1068 Kapital magazin

Page 1

ЕДВАРД П. ЏОЗЕФ И ОГНЕН ВАНГЕЛОВ ЗА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКИТЕ РАБОТИ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1068

Пазар на труд Корона кризата ја врати просечната плата од пред шест месеци

цена 100 ден. l 26 јуни 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

COVER STORY Окрупнување кај домашните инвестициски фондови Како изгледа пазарот откако Генерали ја купи Илирика ИНТЕРВЈУ Флоријан Бибер

универзитетски професор и политички истражувач

ЕУ ќе мора да се справи со членките што не се демократии

interview

ДАРИО СКАНАПИЕКО потпретседател на Европската инвестициска банка

ЕИБ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО НАДМИНУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА, НО И ВО ОДРЖЛИВИОТ РАСТ ПОТОА Менаџментот во „средовечна криза“ : дали теориите се веќе застарени?



СОДРЖИНА

Kapital... 1068 4

12

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Окрупнување кај домашните инвестициски фондови

Дарио Сканапиеко

потпретседател на Европската инвестициска банка

ЕИБ останува сигурен партнер на македонската економија во надминувањето на последиците од пандемијата, но и во одржливиот раст потоа

Како изгледа пазарот откако Генерали ја купи Илирика

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Пазарот на труд погоден од кризата Корона кризата ја врати просечната плата од пред шест месеци

28

ПОЛИТИКА

Џозеф и Ангелов за македонско бугарските работи Вековната борба за наратив

34

24

МЕНАЏМЕНТ

ИНТЕРВЈУ

Флоријан Бибер универзитетски професор и политички истражувач

ЕУ ќе мора да се справи со членките што не се демократии

Корона – кризата само го забрза она што многумина го чувствуваат подолго време Дали менаџмент теориите се веќе застарени?

COVER STORY Окрупнување кај домашните инвестициски фондови ......................................4 Како изгледа пазарот откако Генерали ја купи Илирика

ИНТЕРВЈУ Флоријан Бибер, универзитетски професор и политички истражувач .............24 ЕУ ќе мора да се справи со членките што не се демократии

ИНТЕРВЈУ Дарио Сканапиеко, потпретседател на Европската инвестициска банка ......................12 ЕИБ останува сигурен партнер на македонската економија во надминувањето на последиците од пандемијата, но и во одржливиот раст потоа

ПОЛИТИКА Џозеф и Ангелов за македонско бугарските работи ................................................28 Вековната борба за наратив

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Пазарот на труд погоден од кризата ...18 Корона кризата ја врати просечната плата од пред шест месеци

Дали менаџмент теориите се веќе застарени?

МЕНАЏМЕНТ Корона – кризата само го забрза она што многумина го чувствуваат подолго време...34

42

ИНОВАЦИИ

10 митови за иновациите

Пазете да не паднете во нивната стапица

ИНОВАЦИИ 10 митови за иновациите ................................42 Пазете да не паднете во нивната стапица ЛИДЕРИ Правилото „5 часа“...............................................44 Успешните бизнис лидери поминуваат по 5 часа неделно во учење ЛИДЕРИ Дејвид Карп, основач на Tumblr ..............48 Визијата мора постојано да се повторува и споделува со тимот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 25.6.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1068 26.06.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

КАКО ИЗГЛЕ ПАЗАРОТ ОТ ГЕНЕРАЛИ Ј КУПИ ИЛИРИ


www.kapital.mk

ОКРУПНУВАЊЕ КАЈ ДОМАШНИТЕ 5 ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ

ЕДА ТКАКО ЈА ИКА

Капитал број 1068 26.06.2020


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

6

COVER STORY

Генерали во моментов управува со четири инвестициски фондови, со вкупна нето вредност од 34,5 милиони евра, во сопственост на околу 2.000 клиенти. По преземањето, компанијата ќе има во своето портфолио уште 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на преку 46 милиони евра и вкупно 3.900 клиенти, со што ќе стане втора компанија по пазарен удел во управувањето со инвестициски фондови. Најголем дел од пазарниот колач и понатаму го држи друштвото за управување инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, кое менаџира со 4 фондови и според нивната нето вредност во моментов, учествува со речиси половина, односно 48% од вкупната вредност на сите инвестициски фондови што прибираат средства на домашниот пазар. Покрај споменатите компании, значаен играч на пазарот е и друштвото ВФП Фонд Менаџмент, кое што менаџира со три фондови, и зазема околу 23,7% од пазарниот удел, а сосема мало пазарно учество отпаѓа на друштвата Иново Статус и Граве Инвест, коишто управуваат со по еден инвестициски фонд, и учествуваат со 0,6% и 0,3% на пазарот респективно.

Постојаното олабавување на монетарната политика во Македонија, односно намалувањето на основната каматна стапка, доведе до историски најниско ниво на банкарските каматни стапки и за депозити и за кредити, па очигледно е дека граѓаните и компаниите се’почесто решаваат да се свртат кон алтернативните форми на „штедење“, како што се фондовите.

пишува:

Игор Петровски

Д

igor.petrovski@kapital.mk

Да беа околностите понормални од „новата нормалност“ што ја живееме среде пандемијата од Ковид – 19, веројатно топ економска вест деновиве во земјава ќе беше аквизицијата што ја направи Генерали Инвестментс, купувајќи ја Илирика Фонд Менаџмент, друштвото за управување со инвестициски фондови. Генерали Инвестментс АД Скопје е фирма – ќерка на најстарата компанија за управување со средства во Словенија, Generali Investments. Трансакцијата се случи по одобрувањето од регулаторот, Комисијата за хартии од вредност, а со ова преземање на Илирика, Генерали станува втора најголема компанија за управување со средства во земјава, со пазарен удел од околу 27%. Генерали (поранешното КД фондови, н.з.) е основано во 2008 година и во моментов управува со четири инвестициски фондови, со вкупна нето вредност од 34,5 милиони евра, во сопственост на

околу 2.000 клиенти. По преземањето, компанијата ќе има во своето портфолио уште 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на преку 46 милиони евра и вкупно 3.900 клиенти. „Ние ги интегриравме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар. За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група“, рече Лазе Камчев, главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје. Најголем дел од пазарниот колач и понатаму го држи друштвото за управување инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, кое менаџира со 4 фондови и според нивната нето вредност во моментов, учествува со речиси половина, односно 48% од вкупната вредност на сите инвестициски фондови што прибираат средства на домашниот пазар. Покрај споменатите компании, значаен играч на пазарот е и друштвото ВФП Фонд Менаџмент, кое што менаџира со три фондови, и зазема околу 23,7% од пазарниот удел, а сосема мало пазарно учество отпаѓа на друштвата Иново Статус и Граве Инвест, коишто управуваат со по еден инвестициски фонд, и


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

7 Принос на отворени инвестициски фондови во Македонија

(датум на вреднување: 23.06.2020)

Нето вредност

Инвестициски фонд Илирика Југоисточна Европа Илирика Глобал - Растечки пазари

Принос

Пазарен удел

денари

евра

*1Y (%)

**YTD(%)

(%)

79.658.983

1.295.268

-6,47

-13,26

0,76

98.916.698

1.608.402

1,51

-5,80

0,95

Илирика Кеш Фонд

540.593.463

8.790.138

1,58

0,81

5,19

Иново Статус Акции

60.731.982

987.512

-3,55

-5,68

0,58

Генерали БРИК

42.643.511

693.390

-16,88

-19,91

0,41

Генерали Нова ЕУ

21.733.065

353.383

-8,33

-11,62

0,21

Генерали Кеш депозит

1.820.295.428

29.598.300

1,54

0,76

17,48

Генерали Топ брендови

242.181.027

3.937.903

1,19

-0,88

2,33

КБ Публикум - балансиран

407.670.476

6.628.788

2,59

-4,17

3,91

КБ Публикум - обврзници

187.824.407

3.054.055

2,63

0,35

1,80

КБ Публикум - паричен

3.774.716.361

61.377.502

1,75

0,85

36,25

КБ Публикум - МБИ10

632.349.584

10.282.107

9,61

-8,73

6,07

ВФП Премиум инвест

1.272.261.276

20.687.175

-1,61

-8,54

12,22

ВФП Кеш депозит

911.365.005

14.818.943

1,26

0,62

8,75

ВФП 100% Бонд

288.741.037

4.694.976

2,00

-0,24

2,77

32.323.965

525.593

-0,91

-8,19

0,31

10.414.006.268

169.333.435

Граве Глобал вкупно:

100,00

*за една измината година

Извор: Податоци од сајтот на Македонска берза

**од почетокот на годината

Инвестициски фондови со најголем принос во 2019 година

Извор: Податоци од сајтот на Македонска берза

5,93% КБ Публикум - обврзници

8,35% ВФП 100% Бонд

11,29%

12,48% КБ Публикум балансиран

Генерали Нова ЕУ

13,09% Илирика Југоисточна Европа

14,38% Генерали БРИК

16,41% Генерали Топ брендови

ВФП Премиум Инвест

Илирика Глобал - растечки пазари

*Проценета приближна вредност на 30.06.2020 Извор: Податоци од сајтот на Македонска берза

КБ Публикум МБИ-10

19,44%

25,05%

33,42%

170.000.000 30.06.2020*

140.000.000 31.12.2019

102.800.000 31.12.2018

87.600.000 31.12.2017

31.12.2016

58.600.000

Вкупна вредност на сите отворени инвестициски фондови (во евра)


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

8

COVER STORY Пазарен удел на друштвата за управување со фондови во Македонија* 0,58% 6,91%

Generali, компанијата мајка на Генерали Инвестментс АД Скопје е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана во 1831, таа е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Generali Investments управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на централна и источна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.

0,31% КБ Публикум инвестмент ВФП Фонд Менаџмент

20,42% 48,04%

Генерали Инвестментс Илирика Фонд Менаџмент

23,74%

Иново Статус Граве Инвест

*По аквизицијата на Илирика пазарниот удел на Генерали ќе биде околу 27% Извор: Податоци од сајтот на Македонска берза

Инвестициски фондови според видот на хартиите од вредност 4,58%

3,91%

учествуваат со 0,6% и 0,3% на пазарот респективно.

Вредноста на инвестициските фондови постојано расте, но има уште многу потенцијал

Да потсетиме, инвестициските фондови се финансиски институции што вршат прибирање на парични средства од повеќе вложувачи и истите ги вложуваат во краткорочни и долгорочни хартии од вредност: акции, обврзници, записи, итн. Со собраните средства во фондот менаџира друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во

Парични

23,84%

Акциски

67,67%

Обврзнички Балансирани

Извор: Податоци од сајтот на Македонска берза


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

9 фондот и тој е одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови. Во последниве неколку години на македонскиот пазар е забележлив континуиран пораст на нето вредноста на инвестициските фондови, па така ако на крајот од 2015 година таа изнесувала 46,6 милиони евра, на крајот од 2019 оваа вредност е 140 милиони евра, додека после првите шест месеци од годинава таа изнесува речиси 170 милиони евра. Нето вредноста (имотот) на фондовите го вклучува порастот на цените на инструментите во портфолиото на фондот (акции, обврзници, депозити и други инструменти во коишто вложува фондот), како и нето уплатите од страна на инвеститорите што се случиле во пресметковниот период. Постојаното олабавување на монетарната политика во Македонија, односно намалувањето на основната каматна стапка, доведе до историски најниско ниво на банкарските каматни стапки и за депозити и за кредити, па очигледно е дека граѓаните и компаниите се’почесто решаваат да се свртат кон алтернативните форми на „штедење“, како што се фондовите. Иако, мора да се спомене, дека оваа форма на инвестирање е се’ уште далеку од нивото што го имаат поразвиените земји од регионов, како Словенија и Хрватска, на пример, а да не ги споменуваме развиените западни економии, каде што износите вложени во инвестициски фондови per capita се и до 20 – тина пати повисоки во однос на Македонија. Тоа значи дека постои уште многу простор за раст на фондовската индустрија, со оглед на фактот што каматните стапки во догледно време ќе останат ниски, а граѓаните, на пример, чуваат преку пет милијарди евра во домашните банки. Инаку, минатата година беше мошне успешна за македонските инвестициски фондови, коишто забележаа високи приноси за своите членови. Па, така највисок пораст имаше фондот КБ Публикум МБИ-10 од 33,4%, сосема логично, со оглед дека лани главниот индекс на Македонска берза имаше пораст од преку 30%, а овој е од т.н. индексни фондови, при што парите на инвеститорите се вложуваат во кошничка на акции пропорционална со акциите што го сочинуваат берзанскиот индекс МБИ-10, па како што се менува неговата вредност, така расте или паѓа вредноста на имотот на овие фондови. Но, одличен принос лани имаа и ВФП Премиум Инвест, од 25%, Илирика Глобал – растечки од 19,4%, Генерали Топ брендови од 16,4%, итн. Годинава, сликата е поинаква. Поради корона – кризата, големиот

пад и нестабилноста на светските берзи изминативе неколку месеци, и приносот на домашните инвестициски фондови што вложуваат во акции на странските и домашната берза е низок, а во повеќето случаи и негативен. Од почетокот на годинава, најголем пад на приносот има Генерали БРИК, од речиси 20%, потоа Илирика Југоисточна Европа од 13,2%, Генерали

Нова ЕУ од 11,6%, КБ Публикум МБИ 10 од 8,7%, ВФП Премиум инвест од 8,5%, итн. Позитивен, иако минимален принос имаат КБ Публикум Паричен од 0,85%, Илирика Кеш Фонд од 0,81%, ВФП Кеш депозит од 0,6%, што значи сите оние што вложуваат во банкарски депозити.

Корона – кризата ги однесе во минус фондовите Фондовите што имаат најголеми


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

10

COVER STORY

негативни приноси во првите пет месеци годинава инвестираат во акции на компании во развиените земји, како и пазари во развој, што може да се види и од самите нивни називи. Со оглед на тоа што берзите низ светот имаат големи падови во периодот кога почнаа затворањата на економиите поради корона – кризата, не се изненадувачки овие резултати, велат берзанските аналитичари што ги консултиравме на темава. Фондовите што инвестираат во акции на компании всушност имаат највисок ризик по нивните инвеститори, но и највисоки потенцијални добивки или пак загуби, како во случајов годинава со корона - кризата. КБ Публикум обврзници, пак, има минимален принос во првите шест месеци, од 0,35%, додека ВФП 100% Бонд, има мал пад од 0,24% - фондови коишто инвестираат во обврзници. Тоа е фонд што вложува во должнички хартии од вредност, карактеристични по релативно ниското ниво на ризик, но и пониски приноси. КБ Публикум Балансиран, фонд којшто вложува во повеќе категории на инструменти, со цел воспоставување некое средно ниво на ризик, има негативен принос од 4,2%. „Појавата на коронавирусот имаше и се’ уште има негативни ефекти врз економиите во светот. Во услови на неизвесност и страв од последиците на економските перформанси на компаниите, следуваше пад на цените на акциите и зголемување на распоните помеѓу првокласните обврзници и високо – ризичните обврзници. Овие падови кои беа евидентни на домашниот и странските пазари на капитал се причината за падот на цената на уделите на инвестициските фондови“, коментира Горан Марковски, главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум.

Вложувањето во фондови е на подолг рок, не треба да се реагира панично

Марковски вели дека вложувањето во удели во фондови што инвестираат во акции е вложување на подолг временски период што подразбира дека инвеститорот има временски хоризонт од најмалку 3 години, па затоа не би требало да реагира панично во услови на вакви шокови. „Поаѓајќи од претходни искуства на движењата на пазарите на капитал во услови на рецесија на економиите, може да се заклучи дека инвеститорите треба да носат рационални одлуки и овие падови да ги искористат за дополнителни вложувања кои ќе им обезбедат подобар принос во наредниот период. Затоа сметам дека инвеститорите не треба да носат емотивни одлуки, да останат доследни и дисциплинирани во инвестирањето и на тој начин да ги максимизираат

ПРОСТОР ЗА МЕНУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ И ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПОГОЛЕМ РИЗИК Сè уште две третини од средствата во домашните инвестициски фондови се вложени во паричните или „кеш“ фондови, кои се со најмал ризик, но и најмал принос.

К

арактеристично за пазарот на домашните инвестициски фондови е што, сепак, најголем дел од средствата во моментов се вложени токму во овие фондови, или речиси 68% (или 115 милиони) од вкупно 170 милиони евра колку што изнесува вредноста на сите фондови после првите шест месеци од годинава. Најголем според вредноста е КБ Публикум – Паричен со околу 61,4 милиони евра (пораст на вредноста за 42% во 2019-та), пред Генерали Кеш депозит со вредност од околу 30 милиони евра, порасната за 7,33% лани и принос на фондот од 1,73%, потоа ВФП Кеш депозит со околу 15 милиони евра и пораст на вредноста од 3,76%, како и принос од 1,42%, и на крајот Илирика Кеш фонд со вредност од без малку 9 милиони евра, пораст на нето вредноста од 72% и принос од 1,73% лани. Овие фондови првенствено се користат за поконзервативно инвестирање во банкарски депозити од страна на правни лица во функција на краткорочно управување со вишоци на средства. Како што ни објаснија од фондовите што ги контактиравме, најчести вложувачи во паричните инвестициски фондови се компании коишто сакаат да остварат повисок принос од приносот на трансакциска сметка на ликвидните средства што им се потребни за краток период, односно замена за средствата на трансакциска сметка на која не се остварува принос или е минимален. Од она што се гледа како слика за домашните инвестициски фондови е потребата да се зголеми мотивот за инвестирање кај домашните физички и правни лица во фондовите што имаат поголем ризик, но и далеку поголеми стапки на принос. На пример, минатата година се забележува дека најголем принос имале фондовите што вложуваат во акции, и тоа КБ Публикум МБИ – 10 којшто вложува во кошничка акции што го сочинуваат главниот индекс на Македонска берза, којшто само минатата година имаше пораст од 34%, а за последните три години кумулативно, преку 112%. Но, одлични беа и приносите на ВФП Премиум инвест, од 25%, Илирика Глобал – растечки пазари од 19,44%, Генерали Топ брендови од 16,4%, Генерали БРИК од 14,4%, Илирика Југоисточна Европа од 13%, итн. Ова покажува дека вложувањата и на берзите од развиените пазари, каде што македонските фондови „ги вртат“ парите на своите клиенти, како и на пазарите од брзо растечките земји во развој од светот и регионот, како што имплицираат и самите имиња на фондовите, биле мошне исплатливи минатата година, неспоредливо поисплатливи одошто оставање на парите во банка како депозити со камати веќе пониски и од 2%. ефектите“, сугерира Марковски. Од Генерали Инвестментс сметаат дека во моментов состојбата на светската економија е слаба, а иднината е нејасна. „Нерешените тензии од минатото (меѓу САД и Кина, протестите во САД, разговорите за Брегзит во Европа и обновените тензии на Корејскиот Полуостров) носат дополнителна неизвесност на пазарите. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи и многу нестабилни.“ Диверзификација на портфолио

е чекор во вистинската насока, советуваат од Генерали. „ Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но видовме пред четиринаесет дена дека привремените корекции се многу брзи и длабоки. Ваквите промени може да се очекуваат и во иднина, така што во овој момент, кога сме блиску до нови рекорди, диверзификацијата е неопходен начин за заштита на портфолиото.“ nnn



Капитал број 1068 26.06.2020

12 EXCLUSIVE ДАРИО СКАНАПИЕКО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА

ЕИБ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО НАДМИНУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА, НО И ВО ОДРЖЛИВИОТ РАСТ ПОТОА Пред пандемијата КОВИД-19, Северна Македонија бележеше стабилен економски раст, што е позитивен индикатор. Меѓутоа, можеме да видиме дека кризата влијаеше многу врз вработеноста, па задржувањето на работните места ќе има голема важност во наредниот период. На долг рок, поддршката на странските инвестиции, иновациите, креирањето на работни места, регионалната интеграција и транзицијата на економијата за одржлив развој ќе бидат есенцијални за идниот социјален и економски раст. ЕИБ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот за креирање на поконкурентна и поотпорна економија која води сметка за заштитата на животната средина.“, вели потпретседателот на Европската инвестициска банка, г-дин Дарио Сканапиеко, во ексклузивното интервју за Капитал.

разговара:

Александар Јанев

Г

aleksandar.janev@kapital.mk

XГ. XСканапиеко, која е вкупната сума која ЕИБ ја има алоцирано за помагање на Западен Балкан во справувањето со последиците од Ковид-19 кризата и колку од тоа е обезбедено за Република Северна Македонија? Најпрво би сакал да ви заблагодарам за можноста да зборувам за вашето списание Капитал. Групацијата ЕИБ работи со институциите на ЕУ откако започна кризата. Истовремено, постојано бевме во

контакт со нашите земји партнери во регионот, со цел предвидување на обемот на поддршката на ЕИБ која е потребна во текот и после кризата. Европската комисија има усвоено пакет од 3.3. милијарди евра за Западен Балкан, каде ЕИБ ќе обезбеди повеќе од половина – 1.7 милијарди евра. Целта е да се поддржат земјите од Западен Балкан во адресирањето на економските последици од пандемијата на коронавирусот. Малите и средните претпријатија и здравствениот сектор ќе бидат секторите кои првенствено ќе имаат бенефит од ова финансирање. Пакетот за финансирање ќе биде мобилизиран за адресирање на најголемите потреби и дефицити предизвикани од кризата. На долгорочен план, ЕИБ ќе ја зголемува мобилизацијата за обезбедување на експертска и техничка помош за поддржување на модернизацијата на здравствените услуги, зајакнување на

инфраструктурата и капацитетите на Западен Балкан, во линија со најдобрите практики на ЕУ. Освен тоа, дополнителни подобности и флексибилност ќе бидат достапни за проекти од здравството и проекти за граѓанска заштита за зголемување на отпорноста за идните пандемии и ургенции. XВе X молиме дали би можеле за нашите читатели да објасните како конкретно ќе бидат инвестирани парите обезбедени за помош на македонската економија? Кои проекти се планирани во таа насока? На краток рок, ЕИБ има за цел забрзување на исплатата на кредитната линија од која ќе имаат бенефит малите и средните претпријатија, преку посредување на Банката за развој на Северна Македонија. Ова значи дека брзо ќе бидат достапни 50 милиони евра за помагање со цел решавање на најургентните прашања со ликвидноста


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

13


Капитал број 1068 26.06.2020

14

EXCLUSIVE ДАРИО СКАНАПИЕКО Потпретседател на ЕИБ Назначен на функцијата на 16.08.2007 Датум на повторното назначување: 16.08.20019

Г-дин Сканапиеко е одговорен за следниве активности во ЕИБ (European Investment Bank – EIB): X Финансирање на мали и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација X Сопственички и сродни вложувања X Миграции X Следење на трансакциските партнери и реструктурирање; X Соработка помеѓу EIB и EIF X Односи со Клубот на долгорочни вложувачи (LTIC, заедно со претседателот Хоер како раководител) X Стратегија за Јадран X Активности за финансирање во Западен Балкан, Хрватска, Италија, Малта, во Рамки на вложувањата на Западен Балкан (WBIF), во Египет, Израел, Јордан, Либан, Либија, Палестина и Сирија. Останати должности: X Претседател на Управниот одбор на Европскиот инвестициски фонд (European Investment Fund – EIF)

Меѓутоа, паралелно со напредувањето во евроинтеграциите, како и во линија со нашата „Energy landing policy“, ние ќе се фокусираме во – и само во – зелената транзиција на земјите на Западен Балкан со мобилизирање на најмалку 100 милијарди евра во одржливи и енергетско ефикасни проекти во периодот од 2021 година до 2027 година.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

15 Помеѓу 2009 и 2019 година, ЕИБ има обезбедено 423 милиони евра за долгорочно финансирање на македонските мали и средни претпријатија, кое што има помогнато во задржувањето на 67.330 работни места. Финансирањето на малите и средните претпријатија прави 80% од сите инвестиции на ЕИБ во Северна Македонија. и одржување на работните места во компаниите. Таргетираните сектори за оваа кредитна линија се хотелиерството, туризмот и активности за служење храна кои се најмногу погодени од ковид-19, како и активности за производство, градежништво, трговија, здравство и социјална работа, транспорт и забава. XКои X се насоките што произлегоа од последниот Самит на лидери на Западен Балкан што се одржа онлајн неодамна, кои ќе бидат следните чекори? Каква ќе биде улогата на ЕИБ? Наредните чекори ќе бидат за поддршка на земјите од Западен Балкан во соочувањето со негативните социјални и економски ефекти од пандемијата КОВИД-19. За адресирање на најитните прашања ЕИБ има алоцирано 1,7 милијарди евра. Бидејќи влијанието на оваа криза ќе биде пошироко и ќе трае подолго одошто првично се надевавме, ние исто така jа забрзуваме нашата работа околу достапноста на финансирањето на низа проекти вредни 2,3 милијарди евра за поддршка на регионот. Овие инвестиции ќе помогнат за модернизација и зголемена отпорност на виталните инфраструктурни и здравствени системи со цел нивна подобра подготвеност за идни пандемии и ургентни ситуации. Приватниот сектор исто така ќе може да има бенефит од новите кредитни линии на ЕИБ. Малите и средните претпријатија ќе може да ги користат нив за решавање на проблеми поврзани со ликвидноста и човечкиот капитал, додека го одржуваат капацитетот за надворешно финансирање. XЕИБ X е еден од најголемите меѓународни кредитори во земјава, особено за финансирање на мали и средни претпријатија. Колкава е досегашната кредитна изложеност и колку овие кредитни линии дадоа резултат? Како и во другите земји каде работиме, ЕИБ соработува со локални комерцијални банки и финансиски институции за алоцирање на кредитни линии за економијата со атрактивни услови. Помеѓу 2009 и 2019 година, ЕИБ има обезбедено 423 милиони евра за долгорочно финансирање на македонските мали и средни претпријатија, кое што има помогнато во задржувањето на 67.330 работни места. Финансирањето на малите и средните претпријатија прави 80% од сите инвестиции на ЕИБ во Северна Македонија. Ова ја демонстрира нашата

посветеност за поддршка на напредокот на економијата и човечкиот капитал, иновацијата и заштитата на животната средина во Северна Македонија. XОсвен X кредитни линии за бизнис секторот, ЕИБ финансира и значајни капитални проекти. Колку во екот на оваа корона криза може да сметаме на финансиска поддршка во овој дел? Во контекст на кризата, наш примарен фокус се разбира е поддршката на модернизацијата, рехабилитацијата и зголемување на капацитетот на здравствениот сектор низ регионот. Во Северна Македонија, соработката на ЕИБ со ЕУ има за цел зголемување и подобрување на пристапот до здравствените услуги, земајќи ги предвид сите медицински специјалности. Ова може да вклучи поддршка за нова модерна и функционална терцијарна болница во Скопје, иако овој проект е во многу рана фаза. Други проекти кои се земаат предвид веројатно ќе се фокусираат на нудењето на подобар пристап до националното примарно и секундарно здравство. Освен тоа, се надеваме дека ќе обезбедиме значителни фондови за градење на пругата со Бугарија (Коридор VIII). Овие проекти вредат неколку стотини милиони евра. Додека за транспортната инфраструктура, ЕИБ има одобрено над 100 милиони евра во последната декада, со што значително има придонесено за безбедноста и ефикасноста на македонските патишта, како и за подобра поврзаност на регионот. Освен тоа, исто така, се прави проценка за кредит за градење на интерконекторот за гас помеѓу Грција и Северна Македонија. Овој проект има за цел зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на земјата, со разни рути и извори за снабдување со гас. Меѓутоа, паралелно со напредувањето во евроинтеграциите, како и во линија со нашата „Energy landing policy“, ние ќе се фокусираме во – и само во – зелената транзиција на земјите на Западен Балкан со мобилизирање на најмалку 100 милијарди евра во одржливи и енергетско ефикасни проекти во периодот од 2021 година до 2027 година. Ова значи дека Банката повеќе нема да финансира проекти поврзани со фосилно гориво, и ќе се сконцентрира на обновлива и почиста електрична енергија, како и на енергетска ефикасност. Последното исто така ќе придонесе за намалувањето на

емисијата на многу штетните честички, кои резултираат од штетните материјали за греење и имаат големо негативно влијание над јавното здравство. Ќе продолжиме со инвестирање во рехабилитација на водоводната инфраструктура и инфраструктурата на отпадни води во Северна Македонија, каде ЕИБ до денес има инвестирано 128 милиони евра. Со обезбедување на безбедни хигиенски услови и подобра комунална инфраструктура, ЕИБ исто така придонесува во поголема подготвеност за ургентни ситуации и природни катастрофи. XШто X е најважно според Вас да преземат властите како мерки после првичниот бран од пандемијата за да ја забрзаат економијата? Владата на Северна Македонија веќе има усвоено сет мерки за економијата. Фокусот на ЕИБ е да им помогне на малите и средните претпријатија во одржување на ликвидноста и вработувањето, како и можноста за инвестирање во иднина. Според процените, се очекува пораст на стапката на невработеност до 20% во 2020 година. Охрабрувањето на економскиот развој, конкуренцијата, регионалната поврзаност и вработувањето треба да бидат врвни приоритети во наредниот период. Мерките претставени од страна на ЕИБ како одговор на пандемијата КОВИД-19 силно ги поддржуваат земјите од Западен Балкан во нивниот пат кон обновата. XКои X се најголемите предизвици со коишто се соочувате при финансирањето во земјава? Има многу проекти на ЕИБ кои успешно се спроведени во Северна Македонија и други проекти кои треба да се спроведуваат во иднина. Како и во другите земји во регионот, свесни сме дека спроведувањето останува предизвик во повеќето случаи. Ова е затоа што проектите кои ние ги поддржуваме многу често се многу обемни и уникатни и треба да исполнуваат многу строги стандарди во целина. Затоа, тие бараат многу различни компетенции и луѓе кои што ќе работат заедно на добро координиран начин. Експертизата за менаџирање на овие проекти не секогаш е достапна и всушност се гради само преку искуство. Овие проекти исто така бараат силна поддршка од владата и јавната администрација воопшто.


Капитал број 1068 26.06.2020

16

EXCLUSIVE

Во Северна Македонија, соработката на ЕИБ со ЕУ има за цел зголемување и подобрување на пристапот до здравствените услуги, земајќи ги предвид сите медицински специјалности. Ова може да вклучи поддршка за нова модерна и функционална терцијарна болница во Скопје, иако овој проект е во многу рана фаза. Во иднина, се разбира дека ќе ја интензивираме нашата поддршка на македонските власти во поглед на техничко советување и експертиза за осигурување дека проектите ќе бидат подготвени и спроведени колку што е можно поефикасно, во согласност со сите стандарди и практики на ЕУ. Како што земјата напредува во нејзиниот пат код интеграцијата на ЕУ, сигурни сме дека проблемите кои може да го одложуваат спроведувањето на проектот ќе се надминат во меѓувреме, и секако ова е предизвик во долгорочен план. XКако X ја оценувате актуелната состојба во економијата по ударот од пандемијата? Колку ќе бидат големи негативните ефекти од корона кризата? Процените на меѓународните финансиски институции се рецесија со пад на БДП меѓу 3% и 4%. Тоа што можеме сигурно да кажеме е дека економската обнова ќе зависи од способноста на земјата да ја оживува економијата и витална инфраструктура. Пред пандемијата КОВИД-19, Северна Македонија бележеше стабилен економски раст, што е позитивен индикатор. Меѓутоа, можеме да видиме дека кризата влијаеше многу врз вработеноста, па задржувањето на работните места ќе има голема важност во наредниот период. На долг рок, поддршката на странските инвестиции, иновациите, креирањето на работни места, регионалната интеграција и транзицијата на економијата за одржлив развој ќе бидат есенцијални за идниот социјален и економски раст. ЕИБ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот за креирање на поконкурентна и поотпорна економија која води сметка за заштитата на животната средина.

nnn



Капитал број 1068 26.06.2020

18

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ПАЗАРОТ НА ТРУД ПО

КОРОНА КРИЗА ПРОСЕЧНАТА ПРЕД ШЕСТ Просечната плата во април годинава е еднаква на онаа што била исплатена во октомври лани. Државниот завод за статистика објави дека државниот просек на нето платите во април изнесувал 25.830 денари, и споредено со месецот претходно, реалната нето плата во екот на кризата се намалила за 2,4%. Ако споредиме пак со февруари, до кога нето платите континуирано се зголемуваа, априлските се пониски за 5%. Споредбата месец за месец која покажува колку ударот од пандемијата и сите пропратни мерки за запирање на неговото ширење се одразиле врз економијата и ги скратиле платите, покажува негативни разлики во поголем дел од секторите.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

19

ОГОДЕН ОД КРИЗАТА

ЗАТА ЈА ВРАТИ А ПЛАТА ОД СТ МЕСЕЦИ За разлика од истиот месец лани, пак, просечната нето плата има пораст од 4,3%. Но, освен намалувањето на платите како една од последиците од економската, последните три месеци колку што трае пандемијата досега забележан е и зголемен број на невработени луѓе. Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека во мај, како баратели на работа се пријавиле 5.560 граѓани повеќе од претходно. Во април, оваа бројка беше уште поголема и достигна 6.737 граѓани, додека пак во март, бројот на невработени се зголеми за 1.564 луѓе. Вкупно, произлегува дека за овие три месеци на пазарот на труд се појавиле 13.861 нови невработени граѓани.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

пишува:

Александар Јанев

П

aleksandar.janev@kapital.mk

Просечната плата во април годинава е еднаква на онаа што била исплатена во октомври лани. Државниот завод за статистика објави дека државниот просек на нето платите во април изнесувал 25.830 денари, и споредено со месецот претходно, реалната нето плата во екот на кризата се намалила за 2,4%. Ако споредиме пак со февруари, до кога нето платите континуирано се зголемуваа, априлските се пониски за 5%. За разлика од истиот месец лани, пак, просечната нето плата има пораст од 4,3%. Споредбата месец за месец која покажува колку ударот од пандемијата и сите пропратни мерки за запирање на неговото ширење се одразиле врз економијата и ги скратиле платите, покажува негативни разлики во поголем дел од секторите. Ретки се оние дејности каде има зголемување на месечните примања на работниците. Најголем пад на платите во април споредено со март годинава е евидентиран кај производството на моторни возила, приколки и полуприколки, каде вработените добиле пониски примања за дури 22,5%. Сега изнесуваат 17.895 денари. Потоа, за 20,1% се намалени просечните плати кај две дејности. Прво кај дејноста маркетинг, односно реклама и пропаганда, како и истражување на пазарот. Каде што со намалувањето, платите во оваа дејност изнесуваат 29.679 денари, откако претходно изнесувале над 33 илјади денари. Другата дејност, пак, каде што исто така има пад од 20,1%, е филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма, дејности на снимање звучни записи и музичко издаваштво, па со ова намалување нивната плата сега е на ниво од 18.640 денари. Сосема очекувано, кризата ја погоди туристичката дејност, па таму е регистриран пад на платите за 19,5%. Платите во овој сектор со намалувањето се доближуваат до нивото на минималната плата во земјава, односно во април изнесувале 15.102 денари. Големо намалување на платите од 17,1% е забележано и во дејноста телекомуникации на 40.687 денари, откако претходно била над 43 илјади

денари. Намалување од 11,2% има кај дејноста преработка на дрво и производи од дрво и плута, на просечно ниво од 16.241 денар. Веднаш по овој сектор, со намалување на платите од 11,1%, се наоѓаат дејностите за подготовка на оброци и служење на храна, кои и претходно биле ниски, а со намалувањето паднале и под законскиот минимум, односно 14.471 денар. Благ пад на платите има и кај компјутерското програмирање, од само 0,6%, а овие вработени и натаму остануваат на врвот со највисоки плати, па тие во април изнесувале 62.818 денари. Но, во неколку сектори статистиката забележала и зголемување на просечните плати. Во април, и покрај кризата, изгледа дека одлично им одело во дејноста производство на други неметални минерални производи, каде платите пораснале за 20,9% и сега изнесуваат 33.740 денари. Во дејноста производство на пијалаци, платите отишле нагоре за 13,3%, и тие во четвртиот месец изнесувале 34.618 денари. Раст на примањата има и кај производството на хартија, кај канцелариско административните дејности, како и кај неколку други сектори.

Пораст на невработените

Освен намалувањето на платите како една од последиците од економската криза којашто почна силно да се чувствува во април како последица на здравствената криза со коронавирусот, последните три месеци колку што трае пандемијата досега забележан е и зголемен број на невработени луѓе. Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека во мај, како баратели на работа се пријавиле 5.560 граѓани повеќе од претходно. Во април, оваа бројка беше уште поголема и достигна 6.737 граѓани, додека пак во март, бројот на невработени се зголеми за 1.564 луѓе. Вкупно, произлегува дека за овие три месеци на пазарот на труд се појавиле 13.861 нови невработени граѓани. За да им помогне на овие граѓани кои ги загубиле работните места во овие месеци додека трае оваа криза, државата им исплаќа месечен приход во износ од 14.500 денари колку што изнесува минималната плата. Но анализите покажуваат дека ударот од кризата можел да биде и многу посилен и да загрози дури 75.000 работни места. Истражувањето на Институтот за економски истражувања, Finance Think покажа дека мерките на владата да исплаќа по 14.500 денари по

работник за оние компании коишто се соочиле со пад на приходите над 30%, успеале да зачуваат речиси 10% од сите работни места. Но, потенцијалот на оваа мерка, според извршниот директор и главен економист на Finance Think, Благица Петрески, е далеку поголем. „Kрајниот таргет и потенцијалот на тие мерки е околу 198.000 работни места. Во април беше обезбедена поддршка за околу 135.000 работни места што означува одредени под реализација, и којашто во еден дел се должи можеби заради недоволната информираност на компаниите, меѓутоа и оние чести промени на уредбите и одредени критериуми за мерките предизвикаа одредена неизвесност кај компаниите. Па оттука се почувствува одреден страв кај фирмите да аплицираат за конкретната мерка, што можеби е причина да не се искористи целокупниот потенцијал. Во месец мај реализацијата е за одреден степен зголемена, што е позитивен сигнал“, објаснува Петрески од Finance Think. Според овој Институт, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка, a резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би се искачила на 23,9%. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, објаснувајќи го ефектот од овие мерки, вели дека првиот сет на мерки биле фокусирани да ги заштитат трите најпогодени сектори, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаат запрена економска активност поради мерките на Владата, а со вториот намерата била да се заштитат сите работните места во компаниите коишто се соочија со намален обем на работа. Според последните податоци на Министерството за финансии, најмногу пари досега се потрошени за заштита на работните места, што беше главен фокус на првите два сета на мерки. Во април, со пари од државната каса, исплатени биле плати во висина од 14.500 денари, колку што всушност изнесува минималната плата во земјава, на вкупно 140.000 работници од 19.500 фирми. За таа цел се потрошиле 28 милиони евра. Според износот на вкупна исплатена поддршка, околу 57% биле за плати на вработени во микро и мали компании, 22% во средни и 21% во големи компании. По одделни индустрии, најголемиот број на вработени за кои е добиена финансиска поддршка, околу 52.000 работници се во преработувачката индустрија, потоа околу 26.000 во трговија на мало и околу 16.000 во угостителство и објекти за сместување.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

21

Твој избор, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Кредитите и искористете ја промотивната понуда со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување до 30-ти јуни! • НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години • НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Сосема очекувано, поради локдаунот предизвикан од пандемијата, во април има пад на просечната плата од речиси 20% во секторот туризам.

БРОЈКИ Вкупно, за март, април и мај на пазарот на труд се појавиле 13.861 нови невработени граѓани.

25.830

денари изнесувала просечната нето плата во април, што е на нивото од октомври лани

13.861

луѓе останале без работа последните три месеци, според евиденцијата на Агенцијата за вработување

За следниот месец, мај, од Министерството велат дека се уште се доработуваат податоците, но државата од буџетот веќе финансирала плати во вредност од околу 20 милиони евра. „Ако ги анализираме податоците произлегува дека се работи за обемна мерка која што ги дала очекуваните ефекти. Она што е важно е дека во рамките на можностите, а бидејќи за оваа мерка имавме одвоено околу 100 милиони евра, одлучивме да ја продолжиме да важи и за јуни, за да ги заштити работните места и да им помогне на компаниите да исплатат пристојно ниво на плати во време кога се соочуваат со намалени приходи за над 30%“, објаснува министерката Ангеловска.

Песимизмот засилува

Како што расте загриженоста од пролонгирање на пандемијата подолго отколку што се очекуваше првично, така засилува и песимизмот кај меѓународните финансиски

институции за глобалната економија. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе предупреди дека глобалната економија ќе се соочи со поголем пад отколку што претходно беше проектирано, а исто така и јавните финансии на државите значително ќе се влошат по напорите на владите да ги сузбијат негативните економски ефекти од пандемијата со Ковид-19. ММФ сега проценува дека глобалниот пад годинава ќе изнесува -4,9% отсто додека во април предвидуваше пад од -3%. „Пандемијата со Ковид-19 имаше поголемо негативно влијание врз економската активност во првата половина од 2020 година отколку што беше предвидено, а се очекува и заздравувањето да биде попостапно отколку што претходно беше прогнозирано, се наведува во ажурираниот извештај на ММФ за „Светските економски изгледи”. ММФ во април предвидуваше пораст

од 5,8% на бруто домашниот производ во 2021 година, но во најновиот извештај истакнува дека тој пораст ќе биде 5,4%. Според основните сценарија на ММФ, глобалниот јавен долг ќе достигне историски рекорд во 2020 и во 2021 година, односно годинава ќе биде еднаков на вредноста на светскиот БДП, а следната година 103,2 % од БДП. Покрај тоа, просечниот фискален дефицит годинава ќе се искачи на 13,9% од БДП, што е за 10 процентни поени повеќе во споредба со 2019 година. За македонската економија, прогнозите се неизбежна рецесија, иако засега нема понегативни ревидирани проекции. Процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ. nnn



Капитал број 1068 26.06.2020

24

ИНТЕРВЈУ


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

25

ФЛОРИЈАН БИБЕР

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР И ПОЛИТИЧКИ ИСТРАЖУВАЧ

ЕУ ЌЕ МОРА ДА СЕ СПРАВИ СО ЧЛЕНКИТЕ ШТО НЕ СЕ ДЕМОКРАТИИ Брзината и природата на преговорите ќе зависи од двете страни, Европската Унија од една и земјата преговарач од друга, но преговарачката рамка како документ секако претставува водич за тоа како ќе изгледа целиот процес, вели професорот за историја и политика на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер во разговорот за Капитал


Капитал број 1068 26.06.2020

26

ИНТЕРВЈУ

разговара:

Катерина Синадиновска

K

katerina.sinadinovska@kapital.mk

XКакво X значење има преговарачката рамка во однос на процесот на пристапни преговори? Што ќе претставува овој документ за нас? Рамката овозможува одредена мапа, тоа е патоказ и дадена процедура со оглед на претходните искуства и поглавјата. Она што е интересно сега е новата методологија и треба да видиме како тоа ќе биде имплементирано во практика. Затоа, овој документ е важен и да видиме како ќе биде процесот различен од претходните процеси на пристапување. Се разбира дека брзината и природата на преговорите ќе зависи од двете страни, Европската Унија од една и земјата од друга, но овој документ секако претставува водич за тоа како ќе изгледа целиот процес. XЕдна X од главните причини за задоцнетото зелено светло во однос на нашата земја, покрај новата методологија беше и стравот на одредени земји членки дека пуштањето на Македонија напред, без Албанија може да биде лош знак за стабилноста на регионот. Дали и во процесот на преговори ќе ја имаме Албанија во нераскинлива група па реформите на едната земја ќе бидат непризнати, ако другата затајува? Тука дилемата не е за самиот тек на преговорите, туку за одлуката за прием. Кога преговорите се почнати, мислам дека нема да се оценуваат земјите заедно, но дали ако Македонија покаже брз успех и ја надмине не само Албанија, туку и Србија и Црна Гора, дали ќе биде примена пред сите нив, тоа ќе зависи од волјата на самата ЕУ. Мислам дека откако процесот ќе почне, ќе си добие своја динамика и брзина и дека сега тоа групирање со Албанија е веќе минато, во смисла на фактот што двете земји кандидати добија зелено светло, но дури и самата рамка е различна, затоа што кога на Албанија и' се даде зелено светло во март, и' беше кажано дека има услови што дополнително треба да се исполнат, а и двете земји ќе преговараат одвоено. Тука клучното прашање е дали овие две земји на крајот на процесот ќе се приклучат заедно кон ЕУ или ќе има јаз меѓу напредокот на двете па ќе мора да се приклучат одвоено. Но, што се однесува на самиот процес

на преговори, не мислам дека ќе се оценуваат заедно. Она што е важно за Северна Македонија е како ќе се одвива приклучувањето. Во процесот на преговори, ако Северна Македонија покаже напредок, може да ја надмине Албанија ама и да ги „престигне“ и Србија и Црна Гора. Ова сето се разбира зависи од самата Влада и преговарачкиот капацитет и од волјата на Европската Унија не само да започне преговори, туку и да ги заврши. Но, се разбира, ова е години нанапред. XКаков X може да биде капацитетот за проширување и каква е позицијата на овој процес денес, ако се има предвид дека и покрај скептиците, новата методологија имплементирана и во самата преговарачка рамка треба да даде токму сигнал оти ЕУ треба да го заврши своето комплетирање? И за Северна Македонија и за регионот има неколку работи, прво важно е дека процесот не е завршен, продолжува и не е само симболичен. Важно беше во март да се даде зелено светло после фрустрацијата што беше и за Македонија и за Албанија и за цел регион, од проблематичната одлука пред се' на Франција и сега реалноста е дека има процес. Исто така ова е охрабрување и порака дека проширувањето како процес не е мртво. Исто така мислам дека проширувањето е мора да се смени. Јас иако бев многу критичен кон одлуката на претседателот Макрон таа извади на виделина многу проблеми. Преговорите со Србија и со Црна Гора не се одвиваа како што треба, значи процесот на пристапување не даваше резултати, а двете земји назадуваа во владеењето на правото и демократијата. Затоа процесот мора да биде охрабрувачки и критички. Треба да прати сигнал дека има перспектива, дека Северна Македонија може да се приклучи кон ЕУ, но доколку Владата не прави тоа што треба, не спроведува реформи тогаш ќе има застој во процесот, не поради Франција или Холандија или Данска, туку затоа што Владата не прави тоа што треба. И се надевам дека новиот процес ќе оди во оваа насока. Се разбира, сè уште има скептици во ЕУ, па секоја влада во регионот треба да направи специјални напори за да ги разубеди нив и да ги информира земјите членки за тоа какви напори се преземаат за да се спроведат потребните реформи. XВо X однос на актуелните дебати полни со гласови на антиевропски сили кои сметаат дека Унијата е проект без иднина. Како гледате на тоа? Знаете Европската Унија има... луѓето зборуваат за смртта на ЕУ и нејзината криза откако ЕУ постои. И тоа е добар

знак, значи дека е жива. Луѓето се грижат, но мислам дека ЕУ е нестрплива да решава кризи. Не е тоа секогаш елегантно или грациозно, но функционира. КОВИД кризата беше тешка на почетокот, но на крај сите сфатија дека не ни треба помалку, туку токму повеќе ЕУ за да се справиме со криза како оваа пандемија. Навистина не мислам дека некој сериозно размислува за напуштање на ЕУ. Нема Фрегзит или нешто слично или напуштање на ЕУ. XМислите X дека тие процеси се веќе завршени? Да. Тоа што ќе следува се битки внатре во самата ЕУ и дебати за тоа што всушност ЕУ треба претставува и некои земји членки на пример како Унгарија сметаат дека владеењето на правото и демократијата можат да бидат теми на преговори што е контрадикторно на самиот Договор кој јасно вели дека демократијата и владеењето се основни принципи и тука нема разговори. И ова се дебати што сега се водат и треба да видиме како ќе се развиваат. Мислам дека самата ЕУ во суштина единствено може да преживее само ако функционира како демократија базирана на владеење на правото и заеднички правила и ова мора да е битка на оние кои се борат за демократија оти во спротивно ЕУ ќе престане да постои, барем како таква каква што ја знаеме. Тука е Орбан, Качински и некои други критични, но мислам дека мнозинството земји во Европа функционираат врз принципот на владеење на правото. Прашањето во годините што следат ќе биде не како да се справи ЕУ со проблемите околу проширувањето туку со оние земји членки кои не ги почитуваат законите. И таа разрешница нема да биде лесна. Полесно е да прифатите членка затоа што знаете дека има начин како да се справите со Влада која оди назад или го крши владеењето на правото или е помалку демократска. Полесно е да кажете ајде ќе ве примиме оти имаме начини како тоа да го решаваме. Сега земјите како Франција велат - не, сè мора да биде решено пред влез, оти кога веќе сте внатре нема што да се стори. И затоа е потешко за Северна Македонија или Албанија оти никогаш не можете да обезбедите таква гаранција, тоа е невозможно, ниедна земја во светот не може да гарантира дека секогаш ќе биде демократска и ќе функционира врз принципите на владеењето на правото. ЕУ мора да го надмине овој проблем пред успешно да може да се проширува, но се разбира, сметам дека двата процеси можат да се одвиваат истовремено. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

27 Мислам дека самата ЕУ во суштина единствено може да преживее само ако функционира како демократија базирана на владеење на правото и заеднички правила и ова мора да е битка на оние кои се борат за демократија оти во спротивно ЕУ ќе престане да постои, барем како таква каква што ја знаеме. Тука е Орбан, Качински и некои други критични, но мислам дека мнозинството земји во Европа функционираат врз принципот на владеење на правото. Прашањето во годините што следат ќе биде не како да се справи ЕУ со проблемите околу проширувањето туку со оние земји членки кои не ги почитуваат законите. Луѓето постојано зборуваат дека ЕУ е мртва и во криза, секоја година, и тоа е доказ дека ЕУ е жива


Капитал број 1068 26.06.2020

28

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ЏОЗЕФ И АНГЕЛОВ ЗА МАКЕДОНСКО - БУГАРСК

ВЕКОВНАТА БОРБА ЗА НАРАТИВ


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

29

КИТЕ РАБОТИ

ЗА АВТОРИТЕ...

ЕДВАРД П. ЏОЗЕФ

доаѓа од Школата за напредни меѓународни студии „Џонс Хопкинс“, каде предава во областа за справување со конфликти

ОГНЕН ВАНГЕЛОВ

доктор на науки, истражувач во Центарот за проучување на демократијата и различностите на Универзитетот Квинс, Канада

Преку опсежна анализа објавена во The American Interest, двајцата познавачи на балканските прилики, Едвард П. Џозеф и Огнен Вангелов се осврнуваат на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија низ призмата на вечните битки и на полуостровот и меѓу двете држави злоупотребени од политичарите. Текстот во превод на тимот на 360 степени ви го пренесуваме во целост.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

30

ПОЛИТИКА

Во еден сложен, преполн свет, на секоја нација 'и е потребно да го искаже својот идентитет на начин што не антагонизира друг идентитет. Тековната криза на Балканот содржи пошироки лекции.

И

И додека светскиот поредок се тетерави за време на пандемијата, еден тврдоглав конфликт на Западниот Балкан покажува дека дури и ваквата сериозна опасност не ги натера непријателските влади да ги „закопаат секирите“ и да работат кон решенија со позитивен исход. Во време кога и Бугарија и Северна Македонија ја продолжуваат вонредната состојба поради пандемијата со ковид-19, Бугарија наметна уште еден предизвик за македонскиот идентитет – преку академска кавга која има многу реални последици. Борбата е сè освен езотерична, со тоа што спорот сега е дел од главниот политичкиот дискурс во двете држави. Како што беше случајот со долгогодишната борба меѓу Грција и тогашната именувана Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), политичарите во Бугарија и Северна Македонија или активно ги користат овие прашања за краткорочна добивка или чувствуваат притисок да ја бранат националната чест со жестока реторика. Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева – всушност, првиот дипломат на земјата – неодамна изјави „нацијата што тие [Македонците] ја создадоа од 1944 година не смее да се заснова на лаги и антибугарска пропаганда“. Се заканува потенцијално бугарско вето околу одлуката на ЕК овој месец да ги отвори долго одложуваните преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Бугарско-македонскиот спор е лошо разбран од повеќето освен од специјалисти од областа. Контурите на спорот се сепак релативно јасни. Поплаките на Бугарија се втемелени во нивните загуби по Првата и Втората балканска војна од 1912 и 1913 година. Во Првата балканска војна, Бугарија заедно со Србија, Грција и Црна Гора ги истера Османлиите од Македонија. Како резултат на тоа, Македонија беше поделена, но Србија и Грција – не Бугарија – добија 90% од територијата. Бугарија беше бесна затоа што 25 години претходно, на крајот од

Руско - турската војна, поголемиот дел од географска Македонија и беше доделена. Но, договорот од Сан Стефано во 1878 година беше бргу ревидиран од страна на големите сили на Берлинскиот конгрес истата година. Ова предавство – ненадејното враќање на Македонија на Османлиите – го засади семето на бугарскиот реваншизам. Во Втората балканска војна, Бугарија водеше војна против Србија и Грција за да приграби поголема територија, но ја загуби војната, завршувајќи само со мало парче земја. До ден-денес Бугарија ја третира оваа загуба на Македонија како национална трагедија и неправда.

Решавање на спорот практично не е можно, треба справување со него

По Втората светска војна, делот од Македонија под контрола на Србија стана една од шесте конститутивни југословенски републики. Од моментот на основањето на македонската република, Белград стравуваше од субверзија на соседот. Бугарија беше дел од Варшавскиот пакт и создаде тесни врски со Сталин и неговите советски наследници. Тито брзо реагираше и ја засили југословенска Македонија, препознавајќи ги Македонците како посебен и конститутивен „југословенски народ“ и признавајќи го македонскиот како службен јазик. Првпат во една комунистичка земја Македонската православна црква подоцна стана автокефална. Според бугарската приказна, посебниот македонски идентитет е едноставно маневар на Тито. Софија тврди дека македонскиот јазик е едноставно западнобугарски дијалект. Бугарија инсистира на супериорност на својот јазик, врз основа на нејзината претпоставка дека бугарскиот јазик бил во континуирана употреба уште од времето на светите Кирил и Методиј. Двајцата браќа го стандардизирале говорниот словенски во 9 век и ги превеле верските текстови на словенски за нивната мисија за описменување на Словените. Кирил и Методиј биле етнички Бугари – како што велат денешните Бугари – и јазикот што тие го стандардизирале треба да се нарече старобугарски. Бугарскиот наратив ги отсликува учениците на Кирил и Методиј како

бугарски, па така и историја што следува од 9 век па сè до модерниот период како исклучиво бугарски. Врз основа на оваа теорија, денешните Македонци се всушност Бугари – или барем биле до 1944 година, кога била формирана Народна Република Македонија во Титова Југославија. Од своја страна, македонската историографија го отфрла овој наратив и го нарекува јазикот на Кирил и Методиј старословенски. Двајцата светци се познати како „македонските браќа Кирил и Методиј“, врз основа на нивното потекло од Солун (денешен Тесалоники во грчка Македонија). Македонците сметаат дека нивниот јазик е сроден како со бугарскиот така и со српскиот јазик, а неговиот развој го трасираат независно врз основа на јужнословенските дијалекти од историска Македонија. И сега кога историчарите од двете земји се заглавени на своите позиции,Бугарија објави неколку барања, со оглед дека Брисел се подготвува да ги отвори преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Софија инсистира на апсолутна употреба на името Република Северна Македонија, отфрлајќи ја кратката форма Северна Македонија, која наводно подразбира и дел од територијата на денешна Бугарија. Наместо да го нарекуваат јазикот македонски, како што тоа го сторија Грците, Софија инсистира на понижувачката формулација: „Официјалниот јазик на Република Северна Македонија“. Понатаму, Софија би и забранила на ЕУ на кој било начин да признае постоење на посебен „т.н. македонски јазик. Бугарската изјава вклучува барање целата историја на двете држави до 1944 година да се смета за „заедничка историја“ – односно единствена историја на бугарската нација сè до моментот кога македонска нација „ја измислил југословенскиот лидер Јосип Броз-Тито во 1944 година“. Северна Македонија го одбива овој став бидејќи смета дека посебноста на нејзиниот етнолингвистички идентитет се развивал за време на балканските национални преродби во 19 и почетокот на 20 век. Излезот од оваа ситуација не е да се дојде до итно решавање на овој малку познат спор – тоа всушност би било неможно, особено со оглед на поповолната позиција на


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

31

Бугарија. Целта е да се пристапи кон справување со спорот. Германија и Франција, поддржани од САД и Велика Британија, треба да помогнат таму каде што ЕУ не може. Париз тука има посебна обврска со оглед дека минатата есен стави вето на долго очекуваното отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Инсистирањето на претседателот Макрон да се реформира процесот на пристапување пред отпочнување на преговорите отвори пат за паѓање на владата во Северна Македонија. Поради Ковид-19, новите избори се одложени, а во моментот со земјата владее нестабилна техничка влада во време кога Бугарија наметнува нови и тешки барања за малата земја.

Потребен е достоинствен и продуктивен процес поткрепен со три споделени принципи

Наместо да бара послабата страна да попушти (како што неодамна сугерираше францускиот амбасадор во Северна Македонија) Париз треба да работи заедно со Берлин на патот кон компромис. Она што е потребно е достоинствен и продуктивен процес , поткрепен со три споделени принципи: Прво, има само губитници во националните спорови околу националните идентитети. Грција и Северна Македонија се совршени примери за тоа. Со децении, Грција „доминираше“ во спорот за името на својот послаб сосед, инсистирајќи на официјалната употреба на смешната ознака ПЈРМ во меѓународните тела. Сепак, победата на Атина, да употребиме израз од старата грчка историја, беше Пирова. Ставот

на Грција беше речиси целосно осудуван; нејзините дипломати беа предмет на потсмев, а симпатиите им припаднаа на Македонците; нејзиниот став придонесе за имиџот на Грција како проблематична, балканска земја во моментот кога се соочи со финансиската криза. Нејзината брутална политика ја намали вредноста на значителната грчка инвестиција во нејзиниот посиромашен, северен сосед и ја зголеми внатрешната и регионалната нестабилност. Сево ова ги поткопа амбициите на Грција да биде одговорен водач на балканскиот регион во транзицијата. Во меѓувреме, грчкото непријателство само ја засили македонската приврзаност кон Александровото наследство. На крајот, деценискиот притисок направи решението на спорот да биде потешко кога двајцата разумни и храбри лидери – Алексис Ципрас од Грција и Зоран Заев од Северна Македонија – конечно решија да го направат неизбежниот компромис. И покрај предностите на Бугарија во однос на нејзината моќ, Софија никогаш нема да успее – освен ако воено не ја освои Северна Македонија и не ја потчини повеќе децении – да ги убеди Македонците дека не се тоа што мислат дека се, ниту дека нивните историски херои не се македонски, ниту дека нивната национална приказна е различна од она во што веруваат дека е. Па дури и во услови на брутална окупација во најдобар случај може да има половичен успех во искоренувањето на националниот наратив. Второ, националниот идентитет никогаш не се потпира на историски

докажани факти. Како што своевремено рече познатиот научник Бенедикт Андерсон, националниот идентитет е производ на „замислени заедници“, а замисленоста, по дефиниција, е нематеријална, таа не е опиплива. Таа се заснова на заеднички толкувања на настаните од минатото изразени во приказни, песни, тотем или кредо—тоа е наратив кој создава чувство кај поединецот дека припаѓа на одредена нација . Приказните, песните или тотемите ги надминуваат историските докази; нивното едноставно прераскажување и прифаќање е она што им дава живост. Проблемот на Балканот е што овие идентитетски наративи се сметаат за меѓусебно исклучиви. Самото изразување на националниот наратив во една земја не се гледа само како провокација, туку како негација на националниот наратив на друга земја. Иако е банално за странците, нападот врз националното чувство и националната гордост е опиплива – и речиси егзистенцијална. Неодговорните политичари ги злоупотребуваат овие прашања за внатрешни цели, создавајќи очекувања кои на следните лидери ќе им бидат тешки за исполнување. Токму тоа е причината зошто се потребни странци, за да им се помогне на политичарите да ја најдат потребната храброст за справување со она што е претежно нерешливо прашање. Во тековниот случај, владејачката коалиција во Бугарија се состои од десничарски партии, меѓу кои е и крајно десничарската партија ВМРО на министерот за одбрана на


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

32

ПОЛИТИКА

Бугарија, Красимир Каракачанов. Оваа партија е најгласен застапник за жестоки политики кон Северна Македонија. Иронично, македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, го носи истиот префикс како бугарската ВМРО. И самото ова е дел од конфликтните историски наративи во двете земји. Акронимот ВМРО значи „Внатрешна македонска револуционерна организација“, која Македонците ја сметаат за сопствена организација, формирана кон крајот на 19 век за да се стави крај на османлиското владеење во Македонија. Бугарите ја сметаат таа организација како организација на Бугарите во Македонија која во тоа време се борела за интересите на

Бугарија во Македонија. Бугарија смета дека самото споменување на македонски идентитет пред 1944 година е негирање на бугарската историја на Македонија што, пак, го негира самиот бугарски идентитет на територијата на Македонија. Пред повеќе од 20 години, тогашниот бугарски претседател Петар Стојанов возбудено изјави на парламентарното собрание на Советот на Европа: „Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја!“ Слични изјави и денес се повторуваат од бугарските власти, кои самото третирање на историјата пред 1944 како македонска го сметаат како провокација и како непријателска, антибугарска пропаганда.

Трето, основниот чекор во овој случај, или каков било друг спор околу идентитетот, е секоја страна да ги признае чувствителностите на другата страна и да изрази подготвеност да избегне повредување или негирање на туѓиот идентитет. Оваа оптимална позиција се постигнува преку конкретни гестови и што е уште поважно, преку постојано залагање да продолжи процесот на пеглање на разликите во историските толкувања врз основа на ригорозна, фер, заедничка научна работа и размена. Историската комисија на двете држави би можела да биде дополнета со непристрасни меѓународни експерти – на пример од Лондонската економска школа, која има институт познат по својата експертиза во оваа област. Комисијата може да идентификува области на согласност, како и спорни области; потоа може да разговара за начините на кои може да се избегне повреда на идентитетските прашања, а во исто време да продолжи да го усовршува заемното разбирање на историјата.

Компромис е можен

Компромис е можен. На пример, двете земји може да се согласат дека нивното словенско наследство е со еднакво значење и за двете земји и дека се тие еднакви наследнички на таквото наследство, како што сугерираат некои бугарски интелектуалци. Едноставно избегнување на какви било “национални ознаки” на културното наследство пред 19. век би било еден добар компромис. Но, поважно од кој било специфичен предлог е итно создавање на еден видлив, кредибилен меѓународно поддржан процес. За да се избегне едно деструктивно бугарско вето, што ќе предизвика влошување на тензиите меѓу двете држави (а и можни вмешувања на странски сили со скриени мотиви), Софија и Скопје мора да бидат активно ангажирани околу нивните идентитетски прашања. Таквата инвестицијата вреди. Идентитетските спорови сè уште создаваат проблеми во голем дел од Европа, заканувајќи се на кохезијата на неколку држави. Без вистински паневропски идентитет, Унијата сè уште треба да пронајде начини своите членки да можат да ги изразуваат своите национални идентитети и наративи без притоа да се антагонизираат меѓусебно. Бугарија и Северна Македонија, со одредена надворешна помош, можат да создадат европски модел за слободно, одговорно и непровокативно изразување на националниот идентитет. nnn



Капитал број 1068 26.06.2020

34

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ

КОРОНА – КРИЗАТА САМО ГО ЗАБРЗА ОНА ШТО МН

ДАЛИ МЕНАЏМЕНТ ТЕОРИИТЕ СЕ ВЕЌЕ ЗАСТАРЕНИ?

Mенаџментот ја доживува својата „криза на средовечноста“ веќе некое време. Бидејќи капитализмот – светогледот што повеќето менаџмент теории и алатки веќе долго време го поддржуваат и унапредуваат – е на егзистенцијална раскрсница во моментов. Повеќе не се прашуваме само како да направиме нештата да функционираат. Сега многумина се прашуваат зошто (и за кого) постои капитализмот. Некои пак, се прашуваат и дали е одржлив понатаму.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

НОГУМИНА ГО ЧУВСТВУВААТ ПОДОЛГО ВРЕМЕ

35


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

36

МЕНАЏМЕНТ

***Џанпиеро Петриљери

К

INSEAD бизнис школа за Harvard Business Review

„Каде всушност новите менаџмент теории?“, ме праша акутен набљудувач на менаџмент трендовите на едно големо собирање на директори, научници и новинари, фокусирано на иднината на работните процеси. Тоа се случи пред неколку месеци, и никој не ни очекуваше дека иднината ќе дојде толку бргу како што дојде, или на начин на којшто дојде. Го имав слушнато ова прашање и претходно – тоа е своевиден декор на сите вакви собири – но за него почнав да размислувам многу откако работата каква што ја знаевме дојде до својот крај. Теориите ги спојуваат анализата и акцијата, и особено во време на промени, кога иднината станува непредвидлива, а нервозата расте, на менаџерите им требаат теории што ќе ги разбистрат нештата и ќе донесат поголема извесност. Научен менаџмент. Меѓучовечки релации. Конкурентска предност. Максимизација на вредноста за акционерите. Иновации што носат големи потреси на пазарот. Ова се само дел од теориите што го движеа менаџментот изминатиов век, нудејќи му рационален пристап, четиво, а неретко и оправдување за самите акции. Тие го обликуваа менаџментот, исто така, создавајќи слика за тоа кои всушност треба да бидат менаџерите. Еве да го земеме како пример научниот менаџмент – најмногу познат како Тејлоризам – веројатно една од најдолготрајните менаџмент теории воопшто. Таа вели дека менаџерската задача е да се зголеми ефикасноста во производниот систем. Тогаш, менаџерот, олицетворен во сликата на Др. Тејлор, мора да биде самостоен инженер којшто нурка низ податоци со цел да го најде најчестиот извор на грешките: луѓето. Јас лично треба да знам за новите теории, со оглед дека сум на крајот на краиштата, професор по менаџмент. Но, овој пат немав идеја. За волја на вистината, не недостигаа некакви нови менаџмент изблици дури и пред да се случи кризата поради пандемијата изминативе неколку месеци. Приказните за менаџментот опфаќаат цел опсег од епско преку комично до потполно трагично. Директорите имаат визии, за залагаат за верност кон доказите, па дури и кон пишаните манифести. Но, нови теории? Како да ги нема никаде

на видикот. Дури и научниците од менаџмент сферата се збунети, сомневајќи се дека старите менаџмент теории сè уште се применливи во организациите што сега се водени од некакви алгоритми, и прашувајќи се дали некој работи на развивање на нови.

Средовечна криза на менаџментот

Но, овој недостиг на нови теории не ме загрижува само мене, мојот пријател од конференцијата, многумина менаџери и авторите што штотуку ги цитирав. Ве засега и вас исто така. Без оглед на вашата возраст, дали сте менаџери или не, вие сте фатени во она што можам да го наречам средовечна криза на менаџментот. Знаците на оваа криза се препознаваат низ секојдневните искуства. Можеби се чувствувате непријатно и вознемирено, чувствувајќи дека нема да се вратиме на „нормала“ на работното место, и тоа ако го имаме се’ уште. Или пак се чувствувате заглавени помеѓу фрустрацијата и очајот, прашувајќи се кој е сега одговорен и што следи допрва. Чувствувате и гнев кон системот, да не ја спомнувам и

недовербата исто така. Чувствувате осаменост и отсуство на било какво значење. Тоа не се само знаци на тага по начинот на живот што моравме да го промениме последниве неколку месеци – нашата тешкотија и очај се “крчкале“ уште долго пред тоа. Меѓутоа, колку што повеќе посегнуваме по нови теории, толку повеќе се чувствуваме непријатно и заглавено. Тоа е така затоа што прашањето на средовечната криза не наликува на повеќето од предизвиците што менаџментот е подготвен да ги анализира и решава. Тоа е егзистенцијално. И мора да се соочиме со него, затоа што нашиот живот зависи од тоа. Тоа е прашање на смртта – и прашање што всушност да се прави со тоа што ни останало од слободата, времето и енергијата. Да, добро прочитавте. Тврдам дека непријатноста што многумина ја чувствуваат на работа изминативе недели и месеци, па и години, а најмногу сега, среде глобалната здравствена, економска и општествена криза, не е поради неспособноста на менаџерите да ја подготват организацијата за иднината. Туку е поради неволноста


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

37

Можеме сега да дебатираме дали ултра – капитализмот е мртов или не. Но, како што планетава ‘гори’, нееднаквоста расте, луѓето страдаат, а геополитиката станува сè понапната, тогаш барем може да се согласиме дека е смртоносен.

на менаџерите да размислуваат за немањето на своја сопствена иднина, што станува се’ поочигледно. Немањето на иднина коешто го засега менаџментот како идеја и како пракса, а не само како судбина на индивидуалните менаџери. Вакво негирање на реалноста, се’ уште присутно во многу организации, е опасно и несреќно. Средовечните кризи се често непријатни, но продуктивни теми. Смртта, кога можеме да се соочиме со неа, не’ присилува да размислиме околу тоа, не само како живееме, туку и зошто всушност постоиме. Таа го мобилизира нашиот интелект и имагинација кон наоѓање подобри начини за решавање на големи прашања. И додека почнува како отсуство на значење и надеж, средовечната криза може да биде извод и на двете состојби. Може да не’ преобрази – менувајќи не на опсежни и постојани начини. Може да не’ ослободи – помагајќи ни да не робуваме повеќе на навиките и дневните обврски. А може и да не очовечи – да ни ги продлабочи врските со останатите луѓе и со самите нас. Оваа хуманизација е повеќе од потребна, како што многумина

имаат посочено, но мора да оди многу подалеку одошто вообичаената реторика на целисходното лидерство која подразбира полирање на хуманизмот за да менаџментот изгледа поубаво. Не, туку мора да стане негова есенција. Има многу работа, ако сакаме да ја пребродиме оваа криза. Но, првин да видиме од каде доаѓа сето ова.

Капитализмот каков што го знаеме е мртов?!

Кризата на средовечноста не треба да биде одбележана преку сфаќањето на концептот на нашата реална, физичка смрт. Таа треба да се истакне преку свесноста дека светот каков што го знаевме, или светогледот што нам ни бил омилен, едноставно исчезнува. Средовечната криза избувнува на своите егзистенцијални пресвртни точки, помеѓу состојбата што не е повеќе видлива и онаа што се’ уште не е „зачната“. Гледан на овој начин менаџментот ја доживува својата криза на средовечноста веќе некое време. Бидејќи капитализмот – светогледот што повеќето менаџмент теории и алатки веќе долго време го поддржуваат и унапредуваат – е на егзистенцијална раскрсница во

моментов. Повеќе не се прашуваме само како да направиме нештата да функционираат. Сега многумина се прашуваат зошто (и за кого) постои капитализмот. Некои пак, се прашуваат и дали е одржлив понатаму. „Капитализмот каков што го знаеме е мртов“, рече Марк Бениоф на почетокот од 2020 година. Зборувајќи од главната сцена на преполниот аудиториум на Светскиот економски форум во Давос годинава, шефот на Salesforce направи своевиден епитаф на капитализмот. Бениоф ги повика своите „колеги“ во бизнисот да го пратат во историјата ултра – капитализмот којшто се занимава само со самиот себе, опседнат со раст и профити, и слеп, ако не и непријателски настроен кон неговиот социјален и еколошки контекст. ожеме сега да дебатираме дали ултра – капитализмот е мртов или не. Но, како што планетава „гори“, нееднаквоста расте, луѓето страдаат, а геополитиката станува се’ понапната, тогаш барем може да се согласиме дека е смртоносен. Поголемиот дел од штетата што ултра – капитализмот ја прави доаѓа преку менаџментот, или да бидам попрецизен, преку неспорната пракса на дехуманизираниот поглед на тоа како менаџментот всушност функционира и треба да функционира. Тоа е инструментално стојалиште кое се смета за технолошки вид, средство за постигнување на цел, алатка за максимизирање на ефикасноста, усогласеноста и перформансите – дури и кога навидум делува дека се грижи за луѓето. Занемарува се’ што не е поврзано со перформансите, а неговото влијание оди толку длабоко што често го користиме да управуваме и со самите себеси, на пример, секој пат кога си велиме дека треба да спиеме, вежбаме или читаме книга за да бидеме попродуктивни на работа, а не заради тоа што така сме поздрави, побогати и послободни. Еве, да ги земеме за пример, повеќето од менаџмент истражувањата или популарните менаџмент трудови. Се поаѓа од тоа дека менаџментот, кога е добро практикуван, е начин за предвидување и решавање на практични проблеми. И посветен е на тоа да пронаоѓа и нуди “рецепти“ за менаџерите за да ги адресираат овие проблеми. Како да донесам одлуки? Како да бидам слушнат? Како да останам продуктивен? Како да му помогнам на мојот тим да успее? Во многу околности, теориите и алатките што помагаат во одговор на инструменталните прашања се доволни. Но, тие малку вредат кога излегуваат на површина егзистенцијални прашања, како на пример, уште колку време ќе


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

38

МЕНАЏМЕНТ

Се чувствувате заглавени помеѓу фрустрацијата и очајот, прашувајќи се кој е сега одговорен и што следи допрва. Чувствувате и гнев кон системот, да не ја спомнувам и недовербата исто така. Чувствувате осаменост и отсуство на било какво значење. Тоа не се само знаци на тага по начинот на живот што моравме да го промениме последниве неколку месеци – нашата тешкотија и очај се ‘крчкале’ уште долго пред тоа.

бидеме тука? Дали сме битни? Дали сме одговорни? Ова се прашања карактеристични за средовечноста, за секој поединечно. И ова се истите прашања што ги поставуваме во контекст на менаџментот и овој егзистенцијален крстопат.

Криза на средовечноста

Овие прашања стануваат сè погласни, и оние што требаа да го погребат ултра – капитализмот, ако ништо друго, брзаат на неговата смртна постела за да го оживеат тврдејќи дека нивниот претходен успех ги чини најподобни за решавање на општествени болести или го распродаваат нашето здравје и приватноста заради профит. Сакајќи да го промениме светот без да сакаме да го промениме нашиот сопствен свет е класичен знак за средовечна криза и вообичаен одбранбен механизам кога нашите

светогледи колабираат. Само нудење на испружена рака и средства може да биде начин некој да се осигури дека е вреден и центар на внимание дури и во новиот свет. (Исто така е и начин да се тргне кон ултра – капиталистичките аспирации – револуција без револуционери). „Сè мора да се промени за се’ да остане исто“, изустува Принцот од Салина во ремек – делото „Леопард“ на Џузепе Томази ди Лампедуза. Сум чул како овој цитат се користи како позитивен пример за менаџерски прагматизам, но во новелата, ликот на принцот наговарајќи го своето семејство да ги лажира односите со армиите на ривалскиот монарх и семејството на бизнис лидерот е олицетворение на менување на обликот на моќта. Тој е заинтересиран само работите да останат какви што се и одложување на пропаста додека тој не си замине. Неговите зборови, се

плашам дека нема да им бидат туѓи на оние што се залагаат за нови идеи и алатки, но само за да останат на своите позиции. Овој пристап, меѓутоа, не е доволен за крајната цел. Ако сакаме да го промениме светот, треба прво да го промениме нашиот сопствен свет. Ова значи дека оние што претендираат да му дадат нов лик на капитализмот мора прво да го елиминираат стариот имиџ на менаџментот. Кога велам дека треба да го убиеме менаџментот, не мислам на елиминирање на менаџерите, на луѓето. Заменувајќи ги со алгоритми, на пример, ризикувате да го направите менаџментот повеќе инструментален одошто е. Работна околина водена од вештачка интелигенција постигнува нивоа на контрола што ги надминуваат и најлудите соништа на Фредерик Тејлор (американски инженер од почетокот


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

39


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

40

МЕНАЏМЕНТ Хуманиот менаџмент ќе настојува да искажуваме грижа за слободите и благосостојбата на оние со коишто менаџираме, исто колку и за нивната продуктивност; дека ќе ги разгледуваме и еколошките, исто колку и економските ефекти на нашите стратешки избори; дека ќе престанеме да се правиме немоќни пред тиранијата на технологијата и ќе преземеме одговорност да ги одбиеме технологиите што ја овозможуваат тиранијата.

на 20 век, познат по стремежот да ја подобри индустриската ефикасност, н.з.). Замената на старите менаџери со нови исто така нема да го реши проблемот. Ќе биде бескорисно, доколку новите раководители ги применуваат истите принципи, само на различен начин. Наместо тоа, кога јас велам да се убие менаџментот, мислам да се стопира начинот на којшто ние портретираме и практикуваме менаџмент. Ние, јас и вие, луѓето што се собираат на конференции и читаат трудови за иднината на работните процеси, како и сите други што го отелотворуваат менаџментот преку зборови, пишувајќи, или во нивната секојдневна работа – треба да ја промениме нашата концепција за менаџмент, за неговата функција во било која компанија. Со што да го замениме? Потребен ни е навистина човечен менаџмент, таков што ќе остави простор за нашите тела и души покрај нашиот интелект и вештини. Којшто се грижи за тоа што работата нам ни значи, какви чувства ни предизвикува и какви последици остава, а не само за тоа што можеме ние како работници да направиме на своето работно место. Менаџмент којшто ќе се одрекне од немилосрдната потрага по ефикасност и складност – и ќе ги велича, или едноставно да ги признае само недоследностите

што не’ прават луѓе. Менаџмент којшто егзистенцијалниот раст ќе го следи подеднакво страствено како и инструменталниот раст – т.е. оној што ќе ја следи експанзијата на нашата свесност паралелно со нашите моќи. Менаџмент којшто ќе биде целосно хуман, со сите наши контрадикторности, во плуралистички институции. Хуманиот менаџмент ќе настојува да искажуваме грижа за слободите и благосостојбата на оние со коишто менаџираме, исто колку и за нивната продуктивност; дека ќе ги разгледуваме и еколошките, исто колку и економските ефекти на нашите стратешки избори; дека ќе престанеме да се правиме немоќни пред тиранијата на технологијата и ќе преземеме одговорност да ги одбиеме технологиите што ја овозможуваат тиранијата. Таков тип на менаџмент може да го унапреди капитализмот и да ги направи систем заснован на љубопитноста и емпатијата, значи подобар во иновациите и инклузивноста одошто е во моментов. Зачетоци на ваков човечен поглед на менаџментот веќе може да се забележат. Може да ги забележите кај директорите коишто спомнуваат грижа за заедницата исто колку и за профитот. Може да ги забележите кај луѓето што се заинтересирани за своето значење во заедницата и како

може да придонесат за нејзината благосостојба. Но за да не останат овие заложби и напори залудни, за да не останат овие гласови неслушнати, менаџментот каков што го знаеме мора да умре, навистина. Нема друг начин. Затоа што, за волја на вистината тој нема проблеми. Тој самиот е проблем.

На менаџментот му треба повеќе психоанализа

Предизвик за менаџментот сега не е недостигот на нови теории, туку силината на старите. Невозможно е да се изгради иднина користејќи ги скиците од минатото. Тоа е исто како да одиме на пластичен хирург за да го промениме својот лик, а треба всушност да одиме кај психотерапевт за да го ослободиме својот ум. Токму ова му е потребно на менаџментот деновиве, за што се залагав и во еден мој скорешен труд. Повеќе психоанализа, тоа е. Не се шегувам со вас. И тоа делот од психоанализата што се занимава со системите на организација и искуствата на луѓето во организациите. Треба да се работи на идентификување на дисфункционалните култури во организациите и фасцинацијата на луѓето од невротичните лидери, со што ќе се ослободиме од стегите на минатото. Може да ја наречете психоанализата


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

41

Потребен ни е навистина човечен менаџмент, таков што ќе остави простор за нашите тела и души покрај нашиот интелект и вештини. Којшто се грижи за тоа што работата нам ни значи, какви чувства ни предизвикува и какви последици остава, а не само за тоа што можеме ние како работници да направиме на своето работно место. Менаџмент којшто ќе се одрекне од немилосрдната потрага по ефикасност и складност – и ќе ги велича, или едноставно да ги признае само недоследностите што нè прават луѓе. теорија, или алатка. Нема да противречам. Но тука ја користам како помош за една субверзивна конверзација. Однос којшто ни помага да откриеме зошто се плашиме од тоа што го сакаме и колку не’ чинат нашите теории кога ќе станат верувања. Тоа е, кога решенијата на старите проблеми стануваат причини за нашата заглавеност во едно место. Гледано низ оваа призма, есенцијата на кризата на средовечноста е заточеноста. Теориите коишто претходно сме ги научиле, и коишто ни помагаат да одиме понатаму, сега всушност нè заробиле. За секој од нас, ова се обично лични теории за тоа како да се однесуваме. Мора секогаш да работиш напорно. (Зошто?) Може да здивнеш по следното унапредување на работа. (Навистина?) Докажи дека ова можеш да го направиш сам. (Но, зошто?) Секогаш гледај да се вклопиш во средината. (По која цена?) За менаџментот, ова се теории што сме ги научиле во школо, од книги, и од оние што ни давале пример на нашето работно место. Тоа се популарни теории како оние што ги спомнав претходно, или повеќе локални во нашите организации. Менаџерите требало да ги стават акционерите на прво место, и да ги држат работите под конец. Овие теории може да не држеле во безбедна зона и да не’ направиле

успешни, во одреден момент. Тие ни користеле нам, а и ние на нив. Се’ додека нивната магија престанала, обично поради тоа што не сме можеле да се менуваме, сме биле соочени со смртта, или и двете. Овие теории не’ изневериле подоцна бидејќи не покажувале како да одиме напред без да ни објаснат зошто. Кога е потребна промена или смртта е на видикот, ова нема да ни помогне. Прашањето што треба да си го поставиме не е повеќе “што најдобро делува?“; сега прашањето е „за што вреди да се живее?“ Психоанализата го поставува ова прашање и со тоа не’ ослободува кога стегите ќе станат преголеми. „Луѓето доаѓаат кај психотерапевт – или избираат некого за да разговараат – кога ќе сфатат дека повеќе не може да чуваат тајна“, вели ценетиот британски психоаналитичар Адам Филипс. „Она што некогаш било интимно, станало неподносливо.“ Средовечната криза е еуфемизам за сфаќањето дека инструменталните одговори што теориите ги генерираат врз основа на податоците не одговараат на егзистенцијалните прашања. Теориите без некаква цел, се само со ограничена употреба. Тие, на крајот, се неподносливи. Како што стана неподнослив и менаџментот којшто го негуваме веќе цел век. Еве зошто егзистенцијалните закани, кога ќе се соочиме со нив, може

на крајот да ни помогнат. Тие го прошируваат нашиот хоризонт, потсетувајќи не’ дека ни требаат повеќе од теории и дека ние сме повеќе од само алатки. Со правилно согледување и поддршка, често од средовечната криза излегуваме со многу поширок поглед на тоа кои сме, со поголем капацитет за простување, повеликодушни, поодлучни и потолерантни, со поголема веројатност да балансираме помеѓу природата, моралот и последиците на нашите дејства. Ако менаџментот може да се соочи со својата средовечна криза, тогаш, менаџментот може да биде на работ од својата вистинска трансформација. Дури може и да ја искористи моменталната здравствена и економска криза како шанса да ја демонстрира, а не само пропагира, својата посветеност на човештвото.

nnn

***Авторот е професор по организациско однесување на INSEAD, една ите бизнис школи во светот, со седиште во Франција и филијали во Сингапур, Абу Даби и Сан Франциско. Лекар – психијатар по вокација, Пертриљери го истражува и на студентите им предава за развојот на лидерството. Го раководи Програмот за унапредување на менаџментот при INSEAD, а организира и многу работилници на тема лидерство за различни глобални корпорации и организации.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

42

ИНОВАЦИИ

10

МИТОВИ ЗА ИНОВАТИВНОСТА

Користејќи извори како Harvard Business Review, Inc.com, Entrepreneur и др. издвоивме десет најголеми заблуди во врска со тоа што е всушност иновативност и како треба да ја сфатиме правилно

1. В

МИТОТ ЗА ОТКРОВЕНИЕТО

о принцип, сите мислиме дека моментален блесок на инспирација, креативност, идеја и сл. доминира во процесот на создавање на иновациите. Меѓутоа, реалноста е нешто поинаква. “Откровението“ е последица на подолготраен напор, а ретко која идеја е целосно оригинална, туку е произлезена од некои претходни идеи. Кога ќе слушнеме сторија за тоа како некому “светнала сијаличката“, треба да се прашаме: а) колку време креаторот потрошил пред да му се случи “светнувањето“; б) колку идеи од други луѓе искористил, односно, рециклирал за својот проект; и в) колку труд е вложен откако се блесокот на идејата се појавил во главата додека тоа се материјализира во успешен продукт, услуга, итн. Откровението само по себе не наоѓа инвеститори, не прави прототипови, не го жртвува своето време и здравје, не се соочува со бројните одбивања, неуспеси и сл.

ДЕКА 2.МИТОТ ЗНАЕМЕ ИСТОРИЈА

Л

уѓето сакаат да го романтизираат минатото за да го вклопат во сегашноста, со тоа правејќи стапица за оние креативци коишто не ја знаат добро

вистинската историја на сопствената област на интерес. Инспирирачките лаги често се попопуларни одошто комплексните вистини. Историјата не значи праволиниски развој на настаните и прогрес, како што не е ниту сегашноста. Иновацијата е стара колку што е човештвото, а исто така и обидите да се промени сегашноста. Зошто американската револуција против британската круна успеа, кога 90% од револуциите во светот се фијаско? Има ли нешто толку посебно во врска со Каменот од Розета? Доминантните идеи не секогаш се и нужно добри. Пронајдете ја најдобрата идеја на светот во вашата област на интерес и “копајте“: ќе се изненадите што може да најдете под површината, а што ви помага во вашата работа денес.

ЗА 3.МИТОТ МЕТОДИТЕ

П

редизвикот со креативната работа, особено на слободен пазар, е што многу фактори се вон вашата контрола. Вие може сè да направите како што треба, и повторно да не успеете. Многу книги за креативноста ветуваат успех врз основа на историјата: избираат примери од минатото коишто го поддржуваат токму нивниот “метод“. Методите може да бидат корисни, но тие негираат дека сегашноста е различна од минатото. Има премногу

варијабли во сегашноста за да имаме некаква извесност за исходот. Токму затоа термините како “иновациски систем“ и сл., се апсурдни. Многу книги за креативноста се изненадувачки некреативни и прават невозможни ветувања.

ДЕКА 4.МИТОТ САКАМЕ НОВИ ИДЕИ

Л

уѓето се конзервативна сорта, конформизмот е длабоко всаден во нашата биологија. Од една страна, да се зборува за креативноста е многу популарно, но да се биде вистински креативен го става на ризик вашиот општествен статус. Сите големи идеи во човечката историја биле неприфаќани на почетокот, често со години, децении, па и векови, но ние ги забораваме овие факти. Историјата на големите откритија е сторија за упорноста, наспроти постојаните одбивања. Иноваторите ги прави успешни во голема мера тоа што се способни да ги убедат конзервативните луѓе во корисноста од нивните идеи, што е многу различна способност од креативноста сама по себе. Вашиот проблем најчесто не се вашите идеи, туку вештината да ги презентирате пред останатите. Идеите ретко се одбивани заради нивната (не)корисност, туку заради тоа како ги направиле луѓето да се чувствуваат.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

43 ЗА ОСАМЕНИОТ 5.МИТОТ ПРОНАОЃАЧ

П

олесно е да се велича херој доколку е портретиран како суперчовек. Но, дури и луѓето што ја заслужуваат титулата “гениј“, како Моцарт, Ајнштајн или Пикасо, имале семејства и учители коишто ги учеле разни нешта. Многу од патентите на Едисон тој ги споделува со своите соработници, без оглед колку неговото големо его тешко го поднесувало сето тоа. Приказните за луди гении коишто работат сосема сами и изолирани од надворешниот свет се реткост. Одберете кој годе славен научник за кого што мислите дека работел сам и прочитајте малку за нив: ќе се изненадите колку многу луѓе всушност влијаеле врз нивната работа. Способноста за соработка, и давање и примање фидбек, може повеќе да ви значи одошто самата ваша брилијантност.

ДЕКА ДОБРИТЕ 6.МИТОТ ИДЕИ СЕ РЕТКОСТ

Г

ледајте само едно 6-годишно детенце што прави: ќе “измисли“ дузина работи за само еден час. Ние сме едноставно родени за креативност. Проблемот е само што општествените норми што владеат во животот на возрасните бараат од нас конформизам и така ние ги жртвуваме нашите креативни инстинкти во полза на социјалниот статус. За разлика од децата, возрасните се исклучително критички и осудувачки настроени, убивајќи ги идеите уште пред да имаат шанса да се докажат. Проблемот е што идеите не доаѓаат во пакет со храброста и да се вложи во нив, да се жртвувате за нив. Добрите идеи се насекаде, она што е реткост се луѓето спремни да ги стават нив на пиедестал попрво одошто нивната репутација.

ДЕКА НАЈДОБРАТА 7.МИТОТ ИДЕЈА ПОБЕДУВА

М

аркетингот, политиката и добриот тајминг имаат огромно влијание врз тоа која идеја победува – вашата или на конкурентите, иако деталите во сето ова се многу покомплексни одошто сакаме да чуеме и научиме од историјата. Сакаме да веруваме дека најдобрите идеи победиле во минатото, затоа што во тоа сакаме да веруваме и во сегашноста исто така. Но, за да бидеме успешни во реализирањето на идеите, треба да проучиме зошто некои лоши идеи триумфирале, а некои добри идеи се на маргините. Светот на идеите не е базиран врз чиста логика и мораме да се прилагодиме.

ДЕКА ВАШИОТ 8.МИТОТ ШЕФ ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ОД ВАС

С

тереотипот за било која работна средина е дека претпоставените неминовно знаат повеќе за сè од луѓето што им се подредени. Ова е погрешно ви многу аспекти, но во доменот на тоа кој поседува креативна интуиција можеби и најпогрешно. За да се издигнете на скалилата на моќта бара добра политичка проценка, но иновацијата бара спремност да се борите против конвенционалното. Оние што ја победуваат конвенционалноста потешко е да напредуваат во повеќето

средини, иако е клучно за развојот. Да претпоставиш дека претпоставените се најдобри во креирање и предводење на промените е грешка.

ДЕКА ПРОБЛЕМИТЕ СЕ 9.МИТОТ ПОМАЛКУ ИНТЕРЕСНИ ОД РЕШЕНИЈАТА

А

јнштајн рекол “Ако имам 20 дена да решам проблем, јас 19 од нив ќе потрошам за да го дефинирам“. Има мноштво креативни начини да размислувате за проблем, и различни начини да гледате на една ситуација. Нетрпеливото трчање кон решавање одреден проблем ќе направи само да поминете покрај вистинските нешта што ви се потребни на патот кон вистинското решение. Ако ги слушате внимателно успешните иноватори кога зборуваат за своите секојдневни активности, ќе видите дека поминуваат многу повеќе време размислувајќи за одреден проблем одошто тоа ни го прикажуваат медиумите опседнати со спектакуларни откритија.

ДЕКА ИНОВАЦИЈАТА 10.МИТОТ Е СЕКОГАШ ДОБРА РАБОТА

К

ако би се чувствувале доколку некое откритие стави крај на вашата професија? Каков импакт ќе има една идеја по 1, 5, 10 или 100 години отсега? Сите иновации значат некаква промена и сите промени помагаат на некои, но може да повредат други. Многу ужасни пронајдоци биле креирани со најдобра намера, додека пак некои лоши намери довеле до добри последици. Бенц и Форд ни во сон не помислувале дека автомобилите денес ќе “убиваат“ преку 40 илјади луѓе годишно само во САД, на пример. Секоја успешна идеја може да има мноштво од последици коишто не е возможно однапред да се предвидат.


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

44

ЛИДЕРИ

ПРАВИЛОТО 5 ЧАСА

УСПЕШНИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ ПОМИНУВААТ ПЕТ ЧАСА НЕДЕЛНО ВО УЧЕЊЕ

Многу светски познати лидери како на пример Елон Маск, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Марк Закерберг, поминуваат по неколку часа во неделата посветени на учење на нови работа. И покрај тоа што се многу зафатени, тие наоѓаат најмалку еден час во денот, односно најмалку пет часа во неделата за активности кои можат да се наречат учење со намера.

М

ногу светски познати лидери како на пример Елон Маск, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Марк Закерберг, поминуваат по неколку часа во неделата посветени на учење на нови работа. И покрај тоа што се многу зафатени, тие наоѓаат најмалку еден час во денот, односно најмалку пет часа во неделата за активности кои можат да се наречат учење со намера. Едно неодамнешно истражување објавено во Harward Business Review (HBR) покажува дека активностите кои

спаѓаат во правилото 5 часа можат да се поделат на читање, размислување и експериментирање. Според истрaж0увањето на HBR, основачот на Nike, Фил Најт има толку голема почит кон неговата библиотека, што секој што влегува во неа мораш да ги соблече чевлите и малтене да се поклони”. Oпра Винфри вели дека најмногу им е благодарна на книгите за нејзиниот успех. “Книгите беа мојата карта за влез во личната слобода”. Таа ги споделува нејзините читачки навики со целиот свет преку нејзиниот клуб за книги. Овие двајца вљубеници во книгите

не се единствени. Има уште многу милијардери кои имаат екстремни читачки навики. На пример, Ворен Бафет поминува пет до шест часа во денот читајќи, и тоа задолжително пет весника и 500 страни на корпоративни извештаи. Бил Гејтс чита по околу 50 книги годишно. Марк Закерберг чита најмалку една книга секои две недели. Елон Маск, според кажувањата на неговиот брат, пораснал читајќи по две книги дневно. Марк Кубан чита книги по три часа дневно. Претприемачот милијардер Дејвид Рубенштајн чита шест книги неделно. Дан Гилберт, милионер и


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1068 26.06.2020

45


www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

46

ЛИДЕРИ Читањето се уште е единствената работа преку која учам нови работи и ги тестирам моите размислувања.

Бил Гејтс

сопственик на Кливлен Кавалирс чита по еден до два часа дневно.

Правилото за 5 часа учење

На 10 годишна вредност Бенџамин Френклин, еден од основачите на Америка, го напуштил формалното образование за да стане помошник на неговиот татко. Како млад човек, тој не покажувал некој посебен талент освен неговата љубов за книгите. Педесет години подоцна тој беше еден од најпочитуваните американски политичари, познат иноватор, автор и успешен претприемач. Што се случило во меѓувреме? Одговорот на ова прашање лежи во неговата успешна животна стратегија, која што може секој да ја научи и практикува. Бен Френклин инвестирал најмалку половина до еден час во денот во тн. учење со намера. Неговото правила од 5 часа подразбира станување рано да чита и пишува, поставување на лични цели за раст и развој, претворање на идеите во експеримент, утрински и вечерни прашања за размислување. Овие пет часа кои тој ги посветувал на учење и размислување, биле неговата најголема и најдобра инвестиција во иднината што можел да ја направи. Истражувањето на HBR покажува дека и денес најпаметни и најуспешни луѓе се

оние кои се постојани во намерата секој ден да посветуваат одредено време на учење. Како би изгледало правилото за пет часа да стане дел од вашиот животен стил? Искуството на оние кои го практикуваат ова правило покажува дека најдобро функционира ако намерно создадете празнини или празни зони во текот на денот за учење, креативност и за правење на работи со поголем квалитет. Создавањето на вакви празни зони во текот на денот ќе ви дозволи XX однапред да го планирате учењето. Тоа ви дозволува да размислувате внимателно за тоа што сакате да го учите. Не треба само да имате само цели за тоа што сакате да го постигнете. Треба да имате цели и за тоа што сакате да го научите. XX усвојување на практики за подобрување. Наместо да ги правите работите автоматски без никакво подобрување, можете да примените некои докажани практики за да се подобрувате. Ова значи дека ќе треба да потрошите повеќе време за некои работи, но знајте дека ќе имате корист од тоа. XX размислување- Ова ви помага да добиете перспектива

на научените лекции и да асимилирате нови идеи. Може да ви помогне да станете покреативни за работите кои ги работите. Пешачењето е одличен начин за подобро да размислувате или пак да си најдете партнер со кој може да водите добра конверзација на темите кои сте си ги зацртале. XX одвојување на време само за учење. Ова вклучува активности како читање, конверзации, учество на некои часови и предавања, набљудување на другите... XX решавање на проблемите како што се случуваат. Повеќето луѓе кои се соочуваат со проблеми имаат навика да ги буткаат под тепих, за да може да продолжат со редовните обврски. Ако имате претходно оставено празнина во денот тоа ќе ви дозволи да се посветите на решавање на малите проблеми пред тие да станат големи. XX правење на мали експерименти. Без разлика дали експериментот ќе биде успешен или не, тоа е можност подобро да ги разгледате и тестирате вашите идеи. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1068 26.06.2020

48

ЛИДЕРИ

ДЕЈВИД КАРП ОСНОВАЧ НА TUMBLR

ВИЗИЈАТА МОРА ПОСТОЈАНО ДА СЕ ПОВТОРУВА И СПОДЕЛУВА СО ТИМОТ

Д

Дејвид Карп е американски претприемач и развивач на интернет страници, а најпознат е како основач и поранешен извршен директор на блог-платформата Tumblr, која денес има речиси 500 милиони корисници. Кога Карп го основал стартапот Tumblr во 2007 година имал само 20 години, а

Има многу богати луѓе во светот. Но, има многу малку луѓе кои имаат привилегија да иновираат работи кои ќе бидат користени од милијарди луѓе.

Најголемата лекција е важноста од постојано повторување на мисијата. Тоа значи да го собетете тимот секоја недела и да разговарате за проектите, прогресот и визијата.

Добрите производи се создадени од луѓе кои сакаат и самите да ги користат.

Сите големи компании доаѓаат до точка кога ги губат движечката сила и фокусот. Луѓето на врвот размислуваат за други работи, а луѓето кои се долу и во средината не се на вистинското место во компанијата за да направат било што за да го одржат тимот фокусиран. Не можам ни да замислам да бидам во средина во која не ги познавам луѓето со кои работам.

Претприемач е некој кој има визија за нешто да создаде и изгради.

Сакам да изградам нешто со кое што би бил среќен да бидам преокупиран и по 10 години од сега.

Не сме мотивирани од парите, туку од работите кои ги градиме.

неколку години подоцна Yahoo за неговата платформа плати 1,1 милијарда долари. Тоа и не е така лош резултат за еден млад човек кој го напуштил средното образование за сметка на домашното образование. Пред да го основа Tumblr, Карп работел за повеќе компании.

Идејата со Tumblr беше и се уште е да развиеме перфектна платформа на која секој ќе може најдобро да се изрази себеси.



Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.