12 minute read

ЕКОНОМИЈА Анализа на антикризните мерки

Next Article
8долг рок

8долг рок

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ЕKОНОМИЈА

Advertisement

АНАЛИЗА НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ МАКЕДОНСКАТА ВАКЦИНА ЗА ЕКОНОМИЈАТА ДОСТИГНА 700 МИЛИОНИ ЕВРА

Македонскиот фискален стимул од досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП, што е две третини од проценетата вредност на сите пет пакети антикризни мерки. Според анализата на Министерството за финансии што е доставена и до Европската Комисија, одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата бил брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население. Се проценува дека преку овој фискален стимул, падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, и би изнесувал 8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Македонскиот фискален стимул од досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП, што е две третини од проценетата вредност на сите пет пакети антикризни мерки. Според анализата на Министерството за финансии што е доставена и до Европската Комисија, одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата бил брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население и имало значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Се проценува дека преку фискален стимул од 704 милиони евра, падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал 8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%. Според анализата, со четирите антиковид мерки ублажени се последиците и во однос на стапката на невработеноста која во првото тромесечје на минатата година порасна од 16,2% на 16,7%, додека во третото и четвртото тромесечје бележи постепено намалување на 16,5% и 16,1% соодветно, со што просечната стапка на невработеност во 2020 година изнесува 16,4%. Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, има раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор во септември 2019 година, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година. Владата во исто време го утврди и текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Финансискиот договор за одговор на КОВИД-19. Предлог-законот, кој е доставен на усвојување во Собранието, е наменет да го поддржи финансирањето на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кое ќе се оствари со договор меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија со кој ќе се обезбедат 100 милиони евра свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Инаку, од март минатата година кога коронавирусот почна забрзано да се шири во Европа и во земјава, ги затвори и границите и граѓаните дома, нагло се прекина вообичаената економска активност. Оттогаш досега, државата во пет наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити, но освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Од Народната банка, коментираа дека се уште е рано додека се справуваме со ефектите од пандемијата врз економијата и таа сè уште трае, да се даде прецизна и детална оценка за успешноста на преземените мерки. Но, општата оценка е дека природата на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките кај нас е слична со мерките коишто се преземаат и во другите економии, а и се во согласност со препораките на главните меѓународни финансиски институции. „Јачината на мерките зависи од просторот којшто го имаат носителите на политиките. Она што е клучно во однос на мерките е општиот став тие да не бидат повлечени предвреме, односно мерките треба да продолжат сè додека не се достигне одржливо закрепнување на реалниот сектор од економијата. Во следниот период, согласно со најавите, антикризните мерките ќе бидат фокусирани пред сè на поддршка на најпогодените сектори/ бизниси, преку повеќе механизми. Со оглед на карактеристиките на самата криза, потребно е постојано следење, реоценка на првичните ефекти од мерките и нивно приспособување на состојбите во реалниот сектор, како во однос на обемот, така и во однос на нивното времетраење“, коментира вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска.

Позитивни оценки од Светска банка

Позитивни оценки за фискалните мерки даде и Светската банка. Директорот на оваа меѓународна финансиска институција во земјава, Масимилијано Паолучи, зборувајќи за ефектите вели дека мерките го ублажиле ударот од пандемијата врз економијата, но предупреди да се внимава бидејќи пандемијата не е завршена. „ Владата на Северна Македонија со пет пакети антикризни мерки го амортизираше влијанието на кризата особено врз најранливите сектори. Макроекономскиот импакт од тоа во однос на дефицитот и јавниот долг е јасен и можеме да дискутираме за тоа, но она што е важно да се забележи е дека Владата имаше можност да продолжи со овие пакети мерки и да го амортизира влијанието на кризата, бидејќи имаше фискален простор којшто овозможи реализирање на овие мерки. Гледајќи напред, она што е важно, прво да се следи еволуцијата на пандемијата и да се преземат потребните мерки, но преку таргетирање, особено имајќи ги предвид оние што ќе бидат најпогодени од продолжувањето на пандемијата. Пораката што ние како институција ја имаме е дека пандемијата е се’ уште тука, дека секогаш треба да ги имаме предвид оние што ќе бидат најпогодени, но во исто време да почнеме да размислуваме

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ЕKОНОМИЈА

Се проценува дека преку фискален стимул од 704 милиони евра, падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал 8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%.

за иднината, за она што сакаме да го видиме после пандемијата и да го посееме семето сега за понатамошното заздравување“, вели Паолучи. Секоја земја преземаше мерки согласно расположливиот фискален простор. Согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4% од БДП во Бугарија, 2,8% во Албанија, 3% Босна и Херцеговина, 3,7% во Црна Гора, 4,1% Косово, Хрватска со 7%, ние со околу 10%, Србија на слично ниво со 11,3% и Словенија и Грција со околу 14% од БДП. Но во исто време, кај Словенија и кај Грција има значително зголемување на државниот долг од почетокот на кризата, кај едната за 13 процентни поени, а кај другата за 19,4 процентни поени. Со тоа државниот долг на Словенија на крајот на третиот квартал изнесува 78,5% од БДП, додека на Грција двојно повеќе од БДП. Кај останатите земји во регионот тој се движи од 90,8% Црна Гора, 56,8% Србија, Босна и Херцеговина 38,9% и Косово 22,1%, согласно податоците на европската статистичка агенција „Евростат“. „Согласно овие податоци, може да се види дека кај нас е направен добар баланс помеѓу стимулативните пакети и задржувањето на долгот на едно ниво, коешто на среден рок ќе се стабилизира и нема да преставува закана или пречка за понатамошниот економски развој и макрофинансиската стабилност“, објаснува министерот за финансии, Фатмир Бесими. Покрај мерките кои ги преземаа фискалните власти, дополнителна поддршка кон ублажување на ефектите од Ковид-кризата имаа и мерките кои ги преземаа монетарните власти. Намалувањето или задржување на референтната каматна стапка на ниско ниво и дополнителни мерки преку други инструменти на монетарната политика, придонесоа за одржување на ликвидноста во економиите. Така на пример, Европската Централна Банка преку нејзините каматни стапки водеше приспособливо-монетарна политика во насока на поддржување на економијата, односно цело време ја одржуваше на негативно ниво. Со тоа се влијаеше врз останатите каматни стапки, на пример ЕУРИБОР остана негативен за цел кризен период а со тоа и трошоците за финансирање беа поволни. Оваа поставеност на монетарната политика влијаеше на зголемена понуда на пари во финансиските пазари што придонесе за намалување на каматните стапки и трошоците за позајмување на земјите за финансирање на економските мерки. Истовремено, ниската инфлација овозможи монетарната политика да биде поактивна во борбата против ефектите од пандемијата.

Големи задолжувања

Потребата од зголемен фискален стимул кој подразбираше поголеми задолжување го зголеми и јавниот долг на Македонија над 60% од бруто домашниот производ. Новиот директор на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи којшто има искуство од координирање на земјите што во екот на должничката криза се соочија со најголеми проблеми, како Шпанија, Португалија и Грција, вели дека иако овие кризни времиња наметнаа потреба од непланирани задолжувања за да се одговори соодветно на

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097 1097

KAPITAL.MK I БРОЈ 1097

ЕKОНОМИЈА

ситуацијата, мора внимателно да се управува со долгот на државата. „Уште една лекција од оваа криза е да бидеме прагматични во начинот на кој управуваме со ресурсите. Навистина јавниот долг како удел во БДП овде надминува 60%, но во исто време ако ја погледнеме целата слика на европските земји, ова е пониско ниво отколку нивоата на јавниот долг од БДП што ги спомнавте. Важната работа што треба да ја знаеме е како што ќе излегуваме од оваа ситуација, затоа што навистина ќе излеземе од оваа ситуација, да погледнеме што ќе им овозможи на земјите да ги изградат оние амортизери што ги спомнавме претходно. Тоа значи да ги преземат потребните реформи од една страна, да ги зголемат приходите, и од друга страна да се менаџираат трошењата поефикасно. Да се погледне во даночниот систем, да се зголемат приходите, но не само заради тоа, туку да се зголемат приходите во оние сектори што ќе и овозможат на земјата да оди кон друг економски модел. Зборувам за зелен раст и зелени даноци, дигитален раст и дигитални даноци, така што ќе се создадат ресурси за поттикнување на приходите и економски добра во исто време. На страната на трошењата, тоа значи ревидирање на економскиот модел кон раст воден од приватниот сектор. Или во основа намалување на државната помош, и кратење на сите оние непродуктивни трошења коишто може да бидат товар на фискалната сметка. И да се оди повеќе и повеќе кон поефикасно менаџирање на трошењата и поттикнување на условите за да се развива приватниот сектор во земјата“, истакна Паолучи. Народната банка, која што ја води монетарната политика, исто така предупредува да се заузди експанзивната фискалната политика откако пандемијата ќе стивне, односно големите фискални дефицити да бидат само од привремен карактер. „Во однос на буџетскиот дефицит минатата и оваа година, тоа е одраз на контрациклично делување на фискалната политика. Имено, при пад на економската активност, јавната потрошувачка во принцип се зголемува, за да ја поддржи економијата. Се разбира дека за тоа треба да постои доволно фискален простор и цврста определба за привремен карактер на фискалниот импулс и брзо враќање кон патеката на консолидација и градење на просторот по исцрпувањето на шокот. Високите буџетски дефицити се тековно глобален, но и очекуван феномен, бидејќи секоја држава во светот се соочува со истиот проблем и го решава на сличен начин. Секако, потребата за финансирањето на дефицитите се одразува и врз нивото на јавниот долг, што упатува на потреба од внимателност во следниот период и она што е важно, буџетските расходи да се целно насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. На таков начин ќе се овозможи и побрзо стабилизирање на нивото на јавниот долг како учество во бруто домашниот производ, на среден рок“, истакна Емилија Нацевска, вицегувернерка на Народната банка.

Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, има раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор во септември 2019 година, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година.

Оптимизмот за годинава сè уште присутен

Иако среде огромен трет бран на ширење на заразата и исклучително бавен процес на имунизација, коишто ги нарушуваат економските планови, сепак засега меѓународните финансиски институции имаат се’ уште оптимистички прогнози дека годинава може да се спаси. Домашните власти, исто така очекуваат втората половина од годината да почне заздравувањето од здравствената и економската криза. „Како што изминува времето, се очекува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети и поволни ефекти од економските мерки. Согласно основното сценарио очекуваме раст на економијата од 4,1% за годинава“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими. Светска банка во најновиот извештај ја потврди својата стара прогноза дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6%. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5%. Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1%, потоа Србија од 5%, Албанија 4,4%, Косово 4% и Босна и Херцеговина од 2,8%, покажува извештајот на СБ. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5%, во Србија и Албанија по 3,7% и по 3,5% за Македонија и Босна и Херцеговина. Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просекот на европско-ценралноазискиот регион. Банката додава и дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи. nnn

This article is from: