1092-Kapital magazin

Page 32

ФЕВ. 2021

32 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

СТАНАВТЕ МЕНАЏЕР?

ЕВЕ СОВЕТИ КАКО ДА ЈА ПРЕЖИВЕЕТЕ НОВАТА ФУНКЦИЈА

Да се дојде на менаџерска позиција или на ново работно место е возбудливо, но и застрашувачко искуство. Првите три месеци се клучни за успехот, а 46% од нововработените менаџери не траат повеќе од 18 месеци, покажало истражувањето на Leadership IQ, a пренесено од Guardian.

С

тудијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци. XXДа ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток. Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите. XXНа состаноците, како и на работа, како менаџер мора да дојдете пред останатите. Така ќе се покажете како посветена и амбициозна личност.

XXДа го запознаете сопствениот тим е многу важно. Ручеци или кафиња се одличен начин да дознаете што се случува во средината и може да одиграат клучна улога во развивањето доверба помеѓу шефот и вработените. XXСекоја канцеларија си има своја политика и култура, а важно е да се разберат правилата на игра што е можно побрзо. XXПрво слушајте и посматрајте, а потоа делувајте. Мислењето формирајте го дури откако сте имале време да ја проучите културата и политиката на фирмата. И начинот на облекување прилагодете го кон останатите во канцеларијата. XXПрашајте ги соработниците,

претпоставените и деловните партнери како тие би сакале да комуницирате со нив – лично, телефонски, по мејл и колку често. XXНикој не сака изненадувања, а особено не оние што се над вас. Ако проектот не оди како што сте планирале и ветувале, од клучна важност е на претпоставените што порано да им го јавите тоа. Мора да сте спремни дека работите нема да одат како што сте замислувале, но она што мора да го имате, е план “Б“. XXЛуѓето можат да го загубат кредибилитетот многу брзо ако не ги исполнат очекувањата. Затоа бидете внимателни и кога ви се чини дека работите се одвиваат совршено. nnn


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.