1090-Kapital magazin

Page 1

ФЕЉТОН (2)

ГОЛЕМАТА СЛИКА – МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК business magazine

БРОЈ 1090 l 15 јануари 2021 петок l година 21 www.kapital.mk

COVER

INTERVIEW

ЛЕКЦИЈА ЗА САД И ЗА СВЕТОТ

ЗОРАН ЗАЕВ

ДЕМОКРАТИЈАТА ОДГОВАРА БРУТАЛНО КОГА Е ЗЕМЕНА „ЗДРАВО ЗА ГОТОВО“

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА ЕФЕКТИТЕ ОД НАШИТЕ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ЌЕ БИДАТ ВИДЛИВИ

СВЕТ

КАКВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ 2021 ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ЕКОНОМИЈА

БАНКАРИТЕ ВЕЛАТ ЌЕ БИЛЕ „ПОДАРЕЖЛИВИ“ СО КРЕДИТИ ГОДИНАВА

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„АЛКАЛОИД“ ИСПЛАТИ НОВОГОДИШЕН НАДОМЕСТ ОД 25.000 ДЕНАРИ ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ И ДОНИРАШЕ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗАЕДНИЦАТА ВО 2020 ГОДИНА



3

КАПИТАЛ... 1090 6

14

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Лекција за САД и за светот

Зоран Заев

премиер на Република Северна Македонија

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

28

ВИНАРСТВО

Во организација на здружението „Вина од Македонија“

Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

10-тото јубилејно издание на BIWC Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

32

42

24

ЕКОНОМИЈА

Каква финансиска поддршка може да очекуваат фирмите и граѓаните

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

30

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Општествена одговорност на најголемата фармацевтска компанија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

COVER STORY Лекција за САД и за светот....................6 Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“ ИНТЕРВЈУ Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија...................................14 Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи ЕКОНОМИЈА Каква финансиска поддршка може да очекуваат фирмите и граѓаните..............................................................24 Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

ФЕЉТОН: ГОЛЕМАТА СЛИКА

Македонската економија на среден и долг рок (2) Пораст на продуктивноста и структурни промени

ВИНАРСТВО Во организација на здружението „Вина од Македонија“.............................28 10-тото јубилејно издание на BIWC Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Општествена одговорност на најголемата фармацевтска компанија............................................................30 „Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година ФЕЉТОН: ГОЛЕМАТА СЛИКА Македонската економија на среден и долг рок (2)....................................................32

МЕНАЏМЕНТ

Ковид кризата ќе ја промени парадигмата на управувањето Доаѓа ера на „пост – менаџментот“

СВЕТ Пазари на капитал.....................................38 Каква година ги очекува инвеститорите МЕНАЏМЕНТ Ковид кризата ќе ја промени парадигмата на управувањето.....42 Доаѓа ера на „пост – менаџментот“ КАРИЕРИ Дилеми на продажниот тим...........44 Дали сте саботирани од сопствените цели ЛИДЕРИ Јан Коум, основач на WhatsApp.............................46 Правете една работа и правете ја добро

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 14.01.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈАН. 2021


ЈАН. 2021

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ЛЕКЦИЈА ЗА САД И ЗА СВЕТОТ

ДЕМОКРАТИЈАТА ОДГОВАРА БРУТАЛНО КОГА Е ЗЕМЕНА „ЗДРАВО ЗА ГОТО


ЛЕКЦИЈА ЗА САД И ЗА СВЕТОТ

ОВО“

7

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090


ЈАН. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Којзнае колку возбудлива година за светот може да биде 2021 -ва ако веќе во првите денови се случи настан којшто дефинитивно може да влезе во трката за најголеми политички скандали и тоа не само на годината - насилниот упад на разулавената толпа во Капитол сигурно ги изненади и најдобрите познавачи на американските политички прилики. Сликите што се вртеа по светските медиуми наликуваа на огледало за земји во сериозна демократска криза и фактот дека тие се емитуваа од (тоа што беше?) срцето на светската демократија освен што е огромен пораз за целото човештво, предизвика и силна загриженост ширум слободниот свет, природно наметнувајќи го прашањето - ако ова може да се случи среде Вашингтон, тогаш какви се катастрофи и меѓуграѓански судири може да се очекуваат во останатите држави!?

автор

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

К

ојзнае колку возбудлива година за светот може да биде 2021 -ва ако веќе во првите денови се случи настан којшто дефинитивно може да влезе во трката за најголеми политички скандали и тоа не само на годината - насилниот упад

на разулавената толпа поддржувачи на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на Конгресот за да спречат одржување на седница на која се очекуваше потврда на резултатите од ноемвриските претседателски избори на кои Трамп загуби од демократскиот ривал Џо Бајден. сигурно ги изненади и најдобрите познавачи на американските политички прилики. Сликите што се вртеа по светските

медиуми наликуваа на огледало за земји во сериозна демократска криза и фактот дека тие се емитуваа од (тоа што беше?) срцето на светската демократија освен што е огромен пораз за целото човештво, предизвика и силна загриженост ширум слободниот свет, природно наметнувајќи го прашањето - ако ова може да се случи среде Вашингтон, тогаш какви се катастрофи и меѓуграѓански судири може да се очекуваат во останатите држави!? Нема ништо ново во фактот што


9

ЛЕКЦИЈА ЗА САД И ЗА СВЕТОТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

nnn

Нема ништо ново во фактот што американското општество се мачи со силна поларизација и наелектризирани спротивставени политички маси, но навистина е премногу да се „голтне“ идејата дека нечии политички фрустрации би отишле дотаму, на ниво на политичка игра што гарантира само едно - срам за себе, за поддржувачите што се изманипулирани и искористени (некои и убиени) и за целата држава и нејзината позиција на меѓународен гарант на слободата.

американското општество се мачи со силна поларизација и наелектризирани спротивставени политички маси, но навистина е премногу да се „голтне“ идејата дека нечии политички фрустрации би отишле дотаму, на ниво на политичка игра што гарантира само едно - срам за себе, за поддржувачите што се изманипулирани и искористени (некои и убиени) и за целата држава и нејзината позиција на меѓународен гарант на слободата. Претседателот Џо Бајден кој треба да ја преземе администрацијата вели дека е згрозен и дека ни на крај памет не можел да помисли оти Трамп ќе ги надмине и најцрните прогнози: „Тој ги надмина и моите најлоши поимања за него. Тој е срам за земјата, срам за целиот свет, недостоен да ја извршува таа функција…Сепак, потпретседателот Пенс е добредојден на 20 јануари“ Според него, единствената работа со која се согласува со Трамп е дека е добро што нема да присуствува на инаугурацијата на 20 јануари. – Ми рекоа дека тој посочил дека нема да се појави на инаугурацијата. Една од

ЈАН. 2021

ОДГОВОРНОСТА СЕ БРОИ И ВО ПЕТМИНА МРТВИ! Последната жртва е полицаец како последица на повредите здобиени во моментите кога приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп извршија упад во зградата на Конгресот во Вашингтон, јавува Агенција Анадолија (АА). Полицаецот Брајан Д. Сикник е повреден во судирот со демонстрантите во средата, при што изгубил сила кога се вратил во полициската станица, изјави портпаролката на полициската станица Капитол, Ева Малецки. Иако веднаш бил однесен во болница, тој не успеал да се спаси. Сикник, кој работел во полицијата на Капитол од 2008 година, е петтата жртва од протестите и нередите кои се случија во средата во Вашингтон. Полицијата смртно застрела ветеранка на воздухопловните сили која беше со поддржувачите на Трамп кои упаднаа во зградата на Капитол, додека три други лица беа прогласени за починати во медицинските установи по нередите. Како последица на големиот број критики, командантот на полицијата Стивен Санд поднесе оставка, која ќе стапи на сила на 16 јануари, само четири дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.


ЈАН. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден.

Извртена реалност

Но, старите велат - со она од коешто мудриот би се срамел, будалиот се гордее. Во својата анализа за случките преку океанот неколку дена подоцна „Дфр Лаб“ вели дека тие ќе претставуваат поим за победа кај масата обожаватели на ликот и делото на Доналд Трамп. „Тероризмот е спектакл. Како нападите стануваат сè пошокантни и драматични, големината на нивната публика се зголемува. Иако повеќето се преплашени и револтирани од ваквото насилство, мало малцинство станува доволно инспирирано за да планира сопствени напади. Така растат екстремистичките движења. Така се обидуваат да го извиткаат – моделираат, светот според нивната волја, пишува „Дфр Лаб“. Социјалните медиуми драматично ја зголемија ефективноста на спектакуларните терористички акти. Во 2014 година, милитантите на ИСИС ги искористија виралните егзекуции на двајца американски заложници за да им објават војна на Соединетите држави. Тие беа наградени со експоненцијално

зголемување на покриеноста на западните медиуми и со десетици илјади регрути од повеќе од 100 земји. Во 2019 година, екстремист во Нов Зеланд го пренесуваше убиството на 51 муслимани во градот Крајстчрч (Christchurch). Неговите постапки поттикнаа бројни слични напади и глобално оживување на белиот етно-национализам. Сепак, влијанието на медиумите и симболичната моќ на овие напади заостануваат зад настаните од 6 јануари 2021 година, за време на кои крајно десни екстремисти упаднаа и го окупираа американскиот Капитол, под охрабрување на претседателот Трамп. Неколкумина носеле огнено оружје. Други, наводно, поставиле импровизирани експлозивни направи. За помалку од два часа, тие ја совладаа федералната полиција и го принудија Конгресот да се евакуира. Тоа беше насилна, зачудувачка, незамислива победа, овие слики и видеа го преплавија светот.“ анализираат експертите.

Толку...македонски!

За македонските аналитичари, но и судејќи по коментарите на граѓаните по социјалните мрежи настаните од Вашингтон се „слика и прилика“ за

македонскиот 27 април. „Настаните од последните неколку дена се вчудовидувачки за најголем дел од оние кои ја следат политичката состојба во САД, и се доказ како, дури и во еден од најстабилните институционални системи, работите можат да ескалираат брзо и насилно. Доволно е еден моќен политичар да посегне по забранети средства, а останатите во системот да „спијат“. Тоа светот го гледа, и реагира на тоа како се развива длабоката системска криза во САД, која секој ја доживува на свој начин. За некои авторитарни земји, ова е добредојден повод за малку да ја превртат реториката кон САД, и сега, триејќи раце, да поделат наратив кој досега беше унилатерално резервиран кон нив. Така, во соопштенијата од повеќе земји, провејува една патронизирачка порака: „се надеваме дека сите страни ќе седнат на заеднички дијалог"... „им советуваме на нашите граѓани да избегнуваат патувања и да останат таму каде се сместени"... Сигурно дека вакви соопштенија досега биле исклучив домен на американската администрација за други земји, и дека не е пријатно истите пораки да се слушнат упатени кон нив“ вели Петар Арсовски во својата колумна за Дојче Веле и додава: „За нас, сликите од Капитол Хил будат

ИМПИЧМЕНТ... ЗА КРАЈОТ ДА Е НАВИСТИН Во моментот на затворање на овој број на Капитал, Претставничкиот дом на САД гласаше за импичмент на претседателот Доналд Трамп, со што тој влезе во историјата како единствен претседател за кој Долниот дом на Конгресот изгласал отповикување во текот на неговиот мандат. „За“ гласаа 221 пратеник од Демократската партија и дури 10 републиканци, иако очекувањата беа дека ќе гласаат помалку. „Против“ гласаа 197. Сега постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој треба да

спроведе судењето, а за Трамп да биде отповикан потребно е двотретинско мнозинство меѓу 100-те сенатори. Засега не е познато кога ќе започне постапката, но малку е веројатно дека Сенатот ќе го отповика Трамп со оглед дека му преостануваат уште осум дена од мандатот, како и тоа што Горниот дом сè уште е под контрола на републиканското мнозинство. Трамп е обвинет дека го поттикнал бунтот на демонстрантите кои на 6 јануари упаднаа во зградата на конгресот и го „окупираа“ околу 4 часа, во период кога таму траеше седницата со која официјално се потврди победата

на демократот Џо Бајден на изборите на 3 ноември 2020. Првиот импичмент за Трамп за кој гласаше Претставничкиот дом беше во декември 2019. Тогаш тој беше обвинет дека ги злоупотребил своите овластувања за да изврши притисок врз Украина да ги испита Џо Бајден и неговиот син Хантер, поранешен член на одборот на украинска енергетска компанија, и дека ја опструирал истрагата во Конгресот во врска со тоа прашање. По судењето кое потоа следуваше во Сенатот, постапката заврши во полза на Трамп.


ЛЕКЦИЈА ЗА САД И ЗА СВЕТОТ непријатни, и премногу блиски сеќавања. Не толку одамна, и ние бевме соочени со без малку идентични настани: насилен обид на една гарнитура во заминување да превенира, преку навидум спонтани, но суштински политички организирани немири, мирна транзиција на власта. Дополнително на тоа, информациите дека и Трамп размислува да се помилува себеси и своите најблиски од подоцнежен кривичен прогон, исто така непријатно наликува на оној обид на т.н. „фикус од Водно“, да амнестира цела гарнитура во обид да ги спаси од допирот на законот. Во таа смисла, точна е констатацијата дека квалификативот за домашен тероризам, со кој американските обвинители го категоризираат упадот во Вашингтон, ја обојува и домашната оптика низ која ги перцепираме, и правно, и политички, настаните од 27-ми април. Таквата квалификација, и воопшто фокусот на овие настани во САД, сигурно ќе го забрза и ќе го врати во внимание, процесот кој се води против учениците и организаторите на овие настани дома.“ Ерол Ризаов во „Независен“ пишува: „Америка и Македонија сега ќе можат да се споредуваат во една единствена работа – 27 април 2017 и 6 јануари 2021 година. Не верувам дека има човек во Македонија

11

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ПОМПЕО НЕ САКА(Н) ВО ЕВРОПА! Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја откажа во последен момент посетата на Европа откако министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн и највисоките функционери на ЕУ одбија да се сретнат со него. Ова го објави британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на европски дипломати и други информирани лица. Ваква „шлаканица“ на Вашингтон му е зададена по упадот на илјадници поддржувачи на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во американски Капитол. Нападот без преседан врз американската демократија вџаши голем број светски лидери и американски сојузници, потсетува Ројтерс. Помпео, кој е близок соработник на Трамп, планираше да се сретне со Аселборн во Луксембург, пред средбата со лидерите на ЕУ и главниот дипломат на блокот во Брисел, кажале за Ројтерс три лица упатени во плановите. Првичниот план на Помпео бил да отиде во Луксембург, но од тој дел на посетата се откажал бидејќи функционери на членката на НАТО не сакале да му закажат состаноци, соопштил еден дипломатски извор. Посетата на Брисел била планирана до последната минута.

НА СООДВЕТЕН Досега ниту еден претседател на САД не бил „протеран“ од Белата куќа преку процесот на отповикување. Тројца – Трамп во 2019 година, Бил Клинтон во 1998 година и Ендру Џексон во 1868 година – беа отповикани во Претставничкиот дом, но беа ослободени од обвиненијата во Сенатот. Аналитичарите ценат дека импичментот на само неколку дена пред тој секако официјално да замине од функцијата има цел да прати порака дека САД значат сепак многу повеќе и многу поинаку од сликите на срамот во Капитол.

ЈАН. 2021

Меѓутоа, посетата на Помпео на Брисел не вклучувала никакви состаноци со ЕУ или јавни настани во седиштето на НАТО. Трет дипломатски извор кажа дека на сојузниците „им е срам“ да се сретнат со Помпео по насилствата во Вашингтон минатата недела. Ројтерс јавува дека министерството за надворешни работи на Луксембург потврдило дека претходно планираната посета е откажана, но не соопштило повеќе детали. ЕУ одбила да коментира. Вџашен од упадот во Капитол на 6 јануари, Аселборн за Трамп кажа дека е „криминалец“ и „политички пироман“. Во соопштението на Стејт департментот, откажувањето на посетата се припишува на активностите околу транзицијата пред примопредавањето на власта на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, иако Помпео сè до неодамна одбиваше јасно да ја признае победата на демократскиот кандидат. Помпео во Брисел требало да има приватна вечера со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг утре вечер, а потоа средба со белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес, пишува Ројтерс. Ваквото одбивање е во спротивност со претходните посети на Помпео на Брисел во изминатите три години, каде одржа клучни говори за политиката на САД и се среќаваше со лидерите на ЕУ, иако Европа ја оспоруваше надворешната политика на Трамп.


ЈАН. 2021

12 COVER STORY

nnn

За македонските аналитичари, но и судејќи по коментарите на граѓаните по социјалните мрежи настаните од Вашингтон се „слика и прилика“ за македонскиот 27 април.

кој ги следеше настаните во живо од американската трагедија во зградата на Конгресот во Вашингтон, кој не помисли на тоа што се случуваше на 27 април 2017 година во македонското собрание. Македонија и Америка сега веќе можат да се споредуваат во една единствена работа – 27 април 2017 и 6 јануари 2021 година. Има многу сличности и уште повеќе разлики, но резултатот е ист. Победи правдата, пропаднаа обидите за пуч, а срамот, жртвите и последиците ќе останат уште долго како темна дамка и опомена колку може да биде загрозена демократијата само од еден човек, чии популистички пораки наоѓаат свои следбеници и во најразвиените и најдемократски земји. Светот уште долго ќе се соочува, додуша по сопствен избор, со лудаци, диктатори, автократи, деспоти, вождови и политички челници со неограничена власт кои се нормални додека не ги запознаеш и не ги почувствуваш на сопствена кожа, а кои лесно во ерата на интернет мобилизираат следбеници со пропаганди, лаги и

манипулации.“. Тој смета дека има уште многу сличности и разлики меѓу она што се случуваше на критичните датуми и пред тоа во Америка и во Македонија кои се предмет на анализи: „Но, едно е сигурно , и Трамп и Груевски во своите мандати од четири и 11 години ја покажаа својата насилничка и антидемократска политика на сеење страв, примитивен популизам, манипулации и невистини. Ќе биде многу интересно како Америка понатаму ќе се справува со овој обид да се оневозможи инаугурацијата на Џо Бајден во нов американски претседател. Првиот чекор во Америка е направен истата вечер во 4 часот наутро – американскиот Конгрес ја потврди победата на Бајден. Претседателот Трамп веднаш даде изјава дека одлуката претставува крај на најсилниот прв мандат во историјата на претседателството во Америка и додаде дека „и покрај тоа што не се согласувам со исходот на изборите сепак ќе има уредна транзиција на 20 јануари“.

АП ФОТО: БОРИС ГРДАНОСКИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Притоа не пропушти да најави враќање на претседателската функција: „Ќе ја направиме Америка повторно голема“. Во Македонија додека сè уште траат судските постапки за случувањата на 27 април Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и наследникот на Никола Груевски, во сведочење пред судот по речиси четири години од обидот за пуч изјави дека тоа беше спонтан протест на граѓаните незадоволни од изборниот фалсификат. Немало никаква организација на упадот во парламентот и крвопролевањето, сето тоа било патриотски спонтан чин во земја кај што не може да се прослави ни роденден ако нема организиран пристап и покана, а не да се направи пуч. Неговата партија не ја признава легитимноста на владата по два изборни парламентарни законски спроведени и веродостојни избори и во 2016 и во 2020 година. Сите проблеми ќе бидат решени кога ќе дојде на власт патриотска влада. Тогаш Македонија ќе биде повторно голема и самостојна.“ вели тој. nnn



ЈАН. 2021

INTERVIEW 14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090


ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

15

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА ЕФЕКТИТЕ ОД НАШИТЕ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ЌЕ БИДАТ ВИДЛИВИ Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сè вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга ‘хардвер’ инфраструктура се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал. Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент каде неизвесноста ќе биде намалена, а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи.“, вели претседателот на македонската влада, г. Зоран Заев во интервјуто за „Капитал“.


ЈАН. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

М

акедонската економија влезе во 2021 година со многу предизвици пред себе – ефектите од Ковид пандемијата сè уште силно се чувствуваат во поедини сектори што се најмногу погодени, а бизнис коморите секојдневно инсистираат на продолжување на пакетите антикризни мерки, особено на поддршката во исплаќање плати, како и на воведување нови. Премиерот Зоран Заев најави дека се разгледува и петтиот пакет мерки, што треба да биде претставен во февруари, но конкретни детали засега нема. Разговаравме со него околу сè она што може да го очекуваме да се случува на економски план во 2021, но и во преостанатиот дел од мандатот на актуелнава влада. XГX не премиер, како ја оценувате годината зад нас на економски план со оглед на сите предизвици со коишто бевме како држава соочени поради пандемијата? Каков ефект дадоа пакетите со антикризни мерки и дали дел од нив ќе продолжат и годинава, што е впрочем, побарано и од бизнис коморите деновиве? Наша најголема грижа и фокус уште со стартот на кризата што ја донесе пандемијата со КОВИД-19, освен здравствената стратегијата за справување со коронавирусот, беше многу брзо да ги донесеме и спроведеме мерките за соодветен одговор на економската криза предизвикана од пандемијата. Тврдам дека тоа беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места. Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен, и така точно димензионирани, ги запреа трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални, и создадоа услови за сите наредни мерки кој имаа за цел да ги закрепне и да ги заживее со нова динамика домашните економски дејности. Креиравме четири пакети економски мерки за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра или приближно 10% од нашиот Бруто домашен производ. Обезбедивме сигурност на работните места на граѓаните, одржлива потрошувачка, а ги помогнавме и најпогодените сектори од кризата, како и најранливите категории на граѓани. Ја исполнивме и нашата главна цел да ја задржиме, па дури и да ја подобриме функционалност на државата. Редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, дополнително ги реализираме и споменатите мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Никој не може да ни забележи дека сите мерки не ги донесовме на инклузивен начин, со соодветни анализи и во консултација со меѓународните финансиски институции, како и со националните релевантни чинители, економски експерти, стопански комори, организација на работодавачи, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор. Најголем ефект е постигнат со мерката за

субвенции на плати, со која во последниот пакет отидовме и подалеку со скалест раст на поддршката во зависност од падот на приходите кај компаниите која изнесуваше до 21.776 денари. Мене ми е посебно драго што сочувавме околу 100.000 работни места и поддржавме околу 15.000 претпријатија погодени од кризата со финансирање на дел од платата на два пати по три месеци. Дополнително финансиски се поддржани околу 500.000 граѓани кои беа најпогодени со кризата преку директно префрлување средства на нивната трансакциска сметка, а поволните кредити преку Развојната банка за стопанството со исклучително ниска камата беа добредојдени и искористени од страна на домашните компании. Обезбедивме бесплатни тестови, средства за вакцини, поддршка на медицинскиот персонал. Јас денеска можам да кажам дека ефектот од мерките е очигледен, со самото формирање на Владата после изборите во јули 2020, резултатите во третиот квартал во повеќе домени се значително подобрени. Се ублажи големиот пад на БДП од -14,9% регистриран во второто тримесечје од 2020 година и согласно податоците на статистика, за третото тримесечје од 2020 година, стапката изнесува -3,3%. Исто така, гледано по компоненти ќе се забележи дека по високиот пад на бруто - инвестициите од 34,4% во вториот квартал, во третиот квартал има раст од 4,2%, што се должи на растот на инвестициите во градежните работи, како и во машини и опрема. Во третиот квартал падот на потрошувачката е ублажен на -1,2%, од високи -9,1% во претходниот квартал. Тоа главно се должи на фактот дека јавната потрошувачка забележа раст од високи 13,5% на реална основа, што се должи на зголеменото трошење за поддршка на најпогодените категории од пандемијата. Несомнено е дека кризата се прелева и во првиот квартал на 2021 година за што го планираме и петтиот пакет економски мерки. Сè додека кризата трае, Владата со соодветни механизми ќе делува за ублажување на ефектите од пандемијата, состојбата ја следиме во чекор и адекватно реагираме. Државата е тука, како и до сега солидарно да помага на граѓаните и на реалниот сектор. Постигнатите ефекти се потврдени и од меѓународните финансиски институции, меѓу кои и во извештаите на Светска Банка каде се наведува дека состојбата би била многу полоша ако Владите во Западен Балкан, уште на почетокот на кризата не преземаа брзи мерки за ставање на здравствената криза под контрола и ограничување на економската штета. XКапиталните X инвестиции пред корона – кризата беа ставка што повеќе години по ред се реализираше далеку послабо од планираното, додека за 2020 година остварувањето на капиталните расходи е дури 82%. Како се постигна ова ниво на реализација и какви се плановите за 2021? Кои ќе бидат клучните капитални проекти во следниот период? Бездруго сте забележале дека јас инсистирам на тоа дека инвестициите во капитални проекти значат живот за

македонската економија. Затоа покрај актуелните мерки за ублажување на ефектите од кризата, големо внимание посветивме на реализација на капиталните инвестиции. Кризата предизвикана од пандемијата на површина ги извади клучните области каде треба да се насочува капиталот, а тоа се областите кои имаат трајна вредност. Јасно е дека спомениците не се трајни добра, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема... Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во


17

ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

СТАВАЊЕТО НА НЕРЕГИСТРИРАНИТЕ ПАРИ ВО ОПТЕК ЌЕ ГО ПРАВИМЕ ВО ЦЕЛОСНА КООРДИНАЦИЈА СО ЕУ XДо X каде е иницијативата за легализација на „црните“ пари и колку кеш прогнозира Владата дека ќе се слеат на легални сметки во земјава по тој основ? Како планирате да се изведе проверката на тоа кои пари се нелегално стекнати и да се избегне едноставно перење на пари во државава? Особено внимание ќе биде посветено во овој дел на комплетно спречување на ризици за манипулации и изигрувања на системот, а од друга страна овие ресурси да се стават во функција на развој. Подготвени сме да креираме политики, да го поттикнеме интересот на граѓаните да го стават тој „мртов капитал“ во финансиски промет, поточно да инвестираат. Средствата што ќе се легализираат ќе се оданочат за да се полни граѓанскиот буџет и да се реализираат проекти за граѓаните. Потеклото на парите ќе се проверува и оваа можност нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и слично. Сето ова постои во европските земји. Оваа мерка ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ со цел да се искористи и овој ресурс за развој. Граѓаните кои располагаат со готовина која не влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ПАТИШТА, УЧИЛИШТА, БОЛНИЦИ... Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема... Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Јавните инвестиции со приоритет на капитални инфраструктурни проекти. Во годината која измина капиталните расходи имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи. Во Буџетот за годинава, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година.


ЈАН. 2021

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

изградба на социјални станови. Јавните инвестиции со приоритет на капитални инфраструктурни проекти. Во годината која измина капиталните расходи имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи. Во Буџетот за годинава, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година. Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море. Дополнително се градат и рехабилитираат магистрални и регионални патишта на територијата на целата држава. Во периодот до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,2 милијарди евра. И во следните години нашите заложби ќе бидат насочени кон максимална реализација на капиталните инвестиции со воспоставен и нов механизам за следење на нивната реализација. XАмбициозно X најавивте „квантен скок“ во економијата во периодот што следи... Кои ќе бидат главните носители на економскиот раст што допрва треба да го очекуваме? Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сè вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга „хардвер“ инфраструктура се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал. Затоа Буџетот за 2021 е значаен придонес кон Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст кој се состои од четири столба: економско заздравување од КОВИД-19, второ - забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, трето зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, и четврто - развој на човечките ресурси и еднакви можности, преку кои ќе се обезбеди макроекономска стабилност и финансиска одржливост, заздравување на економијата и забрзување на економскиот раст. Сите овие сегменти се меѓусебно поврзани и би рекол условени. Дополнително од голема важност е имплементација на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија. Веќе направивме ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III. Средствата ќе бидат насочени за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција како и развој на човечки ресурси за да се обезбеди одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот

развој и закрепнување на регионот. Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Верувам дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, ќе даде силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, поддршка на зелена и дигитална транзиција и поттикнување на регионална интеграција кон Европската Унија. Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент каде неизвесноста ќе биде намалена, а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи. XВо X последната предизборна кампања истакнавте дека за три години имате обезбедено директна и индиректна финансиска помош за земјоделците од 430 милиони евра и дека ќе продолжите понатаму со 200 милиони евра годишно поддршка. Какви се резултатите од оваа помош за земјоделството, во смисла на обем на производство и извоз на земјоделски производи? Покрај најавите за продажба на државно земјоделско земјиште, кои ќе бидат клучните точки на земјоделската политика што ќе ја води Северна Македонија? Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, квалитетна и разновидна храна од македонско производство. Треба да ги прифатиме како добар тренд податоците на статистика за откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2020 изнесува во висина од скоро 5 милијарди денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани. Владата продолжува со стимулирачки мерки како „Млад земјоделец“ со поддршка до 10 илјади евра , „Рурална жена“ со 3.000 евра како и за нов агробизнис со 20.000 евра. Од голема важност е и искористување на мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Ќе следат и повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, старечки домови, капацитети за обработка на дрво, пчеларство итн. Годинава заеднички ќе направиме сè за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и

знаење. Заедничката цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата. Она што ќе донесе дополнителен стимул во земјоделското производство е приватизацијата на државно земјоделското земјиште во функција на развојот. Приватизацијата ќе се одвива согласно одредени услови. Првиот услов е да не смее да се урбанизира, поточно се забранува да биде пренаменето за било која друга намена освен земјоделска. Дополнително, ако новиот сопственик на земјоделското земјиште истото не го обработува или не го изнајми, ќе плати три пати поголем данок. Земјоделството е голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се повлечат кредитни линии, ќе се инвестираат заштедени пари, што ќе значи и отворање на работни места, ќе се поттикне зголемување на извозот, на домашната продукција, а преку тоа ќе се зајакне конкурентноста на националното земјоделско производство. Согласно анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а ние очекуваме 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании. Планот е до крајот на јуни 2021 година да ја завршиме дебатата за законските решенија, а со завршувањето на кризата најдобро е да влеземе во прогрес на оваа иницијатива. Имаме и национални големи компании кои сакаат да инвестираат. Во оваа прилика сакам да напомнам дека нема да се дозволат злоупотреби за што државата има соодветни алатки за да си го заштити јавниот интерес. XКолкав X обем на директни странски инвестиции се реализирани во последниве три години и какви се плановите и прогнозите за периодот што следи? Ќе се реализираат ли најавите дека Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за ТИРЗ ќе се спојат во една институција надлежна за странски инвестиции и каква ќе биде идната стратегија за привлекување инвестиции? Оваа Влада и сега, како и во претходниот мандат прави разлика на ова поле. За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Тоа е многу повеќе од периодите јули 2013 – јуни 2015, и јули 2015 – јуни 2017 кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики. Растат странските инвестиции. Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од овој историски рекорд на странски инвестиции, во периодот од јули 2013 – јуни 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот од јули 2015 – јуни 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции. Рекордните странски инвестиции дојдоа како резултат на два фактори: На надминувањето на политичката криза и со започнување со работа на нашата


ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

одговорна и транспарентна влада и од решавањето на сите наши билатерални спорови со соседите и откочувањето на евроатлантските интеграции. Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО ќе донесе уште повеќе странски инвестиции. Дирекцијата исто така подготвува мерки за поттикнување на побрза реализација на инвестициите што веќе се во тек, вклучително и зголемување на број на вработени, како и раст на плати, како посебен сет на мерки. Во годишната програма за работа на Дирекцијата за ТИРЗ за 2021 предвидено е воведување на нов концепт во привлекувањето и реализацијата на инвестициите. Акцент ќе се стави на инвеститори со повисок квалитет, односно проекти со повисока додадена вредност, што ќе се преслика во поголеми приливи во буџетот, повеќе и повисоко платени работни места, како и поголема соработка и вклучување на домашни компании во глобалните вредносни синџири. За 2021 исто така се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони

19

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ПОТПИШАВМЕ 34 НОВИ ДОГОВОРИ ЗА СТРАНСКИ И ДОМАШНИ ИНВЕСТИЦИИ Оваа Влада и сега, како и во претходниот мандат прави разлика на ова поле. За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Тоа е многу повеќе од периодите јули 2013 – јуни 2015, и јули 2015 – јуни 2017 кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики. Растат странските инвестиции. Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од овој историски рекорд на странски инвестиции, во периодот од јули 2013 – јуни 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот од јули 2015 – јуни 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.


ЈАН. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

евра во основна инфраструктура во повеќе зони изготвен според потребите на корисниците. Новиот концепт на работење на Дирекцијата подразбира и креирање на една влезна точка за сите потреби на потенцијалните и постојните инвеститори, вклучително и проширување на услугите и поддршката и кон домашните, наместо исклучиво кон странските. За таа цел, програмата за работа на Владата предвидува интегрирање на капацитетите на две други агенции – за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на Дирекцијата за ТИРЗ, со што и практично ќе се олесни и поедностави пристапот до услугите на државата кон инвеститорите. Ваквиот чекор подразбира рационализација на капацитетите односно целосно искористување на постојните човечки ресурси во овие две агенции, а за потребите на спроведување на новиот концепт на работа на Дирекцијата за ТИРЗ. XПравење X на мала и ефикасна јавна администрација е во предизборните програми на сите владејачки гарнитури досега, а потоа гледаме само зголемување на гломазниот, скап и неефикасен државен апарат. Што планирате како влада да сторите по ова прашање? Веќе втор мандат се залагаме за јакнење на капацитетите на јавната администрација, како и за професионализација и департизација. Наша цел е ефикасна администрација која ќе биде во служба на сите граѓани. Постојат неколку мерки и проекти кои се во правец на намалување на бројот на вработени во јавната администрација. Целта која е поставена и во програмата на Владата за наредните четири години е да се намали за 20%. Моделите кои ќе придонесат за реализација се следни: -Спојување на функции и надлежности на институциите. Ова е предвидено во ИПА проектот за реорганизација на јавната администрација, проект финансиран од ЕУ, на кој ни помагаат странски експерти. Се изработуваат предлог решенија за реорганизација и измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Оваа операција историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставуваме јасни линии на отчетност,спојување на институции со исти надлежности и намалување на нивниот број. XВо X јавниот сектор ќе се укине можноста за работа по наполнети 64 години, освен за дефицитарни кадри, како на пример здравствените работници и професорскиот кадар на Универзитетите. На тој начин ќе се отворат повеќе шанси за младите за работа во јавниот сектор, но и намалување на администрацијата во ресорите каде нема потреба од зачувување на работното место. Третиот модел е понуда на пакети за трансфер во приватен сектор или предвремено пензионирање и слично. Станува збор за процес кој го започнавме во претходниот мандат, преку разговори со коморите, синдикатите, и сите засегнати страни. Трансферот ќе биде право на избор, односно никој од вработените во јавниот сектор нема да биде принуден на тоа.

XДо X каде е процесот на гасификација на македонската економија и домаќинства? Кога се очекуваат првичните резултати од неодамна најавените амбициозни планови за вклучување на земјава во значајни регионални енергетски проекти, конкретно за редистрибуција на гас што треба да доаѓа од Грција? Реализацијата на гасификацијата е една од најважните стратешки интереси на државата. Посветени сме на целосна имплементација на одредбите од Законот за енергетика со кој се обезбедува заштита на имотот и имотните права и интереси на земјата и се елиминираат пречките кои го попречуваат или оневозможуваат развојот на Северна Македонија во делот на изградбата на гасоводната мрежа. Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис гасоводот. Сегашните анализи велат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Со оваа инвестиција конечно ќе букираме капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан. Нашите очекувања се дека сите овие проекти ќе постигнат 30 процентно намалување на цената на природниот гас во државата, што како евтин и еколошки енергенс ја отвора големата еколошка и енергетска можност за државата. Ова ја развива и можноста за изградбата на гасни централи за производство на електрична енергија, како и ревносно да ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно ефикасна транзиција од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија. Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи во регионот. Продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава. Идната година завршуваме со кракот до Битола, до Тетово и до Гостивар, а потоа продолжуваме со Гостивар – Кичево, Св. Николе – Велес и делницата до Гевгелија и до ТЕЦ Неготино и со заокружување на прстенот кон Охрид и Ресен до Битола. Оваа година ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во повеќе македонски градови со што цевките за гас ќе почнат да стигаат кон домаќинствата. XКаков X е стратешкиот план во врска со експлоатацијата на енергетски ефикасните извори на енергија во

следните 4 години? Кои клучни инвестиции ги планира државата во овој сектор, а колкав дел од моќноста е планирано да се добие од приватни инвестиции? Го зголемуваме интересот за инвестиции во енергетиката со понуда на алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. Тоа првенствено значи постепено преминуваме кон извори на чиста енергија преку примената на еколошки извори на енергија како вода, сонце и ветер за намалување на употребата на јагленот како извор на енергија. Во услови на здравствено - економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот. Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра.


ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

21

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ГО ДЕМОНОПОЛИЗИРАМЕ СНАБДУВАЊЕТО СО ГАС, ОЧЕКУВАМЕ НЕГОВО ПОЕВТИНУВАЊЕ И ДО 30%

Термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ ќе се трансформира во гасна централа преку јавно - приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија. Обезбедени се грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола. Во 2020 година успешно беа спроведени првите транспарентни постапки за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 MW, од кои веќе неколку се пуштени во употреба. Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани по истиот принцип. Инвестицијата е над 35 милиони евра. Годинава ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW. Проценетата инвестиција е 21 милион евра. Дополнително започнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца. XКога X може да се очекува почнување на реализација на веќе историскиот проект ХЕЦ Чебрен? Заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После

11 години обиди на претходната власт кои пропаѓаа уште во фазата на распишување на тендерите, на нашиот јавен повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех. XКаква X поддршка се планира за забрзан развој на стартап сцената во Северна Македонија? Што покажуваат анализите, дали активноста и ресурсите на ФИТР се доволни за подинамичен раст на стартапите, или потребни се и други предуслови, инфраструктура, подобри регулативи и сл.? Потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјава е голем, а нашата цел е токму создавање услови за нивен раст и развој. Се стремиме Северна Македонија да ја направиме регионален стартап центар каде секое лице со квалитетна идеја, истата ќе може да ја преточи во бизнис. Се залагаме да создадеме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачите од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од нашата

ЈАН. 2021

Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис гасоводот. Сегашните анализи велат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Со оваа инвестиција конечно ќе букираме капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.


ЈАН. 2021

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

држава. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи. Досега над 550 деловни субјекти се поддржани преку Фондот за иновации. Од неодамна формиран е и Стартап совет кој ќе ја претставува стартап заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење на политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот стартап екосистем. Во Советот се обединети релевантни чинители кои ги следат состојбите и соодветно алармираат за потребите од подинамичен раст, соодветна инфраструктура и подобра регулатива во функција на развој на социјалното претприемништво. XТуристичкиот X бизнис е меѓу најпогодените од пандемијата, а голем број туристички агенции, хотели и останати компании од овој сектор се затворени или пред затворање. Дали сметате дека државата даде доволно поддршка на овие бизниси и што планирате како мерки за заздравување и враќање на овој сектор на солидната динамика на раст од пред корона – кризата? Туристичко угостителскиот сектор е еден од најпогодените во моменталните услови на пандемија, пред сè како резултат на рестриктивните мерки кои го затворија светот, патувањата се сведени на минимум, а дополнително и самата посета

во угостителските објекти е редуцирана. По големото затворање изминатата пролет, Владата речиси за сите дејности каде условите дозволуваа во консултација со Комисијата за заразни болести и релевантните чинители од секторот, изготви и посебни протоколи за работа. Покрај мерките за финансиска поддршка за исплата на плата на вработените, предвидовме и директна поддршка на секторот туризам и угостителство, а на располагање се и кредитите од Развојната банка. Заврши рокот за аплицирање на петте јавни повици кои ги објави Министерството за економија, а се однесуваат за мерките за поврат на платена туристичка такса за 2019 година, како и директни грантови за туристички агенции, туристички водичи, игротеки и ноќни клубови. Во Министерството за економија согласно крајниот рок пристигнаа над 1.000 апликации и сите кои што аплицирале ќе добијат финансиска помош. Со претставниците од туристичко угостителскиот сектор веќе се работи на креирање на програмите и мерките за поддршка за оваа година, за што веќе се предвидени буџетски средства. Очекуваме следната година по стивнувањето на пандемијата секторот туризам и угостителство полека да се врати на стапките на раст кои што ги имавме во 2019 година. Во континуиран дијалог со овој сектор се креираат мерки кои ќе имаат најдобар резултат. Сепак, ако внимателно ги читаме податоците ќе видиме и позитивни

трендови. Кампањата „Дома си е дома“ даде резултати. Податоците за Маврово - Ростуше, односно за Националниот парк Маврово, и покрај затворањето во април, мај и дел од Јуни кога не работеа сместувачките капацитети, ќе видиме дека 2020 година во првите десет месеци се остварени 22.453 ноќевања и 11.098 туристи, а за истиот период 2019 година 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% и 8% домашни туристи во споредба со 2019 година и показател дека дневните туристи кои ги посетуваат националниот парк се покачија за поголем процент. Во Берово во однос на домашните туристи за истиот период имаме покачување од 29% додека се остварени 37% повеќе ноќевања во однос на истиот период 2019 година. Ова укажува дека еко - туризмот и руралниот туризам се повеќе треба да се развиваат. Отворањето на новата линија Киев - Скопје овозможи поголем број на Украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија. Поддршката треба да продолжи и понатаму со насочени мерки во туризмот за зачувување на сите работни места во туристичката индустрија која се очекува во 2021 година да биде во многу подобра кондиција со справувањето на пандемијата со вакцините и со овозможувањето на патувањата. nnn



ЈАН. 2021

24 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Банките ќе ја зголемат кредитната поддршка за граѓаните и за фирмите годинава. Проценките се дека кредитирањето во 2021 година ќе порасне за околу 6% споредено со лани. Според последните податоците од Народната банка, заклучно со ноември лани, банките имале пласирано вкупно 2,7 милијарди евра кредити кај фирмите, и речиси 3 милијарди евра заеми за граѓаните. Тоа значи дека вкупното кредитно портфолио изнесува околу 5,7 милијарди евра. Првичните податоци покажуваат дека депозитниот раст лани бил околу 4,4% поголем отколку во 2019, а кредитниот раст 5,3%, а според објаснувањето на централната банка, солидниот раст на кредитната активност е резултат на солидниот депозитен раст како главен извор на финансирање, олабавената монетарна политика, регулаторните промени и реструктуирањето на кредитите, како и поволните кредити од Развојната банка. Банкарите генерално имаат попозитивни очекувања за кредитирањето годинава, и на фирмите и на домаќинствата, иако неизвесноста околу надминувањето на корона – кризата е се уште голема.

КАКВА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА М ДА ОЧЕКУВААТ ФИРМИТЕ И ГРАЃАН

БАНКАРИТЕ ВЕЛАТ ЌЕ БИЛЕ „ПОДАРЕЖЛ СО КРЕДИТИ ГОДИНА

автор

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Б

анките ќе ја зголемат кредитната поддршка за граѓаните и за фирмите годинава. Проценките се дека кредитирањето во 2021 година ќе порасне за околу 6% споредено со лани. Според последните податоците од Народната банка, заклучно со ноември лани, банките имале пласирано вкупно 2,7 милијарди евра кредити кај фирмите, и речиси 3 милијарди евра заеми за граѓаните. Тоа значи дека вкупното кредитно портфолио изнесува околу 5,7 милијарди евра. Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка, на последната седница заклучи дека „кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци заклучно со декември покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, повисок од проектираниот за депозитите, а кај кредитите остварувањата се главно во рамките на очекувањата согласно со проекцијата“. Според објаснувањето на централната банка, солидниот раст на кредитната активност е резултат на солидниот депозитен раст како главен извор на финансирање, олабавената монетарна

политика, регулаторните промени и реструктуирањето на кредитите, како и поволните кредити од Развојната банка. Според проценките, депозитниот раст лани бил околу 4,4% поголем отколку во 2019, а кредитниот раст 5,3%. Инаку, дел од мерките што ги презеде Народната банка за ублажување на негативните ефекти за реалниот сектор, а во услови на солидни девизни резерви и ниска инфлација, меѓу другото, беа намалување на основната каматна стапка за 0,75 п.п.; ослободување дополнителна ликвидност преку намалување на износот на благајнички записи; активирање на неконвенционалната мерка со која се намалува обврската на банките за задолжителна резерва за кредитите одобрени на погодените сектори; олеснување на регулаторната рамка со цел пролонгирање на отплатите на кредитокорисниците. Преземените мерки придонесоа за одржување поволни финансиски услови и солидна кредитна активност. На седницата на Комитетот се одлучило дека „засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Сепак,


25

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

БРОЈКИ:

6%

пораст на кредитирањето се проценува за 2021

4,4%

бил порастот на депозитите во 2020

МОЖЕ НИТЕ

5,3%

бил кредитниот раст во 2020

2,7

милијарди евра е кредитното портфолио кај фирмите

ЛИВИ“ АВА неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветно приспособување на монетарната поставеност, доколку е потребно“, пишува во соопштението од седницата на Комитетот.

Угостителскиот и транспортниот сектор најпогодени

Банкарите генерално имаат попозитивни очекувања за кредитирањето годинава, и на фирмите и на домаќинствата, иако неизвесноста околу надминувањето на корона – кризата е се’ уште голема. Ланската година покажа дека е тешко сé да се предвиди, вели генералниот извршен директор на Халкбанк, Билал Суџубаши. Според него, и оваа година секако ќе биде полна со неизвесност и предизвици, и за граѓаните и за стопанството, па со тоа, со оглед дека тие се клиенти на банките, и за банкарскиот сектор. „Од тоа колку брзо пандемијата ќе стивне и кои мерки ќе се преземат за стопанството, ќе зависи дали ќе има раст на кредитирањето, или можеби раст на нефункционалните кредити. Халкбанк АД Скопје, согласно петгодишниот стратешки план, има намера да го продолжи растот,

3,0

милијарди евра е кредитното портфолио кај граѓаните а очекувањата се вкупната актива во наредниот петгодишен период да биде со раст од околу 8% годишно и раст на нето - кредитите околу 8,5% годишно. Се очекува и зголемено учество на кредитите на населението во вкупното портфолио. Во однос на депозитите од клиенти, исто така се очекува интензивирање на растот, пред сè, во делот населението. Просечниот раст на депозитите од клиенти во петгодишниот плански период се очекува да биде приближно над 9% годишно“, вели Суџубаши. Главниот директор за ризици во УНИБанка, Здраво Здравески, вели дека 2021 година ќе биде полна со предизвици. Според него, постоечкото КОВИД портфолио кое почнува да достасува за наплата а резултатите од наплатата се вистински предизвик за дополнителен ангажман на сите структури во изнаоѓање на најбезболни решенија за сите учесници и редовна наплата, која е еден од столбовите за одржување на континуирана ликвидност. „Работиме на надградување на постоечкото портфолио со ново, еднакво квалитетно и тоа во услови на забавена економска активност на стопанските субјекти. Ќе продолжиме да го одржуваме стабилното депозитно јадро и истото да го освежуваме со нови атрактивни продукти, како за населението, така и за стопанските субјекти. Тука е и

конкуренцијата која постојано ни дава дополнителни мотиви за фер натпревар на банкарскиот пазар, за кој од друга страна знаеме дека е мал и лимитиран како за постоечките, така и за новите бизниси. Заради лимитираниот пазар, стопанските субјекти треба да станат поконкурентни и поинтересни за странските пазари, да доставуваат до банкарскиот сектор издржани од секој аспект проекти, како банките би можеле да ги поддржат истите“, коментира Здравески. Од ПроКредит банка, коментираат дека иако пандемијата има големо влијание на економијата, импактот кај претпријатијата од различни дејности во голема мера се разликува. Според нивните податоци од портфолио на банката, најпогоден сектор е угостителскиот, каде кај дури 87% имаат сериозни импликации врз работењето и имаа потреба од имплементација на мерки како што се мораториум, грејс период или пак дополнителни средства за обрт. Втор најпогоден сектор е транспортниот, посебно делот на транспорт на патници каде речиси половина од компаниите имаат намалено ниво на приходи поради ново настанатата ситуација. Од друга страна, градежните и производствените компании, особено оние кои работат во сегментот земјоделие најдобро се носат со кризата, и до сега, кај мал дел


ЈАН. 2021

26 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Банкарите генерално имаат попозитивни очекувања за кредитирањето годинава, и на фирмите и на домаќинствата, иако неизвесноста околу надминувањето на корона – кризата е сè уште голема.

од нив имало негативно отстапување од реализација на нивните планови. „Со индивидуалниот пристап успеавме детално да ги разбереме предизвиците со кои нашите клиенти се соочуваат во моментот и нивните очекувања за развој на бизнисот во следниот период. Секаде каде што имаше потреба обезбедивме соодветно индивидуално прилагодено решение за олеснување на отплатата на кредитите или пак одобривме дополнително средства за надминување на предизвикувачкиот период. Сепак, кризата се уште не е завршена и неизвесноста останува. Ние како банка сме во константна комуникација со нашите клиенти и правиме редовен мониторинг на развојот на ситуацијата во компаниите, се со цел да дадеме навремена поддршка доколку има потреба за истото“, вели Стевче Кузмановски, член на Управен одбор на ПроКредит банка. Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка, вели дека очекувано, глобалната пандемија се одразила на апетитите на граѓаните, претприемачите и инвеститорите за потрошувачка и инвестиции од секаков вид. „Треба да се очекува дека банките, исто како и во текот на 2020 година, ќе продолжат со соодветна кредитна поддршка на бизнисите и населението, што е исклучително важно во процесот на економско закрепнување. Периодот на одложена отплата сам по себе значеше намалена кредитна активност лани, како кај населението, така и за компаниите. Во секој случај, во согласност со своите стратешки цели и позиција на пазарот, Стопанска банка направи вонредни напори за да излезе во пресрет на барањата и потребите на секој клиент, при што, посебно во делот

на компаниите успеавме да постигнеме значајно повисок раст на кредитирањето во споредба со пазарот. Задоволни сме што и во вакви услови на криза, Банката ги исполни сите нејзини задачи кон клиентите, економијата и општеството во целина кои произлегуваат од нејзината системски значајна позиција, во чии рамки влегува континуираната финансиска поддршка на граѓаните и бизнисите како и непречен тек на парите во економијата“, вели Стојановски. Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев, вели дека економските последици од пандемијата генерално се одразиле врз намалување на побарувачката за кредити, но со помал интензитет во однос на иницијалните очекувања кои беа на почетокот на кризата. „Кредитната активност како главен поддржувач на домашната економија оствари солиден раст, додека во стандардите за кредитирање се инкорпорираа дополнителни фактори за оценка, адекватни за населението и реалниот сектор, иако заострувањето е во помала мера во однос на регионот, а каматните стапки се одржуваат на ниско ниво. Реалниот сектор се соочи со поголеми тешкотии и се почувствува поголем пад на кредитната активност, но од исклучителна важност и за населението и за реалниот сектор беа таргетираните антикризни мерки донесени од Владата и од Централната Банка, кои банките во целост ги спроведоа преку олеснети услови за отплата на кредитите за најсилно погодените сегменти. Бизнисите во изминатиот период се адаптираа генерално во насока на рефинансирање и реструктурирање на своите долгови, за што постоеше голема побарувачка, додека особено ранлив сегмент се се’

уште малите и средни претпријатија. Гледано перспективно во наредниот период, побарувачката за кредити за рефинансирања ќе остане засилена и заедно со кредитите за обртен капитал, ќе бидат главните двигатели на кредитната активност на реалниот сектор“, смета Бишев. Генералниот директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, вели дека нивниот фокус ќе биде стабилно и профитабилно оперативно работење засновано на реални и предвидливи очекувања. „Очекуваме постепеното забрзување на кредитната активност, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и зголемената побарувачка за кредити, како и солидната стапка на раст на кредитирањето, да продолжи и наредната година. Со оглед на окружувањето и релативно ниските каматни стапки, контролата на трошоците и квалитетот на пласманите и понатаму ќе бидат од клучна важност“, вели Арсовски.

Пандемијата останува главен ризик

За да закрепне економијата и банките да може да даваат повеќе кредити, клучно е прво да запре пандемијата и сите ризици што ги носи. А токму таканаречениот “имунитет на стадо“ кој според некои епидемиолози, ние би можеле да го имаме веќе напролет по природен пат, е основата на која се темели економскиот модел за оваа година. Прилично замаглена е засега прогнозата за оваа 2021 година, имајќи ги предвид билансот на заразени и сите придружни проблеми на вакцинацијата, така што и економистите и меѓународните финансиски институции, поучени токму од целосните промашувања на прогнозите


27

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

лани, сега се оградуваат од прецизност и се воздржуваат кога предвидуваат каква ќе биде оваа година. Со задршка дека прогнозите може да се променат зависно од неколку ризици поврзани со здравствената криза, пронаоѓањето на вакцините сепак влеа оптимизам дека економското заздравување ќе почне напролет, една година по избувнувањето на пандемијата. Очекувано, македонската економија во вториот квартал од оваа година, статистички ќе прикаже поголема стапка на раст бидејќи економската активност ќе се споредува со динамиката од истиот период лани кога имавме драматичен пад од речиси 15%. За цела година, се проценува дека растот на бруто домашниот производ (БДП) ќе биде околу 4% и оваа стапка делува како блескава прогноза во споредба со длабоката рецесија во 2020. Но, релативно е, како што докажува и познатата теорија на Ајншатјн, колку е брзо ова економско закрепнување особено што го набљудуваме од позиција на назадување. Со вакво темпо, економијата ќе се врати на преткризното ниво дури во првата половина од 2022 година. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, вели дека проценките

за економското заздравување се целосно зависни од справувањето со пандемијата. Според него, особено е важно вакцинирањето да започне во јануари за најризичните групи, за потоа постепено да тече и вакцинирањето на пошироката популација со цел стекнување колективен имунитет. „Информациите околу вакцинирањето во Македонија во моментов не се стабилни, меѓутоа за економијата нема друг излез освен вакцинирање. Под овие претпоставки, ќе може да зборуваме за почеток на економска стабилизација во вториот квартал од 2021. Ако вакцинирањето значајно задоцни, тогаш ќе имаме уште една тешка економска година во која доминантни теми ќе бидат спасување на фирмите и работните места, наместо да зборуваме за раст“, предупредува професорот Петрески. Народната банка исто така, своите прогнози ги темели на оптимизмот што произлегува од превенцијата на заразата со вакцини. „Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне

економската активност“, оценува Народната банка. Според проценките на централната банка, на среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Овие проекции значително се разликуваат од владините, според кои економијата во истиот период би растела годишно и по 5,2%. Народната банка исто така смета дека последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. „Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитирањето, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка“, оценува Народната банка. nnn


ЈАН. 2021

28 ВИНАРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“

10-ТОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА BIWC БАЛКАНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ВИНСКИ НАТПРЕВАР 2021 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Со скоро 1,8 милиони тони вино годишно, Балканот е на 5-то место во светот, веднаш зад најголемите земји производители на вино - Италија, Франција, Шпанија и САД. Балкански интернационален вински натпревар е настан што ја обединува регионалната и светската елита на вино за да ги откријат богатството и разновидноста на балканските вина. Десеттото јубилејно издание на BIWC - Балкански интернационален вински натпревар ќе се одржи помеѓу 2-ри и 4-ти јуни годинава во Скопјe, а Балканскиот фестивал на виното ќе се одржи во Софија помеѓу 17-ти и 19-ти јуни 2021 година. Балканскиот меѓународен натпревар 2021 во Скопје ќе се одржи во организација на здружението Вина на Македонија со поддршка од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на МАСОМ (Македонската асоцијација на сомелиери), како и со медиумско партнерство од страна на повеќе регионални и интернационални медиуми.


29

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Д

есеттото јубилејно издание на BIWC - Балкански интернационален вински натпревар ќе се одржи помеѓу 2-ри и 4-ти јуни годинава во Скопјe, а Балканскиот фестивал на виното ќе се одржи во Софија помеѓу 17-ти и 19-ти јуни 2021 година. Балканскиот меѓународен натпревар 2021 во Скопје ќе се одржи во организација на здружението Вина на Македонија со поддршка од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на МАСОМ (Македонската асоцијација на сомелиери), како и со медиумско партнерство од страна на повеќе регионални и интернационални медиуми. По огромниот успех на минатогодишното издание во Белград, Србија, BIWC ќе продолжи со ротација на земјите домаќини. Натпреварот има за цел подобра интеграција на винарските визби од сите балкански земји и нивна зголемена изложеност во регионот и Европа. Најдоброто вино на Балканот ќе биде избрано од престижното жири кое ќе дојде во нашата држава и оваа година ќе вклучува најмалку четворица носители на титулата Master of Wine. “Со скоро 1,8 милиони тони вино годишно, Балканот е на 5-то место во светот, веднаш зад најголемите земји производители на вино - Италија, Франција, Шпанија и САД. Балкански интернационален вински натпревар е настан што ја обединува регионалната и светската елита на вино за да ги откријат богатството и разновидноста на балканските вина. Голема чест и задоволство ни преставува што оваа година, кога се слави и јубилејното 10-то издание на натпреварот, ние како земја ќе бидеме домаќини. Ова преставува големо признание за македонската винска индустрија и еден од позитивните начини да ја презентираме нашата винска земја во најдобро светло“, изјави Елена Младеновскa Јеленковиќ, извршен директор на Здружението Вина од Македонија. Во 2021 година, BIWC ќе организира и други помали настани со цел да ги промовира балканските вина во регионот на Балканот и во Европа. „Верувам дека енергијата и инспирацијата што ги вложуваме во организацијата на Балканскиот интернационален вински натпревар ќе ни овозможат да направиме уште еден голем натпревар во Скопје. Кризата од минатата година беше неочекувана и и предизвика голема штета на винската индустрија. Но, производителите на вино се луѓе кои работат со страст, амбиција и инспирација. Верувам дека настаните, како што се овој натпревар и фестивалот на виното на Балканот, обезбедуваат

ЕЛЕНА МЛАДЕНОВСКA ЈЕЛЕНКОВИЌ

извршен директор на Здружението Вина од Македонија

Голема чест и задоволство ни преставува што оваа година, кога се слави и јубилејното 10-то издание на натпреварот, ние како земја ќе бидеме домаќини. Ова преставува големо признание за македонската винска индустрија и еден од позитивните начини да ја презентираме нашата винска земја во најдобро светло платформа што винарските визби можат да ја искористат за справување со кризата! “, изјави Галина Нифороу, управен директор на BIWC.

Главната мисија: промоција на балканските вина и винската култура

Главната мисија на BIWCF е промовирање на балканските вина и винската култура во балканскиот регион и низ целиот свет. Претседател и жири на натпреварот традиционално е Константинос Лазаракис, Master of Wine, првиот носител на титулата Master of Wine на Балканот. „Балканското вино е симбол на квалитет и автентичност што потрошувачите ја ценат. 10-тото јубилејно издание на BIWC ќе им помогне не само на љубителите на вино, туку и на претставниците од HoReCa секторот да запознаат повеќе регионални вина и производители “, ветува Лазаракис. После натпреварот, ќе биде организирана изложба со сите примероци на 4 јуни на местото на одржување на BIWC во Скопје, на која ќе бидат поканети деловни претставници, сомелиери, дистрибутери и љубители на вино. Предвидена е богата програма на мастер-класови и семинари за сите вински професионалци и љубители на вино од Македонија и за гостите од странство. Минатата година наградата „Најдобро вино на Балканот“ и беше доделена на српската винарница Александровиќ за виното Trijumf Sauvignon Blanc 2019, а македонските винарници, покрај бројните златни, сребрени и бронзени медали се закитија и со следниве трофеи: Трофеј за најдобро црвено вино од локални балкански сорти беше и доделен на Винарска визба Тиквеш за виното Barovo Red 2017 и Трофеј за најдобро вино од Македонија беше доделен на Винарница Камник за виното Terroir Grand Reserve 2015. nnn

Минатата година наградата „Најдобро вино на Балканот“ и беше доделена на српската винарница Александровиќ за виното Trijumf Sauvignon Blanc 2019, а македонските винарници, покрај бројните златни, сребрени и бронзени медали се закитија и со следниве трофеи: Трофеј за најдобро црвено вино од локални балкански сорти беше и доделен на Винарска визба Тиквеш за виното Barovo Red 2017 и Трофеј за најдобро вино од Македонија беше доделен на Винарница Камник за виното Terroir Grand Reserve 2015.


ЈАН. 2021

30 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА НАЈГОЛЕМАТА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА

„АЛКАЛОИД“ ИСПЛАТИ НОВОГОДИШЕН НАДОМЕСТ ОД 25.000 ДЕНАРИ ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ И ДОНИРАШЕ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗАЕДНИЦАТА ВО 2020 ГОДИНА

П

роизводите на „Алкалоид“ се дел од секојдневието на милиони луѓе во земјите каде што компанијата има воспоставено свои деловни операции. Секој производ што го носи логото на „Алкалоид“ е синоним за квалитет, традиција и за вложен труд на илјадници вработени и генерации на „алкалоидовци“, кои ги граделе компаниските вредности. Позитивниот имиџ на компанијата во голема мера е рефлексија на организациската култура, во која грижата за вработените е на врвот на листата на приоритети. Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето износ од 25.000 денари. Политиката за надоместоци на компанијата, во согласност со Статутот на друштвото и со колективниот договор на „Алкалоид“ АД, се базира на конкурентност, мотивација, навременост и на транспарентност. Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во

првиот квартал од 2020 г., во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 26.718 денари. Во декември годинава во „Алкалоид“ АД имало 2.371 вработен, од кои 1.832 во Северна Македонија и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година во компанијата се реализираа 209 нови вработувања. „Во услови кога светските економии се борат за ублажување на ефектите од претрпените загуби, а прогнозите за 2021 г. се ставени во сенка на имунитетот на вирусот и на очекуваните ефекти од вакцините, ретки се компаниите што можат да им помогнат на своите системи во вакви тешки времиња. Но, помошта во кризни услови е од суштинско значење, особено ако кризата го носи предзнакот здравствена. Поради тоа, во тековнава година нашите активности за општествена одговорност имаа засилен интензитет. На разни основи, ‘Алкалоид’ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра

се донирани во Северна Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’. На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.“, велат од компанијата. Грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина. Годината која следува е исполнета со голем број неизвесности, но ние ќе останеме посветени на исполнување на очекувањата на пазарот и на испорачување врвен квалитет на нашите производи и услуги. Посакуваме во годината на 85. јубилеј на „Алкалоид“ АД да се радуваме заеднички на нови успеси, повисоки достигнувања и на ЗДРАВЈЕ пред сè!



ЈАН. 2021

32 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА С автор:

ВАНЧО УЗУНОВ БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ИВАНА ВУЧКОВА ПОГЛАВЈЕ 2 Пораст на продуктивноста на македонската економија и структурни промени на среден и долг рок Многубројни анализи со податоци укажуваат дека перформансите на економијата на Северна Македонија во изминатите две децении се незадоволителни. При висока ценовна стабилност и стабилност на девизниот курс, БДП на Северна Македонија растел со просечна годишна стапка од 2,9%, а и продуктивноста пораснала

многу малку. Стапките на инвестирање не биле ниски, што говори дека алокацијата на производните фактори е крајно неефикасна и дека пазарниот механизам е „инхибиран“. Работната сила е недоволно искористен производен фактор, иако се намалила стапката на невработеност. Mоделот на економски пораст што бил имплементиран – базиран на ниска цена на трудот, ниски и рамни даноци и обилно користење на увоз на знаење и технологија преку странски директни инвестиции (СДИ) – не обезбедил брз и инклузивен економски пораст и значително повисок општ животен стандард. СДИ од технолошкоиндустриските зони создаваат до 50% од вкупниот извоз на државата, но во формирањето на БДП имаат придонес од околу 2% и вработуваат околу 3% од вработената работна сила. Вклученоста

на домашни фирми во вредносните вериги на СДИ е речиси занемарлива. Преку СДИ се одвива еден вид „извоз“ на македонска евтина работна сила, а новосоздадената вредност од производство генерирано од СДИ е под 10%. Исто така, државата останува на ниско ниво на технолошка специјализираност. Домашните фирми користат релативно застарени технологии, не се подготвени да прифаќаат нови технологии, а голем број мали фирми во Северна Македонија не се спремни да иновираат. Нивото на вложувања во истражување и развој и воведување на нови производи и технологии се на исклучително ниско ниво. Работните процеси во домашните фирми се на ниско до средно ниво на автоматизираност, многу често со аналогна автоматизација и крајно


33

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

СРЕДЕН И ДОЛГ РОК (2) ниско ниво на користење на вештачка интелигенција. Конечно, економскиот пораст и развојот не биле инклузивни, бидејќи бенефициите од постигнатиот пораст и развој не се широко распространети низ економијата и не се широко споделени во населението. Имајќи го тоа како почетна точка, овој труд има амбиција да посочи неколку аспекти што се најбитни – како контекст на „големата слика“ – за порастот на продуктивноста на македонската економија и структурните промени на среден и долг рок.

Развојна стратегија базирана на експанзија на извозот

За да се постави реална и остварлива основа за одржлив пораст на продуктивноста и на животниот стандард на граѓаните на долг рок, прва задача е избор на соодветен модел на развој

или развојна стратегија. Таа стратегија, всушност, треба да претставува рамка за сите видови економски политики и со неа треба да се усогласуваат сите кратко, средно и долгорочни мерки на целата економска политика. Имајќи го тоа предвид, меѓу повеќето можни развојни стратегии, како најсоодветна за Северна Македонија се издвојува развојната стратегија на извозна експанзија, или извозно-раководен економски пораст. Има мноштво на аргументи за да се оправда изборот токму на оваа развојна стратегија за случајот на Северна Македонија, но како најбитно треба да се истакне дека станува збор пред сè за мала економија, со мал пазар, со многу ограничена домашна побарувачка и по квантитет и по софистицираност, релативно низок степен на економски развој и со ограничени ресурси.

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Нивниот труд е преточен во студијата „Големата слика: Македонската економија на среден и дол рок“,издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларијата во Скопје. „Капитал“ ви ги претставува сите девет поглавја од студијата – целосно или делумно, со дозвола од Фондацијата. Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска - Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок. Целата публикација е достапна на веб страната на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – www.fes-skopje.org


ЈАН. 2021

34 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Бидејќи сите наброени фактори се меѓусебно испреплетени и имаат меѓусебно негативно влијание, и според теоријата и според практиката на повеќе држави, меѓу повеќето познати и испробани, како најсоодветна развојна стратегија се издвојува стратегијата на извозна експанзија – извозот на производи и услуги да биде основен двигател на целокупниот економски развој. Суштината и деталите на спроведувањето на ваква развојна стратегија се добро познати. Меѓутоа, сепак е потребно да се посочат некои посебно битни аспекти: Изборот на извозна експанзија како долгорочна развојна стратегија значи дека економијата на државата не треба да остане (само) „мала отворена економија“, туку треба постепено да стане меѓународно интегрирана економија. Тоа воопшто не е исто. Во развоен модел на извозна експанзија основен двигател на развојот е извозот на стоки и услуги (а не „капитални инвестиции по секоја цена“ – тие се само инструмент на политиката). При спроведување на стратегија на извозна експанзија владината поддршка на извозот не треба да остане ограничена само на примарните или секундарните сектори, туку треба да ги опфати и терцијарните, односно услугите. Развојната стратегија на извозна експанзија подразбира постоење – што во случајот на Северна Македонија значи изградување – на релативно високо ниво на специјализација на економијата, релативно високо ниво на технолошки развој и модернизација, и постепено градење на релативно високо ниво на конкурентност и конкурентна способност во регионални и глобални рамки. Спроведување на модел на развој базиран на извозна експанзија значи дека државата не треба да остане да се потпира само на увоз на знаење/ технологија (егзоген модел на пораст, каква што е состојбата досега), туку тоа треба да се комбинира со ендоген модел на пораст – развој на сопствено знаење, иновации, за поврзување на домашни фирми во вредносните вериги на СДИ навлезени во Северна Македонија, како и во регионалните и глобалните вредносни вериги. За успешно спроведување на идниот модел на економски развој, треба соодветно да се постави – што во случајот на Северна Македонија значи да се редефинира – улогата и позицијата на владата во однос на целокупната економија и во однос на начинот на раководење со економскиот развој. На ова се надоврзува уште еден аспект на најдобрата практика на доброто владеење, во смисла дека пристапот на спроведувањето на политиките не треба да биде исклучиво „top-down“(и со владина селекција, што претставува реминисценција на моделот на социјалистичко стопанско планирање), ниту исклучиво „bottomup“ и/или „неутрален“ (што претставува реминисценција на моделот на неолибералниот „Вашингтонски консензус“), туку една посебна комбинација.

1.

2. 3.

4.

5.

6. 7.

8.

Поаѓајќи од наведените аспекти, гледано во оперативна смисла, за пораст на продуктивноста, економски развој и успешно спроведување на развојниот модел на извозна експанзија, владата на Северна Македонија треба да делува преку: а) подобрување на квалитетот и функционалноста на институциите; б) добро регулирање на пазарите; в) развој на човечкиот капитал (унапредување на образованието и здравството); г) инвестиции во материјална инфраструктура (транспорт, енергетика, ИКТ инфраструктура и сл.) и д) поддршка на квалитативните аспекти на работењето на деловните субјекти за да изградат „backward & forward“ вредносни вериги со регионални и меѓународни фирми. Конечно, предвид треба да се има и потребата од обезбедување на одреден степен на самоодржливост на економијата на Северна Македонија, во контекст на тековната криза и идни слични кризи. Тука пред сè се мисли на потребата од постоење на земјоделство (т.е. храна), медицинска опрема, средства за дезинфекција и сл. Тие видови производство би обезбедиле одредена „сигурност“ при идна криза, меѓутоа, со оглед на ограничениот капацитет на малата економија на државата, треба да се настојува тие дејности и сектори да бидат и конкурентно способни за извоз на нивните производи.

9.

Квалитетни и функционални институции

Влијанието на квалитетот на институциите врз економскиот пораст и развој, а особено во однос на продуктивноста, не треба посебно да се докажува. Денес е докажано дека „успехот“ на одделни држави, како и „неуспехот“ на други, се должи во прв ред на институциите (D. Acemoglu, J. Robinson, 2008). Притоа, институциите се набљудуваат како „правила на играта во едно општество или, поформално, од луѓето поставени ограничувања што ги оформуваат нивните меѓусебни интеракции“ (D. North, 1990, p.3). Тука се битни сите три аспекта од посочената дефиниција: дека институциите се поставени од луѓето (а не се фактори што се надвор од нивната контрола); дека тие правила на играта значат ограничувања на однесувањето на луѓето; и дека нивното основно влијание е преку создавање на иницијативи. За економистите иницијативите се основа за движење на економските активности. Според Worldwide Governance Indicators, во периодот 1996 – 2018 година кај два од шесте основни индикатори за квалитетот на институциите во Северна Македонија – ефективност на владата и квалитет на регулативата – е остварен напредок, но кај останатите четири индикатори (гласност и доверливост, политичка стабилност, владеење на правото и контрола на корупцијата) состојбата и по толку долг период – речиси во целиот период од осамостојувањето на државата – не е променета. Ова објаснува голем дел од причините зошто пазарниот механизам во Северна Македонија не дејствува на оптимален начин. Причината за тоа е еден факт што е објаснет и во теоретската литература.

Станува збор за тоа дека Северна Македонија е типичен случај на држава „жртва“ на „ефектот на лулашка“ (see-saw effect), како и на „железниот закон на олигархија“ (The Iron Law of Oligarhy) (D. Acemoglu, J. Robinson, 2008). Се работи за тоа дека, без реално нарушување (променување) на односот меѓу политичката моќ де јуре и де факто, едноставното де јуре реформирање на институционалниот „сет-ап“ не доведува до де факто менување на квалитетот и функционалноста на институциите. Без навлегување во детали и објаснувања, искуствата на повеќе држави покажуваат дека ваквата состојба може да трае многу долго.

Образование за 21-от век

Унапредувањето на образованието, што треба да има големо влијание врз технолошкиот развој и поттикнувањето на иновациите, се посебно битен дел за пораст на продуктивноста на економијата, особено кога се говори за спроведување на развоен модел базиран на извозна експанзија. Тоа е онаа претходно наведена компонента на ендоген аспект на развојниот модел. Но, во таа смисла, предизвикувачки е да се посочи на тоа во кој правец треба да се реформира образовниот процес, пред сè во смисла на неговата наставна содржина. Насоките можат да ги дадат очекувањата во однос на правецот на технолошкиот развој и иновациите како двигатели на порастот на продуктивноста и економскиот развој. За Северна Македонија е многу битно да направи колку што може побрз исчекор од постојниот модел на развој базиран на обилно користење на нискоквалификуван и евтин труд (т.н. ценовна конкурентност, односно конкурентна предност базирана на евтини производни фактори и „инпути“), кон развој базиран на дејности и индустрии со (барем) средно ниво на технологија и технолошка опременост (т.н. квалитативна конкурентност, односно конкурентна способност базирана и на квалитет). Притоа, не може и не треба да се очекува дека фирми од Северна Македонија ќе станат светски технолошки лидери, ниту на подолг рок, ниту во мал број дејности. Туку, првенствената цел треба да биде домашните фирми од Северна Македонија да бидат способни за масовно користење на среднотехнолошко ниво. Уште повеќе, во постојната типична „leader-follower“ констелација на фирмите во светот во однос на технолошкиот развој и нивото на опрема што ја користат, домашните фирми од Северна Македонија треба да станат способни да бидат први следбеници на технолошките лидери, што би бил скок од сегашната состојба на следбеници на следбениците на технолошките лидери. За тоа се потребни подобри (од постојните) просечни квалификации на работната сила во Северна Македонија, како и пораст на иновациите. Но, и во тој контекст, не треба да постојат претензии за стигнување до „cuttingedge“ иновации, или креирање на сосема нови производи или услуги. Иновациите можат да бидат и сосема едноставни откритија, но да водат кон подобрување на работењето на фирми


35

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Во развоен модел на извозна експанзија основен двигател на развојот е извозот на стоки и услуги (а не „капитални инвестиции по секоја цена“ – тие се само инструмент на политиката). При спроведување на стратегија на извозна експанзија владината поддршка на извозот не треба да остане ограничена само на примарните или секундарните сектори, туку треба да ги опфати и терцијарните, односно услугите. од Северна Македонија, или нивно полесно вклучување во регионалните и меѓународните вредносни вериги (на големите фирми).

Вклучување на домашните фирми во вредносните вериги на „домашните“ СДИ и регионалните и глобалните вредносни вериги

Вклучувањето на домашните фирми во вредносните вериги на СДИ навлезени во Северна Македонија, треба да се набљудува како процес што ќе го создаде целосниот мултипликативен ефект од привлекувањето на СДИ, што значи ќе дојде до пораст на продуктивноста и економски пораст. Едновремено, тој процес, колку што е неопходен, исто толку е и тежок за спроведување. За тоа има повеќе причини, а фактот дека при спроведувањето на политиката на привлекување на СДИ во Северна Македонија досега првенствен интерес бил вработувањето на домашната евтина работна сила, а не структурните промени на економијата и што поголемо вклучување на домашните фирми во нивните вредносни вериги, е веројатно најзначаен. Но, тоа создало големи технолошки бариери за домашните фирми да

стануваат дел од вредносните вериги на СДИ. Решавањето на овој проблем треба да се одвива преку технолошка модернизација на домашните фирми, за што тие треба да бидат поддржани од владата, како и со започнување на поинаков модел на привлекување СДИ во иднина – да се привлекуваат СДИ со дејности (производство) што е компатибилно со можностите на домашните фирми да се вклучуваат во нивните вредносни вериги. Всушност, затоа идниот модел на економски развој на Северна Македонија треба да има секторски пристап во однос на привлекувањето на СДИ. Во истата смисла, треба да се настојува да се искористат и специфичностите и на други дејности во македонската економија, на пример земјоделството, во смисла на активно привлекување на СДИ од областа на производство на прехранбени производи, во чии вредносни вериги домашното примарно земјоделско производство би било значаен инпут. Така ќе се постигне зголемување на ефикасноста и специјализираноста и на земјоделството во Северна Македонија. Процес што е комплементарен на тоа,

е вклучувањето на домашните фирми во регионалните вредносни вериги и регионалниот (заеднички) пазар, како и во меѓународните вредносни вериги. Регионалниот пазар претставува голем потенцијал за домашните фирми во Северна Македонија. Прво, бидејќи конкурентната способност за пласирање на извозни производи и услуги на македонските фирми е поголема во однос на регионалниот пазар отколку што е во однос на пазарот на ЕУ. Второ, бидејќи една од последиците во нарушувањето на економските текови што ги создаде постојната пандемија, е нарушувањето на постојните вредносни вериги на фирми од ЕУ што се силно поврзани со Кина и други подалечни пазари. Во рамките на ЕК се одвива процес на реобмислување на таквата констелација во иднина, а просторот на Западен Балкан станува сè поинтересен како простор за идно ширење на СДИ од држави членки на ЕУ, како и за сè поголемо поврзување на фирми од ЗБ во вредносните вериги на фирми од ЕУ.

Вложувања во инфраструктура и „зелена агенда“ Вложувањата во инфраструктура се многу значен инструмент за


ЈАН. 2021

36 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

За Северна Македонија е многу битно да направи колку што може побрз исчекор од постојниот модел на развој базиран на обилно користење на нискоквалификуван и евтин труд (т.н. ценовна конкурентност, односно конкурентна предност базирана на евтини производни фактори и „инпути“), кон развој базиран на дејности и индустрии со (барем) средно ниво на технологија и технолошка опременост (т.н. квалитативна конкурентност, односно конкурентна способност базирана и на квалитет). поттикнување на развојот на економијата, бидејќи со нив се стимулира економскиот пораст и на краток рок, преку мултипликативниот ефект на јавните инвестиции, како и на среден и долг рок, преку зголемување на продуктивниот потенцијал на економијата. Ефектите од инфраструктурните вложувања се уште поизразени во услови на инхибирана економија, каква што е тековната состојба со кризата „Ковид-19“. Фискалниот мултипликатор е повисок во време на економски кризи, што ги прави јавните инвестиции најефективниот инструмент за надминување на кризите. Тоа е уште повеќе изразено во држави со слабо развиена инфраструктура како Северна Македонија. Според податоци на Светската банка, Северна Македонија е на европското дно според квалитетот на инфраструктурата, што е сериозен ограничувачки фактор за развој на трговијата, транспортот и сите други економски активности. Меѓутоа, тука треба да се направи едно дополнување: Северна Македонија ја има надминато фазата на „физичка експанзија“ (или на „градење од нула“)

на инфраструктура, особено на патната мрежа, што значи дека со вложувањата во иднина треба да се настојува патната мрежа да се одржува и модернизира (да се подобри нејзиниот квалитет, а не квантитет). Кај железничката мрежа работите стојат обратно, што значи дека кај железничката мрежа да дојде до процес на интензивна (се разбира, на економски оправданите и одржливи правци) изградба. Во истата смисла станува збор и во однос на гасоводната мрежа во Северна Македонија, којашто треба да се дооформи во целост колку што може поскоро. Во тековната криза особено се истакнуваат вложувањата во здравствената инфраструктура, за да може да се одговори и на моменталните здравствени предизвици, но и на потенцијалните идни од слична природа. И во отсуство на слични здравствени шокови во иднината, со оглед на трендот на стареењето на населението, што е присутно и во нашата држава, во здравството се неопходни поголеми инвестиции. Општо кажано, „зелениот раст“ се однесува на економски пораст што не ја нарушува природата, не загадува и

влијае врз климатски промени, туку се базира на зачувување на еколошкиот баланс. Тој пред сè опфаќа активности од областа на енергетиката кои се однесуваат на праведна транзиција (just transition) кон обновливи извори на енергија, циркуларната економија која отпадот го третира како ресурс, како и други активности со цел ублажување и адаптирање на климатските промени. Освен овие глобални проблеми, голем локален инфраструктурен проблем кај нас е и тоа што многу населени места немаат основни цивилизациски придобивки, како канализација и водовод. Само 18% од руралните средини се покриени со водоводна и канализациска мрежа, што претставува „лоша статистика“ за држава што претендира да стане членка на ЕУ. За да се одговори на сите овие предизвици, потребна е сеопфатна стратегија за инфраструктурни вложувања за „зелен раст“, која би се однесувала на временски период од неколку децении и би ги опфатила сите релевантни сегменти. (Во следниот број: Како до одржлив раст и негово финансирање по Ковид – 19, од авторите Глигор Бишев и Јане Богоев)



ЈАН. 2021

38 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

КАКВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ 2021 ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ Покрај зелената енергија, најпрофитабилна индустрија за годинава се очекува да се финансиите, особено банките. Инвеститорите се обложуваат на зголемување на инфлацијата поради стимуланси и печатење пари. Инфлацијата значи поголеми банкарски маржи. Во минатото, оваа логика беше пропуштена неколку пати, но еден ден оваа надеж ќе донесе само плод. Оваа година, акциите на енергетските компании, особено нафтените компании и индустријата за суровини, исто така, се движат одлично. Овие индустрии растат и поради очекувањата за поголема инфлација.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

О

(редакциска опрема Капитал)

ваа 2021 година започна со многу настани. Политиката, САД и коронавирусот беа главните теми на првата работна недела од новата година. Бајден конечно беше потврден за нов претседател на Соединетите држави, но со многу пречки и одложувања. Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот и го одложија гласањето, но крајниот резултат беше непроменет, како што и се очекуваше. Администрацијата на Бајден се очекува да положи заклетва на 20 јануари, од кога практично и ќе треба да ги засука ракавите. Корона кризата се интензивира и во САД, така што повиците за поголем стимулативен пакет, односно нови 2.000 американски долари за американските домаќинства, стануваат посилни. Ова ќе биде полесно сега, откако демократите добија двајца сенатори на изборите во Џорџија, бидејќи рамнотежата на силите во Сенатот се израмни. Во овој случај, потпретседателот на САД има решавачко гласање, но некои

демократски сенатори посочија дека не се премногу заинтересирани за дополнително печатење пари. Но, пазарите сепак одговорија позитивно и продолжија да растат, барем првично. Пандемијата се интензивира и се приближуваме кон неславниот број од еден милион нови инфекции на ден, иако вакцинацијата исто така се интензивира, но заостанува споредено со плановите. Европа поминува полошо, а мерките продолжуваат да се заоструваат во најголемите европски економии, како што е Германија. Според договорот, Брегзит на крајот на годината носи смирување на состојбата и во моментов нема нарушувања во економијата или деловното работење. Сепак, состојбата во Азија се влошува последните денови, како резултат на интензивирањето на пандемијата. Ова веројатно носи одредено нарушување на пазарите бидејќи можевме да прочитаме дека на пр. почнаа да недостигаат микрочипови потребни за производство на електрични автомобили. Земјите кои произведуваат нафта успеаја да постигнат договор за понатамошно намалување на црпењето на нафтата, со што овој ресурс се искачи на највисоките нивоа од почетокот на пандемијата. Поларниот студ, кој


39

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ГОДИНАВА НÈ ОЧЕКУВА ПОИНАКВА СТРУКТУРА НА РАСТ НА БЕРЗИТЕ Ако вакцината е ефективна, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе се интензивира. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет, кој е повеќе фокусиран на индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, но во 2021 година можеме да очекуваме малку поинаква структура на раст. Неопходен е балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални фондови може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се направи поголема диверзификација.

зафати делови од Северна Америка и Европа, ги поддржува цените на бензинот и електричната енергија. Очекуваната дополнителна ликвидност во форма на стимулативен пакет и печатење пари предизвика манија во сферата на криптовалутите, каде што меурот продолжува да расте и падот ќе предизвика изненадување за многу шпекуланти. Оваа недела, очекуваме пазарите да бидат обликувани главно од новостите од политичката сцена во САД, каде администрацијата на Трамп ги прифаќа последните ограничувања за Кина (отстранување на кинеските компании од котација од американските берзи) и Европа (дополнителни тарифи за некои производи), додека Кина и Европа трпеливо го чекаат 20 јануари и новата администрација. Само разочарувањето да не е преголемо.

Акциите на цикличните индустрии, банките и зелената енергија беа во водство неделава Пазарите станаа многу нестабилни последниве денови. Мноштво фактори, но пред сè политиката и монетарната политика (или шпекулациите околу нив), ги доведоа пазарите во многу различни насоки. Тие пораснаа најмногу минатата недела, во голема мера поради очекувањата за поголем стимулативен пакет што го подготвува

Развојот на пандемијата и ликвидноста на централните банки продолжуваат да ги обликуваат берзите, иако политиката повремено води. На долг рок акциите од технолошкиот сектор и акциите на компаниите кои се занимаваат со е - трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но со високи проценки и стории како последните неколку дена околу технолошките монополи, социјалните медиуми и како и со Алибаба и сопственикот Џек Ма кој сè уште не се појави во јавност, инвеститорите стануваат порезервирани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите првенствено во инвестиции во акции, а исто така гледаме раст кој се граничи со манија на сè повеќе шпекулативни инвестиции. Остануваме на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, особено во сегментите на пазарот кои очекуваат силна промена во деловното опкружување на подобро како резултат на вакцините или влијанието на политиките. Еден таков сегмент е сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење, каде што е потребна претпазливост во последните недели по силниот раст. На некои места, силниот скок можеби започна да ја надминува реалноста во работењето на овие компании, но со оглед на обемната ликвидност, ова засега не ги загрижува инвеститорите. Ако вакцината е ефективна, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе се интензивира. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет, кој е повеќе фокусиран на индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, но во 2021 година можеме да очекуваме малку поинаква структура на раст. Историјата не’ учи дека главните двигатели на растот на пазарот драматично се менуваат со текот на времето. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални фондови може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се направи поголема диверзификација. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ESG се долгорочни трендови. Компаниите и индустриите на кои им е тешко да се прилагодат на ова, ќе станат сè помалку популарни меѓу инвеститорите. Иако флуктуациите во една или друга насока можат да бидат силни, тие не треба да нè заведат кога размислуваме како да го структурираме и составиме портфолиото за долг период на заштеда.


ЈАН. 2021

40 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

Земјите кои произведуваат нафта успеаја да постигнат договор за понатамошно намалување на црпењето на нафтата, со што овој ресурс се искачи на највисоките нивоа од почетокот на пандемијата. Поларниот студ, кој зафати делови од Северна Америка и Европа, ги поддржува цените на бензинот и електричната енергија.

Оваа недела, очекуваме пазарите да бидат обликувани главно од новостите од политичката сцена во САД, каде администрацијата на Трамп ги прифаќа последните ограничувања за Кина (отстранување на кинеските компании од котација од американските берзи) и Европа (дополнителни тарифи за некои производи), додека Кина и Европа трпеливо го чекаат 20 јануари и новата администрација.

новата администрација на Бајден. Акциите на цикличните индустрии, индустријата, банките и зелената енергија беа во водство. ИТ секторот заостана малку, а заостанувањето се прошири откако Твитер, Гугл, Амазон и Епл започнаа да ги суспендираат и бришат профилите на Трамп и неговите приврзаници, како и на другите (премногу) десничарски настроени корисници. Она што вознемирува е цензурата на социјалните платформи спроведена од технолошки монополисти, а не од државни органи врз основа на судски одлуки. Се огласи и германската влада, која не се согласува со начинот на кој големите монополисти го обликуваат јавното мислење. Ова, најверојатно, ќе го зголеми притисокот врз регулаторите да започнат со регулирање и контрола на технолошки монополи. Инвеститорите со страв реагираа на сето ова и во понеделникот видовме значително намалување на наведените акции. Од друга страна, други, повеќе индустриски ориентирани акции на технолошкиот сектор, како на пр. производители на микрочипови продолжуваат да растат. Покрај зелената енергија, најпрофитабилна индустрија за годинава се финансиите, особено банките. Инвеститорите се обложуваат на зголемување на инфлацијата поради стимуланси и печатење пари. Инфлацијата значи поголеми банкарски маржи. Во минатото, оваа логика беше пропуштена неколку пати, но еден ден оваа надеж ќе донесе само плод. Оваа година, акциите на енергетските компании, особено нафтените компании и индустријата за суровини, исто така, се движат одлично. Овие индустрии растат и поради очекувањата за поголема инфлација. И фармацијата се движи добро, бидејќи Фајзер објави двојно зголемување на производството на вакцината против Ковид-19, додека некои други компании објавуваат и добри податоци за нови лекови и терапии за некои други болести. Најлоша е моментално индустријата за основна потрошувачка, каде зајакнувањето на пандемијата малку ја разниша довербата кај некои од најголемите светски компании, како што се Кока Кола и Пепси, кои се повеќе изложени кон Азија, и каде зајакнувањето на мерките ги намалува очекуваните деловни резултати. На пазарите на обврзници, видовме главно зголемување на приносот на американските обврзници, повторно како резултат на очекувањата за повисока инфлација, но промените за подолг временски период сè уште се релативно мали. Откако достигна вредност од 1,23 УСД за евро, доларот започна нагло да се зголемува и се врати на нивоа од околу 1,21 УСД за евро, иако очекувањата за оваа година не се променија значително како резултат на оваа промена. Доларот сè уште губи од својата вредност во однос на еврото. nnn



ЈАН. 2021

42 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

КОВИД-19 КРИЗАТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ПАРАДИГМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕТО КАКВО ШТО ГО ЗНАЕМЕ

ДОАЃА ЕРАТА НА “ПОСТ – МЕНАЏМЕНТОТ“

Директорите директоруваат, претседателите претседаваат и менаџерите управуваат. Така е во традиционалниот тип на организации. Но, сите овие активности додаваат многу помала додадена вредност од порано. Тие ги ограничуваат иновациите и ја задушуваат креативноста во потрагата по ред. HARVARD BUSINESS REVIEW

К

лучот за менаџирање е да се ослободиме од менаџерите”, советуваше Рикардо Семлер, кој во својот TED -говор воведe термини како “индустриска демократија” и “корпоративeн реинженеринг”. Важно е да се истакне дека г-дин Семлер не е некој академик, ниту експерт во теоријата на управување, тој е извршен директор на успешна

индустриска компанија. Неговите ставови не ги претставуваат меинстрим размислувањата за организацискиот дизајн. Но, можеби е време да го редефинираме терминот “менаџер” и да се запрашаме дали идејата за “управување”, како што беше наследена од индустриската ера, ја надживеа својата корисност. Светската банка проценува дека глобалната работна сила достигнува околу 3,5 милијарди луѓе, и во никој случај не очекувам, а уште помалку се залагам, дека оние кои се вработени денес ќе преминат во структура ослободена од

менаџмент во блиска иднина или на среден рок. Најголемиот дел од работата што вклучува човечки труд сè уште најдобро се спроведува во традиционална организациска структура. Во светот на нестабилност, неизвесност, сложеност и двосмисленост, технолошките еднорози се тие кои најрано ќе прифатат пост-хиерархискиот модел. Всушност, некои веќе го прифатија. Денешниот конкурентен пејзаж е дефиниран со еден збор: нарушување. Идеите за постепен напредок,


43

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

континуирано подобрување и оптимизација на процесите едноставно не ја постигнуваат целта повеќе. Тие практики се неопходни, но недоволни. Сега е невозможно да се изгради траен успех без “интра-претприемништво ” или создавање на нови идеи од рамките на една организација.

Дилеми на „нарушувачите“

Организациските дилеми со кои се соочуваат амбициозните “нарушувачи” (disruptors) најдобро се покажуваат преку Netflix. Нивниот гуру за човечки ресурси, Пети МекКорд, идентификуваше проблем кој се појавува очигледно во ретроспектива: како бизнисите растат, така и нивната комплексност. Но, тоа доаѓа по цена на намалување на талентот, односно процентот на високи квалитетни луѓе со добри перформанси во рамките на една организација. Платформата што таа ја разви со извршниот директор на Netflix, Рид Хестингс, стана достапна онлајн, а Шерил Сандберг, вториот човек од Facebook,ja нарече можеби најважниот документ кој излезе од Силиконската долина. Пети МекКорд не ги заработи нејзините признанија со идентификување на проблемите. Она што ја задржа имагинацијата на сите се невообичаените решенија што ги нуди: “Со текот на годините дознавме дека ако ги замолиме луѓето да се потпрат на логиката и здравиот разум, наместо на формалните политики, поголемиот дел од времето добивавме подобри резултати и по пониски трошоци. ” Коментарите за корпоративната култура на Netflix често се фокусира на нејзините конкретни политики за човечки ресурси, како што се самоопределените одмори и отсуството на извештаи за патнички трошоци. Но, ова се само деривати на поголемата визија: високата деловна сложеност не треба да се управува со стандардни процеси и постојано растечки правилници. Пети МекКорд отсекогаш се залагала за спротивното: да се ограничи тиранијата на процедурите, да се донесат донесе високо квалитетни таленти и да им се овозможи самите да се управуваат во срединаво која има максимална флексибилност.

Контролирањето на луѓето е контрапродуктивно

СТИВ ЏОБС

ко-основач на Apple

Нема смисла да се вработaт паметни луѓе, а потоа да им кажете што да прават. Ние ангажираме паметни луѓе за тие да можат да ни кажат што да правиме.

Денес, менаџментот го дефинираме менаџментот како процес на справување со/ или контролирање на нештата или луѓето. И ако ова не е црвено знаме за извршен директор кој работи ништо друго освен фабрика за графичка контрола, не знам што е. Контрола на работите повеќе не се покажува како веродостојно, и контролирањето на луѓето е сосема контрапродуктивно. Стив Џобс го стави прстот на глава кога рече: “Нема смисла да се вработи паметни луѓе, а потоа да им кажете што да прават; ние ангажираме паметни луѓе за тие да можат да ни кажат што да правиме “. Џобс, ко-основачот на “Епл” со право се смета за еден од најголемите визионери

на нашето време, но ако бил роден во, на пример, 17 век – или дури 50 години порано отколку што беше, јас се сомневам дека таквата негова изјава би наишла на разбирање од неговите современици. Ерата на пост-менаџмент е само почеток на разденувањето. И тоа е постојано забрзувачко темпо на технолошки напредок, кој е одговорен за уништување на старите парадигми. Да се имале паметни луѓе да им кажуваат на сопствениците на земјиште што да прават во пред-индустриското општество, немало да доведе до подобри економски резултати. Во најдобро сценарио, тоа би предизвикало потсмев. Нема докази од тоа време кои сугерираат дека производството и порастот на населението не беа едно исто. Додека поделбата на трудот е белег на индустриската ера, денес станува сè потешко да се разгледува и да се распредели работата на “белите јаки” во форма на специфични задачи. Без оглед на тоа како го опишуваме сегашноста, дигиталната епоха или ера на четврта ера на индустриска револуција, она на што се сведува се е дека сите работи што бараат надзор се аутсорсираат преку роботи и алгоритми.

Хиерархискиот менаџмент не е веќе прилагоден за новите предизвици

Втората фундаментална промена што ја гледаме сега е дека стратегијата за изработка на план, а потоа и нејзино извршување веќе не е одржливо. Стратегијата како што ја знаеме е мртва. Справувањето со неизвесноста е број еден предизвик, и можеби звучи како клише, истовремено и можност број еден. Крајното е дека хиерархискиот менаџмент не е веќе прилагоден за предизвиците на модерната економија. Секој столб на традиционална организација сега е нарушен. Статусот кво ситуациите се често заштитени со речникот на бизнисот: директорите директоруваат, претседателите претседаваат и менаџерите управуваат. Но, сите овие активности додаваат многу помала додадена вредност од порано. Тие ги ограничуваат иновациите и ја задушуваат креативноста во потрагата по ред. Контекстуалната свест, периферната визија, дизајнерското размислување и мултидисциплинарниот пристап – сите овие термини се тренди во модерната канцеларија. И заслужено. Организација базирана на проекти и ослободена од титули – каде вчерашниот член на тимот е лидер во тимот денесможе да ја испорача флексибилноста и агилноста за која бизнисите копнеат. Да се води проект не значи само некој да доделува задачи и да ги следи перформансите, туку да ги поттикне, да го дефинира поширокиот контекст и органски да ја поврзе работата на еден тим со останатиот дел од бизнисот. Така се ослободува целиот потенцијал на луѓето. nnn


ЈАН. 2021

44 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ДАЛИ СТЕ САБОТИРАНИ ОД СОПСТВЕНАТА ЦЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ ПОГОЛЕМА ПРОДАЖБА? Дали ги соборувате вашите рекорди? На колку повици одговоривте денес? Колку високо квалитетни договори закажавте за овој месец? Колку нови зделки склучивте овој месец?

О

вие прашања упорно ни се врежуваат во глава, и тоа со добра причина. Голем број професионалци за продажба, често се притиснати да достигнат норма или да се здобијат со одредено ниво на професионалност. Месечните продажби го насочуваат вниманието кон премијата и крајниот резултат, но тие исто така можат да нанесат повеќе штета отколку да донесат благодет, пишува Harvard Business Review. Често ги слушаме продавачите како велат, „Резултатите не се остваруваат

доволно брзо.“ На крајот од секоја месечна продажба, стресот и фрустрацијата се тие кои преовладуваат, а продавачите се обидуваат најдобро што можат да ја заокружат продажбата и да ги добијат очекуваните резултати. Ако продажбата е, во еден дел, пренос на чувства, помислете на чувствата кои им ги пренесувате на вашите потенцијални клиенти. Стресот и вознемиреноста кои се јавуваат при желбата да се оствари што поголема продажба, ненамерно ставаат уште поголем притисок врз вашите клиенти и уште од стартот создаваат една нездрава врска.

Парадокс

Иронично е тоа што постојаната навалица за постигнување на добра продажба ве држи фокусирани на целта и го одвлекува вложувањето напор подалеку од усовршувањето на процесот на продажба кој е неопходен за создавање на бизнис. Збрката која потоа произлегува од ова е „Премногу сум зафатен за да работам на моето усовршување. Морам да достигнам норма“. Размислете за овој парадокс: Резултатот е процес. Со други зборови, што ако го пренасочите вниманието подалеку


45

ЈАН. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

од вашата норма или крајниот резултат и го насочите кон процесот на усовршување? Сепак, што е целта на јадењето пакување чоколаден сладолед: да се стигне до крајот или да се ужива во секој залак? А што е со целта што си ја поставуваме при режимите на вежбање? Ако тоа не ви е професионалност, целта е да се одржи здравјето, виталноста и поради лична сатисфакција. Истото ова важи и за мерењето на продуктивноста, одржувањето на мирен дух и чувството на исполнетост и достигнување на крајот од денот. Сепак, вие не го правите резултатот; вие го извршувате процесот. Резултатот е природен нуспродукт на сопствените напори. Во тоа е парадоксот. Со искажувањето почит кон процесот, можете да уживате во предноста што ќе знаете дека со сигурност ќе ги постигнете вашите цели, затоа што процесот ќе ви даде сè што сакате. Замислете да треба да градите куќа без шематски план!

Водени од процесот, а не од резултатот

За да се постигнат подобри резултати, мора да го промените она што досега сте го правеле или да го промените начинот на размислување. За и понатаму да ги надминувате вашите цели за подобра продажба и подобро да си ја контролирате умствената состојба, променете го вашето мислење да стане водено од процесот, а не водено од резултатот. Запрашајте се дали во моментот имате процеси- за продажба, потенцијални, за склучување зделка, управување со време, служба за клиентите- на кои можете да им верувате. Кога ќе го погледнете вашиот дневен распоред, дали тој ги нагласува специфичните задачи и активности во кои треба да се ангажирате за да ве движат кон вашата цел? Исходот е дека продавачите кои се фокусираат само на крајниот резултат, немаат процес во кој имаат доверба. Како такви, тие се повеќе сконцентрирани на контролирањето на исходот; настојувајќи да го добијат она што го сакаат, а не обрнуваат внимание на процесот. Всушност, не можеш да му веруваш и управуваш со процесот, доколку воопшто немаш процес! Обидот да се постигне што повеќе, без процес кој ќе ве води, е како да возиш со кола од Њујорк до Калифорнија без патна карта и со врзани очи. Не само што ова е стресно, туку со сигурност ќе залутате некаде подалеку од вашата предвидена дестинација. Одвојте време за развој на вашиот процес за постигнување на секоја ваша замисла, со цел да имате јасна слика пред вас. За почеток, направете преглед на вашите претходни успешни зделки. На пример, ако сакате да склучите одреден број зделки секој месец, кои секојдневни активности ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел? Кои вештини и средства треба да се подобрат? На пример, работете на подобрувањето на вашето пропратно писмо или e-mail, направете добар образец за апликација на идните клиенти и подобар пристап

кон говорните пораки, и почесто праќајте повратни информации. Самото размислување и извршување на овие задачи, ви го насочува вниманието на процесот.

Познавање на сопствените граници

Кога еднаш ќе си ја одредите насоката и ќе создадете формула за успех по која ќе работите - X број на повици дава X број на потенцијални клиенти кои даваат X број на продажба - овозможете правењето, кое е во процесот, да биде наградата и задоволството, а не само крајниот резултат. Вака сами ќе бидете одговорни за вашите идни цели, без да се грижите за нив. Ако и понатаму ја продолжите потрагата фокусирани на целната линија, нема да уживате во патувањето. Затоа, внимавајте иднината да не ве фати на јадица и уживајте во процесот на постигнување цели денес. Познавањето на сопствените граници, ви дава слобода да му верувате на процесот кој сте го усвоиле. Сепак, секогаш има недовршени работи. Секогаш има нешто да се доврши на работа, по дома, или во вашиот живот; уште еден повик кој треба да се направи или e-mail да се прочита. Поминувањето на месечната норма на продажба ќе биде резултат на заедничките напори кои ги правите и секојдневните активности во кои се ангажирате. Кога сте свесни за процесот, имате можност да ги препознаете и да им се радувате на своите достигнувања- дури и на најмалите- подобро отколку да настојувате и да чекате да дојде „крај“. Но всушност, дали тој некогаш доаѓа?

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ

ПЛАН ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО XXОрганизација на време. Завршете ги задачите. Не одолговлекувајте XXБидете сигурни дека се концентрирате на важните работи Одредете ги приоритетите во работата XXРазмислете како навистина го минувате времето Дневник на активности XXПланирајте го решавањето на проблемите План за работа XXПочнете со поважните задачи Листа со приоритети XXОдлучете кои се вашите лични приоритети Одредување на лични цели XXПланирајте како најдобро да го искористите вашето време Ефективен распоред на задачите XXПреглед на резултатите од менаџментот на време Ретроспектива


ЈАН. 2021

46 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1090

ЈАН КОУМ ОСНОВАЧ НА WHATSAPP

ПРАВЕТЕ ЕДНА РАБОТА И ПРАВЕТЕ ЈА ДОБРО Јан Коум во јавноста е познат како основач и екс директор на мобилната апликација WhatsApp. Коум има еврејско потекло, роден е и израснат во мало село во близина на Киев, Украина. Во 1992 година, на 16 години заедно со неговата мајка и баба се преселува во Калифорнија, каде се запишува на Универзитетот Сан Хозе. Во 1997 година се вработува како инженер во Yahoo, а после неколку години аплицира, но не успева да се вработи во Facebook. Во 2009 година ја основа мобилна апликација за пораки WhatsApp. Во 2014 година неговата апликација WhatsApp има 400 милиони корисници, а наскоро е купена од страна на Facebook за 19,3 милијарди долари. Денес важи за еден од најуспешните иноватори и компјутерски програмери во САД.

Лесно е да ја продадеш компанијата. Но, ако ги погледнете водечките компании денес како Facebook, Google или Twitter, тие не се продале. Тие се држат и градат добри понуди за корисниците.

Многу често луѓето стартуваат со многу добри идеи, но потоа не извршуваат. Така ја губат јасноста на својата визија. И завршуваат вртејќи се во круг.

Комуникацијата е во основата на нашето општество. Тоа е тоа што не прави луѓе.

Кога е вклучено рекламирањето, корисникот е обично производот кој се продава.

Искуствата од младоста го обликуваат тоа што го правиме подоцна во животот.

Немав компјутер до 19 години, но затоа имав абакус.

Маркетингот и медиумите дигаат прашина. Таа прашина потоа во влегува во очи и не се фокусирате на производот.

Правете една работа, и правете ја добро.

Споредувањето на вкупно регистрирани корисници и активни корисници е како да споредувате Ferrari 250 GTO со скејтборд”.


Да се сакате е ваша работа, да се грижиме е наша. Осигурете го своето куче со пакетот #МојМиленик.

Обезбедете лекување и осигурување на Вашето куче од ризиците смрт од болест и од несреќен случај.

#МојМиленик пакетот вклучува и MyKi уред за следење, што Ви овозможува во секое време да знаете каде е Вашето куче.

Услугата MyKi Pet е овозможена од А1.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.