1098-Kapital magazin

Page 40

АПР. 2021

40 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И CASH GAP Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата.

П

роблемите со ликвидноста со коишто се соочуваат голем број компании во Македонија и регионот, според финансиските аналитичари меѓу другото се и заради недоволно квалитетниот финансиски менаџмент. Бизнисите имаат проблеми со способноста да ги менаџираат своите побарувања и обврски во подолг временски период, па многу често судбината има ја решаваат банките што се најголеми нивни кредитори. Во денешново динамично опкружување, менаџментот повеќе од кога било мора да внимава на ликвидноста која го осигурува идното работење на компанијата. Сe’ помалку има на располагање готовина, а задача на секој успешен менаџер е да знае да управува со средствата на вистински начин. Кои алатки треба да се користат и на кој начин тие влијаат на зголемување на профитабилноста на компанијата? Едноставно применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. Cash gap претставува број на денови меѓу плаќањето на добавувачите за купените производи или услуги и потребниот број

денови тие да се продадат и наплатат од нашите купувачи. Cash gap може да се унапреди на следниве начини:  со зголемување на периодот на плаќање на добавувачите;  со намалување на деновите на наплата од купувачите;  со намалување на деновите на врзување на производите на залиха; Cash gap = број на денови на врзување на производите на залиха + денови на врзување на купувачите – денови на врзување на добавувачите Cash gap го покажува бројот на денови кога плаќањето на добавувачите не може да биде финансирано од редовното работење на компанијата, туку од други извори.

Cash gap директно влијае на приходот на компанијата

Користењето туѓ капитал вклучува дополнителни трошоци за камата. Меѓутоа, и сопствениот капитал има своја цена, односно опортунитетен трошок или друга корист која би можеле да ја оствариме доколку не би морале да ги вложиме парите во покривање на cash gap. На пример, промената на бројот на денови на врзување на производите на залиха директно влијае на cash gap и на големината на добивката на компанијата.

Во следниот пример евидентно е дека cash gap на компанијата е 80 дена. Cash gap директно влијае на приходот на компанијата. Доколку просечните обврски на компанијата се околу 36.500.000 денари, а цената на капиталот е 10% на годишно ниво, трошокот на капиталот ќе го добиеме на следниот начин: 36.500.000/365 х 80 = 8.000.000 денари. Тоа е износ кој не можеме да им го исплатиме навремено на добавувачите 8.000.000 х 10% = 800.000 денари е трошокот за капиталот и намалување на добивката на компанијата Доколку го намалиме времето на врзување на залихите на 20 дена под претпоставка сите параметри да останат исти трошокот за капитал ќе биде следниот:  Cash gap се намалува за 20 дена и сега изнесува само 60 дена. Намалувањето на cash gap за 20 дена резултира со намалување на трошоците за капитал за 200.000 денари, односно сега изнесува 600.000 денари. Сево ова ни покажува дека добивката на компанијата ќе се зголеми за 200.000 денари. Сево ова ни покажува колку е важно следењето на cash gap за профитабилноста на компанијата. 


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.