8 minute read

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Короната гo „отепа“ туризмот

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Advertisement

КОРОНАТА ГO „ОТЕПА“ ТУРИЗМОТ ПРИХОДИТЕ НА ХОТЕЛСКИТЕ КОМПАНИИ И ДО 90% ПОМАЛИ ВО 2020

За тоа колку корона – кризата минатата година ги погоди хотелиерско – угостителските бизниси не треба многу длабока анализа, доволно е да ги видиме билансите на успех што неколкуте компании од овој бизнис сектор котирани на берза, ги доставија деновиве. Македонијатурист, Хотели Метропол и Интернешнл Хотелс, трите компании од хотелско – угостителскиот бизнис што котираат на берза, како последица на пандемијата лани имаат приходи помали и по 90%, како и вкупна загуба од преку два милиони евра.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Ковид – кризата, затворањата на економиите, рестрикциите на патувањата… сето ова придонесе хотелиерската индустрија во земјава, како впрочем и секаде низ светот да се соочи со огромен пад на приходите минатата година. Бројот на туристи во Македонија во 2020 година е намален за 61,5%, на 467.514, според државниот Завод за статистика. Падот е огромен кај бројот на странски туристи, разбирливо, поради затворените граници низ Европа во пролетните месеци и отсуството на странски гости и во периодот потоа, и изнесува речиси 85%, што значи дека лани земјава ја посетиле само 118.206 странски туристи, додека тој број во 2019 година бил преку 757.000. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – декември 2020 е помал за 18,3%. Вкупниот број на ноќевања, пак, лани е помал за 48%, и тоа ноќевањата од странските туристи за 84%, на 252.930, додека од домашните туристи бројот на ноќевања е помал за 14,2%, на 1,44 милиони остварени ноќевања.

Минатата година добро почна за туризмот, но...

Годината, инаку, почна добро за македонските туристички работници, поточно, во првите два месеци бројот на странски туристи беше поголем за 15,3% и изнесуваше 65.202, за потоа, од месец март, кога почнаа затворањата на државите низ Европа, како и македонските граници за влез на странци поради пандемијата, драстично да опадне, всушност во април и мај да се сведе практично на нула. Вкупниот број на туристи во Македонија во првите два месеци е за 10,6% поголем во однос на лани и изнесувал 102.554, но затоа во март е помал за речиси 70%, за во април и мај да нема практично воопшто туризам во земјава поради карантините, полицискиот час и сл., и забраната за работа на хотелско – угостителските објекти. Во месец јуни, откако се укинаа карантините и се отворија границите, земјава ја посетиле 1.863 странски туристи коишто оствариле 6.374 ноќевања. Оваа бројка на туристи е за 98% помала во однос на истиот месец 2019, додека кај домашните туристи падот на гости е 89%, а на ноќевањата 90%. Туристичките бизниси зедоа малку душа во летните месеци, јули и август, кога бројот на домашни туристи стигна до 70.600 што е за 5% помалку од лани, но кај бројот на странските туристи закрепнување практично немаше, затоа што падот таму бил цели 95%. Месец август е нешто подобар, односно, бројот на домашни туристи е повисок за 8,9%, а бројот на ноќевања за 1,1% во однос на август 2019 година. Сепак, треба да се има предвид дека голем број македонски граѓани се упатија кон домашните туристички капацитети затоа што Грција беше

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Бројот на туристи во Македонија во 2020 година е намален за 61,5%, на 467.514, според државниот Завод за статистика. Падот е огромен кај бројот на странски туристи, разбирливо, поради затворените граници низ Европа во пролетните месеци и отсуството на странски гости и во периодот потоа, и изнесува речиси 85%, што значи дека лани земјава ја посетиле само 118.206 странски туристи, додека тој број во 2019 година бил преку 757.000. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – декември 2020 е помал за 18,3%.

затворена за влез на македонски државјани, а и патувањата во другите традиционални дестинации за нив беше покомпликувано поради ковид – кризата. Бројот на странски туристи, пак, во август бил за 93% помал, што значи дека сезоната за македонските туристички работници во делот на incoming туризмот беше дефинитивно загубена. Во септември бројот на домашните туристи беше зголемен за 33,7%, а бројот на странските намален за 92,3%, додека во октомври повторно имаме пад кај домашните туристи за 11,4%, а кај странските за 87,4%. Ноември не донесе ништо подобро, напротив, поради зголемениот број на заразени и смртни случаи од корона, намалено беше движењето на луѓето што се одрази и на бројот на домашни туристи, односно за 25% помалку во однос на истиот месец во 2019. Кај странските туристи падот беше 87,3%, очекувано. Во декември месец закрепнување кај бројката на домашни туристи, односно зголемување од 20,7%, а кај странските намалување од 85,2%.

Работата на хотелите сведена на минимум и по завршувањето на вонредната состојба

За тоа колку корона – кризата минатата година ги погоди хотелиерско – угостителските бизниси не треба многу длабока анализа, доволно е да ги видиме билансите на успех што неколкуте компании од овој бизнис сектор котирани на берза, ги доставија деновиве. Па така, Македонијатурист, најголемата компанија од хотелскиот бизнис којашто котира на Македонската берза, за 2020 година прикажала вкупни приходи од 129,6 милиони денари (2,1 милиони евра) што е намалување за 65% во однос на годината претходно, додека пак приходите од основната дејност (хотелско – угостителските услуги) се намалени за цели 79%. Компанијата лани остварила останати оперативни приходи од 11,5 милиони денари, што е двојно повеќе од лани, но тука влегуваат и парите добиени од државните пакети за финансиска помош на најпогодените сектори од економијата. Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 165 милиони денари и се намалени за 37%. Компанијата во 2020 година од основната дејност и од некои други споредни дејности остварила загуба од 35,4 милиони денари (575 илјади евра). Во образложението на финансискиот резултат, од Македонијатурист велат дека и во периодот по укинувањето на вонредната состојба во јуни месец, па до крајот на годината, работата на нивните хотели и ресторани била сведена на минимум, односно хотелите Бест Вестерн, Карпош и Водно биле затворени сосема, а од декември лани е затворен и хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје, затоа што целосно ќе се реновира. Хотели Метропол, ресортот крај Охридското езеро во сопственост на бизнисменот Штерјо Наков, во 2020 година забележал пад на вкупните приходи од 63%, на 79,3 милиони денари (1,3 милиони евра), додека кај приходите од основната дејност на фирмата коишто изнесуваат 59,3 милиони денари или нешто над 965 илјади евра, падот е уште поголем, 72%. „Подобрите“ бројки кај вкупните

БРОЈКИ: 85%

помалку странски туристи дошле во Македонија лани 18,3%

е помал бројот на домашни туристи 48%

помалку ноќевања лани во туристичките капацитети во земјава 84%

помалку ноќевања од странските туристи 14,2%

помалку ноќевања од домашните гости

оперативни приходи, коишто изнесуваат 20 милиони денари, се должат и на средствата што фирмата го добила од државата како финансиска помош за справување на последиците од пандемијата. Расходите на Хотели Метропол лани се намалени за 37%, а најголемо учество во нив имаат трошоците за вработените, во износ од 49,6 милиони денари (806 илјади евра), коишто во споредба со 2019 година се намалени за 24%. На крајот, ресортот има нето финансиска загуба во износ од 28,5 милиони денари (464 илјади евра). „И покрај предвидувањата кои минатата година се направија на почетокот на годината за намален обем на работење, никој не можеше да направи соодветни проекции како ќе се одвива пандемијата, кои здравствени протоколи ќе се воведуваат и како сето тоа ќе има удел во севкупното работење. Менаџерските одлуки мораа да се базираат на кратки рокови со цел на што помали загуби во работењето.“, велат од компанијата. Интернешнел Хотелс АД Скопје, компанијата во чија сопственост е хотелот Континентал, минатата година има приходи од 12,9 милиони денари (209 илјади евра), кои се за 86% помали во однос на 2019 година, додека кај приходите од основна дејност приходите се помали за 88%. Вкупните трошоци на фирмата лани биле 84,5 милиони денари, а крајниот резултат е загуба од 71,6 милиони денари или 1,16 милиони евра. „Негативниот финансиски резултат од работењето компанијата го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот, како и согласно владината одлука за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели. Поради донесената одлука и состојбата со пандемијата се откажаа сите туристички аранжмани и резервации за деловни проекти за 2020 година. Деловната активност и во период од укинувањето на вонредната состојба на крајот на јуни до крајот на годината е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година.“, велат од Интернешнл Хотелс. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ХОТАМ: ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ МЕЃУ ПРВИТЕ

Асоцијацијата на хотелските бизниси во Македонија, ХОТАМ пред десетина дена излезе со барање туристичките работници, односно вработените во хотелите и рестораните да имаат приоритет за вакцинација штом стигнат првите количини на вакцини во земјава. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески смета дека на тој начин ќе се покаже дека земјата е безбедна туристичка дестинација, каде гостите ќе се чувствуваат безбедно и да имаме успешна туристичка сезона. „Треба да се дополнат и протоколите за поголема безбедност на гостите. Покрај дезинфекција на собите да се прави и озонирање, како и вакцинација на вработените, кои треба да го прават тоа секојдневно. Потребен е и посебен кол центар каде доколку има гостин со симптоми ќе може да се јави и да добие соодветни инструкции. Сакаме да најдеме начин и како да направиме служење на храната со шведска маса.“, вели Блажески. Тој смета дека годинава треба да биде подобра година од 2020, којашто според сите показатели е дефинитивно една од најкатастрофалните туристички сезони во последниве неколку децении. „Доколку вакцинациите во Европа и кај нас течат според планираното, доколку успееме да вратиме дел од чартер летовите од Холандија и другите земји, може да се надеваме дека во делот на странските туристи ќе спасиме нешто од сезоната. Иако резултатите ќе бидат далеку од она што го постигнавме во 2018 и 2019 година, на пример. Повторно за профит ќе може да зборуваме веројатно во 2022 година, во најдобар случај.“, изјави Блажески за повеќе медиуми периодов.

This article is from: