

искажал голема благодарност кон тимот на Cisco и од Скопје, но и од Калифорнија, кои навистина понудија одлични услови за образовна установа, а уште повеќе што дадоа несебична поддршка, консултации и обуки. Легислативната бариера ја надмина Министерството за образование и наука со повлекување навистина храбри потези. Иако повеќето универзитети веќе се подготвуваа за некој вид онлајн настава, истото не беше предвидено во законот. Министерството за образование донесе уредба со законска сила со која ја легализираше и онлајн наставата, но и оценувањето. Воведување на промена, спроведена на УАКС од страна на Центарот за управување со квалитет, како агент на промена. Се разбира, постоеше отпор кај дел од кадарот околу можноста за целосна трансформација на образовниот процес. Затоа, настапивме постепено, чекор по чекор, катедра по катедра, факултет по факултет. Сите професори поминаа низ посебен тренинг. За тоа, би сакал да изразам посебна благодарност до Ивона Милева (ЦКК) и Ненад Дуковски (IT), за поддршката во спроведувањето на оваа промена. И на крај, требаше да се „разбудат“


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

55


Капитал број 1058 17.04.2020

56

ИНТЕРВЈУ Онлајн настава на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје

Бојаџиев: „Со хибридната настава она што беше клучно за нас е да продолжиме со остварување на нашата мисија да нудиме врвно образование, комбинација од образование во американски стил и европскиот кредитен трансфер систем.“

студентите, кои беа на принуден одмор од 13ти март. За повеќето од нив, беше вистинско изненадување дека сепак ќе имаат колоквиумска недела, според академскиот распоред. Закажавме обука со секоја група, и на крајот имавме успешна колоквиумска недела и задоволни студенти. Периодов, влеговме во фаза на натамошен развој на алатките за онлајн учење. Секој петок имаме семинар за унапредување на знаењата, и очекуваме понатамошниот тек на семестарот, како и завршните испити, да ги спроведеме уште поквалитетно. XКои X се позитивните и негативните страни на овој начин на онлајн предавање и работа? 1. Очигледната предност е дека може да се одржува настава, кога училиштата се физички затворени. Тоа е навистина незаменливо. 2. Следната предност, на која студентите брзо се навикнуваат, е комодитетот. Ова е посебно значајно кај професионалците кои се вработени и доаѓаат на постдипломски студии – наставата од дома е дополнителен бонус: нема брзање да се стигне на време, се надминуваат сообраќајните гужви итн. 3. Третата предност е совладување на географската дистанца. На УАКС


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1058 17.04.2020

58

ИНТЕРВЈУ

Онлајн одбрана на магистерска при УАКС во март месец, кога поради коронавирусот беа затворени училиштата и факултетите. речиси секогаш има 10-20% студенти кои не се физички присутни, но имаат статус на вонредни студенти и користат само асинхрон модус. Сега нивното учество е активирано и имаме вклучувања на студенти кои живеат во други држави. На програмата за двојна диплома со Универзитетот Тор Вергата од Италија, имаме студенти од Бразил и Аргентина, САД, како и повеќето европски држави. 4. Четвртата предност се технолошките можности. Всушност, младата генерација се чувствува како дома во дигитална околина. Можностите се бројни: • снимање на предавањата и нивен преглед во кое било време • користење пробни тестови како симулација на испит • употреба на онлајн симулации на серверите на кои имаме претплата: HARVARD, Cesim • користење на сите ресурси на MY LAB на Pearson International • Користење онлајн ресурси на партнерскиот универзитет Тор Вергата во Италија Негативностите на онлајн образованието се исто така очигледни: комуникацијата лице в лице е сепак, најбогат комуникациски канал. Таа динамика е тешко да се постигне онлајн. Втор недостаток се можните злоупотреби. Работевме напорно за да ги надминеме евентуалните неетички ситуации. Планираме дополнително да го унапредиме системот на испитување со сесијата до крајот на семестарот. Потоа, има и технички недостатоци. Во време во кое цел свет се поврзува онлајн, логично е да дојде до

Испит со помош на онлајн алатките оптовареност на мрежата. Тоа посебно се чувствува откако кризата ескалира во САД: имено, после 16 часот, едноставно се преоптоваруваа серверите на сите провајдери на видео - конференции. За среќа, кризата траеше само 2-3 дена и брзо се надмина со активирање дополнителни сервери на облак, што ја зголеми проточната моќ. XКакви X се првите реакции на студентите? Наставата преку видео - конференција ја почнавме на 13 и 14 март, прво само со две групи на постдипломски студии. Реакциите беа одлични, немаше никакви проблеми. Напротив, дури и беше комфорно за вработените професионалци и менаџери. Студентите на додипломски студии имаа исто така интересно искуство. За прв пат полагаа на Moodle. Студентите на архитектура полагаа во домашни услови, со скенирање на проектот,

а потоа и негова презентација пред професорите. Студентите на компјутерски науки пак, решаваа практични задачи и изработуваа проекти. XКако X ќе се развива хибридното учење во иднина? Кои се можностите за унапредување и развој? Дефинитивно, образованието ќе се движи во насока на хибридно учење. Развојот на технологијата ќе го направи овој начин на учење уште подостапен, а распространетоста на брзиот интернет ќе овозможи видео - комуникација до сите. Тоа се предности кои треба да се користат. Учењето за диплома е само едно ниво – тоа е почеток на животниот пат за младите луѓе. Но, учењето и усовршувањето низ целиот живот, е продолжување на тој животен пат и предуслов да останеме современи и конкурентни. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

60

КАРИЕРИ

Овие карантински денови се прилика за приватно, но и професионално надградување какво што, каква што можеби никогаш повеќе нема да добиеме. Прилика од своите домови да излеземе подобри и посилни, затоа што ќе имаме тешка задача да обновиме сè што короната оштети. Прочитајте за тоа кои вештини експертите од Harvard Business Review сметаат дека ќе бидат барани на пазарот кога епидемијата ќе помине.

СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО ИЛИ...ШТО П

КАКО ДА ГО ИСКО КАРАНТИНОТ ЗА ПО НА СВОИТЕ ВЕШТИН


www.kapital.mk

ПОСЛЕ КОРОНАТА?

ОРИСТИТЕ ОДОБРУВАЊЕ НИ И ЗНАЕЊЕ

Капитал број 1058 17.04.2020

Ж

61

Животот во четири ѕида и социјалната дистанцираност наметнуваат потреба да се свртиме кон самите себе. Овие карантински денови се прилика за приватно, но и професионално надградување какво што, каква што можеби никогаш повеќе нема да добиеме. Прилика од своите домови да излеземе подобри и посилни, затоа што ќе имаме тешка задача да обновиме сè што короната оштети. Еден од најчестите изговори на сите професионалци за недоволно учење и напредување е недостигот на време. Во силно забрзан ритам останува многу малку време за едукација и развивање на деловни вештини. Токму затоа периодов е идеален за едукација, развој на постоечките вештини и учење на нови. На пример, Cordone University имам одлична понуда, 30 денови бесплатен пристап кон огромна база на курсеви. Дигиталните вештини се’ повеќе се потребни, па за оние што сакаат да се бават со маркетинг на пример, одличен е Google Skillshop. YouTube, Coursera, TED, и уште еден куп извори на формална и помалку формална едукација се во изобилство, па вреди да се искористи тоа.

Кои компетенции работодавците најмногу ги бараат Иако желбата за додатна едукација заслужува пофалба, донесување на одлука за тоа кои курсеви да се одберат неретко и не е баш наједноставна работа на светот. Напросто, премногу понуда има на пазарот, а нашето расположливо време, дури и во моменталнава ситуација, сепак е ограничено. Некако е најлогично да се тргне од тоа што работодавците најчесто го бараат кога се во потрага по нова работна сила. Според традиционалното годишно истражување на хрватскиот портал MojPosao за пазарот на работна сила, работодавците во 40% од објавените огласи барале од кандидатите познавање на странски јазици и тоа првенствено англиски. Исто така, во секој трет конкурс за работа, како услов се наведува познавање на работа на компјутер, а во најголемиот дел се однесува на работа во Word и Excel. Од MojPosao забележуваат дека често и не мораме да се вртиме кон нешто ново, туку да поработиме на тоа што веќе го знаеме и конечно да ги пополниме оние дупки поради кои се црвенееме пред колегите, на пример да нацртаме дијаграм или да напишеме коректен службен допис на англиски.


www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

62

КАРИЕРИ

Кои деловни компетенции да се засилат/развијат

С

трански јазици; дигитални алатки за проект менаџмент и комуникација; управување со социјални мрежи; дигитален маркетинг; е – трговија; односи со купувачи; продажни вештини; програмирање; веб дизајн; анимација; графички дизајн; фотографија; видео продукција; меки и комуникациски вештини; еLeadership; управување со ризици; управување со луѓе.

Како исправно да тргнеме во „карантинско“ јакнење на професионалните компетенции? Треба да си ги поставиме следниве три прашања: XКои X вештини треба да ги развивам? Одлуката за избор на одредена едукација донесете ја имајќи ги предвид барањата и посебностите на работата со којашто моментално се бавите, односно работата со којашто сакате да се бавите. Размислете околу тоа на што треба да поработите за да бидете подобри, поквалитетни и попродуктивни во својата работа. На пример, ако вашата работа подразбира повремени состаноци со клиенти од други земји и комуникација на странски јазици, а сметате дека во тоа подрачје постои место за ваш напредок, можеби учењето на некој нов јазик е вистинско решение за вас. XКои X вештини сакам да ги развивам? Покрај компетенциите што „треба“ да ги развиваме за да напредуваме во професионална смисла, постојат и оние вештини кои можеби токму во овој момент и не ни се неопходни, но искрено сакаме да ги развиваме, и коишто еден ден можеби ќе се покажат корисни за нашата кариера. На пример, можеби нашето моментално работно место од нас не бара познавање на Photoshop, програм што отсекогаш сме сакале да го научиме, но со тек на време поседувањето на оваа вештина можеби ќе се покаже како влезница за некое ново работно место и напредување во рамки на компанијата, или пак пронаоѓање на

нова, подобра работа. Во идеално сценарио, избраната едукација претставува комбинација од „потребни“ и „посакувани“ вештини. XГи X имам ли сите услови за непречена работа? Пред да посветите еден дел од денот за збогатување на вашето знаење и учење нови вештини, потребно е да ги обезбедите сите услови за непречена и квалитетна работа. Одредете точно време коешто ќе го посветите на едукацијата и во вашиот дом пронајдете мирно катче каде што нема да ви пречат. Секако, со оглед дека зборуваме за онлајн едукација, стабилна интернет врска е неопходна, како и компјутер, лаптоп, таблет или смартфон.

Кои компетенции по завршувањето на епидемијата ќе бидат најважни

Гледањето во минатото помага, но за квалитетна одлука секогаш треба да ѕирнете и во иднината. Сега се наметнува прашањето кои компетенции после стивнувањето на епидемијата најмногу ќе се бараат. Harvard Business Review истакнува на пример, дека во новите услови нема да се промени важноста на стручните компетенции затоа што квалитетот и ефективноста на работата ќе бидат поважни од било кога. Притоа, ќе биде нужно да се поработи на дигитални знаења, коишто станаа основен предуслов за работа, со цел да се искористат предностите на интернетот и работата во поврзани мрежи.

Исклучително важни се и soft skills вештините, од управување со луѓе и стратешко планирање, до сопственото управување со времето, стресот и поставување на приоритети. Со оглед дека нè чека и финансиска криза, повторно станува важно управувањето со ликвидноста и ризиците. Продажните вештини исто така ќе бидат клучни, затоа што продажбата многу потешко ќе оди одошто пред кризата и само најдобрите продавачи ќе успеат да ги исполнат своите планови. Деловниот свет и сите сегменти на неговото управување освен на стручните знаења, се темелат и на комуникацијата. Недостигот на комуникација лице в лице во новиве услови луѓето се обидуваат да ја компензираат со допишување преку разни апликации и лесно е да се уочи колку при некои пишани пораки фали тоа што не можеме да фрлиме поглед на личноста за да сфатиме дали се шегува или не, на пример, дали е лута или тажна, итн. Во секој случај, не постои време кое што не неприкладно за да поработите на своите комуникациски вештини. Секој како личност е единствен, еден и неповторлив и иста личност е независно дали е на работа или надвор од неа. Различно може да биде само она што го покажуваме, колку ги контролираме своите однесувања. Однесувањата што ги покажуваме се всушност компетенции и на нив можеме и треба да работиме цел живот. Со оглед на моменталното присилно седење дома, нема подобра



www.kapital.mk

Капитал број 1058 17.04.2020

64

КАРИЕРИ

прилика за тоа. Поради брзината на промените околу нас – од новите технологии до новите начини на работа – да не работите на својот развој, значи дека назадувате, велат консултантите од HBR. Ако сакате да читате – има многу книги што може да ги прочитате за разни компетенции и вештини. Ако сте повеќе тип за гледање – има изобилство видео материјали, туторијали, што може да ги погледате. Ако пак сакате интеракција и ви треба мотивација преку надворешни стимулации – постојат многу онлајн курсеви што може да ги почнете. Не е важно за која метода ќе се одлучите, сè додека се држите до овие три правила: вложувате труд; се преиспитувате самите себе и искрени сте кон себе. Работете на комуникацијата! Колку и да ви звучи оваа реченица како некакво клише, денес е поважна од било кога. Комуникацијата отсекогаш била важна и за нејзиниот развој многу се зборувало, но денес кога голем дел од нас работат од дома, нејзината важност е уште поголема. Три совети што HBR ги дава за тоа како да се работи на комуникацијата се следниве: u Разбирање на туѓите и сопствените емоции и управување со нив (емпатија, емоционална интелигенција); u Поставување на прашања со цел подобро разбирање во рамки на тимот, организацијата, семејството, заедницата; u Одговорност за себе и своето однесување кон себе и другите;

Каде да се побараат знаења Апликации за учење странски јазици: Duolingo, Memrise, Busuu, Mondly Платформи за онлајн курсеви од сите видови: EdX, Coursera, FutureLearn, Udemy, Canvas, ODEM, Open Education Europa. Бази со стручни написи: Microsoft Academic, BASE, CORE, Google Scholar, JSTOR

Ова се можеби најважните компетенции што ни се потребни во моментов за да бидеме успешен и продуктивен член на тимот, семејството и заедницата.

Алатки за работа на далечина

Работните денови отсега ќе бидат на далечина и такви ќе останат многу подолго одошто во моментов си мислиме. Некои мислат дека со завршувањето на оваа криза сите луѓе повторно ќе се вратат на старите навики и ќе почне да одат на работа, но тоа во многу случаи нема да се случи, тврдат од HBR. Многу бизниси што поради природата на работата може да функционираат на далечина сфатија дека сосема нормално функционираат со работата од далечина периодов додека сите сме во карантин. Дури забележаа и дека се попродуктивни. На пример, Марко Буљан директор на хрватска агенција за дигитални услуги пресметал колку работата од дома штеди време што инаку би се потрошило на патување до работа и дошол до зачудувачки бројки. „Ако го земеме предвид времето потребно за подготвување и доаѓање на работа, како и тоа дека во најголемата гужва се враќате дома, да сметаме дека на тоа ни одат 1,5 – 2

часа дневно, зависно од тоа кој каде живее и работи. Затоа може да кажеме дека во просек еден цел работен ден неделно сме потрошиле на доаѓање и заминување од работа. Сега одеднаш имаме еден ден во седмицата вишок на време. Тоа се месечно четири дена или годишно 40-50 дена. Звучи неверојатно, па морав два пати да ја проверам математикава“, вели Буљан. Со оглед дека работата на далечина е новата нормалност, дигиталните алатки за работа на далечина се на списокот компетенции што треба да се засилат или развијат. Еве што препорачуваат експертите. За инстант комуникација во реално време тука е задолжително апликацијата Slack. За зачувување податоци во облак што меѓусебно може да се споделуваат многу корисен е Drive на Google, како и Dropbox. Во низава припаѓаат секако и алатките за видео конференции и онлајн состаноци, како што се Meet, Zoom, Skype и др. За следење на потрошените работни часови и генерално профитабилноста на поедини проекти корисна е апликацијата Productive, производ на хрватската фирма Infinum. Треба да се размисли и за некои алатки за проектен менаџмент како што се Asana, Trello, Basecamp и слични.

nnn



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.