3 minute read

Ковид

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Премиерот Зоран Заев му честиташе на Адемоски за новата инвестиција: „ Во време кога компаниите кај нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од КОВИД-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас е планот на Сити Плаза на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на трговскиот центар Рамстор и истоимениот синџир маркети.“

Advertisement

ЧОВЕКОТ ШТО ГО ДОНЕСЕ ХИЛТОН ВО МАКЕДОНИЈА

Ајдован Адемоски е дефинитивно една од најкрупните „бизнисменски ѕверки“ во земјава во последниве 20-тина години. Човек којшто прво стана познат за јавноста како сопственик на трговската фирма Еуроазија, преку која го донесе турскиот бренд на бела техника Беко во земјава, како и неколку брендови од текстилната индустрија и широката потрошувачка. Оттогаш неговото име е нераздвоен дел од секоја позначајна турска инвестиција во Македонија, почнувајќи од Рамстор, којшто го отвори својот прв мол и супермаркет во 2005 година, па потоа ТАВ, Суташ, итн. Не случајно тој е и почесен конзул на Турција во Македонија и претседател на македонско – турската стопанска комора МАТТО преку која се труди да ги интензивира економските врски со Турција. Пред десетина години го отвори хотелот Стоунбриџ веднаш до Камениот мост во метрополата, во 2013 година станбено – деловниот комплекс Капитол во скопската населба Аеродром, а пред две години и својата „флегшип“ инвестиција во земјава, хотелот Double Tree by Hilton, франшиза од меѓународниот хотелски синџир Хилтон, инвестиција вредна околу 50 милиони евра. Адемоски е и претседател на УО на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Со преземањето на „Рамстор Македонија”, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза”, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнителни 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра. „Од неодамна, „Сити плаза” донесе деловна одлука каде во својство на целосен сопственик ја презема сопственоста на Рамстор Македонија и планира да го продолжи своето искуство и знаење во понатамошен развој и прилагодување на новите стандарди во вршење трговија и трговска размена, како во државата, така и надвор, во Турција, Бугарија, Србија и Косово“, рече Адемоски.

Заев: граѓаните од турската заедница се силна алатка во меѓусебното поврзување на двете земји, на сите полиња

нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од Ковид-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас, додаде Заев, е планот на „Сити плаза”, на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на ТЦ „Рамстор” и истоимениот синџир маркети. „Во оваа прилика да ја истакнам улогата на граѓаните од турската заедница за нашата земја како силна алатка на поврзување на традиционално исклучително доброто пријателство и одлична соработка меѓу Македонија и Турција. Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи и пријателства и претставуваат пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко. Најдобра илустрација е присуството на голем број странски инвестиции во земјата од Турција, тоа е најголем странски инвеститор во Македонија од земјите надвор од ЕУ“, рече Заев. Додаде дека само оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршна фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување јавно приватно партнерство во овој проект вреден 300 милиони евра. „Две турски компании конкурираат во Чебрен, повеќе турски компании за изградба на железниците, две компании за сто мегавати во Осломеј се само од Турција, повеќе турски компании за гринфилд инвестиции во нашите зони“, заклучи Заев. Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок истакна дека новите подвизи кои ќе ги реализира „Рамстор” несомнено ќе дадат фидбек на економските односи на Турција и Македонија. 

This article is from: