14 minute read
COVER STORY Осма еврообврзница за враќање на третата
COVER STORYKAPITAL.MK I БРОЈ 1094 MAРT 2021 4 COVER STORY
Advertisement
На сметката на државата легнаа нови 700 милиони евра коишто се позајмени од странски инвеститори преку издавање на осмата еврообврзница. Овие пари ќе треба да се вратат во 2028 година, со историски најниска камата досега, од 1,625%. Парите од ова задолжување главно ќе се искористат за раздолжување, односно половина милијарда евра за отплата на третата еврообврзница, а ќе останат 200 милиони евра за финансирање на буџетскиот дефицит годинава. Тоа значи дека толкаво е нето задолжувањето коешто ќе го зголеми јавниот долг за околу 2 процентни поени. Заедно со преземните обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министертсвото за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2% од БДП, додека јавниот 63,4% од БДП.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1094
COVER STORY
ФАТМИР БЕСИМИ
министер за финансии
Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625% која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзници од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиони евра.
автор:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
На сметката на државата легнаа нови 700 милиони евра коишто се позајмени од странски инвеститори преку издавање на осмата еврообврзница. Овие пари ќе треба да се вратат во 2028 година, со историски најниска камата досега, од 1,625%. Парите од ова задолжување главно ќе се искористат за раздолжување, односно половина милијарда евра за отплата на третата еврообврзница, а ќе останат 200 милиони евра за финансирање на буџетскиот дефицит годинава. Тоа значи дека толкаво е нето задолжувањето коешто ќе го зголеми јавниот долг за околу 2 процентни поени. „Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра“, објавија од Министерството за финансии. Оттаму објаснуваат дека издавањето на еврообврзницата доаѓа откако беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, дека со парите обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска. Инаку, земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, потоа во 2009 во екот на глобалната криза со највисока камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%. „Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625% која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзници од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиони евра“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција по повод издавањето на осмата еврообврзница. Тој објасни дека на аукцијата имало за 2,3 пати повисока побарувачка од страна на меѓународните инвеститори, односно ако понудата за осмата еврообврзница била 700 милиони евра, побарувачката надминала 1,6 милијарди евра од страна на над 130 меѓународни инвеститори. „Она што е особено охрабрувачки од аспект на меѓународниот пазар на капитал е дека за само 9 месеци има значително подобрување на перспективите на нашата економија и нејзиниот потенцијал кај меѓународните инвеститори. Така, каматната стапка на седмата еврообврзница, која беше издадена на почетокот на корона-кризата во јуни 2020 година, изнесуваше 3,625%. Сега каматната стапка е 1,625%, или за 2,05 процентни поени помалку. Во овој период се донесоа и почнаа да се спроведуваат третиот, четвртиот и петтиот пакет антикризни мерки, кои заедно со другите политики, влеваат сигурност за нашата економија кај инвеститорите. Оттаму, цената на капиталот кој ни го позајмуваат е по исклучително пониска каматна стапка, која е приближно иста цена со домашните државни хартии од вредност со слична рочност. Во споредба со други еврообврзници издадени во време на светска економска криза, односно еврообврзницата издадена во 2009 година, која има каматна стапка од 9,785%, разликата е уште поизразена“, рече министерот за финансии. Тој посочи дека ако се направи споредба со други економии од регионот и пошироко кои издадоа еврообврзници во последните неколку месеци, нашата економија ужива поголема доверба кај инвеститорите, односно пониска каматна стапка.
ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1094
При носењето на буџетот за 2021 година, во Министерството за финансии било посочено дека покрај буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид - кризата, годинава треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра - во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници.
„Минатата недела Хрватска издаде две еврообврзници од по милијарда евра, од кои едната со каматна стапка од 1,75% додека другата од 1,125%. Понатаму минатата недела и Србија излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница од милијарда евра и постигна каматна стапка од 1,65%. Еврообврзниците кои ги издаде Турција кон средината на јануари годинава, од по 1,75 милијарди евра, беа со каматни стапки од 4,75% и 5,875%. Во декември минатата година Украина издаде еврообврзница од 600 милиони евра со камата од 7,253%. Црна Гора на почетокот на декември минатата година издаде еврообврзница во износ од 750 милиони евра со камата од 7,253%. Понатаму, Романија кон крајот на ноември издаде две еврообврзници во износ од милијарда и пол евра со каматна стапка од 2,625 и од милијарда евра со каматна стапка од 1,375%. Турција, исто така, ноември минатата година издаде еврообврзница во износ од 2,3 милијарди евра со каматна стапка од 5,95% и Србија од 2 милијарди евра со каматна стапка од 2,125%“, рече Бесими. Тој додаде дека при носењето на буџетот за 2021 година, било посочено дека покрај буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид-кризата, годинава треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра - во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници. „Остатокот од средствата ќе се обезбедат преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар, поволни развојни кредити од меѓународни организации и користење на депозити кои ги оставивме како резерви (бафери) во 2020 година“, рече Бесими. Заедно со преземените обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2% од БДП, додека јавниот 63,4% од БДП.
Вкупниот јавен долг над црвената линија
Горната граница на вкупниот јавен долг на среден и долг рок не треба да надмине ниво од 60% од БДП меѓутоа, според проекциите од Стратегијата за управување со јавен долг 2021 – 2025, тоа ќе се случи уште годинава. Потоа за две години, јавниот долг се очекува да достигне до 64% од БДП по што се проценува дека ќе почне пак да се намалува. Лимитот на јавниот долг е утврден со цел да се задржи во одржливи рамки односно согласно Мастришките критериуми, без притоа да се наруши фискалната одржливост. Меѓутоа, ова значително зголемување на јавниот долг се образложува со потребата од продлабочување на фискалните дефицити заради стимулативните мерки од страна на државата во услови на корона – криза. „Како резултат на економската криза предизвикана со пандемијата со Ковид-19, значаен дел од земјите на Европската унија, како и земјите во регионот беа принудени да ги прошират своите буџетски дефицити со цел се обезбедат средства за справување со пандемијата. Кај повеќето економии, ова резултираше со зголемување на нивото на јавен долг за повеќе од 10 проценти поени. Аналогно на тоа, во текот на 2020 година Северна Македонија забележа зголемување на нивото на јавниот долг за околу 10 процентни поени и се
KAPITAL.MK I БРОЈ 1094
COVER STORY
Како резултат на економската криза предизвикана со пандемијата со Ковид-19, значаен дел од земјите на Европската унија, како и земјите во регионот беа принудени да ги прошират своите буџетски дефицити со цел се обезбедат средства за справување со пандемијата. Кај повеќето економии, ова резултираше со зголемување на нивото на јавен долг за повеќе од 10 проценти поени. Аналогно на тоа, во текот на 2020 година Северна Македонија забележа зголемување на нивото на јавниот долг за околу 10 процентни поени и се доближи до максималниот лимит утврден во Стратегијата за управување со јавниот долг 2021 – 2025.
доближи до максималниот лимит утврден во оваа стратегија. Среднорочните проекции прикажани во оваа Стратегија прикажуваат дека јавниот долг ќе го надмине максималниот праг од 60% во периодот 2021-2023, но како резултат на мерките на фискална консолидација во 2024 година се очекува негова стабилизација и во 2025 година повторно враќање во пропишаните рамки под 60% од БДП“, пишува во оваа Стратегија на Министерството за финансии. Врз основа на среднорочната буџетска рамка од која произлегува потребата за финансирање на буџетските дефицити на среден рок, потребите за отплати на претходни долгови, како и имплементацијата на проектите што се надвор од централната власт, движењето на јавниот долг на среден рок ќе бележи умерен раст до 2023 година како резултат од последиците на кризата, а потоа во периодот по 2024 година преку мерките на фискална консолидација се очекува намалување на нивото долгот. Нето - задолжувањето во 2021 година го вклучува планираното задолжување во рамките на државниот долг намалено за отплатите по основ на истиот. Краткорочниот максимален лимит за нето задолжување (домашно и странско) по основ на државен долг во 2021 година е утврдено на 650 милиони евра. Во Стратегијата за управување со јавниот долг, се наведува дека: 1. Каматните трошоците за сервисирање по основ на надворешниот државен долг се сензитивни на движењето на каматните стапки. Доколку каматните стапки во 2021 година пораснат за 1 процентен поен во однос на основната проекција, тоа би предизвикало пораст на каматните трошоци за 7,7% односно за 7,3 милиони евра, со слични ефекти и во 2022 до 2025 година. Оваа сензитивност може да се објасни како изложеност на должничкото портфолиото на ризикот од промена на каматни стапки. 2. Евентуална депрецијација на еврото во однос на другите валути во портфолиото (американскиот долар, јапонскиот јен и специјалните права за влечење) за 10% ќе предизвика зголемување на трошоците за сервисирање за 0,3% во 2021 година, односно за 2,0 милиони евра. Од добиените резултати може да се утврди дека евентуалните неповолни движења на девизните курсеви на другите валути во однос на еврото нема да предизвикаат позначително зголемување на трошоците за сервисирање поради фактот што најголемиот дел од надворешниот државен долг е деноминиран во евра Министерството за финансии потоа образложува дека на почетокот на 2020 година, ескалирирањето на здравствената пандемија на Ковид-19 вирусот резултирало со намалена економска активност во глобални рамки, а соодветно на тоа ефектите се почувствуваа и во македонската економија. „Во тој момент Министерството за финансии беше исправено пред нов и непознат предизвик, односно се јави потреба од обезбедување на финансиски ресурси за погодените сектори кои не беа планирани во Фискалната стратегија, а истовремено да не излезе од зоната на прудентно управување со јавните финансии. Така, во текот на првиот
ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА
семестар од 2020 година, Министерството за финансии се задолжи кај ММФ со инструмент за брзо финансирање во вонредна состојба во износ од 176 милиони евра, од Светска банка се обезбедија дополнителни ресурси за справување со Ковид кризата преку склучување на заем, а од Европската унија се обезбедија средства за макрофинансиска поддршка во износ од 160 милиони евра кои се очекува да се повлечат во две транши“, пишува во Стратегијата. Исто така, во овој период Министерството за финансии во име на државата ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра а потоа и осмата со ист износ.
Државниот долг на Северна Македонија на крајот на 2020 година изнесуваше 5,5 милијарди евра односно 51% од проектираниот БДП. Вкупниот јавен долг , кој го вклучува државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, на крајот од 2020 е на ниво од 6,5 милијарди евра што претставува 59,9% од проектираниот БДП. Во однос на валутната композиција на државниот долг, долгот во домашна валута учествува со 24 %, додека долгот деноминиран во странска валута учествува со 76,0%. Долгот во евра има доминантно учество од 68,9% во вкупниот државен долг, специјалните права за влечење учествуваат со 6,4%, долгот во јапонски јени изнесува 0,6%, во долари учествува со 0,1%. Во периодот 2021-2025 година се очекува просечното време на достасување на долгот на централна влада да се зголеми од 5,7 години на крајот на 2020 година, на 5,9 години во 2021 година, а потоа од 2022 до 2025 година да има благо намалување како резултат на амортизирање на заемите со концесионални услови. „Кај внатрешниот долг во изминатите години имаше значителен напредок во продлабочувањето на домашниот пазар на државни хартии од вредност и зголемувањето на рочноста во овој сегмент. Имено, посебен акцент беше ставен на зголемување на долгорочните хартии од вредност и продолжување на рочноста и обемот на постојаното портфолио на државни хартии од вредност. Лимитите на висината и структурата на долгот можат да послужат како сидро за прудентна фискална политика во насока на обезбедување на фискална одржливост“, пишува во Стратегијата. Министерството за финансии појаснува дека нивото на јавниот долг се смета дека е одржливо доколку овозможува навремено сервисирање на обврските што достасуваат по основ на долг на подолг период и тоа зависи од многу фактори како што се: степенот на развој на домашниот финансиски пазар, ликвидноста на меѓународниот пазар на капитал, стапката на раст на економијата, стапката на инфлација, нивото на буџетски дефицит/суфицит, и слично. „Во периодот 2021-2025 година се очекува продолжување на имплементацијата на инвестициите започнати во претходниот период од страна на носителите на јавен долг, но со цврста определба да не се загрози долгорочната одржливост на нивото на задолженост на земјата. Покрај ова, дел од задолжувањето е детерминирано за покривање на буџетските дефицити прикажани во ревидираната Фискалната стратегија 2021-2023 (со изгледи до 2025), односно непречено извршување на исплатите од буџетот, а дел од задолжувањето ќе биде наменето и за рефинансирање на претходни долгови кои достасуваат во наредниот период“, пишува во Стратегијата, наведувајќи ги сите отплати за еврообврзници на среден рок, почнувајќи од годинава кога треба да се вратат 500 милиони евра, потоа 450 милиони евра во 2023 година за еврообврзницата издадена во 2016 година, како и 500 милиони евра коишто ќе треба бидат обезбедени во 2025 година со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2018 година. „Со цел да се обезбедат извори за финансирање на потребите на државата со најнизок трошок на среден и долг рок со истовремено одржливо ниво на ризик, со политиката за управување со јавниот долг се дефинираат неколку среднорочни и краткорочни лимити, што е во согласност со Законот за јавен долг“, пишува во Стратегијата. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1094