1098-Kapital magazin

Page 1

COVER STORY ВЛАСТИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЕФЕКТОТ НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ, БИЗНИСОТ БАРА УШТЕ

business magazine

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ БРОЈ 1098 l 9 април 2021 петок l година 21 www.kapital.mk

АЈДОВАН АДЕМОСКИ И НЕГОВАТА СИТИ ПЛАЗА ЈА ПРЕЗЕДОА РАМСТОР МАКЕДОНИЈА АМБИЦИОЗЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ПЛАН: ЌЕ ВЛОЖИ ПРЕКУ 105 МИЛИОНИ ЕВРА

МЕДИУМСКИ ХАОС ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

ОПАСНИОТ ВИРУС НА ЛАГИТЕ Е СОЈУЗНИК НА КОВИД - 19 ХАЈТЕК УРБАНИЗАМ

КАКО ЕДЕН ГРАД СТАНУВА ПАМЕТЕН?

СВЕТ

ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА СО НОВ ИСТОРИСКИ МАКСИМУМ

МЕНАЏМЕНТ

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И CASH GAP

ЕКОНОМИЈА КАКО РАБОТЕШЕ ДОМАШНАТА ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПАНДЕМИЈА ПОМАЛА ПРЕМИЈА ЗА РЕЧИСИ 5% ИЛИ 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020



3

КАПИТАЛ... 1098 4

16

COVER STORY

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

Ајдован Адемоски и неговата Сити Плаза ја презедоа Рамстор Македонија

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

20

ОПШТЕСТВО

Медиумски хаос во време на пандемија Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид - 19

10

ФИНАНСИСКИ ПАЗАР

Како работеше домашната осигурителната индустрија во пандемија

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

26

30

Пазари на капитал

Предизвиците на случајот „многу луѓе во мали, концентрирани пространства“

СВЕТ

СВЕТ

Њујоршката берза со нов историски рекорд

Како еден град станува паметен?

COVER STORY Економија........................................................................4 Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште ФИНАНСИСКИ ПАЗАР Како работеше домашната осигурителната индустрија во пандемија..........10 Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Ајдован Адемоски и неговата Сити Плаза ја презедоа Рамстор Македонија....16 Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

ОПШТЕСТВО Медиумски хаос во време на пандемија........................................................20 Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид - 19 СВЕТ Пазари на капитал.........................................26 Њујоршката берза со нов историски рекорд СВЕТ Предизвиците на случајот „многу луѓе во мали, концентрирани пространства“....................................................30 Како еден град станува паметен?

32

ФЕЉТОН

Големата слика:

Преобликување на системите на социјална заштита и социјално осигурување на среден рок

ФЕЉТОН Големата слика: Македонската економија на среден и долг рок (8 – а)..32 Преобликување на системите на социјална заштита и социјално осигурување на среден рок ЛИДЕРИ Рекоа за... Продуктивноста............................39 МЕНАЏМЕНТ Управување со ликвидноста и cash gap..........................................................................40 Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 08.04.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

АПР. 2021


АПР. 2021

COVER STORY 4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ВЛАСТИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЕФЕКТОТ НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ,

БИЗНИСОТ БАРА УШТЕ


ВЛАСТИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЕФЕКТОТ НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ, БИЗНИСОТ БАРА УШТЕ

5

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Додека угостителите ги затвораат своите ресторани и барови и притоа бараат државна помош за да го пребродат овој локдаун од две недели, властите споделуваат оптимизам дека економијата покажува знаци на закрепнување. Владините податоци покажуваат дека буџетските приходи од почетокот на годината се повисоки во однос на преткризниот период, и тоа 4,4% раст на вкупните приходи, 5% раст на даноците и придонесите. Според властите, овие резултати во голема мера произлегуваат од ефектите од антикризните мерки, кои од владината седница претходната недела кога се усвои информација наменета за Европската Комисија, според која реализацијата на сите мерки беше 704 милиони евра, сега тие пораснаа на 860 милиони евра. Но, додека угостителите бараат нови мерки, доцни реализацијата на некои мерки од четвртиот и петтиот пакет. Според вицепремиерот Битиќи, станува збор за финансиска поддршка од околу 200 милиони евра, се уште заглавена во Собранието.


АПР. 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Влошената епидемиолошка ситуација во земјата која ги исполни болниците до последно место, наметна повторно затворање на некои услужни сектори во економијата иако властите некое време претходно се обидуваа да избегнат каков било локдаун. Во такви услови, угостителите како најзасегнати од актуелните рестриктивни мерки, веднаш побараа од властите државна помош за да го пребродат ова затворање.

автор:

Д

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ одека угостителите ги затвораат своите ресторани и барови и притоа бараат државна помош за да го пребродат овој локдаун од две недели, властите споделуваат оптимизам дека економијата покажува знаци на закрепнување. Според податоците што ги објави премиерот Зоран Заев додека зборуваше за ефектите од четирите пакети антикризни мерки, буџетските приходи биле повисоки во однос на преткризниот период, и тоа 4,4% раст на вкупните приходи, 5% раст на даноците и придонесите. Според властите, овие резултати во голема мера произлегуваат од ефектите од антикризните мерки, кои од владината седница претходната недела кога се усвои информација наменета за Европската Комисија, според која реализацијата на сите мерки беше 704 милиони евра, сега пораснаа на 860 милиони евра. Тоа значи дека досега реализацијата изнесува 82%, а властите изразија надеж

дека овој процент дополнително ќе се зголеми. Премиерот Заев, истакна дека „сите пакети на антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност, креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и спроведување на брза излезна стратегија за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија“. Според владините податоци, вториот пакет економски мерки е целосно имплементиран, а останатите помеѓу 70% и 90%. „Економските мерки го подобрија економскиот резултат за 4,2 процентни поени“, задоволно коментираа владините претставници, премиерот Зоран Заев, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, директорот на Развојната банка. „Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот

Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99% имплементација.

пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99% имплементација“, истакна премиерот Заев. Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика. Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа, донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и поддржани компаниите и граѓаните погодени од пандемијата. Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите 4 пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура. „Јас се надевам дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло и на овие мерки“, изјави Заев и додаде дека имаме позитивни сигнали дека


ВЛАСТИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЕФЕКТОТ НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ, БИЗНИСОТ БАРА УШТЕ

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на истиот период лани - што е преткризен период, каде нема импакт од КОВИД-19 кризата, при што даноците се наплатени во износ од 27,758 милијарди денари и се за 6,2% повисоки во однос на истиот период лани. Растот на даночните приходи е по скоро сите видови даноци, така ДДВ е повисоко за дури 11,4% во однос на првото тримесечје лани, данокот на добивка е на ниво повисоко за 5%, увозните давачки се повисоки за 10,4%, персоналниот данок на доход е на скоро исто ниво како и лани, со раст од 0,8%. Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3%.

економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: растот на извозот; растот на трговијата; зголемување на кредитирањето и растот на просечната плата.

Најдобар доказ за закрепнувањето е приходната страна на буџетот

Од досега објавените статистички податоци, премиерот Заев, потенцира дека извозот има номинален раст од 15,4% во јануари на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3% со што трговскиот дефицит во јануари се намалил за 29%. Во јануари прометот во внатрешната трговија има номинален годишен раст од 0,8%, просечната плата има раст од 2,7%, а позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството, така што во февруари вкупните кредити се зголемени за 4,4% на годишна основа, кај стапката на невработеност е забележано постепено намалување, вработеноста е зголемена. „Согласно последните макроекономски и фискални движења и очекувањата во однос на меѓународното економско окружување, домашната економија е предвидено да се врати на патеката на економски раст во 2021 година и да

ФАТМИР БИТИЌИ вицепремиер за економски прашања

Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет.

ги надмине шоковите предизвикани од пандемијата. Со закрепнување на глобалната економија, очекуваме дополнително закрепнување и на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како и со растот на домашната потрошувачка, поддржан и преку антикризните економски мерки, ќе се придвижи економскиот раст. Проектираме раст од 4,1%, со очекувања извозот да забележи раст од 14%, брутоинвестициите раст од 7,7%, приватната потрошувачка реален раст од 3,5%, јавната потрошувачка од 4,3%, додека бројот на вработени е проектирано да порасне за 1,9%, а невработеноста да се намали соодветно на тоа“, рече премиерот. Министерот Бесими истакна дека од почетокот на годината имаме позитивни движења во економијата, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот. „Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на истиот период лани - што е преткризен период, каде нема импакт од КОВИД-19 кризата, при што даноците се наплатени во износ од 27,758 милијарди денари и се за 6,2% повисоки во однос на истиот период лани. Растот на даночните приходи е по скоро

7

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

АНА МАРИЈА АЛЕКСОВА член на УО на Туристичко – угостителска комора

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места. Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено- економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат.

сите видови даноци, така ДДВ е повисоко за дури 11,4% во однос на првото тримесечје лани, данокот на добивка е на ниво повисоко за 5%, увозните давачки се повисоки за 10,4%, персоналниот данок на доход е на скоро исто ниво како и лани, со раст од 0,8%. Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3%“, посочи Бесими. Министерот за финансии рече дека на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат неделава, е преставен Планот за финансирање на забрзан раст (Growth Acceleration Financing Plan). „Ова е нов стратешки документ на Владата, кој има за цел преку изнаоѓање нови механизми и извори на финансирање да го поттикне економскиот раст, но и да влијае на фискалната консолидација, односно стеснување на дефицитот и стабилизирање на јавниот долг. Планот за финансирање на забрзан раст ќе има важна улога за економијата во Република Северна Македонија и зголемување на бројот на работни места, преку користење на јавните инвестиции и средствата од официјалните кредитори за мобилизирање на приватниот капитал. Очекуваните резултати се двојно забрзување на економскиот раст (од


АПР. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика, велат од владиниот економски ресор. Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа, донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и поддржани компаниите и граѓаните погодени од пандемијата. Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите 4 пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура.

2,5% на 5% на среден рок), задржување на нивото на јавниот долг и буџетскиот дефицит во рамки на мастришкиот критериум и раст на јавните и приватните инвестиции“, посочи Бесими. Главната поента на овој план е преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период 20212025 ќе се мобилизираат неколкукратно

повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, неколкукратно ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ и креирањето на нови работни места. Планот особено ќе поддржува еколошки и климатски проекти, иновации, како и иницијативи за поправедно општество.

Бизнисот бара нови мерки

Влошената епидемиолошка ситуација во земјата која ги исполни болниците

до последно место, наметна повторно затворање на некои услужни сектори во економијата иако властите некое време претходно се обидуваа да избегнат каков било локдаун. Во такви услови, угостителите како најзасегнати од актуелните рестриктивни мерки, веднаш побараа од властите државна помош за да го пребродат ова затворање. „Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се


ВЛАСТИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЕФЕКТОТ НА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ, БИЗНИСОТ БАРА УШТЕ во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места. Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено- економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат“, предупредија од Туристичкоугостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Меѓутоа, пратениците се уште не ги изгласаа ниту некои закони што ќе овозможат реализација на некои мерки од четвртиот и петтиот пакет. Според вицепремиерот Битиќи, станува збор за финансиска поддршка од околу 200 милиони евра, за уште заглавена во Собранието. „Од декември нема никаква помош а веќе сме април. Претпријатијата од овие сектори остро реагираат поради задоцнетата имплементација на последниот пакет на економски мерки. За секторите кои бележат пад на промет од над 80%, а во некои дејности падот е и 100% оваа помош е повеќе од неопходна. Поддршката за исплата на платата за јануари воопшто не е предвидена, а за месеците февруари и март иако до сега

веќе требаше да биде исплатена, се уште се чека на донесување на законската регулатива која е неопходна за имплементација. Состојбата дополнително се влошува и поради тоа што носењето на новите рестриктивни мерки кои значат речиси целосно затворање на објектите од угостителство, дел туризмот и сродни објекти, не е проследено со дополнителна финансиска помош. Рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните се пред се, но сметаме дека паралелно со нивното носење треба да се креира и додели соодветна помош за претпријатијата“, реагираа од Туристичко – угостителската комора. Ана Марија Алексова, член на Управниот одбор на Туристичко – угостителската комора при ССК, вели дека следејќи ги активностите на надлежните институции, но и на оние од кои во поширокиот општествен контекст од кои зависи имплементација на економските мерки се добива впечаток дека свесно се дозволува затворање на претпријатијата од овој сектор со што се загрозуваат огромен број работни места. „Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто

9

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата“, вели Алексова. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави дека ќе се спроведат нови мерки за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени поради новите рестрикции против ширењето на ковид-19. Тој истакна дека Владата ја прави последната анализа на моделот што ќе го примени и ги собира најновите податоци за прометот на компаниите од областа на угостителството, кои се засегнати од неодамнешните анти-ковид мерки на Владата. „Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, напиша Битиќи на Фејсбук. Според него, со опцијата за продажба на храна и пијалаци од шалтер ќе се овозможи поголемиот дел угостителските објекти да продолжат делумно да работат. Во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од денеска за кафеаните, рестораните, баровите и клубовите важи „целосно забрана за примање гости“, додека оние што подготвуваат храна ќе можат да даваат услуги на шалтер или со достава. 


АПР. 2021

10 ФИНАНСИСКИ ПАЗАР

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

КАКО РАБОТЕШЕ ДОМАШНАТА ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИ

ПОМАЛА ПРЕМИЈА ЗА РЕЧИ ИЛИ 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО Кризата со Ковид-19 ја намали мобилноста, патувањата, а со тоа и бројот на полиси од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Ова негативно се одрази

на портфолиото на осигурителната индустрија во Македонија, каде што 60% од премијата отпаѓа на осигурување на моторните возила. После повеќегодишен континуиран раст на вкупната осигурителна

премија во државава, во 2020 г. е забележан пад од 4,89% на 10,07 милијарди денари (околу 164 милиони евра), покажуваат податоците на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на


11

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

К

ИЈА ВО ПАНДЕМИЈА

ИСИ 5% О 2020 осигурувањето. Падот е речиси идентичен и кај неживотното осигурување, 4,88%, на 8,33 милијарди денари бруто полисирана премија, и 4,93% кај животното осигурување, со премија од 1,74 милијарди денари.

ризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата не го одмина ниту осигурителниот сектор минатата година, па после повеќегодишен континуиран раст на вкупната осигурителна премија во државава, во 2020 г. е забележан пад од 4,89% на 10,07 милијарди денари (околу 164 милиони евра), покажуваат податоците на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Падот е речиси идентичен и кај неживотното осигурување, 4,88%, на 8,33 милијарди денари бруто полисирана премија, и 4,93% кај животното осигурување, со премија од 1,74 милијарди денари. „Овој пад е сосема очекуван бидејќи поради пандемијата и намалената мобилност, односно ограничувањата во движењето и пред сè во патувањата, се намалија приходите од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување.“, кажа главниот извршен директор на Халк Осигурување, Суат Инан, во неодамнешното интервју за Капитал. Сепак, според него, во целина осигурителниот бизнис не беше силно погоден како некои други сектори во државата. „Морам да споменам дека додека кај некои сектори, како овие што ги споменав има намалување на бруто полисираната премија, кај други има зголемување. Пред сè кај класите здравствено осигурување и осигурување имот, што покажува дека во услови на опасност, каква што е пандемијата, се зголеми свесноста на граѓаните за грижа за здравјето и имотот, односно обезбедување соодветна заштита од несакани ризици.“, додаде Инан. Во одделните класи кај неживотно осигурување, кај осигурувањето на моторни возила, коешто зафаќа најголем дел во целото осигурително портфолио во државава, или речиси 60%, се забележува пад на премијата од 8,41%, на 4,96 милијарди денари. Помалиот број на продадени нови и половни автомобили поради кризата, неможноста поради ковид – рестрикциите за патувања во Грција и другите земји каде што најчесто заминуваат на одмор или викенди македонските граѓани што следствено носи и многу помалку зелени картони за патување – сето тоа предизвика пад на бруто полисираната премија во класата осигурување на моторни возила во 2020 година. При тоа, во рамки на оваа класа, во делот на автоодговорноста, што е задолжително осигурување на возила, падот е 9,63%, на 4,14 милијарди денари, додека кај каско осигурувањето (околу 16,6% од вкупното осигурување на моторни возила) падот е 1,73%. Пад во бруто полисираната премија има и кај класата осигурување од општа одговорност, од 6,6%, на 212 милиони денари, а оваа класа зафаќа

само 2,55% во вкупното портфолио на осигурителната индустрија. Кај неживотните имотни осигурувања, коишто вкупно зафаќаат 22,3% во целосното осигурително портфолио на економијата, се забележува раст на премијата во 2020 година од речиси 5%, на 8,32 милијарди денари (околу 30 милиони евра), при што осигурувањето од пожар и други опасности има раст на премијата од 2,21%, додека останатите имотни осигурувања бележат раст од 7%. Како што вели главниот извршен директор на Триглав осигурување Ѓорѓе Војновиќ во интервјуто за Капитал, имотното осигурување се’ уште има голем потенцијал за раст, со оглед на големиот број се уште неосигурени станови, куќи, викендички, но и деловни објекти, итн. „ Работиме на промена на перцепцијата на луѓето дека осигурувањето чини многу и дека не можат да си го дозволат. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ги уверам сите дека континуирано работиме на прилагодување на нашите производи на можностите и на потребите на клиентите. Истото може да се каже и за имотното осигурување. Домот е местото каде започнува нашата приказна и една минута е доволна го промени нашиот живот од корен. Да донесеме правилна одлука и да го заштитиме она што ни е најважно.“, рече Војновиќ.

Патувања нема, нема ни туристички осигурувања

Кај останатите класи од неживотното осигурување, падот е 3,37%, на 1,29 милијарди денари,при што огромен пад од 65,4% бележи туристичката помош, што е и разбирливо со оглед н фактот дека македонските граѓани во 2020 година патуваа значително помалку од вообичаеното поради карантините и затвореноста на голем број земји во светот среде пандемијата. Кај осигурувањето од незгода, од друга страна, има раст на премијата од 7,8%. Во делот, пак, на бруто исплатените штети, нивниот вкупен износ во 2020 година изнесува 4,01 милијарди денари или за 0,63% помалку во однос на 2019 година. На неживотното осигурување отпаѓаат 3,57 милијарди денари (58 милиони евра), што е за 3,13% помалку од годината претходно, додека кај животното осигурување износот е за речиси 26% повисок, и изнесува 440 милиони денари (7,2 милиони евра). Овој висок процент на пораст кај бруто исплатените штети кај животното осигурување не треба да зачудува, затоа што последниве неколку години практично е се’ поголем бројот на исплатите што ги вршат компаниите за животно осигурување по истекот на договорот за полиса на луѓето што склучуваа вакви договори пред 10, 15 години и сл. Овој тип на осигурување кај себе го има елементот и на заштеда, поточно, акумулирана сума на сметката на осигуреникот што се исплатува на крајот заедно со приносот остварен за договорениот период доколку претходно не е настанат штетен настан, односно смрт на осигуреникот. Животното осигурување како релативно


АПР. 2021

12 ФИНАНСИСКИ ПАЗАР

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Помалиот број на продадени нови и половни автомобили поради кризата, неможноста поради ковид – рестрикциите за патувања во Грција и другите земји каде што најчесто заминуваат на одмор или викенди македонските граѓани што следствено носи и многу помалку зелени картони за патување – сето тоа предизвика пад на бруто полисираната премија во класата осигурување на моторни возила во 2020 година, којашто учествува со 60% во вкупното осигурително портфолио на економијата. нова категорија на осигурителен продукт со 15-тина години развој во земјава, бележеше исклучително високи стапки на раст со години наназад, што е и разбирливо, со оглед на огромниот простор што стоеше „неистапкан“ на македонскиот пазар. Со тек на време, оваа класа на незадолжително осигурување го зголеми значително својот удел во вкупното осигурителна премија во државата, на околу 17%, но како што вели директорката на Кроациа Осигурување Живот, Маја Станковска – Костова, простор за раст се’ уште постои, особено ако се споредиме со ситуацијата во земји од регионов, како Хрватска или Словенија, каде што овој удел е 25% и 29% респективно. „Сите финансиски советници го препорачуваат животното осигурување како основна потреба. Тоа придонесува за мир дека твоите блиски ќе бидат финансиски згрижени ако се случат некои немили настани и обезбедува план за остварување на идните цели и планови. Добар дел од македонските граѓани уште не се опфатени со западниот консумеризам. Ние уште мислиме на иднината на нашите деца, на внуците и штедиме за нив наместо да трошиме сè за тековните потреби. Македонците знаат да живеат под своите можности, а за да ја обезбедат иднината

на своите деца. Тоа е една доблест што ја имаат релативно конзервативните општества како нашето. Затоа наша задача и одговорност се да ги едуцираме граѓаните за опцијата што ја имаат со инвестирање во сигурноста за себе и за нивните најмили преку животното осигурување.“, вели Станковска – Костова. Кај неживотните осигурувања, кај осигурувањето на моторни возила има пад на бруто исплатените штети од 9,17% (10,85% кај каско и 8,73% кај задолжителното од автоодговорност), додека кај осигурувањата од општа одговорност има пад на бруто исплатените штети од 58%. Кај осигурувањето на имотот од пожар и други опасности, во 2020 имало за 9,37% поголема исплата на штети, додека кај останатите имотни осигурувања порастот е значителни 42,2% на 440 милиони денари. Овој висок процент, според познавачите на осигурителниот пазар, се должи веројатно на некоја поголема сума исплатена во бизнис секторот лани поради претрпена штета, кражба на пари од банкарска експозитура и сл.

Кој е кој на пазарот

Да го проанализираме сега малку пазарот од аспект на учество на

поединечните осигурителни компании. Минатата година заврши со Триглав осигурување повторно како компанија со најголем пазарен удел во неживотното осигурување, според висината на бруто полисираната премија. Триглав осигурување има 13,5% пад на премијата во 2020 година, но и покрај тоа ја задржува челната позиција со 1,23 милијарди денари, пред Еуролинк со 964 милиони и пад на премијата од 4,9%, а на трето место е Македонија Виена Иншуранс Груп со 863 милиони денари и пад од 7%. Директорот на Триглав, Војновиќ, истакнува дека континуираната водечка позиција на пазарот на неживотно осигурување, којашто ја задржаа и во 2020-та година, и покрај намалениот обем на осигурување, го потврдува квалитетот на услугите што ги нуди компанијата. „Според неревидираните резултати, адекватноста на капиталот, како индикатор за заштитеноста на компанијата од капитални ризици, како и техничките резерви на компанијата, за покривање на идните обврски од осигурување, во 2020-та година беа зголемени, споредено со претходната година, што дополнително укажува дека Триглав, во услови на несигурност,


13

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ Триглав осигурување

Пандемијата на корона вирусот имаше влијание врз целокупниот деловен и социјален живот во земјата. Сите ние се соочивме со ситуација со многу непознати и моравме да најдеме начин на функционирање, кој што ќе обезбеди континуитет во работата и воедно ќе го заштити здравјето на вработените и на клиентите. Сето ова секако има влијание и врз осигурителната индустрија, особено во сегментите чии индустрии се најпогодени од пандемијата, како и сегментите во кои што нашите животи најмногу се променија.

МАЈА СТАНКОВСКА – КОСТОВА

СУАТ ИНАН

Халк Осигурување

Кроациа Осигурување Живот

Овој пад е сосема очекуван бидејќи поради пандемијата и намалената мобилност, односно ограничувањата во движењето и пред сè во патувањата, се намалија приходите од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Сепак, во целина осигурителниот бизнис не беше силно погоден како некои други сектори во државата. Морам да споменам дека додека кај некои сектори, како овие што ги споменав има намалување на бруто полисираната премија, кај други има зголемување.

Веќе цела година функционираме во целосно изменето окружување, доволен период да се приспособиме и да научиме да функционираме според нови правила. Оваа година очекувам постепена стабилизација на пазарот, заздравување на економијата и подобри резултати во однос на минатата година. Остануваме фокусирани на подобрување на понудата, дигитализацијата останува приоритет во развојните проекти за оваа година. Секако, иновативноста е составен дел од нашето секојдневно работење.

Пазарна концентрација во животното осигурување во Македонија Ред. бр. 1 2 3 4 5 Вкупно

Друштво за осигурување Кроација живот Граве Винер живот Уника живот Триглав живот

MKД (во милиони) Бруто исплатени

Бруто полисирана премија

Учество %

(ликвидирани) штети

4К2020

4К2019

Δ%

4К2020

4К2019

Δ%

4К2020

4К2019

654,53 534,48 305,66 182,69 63,14 1.740,50

805,89 548,38 291,56 147,84 37,13 1.830,79

-18,78% -2,53% 4,84% 23,57% 70,05% -4,93%

237,70 130,93 32,82 21,69 13,76 436,89

170,25 126,33 35,72 13,57 1,35 347,22

39,62% 3,64% -8,11% 59,79%

37,61% 30,71% 17,56% 10,50% 3,63% 100,00%

44,02% 29,95% 15,93% 8,08% 2,03% 100,00%

25,83%

Извор: Агенција за супервизија на осигурување, прелиминарни податоци

Пазарна концентрација во неживотното осигурување во Македонија Ред. бр. 1 2 4 3 5 6 7 8 9 10 11 Вкупно

Друштво за осигурување Триглав Еуролинк Македонија ВИГ Сава Уника Халк Евроинс Винер Осигурителна полиса Кроациа неживот Граве неживот

Бруто полисирана премија 4К2020 1.231,61 963,58 862,86 848,40 827,54 821,73 727,00 712,13 602,98 460,76 266,82 8.325,40

Извор: Агенција за супервизија на осигурување, прелиминарни податоци

4К2019 1.424,89 1.013,07 927,98 886,43 823,18 523,29 813,56 808,99 710,06 459,10 362,08 8.752,63

Δ% -13,56% -4,89% -7,02% -4,29% 0,53% 57,03% -10,64% -11,97% -15,08% 0,36% -26,31% -4,88%

МКД (во милиони) Бруто исплатени (ликвидирани) штети 4К2020 4К2019 559,82 610,05 373,30 387,66 355,67 283,58 371,77 388,46 317,53 350,80 305,94 253,64 355,20 359,23 327,21 355,84 259,83 290,62 191,89 208,08 150,46 195,77 3.568,61 3.683,74

Учество % Δ% -8,23% -3,70% 25,42% -4,30% -9,48% 20,62% -1,12% -8,05% -10,59% -7,78% -23,15% -3,13%

4К2020 14,79% 11,57% 10,36% 10,19% 9,94% 9,87% 8,73% 8,55% 7,24% 5,53% 3,20% 100,00%

4К2019 16,28% 11,57% 10,60% 10,13% 9,40% 5,98% 9,30% 9,24% 8,11% 5,25% 4,14% 100,00%


АПР. 2021

14 ФИНАНСИСКИ ПАЗАР

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Пазарно портфолио на различните класи на осигурување Класа на осигурување Вкупно Вкупно живот Вкупно неживот, од кое: Осигурување на имот (вкупно) Имот од пожар и други опасности Имот останато Осигурување на моторни возила

МКД (во милиони)

Бруто полисирана премија Бруто исплатени (ликвидирани) 4К2020 4К2019 Δ% 4К2020 4К2019 Δ%

Учество % 4К2020 4К2019

10.065,91

10.583,41

-4,89%

4.005,50

4.030,95

-0,63%

100,00%

100,00%

1.740,50

1.830,79

-4,93%

436,89

347,22

25,83%

17,29%

17,30%

8.325,40

8.752,63

-4,88%

3.568,61

3.683,74

-3,13%

82,71%

82,70%

1.860,47

1.772,40

4,97%

630,20

483,43

30,36%

22,35%

20,25%

768,21

751,60

2,21%

191,10

174,73

9,37%

41,29%

42,41%

1.092,27

1.020,80

7,00%

439,10

308,70

42,24%

58,71%

57,59%

4.960,03

5.415,32

-8,41%

2.364,22

2.602,88

-9,17%

59,58%

61,87%

823,74

838,24

-1,73%

483,81

542,70

-10,85%

16,61%

15,48%

4.136,30

4.577,08

-9,63%

1.880,41

2.060,18

-8,73%

83,39%

84,52%

211,97

226,95

-6,60%

12,40

29,76

-58,34%

2,55%

2,59%

1.292,93

1.337,96

-3,37%

561,80

567,66

-1,03%

15,53%

15,29%

(вкупно) Каско моторни возила Автоодговорност (вкупно) Општа одговорност Останати класи од неживотно осигурување

Извор: Агенција за супервизија на осигурување, прелиминарни податоци

предизвикани од пандемијата, работеше стабилно и сигурно.“, вели Војновиќ. Најголем раст на бруто полисираната премија во 2020 година има Халк Осигурување, од 57%, на 822 милиони денари, со што за кусо време од почнувањето со работа на македонскиот пазар, стигна на шестото место според пазарниот удел. Според директорот на компанијата Суат Инан, 2019 година ја завршиле со пазарна концентрација од 4,6%, а 2020 со без малку 10% пазарен удел. „Промените кои ги наметна корона кризата нè натераа да се реорганизираме и адаптираме на новите услови, а резултатите покажуваат дека во тоа бевме успешни. Во период кога беше намален човечкиот контакт, веднаш пристапивме кон модификација на приодите ориентирани кон клиентите, покажувајќи истовремено дека во вакви тешки времиња треба да бидеме солидарни со нашите клиенти. Па така, за нашите клиенти, корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување, овозможивме бесплатно тестирање за Ковид-19 во која било приватна лабораторија. Истовремено на клиентите им понудивме попусти и зголемување на бројот на рати, меѓу кои и дополнителни 2 месеци на покритието за каско осигурување, што беа и први осигурителни понуди во секторот поврзани со Ковид-19. Со ова поставивме и норми на осигурителниот пазарот, што потоа како пракса ги следеа и други компании, далеку повеќе етаблирани на осигурителниот пазар.“, вели Инан. Во делот на животното осигурување, пак, ситуацијата на пазарот е следна: водечката позиција на крајот од 2020 година се уште ја држи Кроациа Живот, со 37,6%, пред Граве, со 30,7%, но Кроациа има пад во однос на 2019 кога имала 44%, додека Граве има минимален раст во однос на годината претходно, кога држела 29,9% од пазарот. Винер живот има раст од 15,9% на 17,5%, Уника живот од 8% на 10,5%, додека Триглав Живот има раст од 2,03% на 3,6%. nnn

Од осигурителната индустрија сметаат дека свеста за прашања како што се здравството, пристапот до здравствени услуги и предноста на приватните полиси за здравствено осигурување нема да изгуби на важност во наредните години. Напротив, ќе продолжи да расте со засилено темпо бидејќи граѓаните во услови на криза сфатија колку е важно да се има квалитетно здравствено осигурување. Во 2018 година во оваа класа осигурување на ниво на секторот беше реализирана бруто полисирана премија од 2 милиони евра, во 2019 од 3 милиони евра, а ланската година таа изнесуваше преку 4 милиони евра.



АПР. 2021

16 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Рамстор Мол, отворен во 2005 година во Скопје, беше првата инвестиција во Македонија на огромниот турски малопродажен синџир Migros Ticaret A.Ş. којшто оперираше во земјава под името „Рамстор Македонија“ и во меѓувреме отвори уште триесетина Рамстор маркети во земјава. Со преземањето на „Рамстор Македонија”, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза”, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнителни 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра.

АЈДОВАН АДЕМОСКИ И НЕГОВ ЈА ПРЕЗЕДОА РАМСТОР МАКЕД

АМБИЦИОЗЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ПРЕКУ 105 ВО НОВИ МАРКЕТИ И ДРУГИ СО


ВАТА СИТИ ПЛАЗА ДОНИЈА

ПЛАН: 5 МИЛИОНИ ЕВРА ОДРЖИНИ

17

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Со планираните вложувања, во следните пет години „Сити плаза” ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол” во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор” маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Ramstore Retail park” на локации низ земјава каде што „Рамстор” во моментов не е присутен. Дополнително, инвестицискиот план предвидува изградба и модернизација на логистички центар „Рамстор” на површина од над 25 илјади м2, изградба на нов административно деловен простор, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, како и изградба на фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско.


АПР. 2021

18 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

На свечениот настан за преземање на „Рамстор Македонија”, компанијата „Сити плаза” го презентираше и новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос” од Република Турција, досегашниот сопственик на „Рамстор Македонија“, којшто, инаку, поседува преку 2.300 супермаркети во Турција. Оваа соработка подразбира заеднички вложувања во делот на обезбедување и франшиза на трговската марка „М” за балканскиот регион, што ќе овозможи пристап и до други странски пазари, на кои покрај „Рамстор” ќе се вклучат и други македонски и турски производители.

автор:

М

ИГОР ПЕТРОВСКИ акедонската компанија „Сити плаза”, новиот сопственик на Рамстор Македонија” во чиј состав влегуваат шопинг центарот „Рамстор мол”, како и синџирот маркети „Рамстор”, во следните пет години ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на оваа компанија. Менаџерскиот тим на „Сити плаза” деновиве пред бројни претставници на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и

медиуми, ја претстави инвестициска програма за „Рамстор Македонија” за периодот од 2021 до 2025, при што и свечено ја презеде компанијата под свое раководство. На свечениот настан за преземање на „Рамстор Македонија”, компанијата „Сити плаза” го презентираше и новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос” од Република Турција. Оваа соработка подразбира заеднички вложувања во делот на обезбедување и франшиза на трговската марка „М” за балканскиот регион, што ќе овозможи пристап и до други странски пазари, на кои покрај „Рамстор” ќе се вклучат и други македонски и турски производители. Со планираните вложувања, во

следните пет години „Сити плаза” ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол” во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор” маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Рамстор Retail парк” на локации низ земјава каде што „Рамстор” во моментов не е присутен. Дополнително, инвестицискиот план предвидува изградба и модернизација на логистички центар „Рамстор” на површина од над 25 илјади м2, изградба на нов административно-деловен простор, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, како и изградба на фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско.


19

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Премиерот Зоран Заев му честиташе на Адемоски за новата инвестиција: „ Во време кога компаниите кај нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од КОВИД-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас е планот на Сити Плаза на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на трговскиот центар Рамстор и истоимениот синџир маркети.“

КОЈ Е АЈДОВАН АДЕМОСКИ

ЧОВЕКОТ ШТО ГО ДОНЕСЕ ХИЛТОН ВО МАКЕДОНИЈА

А

јдован Адемоски е дефинитивно една од најкрупните „бизнисменски ѕверки“ во земјава во последниве 20-тина години. Човек којшто прво стана познат за јавноста како сопственик на трговската фирма Еуроазија, преку која го донесе турскиот бренд на бела техника Беко во земјава, како и неколку брендови од текстилната индустрија и широката потрошувачка. Оттогаш неговото име е нераздвоен дел од секоја позначајна турска инвестиција во Македонија, почнувајќи од Рамстор, којшто го отвори својот прв мол и супермаркет во 2005 година, па потоа ТАВ, Суташ, итн. Не случајно тој е и почесен конзул на Турција во

Со преземањето на „Рамстор Македонија”, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза”, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнителни 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра. „Од неодамна, „Сити плаза” донесе деловна одлука каде во својство на целосен сопственик ја презема сопственоста на Рамстор Македонија и планира да го продолжи своето искуство и знаење во понатамошен развој и прилагодување на новите стандарди во вршење трговија и трговска размена, како во државата, така и надвор, во Турција, Бугарија, Србија и Косово“, рече Адемоски.

Заев: граѓаните од турската заедница се силна алатка во меѓусебното поврзување на двете земји, на сите полиња

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање рече дека во време кога компаниите кај

Македонија и претседател на македонско – турската стопанска комора МАТТО преку која се труди да ги интензивира економските врски со Турција. Пред десетина години го отвори хотелот Стоунбриџ веднаш до Камениот мост во метрополата, во 2013 година станбено – деловниот комплекс Капитол во скопската населба Аеродром, а пред две години и својата „флегшип“ инвестиција во земјава, хотелот Double Tree by Hilton, франшиза од меѓународниот хотелски синџир Хилтон, инвестиција вредна околу 50 милиони евра. Адемоски е и претседател на УО на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од Ковид-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас, додаде Заев, е планот на „Сити плаза”, на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на ТЦ „Рамстор” и истоимениот синџир маркети. „Во оваа прилика да ја истакнам улогата на граѓаните од турската заедница за нашата земја како силна алатка на поврзување на традиционално исклучително доброто пријателство и одлична соработка меѓу Македонија и Турција. Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи и пријателства и претставуваат пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко. Најдобра илустрација е присуството на голем

број странски инвестиции во земјата од Турција, тоа е најголем странски инвеститор во Македонија од земјите надвор од ЕУ“, рече Заев. Додаде дека само оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршна фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување јавно приватно партнерство во овој проект вреден 300 милиони евра. „Две турски компании конкурираат во Чебрен, повеќе турски компании за изградба на железниците, две компании за сто мегавати во Осломеј се само од Турција, повеќе турски компании за гринфилд инвестиции во нашите зони“, заклучи Заев. Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок истакна дека новите подвизи кои ќе ги реализира „Рамстор” несомнено ќе дадат фидбек на економските односи на Турција и Македонија. 


АПР. 2021

20 МЕДИУМИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

МЕДИУМСКИ ХАОС ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

ОПАСНИОТ ВИРУС НА ЛАГИТЕ Е СОЈУЗНИК НА КОВИД - 19 Не е многу тешко да се разбере на какви маки е новинарската професија во време на пандемија исправена пред предизвикот како да си ја исполни основната мисија - професионално и навремено известување, во услови кога официјалните извори на информации секојдневно ги менуваат ставовите, насоките и препораките до граѓаните

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

е е многу тешко да се разбере на какви маки е новинарската професија во време на пандемија исправена пред предизвикот како да си ја исполни основната мисија - професионално и навремено известување, во услови кога официјалните извори на информации секојдневно ги менуваат ставовите, насоките и препораките до граѓаните. Хаосот којшто владее кај оние кои (треба да) знаат како да борат со вирусот и на кои тоа им е професија неминовно се рефлектира на медиумската сцена – медиумите во чекор ја следат хистеријата тотално и самите несигурни во веродостојноста или барем во времетраењето на информациите што ги пласираат.

Брзината со којашто се менуваат сознанијата за вирусот (кој за да биде бељата поголема – исто мутира и се менува) не дава спокој дека вашите читатели ќе можат и утре да се потпрат на тоа што сте го напишале денеска, без разлика дали таа информација е обработена според сите начела на Кодексот на новинари, оти не е исклучено и самите официјални претставници да го променат ставот врз основа на некоја нова информација од ново истражување. Катастрофата што го погоди човештвото е таква што одговорот мора да се бара и наоѓа „во од“, учејќи секојдневно нови механизми за битката со овој недоволно истражен и непознат непријател. И ова се маките на професионалните редакции и медиумски работници, кои ја бараат вистината и си ја вршат работата притиснати и од финансиските слабости со кои се соочија медиумските куќи и од силната динамика на (прекувремена) работа. Но, тука треба

да се додадат оние медиуми на коишто новинарството им е само завеса за криење на вистинските цели – заштита и/или напад на даден центар на моќ... и дури тогаш нештата стануваат прилично комплицирани.

Пандемија од псевдо – медиуми

Македонскиот медиумски простор е премногу децентрализиран и тоа ја прави борбата против дезинформациите комплексна вели комуникологот Сеад Џигал. „За успешно справување со дезинформациите потребни се професионални медиумски редакции, подигнување на јавната свест и на медиумската писменост и парирање на дезинформациите со вистински важните вести. Само на тој начин можеме да ги ограничиме штетните ефекти на инфодемијата - изобилството информации – некои точни, а некои неточни – што им отежнува на луѓето да најдат


21

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

МАРИНА ТУНЕВА

извршна директорка на СЕММ

СЕАД ЏИГАЛ комуниколог

БИЛЈАНА ПЕТКОВСКА

извршна директорка на МИМ

Кога ќе ги искомбинирате сензационалистичкото и непроверено известување има опасна ситуација што може да го загрози јавното здравје. Луѓето знаат да паднат на такви вести непрепознавајќи ги техниките на манипулации, па лекот да го бараат во билки или надрилекарски решенија.

Во смисла на фрагментацијата имаме голем наплив не само на медиуми, нови медиуми, интернет портали, туку на пара медиуми, јас ги нарекувам псевдо - медиуми што се во служба на партиите.

Преплавени сме од лаги, манипулации, извртени фати, многу центри на моќ го злоупотребуваат овој проблем на човештвото, па освен што се занимаваме со невидливиот непријател треба и да разбиваме лаги и манипулации поврзани со него.

веродостојни извори.“ вели тој. Инфодемијата е особено присутна последнава година со прогласувањето на пандемијата од Ковид-19. Во Македонија таа е застапена и поради фрагментацијата, политизацијата и депрофесионализацијата на медиумите, смета Џигал. „Во смисла на фрагментацијата имаме голем наплив не само на медиуми, нови медиуми, интернет портали, туку на пара медиуми, јас ги нарекувам псевдо - медиуми што се во служба на партиите. Треба да имаме на ум дека македонската јавност е една од најподложните на дезинформации според сите истражувања.“ вели тој. Ширењето на дезинформациите се врши преку два системи, спонтан односно аматерски и плански односно организиран систем. Токму затоа, Џигал смета дека мора да се работи со публиката коа што е изложена. „Треба посериозно да се работи како од страна на медиумите, експертската јавност но и на институциите. За жал, заштитата на публиката од

дезинформациите е многу помала од порано, што придонесува за нивно побрзо ширење. Во отсуство на уреднички филтри и силни медиумски регулаторни тела, секој поединец е медиум сам за себе. Денес повеќето од нас се препуштени на самите себе сами избираме што ќе гледаме, базирано на тоа што кликаме, што гледаме.“ вели тој. Во напливот на голем број информации поврзани со пандемијата од Ковид-19, а кои постојано се менуваат поради природата на науката и развојот на медицината, но и на самата болест, потребно е медиумите внимателно да ги бираат изворите и правилно да ги контекстуализираат информациите, порачува тој и додава дека во процеси кои се однесуваат на јавното здравје цената на дезинформациите може да биде превисока.

на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни – голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат изградено неопходната релација со своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а брзината со којашто се шират (дез)информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност создава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. „Шокантно: Вирусот е измислен за да исчезне човековиот род“, “ Вакцините ќе содржат чип“, „Шестмина мртви од новата вакцина“, „Коронавирусот е само обичен грип“, „Коронавирусот нема шанса да го преживеете’ „Еминентен доктор тврди дека маските се чиста глупост“ „Овој лек за корона го имате сите дома -направете гаргара со…“ инт. итн,…Овие сензационалистички наслови (често пати и меѓусебно исклучиви, а објавени во ист медиум) секојдневно се среќаваат низ медиумскиот простор, не само во Македонија туку и низ Европа и светот. Пандемијата со коронавирусот

Во опасност се и медиумски писмените Но, како е тоа возможно? На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои

Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните.


АПР. 2021

22 МЕДИУМИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

се покажа како исклучително поволна за ширење не само на лажни вести, туку и за креација и дистрибуција на цели наративи што директно се судираат со јавниот интерес, правото на граѓаните да бидат вистински информирани (што во вакви времиња може живот да значи) и со битката на науката и напорите на научниците за справување со оваа болест. Текстови без наведен извор на информацијата, ама и текстови кои се повикуваат на непостоечки научни институти или научници и професори, полуинформации, шпекулации, лаги и спинувања – сето ова зачинето со привлечен наслов полн со сензационализам („нема да верувате“, „видете како“, „скандалозно“, „откриена е големата вистина“, „ова го кријат од вас“….) се совршен рецепт за медиумска катастрофа од која губат и оние кои вистински се борат со болеста и самите граѓани. На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни – голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат потребната релација со своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а брзината со којашто се шират (дез) информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност содзава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. Извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева вели дека според анализите на Советот за периодот на пандемијата забележани се случаи на неточно, еднострано и некоректно известување, како прво и главно прекршување на Кодексот, по што следува сензационализам во известувањето, односно прекршување на Членот 8, ама и недистанцирање од политичките субјекти „Спроведовме глобално истражување во однос на предизвиците на нашите партнерски организации членки на АИПЦЕ и сфативме дека цела Европа се мачи со овој проблем,и таму има сензационалистички вести, еднострано информирање, не се прави разлика меѓу рекламни и информативни содржини... итн., итн.“ вели Тунева. Речиси 80 проценти од сите претставки што СЕММ ги добил во изминатата година се однесуваат на информации поврзани со коронавирусот: „Проблем е што има различни информации, динамиката на работа е таква, врз новинарите се создадоа силни притисоци, тие се исто принудени да прават баланс помеѓу известувањето и водењето на сметка да не се поттикне паника и сл. Кога ќе ги искомбинирате сензационалистичкото и непроверено известување добиваме опасна ситуација што може да го загрози јавното здравје. Луѓето знаат да паднат на такви вести непрепознавајќи ги техниките на манипулации, па лекот да го бараат во билки или надрилекарски решенија.“ вели таа. Тунева исто алармира дека пандемијата

Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе СЕММ, во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ. ја извадила на површина и нееднаквоста на различните општествени групи потиснувајќи го гласот на ранливите и маргинализирани групи, или ставајќи ги во виктимизирачка рамка на известување,

Глобален проблем

Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе СЕММ, во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ. Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, според УНЕСКО е проект што многу помага во детекција на критичните точки и во креирање на една појасна слика за медиумската состојба низ континентот:„Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно

веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, вели Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел. Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби на пример до босанскиот Совет за етика. Со ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави. Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни


Чекор пред другите!

23

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ВИСТИНСКИ ИЗБОР ЗА ВАШИОТ БИЗНИС Кредитна картичка коjа има сe што на еден бизнис му е потребно!

МОЖНОСТ ЗА КРЕДИТЕН ЛИМИТ

ЗD SECURE ПЛАЌАЊА

ДО 10.000 ЕУР

ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПАРИ НА СИТЕ БАНКОМАТИ

ПРОМЕНА НА ПИН НА БАНКОМАТ

ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВO

Повеќе информации можете да добиете на следнава е-маил адреса: mkd.info@procredit-group.com или на телефонскиот бро� 02/ 2 446 000

ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

www.pcb.mk


АПР. 2021

24 МЕДИУМИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“, нагласуваат од ирскиот Совет за етика. Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО. Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно. „За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од таму. Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните. За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона – кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу сите засегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза.

Технологијата во битка за вистината Во меѓувреме на помош на новинарството, ама и на граѓаните доаѓа технологијата. Веќе се развиваат разни алатки што треба да им помогнат и на медиумите и на публиката како полесно да дојдат до проверени информации. Македонскиот институт за медиуми (МИМ) заедно со колеги од земјите од регионот и експерти од Велика Британија создаде апликација што им помага на

Во меѓувреме на помош на новинарството, ама и на граѓаните доаѓа технологијата. Веќе се развиваат разни алатки што треба да им помогнат и на медиумите и на публиката како полесно да дојдат до проверени информации. Македонскиот институт за медиуми (МИМ) заедно со колеги од земјите од регионот и експерти од Велика Британија создаде апликација што им помага на новинарите и медиумските работници во утврдување на веродостојноста на информацијата, детектирајќи дали се работи за полувистини, лажни или фабрикувани вести. новинарите и медиумските работници во утврдување на веродостојноста на информацијата, детектирајќи дали се работи за полувистини, лажни или фабрикувани вести. „Целта е двојна - има едукативна улога оти содржи многу содржини што на едноставен начин ги објаснуваат сите доминанти форми на манипулација на информациите во јавниот простор, ама и практична примена оти содржи многу линкови, нуди пристап до мноштво софтверски алатки развиени од познати компании во медиумската индустрија за да може на лесен и едноставен начин да се провери информацијата. Се осврнува и на содржина и на визуелниот аспект, значи може да се утврди дали информацијата е базирана на научен факт, дали тоа што е содржано во дадена објава е потврдено од научна институција, понатаму дали цитатите се точни итн. Во визуелниот дел, лесно се проверува колку една фотографија е автентична,понатаму детали, геолокација, утврдување на ликови во фотографија итн.“ објаснува директорката на МИМ, Билјана Петковска. Таа вели дека оваа апликација освен на новинарите може да им биде корисна и на граѓаните. „Пандемијата го зголеми значително овој феномен, голем предизвик е и за медиумската индустрија и за академијата. Ова е инфодемија, преплавени сме од лаги, манипулации, извртени фати, многу центри на моќ го злоупотребуваат овој проблем на човештвото, па освен што се

занимаваме со невидливиот непријател имаме голем проблем на разбивање на сите лаги и манипулации поврзани со него. Мора да се трудиме и како држава и како општество повеќе да учиме, да ги користиме сите овие алатки и врз основа на тоа да носиме правилни одлуки за да може да влијаеме врз луѓето околу нас кои можат да наседнат на лажни информации“ вели таа. Програмерот Горјан Јовановски пак излезе со друг изум – Акредитатор што всушност е екстензија за интернет пребарувачите на компјутерите. „Оваа екстензија овозможува да се дознае дали веста што ја читате е од медиум што е дел од Регистарот на професионални медиуми, на СЕММ и на ЗНМ, листа каде ги има оние медиуми што работат според дадени стандарди. Можете да ги видите и стандардите односно правилата на СЕММ за еден медиум да се нарече професионален. Всушност, благодарение на ова може да проверите дали веста што ја читате е од медиумите што може да се сметаат за професионален и што презентира етички и коректни вести.“ вели тој. Јовановски вели дека за него е интересно што во Македонија има огромен број на интернет портали за коишто не знаеме ниту чија сопственост се, ниту кои се уредници или новинари и дека оваа нетранспарентност треба да биде сигнал за поголема внимателност при селекцијата на сопственото информирање. nnn



АПР. 2021

26 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА СО НОВ ИСТОРИСКИ МАКСИМУМ Технолошките компании успеаја да го истуркаат американскиот индекс S&P над нивото од 4.000 поени, што претставува нова историска пресвртница. Од другата страна на паричката, во црвената област на негативна профитабилност, беа основните потрошувачки индустрии, поради стравот од опаѓање на маргините поради зголемувањето на цените на стоките и поранешната приказна за рефлација, особено енергијата и финансиите иако и двете индустрии остануваат далеку најпрофитабилните годинава.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

администрација претстави план за финансирање на инфраструктурата на САД и зелената „ренесанса“.

андемијата продолжува да биде една од главните приказни за пазарите на капитал. Јазот меѓу земјите кои вакцинираат брзо и успешно и каде што пандемијата губи интензитет и земјите што заостануваат, а со тоа и се неуспешни во вакцинирањето, се шири, оставајќи силни ограничувања во јавниот живот. Првата група на земји ги вклучува САД, Велика Британија и Израел како модел. Побрзото отворање носи поголем оптимизам и подобри економски индикатори. Во Европа и Латинска Америка, каде пандемијата не губи јачина, услужниот сектор сè уште е најтешко погоден од затворањето, каде се чини дека ограничувањата не завршуваат, а вакцинацијата продолжува побавно од посакуваното, со интензивна дебата меѓу земјите. Американскиот стимул стигна до повеќето домаќинства. Вниманието сега е насочено кон инфраструктурниот дел, а минатата недела американската

Лош месец март за пазарите во развој

П

(редакциска опрема Капитал)

Најзабележително ќе биде зголемувањето на даноците на претпријатијата од нивото од 21% на 28%. Ова би ја намалило заработката по акциите на компаниите во S&P за 8% во 2022 година, што секако не е вклучено во цените. Покрај тоа, американскиот министер за финансии покажува желба за минимално оданочување на глобалните корпорации. Потегот би бил добредојден, бидејќи големите корпорации имаат најмал удел од нивниот профит во форма на данок, но оваа мерка ќе се соочи со голем притисок на лобирање, така што нејзиното можно усвојување е далеку и се очекува во 2022 година. Но, и двете мерки укажуваат она што пазарот веќе го покажува некое време. Маргините на мултинационалните компании, особено во областа на технологијата, тешко дека ќе одат повисоко, што може да го забави растот на пазарите. Пазарите во развој бележат многу

лош месец во март во споредба со развиените пазари, главно на штета на Кина. Во однос на профитабилноста, тие заостанаа за повеќе од 6 процентни поени. Кинеските власти продолжуваат да покажуваат желба за намалување на ликвидноста и заострување на условите за позајмување, што може да доведе до забавен раст на берзите, бидејќи инвеститорите стануваат повнимателни и со пониски очекувања. Минатата недела немаше нови смени на пазарите на обврзници. 10-годишната обврзница на САД останува на 1,7% годишен принос, додека германската 10-годишна обврзница останува на околу -0,3%. Не очекуваме големи поместувања во наредните недели, но инфлацијата и макроекономските податоци во следните месеци ќе бидат важни за понатамошниот развој, бидејќи инвеститорите веќе започнаа да шпекулираат за можно прво зголемување на каматните стапки на крајот на 2022 година. Пазарите на капитал се смирија по превирањата во управувањето со Archegos Capital management. Најголемата


27

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ДА СЕ ОЛАБАВИ СО АКЦИИТЕ ОД ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР Енергијата и материјалите се споменуваат како заштита од инфлација, додека проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во последните неколку недели, доаѓа период на консолидација. Сепак, тие сè уште остануваат како интересен зачин во портфолиото, и преку секторскиот и регионалниот пристап. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истата потребно е да ја распределат на подолг временски период.

дупка беше пронајдена во „ Credit Suisse “, која изнесуваше околу 5 милијарди долари. Но, пазарот не беше премногу заинтересиран за ова, бидејќи технолошките компании, кои беа најуспешна индустрија во рамките на глобалниот индекс, минатата недела повторно дојдоа до израз.

Радува растот на автомобилските пазари

Технолошките компании успеаја да го истуркаат американскиот индекс S&P над нивото од 4.000 поени, што претставува нова историска пресвртница. Од другата страна на паричката, во црвената област на негативна профитабилност, беа основните потрошувачки индустрии, поради стравот од опаѓање на маргините поради зголемувањето на цените на стоките и поранешната приказна за рефлација, особено енергијата и финансиите иако и двете индустрии остануваат далеку најпрофитабилните годинава. Откривањето на деталите за американскиот инфраструктурен стимул продолжува да го зајакнува интересот

Развојот на пандемијата, стимулациите на владата и ликвидноста на централните банки ги обликуваат берзите и тие се туркаат на повисоко ниво поради плимата на ликвидност. Акциите на технологијата и е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со многу високи проценки, претпазливоста не е излишна, а инвеститорите се претпазливи. Индустријата се стабилизира и за нов раст ќе бидат потребни подобри деловни резултати. И покрај зголемувањето на приносот, обврзниците остануваат скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлација и натаму се мизерни, а заедно со негативните приноси од банкарските продукти, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно да инвестираат во акции. Диверзификацијата на портфолиото е нужна. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита (исто така преку демографските трендови), индустрија, поради инфраструктурните стимули и грижа, како резултат на преминот кон „зелена“ енергија. Меѓу регионите, Европа се издвојува според привлечноста, а поради прекрасните дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа е исто така интересен за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите се споменуваат како заштита од инфлација, додека проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во последните неколку недели, доаѓа период на консолидација. Сепак, тие сè уште остануваат како интересен зачин во портфолиото, и преку секторскиот и регионалниот пристап. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истата потребно е да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, водењето деловни активности во согласност со општествените норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ESG се долгорочни трендови, a фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


АПР. 2021

28 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Пазарите на капитал се смирија по превирањата во управувањето со Archegos Capital management. Најголемата дупка беше пронајдена во „ Credit Suisse “, која изнесуваше околу 5 милијарди долари. Но, пазарот не беше премногу заинтересиран за ова, бидејќи технолошките компании, кои беа најуспешна индустрија во рамките на глобалниот индекс, минатата недела повторно дојдоа до израз.

за акциите на компаниите во индустријата и снабдувањето, но брз преглед на берзанските индикатори покажува дека многу позитивни вести се веќе вклучени во цените, па затоа зголемувањето не е загарантирано за сите. Задоволни сме од понатамошното зајакнување на цените на акциите на европските автомобилски компании, бидејќи индустријата е многу важна не само за европските берзи, туку и за европската економија. Радува и последниот податок за продажбата за првиот квартал. Продажбата расте, на пример Volkswagen во САД дури повеќе од 20%. Продажбата на хибриди и електрични возила расте најбрзо, каде маргините брзо се подобруваат. Сега компаниите предвидуваат дека електричните возила ќе бидат исто толку профитабилни како и оние со бензински / дизел мотори, што беше само илузија во моделите на аналитичарите пред шест месеци. Ова го зголемува негативниот притисок врз цените на нафтата, кои се стабилизираа на нешто помалку од 60 долари за барел. Се очекува дека нема да има значителни промени во следните недели. Резултатите од сезоната за првиот квартал се приближуваат и традиционално видовме неколку претходни објави што позитивно нè изненадија. Сепак, не треба да извлекуваме прекумерни заклучоци, бидејќи традиционално компаниите што ќе бидат позитивно изненадување ќе бидат објавени претходно. Доларот останува на нешто помалку од 1,20 УСД за евро и не се очекуваат прекумерни поместувања во следните 2 недели. Очите ќе бидат насочени кон индикаторите за инфлација во следните недели, а евентуалното надминување на очекувањата може повторно да го зајакне рефлаторното тргување. 

Радува понатамошното зајакнување на цените на акциите на европските автомобилски компании, бидејќи индустријата е многу важна не само за европските берзи, туку и за европската економија. Радува и последниот податок за продажбата за првиот квартал. Продажбата расте, на пример Volkswagen во САД дури повеќе од 20%. Продажбата на хибриди и електрични возила расте најбрзо, каде маргините брзо се подобруваат.



АПР. 2021

30 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Барселона

Сингапур

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СЛУЧАЈОТ „МНОГУ ЛУЃЕ ВО МАЛИ, К

КАКО ЕДЕН ГРАД СТАНУ

С

амо по 30 години 66% целото население на Земјата ќе живее во градови, тврдат анализите на Организацијата на обединетите нации. Случајот „многу луѓе во мали, концентрирани пространства“, ќе се развива сè побрзо. А со засилувањето на овој процес ќе има сè поголеми предизвици за општините што ги управуваат овие пространства; за компаниите што им доставуваат услуги; и за граѓаните кои ќе ги бидат во ситуација не лесно да ги обезбедуваат дури и основните ресурси како водата и храната. Засега светот верува дека решението е во таканаречените „паметни градови“. Тие користат технологии за да ги управуваат сите сегменти – транспортот, болниците, училиштата, водоводните и канализациските мрежи, системите за прочистување ... Користа од ова е јасна. Кога информацијата се собира, се анализира и се употребува правилно, тоа го прави управувањето на еден град поефективно, поевтино и попријатно за жителите. Но, како еден град станува „смарт“? Засега никој не открил целосно решение.

Според Техничкиот универзитет во Виена, на пример, паметниот град треба да се покаже добар во шест различни категории: економија, мобилност, животна средина, управување, начин на живот и луѓе. Универзитетот истражува и класифицира десетици европски градови.

Пионерите

Паметни градски системи и проекти постојат со децении. Системот за управување со сообраќајот во Сингапур, на пример, за првпат е воведен во 1975 година. Денеска тој веќе користи мрежа од камери, од сензори, од GPS уреди, за да предвидува и спречува сообраќајни метежи, така што ги менува таксите што сопствениците на автомобили ги плаќаат за да стигнат до различни делови од градот. Пешаците се, исто така вклучени. Повозрасните и луѓето со посебни потреби добиваат специјални RFID (Radio-frequency identification) чипови, преку кои семафорите ја регистрираат нивната местоположба и го оставаат зеленото светло пуштено додека не поминат. Во 2016 година Сингапур застана на прво место на листата „Најпаметен град“ на британската компанија Juniper Research. Истражувањето што го даде

овој резултат вклучувало комбинација од фактори како технологии за интелигентни мрежи, паметно осветлување, користење на технологии за подобрување на сообраќајот, пристап до безжичен интернет, употреба на смартфони и достапни мобилни апликации. „Применивме различни коефициенти за тоа како градот се справува со транспортните и енергетските системи, кои, според нас се најважните елементи за еден паметен град“, вели претставникот на Juniper Research, Стефан Сорел, за Гардијан. Шпанскиот град Барселона, исто така е на високо место на листата, поради системот за управување со сообраќајот. Во градот има интелигентен систем за паркирање, интелигентно LED улично осветлување, систем од сензори за набљудување на квалитетот на воздухот и нивоата на звукот. Односот на градот кон управувањето со водните ресурси, исто така, ја става Барселона на светската карта на паметни градови. Пред неколку години главниот град на Каталонија помина период на суша, по што беше воведен интелигентен систем за наводнување. Сензори во почвата ги анализираат реализираните и прогнозираните врнежи, и го менуваат


31

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Сонгдо

Масдар

КОНЦЕНТРИРАНИ ПРОСТРАНСТВА“

УВА ПАМЕТЕН? протокот на прскалките за да штедат вода.

Паметен град од нула

Додека најнапредните градови бараат начини за воведување сè попаметни технологии, други користат поинаков пристап – создавање паметен град од нула. Таков пример е Масдар покрај Абу Даби. Идејата е енергијата и останатите ресурси на градот да се следат и управуваат централно. Изградбата е почната во 2008 година, со планови за 22 милијарди долари инвестиции во град што ќе собере 50 илјади жители. Но, проектот не помина незасегнато во глобалната финансиска криза. Плановите за персонален систем за брзо движење се ограничени, што ги прави недостижни поставените цели за нула јаглеродни емисии. Денеска се изградени одвај 5% од планираниот град среде пустина. Со слични амбиции, но со поголем успех почна и меѓународниот бизнис центар Сонгдо, покрај најголемиот аеродром во Јужна Кореја. Според податоците до кои дошол Гардијан, ова е најскапиот приватен проект во историјата, со инвестиција од 40 милијарди долари, и е првиот навистина паметен град.

Во улиците и системите на градот се вградени сензори што испраќаат информација кон централната мрежа за мониторинг и поддршка. Водените и енергетските ресурси, како и сообраќајот, се следат и оптимизирано и постојано. Во градот има и пневматски систем за чистење на сметот, што ја елиминира потребата од контејнери и камиони за отпад. Сите отпадоци се собираат во автоматска централна инсталација за третирање на сметот, која се наоѓа под земјата. Во идните планови влегуваат и развојот на мобилни апликации со кои ќе се контролираат домашните уреди, како и системи за лоцирање на децата во градот.

Како градовите стануваат поинтелигентни

Повеќето од овие утописки проекти засега или не успеваат да ги исполнат своите амбиции, или работат во мал формат. За градовите кои стотици години трупале историја и тешка инфраструктура, „опаметувањето“ е многу тежок процес. Засега нема и единствен одговор на прашањето како еден град да стане паметен. Но, многу градови, институции и организации се обидуваат

Технологиите се единствениот начин општините да одговорат на предизвиците на иднината, но малку од нив знаат како да ги искористат. Во успешните примери најнапредните градови бараат начини за воведување сè попаметни технологии, а сè уште се во фазата амбициозни случаите во кои се користи поинаков пристап – создавање паметен град од нула да создадат насоки за оваа цел. Според Институтот на инженерите по електротехника и електроника (IEEE), на пример, развојот на паметните градови треба да покрива три фази. Во стратешката фаза општините треба да се научат да создаваат приоритети, и начини за оценка на својот прогрес. Во практичната фаза тие треба да успеваат да реализираат „интелигентни“ проекти според најдобрите практики. А во последната, техничка фаза, управувањето со градовите треба да се сообразува и со технолошките барања, така што градовите навистина да бидат спремни да ја пресретнат иднината.

nnn


АПР. 2021

32 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СРЕ автори:

МАЈА ГЕРОВСКА – МИТЕВ МИЛА ЦАРОВСКА ПОГЛАВЈЕ 8 - ВТОР ДЕЛ Преобликување на системите на социјална заштита и социјално осигурување на среден рок Општествените промени кои вклучуваат изменети економски, социјални, демографски и семејни структури, неизбежно наметнуваат неопходност од промени и на системите на социјална заштита и социјално осигурување. Социјалните режими кои се соочија со потешкотии во прилагодување на

структурните промени во 90-тите години од 20-тиот век, Еспинг-Андерсен ги нарече „замрзнат пејзаж“, реферирајќи притоа на статус кво ситуациите и ригидноста на аранжманите на континенталноевропските социјалните држави (Еспинг-Андерсен, 1996). Низ призма на изменетите општествени текови во третата деценија од 21 век и потребите кои тие ги наложуваат, голем дел од социјалните држави повторно може да се наречат „замрзнат пејзаж“. Имено, прилагодувањето на социјалните системи треба да е континуиран процес и не треба да се гледа само низ параметриските измени на постоечкиот дизајн. Новите семејни структури, новите форми на вработување, новите социјални ризици изискуваат парадигматски

промени, како и менување на логиката на функционирањето на системите на социјална заштита, односно од систем на „последен излез“ во систем на „првична поддршка“, од систем на реципроцитет кон систем на дополнителност и од куративен во превентивен социјален систем. Реформските зафати во системите на социјална заштита и социјално осигурување во Северна Македонија беа карактеристични како за почетокот на 2000 година (воведување на капитално финансирано пензиско и инвалидско осигурување, измени во должината на осигурувањето во случај на невработеност и сл.), така и во последните неколку години со измените и дополнувањата на системот на социјална


33

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

ЕДЕН И ДОЛГ РОК (8 - А) и детска заштита (2019), со кои се воведоа нови права (пр. образовен додаток), се прошири опфатот и се изедначија референтните скали меѓу различни права со што се подобри еднаквоста во третманот на различни категории на корисници. Сепак, потребата од понатамошни промени е неминовна. Гледано на среден рок, системите на социјална заштита и социјално осигурување во Северна Македонија треба да претрпат преобликување, во насока на: опфат на нови социјални ризици, вклучување на нестандардните форми на вработување во социјалното осигурување, зголемување на финансирањето и диверзификација на изворите на финансирањето, проширување на

универзалноста на социјалните права, како и дигитализација на социјална заштита и социјално осигурување.

Зголемување на финансирањето и диверзификација на изворите на финансирање на социјалната заштита и социјалното осигурување

И покрај јавната перцепција дека државата троши многу за социјална заштита, сепак анализите, особено споредбените со земјите од регионот и пошироко, укажуваат дека според издвојувањата за социјална заштита Северна Македонија е клaсифицирана како дел од групацијата на држави од Централна и Источна Европа со мала потрошувачка (Spasova and Ward, 2019). Споредено со државите во регионот,

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Нивниот труд е преточен во студијата „Големата слика: Македонската економија на среден и дол рок“,издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларијата во Скопје. „Капитал“ ви ги претставува сите девет поглавја од студијата – целосно или делумно, со дозвола од Фондацијата. Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска - Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок. Целата публикација е достапна на веб страната на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – www.fes-skopje.org


АПР. 2021

34 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Во насока на ефикасно справување со клучните социјални предизвици, како невработеност, сиромаштија, социјална исклученост и сл., потребно е зголемување на издатоците за социјалната заштита во Северна Македонија, односно оние во доменот на здравствена заштита, попреченост, семејство/деца, невработеност, домување и социјална исклученост. Достигнувањето на просекот на издатоци за социјална заштита на ниво на ЕУ (26,9%) е нереално, но затоа издвојување за социјалните издатоци меѓу 18 и 20% од БДП на среден рок треба да биде приоритетна цел.

издатоците за социјална заштита во Северна Македонија се пониски од оние во Хрватска (21,2%), Србија (19,1%), Босна и Херцеговина (17,8%) и Црна Гора (16,8%)17. Како што може да се види и од графиконот 8.3., согласно ЕСПРОС методологијата18, издатоците за социјална заштита во 2017 изнесувале 14,3% од БДП и истите не претрпеле значајни промени во периодот 2015 – 2017 година. Најголем удел во издатоците за социјална заштита имаат пензиите, додека најмал удел имаат издатоците за домување, невработеност и социјална исклученост. Во насока на ефикасно справување со клучните социјални предизвици, како невработеност, сиромаштија, социјална исклученост и сл., потребно е зголемување на издатоците за социјалната заштита, односно оние во доменот на здравствена заштита, попреченост, семејство/деца, невработеност, домување и социјална исклученост. Достигнувањето на просекот на издатоци за социјална заштита на ниво на ЕУ (26,9%) е нереално, но затоа издвојување за социјалните издатоци меѓу 18 и 20% од БДП на среден рок треба да биде приоритетна цел. Во слична насока, потребна е и подобрена диверзификација на изворите на финансирање на социјалната заштита. Доминантни извори се придонесите (8,5% од БДП) и даночните приходи (6,7% од БДП), додека другите извори (кофинансирање, учество, приватно осигурување, итн.) се занемарливи (0,3% од БДП) и не претставуваат значаен

Евростат, 2020: spr_exp_gdp 18 ESSPROS – European System of Integrated Social Protection Statistics фактор во вкупните приходи за социјална заштита. Структурата на финансирање на социјалната заштита се смени во периодот 2005 – 2017 година на сметка на зголемени јавни издатоци, главно како одраз на реформите во врска со намалувањето на стапките на придонес за социјално осигурување, транзиционите трошоци за пензиската реформа, како и соодносот на оние кои плаќаат придонес и осигурените лица. Додека изворите на пензиски и здравствени приходи вклучуваат и придонеси и даноци, другите гранки на социјална заштита – на пр., социјална помош, инвалидитет, детска заштита доминантно се финансираат од даночни приходи. Во интерес на подобрување на соодносот придонеси – даночни приходи на сметка на намалување на вторите, потребно е избегнување на јавни мерки и политики кои промовираат ослободување од плаќање придонеси, како начин за подобрување на конкурентноста на трудот или како мерки од активната политика на вработување. Таквите мерки се погубни како за јавната перцепција во однос на важноста на социјалните придонеси, така и за инвестирањето во социјалната сигурност воопшто. Дополнително, за подобрување на потенцијалот на идните извори на финансирање за социјална заштита на среден рок, потребно е: дополнително воведување на социјални придонеси кај договорите за

повремено или привремено вршење на услуги (кои актуелно подлежат само на персонален данок на доход); постепена формализација на непријавената работа со пониски стапки на социјални придонеси; како и зголемена поддршка за учество на пазарот на трудот кај жените, особено на оние од помалку застапените етнички заедници како албанската, турската, ромската и сл.

Проширување на универзалноста на правата од социјална и детска заштита

Поширокото влијание на Ковид-19 ја нагласи потребата од трансформативни и одговорни системи за социјална и детска заштита. Поддршката обезбедена преку социјалните услуги и паричните надоместоци во текот на првите месеци од кризата во Северна Македонија, која вклучуваше олеснување на критериумите и условувањето (проверка на приходот од последниот месец наместо последните три месеци, исклучување на активацијата како услов, олеснување на критериумите за сопственост на имот), поедноставени административни барања, разновидни методи на комуникација со клиентите, треба да претставува нова норма и да продолжи по кризата. Основната логика на критериумите за пристап до најголем дел од правата за социјална и детска заштита во Северна Македонија веќе долго време се засновува на напорите да се избегне измама, злоупотреба и зависност меѓу клиентите. Оттука, пристапот до системот на социјална заштита и заштита на децата е „резервиран“


35

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

само за најранливите. Тековната криза предизвикана од пандемијата понуди можност за замена на таа „логика“ на системот за социјална и детска заштита со пристап заснован на превенирање на ризиците, заштита на барателите и проширување на универзалноста на правата од социјална и детска заштита. Почетен чекор во насока на проширување на универзалноста може да биде преземен преку универзализација на пристапот до детскиот додаток. Измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата (Службен весник, 104/19) веќе го начна овој процес, преку подигнување на прагот на приходи, што овозможи пошироко покривање со детските додатоци, односно со детскиот додаток и додатокот за образование. Ваквата промена на приходниот праг придонесе за зголемување на опфатот на детски додатоци од 9.000 деца во 2018 година на речиси 20.000 деца до средината на 2020 година. Сепак, детскиот и образовниот додаток се засновани на проверка на приходи, што им овозможува пристап само на оние со пониски приходи. Воведување на универзален детски додаток за сите деца од раѓање до 18-годишна возраст би имал повеќекратни ефекти, како: значително влијание врз намалувањето на детската сиромаштија, лесна достапност за време на периоди на кризи, како и намалување на стигматизацијата на неговите корисници (која актуелно постои заради проверката на ресурсите – приходи, имот и сл. на домаќинствата баратели и корисници). Во државите на ЕУ ваквото универзално право на детски додаток постои во Австрија, Литванија, Естонија, Финска и Германија. Во однос на поставување на вредноста/висината на универзалниот додаток за деца, многу е важно да не се постави произволен, односно арбитрарен праг. Неодамнешниот извештај за универзални додатоци за деца (ODI/UNICEF, 2020) разгледува три пристапа кои

го утврдуваат трансферот: 1) во однос на националната линија на сиромаштија, (2) меѓународни линии на сиромаштија и 3) во однос на просечниот приход или потрошувачка на домаќинството. Во наш национален контекст, вредноста на универзалниот детски додаток треба да се утврди земајќи ја предвид висината на минималната плата. Имено, за да не се поткопаат нивоата на вработеност, висината на универзалниот детски додаток треба да се оформи земајќи ја предвид висината на комбинираните права на парична помош од социјалната и детска заштита, чија вкупна висина не треба да биде блиску до нивото на минималната плата. Воведувањето на универзален детски додаток, исто така, ќе ги направи непотребни дел од постојните про-наталистички парични трансфери, како што се додаток за новороденче, или родителски додаток за трето и четврто дете. Дополнително, тој би бил и во функција на зајакнување на правата на децата, помала нееднаквост, како и поголема социјална доверба. Сепак, доколку фискалните проекции покажат дека потребните издатоци ги надминуваат позитивните придобивки од воведувањето на универзалниот детски додаток, тогаш истиот може да се засновува на приходен праг, според кој би се ограничил пристапот на домаќинствата од највисокиот приходен квинтил. Ваквиот неусловен пристап заснован на човековите права може да се промовира и кај дел од правата на парична помош од социјална заштита. Гарантираната минимална помош (ГМП) (Службен весник, 104/19) која ја замени претходната социјална парична помош, понуди пофлексибилен пристап, со тоа што лицата кои се баратели, не мора да се претходно пријавени во Агенцијата за вработување, обезбеди повисоки исплати на правото и воведе еквивалентни скали кои ја подобрија еднаквоста меѓу корисниците од различни типови домаќинства. Сепак, како основен инструмент за справување

со приходната сиромаштија, ГМП сè уште е „растргнат“ помеѓу нудењето приходна заштита и ригидните процедури за справување со социјалните ризици. Барањето на реципроцитетен однос од корисникот на ГМП за возврат на доделеното право за користење на материјална заштита е дел од принципите воведени со законските измени кон средината и крајот на 2000 година, кои ја устоличија активацијата како услов за користење на основното право на парична помош од социјална заштита. Ваквото „неолиберално“ сфаќање на активацијата, која наместо како право се воведе како услов, не покажа посебни ефекти во Северна Македонија, па така преминот на корисниците од социјална заштита кон пазар на труд не е значително евидентен. Во таа насока, потребно е враќање на „неусловеноста“ на ГМП, преку отстранувањето на активацијата како услов за користење на парична помош од системот на социјална заштита. Отстранувањето на условеноста не означува дека корисниците на ГМП би биле спречени во користење на активните мерки за вработување, ниту пак дека активацијата би била отстранета како обврска во Законот за социјалната заштита. Напротив, активацијата би продолжила да се нуди преку Агенцијата и Центрите за вработување, додека пак Центрите за социјална работа би ги насочувале корисниците кон можностите за вработување. Единствено, финансиската помош преку гарантираната минимална помош не би се укинала, доколку корисникот нема можности за реализирање на активацијата. Имајќи го предвид образовниот профил на корисниците на ГМП, ваквиот пристап би придонел за реално искористување на активните мерки од страна на „вработливите“ корисници, наспроти вештачкото инсистирање за активација на корисници кои ниту ја имаат основната образовна подолга (и за кои е потребно подолгорочно инвестирање


АПР. 2021

36 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Во наш национален контекст, вредноста на универзалниот детски додаток треба да се утврди земајќи ја предвид висината на минималната плата. Имено, за да не се поткопаат нивоата на вработеност, висината на универзалниот детски додаток треба да се оформи земајќи ја предвид висината на комбинираните права на парична помош од социјалната и детска заштита, чија вкупна висина не треба да биде блиску до нивото на минималната плата. Воведувањето на универзален детски додаток, исто така, ќе ги направи непотребни дел од постојните про-наталистички парични трансфери, како што се додаток за новороденче, или родителски додаток за трето и четврто дете.

во обуки и работни вештини), ниту ги имаат потребните работни навики. Дополнително, со ваквиот пристап на системот на социјална заштита би се вратила неговата примарна улога на поддржувач наместо контролор, а на сметка на тоа останатите системи како образовниот, пазарот и труд и др., би ја зајакнале својата улога во поддршката на социјално ранливите граѓани и домаќинства. Исто така, ова делумно би ја намалило и административната работа на Центрите за социјална работа и би им овозможило на социјалните работници дискреционо право за избор на видот на поддршка која треба да им се понуди на корисниците на ГМП, согласно нивните способности и потреби.

Дигитализација на социјалната заштита и социјалното осигурување

Употребата на дигиталните технологии во домен на социјалната заштита и социјалното осигурување во земјата се однесуваат на одредени основни активности, како на пример, користење на клиентски софтвер за месечна пресметка за интегрирана наплата на придонеси, електронска евиденција на работното време, употреба на програма за избор на посвоител по електронски пат и сл.

Националниот портал за е-услуги е добар почеток кој нуди контакт информации и потребни документи за барателите, но сè уште не нуди можности за е-пријавување за користење на услугите од системот на социјална заштита и социјално осигурување. Пошироките ефекти од пандемијата Ковид-19 го доведоа во прашање традиционалниот модел на (физичка) испорака на социјални услуги и остварувањето на социјалните права. Во насока на пресретнувањето на идните предизвици поврзани со оваа пандемија, како и во интерес на диверзифицирано нудење на социјални услуги и социјална заштита, еден од приоритетите на среден рок треба да биде поголема применливост на дигиталната испорака на социјалната заштита и социјалното осигурување. Секако, ваквиот приоритет не означува намалување на директниот физички контакт со клиентите, ниту пак го занемарува ризикот од креирање дополнителна социјална, односно дигитална исклученост кај ранливите категории кои не можат да користат електронски платформи. Целта на зголемената дигитализација треба да претставува надополнување на постоечките услуги и поддршки и нивно комбинирано применување, онаму каде е

можно. Дигиталните решенија во домен на социјалните услуги, вклучуваат широк дијапазон на можности како: превентивни тестови за самопроцена на одредени социјални ризици, дијагноза, индивидуални и групни терапии, управување со случај, мерење на исходот, интервенции и комуникација. Mackrill и Ebsen (2017) анализирајќи ја дигиталната технологија во социјалната работа со младите во локална заедница, го посочуваат примерот со алатката „MySocialworker“. Алатката претставува дигитален систем кој има за цел да изгради мост помеѓу младите во социјален ризик на возраст од 15 до 23 години и нивните социјални работници – водители на случај и истата беше предмет на тестирање во три општини во Копенхаген, Данска во 2017 година. Укажувајќи на комплексноста од дигиталната социјална работа, како и потребата од континуирана обука за дигитални технологии и одредени етички аспекти, Mackrill и Ebsen истакнуваат дека преку апликацијата, клиентите можеле да ја следат нивната благосостојба, добри навики, нарушувања во нивниот живот, задоволството од услугите што ги користат во општината, додека пак,


За секој случај.

37

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

АПР. 2021

triglav.mk


АПР. 2021

38 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

Во насока на пресретнувањето на идните предизвици поврзани со оваа пандемија, како и во интерес на диверзифицирано нудење на социјални услуги и социјална заштита, еден од приоритетите на среден рок треба да биде поголема применливост на дигиталната испорака на социјалната заштита и социјалното осигурување. Секако, ваквиот приоритет не означува намалување на директниот физички контакт со клиентите, ниту пак го занемарува ризикот од креирање дополнителна социјална, односно дигитална исклученост кај ранливите категории кои не можат да користат електронски платформи. Целта на зголемената дигитализација треба да претставува надополнување на постоечките услуги и поддршки и нивно комбинирано применување, онаму каде е можно.

овие карактеристики му помогнале на социјалниот работник да процени ризик, напредок и употреба на ресурси. Системот за апликации исто така може да се користи за поддршка на промените и самопомош, бидејќи може да ги потсети клиентите за позитивно однесување и да им помогне да размислуваат посистематски за тоа како се одвива нивниот живот со следење на промените. Системот за апликации е исто така начин за комуницирање на перспективата на клиентот за неговиот живот на неделна основа која ја следи водителот на случај. Споредбените искуства покажуваат особена применливост на дигиталните решенија во грижата за старите лица, како во домот, така и во институциите во кои се згрижени. Согласно анализите на Еурофaунд (2020), како дел од проектот moduLAAr/Leichter Wohnen, кој сe спроведувал од 2012 до 2015 година во сојузната држава Бургенланд, Австрија, 50 домови на постари лица (повеќето од кои живееле сами) биле опремени со сензори во бањи, на врати и прозорци, како превенција од несреќи и систем за известување. Овие домови исто така биле опремени со уреди што даваат потсетници (на пример, да земаат лекови) или за социјална интеракција.

Како дел од овој проект, бил развиен и систем за препознавање на настани во домот (Home Event Recognition System – HOMER) и платформа за интеракција помеѓу негуватели и роднини (OwnCloud). Дигитализацијата на социјалното осигурување нуди поголеми можности за примена од онаа на социјалната заштита и истата се соочува со помали ризици од етички аспект или пак од аспект на дехуманизирање на дејноста. Дигиталните платформи во домен на социјалното осигурување овозможуваат полесно вклучување на нестандардните форми на вработување, но исто така можат да ја зголемат транспарентноста на пазарот, да ги намалат трошоците за трансакции и да понудат нови ефикасни и флексибилни можности за фирмите, како и задоволување на желбите на поединците во врска со флексибилните часови на работење и самостојните професии. Меѓународната организација на трудот предлага формирање дигитален систем за социјално осигурување, за професии кои ги надминуваат националните граници, и кој би можел да биде раководен од меѓународните финансиски институции. Системот на придонеси според овој предлог би се засновал на принципот на тековно плаќање (pay as you earn),

кој потоа на месечно ниво би се уплаќал во националните системи за социјално осигурување (Weber, 2018). Ваквиот предлог може да се размисли да биде локализиран, односно во рамки на постоечкиот систем на социјално осигурување да се воведе потсистем кој ќе се однесува за професии и придонеси кои се плаќаат на основ на фиксен процент од договорената плата. Сите погоре споменати предлози за преобликување на системот на социјална заштита и социјално осигурување се само дел од можните насоки и приоритети кои е препорачливо да се преземат на среден рок во Северна Македонија. Секако, нивното применување бара претходно постоење на повеќе претпоставки, како: повеќепартиски консензус за потребата и прифатливоста на споменатите решенија на среден рок, зајакната професионализација во сферата на социјалната заштита и социјалното осигурување, нултатолеранција за политички влијанија и политички вработувања, строго наменети финансиски средства на годишно ниво од буџетот на државата, како и доделување поголеми ингеренции на локалната власт во нудењето услуги и права во доменот на социјалната заштита nnn


39

ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

РЕКОА ЗА... ПРОДУКТИВНОСТА Некогаш е потребно само некoja изјава за да ве пренасочи во друга насока и да ве мотивира да бидете попродуктивни. Многумина сакаат да бидат продуктивни, но зголемувањето на продуктивноста не доаѓа сама од себе. Некогаш е потребно само некoja мотивациска изјава за да ве пренасочи во друга насока. Еве неколку моќни изјави кои можат да ве мотивираат да бидете помотивирани: Треба само неколку работи во вашиот живот да ги направите на вистински начин, се додека не правите повеќе работи на погрешен начин.

Додека не успеете да го менаџирате времето, не можете ништо друго да менџирате.

ПИТЕР ДРАКЕР менаџмент експерт

ВОРЕН БАФЕТ

американски милијардер и инвеститор

Клучот не е во тоа да се приоритизира тоа што е во вашиот распоред, туку да ги распоредите вашите приоритети.

Работата ќе ви одземе голем дел од вашиот живот и единствен начин да бидете задоволен е да го правите што верувате дека е одлична работа. Е единствен начин да направите одчилна работа е да го сакате тоа што го работите. Ако се уште не сте ја нашле, продолжете да ја барате. Ќе знаете кога ќе ја најдете.

Не ја мешајте активноста со продуктивноста. Многу луѓе се едноставно зафатени со тоа да се зафатени.

СТИВЕН КОВЕИ

американски бизнисмен

РОБИН ШАРМА

автори и мотивациски говорник

Работи напорно, забавувај се и прави историја.

СТИВ ЏОБС

иноватор и бизнисмен

АПР. 2021

ЏЕФ БЕЗОС бизнисмен


АПР. 2021

40 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И CASH GAP Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата.

П

роблемите со ликвидноста со коишто се соочуваат голем број компании во Македонија и регионот, според финансиските аналитичари меѓу другото се и заради недоволно квалитетниот финансиски менаџмент. Бизнисите имаат проблеми со способноста да ги менаџираат своите побарувања и обврски во подолг временски период, па многу често судбината има ја решаваат банките што се најголеми нивни кредитори. Во денешново динамично опкружување, менаџментот повеќе од кога било мора да внимава на ликвидноста која го осигурува идното работење на компанијата. Сe’ помалку има на располагање готовина, а задача на секој успешен менаџер е да знае да управува со средствата на вистински начин. Кои алатки треба да се користат и на кој начин тие влијаат на зголемување на профитабилноста на компанијата? Едноставно применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата. Cash gap претставува број на денови меѓу плаќањето на добавувачите за купените производи или услуги и потребниот број

денови тие да се продадат и наплатат од нашите купувачи. Cash gap може да се унапреди на следниве начини:  со зголемување на периодот на плаќање на добавувачите;  со намалување на деновите на наплата од купувачите;  со намалување на деновите на врзување на производите на залиха; Cash gap = број на денови на врзување на производите на залиха + денови на врзување на купувачите – денови на врзување на добавувачите Cash gap го покажува бројот на денови кога плаќањето на добавувачите не може да биде финансирано од редовното работење на компанијата, туку од други извори.

Cash gap директно влијае на приходот на компанијата

Користењето туѓ капитал вклучува дополнителни трошоци за камата. Меѓутоа, и сопствениот капитал има своја цена, односно опортунитетен трошок или друга корист која би можеле да ја оствариме доколку не би морале да ги вложиме парите во покривање на cash gap. На пример, промената на бројот на денови на врзување на производите на залиха директно влијае на cash gap и на големината на добивката на компанијата.

Во следниот пример евидентно е дека cash gap на компанијата е 80 дена. Cash gap директно влијае на приходот на компанијата. Доколку просечните обврски на компанијата се околу 36.500.000 денари, а цената на капиталот е 10% на годишно ниво, трошокот на капиталот ќе го добиеме на следниот начин: 36.500.000/365 х 80 = 8.000.000 денари. Тоа е износ кој не можеме да им го исплатиме навремено на добавувачите 8.000.000 х 10% = 800.000 денари е трошокот за капиталот и намалување на добивката на компанијата Доколку го намалиме времето на врзување на залихите на 20 дена под претпоставка сите параметри да останат исти трошокот за капитал ќе биде следниот:  Cash gap се намалува за 20 дена и сега изнесува само 60 дена. Намалувањето на cash gap за 20 дена резултира со намалување на трошоците за капитал за 200.000 денари, односно сега изнесува 600.000 денари. Сево ова ни покажува дека добивката на компанијата ќе се зголеми за 200.000 денари. Сево ова ни покажува колку е важно следењето на cash gap за профитабилноста на компанијата. 


41

ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1098

МАРК КЈУБАН

ПРЕТПРИЕМАЧ И СОПСТВЕНИК НА ДАЛАС МАВЕРИКС

СТАНЕТЕ ЕКСПЕРТ ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИТЕ. ТОА ЌЕ ВИ ДАДЕ ПРЕДНОСТ ЗАТОА ШТО ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ НЕ ГО ПРАВАТ ТОА. ВРСКИ Многу е полесно да си фин, полн со почит, да се ставаш себеси во кожата на потрошувачите, да сфатиш како може да им помогнеш уште пред да ти побараат помош, одошто да се обидуваш да обновиш раскината врска со потрошувач.

СТРАСТ Познавај си го твојот бизнис и индустријата подобро од било кој друг на светот. Сакај го тоа што го работиш, или не го работи воопшто.

НАПОР Една од работите што сите ние можеме да ја контролираме е напорот. Вложете време и напор да станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.

ПАРИ Парите се табела каде што може да се рангираш себеси според тоа како ти оди во однос на другите луѓе.

ИНОВАЦИЈА Ако има 10.000 луѓе што сакаат да направат една иста работа, тогаш зошто ти да бидеш број 10.001?

РИЗИК Ако сте подготвени и знаете што ќе ве снајде, тоа не е ризик. Само треба да сфатите како да стигнете до таму. Секогаш постои начин да стигнете до целта.

АПР. 2021

ПОЛИТИКА Мислам дека една од најголемите клетви за Америка е што имаме само две политички партии.

БОГАТСТВО Не ми е гајле што зборуваат другите. Да бидеш богат е добра работа.

РАБОТА Сè уште работам многу напорно за да си го познавам добро својот бизнис. Постојано барам начини да ги подобрам сите мои бизниси и нон-стоп продавам. Нон-стоп.


Нови тарифи A1 Combo Business Kомплетно телекомуникациско решение за Вашата компанија! Поврзете ги сите услуги во А1 Combo Business пакет и добијте попуст на месечната претплата, како и попуст за нов уред по Ваш избор. Направете А1 Combo Business пакет со неограничен интернет и фиксна линија за Вашата канцеларија и добијте 6 месеци без претплата, заедно со вклучени две А1 Business L мобилни линии секоја со 40GB мобилен интернет на најбрзата мобилна мрежа. Промоцијата 6 месеци без претплата важи за фиксните услуги (интернет и фиксна телефонија) во A1 Combo Business пакетот. Со избор на A1 Combo Business M, со вклучени 2 мобилни линии A1 Business L добивате два смартфони Samsung A31 и A02s за 0 денари. За повеќе информации јавете се на 077 1234 или посетете ја нашата веб страница www. A1.mk.

неограничен интернет

6 месеци без претплата


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.