8 minute read

производни капацитети

Капитал број 1088 11.12.2020

18 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Advertisement

„АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ РЕАЛИЗИРАНА Е ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 11 МИЛИОНИ ЕВРА

Новите производни капацитети за цврсти фармацевтски форми се простираат на површина од 7.000 м2 и се изведени во согласност со строгите прописи за Добра производствена пракса.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

ППосветеноста на постојаниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата се главните причини поради кои во изминативе две децении „Алкалоид“ АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање, вложувајќи преку 200 милиони евра. Во таа насока се и инвестициите во новите производствени капацитети, изведени во согласност со строгите барања за Добра производствена пракса (GMP). Три и пол милиони евра од инвестицијата беа наменети за целосно технолошко подготвување на Одделението за пакување цврсти форми, со површина од 2.000 м²; 5,2 милиони евра беа искористени за техничко -технолошко опремување, а 2,3 милиони евра чинеше изградбата на два нови ката наменети за

производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко - технолошка опрема, со вкупна површина од 5.000 м². Целта на оваа инвестиција и идните вложувања во овој оддел се во насока на зголемување на производствените капацитети на цврсти фармацевтски форми за 50%. Поради специфичноста на процесите и поради пандемијата, примопредавањето на новите капацитети церомонијално го спроведоа г-ѓа Милкица Глигорова, директор на производствениот сегмент на ПЦ Фармација, и г. Живко Мукаетов, генералeн директор/претседател на Управниот одбор на компанијата, во присуство на членови на високиот менаџмент на „Алкалоид“ АД Скопје. „Осум месеци по започнувањето на оваа капитална инвестиција пандемијата го парализираше светот. Работевме во вонредни услови без да ги попречиме тековните производствени процеси. И покрај сите објективни и субјективни предизвици во изминатиов период, особено сме горди што на прагот на годината на нашиот 85-годишен јубилеј предаваме во употреба уште еден комплетиран инвестициски проект. По истиот курс ќе продолжиме и во иднина – со нови вложувања во истражување, развој, нови технологии, во знаење, кадар и во освојување нови пазари. „Алкалоид“ како македонска компанија ќе продолжи достоинствено, рамо до рамо да се носи и да биде конкурентна со големите светски фармацевтски системи, како со знаење така и со капацитети. Тој пат го трасиравме сами и на тој пат ќе останеме зашто веруваме во себе!“, изјави г. Живко Мукаетов. Оваа инвестиција е во согласност со политиката на компанијата за вложување во капитални проекти, а со оглед на тројното зголемување на консолидираните приходи од продажби во изминативе 15 години, ваквиот потфат беше неопходен за осигурување на уште поинтензивни пласмани и на континуиран раст. Комплетирањето на оваа инвестиција создаде услови за реализирање на повеќе од 200 нови вработувања во компанијата. nnn Капитал број 1088 11.12.2020

19

Поради специфичноста на процесите и поради пандемијата, примопредавањето на новите капацитети церомонијално го спроведоа г-ѓа Милкица Глигорова, директор на производствениот сегмент на ПЦ Фармација, и г. Живко Мукаетов, генералeн директор/претседател на Управниот одбор на компанијата, во присуство на членови на високиот менаџмент на „Алкалоид“ АД Скопје.

Три и пол милиони евра од инвестицијата беа наменети за целосно технолошко подготвување на Одделението за пакување цврсти форми, со површина од 2.000м², 5,2 милиони евра беа искористени за техничко -технолошко опремување, а 2,3 милиони евра чинеше изградбата на два нови ката наменети за производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко - технолошка опрема, со вкупна површина од 5.000 м².

Капитал број 1088 11.12.2020

20 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„АЛКАЛОИД“ ИЗВЕДЕ НАЈКОМПЛЕКСЕН ИНФОРМАЦИСКИ ПРОЦЕС ВО РЕГИОНОВ КОНВЕРЗИЈА ВО РАМКИ НА SAP СИСТЕМОТ

Со помош на долгогодишниот партнер, хрватската компанија b4b, „Алкалоид“ направи вистински подвиг: најголемиот и најсложениот проект за миграција на системот SAP ERP кон SAP S / 4 HANA кој досега е реализиран во регионот, а на оваа реализација посебна тежина и даваат условите во коишто е спроведен проектот, затоа што поради пандемијата на Ковид – 19 сè e направено со далечински пристап и примена на онлајн колаборациски алатки, како што пишува хрватски Jutarnji list.

Кон крајот на ноември 2020 година, хрватската технолошка компанија b4b го заврши проектот за конверзија на постојниот SAP ERP 6.0 систем на Алкалоид во SAP S / 4HANA верзија, што создаде услови за понатамошен развој на деловниот информативен систем на компанијата и примена на најсовремени ИТ технологии во компанијата, пишува хрватскиот магазин Jutarnji list. Ова е најголемиот и најсложениот проект за миграција на системот SAP ERP кон SAP S / 4 HANA кој досега е реализиран во регионот, а на оваа реализација посебна тежина му даваат условите во коишто е спроведен проектот, затоа што поради пандемијата на Ковид – 19 сè e направено со далечински пристап и примена на онлајн колаборациски алатки. „Првата операција во системот SAP ERP во Алкалоид започна уште во 2007 година, а системот успешно го поддржуваше нашиот континуиран раст и развој, па по 13 години постојана надградба и за рекордно кратко време, го претворивме AlkaSAP системот SAP ERP 6.0 во SAP S / 4HANA. Предизвикот беше повеќе од голем! Специфичноста на состојбата во која живееме, динамичните процеси во фармацевтската индустрија што секогаш треба да ги следиме во чекор, комплексноста на геополитичкото окружување за време на нашето работење и крајно непредвидливите услови во кои сите работиме во текот на годинава – сето тоа бараше решение од следната генерација коешто овозможува аналитика во реално време. Дури и во услови на виртуелно функционирање, во чекор нè следеше нашиот долгогодишен сигурен партнер, компанијата b4b, а нивниот квалитет и искуство во толку обемен потфат и во исклучително специфични услови ни значеа и беа исклучително важни. Исто така бевме поддржани и од групацијата SAP RIG, а нашиот партнер од Бразил, FIVE Validation, заврши одлична работа во валидацијата на системот. Ние сметаме и на идна успешна соработка “, изјави Живко Мукаетов, првиот човек на „Алкалоид“ за Jutarnji. Приказната за успешната соработка помеѓу Алкалоид и b4b започнала пред 13 години со имплементација на SAP ERP системот, а оваа година, и покрај предизвиците на пандемијата, тие поставија друга заедничка цел - миграција на SAP ERP системите на сите компании од групацијата Алкалоид кон SAP S / 4HANA. Со проектот е конвертиран целиот SAP систем од шест компании на Алкалоид во четири земји, на S/4 HANA верзијата, што вклучува деловни области на финансии и контролинг, набавки, продажба и дистрибуција, планирање и управување со производството, управување со квалитет, како и управување со човечки ресурси. „Овој проект беше голем предизвик за нас, обврска, но и задоволство. Предизвик затоа што се соочивме со многу сложена задача во специфични услови, обврска кон нашиот исклучителен партнер Алкалоид кој ни укажа голема доверба, и задоволство затоа што работевме на проектот со партнер кој точно знаеше што сака и кога сака, кој беше многу добро организиран и многу посветени на проектот. Сето ова, со заеднички напори, резултираше со успех. За Алкалоид, овој проект е дополнителен ветер во грбот во нивните амбициозни планови за раст и развој, а за нас е огромно позитивно искуство за миграционите проекти на S/4 HANA коишто ќе следат “, вели Сањин Катиниќ, претседател на управата на компанијата b4b. Проектот траеше пет месеци и во него учествуваа повеќе од 100 членови на проектниот тим од Алкалоид и b4b. Дополнителен предизвик во планирањето и спроведувањето на проектот беше обврската да се спроведе валидација на процесот во согласност со барањата на фармацевтската индустрија (GMP) во рамките на деловниот систем што се одвиваше како паралелен проект на корисникот и надворешниот партнер, чијашто временска рамка требаше да се усогласи со проектот за конверзија на SAP системот. Бидејќи проектот се одвиваше за време на епидемијата на вирусот Ковид-19, тој беше целосно реализиран со далечински пристап (remote) со употреба на алатки за колаборација за потребите на онлајн состаноци, работилници и обуки. Без оглед на промените и ризиците предизвикани од ваквиот начин на работа, сите активности на проектот завршија во предвиденото време, обем и финансиска рамка благодарение на исклучителната посветеност на Алкалоид и b4b.

УНИБАНКА ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ – СКОПЈЕ В Високото образование е клучно за поттикнување на растот и зајакнувањето ги поддржуваат образовни системи и се повеќе преминуваат во економија на знаење, високото образование на заедничкиот просперитет. ќе игра клучна улога во базата Целта кон колективен успех на знаење и човечкиот капитал во едно општество е токму кон потребни за промовирање зајканување на капацитетите и одржување на развојот во на секој поединец одделно, многу сектори. токму преку целокупниот На УНИБанка АД Скопје по образовен систем. Силно повод 70 годишнината од образован кадар е предуслов Економскиот факултет при за иновации и раст на многу Универзитетот „Св. Кирил и полиња во општеството. Методиј“- Скопје, со голема Високообразовните институции чест и беше доделено посебно ги подготвуваат поединците не признание за особен придонес само со соодветни и релевантни во развојот на Факултетот. вештини за работа, туку и Ова признание е од голема да бидат активни членови во важност за Банката. нивните заедници со давање „Имаме можност да им на значаен печат во истата. помогнеме на студентите, Кога станува збор за високото образование и колку банките се дел од истото, дознаваме од УНИБанка дека тоа лежи во спојот на растот, работните места и конкурентноста, и има потенцијал да послужи како катализатор за економска трансформација. а високото образование е клучно. Ние сакаме да изградиме подобра, поинклузивна и поодржлива иднина, нудејќи можности за обуки, вработување на идните млади генерации кој ќе бидат дел од претприемништвото и бизнис секторот“, велат Имаме можност да им помогнеме на студентите, а високото образование е клучно. Ние сакаме да изградиме подобра, поинклузивна и поодржлива иднина, нудејќи можности за обуки, вработување на идните млади генерации кој ќе бидат дел од претприемништвото и бизнис секторот, Бидејќи земјите во развој од УНИБанка. велат од УНИБанка АД Скопје.

This article is from: