1067 Kapital magazin

Page 1

СВЕТ: КОИ ПРОИЗВОДИ КОВИД – 19 ПАНДЕМИЈАТА ГИ ВРАТИ НА СЦЕНА business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1067

цена 100 ден. l 19 јуни 2020 петок l година 21

Пазар на капитал Македонската берза и Ковид – 19 кризата www.kapital.mk

ПОЛИТИКА Предвремени избори што доцнат Победа најавуваат сите, ама дали за државата?

cover story

КОЛКАВ Е ЕФЕКТОТ ОД АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ

ЕКОНОМИЈАТА КРИЗИРА, ДРЖАВАТА СО МЕРКИ АМОРТИЗИРА ЕКОНОМИЈА Народна банка: Основната каматна стапка останува 1,5%, ослободени 244 милиони евра расположливи за кредитирање од страна на банките

Балкан:

Human, хрватската компанија што ги победи Google и NASA



СОДРЖИНА

Kapital... 1067 4

12

COVER STORY

ФИНАНСИИ

Колкав е ефектот од антикризните мерки

Народната банка смета дека монетарната политика е доволно релаксирана

Економијата кризира, државата со мерки амортизира

Основната каматна стапка останува 1,5%, ослободени 244 милиони евра расположливи за кредитирање од страна на банките

18

ПОЛИТИКА

Предвремени избори што доцнат Победа најавуваат сите, ама дали за државата?

30

БАЛКАН БИЗНИС СЦЕНА

Human, креативна агенција со човечки пристап

Запознајте ја хрватската компанија што ги победи Google и NASA

24

36

Македонската берза и Ковид – 19 кризата

Пандемијата ги промени навиките на потрошувачите

СВЕТ

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

И покрај остриот пад во месец март, МБИ10 успеа да поврати добар дел од вредноста

Миленијалците „ги убија“ овие продукти, но Ковид-19 ги врати во живот

COVER STORY Колкав е ефектот од антикризните мерки...............................................4 Економијата кризира, државата со мерки амортизира

ПАЗАР НА КАПИТАЛ Македонската берза и Ковид – 19 кризата..................................................24 И покрај остриот пад во месец март, МБИ10 успеа да поврати добар дел од вредноста

ФИНАНСИИ Народната банка смета дека монетарната политика е доволно релаксирана......................................12 Основната каматна стапка останува 1,5%, ослободени 244 милиони евра расположливи за кредитирање од страна на банките

БАЛКАН БИЗНИС СЦЕНА Human, креативна агенција со човечки пристап...............................................30 Запознајте ја хрватската компанија што ги победи Google и NASA

ПОЛИТИКА Предвремени избори што доцнат............18 Победа најавуваат сите, ама дали за државата?

СВЕТ Пандемијата ги промени навиките на потрошувачите........................36 Миленијалците „ги убија“ овие продукти, но Ковид-19 ги врати во живот

42

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Д-р Киран Мазумдар – Шо од Индија е светски претприемач на годината според Ernst & Young

Жената што им помогна на милиони луѓе да дојдат до лекови по прифатливи цени ПРЕТПРИЕМНИШТВО Д-р Киран Мазумдар – Шо од Индија е светски претприемач на годината според Ernst & Young...................................................................42 Жената што им помогна на милиони луѓе да дојдат до лекови по прифатливи цени ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Know – how за семејните бизниси............44 Зошто е потребен професионален менаџмент ЛИДЕРИ Брајан Ектон, ко – основач на WhatsApp..........................................................................48 Бев голем „бубалица“

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 18.6.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1066 12.06.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

ЕКОНОМИ КРИЗИРА ДРЖАВАТ СО МЕРКИ АМОРТИЗ


www.kapital.mk

КОЛКАВ Е ЕФЕКТОТ ОД АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ

ИЈАТА А, АТА И ЗИРА

Капитал број 1066 12.06.2020

5


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

6

COVER STORY

Владините мерки го ублажуваат ударот од пандемијата врз економијата и тоа го докажуваат конкретни бројки, вели министерката за финансии Нина Ангеловска, од којашто ги побаравме најновите податоци за ефектите од трите досегашни пакети антикризни мерки. Таа вели дека сите мерки се донесени за соодветен тајминг, некои од нив даваат резултати веднаш, а други пак ќе треба да ја заживеат мамурната економија откако пандемијата ќе стивне. Економистите исто така ги анализираат ефектите од владините антикризни мерки, и според нивните наоди, државата успеала да спаси дури 198.000 работни места што биле доведени во ризик да бидат изгубени. Сепак, и покрај обидите да амортизира, статистиката покажува дека економијата кризира. Податоците се катастрофални за време на ударот во април кога цел месец имаше полициски час за да се запре ширењето на коронавирусот. Евдентиран е пад на индустриското производство за 33,5% и намалување на извозот за дури 60,3%. Последиците од афтершоковите во следните месеци допрва ќе се мерат, но Владата очекува третиот сет на мерки да ја поттикне домашната потрошувачка и со тоа целата економска активност.

НИНА АНГЕЛОВСКА

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

Брзите мерки за економијата се клучни за полесно надминување на проблемите во ваква криза со брз развој и непредвидлив карактер. Можам да кажам дека издвоивме максимум во рамките на нашите можности, но уште поважно, се обидуваме да бидеме максимално ефикасни во реализацијата на мерките. Најголемиот удар статистички ќе се прикаже во вториот квартал годинава кога се очекува пад на БДП од -15%, потоа во третиот забавување на падот на околу -2,7% и потоа во четвртиот квартал благ раст над 2%. Засега имаме подобра наплата на приходите од планираното и тоа ни дава позитивни изгледи. Важно е што ликвидносно сме подготвени со заеми и за евентуално продлабочување на кризата, но се надеваме дека сите мерки ќе го дадат максималниот ефект и дека сепак нема да се случат поголеми потреси од очекуваните.

Доколку треба одново да се дизајнираат овој сет на мерки, јас би ја променила само методологијата. А од аспект на обем за моменталниот шок можеби беа тоа што максимум може да си го дозволиме, затоа што мора да бидеме свесни дека од друга страна имаме одредени фискални ограничувања. Во секој случај сметам дека во периодот кој што следи се уште има простор за дополнителни мерки и дополнителни надградувања, но претходно да направиме некои реоценки, се со цел оние фискални средства коишто ни се на располагање да ги искористиме на паметен начин и да ги вложиме онаму каде што можеме да извлечеме максиум, од аспект на ефекти за економијата, меѓутоа исто така и за зачувување на животниот стандард.

министерка за финансии

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

В

Владините мерки го ублажуваат ударот од пандемијата врз економијата и тоа го докажуваат конкретни бројки, вели министерката за финансии Нина Ангеловска, од којашто ги побаравме најновите податоци за ефектите од трите

извршен директор на Finance Think

досегашни пакети антикризни мерки. Таа вели дека сите мерки се донесени за соодветен тајминг, некои од нив даваат резултати веднаш, а други пак ќе треба да ја заживеат мамурната економија откако пандемијата ќе стивне. „Брзите мерки за економијата се клучни за полесно надминување на проблемите во ваква криза со брз развој и непредвидлив карактер. Можам да кажам дека издвоивме максимум во рамките на нашите можности, но уште поважно, се обидуваме да бидеме максимално ефикасни во реализацијата на мерките“, вели Ангеловска оценувајќи ги сите досегашни мерки што ги донесе Владата за да ги ублажи


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

7 економските последици од оваа криза. „Со првиот сет на мерки рековме дека ги заштитуваме трите најпогодени сектори, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаат запрена економска активност поради мерките на Владата, а со вториот намерата беше да се заштитат сите работните места во компаниите коишто се соочија со намален обем на работа“, додава Ангеловска и објаснува дека мерките се дизајнирале соодветно на тајмингот и актуелните предизвици во економијата во тој момент. Според последните податоци на Министерството за финансии, најмногу пари досега се потрошени за заштита на работните места, што беше главен фокус на првите два сета на мерки. Во април, со пари од државната каса, исплатени биле плати во висина од 14.500 денари, колку што всушност изнесува минималната плата во земјава, на вкупно 140.000 работници од 19.500 фирми. За таа цел се потрошиле 28 милиони евра. Според износот на вкупна исплатена поддршка, околу 57% биле за плати на вработени во микро и мали компании, 22% во средни и 21% во големи компании. По одделни индустрии, најголемиот број на вработени за кои е добиена финансиска поддршка, околу 52.000 работници се во преработувачката индустрија, потоа околу 26.000 во трговија на мало и околу 16.000 во угостителство и објекти за сместување. За следниот месец, мај, од Министерството велат дека се уште се доработуваат податоците, но државата од буџетот веќе финансирала плати во вредност од околу 20 милиони евра. „Ако ги анализираме податоците произлегува дека се работи за обемна мерка која што ги дала очекуваните ефекти. Она што е важно е дека во рамките на можностите, а бидејќи за оваа мерка имавме одвоено околу 100 милиони евра, одлучивме да ја продолжиме да важи и за јуни, за да ги заштити работните места и да им помогне на компаниите да исплатат пристојно ниво на плати во време кога се соочуваат со намалени приходи за над 30%“, објаснува министерката Ангеловска. Анализа на оваа владина мерка направи и Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think. Според нивните наоди, финансиската поддршка од 14.500 денари по работник, надополнета со субвенционирањето на придонесите во висина од 50% кај најзасегнатите сектори, во транспортот и угостителството, овозможила зачувување на околу 80% од работните места кои биле најсилно погодени и било извесно дека ќе бидат

затворени. Со овие мерки се зачувале околу 75 илјади работни места кои биле под висок ризик да бидат изгубени, што е 9,2% од вкупниот број на вработени во земјава. Но, потенцијалот на оваа мерка, според извршниот директор и главен економист на Finance Think, Благица Петрески, е далеку поголем. „Kрајниот таргет и потенцијалот на

тие мерки е околу 198.000 работни места. Во април беше обезбедена поддршка за околу 135.000 работни места што означува одредена помала реализација од планираното, и којашто во еден дел се должи можеби заради недоволната информираност на компаниите, меѓутоа и оние чести промени на уредбите и одредени критериуми за мерките предизвикаа одредена неизвесност кај компаниите.


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

8

COVER STORY

Па оттука се почувствува одреден страв кај фирмите да аплицираат за конкретната мерка, што можеби е причина да не се искористи целокупниот потенцијал. Во месец мај реализацијата е за одреден степен зголемена, што е позитивен сигнал“, објаснува Петрески од Finance Think. Според овој Институт, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка, a резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би се искачила на 23,9%. Освен финансирањето на платите за работниците од најпогодените сектори со пари од буџетот, Владата деновиве ги реализира и мерките од последниот трет пакет кој треба да ја поттикне домашната економија во фазата на постепено олабавување на рестрикциите. Станува збор за издавање платежни картички за купување домашни производи, но ефектите од оваа мерка ќе треба допрва да се мерат. Од Министерството за финансии, објаснуваат дека симулациите на ефектите покажале дека домашната платежна картичка и ваучерите за домашен туризам ќе го ублажат падот на економската активност во третото тримесечје, како и падот на бројот на ноќевања во македонскиот туризам. Домашна платежна картичка треба да им се додели на околу 325.000 граѓани, а министерката Ангеловска вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформалната економија, купување домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок. „Направивме една симулација што ќе значат 28 милиони евра во економијата во така краток период од околу 30 до 40 дена. При таа симулација за третиот квартал од годината, ако ние предвидуваме дека контракцијата или намалувањето на економската активност ќе биде -2,7%, со влевање на сите овие средства ќе забележиме нешто под -2%, односно намалување за 0,7 - 0,9 процентни

поени помал економски пад благодарение на овие пари коишто ќе се влеат во економијата и коишто ќе се потрошат кај погодените сектори за домашни производи и услуги“, истакна Ангеловска. Таа посочува дека сличен ефект се очекува и преку ваучерите за домашен туризам. „Се работи за мерка којашто изнесува околу 10-12 милиони евра, а вакви ваучери се поделија на 117.000 граѓани, секому по 100 евра. Симулацијата што ја направивме тука со цел да го оцениме ефектот, проценивме ако бројот на ноќевања во текот на 2020 година согласно случувањата би бил околу 50%, со оваа мерка тој процент би бил дупло помал, односно би се влијаело на помал пад на бројот на ноќевања и воедно зајакнување на македонскиот туризам“, вели Ангеловска.

Повеќе пари за фирмите

Голем интерес покажаа компаниите и за бескаматните кредити од Развојната банка, преку која досега се пласирани вкупно 12,7 милиони евра, за 1.330 фирми. Владата најави дека разгледува можности да стави уште пари на располагање за фирмите како грантови или кредити без камата. „Со оглед на тоа што се работи за исклучително поволни заеми за компаниите, без камата, очекувано е дека интересот е многу голем, а можностите се ограничени. Но, веќе разговаравме во Владата, да направиме обид доколку останат пари од некои други мерки што нема да се искористат целосно, да се пренаменат и да се пласираат како кредити преку Развојната банка. Важно е да се знае дека во третиот пакет мерки има предвидено 31 милиони евра бескаматни кредити, за мали и средни фирми, и тоа со грант компонента до 30%, за компании водени од жени, или млади луѓе, коишто ќе воведат нови технологии или ќе се ориентираат извозно. Овие пари коишто се грант од ЕУ се планира да се реализираат во септември“, посочи Ангеловска. Уште една мерка наменета за посткризниот период којашто според Ангеловска треба да ги поттикне компаниите да инвестираат е финансиска поддршка за инвестиции

БРОЈКИ

28

милиони евра се исплатени во април за плати од 14.500 денари на 140.000 работници од 19.500 фирми

80%

од работните места кои биле најсилно погодени и било извесно дека ќе бидат затворени се сочувани со помош на мерката субвенционирање на плати и придонеси

23,9%

би станала стапката на невработеност без финансиска поддршка на компаниите

325

илјади граѓани треба да добијат платежна картичка за стимулирање побарувачка за домашни производи

5,5%

од БДП изнесува вредноста на досега донесените антикризни мерки, што е горе – долу во рамки на просекот од земјите во регионот

за којашто се одвоени 20 милиони евра. Сите мерки се проценува дека вредат околу 500 милиони евра што е околу 5% од бруто домашниот производ, и се очекува да опфатат околу 730 илјади граѓани. Економистите оценуваат дека фискалниот обем на мерките е соодветен на можностите на државниот буџет, но сугерираат да се следат ефектите за да може парите да се искористат најпродуктивно. „Доколку треба одново да се дизајнираат овој сет на мерки, јас би ја променила само методологијата. А од аспект на обем за моменталниот


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

9


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

10

COVER STORY

шок можеби беа тоа што максимум може да си го дозволиме, затоа што мора да бидеме свесни дека од друга страна имаме одредени фискални ограничувања. Во секој случај сметам дека во периодот кој што следи се уште има простор за дополнителни мерки и дополнителни надградувања, но претходно да направиме некои повторни оцени, се’ со цел оние фискални средства коишто ни се на располагање да ги искористиме на паметен начин и да ги вложиме онаму каде што можеме да извлечеме максимум, од аспект на ефекти за економијата, меѓутоа исто така и за зачувување на животниот стандард“, вели Благица Петрески од Finance Think. Од Делегацијата на ЕУ во Скопје, оценија дека мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата се издржани и очекуваат да дадат резултати. „Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла,

но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, истакна Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во ЕУ Делегацијата во земјава.

Ударот во април и афтершоковите

Но и покрај преземените мерки на Владата за да амортизира, статистиката покажува дека економијата кризира. Во април евидентиран е драматичен пад на индустриското производство од 33,5%, и намалување на извозот за дури 60,3%. Министерката Ангеловска вели дека овој тренд бил неизбежен како последица на целосното затворање на општествата не само овде, туку и во цел свет, како нужно зло за економијата, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. „Реалноста е таа, светот се соочува со една од најголемите кризи воопшто, и не можеме да речеме дека падот на индустријата и извозот не беше очекуван. Всушност уште од февруари кога почна брзо да се шири вирусот глобално, некои синџири на набавки беа прекинати. Јасно е дека индустријата и извозот придонесуваат многу во вкупниот БДП на земјата како мала и отворена економија, но токму затоа мислам дека клучни ќе бидат мерките за овој посткризен период, кои ќе треба да ја зголемат конкурентноста на домашните компании повторно да го зголемат извозот на странските пазари“, истакна Ангеловска. И додека светот се уште се бори со пандемијата а ризикот од нејзино пролонгирање дури и догодина е

голем, меѓународните финансиски институции прогнозираат дека рецесијата во македонската економија годинава е неизбежна. Процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. Сепак, според сегашните индикатори, министерката Ангеловска вели дека економијата се движи во рамките на основното, поповолно сценарио. „Добрата страна на овие процени е што сите меѓународни финансиски институции очекуваат нашата земја најбрзо да закрепне економски од оваа криза. Најголемиот удар статистички ќе се прикаже во вториот квартал годинава кога се очекува пад на БДП од -15%, потоа во третиот забавување на падот на околу -2,7% и потоа во четвртиот квартал благ раст над 2%. Засега имаме подобра наплата на приходите од планираното и тоа ни дава позитивни изгледи. Важно е што ликвидносно сме подготвени со заеми и за евентуално продлабочување на кризата, но се надеваме дека сите мерки ќе го дадат максималниот ефект и дека сепак нема да се случат поголеми потреси од очекуваните“, вели Ангеловска. Петрески од Finance Think вели дека во следниот период треба да се идентификуваат потенцијалите за побрз раст на македонската економија за да може во посткризниот период побрзо да се надмине рецесијата. „Сметам дека првичниот шок на кризата која што настана мерките беа соодветно дизајнирани, меѓутоа она што во моментов недостасува е една подолгорочна визија за реставрирање и реорганизирање на севкупната економија односно во следната година, затоа што знаеме дека последиците од моменталната криза нема да бидат само за овој квартал или следниот квартал туку последиците ќе се провлекуваат многу подолго отколку што ние можеби во моментов очекуваме. И она што на нашата економија во моментов и е потребно, е да имаме подолгорочна визија односно да идентификуваме како на наједноставен начин можеме да излеземе од оваа рецесија, меѓутоа како втор аспект кои се тие сектори кои што може да дадат најголем придонес за раст на БДП“, вели Петрески. Според процените на меѓународните финансиски институции, доколку годинава пандемијата се смири, догодина македонската економија може да забележи раст и до 7%.

nnn


www.pcb.mk


Капитал број 1067 19.06.2020

12

www.kapital.mk

ФИНАНСИИ

НАРОДНАТА БАНКА СМЕТА ДЕКА МОНЕТАРНАТА

ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ОСТАНУВА 1,5

ОСЛОБОДЕНИ 244 МИЛИО ЕВРА РАСПОЛОЖЛИВИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАНКИТЕ Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината, велат од Комитетот за оперативна монетарна политика при НБРСМ.


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

А ПОЛИТИКА Е ДОВОЛНО РЕЛАКСИРАНА

А 5%

ОНИ

13


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

14

ФИНАНСИИ

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

П

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, Народната банка одлучи таа да се задржи на нивото од 1,5%. Како што објаснуваат оттаму, во условите коишто произлегуваат од пандемијата на ковид-19 и мерките за спречување на ширењето на вирусот, кои неповолно влијаат и врз глобалната и врз домашната економија, а при солидно ниво на девизни резерви и отсуство на инфлациски притисоци, од почетокот на годината монетарната политика е релаксирана. Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонело за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика при НБРСМ беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, на седницата беше оценето дека е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари. Ова значи дека во април и мај за околу 244 милиони евра помалку биле понудени благајнички записи на деловните банки, што значи тој износ можат да го пласираат во вид на кредити на граѓаните и компаниите. „На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на оваа година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти раст од 3,4% во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како и мерките кои беа преземени за спречување ширење на вирусот, во текот на март доведоа до влошување на

деловната активност, видливо кај поголем дел од економските дејности. Гледано од расходната страна, ваквата состојба се одрази врз домашната побарувачка, која имаше помал позитивен придонес за растот на БДП, кој речиси во целост беше неутрализиран од негативниот придонес на нето извозот. Послабата домашна побарувачка во првиот квартал произлегува од малиот пад на бруто инвестициите, наспроти нивниот солиден раст во претходниот квартал, како и на забавувањето на растот на личната и јавната потрошувачка. Тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од оваа година се ограничени за поцелосно согледување на состојбите, но податоците за индустријата и трговијата за април упатуваат на понатамошни и понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност.“, велат од Народната банка.

Нивото на девизни резерви во сигурната зона

Во однос на инфлациските движења, пак, ценовните промени во периодот април - мај засега се во согласност со проекцијата за вториот квартал, се вели во соопштението на Народната банка. „Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата од 0% за оваа година, тековно се оценуваат како урамнотежени. Сепак, и понатаму постои голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со коронавирусот и времетраењето на пандемијата.“ Нивото на девизните резерви според централната банка се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје, главно се во согласност со очекувањата. Во текот на јуни месец, девизните резерви забележаа значаен раст од околу 600 милиони евра, што се должи на легнатите пари од задолжувањата што ги направи државата со цел надминување на економските последици од пандемијата (подетално објаснување околу девизните резерви подолу во рамка, н.з.). Податоците од надворешниот сектор за второто тримесечје се ограничени, но од расположливите податоци членовите на Комитетот согледале поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на коронавирусот, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал. Последните информации од надворешнотрговската размена

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

гувернерка на Народната банка

Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија.

за април 2020 година упатуваат на можност трговскиот дефицит да биде во согласност со очекувањата според проекцијата, иако периодот од еден месец е краток за донесување посигурни констатации во овој домен, велат од НБРСМ. „Податоците за менувачкиот пазар заклучно со мај, засега укажуваат на можност нето приливите од приватните трансфери да бидат пониски од очекуваните за вториот квартал. Остварувањата кај билансот на плаќања во првиот квартал од оваа година упатуваат на дефицит во тековната сметка, којшто е во согласност со априлската проекција, а поголеми отстапувања во однос на проекцијата не се забележани ниту во финансиската сметка.“ Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината.

Ликвидноста на банките е солидна

Во изминатиот период, ликвидносна состојба на банкарскиот систем се


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

15

МОНЕТАРНИТЕ ВЛАСТИ СМИРУВААТ: ДЕВАЛВАЦИЈА НЕМА ДА ИМА!

За разлика од ситуацијата во 1997 г., кога се случи првата и засега единствена девалвација на денарот во самостојна Македонија, државата сега има највисоко ниво на девизни резерви од независноста наваму, стабилен и добро капитализиран банкарски систем, историски најниско ниво на каматни стапки, дефицит на тековната сметка и надворешен долг во зоната на умерено ниво, како и инструменти на располагање на Народната банка со коишто може да се гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен.

Ш

пекулациите за евентуална девалвација се многу опасни, како што оценува Народната банка, уште повеќе што дел од нив беа поврзувани со наводни оцени од страна на европските и светските финансиски институции за неизбежната потреба од девалвација, и тоа уште летово. „Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен! Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите, како и пласирањето неточни или непроверени информации во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за македонската економија.“, соопштија од Народната банка. Како аргументи во насока на оваа изјава за гарантирање на стабилноста на денарот, од НБРСМ рекоа дека девизните резерви се на соодветно високо ниво, што е најзначајна гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута. На крајот на април, тие изнесуваа 3 милијарди и 159,6 милиони евра и во однос на март бележат зголемување за 142,3 милиони евра. Нивното ниво е речиси двојно повисоко во однос на кризата во 2008 година. Дополнително, Народната банка располага со низа

инструменти со коишто гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Понатаму, во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви е и ќе остане адекватно и дека не се очекува на ниту еден начин да биде загрозена стабилноста на денарот. Ниту од Народната банка, ниту од релевантните меѓународни институции не се очекува пораст на стапката на инфлација, односно не се очекува пораст на цените. Напротив – во услови на тековни инфлациски остварувања коишто се под очекуваните, како и при значителни надолни ревизии кај увозните цени поради шокот од пандемијата на ковид-19, особено на енергенсите, оцените упатуваат на стапка на инфлација од околу 0% за 2020 година. Дефицитот на тековната сметка е на умерено ниво и според проекциите тој и натаму ќе биде на умерено ниво, а надворешниот долг останува во зоната нa умерено ниво, при негово намалување минатата година. Банкарскиот систем е стабилен и според сите показатели е подготвен не само да се справи со шокот од ковид-19, туку и натаму, континуирано да испорачува кредитна поддршка за македонската економија и да придонесе таа полесно и побрзо да се справи со предизвиците од корона-кризата, објаснија од Народната банка.


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

16

ФИНАНСИИ

задржала на релативно солидно ниво, што според Комитетот се потврдува и со ниската потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Дополнително, показателите за домашните финансиски пазари за мај упатуваат на умерено подобрени трендови на девизниот пазар, што може да упатува на постепено стабилизирање на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Во такви околности, во мај, Народната банка беше присутна на девизниот пазар со умерено пониски интервенции за продажба на девизи на месечна основа, од вкупно 53,7 милиони евра. Во текот на минатиот месец, склоноста за преземање ризик од страна на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари се зголеми, што упатува на одредено враќање на оптимизмот. Имено, во многу странски економии, повторно беа отворени компаниите од повеќе дејности, а на глобално ниво е присутна и натамошна поддршка од страна на носителите на монетарните и фискалните политики. Следствено, беше забележан и нагорен тренд на берзанските индекси, зголемување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и стабилизирање на приносите на државните хартии од вредност издадени од САД. „Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена на Народната банка. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму се присутни и изразени, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија, што влијае и на променливост во очекувањата. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно. “, заклучуваат од Народната банка. nnn

КОНВЕРЗИЈАТА НА ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ВО ДЕНАРИ НЕ ЗНАЧИ ПЕЧАТЕЊЕ НА ПАРИ

Конверзијата на девизите во домашна валута, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица, објаснуваат од Народната банка. Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, која ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата.

П

о појавата на недоумици во јавноста околу тоа што значи зголемувањето на девизните резерви за 600 милиони евра во јуни месец, за само 15 – тина дена, односно дали се тоа парите легнати од задолжувањата што ги направи државава со цел справување со економските последици од пандемијата, како и во врска со прашањата дали конверзијата на тие девизи во денари би значело “печатење на пари“, НБРСМ одговори со официјално соопштение. Во него се вели дека девизните средства на државата, вклучително и средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно со меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви. Како дел од девизните резерви, овие средства претставуваат дополнителна поддршка за носителите на монетарната политика во одржување на стабилноста во економијата. „Секако, државата слободно располага со овие средства и во зависност од потребите за финансирање, како и досега, тие може да се користат за отплата на долг кон странство кој достасува во следниот период, други редовни плаќања на државата кон странство, како и за финансирање на буџетските расходи во домашната економија во домашна валута.“, објаснуваат од Народната банка. Конверзијата на девизите во домашна валута, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица, дополнуваат од централната банка. „Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, која ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата. Притоа, нивото на девизните резерви останува непроменето (бидејќи државата и ги продава девизите на Народната банка), и самата трансакција не значи ‘печатење на пари’.“



Капитал број 1066 12.06.2020

18

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБ

ПОБЕДА НАЈА АМА ДАЛИ ЗА


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

19

БОРИ ШТО ДОЦНАТ

АВУВААТ СИТЕ, А ДРЖАВАТА?

Не треба да се имаат специјални познавања од тековите на македонската политичка сцена за да биде јасно дека и оваа кампања партиите ќе ги кршат копјата во меѓусебни препукувања и обвинувања, на сметка на вистинските прашања што заслужуваат одговор пред македонските граѓани. Ако се има предвид неофицијалниот почеток на кампањата, тешко е да се очекува дека овој пат претставниците во законодавниот дом (којшто патем ужива рекордно ниска доверба кај народот) ќе се избираат низ здрава и демократска дебата фокусирана на јавниот интерес.


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

20

ПОЛИТИКА

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

ЗОРАН ЗАЕВ

АЛИ АХМЕТИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со стратегија како ја гледа иднината на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи. Овдека пред вас стои победник, кој е убеден дека на 15 јули заедно со народот ќе донесе историска победа за Македонија. Јас верувам во мудроста на народот.

Сторивме сè што беше до нас. Подготвени сме за почеток со преговорите, за тоа е потребно да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки, а не да се враќаме чекор назад. До 2024 очекуваме да отвориме 80 отсто од поглавјата за ЕУ. Со вакво ВМРОДПМНЕ преговорите би траеле 60 години и никогаш не би завршиле. Очекувам сигурна победа.

Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и на американското партнерство и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин. Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја. велат од партијата на Ахмети

лидер на ВМРО - ДПМНЕ

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Ќ

Ќе треба да помине време за да може од дистанца да се анализира однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери за време на целата криза кога лично тој одлучи да се држи Собранието под клуч и да се дава упорно воздух на техничката Влада што се покажа како катастрофално решение. Еднакво како што ќе треба да се анализира и неговата „спрега“ со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски кој со ароганција порача дека нема намера да почитува одлуки на Владата давајќи му го ексклузивното право на Џафери да одлучи кога и дали ќе има избори. Овие институционални „игри без граници“ заедно со фактот што најважните политички одлуки кај нас ги носат партиите преку се' уште живиот формат на лидерските средби, зборува многу за позицијата на Собранието во оваа кревка демократија. Паралелно со овие настани, како математички аргумент за овој впечаток, излезе нова анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ со крајно поразителни податоци за довербата

лидер на СДСМ

на граѓаните во законодавниот дом и во пратениците. Досегашниот пратенички состав, според анкетата, си заминува со оценка 2,6 на скала од 1 до 5. Анкетата спроведена од 17 февруари до 6 март годинава покажува дека над 70 отсто од граѓаните сметат дека избраните претставници во Собранието секогаш тргнуваат од своите лични или интересите на својата политичка партија, додека половина од граѓаните сметаат дека пратениците само понекогаш ги имаат предвид интересите на граѓаните. Според анкетата, над две третини од граѓаните се убедени дека во извршувањето на своите функции Собранието е до извесен степен контролирано од страна на Владата, и покрај тоа што уставната надлежност на законодавниот дом го предвидува токму спротивното, законодавниот дом да ја избере и да врши политичка контрола и надзор над Владата. А изборите сега се токму парламентарни...

Нови избори, стар модел

Едно од главните ветувања на СДСМ во претходната кампања беше воведувањето на отворени листи и промена на избирачкиот модел. Пред неколку месеци ова прашање се отвори повторно, но партиите не се договорија. СДСМ се залагаше за една изборна единица со отворени листи, ВМРО-ДПМНЕ за мнозински модел, ДУИ за шест, а опозициските партии на Албанците за три изборни единици. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска вели дека е

лидер на ДУИ

БРОЈКA

70%

од испитаниците во анкетата на институтот за демократија „Социетас Цивилис“ сметаат дека пратениците својата работа ја вршат низ призмата на личниот интерес

неопходен широк политички консензус за пропорционален изборен модел со отворени листи, за што јасно беше дека нема да има време. Во анализа на РСЕ на кандидатските листи се наведува дека ВМРОДПМНЕ од досегашниот свој партиски состав во Собранието во кој имаа 36 пратеници задржаа само седум. СДСМ, пак, од своите партиски редови досега имаа 35 пратеници, а од нив за во следните четири години кандидираа 11 пратеници. ДУИ за овие избори ќе се натпреварува во сите шест единици. Од нивните досегашни 10 пратеници, во игра за во новиот состав остануваат само партискиот лидер Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери. На кандидатските листи сега како предводници се и сегашни и поранешни министри, актуелни градоначалници, поранешниот градоначалник на Чаир и партиски потпретседател Изет Меџити, сегашниот директор на Центар за јавно здравје Арбен Зибери, кој во последно време поради корона-


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

21


www.kapital.mk

Капитал број 1066 12.06.2020

22

ПОЛИТИКА

кризата е се поприсутен во јавноста, потоа граѓанската активистка Мери Николова Буџаку. Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши кои во коалиција ќе настапат на изборите, предводат избирачки листи, дел од нивните досегашни пратеници се најдоа на листите, но дел не. Од Алијансата најавија дека на избори ќе одат со личности кои веќе се познати и „уживаат голема популарност кај албанското гласачко тело во државата“, набројувајќи доктори, професори, магистри. Од познати личности, на листата на ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа е оперскиот пејач Игор Дурловски. На листата на новоформираната „Твоја“ партија се имињата на професорите Мирјана Најчевска, Ѓорѓе Марјановиќ, адвокатот Александар Тортевски. Доктор Тодор Ношпал се трка за „Глас за Македонија“. Водачите на протестите „Уа лопови“, се на листата на ГДУ. Нов обид за влез во Собранието прави и „Левица“. За пратеници се натпреваруваат и Јанко Бачев и Јове Кекеновски како дел од „Единствена Македонија“. Поранешниот пратеник Насер Зибери вели дека изборниот модел во земјава е проблематичен, па откако се применува пропорционалниот модел со затворени листи во Македонија има проблем со квалитетот на претставување на граѓаните. „Овој модел диктира послушност и дисциплина во партиските редови и секој што има намера да се кандидира треба да биде послушен на партиските структури, на лидерот. Тие партиски структури обично се склони да најдат луѓе кои што ќе бидат послушни, а не индивидуалци, луѓе кои ќе се наметнат со свое мислење“, вели Зибери.

Сите (демек) полни со самодоверба

Иако и официјално кампањата се уште не е почната партиите веќе одамна се де факто во кампања полна со размена на пораки и обвинувања. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски откако на средба со коалициските партнери се пофали дека едногласно ја добил поддршката од нив и ги прецизираа идните чекори, најави победа: „Очекувам кампања во која ќе може да ги покажеме разликите кои ги поседуваме. Кој нуди стратегија за развој, а кој не нуди ништо. Изминативе години сме сведоци на влада која многу ветуваше, но освен капитулација, криминал и неправда ништо не направи. И тоа не е само мој став, така мислат и многу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со стратегија како ја гледа иднината на Македонија.

НОСИТЕЛИТЕ ПОТПИШАА КОДЕКС ДЕКА ЌЕ „ВОЈУВААТ“ ФЕР

И

ако ако се суди по неформалниот почеток и наративот којшто веќе се негува во меѓусебните обвинувања, кампањата е веќе далеку од пристојна и аргументирана дебата, носителите сепак потпишаа кодекс за фер и демократски избори. По потпишувањето на кодексот, ќе биде извршена ждрепка за определување на билбордите за политичко рекламирање. Потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори е обврска што произлегува од член 8-в од Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи. Овдека пред вас стои победник, кој е убеден дека на 15 јули заедно со народот ќе донесе историска победа за Македонија. Јас верувам во мудроста на народот“ рече Мицкоски. И неговиот противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев е убеден во сигурна победа. СДСМ заедно со своите коалициски партнери и Беса велат не планираат големи митинзи и собири се со цел заштитат граѓаните и порачуваат дека немаат дилеми во изборните резултати: „Сторивме сè што беше до нас. Подготвени сме за почеток со преговорите, за тоа е потребно да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки, а не да се враќаме чекор назад. До 2024 очекуваме да отвориме 80 отсто од поглавјата за ЕУ. За шест години успешно ќе ги завршиме преговорите со ЕУ. Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години и никогаш не би завршиле. Отворањето ќе значи трансформација на целото општество, но и пристап до нови фондови и повеќе пари за инфраструктура, капитални проекти, плати и за подобар живот на народот“, вели Заев. Од ДУИ пак со порака до партиите од македонскиот политички блок да се воздржат од било каков говор

на омраза и да ја прифатат како што наведуваат во соопштението демократската реалност во трката за премиер Албанец. „Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и на американското партнерство и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин. Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја.“ - велат од ДУИ. Од Алијансата за Албанците и Алтернатива пак веќе го поздравија постигнатиот договор за датум за избори, но и со порака до ДУИ.' велат од Алијансата за Албанците. „На 15 јули Албанците ќе отворат ново поглавје во креирањето политики, оставајќи го зад себе владеењето на ДУИ, која честопати не успеа да го претставува имиџот и интересот на нивните гласачи и на Албанците воопшто. Сега е време да се изгради нов политички легитимитет, заснован на нашата политичка програма и платформа. Официјалната кампања почнува од 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ кога и почнува изборниот молк.

nnn



Капитал број 1067 19.06.2020

24

www.kapital.mk

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА И КОВИД – 19 КРИЗАТА

И ПОКРАЈ ОСТРИОТ ПАД ВО МЕСЕЦ МАРТ, МБИ10 УСПЕА ДА ПОВРАТИ ДОБАР ДЕЛ ОД ВРЕДНОСТА


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

25


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

26

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

П

Пад од 12% бележи главниот индекс на Македонската берза, МБИ10, во периодот од почетокот на годината, до средината на јуни, кога е пишуван овој текст. Заклучно со 31.05, за првите пет месеци индексот има пад на вредноста од 8,3%. Индексот забележа остар пад во месец март, од 35%, поради паничната распродажба на акции како реакција на светската берзанска криза предизвикана од пандемијата. Потоа во следниот период Берзата закрепна, индексот поврати добар дел од вредноста, но во мај и јуни продолжи со намалување на вредноста, иако со далеку побавно темпо одошто во кризниот месец март. Сепак, кога ќе се земе предвид кумулативниот перформанс на индексот од почетокот на годината, инвеститорите коишто вложиле во кошничката најликвидни акции, забележале загуба од околу 12%. Сите 10 најликвидни акции, односно оние што го сочинуваат индексот МБИ10 во првите шест месеци од годинава бележат пад на вредноста, ако се спореди нивната цена на првиот ден од годинешново тргување, и 18 јуни, моментот на затворање на овој текст. Најголем пад на вредноста има акцијата на ТТК Банка, за 25%, а следат акциите на Македонијатурист (-19,8%), Гранит (-19,2%), Макпетрол (-15%), Стопанска банка – Битола (-14,8%), Стопанска банка – Скопје (-14,6%), Комерцијална банка (-13,2%), итн. Најдобро досега поминале акциите на Македонски Телеком со 1,25% пад на акцијата и Алкалоид со 2,6% пад.

Акциите на Комерцијална банка со една четвртина од прометот во мај

Во месец мај Берзата забележала помал промет за 37%, помал број на трансакции за 47%, како и пад на индексот за 4,5%. Според месечниот статистички билтен на Берзата, во класично тргување со акции и обврзници, прометот во мај изнесувал 428,3 милиони денари (речиси 7 милиони евра), и е за 34,3% помал во однос на месец април. Прометот со акции изнесува 305 милиони денари (5 милиони евра) и е за 53% помал од претходниот месец, додека прометот со обврзници изнесува 123,3 милиони денари и е за 70 пати повисок, што се должи пред се’ на продажбата на 10.000 државни обврзници со вкупна цена од 101 милион денари (1,65 милиони евра). Во блок трансакции пак, направен е промет од 47,7 милиони денари, што е за 61% повеќе од лани. Последниот ден во мај, МБИ10 го заврши со вредност од 4.263 поени, што е пад

БРОЈКИ ЗА ПРВИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИ ОД 2020:

8,3% 60

е падот на вредноста на МБИ10

милиони евра е прометот на Официјалниот пазар на Берзата

133%

поголем е прометот на Официјалниот пазар во однос на истиот период лани

29%

од прометот со акции во првите пет месеци годинава е трансакцијата на продажбата на Еуролинк осигурување на австриската Граве групација

ПЕРФОРМАНСИ НА АКЦИИТЕ ШТО ГО СОЧИНУВААТ МБИ10 (од почетокот на 2020)

НЛБ Банка Комерцијална банка Алкалоид Макпетрол Македонијатурист Стопанска банка - Битола Стопанска банка - Скопје Македонски Телеком Гранит ТТК Банка

31.12.2019

18.06.2020

Промена

17.200

16.000

-6,98%

6.599

5.724

-13,26%

11.908

11.600

-2,59%

77.617

65.900

-15,10%

5.421

4.350

-19,76%

3.150

2.683

-14,83%

1.200

1.025

-14,58%

320

316

-1,25%

1.148

927

-19,25%

1.558

1.170

-24,90%

Извор: Македонска берза


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

27 Пад од 12% бележи главниот индекс на Македонската берза, МБИ10, во периодот од почетокот на годината, до средината на јуни, кога е пишуван овој текст. Заклучно со 31.05, за првите пет месеци индексот има пад на вредноста од 8,3%. Индексот забележа остар пад во месец март, од 35%, поради паничната распродажба на акции како реакција на светската берзанска криза предизвикана од пандемијата. Потоа во следниот период Берзата закрепна, индексот поврати добар дел од вредноста, но во мај и јуни продолжи со намалување на вредноста, иако со далеку побавно темпо одошто во кризниот месец март. од 4,5% за еден месец. Вредноста на индексот продолжи да паѓа и во месец јуни, па во првата половина од месецот се спушти на 4.065 поени, што е пад за дополнителни 4,6%. Најтргувани акции во мај се оние на Комерцијална банка, со промет од 78,8 милиони денари (1,28 милиони евра), коишто учествуваат со 26% во вкупниот промет на берзата. Следуваат акциите на Гранит, со 63,6 милиони денари (1,03 милиони евра) и 21% од вкупниот промет; Макпетрол со 48,2 милиони денари (781 илјади евра) и 15,9% од прометот; Алкалоид со 43,9 милиони денари (712,7 илјади евра) и 14,5% од прометот, итн. Најголем пораст пак на вредноста, во мај имале акциите на РЖ Економика, од 42%, пред Фершпед со 11,3%, Фустеларко Борец со 11%, УНИ Банка со 6,4% и Стопанска банка Скопје со 6,15%. Најголем пад имале акциите на Макстил, од 21,4%, ТТК Банка од 10,5%, Македонијатурист со 8,8% и Стопанска Банка Битола со 8,6%.

Додека на некого не му се стемни, на друг не му се разденува Од најликвидните акции, односно оние што го сочинуваат МБИ10 индексот, раст во месец мај имаат само акциите на Стопанска банка Скопје од 6,15%, на Македонски Телеком од 5,3% и на НЛБ Банка од 4,7%. Останатите акции имаат пад, поточно, ТТК Банка од 10,5%, Македонијатурист од 8,8%, Стопанска банка Битола од 8,6%, Комерцијална банка од 8,37%, Макпетрол од 4,41%, Гранит од 3,6% и Алкалоид со најмал пад, од 2,97%. Но, што е карактеристично за месеците март и април: иако акциите драстично губеа од вредноста во март, некои инвеститори видоа одлична можност да купат акции од добри компании по многу пониска цена, па прометот со акции на берзата во тие триесетина денови беше 23,5 милиони евра, што е рекорд, односно најголем месечен промет изминативе 10 години на Македонската берза. Потоа, во април, откако се смири

стравот кај малите акционери, а се консолидираа портфолијата на крупните инвеститори, индексот забележуваше континуиран раст со мали осцилации, но прометот со акции забележи пад за 55%, на 651 милион денари (10,6 милиони евра). Иако е разбирливо дека рекордниот промет од март тешко дека ќе се повтори, сепак нивото од десетина милиони евра во април е се’ уште повисоко за 1,5 – 5 пати од просечното месечно ниво на трговија со акции во последните 10 години. Ако направиме споредба со прометот на берзата во првите пет месеци 2020 и 2019 година, годинава вкупниот износ на трговија и со акции и со обврзници изнесува 5,4 милијарди денари, или 87,7 милиони евра. Тука треба да истакнеме дека во оваа сума влегуваат и 17,5 милиони евра што австриската групација Граве ги уплати во месец март за купување на домашната осигурителна компанија Еуролинк. Минатата година, пак, вкупниот промет


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

28

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

на Берзата изнесувал 3,35 милијарди денари, или 54,5 милиони евра, што значи за 38% помалку.

Што се случува на светските берзи

Економската состојба по карантинот продолжува да се подобрува, но темпото на закрепнување е побавно од очекуваното, што донесе неизвесност на пазарите на капитал минатата недела, велат аналитичарите од инвестициската куќа Генерали Инвестментс. „Политичката состојба и насилните протести во САД малку се смирија, но од друга страна гледаме дека политиката и централните банки подготвуваат нови мерки. Администрацијата на САД подготвува нов инфраструктурен фонд вреден 1 трилион евра со цел да започне процесот на обнова на старата американска инфраструктура, кој ќе има силен мултипликаторски ефект врз целата американска економија. FED ги засили набавките на високо ризични корпоративни обврзници, а Јапонската централна банка ги засили стимулативните мерки и најави дека тие ќе траат подолго од очекувањата на пазарот. Во Европа, Шпанија во понеделникот претстави план за помош од 3,5 милијарди евра за автомобилската индустрија, додека Германија продолжува да ја зајакнува поддршката на ‘зелена политика и индустрија’.“, велат од Генерали. Останува фактот дека новосоздадената ликвидност во огромна количина, повеќе од 18 трилиони свежо испечатени пари, претставува моќна сила на пазарот на капитал. Берзите со нивниот силен раст во последните 2 месеци се одраз на приносот на пазарите на обврзници и банките кои се претежно негативни, изнајмувањето на недвижнини веќе не е толку сигурен бизнис како што беше пред кризата, бидејќи се зголемува притисокот за работа од дома, онлајн трговијата и бизнисот како и туризмот и изнајмувањето преку онлајн платформи нема да бидат исти долго време како пред кризата. „Затоа, парите се инвестираат во акции, кои и покрај нивниот ризик, во моментот даваат позитивен принос. Оптимизмот сега се префрли кон најпогодените индустрии, честопати според наше мислење неоправдано, но берзата стана слична на коцкање во одредени сегменти, бидејќи пораснаа дури и оние компании кои се наближија до фазата стечај па дури и банкрот. Ова укажува на претерана еуфорија во одреден сегмент на пазарите на капитал. Состојбата е многу слична на периодот на dotcom балонот од 1999-2000 или пред финансиската криза во 2007 година. Затоа, претпазливоста не е на одмет. Од друга страна, имаме индустрии кои можат да се дефинираат како победници во кризата и каде евалуациите сè уште се на атрактивно ниво. Тука спаѓаат главно здравството, прехранбената индустрија, дел од ИТ индустријата, комунални услуги (електрична енергија, вода и сл.), телекомуникациите и сл.“, сметаат аналитичарите на Генерали. nnn

ТОП 10 КОТИРАНИ ДРУШТВА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА СО НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ 2020 Акционерско друштво Стопанска банка АД Скопје НЛБ Банка АД Скопје Алкалоид АД Скопје Македонски Телеком АД Скопје Комерцијална Банка АД Скопје Цементарница УСЈЕ АД Скопје Охридска Банка АД Скопје УНИ Банка АД Скопје Реплек АД Скопје ДС Смитх АД Скопје

денари

евра

546.088.000 418.532.000 314.492.000 313.241.000 217.549.000 191.665.000 80.212.000 48.805.000 30.177.080 27.246.092

8.879.480 6.805.398 5.113.691 5.093.350 3.537.382 3.116.504 1.304.260 793.577 490.684 443.026

годишна промена 1,15% 1,87% 6,76% -22% -50% 38% -47% 3,67% 37% 2424%

Извор: Македонска берза

СТОТЕ КОТИРАНИ КОМПАНИИ СО ВКУПНА ДОБИВКА ЗА 30% ПОМАЛА ОД ЛАНИ Резултатот е за првиот квартал, кога само половина од март економијата функционираше во вонредни околности поради пандемијата. Се очекува резултатите на фирмите котирани на Берзата да бидат многу полоши во вториот квартал, со извесно закрепнување во третиот и четвртиот.

С

топанска банка – Скопје е акционерското друштво на задолжителна котација кое што има најголема добивка за првите три месеци од годинава, покажуваат податоците од Македонска берза. Банката има чист профит од 8,9 милиони евра, што е за 1,15% повеќе во однос на истиот период лани. Следат: НЛБ Банка, со 6,8 милиони евра (+ 1,87%), Алкалоид Скопје со 5,11 милиони евра (+6,76%), Македонски Телеком со 5,09 милиони евра (-22%), Комерцијална банка со 3,53 милиони евра (-50%) , Цементарница Усје со 3,12 милиони евра (+38,1%), итн. Големиот пад на добивката на Комерцијална банка, од менаџментот го објаснуваат со поголемиот износ на исправка на вредност на финансиските средства на нето основа, што значи дека банката морала да издвојува поголеми резервации заради влошени пласмани кај поедини клиенти, а тоа се книжи како расход. Инаку, редовните приходи од работењето на Комерцијална бележат пораст во првиот квартал. Од збирниот извештај за банкарскиот сектор што го прави Народната банка, се гледа дека 15 – те домашни деловни банки првиот квартал го завршиле со вкупен профит од 18,6 милиони евра. Тоа е за речиси 40% помалку во однос на истиот период лани. Треба да истакнеме дека ова намалување на профитот се случува во кварталот пред и вистински да почне корона кризата, односно само втората половина од март Македонија беше во вонредни околности поради пандемијата. Се очекува резултатите во вториот и третиот квартал да бидат полоши, како поради намалената кредитна активност, така и поради фактот што банките ги одложија обврските на добар дел од своите клиенти на шест месеци, иако ќе се пресметува камата и на тој период. Од стоте котирани друштва на Берзата, во првиот квартал 58 компании имале добивка (вкупно 40 милиони евра), 38 имале загуба (вкупно -12,1 милиони евра), а три компании не објавиле финансиски извештај. Сума сумарум, котираните компании оствариле вкупна добивка од 27,8 милиони евра, што е за речиси 30% помалку од истиот период лани.



www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

30

БАЛКАН БИЗНИС СЦЕНА

HUMAN, КРЕАТИВНА АГЕНЦ

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ХРВА ШТО ГИ ПОБЕДИ


www.kapital.mk

ЦИЈА СО ЧОВЕЧКИ ПРИСТАП

Капитал број 1067 19.06.2020

31

АТСКАТА КОМПАНИЈА И GOOGLE И NASA


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

32

БАЛКАН БИЗНИС СЦЕНА

Пред десетина дена, оваа мала креативна агенција, којашто има 40-тина вработени во Загреб и Осиек, ја освои наградата Webby, којашто претставува всушност „Оскар“ во онлајн светот, за изработката на своја веб страница www.humaninteraction.com. Па така, ги демантираше сите народни мудрости и докажа дека сепак „кај берберот е најдобриот мустаќ“. Не е мала работа. На глобалниот натпревар, што се одржува од 1996 година, пристигнале повеќе од 13.000 проекти од 70 земји во светот, а меѓу финалистите Human ги победил големите имиња, како HBO, NASA, Spotify и Google.

Ч

Novac.jutarnji.hr

Чевларот има најлоши чевли, вели старата народна, сугерирајќи дека секој што на друг му завршува некаква работа, сам себеси не може да си помогне. Но, погрешно. Да е навистина така, хрватската креативна агенција Human, којашто изработила веб страници за компании како A1, Podravka, RTL, Diners, итн., никогаш не би го добила признанието за најдобра веб страница на светот. Нивната сопствена. Пред десетина дена, оваа мала креативна агенција, којашто има 40тина вработени во Загреб и Осиек, ја освои наградата Webby, којашто претставува всушност „Оскар“ во онлајн светот, за изработката на своја веб страница www.humaninteraction. com. Па така, ги демантираше сите народни мудрости и докажа дека сепак „кај берберот е најдобриот мустаќ“. Не е мала работа. На глобалниот натпревар, што се одржува од 1996 година, пристигнале повеќе од 13.000 проекти од 70 земји во светот, а меѓу финалистите Human ги победил големите имиња, како HBO, NASA, Spotify и Google. „Кога пред година дена почнавме да ја редизајнираме нашата страница, не ни беше целта да освојуваме награди, но, секако, ова е големо признание, особено за фирма од таму некој си Балкан. Се надеваме дека ова ќе ни овозможи да зачекориме и на странските пазари и да дојдеме до некои силни странски клиенти“, вели директорот на агенцијата, Вања Берталан. Со Берталан, несудениот тренер по тенис и фанатичен ИТ-овец уште од почетокот на интернетот во 90-тите, екипата на Jutarnji се сретнала во загрепската канцеларија на Human, инаку поранешна зграда на Хрватскиот фудбалски сојуз. Ги дочекал седејќи во дворот под

балдахинот, во манирот на ИТ гуру, со прекрстени нозе, држејќи го лаптопот в скут. Изморено ги триел очите и им признал дека претходната ноќ „заглавил“ со клиенти. Тоа е, како што им кажал, понекогаш и дел од нивниот креативен процес, деловна филозофија. „Затоа и го зедовме името Human, затоа што пристапуваме човечки. Кога работиме некој проект, прво се затвораме во соба со клиентот едно три дена, понекогаш и повеќе, колку што е потребно. Тоа е деловен состанок, но и дружење, обид да се ставиме на нивно место. И така се’ додека не го претресеме секој аспект на тоа што тие го сакаат, од дизајн, функционалност, однос со корисници...“, објаснува Берталан.

Шегување со сопствената бранша, но до граница на пристојноста

Истата метода, во изработката на победничката веб страница, ја примениле и самите на себе. После година дена програмирање, дизајнирање и обмислување, готов производ била веб страница што ја дизајнирале веб дизајнери за да го промовираат својот веб дизајн. И јасно, тоа не можеле да го направат поинаку одошто да си поиграат со дизајнот од “мета“ позиција, со иронична дистанца. Посетителите на страницата со првото доаѓање „на гости“ кај Human ќе видат кратки видеовизуали на тастатура, глувче и екран преку коишто нежно, презентерски, поминува рака. Се чувствува атмосфера на евтина Топшоп реклама, а human - oвците си играат мајтап со тие вообичаени мотиви од рекламните спотови. Се појавува тука и незаобиколниот чистач за прашина на телескопска дршка, собирајќи прашина од информатичката опрема којашто е и онака изгланцана до сјаење, како тоа веќе бива. На друго место, пак, рѓосана пила на пола пресекува спортска обувка Reebok, oбидувајќи се, како што е и редот, да дојде до суштината на она што всушност е спортската патика. Со една реченица, Human визуелно, но и промислено се шегува со креативната бранша на којашто и самиот и

припаѓа, деконструирајќи ги притоа и сопствените методи. На прашањето дали е тоа рискантен обид којшто лесно можел да отиде во погрешна насока, Берталан потврдно кимнува со главата. „Знам што сакаш да кажеш, можевме многу лесно да испаднеме бунтовници без причина и да ја преминеме границата на добриот вкус. Меѓутоа, нашата идеја беше да се приближиме кон таа граница колку што можеме, но не и да ја поминеме. Мислам, дека на крајот во тоа и успеавме, а наградата тоа го потврдува.“, вели тој. Колку самосвесно пристапуваат кон својата работа сведочат и нивните канцеларии сместени на два ката во поранешниот “фудбалски дом“. Веднаш на влезот се истакнува живописно исцртаниот ѕид со натписот Humana во средината. Не сакаат бели ѕидови, се чини, па дури и во ходниците обесиле на ѕидовите минималистички, поп – арт постери. Биле во потрага по плакати што би ги врамиле, но сите достапни на интернет, вели Берталан, биле визуелни клишеа и излитени фрази. Затоа направиле свои, уникатни, вдахнати со интерна канцелариска зафрканција. На пример, постерот што ја прикажува фамозната лименка на супата Campbell од Енди Ворхол, преобликуван е во “Samo jar“(теглата „Само“). Секој пат кога некој ќе дојде со забелешката „Се’ е супер, само...“, мора да стави пет куни во „Samo jar“. Не го сакаат зборот „само“, само немој да кажете само... Интересен е и детаљот со нацртаниот робот, којшто наместо електронски овци, сонува за машина за телепортација. Како што пишува во стриповското облаче над главата „работиме на случајот со машината за телепортација, а во меѓувреме, ве молиме, користете ги скалите“. Екипата на Jutarnji го послушала роботот и се упатила долу до лаунџ просторот, каде што вработените се собираат за време на паузите. Посетителот веднаш од скалилата ќе налета на фин дрвен шанк. Директорот веднаш ги понудил со кафе со згодно објаснение зошто шанкот е токму на тоа место. „Да, го наследивме. Остана уште од


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

33 Human визуелно, но и промислено се шегува со креативната бранша на којашто и самиот и припаѓа, деконструирајќи ги притоа и сопствените методи, вели директорот и ко-основач Вања Берталан.

времето на ХНС, а ние, се разбира, го задржавме. Зашто и да не“, се правда. На ѕидот околу шанкот закачени се фотографии од веселите вработени од пригодните канцелариски забави, како и уште еден голем постер со минималистички дизајн, кој што, да нема забуна, вработените ги потсетува за “5П“ (пет пива во петок после работа – pet piva petkom poslije posla, на хрватски, н.з.) „Ако имаме банкари на првиот состанок, тогаш обично ги носиме овде“, вели Берталан, поканувајќи ја екипата потоа во просторијата покрај лаунџ просторот. Тоа е соба за состаноци којашто наместо изгланцана маса, во средината има маса за пинг – понг. И околу неа столчиња. Нема нешто што повеќе вреска со пораката „ние сме младешка, кул ИТ компанија“ одошто маса за пинг – понг (можеби Плејстејшн и вреќите за седење). Повеќето хрватски ИТ компании ја имаат, но ретки ја имаат за на неа да не играат пинг – понг, туку зафркантски да ги сепнат своите клиенти во скапи костуми коишто доаѓаат со поинакви очекувања. Ова е уште еден human – овски пресврт што ја подрива врежаната ИТ иконографија.

Програмери и „филозофи“ Сè се сведува на тоа, како што вели Берталан, да го живееме постдигиталното време.

Вечната борба помеѓу некаков традиционален пристап и оној модерниот, дигиталниот, всушност е тотално промашена. Бидејќи сите го живееме и едниот и другиот, да се има знаење само од програмирање не е повеќе доволно, барем не во концептот на Human. Тоа добро го илустрира и фактот дека во агенцијава којашто врие од програмери имаме и неколку ‘филозофи’, вели директорот на Human.


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

34

БАЛКАН БИЗНИС СЦЕНА

Бидејќи сите достапни плакати на интернет им личеле на клишеа и веќе видени решенија, во Human самите си направиле плакати за да ги развеселат своите канцеларии.

„Затоа таа вечна борба помеѓу некаков традиционален пристап и оној модерниот, дигиталниот, всушност е тотално промашена. Бидејќи сите го живееме и едниот и другиот, да се има знаење само од програмирање не е повеќе доволно, барем не во концептот на Human. Тоа добро го илустрира и фактот дека во агенцијава којашто врие од програмери имаме и неколку ‘филозофи’“, вели директорот. Еден од нив, Марио Микиќ, 27 – годишен раководител на одделот за креатива во Human, студирал на Филозофскиот факултет (филозофија и лингвистика) и е еден од креативните движечки сили на агенцијата. Исто така и доказ дека девелоперските фирми денес не можат да преживеат само со типкачите на кодови ако сакаат да понудат нешто свежо. Дури и според зборовите на неговиот шеф Берталан, „екипата од Филозофски“ денес станува се’ повредна работна сила во ИТ секторот. „Затоа што, за разлика од ИТ – евците, овие своите студии ги поминуваат во разговор со луѓе, се занимаваат со луѓе и полесно им е во комуникацијата да дојдат до тоа што всушност клиентот сака. Ние, во се’ што работиме, мораме тоа да го

Вистински луѓе што работат за вистински луѓе ја истакнуваат во Humana човечноста на својот пристап и кон вработените и кон клиентите.


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

35 работиме така што на ум да ги имаме корисниците на тие веб страници или апликации, а тоа се луѓето, обичните луѓе. Програмерот, од друга страна, којшто своите студии ги поминува претежно пред компјутерот, потешко ќе доаѓа до тие согледувања“, објаснува Берталан. Но, за да не излезе дека традиционално невработливите „филозофи“ конечно добиле цена на пазарот на труд, а на програмерите, почнале да им ја преземаат и работата, Берталан истакнува дека нивниот идеален вработен, е всушност, оној со „Т облик“. Т облик?! „Тоа е сликовито објаснување, а значи дека е добро вкоренет во она што го работи, девелопмент, програмирање, дизајн, како долниот дел од буквата Т, но исто така има и хоризонтална ширина на знаења, општа култура која му овозможува да ги разбере и другите оддели со коишто соработува“, вели директорот. Такви нема премногу, додава, тешко се наоѓаат, но неколку имаат и во своите канцеларии. Дури, имаат вработени што се во фирмата и подолго од 15 години. „Претходно тоа се викаше Веб Мастер, стара школа, програмер што воедно е и дизајнер, креативец и продавач. И јас бев еден од тие на почетокот. После тоа почнаа потесните специјализации, коишто делумно се задржани и денес, но ми се чини дека трендот на Веб Мастерот повторно се враќа, а тоа е триаголник што и мене лично многу ми се допаѓа, комбинација од креатива, развој и бизнис“.

Партнерство што започнало со караница

Инаку, агенцијата Human, којашто пред ланскиот редизајн се викала Burza (Берза, н.з.), основана е уште во средината на 90-те. Основач бил Марио Стипановиќ којшто во тоа време ја покренал веб страната Burza.hr, своевиден деловен адресар, а денес обајцата ја водат Human. Како што вели Берталан, тие двајцата прво се искарале на еден, во тоа време опскурен форум, на којшто Стипановиќ барал веб дизјанер за својата страница, а после тоа му понудил работа на Берталан. Се сретнале, се запиле, заклучиле дека слично размислуваат и тргнале во заеднички бизнис потфат. Берталан тогаш имал 25 години, а нивното партнерство трае и до ден денес. Burza.hr набрзо станала web.burza, а во тој облик почнале да им доаѓаат и првите задачи на почетокот од 2000те. Така, во 2003 година ја изработиле веб страницата на RTL, а неколку години потоа и Coolinarika, страницата на прехранбениот гигант Podravka, којашто ја одржуваат и денес. Инаку, со таа страница ја освоиле и првата

MIXX награда, којашто се доделува на Деновите на комуникација, а потоа, наградата ја добивале осум години по ред. На почетокот од кариерата, во своите 20-ти, признава дека бил многу лош бизнисмен, но на тоа поле работел упорно. Би прифатил проекти од 1.500 работни часови, би ги „испукал“, а бил на половина од работата и далеку од крајот. Тоа, имало помалку врска, како што вели, со неговото лошо управување со времето, а повеќе со тоа што се губел во деталите и се обидувал да направи готов производ. Сега, вели, размислува сосема поинаку. „Една е вистината, а тоа е дека не постои готов производ. Уште повеќе,

ако работиме некоја веб страница, дури и подобро е понекогаш да се лансира верзија што не е докрај направена, а потоа да се видат реакциите на корисниците, дали се снаоѓаат, што би можело да се поправи и така всушност секогаш го довршуваш производот, а никогаш не можеш да го довршиш“, оддава тајни на занаетот директорот Берталан. Освен за RTL и Podravka, работеле и за телекомот А1, картичките Diners, па дури и за еден њујоршки стартап Gencove. На прашањето има ли клиенти со коишто Human никогаш не би работел, Берталан е јасен: „Со државата!“, одговара како од пушка. Ако баш и не мораат, нели.

nnn


Капитал број 1067 19.06.2020

36

www.kapital.mk

СВЕТ

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ПРОМЕНИ НАВИКИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

МИЛЕНИЈАЛЦИТЕ „ГИ УБИЈА“ ОВИЕ ПРОДУКТИ, НО КОВИД-19 ГИ ВРАТИ ВО ЖИВОТ Потрошувачите, особено во развиените западни економии, за време од карантинот ги поедноставија своето купување и изборот “го ресетираа“ на фабричките поставки. Од рафтовите во маркетите, но и од дома, преку онлајн нарачките избираа она што некогаш се купувало во нивните семејства, како квасец, тетрапак кравјо млеко или пакетче салфетки. Затоа брендовите мора да обмислат стратегии за постпандемиското време.


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

37


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

38

СВЕТ

Чаршафите за маса, но и сервисите за јадење, чашите и сите останати производи што ја разубавуваат софрата станаа повеќе барани за време на пандемијата. Миленијалците почнаа повеќе да готват по дома, па целата работа ја кренаа на повисоко ниво и заборавија на практичните хартиени бришачи. Дека тоа е така потврдуваат и податоците за продажбата на чаршафи, која на американскиот пазар изминативе два месеци пораснала за 43%, во споредба со истиот период лани.

пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Пред три години американските медиуми, како Business Insider, на пример, генерацијата на „миленијалци“ или Generation Y (родени помеѓу 1981 и 1995 година, н.з.) како што се нарекува, ја прогласија за убијци. Убијци, затоа што, како што тврдеа аналитичарите, на душа носат десетици брендови или категории производи коишто поради сопствениот животен стил, погледи на светот или нешто сосема десетто ги исфрлиле од игра. Оваа генерација на потрошувачи, на пример, влијаела врз драстичното намалување на потрошувачката на кашкавали за тост, затоа што им биле премногу индустриски процесирани, премногу со портокалова боја, или што и да е. Исто така, престанаа да користат салфетки, затоа што хартиените крпи им изгледаа доволно добра замена, но престанаа

и да играат голф сметајќи дека е поприкладен за нивните родители. Но, пред неколку денови, AdAge, глобалниот магазин посветен на маркетинг индустријата објави мошне интересна анализа, за тоа дека сега всушност, категориите производи што пребирливите миленијалци ги отфрлиле, пандемијата ги спасува. Веројатно глаголот „спасува“ и не е коректно да се употребува во контекст на пандемијата, но тоа е факт. Имено, вонредните околности во коишто живее модерниот свет изминативе неколку месеци оставија трага врз потрошувачките навики и одлуките за купување, на коишто, повеќе од било кога, влијаеја факторите како цена, достапност и трајност. Потрошувачите поретко одеа до продавница, па така избира производи што подолго ќе им траат, а поради заканата од рецесија се решаваа за ценовно поприфатливи продукти. Освен тоа, сакаат да избегнат да бидат парализирани од изборот, па го поедноставија купувањето, и сликовите кажано, го ресетираа изборот на фабричките подесувања, го бираа тоа што во нивните семејства се купувало на времето, како квасец, тетрапак кравјо млеко или пакетче салфетки.

Враќање во кујната Како што за AdAge објасни Грег Портел, партнер во консултантската куќа Kearney, за време на пандемијата, а се очекува таа пракса да продолжи и во постпандемиското време, перспективата на потрошувачите се променила и поради тоа некои заборавени (убиени) категории се вратија во игра. Реалноста едноставно му се закани на животот за којшто секој сонувал. „Потрошувачите што се најдоа во ситуација да седат и работат меѓу своите четири ѕидови одлучија да го поедностават својот живот, што директно влијаеше и врз нивните одлуки за купување“, објаснува Портел и им порачува на маркетинг стручњаците во корпорациите дека сега е време да обрнат посебно внимание на купувачите и да ја прилагодат својата понуда на постпандемиските купувачки навики. Сега е, велат стручњаците, прилика за добивање на нови сознанија за купувачите со помош на кои може да се освојат нивните паричници. Тоа особено важи за категориите што повторно „оживеаја“ за време на пандемијата, како споменатите салфетки, голфот, па дури и лагер пивото, за коишто пишува AdAge. Така, на пример, чаршафите за маса,


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

39 Во март продажбата на опрема за голф пораснала за неверојатни 144% во САД, а се очекува интересот за овој спорт да продолжи да расте и во светот на “новата нормалност“. Помладите генерации што не го милуваа премногу овој спорт поради нивните верувања дека не влијае добро врз животната средина и сл., сега се’ повеќе го практикуваат, затоа што е бесконтактен и се игра на отворено.

Последниве десет недели продажбата на „американското сирење“ порасна за 47% во споредба со минатата година, а од тоа особено се офајдија големите брендови како Kraft, којшто на пазарот ги нуди Kraft Singles American и Velveeta. Зголемената продажба исто така се објаснува и со готвењето од дома, и тоа т.н. „комфор“ јадења како што се тост сендвичи или макарони со сирење (омилените американски комфор јадења). но и сервисите за јадење, чашите и сите останати производи што ја разубавуваат софрата станаа повеќе барани за време на пандемијата. Миленијалците почнаа повеќе да готват по дома, па целата работа ја кренаа на повисоко ниво и заборавија на практичните хартиени бришачи. Дека тоа е така потврдуваат и податоците за продажбата на чаршафи, која на американскиот пазар изминативе два месеци пораснала за 43%, во споредба со истиот период лани. Како што за AdAge објаснија од компанијата Vanity Fair Napkin,

побарувачката за нивните производи драматични пораснала за време на корона – кризата, а во компанијата прават вонредни напори за да ги задоволат барањата на купувачите коишто во ова стресно време утеха бараат покрај домашната софра. Поради ова, од Vanity Fair Napkin неодамна го лансираа онлајн шоуто „Joan Creative“, коешто ги учи гледачите на вештините на готвење и им помага при подготовка на семејните оброци. Многу сличен раст забележаа и производителите на сирења и кашкавали, најмногу оние на т.н. “американско сирење“, коешто

на тој пазар се јаде најчесто со тост или чизбургер (популарното сирење американски чедар).

„Комфор“ брендови

Иако не се познати бројките за растот на оваа категорија во Европа, на американскиот пазар руши рекорди. Последниве десет недели продажбата на „американското сирење“ порасна за 47% во споредба со минатата година, а од тоа особено се офајдија големите брендови како Kraft, којшто на пазарот ги нуди Kraft Singles American и Velveeta. Зголемената продажба исто така се објаснува и со готвењето од дома,


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

40

СВЕТ Наместо традиционалните снегулки, миленијалците попрво избираа од попопуларните намирници како авокадо – тост или овесни снегулки со билно млеко, чиа семе, овошје и останати здрави намирници. Со оглед на тоа дека дома заедно со родителите останаа и децата коишто претпочитаат здрави, но едноставни појадоци, категоријата на житарки повторно е актуелна. Како што пресметала компанијата Nielsen, продажбата на житарки изминативе два месеци растела со просечна стапка од околу 35%.

Прилика да ја вратат старата слава добија и пивските брендови, коишто миленијалците ги заменија со повеќе тренди опции, како, во најдобар случај т.н. крафт пива, сајдерите, коктелите или пак шприцерите. Онлајн нарачките на лагер пиво за време на карантинските месеци процветаа: продажбата на американскиот пазар порасна за неверојатни 100%. и тоа т.н. „комфор“ јадења како што се тост сендвичи или макарони со сирење (омилените американски комфор јадења). Како што објаснија од Kraft за AdAge, во несигурни времиња потрошувачите се вртат кон брендовите на коишто им веруваат. Нивниот бренд, но и целата категорија на такви сирења, синоним е за задоволство, комфор, затоа и им се враќаат. Кога се работи, пак, за голфот, AdAge пишува дека бил една од ретките спортски активности што младите генерации ја заобиколувале во широк лак. Голфот, е, велат, во спротивност со нивните вредности и очекувања – правилата им се премногу комплицирани, играта предолго трае, а и , што им е ним најважно, голфот е поради потрошувачката на вода и заземање на природните, зелени површини, не им е толку мил, затоа што младите генерации во голема мера навиваат за зачувување на природната средина и одржлив развој. Но, последниве година – две, а особено во текот на пандемијава, работите почнаа да се менуваат. Прво, генерацијата на пензионирани “бејби бумери“ (луѓето родени во периодот по Втората светска војна, од 1946 – 1965, н.з.) почна повеќе да се интересира за голф, а потоа продолжи да го игра и за време на пандемијата,

и тоа од многу едноставни причини – голфот е бесконтактен и се практикува на отворено. Во март продажбата на опрема за голф пораснала за неверојатни 144% во САД, а се очекува интересот за овој спорт да продолжи да расте и во светот на “новата нормалност“.

Житарки и пиво

Освен споменатите, уште една интересна категорија продукти “оживеа“ за време на пандемијата. Се работи за пазарот на житни снегулки, коишто миленијалците и помладите генерации ги отфрлија како опција за здрав и хранлив појадок. Наместо традиционалните снегулки попрво избираа попопуларните намирници како авокадо – тост или овесни снегулки со билно млеко, чиа семе, овошје и останати здрави намирници. Со оглед на тоа дека дома заедно со родителите останаа и децата коишто претпочитаат здрави, но едноставни појадоци, категоријата на житарки повторно е актуелна. Како што пресметала компанијата Nielsen, продажбата на житарки изминативе два месеци растела со просечна стапка од околу 35%. Со оглед дека децата пополека ќе се враќаат во школските клупи и во градинките, на играчите во индустријата им е 5 до 12 што се вели, да ја подобрат својата

понуда и комуникацијата, за да и во постпандемискиот период житарките останат популарен утрински оброк. Прилика да ја вратат старата слава добија и пивските брендови, коишто миленијалците ги заменија со повеќе тренди опции, како, во најдобар случај т.н. крафт пива, сајдерите, коктелите или пак шприцерите. Онлајн нарачките на лагер пиво за време на карантинските месеци процветаа: продажбата на американскиот пазар порасна за неверојатни 100%. Освен што се нарачуваа пива онлајн, купувачите коишто одат во поретки, но пообемни шопинзи, се товареа и со гајби на познатите светли пива како Budweiser или Coors. Со оглед дека кафулињата и рестораните пополека се отвораат, пред производителите на пиво е предизвикот како да се задржи вниманието на потрошувачите врз нивните брендови. Иако на рака им одат и трендот на поедноставување на животот, но и поголемата чувствителност на цените, би морале да се посветат на осмислување стратегии што ќе им помогнат да се одржат во живот и приближат кон помладите генерации. Тоа секако не вреди само за пиварската индустрија, туку и за другите категории на производи што во текот на пандемијата добија нова шанса за живот. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

42

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Д-Р КИРАН МАЗУМДАР – ШО ОД ИНДИЈА Е СВЕТСКИ ПРЕТПРИЕМАЧ НА ГОДИНАТА СПОРЕД ERNST & YOUNG

ЖЕНАТА ШТО ИМ ПОМОГНА НА МИЛИОНИ ЛУЃЕ ДА ДОЈДАТ ДО ЛЕКОВИ ПО ПРИФАТЛИВИ ЦЕНИ

Др. Киран Мазумдар – Шо, извршна претседателка на индиската компанија Biocon, прогласена е деновиве за нов Светски претприемач на годината, во изборот на консултантската куќа Ernst & Young. Киран е избрана за победник меѓу 46 претприемачи од 41 земја во светот. Во изминатите 20 години колку што се доделува оваа светска награда за претприемништво, Киран е трет добитник што доаѓа од Индија, како и втора жена што го освоила ова престижно признание.

K

Киран (67), го основала Биокон (Biocon) уште во 1978 година, со само 500 американски долари и двајца вработени. Бизнисот го почнала така што произведувала био - ензими во гаражата на нејзината изнајмена куќа во Бангалор, Индија. Една година подоцна, Биокон станала првата индиска компанија што извезува ензими во САД и Европа. До денес, Биокон прераснува во една од најуспешните и најиновативни компании за биотехнологија во Азија, којашто сега вработува повеќе од 11,000 луѓе и генерира приход од 800 милиони долари годишно, оставајќи трајно влијание врз глобалната здравствена заштита. Благодарение на Биокон, на милиони луѓе кои живеат со дијабетес денес им е

достапен инсулин по прифатливи цени, додека оние што се борат со карцином, ревматоиден артритис и други болести сега имаат пристап до прифатливи биослични лекови. Биосличните лекови се со голема сличност на референтните (иноваторните) биолошки лекови од аспект на безбедноста, чистота и терапевтскиот потенцијал. Овие лекови имаат потенцијал да ја зголемат достапноста на биолошката терапија за сите пациенти на кои им е потребна. Биокон испорачал повеќе од две милијарди прифатливи дози на биосличен инсулин на пациенти ширум светот во последните 15 години. „Суштината на претприемништвото е решавање проблеми. Најголемите прилики често се случуваат во најтешките периоди, а тоа беше моето искуство низ целото мое бизнис патешествие.

Мојот фокус во работата е глобалната здравствена заштита и обезбедување универзален пристап до лекови кои спасуваат животи, меѓутоа, мојата одговорност како претприемач е многу поголема отколку само создавање вредност за акционерите. Создавањето богатство може да предизвика промени, и верувам дека сите претприемачи имаат одговорност кон светот што ги опкружува и заедницата во која работат. Жените, исто така, играат исклучително важна улога во економскиот развој и нивниот придонес е занемаруван премногу долго. Важно е да ја користиме оваа платформа за да охрабриме што повеќе жени да преземат претприемачки потфати. Навистина ми е чест што ја добив оваа престижна награда “, рече д-р. Киран МазумдарШоу по прогласувањето. nnn



Капитал број 1067 19.06.2020

44

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KNOW-HOW ЗА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ

ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏМЕНТ Најдобро сценарио за семејна компанија е на чело на компанијата да застане менаџерски писмен наследник опкружен од страна на професионални менаџери во уредена и средена компанија


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

45

П пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Покрај планот за наследување, финансирањето на бизнисот останува предизвик за сопствениците и во голема мера зависи од перспективите и визијата што ја има сопственикот. Доколку постои добар бизнис план, финансирање со докапитализација или иницијална понуда е модел што може да обезбеди одржлив раст. “Диверзификацијата на сопственоста ќе наметне потреба за отчетност на сработеното, за ефектите наспроти потрошените ресурси, поставување и реализација на плановите, поставеност на системот навреме да реагира (интерни контроли), раководство кое ефикасно ќе управува со дадените ресурси, итн.“, вели Лидија Нануш, директор на ревизорско - консултантската куќа Deloitte Македонија. Според неа, ако природата на бизнисот е таква да не бара комплексна структура и финансирање, управувањето со него останува главен предизвик. “Од начинот на управување ќе зависи опстанокот. Тука главно прашање е во кој тајминг да се предаде или продаде, зашто многу брзо и лесно работите може да излезат од контрола со несоодветно управување.“, додава Нануш.

РАЗЛИЧНА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА КОМПАНИЈАТА ПРОДАВАЧ

КУПУВАЧ

XТековните X приходи/парични текови се стабилни и одржливи XРаст X со мали инвестиции XКонкурентска X предност XВерност X на клиентите XЦена X на капиталот X“Чисти“ X биланси XСолиден X менаџерски тим XСинергија X за сите купувачи

XНамалување X на тековните приходи XРазвој X преку иновации, инвестиции или моќ на купувачот да придобие нови клиенти XКлиентите X и влијанието на економијата и конкуренцијата XНеможност X за пристап до финансирање XПреценети X средства, стари средства XПросечен X менаџмент XСинергија X за одредени купувачи

Италијански и германски модел

Меѓутоа, проблемот со македонските семејни бизниси е што тешко одлучуваат да внесат и професионален менаџмент однадвор, а не пак да дозволат влегување на нови сопственици во компанијата. Оваа неволност да се

ДИЛЕМИ И ОКОЛУ ДЕФИНИЦИЈАТА

ШТО Е ВСУШНОСТ СЕМЕЕН БИЗНИС

С

амото дефинирање на тоа што е семејна компанија, особено во делот на светските индустриски гиганти, може да е скокотлива работа. Ако го ограничите изборот на компании што се и поседувани и управувани од членови на семејство, ќе добиете многу малку на број. Ако, пак ги вклучите фирмите што се управувани од основачите, ќе ги добиете технолошките гиганти Google или Facebook, кои што ретко кој би ги гледал како семејни фирми. Угледната американска консултантска куќа Boston Consulting Group (BCG) направи разумна дефиниција за семеен бизнис составена од два елементи: семејство мора да поседува мнозински дел од компанијата и да може да влијае врз носење важни одлуки, особено на избор на директор или претседател; и мора да имало транзиција

од една на друга генерација до сега, или пак, во случај ако сопственик е основачот на фирмата, да постои план за таква транзиција. Според таа дефиниција, BCG пресметала дека семејните бизниси претставуваат 33% од американските компании и 40% од фирмите во Германија и Франција со приход поголем од една милијарда долари годишно. Во Азија и Бразил тој процент е уште поголем. Консултантите од McKinsey прогнозираат дека до 2025 година 4.000 семејни компании, само во пазарите во развој, ќе достигнат годишни приходи од најмалку една милијарда евра. Тоа значи дека семејните фирми од овие земји ќе сочинуваат 40% од најголемите светски компании до 2025, во споредба со 15% во 2010 година.

примаат надворешни инвеститори, или пак менаџери во бизнисот не е карактеристична само за македонските семејни компании кои што имаат не повеќе од 25 години искуство и една или сè уште ниту една смена на генерациите во управувањето. Во светската теорија и пракса познато е разграничувањето


www.kapital.mk

Капитал број 1067 19.06.2020

46

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ ПРОЦЕНКА НА БИЗНИСОТ

РАЗЛИЧНИ ДЕФИНИЦИИ ЗА ВРЕДНОСТА НА КОМПАНИЈАТА Вредност на компанијата XВредност X на средствата на компанијата XВредност X на правата на средствата на компанијата вклучувајќи ги обврските и капиталот

Вредност на капиталот XВредност X на вкупниот капитал минус обврски, приоритетни акции и сл.

Книговодствена вредност XВредност X на капиталот според Билансот на состојба

Пазарна капитализација XПазарната X вредност на капиталот на компанијата Извор: Deloitte Македонија

на два модели на работа на семејните компании – италијански и германски. Кај Италијанците е карактеристично настојување по секоја цена управувањето да остане во рацете на семејството, додека германските компании се отворени за ангажирање професионални менаџери. “Италијанскиот модел вели: каков е, таков е наследникот, мој е и тој ќе ги наследи и сопственоста и раководењето со компанијата. Германскиот модел подразбира за почеток раздвојување на сопственоста и раководењето со компанијата. Дали децата ќе ја наследат сопственоста е една тема, а сосема друга е дали ќе раководат со компанијата. За да раководат, во екстремни ситуации подразбира дека мора да бидат најдобри меѓу сите кандидати за да добијат прилика да бидат генерални директори или претседатели на управите. “, вели Борис Вукиќ, консултант и експерт за семејни бизниси. Според него, најдобро сценарио за семејна компанија е на чело на компанијата да застане менаџерски писмен наследник опкружен од страна на професионални менаџери во уредена и средена компанија. “Не еднаш имам чуено од основачите дека не би сакале нивните деца да проаѓаат низ сето тоа што тие го поминале. Но, важно е да сфатат дека не само што не треба, туку и не смее да се случи. Децата треба да ја водат компанијата на сосема поинаков начин отколку што тоа го правеле основачите. Не помага користење на претприемничкото сетило, туку потребно е користење на веќе потврдената алатка, која е наречена менаџмент. Менаџмент може да се научи. И сето

тоа не мора да биде некој далечен сон. Потребна само разум, прво кај основачите, а потоа и кај децата. Само тогаш оваа промена на генерациите може да биде одлична можност.“, смета Вукиќ.

Кога да се продаде бизнисот и како се вреднува?

Животниот век на семејните компании се скратува заради глобализацијата, новите технологии што прават дополнителен притисок врз буџетот, а предизвици за сопствениците се малиот пазар, интерни компаниски предизвици, а прашање е и какви ќе бидат афинитетите на децата.

ШТО ОЧЕКУВААТ СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ ОД ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ МЕНАЏЕРИ XСтратешко X размислување XЕкспертиза X XРезултати X XРазвивање X на човечки потенцијал XПретприемачки X дух XПосветеност X кон компаниската мисија и визија

ШТО ОЧЕКУВААТ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ МЕНАЏЕРИ ОД СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ XМожност X за развој XКонкурентска X предност XДа X дадат свој придонес XНагради X и признание за направениот придонес

Како добри причини за продажба на бизнисот експертите го истакнуваат моментот кога обемот на работата стигнал до ниво при што сопственикот не се чувствува повеќе способен за понатамошно водство, потоа високата валуација во секторот, страв од надоаѓачка криза, како и сознанието дека поголемите играчи развиваат стратегија на ширење со аквизиции или пак силен конкурент од странство доаѓа на домашниот пазар. Освен при евентуалната продажба на компанијата, проценка на вредноста на бизнисот е потребна и при купување или продажба на удели на менаџментот, трансфер и продажба на останати членови на семејството, сметководствени барања, итн. При проценка на вредноста на бизнисот, експертите за финансии разликуваат неколку методи: трошковен метод (нето средства, трошоци на замена), метод на пазарна споредба (пазарни цени на акции, пазарни цени, претходни трансакции/ понуди), приходен метод (дисконтирани паричен тек, капитализација на приноси). При вреднување на бизнисот се разликуваат: објективна (фер) вредност, што значи размена на парични средства помеѓу спремни и доволно информирани страни – купувач и продавач во трансакција под комерцијална услови; инвестициска вредност, или вредност на бизнисот за одреден инвеститор – наследник или конкурент што сака да ја купи компанијата; ликвидациска вредност: претпоставка дека бизнисот не е веќе одржлив и основачот е принуден да ги продава средствата поединечно.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

ЛИДЕРИ

47

БРАЈАН ЕКТОН КО-ОСНОВАЧ НА WHATSAPP

БЕВ ГОЛЕМ „БУБАЛИЦА“

Р

Работел во Yahoo, па бил одбиен од Facebook. Потоа, заедно со Јан Кум го основаат WhatsApp, стартап, односно апликација за праќање пораки преку мобилен телефон. За неполни пет години,

ја продаваат WhatsApp, погодете кому? На Facebook! За 19 милијарди долари! Да видиме што има да каже Брајан Ектон, очигледно паметен инженер и претприемач.

Ние сме најнетипичен стартап од Силиконската долина што може да го сретнете. Го формиравме триесет и кусур годишници, се фокусиравме на бизнис одржливост и приходи наместо на брз раст, и речиси цело време бевме инкогнито

Традиционалните SMS пораки се за никаде. Мртва технологија, налик на некаква факс машина од 70-те, што служи како крава молзница за телеком операторите

Да, бев голем математички и компјутерски ‘бубалица’. Секогаш ме привлекуваше схоластичката страна на нештата. За мене, најважно беше да знам што може да се направи со математиката и компјутерите

Ние сакаме да знаеме што помалку за нашите корисници. Не го знаеме нивното име, полот...Го дизајниравме нашиот систем да биде што поанонимен. Не сме фокусирани кон реклами, така што не ни требаат бази со лични податоци на луѓето

За мене особено беше важно да завршам факултет. Во моето семејство јас бев еден од првите со диплома. Ниту мајка ми, ни татко ми немаа завршено факултет

Ние не сакавме да направиме апликација со која што ќе најдете некој чудак и ќе си правите муабет. Не нè интересира тоа. Ние се грижиме за вашите интимни врски, со блиските луѓе

Да си имаш работа со реклами е депресивно. Не му го правиш некому животот поубав со тоа што ќе направиш рекламите да имаат поголем ефект



Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.