1096- Kapital magazin

Page 1

business magazine

БРОЈ 1096 l 19 март 2021 петок l година 21 цена 200 ден. l www.kapital.mk

COVER STORY

ИНТЕРВЈУА ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА

КОЈ ЌЕ БИДЕ МОТОР НА РАСТОТ ПО КОВИД – 19?

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА

ЕКОНОМИЈА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ГОДИНАВА, НО ПОДОЦНА И ПОБАВНО

ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА

ВИЦЕГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА

ПОЛИТИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА И ЕВРОПА ДОМА – ШТО ЌЕ НИ УСПЕЕ ПРВО? INTERVIEW

МАЈА СТАНКОВСКА – КОСТОВА генерален директор на Кроациа Осигурување Живот

ИЗВОНРЕДНИ РЕЗУЛТАТИ, ВРВНА УСЛУГА, СИГУРНОСТ И ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ПОТВРДА ЗА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ИСТРАЖУВАЊЕ

НЕЕДНАКВОСТ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

СВЕТ

КАКО ПАНДЕМИЈАТА ГИ ПРОМЕНИ НАВИКИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

ТАМАРА ЛИЛУАШВИЛИ НЕРЕЗИДЕНТЕН АМБАСАДОР НА ГРУЗИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА



3

КАПИТАЛ... 1096 6

12

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Како до пост – ковид развој?

Маја Станковска – Костова

Извозните компании како мотор на растот: кои се нивните предности и слабости

генерален директор на Кроациа Осигурување Живот

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

22

ИНТЕРВЈУ

Лилјана Павлова

потпретседател на Европската инвестициска банка за Западен Балкан

18

ЕКОНОМИЈА

Справувањето со пандемијата не оди баш мазно

Економијата ќе закрепне годинава, но подоцна и побавно

26

30

ИНТЕРВЈУ

ЕКОНОМИЈА

Емилија Нацевска

вицегувернер на Народна банка Пролонгирањето на пандемијата би можело да го намали проектираниот економски раст

COVER STORY Како до пост – ковид развој?........................6 Извозните компании како мотор на растот: кои се нивните предности и слабости ИНТЕРВЈУ Маја Станковска – Костова генерален директор на Кроациа Осигурување Живот............................................12 Врвната услуга, сигурноста и финансиската стабилност остануваат нашите главни адути за задржување на водечкото место на пазарот ЕКОНОМИЈА Справувањето со пандемијата не оди баш мазно....................................................18 Економијата ќе закрепне годинава, но подоцна и побавно

Ефекти од пандемијата на Ковид – 19 врз македонската економија

36

ПОЛИТИКА

Планот за европски реформи нема да ја чека Софија

Истражување: Нееднаквост во време на корона

Македонија во Европа и Европа дома – што ќе ни успее прво?

ИНТЕРВЈУ Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестициска банка за Западен Балкан.......................................................22 Сакаме да ја видиме Северна Македонија со позелена, дигитална и инклузивна економија

ПОЛИТИКА Планот за европски реформи нема да ја чека Софија................................................36 Македонија во Европа и Европа дома – што ќе ни успее прво?

ИНТЕРВЈУ Емилија Нацевска, вицегувернер на Народна банка..........................................................26 Пролонгирањето на пандемијата би можело да го намали проектираниот економски раст

ИНТЕРВЈУ Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Северна Македонија...............................................................42 Приемот на Северна Македонија во НАТО беше инспиративна порака за мојата земја на нејзиниот евроатлантски пат

ЕКОНОМИЈА Ефекти од пандемијата на Ковид – 19 врз македонската економија.....................30 Истражување: Нееднаквост во време на корона

СВЕТ Пандемијата ги промени навиките на потрошувачите............................................46 Миленијалците „ги убија“ овие продукти, но Ковид-19 ги врати во живот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 25.03.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

МАРТ 2021


ФЕВ. 2021

4 ПОЛИТИКА ВО ФОКУС...

KAPITAL.MK I БРОЈ 1093

ШТО ЈА КАЧУВА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СРЕДЕ КОРОНА – КРИЗА?

С

поред податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, пораснала за 2,7%. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 %), Уметност, забава и рекреација (8.4 %) и Информации и комуникации (8.3 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.9 %) и Информации и комуникации (5.4 %). Просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во јануари 2021 година, изнесува 28. 272 денари. Министерот за здравство Венко Филипче се пофали на својот ФБ профил дека платите во здравството постојано растат и значително придонесуваат во растот на просечната плата. Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%. На општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%“, напиша Филипче. Во меѓувреме, бројот на млади кои имале примања под минималната плата пораснал од 27.149 во февруари лани на 31.755 во јуни, а нивното учество во целата популација на млади кои имале примања се зголемило од 32% на 37%, покажува анализата на Здружението ЗМАИ. Стапките на пад на примања се најизразени кај младите и жените.


omegawatches.com


COVER STORY

MAРT 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ КАКО МОТОР НА РАСТОТ: КОИ СЕ НИВНИТЕ ПРЕДНОСТИ И СЛАБОСТИ Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да бидат мотор на развојот во периодот што следува по пандемијата на Ковид -19, да инвестираат во технологија, а околу 60% од нив имаат план да го направат тоа, покажува студијата што ја направи истражувачкиот институт Finance Think од Скопје во изминатите неколку месеци. Според анализата, извозно ориентираните компании имаат можности да инвестираат и неодамнешното намалување на царините за клучните инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25%, како и за зголемување на производството и на конкурентноста. По повод студијата, а со цел да се дискутира јавно околу тоа кои сектори всушност би биле мотори на растот на пост – ковид економијата на Македонија, деновиве Finance Think организираше и дебата со наслов “Економијата на крстопат“, каде што учествуваа претставници од Владата и од бизнис секторот.


КАКО ДО ПОСТ – КОВИД РАЗВОЈ?

КАКО ДО ПОСТ – КОВИД РАЗВОЈ?

7

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096


MAРT 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Наодите од студијата, изработена со поддршка на британската амбасада во земјава, покажуваат дека извозот бележи голем раст последнава декада, во просек по 10% годишно и го максимизира своето учество во БДП, коешто според последните проценки е околу 62%. И домашните, а особено странските инвеститори во технолошките зони придонесуваат кон секторска диверзификација на извозот. ИГОР ПЕТРОВСКИ

И

звозно ориентираните компании имаат потенцијал да бидат мотор на развојот во периодот што следува по пандемијата на Ковид -19, да инвестираат во технологија, а околу 60% од нив имаат план да го направат тоа, покажува студијата што ја направи истражувачкиот институт Finance Think од Скопје во изминатите неколку месеци. Како што вели Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think, извозно ориентираните компании имаат можности да инвестираат и според анализата неодамнешното намалување на царините за клучните инпути ќе влијае

на зголемување на инвестициите до 25%, како и за зголемување на производството и на конкурентноста. По повод студијата, а со цел да се дискутира јавно околу тоа кои сектори всушност би биле мотори на растот на пост – ковид економијата на Македонија, деновиве Finance Think организираше и дебата со наслов “Економијата на крстопат“, каде што учествуваа претставници од Владата и од бизнис секторот. Наодите од студијата, изработена со поддршка на британската амбасада во земјава, покажуваат дека извозот бележи голем раст последнава декада, во просек по 10% годишно и го максимизира своето учество во БДП, коешто според последните проценки е околу 62%. И домашните, а особено странските инвеститори во технолошките

зони придонесуваат кон секторска диверзификација на извозот. Што покажала анкетата на примерок од неколку десетици извозни компании, домашни и со странски капитал? Прво, никој не останал имун на корона – кризата, сите извозници се значајно погодени. Второ, пост ковид очекувањата се помали во однос на предпандемискиот период. Трето, нема очекувања за поинтензивно забрзување на вработеноста и подигнување на платите. Четврто, погоден е растот на инвестициите, но нема забрзување во задолжувањето, од една страна, поради искористувањето на помошта од државата, од друга страна поради потпирањето на сопствени извори и одложување на инвестициите, со цел да се амортизира ударот од кризата. Исто така, анализата покажува дека


9

КАКО ДО ПОСТ – КОВИД РАЗВОЈ?

ФАТМИР БИТИЌИ вицепремиер за економски прашања

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ директорка на Finance Think

Нашите домашни компании тешко стануваат дел од синџирот на набавки на странските инвеститори извозници. Дали синџирот ќе го креираш така да бидеш веднаш дел од глобалниот вредносен синџир, или прво да бидеш дел од домашниот, па регионалниот, па глобалниот вредносен синџир. Јас уште на последниот самит од Берлинскиот процес, на моите колеги од регионот, им фрлив ракавица што се вели, прашувајќи дали треба да продолжиме како земји од Западен Балкан да си конкурираме едни на други, или да бидеме конкурентни на европска и светска сцена како регион. Затоа што само така ќе им дадеме шанса на помалите економии полесно да се движат во глобалниот вредносен синџир.

За да ја направиме земјата поатрактивна ќе мора да се коригираат одредени увозни давачки. Исто така, сите извозници имаат потенцијал да го зголемат производството и инвестициите следниот период. Потребно е усогласување на царинските стапки согласно ЕУ на клучните компоненти како инпути во производството. Намалување или ослободување од увозни давачки при набавка на нови машини и изградба на капацитети. На прашањето, каков ефект би имале овие мерки врз нив, извозниците во нашата анкета велат дека во просек двете мерки треба да придонесат за 20% зголемување на инвестициите и 10% зголемување на производството.

има разлика помеѓу т.н. есенцијални извозници, односно фирми во секторите суштински за борба против кризата – храна, фармација, итн. – и несуштински сектори, коишто се многу полошо погодени од намалените нарачки. Очекувањата се дека во пост ковид периодот големите извозници со технолошки понапредно производство, ќе имаат побрз пораст на инвестициите, профитабилноста и вработувањата.

инпути во производството. Намалување или ослободување од увозни давачки при набавка на нови машини и изградба на капацитети. На прашањето, каков ефект би имале овие мерки врз нив, извозниците во нашата анкета велат дека во просек двете мерки треба да придонесат за 20% зголемување на инвестициите и 10% зголемување на производството.“, објасни Бојан Србиноски, економски аналитичар во Finance Think. Во поглед на побарувачката, анализата покажала дека оние што извезуваат надвор од ЕУ биле позначајно погодени, но за сите извозници е шокот на побарувачката најголем проблем. Finance Think предлага субвенционирање на експанзија кон нови пазари или алтернативна мерка, освојување на нови пазари преку економска дипломатија. Исто така, забележано е дека менаџирањето со човечките ресурси било проблем и пред реадаптација на производството, дека постои недостиг на квалификуван кадар, особено високо квалификуван кадар, и има голема склоност на извозниците да учествуваат во процесите на дуалното образование. Finance Think предлага креирање на човечки капитал преку субвенционирање на тренинг и едукација и соодветен модел на дуално образование. Последната мерка ја таргетира технологијата и пристапот до финансии, и

Клучни предизвици за извозниците и препораки за нивно надминување

Во својата анализа, Finance Think идентификува пет мерки и каков ефект тие би имале во пост - ковид заздравувањето. „Прво, пронаоѓаме во синџирот на набавки дека извозниците со поголемо ниво на залихи биле позначајно погодени од оние што се повеќе изложени кон увоз од ЕУ. Постои ограничен потенцијал за привлекување нови производни линии во земјава од страна на странските компании. За да ја направиме земјата поатрактивна ќе мора да се коригираат одредени увозни давачки. Исто така, сите извозници имаат потенцијал да го зголемат производството и инвестициите следниот период. Потребно е усогласување на царинските стапки согласно ЕУ на клучните компоненти како

МАРТ 2021

ВИКТОР МИЗО

претседател на Асоцијација на компании со технолошки напредно производство

Проблемот кај нас е што ни фалат луѓе коишто би можеле со релативно мала обука да ги вградиме во производниот процес. Напротив, ние извозниците со технолошки понапредно производство често трошиме и повеќе од шест месеци, можеби и една година, за да можеме луѓето да ги обучиме за работа со таа напредна технологија што ја имаме. Што треба да се направи? Едукација, едукација, едукација. Дали ќе го викаме дуално или некакво друго образование, ние мора како општество, се разбира помогнато и од нас како компании, да форсираме техничко образование кај младите, да им објасниме дека инженер е убава професија, дека работа во фабрика со висока технологија не е нешто неугледно, напротив, многу атрактивно според начинот на работа, условите, менаџмент принципите, односно, многу пософистицирано од она што повеќето си замислуваат.

тука тие што се високо трудоинтензивни биле повеќе погодени, но од друга страна, без разлика дали се помалку или повеќе трудоинтезивни компании, сите имаат изразена тенденција да инвестираат во технологија. Во поглед на пристапот до финансии, има извозници коишто се повеќе ограничени во тој поглед, но и тие што се презадолжени во иднина може да имаат побавен раст. Како соодветна мерка, од институтот предлагаат долгорочни кредитирања по поволни услови за извозниците, насочени кон технологија.

Извозниците се поранливи во кризата, но и побрзо закрепнуваат Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на дебатата истакна дека за жал, требало да се случи ковид – кризата па сите да почнеме гласно да размислуваме дали ќе создаваме економија заснована на евтина работна сила, значи трудоинтензивна, или базирана на висока технологија, дигитализација и зголемена продуктивност. „Мило ми е што денес презентираната студија покажа која е разликата помеѓу извозно ориентираните компании и оние насочени на домашниот пазар. Но клучното е што нашите домашни компании тешко стануваат дел од синџирот на набавки на странските


MAРT 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Finance Think пред неколку дена организираше дебата со наслов “Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид – 19 “, каде што учествуваа претставници од Владата и од бизнис секторот.

инвеститори извозници. Дали синџирот ќе го креираш така да бидеш веднаш дел од глобалниот вредносен синџир, или прво да бидеш дел од домашниот, па регионалниот, па глобалниот вредносен синџир. Јас уште на последниот самит од Берлинскиот процес, на моите колеги од регионот, им фрлив ракавица што се вели, прашувајќи дали треба да продолжиме како земји од Западен Балкан да си конкурираме едни на други, или да бидеме конкурентни на европска и светска сцена како регион. Затоа што само така ќе им дадеме шанса на помалите економии полесно да се движат во глобалниот вредносен синџир“, истакна Битиќи.

Тој додаде и дека иако е полесно да си ранлив кога си дел од глобалните вредносни синџири, што го покажа ковид – кризата, сепак извозно ориентираните и полесно закрепнуваат. „Во моментов нам ни се случува да имаме четири иницијативи од странски компании, коишто се нови најавени инвестиции сега од месец јануари наваму, што сакаат да ги супституираат нивните капацитети во Кина и далечните пазари, со капацитети во земјава, а тоа се нови производни линии. Тоа укажува дека ние како мала земја имаме секако потенцијал, но ако расчистиме со едно: да креираме предвидливи политики, предвидливо окружување, да слушаме кои се

потребите на инвеститорите и заедно да го градиме патот за напред“.

Дали глобалните играчи може фабриките од Кина да ги преместат овде?

Виктор Мизо, директор на фабриката за автомобилски компоненти и делови Костал Македонија, инвестиција на германскиот гигант Костал во Охрид, рече дека компаниите од овој сектор, коишто се патем најбројните меѓу странските инвестиции во технолошките зони, но и надвор од нив, проблемите од ковид – кризата почнале да ги чувствуваат и пред сите други сектори. Компонентите за нивните производи во голем дел доаѓаат од Кина и тие веќе во јануари и февруари


КАКО ДО ПОСТ – КОВИД РАЗВОЈ? лани почнале да чувствуваат недостиг на некои инпути. „Да останеше кризата само во Кина, ќе се најдеа алтернативни решенија, но пандемијата се рашири во светот и знаеме што се случи во март, април и мај. Но, не е само Кина проблем, претходно беа поплавите во Тајланд, уште порано и катастрофата во јапонска Фукушима, региони каде што се произведуваат многу специфични производи што се користат во целиот глобален синџир на производителите на автомобили. И поради овие тешкотии, целиот сектор размислува на кој начин да направи преместување на капацитетите, еден т.н, nearshoring, односно поблиску до крајните корисници на тие инпути. Но, не е многу лесно на компанија која долги години работела во Азија да се пресели овде.“, вели Мизо. Какво е неговото објаснување за овој феномен. Имено, Мизо вели дека поголемиот дел од компаниите во секторот автомобилски компоненти и делови во земјава се од трудоинтензивен карактер, затоа што во почетниот период на привлекување странски директни инвестиции, овој тип компании ни биле неопходни на економијата, и ние не сме ниту први, ни последни во светот што сме го направиле тоа. „Но ние сме едвај два милиони луѓе, и реалноста е дека, иако во овој сектор сега работат околу 30.000 луѓе, фактот што се доминантно трудоинтензивни значи дека вработуваат по 1.200, 1.500, 2.000 и повеќе вработени и најголем

дел се лоцирани надвор од Скопје, затоа што потребниот вид на работна сила бил лоциран таму, односно Штип, Кавадарци, Велес, итн. И сега не може да очекувате покрај компании со 2.0003.000 вработени и повеќе, некоја слична фабрика да се лоцира до нив – малку е веројатно. Самите тие компании не сакаат да си конкурираат меѓусебно. Е сега, кај технолошки напредните, компании што се обично со помалку од 1.000 вработени, капитално интензивни, со инвестиција од најмалку 20-30 милиони евра за почеток, тука основата е квалитет, знаење, а не квантитет. Проблемот кај нас е што ни фалат луѓе коишто би можеле со релативно мала обука да ги вградиме во производниот процес. Напротив, ние извозниците со технолошки понапредно производство често трошиме и повеќе од шест месеци, можеби и една година, за да можеме луѓето да ги обучиме за работа со таа напредна технологија што ја имаме. Што треба да се направи? Едукација, едукација, едукација. Дали ќе го викаме дуално или некакво друго образование, ние мора како општество, се разбира помогнато и од нас како компании, да форсираме техничко образование кај младите, да им објасниме дека инженер е убава професија, дека работа во фабрика со висока технологија не е нешто неугледно, напротив, многу атрактивно според начинот на работа, условите, менаџмент принципите, односно, многу пософистицирано од она како некој замислува фабрика од 50-те години.“, објасни Мизо, којшто е и претседател

11

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство. Горан Антевски, сопственик и директор на домашната компанија Раде Кончар ТЕП, инаку извозно насочена, рече дека во последниот период доста вложувале во производство за надворешните пазари, но пандемијата ги намалила нарачките, и ги натерала да се свртат кон домашниот пазар. „Работевме за странските инвеститори изминатиов период, затоа што тешко беше да се прави извоз, а сакавме да ги задржиме вработените и обемот на производство. Не работевме како добавувачи за нивното производство, туку за потребите на нивните проекти, нови капацитети во зоните, коишто бараа да се постават електротехничките системи што ние ги произведуваме. Инвестиравме многу во инженерскиот кадар, така што во овој момент работиме повеќе и на давање услуги, што е добро за нас како компанија. Сите се соочуваме со тој проблем да немаме доволно стручен кадар, затоа што со години се форсираше образување кадри за администрација, а никој не вложуваше во машинство, електротехника и сл. Сега многу вложуваме и во центар за роботика, каде што не очекуваме дека ќе си ги вратиме парите за година или две, но на среден и долг рок со таа роботика и нашата експертиза, да имаме што да понудиме на странските инвеститори што доаѓаат во земјава“, рече Антевски. 


МАРТ 2021

12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096


INTERVIEW

13

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

МАЈА СТАНКОВСКА – КОСТОВА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

ИЗВОНРЕДНИ РЕЗУЛТАТИ, ВРВНА УСЛУГА, СИГУРНОСТ И ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТПОТВРДА ЗА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА Зад нас е една специфична, полна со предизвици, но успешна година. Во 2020-та постигнавме извонредни резултати преку кои ќе се зголеми вредноста на капиталот на 170% над потребното законско ниво. Ова за клиентите значи гаранција за долгорочна сигурност. Остануваме фокусирани на подобрување на понудата, дигитализацијата останува приоритет во развојните проекти за оваа година. Наскоро ќе понудиме нова дигитална услуга, која ќе биде првпат достапна на македонскиот пазар. Со сево ова секако дека очекуваме да го задржиме водечкото место на пазарот користејќи ги главните предности што ги имаме, услугата кон нашите клиенти, сигурноста, финансиската стабилност.

MАРТ. 2021


МАРТ 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Ж

ивотното осигурување како релативно нова категорија на осигурителен продукт со 15-тина години развој во земјава, бележеше исклучително високи стапки на раст со години наназад, што е и разбирливо, со оглед на огромниот простор што стоеше „неистапкан“ на македонскиот пазар. Со тек на време, оваа класа на незадолжително осигурување го зголеми значително својот удел во вкупното осигурителна премија во државата, на околу 17%, но како што вели директорката на Кроациа Осигурување Живот, Маја Станковска – Костова, простор за раст сè уште постои, особено ако се споредиме со ситуацијата во земји од регионов, како Хрватска или Словенија, каде што овој удел е 25% и 29% респективно. Пандемијата во 2020 години донесе предизвици за речиси сите бизнис сектори во економијата, па поштедено не остана ниту осигурувањето. Со Станковска – Костова разговаравме за тоа како Кроациа Живот, инаку првата осигурителна компанија за животно осигурување во Македонија, се справи со „новата нормалност“, каква стратегија направи за работа во новото окружување, што ново понуди за своите клиенти во согласност со зголемената потреба за сигурност во кризнава состојба и какви се плановите за понатамошен раст и развој. XСо X какви резултати Кроациа Осигурување Живот ја заврши минатата година со оглед на тешките околности поради пандемијата? Зад нас е една специфична, полна со предизвици, но успешна година. Минатата година постигнавме извонредни резултати преку кои ќе се зголеми вредноста на капиталот на 170% над потребното законско ниво. Ова за клиентите значи гаранција за долгорочна сигурност. Граѓаните на Македонија ја препознаваат сигурноста на Кроациа и во нас имаат стабилен и долгорочен партнер. Бројките говорат за себе: имаме доверба од апсолутно најголем дел од населението што донело одлука да склучи полиса, што се потврдува преку лидерската позиција во 2020 година со 38% пазарно учество според премија. Зад нас е година од која многу научивме. Во услови на неизвесност и ограничувања покажавме дека можеме брзо да се приспособиме на потребите и на условите за работа. Клучните цели што си ги поставивме по почетокот на здравствената криза беа да се обезбедат услови за заштита на здравјето на вработените и на клиентите, да обезбедиме стабилност на функциите и, без оглед на сè, да одговориме на потребите на клиентите. Изминатата, 2020 година, ја обележаа голем број реализирани проекти во делот на дигитализацијата, развојот на нови производи, поедноставени и подобрени работни процеси и надминување на планот за реализирана добивка. Клучот за успехот сметам дека се посветеноста, тимската работа и неизмерното залагање на секој вработен во Кроациа и, од друга страна, довербата што секојдневно ја добиваме од нашите осигуреници.

XДали X здравствената криза на некој начин ја зголеми несигурноста кај луѓето, но од друга страна и свесноста за потребата од безбедност преку животното осигурување? Како се одрази сето тоа врз резултатите на Кроациа – живот? Наша задача е постојано да работиме на едукацијата на граѓаните за потребата од животно осигурување. Кризата направи луѓето да бараат сигурност, а Кроациа осигурување, како лидер на пазарот, со својата традиција и знаење е секако најдобар избор во време на несигурност. Осигурувањето на живот е во класите доброволно осигурување, па на почетокот на кризата беше очекувано воздржувањето од купување полиси за животно осигурување. За многу краток период несигурноста кај луѓето и соочувањето со животот како непредвидливо патување ја поттикна потребата од итност за лична заштита и заштита на најблиските. Многу лица ја препознаа полисата за осигурување на животот како еден од начините за обезбедување сигурност. Ние внимателно ги следиме потребите на осигурениците и одговоривме со соодветни решенија. Во 2020 година понудивме дополнување на осигурителното покритие од ризици како што се: операции, траен инвалидитет, повисоки осигурени суми во случај на несакани последици, како и дополнување на понудата со голем број опции за осигурување на животот и инвестирање за осигурениците што преферираат да преземат ризик и да остварат повисоки приноси. Се гордееме што во услови на криза и при ограничено движење нашата интерна мрежа оствари највисока премија досега раст од 20% во однос на минатата година. XКакви X се вашите очекувања и прогнози за оваа година? Какви цели си поставивте за развој на компанијата? Веќе цела година функционираме во целосно изменето окружување, доволен период да се приспособиме и да научиме да функционираме според нови правила. Оваа година очекувам постепена стабилизација на пазарот, заздравување на економијата и подобри резултати во однос на минатата година. Остануваме фокусирани на подобрување на понудата, дигитализацијата останува приоритет во развојните проекти за оваа година. Секако, иновативноста е составен дел од нашето секојдневно работење. Позитивните промени носат нови предизвици, но и нè движат кон нови успеси. Наскоро ќе понудиме нова дигитална услуга, која ќе биде првпат достапна на македонскиот пазар. Со сево ова секако дека очекуваме да го задржиме водечкото место на пазарот користејќи ги главните предности што ги имаме, услугата кон нашите клиенти, сигурноста, финансиската стабилност. XЖивотното X осигурување имаше континуирано двоцифрен раст во изминативе десетина години, но каква е сега ситуацијата? Уште колкав простор постои во македонското општество за овој тип осигурување ако се споредиме со земјите од регионот со слична или со нешто подобра економска состојба? Животното осигурување на нашиот пазар

е застапено релативно кратко. Официјално почнува да се развива од 2005 година, со основање на Кроациа Осигурување Живот. Во услови на неразвиен пазар на животно осигурување, континуирано бележеше брз, двоцифрен раст во изминатите години. Како резултат на КОВИД кризата во 2020 година пазарот на животното осигурување има пад од 5%. Пазарот на животното осигурување е во развој и сè уште имаме многу потенцијал за раст и развој, што може да се потврди при споредба со состојбата во регионот. Кај нас животното осигурување учествува само со 17% во вкупната премија на осигурителниот пазар, како за споредба во Хрватска учеството на животното осигурување е 25%, а во Словенија 29%. XДали X се надмина перцепцијата кај македонските граѓани дека животното осигурување е луксуз за просечниот човек, привилегија за поимотните луѓе и сл.? Сите финансиски советници го препорачуваат животното осигурување како основна потреба. Тоа придонесува за мир дека твоите блиски ќе бидат финансиски згрижени ако се случат некои немили настани и обезбедува план за остварување на идните цели и планови. Имаме пакети што можат да ги покријат потребите и можностите на широк спектар клиенти. Има едно правило, колку ти се поограничени средствата, толку повеќе мора да се придржуваш до буџетирањето. Речиси сите финансиски експерти го ставаат животното осигурување како приоритет за финансиска стабилност. Добар дел од македонските граѓани уште не се опфатени со западниот консумеризам. Ние уште мислиме на иднината на нашите деца, на внуците и штедиме за нив наместо да трошиме сè за тековните потреби. Македонците знаат да живеат под своите можности, а за да ја обезбедат иднината на своите деца. Тоа е една доблест што ја имаат релативно конзервативните општества како нашето. Затоа наша задача и одговорност се да ги едуцираме граѓаните за опцијата што ја имаат со инвестирање во сигурноста за себе и за нивните најмили преку животното осигурување. XКолку, X пак, деловните субјекти го користат животното осигурување како бонус пакет за своите менаџери или вработени, имате ли често такви примери за уплатување полиси од страна на компаниите за своите вработени? Не треба многу анализа за да се констатира дека најбитниот капитал на една компанија се информациите и човечките ресурси. Покрај тоа што сте постојано во лов по нови кадри и развој на постојните, најважно е да ги задржите квалитетните луѓе што се веќе во вашата фирма. Флуктуацијата во работната сила е присутна речиси во сите индустрии. Најуспешните компании имаат план како да ги задржат своите вработени. Неодамна читав како сопственик на огромен синџир маркети успевал од просечни индивидуалци да направи натпросечно успешен тим. Една од тајните е задржување на клучните работници. Животното осигурување е еден од наједноставните начини да се мотивираат вработените да останат во компанијата.


МАЈА СТАНКОВСКА – КОСТОВА ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

15

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Многу лица ја препознаа полисата за осигурување на животот како еден од начините за обезбедување сигурност. Ние внимателно ги следиме потребите на осигурениците и одговоривме со соодветни решенија. Во 2020 година понудивме дополнување на осигурителното покритие од ризици како што се: операции, траен инвалидитет, повисоки осигурени суми во случај на несакани последици, како и дополнување на понудата со голем број опции за осигурување на животот и инвестирање за осигурениците што преферираат да преземат ризик и да остварат повисоки приноси. Секој вработен брзо се задоволува од износот на надоместокот за неговиот труд и постојано бара дополнителен мотиватор – безбедноста на неговиот живот е мотиватор кој трајно следи и охрабрува. Од скоро имаме и даночни олеснувања во тој поглед, што го прави животното осигурување уште поатрактивно. Компаниите сè почесто ги препознаваат можноста и предноста за интегрирање на полисата за осигурување на животот како алатка за мотивирање и наградување на клучните и лојални кадри. XЖивотното X осигурување поврзано со инвестициската компонента станува популарно и во земјава во последниве години. Каква е позицијата на Кроациа во овој дел, колкав дел од портфолиото веќе зафаќаат овие продукти?

Производите за осигурување на животот со инвестициска компонента се присутни неколку години на нашиот пазар и е застапен тренд и на поразвиените пазари. Континуираниот тренд на пад на стапките на приносите од вложувањата придонесува да се намали атрактивноста на класичното животно осигурување како начин на штедење. Следејќи ја потребата на пазарот, понудивме UNIТ Link производи, кои вклучуваат осигурување на животот и инвестирање во инвестициски фонд, производи со кои клиентите имаат можност да остварат повисоки потенцијални приноси преземајќи го ризикот од инвестирање. Создадовме широка палета на UNIТ Link производи, целосно флексибилни на потребите на клиентите во соработка со Друштвата за управување со

MАРТ. 2021

инвестициските фондови. Во нашето портфолио сè уште доминантно учество имаат класичните производи. Во 2020 година премијата од UNIТ Link производите учествува со околу 10% од вкупната премија. XКакви X други дополнителни продукти во животното осигурување нудите за своите клиенти? Колкав простор за иновативност постои во оваа сфера на осигурувањето? Континуирано ги следиме потребите и трендовите на пазарот на осигурувањето. Барањата и информациите што ги добиваме од клиентите ни се најдобар извор на податоци какво осигурително покритие треба да понудиме. Работиме на пазар кој е во развој, има многу можности за иновативност и воведување


МАРТ 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

нови производи, но сепак се потребни големо внимание и анализа за да се лансира производ што успешно ќе биде прифатен од пазарот. Имаме широка понуда производи за животно осигурување во насока на задоволување на различните потреби на осигурениците. Ќе истакнам само дел од производите што ги нудиме: индивидуално осигурување, кое е најзастапен производ во нашето портфолио, производ што ги содржи компонентите на осигурување и штедење со гарантирани договорени износи. Детското штедно осигурување е особено атрактивен производ преку кој, освен што создаваме капитал за најмилите наменет за студирање, почнување самостоен живот и слично, а преку дополнителните бенефити обезбедуваме дополнителна сигурност за децата. „Ризико осигурувањето“ е производ што сметам дека е задолжителен за секое кредитно задолжено лице по која било основа, кредити, кредитни картички и слично. Производот е ценовно достапен, со ниска премија се обезбедува висока заштита во случај на несакани последици по осигуреникот. И корпоративното ризико осигурување, коешто го воведовме на крајот на 2020 година како нов производ наменет за компаниите, колективно ризико осигурување со што овозможивме поголема достапност на животното осигурување и можност компаниите да го заштитат највредниот ресурс, човечкиот капитал. XКолку X е навлезена дигитализацијата во компаниското работење, односно кои се најочигледните примери каде што современите ИТ алатки придонесуваат за динамизирање на продажбата, за грижа за корисниците итн.? Кризата предизвикана од КОВИД и ограниченоста во движењето многу брзо наметнаа потреба и го забрзаа процесот на дигитализација. Современите ИТ алатки се применливи во секој домен на работењето почнувајќи од интерните процеси, од комуникацијата со клиентите, продажба, следење и одговарање на потребите на осигурениците. Осигурениците веќе имаат можност за следење на состојбата на полисите преку апликација My Cro Account, продажните канали имаат можност за користење апликација за изработка на понуди и креирање документи за склучување договори за осигурување. Кроациа интензивно работи и ќе работи на воведување дигитализација во сите домени од работењето. XКако X „човек однатре“ во компанијата, којшто ја презеде челната позиција по долгогодишното искуство во неа, одлично го знаете секторот, па како ќе го оцените степенот на развојот на осигурителниот бизнис во Македонија генерално? Кои се најголемите слабости на кои треба уште да се работи, кои се најголемите предизвици? Пазарот на осигурувањето е во развој со позитивен тренд на раст секоја година. За степенот на развој на осигурителниот сектор говорат податоците за премија на осигурителниот пазар, како и структурата по класи на осигурувањето. Задолжителните осигурувања имаат големо учество во вкупната премија на

Животното осигурување е еден од наједноставните начини да се мотивираат вработените да останат во компанијата. Секој вработен брзо се задоволува од износот на надоместокот за неговиот труд и постојано бара дополнителен мотиватор – безбедноста на неговиот живот е мотиватор кој трајно следи и охрабрува. Од скоро имаме и даночни олеснувања во тој поглед, што го прави животното осигурување уште поатрактивно. Компаниите сè почесто ги препознаваат можноста и предноста за интегрирање на полисата за осигурување на животот како алатка за мотивирање и наградување на клучните и лојални кадри. осигурителниот пазар, што укажува на тоа дека треба интензивно да се продолжи да се работи на едукација и информирање. Сметам дека има позитивни поместувања од аспект на нивото на финансиската писменост во земјава, што се потврдува со континуираниот раст на премијата од незадолжителните класи осигурување, меѓу кои и осигурувањето на животот. Финансиската писменост е суштинска при носењето одлуки за индивидуалната благосостојба, одговорноста во општеството, економскиот раст. Осигурувањето, како дел од финансискиот сектор, има основна функција да ги штити имотот и животот. Клучно е да се зголеми транспарентноста и да се имплементира ЕУ регулативата со цел зголемување на сигурноста и довербата во осигурителниот сектор.

XКако X менаџер, но, пред сè, како човек соочен со „новото нормално“ на пост-пандемичната реалност, како влијаеше сево ова врз вашата менаџерска рутина, врз принципите на раководењето, односите со вработените? Што се промени, што остана исто? Јас сум одушевена од посветеноста на нашиот тим, од нивната одговорност кон клиентите и кон фирмата. Кризата дополнително нè зближи да работиме понапорно и посветено, што резултираше со одлични резултати за компанијата. Челикот под притисок се создава, а ние направивме еден компактен тим, кој функционира како едно големо среќно семејство! nnn



МАРТ 2021

18 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

СПРАВУВАЊЕТО СО ПАНДЕМИЈАТА НЕ ОДИ БАШ МАЗНО

ЕКОНОМИЈАТА ЌЕ ЗАКРЕПНЕ ГОДИНАВА, НО ПОДОЦНА И ПОБАВНО

Потфрлувањето во справувањето со пандемијата преку брза имунизација на населението, особено во Европа и кај нас, очигледно наметнува политики што ги искусивме истиот период лани, а тоа се строги мерки на ограничување на движењето на граѓаните и веројатно и привремено затворање на одредени услужни сектори. А, познато е дека ваквите економски блокади може да чинат многу и цената ќе зависи од опфатот и времетраењето на рестрикциите. Прогнозите за економскиот раст годинава засега се позитивни и се движат околу 4%, иако сите меѓународни финансиски институции се претпазливи и се оградуваат од прецизноста на проценките поради неколку големи ризици. Алтернативните сценарија, пак, коишто стануваат се’ поизвесни, се дека корона – кризата ќе потрае најмалку до летото, а очекуваниот економски раст би можело да се преполови.


19

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

МАСИМИЛИЈАНО ПАОЛУЧИ

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движи економијата. Има ризик во однос на одложувањето на распоредувањето на вакцините, всушност најголем дел од европските земји во ЕУ се соочуваат со доцнење во набавката и распоредувањето на вакцините. Тоа сигурно ќе има влијание врз заздравувањето ако доцнењето е подолготрајно. Во случајот на Северна Македонија, со предупредувањето што го спомнав, трендот што го очекуваме е дека ќе има подобрување кај бруто домашниот производ (БДП) но тоа во голема мера ќе зависи од должината на локдаунот, и природата на локдаунот и овде и во Западна Европа, а исто така ќе зависи и од тоа колку брзо вакцинацијата ќе продолжи во овие земји, бидејќи со тоа ќе имаме зголемена доверба на страна на потрошувачите и на инвеститорите. Што поскоро и побрзо оди вакцинацијата и во ЕУ и овде, толку побрзо и поздраво ќе биде заздравувањето на економијата.

Пакетот на мерки којшто треба да следи треба да се дизајнира во насока на транзиција. Од фаза на амортизација на загубите во фаза на заздравување на економијата и таков дизајн може да се забележи во последниот петти пакет на мерки. Исто така, заради задржување на дел од секторите, коишто претходно ги спомнав, и нивната понатамошна ранливост нашата препорака е платата од 14.500 денари да продолжи да се финансира и во текот на следните два месеци. Токму оваа мерка сметаме дека е и една од најефективните мерки, затоа што според нашите проекции истата успеа да спаси 80% од местата кои беа под ризик да бидат изгубени. Сепак во следната фаза којашто нас ни следи сметам дека нема подобра мерка од мерката вакцинација. Да се насочат сите сили кон таа мерка да биде на најефикасен и на најефективен начин имплементирана затоа што од таа мерка ќе зависи како ние понатаму ќе се движиме во следните месеци.

А познато е дека ваквите економски блокади може да чинат многу и цената ќе зависи од опфатот и времетраењето на рестрикциите. Прогнозите за економскиот раст годинава засега се позитивни и се движат околу 4%, иако сите меѓународни финансиски институции се претпазливи и се оградуваат од прецизноста на проценките поради неколку големи ризици. Меѓутоа, како што се пролонгира пандемијата и со тоа не стивнува корона – кризата, стануваат поизвесни алтернативните сценарија на некои финансиски институции. Народната банка, на пример, кон крајот на минатата година објави прогноза според која економијата годинава ќе порасне 3,9% повеќе од лани, но според попесимистичкото сценарио кое предвидува подолго траење на пандемијата коешто патем е прилично

веројатно да се оствари, економскиот раст би бил околу 1,9%. Еден од институтите коишто прилично точно, до децимала, го прогнозира движењето на македонската економија е Finance Think. Извршниот директор на овој Институт за економски истражувања и политики, Благица Петрески, вели дека нивните последни проценки беа годинава да имаме раст од 4,1% со што се очекуваше во голема мера да се амортизира падот од 2020 година. Меѓутоа, од денешна перспектива многу е веројатно оваа прогноза да се ревидира надолу, поради доцнењето на вакцините и големината на третиот бран на заразата. „Доколку ги забележите податоците од последните движења ќе видиме дека кај оние сектори каде што имаше најголема ранливост и кои беа најпогодени како што се трговијата,

директор на Светска банка во Северна Македонија

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

О

дложувањето на масовната имунизација на граѓаните неколку месеци и порастот на бројот на заразени формирајќи трет бран на пандемијата, ги нарушува очекувањата за заздравувањето на економијата – веројатно ќе се случи годинава, но ќе биде подоцна и побавно. Потфрлувањето во справувањето со пандемијата преку имунизација на населението, особено во Европа и кај нас, очигледно наметнува политики што ги искусивме истиот период лани, а тоа се строги мерки на ограничување на движењето на граѓаните и веројатно и привремено затворање на одредени услужни сектори.

извршен директор на Институт за економски истражувања и политики, Finance Think


МАРТ 2021

20 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

преработувачката индустрија, транспортот веќе забележуваме заздравување. Нивото е веќе скоро како она пред пандемијата. Секако, се уште е засегнат делот на услужните дејности и хотелиерската индустрија меѓутоа исто така и воздржаноста на приватната потрошувачка. Сепак, ваквите предвидувања се под значаен ризик во зависност од тоа колку ќе биде ефикасен процесот на имунизација, кога ќе започне истиот и со кое темпо ќе се имунизира населението“, вели Петрески од Finance Think. Светската банка како една од клучните меѓународни финансиски институции, проценува дека македонската економија годинава ќе закрепне и ќе порасне 3,6% повеќе отколку лани, но новиот директор на оваа институција во земјава, Масимилијано Паолучи, неодамна потенцираше дека има ризици коишто може да ја променат оваа прогноза. „Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движи економијата, тоа што сакам да нагласам е дека не би се задржал на одредена бројка и би го гледал трендот. А трендот покажува дека ситуацијата се подобрува бидејќи довербата и кај јавните и кај приватните инвеститори, и граѓаните генерално се зголемува со очекување дека вакцините ќе се распоредат и дека ќе функционираат. Но, како што забележавте, има ризик во однос на одложувањето на распоредувањето на вакцините, всушност најголем дел од европските земји во ЕУ се соочуваат со доцнење во набавката и распоредувањето на вакцините. Тоа сигурно ќе има влијание врз заздравувањето ако доцнењето е подолготрајно. Во случајот на Северна Македонија, со предупредувањето што го спомнав, трендот што го очекуваме е дека ќе има подобрување кај бруто домашниот производ (БДП) но тоа во голема мера ќе зависи од должината на локдаунот, и природата на локдаунот и овде и во Западна Европа, а исто така ќе зависи и од тоа колку брзо вакцинацијата ќе продолжи во овие земји, бидејќи со тоа ќе имаме зголемена доверба на страна на потрошувачите и на инвеститорите. Што поскоро и побрзо оди вакцинацијата и во ЕУ и овде, толку побрзо и поздраво ќе биде заздравувањето на економијата“, вели новиот директор на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Европа заостанува

Прилично е тешка ситуацијата во цела Европа која што значително заостанува во процесот на вакцинација. Обединетото Кралство, на пример, предничи во овој дел и се надева да ја врати својата економија во живот до летото. САД, пак, своите надежи ги полагаат во новиот стимулативен пакет за економијата во вредност од 1,9 илјади милијарди долари. Европа очигледно не може да ги следи, а заздравувањето на европската економија несомнено ќе го диктира и растот на нашата, бидејќи 80% од македонските производи завршуваат на европските пазари. Кампањата за вакцинација на Европската унија е проследена со доцнења во производството, недостиг на снабдување и проблеми при

дистрибуцијата. Додека ограничувањата постепено се олеснуваат во некои земји, други се склони кон проширување на опфатот на рестрикциите, бидејќи случаите и хоспитализациите остануваат високи. Во исто време, релативно ограничените трошења на властите и големото потпирање на туризмот во некои економии на ЕУ ветуваат дополнително да ја оштетат силата на закрепнувањето. „Ќе имаме раст на економијата во Европа, но ќе биде подоцна и нешто послаб отколку на други места“, изјави Карстен Бржески, глобален шеф за истражувања на финансиската институција ИНГ. Според проценките, економијата на Европа најверојатно ќе се врати на нивото пред кризата на почетокот на 2023 година - шест месеци до една година подоцна од САД. По силниот раст во третиот квартал во текот на летните месеци лани, европската економија повторно се намали во последните три месеци од минатата година, откако владите повторно воведоа локдаун за да одговорат на зголемувањето на бројот на случаи на корона. Многу од тие мерки се уште остануваат на сила, зголемувајќи ја веројатноста за уште еден лош квартал во 2021 година. „Краткорочните изгледи за европската економија изгледаат послаби отколку што се очекуваше минатата есен, бидејќи пандемијата го засили опфатот на континентот“, истакна Европската комисија во извештајот минатиот месец во кој ја намали прогнозата за раст на економијата на ЕУ оваа година од 4,1%на 3,7%. „Прашањето е сега колку брзо може да се спроведе вакцинацијата и во кој момент може да се олабават ограничувањата“, потенцираше ЕК. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, 27-те земји што ја сочинуваат Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, заедно имаат администрирано над 55 милиони дози на вакцини, покривајќи над 10% од населението. За споредба, повеќе од 30 милиони Британци ја примиле првата доза досега што е половина од населението во Велика Британија, покажуваат владините податоци. Во Соединетите држави, 20% од населението примило барем една доза, според Центарот за контрола и превенција на болести. „Распространувањето на вакцините за коронавирус е клучно за економските перспективи во сите поголеми економии“, изјави Сем Мајли, економист од лондонскиот Центар за економија и деловно истражување. Европската унија очекува испораките да се зголемат во вториот квартал и сè уште има за цел да се вакцинираат најмалку 70% од возрасната популација до крајот на летото, што може да помогне во силен економски скок во втората половина на 2021 година.

Рано е за збогум на фискалниот стимул

Од избувнувањето на пандемијата пред една година досега, државата во пет наврати креираше таканаречени

антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити. Освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Фискалниот стимул кај нас се проценува дека вреди над една милијарда евра, но реализацијата е само третина од планираното. Освен тоа, властите неодамна најавија дека некои мерки како што беше финансирањето на плати за работниците, ќе се укинат после март, иако корона – кризата не попушта и сите меѓународни финансиски институции предупредуваат дека е рано за збогум на фискалниот стимул. Масимилијано Паолучи од Светска банка, зборувајќи за ефектите од владините антикризни мерки вели дека тие го ублажиле ударот од пандемијата врз економијата, но во однос на најавите на властите за укинување на дел од мерките после март, тој вели, “пандемијата е се уште тука“. „Ова е петти пакет што Владата на Северна Македонија го одобри, и со тоа го амортизираше влијанието на кризата особено врз најранливите сектори. Макроекономскиот импакт од тоа во однос на дефицитот и јавниот долг е јасен и можеме да дискутираме за тоа, но она што е важно да се забележи е дека Владата имаше можност да продолжи со овие пакети мерки и да го амортизира влијанието на кризата, бидејќи имаше фискален простор којшто овозможи реализирање на овие мерки. Гледајќи напред, она што е важно, прво да се следи еволуцијата на пандемијата и да се преземат потребните мерки, но преку таргетирање, особено имајќи ги предвид оние што ќе бидат најпогодени од продолжувањето на пандемијата. Пораката што ние како институција ја имаме е дека пандемијата е се уште тука, дека секогаш треба да ги имаме предвид оние што ќе бидат најпогодени, но во исто време да почнеме да размислуваме за иднината, за она што сакаме да го видиме после пандемијата и да го посееме семето сега за понатамошното заздравување. Тоа значи да размислуваме за економски модел што би сакале да го видиме во иднина, економскиот развој што би сакале да го имаме, но исто така да ги изградиме повторно оние амортизери коишто доколку се појави криза од ваков интензитет во иднина, ќе ги имаме за да интервенираме со се што треба за да ја заштитиме економијата, работните места, и почеток на економскиот раст кога ќе има услови“, вели Паолучи. Во услови на пролонгирање на корона – кризата, и експертите сугерираат да се продолжат дел од антикризните мерки коишто се покажа дека имаат најголем ефект, иако властите претходно најавија дека некои од нив ќе се укинат после март. „Пакетот на мерки којшто треба да следи треба да се дизајнира во насока на транзиција. Од фаза на амортизација на загубите во фаза на заздравување на


21

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

„Краткорочните изгледи за европската економија изгледаат послаби отколку што се очекуваше минатата есен, бидејќи пандемијата го засили опфатот на континентот“, истакна Европската комисија во извештајот минатиот месец во кој ја намали прогнозата за раст на економијата на ЕУ оваа година од 4,1% на 3,7%.

економијата и таков дизајн може да се забележи во последниот петти пакет на мерки. Исто така, заради задржување на дел од секторите, коишто претходно ги спомнав, и нивната понатамошна ранливост нашата препорака е платата од 14.500 денари да продолжи да се финансира и во текот на следните два месеци. Токму оваа мерка сметаме дека е и една од најефективните мерки, затоа што според нашите проекции истата успеа да спаси 80% од местата кои беа под ризик да бидат изгубени. Сепак во следната фаза којашто нас ни следи сметам дека нема подобра мерка од мерката вакцинација. Да се насочат сите сили кон таа мерка да биде на најефикасен и на најефективен начин имплементирана затоа што од таа мерка ќе зависи како ние понатаму ќе се движиме во следните месеци“, додава Петрески од Finance Think. Потребата од зголемен фискален стимул кој подразбираше поголеми задолжување го зголеми и јавниот долг на земјата над 60% од бруто домашниот производ. Паолучи којшто бил претставник на Светската банка во Италија и има искуство од координирање на земјите што во екот на должничката криза се соочија со најголеми проблеми, како Шпанија, Португалија и Грција, вели дека мора внимателно да се управува со долгот на државата. „Уште една лекција од оваа криза е да бидеме прагматични во начинот на кој управуваме со ресурсите. Навистина јавниот долг како удел во БДП овде надминува 60%, но во исто време ако ја погледнеме целата слика на европските земји, ова е пониско ниво отколку нивоата на јавниот долг од БДП што ги спомнавте. Важната работа што треба да ја знаеме е како што ќе излегуваме од оваа ситуација, затоа што навистина ќе излеземе од оваа ситуација, да погледнеме што ќе им овозможи на земјите да ги изградат оние амортизери

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, 27-те земји што ја сочинуваат Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, заедно имаат администрирано над 55 милиони дози на вакцини, покривајќи над 10% од населението. што ги спомнавме претходно. Тоа значи да ги преземат потребните реформи од една страна, да ги зголемат приходите, и од друга страна да се менаџираат трошењата поефикасно. Да се погледне во даночниот систем, да се зголемат приходите, но не само заради тоа, туку да се зголемат приходите во оние сектори што ќе и овозможат на земјата да оди кон друг економски модел. Зборувам за зелен раст и зелени даноци, дигитален раст и дигитални даноци, така што ќе се создадат ресурси за поттикнување на

приходите и економски добра во исто време. На страната на трошењата, тоа значи ревидирање на економскиот модел кон раст воден од приватниот сектор. Или во основа намалување на државната помош, и кратење на сите оние непродуктивни трошења коишто може да бидат товар на фискалната сметка. И да се оди повеќе и повеќе кон поефикасно менаџирање на трошењата и поттикнување на условите за да се развива приватниот сектор во земјата“, истакнува Паолучи. nnn


МАРТ 2021

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

САКАМЕ ДА ЈА ВИДИМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ПОЗЕЛЕНА, ДИГИТАЛНА И ИНКЛУЗИВНА ЕКОНОМИЈА Кога станува збор за закрепнување од последиците на Ковид - 19, работиме со македонските партнери со цел поддршка на малите и средни претпријатија, односно зачувување на работните места и приходите. На макроекономско ниво, сакаме да помогнеме да се постават основи за долгорочен одржлив економски и социјален раст на Северна Македонија и регионот. Сакаме да го видиме Западен Балкан во ЕУ, со позелени, повеќе дигитални и инклузивни економии, конкурентни на регионалните, европските и глобалните пазари.


23

MАРТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Е

вропската инвестициска банка, со седиште во Луксембург, е кредитната институција на Европската унија, најголемата мултилатерална финансиска организација на планетава. Од своето основање во 1958 година досега ЕИБ има инвестирано преку илјада милијарди евра во 140 земји, главно во областите на одржлив развој, борба против климатските промени, заштита на животната средина, иновации, мали и средни претпријатија и инфраструктура. Европската инвестициска банка е активна и во Северна Македонија, каде што досега има инвестирано речиси една милијарда евра во околу 30 проекти, поддржувајќи клучни сектори на економијата. При неодамнешната средба на македонската владина делегација со челниците на ЕИБ беше истакнато дека Банката е подготвена да ја прошири својата успешна соработка со земјава и понатаму да придонесе кон остварување на европските стандарди за конкурентност на домашната економија, да поддржи големи инфраструктурни проекти и транзиција кон позелен, дигитален и инклузивен економски модел. Подетално околу плановите на ЕИБ за Северна Македонија и нејзиното досегашно финансирање разговаравме со потпретседателката на ЕИБ одговорна за Западен Балкан, г-ѓа Лилјана Павлова, во ексклузивното интервју за Капитал. Г-ѓа Павлова, кои се клучните приоритети и стратешки цели на вашиот мандат како потпретседател на ЕИБ задолжена за Западен Балкан? Прво, ви благодарам за ова интервју за магазинот Капитал. Има три приоритети - закрепнување од Ковид-19 кризата, трансформација на регионалните економии кон зелени, дигитални и инклузивни економии и обезбедување сигурност дека Северна Македонија и Западен Балкан ќе имаат што поголем бенефит од можностите што ги отвораат инвестициите вредни повеќе милијарди евра, предвидени со Економскиот и Инвестициски план на Европската комисија. Кога станува збор за закрепнување од последиците на Ковид - 19, ќе работиме со локалните партнери со цел поддршка на малите и средни претпријатија, односно зачувување на работните места и приходите. На макроекономско ниво, ние сакаме да помогнеме да се постават основи за долгорочен одржлив економски и социјален раст на Северна Македонија и регионот. Банката на ЕУ ќе има за цел да поддржи не само повеќе работни места, туку и нови километри модерна и побезбедна транспортна инфраструктура, нови болници, училишта и модерна дигитална инфраструктура и услуги низ целиот регион. Овие се чекори од витално значење бидејќи тие се клучни и за побрзо закрепнување од Ковид - 19 и за побрзо пристапување кон ЕУ. Второ, сакаме да го видиме Западен Балкан во ЕУ, со позелени, повеќе дигитални и инклузивни економии, конкурентни на регионалните, европските и глобалните пазари. Ова бара економска


МАРТ 2021

24 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

трансформација што ќе отвори врата за возбудливи можности за инвестирање и мило ми е што Владата на Северна Македонија веќе работи со ЕИБ за да ги идентификува начините што ќе обезбедат земјата да може да има што повеќе корист од овие можности. Мојот приоритет ќе биде овој процес да е брз, ефикасен и корисен за Северна Македонија. Третите приоритети се оние утврдени во силниот Економски и Инвестициски план на Европската комисија во износ од 9 милијарди евра за Западен Балкан. Овој нов план ќе финансира клучни инвестиции во регионот како што се одржлив транспорт, подобрување на виталната инфраструктура и создавање на заеднички регионален пазар. Ќе се создаде нов Гарантен механизам за Западен Балкан со цел поддршка на приватниот сектор и со потенцијал да биде обезбедување за нови инвестиции до 20 милијарди евра. Ние би сакале да видиме заеднички регионален пазар со постабилна клима за инвестиции, нови можности за креирање работни места и подобра поврзаност со вредносните синџири на ЕУ како резултат на овие иницијативи. XВо X колкав износ се средствата што Северна Македонија ги доби како поддршка од ЕИБ во 2020 година со цел справување со последиците од Ковид – 19 пандемијата и конкретно за какви програми беа насочени? За Северна Македонија, групацијата ЕИБ одобри нова кредитна линија за финансирање мали и средни претпријатија (МСП) за да им помогне да ги задржат вработените, ликвидноста и континуитетот на бизнис активностите, во износ од 20 милиони евра во 2020 година. Наскоро ќе започне уште една програма за поддршка на МСП во износ од 100 милиони евра. Навистина сме охрабрени од неодамнешната средба со премиерот Заев и гледаме основа за да ја зголемиме оваа поддршка во 2021 година. Ние сме подготвени да обезбедиме финансиска и советодавна поддршка за Северна Македонија - ова значи дека можеме да понудиме прифатливо финансирање и грантови, да привлечеме дополнителни инвестиции и да и помогнеме на земјата да подготвува проекти што ќе бидат исплатливи. За да бидеме сигурни дека ќе бидеме што е можно поефективни, ЕИБ ги активира работите за отворање своја канцеларија во Скопје и уверени сме дека со нивото на посветеност што го гледаме кај премиерот Заев и неговата влада, можеме да донесеме уште поголема придобивка за Северна Македонија. Ние сме подготвени да ја зајакнеме нашата позиција како еден од најголемите мултилатерални инвеститори во земјата и регионот. Во мај 2020 година, ЕИБ придонесе со 1,7 милијарди евра во финансискиот пакет Тим Европа (TeamEurope) на Европската комисија вреден 3,3 милијарди евра за да му помогне на Западен Балкан да ги ублажи најитните негативни ефекти од пандемијата. Во текот на 2020 година, Групацијата ЕИБ мобилизира над 1 милијарда евра за да му помогне на регионот да се справи со најитните проблеми во здравствениот и приватниот

сектор, во областите кои беа најтешко погодени. Згора на тоа, усвоивме исклучителни мерки со зголемена флексибилност со цел забрзување на распределбата на постојните и новите средства за итен одговор на кризата. ЕИБ ослободи 873 милиони евра ново финансирање за клучните проекти во инфраструктурата и приватниот сектор што ќе ја зголемат подготвеноста за итни случаи во иднина и ќе го поддржат закрепнувањето од Ковид – 19 кризата. XШто X значи програмата Тим Европа и колкав износ на средства од вкупниот пакет од 3,3 милијарди евра се предвидени за Северна Македонија? За какви сè цели се насочени овие пари? Од самиот почеток беше евидентно дека влијанието на пандемијата ќе биде огромно и далекосежно, па затоа ЕУ и меѓународните финансиски институции ги здружија напорите за да обезбедат помош. Пакетот „Тим Европа“ беше лансиран на 8 април 2020 година за поддршка на земјите партнери на ЕУ во борбата против пандемијата Ковид-19 и економската криза како резултат на тоа. Финансиската поддршка комбинира ресурси од ЕУ, нејзините земји - членки и финансиски институции, особено Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. За Западен Балкан, Тим Европа и Европската комисија усвоија финансиски пакет од 3,3 милијарди евра како одговор на кризата, за да се забрза социо -економското закрепнување од пандемијата Ковид-19. Како што неодамна изјави амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, Европската унија веќе придонесе со над 226 милиони евра за ублажување на здравствените, социјалните и економските ризици во Северна Македонија. Како што напоменав претходно, ЕИБ во пакетот за Западен Балкан придонесе со 1,7 милијарди евра од коишто повеќе од една милијарда веќе се искористени. XКои X се според анализите на ЕИБ најранливите точки на македонската економија во периодот што следи? Дали сметате дека државата добро се справи со економските последици од здравствената криза и ако имаше некакви слабости во одговорот на кризата, кои се тие? Според Индексот на економска ранливост од Ковид-19 што го изготвува ЕИБ , а којшто ја мери отпорноста на економиите кон шокот од пандемијата, земјите чиишто производствени сектори се потпираат на инпутите произведени во странство, можат да бидат поранливи со оглед на неодамнешните локдауни и полициски часови во локациите каде што се произведуваат тие инпути. Меѓу економиите на Западен Балкан, Северна Македонија очигледно спаѓа во групата со повисока изложеност на глобалните вредносни синџири, особено кога станува збор за текстилната и преработувачката индустрија. Генерално, индексот на индустриското производство падна за 10,6% во првите единаесет месеци од 2020 година, во споредба со истиот период во 2019 година. Затоа, кризата Ковид-19 предизвика

остра контракција на БДП од 5,4% во 2020 година, додека пак се очекува скок во 2021 година, благодарение на мерките за одговор на владата, заживување на нарушените синџири на производство и снабдување и обновување на приватната потрошувачка. XКолкав X износ на средства од ЕИБ досега се пласирани во Северна Македонија преку кредитните линии што ги сервисира државната Развојната банка? Кои се клучните резултати во македонската економија што ги постигнаа овие кредитни линии? Развојната банка на Северна Македонија е сигурен партнер на ЕИБ и досега преку нашата соработка сме обезбедиле 450 милиони евра за малите и средни компании. Овие кредитни линии беа реализирани под поволни и прифатливи услови со ниски каматни стапки и долги рочности за инвестиции во областите на економијата на знаењето, енергијата, заштитата на животната средина и услугите. Целта беше да се промовира раст, вработување и развој на вештини кај локалните мали и средни претпријатија. До денес, ЕИБ има ослободено 653 милиони евра за македонските мали и средни претпријатија, одржувајќи над 99 000 работни места и поддржувајќи ја одржливоста и конкурентноста на локалната економија. XКои X се најзначајните развојни проекти што во моментов се одвиваат во Северна Македонија со поддршка на ЕИБ, а што се планира допрва да се финансира? Во областа на развојот на инфраструктурата, ЕИБ финансира изградба на станица за третман на отпадни води во Скопје, која ќе обезбеди пристап до вода за пиење и санитарни услуги на околу 500.000 луѓе. На подолг рок, проектот ќе го намали загадувањето на водите, ќе ја заштити животната средина и јавното здравје. Друга значајна инвестиција се 100-те милиони евра наменети за изградба на новиот автопат на делницата Демир Капија и Смоквица на паневропскиот коридор 10. Оваа транспортна мрежа е од витално значење за Западен Балкан, минувајќи низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Северна Македонија и потоа поврзување со Грција. Овој проект ќе ги зголеми капацитетот и безбедноста на сообраќајот, истовремено унапредувајќи ја регионалната трговија и приближувајќи ја Северна Македонија до регионот и ЕУ. Кога станува збор за закрепнување од Ковид-19, ЕИБ и ПроКредит банка потпишаа договор за кредитна линија од 15 милиони евра наменета за мали и средни компании во Северна Македонија во 2020 година. Овие средства ќе им помогнат на локалните компании да ги одржат своите деловни активности и работни места во моменти кога се соочуваат со досега невидени ризици за ликвидноста и вработувањето. Тоа ќе им обезбеди многу потребни финансии за решавање на проблемите со обртниот капитал и потребите за инвестиции, истовремено ублажувајќи го економскиот шок предизвикан од пандемијата.


25

ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ДОСЕГА ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ

Развојната банка на Северна Македонија е сигурен партнер на ЕИБ и досега преку нашата соработка сме обезбедиле 450 милиони евра за малите и средни компании. Овие кредитни линии беа реализирани под поволни и прифатливи услови со ниски каматни стапки и долги рочности за инвестиции во областите на економијата на знаењето, енергијата, заштитата на животната средина и услугите. Целта беше да се промовира раст, вработување и развој на вештини кај локалните мали и средни претпријатија.

Кредитната линија е дел од иницијативата на ЕУ „Тим Европа.“ Во 2020 година, Европскиот инвестициски фонд, дел од групацијата ЕИБ, ослободи дополнителни 5 милиони евра за микро компании и стартапи во рамките на Програмата на ЕУ за вработување и социјални иновации (EaSI). Овие гаранции од ЕУ ќе и овозможат на Силк Роуд банка АД Скопје да понуди производи за микрофинансирање под поповолни услови за микро компании, т.е. заеми до 25.000 евра, особено за ранливите категории и микро-претпријатијата. Во врска со идните планови, ЕИБ активно размислува за ново финансирање на Северна Македонија во секторите за транспорт, животна средина, МСП и здравствена заштита во соработка

со Европската комисија и останатите партнери, особено во делот на Инвестициската рамка на Западен Балкан. На пример, ЕИБ учествува како водечка меѓународна финансиска институција во развојот на европскиот железнички коридор 8. Овој приоритетен проект ќе ја комплетира конекцијата помеѓу Црното Море и Јадранското Море и ќе прошири почист и поодржлив режим на транспорт. XШто X разговаравте со македонскиот премиер Зоран Заев при неговата посета на ЕИБ во Луксембург, какви заклучоци произлегоа од средбата? Нам ни беше задоволство што го пречекавме премиерот Заев во Луксембург и разговорите што ги

MАРТ. 2021

водевме со македонската делегација го зајакнаа нашиот оптимизам за иднината на нашите долгогодишни односи. Се согласивме да ја прошириме нашата успешна соработка и да се осигуриме дека земјата и нејзините граѓани ќе имаат што поголема корист од инвестициските можности вредни повеќе милијарди евра што ги споменав претходно. Од наша страна, ЕИБ изрази посветеност да ја поддржи Северна Македонија во закрепнувањето од Ковид – 19 кризата, пристапниот пат кон ЕУ и транзицијата кон позелен, поинклузивен и поодржлив економски модел. Во согласност со националните цели, ЕИБ ќе ја поддржи Зелената агенда и подготовката на енергетски ефикасни и дигитални проекти.

nnn


МАРТ 2021

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА ВИЦЕГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА

ПРОЛОНГИРАЊЕТО НА ПАНДЕМИЈАТА БИ МОЖЕЛО ДА ГО НАМАЛИ ПРОЕКТИРАНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ


INTERVIEW 27

MАРТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

разговара:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Сведоци сме дека дојде до повторно влошување на епидемиолошката ситуација, што услови враќање на дел од рестриктивните мерки како во глобални рамки, така и кај нас. Сепак, треба да имаме предвид дека мерките и натаму се помалку рестриктивни од оние коишто беа преземени во вториот квартал од минатата година. Во моментов, тешко е да се процени дали тие ќе предизвикаат поголема промена на нашите очекувања. Секако дека сме свесни за непредвидливоста со којашто се соочуваме, бидејќи оваа криза по својата генеза е од неекономски карактер. Токму затоа правиме и алтернативни сценарија, во кои ја нагласуваме исклучително високата неизвесност околу ефектите од продолжената здравствена криза врз економијата.

XГ-ѓа X Нацевска, пандемијата не само што не спласнува туку напротив, третиот бран на ширењето на заразата е огромен во поглед на бројот на активни случаи со корона-вирус, а масовната имунизација во земјава сè уште не ни почнала. Колку оваа состојба може да ги промени прогнозите на Народната банка за заздравувањето на економијата годинава и очекуваниот раст од 3,9%? Како што посочувате, нашите последни проекции предвидуваат раст на домашната економија од 3,9% во 2021 година, во чија основа е претпоставката за постепено исцрпување на неповолните ефекти од здравствената криза во текот на првата половина од годината и стабилизација и економско закрепнување во следниот период. Сведоци сме дека во меѓувреме дојде до повторно влошување на епидемиолошката ситуација, што услови враќање на дел од рестриктивните мерки како во глобални рамки, така и кај нас. Сепак, треба да имаме предвид дека мерките и натаму се помалку рестриктивни од оние коишто беа преземени во вториот квартал од минатата година. Во моментов, тешко е да се процени дали тие ќе предизвикаат поголема промена на нашите очекувања. Засега остварувањата во однос на економската активност се во рамките на проекциите, без поголеми промени во оцените за надворешното окружување, домашните политики и однесувањето на економските субјекти. Наскоро започнува и новиот циклус проекции, во кој ќе се направат повторни согледувања и оценки за движењето на економијата за оваа година, но и на среден рок. Инаку, секако дека сме свесни за непредвидливоста со којашто се соочуваме, бидејќи оваа криза по својата генеза е од неекономски карактер. Токму затоа правиме и алтернативни сценарија, во кои ја нагласуваме исклучително високата неизвесност околу ефектите од продолжената здравствена криза врз економијата. Неповолното алтернативно сценарио, објавено во рамките на последните проекции, претпоставува понизок раст на странската ефективна побарувачка, поголема воздржаност од потрошувачка и инвестиции, пониска извозна активност, помали приливи од дознаки и странски директни инвестиции, како и поизразени негативни ефекти врз пазарот на труд. При вакви претпоставки, закрепнувањето на македонската економија во 2021 година би било побавно, односно економскиот раст е помал за околу 2 процентни поена во однос на основната проекција. XВо X вакви услови, Народната банка ја намали основната камата на историски најниско ниво од 1,25%, Какви се очекувањата од овој потег? Што ќе промени ова? Одлуката за натамошно монетарно олабавување ја донесовме во услови на стабилни движења на девизниот пазар, умерена и стабилна динамика на инфлацијата, како и постојан раст на депозитите во банкарскиот систем. Засега, и покрај неизвесноста од здравствената криза, тековите во економијата се стабилни, без поголеми отстапувања кај клучните макроекономски параметри во однос на

очекувањата. Во вакви услови, натамошното олабавување на монетарната политика придонесува за дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата. Поконкретно, очекуваме дека овој чекор ќе придонесе кон намалување на цената на финансирање на домаќинствата и претпријатијата преку кредитите од банките, заради полесно надминување на кризната состојба. Досегашното искуство покажува дека деловните банки ги следат сигналите на Народната банка. Секако, не можеме да очекуваме инстантна реакција, односно вообичаено е потребно извесно време за да можат банките да ги направат соодветните прилагодувања и во нивните каматни стапки. Но, би напоменала дека финансискиот сектор е мошне важен посредник во успешното одржување на стабилноста на домашната економија во тековната криза и поттикнување на економскиот раст. XКаква X е кредитната активност од банките кон фирмите и населението според првичните податоци за годинава? Какви се очекувањата за 2021 година со оглед на неизвесноста што произлегува од пролонгирањето на пандемијата? Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Поради здравата, солвентна и ликвидносна позиција на банките, надополнета со мерките на Народната банка, тие и дадоа солидна кредитна поддршка на домашната економија во 2020 година и со слично темпо продолжија и во почетокот на 2021 година. Согласно со последните податоци за февруари, вкупните кредити бележат годишен раст од 4,4%, којшто засега е во рамките на нашите очекувања од последната проекција. Кредитната поддршка на банките и понатаму во поголем дел е насочена кон домаќинствата, а во еден дел и кон корпоративниот сектор, а кредитите кон овие сектори заклучно со февруари бележат годишни стапки на раст од 7,1% и 1,4%, соодветно. Со последните проекции се очекува дека банките ќе продолжат со својата солидна кредитна активност и во текот на оваа година, а растот на кредитите ќе достигне околу 6%. Би напоменала дека овие оценки се засноваат на очекувања за стабилизирање на состојбите во домашната економија до крајот на 2021 година. Евентуалното посериозно пролонгирање на кризата и засилување на нејзиниот интензитет би можеле да имаат неповолен ефект врз квалитетот на кредитното портфолио на банките, а со тоа и врз остварувањето на проектираниот кредитен раст. Сепак, поконкретни оценки за оваа година би имале по завршувањето на пролетниот циклус проекции. XКако X ги коментирате обидите на некои банки коишто побараа да се испита уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда? Можно ли е Народната банка да се премисли? Со Одлуката донесена од Советот на Народната банка се штити јавниот интерес –стабилноста на банкарскиот систем, а истовремено Одлуката е и во насока на поголема кредитна поддршка на граѓаните и компаниите. Како што и претходно соопштивме од Народната банка, Одлуката,


МАРТ 2021

28 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

којашто е од привремен карактер и со којашто се делува превентивно во постојните услови на криза, е донесена согласно со Законот за Народната банка, заради остварување на законската цел за одржување на стабилноста на финансискиот систем. Согласно со Законот, стабилноста на банкарскиот систем и мерките што се преземаат заради постигнување и одржување на неговата стабилност се од јавен интерес. Пандемијата и синхронизираноста на мерките ширум светот за спречување на ширењето на заразата повлекоа и синхронизирано делување на носителите на политиките за ублажување на негативните ефекти врз економијата и зачувување на стабилноста. Во тој контекст, централните банки овозможија т.н. времен мораториум на отплатите на населението и компаниите погодени од кризата, односно извршија регулаторни измени со што на банките им се овозможи да ги пролонгираат побарувањата без тоа да има одраз на нивото на капиталот, а воедно ја ограничија и распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите, до создавањето услови и обезбедувањето на потребните податоци и информации за негативните ефекти од пандемијата. Нема централна банка што не ги презеде овие мерки, а одлуките на Советот на Народната банка се во истата насока. Имајќи ја предвид неизвесноста од корона-кризата којашто сè уште трае, се очекува дека банките, како и досега, и натаму претпазливо треба да ги планираат своите капитални потреби и да му дадат приоритет на зачувувањето и на натамошното јакнење на капиталните ресурси. Оваа одлука е токму во тој контекст и таа е во нивен долгорочен интерес и во долгорочен интерес на нивните акционери: со зачувувањето и натамошното јакнење на капиталните ресурси и со зајакнување на својата поддршка за домаќинствата и корпоративниот сектор, банките ефикасно ја штитат својата вредност и вредноста на инвестициите на акционерите. XКоја X е целта на оваа одлука ако претходно во неколку наврати претставници на НБМ истакнуваа дека банкарскиот сектор во земјава е високо капитализиран? Целта на одлуката како што во повеќе наврати посочивме од Народната банка е зачувување и натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на неговата стабилност, а во време кога сè уште постои неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза. Оттаму, одлуката има превентивен карактер. Истовремено, оваа одлука ќе придонесе за натамошна солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите, што е исклучително значајно за справување со кризата. И најновите показатели потврдуваат дека банкарскиот систем успешно ја одржува својата стабилност, при што кредитите и натаму растат, а капиталните позиции на банките се стабилни. Но, во вакви времиња, неопходна е постојана, дополнителна внимателност. Тековната криза е од здравствен карактер, којшто подразбира тешка предвидливост, а нејзините натамошни ефекти врз економијата ќе зависат од рестрикциите

за контрола на вирусот, но и од можните трајни промени во навиките и однесувањето на економските субјекти. Сè уште е тешко да се оцени прецизно какви ќе бидат натамошните ефекти од кризата. Затоа е од исклучително значење банките претпазливо да ги планираат капиталните потреби. XКои X други монетарни мерки ги размислува Народната банка доколку пандемијата, односно корона-кризата се пролонгира во текот на цела оваа година? Од почетокот на здравствената криза, Народната банка води олабавена монетарна политика, заради поддршка на економијата и ублажување на негативните ефекти. Минатата година, основната каматна стапка беше намалена во три наврати, за вкупно 0,75 процентни поени, а на последната месечна седница сега во март, за дополнителни 0,25 процентни поени, заради дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата, којашто сè уште трае. Цениме дека намалувањето на каматната стапка на историски најниско ниво од 1,25% е во полза на подобар пристап до финансирање. Исто така, преку инструментот благајнички записи, минатата година, ослободивме и значителен износ на ликвидност во системот, вкупно 15 милијади денари, а и останатите мерки коишто ги презедовме досега – олеснувањата во делот на задолжителна резерва, регулаторните олеснувања и сл. се привремени и целни и треба да помогнат за полесно надминување на кризната состојба. Засега тие даваат добри резултати, а состојбите будно се следат. Како централна банка ние секако имаме инструменти за дополнителна реакција доколку е потребно. Како и секоја друга централна банка располагаме со портфолио на инструменти преку коишто можеме да делуваме за да се обезбеди ликвидност во системот, како на пример репо-трансакциите, а на располагање ни е и макропрудентниот инструментариум за поцелно делување. Поволно е тоа што кај нас основата каматна стапка е сè уште позитивна, што остава простор за натамошно делување на Народната банка преку овој инструмент, доколку е потребно. Дали и понатаму ќе се намалува каматната стапка, ќе зависи се разбира од понатамошните промени во оние параметри коишто се клучни за нашата монетарна политика. XКолку X се Вашите мерки ограничени од експанзивната фискална политика што ја води Владата во услови на криза – рекордно висок буџетски дефицит лани и оваа година, јавен долг над црвената линија од 60% од БДП. Колку Ве загрижуваат овие индикатори? Во однос на буџетскиот дефицит минатата и оваа година, би напоменала дека тоа е одраз на контрациклично делување на фискалната политика. Имено, при пад на економската активност, јавната потрошувачка во принцип се зголемува, за да ја поддржи економијата. Се разбира дека за тоа треба да постои доволно фискален простор и цврста определба за привремен карактер на

фискалниот импулс и брзо враќање кон патеката на консолидација и градење на просторот по исцрпувањето на шокот. Високите буџетски дефицити се тековно глобален, но и очекуван феномен, бидејќи секоја држава во светот се соочува со истиот проблем и го решава на сличен начин. Како што веќе споменав, синхронизираноста на преземените мерки за спречување на ширењето на заразата, повлече и синхронизирано стимулативно делување од страна на носителите на политиките во глобални рамки. Секако, потребата за финансирањето на дефицитите се одразува и врз нивото на јавниот долг, што упатува на потреба од внимателност во следниот период и она што е важно, буџетските расходи да се целно насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. На таков начин ќе се овозможи и побрзо стабилизирање на нивото на јавниот долг како учество во бруто домашниот производ, на среден рок. XКолку X фискалниот стимул од страна на државата, според Вас, ги даде очекуваните резултати? Како ги гледате ефектите врз економијата од антикризните мерки. Сметате ли дека е соодветно време за укинување на некои антикризни мерки како што неодамна најавија властите? Со оглед на тоа што сè уште се справуваме со ефектите од пандемијата врз економијата и таа сè уште трае, тешко е да се даде прецизна и детална оценка за успешноста на преземените мерки. Сепак, би можело општо да се каже дека природата на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките кај нас е слична со мерките коишто се преземаат и во другите економии, а и се во согласност со препораките на главните меѓународни финансиски институции. Јачината на мерките зависи од просторот којшто го имаат носителите на политиките. Она што е клучно во однос на мерките е општиот став тие да не бидат повлечени предвреме, односно мерките треба да продолжат сè додека не се достигне одржливо закрепнување на реалниот сектор од економијата. Во однос на фискалните антикризни мерки, слично како и во други земји, нивниот фокус првично беше ставен на субвенции заради зачувување на работните места и спречување поголем пад на платите. Исто така, одложено е плаќањето на одредени обврски кон државата, а беа активирани и поволни кредитни линии преку Развојната банка. Покрај ова, со дел од мерките се обезбеди и поткрепа на потрошувачката моќ на делот од населението со пониски приходи. Финансиската поддршка на приватниот сектор во еден дел придонесе и за постојан раст на депозитите во банкарскиот систем, којшто во 2020 година беше солиден и над очекувањата. Во следниот период, согласно со најавите, антикризните мерките ќе бидат фокусирани пред сè на поддршка на најпогодените сектори/бизниси, преку повеќе механизми. Со оглед на карактеристиките на самата криза, потребно е постојано следење, реоценка на првичните ефекти од мерките и нивно приспособување на состојбите во реалниот сектор, како во однос на обемот,


29

ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА ВИЦЕГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Одлуката за натамошно монетарно олабавување ја донесовме во услови на стабилни движења на девизниот пазар, умерена и стабилна динамика на инфлацијата, како и постојан раст на депозитите во банкарскиот систем. Очекуваме дека овој чекор ќе придонесе кон намалување на цената на финансирање на домаќинствата и претпријатијата преку кредитите од банките, заради полесно надминување на кризната состојба. така и во однос на нивното времетраење. XЕдна X година од почетокот на пандемијата, како го оценувате влијанието на здравствената криза врз економијата? Низ кои параметри се гледа најголемиот удар, а каде негативните последици се поблаги одошто очекувавте? Слично на состојбите во глобални рамки, пандемијата на ковид-19 и мерките преземени за заштита на јавното здравје во текот на 2020 година имаа силно негативно влијание врз домашната економија, но коешто по интензитет и канали на пренос беше во согласност со нашите очекувања. Економската активност забележа силен пад од 4,5%, при висок пад на домашната побарувачка и извозот, но и надолно приспособување на увозот. Пандемијата се одрази и врз пазарот на труд, но ефектите се релативно поумерени кај овој пазарен сегмент. Бројот на вработени лица забележа мал годишен пад од 0,3%, при мало надолно поместување кај стапката на вработеност за 2020 година, за што,

MАРТ. 2021

како што напоменав претходно, одреден ефект имаат и антикризните мерки. Инфлацијата беше умерена, на нивото од 1,2%, што во еден дел веројатно е одраз на ограничувањата на страната на понудата поради пандемијата, како и на зголемувањата на цените од административна и регулаторна природа. Екстерната позиција беше стабилна во текот на целата година и овозможи натамошен раст на девизните резерви. Дефицитот во тековната сметка од 3,5% од БДП беше во рамките на очекувањата и забележа сосема мало продлабочување во однос на 2019 година, коешто во целост произлегува од пониските готовински дознаки, како еден од позначајните канали на пренос на здравствената криза. Имено, рестриктивните мерки за спречување на ширењето на вирусот значително го намалија меѓународното движење на патници и следствено, значително ги намалија приливите на девизи преку неформалните канали. Во однос на трговската размена, таа беше сериозно погодена на почетокот на

пандемијата, но сепак релативно брзо започна да закрепнува. Така, извозот на стоки забележа остар пад во второто тримесечје, но веќе во втората половина на годината, со постепеното олабавување на рестриктивните мерки и повторното активирање на капацитетите вклучени во глобалните синџири на производство и снабдување, забележа брзо закрепнување и поволни движења. Ова секако е предност за нашата економија, којашто е извозно ориентирана, со доминација на извозот на стоки. Кредитните текови беа исто така солидни и соодветно поддржани од мерките на монетарната политика. Вкупните кредити се повисоки за 4,7%, при солиден раст и на вкупните депозити од 5,7%, којшто ги надмина очекувањата. Засега тековите во економијата се стабилни, без поголеми отстапувања во однос на очекувањата, но неизвесноста и ризиците од пандемијата и натаму постојат, што бара голема внимателност и будно следење на развојот на настаните од макроекономското окружување. nnn


МАРТ 2021

30 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ЕФЕКТИ ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

ИСТРАЖУВАЊЕ: НЕЕДНАКВОСТ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА ЏИНИ ИНДЕКС НА МЕСЕЧНИТЕ НЕТО ПРИМАЊА ВО МАКЕДОНИЈА (ФЕВРУАРИ – ЈУНИ 2020)

Џини индексот е најчесто користената мерка за нееднаквоста на доходот. Тој се движи помеѓу 0 (0%) и 1 (100%), при што вредност од 0 укажува дека сите луѓе во една економија имаат исти примања, додека вредност од 1 значи дека целиот доход се остварува од само едно лице. За време на периодот од февруари – јуни 2020 година, Џини индексот на нето примањата во Република Северна Македонија постепено се зголемува, од околу 30% во месец февруари до околу 33,5% во јуни. Ова претставува значително зголемување за толку краток период. Грубо кажано, ваквиот раст на Џини коефициентот значи дека разликите во примањата помеѓу две случајно избрани лица во овој период се зголемиле за околу 7% (2*3,5 п.п.).

„Иако ниедна држава не беше одмината од кризата, искуството на секоја држава беше различно. Во некои држави вирусот се рашири повеќе, во некои помалку. Некои држави воведоа порестриктивни мерки за да ја зауздаат пандемијата, некои беа повоздржани. Некои влади обезбедија поголема поддршка за нивните економии, некои помали. А секако, некои држави и според нивните економски структури и социјални карактеристики беа поранливи на вакви кризи од некои


31

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ГЛАВНИ ПРЕПОРАКИ НА СТУДИЈАТА

1.

Краткорочните мерки за поддршка на економијата треба да бидат насочени кон стимулирање на домашната побарувачка, затоа што тоа е компонентата врз која домашните создавачи на политики имаат влијание на краток рок.

2.

За да се поттикне домашната побарувачка, потребно е да се поттикне и потрошувачката на домаќинствата и инвестициите на фирмите и потрошувачката од страна на државата. Зголемената домашна побарувачка понатаму ќе доведе до заживување на производството и економската активност.

3.

При дизајнирањето на мерките за поддршка на домаќинствата и фирмите, не е важно само да се внимава на подобрување на ликвидноста, туку е еднакво важно и да се врати довербата кај економските субјекти, со цел да се надмине воздржувањето од потрошувачка. За да се постигне тоа, многу е важно здравствените аспекти на пандемијата да бидат ставени под контрола.

4.

При евентуални нови бранови на пандемијата, Владата треба да направи напори да обезбеди поголема фискална поддршка од онаа што беше обезбедена во вториот квартал на 2020 година. Искуството од 2020 година покажува дека економиите што обезбедија поголема фискална поддршка имаа и подобри економски резултати.

5.

При дизајнирањето на идните фискални мерки, поголемо внимание треба да се обрне на условите за добивање на поддршката. Условите треба да бидат дефинирани така што ќе осигурат дека поддршка ќе добијат оние субјекти на кои им е најпотребна и кои не можат самите да обезбедат финансии за надминување на кризата.

6. други. Сите овие причини предизвикаа секоја држава во оваа криза да биде ‘несреќна’ на свој начин. Еднакво важно, во рамки на една држава, различните општествени групи беа различно погодени. Оваа студија се фокусира на овие различности, т.е. нееднаквости, кои ги донесе, или барем ги разоткри, пандемијата на Ковид-19.“, велат авторите на студијата “Нееднаквост во време на корона“, во издание на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

7.

Конкретно, покрај условот за неотпуштање работници, кој постоеше и во досегашните мерки, идните мерки би требале да вклучат и услов за ненамалување на платите на работниците, или барем за ограничување на намалувањето, особено за лицата со пониски примања. Искуството од 2020 година покажува дека токму кај работниците со плата околу минималната имало најголемо намалување на доходот за време на пандемијата. Дополнително, како еден од условите за добивање државна помош при евентуални идни мерки може да се вклучи и профитабилноста на фирмите, односно, мерките да не се однесуваат на фирми што остваруваат висока профитабилност и самите можат да се справат со последиците од кризата. Голем дел од помошта во 2020 година заврши кај вакви фирми, со што се намали поддршката за фирмите што се наоѓаат во полоша финансиска состојба. Вакви услови за ограничување на профитабилноста на фирмите постоеле во некои од владините мерки од претходниот период.

8. 9.

Конечно, мерките треба да бидат така дизајнирани, што ќе осигурат дека помошта што државата ја дава навистина ќе заврши кај работниците, што честопати не беше случај во 2020 година. Еден од начините на кој ова може да се постигне е ако помошта им се исплаќа директно на работниците, наместо да им се исплаќа на фирмите. Освен краткорочните економски мерки за надминување на тековните проблеми со пандемијата, ќе биде потребно да се преземат и мерки за надминување на среднорочните проблеми кои ги предизвика, односно зголеми, пандемијата, како што е растот на нееднаквоста. Нееднаквоста ја поткопува социјалната кохезија и претставува сериозна пречка за економскиот раст и развој на среден рок. За нејзино намалување, потребни се редистрибутивни политики и во наредниот период, креаторите на политиките треба да почнат да размислуваат и во оваа насока.


МАРТ 2021

32 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

10 ДЕЈНОСТИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА ПОДДРЖАНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ОДНОС НА ВКУПЕН БРОЈ НА РАБОТНИ МЕСТА

Извор: Сопствени пресметки на авторите на студијата врз база на податоци од ЦРМ и Трезор на Министерство за финансии

П

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

осиромашните македонски граѓани поминале полошо од побогатите за време на пандемијата, односно нееднаквоста во нето примањата на граѓаните е значително зголемена во текот на вториот квартал на 2020 година, покажува студијата со наслов „Нееднаквост во време на корона: Ефекти од пандемијата на Ковид – 19 врз македонската економија“, во издание на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Авторите на студијата, Билјана Јовановиќ, Бранимир Јовановиќ, Виктор Митевски и Виктор Стојкоски, утврдиле дека џини коефициентот е зголемен за околу 3,5 процентни поени, од 30% на 33,5%, што претставува многу високо зголемување за толку краток рок. Гледано по одделни групи граѓани, најпогодени од кризата биле лицата со примања околу минималната плата. Примањата на жените и младите се намалени за значително поголем износ во споредба со останатите, а попогодени се и посиромашните региони и индустриите кои се повеќе трудоинтензивни. Процентуалната промена на примањата во овој период е негативна за секоја децилна група и тоа за повеќе од 2%. За целокупниот период, најниската доходовна група има најмал пад на доходот (лицата со примања под минималната плата имале процентуален пад од 3,51%), додека најголем пад е забележан во втората група (лицата со примања околу минималната плата имале пад на примањата од 8,06%) и највисоко доходовната група (пад од 7,29%).

„Високиот пад кај втората доходовна група укажува дека државната поддршка за исплата на минимална плата по вработен за погодените фирми не беше добро дизајнирана.“, сметаат авторите на студијата. Поддршката не била условена со ненамалување на платите на работниците, па фирмите што добија државна помош им ги намалија платите на работниците и покрај државната поддршка. Наодот за падот кај највисоко доходната група треба да се земе со доза на скептицизам, додаваат авторите, поради тоа што во анализата не се опфатени капиталните примања, кои се доминантен извор на доход во повисоко доходните групи. Демографската поделба откри дека жените и младите имале значително поголем пад на примањата за време на првиот бран на пандемијата од мажите и постарите лица. Кај жените падот на примања е за поголем за околу 2 процентни поени во секоја доходовна група во споредба со падовите на ниво на цела држава, додека кај младите е за околу 10 процентни поени.

Влошување и кај вработеноста

Дополнителната поделба по региони и индустрии покажа дека влијанието на пандемијата на КОВИД-19 врз распределбата на доходот е зависно од географската локација и од областа во која е вработен поединецот. Притоа, побогатите региони и индустриите кои се помалку трудо-интензивни се и послабо погодени. Општо гледано, резултатите покажуваат дека краткорочниот ефект на пандемијата врз примањата во државава е во насока на зголемување на нееднаквоста помеѓу послабите и помоќните општествени групи. Ова понатаму значи и дека наредните мерки за поддршка треба да бидат дизајнирани

на таков начин што ќе обезбедат поголема заштита на послабите, наместо да бидат во интерес на помоќните. „Иако ниедна држава не беше одмината од кризата, искуството на секоја држава беше различно. Во некои држави вирусот се рашири повеќе, во некои помалку. Некои држави воведоа порестриктивни мерки за да ја зауздаат пандемијата, некои беа повоздржани. Некои влади обезбедија поголема поддршка за нивните економии, некои помали. А секако, некои држави и според нивните економски структури и социјални карактеристики беа поранливи на вакви кризи од некои други. Сите овие причини предизвикаа секоја држава во оваа криза да биде ‘несреќна’ на свој начин. Еднакво важно, во рамки на една држава, различните општествени групи беа различно погодени. Оваа студија се фокусира на овие различности, т.е. нееднаквости, кои ги донесе, или барем ги разоткри, пандемијата на КОВИД-19.“, велат авторите на студијата. Освен негативните ефекти кај платите, истовремено, влошување имало и кај вработеноста која забележа намалување за околу 25.000 лица во вториот и третиот квартал, што е еднакво на 3,1% од вкупниот број вработени, покажува студијата. „Веднаш е забележливо дека падот на вработеноста е помал од падот кај БДП, што се објаснува со владините економски мерки. Сепак, споредено со другите европски економии, падот во Република Северна Македонија за време на пандемијата и на БДП и на вработеноста е меѓу поголемите, што може да се објасни со релативно малата фискална поддршка која ја обезбеди Владата за време на кризата.“, сметаат авторите на студијата.


и сец е м т 36ксна кама на фи

ка стап

оци рош ње т з е Б ва обру д о а з

до ајте р и ц Апли ви март 31-

НЛБ Потрошувачки кредити

Која е за Вас добитната haPPy комбинација? Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување, со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци и можност да добиете НЛБ haPPy кредитна картичка! Понудата трае до 31-ви март! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 36 месеци (СВТ: 6,59%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.424 МКД, вкупен износ за враќање: 809.528,00 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 36 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,33% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката за СВТ кај Виолетовиот плус потрошувачки кредит е вклучен износот на Ризико полисата.


МАРТ 2021

34 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

10 ОПШТИНИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА ПОДДРЖАНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ОДНОС НА ВКУПЕН БРОЈ НА РАБОТНИ МЕСТА

Извор: Сопствени пресметки на авторите на студијата врз база на податоци од ЦРМ и Трезор на Министерство за финансии

Најголем број поддржани работници кај коцкарниците и обложувалниците

Имено, вкупната големина на фискалната поддршка кај нас се проценува на 3,5% од БДП, што е трето најниско ниво во цела Европа. Главната владина мерка за поддршка на фирмите за време на кризата се однесуваше на покривање од страна на државата на 14.500 денари од платата на работниците во фирмите погодени од кризата. За оваа мерка беа исплатени вкупно 5,4 милијарди денари во вториот квартал на 2020 година, што е помалку од 1% од БДП. Вкупно, 27.608 компании биле поддржани, што е околу една третина од вкупниот број активни фирми во државата, за околу 124.000 работни места, што е приближно 15% од вкупните вработени во државата. Најмногу средства добиле фирмите од трговијата на мало, текстилната индустрија и угостителството, кои се трудо-интензивни и се меѓу најпогодените во кризава, но процентот на поддржани

работници, како дел од вкупниот број вработени во дејноста, бил најголем кај обложувалниците и коцкарниците што се високо-профитабилни дејности. Најголем дел од помошта завршил кај микро компаниите, но најголем дел од поддржаните работни места биле кај големите компании. Најголема поддршка по вработен добиле најпрофитабилните компании, односно компаниите со профитабилност од преку 30% од приходите. Овие согледувања укажуваат на лошо таргетирање на владините мерки. Анализата на примањата на граѓаните за време на пандемијата укажува дека посиромашните поминале полошо од побогатите. Главниот фактор за падот на економската активност во вториот и третиот квартал е странската побарувачка за македонски производи, т.е. намалената економска активност на нашите трговски партнери. Меѓутоа, значајно влијание имаат и домашните фактори, како воздржувањето од потрошувачка и инвестиции поради

пандемијата, како и затворањето на дел од економските субјекти. Преземените фискални мерки во вториот и во третиот квартал имале позитивен ефект врз економската активност, но тој е сепак мал – без нив падот на БДП во вториот квартал ќе бил понегативен за 1,5 п.п, а во третиот, за 0,7 п.п. Во иднина, падот на БДП за цела 2020 година се проектира да биде 5,6% (официјалната бројка на државната статистика е пад од 4,5%, оваа анализа е пишувана пред завршување на 2020 година, н.з.), додека за 2021 година се очекува раст помеѓу 1,1% и 4,9%, зависно од тоа како ќе се развива пандемијата во европските земји, дали ќе има влошување на здравствената состојба кај нас и колкава ќе биде владината фискална поддршка. Ова значи дека преткризното ниво на економски развој нема да биде достигнато пред 2022 година. nnn


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


МАРТ 2021

36 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ПЛАНОТ ЗА ЕВРОПСКИ РЕФОРМИ НЕМА ДА ЈА ЧЕКА СОФИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА И ЕВРОПА ДОМА - ШТО ЌЕ НИ УСПЕЕ ПРВО? Годишниот план за работа на Владата наречен “Агенда: Европа дома“ е досега најсеопфатен документ, кој не само што опишува задачи и конкретни реформи, туку делегира конкретни надлежности и има свои рокови. Тука се сумирани клучните и најпотребни чекори што секоја институција треба да ги направи за длабоки и коренити промени – ветувани повеќе од три децении. Сега кога овој план е тука има само две прашања – дали ќе се имплементира и зошто граѓаните да веруваат дека овој пат ќе биде поинаку, ако се има предвид бројот на стратегии и документи за реформи што досега се донесени. РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Г

одишниот план за работа на Владата наречен “Агенда: Европа дома“ е досега најсеопфатен документ, кој не само што опишува задачи и конкретни реформи, туку делегира конкретни надлежности и има свои рокови. Тука се сумирани клучните и најпотребни

чекори што секоја институција треба да ги направи за длабоки и коренити промени – ветувани повеќе од три децении. Сега кога овој план е тука има само две прашања – дали навистина доследно ќе се имплементира и зошто граѓаните да веруваат дека овој пат ќе биде поинаку, ако се има предвид бројот на стратегии и документи за реформи што досега се донесени. Македонија кон крајот на минатата

година требаше конечно да ја дочека својата прва заедничка меѓувладина конференција со ЕУ, што во суштина значи и формален почеток на преговорите, но позицијата на Бугарија спречи тоа да се случи. Овој документ во сенката на овие случувања може да се толкува како манифестација на разочараноста, па утехата на лисицата од басната на Езоп со киселото грозје, но доколку добро се прочита целиот план


37

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

вицепремиер за европски прашања

Преку реализацијата на овој план граѓаните ќе добијат подобри услуги и подобар живот за уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејство на народи.

Нè чека многу работа, но и јас, и СЕП и Владата, сме подготвени да ги впрегнеме институциите и да ги разбиеме митовите дека стратегии и планови се прават само тогаш кога се сака да се избега од вистинска работа.

трансформација на државниот систем, на сметка на политизацијата на Европа, како мистична дестинација погодна за таложење на политички капитал, а слаба во реализацијата на суштинските доближувања кон европските стандарди. Палката за следење на процесот е природно во Секретаријатот за европски прашања, од каде што се задолжени во текот на следната година, на секоја владина седница да реферираат за темпото, успехот или застојот на дадени министерства во спроведувањето на Агендата, а предвидени се и големи извештаи пред јавноста за целокупноста на процесот, што ќе се објават во мај, септември и декември.

организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и Делегацијата на ЕУ. Изготвен е врз основа на препораките на Европската комисија, Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, а ја зема предвид новата методологија на преговори и се фокусира на кластерот Темели, којшто ја диктира и динамиката на самите преговори. „Агендата Европа дома“ е нашиот искрен влог во европската агенда како наша суштинска определба. Европеизацијата на македонското општество не смее да чека, а нашиот план за завршните процеси на оваа агенда, очекуваме да донесе исто толку позитивен извештај и за оваа 2021 година. Нашата „Агенда Европа дома“ само се надоврзува на досието на Северна Македонија во Брисел и безусловната порака за старт на преговорите од извештајот за 2020 година“, порача Заев. Според него, Владата успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори, за жал, посочи, поради недавање на согласност од една земја-членка за одобрување на рамката за преговори, првата меѓувладина конференција за официјално започнување на преговорите се уште се нема случено. „Долго сме во процесот и секако нема да запреме. Се соочуваме со предизвици, но нема да бидеме обесхрабрени. Продолжуваат политичките и дипломатски напори и обиди за отстранување на ветото од Бугарија. Кога сме посветени и сплотени резултатите ќе дојдат“, рече Заев. Според вицепремиерот Димитров, „Агендата Европа дома“ ги отсликува реформските заложби на Владата и треба

Што предвидува Документот? јасно е дека се работи за еден различен пристап, во којшто освен задачи, прецизно е наведена и одговорноста на конкретни институции (заедно со одговорни службеници) што имаат конкретни рокови за исполнување. Од Владата велат дека не се работи за никаква супституција на процесот на преговори, оти овие реформи се целосно комплементарни токму со преговарачкиот процес и се фокусирани на Кластерот Фундаменти, оној што ги содржи поглавјата што први се отвораат во преговорите, а комплементарен е и со останатите владини стратегии и програми за работа. Поентата е, велат од таму, да не се создаде опасност од застој на реформите поврзани со европеизацијата на земјата, додека трае бугарската блокада. Во суштина се работи за истите реформи што секако се дел од преговорите и за коишто до скоро тврдевме дека тешко можеме да ги спроведеме сами. Оттука, ова ќе биде еден голем тест за Владата околу нејзината искреност и посветеност кон вистинска

НИКОЛА ДИМИТРОВ

На презентацијата на документот на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев истакна дека во „Агенда Европа дома“ се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината Акција 21, со што помеѓу двата документи нема судир. “Преку реализацијата на овој план граѓаните ќе добијат подобри услуги и подобар живот за уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејство на народи“ вели Заев. Акцентот на новиот владин документ е ставен на изборната реформа, правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, темелните човекови права, реформите во медиумската сфера, економското владеење и на реформата во јавната администрација, а содржи и мерки кои се дел од поглавјeто животната средина и климатските промени. Го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на Секретаријатот за европски прашања, а консултирани се невладини


МАРТ 2021

38 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Во суштина се работи за истите реформи што секако се дел од преговорите и за коишто до скоро тврдевме дека тешко можеме да ги спроведеме сами. Оттука, ова ќе биде еден голем тест за Владата околу нејзината искреност и посветеност кон вистинска трансформација на државниот систем, на сметка на политизацијата на Европа, како мистична дестинација погодна за таложење на политички капитал, а слаба во реализацијата на суштинските доближувања кон европските стандарди.

Без решавање на спорот со Бугарија, нема почеток на македонските преговори за членство со Европската унија. Втор пат за три месеци, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји (на фотосот лево, при средбата со Заев во 2020 година), го поставува решавањето на македонско -бугарскиот спор како услов за одржувањето на првата меѓувладина конференција, додека оценката за Албанија е дека е подготвена за почеток на преговори.

да овозможи мапирање на клучните чекори и нивно будно следење заедно со притисок за исполнување на дадените обврски. „Не’ чека многу работа, но и јас, и СЕП и Владата, сме подготвени да ги впрегнеме институциите и да ги разбиеме митовите дека стратегии и планови се прават само тогаш кога се сака да се избега од вистинска работа. Целта ни е да обезбедиме фокус, следливост и отчетност во реформските чекори за да има видливи конкретни резултати, рече Димитров. Посочи дека СЕП, како главен мотор на процесот на европеизација ќе пристапи кон ревизија на механизмот за управување и координација на пристапните преговори, заради негово усогласување со новата методологија за преговори на ЕУ. -Ова значи дека ќе ги ревидираме структурите за преговори, грижејќи се за соодветна координација и инклузивност на процесот, за сите општествени чинители и фактори да си го најдат своето место, за да бидеме спремни во моментот кога стартот ќе биде најавен. И за СЕП има домашни задачи во Европа дома, заклучи вицепремиерот за европски прашања Димитров. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, со оценка дека Агендата „Европа дома“ е нов неуспешен „План 3-6-9“,„План 18“, „Акција 21“. Факт е дека ништо суштински не е преземено, а Заев потроши нови четири години тапкање во место, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Спроведувањето на „Агенда Европа дома“ СЕП ќе го следи на неделна


www.pcb.mk


МАРТ 2021

40 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

основа, а вицепремиерот Димитров ќе ја информира Владата со пресек на секоја седница. Дополнително, врз основа на податоците за спроведувањето ќе се подготвуваат и до Владата ќе се доставуваат извештаи за спроведување на агендата, во мај, септември и декември годинава со што ќе се следи динамиката на подготовката на Извештајот на ЕК.

Брисел виа Софија

И додека ние сме фокусирани на носење на Европа дома, станува јасно дека за ние да отидеме во Европа, формално или не, прашањето со Бугарија е пречка без чие надминување нема напред. Без решавање на спорот со Бугарија, нема почеток на македонските преговори за членство со Европската унија. Втор пат за три месеци, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, го поставува решавањето на македонско -бугарскиот спор како услов за одржувањето на првата меѓувладина конференција, додека оценката за Албанија е дека е подготвена за почеток на преговори. „Северна Македонија одржува стабилно темпо во спроведувањето на реформите за ЕУ, особено во областа Фундаменти. Важно е да се најде заедничко прифатливо решение за билатералните прашања со Бугарија“ рече тој. Оваа изјава на Вархеји на Тиранскиот економски форум неодамна е ново потсетување за Македонија. Лани во декември, Вархеји побара од Македонија да излезе во пресрет на бугарската загриженост и да се обиде да го реши проблемот. За македонската влада нема дилеми. Барањата на Бугарија се непринципиелни прашања и бирократски ставови кои не може и не смее да бидат блокада за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ. “Да бидам кристално јасен и да го повторам уште еднаш ставот на Владата - никогаш нема да дозволиме да разговараме за она за што не може да се разговара, а тоа е кои сме, кои се нашите идентитетски атрибути и која е генезата на нашата државност и јазик“, вели Заев. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјавата на Вархеји не ја толкува како знак дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија се издигнати како услов на Европската унија за почнување на преговори за членство. Тој вели дека инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти се додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне. „Политиките за проширување во Европскиот совет се носат со консензус и доколку нема согласност на една од 27-те земји членки процесот не може да се движи напред. Така што, се додека Република Бугарија не даде согласност за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, тоа значи дека нема консензус и не може да се движи напред. Претпоставувам дека во тој контекст е поставено прашањето со Бугарија, не

ФОКУС НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

В

о документот Агенда: Европа дома, еден од клучните фокуси е ставен на владеењето на правото, и со право, ако се има предвид дека тука се најголемите реформи и воедно и најтешките. Како што стои во планот, целта е имплементација на законската рамка и јакнење на капацитетите во правосудството. Во делот на судството задачите се да се спроведат новоусвоените закони, особено Законот за Јавно обвинителство и новите одредби поврзани со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители , а рокот за нивно исполнување е декември 2021. Надлежни институции се Министерство за правда, Судски совет, Совет на јавни обвинители. Понатаму, предвидени се нови подзаконски акти согласно новиот Закон за ЈО и измените и дополнувањата на Законот за Советот за јавни обвинители, понатаму зајакнување на човечките и финансиски ресурси на Советот и транспарентни и образложени одлуки за избор и унапредување на судии и јавни обвинители, како и водење на евиденција за постапките за нестручно и несовесно работење и дисциплинска активност. Рок за усвојување на овие измени е јуни 2021, надлежно е Министерство за правда. Друго што е предвидено е изработка на функционални анализи за 27-те основни судови и подготовка и анализа за нова организациска структура на судската мрежа и анализа за консолидација на работата на јавнообвинителската мрежа со судската. Рок за ова е декември 2021, а надлежно е повторно ресорното Министерство, заедно со ЈО, судски совет и Совет на јавни обвинители. Предвидена е и проценка на постојниот АКМИС систем со негова надградба или нов систем за управување на предмети, зајакнување на ИТ капацитетите, избор на нови јавни обвинители, унапредување на стручни соработници и спроведување на постојани обуки. Рокот е декември, надлежни се ресорните институции. Прв пресек за овие активности ќе може да очекуваме во мај.

како услов на ЕУ, бидејќи 26 земји членки беа за текстот на преговарачката рамка изминативе месеци и за почнување преговори во декември, единствено против беше Република Бугарија“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на пописот на дијаспората. Тој вели дека засега нема ништо ново во однос на разговорите со Бугарија. Нашиот фокус, потенцира Османи, во моментов се работите од Договорот со Бугарија за кои имаме помалку разлики, бидејќи, како што рече, јасно е дека политиката во Софија е фокусирана на нивните внатрешни прашања и изборите кои наскоро ќе се одржат. Но, потенцира министерот за надворешни работи, добро е во текот на овој период да се искористат деновите да

се искомуницираат институциите што се однесува до секторските политики. „Комисијата за историски и образовни прашања изминатите денови одржа седница, тие треба да го усвојат годишниот извештај за работата на оваа комисија и овој документ заедно со акцискиот план, кој скоро е договорен, се предуслови да се одржи оваа средба. Во мигот кога ќе го имаме годишниот извештај на Комисијата, акцискиот план и фокусот на бугарската политика за овие прашања, јас мислам дека може да определиме датум за Комисијата. Тоа нема да ги реши работите за кои имаме разлики, но сепак ќе креира едно повисоко ниво на доверба за да продолжиме со заедничките теми“, рече Османи. nnn



МАРТ 2021

42 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Имав еден подолготраен процес за селекција на кандидати за почесен конзул во два различни региони на Северна Македонија. Еден од избраните кандидати, којшто ќе се фокусира на подобрување на трговската и економската соработка помеѓу двете земји, е Дарко Гацов, од компанијата Сингулар. Вториот избран кандидат, проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, е со завиден правнички бекграунд, и тој ќе се насочи кон креирање на правна рамка помеѓу двете земји, со акцент повеќе кон сферата на академската соработка. Сигурна сум дека нивниот бекграунд, искуство и посветеност ќе помогнат да се постигнат целите што ги поставивме


INTERVIEW

43

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ТАМАРА ЛИЛУАШВИЛИ

НЕРЕЗИДЕНТЕН АМБАСАДОР НА ГРУЗИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРИЕМОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО БЕШЕ ИНСПИРАТИВНА ПОРАКА ЗА МОЈАТА ЗЕМЈА НА НЕЈЗИНИОТ ЕВРОАТЛАНТСКИ ПАТ Една од клучните стратешки цели на Грузија е членството во европските и евроатлантските структури, што е главната гаранција за идната безбедност, стабилност и развој на земјата. Ова се заснова на изборот на грузискиот народ, е резултат на широк јавен консензус и е дефинирано на ниво на Устав. Грузија сака да аплицира за членство во Европската унија во 2024 година и ги започна сите подготвителни работи за овој процес. Ја поздравуваме подготвеноста на Република Северна Македонија да сподели искуство во процесот на европска интеграција и со задоволство ги очекуваме идните консултации. Приемот на Северна Македонија во Алијансата беше инспиративна порака за Грузија дека политиката на Отворена врата на НАТО функционира. разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Г

рузија, иако древна земја со богата култура и традиција, лоцирана на крстопатот помеѓу Европа и Азија, е прилично непозната дестинација за просечниот македонски граѓанин. За жал, и официјалните дипломатски односи помеѓу двете земји се воспоставени дури неодамна, во 2019 година, па за волја на вистината и немало некакви посебни можности двата народи меѓусебно да се запознаат,

и да се развијат позначајни деловни и културни релации. Грузиската амбасадорка г-ѓа Тамара Лилуашвили, којашто ја покрива Северна Македонија од амбасадата во Софија, вели дека овие околности набрзо ќе почнат да се менуваат и дека ќе се динамизира соработката помеѓу двете држави. За почеток, ќе бидат назначени два почесни конзули на Грузија во земјава, а наскоро се очекува и отворање на амбасада. Ваша Екселенцијо, каква е природата на моменталните политички и економски односи помеѓу Грузија и

MАРТ. 2021

Северна Македонија, дали постои некаква трговска соработка и кои области според вас имаат најголем потенцијал за продлабочување на меѓусебните релации? Дипломатските односи помеѓу двете земји се воспоставени во 2019 година и јас сум пресреќна што сум назначена за прв амбасадор на Грузија во Северна Македонија. По воспоставувањето на дипломатските односи, се случија повеќе состаноци на високо ниво (помеѓу претседателите; министрите за надворешни работи се сретнаа неколку пати), па така првите


МАРТ 2021

44 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

контакти се воспоставени, а во процес на планирање се идните посети и комуникација помеѓу високи претставници на двете земји. Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, не само на билатерално ниво, туку и во рамки на меѓународните организации, како на пример, поддршката на резолуцијата на Генералното собрание на ООН за Грузија, како и ко – спонзорирањето на резолуцијата „Соработка со Грузија“ на Советот на човекови права при ООН. Што се однесува до трговските односи, во 2019 година на пример, обемот на размена помеѓу двете земји бил скромни два милиони долари, којшто за жал, поради Ковид – 19 пандемијата се намалил. Но, се надевам дека во следните години трговската размена ќе се зголеми значајно. Како држава гледаме голем потенцијал во соработката на полето на трговијата и економијата, туризмот, јавната администрација, одбраната, културата и образованието. XСо X оглед на интензивирањето на односите помеѓу Грузија и Северна Македонија, па кажете ни малку повеќе детали околу тоа? Што конкретно ќе се случува, дали двете земји ќе отворат амбасади една кај друга, или ќе биде за почеток преку почесни конзули и сл.? Како што спомнав претходно, првите контакти на високо ниво се веќе направени, а сега треба да ги интензивираме преку меѓусебни посети. Ние сме расположени да размениме искуства со македонската страна околу европските и евроатлантските интеграциски процеси, како и во делот на реформите на јавната администрација, јавните услуги и е – владата. Исто така, би сакала да ја истакнам важноста на забрзувањето на секторската соработка помеѓу двете земји и во овој контекст, да се воспостават директни контакти помеѓу различни ресорни министерства. Многу важен чекор во идната соработка ќе биде креирањето на правна рамка помеѓу Грузија и Македонија, што ќе креира солидна основа за активна соработка. Во моментов, Грузија ќе назначи почесни конзули во Северна Македонија. Ова е прилично ефективен механизам што ќе биде воспоставен во земјата. Имав еден подолготраен процес за селекција на кандидати за почесен конзул во два различни региони на Северна Македонија. Еден од избраните кандидати, којшто ќе се фокусира на подобрување на трговската и економската соработка помеѓу двете земји, е Дарко Гацов, од компанијата Сингулар. Вториот избран кандидат, проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, е со завиден правнички бекграунд, и тој ќе се насочи кон креирање на правна рамка помеѓу двете земји, со акцент повеќе кон сферата на академската соработка. Сигурна сум дека нивниот бекграунд,

искуство и посветеност ќе помогнат да се постигнат целите што ги поставивме. XКаква X е во моментов состојбата во Грузија на политичко - економски план? До каде е земјата на патот кон своите евроатлантски аспирации? Како прво, една од главните стратешки цели на Грузија е зајакнување на суверенитетот на земјата и враќање на нејзиниот територијален интегритет во меѓународно признатите граници со мирни средства. Како што можеби сте запознаени, 20% од грузиската територија е окупирана од Руската Федерација. За да ја постигнеме нашата цел, работиме многу активно со меѓународните партнери, за да спречиме признавање на таканаречената независност на окупираните територии на Грузија и да обезбедиме дека Русија ќе ги исполни меѓународно преземените обврски. Друга важна цел за Грузија е членството во европските и евроатлантските структури, што е главната гаранција за идната безбедност, стабилност и развој на земјата. Ова се заснова на изборот на грузискиот народ, е резултат на широк јавен консензус и е дефинирано на ниво на Устав. Грузија сака да аплицира за членство во Европската унија во 2024 година и ги започна сите подготвителни работи за овој процес. Во однос на евроатлантските аспирации на Грузија, земјата целосно ги споделува принципите и вредностите околу кои земјите членки на НАТО се обединети. Со учество во мисиите и операциите на НАТО, Грузија ја потврдува својата подготвеност да даде ефективен придонес кон целокупната евроатлантска безбедност. Грузија не е само многу близок партнер на НАТО, Грузија веќе се однесува како членка на НАТО – преку трошење на 2% од БДП на буџетот за одбрана; спроведување на сите практични и политички механизми; учество во водечките мисии на НАТО и затоа ги има сите механизми за влез во НАТО. Додека Грузија продолжува да оди по комплексниот пат на реформите, воспоставивме добри контакти со државите од Западен Балкан со цел да го споделиме драгоценото искуство на нивниот пат кон европската интеграција. Ја поздравуваме подготвеноста на Република Северна Македонија да сподели искуство во процесот на европска интеграција и со задоволство ги очекуваме идните консултации. Приемот на Северна Македонија во Алијансата беше инспиративна порака за Грузија дека политиката на Отворена врата на НАТО функционира. Во врска со понатамошниот економски развој на Грузија - главната цел е понатамошен економски и одржлив развој на земјата, привлекување инвестиции и современи технологии / иновации; употреба на стратешката локација и потенцијал за транзит низ земјата - поврзување на Европа и Азија, како и спроведување на големи и регионални транспортни, енергетски

и телекомуникациски проекти. Со нетрпение чекам да ја запознам Северна Македонија со сите економски можности што ги нуди Грузија, а кои можат да бидат корисни и за неа. На пример, сите режими на слободна трговија што ги ужива Грузија со Кина, Индија, Јужна Кореја. Значи, како што можете да видите, нè чека многу интензивна работа за промоција и истражување на различни можности меѓу нашите земји. XКои X се најголемите предизвици со коишто се соочува Грузија во својот развој како постсоветска и транзициска земја? Во кои области е постигнат најголем напредок, а што е она каде има уште простор за усовршување? Како што споменав погоре, еден од главните предизвици за Грузија е окупацијата на територијата на Грузија од Руската Федерација и мирно решавање на руско-грузискиот конфликт. Понатаму, преминот од планска економија кон пазарна економија по распадот на Советскиот Сојуз создаде многу предизвици, како и обновувањето на сите поголеми државни институции. Но, Грузија ги надмина овие предизвици и денес е земја пример и предводник во регионот во однос на консолидирање на демократијата, обезбедување заштита на човековите права, владеење на правото и доброто управување, како и зајакнување на транспарентноста и судската независност. Денес, Грузија има значајни резултати во полето на реформи на својата економија и подигнување на животниот стандард на своите граѓани. Извештајот „Doing Business 2020“ на Светската банка ја смести Грузија на 7-та позиција во категоријата „Леснотија за водење бизнис“ (меѓу 190 земји). Фондацијата Херитиџ ја смести Грузија на 12-то место во „Индексот на економска слобода 2020“ (од 180 земји, на 6-то место во Европа). Покрај тоа, во последниве две децении, земјата стана синоним за успешни реформи и брз развој. Поради елиминирањето на голем дел од бирократијата и спроведувањето на про – бизнис политики, Грузија беше призната од меѓународните организации и дури беше пофалена како „врвен реформатор“. Како резултат на тоа, нашата мала земја на крстосницата помеѓу Европа и Азија брзо станува регионален центар за бизнис. XЗа X жал, пошироката македонска јавност не е доволно запознаена со Грузија како земја, економија, култура, традиција... Претпоставувам дека истото е и во обратна насока. Што може според Вас да се направи во најскоро време за да се промени оваа ситуација? Колку Вие лично знаете за Македонија, нејзината култура, историја, традиција, гастрономија...Што сметате дека би им било најинтересно на вашите сонародници да научат за Македонија, да ја посетат и сл., а истото и во обратна насока? Само неколку пати сум била во Скопје во кратки посети, бидејќи како што знаете,


ТАМАРА ЛИЛУАШВИЛИ

НЕРЕЗИДЕНТЕН АМБАСАДОР НА ГРУЗИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

45

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Со нетрпение чекам да ја запознам Северна Македонија со сите економски можности што ги нуди Грузија, а кои можат да бидат корисни и за неа. На пример, сите режими на слободна трговија што ги ужива Грузија со Кина, Индија, Јужна Кореја. За жал, досега немав вистинска шанса да ја искусам Северна Македонија, но за мојата следна посета планирам да останам со моето семејство неколку дена за да ја откријам оваа неверојатна земја. Имам две мали деца (6 и 3 години) и верувам дека и тие ќе уживаат во посетата на Скопје. Во иднина, со нетрпение очекувам да го посетам Охридското Езеро, Преспа, можеби на лето. Нестрплива сум да посетам некои антички места и локалитети како Скупи, Хераклеја, Стоби. Јас сум секако заинтересирана и за посета на некои цркви и манастири во Северна Македонија и исто така, едвај чекам да пробам од вашето вино и гастрономски специјалитети, како и да ги претставам грузиските вина и кујна во Северна Македонија.

јас ја покривам Северна Македонија од главниот град на Бугарија, Софија. Се надевам наскоро, ќе ја имаме нашата амбасада во Скопје. За жал, досега немав вистинска шанса да ја искусам Северна Македонија, но за мојата следна посета планирам да останам со моето семејство неколку дена за да ја откријам оваа неверојатна земја. Имам две мали деца (6 и 3 години) и верувам дека и тие ќе уживаат во посетата на Скопје. Во иднина, со нетрпение очекувам да го посетам Охридското Езеро, Преспа, можеби на лето. Нестрплива сум да посетам некои антички места и локалитети како Скупи, Хераклеја, Стоби. Јас сум секако заинтересирана и за

посета на некои цркви и манастири во Северна Македонија и исто така, едвај чекам да пробам од вашето вино и гастрономски специјалитети, како и да ги претставам грузиските вина и кујна во Северна Македонија. Има толку многу аспекти кои може да се спомнат во оваа прилика и некој може да помисли дека е и малку преамбициозно сето ова, но верувам дека со помош на идните почесни конзули и пријатели на Грузија сигурно ќе ја покажеме мојата земја во вистинско светло пред македонските граѓани. Грузија е европска демократија, сместена на историски витална раскрсница што ги поврзува Каспиското и Црното море, со свое

MАРТ. 2021

богато културно наследство, топло гостопримство, недопрена природа и атрактивна деловна средина. Денес, светот повторно ја открива Грузија како земја на динамична демократија, античка историја, но со модерна и светла перспектива. Малата нација, сместена на крстосниците на Азија и Европа е место каде што може да се најде нешто ново, разновидно, донекаде познато, но сепак мистериозно. Возбудена сум што во Северна Македонија ќе ја претставам можноста да ја откриете мојата Грузија и со нетрпение очекувам да дознам многу работи за вечната Северна Македонија. nnn


МАРТ 2021

46 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ПРОМЕНИ НАВИКИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

МИЛЕНИЈАЛЦИТЕ „ГИ УБИЈА“ ОВИЕ ПРОДУКТИ, НО КОВИД-19 ГИ ВРАТИ ВО ЖИВОТ


Потрошувачите, особено во развиените западни економии, за време од карантинот ги поедноставија своето купување и изборот “го ресетираа“ на фабричките поставки. Од рафтовите во маркетите, но и од дома, преку онлајн нарачките избираа она што некогаш се купувало во нивните семејства, како квасец, тетрапак кравјо млеко или пакетче салфетки. Затоа брендовите мора да обмислат стратегии за постпандемиското време.

П

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

ред три години американските медиуми, како Business Insider, на пример, генерацијата на „миленијалци“ или Generation Y (родени помеѓу 1981 и 1995 година, н.з.) како што се нарекува, ја прогласија за убијци. Убијци, затоа што, како што тврдеа аналитичарите, на душа носат десетици брендови или категории производи коишто поради сопствениот животен стил, погледи на светот или нешто сосема десетто ги исфрлиле од игра. Оваа генерација на потрошувачи, на пример, влијаела врз драстичното намалување на потрошувачката на кашкавали за тост, затоа што им биле премногу индустриски процесирани, премногу со портокалова боја, или што и да е. Исто така, престанаа да користат салфетки, затоа што хартиените крпи им изгледаа доволно добра замена, но престанаа и да играат голф сметајќи дека е поприкладен за нивните родители. Но, пред неколку денови, AdAge, глобалниот магазин посветен на маркетинг индустријата објави мошне интересна анализа, за тоа дека сега всушност, категориите производи што пребирливите миленијалци ги отфрлиле, пандемијата ги спасува. Веројатно глаголот „спасува“ и не е коректно да се употребува во контекст на пандемијата, но тоа е факт. Имено, вонредните околности во коишто живее модерниот свет изминативе неколку месеци оставија трага врз потрошувачките навики и одлуките за купување, на коишто, повеќе од било кога, влијаеја факторите како цена, достапност и трајност. Потрошувачите поретко одеа до продавница, па така избира производи што подолго ќе им траат, а поради заканата од рецесија се решаваа за ценовно поприфатливи продукти. Освен тоа, сакаат да избегнат да бидат парализирани од изборот, па го поедноставија купувањето, и сликовите кажано, го ресетираа изборот на фабричките подесувања, го бираа тоа што во нивните семејства се купувало на времето, како квасец, тетрапак кравјо млеко или пакетче салфетки.

Враќање во кујната

Чаршафите за маса, но и сервисите за јадење, чашите и сите останати производи што ја разубавуваат софрата станаа повеќе барани за време на пандемијата. Миленијалците почнаа повеќе да готват по дома, па целата работа ја кренаа на повисоко ниво и заборавија на практичните хартиени бришачи. Дека тоа е така потврдуваат и податоците за продажбата на чаршафи, која на американскиот пазар во април и мај 2020 пораснала за 43%, во споредба со истиот период 2019.

47

Како што за AdAge објасни Грег Портел, партнер во консултантската куќа Kearney, за време на пандемијата, а се очекува таа пракса да продолжи и во постпандемиското време, перспективата на потрошувачите се променила и поради тоа некои заборавени (убиени) категории се вратија во игра. Реалноста едноставно му се закани на животот за којшто секој сонувал. „Потрошувачите што се најдоа во ситуација да седат и работат меѓу своите четири ѕидови одлучија да го поедностават својот живот, што директно влијаеше и врз нивните одлуки за купување“, објаснува Портел и им порачува на маркетинг стручњаците во корпорациите дека сега е време да обрнат посебно внимание на купувачите и да ја прилагодат својата понуда на постпандемиските купувачки навики. Сега е, велат стручњаците, прилика за добивање на нови сознанија за купувачите со помош на кои може да се освојат нивните паричници. Тоа особено важи за категориите што повторно „оживеаја“ за време на пандемијата, како споменатите салфетки, голфот, па дури и лагер пивото, за коишто пишува AdAge. Така, на пример,


МАРТ 2021

48 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Прилика да ја вратат старата слава добија и пивските брендови, коишто миленијалците ги заменија со повеќе тренди опции, како, во најдобар случај т.н. крафт пива, сајдерите, коктелите или пак шприцерите. Онлајн нарачките на лагер пиво за време на карантинските месеци процветаа: продажбата на американскиот пазар порасна за неверојатни 100%.

чаршафите за маса, но и сервисите за јадење, чашите и сите останати производи што ја разубавуваат софрата станаа повеќе барани за време на пандемијата. Миленијалците почнаа повеќе да готват по дома, па целата работа ја кренаа на повисоко ниво и заборавија на практичните хартиени бришачи. Дека тоа е така потврдуваат и податоците за продажбата на чаршафи, која на американскиот пазар во првите два месеци од пандемијата пораснала за 43%, во споредба со истиот период во 2019. Како што за AdAge објаснија од компанијата Vanity Fair Napkin, побарувачката за нивните производи драматични пораснала за време на корона – кризата, а во компанијата прават вонредни напори за да ги задоволат барањата на купувачите коишто во ова стресно време утеха бараат покрај домашната софра. Поради ова, од Vanity Fair Napkin неодамна го лансираа онлајн шоуто „Joan Creative“, коешто ги учи гледачите на вештините на готвење и им помага при подготовка на семејните оброци. Многу сличен раст забележаа и производителите на сирења и кашкавали, најмногу оние на т.н. “американско сирење“, коешто на тој пазар се јаде најчесто со тост или чизбургер (популарното сирење американски чедар).

Наместо традиционалните снегулки, миленијалците попрво избираа од попопуларните намирници како авокадо – тост или овесни снегулки со билно млеко, чиа семе, овошје и останати здрави намирници. Со оглед на тоа дека дома заедно со родителите останаа и децата коишто претпочитаат здрави, но едноставни појадоци, категоријата на житарки повторно е актуелна. Како што пресметала компанијата Nielsen, продажбата на житарки во карантинските месеци лани растела со просечна стапка од околу 35%.

„Комфор“ брендови

Иако не се познати бројките за растот на оваа категорија во Европа, на американскиот пазар руши рекорди. Во април и мај лани продажбата на „американското сирење“ порасна за 47% во споредба со претходната година, а од тоа особено се офајдија големите брендови како Kraft, којшто на пазарот ги нуди Kraft Singles American и Velveeta. Зголемената продажба исто така се објаснува и со готвењето од дома, и тоа т.н. „комфор“ јадења како што се тост сендвичи или макарони со сирење (омилените американски комфор јадења). Како што објаснија од Kraft за AdAge, во несигурни времиња потрошувачите се вртат кон брендовите на коишто им веруваат. Нивниот бренд, но и целата категорија на такви сирења, синоним е

за задоволство, комфор, затоа и им се враќаат. Кога се работи, пак, за голфот, AdAge пишува дека бил една од ретките спортски активности што младите генерации ја заобиколувале во широк лак. Голфот, е, велат, во спротивност со нивните вредности и очекувања – правилата им се премногу комплицирани, играта предолго трае, а и, што им е ним најважно, голфот е поради потрошувачката на вода и заземање на природните, зелени површини, не им е толку мил, затоа што младите генерации во голема мера навиваат за зачувување на природната средина и одржлив развој. Но, последниве година – две, а особено во текот на пандемијава,

работите почнаа да се менуваат. Прво, генерацијата на пензионирани “бејби бумери“ (луѓето родени во периодот по Втората светска војна, од 1946 – 1965, н.з.) почна повеќе да се интересира за голф, а потоа продолжи да го игра и за време на пандемијата, и тоа од многу едноставни причини – голфот е бесконтактен и се практикува на отворено. Во март 2020 продажбата на опрема за голф пораснала за неверојатни 144% во САД, а се очекува интересот за овој спорт да продолжи да расте и во светот на “новата нормалност“.

Житарки и пиво

Освен споменатите, уште една интересна категорија продукти “оживеа“ за време


49

МАРТ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1096

Во март 2020 година продажбата на опрема за голф пораснала за неверојатни 144% во САД, а се очекува интересот за овој спорт да продолжи да расте и во светот на “новата нормалност“. Помладите генерации што не го милуваа премногу овој спорт поради нивните верувања дека не влијае добро врз животната средина и сл., сега се’ повеќе го практикуваат, затоа што е бесконтактен и се игра на отворено.

Во првите два месеци од пандемијата продажбата на „американското сирење“ порасна за 47% во споредба со 2019 година, а од тоа особено се офајдија големите брендови како Kraft, којшто на пазарот ги нуди Kraft Singles American и Velveeta. Зголемената продажба исто така се објаснува и со готвењето од дома, и тоа т.н. „комфор“ јадења како што се тост сендвичи или макарони со сирење (омилените американски комфор јадења).

на пандемијата. Се работи за пазарот на житни снегулки, коишто миленијалците и помладите генерации ги отфрлија како опција за здрав и хранлив појадок. Наместо традиционалните снегулки попрво избираа попопуларните намирници како авокадо – тост или овесни снегулки со билно млеко, чиа семе, овошје и останати здрави намирници. Со оглед на тоа дека дома заедно со родителите останаа и децата коишто претпочитаат здрави, но едноставни појадоци, категоријата на житарки повторно е актуелна. Како што пресметала компанијата Nielsen, продажбата на житарки за време на карантините растела со просечна стапка од околу 35%. Со оглед

дека децата пополека ќе се враќаат во школските клупи и во градинките, на играчите во индустријата им е 5 до 12 што се вели, да ја подобрат својата понуда и комуникацијата, за да и во постпандемискиот период житарките останат популарен утрински оброк. Прилика да ја вратат старата слава добија и пивските брендови, коишто миленијалците ги заменија со повеќе тренди опции, како, во најдобар случај т.н. крафт пива, сајдерите, коктелите или пак шприцерите. Онлајн нарачките на лагер пиво за време на карантинските месеци процветаа: продажбата на американскиот пазар порасна за неверојатни 100%. Освен што се нарачуваа пива онлајн, купувачите коишто одат во поретки, но

пообемни шопинзи, се товареа и со гајби на познатите светли пива како Budweiser или Coors. Со оглед дека кафулињата и рестораните пополека се отворија, пред производителите на пиво е предизвикот како да се задржи вниманието на потрошувачите врз нивните брендови. Иако на рака им одат и трендот на поедноставување на животот, но и поголемата чувствителност на цените, би морале да се посветат на осмислување стратегии што ќе им помогнат да се одржат во живот и приближат кон помладите генерации. Тоа секако не вреди само за пиварската индустрија, туку и за другите категории на производи што во текот на пандемијата добија нова шанса за живот.





Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.