1090-Kapital magazin

Page 8

ЈАН. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден.

Извртена реалност

Но, старите велат - со она од коешто мудриот би се срамел, будалиот се гордее. Во својата анализа за случките преку океанот неколку дена подоцна „Дфр Лаб“ вели дека тие ќе претставуваат поим за победа кај масата обожаватели на ликот и делото на Доналд Трамп. „Тероризмот е спектакл. Како нападите стануваат сè пошокантни и драматични, големината на нивната публика се зголемува. Иако повеќето се преплашени и револтирани од ваквото насилство, мало малцинство станува доволно инспирирано за да планира сопствени напади. Така растат екстремистичките движења. Така се обидуваат да го извиткаат – моделираат, светот според нивната волја, пишува „Дфр Лаб“. Социјалните медиуми драматично ја зголемија ефективноста на спектакуларните терористички акти. Во 2014 година, милитантите на ИСИС ги искористија виралните егзекуции на двајца американски заложници за да им објават војна на Соединетите држави. Тие беа наградени со експоненцијално

зголемување на покриеноста на западните медиуми и со десетици илјади регрути од повеќе од 100 земји. Во 2019 година, екстремист во Нов Зеланд го пренесуваше убиството на 51 муслимани во градот Крајстчрч (Christchurch). Неговите постапки поттикнаа бројни слични напади и глобално оживување на белиот етно-национализам. Сепак, влијанието на медиумите и симболичната моќ на овие напади заостануваат зад настаните од 6 јануари 2021 година, за време на кои крајно десни екстремисти упаднаа и го окупираа американскиот Капитол, под охрабрување на претседателот Трамп. Неколкумина носеле огнено оружје. Други, наводно, поставиле импровизирани експлозивни направи. За помалку од два часа, тие ја совладаа федералната полиција и го принудија Конгресот да се евакуира. Тоа беше насилна, зачудувачка, незамислива победа, овие слики и видеа го преплавија светот.“ анализираат експертите.

Толку...македонски!

За македонските аналитичари, но и судејќи по коментарите на граѓаните по социјалните мрежи настаните од Вашингтон се „слика и прилика“ за

македонскиот 27 април. „Настаните од последните неколку дена се вчудовидувачки за најголем дел од оние кои ја следат политичката состојба во САД, и се доказ како, дури и во еден од најстабилните институционални системи, работите можат да ескалираат брзо и насилно. Доволно е еден моќен политичар да посегне по забранети средства, а останатите во системот да „спијат“. Тоа светот го гледа, и реагира на тоа како се развива длабоката системска криза во САД, која секој ја доживува на свој начин. За некои авторитарни земји, ова е добредојден повод за малку да ја превртат реториката кон САД, и сега, триејќи раце, да поделат наратив кој досега беше унилатерално резервиран кон нив. Така, во соопштенијата од повеќе земји, провејува една патронизирачка порака: „се надеваме дека сите страни ќе седнат на заеднички дијалог"... „им советуваме на нашите граѓани да избегнуваат патувања и да останат таму каде се сместени"... Сигурно дека вакви соопштенија досега биле исклучив домен на американската администрација за други земји, и дека не е пријатно истите пораки да се слушнат упатени кон нив“ вели Петар Арсовски во својата колумна за Дојче Веле и додава: „За нас, сликите од Капитол Хил будат

ИМПИЧМЕНТ... ЗА КРАЈОТ ДА Е НАВИСТИН Во моментот на затворање на овој број на Капитал, Претставничкиот дом на САД гласаше за импичмент на претседателот Доналд Трамп, со што тој влезе во историјата како единствен претседател за кој Долниот дом на Конгресот изгласал отповикување во текот на неговиот мандат. „За“ гласаа 221 пратеник од Демократската партија и дури 10 републиканци, иако очекувањата беа дека ќе гласаат помалку. „Против“ гласаа 197. Сега постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој треба да

спроведе судењето, а за Трамп да биде отповикан потребно е двотретинско мнозинство меѓу 100-те сенатори. Засега не е познато кога ќе започне постапката, но малку е веројатно дека Сенатот ќе го отповика Трамп со оглед дека му преостануваат уште осум дена од мандатот, како и тоа што Горниот дом сè уште е под контрола на републиканското мнозинство. Трамп е обвинет дека го поттикнал бунтот на демонстрантите кои на 6 јануари упаднаа во зградата на конгресот и го „окупираа“ околу 4 часа, во период кога таму траеше седницата со која официјално се потврди победата

на демократот Џо Бајден на изборите на 3 ноември 2020. Првиот импичмент за Трамп за кој гласаше Претставничкиот дом беше во декември 2019. Тогаш тој беше обвинет дека ги злоупотребил своите овластувања за да изврши притисок врз Украина да ги испита Џо Бајден и неговиот син Хантер, поранешен член на одборот на украинска енергетска компанија, и дека ја опструирал истрагата во Конгресот во врска со тоа прашање. По судењето кое потоа следуваше во Сенатот, постапката заврши во полза на Трамп.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.