13 minute read

годината на пандемијата

Advertisement

COVER STORYKAPITAL.MK I БРОЈ 1095 MAРT 2021 4 COVER STORY

ДВЕ ОД ТРИ БЕРЗАНСКИ КОМПАНИИ ЛАНИ „ПРЕЛЕЖАЛЕ“ КОРОНА

Од вкупно 80 компании што досега ги доставија неревидираните финансиски извештаи на системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Македонската Берза, СЕИ-Нет, дури 56 инкасирале помалку приходи од продажните отколку во 2020 година. Сите компании заедно свртеле 2 милијарди евра од продажба, што е 15% помалку во споредба со годината претходно. По одделни сектори, намалувањето на приходите е најизразено во угостителството, индустријата, трговијата и услужната дејност, додека пак кај банкарството и фармацијата евидентно е зголемување на приходите. Заедничкиот биланс на успех, пак, на овие компании покажува добивка од 225 милиони евра и таа е благо зголемена во однос на 2019 година.

КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

COVER STORY

Најголеми приходи од сите котирани компании што досега имаат доставено неревидирани финансиски извештаи до СЕИ-Нет, лани остварила компанијата за трговија со нафтени деривати, Макпетрол. Вкупните продажби на Макпетрол за лани изнесуваат 269,3 милиони евра и се за 26% помали отколку во 2019 година. Втора по големина според приходите е компанија од истата дејност, трговија со нафтени деривати, ОКТА. Оваа компанија лани инкасирала 247 милиони евра што е дури 45% помалку на годишно ниво. Следна на листата котирани компании е фармацевтскиот гигант, Алкалоид, кој очекувано во услови на пандемија, бележи раст на приходите од продажбата. Лани оваа компанија инкасирала 197,3 милиони евра, и тоа е за 9% повеќе отколку остварените приходи во 2019 година.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Македонските компании коишто котираат на Берзата се соочиле со значително намалување на приходите од продажбите во текот на минатата година. Од вкупно 80 компании што досега ги доставија неревидираните финансиски извештаи на системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Македонската Берза, СЕИ-Нет, дури 56 инкасирале помалку приходи од продажните отколку во 2020 година. Сите компании заедно свртеле 2 милијарди евра од продажба, што е 15% помалку во споредба со годината претходно. По одделни сектори, намалувањето на приходите е најизразено во угостителството, индустријата, трговијата и услужната дејност, додека пак кај банкарството и фармацијата евидентно е зголемување на приходите. Заедничкиот биланс на успех, пак, на овие компании покажува добивка од 225 милиони евра и таа е благо зголемена во однос на 2019 година. Овој резултат произлегува од намалувањето на загубите кај компаниите што претходно работеле со минус коишто се речиси преполовени, додека пак оние профитабилните, имаат помали добивки во текот на корона – кризата.

Како работеа најголемите берзански компании

Најголеми приходи од сите котирани компании што досега имаат доставено неревидирани финансиски извештаи до СЕИ-Нет, лани остварила компанијата за трговија со нафтени деривати, Макпетрол. Вкупните продажби на Макпетрол за лани изнесуваат 269,3 милиони евра и се за 26% помали отколку во 2019 година. Втора по големина според приходите е компанија од истата дејност, трговија со нафтени деривати, ОКТА. Оваа компанија лани инкасирала 247 милиони евра што е дури 45% помалку на годишно ниво. Следна на листата котирани компании е фармацевтскиот гигант, Алкалоид, кој очекувано во услови на пандемија, бележи раст на приходите од продажбата. Лани оваа компанија инкасирала 197,3 милиони евра, и тоа е за 9% повеќе отколку остварените приходи во 2019 година. Четврта на листата е компанијата од телекомуникацискиот сектор, Македонски Телеком, со остварени приходи од 180,2 милиони евра што е 2% повеќе на годишна основа. Потоа следува друштвото чија основна дејност е производство на топло валани лужени котури, ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови и пластифицирани поцинкувани котури, Либерти од Скопје. Оваа компанија има приходи од 106 милиони евра што е само малку повеќе отколку во 2019 година. Следна е компанијата Цементарница Усје која што е производител на цемент и други градежни материјали, со инкасирани 78,7 милиони евра и со тоа продажбата е минимално поголема за 1% споредено со годината претходно. Со остварени продажби од 64,3 милиони евра, високо на листата најголеми берзански компании котира и челичарницата Макстил, но ако се

КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

спореди овој резултат со годината претходно, ќе се види дека продажбата на оваа компанија е намалена за 25%. Намалување на приходите од 11% бележи и Фершпед, така што во текот на 2020 година, оваа компанија продала услуги во вредност од 53,7 милиони евра. Следна е Прилепска Пиварница со остварени приходи од продажба на пијалоци од 26,1 милиони евра, што е за 15% помалку на годишно ниво. Првите десет најголеми котирани компании според приходите ги заокружува ВВ Тиквеш од Кавадарци, која што има приходи од 24,5 милиони евра, односно 14% помалку отколку во 2019 година. Потоа следуваат прилепскиот Мермерен комбинат со приходи од 22,2 милиони евра коишто пак се намалени за 39% на годишно ниво; уште една компанија од фармацијата, Реплек, исто така покажа значителен раст на приходите од 19% во услови на пандемија, така што во 2020 година тие достигнаа 20,3 милиони евра; Факом има приходи од 19,4 милиони евра што е зголемување од 5% на годишно ниво; компанијата од прехранбената индустрија Жито Лукс има инкасирано 17,7 милиони евра и тоа е само 1% помалку отколку во 2019 година; намалување од 24% на приходите има ФЗЦ 11 Октомври од Куманово со што тие изнесуваат приближно 15 милиони евра. Градежната компанија Фабрика Карпош има 10% помали приходи со што тие изнесуваат 14,6 милиони евра; Тутунски комбинат Прилеп има приходи од 14,3 милиони евра што е 7% помалку споредено со годината претходно; Европа има нешто повеќе од 13 милиони евра од продажба на кондиторски производи и тоа е зголемување од 4% на годишно ниво; додека пак компанијата за производство на картонска амбалажа, ДС Смитх од Скопје, инкасирала 12,8 милиони евра но тоа е за 8% помалку отколку во 2019 година. Велешката компанија Кристал 1923 којашто е преименувана лани и претходно позната како Благој

Котирани компании со најголема добивка во 2020 година

Друштво

Либерти АД Скопје Македонски Телеком АД Скопје Цементарница УСЈЕ АД Скопје Алкалоид АД Скопје (consolidated) Макпетрол АД Скопје Реплек АД Скопје (consolidated) ОКТА АД Скопје ВВ Тиквеш АД Кавадарци Скопски Пазар АД Скопје ОИЛКО КДА Скопје

Промена 2020/2019

Нето добивка во 2020 (евра) - 30.383.457,9 6,50% 26.067.821,1 19,55% 24.767.544,7 17,20% 19.349.138,2 -60,20% 5.683.268,3 22,24% 2.662.009,9 -41,46% 2.501.337,8 -27,94% 1.949.828,8 335,68% 1.741.674,8 -17,04% 1.477.561,0

Котирани компании со најголем приход во 2020 година

Друштво

Макпетрол АД Скопје ОКТА АД Скопје Алкалоид АД Скопје (consolidated) Македонски Телеком АД Скопје Либерти АД Скопје Цементарница УСЈЕ АД Скопје Макстил АД Скопје Фершпед АД Скопје Прилепска пиварница АД Прилеп ВВ Тиквеш АД Кавадарци

Приходи од продажба во 2020 (евра)

Годишна промена (%) 269.312.439 -26,3 247.042.318 -45,1 197.273.626 9,3 180.247.480 2,3 106.054.806 0,1 78.742.423 1,0 64.289.886 -24,7 53.671.756 -10,9 26.086.000 -14,6 24.484.226 -13,8

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

COVER STORY

Хотелиерите, сосема очекувано, корона – кризата ги погоди најжестоко. Македонијатурист, најголемата компанија од хотелскиот бизнис којашто котира на Македонската берза, за 2020 година прикажала приходи од основната дејност помали за цели 79%. Хотели Метропол, ресортот крај Охридското езеро во сопственост на бизнисменот Штерјо Наков, во 2020 година забележал пад на вкупните приходи за 72%, додека Интернешнел Хотелс АД Скопје, компанијата во чија сопственост е хотелот Континентал, минатата година има приходи за 88% помали во однос на 2019 година.

Ѓорев АД, во 2020 година има приходи од 10,8 милиони евра од продажба на прехранбени производи и тоа е за 12% повеќе отколку годината претходно.

Најпогодени компании од корона – кризата

Некои од компаниите што котираат на Берзата прикажуваат драматични намалувања на приходите до ниво кое го доведува во прашање нивниот опстанок. Според податоците од СЕИ-Нет, најголем пад на приходите од дури 97%, има винарницата Сковин. Со тоа, обртот на оваа компанија лани изнесува само 66 илјади евра, додека пак годината претходно компанијата свртела околу 2 милиони евра. Потоа, следува компанијата Интернешнел Хотелс која раководи со хотелот Континентал во Скопје. Очекувано, оваа компанија како и најголем дел фирми од угостителската дејност, лани имала приходи од 180 илјади евра што е дури 88% помалку отколку во 2019 година. Компанијата Трготекстил Малопродажба, покажа пад на приходите од 80% со што тие изнесуваат нешто помалку од 100 илјади евра. Уште една компанија од угостителската и туристичката дејност, Македонијатурист која работи со пет хотели: Холидеј Ин - 5* Супериор, Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош, Белви и Водно, минатата година направила обрт од само 1 милион евра, што е 79% помалку отколку во 2019 година, кога приходите биле приближно 5 милиони евра. Во речиси идентична ситуација е и компанијата Хотели Метропол од Охрид, која лани имала приходи од 965 илјади евра, а тоа е 72% помалку споредено со 2019 година. Меѓу оние компании чии приходи се најмногу скратени е и битолската компанија Патнички сообраќај, која лани свртела околу 660 илјади евра и тоа е за 67% помалку од годината претходно; за 65% помали приходи имала и Дебарски бањи – Цапа со што тие изнесуваат нешто над 1 милион евра; потоа Попова Кула која имала обрт од 305 илјади евра што е 62% помалку споредено со 2019 година; додека пак компанијата од текстилната индустрија, Тетекс од Тетово која лани престана да работи, сепак направила приходи од 1,2 милиони евра, но тоа е 54% помалку на годишно ниво.

Најпрофитабилни и најголеми загубари

Кога станува збор за крајниот финансиски резултат на компаниите, поголем дел од нив прикажале профит, додека мал дел се загубари. Најголема добивка лани има компанијата Либерти, која од загубар во 2019 година, направила пресврт и во 2020 година има профит од 30,4 милиони евра. Потоа следува Македонски Телеком со добивка од 26,1 милиони евра што е зголемување од 6,5% на годишно ниво; па Цементарница Усје со профит од 24,8 милиони евра или 20% повеќе отколку во 2019 година; Алкалоид со добивка од 19,4 милиони евра што е 17,2% повеќе од годината претходно; и позитивен финансиски резултат од 5,7 милиони евра за Макпетрол, но тоа е за 60% помалку отколку во 2019 година. Најголема загуба лани, пак, има пријавено компанијата ФЗЦ 11 Октомври од Куманово и тоа минус од 1,8 милиони евра што е двојно зголемување во однос на 2019 година; потоа следува Интернешнел Хотелс со загуба од 1,2 милиони евра; Тајмиште од Кичево со загуба од речиси 700 илјади евра; ГТЦ Скопје со минус од 660 илјади евра и Дебарски бањи со загуба од 640 илјади евра.

Банките со зголемен профит

Сите домашни банки лани оствариле вкупен профит од 118 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка. Толку изнесува потенцијалот за дивиденда од овој сектор, меѓутоа, по препорака на Народната банка, банките би требало на тој начин да го зголемат капиталот и да се воздржат од распределување на добивките.

КАКО ЈА ПОМИНАА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ГОДИНАТА НА ПАНДЕМИЈАТА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Претходната, пак, 2019 година, вкупниот профит на банките бил близу 109 милиони евра. Тоа значи дека за 9 милиони евра е зголемен вкупниот банкарски профит лани. Инаку, лани вкупниот број на банки во земјава се намали од 15 на 14 откако НБМ и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка. По групи на банки, во 2020 година, големите банки, оствариле добивка од 101,1 милиони евра што е за 12,2 милиони евра помалку отколку во 2019 година. Групацијата на средни банки во земјава, каде влегуваше и Еуростандард банка, во 2020 година, прикажале добивка од 14,4 милиони евра што е надминување на загубата од годината претходно, додека пак малите банки, имаат за 200 илјади евра поголем профит во 2020 година, кога вкупно изнесувал 2,4 милиони евра. Од оние што се котирани на Берзата, најголема добивка има Стопанска банка Скопје, чиј што биланс на успех покажува профит од 31,8 милиони евра. Тоа е сепак за 17,5% помалку отколку во 2019 година. Потоа следува Комерцијална банка со добивка од 31,5 милиони евра, зголемена за 6,2% на годишни ниво. НЛБ банка има профит од 27,7 милиони евра лани, но во споредба со 2019 намален за 7,9%. Потоа следуваат УНИ банка со добивка од 9,1 милиони евра и раст од 47,5%; ТТК банка со добивка од 1,5 милиони евра или 16,4% помалку отколку годината претходно; Стопанска банка Битола со профит од 1,3 милиони евра но голем

Сите домашни банки лани оствариле вкупен профит од 118 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка. Толку изнесува потенцијалот за дивиденда од овој сектор, меѓутоа, по препорака на Народната банка, банките би требало на тој начин да го зголемат капиталот и да се воздржат од распределување на добивките. Претходната, пак, 2019 година, вкупниот профит на банките бил близу 109 милиони евра. Тоа значи дека за 9 милиони евра е зголемен вкупниот банкарски профит лани.

раст од речиси 5 пати споредено со 2019 година; Охридска банка има добивка од нешто над милион евра и намалување од 72,7% на годишна основа; и Централна кооперативна банка која за лани има профит од околу 280 илјади евра што е 73% повеќе од 2019 година.

Длабока рецесија од 4,5%

Пандемијата со коронавирусот направи длабока рецесија во економијата, односно пад на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% лани споредено со претходната 2019 година. Во апсолутен износ, корона кризата го чинела македонскиот БДП 413 милиони евра. Од избувнувањето на пандемијата пред една година досега, државата во пет наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити. Освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Фискалниот стимул кај нас се проценува дека вреди над една милијарда евра, но реализацијата е само третина од планираното. Третиот бран на ширењето на короната ги врати на сила најстрогите рестрикции во движењето на граѓаните, како што е полицискиот час, и со тоа ги нарушува плановите за економското заздравување годинава. Во недостиг на вакцини глобално, и исклучително бавниот тек на имунизација кај нас, неизвесно е колку строги ќе бидат ограничувањата и колку долго ќе траат, но извесно е дека прават економска штета. Прогнозите за економскиот раст годинава засега се позитивни и се движат околу 4%, иако сите меѓународни финансиски институции се претпазливи и се оградуваат од прецизноста на проценките поради неколку големи ризици. nnn

Лоjалноста секогаш се исплати!

•Примаjте ja платата преку УНИБанка • И веднаш добиjте топ камати

This article is from: