1094-Kapital magazine

Page 1

business magazine

ИНТЕРВЈУ ЏУЛИЈАН ВАСАЛО

БРОЈ 1094 l 5 март 2021 петок www.kapital.mk

ЗАМЕНИК – ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ

ОДБЛИСКУ ЈА СЛЕДИМЕ БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ: БАРАМЕ ОПИПЛИВИ РЕЗУЛТАТИ! МИЛАН ДИМИТРИЕВСКИ УПРАВИТЕЛ НА X FACTOR ACCELERATOR

ЈА ПОЧНАВМЕ НОВАТА ИНВЕСТИЦИСКА ПРОГРАМА

COVER STORY

ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА

КАПИТАЛ ЕКСКЛУЗИВНО ВО INBOX

СТОЈЧЕ ТАСКОВ сопственик

ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ Е СЕГА! ТЕХНОЛОГИЈАТА Е ТУКА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ. НИЕ СМЕ СПРЕМНИ, А ВИЕ? КОРОНАТА ГO „ОТЕПА“ ТУРИЗМОТ

КАРИЕРИ

ПРИХОДИТЕ НА ХОТЕЛСКИТЕ КОМПАНИИ И ДО 90% ПОМАЛИ ВО 2020

И ВИЕ МОЖЕ ДА ГО ПРАШУВАТЕ РАБОТОДАВАЧОТ НА ИНТЕРВЈУ



3

КАПИТАЛ... 1094 10

18

ИНТЕРВЈУ

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Стојче Тасков

Короната гo „отепа“ туризмот

сопственик на INBOX Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

22

ИНТЕРВЈУ

Џулијан Васало

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

заменик – шеф на Делегација на ЕУ Одблиску ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

32

40

4

COVER STORY

Осма еврообврзница за враќање на третата Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

28 СВЕТ

ФЕЉТОН

Пазари на капитал

Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (6)

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

Предизвици и политики на пазарот на труд

COVER STORY Осма еврообврзница за враќање на третата.........................................4 Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега ИНТЕРВЈУ Стојче Тасков, сопственик на INBOX.......10 Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Короната гo „отепа“ туризмот................18 Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020 ИНТЕРВЈУ Џулијан Васало, заменик – шеф на Делегација на ЕУ.........................................................22

STARTUP

Милан Димитриевски, управител на X Factor Accelerator Ја почнавме новата инвестициска програма

СВЕТ Пазари на капитал................................................28 Стравот од инфлација им пресуди на акциите

КАРИЕРИ Експерт за регрутирање кадри советува.......................................................44 Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

ФЕЉТОН Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (6).......32 Предизвици и политики на пазарот на труд

МЕНАЏМЕНТ Корона – кризата носи опасност од стапици за директорите................................46 Прашања што треба да си ги постави топ менаџментот

STARTUP Милан Димитриевски управител на X Factor Accelerator..................40 Ја почнавме новата инвестициска програма

ЛИДЕРИ Стив Кејс, ко - основач на AOL.......................48 Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете

Одблиску ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.01.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

МАРТ 2021


COVER STORY 4 COVER STORY

MAРT 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ПОЗАЈМЕНИ 700 МИЛИОНИ ЕВРА ПО НАЈНИСКА КАМАТА ДОСЕГА На сметката на државата легнаа нови 700 милиони евра коишто се позајмени од странски инвеститори преку издавање на осмата еврообврзница. Овие пари ќе треба да се вратат во 2028 година, со историски најниска камата досега, од 1,625%. Парите од ова задолжување главно ќе се искористат за раздолжување, односно половина милијарда евра за отплата на третата еврообврзница, а ќе останат 200 милиони евра за финансирање на буџетскиот дефицит годинава. Тоа значи дека толкаво е нето задолжувањето коешто ќе го зголеми јавниот долг за околу 2 процентни поени. Заедно со преземните обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министертсвото за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2% од БДП, додека јавниот 63,4% од БДП.


ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА

5

ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094


6 COVER STORY

MAРT 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625% која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзници од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиони евра.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Н

а сметката на државата легнаа нови 700 милиони евра коишто се позајмени од странски инвеститори преку издавање на осмата еврообврзница. Овие пари ќе треба да се вратат во 2028 година, со историски најниска камата досега, од 1,625%. Парите од ова задолжување главно ќе се искористат за раздолжување, односно половина милијарда евра за отплата на третата еврообврзница, а ќе останат 200 милиони евра за финансирање на буџетскиот дефицит годинава. Тоа значи дека толкаво е нето задолжувањето коешто ќе го зголеми јавниот долг за околу 2 процентни поени. „Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра“, објавија од Министерството за финансии. Оттаму објаснуваат дека издавањето на еврообврзницата доаѓа откако

беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, дека со парите обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска. Инаку, земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, потоа во 2009 во екот на глобалната криза со највисока камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%. „Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625% која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзници од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиони евра“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција по повод

издавањето на осмата еврообврзница. Тој објасни дека на аукцијата имало за 2,3 пати повисока побарувачка од страна на меѓународните инвеститори, односно ако понудата за осмата еврообврзница била 700 милиони евра, побарувачката надминала 1,6 милијарди евра од страна на над 130 меѓународни инвеститори. „Она што е особено охрабрувачки од аспект на меѓународниот пазар на капитал е дека за само 9 месеци има значително подобрување на перспективите на нашата економија и нејзиниот потенцијал кај меѓународните инвеститори. Така, каматната стапка на седмата еврообврзница, која беше издадена на почетокот на корона-кризата во јуни 2020 година, изнесуваше 3,625%. Сега каматната стапка е 1,625%, или за 2,05 процентни поени помалку. Во овој период се донесоа и почнаа да се спроведуваат третиот, четвртиот и петтиот пакет антикризни мерки, кои заедно со другите политики, влеваат сигурност за нашата економија кај инвеститорите. Оттаму, цената на капиталот кој ни го позајмуваат е по исклучително пониска каматна стапка, која е приближно иста цена со домашните државни хартии од вредност со слична рочност. Во споредба со други еврообврзници издадени во време на светска економска криза, односно еврообврзницата издадена во 2009 година, која има каматна стапка од 9,785%, разликата е уште поизразена“, рече министерот за финансии. Тој посочи дека ако се направи споредба со други економии од регионот и пошироко кои издадоа еврообврзници во последните неколку месеци, нашата економија ужива поголема доверба кај инвеститорите, односно пониска каматна стапка.


ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА

7

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

При носењето на буџетот за 2021 година, во Министерството за финансии било посочено дека покрај буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид - кризата, годинава треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра - во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници. „Минатата недела Хрватска издаде две еврообврзници од по милијарда евра, од кои едната со каматна стапка од 1,75% додека другата од 1,125%. Понатаму минатата недела и Србија излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница од милијарда евра и постигна каматна стапка од 1,65%. Еврообврзниците кои ги издаде Турција кон средината на јануари годинава, од по 1,75 милијарди евра, беа со каматни стапки од 4,75% и 5,875%. Во декември минатата година Украина издаде еврообврзница од 600 милиони евра со камата од 7,253%. Црна Гора на почетокот на декември минатата година издаде еврообврзница во износ од 750 милиони евра со камата од 7,253%. Понатаму, Романија кон крајот на ноември издаде две еврообврзници во износ од милијарда и пол евра со каматна стапка од 2,625 и од милијарда евра со каматна стапка од 1,375%. Турција, исто така, ноември минатата година издаде еврообврзница во износ од 2,3 милијарди евра со каматна стапка од 5,95% и Србија од 2 милијарди евра со каматна стапка од 2,125%“, рече Бесими. Тој додаде дека при носењето на буџетот за 2021 година, било посочено дека покрај

буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид-кризата, годинава треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра - во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници. „Остатокот од средствата ќе се обезбедат преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар, поволни развојни кредити од меѓународни организации и користење на депозити кои ги оставивме како резерви (бафери) во 2020 година“, рече Бесими. Заедно со преземените обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2% од БДП, додека јавниот 63,4% од БДП.

Вкупниот јавен долг над црвената линија

Горната граница на вкупниот јавен долг на среден и долг рок не треба да надмине ниво од 60% од БДП меѓутоа, според проекциите од Стратегијата за управување со јавен долг 2021 – 2025,

МАРТ 2021

тоа ќе се случи уште годинава. Потоа за две години, јавниот долг се очекува да достигне до 64% од БДП по што се проценува дека ќе почне пак да се намалува. Лимитот на јавниот долг е утврден со цел да се задржи во одржливи рамки односно согласно Мастришките критериуми, без притоа да се наруши фискалната одржливост. Меѓутоа, ова значително зголемување на јавниот долг се образложува со потребата од продлабочување на фискалните дефицити заради стимулативните мерки од страна на државата во услови на корона – криза. „Како резултат на економската криза предизвикана со пандемијата со Ковид-19, значаен дел од земјите на Европската унија, како и земјите во регионот беа принудени да ги прошират своите буџетски дефицити со цел се обезбедат средства за справување со пандемијата. Кај повеќето економии, ова резултираше со зголемување на нивото на јавен долг за повеќе од 10 проценти поени. Аналогно на тоа, во текот на 2020 година Северна Македонија забележа зголемување на нивото на јавниот долг за околу 10 процентни поени и се


8 COVER STORY

MAРT 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Како резултат на економската криза предизвикана со пандемијата со Ковид-19, значаен дел од земјите на Европската унија, како и земјите во регионот беа принудени да ги прошират своите буџетски дефицити со цел се обезбедат средства за справување со пандемијата. Кај повеќето економии, ова резултираше со зголемување на нивото на јавен долг за повеќе од 10 проценти поени. Аналогно на тоа, во текот на 2020 година Северна Македонија забележа зголемување на нивото на јавниот долг за околу 10 процентни поени и се доближи до максималниот лимит утврден во Стратегијата за управување со јавниот долг 2021 – 2025. доближи до максималниот лимит утврден во оваа стратегија. Среднорочните проекции прикажани во оваа Стратегија прикажуваат дека јавниот долг ќе го надмине максималниот праг од 60% во периодот 2021-2023, но како резултат на мерките на фискална консолидација во 2024 година се очекува негова стабилизација и во 2025 година повторно враќање во пропишаните рамки под 60% од БДП“, пишува во оваа Стратегија на Министерството за финансии. Врз основа на среднорочната буџетска рамка од која произлегува потребата за финансирање на буџетските дефицити на среден рок, потребите за отплати на претходни долгови, како и имплементацијата на проектите што се надвор од централната власт, движењето на јавниот долг на среден рок ќе бележи умерен раст до 2023 година како резултат од последиците на кризата, а потоа во периодот по 2024 година преку мерките на фискална консолидација се очекува намалување на нивото долгот. Нето - задолжувањето во 2021 година го вклучува планираното задолжување во

рамките на државниот долг намалено за отплатите по основ на истиот. Краткорочниот максимален лимит за нето задолжување (домашно и странско) по основ на државен долг во 2021 година е утврдено на 650 милиони евра. Во Стратегијата за управување со јавниот долг, се наведува дека: 1. Каматните трошоците за сервисирање по основ на надворешниот државен долг се сензитивни на движењето на каматните стапки. Доколку каматните стапки во 2021 година пораснат за 1 процентен поен во однос на основната проекција, тоа би предизвикало пораст на каматните трошоци за 7,7% односно за 7,3 милиони евра, со слични ефекти и во 2022 до 2025 година. Оваа сензитивност може да се објасни како изложеност на должничкото портфолиото на ризикот од промена на каматни стапки. 2. Евентуална депрецијација на еврото во однос на другите валути во портфолиото (американскиот долар, јапонскиот јен и специјалните права за влечење) за 10% ќе предизвика зголемување на трошоците за сервисирање за 0,3% во

2021 година, односно за 2,0 милиони евра. Од добиените резултати може да се утврди дека евентуалните неповолни движења на девизните курсеви на другите валути во однос на еврото нема да предизвикаат позначително зголемување на трошоците за сервисирање поради фактот што најголемиот дел од надворешниот државен долг е деноминиран во евра Министерството за финансии потоа образложува дека на почетокот на 2020 година, ескалирирањето на здравствената пандемија на Ковид-19 вирусот резултирало со намалена економска активност во глобални рамки, а соодветно на тоа ефектите се почувствуваа и во македонската економија. „Во тој момент Министерството за финансии беше исправено пред нов и непознат предизвик, односно се јави потреба од обезбедување на финансиски ресурси за погодените сектори кои не беа планирани во Фискалната стратегија, а истовремено да не излезе од зоната на прудентно управување со јавните финансии. Така, во текот на првиот


ОСМА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТРЕТАТА семестар од 2020 година, Министерството за финансии се задолжи кај ММФ со инструмент за брзо финансирање во вонредна состојба во износ од 176 милиони евра, од Светска банка се обезбедија дополнителни ресурси за справување со Ковид кризата преку склучување на заем, а од Европската унија се обезбедија средства за макрофинансиска поддршка во износ од 160 милиони евра кои се очекува да се повлечат во две транши“, пишува во Стратегијата. Исто така, во овој период Министерството за финансии во име на државата ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра а потоа и осмата со ист износ.

Продлабочен домашниот пазар на државни хартии од вредност

Државниот долг на Северна Македонија на крајот на 2020 година изнесуваше 5,5 милијарди евра односно 51% од проектираниот БДП. Вкупниот јавен долг , кој го вклучува државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, на крајот од 2020 е на ниво од 6,5 милијарди евра што претставува 59,9% од проектираниот БДП. Во однос на валутната композиција на државниот долг, долгот во домашна валута учествува со 24 %, додека долгот деноминиран во странска валута учествува со 76,0%. Долгот во евра има доминантно учество од 68,9% во вкупниот државен долг, специјалните права за

влечење учествуваат со 6,4%, долгот во јапонски јени изнесува 0,6%, во долари учествува со 0,1%. Во периодот 2021-2025 година се очекува просечното време на достасување на долгот на централна влада да се зголеми од 5,7 години на крајот на 2020 година, на 5,9 години во 2021 година, а потоа од 2022 до 2025 година да има благо намалување како резултат на амортизирање на заемите со концесионални услови. „Кај внатрешниот долг во изминатите години имаше значителен напредок во продлабочувањето на домашниот пазар на државни хартии од вредност и зголемувањето на рочноста во овој сегмент. Имено, посебен акцент беше ставен на зголемување на долгорочните хартии од вредност и продолжување на рочноста и обемот на постојаното портфолио на државни хартии од вредност. Лимитите на висината и структурата на долгот можат да послужат како сидро за прудентна фискална политика во насока на обезбедување на фискална одржливост“, пишува во Стратегијата. Министерството за финансии појаснува дека нивото на јавниот долг се смета дека е одржливо доколку овозможува навремено сервисирање на обврските што достасуваат по основ на долг на подолг период и тоа зависи од многу фактори како што се: степенот на развој на домашниот финансиски пазар, ликвидноста на меѓународниот пазар на капитал, стапката на раст на економијата, стапката на инфлација, нивото на

Лоjалноста секогаш се исплати! •Примаjте ja платата преку УНИБанка •И веднаш добиjте топ камати

9

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

буџетски дефицит/суфицит, и слично. „Во периодот 2021-2025 година се очекува продолжување на имплементацијата на инвестициите започнати во претходниот период од страна на носителите на јавен долг, но со цврста определба да не се загрози долгорочната одржливост на нивото на задолженост на земјата. Покрај ова, дел од задолжувањето е детерминирано за покривање на буџетските дефицити прикажани во ревидираната Фискалната стратегија 2021-2023 (со изгледи до 2025), односно непречено извршување на исплатите од буџетот, а дел од задолжувањето ќе биде наменето и за рефинансирање на претходни долгови кои достасуваат во наредниот период“, пишува во Стратегијата, наведувајќи ги сите отплати за еврообврзници на среден рок, почнувајќи од годинава кога треба да се вратат 500 милиони евра, потоа 450 милиони евра во 2023 година за еврообврзницата издадена во 2016 година, како и 500 милиони евра коишто ќе треба бидат обезбедени во 2025 година со цел рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2018 година. „Со цел да се обезбедат извори за финансирање на потребите на државата со најнизок трошок на среден и долг рок со истовремено одржливо ниво на ризик, со политиката за управување со јавниот долг се дефинираат неколку среднорочни и краткорочни лимити, што е во согласност со Законот за јавен долг“, пишува во Стратегијата. nnn


INTERVIEW

МАРТ 2021

10 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094


11

MАРТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

СТОЈЧЕ ТАСКОВ СОПСТВЕНИК НА INBOX

НАШАТА МИСИЈА Е ДА ОБЕЗБЕДИМЕ БРЗО И ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ Ние не сме ‘архива’, туку иновативна компанија водена од смисла и цел (purpose driven company) и нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации. Кога документите и информациите доминантно се на хартија, основна дејност ни е организирање и управување на хартиени документи. Кога документите и информациите доминантно се во дигитален формат, ние пак ја имаме истата смисла и мисија да овозможиме најдобар начин за брзо и ефикасно управување со дигиталните документи и информации. Ние имаме и професионална и морална одговорност да го овозможиме најдобриот модел и во дигиталното време. Дигиталното време е сега. Ние сме подготвени. Изградивме цврсти партнерства, ги поседуваме најдобрите технологии, ги споделуваме и правиме достапни за сите. разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

ред точно 10 години во Скопје почна да работи компанија што го промени сосема моделот за работа со хартиени документи. INBOX, основана од Стојче Тасков, понуди технологија што им помага на компаниите и институциите брзо и ефикасно да менаџираат со документи и информации. Почнувајќи од физичкото архивирање на документи - но не само нивно обично чување во депо, туку и електронско процесирање со цел

олеснет пристап и нивно користење на крајот - па сè до целосна софистицирана дигитализација на документи од секаков можен тип, INBOX еволуираше и иновираше низ годините со цел, како што вели Тасков, да биде добавувач на дигитална архива и дигитални платформи за брзо и ефикасно управување со документи и работни процеси. „Кога документите и информациите доминантно се на хартија, основна дејност ни е организирање и управување на хартиени документи. Кога документите и информациите доминантно се во дигитален формат, ние пак ја имаме истата смисла и мисија да овозможиме најдобар начин за брзо и ефикасно управување со

дигиталните документи и информации. Ние имаме и професионална и морална одговорност да го овозможиме најдобриот модел и во дигиталното време. Дигиталното време е сега. Ние сме подготвени. Изградивме цврсти партнерства, ги поседуваме најдобрите технологии, ги споделуваме и правиме достапни за сите.“, вели Тасков во интервјуто за Капитал. Имавме ексклузивна прилика, први од медиумите во земјава да видиме како изгледаат сите овие процеси за којшто зборува сопственикот на INBOX, во седиштето на компанијата коешто е изградено и опремено по технолошки и безбедносни стандарди на зачудувачки високо ниво.


МАРТ 2021

12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Дигитална Канцеларија (Digital Office) е cloud платформа, со која административното работење на компаниите може да се извршува дигитално, од било која локација во било кое време. Digital office ги автоматизира и роботизира рутинските операции на прием, заведување и разведување на документи. Платформата сама генерира деловодни броеви, става приемен или излезен печат го носи документот до овластеното лице или го архивира.

XОбјаснете X ве молам го развојниот пат на INBOX: Од идеја до реализација, каков беше патот на компанијата во овие 10 години? INBOX е компанија создадена во 2011 година како иновативен бизнис модел што интегрираше повеќе технологии за да им помогне на компаниите брзо и ефикасно да управуваат со документи и информации. За разлика од традиционалното канцелариско и архивско работење што се базира на деловоден број и хронолошко редење на документите на полици, INBOX во 2011 година создаде технолошки модел во кој софтверски ги попишува документите и гради електронски пописен регистар кој потоа се спојува со бар-код системот што управува со нивните локации. Спојот на 2 технологии овозможи секој документ да добие електронски опис и попис на содржината и уникатна физичка адреса. Електронскиот регистар е достапен 24/7 на cloud платформата www.mojaarhiva.mk . Контролата е пренесена кон клиентите, кои сами си ги одредуваат привилегиите за пристап до документите за вработените според функционални овластувања а системот ги запишува сите пристапи до документите. XКако X реагираше пазарот на вашата идеја? Предностите на INBOX моделот беа

очигледни. Во традиционалното работење пребарувањето и пронаоѓањето на еден документ е поврзано со човечки ангажман, пронаоѓање на деловодна книга и потрошено време потребно за хронолошко пребарување низ архива. Пребарување на документ во електронскиот систем на INBOX е брзо, се прави од било кој електронски уред и документот се идентификува за помалку од една минута. Бидејќи документот има бар-кодирана адреса, неговата локација е позната. Најголемата придобивка е фактот што управувањето со документите се анонимизира, се повикува бар-код број, и тоа не зависи од било кој вработен што “памти“ кое каде е! INBOX ја стартуваше својата бизнис приказна под мотото “ Сè на свое место“ Во период од 5 години моделот на INBOX стана доминанта форма за ефикасно управување со физички документи и компанијата растеше заедно со своите тековни и нови клиенти. Денеска INBOX управува со 37.500 м3 физичка архива и 55 TB (терабајти) дигитална архива. XКако X промените во свеста и технологиите влијаат на вашата работа? INBOX континуирано иновираше и во 2015 година ја надгради платформата за да овозможи информацијата запишана

во документот (содржината) да биде достапна преку електронската платформа без физички да се помести документот. Ја анализиравме употребата на документите и сфативме дека во најголем број од случаите, на клиентите им е потребна информација “тоа што го пишува во документот“, а не документот како парче хартија. Тогаш додадовме нова технологија каде бараниот документ се скенира во INBOX, софтверски се чита неговата содржина се гради дигитална копија од документот и истата се прикачува во електронска архива. Оваа технологија ни овозможи содржината на документот да ја испорачаме кон клиентот во рок од 10 минути. Услугата стана најчесто користена форма на испорака на документи. Но клиентите што ја увидоа предноста од електронска архива започнаа масовни процеси на дигитализација на нивните документи. И Ние моравме да се надградиме. Во 2016 година, INBOX го создаде најсофистицираниот центар за дигитализација во кој може да се дигитализира буквално секој тип и вид на документ што постои. Од бизнис картичка до А0+ формати, од микрофилмски слики големи 10 mm (милиметри) до технички цртежи од 10 метри. Од книги со Брајова


13

СТОЈЧЕ ТАСКОВ СОПСТВЕНИК НА INBOX

MАРТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Со помош на микрографската технологија, може пет кутии со физичка архива, односно 10.000 документи да се „намалат“ и да се соберат во ова „кутиче“ што го држи вработениот во INBOX во раката. Тоа е всушност еден микрофилм од 16мм.

ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗАВИСИ ОД ИНОВАТИВНИОТ ДУХ НА КОМПАНИИТЕ, А НЕ ОД НИВНАТА ГОЛЕМИНА ИЛИ ИНВЕСТИЦИСКИ БУЏЕТИ

азбука, до рендгенски снимки и 3Д релјефни мапи. Ласерски, контактно или бесконтактно со лед технологија или backlight, сите можни технологии за скенирање и скенери се дел од импресивниот скенинг центар на INBOX, во кој годишно се дигитализираат милиони документи. INBOX уникатно ја поседува технологијата и за микрофилмување на дигитални слики што овозможува трајност на документи до 500 години. (виртуелна тура, линк: прошетајте и видете. прв кат, по ходникот лево е дигиталната лабораторија https://INBOX.com.mk/en/virtual-tour/ ) Управувањето со документи и информации е нашата основна дејност, и како што се менуваше доминантната форма во која документите се создаваат и разменуваат така и ние иновиравме и го подобрувавме нашето сервисно портфолио. Во 2019 создадовме платформа за 100% дигитално управување со документи и работни процеси, Digital Office (www.do.mk) а во 2020 во употреба го пуштивме сервисот за форматирање на дигитални документи, Дигиталика (www.digitalika.mk) XШто X е Digitalica, а што Digital Office? Објаснете го малку тој sharing economy момент во вашава трансформација? Дигитална Канцеларија (Digital Office) е cloud платформа, со која административното работење на компаниите може да се

извршува дигитално, од било која локација во било кое време. Digital office ги автоматизира и роботизира рутинските операции на прием, заведување и разведување на документи. Платформата сама генерира деловодни броеви, става приемен или излезен печат го носи документот до овластеното лице или го архивира. Со Digital office, можете да создадете дигитален документ, и да му ја дизајнирате патеката во која тој треба да се сподели заради прегледување, потврда или одобрение, да се достави на дигитално потпишување и валидна копија да се прати до сите засегнати страни. Тоа ќе се случи автоматски. Со мобилната апликација, “DO” едноставните постапки за поднесување барања и одобренија се роботизирани и системот сам ги пополнува барањата, ги полни соодветните форми и праќа на одобрение. Доколку се одобрат, ги чита податоците од формата, ги пополнува полињата во решението и го повикува одговорното лице дигитално да го потпише. Digital Office неверојатно го забрзува работењето, го автоматизира создавањето на документи и нивното движење во процесите и ги роботизира рутините. Во 2020 година, во време на пандемија кога физичкото движење на луѓето беше забрането, а допирот на документи изгледаше страшно, Digital Office им помогна на нашите клиенти од здравството, телекомуникации, комунални услуги и дистрибуција на храна да создаваат

Digital office и Digitalika се нашите најнови бизнис линии, создадени за ново време и ја одразуваат филозофијата на економија на споделување (sharing economy). Ние сме горди на фактот што нашето споделување на технологија во бизнис модел на претплата (subscription model) создава еднакви можности за сите, без разлика на организациска софистицираност или финансиска моќ. Комплексноста и цената повеќе не се бариера за пристап и користење на дигиталната технологија. Затоа верувам дека дигиталната трансформација во Македонија ќе зависи од иновативниот дух на компаниите, а не од нивната големина или инвестициски буџети.


МАРТ 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ВО МОМЕНТОВ ОВОЗМОЖУВАМЕ 100% БЕСХАРТИЕНО РАБОТЕЊЕ, НО НЕМАМЕ ИЛУЗИЈА ДЕКА ПРЕМИНОТ ЌЕ СЕ СЛУЧИ ПРЕКУ НОЌ Ние внимателно ги следиме сите бизнис индикатори и соодветно се позиционираме според пазарната потреба и технолошките трендови. Ние денес овозможуваме 100% paperless работење преку Digital Office, но немаме илузија дека трансформацијата ќе се случи преку ноќ. Дигиталното работење масовно ќе заживее кога сите елементи од економскиот и правниот систем и сите вредносни мрежи изградени во тој систем ќе постигнат ‘интероперабилност’. Тоа нема да се случи во следните 10 години. Некои субјекти се 100% спремни денес, некои не си ни во најава и имаат 0% капацитет дигитално да примаат, потпишуваат, обработуваат и разменуваат правно валидни документи.

дигитални документи, да ги споделуваат и потпишуваат без физички контакт и да ја извршуваат својата важна мисија во тешки времиња. Дигиталика.мк е многу специјален сервис за управување со форматите на дигиталните документи. Бројот на дигитални документи се мултиплицира со неверојатна брзина, но сите тие се создаваат во различни формати а употребата или валидноста на документот е дефинирана од форматот. Дигиталика ги чита дигиталните документи на 180 јазици (вклучувајќи арапско, грчко, кинеско писмо) и тоа може да го прави од 25 дигитални формати, ги препознава клучните зборови и ги прави пребарувачки индекси, овозможува криење – редактирање на лични податоци или доверливи информации, и форматирање на документот според целта што клиентот сака да ја постигне. Digital office и Digitalika кои ги објаснив погоре, се нашите најнови бизнис линии, создадени за ново време и ја одразуваат филозофијата на економија на споделување (sharing economy). Ние сме горди на фактот што нашето споделување на технологија во бизнис модел на претплата (subscription model) создава еднакви можности за сите, без разлика на организациска софистицираност или финансиска моќ. Доколку ги продаваме во трансакциски модел – тие платформи што чинат милиони евра, би можеле да си ги дозволат не повеќе од 50-тина компании во Македонија. Ние ги купивме, ги редизајниравме и симплифициравме функциите за да може да бидат користени од било кого. Со тоа ја анулиравме бариерата на комплексност. Потоа направивме модел на претплата што е достапен за сите. Цената за основен пристап до платформата почнува од 100 евра месечно. Комплексноста и цената повеќе не се бариера за пристап и користење на дигиталната технологија. Затоа верувам дека дигиталната трансформација во Македонија ќе зависи од иновативниот дух на компаниите, а не од нивната големина или инвестициски буџети. XДали X можеби INBOX свесно не се „канибализира“ себе си со овие трансформации? Дали Digital office и Digitalika не ја намалуваат и поништуваат побарувачката за основната дејностархива? Вие нè прашувате во 2021, а ние самите се прашавме во 2015 година и имавме одговор врз кој изградивме стратешка позиција. Затоа ги создадовме дигиталните платформи “Digital Office“ и “Digitalika“. Ние не сме „архива“, туку иновативна компанија водена од смисла и мисија (purpose driven company) и нашата мисија е да “обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации“. Кога документите и информациите доминантно се на хартија, основна дејност ни е организирање и управување на хартиени документи. Кога документите и информациите доминантно се во дигитален формат, ние пак ја имаме истата смисла и мисија да овозможиме “најдобар начин за брзо и ефикасно управување со дигиталните документи и информации“. Ние имаме и професионална и морална одговорност да го овозможиме најдобриот модел и во дигиталното време. Дигиталното време е сега. Ние сме подготвени. Изградивме цврсти партнерства, ги поседуваме најдобрите технологии, ги споделуваме и правиме достапни за сите. XЗошто X јас како клиент не би ги складирал своите архиви на некој „облак“ од Amazon и сл.? Што е компаративната предност

на INBOX во контекст на македонски околности, регулатива, итн.? Дигиталните документи исто како и физичките на крајот на приказната, треба да бидат правно валидни. Тоа што било кој си куцка во Word и Excel и си зачувува на Google drive или Amazon или каде и да е, си е негова приватна работа. Но, корпоративното право признава само правно валидни документи. За некој електронски документ да биде валиден, тој прво мора да биде создаден во формат и на начин како што е пропишано во законот за електронски документи. Форматот на документот мора да осигури дека никој не може да ја компромитира содржината на документот, односно форматот мора да го гарантира интегритетот на документот во целото време на важење на тој документ. Некои документи важат 10, некои 45 години, а некои се вечни. Кога ќе го форматирате документот во PDF/a-3, тој формат е комплексен формат што не дозволува промена на содржината а притоа дозволува “ интегрирање“ на објекти во документот. Тие објекти кои треба да се интегрираат во документот се дигитален потпис, дигитален печат и временски жиг. Дури тогаш документот е правно валиден, затоа што неговото постоење, содржина и време на создавање може да го потврдат трети лица – добавувачи на доверлива услуга! Со овие елементи добивате валиден дигитален документ. Но, каде ќе го чувате? Дигиталното архивско депо, (дигиталната архива) е сложена софтверска програма што ги препознава форматите и интегрираните елементи од ПДФ/а-3 документот и ги складира без да ги компромитира вградените елементи. Тоа е главната разлика. Google и Amazon се “дигитален простор“ (digital hosting space), а не “дигитална архива“ (digital archive). Доколку некој постави дигитална архива како софтверски програм (SaaS) на тие дигитални сервери, тогаш е валидно и таму да ги чувате документите, ако ги почитувате сите правила од Законот за заштита на лични податоци. Нашата вредност ја градиме со симплификација и автоматизација на искуствата за користење на дигиталната архива и нашите решенија може да ги користат лица кои немаат никакво ИТ знаење. Потоа ги штитите клиентите од сите правни ризици бидејќи ние постојано се сертифицираме и ре-сертифицираме во согласност со светските стандарди и локалните закони како што се носат и/или менуваат во државата и трето нашиот модел на едноставна претплата е создаден врз цени што се многу конкуренти, споредени со било што друго. XКолку X клиенти има INBOX во моментов во делот на физичкото архивирање, а колку ги прифаќаат најновите дигитални решенија? Колку генерално клиентите бараат да им се дигитализираат физичките архиви? INBOX опслужува повеќе од 300 клиенти во делот на физичко архивирање. Осумдесет од 100-те најголеми компании во Македонија се наши клиенти. Но, едноставноста на нашиот модел на работа овозможува и клиенти со 30.000 архивски кутии и клиенти со 3 архивски кутии еднакво да ја користат услугата. Тоа ја создава импресивноста на INBOX во неговата физичка големина. Ние чуваме повеќе од 75 милиони уникатно идентификувани (попишани) документи, кои се запишани на повеќе од 675 милиони страни. Дигитализирање на документи и Дигитално управување со документи и процеси се две различни работи. Дигитализирањето на


15

СТОЈЧЕ ТАСКОВ СОПСТВЕНИК НА INBOX

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

НИЕ ЧУВАМЕ ПРЕКУ 75 МИЛИОНИ УНИКАТНО ИДЕНТИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ, КОИ СЕ ЗАПИШАНИ НА ПРЕКУ 675 МИЛИОНИ СТРАНИ INBOX опслужува повеќе од 300 клиенти во делот на физичко архивирање. Осумдесет од 100-те најголеми компании во Македонија се наши клиенти. Но, едноставноста на нашиот модел на работа овозможува и клиенти со 30.000 архивски кутии и клиенти со 3 архивски кутии еднакво да ја користат услугата. физичките документи најмногу се користи од телекомите, банките и комуналните претпријатија. Тие се далеку пред другите, и тоа е разбирливо затоа што тие имаат многу голема база на клиенти и редовна потреба за брз пристап до информациите. Како лидери во своите вредносни мрежи нивните тие ја предводат дигиталната трансформацијата на целата мрежа. Но реално, веќе не постои индустрија каде лидерите во своите индустрии не започнале процеси на дигитализација на документи или трансформација на работните процеси. Кога лидерите во своите индустрии ќе го завршат процесот, тогаш интерфејсот – комуникацијата со нив не може повеќе да се извршува по аналогни канали, и тоа ќе направи притисок на сите останати да се дигитализираат. XШто X доколку утре уште 200 субјекти побараат физичко архивирање на документацијата? Ќе градите ли уште еден огромен архивски центар? До каде се границите на ширењето на бизнисот во тој сегмент? Или поентата е да ги „научите“ клиентите дека дигитализацијата е вистинскиот избор за нив, односно премин кон paperless работење? Растот е добредојден и очекуван. Во светот постои ориентациона норма по кој се проценува количеството на хартиени документи. Се смета дека постојат 2 архивски кутии по глава на жител. Тоа значи дека во Македонија има 4 милиони архивски кутии материјал за чување. Денеска целата индустрија што ја предводи INBOX не чува повеќе од 400.000 кутии. Тоа значи индустријата

MАРТ. 2021

не пенетрирала ни 10% во тотално адресибилниот пазар. Дали ќе растеме физички, секако, веќе работиме на дизајнот на нови 12.000 м3 архива, затоа што милиони документи сè уште седат незаштитени, по подруми, канцеларии и магацини и информациите запишани во тие документи се тешко достапни. Верувам дека тоа ќе се смени. Ние внимателно ги следиме сите бизнис индикатори и соодветно се позиционираме според пазарната потреба и технолошките трендови. Ние денес овозможуваме 100% paperless работење преку Digital Office, но немаме илузија дека трансформацијата ќе се случи преку ноќ. Дигиталното работење масовно ќе заживее кога сите елементи од економскиот и правниот систем и сите вредносни мрежи изградени во тој систем ќе постигнат “ интероперабилност“. Тоа нема да се случи во следните 10 години. Некои субјекти се 100% спремни денес, некои не си ни во најава и имаат 0% капацитет дигитално да примаат, потпишуваат, обработуваат и разменуваат правно валидни документи. Чувањето на физичка копија од било кој документ не е штета. Таа услуга е толку евтина што може било кој може да си ја користи како основен бек-ап за дигиталните документи. Дигиталните документи од друга страна се “виртуелна реалност“. Тие не постојат сами за себе, нив според форматот ги овозможува “некаква софтверска апликација“. Таа софтверска апликација работи во рамките на даден оперативен систем, а тој е овозможен и инсталиран на даден хардвер кој мора да е напојуван од некаков извор на енергија. Било кој

од овие четири елементи ако затаи, документот едноставно не постои! Затоа, во работењето со документи постои правилото 3-2-1: секој 1 документ мора да го имате во најмалку 2(два) различни формати, и да ги чувате на 3(три) различни локации. Пример: дигиталните документи лесно се пренесуваат на бек-ап локација, тоа се 2 локации и доколку имате хартиена или микрофилмска (оптичка) копија на 3-та локација тогаш имате безбеден систем за чување на информации. Една од тие копии ќе преживее и најцрно сценарио и секогаш ќе биде достапна. Размислете колку важни архиви беа уништени или оштетени во последните 5 години во Македонија! Ако имаше стандард 3-2-1, една копија од тие документи ќе беше достапна. XКаква X е вашата визија за INBOX за 5/10 години да речеме? Каква компанија ќе биде тоа? Дали ќе биде компанија за документ менаџмент системи, дали ќе биде провајдер на дигитални решенија од типот на Amazon Web Services или нешто трето? За 10 години од денеска INBOX ќе биде добавувач на дигитална архива и дигитални платформи за брзо и ефикасно управување со документи и работни процеси. Тоа е нашата мисија. Ние иновираме на ниво на модели и кориснички искуства, а во се останато создаваме партнерства. Ние истражуваме, тестираме и ги селектираме технологиите кои најдобро ја извршуваат задачата, а потоа ги интегрираме и овозможуваме – фракционо користење на истите во форма на едноставни кориснички искуства. Ние немаме стратешка патека во која ќе


МАРТ 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА INBOX Просторен капацитет u Физичко депо: 37.500 m3 (метри кубни архива) u Дигитално депо: 55 TB (терабајти) Забавен факт: Ако се стават сите архивски кутии Складирани во INBOX една врз друга, ќе се добие Висина од 86.500 м. (86.5 км). најголемата висина на која летаат авионите е 12 км. Тоа значи дека кутиите од INBOX би биле 7 пати повисоки од авион во највисоката точка на лет над облаците. Број на документи складирани во INBOX u > 75.000.000 – милиони уникатни документи u > 675.000.000 – милиони хартиени листови

Забавен факт: Тежината на 675 Милиони листови складирани на Металните системи во INBOX е еднаква на 3.487.500 кг. +/- 3.500 тони! Тоа е приближно тежината на 850 слонови! Најмал / Најголем дигитализиран документ u 14mm x 10mm (милиметри), слика од 16мм

микрофилм

u 1100 cm x 5.000 cm ( технички цртеж од 5 метри)

Забавен факт: Во INBOX можете да видите скенери што скенираат со ласерски зраци без да го допрат документот, и скенери Кои можат да скенираат во длабочина - 3Д. Teхнолошки капацитет за дигитализирање на документи u +/- 2.500.000 страни во месец Забавен факт: Најбрзиот скенер во INBOX може Да скенира 300 страни во 1 минута. Пробајте во 1 минута да изброите до 300? .... како ви оди? Најбрзо испорачан документ u 0.2 секунди - дигитален документ преку

мобилна апликација u 15 мин, -физички испорачан оригинален документ создаваме “дигитален простор“ и ќе се конкурираме со светски брендови како Amazon или Google. Најверојатното сценарио е дека ќе ги користиме нивните понуди за дигитален простор и врз нив ќе ја градиме нашата вредносна пропозиција. XОбјаснете X ни за вашето дополнително образование на најпрестижните бизнис школи во светов? Што е најдрагоцено што добивте оттаму? Дали е побитно знаењето што како теорија или пракса го добивте или мрежата што ја направивте со сите тие „соученици“ и професори? Кој со што ќе си замине од тие школи, зависи за што таму пошол.! Јас самиот на себе си поставив предизвик да станам експерт за иновации и бизнис стратегии. Многу фокусирано избирав што и каде ќе учам. На Харвард (Harvard Business School) учев теорија на иновации и стратегии за создавање на бизнис модели

затоа што таму е создадена теоријата и учев од професорот што ја создаде. На Стенфорд (Stanford Graduate School of Business) студирав постдипломски студии за корпоративна иновациска пракса затоа што тие се основачите на “lean startup“ методологијата и се наоѓаат во срцето на Силиконската долина каде таа теорија се практикува. На Оксфорд (Oxford Said Business School) учев теорија и најдобри пракси во финансиски иновации, затоа што Британија (Лондон) е центарот за fintech иновациите. На прашањето што е најголем бенефит, би рекол дека праксите и моделите се менуваат со текот на времето и тоа знаење мора да се ажурира. Но теоријата, рамките за размислување (frameworks) и пристапот до луѓе и информации од факултетите и алумни мрежите е трајна вредност. Неверојатно е колку луѓето активно комуницираат и меѓусебно се почитуваат и си помагаат. nnn

Најиновативна услуга од INBOX u Роботизиран работен процес –

изработен во Digital Office (www.do.mk) Дигиталниот работен процес, при дефиниран настан или активност самиот ќе започне, ќе ги повика сите засегнати страни да си ја извршат задачата, ќе создаде документ, ќе го повика одговорното лице дигитално да го потпише, а потоа системот сам ќе стави архивски печати и временски жиг и ќе го архивира документот. Кога ќе заврши процесот на сите ќе им прати известување дека процесот завршил. Најнова услуга од INBOX

u www.digitalika.mk – форматирање на дигитални

слики и документи преку cloud сервис. „Дигиталика“ е сервис што ги чита дигиталните документи на 180 јазици, (вклучувајќи арапски, грчки, кинески) ги извлекува сите важни информации и ги прави пребарувачки мета-податоци, ги крие (редактира) личните информации или други доверливи и сензитивни информации од дигиталниот документ, става жигови и ознаки и ги Конвертира во за клиентот потребен или според закон пропишан формат.


и сец е м т 36ксна кама на фи

ка стап

оци рош ње т з е Б ва обру д о а з

до ајте р и ц Апли ви март 31-

НЛБ Потрошувачки кредити

Која е за Вас добитната haPPy комбинација? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување, со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци и можност да добиете НЛБ haPPy кредитна картичка! Понудата трае до 31-ви март! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 36 месеци (СВТ: 6,59%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.424 МКД, вкупен износ за враќање: 809.528,00 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 36 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,33% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


MAРТ 2021

18 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

КОРОНАТА ГO „ОТЕПА“ ТУРИЗМОТ

ПРИХОДИТЕ НА ХОТЕЛСКИТЕ КОМПАНИИ И ДО 90% ПОМАЛИ ВО 2020 За тоа колку корона – кризата минатата година ги погоди хотелиерско – угостителските бизниси не треба многу длабока анализа, доволно е да ги видиме билансите на успех што неколкуте компании од овој бизнис сектор котирани на берза, ги доставија деновиве. Македонијатурист, Хотели Метропол и Интернешнл Хотелс, трите компании од хотелско – угостителскиот бизнис што котираат на берза, како последица на пандемијата лани имаат приходи помали и по 90%, како и вкупна загуба од преку два милиони евра.


19

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

автор:

К

ИГОР ПЕТРОВСКИ овид – кризата, затворањата на економиите, рестрикциите на патувањата… сето ова придонесе хотелиерската индустрија во земјава, како впрочем и секаде низ светот да се соочи со огромен пад на приходите минатата година. Бројот на туристи во Македонија во 2020 година е намален за 61,5%, на 467.514, според државниот Завод за статистика. Падот е огромен кај бројот на странски туристи, разбирливо, поради затворените граници низ Европа во пролетните месеци и отсуството на странски гости и во периодот потоа, и изнесува речиси 85%, што значи дека лани земјава ја посетиле само 118.206 странски туристи, додека тој број во 2019 година бил преку 757.000. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – декември 2020 е помал за 18,3%. Вкупниот број на ноќевања, пак, лани е помал за 48%, и тоа ноќевањата од странските туристи за 84%, на 252.930, додека од домашните туристи бројот на ноќевања е помал за 14,2%, на 1,44 милиони остварени ноќевања.

Минатата година добро почна за туризмот, но...

Годината, инаку, почна добро за македонските туристички работници, поточно, во првите два месеци бројот на странски туристи беше поголем за 15,3% и изнесуваше 65.202, за потоа, од месец март, кога почнаа затворањата на државите низ Европа, како и македонските граници за влез на странци поради пандемијата, драстично да опадне, всушност во април и мај да се сведе практично на нула. Вкупниот број на туристи во Македонија во првите два месеци е за 10,6% поголем во однос на лани и изнесувал 102.554, но затоа во март е помал за речиси 70%, за во април и мај да нема практично воопшто туризам во земјава поради карантините, полицискиот час и сл., и забраната за работа на хотелско – угостителските објекти. Во месец јуни, откако се укинаа карантините и се отворија границите, земјава ја посетиле 1.863 странски туристи коишто оствариле 6.374 ноќевања. Оваа бројка на туристи е за 98% помала во однос на истиот месец 2019, додека кај домашните туристи падот на гости е 89%, а на ноќевањата 90%. Туристичките бизниси зедоа малку душа во летните месеци, јули и август, кога бројот на домашни туристи стигна до 70.600 што е за 5% помалку од лани, но кај бројот на странските туристи закрепнување практично немаше, затоа што падот таму бил цели 95%. Месец август е нешто подобар, односно, бројот на домашни туристи е повисок за 8,9%, а бројот на ноќевања за 1,1% во однос на август 2019 година. Сепак, треба да се има предвид дека голем број македонски граѓани се упатија кон домашните туристички капацитети затоа што Грција беше


MAРТ 2021

20 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

Бројот на туристи во Македонија во 2020 година е намален за 61,5%, на 467.514, според државниот Завод за статистика. Падот е огромен кај бројот на странски туристи, разбирливо, поради затворените граници низ Европа во пролетните месеци и отсуството на странски гости и во периодот потоа, и изнесува речиси 85%, што значи дека лани земјава ја посетиле само 118.206 странски туристи, додека тој број во 2019 година бил преку 757.000. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – декември 2020 е помал за 18,3%.

затворена за влез на македонски државјани, а и патувањата во другите традиционални дестинации за нив беше покомпликувано поради ковид – кризата. Бројот на странски туристи, пак, во август бил за 93% помал, што значи дека сезоната за македонските туристички работници во делот на incoming туризмот беше дефинитивно загубена. Во септември бројот на домашните туристи беше зголемен за 33,7%, а бројот на странските намален за 92,3%, додека во октомври повторно имаме пад кај домашните туристи за 11,4%, а кај странските за 87,4%. Ноември не донесе ништо подобро, напротив, поради зголемениот број на заразени и смртни случаи од корона, намалено беше движењето на луѓето што се одрази и на бројот на домашни туристи, односно за 25% помалку во однос на истиот месец во 2019. Кај странските туристи падот беше 87,3%, очекувано. Во декември месец закрепнување кај бројката на домашни туристи, односно зголемување од 20,7%, а кај странските намалување од 85,2%.

Работата на хотелите сведена на минимум и по завршувањето на вонредната состојба

За тоа колку корона – кризата минатата година ги погоди хотелиерско – угостителските бизниси не треба многу длабока анализа, доволно е да ги видиме билансите на успех што неколкуте компании од овој бизнис сектор котирани на берза, ги доставија деновиве. Па така, Македонијатурист, најголемата компанија од хотелскиот бизнис којашто котира на Македонската берза, за 2020

година прикажала вкупни приходи од 129,6 милиони денари (2,1 милиони евра) што е намалување за 65% во однос на годината претходно, додека пак приходите од основната дејност (хотелско – угостителските услуги) се намалени за цели 79%. Компанијата лани остварила останати оперативни приходи од 11,5 милиони денари, што е двојно повеќе од лани, но тука влегуваат и парите добиени од државните пакети за финансиска помош на најпогодените сектори од економијата. Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 165 милиони денари и се намалени за 37%. Компанијата во 2020 година од основната дејност и од некои други споредни дејности остварила загуба од 35,4 милиони денари (575 илјади евра). Во образложението на финансискиот резултат, од Македонијатурист велат дека и во периодот по укинувањето на вонредната состојба во јуни месец, па до крајот на годината, работата на нивните хотели и ресторани била сведена на минимум, односно хотелите Бест Вестерн, Карпош и Водно биле затворени сосема, а од декември лани е затворен и хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје, затоа што целосно ќе се реновира. Хотели Метропол, ресортот крај Охридското езеро во сопственост на бизнисменот Штерјо Наков, во 2020 година забележал пад на вкупните приходи од 63%, на 79,3 милиони денари (1,3 милиони евра), додека кај приходите од основната дејност на фирмата коишто изнесуваат 59,3 милиони денари или нешто над 965 илјади евра, падот е уште поголем, 72%. „Подобрите“ бројки кај вкупните

БРОЈКИ:

85%

помалку странски туристи дошле во Македонија лани

18,3% е помал бројот на домашни туристи

48%

помалку ноќевања лани во туристичките капацитети во земјава

84%

помалку ноќевања од странските туристи

14,2%

помалку ноќевања од домашните гости


21

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

оперативни приходи, коишто изнесуваат 20 милиони денари, се должат и на средствата што фирмата го добила од државата како финансиска помош за справување на последиците од пандемијата. Расходите на Хотели Метропол лани се намалени за 37%, а најголемо учество во нив имаат трошоците за вработените, во износ од 49,6 милиони денари (806 илјади евра), коишто во споредба со 2019 година се намалени за 24%. На крајот, ресортот има нето финансиска загуба во износ од 28,5 милиони денари (464 илјади евра). „И покрај предвидувањата кои минатата година се направија на почетокот на годината за намален обем на работење, никој не можеше да направи соодветни проекции како ќе се одвива пандемијата, кои здравствени протоколи ќе се воведуваат и како сето тоа ќе има удел во севкупното работење. Менаџерските одлуки мораа да се базираат на кратки рокови со цел на што помали загуби во работењето.“, велат од компанијата. Интернешнел Хотелс АД Скопје, компанијата во чија сопственост е хотелот Континентал, минатата година има приходи од 12,9 милиони денари (209 илјади евра), кои се за 86% помали во однос на 2019 година, додека кај приходите од основна дејност приходите се помали за 88%. Вкупните трошоци на фирмата лани биле 84,5 милиони денари, а крајниот резултат е загуба од 71,6 милиони денари или 1,16 милиони евра. „Негативниот финансиски резултат од работењето компанијата го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот, како и согласно владината одлука за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели. Поради донесената одлука и состојбата со пандемијата се откажаа сите туристички аранжмани и резервации за деловни проекти за 2020 година. Деловната активност и во период од укинувањето на вонредната состојба на крајот на јуни до крајот на годината е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година.“, велат од Интернешнл Хотелс. nnn

ХОТАМ: ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ МЕЃУ ПРВИТЕ

А

социјацијата на хотелските бизниси во Македонија, ХОТАМ пред десетина дена излезе со барање туристичките работници, односно вработените во хотелите и рестораните да имаат приоритет за вакцинација штом стигнат првите количини на вакцини во земјава. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески смета дека на тој начин ќе се покаже дека земјата е безбедна туристичка дестинација, каде гостите ќе се чувствуваат безбедно и да имаме успешна туристичка сезона. „Треба да се дополнат и протоколите за поголема безбедност на гостите. Покрај дезинфекција на собите да се прави и озонирање, како и вакцинација на вработените, кои треба да го прават тоа секојдневно. Потребен е и посебен кол центар каде доколку има гостин со симптоми ќе може да се јави и да добие соодветни инструкции. Сакаме да најдеме начин и како да направиме служење на храната со шведска маса.“, вели Блажески. Тој смета дека годинава треба да биде подобра година од 2020, којашто според сите показатели е дефинитивно една од најкатастрофалните туристички сезони во последниве неколку децении. „Доколку вакцинациите во Европа и кај нас течат според планираното, доколку успееме да вратиме дел од чартер летовите од Холандија и другите земји, може да се надеваме дека во делот на странските туристи ќе спасиме нешто од сезоната. Иако резултатите ќе бидат далеку од она што го постигнавме во 2018 и 2019 година, на пример. Повторно за профит ќе може да зборуваме веројатно во 2022 година, во најдобар случај.“, изјави Блажески за повеќе медиуми периодов.


МАРТ 2021

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094


23

MАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ЏУЛИЈАН ВАСАЛО ЗАМЕНИК – ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ

ОДБЛИСКУ ЈА СЛЕДИМЕ БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ: БАРАМЕ ОПИПЛИВИ РЕЗУЛТАТИ!

Со заменикот – шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје отворивме повеќе теми на разговор, но фокусот разбирливо беше врз европските погледи на македонската битка со корупцијата и криминалот оти интервјуто беше токму на денот кога синонимот за цела една криминална спрега – Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор, откако не му

успеа обидот за бегство од земјата. Васало е дециден – резултати на ова поле мора да има, и тоа вистински, а не козметички, не само оти Брисел ги бара, туку оти тоа е суштински важно за граѓаните на кои мора да им се обезбеди чист систем за напредок во животот без да станат дел од валканите криминални и коруптивни спреги низ општеството.


МАРТ 2021

24 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XСпоред X последниот Извештај на Транспаренси Интернешанал, Македонија има сериозен пад од минатата година. Владата вели дека Извештајот не ја отсликува реалната состојба и дека се работи за перцепција. Каква е Вашата перцепција г. Васало? Па, перцепциите се важни. Важни се за инвеститорите кои ја гледаат државата, важни се за младите кои размислуваат каде сакаат да ја инвестираат својата иднина, а перцепциите се важни и за Европската Унија и за земјите членки кои гледаат кон Северна Македонија. Но, она што е поважно е што перцепциите се факти. Ние мониторираме што се случува во земјата и гледаме напредок во ова поле. Државната комисија за спречување на корупција беше активна и почна истраги за голем број на случаи, што е позитивно, а гледаме и други сигнали – обвинителот за борба со организираниот криминал нема доволно ресурси што треба да ги има на располагање и ова испраќа обратен сигнал. Очигледно, пресудата за шефицата на СЈО имаше влијание за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во земјата, иако во конкретниот случај институциите реагираа како што треба. Но, ова е перцепцијата и мислам дека е исто и рефлексија на степенот на важност што граѓаните го даваат на ова прашање. XЗа X граѓаните ова е прашање од висок приоритет? Да, висок приоритет .

За граѓаните да пријавуваат корупција треба да веруваат дека ќе биде санкционирана XКаде X ги гледате главните пречки во оваа битка? Некои пречки се во чувството на дефетизам кај граѓаните кои мислат дека не можат ништо да променат и дека нештата се такви какви што се и отсекогаш биле такви. Дека единствен начин како може да напредувате, да одите напред е да сте дел од ова коруптивно однесување, што мислам дека не е точно. Мора да се бориме против ова и мислам дека има многу луѓе кои „туркаат“ кон таа правилна насока. Исто така има бариери и во имплементацијата на препораките за сузбивање на корупцијата и треба исто подобро да се координираат напорите на Владата во ова поле. Знам дека Владата има напори, но треба повеќе да се направи. XСпоменавте X дефетизам. Неодамна имаше истражување (на МОФ) дека младите, повеќе од 50 проценти од нив велат дека не им пречи корупцијата и дека не би ни пријавиле кога би имале сознанија. Како ги коментирате овие бројки? Овие бројки се тешко „сварливи“. Морам да кажам дека не до крај се совпаѓаат со разговорите што јас ги имам со младите кои навистина сакаат да ја видат државата како врти нова страница и да бидат дел од промената. Но, тие исто така сакаат да видат, за да бидат во можност да излезат од овој маѓепсан круг, дека ако пријават, на пример, навистина ќе има соодветна

ОЧЕКУВАМЕ ОД МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА XБугарската X министерка за надворешни работи неодамна кажа дека степенот на усогласеност на македонската надворешна и безбедноста политика со европската е многу низок, под 50 % а и дека земјава е под силно руско влијание. Ова со бројките се разбира не е точно, во Поглавјето 31 стоиме одлично, тоа е лесно проверливо, но што мислите околу делот за руското влијание? Руското влијание може да се гледа на неколку начини. ЕУ нема проблем со рускиот народ, многу европски граѓани немаат проблем со руското влијание во културата, литературата... XАма X тука зборуваме за надворешна политика и безбедност... Да. Видете, имаме отворени и вистински проблеми со руската администрација за кои не се согласуваме. Не ги цениме нивните акции на меѓународна сцена, нивните обиди за влијание на дебатите низ нашите земји преку дезинформации и лажни вести. Но, кога гледате на тоа како ЕУ е гледана тука кај вас и кога го гледате фактот дека ЕУ е и понатаму најголем сојузник на меѓународна сцена, најголем донатор на помош и поддршка... Во смисла на усогласеноста на политиките во Поглавје 31 ние тоа го следиме, правиме извештаи и последните анализи се дека има висок степен на усогласеност, 93 % е. Некои од рестриктивните мерки кон Русија на кои ЕУ е согласна, тука уште се разгледуваат, разговараме со Владата како тоа да се имплементира. Неодамна договоривме повеќе санкции кон Русија на ниво на министри за надворешни работи во Брисел и имаме јасна индикација и од Владата тука дека планираат да се приклучат кон мерките.

акција. Слушам дека тоа не секогаш е случај. Значи секој си има своја улога во ова. Младите да почувствуваат дека ако сакаат да се борат против корупција, да останат чисти и да ја градат иднината без корупција треба да видат како институциите работат.

ДКСК си ја врши добро работата XАмериканската X амбасадорка во нејзиното последно интервју беше прилично јасна околу позициите на Вашингтон и очекувањата за вистински

резултати. Вие како ЕУ исто така имате јасни критериуми во Поглавјата 23 и 24. Кои се вашите очекувања? Какви резултати се потребни? Ние јасно и дадовме до знаење на Владата дека ќе продолжиме да бидеме гласни во врска со борбата со корупција. Ние одблиску следиме и очекуваме на краток рок видливи и опипливи резултати за антикорупција. Оваа поента ја кажуваме редовно и гледаме некои резултати, ја споменав ДКСК и гледате дека тие имаат


25

MАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

нови надлежности, испитуваат изјави на илјадници, отворија случаи и истраги за луѓе од целиот политички спектар, што значи добро си ги користат своите надлежности. Како што името сугерира оваа Комисија има превентивна улога и мислам дека луѓето таму навистина се трудат да свртат нова страница и да направат промена. Треба да се види дека и државата сака да сврти страница. ДКСК има позитивна улога, гледате дека таму има придвижување, а сакаме да

видиме уште поголемо придвижување. Ќе продолжиме да вршиме притисок во администрацијата, низ разни делови од администрацијата што имаат улога за да се обезбедат опипливи резултати. Треба да знаеме дека во некои области, проблемот е и со недејствување. На пример, Академијата за судии и јавни обвинители. Тоа беше лансирано со голема поддршка од ЕУ и веруваме дека треба да остане почва за новите судии и обвинители во правосудниот систем и не

сакаме да видиме активности со кои би се намалила довербата на луѓето. На крајот се сведува на доверба. Ја споменавме перцепцијата. Поентата е и да се направи вистинското нешто и луѓето да видат дека е направено.

Бараме строга поделба на извршната и законодавната власт XИмаше X разни коментари околу употребата на зборот „чистење“ во правосудството со стравувања дека може да значи политички реваншизам.


МАРТ 2021

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ЗА ДА НЕ БИДЕ ВАЖНА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ ТРЕБА ДА ИМА СИСТЕМ НА МЕРИТОКРАТИЈА XСе X чини дека Брисел ни ги спаси личните карти, откако после изјавата на амбасадорот Гир дека се подготвува нова европска регулатива од август, премиерот кажа дека се откажуваме од идејата за вметнување на етничката припадност. Колку е за вас важно ова прашање, не само од аспект на регулативите туку и од аспект на тоа колку оваа идеја може да биде опасна во една мултиетничка држава на Балканот? Има историја ова прашање, разбирам. Но, кога дојдов тука и кога почнав да слушам за етничка припадност се фрапирав. Тоа е збор што ние не сакаме многу да го слушаме. Оти не потсетува на некои мрачни времиња од нашата историја. Ние си имаме национални идентитети, ги користиме за да се шегуваме едни со други ама и за да ги славиме. Сега има регулатива за заштита на лични податоци, тоа е регулатива низ цел свет и е извор на многу дискусии. Главно е дека е нелегално да се процесираат факти за етничката, политичка, сексуална припадност на граѓаните, раса итн.,... спротивно е на европското законодавство. Ние ја обесхрабруваме оваа идеја оти не е на линија со ЕУ легислативата. Милам дека битката треба да биде да се оттргнеме од етничката припадност, ама за тоа да се случи се разбира треба да нема дискриминација. Главно е да се обезбеди да има меритократија и доверба дека не е битна националноста. Како го гледате овој термин и потребата воопшто од реформите да почнат и да завршат во овој сектор? Видовме, особено со случајот со Мијалков, дека има проблем во овој круг на судии и обвинители. Како да се спроведат овие реформи без да се оди во насока на реваншизам? Да. Ова за нас е важна поента. Со изборот на новата Влада бевме јасни дека додека има простор за реформи, јасно е дека има перцепција дека не сите судии и обвинители работат според стандарди што од нив се очекуваат. Не сакаме да ја видиме извршната власт односно Владата на возачкото седиште на овој пат. Има други институции со моќ и обврска да се справат со овие ситуации. Бараме Владата да им остави простор и можност ним да си ја завршат работата. Видовме разрешување на 11-12 судии неодамна низ процедури што не се водени од Владата и мислиме дека само ова е патот и вистинскиот начин. Една од најдобрите работи што излегоа од првично неуспешниот обид да се стави Мијалков во притвор е јавната реакција.

Јавната реакција оди и контра некои податоци и анкети што ги споменавте за луѓето... XДа X не заборавиме дека овие анкети беа помеѓу младите Да, можеби постарите се тие кои реагираат. XДа, X тие се тие кои чекаат правда. Тие се заситени од сè... Да, и нивната толеранција за мешање во судството е многу ниска. Бариерата меѓу политиката (од двете страни) и судиите и обвинителите мора да се почитува, мора да биде јасна поделбата на власта и луѓето тоа треба да го видат за да имаат доверба во правосудниот систем ослободен од политички притисок. Ова е многу важно за граѓаните. Знам дека има нешта што доаѓаат од минатото, но ова е фундаментално за работата на правосудството. Зошто е ова за нас многу важно? Зошто толку многу инсистираме на овие реформи? Кога земјава ќе стане дел од ЕУ вие ќе бидете дел од европската легислатива, системот на закони функционира ако тие се применуваат низ сите земји. Затоа притискаме сега и секогаш се овие реформи во кластерот фундаменти – нив ќе ги отвориме први и ќе се занимаваме со нив до крај на преговарачкиот процес па и откако ќе станете членка. XГледате X ли поврзаност на овој проблем со емиграцијата? Дека си заминуваат луѓето не само поради финансиската состојба туку и во потрага по систем на правда и правила? Зборуваме со многу млади. Имаме дебати со студенти и го гледаме овој феномен кога младите ја гледаат иднината надвор од земјата и убеден сум дека чувството на тешкотија за да се влезе во економијата, да се почне свој бизнис ги оттурнува. Гледаат и недостиг на можности генерално. ЕУ не е во принцип против движење на луѓето, слободата на движење е наша вредност. Да патуваат луѓето, да се движат, да собираат искуства... Она што е важно е тоа да е кружно движење. Не велиме да има забрана да се замине... XАма X движењето да не е во еден правец... Не во еден правец. И земјата треба да најде начини да ги привлече граѓаните кои заминале да се вратат и да придонесат дома со знаењето и искуствата. Во мојата земја (Малта, н.з.) има многу луѓе од Северна Македонија кои се многу почитувани поради нивниот професионализам. Кога имате ситуација луѓе да доаѓаат и да си одат, така земјата станува побогата. Младите мора да видат дека тука имаат иднина и дека нема бариери.

Бариерата од Бугарија не може да биде долга XКога X зборуваме за перспективи сигурно процесот на преговори и светлото од Брисел ќе помогнеше и во оваа битка со корупцијата. Јасно е дека одговорноста треба да се бара дома, но колку одложувањето на процесот на преговори им помогна на силите што сакаат да работат во темница? Можам да го разберам нетрпението и фрустрацијата, но треба да запомниме дека имаме одлука на највисоко ниво на институциите за почеток на преговори. И

ние во Делегацијата сме исто нестрпливи, подготвени сме да одиме напред, да почнеме преговори. Би сакале да ја видиме оваа одлука имплементирана што побрзо. Во меѓувреме важно е да видиме дека реформите продолжуваат. Сигурно е искушение да се каже: „Преговорите не почнаа, сега не мора да се реформираме, но не мислам дека тоа е случај.“ XАко X дозволите, не мислам дека се работи за искушение од тој тип, дека сега не мора да се реформираме, туку за генерална разочараност дека ќе бидеме сами на тој пат, дека очекуваната помош ќе ја нема… Нема дилема дека ако се имаат перспективи за членство тоа е мотор во реформите, но тие не се изгубени. Финансиската помош што ја даваме не е сопрена, продолжува, расте и ќе продолжи да расте. Ова верувајте нема да е долга препрека... XВие X верувате во тоа? Да. XНавистина? X Вие лично? Да. Јас лично верувам. Оти мислам дека има логика во тоа оваа земја да стане членка. Ме прашавте лично и јас лично сум видел дека токму соседите се најголеми промотори на проширувањето за соседите. Во нивен интерес е да имаат постабилни и побогати соседи. Мислам дека оваа логика ќе се оствари.

Земјите членки не може да кажуваат што е исправна а што погрешна верзија на историјата XАма X за да дојдеме до логиката, треба да надминеме нелогично прашање, она со Бугарија. Како го гледате ова и има ли можности за решение? Гледам можности за решение. Мислам дека има разбирање дека тонот треба да се смири од двете страни. Има желба за концентрација на практичните делови околу соработката што е добро. Има Акциски план што е предложен за секторска соработка, ние како ЕУ финансиски ќе ги поддржиме врските преку границата. Мислам дека има желба да се биде попрагматичен. Сигурно нештата се покомплицирани со изборните циклуси во двете земји, иако понекогаш премногу даваме на значење на изборите (оти со политичка волја се наоѓа решение секако). Гледаме и едно чувство на итност за да се потврдат перспективите. Инаку, билатералните прашања секогаш на некој начин биле дел од процесот, во смисла дека ЕУ сака добри односи на кандидатите со соседите. Турција има заглавени перспективи поради односите со Грција и Кипар, на пример. Но, прашањето тука со вас не е од исто ниво. Проширувањето е голем чекор, тоа значи дека сме подготвени да седиме со земјата кандидат на иста маса, да сте дел од Парламентот, да носите закони што директно влијаат на нашите граѓани. Нема дел од Договорот кој вели дека земјите членки имаат право да кажуваат што е исправна или не верзија историја. Јас верувам дека ќе се најдат решенија што ќе се фокусираат на иднината. ЕУ се заснова на идејата да се остави минатото зад нас заедно со сите грди нешта што сме си ги сториле едни на други, наместо нивно потенцирање. nnn


ТВОЈ СМАРТФОН. ТВОЈ ПАРИЧНИК. ProPay мобилен паричник брзо и безбедно плаќање! Мобилниот паричник ProPay e дополнителна бесплатна функционалност на мобилната апликација на ПроКредит Банка, која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места со ПОС терминали во земјата и странство.

Корисникот на платежната картичка ја презема мобилната апликација бесплатно од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“, кој поддржува NFC технологија.

Платежните MasterCard картички на ПроКредит Банка едноставно се дигитализираат во мобилниот паричник и безбедно се чуваат во смартфонот.

Плаќањето е едноставно и безбедно, корисникот треба само да го доближи мобилниот телефон до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање.

Без интернет конекција можете да направите до 10 плаќања. Преземете ја мобилната апликација од Google Play Store

mkd.info@procredit-group.com 02/2446-000

www.pcb.mk


28 СВЕТ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

СТРАВОТ ОД ИНФЛАЦИЈА ИМ ПРЕСУДИ НА АКЦИИТЕ Берзите повторно станаа синоним за нестабилност во последните неколку дена. По новите рекорди, настана непосредна паника и посилен пад. Инвеститорите се зависни од ликвидноста и печатењето пари обезбедени од владите и централните банки, но во исто време ова печатење ги загрижува инвеститорите дека тоа ќе доведе до неконтролирана инфлација. Како резултат на тоа, долгорочните обврзници изгубија минатата недела и приносите се зголемија. Пазарите на обврзници им дадоа темпо и насока на берзите.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС (редакциска опрема Капитал)

Н

а почетокот на март 2021 година се одбележува една година од животот со коронавирус. Главно обележје на оваа година веројатно е флуктуацијата од оптимизам до песимизам и обратно. Последните неколку денови се има малку повеќе песимизам. Светската здравствена организација како и податоците од одделни земји, предупредуваат дека пандемијата нема да биде ставена под контрола годинава. Сета надеж е ставена на вакцинацијата. Минатата недела FDA ја одобри вакцината на Johnson & Johnson. Ние продолжуваме да се тетеравиме како пијани од недела во недела и да ги прилагодуваме нашите очекувања на информациите од минатата недела. Долгорочните предвидувања околу пандемијата и нејзиното влијание врз економијата досега се покажаа како погрешни или премногу неточни за да бидат корисни. Државите продолжуваат да печатат пари и да создаваат ликвидност во надеж и со цел што побрзо да се стави крај на пандемијата. Но, оваа цел станува сè помалку остварлива. Како резултат, новиот пакет помош од 1,9 трилиони долари е донесен преку Конгресот во САД, а сега се чека на Сенатот, но усвојувањето е закажано за следните неколку дена. Ваквите големи

инјекции на пари застрашуваат дел од инвеститорите, а други пак ги прават многу алчни. Оние првите очекуваат сето ова да генерира инфлација. Како резултат на ова, 10-годишната обврзница на САД достигна до 1,5% принос на крајот на минатата недела, а сличен развој има и во Европа. Стравот од инфлација и ротацијата помеѓу одделните сектори, особено со цел да се купи она што најдобро функционира во услови на инфлација, создадоа голема нестабилност на пазарите. Овој краткорочен чекор назад е, според оној поалчниот дел од инвеститорите, одлична можност за купување, така што прво видовме силен скок и глад за инвестиции во акции. Централните банкари воведуваат и дополнителна неизвесност на пазарот, бидејќи ФЕД изјави дека не се загрижени за инфлацијата и ќе продолжат да обезбедуваат ликвидност до неограничен степен. Но, пазарот некако не верува во оваа приказна и вклучува во калкулациите три до четири зголемувања на каматните стапки до 2024 година. Можеме да кажеме дека хаосот е завршен. Економските индикатори и податоците за Индексот на менаџери за набавки на индустријатa (PMI) за февруари се очекува да бидат нешто полоши. Ограничувањата на јавниот живот се засилија во јануари и февруари. Кинезите ја дочекаа Новата година и на ова припишаа полоши индикатори за последниот месец. Гледањето кон летото продолжува да носи оптимизам,


29

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

БЕГАЈТЕ ОД ИНВЕСТИЦИЈА ШТО НУДИ САМО ПРИКАЗНА Инвестиција што не нуди ништо друго освен приказна е “жежок костен”. Поради високите проценки, советуваме поголема претпазливост и се држиме до општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. На пример, сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење. Но дури и овде, потребна е претпазливост, бидејќи проценките се ирационални на некои места.

подготовките за туристичката сезона се во полн ек. Сепак, претпазливоста не е излишна. Оптимизмот дека сè наскоро ќе биде нормално, се чини дека е претеран и дека само довербата дека централните банки се семоќни го штити пазарот од посилна корекција. За потсмев на западните централни банки и политичари, дури и кинескиот регулатор на пазарот предупреди на финансиските меури на западните пазари на капитал.

Европските компании пооптимистични од американските

Берзите повторно станаа синоним за нестабилност во последните неколку дена. По новите рекорди, настана непосредна паника и посилен пад. Инвеститорите се зависни од ликвидноста и печатењето пари обезбедени од владите и централните банки, но во исто време ова печатење ги загрижува инвеститорите дека тоа ќе доведе до неконтролирана инфлација. Како резултат на тоа, долгорочните обврзници изгубија минатата недела и приносите се зголемија. Пазарите на обврзници им дадоа темпо и насока на берзите. Смените на пазарите на обврзници исто така го диктираа развојот во индустриите. Цикличните акции, енергијата, материјалите и финансиските акции се попривлечни во целата оваа приказна, додека ИТ и потрошувачката се помалку. ИТ индустријата загрижува заради високите

Развојот на пандемија, стимулансот од страна на владата и ликвидноста на централните банки продолжуваат да ги обликуваат берзите. Но во последниве недели, прашањето за инфлацијата дојде до израз. Акциите на компаниите од областа на технологија и е-трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со многу високи проценки, претпазливоста не е излишна и инвеститорите се повеќе во ситуација за да остварат профит. Историски скапите обврзници и негативните приноси од банките продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно во инвестиции во акции, но долгорочните обврзници се најдоа во поатрактивна позиција во последните неколку недели поради стравот од инфлација. Во рамките на акциите, шпекулативниот раст продолжува, повремено граничејќи се со манија. Инвестиција што не нуди ништо друго освен приказна е “жежок костен”. Поради високите проценки, советуваме поголема претпазливост и се држиме до општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. На пример, сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење. Но дури и овде, потребна е претпазливост, бидејќи проценките се ирационални на некои места. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет, кој е повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и еколошкиот живот. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучуваат здравството, индустријата и негата, а Азија се издвојува меѓу регионите. Енергијата и материјалите се споменуваат како заштита од инфлација во последните неколку недели, проценките сè уште не се претерани во оваа индустрија, така што ова може да биде интересен зачин во портфолиото и преку индустриски и преку регионален пристап (Латинска Америка, Русија), но исто така потребно е внимание поради осцилации на валутите. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


30 СВЕТ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Десетгодишната обврзница на САД достигна до 1,5% принос на крајот на минатата недела, а сличен развој има и во Европа. Стравот од инфлација и ротацијата помеѓу одделните сектори, особено со цел да се купи она што најдобро функционира во услови на инфлација, создадоа голема нестабилност на пазарите. На Волстрит, најмногу настрадаа акциите на технолошките компании. проценки поддржани од евтините пари, а потрошувачката кратењето на маргините, кои се намалуваат доколку цените на стоките растат побрзо од продажните цени. Негативниот тренд во снабдувачката индустрија продолжи и покрај многу добрите резултати и привлечни проценки, бидејќи неодамнешната временска непогода во Тексас ја откри ранливоста на секторот. Накратко, загубите на некои, особено на локалните компании за електрична енергија се огромни, а некои дури и ќе банкротираат. Во случај на прекини во снабдувањето, компаниите мораа да обезбедат снабдување со енергија, која обично ја продаваат неколку години однапред, но сега треба да ја купат неколку десетици пати повеќе заради прекумерната потрошувачка и загубата на нивното сопствено производство. Затоа индустријата за материјали и енергија се чини дека чека добри времиња. Истото важи и за преработувачката индустрија, каде пристигнуваат најновите податоци за работењето во 2020 година и предвидувањата за 2021 година. Охрабрувачки е тоа што европските компании се дури и пооптимистични од американските. Можеби причината лежи во поексплицитната посветеност на Европа за големи инвестиции во инфраструктурата и преминот кон позелена економија. Доларот се стабилизира во последните неколку недели и е нешто повеќе од 1,20 УСД за евро. Од друга страна, валутите на земјите во развој на пазарот се лизгаат, што има негативно влијание и на нивните обврзници и на пазарите на капитал. Затоа потребно е дополнително внимание во следните недели. Ако продолжи трендот на пораст на приносите на главните американски и европски обврзници, на новите пазари им претстои многу диво движење. Дури и гореспоменатата изјава на регулаторот на кинескиот пазар може да сугерира дека Кина може дополнително да ја ограничи ликвидноста, особено во вжештениот сектор за недвижнини.

Смените на пазарите на обврзници исто така го диктираа развојот во индустриите. Цикличните акции, енергијата, материјалите и финансиските акции се попривлечни во целата оваа приказна, додека ИТ и потрошувачката се помалку. ИТ индустријата загрижува заради високите проценки поддржани од евтините пари, а потрошувачката кратењето на маргините, кои се намалуваат доколку цените на стоките растат побрзо од продажните цени. Негативниот тренд во снабдувачката индустрија продолжи и покрај многу добрите резултати и привлечни проценки, бидејќи неодамнешната временска непогода во Тексас ја откри ранливоста на секторот.



МАРТ 2021

32 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА С автори:

МАЈА ГЕРОВСКА- МИТЕВ НИКОЛА ПОПОВСКИ МИЛА ЦАРОВСКА БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ПОГЛАВЈЕ 6 Предизвици и политики на пазарот на труд на среден рок Развојот на државите, како на економски, така и на општествен план, во голема мера е условен од движењата на пазарот на труд. Оваа условеност е повеќенасочна, па така пазарот на труд е исто така зависен од демографските, миграциските, образовните, културните и другите специфики и трендови на национално, но и глобално ниво.

Македонскиот пазар на труд од 90-тите години на 20-тиот век до денес, помина низ низа преобразби, вклучувајќи: структурни промени предизвикани од повлекувањето на директната контрола на државата над економијата и растот на приватната сопственост, редистрибуирајќи го со тоа бројот и квалитетот на работните места низ различни сектори, гранки и региони; институционални промени – преку зајакнување на социјалниот дијалог, воведување синдикален плурализам, основање приватни агенции за вработување и сл.; како и легислативни промени кои ја зајакнаа правната рамка за стандардите на работа, минималните плати и активните политики на пазарот на труд. Од денешна перспектива, македонскиот пазар на труд повторно се наоѓа во потреба од преобразба,

како резултат на низа фактори, меѓу кои секако е и соочувањето со пошироките влијанија од пандемијата Ковид-19. Во таа насока, ова поглавје стреми да истакне некои од клучните предизвици на пазарот на труд на среден рок, како и можни мерки и политики за нивно пресретнување.

Трендови на иселување и стареење на населението и влијанието на пазарот на труд Трудот отсекогаш бил исклучително важен економски и развоен фактор на што се посветува многу внимание. Тој е карактеристичен бидејќи спаѓа во класичните економски фактори од нематеријална природа и по својата природа е ендоген. Неговите квантитативни и квалитативни обележја се многу важни за економскиот развој на краток, среден, долг и многу долг рок.


33

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

СРЕДЕН И ДОЛГ РОК (6) Носител на трудот е работната сила, иако во последниве 4 – 5 декади науката и практиката направија јасна дистинкција помеѓу работната сила како носител на трудот со неговите мануелни и други физички способности од една и неговите знаења и вештини од друга страна. Тоа придонесе на класичните три економски фактори (природни ресурси, труд и капитал) да се додаде и четвртиот фактор во форма на расположлива технологија (технички прогрес) со своите материјални (технички) и нематеријални (знаења и вештини) елементи. Последново, знаењата и вештините станаа толку важни за економијата и развојот, што денес многу често за развиените економии, но и не само за нив, зборуваме како за „економии базирани на знаење“ или „економии на знаење“, па дури и „општество базирано на знаење“. Тоа

не е случајно бидејќи со статистичките мерења на придонесите на факторите на развојот, веќе одамна се утврдува дека учеството на резидуите од класичните три фактори (т.н. TFP) е секогаш речиси за 50 и повеќе отсто од останатите заедно. Денес за оној дел од трудот на работната сила што ги има овие карактеристики, најчесто се користи изразот „човечки капитал“ (HC). Кога станува збор за пазарот на трудот, ова е мошне важно да се истакне бидејќи носител на тој фактор, како што кажавме, е токму работната сила. Од своја страна, пак, изворот на работната сила е населението со сите свои познати белези и карактеристики. Населението во економијата и во развојот на општеството во целина има двојна, но и конфликтна улога. Двојна, бидејќи едновремено се јавува како носител

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Нивниот труд е преточен во студијата „Големата слика: Македонската економија на среден и дол рок“,издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларијата во Скопје. „Капитал“ ви ги претставува сите девет поглавја од студијата – целосно или делумно, со дозвола од Фондацијата. Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска - Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок. Целата публикација е достапна на веб страната на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – www.fes-skopje.org


МАРТ 2021

34 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Пандемијата Ковид-19 не е причинител за клучните предизвици на пазарот на труд во национален контекст, иако истите секако ќе ги нагласи и димензионира. Претходни истражувања и анализи веќе укажаа на состојбите на неусогласеност меѓу понудата и побарувачката во државата, истакнувајќи го „релативното влошување на позицијата на високообразованитe работници како резултат на големата понуда на вакви работници, прекумерниот обем на квалификации кај услугите и продажните работници, како и квалификувани земјоделски работници; и недоволно образование кај менаџерите на производниот процес, односно на понудата од една, но и на страната на финалната побарувачка во улога на краен потрошувач на произведените финални добра и услуги од друга страна. Во првата улога е само дел од населението, а во втората е целокупното население. Конфликтна, бидејќи може да биде движечка сила на развојот, но и повеќе или помалку ограничувачки фактор на развојот. Прекумерното население со брз природен раст и со недоволна економска ангажираност може да претставува пречка во развојот, но и обратно, недоволното население и соодветно на тоа работна сила, може да оневозможи целосно користење на природните ресурси и особено на физичкиот капитал. На големината на населението како извор на работната сила, во основа, влијаат два фактори – природниот прираст и неговата стапка (наталитетот – морталитетот) и миграциските движења во и од земјата (имиграција – емиграција). Сите четири фактори се со речиси подеднакво значење за населението, па оттука и за работната сила и економијата во целина. Движењето на населението во Северна Македонија поминува низ многу специфичен период. Се наоѓаме во фаза од развојот кога и природниот прираст и миграциското салдо се негативни и со тоа влијаат на брзо намалување на бројот на населението, па оттука и на работната сила, што во голема мерка може да влијае на пазарот на трудот. Историски гледано, македонското

население во последниве 80 години има динамичен развој. Како што може да се види и од табела 6.1., од 1,15 милиони во 1948 година и 1,3 милиони во 1953 година (Државен завод за статистика, 1988), тоа достигна до 2,02 милиони во 2002 година (Државен завод за статистика, 2008). Во периодот 1944 – 2002 година Северна Македонија го помина процесот на демографската транзиција (период во кој дотогашните високи стапки на морталитет рапидно се намалуваат заради подобрените општи услови за живеење, а стапките на наталитетот одредено време се задржуваат на дотогашното повисоко ниво) и слободно можеме да оцениме дека и покрај процесот на умерени емиграциски движења, населението двојно се зголеми, а со тоа се зголеми и бројот на работната сила и активното население што претставуваше и една од основите за развојот на економијата и земјата. Познат е фактот дека по 2002 година не е направен попис на населението и затоа сегашните податоци се прилично несигурни за анализа. ЕУ проценува дека на 1 јануари 2019 година во Северна Македонија има 2,1 милиони население од кои 16,4 отсто се под 15 години, а 14,1 отсто над 65 години (Eurostat, 2020a), што е важно за пазарот на трудот. Во последниве две декади за кои немаме точни и релевантни податоци освен проценки, бројот на населението во Северна Македонија, како впрочем и во другите земји од регионов и поширокото подрачје на континентот, почна да варира благодарејќи на засилените

миграциски движења, особено емиграциските. На пример, според проценките на Светска банка можно е, во последниве 2 – 3 децении од земјава да емигрирале во странство околу 300 – 400 илјади луѓе што претставува околу 15 – 20 отсто од вкупното население. Друг сериозен проблем е што на процесот на стареење на населението (општествен, а не природен процес) почна да се надоврзува и процесот на сè помал, па дури и негативен прираст на населението. Податоците од ДЗС на РСМ покажуваат дека природниот прираст секоја година е сè помал: 15.772 во 1994; 9.083 во 2000; 3.963 во 2008; и во 2018 година тој беше само 1.606 лица, а веќе во 2019 година за прв пат во историјата природниот прираст беше негативен и изнесуваше – 601 лица (Државен завод за статистика, 2019, стр. 13). Овој тренд е загрижувачки и веројатно ќе остане како траен во еден подолг временски период што во многу ќе влијае на пазарот на трудот во идните 2 – 3 децении. Посебен проблем е што во емиграциската структура на женската популација доминираат жените во фертилниот период што со себе ќе повлече дополнително намалување на наталитетот во земјата. Спротивно на нас, ЕУ (заедно со ОКВБ) на пример, оценува дека нејзиното население ќе расте од 512 во 2018 година на 525 милиони во 2044 година, пред да отпочне да се намалува (Eurostat, 2019, p. 14). Имајќи предвид дека Северна Македонија


35

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

традиционално не е, но и реално не може да биде имиграционо подрачје во блиска иднина, ваквите движења на населението од аспект на природното движење и миграциските движења, неизбежно ќе доведат до намалување на апсолутниот број на населението, но и на работната сила и активното население. Со оглед на намалувањето на големината на популацијата на работната возраст и растечкиот број на постари, но и

многу стари луѓе во општеството, една од најгорливите загрижености за општеството и економијата, но и за креаторите на политиките во иднина ќе биде да се поттикнат старите луѓе да останат што е можно подолго во рамките на работната сила и активното население. Во тој процес Северна Македонија има предности бидејќи очекуваното траење на работниот век на населението е само 31,0 години во 2016

и 31,7 години во 2019 година (слика 6.1 и 6.2.) и е релативно ниско во споредба со земјите од Европа каде што просекот е малку над 35 години (Eurostat, 2020b). Интеграциските процеси на Северна Македонија кон НАТО и особено кон ЕУ не само што нема да ја сменат сликата, туку врз основа на настаните и движењата во земјите од регионов што го поминаа тој пат (Бугарија, Романија, Хрватска, Словенија), истите ќе ја


МАРТ 2021

36 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

продлабочат. Бугарското население, на пример, во последниве 25 години се намали од близу 9 на 7 милиони жители (World Bank, 2013). Имено либералниот пазар на работната сила во рамките на ЕУ предизвикува процес на поместување на работната сила од помалку развиените нови членки кон најразвиените на кои им е потребна дополнителна работна сила. Многу е веројатно дека на многу долг рок Северна Македонија ќе треба да има потреба да привлекува работна сила од оние делови на светот каде што демографските движења сè уште ќе се позитивни, а тоа се делови од Азија и Африка за да може да го урамнотежува пазарот на работна сила што би можел да се одликува со хронично ниска понуда. Процесот на стареење на населението и на неговото апсолутно намалување може да предизвика и други дополнителни проблеми и предизвици во економијата. Една студија на Светска банка уште

од 2007 година (Chawla et al.) упатува на прашањата на стареењето на населението во транзициските и посттранзициските земји и: пазарот на трудот; штедењето и финансиските пазари; здравствените и пензиските трошоци; образованието и др.

Неусогласеност помеѓу понудата и побарувачката и можен недостиг на работна сила

Пред почетокот на пандемијата Ковид-19, пазарот на труд во Северна Македонија покажуваше нагорен тренд, што можеше да се огледа во растечката стапка на активност, вработеност, како вкупна, така и кај жените, опаѓачката стапка на невработеност, вкупна, но и кај младите, како и зголемената понуда, односно број на слободни работни места (табела 6.2.). Иако официјалната статистика, согласно Анкетата за работна сила, покажува мал пораст на вработеноста за првиот квартал од 2020 година, очекувано е дека пандемијата ќе ги помести

перформансите на македонскиот пазар на труд. Од аспект на сектори кои најмногу ја апсорбираат работната сила, податоците од АРС за 2017 година покажуваат дека повеќе од половина од вработувањето во Северна Македонија (65,1%) е концентрирано во три економски активности: „Трговија на големо и мало, транспорт, сместување и услуги за храна“ (23,4%) и „Земјоделство, шумарство и рибарство“ (21,9%) и „Индустрија, без градежништво“ (19,8%). Во вкупната индустрија, најголем удел има преработувачката индустрија, чиј удел е 16,8% во вкупната економска активност во државата. (графикон 6.1.) Споредбата со Европската Унија, покажува дека со исклучок на секторот земјоделство кој е еден од трите најголеми сектори кои ја апсорбираат работната сила во Северна Македонија за разлика од ЕУ, другите три доминантни сектори се исти (Трговија на големо и мало, транспорт, сместување и услуги за


37

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

храна“, „Индустрија, без градежништво“ и „Јавна управа, образование, здравство, социјална заштита“). Она што е специфично за секторот земјоделство во Северна Македонија, е што во истиот се вклучени голем дел на неплатени семејни работници, па така за значителен дел од вработените во овој сектор, ваквото вработување претставува нeсигурен и ниско платен работен ангажман. Пандемијата Ковид-19 не е причинител за клучните предизвици на пазарот на труд во национален контекст, иако истите секако ќе ги нагласи и димензионира. Претходни истражувања и анализи веќе укажаа на состојбите на неусогласеност меѓу понудата и побарувачката во државата, истакнувајќи го „релативното влошување на позицијата на високообразованитe работници како резултат на големата понуда на вакви работници, прекумерниот обем на квалификации кај услугите и продажните работници, како и квалификувани земјоделски работници; и недоволно

образование кај менаџерите“ (MojsoskaBlazevski, 2019, стр. 48). Согласно податоците од Анкетата за потреба од вештини на пазарот на труд во 2020 година, според степенот на потребно знаење (образование) од очекуваните вработувања, 8,4% ќе бидат за лица со завршено високо образование, 9,3% за лица со завршено средно и вишо образование, доминантни 46,9% ќе бидат за лица со завршено средно образование, и 35,4% вработувања се очекува да бидат за лица со завршено основно образование (Агенцијата за вработување, 2019). Овие административни податоци, кои имаат индикативен карактер, укажуваат на потребата од усогласување на образовниот профил на работната сила со побарувачката за истата. Како што може да се види и од графиконот 6.2., во последните неколку години пораст се забележува само кај активното население со терцијарно образование, додека

активното население без образование и незавршено основно образование, како и активното население со средно образование, бележат намалување. Ваквите трендови кои се во расчекор со актуелната побарувачка за работна сила, неминовно мора да бидат пресретнати со мерки како во образовната политика, така и преку активната политика на пазарот на труд. Покрај започнатите промени кои се најавија во средното стручно образование, како и дуалното образование, неопходни се промени и во високото образование. Уписната политика во високото образование е премногу „либерална“ и истата ниту е во контекст со потребите на пазарот на труд, ниту пак, дозволува филтрирање на младите согласно нивните постигнувања и капацитети. Една од мерките која може да ја надмине оваа состојба и да го подобри квалитетот на високото образование, е враќањето на приемните испити на сите факултети, кое беше укинато како резултат на


МАРТ 2021

38 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

претходните политики за широка достапност на високото образование. Ваквата политика, надополнета со заситеноста од високообразовна понуда, односно голем број акредитирани високообразовни институции од државен и приватни сектор, се дел од факторите за неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд. Приемните испити би биле еден од факторите кои би можеле да влијаат за пренасочување на активното население кон струки согласно нивните потенцијали и капацитети. Поголема контрола при акредитацијата на високообразовните институции и студиските програми кои ги нудат, со цел избегнување на презаситеност на образовната понуда согласно потребите на пазарот, може дополнително да придонесе за усогласување на образовниот профил на работната сила со побарувачката за истата. Јавната политика во високото образование мора подобро да ја одрази разновидноста на потребните вештини и да размисли како се создаваат овие вештини во текот на целиот животен циклус. Ова бара разгледување на ненамерните последици доколку јавните интервенции ја сменат траекторијата училиште – работа, разгледување на разликите помеѓу тоа дали се посакуваат когнитивни или некогнитивни вештини, да разберат како се создаваат различни вештини и динамиката на образованието на поединците и изборот на кариера. Дополнително, активните мерки и програми за вработување може да помогнат на лицата кои го изгубиле вработувањето или не успеваат самостојно да се снајдат на пазарот на труд. Понудата преку активната

политика на пазарот на труд за обука, доквалификација, преквалификација и вработување треба да биде профилирана според потребите на пазарот на труд, но и прилагодена согласно образовниот профил на барателите на работа, за да истата може да биде искористена. Исходите од активните мерки за вработување треба да се гледаат на среден или долг рок. Card, Kluve и Weber (2017) заклучуваат дека просечните влијанија на овие активни мерки и програми се близу нула на краток рок, но честопати стануваат попозитивни на среден до долг рок (две до три години по завршувањето на програмата). Исто така тие откриваат дека има значителни разлики во влијанието според типот на програмата: Најголем ефект имаат програмите кои ја потенцираат акумулацијата на човечкиот капитал, додека програмите кои помагаат при барање работа, се помалку исплатливи на долг рок. Значајна хетерогеност се среќава кај учесниците во однос на ефектот на овие програми; на пример, се покажува дека жените и лицата кои биле долгорочно невработени, имаат најголема корист. Исто така се покажало дека активните мерки за вработување имаат најголемо влијание за време на економска рецесија. Како што е наведено од Heckman, LaLonde и Smith (1999), сепак, голем дел од овие активни програми за вработување не го поминуваат тестот на чинење наспроти придобивките. Дури и кога тие се рентабилни, тие ретко се поврзани со подобрувања на вештините. Во таа насока, потребно е инвестициите во активните мерки за вработување во Северна Македонија да бидат добро

насочени, притоа имајќи предвид дека тие се само помагателна алатка, но не и долгорочно решение за неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката. Една од спецификите на македонскиот пазар на труд е недостиг на работна сила од специфични квалификации кои не бараат високо образование. Анализата на податоците на Агенцијата за вработување, во однос на актуелните занимања за кои има најголем број огласени слободни места (графикон 6.3.), покажува дека освен за работното место инженер по информациски технологии, како и за неколку за кои е потребно средно стручно образование (биолошки техничар, хемиски техничар и сл.), во најголемиот број случаи станува збор за мануелни работни места, за кои се потребни основни вештини и базична писменост. Овие податоци исто така говорат дека Северна Македонија е далеку од економиите кои се засновуваат на знаење. Можниот недостиг на работна сила, освен поради неусогласеноста на бараните квалификации, може да се јави и како резултат на сè помасовното заминување на младите лица, но и повозрасните работници надвор од државата, како извор за барање на подобро платено работно место. Ваквите трендови дополнително треба да се пресретнат не само преку образовната, даночната и политиката на вработување, туку и преку стратегии за искористување на сè позачестените мигрантски бранови, кои проаѓаат низ државата, како потенцијална работна сила. (Продолжува во следниот број: Невработеност кај младите; Флексибилизација на работните места; Заклучок) nnn



МАРТ 2021

40 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

МИЛАН ДИМИТРИЕВСКИ УПРАВИТЕЛ НА X FACTOR ACCELERATOR

ЈА ПОЧНАВМЕ НОВАТА ИНВЕСТИЦИСКА ПРОГРАМА Улогата на X Factor Accelerator има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел ќе започнеме со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании. Дел од придобивките на пријавените се специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.


41

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

X

Фактор Акцелератор (X Factor Accelerator) од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси. Основачи на акцелераторот се Игор Андреев, бизнис консултант, Милан Димитриевски сопственик на компанијата Делта – пром инг, Тодор Левков, искусен банкар и Сашко Панчевски, сопственик на компанијата Еуропап. Проектот за негово стартување во декември 2018 година, се реализираше со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори. „Од стартувањето со работа пред нешто повеќе од две години, заклучно со крајот на 2020 година, се реализираа два инвестициски циклуси, низ кои во конкуренција на повеќе од 100 апликанти, преку две пред-акцелераторски програми се менторираа 25 стартап тимови. Од нив, на двата Демо Денови, се презентираа 17 бизнис идеи пред Комитетот за одобрување инвестиции и целната јавност. Крајно, согласно претходно утврдените критериуми, членовите на Комитетот преку детална длабинска анализа на сите бизнис – идеи, донесоа одлука за инвестирање во два најатрактивни стартапи, за кои се процени дека имаат огромен потенцијал за брз раст на глобално ниво. На тој начин, X Фактор Акцелератор се издвои како прв, од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој објави две инвестиции во износ од 200.000 евра, во стартап-тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.“, ни објасни Милан Димитриевски, којшто е всушност, управител на акцелераторот. X Фактор Акцелератор штотуку ја објави и новата Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15 март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании. Разговаравме со Димитриевски околу новата инвестициска програма, а тој ни откри и малку повеќе детали околу двата стартапи што се покажаа најуспешни во првите инвестициски циклуси досега. XX XFactor Accelerator ја отвори новата Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 евра во стартап фирми. Покрај моменталната ситуација со Ковид-19 кризата, дали мислите дека тоа ќе има влијание врз храброста за започнување нов бизнис или напротив, ќе поттикне нови иновативни решенија? “Секоја криза е и нова можност”.

MАРТ 2021

Од стартувањето со работа на X Фактор Акцелератор пред нешто повеќе од две години, заклучно со крајот на 2020 година, се реализираа два инвестициски циклуси, низ кои во конкуренција на повеќе од 100 апликанти, преку две предакцелераторски програми се менторираа 25 стартап тимови. На фотосот, Игор Андреев, еден од основачите на акцелераторот и бизнис консултант во истиот, при една од менторските сесии.

Сметам дека овој период е доста поволен за размислување и поттик за нови, иновативни решенија. Наместо компаниите да го губат своето драгоцено време на песимистички погледи кон иднината, ова е добар период да почнат да анализираат и да се подготват за навраќање кон сите можни деловни активности и идеи кои останале нереализирани. Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата – X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија. XКои X критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот? Треба да се работи за оформен, искусен и посветен тим, оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација, да има веќе продажба на први клиенти, и компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% македонска сопственост. Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст. XКакво X беше искуството од претходните акцелераторски програми, дали очекувате поголем број на пријавени оваа година? Веќе со самата најава за почетокот на Акцелераторската програма добивме значаен број на квалитетни апликации. Со оглед на успехот од минатата година оваа година очекуваме поголем број на бизниси кои ќе аплицираат со иновативни идеи. Во однос на искуството од минатата година, горди сме на успехот на двете исклучително атрактивни и иновативни бизнис – идеи, за кои сме убедени дека со заеднички сили (во синергија со основачите), ќе направиме да имаат глобален успех. Првиот стартап е во прехранбената индустрија, се работи за компанијата Матриошка (Matryoshka) чиј тим преку развој на два иновативни технолошки процеси креираше два уникатни производи во светски рамки и тоа: сладолед од вино со варијација од 5% до

13.5% вински алкохол (по желба), што има еквивалентен ефект на консумирање една чаша вино и природен адитив од комиње за разни производи во прехранбената индустрија. Тој првично ќе се додаде во основната смеса на сладоледот како засладувач, со што покрај збогатувањето со антиоксиданси, сладоледот ќе добие и природна боја и зголемен рок на траење, што крајно доведува 40% пониски калории од обичниот сладолед и претставува револуционерна идеја во двете индустрии. За сладоледот од вино е креиран MVP (minimum viable product) и по набавката на машините следува производство и комерцијализација за што веќе е креирана првична „Go to market“ глобална стратегија, додека природниот адитив од комиње е чекор поназад, со креиран прототип кој сè уште се тестира во лабораторија. Вториот стартап е во ИТ – секторот, тоа е компанијата Вижн Дајнемикс (Vision Dynamix). Формиран е како спин – оф компанија на ФЕИТ – Скопје, при што нивниот производ е конкурентен и во споредба со оние кои се развиваат од страна на директните светски конкуренти од Силиконската долина. Станува збор за софтверска платформа (Dynamix Mapper) која создава 3Д мапи со голема прецизност, користејќи state of the art алгоритам за симултана локализација и мапирање (SLAM), спротивно на постоечките и застарени фотограметриски техники. Покрај прецизноста, уникатната конкурентска предност на ова иновативно решение произлегува пред сè од брзината, со оглед на фактот што целиот систем е за 20 пати побрз од конкурентските. Софтверот може да се користи во индустрии за кои е потребно 3D мапирање, како геодезијата и градежната индустрија, при што во кастомизирана варијанта веќе почнаа да го употребуваат домашни геодетски компании. Една од можностите која ја нуди Dynamix Mapper е за реална 3Д реконструкција на сообраќајни несреќи, со сите просторни димензии на местото на настанот. Сепак, најголемиот потенцијал на производот


МАРТ 2021

42 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со експертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers. Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансиите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите. Дополнително - акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

произлегува од фактот што и возилата со автономна навигација имаат потреба од овие решенија, за да можат во реално време и динамичка состојба да создаваат слика во 3Д формат за околината во која се движат. Развојот на софтверот е во напредна фаза, веќе се користи од страна на првите клиенти, а паралелно со неговото доусовршување се работи и на имплементирање соодветна маркетиншка стратегија за влез и комерцијализација на глобалниот пазар. Покрај иновативноста на производите и огромниот потенцијал за раст во светски рамки, заедничко за двата стартапи е тоа што се основани од силно мотивирани поединци со амбиција за глобален успех. XКаква X ќе биде улогата на X Factor Accelerator во програмата? Кои се придобивките на пријавените и на кој начин ќе бидат менторирани? Улогата на X Фактор Акцелераторот има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании. Дел од придобивките на пријавените се специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со експертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers. Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансиите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите. Дополнително - акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства. XОд X вашето досегашно искуство, што е најважно за еден стартап да биде успешен? Тимската работа, практичните бизнис искуства на тимот, огромната посветеност и силната желба за постигнување реални успеси и раст на глобално ниво, би ги издвоил како клучни фактори за еден стартап да биде успешен. Секако тука се и иновативноста на продуктот како и потенцијалот за раст на глобално ниво, што е неизбежно и за квалификација на бизнисот во акцелераторската програма. Овогодишниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/, одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504



44 КАРИЕРИ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

ЕКСПЕРТ ЗА РЕГРУТИРАЊЕ КАДРИ СОВЕТУВА

НЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА САМО ОНИЕ ИНТЕРВЈУИРААТ. ЕВЕ ШТО МОЖЕТЕ И ВИ ПРАШАТЕ ВАШИОТ ПОТЕНЦИЈАЛЕН РАБО

Како директор на Центарот ЛИЗА КИРКПАТРИК за кариерен менаџмент при Келог школа за менаџмент Келог школата за менаџмент ногу луѓе забораваат дека интервјуата за работа се и поранешен регрутирач „двонасочна улица“ – и на кадри со 10 години дека, ако се реализираат искуство, имам сфатено како што треба, може да прераснат во плодна конверзација дека и најквалификуваните помеѓу кандидатот и интервјуирачот. кандидати пропуштаат Како директор на Центарот за кариерен менаџмент при Келог школата за да се истакнат себеси во менаџмент и поранешен регрутирач однос на конкуренцијата на кадри со 10 години искуство, имам со тоа што не прашуваат сфатено дека и најквалификуваните кандидати пропуштаат да се истакнат помалку незгодни, но себеси во однос на конкуренцијата со тоа сепак промислени што не прашуваат помалку незгодни, но прашања. Подолу е сет сепак промислени прашања. (Обично, тие прашуваат само некакви генерички од пет прашања коишто прашања за коишто лесно може да се искрено би сакала повеќе најдат одговори со обично пребарување кандидати да имаат смелост на Гугл.) Подолу е сет од пет прашања коишто да ги прашаат додека се искрено би сакала повеќе кандидати да интервјуирани по повод имаат смелост да ги прашаат додека се интервјуирани по повод некој оглас некој оглас за работа.

М

за работа. И додека некои од нив се чинат премногу непријатни за да се постават, во секој случај не само што ќе го импресионирате со нив менаџерот за човечки ресурси што ве интервјуира, туку и ќе го напуштите интервјуто чувствувајќи се многу посамоуверено и со подобри сознанија за самата работна позиција. Кои се најголемите предизвици со коишто ќе се соочам во првите 90 дена, и како ќе биде мерен успехот? Ако ве интервјуираат за повисока позиција, ова е прашање што неретко може вам да ви го постават. Но ако не, тогаш вие прашајте ги нив. Деведесет дена е обично пробниот период во којшто компанијата определува дали тоа што ве ангажирала е добра одлука. Затоа е добро да сте подготвени и потполно да разбирате кои се очекувањата од вас и дали вашето искуство и способности се доволен индикатор дека сте вистинската личност за работното место. Немојте да се возбудувате премногу ако предизвиците ви се чинат претешки, затоа што како новоангажирани на позицијата, не мора да значи дека


45

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Е ШТО ИЕ ДА ГО ОТОДАВЕЦ веднаш ќе ви го оценуваат знаењето. Ако навистина ја сакате работата, мора да сте спремни да учите и да направите се’ што треба за да влезете во колосек и да станете одлични во тоа што го работите. Има ли нешто во мојата биографија што прави да се колебате дали да ме пуштите понатаму во процесот на селекција? Менаџерите за регрутирање кадри обожуваат кога кандидатите го поставуваат ова прашање, затоа што покажува чувство за самосвест. Одговорот што ќе го добиете можеби е тешко сварлив, но подобро е да знаете сега, во раната фаза од интервјуто, за да имате време да ја коригирате перцепцијата на работодавачот и да го смените наративот. На пример, ви кажат нешто вакво: „Се плашам дека нема да бидете среќни со оваа работа затоа што не e позиција каде што имате директен контакт со клиентот.“ Вие можете веднаш да се снајдете со следниов одговор: „Ја разбирам вашата загриженост. Но, токму затоа јас и се пријавив за оваа работа.

Никогаш не треба да сте неинформирани околу тоа како вашите вештини се носат со оние на конкуренцијата. Ако интервјуирачот спомне некоја област каде што се чини дека сте послаби, вие објаснете како вашето искуство ги обезбедува тие посакувани вештини. Или, може да користите обратна тактика и да дискутирате за уникатните вештини што ги имате, а останатите кандидати веројатно ги немаат. Во позиции со директна интеракција со клиентите сум во најголем дел од мојата кариера, и сега сакам да правам нешто поинакво.“ Како ви изгледа мојот бекграунд во споредба со другите кандидати што ги интервјуирате? Никогаш не треба да сте неинформирани околу тоа како вашите вештини се носат со оние на конкуренцијата. Ако интервјуирачот спомне некоја област каде што се чини дека сте послаби, вие објаснете како вашето искуство ги обезбедува тие посакувани вештини. Или, може да користите обратна тактика и да дискутирате за уникатните вештини што ги имате, а останатите кандидати веројатно ги немаат. Доколку не го поставите ова прашање, може две работи да се случат: • Да отидете во следна фаза на процесот, но да ги истакнете сите погрешни поенти зошто сте најквалификуваната личност за позицијата. • Да не отидете понатаму...и да немате поим зошто. Знам дека пандемијата предизвика досега невидени нарушувања за многу компании. Како вие како менаџер се справувате со ситуацијата? Прашањево внесува човечка димензија, којашто е ретка при овој тип разговори. Барате од интервјуирачот да се помести за момент од компаниските точки на гледање и наместо тоа, да го рефлектира своето лично искуство. Добар одговор на менаџерот би бил

искрен и автентичен . Исто така би покажал дека тој/таа имаат квалитети како што е емпатија и емоционална интелигенција. Еве одличен пример за тоа: „Забележав дека не е лесно да се менаџира тим од далечина. Сега повеќе сфаќам колку е тешко да се балансира помеѓу работата и семејството кога работите од дома. И го направив (тоа и тоа) за да биде текот на работата поефикасен и помалку стресен за мојот тим.“ Работодавците би можеле дури и вас да ве прашаат како се справувате со пандемијата, со тоа овозможувајќи да се поврзете со нив на подлабоко, повеќе персонално ниво. Според вашето искуство, што направила компанијата за да промовира различност, еднаквост и инклузија? Некои луѓе се колебаат да го постават ова прашање, затоа што не сакаат да изгледа како да го ставаат работодавецот „под рефлектор“. Но, ова прашање е апсолутно потребно! Целта е да се добие лична перспектива што ја рефлектира компаниската посветеност кон различноста, еднаквоста и инклузијата. Дали компанијата направила некакви промени минатата година? Дали има посебен тим што се грижи за промовирање на еднаквоста од сите видови? Дали резултатите се добри? Одговорот ќе ви помогне да одредите колку е работодавецот целно насочен и дали нивните вредности се поклопуваат со вашите. 


46 МЕНАЏМЕНТ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

КОРОНА – КРИЗАТА НОСИ ОПАСНОСТ ОД СТАПИЦИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ

ПРАШАЊА ШТО ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИ ТОП МЕНАЏМЕНТОТ

Организациите од сите видови го чувствуваат притисокот од тоа истовремено да се борат за преживување на актуелната криза, но и да се подготвуваат за радикално променета иднина. Како да се споделат економските последици со акционерите? Како да се реанимираат синџирите на набавка со цел да бидат поотпорни утре? Како да се избегнат грешките што се правеа во последната финансиска криза – на пример, предолгото чекање за реакција; претераната реакција со преголемо кратење на трошоци или едноставно, кратење на погрешни места?

В

HARVARD BUSINESS REVIEW лијанието на Ковид – 19 пандемијата врз светската економија и општествата од ден на ден е се’ поголемо. Организациите од сите видови го чувствуваат притисокот од тоа истовремено да се борат за преживување на актуелната криза, но и да се подготвуваат за радикално променета иднина. Како да се споделат економските последици со акционерите? Како да се реанимираат синџирите на набавка со цел да бидат поотпорни утре? Како да се избегнат грешките што се правеа во последната финансиска криза – како што беше тоа предолгото чекање за реакција; претераната реакција со преголемо кратење на трошоци или едноставно, кратење на погрешни места? Компаниите ширум светот се соочуваат со ниво на опасност невидено досега од Втората светска војна наваму. Нивните лидери и управни одбори се соочуваат со огромна нервоза и притисок не само поради заканите за опстанокот на компаниите, туку и поради

опасностите по здравјето на вработените, потрошувачите, како и самите тие и нивните семејства. Токму во моментот кога бизнис лидерите треба да се прилагодат за да се соочат со екстремно голем број на опасности и непознаници, овој стрес значи дека многу менаџерски тимови и директорски одбори може да станат жртви на т.н. „threat rigidity“, што во суштина значи замрзнување на иновациите и поголемо приклонување кон активности што се покажале успешни во минатото одошто форсирање на нови пристапи во бизнисот. Оваа тенденција, како и рестрикциите за социјално дистанцирање што во основа ги спречуваат луѓето од лидерските тимови и компаниски одбори да се состануваат лично на формални и неформални средби, во голема мера ги зголемуваат шансите дека тие нема да одговорат адекватно на предизвиците. Врз основа на неодамнешните истражувања на консултантите од Harvard Business Review, нивната пракса и долгогодишен интерес за ефектите на притисокот во работната средина, тие нудат неколку начини како да се избегнат три можни стапици за бизнис лидерите.


47

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1094

Стапица бр.1: Тесноградо мислење

На прва веројатно ќе си помислите дека кризата ги прави луѓето повеќе иновативни, во стилот „нуждата е мајка на инвенциите“. Но, реалноста е дека нашата природна тенденција е да бараме комфор и извесност – да се потпреме на веќе познатите “лекови“, всушност она што го правиме добро најчесто. Извршните тимови и директорските одбори може да ја надминат оваа стапица така што ќе си ги постават следниве клучни прашања: u Што прават сега другите организации – особено оние потенцијални нови конкуренти на нашиот пазар? Фокусирајте се на оние играчи што влегуваат во вашата индустрија, географска територија или потрошувачки сегмент, затоа што помалку веројатно е тие да имаат некои веќе застарени методи на коишто би се потпирале. u Дали кризниот план што го креиравме и вежбавме е соодветен за оваа конкретна криза? Отворено дискутирање на ова прашање ќе им помогне на менаџерите да сфатат дали ненамерно го прифаќаат делумно или целосно постојниот план поради тоа што е најдобар начин да се справат со предизвиците или затоа што несвесно го избегнуваат потешкиот пат – да креираат сосема нов пристап. u На кои надворешни советници може да се потпрете за да ви помогнат во проверката на вашите претпоставки и во проникнувањето во индустриите и пазарите? Значителен број на постојни советници на компанијата (адвокати, консултанти, ревизори, итн.) коишто работат со широк круг на клиенти, индустрии и земји, можат да им помогнат на лидерските тимови да размислуваат пошироко и да ги искористат најефективно потенцијалните решенија.

Стапица 2: Вртење кон лидерот

Кога се чувствуваат загрозено, луѓето имаат тенденција да се вртат кон лидерот барајќи инспирација, знаење и сила. Но, директорите мора да одолеат на нагонот за инстинктивно вртење кон највисоко рангираниот лидер во компанијата и наместо тоа, да се осигурат дека ќе ги искористат потенцијалите и вештините на сите лидери и менаџери. Во тоа ќе помогне доколку си ги постават следниве прашања: u Дали ги согледувате перспективите на вашите независни директори? Особено ако претседателот на УО е и извршен директор истовремено, клучно е да обезбедите независните членови на компанискиот борд слободно да предлагаат алтернативни гледишта. u Дали директорите се потпираат премногу на претседателот на УО во носењето на одлуки? На пример, дали извршните комисии се собираат за да решаваат „жешки“ теми и потоа обезбедуваат доволно материјал за дискусиите на бордот во целосен состав. u Дали директорите од високите нивоа се потпираат премногу на главниот извршен директор во носењето одлуки, планирањето на идните чекори и комуникациите со

Научните истражувања, како на пример оние на психологот Ирвинг Џенис, покажуваат дека во криза постои силна тенденција кон конформизам со цел да се постигне хармонија. сите засегнати страни? Треба целиот тим да биде вклучен во креирањето решенија и комуницирањето на она што се случува со јавноста. Осигурете се дека секој си го извршува својот дел од задачите.

Стапица бр.3: Конформизам

Научните истражувања, како на пример оние на психологот Ирвинг Џенис, покажуваат дека постои силна тенденција кон конформизам во криза со цел да се постигне хармонија. Некои од овие нагони се вродени: едноставно, не сакаме да ги попречиме или забавиме акциите за решавање на кризата, па така се цензурираме себеси во дискусиите. Друга слична тенденција е онаа на мнозинството во групата, еднаш штом е постигнато прелиминарна одлука или согласност за првичен план, да ги притисне останатите да се согласат и тие на консензус, со цел да се добие унифицирана акција. Како резултат, групата не троши повеќе време да истражува потенцијално подобри опции. Овој вид на колективно размислување придонело до такви фијаска во историјата, како што е на пример американската инвазија во Заливот на свињите на Куба за време на претседателот Кенеди, или пак одлуката на компанијата Форд да го развие брендот Edsel, кој неславно помина на пазарот во 1960-те. За да се избегнат овие стапици, тимот треба да си ги постави следниве прашања: u Дали секој ги има добиено целосните информации и шанса да формира сопствено мислење пред да ги чуе другите? Дали секој целосно ги разбира проблемите и има можност

да поставува прашања пред да се презентираат предложените решенија? Дали директорите, на пример, имале пристап до релевантни менаџери надвор од највисокото ниво, а чиешто знаење е клучно за адресирање на кризата (на пр., шефот на набавки, којшто вообичаено не учествува на состаноците на бордот). u Дали сите експерти ја споделуваат својата експертиза? Секој експерт треба да го види проблемот низ сопствена перспектива и би можел да има помалку или повеќе различни препораки. Дали топ менаџментот има прилика да ги согледа сите овие перспективи? u Дали топ менаџментот или бордот на директори едноставно го прифаќа првото изгледно решение, или продолжува да бара алтернативни, потенцијално подобри решенија? Тимот треба да се труди да дојде до поширок опсег на можни опции за секое сценарио. Поставувајќи ги овие прашања и барајќи искрени одговори понекогаш може да изгледа дека ќе ја забави реакцијата на кризата. Меѓутоа, менаџмент тимовите што поставуваат тешки прашања сега, поверојатно е дека ќе трошат помалку време и пари подоцна, за да спроведуваат она што на крајот ќе се испостави за застарен концепт и пристап во решавање на проблемите. Ако сега потрошат време да одговорат на клучните прашања што ги поставивме погоре во текстов, многу поверојатно дека ќе ја завршат работата подобро при подготовката на бизнисот за предизвиците што ќе се појават во иднина. nnn


48 ЛИДЕРИ

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

СТИВ КЕЈС КО - ОСНОВАЧ НА AOL

УПОРНОСТА НЕ Е ГАРАНЦИЈА ДЕКА ЌЕ УСПЕЕТЕ ВО НЕШТО, НО БЕЗ НЕА, СИГУРНО НЕМА ДА УСПЕЕТЕ

Стивен МекКонел “Стив“ Кејс , роден 1958 година, е американски претприемач, инвеститор и бизнисмен, најпознат како еден од основачите и поранешен директор на America Online – AOL, компанија основана во 1985 година што меѓу првите во САД понуди интернет и останати дигитални услуги. Во 2001-та AOL се спои со медиумскиот гигант Time Warner, рекордна зделка од 164 милијарди долари, која подоцна се покажа како неуспех. Кејс денес е познат како бизнис ангел, венчр капиталист, а се вклучи и во политиката, како еден од советниците на поранешниот претседател Обама. На крајот, визија без способност да ја спроведеш, излегува само халуцинација.

Планирам да ги дадам сите мои пари на крајот. На децата им го реков тоа. Богатството не е многу корисно за нив. Речиси е како товар. Подобро е да им овозможам самите да направат нешто и да постигнат свој успех.

Сите големи идеи почнуваат како чудни идеи. Тоа што сега изгледа нормално, на почетокот не било нормално за никого.

Сфатив дека можам да предвидам што ќе биде следно во технологијата, но не можам да предвидам кога точно ќе се случи.

Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

Без голем ризик нема големи иновации, нема големи промени во технологијата, пазарот и сл. Но, кога ќе станете Fortune 500 компанија, тогаш гледате да го намалите ризикот.

Конечно, тимот што ќе го изградите е всушност компанијата што ќе ја изградите.

Единствен начин да имате силна економија е да бидете подобри во иновациите од другите земји.



За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.