Kapital-magazine-1061

Page 1

ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТИТО: КАКВО НАСЛЕДСТВО ОСТАВИ

business magazine

ПАНДЕМИЈА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ Се бара вакцина и за пропаганда

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1061

COVER STORY Што кога пандемијата ќе заврши? Стратегии за пост – корона развој: од преживување до просперитет

цена 100 ден. l 8 мај 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

Како да се забрза економијата после Ковид – 19 Инфраструктурна офанзива против ударот од пандемијата

INTERVIEW Оливија Георгиевска главна академска координаторка на Американската гимназија – Скопје

interview

САШО НАУМОСКИ генерален извршен директор на „Витаминка“ - АД Прилеп СИТЕ НАШИ АКТИВНОСТИ ВО КОРОНА - КРИЗАТА СЕ НАСОЧЕНИ КОН ДОБРОТО НА ВРАБОТЕНИТЕ И ГРАЃАНИТЕ Седум совети за менталното здравје во време на коронавирус



СОДРЖИНА

Kapital... 1061 4

14

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Што кога пандемијата ќе заврши?

Сашо Наумоски

Стратегии за пост – корона развој: од преживување до просперитет

генерален извршен директор на „Витаминка“ - АД Прилеп Сите наши активности во корона кризата се насочени кон доброто на вработените и граѓаните

20

АНАЛИЗА

Како да се забрза економијата после Ковид – 19

Инфраструктурна офанзива против ударот од пандемијата

34

ДОСИЕ: ТИТО

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито Маршалот сè уште е предмет на интерес, контроверзии, сомнежи, култ, восхит, омраза...

44

28

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

КОВИД – 19 И ЗДРАВЈЕТО

Се бара вакцина и за пропаганда

7 совети за менталното здравје во време на коронавирус

COVER STORY Што кога пандемијата ќе заврши?............4 Стратегии за пост – корона развој: од преживување до просперитет

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО Пандемија на лажни вести.............................28 Се бара вакцина и за пропаганда

Како полесно да се преброди кризата

Пандемија на лажни вести

ИНТЕРВЈУ Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“ - АД Прилеп.......14 Сите наши активности во корона - кризата се насочени кон доброто на вработените и граѓаните АНАЛИЗА Како да се забрза економијата после Ковид – 19 ......................................................................20 Инфраструктурна офанзива против ударот од пандемијата

ДОСИЕ: ТИТО Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито........................................................34 Маршалот сe’ уште е предмет на интерес, контроверзии, сомнежи, култ, восхит, омраза... КОВИД – 19 И ЗДРАВЈЕТО Како полесно да се преброди кризата..................................................44 7 совети за менталното здравје во време на коронавирус

47

КОВИД – 19 И ЗДРАВЈЕТО

Совети од психолог

Како да се справиме со хиперактивните деца во изменети услови на функционирање поради коронавирусот?

КОВИД – 19 И ЗДРАВЈЕТО Совети од психолог...............................................47 Како да се справиме со хиперактивните деца во изменети услови на функционирање поради коронавирусот? ИНТЕРВЈУ Оливија Георгиевска, главна академска координаторка на Американската гимназија - Скопје.......................................................48 Како одговоривме на Ковид- 19 предизвикот? МЕНАЏМЕНТ Ковид-19 кризата ќе ја промени парадигмата за управувањето какво што го знаеме..............................................................52 Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 7.5.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1061 08.05.2020

4

COVER STORY

З

За време на актуелнава криза, некои бизниси работат побрзо и подобро одошто воопшто некогаш си замислувале до пред само неколку месеци. Задржувањето на оваа добра кондиција ќе биде долготраен извор на конкурентска предност во пост – пандемичната економија. Со помош на аналитиката на McKinsey & Company, Goldman Sachs, World Economic Forum и Oxford Analytica направивме преглед на клучните стратегии што бизнисите ќе треба да ги направат со цел да ја преживеат корона – кризата, но и да направат динамика на раст што ќе ги направи одржливи на долг рок и повеќе отпорни на некои идни кризи.

www.kapital.mk


ШТО КОГА ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ЗАВРШИ?

www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

5

СТРАТЕГИИ ЗА ПОСТ – КОРОНА РАЗВОЈ:

ОД ПРЕЖИВУВАЊЕ ДО ПРОСПЕРИТЕТ


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

6

COVER STORY

пишува:

Игор Петровски

С

igor.petrovski@kapital.mk

Светското првенство до 1966 година помина многу неславно за бразилскиот фудбал. Иако победник од претходните два мундијала, тимот беше елиминиран уште во првиот круг, а неговата ѕвезда, Пеле, не успеа да се истакне. Фаулиран пречесто и прегрубо, тој се закани дека никогаш повеќе нема да настапи на светски првенства. Многумина тогаш си помислија дека можеби славните денови на Бразил се веќе минато. Меѓутоа, четири години подоцна, Бразил повторно стана шампион, со таков стил и грациозност, што нивниот тим од таа 1970 година нашироко се смета за најдобриот што било кога се појавил на светските првенства, а исто така и нивниот фудбал за најубав. Пеле, пак, беше прогласен за играч на првенството. За да се направи ваков пресврт, потребна беше иновација, односно, креирање на уникатен напаѓачки стил во фудбалот. Беше потребно да се изгради кохезивен тим, иако поголемиот дел од играчите беше променет. А, беше потребно и лидерство, како во тренерскиот кадар, така и на теренот. Резултат: со сите овие промени, Бразил се врати посилен од било кога. Оваа паралела ја дадоа аналитичарите на меѓународната консултантска куќа McKinsey & Company како вовед во нивното согледување за тоа што ќе се менува сега во пост – пандемичниот свет на економијата, па бразилското враќање на сцената може да даде корисни заклучоци. Сега, компаниите за да се вратат посилни на пазарот, треба да го реосмислат својот бизнис модел. Не е време да се биде изгубен во просторот и времето, а оние што ќе нагазат здраво ќе бидат далеку поподготвени да се соочат со предизвиците и можностите на следната нормалност. Од McKinsey предлагаат четири стратешки области на коишто треба да се фокусираат бизнисите: обновување на приходите; обновување на оперативноста; реосмислување на организацијата и забрзано прифаќање на дигиталните решенија.

Брзо обновување на приходите Брзината е клучна: нема да биде доволно компаниите постепено да ги обновуваат своите приходи како што кризата ќе стивнува. Тие ќе треба фундаментално да го редефинираат профилот на своите приходи, да се позиционираат себеси на долг рок и да

се истакнат пред конкуренцијата. За да го направат ова, компаниите мора да влезат во ФОРМА, што би се рекло со спортски речник.

Ф

орсирање на менталната матрица на стартап е прво што треба да се направи. Тоа значи да се форсира акција наместо истражување, и тестирање наместо анализи. Компаниите да воспостават пракса на агилност и одговорност: дневни проверки на тимот меѓусебно; неделни проверки со директорот од по половина час; и два пати месечно по едночасовни брифинзи со топ менаџментот.

О

перативниот модел на компаниите исто така ќе треба да се редефинира врз основа на тоа како нивните луѓе работат најдобро. На пример, 60% од бизнисите анкетирани од McKinsey во април месец изјавиле дека нивните модели на онлајн продажба се покажале како еднакви (29%) или поефективни (31%) одошто традиционалните канали.

Р

апидно забрзување на процесите на дигитализација, технологија и аналитика. Веќе стана клише: Ковид – 19 кризата го забрза преминот кон дигиталното. Но, најдобрите компании одат и чекор понатаму, со тоа што ги засилуваат и прошируваат своите дигитални канали. Тие се успешни во користењето на напредна аналитика со цел комбинирање на новите извори на податоци, како на пример сателитските снимки, со своите сопствени податоци за да носат подобри и побрзи одлуки и да го засилат својот линк со потрошувачите.

М

ора да разберат компаниите што нивните потрошувачи ќе ценат во пост – корона периодот, и следствено да развијат нови продукти и услуги базирано врз тие согледувања.

А

даптибилноста сега е клучна со оглед на тоа што кризата ги растресе постоечките синџири на набавка и канали. Тоа значи промена на екосистемот и земање предвид нетрадиционални соработки со партнери вдолж синџирот на набавка.

Брзото обновување на приходите не е само начин да се преживее кризата, туку и следната нова нормалност на компаниите. Да претпоставиме дека компаниските лидери се во добра ФОРМА, како да ги изберат своите чекори? Важно е да се идентификуваат примарните извори на приход, и врз основа на тоа, да се направат „сега или никогаш“ чекори практично и пред целосно да почне процесот на закрепнување. Ова може да подразбира и лансирање таргетирани кампањи со цел да се вратат лојалните потрошувачи; креирање потрошувачки искуства фокусирани на подобрување на

здравјето и безбедноста; прилагодување на цените и промоциите врз основа на новите податоци; реалоцирање на трошоците кон докажаните извори на приходи; обучување на продажниот персонал со цел да ги поддржи онлајн продажбите; креирање на флексибилни услови за плаќање; дигитализација на продажните канали; и автоматизација на процесите со цел ослободување простор за продажниот кадар да продава повеќе. Откако ќе се идентификуваат, овие мерки треба ригорозно да се стават како приоритет за да се види нивното влијание врз заработката на компанијата и нејзината способност брзо да реагира. За време на актуелнава криза, некои бизниси работат побрзо и подобро одошто воопшто некогаш си замислувале до пред само неколку месеци. Задржувањето на оваа добра кондиција ќе биде долготраен извор на конкурентска предност во пост – пандемичната економија. u БРЗО ДЕЈСТВУВАЊЕ. Аналитичкиот оддел на Goldman Sachs посочува пример на кинеска рентакар компанија чиишто приходи во месец февруари паднале за 95% поради корона – кризата. Менаџментот не седел со скрстени раце проколнувајќи го карантинот, туку реагирале како стартап. Инвестирале во микро – потрошувачка сегментација и т.н. social listening, односно мерење на популарноста на брендот преку мониторинг на сe’ што се спомнува за него на социјалните мрежи, се’ со цел да направат персонализација на нивната потрошувачка база. При тоа, откриле, на пример, дека многу од технолошките компании им кажувале на своите вработени да избегнуваат јавен превоз. Рентакар компанијава ги искористила овие наоди за да експериментира со таргетирани кампањи,и потоа да ги рафинира по потреба. На оние што првпат ги користеле нивните услуги а ги откажале своите резервации им се јавиле од компанијата да им објаснат за различните безбедносни мерки што ги имаат преземено со цел безбедно возење со минимизирана можност за зараза. А, за да се менаџираат сите овие чекори, компанијата составила три агилни тимови со синергија на нивните вештини и дизајнирале матрица со цел да го следат процесот на закрепнување. Пред кризата, на компанијата и требале и до три недели за да лансира кампања; сега тоа е сведено на максимум три дена. Резултат: за седум недели компанијата повратила 90% од своите приходи, речиси двојно повеќе одошто својот главен конкурент. u РАЗВИВАЊЕ НА АГИЛЕН ОПЕРАТИВЕН МОДЕЛ. Форсирани од итноста, маркетинг и продажните менаџери забрзано користат агилни методи. Се навикнуваат


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

7

Веќе стана клише: Ковид – 19 кризата го забрза преминот кон дигиталното. Но, најдобрите компании одат и чекор понатаму, со тоа што ги засилуваат и прошируваат своите дигитални канали. Тие се успешни во користењето на напредна аналитика со цел комбинирање на новите извори на податоци, како на пример сателитските снимки, со своите сопствени податоци за да носат подобри и побрзи одлуки и да го засилат својот линк со потрошувачите.

на свикување брзи видеоконференциски состаноци со цел решавање на проблемите и им даваат на своите тимови поголеми ингеренции во носењето одлуки. Исто така, битно е и да не се загуби визијата на долг рок и да се избегнат панични реакции.

Обновување на оперативноста Пандемијата на коронавирусот радикално ги смени начините на побарувачка за производите и услугите низ различните сектори, истовремено истакнувајќи ги точките на кршливост на глобалните синџири на набавка и услужни мрежи. Истовремено, зачудувачки е како толку брзо многу компании се адаптираа, креирајќи потполно нови нивоа на визибилност, агилност, продуктивност и поврзаност со крајниот потрошувач. Сега бизнис лидерите се прашуваат: Како да ги одржам овие перформанси? Додека оперативните менаџери бараат начин

да ги обноват начините на работа и својата позиција во новата нормалност, се издвојуваат неколку прашања во овој контекст. u ГРАДЕЊЕ ОТПОРНОСТ НА

ОПЕРАЦИИТЕ. Успешните компании ќе ги редизајнираат своите операции и синџири на набавка за да се заштитат од некаков поширок и поакутен збир на потенцијални шокови. u ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОПЕРАЦИИТЕ.

Многу компании веќе ги дигитализираа своите операции и пред да удри корона – кризата. Ако ги забрзаат овие напори сега, ќе имаат значителна предност во продуктивноста, флексибилноста, квалитетот и поврзаноста со крајниот потрошувач.

u ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА

ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ТРОШОЦИТЕ. За да преживеат и да се развиваат

среде (и после) економскава криза, компаниите треба да ги изградат своите операции околу еден нов пристап кон трошењето. Цел куп на технолошки поткрепени алатки стојат на располагање за да се забрза транспарентноста на трошењето, смалувајќи го периодот од повеќе месеци во само неколку недели, па и денови. u ПРИФАЌАЊЕ НА ИДНИНАТА

НА РАБОТНИТЕ МЕСТА. Иднината на работата, дефинирана преку употребата на повеќе автоматизација и технологија, отсекогаш знаевме дека ќе дојде. Корона – кризата само го забрза процесот. Вработени од сите сектори сега учат како да ги извршуваат задачите на далечина, да користат дигитални алатки за комуникација и сл. На оперативно ниво, ова значи дека промените ќе одат и подалеку, со забрзување на опаѓањето на мануелните и репетитивни задачи,


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

8

COVER STORY

Важно е да се идентификуваат примарните извори на приход, и врз основа на тоа, да се направат „сега или никогаш“ чекори практично и пред целосно да почне процесот на закрепнување. Ова може да подразбира и лансирање таргетирани кампањи со цел да се вратат лојалните потрошувачи; креирање потрошувачки искуства фокусирани на подобрување на здравјето и безбедноста; прилагодување на цените и промоциите врз основа на новите податоци; реалоцирање на трошоците кон докажаните извори на приходи; обучување на продажниот персонал со цел да ги поддржи онлајн продажбите; креирање на флексибилни услови за плаќање; дигитализација на продажните канали а раст на потребата за аналитичка и техничка поддршка.

Реосмислување на организацијата

Во 2019 година, водечкиот продавач во САД, Amazon.com, размислуваше за нов начин на испорака до домовите; планот требаше да се спроведува 18 месеци. Откако корона – кризата ја погоди земјата, планот отиде „во етер“ за само два дена. Има уште многу примери како овој. “Како воопшто сме можеле да си велиме себеси дека не можеме да бидеме побрзи?“, неодамна праша директор на голема компанија за потрошувачка стока. Да го наречеме „големо одмрзнување“: во екот на корона – кризата, организациите се принудени да работат на нови начини, и тие тоа го прават. Многу од овој напредок доаѓа од промена на оперативните модели. Јасни цели, фокусирани тимови и брзо носење на одлуки ја заменија корпоративната

бирократија. Сега, како што светот почнува да се движи кон пост – корона ера, бизнис лидерите мора да се посветат на тоа да не случајно се вратат процесите назад. Клучно е да одлучат кои се, како да работат и како да растат. u КОИ СМЕ НИЕ.

Во криза, она што е битно, многу брзо станува јасно. Стратегии, улоги, личен удел, лидерство... сето тоа може да се види појасно сега. „Социјалниот договор“ помеѓу вработениот и работодавецот се менува во корен. „Ќе биде важно дали всушност сте делувале во насока да ја ставите безбедноста на вработените и заедницата на прво место или само сте рекле така“, изјавил еден директор за McKinsey деновиве.

u КАКО РАБОТИМЕ.

Многу директори периодов истакнуваат примери за тоа како мали, агилни тимови изградени во брзаницата да се справи компанијата со корона – кризата,

донеле важни одлуки побрзо и подобро. Она што компаниите сега го научија, не може да се заборави, имено, дека помалку бирократизирана организација што делегира процеси на одлучување во динамична мрежа на тимови, на крајот е поефективна. Во свет каде што брзите ги победуваат бавните, компаниите што ќе може да ги институционализираат овие форми на брзина и ефективна децентрализација ќе излезат далеку пред конкуренцијата. u КАКО ДА РАСТЕМЕ.

Излегувајќи од кризата, компаниите мора да си одговорат на неколку важни прашања за растот и скалабилноста. Оние организации што направат премин од затворени системи и еден – на – еден трансакциски релации кон дигитални платформи и мрежи на партнерства со обостран бенефит, тие се покажуваат поотпорни во кризава. „Секој бизнис сега е технолошки бизнис, и она што е најбитно е длабокото


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

9 разбирање на потрошувачот, кое што е овозможено од технологијата,“, истакна деновиве директор на голема продажна компанија.

Забрзано прифаќање на дигиталните решенија

Периодов додека трае корона – кризата, се случија многу трансформации: во начинот на којшто комуницираме со нашите блиски; како работиме; како патуваме; како добиваме медицинска грижа; како го поминуваме слободното време и уште многу рутински операции од нашиот секојдневен живот. Овие промени ја забрзаа миграцијата кон дигиталните технологии со невидено темпо, во речиси секој сектор. „Сведоци сме на она што сигурно дека ќе биде запаметено како историско практикување на работата од далечина и дигиталниот пристап до услугите во најразлични сектори“, истакна периодов еден директор на голема технолошка фирма. Тој е во право. И за време на закрепнувањето од Ковид – 19, исто така, дигиталното ќе има пресудна улога.

Пет начини за ресетирање на пазарите на труд после корона пандемијата

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, годинава се падна среде апокалиптичното темпо на губење работни места низ целава планета, како последица на корона – кризата. Светската организација на трудот (ILO), прогнозира дека речиси половина од глобалната работна сила која брои три милијарди луѓе е во ризик од губење на својата работа и извор на егзистенција. За многумина работници, локдаунот го забрза пристигнувањето на “работата на иднината“ (future of work), термин којшто е зачнат последниве години во контекст на релацијата помеѓу можностите и предизвиците на технолошкиот развој и структурните економски фактори што го определуваат квалитетот на животот. За голем број на т.н. white – collar, или што би се рекло „канцелариски“ работници тоа значи работа од дома. За многумина пак работници од фабриките, услужниот сектор и сл., работата на иднината значи потенцијал што се ослободува за машините да ги заменат луѓето, особено откако милиони компании низ светот размислуваат или веќе работат на автоматизација и роботизација на процесите. За оние што се во здравствениот сектор, грижата за стари и болни и образованието, веќе одамна се наметнува прашањето за повторно дефинирање на значењето и суштинската природа на овие професии за човештвото во време на дигитализација. Оние луѓе што се вработени во т.н. неформален сектор, фриленсери, итн., промената на парадигмата за работната сила на иднината отвора дилеми за нивната социјална заштита.

Потребна е итна акција за да се заштитат работни места, да се одржат врските помеѓу вработувачите и вработените, да се одржат на површината и големите и малите работодавци, како и да се обезбеди дополнителна поддршка на приходот на домаќинствата и други мерки за сигурност насочени директно кон работниците и нивните семејства, пишува Светскиот економски форум деновиве. Ова се всушност и подрачјата каде што се насочени напорите на многу од развиените економии периодов, но многу поголема поддршка е потребна во земјите во

развој и неразвиените. „Мора да го препознаеме овој момент како прилика да изградиме подобра основа за еден поздрав пазар на труд и поправичен свет“, вели Саадиа Захиди, директор на Светскиот економски форум. Таа наведува пет начини како да се стори тоа:

Засилете ги процесите на преквалификација и доквалификација

Изминативе години, многу држави, компании и вработени го почнаа глобалниот тренд на преквалификација и доквалификација со цел подобро да


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

10

COVER STORY

Пандемијата на коронавирусот радикално ги смени начините на побарувачка за производите и услугите низ различните сектори, истовремено истакнувајќи ги точките на кршливост на глобалните синџири на набавка и услужни мрежи. Истовремено, зачудувачки е како толку брзо многу компании се адаптираа, креирајќи потполно нови нивоа на визибилност, агилност, продуктивност и поврзаност со крајниот потрошувач. Сега бизнис лидерите се прашуваат: Како да ги одржам овие перформанси?

се подготват за промените што ги носи т.н. Четврта индустриска револуција. Иако во моментов еден микроскопски натрапник е виновен за колапс на глобалниот пазар на работна сила, а не „подемот на роботите“, станува јасно дека пандемијата неизбежно ќе ја забрза дигитализацијата и автоматизацијата во многу индустрии и сектори од економијата. Овие процеси ќе бараат нови инвестиции и механизми за преквалификација и доквалификација на работниците, и во делот на типичните човечки вештини, и во оние дигиталните. Иако интересот за бизнисите за онлајн едукација и тренинзи веќе молскавично порасна среде карантинов, клучно е и за работодавците да ги засилат тренинзите на своите вработени за нови вештини, како и за државите проактивно да работат на обезбедување обемен фискален стимулус за инјектирање во економиите со цел подготовка на вработените за пост – пандемичната економија.

Идентификувајте ги работните места на иднината Светскиот економски форум го понуди прегледот „Работни места на иднината“ (Jobs of Tomorrow) на почетокот од 2020 година. Овие работни позиции се во голема мера

концентрирани меѓу оние професии што подразбираат грижа за луѓето, зачувување на планетата, менаџирање со нови технологии и комуницирање на нови продукти и услуги: Зелена економија; Луѓе и култура; Податоци и вештачка интелигенција; Инженерство и cloud computing; Развој на продукти; Продажба, маркетинг и содржини. Со оглед дека пандемијата ја истакна клучната улога што ја имаат здравствените работници, продавниците, училиштата и останатите суштински сектори за функционирање на општеството, токму во нив допрва ќе растат потенцијалите. Слично на ова, ќе расте и улогата на секторот креирање и менаџмент со технологија, е - трговија и сл. А, како што државите ќе се трудат да ги застанат повторно на нозе своите економии, ќе се појават и нови извори на раст и работни места во секторот зелена економија, научни и здравствени истражувања, како и дигитална инфраструктура. За земјите во развој, повеќе од било кога клучен ќе биде нов проактивен пристап кон работните места на иднината, затоа што глобалните синџири на додадена вредност во моментов се редефинираат, односно се преиспитува моделот на развој базиран на фабричко производство.

Приоритет да ви бидат политиките на вработување

Во пост – пандемичната економија критична ќе биде поддршката на луѓето што останале без работа, како и на тие што се со висок ризик да ја загубат. Многу компании веќе почнаа со давање поддршка на краток рок што значи префрлање на отпуштените работници од секторите за кои сега има ниска побарувачка во оние со висока побарувачка на пазарот, како на пример логистика, здравствена заштита, итн. Во земјите кои што имаат воспоставени системи за вакво менаџирање со работната сила, работниците веќе се подобро згрижени одошто во оние земји што немаат проактивен пристап. А, владите, додека размислуваат за следниот сет на фискални стимулации, мора исто така да го вклучат тука и пазарот на труд, односно услугите што помагаат во менаџирањето со работната сила што е моментално на принуден одмор или што ги загубиле своите работни места. Тука спаѓаат и услугите за истражување на пазарот, за посредување помеѓу работодавците и работниците, разни алатки за барање работа и сл. Пред една деценија, вакви политики беа успешно користени за да се менаџира големата невработеност предизвикана од финансиската криза.


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

11

тно Беспла ај! им до 31-в

Заштитете се и користете НЛБ мКлик мобилно и НЛБ Клик електронско банкарство бесплатно до 31- ви мај! Реализирајте ги сите банкарски трансакции од дома, без посета на експозитура! Со НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство имате постојан увид на сите трансакции, можете да ги плаќате сите Ваши сметки, обврски по кредити или картички и да ги вршите сите банкарски работи преку Вашиот мобилен телефон или компјутер. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

12

COVER STORY

Светскиот економски форум го понуди прегледот „Работни места на иднината“ (Jobs of Tomorrow) на почетокот од 2020 година. Овие работни позиции се во голема мера концентрирани меѓу оние професии што подразбираат грижа за луѓето, зачувување на планетата, менаџирање со нови технологии и комуницирање на нови продукти и услуги: Зелена економија; Луѓе и култура; Податоци и вештачка интелигенција; Инженерство и cloud computing; Развој на продукти; Продажба, маркетинг и содржини. Со оглед дека пандемијата ја истакна клучната улога што ја имаат здравствените работници, продавниците, училиштата и останатите суштински сектори за функционирање на општеството, токму во нив допрва ќе растат потенцијалите. Слично на ова, ќе расте и улогата на секторот креирање и менаџмент со технологија, е - трговија и сл.

Бидејќи оваа криза е од поинаква природа и обем, клучно е овие сервиси да бидат надградени и спремни за функционирање во пост – пандемичниот период на закрепнување.

Редефинирајте кои се есенцијални работни места и подобрете го нивниот квалитет

Станува сè појасно дека нашите најбитни работници во моментов се во секторите што се најниско платени и најподложни на ризик и дека во многу економии во развој на овие работни места им фали социјална заштита, како во формалната, така и во неформалната економија. Периодот по Големата Депресија и Втората светска војна во САД се случи формализација на правото на викенд и другите работнички права, како и креирање на здравствена, социјална заштита и инвестиции во образование во Европа.

Сепак, иако природата на економиите оттогаш се промени, регулативите, стандардите и платите на работниците не држеа чекор со потребите на работниците – и во многу случаи, тоа го правеа и работодавците. Паралелно со менаџирањето на итноста на ситуациите во кризава, треба да е императив на државите, бизнисите и синдикатите да работат заедно кон нов историски чекор во надградувањето на протоколите за менаџирање на пазарите на труд.

Закрепнување преку соработка, ресетирање и изградба на економиите

Соработката меѓу работодавците, владите и работниците, национално и глобално, ќе биде клучно за закрепнувањето. Светскиот економски форум во јануари годинава ја објави платформата Reskilling Revolution,

посветена на подобрување на образованието, вештините и работните места на милијарда луѓе до 2030 година. Форумот сега ја посветува оваа платформа на поддршка на владите, компаниите и едукаторите со цел да им помогне на работниците и студентите во надминување на кризата, размена на најдобри практики и изградба на подобро образование, вештини и работни места за пост – пандемичното закрепнување. Пандемијата појасно од било кога ги истакна нееднаквостите и неадекватностите во системите. Исто така, ги рефокусира мислите на светските лидери кон фундаменталните вредности на човечкиот живот, човечкиот потенцијал и егзистенцијата. Сега е вистинскиот момент да се инвестира во нашето најскапоцено нешто: човечкиот капитал. nnn



Капитал број 1061 08.05.2020

14

ИНТЕРВЈУ


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

15

САШО НАУМОСКИ

ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА „ВИТАМИНКА“ - АД ПРИЛЕП

СИТЕ НАШИ АКТИВНОСТИ ВО КОРОНА - КРИЗАТА СЕ НАСОЧЕНИ КОН ДОБРОТО НА ВРАБОТЕНИТЕ И ГРАЃАНИТЕ Воведовме вонредни мерки за превенција и заштита на нашите вработени. Немавме никакви рационализации или кратење на трошоците. Токму спротивно, една од мерките што ги спроведовме за полесно справување со кризата повторно беше насочена кон нашите вработени со пакет производи и со награда на плата за оние кои постојано доаѓаа на работа на определени работни позиции. Во овој период и со цел полесно надминување на последиците од кризата, со сите наши активности во прв план ги ставивме вработените и граѓаните. Трошоците за реклама ги пренасочивме во хуманитарни цели, а инвестициите ги пролонгиравме за 2-3 месеци.


Капитал број 1061 08.05.2020

16

ИНТЕРВЈУ Април беше катастрофално лош. Прво, поради мерките за карантин, второ, поради намалениот број на вработени - работевме само во една смена, но и многу вработени од администрација ги ослободивме на принуден одмор - април го завршивме со послаби резултати од лани за повеќе од 20%.

разговара:

Игор Петровски

Ф

igor.petrovski@kapital.mk

Фабриката за прехранбени производи „Витаминка“ од Прилеп е меѓу најголемите производители и извозници во овој сектор од земјава, со приходи од продажба во износ 41 милион евра минатата, 2019 година, што било пораст од 10% во однос на претходната. Годинава, поради корона – кризата почнаа посериозни мерки на рестрикции во Македонија од средината на март, месец кога „Витаминка“ немала за среќа промени во продажбите, но веќе во април, според зборовите на генералниот извршен директор Сашо Наумоски почнале да се чувствуваат последиците од државниот карантин и намалениот обем на работа, па приходите се помали за 20% во однос на истиот месец лани. Со г-дин Наумоски разговаравме за тоа како компанијата се справува со актуелнава криза предизвикана од пандемијата Ковид – 19 и кои се очекувањата и целите за периодот што следи. XДали X Витаминка претрпе некакви штети досега од корона – кризата и во колкав обем се тие, во смисла на намалување на продажба во март – април, извоз, итн.? Во месец март немавме пад, беше на исто ниво на ланскиот март, освен кај маслото за јадење „Брилијант“ каде имавме прилично зголемена продажба. Но април беше катастрофално лош. Прво, поради мерките за карантин, второ поради намалениот број на вработени работевме само во една смена, но и многу вработени од администрација ги ослободивме на принуден одмор. Завршивме со послаби резултати од лани за повеќе од 20%. Сепак, веруваме дека целата ситуација околу здравствената криза ќе заврши за брзо, па така поголемите негативни последици ќе изостанат, а евентуалните проблеми успеаваме да ги превенираме и навреме да реагираме. XКолку X е генерално кондиторијата/ прехранбената индустрија погодена од кризата, дали луѓето

помалку или повеќе купуваат благо, на пример, кога се дома во карантин? Како се одразува тоа на вашето производство? Потребите на граѓаните и навиките остануваат исти, оваа состојба засега не предизвика промени во однос на потрошувачката и на потрошувачките навики. Навиките не се менуваат лесно. Но, едноставно нема доволно време за купување во маркетите. Саботите и неделите никој нема да ги надомести. Секој влегува брзо, купува основни производи кои му фалат, и заминува. Недостасува потрошувачката од Хорека (хотели – ресторани – кафе барови, н.з.) секторот, кој ни е голем потрошувач. Исто така се чувствува страв, но и помали примања на потрошувачите. Едноставно голем број на луѓе останаа принудно дома, но и без работа. Па следствено на тоа, имаме намалена потрошувачка. XДали X пандемијата влијаеше врз порастот на цените на некои клучни суровини за вашето производство, или пак, обратно, има тенденции на намалување на цените, како кај нафтата, поради помалата побарувачка, на пример? Витаминка има одамна одлично воспоставен систем на снабдување со суровини и репроматеријали. Така што, целосната набавка на потребните суровини кај нас се одвива однапред. Сето она што зависи од светските берзи и глобалните пазари, може да го очекуваме во периодот што следи или како after shock ефект. Кај транспортот се случи некоја аномалија. Цената на нафтата паѓа, а цената на превозот се зголеми поради отежнатите услови за превоз. Кога целиот свет и сите пазари се наоѓаат во оваа ситуација, проекциите и очекувањата би биле премногу лабилни и хипотетички, за да може некој прецизно да ги предвиди тенденциите. XДали X од извозните пазари се чувствува некаков притисок, најава за помали или откажани нарачки и сл.? Редовно и постојано комуницираме со нашите дистрибутери и посредници од екс југословенските и од останатите земји во регионов каде продаваме наши производи, а во две соседни земји имаме и наши компании. Секаде се чувствува пад на продажбата. Извозот во април на овие пазари имаше голем

пад, освен во Косово каде ја задржавме ланската реализација. Скоро во сите овие земји се води некоја кампања за купување на домашни производи. Што се однесува за подалечните пазари немаме откажување на нарачки. XКакви X мерки преземате вие како компанија периодов за надминување на последиците од корона – кризата? Мислам, пред сè на кризни мерки од типот на рационализација, кратење трошоци, засилување на онлајн продажба, итн.? Со цела одговорност кон нашите вработени, кон производството и потрошувачите, единствените кризни мерки што се презедоа во Витаминка се во насока на поголема безбедност и заштита. Се воведоа вонредни мерки за превенција и заштита на нашите вработени. Немавме никакви рационализации или кратење на


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

17

Секаде во регионов се чувствува пад на продажбата. Извозот во април на овие пазари имаше голем пад, освен во Косово каде ја задржавме ланската реализација. Скоро во сите овие земји се води некоја кампања за купување на домашни производи. Што се однесува за подалечните пазари немаме откажување на нарачки. трошоците. Токму спротивно, една од мерките што ги спроведовме за полесно справување со кризата повторно беше насочена кон нашите вработени со пакет производи и со награда на плата за оние кои постојано доаѓаа на работа на определени работни позиции. Во овој период и со цел полесно надминување на последиците од кризата, со сите наши активности во прв план ги ставивме вработените и граѓаните. Трошоците за реклама ги пренасочивме во хуманитарни цели, а инвестициите ги

пролонгиравме за 2-3 месеци. XКако X бизнис лидер и акционер на голема компанија, како ги оценувате досегашните антикризни мерки донесени од Владата? Кои би биле вашите клучни забелешки за тие мерки, дали се доволни, адекватни, навремени, итн.? Да, државата во клучен момент истапи и ни помогна, кога проблем беше превозот на репроматеријали од други држави, ја олесни процедурата околу дозволи. Други мерки за прехранбената

индустрија и големите компании досега не се предвидени од Владата. Така да, нема што да коментирам. XСпоред X вас, какви последици ќе остави пандемијата врз економијата на крајот, дали некои работи ќе бидат трајни променети во начинот на водење бизнис, па и начинот на живот, на крајот на денот? Сигурно ќе се случат промени, односно тие веќе се случуваат. Индустријата ќе претрпи промени, но ние и така треба да


Капитал број 1061 08.05.2020

18

ИНТЕРВЈУ

Индустријата ќе претрпи промени, но ние и така треба да се менуваме и да го следиме животниот тренд. Најголемите промени ќе бидат во начинот на живот и секојдневното однесување. По надминување на првичниот страв, уште долго време сите ќе останеме повнимателни во однос на слободата со контактите и движењето. се менуваме и да го следиме животниот тренд. Најголемите промени ќе бидат во начинот на живот и секојдневното однесување. По надминување на првичниот страв, сите ќе станеме повнимателни во однос на слободата со контактите и движењето. Уште долго време ќе се однесуваме како се’ уште да има здравствена закана. Здравјето и безбедноста ќе ни останат приоритет уште многу долго. XКои X се клучните цели за работењето на вашата компанија до крајот на годинава, но и периодот потоа? Претпоставувам дека плановите и проекциите се променети, што ќе биде сега клучна цел? Се соочуваме со неочекувана ситуација, што ќе предизвика промени во функционирањето на компаниите. Никој не можеше да ја претпостави ситуацијата. Треба да се адаптираме на моменталните потреби и така да се одвива производството. Имаме воспоставено континуирано

производство што се одвива според побарувачката. Производствените капацитети ни се намалени, така работат непречено и досега без поголеми проблеми имаме соодветна дистрибуција насекаде. Имаме одговорност да го доставиме тоа што му треба на нашиот потрошувач, секаде и во секое време, и со најдобар рок на траење. Треба да овозможиме животните потреби да се задоволуваат непречено. XМалку X за делот на општествена одговорност... Какви акции и мерки презедовте досега како компанија за придонес кон пошироката заедница во напорите за надминување на последиците од корона – кризата? Нашата општествената одговорност во овој период ја насочивме најмногу кон здравствениот сектор, така што досега имаме дадено повеќе од 80 илјади евра во донации. Дел се однесуваат на директна набавка на медицинска опрема, дел за средства

за дезинфекција и помош со производи на ранливи категории на лица. Само за Министерството за здравство дониравме околу 30 илјади евра и тоа во медицинска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, 1000 PCR тестови за COVID-19. Медицинска опрема дониравме и за Здравствениот дом во Прилеп. Имаме континуирани донации во средства, производи или финансиска помош на невладини организации, хуманитарни организации, здруженија и центри за лица со посебни потреби. Ова е период кога компаниите треба да ја покажат својата солидарност и кон вработените и кон целата заедница, најмногу досега и да го дадат својот придонес со тоа што ќе се стават во служба на граѓаните и државата. Нашата улога, како производен субјект од прехранбена индустрија е клучна во многу аспекти, но пред сè да бидеме фокусирани да го поминеме овој период.

nnn



Капитал број 1061 08.05.2020

20

ЕКОНОМИЈА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

21 КАКО ДА СЕ ЗАБРЗА ЕКОНОМИЈАТА ПОСЛЕ КОВИД – 19

ИНФРАСТРУКТУРНА ОФАНЗИВА ПРОТИВ УДАРОТ ОД ПАНДЕМИЈАТА Притисокот од негативните економски последици, но во исто време задржувајќи го здравјето на граѓаните како врвен императив, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за омекнување на рестрикциите. Работата од дома можеби и ќе продолжи да биде практика во оние компании каде што е тоа можно, но

одредени бизниси се во исчекување да се омекнат најрестриктивните мерки за движење на луѓето за да почнат да работат. Бидејќи цел свет е во иста каша, владите од повеќето земји, веројатно ќе го применат веќе проверениот начин на забрзување на економската активност со фискален стимул, односно повеќе пари од државните буџети.


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

22

ЕКОНОМИЈА

пишува:

Александар Јанев

Д

aleksandar.janev@kapital.mk

Додека пандемијата со коронавирусот малку по малку стивнува, светот се подготвува да се врати во нормала, но соочен со една универзална вистина – животот после оваа пандемија ќе биде многу поразличен од претходно. Маски, средства за дезинфекција на рацете и дистанца од најмалку два метра меѓу луѓето ќе бидат дел од новата нормалност, се додека ризикот од повторен бран на ширење на вирусот не се сведе на минимум со ефикасна терапија или вакцина. Големото затворање како што го нарекоа меѓународните финансиски институции овој период на целосен карантин и полициски час во општеството веќе предизвика значителни економски штети. Индустриското производство во март се намали за 13,4% а извозот падна дури 26,8%. Се очекува падот да биде многу поостар во април кога пандемијата го достигна пикот а соодветно на тоа и рестрикциите за движење. Во овој период, околу 7.000 граѓани ги загубиле своите работни места. Економската активност несомнено е намалена, па така рецесијата годинава е сосема извесна. Прогнозите се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. Токму притисокот од негативните економски последици, но во истовреме задржувајќи го здравјето на граѓаните како врвен императив, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за омекнување на рестрикциите. Работата од дома можеби и ќе продолжи да биде практика во оние компании каде што е тоа можно, но одредени бизниси се во исчекување да се омекнат најрестриктивните мерки за движење на луѓето за да почнат да работат. Јасно е дека пандемијата не натера сите повеќе да ги користиме платежните картички за купување онлајн наместо кеш. Податоците на Народната банка покажуваат дека бројот на плаќања иницирани преку електронското банкарство во март е зголемен за околу 30% на годишна основа, што е многу

повеќе во споредба со трендовите во претходниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска - Бежоска, посочи дека според првичните податоци од платежната статистика, чијашто обработка е во тек, зголемено е користењето и на компјутерите и на мобилните телефони за извршување на плаќања. Во март, годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер изнесувал околу 26,4%, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот бил 5,4%. Истовремено, како што кажа гувернерката, бројот на плаќања преку мобилен телефон е зголемен за околу 45,5% на годишна основа. Од друга страна, забележан е пад од околу 7% на годишна основа кај плаќањата иницирани на хартија. „Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба“, посочи АнгеловскаБежоска. Но некои навики на луѓето не се менуваат лесно. Тие секогаш ќе сакаат да патуваат, да пијат кафе во барови, да јадат во ресторани или пак да купуваат во шопинг центри. Во очекување на одмрзнување на општествата, прашањето што си го поставуваат сега економистите е како да се забрза економијата после пандемијата?! Бидејќи цел свет е во иста каша, владите од повеќето земји, веројатно ќе го применат веќе проверениот начин на забрзување на економската активност со фискален стимул, односно повеќе пари од државните буџети. Економистите сугерираат најголем дел од парите од јавните приходи но и од задолжувањата, да се наменат за инвестиции во инфраструктура која ќе биде технолошки напредна и одржлива. Според процените, секое вложено евро, во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта, носи поврат во економијата од 4 евра. Препораките од Светскиот економски форум се главниот фокус при инвестициите во инфраструктура да биде на дигитализација на процесите, инвестирање во клауд компјутерски системи, потоа инвестиции во енергетска инфраструктура и обновливи извори на енергија, посебно добиена енергија од ветар и сонце, со кои ќе се намалат емисиите на гасови. Исто така инвестиции и во социјална инфраструктура од која ќе имаат бенефит општествата, како училишта и подобри здравствени системи, кои

ПРОЦЕНИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА ГОДИНАВА

Светска банка Влада Народна банка Европска Комисија ММФ

-3,2% -3,4% -3,5% -3,9% -4%

ќе користат најнови и најнапредни техники и иновации што ќе можат да одговорат на новото време. Во македонскиот буџет за годинава, за изградба на капитални објекти се планирани вкупно 386,5 милиони евра. Но извори од Владата велат дека оваа цифра ќе се зголеми, откако речиси сите меѓународни финансиски институции, како ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската Комисија преку Фондот за солидарност, досега обезбедија заеми од 726,5 милиони евра. Дополнително, се планира задолжување и со еврообврзница. Освен за капитални објекти, за поттикнување на домашната потрошувачка на краток рок, властите размислувале и за воведување повеќе видови субвенции за најзагрозените граѓани. Ваквите мерки побрзо ќе ја вратат економијата на брза лента, па според процените последниот квартал годинава и следната година, растот ќе забрза и до 7%.

Ударот во април и потресите потоа

Според сите процени, најсилен удар од пандемијата ќе се отслика во статистиката за април, кога всушност рестрикциите за движење беа најригорозни. Засега, Агенцијата за вработување објави дека само во април, бројот на невработени се зголемил за 6.737 луѓе, а претходно во март се пријавиле 1.564 невработени, со што вкупната бројка за овие два месеца изнесува 8.301. Претходно статистиката на Google забележа намалување на движењето на граѓаните до работните места за 82% што исто така беше сигнал дека голем дел од граѓаните ги загубиле своите работни места. А дека луѓето се соочуваат со голем предизвик како да се преживее оваа криза покажува и податокот дека дури две третини од граѓаните прифатиле одложување на ратите за кредитите, мерка што банките им ја понудија како помош во време на пандемија. Кризата е очигледна и во реалниот сектор. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во март паднало за 13,4% споредено со истиот период лани, но се очекува овој пад да биде


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

23


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

24

ЕКОНОМИЈА

Економистите сугерираат најголем дел од парите од јавните приходи но и од задолжувањата, да се наменат за инвестиции во инфраструктура која ќе биде технолошки напредна и одржлива. Според процените, секое вложено евро, во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта, носи поврат во економијата од 4 евра. Во македонскиот буџет за годинава, за изградба на капитални објекти се планирани вкупно 386,5 милиони евра. Но извори од Владата велат дека оваа цифра ќе се зголеми, откако речиси сите меѓународни финансиски институции, досега обезбедија заеми од 726,5 милиони евра. Дополнително, се планира задолжување и со еврообврзница. Освен за капитални објекти, за поттикнување на домашната потрошувачка на краток рок, властите размислувале и за воведување повеќе видови субвенции за најзагрозените граѓани. уште поостар во април, месецот кога се воведе и полициски час. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство има кај преработувачката индустрија од дури 14,3%. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 115%, додека во секторот рударство и вадење на камен индустриското производство бележи опаѓање од 10,8%. Извозот во март, исто така е намален и тоа за дури 26,8%. По одделни производи, најголем пад има извозот на нафтени деривати и тоа за 18,8%, потоа следува машини и транспортни уреди каде што е евидентиран пад

од 13,8% и хемиски и сродни средства каде што се смета и извозот на најголемата фабрика во земјава, Џонсон Мети, со намалување од 11,9%. По земји, најголем пад на извозот има во Белгија и тоа 33,5%, потоа во Италија со 27,8% и Германија со намалување од 14,2%. Овие трендови во реалниот сектор, се одразија и на темпото на полнење на државната каса. Според Министерството за финансии, буџетските приходи во април изнесуваат 230,9 милиони евра, што претставува пад од 20% споредено со април минатата година, од кои даночните се намалени за 31% во однос на лани, додека пак кај

придонесите нема разлика. „Со оглед на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, запирањето на економските активности или отежнувањето на некои синџири на набавка, падот на приходната страна е очекуван. Сепак, во основното сценарио кое Министерството за финансии го имаше направено на почетокот на оваа криза, таканареченото поповолно сценарио, проектираниот пад за април е повисок од реализираниот, односно изнесува 40% на даночните приходи. Ова значи дека имаме подобра наплата за 1,4 милијарди денари во однос на корона проекциите за април, односно нашето разработено


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

25


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

26

ЕКОНОМИЈА

сценарио може да се каже дека било поконзервативно или претпазливо“, изјави министерката Нина Ангеловска. Најголемо натфрлање има кај данокот на добивка.

Остар економски пад до јуни и брзо закрепнување потоа

Министерката за финансии нагласи дека согласно резултатите за март и април, како и проекциите за светските економии и нашите најголеми трговски партнери, веќе е појасна сликата и може да се излезе со проекција за економскиот раст согласно основно сценарио. „Гледаме дека и многу поразвиени економии, како САД и Германија, очекуваат значајно забавување на економиите годинава, односно негативен економски резултат. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд за нив се -5,9% и -7% респективно, додека за цела Европска Унија 7,1%. За македонската економија ММФ проектираше -4% на почетокот на април. На крајот на април, Светска банка за земјава проектираше забавување на економската активност помеѓу -1,4% до -3,2% од БДП, односно од пооптимистично до помалку посакувано сценарио. Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4% со тоа што ефектите од кризата врз економијата се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст“, рече Ангеловска. Народната банка исто така ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од -3,5% за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народната банка проектира раст од 4,7%. Како што истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, се очекува пад кај сите компоненти на БДП, освен кај јавната потрошувачка. Кај личната потрошувачка се очекува пад од околу 4% поради пад на расположливиот доход во услови на неповолен пазар на труд и пад на приватните трансфери, забавување и на кредитната поддршка, зголемена неизвесност и воздржаност, кај бруто инвестициите пад од околу 10% поради помали странски, но и домашни јавни и приватни инвестиции, поради зголемена неизвесност и забавена кредитна поддршка. Кај извозот пад од околу 17%, поради намалена странска побарувачка, застој во синџирите на снабдување и домашни рестриктивни мерки и намалената лична и инвестициска побарувачка, а падот на извозот ќе доведе и до пад на увозот од

ПЛАЌАЊАТА СО КАРТИЧКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ЗГОЛЕМЕНИ ДВОЈНО

П

андемијата ги натера сите повеќе да ги користат платежните картички за купување наместо кеш. Податоците на Народната банка покажуваат дека бројот на плаќања иницирани преку електронското банкарство во март е зголемен за околу 30% на годишна основа, што е многу повеќе во споредба со трендовите во претходниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека според првичните податоци од платежната статистика, чијашто обработка е во тек, зголемено е користењето и на компјутерите и на мобилните телефони за извршување на плаќања. Во март, годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер изнесувал околу 26,4%, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот бил 5,4%. Истовремено, како што кажа гувернерката, бројот на плаќања преку мобилен телефон е зголемен за околу 45,5% на годишна основа. Од друга страна, забележан е пад од околу 7% на годишна основа кај плаќањата иницирани на хартија. „Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба“, посочи Ангеловска-Бежоска.

околу 15%. Во однос на депозитите и кредитирањето, Ангеловска - Бежоска посочи дека намалената економска активност ќе има неповолни ефекти врз перформансите на компаниите и доходот на населението, а со тоа и врз потенцијалот за штедење и оти се очекува забавување на депозитниот раст на 2,3% и на кредитниот на 3% оваа година, а потоа се очекува постепено забрзување до околу осум, односно седум отсто на среден рок. Според гувернерката ризиците се составен дел на секоја проекција, но овој пат тие се исклучително високи и произлегуваат од надворешното окружување, но и од домашниот

контекст, па поради тоа симулација на двојно подлабок пад на странската ефективна побарувачка во 2020 година, односно пад од 10% (наспроти 5%) би довело до подлабок пад на БДП за 2,3 п.п., споредено со основната проекција, при понагласени неповолни ефекти врз извозот и инвестициската побарувачка. Гувернерката потенцира дека најновите проекции значат целосно редефинирање на макроекономската слика за оваа година и дека на краток рок се проценуваат неповолни ефекти во повеќе сегменти, но се очекува задржување на здравите фундаменти што ќе биде од исклучително значење во периодот на закрепнување. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1061 08.05.2020

28

ПОЛИТИКА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

В

Капитал број 1061 08.05.2020

29

Во време на здравствена криза кога секоја една точна информација може буквално живот да вреди, одговорноста на медиумите и на самите новинари е огромна. Но, тука е и одговорноста на имателите на информации и диригентите на политичко економските сцени кои би требало барем во вакви услови да се откажат од секаков друг интерес освен од оној на граѓаните.

СЕ БАРА ВАКЦИНА И ЗА ПРОПАГАНДА


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

30

ПОЛИТИКА

пишува:

Катерина Синадиновска

Л

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Лагата маскирана како информација во ек на пандемијата со коронавирусот не е само македонски проблем - целиот свет се соочува со наплив на дезинформации кои се судираат дури и со науката и научните ставови во однос на потеклото на вирусот и неговите карактеристики. Кај нас ова најчесто има политичка или партиска позадина. Но, она што ширачите на лажни вести не го разбираат е дека не го уништуваат само правото на граѓаните да бидат вистински информирани, туку и им вршат услуга на властите, на кои сигурно им е полесно да демантираат дека денарот девалвирал или дека ќе има криза за брашно, отколку да се соочат со сериозна и аргументирана критика. Во време на здравствена криза кога секоја една точна информација може буквално живот да вреди, одговорноста на медиумите и на самите новинари е огромна. Но, тука е и одговорноста на имателите на информации и диригентите на политичко - економските сцени кои би требало барем во вакви услови да се откажат од секаков друг интерес освен од оној на граѓаните. Географски, Македонија е совршено погодна почва за судир на интересите на геополитичките центри на моќ. А таму каде што има судир на интереси, се разбира дека има и судир на пропаганда.

Вистинските вести се лек за лажните

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез, во специјален разговор за „Капитал“ вели дека професионалното новинарство е најдобар противотров за теориите на заговор: „Етичкото новинарство, независните медиуми, транспарентноста од оние кои се на власт, медиумската писменост и слободниот проток на информации се најдобриот противотров за дезинформациите и теориите на заговор за ширењето на КОВИД-19 низ целиот свет. Во тој конкретен контекст, Европската федерација на новинари (ЕФЈ) го поздрави краткиот извештај за политиката што неодамна го издаде ЧЛЕН 19.“ вели тој. Гутиерез вели дека сега повеќе од кога и да е ни се потребни професионални

новинари на теренот. „Граѓаните сметаат на нив да известуваат за реалното влијание на пандемијата, да ги објаснуваат заштитните мерки и да инсистираат на одговорност од донесувачите на одлуки. Притоа, ЕФЈ ги замолува сопствениците на медиумите да се воздржат од каква било иницијатива за намалување на платите, правата и заштитата на медиумските работници “ вели тој. ЕФЈ смета дека државите, медиумите и компаниите за социјални медиуми можат да помогнат во борбата против КОВИД-19 со посветеност на транспарентност, решавање на дезинформации и промовирање на авторитативни здравствени совети. „Веруваме дека не е време државите да преземат рестриктивен пристап кон слободата на изразување и информации. Ни треба целосна транспарентност и отворен јавен дискурс за ширење на вирусот и опциите за борба против него “, додава Гутиерез. Во правилникот за кого што зборува Гутиерез дадени се неколку предизвици за слободата на изразување и информации за време на тековната криза СОВИД-19 и дава клучни препораки за владите, медиумите и компаниите кои се однесуваат на социјални медиуми. Гутиерез вели дека не се забележани многу случаи на дезинформација на „ковид-19“ кои доаѓаат од професионални новинари. Академските истражувања покажаа дека социјалните медиуми - главно Facebook и Whatsapp - се главниот вектор за ширење на дезинформациите. „Во овој контекст, на луѓето им треба повеќе од кога и да било порано доверливи информации. Тие се потпираат на новинарите да дадат таква потврдена информација и да ги земат предвид политичарите во врска со нивните одлуки за мерките за борба против пандемијата. Затоа е толку важно да се почитуваат етичките правила во таков контекст.“ вели тој.

Квалитетните вести бараат поддршка и од читателите

ЕФЈ издаде и заедничка изјава со која се бара од луѓето коишто читаат, гледаат, слушаат вести и следат медиуми - големи и мали, локални и меѓународни, печатени, дигитални или емитувани, да придонесат, колку што можат, со претплата и членство. „Собирањето вести е тешко и скапо во нормални времиња и сега е уште потешко и поскапо. Знаеме дека е тешко време да се побара ваков вид поддршка. Пандемијата остави десетици милиони луѓе без приходи во време на акутна потреба за безбедно засолниште, одржување и - за многумина - медицински третман.

ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ

генерален секретар на НАТО

Лажните вести и информации ги лиферуваат државни и недржавни институции со цел да внесат раздор меѓу земјите членки. Затоа потребно е сојузниците да соработуваат за да се разоткријат и спречат таквите влијанија. Плаќањето за вести може да изгледа недостапен луксуз во моментов, но нам ни требаат овие новинари и новински услуги повеќе од кога било - и ним им требаат “, вели тој и додава дека ова може да биде како едно од решенијата за подобрување на квалитетот на содржините. Уште на почетокот на кризата македонскиот претседател, Стево Пендаровски апелираше информирањето да биде од официјални извори. „Во вакви ситуации, кога се случува епидемија на болест, има и епидемија на лажни вести кои креваат паника кај населението, при што се создава ситуации кога не им се верува на официјални, туку на алтернативни продуценти на вести. Нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести за предизвикување паника. Не се работи за незнаење, туку за организирано и планско, со цел дополнително да се влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите“ рече тој. Во борбата со дезинформациите кај нас вклучени се и Министерството за внатрешни работи, како и она за администрација и информатичко општество. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

31

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

РИКАРДО ГУТИЕРЕЗ

БОЈАН КОРДАЛОВ

Нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести за предизвикување паника. Не се работи за незнаење, туку за организирано и планско, со цел дополнително да се влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите.

Етичкото новинарство, независните медиуми, транспарентноста од оние кои се на власт, медиумската писменост и слободниот проток на информации се најдобриот противотров за дезинформациите и теориите на заговор за ширењето на КОВИД-19 низ целиот свет.

Не можете да им забраните на граѓаните да веруваат во лаги, во една демократија тоа не е воопшто тема. Но, можете да им понудите кредибилни информации и транспарентни институции.

претседател

генерален секретар на Европската асоцијација на новинари

експерт

НАЈГОЛЕМИТЕ ЛАГИ ЗА КОРОНАТА

В

о контекст на борбата со дезинформациите НАТО Алијансата објави листа со најчестите митови кои се распространети низ населението, а се однесуваат на вирусот и „одговорноста“ на НАТО, посочувајќи ги како - руски митови кои се шират на социјалните мрежи. НАТО притоа објави факти со кои се демантираат таквите дезинформации посочувајќи дека НАТО е создадено за да се справува со кризи, и дека работи во насока да спречи здравствената да стане и безбедносна криза.

XX КОВИД-19 ќе доведе до распад на НАТО XX Коронавирусот е создаден од НАТО XX Вирусот се шири организирано преку вежбите на НАТО


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

32

ПОЛИТИКА

НАТО ВО ЛОВ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ

М

акедонија како земја членка на НАТО е дел од борбата против лажните вести и дезинформации кои дополнително ја отежнуваат битката со здравствената криза. Од Алијансата информираа дека ќе се формираат тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од коронавирус во Западен Балкан. Амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон на брифинг за новинари порача: „Првата група замина за Црна Гора, еден од соседите на Северна Македонија. И мислам дека тие ќе бидат достапни за Северна Македонија со цел да ги подготват македонските медиуми да ги отфрлат овие кампањи за ширење на дезинформации. Една група

веќе работи во Црна Гора, и ние, секако, ќе го разгледаме барањето од Северна Македонија за тимови за поддршка во борбата против хибридни закани со цел обука на луѓето таму како да ги отфрлат овие кампањи за ширење на дезинформации, “ одговори таа на новинарско прашање на брифингот. Првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг, предупреди и за лажните вести и информации кои, како што вели, ги лиферуваат државни и недржавни институции со цел да внесат раздор меѓу земјите членки. Затоа, додава Столтенберг, потребно е сојузниците да соработуваат за да се разоткријат и спречат таквите влијанија Алијансата објави и топ пет руски митови за НАТО и КОВИД-19. „Во нашата заедничка борба против пандемијата КОВИД-19 фактите и информациите се поважни од кога било. Од почетокот на

кризата, руските власти упатија лажни обвинувања за улогата на НАТО во борбата против КОВИД-19“, се вели во соопштението на Алијансата кое неодамна беше објавено. Илија Џугуманов од Евроатлантскиот сојуз на Македонија, пак во изјава за РСЕ неодамна посочи дека ковачите на заговори честопати одат во крајност со злоупотреба на дневно политичките проблеми. „Сето тоа се користи, се оди во потполна друга крајност каде што се злоупотребуваат дневно - политички проблеми поврзани со одредени глобални состојби, за на крајот да стигнат до дезинформации за распад на самата Алијанса, потоа дека ова ни се случувало поради самото членство, дека НАТО, како демек тестира 5Г мрежи, и до крајност дека самиот вирус е оружје на Aлијансата. Тука наративите одат во тотална крајност“, вели тој.



Капитал број 1061 08.05.2020

34

www.kapital.mk

ДОСИЕ: ТИТО

ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА

ЈОСИП БРОЗ ТИТО

МАРШАЛОТ СÈ УШТЕ Е ПРЕДМЕТ НА ИНТЕРЕС, КОНТРОВЕРЗИИ, СОМНЕЖИ, КУЛТ, ВОСХИТ, ОМРАЗА...


Т

www.kapital.mk

K

Капитал број 1061 08.05.2020

35

Каква улога играат носталгијата за социјализмот и „титосталгијата“ во денешниот и идниот живот? Словенечкиот антрополог Митја Великоња смета дека носталгијата може да биде непродуктивна, ако не и опасен избор. Тоа е лажно прибежиште и инфантилна регресија. Дел од луѓето го сметаат Маршал Тито како симболичен татко и Партијата - државата како симболична мајка. Луѓето се измамени сонувајќи за подобро минато, наместо да се соочат со реалноста на сегашноста. Со таков став, тие стануваат полесни жртви на мегаломанија, прекумерни ветувања и ирационални демагошки пароли.


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

36

ДОСИЕ: ТИТО

пишува:

Игор Петровски

Д

igor.petrovski@kapital.mk

еновиве, додека цел свет се занимаваше со наводната смрт на севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун, се шегувавме со еден пријател на сметка на неговата нација, во стилот „кој ќе ги гледа сега сиротите граѓани како се трескаат од земја липајќи по заминатиот врховен лидер“, како што впрочем се случуваше и после смртта на неговиот татко, Ким Џонг – ил и неговиот претходник Ким Ил – сунг. Пријателот ми вели, „па што се смееш, и вие така плачевте по Тито, зарем

не?“. Тој е помлад од мене десетина години и јас му реков помалку надмено, „ти си мал, немаш ти поим дали ние се трескавме од земја по Тито“, а во истиот миг пред очи ми се појави сликата од сплитски Пољуд и расплаканите фудбалери на Црвена Ѕвезда и Хајдук на 4 мај 1980, нешто после 19 часот, кога официјалниот спикер на стадионот објави дека маршалот починал. Снимката од тоа како целиот стадион се тресе од песната “Друже Тито ми ти се кунемо“ и ден денес се врти по интернет и на многумина од нас, припадници на генерациите што „фатија“ помал или поголем дел од Титовото владеење со поранешна СФРЈ се’ уште ни предизвикува морници по телото. Навистина, дали ние „се трескавме од земја“ кога врховниот лидер

на некогашна Југославија го напушти овој свет? Можеби не така хистерично како народот на Северна Кореја (чијшто поранешен лидер Ким Ил – сунг, инаку, беше голем пријател на Тито, а во главниот град Пјонгјанг некаде во 70-те на југословенскиот маршал му беа приредиле дочек каков што досега не се случил во поновата историја на планетава, патем, и тие снимки ги има по интенретов, н.з.), но да бидеме реални - без малку четирите децении градење култ на личноста, безбројните напишани стихотворби и состави по мајчин јазик на тема Тито, своевидната мистика што ја креираше чинот на врзувањето на црвената марама околу вратот при влегувањето во пионерскиот одред, приказните и сведоштвата


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

37

запишани во историските читанки околу херојските подвизи на Тито за време на Втората светска војна кои што се граничеа со реалноста.... си го сторија своето. Во нашата перцепција Тито беше супер херој, татко на нацијата, заштитник на братството и единството на шесте народи и двете народности што живееја во СФРЈ, голем борец за мир и праведност во светот, рамноправен соговорник на најмоќните државници на планетава... И по престанувањето на неговото постоење, ние поранешните Југословени, како што вели еден соговорник на црногорскиот весник „Вијести“ деновиве, „ жалејќи за Тито се сожалувавме и самите себеси затоа што се плашевме дека со неговата смрт завршува златното доба на благосостојба и се’ она што значеше Југославија – мир, социјална сигурност, братство и единство, слобода и почитување во светот, што и навистина се случи.“

За Србите недоволно Србин, за Хрватите недоволно Хрват, за Македонците недоволно Македонец

Се случи, да, и тоа после едвај 10 години откако почина Тито. Цврстата федерација се распукна по сите шевови, а довчерашните братски народи што божем живееја во невидена слога и хармонија, одеднаш се претворија во крволочни ѕверови, коишто ги раскопаа очигледно се’ уште свежите рани од Втората светска војна и тргнаа во походи да го бранат српството, хрватството, усташтвото, исламот и што ли уште не во неколкугодишните војни што беснееја

пред се’ на териториите на денешна Хрватска и Босна и Херцеговина. И одеднаш, невидената синергија на различни националности и религии во една држава, какви што Европа не видела, се претвори во најкрвавиот воен конфликт каков што исто Европа не видела од 1945 година наваму. Некои во Србија денес му се лутат на Тито што не бил доволно Србин, Хрватите пак што не бил доволно Хрват, иако тоа е неговата националност. Тито, секако дека не е само сјајна ѕвезда, како што не е ниту само темната страна на месечината.

Секако дека Тито има багаж на своите плеќи, дека поминал низ различни фази, од воен херој (единствениот воен лидер кој бил на бојното поле за време на војната), па се’ до сталинист и социјалистички либерал со силни авторитарни тенденции, како и лидер на неврзаните што беше силен сегмент на политиката за време на Студената војна. А Тито знаеше како да го искористи тоа, за себе и за нас. Како што знаете - заради неговите бели костуми, за нас беше поинаку. Тито, сепак, не значи само либерален социјализам, бесплатни станови и образование (конечно целата наша


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

38

ДОСИЕ: ТИТО

политичка елита денес е дел од тој систем, а многумина се едуцираа од пасивни и заостанати области благодарение на овој систем и Тито), Народноослободителна војна и големо НЕ на Сталин, како што не се само Блајбург и Голи оток. Имаше политички затвореници и прогони, но сите денешни држави постигнаа најголем економски раст во неговото време, што сè уште не го надминале. Тој е политичар кој се смени и кој, како и секој, има многу товари на грб. И така треба да се гледа. Од сите агли и сите историски контексти. Како што е на пример, контекстот на Титовиот однос со Британија и другите големи сили во периодот по 1945 година, кога е актуелно прашањето на Македонците во Северна Грција,

Фудбалерите на Хајдук и Црвена Ѕвезда во така откако ја дознаваат веста за смртта на Тито, на 4 мај 1980, за време на одигрување на меч на сплитски Пољуд. На погребот на Јосип Броз Тито во Белград меѓу мноштвото политички лидери присуствувале и четири кралеви, 31 претседател на држава, шест принцови, 22 премиери и 47 министри за надворешни работи. Државниците биле од сите политички блокови во времето на Студената војна, од 128 држави меѓу вкупно 154 колку што ООН имала членки во 1980 година. односно Егејска Македонија. Многумина до ден денес му го немаат на Тито простено тоа што ги предал Македонците оставајќи ги на милост и немилост на монархофашистите

во Грција, коишто победувале пополека во граѓанската војна во земјата, потпомогнати пред се’ од западните сили. Но, како што објасни историчарот проф. Тодор Чепреганов


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

39

во едно интервју од пред десетина години, Тито, заради заштита на својот систем и опстанокот на новата југословенска федерација, се откажал од својата долгорочна цел да стане лидер на балканска федерација, во која ќе била вклучена обединета Македонија, и оттука сосема логично ги жртвувал не само интересите туку и животите на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Политички прагматичар каков што бил, Тито оценил дека побитна му е стабилноста и просперитетот на новата федерација што ја создал, одошто македонското прашање во Грција. А таа стабилност зависела во голема мера од помошта во пари, храна и други стоки што ја очекувал од западните земји, коишто пак ја условувале со негово немешање во граѓанската војна во Грција, затоа што сакале по секоја цена да спречат создавање на уште една комунистичка земја на

Балканот со излез на топло море, доколку победеле грчките партизани предводени од ДАГ. Но, не се само Македонците тие што му се лутат на Тито. И неговите Хрвати му се лути заради прогонот на „домољубните“ после 1945, масакрот во Блајбург, Голи оток, итн. Но, како што пишува Јутарњи лист деновиве, дали му се допаѓало тоа некому или не – Тито и ги дал денешните граници на Хрватска, и ја обновил државноста којашто потоа ја озаконил со уставот од 1974, а потоа меѓународната заедница врз тие основи и ја признала во 1991 година. Но, Тито ја има и споделената одговорност за крвавиот распад на СФРЈ што се случи потоа. Освен тоа со своето делување ја испрал и црната дамка што на Хрватска и ја направија НДХ и усташкото злосторничко додворување на нацистите, да потсетиме само на она што некои сакаат да се заборави, како што пишува Јутарњи - „Анте

Павелиќ ја препуштил Далмација со островите на Мусолини и Италија, а Меѓумурје на Унгарците на чело со Хорти, ги пуштил италијанските и германските војски на ‘своја’ територија и тоа им го плаќал, а тие одредувале колку војска тој смее да има“. За крај: историјата е комплексна работа, особено за некој кој е дел од неа и нејзин ко-креатор 50 години. Да пристапиме кон историјата неоптоварени од денешните политички, етнички и идеолошки моменти и да ја разгледуваме од почетокот до денес, а не од денес кон вчера, како што ни одговара. Да ги ставиме работите во контекст, па така и Тито ќе го најде своето заслужено место со сите свои недостатоци и предности. И поради тоа нема да бидеме помалку Македонци (Хрвати, Срби, Словенци...) и не помалку независна држава. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

40

ДОСИЕ: ТИТО

КАКО ЕКС – ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВАА

И ПО ТИТО – НИКОЈ!

Ќ

е тргнеме од горе, од Триглав, па надолу, кон Вардар. Словенечкиот лево ориентиран „Дневник“ на 4 мај кусо се осврна на 40 – годишнината од смртта на Тито, без некоја драма и патос, со едноставен наслов “Поранешниот југословенски претседател Тито умре пред четири децении“. Наброени се фактографски податоци за неговиот живот, а во делот за политичкото наследство, Дневник пишува дека тоа “до ден денес продолжува да прави поделби.“ „Југославија и Тито уживаа извесна репутација на меѓународната сцена, особено поради Движењето на неврзаните, коешто беше иницирано од Тито, а поддржано веднаш од тогашните челници на Египет, Гана, Индија и Индонезија. Најмногу благодарение на кредитите од западните земји, луѓето во некогашна Југославија се смета дека имаа релативно висок животен стандард и слобода да патуваат надвор од земјата, за разлика од останатите комунистички земји. Во ‘златното време на социјализмот’, претежно имаше работа за сите, станови, бесплатно образование и здравство. Од друга страна пак, Тито беше на чело на еден недемократски режим којшто ги кршеше основните човекови права и слободи, особено на политичките опоненти и критичарите, со децении. За време на неговото 35 – годишно владеење со СФРЈ, беа формирани специјални логори и затвори, како озлогласениот Голи Оток. На Тито му се припишува и вината за смртта на многумина луѓе после завршувањето на Втората светска војна.“, пишува љубљански Дневник.

“Тито и заробената генерација“

Весникот „Дело“, пак, под насловот „4 Мај, Тито и заробената генерација“ истакнува дека “ако продолжиме со обидите да ја потиснеме историјата, тогаш постојано ќе паѓаме во рацете на политичарите од сите бои и нијанси. Плукањето на се’ што не е ‘наше’ e нашата реалност“. „Тој 4 мај пред 40 години беше пресвртна точка што го смени текот на историјата. Секој возрасен човек денес знае точно каде бил во моментот кога спикерот на РТЉ го прочита фамозното ‘соопштение на Централниот комитет на СКЈ“. Но дури

и денес, после сите овие децении, ми се чини дека сме ‘заробени’ околу оваа пресвртна точка на мојата генерација, родени по 1980 -та. Заглавени помеѓу она „се’ беше подобро некогаш“ и денешното „судбината е во нашите раце“., пишува новинарката на „Дело“, Ања Интихар. Во соседната Хрватска, сплитска „Слободна Далмација“ се осврнува на сведоштвото на Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито, којшто изјавил дека неговиот дедо пред смртта му признал дека направил една голема грешка и го посеал семето на раздорот во поранешната федерација. Весникот го нарекува Тито „харизматичен и контроверзен југословенски лидер“ којшто според зборовите на Јошка признал дека згрешил што во 1974 година направил промена на уставот, со што практично се разлабавил државниот федерален систем. Загрепскиот „Јутарњи лист“ на 04.05., објави текст со наслов “40 години од Титовата смрт: Поранешниот шеф на СФРЈ се’ уште е предмет на интереси, сомнежи, натегања, фалсификати, преувеличувања, носталгија, страсти...“. „Тито, едноставно, е некој што не’ интригира и прогонува, чијашто улога, без оглед на тоа како гледаме на него – побудува внимание, но и восхит“, пишува „Јутарњи“. „Човекот се менува, исто како и историјата. Тито заслужува важно место во неа, затоа што е дел од нас, затоа што формирал речиси еден век од нашата историја, а таа е каква што е, а не онаква каква што нашите дневно – политички идеолошки емисари и инженери на човечките души би сакале да ја направат. Од својата кожа не може да побегнеме. Партизаните се победници, исто како и Војската на Хрватска во 1995 година, а денешната Хрватска се темели на корените на АВНОЈ и ЗАВНОХ, потврдени во Татковинската војна и за среќа, не е наследничка на злокобната НДХ. Може тоа да ни биде одбивно, но и јас можеби би бил нешто друго, но не сум.“, пишува Владо Вурушиќ од „Јутарњи“.

“Неговите внуци не станаа тајкуни“

Одиме понатаму, во Босна и Херцеговина, каде што сараевско „Ослобоѓење“ имаше неколку написи во деновите околу и на 4 мај. “На денешен ден замина Маршалот:

Ова се неговите последни зборови“, „Сараево и во време на корона му оддаде почест на Јосип Броз Тито“, “Пет работи што треба да ги знаете за Тито“, се дел од нив. Подгорички „Вијести“ најдолгиот текст меѓу неколкуте написи што ги посветија на Јосип Броз изминативе денови го наслови „Се колнеа во Тито, но бргу скршнаа од неговиот пат“. “Слоганот ‘Другар Тито ние ти се колнеме, дека од твојот пат нема да скршнеме’ се почитуваше само неколку години по неговата смрт“, вели претседателот на Централниот комитет на Југословенската комунистичка партија во Црна Гора Радислав Станишиќ за “Вијести“. „Потоа завладеа национализмот и почна да се руши братството и единството за коешто Тито се залагаше.“ „Луѓето жалејќи за Тито се сожалуваа и самите себеси затоа што се плашеа дека со неговата смрт завршува златното доба на благосостојба и се’ она што значеше Југославија – мир, социјална сигурност, братство и единство, слобода и почитување во светот, што и навистина се случи.“, вели првиот човек на невладината организација „Генерален конзулат на СФРЈ“ од Тиват, Марко Перковиќ. Белградска „Политика“ ја одбележа годишнината од Титовата смрт со насловот „Апсолутист којшто внимателно го негуваше својот култ на личноста“. „Неговите внуци не ги искупија фабриките и станаа тајкуни. Јованка Броз со години живееше во беда, во куќен притвор, за да не проговорела ниту збор за него, неа и Југославија. Титовата последна желба беше да почива во Белград, во градот каде што го крена востанието против нацистите и каде што потоа живееше и владееше. Веројатно бил садист. Веројатно сакал и мртов да ги потсетува Србите кој е крив за нивната судбина. Толку ја уништил економијата на СФРЈ што била помоќна од Португалија, Грција, Ирска и сите земји на некогашниот Варшавски пакт. Неговите пионери ги симнаа црвените марами од вратот и ги ставија преку лицата. Мртов, никому потребен, беше идеалниот кривец за пеколот што следеше. Зошто тогаш се сеќаваме на него? Можеме ли да го замислиме како му доаѓаат третокласни бриселски бирократи


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

41

А ЗА ТИТО ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТ

или заменици на помошници на државен секретар и го условуваат со било што? Кога би станал и би го видел сето тоа, повторно би умрел! Кинезите, впрочем, знаат добро зошто ја купија некогашната политичка школа во Кумровец и целата околина. Сурово шармантен или шармантно суров, беше еден од најголемите и најинтригантните политичари на една епоха. Дали го мразиме, сакаме или сме рамнодушни, чесно е да признаеме: И по Тито – никој!“, вели Александар Апостоловски од „Политика“. Белградски „Недељник“ исто така, има поголем текст, насловен „Тито и ние, 40 години подоцна. Големата приказна за Броз: Мит, носталгија, што од тоа остана...“, каде што авторот Предраг Марковиќ пишува: „Дали навистина постои вистинско позитивно наследство на Тито, освен сонот за светското значење на земјата и мудриот и добар владетел којшто ги решава сите проблеми? Вербата во можноста некој строг, но праведен, остар и на рамна нога со светските моќници, но благ спрема сиромашните – како што Тито изгледа во најнаивната верзија на својот мит – да ги реши сите проблеми, може да има опасни последици. Таквата вера изроди многу погрешни избори во деведесеттите.“ nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

42

ДОСИЕ: ТИТО Ричард Бартон, британски актер: „Тито е сосема поинаков од што го замислував. Мислев дека тој голем државник мора да е човек со жестока природа, а Тито е мирен, складен, добро расположен и многу духовит човек.“

Винстон Черчил, поранешен британски премиер: „Одлучно сме на страната на Тито, поради неговите големи и храбри борби против германската армија.

ШТО РЕКЛЕ ВО С Еве како дел од светските политичари, генерали, книжевници и други познати личности го доживувале Тито Двајт Ајзенхауер, американски претседател и генерал: „Маршалот Тито е најголем херој од Втората светска војна“. Винстон Черчил во август 1944 година: „Причината зошто престанавме да им помагаме на Дража Михајловиќ и неговите четници е едноставна: тој не се бореше против Хитлер. Одлучно сме на страната на Тито, поради неговите големи и храбри борби против германската армија… Партизаните сега се господари со ситуацијата и претставуваат смртна опасност за Германците … “ Френклин Рузвелт, претседател на САД, во 1944 година изјави: „Одлуката на Тито да се бори против нацистите е пресврт во историјата на Втората светска војна. “ Рудолф Лутерс, заповедник на германските трупи на Сутјеска, во 1943 година рече: „За време на борбите се покажа дека партизанските сили под Титовата команда се одлично организирани, вешто водени и располагаат со борбен морал кој предизвикува чудење… Германскиот војник не е дораснат на фантастично борбените партизани… “

Хајнрих Химлер, еден од најблиските соработници на Хитлер, во 1944 година рече: „Би сакал да ви наведам уште еден пример на упорност – упорноста на маршалот Тито. Морам да кажам дека тој е стар комунист, тој господин Јосип Броз, е многу цврст човек. На жалост тој е наш противник. Тој навистина ја заслужува титулата маршал… Тој е наш непријател, но јас би сакал да имаме повеќе Титовци во Германија, луѓе кои би биле лидери и кои би имале таква одлучност и такви цврсти живци никогаш да не се предаваат, иако се целосно опколени. Тој човек не располага со ништо, апсолутно со ништо. Секогаш беше опколен, но тој човек секогаш наоѓаше начини да се пробие. Никогаш не капитулираше. Ние знаеме најдобро какви неволји ни предизвика на југословенскиот простор, токму поради тоа што се бореше упорно … “

нанесат на Хитлер неочекуван и тежок морален удар. И не само морален, туку и сериозен воен удар, врзувајќи голем број германски дивизии за југословенскиот фронт, кои недостасуваа на други борбени фронта, и на истокот и на западот на Европа… “

Џорџ Патон, американски генерал: „Маршалот Тито и неговите партизании имаа и политичка и воена храброст во средина на окупирана Европа, и во момент кога нашите работи не одеа на добро, да земат оружје и да му

Алдо Моро, претседател на италијанската влада, во 1965 година рече: „Претседателот Тито е човек кој во тешки и критични ситуации се издигна до симбол на смелост и одлучност во борбата за независност на својата земја, човек кој со својот

Шарл де Гол, француски претседател: „Тито е борец кој и покрај најтешките околности донесе победа. Тито е легендарен јунак…“ Јоргос Папандреу, грчки политичар, во 1964 година рече: „Неодамна во грчкото собрание го нареков маршалот Тито апостол на мирот. Можам навистина да кажам дека сум возбуден и погоден од неговата мисија за човештвото – мисија за слобода и мир. Сосема е природно, кога една таква личност се бори за мир во светот, да се бори и за мир на Балканот“


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

43

Шарл де Гол, поранешен француски претседател: „Тито е борец кој и покрај најтешките околности донесе победа. Тито е легендарен јунак.“ Нил Армстронг, американски астронаут: „Претседателот Тито е човек кој разорувањето и војната ги претвори во создавање и мир“

СВЕТОТ ЗА ТИТО меѓународен ангажман докажа дека знае да ги усогласи ставовите, со мудра смисла за стварноста и кој во својата државничка работа неуморно се залагаше да обезбеди за Југославија подобра и посреќна иднина“ Јасер Арафат, лидер на Палестинското ослободително движење, во 1977 година рече: „… Борецот, претседателот Тито карактеризира мудрост, остроумност и пријателски однос спрема луѓето. Претседателот Тито со целото свое срце се бори за правда и слобода, заради свои херојски достигнувања…“ Нил Армстронг, американски астронаут: „Претседателот Тито е човек кој разорувањето и војната ги претвори во создавање и мир“ Анвар ел Садат, египетски претседател: „Тито е светла страница во историјата на човештвото и исклучителен патоказ кој им ги осветлува хоризонтите на идните генерации“ Ричард Бартон, британски актер: „Голем обожувач сум на маршалот Тито уште од 1945 година, кога Тито за нас стана нешто пореално од мит … Знаевме дека во Југославија постои нешто мистериозно што се вика Тито и што меѓу Германците создавало пекол … Тито е сосема поинаков од што го замислував.

Мислев дека тој голем државник мора да е човек со жестока природа, а Тито е мирен, складен, добро расположен и многу духовит човек“ Сергеј Бондарчук, руски режисер и актер: „… Тито не е само голем воин и револуционер – мислител. Тој е голема карпа на нашата епоха“ Вили Брант, германски канцелар: „За југословенскиот народ дар на судбината е што во годините на најголема опасност имаше таков водач. Јас претседателот Тито го гледам како една од најмаркантните личности на нашето време. Особено ја почитувам титовата смелост и државничка мудрост“ Артур Милер, американски писател: „… Кога слушнавме за силниот отпор што Титовите партизани им го пружиле на германските орди и на фашизмот, ние првпат во текот на Втората светска војна сфативме дека Хитлеровата Германија не е непобедлива“ Ричард Никсон, претседател на САД: „… Тито е лидер кој има свои принципи, смисла за хумор, извонредно паметење, и не се плаши од нас Американците!“ Џими Картер, претседател на САД: „… Во мир и во војна Тито е дел од историјата на светот, во време на сегашната генерација и во време на воените генерации. Тој е човек

со непресушна сила, непресушна младост, непресушна борбеност и непресушна храброст“ Хелмут Шмит, германски канцелар: „Малку се тие кои цел свој живот успеваат толку бескомпромисно и беспоштедно кон самите себе, да се стават во служба на својот народ и на светската заедница“ Фелипе Гонзалес, шпански државник: „Тито беше човек секогаш свртен кон мирот и слободата во светот“ Сандро Пертини, италијански претседател: „Со смртта на претседателот Тито човештвото загуби борец кој упорно се бореше за начелата на слободата и правдата. Тој е последен меѓу великаните на Втората светска војна, кој заминува откако стана прв во борбата за создавање и одбрана на независноста на својата земја. Победи во сите битки во кој учестуваше. Ја загуби само последната – онаа против смртта“ Мирза Делибашиќ, познат екс – југословенски кошаркар: „Тажен сум. Мислам дека нема потажен Југословен од мене. Знам, сите тагуваме, но јас, така ми се чини, потешко и поболно од сите, бидејќи најубав ден во мојот живот беше тој кога бев титов гостин. Колку блескав од среќа тогаш, толку сум сега тажен“ nnn


Капитал број 1061 08.05.2020

44

www.kapital.mk

КОВИД – 19 И ЗДРАВЈЕТО

7

КАКО ПОЛЕСНО ДА СЕ ПРЕБРОДИ КРИЗАТА

СОВЕТИ ЗА МЕНТА ЗДРАВЈЕ ВО ВРЕМЕ КОРОНАВИРУС


www.kapital.mk

ЛНОТО Е НА

Капитал број 1061 08.05.2020

45 Голем број на чувства нè преплавуваат размислувајќи за коронавирусот. Се грижиме за себе и за здравјето на нашите најблиски. Некако сегашноста ни изгледа збунувачка, а иднината неизвесна. Но, додека најмногу внимание посветуваме на нашето физичко здравје, често забораваме дека исто така многу значајно е да се грижиме и за нашето ментално здравје. Менталното здравје подразбира позитивна физичка, социјална и ментална состојба. Да се грижиме за нашето ментално здравје и нашата благосостојба, значи да обрнеме внимание на повеќе аспекти од нашето живеење.

Пишува:

Доц. д-р Димитринка Јорданова Пешевска, Универзитет Американ Колеџ, Скопје, Катедра за психологија u Зборувајте за Вашите чувства и

останете во контакт. Треба да знаеме дека е нормално да се чувствуваме тажно, збунето, исплашено, луто, ... за време на корона кризата. Во моменти кога Ви е тешко, зборувајте за чувствата и со тоа си помагате себеси да останете во добро ментално здравје. Потребата за приврзување со други луѓе или „атачментот“ е основна потреба преку која сме започнале да го осознаваме светот околу себе и затоа релацијата е, велат, лечебна. Да се биде во контакт со другите и да се зборува за своите чувства не е знак на слабост, туку е можност за споделување и справување со одреден проблем преку поддршка од блиски личности во Вашиот живот. Побарајте ги Вашите најблиски пријатели и семејството. Тие можеби ќе Ви откријат некое ново видување на работите околу Вас. Зборувањето со луѓе на кои им верувате може да Ви помогне. Затоа, останете во контакт! u Хранете се здраво. Голем број истражувања покажуваат дека храната влијае врз нашето расположение. Чувството на добросостојба може да биде овозможено преку здрава храна и адекватен внес на витамини, минерали и вода. Обидете се да го намалите внесот на алкохол или пијалаци со многу шеќер. u Бидете физички активни. Голем број студии покажаа дека физичката активност може да биде многу полезна во намалување на стресот, анксиозноста и депресијата, бидејќи со физичката активност се поттикнува излачувањето на хормонот на среќата. Редовната физичка активност може да ја зголеми Вашата самодоверба, да влијае

позитивно врз концентрацијата, спиењето, позитивното чувство за себе и менталното здравје. Физичката активност може да ја направите во природа, парк или пак дома, во периоди на рестрикции во движењето. Постојат бројни програми достапни преку интернет за физичка активност во домовите. Потребно е само да го одберете она што Вам најмногу Ви се допаѓа. u Одморете се. Обидете се да направите добар ритам во спиењето. Обидете се да спиете 6-8 часа во текот на ноќта. Добриот одмор и сон делуваат позитивно на целокупниот нервен систем и на менталното здравје. u Направете рутина на активности во текот на денот. Добро е да знаете дека не може да ги направите сите работи наеднаш. Можеби е потребно да направите листа на приоритети кои сакате да ги постигнете и да го реорганизирате Вашиот живот. Направете распоред на активностите и временска рамка за тоа кои активности ќе ги реализирате и во кое време. Со тоа ќе се заштитите од стресот и ќе имате време за сите активности. На крајот од денот ќе се чувствувате поисполнето и со поголема самодоверба. u Направете пауза. Променето го местото каде се наоѓате. Тоа може да биде пет минути пауза на свеж воздух, пауза за овошје или ужина, вежби за дишење или медитација. Некогаш тоа може да бидат заеднички игри со семејството или пријателите. Идентификувајте го тоа што најмногу Ве релаксира и земете си време за себе и за нешто ново, бидејќи така му овозможувате на мозокот нови дразби, кои делувааат позитивно на Вашето ментално здравје. u Побарајте помош. Никој од нас не е суперхерој. Сите ние понекогаш сме преплавени од нашите чувства или пак работите не


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

46

КОВИД – 19 И ЗДРАВЈЕТО

се одвиваат онака како што сакаме или сме планирале. Доколку чувствувате дека не може да се справите со работите околу Вас, секогаш побарајте помош од семејството, пријателите или други значајни личности од Вашиот живот. Едноставните работи го чинат животот убав и возбудлив. Да го гледаме и да го живееме животот во неговата неповторливост и сеопфатност. Да се грижиме за нашето ментално здравје значи да бидеме активни, да се сакаме себе си и другите, да споделуваме, да љубиме, да твориме, да учиме нови работи и да бидеме благодарни на природата и нејзината убавина. nnn

Д

оцент д-р Димитринка Јорданова Пешевска работи на Универзитет Американ Колеџ, Скопје, Факултет за политички науки, на катедрата по психологија. Има повеќе од 25 години работно искуство во меѓународни организации во областите на социјала, здравство и образование. Како дел од СЗО, Скопје, таа работи на спроведување, мониторинг и евалуација на проекти од областа на превенција на злоупотреба и занемарување на деца, насилство врз жените, старите, деинституционализација на психијатриските болници и развивање на служби за ментално здравје во заедницата. Преку УНИЦЕФ, таа е и национален консултант на истражувачки проект за врсничко насилство, истражувања на знаењата, ставовите и практиките на дисциплинирање на децата од страна на родителите. Исто така, таа работи и во областа на стратешкото планирање и изготвување на национални стратегии и акциски планови. Таа е искусен презентер, предавач и е насочена кон примена и преточување на научните и теоретските сознанија во практиката. Учествува на многу конгреси, конференции, обуки и работилници, како автор на голем број публикации и трудови од областа на превенција на насилство, ментално здравје и незаразни болести, во значајни научни списанија и автор на публикации на Светска здравствена организација.


КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ХИПЕРАКТИВНИТЕ ДЕЦА ВО ИЗМЕНЕТИ УСЛОВИ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ? Пишува Проф. д-р Диана Белевска, психолог и психотерапевт Новиот коронавирус во голема мерка го промени животот а рестриктивните мерки во борбата против пандемијата предизвикаа промени во нашето секојдневие.Изолираноста,неможноста за физички контакт со пријателите, затвореноста во домовите и забраната за движење, подеднакво влијаат на сите старосни групи. Промената во дневните рутински активности особено ја чувствуваат најмалите но посебен предизвик е за децата со хиперактивно однесување. Имено,хиперактивните деца се многу сензитивни и потешко ги прифаќаат промените во нивното опкружување.Во новонастаната ситуација нивните реакции можат да бидат драматични и да ја отежнат адаптацијата.Ова е вистински предизвик за родителите во напорите за поддршка на децата во вакви изменети услови на живеење.

Еве само неколку совети како полесно да се надмине оваа криза,како да се организира времето за извршување на домашните задачи,за игра, за одмор и за заеднички активности,се со цел да се намали притисокот и порелаксирано да се помине времето дома. • Воспоставете флексибилна рутина – Структурата прави децата да се чувствуваат сигурно и безбедно, а во овој период тоа е особено важно. Направете распоред со дневни активности во ограничени интервали и придржувајте се до нив. Во планирањето бидете реалистични и флексибилни, определете го времето кога децата треба да станат од кревет, да јадат или да легнуваат навечер. За децата кои учат од дома, направете домашен распоред и помогнете им да го следат. Секако, за да направите структура која функционира, морате да работите заедно со нив! • Определете време за пауза – Одморот за децата е важен исто толку колку и извршувањето на рутинските активности. Оставете простор во кој детето ќе го прави она што го сака, но не заборавајте претходно да поставете правила за безбедно однесување. Дозволете им на децата да ја потрошат насобраната енергија и додека се дома – определете место каде што можат да играат со топка, дозволете им да скокаат на кревет (доколку е изводливо), или да играат на гласна музика. • Внесете новина во вашето секојдневие – Со оглед на тоа што во периодот најголем дел од времето поминувате дома, внесете активности кои ќе бидат забавни за вас и за вашите деца. Ограничете го времето поминато на телефон и компјутер, и наместо тоа гответе заедно, набавете сложувалка од повеќе делови и сложувајте ја, вежбајте, цртајте, решавајте крстозбор, правете фигури од пластелин или тесто... • Бидете конзистентни во родителството – Структурата и рутината се важни и во родителството. Ставовите на родителите треба да бидат усогласени, во спротивно му испраќаат двојни пораки на детето кои можат да бидат контрадикторни, збунувачки, и да резултираат со непосакувано однесување. Исто така, не се штедете кога станува збор за пофалби и охрабрување, на секое дете му се повеќе од потребни! • Користете го вниманието како мотивација и награда – Кога сите членови на семејството се дома, децата постојано сакаат да бидат во фокусот на вниманието на родителите. Ова може да биде посебен предизвик за родителите кои од домот ги извршуваат работните обврски. Затоа, потребно е децата да се охрабруваат да ги извршат самостојно оние задачи кои можат, а по завршување на истите да имаат време кое го поминуваат во заеднички активности со родителите. • Бидете присутни – Додека сте вклучени во активности со детето, насочете го целосно вашето внимание таму. Избегнувајте да гледате во телевизорот или во вашиот телефон во времето кое сте одлучиле да го посветите на вашето дете. Бидете реалистични кога ги правите плановите, и доследни кога ги реализирате. Не се обесхрабрувајте доколку наидете на неуспех – промените не се лесни за децата и потребно е време за да се прилагодат на нив. За крај, верувајте во вашите деца – тие можат да научат да се променат, да созреат и да успеат.


Капитал број 1061 08.05.2020

48

ИНТЕРВЈУ

ОЛИВИЈА ГЕОРГИЕВСКА

ГЛАВНА АКАДЕМСКА КООРДИНАТОРКА НА АМЕРИКАНСКАТА ГИМНАЗИЈА - СКОПЈЕ

КАКО ОДГОВОРИВМЕ НА КОВИД - 19 ПРЕДИЗВИКОТ? Реално сметам, следејќи ја ситуацијата и во други гимназии, дека бевме пионери во однос на хибридната настава. Наставниците сосем подготвени ја дочекаа транзицијата и почнавме со најнормална настава уште веднаш. Наставата од 16 март се одвива без никаков застој. Учениците имаат активни часови, со класични предавања, онлајн вежби, усни прашувања, тестови и домашни работи.


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

49


Капитал број 1061 08.05.2020

50

ИНТЕРВЈУ Нашите ученици се одлично адаптирани во работата со компјутери – како гимназија, имавме и претходно онлајн настава по математика и физика, користевме MOODLE како платформа за работа, работевме со видеа, онлајн материјали, па воопшто не им беше тешко да го сфатат едноставниот систем на Webex, со кој работиме од прв ден. Нивните родители добиваат електронски пораки со известувања, а соработката меѓу целата наша АХСС заедница е многу зацврстена.

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

П

Пред три години во Скопје почна со работа приватното средно училиште Американска гимназија - American High School Skopje (AHSS), најмладата образовна институција во семејството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Како што ни изјавија тогаш од менаџментот на училиштето, идејата им била да им овозможат квалитетно образование на младите генерации, со цел тие да се стекнат не само со знаења, способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високообразовните институции, туку и да се оспособат за работа и живот во современото глобално општество. Во Американската гимназија се применуваат современи наставни методи и современа образовна технологија, прилагодени на индивидуалниот физички, емоционален и интелектуален развој на учениците, и наменети за стимулирање критичко размислување, проучување и истражување. Притоа, посебно внимаваме и на истакнување на хуманистичките вредности и негување на етичките вредности кај учениците. Со Оливија Георгиевска, главната академска координаторка на AHSS разговаравме околу тоа како приватните средни училишта одговорија на Ковид – 19 кризата, како учениците и нивните родители го прифатија концептот на хибридна настава и како се одржува онлајн дисциплина и се задржува вниманието на децата. XКако X главна академска координаторка на Американската Гимназија Скопје, може ли да ни кажете како се одвива наставата во училиштето во ситуација на криза? Менаџментот и директорката на

АХСС Гимназија (American High School Skopje) реагираше неверојатно брзо и ефикасно. Дури сега, откако поминаа месец и половина, станавме свесни колку сме биле организирани и подготвени за промени. Реално сметам, следејќи ја ситуацијата и во други гимназии, дека бевме пионери во однос на хибридната настава. Наставниците сосем подготвени ја дочекаа транзицијата и почнавме со најнормална настава уште веднаш. Наставата од 16 март се одвива без никаков застој. Учениците имаат активни часови, со класични предавања, онлајн вежби, усни прашувања, тестови и домашни работи. XКако X учениците и нивните родители го прифатија концептот на хибридна настава? Нашите ученици се одлично адаптирани во работата со компјутери – како гимназија, имавме и претходно онлајн настава по математика и физика, користевме MOODLE како платформа за работа, работевме со видеа, онлајн материјали, па воопшто не им беше тешко да го сфатат едноставниот систем на Webex, со кој работиме од прв ден. Нивните родители добиваат електронски пораки со известувања, а соработката меѓу целата наша АХСС заедница е многу зацврстена. Самиот факт што немаме физички контакти и разговори, влијаеја на тоа да ја зацврстиме комуникацијата со сите можни технолошки средства. Родителите целата ситуација ја прифатија како неминовност и единствен начин да се продолжи со образованието на нивните деца. Како Гимназија, се потрудивме да обезбедиме сè што може во наш домен, а од комуникацијата со нив се гледа дека се многу задоволни и од кадарот, и од наставата. Нашите ученици се присутни на наставата, активни се на часовите, читаат дела и изработуваат задачи. Имаат класичен учебен ден со часови и работа, што значи дека не го губат времето и се апсолутно вклучени во сопствената надградба и усовршување. XКако X се изврши промената и префрлувањето кон онлајн настава? Дали беше потребен период на адаптација или обука? Како што спомнав, транзицијата беше извршена, може слободно да се рече,

во трка со времето. Целата настава во државата прекина на 12 и 13 март, во кој период нашиот менаџмент и луѓето од IT секторот обезбедија голем број лиценци од Webex Cisco, а во само еден ден, на 14ти, имавме обука за онлајн настава и веќе на 16 март започнавме со најнормална, вообичаена, според стариот распоред – настава. Верувам дека е така поради напредниот стил на работа на Гимназијата, која од самиот почеток се стреми да биде атрактивна, автентична и поинаква – да има современ и свеж пристап кон едукацијата и техниките на предавање на знаењето. XИмајќи X предвид дека работите со тинејџери, може ли да ни кажете како одржувате дисциплина онлајн? Како им го задржувате вниманието на децата? На почетокот, сите имавме предубедување дека онлајн предавањата ќе бидат понеуспешни, ќе немаме директна контрола на однесувањето, ќе измислуваат нови тинејџерски оправдувања. За многу кратко време изготвивме Правилник на однесување за време на онлајн настава и го споделивме со родителите и учениците, со цел да обезбедиме рамки и норми на однесување. Сакавме да си го задржиме нивото и сериозноста на часот и покрај тоа што сите го одржуваме во домашна атмосфера. Тоа ни помогна да воспоставиме насоки, кои денес се следат без проблеми. Самата ситуација, која сè уште трае, им наметна сериозност на учениците. Пред нив има нова реалност за која не беа подготвени, еден глобален проблем на човештвото кое ги засега и нив лично, се случува транзицијата на свеста и промена на системите на вредности на цивилизација. Не гледаат СФ филм за дистопија, туку го живеат, прилагодувајќи се и учејќи нешто ново, кое можеби повторно ќе им треба. Оваа состојба создаде одбранбен механизам и начин на преживување, па сега спонтано развиваат повисоко ниво на свест и одговорност, со кое пореално гледаат на светот. XКои X се вашите размислувања за иднината на образованието? Како очекувате да се развива наставата? Согласно препораките на МОН, ќе ја следиме целокупната ситуација во


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

51

Самата ситуација, која сè уште трае, им наметна сериозност на учениците. Пред нив има нова реалност за која не беа подготвени, еден глобален проблем на човештвото кое ги засега и нив лично, се случува транзицијата на свеста и промена на системите на вредности на цивилизација. Не гледаат СФ филм за дистопија, туку го живеат, прилагодувајќи се и учејќи нешто ново, кое можеби повторно ќе им треба. Оваа состојба создаде одбранбен механизам и начин на преживување, па сега спонтано развиваат повисоко ниво на свест и одговорност, со кое пореално гледаат на светот. земјата, очекуваното намалување на бројот на заболени и враќањето во училишните клупи би требало да се очекува на самиот почеток на јуни, освен ако немаме нови пикови на заболени, поради што училишната година би ја завршиле онлајн. Нашата гимназија се подготвува за наредната година со многу активности.

Нè очекува период на тестирање на кандидатите за стипендии во мај – па така, до крајот на јуни ќе имаме стипендисти за 2020-2021. Со оглед на нашите активности околу акредитирањето и посетата на Директорот за меѓународна акредитација од WASC, очекуваме потврден одговор и почнување со

летни подготовки за АП програма. Наш голем успех е и поддршката од Агенцијата за размена на ученици YES, која е многу задоволна од нашето работење и сака и понатаму да соработува, информирајќи нè дека со почетокот на новата учебна година ќе добиеме нови ученици од Америка во размена. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

52

МЕНАЏМЕНТ

КОВИД-19 КРИЗАТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ПАРАДИГМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕТО КАКВО ШТО ГО ЗНАЕМЕ

ДОАЃА ЕРАТА НА “ПОСТ – МЕНАЏМЕНТОТ“ Директорите директоруваат, претседателите претседаваат и менаџерите управуваат. Така е во традиционалниот тип на организации. Но, сите овие активности додаваат многу помала додадена вредност од порано. Тие ги ограничуваат иновациите и ја задушуваат креативноста во потрагата по ред. Harvard Business Review

K

“Клучот за менаџирање е да се ослободиме од менаџерите”, советуваше Рикардо Семлер, кој во својот TED -говор воведe термини како “индустриска демократија” и “корпоративeн ре-инженеринг”. Важно е да се истакне дека г-дин Семлер не е некој академик, ниту експерт во теоријата на управување, тој е извршен директор на успешна индустриска компанија. Неговите ставови не ги претставуваат меинстрим размислувањата за организацискиот дизајн. Но, можеби е време да го редефинираме терминот “менаџер” и да се запрашаме дали идејата за “управување”, како што беше наследена од индустриската ера, ја надживеа својата корисност. Светската банка проценува дека

глобалната работна сила достигнува околу 3,5 милијарди луѓе, и во никој случај не очекувам, а уште помалку се залагам, дека оние кои се вработени денес ќе преминат во структура ослободена од менаџмент во блиска иднина или на среден рок. Најголемиот дел од работата што вклучува човечки труд сè уште најдобро се спроведува во традиционална организациска структура. Во светот на нестабилност, неизвесност, сложеност и двосмисленост, технолошките еднорози се тие кои најрано ќе прифатат пост-хиерархискиот модел. Всушност, некои веќе го прифатија. Денешниот конкурентен пејзаж е дефиниран со еден збор: нарушување. Идеите за постепен напредок, континуирано подобрување и оптимизација на процесите едноставно не ја постигнуваат целта повеќе. Тие практики се неопходни, но недоволни. Сега е невозможно да се изгради траен

успех без “интра-претприемништво ” или создавање на нови идеи од рамките на една организација.

Дилеми на „нарушувачите“

Организациските дилеми со кои се соочуваат амбициозните “нарушувачи” (disruptors) најдобро се покажуваат преку Netflix. Нивниот гуру за човечки ресурси, Пети МекКорд, идентификуваше проблем кој се појавува очигледно во ретроспектива: како бизнисите растат, така и нивната комплексност. Но, тоа доаѓа по цена на намалување на талентот, односно процентот на високи квалитетни луѓе со добри перформанси во рамките на една организација. Платформата што таа ја разви со извршниот директор на Netflix, Рид Хестингс, стана достапна онлајн, а Шерил Сандберг, вториот човек од Facebook,ja нарече можеби најважниот документ кој излезе од Силиконската долина. Пети МекКорд не ги заработи нејзините признанија со идентификување


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

53


www.kapital.mk

Капитал број 1061 08.05.2020

54

МЕНАЏМЕНТ

СТИВ ЏОБС

ко-основал на Apple

Нема смисла да се вработaт паметни луѓе, а потоа да им кажете што да прават. Ние ангажираме паметни луѓе за тие да можат да ни кажат што да правиме.

на проблемите. Она што ја задржа имагинацијата на сите се невообичаените решенија што ги нуди: “Со текот на годините дознавме дека ако ги замолиме луѓето да се потпрат на логиката и здравиот разум, наместо на формалните политики, поголемиот дел од времето добивавме подобри резултати и по пониски трошоци. ” Коментарите за корпоративната култура на Netflix често се фокусира на нејзините конкретни политики за човечки ресурси, како што се самоопределените одмори и отсуството на извештаи за патнички трошоци. Но, ова се само деривати на поголемата визија: високата деловна сложеност не треба да се управува со стандардни процеси и постојано растечки правилници. Пети МекКорд отсекогаш се залагала за спротивното: да се ограничи тиранијата на процедурите, да се донесат донесе високо квалитетни таленти и да им се овозможи самите да се управуваат во срединаво која има максимална флексибилност.

Контролирањето на луѓето е контрапродуктивно

Денес, менаџментот го дефинираме менаџментот како процес на справување со/ или контролирање на нештата или луѓето. И ако ова не е црвено знаме за извршен директор кој работи ништо друго освен фабрика за графичка контрола, не знам што е. Контрола на работите повеќе не се покажува како веродостојно, и контролирањето на луѓето е сосема контрапродуктивно. Стив Џобс го стави прстот на глава

кога рече: “Нема смисла да се вработи паметни луѓе, а потоа да им кажете што да прават; ние ангажираме паметни луѓе за тие да можат да ни кажат што да правиме “. Џобс, ко-основачот на “Епл” со право се смета за еден од најголемите визионери на нашето време, но ако бил роден во, на пример, 17 век – или дури 50 години порано отколку што беше, јас се сомневам дека таквата негова изјава би наишла на разбирање од неговите современици. Ерата на пост-менаџмент е само почеток на разденувањето. И тоа е постојано забрзувачко темпо на технолошки напредок, кој е одговорен за уништување на старите парадигми. Да се имале паметни луѓе да им кажуваат на сопствениците на земјиште што да прават во пред-индустриското општество, немало да доведе до подобри економски резултати. Во најдобро сценарио, тоа би предизвикало потсмев. Нема докази од тоа време кои сугерираат дека производството и порастот на населението не беа едно исто. Додека поделбата на трудот е белег на индустриската ера, денес станува сè потешко да се разгледува и да се распредели работата на “белите јаки” во форма на специфични задачи. Без оглед на тоа како го опишуваме сегашноста, дигиталната епоха или ера на четврта ера на индустриска револуција, она на што се сведува се е дека сите работи што бараат надзор се аутсорсираат преку роботи и алгоритми.

Хиерархискиот менаџмент не е веќе прилагоден за новите предизвици

Втората фундаментална промена што ја гледаме сега е дека стратегијата за изработка на план, а потоа и нејзино извршување веќе не е одржливо. Стратегијата како што ја знаеме е мртва. Справувањето со неизвесноста е број еден предизвик, и можеби звучи како клише, истовремено и можност број еден.Крајното е дека хиерархискиот менаџмент не е веќе прилагоден за предизвиците на модерната економија. Секој столб на традиционална организација сега е нарушен. Статусот кво ситуациите се често заштитени со речникот на бизнисот: директорите директоруваат, претседателите претседаваат и менаџерите управуваат. Но, сите овие активности додаваат многу помала додадена вредност од порано. Тие ги ограничуваат иновациите и ја задушуваат креативноста во потрагата по ред. Контекстуалната свест, периферната визија, дизајнерското размислување и мултидисциплинарниот пристап – сите овие термини се тренди во модерната канцеларија. И заслужено. Организација базирана на проекти и ослободена од титули – каде вчерашниот член на тимот е лидер во тимот денесможе да ја испорача флексибилноста и агилноста за која бизнисите копнеат. Да се води проект не значи само некој да доделува задачи и да ги следи перформансите, туку да ги поттикне, да го дефинира поширокиот контекст и органски да ја поврзе работата на еден тим со останатиот дел од бизнисот. Така се ослободува целиот потенцијал на луѓето. nnn



Колку помалку излегуваш, толку повеќе добиваш.

Седењето дома сега има и друга перспектива. Ем го чуваш здравјето, ем можеш да освоиш награда. Трансформирај го карантинот во победа! Преземи ја карантWin мобилната апликација, регистрирај се во наградната игра, следи ги правилата и можеш да освоиш награда!

Повеќе инфо


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.