1106-Kapital magazin

Page 1

КОМПАНИИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ РЕТРОВИЗОРИ ОД СТРУШКАТА ФАБРИКА НА МАГНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ business magazine

БРОЈ 1106 l 2 јули 2021 петок година 21 l www.kapital.mk

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ МИНИ - ШЕНГЕН И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОГОЛЕМА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ПРОАКТИВЕН РЕГИОН ИЛИ УТЕХА ЗА ПОРАЗОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ?

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

COVER STORY

ЕФЕКТИ ОД ОЛАБАВЕНАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА КРЕДИТИРАЊЕТО РАСТЕ, КАМАТИТЕ ПАЃААТ ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

ТРКА НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ БЕЗОС, МАСК И БРЕНСОН: КОЈ ПРВ ЌЕ ПОНУДИ ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

СВЕТ: ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ДОБРИ КОМПАНИСКИ РЕЗУЛТАТИ, НО И СТРАВУВАЊА ОД ИНФЛАЦИЈА

ПРОДОЛЖУВА „ПАНДЕМИСКИОТ“ ТРЕНД НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПЛАЌАЊА БРОЈОТ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ ПОГОЛЕМ ЗА 110% СВЕТ ПАНДЕМИЈАТА ГИ ИСТАКНА СИТЕ НЕСОВРШЕНОСТИ НА МОДЕРНИОТ КАПИТАЛИЗАМ ПОТРЕБНО Е ГОЛЕМО РЕСЕТИРАЊЕ



3

КАПИТАЛ... 1106 4

12

COVER STORY

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Ефекти од олабавената монетарна политика

Уште една странска инвестиција во Македонија

Кредитирањето расте, каматите паѓаат

До крајот на годинава ќе почне да излегуваат ретровизори од струшката фабрика на Магна Интернационал

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

16

СТАРТАП СЦЕНА

И банките се вклучуваат во поддршка на стартапите Шпаркасе Банка и ФИТР потпишаа Меморандум за соработка за нови можности за стартап компаниите

18

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Продолжува пандемискиот тренд на електронски плаќања

Бројот на онлајн трансакции поголем за 110% во првиот квартал

22

26

34

Мини - шенген и иницијативи за поголема регионална соработка

Пандемијата ги извади на површина сите несовршености на модерниот капитализам

Добри компаниски резултати, но и стравувања од инфлација

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

СВЕТ

Проактивен регион или утеха за поразот на европските интеграции?

COVER STORY Ефекти од олабавената монетарна политика.............................................4 Кредитирањето расте, каматите паѓаат ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Уште една странска инвестиција во Македонија..........................12 До крајот на годинава ќе почне да излегуваат ретровизори од струшката фабрика на Магна Интернационал СТАРТАП СЦЕНА И банките се вклучуваат во поддршка на стартапите.........................16 Шпаркасе Банка и ФИТР потпишаа Меморандум за соработка за нови можности за стартап компаниите

СВЕТ

Пазари на капитал

Потребно е големо ресетирање

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Продолжува пандемискиот тренд на електронски плаќања.........................................18 Бројот на онлајн трансакции поголем за 110% во првиот квартал ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Мини - шенген и иницијативи за поголема регионална соработка............22 Проактивен регион или утеха за поразот на европските интеграции? СВЕТ Пандемијата ги извади на површина сите несовршености на модерниот кап итализам........................................................................26 Потребно е големо ресетирање

СВЕТ Пазари на капитал........34 Добри компаниски резултати, но и стравувања од инфлација ВСЕЛЕНА Трка на милијардерите........38 Безос, Маск и Бренсон: кој прв ќе понуди вселенски туризам ЛИДЕРИ Рекоа за... Продуктивноста.........................................................42 Ана Винтур, уредник на Vogue......................43 Најдобар начин да го остварите сонот е да се разбудите

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 1.07.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈУЛИ 2021


ЈУЛИ 2021

COVER STORY

4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

КРЕДИТИРАЊЕТО РАСТЕ, КАМАТИТЕ ПАЃААТ Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, оценува Народната банка анализирајќи ги податоците за кредитната активност на банките. Централната банка заклучува дека запирање на кредитните текови во текот на минатата и оваа година немало, а кредитната активност расте со темпо кое е слично на преткризното. Минатата година и во првите месеци од оваа година, кредитите растат со стапка од околу 6%. Податоците за движењето на каматните стапки покажува дека олабавувањето на монетарната политика преку намалување на основната камата предизвикало пад и на банкарските камати на депозитите и кредитите.


ЕФЕКТИ ОД ОЛАБАВЕНАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

5

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

ЕФЕКТИ ОД ОЛАБАВЕНАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА


ЈУЛИ 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2021 година изнесува 4,56%, со што продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување, од 0,02 п.п. и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,85% и оствари пад на месечна и на годишна основа, од 0,05 п.п. и 0,25 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка кај кредитите за компании за две години е намалена од 4,5% на 3,7%. Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,61%, што претставува раст од 0,12 п.п. на месечно ниво.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Е

фектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, оценува Народната банка анализирајќи ги податоците за кредитната активност на банките. Централната банка заклучува дека запирање на кредитните текови во текот на минатата и оваа година немало, а кредитната активност расте со темпо кое е слично на преткризното. Минатата година и во првите месеци од оваа година, кредитите растат со стапка од околу 6%. „Минатата година, растот на кредитната поддршка за економијата ги надмина очекувањата на централната банка. Се забележува поголема ориентација за кредитирање на населението, но позитивни се и кредитните текови за корпоративниот сектор“, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на Првиот економски форум во Скопје. Притоа, гувернерката истакна дека ова е прва криза во која Народната банка од самиот почеток спроведува олабавена монетарна политика со цел одржување на поволни финансиски услови, за разлика од претходни кризни епизоди кога основната каматна стапка прво се зголемуваше, што доведе до затегнување на кредитните услови. Од самиот почеток на пандемијата, Народната банка ја

намалуваше каматната стапка во повеќе наврати, а презеде и други монетарни мерки кои доведоа до намалување на каматните стапки на кредитите и солиден раст на кредитната поддршка на граѓаните и компаниите. Останувањето на лабавата монетарна политика го истакна и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска во своето најново излагање на Третата меѓународна научно-стручна конференција со наслов „Економски и социјални импликации од КОВИД-19, предизвици и предлози за надминување“, чиј домаќин е Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. „Во однос на идната поставеност на монетарната политика, ќе продолжиме да ги следиме состојбите во надворешното окружување, а особено во ЕУ, како и домашните услови и нивното влијание врз девизните резерви и инфлацијата. Во услови на монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот, токму инфлацијата и нивото на девизните резерви се двата клучни фактора од кои зависи просторот за спроведување олабавена монетарна политика. Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика. Најновите податоци укажуваат дека девизните резерви се одржуваат на високо ниво и тие надминуваат 4 милијарди евра, што е повеќе од двојно во споредба со глобалната економска криза.

Инфлацијата умерено забрза под влијание на глобални фактори, но сепак тоа не се промени коишто ги создава побарувачката и засега не се очекуваат потрајни инфлациски притисоци.“, истакна гувернерката. Освен домашните монетарни движења, Народната банка ќе ги следи и сиганлите од Европската централна банка (ЕЦБ). „Од големо значење се и политиката и сигналите на ЕЦБ, од аспект на просторот за натамошно спроведување стимулативна монетарна политика и кај нас. На последниот состанок во јуни ЕЦБ одлучи да продолжи со олабавена монетарна политика, ја задржа каматната стапка во негативна зона и донесе одлука да продолжи со вбризгување ликвидност во системот, и тоа поинтензивно во втората половина од годината, при очекувања за забрзување на инфлација оваа година, но и намалување наредната година“, вели гувернерката АнгеловскаБежоска. Во врска со досегашната реакција на централните банки од започнувањето на КОВИД-кризата наваму, таа нагласи дека во конкретните услови на почетокот на кризата, централните банки немале друг избор освен силна реакција со цел стабилизирање на движењата на финансиските пазари.

Просечна каматна стапка на сите кредити во мај е 4,56%

Податоците за движењето на каматните стапки покажува дека олабавувањето на


ЕФЕКТИ ОД ОЛАБАВЕНАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

7

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

КАМАТНИ СТАПКИ НА ВКУПНИТЕ И НА НОВИТЕ КРЕДИТИ И ДЕПОЗИТИ

Извор: НБРСМ

Извор: НБРСМ

Извор: НБРСМ


ЈУЛИ 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Извор: НБРСМ

Извор: НБРСМ

монетарната политика преку намалување на основната камата предизвикало пад и на банкарските камати на депозитите и кредитите. Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2021 година изнесува 4,56%, со што продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување, од 0,02 п.п. и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,85% и оствари пад на месечна и на годишна основа, од 0,05 п.п. и 0,25 п.п., соодветно. Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,84%, што претставува месечно и годишно намалување од 0,25 п.п. и 0,08 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа идентичен месечен и годишен раст од 0,05 п.п., соодветно и изнесува 0,67%. Што се однесува до кредитите одобрени

на корпоративниот сектор, просечната каматна стапка овој месец, забележа месечен пад од 0,02 п.п. и изнесува 3,68%. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на минимален раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,29 п.п. Во мај, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,54 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,31%. Надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,61 п.п. и 0,41 п.п., соодветно), како и на каматните

стапки на кредитите во странска валута (за 0,29 п.п.). Во споредба со мај претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,40 п.п. Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во мај изнесува 1,16% и во споредба со минатиот месец бележи пад од 0,03 п.п. Месечното намалување се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа намалување од 0,08 п.п. Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, оствари раст од 0,09 п.п. и изнесува 0,74%. Зголемувањето


9

ЕФЕКТИ ОД ОЛАБАВЕНАТА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,30 п.п.), во услови кога се намалени каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,44 п.п. и 0,07 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа раст од 0,40 п.п

Поевтини кредитите и за домаќинствата

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во мај забележа месечно намалување од 0,02 п.п. и се сведе на 5,35%. Анализирано според валутната структура, намалувањето во целост е резултат на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута не остварија месечна промена. Во споредба со мај 2020 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п. Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,61%, што претставува раст од 0,12 п.п. на месечно ниво. Нагорното поместување произлегува од зголемувањето на каматните стапки на кредитите во

странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,35 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при остварен пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Оваа каматна стапка забележа раст од 0,18 п.п. на годишна основа. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во мај се намали за 0,05 п.п. и се сведе на 0,82%. Притоа, падот се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се непроменети. Споредено на годишна основа, каматната стапка оствари намалување од 0,26 п.п. Во мај, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,64%, при реализиран месечен раст од 0,03 п.п. Овој раст во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,06 п.п.), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула, а остварен е пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,27 п.п. во однос на истиот период од претходната година.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА гувернерка

Во однос на идната поставеност на монетарната политика, ќе продолжиме да ги следиме состојбите во надворешното окружување, а особено во ЕУ, како и домашните услови и нивното влијание врз девизните резерви и инфлацијата. Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика. Најновите податоци укажуваат дека девизните резерви се одржуваат на високо ниво и тие надминуваат 4 милијарди евра, што е повеќе од двојно во споредба со глобалната економска криза. Инфлацијата умерено забрза под влијание на глобални фактори, но сепак тоа не се промени коишто ги создава побарувачката и засега не се очекуваат потрајни инфлациски притисоци

Хипотекарен кредит

Кога, ако не сега? Рефинансирајте ги сите постоечки обврски со фиксна каматна стапка од 4,7% за првите 3 години

ЈУЛИ 2021


ЈУЛИ 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Во првиот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на стабилно и задоволително ниво. Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување. Во однос на кредитниот ризик, во првиот квартал на 2021 година стапката на нефункционални кредити има минимално зголемување и изнесува 3,5%. Оваа промена главно е одраз на кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети.

Банкарскиот сектор високо капитализиран

Советот на Народната банка потенцира дека банкарскиот систем продолжил да работи во услови на сè уште висока неизвесност поради пандемијата, потврдувајќи ја својата подготвеност да одговори на ризиците со кои е соочен и истовремено да обезбеди натамошна кредитна поддршка за економијата. Заклучно со првиот квартал, стапката на адекватност на капиталот изнесуваше 16,8%, што е мало подобрување во споредба со крајот на 2020 година. Растот на сопствените средства, пред

сè како резултат на реинвестираните добивки, имаше најголем придонес за зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот. Во првиот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на стабилно и задоволително ниво. Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување. Во однос на кредитниот ризик, во првиот квартал на 2021 година стапката на

нефункционални кредити има минимално зголемување и изнесува 3,5%. Оваа промена главно е одраз на кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети. Покриеноста на нефункционалните кредити со исправка на вредноста е на ниво од 69,7%, коешто останува солидно. Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем продолжува со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно за нивната стабилност и отпорност. nnn



ЈУЛИ 2021

12 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

УШТЕ ЕДНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ИЗЛЕГУВААТ РЕТРОВИЗОРИ ОД СТРУШКАТА ФАБРИКА НА МАГНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ


13

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Премиерот Зоран Заев и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски (лево) истакнаа дека инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од околу 17.000м2. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места.

К Еден од најголемите производители на автомобилски делови во светот, канадската „Магна“, до крајот на годинава ќе почне со производство на ретровизори, прво за „Дачиа Дастер“, во фабриката што се гради во ТИРЗ Струга.

анадската компанија „Магна“, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сè поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција на „Магна Интернационал“ која ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга. На презентацијата на инвестицијата, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалниците на Охрид и Струга, како и претставници на раководството на „Магна“. Премиерот Заев истакна дека инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од околу 17.000м2. Потпретседателот на компанијата „Магна“, Дејвид Креспи, ја презентираше новата инвестиција во Струга и рече дека „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди долари.

Планирани вкупно 1.200 вработени Производството на првите производи од Северна Македонија, ретровизори за „Дачиа Дастер“ е планирано кон крајот на 2021 година. Согласно договорот за државна помош, висината на инвестицијата изнесува најмалку 35 милиони евра. Согласно договорот,

висината на државната помош е 50% од реализираната инвестиција која ќе се имплементира преку даночни и царински ослободувања како и грантови за отворање нови работни места, за оправдани инвестициски трошоци и за конкурентност. „Во моментот веќе се вработени 40 лица, а согласно договорот за државна помош ќе бидат вработени 300 наши сограѓани. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места. Новата инвестицијата во Струга е уште една потврда за заложбите на оваа Влада за рамномерен регионален развој за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија. Ова е прилика да упатам и од ова место порака до инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија. Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори“, рече премиерот Заев во своето обраќање. Премиерот подвлече дека придобивките од оваа инвестиција се бројни, а една од нив е интензивирање на соработката со домашните компании. „За таа цел започнат е процес на идентификување на локални добавувачи од Северна Македонија кои би се вклучиле како потенцијални добавувачи на суровини за „Магна“, но и за останатите компании. Ваквата соработка со локалните компании има силен придонес за севкупната економија во државата. Владата ги поддржува инвестициите кои креираат висока додадена вредност, имплементираат современа технологија, нови работни места, извезуваат, го раздвижуваат


ЈУЛИ 2021

14 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Потпретседателот на компанијата „Магна“, Дејвид Креспи, ја презентираше новата инвестиција во Струга и рече дека „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди. деловниот амбиент и придонесуваат во развојот на економијата“, рече Заев.

Акцент на квалитетни инвестиции

Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони рече дека компанијата „Магна“ ќе им донесе добар стандард и можност за успешна кариера на над 1.200 наши сограѓани, особено млади луѓе. „Со вложување во вакви технолошко напредни компании кои носат повисоки плати им обезбедуваме пристоен

живот и шанса за успешна кариера овде дома. Со менаџментот на „Магна“ веќе разговараме и за проширување на инвестицијата и ќе се ангажираме тоа да се оствари. Со новиот концепт на привлекување инвестиции кој изминативе неколку месеци го применува ТИРЗ, успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра, кои ќе донесат и нови 8.500 работни места. Ова е доказ дека инвеститорите ги препознаваат инвестициските мерки

на Владата со кои креираме нова развојна економска политика и поволна бизнис клима. Целта е да одиме напред со инвеститори кои растат заедно со државата“, рече Деспотовски. На настанот во своите обраќања младите инженери вработени во „Магна“, Кристина Добревска и Мишо Велјаноски упатија мотив за сите идни заинтересирани за професионален развој согласно современи стандарди.

nnn



ЈУЛИ 2021

16 СТАРТАП СЦЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

И БАНКИТЕ СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО ПОДДРШКА НА СТАРТАПИТЕ

ШПАРКАСЕ БАНКА И ФИТР ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СТАРТАП КОМПАНИИТЕ


17

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Стартапите кои ќе аплицираат за ко - финансирани грантови на јавните повици на ФИТР, преку програмата ќе имаат можност да го обезбедат сопственото учество по поповолни услови. Компаниите кои работат не повеќе од 12 месеци ќе можат да обезбедат кредит до 10.000 евра, додека стартапите кои постојат до 3 години ќе можат да добијат кредит во максимален износ од 25.000 евра.

Ш

паркасе Банка Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи поголема промоција и достапност до „Чекор по чекор“ програмата, со која домашните стартапи ќе можат да добијат различни пакети за финансиска, едукативна и менторска поддршка. „Соработката на Шпаркасе Банка Македонија со Фондот за иновации и технолошки развој ќе придонесе за создавање на нови можности за финансирање на иновативните бизниси, кои покрај поддршката која ја добиваат во форма на грант, ќе имаат дополнителна можност за пристап до банкарски кредит и вклучително менторство и едукација кои ги овозможува ‘Чекор по чекор’ програмата“ рече Глигор Бишев, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“. Тој додаде дека стручен тим од банката им ја дава потребната експертска поддршка на младите менаџери за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови, а воедно партнерите на Шпаркасе им помагаат да ги унапредат нивните претприемачки вештини и совети за правилно користење на финансиските средства во насока за поголем развој и одржливост на нивните бизниси. „Преку поддршката на стартап бизнисите и нивното вмрежување во една заедница ние ја исполнуваме нашата мисија да бидеме поддршка за младите, овозможувајќи им да го реализираат својот сон за сопствен бизнис во нашата држава“, истакна Бишев. Стартапите кои ќе аплицираат за ко финансирани грантови на јавните повици на ФИТР, преку програмата ќе имаат можност да го обезбедат сопственото учество по поповолни услови. Компаниите кои работат не повеќе од 12 месеци ќе можат да обезбедат кредит до 10.000 евра, додека стартапите кои постојат до 3 години ќе можат да добијат кредит во максимален износ од 25.000 евра. „Фактот дека пет банки за помалку од половина година во ФИТР видоа партнер со кој можат да направат суштински промени во стартап екосистемот во нашата држава, за нас значи дека економската заедница ги препознава промените кои ги направивме во изминатиот период. Ме радува што партнерството со Шпаркасе Банка Македонија за стартап компаниите ќе значи голема поддршка на повеќе нивоа и поттик да се охрабрат и идеите кои ги

Генералниот извршен директор на Шпаркасе Банка Глигор Бишев и директорот на ФИТР Коста Петров го потпишаа меморандумот за соработка со што ќе им се овозможи поголема достапност на македонските стартапи до „Чекор по чекор“ програмата на Шпаркасе. имаат да ги претворат во профитабилен бизнис.“, рече Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

И кредит и ментор за стартапите

На корисниците на коишто ќе им биде одобрен кредит, ќе им биде доделен ментор врз основа на нивните потреби и кој во период од една година ќе ги советува за развојот на нивното работење. Ментори ќе бидат деловни луѓе со долгогодишно бизнис искуство и развиени партнерски мрежи, кои сакаат понатаму да го пренесат своето знаење. „Како прва банка која воведе специјализирана едукативна и менторска програма за поддршка и пристап до финансиски средства во форма на банкарски кредит за стартап бизнисите, Шпаркасе Банка Македонија го покажува своето одговорно банкарско работење и преку ‘Чекор по чекор’ програмата придонесува во јакнење на домашната економија, а воедно дава општествена поддршка за компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис.“, велат од банката.

Истата започна од 2019 година и после два успешно спроведени циклуси овозможи финансирање на околу 20 стартап бизниси, кои денес се стабилни и успешни микро компании на македонскиот пазар, со вкупен износ на кредитно финансирање од околу 200.000 евра. Преку склучување на идни партнерства и соработки, како и вмрежување на сите заинтересирани институции од невладиниот сектор, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата мисија да обезбеди пристап до финансии и едукативна програма за младите и талентирани иноватори како нивната бизнис идеја да ја развијат во одржлив бизнис и на тој начин ги подобрува условите за домашнo претприемништво, но и да ја поттикнува креативната и иновативната индустрија во земјава. Повеќе информации за соработката со ФИТР и можностите на програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk) nnn


ЈУЛИ 2021

18 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

ПРОДОЛЖУВА ПАНДЕМИСКИОТ ТРЕНД НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПЛАЌАЊ

БРОЈОТ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ ПОГОЛЕМ ЗА 110% ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ


19

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Како и во изминатиот период од пандемијата, тренд на пораст има и на бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон во првиот квартал од 2021 година и тој достигнува годишен раст од 99%.

Tренд на пораст на бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон има и во првиот квартал од 2021 година и тој достигнува годишен раст од 99%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така двојно повисок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 46%. Покрај тоа, во првиот квартал од 2021 година, иако послабо во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните.

ЊА автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

лаќањата со платежните картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, во првиот квартал од 2021 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 36% и 28%, соодветно, што во значителен дел се должи на условите наметнати од пандемијата, покажува најновиот извештај на Народната банка. Високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните во трговијата е пред сè резултат на исклучителниот пораст на бројот на плаќањата со платежни картички на местата на продажба на интернет, којшто во првиот квартал од 2021 година изнесуваше 110% и притоа беше повисок од годишниот раст во истиот квартал од 2020 година (77%). Во однос на користењето на платежните картички на физичките места

на продажба од страна на граѓаните, во првиот квартал од 2021 година беше остварен годишен раст од 23%, којшто е на исто ниво со годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година. Од аспект на плаќањата со платниот инструмент кредитен трансфер во време на пандемија, во првиот квартал од 2021 година, е забележан поумерен пораст кај плаќањата на граѓаните во споредба со плаќањата со платежни картички, со годишен раст од 11% кај вредноста на трансакциите, односно 6% кај бројот на извршените трансакции.

Сè почесто користење на мобилните апликации за плаќање

Сепак, од почнувањето на коронакризата па наваму, заради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери. Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во првиот квартал од 2021 година се зголемил за значителни

49% на годишна основа, што е повеќе за 2,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2020 година (21%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. Како и во изминатиот период од пандемијата, тренд на пораст на бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон има и во првиот квартал од 2021 година и тој достигнува годишен раст од 99%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така двојно повисок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 46%. Покрај тоа, во првиот квартал од 2021 година, иако послабо во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. Поконкретно, кај овие плаќања, во првиот квартал од


ЈУЛИ 2021

20 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Од почнувањето на корона-кризата па наваму, заради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери. Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во првиот квартал од 2021 година се зголемил за значителни 49% на годишна основа, што е повеќе за 2,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2020 година (21%).

2021 година се забележува висок годишен раст од 30%, којшто е двојно повисок од годишниот раст во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 14%. Условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа годишен пад од 7% во првиот квартал од 2021, наспроти годишниот раст во истиот квартал во 2020 година, од 4%.

Лани порастот на онлајн плаќањата беше 2,2 пати

Претходно, податоците презентирани во Информацијата за плаќањата во 2020 година потврдуваат дека појавата на пандемијата ги забрза процесите на дигитализација на плаќањата. Каналите за дигитално извршување на плаќањата во 2020 година станаа сè позначајни, а особено електронското иницирање на кредитните трансфери и користењето на електронската трговија. Вкупниот број плаќања извршени во 2020 година забележа годишен раст од 10,2%, при зголемување од 15,6% на бројот на плаќањата извршени со платежни картички. Од друга страна, бројот на кредитни трансфери се намали на годишна основа за 3,6%. Ваквите движења придонесоа за натамошен раст на учеството на платежните картички (6,2 п.п.), коешто достигна 56,2% во вкупните плаќања. Под влијание на корона-кризата, во 2020 година граѓаните сè почесто гo користеле електронското банкарство за вршење на плаќањата, што придонесува кон значителен годишен раст на бројот на електронски иницираните кредитни трансфери од 31,3%, во услови на значително годишно намалување на бројот на кредитни трансфери иницирани на хартија од 17,8%. Според платежната статистика, во 2020 година е забележан постојан раст на плаќањата со платежни картички за купување производи и услуги. Растот на плаќањата во трговијата со платежни картички издадени од домашни издавачи на уреди лоцирани во земјата во 2020 година беше силен и изнесуваше 25,9%. Притоа, раст од 21% е забележан кај бројот на трансакции на физичките места на продажба, но впечатлив годишен раст од 2.2 пати е забележан кај плаќањата со картички на интернет. 


ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Отвори сметка за Твојата компанија во дигитална банка!

ДОЗНАКИ ВО СТРАНСТВО СО ФИКСНА ПРОВИЗИЈА

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА СО КАМАТА ПО ВИДУВАЊЕ

АВТОМАТИЗИРАНИ ПРИЛИВИ ОД СТРАНСТВО

ОНЛАЈН ОТВАРАЊЕ НА СМЕТКА

СЕФ ЗА ДНЕВЕН ПРОМЕТ – 24/7

ОНЛАЈН ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОРИ

MASTERCARD БИЗНИС КАРТИЧКА ЗА БЕЗГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА, УПЛАТА/ ИСПЛАТА НА ДЕНАРИ НА БАНКОМАТ

www.pcb.mk 02/2446-000


ЈУЛИ 2021

22 ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

МИНИ - ШЕНГЕН И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОГОЛЕ

ПРОАКТИВЕН РЕГИОН ИЛИ У НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИ


ЕМА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

УТЕХА ЗА ПОРАЗОТ ИИ?

23

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Факт е дека оваа соработка е од огромно значење за граѓаните од овие држави оти се однесува на конкретни договори и чекори што се во насока на олеснети движења, комуникација и контакти, но и на создавање на регионален заеднички пазар

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

ашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ – оваа порака премиерите на трите соседни земји, Македонија, Албанија и Србија, Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ, ја испратија вчера преку трипатридната изјава во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка. „Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ. Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка.“ се наведува во заедничкото соопштение. Факт е дека оваа соработка е од огромно значење за граѓаните од овие држави оти се однесува на конкретни договори и чекори што се во насока на олеснети движења, комуникација и контакти, но и на создавање на регионален заеднички пазар што како што премиерите највуваат ќе го поддржат на на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули. „Знаеме дека само со заедничко работење и поттикнување на регионална соработка во рамките на разни регионални иницијативи - Заеднички регионален пазар, Регионален Шенген, Зелени коридори или во поширока смисла преку Берлинскиот процес - можеме да им донесеме опипливи резултати на нашите граѓани. Како регион со


ЈУЛИ 2021

24 ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Нашиот став е јасен оти преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Европската Унија. Нашиот напредок во европските интеграции првенствено треба да зависи од нашиот напредок поврзан со поглавјата, европското законодавство и исполнувањето на европските стандарди.

приближно 18 милиони луѓе, можеме да ги зајакнеме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку го правиме тоа поединечно.“ се вели во соопштението. За 29-ти јули, најавена е средба во Скопје за да се потврди напредокот и да се потпишат договори кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот Самит, меѓу три земји: договори за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот Во заедничката изјава се бара од Европската унија и од Соединетите Американски Држави, да преземат чекор заедно со целиот регион за да се развијат инвестициони, краткорочни проекти за подобрување на животна средина и за многу поголем употреба на обновливи извори на енергија, како дел од спроведувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ и на Зелената агенда за Западен Балкан. Но, зближувањето на соседите има и политичка димензија. Зголемената регионална соработка, што се најавува особено во делот на економијата и сите овие проекти многумина ги сметаат за своевидна утеха за неисполнетите очекувања од европските интеграции на регионот, но и порака до Брисел дека овие држави се веќе изморени од чекање и дека

ЕДИ РАМА

премиер на Албанија

Прогресот ќе продолжи бидејќи ние сме посветени на тоа и нема да зависи само од односот на Европската Унија кон нас туку и од нашиот однос меѓу себе. Сите земји треба да туркаат напред. Ние сме сите обиколени со земји од Европската Унија

пристапот и до европското столче на носење на политички одлуки, и до заедничкиот европски пазар се чини како се подалечна опција. Токму премиерот Еди Рама, којшто минатата недела и самиот беше во Скопје, учествувајќи на Делфи Економскиот форум, порача дека ниедна држава од регионот веќе не треба да чека на европските интеграции, туку паралелно да се вклучи во зајакната меѓусебна соработка додека Европската унија не смисли начин како да се справи со политиката не вето, но и со воопшто закочената сопствена политика на проширување. „Прогресот ќе продолжи бидејќи ние сме посветени на тоа и нема да зависи само од односот на Европската Унија кон нас туку и од нашиот однос меѓу себе. Сите земји треба да туркаат напред. Ние сме сите обиколени со земји од Европската Унија“изјави Рама. Премиерот Зоран Заев во таа прилика беше искрен дека фактот што нема формален почеток на преговори преку заедничка меѓувладина конференција е разочарување: „Без разлика колку бевме свесни за очекувањата и за реалноста оддлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција е лоша порака за целиот регион. Ние бевме во Бугарија со отворено срце и со желба за решение, но тие не смогнаа сили за решение да има. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе успее да ги

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ премиер на Србија

Северна Македонија не е виновна, со оглед на тоа што ги исполни сите услови за почеток на преговори што во ЕУ нема желба за проширување. Покрај тоа, приказните за причините зошто Бугарија стави вето се приказни за мали деца. Со сигурност во моментов ЕУ нема желба за проширување

тргне блокадите. Алармот е вклучен. Европските вредности се доведени во прашање.“ порача Заев. Премиерот додаде дека нашиот став е јасен оти преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Европската Унија. Нашиот напредок во европските интеграции првенствено треба да зависи од нашиот напредок поврзан со поглавјата, европското законодавство и исполнувањето на европските стандарди“.

Европска и американска поддршка од Охрид на Меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“

Во меѓувреме, додека локалните лидери ја креираат оваа паралелна европска реалност, останува задачата на Брисел како да најде механизам за спроведување на сопствените одлуки во кои стои дека официјални Скопје и Тирана треба веднаш да ја почнат европската приказна. Голем дел од шефови на држави, премиери, и дипломати јавно ја истакнуваат неодржливоста и на бугарските позиции кои немаат врска со европските принципи, но и на самата ЕУ немоќна да одблокира процес од исклучително значење и за регионот и за самата Унија. Заменик помошник секретарот за европски и евроазиски работи на Стејт департментот Метју Палмер од Охрид, каде што овие денови се одржува


25

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Курти го смени курсот на Приштина – тој е против мини-шенген, иако неговиот претходник ја прифати иницијативата

МИНИ – ШЕНГЕН НЕПРИФАТЛИВ ЗА КОСОВО, ЦРНА ГОРА И БИХ

Регионалната соработка, која се заговара од тројцата лидери во форматот на мини-шенген, засега е неприфатлива за Косово, Црна Гора и за Босна и Херцеговина. Од косовскиот премиер Албин Курти беше испратен и негативен одговор, и покрај тоа што поранешниот премиер Авдулах Хоти во септември лани во Вашингтон прифати Косово да биде вклучено во оваа балканска иницијатива. Портпаролката на приштинската влада, Розафа Кељменди, потсети дека Курти неодамна предложи нова рамка за регионална и економска соработка за соработка под називот СЕФТА. Ова подразбира регионална соработка заснована на еднаквост и реципроцитет, според механизмите што се применуваат во Европската Унија и на европскиот економски модел.

Преспа форумот за дијалог, изрази разочарување што не е решено прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на европските партнери,. Палмер наведе дека непочнувањето на преговорите на двете земји влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, но, дека придонесува и за зголемување на скептицизмот во регионот. „Нашите геополитички конкуренти се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а исто така и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба“, вели Палмер. Палмер зборуваше и за важноста на „историскиот“ Договор од Преспа потпишан меѓу Северна Македонија со Грција и за Договорот за добрососедски односи со Бугарија, велејќи дека тоа се примери за поголем регионален ангажман на земјата во корист на нејзините граѓани. Според него, долгогодишната визија на САД во регионот била и ќе остане фокусирана на регион во мир внатре и соседите. Американската позиција на поддршка и кон Договорот и кон евроатлантските интеграции подоцна на еден од следните панели ја потенцираше и поранешниот амбасадор на САД, Филип Рикер кој порача дека Преспанскиот договор барал политичка храброст и дека кога

се зборува за неговото наследство, со него се поставиле стандарди за остатокот од регионот, а навистина и за остатокот од светот, како се решаваат отворени конфликти преку дијалог. Според него, овој Договор донесе предности, како за Македонија, така и за Грција. „Со него, се потврди заложбата на Грција кон Западен Балкан и и овозможи на Македонија да напредува. Меѓународната заедница го препознава напредокот на земјата. САД, Бајден, јас и Блинкен имаме доверба дека С. Македонија може и ќе направи се што треба за да се зајакне владеењето на правото и искоренување на корупцијата, за да се обезбеди просперитетна иднина на земјата. САД сака да стои рамо до рамо со вашата земја како партнер“, истакна Рикер. Поддршка за итна деблокада на европските интерации стигна и од европските дипломати. Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар, чија држава од вчера го почна претседавањето со ЕУ преку видео порака се обрати на настанот и порача дека проширувањето на ЕУ со балканските држави останува приоритет. „Проширувањето не е техничко, туку клучно, врвно геостратешко прашање, прашање што бара внимание, амбиција и политичка волја на сите чинители за остварување на заедничките цели – цврста и силна

Европа. Словенија сака брз старт на процесот на проширување. Ако Европа сака да биде целосна и слободна, тогаш земјите од регионот мора да бидат ислушани со инклузивен пристап. Отсуството стратешки решенија за регионот го остава авионот без пилот, остава простор за други геостратешки играчи да го остварат своето влијание, рече Логар на панелот на министрите за надворешни работи насловен како „Градење на доверба преку дијалог“ во рамки на „Преспа форум дијалог“. Тој порача дека во сржта на словенечкото претседателство со ЕУ се и безбедноста и мирот и додаде дека сето ова мора да се дискутира на највисоко ниво. Додаде дека во таа насока го организираат и Самит ЕУ-Западен Балкан, бидејќи успехот на регионот зависи од сите актери кои се вклучени во процесот. Претходно, германскиот државен министер за Европа, пак Михаел Рот во своето обраќање на конференцијата изјави дека длабоко жали што Советот на министри на ЕУ не донел одлука за отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија заради, како што рече, ставот само на една држава. Рот наведе дека особено Северна Македонија вложила огромни напори за создавање мултиетничко општество, 20 години после потпишувањето на Охридскиот рамновен договор. „Со оглед дека ова е долг пат за секое општество, мораме да инвестираме повеќе напори секој ден за да го зајакнеме мирното општество. Северна Македонија и Грција направија историски чекор со потпишувањето на спогодбата од Преспа пред три години. Ова е исклучителен успех и служи како пример што може да се постигне и дека може да се решат долгогодишни конфликти со храброст и државност“, рече Рот. Она што останува како задача не само пред дипломатите, како функционери, туку и пред нивните шефови и самите европски држави е оваа вербална поддршка да се материјализира, оти токму иницијативите како мини-шенген зборуваат за фактот што регионот и земјите на Балканот веќе де факто активно си бараат алтернативи за својата иднина. Ваквите иницијативи, се разбира, можат многу да помогнат и да го олеснат животот на населението, но секако се и политичка порака дека Балканците го губат трпението во чекалницата на Унијата што изгледа тешко разбира дека низ историјата најтешките битки биле токму оние со географијата. Балканот е Европа и неможноста за негова интеграција води кон опасни насоки што секако нема да донесат ништо добро на долг рок за балканските држави, но сигурно нема ништо добро да и донесат и за самата ЕУ. Кому одговараат две страни на губитници 


ЈУЛИ 2021

26 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ИЗВАДИ НА ПОВРШИНА СИТЕ Н

ПОТРЕБНО Е ГОЛЕ


НЕСОВРШЕНОСТИ НА МОДЕРНИОТ КАПИТАЛИЗАМ

ЕМО РЕСЕТИРАЊЕ

27

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106


ЈУЛИ 2021

28 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Пандемијата ќе остави долгорочни последици за економскиот развој, јавниот долг, вработувањата и благосостојбата на човештвото. Сето ова, пак, ќе ги продлабочи климатските и социјалните кризи што и пред пандемијата ја загрозуваа планетава. Ако се остават овие проблеми без реакција, светот откако ќе заврши пандемијата ќе биде уште повеќе неодржлив, со поголема нееднаквост, и поранлив. Парцијални мерки и привремени „поправки на дефектите“ нема да го спречат ова сценарио. Мора да изградиме сосема нови темели за нашите економски и општествени системи или како што вели основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, „потребно ни е Големо Ресетирање на капитализмот.“

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Бениоф: голем број директори имаат испрани мозоци!

ред извесно време во светската јавност одекна веста дека повеќе од 400 политичари од 34 земји потпишале писмо со кое се бара од гигантот во е – трговијата Амазон да ги промени своите компаниски политики во насока на подобра заштита на работничките права и на животната средина. Во писмото, адресирано до основачот и главен директор на компанијата, Џеф Безос, инаку во моментов најбогатиот човек на светот, се вели дека светот знае оти Амазон може да си дозволи да ги плати повеќе своите работници, да им обезбеди подобра здравствена заштита, да ги плати даноците, како и трошоците поврзани со екологијата, но дека упорно одолговлекува или одбива целосно да ги исполни своите обврски кон вработените, кон општествата во коишто функционира бизнисот на компанијата, но и кон планетата, како целина. Амазон, компанија којашто енормно профитираше од тековнава пандемија поради тоа што вртоглаво пораснаа онлајн нарачките на најразлични производи, како последица на карантините и останатите рестриктивни мерки (за само 10 месеци во 2020 ангажирани се нови 430 илјади работници, со што вкупната бројка сега изнесува преку 1,2 милиони) исто така енормно привлекува внимание врз своите крајно општествено неодговорни политики и постапки, коишто одат дури до таму што се користеле и технологии за надзирање на комуникацијата на вработените со цел спречување на синдикално организирање, како што тврди еден скорешен извештај на Амнести Интернешнл. Во гореспоменатото писмо до Безос, се критикуваат и недоволните напори на неговата компанија да ги намали емисиите на штетни гасови, монополистичките практики со коишто се уништуваат малите бизниси, кршењето на правата за заштита на податоците од страна на веб сервисите на Амазон, фактот што компанијата нема платено ниту цент данок кон матичната држава САД во 2018 и 2019 година, и уште неколку еклатантни примери на кршење на принципите на општествено одговорен и одржлив бизнис. Амазон е само најочигледниот пример на општествено неодговорно однесување, затоа што e од редот на најголемите компании во светот и, следствено, има најголемо влијание врз начинот на којшто се менуваат нашите животи. Џеф Безос ја има собрано сета слава досега за неговиот претприемачки дух, визијата и придонесот во технолошкото поврзување на светот преку онлајн трговијата и останатите сервиси, но по која цена? Дали неговото лично задоволство од фактот што неговите акции во Амазон секој ден вредат по некоја милијарда долари повеќе, истовремено правејќи ги среќни сите останати акционери во компанијата, треба да биде единствениот императив и водилка во неговите чекори и постапки што ги презема?

спротивстават на структурните пречки коишто го кочат инклузивниот економски раст со години наназад“, напишал Дајмон. Реј Далио, милијардер и филантроп, основач на инвестицискиот фонд Бриџвотер (Bridgewater), во едно интервју кажа дека неподносливата нееднаквост во земјата е „национална вонредна состојба“ и дека е закана за капитализмот. „Ако немате услови каде што луѓето имаат можности, не само што нема да го искористите потенцијалот што постои, што е тотално неекономски, туку и го загрозувате постоењето на самиот систем. Мислам дека тоа многу очигледно ни се удира од глава сега кога гледаме каква економска криза предизвика вирусот“, изјави Далио во онлајн интервјуто за Khan Academy, непрофитната образовна институција која нуди бесплатни курсеви од најразлични области. Веројатно најрадикален во своите ставови околу несовршеноста на денешниот

автор:

П

Очигледно дека многумина колеги на Безос од корпоративниот свет не мислат повеќе така. Откако пандемијата од пред десетина месеци ги извади на површина сите несовршености на модерниот капитализам и ја истакна уште повеќе нееднаквоста, се појави цела низа на коментари од познати директори или сопственици на најголемите бизниси во САД и пошироко во насока на тоа дека потребни се големи промени. Џејми Дајмон, на пример, директор на една од најголемите инвестициски банки во светот, ЏП Морган (JPMorgan), напиша отворено писмо до сите засегнати страни на банката во кое истакна дека пандемијата на коронавирусот била своевиден „повик за будење“ на земјата којашто крајно време е да ја истакне нееднаквоста како проблем. Тој ја повикува власта и бизнис лидерите да преземат акции. „Кризава мора да нèразбуди сите и да биде повик за бизнисите и владата да размислат, делуваат и инвестираат за општото добро на сите, како и да се


29

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

ЏЕФ БЕЗОС, основачот и шеф на Амазон (Amazon. com) освен што стана славен по неговата желба да лета кон ѕвездите (буквално, не фигуративно), познат е и по крајно општествено неодговорни политики и постапки, коишто одат дури до таму што во компанијата се користеле и технологии за надзирање на комуникацијата на вработените со цел спречување на синдикално организирање, како што тврди еден скорешен извештај на Амнести Интернешнл.

Д-Р КЛАУС ШВАБ, основачот на Светскиот економски форум во Давос, во својата книга „Ковид – 19: Големото ресетирање“ вели дека е потребно ниво на соработка и залагање досега невидено помеѓу државите. „Но, не мора да биде и неостварлив сон. Една работа што дава надеж дека ‘големото ресетирање’ е можно, е фактот што пандемијата покажа колку бргу луѓето се во состојба да направат радикални промени во начинот на живот. Речиси преку ноќ, кризата ги присили бизнисите и поединците да ги напуштат практиките што претходно се сметаа за нужни, како што е честото патување со авион или работата во канцеларија.

ЏЕЈМИ ДАЈМОН, директор на една од најголемите инвестициски банки во светот, ЏП Морган (JPMorgan), напиша отворено писмо до сите засегнати страни на банката во кое истакна дека пандемијата на коронавирусот била своевиден „повик за будење“ на земјата којашто крајно време е да ја истакне нееднаквоста како проблем. Тој ја повикува власта и бизнис лидерите да преземат акции.


ЈУЛИ 2021

30 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

капитализам е Марк Бениоф, првиот човек на американскиот софтверски гигант Сејлсфорс (Salesforce), којшто вели дека актуелнава криза пружа шанса да се воведе во пракса подобар модел на капитализмот. Минатата година, на „бизнис тркалезната маса“, група на американски топ менаџери, Бениоф рекол дека компаниите мора да сторат повеќе одошто само креирање вредност за акционерите. Со оглед дека периодов за време на пандемијата се слушаат стории за разни видови на погрешно однесување на корпорациите, Бениоф смета дека можеби ќе треба смена на генерациите за да овој модел на „акционерски капитализам“ да стане минато. „Голем број компаниски шефови сèуште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот. Така ги научил Милтон Фридман, така се однесуваат и тоа е сèшто знаат да прават“, вели тој. „И за таквите директори, веројатно е дека никогаш нема да се променат; едноставно, ќе треба да почекаме да дојде нова генерација.“ Од неговите изјави им се крева косата на многумина приврзаници на традиционалниот „акционерски капитализам“, а иако Бениоф и самиот е милијардер, стана прилично неомилен кај останатите милијардери на светов. Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос во 2018 година, тој ги обвини светските технолошки гиганти како Google и Facebook дека “абдицирале од одговорноста“, и побара поголема регулација на нивните бизниси, споредувајќи ги социјалните мрежи со цигарите.

Ковид кризата како изговор да се олабави со општествената одговорност

Заложбата за некаков нов економски систем, нов капитализам, доаѓа и од местото каде што секоја година се собира глобалната бизнис и политичка елита – Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија. Илјадници политички и бизнис донесувачи на одлуки од највисок ранг се собираат традиционално во јануари на СЕФ за да дискутираат за тоа каде оди светската економија и да ги адресираат најголемите предизвици за човештвото на среден и дол рок, но ковид – кризата минатата и оваа година само го интензивира тој наратив во своевиден апел за нужни промени на светскиот економски систем, артикулиран во книгата „Ковид – 19: Големото ресетирање“ од д-р Клаус Шваб, основачот и претседател на СЕФ. „Постои голема причина за загриженост: ковид пандемијата предизвика силен економски пад на целава планета, и веројатно се соочуваме со најлошата економска криза од Големата депресија во 1930 –те досега. За да го преброди сето ова полесно, светот мора заеднички и брзо да ги редефинира сите аспекти на нашите општества и економии, од образование, преку трудови законодавства, па сèдо заштита на животната средина. Секоја земја, почнувајќи од најголемите и најмоќните, мора да учествува во

овие промени, и секоја индустрија, од најтрадиционалните, како нафта и гас, па до најиновативните технологии, мора да биде трансформирана. Накусо, ни треба ‘Големо Ресетирањèна капитализмот“, вели Шваб. Во книгата на Шваб се вели дека пандемијата ќе остави долгорочни последици за економскиот развој, јавниот долг, вработувањата и благосостојбата на човештвото. Сето ова, пак, ќе ги продлабочи климатските и социјалните кризи што и пред пандемијата ја загрозуваа планетава. Некои земји веќе ја искористија ковид – кризата како изговор за да ги ослабат напорите за заштита на животната средина. Истовремено се зголемуваат фрустрациите во општествата поради зголемената нееднаквост – богатството на најмоќните милијардери во светот порасна уште повеќе среде пандемијата. Ако се остават овие проблеми без реакција, светот откако ќе заврши пандемијата ќе биде уште повеќе неодржлив, со поголема нееднаквост, и поранлив. Парцијални мерки и привремени „поправки на дефектите“ нема да го спречат ова сценарио. „Мора да изградиме сосема нови темели за нашите економски и општествени системи“, апелира Клаус Шваб. За таа цел, додава тој, потребно е ниво на соработка и залагање досега невидено помеѓу државите. Но, не мора да биде и неостварлив сон. Една работа што дава надеж дека „големото ресетирање“ е можно, е фактот што пандемијата покажа колку бргу луѓето се во состојба да направат радикални промени во начинот на живот. Речиси преку ноќ, кризата ги присили бизнисите и поединците да ги напуштат практиките што претходно се сметаа за нужни, како што е честото патување со авион или работата во канцеларија. Исто така, луѓето покажаа во голема мера спремност да направат жртви за доброто на здравствените и останатите есенцијални работници, како и ранливите категории граѓани. Многу компании, пак, презедоа активности за поддршка и заштита на своите вработени, потрошувачи и локални заедници, со што всушност направија еден чекор повеќе кон поинаков вид на капитализам, капитализам на сите засегнати страни (stakeholder capitalism) наместо капитализам на акционерите (stockholder capitalism), за разлика од досегашните само декларативни заложби за такво нешто. „Волјата да се изгради подобро општество јасно е дека постои. Мораме да ја искористиме за да го направиме Големото Ресетирање што очајно ни е потребно. Ова ќе бара поенергични и поефективни влади низ светот, а приватниот сектор ќе мора да се ангажира во секој чекор од процесот“, вели основачот на Светскиот економски форум.

Агендата на Големото Ресетирање Агендата на Големото Ресетирање треба да има три главни компоненти. Прво, пазарите треба да се насочат кон пофер односи помеѓу сите чинители. За таа цел, владите треба да ја подобрат координацијата (на пример, во

даночните, регулаторните и фискалните политики), да ги унапредат трговските договори и да креираат услови за т.н. „stakeholder economy“. Во услови на континуирано намалување на даночните извори и зголемување на јавниот долг, владите имаат силен мотив да преземат вакви чекори. Исто така, владите треба да спроведат долгорочни реформи што ќе имаат за цел поголема еднаквост во општествата. Во зависност од условите во секоја држава одделно, овие чекори подразбираат промена во даноците на имот и луксуз, укинување на субвенции што стимулираат фосилни горива, како и нови регулативи за интелектуална сопственост, трговија и конкуренција. Втората компонента од агендата на Големото Ресетирање треба да осигури дека новите инвестиции ќе промовираат заеднички цели, како што е еднаквост и одржливост. Во овој контекст, обемните програми за финансиска поддршка што ги подготвуваат поедини држави претставуваат голем потенцијал. На пример, Европската комисија во екот на пандемијата лани го објави планот за вбризгување на 750 милијарди евра со цел закрепнување на економиите во Европа. САД, Кина и Јапонија, исто така имаа амбициозни програми за економска поддршка. И наместо да се искористат овие извори, како и инвестициите од приватните субјекти, за пополнување на пукнатините од стариот систем, треба да ги искористиме за креирање на нов што ќе биде повеќе отпорен, ќе промовира поголема еднаквост и ќе биде повеќе одржлив на долг рок. Ова подразбира, на пример, изградба на „зелена“ урбана инфраструктура и креирање стимулации за индустриите за да ги подобрат своите резултати во делот на екологијата, социјалната заштита и доброто корпоративно управување. Третиот клучен приоритет на планот за Големото Ресетирање е поттикот иновациите од Четвртата индустриска револуција (кованица првпат употребна исто така од Клаус Шваб) да се искористат за општо добро, особено за надминување на здравствените и социјалните предизвици. За време на ковид – кризата, компании, универзитети и останати чинители ги здружија силите за да развијат дијагностика, терапии и евентуални вакцини; да формираат центри за тестирање; да креираат механизми за следливост на инфекциите; како и да овозможат телемедицина, односно пружање медицинска грижа на далечина со помош на новите технологии. Да замислиме само што сè може да се постигне доколку слични напори се вложат во сите останати сектори на економиите и општествата. „Ковид – кризата има влијание врз секој можен аспект на нашите животи во секое ќоше од светов. Но, трагедијата не мора да биде единствено наследство на пандемијата. Напротив, кризата отвори прозорец на надеж, на можност да го реосмислиме и реобликуваме нашиот свет за создавање на поздрава и повеќе просперитетна иднина и поголема благосостојба на сите облици на живот на оваа планета“, заклучува Шваб.


31

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Повеќе аутпут, повеќе потрошувачка, повеќе зафатеност не значи и повеќе среќа. Наместо промовирање на консумеризам и метрики од типот на ГДП, мора да имплементираме практики на т.н. економија на споделување (sharing economy) и мерење на благосостојбата со параметри како бруто национална среќа (БНС) или индикатор за вистински прогрес (ИВП). Потпорните точки во оваа област се: практики на sharing economy и нови економски индикатори; партиципативно буџетирање.

Седум „акупунктурни“ точки на трансформацијата

Инаку, терминот „нова економија“, како што уште пред три години за Хафингтон Пост напишал познатиот автор и професор на престижниот МИТ, Ото Шармер, често бил користен за време од дот-ком меурот пред дваесетина години. Под „новата економија“ се подразбирал нов сет на правила што треба да ги заменат традиционалните правила на „старата економија“. Денес, веќе под овој термин не подразбираме само дигитализација, туку многу поширок дијапазон на социјални, еколошки и културно – креативни предизвици на нашето време. Па така, кога зборуваме за преминот кон „новата економија“ или „новиот капитализам“, тоа би требало да значи трансформација на сегашниот капитализам кон економски систем којшто создава благосостојба и просперитет за сите битија, човечки и нечовечки, вклучително сегашните и идните генерации. Како што вели Шармер, суштината на трансформацијата на капитализмот – или креирање на нова економија, ако го преферираме овој термин – често се побркува или преклопува со активностите што се одвиваат под капата на корпоративната општествена одговорност – КОО. КОО активностите

секако дека се значајни, како и многуте активности поврзани со одржливоста, коишто ги преземаат милионите бизниси низ светот. Но, вистинската трансформација мора да подразбира корекција на грешките во дизајнот што ги има основната архитектура на капитализмот денес. Според Шармер, добрата вест е што иднината е веќе тука. Во моментов, на повеќе места во светот, се случува цел еден спектар на возбудливи експерименти што новите економски концепти и идеи ги ставаат во функција. Некои од нив се во контекст на закрепнување на екосистемите. Други ја допираат циркуларната економија и имплементацијата на т.н. „cradle to cradle“ или „регенеративни“ принципи во светот на бизнисот. Трети експериментираат со комплементарни валути што треба да донесат просперитет и поголема благосостојба на локалните заедници. Четврти ја форсираат промената на даночните системи. И уште многу други што се фокусираат на интерфејс помеѓу економијата и општеството, на прашањето за „базичните права на планетата земја“, или пак на новите медиумски платформи што треба да го засилат и споделат наративот за новата економија. Има толку многу фасцинантни примери и

приказни. Но, она што фали е системска поврзаност помеѓу сите овие иницијативи. Тие често се развиваат и имплементираат во т.н. „силоси“, затоа што нема платформи за споделување, механизми за координација, или споделени ментални мапи што ќе направат да биде видливо како сите овие иницијативи може да се поврзат за да ја поддржат поголемата слика на економската трансформација. Шармер идентификува најмалку седум, како што ги нарекува, акупунктурни точки, кон коишто ако се фокусираме симултано, ќе можеме целосно да направиме „апдејт“ на економскиот оперативен систем, со префрлање од его – системски во еко – системски режим на функционирање. Овие седум акупунктурни точки се: Природата, Работната сила, Парите (трите класични фактори на производството), Технологијата, Менаџментот (двата фактори додадени во матрицата на производството во поново време), Потрошувачката (корисничката страна на равенката) и Водството (како сето ова да се склопи и одржува во синергија).

како екосистем попрво одошто како ресурс 1Природата

Предизвикот тука е да се затвори јазот помеѓу неограничениот раст и ограничените ресурси. Во денешно време, за една година, нашата единствена


ЈУЛИ 2021

32 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

планета користи природни ресурси на 1,5 планети. Па така, предизвикот е да се редефинира природата како екосистем, попрво одошто како ресурс. Наместо третирање на даровите од природата како производи што ги купуваме, користиме и фрламе, мора да го третираме природниот свет како циркуларна екологија што треба да ја култивираме и ко – еволуираме со неа. Потпорни точки на свртување кон оваа насока се: циркуларна економија и „cradle – to – cradle“ принципи на дизајн; реставрирање на еко – системот и циркуларно земјоделие.

не е само „работа“ 2 Работата

Предизвикот тука е да се реобмисли нашиот концепт за работа. До 2050 година, проценките се дека 40% од нашите моментални работни позиции ќе бидат заменети од вештачката интелигенција. Наместо да мислиме на трудот како „работа“ што ја извршуваме за да заработиме пари, мораме да ја поврземе работата со изворите на нашата креативност и со патешествието за реализирање на нашиот највисоко потенцијал. Клучните потпорни точки во оваа насока се: грантовите за базичен приход; учењето како да го активираме својот највисок потенцијал.

на текот на парите 3 Пренасочување

Предизвикот тука е да се пренасочи текот на парите за подобра поддршка на реалната економија. Денешната ситуација е дека има премногу пари на едно место – шпекулативни пари – и премалку пари на друго место – импакт пари што служат за обновување на нашите еколошки, социјални и културни ресурси. Главната цел на парите не треба да биде екстрактивна, туку целисходна, за задоволување на реалните потреби, иницијативи и обнова на ресурсите. Клучни потпорни точки во оваа насока се: циркуларните валути; реформи на даночниот систем, од трудот кон ресурсите.

За време на ковид – кризата, компании, универзитети и останати чинители ги здружија силите за да развијат дијагностика, терапии и евентуални вакцини; да формираат центри за тестирање; да креираат механизми за следливост на инфекциите; како и да овозможат телемедицина, односно пружање медицинска грижа на далечина со помош на новите технологии. Да замислиме само што сè може да се постигне доколку слични напори се вложат во сите останати сектори на економиите и општествата.

наместо редуцирање на креативноста 4 Поттикнување

Овдешниот предизвик е да се искористи технологијата за поттикнување на сите луѓе да станат креатори на своите светови и системи, попрво, одошто нивни пасивни реципиенти, без оглед на нивото на коешто функционираат. Повеќето од глобалните ресурси за истражување и развој се фокусираат на производни иновации наменети за луѓето што се во топ 20% од скалилото на приходи, додека многу малку или пак воопшто ресурси не се трошат за иновации наменети за луѓето што живеат на дното од социјалната пирамида. Потпорни точки за новите социјални технологии се: алатки за ефектна визуелизација во реално време за индивидуалци и заедници (прескокнување на социјално – еколошкиот јаз); алатки за себеспознавање преку огледалото на целината, како индивидуално, така и како заедница.

– креирање наместо хиерархија 5 Ко

Предизвикот е да се надмине масивниот неуспех на лидерството во сите големи институции и сектори. Наместо креирање на повеќе индивидуални супер егоа, треба да изградиме капацитет кај лидерите за ко - чувствување и ко - обликување на иднината на ниво на целокупен систем. Потпорни точки за движење во оваа насока се: инфраструктури за ко – чувствување, односно гледање на системот од рабовите, а не одозгора надолу; механизми за градење капацитет што го поддржување преминот од его кон еко филозофија.

БДП кон благосостојба 6 Од Предизвикот е да се донесе благосостојба во заедниците и државите каде што во моментов

поголем бруто домашен производ (БДП) не значи и подобар живот за нивните граѓани. Повеќе аутпут, повеќе потрошувачка, повеќе зафатеност не значи и повеќе среќа. Наместо промовирање на консумеризам и метрики од типот на ГДП, мора да имплементираме практики на т.н. економија на споделување (sharing economy) и мерење на благосостојбата со параметри како бруто национална среќа (БНС) или индикатор за вистински прогрес (ИВП). Потпорните точки во оваа област се: практики на sharing economy и нови економски индикатори; партиципативно буџетирање.

на лидерството 7 Редефинирање

Предизвикот е да се затвори јазот помеѓу донесувањето одлуки во нашите комплексни системи од една страна и она што секојдневно го преживуваат „заборавените луѓе“ од друга страна. Редефинирање на водството значи надополнување на трите постари механизми за координација со коишто сме запознаени (видливата рака на хиерархијата; невидливата рака на пазарот и мулти – центричната координација меѓу посебните интересни групи) со четврт механизам: делување од позиција на споделена свесност, делување од позиција кога се перципира целината. Потпорни точки во овој домен се: инфраструктури што прават системот да се гледа самиот однатре (колективна акција базирана на свесност); права на сопственост врз ресурсите што ги штитат правата на идните генерации (како трета категорија покрај правата на приватна и јавна сопственост). nnn


ЗДРАВО лето!

Здравствено патничко осигурување

Дојде време за патување! Уживајте во секој миг. Здравствено патничкото осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Обезбедете онлајн полиса на 5minuti.mk Повеќе инфо на triglav.mk

www.5minuti.mk


ЈУЛИ 2021

34 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Растот на приходите на американските компании се очекува да продолжи до крајот на годината, а компаниите ќе се соочат со притисок на страната на трошоците поради нарушувањата во синџирот на снабдување и зголемувањето на трошоците за работна сила, што значи дека компаниите ќе бидат принудени да ги зголемуваат цените на услугите и производите со цел да ја одржат профитабилноста, што пак ќе предизвика дополнително зголемување на инфлациските притисоци.

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ДОБРИ КОМПАНИСКИ РЕЗУЛТАТИ, НО И СТРАВУВАЊА ОД ИНФЛАЦИЈА


35

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ЕВРОПА СЕ ИЗДВОЈУВА СПОРЕД АКТРАКТИВНОСТА Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, Кина дојде во област на интерес за купување по последната корекција, но поради растечките геополитички тензии и политичко мешање во економијата, претпазливоста не е излишна.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

У

(опремата на текстот е редакциска)

ште од почетокот на пандемијата, деловните резултати во САД постојано ги надминуваа предвидувањата на аналитичарите, кажувајќи ни дека аналитичките модели во голема мера ја потценија силата на економското закрепнување, што се рефлектираше во премногу песимистички прогнози за профитите на компаниите. Во светло на претстојните соопштенија за деловните резултати за вториот квартал на 2021 година, можеме да очекуваме да продолжи трендот на позитивни изненадувања во областа на објавите во врска со растот на профитот на американските компании. Повеќето аналитичари проценуваат дека клучот за раст на профитот лежи во робусноста на нето профитните маржи. Растот на приходите се очекува да продолжи до крајот на годината, а компаниите ќе се соочат со притисок на страната

Главната улога во диктирањето на насоката на пазарите ја презедоа (барем привремено) очекувањата за каматната стапка, иако очекувањата за инфлација и геополитиката сè уште го додаваат својот удел. Акциите на технологијата и е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот заснован на долгорочни трендови, така што нивната привлечност се зголемува по неколку месечна консолидација. Но, со високи проценки, геополитички тензии и стравувања од инфлација, инвеститорите остануваат претпазливи. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлација се мизерни, главно негативни и заедно со негативните приноси од банка, продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно во капитални инвестиции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде што отворањето на економиите по пандемијата ја зајакнува економската динамика, како што е индустријата за нафта и гас или каде стимулативните мерки од страна на земјите ќе го променат деловното опкружување. Тежината во форма на индивидуални инвестиции треба да биде претставена од индустрии кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), делови од индустријата, заради инфраструктурни стимули и премин кон ”зелено” и снабдувањето, како и заради преминот кон „зелена“ енергија. Сепак, можеме да додадеме селективна потрошувачка индустрија, иако треба да се внимава со акциите на производителите на луксузните стоки. Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, Кина дојде во област на интерес за купување по последната корекција, но поради растечките геополитички тензии и политичко мешање во економијата, претпазливоста не е излишна. Заради добри приноси на дивиденди и привлечни проценки за мал дел од портфолиото, нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа исто така останува интересен. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, сега сме во фаза на консолидирање на девизните курсеви. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции, особено ако инфлацијата ги надминува очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеди треба да издржат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почиста енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови и фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


ЈУЛИ 2021

36 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

на трошоците поради нарушувањата во синџирот на снабдување и зголемувањето на трошоците за работна сила, што значи дека компаниите ќе бидат принудени да ги зголемуваат цените на услугите и производите со цел да ја одржат профитабилноста, што пак ќе предизвика дополнително зголемување на инфлациските притисоци. Второто може да ги принуди Федералните резерви на САД (ФЕД) на ран пресврт во монетарната политика (зголемување на каматните стапки), што може да ја забави економската активност во земјата и пошироко. Меѓутоа, ако компаниите утврдат дека побарувачката за нивните производи е релативно еластична, што значи дека зголемувањето на цените негативно ќе влијае на обемот на продадени производи и услуги, а тоа пак ќе доведе до пад на оперативните приходи, тие ќе мора да бараат алтернативни сценарија за одржување на профитабилноста (не само преку пораст на продажните цени), или можеме да очекуваме дека маргините на компаниите ќе почнат постепено да се намалуваат, што значи дека до крајот на годината трендот на раст на профитот на компаниите ќе има забавена динамика.

Стравувањето од инфлација може да ги принуди Федералните резерви на САД (ФЕД) на ран пресврт во монетарната политика (зголемување на каматните стапки), што може да ја забави економската активност во земјата и пошироко.

Британците очекуваат повисока инфлација од 2%

Слично е на другата страна на Атлантикот, повеќето аналитичари се изненадени од силата на економското закрепнување и растот на профитот на европските компании. Во првиот квартал од оваа година, европските компании, на годишно ниво, објавија повеќе од 95% раст на профитот (пресметано врз основа на податоците од 306 компании од индексот на акции Stoxx 600). Растот на профитот е особено силен во цикличните сектори на економијата, како што се индустриските компании, банките, автомобилската индустрија и секторот потрошувачки добра, кои се најсензитивни на повторното отворање на економиите во пост-ковидно опкружување. На состанокот во јуни, Централната банка на Англија изненади со малку попретпазлива изјава за зголемувањето на инфлациските притисоци во земјата, но и покрај неодамнешната посилна инфлација од очекуваната, сепак очекува истата да биде од привремен карактер. Од последниот состанок на банката во мај, економската активност продолжи да расте нагло, со стапка на инфлација од 2,5% на годишно ниво во мај. Аналитичарите очекуваат инфлацијата да продолжи да ја надминува целта од 2% во наредните месеци, ставајќи ја под знак прашалник тезата за преодната природа на инфлацијата, која се очекува да се соочи со растечки нагорен притисок врз каматните стапки во втората половина на 2022 година.

Позитивни вести од Кина

Позитивни вести доаѓаат од Кина, каде значително се забрза вакцинацијата на населението против Ковид-19. До денес, најмалку две третини од населението (скоро милијарда луѓе) примиле барем една доза од вакцината, а според стратегијата за вакцинација, се очекува двете дози да ги прими 40 проценти од населението до крајот од јули (што значи

Кина се надева дека забрзаната вакцинација на населението успешно ќе го спречи повторувањето на Ковид-19 пандемијата и ограничувањето на движењето и „затворање“ на економијата, што секако е позитивна вест, не само за Кина, туку следствено и за другите земји во развој и, последно, но не и најмалку важно, за целата светска економска структура. 20 милиони дози на ден). Со ова темпо, тие ќе можат да ја постигнат целта на почетокот (во третиот квартал на 2021 година) од најмалку 80% покриеност со вакцинацијата до крајот на 2021 година. Кина се надева дека забрзаната вакцинација на населението успешно ќе го спречи повторувањето на Ковид-19 пандемијата и ограничувањето на движењето и „затворање“ на економијата, што секако е позитивна вест, не само за Кина, туку следствено и за другите земји во развој и, последно, но не и најмалку важно, за целата светска економска структура.

Повеќето аналитичари очекуваат дека другите земји во развој (потесно поврзани со Кина и во голема мера зависни од кинески вакцини) наскоро ќе го следат водството на Кина, бидејќи кинезите ќе бидат значително повеќе насочени кон извоз на своите вакцини откако ќе завршат со вакцинирање на домашното население и медицинскиот персонал . Ова ќе биде особено позитивно за сегментот домашна потрошувачка, кој е особено погоден од ограничувањето на социјализација и затворањето на одредени сегменти на економијата во овој дел од светот. nnn


о но д в и т о Пром и јули! 31-в

Аплицирајте за НЛБ Станбените кредити до 31-ви јули без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка и искористете ги промотивните поволности: • Рок на отплата до 35 години. • Фиксна каматна стапка до 10 години. • Бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун.


ЈУЛИ 2021

38 ВСЕЛЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

ТРКА НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ

БЕЗОС, МАСК И БРЕНС КОЈ ПРВ ЌЕ ПОНУДИ ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ За оние кои го следат вселенскиот бизнис, веројатно никогаш немало повозбудлив период од оној што се одвива токму сега пред светската јавност, а тоа е трката меѓу милијардерите – Џеф Безос сопственикот на Blue Origin, Илон Маск на SpaceX и Ричард Бренсон на Virgin Galactic, околу тоа кој ќе биде првиот патник што ќе лета комерцијално во вселената со свои летала.


СОН:

39

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106


ЈУЛИ 2021

40 ВСЕЛЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

Првиот човек што плати за неговото вселенско искуство беше американскиот бизнисмен Денис Тито, кој изброи 20 милиони долари за место во руското вселенско летало „Сојуз“, и така стана првиот вселенски турист во април 2001 година. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

еројатно нема човек на планетата Земја кој барем еднаш во животот не гледал копнежливо во ѕвезденото небо навечер и не помислувал какво е чувството да се биде таму горе во бесконечниот простор исполнет со тишина и да се види синото- зелена топка од перспектива како што малкумина во светот имале можност. Да бидеме попрецизни, околу 550 луѓе. Толкав е бројот на среќници кои летале во вселената барем еднаш во животот, но повеќето од нив, се разбира, се астронаути, обучени професионалци кои биле дел од вселенските мисии на земји кои имаат свои вселенски програми, како што е САД, Русија поранешен СССР) и во последно време Кина. Ова се трите земји кои досега имаат испратено свои астронаути, а другите вселенски посетители се астронаути од други земји, како што се Јапонија, Германија, Франција, Канада, Италија итн., кои всушност биле гости во вселенските мисии на овие три споменати вселенски велесили.

Првите вселенски туристи

Но, меѓу сите овие професионални астронаути кои погледнале кон Земјата од далечина од повеќе од 100 километри длабоко во стратосферата, има неколку цивили, односно поединци кои всушност платиле да искусат како е да се биде астронаут.

Американската компанија за вселенски туризам Space Adventures, основана од Ерик Андерсон во 1998 година, досега им овозможи на седуммина клиенти да престојуваат во вселената, поточно на Меѓународната вселенска станица. Првиот човек што плати за неговото вселенско искуство беше американскиот бизнисмен Денис Тито, кој изброи 20 милиони долари за место во руското вселенско летало „Сојуз“, и така стана првиот вселенски турист во април 2001 година. Тој остана на Меѓународната вселенска станица седум дена и во таа прилика рече дека искуството за него е како да е во рајот, односно во некаков паралелен живот. Во април 2002 година, јужноафриканскиот бизнисмен Марк Шатлворт стана првиот Африканец во вселената. Во октомври 2005 година, Грегори Олсен стана третата приватна личност која летала до МВС , а ја следеше Анушех Ансари, првата жена вселенски турист, која го заврши своето 10-дневно орбитално патување во септември 2006 година. Чарлс Симоњи, поранешен извршен директор на Мајкрософт (Microsoft), стана шестиот вселенски турист што ја посетил МВС во април 2007 година, а потоа повторно во март 2009 година. Тој е првиот приватен истражувач на вселената во светот, откако два пати всушност леташе во вселената. Во 2008 година, креаторот на игри Ричард Гариот, првиот американски астронаут од втора генерација, стана шести клиент што ја посети

Меѓународната вселенска станица. Гај Лалиберте, основач на атракцијата Cirque du Soleil, стана првиот канадски вселенски патник во октомври 2009 година. НАСА долго време беше воздржана да ги пречекува вселенските туристи, затоа Русија - која бара нови извори на приход по Студената војна во 90-тите и 2000-тите - беше единствениот избор за луѓето кои бараат ваков вид екстремна авантура. Сепак, се чини дека појавата на комерцијални вселенски фирми ќе го направи поедноставно искуството на вселената за обичните луѓе.

Остварување на детските соништа

За оние кои го следат вселенскиот бизнис, веројатно никогаш немало повозбудлив период од оној што се одвива токму сега пред светската јавност, а тоа е трката меѓу милијардерите околу тоа кој ќе биде првиот патник што ќе лета комерцијално во вселената со свои летала. Џеф Безос, основач на гигантот за електронска трговија Амазон (Amazon.com), но и на компанијата за вселенски бизнис Блу Ориџин (Blue Origin) во 2020 година, објави дека 20 јули ќе биде „Денот Д“ за него, кога ќе го оствари детскиот сон - да лета во вселената. Ричард Брансон, основачот на групацијата Вирџин (Virgin), кој самиот не знае точно колку бизниси пробал во животот, работи на истиот сон што го има Безос, веќе 15 години - да лета во орбита, но и да носи патници кои ќе платат солена цена за тоа задоволство и со тоа ќе направи одржлив бизнис на својата Вирџин Галактик (Virgin Galactic). Компанијата неодамна направи чекор


41

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

напред во намерата да овозможи вселенски туризам, со добивање лиценца од Федералната администрација за авијација на САД (ФАА) за спроведување комерцијални вселенски летови. Ова доаѓа како резултат на успешниот пробен лет што Вирџин Галактик го направи со своето летало на 22 мај, а веднаш по добивањето на лиценцата, акцијата на компанијата во петокот, на 25 јуни, се зголеми за 40% за само еден ден. Првично, Вирџин Галактик објави дека претстојат уште три пробни лета, со еден на кој треба да биде и самиот Бренсон, но ненадејната објава на Безос дека ќе лета со неговиот брат Марк и друг анонимен (досега) приватен летач кој плати 30 милиони на јавна лицитација заради тоа задоволство, се чини дека ги менуваат плановите на Брансон, а некои познавачи на неговата вселенска компанија шпекулираат дека тој се подготвува да полета пред 20 јули, само за да биде пред Брансон во тој подвиг. Трет голем учесник во оваа трка е, се разбира, луцидниот основач и шеф на Тесла (Tesla Inc.), Илон Маск, кој исто така преку својата компанија СпејсЕкс (SpaceX) има намера да гризне дел од колачот на бизнисот наречен вселенски туризам, иако, за волја на вистината, неговите намери со вселенскиот бизнис се протегаат многу подалеку од орбитата на Земјата, дури до Марс, каде што Маск сонува еден ден да се основаат човечки колонии.

Кој ќе биде прв

Но, во моментот, кога сè ќе се стави на маса, излегува дека SpaceX е веројатно единствената опција за некој што сака да лета во вселената, односно да кружи околу земјата многу наскоро. Во моментов планира две лансирања на туристи. Првото е закажано за септември 2021 година и го спонзорира богатиот бизнисмен Џеред Ајзакман. Аксиом Спејс (Axiom Space) го организира второто патување, кое е закажано за 2022 година. Овие мисии ќе бидат скапи, затоа што патувањето и престојот на Меѓународната вселенска станица чини 55 милиони долари. Поради преголемите трошоци, некои предупредуваат дека вселенскиот туризам - и, пошироко, приватниот пристап до вселената - може само да ја зголеми разликата меѓу богатите и сиромашните. Суборбиталните летови на „Блу Ориџин“ и „Вирџин галактик“ се многу подостапни, а секој чини меѓу 200 и 250 илјади американски долари. Блу Ориџин на Безос се чини дека е најблиску до овозможување на клиенти да платат за лет, со објавата по неодамнешното лансирање дека мисиите со туристи ќе се одржат „наскоро“. Вирџин Галактик сè уште го тестира својот брод SpaceShipTwo, но не е објавен прецизен временски рок за туристички летови. Иако овие цени се високи, вреди да се спомне дека билетот на Денис Тито од 20 милиони долари во 2001 година

„Blue Origin“ на Џеф Безос, „SpaceX“ на Илон Маск и „Virgin Galactic“ на Ричард Бренсон се трите актуелни учесници во трката за комерцијално освојување на вселената. Засега, води Безос , којшто на 20 јули годинава треба да полета во орбитата на леталото New Shepard, заедно со брат му Марк Безос и анонимниот (се уште) патник што плати речиси 30 милиони долари за задоволството од десетина минути во вселената.

наскоро би можел да покрие 100 летови на Блу Ориџин, на пример. Искуството за гледање на Земјата од вселената, од друга страна, може да се покаже како непроценливо за новата генерација истражувачи на вселената. Се разбира, летовите кон вселената, како што е на Денис Тито, се скапи поради добра причина. За да лета доволно високо и брзо за да влезе во орбитата на Земјата, ракетата мора да потроши голема количина скапо гориво. Друга помалку скапа опција е суборбиталното лансирање, во кое ракетата патува доволно високо за да се приближи до работ на вселената и потоа да се врати на Земјата. Додека суборбиталните патници уживаат во бестежинска состојба и спектакуларни глетки, овие лансирања секако ќе бидат подостапни. nnn


ЈУЛИ 2021

42 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

РЕКОА ЗА... ПРОДУКТИВНОСТА Многумина сакаат да бидат продуктивни, но зголемувањето на продуктивноста не доаѓа сама од себе. Некогаш е потребно само некoja мотивациска изјава за да ве пренасочи во друга насока. Еве неколку моќни изјави кои можат да ве мотивираат да бидете помотивирани

Треба само неколку работи во вашиот живот да ги направите на вистински начин, се додека не правите повеќе работи на погрешен начин.

Додека не успеете да го менаџирате времето, не можете ништо друго да менџирате.

ПИТЕР ДРАКЕР менаџмент експерт

ВОРЕН БАФЕТ

американски милијардер и инвеститор

Клучот не е во тоа да се приоритизира тоа што е во вашиот распоред, туку да ги распоредите вашите приоритети.

Работата ќе ви одземе голем дел од вашиот живот и единствен начин да бидете задоволен е да го правите што верувате дека е одлична работа. Е единствен начин да направите одчилна работа е да го сакате тоа што го работите. Ако се уште не сте ја нашле, продолжете да ја барате. Ќе знаете кога ќе ја најдете.

Не ја мешајте активноста со продуктивноста. Многу луѓе се едноставно зафатени со тоа да се зафатени.

СТИВЕН КОВЕИ

американски бизнисмен

РОБИН ШАРМА

автори и мотивациски говорник

Работи напорно, забавувај се и прави историја.

СТИВ ЏОБС

иноватор и бизнисмен

ЏЕФ БЕЗОС

бизнисмен и најбогат човек на светот


43

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1106

АНА ВИНТУР

УРЕДНИК НА VOGUE

НАЈДОБАР НАЧИН ДА ГО ОСТВАРИТЕ СОНОТ Е ДА СЕ РАЗБУДИТЕ Со својот заштитен знак фризурата со шишки и темните очила, Винтур е една од најмоќните фигури во светот на модата, возвишувана заради нејзиното остро око за модните трендови и поддршката на младите дизајнери. Повеќе од 30 години главен уредник на модното списание Vogue, позната е по својата ладнокрвност, која на моменти наликува на суровост и бесчувствителност, перфекционизмот и цврстата контрола врз нештата. Затоа некои ја нарекуваат и “Нуклеарната Винтур“, а таа само вели дека си ја работа својата работа.

Многу сум добра во делегирање – луѓето работат подобро кога имаат вистинско чувство на одговорност. Но, истовремено, не сакам изненадувања. Сакам да знам што се случува во секој момент.

Мислам дека секој треба да биде отпуштен барем еднаш во животот, затоа што перфекција не постои. Треба да имате и подеми и падови, од тоа учите.

Кога ќе слушнам за некоја компанија дека ја води тим, ми се плаче. Треба да имате лидер со визија и срце што може да ги движи работите напред.

Многу мразам нерешителност. Дури и да сум сосема несигурна, ќе се преправам дека знам точно за што зборувам и ќе донесам одлука на крајот.

Најдобар начин да го остварите сонот е да се разбудите.

Не се потпирам баш многу на пазарни истражувања. Попрво ги следам сопствените инстинкти.

Модата значи гледање напред, не назад. Така и јас гледам во животот.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.