5 minute read

МЕНАЏМЕНТ Управување со ликвидноста и cash gap

Next Article
Ковид

Ковид

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

МЕНАЏМЕНТ

Advertisement

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И CASH GAP

Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата.

Проблемите со ликвидноста со коишто се соочуваат голем број компании во Македонија и регионот, според финансиските аналитичари меѓу другото се и заради недоволно квалитетниот финансиски менаџмент. Бизнисите имаат проблеми со способноста да ги менаџираат своите побарувања и обврски во подолг временски период, па многу често судбината има ја решаваат банките што се најголеми нивни кредитори. Во денешново динамично опкружување, менаџментот повеќе од кога било мора да внимава на ликвидноста која го осигурува идното работење на компанијата. Сe’ помалку има на располагање готовина, а задача на секој успешен менаџер е да знае да управува со средствата на вистински начин. Кои алатки треба да се користат и на кој начин тие влијаат на зголемување на профитабилноста на компанијата? Едноставно применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. Cash gap претставува број на денови меѓу плаќањето на добавувачите за купените производи или услуги и потребниот број денови тие да се продадат и наплатат од нашите купувачи. Cash gap може да се унапреди на следниве начини:  со зголемување на периодот на плаќање на добавувачите;  со намалување на деновите на наплата од купувачите;  со намалување на деновите на врзување на производите на залиха; Cash gap = број на денови на врзување на производите на залиха + денови на врзување на купувачите – денови на врзување на добавувачите Cash gap го покажува бројот на денови кога плаќањето на добавувачите не може да биде финансирано од редовното работење на компанијата, туку од други извори.

Cash gap директно влијае на приходот на компанијата

Користењето туѓ капитал вклучува дополнителни трошоци за камата. Меѓутоа, и сопствениот капитал има своја цена, односно опортунитетен трошок или друга корист која би можеле да ја оствариме доколку не би морале да ги вложиме парите во покривање на cash gap. На пример, промената на бројот на денови на врзување на производите на залиха директно влијае на cash gap и на големината на добивката на компанијата. Во следниот пример евидентно е дека cash gap на компанијата е 80 дена. Cash gap директно влијае на приходот на компанијата. Доколку просечните обврски на компанијата се околу 36.500.000 денари, а цената на капиталот е 10% на годишно ниво, трошокот на капиталот ќе го добиеме на следниот начин: 36.500.000/365 х 80 = 8.000.000 денари. Тоа е износ кој не можеме да им го исплатиме навремено на добавувачите 8.000.000 х 10% = 800.000 денари е трошокот за капиталот и намалување на добивката на компанијата Доколку го намалиме времето на врзување на залихите на 20 дена под претпоставка сите параметри да останат исти трошокот за капитал ќе биде следниот:  Cash gap се намалува за 20 дена и сега изнесува само 60 дена. Намалувањето на cash gap за 20 дена резултира со намалување на трошоците за капитал за 200.000 денари, односно сега изнесува 600.000 денари. Сево ова ни покажува дека добивката на компанијата ќе се зголеми за 200.000 денари. Сево ова ни покажува колку е важно следењето на cash gap за профитабилноста на компанијата. 

ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

МАРК КЈУБАН

ПРЕТПРИЕМАЧ И СОПСТВЕНИК НА ДАЛАС МАВЕРИКС

СТАНЕТЕ ЕКСПЕРТ ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИТЕ. ТОА ЌЕ ВИ ДАДЕ ПРЕДНОСТ ЗАТОА ШТО ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ НЕ ГО ПРАВАТ ТОА.

ВРСКИ Многу е полесно да си фин, полн со почит, да се ставаш себеси во кожата на потрошувачите, да сфатиш како може да им помогнеш уште пред да ти побараат помош, одошто да се обидуваш да обновиш раскината врска со потрошувач.

СТРАСТ Познавај си го твојот бизнис и индустријата подобро од било кој друг на светот. Сакај го тоа што го работиш, или не го работи воопшто.

НАПОР Една од работите што сите ние можеме да ја контролираме е напорот. Вложете време и напор да станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.

ПАРИ Парите се табела каде што може да се рангираш себеси според тоа како ти оди во однос на другите луѓе. ПОЛИТИКА Мислам дека една од најголемите клетви за Америка е што имаме само две политички партии.

БОГАТСТВО Не ми е гајле што зборуваат другите. Да бидеш богат е добра работа.

РАБОТА Сè уште работам многу напорно за да си го познавам добро својот бизнис. Постојано барам начини да ги подобрам сите мои бизниси и нон-стоп продавам. Нон-стоп.

ИНОВАЦИЈА Ако има 10.000 луѓе што сакаат да направат една иста работа, тогаш зошто ти да бидеш број 10.001?

РИЗИК Ако сте подготвени и знаете што ќе ве снајде, тоа не е ризик. Само треба да сфатите како да стигнете до таму. Секогаш постои начин да стигнете до целта.

Нови тарифи A1 Combo Business

Kомплетно телекомуникациско решение за Вашата компанија! Поврзете ги сите услуги во А1 Combo Business пакет и добијте попуст на месечната претплата, како и попуст за нов уред по Ваш избор.

Направете А1 Combo Business пакет со неограничен интернет и фиксна линија за Вашата канцеларија и добијте 6 месеци без претплата, заедно со вклучени две А1 Business L мобилни линии секоја со 40GB мобилен интернет на најбрзата мобилна мрежа. Промоцијата 6 месеци без претплата важи за фиксните услуги (интернет и фиксна телефонија) во A1 Combo Business пакетот.

Со избор на A1 Combo Business M, со вклучени 2 мобилни линии A1 Business L добивате два смартфони Samsung A31 и A02s за 0 денари.

За повеќе информации јавете се на 077 1234 или посетете ја нашата веб страница www. A1.mk.

This article is from: