12 minute read

ЕКОНОМИЈА Каква финансиска поддршка може да очекуваат фирмите и граѓаните

ЈАН. 2021 24 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Банките ќе ја зголемат кредитната поддршка за граѓаните и за фирмите годинава. Проценките се дека кредитирањето во 2021 година ќе порасне за околу 6% споредено со лани. Според последните податоците од Народната банка, заклучно со ноември лани, банките имале пласирано вкупно 2,7 милијарди евра кредити кај фирмите, и речиси 3 милијарди евра заеми за граѓаните. Тоа значи дека вкупното кредитно портфолио изнесува околу 5,7 милијарди евра. Првичните податоци покажуваат дека депозитниот раст лани бил околу 4,4% поголем отколку во 2019, а кредитниот раст 5,3%, а според објаснувањето на централната банка, солидниот раст на кредитната активност е резултат на солидниот депозитен раст како главен извор на финансирање, олабавената монетарна политика, регулаторните промени и реструктуирањето на кредитите, како и поволните кредити од Развојната банка. Банкарите генерално имаат попозитивни очекувања за кредитирањето годинава, и на фирмите и на домаќинствата, иако неизвесноста околу надминувањето на корона – кризата е се уште голема.

Advertisement

КАКВА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВААТ ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ БАНКАРИТЕ ВЕЛАТ ЌЕ БИЛЕ „ПОДАРЕЖЛИВИ“ СО КРЕДИТИ ГОДИНАВА

автор

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Банките ќе ја зголемат кредитната поддршка за граѓаните и за фирмите годинава. Проценките се дека кредитирањето во 2021 година ќе порасне за околу 6% споредено со лани. Според последните податоците од Народната банка, заклучно со ноември лани, банките имале пласирано вкупно 2,7 милијарди евра кредити кај фирмите, и речиси 3 милијарди евра заеми за граѓаните. Тоа значи дека вкупното кредитно портфолио изнесува околу 5,7 милијарди евра. Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка, на последната седница заклучи дека „кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци заклучно со декември покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, повисок од проектираниот за депозитите, а кај кредитите остварувањата се главно во рамките на очекувањата согласно со проекцијата“. Според објаснувањето на централната банка, солидниот раст на кредитната активност е резултат на солидниот депозитен раст како главен извор на финансирање, олабавената монетарна политика, регулаторните промени и реструктуирањето на кредитите, како и поволните кредити од Развојната банка. Според проценките, депозитниот раст лани бил околу 4,4% поголем отколку во 2019, а кредитниот раст 5,3%. Инаку, дел од мерките што ги презеде Народната банка за ублажување на негативните ефекти за реалниот сектор, а во услови на солидни девизни резерви и ниска инфлација, меѓу другото, беа намалување на основната каматна стапка за 0,75 п.п.; ослободување дополнителна ликвидност преку намалување на износот на благајнички записи; активирање на неконвенционалната мерка со која се намалува обврската на банките за задолжителна резерва за кредитите одобрени на погодените сектори; олеснување на регулаторната рамка со цел пролонгирање на отплатите на кредитокорисниците. Преземените мерки придонесоа за одржување поволни финансиски услови и солидна кредитна активност. На седницата на Комитетот се одлучило дека „засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Сепак,

КАКВА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВААТ ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

ЌЕ БИЛЕ „ПОДАРЕЖЛИВИ“ СО КРЕДИТИ ГОДИНАВА

БРОЈКИ:

25 ЈАН. 2021 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

6% пораст на кредитирањето се проценува за 2021 4,4% бил порастот на депозитите во 2020 5,3% бил кредитниот раст во 2020 2,7 милијарди евра е кредитното портфолио кај фирмите 3,0 милијарди евра е кредитното портфолио кај граѓаните

неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветно приспособување на монетарната поставеност, доколку е потребно“, пишува во соопштението од седницата на Комитетот.

Угостителскиот и транспортниот сектор најпогодени

Банкарите генерално имаат попозитивни очекувања за кредитирањето годинава, и на фирмите и на домаќинствата, иако неизвесноста околу надминувањето на корона – кризата е се’ уште голема. Ланската година покажа дека е тешко сé да се предвиди, вели генералниот извршен директор на Халкбанк, Билал Суџубаши. Според него, и оваа година секако ќе биде полна со неизвесност и предизвици, и за граѓаните и за стопанството, па со тоа, со оглед дека тие се клиенти на банките, и за банкарскиот сектор. „Од тоа колку брзо пандемијата ќе стивне и кои мерки ќе се преземат за стопанството, ќе зависи дали ќе има раст на кредитирањето, или можеби раст на нефункционалните кредити. Халкбанк АД Скопје, согласно петгодишниот стратешки план, има намера да го продолжи растот, а очекувањата се вкупната актива во наредниот петгодишен период да биде со раст од околу 8% годишно и раст на нето - кредитите околу 8,5% годишно. Се очекува и зголемено учество на кредитите на населението во вкупното портфолио. Во однос на депозитите од клиенти, исто така се очекува интензивирање на растот, пред сè, во делот населението. Просечниот раст на депозитите од клиенти во петгодишниот плански период се очекува да биде приближно над 9% годишно“, вели Суџубаши. Главниот директор за ризици во УНИБанка, Здраво Здравески, вели дека 2021 година ќе биде полна со предизвици. Според него, постоечкото КОВИД портфолио кое почнува да достасува за наплата а резултатите од наплатата се вистински предизвик за дополнителен ангажман на сите структури во изнаоѓање на најбезболни решенија за сите учесници и редовна наплата, која е еден од столбовите за одржување на континуирана ликвидност. „Работиме на надградување на постоечкото портфолио со ново, еднакво квалитетно и тоа во услови на забавена економска активност на стопанските субјекти. Ќе продолжиме да го одржуваме стабилното депозитно јадро и истото да го освежуваме со нови атрактивни продукти, како за населението, така и за стопанските субјекти. Тука е и конкуренцијата која постојано ни дава дополнителни мотиви за фер натпревар на банкарскиот пазар, за кој од друга страна знаеме дека е мал и лимитиран како за постоечките, така и за новите бизниси. Заради лимитираниот пазар, стопанските субјекти треба да станат поконкурентни и поинтересни за странските пазари, да доставуваат до банкарскиот сектор издржани од секој аспект проекти, како банките би можеле да ги поддржат истите“, коментира Здравески. Од ПроКредит банка, коментираат дека иако пандемијата има големо влијание на економијата, импактот кај претпријатијата од различни дејности во голема мера се разликува. Според нивните податоци од портфолио на банката, најпогоден сектор е угостителскиот, каде кај дури 87% имаат сериозни импликации врз работењето и имаа потреба од имплементација на мерки како што се мораториум, грејс период или пак дополнителни средства за обрт. Втор најпогоден сектор е транспортниот, посебно делот на транспорт на патници каде речиси половина од компаниите имаат намалено ниво на приходи поради ново настанатата ситуација. Од друга страна, градежните и производствените компании, особено оние кои работат во сегментот земјоделие најдобро се носат со кризата, и до сега, кај мал дел

ЈАН. 2021 26 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ЕКОНОМИЈА

Банкарите генерално имаат попозитивни очекувања за кредитирањето годинава, и на фирмите и на домаќинствата, иако неизвесноста околу надминувањето на корона – кризата е сè уште голема.

од нив имало негативно отстапување од реализација на нивните планови. „Со индивидуалниот пристап успеавме детално да ги разбереме предизвиците со кои нашите клиенти се соочуваат во моментот и нивните очекувања за развој на бизнисот во следниот период. Секаде каде што имаше потреба обезбедивме соодветно индивидуално прилагодено решение за олеснување на отплатата на кредитите или пак одобривме дополнително средства за надминување на предизвикувачкиот период. Сепак, кризата се уште не е завршена и неизвесноста останува. Ние како банка сме во константна комуникација со нашите клиенти и правиме редовен мониторинг на развојот на ситуацијата во компаниите, се со цел да дадеме навремена поддршка доколку има потреба за истото“, вели Стевче Кузмановски, член на Управен одбор на ПроКредит банка. Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка, вели дека очекувано, глобалната пандемија се одразила на апетитите на граѓаните, претприемачите и инвеститорите за потрошувачка и инвестиции од секаков вид. „Треба да се очекува дека банките, исто како и во текот на 2020 година, ќе продолжат со соодветна кредитна поддршка на бизнисите и населението, што е исклучително важно во процесот на економско закрепнување. Периодот на одложена отплата сам по себе значеше намалена кредитна активност лани, како кај населението, така и за компаниите. Во секој случај, во согласност со своите стратешки цели и позиција на пазарот, Стопанска банка направи вонредни напори за да излезе во пресрет на барањата и потребите на секој клиент, при што, посебно во делот на компаниите успеавме да постигнеме значајно повисок раст на кредитирањето во споредба со пазарот. Задоволни сме што и во вакви услови на криза, Банката ги исполни сите нејзини задачи кон клиентите, економијата и општеството во целина кои произлегуваат од нејзината системски значајна позиција, во чии рамки влегува континуираната финансиска поддршка на граѓаните и бизнисите како и непречен тек на парите во економијата“, вели Стојановски. Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев, вели дека економските последици од пандемијата генерално се одразиле врз намалување на побарувачката за кредити, но со помал интензитет во однос на иницијалните очекувања кои беа на почетокот на кризата. „Кредитната активност како главен поддржувач на домашната економија оствари солиден раст, додека во стандардите за кредитирање се инкорпорираа дополнителни фактори за оценка, адекватни за населението и реалниот сектор, иако заострувањето е во помала мера во однос на регионот, а каматните стапки се одржуваат на ниско ниво. Реалниот сектор се соочи со поголеми тешкотии и се почувствува поголем пад на кредитната активност, но од исклучителна важност и за населението и за реалниот сектор беа таргетираните антикризни мерки донесени од Владата и од Централната Банка, кои банките во целост ги спроведоа преку олеснети услови за отплата на кредитите за најсилно погодените сегменти. Бизнисите во изминатиот период се адаптираа генерално во насока на рефинансирање и реструктурирање на своите долгови, за што постоеше голема побарувачка, додека особено ранлив сегмент се се’ уште малите и средни претпријатија. Гледано перспективно во наредниот период, побарувачката за кредити за рефинансирања ќе остане засилена и заедно со кредитите за обртен капитал, ќе бидат главните двигатели на кредитната активност на реалниот сектор“, смета Бишев. Генералниот директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, вели дека нивниот фокус ќе биде стабилно и профитабилно оперативно работење засновано на реални и предвидливи очекувања. „Очекуваме постепеното забрзување на кредитната активност, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и зголемената побарувачка за кредити, како и солидната стапка на раст на кредитирањето, да продолжи и наредната година. Со оглед на окружувањето и релативно ниските каматни стапки, контролата на трошоците и квалитетот на пласманите и понатаму ќе бидат од клучна важност“, вели Арсовски.

Пандемијата останува главен ризик

За да закрепне економијата и банките да може да даваат повеќе кредити, клучно е прво да запре пандемијата и сите ризици што ги носи. А токму таканаречениот “имунитет на стадо“ кој според некои епидемиолози, ние би можеле да го имаме веќе напролет по природен пат, е основата на која се темели економскиот модел за оваа година. Прилично замаглена е засега прогнозата за оваа 2021 година, имајќи ги предвид билансот на заразени и сите придружни проблеми на вакцинацијата, така што и економистите и меѓународните финансиски институции, поучени токму од целосните промашувања на прогнозите

лани, сега се оградуваат од прецизност и се воздржуваат кога предвидуваат каква ќе биде оваа година. Со задршка дека прогнозите може да се променат зависно од неколку ризици поврзани со здравствената криза, пронаоѓањето на вакцините сепак влеа оптимизам дека економското заздравување ќе почне напролет, една година по избувнувањето на пандемијата. Очекувано, македонската економија во вториот квартал од оваа година, статистички ќе прикаже поголема стапка на раст бидејќи економската активност ќе се споредува со динамиката од истиот период лани кога имавме драматичен пад од речиси 15%. За цела година, се проценува дека растот на бруто домашниот производ (БДП) ќе биде околу 4% и оваа стапка делува како блескава прогноза во споредба со длабоката рецесија во 2020. Но, релативно е, како што докажува и познатата теорија на Ајншатјн, колку е брзо ова економско закрепнување особено што го набљудуваме од позиција на назадување. Со вакво темпо, економијата ќе се врати на преткризното ниво дури во првата половина од 2022 година. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, вели дека проценките за економското заздравување се целосно зависни од справувањето со пандемијата. Според него, особено е важно вакцинирањето да започне во јануари за најризичните групи, за потоа постепено да тече и вакцинирањето на пошироката популација со цел стекнување колективен имунитет. „Информациите околу вакцинирањето во Македонија во моментов не се стабилни, меѓутоа за економијата нема друг излез освен вакцинирање. Под овие претпоставки, ќе може да зборуваме за почеток на економска стабилизација во вториот квартал од 2021. Ако вакцинирањето значајно задоцни, тогаш ќе имаме уште една тешка економска година во која доминантни теми ќе бидат спасување на фирмите и работните места, наместо да зборуваме за раст“, предупредува професорот Петрески. Народната банка исто така, своите прогнози ги темели на оптимизмот што произлегува од превенцијата на заразата со вакцини. „Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне 27 ЈАН. 2021 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

економската активност“, оценува Народната банка. Според проценките на централната банка, на среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Овие проекции значително се разликуваат од владините, според кои економијата во истиот период би растела годишно и по 5,2%. Народната банка исто така смета дека последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. „Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитирањето, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка“, оценува Народната банка. nnn

This article is from: