1092-Kapital magazin

Page 1

COVER STORY

business magazine

ДОМАШНИОТ ИТ СЕКТОР ОСТАНУВА ИМУН НА КОРОНА - КРИЗАТА

БРОЈ 1092 l 12 февруари 2021 петок l година 21 www.kapital.mk

КОЛУМНА НЕДА КОРУНОВСКА МРЕЖА НА ФОНДАЦИИ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО

РАСИЗМОТ КОН РОМИТЕ E ЛУКСУЗ КОЈ НЕ СМЕЕМЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИМЕ

ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ ПРОМЕНИ ШТО ТРЕБА ДА ГО РАЗМРДААТ ПАЗАРОТ

ЕНЕРГЕТИКАТА КАКО ФОКУС ВО 2021

МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ РЕГИОНАЛЕН ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР СВЕТСКИ БЕРЗИ

ФЕЉТОН

ЛИДЕРИ

АНАЛИТИЧАРИТЕ ОЧЕКУВААТ НОВ БИКОВ ПАЗАР

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК (4)

РЕКОА ЗА... ПРОМЕНАТА


ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОВОЛНО ДЕЈСТВУВА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Чајната мешавина се состои од лист од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, лист од магдонос, цвет од бозел, лист од орев, лист од мечкино грозје и сладок корен. Билките поволно дејствуваат за детоксикација на организмот и се препорачува чајот да се пие двапати на ден, незасладен.

www.goodnature.mk | www.facebook.com/GoodNatureMKD | www.instagram.com/goodnaturemk * Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.


3

КАПИТАЛ... 1092 10

4

ЕКОНОМИЈА

COVER STORY

Енергетиката како фокус во 2021

Ковид - криза

Информатичката индустрија останува имуна

KAPITAL.MK I БРОЈ 1091

12

ИНТЕРВЈУ

Митко Андреевски, владин

Македонија ќе стане регионален енергетски центар

советник и експерт за енергетика Енергетските проекти се капитални, не за политички поени

24

30

14

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Како работеше фондовската индустрија во корона - криза Вредноста на инвестициските фондови благо зголемена, но приносите слаби во 2020

20

ФЕЉТОН

СВЕТ

Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (4)

Пазари на капитал

Аналитичарите зборуваат за нов нагорен (биков) тренд

Јавните финансии и фискалната политика на среден рок

COVER STORY Ковид - криза...............................................................4 Информатичката индустрија останува имуна ЕКОНОМИЈА Енергетиката како фокус во 2021..........10 Македонија ќе стане регионален енергетски центар ИНТЕРВЈУ Митко Андреевски, владин советник и експерт за енергетика.............................................12 Енергетските проекти се капитални, не за политички поени ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Како работеше фондовската индустрија во корона - криза.....................14

Вредноста на инвестициските фондови благо зголемена, но приносите слаби во 2020 СВЕТ Пазари на капитал................................................20 Аналитичарите зборуваат за нов нагорен (биков) тренд ФЕЉТОН Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (4).....24 Јавните финансии и фискалната политика на среден рок КОЛУМНА Неда Коруновска, Мрежа на фондации Отворено општество.............................................30 Расизмот кон Ромите e луксуз кој не смееме да си го дозволиме бидејќи е

КОЛУМНА

Неда Коруновска, Мрежа на

фондации Отворено општество Расизмот кон Ромите e луксуз кој не смееме да си го дозволиме бидејќи е погубно за нашата економија и ја разорува демократската срж

погубно за нашата економија и ја разорува демократската срж МЕНАЏМЕНТ Станавте менаџер?...............................................32 Пет совети како да ја преживеете новата функција ЛИДЕРСТВО Тајни на добрите организатори..............33 Како да се создаде и мотивира еден тим за продажба МУДРИ МИСЛИ Рекоа за... ....................................................................34 Промените ЛИДЕРИ Џини Ромети, до неодамна шеф на IBM..36 Растот и комфорот не одат заедно

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.01.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ФЕВ. 2021


ФЕВ. 2021

COVER STORY

4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ИНФОРМАТИЧКАТА И ОСТАНУВА ИМУНА НА Информатичката индустрија во земјава е една од оние со најголем имунитет на корона – кризата. Иако се уште нема официјални статистички податоци за работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии (ИКТ) лани, сепак проценките се дека оваа индустрија ќе прикаже позитивни резултати за 2020 година. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) објаснуваат дека позитивните страни се што во услови на пандемија и локдаун кој ограничува движење на граѓаните, овие компании брзо се адаптирале на работата од дома, а побарувачката за

информатички услуги не се намалила. Во отсуство на понови податоци за оваа индустрија, зборувајќи за плановите на државата за креирање политики за развој и поддршка на македонскиот ИКТ сектор, и премиерот Зоран Заев, ги истакна успесите што ги бележат компаниите. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години.


ИНФОРМАТИЧКАТА ИНДУСТРИЈА ОСТАНУВА ИМУНА НА КОРОНА - КРИЗАТА

5

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ИНДУСТРИЈА А КОРОНА - КРИЗАТА


ФЕВ. 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

АНЕТА АНТОВА ПЕШЕВА претседателка на МАСИТ

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

ЈЕТОН ШАЌИРИ

министер за информатичко општество

Генерално, компаниите од ИКТ индустријата за 2020 година ќе бидат во позитива, со можеби евентуално малку намалени економски резултати. Ова уште еднаш го потенцира она што цело време го говориме, дека на Македонија и треба да има ваков тип на индустрии, модерни, адаптибилни и секако многу поподготвени за ваков тип на кризни турбуленции во економијата. Наши главни заложби како во минатото така и во иднината, приоритетно остануваат: дорегулација на работа од дома во Законот за работни односи, континуираното опаѓање на персоналниот данок од 10% на 0% (за што имаме ветување од страна на Владата) како и симнување на прагот за плаќање на придонеси на ниво на месечна просечна плата во ИКТ секторот.

ИКТ секторот кој во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите, стана најбрзо растечка индустрија во земјата. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години. Заложбите на Владата се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите.

Во министерството за информатичко општество и администрација, како носител на процесот на дигитализација, постојано се работи на ажурирање на услугите. Се спроведува Стратегијата за јавна администрација, Националниот оперативен броудбенд план кој се однесува на воспоставување на интернет инфраструктурата и Националниот систем за управување со документи што треба да им овозможи на институциите размена на информации. Преку порталот е -услуги целосно онлајн се 62 услуги, 104 услуги се добиваат преку пренасочување на друга институција, а порталот содржи над 800 документи.

автор:

Според неа, и ИКТ индустријата се соочила со одредени проблеми во својата работа, особено изразени во делот на обезбедување на работната сила, делумно и привремено намалување на обемот на работа, застои во делот на обновување на договорите за работа, особено со странство, како и прилагодување на отежнатите услови на работа со воведувањето на смени и работа од дома, заради намалување на ризиците од пандемијата. Но, тоа само за многу кратко време предизвикало загриженост и несигурност кај некои компании. „Генерално, компаниите од ИКТ индустријата за 2020 година ќе бидат во позитива, со можеби евентуално малку намалени економски резултати. Ова уште еднаш го потенцира она што цело време го говориме, дека на Македонија и треба да има ваков тип на индустрии, модерни, адаптибилни и секако многу поподготвени за ваков тип на кризни турбуленции во економијата“, вели Пешева од МАСИТ. Во отсуство на понови податоци за оваа индустрија, зборувајќи за плановите на државата за креирање политики за развој и поддршка на македонскиот ИКТ сектор, и премиерот Зоран Заев, ги истакна успесите што ги бележат компаниите. „ИКТ секторот кој во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите, стана најбрзо растечка индустрија во земјата. Генералниот

приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години“, истакна Заев во интервју за Капитал. Голем е и девизниот прилив што го остваруваат овие компании работејќи за странство. Статистичките податоци покажуваат дека македонски информатичари и програмери во текот на 2019 година направиле услуги за странство во вредност од 189 милиони евра. Со тоа извозот на информациски и компјутерски услуги од земјава е зголемен за 17,2% или за 27,7 милиони евра во споредба со претходната 2018 година. Тоа значи дека земјава има поголем извоз на информатички услуги отколку на пример, на зеленчук и овошје. Најголем дел од овој извоз или 95% отпаѓа на извоз на компјутерски услуги, а помал дел од околу 9 и пол милиони евра отпаѓа на извоз на информациски услуги. Извозот на информациски и компјутерски услуги бележи висок раст во изминатите неколку години. За четири години, извозот на компјутерски и информациски услуги од земјава е зголемен за два и пол пати. Или извозот во 2019 бил поголем за 113 милиони евра во споредба со извозот остварен во 2015 година. За споредба, некои земји од регионот како на пример Србија или Хрватска,

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

И

нформатичката индустрија во земјава е една од оние со најголем имунитет на корона – кризата. Иако се уште нема официјални статистички податоци за работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии (ИКТ) лани, сепак проценките се дека оваа индустрија ќе прикаже позитивни резултати за 2020 година. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) објаснуваат дека позитивните страни се што во услови на пандемија и локдаун кој ограничува движење на граѓаните, овие компании брзо се адаптирале на работата од дома, а побарувачката за информатички услуги не се намалила. „Имајќи предвид дека се работи за релативно млади и адаптибилни компании, после првиот шок, веќе после месец или два работите почнаа да се нормализираат кон “новата нормалност”. Силно се наметна прашањето за кое долго време како ИКТ индустрија се бориме, а тоа е работењето од дома да стане регуларна пракса, како и секаде во светот, и да официјално се регулира во законот за работни односи“, вели Анета Антова Пешева, претседател на Управниот одбор на МАСИТ.


ИНФОРМАТИЧКАТА ИНДУСТРИЈА ОСТАНУВА ИМУНА НА КОРОНА - КРИЗАТА

7

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

Главната точка каде граѓаните ги добиваат услугите без да одат на шалтер е Националниот портал за е-услуги кој е во функција повеќе од една година. Од анализата на граѓанскиот сектор за досега достапните услуги, се наведува дека сите услуги коишто се достапни на порталот не се целосно електронски. „За да се каже дека една услуга е целосно електронска треба да има неколку компоненти, а тоа е да можете да ги најдете електронски документите што сакате да ги поднесете, потоа да може да се плати услугата електронски, и да можете да ја добиете конкретната услуга, најчесто документи на домашна адреса. Две од овие компоненти не ги исполнуваме“, вели Ангел Мојсовски од Институтот за европски политики.

од извоз на компјутерски услуги имаат девизни приливи поголеми и од една милијарда евра годишно.

МАСИТ проценува дека и 2020 била добра за ИКТ секторот Познавачите на состојбите во овој сектор велат дека кај извозот на компјутерски услуги значителен е уделот на аутсорсинг индустријата или таканареченото “лон производство” на софтвер. Станува збор за субконтракторски договори со кои македонски ИТ фирми се ангажирани како подизведувачи од страна на странски фирми за програмирање, за доработка на одредени кодови. Многу е помал делот на извозот на софтверски производи дизајнирани од македонски ИТ компании, но и тој дел бавно, но стабилно расте. Потенцијалите за извоз од ИТ

индустријата се многу поголеми, особено ако индустријата ја добие потребната системска поддршка од државата. Од МАСИТ велат дека иако е рано да се каже, од информациите од нивните членки се проценува дека и за 2020 година ќе има слични резултати како во претходната, која беше рекордна. „Радува и растот во останатите, така наречени странични информатички сектори, како што се електронската трговија и онлајн медиумите, кои се повеќе го заземаат просторот кој го заслужуваат, а кој е веќе стандард во светот. Трендот на раст е присутен секаде и тоа многу не’ радува“, вели Пешева. Таа вели дека МАСИТ како стопанска комора е вклучена во сите работни групи при изготвувањето на нови и измената на стари закони кои се однесуваат на

ФЕВ. 2021

економијата и економскиот амбиент во државата а во насока на подинамичен развој на ИКТ секторот. „Наши главни заложби како во минатото така и во иднината, приоритетно остануваат: дорегулација на работа од дома во Законот за работни односи, континуираното опаѓање на персоналниот данок од 10% на 0% (за што имаме ветување од страна на Владата) како и симнување на прагот за плаќање на придонеси на ниво на месечна просечна плата во ИКТ секторот. Ова се клучни позиции кои ќе го дефинираат економскиот амбиент во кој треба да функционира нашата индустрија, а кој во значајна мера ќе ја подобри позицијата на компаниите и можноста тие да имаат поголема шанса да инвестираат во капацитетот на своите вработени со


ФЕВ. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

Голем е и девизниот прилив што го остваруваат овие компании работејќи за странство. Статистичките податоци покажуваат дека македонски информатичари и програмери во текот на 2019 година направиле услуги за странство во вредност од 189 милиони евра. Со тоа извозот на информациски и компјутерски услуги од земјава е зголемен за 17,2% или за 27,7 милиони евра во споредба со претходната 2018 година. Тоа значи дека земјава има поголем извоз на информатички услуги отколку на пример, на зеленчук и овошје.

доедукација и повисоки примања, а со тоа да се спречи одливот на млади и едуцирани инженери, хронична болка на нашата држава“, потенцира Пешева. Од Владата, пак, велат дека нивните заложби се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите. „За таа цел еден од приоритетите во Владината програма е намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто во 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија, која ја продуцира суштинската инфраструктура за дигитализацијата“, истакна премиерот Заев. Членките на МАСИТ проценуваат дека и 2021 ќе биде тешка година во која македонската влада ќе мора да вложи максимален напор за да помогне на сите погодени индустрии во целост. „Ние како индустрија преку нашата комора МАСИТ, во повеќе наврати доставивме мерки кои би биле од огромна помош за ИКТ компаниите во државата, со цел да ги одржиме бизнисите и да ги задржиме вработените. Сите предвидувања одат во правец на тоа дека годинава треба да биде година на “заздравување”, со раст кој треба да го неутрализира ланскиот пад на економијата. Тоа оптимистички значи доста работа за сите, а пред се за ИКТ

индустријата како најбрзо растечка индустрија со силен одраз врз сите други индустрии и сектори. Се надеваме на тоа дека конечно на нас ќе ни се оствари целта на двојно зголемување на нашиот удел во генерирањето на БДП на Македонија“, вели Пешева.

Дигитализација на државата

Пандемијата и долгите периоди на карантини несомнено ја потенцираа потребата да влеземе во процес на комплетна дигитализација во сите сектори вклучително и државатa со цел да се олесни работата на институциите и да им се обезбедат побрзи и поквалитетни јавни услуги на граѓаните. Премиерот веќе посочи дека Македонија ќе се огледа на примерот на Естонија, но дигитализацијата засега оди со побавно темпо. Балтичката земја е лидер во дигитализирање на јавните услуги. Земјава, пак, ги има подготвено документите и стратегиите за трансформација на бирократијата, но на терен се забележуваат неколку предизвици кои можат да се поделат во три категории - квалитет на услугите, инфраструктура и ресурси и кадар. Главната точка каде граѓаните ги добиваат услугите без да одат на шалтер е Националниот портал за е-услуги кој е во функција повеќе од една година. Од анализата на граѓанскиот сектор за досега достапните услуги, се наведува дека сите услуги коишто се достапни на

порталот не се целосно електронски. „За да се каже дека една услуга е целосно електронска треба да има неколку компоненти, а тоа е да можете да ги најдете електронски документите што сакате да ги поднесете, потоа да може да се плати услугата електронски, и да можете да ја добиете конкретната услуга, најчесто документи на домашна адреса. Две од овие компоненти не ги исполнуваме“, вели Ангел Мојсовски од Институтот за европски политики. Премиерот Заев вели дека не почнуваме од нула, туку напротив. „Со порталот е – услуги поставивме единствен електронски систем на кој се поврзани сите државни институции за давање јавни услуги за граѓаните, преку едно централно место. Уште на стартот на порталот беа достапни 127 електронски услуги, кои во меѓувреме се дополнија со уште десеттина други како што се нострификација на дипломи, апликација за студентски и ученички стипендии, упис во училиште, упис во градинка, апликација за грант за реновирање на училишта и многу други. Ова е уште еден чекор кон остварување на една од најважните реформски зафати, а тоа е реформата во јавната администрација, за создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права“, додава Заев. Во министерството за информатичко


ИНФОРМАТИЧКАТА ИНДУСТРИЈА ОСТАНУВА ИМУНА НА КОРОНА - КРИЗАТА општество и администрација, како носител на процесот на дигитализација, постојано се работи на ажурирање на услугите. Се спроведува Стратегијата за јавна администрација, Националниот оперативен броудбенд план кој се однесува на воспоставување на интернет инфраструктурата и Националниот систем за управување со документи што треба да им овозможи на институциите размена на информации, вели министерот Јетон Шаќири. Преку порталот е-услуги целосно онлајн се 62 услуги, 104 услуги се добиваат преку пренасочување на друга институција, а порталот содржи над 800 документи. „За да се спроведува една стратегија јас секогаш повикувам и сме во комуникација со сите важни и релевантни институции почнувајќи од министерствата. За да имаме една дигитална услуга повеќе, за да развиеме нови услуги, ќе треба да ја зголемиме соработката со други институции, на пример сега комуницираме со МВР за дигитализација на уште 20 услуги, или пак со УЈП. Следниот период клучно ќе биде да се поврземе со сите важни институции за да имаме повеќе дигитални услуги“, вели Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација.

Најголемиот предизвик за спроведување на дигитализацијата е задржување на ИТ кадарот Институциите не се доволно меѓусебно поврзани во системот за интероперабилност што дополнително

ја отежнува брзата комуникација и одговор на барањата на граѓаните. Според Мојсовски од Институтот за европски политики, од повеќе од 120 институции, само 32 се поврзани на системот. Министерот Шаќири вели дека институциите треба и сами да бидат свесни и да побараат поврзување во системот за да ги подобрат услугите кон граѓаните. „Бројката од триесетина институции која ја има граѓанскиот сектор секојдневно се менува, но ние како Министерство им излегуваме во пресрет на која било институцијата и нивното барање да се поврзат во системот на интероперабилност. Впрочем јас се обидувам постојано да ги информирам колку е важно поврзувањето во овој систем и колку е важен процесот за дигитализацијата на нашата земја“, додава Шаќири. Најголемиот предизвик за спроведување на дигитализацијата, според Мојсовски, ќе биде наоѓањето и задржувањето на ИТ кадарот, за кој работата во јавната администрација не е атрактивна. Министерот, пак, се надева дека со формирањето на Дигиталната агенција како централна институција за спроведување на дигитализацијата ќе можат да привлечат кадар и да го задржат бидејќи ќе има сопствен буџет и можности да го прави тоа. Според истражување на Институтот за европска политика, 60 отсто од испитаните граѓани се свесни за постоењето на електронските услуги, но само 48.19 отсто

Лоjалноста секогаш се исплати! •Примаjте ja платата преку УНИБанка •И веднаш добиjте топ камати

9

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

од нив понекогаш или често користат е-услуги. Инаку, Македонија е умерено подготвена во областа на електронските комуникации и информатичкото општество. Анализирајќи го поглавјето 10, Европската комисија забележува дека е постигнат одреден напредок лани, бидејќи земјата напредувала во подготовките на долгорочна стратегија за информатичка и комуникациска технологија. Но, токму тоа е и една од главните забелешки на Комисијата – Македонија да ја финализира оваа стратегија. „Во однос на информатичкото општество, се подготвува долгорочна стратегија за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ). Започна изготвувањето на стратегијата за развој на дигитални вештини, а дигиталната писменост е приоритет во новата стратегија за образование. Електронските потписи можат да се користат во новиот е-портал за услуги во земјата. Употребата на системот за интероперабилност меѓу институциите малку се зголеми за време на извештајниот период, иако многу нив не го користат и покрај тоа што имаат инсталирано опрема и софтвер. Подготовките за општата рамка и услуги за е-влада продолжија. Потребни се поголеми напори и подобрена координација помеѓу институциите за модернизација и дигитализација на јавната администрација“, пишува во Извештајот за напредокот на земјата.

nnn

ФЕВ. 2021


ФЕВ. 2021

10 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ЕНЕРГЕТИКАТА КАКО ФОКУС ВО 2021

МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ РЕГИОНАЛЕН ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР Крупни најави пристигнуваат од надлежните во овој ресор - за годинава што следува планиран е старт на четири клучни енергетски проекти, со коишто нема само да се забрза процесот на гасификација кај нас, туку и ќе се овозможи земјава да стане своевиден центар каде ќе се спојат енергетските интереси на регионот.

П

родолжувањето со гасификацијата е една од капиталните инвестиции на Владата која е во економските приоритети за оваа година. Со решавањето на деценискиот спор помеѓу Владата и Макпетрол, ГА-МА, која е компанија за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, преминува во целосна сопственост на државата. Овој договор Енергетската заедница го оцени како значителен напредок на пазарот на гас во државата, а е и исполнување на една од препораките во извештајот на Европската комисија. Директорот на Национални енергетски ресурси, компанија која го гради националниот гасоводен систем, Бајрам Реџепи оценува дека годинава треба да се заокружи третиот пакет од Законот за енергетика, со чија што имплементација се доцни две години. „Конечно ќе се стабилизира пазарот со гас во државата и како и во сите други земји, државата ќе биде целосен сопственик на целиот преносен систем. Секако дека ова ќе има потреба од обемна административна работа оваа година бидејќи ни следува спојување со ГА-МА. Од двете акционерски друштва, потоа ќе биде потребна лиценца од

страна на Регулаторна комисија и конечно ќе можеме да ги употребуваме сегашните изградени делници од страна на НЕР“, вели тој. Годинава треба да се завршат двете главни гасоводни делници кои се во тек на изградба, но и да почне процесот со интерконекторите кон Грција, Србија и Косово, што е важно за државата, бидејќи би влијаело на крајната цена на потрошувачите. Веќе во текот на третиот квартал треба да се одобри кредитот од страна на ЕБРД за изградба на делницата од Гостивар до Кичево, привршува проектирањето за делницата од Свети Николе до Велес. Тендерите за делниците од Гостивар до Охрид и од Охрид до Битола. повикот за изградба на интеконекторот со Грција, треба да заврши физибилити студијата за интерконекторот со Косово, и ќе аплицираме за грант за студија за интерконекторот со Србија. Така што ние нашиот преносен систем треба да го користиме да можеме да ги снабдуваме северните соседи што е важно за нас и што влијае на намалување на тарифите за пренос, што ќе влијае и на цената на крајните потрошувачи. Владата најави учество во изградба и сопственост на терминалот за течен природен гас и гасната електрана Александропулос во Грција, за што


11

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

БАЈРАМ РЕЏЕПИ

директор на Национални енергетски ресурси

Конечно ќе се стабилизира пазарот со гас во државата и како и во сите други земји, државата ќе биде целосен сопственик на целиот преносен систем. Секако дека ова ќе има потреба од обемна административна работа оваа година бидејќи ни следува спојување со ГА-МА. Од двете акционерски друштва, потоа ќе биде потребна лиценца од страна на Регулаторна комисија и конечно ќе можеме да ги употребуваме сегашните изградени делници од страна на НЕР.

се чека анализа за вредноста на инвестицијата. Владата веќе формираше преговарачки тим што ќе треба да преговара со сопствениците таму за наше влегување во тој проект. Скоро половина од вредноста на инвестицијата Европска комисија. „Секако дека треба да ја искористиме

оваа прилика, тоа е сигурен избор за снабдување за во иднина“, вели Бајрами. Годинава треба да заврши и втората фаза од тендерската постапка за избор на компанија која преку јавно-приватно партнерство ќе ја гради дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини. Идниот оператор за дистрибуција има обврска за изградба и одржување

на целиот дистрибутивен систем во државата. Со имплементација на третиот пакет на Законот за енергетика, Реџепи очекува дека оваа област ќе биде првите кои ќе биде прилагодена на барањата на Европска комисија и тука ќе нема проблем во преговорите. nnn


ФЕВ. 2021

12 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

МИТКО АНДРЕЕВСКИ ВЛАДИН СОВЕТНИК И ЕКСПЕРТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Очекуваме и финализација на многу дистрибутивни системи низ повеќе градови и сериозно мислам дека 2021 ќе биде година пресвртница во користењето на гасот, неговите можности, намалената цена... Пред се’ за индустријата и капацитетите што досега го користат ќе има намалување на цената, во следните 2-3 месеци ќе има целосна либерализацијата, за индустријата и стопанските комори сите што користат во околина на Скопје, Куманово, Крива Паланка, ќе напомнам дека до сега беше невозможно да користат гас од друг снабдувач.

ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ СЕ КАПИТАЛНИ, НЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ XX Како ги оценувате енергетските проекти за кои слушаме силни најави?

После 23 години смогнавме сили да го решиме долго-деценискиот спор помеѓу Макпетрол и државата со откуп на акциите и стопроцентно учество на Републиката во ГАМА. Тоа ќе отвори нови можности за развој на гасоводниот систем. Очекуваме и финализација на многу дистрибутивни системи низ повеќе градови и сериозно мислам дека 2021 ќе биде година пресвртница во користењето на гасот, неговите можности, намалената цена...Пред се’ за индустријата и капацитетите што досега го користат ќе има намалување на цената, во следните 2-3 месеци ќе има целосна либерализацијата, за индустријата и стопанските комори сите што користат во околина на Скопје, Куманово, Крива Паланка, ќе напомнам дека до сега беше невозможно да користат гас од друг снабдувач. Сега ќе има активности што ќе значат ослободување на дел од капацитетите на други снабдувачи. Ова значи либерализација и пониски цени. За граѓаните, ќе почне процес на гасификација на одредени општини кои и до сега во изминативе 23 години имаа можност тоа да го сторат, но не го сторија. Во тек е јавен повик за избор на

концесионер што би направил дистрибутивна мрежа и во краен случај доколку и тоа не се случи, тогаш ГАМА и државата сега како 100 процентен сопственик може да почне на одредени делови да создава дистрибутивна мрежа. Во прв случај, тука се градовите што ги набројав. Ставање во функција на нефункционалниот гасовод изграден во 2015 од Гелчовце до Штип, а кој треба да продолжи до Неготино, Прилеп и Битола како сеопфатен проект на магистрална гасификација на земјата.

XX Каде и како ја позиционира ова Македонија?

Во изминатите три години се направија многу напори, контакти и проекти што ќе ја направат нашата земја транзитна, што значи низ нашата територија ќе поминува одредена количина гас што ќе завршува кај нашите соседи. Тоа во изминатиов период не беше планирано, оти секогаш се врзувавме со еден добавувач, Газпром и Јужниот поток како крак од тој гасовод. Еден политички естаблишмент 15 години зборуваше дека треба да учествуваме во крак од Јужен поток. Видовте дека јужен поток не се ни реализира. Се реализира Турски поток. И тогаш и сега тврдам дека наш интерес е приклучување кон нашиот јужен сосед, кон Грција. Зошто? Таму се создава хаб


13

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

може да се создаде нова перспектива. Низ нас ќе протекува природен гас и ќе завршува на Косово или во Црна Гора, а ќе се поврземе и со гасоводниот систем на Србија, прв пат имаме проект за еден вертикален гасовод, до сега секогаш поврзувањето одеше хоризонтално (Исток – Запад)

XX Има ли временска рамка за овие проекти?

Интерконекторот ни е веќе одобрен грант, оваа година ќе почне изградба за веќе во 2023 -2024 да профункционира, а другите три проекти се во завршна фаза, издадени се сите одобренија и тие треба да бидат исто така во 2023 оперативни. Во енергетиката не можете да замислите нешто и во еден мандат да го реализирате. Ова се проекти што постоеја и од 2014 и 2015, уште тогаш постоеја и дел од играчите кои и тогаш беа навлезени, но тогаш политичкиот естаблишмент во земјава не донесе одлука, оти фокусот беше друг.

XX Да, фокусот беше кон Исток. Колку е енергетиката всушност орудие во геополитичките битки?

од неколку различни гасоводи, дали е тоа, Турски поток, постоечкиот или NLG систем... сето ова значи дека таму ќе има огромни количини на природен гас што ќе бидат достапни за нас ама и ќе создадат берза на трговија со природен гас. Тоа значи ќе можете да купувате поевтин гас во подoлг период и трето - сигурноста за набавка. Се сеќавате дека во минатиот период на два пати овој дел од Европа имаше проблем од нова година во првите 20 дена како спор меѓу Украина и Русија. Сега тоа не може да ни се случи? Зошто? Оти имаме голема количина на природен гас и нови маршрути. Една од тие маршрути е Инерконекторот со Грција. Тоа е сериозен капацитет, наш стратешки интерес не само поради неговиот четири пати поголем капацитет од постоечкиот гасовод што го имаме со Бугарија туку и она што го напомнав дека ќе имаме можност да избираме помеѓу различни добавувачи

XX Ова е всушност на иста линија со американскиот интерес во регионот. Ние неодамна разговаравме со американскиот државен секретар за енергетика Франсис Фанон.

Да, во септември тој го посети регионот и тој кажа дека тие се тука за да понудат сигурност. Не велат да ги прекинеме

контактите со Русија, туку дека тука се за да има опции и за овие држави да не бидат целосно зависни. Цената на природниот гас за овие земји во минатото беше навистина висока. Ние не добивавме иста цена како што добиваше на пример Германија. Точно е дека сме ние помали земји, но оваа разлика во цена ја правеше нашата економија многу понеконкурентна. Ако имате ист производ произведен кај нас и во Германија и ако кај нив импутот е 150 долари, а кај нас 250 за дадена количина (метри кубни) не можете да бидете конкурентен, мора да ја намалите цената на трудот, платите. Покрај интерконекторот со Грција работиме и на три други проекти регионални и поддржани од САД. Тоа е терминалот за течен природен гас (NLG) во Александрополус, преговорите се во завршна фаза, вториот е за обезбедување на гас во 15 годишен период од истиот капацитет и трето изградба на гасна електрана на самиот брег од Александропулос, нивната вредност заедно со сите партнери внатре се проценува на 800-900 милиони евра, со силна поддршка од ЕУ преку грант. Ние сакаме да бидеме дел од тие проекти и сакаме регионално да се развиваме. На средбата со Фанон тоа и го нагласивме, дека сме мали земји и партнери,но дека во сојузништво како регионален проект

Никогаш отворено не се зборуваше за тоа дека одредени земји својата политичка доктрина или цели ги употребуваат преку своите ресурси, енергетски. На два пати имавме случај поради политички промени во Украина да има стоп на испорака. Тогаш експлицитно ни се покажа како се користи овој ресурс во политички цели. Денеска гледаме санкции од Западот кон изградбата на Северен поток, имаше јавна прозивка од МНР на Франција кон германскиот колега да го поддржи санкционирањето на руските компании кои работат на изградба на Северен поток како реакција на апсењето на Навални. ЕУ не сака да биде заложник на голема зависност од природен гас од Русија. Во Северен поток ќе се користи само руски гас, пишано е дека е можно да има и други доставувачи, но тоа не е практички возможно, нашиот Интерконектор, пак, ќе нуди можности за гас од Азербејџан на пример, потоа NLG терминалот за гас од Алжир, Нигерија, блискиот Исток. Значи, имаме опции и сигурност. nnn


ФЕВ. 2021

14 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

КАКО РАБОТЕШЕ ФОНДОВСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО КОРОНА - КРИЗА

ВРЕДНОСТА НА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ БЛАГО ЗГОЛЕМЕНА, НО ПРИНОСИТЕ СЛАБИ ВО 2020 автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Д

еновиве од Министерството за финансии стигнаа најавите за промените во регулативата за инвестициски фондови од коишто се очекува да го раздвижат овој пазар на капитал во земјава. Клучните новитети (подетално во рамката приложена во текстов, н.з.) се можностите за формирање на два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. Од фондовите велат дека овие промени се заговарани веќе подолго време, односно последниве 2-3 години, во насока на усогласување на домашното законодавство со она на ЕУ, и дека нема некакви радикални поместувања што ќе се случат на пазарот. Од Министерството за финансии пак, веруваат дека со законските промени ќе се постигне поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Во меѓувреме, инвестициските фондови минатата година, одбележана во знакот на корона – кризата ја завршија во

стилот “каква криза беше, можеше и многу полошо“. Од прегледот што го дава Македонската берза на својата веб страна, се гледа дека фондовите што вложуваат во акции за периодот 31.12.2019 – 31.12.2020 претежно имаат негативни стапки на принос - Илирика Југоисточна Европа (-10,2%), Генерали Брик (-11,9%), Илирика Глобал Растечки пазари (-4,4%), ВФП Премиум инвест (-4,57%), итн. Од акциските фондови позитивен принос имаат само Генерали Топ брендови (+1,12%), КБ Публикум – МБИ 10 (1,99%) и Граве Глобал (1,67%). Паричните фондови имаат нешто подобри перформанси, што е разбирливо, бидејќи вложуваат во банкарски депозити и државни обврзници (приносите им се движат од 1,3% - 1,5%) , како и обврзничките фондови, со приноси помали и од 1%, па до речиси 2%. Ако во 2019 година домашните инвестициски фондови имаа одлични резултати, при што предничеа акциските фондови – ВФП Премиум (25%), Генерали Топ брендови (16%), КБ Публикум МБИ-10 (33%), итн., минатата година случувањата на светските берзи, поточно паниката која настана во март месец поради локдауните и затворањата на економиите, којашто се прелеа и на Македонската берза (каде што на пример, вложува акцискиот фонд КБ Публикум МБИ-10), не можеа поинаку да се одразат на резултатите на македонските инвестициски фондови.

Но, како што вели Петар Андреевски, директор на друштвото за управување со фондови ВФП Фонд Менаџмент, токму континуираната едукација на инвеститорите треба да е клучниот фактор во разбирањето како функционираат акциските фондови и која е целта за вложување во нив. „Корекции на светските берзи се случуваат постојано, непредвидливи кризи како оваа актуелната здравствена исто така се случуваат, и тогаш имаме значителни корекции на светските пазари. Секако тоа се одразува на перформансите на инвестициските фондови што вложуваат во акции. Токму затоа, ние и во нашиот проспект на фондот, имаме наведено дека вложувањето во акциски фондови е претежно наменето за подолг рок, од 10 години па натаму. Затоа први правиме едно профилирање на нашите клиенти, анализираме повеќе фактори, како што е нивниот временски хоризонт на чекање, склоноста кон ризик, возраста, стабилноста на приходите, итн., со што му препорачуваме каков избалансиран пристап да направи при креирање на своето портфолио. Се разбира, на тој што му е потребно управување со ликвидните средства на краток рок тука се паричните фондови, за среден рок се соодветни обврзничките, додека за подолг рок, односно со намера да се штеди за школување на деца и сл., најлогичен избор се акциските фондови.“, објаснува Андреевски.


15

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

, 0 ВФП Инвест и Генерали Инвестментс со најголем пораст на вредноста на своите фондови

Нето вредноста на средствата на инвестициските фондови со коишто управувале друштвата за управување со инвестициски фондови (ДУИФ) на 31.12.2020 изнесувала 8,95 милијарди денари (околу 145 милиони евра), што претставува зголемување од 3,72% во однос на нето вредноста на крајот од 2019 година, покажува извештајот за пазарот на капитал направен од Комисијата за хартии од вредност. Ваквото нагорно поместување од 3.72% (320.78 милиони денари, односно ≈5.2 милиони евра) на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови на годишна основа, главно е детерминирано од растот од скоро 22% на нето вредноста на инвестициските фондови со кои управува ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, како и од растот од 7% на нето вредноста на инвестициските фондови со кои управува ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје. Нето вредноста на инвестициските фондови со кои управуваат останатите друштва бележи намалување во распон од -2% до -19%. Од анализата на КХВ се гледа дека поединечните друштва, со минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето вредност на сите отворени фондови, на квартално ниво. Имено, со најголем процент од нето

вредноста на отворените инвестициски фондови континуирано управува ДУИФ КБ Публикум Инвест, додека на годишна основа ВФП Фoнд Менаџмент го зголемило своето учество за 4.04 процентни поени. ДУИФ Иново Статус управува со помалку од 1% од вкупно собраните средства на инвестициските фондови во текот на целиот период. Поединечно, пак, гледано по фондови, за една година најголем пораст на нето вредноста на средствата под управување бележат Генерали Топ Брендови, ВФП 100% Бонд, ВФП Премиум Инвест, Генерали БРИК и Илирика Глобал Растечки Пазари. Ваквата слика делумно се должи на зголемувањето на вредноста на портфолијата на овие фондови, имајќи предвид дека некои финансиски инструменти во кои вложуваат тие, бележат значителен раст на берзите, што пак соодветно резултира во зголемена атрактивност на овие фондови и привлекување на зголемен број инвеститори.

Силни флуктуации поради корона - кризата

Ако се анализираат перформансите на акциските инвестициски фондови на македонскиот пазар, оние што вложуваат во акции на домашни и странски компании, ќе се забележат флуктуации во нивната вредност во 2020 година паралелно со флуктуациите што се случуваа на светските пазари на капитал,

Ако во 2019 година домашните инвестициски фондови имаа одлични резултати, при што предничеа акциските фондови – ВФП Премиум (25%), Генерали Топ брендови (16%), КБ Публикум МБИ-10 (33%), итн., минатата година случувањата на светските берзи, поточно паниката која настана во март месец поради локдауните и затворањата на економиите, којашто се прелеа и на Македонската берза (каде што на пример, вложува акцискиот фонд КБ Публикум МБИ-10), не можеа поинаку да се одразат на резултатите на македонските инвестициски фондови. Од прегледот што го дава Македонската берза на својата веб страна, се гледа дека фондовите што вложуваат во акции за периодот 31.12.2019 – 31.12.2020 претежно имаат негативни стапки на принос - Илирика Југоисточна Европа (-10,2%), Генерали Брик (-11,9%), Илирика Глобал Растечки пазари (-4,4%), ВФП Премиум инвест (-4,57%), итн. Од акциските фондови позитивен принос имаат само Генерали Топ брендови (+1,12%), КБ Публикум – МБИ 10 (1,99%) и Граве Глобал (1,67%). Паричните фондови имаат нешто подобри перформанси, што е разбирливо, бидејќи вложуваат во банкарски депозити и државни обврзници (приносите им се движат од 1,3% - 1,5%) , како и обврзничките фондови, со приноси помали и од 1%, па до речиси 2%.


ФЕВ. 2021

16 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

но и на домашната берза каде што имаше силен пад во месец март поради корона – кризата. Па така, од графиконите на КХВ може да се заклучи дека вредноста на акциите во кои инвестирале акциските фондови се намалила за 22.5% во периодот од крајот на јануари до крајот на март, што коинцидира со падот на главните индекси на светските берзи како реакција на кризата предизвикана од глобалната пандемија. Од крајот на март до крајот на декември 2020 година, евидентна е стабилизација и пораст на вредноста на портфолијата на акциските фондови, што укажува на фактот дека првичната негативна реакција на инвеститорите е веќе апсорбирана од страна на берзите. Имено, вредноста на портфолијата на акциските фондови на крајот на декември е за 52% повисока во однос на март, односно на годишна основа е зголемена за 18%. Иако месечната динамика на нето вредноста на трите видови инвестициски фондови (парични, акциски и обврзнички) има променлив карактер, структурата на истата според процентуалното учество на видовите фондови во вкупната нето вредност, во периодот од крајот на декември 2019 година до крајот на декември 2020 година, останува непроменета во континуитет. Имено, паричните фондови и понатаму ја задржуваат доминантната позиција со учество кое се движи од 59%-67%. Учеството на акциските фондови се движи во распонот од 28% - 35%, додека обврзничките фондови во првите три квартали учествуваат со 5% во вкупната нето вредност, а во четвртиот квартал со 6%. Нашите соговорници од фондовската

индустрија велат дека во паричните или т.н. кеш фондови, вложуваат правни и физички лица на коишто им е потребно управување со нивните ликвидни средства на краток рок, а преку фондовите може да добијат повисока каматна стапка од домашните банки, каде што главно се „вртат“ парите прибрани од кеш фондовите, иако помал дел оди и во државни обврзници, во земјава или странство. Набљудувано по структура на дејности , највисоко учество на вложени средства во последниот квартал од 2020 е забележана во четири клучни сектори: финансиски услуги (23%), здравство (17%), нециклична потрошувачка (11%) и информатичка технологија (11%). Разбирливо е дека најголемиот процент на вложени средства е во секторот финансиски услуги, затоа што, како што погоре е нотирано, паричните фондови располагаат со 50-60% од вкупното портфолио на сите инвестициски фондови во Македонија, а тие како што рековме, вложуваат во банки. Но, како што вели Петар Андреевски, од ВФП Фонд менаџмент, и акциските фондови, како што е нивниот ВФП Премиум инвест, вложуваат во акции на големите светски банки, со оглед на фактот дека тие се паднати периодов и прилично потценети, иако нивната капитална адекватност и другите перформанси им се далеку подобри од нивото на големата финансиска криза од 2008 година и добро ја „пречекаа“ здравствената и економска криза од 2020 година. „Освен во секторот банки и финансии, во следниот период гледаме простор за раст и во индустриите за материјали и суровини, здравство, технологија... Битно е дека светлото на крајот од тунелот се гледа, светот се научи

да функционира со корона – кризата, каматните стапки се ниски и очекуваме така и да останат на среден рок, што ќе дава дополнителен стимул за одржување на економскиот раст и потрошувачката и подобри перформанси на светските корпорации, следствено и на нивните


17

ФЕВ. 2021

Извор: Комисија за хартии од вредност

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

акции на берзите“, вели Андреевски. Колку за илустрација, во портфолиото на ВФП Премиум инвест топ 10 позиции според изложеноста кон нивните акции го држат европските и американски гиганти како SAP, Nestle, LVMH, Apple, Roche, Uilever, Novo

Nordisk, Allianz, итн., од што се забележува разновидност во индустриските сектори, како здравство, финансии, преработувачка индустрија, ИТ... Кај македонските фондови генерално се забележува ниската променливост на

структурата на вложувања по дејности во текот на годината. Средствата вложени во секторот финансиски услуги во извештајниот период се задржаа на исто ниво како и во првиот квартал 2020 година, додека во компании од здравството и од


ФЕВ. 2021

18 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

нециклична потрошувачка се забележува намалување од еден, односно два процентни поени соодветно. Од друга страна, вложувањата во секторот информатичка технологија во четвртиот квартал во споредба со првиот квартал бележат раст од 2% процентни поени.

Преку 70% од вложувањата на инвестициските фондови се во Македонија

Од аспект на географската структура на средствата на инвестициските фондови во континуитет доминираат вложувањата во Македонија за на 31.12.2020 да изнесуваат 6.41 милијарди денари, што се потврдува и со нивното големо процентуално учество од над 70% во секој квартал од 2020 година. Во земјите членки на Европската Унија, сите инвестициски фондови на крајот на декември вложиле околу 12% од вкупно собраните средства. Помал дел од вложувањата го насочуваат во САД (7% во Q4 2020 година), додека средствата вложени во Русија имаат незначително учество во структурата на вложувањата на инвестициските фондови. Релативно ниската променливост на географската структура е одраз на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат само депозити во македонски банки, објаснуваат во извештајот на КХВ. Во текот на 2020 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 18,2 милијарди денари, а се одлеани 17,9 милијарди денари, креирајќи позитивна нето разлика од 283,3 милиони денари, односно околу 4,6 милиони евра. На годишна основа, позитивната нето разлика во целост произлегува од вториот квартал, додека придонесот на останатите три квартали е негативен. Значително подобрената нето разлика помеѓу приливите и одливите на средствата во вториот квартал е доволно голема да ги неутрализира негативните нето приливи од останатите три квартали и да креира позитивни нето приливи, како на ниво на првите шест и девет месеци, така и на ниво на цела 2020 година. На месечно ниво пак, видливи се изразени разлики помеѓу месеците. Така, нето приливите за јануари, април, мај, јуни, јули и во октомври биле позитивни, додека истите за останатите месеци биле негативни. Најголем процент од приливите во првите три квартали се од домашните банки, на кои отпаѓа 38%, 43% и 52% за прв, втор и трет квартал респективно, додека во четвртиот квартал најголемо учество во приливите имаат домашните нефинансиски правни лица со 31%, по што следуваат други домашни финансиски институции со 29% и домашни банки со 26%. Најголем процент на повлечени средства од инвестициските фондови во првите три квартали има повторно од страна на домашните банки, на кои отпаѓа 35%, 59% и 50% во првиот, вториот и во третиот квартал респективно, додека во четвртиот квартал најголемо учество во одливите на средства имаат други домашни финансиски институции со 39%, а потоа следуваат домашни нефинансиски правни лица со 31% и домашни банки со 21%. 

НАЈАВЕНИ ПРОМЕНИ ВО РЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во државава, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд.

В

ладата ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувње на пазарот на капитал, известуваат од Министерството за финансии. Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите. Измените на законот се составен на дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви. Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во Република Северна Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. Ова практично ќе значи дека ќе може да се отвораат т.н. фондови напојувачи. Под фонд напојувач се подразбира отворен инвестициски фонд кој најмалку 85% од своите средства ги има вложено во удели на друг инвестициски фонд, таканаречен главен инвестициски фонд, кој ќе управува со доверените средства. Во постојниот закон, фондовите можат да доверат најмногу до 10% од своите средства да ги управува друг фонд. На овој начин ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на капитал и можност за окрупнување на средствата од повеќе инвестициски фондови во еден фонд, што за инвеститорите ќе значи помали трошоци за управување и користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата. Со предлог-измените во Законот се уредува и постапката за отворање филијала на странско друштво за управување на територијата на државата, како и можност друштвото за управување од нашата држава да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување на квалификувано учество во странско друштво или преку отворање подружница односно филијала во странство. Со предложените измени, воедно, се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува. Предложените измени се во насока на олеснување на работењето на друштвата за управување со инвестициски фондови и во насока на усогласување со европските регулативи.


и сец е м 36 каматна сна фик тапка с

ци ошо е р т з Бе вањ обру д о за

о јте д а р и ц ри Апли февруа и 28-м

НЛБ Потрошувачки кредити

Која е за Вас добитната haPPy комбинација? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување, со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци и можност да добиете НЛБ haPPy кредитна картичка! Понудата трае до 28-ми февруари! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 36 месеци (СВТ: 6,60%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.422 МКД, вкупен износ за враќање: 809.580,00 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 36 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,35% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


ФЕВ. 2021

20 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

АНАЛИТИЧАРИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА НОВ НАГОРЕН (БИКОВ) ТРЕН Важен фактор на пазарите ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС (редакциска опрема Капитал) се подобрите од очекуваните ториот бран на резултати и пред сè, многу пандемијата се смирува. оптимистички прогнози за Ова е евидентно како во повеќе држави така втората половина на 2021 и на глобално ниво. За година. Ова им дава доверба нешто повеќе од три недели, од средината на јануари, на инвеститорите за да видат 7-дневниот просечен број на нови дневни рекорди на новозаразени во светот се намали берзите и покрај високите од скоро 750 000 на ниво под 440 000. Резултатот се должи на неколку проценки, но поради силната фактори. Ограничувањата во јавниот ликвидносна поддршка. живот го намалија бројот на контакти луѓето, стапката на заразеност Кратката корекција од пред 14 меѓу се зголемува, а истовремено се дена е практично заборавена, интензивира вакцинацијата, особено за најранливите постари генерации. сега аналитичарите веќе Ова е првиот фактор за растот на зборуваат за почеток на нов пазарите. Друг важен фактор е стимулативниот нагорен (биков) тренд. Со пакет во САД, нешто што е практично целата очекувана ликвидност договорено. Полнолетните лица ќе добијат по 1.400 долари, а целиот што земјите и централните пакет се очекува да достигне нешто банки ќе ја создадат во помалку од 2 илјади милијарди долари. Се помалку има несогласувања наредните недели и месеци, меѓу републиканците и демократите ова исто така може да се околу реалната форма на стимулот. Очекуваната силна поддршка за случи, но целиот финансиски економијата и понатамошното систем станува сè повеќе создавање или печатење пари нестабилен. создаваат бран на ликвидност што ги

В

форсира сите категории на инвестиции. Ова исто така ги зајакнува инфлациските очекувања, бидејќи инвеститорите очекуваат поголема инфлација во иднина. Четвртиот важен фактор на пазарите се подобрите од очекуваните резултати и пред сè, многу оптимистички прогнози за втората половина на 2021 година. Ова им дава доверба на инвеститорите за да видат нови дневни рекорди на берзите и покрај високите проценки, но поради силната ликвидносна поддршка. Кратката корекција од пред 14 дена е практично заборавена, сега аналитичарите веќе зборуваат за почеток на нов нагорен (биков) тренд. Со целата очекувана ликвидност што земјите и централните банки ќе ја создадат во наредните недели и месеци, ова исто така може да се случи, но целиот финансиски систем станува се повеќе нестабилен. Политиката изгуби дел од влијанието на берзите во последните неколку недели, бидејќи американската администрација под раководство на Бајден пристапува кон комуникацијата попретпазливо, предизвикувајќи помалку неизвесност. Во Европа по падот на италијанската влада, очигледно се враќа на сцената Драги, кој ќе добие поддршка за формирање нова (кревка) влада. Пазарите реагираат позитивно на ова, што веројатно ќе значи одредено затишје


21

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ПРЕТПАЗЛИВОСТ СО АКЦИИТЕ ШТО НУДАТ САМО ДОБРА ПРИКАЗНА Скапите обврзници и негативните банкарски приноси продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно во инвестиции во акции, со шпекулативен раст кој продолжува во рамките на акциите, повремено се граничи со манија. Инвестициите што не нудат ништо друго освен приказна се во сè пожестока предност. Поради високите проценки, советуваме поголема претпазливост и се држиме до општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото.

НД во Европа во следните недели. Азиските пазари стартуваа добро во 2021 година. Со добро управување со пандемијата и солидни економски податоци, тие станаа најатрактивно место за инвеститорите. Иако понекогаш владите знаат да го разбрануваат морето, како што беше случајот со Алибаба, тие очигледно успеаја да се согласат дека Алибаба ја почитува волјата на државата и партијата. Поголемиот дел се трансформира во финансиска холдинг-компанија под контрола на регулаторите, со што се враќа довербата на инвеститорите. Сè уште нема детали за договорот, но во последно време инвеститорите не се заинтересирани за детали.

Разочараа резултатите на нафтените компании

Деловните резултати за последниот квартал од минатата година, а особено предвидувањата за 2021 година, продолжуваат да ги надминуваат бројките што ги очекуваат аналитичарите. Поддржан од силната ликвидност, одговорот на пазарот се зајакнува. Минатата недела се истакнаа интернет гигантите како Амазон, Пејпал, Гугл и Алибаба по добрите резултати. Овие акции скокнаа посилно повторно, по неколку месеци чекори напред и назад. Можеби ова може да врати посилна ротација кон главните ИТ-акции, бидејќи во последните недели акциите

Развојот на пандемијата, претстојните стимули и ликвидноста на централните банки продолжуваат да ги обликуваат берзите, иако тие се принудуваат сè повисоко поради бранот на ликвидност. Акциите од технолошкиот сектор, е -трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но со многу високи проценки, па претпазливоста не е излишна. Последните недели акциите на помалите компании пораснаа во цената, па веројатно можеме да очекуваме одредена ротација во најголемите ИТ компании. Скапите обврзници и негативните банкарски приноси продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно во инвестиции во акции, со шпекулативен раст кој продолжува во рамките на акциите, повремено се граничи со манија. Инвестициите што не нудат ништо друго освен приказна се во сè пожестока предност. Поради високите проценки, советуваме поголема претпазливост и се држиме до општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. Еден таков сегмент е сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење, каде што е потребна претпазливост во последните неколку недели по силниот раст. Силниот раст на некои места ја надмина реалноста во работењето на овие компании, но во услови на енормна ликвидност, инвеститорите засега не се загрижени за ова. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулот, кој е повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и еколошкиот живот. Историјата нè учи дека главните двигатели на растот на пазарот драматично се менуваат со текот на времето. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални фондови може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ние главно вклучуваме здравство, индустрија и нега, а Азија се издвојува меѓу регионите. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови. Иако флуктуациите во една или друга насока можат да бидат силни, тие не треба да нè заведат кога размислуваме како да го структурираме и составиме портфолиото за долг период на заштеда.


ФЕВ. 2021

22 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

Во Европа по падот на италијанската влада, очигледно се враќа на сцената Марио Драги, кој ќе добие поддршка за формирање нова (кревка) влада. Пазарите реагираат позитивно на ова, што веројатно ќе значи одредено затишје во Европа во следните недели. Азиските пазари стартуваа добро во 2021 година. Со добро управување со пандемијата и солидни економски податоци, тие станаа најатрактивно место за инвеститорите. на помалите компании пораснаа во рамките на ИТ сегментот, каде во некои случаи проценките станаа прилично апсурдни, но инвеститорите продолжуваат да се фокусираат на приказната од секундарно значење. Разочарување продолжува да биде резултатот на нафтените компании, кои беа sвезди на пазарот на крајот на 2020 година и во првите недели од јануари. Интересно ќе биде реструктуирањето на овие компании, кои се повеќе ја присилуваат зелената енергија и купуваат големи блокови права за користење на копно и море за изградба на зелени извори на енергија на аукциите. Притоа, тие се натпреваруваат со друга sвезда на пазарот, компаниите за снабдување, кои одлично ја започнаа 2021 година на крилата на растечката потрошувачка на електрична енергија и скапите купони на СО2. Европа продолжува да дава позитивни изненадувања, бидејќи резултатите од производствениот сектор се над очекувањата, додека услужниот сектор продолжува да крвави за пари, а повлекувањето на мерките и отворањето на земјите се одолговлекуваат неодредено до доцна пролет. Донекаде беа разочарани и големите фармацевтски компании, каде растот на услугите поврзани со пандемијата не го неутрализира падот во некои други области, но ниските проценки на најголемите компании не создадоа притисок врз продажбата. Сепак, притисокот во индустријата за широка потрошувачка полека се зголемува, каде што поскапите земјоделски производи почнуваат да се рефлектираат во бизнисот и притисокот врз маргините, што беше убаво илустрирано од Унилевер со резултати кои не оставија впечаток. Сосема друга приказна се индустриските компании кои ги изненадуваат инвеститорите со добри прогнози. Постојат очигледни очекувања дека

Деловните резултати за последниот квартал од минатата година, а особено предвидувањата за 2021 година, продолжуваат да ги надминуваат бројките што ги очекуваат аналитичарите. Поддржан од силната ликвидност, одговорот на пазарот се зајакнува. Минатата недела се истакнаа интернет гигантите како Амазон, Пејпал, Гугл и Алибаба по добрите резултати. стимулативниот пакет ќе се прелее на резултатите и на некои места веќе можеме да видиме дел од ова, како што е пазарот е силен според кажувањата на најголемите европски градители. Инвеститорите продолжуваат да очекуваат повисока инфлација во иднина, давајќи и сила на рефлационата ротација во рамките на берзите. Резултатите од банките беа главно разочарувачки, но поради рефлационата приказна, нивните курсеви се држат многу добро. Од друга страна, гледаме притисоци на пазарите на обврзници, особено кај обврзниците со подолг рок на достасување, кои се изнудени на повисоки ценовни нивоа.

Приказните за диви шпекулации со акциите на GameStop и бунтот на малите инвеститори против Вол Стрит брзо завршија бидејќи економскиот легитимитет ја надмина „приказната“ и акциите претрпеа огромна корекција. Во последните две недели, доларот повторно зајакна, привремено се врати на ниво од помалку од 1,2 УСД за евро. Ова го намали притисокот врз европските извозници, но сè на сè, се чини дека е само привремен, бидејќи со огромен стимул, аналитичарите продолжуваат да очекуваат лизгање на доларот, а курсот да биде околу 1,30.

nnn



ФЕВ. 2021

24 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА С автори:

НИКОЛА ПОПОВСКИ БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ДРАГАН ТЕВДОВСКИ ПОГЛАВЈЕ 4 Јавните финансии и фискалната политика на среден рок Значењето на системот на јавните финансии (ЈФ) за функционирањето на националната економија, државата и за општеството во целина е огромно. Тој е во директна корелација со класичните, но и современите цели и функции што истиот ги обезбедува. Класичните концепции за системот на јавните финансии, пред сè, се насочени кон обезбедувањето на алокативната функција којашто има за

цел да го обезбеди снабдувањето на економијата и општеството со добра (стоки и услуги) што пазарниот механизам не може соодветно или не може воопшто да ги обезбеди заради неговата имперфектност, односно познатата карактеристика на потфрлањето на пазарот (market failure). Многу слични на нив се и проблемите со постоењето на екстерналиите во економијата за кои јавните финансии нудат соодветни решенија за нивно неутрализирање. Денес, врз основа на современите концепции за системите на јавни финансии во нив системски се инкорпорирани и важните функции на секундарната редистрибуција на примарната, односно пазарната дистрибуција на доходите во економијата; стабилизациската функција која е во насока на користењето на системот

на ЈФ за одржување на динамичката макроекономска рамнотежа; а сè повеќе и нивната развојна функција што треба да обезбеди оптимизација на стапката на раст на економијата и нејзин подинамичен развој. Од овој агол гледано, јавните финансии во Северна Македонија системски се современо и добро поставени и во себе ги инкорпорираат сите потребни цели и функции. Тие се потпираат на современи начела и мерки на обезбедувањето на јавните приходи и нивното трошење во вид на јавни расходи, што е суштината на фискалната политика. Системот, во основа, е насочен кон обезбедување на широк спектар на јавни добра, иако во некои сектори недоволни (образование, здравство, материјална инфраструктура и сл.), а во други (административни услуги, внатрешна безбедност, одделни


25

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

СРЕДЕН И ДОЛГ РОК (4) видови социјална заштита и сл.) дури и преобемни. Обезбедени се механизми за корекција на екстерналиите, иако оваа функција не е доволно развиена, за што сведочат бројните потфрлања од оваа област, како што е загадувањето на воздухот. Редистрибутивната функција е понеефикасна за што говори фактот дека социјалните и регионални нееднаквости во финалната дистрибуција на доходот се изразени. Стабилизациската функција за одржување на ниското ниво на инфлацијата и фиксниот курс на денарот успешно се спроведува во содејство со монетарните власти и политика, иако најчесто со тешки прилагодувања токму од страна фискалната политика. Функцијата за раст и развој потфрла, за што сведочат ниските стапки на економски раст и генерално нискиот

степен на општествен развој. Системот на ЈФ во земјата се заснова на разработениот и сложен даночен плурализам, со доминантни белези на недисторзивност. Структурата на јавните приходи, во најголем дел, се базира на воведените даноци и социјалните придонеси во кои доминираат даноците на потрошувачката (ДДВ, акцизи и царини), придонесите за социјално осигурување (најмногу пензиско и здравствено), даноците на доходот (данок на добивка и на личен доход), и даноците на имот (данок на имот, на промет на имот и на наследство и подарок). Вкупните јавни приходи на земјата се релативно ниски и не зафаќаат ни 30% од БДП на земјата, додека вкупните јавни расходи се минимално над 30% од БДП. Со тоа, и двете се меѓу најниските во Европа. За

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Нивниот труд е преточен во студијата „Големата слика: Македонската економија на среден и дол рок“,издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларијата во Скопје. „Капитал“ ви ги претставува сите девет поглавја од студијата – целосно или делумно, со дозвола од Фондацијата. Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска - Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок. Целата публикација е достапна на веб страната на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – www.fes-skopje.org


ФЕВ. 2021

26 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

споредба, во ЕУ вкупните јавни приходи и расходи надминуваат 45% од БДП. Оттука може да се заклучи дека системот на ЈФ во земјата е добро поставен и кореспондира со современите системи во светот. Структурата и видовите даноци се стандардни за денешниот свет и пазарната економија. Системот сепак потфрла во одредени сегменти, што се согледува од нискиот и недоволниот обем на јавни приходи и расходи што се потребни на економијата и општеството, од постојната нерамнотежа во испораката на одредени видови јавни добра и од ограничено ниво на редистрибуција на доходот.

Повеќе јавни вложувања во образование, здравство, социјала и екологија

Иако во јавните дебати честопати може да се слушне дека буџетот на нашата држава е голем, тоа воопшто не е точно. Вкупните буџетски расходи на нашата општа влада во последните години се движат околу 30 – 31% од БДП, што е меѓу најниските нивоа во Европа. За споредба, во 2018 година, во Србија тие изнесувале 41% од БДП, во Хрватска 46%, во Данска 51% а во Франција 56%. Расходите имаат континуиран тренд на пад во последните 20-ина години (графикон 1). На крајот на 1999-тите постојано биле над 32% од БДП, па во 2001 – 2002 година растат на 37 – 38% од БДП (поради конфликтот од 2001 година), и потоа континуирано се намалуваат од година во година. Освен што големината на буџетските расходи на општата влада е релативно ниска, и структурата на расходите е неповолна. Најголем дел од буџетските расходи се за пензии, дури 30%, а делот за социјална заштита (без пензии) е само 3,4% од буџетот. За здравство се 14% од буџетот, за образование 10% (графикон 2). Споредено со други европски земји, јавните вложувања во образование, здравство и социјала (без пензии) кај нас се меѓу најниските, што понатаму води до лош квалитет на овие јавни услуги – слаби образовни резултати според меѓународните рангирања, слабо здравство, висока сиромаштија и нееднаквост во општеството. Од друга страна, расходите за пензии и јавен ред и мир се меѓу повисоките во Европа. Но, проблемите не се однесуваат само на висината и структурата на расходите. И самиот квалитет на расходите е проблематичен во многу сегменти. Според оценките на Светска банка, дури 13% од буџетските расходи би можеле да се заштедат, односно, истиот квалитет на јавни услуги би можел да биде обезбеден со

ВКУПНИ РАСХОДИ НА ОПШТАТА ВЛАДА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (% ОД БДП)

Извор: Меѓународен монетарен фонд, World Economic Outlook Database, октомври 2019 година

СТРУКТУРА НА БУЏЕТСКИТЕ РАСХОДИ ВО 2018 ГОДИНА

Извор: Министерство за финансии и Завршна сметка на буџетот за 2018 година

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНИ КАПИТАЛНИ РАСХОДИ (% ОД ПРВИЧНО НАЈАВЕНИ)

Извор: Буџет на РМ и Завршни сметки на Буџетите на РМ


27

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

13% помалку расходи (World Bank, 2015). Се разбира дека овој процент никогаш не може да биде сведен на нула, но кај нас сепак, постои голем простор за подобрување. Сроден проблем е и слабата реализација на државните буџети. Во 2018 година, реализацијата на буџетот е 95% од првичниот буџет, при што реализацијата е особено слаба кај капиталните расходи кои во 2018 година биле реализирани само 50% (графикон 3). Притоа, ова не е изолирана појава која се однесува само на оваа година, туку е општа состојба, присутна веќе 10 години. Просечната стапка на реализација на капиталните расходи во периодот 2009 – 2018 година е 71% од првичниот план, една година била дури и под 50%, ниту еднаш не била над 90%, а само 2 години била над 80%. Причините за слабата реализација на капиталните расходи се бројни. Од една страна, тука е тенденцијата за нереално проектирање високи износи поради политички маркетинг, но од друга страна, тука се и слабото планирање, слабите раководства на државните институции, како и немањето капацитет од страна на вработените во државните институции за реализирање проекти.

Препораки:

u Да се зголемат јавните расходи во

државава, како процент од БДП. Сегашното ниво од 30 до 31% од БДП е многу ниско, меѓу најниските во Европа и не обезбедува доволно средства за квалитетни јавни услуги. u Зголемувањето на расходите треба да биде сконцентрирано во сегментите кои се најлоши во државата и во кои најмалку се инвестира, како социјална заштита, образование, здравство и заштита на животна средина. Учеството на пензиите и јавниот ред и мир е на релативно високо ниво и не треба значајно да се зголемува. Зголемувањето на расходите треба да биде особено во сферата на капиталните расходи, пред сè во т.н. зелен раст. u Паралелно со зголемувањето на расходите мора да се подобри и нивната ефикасност, како и степенот на реализација на буџетите. Овие работи се тесно поврзани со квалитетот на државните институции, и затоа повторно мора да се потенцира потребата од реформа во оваа сфера. Освен реформа на државните институции, потребна е и одговорност од носителите на јавни функции кои се однесуваат неодговорно со јавните финансии, односно, имаат висок степен на неефикасност на трошоците или низок степен на реализација. Ова може да се постигне со ставање одредба во Етичкиот кодекс на јавните службеници дека функционери кои имаат ниска ефикасност на расходите или слаба реализација, ќе треба да си поднесат оставка или да образложат пред Владата или Собранието зошто биле неефикасни или не ги реализирале буџетите.

Сериозна даночна реформа за повисоки приходи и помала нееднаквост Буџетските приходи во Северна Македонија, исто како и расходите,

се меѓу најниските во Европа и имаат тренд на постојано намалување. Во 2018 година, приходите на општата влада изнесувале 28,5% од БДП, што е четврто најниско ниво во Европа. Ова е значајно намалување во однос на нивото од пред 15 – 20 години. Во 2003 и 2004 година, на пример, приходите изнесуваат околу 35% од БДП. Освен што нивото на приходи е ниско, и структурата на расходите е неповолна. Доминираат придонесите за социјално осигурување и индиректните даноци (ДДВ и акцизи) кои се регресивни (графикон 4). Придонесите се регресивни поради максималната основица за пресметка, која го ограничува износот на придонеси кое едно лице може да го плати и прави лицата со повисоки примања процентуално да плаќаат пониски придонеси. Така, на пример, лице со месечна плата од 250.000 евра има придонеси од околу 1% од доходот, додека лице со месечна плата од 250 евра, има придонеси од околу 28% од доходот. ДДВ пак, е регресивен затоа што неговиот износ е номинално (во денари) ист, и за лицата со повисок и за лицата со понизок доход, но како процент од примањата е повисок за првите. Другите два важни данока – данокот на личен доход и данокот на добивка се пропорционални, односно рамни – стапката е 10%, независно од висината на доходот. Ваквиот даночен систем креира нееднаквост, поради две причини. Првата е што тој не спречува социјалните разлики да ескалираат, односно, не ги оданочува доволно оние кои заработуваат повеќе. Втората е што тој не обезбедува доволни приходи за државата да може да нуди квалитетна социјална заштита, што ги влошува примањата на оние кои заработуваат помалку. Поради тоа и нееднаквоста во државава почнува драстично да расте по воведувањето на рамниот данок во 2007 година (графикон 5). Учеството на најдоходовните 1% од населението во вкупниот доход пред воведувањето на рамниот данок се движи околу 5 – 6%, а потоа почнува драстично да расте, и за само неколку години, до 2010 година, достигнува 12%. Според најновите расположливи податоци од Министерството за финансии, во 2017 година ова учество достигнува 14,4%, и е највисоко во Европа, од земјите за кои постојат вакви податоци (Министерство за финансии, 2018). Џини коефициентот според истите податоци во 2017 година изнесувал 44%, што е исто така исклучително високо, многу повисоко од Џини коефициентот од Државниот завод за статистика, кој изнесува 32,5% во 2017 година. Притоа, важно е да се сфати дека разликата помеѓу Џини коефициентот според Министерството за финансии и според Државниот завод за статистика се должи на различните податоци врз основа на кои истите се пресметани. Државниот завод за статистика Џини коефициентот го пресметува од анкета која ги исклучува најдоходовните лица, додека податоците на Министерството за финансии се од административни податоци на Управата за јавни приходи кои ги вклучуваат сите официјални приходи во државата, односно, ги вклучуваат и најдоходовните лица.

Оттука, податоците од Министерството за финансии се подобри и померодавни за нееднаквоста. Притоа, должно е да се истакне дека главните аргументи кои се пласираат во одбрана на рамниот данок – дека тој ја намалува сивата економија, ги поттикнува инвестициите, го зголемува економскиот раст и ја зголемува вработеноста – воопшто не се издржани. Како што документира студијата на Jovanović (2020), рамниот данок во источно-европските земји довел само до зголемување на нееднаквоста и намалување на буџетските приходи, а немал ефект врз сивата економија, инвестициите, БДП и вработеноста. Оттука, потребна е даночна реформа која ќе обезбеди раст на приходите, но притоа нема да има штетни ефекти по социјалната кохезија, односно, истовремено со раст на приходите ќе обезбеди и намалување на нееднаквоста. Односно, со други зборови, потребно е да се врати прогресивниот данок. Критиките кои обично се упатуваат против враќањето на прогресивниот данок, се дека тоа ќе ги избрка лицата со високи доходи, или ќе ги натера компаниите да се префрлат во други земји, или ќе ги намали инвестициите, или ќе доведе до отпуштања на работници и сл. Овие критики се неиздржани и непоткрепени од податоците. Како прво, голем број земји од Источна Европа веќе го напуштија рамниот данок (Чешка, Словачка, Црна Гора, Албанија, Летонија) без да имаат никакви штетни ефекти. Баш напротив, економските резултати на овие земји по напуштањето на рамниот данок се уште подобри отколку претходно (Министерство за финансии, 2018). Како второ, и нашето искуство со враќањето на прогресивниот данок во 2019 година покажа дека ниедна од овие критики не е издржана. По враќањето на прогресивниот данок во 2019 година, вработеноста се зголеми, платите продолжија да растат, дури и во најплатените сектори како информатичката технологија, буџетските приходи пораснаа повеќе од очекуваното, а и економската активност се забрза (Министерство за финансии, 2019). Тоа не значи дека не треба да се внимава и дека прогресивниот данок не може да направи штета во економијата, ако промената е преголема, но сепак, доколку е умерена, како што беше кај нас во 2019 година и во другите земји од Источна Европа од изминатите години, нема причини за стравување.

Препораки:

u Во најкус можен рок да се воведе

прогресивен данок на личен доход, при што данокот би имал најмалку 3 стапки и би опфатил барем 2% од лицата со највисок доход во државата. Фокусот да биде особено на најдоходовните неколку промили, за кои би имало посебно висока стапка. u Да се укине или значително да се зголеми максималната основица за пресметка на придонесите, за тие да не бидат регресивни. Со укинувањето би биле опфатени лицата со месечни плати повисоки од 10.000 евра (16 просечни бруто-плати), а приходите што би се обезбедиле, би биле значајни – над 10 милиони евра на годишно


ФЕВ. 2021

28 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ниво. Паралелно со тоа може да се размислува за благо поместување на горната граница на највисоката пензија. u Да се воведе прогресија кај сите даноци на имот – и данокот на поседување на имот, и данокот на промет на недвижности, и данокот на наследство и подарок. Сегашните стапки се меѓу најниските во Европа. Бидејќи овие приходи одат кај општините, со нив ќе можат да се задоволат локални потреби. Истовремено, да се намали големата диспропорција меѓу стапките на данокот на имот и на промет на недвижности. u Сериозно да се размисли за воведување прогресивен данок на добивка за фирмите со највисоки добивки. Една можност е да бидат опфатени фирмите со добивка над 1 милион евра, какви што има околу 200 во државава. Иако не станува збор за голем број фирми, дополнителните приходи од ова би можеле да бидат значајни, дури и поизразени од прогресивниот данок на личен доход, бидејќи добивките на овие фирми се доста високи. Прогресивен данок на добивка во моментов има во Белгија, Франција, Германија, Грција, Шпанија, Унгарија, Португалија, Норвешка. u Директните даноци да останат секторски неутрални, односно, да не се воведуваат пониски даночни стапки за одредени сектори. Доколку е потребна поддршка на одредени сектори, тоа да се направи во рамки на индустриска стратегија, а не преку даноци. u Да се зголемат даноците на загадување, како акцизата на дизел горивото, воведување акциза на јаглен, и постапно воведување на ETS (Emissions Trading System) системот на ЕУ. u Да нема промени во стапките на ДДВ, освен можеби за некои конкретни производи. u Полека да почне да се напушта праксата на нудење даночни ослободувања на странските инвеститори. За да може да се реализира ова без да се „избркаат“ инвеститорите во други земји, да се иницира регионална соработка за координирана даночна политика. Со тоа би се избегнала „трката кон дното“, односно тенденцијата земјите од Западен Балкан да си конкурираат едни на други со пониски даноци и даночни ослободувања и на тој начин да се лишуваат од државни приходи. u Да се следат и брзо да се прифаќаат европските и светските пракси во врска со некои нови даноци и пракси, како дигитално оданочување, данок на нерециклирана пластика, данок на финансиски трансакции, данок на богатство и сл. u Да се изврши ревизија на разните комунални и административни такси, и други слични јавни давачки кои во јавноста се нарекуваат „парафискални“ давачки, со цел да се оцени дали дел од нив треба да се елиминираат или намалат. u Сите овие промени да се направат во склоп на сеопфатна државна даночна стратегија, која ќе биде долгорочна и општоприфатена, односно, ќе се

однесува на период од барем 10 години и нема да зависи од лична волја на поединци, туку ќе биде стратешка определба на државата, како што е, на пример, определбата за членување во ЕУ.

Стратегија за јавниот долг и дефицитот

Современите фискални политики се потпираат на правилото дека на краток и среден рок не е нужно да постои буџетска рамнотежа и дека таа треба да се „жртвува“ за да се обезбеди макроекономската рамнотежа. Постоењето на деловните циклуси ги тера носителите на фискалната и монетарната политика да бараат излез и да дејствуваат антициклично кога е потребно. Состојбата со нивото на дефицитите и јавниот долг (ЈД) во Северна Македонија не е критична, но трендот е загрижувачки. Дефицитите на општата влада станаа значителни и што е поважно, тие се веќе структурни. Тие не се користат само како антициклична мерка, туку служат за да ја надоместат разликата меѓу пониското ниво на јавните приходи и сè поголемите потреби за јавни расходи. Современиот државен и фискален интервенционизам што во последнава деценија се зацврсти во светот, претставува само дополнително оправдување за тоа. Како последица, а имајќи ги предвид релативно ниските стапки на раст на економијата, ЈД е во фаза на раст на кој не му се гледа крајот. Од тие причини земјата во иднина мора да се соочи со многу поцврста и предвидлива политика на дефицити и ниво на ЈД, вклучувајќи и воведување на збир на законски и други правила, пред сè квантитативни, што ќе се применуваат – т.н. „фискални правила“, особено затоа што монетарната политика на фиксен девизен курс ќе мора да опстојува подолгорочно, па фискалната ќе мора да понесе голем дел од товарот за одржување на курсот. Фискалните правила треба да оневозможат креирање на високи буџетски дефицити и неконтролирано растење на ЈД. Дел од нив можат да се квалитативни, но најголем дел да се квантитативни.

Препораки:

u Трендовите на проширување на

тековните буџетски дефицити и растот на ЈД во Северна Македонија се загрижувачки. Северна Македонија не смее да влезе во зоната на високозадолжени земји и секоја година да има проблеми со обезбедувањето на високи износи на средства за сервисирањето на ЈД. Контролата и намалувањето на нивото на ЈД не треба да се прави со негово ригорозно апсолутно намалување, туку со математичка комбинација на идните проекции на буџетските дефицити и стапките на раст, при што ризичната изложеност кон подрастични нагорни промени на каматните стапки на меѓународните финансиски пазари се помалку извесни, но сè уште се закана на долг рок. u Потребно е со закон да се креираат нумерички фискални правила и да се формира посебно јавно тело (Агенција, Совет, Институт) со функција на класичен Фискален совет што ќе се

грижи за спроведување на правилата, за анализирање на состојбите и предлагање на решенија. u Состојбата со пандемијата и нејзиниот удар врз економијата треба да се решава внимателно бидејќи огромните фискални стимуланси во вид на новокреирани дефицити можат да не ги дадат очекуваните резултати, а значително да го зголемат нивото на ЈД. u За да се овозможи поголем простор за водење на активна и флексибилна фискална политика, потребно е да се намали нивото на т.н. индискретни јавни расходи за околу 10 – 12 отсто од сегашното ниво и да се даде повеќе простор на дискретните јавни расходи, особено на оние во централниот буџет.

Нов бран на реформи за приближување до стандардите на ЕУ

Програмата за реформи на управувањето со јавните финансии 2018 – 2020 година беше правата програма која имаше за цел да постави среднорочен план за реформи на сите поважни елементи на системот во насока на приближување до ЕУ стандардите, спротивно од праксата за ад хок менување на елементи на системот на јавните финансии. Таа беше усвоена во декември 2017 година и врз основа на неа беа направени реформи во повеќе области. Фискална транспарентност беше обезбедена преку повеќе мерки: воведување на граѓански буџет; воведување на законска обврска за буџетските корисници за задолжително објавување на финансиските извештаи на своите веб-сајтови; редовно месечно и квартално детално известување за државниот буџет; објавување на сите податоци на Министерството за финансии во отворен формат; прифаќање на СДДС+, највисокиот стандард за статистичка дисеминација на податоците на ММФ, како 18-та земја во светот, а во Европа како прва земја која не е членка на ЕУ; законска обврска за целосно објавување на секој договор или анекс за јавни набавки на веб-страницата за јавни набавки; воведување на јавни консултации за сите клучни документи на Министерството за финансии – Фискална стратегија, Буџет, Програма за економски реформи и слично; изработка на Отворени финансии платформата со која се објавува деталното извршување на буџетот во реално време. Поефикасна и поправедна мобилизација на приходите беше цел на следните реформи: воведување на прогресивно оданочување; воведување на легислатива за трансферни цени заедно со подобрување на капацитетот на УЈП за нивно следење; нов закон за спречување на перење пари со обврска за пријавување на вистински сопственик. Дополнително, Министерството за финансии заедно со Народна банка спроведуваа и стратегија за намалување на кеш плаќањата во економијата со намера да се истиснат можностите за плаќање во сивата економија, која содржеше педесетина мерки, а каде една од поважните беше намалување на лимитот за кеш плаќања од 15.000 евра на 500 евра. Пензиската реформа


29

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

требаше да обезбеди СТРУКТУРА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО 2019 ГОДИНА стабилно функционирање на Фондот за ПИОМ, а беше воведено индексирање на пензиите со потрошувачките цени и зголемување на социјалните придонеси. Реформа на системот на социјални трансфери преку воведување на програмата за минимален гарантиран приход како прва земја од Балканот, со која се обезбедуваше подобро таргетирање на социјалните расходи и реформа на јавните набавки преку воведување на нов закон со кој системот се усогласи со директивите на ЕУ. Дигитализацијата на процесите во поважните елементи на системот се спроведуваше преку повеќе Извор: Министерство за финансии мерки.3 Подобрување на проектирањето во трезорот УЧЕСТВО НА НАЈДОХОДОВНИТЕ 1% ВО ВКУПНИОТ ДОХОД ВО ДРЖАВАТА (%) на Министерството за финансии и негово подобро поврзување со секторите за јавен долг и буџет што резултираше со негово неселективно и автоматско реализирање на сите обврски. Подобрување на управувањето со јавниот долг преку стабилизација на растот на јавниот долг (46,6% од БДП во 2019 кв. 2), издавање на еврообврзница со најниска каматна стапка, прво издавање на триесетгодишна домашна хартија од вредност, значајно намалување на каматните стапки на сите домашни хартии од вредност, а зголемување на рочноста на портфолиото, коишто резултираа во 2019 година Извор: Standardizeld World Income Ineqality Database, version 4 со прво подобрување на кредитниот рејтинг за земјава по 13 години (од 2006 година). u Објавување на даночните пријави или агенции кои не се подредени на Дополнително, беа спроведени промени ресорното министерство и слично. на секој граѓанин на веб-страницата и во буџетскиот процес на општините, на УЈП на определен ден во годината u Изградба на информатички систем кој преку воведување на фискално правило (на пример, 1-ви октомври), со цел ќе ги поврзе сите независни постојни со кое приходната страна се ограничи граѓаните преку целосниот увид да системи во еден интегриран систем да не смее да биде поголема од 10% од спречуваат злоупотреби во системот, за управување на јавните финансии. просекот во последните три години со како на пример, сопственици на фирми Системот треба да обезбеди во цел да се оневозможи создавањето на со голем движен и недвижен имот кои реално време евидентирање на неплатени обврски. А, беше спроведено пријавуваат ниски приходи, или лица секоја преземена обврска и фактура и чистење на неплатените обврски кај кои работат во јавна администрација, со цел комплетно да се оневозможи сите елементи на системот на јавните а остваруваат многу високи создавање на неплатени обврски. финансии. Подоцна, на крајот на 2019 дополнителни приходи и слично. Важно е да му се даде приоритет на година, некои важни реформи беа овој проект за интегриран софтвер, u Подобрување на среднорочната укинати, како на пример: прогресивниот бидејќи неговата реализација ќе значи буџетска рамка преку посилно данок беше заменет со рамен данок, огромен чекор напред на системот за поврзување на фискалната стратегија лимитот за кеш плаќање се зголеми на јавни финансии во следната декада. со буџетот, поставување на фискални 3.000 евра и фискалното правило кај u Изградба на ефикасен систем за правила и фискален совет, промена на општините се подигна на 30% од просекот воспоставување и следење на буџетскиот календар, но и воведување во последните три години. Новиот бран концесиите и јавно приватните на нови алатки за планирање на за реформи во системот за јавни набавки партнерства (ЈПП), што ќе биде дел новите програми кај буџетските на среден рок би можело да се базира на од МФ, за да се спречат можните корисници. Реформата треба да ја стратегијата во периодот од 2018 до 2020 злоупотреби, давајќи на јавноста увид подобри и хиерархиската структура година. во секоја концесија/ЈПП и нивното на буџетските корисници, поставувајќи извршување. јасна структура на министерство кое Препораки: ги креира политиките, а под кои ќе има u Реформи во системот за управување u Обезбедување целосно агенции и инспекторати кои истите ги со јавните претпријатија со цел да се функционирање на сите електронски спроведуваат оневозможувајќи за иста намалат фискалните ризици што се платформи и алатки кои обезбедуваат поврзани со нив. nnn намена да се има повеќе исти агенции фискална транспарентност.


ФЕВ. 2021

30 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

РАСИЗМОТ КОН РОМИТЕ E ЛУКСУЗ КОЈ НЕ СМЕЕМЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИМЕ БИДЕЈЌИ Е ПОГУБНО ЗА НАШАТА ЕКОНОМИЈА И ЈА РАЗОРУВА ДЕМОКРАТСКАТА СРЖ

Ј

авните политики во регионот, Ромите ги третираат единствено како социјален проблем кој треба да се реши, или кој најчесто се игнорираа. Отсуствува визија и лидерство да се види потенцијалот кај Ромите, и тие да бидат препознаени како важен ресурс за регионот. Тоа, донекаде, и ја објаснува економската стагнација и слабоста на демократската срж. Барањето на излези од кризата во која сега се наоѓаме поради пандемијата, е можност, работите конечно да се сменат.

Високата цена на расизмот

Пред околу десет години, Светска банка и укажа на Бугарија дека дискриминацијата на Ромите и нанесува буџетски загуби од најмалку 370 милиони евра годишно. За најсиромашната земја во

Европската унија, ова е, благо речено, луксуз. Од друга страна, доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Имено, вкупните буџетски придобивки од продуктивноста се меѓу 27,9 и 101,7 милиони евра, додека даночните приходи се во опсег помеѓу 4,0 и 14,5 милиони евра (во зависност дали се користат податоци од Пописот од 2002 за ромското население, или проценките на Советот на Европа од 2012). Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, неодамна за Фајненшл тајмс изјави дека демографскиот пад е најголемата закана за целиот регион. Според Светската банка, во последните две децении од Македонија си заминале 450 илјади

жители, а според некои анализи овој број е дури 600 илјади. Од друга страна, демографските трендови кај Ромите се позитивни. Ромите се најмладата и најдинамична популација и во Европа и на Балканот. Ова важи дури и за земјите од регионот кои имаат релативно помладо население, како што се Албанија и Косово. Во Северна Македонија, на пример, бројот на жители на возраст под 30 години е скоро двојно поголем кај Ромите, споредено со останатите. Во Република Северна Македонија, бројот на образовани млади Роми е најголем во споредба со останатите земји во регионот. Државата го презеде моделот на стипендирање на Роми, од донаторски иницијативи, и иако има уште големи разлики во степенот на образование и потребни се дополнителни напори,


31

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

nnn

Политичката моќ на десничарските екстремисти и националистичките популисти расте врз основа на инструментализацијата на негативните предрасуди кон Ромите за освојување гласови. Со напади врз Ромите, неонацистичките партии како унгарскиот Јобик, Наша Словачка или Северната лига во Италија ја зголемија својата база во електоратот. досегашните мерки се патоказ што може да се направи. Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на антициганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат.

ако е моно-етничка држава, иако никогаш во својата историја не била таква, и тоа што сме денес е резултат на културното богатство на сите народи кои живеат во неа.

Можноста за Северна Македонија

Безбедносен ризик

Расизмот не предизвикува само економска загуба, тој претставува и ризик за националната безбедност. Политичката моќ на десничарските екстремисти и националистичките популисти расте врз основа на инструментализацијата на негативните предрасуди кон Ромите за освојување гласови. Со напади врз Ромите, неонацистичките партии како унгарскиот Јобик, Наша Словачка или Северната лига во Италија ја зголемија својата база во електоратот. Ова е рецептот што екстремно десничарските групи како Левијатан, Српска чест се обидуваат да го искористат. По терористичкиот напад на екстремната десница во германскиот град Ханау, канцеларката Ангела Меркел, претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле и министерот за внатрешни работи Хорст Шехофер јасно ставија до знаење дека расизмот е отров на општеството и дека екстремната десница е најголемата закана за државата, демократијата и владеењето на правото. Покрај тоа, ваквите групи и политички формации низ Европа работат синхронизирано со Русија, што им обезбедува идеолошка, финансиска и дигитална поддршка. Нив ги поврзува истата цел, а тоа е дестабилизација и ослабување на Европската унија преку ослабување на нејзините земји-членки и земјите кои се на пат кон членство. Колку е поголемо игнорирањето на расизмот против Ромите, толку се поголеми безбедносните ризици за дестабилизација и зајакнување на екстремизмот во нашите земји. Слично, во Северна Македонија, за жал, се поголем е бројот на екстремно националистички групи. И покрај промовирањето на мултиетничкиот карактер на државата со уставните измени од 2001 година, во реалноста албанските лидери не се залагаа за малцински права туку претежно инсистираа само на сопствените права. Тоа создаде револт кај дел од Македонците, а разочараност и чувство на измаменост кај помалите етнички заедници. Ако на ова се додаде договорот со Грција и актуелниот спор со Бугарија, кои оспоруваат дел од македонскиот идентитет, не ме изненадува фактот што се поголем број на Македонци сметаат дека сме „загрозени“ во сопствената држава. Тоа е истата група на Македонци на која не и е по ќеиф дека веќе не е прифатливо нивните сограѓани да ги викаат „шиптари“ и „цигани“. Тие сметаат дека Македонија ќе биде подобро место за живеење

Неда Коруновска директор на оддел, Канцеларија за Ромски иницијативи при мрежата на фондации Отворено општество

Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на антициганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат.

Често пријателите ме прашуваат до кога планирам да работам на прашањата кои ги засегаат Ромите, алудирајќи дека сепак е тоа споредна работа, и треба да се занимавам со поважни прашања. За жал, се уште не е општо прифатено дека прашањата кои ги засегаат Ромите, всушност нè засегаат и нас. Ковид-19 пандемијата тоа најпластично го прикажа, бидејќи состојбата во една населба, не може да се изолира од друга. Преку состојбата на Ромите, како најмаргинализирана заедница во Македонија, можеме директно да видиме како системот (не) функционира, каде се пропустите, кои прашања се запоставени. Работејќи на нив, единствено може да изградиме „праведно општество за сите“. Меѓутоа, поради постојните предрасуди, ова ретко кој го согледува. Во Северна Македонија, дополнително има „институционален замор“ од афирмативни мерки за малцинства. Уште еднаш, Ромите може да бидат губитници, бидејќи тие се единствена заедница кај која правичната застапеност е многу лимитирана. Народниот правобранител, кој е задолжен за следење на оваа темелна вредност, со години наназад укажува на ова. Отсуството на Роми од администрацијата, не е само прашање на правична застапеност, туку прашање на квалитетно одлучување. Во услови кога Ромската заедница е изолирана во своите маала, тешко е да се воочат нивните проблеми, или да се разбере како одредени одлуки ќе влијаат врз нив. Позитивно е што и Претседателот Пендаровски и Премиерот Заев во своите кабинети назначија млади Роми за свои советници, кои делумно можат да ја надоместат „празнината“ додека државата треба го приоретизира вработувањето на младите образовани Роми особено во клучни сектори: здравство, домување, полиција. Несовршеноста на Европската унија и демократијата во Европа, Република Северна Македонија ја осети директно неколку пати до сега, од азилот на Груевски во Унгарија, блокадата на Франција минатата година, до последно, ветото од Бугарија. Една од проблемите кои Европската унија ќе треба да ги реши во иднина се нееднаквоста, и јакнење на социјалната кохезија, особено со малцинствата. Мултиетничкиот концепт на општество во Северна Македонија е богатство и Македонија има шанса да покаже како соживотот може да го надмине национализмот, и да биде пример, не само за Западен Балкан туку и за Европската унија.

nnn


ФЕВ. 2021

32 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

СТАНАВТЕ МЕНАЏЕР?

ЕВЕ СОВЕТИ КАКО ДА ЈА ПРЕЖИВЕЕТЕ НОВАТА ФУНКЦИЈА

Да се дојде на менаџерска позиција или на ново работно место е возбудливо, но и застрашувачко искуство. Првите три месеци се клучни за успехот, а 46% од нововработените менаџери не траат повеќе од 18 месеци, покажало истражувањето на Leadership IQ, a пренесено од Guardian.

С

тудијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци. XXДа ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток. Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите. XXНа состаноците, како и на работа, како менаџер мора да дојдете пред останатите. Така ќе се покажете како посветена и амбициозна личност.

XXДа го запознаете сопствениот тим е многу важно. Ручеци или кафиња се одличен начин да дознаете што се случува во средината и може да одиграат клучна улога во развивањето доверба помеѓу шефот и вработените. XXСекоја канцеларија си има своја политика и култура, а важно е да се разберат правилата на игра што е можно побрзо. XXПрво слушајте и посматрајте, а потоа делувајте. Мислењето формирајте го дури откако сте имале време да ја проучите културата и политиката на фирмата. И начинот на облекување прилагодете го кон останатите во канцеларијата. XXПрашајте ги соработниците,

претпоставените и деловните партнери како тие би сакале да комуницирате со нив – лично, телефонски, по мејл и колку често. XXНикој не сака изненадувања, а особено не оние што се над вас. Ако проектот не оди како што сте планирале и ветувале, од клучна важност е на претпоставените што порано да им го јавите тоа. Мора да сте спремни дека работите нема да одат како што сте замислувале, но она што мора да го имате, е план “Б“. XXЛуѓето можат да го загубат кредибилитетот многу брзо ако не ги исполнат очекувањата. Затоа бидете внимателни и кога ви се чини дека работите се одвиваат совршено. nnn


ЛИДЕРСТВО 33

ФЕВ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

КАКО ДА СЕ СОЗДАДЕ И МОТИВИРА ЕДЕН ТИМ ЗА ПРОДАЖБА

К

омпаниите се одржуваат во живот и умираат според квалитетот на нивната продажбена работна сила. Еден импресивен тим за продажба може да направи одлична продажба на еден просечен производ или услуга, но еден несмасен тим нема да успее да направи продажба дури и со првокласна понуда.

Вработете продавачи во самата фирма

Можеби ќе паднете во искушение да вработите надворешни агенти кои застапуваат производи од различни продавачи. Но вработувањето продавачи во самата фирма ви дава директна контрола над вашиот тим, и ви овозможува активно учество во планирањето и извршувањето на продажбената стратегија. Освен тоа, ваквиот персонал работи за вас и само за вас- неговата примарна цел е да ги продаде производите и услугите на вашата компанија. За разлика од него, надворешните агенти продаваат многу производи од различни продавачи и се слабо поврзани со вашата фирма. Сетете се дека треба да платите 100% од трошоците поврзани со вработените во самата фирма, па затоа осигурајте се дека понудите кои ги дава вашата компанија ќе се продаваат доволно добро за да ги покријат тие трошоци.

Вработувајте внимателно

Многу луѓе сметаат дека можат на рибарот риба да му продадат-но вистинските продавачи се доста ретки. За да се пронајде creme de la creme, барајте продавачи со следниве карактеристики: 1. Силно мотивирани од пари 2. Желни за учење 3. Самоуверени 4. Спремни на предизвици 5. Упорни 6. Со натпреварувачки дух 7. Добро поднесуваат одбивање 8. Одлични слушатели 9. Физички и ментално енергетични Буква по буква кажете им ги вашитe очекувања. Секогаш разговарајте за целите на продажбата. Тоа може да ви помогне во изготвувањето на договор во кој ќе биде наведено што компанијата е спремна да направи за продавачот и обратно.

Обука, обука, обука

Колку повеќе ги обучувате вашите продавачи, толку поспремни ќе бидат тие во одговорањето на прашањата на клиентите и во извршувањето на продажбата. Вашите искусни продавачи треба детално да ги познаваат вашите производи, производите на конкуренцијата, и пазарот на кој се

пласираат тие производи. Исто така ќе треба да ги обучите да ги разбираат потребите, искуството и грижите на нивните клиенти. Редовно одржувајте обуки и охрабрувајте го вашиот тим да посетува надворешни тренинзи и семинари поврзани со продажбата и индустријата во која делувате.

Мотивирајте го тимот со силен систем за надоместок

Пред да започнете со вработување, убаво конструирајте го вашиот план за надоместок. Пристапот со провизија обично е најдобар, но би требало да вклучува основна плата. На тој начин, продавачот има загарантиран почетен приход- кој го стимулира моралот за време на неуспеси во фирмата. Стандардите за надоместок може да ги пронајдете во вашата трговска асоцијација.

Искористете ги нефинансиските мотиватори најдобро што можете

Вработените сакаат да им се признае добро сработената работа, и да чувствуваат дека нивните претпоставени ги сослушуваат и реагираат на посоќените проблеми. Исто така е важно да им овозможите на вашите вработени да се чувсвуваат како дел од тимот. И не заборавајте ја моќта на додатоците- платени одмори, или породилно отсуство, или здравствено осигурување- кои можат значително да ви помогнат да си ги задржите најдобрите луѓе. nnn


ФЕВ. 2021

34 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

РЕКОА ЗА.... ПРОМЕНАТА

Е

ден од најважните фактори за успех во животот е промената. Но, исто така, промената е нешто што најмногу ги плаши луѓето. Најлесно е да останеме во својата зона на “комфор“ и да

Мојата наставничка во школо ми рече дека сум најглупавиот ученик што некогаш го имала. И ми направи услуга. Ако ми речеше дека сум многу паметен, немаше да се трудам да бидам подобар.

Мора да преземете лична одговорност. Не може да ги промените околностите, климата или ветрот, но може да се менувате себеси. За тоа сте самите одговорни.

Светот се менува многу бргу. Големите нема да ги победуваат малите повеќе. Отсега ќе биде, брзите ќе ги победуваат бавните.

Рекордите се направени за да се срушат. Во човековата природа е да се стреми кон тоа постојано.

ЕРНЕСТ ГАЛО

американски бизнисмен

не менуваме ништо кај себе си. Неменувајќи се себеси, не можеме да ги менуваме ниту другите на подобро. Прочитајте што мислат за промената неколку познати претприемачи и бизнисмени од светот.

БИЛ ГЕЈТС

основач на Microsoft

Оние што се опираат на промените ќе бидат соочени со сè поголем број луѓе кои ќе сфатат дека има и подобри решенија; благодарение на технологијата.

Во време на драстична промена, искуството може да биде вашиот најголем непријател.

ЏИМ РОН

американски претприемач

Џ. ПОЛ ГЕТИ

американски индустријалец и милијардер

Волјата за промена е силна страна, дури и тоа да значи дека привремено дел од компанијата може да влезе во тотална збрка.

РУПЕРТ МАРДОК медиумски магнат

ЏЕК ВЕЛЧ

долгогодишен директор на General Electric

Промената е витална; подобрувањето е логична форма на промената.

РИЧАРД БРЕНСОН

ЏЕЈМС КЕШ ПЕНИ

милијардер

J.C.Penney во САД

британски претприемач и

основачот на синџирот стоковни куќи



ФЕВ. 2021

36 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ЏИНИ РОМЕТИ ДО НЕОДАМНА ШЕФ НА IBM

РАСТОТ И КОМФОРОТ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Вирџинија Мери “Џини“ Ромети (63) беше првата жена на кормилото на американскиот технолошки гигант IBM. Во компанијата се вработила во 1981 година како систем инженер, а пред назначувањето за претседател и главен извршен директор, била на неколку високи позиции, како потпретседател за продажба, маркетинг и стратегија. Fortune ја вбројуваше меѓу 50-те најмоќни жени на светот десет години по ред, иако нејзиното водење на IBM го следеа критики заради платите на директорите, оутсорсирањето на некои бизниси и долгиот период на континуирано паѓање на приходите. Ромети се пензионираше на крајот од минатата година, после 40 години поминати во IBM.

Вашата големина не е повеќе во тоа што го знаете; големината е во тоа што ќе го споделите.

Сфатив дека треба да се правам работи што никогаш порано не сум ги правела. Растот и комфорот не одат заедно.

Најважното нешто за нас на ваква позиција е да бидеме љубопитни. Никогаш не сакај нешто толку многу, до степен да не можеш да живееш без тоа.

Иновативноста денес не е поврзана само со производот, се работи за иновирање на бизнис модели, процеси, култура и менаџмент.

Клиентот вели “Кога е вашата стратегија?“, а јас одговарам, “Прашај ме прво во што верувам“. Мислам дека тоа е многу посуштинско.

Не дозволувај другите да те дефинираат. Дефинирај си се ти.

Мислам дека најмногу сум научила во животот во оние моменти кога сум презела некаков ризик.


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.