1 minute read

МЕНАЏМЕНТ Станавте менаџер?

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

СТАНАВТЕ МЕНАЏЕР? ЕВЕ СОВЕТИ КАКО ДА ЈА ПРЕЖИВЕЕТЕ НОВАТА ФУНКЦИЈА

Advertisement

Да се дојде на менаџерска позиција или на ново работно место е возбудливо, но и застрашувачко искуство. Првите три месеци се клучни за успехот, а 46% од нововработените менаџери не траат повеќе од 18 месеци, покажало истражувањето на Leadership IQ, a пренесено од Guardian.

Студијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци. X Да ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток.

Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите. X На состаноците, како и на работа, како менаџер мора да дојдете пред останатите. Така ќе се покажете како посветена и амбициозна личност. X Да го запознаете сопствениот тим е многу важно. Ручеци или кафиња се одличен начин да дознаете што се случува во средината и може да одиграат клучна улога во развивањето доверба помеѓу шефот и вработените. X Секоја канцеларија си има своја политика и култура, а важно е да се разберат правилата на игра што е можно побрзо. X Прво слушајте и посматрајте, а потоа делувајте. Мислењето формирајте го дури откако сте имале време да ја проучите културата и политиката на фирмата. И начинот на облекување прилагодете го кон останатите во канцеларијата. X Прашајте ги соработниците,

претпоставените и деловните партнери како тие би сакале да комуницирате со нив – лично, телефонски, по мејл - и колку често. X Никој не сака изненадувања, а особено не оние што се над вас.

Ако проектот не оди како што сте планирале и ветувале, од клучна важност е на претпоставените што порано да им го јавите тоа. Мора да сте спремни дека работите нема да одат како што сте замислувале, но она што мора да го имате, е план “Б“. X Луѓето можат да го загубат кредибилитетот многу брзо ако не ги исполнат очекувањата. Затоа бидете внимателни и кога ви се чини дека работите се одвиваат совршено. nnn

This article is from: