1077- Kapital magazine

Page 1

ПРОБИВ НА ПАЗАРИ: ПРВ ИЗВОЗ НА ВИТАМИНКА ВО ЈАПОНИЈА business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1077

Економија Бизнисот бара нова финансиска вакцина од државата за да ја преживее пандемијата

цена 100 ден. l 18 септември 2020 петок l година 21

www.kapital.mk

cover story ОБЈАВЕНИ АНАЛИЗИ ЗА ДВЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ОД УГЛЕДНА ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА

АКЦИИТЕ НА АЛКАЛОИД И КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОБИЈА „ВЕТЕР ВО ГРБОТ“

ИНТЕРВЈУ Бојан Маричиќ министер за правда

Прочистувањето во судството мора да биде кредибилен процес, не реваншизам или политички прогон

АНАЛИЗА Ковид – кризата ги чини котираните друштва 130 милиони евра во приходи и 9 милиони евра загубена добивка

ЕБОР И НЛБ БАНКА Кредитна линија од 8 милиони евра за поддршка на бизнисите и домаќинствата

Лидери: Како шефот на Netflix создаде уникатна компаниска култура



СОДРЖИНА

Kapital... 1077 4

10

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Објавени анализи за две македонски компании од угледна европска инвестициска банка

Бојан Маричиќ

Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка добија „ветер во грбот“

16

ЕКОНОМИЈА

Владата подготвува четврт пакет антикризни мерки

министер за правда Прочистувањето во судството мора да биде кредибилен процес, не реваншизам или политички прогон

Бизнисот бара нова финансиска вакцина од државата за да ја преживее пандемијата

28

30

36

ЛИДЕРИ

Рид Хејстингс

основач и ко – извршен директор на Netflix Човекот што создаде компаниска култура што едни ја мразат, а други ја обожуваат

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Анализа на работењето на акционерските друштва котирани на Македонската берза за првите шест месеци

БАНКИ И ФИНАНСИИ

Соработка на НЛБ Банка и ЕБОР Кредитна линија од 8 милиони евра за поддршка на бизнисите и домаќинствата

Ковид – кризата чини 130 милиони евра во приходи и 9 милиони евра загубена добивка

COVER STORY Објавени анализи за две македонски компании од угледна европска инвестициска банка................................................4 Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка добија „ветер во грбот“ ИНТЕРВЈУ Бојан Маричиќ, министер за правда...........10 Прочистувањето во судството мора да биде кредибилен процес, не реваншизам или политички прогон ЕКОНОМИЈА Владата подготвува четврт пакет антикризни мерки...................................................16 Бизнисот бара нова финансиска вакцина од државата за да ја преживее пандемијата

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Анализа на работењето на акционерските друштва котирани на Македонската берза за првите шест месеци.....22 Ковид – кризата чини 130 милиони евра во приходи и 9 милиони евра загубена добивка БАНКИ И ФИНАНСИИ Соработка на НЛБ Банка и ЕБОР...............28 Кредитна линија од 8 милиони евра за поддршка на бизнисите и домаќинствата ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Пробив на далечни пазари и среде корона - кризата.....................................................30 Прв извоз на „Витаминка“ во Јапонија

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Пробив на далечни пазари и среде корона - кризата Прв извоз на „Витаминка“ во Јапонија

СВЕТ Пазари на капитал.................................................32 Да се избегнуваат акции од компании што не го прилагодиле својот бизнис на новите услови создадени од пандемијата ЛИДЕРИ Рид Хејстингс, основач и ко – извршен директор на Netflix.....................................................36 Човекот што создаде компаниска култура што едни ја мразат, а други ја обожуваат МЕНАЏМЕНТ Правила за добро управување..................44 Секој лидер треба да знае да продава ЛИДЕРИ Рид Хофман, ко – основач на LinkedIn..46 Добрите прилики речиси никогаш не се вклопуваат во вашата агенда

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 17.9.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1077 18.09.2020

4

COVER STORY

„Приказна за успешен раст од Балканот„ и „Растечки генератор на кеш – скопски стил“ би биле во слободен превод насловите на двете инвестициски анализи што европската инвестициска банка Wood and Company ги направи за македонските акционерски друштва: Комерцијална банка („A sizeable growth story in the Balkans“) и Алкалоид („А rising money spinner, Skopje – style“), објавени на 10 и 17 септември, респективно. Инвестициската анализа што за двете компании ги направи Wood and Company е прва од ваков вид за фирми што котираат на Македонската берза и е дел од регионалниот проект финансиран од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР. Wood and Company е реномирана финансиска куќа со седиште во Чешка, а со свои канцеларии во повеќе европски земји, специјализирана за следење на пазари во развој, како што се оние од Југоисточна Европа.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

ОБЈАВЕНИ АНАЛИЗИ ЗА ДВЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ 2020 ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА 5 ОДИЗБОРИ УГЛЕДНА ЕВРОПСКА

АКЦИИТЕ НА АЛКАЛОИД И КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОБИЈА „ВЕТЕР ВО ГРБОТ“


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

6

COVER STORY

„Банката е лидер на локалниот, речиси олигополски пазар и ние го цениме нејзиниот одличен однос помеѓу трошоците и приходот (cost/income ratio - C/I), конзервативната структура на нејзиниот биланс на состојба и солидните нивоа на капитална адекватност. Се’ уште гледаме потенцијал за раст на цената на акцијата, особено поткрепено со ликвидноста на билансот на состојба, којашто е доста повисока од просекот на пазарот и може да понуди доста ‘муниција’ за нето каматните маржи и раст на бруто приходите, дури и во време на ниски каматни стапки“, се вели во инвестициската анализа на Wood & Company за Комерцијална банка.

пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

„Приказна за успешен раст од Балканот„ и „Растечки генератор на кеш – скопски стил“ би биле во слободен превод насловите на двете инвестициски анализи што европската инвестициска банка Wood and Company ги направи за македонските акционерски друштва: Комерцијална банка (A sizeable growth story in the Balkans) и Алкалоид (А rising money spinner, Skopje – style), објавени на 10 и 17 септември, респективно. Заедничко за двете акционерски друштва е што се во мнозинска сопственост на домашни акционери – Комерцијална банка е и најголемата

банка во земјава според износот на вкупната актива и околу 22% пазарно учество, додека Алкалоид е најголемиот извозник од редовите на производните компании, а што не се поседувани од странци. Инвестициската анализа што за двете компании ги направи Wood and Company е прва од ваков вид за фирми што котираат на Македонската берза и е дел од регионалниот проект финансиран од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР. Wood and Company е реномирана финансиска куќа со седиште во Чешка, а со свои канцеларии во повеќе европски земји, специјализирана за следење на пазари во развој, како што се оние од Југоисточна Европа. Македонската берза и нејзините котирани друштва пред неколку месеци станаа дел од овој значаен проект што ги опфаќа берзите во шест земји од регионов (Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија). Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места,

односно, покрај оние за Алкалоид и Комерцијална банка, анализата за НЛБ Банка АД Скопје се очекува да се објави во декември. Сите три компании се составен дел од индексот МБИ10 што го пресметува Македонска берза.

Препораката „купувај“ за акцијата на Комерцијална и ја крена цената

Анализата на Комерцијална банка почнува со препорака КУПУВАЈ и таргет цена од 7.953 денари (цена што берзанските аналитичари сметаат дека може да се постигне во следниот период, н.з.), што претставува околу 20% раст во однос на цената од околу 6.500 денари по која што акцијата се тргуваше непосредно пред објавата на анализата, на 10 септември. Веќе истиот ден, акцијата порасна на 6.618 денари, а до моментот на завршување на овој текст, 17 септември, цената на акцијата стигна до 7.142 денари што е пораст од речиси 9% или без малку половина од потенцијалот што го проектираат аналитичарите на Wood & Co.


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

7

„Оваа година компанијата завршува голема инвестиција во проширување за 50% на производните капацитети за лекови во цврста форма, што очекуваме да донесе 9,5% раст на приходите и 13% раст на профитот до 2023 година. Ова веќе е препознаено од домашните инвеститори – коишто се 97% од акционерската база – па, затоа, на ова ниво, растот е веќе вкалкулиран во цената и затоа е нашата препорака ЧУВАЈ. Сепак, идниот раст и приносите на акцијата оставаат добра можност и за регионалните инвеститори.“, сметаат од Wood & Company за акцијата на Алкалоид.

Сепак, треба да се истакне фактот дека акцијата на Комерцијална банка имаше и претходно континуиран раст, некаде од средината на месец јуни, кога од просечна цена од околу 5.500 денари до моментот на објавување на анализата имаше веќе пораснато за 20%. Оваа акција, како и останатите најликвидни акции на Македонската берза, по големиот пад во месец март од преку 30%, кога настана паниката на светските пазари на капитал поради пандемијата, набрзо го почна закрепнувањето и пополека се приближува до максималната вредност што ја имаше годинава, од околу 7.900 денари, којашто се поклопува всушност и со таргет цената што и ја одреди Wood & Company. „Банката е лидер на локалниот, речиси олигополски пазар и ние го цениме нејзиниот одличен однос помеѓу трошоците и приходот (cost/ income ratio - C/I), конзервативната структура на нејзиниот биланс на состојба и солидните нивоа

на капитална адекватност. Како негативност го истакнуваме ризикот при изложеноста на промените во девизните курсеви, но тоа е така поради структурата на економијата, односно нејзината висока ‘евроизација’. И покрај тоа, банката ја менаџира својата нето FX изложеност прилично добро, усогласувајќи ги нивоата на девизни кредити со оние на девизните депозити. Како уште една негативност го наведуваме тоа што финансиското известување и е според локалните сметководствени стандарди. Сè уште гледаме потенцијал за раст на цената на акцијата, особено поткрепено со ликвидноста на билансот на состојба, којашто е доста повисока од просекот на пазарот и може да понуди доста ‘муниција’ за нето каматните маржи и раст на бруто приходите, дури и во време на ниски каматни стапки.“, се вели во анализата. Исто така, се истакнува релативно нискиот коефициент кредити/

депозити кај Комерцијална банка од околу 50%, за разлика од пазарниот просек од нешто под 80%, што значи дека банката има сила за поголеми приходи и профити во актуелниве пазарни услови на паѓачки каматни стапки. Аналитичарите истакнуваат и дека конзервативната структура на билансот на состојба треба да е отпорен за време на моменталната економска криза предизвикана од пандемијата на Ковид – 19. „Банката е многу веројатно дека ќе остане добро капитализирана, дури и со очекуваните стапки на раст и исплатите на дивиденди. Банката е позната по одличните дивидендни приноси што изнесуваа повеќе од 10% во последните две исплати. Иако очекуваме дивидендите да се намалат поради економската криза, исплатите не би требало да паднат под 45%. Истовремено, истакнуваме дека прилично конзервативно ги проценуваме очекувањата за дивидендите, така што можно е да има и повисоки исплати.“, велат експертите од Wood & Company.


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

8

COVER STORY

МАКЕДОНСКА БЕРЗА ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ НА ЕБОР

В

о проектот на ЕБОР учествуваат вкупно 20 компании котирани на берзите во споменатите шест држави според специфични критериуми утврдени од страна на консултантска куќа избрана од ЕБОР, односно Wood and Company во случајов. Критериумите за селекција вклучуваа редовно известување на англиски јазик, определена големина на приходите, доволен број на акции распространети во јавноста (free float), како и избраните компании да не се веќе предмет на вакви инвестициски анализи. Избраните компании потпишаа меморандум за соработка со локалните берзи. “Недостатокот на систематска и континуирана инвестициска анализа на акционерските друштва што котираат на Македонска берза, вклучително и на нашите blue chip компании, дефинитивно претставува еден од главните предизвици со кои се соочува нашиот пазар. Ова, секако, е поврзано со прашањето за ефикасно формирање на пазарните цени, како и со атрактивноста на инструментите кои се тргуваат на нашиот пазар за домашните, а особено за странските инвеститори. Овој нов проект на ЕБОР, кој е еден од многуте што оваа институција го спроведува во регионот за што сме многу благодарни, преку обезбедување на лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании (вклучително и три македонски

Инвестициски анализи за 20 компании котирани на берзите во 6 држави од регионот. акционерски друштва),со низа позитивни развојни импликации од тоа за пазарите во целина. Улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избраните домашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот“, истакна Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза при соопштувањето на проектот во месец мај годинава. “Ни претставува особено задоволство што со овој проект даваме важен придонес во правец на проширување на основите за финансирање на избраните компании. Со ова всушност се докажува дека моќта е во знаењето. Малите и средни компании се клучни за

благосостојбата на европската економија, а во услови на постоење на пандемија на корона вирус обезбедувањето на услови за нивно финансирање е позначајно од кога било“, истакна Ханес Такаш, вршител на должност директор на Local Currency and Capital Markets Development во ЕБОР. Програмата е финансирана од TaiwanBusiness EBRD Technical Cooperation Fund и не подразбира дополнителни финансиски трошоци за компаниите. Проектот ќе трае две години, до 2022 година, и ќе обезбеди бесплатни, јавно достапни инвестициски анализи за споменатите компании. Анализите ќе се објавуваат на специјално креиран веб портал од страна на СЕЕ Линк ДОО Скопје (https://listed-sme.com/en-GB).


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

9 Зголемувањето на производството и извозот се силна гаранција за стабилноста на акцијата на Алкалоид и нејзин раст на среден рок

Препорака ЧУВАЈ, односно да се задржи акцијата која е со моментална цена од околу 12.600 денари, со таргет цена од 13.567 денари, коментираше за акцијата на скопски Алкалоид Wood & Company во својата анализа објавена на 17 септември. Аналитичарите на Wood & Company сметаат дека фармацевтската компанија работи одлично, генерира стабилни приходи и дека купувањето акции од неа е одлична инвестиција затоа што ќе продолжи да создава профити и во иднина. Во анализата Алкалоид се опишува како традиционална фармацевтска компанија од средна големина, производител на брендирани генерички лекови на рецепт, лекови без рецепт, како и на потрошувачки добра (FMCG), „фирма којашто останала во чекор со времето и ја задржала релевантноста на своето производно портфолио, истовремено постојано проширувајќи се во нови области, како и на нови пазари.“ Широкиот асортиман, се вели понатаму

во анализата на Wood & Company, и овозможува на компанијата да создава солидни профити и поврат на инвестираниот капитал, како и дивидендна политика привлечна за акционерите. „Оваа година компанијата завршува голема инвестиција во проширување за 50% на производните капацитети за лекови во цврста форма, што очекуваме да донесе 9,5% раст на приходите и 13% раст на профитот до 2023 година. Ова веќе е препознаено од домашните инвеститори – коишто се 97% од акционерската база – па, затоа, на ова ниво, растот е веќе вкалкулиран во цената и затоа е нашата препорака ЧУВАЈ. Сепак, идниот раст и приносите на акцијата оставаат добра можност и за регионалните инвеститори.“, сметаат од Wood & Company. Понатаму во анализата се посочува дека Алкалоид и покрај постојните големи инвестиции и привлечните исплати на дивиденди кон акционерите, успева да работи со ниски нивоа на задолженост, поради доброто управување со капиталот. Компанијата историски гледано расте органски, но “раководството не исклучува аквизиции за да го надополни

постојното портфолио на производи.“ „Зголемените капацитети ќе му овозможат на Алкалоид не само поголемо производство, туку и пласирање на нови лекови и останати производи од палетата, односно голем раст на продажбите. Најголем дел од растот на продажбите се очекува да биде на домашниот пазар и земјите од регионот на поранешна Југославија, Бугарија, но и во Русија, Украина, итн. Во изминатите неколку години Алкалоид влегол на повеќе нови пазари, а особено е значаен влезот во В. Британија и Романија, каде што компанијата немала никакви продажби, а сега има постојан раст во изминатите 3-5 години, но и Украина, каде што компанијата ги зголемила продажбите за 50% изминативе пет години.“, се вели во анализата. Во анализата се потенцира и дека Алкалоид има уште простор за понатамошно зголемување на извозот, со можност за двојно зголемување во Украина, Романија и В. Британија, како и влез на некои нови пазари, како Германија, Полска и Грција, со цел извозот да се зголеми од сегашните 65%, на 75% до 80% од вкупните продажби.

nnn

ОГЛАС за продажба на недвижен имот во сопственост на Банката 2

Деловен простор во Валандово (поранешна експозитура), на ул.Првомајска бр.16, на КП.бр.3269, на ПР, во површина од 94 м , видно од Имотен лист бр.10081 за КО Валандово. Недвижноста е во непосредно владение на Банката. Почетната цена е во износ од 45.000,00 ЕУР во денарска противвредност, сметано по среден курс на НБРСМ на денот на уплатата. Трошоците за ДДВ, данокот на промет на недвижност, адвокатски, нотарски и останати трошоци за промена на сопственоста, се на товар на купувачот. Заинтересираните лица се должни, понудата да ја достават во затворен коверт, на адреса на ул. Максим Горки број 6, Скопје, со напомена ПОНУДА-НЕ ОТВАРАЈ, за купување на недвижност реф.бр.0306/4280-1/2020, а внатре да се наведе: • •

Име и адреса на понудувач, телефон и електронско сандаче и Понудена цена

Рокот за доставување на понудите е 30 дена сметано од денот на објавата. Заинтересираните лица може да направат увид на лице место со претходно договорен термин. Лице за контакт: Александар Цветковски, телефон: 02 32 86 158 e-mail:prodazba@unibank.com.mk


Капитал број 1077 18.09.2020

10

ИНТЕРВЈУ

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

11

БОЈАН МАРИЧИЌ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

ПРОЧИСТУВАЊЕТО ВО СУДСТВОТО МОРА ДА БИДЕ КРЕДИБИЛЕН ПРОЦЕС, НЕ РЕВАНШИЗАМ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

12

ИНТЕРВЈУ

Новиот министер за правда Бојан Маричиќ има една исклучително битна и тешка задача - спроведување на најкрупните општествени реформи преку трансформација на судството што важи за партизирано, корумпирано и непрофесионално во систем што на граѓаните ќе им гарантира доверба и неселективна правда. Со Маричиќ разговаравме за неговите лични и за владините планови за промени, но и за препреките во овој процес што се таложени насекаде, низ сите општествени слоеви и структурите на бизнис круговите, клопчињата на опозицијата, ама и оние на власта, што секогаш е најтешко да се одмотаат.

разговара:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Р

XРеформата X во правосудниот систем е комплексна. Проблемите на прв поглед се толку распространети низ сите гранки на системот. Вие навистина амбициозно ветувате промени, но се наметнува прашањето колку Министерството за правда како една институција, може од корен да ги помести нештата? Доволно време сме заглавени со погледите кон проблемите – време е да се погрижиме да најдеме решение. Наша цел е системот предвиден на хартија во законите - да профункционира на дело. Во овој процес, во текот на целиот пат ќе биде и Европската Унија која има вистинска трансформативна моќ. Мојата мандатна мисија носи голема тежина, а тоа е градење на непристрасно, слободно и транспарентно правосудство. Граѓаните очекуваат резултати, а освен коренити промени ништо друго и не се смета за добар резултат. Инаку, точно е дека само едно министерство не може да ги направи реформите во целост, но Министерството за правда ќе биде клучниот иницијатор кој ќе ги поттикнува реформите. Во таа насока, очекуваме партнерство и соработка со судската власт и вклучување на Судскиот совет, Советот на Јавните обвинители, претседателот на Врховниот суд, Државната комисија за спречување на корупција, како и граѓанското општество. Сметам дека наша, заедничка должност и одговорност е да ја вратиме довербата на јавноста во правосудството. Сакам да потенцирам дека реформата во правосудството е нужна. Со влезот во НАТО нашата држава стана безбедна, но потребно е да ја изградиме и правната сигурност, а таа е и предуслов како за нормалното функционирање на општеството, така и за развој на стопанството и привлекување на инвестиции.

XЕдна X од главните реформи треба да биде нов Закон за кривична постапка, чекор што и многу експерти велат дека е потребен. Но, тој се носи со двотретинско мнозинство. Ако се сетиме колку труд и директна странска интервенција требаше за да донесе новиот Закон за ЈО, што од Брисел директно беше посочен како услов на европскиот пат, од каде ја црпите идејата дека опозицијата овој пат ќе биде конструктивна? Носењето на клучни, двотретински закони може да бидат камен на сопнување, но сметам дека е потребно да бидеме конструктивни поради јавниот интерес. Немаме резервна држава или повеќе време за трошење. Во процесот на евроинтеграции мораме со заеднички напори да ја градиме и да се бориме за иднината на граѓаните. Постои нешто што е над партискиот интерес и сметам дека опозицијата треба да биде свесна за тоа. Да се биде конструктивен во процесот на евроинтеграција значи да се работи за општиот, јавен интерес. Сепак, иако Владата е подготвена за соработка, колку ќе успееме да се сплотиме за јавниот интерес зависи од политичката волја на опозицијата. Од нас секогаш ќе има подадена рака за исполнување на целите на нашите европски интеграции и за реформите кои ги очекуваат граѓаните. Евроинтеграциите, водењето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права бара политичка зрелост и има потреба од соработка помеѓу власта и опозицијата, а Собранието е добар форум за политички дијалог. Доколку опозицијата се уште робува на поразените, деструктивни политики, штетата ќе ја платат државата и граѓаните. Ги повикуваме да ги надминат партиските интереси и да се грижат за интересот на граѓаните. XШто X е со политичката волја воопшто? Велите дека и крупните риби ќе мора да одговараат и тука практично го допирате главниот проблем, крупните риби и кога одговараат, одговараат поинаку. Како ќе реагирате? Подготвен ли сте и јавно да алармирате кога ќе се соочите со притисоци од центрите на моќ кои наивно е да мислите дека ќе ги нема? Еднаквоста пред законот не треба и не

смее да биде предмет на политичка волја или политички договори. Спроведувањето на законот не треба да биде предмет на влијанија од разни центри на моќ. Затоа и со сизифовски напори се менуваат нештата во правосудството, а отпорот кон промената е огромен. Јавноста е силен сојузник, но сепак, алармот за притисоците треба да се огласи во судството и обвинителство. Водилка во моето постапување секогаш ќе биде интересот на граѓаните. Затоа не се плашам од притисоци и верувам дека тие може да се совладаат со соработка од институциите и со поддршка од граѓаните и медиумите. Секако, ја сметам и бизнис заедницата за сојузник во овој процес. XДовербата X на граѓаните во судството на сите анкети е многу ниска и тоа е поразително за една демократија. Зборувате за прочистување... Јавна тајна е дека низ судскиот систем има судии чија вага се поместува низ партиски центри на моќ. Од друга страна, ЕУ е прилично шокирана од секоја најава за владина улога во одржувањето на судска "хигиена". Како ќе се одвива ова неопходно прочистување без да се претвори во упад и реваншистичка пресметка? Не е работа на извршната власт да се меша во решавање на конкретни судски случаи, но одговорноста на извршната власт е да ја зајакне довербата на граѓаните во правосудниот систем и да се зголеми транспарентноста, одговорноста, ефикасноста и етиката во правосудството. Впечатокот на јавноста за голем број на случаи пред судовите е дека правдата не е задоволена, додека случаите застаруваат. Прочистување или ослободување на правосудството од политички и било какви други влијанија стои како потреба и во меѓународни извештаи. Замислата или моделот како ќе се одвива ова прочистување мора да произлезе од Министерството за правда, со оглед на тоа дека самото од себе, судството или обвинителството можеби никогаш нема да се ослободи од влијанија - бидејќи со години оваа можност им стои на располагање и ништо не се случува. Секако, ова мора да биде апсолутно кредибилен процес во кој покрај домашната јавност и самите судии и обвинител, мора да имаат доверба и


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

13


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

14

ИНТЕРВЈУ

Маричиќ се соочи со оправдани забелешки на неговата најава за "прочистување" во судството ако се има предвид дека една таква "операција" може да биде злоупотребена од власта за да се отстранат судии што се не се политички "подобни". Министерот уверува дека нема простор за погрешно толкување: "Ова мора да биде апсолутно кредибилен процес во кој покрај домашната јавност и самите судии и обвинител, мора да имаат доверба и меѓународните партнери. Процесот не смее да добие призвук на реваншизам или политички прогон. Наша цел е да изградиме систем на владеење на правото којшто ќе ги наградува добрите судии и обвинители, а ќе ги санкционира или отстрани оние кои не се професионални во работењето." вели тој меѓународните партнери. Процесот не смее да добие призвук на реваншизам или политички прогон. Наша цел е да изградиме систем на владеење на правото којшто ќе ги наградува добрите судии и обвинители, а ќе ги санкционира или отстрани оние кои не се професионални во работењето. XДа X одиме чекор назад, пред да стаса предметот пред судија - Македонија нема доволно обвинители. Нема Обвинителство во земјава каде што се работи според систематизацијата. Фали кадар, а во голем дел обвинителства нема ни основни услови за работа, простории, опрема, интернет... Имате ли план за ова? Со донесувањето на Законот за Јавното обвинителство, отворивме можности за големо зајакнување и на буџетските и на кадровските капацитети, но и зголемување на овластувањата за борба против организираниот криминал и

корупцијата. Да не се залажуваме дека состојбите се идеални, но и да не бараме изговори дека работата не може да биде завршена. Точно е дека недостасува кадар, но во неколку наврати изминативе години се зајакнуваат кадровските капацитети како на судството, така и обвинителството. Воедно, еден од носечките столбови на програмата на Владата во областа правосудство е кадровско зајакнување со стручни соработници за секој судија и обвинител со цел да се подобри ефикасноста во постапувањето. XПоглавјата X 23 и 24, сега вклучени во Кластерот Фундаменти се клучни во реформскиот процес. Колку сите овие големи ветувања ги потпирате на помошта што и финансиски и суштински ќе доаѓа од Европа? Во процесот на трансформација на Северна Македонија добиваме огромна помош од страна на Европската Унија, како и Соединетите Американски Држави. Изминатиот период остварив бројни

средби со амбасадори на пријателски држави, членки на ЕУ, со кои ќе продолжи соработката за европеизација на државата. Добиваме голема поддршка која легитимно, во иднина ќе мораме и да ја оправдаме Во план е максимално искористување на компонентата за владеење на правото и правосудство за да се постигне максимален ефект во трансформацијата на Северна Македонија. Покрај големата помош од билатерални донатори, сепак најголемата финансиска помош во текот на преговорите и трансформацијата доаѓа преку ИПА програмата од ЕУ. Има сериозни проекти во рамките на ИПА програмата, меѓу нив е и ЕУ мониторингот на судските случаи, како и подобрување и унапредување на АКМИС-от, а ние очекуваме реформите да бидат следени со финансиска поддршка на ЕУ. Наскоро ќе доставиме и план за финансиска поддршка на приоритетите во правосудството за наредните седум години, односно до 2027 година. nnn



Капитал број 1077 18.09.2020

16

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

ВЛАДАТА ПОДГОТВУВА ЧЕТВРТ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕР

БИЗНИСОТ БАРА НОВА ФИНАНСИСКА ВАКЦИН ОД ДРЖАВАТА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ ПАНДЕМИЈ


www.kapital.mk

РКИ

А НА ЈА ЈАТА

Капитал број 1077 18.09.2020

17 Неколку изјави на високи владини претставници како вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, и министерот за финансии Фатмир Бесими, упатуваат на заклучок дека веќе се финализираат мерките од четвртиот пакет за помош на компаниите, но се уште нема детали на кој начин државата ќе помага да се премости кризата. Засега е извесно дека ќе се продолжи со издавање на платежни картички и тоа за пензионери со минимална пензија, за невработени што ги изгубиле работните места во екот на кризата, самохрани родители. Едно од главните барања на бизнис заедницата е да се врати мерката за исплаќање по 14.500 денари за вработен во дејностите што беа најмногу погодени од кризата. Од Стопанската комора на северозападна Македонија изјавија дека освен помош за плати, неопходно е да продолжи и поддршката со евтини кредити за оние фирми кои може да придонесат за развој на економијата.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

П

Првиот голем предизвик на новите министри во економскиот ресор на Владата не е воопшто лесен и во услови на пандемија која што се заканува веќе за еден месец да зададе втор силен удар и под притисок на бизнис заедницата, мора брзо да го решава – а тоа е да инјектираат нови свежи пари во стопанството што ќе им помогнат на компаниите да ја преживеат корона – кризата. Неколку изјави на високи владини претставници како вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, и министерот за финансии Фатмир Бесими, упатуваат на заклучок дека веќе се финализираат мерките од четвртиот пакет за помош на компаниите, но се’ уште нема детали на кој начин државата ќе помага да се премости кризата. Засега е извесно дека ќе се продолжи со издавање на платежни картички и тоа за пензионери со минимална пензија, за невработени што ги изгубиле работните места во екот на кризата, самохрани родители. Едно од главните барања на бизнис заедницата е да се врати мерката за исплаќање по 14.500 денари за вработен во дејностите што беа најмногу погодени од кризата. Институтот за економски истражувања и политики Finance Think кој веќе направи анализа на ефектите од оваа мерка

што траеше три месеци, во април, мај и јуни, исто така и сугерира на Владата да продолжи да ја применува од октомври. Предлогот на Finance Think е да се доделат 14.500 денари месечно по вработен за компании кои во третиот квартал, периодот јули - септември имале пад на приходите во однос на претходниот квартал, периодот април јуни. Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година. Очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници. Месечниот трошок за реализација на мерката би бил 16,6 милиони евра, а вкупниот трошок 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според процените на Институтот, е една четвртина од нововработените. Со реализација на мерката би имало и дополнителен приход во Буџетот врз основа на данок на личен доход и придонеси од најмалку 7,2 милиони евра.

Не само помош за плати, туку и евтини кредити

Од Стопанската комора на северозападна Македонија изјавија дека освен помош за плати, неопходно е да продолжи и поддршката со евтини кредити за оние фирми кои може да придонесат за развој на економијата. „Стопанската комора на северозападна Македонија, базирајќи се врз анализите од терен, и предлага на новата влада да продолжи со субвенционирање на платите до крајот на октомври, а ако пандемијата продолжи и до крај на годината. Исто така, многу е битна


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

18

ЕКОНОМИЈА Предлогот на Finance Think е да се доделат 14.500 денари месечно по вработен за компании кои во третиот квартал, периодот јули - септември имале пад на приходите во однос на претходниот квартал, периодот април јуни. Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година. Очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници. Месечниот трошок за реализација на мерката би бил 16,6 милиони евра, а вкупниот трошок 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според процените на Институтот, е една четвртина од нововработените.

финансиската поддршка за компаниите за да се одржи финансиската ликвидност на микро, малите и средни компании. Од друга страна, кредитите со минимална каматна стапка од Банката за развој бараме да продолжат за компаниите кои може да придонесат до развој на економијата“, велат од оваа стопанска комора. Колку вкупно ќе чини овој четврт пакет антикризни мерки засега не се знае, но министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека има простор во Буџетот да се одвои за сериозна поддршка на стопанството, дел преку пренамена на некои ставки што не се искористени, и дел со дополнително задолжување на домашниот пазар, ограничено до околу 60 милиони евра. „Ќе одиме со репрограмирање на средства од проектите за кои со голема веројатност се знае дека нема да се реализираат до крајот на годината со цел да има ефикасно и оптимално алоцирани средства што се планираат. Соодветно од големината на пакетот ќе видиме колку ќе влијае на јавниот долг за кој имаме јасно дефинирана позиција да биде во рамките на стабилно финансирање на нашата економија“, рече Бесими и додаде дека доколку се носи одлука за ребаланс тоа ќе биде до крајот на месецот. Прецизира дека во рамките на постојниот Буџет со планираните приходи и расходи се предвидува до крајот на годината да нема јавен долг над 60% од БДП. „Првенствено за финансирање на четвртиот сет мерки ќе гледаме каде

има можност за репрограмирање во постојниот Буџет од проекти за кои знаеме дека нема можност да се реализираат до крајот на годината. Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во Буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се дефинира сетот на мерки“, потенцира Бесими.

Поддршка на домашни, а не на увезени производи

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, исто така неодамна посочи дека во случај на пролонгирање на пандемијата, опфатот и времетраењето на досегашните политики би требало да се прошири, а во исто време би требало да се размислува и за нов добро таргетиран сет на мерки за економска поддршка кој би се применил при едно неповолно сценарио. „Инвестициите во јавната здравствена инфраструктура треба да продолжат, а во услови на ограничени финансиски ресурси потребно е однапред да се изврши приоретизирање на јавните расходи со цел зголемување на нивната ефикасност. Во исто време, треба да се води сметка да не се загрози одржливоста на јавниот долг и квалитетот на јавните финансии на среден рок. Во овој контекст, многу значајна ќе биде и поддршката од меѓународните финансиски институции,

БРОЈКИ

165

милиони евра досега се исплатени врз основа на сите мерки

40

милиони евра се поддршка за граѓаните

125

милиони евра се поддршка за бизнис секторот

500

милиони евра беше проценетата вредност на сите пакети мерки

кои и согласно со својот мандат треба да имаат многу активна улога токму во вакви кризни ситуации“, истакна гувернерката Ангеловска Бежоска додавајќи дека мерките треба да имаат голем мултипликативен ефект врз БДП, односно да се насочени кон: поддршка на домашните, а не увезени производи; да се насочени кон поранливите


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

19 сегменти на населението со цел заштита на животниот стандард; и поддршка на вложување во инфраструктурата со што ќе се вложува долгорочниот потенцијал и конкурентноста на економијата. Инаку, македонските власти од почетокот на март досега, донесоа три пакети антикризни мерки. Првиот сет мерки за прва помош на стопанството се донесе на средината на март заедно со здравствените мерки, а ги таргетираше трите најпогодени сектори во прво време, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаа запрена економска активност поради мерките на Владата со коишто најголем дел од бизнисите присилно се затворија. По прогласувањето на вонредната состојба, по десетина дена се донесе и вториот пакет мерки со кој Владата го прошири опсегот и одлучи да финансира исплата на минимална плата за работниците што работат во фирми коишто имаат над 30% намалување на приходите без оглед во кој сектор делуваат. Во мај се донесе третиот пакет на мерки главно фокусиран на поддршка на

Стопанската комора на северозападна Македонија, базирајќи се врз анализите од терен, и предлага на новата влада да продолжи со субвенционирање на платите до крајот на октомври, а ако пандемијата продолжи и до крај на годината. Исто така, многу е битна финансиската поддршка за компаниите за да се одржи финансиската ликвидност на микро, малите и средни компании. Од друга страна, кредитите со минимална каматна стапка од Банката за развој се бара да продолжат за компаниите кои може да придонесат до развој на економијата.

поранливите категории на граѓани, со директна финансиска исплата за луѓето што имаат помали примања од минималната плата во земјата. Според податоците од Министерството за

финансии, досега се исплатени околу 165 милиони евра врз основа на сите мерки, од кои околу 40 милиони евра поддршка за граѓаните и околу 125 милиони евра за фирмите. Сепак, тоа е само третина од


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

20

ЕКОНОМИЈА

проценетата вредност на овие мерки од околу 500 милиони евра.

Економската состојба е сериозна Прогнозата за следните месеци е сосема неизвесна и зависна во голема мера од ширењето на заразата, но изгледите се негативни. Македонските менаџери се песимисти во поглед на очекувањата за следниот период, па така во Анкетата за деловните тенденции спроведена во јуни од Државниот завод за статистика, истакнале дека обемот на производство дополнително ќе се намали во следните три месеци. Како најголем фактор за ограничувањето на производството ја навеле недоволната побарувачка од странство. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, кој ги сумира нарачките за производство, обемот на работа и состојбата на залихите, во јуни изнесува 12,2 и во споредба со истиот период лани е намален за дури 9,1 процентен поен. Народната банка уште во април направи сценарио според кое доколку пандемијата се пролонгира, продолжено дејство ќе имаат и негативните економски последици. Се чини, ова сценарио кое предвидува падот на БДП да биде подлабок за 2,3 процентни поени, односно од 3,5% според првината прогноза на оваа институција, да достигне 5,8%, станува се пореално. „Состојбата е многу сериозна особено што е голема неизвесноста поради здравствената криза. Во првата половина од годината има реален пад на економската активност од 6,4%. Согласно ребалансот кој е направен во мај приходите се скратени за 11,5% во однос на иницијалниот буџет. Државниот долг на крајот на вториот квартал годинава изнесуваше 50,7% од БДП. Зависно од проширувањето на здравствената криза можно е да има соодветна корекција на проектираниот економски раст во периодот што следи, но најважно е да ги заштитиме ранливите сегменти кај граѓаните и стопанството“, истакна министерот за финансии Бесими потенцирајќи дека е свесен дека нема да у биде воопшто лесно во овој мандат. Тој информираше дека приходите и расходите се реализираат во рамки на планираното. Заклучно со 15 септември реализација на расходната страна во Буџетот е 68,9% и 65,5% на приходната страна, а реализацијата на капиталните инвестиции е 41,2%.

НБРМ: Нема потреба од понатамошно олабавување на монетарната политика

Народната банка исто така ја информираше јавноста дека неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија.

ОД НБРМ сметаат дека мерките треба да имаат голем мултипликативен ефект врз БДП, односно да се насочени кон: поддршка на домашните, а не увезени производи; да се насочени кон поранливите сегменти на населението со цел заштита на животниот стандард; и поддршка на вложување во инфраструктурата со што ќе се вложува долгорочниот потенцијал и конкурентноста на економијата.

„Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на монетарната политика, доколку тоа е потребно“, истакнаа од централната банка. „Најновите макроекономски показатели покажуваат пад на бруто домашниот производ во вториот квартал од 12,7%, што во целост е во согласност со проекцијата на Народната банка според која очекуваното намалување изнесуваше 12%. По минималниот раст на економијата во првиот квартал од само 0,2%, во вториот квартал, економијата очекувано забележа досега најдлабок годишен пад, одразувајќи ги ефектите предизвикани од пандемијата на ковид-19. Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2020 година, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност. Ова е видливо преку забавувањето на годишните стапки на пад на индустријата и трговијата во јули, додека на месечна основа се забележува раст и во двата сектора“, велат од Народната банка. Инаку, централната банка во својот дел на делување, во три наврати ја намали каматната стапка на благајничките записи од почетокот на годината, со што сега е задржана на нивото од 1,5%. „Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните

текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на последната аукција да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари“, истакнаа од НБМ. Понатаму се наведува дека просечната годишна стапка на инфлација и натаму се одржува на релативно ниско и стабилно ниво, и за првите осум месеци од годината изнесува 0,8%, за што главно придонесуваат повисоките цени на храната. Во однос на проекцијата, ваквите остварувања се над очекувањата за 0% стапка на инфлација во 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, неизвесноста околу остварувањето на проекцијата на инфлацијата за 2020 година е зголемена. НБМ информира дека девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурна зона. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за август покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, кој е повисок во однос на проекцијата за третиот квартал од годината. nnn



Капитал број 1077 18.09.2020

22

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

АНАЛИЗА НА РАБОТЕЊЕТО НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА КОТИРАНИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЗА ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

КОВИД – КРИЗАТА ЧИНИ 130 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРИХОДИ И 9 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБЕНА ДОБИВКА


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

23

Вкупните приходи на котираните компании (без банките и останатите финансиски организации) во првите шест месеци од 2020 се помали за речиси 15% или за 130 милиони евра. Годинава и помалку компании оствариле оперативна добивка, додека вкупната нето добивка на акционерските друштва што објавиле неревидиран извештај е за 16,3% или за 9 милиони евра помала во однос на истиот период лани, покажува Извештајот за перформансите на котираните компании што го објави Комисијата за хартии од вредност.


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Зголемување на приходите е регистрирано кај двете друштва од секторот фармација и кај дел од друштвата од секторите индустрија, земјоделство, услуги. Намалување на приходите доминира во секторите трговија со нафта, каде двете друштва регистрираа намалување на приходите од редовно работење, како и кај друштвата од секторите индустрија, трговија, угостителство и услуги.

пишува:

Игор Петровски

K

igor.petrovski@kapital.mk

Корона – кризата го намали вкупниот приход на компаниите котирани на Македонската берза за речиси 15%, покажува Извештајот за финансиските перформанси на акционерските друштва за првото полугодие од 2020 година, што го објави Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Поточно, акционерските друштва од реалниот сектор (без банките и останатите финансиски компании) кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, во првото полугодие од годината реализирале приходи од редовно работење во

вкупен износ од 53,5 милијарди денари (870 милиони евра), што е намалување за 14,75% во однос на вкупно остварените приходи од редовно работење за истиот период минатата година (01.01-30.06.2019 година), кога овие друштва реализирале оперативни приходи во вкупен износ од 62,8 милијарди денари (1,02 милијарди евра). Најголем дел од остварените приходи во првото полугодие од 2020 година се остварени од друштвата од секторите индустрија (34,45%), трговија со нафта (29,57%), услуги (13,67%) и фармација (12,70%), додека значително помало е учеството на другите сектори во вкупно остварените приходи во шестомесечјето (градежништво со 5,84%, земјоделство со 1,97%, трговија со 1,47% и угостителство со 0,33%). Минатата, 2019 година, најголем дел од остварените приходи во првото полугодие се остварени од друштвата од секторите трговија со нафта (36,61%),

индустрија (32,18%), услуги (12,53%) и фармација (9,75%), додека значително помало е учеството на другите сектори во вкупно остварените приходи во полугодието (градежништво со 5,09%, земјоделство со 1,92%, трговија со 1,51% и угостителство со 0,41%). Кај 31 друштво забележано е зголемување на приходите, 58 друштва реализирале помали приходи од минатата година, додека 2 друштва воопшто не оствариле приходи во 2020 година. Зголемување на приходите е регистрирано кај двете друштва од секторот фармација и кај дел од друштвата од секторите индустрија, земјоделство, услуги. Намалување на приходите доминира во секторите трговија со нафта, каде двете друштва регистрираа намалување на приходите од редовно работење, како и кај друштвата од секторите индустрија, трговија, угостителство и услуги. Најголем дел (93%) од


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

25

Од акционерските друштва кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, оперативна добивка во првите шест месеци годинава оствариле 53 компании, односно 58,24% од нив го завршиле полугодието со позитивен финансиски резултат од оперативни активности, а 38 фирми, односно 41,76% покажале негативен финансиски резултат од оперативни активности – оперативна загуба. Во однос на минатата година, забележано е влошување на успешноста во работењето на дел од друштвата. Имено, од 90 друштва, 61 друштво (67,78% од друштвата) првото полугодие од 2019 година го завршиле со оперативна добивка, додека 29 друштва (32,22% од друштвата)

друштвата што регистрирале намалување на приходите во образложението имаат наведено дека намалувањето на приходите се должи на пандемијата со КОВИД-19 и нејзиното влијание на работењето на друштвата, се вели во извештајот на КХВ.

Годинава повеќе „загубари“

Од акционерските друштва кои објавиле полугодишни неревидирани

финансиски извештаи, оперативна добивка во првите шест месеци годинава оствариле 53 компании, односно 58,24% од нив го завршиле полугодието со позитивен финансиски резултат од оперативни активности, а 38 фирми, односно 41,76% покажале негативен финансиски резултат од оперативни активности – оперативна загуба. Во однос на минатата година, забележано е влошување на успешноста во работењето на дел од

друштвата. Имено, од 90 друштва, 61 друштво (67,78% од друштвата) првото полугодие од 2019 година го завршиле со оперативна добивка, додека 29 друштва (32,22% од друштвата) со оперативна загуба. За истиот период во 2020 година, 55 акционерски друштва од индустријата и другите не-финансиски дејности (60,44%) оствариле нето добивка во вкупен износ од 2,88 милијарди денари (47 милиони евра), а 36 акционерски


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

друштва (39,56%) за првото полугодие од 2020 година искажале нето загуба во вкупен износ од 750 милиони денари (12,2 милиони евра). Минатата година, од 90 друштва, 64 друштва (71,11% од друштвата) првото полугодие го завршиле со нето добивка во вкупен износ од 3,45 милијарди денари (56,2 милиони евра), додека 26 друштва (28,89% од друштвата) првото полугодие од 2019 година го завршиле со нето загуба во вкупен износ од 504,3 милиони денари (8,2 милиони евра). Три друштва, првото полугодие од 2020 година го завршиле со оперативна загуба, но реализирале нето добивка, односно завршиле со позитивен финансиски резултат што се должи на приходите од финансирање, а не на нивното редовно работење. Од друга страна, едно друштво полугодието го завршило со оперативна добивка, но реализирало нето загуба. Од 55-те акционерски друштва од стопанството кои оствариле нето добивка во првото шестмесечје оваа година, 3 друштва се од градежништвото, 3 друштва од секторот земјоделство, 30 друштва од индустријата, 9 друштва од секторот трговија, 1 друштво од секторот трговија со нафта и нафтени деривати, 1 друштво од угостителскиот сектор, 6 друштва кои вршат услужна дејност и 2 друштва од секторот фармација. Остварената нето профитна маржа на овие друштва се движи во распонот од 0,11% до 79,85%, при што просечно остварената нето профитна стапка по сектори највисока е во земјоделството, 10,35%, додека најниска во трговијата со нафта, само 0,45%. Може да се забележи дека освен во секторите фармација и земјоделство, каде е забележан пораст на нето профитната стапка, во сите други сектори нето профитната стапка бележи намалување во првото полугодие од 2020 година во однос на истиот период минатата година.

Ликвидноста на задоволително ниво

Вкупната актива на акционерските друштва oд не – финансискиот сектор кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, во првото полугодие од годината изнесува 140,8 милијарди денари (2,3 милијарди евра) и истата е за 1,37% поголема во однос на вкупната актива на друштвата на крајот од првото шестoмесечjе минатата година. Во поглед на изворите на финансирање на акционерските друштва, вкупните нивни обврски 30.06.2020 година се зголемиле за 1,44% од 54,3 милијарди денари минатата година на 55 милијарди денари на 30 јуни оваа година,

додека вкупниот износ на капиталот и резервите на друштвата се зголемил за 1,33% од 84,5 милијарди денари минатата година на 85, 7 милијарди денари оваа година. Поголемиот дел од акционерските друштва од стопанството на 30.06.2020 година имаат задоволително ниво на ликвидност. Имено, 32 друштва од вкупно 91 друштва (35% од акционерските друштва од не – финансискиот сектор) имаат показател на тековна ликвидност поголем од 1, што значи дека овие друштва располагаат со доволно тековни средства за да ги покријат краткорочните обврски на друштвото. При тоа, 32 друштва од вкупно 91 друштво (35% од друштвата од не – финансискиот сектор) имаат тековна ликвидност повисока од 2, што значи дека краткорочните обврски се солидно покриени со тековни средства. Од друга страна, пак, 27 од друштвата имаат тековна ликвидност под 1, што значи дека не располагаат со доволно ликвидни средства за да

ги покријат краткорочните обврски. Што се однесува до ликвидноста на друштвата во првото полугодие минатата година, 62 друштва од вкупно 90 друштва (69% од друштвата) имале ликвидност поголема од 1, додека кај 28 друштва (31% од друштвата), показателот на тековна ликвидност бил под 1. Во поглед на задолженоста на друштвата на 30.06.2020 година, 63 друштва (69% од друштвата) имаат коефициент на вкупна задолженост помал од 50%, што значи дека средствата на овие друштва претежно се финансираат со сопствени извори, додека кај 28 друштва (31% од друштвата) коефициентот на вкупна задолженост е поголем од 50%, што упатува на заклучок дека активата на овие друштва претежно се финансира со обврски. Коефициентот на задолженост и минатата година кај 63 друштва бил помал од 50%, додека 27 друштва имале коефициент на задолженост поголем од 50%.nnn


БРЗИ И ЕДНОСТАВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ БИЗНИСИ Oтварање на сметка за компанија преку однапред закажан состанок на телефонскиот број 02/2446-000, mkd.info@procredit-group.com или MKD.verysmallunit@procredit-group.com Кредити за инвестиции и обртни средства до 50.000 Евра и рефинансирање на кредити од други банки, рок на отплата 5 години. Кредит за обртни средства до 30.000 ЕУР, со меница

БРЗА ОДЛУКА ЗА 3 ДЕНА www.pcb.mk


Капитал број 1077 18.09.2020

28

www.kapital.mk

БАНКИ И ФИНАНСИИ

СОРАБОТКА НА НЛБ БАНКА И ЕБОР

КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСИТЕ И ДОМАЌИНСТВАТА Една кредитна линија е од 5 милиони евра, наменета за инвестиции во заштита на човековата околина, безбедноста на работниците и квалитет на производите, како и сигурност во работењето. Втората кредитна линија од 3 милиони евра е за поддршка на инвестициите во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сопственост.


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

29 пишува:

Игор Петровски

Е

igor.petrovski@kapital.mk

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје деновиве потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија. Финансискиот пакет се состои од: u Кредитна линија од 5 милиони евра од Програмата за поддршка на конкурентноста на локалните мали и средни претпријатија, за инвестиции за надградба на производните капацитети во насока на зголемена комплементарност со различните ЕУ Директиви во областа на заштита на човековата околина, безбедноста на работниците и квалитет на производите, како и сигурност во работењето. Оваа програма е поддржана од Европската Унија и НЛБ Банка ќе биде петтата македонска банка која ќе се приклучи на истата; u Кредитна линија од 3 милиони евра од Програмата за финансирање на зелена енергија за поддршка на инвестициите во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сопственост. НЛБ Банка ќе биде четвртата локална банка која ќе се приклучи на програмата поддржана од Европската Унија, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан. Со цел справување со пандемијата предизвикана од Covid 19 вирусот, во земјава беа преземени ригорозни мерки, а кризата имаше негативно влијание на економијата во целост. И покрај негативните ефекти од кризата, побарувачката за продукти наменети за подобрување на конкурентноста

и обезбедување на енергетската ефикасност, остана на високо ниво. Се очекува овие две кредитни линии да ги покријат токму овие потреби, велат од НЛБ и ЕБОР. Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Среќни сме што НЛБ Банка стана дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија. Програмата за поддршка на конкурентноста е програма развиена од ЕБОР и ЕУ, преку која локалните мали и средни претпријатија се поддржани во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравје и безбедност, како и квалитет на производи; области каде сакаме македонските претпријатија да се издигнат, бидејќи се стремат кон интеграција во регионалните и Европските пазари. Програмата за финансирање на зелената економија се фокусира на кредитирање на побарувачката за енергетска ефикасност од страна на граѓаните, која продолжува и во овие времиња на предизвици, но ние остануваме да им бидеме на располагање на клиентите во поддршка на зелената транзиција на Северна Македонија.” Антонио Аргир, Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка додаде: “Обезбедувањето на овој финансиски пакет е од особена важност за нашите клиенти затоа што ќе им се обезбеди полесен пристап до средства за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија, остварување на енергетски заштеди и заштита на животната средина. Со новите кредитни линии ќе ја збогатиме понудата на Банката со нови кредитни продукти и силно веруваме дека истите ќе побудат интерес кај македонските компании и населението. Склучувањето на овој договор е уште еден доказ за успешната соработка која низ годините ја градиме со ЕБОР и нашата заедничка мисија да обезбедиме континуирана

поддршка на растот на македонската економија “. Со оваа конкурентна кредитна понуда прилагодена на актуелните потреби на пазарот продолжува континуираната долгогодишна соработка меѓу ЕБОР и НЛБ Банка. Преку неа Банката успешно ја потврдува својата позиција на промотор и поддржувач на растот на локалните бизниси и воопшто населението. Со овие продукти клиентите истовремено ќе имаат помали трошоци заради енергетските заштеди, но и ќе добијат одреден процент на поврат на средства по успешно реализираната инвестиција НЛБ Банка АД Скопје има значајно искуство во пласирање на кредити од ЕБОР, кои им помагаат на бизнисите и домаќинствата во

подобрување на енергетската ефикасност и поттикнување на конкурентноста. НЛБ Банка АД Скопје е една од трите најголеми македонски банки, со мрежа од 52 експозитури на национално ниво, преку која ќе се пласираат средства од оваа кредитна линија. ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над две милијарди евра во 134 проекти во земјата. ЕБОР одлучно одговори на пандемијата и сега е посветена на насочување на активностите во справување со економските последици од КОВИД-19, со вкупен пакет на поддршка од 21 милијарди евра, до крајот на 2021 година. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

30

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ПРОБИВ НА ДАЛЕЧНИ ПАЗАРИ И СРЕДЕ КОРОНА - КРИЗАТА

ПРВ ИЗВОЗ НА „ВИТАМИНКА“ ВО ЈАПОНИЈА Јапонските потрошувачи за почеток ќе се насладуваат со карамел бисквитот произведен во прилепската фабрика за прехранбени производи. Витаминка извезува во преку 30 земји во моментов.

пишува:

Игор Петровски

Ф

igor.petrovski@kapital.mk

Фабриката за прехранбени производи „Витаминка“ од Прилеп го реализираше првиот директен извоз во Јапонија, јавија од компанијата. Пласманот на производите на „Витаминка“ на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренцијата и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија ширум саемите во светот, реализирани пред корона кризата. Моментално „Витаминка“ има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

„Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи“, вели Љупчо Велески, директор на Сектор извоз во „Витаминка“. Тој додава дека продорот што го направиле во „земјата на изгрејсонцето“ е резултат, пред се’ на квалитетот на нивните производи, како и извозната стратегија што ја развиваат континуирано и што дава позитивни резултати. Компанијата го испорача првиот контејнер на „Карамел бисквит“, со нивен оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. „Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите

од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за Витаминка”, вели Велески. Извозот на Витаминка во Јапонија е поздравен и од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со желби за долгорочна соработка и наклонетост на тамошните потрошувачи. „Витаминка“, инаку, во првите шест месеци од годинава има зголемени приходи од продажба на своите производи за 6%, и тие изнесуваат речиси 1,2 милијарди денари, или 19,4 милиони евра. Резултатот е до толку позначаен, што е остварен во период на разорните ефекти од пандемијата на коронавирусот, кога неколку месеци беа отежнати условите за продажба, транспорт и дистрибуција на прехранбените производи. Од вкупното производство, „Витаминка“ 36% извезува во моментов, и во однос на приходите од пласманот на странски пазари во истиот период лани, не е забележана промена, додека на домашниот пазар продажбата е зголемена за 10%. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

32

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ДА СЕ ИЗБЕГНУВААТ АКЦИИ ОД КОМПАНИИ ШТО НЕ ГО ПРИЛАГОДИЛЕ СВОЈОТ БИЗНИС НА НОВИТЕ УСЛОВИ СОЗДАДЕНИ ОД ПАНДЕМИЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

33 „Сега претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време - се зборува за пет години и повеќе. Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина.“, велат аналитичарите од Генерали Инвестментс. пишува:

Игор Петровски

В

igor.petrovski@kapital.mk

Втората недела од септември донесе забавување на берзите, иако корекцијата на технолошките акции продолжи, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен неделен извештај за случувањата на светските пазари на капитал. „Пандемијата се смири во САД и Јужна Америка, каде се прават помалку испитувања отколку во минатото, а бројот на заразени лица во Европа достигнува рекордно ниво при рекордни нивоа на тестирање, но смртноста и хоспитализациите остануваат значително помали отколку во пролетта. Со подобро запознавање на вирусот, имаме подобар одговор, но сепак постои страв од тоа што ќе донесе доцната есен и зима, кога ќе се појави периодот на настинка и грип. Земјите силно избегнуваат заострување на обемот на ограничувања и карантини бидејќи тие имаат големо негативно влијание врз економиите, но неизвесноста во некои сегменти особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за економската активност се прилично несигурни. Туризмот, авиопревозничката индустрија и сродните услуги продолжуваат да трпат загуби, а есенската сезона во Европа е сериозно ограничена и зависна главно од локални (домашни) гости. Економската активност продолжува да се зајакнува, но останува далеку под нивото пред корона кризата.“, велат од Генерали.

Каматните стапки ниски уште долго време

Најновите кинески економски податоци покажуваат солидна слика за извозот и за увозот, а Кина е една од првите земји каде аналитичарите за нијанса ги подобрија своите прогнози за раст на БДП, особено за 2021 година. Според аналитичарите на Генерали, претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години и повеќе).

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА АКЦИИ ОД СЕКТОРИТЕ ЗДРАВСТВО, ПОТРОШУВАЧКА И НЕГА Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор.“, велат од Генерали Инвестментс. Повторно ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели, велат од Генерали Инвестментс. Според нивните аналитичари, некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. „Сепак, нема време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се распредели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува и покрај корекцијата го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна корекција. И покрај релативно слабата позиција на глобалните економии и неизвесната есен, трендот на раст на пазарите може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД и поради тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. И покрај неколкудневната корекција, се намали само августовскиот раст, а приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.“


Капитал број 1077 18.09.2020

34

www.kapital.mk

СВЕТ Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина. Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува, сега веќе видлива главно преку притисокот врз апликацијата TikTok, а најновиот „технолошки партнер“ изгледа ќе биде компанијата Oracle. Солидната позиција на европската економија и затишјето на политичката сцена, продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот, што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и ќе го задушат растот на еврото во споредба со доларот.

Големи аквизиции и IPO-а (ќе)се случуваат

Солидната позиција на европската економија и затишјето на политичката сцена, продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот, што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и ќе го задушат растот на еврото во споредба со доларот.

Компанијата Snowflake која нуди cloud интернет услуги, неделава требаше да почне да ја тргува својата акција на берзата во Њујорк и се очекуваше огромен интерес, но процената за 34 милијарди долари пазарна вредност со 532 милиони долари приходи се граничи со бајка. Негативната реторика, пак, меѓу САД и Кина продолжува, сега веќе видлива главно преку притисокот врз апликацијата TikTok, а најновиот „технолошки партнер“ изгледа ќе биде компанијата Oracle.

Корекцијата на пазарите продолжи минатата недела, иако не беше толку изразена како во првата недела од септември. Повторно најбрзо растечки беа акциите од технолошкиот сектор и особено акциите каде што процените се речиси фантастични. За време на викендот излегоа некои предвидувања за големи аквизиции (Nvidia го купува ARM Holdings, TikTok од страна на Oracle и Gilead кои купуваат портфолио на лекови против рак), што го врати пазарот на позитивна територија, но ќе видиме дали овој лек ќе ги даде посакуваните резултат. Процените особено на технолошките акции и акциите поврзани со online или „Остани дома“ економијата, остануваат многу високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред да пукне dot-com меурот. Централните банки се уверени дека парите се прелеваат на пазарите на капитал, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Бизнисот на технолошките компании оди добро, стапките на раст се високи, но јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (премногу) голем и покрај последната корекција, а причините се наоѓаат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Компанијата Snowflake која нуди cloud интернет услуги, неделава требаше да почне да ја тргува својата акција на берзата во Њујорк и се очекуваше огромен интерес, но процената за 34 милијарди долари пазарна вредност со 532 милиони долари приходи се граничи со бајка. Цената веројатно ќе порасне на почетокот на котацијата, бидејќи медиумски е добро поддржана, но нема простор за грешки при вакви процени. Во САД неизвесноста се зголемува како што се приближуваат изборите, а тоа се рефлектира на зголемената нестабилност на пазарите, што очекуваме да продолжи и во периодот есен - зима. Високите процени на пазарите, а особено на технолошките акции укажуваат на претпазливост. nnn



Капитал број 1077 18.09.2020

36

ЛИДЕРИ

РИД ХЕЈСТИНГС

ОСНОВАЧ И КО – ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА NETFLIX

ЧОВЕКОТ ШТО СОЗДАДЕ КОМПАНИСКА КУЛТУРА ШТО ЕДНИ ЈА МРАЗАТ, А ДРУГИ ЈА ОБОЖУВААТ Со лансирањето на Netflix во 1997 година како сервис за изнајмување на ДВД филмови по пошта, заедно со Марк Рендолф, Хејстингс беше една од „ластовичките“ што најави дека интернетот е иднината на дистрибуцијата. Прво со помош на старите филмови и ТВ серии што холивудските студија и ТВ мрежи беа расположени да ги продадат, а потоа и преку сопствената продукција како на пример, „House of Cards“ или „Stranger Things“, Netflix успеа да изгради глобална мрежа на претплатници од речиси 200 милиони домаќинства што ги користат неговите услуги за стриминг на видео содржини. Градејќи го овој технолошки гигант, Хејстингс изгради и карактеристична, а за некои и прилично радикална корпоративна култура.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

37


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

38

ЛИДЕРИ

Во неговата нова книга „No Rules Rules: Netflix and the Culture of Reinvention“, Хејстингс вели дека да се биде дел од компанијата е слично како тоа да сте дел од некој спортски тим: да ве исфрлат од тимот е разочарувачки, но не е срамно. „За разлика од многу компании ние го практикуваме правилото: просечни перформанси носат богата отпремнина“, е еден од слоганите на Netflix.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

К

Како основач и ко – извршен директор на Netflix Inc., Рид Хејстингс го преобликува начинот на којшто луѓето гледаат телевизија, но исто така и начинот на којшто воопшто функционира индустријата за забава во светот, пишува Wall Street Journal деновиве. Со лансирањето на Netflix во 1997 година како сервис за изнајмување на ДВД филмови по пошта, заедно со Марк Рендолф, Хејстингс беше една од „ластовичките“ што најави дека интернетот е иднината на дистрибуцијата. Прво со помош на старите филмови и ТВ серии што холивудските студија и ТВ мрежи беа расположени да ги продадат, а потоа и преку сопствената продукција како на пример, „House of Cards“ или „Stranger Things“, Netflix успеа да изгради глобална мрежа на претплатници од речиси 200 милиони домаќинства што ги користат неговите услуги за стриминг на видео содржини. Градејќи го овој технолошки гигант, Хејстингс изгради и карактеристична, а за некои и прилично остра корпоративна култура. Компанијата ги охрабрува

вработените да преземаат големи ризици, обично без потребата од одобрувања од цел синџир на шефови над нив, како и да комуницираат „без ракавици“. Еден од најпознатите примери на радикално транспарентниот менаџмент стил во Netflix е фамозниот The Keeper Test. Идејата е да го прашате вашиот шеф: „Ако сакам да заминам, колку силно би се бореле за да ме задржите?“ Ако одговорот е нешто во стилот “па не би се претргнал(а) баш“, тогаш можеби е време да си заминете од фирмата. Во неговата нова книга „No Rules Rules: Netflix and the Culture of Reinvention“, Хејстингс вели дека да се биде дел од компанијата е слично како тоа да сте дел од некој спортски тим: да ве исфрлат од тимот е разочарувачки, но не е срамно. „За разлика од многу компании ние го практикуваме правилото: просечни перформанси носат богата отпремнина“, е еден од слоганите на Netflix. Оваа култура тера некои од вработените постојано да се наоѓаат во некој страв, загрижени околу тоа дека околината не ги перципира како врвни работници.

Компаниска култура што не е за сечиј стомак

Во 2018 година, WSJ направи анкета разговарајќи со 70 актуелни и поранешни вработени во Netflix, при што на моменти компаниската култура беше опишана како безмилосна и транспарентна “до точка на дисфункционалност.“ Некои од вработените рекле дека

чувствувале толкав притисок, што си дале отказ уште пред и да бидат евентуално отпуштени. Хејстингс сака да истакне дека луѓе од секаков бекграунд можат да успеат во компанијата. Тој вели дека од 20-те топ менаџери на компанијата, половина се жени, а четвртина не се белци, иако и самиот признава дека компаниската култура на Netflix не е за секого. „Оние што чувствуваат страв веројатно е дека ќе си заминат, затоа што чувството е непријатно. И навистина, атмосферата е најсоодветна за луѓето што интелектуално можат да ги спознаат ризиците, но во суштина се радосни поради тоа што имаат прилика да играат покрај одлични колеги во тимот“, вели Хејстингс. „Ваквата бизнис клима секако дека може да се злоупотреби“, вели Џонатан Ни, професор на Columbia Business School и поранешен инвестициски банкар. Тој сепак му оддава признание на Хејстингс поради тоа што се обидува да направи нешто поинакво и што успеал да постави подобар работна средина од голем број американски компании каде што луѓето газат како врз јајца околу некои теми што се прилично тешки, попрво одошто да ги адресираат директно. „Културата на Netflix е позната, или озлогласена, во зависност од вашата гледна точка, по тоа што нештата се кажуваат такви какви што се“, вели ко авторката на “No Rules Rules”, Ерин Маер. Во едно свое интервју за NPR, Хејстингс признава дека компаниската култура


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

39


Капитал број 1077 18.09.2020

40

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

понекогаш знае да биде остра, дури и за него. Неговиот лидерски стил во една прилика е опишан како „растоварен од емоции“, дефиниција што и некои од колегите дури му ја кажале в лице. Потпретседателот на Netflix, пак, еднаш му има кажано дека не е добар слушател и дека често знае да нема емпатија за другите. „Ова, да бидам искрен, и покрај моето ниво на успех, боли. Мислев дека сум подобар на тоа поле. Но, фидбекот е како вежбање, тоа се оние последни склекови што болат најмногу, но што те прават посилен“, вели Хејстингс. Уште нешто што боли? Откритието дека на вработен во Тајван му биле исплатени 100 илјади долари за патни трошоци, инцидент што Хејстингс исто така го опишува во книгата. Вработениот бил отпуштен. Но, со оглед дека во компанијата не е потребно одобрување за патните трошоци, случајот останал незабележан цели три години. „Предизвикот со давањето слобода е во тоа што таа може да се злоупотреби.“, вели Хејстингс. “Малкумина досега ја злоупотребиле, но штета е кога ќе се случи“. Wall Street Journal разговараше со првиот човек на Netflix преку видео врска, а Хејстингс одговараше на прашањата од собата на неговиот син во семејниот дом во Санта Круз, Калифорнија. Пренесуваме дел од најинтересните одговори:

„ Работењето од дома не е никаква придобивка“

WSJ: Кои елементи од компаниската култура на Netflix е потешко да се запазат сега кога голем број вработени работат од дома? Хејстингс: Дебатирањето околу идеи сега е потешко. WSJ: Сте забележале ли некаков бенефит од тоа што луѓето работат од дома? Хејстингс: Не. Не гледам никакви придобивки. Да не може да се сретнеш лично, особено меѓународни состаноци и сл., е вистински хендикеп. Импресиониран сум од жртвите што ги прават луѓето. WSJ: Се очекува многу компании да преминат на системот работа-од-дома за голем број нивни вработени и откако ќе помине Ковид – 19 кризата? Што мислите за ова? Хејстингс: Ако треба да нагаѓам, мислам дека петдневната работна недела ќе стане четири дена во канцеларија и еден ден виртуелно од дома. Би се обложил дека доста компании ќе завршат со овој систем. WSJ: Дали отприлика знаете кога вашите вработени ќе се вратат во канцеларија? Хејстингс: Дванаесет часа откако ќе биде одобрена вакцината. WSJ: Ми се допаѓа ова. Хејстингс: Веројатно шест месеци откако ќе се одобри вакцината. Откако ќе ги вакцинираме повеќето од луѓето, тогаш веројатно ќе се вратат во канцеларија. WSJ: Во вашата книга велите, „Невозможно е да се каже каде ќе биде за

КАКО НАПОРНАТА РАБОТА МОЖЕ ДА ВИ ДОНЕСЕ ОТКАЗ И УШТЕ 15 ДРУГИ ПРАВИЛА ВО NETFLIX Ако напорно работите може да бидете отпуштени. Годишниот одмор е неограничен. Лојалноста не е фактор за зачувување на работното место... Прочитајте некои од најинтересните правила на корпоративната култура на Netflix. 1. Адекватен, а не одличен учинок ќе ви донесе великодушна отпремнина. 2. Ние сме тим, а не семејство. Бизнис лидерите во Netflix вработуваат кадри, ги развиваат и ги отпуштаат паметно. Па така имаме ѕвезди на секоја позиција. 3. Колку повеќе талент имаме, толку повеќе може да постигнеме. Внатрешни подметнувања, саботирања на колеги и сл., не се толерираат. 4. Безгранична лојалност кон фирма што пропаѓа или кон неефективен работник за нас е бесмислена. 5. Не ги цениме луѓето по тоа колку часа работат или колку често се во канцеларија. Учинок со оценка 4, и покрај напорот за петка, резултира со великодушен пакет за отпремнина. Со должна почит. Додека, очигледен учинок со оцена 5, и покрај минималниот напор, е наградуван со поголема доверена одговорност и одлична плата. 6. Нашиот модел е да ја зголемуваме слободата на вработениот како што расте компанијата, а не да ја ограничуваме. 7. Годишни одмори: Нема политика за тоа. Нема ни кодекс за облекување во Netflix, но никој не доаѓа гол на работа. Наравоучение: Не ти требаат политики за се’ и сешто. 8. Netflix политики за трошоци, репрезентација, патување и сл.: Нека бидат во најдобар интерес на компанијата. 9. Еден извонреден вработен дава повеќе ефект и чини помалку одошто два “адекватни“ вработени. 10. Без оглед дали растеме или паѓаме, плаќаме најдобро на пазарот. Спортските тимови што губат често се’ уште ги плаќаат играчите колку што треба со цел да се вратат на победничката патека. 11. Нема бонуси, нема никакви слични надоместоци. Сите расходи ги ставаме во големи плати и им даваме на луѓето слобода да ги трошат како што сакаат. 12. Нема рангирање во однос на други вработени. 13. Netflix не треба да е доживотна определба. 14. Ако менаџер треба да унапреди некого за да не си замине, тогаш треба да го унапреди сега, наместо да чека. 15. Просечни колеги и работа без предизвици го убиваат развојот на личните вештини.


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI www.kapital.mk

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156

Капитал број 1077 18.09.2020

41


www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

42

ЛИДЕРИ

Во едно свое интервју за NPR, Хејстингс признава дека компаниската култура понекогаш знае да биде остра, дури и за него. Неговиот лидерски стил во една прилика е опишан како „растоварен од емоции“, дефиниција што и некои од колегите дури му ја кажале в лице. Потпретседателот на Netflix, пак, еднаш му има кажано дека не е добар слушател и дека често знае да нема емпатија за другите.

пет години бизнис како нашиот.“ Какви тоа прогнози давате вие? Хејстингс: Продолжуваме да експериментираме. Бизнис моделот ќе биде горе – долу ист и за пет години. Можеме ли да знаеме домашниот начин на забава до каде ќе отиде? Можеме ли да го внесеме Disney во таа приказна?

„ Најдобрите играчи мора и најдобро да ги платите“

WSJ: Велите дека сакате Netflix да биде способен да предвидува неочекувани прилики. Имате ли пример за такво нешто? Хејстингс: Содржините што не се фикција се одличен пример. Ние почнавме како супер – премиум телевизија, и потоа експанзијата во не – фикција делот беше огромен успех. Целото ова споделување на содржини низ целиот свет беше огромен успех. Претходно, се мислеше дека Американците не би гледале содржини што се креирани надвор од САД. WSJ: Netflix форсира своевидно радикално искрено комуницирање. Колку можат искрени да бидат луѓето едни со други од гледна точка на менаџмент – вработени? Хејстингс: Сакаме луѓето да бидат многу конструктивни. Не сакаме да лутаат наоколу како некакви пијаници, кажувајќи им ужасни нешта на останатите. Сакаме да бидат придвижувани од позитивни намери, да креираат средина каде што луѓето ќе „цутат“ од добивањето фидбек. Како кога правите склекови или трчате – боли, ама знаете дека така ви се зајакнува телото. Слично треба да се размислува и во контекст на давањето

фидбек: креира доволно непријатност од самото дознавање, но не до толку за да го нападнете тој што ви дава фидбек. WSJ: Исто така имате напишано, „Само оној директор што не е постојано зафатен, всушност си ја работи својата работа“. Сигурни сме дека многумина директори и нивните семејства не би се согласиле. Може ли да објасните? Хејстингс: Не би сакале како главен директор, да бидете проголтани од секојдневното одлучување. За мене, премногу е да носам одлуки околу изборот на глумци во нашите серии, или карактеристики за некој продукт, итн. Премногу ќе бидете зафатени поради тие работи, па дури и добро да ги правите, нема да мислите доволно за долгорочниот развој и состојба на бизнисот. Треба да знаете што се случува на сите полиња, но не и да носите одлуки.

„ Политиката и бизнисот не функционираат исто“

WSJ: Неодамна решивте да ја делите извршната позиција со главниот директор за содржини, Тед Сарандос. Но, корпоративниот свет е полн со примери кога ваквите ко – директорски структури не функционираа баш добро. Хејстингс: Полн е и со примери каде што еден единствен директор не функционира, исто така. Ко- директорските структури не се необична работа, тоа е сигурно. Функционира добро кога двајца луѓе навистина соработуваат одлично. Тед и јас работиме заедно повеќе од 20 години. Тој беше всушност виртуелен ко – директор неколку години, и на крајот решивме тоа да го официјализираме.

WSJ: Netflix е познат по тоа што дава највисоки плати во индустријата. Не сте ли загрижен дека тоа ги зголемува значително трошоците за вас и останатите во Холивуд? Хејстингс: Најдобрите спортски тимови се обично оние што ги плаќаат најдобро своите играчи. Ние сакаме да ги имаме апсолутно најдобрите играчи и нивната плата мора да биде во согласност со перформансите. Попрво би имале три извонредни луѓе, одошто четири што се само ОК. WSJ: Исто така, пишувате во книгата дека вредноста на некој вработен не треба да се мери според времето, односно дека никогаш не обрнувате внимание на тоа по колку часа работат луѓето. Сепак, многу луѓе во Netflix ја опишуваат атмосферата како 24/7. Нели ве загрижува опасноста од лошиот баланс помеѓу работата и приватниот живот на вработените и можните burnout ефекти? Хејстингс: Пак во спортски контекст, гледајте на ова од перспектива на тренерот: не е битно колку часа поминува еден играч во сала, туку колку добро игра. Но, ако сакате да играте на елитно ниво, веројатно треба малку повеќе да поминете во вежбална. WSJ: Како културата на Netflix би функционирала во политиката? Хејстингс: Политиката е специфична, затоа што многу често луѓето избираат политичари што многу лажат. Во бизнисот, ние навистина се трудиме да го избегнеме тоа. Вештините за да успеете во политиката се прилично различни од оние за во бизнисот. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

44

MEНАЏМЕНТ

СЕКОЈ ЛИДЕР ТРЕБА ДА БИДЕ ПРОДАВАЧ Без разлика дали е шеф на човечки ресурси, ИТ или финансии, секој член во менаџмент тимот мора да знае да продава

В

Во јавноста обично преовладува мислењето дека луѓето од продажба се посебна сорта на луѓе, кои обични се премногу екстровертни, со голема самодоверба и дарба убаво да зборуваат и убедуваат. Во реалноста, интровертните луѓе можат да бидат подобри во продажба и посветеноста е всушност најдобра карактеристика според која може да се предвиди успех, без разлика за која бизнис функција станува збор. Без оглед на се, кога станува збор за проширување на целите на една компанија секој лидер мора да има способност да ја продаде својата визија, без оглед дали тој е на чело на секторот за човечки ресурси, одделот за информатичка технологија или финансии. Сите лидери и раководители во една компанија мора да имаат способност и вештина да продаваат. Еве четири причини зошто е тоа така: Лидерите кои умеат да продаваат се здобиваат со кредибилитет Можете да го познавате секој детал од вашата работа и целата сложеност која таа ја вклучува, но ако не можете за неа да зборувате на јазикот на вашите

1

колеги, подредени или партнери, ќе биде многу потешко да ја здобиете нивната доверба. НАјдобрите продавачи се оние луѓе кои знаат да градат врск и и затоа секој лидер мора да ја вежба таа вештина. Врската е таа каде што се случува влијанието. Лидерите кои умеат да продаваат ја движат работата побрзо Добриот лидер ги мотивира луѓето да го дадат најдоброто од себе, да ги прифатат промените и да се подобруваат. За тоа да се случи, луѓето кои се на врвот мора да имаат моќ на убедување, што е уште еден важен сегмен опри продажбата. Мора да умеете да ја раскажете приказната, без оглед дали сте финансиски диркетор или шеф на одделот за информатичка технологија. Ако го немате тој момент и ако не ја кажете вистинската приказна со која луѓето ќе можат да разберат зошто тие мора да ги направат работите на одреден начин, тие ќе имаат отпор кон промените и работата ќе оди побавно. Лидерите кои умеат да продаваат создаваат поголема додадена вредност Секој лидер мора да умее да излезе надвор и да го прошири зборот за

2

3

тоа што ја прави компанијата добра. Можеби продажбата не е стриктно прошишана во обврските на еден финансиски директор, оваа вештина секако ќе помогне компанијата да го прошири својот таргет. Ако можете да бидете личноста која ќе отиде на некој настан, конференција, вечера и да самоуверено да зборувате за бизнисот на компанијата пошироко од вашите работни обврски, тоа додава вредност на компанијата. Лидерите кои умеат да продаваат ги привлекуваат најдобрите таленти Ако лидерот не умее да ја продаде визијата на компанијата на кандидатот за работа, малку е веројатно дека тој ќе биде возбуден и ќе сака да и се придружи на компанијата. Секоја лидер мора да биде способен да ја продаде компанијата и нејзините можности за напредок на телентираните кандидати за работа. Ако лидерите не умеат да ја продадат големата слика на вашата компанија, пропуштате многу таленти кои едноставно не можат да бидат привлечени од луѓе кои не умеат да продаваат. nnn

4



www.kapital.mk

Капитал број 1077 18.09.2020

46

ЛИДЕРИ

РИД ХОФМАН КО - ОСНОВАЧ НА LINKEDIN

ДОБРИТЕ ПРИЛИКИ РЕЧИСИ НИКОГАШ НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО ВАШАТА АГЕНДА

Р

Рид Герет Хофман е американски интернет претприемач, венчр капиталист и автор. Еден е од основачите и први директори во PayPal, електронскиот сервис за плаќање и трансфер на пари, а потоа и на LinkedIn, најдобрата онлајн мрежа за поврзување на професионалци денес.

Најбрзиот начин да се промените себеси е да се дружите со луѓе што веќе се такви какви што вие сакате да бидете.

Уделите во овие компании по нивните продажби или берзански котации му овозможија големо лично богатство, што според Forbes се проценува на околу 2,5 милијарди долари. Добар дел од своите пари тој ги има инвестирано во бројни стартапи, меѓу кои најпознатите се AirBn, Flickr и др.

Добрите прилики речиси никогаш не се вклопуваат во вашата агенда. Запомнете, ако вие не го најдете ризикот, тој ќе ве најде вас.

Претприемач е некој што ќе скокне во провалија и ќе состави авион додека паѓа надолу.

Оној што е пасиониран за својата работа ќе биде поуспешен од некој мотивиран само од парите.

Подобро е да почнете бизнис во време на криза, одошто кога економијата цвета: полесно ќе најдете вработени, партнери, а конкуренцијата ќе ви дојде подоцна.

Иронично, во свет што толку брзо се менува, да играте на сигурно е една од најризичните работи за вас.

Лесно е да сте постојано контраш. Тешко е да сте контраш и да сте во право.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.