9 minute read

тото јубилејно издание на BIWC

ЈАН. 202110 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

COVER STORY

Advertisement

ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден.

Извртена реалност

Но, старите велат - со она од коешто мудриот би се срамел, будалиот се гордее. Во својата анализа за случките преку океанот неколку дена подоцна „Дфр Лаб“ вели дека тие ќе претставуваат поим за победа кај масата обожаватели на ликот и делото на Доналд Трамп. „Тероризмот е спектакл. Како нападите стануваат сè пошокантни и драматични, големината на нивната публика се зголемува. Иако повеќето се преплашени и револтирани од ваквото насилство, мало малцинство станува доволно инспирирано за да планира сопствени напади. Така растат екстремистичките движења. Така се обидуваат да го извиткаат – моделираат, светот според нивната волја, пишува „Дфр Лаб“. Социјалните медиуми драматично ја зголемија ефективноста на спектакуларните терористички акти. Во 2014 година, милитантите на ИСИС ги искористија виралните егзекуции на двајца американски заложници за да им објават војна на Соединетите држави. Тие беа наградени со експоненцијално зголемување на покриеноста на западните медиуми и со десетици илјади регрути од повеќе од 100 земји. Во 2019 година, екстремист во Нов Зеланд го пренесуваше убиството на 51 муслимани во градот Крајстчрч (Christchurch). Неговите постапки поттикнаа бројни слични напади и глобално оживување на белиот етно-национализам. Сепак, влијанието на медиумите и симболичната моќ на овие напади заостануваат зад настаните од 6 јануари 2021 година, за време на кои крајно десни екстремисти упаднаа и го окупираа американскиот Капитол, под охрабрување на претседателот Трамп. Неколкумина носеле огнено оружје. Други, наводно, поставиле импровизирани експлозивни направи. За помалку од два часа, тие ја совладаа федералната полиција и го принудија Конгресот да се евакуира. Тоа беше насилна, зачудувачка, незамислива победа, овие слики и видеа го преплавија светот.“ анализираат експертите.

Толку...македонски!

За македонските аналитичари, но и судејќи по коментарите на граѓаните по социјалните мрежи настаните од Вашингтон се „слика и прилика“ за

Горниот дом сè уште е под контрола на

македонскиот 27 април. „Настаните од последните неколку дена се вчудовидувачки за најголем дел од оние кои ја следат политичката состојба во САД, и се доказ како, дури и во еден од најстабилните институционални системи, работите можат да ескалираат брзо и насилно. Доволно е еден моќен политичар да посегне по забранети средства, а останатите во системот да „спијат“. Тоа светот го гледа, и реагира на тоа како се развива длабоката системска криза во САД, која секој ја доживува на свој начин. За некои авторитарни земји, ова е добредојден повод за малку да ја превртат реториката кон САД, и сега, триејќи раце, да поделат наратив кој досега беше унилатерално резервиран кон нив. Така, во соопштенијата од повеќе земји, провејува една патронизирачка порака: „се надеваме дека сите страни ќе седнат на заеднички дијалог"... „им советуваме на нашите граѓани да избегнуваат патувања и да останат таму каде се сместени"... Сигурно дека вакви соопштенија досега биле исклучив домен на американската администрација за други земји, и дека не е пријатно истите пораки да се слушнат упатени кон нив“ вели Петар Арсовски во својата колумна за Дојче Веле и додава:

ИМПИЧМЕНТ... ЗА КРАЈОТ ДА Е НАВИСТИНА СООДВЕТЕН

Во моментот на затворање на овој број на Капитал, Претставничкиот дом на САД гласаше за импичмент на претседателот Доналд Трамп, со што тој влезе во историјата како единствен претседател за кој Долниот дом на Конгресот изгласал отповикување во текот на неговиот мандат. „За“ гласаа 221 пратеник од Демократската партија и дури 10 републиканци, иако очекувањата беа дека ќе гласаат помалку. „Против“ гласаа 197. Сега постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој треба да спроведе судењето, а за Трамп да биде отповикан потребно е двотретинско мнозинство меѓу 100-те сенатори. Засега не е познато кога ќе започне постапката, но малку е веројатно дека Сенатот ќе го отповика Трамп со оглед дека му преостануваат уште осум дена од мандатот, како и тоа што

„За нас, сликите од Капитол Хил будат

републиканското мнозинство. Трамп е обвинет дека го поттикнал бунтот на демонстрантите кои на 6 јануари упаднаа во зградата на конгресот и го „окупираа“ околу 4 часа, во период кога таму траеше седницата со која официјално се потврди победата на демократот Џо Бајден на изборите на 3 ноември 2020. Првиот импичмент за Трамп за кој гласаше Претставничкиот дом беше во декември 2019. Тогаш тој беше обвинет дека ги злоупотребил своите овластувања за да изврши притисок врз Украина да ги испита Џо Бајден и неговиот син Хантер, поранешен член на одборот на украинска енергетска компанија, и дека ја опструирал истрагата во Конгресот во врска со тоа прашање. По судењето кое потоа следуваше во Сенатот, постапката заврши во полза на Трамп.

ЛЕКЦИЈА ЗА САД И ЗА СВЕТОТ

11 ЈАН. 2021 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

непријатни, и премногу блиски сеќавања. Не толку одамна, и ние бевме соочени со без малку идентични настани: насилен обид на една гарнитура во заминување да превенира, преку навидум спонтани, но суштински политички организирани немири, мирна транзиција на власта. Дополнително на тоа, информациите дека и Трамп размислува да се помилува себеси и своите најблиски од подоцнежен кривичен прогон, исто така непријатно наликува на оној обид на т.н. „фикус од Водно“, да амнестира цела гарнитура во обид да ги спаси од допирот на законот. Во таа смисла, точна е констатацијата дека квалификативот за домашен тероризам, со кој американските обвинители го категоризираат упадот во Вашингтон, ја обојува и домашната оптика низ која ги перцепираме, и правно, и политички, настаните од 27-ми април. Таквата квалификација, и воопшто фокусот на овие настани во САД, сигурно ќе го забрза и ќе го врати во внимание, процесот кој се води против учениците и организаторите на овие настани дома.“ Ерол Ризаов во „Независен“ пишува: „Америка и Македонија сега ќе можат да се споредуваат во една единствена работа – 27 април 2017 и 6 јануари 2021 година. Не верувам дека има човек во Македонија

ИМПИЧМЕНТ... ЗА КРАЈОТ ДА Е НАВИСТИНА СООДВЕТЕН

Досега ниту еден претседател на САД не бил „протеран“ од Белата куќа преку процесот на отповикување. Тројца – Трамп во 2019 година, Бил Клинтон во 1998 година и Ендру Џексон во 1868 година – беа отповикани во Претставничкиот дом, но беа ослободени од обвиненијата во Сенатот. Аналитичарите ценат дека импичментот на само неколку дена пред тој секако официјално да замине од функцијата има цел да прати порака дека САД значат сепак многу повеќе и многу поинаку од сликите на срамот во Капитол.

ПОМПЕО НЕ САКА(Н) ВО ЕВРОПА!

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја откажа во последен момент посетата на Европа откако министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн и највисоките функционери на ЕУ одбија да се сретнат со него. Ова го објави британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на европски дипломати и други информирани лица. Ваква „шлаканица“ на Вашингтон му е зададена по упадот на илјадници поддржувачи на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во американски Капитол. Нападот без преседан врз американската демократија вџаши голем број светски лидери и американски сојузници, потсетува Ројтерс. Помпео, кој е близок соработник на Трамп, планираше да се сретне со Аселборн во Луксембург, пред средбата со лидерите на ЕУ и главниот дипломат на блокот во Брисел, кажале за Ројтерс три лица упатени во плановите. Првичниот план на Помпео бил да отиде во Луксембург, но од тој дел на посетата се откажал бидејќи функционери на членката на НАТО не сакале да му закажат состаноци, соопштил еден дипломатски извор. Посетата на Брисел била планирана до последната минута. Меѓутоа, посетата на Помпео на Брисел не вклучувала никакви состаноци со ЕУ или јавни настани во седиштето на НАТО. Трет дипломатски извор кажа дека на сојузниците „им е срам“ да се сретнат со Помпео по насилствата во Вашингтон минатата недела. Ројтерс јавува дека министерството за надворешни работи на Луксембург потврдило дека претходно планираната посета е откажана, но не соопштило повеќе детали. ЕУ одбила да коментира. Вџашен од упадот во Капитол на 6 јануари, Аселборн за Трамп кажа дека е „криминалец“ и „политички пироман“. Во соопштението на Стејт департментот, откажувањето на посетата се припишува на активностите околу транзицијата пред примопредавањето на власта на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, иако Помпео сè до неодамна одбиваше јасно да ја признае победата на демократскиот кандидат. Помпео во Брисел требало да има приватна вечера со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг утре вечер, а потоа средба со белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес, пишува Ројтерс. Ваквото одбивање е во спротивност со претходните посети на Помпео на Брисел во изминатите три години, каде одржа клучни говори за политиката на САД и се среќаваше со лидерите на ЕУ, иако Европа ја оспоруваше надворешната политика на Трамп.

ЈАН. 2021 12 KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

COVER STORY

кој ги следеше настаните во живо од американската трагедија во зградата на Конгресот во Вашингтон, кој не помисли на тоа што се случуваше на 27 април 2017 година во македонското собрание. Македонија и Америка сега веќе можат да се споредуваат во една единствена работа – 27 април 2017 и 6 јануари 2021 година. Има многу сличности и уште повеќе разлики, но резултатот е ист. Победи правдата, пропаднаа обидите за пуч, а срамот, жртвите и последиците ќе останат уште долго како темна дамка и опомена колку може да биде загрозена демократијата само од еден човек, чии популистички пораки наоѓаат свои следбеници и во најразвиените и најдемократски земји. Светот уште долго ќе се соочува, додуша по сопствен избор, со лудаци, диктатори, автократи, деспоти, вождови и политички челници со неограничена власт кои се нормални додека не ги запознаеш и не ги почувствуваш на сопствена кожа, а кои лесно во ерата на интернет мобилизираат следбеници со пропаганди, лаги и манипулации.“. Тој смета дека има уште многу сличности и разлики меѓу она што се случуваше на критичните датуми и пред тоа во Америка и во Македонија кои се предмет на анализи: „Но, едно е сигурно , и Трамп и Груевски во своите мандати од четири и 11 години ја покажаа својата насилничка и антидемократска политика на сеење страв, примитивен популизам, манипулации и невистини. Ќе биде многу интересно како Америка понатаму ќе се справува со овој обид да се оневозможи инаугурацијата на Џо Бајден во нов американски претседател. Првиот чекор во Америка е направен истата вечер во 4 часот наутро – американскиот Конгрес ја потврди победата на Бајден. Претседателот Трамп веднаш даде изјава дека одлуката претставува крај на најсилниот прв мандат во историјата на претседателството во Америка и додаде дека „и покрај тоа што не се согласувам со исходот на изборите сепак ќе има уредна транзиција на 20 јануари“. nnn

За македонските аналитичари, но и судејќи по коментарите на граѓаните по социјалните мрежи настаните од Вашингтон се „слика и прилика“ за македонскиот 27 април.

АП ФОТО: БОРИС ГРДАНОСКИ

Притоа не пропушти да најави враќање на претседателската функција: „Ќе ја направиме Америка повторно голема“. Во Македонија додека сè уште траат судските постапки за случувањата на 27 април Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и наследникот на Никола Груевски, во сведочење пред судот по речиси четири години од обидот за пуч изјави дека тоа беше спонтан протест на граѓаните незадоволни од изборниот фалсификат. Немало никаква организација на упадот во парламентот и крвопролевањето, сето тоа било патриотски спонтан чин во земја кај што не може да се прослави ни роденден ако нема организиран пристап и покана, а не да се направи пуч. Неговата партија не ја признава легитимноста на владата по два изборни парламентарни законски спроведени и веродостојни избори и во 2016 и во 2020 година. Сите проблеми ќе бидат решени кога ќе дојде на власт патриотска влада. Тогаш Македонија ќе биде повторно голема и самостојна.“ вели тој. nnn

This article is from: