1072- Kapital magazin

Page 1

БАЛКАН: ХРВАТСКА НА НОЗЕ – СИ ЗАМИНУВААТ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1072

цена 100 ден. l 24 јули 2020 петок l година 21

COVER STORY

Фонд за иновации и технолошки развој Огромен интерес за инструментот за економско прилагодување на Ковид-19 www.kapital.mk

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ Време е за обединување. Да го промениме грдото лице на македонската политика!

Маратонски преговори во Брисел Европските лидери договорија фонд колку целиот БДП на Италија

КОАЛИЦИСКИ КОМБИНАТОРИКИ

СЕ (ИЛИ НЕКОЈ ГО) ИЗБРИША ПРОСТОРОТ ПРЕД ЗАЕВ Одржлив развој: кредити од ПроКредит за фотоволтаици на ЕВН



СОДРЖИНА

Kapital... 1071 10

12

СТАВ

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ Време е за обединување. Да го промениме грдото лице на македонската политика!

ПОЛИТИКА

Коалициски комбинаторики

Се (или некој го) избриша просторот пред Заев

16

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Фонд за иновации и технолошки развој

Огромен интерес за инструментот за економско прилагодување на Ковид-19

4

COVER STORY

Маратонски преговори во Брисел

Европските лидери договорија фонд колку целиот БДП на Италија

20

24

Фотоволтаичните системи сега подостапни за сите бизниси Нова понуда: Кредити од

Благој Митевски,

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

ПроКредит Банка за поставување на фотоволтаични системи на ЕВН COVER STORY Маратонски преговори во Брисел.............4 Европските лидери договорија фонд колку целиот БДП на Италија СТАВ Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ..............................................................................10 Време е за обединување. Да го промениме грдото лице на македонската политика! ПОЛИТИКА Коалициски комбинаторики..........................12 Се (или некој го) избриша просторот пред Заев ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Фонд за иновации и технолошки развој...16 Огромен интерес за инструментот за економско прилагодување на Ковид-19

СТАВ

адвокат, магистер по финансово право Зошто ни се потребни вториот и третиот пензиски столб?

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ Фотоволтаичните системи сега подостапни за сите бизниси.......................20 Нова понуда: Кредити од ПроКредит Банка за поставување на фотоволтаични системи на ЕВН СТАВ Благој Митевски, адвокат, магистер по финансово право.......................................................24 Зошто ни се потребни вториот и третиот пензиски столб? БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА Хрватска на нозе....................................................28 Си заминуваат странски инвеститори

28

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватска на нозе

Си заминуваат странски инвеститори

СВЕТ Пазари на капитал..................................................34 Во моментов лабавата монетарна политика е најјаката сила на пазарите со која не е мудро да се претера СВЕТ Втора Голема депресија?.................................38 Невработеноста силно ги погодува големите американски градови КАРИЕРИ Совети во време на пандемија (а, и по неа)....46 Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 23.7.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1072 24.07.2020

4

COVER STORY

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ДОГОВОРИЈА ФОНД КОЛКУ ЦЕЛИОТ БДП НА ИТАЛИЈА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

МАРАТОНСКИ ПРЕГОВОРИ ВО БРИСЕЛ 5 ИЗБОРИ 2020 После четири дена и четири ноќи состаноци и ефективни 90 часа преговарање, европските лидери коишто прв пат физички се сретнаа во Брисел после неколку месеци онлајн состаноци, конечно постигнаа договор за парите. Но, имајќи предвид дека вкупната сума што ја договорија, достигнува 1.824 милијарди евра, што е на пример колку целиот годишен бруто домашен производ (БДП) на Италија, значи дека упорноста на преговорите се исплатела. Од

оваа сума, 750 милијарди евра ќе бидат искористени како Фонд за закрепнување на ЕУ од најголемата рецесија досега предизвикана од пандемијата од коронавирусот, и тоа 390 милијарди евра како грантови односно неповратна помош и уште 360 милијарди евра како заеми. Освен фондот за справување со последиците од Ковид 19, европските лидери конечно постигнаа договор и за новиот седумгодишен буџет на ЕУ до 2027 година, што ќе изнесува дури 1.074 милијарди евра.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

6

COVER STORY

И

Европа како целина сега има големи шанси да излезе посилна од кризата. Денес, направивме историски чекор со кој сите можеме да се гордееме.“, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија, а претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, додаде дека првпат почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за трошење на буџетот. „И прв пат кога заеднички ги зајакнуваме нашите економии од криза

пишува:

Александар Јанев

П

aleksandar.janev@kapital.mk

После четири дена и четири ноќи состаноци и ефективни 90 часа преговарање, европските лидери коишто прв пат физички се сретнаа во Брисел после неколку месеци онлајн состаноци, конечно постигнаа договор за парите. Но, имајќи предвид дека вкупната сума што ја договорија, достигнува 1.824 милијарди евра, што е на пример колку целиот годишен бруто домашен производ (БДП) на Италија, значи дека упорноста на преговорите се исплатела. Од оваа сума, 750 милијарди евра ќе бидат искористени како Фонд за закрепнување на ЕУ од најголемата рецесија досега предизвикана од пандемијата од коронавирусот, и тоа 390 милијарди евра како грантови односно неповратна помош и уште

360 милијарди евра како заеми. Овој компромис меѓу сумите на вкупните грантови и заеми беше главната причина што со денови се кршеа копјата меѓу Германија и Франција од една страна, кои бараа дури 500 милијарди евра да се одвојат како неповратна помош за справување со најголемaта рецесија со која се соочува ЕУ во својата историја, и штедливата четворка, Австрија, Холандија, Шведска и Данска, од друга страна кои се спротивставуваа на големината на грантовите. Овој фонд ќе биде обезбеден со заедничко задолжување на ЕУ на финансискиот пазар, со рок на отплата до 2058 година, а парите ќе си ги поделат 27-те земји членки. Но освен фондот за справување со последиците од Ковид 19, европските лидери конечно постигнаа договор и за новиот седумгодишен буџет на ЕУ до 2027 година, што ќе изнесува дури 1.074 милијарди евра. Претседавачот на овој маратонски совет, Шарл Мишел, заедно со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, по постигнувањето на договорот изјавија дека ова е голем чекор напред и вовед

додека лидерите на земјите од регионот уште на враќање од Брисел кон дома споделуваа пресметки која од нив колку ќе добие од европскиот колач, на пример Грција 79 милијарди евра, Бугарија 29 милијарди, Хрватска 22 милијарди и за Словенија 10,5 милијарди евра, кај нас се појави шпекулација според која земјата може да има пристап до околу 3 милијарди евра. СДСМ соопшти дека во рамките на новиот буџет на ЕУ толку пари се испланирани за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3. „Овие неповратни средства нашата држава ќе ги добие како поддршка во грантови и проекти кои ќе го забрзаат нашиот економски развој и нашиот реформски капацитет. Новата Влада предводена од СДСМ во периодот кој доаѓа овие средства и проекти треба да ги реализира во областа на транспортот и инфраструктурата, земјоделието, животната средина, економскиот развој, правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери“, истакнаа од СДСМ. Меѓутоа, оваа калкулација веројатно е повеќе во доменот на желбите отколку реалност. Посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлански интеграции Бојан Маричиќ ден подоцна изјави дека не е оптимист дека Македонија ќе успее да ги добие, односно да ги потроши сите 3 милијарди евра, како максималната сума програмирана во рамките на новиот буџет на ЕУ за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3 Главниот технички преговарач со ЕУ вели дека државата кандидатка треба да биде спремна за зрели проекти. „Она што како бројка е битно е дека има скоро 12,6 милијарди за целиот регион. Таа е единствената бројка која е сигурна и однапред дефинирана. Бројката од 3 милијарди евра е достижна доколку навистина се надминеме во имплементирање на проектите. Нашата досегашна бројка или перформанс е меѓу 80 или 100 милиони евра годишно искористување на европски пари. Во овој момент се дефинирани или се додефинираат проектите кои


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

7

НА КОЛКУ ПАРИ ОД ЕУ РЕАЛНО МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА СМЕТА што ќе се финансираат и парите кои што се програмираат во наредните 7 години“, рече Маричиќ. Меѓутоа, според сегашните процени, од седумгодишниот буџет до 2027 година, земјата ќе може да повлече најмалку 600 милиони евра претпристапна помош. Оваа сума може да биде и поголема, но тоа ќе зависи од напредокот во реформите. Експертите објаснуваат дека пристапот до европски пари е значително поголем откако земјата ќе стане дел од европското семејство. „Мора да направиме разлика бидејќи сите прашуваат колку пари ние можеме да очекуваме од Европската Унија. Засега имаме пристап до Инструментот за претпристапна помош (ИПА), и од овој седумгодишен буџет до 2027 година, односно ИПА 3 ние се надеваме дека ќе имаме над 600 милиони евра на располагање за да ги искористиме преку различни проекти. Сосема друго е откако веќе земјата ќе стане членка на ЕУ и ќе има пристап до структурните и кохезионите фондови. Некои математики одат и до таму што износот би можел повеќекратно да се зголеми, односно да имаме и по 600 милиони евра годишно, но да не заборавиме дека ќе треба и да уплатуваме во заедничкиот буџет по околу 100 до 150 милиони евра, така што нето ефектот би бил околу 450 милиони евра. И она што е битно, е апсорпциониот капацитет на земјата,

И додека лидерите на земјите од регионот уште на враќање од Брисел кон дома споделуваа пресметки која од нив колку ќе добие од европскиот колач, на пример Грција 79 милијарди евра, Бугарија 29 милијарди, Хрватска 22 милијарди и за Словенија 10,5 милијарди евра, кај нас се појави шпекулација според која земјата може да има пристап до околу 3 милијарди евра, но овој износ е повеќе во доменот на желбите отколку реалност. на почетокот тој е помал но како што одминува времето се зголемува“, објаснува државниот советник за европски политики, Драган Тилев. Досега земјата имаше пристап до две седум годишни ИПА програми, преку кои имаме искористено само половина од расположливите пари. Тилев вели дека искористеноста на парите во последниот циклус се подобрува. „Процентот на искористеност се зголемува но не сме до крај задоволни. Само помеѓу 90% и 100% искористеност би требало да не прави задоволни и би можеле да кажеме дека имаме доволно стручен кадар, политичка волја и добри проекти како основа за повлекување што повеќе пари од ЕУ фондовите. Капацитетот на институциите и на економските оператори мора да се зголеми за да дојдеме до поголема искористеност. Тоа прави разлика, бидејќи тоа значи инјектирање пари во економијата“, вели Тилев и додава дека европските фондови се најдобар и најповолен извор на

финансирање за земји како нашата со ограничен фискален простор особено за крупни инвестиции. Досега, околу 100 милиони евра годишно имавме на располагање од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија, или скратено ИПА. Од овие речиси милијарда евра што ни беа овозможени како помош преку две програми, едната од 2007 до 2013 година, и тековната, којашто почна во 2014 и ќе трае до годинава со можност за продолжување, во три од вкупно пет компоненти искористени се само 527 милиони евра, што е малку повеќе од половина. Од овие пари, 326 милиони евра се европски грантови, додека остатокот од 201 милион евра се обезбедени од нашиот државен Буџет. Овие фондови се поделени во пет компоненти: транзициска помош и институционална надградба; прекугранична соработка; регионален развој; развој на човечки ресурси и рурален развој.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

8

COVER STORY АНГЕЛА МЕРКЕЛ канцеларката на Германија:

Грантовите што можеме да ги дадеме, но и гаранциите, се поврзани со реформите, натамошните случувања и двете главни задачи за иднината: 30% од парите се трошат за климатски прашања и исто така за дигитализација.“ Емануел Макрон, францускиот претседател рече дека „овој план, овој буџет, се однесува на различните предизвици во здравствената политика, односно сите предизвици со кои се соочуваме. Ако не го сторевме тоа, тоа би значело дека ќе потрошевме многу повеќе пари за неколку месеци и години. во подобра иднина за европското семејство. „Преговаравме за пари. Но, се разбира, станува збор за многу повеќе од пари. Станува збор за работниците и семејствата, нивните работни места, нивното здравје и нивната благосостојба. Верувам дека овој договор ќе се смета за клучен момент на европскиот пат, но исто така ќе нè однесе во иднината. Всушност, за прв пат, за прв пат во европската историја, нашиот буџет ќе биде јасно поврзан со нашите климатски цели. Првпат почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за трошење на буџетот. И прв пат кога заеднички ги зајакнуваме нашите економии од криза“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет. „Европа како целина сега има големи

шанси да излезе посилна од кризата. Денес, направивме историски чекор со кој сите можеме да се гордееме. Но, останува уште еден важен чекор пред нас. Прво и најважно, сега треба да работиме со Европскиот парламент за да обезбедиме договор. Имаме многу работа пред нас, но вечерва е голем чекор напред кон закрепнување“, додаде Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

„Буџетот е насочен кон иднината на Европа“

Иако предлогот на француско – германскиот сојуз не помина кај останатите лидери на ЕУ, сепак и Меркел и Макрон со олеснување истакнаа дека постигнатиот договор е доволно силен одговор на една од најголемите кризи со којашто се соочува Стариот континент.

„Буџетот е насочен кон иднината на Европа. Но, исто така е насочен да обезбеди дека внатрешниот пазар може да продолжи да функционира во најтешката економска криза во Европската Унија и дека земјите кои се особено погодени од пандемијата можат да ги подобрат своите напори за повторен развој. Грантовите што можеме да ги дадеме, но и гаранциите, се поврзани со реформите, натамошните случувања и двете главни задачи за иднината: 30% од парите се трошат за климатски прашања и исто така за дигитализација. Имаше долга дискусија за тоа како да се даде до знаење дека реформите навистина се спроведуваат. Од една страна, Комисијата секако ќе има важна улога овде, но и земјите - членки ќе го разгледаат ова. Сакам да


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

9 резимирам дека денес, се разбира, главната работа беше да покажеме решеност. Не беше лесно. Фактот што ни требаа толку денови, исто така, покажува дека дојдовме од различни насоки. Но, она што ми е важно е дека на крајот се усогласивме и дека сега сите сме убедени дека она што решивме е навистина да направиме нешто“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел. Францускиот претседател Емануел Макрон, истакна дека многумина од лидерите биле скептични за француско – германскиот предлог, меѓутоа, после историски најдолгите преговори сепак постигнале консензус што ќе даде резултат. „Овие долги преговори секако се карактеризираа со тешкотии, противречности и различни перспективи за Европа. Сепак, задоволен сум што заедно со канцеларката, секогаш сме биле посветени на соработка и амбициозен план во однос на нашата заедничка работа во текот на изминатите четири дена, но и во изминатите недели, месеци и

години. Ако Германија и Франција се здружат, тие не можат да сторат сè. Но, ако тие не се согласат, ништо не функционира. Во текот на овие два месеци навистина успеавме да надминеме многу пречки. Овој план, овој буџет, се однесува на различните предизвици во здравствената политика, односно сите предизвици со кои се соочуваме. Ако не го сторевме тоа, тоа би значело дека ќе потрошевме многу повеќе пари за неколку месеци и години“, истакна Макрон.

ЕУ со помош за Ковид – 19

Иако Фондот за закрепнување од Ковид – 19 од 750 милијарди евра е наменет само за земјите членки, ЕУ распределува помош за справување со последиците од пандемијата и за земјите кои што допрва ги почнуваат преговорите за членство како нашата. Минатата недела стигна вест од Брисел дека Македонија добива 80 милиони евра финансиска помош од Европската Унија како дел од пакетот поддршка за справување со Ковид -19 пандемијата. Како што стои пишуваше во

соопштението од Европската Комисија според потпишаниот Меморандум овие европски пари ќе ни бидат префрлени на располагање како прв чекор од помошта од вкупно 3 милијарди што се однесува на сите земји преговарачи и соседи. Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони изјави дека оваа помош е знак за европската солидарност со нашата земја. „Потпишавме Меморандум за соработка со Северна Македонија со којшто ги утврдивме начините на исплата на оваа помош вредна 80 милиони. Европската Унија е посветена на борбата со коронавирусот и во и надвор од нашите граници. ЕУ покажува солидарност со Северна Македонија - ние сме посилни заедно“. Овие пари се дадени како долгорочен заем со исклучително поволни услови за да се обезбеди макроекономската стабилност и да се создаде простор за реалокација на домашните ресурси. Целата помош предвидена за Македонија е 160 милиони евра.

nnn


Капитал број 1072 24.07.2020

10

СТАВ

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ генерален секретар на СДСМ

Време е и можеме да имаме политика во која владата и опозицијата работат заедно за консензуалното добро, во која опозициските предлози што вредат се прифаќаат без збор, во која има вистинско обединување на националните интереси од сите сериозни партии! Не е време за поделби. Знам, гледам и чувствувам дека државата е поделена и тоа мора да запре веднаш! Време е за промени. Време е за обединување. Време е за цврстина, мудрост и сила пред предизвиците кои доаѓаат.

Победникот на овие избори е СДСМ и коалицијата „Можеме“ со претседателот Зоран Заев како мандатар. Како победници, секако дека ние ќе одлучиме кој ќе влезе во Владата и за тоа има повеќе исклучително реални исходи. Изборот ќе биде оној кој ќе нè одведе најбрзо и најефикасно до целите – прогрес во преговорите со ЕУ, реформирано судство, зајакната економија, добрососедство и мир, деполитизација на општеството и цврст одговор на предизвиците од Ковид-19.

ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ. ДА ГО ПРОМЕНИМЕ ГРДОТО ЛИЦЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА!

Н

На последните избори настапивме со најшироката и најсеопфатна коалиција која некогаш се појавила пред граѓаните. И го дадовме името „Можеме“. На истите тие избори, се покажаа и некои работи кои очигледно МОЖЕЛЕ да бидат поинакви од она што било реалност во изминатите циклуси. Ова мое обраќање е токму за нив. На пример, се покажа дека можело да има вистински фер и демократски избори каде луѓето гласаат без страв, без тензии, без тепачки. Чисти и без никаква забелешка, скандинавски! Со балансирано известување од медиумите, кои дури за нијанса повеќе инклинираа спрема опозицијата, нешто што го нотираа извештаите по изборите. Се надевам дека на ваквата организација нема само да се гордееме туку и од неа ќе научиме и ќе ја земеме за пример на сите понатамошни избори без никогаш да си дозволиме да се вратат на сцена недемократските практики кои беа толку многу „нормални“ во минатото. Благодарам на сите одбори, сите набљудувачи, сите кои помогнаа во тоа да се спроведат вакви избори за пример. Благодарам и на сите гласачи. Државата направи се во своја моќ максимално да се погрижи да нема никакви здравствени пречки за крајно безбеден процес и им благодарам на граѓаните затоа што го препознаа истото. Воедно, ги разбирам и загрижените кои одлучија да останат дома и да не гласаат иако тоа секогаш носи одреден ризик. Јасно им порачувам и на тие граѓани дека заедно со економијата, правдата ќе биде нашата главна агенда во мандатот што претстои и се надевам дека на следните избори ќе одлучат директно да учествуваат во изборниот процес со својот ценет глас.

Покажавме дека може и поинаку

Се покажа дека можело и со поинаква тактика и кампања, не само со национализам, омраза и оцрнување на противникот каква што имаа нашите противници. За ова не знае цела држава, но луѓето од Истокот и тоа како беа шокирани кога во очај замислете, ВМРО-ДПМНЕ емитуваа спотови во кои ширеа грозни лаги дека сум имал не знам колку куќи и станови во Скопје и внимавајте, фабрика за пелети во Крива Паланка! Наспроти тоа, од првиот ден со мојот тим водев позитивна кампања. Од првиот ден праќавме пораки на обединување. Од првиот ден со конкретни планови од човек на човек кажувавме што планираме да направиме во следниот мандат, но и слушавме што ни советуваат и какви идеи ни даваат. Токму обичните луѓе се тие кои ги даваат најдобрите идеи, не се ниту политичарите ниту не знам каквите „експерти“. Но, треба да си еден од нив за тоа да го разбереш, обичен човек. Значи можело и со нормалност, приземност, култура, почит и воспитаност да се добиваат гласови и тоа не каде било, туку во бастионот на нашите противници, онаму каде очекуваа да сме најслаби. Вистина е дека во тројката се направи разликата, вистина е дека можеби некои пропусти кои и нашата коалиција ги имаше на некои места ги компензиравме со за некого неочекувано добриот резултат во тие општини и вистина дека успехот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во тројката е историски. Најдобриот резултат после 18 години! Со сите напади, со сите црни кампањи, со сите агресивни политики, ВМРО-ДПМНЕ повторно не ја доби поддршката онаму каде што прогнозираа убедлива победа со 5, 6 или 7 пратеници разлика! Велат се случило „чудо во тројката“, но чудо е можеби за оние кои не го гледаа она што јас и мојот тим го правевме, деноноќно работејќи, јасно правејќи ја разликата меѓу нашиот тим и останатите. Исто онака како што работев и во времето кога бев министер за земјоделство и во 12-те месеци


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

11

во кои дадов се од себе секој ден на позицијата генерален секретар на партијата. Реалноста е дека за секој што малку загребува под површината на пропагандата, разликата е евидентна! Лично можам да кажам дека влегов во политиката да покажам дека може и поинаку од тоа „вообичаено“ на кое со децении не’ навикнаа! Како дете на работничко семејство и ничиј татин син, со учење, посветеност и труд чекајќи ја секоја мала шанса што ми се укажала и вадејќи максимум од неа, дојдов до ваква чест и привилегија – да бидам носител во ИЕ3, да бидам генерален секретар на СДСМ и да бидам прв човек на централниот изборен штаб, три големи и одговорни функции на едни избори. Изборите во кои со мојот тим го направивме тоа „чудо“ за кое говорат. Да се стабилизира партијата по претседателските избори беше предизвик. Трендовите не беа воопшто поволни, но со многу работа успеавме да ги коригираме за исклучително кратко време. Во неколку месеци имавме избори на ново централно раководство, нови претседатели на општински организации, избори на ниво на месни организации... Во турбо погон ја ставивме реализацијата на проектите, министрите и функционерите добија стриктни задачи да се стават во служба на граѓаните, во пеколното 2019-то лето работевме деноноќно со маалските, малите и урбаните средини и функциониравме како еден тим уште од ноември кога бев избран за шеф на централниот изборен штаб кога почнавме длабински да се подготвуваме за нова модерна и европска кампања. Јас искрено се надевам

Чест ми е што сум дел од поинаква генерација на луѓе кои сакаат да го променат грдото лице на македонската политика. Се надевам дека во тоа ќе добијам поддршка не само од сопартијците, туку и од колегите од другите партии. Сакам да можат во сите партии да просперираат таквите трпеливи, работливи, воспитани и пред сè чесни луѓе кои работат за плата и посакуваат добро на државата. дека и пошироката јавност сведочеше на промената која ја донесовме. Чест ми е што сум дел од поинаква генерација на луѓе кои сакаат да го променат грдото лице на македонската политика. Се надевам дека во тоа ќе добијам поддршка не само од сопартијците, туку и од колегите од другите партии. Сакам да можат во сите партии да просперираат таквите трпеливи, работливи, воспитани и пред сè чесни луѓе кои работат за плата и и посакуваат добро на државата. Само така ќе одиме напред, само така ќе извлечеме максимум од евроатлантската перспектива која е пред нас. Шансата е за сите граѓаните, сите партии, сите ние!

Три клучни точки на евроатлантската перспектива

За таа перспектива најважни ќе се три клучни точки. Мораме да зајакнеме економски и да се обидеме што повеќе подготвени да го дочекаме евентуалниот удар од можно влошување на светската економија поради можен повторен удар од Ковид-19. Поврзано со тоа е и втората точка, а тоа е самиот здравствен и безбедносен одговор на опасноста од коронавирусот во иднина, но и сега. Мораме да одговориме жестоко и одлучно, мораме да се заштитиме! А третата точка, исклучително важна, е конечно силно и обединето да ги направиме судските реформи и чистењето

на извалканиот правосуден систем. Знам дека сите сакаат да знаат со кого ќе го правиме тоа? Партнери во оваа мисија ќе ни бидат оние кои ќе ги почитуваат принципите кои ги опишувам во целиот овој текст. Победникот на овие избори е СДСМ и коалицијата „Можеме“ со претседателот Зоран Заев како мандатар. Како победници, секако дека ние ќе одлучиме кој ќе влезе во Владата и за тоа има повеќе исклучително реални исходи. Изборот ќе биде оној кој ќе нè одведе најбрзо и најефикасно до целите кои ги опишав во претходниот параграф – прогрес во преговорите со ЕУ, реформирано судство, зајакната економија, добрососедство и мир, деполитизација на општеството и цврст одговор на предизвиците од Ковид-19. Време е и можеме да имаме политика во која владата и опозицијата работат заедно за консензуалното добро, во која опозициските предлози што вредат се прифаќаат без збор, во која има вистинско обединување на националните интереси од сите сериозни партии!Не е време за поделби. Знам, гледам и чувствувам дека државата е поделена и тоа мора да запре веднаш! Време е за промени. Време е за обединување. Време е за цврстина, мудрост и сила пред предизвиците кои доаѓаат. Одлучивме да одиме напред, запрашајте се само со која брзина сакате? nnn


Капитал број 1072 24.07.2020

12

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

КОАЛИЦИСКИ КОМБИНАТОРИКИ

СЕ (ИЛИ НЕКО ИЗБРИША ПР ПРЕД ЗАЕВ


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

13 пишува:

Она што почна како драматично постизборие во коешто Ахмети се претстави како неприкосновен диктатор на условите за формирање на новата влада, преку заткулисни разговори и очигледна интервенција на странскиот фактор, прерасна во ситуација во којашто лидерот на СДСМ останува тој што ги пишува равенките во оваа математика.

ОЈ ГО) РОСТОРОТ

Катерина Синадиновска

Д

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Десет дена поминаа од изборите, но македонските граѓани се' уште не знаат како ќе изгледа новата Влада преговорите за коалиција оставени се за следата недела. Конститутивната седница на Парламентот треба да се случи најдоцна до петти август, за да се испочитуваат уставните рокови, но иако ситуацијата навидум изгледа премногу заплеткана, оти броењето до 61 на сите им оди тешко, се чини дека лидерот на СДСМ, партијата победник, Зоран Заев е прилично опуштен во својата позиција. Веднаш после изборите тој замина на годишен одмор, со што преговорите се ставија на „стенд бај“. Во меѓувреме, она што се слуша се само шпекулации и неофицијални информации кои струјат низ политичките кругови за можни коалиции.

Најгласни се најисплашените

Најгласни се оние кои најмногу „се силеа“. Партијата на Али Ахмети, што се прогласи за победник на изборите оти освои 5 мандати повеќе (додека македонскиот политички блок изгубија по стотина илјада гласови) уште од првиот постизборен ден почна да зборува дека без нив нема Влада и дека тие (а не Зоран Заев) се во позиција да диктираат правила и услови за коалицирање. Најгласен меѓу гласните беше главниот соработник на Ахмети, Артан Груби кој најдиректно порачуваше дека нивното главно изборно ветување - премиер Албанец е неопходен услов за која било партија од македонскиот блок да коалицира со нив. Притоа, тој не штедејќи ароганција упатуваше пораки дека тие се главните играчи и дека од лидерот на СДСМ (кој во текот на кампањата изјави дека ДУИ мора да оди во опозиција) очекуваат извинување и


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

14

ПОЛИТИКА ЕУ и САД преку своите амбасадори испратија јасна порака дека очекуваат проевропска влада што ќе држи силно реформско темпо во периодот на преговори што следува есенва

прилагодување на нивните барања. Но, како што изминуваа деновите реториката на ДУИ омекнуваше. Прв настапи партискиот лидер со порака дека сепак треба да се продолжи на европскиот пат и дека СДСМ секако биле партнер долги години, имаат работа што треба да биде завршена (алудирајќи на европските интеграции) и дека доколку Заев се извини за кажаното тој е подготвен да ја продолжи соработката. Набрзо и Груби го следеше трендот - во постот објавен на албански и на македонски јазик напиша: „Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од Ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“.

Мекото приземјување на ДУИ

Оваа очигледната промена во јазикот

и курсот на ветриштата што дуваат од Мала Речица доаѓа после два исклучително интересни моменти едниот е средбата на амбасадорите на САД и на ЕУ, Кејт Брнс и Самуел Жбогар со македонскиот надворешно - политички тим, министрите за одбрана и надворешни работи, Шеќеринска и Димитров, и главниот технички преговарач со ЕУ, Маричкиќ, после којашто следеше соопштение дека и САД и ЕУ порачуваат оти на Македонија и' е потребна проевропска влада што ќе наметне силно темпо за реформите. Брнс и Жбогар се сретнаа веднаш потоа и со вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи, средба каде официјално беше испратена истата порака. Колку и дали во неофицијалниот дел на овие разговори, странските партнери инсистирале на промена на заканувачкиот и политички некоректен тон на ДУИ (со оглед на важноста влада да се формира најбрзо што може и таа да биде проевропска) може само да се претпоставува, но факт е дека ДУИ направи целосна промена во содржината на јавните

настапи. Многумина сметаат дека главната причина за ваквото омекнување лежи и во фактот што ден потоа лидерот Ахмети доби покана да се појави во Судот во Хаг, наводно како сведок во случајот против Хашим Тачи за воен криминал. Сепак, од Специјалното јавно обвинителство за Косово во Хаг се' уште не сакаа да објаснат во кое својство е викнат лидерот на ДУИ и бивш лидер на ОВК, но фактот дека е викнат во исто време кога и главнообвинетите од Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели со „други“ , предизвикува непријатна тишина во ДУИ. Ахмети вчера побрза сам да објави дека стигнала поканата и да мотивира куп поддршка на социјалните мрежи од своите приврзаници кои го слават како херој и го бодрат да ја каже вистината за воените злосторста на Србите во Косово. Но, Ахмети не е викнат на Судот за воени злосторства во бивша Југославија и не е викнат да зборува за Србија туку за воените злосторства на ОВК, во чие основање самиот


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

15 прогони и тортура. Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весели и останатите обвинети се кривично одговорни за речиси 100 убиства, кои вклучуваат Срби, косовски Албанци кои биле обвинети дека биле „предавници“, Роми и други етникуми, како и политички противници.

ВМРО - ДПМНЕ е тотално надвор од игра

Поканата да се појави во Меѓународниот суд во Хаг (се' уште официјално не се знае во кое својство) многумина ја протолкуваа како порака до Ахмети дека ги преминал границите на водење на политика во Македонија учествувал и бил на врвот на нејзината воена структура кога се случувале воените злосторства од страна на главнообвинетите Хашим Тачи и Кадри Весели на Косово.

Порака до Ахмети?

Очигледно, како што Тачи од Косово доби покана кога сакаше да оди во САД да договора поделба на територијата со Србија, така Ахмети во Македонија е повикан во Хаг кога доби напад да инсталира премиер Албанец со уцени и да заигра повторно на националистичката карта. Многумина тука гледаат порака до Ахмети дека ја премина линијата за водење политика во Македонија и дека не е семоќен и дека неговата политичка, а уште повеќе преговарачка позиција драматично е разнишана Дури и да не учествувал на никаков начин во нив, од октомври кога ќе почнат јавните сведочења во Хаг и кога ќе се видат обвиненијата и доказите, неговата аура на миротворец неповратно ќе биде изгубена, а дотогаш ќе завршат и

преговорите за влада. Кој пак, сега би преговарал со политичар со покана од Хаг во рацете, чие непријатно минато или барем минатото на неговите соборци и политички партнери е во најава за враќање пред силниот блесок на рефлекторите? Според она што се знае, во октомври треба да почне постапката пред судење во која ќе се утврди дали истрагата, која има корени во извештајот на Дик Марти од 2011 година, има основа да се преточи во судски процес. Ниту еден меѓународен суд, а не пак Хаг, не би викнал актуелен претседател на држава ако нема добро подготвена истрага која води кон таков епилог, а Тачи кога ја доби поканата пред јавноста практично призна дека е подготвен да ја плати цената за сè што правел за Косово, бидејќи слободата ја барала таа жртва. Обвинението е поднесено против десет лица, односно „Хашим Тачи, Кадри Весели и други“, кои се товарат за дела против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства, присилни исчезнување на лица,

Како капак на се' за ДУИ, вчера одекна неофицијална информација дека дури пет пратеници од нивното мнозинство доброволно сами се јавиле кај Заеви му ја понудиле нивната поддршка за формирањето на мнозинството. За оваа вест нема потврда, но со целокупниот распоред на картите на маса се чини дека Заев има доволно причини да си го искористи годишниот одмор до крај - шансите да се формира Влада без тој да го има главниот збор се' веќе надвор од игра. Тука треба да се има предвид и фактот што новата партија што влезе во Парламентот, Левица е надвор од секоја комбинаторика, оти идејата тие да се најдат во новата Влада наишла на силен револт кај европските и американски пријатели на македонската политика. Партијата што особено во делот на надворешната политика води курс драстично спротивен на патот кон којшто земјава чекори (со најава на пример за отповикување на признавањето на Јужна Кореја или признавање на независноста на Баскија) останува надвор од математиките за коалиција (што нивниот лидер кажа дека е и нивна цел во суштина). Со ова и со јасната (ама и омекната) позиција на ДУИ, идеите дека ВМРО - ДПМНЕ ќе направи Влада се само во главите на Мицкоски и неговото блиско опкружување. Нему сепак фокусот во следниот период ќе треба да му биде во самата партија, а не кон Илинденска бб, оти се погласни и побројни се пораките од партиски членови кои бараат негова итна оставка, промени и реформи во партијата, демократизација и фаќање на приклучок со евроатлантските интеграции - тема на којашто оваа партија упорно не успева да игра државнички. Како ќе се развива борбата на партиските крила во ВМРО - ДПМНЕ останува допрва да се види, но познавајќи ги политичките наследства на луѓето кои ги водат овие битки, како и на оној кој се труди „да се одбрани“ тешко може да се очекува дека од овој раскол навистина ќе се изроди новата модерна македонска десница, сила што навистина е неопходна за општеството и за процесите што ќе следуваат. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

16

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ЕКОНОМСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА КОВИД-19 Рекорден број од над 2.000 домашни компании подигнаа апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид 19, на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 166 поднесоа предлог проекти во првиот циклус. пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Р

Рекорден број од над 2.000 домашни компании подигнаа апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид-19, на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 166 поднесоа предлог проекти во првиот циклус. Компаниите побаруваат речиси 90% од предвидениот буџет од 200 милиони денари (околу 3,2 милиони евра), поради што ќе се бараат дополнителни средства, најави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Вкупниот инвестициски циклус е речиси 300 милиони денари од кои 39% или 112 милиони денари се учество на самите компании. “Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни

инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2.100 подигнати апликациски пакети, што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90% од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства“ нагласи Деспотовски.

Повеќе од половина од апликантите се во сопственост или менаџирани од жени

Деспотовски рече дека 88% од апликантите продолжуваат во следните фази на евалуација и оценување, додека 12% отпаднале како неподобни. Посебно охрабрува фактот што 76% од нив за првпат аплицираат во Фондот, 16% аплицирале претходно, но не добиле средства па повторно се обидуваат, а само 8% користат или користеле средства. Компаниите ќе инвестираат во 15 различни области, меѓу кои продажба трговија и дистрибуција, здравство, екологија, земјоделие, а за првпат

не доминира ИТ секторот. Особено е позитивно тоа што со овој повик има зголемен интерес кај компаниите од сите региони, како и зголемен број на компании со жени претприемачи. „Ова е особено важно бидејќи го пилотираме за првпат и сме успеале да ги мотивираме домашните компании од сите региони да аплицираат. Гледаме и поголемо вклучување на жените, односно 56% од апликантите се во сопственост или менаџирани од жени. Ова покажува дека со добра политика и добро таргетирана мерка можеме да поттикнеме процеси кои ќе дадат конкретни резултати и ќе поттикнуваат економска активност. Бројките покажуваат дека сме успеале во тоа,“ нагласи Деспотовски. Со овој повик за првпат беше воведен дополнителен критериум за оценување и повеќе поени за компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и за компании кои доаѓаат од помалку развиените региони. Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

17

БЕЗ ЦИ ЗА ТРОШО ВАЊЕ У ОДОБР

НЛБ Потрошувачки кредити

Треба да реновирате? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување и фиксна каматна стапка за првите 35 месеци, по повод 35 години НЛБ Банка! Понудата трае до 31-ви август! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови. • Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 35 месеци (СВТ: 6,70%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.423 МКД, вкупен износ за враќање: 813.672 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 35 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,53% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

КОМПАНИИТЕ ОД ФАЗА “ПРЕЖИВУВАЊЕ“ СЕ ПРЕФРЛААТ ВО ФАЗА „РАЗВОЈ“

Компаниите ќе инвестираат во 15 различни области, меѓу кои продажба трговија и дистрибуција, здравство, екологија, земјоделие, а за првпат не доминира ИТ секторот. големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски најави креирање на нов модел заедно со стопанските комори и Светската банка.

Следниот циклус е планиран за крај на август

Се очекува до крајот на месец јули да заврши фазата на претселекција, а финалната селекција до средината на август, по што ќе бидат објавени официјалните резултати и ќе се потпишуваат договори. Во пресрет на вториот циклус Фондот заедно со Светска банка и стопанските комори

ќе им пристапи на сите 2.100 компании кои изразиле интерес за поддршка. “Ќе бидеме отворени за сите нивни сугестии и предлози за дополнително унапредување на овој модел на поддршка. Следниот циклус кој е планиран за кај на август, ќе размислиме и за проширување на поддршката, разговараме за посебна мерка за извозната дејност. Во почетокот на септември, со вториот циклус на поддршка можеме да очекуваме продолжување на оваа поддршка и евентуално дополнителни

Јован Деспотовски, директор на ФИТР: „Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2.100 подигнати апликациски пакети, што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90% од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства.“

мерки кои ќе произлезат од консултациите со коморите. Апелирам до сите домашни компании активно да се вклучат во овој процес, да дадат свое мислење, предлози и сугестии“, нагласи директорот на ФИТР. Овој повик на ФИТР е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на РСМ и е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење. Повикот беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

20

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

ФОТОВОЛТАИЧНИТЕ СИСТЕМИ СЕГА

НОВА ПО

КРЕДИТИ ОД БАНКА ЗА ПОС ФОТОВОЛТАИЧНИ Разговаравме со Илија Ќироски, раководител на Групата за дополнителни услуги во ЕВН Снабдување и Методија Миноски, раководител на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

Редакција Капитал

ИЛИЈА ЌИРОСКИ

раководител на Групата за дополнителни услуги во ЕВН Снабдување

Фотоволтаичните централи, поради масовното производство и напредокот во технологијата, имаат пристапни цени, долг животен век и висок квалитет. Потребата и трошоците за нивно одржување е минимална, а компаниите може да заштедат и над 30% од вкупните трошоци за електрична енергија. Затоа, инвестицијата обично се враќа за период од 6-8 години.

XЕВН X беше прва компанија на пазарот што понуди фотоволтаични системи по принципот „клуч на рака“ за домаќинства и бизниси. Во што се состои услугата на ЕВН за бизнис корисници и за кои компании е наменета понудата? И.Ќ. Веднаш по создавањето на соодветните законски услови, ЕВН понуди нова услуга за поставување на фотоволтаични системи, соодветно димензионирани за поголемо покривање на сопствената потрошувачка. Имаме доста искуство во областа, имено ЕВН е дел од интернационална групација со повеќе од 20 години искуство во проекти од обновлива енергија, а потребите на домашните корисници многу добро ги познаваме поради тоа што сме присутни скоро 15 години на македонскиот пазар. Ова многу ни помогна да направиме поволна понуда за корисниците. Нашата услуга е наменета за сите видови на бизниси, без разлика на големината и индустријата. Тие воопшто не мора да имаат предзнаење и капацитети за ваков тип на проекти. Нашите експерти целосно го реализираат проектот, по принципот „клуч на рака“. Услугата вклучува детална анализа на специфичната потрошувачка, анализа на објектот каде се поставува системот, по што следи конфигурација, набавка и инсталација на фотоволтаичната централа. Вградуваме најквалитетни компоненти од локални, но и светски реномирани и водечки производители на опрема за

фотоволтаични системи. Дополнително ја обезбедуваме и целата пропратна документација, што на корисниците им заштедува и време. Практично, корисниците добиваат персонализирано решение, димензионирано според потребите на нивниот бизнис. XКои X се придобивките од инсталација на фотоволтаични системи кај бизнисите? Дали нашата земја нуди доволно услови за производство на ваков тип на енергија? И.Ќ. Нашата земја е совршено позиционирана за производство на соларна енергија. Имаме преку 280 сончеви денови во годината, а еден киловат инсталиран капацитет на фотоволтаик може да произведе до 1500 kWh електрична енергија годишно, што е за околу 300-400 kWh повеќе од европскиот просек. Фотоволтаичните централи, поради масовното производство и напредокот во технологијата, имаат пристапни цени, долг животен век и висок квалитет. Потребата и трошоците за нивно одржување е минимална, а компаниите може да заштедат и над 30% од вкупните трошоци за електрична енергија. Затоа, инвестицијата обично се враќа за период од 6-8 години. Од друга страна, не постои почиста енергија од таа на сонцето. Од сите типови на производство на обновлива енергија, соларната е со најпозитивен ефект на природата. Со намалувањето на емисијата на стакленички гасови и инвестирањето во одржливост компаниите демонстрираат и високо ниво на свест и општествена одговорност.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

21

ГА ПОДОСТАПНИ ЗА СИТЕ БИЗНИСИ

ПОНУДА:

Д ПРОКРЕДИТ СТАВУВАЊЕ НА И СИСТЕМИ НА ЕВН XЗа X кои бизниси оваа инвестиција е најисплатлива? Како еден сопственик на бизнис да процени дали му е потребна инсталација на фотоволтаичен систем? И.Ќ. Сите бизниси кои имаат простор каде да се инсталира централата можат да побараат понуда за фотоволтаични системи. Не постои ограничување. Има кровни и земјени конструкции на фотоволтаичните централи, така што за секој корисник, согласно конфигурацијата на локацијата и објектот се прави персонализиран проект за централа. Нашето досегашно искуство покажува дека компании од најразлични индустрии имаат интерес, или веќе ја искористуваат соларната енергија. Производствени компании, компании од прехранбената индустрија, но и угостителски и административни објекти, сите би имале придобивки од инсталација на фотоволтаици. Целта е, преку прилагодување на процесите, да се постигне највисоко ниво на искористеност на произведената енергија за сопствени потреби – до 90%. Нашата услуга на сопствениците на бизнисите им го нуди токму тоа – решение скроено по нивна мерка за постигнување на апсолутно највисок ефект на заштеди. Последно, но не помалку важно, целиот процес го заокружуваме со договор за откуп на вишокот на произведена енергија што на бизнисите им нуди дополнителни финансиски придобивки и сигурност при евентуални прекини во работните процеси. XНеодамна X ја промовиравте соработката меѓу ЕВН и ПроКредит токму во областа на фотоволтаичните системи. За што точно се работи? И.Ќ. Од летово, со ПроКредит Банка имаме соработка во областа на финансирањето на фотоволтаичните системи. Поточно, сите компании кои ќе инсталираат фотоволтаични системи со ЕВН имаат можност истите да ги

финансираат преку еко - кредитите на ПроКредит Банка. Ова е огромна поволност, поради тоа што изворот на финансирање може да биде предизвик кај дел од бизнисите, така што со обезбедување на поволни кредитни линии, тие можат да направат инвестиција што ќе им носи долгорочни ефекти. М.М. Ова партнерство некако природно се случи, особено што и ЕВН и ПроКредит во нашата земја, но и во групациски рамки имаат значително искуство и знаење во управувањето и реализацијата на проекти од областа на обновливата енергија. Наша цел е што повеќе да ја стимулираме реализацијата на одржливи, зелени проекти кај бизнисите, и ова партнерство ни го овозможува токму тоа. XКако X оди процесот на финансирање на инвестицијата во фотоволтаични системи на ЕВН преку кредитите на ПроКредит Банка? Кои се карактеристиките на кредитната линија? М.М. Процесот на одобрување е едноставен и започнува со Понудата за изведба на централата која технички е подготвена од страна на ЕВН. Потоа се прави проценка на финансискиот капацитет на компанијата и ефектите од самата инвестиција врз база на што се носи финалната одлука. Исплатата на средствата од кредитот се наменски и го следат динамичкиот план наведен во Договорот за изведба. Понудата е исклучително поволна за разлика од стандардните кредитни услови на пазарот. Каматната стапка изнесува 3% и нема дополнителни провизии при исплата на кредитот. Како обезбедување се користи самата централа, а клиентите е потребно да имаат учество во инвестицијата од само 10%. Рочноста на кредитот е до 10 години. Фокусот на оваа кредитна линија е ставен на правни субјекти кои имаат за цел поставување на фотоволтаичен систем наменет за производство на енергија за

МЕТОДИЈА МИНОСКИ раководител на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка

Понудата е исклучително поволна за разлика од стандардните кредитни услови на пазарот. Каматната стапка изнесува 3% и нема дополнителни провизии при исплата на кредитот. Како обезбедување се користи самата централа, а клиентите е потребно да имаат учество во инвестицијата од само 10%. Рочноста на кредитот е до 10 години.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

22

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

ДОО Цермат од Битола како партнер за поставување на фотоволтаични системи го одбра ЕВН. Инсталирана моќност на централа: 550 kW Искористеност за сопствени потреби: 89% Годишно намалување на трошоци: 23%

доминантно сопствени потреби. Компанијата соодветно е да има и дневна потрошувачка на енергија како и расположлива кровна или земјена површина за поставување на централата. Секако нашата соработка со ЕВН може да ги опслужи и физичките лица кои би биле заинтересирани за ваков тип на инсталација во домаќинството, како и правни субјекти кои имаат за цел градење фотоволтаична централа наменета исклучиво за продажба на енергија,но во овој случај би имале индивидуален пристап во дефинирање на понудата. XКакво X е искуството на ПроКредит Банка со проекти од областа на обновливата енергија на македонскиот пазар, но и на ниво на групација? Кои се трендовите и која е Вашата прогноза за развојот на вакви проекти на локално ниво? М.М. ПроКредит Банка е чекор пред другите и тоа мото не движи кон нови предизвици. Дел од

нашата стратегија е поддршка на компаниите во реализација на проекти за зголемување на енергетската ефикасност, инвестиции во обновливи извори на енергија и заштита на животната средина. Овие инвестиции се изразени преку нашето еко - кредитно портфолио кое учествува со 15% во вкупното кредитно портфолио. Само во инвестиции во обновливи извори на енергија, во нашата земја досега се пласирани околу 10 милиони евра, додека вкупно банките во нашата групација имаат финансирано преку 150 милиони евра за ваков тип на проекти. За очекување е нагорен тренд на инвестиции во фотоволтаични централи. Од една страна ни престои процес на енергетска транзиција која се базира на зголемена примена на обновливи извори на енергија на сметка на тековната зависност од јагленот. Од друга страна трендот на намалување на капиталните инвестициски трошоци за овие централи како и поволната

соларна радијација ги прави фотоволтаичните централи економски исплатливи. Не треба да се занемари и податокот што на среден или долг рок ќе останеме енергетски зависни од увоз на електрична енергија, со што домашните капацитети на произведена соларна енергија би имале пласман за откуп. Со големо внимание го следиме развојот на енергетскиот пазар и нашиот фокус продолжува во иста насока и во иднина. Се надеваме дека со финансирање на ваков тип на проекти ќе придонесеме за зголемување на самоодржливоста и енергетската независност на нашите компании и поттикнување на свеста за долгорочни инвестиции кои немаат негативни ефекти на животната средина. XПроКредит X Банка е пример за компанија која користи обновливи извори на енергија, во својата Централна Управа. Какви се Вашите искуства и кои совети би ги споделиле со компаниите заинтересирани за вакви проекти? М.М. Како дел од меѓународна групација на банки кои се стремат кон одржлив модел на управување, ПроКредит Банка практикува општествена и еколошка одговорност при реализација на нашите бизнис цели. Грижата кон животната средина вклучува активности со кои континуирано го намалуваме нашето негативно влијание кон природата. Пример за ова е и употребата на енергија од обновливи извори. Нашата Централна Управа користи геотермална и соларна енергија во задоволување на енергетските потреби на објектот. Веќе четврта година по ред активно ја користиме електричната енергија произведена од нашата фотоволтаична централа поставена на кровот од зградата. Следејќи го своето сопствено искуство и позитивните ефекти од централата, ги советуваме компаниите за ваков чекор и инвестиција која ќе донесе долгогодишни резултати. Позитивните ефекти од инсталација на фотоволтаични системи се повеќекратни. Од една страна трошоците за електрична енергија може значително да се намалат, додека не искористените вишоци се пласираат на пазарот на енергија. Ова ја прави инвестицијата исплатлива и исклучително атрактивна за нашите компании. Дополнително ваквиот начин на производство на електрична енергија значи намалување на емисијата на штетни стакленички гасови и секоја инвестиција значи активно учество во борбата против климатските промени. Заинтересираните компании или физички лица за услугата на ЕВН може подетално да се информираат во Инфо центарот во ГТЦ, или на gosolar@ evn.mk, а за кредитната линија на ПроКредит банка на mkd.info@procredit-group.com или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање еко проекти преку телефонот 02/ 2 446 000.

nnn



Капитал број 1072 24.07.2020

24

СТАВ

БЛАГОЈ МИТЕВСКИ адвокат, магистер по финансово право

Она што вториот и третиот столб можат да го создадат за економијата, e да предизвикаат раст и развој на истата, во сектори кои се специфични и кои се традиционално скептично прифатени од страна на пошироката јавност. Довербата во пензискиот систем може да биде подигната со паметно работење на структурите во вториот и третиот столб. Исто така и бројот на клиенти, особено во третиот столб. Стабилноста која се нуди со овие два столба за пензискиот столб, во услови кога нашиот пензиски систем е благо кажано на две стаклени нозе, е исто така голема придобивка за државата, но и за самите клиенти. Воведувањето на втор и трет столб во пензискиот систем, иако прифатена со скептицизам, кој тлее и ден денес, е една од подобрите реформи направени во државниот апарат.

ЗОШТО НИ СЕ П И ТРЕТИОТ ПЕН

K

Кога пред 15 – тина години се воведе реформата во пензискиот систем, и истиот се трансформираше од пензиски систем со еден столб ( државен задолжителен ) во тростолбен пензиски систем, во којшто покрај првиот столб, ќе постојат и втор столб ( приватен задолжителен ) и трет столб ( приватен доброволен ), никој не знаеше како ќе се одвива реформата, дали истата ќе успее, и кои ќе бидат последиците – позитивни и негативни од истата. На старт самата реформа беше копија на пензискиот систем кој успешно беше и се’ уште е имплементиран во Република Словенија. Со копирање на законодавството, со воведување на тростолбен пензиски систем, и малку на „ бандаж “ воведување на реформата, при што првите пензиски друштва кои ќе раководат со парични средства на клиентите беа две од најголемите банки, со мнозински удел на странски ( читај словенски ) финансиски компании, реформата во пензискиот систем изгледаше како да е уште една реформа која треба да се проба во нашата држава. Но дали и колку оваа реформа беше и е успешна и преставуваше паметен чекор кон подобрување на условите кои се нудат на пензионерите ? Несомнено самата реформа предизвика реакции од сите учесници на пазарот, како и меѓу државните институции, така и кај идните пензионери. Нашата држава е поднебје каде народот не верува во реформи, државните институции тешко ги спроведуваат, а финансиските пазари и инструменти се тешки за сфаќање за голем процент од народот, кој со доза на недоверба, иронија и суета гледа на нивното постоење и на правењето на капитал со нивна помош. Народот кај нас ги памети криминалните шеми низ штедилници, загубените девизи во лавиринтите на нивна пресметка во новата валута, паднатата вредност на југословенскиот динар, и ред други случувања кои ја поткопуваат вербата во финансиските институции. Дури и политичарите кои кај нас повикуваат на демократија, со тоа и на слободен пазар, истовремено повикуваат

и предлагаат јавно пензискиот систем да се врати под капата на државата, а средствата акумулирани во вториот и третиот столб да бидат префрлени на државни сметки. И дел од јавноста, дел од народот, тоа безрезервно го подржува.

Првиот столб е во „клиничка смрт“

Сепак, кои се предностите на овој тростолбен пензиски систем и зошто тој и е потребен на нашата економија и нашето општество ? Повторно, несомнено, довербата во ваквиот пензиски систем е мала, до тој степен мала, што на секоја пречка која се појавува на патот, веднаш се повикува на враќање исклучиво на државниот пензиски столб. Но за волја на вистината, причините за сомнеж во овој систем во изминатите 15 – тина години, се бројат на прсти на едната рака. Тоа говори за стабилноста на системот. Пред да дадеме одговор зошто овој систем е добар за целата економија, да се запрашаме во каква состојба е првиот пензиски столб, и како тој придонесува за развој на економијата. Првиот столб е во .... клиничка смрт. И тоа континуирано со години наназад. За да исплати пензии секој месец, околу 40 % до 50 % од потребните средства за исплата на пензиите се дотирани односно повлекувани од страна на државниот буџет. Со покачување на минималната плата и на просечната плата, со промена на основицата на пресметковните придонеси, сликата е подобрена. Сепак огромен проблем е што младите се иселуваат, има континуирано висока бројка на слободни работни места, кои никој не сака да ги работи, добар процент од населението работи во сивата економија и не плаќа даноци кон државата. Ваквата загуба на Фондот мора да биде покриена од постојани месечни дотации од државата. Или попросто објаснето, првиот државен пензиски столб не само што не придонесува за развој на економијата во државата, туку и е огромен трошач на државни пари, кои по правило и во нормални услови би требало сам да ги создава за себе од придонесите кои ги плаќаат вработените. Таа слика трае веќе 2 децении, и нема на повидок светло на крајот на тунелот, кое би донело поголема промена во тој поглед. Кратко и јасно – првиот столб е штетник на државниот буџет, наместо


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

25

ПОТРЕБНИ ВТОРИОТ НЗИСКИ СТОЛБ?

Поттикнувањето зголемување на процентуалното вложување од средствата кои ги уплатуваат сегашните пензионери за вториот столб, е мерка која треба да донесе развој во многу аспекти на економијата. Така да добро би било да се размисли минималниот процент од 3 – 4 %, од парите кои ги вложуваат вработените во вториот столб, да се зголеми постепено следните 2 години, на износ од 10 % од парите кои се уплатуваат за придонеси. да биде развивач и двигател на целокупната економија. Но затоа пак следните два фонда се оние кои ја имаат улогата на корисен и доволно голем играч на финансиските пазари во земјава. Како функционираат двата фонда ? Вториот е задолжителен, така што секое лице вработено за прв пат од 2007 година па до денес, по автоматизам влегува во, во моментот едно од трите пензиски друштва. Ако не направи самостоен

избор во првите три месеци, агенцијата задолжена за овие столбови (МАПАС ), го префрла во некое од трите друштва. Задолжителниот момент кај вториот столб е оној кој гарантира клиенти. Да се биде член на третиот столб е лична одлука. Потпишувате договор со некое од трите пензиски друштва и уплаќате онолку колку сакате секој месец, без обврска да вршите уплата секој месец, и без обврска тоа да биде една иста континуирана сума. Во овој

столб несомнена е потребата од борба помеѓу друштвата за клиенти, и за нивни што поконзистентни уплати и што повисоки износи. На начинот објаснет погоре друштвата акумулираат парични средства за работа. Еден мал процент оди на сметка на друштвото од кое истото исплаќа плати и други додатоци на своите вработени. Другите преминуваат на сметки кои се контролирани од државниот регулатор ( МАПАС ), и со


Капитал број 1072 24.07.2020

26

СТАВ

кои пари не може да се манипулира и да се вршат измами. Но затоа тие пари, пензиските друштва без оглед дали се од вториот или третиот столб ги користат за вложувања на финансиските пазари, согласно условите поставени од МАПАС, со цел заштита на средствата на клиентите- идни пензионери. Одговор на прашањето од насловот е зошто овие фондови и се потребни на државата, е токму поради нивната улога за акумулирање на што повисоки парични средства за идните пензионери и начинот на кој тие можат и треба да ги акумулираат истите. Односно, пензиските друштва средствата кои ги прибираат од страна на идните пензионери како уплати на индивидуалните сметки, имаат право, но и обврска да ги вложуваат во некој од финансиските инструменти во Македонија. Односно паричните средства треба да бидат чувани барем во банка во вид на банкарски депозит ( кој има најмал ризик, но и добива поголема каматна стапка од било кое индивидуално физичко или правно лице, кое би решило преку банкарски депозит да заштеди или заработи дополнителни парични средства ). Можностите за инвестирање низ финансиските пазари на пензиските друштва, се речиси неограничени. Можат да вложуваат во државни обврзници или пак сега веќе и обврзници на приватни компании, можат во акции на берзата, можат да купуваат удели од компании, можат да инвестираат средства во инвестициски фондови, преку кои купуваат удели и во странски компании, можат да инвестираат во осигурителниот пазар во Македонија..... навистина имаат отворени можности за вложување на средствата на идните пензионери. Целта е, со добро менаџирање да се постигне поголема заработка, односно удел со поголем принос за секој клиент на пензискиот столб. Односно, секој иден пензионер, во моментот кога тоа и ќе стане – пензионер, да има што е можно поголема парична сума на својата сметка. Потсетуваме дека овие парични средства се под надзор на државниот регулатор – МАПАС, но и дека истите се наследни, односно и во најлошите ситуации, не се губат туку остануваат како наследство на најблиските на идниот пензионер. Треба да се спомне и дека идните пензионери во никој случај не можат да ја изгубат пензијата во целост, бидејќи се заштитени од државниот регулатор. Во најлош случај би земале пензија која би била иста, како да се дел единствено на првиот столб. Во неколку конкретни ситуации, досега, имало дилема дали клиентот треба да е дел од вториот столб или да биде пензионер само од првиот столб за да зема повисока пензија, и тоа за идни пензионери кои се

вработиле прв пат пред 2007 година, и кои избрале да се дел од вториот столб самостојно, но истите се решаваат со давање повторна можност на овие идни пензионери да изберат со која метода ќе земаат пензии, и ако се одлучат да бидат дел само од првиот столб, средствата акумулирани на нивна сметка во вториот столб им се префрлаат во целост во првиот столб.

Пензиските фондови – показател за иднината на вложувањата

Погоре објаснетиот начин за инвестирање на средствата акумулирани од идните пензионери, со оглед и на објаснетата стабилност која овие друштва ја носат со себе, имајќи ја и предвид стручноста на кадрите кои одлучуваат за инвестирање на средствата на пензионерите, но и регулаторната улога на државата, ги прави пензиските друштва големи, стабилни и паметни играчи на финансиските пазари. Односно, средствата кои тие ги менаџираат и за кои одлучуваат во кој финансиски инструмент ќе ги вложат во државата, се доволни за значително раздвижување на одреден финансиски пазар, негово окрупнување во значителен процент, но и играат улога во создавањето на динамиката на развој и раст на определен финансиски пазар или определен финансиски инструмент или продукт. Со оглед на фактот дека вториот столб кој е задолжителен, секојдневно на месечно ниво акумулира се’ повеќе и повеќе средства од сите за прв пат вработени, и од сите кои се веќе постојани клиенти на истиот, не е тешко да се заклучи дека на месечно ниво постојано значително се зголемува обемот на средства со кои управуваат пензиските друштва кои управуваат со овие парични средства. Со тоа самите пензиски друштва стануваат е поголем и се позначаен играч на финансиските пазари, кои несомнено својата понуда треба да ја насочат кон привлекување на паричните средства од овие фондови. Покрај проектираниот принос, стабилноста на финансискиот инструмент кој се нуди, се клучните параметри кои се потребни да се привлечат пензиските друштва за постојани клиенти на еден финансиски инструмент. Големината на паричните средства кои ги поседуваат пензиските друштва се доволни за раздвижување на економските текови со оглед дека нивна единствена цел е овие парични средства да се окрупнат на некој од финансиските пазари кои се нудат на територијата на државата. Поголемо вложување на парични средства од страна на пензиските друштва во еден инструмент или на еден финансиски пазар, за истиот би било многу значајно

од аспект на негов развој, прибирање на средства за работа или тргување, но би значело и подигнување на довербата во истиот и привлекување на други инвеститори, без оглед на нивното домашно или странско потекло или без оглед на нивната големина. Пензиските друштва и капиталот кој тие го пласираат на пазарот, по логика би требало да укажуваат кои финансиски пазари, инструменти или приватни компании се стабилни за вложување и за долгорочно инвестирање на парични средства. Пензиските друштва не само што треба да се показател за иднината на вложувањата во Македонија, туку треба и да преставуваат гаранција за развој на пазарите кои ги имаат одберено. Со тек на годините, кога сите вработени ќе бидат дел од вториот и третиот столб, токму нивните пари за пензии, ќе бидат еден од најголемите, ако не и најголем играч на финансискиот пазар во Македонија. Заради сите објаснети причини потребата од вториот и третиот пензиски столб е евидентно голема, можеби и клучна во развојот и раздвижувањето на економските параметри во државата. Пензиските друштва и капиталот кој го имаат акумулирано, и кој постојано се зголемува, нивната можност да создадат широко портфолио, говори за тоа дека не треба ни да се помисли да истите бидат укинати, и да пензискиот систем биде вратен само на еден државен столб. Она што вториот и третиот столб можат да го создадат за економијата, e да предизвикаат раст и развој на истата, во сектори кои се специфични и кои се традиционално скептично прифатени од страна на пошироката јавност. Довербата во пензискиот систем може да биде подигната со паметно работење на структурите во вториот и третиот столб. Исто така и бројот на клиенти, особено во третиот столб. Стабилноста која се нуди со овие два столба за пензискиот столб, во услови кога нашиот пензиски систем е благо кажано на две стаклени нозе, е исто така голема придобивка за државата, но и за самите клиенти. Воведувањето на втор и трет столб во пензискиот систем, иако прифатена со скептицизам, кој тлее и ден денес, е една од подобрите реформи направени во државниот апарат. Поттикнувањето зголемување на процентуалното вложување од средствата кои ги уплатуваат сегашните пензионери за вториот столб, е мерка која треба да донесе развој во многу аспекти на економијата. Така да добро би било да се размисли минималниот процент од 3 – 4 %, од парите кои ги вложуваат вработените во вториот столб, да се зголеми постепено следните 2 години, на износ од 10 % од парите кои се уплатуваат за придонеси. nnn



Капитал број 1072 24.07.2020

28

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ХРВАТСКА НА НОЗЕ: СИ ЗАМИНУВААТ ИНВЕСТИТОРИ

ПО МЕГЛЕ, УШТЕ ДВЕ СТРАНСКИ КОМПАНИИ НАЈАВИЈА ГАСЕЊЕ НА БИЗНИСИТЕ

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

29 Германски Мегле (Meggle) и италијански Саипем (Saipem) се повлекуваат од Хрватска, а британски Бритиш Американ Тобако (BAT) сериозно се заканува со истата одлука. Иако не сакаат тоа јавно да го признаат, има и други странски компании што разгледуваат можност за гасење на своите операции во Хрватска. Според аналитичарите, корона – кризата е само забрзувач на овие одлуки, а главната причина е лошата деловна клима во земјата.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

30

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најавата на германскиот млекарски гигант Мегле дека го гаси своето производство во Хрватска ги изненади сите во државата.

пишува:

Игор Петровски

Н

igor.petrovski@kapital.mk

Најавата на Мегле (Meggle), германскиот гигант во млечната индустрија, дека до крајот на годинава ќе го запре своето производство во Хрватска, открива уште една последица од корона – кризата за којашто во хрватската јавност не се разговараше премногу последниве месеци, а тоа е заминувањето на странските инвеститори од земјата, како што пишува загрепски Лидер. Иако, како што велат соговорниците на весникот, никако не треба да се исклучи ни можноста и некои од домашните компании да тргнат по примерот на Мегле. Дека такво сценарио почнало да се одвива, покажуваат одлуките на две компании во странска сопственост од пред еден месец – Саипем (Saipem) и Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco) – БАТ. Додуша, БАТ, тоа не го потврдил сè уште официјално, но познавачите на состојбите се загрижени дека ова нема да биде крајот на повлекувањето на странските инвеститори, затоа што како што вели претседателот на Здружението на странски инвеститори во Хрватска, Младен Фогец, „не треба да се исклучи и можноста и

Саипем, компанија во италијанска сопственост, којшто се бави со поставување на цевководи, како и други технолошки инсталации, потврди дека во првата половина на 2021 година ќе ја затворат подружницата во Риека.

други мултинационални компании да разгледуваат разни опции на работење во Хрватска, па и гасење на активностите“. Притоа би било несериозно да се обвини короната како главен кривец за нивното заминување, затоа што се работи за сериозни компании коишто одлуките не ги носат преку ноќ и пандемијата сигурно не е таа која ги натерала да ги затворат бизнис операциите. Пандемијата, всушност, само ја забрзала нивната одлука, за којашто споменативе компании размислуваат последниве неколку години. Во Мегле потврдија за Лидер дека се разгледувала и продажба за да се сочуваат работните места по нивното повлекување од производство, но не успеале да најдат заинтересиран купувач. Но, порачуваат дека и

понатаму се спремни на разговор околу тоа прашање доколку се појави некој заинтересиран. Со кои компании преговарал Мегле за продажба на осиечката млекарница, не откриваат. Ниту Виндија, ниту Дукат не одговориле на прашањето дали преговарале околу ова. Речиси е сигурно дека таквата одлука ја забрзала корона – кризата затоа што Давор Гечиќ, претседател на Управата на Л и П Технологија, врз основа на долгогодишното бизнис искуство верува дека за Мегле Ковид – 19 бил само конечниот тригер. „Зад таа одлука сигурно стојат многу дополнителни елементи, коишто веројатно ги имало и пред пандемијата“, смета Гечиќ.

Слична приказна и во Риека Слична е приказната и со риечки


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

31


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

32

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Саипем, технолошки гигант во италијанска сопственост, којшто се бави со поставување на цевководи (нафтоводи и гасоводи во море и на копно), како и други технолошки инсталации. Во компанијата потврдија дека во првата половина на 2021 година ќе ја затворат подружницата во Риека, во рамки на пошироката компаниска програма за рационализација на своите инженерски центри и дека повеќето од 200-те работници ќе ги преселат во други центри. И тие веќе неколку години ја разгледувале можноста за заминување од Хрватска, па пандемијата, очигледно го забрзала донесувањето на таквата одлука од пред месец дена. За евентуалното заминување, пак, на БАТ, се дознава неофицијално. Во оваа компанија, како што пишуваа хрватските медиуми пред некој месец, не се задоволни поради растот на акцизите за тутун и тутунски производи, коишто последниве неколку години постојано се зголемуваат. Капката, што наводно ја прелила чашата за менаџментот е растот на акцизата од 1 април годинава, во екот на пандемијата, кога од државниот буџет се слеваа пари кај компаниите со цел да се спасат работните места, а на некои им беше овозможено и отпишување на придонесите. Ако си замине БАТ, ќе биде катастрофа за општината Канфанар крај Ровињ, но и за 500-те семејства што зависат од производството на цигари. Да не зборуваме за ефектите по државниот буџет каде што секоја година се слеваат милионски суми на име акцизи, даноци, итн. Овие три примери говорат дека секоја од компаниите од свои причини веќе со години ја разгледува опцијата за заминување од Хрватска и дека корона – кризата само ги забрзала овие одлуки. Во секој случај, заминувањето на Мегле, се плашиме дека е само продолжение на започнатиот тренд на повлекување фирми во странска сопственост од Хрватска, велат од Лидер. „Сигурен сум дека секоја од овие компании во ситуација на корона – кризата има план А, Б или Ц, а еден од тие планови е и спремност за повлекување од земјава. Причините се неизвесност и непредвидливост. Разговарав со претседателката на Германско – хрватската индустриска и трговска комора, и заклучивме дека за првпат во историјата, или барем колку што ни е нам познато, деловната заедница се соочува со несигурност и непредвидливост затоа што не знаеме што ни носи есента поради корона – кризата“, вели Фогец од Здружението на странски инвеститори. nnn

СО ГАСЕЊЕТО НА MEGGLE ВО ХРВАТСКА ЌЕ ЗГАСНАТ ОКОЛУ 300 МЛЕКАРСКИ ФАРМИ Мегле очигледно проценил дека во Хрватска производството не му се исплати повеќе, затоа што е поевтино своите брендови да ги довезува од отворениот ЕУ пазар и да ги произведува во помалку скапи земји од регионот.

Н

ајавата на германската компанија Мегле дека го гаси своето производство во Хрватска како да ги изненади сите во државата, пишува загрепски Лидер. Тоа што сите се изненадени и се чудат на оваа деловна одлука е само доказ дека земјата не го контролира секторот агро – бизнис и производство на млеко и го препушта на случајот, затоа што тоа оди се’ побргу кон својот крај, сметаат некои од хрватските познавачи на секторот. Затоа што држава којашто од околу 50.000 кооперанти во последниве 20 – тина години паднала на околу 4.500 производители, а производството го намалила на околу 40% од самодоволноста, очигледно нема план како ова производство да го сочува, зголеми и одржи рентабилно, вели Мирослав Кускуновиќ од консултантската куќа Kombinat 1969 за Лидер. Падот на производството на млеко во Хрватска трае подолго од 13 години, а обидите на малите производители да се здружат и да направат мини млекарници не успеаја (има неколку ретки позитивни примери што одолеваат на увозната конкуренција) и во тој период не е најден стратешки начин производството да се сочува. „ЕУ има вишоци на млеко, тие се зголемени затоа што се укинати производните квоти, а корона – кризата создаде огромни залихи и пазарни вишоци. Мегле очигледно проценил дека во Хрватска производството не му се исплати повеќе, затоа што е поевтино своите брендови да ги довезува од отворениот ЕУ пазар и да ги произведува во помалку скапи земји од регионот каде што земјоделците се’ уште се бават со производство на млеко затоа што државата се грижи за нив. “, смета Кускуновиќ. Со гасењето на оваа млекарница во Осиек, ќе згаснат повеќето од 340 млекарски фарми што сега се нејзини кооперанти, со вкупно производство од околу 26 милиони литри млеко, односно околу 6% од целата количина на млеко што на годишно ниво се испорачува во хрватските млекарници. “Ретки ќе бидат тие што ќе најдат нови млекарници на коишто ќе им испорачуваат, а некои ќе бидат и среќни што ќе престанат со оваа работа којашто е макотрпна и се работи 365 дена во годината. Она што загрижува е дека и покрај сите државни институции, комори, Министерство за земјоделие, и какви ли не чуда на администрацијата, државата нема поим дека во третата по големина млекарница во земјата се случуваат вакви процеси и дека производителот планира да си оди.“, забележува Кускуновиќ. Тој додава дека сега сите се дигнале на нозе и тврдат дека ќе најдат решение. „Но, решение нема и нема да има се’ додека во Хрватска конечно не почне да се зборува за производство и извоз, а не за дистрибуција на пари за земјоделието. Во Хрватска освен полјоделството, пропаѓаат повеќето земјоделски производства, но за тоа се молчи. Овој пристап ќе доведе до тоа еден ден да не изненадат и Дукат и Лакталис со своите одлуки за заминување. Хрватското млекарство со години бара решение, а отворениот пазар не’ демантира и потврдува дека нешто во земјоделските политики со години не штима. Затоа би требало да се престане со зборување за субвенции, а да се зборува за производство и зашто го имаме се’ помалку“.



www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

34

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ВО МОМЕНТОВ ЛАБАВАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА Е НАЈЈАКАТА СИЛА НА ПАЗАРИТЕ СО КОЈА НЕ Е МУДРО ДА СЕ ПРЕТЕРА „На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите што носи со себе растечки аномалии. Засега опуштената монетарна политика е најјаката сила на пазарите со која не е мудро да се претера. Оптимизмот околу вакцината расте како што првите прелиминарни податоци за ефектите излегуваат на виделина и пазарот реагира многу позитивно на сите овие објави.“, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс за актуелната состојба на светските пазари на капитал.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

35 пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс и оваа недела со свое видување на глобалните случувања на пазарите на капитал. Пандемијата продолжува рапидно да се шири во речиси сите земји надвор од Европа. На глобално ниво бројот на заразени од ден на ден поставува нови рекорди иако растот почна малку да забавува. Смртноста сега е помала отколку во март и април, а причините можат да се најдат во фактот дека во просек сега се заразува помладата генерација и дека се знае болеста подобро и се третира поуспешно. Затоа мерките што ги преземаат државите не се толку ригорозни како што беа изминатите месеци, но сепак земјите преземаат мерки со кои се враќаат одредени ограничувањата како и ограничени форми на карантин. Последиците од пандемијата за економската активност се значителни и веројатно не се вклучени во прогнозите за втората половина на 2020 и 2021 година, но сè уште не постои претеран песимизам кај аналитичарите. Економските податоци што доаѓаат во последните неколку недели сугерираат закрепнување и се подобри од предвидувањата на економските аналитичари. Тие навистина ги намалија очекувањата за време на најлошата паника во пролетта така што сите економски показатели се значително пониски отколку во истиот период лани. Дури и меѓународните односи не укажуваат на чекор напред.

Оптимизмот околу вакцината расте

Иако Европа изненадувачки продолжува да изгледа релативно кохерентна за поддршка на својата економија со тоа што одобри нов стимулативен пакет од 750 милијарди евра (грантови од 390 милијарди евра и евтини заеми од 360 милијарди евра) сепак постои голема компликација околу договорот за „Брегзит“, односите меѓу САД и Кина се влошуваат иако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека не сака брза ескалација на трговската војна во овој момент. „На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите што носи со себе растечки аномалии. Засега опуштената монетарна политика е најјаката сила

Кинеската берза претрпе корекција, но компанијата Алибаба најави големо ИПО во висина од 200 милијарди американски долари на финансискиот дел и двојна котација во Хонг Конг и Шангај. СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ДА НЕ СЕ ПРЕТЕРУВА СО ИЗЛОЖЕНОСТ КОН АКЦИИ ОД ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР Советуваме за поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се изложени кон технолошкиот сектор над просекот, треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот.“, велат аналитичарите од Генерали. Аналитичарите на Генерали се придржуваат до веќе презентираните препораки. Одредени индустрии и акции се доста скапи, но со слично скапи обврзници и негативни банкарски инструменти инвеститорите немаат вистинска алтернатива, па затоа не е време за екстреми во портфолијата. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате во акции, во обврзници или пари. „Ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува и ги принудува цените да растат. Овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци ситуацијата на светската економија е сè уште релативно слаба и иднината е нејасна, а политичката неизвесност расте, особено пред изборите во САД. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро се снаоѓаат во оваа криза и каде вреднувањето не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија остануваат скапи“, велат од Генерали. Оттаму советуваат за поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се изложени кон технолошкиот сектор над просекот, треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот. „Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и дополнителните стимулативни мерки, но не се исклучуваат длабоки привремени корекции. Многу зависи од развојот на пандемијата и меѓународните односи, кои можат да доведат умерениот оптимизам на пазарите да прерасне во песимизам, што исто така ќе доведе до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури и со првиот бран кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и дека ќе има силно влијание врз економијата, пазарите сè уште растеа во февруари. Трезвеноста дојде во март. Цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци и добивките барем на хартија се големи па можната промена на трендот може да доведе до брза и длабока корекција.“, заклучуваат од Генерали.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

36

СВЕТ Иако Европа изненадувачки продолжува да изгледа релативно кохерентна за поддршка на својата економија со тоа што одобри нов стимулативен пакет од 750 милијарди евра (грантови од 390 милијарди евра и евтини заеми од 360 милијарди евра) сепак постои голема компликација околу договорот за „Брегзит“, односите меѓу САД и Кина се влошуваат иако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека не сака брза ескалација на трговската војна во овој момент. на пазарите со кои не е мудро да се претера. Оптимизмот околу вакцината расте како што првите прелиминарни податоци за ефектите излегуваат на виделина и пазарот реагира многу позитивно на сите овие објави.“, велат од Генерали. Опуштената монетарна политика продолжува да биде движечка сила на пазарите и главниот индекс на акции на САД S&P конечно влезе во позитивна територија за 2020 година. Технолошките акции продолжуваат да растат силно и акциите на FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) поставија нови рекорди, иако се чини дека достигнале нивоа за кои ќе бидат потребни многу добри вести за да се движат повисоко.

На берзите преовладува психолошкиот одговор

Евалуациите се екстремно високи, но инвеститорите во моментов не се премногу заинтересирани за тоа. По нив следат некои други многу популарни технолошки акции, особено кај малите инвеститори, чии што процени се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја носат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал. „Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци. Сезоната за објавување на податоци за првиот квартал е во полн ек и работењето во првиот квартал е подобро од остро намалените пролетни прогнози. Инвеститорите реагираат позитивно на ова особено во Европа, каде што очекувањата многу нагло се намалија. Оваа реакција покажува дека психолошкиот одговор во моментот преовладува на берзата, додека самите вреднувања и неизвесната глобална макроекономска и политичка состојба не се многу во фокусот.“, коментираат аналитичарите од Генерали. Минатата недела се забележаа кратка корекција на акциите на технолошките компании, додека пак акциите од компаниите од здравствениот сектор и компаниите кои прикажаа добри резултати повторно дојдоа до израз. Кинеската берза претрпе корекција, но компанијата Алибаба најави големо ИПО во висина од 200 милијарди американски долари на финансискиот дел и двојна котација во Хонг Конг и Шангај. На глобално ниво пазарот сè уште е фокусиран на технолошки акции и акции кои се победници во услови на пандемија. Станува збор за главно за е-трговија, за сè што е поврзано со интернет, здравствена заштита, вакцини и зелена односно еколошка енергија. nnn



Капитал број 1072 24.07.2020

38

www.kapital.mk

СВЕТ

ВТОРА ГОЛЕМА ДЕПРЕСИЈА?

НЕВРАБОТЕНОС ГИ ПОГОДУВА Г АМЕРИКАНСКИ


www.kapital.mk

СТА СИЛНО ГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ

Капитал број 1072 24.07.2020

39 Стапката на невработеност е барометар за финансиските тешкотии на американските семејства, со оглед дека губењето на работата вообичаено води до значителен пад на приходот на домаќинствата. Стапка од 20% значи дека еден од пет работоспособни Американци не може да најде работа во моментов. Тоа е двојно повеќе од максимумот на невработеност постигнат за време на финансиската криза од 2008 – 2009 година и ниво невидено уште од 1930—те, кога земјата беше во канџите на нејзината најголема економска криза воопшто.


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

40

СВЕТ

Во Лос Анџелес, вториот по големина град во САД, стапката на невработеност благо се намали во јуни, но остана се’ уште на високи 19,5%, додека во мај беше 20,6%. Но, и ова извесно закрепнување е загрозено, затоа што расте бројот на ново – заразени во Калифорнија.

С

Стапки на невработеност незапомнети уште од времето на Големата депресија ги погодија некои од најголемите градови во САД. Пандемијата на коронавирусот го зголеми бројот на невработени во Њујорк, Лос Анџелес и останатите големи урбани средини до нивоа од близу или над 20%, речиси двојно повеќе од националниот просек, пишува CNBC. Стапката на невработеност е барометар за финансиските тешкотии на американските семејства, со оглед дека губењето на работата вообичаено води до значителен пад на приходот на домаќинствата. Стапка од 20% значи дека еден од пет работоспособни Американци не може да најде работа во моментов. Тоа е двојно повеќе од максимумот на невработеност постигнат за време на финансиската криза од 2008 – 2009 година и ниво невидено уште од

1930—те, кога земјата беше во канџите на нејзината најголема економска криза воопшто. „Просто е неверојатно, погубно е колку е висока стапката на невработеност“, вели Јоана Маринеску, професор по економија на Универзитетот Пенсилванија.

Њујорк и Лос Анџелес

Миксот на локалните бизниси и мерките за привремено затворање на голем број бизниси се во голема мера причина за скокнатите стапки на невработеност во некои големи урбани средини, вели Вејн Вруман, економист на Институтот Урбан. Градовите се генерално области со големи концентрации на бизниси споредено со останатите региони, вели тој. Оваа динамика најдобро се отсликува во Њујорк, најголемиот град во државата и голем центар на туризмот и забавата, којшто креира стотици илјади работни места во услужната индустрија, коишто беа прегазени од пандемијата. Стапката на невработеност во Њујорк порасна на 20,4% во месец јуни, според податоците на Бирото за

трудова статистика. Ова е пораст во однос на 18,3% во мај и 15% во април. Бројот на невработени њујорчани порасна од 216 илјади луѓе пред пандемијата, на повеќе од 811 илјади, според Бирото. Овој тренд не ја следи линијата на закрепнувањето што се случи на американскиот пазар на работна сила во мај и јуни, откако попуштија или целосно се тргнаа рестриктивните мерки. Стапката на невработеност на национално ниво падна на 11,1% во јуни од 14,7% колку што беше во април, главно поради тоа што голем број на привремено отпуштени работници беа повикани повторно на своите работни места, како што почнаа сојузните држави да ги отвораат своите економии. Њујорк, најсилно погодената област во земјата на почетокот од здравствената криза, беше прилично претпазлива при олабавувањето на мерките донесени со цел да се спречи ширењето на Ковид – 19. Градот влезе во Фазата 4 од планот за повторно отворање на економијата во понеделникот, 20 јули, со тоа што им се дозволи и на бизнисите од сферата на медиумската продукција, професионалните спортови (без


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

41


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

42

СВЕТ

Сите претстави на Бродвеј во Њујорк се откажани до крајот на годинава поради пандемијата.

публика) и некои културно – забавни институции како зоолошки градини и ботанички градини, да отворат повторно, со извесни ограничувања. Но, театрите на Бродвеј ќе останат затворени до следната година, внатрешните делови од рестораните исто така, а властите се’ уште не донеле распоред за тоа кога фитнес салите, моловите, кината и музеите ќе отворат повторно. Лос Анџелес, вториот по големина град во САД, исто така се соочува со слично ниво на невработеност. Стапката на невработеност благо се намали во јуни, но остана се’ уште на високи 19,5%, додека во мај беше 20,6%, според податоците на Одделот за развој на вработеноста на Калифорнија. Но, и ова извесно закрепнување е загрозено, затоа што расте бројот на ново – заразени во Калифорнија, поради што деновиве гувернерот Гевин Њусом беше принуден повторно да нареди затворање на баровите и забрана на активности во затворени простори, како ресторани, кина, театри, музеи, меѓу другото. „Лос Анџелес, за жал, поминува низ нова здравствена криза, додека со Њујорк не е тој случајот“, вели професорката Маринеску од Универзитетот Пенсилванија. „Но, сепак, во Њујорк бројките за невработеноста се се’ уште мошне

лоши. Тоа покажува колку разорни се всушност ефектите од коронавирусот“.

Што е “депресија“?

Нема официјална дефиниција за тоа што е економска “депресија“. Но, стапка на невработеност од околу 20% или повисока е очигледен индикатор, според некои експерти. „Мислам дека многу малку економисти би го оспорувале ова“, вели Вруман од Институтот Урбан. „Дваесет проценти е навистина над нивото на кое сме навикнати во декадите по Втората светска војна. „Ова е нешто непознато за САД. Дури и стапка на невработеност од 15% за американската економија би се сметала за невообичаена.“ Чикаго, пак, третиот најголем град во САД, во јуни се соочи со стапка на невработеност од 16,1%, од 15,4% во мај, според Бирото за трудова статистика. Детроит забележа подобрување, но стапката на невработеност се’ уште е висока, односно 17,7% во јуни, за разлика од 23,2% во мај. Единствениот период во историјата на САД што всушност е обележан со терминот „депресија“ е Големата Депресија, кога стапката на невработеност порасна над 25%, според податоците на Националното биро за економски истражувања. Оттогаш, највисока невработеност имало од 10,8% за време на рецесијата

во раните 1980 – ти, според Бирото за трудова статистика, коешто почна да ја пресметува официјалната стапка на невработеност од крајот на 1940-те. Сепак, некои големи градови беа поштедени од „болката“ што ја почувствуваа најголемите метрополи во државата. Метро областа на Хјустон, четвртиот по големина град во САД, имаше 9,9% невработеност во јуни, според Одделот за труд на Тексас. Метро областите на Сиетл, Мајами и Кливленд, имаа стапки од 9,3%, 11,2% и 13,5% респективно. Сите овие бројки се над просекот карактеристичен со децении, но далеку под стандардите за депресија. Како што е случајот во Лос Анџелес, некои економисти стравуваат дека закрепнувањето на економиите може да застане, или состојбата повторно да се влоши, затоа што одредени региони во земјата повторно ќе воведат рестрикции за да се борат против зголеменото ширење на коронавирусот. Ова може да е случај во Невада, на пример. Лас Вегас имаше најголема стапка на невработеност од било која метро област во САД во мај месец, цели 29%, според Бирото за трудова статистика. Податоците за јуни за овој град сe’ уште не се објавени. Имаше индиции дека невработеноста се ублажила во јуни, затоа што стапката


1www.kapital.mk PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1072 24.07.2020

43


Капитал број 1072 24.07.2020

44

www.kapital.mk

СВЕТ Единствениот период во историјата на САД што всушност е обележан со терминот „депресија“ е Големата Депресија, кога стапката на невработеност порасна над 25%, според податоците на Националното биро за економски истражувања. Оттогаш, највисока невработеност имало од 10,8% за време на рецесијата во раните 1980 – ти, според Бирото за трудова статистика, коешто почна да ја пресметува официјалната стапка на невработеност од крајот на 1940-те.

на ниво на Невада се намали најмногу од сите други држави во јуни. Но, гувернерот Стив Сисолак неодамна нареди повторно затворање на баровите и воведе ограничувања за јадење внатре во рестораните.

Траење на невработеноста

Меѓутоа, според некои експерти, зголемените нивоа на невработеност треба да потраат подолго време за да може актуелната рецесија да се смета за доволно тешка и да се окарактеризира како депресија. „Не мислам дека многумина економисти би го квалификувале како депресија намалувањето на економската активност коешто трае помалку од една година“, вели Стивен Вудбери, економист истражувач на пазарот на труд на Мичиген Универзитетот. „Всушност, јас би рекол дека повеќето економисти би биле неволни да ја наречат рецесијата депресија, барем додека не потрае две – три години, слично како во случајот на Големата депресија од 1930-те“, вели тој. Моменталната криза со вработеноста во големите градови исто така можно е да не е сличен индикатор за финансиски тешкотии на домаќинствата, како што тоа било порано. Оние што беа квалификувани за бенефиции за невработеност, примија дополнителни 600 долари неделно, што им овозможи на некои работници со пониски примања дури и во целост да ја надоместат својата загубена плата. Меѓутоа, овие додатоци предвидено е да завршат заклучно со јули, по одлуката на Конгресот. nnn

Лас Вегас имаше најголема стапка на невработеност од било која метро област во САД во мај месец, цели 29%. Имаше индиции дека невработеноста се ублажила во јуни, затоа што стапката на ниво на Невада се намали најмногу од сите други држави во јуни. Но, гувернерот на државата неодамна нареди повторно затворање на баровите и воведе ограничувања за јадење внатре во рестораните, поради растечките бројки на ново – заразени со корона.



Капитал број 1072 24.07.2020

46

КАРИЕРИ

СОВЕТИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА (А, И ПО НЕА)

НЕ РАБОТЕТЕ ДОДЕКА СТЕ НА ОДМОР. СЕРИОЗНО Поминувањето викенди или празници работејќи, го поткопува едниот од најважните фактори што одредуваат дали луѓето се истрајни во својата работа: внатрешната мотивација. Луѓето се внатрешно мотивирани кога се вклучени во активности што им се интересни, во коишто уживаат и наоѓаат смисла. Истражувањата на бизнис школата на Харвард укажуваат на тоа дека ако работите во слободно време вие си создавате внатрешен конфликт помеѓу постигнување на личните и професионалните цели, што води до тоа луѓето помалку да уживаат во работата.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

47


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

48

КАРИЕРИ

Во една студија, научниците од Харвард интервјуирале студенти што учеле во универзитетската библиотека за време на државен празник. Во еден случај на студентите им нагласиле дека дента било федерален празник („Денеска е 17 февруари, Денот на претседателот), а во друг случај не („Денеска е 17 февруари). Кога студентите биле потсетувани дека учат во време кога другите се забавуваат и сл., тие чувствувале дека нивните материјали за учење се помалку интересни и помалку им значат – што значи, се чувствувале помалку внатрешно мотивирани за учење.

Harvard Business Review

Н

Начинот како и кога работиме, драстично се менува. Податоците од истражувањето „American Time Use“ од 2018 година покажуваат дека 30% од вработените со полно работно време се изјасниле дека се случува да работат и за празници и викенди, што значи дека кога луѓето и официјално не се на работа, не значи дека престануваат да работат. Уште повеќе, актуелната промена што се случува на глобално ниво поради пандемијата, а тоа е работењето од дома, само ја комплицира ситуацијата: формалните граници помеѓу работата и не – работата стануваат уште позаматени, а вработените се позбунети околу тоа кога е, а кога не е време за работа. Многумина претпоставуваат дека флексибилноста во рамки на работните обврски би требало да ја зголеми мотивираноста. Да имате можност да си поставите свој распоред на задачите би требало да ни олесни да си ги координираме работните денови така што би ја максимизирале продуктивноста, што на прв поглед имплицира дека луѓето всушност би биле повеќе мотивирани ако можат да работат за време на викенди, празници или одмори. Дополнително, истражувањата покажуваат дека ако

сте зафатени (како спротивност на не правење ништо) може да придонесе да се почувствувате продуктивни, и следствено вашата работа да ви изгледа дека има повеќе смисла, односно, работењето кога другите не работат практично да ви ја крене мотивацијата. Меѓутоа, нашите истражувања покажуваат дека токму спротивното најчесто држи вода. Поминувањето викенди или одмори работејќи, го поткопува едниот од најважните фактори што одредуваат дали луѓето се истрајни во својата работа: внатрешната мотивација. Луѓето се внатрешно мотивирани кога се вклучени во активности што им се интересни, во коишто уживаат и наоѓаат смисла. Нашите податоци укажуваат на тоа дека ако работите во слободно време вие си создавате внатрешен конфликт помеѓу постигнување на личните и професионалните цели, што води до тоа луѓето помалку да уживаат во работата. Сепак, правејќи го ова истражување за време на нашите сопствени викенди и одмори, исто така откривме и решение за овој проблем: треба да го редефинирате слободното време како “работно време“ и со тоа ќе си помогнете во задржување на внатрешната мотивација околу работата.

Како работењето во слободно време влијае врз внатрешната мотивација?

За да одговориме на ова прашање, анализиравме податоци од репрезентативен примерок од 1.298

американски работници. Вработените наведуваа во прашалниците дали работат само од понеделник до петок, или пак и за време на некои викенди и сл. Во ова истражување, внатрешната мотивација се рефлектираше преку изјавите од типот: „мојата работа за мене е значајна“ и „работата ми овозможува да ги користам своите вештини и способности.“ Откривме дека луѓето во просек, оние што работеле некои викенди, се чувствуваат помалку внатрешно мотивирани за работа. Имајќи предвид дека овие работи беа во корелација, можно е дека постојат и други фактори што би влијаеле врз внатрешната мотивација на луѓето, како на пример работењето на пониска позиција во хиерархијата и сл. Па така, земавме предвид повеќе потенцијални надворешни фактори, како домашниот приход, ниво на образование, број на работни часови во неделата, како и општото задоволство од животот, и откривме дека врската помеѓу работното време и внатрешната мотивација беше конзистентно. За подлабоко да ја испитаме врската помеѓу работното време и внатрешната мотивација, направивме уште четири дополнителни експерименти со вработени што работеа за викенди и студенти што учеа за време на распуст. Сите студии покажаа дека работењето кога е слободно време ја намалува внатрешната мотивација на луѓето за нивната работа. На пример, во една студија, интервјуиравме студенти што учеа


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

49


www.kapital.mk

Капитал број 1072 24.07.2020

50

КАРИЕРИ Податоците од истражувањето „American Time Use“ од 2018 година покажуваат дека 30% од вработените со полно работно време се изјасниле дека се случува да работат и за празници и викенди, што значи дека кога луѓето и официјално не се на работа, не значи дека престануваат да работат. Уште повеќе, актуелната промена што се случува на глобално ниво поради пандемијата, а тоа е работењето од дома, само ја комплицира ситуацијата: формалните граници помеѓу работата и не – работата стануваат уште позаматени, а вработените се позбунети околу тоа кога е, а кога не е време за работа.

во универзитетската библиотека за време на државен празник. Во еден случај на студентите им нагласувавме дека дента беше федерален празник („Денеска е 17 февруари, Денот на претседателот), а во друг случај не („Денеска е 17 февруари). Кога студентите беа потсетувани дека учат во време кога другите се забавуваат и сл., тие чувствуваа дека нивните материјали за учење се помалку интересни и помалку им значат – што значи, се чувствуваа помалку внатрешно мотивирани за учење.

Зошто работењето во слободно време ја поткопува внатрешната мотивација?

Слично на тоа како луѓето го сметаат понеделник за „вистински“ почеток на неделата, луѓето генерално го категоризираат своето време или како време за работа или за одмор. Кога се ангажираат работно во времето што го сметаат за слободно, како што е викенд, тие искусуваат конфликт помеѓу нивните очекувања и реалноста, и како резултат, ја доживуваат својата работа како помалку исполнувачка и помалку значајна.

Што да правите ако треба да работите во слободно време? За жал, во многу работни позиции, повремено работење за викенди или празници, па дури и во време на годишен одмор, може да е неизбежно. Па, што да направите за да останете мотивирани кога мора да работите во таков случај? Во нашето истражување, откривме интервентна стратегија што им

помогна на студентите што учеа за време на пролетниот распуст, а на вработените што работеа во сабота, да ја одржат својата внатрешна мотивација: стратегијата ја нарековме „означување на времето како работно време“. На пример, во една студија, на едната група што работеа во сабота им рековме „Луѓето обично ги користат викендите да го надополнат во работата тоа што го пропуштиле или да отидат малку пред другите“, а на другата група и рековме „Луѓето обично ги користат викендите за да се релаксираат и да одморат малку од работата“. Нашите наоди покажуваат дека иако и двете групи работеа во слободно време, првата група се чувствуваше повеќе заинтересирана и ангажирана во својата работа и исполнувањето на целите, затоа што на времето гледаат како време за работа (наспроти времето за релаксирање).

Дали работењето во слободно време ја поткопува целата мотивација за работа?

Треба да спомнеме и дека внатрешната мотивација не е единствениот вид мотивација што ги инспирира луѓето да работат. Луѓето работат и поради т.н. надворешна мотивација (на пример, за да добијат плата, да го издржуваат семејството, итн.). И додека работењето во слободно време имаше негативен ефект врз внатрешната мотивација за работа, нашите студии не ни дадоа доказ дека тоа влијае и врз нивната надворешна мотивација.

Ако конфликтот на целите поврзан со работењето за викенди и празници го поткопува нашиот капацитет да ја доживееме работата инхерентно значајна, тој не ја менува вредноста на тоа што ќе бидеме платени за работата, ќе имаме сигурност и сл. Меѓутоа, истражувањата на Кеитлин Вули и Аелет Фишбах покажуваат дека без внатрешна мотивација, надворешната мотивација е често недоволна за да ги држи луѓето задоволни и да ги тера да дадат се’ од себе на работното место. Поуката од сето ова е следнава: Дали ќе уживаме во својата работа ќе зависи не само од типот на активностите во коишто сме ангажирани, туку и од тоа кога сме инволвирани во тие активности. Ако треба да работиме во слободно време, обидете се да ментално да го редефинирате тоа како работно време и така ќе си помогнете да ја одржите мотивацијата. Менаџерите исто така, може да им помогнат на своите вработени со тоа што ќе ги поттикнат да не работат „после работа“, бидејќи нашите наоди покажуваат дека работењето тогаш ја намалува внатрешната мотивација и со тоа и напорот што го вложуваат во својата работа. Решението како да се остане мотивиран отсекогаш било важно, но откако пандемијата присили многу работници да работат од дома и ги оптовари со дополнителни задачи, овие стратегии ќе бидат особено важни за да помогнат вие и вашиот тим да останете продуктивни и да се вложите себеси што повеќе. nnn


Вашата полиса во Триглав го покрива целосно ризикот од Covid-19 • Само во Триглав, со полиса за осигурување на живот*, или пак полиса за колективно осигурување од незгода, добивате целосна осигурена сума во случај на смрт од Covid-19.

• Вашето здравствено - патничко осигурување од Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Доколку сте заинтересирани за осигурување на живот:

Доколку сте заинтересирани за колективно осигурување од незгода, или пак за здравствено - патничко осигурување:

Пишете ни на info@triglavzivot.mk

Пишете ни на info@triglav.mk

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

Контактирајте нè преку вашиот осигурителен агент

За повеќе детали посетете ја страната triglavzivot.mk и информирајте се за условите и oграничувањата*

За повеќе детали посетете ја страната triglav.mk Онлајн обезбедете полиса за здравствено - патничко осигурување на 5minuti.mk

www.triglav.mk www.triglavzivot.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.