Kapital magazin 1059

Page 1

СВЕТ: ДИКТАТУРИТЕ КОНТРОЛИРААТ ЛУЃЕ, АМА НЕ И ВИРУСИ business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1059

цена 100 ден. l 24 април 2020 петок l година 21

КРЕДИТНА ПОДДРШКА И ЗА БУЏЕТОТ И ЗА ФИРМИТЕ Странските кредитори обезбедија пари за цел буџетски дефицит www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУА Анета Антова – Пешева претседателка на УО на МАСИТ

Виктор Мизо

директор на „Костал Македонија“

Боријан Борозанов

директор на „Аптив Македонија“

COVER STORY

interview

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Четвртина компании велат дека престанале со производство во април, но 90% од нив нема да отпуштале вработени

промотор на „Македонски концепт“

СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ИНОВАТИВНО РЕШЕНИЕ: ЈАВНИ ОВЛАСТУВАЊА КАЈ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ПРЕТПРИЕМНИШТВО КАЈ ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ! Лидерство: Дали имате визија за пост – кризната иднина?



СОДРЖИНА

Kapital... 1059 14

24

КРИЗА КОВИД – 19: COVER STORY

КРИЗА КОВИД – 19: ИНТЕРВЈУ

Какви се економските последици после месец и половина (не)работење среде корона - кризата

Виктор Мизо, директор на Костал

Македонија и претседател на Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство

Падот на автомобилската индустрија во светот силно ќе се одрази и во Македонија – фабриките за автомобилски делови „носат“ 50% од извозот на земјава!

Четвртина компании велат дека престанале со производство во април, но 90% од нив нема да отпуштале вработени

30

КРИЗА КОВИД – 19: ИНТЕРВЈУ

Анета Антова - Пешева, претседателка на УО на МАСИТ

Оптимистичко сценарио би било ИКТ секторот да претрпи 20% пад на приходите поради корона – кризата

4

АНАЛИЗА

Љупчо Зиков

Кога го заборавивме либерализмот и кога сите станавме Кејнз? Што сега да прави државата?

42

36

КРИЗА КОВИД – 19: ФИНАНСИИ

КРИЗА КОВИД – 19: ИНТЕРВЈУ

Боријан Борозанов

генерален менаџер на „Аптив Македонија“, компанија од секторот делови за автомобилската индустрија

Ефектот од досегашните антикризни мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални

АНАЛИЗА Љупчо Зиков...................................................................4 Кога го заборавивме либерализмот и кога сите станавме Кејнз? Што сега да прави државата? КРИЗА КОВИД – 19: COVER STORY Какви се економските последици после месец и половина (не)работење среде корона - кризата........................................................14 Четвртина компании велат дека престанале со производство во април, но 90% од нив нема да отпуштале вработени КРИЗА КОВИД – 19: ИНТЕРВЈУ Виктор Мизо, директор на Костал Македонија и претседател на Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство........................................24 Падот на автомобилската индустрија во светот силно ќе се одрази и во Македонија

Кредитна поддршка и за буџетот и за фирмите

Странските кредитори обезбедија пари за цел буџетски дефицит

48

ИНТЕРВЈУ

Петар Богојески

промотор на „Македонски концепт“

Се залагаме за иновативно решение: јавни овластувања кај приватниот сектор и претприемништво кај државните службеници!

– фабриките за автомобилски делови „носат“ 50% од извозот на земјава!

Странските кредитори обезбедија пари за цел буџетски дефицит

КРИЗА КОВИД – 19: ИНТЕРВЈУ Анета Антова - Пешева, претседателка на УО на МАСИТ...........................................................30 Оптимистичко сценарио би било ИКТ секторот да претрпи 20% пад на приходите поради корона – кризата

ИНТЕРВЈУ Петар Богојески, промотор на „Македонски концепт“............................................48 Се залагаме за иновативно решение: јавни овластувања кај приватниот сектор и претприемништво кај државните службеници!

КРИЗА КОВИД – 19: ИНТЕРВЈУ Боријан Борозанов, генерален менаџер на „Аптив - Македонија“, компанија од секторот делови за автомобилската индустрија.......................................................................36 Ефектот од досегашните антикризни мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални КРИЗА КОВИД – 19: ФИНАНСИИ Кредитна поддршка и за буџетот и за фирмите...........................................................................42

СВЕТ Кризата ги соголи и меѓународните односи......................................56 Диктатурите контролираат луѓе, ама не и вируси ЛИДЕРСТВО Што кога ќе помине пандемијата.............62 Дали имате визија за пост – кризната иднина?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 23.4.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1059 24.04.2020

4

АНАЛИЗА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

5

КОГА ГО ЗАБОРАВИВМЕ ЛИБЕРАЛИЗМОТ И КОГА СИТЕ СТАНАВМЕ КЕЈНЗ? ШТО СЕГА ДА ПРАВИ ДРЖАВАТА?

Љупчо Зиков


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

6

АНАЛИЗА

пишува:

Љупчо Зиков

С

ljupco.zikov@kapital.mk

Со корона вирусот, светот, и сите ние во него се разбира, одеднаш си добивме две пандемии: пандемија на вирусот (здравствен проблем), како и пандемија на паника (страв од економска пропаст за време вирусот). Особено важно е прашањето - што ќе се случува потоа – на краток рок, до Нова година, како и на среден и долг рок 2021 и годините потоа. Особено што светот, и оваа планета, сега стануваат едно апсолутното несигурно подрачје за живот и опстанок. Со други зборови, веќе нема никаква гаранција дека работите ни се под контрола. Годинава е овој вирус и никој не гарантира дека во 2021 ќе не „киднапира„ друг вирус, или нешто друго ...! Значи темата за денес е - што ќе правиме на „денот потоа“, откако сите власти една по една во разни временски периоди ќе ги олабават мерките, и кога ќе завршат карантините и ќе се вратиме секој во своите поединечни приказни? „Замрзнатото„ македонско општество полека ќе се „одмрзнува„. Таквиот процес ќе почне после првомајските празници. Но, македонските компании пред два дена ги избројаа своите „први мртви„ во време на короната. Кој за 20% кој за 50% намалиле производство и продажба. Наскоро се’ тоа ќе објават и во пари, па ќе се пријават на „државните шалтери„ чекајќи исплата. Коморите со микрофоните во раце прават амбиент. Малку пазарна економија, малку капитализам. Сега сите бараат држава – етатизам!? Значи, како што и можеше да се очекува, економските проблеми неликвидноста и инсолвентноста ќе бидат најголеми. Многу компании периодов ќе бидат пред банкрот! Она што е важно да се разбере пошироко во општеството е фактот дека секоја изгубена компанија подразбира крај на еден производствен процес, крај на еден дистрибутивен процес, отпуштања на вработени во фабриката, во дистрибуцијата, намалување на бизнисот и на добавувачот на суровини, помалку придонеси од плата во пензиските и здравствените фондови и помалку данок во

Засега, во САД и во ЕУ се појавија две големи „школи на мислење„ околу борбата со економската криза предизвикана од коронавирусот. Се заговараат две тактики. Првата тактика е „general escape clause„! Втората е „дожд од пари врз компаниите„. Првата тактика е „клаузула за бегство„ за која се вели дека промовира избегнување на враќање на долговите (одлагање на отплата на даноците и кредитите). Втората тактика, пак, промовира истурање на дожд од пари, колку е потребно толку, заради зачувување на економската активност (зголемување на ликвидноста, државни субвенции и во суштина попуштање на сите кочници на монетарната и фискалната политика од страна на владите). За разлика од економската и финансиската криза низ светот во 2008 година, кога неодговорните банкарски мешетари, па и влади ширум светот - „спржија„ илјадници милијарди долари и евра, а стопанствата и компаниите во нив, ги оставија на цедило, сега нештата се поразлични - гледаме дека државите и централните банки нудат исто така илјадници милијарди долари и евра со цел имунизација на стопанствата „заразени„ од корона вирусот, со крајна цел стопирање на бранот на банкроти од незамисливи размери...

Буџетот на земјата. Следствено државата е во проблем оти има помали можности за трошење. Нас, сега не интересира македонската економија. Ова е особено важно за проекциите како ќе се движи нашата економијата на краток рок, среден и долг рок. Предмет на оваа анализа секако се економијата, компаниите, работниците, инвеститорите и основачите (сопствениците/газдите)! Дали носиме заклучоци? Дали конципираме стратегии? Што научивме, или што секојдневно учиме од оваа криза? Во почетокот на март напишав дека, на краток рок, многу е важно да се зачуваат работните места. Тие обезбедуваат агрегатната потрошувачка да остане на стандардно рамниште како и пред кризата, а сето тоа е многу важно за нивото на кондицијата во општеството која треба да обезбеди „економски имунитет„ за да се издржи подолго во одржлива точка. Сепак, македонската економија по извесно време ќе влезе во своја втора и трета фаза на криза кога државните мерки за заштита на работните места нема да бидат доволни, затоа што компаниите, директорите, управните одбори и со еден збор сопствениците и инвеститорите ќе влезат во еден „волшебен„ круг на неликвидност. Тоа полека почнува да се случува. Својата кулминација би ја достигнало кон крајот на мај, во текот на јуни и јули ...!? Полека, но сигурно компаниите ќе запаѓаат во разни кризи. Инсолвентноста ќе се зголеми, поради намалувањето на ликвидноста (отсуство и стопирање на деловната активност – нема излезни фактури!? И плус на сето ова - многу тешко се наплатува претходно сработеното. Ликвидноста драматично ќе се намалува, иако во март и април, не чувствуваме многу проблеми затоа што во овие месеци се’ уште се наплатува и троши од сработеното во јануари и февруари, кога, кој како се работеше добро!? Добро доаѓа тоа што македонските владини мерки за платите на вработените, како и сите мерки, временски се дефинирани ефектите да ги дадат во март, април, мај. Што ќе рече - јадено, пиено и платено е од државата за тој период ...!?

ВТОРИОТ И ТРЕТИОТ УДАР НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА! СУШТИСКИ ПРОБЛЕМИ И ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА!

Имаме и друг параметар за анализа ... Ако забележувате периодов, како поминува пикот на вирусот, и како се надзира одмрзнувањето на вонредната состојба (се очекува до средината на мај да заврши) така и


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

7

Претприемништвото треба да се заштити. Тоа најдобро до сега го разбра германската канцеларка Ангела Меркел. Претприемништвото е клучен ресурс за одлична економија, и темел на цивилизацијата! Меркел им понуди (покрај се’ останато) на сопствениците на компании атрактивен модел на докапитализација. Значи на сите компании до 250 вработени кои не можат да плаќаат (инсолвентни) и на кои поради тоа им се заканува банкрот, државата понуди финансиска помош. Но ... за возврат државата ќе влезе пропорционално и процентуално во сопственичката структура. Тоа е изнудена докапитализација на германското стопанство на средните компании во земјата. Идејата на концептот на Меркел е кога ќе помине кризата сопственикот на компанијата да си го откупи делот од државата која таа го стекнала во времето на оваа криза. На овој начин паметната германска канцеларка прави две одлични работи за „денот потоа ...„? Прво, праќа недвосмислена порака дека државата и стопанството од криза може да ги извлече исклучиво претприемништвото и оние паметни и работливи претприемачи и сопственици на приватни компании, а не тоа да се чека од државата на која местото воопшто не и е во економијата. Второ, создава доверба и сигурност кај банките дека тие можат сега без страв што ќе се случи да кредитираат токму такви претприемачи. И индексите на берзите низ Германија и ЕУ скокнаа.

партиско – политичката машинерија ги пали моторите. Опозицијата „го пали„ популизмот, а македонската влада барем засега не влегува во филмот на српската влада - да ја прифати слатката, но опасна игра со популизмот. Да не заборавиме дека и Македонија и Србија се пред избори, но за разлика од српската влада, нашата сепак (барем не досега) не влезе во комотната зона на „сетови„ и „листи„ – економски, а популистички мерки против економската криза предизвикана од короната (што ли ќе беше со популизмот да беше сега

Груевски се’ уште на власт. Едно „Скопје 2023 сигурно ќе добиевме!?) Значи прашањето е ... за што треба да зборуваме - за државна „помош и субвенции„, или за реални и одржливи економски мерки на македонската Влада со своја цена која ќе треба да се плати во догледен период од страна на сите граѓани. Затоа што токму во тоа како ќе бидат дефинирани мерките и политиките , ќе се види колку државата сака да ги „зарие своите нокти“ во приватниот сектор на компаниите. Оттука, се поставуваат следните

прашања ... Кои производствени синџири се неповратно прекинати, а кои синџири можат брзо да се реанимираат? Кои производства се загрозени? Кои услуги исчезнуваат? Колку компании ќе пропаднат? Колку работни места ќе се угасат? Колку БДП-а (бруто домашни производи) ќе бидат „спржени„? Има ли пари да се затнат сите дупки, како опасно заразената економија и економии во светот не би почнале забрзано да пропаѓаат!? Прогнозите и предвидувањата стануваат се понесигурни и


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

8

АНАЛИЗА

Кои производствени синџири се неповратно прекинати, а кои синџири можат брзо да се реанимираат? Кои производства се загрозени? Кои услуги исчезнуваат? Колку компании ќе пропаднат? Колку работни места ќе се угасат? Колку БДП-а (бруто домашни производи) ќе бидат „спржени„? Има ли пари да се затнат сите дупки, како опасно заразената економија и економии во светот не би почнале забрзано да пропаѓаат!? Прогнозите и предвидувањата стануваат се’ понесигурни и попесимистички и тоа од час во час и од ден во ден. Многумина велат дојде време на „бела смрт на белата експертиза„!

попесимистички и тоа од час во час и од ден во ден. Многумина велат дојде време на „бела смрт на белата експертиза„! На пример, влијателниот германски институт ИФО на 11 март годинава прогнозирал дека германскиот БДП годинава ќе падне во распон од 1,5% до 6%, но истиот институт на 23 март годинава дава нова прогноза дека падот ке биде 7,2% (во најдобар случај) до 20,6% (во црно сценарио). Нова понова прогноза деновиве не сретнав од овој институт!? Во Германија оперираат со терминот „ладно движење„ на германското стопанство (стоење во место) составено од милиони мали средни и големи компании. Тоа „ладно движење„ им ја чини економијата пад од 25 до 57 милијарди евра до сега. Црните прогнози го натераа директорот на овој институт Габриел Фелдемаер, да изјави дека, оваа криза може да стане „мајка на сите кризи и рецесии во историјата„.

ДВЕ ШКОЛИ СЕ РАЗВИВААТ ВО СВЕТОТ...

Засега преовладуваат две големи „школи на мислење„ на потегот од САД до ЕУ. Се заговараат две тактики – првата тактика е „general escape clause„ и втората „дожд од пари врз компаниите„. Првата тактика е клаузула за бегство за која се вели дека промовира избегнување на враќање на долговите (одлагање на отплата на даноците и кредитите). Втората тактика, пак, промовира истурање на дожд од пари, колку е потребно толку, заради зачувување на економската активност (зголемување на ликвидноста, државни субвенции и во суштина попуштање на сите кочници на монетарната и фискалната политика од страна на владите). За разлика од економската и финансиската криза во 2008 година, кога неодговорните банкарски мешетари по светот „спржија„ илјадници милијарди долари и

евра, а стопанствата и компаниите во нив, ги оставија на цедило, сега се чини работите се сменија, затоа што, гледаме дека државите и централните банки нудат исто така илјадници милијарди долари и евра со цел имунизација на стопанствата „заразени„ од корона вирусот, со крајна цел стопирање на бранот на банкроти од незамисливи размери ... Како што неодамна изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен: „Државата може да троши и потроши колку и е потребно„!? Но, како е во Македонија? Пред извесно време група претприемачи и интелектуалци испивме едно неофицијално кафе, а потоа дискутиравме и онлајн онака ентузијастички ... Со вредно микроекономско, а и макроекономско искуство составивме еден список на можни мерки со показатели и конкретни предлог мерки во чиј центар се – буџетски суфицит


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

9

(индуциран се разбира) и високите девизни резерви на земјата. На основа на макроекономските проекции заклучено е дека падот на БДП во 2020 година ќе оди до -6% (но само ако релативно брзо се вратиме на работа и почнеме да функционираме). Борбата со економската криза и падот на БДП треба да оди преку промена на ПАРАДИГМАТА!? Ако во 2017 година, при промената на власта (доаѓањето на Зоран Заев за премиер) беше спасуван Буџетот од банкрот за да подоцна се спаси целата економија со тоа што ќе се обезбеди силен простор за капитални инвестиции, сега мора да се спасува стопанството – компаниите, за да се спаси Буџетот подоцна (пензиите, платите на администрацијата, јавните капитални инвестиции ...!? Таква е оваа криза и бара сосема спротивен пристап и мерки. Или како што во Хрватска на површина се популаризираше слоганот „држава привреди сада мора да плача, да би привреда сутра држави могла да плача„!?

КАКО ДА СЕ ФИНАНСИРА РАСТОТ И КАКО ДА СЕ ЗАДОЛЖУВАМЕ!? МЕРКИ?!

На Владата и се сугерира дека повеќе не е време за штедење, туку за трошење што повеќе пари е можно! „Масивен фискален стимуланс„. Како? Задолжување,

Треба да се знае дека најважната задача на Буџетот е непосредно да ги финансира сите трошоци на борбата за намалување на економската штета. За загрозените граѓани, и деловите на стопанството кои со оваа криза ќе бидат најмногу погодени. Значи се сугерира поагресивно задолжување на државата. Еднократно, привремено зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг (додека трае кризата) дури и во случај тоа задолжување и зголемување на јавниот долг биде релативно големо, под услов овие средства да се насочат рационално, одговорно и каде што треба. Затоа што - економскиот пад што ќе се случи набрзо ќе биде остар и брз. Оттука, многу е важно стопанството и економијата, исто така остро и брзо да влезе во зона на брзо закрепнување. Повеќе тинк-тенкови на Балканот веќе прават анализи дека, на пример, Србија има можност во висина на 10% од БДП дополнително да се задолжи (четири до пет милијарди евра), што значи 10% од БДП за Македонија би значело 1,2 до 1,5 милијарди евра. Советот е дека ова треба да се случи брзо и да не се одложува интервенцијата ... Многу е важно државата што побргу да ги изнесе конкретните мерки за борба со економската криза на среден и долг рок.

се разбира. На пример, меѓу 700 милиони евра и 1,5 милијарди евра ... како стопанството на среден рок би можело да преживее. Државата тој стимуланс реално ќе ја чини помалку - најмногу 1,5 милијарди, затоа што дел од државните стимулации ќе се вратат преку наплатата на ДДВ, данокот на добивка како и данокот на приходи. Нормално ако компаниите продолжат да работат во стандарда кондиција! Ова ќе има за последица зголемување на јавниот долг како процент од БДП на близу 60%, или нешто под тоа (но се заговара ако треба и повеќе) ... во ЕУ сега се дозволи затоа што го суспендираа Пактот за стабилност и раст. Најмногу пари од Буџетот државата би потрошила на покривање на 70% на минималната плата на сите што ќе останат без работа во периодот од 15 март до крајот на вонредната состојба, потоа на отпис на даноци и придонеси во тој износ на сите активни приватни претпријатија и отпис на плаќање на паушалите за претприемачи на три месеци (На Балканот во повеќе држави веќе се заговара таа мерка – отпис, а не одлагање). За проблемите на среден рок, економисти и претприемачи предлагаат и поддршка на финансискиот сектор, на пример кај Развојната банка на Северна Македонија, со неколку стотици милиони евра. Пари кои директно ќе бидат пласирани во стопанството - не преку деловните банки - како секторска поддршка на посебни стопански гранки за кои ќе биде оценето дека се важни за економијата на државата. Треба да се знае дека најважната задача на Буџетот е непосредно да ги финансира сите трошоци на борбата за намалување на економската штета. За загрозените граѓани, и деловите на стопанството кои со оваа криза ќе бидат најмногу погодени. Значи се сугерира поагресивно задолжување на државата. Еднократно, привремено зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг (додека трае кризата) дури и во случај тоа задолжување и зголемување на јавниот долг биде релативно големо, под услов овие средства да се насочат рационално, одговорно и каде што треба. Затоа што - економскиот пад што ќе се случи набрзо ке биде остар и брз. Оттука, многу е важно стопанството и економијата, исто така остро и брзо да влезе во зона на брзо закрепнување. Повеќе тинк -тенкови на Балканот веќе прават анализи дека, на пример, Србија има можност во висина на 10% од БДП дополнително да се задолжи


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

10

АНАЛИЗА

(четири до пет милијарди евра) - 10% од БДП за Македонија би значело 1,2 до 1,5 милијарди евра. Советот е дека ова треба да се случи брзо и да не се одложува интервенцијата ... Многу е важно државата што побргу да ги изнесе конкретните мерки за борба со економската криза на среден и долг рок. Процените се дека големи ќе бидат економските проблеми, ако државата во своите проекции се ослони на приходите од ДДВ - то во март. Тие приходи се големи поради драматично зголемената трговија во супермаркетите (поголема пресметка и наплата на ДДВ во вонредни околности) поради паниката кај граѓаните од здравствениот аспект на вирусот. Тоа не е реалната состојба. Затоа државата не смее да размислува на одлагање на било каква интервенција во стопанството. Таа мора се случи веднаш. Затоа што Владата мора да биде свесна дека, во следните месеци, следува период на драматично мали јавни приходи. Веќе во април падот на приходите во Буџетот ќе бидат драматични и видливи (во мај и да не зборуваме), заради намалувањето или изостанувањето на плаќање на даноци и придонеси на плати во многу сектори на стопанството. Треба да се разбере дека покренувачите на бизниси, стопанствениците и претприемачите престануваат да плаќаат даноци и придонеси оти немаат од каде, а не затоа што не сакаат. На работниците им плаќаат колку можат. Ако не се работи и десет дена огромен број претпријатија ги губат финансиските резерви, тешко доаѓаат до свежи пари и со тоа не можат да го компензираат недостатокот од приходи. Наивно е да се верува дека претприемачите имаат некаква акумулација со која ќе ги финансираат трошоците во ваква ситуација ... Тие се само со себе, се преиспитуваат, ги преиспитуваат своите бизнис модели, може ќе се селат надвор, може ќе одат во стечај, едвај чекаат некои од нив ... Затоа државата мора да го има ова предвид ... Како ќе го финансираме растот до крајот на годината? Ако е преку задолжување, тогаш како да направиме добро задолжување? Прво, внатрешна буџетска резерва, задолжување на внатрешниот пазар на хартии од вредности и второ задолжување на меѓународниот пазар на капитал. Македонската влада веќе објави дека подготовките за лансирање на еврообврзница се веќе започнати. Сега останува да го следиме процесот и епилогот – кога и колку ќе се задолжиме и по која камата? Во меѓувреме ММФ

(Меѓународниот монетарен фонд) и Светската банка веќе пуштија кредити кон земјава ... Една мерка која, економистите и претприемачите ја сугерираат, но Владата се’ уште не ја разгледала, а е многу важна и интересна за анализирање е, на пример, основање на гарантен фонд. Замислено е банките во тој фонд да внесат неколку стотици милиони евра, а државата да преземе одговорност, да гарантира за еден дел од тие милиони евра како би се финансирале малите бизниси. Друга добра мерка, која се’ уште овде не се практикува е издавање корпоративни обврзници за големите и средните компании за силно подигање на овие компании во брзо време.

КОПЕРНИКАНСКИ ПРЕСВРТ! ДО КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДИ СО ДРЖАВЕН ИНТЕРВЕНЦИОНИЗАМ? КОЛКУ Е ТОА И ШТО НЕ Е МНОГУ?

Мислењата за улогата на државата во оваа криза се поделени. Но ... се чини никој во приватниот сектор, особено големиот бизнис, не сака да се откаже од помошта на Владата. Кај дел од стручната јавност најавите за силен државен интервенционизам предизвикуваат нервоза и паника. Некои упатуваат на прочуената мисла на Роналд Реган: „Најстрашната реченица во англискиот јазик е: Јас сум од Владата и тука сум да помогнам„. Анализите одат во правец на јасните заклучоци дека „социјализација на загубите„, со своите докажани погубни последици во комунизмот, секогаш звучи деструктивно затоа што на тој начин се уништува суштината на пазарната економија. Се создава долгорочно неодржлив раст на јавните долгови, а некаде може да се стимулира и провоцира инфлација што на крајот ја плаќаат сите даночни обврзници. Сепак, и економската наука и бизнисмените и аналитичарите, горе долу, се согласни и предлагаат мерки како и сите влади во светот: со фискални стимулации да се угасат економските, политичките и социјалните пожари. Некои дури носат храбри заклучоци – дека зад овој коперникански пресврт, и вртење кон државната интервенција во приватниот сектор и стопанството таа како клучен економски регулатор на редистрибуцијата, по се’ изгледа се крие веќе постигнат глобален консензус, да сегашната фискална комоција (долгот) на државите, за година две да се прости, или да се репрограмира ... Веќе почна да се повикува размислување

и за специјална меѓународна конференција за оваа цел.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРЖАВАТА ПАНДЕМИЈАТА И ВЛАДИНОТО АРБИТРИРАЊЕ

Еве еден пример, што го јавија повеќе балкански медиуми. Прилично опасен пример кој деновиве ни дојде од Србија ... Владини претставници, премиери и претседатели јавно „шамараат“ претприемачи, сопственици, инвеститори и директори, дека периодов некоординирано отпуштале вработени од своите компании. Вакво јавно „шамарање“ за еден претприемач се случи неодамна од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ кога тој јавно му се закани на сопственикот на хотелот „Наис„ дека нема да добие државна помош затоа што отпуштил 60 вработени. Потоа следуваше длабоко извинување на сопственикот кон претседателот и ветување дека нема да има отпуштања. Без оглед на тоа што тие 60 работници и понатаму нема да имаат работа, сопственикот на хотелот извесен Ивица Тончев (инаку висок функционер на


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

11

Сега е време за јакнење на свеста дека како најголем резултат после оваа криза со корона вирусот е - да се сочува претприемачкиот дух и претприемачката слобода. Затоа на владите им се сугерира дека зголемувањето на улогата на државата во стопанството во овие моменти не може да оди на линија, и по цена да се уништи претприемачкиот дух кај граѓаните ... Иако, сите добронамерни разбираме дека тоа некој силно го посакува не само денес, туку и 30 години наназад!? Затоа и имате мал број ликови во државата кои поседуваат, за наши поими големи компании добиени на разни нејасни и нереални начини ...!? И сега, во вакви времиња, не знаат што да им прават!? Да не заборавиме, а сега е згодно да потсетиме пак, дека на овие простори систематски, 30 години е уништуван претприемачкиот дух кај луѓето! Директно со разни партиски интервенции! Како и со отсутност, неработење, неносење одлуки – едноставно не се воспостави систем на фондови и банки за стимулирање на претприемништвото и стартапите. Долга е таа приказна! И не е убава за читање и слушање. владејачката Социјалистичка партија на Србија на Ивица Дачиќ), ќе ги задржи, свесен дека бизнис империјата за која надалеку се зборува, ја изградил благодарејќи на блискоста со власта. Но ... друга е темата! Српскиот пример го посочив само како илустрација на она што сакам да кажам! Ваков брутален однос се развива кога компаниите, особено нивните газди лесно влегуваат во разни односи со политичарите. Откако во тој однос долго време

„ќе се прави се’ и сешто„, и кога таа „љубовна врска„ доаѓа во криза обично работите на крај излегуваат токму вака како што е објаснето во горниот пример. Политиката го става во скут претприемачот ... и потоа „небото е лимит„ што се’ се случува. Што најмногу страда овде? Претприемништвото, секако. Јавното шамарање на еден претприемач и неговото поданичко и недостоинствено „самопосипување со пепел„, отвораат многу значајни и важни прашања: Дали е ова

моментот на силното влијание на државата во борбата со економската криза предизвиканата од пандемијата? Или е можеби злоупотреба на државата која се нашла во комотна позиција да арбитрира? Еве, до какви дефекти доаѓа кога зборувате и чекате помош и субвенции од државата, а не зборувате за реални економски индикатори и параметри кои ќе дадат можност компаниите кризата да ја надминат со пазарни механизми, законски дефинирани и донесени од


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

12

АНАЛИЗА

државата, секако. На пример, ако постојано зборуваме за помош (а ние во нашата паразитска економија зборуваме исклучиво за помош веќе 30 години од независноста до денес), тогаш се поставува прашањето - како државата ќе бира приматели на помош, по кои критериуми ќе одлучува кому ќе ја даде помошта, кој тоа ќе го одлучува? Имајќи го предвид македонскиот менталитет ... Затоа што, масивните државни субвенции можат да бидат многу плодно тло за пораст на корупцијата. Затоа прашањето е дали ова ќе оди со субвенции или со евтини кредити!? Затоа што десетици и стотици милиони евра кои се споменува како долна граница на државни субвенции (!?), доволно е да Македонија биде лансирана во врвот на коруптивните држави. Одомаќинетиот принцип „рака раката ја мие„, преку евентуалните нови државни давања (нешто слично како во деведесеттите години), на среден рок, уште повеќе ќе го осиромаши населението, а од друга страна ќе им овозможи на „бизнисмените домашни љубимци„ на сите политички елити во земјата (без исклучок оти токму тие покажаа дека, без остаток можат да се „љубат„ со сите партии) да ги зголемат своите „мали задолжени феуди„.

ШТО ДА СЕ СПАСУВА? ГЕРМАНСКИОТ ПРИМЕР И МЕРКИТЕ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ!

Многу економисти и политички аналитичари низ Европа и светот периодов предупредуваат и на силна појава на лоби групи кои притискаат кај владите за разни помоши, субвенции и бенефиции. Некои се залагаат за „трајни даночни привилегии„. Угледните економисти сугерираат дека ваквите барања во корен треба да се сосечат. Она што е важно и исправно е оправдано да се спасуваат само оние деловни потфати и бизниси кои имаат одржлив бизнис модел на работење. Оние кои се само привремено во сериозни проблеми, и кои после завршетокот на кризата ќе можат нормално и одржливо да работат„. Прашањето е само - има ли кој тоа ќе го проценува? Властите во државите мора да го имаат предвид моментот и разликата за која зборува Насим Талеб, врвен економист и филозоф – спасувањето на поединецот (сопственикот, акционерот) врз основа на нивните тесногради и себични потреби не е исто што и извлекувањето на компаниите од кризата врз основа на потребите на целата заедница и сите ние во неа. Преведено на чист македонски јазик тоа значи дека ако на некој скопски

бизнисмен сега во оваа криза му пропадне бизнисот, тоа не значи дека пропаднал бизнисот, затоа што ако проектот е добар, што ќе рече „работи бизнис моделот„, после пандемијата со корона вирусот, некој друг претприемач или инвеститор ќе го купи бизнисот, ќе вработи потребен персонал на порационален начин, и повторно проектот ќе го стави во функција. Оттука, државата нема ниту една причина да го субвенционира сопственикот кому корона вирусот му го затворила бизнисот. Попатно, Талеб констатира дека на големите компании и сопственици им е многу лесно да лобираат кај власта, но се прашува - како ќе лобира сопственикот на малиот ресторан на аголот од улицата, личниот фитнес тренер, професионалниот масер, берберот и фризерката, продавачот на сендвичи, одгледувачот на зеленчук и на овци ... Тој заклучува дека оваа врста на претприемачи немаат комоција да ангажираат лобисти и дека државата лесно ќе ги игнорира ... А тој тип на мали бизниси вработува огромен дел од популацијата. Сопствениците на микро и мали претпријатија после само десет дена од агресивното појавување на вирусот и ударот на првите рестриктивни мерки на Владата останаа без капиталот (инсолвентни) за финансирање на производството на производи и услуги. Затоа тие во овој момент мора да бидат први на листата за државен интервенционизам, иако е под голем знак на прашање нивното закрепнување после завршувањето на кризата. Но тие сега вработуваат голем дел од населението, можеби најголемиот дел, над 75% од ангажираните работници во економијата. Има примери дека во рамките на големите компании веќе има уништени бизниси. На пример, хотелиерството и градежништвото. Други бизниси се во пораст - производството на храна и производството на хемиски производи. Ова предизвикува потреба државата да има истенчен слух во помагање на таквите фирми, секако ако побараат помош. Затоа што сега е време за јакнење на свеста дека како најголем резултат после оваа криза со корона вирусот е - да се сочува претприемачкиот дух и претприемачката слобода. Затоа на владите им се сугерира дека зголемувањето на улогата на државата во стопанството во овие моменти не може да оди на линија, и по цена да се уништи претприемачкиот дух кај граѓаните ... Иако, сите добронамерни разбираме дека тоа некој силно го посакува не само денес, туку и 30 години наназад!? Затоа и имате мал број ликови во државата кои поседуваат, за наши поими големи

компании добиени на разни нејасни и нереални начини ...!? И сега, во вакви времиња, не знаат што да им прават!? Да не заборавиме, а сега е згодно да потсетиме пак, дека на овие простори систематски, 30 години е уништуван претприемачкиот дух кај луѓето! Директно со разни партиски интервенции! Како и со отсутност, неработење, неносење одлуки – едноставно не се воспостави систем фондови и банки за стимулирање на претприемништвото и стартапите. Долга е таа приказна! И не е убава за читање и слушање.

Еве и убав пример ...

Пораката за потребата од заштита на претприемништвото најдобро до сега ја разбра германската канцеларка Ангела Меркел. Имајќи го предвид претприемништвото како клучен ресурс за одлична економија и темел на цивилизацијата, како и потребата државата после се ова со короната да излезе од економијата и тоа брзо, како што брзо и влезе со мерки, таа им понуди (покрај се’ останато) на сопствениците на компании атрактивен модел на докапитализација. Значи, на сите компании до 250 вработени кои не можат да плаќаат (инсолвентни) и на кои поради тоа им се заканува банкрот, државата понуди финансиска помош. Но ... за возврат државата ќе влезе пропорционално и процентуално во сопственичката структура. Тоа е изнудена докапитализација на германското стопанство на средните компании во земјата. Идејата на концептот на Меркел е кога ќе помине кризата сопственикот на компанијата да си го откупи делот од државата која таа го стекнала во времето на оваа криза. На овој начин паметната германска канцеларка Меркел прави две одлични работи на тема „Што ќе биде на „денот потоа“? Прво, праќа недвосмислена порака дека државата и стопанството од криза може да ги извлече исклучиво претприемништвото и оние паметни и работливи претприемачи и сопственици на приватни компании, а не тоа да се чека од државата на која местото воопшто не и е во економијата. Второ, создава доверба и сигурност кај банките дека тие можат сега без страв што ќе се случи да кредитираат токму такви претприемачи. Пораката на Владата во Берлин веднаш ја сфатија и примија финансиските пазари, па ден после усвојувањето на овие мерки Берзата во Франкфурт го започна тргувањето со раст на индексот DAX и тоа за 5%.

nnn


тно Беспла ај! им до 31-в

Заштитете се и користете НЛБ мКлик мобилно и НЛБ Клик електронско банкарство бесплатно до 31- ви мај! Реализирајте ги сите банкарски трансакции од дома, без посета на експозитура! Со НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство имате постојан увид на сите трансакции, можете да ги плаќате сите Ваши сметки, обврски по кредити или картички и да ги вршите сите банкарски работи преку Вашиот мобилен телефон или компјутер. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 1059 24.04.2020

14

www.kapital.mk

КРИЗА: КОВИД-19

ЧЕТВРТИНА КОМПАНИИ В ДЕКА ПРЕСТА СО ПРОИЗВОД ВО АПРИЛ, НО 90% ОД НИВ НЕМА Д ОТПУШТАЛЕ ВРАБОТЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

КАКВИ СЕ ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ПОСЛЕ МЕСЕЦ15 И ПОЛОВИНА (НЕ)РАБОТЕЊЕ СРЕДЕ КОРОНА - КРИЗАТА

ВЕЛАТ АНАЛЕ ОДСТВО

ДА


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

16

КРИЗА: КОВИД-19

Во Македонија сè уште немаме официјални бројки околу тоа колку работни места се изгубени откако почнаа да се чувствуваат последиците на пандемијата, особено принудното затворање на одредени бизнис сектори поради спречување на ширењето на заразата со коронавирусот, како угостителите, хотелиерите, итн. За месец март Агенцијата за вработување не регистрирала позначајни потреси на пазарот на работна сила, за април бројките уште се собираат. Ќе треба да ги почекаме и податоците за индустриското производство и извозот од државната статистика. Во меѓувреме, останува да ги проследиме бројките добиени од анкетите и истражувањата што се прават периодов меѓу македонските компании околу последиците од корона – кризата и какви мерки предлагаат тие за нивно ублажување. А, според овие анкети ситуацијата не е воопшто розева: според анкетата на Стопанската комора, на пример, 25% од компаниите велат дека во април очекувале престанување со производство, а 22% целосно стопирање на извозот.

пишува:

Игор Петровски

K

igor.petrovski@kapital.mk

Деновиве една од главните вести во американските и светските медиуми е катастрофалната бројка на невработени лица во државата – во моментов преку 25 милиони жители на САД се пријавиле за помош затоа што ги изгубиле своите работни места како последица на пандемијата од Ковид – 19. Стапката на невработеност во најмоќната економија на светот стигна до речиси 20%, нешто невидено уште од Големата депресија од 1929-33 година. Неработењето на голем број бизниси, намалувањето на потрошувачката во време на карантинот си го прави своето – производството паѓа и голем број компании, особено микро и мали затворија. Во Македонија сe’ уште немаме официјални бројки околу тоа колку работни места се изгубени откако почнаа да се чувствуваат последиците на пандемијата, особено принудното затворање на одредени бизнис сектори поради спречување на ширењето на заразата со коронавирусот, како угостителите, хотелиерите, итн. Од Агенцијата за вработување побаравме информација за тоа колку лица се одјавени од страна на работодавачите во периодот од 15 март досега, за да видиме дали има некаква значителна промена во трендот во однос на претходните месеци. Оттаму ни одговорија дека во текот на месец март немало „значајни промени во реализираните пријави/одјави од задолжително социјално осигурување, споредбено со истиот период минатата 2019 година“. Исто така, за истиот период не се забележани поголеми промени во однос на бројот на евидентираните невработени лица. За месец април податоците уште не се комплетирани затоа што месецот не е завршен, така што врз основа на период од две недели (не)работење во кризните услови во март не може да извадиме издржан заклучок околу реалниот ефект на корона – кризата врз македонските бизниси. Исто така, и на државната статистика ќе и треба повеќе време да ги обработи податоците за динамиката на индустриското производство и на извозот во март, а особено и во април, за да се добие и во тој дел некаков увид во последиците од корона – кризата по реалниот сектор. Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, инаку сопственик на текстилна фабрика, вели

дека, барем во неговиот сектор, штетите до овој момент не се катастрофални, односно се движат некаде од 15 – 20% помал месечен приход. „Но, проблемите ќе следат понатаму, затоа што оваа роба што досега ја работевме во домашните конфекции беше наменета за летната сезона што всушност уште не е ни почната, затоа што продавниците во Германија, нашиот најголем партнер и нарачувач на текстилните доработки, се уште не се отворени и таа роба засега стои во магацините. Прашање е кога ќе се отворат продавниците, за да може од обртот да се финансираат нарачките за следната сезона, која почнува во септември – октомври за следната зима. Очекувам одреден пад на извозот на текстилни производи и се надевам дека нема да биде катастрофален и да значи големи отпуштања на работниците. Се’ зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата, дали ќе има втор бран на заразата, колку долго ќе траат карантините, итн.“, вели Димитров. Во меѓувреме останува да ги проследиме бројките добиени од анкетите и истражувањата што се прават периодов меѓу македонските компании околу последиците од корона – кризата и какви мерки предлагаат тие за нивно ублажување.

Четвртина фирми во април престанале со производство

Така, на пример, Стопанската комора на Македонија во периодот од 7 до 14 април спроведе анкета меѓу своите членки, со цел да овозможи увид во регистрираните последици во март и очекувањата за април месец. Анкетата вклучува одговори на компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра. Според бројот на вработени, од анкетираните фирми, 21% се микро, 25% се мали, 29% се средни и 25% се големи фирми. Во однос на дејноста на анкетираните фирми, повеќе од половина, или 53% се од преработувачката индустрија и градежништвото, каде што на преработувачката индустрија отпаѓаат 36%, а на градежништвото 17%. Релативно значајно учество имаат и претпријатијата со објекти за сместување и сервисни дејности со храна, како и трговските претпријатија. Кај обемот на производство, во март 2020 година, 16% од анкетираните фирми пријавиле дека производството се одвивало нормално, но за април такво нешто очекуваат само 7%. Пад на производството поголем од 50% за март пријавиле 17% од анкетираните, но за април таков пад очекуваат 23% од фирмите. Целосно престанување на производството во март пријавиле 13%, а такво нешто во април очекуваат 23% од анкетираните фирми. Сите други фирми очекуваат, со релативно рамномерен распоред на големината на падот,


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

17 намалување на производството до 50%. Сето ова покажува дека за април компаниите очекуваат значително влошување на состојбите во поглед на обемот на производството. Состојбите се слични и кај извозот. За март, 40% од анкетираните претпријатија пријавиле дека извозот се одвива нормално, а такво нешто за април очекуваат 34%. Пад на извозот над 50% за март пријавиле 13% од фирмите, а очекувања за ваков пад во април имаат 15% од фирмите. Целосен престанок на извозните активности во март пријавиле 16%, а во април 2020 година тоа го очекуваат 22% од анкетираните фирми. Сличен е трендот и кај увозот. Нормално одвивање на увозните активности за март пријавиле 32%, додека за април

тоа го очекуваат 29% од анкетираните фирми. Пад на увозот за повеќе од 50% во март регистрирале 10% од фирмите, а такво нешто за април очекуваат 13% од фирмите. Целосен прекин на увозната активност за март пријавиле 15% од анкетираните фирми, но веќе 21% од нив тоа го очекуваат за април 2020 година. Што се однесува до движењето на прометот, за март 2020 година вообичаено ниво на промет пријавиле 16% од анкетираните фирми, 13% од нив пријавиле пад од 41% до 50%, а 25% од фирмите пријавиле пад на прометот поголем од 50%. Анкетата укажува на песимистички очекувања за прометот во април 2020 година. Така, само 4% од анкетираните фирми очекуваат нормален обем на промет, 10% од

фирмите очекуваат пад од 41% до 50%, а дури 48% од фирмите очекуваат пад на прометот поголем од 50%. Во однос на суровините, 54% од анкетираните фирми немаат недостаток или прекин на достава на суровини. Преостанатите имаат проблем, и тоа: 26% имаат прекин за достава од ЕУ, 11% прекин за достава од земји вон ЕУ и 9% прекин за достава од земјата. Во поглед на залихите пак, 18% од анкетираните фирми немаат никакви залихи, а 58% од претпријатијата ќе ги исцрпат постојните залихи во првите два месеца од кризата. Ваквото ниво на залихи, комбинирано со недостатокот или прекинот на достава на суровини, укажуваат на потенцијално зголемени проблеми за претпријатијата по истекот


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

18

КРИЗА: КОВИД-19

Обем на производство март

47%

април

Затворивме поради мерките за спречување движење и физичка интеракција

23% 17%

16%

13%

41,5%

Имаме проблем да ги пласираме нашите производи

Пад на производството помал од 50%

Целосно престанување на производството

Пад на производство поголем од 50%

43,1%

Нашиот промет значајно опадна

23%

7%

Нормално одвивање на производството

На кој начин економската криза ја погоди фирмата во која работите?

54%

21,5%

Имаме проблем да набавиме суровини и репроматеријали

13,8%

Многу работници користат боледување за чување на своите деца и сл.

12,9% 16,4%

Друго 40% 34%

Извоз

31%

На кој начин економската криза ве погоди вас и вашиот бизнис?

29%

22% 13%

15%

16%

Значајно ми се намали прометот/приходот

54,9%

Пад на извозот помал од 50%

Стопирање на извозот

Пад на извозот од над 50%

Извозот се одвива нормално

Затворив поради мерките за спречување движење и физичка интеракција

43% 32%

47%

За да го одржам бизнисот, посегнав по некои заштеди Морав да ги отпуштам вработените или да им ја намалам платата За да го одржам бизнисот, веднаш побарав позајмица/кредит Ништо од погоренаведеното, но се чувствувам толку неизвесно, што мислам дека бизнисот ќе ми пропадне

Увоз

29%

49,3% 18,3% 8,5% 4,2% 8,5%

21% 15%

Промет

48%

Пад на увозот помал од 50%

Извор: Интернет анкета спроведена од Finance Think во периодот од 6 до 14 април 2020 година, на хетероген примерок од 520 испитаници и маргина на грешка од 4.1%. Селективност е можна.

Стопирање на увозот

Пад на увозот од над 50%

Увозот се одвива нормално

10%

13%

46% 38%

25%

Пад на прометот помал од 40%

Вообичаено ниво на промет

10%

Пад на прометот од 41%50%

13% 4%

Пад на прометот поголем од 50%

16%

Извор: Анкета на Стопанската комора на Македонија

на првите два месеца од кризата. Во однос на производството, извозот, увозот и прометот, анкетата се однесува на согледаната состојбата за март 2020 година и очекувањата за април 2020 година.

Девет од десет фирми нема да отпуштаат вработени

Влошените очекувања за април, искажани од страна на фирмите во анкетата на Стопанската комора на Македонија, добија своја генерална потврда од јавно искажаните наоди на Управата за јавни приходи во однос на падот во наплатата на данокот на додадена вредност во првите две недели на април. На прашањето пак за праќање на вработените на принуден одмор, речиси половина или 48% од анкетираните фирми се изјасниле дека нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19% дека ќе ги пратат на принуден одмор, 19% дека веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13% размислуваат за друга можност. Во однос на прашањето за отпуштање

на работниците, 86,2% се изјасниле дека нема да ги отпуштат вработените, 13% дека ќе ги отпуштат, а само 0,8% дека веќе ги отпуштиле. „Ова потврдува дека стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, во која патем е и инвестирано за успешно натамошно работење на претпријатијата, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос.“, коментираат од Стопанската комора. Во однос на финансиите, 44% од анкетираните фирми немаат проблеми со ликвидноста, додека 56%, очекувано, имаат проблеми со ликвидноста. Притоа, 65% од фирмите имаат кредити за отплата, а 35% немаат кредити за отплата. Вкупно 81% од анкетираните фирми пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието. Притоа, 35% од фирмите пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50%. И покрај проблемите со кои се соочуваат претпријатијата во однос


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

19 Праќање на принуден одмор

Отпуштања на работници

86,2%

48%

Нема да отпуштаат работници

Ќе отпуштаат работници

Затворање на компанијата

Кредити за отплата

71%

65%

44%

35%

Немаат Имаат проблеми со проблеми со ликвидноста ликвидноста

13%

Веќе ги пратиле Размислуваат за Нема да ги пратат Ќе ги пратат вработените на вработените на вработените на друга можност принуден одмор принуден одмор принуден одмор

Веќе ги отпуштиле

Проблеми со ликвидноста

56%

19%

19%

0,8%

13,0%

21%

Имаат кредити Немаат за отплата кредити за отплата

8%

Не размислуваат Размислуваат за Би ја затвориле за затворање на затворање само компанијата во компанијата на еден дел целост Извор: Анкета на Стопанската комора на Македонија

SHOP SHOP

SHOP CLOSED

CLOSED

CLOSED

CL SED

CL SED CLOSED COVID 19

на производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на добавувачи, радува сознанието дека 71% не размислуваат за затворање на претпријатието, а дополнителни 21% размислуваат за затворање само на еден дел од претпријатието. Ова може да се поврзе со фактот што дури 79% од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, 8% од анкетираните би го затвориле претпријатието во целост. Во рамки на Анкетата, фирмите се изјаснија и во поглед на тоа која од економските мерки на Владата планираат да ја искористат.

CLOSED

COVID-19

COVID-19

COVID 19

CL SED CLOSED COVID 19

XX Најголем дел од анкетираните фирми, 30% од нив, планираат да ја користат мерката – 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за компании погодени од кризата или 50% од трошоците за придонеси за секој вработен. XX За користење на мерката – задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор се изјасниле 26% од претпријатијата. XX Мерката – одложување на кредитите кај банките и пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, ќе ја користат 12% од анкетираните претпријатија. XX Мерката – дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе ја користат 7% од претпријатијата. XX Исто толку, 7% од анкетираните фирми се изјаснија за користење на мерката – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

COVID-19


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

20

КРИЗА: КОВИД-19 Кои од антикризните мерки планирате да ги искористите?

14.500 денари месечно по вработен или 50% од трошоците за придонеси

30%

Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор

26%

Одложување на кредитите, репрограмирање, поповолна каматна стапка, итн.

12%

Бескаматни кредити за фирмите од Развојната банка

7%

Евтини кредити од вкупно 50 милиони евра од ЕИБ преку Развојната банка

7% 18%

Други мерки

Проблеми со суровините Немаат недостаток или прекин на достава на суровини

9%

Прекин на достава на суровини од ЕУ

11% 54% 26%

Прекин на достава на суровини вон ЕУ Прекин на достава на суровини од земјата Извор: Анкета на Стопанската комора на Македонија

75% од вработените велат дека нивните фирми се погодени од корона – кризата

Анкетното истражување на Институтот Finance Think за економските ефекти од корона – кризата покажува дека три четвртини од вработените и компаниите во земјава се погодени од неа. „Состојбата кај самовработените и микро-бизнисите е дополнително критична. Најчест механизам што

го примениле работодавачите за прилагодување на корона-кризата е намалување на платата и прекинување на секакви дополнителни исплати. Невработените изгубиле надеж дека ќе најдат работа, а доходот во нивното домаќинство се намалил. Повремените приходи прекинале кај невработени со инцидентни работни ангажмани. Најголем дел од населението може да издржи најмногу до три месеци

во тековните економски околности, а главниот механизам за справување со економската криза е сведување на потрошувачката на минимум.“, вели Благица Петрески, главен економист и извршен директор на Finance Think. Иако корона-кризата започна да се чувствува во неколку економски сектори – првенствено туризмот, угостителството и малопродажбата – за кратко, таа се прошири низ целата економија. Повеќе



www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

22

КРИЗА: КОВИД-19

од три четвртини (75.9% ) од испитаниците одговориле дека компанијата во којашто работат е погодена од корона-кризата. „Да забележиме дека ова прашање не ги опфати самовработените . Со оглед дека оваа анкета ги испитуваше перцепциите на граѓаните, за одбележување е и дека 12.8% од испитаниците одговориле дека не знаат дали корона-кризата ја погодила компанијата во којашто работат. Од испитаниците кои одговориле дека компанијата во којашто работат е погодена од корона кризата, голем дел одговориле дека тоа е поради мерките на државата со кои се наложи затворање одредени компании (на пример, компании од малопродажбата кои оперираат во трговските центри) и/или затоа што нивниот промет значително опаднал, 43.1% и 41.5%, соодветно. Значаен е и процентот на компаниите кои имале проблем да ги пласираат своите производи, и тоа најчесто се однесува на извозно ориентираните компании, чиј пласман беше откажан од купувачите (вклучително и од компаниите мајки) во странство и/или кои беа засегнати од отежнатиот транспорт. Отежнатото функционирање поради тоа што значаен контингент работници заминале на боледување со цел грижа за деца до 10-годишна возраст не е идентификувано како особено значаен начин на кој економската криза ја погодила компанијата, иако овој одговор може да е пристрасен поради тоа што е

даден од перспектива на вработените. “, се вели во анализата. Поважниот економски ефект од коронакризата, кога тој се мери од перспектива на вработените, е како таа се одразила врз нивниот работен однос. 78.3% од вработените одговориле дека со коронакризата се погодени лично. Најчестиот начин на кој работодавачите одговориле на корона-кризата во првиот месец од нејзината појава е преку намалување на платата на вработените (25.6%), но одговори од слична големина се и соопштувањето дека веројатно ќе следува намалување на платите и/ или отпуштања, како и запирањето на дополнителните примања. Ова покажува дека првиот одговор на работодавачите на корона-кризата веројатно не бил отпуштање работници. Сепак, 10.8% од вработените одговориле дека биле отпуштени од работа.

Половина од микро – бизнисите привремено затвориле

За разлика од вработените, самовработените (без оглед дали станува збор за самостоен вршител на дејност или самовработен кој вработува и други лица), се особено тешко погодени од корона-кризата, со оглед дека 89% од нив изјавиле дека таа го погодила нивниот микро-бизнис,според анкетата на Finance Think. Mикро-бизнисите се соочиле со значаен пад на прометот (54.9%), и/или со привремено затворање (49.3%). Овие проценти се нешто повисоки од оние кај другите компании, што покажува дека иако начините на

кои компаниите и микро-бизнисите биле погодени се исти, магнитудата кај вторите е поголема. Значаен дел од микробизнисите посегнале по заштеди (18.3%). Скоро половина од испитаниците вработени во јавната администрација и од испитаниците пензионери покажале подготвеност за кратење на нивните примања под налетот на корона-кризата. Дополнителни 23% од вработените во јавната администрација и 18% од пензионерите укажаа дека не се согласуваат со кратења, но стравуваат дека до тоа ќе дојде. Сепак, треба да се забележи дека по околу една петтина од двете групи не се согласуваат да носат дел од економскиот товар на коронакризата. Високи 70% од граѓаните одговориле дека во моменталните околности на економска криза предизвикана од ширењето на Ковид-19, би можеле да издржат најмногу 3 месеци. Притоа, скоро две третини од испитаниците одговориле дека месеците под удар на корона-кризата ќе ги издржат преку сведување на потрошувачката на минимум и/или преку посегање по заштедите (34.1%). Не е за занемарување и четвртина од населението кои очекуваат државата да им помогне, а изненадувачки е мал процентот (14.9%) на оние кои се подготвени да прифатат каква било работа со цел надминување на кризата со доходот во домаќинството. 12.5% одговориле дека ќе ги преживеат месеците без да преземаат каква било акција. nnn



Капитал број 1059 24.04.2020

24

КРИЗА: КОВИД-19

ВИКТОР МИЗО

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО

ПАДОТ НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО СВЕТОТ СИЛНО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ И ВО МАКЕДОНИЈА

ФАБРИКИТЕ ЗА АВТОМОБИЛСКИ ДЕЛОВИ „НОСАТ“ 50% ОД ИЗВОЗОТ НА ЗЕМЈАВА! Земајќи предвид дека очекувањата за автомобилската индустрија во Европа се пад од 25%, односно 4 милиони возила помалку споредено со 2019 та година, на глобално ниво ќе се произведат и продадат 19 милиони возила помалку. Падот во индустријата релативно слично ќе се преслика и кај нас. На оваа индустрија почива над 50% од македонскиот извоз. Плановите за дополнителни вработувања до крајот на годината секако се веќе надвор од игра кај повеќето компании освен неколку кои се во процес на раст и почнале со работа во изминативе 3-4 години. Секако, и нивниот раст ќе биде побавен од планираното, како што е и случајот со Костал на краток рок.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

25


Капитал број 1059 24.04.2020

26

КРИЗА: КОВИД-19 При креирањето на мерките за поддршка на економијата, не можат да се применуваат исти аршини за големите странски извозни компании со напредно производство и малите и микро бизниси од услужната дејност, на пример. Првите го немаат проблемот на ликвидност од тој карактер, а имаат многу посериозно влијание врз локалната економија. Нивната поддршка значи и брзо закрепнување на економијата по завршување на кризата преку големиот број на вработувања, уделот во извозот и генерално во приливот на странски капитал и трансфер на знаења. Како што со млак чај и витамин Ц не можете да се борите со пандемијата – така не можете ни со шаблонски мерки успешно да одговорите на потребите на овие компании.

разговара:

Игор Петровски

К

igor.petrovski@kapital.mk

XКакви X се досега последиците од пандемијата по работењето на странските инвестиции со напредно производство во Македонија? Располагате ли со бројки за пад на нарачки, отпуштени работници, итн.? Сите треба да бидеме свесни дека без разлика на тоа дали се странски или домашни компании во Македонија, последиците од пандемиската криза се можеби и најсериозни во поновата историја, пред се поради степенот на вмреженоста и меѓузависноста на економските активности на глобално ниво. Тука, странските компании со софистицирано производство се во понезавидна позиција споредено со другите, односно исправени се пред повеќе - димензионален предизвик во однос на исполнување на обврските кон своите странски клиенти, задоволување и одржување на поставените високи стандарди за квалитет на производството, потребите за висока професионалност на техничкиот кадар (кој е сè помалку достапен во Македонија), постојано одржување и унапредување на интерконтиненталните канали за набавки, како и силната конкуренција. На почетокот на месец март започна делумното намалување, додека кон крајот на месецот нарачките се редуцираа во просек за 60%. Во април продолжи овој негативен тренд, а до крајот на месецот се очекува пад за дури 90% или тотален прекин на производството. Да бидеме реални, во месец мај нема да има нагло рестартирање на 100% од производството. Тоа ќе се одвива полека и постепено, зависно од динамиката на нарачките. Компаниите се обидуваат на секој можен начин да го задржат бројот

на вработените преку користење на годишни одмори, ревидирање на работните односи и услови, кратење на бенефиции и непродуктивни трошоци. Во овој момент немаме информација дека некој формално е отпуштен од работа поради пандемијата, но тука не се исклучуваат промени во претстојниот период. Присутните компании во Македонија ни малку не се имуни на новите негативните текови. Споредбено со јавната администрација, каде во некои органи, без разлика на тоа колку граѓани или фирми како странки ќе побараат одредена услуга која еден или десет службеници можат подеднакво да (не) ја обезбедат, а притоа платите да останат исти, во реалниот сектор ова е сосема поинаку – состојбата со нарачките од клиентите е во директна корелација па и услов за статусот на сите вработени во одредена компанија. Затоа компаниите мораат да се покреативни и да делуваат брзо. Тоа знаци итно реорганизирање на процесот и кратење на трошоци во услови на агресивна борба со конкуренцијата за одржување на стекнатите позиции и притисок за воведување на модерни технологии и иновации. XКаква X е ситуацијата во Костал конкретно? Во изминатите неколку недели го рестартиравме производството за Кина и имаме искористеност од околу 10% од нашиот капацитет. Според проекциите засега, влијанието на кризата за оваа година се очекува да биде пад од над 30% од планираниот приход. Но, оваа бројка може дополнително да варира зависно од должината на кризата, како и резултатите од глобалните фискални мерки за поддршка на економиите, пред се во Западна Европа и САД. Ние, во Костал Македонија, имаме поинаков однос со нашите вработени. Партнерски однос, заснован на меѓусебно почитување и поддршка. Како резултат на намалувањето на производството ниту еден вработен не е отпуштен, нема настап од позиција на појака страна во договорот за вработување па следствено менување на условите од истиот, како што тоа

го прават некои работодавци, а сè со цел да се променат условите на полошо. Нема нудење на спогодби или било какви други интервенции во насока на изигрување на работно - правните прописи поради намалениот обем на работа. За возврат очекуваме пред се' лојалност, посветеност и професионализам. Во овој период се организираат обуки, онлајн презентации, а механизмите за превенција и заштита на животот и здравјето се адаптирани согласно Владините мерки и препораки, а често одиме и над нив. Го зголемивме бројот на автобуси за превоз на вработените за да обезбедиме што е можно поголема дистанца помеѓу вработените кои се превезуваат, соодветно ја организиравме работата и видот на оброкот кој се послужува во фабричката кантина, а обврската за носење на заштитни маски на работното место ја воведовме многу порано пред истата да стане задолжителна мерка на територијата на цела држава. Веќе пракса стана мерењето на телесната температура пред влегување во објектот. Исто така, го намаливме работното време во скратени смени, а работиме и на прилагодување на нашите погони за новите проекти кои доаѓаат во Охрид наменети за електрични возила како и нови проекти од електроника и мехатроника за Ауди, Јагуар И Ланд Ровер. Во овој период на неизвесност, мислам дека е многу битна комуникацијата И транспарентноста во внатрешното одлучување. Така, од самиот почеток на кризата сите наши вработени навремено ги информираме за интерните планови насочени кон справување со кризата. XКако X ги оценувате досегашните антикризни мерки донесени од Владата? Дали се адекватни, доволни, или како асоцијација имате ваши конкретни предлози што уште треба да се направи за да им се олесни на компаниите во оваа криза? До сега не видовме мерка со која на ефективен начин се поддржуваат


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

27

За автомобилската индустрија, реалистични сценарија се дека за враќањето на минатогодишното ниво на глобална продажба ќе треба да поминат неколку години. Јас очекувам дека на локално ниво, растот во економијата ќе се врати идната година. Но, имајте предвид дека тоа ќе биде споредено со база која ќе биде многу ниска, посебно што ако од првично предвидениот раст од 4% БДП за 2020 паднеме на прогнозираните -4%.

компаниите за вработените кои отсуствуваа од работа поради владините мерки (карантин, самоизолација, ранливи здравствени групи, родители на деца под 10 години и др). Компаниите сами ги подмирија трошоците за нивните плати од март иако не доаѓаа на работа и имаа ограничен удел во работата на компаниите во и така влошената деловна состојба во индустријата. Многу земји воведоа посебни мерки преку кои заеднички со компаниите ги делеа трошоците за овие вработени. Сите сме свесни дека вирусот почна да го собира данокот од економијата уште со почетокот на годината, а тоа се интензивираше со ширењето во Европа. Ако усвоените уредби за економските мерки, се однесуваат за периодот на вонредната состојба односно за компаниите кои се погодени од здравствено -економската криза, не е логично исклучувањето на поддршката за месец март. Понатаму, што со оние компании кои се во инвестициски циклус, имаат реализирано вработувања, па критериумот од Уредбата за пад на 30% од приходи не е соодветно апликативен бидејќи падот на приходи е драстично поголем во однос на проектираните приходи за периодот. Обврска за враќање на средствата и за задржување на работа на сите вработени, без разлика дали за сите од нив е користена помошта се исто така во својата суштина проблематични. Мора да се има предвид дека овие компании, според претходно склучени договори за државна помош, имаат обврска да инвестираат импозантни износи на средства во земјата и воедно да ги задржат вработените на многу подолг период споредено со периодот предвиден со мерките. Главна забелешка е дека при креирањето на мерките за поддршка на економијата, не можат да се применуваат исти аршини за големите странски извозни компании со напредно производство и малите и микро бизниси од услужната дејност, на пример. Првите го немаат проблемот на ликвидност од тој карактер, а имаат многу посериозно влијание врз локалната економија. Нивната поддршка значи и брзо закрепнување на економијата по завршување на кризата преку големиот број на вработувања, уделот во извозот и генерално во приливот на странски капитал и трансфер на знаења. Како што со млак чај и витамин Ц не можете да се борите со пандемијата – така не можете ни со шаблонски мерки успешно да одговорите на потребите на овие компании. Не е доцна за усвојување на нов пакет мерки специјално дизајниран, кој ќе вклучува поддршка за вработените и во месец март, учество до 50% од вкупните трошоци за бруто платите или исплата


Капитал број 1059 24.04.2020

28

КРИЗА: КОВИД-19

на минимална бруто плата по вработен. Прифатливо би било и оваа поддршка од државата да биде исплатена кон компаниите одложено, до крајот на тековната или до крајот на првата половина од наредната година, зависно од кондицијата на државниот буџет. Паралелно, мора да се гледа и долгорочно, значи овој нов пакет да биде проследен со развојни компоненти во насока на подобрување на конкурентноста на присутните и компаниите кои дополнително би можеле да инвестираат во земјата. Намалување на високите царински стапки за увоз на одредени материјали станува императив. Тоа е старо прашање на кое подолг период се очекува системски одговор од државата. На крај, сите сериозни корпорации ќе вршат длабински анализи и компарации за државната поддршка која ја добиваат нивните експозитури во земјите од регионот. Ова ќе биде одредницата клучна за натамошно ширење на производството во земјата и вклучување во новите текови на пост -пандемиската автомобилска индустрија. Соседна Србија е наш најголем конкурент во привлекувањето на странски инвеститори посебно во автомобилскиот сектор. Таму се алоцираат големи средства за економски мерки наменети исклучиво за големите компании. Ова не е случајно. Битно е секоја национална економска политика да знае во која насока сака да се движи по завршување на кризата и соодветно да ги креира мерките за поддршка. XКакви X глобални поместуваа во синџирот на додадена вредност во автомобилската индустрија ќе има по корона - кризата? Каде ќе биде местото на Македонија во таа нова глобална слика? Автомобилската индустрија е една од најпогодените индустрии на глобално ниво со најдолгорочни последици. Постоечките околности на делување со вградени ценовни притисоци како и намалени продажби уште пред корона – кризата сега се мултиплицирани како резултат на евидентниот остар пад на глобалната побарувачка за автомобили. Ваквиот тренд нема да се помести наеднаш особено поради спецификите на оваа индустрија помеѓу кои и меѓузависноста на целиот синџир на снабдување на глобално ниво. Парадоксално, но токму најголемата причина за извонредното функционирање на практики како што е “Just – In – Time” (своевремена гордост на оваа индустрија) во овој случај потфрлуваат во пракса: и покрај рестартирањето на капацитетите во Кина, нарушената деловна клима се уште опстојува затоа што остатокот од светот (Европа и САД) не се сè уште комплетно подготвени за рестарт

на капацитетите – ова резултира со низа логистички неусогласености и дезинтеграција помеѓу сите нивоа на добавувачи (Производители на оригинална опрема и добавувачи на повеќе нивоа). Сите овие трендови ќе доведат до значајно намалување на квалитетот на приходите и профитабилноста во автомобилската индустрија со што производителите ќе бараат начини за реструктурирање на бизнисот на краток рок со фокус на совладување оперативни предизвици. Од стратешки аспект претходно очекуваните забрзани трендови на воведување на напредна технологија, вклучително дигитализација и електрификација неизбежно ќе се одложат на среден и долг рок со потенцијал за соодветно прилагодување на промени во преференциите на крајните купувачи. Дополнително, големите автомобилски групации кои располагаат со доволно ликвидни средства и пристап до дополнителен капитал во ваквата нарушена деловна клима со сигурност ќе изнајдат дополнителни можности за раст и пристап до нови пазари преку спојувања и преземања на компании кои поради разни причини нема да се во состојба да ја пребродат самостојно претстојната криза. Со оглед на погоре споменатото повеќе од очигледно е да очекуваме негативните влијанија – особено од аспект на намален обем на производство да се пресликаат и во капацитетите во земјава. Прегледноста не може јасно да се утврди со оглед на фактот што во земјава имаме повеќе нивоа на добавувачи од автомобилската индустрија (најбрзо погодени ќе бидат добавувачите од Ниво 1 кои вршат директна достава до самите фабрики за производство на автомобили, сепак сите наредни нивоа подлабоко во синџирот на снабдување ќе ги почувствуваат ефектите малку подоцна, но за жал во поголем обем). Значи, ќе следи сериозна консолидација, но и најверојатно пропаѓање на многу фирми, како мали, така и големи. Сепак и покрај фактот што сме премногу мали за да можеме директно да влијаеме на било кој начин на ваквите нарушувања, самиот начин на справување со кризата од економски аспект потенцијално остава голема можност за оправдување и подобрување на рејтингот на нашата земја како дестинација за вложување на ваквите глобални играчи. Останува на нас дали ќе ја валоризираме и искористиме оваа ситуација. XКакви X глобални поместуваа генерално ќе има во светската економија? Западните лидери влегоа речиси во отворен конфликт со кинеското лидерство околу улогата и вината на Кина

во ширењето на пандемијата, се спомнуваат размислуваа за преиспитување на улогата на Кина на светска фабрика за секакви производи...Што вие лично очекувате да се промени во светската геополитика и економија? Секако дека светските компании ќе ги преадаптираат своите синџири за додадена вредност и добавувачи да бидат помалку зависни од Кина. Ова веќе беше делумно започнато и пред оваа пандемија, но сега процесот ќе се забрза заради поголема диверзификација, но истовремено и локализација поточно регионализација на производството соодветно на тоа каде се лоцирани крајните купувачи. Овој процес нема да биде случај само за автомобилската индустрија, туку и за фармацевтската, машинската, па дури и опрема за производство на зелена енергија. Тоа не значи дека Кина ќе биде целосно изолирана, но ќе има сè повеќе случаи на национализам во реструктурирањето на синџирите за добавување и логистика. Во отворениот конфликт околу вината на Кина во ширењето на пандемијата ќе има и дополнителна политичка конотација – пред се внатрешни предизборни реторики во САД. Дополнително, Австралија и Јапонија се приклучија кон САД во критикување на Кина, Јапонија веќе алоцира 2.2 милијарди долари за помагање на јапонски фирми да го вратат своето производство од Кина во Јапонија. Интересно ќе биде да се анализира и улогата на Светската трговска организација во овие превирања и конфронтации. Во секој случај самата пандемија не треба да се интерпретира како оправдување за анти-глобализациски трендови кои ќе следат на моменталната нарушена деловна клима резултирајќи со дополнителни капацитети расположливи за испорака на производи од диверзифицирани локации со што ќе се ублажи проблемот со превисокото ниво на зависност од Кина од една страна, но за цена на значајно повисоки трошоци низ целиот синџир на снабдување од друга страна. Секако интензивирањето на практичната примена на сета расположлива информатичка и комуникациска технологија во критичните периоди на Ковид-19 и понатаму се очекува да опстои во насока на уште поефективно делување при потребната координација на бизнис моделите кои ќе преминат на сценариото со дуални набавки. За Македонија е важно да се позиционира соодветно за да успее да привлече барем дел од ова реорганизирање на глобалните синџири, пред сè како можно реинвестирање или дополнителни активности од страна на постоечките странски инвеститори во државава.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

29

Не е доцна за усвојување на нов пакет мерки специјално дизајниран, кој ќе вклучува поддршка за вработените и во месец март, учество до 50% од вкупните трошоци за бруто платите или исплата на минимална бруто плата по вработен. Прифатливо би било и оваа поддршка од државата да биде исплатена кон компаниите одложено, до крајот на тековната или до крајот на првата половина од наредната година, зависно од кондицијата на државниот буџет. Паралелно, мора да се гледа и долгорочно, значи овој нов пакет да биде проследен со развојни компоненти. Намалување на високите царински стапки за увоз на одредени материјали станува императив. Тоа е старо прашање на кое подолг период се очекува системски одговор од државата. Нормално, ова зависи од претходно коментираната конкурентност и помош на компаниите, споредено со поширокото опкружување на Источна Европа и Северна Африка. Тука влегува и општата конкурентност изразена преку бизнис климата, усогласувањето на царинските стапки за увоз на репроматеријали со оние во ЕУ, расположливиот кадар, подобрување на образовниот процес и пред сè успешноста да се креира, привлече, обучи и задржи техничкиот кадар. Крајната цел и размислување на компаниите не е да бидеме најевтина туку најконкурентна дестинација, посебно за оние кои произведуваат технолошки напредни производи со поголема додадена вредност. Оваа повисока додадена вредност индиректно значи и поголем скок во приближување кон европските стандарди. XКакви X се вашите очекуваа за последиците што земјава ќе ги има

поради корона - кризата? За каква економија ќе зборуваме допрва, колку време ќе помине за да може да зборуваме за некаков раст и сл.? Очекувам дека ќе има ефекти пред сè кон извозот. Земајќи предвид дека очекувањата за автомобилската индустрија во Европа се пад од 25%, односно 4 милиони возила помалку споредено со 2019 та година, на глобално ниво ќе се произведат и продадат 19 милиони возила помалку. Падот во индустријата релативно слично ќе се преслика и кај нас. На оваа индустрија почива над 50% од нашиот извоз. Плановите за дополнителни вработувања до крајот на годината секако се веќе надвор од игра кај повеќето компании освен неколку кои се во процес на раст и почнале со работа во изминативе 3-4 години. Секако, и нивниот раст ќе биде побавен од планираното, како што е и случајот со Костал на краток рок. Најголемо прашање и сè уште без можност да се

одговори со сигурност е како и колкав број од своите вработени компаниите ќе успеат да задржат. Ова ќе зависи пред сè и од мерките на Владата, но и од интерните одлуки на фирмите (пред сè на глобално, а не на локално ниво) зависно од динамиката на закрепнувањето на побарувачката, а со тоа и на производството, и комбинацијата на крајни клиенти бидејќи сите нема да се исто погодени – како на ниво на автомобилски компании, така и на модели и технологии. За автомобилската индустрија, реалистични сценарија се дека за враќањето на минатогодишното ниво на глобална продажба ќе треба да поминат неколку години. Јас очекувам дека на локално ниво, растот во економијата ќе се врати идната година. Но, имајте предвид дека тоа ќе биде споредено со база која ќе биде многу ниска, посебно што ако од првично предвидениот раст од 4% БДП за 2020 паднеме на прогнозираните -4%. nnn


Капитал број 1059 24.04.2020

30

КРИЗА: КОВИД-19

АНЕТА АНТОВА – ПЕШЕВА

ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УО НА МАСИТ

ОПТИМИСТИЧКО СЦЕНАРИО БИ БИЛО ИКТ СЕКТОРОТ ДА ПРЕТРПИ 20% ПАД НА ПРИХОДИТЕ ПОРАДИ КОРОНА - КРИЗАТА Првични негативни последици веќе имаат ИКТ компаниите чии клиенти потекнуваат од најзасегнатите сектори, како туризам, угостителство, транспорт и авио индустрија. Конкретниот проблем со кој ќе се соочат нашите компании се откажувања на договори, или неможност за наплата на веќе завршени активности кон клиентите, заради ненадејното престанување на работење на овие компании. Пад во бизнисот и приходите ќе имаат и ИКТ компаниите чие доминантно работење е поврзано со јавниот сектор, и во чие портфолио значајна компонента е систем интеграцијата, односно имаат фокус на продажба на хардвер, мрежна опрема и сл. Генерално, во момент кога немаме конкретни анализи, туку само првични информации од компаниите, оптимистичка проценка е дека падот на приходи би бил околу 20% за периодот за времетраење на кризата.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

31


Капитал број 1059 24.04.2020

32

КРИЗА: КОВИД-19 Како индустрија која плаќа највисоки придонеси на плати за вработените, од Владата побаравме намалување на минимум 50% на придонесите кои ИКТ компаниите (во следните 6 месеци) ги плаќаат за своите вработени, со цел нето платите кон вработените да не се намалат, а вклучително на ова, за компаниите кои планираат да вработат нови лица во следните 6 месеци (1.04.2020 – 30.09.2020) придонесите да бидат 100% укинати. Исто така, побаравме и одложување на парафискалните давачки сè до нормализирање на кризата предизвикана од КОВИД 19.

разговара:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Повеќе од 200 милиони евра изнесувал извозот на компјутерски и комуникациски услуги од Македонија минатата година, од коишто само кај компјутерските услуги е без малку 180 милиони евра - за 20 милиони евра повеќе одошто претходната година, со што се продолжи повеќегодишниот тренд на успешен развој на овој бизнис сектор во земјава. Иако поголемиот дел од приходите на ИKТ секторот се остваруваат од доработка на кодови и други аутсорс услуги за странски компании, радува фактот што во последно време сè подинамична станува и домашната стартап сцена на компании коишто развиваат и сопствени софтверски и останати технолошки решенија, чиишто резултати треба да ги видиме допрва. Или барем се надеваме дека ќе ги видиме, со оглед на моменталната криза поради пандемијата на Ковид-19 на планетава, која речиси и да не остава непогоден сектор од намалената побарувачка на производи и услуги. За тоа колкава е опасноста од корона – кризата по ИКТ секторот, којшто изминативе години е меѓу оние со најдинамичен раст и развој во Македонија, разговаравме со Анета Антова – Пешева, претседателката на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и долгогодишен стопанственик во овој бизнис сектор. XКолку X корона - кризата го погоди македонскиот ИТ сектор? Имате ли некакви прелиминарни бројки за пад на нарачки, извоз на услуги, итн.? Можам да кажам дека во моментов прелиминарни бројки немаме, но интензивно работиме на нивно прибирање во комуникација со сите наши членки. Економските последици од пандемијата COVID-19, иако се секундарни во однос на здравствените, сепак се предмет на анализи и дискусии,

како глобално, така и национално. На ниво на индустрија, ИКТ не е директно изложена на економски краткорочен удар, иако тоа не е гаранција дека нема да има среднорочни и долгорочни економски последици. Ова е гранка што е исклучително флексибилна што се однесува до местото за работа. Иако се работи за млада индустриска гранка, таа во изминатиов период демонстрираше високо ниво на социјално одговорност, покажувајќи пионерска и несебична солидарност и кон владините институции и кон останатите индустриски гранки кои директно и најсилно беа погодени од кризата. Кризава силно ја потенцираше ургентноста од дигиталните трансформации на сите индустрии, како и од потребата за интензивен развој на технологиите, без кои веќе и официјално нема да можеме да опстоиме. Како позитивен пример би сакала да го истакнам зголемувањето на продажбата преку интернет, и целокупниот развој на е - трговијата во државата. Дополнителна ИКТ категорија која има силен раст во моментот е развојот на веб базирани платформи и решенија. XКои X типови на ИКТ бизниси се најмногу погодени од последиците на корона - кризата? Да објасниме како всушност пандемијата ги погаѓа македонските ИТ компании. Првични негативни последици веќе имаат ИКТ компаниите чии клиенти потекнуваат од најзасегнатите сектори, како туризам, угостителство, транспорт и авио индустрија. Конкретниот проблем со кој ќе се соочат нашите компании се откажувања на договори, или неможност за наплата на веќе завршени активности кон клиентите, заради ненадејното престанување на работење на овие компании. Пад во бизнисот и приходите ќе имаат и ИКТ компаниите чие доминантно работење е поврзано со јавниот сектор, и во чие портфолио значајна компонента е систем интеграцијата, односно имаат фокус на продажба на хардвер, мрежна опрема и сл. Генерално, во момент кога немаме конкретни анализи, туку само првични информации од компаниите, оптимистичка проценка е дека падот на приходи би бил околу 20% за периодот за времетраење на кризата.

XКакви X директни и индиректни последици од штетите врз ИТ секторот ќе има за македонската економија во целина? Тоа прашање бара прецизен одговор, базиран на анализи. Не сакам да придонесувам кон шпекулативните информации па затоа ќе го базирам одговорот на претпоставки. Намалувањето на вкупниот економски капацитет на компаниите во ИКТ секторот, ќе предизвика намалување на нивната можност да ги задржат проектните тимови, што е стара болка на нашиот сектор. Тоа во моментот можеби нема да се регистрира поради вкупната намалената економска активност, но за некој месец кога ќе биде потребна ревитализација на сите економски сектори, за што ќе биде потребен полн капацитет на ИКТ индустријата, може да се соочиме со сериозни недостатоци на човечки потенцијал. Тешко е да се квантифицираат последиците во оваа фаза и затоа се преземаат мерки и се нудат инструменти за моментално надминување на директните последици. Анализата е додатно отежната заради фактот дека одредени делови на нашава индустрија бележат дури и раст во одредени продукти и бренд категории. Исто така би сакала да потенцирам дека за наша среќа, имаме група на компании од нашиот сектор кои покажаа флексибилност, многу брзо и лесно го адаптираа својот бизнис модел и продолжија да работат. Затоа е многу тешко во оваа фаза да се процени и квантифицира економскиот тренд на промените на оваа пандемија. XКако X ги оценувате досегашните антикризни мерки донесени од Владата? Добро е дека се реагираше брзо и транспарентно. Секоја влада може да учи од соседството или од другите земји, но не и целосно да копира мерки бидејќи секоја економија е засебен систем и како таков треба да се третира. Мерките се понудени за краткорочно преживување на гранките кои директно беа засегнати од кризата и ценам дека во тој дел се понудени веројатно коректни добри решенија. Тоа што би сакала да додадам е дека сите сектори директно или индиректно ги чувствуваат последиците, а мерките



Капитал број 1059 24.04.2020

34

КРИЗА: КОВИД-19

Намалувањето на вкупниот економски капацитет на компаниите во ИКТ секторот, ќе предизвика намалување на можноста да ги задржат проектните тимови, што е стара болка на нашиот сектор. Тоа во моментот можеби нема да се почувствува поради вкупната намалената економска активност, но за некој месец кога ќе биде потребна ревитализација на сите економски сектори, за што ќе биде потребен полн капацитет на ИКТ индустријата, може да се соочиме со сериозни недостатоци на човечки потенцијал.

треба да бидат апликабилни за сите сектори подеднакво, но само мал дел од компаниите од нашиот сектор ќе бидат во позиција да користат некој дел од мерките. За нас кои се надевам дека ќе направиме напор да го задржиме бројот на вработени на исто ниво, би било корисно да се предвидат некои даночни олеснувања. XИма X ли МАСИТ список на свои предлог - мерки до Владата за санирање на последиците од корона - кризата на своите членки? МАСИТ заедно со останатите комори е активен член на Економскиот кризен совет на Владата. Во изминатиот период, членовите на МАСИТ во неколку наврати дискутираа за предлог мерки кои би им помогнале во првиот период на ударот на кризата. Дел од предлог мерките се состојат во тоа Владата во период на вонредна состојба да има толерантност на роковите за испорака за договорите склучени во процесот на јавни набавки, а се однесуваат на делот на испораки на договорена ИТ опрема и потрошни материјали. Предлогот е договорите да се разгледаат, анализираат и ако е тоа потребно да се изготват анекси кон договорите сè со цел двете договорни страни да бидат задоволни. Постојат елементи кои го отежнуваат процесот на испорака заради намалената достапност на продуктите или сервисите на пазарот, кои во време на криза постои можност да се скратени, заменети, или имаат нова покачена набавна цена (која се докажува со соодветен документ), или воопшто нема да можат да бидат испорачани. Исто така како мерка од Владата е побарано, а со цел овозможување поголема ликвидност на фирмите, во овој период да се наплатат сите заостанати долгови кон фирмите од страна на државните институции вклучително и јавните претпријатија. Исто така до Владата се доставени предлог на мерки поврзани со придонесите. Имено, како индустрија која плаќа највисоки придонеси на плати за вработените, од страна на Владата е побарано намалување на минимум 50% на придонесите кои ИКТ компаниите (во следните 6 месеци) ги плаќаат за своите вработени, со цел нето платите кон вработените да не се намалат, а вклучително на ова, за компаниите кои планираат да вработат нови лица во следните 6 месеци (1.04.2020 – 30.09.2020) придонесите да бидат 100% укинати. Вклучително на овој сет на предлог мерки е побарано одложување на парафискалните давачки сè до нормализирање на кризата предизвикана од КОВИД 19. Во взаемна координација со останатите стопански комори побарано е олеснување во делот на плаќање на даноци и други обврски кон државата и финансиските институции. nnn


ед.вани о опапкасти

Natura.com.mk

naturamk

www.natura.mk

ед.вани о а оп пкасти

Natura® е регистрирана трговска марка на


Капитал број 1059 24.04.2020

36

КРИЗА: КОВИД-19

БОРИЈАН БОРОЗАНОВ ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА „АПТИВ - МАКЕДОНИЈА“, КОМПАНИЈА ОД СЕКТОРОТ ДЕЛОВИ ЗА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА

ЕФЕКТОТ ОД ДОСЕГАШНИТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕН И РИЗИЦИТЕ ЗА СИТЕ ОСТАНУВААТ МНОГУ РЕАЛНИ Треба да се разбере дека секоја сериозна компанија се грижи за своите вработени и добивката ја реинвестира во долгорочното финансиско здравје и конкурентност што овозможува бенефит за сите засегнати страни, вклучително и идните вработени и нашата поширока заедница. Во овој момент антикризните мерки се ограничуваат на заеми на веќе презадолжени претпријатија и редистрибуција од помалку сиромашни на повеќе сиромашни граѓани. Се надевам дека грешам во мојата оценка, но нето ефектот од досега објавените мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални. Она што е потребно е силно лидерство да се адресираат структурните проблеми во македонската економија и да се искористи кризата како можност да се коригираат некои силни нелогичности што во мирнодопски услови би било многу потешко да се спроведат.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

37


Капитал број 1059 24.04.2020

38

КРИЗА: КОВИД-19 Во услови на намален политички легитимитет на техничката влада се забележува и традиционалното неединство околу националните економски стратешки цели и приоритети што е екстремно опасно во оваа ситуација. Дополнително присутна е и некаква крстоносна војна против концептот на профит и претприемништво во ситуација кога целиот свет се бори за преживување.

разговара:

Игор Петровски

А

igor.petrovski@kapital.mk

Аптив е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија во светот, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот, на тој начин овозможувајќи автомобилите да бидат побезбедни, поеколошки и подобро поврзани. АПТИВ е брзо растечка интернационална компанија која за првпат беше отворена во Македонија во 2016-та, под името Делфи Електроникс Систем во технолошкоиндустриската развојна зона во Бунарџик. (во објектот на поранешната инвестиција на Џонсон Контролс, н.з.). Со генералниот менаџер на Аптив –Македонија, Боријан Борозанов разговараме за тоа колку е оваа компанија, но и целиот комплекс на странски инвестиции во индустријата со автомобилски делови во земјава погоден од пандемијата на Ковид – 19 и каква опасност може да биде тоа за македонскиот извоз и економија во целина. XГ-не X Борозанов, вие сте и потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во земјава, коишто се главно од секторот на добавувачи на компоненти и делови за светската автомобилска индустрија. Какви се досега последиците од пандемијата по работењето на странските инвестиции од овој сектор во Македонија? Располагате ли со бројки за пад на нарачки, отпуштени работници, итн.? Македонските компании со напредно производство основани со странски капитал се најдиректно изложени на светските случувања поврзани со пандемијата на Ковид-19. Сите членки на асоцијацијата имаат 100% извозно ориентирано производство и преставуваат значаен дел од синџирите на добавување на најголемите светски ОЕМ (original equipment manufacturers – производители на оригинална опрема и делови, н.з.) доминантно во автомобилската индустрија. Последиците од пандемијата по овие

компании се во голема мерка идентични и заеднички како за сродните компании од истите индустрии во други земји. Првата фаза на кризата во месеците јануари и февруари се манифестираше преку тешкотии од страна на понудата на компоненти и отежнатиот транспорт на стоки што се сконцентрирани во Кина и другите азиски земји. Оваа ситуација предизвика значајни штети поради повисоките цени на набавните материјали особено на електронски компоненти. Дополнително повисоката цена на транспортот и одложувањето на редовните достави придонесе за губење на ефикасноста во производството и зголемување на фиксните трошоци како процент од вкупната продажба. Втората фаза на кризата се почувствува од почетокот на март и се манифестираше преку два сегмента. Многу од компаниите имплементираа мерки за заштита при работа многу построги од препораките на националните влади што доведе до дополнителна загуба на ефикасноста и дополнителни непланирани трошоци. Паралелно, европски земји станаа епицентар на ширење на пандемијата што доведе до суспендирање на активностите на многу фабрики. Еднакво значајно, вкупната побарувачка драстично се намали поради рестриктивните мерки на социјално дистанцирање, но и поради генералната несигурност на потрошувачите и корпорациите. Во автомобилската индустрија се забележа пад од 50-80% во однос на март 2019 со проекции од 90-100% за месец април. Комбинацијата на драстично намалување на побарувачката и рестриктивните мерки за социјално дистанцирање доведоа и до времено суспендирање на операции на голем процент на македонски извозно ориентирани компании со напредно производство. Третата фаза на кризата е актуелна од крајот на март и почетокот на април 2020 и се манифестира со континуирано намалување на побарувачката што предизвикува затегнување на ликвидноста на компаниите но и на потрошувачите. Мултинационалните корпорации се генерално спремни за ваква ситуација преку земање на дополнителни краткорочни обртни средства но и издавање на дополнителни корпоративни обврзници. Во отсуство на адекватни мерки за намалување на економските штети од страна на македонската

влада, компаниите со напредно производство се фокусираа на заштита на финансиското здравје преку користење на внатрешните резерви и користење активна поддршка од страна на компаниите мајки во форма на интеркомпаниски заеми. Ваквиот развој ќе придонесе за релативно побезболно справување со последиците во наредните 2-3 месеци, но сериозно ќе ги суспендира краткорочните инвестиции и со сигурност ќе го афектира среднорочниот капацитет за дополнителни инвестиции. Во овој момент не постојат релевантни податоци на прилагодување на нивоата на работна сила во Македонија согласно нивоата на нарачки. Компаниите со напредно производство се обидуваат на секој начин да ја заштитат долгорочната инвестиција во човечки капитал, но треба да бидеме свесни дека резервите колку и да се големи не можат да бидат неограничени. Четвртата фаза на глобалната криза ќе ја одбележи транзицијата од предизвици на ликвидност во криза на солвентност и криза на пазарите на капитал. Многу од помалите и позадолжените компании нема да можат да ја преживеат оваа фаза без значителна поддршка од страна на државата или од страна на нивните купувачи особено затоа што побарувачката ќе остане депресирана за подолг период. Се очекува зголемен број на банкроти и ликвидации, но и upstream аквизиции што може да доведе до притисок на банкарскиот сектор. Ова сценарио би требало да се реплицира и во Македонија, но сепак според присутните брендови и финансиската кондиција на мајките компании не би очекувале дисконтинуитет на операциите или инвестициите на краток рок. XКаква X е ситуацијата во Аптив конкретно? Аптив е во многу подобра ситуација од многу од нашите конкуренти. Во однос на изложеноста на различни фактори мерките што беа превземени во изминатите 5-6 години даваат резултати. Изложеноста на поединечни купувачи е помалку од 10%, а географската изложеност е рамномерно распределена помеѓу сите релевантни пазари. Портфолиото на производи е крајно рационално редефинирано со фокус на проекти со поголем раст и пазарен удел. Голем дел од корпоративниот долг беше навремено репрограмиран и нивоата на


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

39

расположлив кеш даваат за право дека може да се справиме со пролонгирано глобално закрепнување. Аптив Македонија е во подеднакво добро кондиција со диверзифициран ризик од аспект на купувачите и производното портфолио. Се разбира, во ситуација на глобален системски застој и ние сме афектирани и ги суспендиравме нашите операции согласно производствените распореди на нашите купувачи притоа апсорбирајќи големи загуби. Во оваа ситуација е екстремно значајно да се спроведе максимална финансиска дисциплина со цел да се заштити долгорочното финансиско здравје на компанијата. Но имајќи ги предвид конкурентната трошковна структура, квалитетот и посветеноста на локалниот тим и сите вработени, силно верувам дека ја имаме основата да се вратиме многу посилни после завршувањето на кризата. Во овој период примарната задача на менаџментот е да ги надгради мерките за заштита на нашите вработени согласно најдобрите искуства од нашите сестрински фабрики во Кина и Сингапур. На корпоративно ниво ги објавивме нашите протоколи за реакција и заштита достапни за сите со цел да го споделиме нашето знаење и експертиза

со нашите соработници и локалните заедници. Сите сме заедно во оваа криза и само ако заедно делуваме ќе може да ги намалиме последиците и да закрепнеме побрзо. XКако X ги оценувате досегашните антикризни мерки донесени од Владата? Дали се адекватни, доволни, или како асоцијација имате ваши конкретни предлози што уште треба да се направи за да им се олесни на компаниите во оваа криза? Она што е заедничко за многу држави е дека го потценија ефектот на кризата и задоцнија со логистички припреми, но и со стратешки дефиниции на програмите за антикризни мерки. Имајќи прилика да го црпиме искуството од нашите мајки фирми за тоа како други земји се справуваат со дизајнирањето на целите и механизмите на антикризните мерки, морам да констатирам дека има отсуство на дијалог, транспарентност и навременост на мерките со доза на канцелариска и бирократска ароганција и многу празен популизам и кај власта и кај опозицијата. Во услови на намален политички легитимитет на техничката влада се забележува и традиционалното неединство околу националните економски стратешки цели и приоритети што е екстремно

Во ситуација на зголемување на невработеноста и намалување на примањата, вкупната побарувачка и доверба во системот ќе остане крајно депресирана што ќе значи дека сите ќе бидеме губитници на подолг рок. Разбираме дека македонските капацитети за helicopter money стратегиите се ограничени, но со рестриктивни мерки, целосно отсуство на фискални и монетарни стимулуси економијата ќе остане парализирана за подолг период.


Капитал број 1059 24.04.2020

40

КРИЗА: КОВИД-19

Македонија мора да има многу јасна стратегија како ќе се позиционира во новата “нормалност”. Нашата реалност и пред кризата покажуваше недостаток од лидерство и визија како да се стане партнер на мултинационалните корпорации на долг рок. Паралелно, многу земји вклучително и нашите соседи се многу агресивни и успеваат да добијат многу директни и портфолио инвестиции што ја јакнат нивната долгорочна конкурентност. опасно во оваа ситуација. Дополнително присутна е и некаква крстоносна војна против концептот на профит и претприемништво во ситуација кога целиот свет се бори за преживување. Треба да се разбере дека секоја сериозна компанија се грижи за своите вработени и добивката ја реинвестира во долгорочното финансиско здравје и конкурентност што овозможува бенефит за сите засегнати страни, вклучително и идните вработени и нашата поширока заедница. Во овој момент мерките се ограничуваат на заеми на веќе презадолжени претпријатија и редистрибуција од помалку сиромашни на повеќе сиромашни граѓани. Се надевам дека грешам во мојата оценка, но нето ефектот од досега објавените мерки ќе биде минимален и ризиците за сите остануваат многу реални. Она што е потребно е силно лидерство да се адресираат структурните проблеми во македонската економија и да се искористи кризата како можност да се коригираат некои силни нелогичности што во мирнодопски услови би било многу потешко да се спроведат. На краток рок од 3-9 месеци би охрабриле многу поактивна поддршка на стратешките сектори во форма на неповратни грантови и субвенционирање на скратено работно време. Заедничка цел и на компаниите и на државата е задржување на бројот на работни места, но и стандардот

на сите граѓани. Во ситуација на зголемување на невработеноста и намалување на примањата, вкупната побарувачка и доверба во системот ќе остане крајно депресирана што ќе значи дека сите ќе бидеме губитници на подолг рок. Разбираме дека македонските капацитети за helicopter money стратегиите се ограничени, но со рестриктивни мерки, целосно отсуство на фискални и монетарни стимулуси економијата ќе остане парализирана за подолг период. XКакви X глобални поместувања во синџирот на додадена вредност во автомобилската индустрија ќе има по корона - кризата? Каде ќе биде местото на Македонија во таа нова глобална слика? Доминантно гледање е дека глобалните синџири ќе се рекомпонираат драстично после кризата. Се проценува дека ќе има помалку глобализација или дури и „балканизација“ на трговијата, но и на финансиските текови на капитал. И пред кризата глобалниот геополитички момент не беше поволен, односно американско -кинеските односи, Брегзит и потфрлањето на економиите во развој преставуваа сериозни предизвици за глобалниот раст. На корпоративно ниво, инвестициите ќе бидат уште порестриктивни и пофокусирани на сегменти со поголем поврат и поголема утилизација на веќе инвестираниот капитал. Очекувам

поголема концентрација на економските субјекти, но и рационализација на производствените капацитети. Треба да бидеме длабоко свесни дека не сите ќе ја преживеат кризата. Македонија мора да има многу јасна стратегија како ќе се позиционира во новата “нормалност”. Нашата реалност и пред кризата покажуваше недостаток од лидерство и визија како да се стане партнер на мултинационалните корпорации на долг рок. Паралелно, многу земји вклучително и нашите соседи се многу агресивни и успеваат да добијат многу директни и портфолио инвестиции што ја јакнат нивната долгорочна конкурентност. Би било многу наивно да очекуваме дека после кризата процесот на преселување на инвестициите од земји со повисоки трошоци во земји со пониски трошоци ќе продолжи по инерција. Сериозна е опасноста дека компаниите побрзо ќе размислуваат за инвестиции во автоматизација и инвестиции во поголема искористеност на постоечките производствени капацитети, отколку слепо да следат проекти за намалување на трошоци во егзотични локации. Без разлика колку сме задоволни од нашите постоечки инвестициски проекти, без сериозни структурни промени и јасна стратегија и механизми, Македонија нема да биде премногу атрактивна за нови проекти.

nnn



Капитал број 1059 24.04.2020

42

www.kapital.mk

КРИЗА: КОВИД-19

КРЕДИТНА ПОДДРШКА И ЗА БУЏЕТОТ И ЗА

СТРАНСКИ КРЕДИТОР ОБЕЗБЕДИ ПАРИ ЗА Ц БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ


www.kapital.mk

А ФИРМИТЕ

ИТЕ РИ ИЈА ЦЕЛ И Т

Капитал број 1059 24.04.2020

43

Д Државата може да смета на финансиска помош од околу 726 милиони евра од меѓународни институции, сума што целосно може да го покрие буџетскиот дефицит годинава кој што според проценките на ММФ ќе изнесува токму толку. Засега потврда за финансиска помош стигна од неколку извори. Најпрво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра. И Европската Комисија потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) уште 250 милиони евра како дел од Пакетот за солидарност. Но, освен за државата, кредитите се потребни и за приватните фирми. Развојната банка објави дека одобрила вкупно 2,2 милиони евра за 254 фирми, а разгледува апликации на уште 1.300 компании за да исплати вкупно 9 милиони евра.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

44

КРИЗА: КОВИД-19

СУМА ЧАКРАБАРТИ претседател на Европската банка за обнова и развој

Банката ќе го активира Пакетот за солидарност за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

пишува:

Александар Јанев

Д

aleksandar.janev@kapital.mk

Државата може да смета на финансиска помош од околу 726 милиони евра од меѓународни институции, сума што целосно може да го покрие буџетскиот дефицит годинава кој што според проценките на ММФ ќе изнесува токму толку. Засега потврда за финансиска помош стигна од неколку извори. Најпрво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Овие пари се повлечени со каматна стапка од 1,05% и рок на отплата од пет години а треба да помогнат за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза со коронавирусот и дополнителна поддршка и на макроекономската стабилност. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра. „Светската банка ја финализира програмата на активности за да и помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА гувернерка на НБРМ

НИНА АНГЕЛОВСКА министерка за финансии

Мошне е битно што домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра позиција од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година, што упатува на доволен потенцијал за негово справување со можните неповолни ефекти врз економијата од тековната здравствена криза.

Процесот на издавање на еврообврзница е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Целиот процес трае од 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се задолжиме на тој пазар.

од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од оваа меѓународна финансиска институција. И Европската Комисија деновиве потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата. Уште четири држави од регионот би требало да добијат помош и тоа Албанија од 180 милиони, Босна и Херцеговина 250 милиони евра, Косово 100 милиони евра и Црна Гора која би требало да добие 60 милиони евра. Ова е дел од новата стратегија позната како Тим Европа на Европската Унија, чија цел е да им се помогне на земјите партнери. „Европската солидарност не застанува на границите на Унијата. Затоа што во оваа глобална криза стоиме или паѓаме заедно. Европската Комисија презема одлучен чекор да им помогне на десет од нашите соседни земји во нивната борба против коронавирусот, ги повикувам Европскиот Парламент и Советот брзо да се усогласат околу овој важен пакет“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони. Фондовите би биле на располагање

дванаесет месеци во форма на заеми „со многу добри услови“ за да им се помогне на земјите да ги поткрепат итните финансиски потреби, да ја стабилизираат макроекономската состојба и да ги ублажат негативните социоекономски последици од здравствената криза, вели ЕК. Предлогот сега треба да биде прифатен од страна на Европскиот Парламент и Советот на ЕУ, како двете ко-одлучувачки тела на ЕУ. Комисијата бара од двете институции итно да дадат зелено светло. Првата транша би се ослободила штом биде усвоен предлогот, а втората транша од септември оваа година или почетокот од 2021, „доколку политичките мерки поврзани за неа се имплементирани навремено“, смета Комисијата. МН: За Македонија и 250 милиони евра од ЕБОР Во меѓувреме и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави уште 250 милиони евра за нашата земја како дел од Пакетот за солидарност. Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти, најавувајќи ја оваа помош, истакна дека ќе ги поддржи финансискиот и енергетскиот сектор, малите и средни претпријатија, но и големите компании. Чакрабарти најавил дека ЕБОР ќе го активира Пакетот за солидарност за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Од Владата соопштија дека дел од


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

45

КИРЕ НАУМОВ

главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија

Досега пристигнати се кредитни апликации во износ од околу 9 милиони евра од над 1.300 компании. Уште трае огласот и прибираме апликации. Просечниот кредит по компанија е околу 8.500 евра. Доминантно се кредитни апликации до 5 илјади евра и мислам дека ќе можеме вкупно да поддржиме над 600 компании, односно вкупно 6 до 7 илјади вработени.

оваа поддршка ќе биде насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка со ЕБОР. Чакрабарти изразил задоволство како македонските власти се справуваат со пандемијата на Ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците и истакнал дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Македонија во процесот на преговори со ЕУ, а и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера. Кога се ќе се собере, се доаѓа до сумата од 726 милиони евра, а откако овие пари од концесионалните кредитори станаа извесни, власта го измени планот за задолжување со таканаречениот инструмент bridge to bond со којшто требаше да позајми околу 400 милиони евра од странски банки за да се премости овој период, туку ќе оди директно на издавање на еврообврзница. Министерката Ангеловска ја објасни промената во стратегијата со очекувањето да се стабилизираат пазарите на капитал.

„Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Целиот процес трае од 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се задолжиме на тој пазар“, изјави министерката за финансии Ангеловска без да прецизира колку пари ќе позајмиме. Освен на странскиот пазар, државата пред една недела се задолжи и кај домашните банки, со издавање на шестмесечни и едногодишни записи во вредност од 95,5 милиони евра. Во исто време, за отплата доспеаа државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека во државната каса останаа околу 70 милиони евра. Операцијата за задолжување кај домашните банки се случи и откако Народната банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, со што се ослободи дополнителна ликвидност кај банките, пари што очигледно се префрлаат од трезорот


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

46

КРИЗА: КОВИД-19

во буџетот. Пресметките на ММФ покажуваат дека во буџетот ќе фалат токму 727 милиони евра годинава, што значи дека буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП. Останатите задолжувања се планирани за раздолжувања, односно враќање на обврските што доспеваат годинава. Според ММФ, јавните приходи ќе се намалат за 14,8% во однос на првично планираниот буџет, со што паѓаат во вода сите претходни пресметки дека во државната каса ќе недостигаат над две милијарди евра, односно и до 60% од приходите. За финансиската кондиција на државата веќе информираше Управата за јавни приходи (УЈП) која обелодени дека приливите од даноци и придонеси се драстично намалени. Во март кога стапија на сила рестриктивните мерки со коишто и се затворија голем дел на објекти, во државната каса се слеале 12,3% помалку пари, додека пак во првите две недели од април, евидентиран е уште поголем кусок од дури 38,2%. МН: Кредитирањето на фирмите клучно Освен кредитирањето на државата за да може буџетот да ги финансира соите основни потреби, клучна е и кредитната поддршка за приватните фирми во време на силна економска криза. Но податоците за март што ги објави Народната банка покажуваат само минорен кредитен раст кај корпоративниот сектор од само 1,8% споредено со истиот период лани. Во меѓувреме, Развојната банка пласираше две бескаматни кредитни линии во вкупна вредност од 13,7 милиони евра. „Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисоок од 90.000 евра, а минималниот износ на кредитот од 3.000 евра. Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период од 12 месеци со намена за обртни средства. Отплатата на кредитот

од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати. Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Ќе бидат обезбедени со меница – авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, во форма на нотарски акт и со извршна клаузула“, информираа од Владата. Досега, одобрени се вкупно 254 кредити во вредност од околу 2,2 милиони евра. Директорот на Развојната банка, Кире Наумов, вели дека пристигнати се кредитни апликации во износ од околу 9 милиони евра од над 1.300 компании, а се одбиваат само оние кои биле презадолжени и пред пандемијата со корона-вирусот или ако не се дел од туризмот, транспортот и угостителството. „Уште трае огласот и прибираме апликации. Просечниот кредит по компанија е околу 8.500 евра. Доминантно се кредитни апликации до 5 илјади евра и мислам дека ќе можеме вкупно да поддржиме над 600 компании, односно вкупно 6 до 7 илјади вработени. Еден дел од кредитните компликации се од дејности надвор од линијата, бидејќи во моментов приоритет се угостителство, туризам и транспорт и најголемиот дел од одбиените се тие кои што не ги исполнуваат условите“, изјави Наумов. Компаниите што биле презадолжени и пред корона кризата се одбиваат, бидејќи како што вели Наумов, не е фер такви компании да ги земат средствата на фирмите кои до пред корона пандемијата, функционирале нормално. Ваквиот обем на микрокредитирање Развојната банка, вели Наумов, го прави прв пат од своето постоење, а принципот е таков што Кредитниот одбор на Развојната банка ги разгледува апликациите и Владата на седница ги одобрува. Потоа остануваат уште неколку дена до запис на нотар преку меница, која е гаранција за кредитот, па веднаш се исплаќаат средствата.

Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, во интервју за Капитал ја оцени кредитната активност како солидна, иако и понатаму е присутен трендот на поголема фокусираност на банките кон домаќинствата. „Меѓутоа, свесни сме дека се соочуваме со голем шок којшто може да има поголеми ефекти врз економијата, пред сè на краток рок. Па оттука, реално е да се очекува дека ваквата состојба би имала одраз и врз кредитната активност на банките. Секако, кредитната активност на банките зависи и од растот на депозитната база во претстојниот период, имајќи го предвид влијанието од корона-кризата кој се очекува и врз доходот на економските субјекти“, вели Ангеловска – Бежоска. Според неа мошне е битно што домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра позиција од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година, што упатува на доволен потенцијал за негово справување со можните неповолни ефекти врз економијата од тековната здравствена криза. „Ова е резултат на нашите зајакнати регулаторни и супервизорски барања во пост-кризниот период, во линија со зајакнатата европска регулатива, кои придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем. Со низата преземени мерки досега од страна на Народната банка, очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Очекуваме дека банките ќе ја искористат ослободената ликвидност и активно ќе ги применуваат можностите кои им се ставени на располагање со регулаторните измени, сè со цел соодветно да ги поддржат компаниите и граѓаните во справувањето со последиците од корона-кризата, и притоа да се одржи финансиската стабилност“, истакна гувернерката Ангеловска – Бежоска. nnn



Капитал број 1059 24.04.2020

48

ИНТЕРВЈУ

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ПРОМОТОР НА „МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ“

СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ИНОВАТИВНО РЕШЕНИЕ:

ЈАВНИ ОВЛАСТУВАЊА КАЈ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ПРЕТПРИЕМНИШТВО КАЈ ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ! Тајната е во претприемништвото. Човекот има основен мотив да создава, само доколку ја знае наградата за себе си. Спој помеѓу факторот кој ги создава најуспешните менаџери во бизнисот и јавните овластувања, ќе го даде крајниот лек. Јавни овластувања кај приватниот сектор и претприемништво кај државните службеници. Само приватниот сектор може да понуди квалитетни услуги. Вклучително и оние од јавен карактер. Да преземе „институционални обврски“. Тука лежи зајакот. Тоа е иновативна област, ново решение, кое до сега не било понудено.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

49


Капитал број 1059 24.04.2020

50

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Редакција Капитал

Д

Десничарски реформатор или концептуален реставратор? Платформски активист или политички авантурист? Наутро салонски политичар во костум, навечер разгоропаден комита со кубура. Многу контроверзии во ликот или поливалентност во демонстрираниот карактер? Се движи во двете крајности, но едно е сигурно, не остава простор за рамнодушност, додава доза на неопходна свежина во домашното политичко милје. Кој во суштина е Пeтар Богојески? XДа X почнеме со ова прашање г. Богојески, кој сте во суштина вие? Како да ве доживуваме на македонската политичка сцена? Концептуален реформатор. Пред сè граѓанин на Републиката, со либерално конзервативен светоглед. Убеден републиканец, заљубен во слободата. Вистинита е констатацијата дека знам како со највисоки дипломати и државници, а во исто време комита со народот, пред кооперација. Затоа што тие средби во костум ги правам само и само за доброто на тој народ. За доброто на генерациите кои доаѓаат. Зошто да бидам изложен на таков стрес, при тие „костумосани средби“? Немам друга причина. Многу поважна е амбицијата за професионален политичар, кој не е во политиката за печалба или на дополнителен работен ангажман, за време на одложена, друга примарна професија. Јас имам прекрасен живот и без политика. Имам искуство и во бизнисот. Политиката само како шанса, да промениме некои работи за кои сметаме дека се ненормални. Да донесеме нормалност, а не да бидеме празни воденици со години во парламент. Од тука таа јасна намера, никако за волунтаризам, туку за професионален политички ангажман. XОд X „пиарџиска“ гледна точка, добро е кога те критикуваат и едните и другите политички конкуренти, во стилот “Види го ти сега Бунтур, ќе мешал карти?!”. Но, малкумина знаат дека зад политичкиот про-активизам има реална образовна основа и административна експертиза. Вие сте докторанд на УКИМ и долгогодишен државен службеник во неколку државни институции. Дали е тоа основата на којашто сметате дека сте квалификуван да креирате решенија?

Врвот на административната кариера го постигнав на релативно млади години. Во тој поглед сум целосно реализиран. Започнав како помлад референт, а денес сум државен советник, највисоката професионална административна позиција. При тоа, не бев унапреден од референт на највисока позиција, туку низ годините ги поминав сите скалила за унапредување. Стекнав работно искуство во повеќе институции, а се соочив и со „болеста“ на нашата администрација. Во судирот помеѓу личните и професионални принципи, во кои верувам, и интересите на „големците“, искусив и политичко шиканирање и отказ од едно работно место, потоа лична одлука да дадам оставка од друго работно место, промена на трето работно место, поради судир со „владетелот“, остварен конфликт со ликови за кои имав констатиран криминал и сл. Сето тоа е животна борба и не се жалам. Едноставно така мора во животот. Но, јас сум истраен и одлучен и секогаш одам до крај. Без откажување. Токму сето она преживеано низ административната кариера, ми беше мотив, покрај пасијата со политика и ПР, покрај работата на докторат во областа на политиката, да се зафатам со дополнително работење на докторат на УКИМ, во областа на економијата, поточно јавното претприемништво. Преку опсежни теоретски, компаративни, хронолошки и други анализи, да направам научни согледувања за македонскиот јавен сектор и да понудам решенија за имплементирање на јавното претприемништво во нашата држава, со развивање идеи за иновации од јавен интерес и надополнување на приватното претприемништво, кое е столб на нашата државност. Ова ќе биде воедно и иновативно решение, преку апликативен модел, за најголемиот проблем за нашата Република, а тоа е администрацијата. Тој проблем го кочи бизнисот, го спречува развојот, ги прави слаби институциите, го отежнува животот на сите граѓани. Тоа е за мене новиот предизвик. Поради тоа барам простор во политиката. Само преку политиката, она што го работам на научна основа, ќе бидам во можност да го имплементирам, да дадам придонес за мојата држава. Така, преку личен пример, ќе покажам како може да се живее во склад со она за што се образуваме, во кое веруваме и треба да го практикуваме. Верувам дека токму ова е државен патриотизам. Токму изградбата на силни државни институции, кои се сервис за граѓаните и бизнисот, а не нивни мачители, за мене е патриотска должност. XМногумина X се обиделе, па се изгореле врз врелиот компир наречен реформи во јавната администрација. Тоа е една

непресушна тема којашто секогаш служи за задоволување на партиски апетити и станува јамка на вратот на државата. Што може реално и конкретно да се направи на оваа исклучително важна тема? Точно е тоа. Многумина се обиделе и не успеале. Но не зашто тоа е невозможно, туку поради тоа што не верувале во успехот или немале искрена намера тоа да го направат. Само зборувале, за да дојдат до некоја позиција. Можеби имале искрена намера, но не знаеле како, немале храброст. Јас не барам шанса, врз база на мојата желба или празни зборови. Јас не сум професионално неостварен, па да сакам да се вработам на некоја позиција во администрацијата. Не. Јас сето тоа го имам. И повеќе од тоа. Едноставно се зафатив прво стручно и научно да ја истражам проблематиката, да навлезам во длабината на теоријата, а праксата и искуството веќе ги имам од дваесет годишна административна кариера. На тој начин, преку спој на теоријата од универзитетското истражување и праксата од секојдневното работење, може да дојдам до целосно решение за административната „болест“. И мислам дека го имам. Тајната е во претприемништвото. Човекот има основен мотив да создава, само доколку ја знае наградата за себе си. Спој помеѓу факторот кој ги создава најуспешните менаџери во бизнисот и јавните овластувања, ќе го даде крајниот лек. Јавни овластувања кај приватниот сектор и претприемништво кај државните службеници. Само приватниот сектор може да понуди квалитетни услуги. Вклучително и оние од јавен карактер. Да преземе „институционални обврски“. Тука лежи зајакот. Тоа е иновативна област, ново решение, кое до сега не било понудено. Истражувањата детектираат потреба од преиспитување на бројот и овластувањата на државните органи, голем дел од вработените во јавниот сектор немаат претприемачки вештини, а институционалните прекројувања во надлежностите не доведоа до унапредување на состојбите. Децентрализацијата заглави во дијалогот меѓу властите за финансирањето на локалните услуги од централните фондови. Дерегулација, професионална и независна администрација, вистински менаџмент за управување, останаа само императиви во намерата да се биде дел од европскиот административен простор. Јас секогаш ја истакнувам индивидуалната одговорност како индикатор за воспоставување на ефективна администрација. Не секогаш е вината кај административците. Многу често оние кои управуваат со институциите, не се на ниво на задачата. Мораме да го победиме стравот, дека ако се навлезе во таа реформа, ќе се


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

51 отвори политички кратер во државата, кој ќе го проголта предлагачот на реформите. Еве ние од Македонски концепт не се плашиме, и го прифаќаме ризикот. Не дека сме хазардери или некои супер херои, туку точно знаеме од теоријата и современите светски практики, кои покажаа дека не треба да се стравува и дека наместо кратер, ако е добро изведено, тоа ќе биде вистински лост за придвижување на економијата и општеството. XМногу X е удобно да се елаборираат теми, решенија и мерки, исто така од удобноста на некаква опозиција или салонски ламентирања. Колку сте Вие подготвени да се фатите во костец со проблем којшто изгорел кариери на искусни политичари? Како ова планирате да го изведете и практично? Конечно, избирачот исто така е изгорен, бара гаранции. Тие гаранции лесно се даваа, тешко се исполнуваа. Со што гарантирате дека она што вие го планирате и ќе го изведете? Ние не сме волунтаристи во политиката. Не експериментираме и имаме што да изгубиме. Точно знаеме што правиме и зошто тоа го правиме. Ако добиеме шанса, ќе се обидеме да направиме се, она што го зборуваме да го реализираме до крај, онака како што знаеме и умееме. Истрајно, храбро и одлучно. Ако ме прашувате дали ќе биде проблематично? Да, не само проблематично, туку и ќе боли. Но на крај, сите ќе бидеме среќни и задоволни. Сите, и бизнисот и граѓаните. Гаранција имаме. Тоа е нашата темелна посветеност да се зафатиме со решението. Веќе нагласив, не сакам да се обидам, колку да се каже дека сум се обидел. Туку претходно правам подготовки, истражувам, соочувам искуствено со теоретско, пракса со наука, сè со цел да дојдам до гаранцијата, а тоа е да го имам решението. Професионалниот пристап е најголемата гаранција. Мотивот е да имплементирам решенија, а не да направам кариера во администрацијата. Ќе повторам, тоа веќе го направив и завршив со истото. XНие X сме мала и зависна економија, сега со пандемијата на коронавирусот, по здравствената криза, ќе се соочиме со реална економска криза. Последиците ќе бидат мошне сериозни по нашата земја. Вие ова го разбирате и како можност да се стават некои текови на вистинските шини. Со Македонски концепт предизвикавте внимание со неколку интересни предлози. Што може да се направи на кус, на среден и на подолг рок, македонската економија да стане пожив организам, поефикасен, поконкурентен? Вистинска посветеност кон економијата, која не сме ја имале низ годините.

ДРЖАВАТА И ПРИВАТНИКОТ МОЖЕ ДА БИДАТ ОРТАЦИ!

Д

ржавата и приватникот може да бидат ортаци. Тоа во нашите проекти можете да го забележите кај проектот „Партнерство со младите“, каде државата е ортак на младите претприемачи. Покасно се повлекува од бизнисот, а тој останува на грбот на веќе искусниот млад претприемач. Најмногу зборуваме за јавни овластувања на приватниот сектор. Буквално суштински јавни сектори да ги преземе приватниот сектор. Најголема пречка е менталитетот кај граѓаните.


Капитал број 1059 24.04.2020

52

ИНТЕРВЈУ

Таа е мала, отворена и зависна од надворешните економии. На долг рок, а и заради нашето членство во ЕУ, потребно е преструктурирање во склад со европските економии или реална економска конвергенција со ЕУ. На среден рок, мора да се работи на забрзување на растот и другите економски индикатори (невработеност, продуктивност, плати, дефицит, јавен долг и животен стандард). Овој процес треба да биде проследен со брза либерализација на сите сектори, особено на банкарството. За тоа имаме конкретен план, кој произлегува пред се од интересите на граѓаните и стопанството, но тоа е и дополнително наша обврска, согласно процесот на интеграција во ЕУ. Воедно, потребно е сите расположливи домашни средства, кои не се мали по обем, да се стават во функција на стопанството. Не се согласуваме со изјавите на политичари, за некакво си банкарско ограничено работење, со донесување на Уредба на Влада. Напротив, банките да си работат како што знаат и умеат. Работата на државата е да го либерализира тој сектор, да ни овозможи на граѓаните и компаниите пристап до евтини пари и реални пазарни услови за кредитирање или вложување на нашите заштеди, кај странски банки и разни финансиски институции. Во вакви услови на работење во банкарскиот сектор во земјава, тоа е невозможно. Ако „домашните“ банки мислат дека со вакво работење, ќе се носат со новите пазарни услови во областа, во ред. Нивен избор, нека продолжат по старо. Но монополот мора да падне. На краток рок е потребно преформулирање на понудените мерки, кон различно погодените сектори и стимулирање на потрошувачката и јавните инвестиции. Битно е кризата брзо да се надмине, за да не се зголеми невработеноста и да не мора дополнително многу да се задолжуваме. Во тој контекст, наместо воведување акциза на лесната нафта, со што би биле директно погодени граѓаните, предлагаме воведување придонес за општествена одговорност на компаниите, во висина од 1% на вкупните месечни приходи. Оние компании кои не работат, поради забрана од власта, нема да платат ништо во месеците во кои не работат и не остваруваат приходи. Тоа е правично и солидарно во вакви услови. Дополнително задолжување на земјата во странство не е популарно и никој не го посакува, но не треба да биде ерес. Може да се размисли за брз револвинг кредит, со сериозен износ. Колку стопанството е способно да апсолвира од тој износ, толку средства државата треба да повлече од кредитот. Пример градежните компании се способни да реализираат износ од триста

милиони евра, тогаш треба веднаш да се зафатат за работа, а државата тоа ќе има можност да го исплати. Ако беа планирани други инвестиции во други сектори, особено расходи кои го стимулираат домашното производство, нека се реализираат и нека се пуштат парите во компаниите. Мерките за штедење треба да се базираат на сериозни анализа за постоење на непродуктивни буџетски расходи, кои буквално се фрлање на пари во празно. Ве молам, не со онакви популистички потези на намалување на плати на функционери. Тоа е смешно. Капка во море. Платите и пензиите не треба да се намалат, туку треба да се зголемат, согласно предвидената динамика, за да се стимулира потрошувачката на граѓаните. Може да зборуваме за забрана на луксузирање на функционерите или на непродуктивни инвестиции, во духот на онаа познатата „немаме за леб, а трошиме на чоколадо“, но не и за ниски политикантски страсти. Еден конкретен предлог, каде треба да се преземат итни мерки за рационализација на расходите. Во 2006 година имавме 300 милиони евра дефицит за прехранбени производи. До денес имаме потрошено повеќе од 1.5 милијарди евра субвенции за производство на храна, а дефицитот се зголемил на 700 милиони евра. Попоразително од ова нема. Потрошивме огромни пари, а стануваме се позависни од увоз на храна. Ве молам да ми посочите друга земја како нашата, која има ваков пораз во своите економски и развојни политики. Дали ова е еден од механизмите за огромен одлив на средства од државниот буџет, на криминален начин? Па реформа само во овој сектор, ќе донесе огромни заштеди. Треба да се искористат искуствата од најголемите светски економски кризи, од капиталистичките држави во светот, особено после светските војни. Дополнително оданочување на имотот, особено на приватизираниот имот од деведесеттите, е едно од правичните решенија. Во таа насока се нашите мерки и предлози. Важно е само брзо и одлучно, храбро да се дејствува. XПостојано X промовирате еден либертаријански модел и концепт за развој на државата. Не дека таму нема добри и издржани модели. Но, прашањето е како тоа да се изведе на домашна почва, од теорија во практика. Го протежирате моделот за развој на јавно претприемништво како функционален „рол-модел“. Можно ли е, изводливо ли е тоа кај нас, со оглед на многу фактори коишто можат да влијаат врз реализацијата на моделот? Намалената улога на државата во однос на онаа на приватниот сектор, не е претставена само преку регулаторни тела. Државата и приватникот може да бидат ортаци. Тоа во нашите

ПРИДОНЕС ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ – 1% ОД ВКУПНИТЕ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ

О

колу антикризните мерки... Наместо воведување акциза на лесната нафта, со што би биле директно погодени граѓаните, предлагаме воведување придонес за општествена одговорност на компаниите, во висина од 1% на вкупните месечни приходи. Оние компании кои не работат, поради забрана од власта, нема да платат ништо во месеците во кои не работат и не остваруваат приходи. Тоа е правично и солидарно во вакви услови.

проекти можете да го забележите кај проектот „Партнерство со младите“, каде државата е ортак на младите претприемачи. Покасно се повлекува од бизнисот, а тој останува на грбот на веќе искусниот млад претприемач. Најмногу зборуваме за јавни овластувања на приватниот сектор. Буквално суштински јавни сектори да ги преземе приватниот сектор. Најголема пречка е менталитетот кај граѓаните. Но и тоа се решава, со сериозен пристап и решенија кои ги зголемуваат платите на вработените. Можеби некои услуги ќе поскапат, но време е да излеземе од овој квази модел, каде сакаме да постои приватен сектор, ама јавните услуги или вредноста на трудот да бидат како за време на социјализмот, по можност бесплатни. Не може да се задржиме на овој систем. Просто е неодржлив. Не чува да живееме, да чмаеме во сиромаштија. Низок квалитет на јавни услуги, а се трошат огромни пари во тој неквалитет. Профитот е основен мотив на претприемачот. Да му го дадеме. Областите за правење бизнис се ограничени во државава. Во ред, ајде да ги прошириме. Државата ќе се повлекува од многу сектори, многу области, а тој простор ќе го презема приватниот сектор. Тој ќе прави профит за разлика од државата, со тоа ќе плати повеќе данок, па и државата ќе биде и побогата и со помалку обврски. Тоа екстра богатство треба да се инвестира само и само во образованието и здравството. Ако дојдеме до развој на тие две јавни дејности, ќе можеме и нив да ги препуштиме на приватниот сектор. Се е тоа една развојна спирала, која е динамична, опасна, бара работа, бара


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

53

„ВЕЛАТ СУМ НАПРАВИЛ ПРЕДАВСТВО... ДА, ТОЧНО Е, ЈАС ГИ ПРЕДАДОВ БАНДИТИТЕ!“ XНе X можам, а за крај да не прашам: Што му требаше на Бунтур да влегува во неизвесноста на политичкиот активизам, надвор од удобноста на “мермерната палата”, па дури и во времето на реформаторите? Ви кажав, одбивам да и слугувам на мафијата. Дел од тие фаци, за кои ви зборував погоре и поради кои напуштав работни позиции, кои се директни експоненти на мафијата, се главни фаци во токму таа мермерна палата. Едноставно не можев и не можам. Не ми дава ниту совеста, ниту трпението. Мора да се има интегритет и образ. Јас имав луксузна канцеларија во мермерната палата, но никогаш не ја употребив и не се вселив во неа. Грозно беше чувството да се биде дел од тој бандитизам. Од тоа бандитско поведение. Јас сум многу романтичен кон ВМРО ДПМНЕ, особено кон Каузата на ВМРО. Така сум домашно воспитан. Така сум пораснат и таму младоста ја поклонив. Но не за да биде тоа бандитско здружение. За мене ВМРО е највисок идеал на државност и одговорност. Идеал на постоење на македонската држава. Во нас крушевчани, природно вирее идеалот на Републиката. Јас сакам да им робувам на неа и на каузата. Не на палатата. Немам ништо лично против никого. Ниту против Груевски, Мијалков, Протугер и Мицкоски. Тие си се една екипа и нека си продолжат. Но јас одбивам да бидам повторно во таква улога, како во 2006 година и на истата таа екипа, повторно да и дадам шанса. Доста им беше, многу зулум сторија. На Мицкоски се обидов да му помогнам. Чесно и искрено. Сè што знаев, сторив. Употребив и методи кои не ми се омилени, само и само да предизвикам кај него момент на осамостојување и покажување на образ и интегритет. На Христијан беше одлуката, да си остане подизведувач на останатите тројца, кои ги наведов. Едноставно после таа одлука, јас и тој немаме што да сработиме заедно. Јас по мој, тој по негов пат. Без пизма или лутина. На никого, за ништо не се лутам. Очекувам

шанса од граѓаните, да ја затворам мермерната палата, а ВМРО да го ослободам. Шанса да покажеме поинаква политика и политичари, политички активизам базиран на вредности и принципи, убедувања и јасни државнички цели. Јас сум исклучително лојален човек. Цел живот го поминав во една иста партија. Не дека немав забелешки. Напротив, од 1995 година имав милиони забелешки. Милиони судири во партијата. Убедувања и разубедувања. Јас не бегам од тоа. Јас не го сокривам моето минато, ниту демантирам вистина. Јас не го менувам идентитетот и моето идеолошко профилирање. Едноставно не можеше да бидам повторно во истата улога од 2006 година и точка! Не за мое добро, за мене ќе беше супер. Туку за доброто на државата и народот. Ќе беше многу нечесно и неискрено од мене, прво кон самиот себе си, после кон останатите, да останев во таа екипа и во таа проклета палата. Во 2006 година, јас навистина верував, бев целосно убеден во „Преродбата“, јас мислев дека правам се најдобро за мојата земја и народ. Но сега, кога сум свесен дека „Обновата“ е катастрофа за мојот народ и татковина, за нашите деца, простете, но не можам да ја поткрепам. Истите бандити, кои ги сретнував по мермерната палата, да ги донесам во позиција, повторно да се изживуваат врз моите роднини и пријатели, моите комшии и сограѓани, мојот народ, е тоа не можам. Никако и никогаш. Ве молам да ме разберете. Тоа е причината зошто го ставив во мирување моето членство во таа партија. Викаат сум направил предавство. Да, точно е, јас ги предадов бандитите. Одлучив личниот интерес да го потиснам, а да го истакнам државниот. Од таму доаѓа поривот за Македонски концепт. Тоа е издигнување на државниот интерес на пиедесталот на нашето општество. Затоа истакнуваме државен патриотизам, со цел да направиме нормална држава, во која ќе царуваат слободата, спокојот и солидарноста.


Капитал број 1059 24.04.2020

54

ИНТЕРВЈУ

одговорност, но време е политичарите да си преземеме одговорност. Ние бараме шанса за да покажеме одговорност, а не за да ги уживаме привилегиите на власта. Лично јас и сега ги имам тие привилегии, кои одбивам да ги користам и не ги користам. XКога X погоре споменав фактори што влијаат врз реализацијата на проекти, прво на ум ми беше нивото на корупција, којшто е ограничувачки или калкулирачки фактор во сите тие равенки. А и Вие последниве месеци го засиливте вокабуларот со квалификации од типот на мафија и слично, реферирајќи на политичките менажерии и во десницата и во левицата. Што во практика може да се направи на оваа тема? Мафија, корупција, криминал има во секоја држава. Проблемот е што кај нас, тие си ја имаат државата под контрола. Всушност неславниот крај и пропаста на СЈО, тоа го докажа на најдобар можен начин. Цел свет се обиде да ни помогне, а ние не успеавме една единствена институција да ја изградиме. Проблемот е што актуелните политички елити се етаблирани од страна на мафијата. Можам и јас така. И јас можев да седам да бидам функционер во мермерната палата, да и се допаднам на мафијата и да и слугувам, да бидам инсталиран на некоја висока државна позиција. Но, не сакав! И не сакам! Никогаш не сум сакал и сум одбил десетици такви понуди. Всушност токму поради такви понуди, сум дал отказ од работно место или сум променил работна позиција и институција. Многумина викаат „ти уживаше во власта на Груевски, менуваше работни места и функции“. Тоа е ноторна глупост. Токму поради понуда да бидам слуга на мафијата, јас дадов отказ од една од највисоките позиции во Царинската управа. Одлични услови за работа и огромна плата, ги отфрлив и не прифатив да и слугувам на мафијата. Токму поради понуда да и служам на мафијата и да бидам унапреден на највисока функција, само да потпишам милионски анекс на договор во евра, јас одбив и побарав да бидам префрлен на друга позиција во друга институција, две години покасно, откако ја напуштив Царината. Тоа што молчам и тоа што сум крајно професионален и коректен кон моите колеги, не значи дека е вистинита црната кампања која се води против мене и моите фамозни функции и вработувања. Вистината е сосема поинаква. Јас сум единствен државен службеник кој имал храброст да му започне истражна постапка на министер, кој во тој момент бил мој актуелен шеф. И око не ми трепна. Точно, имав многу проблеми. Тоа ме чинеше здравје. Ама не се повлеков, останав до крај во битката. Тоа е тој мој личен кредибилитет со

ДОПОЛНИТЕЛНОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЕРЕС!

Д

ополнително задолжување на земјата во странство не е популарно и никој не го посакува, но не треба да биде ерес. Може да се размисли за брз револвинг кредит, со сериозен износ. Колку стопанството е способно да апсолвира од тој износ, толку средства државата треба да повлече од кредитот. Пример градежните компании се способни да реализираат износ од триста милиони евра, тогаш треба веднаш да се зафатат за работа, а државата тоа ќе има можност да го исплати. кој гарантирам дека ќе ја ослободиме државата од мафијашкото ропство. Јас од пониски позиции сум го докажал тоа во практика. Сум покажал дека знам како и дека имам храброст, од пониски позиции, а не ако имам многу повисока. Знам и како, зашто ја познавам мафијата и нејзините методи. Точно знам како ја злоупотребуваат политиката во земјава. Ќе го смениме тоа. Од граѓаните зависи дали ќе ни дадат шанса или не. XИ Xсето ова убаво изгледа на хартија. Добитното прашање е: Како? Како да се реализира ако се нема политичка, извршна моќ? Моќта треба да се управува, не да се злоупотребува. Но дефинитивно не може ништо од ова да се направи, без сериозна политичка моќ. Јас можам вака да си зборувам и да си давам интервјуа колку сакам, ама ако граѓаните не ми дадат легитимитет и политичка власт да го спроведам на дело, ова што го говорам, ништо од тоа. Токму поради тоа сум во политиката и барам доверба. Инаку што барам тука, кога веќе се имам. Само со мал број на пратеници, ќе им покажеме на граѓаните колку многу може да се направи. Екстремно многу. Ќе се изненадат граѓаните што значи да имаат вистински народни пратеници,

кои не се под контрола на мафијата. Со малку доверба, ќе направиме премногу. Следни избори ќе биде бранот на поголема доверба, после нашето докажување на дело. Граѓаните не веруваат, се сомневаат. Во ред. Во право се. Премногу излажани, изневерени, понижени, ограбени. Бизнисот унаказен од мафијашките уцени и закани. Буквално цели бизниси, создавани со личен чесен труд од бизнисмените, под услови на закани и уцени, беа преземани од страна на мафијата. Знам дека е тешко да ни поверуваат и граѓаните и бизнисот. Но нивно е да одлучат дали ќе се обидат, нешто да променат, од тоа што е веќе видено 30 години наназад. Исти политички елити, во демек различни политички партии, под контрола на истата мафија, го пљачкосуваат народот и чесниот бизнис. Време е за одлука. Јас никого не молам, ниту пак инсистирам на нешто. Мое е да понудам и да ја кажам вистината, вака јавно. Секако за ова ќе имам последици и имам што да изгубам. Но се одлучив да кажам и да понудам. Не молам и не инсистирам. Не мора за нас да гласат. Ако им веруваат на постоечките политички елити, ги молам за нив да си гласаат. И да си продолжат по старо. Граѓаните одлучуваат. nnn



Капитал број 1059 24.04.2020

56

www.kapital.mk

СВЕТ

КРИЗАТА ГИ СОГОЛИ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

ДИКТАТУРИТЕ КОНТРОЛИРААТ ЛУЃЕ, АМА НЕ И

ВИРУСИ Конфронтацијата помеѓу западните земји и Кина што на почетокот беше тивка и зад завеси, а сега станува се' потранспарентна наметнува сериозни прашања за тоа како и сега, ама и посткризно ќе се развиваат односите помеѓу западот и истокот и дали тешките зборови или пострашно - тешките дела (доколку се докажат) кои нив ги предизвикале нема да ја отворат „Пандорината кутија“ во која со децении стоеше скриено едно лажно и лицемерно пријателство помеѓу суштински и длабоко неспоиви не само идеологии, туку и цели филозофии за тоа што значи животот и кои се неговите клучни вредности во 21 век, кога фактот што светот не умее да се справи и да контролира еден вирус, не ги уништува амбициите на режимите да контролираат луѓе во желбата за целосна моќ.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

57


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

58

СВЕТ

Криење на бројката на заразени и починати, погрешни информации за сериозноста на болеста и лесната преносливост, па дури и директни сомневања дека самиот вирус „избегал“ од лабораторијата во Вухан каде што кинеските научници во несоодветни и нехигиенски услови се занимавале со микробиологија и вирусологија - сите овие напади во последните недели исцртаа еден директен фронт помеѓу ЕУ (но и САД) и Кина.

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

С

Сè потенки се дипломатските ракавици со кои се обликуваат нападите од западните земји кон НР Кина за нејзината вина во експлозијата на пандемијата со коронавирусот. Криење на бројката на заразени и починати, погрешни информации за сериозноста на болеста и лесната преносливост, па дури и директни

сомневања дека самиот вирус „избегал“ од лабораторијата во Вухан каде што кинеските научници во несоодветни и нехигиенски услови се занимавале со микробиологија и вирусологија - сите овие напади во последните недели исцртаа еден директен фронт помеѓу ЕУ (но и САД) и Кина. Оваа конфронтација што на почетокот беше тивка и зад завеси, а сега станува сè потранспарентна. наметнува сериозни прашања за тоа како и сега ама и посткризно ќе се развиваат односите помеѓу западот и истокот и дали тешките зборови или пострашно - тешките дела кои нив ги предизвикале нема да ја отворат „Пандорината кутија“ во која со децении стоеше скриено едно лажно

и лицемерно пријателство помеѓу суштински и длабоко неспоиви не само идеологии, туку и цели филозофии за тоа што значи животот и кои се неговите клучни вредности во 21 век. Се разбира, не треба да сте исклучителен познавач на геополитичките односи за да ви биде јасно што било инспирација за таквата дружба, но тука повторно на сцена ќе стапат трагачите по идеали и принципиелност (дури и во политичкото суштествување) кои изгледа ќе бидат во право кога тврдат дека ниту една економска парадигма и сировиот интерес на долг рок не можат да натежнат во битката за вистината и доследноста кон она што треба да го претставувате и вредносниот систем за којшто се залагате.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

59 Макрон: Кина не се справи добро, да не бидеме наивни

И додека западните лидери допрва ќе треба да учат и да ја мерат цената што се плаќа кога се игра (без граници) со вредностите на слободата, францускиот претседател Емануел Макрон веќе јавно го доведе во прашање справувањето на Кина со епидемијата на Ковид-19, велејќи дека (како што пренесе Агенција Анадолија) „е наивно да се сугерира дека таа се справила добро со кризата“. Зборувајќи за весникот „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) со седиште во Лондон, Макрон изјави дека не може да се направи споредба меѓу земји каде што информациите течат слободно и луѓето можат да ја критикуваат нивната власт и оние каде што вистината е потисната. „Во однос на овие разлики, направените избори и она што Кина е денес, кое јас го почитувам, да не бидеме наивни да кажеме дека била многу добра во справувањето со оваа криза“, изјави тој. Макрон исто така предупреди дека доколку земјите од Европската Унија не формираат фонд кој ќе помогне во справувањето со економските последици од пандемијата на коронавирусот, популистите во земјите како Италија, Шпанија и можеби Франција, би ја презеле власта. Тој додаде дека побогатите членки на ЕУ треба да направат повеќе за економската обнова доколку Блокот преживее. Осврнувајќи се на иднината на ЕУ, Макрон рече: „Ние сме во момент на вистината, а тоа е да одлучиме дали Европската Унија е политички проект или само проект на пазарот. Мислам дека е политички проект... Ни требаат финансиски трансфери и солидарност за Европа да издржи.“

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

претседател на Франција „Не може да се направи споредба меѓу земји каде што информациите течат слободно и луѓето можат да ја критикуваат нивната власт и оние каде што вистината е потисната. Во однос на овие разлики, направените избори и она што Кина е денес, кое јас го почитувам, да не бидеме наивни да кажеме дека била многу добра во справувањето со оваа криза.“

МАЈК ПОМПЕО

државен секретар на САД „Кина го крие вистинскиот обем на проблемот и намерно го забавува споделувањето на информации со јавноста, особено во седмиците кога вирусот за прв пат се појави и кога таа блокираше каква било помош од американски експерти.“

"Тројански коњ"

А дека иднината на ЕУ и нејзините политички темели ќе бидат ставени на тест сметаат и многу европски интелектуалци кои исто се вклучија во отворениот судир. Главниот уредник на германски „Билд“ (Bild) Јулијан Рајхелт напиша отворено писмо до кинескиот претседател Си Џинпинг, како одговор на друго писмо реакција што до весникот го пратила Кинеската амбасада во Берлин лута на пишувањето и коментарите на новинарите на „Билд“. Рајхелт во пет точки го напаѓа Пекинг, без да го штеди кинескиот државен врв. „ Вашата амбасада ми вели дека не се придржувам до „традиционалното пријателство на нашите народи“. Претпоставувам дека за големо „пријателство“ го сметате тоа што великодушно испраќате маски низ целиот свет. Тоа не е пријателство, тоа јас би го нарекол империјализам

ЈУЛИЈАН РАЈХЕЛТ

Главeн уредник на германски „Билд“ (Bild) Јулијан Рајхелт напиша отворено писмо до кинескиот претседател Си Џинпинг, како одговор на друго писмо реакција што до весникот го пратила Кинеската амбасада во Берлин лута на пишувањето и коментарите на новинарите на „Билд“. Рајхелт во пет точки го напаѓа Пекинг, без да го штеди кинескиот државен врв.

скриен зад насмевка, тројански коњ. Вие планирате да ја засилите Кина преку чумата која ја пренесовте. Нема да успеете. Короната ќе биде вашиот политички крај, порано или подоцна“ пишува тој. Тој вели дека кинескиот претседател Си Џипинг „владее преку надзор“. „Вие немаше да бидете претседател без надзор. Ги следите сите, секој

граѓанин, ама одбивате да ги следите заразените пазари во вашата земја. Ги затворате сите весници и секој портал кој е критичен спрема вашата власт, но не и штандовите каде се продава супа од лилјаци. Вие не само што го следите својот народ, вие го загрозувате, а со него и остатокот од светот“ вели уредникот. Тој исто го повика кинескиот


Капитал број 1059 24.04.2020

60

www.kapital.mk

СВЕТ

претседател заради кратење на слободите. Тврди дека државата која не е слободна, не е ни креативна, ниту инвентивна. „Од таа причина вашата земја ја направивте светски првак во крадење на интелектуално сопствеништво. Кина се богати на туѓи изуми, наместо да доаѓа до свои. Вашите експерти не одговорија кога западните научници сакаа да дознаат што се случува во Вухан. Бевте премногу горди и премногу националисти да ја кажете вистината која ја сметавте за национален срам. Создадовте тајна, нетранспарентна Кина. Пред коронавирусот Кина беше позната како држава на надзор. Сега Кина е позната како држава на надзор која светот го инфицираше со смртоносна болест. Тоа е вашето политичко наследство“ вели Рајхелт.

Тајни документи

А само десетина дена претходно американски Блумберг (Bloomberg) цитираше извори од американската разузнавачка служба во тајниот извештај доставен до Белата куќа, според којшто Кина криела бројки на заразени. Американски официјални лица побарале анонимност затоа што извештајот е таен и одбија да ја детализираат содржината. Сепак, тие рекоа дека кинеското известување во јавноста за заразени и смртни случаи било намерно нецелосно. Двајца официјални лица изјавија дека во

извештајот се заклучува дека кинескиот број бил лажен. Белата куќа го прими извештајот минатата недела, изјави еден официјален претставник. Коронавирусната зараза започна во кинеската провинција Хубеи на крајот на 2019 година, а до денес се пријавени само околу 82.000 случаи и околу 3.300 смртни случаи. Оваа информација ја собра универзитетот Џонс Хопкинс. Кинеската влада во повеќе наврати ја ревидираше методологијата за броење случаи, а церемонијата за погребување со илјадници урни пред погребните домови во провинцијата Хубеи ги покренаа јавните сомнежи за извештаите од Пекинг. Кинеската влада, посочуваат Американците, не ги сметала ниту луѓето кои биле асимптоматски, а сепак заразени. Вашингтон и американските дипломати во Кина одбиле да коментираат, но вториот човек на Белата куќа кажа сосема доволно: „Реалноста е дека ќе беше подобро ако Кина известуваше како што треба“, рече Мајк Пенс. Американскиот државен секретар Мајкл Помпео исто така јавно ги повика Кина и другите земји да бидат транспарентни во нивното покривање на пандемијата. Тој е директен во обвинувањата кон Кина дека го крие вистинскиот обем на проблемот и намерно го забавува споделувањето на информации со јавноста, особено во седмиците кога вирусот за прв пат се појави и блокираше каква било помош од американски експерти. „Податоците за кои што зборуваме се исклучително важни“, рече тој на пресконференција „Многу животи зависат од тоа како се објавуваат информациите. Развојот на медицинските терапии и лекови во борбата против короната зависи од тоа. Јас ја прашувам секоја држава: Дајте се од себе за да ги соберете овие информации. Дајте се од себе за да ги споделите со остатокот од светот", рече тој Имунологот кој го советува Трамп да се бори против коронавирусот, Дебора Беркс исто така ја обвини Кина дека нивното известување има .директно влијание врз претпоставките за природата на вирусот и неговото ширење низ целиот свет. Лекарите во САД ги толкуваа кинеските податоци, велејќи дека се сериозни, но „далеку под реалните“. „Недостасува значителна количина на податоци сега кога гледаме што се случува со Италија и Шпанија“, додава Биркс. Кина не е единствената чие известување за коронавирус е под сомнение. Американците покажуваат со прст кон Иран, Русија и Индонезија, а особено Северна Кореја, која досега нема пријавено ниту еден случај на заболување. Други се однесуваат и на Саудиска Арабија и Египет како потенцијални држави кои манипулирале со бројките, што повторно ја исцртува „линијата на битката“ помеѓу политичките уредувања и идеологии во светот. Официјален Пекинг пак наместо директен одговор на овие критики повикува на меѓународно единство против коронавирусот „Императивно е сите земји да се обединат во борбата против епидемијата и да победат во оваа војна против Ковид-19“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан. Тој вели дека „е бескорисно“ да се расправа за предностите и маните на различните политички системи и дека е важно да се обединиме во борбата против пандемијата. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1059 24.04.2020

62

www.kapital.mk

ЛИДЕРСТВО

ШТО КОГА ЌЕ ПОМИНЕ ПАНДЕМИЈАТА

ДАЛИ ИМАТЕ В ПОСТ – КРИЗНА

Бизнис окружувањето во коешто ќе осамнете кога пандемијата ќе приврши – што може да е за една, па дури и две години – ќе биде многу поразлично одошто пред кризата. Затоа мора да почнете да се подготвувате уште отсега. А, за да го направите тоа исправно, мора да имате долгорочна визија за тоа какви сакате да бидете за 5 или 10 години – своевидна ѕвезда северница што ќе ве води и ќе ви помага да го обликувате своето мислење и однесување на краток и долг рок. Можеби е тешко да се види тоа во моментов, но семето на тоа што допрва ќе бидат најбрзорастечки индустрии пушта корени токму сега.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

63

ВИЗИЈА ЗА АТА ИДНИНА?


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

64

ЛИДЕРСТВО

Harvard Business Review

K

Како што Ковид – 19 пандемијата ја протресе светската економија и начинот на којшто живееме, работиме и водиме бизнис, така и лидерите се борат да ја изменаџираат моменталната криза и да спречат тотално пропаѓање на бизнисите, но и самите економии. Но, како што ни покажува историјата, исто така е потребно и да се подготвиме за тоа што следи. Визионерските лидери од типот на Абрахам Линколн, Френклин Рузвелт, Винстон Черчил или Нелсон Мандела, не реагирале само на она што било непосредна опасност за нив и нивните народи во одреден момент; тие исто така гледале малку подалеку од мрачниот хоризонт, како што пишува Harvard Business Review. Тие биле водени, а ги воделе и своите луѓе, од својата визија за подобра иднина, откако најголемите предизвици – војни, апартхејд, економска криза, итн. – ќе бидат надминати. Визијата е особено важна за време на ваква криза, глобална и системска, каква што имаме сега. Промените за коишто претходно требаше можеби пет години да бидат антиципирани, во нормално окружување, сега одеднаш се случуваат за време од неколку недели или месеци. Трендовите како што се телекомутациите, телемедицината, онлајн купувањето и дигиталните медиуми, одеднаш се многу повеќе во фокусот. Глобалните синџири на набавка се прекинати. Добивањето на здравствена заштита очигледно ќе претрпи многу промени во иднина. Многу бизниси се затворени, многу луѓе се без работа. Некои од фундаменталните претпоставки врз коишто почива вашиот бизнис модел можно е да се веќе доведени во прашање или наскоро ќе бидат. Накусо, бизнис окружувањето во коешто ќе осамнете кога пандемијата ќе приврши – што може да е за една, па дури и две години – ќе биде многу поразлично одошто пред кризата. Затоа мора да почнете да се подготвувате уште отсега. А, за да го направите тоа исправно, мора да имате долгорочна визија за тоа какви сакате да бидете за 5 или 10 години – своевидна ѕвезда северница што ќе ве води и ќе ви помага да го обликувате своето мислење и однесување на краток и долг рок. Можеби е тешко

да се види тоа во моментов, но семето на тоа што допрва ќе бидат најбрзорастечки индустрии пушта корени токму сега. Сетете се на Apple од пред 20 години, на пример, кога компанијата почна да ги планира своите веќе легендарни iPod и iPhone, додека бизнисот со компјутери влезе во длабока криза за време на dotcom катастрофата. Се разбира, никој нема кристална топка (ниту Стив Џобс имал); но иако не може да предвидите сe’ со стопроцентна сигурност, сепак можете да стекнете многу поголема јасност одошто си мислите, околу тоа што може и треба да правите, да креирате план и сето тоа да го ставите во погон.

Потрошете време за креирање визија околу вашата иднина

Идеално, би требало да потрошите околу 10-20% од вашето време на неделна основа следниве неколку месеци за да истражите и дефинирате каде сакате да се видите себеси и вашата организација кога кризата ќе помине. Оваа аспирација, секако, треба да е конзистентна со вашата долгорочна визија. Со оглед на итноста на моменталните ситуации, некои лидери можно е да решат одговорноста за овој тип на размислување да ја доделат на некој друг. Но, многу е битно главниот извршен, главниот финансиски, главниот оперативен директор и останатите топ менаџери – луѓето што во суштина носат одлуки за големи алокации на ресурсите – да ја завршат оваа „домашна работа“ самите. Истражете добро што е веројатно да се промени кај вашите потрошувачи, пазари и околината во којашто функционирате, а што ќе остане исто. Фокусирајте се на она што ќе го бараат вашите потрошувачи, како вие ќе ги задоволите нивните нови потреби со вашите производи и услуги, односно со вашите целокупни капацитети. Прашајте се колку ќе бидат отпорни вашите клучни бизниси во пресрет на овие големи промени. Земете ги предвид и опасностите и можностите, како и оние сегменти од вашето портфолио што може да немаат повеќе смисла и што ќе треба да ги продадете или затворите. Секако, не ги испуштајте и приликите што може да се изродат од целата оваа криза.

Развијте стратегија за враќање на оваа замислена иднина наназад во времето

Со тоа што ќе размислувате наназад во времето, трасирајте ја патеката од вашата долгорочна цел кон среднорочната (вашата пост – кризна фокус точка), и од неа до денешниот момент. Причината да почнете во иднината и да „одите назадечки“ е

тоа што 1) ви овозможува да имате јасна слика за тоа во што би можеле да прераснете без да се кочите себеси поради тоа какви се нештата денес; 2) ве тера да мислите фокусирано и конкретно во смисла на пари, што пак, ви 3) помага да одлучите на кои инвестиции треба да им се даде приоритет. За да имате појасна претстава што значи сето ова, замислете дека сте прв човек на некој универзитет. Свесни сте дека онлајн наставата ќе биде клучен дел од вашата иднина со нови модели што неизбежно ќе бидат микс од онлајн и лице – в – лице концепти. Таа иднина – која што веќе се наѕираше пред кризата, а сега станува актуелна – несомнено дојде побрзо одошто сте мислеле. Што треба да направите? Земете здив од таа луда трка да ги ставите онлајн овогодишните студии и замислете што ќе понудите на почетокот на новата академска година во есента 2021. Потоа прашајте се што треба да биде исполнето, и до кога, за да се случи замислата на најдобар можен начин. Кои системи да бидат поставени, кои наставни програми донесени, како да се направи интеграција со конвенционалната понуда, кои луѓе да бидат обучени и ангажирани. Можеби ќе успеете да ги исполните сите овие „бенчмаркови“ ако ја развиете програмата со сопствени ресурси, можеби ќе ви треба соработка со некој друг или ќе купите готов производ. Есенскиот семестар во оваа, 2020 година, што ќе почне за неколку месеци, ќе ви биде првата можност да ги пробате пилот елементите од вашата визионерска програма.

Бидете подготвени да учите и да се прилагодувате

Со оглед на брзината на промените во околината во којашто работите, бидете спремни да го мерите, мониторирате и формално оценувате вашиот напредок. Првично, ќе работите врз основа на претпоставки. Како што ќе ги тестирате во реалниот свет, ќе имате повеќе податоци и искуство за да ги потврдите или не. Врз основа на тоа што ќе го научите, прилагодете ја вашата визија и стратегија. Додека се приближувате кон остварување на вашите среднорочни и долгорочни цели, мора да сте внимателни кон силните и послабите сигнали што ги добивате. Ова бара извесно ниво на скромност и признавање на грешките, затоа што многу веројатно е дека некои од вашите претпоставки ќе се покажат нереални во пракса. Брзината и агилноста се клучни; мора да учите брзо, константно да се прилагодувате. Правејќи го тоа, исто така ќе ја ревидирате и вашата визија и ќе продолжите да ја обликувате.



Капитал број 1059 24.04.2020

66

www.kapital.mk

ЛИДЕРСТВО

Во 2019, консултантската куќа Innosight идентификуваше 20 глобални компании што постигнале највлијателни трансформации изминатава декада. Ново, засилено чувство за јасна визија, е заедничкиот именител за овие компании. Siemens, на пример, неодамна објави јасна мисија да служи на општеството. Кинеската Tencent објави мисија да креира “технологија за општо добро“, додека данската Orsted се трансформирала себеси од компанија што се мачела во бизнисот со природен гас во модерен технолошки бизнис со ветерни турбини.


www.kapital.mk

Капитал број 1059 24.04.2020

67

Визионерските лидери од типот на Абрахам Линколн, Френклин Рузвелт, Винстон Черчил или Нелсон Мандела, не реагирале само на она што било непосредна опасност за нив и нивните народи во одреден момент; тие исто така гледале малку подалеку од мрачниот хоризонт. Тие биле водени, а ги воделе и своите луѓе, од својата визија за подобра иднина, откако најголемите предизвици – војни, апартхејд, економска криза, итн. – ќе бидат надминати.

Обединете го вашиот тим околу вашата визија

Вашите вработени и стејкхолдери ќе треба да направат извесни жртвувања, па затоа мора да веруваат во вашата визија за подобра иднина што може да ја имаат. Идеално, вие веќе би имале долгорочна визија за тоа што сакате да видите од вашата организација, визија којашто инспирира, мотивира и е стабилна, споредено со овој ролер костер на којшто се наоѓате денес. И додека бизнисот може и да успее без да има експлицитна мисија, постои тесна врска помеѓу мисијата и профитните маржи. Во 2019, консултантската куќа Innosight идентификуваше 20

глобални компании што постигнале највлијателни трансформации изминатава декада. Ново, засилено чувство за јасна визија, е заедничкиот именител за овие компании. Siemens, на пример, неодамна објави јасна мисија да служи на општеството. Кинеската Tencent објави мисија да креира “технологија за општо добро“, додека данската Orsted се трансформирала себеси од компанија што се мачела во бизнисот со природен гас во модерен технолошки бизнис со ветерни турбини. Данците дури го зголемиле својот нето профит за 3 милијарди долари годишно. Нивната долгорочна визија за „зелена“ компанија не само што ги инспирира вработените

да се залагаат, туку им помага и на менаџерите да ја одржуваат стратегијата фокусирана на целта. Практично е невозможно да се предвиди длабочината на моменталнава криза. Многумина се борат со егзистенцијални предизвици; без малку сите ќе треба да се адаптираат на она што се нарекува “воена состојба“. Можеби чувствувате дека едноставно не може сега да си дозволите луксуз да трошите време за креирање визии и стратегии. Но, лидерите што навигираат успешно низ секојдневните предизвици и водат со визија, ќе изникнат од оваа криза со компаниите зад себе што се посилни и поотпорни од било кога досега. nnn



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.