13 minute read

ИНТЕРВЈУ Д-р Маја Стевкова Штериева

Капитал број 1088 11.12.2020 12 ИНТЕРВЈУ

Капитал број 1088 11.12.2020

Advertisement

13

МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ВИСОКА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНА ПОДДРШКА НА КЛИЕНТИТЕ ЗА ЗАЕДНО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА

Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Банката го доведоа дигиталниот свет на банкарски услуги сè поблиску до граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Комерцијална банка за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста. Наградата „Банка на годината“ е доказ дека се движиме во вистинската насока.

Капитал број 1088 11.12.2020 14 ИНТЕРВЈУ

Тоа што Комерцијална банка го добива признанието „Банка на годината за 2020“ токму во оваа неверојатно тешка година нè прави особено горди. Комерцијална банка уште еднаш покажа дека е поим за стабилност и незаменлив економски фактор за напредок во нашата земја.

разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

K

Комерцијална банка АД Скопје деновиве по осми пат го доби признанието „Банка на годината“ од страна на престижниот магазин „The Banker“.За оваа награда, која се смета за „стандард за банкарска извонредност“, магазинот The Banker (издание на Financial Times), разгледува широк спектар на критериуми. Наградата се доделува на банките кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите, како и соодветен одговор на кризата наметната од Covid-19. Со главниот финансиски директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева разговаравме за повеќе нешта: околу тоа како Комерцијална банка се справи со предизвиците наметнати од корона – кризата годинава, за тоа какво влијание имаше пандемијата врз динамиката на кредитирање и депозити, но и врз развојот на дигиталното банкарство, како и за активностите што беа преземени од банката во областа на општествената одговорност. XКажете ни за почеток, што значи

за вас како банкарска институција оваа најнова награда од The

Banker?

Тоа што Комерцијална банка го добива признанието „Банка на годината за 2020“ токму во оваа неверојатно тешка година нè прави особено горди. Комерцијална банка уште еднаш покажа дека е поим за стабилност и незаменлив економски фактор за напредок во нашата земја. Наградата „Банка на годината“, која ја доделува престижниот магазин „The Banker“ од Лондон, ја добиваме по осми пат, но сега ни е доделена во година која е по многу нешта различна од која било друга. Соочувајќи се со предизвиците од пандемија од досега невидени размери, Комерцијална банка успеа да ги заштити своите вработени, веднаш да им излезе во пресрет на клиентите, а притоа да забележи одлични деловни резултати, и уште поважно, да покаже лидерство преку несебична помош за медицинските херои во првите борбени редови. Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Банката го доведоа дигиталниот свет на банкарски услуги сè поблиску до

Капитал број 1088 11.12.2020

15

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА E ЛИДЕР ВО ПОДДРШКА НА ЗДРАВСТВОТО И ОБРАЗОВАНИЕТО

XКои беа најзначајни активности

во делот на општествената одговорност што ги спроведе

Комерцијална банка со цел поддршка на државата и економијата во ваквите услови?

Општествената одговорност со години е императив во деловните политики на Комерцијална банка АД Скопје, а секоја година се надградува со нови проекти и нови предизвици, кои придонесуваат Банката да биде признаена и прифатена во општеството како одговорен деловен субјект. Со оглед на тоа што пандемијата од вирусот Covid-19 предизвика криза од досега невидени размери, Комерцијална банка годинава ја продолжи својата лидерска мисија во сферата на општествена одговорност на највисоко ниво, помагајќи ги сегментите на заедницата кои имаа најголема потреба од поддршка, како што се здравството и образованието. За потребите на македонското јавно здравство Банката годинава обезбеди вкупна помош во износ од 590.000 евра. Во март, дониравме медицински заштитни маски за лице во вредност од околу 1.198.750,00 денари, обезбедивме финансиска помош - донација во износ од 6.150.000,00 денари за потребите на Министерството на здравство и дополнителни 8.220.000,00 денари за вработените во Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Со најновата донација, во вредност од 20.700.855,00 денари, за потребите на јавните здравствени установи Комерцијална банка обезбеди две амбулантни возила за Итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори наменети за континуирана кислородна терапија на пациенти со хронични белодробни заболувања, 7.000 брзи тестови за утврдување на присуство на вирусот Covid-19, 120 реагенси за тестови, како и маски за неинвазивна вентилација за еднократна и повеќекратна употреба. Во март годинава, Комерцијална банка АД Скопје однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи. Со ваквата одлука, Банката придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, со цел поголем капацитет на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството. Комерцијална банка оваа година одлучи и наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на 46 лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност. Ова не е првпат Комерцијална банка да го поддржува образовниот процес во земјава. Досега се донирани стотици компјутери за потребите на повеќе училишта. Во услови на ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа над 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. Онлајн предавањата беа одржани во рамките на Програмата на училиштето за феријална практика, која пак е задолжителен елемент од наставната програма во дуалното стручно образование. Таа дава можност сите ученици кои ја следат да се запознаат и да стекнат знаења и вештини во одредено подрачје, директно пренесени од определен работодавец.

Капитал број 1088 11.12.2020 16 ИНТЕРВЈУ

граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Комерцијална банка за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста. Наградата „Банка на годината“ е доказ дека се движиме во вистинската насока. XКои беа најголеми предизвици за

банката годинава во контекст на ковид - кризата и како се справивте со нив?

Секако еден од првите предизвици со кој се соочивме на самиот почеток на кризата беше како да се обезбеди непречен технолошки процес и при тоа да се сочува здравјето на вработените и на клиентите во услови кога никој не знаеше како точно се однесува вирусот. Ние во банките редовно тестираме евентуални прекини на работа поради различни причини, пад на компјутерски системи, елементарни непогоди, имаме секундарни локации за компјутерските системи, работиме стрес-тестирања на економските параметри. Но, се покажа дека и тоа не е доволно со оглед дека досега никогаш никој не помислил што ако човечкиот фактор, ресурсот вработени е оневозможен да функционира. Да се потсетиме дека на почетокот на кризата работа од дома беше нешто ново, набавките на лаптопи беа ограничени, се’ уште имаше дилеми околу носењето маски. Од сегашна перспектива може да оценам дека одлично се справивме со целиот предизвик на континуитет на работењето во услови на пандемија. Што се однесува до влијанието врз клиентите на Covid-19, најголемо влијание имаше врз корпоративниот сектор, каде ја намали или оневозможи исплатата на плати, што посредно се одрази и на секторот население. Несаканите економски ефекти од Covid-19 беа ублажени преку воведените промени во отплатата на кредитните обврски на граѓаните и на компаниите (вклучувајќи и мораториум во отплатата на обврските на одреден период), со цел да им го олесниме финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат. Комерцијална банка, исто така, понуди и потрошувачки кредити со променети услови, а одобривме и нови корпоративни кредити за покривање на потребите за ликвидност на компаниите. Со оглед на тоа што најголемата закана од вирусот Covid-19 е за здравјето на граѓаните, Банката воведе безбедни процедури за онлајн аплицирање со цел да излезе во пресрет на потребите на клиентите и притоа да ги заштити не само од непотребно изложување на финансиски ризик, туку да им понуди и безбедно и ефикасно извршување на банкарските трансакции без загрозување на нивното здравје. Со цел стимулирање на граѓаните за поголемо користење на предностите на електронското и мобилното банкарство и избегнување на физичко присуство во Банката, Комерцијална банка им овозможи нивно бесплатно користење, а го зголеми и лимитот за бесконтактни трансакции. XКако се движеше динамиката на

кредитирањето и депозитите во услови на наметнатата криза?

Податоците заклучно со септември покажуваат дека банката бележи раст и во двата сегменти, односно раст е забележан и во кредитирањето и кај депозитите. Имено, растот на кредитите и побарувањата од други комитенти со споменатиот датум изнесува 9,9%, додека во делот на депозитите изнесува 6,9%. Ова се сосема солидни податоци ако се земе предвид во какви околности се остварени. Сепак мора да се има предвид важечкиот мораториум на отплата на кредити, кој се уште беше во сила со септември и кој што има влијание на перцепциите за ризик во корпоративниот сектор. Тоа што е важно во делот на кредитирањето е неизвесноста околу понатамошниот развој на пандемијата, работењето на компаниите и нивните резултати во понатамошниот период и, што е најважно, нивната способност да ги сервисираат обврските по завршувањето на мораториумот. Комерцијална банка, како и повеќето од банките во Македонија, од 01.10.2020 направи ново продолжување на олеснетите услови за сервисирање на обврските, при што тоа беше направено врз основа на селективен пристап за најпогодените субјекти, физички и правни лица. Во таа смисла ефектите од кризата врз способноста за сервисирање на обврските и капацитетот на компаниите, па и физичките лица опфатени со второто одложување на отплатите, ќе се видат дури наредната година кога ќе започне отплатата. Во изминатиот период, менаџментот на банката настојуваше да обезбеди квалитетен баланс меѓу поддршката на клиентите и управувањето со ризиците со цел истовремено да обезбеди одржлива профитабилност и стабилност на банката. XКомерцијална банка ја доби и

првата инвестициска анализа од консултантската компанија

WOOD&Company, што претставува и прва изработена инвестициска анализа воопшто за македонско акционерско друштво во рамките на регионалниот проект на

Европската банка за обнова и развој. Како ја коментирате анализата?

Дополнителна потврда за доброто работење на банката, но, што е уште поважно, за нејзините идни перспективи во изминатиот период дојде и преку објавената инвестициска анализа во рамките на регионалниот проект којшто го иницираше Македонска берза со помош на ЕБРД. Реномираната инвестициска компанија Wood Investments во својата јавно објавена анализа за Комерцијална банка излезе со препорака за купување на акциите на банката и со прогноза за ценовен таргет над моменталната пазарна цена. Секако, за истакнување е и постигнатиот финансиски резултат на банката во првите девет месеци од 2020 година, кој изнесува 1.310,6 милиони денари, што е 0,8% повеќе во однос на ланската добивка во истиот период и 89,1% од планираната добивка. XКолку пандемијата, можеби

побрзо од очекуваното, го забрза процесот на дигитализација, и во делот на банкарското работење, но и на страната на корисничкото искуство?

Неспорна вистина е дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и можеме само да бидеме благодарни што ја имаме привилегијата да се поврзуваме компјутерски или со мобилни телефони, да работиме и комуницираме виртуелно и при тоа сите активности да се одвиваат непречено. Според јавно достапните податоци на ниво на банкарски систем, во првата половина на 2020, споредено со истиот период претходната година, може да се забележи значајна промена во учеството на електронски наспроти хартиени налози во платниот промет од 3 процентни поени во полза на електронските трансфери. Во истиот извештаен период, плаќањата преку мобилен телефон се зголемени за над 50%, а вкупните плаќања со платежни картички за 11%. Често во разговор како илустрација за користа од дигитализацијата на соговорниците им велам да замислат како ќе изгледаа банкарските експозитури и филијали и дали некој ќе можеше да се справи со гужвите пред просториите на банките ваква криза да се случеше пред 20 години. Не само што нема да се одвиваа работите како сега, туку и жртвите од пандемијата ќе беа многу побројни. Во целата оваа несреќа која го снајде човештвото, среќа е што во многу области вработените може да работат од дома, а работниот процес да се одвива нормално. Дигитализацијата целосно ги задоволува потребите на еден голем дел од клиентите, а сметам дека корисничкото искуство е на многу високо ниво. XКолку се променија навиките на

клиентите, имаше ли значаен пораст на користење на е - банкарство и останатите дигитални услуги?

Како што истакнав, секојдневно забележуваме зголемување на примената на дигиталните услуги од страна на нашите клиенти и можам да кажам дека тоа е присутно во сите дигитални канали, е - банкарство,

Капитал број 1088 11.12.2020

17

Податоците заклучно со септември покажуваат дека банката бележи раст и во двата сегменти, односно раст е забележан и во кредитирањето и кај депозитите. Имено, растот на кредитите и побарувањата од други комитенти со споменатиот датум изнесува 9,9%, додека во делот на депозитите изнесува 6,9%. Ова се сосема солидни податоци ако се земе предвид во какви околности се остварени. Сепак мора да се има предвид важечкиот мораториум на отплата на кредити, кој се уште беше во сила со септември и кој што има влијание на перцепциите за ризик во корпоративниот сектор.

м - банкарство, картично работење, плаќање со мобилни телефони. За жал, ние се уште сме сведоци на клиенти кои едноставно не можат да ги прифатат новите начини на работење, иако картичното работење воопшто не е ново, и кои едноставно чувствуваат дека мора да дојдат во банка. Тука влегуваат пензионерите, пред се, но и голем број други корисници, кои не само што не ги употребуваат основните дебитни картички за подигнување пари од банкомат, туку и не помислуваат да плаќаат со картички при купување во трговија. Тоа е всушност и објаснувањето за бројните гужви пред банките во време на исплата на пензии, како и исплата на социјална помош. Ние во Комерцијална банка во минатото се обидовме преку поединечни акции да ја подигнеме свеста за употребата на картички на банкомати, особено кај пензионерите, но и покрај обидите со физички пример да им се покаже поединечно како тоа функционира беше забележан отпор и незаинтересираност. Сакам да верувам дека сме на добар пат во процесите на дигитализација, дека можеби во одредени сегменти процесот е бавен, но најважно е дека општата свест за овој процес е на повисоко ниво и дека и покрај високата цена која банките ја плаќаат во овој процес на никого не му е ни на крај памет да го намали ангажманот и посветеноста во оваа насока. XКолку пропаѓањето на една од

помалите банки што се случи годинава, може да биде опасност за целокупната стабилност на банкарскиот сектор, со оглед и на предизвиците наметнати од самата ковид - криза?

Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Отворањето стечај на Еуростандард банка треба уште еднаш да не’ потсети на нешто што во јавноста понекогаш се заборава. Деловните универзални банки, а такви се сите банки во нашата земја, работат со средства на депонентите и една од нивните главни функции претставува не само тие средства да се пласираат како кредити, туку и тие кредити редовно да се наплатуваат и во секој момент кога депонентите ќе ги побараат своите пари, истите да се исплатат на сопствениците. Поради тоа кога се критикуваат банките дека не кредитираат во обем кој го посакуваат барателите на кредити мора да се има предвид дека банките го проценуваат и мерат ризикот тие кредити да не бидат вратени. Верувам дека ова е еден поединечен инцидент и дека банкарскиот систем и во иднина ќе продолжи да се развива во модерен и стабилен систем, кој што квалитетно ја извршува својата улога во економските текови. nnn

This article is from: