Kapital-magazine-1060

Page 1

ПОЛИТИКА: НЕ МОЖЕ ДА НЕМА ИЗБОРИ, А ДА ИМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1060

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ Одличен прв квартал за Алкалоид: раст на приходи, извоз, добивка и вработувања

цена 100 ден. l 1 мај 2020 петок l година 21

COVER STORY Големото затворање ја собори индустријата и пазарот на труд

www.kapital.mk

Промени во антикризните мерки Олеснувањата за компаниите предизвикаа гнев кај синдикатите

INTERVIEW Зоран Дранговски

претседател на Македонското здружение на млади правници

interview

БИЛАЛ СУЏУБАШИ главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје ВО ОВА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА, ХАЛКБАНК Е ТУКА ДА ПОМОГНЕ КЛИЕНТИТЕ ДА МОЖАТ ПОЛЕСНО ДА ГО ПОМИНАТ ОВОЈ ТЕЖОК ПЕРИОД Свет: Како Нов Зеланд „го победи“ коронавирусот



СОДРЖИНА

Kapital... 1060 4

12

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Економската криза се квантифицира во бројки

Д-р Билал Суџубаши

главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Големото затворање ја собори индустријата и пазарот на труд

Во ова време на пандемија, Халкбанк е тука да помогне клиентите да можат полесно да го поминат овој тежок период

20

КРИЗА: КОВИД - 19

Владата помеѓу “чеканот и наковалната“ Промени во антикризните мерки: олеснувањата за компаниите предизвикаа гнев кај синдикатите

26

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

Фармацевтската компанија со одличен прв квартал

„Алкалоид“ со 56 нови вработувања и со 72% од консолидираните продажби остварени на странските пазари

28

40

Зоран Дранговски

Далечната островска држава во Пацификот пополека се враќа во нормала

СВЕТ

ИНТЕРВЈУ

претседател на Македонското здружение на млади правници

Во период полн со предизвици и неизвесности, особено е важно да нема правни празнини и недоречености

Како Нов Зеланд „го победи“ коронавирусот после неколкунеделен карантин

COVER STORY Економската криза се квантифицира во бројки...................................................................................4 Големото затворање ја собори индустријата и пазарот на труд ИНТЕРВЈУ Д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.....................12 Во ова време на пандемија, Халкбанк е тука да помогне клиентите да можат полесно да го поминат овој тежок период КРИЗА: КОВИД - 19 Владата помеѓу “чеканот и наковалната“.................................20 Промени во антикризните мерки: олеснувањата за компаниите предизвикаа гнев кај синдикатите

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ Фармацевтската компанија со одличен прв квартал................................................................26 „Алкалоид“ со 56 нови вработувања и со 72% од консолидираните продажби остварени на странските пазари ИНТЕРВЈУ Зоран Дранговски претседател на Македонското здружение на млади правници.....................................................28 Во период полн со предизвици и неизвесности, особено е важно да нема правни празнини и недоречености ПОЛИТИКА Гласање во време на корона........................34 Не може да нема избори, а да има техничка Влада

46

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Преглед на светските берзански случувања

Здравствената и ИТ индустријата добро се држат, пад на автомобилската, авиокомпаниите и банките

СВЕТ Далечната островска држава во Пацификот пополека се враќа во нормала...40 Како Нов Зеланд „го победи“ коронавирусот после неколкунеделен карантин ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Преглед на светските берзански случувања.........................................46 Здравствената и ИТ индустријата добро се држат, пад на автомобилската, авиокомпаниите и банките МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО Корона – кризата носи опасност од стапици за директорите..................................48 Прашања што треба да си ги постави топ менаџментот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 30.4.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1060 01.05.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

ГОЛЕМОТО ЗАТВОРАЊЕ ГИ СОБОРИ ИНДУСТРИЈАТА И ПАЗАРОТ НА ТРУД


ЕКОНОМСКАТА КРИЗА 5 СЕ КВАНТИФИЦИРА ВО БРОЈКИ

www.kapital.mk

А

Капитал број 1060 01.05.2020


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

6

COVER STORY

Големото затворање како што го нарекоа овој период на спроведување на рестриктивни мерки со забрани за движење на граѓаните, веќе ги покажува низ бројки негативните последици врз економијата. Засега статистиката ги квантифицира ефектите од кризата за март, кога од средината на месецот почна постепено да се ограничува работењето на одредени бизниси од услужниот сектор. Но првичните индкатори упатуваат на сериозни последици. Агенцијата за вработување објави дека во март, бројот на невработени што се пријавиле дека активно бараат рабпта пораснал за околу две илјади, а се очекува оваа бројка да биде драстично поголема во април. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во март паднало за 13,4% споредено со истиот период лани, но се очекува овој пад да биде уште поостар во април, месецот кога се воведе и полициски час и буквално се замрзна целото општество. Бизнисмените се песимисти дека најлошото допрва ќе го гледаме.

пишува:

Александар Јанев

Г

aleksandar.janev@kapital.mk

Големото затворање како што го нарекоа овој период на спроведување на рестриктивни мерки со забрани за движење на граѓаните, веќе ги покажува низ бројки негативните последици врз економијата. Засега статистиката ги квантифицира ефектите од кризата за март, кога од средината на месецот почна постепено да се ограничува работењето на одредени бизниси од услужниот сектор. Но првичните индкатори упатуваат на сериозни последици. Агенцијата за вработување објави дека во март, бројот на невработени што се пријавиле дека активно бараат рабпта пораснал за околу две илјади, а се очекува оваа бројка да биде драстично поголема во април. „За месец април очекуваме поголема бројка од оваа и таа транспарентно ќе биде објавена во првата недела од месец мај на веб страната на Агенцијата за вработување. Новите невработени лица според евиденцијата се од производствениот сектор, преработувачкиот, трговија на големо и мало, транспортни услуги, услужни дејности“, изјави директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска. Според неа, околу 800 мали, средни компании и социјални претпријатија склучиле договор за субвенционирање на плати, односно пријавиле нови вработувања преку новата мерка, во која наведено е дека треба да се задржат и веќе примените работници. „Најголем дел од компаниите кои склучија вакви договори се од производството, услужните дејности и транспорт и врски. Воедно се користи и мерката за раст и развој во која не даваме субвенции за плати, туку помош за набавка на репроматеријали“, изјави Јовановска. Претходно статистиката на Google забележа намалување на движењето на граѓаните до работните места за 82% што исто така беше сигнал дека голем дел од граѓаните ги загубиле своите работни места. А дека луѓето се соочуваат со голем предизвик како да се преживее оваа криза покажува и податокот дека дури 70% од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, мерка што банките им ја понудија како помош во време на пандемија. Кризата е очигледна и во реалниот сектор. Државниот завод за статистика

објави дека индустриското производство во март паднало за 13,4% споредено со истиот период лани, но се очекува овој пад да биде уште поостар во април, месецот кога се воведе и полициски час и буквално се замрзна целото општество. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство има кај преработувачката индустрија од дури 14,3%. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 115%, додека во секторот рударство и вадење на камен индустриското производство бележи опаѓање од 10,8%. Ако се анализира само преработувачката индустрија, која има најголемо значење и учествува со речиси 77% во вкупното индустриско производство, во март само во десет гранки имало раст, додека останатите 13 гранки го намалиле производството. Најголем пад од 40,9% има во секторот печатење и продукција на снимени медиуми, додека втор најголем пад од дури 36,8% има кај производството на тутун. Производството во кожарската индустрија, која е речиси целосно врзана за италијанската индустрија, бележи пад од 36,7% во март, месец во кој речиси целата економија во Италија беше затворена. Пад на производството од 36,5% има и во индустријата за преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел. Голем пад од 36,2% во март има и во индустријата за производство на машини и уреди. Производството на електрична опрема бележи пад од 30,7% во март. Производството на моторни возила, приколки има пад од 16,6%, додека производството на облека и текстил бележат пад од 15,5%. Пад на производството има и кај производството на метали од 14,3%, додека производството на пијалоци бележи пад од 9,1%. Од секторите кои имале зголемено производство, најголем раст во март од 48% има кај производството на опрема за транспорт. Производството на компјутерски, електронски и оптички производи е зголемено за 28%, а раст на производството од 19,9% има и кај производството на гума и пластични маси. Производството на фабрикувани метални производи има раст на производство во март од 9,8%, кај производството ма мебел растот е 9,4%, додека производството на фармацевтски производи бележи раст од 7,6%. Производството на хемиски производи, сектор во кој работи најголемата комапнија во земјава Џонсон Мети, има раст на производството од 4,9% во март, додека производството во индустријата за прехранбени производи има раст од само 1,2% во март годинава. Претходно, стопанските комори преку анкети спроведени меѓу компаниите ги најавија овие трендови, потенцирајќи


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

7 дека главниот удар ќе биде во вториот квартал од годинава, односно месеците април, мај и јуни. Анкетата на Стопанската комора на Македонија спроведена во периодот од 7 до 14 април меѓи компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 1,53 милијарди евра, покажа дека речиси половина од фирмите очекувале преполовување или целосно стопирање на производството во април. Состојбите се слични и кај извозот. За март, 40% од анкетираните претпријатија пријавиле дека извозот се одвива нормално, а такво нешто за април очекуваат 34% што покаѓува дека оптимизмот се топи. Преполовување на извозот за март пријавиле 13% од фирмите, а очекувања за ваков пад во

април имаат 15% од фирмите. Целосен престанок на извозните активности во март пријавиле 16%, а во април 2020 година тоа го очекуваат 22% од анкетираните фирми. Што се однесува до движењето на прометот, за март вообичаено ниво на промет пријавиле 16% од анкетираните фирми, 13% од нив пријавиле пад од 41% до 50%, а 25% од фирмите пријавиле пад на прометот поголем од 50%. Анкетата укажува на песимистички очекувања за прометот во април 2020 година. Така, само 4% од анкетираните фирми очекуваат нормален обем на промет, 10% од фирмите очекуваат пад од 41% до 50%, а дури 48% од фирмите очекуваат пад на прометот поголем од 50%. Претседателот на Стопанската

БРОЈКИ

2.000

нови невработени се пријавиле во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа во март

13,4%

се намали индустриското производство во март споредено со истиот период лани


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

8

COVER STORY

БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА

БРАНКО АЗЕСКИ

ШТЕФАН ПЕТЕР

За месец април очекуваме поголема бројка на пријавени невработени и таа транспарентно ќе биде објавена во првата недела од месец мај на веб страната на Агенцијата за вработување. Новите невработени лица според евиденцијата се од производствениот сектор, преработувачкиот, трговија на големо и мало, транспортни услуги, услужни дејности.

Прашањето за ликвидноста прво ќе затропа веќе кон средината на наредниот месец – вакви информации пристигнуваат секојдневно во Комората. Од нас се бара енергична реакција во правец на реално информирање на Владата за моменталната состојба и очекуваме адекватен одговор за поддршка на компаниите во однос на така констатираните проблеми. Речиси е сигурно дека почетокот на месец јуни ќе го дочекаме во проблеми со извозот, бидејќи овој месец нарачките се сведени на минимум, што значи дека третиот квартал може да биде катастрофално лош.

Економското закрепнување од оваа фатална болест е можно во 2021 година, бидејќи истата остави сериозни влијанија и ќе имаме тешкотии за враќање во стабилна состојба. Никој не може да знае со сигурност и да каже кога ќе закрепнеме. Многу зависи од тоа како ќе преминеме од работа од дома кон целосно враќање на работните места. Се чини дека е малку веројатно оти ќе се вратиме веднаш на нормалното работење, како и обично. Веројатно некое време ќе избегнуваме поголеми гужви и ќе користиме средства за самозаштита.

комора, Бранко Азески, истакна дека интензивните контакти што секојдневно се одвиваат на релација компании – Стопанска комора на Македонија, многу отворено зборуваат дека бизнисот се наоѓа пред портите на големите проблеми кои ни претстојат. „Прашањето за ликвидноста прво ќе затропа веќе кон средината на наредниот месец – вакви информации пристигнуваат секојдневно во Комората. Од нас се бара енергична реакција во правец на реално информирање на Владата за моменталната состојба и очекуваме адекватен одговор за поддршка на компаниите во однос на така констатираните проблеми. Речиси е сигурно дека почетокот на месец јуни ќе го дочекаме во проблеми со извозот, бидејќи овој месец нарачките се сведени на минимум, што значи дека третиот квартал може да биде катастрофално лош. Според наши сознанија, на почетокот на јуни ќе има проблеми металопреработувачката индустрија, а од јули и останатите гранки. Се најавуваат и проблеми при увозот, со оглед на актуелната ситуација и кај добавувачите“, предупреди Азески. Според него, врз основа на ваквите информации, раководството на Стопанската комора на Македонија реши во текот на оваа недела ќе го изнесеме својот став до Владата околу помошта што треба приватниот сектор да ја добие од државата. „Од Владата очекуваме на едноставен и прецизен начин да изнесе со колку

средства, во кои рокови и кои дејности ќе бидат поддржани.Исто така, јавно ќе соопштиме дека сме подготвени после завршувањето на кризата да партиципираме во враќање на средствата назад во државниот буџет“, истакна Азески. Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, со слична реторика и песимизам ја опиша кризата со која се соочува реалниот сектор. „Избувнувањето на пандемијата на Ковид-19 низ целиот свет ги вознемири политичките, социјалните, економските, религиозните и финансиските структури. Mногу експерти за економски и финансиски прашања предупредуваат за влошување на состојбата на глобалната економска и финансиска структура. Се вели дека пандемијата и` штети на глобалната економија и светот ја доживува најтешката економска состојба после Втората светска војна“, вели Петер и додава дека економското закрепнување од оваа фатална болест е можно во 2021 година, бидејќи истата остави сериозни влијанија и ќе имаме тешкотии за враќање во стабилна состојба. „Никој не може да знае со сигурност и да каже кога ќе закрепнеме. Многу зависи од тоа како ќе преминеме од работа од дома кон целосно враќање на работните места. Се чини дека е малку веројатно оти ќе се вратиме веднаш на нормалното работење, како и обично. Веројатно некое време ќе избегнуваме поголеми гужви и ќе користиме средства

за самозаштита. Меѓутоа, веќе сме сведоци на постепено олабавување на живеењето. Оттаму, оптимизмот дека наскоро животот ќе се врати во „новото нормално живеење“. Секако, сето тоа нема да дојде само од себе. Ќе треба работа. Многу напорна работа“, посочи претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

директорка на Агенција за вработување

претседател на Стопанска комора на Македонија

претседател на Совет на странски инвеститори

Песимистички прогнози

Сите трендови веќе упатуваат на заклучок дека рецесијата е сосема незибежна годинава, како во македонската така и во глобалната економија. Прашањето е само колку силно ќе тресне кривата на раст на бруто домашниот производ. Според најновите прогнози, и Светската банка која имаше најоптимистички проценки за сосема блага рецесија од -0,4% до најмногу 2% во некое понеповолно сценарио, сега ги ревидираше своите пресметки. Па така, најновите поргнози за македонската економија од оваа меѓународна финансиска институција се пад на БДП од -1,4% до најмногу -3,2%. „Рецесијата во Македонија, како и во сите земји на Западен Балкан ќе биде предизвикана од значителниот пад како на домашната, така и на надворешната побарувачка во текот на пандемијата. Преработувачката индустрија, заедно со туризмот, трговијата и недвижностите се најлошо погодени, а економијата се соочува со намалување на активноста во вториот квартал од дури 11,5%. Освен тоа, и ограничувањето на патувањата


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

9

тно Беспла ај! им до 31-в

Заштитете се и користете НЛБ мКлик мобилно и НЛБ Клик електронско банкарство бесплатно до 31- ви мај! Реализирајте ги сите банкарски трансакции од дома, без посета на експозитура! Со НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство имате постојан увид на сите трансакции, можете да ги плаќате сите Ваши сметки, обврски по кредити или картички и да ги вршите сите банкарски работи преку Вашиот мобилен телефон или компјутер. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

10

COVER STORY

и мерките за социјално дистанцирање имаат негативно влијание врз услугите кои сочинуваат околу 50% од вкупната вработеност во земјата. Се предвидува и намалување на дознаките од странство, бидејќи работниците во дијаспората ги губат своите работни места во земјите каде што работат или имаат пониски приходи“, пишува во Редовниот економски извештај на Светска банка. Според извештајот, брзи, смели и внимателно обмислени мерки за ублажување можат да ги ограничат социјалните и економските влијанија на кризата, но тие треба да ги земат предвид условите во земјата и несигурноста околу должината на траењето на кризата. „Северна Македонија веќе издвои околу 2% од вкупниот БДП за поддршка на домаќинствата и бизнисите но може да биде потребно повеќе, доколку пандемијата и понатаму ја забавува економската активност во земјата и регионот. Плановите за членство во НАТО и почнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ, објавено на 25 март, би требало да ги поттикнат како реформите така и довербата на инвеститорите, трасирајќи го патот за побрзо економско закрепнување откако ќе заврши кризата“, потенцираат економистите на Светска банка. Најпесимистичка засега е прогнозата на ММФ според која падот ќе дотигне

-4%. Имајќи предвид дека ММФ ја ревидираше својата прогноза за движењето на македонската економија за 7,4 процентни поени надолу, односно од првичната проценка за раст од 3,4% до последната според која ќе има пад од -4%, произлегува дека во апсолутен износ, домашниот бруто домашен производ ќе загуби околу 890 милиони евра од својата вредност годинава, како последица на кризата од коронавирусот. Доколку се оствари, ова би бил најостар пад на домашната економија последните 20 години. Податоците за движењето на БДП по години, покажува дека во екот на големата светска криза во 2009 година, ние поминавме солидно со мал пад од само -0,4%, потоа во текот на 2012 година кога Европа се соочи со должничката криза, нашата економија падна за -0,5%, а најголем пад од -3,1% е евидентиран во 2001 година како последица на воениот конфликт. Од домашните институции, Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think,објави своја проценка дека економијата годинава ќе падне за -3,8% споредено со лани. Според проценката на овој Институт, најголем интензитет на економската контракција се очекува во вториот квартал за кога се проектира намалување на БДП од -12,7%, а следните квартали да забележат економска консолидација. „Фирмите во секторите угостителство,

хотелиерство и трговија на мало кои беа затворени, позначајно ќе ја вратат својата активност кон средината или крајот на мај. Фирмите, пак, кои се дел од меѓународните синџири на снабдување постепено ќе ја воспостават меѓународната трговија во првата половина од јуни“, проценуваат од Finance Think. Народната банка, која што се уште ги калкулира идните негативни ефекти и најави дека ќе излезе со своја прогноза до крајот на овој месец, исто така потврди дека рецесијата е неизбежна. „Извесно е дека на краток рок, економските остварувања ќе бидат пониски од досега очекуваните“, вели гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска. Министерството за финансии, очекува дека падот на БДП би бил околу -3,7% што е на иста линија со прогнозите на меѓународните финансиски институции. „Добро е што оваа економска криза не е од економска причина, што значи дека штом пандемијата почне да се смирува, очекуваме економијата многу брзо да закрепнува“, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска. Па така, ММФ за следната година, прогнозира раст на македонската економија од дури 7% што е исто така своевиден екстрем во услови кога просекот кај нас се движи меѓу 3% и 4%.

nnn



Капитал број 1060 01.05.2020

12

ИНТЕРВЈУ

БИЛАЛ СУЏУБАШИ ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

ВО ОВА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА, ХАЛКБАНК Е ТУКА ДА ПОМОГНЕ КЛИЕНТИТЕ ДА МОЖАТ ПОЛЕСНО ДА ГО ПОМИНАТ ОВОЈ ТЕЖОК ПЕРИОД Во актуелната состојба на пандемија предизвикана од КОВИД-19, Халкбанк беше една од оние компании кои веднаш се вклучи како во поддршка на државата, така и на стопанството, но и на граѓаните за полесно справување со кризата водејќи се по своето основно начело „ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”. За мерките кои ги презеде банката, поддршката на населението и реалниот сектор, општествената одговорност, но и идните планови во насока на санирање од последиците од кризата, зборуваме со д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

Н

XНашата X земја, впрочем како и целиот свет се соочува со предизвикот за справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, како во поглед на здравјето на населението, така и во поглед на последиците по економијата и нормалното функционирање на државата во целина. Халкбанк беше една од компаниите која веднаш реагираше со низа мерки во насока на помош на државата, и во помош на стопанството и населението. За какви мерки станува збор? Во услови кога сите сме пред голем

предизвик, а хуманоста и човечноста се единственото решение, Халкбанк на дадената ситуација одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните. Соодветно на одговорноста што како најбрзо растечка банка ја имаме кон државата, една од овие мерки беше предвремено подмирување на нашите обврски за данок на добивка, така што извршивме аконтативна уплата на данокот во висина од 71.8 милиони денари. Со овој чекор сакавме да придонесеме за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, за да може да се зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството. Истовремено, поаѓајќи од фактот дека нема поединци или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана

од КОВИД-19, применивме повеќе мерки кои директно се однесуваат на граѓаните. Халкбанк на почеток на овој период ја укина наплатата на провизии на физички лица за сите плаќања во денари направени преку e-banking и moby banking. Ова е мерка со финансиски бенефит и воедно е мерка на претпазливост и грижа за здравјето бидејќи се заштитуваат и корисниците на банкарските услуги и вработените на шалтерите. Спроведуваме и рана исплата на пензиите за примателите на пензии преку нашата банка и им испративме порака на нашите пензионери да останат дома и да се грижат за своето здравје во кругот на семејството, а Банката ќе се погрижи за нивната финансиска сигурност. Една од главните мерки што ја донесовме во поглед на населението секако е онаа за одлагање на сите кредитни изложувања во период од шест месеци. Понудата, којашто


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

13


Капитал број 1060 01.05.2020

14

ИНТЕРВЈУ

ги опфаќа и пензионерите, даваше можност за одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања) во вид на 6 месечен грејс период со почеток на пресметка од 01.03.2020 и со траење до крајот на месец август. Истовремено се даде опција оние клиенти кои имаат можност, да продолжат со редовната исплата на своите обврски. Односно, постои можност во грејс периодот клиентот да ја смени првичната одлука за прифаќање, односно неприфаќање на понудата и дополнително да се изјасни за тоа дали сака да биде вклучен во користење на мерките или, пак, да излезе од истите и да се врати на редовна отплата. По истекот на шестмесечниот период, на клиентите со достасани обврски не подолго од 01.01.2020 година, ќе им понудиме и други можности, како продолжување на рокот на договорениот краен рок на отплата за дополнителни 6 месеци, можност за реструктурирање на кредитната изложеност, одобрување на новата кредитна изложеност за затворање на постојната, како и начини за покривање на достасаните обврски за дозволените пречекорувања и кредитни картички. Со мерките не го заборавивме и стопанството. Имено, со оглед дека огромен број стопански гранки се засегнати од кризата, Халкбанк уште на 20 март усвои мерки и подготви пакет производи кои ги сподели со своите клиенти – правни лица, почнувајќи од најмалите микро до корпоративните компании. Истовремено, како институција која води сметка за своите клиенти кои во овие тешки моменти за нормално деловно работење се со спречени или намалени промети и приходи, донесовме одлука за сите свои корисници на ПОС терминали за месеците март, април и мај да не наплаќаме провизија за месечно одржување на терминалите за трговците кои оствариле промет помал од 30.000 денари. XНа X каков одѕив и кај населението и кај стопанството наиде мерката за одложено плаќање на кредитните обврски за период од 6 месеци? Одѕивот и во сегментот на население и во сегментот стопанство беше, како што и се очекуваше, навистина голем. Кај населението речиси 70% од граѓаните ја имаат прифатено мерката. Односно, станува збор за 36.500 клиенти со кредитна изложеност по основ на кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување во висина од околу 190 милиони евра. Истовремено и над 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, заклучно со месец март, ја прифатија понудата за одложено плаќање на

тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити, во зависност од индивидуалната потреба на компаниите засегнати од кризата. Во рамки на компаниите кои ги искористија мерките, најголем дел припаѓаат на малите и средните претпријатија кои беа и најзасегнати со оваа ситуација. Односно 354 мали компании кои во банката имаат кредитна изложеност во висина од над 43 милиони евра и 198 микро компании со кредити во висина од 10,7 милиони евра, ја имаат прифатено понудата. Позитивно одговорија и 38 средни компании со изложеност од 33,9 милиони евра, како и 18 големи фирми кои имаат и најголема кредитна изложеност од околу 51,7 милиони евра. Со подготвените мерки им овозможивме на фирмите да ја зачуваат ликвидноста и да ја искористат за нивните најнеопходни потреби во наредниот период на намалена или, пак, стопирана бизнис активност. Ова индиректно значеше поддршка на стопанството во одложување на плаќањата на фирмите по основ на кредитни задолженија во износ од околу 30 милиони евра. Покрај преземените пакет мерки, согласно анализата за потребите на фирмите во наредниот период, Халкбанк ќе понуди и можност за дополнително финансирање за потребите на компаниите за обртни средства со овозможување на прилагодливи услови за отплата, согласно природата на бизнисот, како и можност за одобрувања нов кредит за рефинансирање на постоечка изложеност со олеснителни услови. Со сите овие мерки и активности, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа својата подготвеност и решителност да ја поддржи ликвидноста на реалниот сектор и економијата дури и во вакви тешки и непредвидливи моменти, како и за активна поддршка на бизнис заедницата во кризниот и пост-кризниот период. XИ Xосигурителната компанија Халк Осигурување, којa е целосно во сопственост на Халкбанк, врзано за пандемијата, се вклучи во поддршка на своите клиенти и им понуди можност за бесплатно тестирање за присуство на вирусот. Кои клиенти можат да ја искористат оваа можност? Халк Осигурување, како компанија која секогаш се грижи за своите клиенти, одлучи на веќе постојните корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување и сите нови кои ќе ја земат оваа полиса, да им додели по еден бесплатен тест за детекција на КОВИД-19 во приватните болници со кои има склучено договор.

Имено, полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на Халк Осигурување претставува дополнување на основното задолжително здравствено осигурување и е достапна за сите граѓани кои се заинтересирани за обезбедување надстандардно лекување и покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување. Со Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување, се обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, вклучувајќи ги трошоците за покривање на здравствени услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала. XВрзано X за одложеното плаќање на кредитите, имаше доста реакции во јавноста на фактот дека за време на одложеното плаќање ќе се пресметува редовна камата... Стабилен монетарен и стабилен банкарски систем се од исклучителна важност за секоја држава, за нејзината економија и за нејзините граѓани. Северна Македонија е една од земјите која може да се пофали токму со стабилност во овој поглед и тоа треба да се задржи и во иднина. Банките во овој период, исто како и останатите стопански гранки, се соочија со намалени активности и намалени приходи по многу основи – од оние за провизии (со оглед на бесплатното користење на електронското банкарство), преку помалку пласирани средства по пат на кредитирање, што е и една од главните дејности на банките. Истовремено, исплатата на каматите по основ на депозити мора да тече и во вакви услови. Оттаму сосема е нереално да се очекува дека може да се направи отпис на каматите, бидејќи тоа пред се’ е спротивно на прописите за банкарско работење. На крајот на краиштата, пандемијата ќе помине, а на населението и на стопанството ќе им треба поддршка од банките, што значи дека тие треба да имаат средства за тоа и да останат како и досега, стабилни и високо капитализирани. XДеновиве X со поддршка од Вашата матична банка Халкбанк АШ Турција извршивте докапитализација на банката за нови 20 милиони евра. Дали ова се должи на преземените мерки кои де факто значат дека во период од 6 месеци ќе имате намален прилив на средства од кредитите чие плаќање е одложено? Со цел да се одговори навремено и


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

15

Во наредниот период сигурно е дека стопанството ќе има сериозна потреба од поддршка од банкарскиот сектор и затоа ние веќе преземаме сериозни мерки за креирање понуди кои ќе бидат прифатливи и ќе значат поддршка за реалниот сектор за да може што е можно полесно и побезболно да ги помине предизвиците кои следат. Во нашиот фокус и натаму ќе бидат малите и средни бизниси кои и досега имаа силна поддршка од Халкбанк. Ние впрочем во своето работење имаме прифатено еден многу значаен принцип, а тоа е создавање производи и услуги според мерката на клиентот.

што е можно подобро на барањата на реалниот сектор во земјава во новонастанатата ситуација, Халкбанк АШ Турција уште на 23 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра. Ваквата поддршка овозможи Халкбанк на дадената ситуација да одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните.

Тоа го вклучува предвременото плаќање данок на добивка за 2020 година, укинувањето на провизиите за користење на електронското банкарство за време на вонредната состојба, како и мерките за поддршка на граѓаните и стопанството со одложување на плаќање на обврските по однос на кредити за шест месеци. Дополнително, на овој начин нашата матична банка ни даде поддршка и за натамошните активности кои ќе следат во поглед на

очекуваното зголемено кредитирање, пред се на стопанството. Со ваквата поддршка, Халкбанк и натаму останува еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Како најбрзо растечка банка на пазарот, Халкбанк е четврта најголема банка според актива, која со последнава докапитализација сега изнесува 965 милиони евра. Матичната банка Халкбанк АШ Турција инаку неколку пати досега помогна


Капитал број 1060 01.05.2020

16

ИНТЕРВЈУ Банките во овој период, исто како и останатите стопански гранки, се соочија со намалени активности и намалени приходи по многу основи – од оние за провизии (со оглед на бесплатното користење на електронското банкарство), преку помалку пласирани средства по пат на кредитирање, што е и една од главните дејности на банките. Истовремено, исплатата на каматите по основ на депозити мора да тече и во вакви услови. Оттаму сосема е нереално да се очекува дека може да се направи отпис на каматите, бидејќи тоа пред сè е спротивно на прописите за банкарско работење.

во зголемување на средствата на Халкбанк АД Скопје. Минатата година беа направени две докапитализации во вкупен износ од 24,6 милиони евра, како уште еден чекор во насока на спроведување на стратегијата за раст на банката. XКризата X што ја предизвика пандемијата ги насочи корисниците многу повеќе отколку порано да ги користат онлајн банкарските услуги. Халкбанк со години перманентно вложува многу во креирање најразлични производи кои можат да се користат едноставно преку дигиталните мрежи. Дали сметате дека корисниците и во иднина ќе продолжат да ги користат онлајн услугите? Халкбанк како модерна финансиска институција е една од предводниците на прифаќањето и имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови во своето работење, обезбедувајќи им на тој начин на клиентите најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги. Иако во земјава процентот на онлајн користење банкарски услуги е многу помал од она што е просек во развиените земји, ние сепак перманентно вложувавме и во креирање вакви производи, но и во едукација на нашите корисници со цел и Северна Македонија што поскоро да се приближи кон светските стандарди. Впрочем, самото време носи неизбежни динамики и трендови, а доаѓаат и нови генерации на едуцирани корисници за кои ваквите услуги се примарен избор. Но, во целата транзиција, ние сме тука и за да промовираме, да едуцираме и да ја поддржиме употребата на алтернативните канали за банкарско работење преку разни механизми. Удобноста, достапноста, ефикасноста и брзината при користењето на електронските и мобилните платформи се самите по себе доволни поттикнувачи за насочување на клиентите и кон дигиталното банкарство. Но, факт е дека периодов на пандемија, ограничувањата на движење и препораките за социјална дистанца, влијаеjа да се сменат навиките на голем број граѓани, наши клиенти, кои на овој начин можеа да ги увидат сите предности на користење на онлајн услугите. Во денешно време, од својот

компјутер, лаптоп или мобилен телефон, секој може едноставно да ракува со своите финансии, без потреба да губи време по експозитури и шалтери. А со тоа и да заштеди средства, бидејќи провизиите за користење на услугите кои ги нуди електронското банкарство се пониски од оние кои се наплаќаат доколку се оди на шалтер во банка. Секој корисник на електронско и мобилно банкарство на Халкбанк преку услугите e-banking и moby banking може да изврши проверка на состојбите на сметките, на кредитните картички, да изврши уплата на средства, нивно префрлање на друга сметка, да врши плаќање комунални услуги, кредити и други дневни трансакции – денарски и девизни, како и креирање шаблони. На овој начин може да се врши и продажба и откуп на девизи, креирање персонални буџети, потсетници за плаќања, да се аплицира за кредит, но и да се отвора орочен денарски или девизен депозит. За оваа цел го креиравме производот Онлајн депозит кој овозможува едноставно штедење од дома. Дополнително, многу услуги се достапни и преку нашата мрежа на банкомати, со што исто така се избегнува физички контакт со вработени во банката. Нашиот производ Smart cash, на пример, кој е и единствен во земјава, овозможува повлекување готовина од АТМ на банката без употреба на картичка, и овде мобилниот телефон се претвора во уред за подигање готовина или префрлање средства на друго лице. За правните лица, освен бенефитот што го имаат од користењето електронско банкарство, Халкбанк нуди и можност за отворање е - продавници, што веќе сега, а и во наредниот период, сигурно ќе расте поради тенденцијата за зголемување на понудата за продажба и купување преку интернет. XХалкбанк X и во овој период продолжи со несебична поддршка на низа проекти кои претставуваат помош за заедницата. Притоа, се определивте за поддршка на проекти кои ќе овозможат по пандемијата граѓаните повеќе време да поминуваат на отворено и да уживаат во нив. Халкбанк перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Го поддржува спортот, културата, екологијата.

Последните два проекти кои ги поддржавме се на некој начин врзани за екологијата и за потребата што повеќе време да се поминува во природа. А сега, со ограничувањата кои се на сила, гледаме дека тоа на сите толку многу ни недостасува. Неодамна помогнавме на Зоолошката градина во Скопје да оформи нов детски парк за најмладите посетители каде децата ќе може да уживаат во новите забавни реквизити. Финансиравме и засадување 30 нови дрвја во кругот на Зоолошката градина. Ние како банка, заедно со нашата маскота за детско штедење, слончето Халки, во неколку наврати учествувавме во разни активности преку кои децата се забавуваа, но и учеа за значењето на штедењето и за тоа како да создаваат навики за штедење од рана возраст. Деновиве, пак, со наша поддршка почна реконструкцијата на сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк. Ова ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја за заштита од корозија, поставување рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби и други зафати кои ќе ги направат овие мостови побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави. XИма X најави дека во наредниот период ќе дојде до олабавување на мерките кои беа насочени за спречување на ширењето на заразата, а кои секако се одразија на нормалното функционирање на животот. Во тој поглед, во кои насоки ќе се одвиваат активностите на Халкбанк во наредниот период? Во оваа 2020 година влегуваме со голем ентузијазам поттикнат од она што го постигнавме во 2019 година, односно рекорден профит од 11.4 милиони евра. Забележавме пораст на активата за повеќе од 10%, го зголемивме пазарното учество и во кредитирањето, а истата растечка тенденција е регистрирана и во делот депозити. И токму затоа и очекувањата беа дека во 2020 година ќе го потврдиме сето она за кое се залагавме – поголеми резултати, задоволни акционери и среќни клиенти. Иако нештата се изменија поради пандемијата, сепак, овие цели ќе настојуваме да ги оствариме во


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

17


Капитал број 1060 01.05.2020

18

ИНТЕРВЈУ

Кај кредитите за население речиси 70% од граѓаните ја имаат прифатено мерката за одложено плаќање. Станува збор за 36.500 клиенти со кредитна изложеност по основ на кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување во висина од околу 190 милиони евра. Истовремено и над 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, заклучно со месец март, ја прифатија понудата за одложено плаќање на тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити.

наредниот период. Притоа, новите производи што ќе ги пласираме на пазарот, како и активностите на полето на корпоративната одговорност, ќе бидат уште една потврда на нашиот основен фокус - дека секоја активност и чекор преземен од банката е дефиниран и предодреден од потребата на нашите клиенти, без разлика дали се работи за население или корпоративен сектор. Во наредниот период сигурно е дека стопанството ќе има сериозна потреба од поддршка од банкарскиот сектор и затоа ние веќе преземаме сериозни мерки за креирање понуди кои ќе бидат прифатливи и ќе значат поддршка за реалниот сектор за да може што е можно полесно и побезболно да ги помине предизвиците кои следат. Во нашиот фокус и натаму ќе бидат малите и средни бизниси кои и досега имаа силна поддршка од Халкбанк. Ние впрочем во своето работење имаме прифатено еден многу значаен принцип, а тоа е создавање производи и услуги според мерката на клиентот. Таканаречениот tailor – made пристап претставува значен дел од нашата организациска култура и ние секојдневно вложуваме напори во наоѓање начини за унапредување на производите и услугите во насока на пресретнување на потребите на клиентите. Секако, во фокус ни е и поддршката за населението. Халкбанк и досега во овој сегмент креираше производи кои се најконкурентни на пазарот. Еве, на пример, нашиот Станбен кредит со животно осигурување, кој го промовиравме пред почетокот на пандемијата, има најниска камата на пазарот од 3,2% гарантирана за период од 10 години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс период од 12 месеци. Со негова понуда ќе продолжиме активно и во наредниот период. Или, пак, потрошувачкиот кредит со пакет осигурување од Халк Осигурување кој во овој момент е со 5,2 % фиксна каматна стапка за првите две години. Едноставно, задоволството на луѓето, нивната сигурност, економската стабилност и доверба и натаму ќе бидат во преден план. Ваквата политика на посветеност кон клиентите е нешто што перманентно се негува во Халкбанк. И тоа се препознава, и од самите клиенти, но и пошироко. Веројатно и затоа реномираното списание Global Finance ја прогласи Халкбанк како Најдобра банка за работа со население. Нашиот слоган „Важни се луѓето” како сублимирана порака на Халкбанк за сите активности од деловното работење или од корпоративната стратегија, останува актуелна и во периодот што следи. Во ова време на пандемија кога сите ние поминуваме низ тежок период, Халкбанк е тука да помогне клиентите да можат полесно да го поминат овој период. А кога пандемијата ќе заврши, повторно ќе се радуваме на убавите моменти заедно.

nnn



Капитал број 1060 01.05.2020

20

www.kapital.mk

КРИЗА: КОВИД - 19

ВЛАДАТА ПОМЕЃУ “ЧЕКАНОТ И НАКОВАЛ

ПРОМЕНИ ВО АНТИКРИЗНИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КОМПАНИ ПРЕДИЗВИКА КАЈ СИНДИК Од една страна, владините претставници кои ги бранат олеснувањата со аргументите дека ги послушале аргументите на бизнис коморите и дека новините се во насока на зголемување на флексибилноста и олеснување на критериумите за добивање парична поддршка, како и зголемување на опфатот на фирмите кои можат да аплицираат за мерката субвенционирање на 14.500 денари плата. Токму „флексибилноста во намалување на бројот на вработените во фирмите што ќе аплицираат“ е моментот што ги крена на нозе синдикатите, кои жестоко реагираа на оваа промена во мерките.


www.kapital.mk

ЛНАТА“

Капитал број 1060 01.05.2020

О ИТЕ МЕРКИ: ЊАТА ИИТЕ АА ГНЕВ КАТИТЕ

21


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

22

КРИЗА: КОВИД - 19

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Г

Голема поделба во јавноста предизвикаа најновите антикризни мерки што ги донесе Владата со цел справување со последиците од корона – кризата, поточно, олеснувањата на претходно донесените мерки. Од една страна, владините претставници кои ги бранат олеснувањата со аргументите дека ги послушале аргументите на бизнис коморите и дека новините се во насока на зголемување на флексибилноста и олеснување на критериумите за добивање парична поддршка, како и зголемување на опфатот на фирмите кои можат да аплицираат за мерката субвенционирање на 14.500 денари плата. Владата воведува три новини во мерката за субвенционирање на 14. 500 денари плата за компаниите како поддршка за справување со последиците од пандемијата. „Бизнисмените прашуваа што ако работникот сам напушти или ако се работи за работник на кој му истекува договорот, сезонски работници и сл. Со ова се олабавуваат условите за задржување на бројот на вработени. Првично во мерката беше укажано дека работодавачот треба да го задржи истиот број вработени два месеци по користењето на мерката, односно заклучно со јули. Со промената се дозволува намалување на бројот на вработени до 15 отсто кај микро и малите, до 10 отсто кај средните и до 5 отсто кај големите компании. Со ова пак ќе се спречат отпуштања, но ќе се зголеми опфатот на фирмите“, објаснуваше министерката за финансии Нина Ангеловска кога ги претстави промените во мерките. Таа додаде дека на нив се работело со тимот на Светска банка, како и на МФ и на УЈП, а биле слушани и сите предлози од коморите и од сопствениците на микро и малите фирми. Трите промени се: дозволување флексибилност во намалување на бројот на вработените во фирмите што ќе аплицираат; комбинирање на две антикризни мерки за фирми од областа на угостителството, туризмот и транспортот; и промена во критериумите за тоа кој ќе ги враќа средствата од субвенционирање. Токму „флексибилноста во намалување на бројот на вработените во фирмите што ќе аплицираат“

е моментот што ги крена на нозе синдикатите, кои жестоко реагираа на оваа промена во мерките. „Сојузот на синдикатите на Македонија и се ‘заблагодарува’ на министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, што во целост ги поддржува и применува мерките од ‘газдите’ и допринесува да се зголеми бројот на невработени во Република Северна Македонија, како честитка по повод претстојниот 1- ви Мај, Меѓународниот ден на трудот“, напишаа во своето соопштение од ССМ. ССМ воедно ги потсети Министерството за финансии и Владата дека „давање на финансиска поддршка која на крајот на денот ќе се враќа од парите на работниците и преку даноците на граѓаните не смее да овозможува намалување на број на вработени односно државата да го финансира отпуштањето на работниците под притисок на работодавачите.“

Три клучни промени

За какви олеснувања за бизнисот всушност се работи: Првата промена се однесува на делот за намалување на вработените, односно се дозволува флексибилност за намалување на бројот на вработени во случај работникот сам да напушти или му истекува договорот. Се дозволува тоа намалување да биде до 15% кај малите и микрофирми, до 10% кај средните и до 5% големите претпријатија. Првично во мерката беше укажано дека работодавачот треба да го задржи истиот број вработени два месеци по користењето на мерката, односно заклучно со јули. Со оваа промена ќе се спречат отпуштања, но ќе се зголеми опфатот на фирми. Втората промена е зголемување на финансиската поддршка за три сектори – туризам, угостителство и транспорт, кои, како што рече Ангеловска, претрпеле најголеми штети од пандемијата. Оваа новина значи дека фирмите од овие три сектори ќе можат истовремено да користат субвенции од мерката 14.500 денари по работник и да ја комбинираат со другата мерка за субвенционирање до 50% од придонесите за плата по работник. Тоа значи дека вкупната сума што некоја фирма од овие три сектори може да ја користи е 19.500 денари по работник. Оваа промена била поттикната и од Светската банка со цел да им се помогне на најпогодените фирми. Фирмите од најпогодените три сектори, туризам, угостителство и транспорт имаат нула приходи. Затоа со оваа промена им се излегува во пресрет и им се дозволува на овие компании кои се здрави, да аплицираат и за мерката 50% субвенционирање на

НИНА АНГЕЛОВСКА министерка за финансии

Б

изнисмените прашуваа што ако работникот сам напушти или ако се работи за работник на кој му истекува договорот, сезонски работници и сл. Со ова се олабавуваат условите за задржување на бројот на вработени. Првично во мерката беше укажано дека работодавачот треба да го задржи истиот број вработени два месеци по користењето на мерката, односно заклучно со јули. Со промената се дозволува намалување на бројот на вработени до 15 отсто кај микро и малите, до 10 отсто кај средните и до 5 отсто кај големите компании. Со ова пак ќе се спречат отпуштања, но ќе се зголеми опфатот на фирмите.

придонесите, која беше објавена во првиот пакет мерки. Тоа значи дека ако компанијата има шифра на дејност во еден од овие три години и ако е здрава компанија, под што се подразбира да остварила добивка во последните две години, не е на листата на должници кон УЈП и ако нема достасани, а неплатени обврски по кредити над 90 дена на 29 февруари ќе може да ја комбинира оваа мерка 14.500 денари заедно со мерката за субвенционирање на 50% од придонесите. Тоа значи дека вкупната финансиска поддршка за овие фирми ќе може да изнесува до 19.500 денари. Третата промена е во однос на тоа која компанија и под кои критериуми треба да ги врати овие средства од


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

23

САЊА ЛУКАРЕВСКА

ДАРКО ДИМОВСКИ

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

ЈП за оваа мерка го надгради својот систем со цел да им излезе во пресрет на сите работодавачи да може на брз и едноставен начин да аплицираат за оваа финансиска поддршка - 14.500 денари нето плата за секој вработен. Сите оние што ќе побаруваат финансиска поддршка за исплата на плати за своите работници, веднаш по завршување на овој месец, односно веќе од 1-ви мај да поднесат барање за финансиска поддршка - образец БФП-ИП до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, најдоцна до 7-ми мај за исплата на платите за април, односно до 7-ми јуни за исплатата на платите за мај.

У

и потсетуваме Министерството за финансии и Владата дека давање на финансиска поддршка која на крајот на денот ќе се враќа од парите на работниците и преку даноците на граѓаните не смее да овозможува намалување на број на вработени односно државата да го финансира отпуштањето на работниците под притисок на работодавачите. Во овие моменти кои се исклучително тешки за македонските работници, Владата ниту пак Министерството за финансии не смеат да носат уредби по нарачка и притисок од работодавачите, коморите и сл., а се на штета и на грбот на работниците.

Г

А

пелираме мерката да се доработи, со допуштање намален број работници по нејзиното користење само во случаи на пензионирање на работник; смрт на работник; отказ на договорот за вработување од страна на вработениот; отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок; спогодбено преземање работник(ци) кај друг работодавач; престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда; престанување на важноста на договорот за вработување поради трајна неспособност за работа.

финансиската поддршка. Компаниите што не оствариле добивка во 2020 година нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка, како што и првично беше предвидено. Или ако фирмата остварил загуба, односно не остварила добивка во 2020 година, таа може да не ги врати парите, под услов да ги има платено своите давачки кон УЈП. Промената е кај компаниите што ќе остварат добивка во 2020 и имаа обврска да вратат до 50% од она што го оствариле. Тие сега со новината ја немаат таа обврска доколку истата сума што ја добиле како субвенција од државата ја вложат во својот процес и во вработените. Значи сите здрави компании кои имале добивки 2019 и 2020 година и кои не се на листата на должници

и немаат кредити неплатени над 90 дена, ќе можат да аплицираат за трансформирање на финансиската поддршка во грант, под услов износот кој го добиле да го инвестираат во вработените, во оперативно подобрување на процесите, опрема, продуктивен капитал и слично. За овие придобивки ќе се аплицира во 2021 година, со поднесување на даночниот биланс, рече Ангеловска. Овие новини, како што соопшти министерката се направени во соработка со Светската банка, а мерката ќе биде кофинансирана со заем од оваа светска финансиска институција од 50 милиони евра. Целта е да се зачуваат работните места (според проценките на Министерството за финансии со

овие мерки ќе се зачуваат 200-250 000 работни места) и да се одржи ликвидноста на фирмите погодени од кризата со пандемијата. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска ги објасни условите под кои фирмите ќе треба да ја враќаат финансиската поддршка од државата, а под кои нема да имаат таква обврска, за што УЈП веќе го надгради системот за аплицирање и добивање на средствата за исплата на минимални плати во приватни фирми кои забележале загуби поради кризата со корона вирусот. „Работодавачите што ќе побаруваат средства за исплата на плати за месеците април и мај, веднаш по завршување на овој месец, најдоцна до 7 мај треба да поднесат образец

директорка на УЈП

претседател на ССМ

директорка на Finance Think


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

24

КРИЗА: КОВИД - 19

до УЈП преку системот е-даноци. Ова важи за исплата на платите за април, додека апликациите за мај треба да се достават до 7 јуни“, рече Лукаревска.

Експертите велат Уредбата може да се коригира Начинот на кој е (ре)дизајнирана вчера презентираната Уредба за користење на мерката за финансиска поддршка на компаниите отвора простор за нејзина компромитација, во насока на максимизирање на отпуштањето на вработените според дадените максимални лимити на мерката, укажуваат од институтот за економски политики Finance Think. Ова , според нив, особено ќе се рефлектира врз работниците на определено работно време. „Затоа, апелираме мерката да се доработи, со допуштање намален број работници по нејзиното користење само во случаи на пензионирање на работник, смрт на работник, отказ на договорот за вработување од страна на вработениот (член 79 од Законот за работни односи), отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок (член 82 од ЗРО, документирано во дисциплинска постапка), спогодбено преземање работник(ци) кај друг работодавач, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда (член 102 од ЗРО), престанување на важноста на договорот за вработување поради трајна неспособност за работа (член 103 од ЗРО)“, порачуваат од Finance Think. Овие дополнителни услови, според Finance Think, ќе овозможат понатамошно релаксирање на ликвидносните потреби во услови на економски шок од невидени размери. Мерката, како што велат, се дополнува и со овозможување компаниите да испуштат одреден процент од работниците, зависно од нивната големина, а и понатаму да може да ја искористат мерката, услов кој претходно не постоеше (член 6, став 2). „Во нормални услови на работење, флуктуацијата на работната сила е вообичаен процес детерминиран од пазарните услови, и во такви околности отпуштањата се нормален процес. Сепак, моменталните околности се вонредни, а целта на мерките на владата за справување со економските последици од корона - кризата е задржување на работните места, преку обезбедување на ликвидноста во компаниите, односно субвенционирање на нивната кондиција да исплаќаат плати“, посочуваат од Finance Think. nnn

ПОЧНА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ВТОРАТА ЛИНИЈА БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ ОД РАЗВОЈНАТА БАНКА За разлика од првата кредитна линија, оваа е наменета за сите дејности, а максималниот износ на кредитот е трипати повисок во однос на првата кредитна линија, односно минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра.

О

д средата 29 април, микро, малите и средни компании од сите дејности, погодени од кризата предизвикана од ковид-19, ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити од линијата „Ковид 2“ преку Развојната банка на Северна Македонија. Кредитите од оваа линија се во износ до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети. Директорот на Развојната банка, Кире Наумов, рече дека За оваа кредитна линија можат да досега вкупно 631 бескаматни аплицираат сите погодени компании кредити се одобрени од Ковид што имаат намалување на приходот 1 линијата, во износ од 4,7 за повеќе од 30% во последниот милиони евра. Во овие фирми, поминат месец, на пример во март, работат 5.588 вработени, а од споредено со истиот месец минатата вкупно одобрените средтсва, 2,1 година или со просечниот месечен милиони евра се за компании од приход во 2019 година. Компаниите транспортна дејност, 2,4 милиони треба да се регистрирани повеќе евра за угостителство и 200.000 од половина година, да немаат евра за туризмот. неплатени даноци и придонеси до 31.1.2020 година, да не се во постапка на стечај или ликвидација и да не спаѓаат во категоријата исклучително ризични кредитобаратели. „Аплицирањето ќе биде електронски, по примерот на ,,Ковид1“. Иако износот на кредитот се пресметува по формулата 14.500 х 3 месеци х број на вработени, најмалите претпријатија не се заборавени. Микро претпријатијата што имаат до 5 вработени, ќе можат да аплицираат за бескаматен кредит во износ од 3.000 евра.“, рече директорот на Развојната банка, Кире Наумов. Целата постапка за аплицирање за средствата ќе се одвива електронски. Најголем број од документите ќе можат да се најдат на веб страницата на Развојната банка, меѓу нив апликацијата, односно кредитното барање, изјавата за поврзаност со други правни/физички лица, изјавата дека не се носители на јавна функција и изјавата за проверка на кредитна изложеност. Компаниите ќе поднесуваат до Управата барање за уверение за платени давачки со состојба 31.1.2020 година, електронски. Развојната банка и Централниот регистар склучија и договор за документите што им се потребни на кредитобарателите, односно Централниот регистар ќе ги дава бесплатно тековната состојба за кредитобарателот, потврдата за стечајна постапка, потврдата за ликвидациона постапка и листингот од завршната сметка за 2019 година. Досега вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра. Во овие фирми, работат 5.588 вработени, а од вкупно одобрените средства, 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризмот. Од Владата посочија дека бескаматните кредити се наменети за зачувување на работните места во фирмите и за подобрување на нивната ликвидност. За разлика од првата кредитна линија, оваа е наменета за сите дејности, а максималниот износ на кредитот е трипати повисок во однос на првата кредитна линија, односно минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра.


Vincinni

www.vincinni.com


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

26

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА СО ОДЛИЧЕН ПРВ КВАРТАЛ

„АЛКАЛОИД“ СО 56 НОВИ ВРАБОТУВАЊА И СО 72% ОД КОНСОЛИДИРАНИТЕ ПРОДАЖБИ ОСТВАРЕНИ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ Консолидираните приходи на компанијата се зголемени за 19% на 54,7 милиони евра, извозот е зголемен за 25%, додека нето добивката е поголема за 7%, на 5,1 милиони евра.

С

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари - март 2020 година, продажбите на Алкалоид достигнуваат 2.509.772.821 денари, што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3.367.918.093 денари,

што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Повисокиот раст на продажбите во првиот квартал од 2020 година делумно се должи на подигнувањето на безбедносното ниво на залихи на лекови кај голем број наши клиенти и тоа, пред сè, на извозните пазари, што беше особено значајно за нив во отежнатите услови за транспорт на стоки.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5%,

додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 25%. Од вкупните консолидирани продажби, 28% се остварени на домашен пазар, додека 72% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 36%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 11%, а на другите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

27 во земјите од Југоисточна Европа, со продажби од над 1,2 милијарди денари и со раст од 36%, споредено со истиот период од минатата година. Русија и другите земји во ЗНД бележат раст од 23%, потоа во САД има раст од 39%, во земјите од Западна Европа раст од 12% итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со 22%, антибиотиците со 21%, кардиолошките препарати со 13%, невролошките препарати заземаат 12% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 2%, козметиката со 7%, а билкарството учествува со 3%. МН: Резултати од работењето Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 460.989.420 денари, бележи зголемување од околу 9%, додека единечната нето-добивка изнесува 256.095.234 денари и е зголемена за 3%. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 541.246.199 денари и бележи раст од 10%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 314.485.791 денари е зголемена за 7%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-март 2020 година, изнесуваат 275.561.903 денари, што е за 42% повеќе во однос на првиот квартал од 2019 година. Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година.

Вработени

Во периодот јануари-март 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 56 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со тоа, на крајот на март 2020 година во АЛКАЛОИД АД Скопје работат 1.684 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во земјата и во странство има вкупно 574 вработени или вкупно 2.258 вработени во групацијата.

Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-март 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.400,00 денари или просечно 12.114,03 денари за една акција, што претставува раст од 45% во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 31.3.2020 изнесуваше 13,9 милијарди денари.

Очекувања за претстојниот период

Во претстојниот период се очекува во текот на вториот и на третиот квартал да дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај купувачите, како и до намалување на порастот на приходите од продажби во однос на почетниот квартал. Одржувањето на тековната ликвидност, секако, останува потенцијален предизвик и добива врвен приоритет. Гледано глобално, постепеното олеснување на мерките, рестартирањето на производните капацитети во разни индустрии, воспоставувањето нови правила и процедури за функционирање во овие сложени услови влеваат надеж дека, иако во многу поотежнати околности, условите за работење полека ќе се подобруваат.

Бизнис-план за 2020 година

Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2019 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година. Во согласност со досегашните резултати, земајќи ги предвид очекувањата за претстојниот период, менаџментот на компанијата проценува планираните продажби и планираниот профит за 2020 година да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели. nnn

ЖИВКО МУКАЕТОВ

генерален директор и претседател на УО на Алкалоид

Во претстојниот период се очекува во текот на вториот и на третиот квартал да дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај купувачите, како и до намалување на порастот на приходите од продажби во однос на почетниот квартал. Одржувањето на тековната ликвидност, секако, останува потенцијален предизвик и добива врвен приоритет. Гледано глобално, постепеното олеснување на мерките, рестартирањето на производните капацитети во разни индустрии, воспоставувањето нови правила и процедури за функционирање во овие сложени услови влеваат надеж дека, иако во многу поотежнати околности, условите за работење полека ќе се подобруваат.


Капитал број 1060 01.05.2020

28

ИНТЕРВЈУ


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

29

ЗОРАН ДРАНГОВСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ

ВО ПЕРИОД ПОЛН СО ПРЕДИЗВИЦИ И НЕИЗВЕСНОСТИ, ОСОБЕНО Е ВАЖНО ДА НЕМА ПРАВНИ ПРАЗНИНИ И НЕДОРЕЧЕНОСТИ Во услови на криза, линијата помеѓу неопходните мерки и злоупотребите од власта може да стане многу тенка и бледа, за да може и лесно да се поместува. Затоа, особено за земја како нашата во која веќе долг период тешко се воспоставува владеењето на правото, потребно е да бидеме внимателни за да не подвлекуваме линии одново и одново.


Капитал број 1060 01.05.2020

30

ИНТЕРВЈУ

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

K

XКако X претседател на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), може ли да ни објасните кои се Вашите активности и проекти? МЗМП е професионална организација на правници кои работат на обезбедување бесплатна правна помош, со цел заштита на човековите права и владеење на правото. Нашата организација е активно вклучена во градење на капацитетите на институциите во процесот на реформи, поттикнуваме промени во јавните политики таму каде што е потребно, и редовно ја следиме примената на законодавството. Присутни сме во 5 канцеларии, од каде ги спроведуваме програмските активности. Целиот фокус на нашата организација во моментов е насочен кон помош и поддршка на лицата со кои работи МЗМП, со цел да успеат безбедно да ја поминат оваа криза и да не се доведат во ситуација да бидат во понеповолна положба од тоа што било пред кризата. Работиме со повеќе специфични категории на лица. Тука би ги споменал барателите на азил, бегалците и мигрантите, за кои подготвивме соодветни информации околу вонредната состојба и мерките што се преземаат, и тоа на 10 различни јазици, и истите се достапни на нашата веб страна. Во Македонија постојат и луѓе кои не поседуваат никакви лични документи (во ризик од бездржавјанство) и се во особено ранлива состојба, а на кои МЗМП им обезбедува правна помош, и во овој период имаме интензивна комуникација со нив со цел да ги утврдиме нивните најитни потреби. Многу важен во овој период е и сервисот за заштита на жртви на насилни кривични дела, каде работиме со деца, постари лица, лица со попреченост и жени. Вонредната состојба дополнително ја влошува состојбата во која се наоѓаат жртвите и постојано добиваме повици, за што сме во директна комуникација со надлежните институции. Со особено внимание ја следиме состојбата на лицата кои се наоѓаат во затворите и во установите за лишување од слобода, но и на лицата кои се сместени во државните карантини, за што изготвивме и информативна брошура во однос на правата и обврските за време на Covid – 19. XВо X каков контекст го затече

здравствената криза Здружението? Со какви проблеми и предизвици се соочивте? Нашата работа се состои од директна работа со луѓе, странки кои имаат правни постапки врзани со рокови, и многу беше важно да се информираат и да се обезбедат сите правни механизми за нивна заштита. Во овој контекст, многу навремени беа уредбите кои ги донесе Владата со цел нивна заштита. Од самото прогласување на вонредната состојба, ние во целост ги почитуваме препораките на Владата. Работиме од дома, а во две од нашите канцеларии имаме воспоставено дежурства и се примаат само најитните случаи. Од особена важност беше тоа што МЗМП имаше воспоставено соодветна техничка инфраструктура и целокупната работа на организацијата, податоците и документите со кои работи, се на „cloud”, што овозможи сите колеги да имаат непречен пристап до работата и од дома. Морам да истакнам дека од самиот почеток на кризата, сите меѓународни организации, фондации и амбасади со кои работи МЗМП ни дадоа безрезервна поддршка за претстојниот период, и со тоа имаме флексибилност да ги прилагодиме активностите на новонастанатата ситуација. Во овие 17 години откако постои организацијата веќе имаме воспоставено силни врски на соработка и доверба со државните институции, но и со други организации и правни субјекти, и оваа непосредна комуникација ни помогна да продолжиме со редовните активности и во ваква состојба. XКаква X улога има МЗМП во криза и кои се вашите обврски и одговорности во вакви ситуации? За време на ситуации како моменталната, вонредна ситуација, првото прашање кое кај нас се поставува е како нашата организација може да помогне, и не само сега. За време на бегалската криза во 2015 година бевме меѓу првите организации на јужната граница каде што работевме заедно со полицијата на регистрација на лицата кои влегуваа на наша територија, а кога беа поплавите во 2016 година, заедно со општината направивме тимови од правници кои им помагаа на настраданите со правна помош. Така и во оваа ситуација, редовно ги информираме граѓаните за сите уредби кои се носат од страна на Владата и сите граѓани може да се обратат кај нас за какво било објаснување поврзано со истите. За еден месец се донесени повеќе од 120 нови уредби и дополнувања на веќе донесените, и доколку за сите тие уредби не се информира редовно на јазик разбирлив за граѓаните, може да се создаде голема правна несигурност кај сите. Ова е период полн со предизвици

и неизвесности, и сметам дека е од особена важност во следниот период да не се остава можност за правни празнини и недоречености во уредбите, и сите прашања кои се однесуваат на правата на граѓаните мора да бидат соодветно одговорени. Со целосно разбирање за итноста на дел од мерките, но Владата мора да обезбеди формат во кој при одлучувањето ќе обезбеди комуникација и консултации со граѓаните, граѓанскиот сектор и професионалната фела. До овој момент, комуникацијата е еднонасочна и граѓаните дознаваат за обврските по стапување на сила на уредбите. Вонредната состојба е шок за правниот систем во државата, замислете – закони за кои во нормална процедура требало месеци, па и години да се донесат, сега тоа се прави во еден ден. XКои X се импликациите на вонредната состојба во однос на човековите права, во смисла на нивно ограничување? Како е тоа решено во нашата земја? Вонредната состојба ќе ја одбележиме со фактот дека во поголем дел од земјите одговорноста за справување со пандемијата е во рацете на извршната власт, на која овластувањата постојано и се зголемуваат. Зголемените овластувања на извршната власт резултираат со стеснет простор за слободата и правата на човекот. Во текот на месец април, во многу краток временски период, веќе 8 држави (Албанија, Ерменија, Естонија, Грузија, Латвија, Молдавија, Северна Македонија и Романија) поднесоа известување до Генералниот Секретар на Советот на Европа со барање за дерогација на некои членови од Конвенцијата. Нашата земја останува на барање за дерогација на член 8 (Правото на приватност) и 11 (Слобода на собирање и здружување) од ЕКЧП, член 2 од Протоколот (Право на образование) и член 2 од Протоколот 4 (Слобода на движење). Европскиот суд за човекови права може да ги прифати отстапувањата за да оправда некои исклучоци од членовите на Конвенцијата, но никогаш не може да оправда мерки и постапувања на државите што се во спротивност со главните барања на Конвенцијата за законитост и пропорционалност. Оттука произлегува дека секое отстапување мора да има јасна основа во домашното право за да се заштитиме од самоволие и арбитрарност и ограничувањето мора да биде строго неопходно за борба против вирусот во ваква вонредна состојба. Сепак, и од дебатата која се разви помеѓу правните експерти по ова прашање, најважниот аспект е дека дерогацијата од некои права не и дозволува на ниедна земја потписничка на Конвенцијата да ги ограничуваа правата на човекот и граѓанинот самоволно, дури и во вакви


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

31

Со целосно разбирање за итноста на дел од мерките, но Владата мора да обезбеди формат во кој при одлучувањето ќе обезбеди комуникација и консултации со граѓаните, граѓанскиот сектор и професионалната фела. До овој момент, комуникацијата е еднонасочна и граѓаните дознаваат за обврските по стапување на сила на уредбите. Вонредната состојба е шок за правниот систем во државата, замислете – закони за кои во нормална процедура требало месеци, па и години да се донесат, сега тоа се прави во еден ден. услови на пандемија. Во услови на криза, линијата помеѓу неопходните мерки и злоупотребите од власта може да стане многу тенка и бледа, за да може и лесно да се поместува. Затоа, особено за земја како нашата во која веќе долг период тешко се воспоставува владеењето на правото, потребно е да бидеме внимателни за да не подвлекуваме линии одново и одново. XКои X се вашите планови за следниот период?

Овој период успеавме забрзано да реализираме некои од нашите планови. Пред две недели започнавме со онлајн обуки за нашите членови, за што, на наше задоволство, досега има огромен интерес. Веќе планираме контакти со истакнати правници од странство и доколку успееме да ги организираме нивните онлајн предавања за нашите колеги, ќе биде огромен успех за нас. Сакаме да им понудиме на младите правници дополнителни можности и затоа објавивме повик за правнички

текстови кои ќе бидат објавени во стручно списание, а избраните кандидати ќе добијат симболичен финансиски надомест. Целта на списанието е создавање професионален форум за објавување на стручни статии кој ќе послужи како медиум во кој правничкото мислење и визијата на младите правници во однос на клучни прашања поврзани со човековите права и владеење на правото ќе бидат артикулирани на кохерентен и методичен начин. Списанието ќе


Капитал број 1060 01.05.2020

32

ИНТЕРВЈУ

Во оваа кризна ситуација, како Здружение редовно ги информираме граѓаните за сите уредби кои се носат од страна на Владата и сите граѓани може да се обратат кај нас за какво било објаснување поврзано со истите. За еден месец се донесени повеќе од 120 нови уредби и дополнувања на веќе донесените, и доколку за сите тие уредби не се информира редовно на јазик разбирлив за граѓаните, може да се создаде голема правна несигурност кај сите. промовира дебата за тековните процеси во областа на правото, а воедно ќе поттикне идеи за понатамошно подобрување на нашиот правен систем на таков начин каде што ќе се обезбедат и гарантираат човековите права и владеењето на правото. Како и сите други, се надеваме дека оваа ситуација ќе заврши што поскоро и ќе се вратиме повторно во редовниот начин на работа, но, истовремено забележуваме и дека оваа состојба поттикна еден друг вид на продуктивност, работиме и за викенд и навечер, споделуваме идеи и имаме по неколку состаноци на ден без да трошиме многу време на организација и договарање, така што со сигурност дел

од позитивните работи што произлегоа во овој период ќе ги задржиме и во иднина. XКако X може човек да се подготви за вакви настани? Колку образованието може да биде од помош? Во таа смисла, кои знаења и вештини Вам Ви помогнаа во соочувањето со кризата? Јас имав среќа да учам од професори со големо меѓународно искуство и несомнено кога ќе се спомене зборот „криза”, прво на кое ќе се сетам се предавањата на професорот David C. McGaffey за време на постдипломските студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Го споменувам професорот пред сè како човек со огромно искуство, тој

има повеќе од 25 години дипломатска службa и за време на Иранската револуција, додека бил дипломат во Амбасадата на САД, двапати успеал да се ослободи себеси и колегите од заложништво. Овој професор ми има оставено огромен впечаток како човек кој постојано трага по предизвици, а неговата приказна ме охрабрува да гледам на оваа криза како едно искуство кое ќе има големо влијание на мене и на моите колеги. Се обидувам позитивно да ја насочам креативноста кај мене и кај моите колеги на која можеби претходно не сме и посветувале доволно внимание. Исто како што би направил и професорот McGaffey!

nnn



Капитал број 1060 01.05.2020

34

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ГЛАСАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

НЕ МОЖЕ ДА НЕМА ИЗБОРИ, А ДА ИМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА Пандемијата сосема логично ги одложи парламентарните избори коишто требаше да се случат на 12 април. Но, како што ќе се ослободуваат силните рестриктивни мерки, еднакво е логично да се отвори прашањето за тоа кога и како ќе се случи гласањето, оти Владата што во моментов ја раководи државата нема политички туку „технички мандат“ и овластена е само за едно - да организира токму избори. Тоа што по игра на случајот, на ваква една Влада со дискутабилен легитимитет и' се падна (или и' се дозволи) да ја води земјата среде огромна криза е прашање само по себе и затоа не држат никакви дилеми за оправданоста на прашањата и барањето на начин изборите да се одржат. Се разбира, опција е истите и да се одложат, дури и до нивниот редовен термин, но концептот за „Пржинска влада“ во таков случај треба да си се врати во фиока.


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

35


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

36

ПОЛИТИКА

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

K

Како што стигнуваат најавите за олабавување на мерките за борба со коронавирусот, се погласно се отвора темата околу одржувањето на парламентарните избори, коишто се одложија токму поради пандемијата. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на вчерашната прес - конференција кажа дека на претстојните парламентарни избори задолжително ќе биде носење маска и одржување два метра безбедносна дистанца, но и дека и кампањата ќе биде без масовни собирања и почитување на сите мерки воопшто за заштита и спречување на ширењето на вирусот. „Кампањата ќе почне кога ќе биде ставен под контрола коронавирусот, а намалувањето на бројот на новозаразени и драстичното зголемување на бројот на оздравени води кон тоа. Факт е дека одржувањето на дистанцата, одржувањето на потребното растојание од два метри и дека користењето на заштитените маски ќе биде останат наше секојдневие и понатака. Тоа ќе биде секојдневие и тоа ќе бидат мерки кои ќе бидат дел од целокупните активности општествени, партиски, државни, и тие ќе бидат дел од секојдневниот живот на граѓаните. Тоа значи и во контекст на изборниот процес кој се наметнува по справувањето со коронавирусот и ставањето во контрола и по намалувањето на новозаразените и зголемувањето на бројот на оздравени одејќи кон ова нормално општество секако дека дистанцата, заштитните маски, ќе бидат дел од целокупниот овој процес, вклучително и изборниот процес. Секако почитувајќи ги сите мерки ние ќе избегнуваме и нема да има масовни собири, ќе се избегнуваат сите групни собирања, и се повеќе ќе се користат комуникациските, дигиталнит,е и електронските алатки вклучително и во кампањата која што претстои“ рече секретарот Николовски.

Парламентот го има, а го нема

Со овој јавен настап на еден од главните луѓе на СДСМ, станува јасно дека темата за одржувањето на изборите секако ќе се актуализира и ќе дојде на дневен ред. Токму во текот на изминатата недела една од клучните политички теми беше иницијативата за повторно свикување на Собранието со цел да се потврди одлуката на

претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба. Оваа иницијатива на СДСМ предизвика низа реакции во јавноста откако беше протолкувана како обид за подготовка за одржување на изборите. Иницијативата содржи две точки - свикување на седница за потврдување на одлуката на претседателот Стево Пендаровски за вонредна состојба и за ставање во употреба на Парламентот кој на 16 февруари се распушти во очекување на избори, што всушност се толкува како начин да се отвори вратата за одржување избори во јуни. Претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ истакна дека според него нема можност за одново свикување на Собранието. „Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот“, порача тој. Според Џафери кој било друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. „Пуч е и ништо друго! Мандатот во Собранието се добива од гласовите на народот. А не политичките партии кои ќе се соберат и да кажат можеме да го направиме ова или тоа. Народот го дава мандатот, Парламентот е на народот и е орган за застапување на граѓаните. Граѓаните даваат мандат од четири години кој може да биде продолжен само доколку во периодот на изборите во последните 90 дена се прогласи вонредна состојба или војна. Мандатот не може да биде скратен освен со судска постапка или оставка од страна на пратениците. Секој пратеник слободно гласаше на 16 февруари за да го врати мандатот на граѓаните. Со тоа заврши правото за застапување, одлучување, законодавство и контрола. Пратениците веќе немаат такво право. Пратениците се административно пратеници до верификување на новите мандати“, истакна Џафери. Тој се осврна и на тоа дека со Устав се одредени правилата за парламентарни избори и тие треба да се почитуваат. „Нека одлучат кога ќе бидат. Постапките се одредени со Закон и Устав и нема што да мислам јас. Тоа што ми беше должност го направив. Кога се донесе одлуката за прогласување на избори, немав оценување, најава или мислење дека ќе има вонредна состојба. Затоа според Уставот во вонредна состојба доколку тоа се случи кога Парламентот не може да функционира, надлежностите се на Претседателот на државата. Така е според Уставот. Претседателот на државата тоа го спроведува и во првиот момент кога ќе се создадат услови за свикување

на Парламентот, во нашиот случај треба да има избори за да се свика Парламентот. Политички треба, како што се договорија пред шест месеци лидерите во октомври“, посочи Џафери. На ова реагираа од СДСМ - правото на пратениците да побараат одржување на собраниска седница не може да се толкува како пуч, велат од СДСМ отфрлајќи го ставот на собранискиот спикер Џафери дека секој обид за свикување на парламентот освен по нови избори ќе биде обид за пуч. Од владејачката партија велат дека и покрај мислењето на Џафери тие остануваат на ставот дека е потребно Собранието да се свика и покрај одлуката за самораспуштање. „Легитимно, демократски и согласно деловникот и Уставот, ние како пратеници поднесовме иницијатива онака како што налагаат прописите , а тоа е до претседателот на Собранието за свикување на итна седница. Јас можам во овој момент само да кажам дека нашиот став е непроменет и ние имајќија во предвид целокупната ситуација како пратеници сметаме дека е демократски и апсолутно корисно, Собранието да може да биде свикано да се состане “, вели пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева. Таа вели дека ќе го почитуваат ставот на Џафери, но сметаат дека одговор за иницијативата требало да им биде испратен писмено и официјално, како што е редот, а не истиот да го дознаваат од медиумите. Со ставот на Џафери се и во ВМРО ДПМНЕ.

Кој е мотивот на опозицијата да не ја поддржи иницијативата за избори

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на чиешто барање всушност и се роди идејата за предвремени парламентарни избори, сега вели дека изборите мора да се одржат, но не било време за гласање. Тој е на иста линија со собранискиот спикер: „Овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на пратениците со неговото распуштање е завршен. Тие го вратија легитимитетот назад, кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот“, вели Мицкоски. Според Мицкоски, тоа значи дека владејачката партија мора да остане на договореното дека следен чекор по завршувањето на вонредната состојба е организирање парламентарни избори, но од друга страна тие не се можни во брзо време. „ВМРО-ДПМНЕ е подготвен секогаш да го порази СДСМ. Ставот е дека одржување на предвремени парламентарни избори во вакви


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

37


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

38

ПОЛИТИКА

ТАЛАТ ЏАФЕРИ

ЗОРАН ЗАЕВ

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

андатот во Собранието се добива од гласовите на народот. А не политичките партии кои ќе се соберат и да кажат можеме да го направиме ова или тоа. Народот го дава мандатот, Парламентот е на народот и е орган за застапување на граѓаните. Граѓаните даваат мандат од четири години кој може да биде продолжен само доколку во периодот на изборите во последните 90 дена се прогласи вонредна состојба или војна. Мандатот не може да биде скратен освен со судска постапка или оставка од страна на пратениците. Секој пратеник слободно гласаше на 16 февруари за да го врати мандатот на граѓаните. Со тоа заврши правото за застапување, одлучување, законодавство и контрола. Пратениците веќе немаат такво право. Пратениците се административно пратеници до верификување на новите мандати

М

равото на пратениците да побараат одржување на собраниска седница не може да се толкува како пуч, велат од СДСМ отфрлајќи го ставот на собранискиот спикер. „Легитимно, демократски и согласно деловникот и Уставот, ние како пратеници поднесовме иницијатива онака како што налагаат прописите , а тоа е до претседателот на Собранието за свикување на итна седница. Јас можам во овој момент само да кажам дека нашиот став е непроменет и ние имајќија во предвид целокупната ситуација како пратеници сметаме дека е демократски и апсолутно корисно, Собранието да може да биде свикано да се состане“ велат од пратеничката група на партијата на Заев.

П

О

услови на кризна состојба не се можни. Еден од првите три приоритети на партијата не е одржување на избори во моментов“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Политичкиот аналитичар Насер Зибери во изјава за Радио Слободна Европа оцени дека не гледа ништо спорно во фактот што сега се поднесува иницијативата, оти според него никој не се надевал дека вонредната состојба ќе трае 60 дена. „Симптоматични можат да бидат намерите ако некој од субјектите мисли дека зад оваа иницијатива стои нешто друго. Но, јас лично не мислам

така. Мислам дека парламентарното мнозинство тогаш мислеше дека вонредната состојба нема да трае 60, туку само 30 дена и дека ќе заврши овој процес. И второ, мнозинството заборави на фактот дека Уставот дозволува повторно свикување на седница на собрание без оглед на тоа што тоа е распуштено“, вели Зибери. За Зибери неразбирлив е мотивот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не ја поддржи оваа иницијатива, зошто според него улогата на опозицијата е да биде контролор во Собранието и да врши политичка контрола на одлуките на власта.

„Тие изгледа сакаат избори да нема поскоро, туку во некој подоцнежен период. Се разбира тоа го објаснуваат со ситуацијата со епидемијата, но очигледно е дека стојат мотиви дека државата ќе има сериозна економска криза и со тоа ќе се разниша довербата на граѓаните во владата, а тоа автоматски ги зајакнува позициите и шансите кај опозицијата. Нема никаква логика за однесувањето на опозицијата бидејќи и датумот за избори може да се пролонгира ако се свика собранието“, вели Зибери.

претседател на Собраниетo

лидер на СДСМ

лидер на ВМРО - ДПМНЕ

вој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на пратениците со неговото распуштање е завршен. Тие го вратија легитимитетот назад, кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен секогаш да го порази СДСМ, но ставот е дека одржување на предвремени парламентарни избори во вакви услови на кризна состојба не се можни. Еден од првите три приоритети на партијата не е одржување на избори во моментов.

nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1060 01.05.2020

40

www.kapital.mk

СВЕТ

ДАЛЕЧНАТА ОСТРОВСКА ДРЖАВА ВО ПАЦИФИКОТ

КАКО НОВ ЗЕЛАНД КОРОНАВИРУСОТ ПО НЕКОЛКУНЕДЕЛЕН Нов Зеланд објави 19 смртни случаи и 1.472 потврдени случаи на коронавирус, што значи 4 смртни случаи на еден милион жители и оваа островска држава е во групата земји со најмала смртност од коронавирусот на планетава. Вистинскиот клуч за успехот на Нов Зеланд се чини дека е пристап кој може да се примени насекаде - брзо реагирање, масовно тестирање и огромно потпирање на науката.


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

41 ПОПОЛЕКА СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА

„ГО ПОБЕДИ“ ОСЛЕ КАРАНТИН


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

42

СВЕТ

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн и првиот човек на јавното здравство Ешли Блумфилд одржуваа секојдневни прес - конференции информирајќи го населението за сите важни аспекти на корона – кризата, потпирајќи се цело време на научни факти.

П

После неколку недели локдаун, Нов Зеланд ја постигна својата амбициозна цел да го елиминира коронавирусот. Но, земјата сè уште не прославува, пишува CNN. Во текот на изминатите неколку дена, новодијагностицираните инфекции се мерат со едноцифрени броеви. Во понеделникот, Нов Зеланд објави само еден нов случај. „Тоа ни дава надеж дека сме ја постигнале нашата цел за елиминација, што никогаш не значеше нула, но значи дека знаеме од каде потекнуваат нашите случаи“, рече во понеделникот Ешли Блумфилд, генералниот директор на Службата за јавно здравство на Нов Зеланд, додавајќи дека имало само еден случај

од 1 април наваму за којшто властите сè уште го истражувале изворот на инфекција. Понеделник беше последниот ден од скоро петте недели на строги мерки на локдаун ниво 4, коишто премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ги опиша како „најстрогите ограничувања намтнати на Новозеланѓаните во модерната историја“. Во вторникот, земјата премина во фаза на помалку рестриктивен локдаун, при што 400.000 Новозеланѓани се вратија на работа и 75% од економијата на земјата стана оперативна, според „Ардерн. Новите рестрикции од ниво 3 значат, на пример, дека Новозеланѓаните ќе можат да организираат помали погреби и да купуваат храна за носење од рестораните. Нов Зеланд објави 19 смртни случаи и 1.472 потврдени и веројатни случаи на коронавирус, што значи 4 смртни

случаи на еден милион жители и оваа островска држава ја става во групата земји со најмала смртност од коронавирусот на планетава. Од нив, 1.214 - од 82% од потврдените и веројатни случаи - закрепнале, соопшти во вторникот Министерството за здравство на Нов Зеланд. Но, иако успехот на Нов Зеланд во елиминацијата на вирусот може да изгледа како причина за славење, премиерката Ардерн сè уште бара будност и внимателност. „Ние не сме надвор од опасноста“, рече таа на прес-конференцијата во вторникот. " Ниво 3 е своевидна „соба за закрепнување“ за да провериме дали неверојатните напори што сите Новозеланѓани ги вложија не беа залудни, додаде таа. А кога станува збор за ефикасноста во борбата против вирусот, Нов Зеланд имаше и некои предности. Прво, го имаше времето на своја страна – земјата го потврди својот прв случај на


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

43 коронавирус на 28 февруари, повеќе од еден месец подоцна откако САД го потврдија својот прв случај. Второ, тоа е релативно изолирана островска нација и релативно малку летови транзитираат преку Нов Зеланд. Исто така, државата е централно управувана, што значи дека нема посебни федерални единки со свои легислативи како САД или соседот Австралија. Но, вистинскиот клуч за успехот на Нов Зеланд се чини дека е пристап кој може да се примени насекаде - брзо реагирање, масовно тестирање и огромно потпирање на науката.

Брзо реагирање

Како и многу земји, и Нов Зеланд имаше модели кои покажуваа дека потенцијалната епидемија на коронавирусот може да биде катастрофална доколку не се преземе нешто. За разлика од некои други земји, Нов Зеланд реагираше прилично брзо. Кога Ардерн на 14 март објави дека секој што влегува во земјата ќе треба да се самоизолира две недели, тоа беше меѓу најстрогите рестрикции во светот во тој момент. Во тоа време, земјата имаше шест случаи на инфекција. Кога, на 19 март, Ардерн забрани странци да влегуваат во земјата, имаше веќе 28 потврдени случаи. И на 23 март, кога Ардерн објави дека земјата оди во локдаун, имаше 102 потврдени случаи - и немаше смртни случаи. „Одлучно дејствување, строги и навремени мерки, сето тоа помогна да се спречи најлошото“, рече Ардерн во изјавата во вторникот. Има неколку причини зошто Нов Зеланд презеде толку силна акција. Како што рече Ардерн на пресконференција на 14 март, Нов Зеланд е клучна точка за заминување кон пацифичките острови - и земјата има одговорност да ги заштити своите пацифички соседи. Но, брзите акции беа исто така за доброто на самите Новозеланѓани, пред се’. „Тука во Нов Зеланд немаме многу легла за интензивна нега во споредба со некои други земји. Затоа дејствувавме навистина брзо“, рече микробиологот на Универзитетот Оукленд, Сиукси Вилс, во една претходна изјава за CNN. Но иако Нов Зеланд презеде брза акција и мерки, сепак пополека се враќаат работите кон нормала. Дури и кога се чинеше дека новите случаи на зараза во земјата одат надолу, Ардерн одлучи да ги продолжи најстрогите мерки од ниво 4 за уште пет дена. И покрај тоа, многу Новозеланѓани ги поддржуваат рестрикциите. Во анкетата на агенцијата Colmar

Стапката на позитивноста на тестирањето од корона во Нов Зеланд е околу 1%, што укажува на тоа дека нема распространето локално пренесување на вирусот што се слизнува под радарот. На сликата е Оукленд, најголемиот град на Нов Зеланд.

Нов Зеланд помина 5 недели во строг карантин по што Владата одлучи да ги олабави малку мерките и 400 илјади граѓани да се вратат на работа.


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

44

СВЕТ

Brunton минатата недела, 87% од испитаниците рекле дека го одобруваат начинот на кој владата реагира на пандемијата.

секое лице заразено со коронавирус инфицира околу 2,5 лица во просек. За време на локдаунот на Нов Зеланд, овој коефициент падна на 0,4.

Масовно тестирање

Потпирање на силна наука

Нов Зеланд го зголеми својот обем на тестирање, до тој степен што сега може да изврши и до 8.000 тестови дневно, рече во вторникот премиерката Ардерн. До денес, Нов Зеланд изврши преку 130 илјади. За споредба, Велика Британија - земја со околу 13 пати повеќе луѓе отколку Нов Зеланд - направи 719.910 тестови, ниту шест пати повеќе. Но, вистинскиот знак дека тестирањето на Нов Зеланд дава резултати е стапката на позитивноста на тестот процентот на тестови што даваат позитивен резултат . Д-р Мајк Рајан, извршен директор на Програмите за здравствени вонредни состојби на СЗО, неодамна рече дека добар репер е да имате најмалку 10 негативни случаи за секој потврден позитивен случај. Тоа значи дека ако некоја држава или земја изврши тестирање и се врати со позитивни случаи од околу 9% или помалку, тогаш веројатно е дека добро тестира. Стапката на позитивноста на тестирањето од корона во Нов Зеланд е околу 1%, што укажува на тоа дека нема распространето локално пренесување на вирусот што се слизнува под радарот. Во понеделникот, Ардерн забележа дека во други земји,

Вистинската лекција од Нов Зеланд е комбинацијата на здрава наука и лидерство, вели професорот Мајкл Бејкер, од Одделот за јавно здравје на Универзитетот Отаго. За време на периодот на локдаун, премиерката Ардерн се појавуваше заедно со Блумфилд на редовни прес-конференции, при што Ардерн честопати му пренесуваше прашања од медиумите до него. Иако Блумфилд е јавен службеник, тој е квалификуван во медицината и има специјализација по медицина на јавно здравје. Според соопштението на веб-страницата на Министерството за здравство, неговата посебна област на професионален интерес е превенција и контрола на незаразните болести. „Во Нов Зеланд, имавме прекрасна врска помеѓу здравата наука и брилијантното лидерство, а двајцата заедно, мислам дека се навистина многу ефикасни“, рече професорот Бејкер. „Навистина сум разочаран што земјите што имаат многу повеќе ресурси, апсолутно врвните научни ресурси во светот, а тоа се САД и Велика Британија, како и многу земји во Европа, не се справија со пандемијата подобро од земјите како Нов Зеланд кои имаат ограничени ресурси“.

Иднината

Иако во моментов во Нов Зеланд се гледа како на успешна приказна за кризата со коронавирус, земјата е исто така пример дека придобивките во борбата против Ковид-19 не значат и веднаш враќање во животот како нормално. И покрај раниот успех на Нов Зеланд, земјата сè уште е ефективно во локдаун, при што на повеќето луѓе сè уште им се вели да останат дома и да се држат до своите „меурчиња“ – тоа е називот за луѓето со коишто се во изолација. „Ниво три не е и не може да го врати животот во нормала како пред-Ковид-19“, рече Ардерн во понеделникот. „Тој ден ќе дојде, но сè уште не е време“. Ардерн истакна дека битката против Ковид-19 ќе продолжи се’ додека не се појави вакцина. И - како и другите земји, и Нов Зеланд сè уште има економска борба пред себе. Туризмот - најголемата извозна гранка во Нов Зеланд – е страшно погоден од кризата. На странските државјани сè уште им е забранет влез во земјата, а сите Новозеланѓани кои пристигнуваат во земјата ќе треба да поминат најмалку 14 дена во владини карантински капацитети. Се разговара за тоа Нов Зеланд и Австралија ги отвораат своите граници една кон друга, но засега не е објавено ништо официјално. Според најдоброто сценарио, Министерството за финансии на Нов Зеланд процени дека земјата може да забележи стапка на невработеност од 13%. „Ќе сториме сé што можеме за да се бориме против економските негативни ефекти од коронавирусот, исто како што и се боревме против здравствената криза.“, истакна премиерката рече Ардерн во вторникот. „Со единство, со брза поддршка, грижејќи се едни за други“. nnn



Капитал број 1060 01.05.2020

46

www.kapital.mk

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ПРЕГЛЕД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗАНСКИ СЛУЧУВАЊА

ЗДРАВСТВЕНАТА И ИТ ИНДУСТРИЈАТА ДОБРО СЕ ДРЖАТ, ПАД НА АВТОМОБИЛСКАТА, АВИОКОМПАНИИТЕ И БАНКИТЕ Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

47 пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

К

Корона вирусот го достигна својот врв насекаде во Европа и САД. Бројот на заразени, хоспитализирани и починати опаѓа. Затоа земјите забрзано работат на стратегијата за излез од карантинот. Темпото е различно, Данска и Австрија се понапред за разлика од Италија и Шпанија кои заостануваат. И во САД, темпото е различно и главно зависи од индивидуалните држави. Како што стојат работите, процесот на отворање ќе биде побавен отколку што се чинеше на почетокот на кризата, сметаат аналитичарите од Генерали Инвестментс. „Одредени дејности како што се туризмот, рестораните, воздухопловството и слични дејности каде што се собираат голем број на луѓе, ќе бидат отворени со големо задоцнување и со тоа негативното влијание врз економијата ќе биде подолго од првично проценето. Во најдобар случај, можеме да очекуваме закрепнување во форма на U, иако постои многу неизвесност за тоа како ќе изгледа економската активност во втората половина од годината.“

Добитници и губитници

Земјите продолжуваат да преземаат дополнителни мерки за поддршка на економијата. Тие им помагаат на најтешко погодените индустрии, така што најголемите европски авиокомпании како „Луфтханза“ или производителот на спортска облека „Адидас“, ќе добијат поволни кредити од милијарди евра и други форми на помош за да им се помогне да преживеат во следните неколку месеци. Од друга страна, компаниите објавуваат резултати за првиот квартал на 2020 година и во најголем дел прават многу претпазливи предвидувања за вториот квартал и за втората половина од годината. Резултатите се во согласност со очекувањата, за првиот квартал тие се сè уште релативно добри, додека предвидувањата за вториот квартал се во просек многу полоши отколку во истиот период минатата година, но сепак не се значително полоши од очекувањата на инвеститорите. Досега, позитивно изненадија здравствената и ИТ индустријата, негативно се претставија финансиската, воздухопловната, автомобилската и некои други индустриски компании.

„Загрижува учеството на најголемите пет акции во американскиот S&P индекс како Amazon, Google, Microsoft, Apple и Facebook бидејќи учествуваат со 22% во индексот S&P 500, а ова учество е поголемо споредено со учеството во времето на Големата депресија во 1930-тите. Овие акции се главна причина за брзото закрепнување на американските индекси, па затоа потребна е поголема претпазливост во овој момент.“, велат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс.

Преголема концентрација во американскиот индекс?!

Пазарите на капитал се држат исклучително добро, заклучуваат од Генерали Инвестментс. „Веројатно, голем дел од заслугите се припишуваат помошта од централните банки кои креираа обилната ликвидност во последните неколку недели, иако преку купувањата на обврзници и на некои акции велат дека нивната моќ е неограничена. Така, Јапонската централна банка на почетокот на неделава најави дополнителни купувања на обврзници. Ситуацијата на нафтените пазари е смирена, иако цената на нафтата останува екстремно ниска и најверојатно ќе остане таква во наредниот месец или два, со цел економиите да се повратат и да ја заживеат потрошувачката, а со тоа и побарувачката. Но, нафтата и нејзините акции се од релативно мало значење за развиените западни економии, така што по првичниот шок, тие веќе немаат премногу влијание врз движењето на пазарите. Повеќе загрижува учеството на најголемите пет акции во американскиот S&P индекс како Amazon, Google, Microsoft, Apple и Facebook бидејќи учествуваат со 22% во индексот S&P 500, а ова учество е поголемо споредено со учеството во времето на Големата депресија во 1930-тите. Овие акции се главна причина за брзото закрепнување на американските индекси, па затоа потребна е поголема претпазливост во овој момент“. nnn

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ ОД ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС Моментално не е време за големи промени, балансираното портфолио е најголем сојузник во овие времиња.

И

нвеститорите во овој момент, се прашуваат „што сега?“ Моментално, не е време за големи промени, бидејќи курсевите се релативно високи, поддржани од ликвидноста на централните банки, иако има многу непознати во глобалната економија. Имаме позитивни очекувања за здравствената индустрија, основната потрошувачка и ИТ индустријата, каде гледаме најголем потенцијал за раст во оваа фаза од корона вирус кризата. Времето за поризични инвестиции ќе дојде, бидејќи постои се поголема јасност околу темпото на отворање на економиите и за самиот вирус. Балансираното портфолио е нашиот најголем сојузник во овие времиња.


Капитал број 1060 01.05.2020

48

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО

КОРОНА – КРИЗАТА НОСИ ОПАСНОСТ ОД СТАПИЦИ ЗА ДИ

ПРАШАЊА ШТО ТР ДА СИ ГИ ПОСТАВИ ТОП МЕНАЏМЕНТОТ тров

Организациите од сите видови го чувствуваат притисокот од тоа истовремено да се борат за преживување на актуелната криза, но и да се подготвуваат за радикално променета иднина. Како да се споделат економските последици со акционерите? Како да се реанимираат синџирите на набавка со цел да бидат поотпорни утре? Како да се избегнат грешките што се правеа во последната финансиска криза – на пример, предолгото чекање за реакција; претераната реакција со преголемо кратење на трошоци или едноставно, кратење на погрешни места?


www.kapital.mk

ИРЕКТОРИТЕ

РЕБА И Т

Капитал број 1060 01.05.2020

49 Harvard Business Review

В

Влијанието на Ковид – 19 пандемијата врз светската економија и општествата од ден на ден е сè поголемо. Организациите од сите видови го чувствуваат притисокот од тоа истовремено да се борат за преживување на актуелната криза, но и да се подготвуваат за радикално променета иднина. Како да се споделат економските последици со акционерите? Како да се реанимираат синџирите на набавка со цел да бидат поотпорни утре? Како да се избегнат грешките што се правеа во последната финансиска криза – како што беше тоа предолгото чекање за реакција; претераната реакција со преголемо кратење на трошоци или едноставно, кратење на погрешни места? Компаниите ширум светот се соочуваат со ниво на опасност невидено досега од Втората светска војна наваму. Нивните лидери и управни одбори се соочуваат со огромна нервоза и притисок не само поради заканите за опстанокот на компаниите, туку и поради опасностите по здравјето на вработените, потрошувачите, како и самите тие и нивните семејства. Токму во моментот кога бизнис лидерите треба да се прилагодат за да се соочат со екстремно голем број на опасности и непознаници, овој стрес значи дека многу менаџерски тимови и директорски одбори може да станат жртви на т.н. „threat rigidity“, што во суштина значи замрзнување на иновациите и поголемо приклонување кон активности што се покажале успешни во минатото одошто форсирање на нови пристапи во бизнисот. Оваа тенденција, како и рестрикциите за социјално дистанцирање што во основа ги спречуваат луѓето од лидерските тимови и компаниски одбори да се состануваат лично на формални и неформални средби, во голема мера ги зголемуваат шансите дека тие нема да одговорат адекватно на предизвиците. Врз основа на неодамнешните истражувања на консултантите од Harvard Business Review, нивната пракса и долгогодишен интерес за ефектите на притисокот во работната средина, тие нудат неколку начини како да се избегнат три можни стапици за бизнис лидерите.

СТАПИЦА БР.1:

Тесноградо мислење

На прва веројатно ќе си помислите дека кризата ги прави луѓето повеќе иновативни, во стилот „нуждата е мајка на инвенциите“. Но, реалноста е дека нашата природна тенденција е да бараме комфор и извесност – да се потпреме на веќе познатите “лекови“, всушност она што го правиме добро најчесто. Извршните тимови и директорските одбори може да ја надминат оваа стапица така што ќе си ги постават следниве клучни прашања: u Што прават сега другите организации – особено оние потенцијални нови конкуренти на нашиот пазар? Фокусирајте се на оние играчи што влегуваат во вашата индустрија, географска територија или потрошувачки сегмент, затоа што помалку веројатно е тие да имаат некои веќе застарени методи на коишто би се потпирале. u Дали кризниот план што го креиравме и вежбавме е соодветен за оваа конкретна криза? Отворено дискутирање на ова прашање ќе им помогне на менаџерите да сфатат дали ненамерно го прифаќаат делумно или целосно постојниот план поради тоа што е најдобар начин да се справат со предизвиците или затоа што несвесно го избегнуваат потешкиот пат – да креираат сосема нов пристап. u На кои надворешни советници може да се потпрете за да ви помогнат во проверката на вашите претпоставки и во проникнувањето во индустриите и пазарите? Значителен број на постојни советници на компанијата (адвокати, консултанти, ревизори, итн.) коишто работат со широк круг на клиенти, индустрии и земји, можат да им помогнат на лидерските тимови да размислуваат пошироко и да ги искористат најефективно потенцијалните решенија. СТАПИЦА БР.2:

Вртење кон лидерот

Кога се чувствуваат загрозено, луѓето имаат тенденција да се вртат кон лидерот барајќи инспирација, знаење и сила. Но, директорите мора да одолеат на нагонот за инстинктивно вртење кон највисоко рангираниот лидер во компанијата и наместо тоа, да се осигурат дека ќе ги искористат потенцијалите и вештините на сите лидери и менаџери. Во тоа ќе помогне доколку си ги постават следниве прашања:


www.kapital.mk

Капитал број 1060 01.05.2020

50

МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО

Научните истражувања, како на пример оние на психологот Ирвинг Џенис, покажуваат дека во криза постои силна тенденција кон конформизам со цел да се постигне хармонија.

u Дали ги согледувате перспективите

на вашите независни директори? Особено ако претседателот на УО е и извршен директор истовремено, клучно е да обезбедите независните членови на компанискиот борд слободно да предлагаат алтернативни гледишта. u Дали директорите се потпираат премногу на претседателот на УО во носењето на одлуки? На пример, дали извршните комисии се собираат за да решаваат „жешки“ теми и потоа обезбедуваат доволно материјал за дискусиите на бордот во целосен состав. u Дали директорите од високите нивоа се потпираат премногу на главниот извршен директор во носењето одлуки, планирањето на идните чекори и комуникациите со сите засегнати страни? Треба целиот тим да биде вклучен во креирањето решенија и комуницирањето на она што се случува со јавноста. Осигурете се дека секој си го извршува својот дел од задачите. СТАПИЦА БР.3:

Конформизам

Научните истражувања, како на пример оние на психологот Ирвинг Џенис, покажуваат дека постои силна тенденција кон конформизам во криза со цел да се постигне хармонија. Некои од овие нагони се вродени: едноставно, не сакаме да

ги попречиме или забавиме акциите за решавање на кризата, па така се цензурираме себеси во дискусиите. Друга слична тенденција е онаа на мнозинството во групата, еднаш штом е постигнато прелиминарна одлука или согласност за првичен план, да ги притисне останатите да се согласат и тие на консензус, со цел да се добие унифицирана акција. Како резултат, групата не троши повеќе време да истражува потенцијално подобри опции. Овој вид на колективно размислување придонело до такви фијаска во историјата, како што е на пример американската инвазија во Заливот на свињите на Куба за време на претседателот Кенеди, или пак одлуката на компанијата Форд да го развие брендот Edsel, кој неславно помина на пазарот во 1960-те. За да се избегнат овие стапици, тимот треба да си ги постави следниве прашања: u Дали секој ги има добиено целосните информации и шанса да формира сопствено мислење пред да ги чуе другите? Дали секој целосно ги разбира проблемите и има можност да поставува прашања пред да се презентираат предложените решенија? Дали директорите, на пример, имале пристап до релевантни менаџери надвор од највисокото ниво, а чиешто знаење е клучно за адресирање на кризата (на пр., шефот на набавки,

којшто вообичаено не учествува на состаноците на бордот). u Дали сите експерти ја споделуваат својата експертиза? Секој експерт треба да го види проблемот низ сопствена перспектива и би можел да има помалку или повеќе различни препораки. Дали топ менаџментот има прилика да ги согледа сите овие перспективи? u Дали топ менаџментот или бордот на директори едноставно го прифаќа првото изгледно решение, или продолжува да бара алтернативни, потенцијално подобри решенија? Тимот треба да се труди да дојде до поширок опсег на можни опции за секое сценарио. Поставувајќи ги овие прашања и барајќи искрени одговори понекогаш може да изгледа дека ќе ја забави реакцијата на кризата. Меѓутоа, менаџмент тимовите што поставуваат тешки прашања сега, поверојатно е дека ќе трошат помалку време и пари подоцна, за да спроведуваат она што на крајот ќе се испостави за застарен концепт и пристап во решавање на проблемите. Ако сега потрошат време да одговорат на клучните прашања што ги поставивме погоре во текстов, многу поверојатно дека ќе ја завршат работата подобро при подготовката на бизнисот за предизвиците што ќе се појават во иднина. nnn



Колку помалку излегуваш, толку повеќе добиваш.

Седењето дома сега има и друга перспектива. Ем го чуваш здравјето, ем можеш да освоиш награда. Трансформирај го карантинот во победа! Преземи ја карантWin мобилната апликација, регистрирај се во наградната игра, следи ги правилата и можеш да освоиш награда!

Повеќе инфо


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.