COVER STORY 4 COVER STORY
MAРT 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1094
ПОЗАЈМЕНИ 700 МИЛИОНИ ЕВРА ПО НАЈНИСКА КАМАТА ДОСЕГА На сметката на државата легнаа нови 700 милиони евра коишто се позајмени од странски инвеститори преку издавање на осмата еврообврзница. Овие пари ќе треба да се вратат во 2028 година, со историски најниска камата досега, од 1,625%. Парите од ова задолжување главно ќе се искористат за раздолжување, односно половина милијарда евра за отплата на третата еврообврзница, а ќе останат 200 милиони евра за финансирање на буџетскиот дефицит годинава. Тоа значи дека толкаво е нето задолжувањето коешто ќе го зголеми јавниот долг за околу 2 процентни поени. Заедно со преземните обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министертсвото за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2% од БДП, додека јавниот 63,4% од БДП.