6 minute read

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Костал Македонија и во услови на инвестициите и вработувањата

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ИМАШЕ РАСТ НА ПРОДАЖБИТЕ, ИНВЕСТИЦИИТЕ И ВРАБОТУВАЊАТА ВИКТОР МИЗО, ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА: ГОДИНАВА ПЛАНИРАМЕ 200 НОВИ ВРАБОТЕНИ И УШТЕ 31 МИЛИОН ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ

Advertisement

Во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во Костал Македонија беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра, a продажбите 51 милиони евра што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 година.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Во изминатата 2020 година, која беше исклучително специфична поради здравствениот предизвик што резултираше и со економска криза, голем број компании го намалуваа бројот вработени. Костал Македонија, фабриката за производство на автомобилски компоненти и делови лоцирана во Охрид, во услови на редуцирано производство и намалени приходи споредено со планираните успеа ги зачува сите постојни вработувања и активно вработуваше нови. Така, во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во Костал Македонија беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра, a продажбите 51 милиони евра што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 година. „И 2021 година ќе биде година на предизвик за автомобилската индустрија. Првите два месеци не се добри продажбите на нови возила, особено во Европа, каде што на петте најголеми пазари – Германија, В. Британија, Франција, Италија и Шпанија – има вкупен пад од 25%. И за март не очекувам поголемо подобрување бидејќи во западна Европа сe’ уште има локдаун во некои земји, пролонгиран до крајот на март, а и процесот на вакцинирање е релативно бавен. Веќе со почеток на пролетта, а потоа и летото, ако се’ биде во ред со справувањето со пандемијата, ќе има зголемена побарувачка на возила, но нема да биде подеднакво за сите категории и сегменти. Ќе има позначајно

зголемување кај електричните возила и хибридите, поради сите бенефиции што ги даваат развиените држави и општиот тренд на прифаќање на еколошки возила.“, објаснува генералниот менаџер на Костал Македонија, Виктор Мизо. Тој истакнува и уште еден проблем со којшто се соочува автомобилската индустрија во светот, а тоа е недостигот на микрочипови што се вградуваат во возилата. Најголемите компании за микрочипови се претежно американски, тајвански и јужнокорејски, а фабриките се лоцирани главно во Кина, и нешто помалку во Тајван и Ј. Кореа. Во услови на пандемија, со зголемениот обем на работење од дома, локдауните и сл., наметнаа потреба од повеќе потрошувачка електроника – компјутери, таблети, телевизори, итн., што ја зголеми потрошувачката на микрочипови за нив, каде што пак има

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

Непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година.

Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, Костал Македонија склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравствени установи од листата на договорни партнери на Кроација осигурување, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1095

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Костал Македонија е дел од германската групација КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и меѓународнo, во рамките на Групацијата.

поголеми профитни маргини одошто кај чиповите за возила. Комбинирано со локдаунот што постоеше во земјите каде што се произведуваат чиповите и неработењето извесно време на фабриките, сето тоа предизвика недостиг на микрочипови на светскиот пазар, што особено ја погодува автомобилската индустрија. „Европа е најмногу погодена од овој проблем. Една анализа покажа дека во првите два месеци годинава, недостигот на микрочипови влијаело да се произведат 1,4 милиони возила помалку на светско ниво, а околу 40% од нив требало да се произведат во Европа.“, вели Мизо.

Проекции за раст и годинава

Во меѓувреме, водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, Костал Македонија склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравствени установи од листата на договорни партнери на Кроација осигурување, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги. „Ова е само заокружување на сето она што Костал Македонија го направи изминатите неколку години додека е присутен во земјата, дополнува тој. Во 2020 година, е реализирано зголемување на платите на вработените и воведени се дополнителни бенефиции, зголемување на регресот на годишен одмор, кој заради финансиските резултати причинети од интензивните инвестиции, компанијата не беше обврзана да го исплати, а сепак го стори тоа.“, вели директорот Мизо. На планот на корпоративната општествена одговорност, Костал Македонија покрај соработка и помагање на локалната заедница, посебно е активен на планот на образованието на новите генерации, спроведено преку програмите за “Летна студентска пракса” и “Инженер на тренинг”, со кои им се дава шанса на тековните и штотуку дипломирани студенти од техничките науки да зачекорат по својот иден кариерен пат. Освен тоа, Компанијата е еден од најпроминентните поддржувачи на Дуалното образование во земјата. Костал Македонија не планира да застане тука, туку напротив, до крајот на 2021 година, според компанискиот бизнис-план, бројот на вработени треба да се зголеми од актуелните 860 на 1.050. Дополнително непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година. „Наша предност е што работиме за брендови од премиум класата на возила, како и за производителите на електрични автомобили и изработуваме софистицирани компоненти за нив. Овие категории најмалку се засегнати од сите актуелни предизвици за автомобилската индустрија и побарувачката за тие возила е најмалку погодена. Се’ уште сме во процес на раст, вложуваме многу во опрема и кадар“, вели директорот на Костал Македонија Виктор Мизо. Костал Македонија е постојано отворен за нови вработувања. Моментно вработените се професионалци во своите струки, кои доаѓаат од сите страни на земјата, од Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен, Кочани, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Штип, Велес, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје. Костал Македонија е дел од германската групација КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и меѓународнo, во рамките на Групацијата. nnn

This article is from: