1108- Kapital magazin

Page 1

COVER STORY ИЗВОЗОТ НА СУВ ЦВЕТ ОД КАНАБИС МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ДЕВИЗЕН ПРИЛИВ ДОГОДИНА

business magazine

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА КАПИТАЛ

БРОЈ 1108 l 30 јули 2021 петок цена 200 ден. l година 21 l www.kapital.mk

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ политичар

ДЕМОКРАТИЈАТА СИ ФУНКЦИОНИРА, ТОА ШТО НÈ ФРУСТРИРА СЕ ВИКА ПОИНАКУ – КЛЕПТОКРАТИЈА

INTERVIEW

ГЛИГОР БИШЕВ

генерален извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија

ОСТАНУВАМЕ СТАБИЛНА, ДИНАМИЧНА И ИНОВАТИВНА БАНКА – СО ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА НАШИТЕ КЛИЕНТИ ИНТЕРВЈУ

МАЈА ФИЛИПЧЕВА

претседател на Одбор на директори на АмЧам

ИНИЦИЈАТИВАТА „3-ТЕ МОРИЊА“ ОТВОРА МОЖНОСТИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

ПРВА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА



3

КАПИТАЛ... 1108 6

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

20

14

COVER STORY

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

ИНТЕРВЈУ

Законски измени за откочување на бизнисот со канабис

Глигор Бишев

генерален извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија Остануваме стабилна, динамична и иновативна банка – со додадена вредност за нашите клиенти

Извозот на сув цвет од канабис може да донесе 200 милиони евра девизен прилив догодина

Македонската берза во првите шест месеци од 2021 Пораст на индексот од 12,2% и пад на прометот од 8%

28

ЕНЕРГЕТИКА

Дебата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Еко – свест Праведна или брза енергетска транзиција во Северна Македонија

26

34

REAL ESTATE

ИНТЕРВЈУ

Потпишан договор во Скопје

Јоргос Папандреу

Асура стана официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

COVER STORY Законски измени за откочување на бизнисот со канабис........................................6 Извозот на сув цвет од канабис може да донесе 200 милиони евра девизен прилив догодина ИНТЕРВЈУ Глигор Бишев, генерален извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија.............................................14 Остануваме стабилна, динамична и иновативна банка – со додадена вредност за нашите клиенти

42

ИНТЕРВЈУ

Маја Филипчева

политичар Демократијата си функционира, тоа што нè фрустрира се вика поинаку – клептократија

претседател на Одбор на директори на АмЧам Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

ПАЗАР НА КАПИТАЛ Македонската берза во првите шест месеци од 2021.........................................................20 Пораст на индексот од 12,2% и пад на прометот од 8%

ИНТЕРВЈУ Јоргос Папандреу, политичар..................34 Демократијата си функционира, тоа што нè фрустрира се вика поинаку – клептократија

REAL ESTATE Потпишан договор во Скопје....................26 Асура стана официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол ЕНЕРГЕТИКА Дебата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Еко – свест Праведна или брза енергетска транзиција во Северна Македонија

ИНТЕРВЈУ Маја Филипчева, претседател на Одбор на директори на АмЧам................42 Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE..................................46 Зошто универзалниот данок е чекор напред Мултинационалните компании конечно подлежат на законот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 28.07.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈУЛИ 2021


ЈУЛИ 2021

4 ВО ФОКУС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ТОКИО 2021, ПАРДОН 2020 После една година одложување поради пандемијата, после милион дилеми и препирања во редовите на Меѓународниот олимписки комитет, Летните олимписки игри што требаше лани да се одржат во Токио, почнаа на 23 јули, во петокот, со спектакуларни огномети, со прекрасна кореографија, со дефиле на земјите учеснички , но без публика. Спортистите парадираа, мавтајќи кон празните столчиња. Говорите беа дадени, танците одиграни, се’ за забава на милионскиот ТВ аудиториум и едвај 1.000 присутни на стадионот, повеќето претставници на медиумите, официјални личности и волонтери што помагаат. Јапонија, една од земјите што на почетокот од пандемијата извонредно се справуваше со инфекцијата и беше карактеристична по ниските бројки на заразени и починати, сега е во поинаква ситуација , соочена со нов бран на коронавирусот, и реши речиси сите натпревари на Олимпијадата да бидат без публика.


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Legend Diver Watch


ЈУЛИ 2021

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ИЗВОЗОТ НА СУВ ЦВЕТ ОД КАНАБИС МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ДЕВИЗЕН ПРИЛИВ ДОГОДИНА Од извоз на сув цвет од канабис државата може да очекува инстант девизен прилив од најмалку 60 милиони евра, веднаш штом се усвојат законските измени со коишто ќе се овозможи продажба на залихите. Но, веќе следната година, се проценува дека пазарот на канабис од домашните компании ќе достигне вредност и до 200 милиони евра. Ова се проценките на дел од луѓето инволвирани во бизнисот со канабис во земјава, коишто велат дека законските измени се неминовни за да откочи и поттикне развојот на овој перспективен бизнис. Лиценци за одгледување на канабис за медицински цели имаат повеќе од 60 правни лица од земјава, а во процедура се уште дваесетина. Но ретко која од фирмите од добиениот сув цвет произведуваа масло од канабис како краен производ кој се користи за медицински потреби. Новите законски измени што ги предлага Владата овозможуваат извоз и на сув цвет како суровина, а компаниите ќе треба да уплатуваат во Буџетот по 10% од нивниот профит. Со новите измени се предвидува и формирање на Агенција за канабис со што се очекува подобра контрола на пазарот.


ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ОТКОЧУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО КАНАБИС ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ОТКОЧУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО КАНАБИС

7

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108


ЈУЛИ 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Лиценци за одгледување на канабис за медицински цели имаат повеќе од 60 правни лица од земјава, а во процедура се уште дваесетина. Но ретко која од фирмите од добиениот сув цвет произведуваа масло од канабис, кое е крајниот производ кој се користи за медицински потреби. Затоа, фирмите за канабис само складираа сув цвет кој немаа каде да го продадат. Во неколку наврати се случија грабежи, а имаше и случај кога со помош на американската ДЕА беше откриено дека фарми за канабис продавале сув цвет на црниот пазар.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

О

д извоз на сув цвет од канабис државата може да очекува инстант девизен прилив од најмалку 60 милиони евра, веднаш штом се усвојат законските измени со коишто ќе се овозможи продажба на залихите. Но, веќе следната година, се проценува дека пазарот на канабис од домашните компании ќе достигне вредност и до 200 милиони евра. Ова се проценките на дел од луѓето инволвирани во бизнисот со канабис во земјава, коишто велат дека законските измени се неминовни за да откочи и поттикне развојот на овој перспективен бизнис. „Со новите законски измени, бизнисот со канабис има голема перспектива во земјата. Со него се регулираат

сите недоречености од претходно, се воспоставува солидна контрола преку ново тело и се дава можност компаниите да го прошират бизнисот, освен масло да извезуваат и сув цвет за којшто побарувачката е уште поголема. Оваа индустрија расте исклучително брзо во глобални рамки и тоа е шанса за македонските компании да се позиционираат на пазарот“, вели Златко Кесковски од компанијата НЈСК Холдинг која што прва доби лиценца за одгледување на канабис во земјава и очекува извоз од околу 67 милиони евра следната година. Тој вели дека партнерите од странство, проценуваат дека само во Европа, пазарот ќе достигне дури и до седум милијарди евра годишно. Костадин Дуковски, претседател на Здружението на одгледувачи МакКанабис, вели дека во зависност од начинот на култивација и третирањето пост бербата, начинот на сушење, ако е

по ЏНП стандард, тогаш тој канабис може да се продава и по многу повисока цена. „Ако соодветно го култивирате, тој може да има и цена од пет до десет евра од грам, затоа што претставува екстремно фармацевтски производ. Во дадени моменти ако имаме над 20 тони во залиха, но не сите се одгледувани така, по просек да речеме две-три евра од грам на целата количина, тогаш би имале 50 до 60 милиони од продажба на целата залиха“, вели Дуковски којшто е дел од работната група која работеше на новото законско решение. „На овие законски измени коишто сега се предлог на Владата можам да кажам дека работиме околу две години за да го најдеме најсоодветното решение, со компаративна анализа за тоа како функционира системски во другите држави. Со самото формирање на Агенцијата за канабис, веќе се овозможува многу подзаконски акти да ги донесе самата Агенција, и со тоа ќе


ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ОТКОЧУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО КАНАБИС

се овозможи полесно функционирање и надминување на сегашните недоречености“, истакна Дуковски. И двајцата се согласни дека политиката не треба да има никакво влијание кога е во прашање бизнис, особено што оваа индустрија има голем потенцијал којшто е закочен од државата со несоодветна регулатива.

КОСТАДИН ДУКОВСКИ

Со новите законски измени, бизнисот со канабис има голема перспектива во земјата. Со него се регулираат сите недоречености од претходно, се воспоставува солидна контрола преку ново тело и се дава можност компаниите да го прошират бизнисот, освен масло да извезуваат и сув цвет за којшто побарувачката е уште поголема. Оваа индустрија расте исклучително брзо во глобални рамки и тоа е шанса за македонските компании да се позиционираат на пазарот.

На овие законски измени коишто сега се предлог на Владата можам да кажам дека работиме околу две години за да го најдеме најсоодветното решение, со компаративна анализа за тоа како функционира системски во другите држави. Со самото формирање на Агенцијата за канабис, веќе се овозможува многу подзаконски акти да ги донесе самата Агенција, и со тоа ќе се овозможи полесно функционирање и надминување на сегашните недоречености.

Повеќе од 60 правни лица имаат лиценци за одгледување канабис за медицински цели

Инаку, Владата веќе го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и главната новина, во споредба со актуелното решение, е што им е дозволува на компаниите кои одгледуваа канабис за медицински потреби да го извезуваат и сувиот цвет, наместо само маслото добиено со екстракција. „Со предлог на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, притоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата“, соопштија од Владата. Лиценци за одгледување на канабис за медицински цели имаат повеќе

од 60 правни лица од земјава, а во процедура се уште дваесетина. Но ретко која од фирмите од добиениот сув цвет произведуваа масло од канабис, кое е крајниот производ кој се користи за медицински потреби. Затоа, фирмите за канабис само складираа сув цвет кој немаа каде да го продадат. Во неколку наврати се случија грабежи, а имаше и случај кога со помош на американската ДЕА беше откриено дека фарми за канабис продавале сув цвет на црниот пазар. Ако се усвои Предлог-законот на Владата, бизнисот секако има поголеми шанси да биде успешен. За својата одлука, од Владата велат дека е во согласност со сите меѓународни регулативи за што предлог законот доби и европско знаменце и покрај најавите на опозицијата дека поради тоа ќе го блокира во Собранието. „Во предлог-законот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и на Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година“,

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ЗЛАТКО КЕСКОВСКИ НЈСК Холдинг

9

Здружение на одгледувачи МакКанабис

соопштија од Владата. Една од новините во законот е и формирање на ново тело – Агенција за контрола. Овој сегмент досега не беше до крај регулиран имајќи предвид дека станува збор за чувствителен сектор, а државата не успеваше да ја спроведува минимално пропишаната контрола. Имено, законот вели дека секоја компанија мора да биде предмет на контрола најмалку два пати годишно, но откривме дека голем дел од фирмите се контролираат само еднаш во годината. Компаниите во кои имаше грабежи биле контролирани помалку од законски предвиденото. „Една од новините во предложените законски решенија, која произлегува од овие усогласувања, е формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која работите од својата надлежност, ги врши врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност“, соопштуваат од Владата.

Граѓаните да видат јавно добро

Уште една значајна новина во Предлогзаконот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната


ЈУЛИ 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

година на соодветна сметка во Буџетот. Парите собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес како што се поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор, како и за поддршка на работата на ново предвидената Агенција. „Се воведува нова давачка од дополнителни десет проценти од приходот од извезените количества – пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на

содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата и граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на ново предвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и за научни цели“, појаснија од Владата. Сумирајќи ги сите новини во законот, Дуковски вели дека станува збор за повеќе бенефити и за компаниите во овој бизнис но и за државата. „Придобивките се огромни затоа што ќе се оданочува овој производ, тоа значи дека директна фискална импликација

ќе имаме сите. Тоа значи дека ние и тоа како ќе учествуваме во буџетот, можам да кажам дека ако сериозно ја развиеме оваа гранка, уделот може да биде дури и со една четвртина, затоа што реално пазарот има потреба од овој производ и има сериозна потрошувачка. А ние треба да достигнеме до тоа ниво каде што можеме доволно економски да ја развиеме индустријата и можам да кажам дека Македонија може да живее само од оваа гранка“, истакна Дуковски. За потенцијалот на овој бизнис минатата година зборуваше и премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со инволвираноста на членови од неговото пошироко

ЕВОЛУЦИЈАТА НА БИЗНИСОТ СО КАНАБИС

И

ндустрискиот коноп има богата историја, но неговиот современ економски потенцијал почнува глобално да се реализира одвај по 2010 година. Со години водечки производители на мултифункционалната култура се Канада и Кина. Од 1997 година наваму канадските фармери годишно одгледуваат на над 100 илјади хектари индустриски коноп, а државата субвенционира многубројни истражувања во однос на можностите на растението во сфери како козметиката, текстилот, производството на хартија и на мебел. Постепено и Европската унија почнува да гледа на растението како на алтернатива за тутунот. Почнува и употребата на конопот во високотехнолошките индустрии со значително додадена вредност. Тоа подразбира производство на автомобилски делови, лекарства и еколошки соодветни градежни материјали. Во САД индустрискиот коноп спаѓаше во списокот на забранети наркотични средства од 1937 до 1997 година, кога претседателот Бил Клинтон го либерализира режимот кон растението. Следните чекори напред се во однос

на растението со психотропната супстанца ТХЦ (марихуаната). Во 2014 година во САД почна истражувањето на истото со научни цели. Постепено одделни сојузни држави почнаа да ја легализираат неговата употреба за медицински цели и за уживање. Различни анализи покажуваат дека пазарот со канабис во САД ќе скокне до 50 милијарди долари годишно веќе следната декада. Израел е класичен пример за држава со силна развојна дејност во однос на растението со оспорувана корисност, и компании оттаму работат на различни технолошки решенија поврзани одгледувањето и неговото истражување. Околу десетина држави во Европа, исто така, излегуваат надвор од рамките на индустрискиот коноп и ја либерализираат политиката во однос на растението со висока содржина на ТХЦ. Примерите во Европа за напредок, како во однос на индустрискиот коноп, така и за психоактивниот, се повеќе. Продажбите нa медицински канабис во Европа во следните пет години се очекува да достигнат седум милијарди евра, па оттука разбирлив е интересот

на многу држави да ги либерализираат законите и да овозможат производство на оваа билка. Така неодамна, на долгиот список на земји што дозволија одгледување за медицински цели се приклучи и Грција. Голем дел од европските земји овозможија употреба на канабис но прилично конзервативно, односно за медицински цели и јавната поддршка за тоа е релативно повисока отколку за рекреативна употреба којашто почна да се либерализира во неколку американски држави и последно во Канада. Иако се чини дека Македонија навреме и добро се позиционираше во трката за овој силно перспективен пазар, сепак, четири години откако е легализирано производството на канабис за медицинска употреба, само малку од компаниите коишто имаат добиено одобрение од Министерството за здравство, имаа почнато со производство на масло од оваа билка. Останатите кои што ја имаа засадено билката, имаат по неколку берби и неколку тони сув цвет на залиха, што се очекува да се извезе штом пратениците во Парламентот ги изгласаат најновите законски измени.


ФЛЕКСИБИЛНА ШТЕДНА СМЕТКА ЗА ШТЕДЕЊЕ ПО ВИДУВАЊЕ ФЛЕКСИБИЛНА ШТЕДНА СМЕТКА ЗА ШТЕДЕЊЕ ПО ВИДУВАЊЕ Најатрактивни каматни стапки по видување од 0.8% за МКД и 0.4% за ЕУР Најатрактивни каматни стапки по видување од 0.8% за МКД и 0.4% за ЕУР Исплата на камата месечно Исплата на камата месечно Без минимален износ за уплата Без минимален износ за уплата

www.pcb.mk www.pcb.mk


ЈУЛИ 2021

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ЛИЧНАТА УПОТРЕБА НА КАНАБИС (ДА) НЕ Е КРИВИЧНО ДЕЛО

С

егашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, појаснуваат од Владата. Меѓутоа, личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува

семејство во оваа индустрија, повикувајќи ги „сите инвеститори што имаат ресурси да вложат во оваа дејност зашто е профитабилна“. Тој истакна дека државата очекува отворање на нови работни места и најмалку 100 милиони евра девизен прилив. Инаку првите измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со коишто се дозволи одгледување на канабис за медицински или научни цели и екстракција на масло

дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се товарат за наводна намера за продажба, брифираат од Влада. Од Владата очекуваат во измените на КЗ кои се во тек, експлицитно да се потврди со јасна формулација дека

од цветот од билката се донесени во март 2016 година. Одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис издадено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата. Компаниите се должни да имаат обезбедено соодветен простор, површини или земјиште за одгледување, за сушење и складирање. Просторот треба да биде

личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може да оди оној кој за лична рекреативна или медицинска употреба консумира канабис. Ќе биде потребно и дефинирање на терминот лична употреба, за што се бараат правни и нормативни решенија.

атмосферски заштитен и ограден со ограда висока најмалку 4 метри, како и да има обезбеден 24 часовен видео надзор над целиот простор и физичко обезбедување, да има вработено најмалку четири лица од кои најмалку еден дипломиран фармацевт со најмалку три години работно искуство во областа на фармацијата и едно лице агроном – насока полјоделство со најмалку три години работно искуство во областа.

nnn



ЈУЛИ 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108


INTERVIEW

15

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ГЛИГОР БИШЕВ

ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

ОСТАНУВАМЕ СТАБИЛНА, ДИНАМИЧНА И ИНОВАТИВНА БАНКА – СО ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА НАШИТЕ КЛИЕНТИ Шпаркасе Банка Македонија по аквизицијата ќе се одликува со следните карактеристики: тоа ќе биде стабилна и високо капитализирана банка, динамична и иновативна, во фокусот ќе биде клиентот и ќе се нудат услуги што му носат додадена вредност на корисникот, банка со ефикасни и дигитализирани процеси, лесна и перманентна пристапност до банката, банка што заедно со клиентите ги развива проектите и обезбедува еднаков третман како за населението, исто така и за старт ап и микро компаниите, за малите и средните и за големите мултинационални компании.


ЈУЛИ 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

о решението донесено од Централниот регистар, од 16.07.2021 година и официјално е избришан правниот субјект Охридска банка АД Скопје од регистарот, односно настанато е нејзино присоединување кон Шпаркасе банка Македонија, со што формално е завршена аквизицијата којашто беше најавена уште минатата година, а во меѓувреме се случуваа сите потребни подготовки. Со генералниот извршен директор на Шпаркасе банка Македонија, г-дин Глигор Бишев, којшто е и претседател на Управниот одбор, разговаравме околу тоа што ќе значи ова спојување за банкарскиот сектор во земјава, каква додадена вредност ќе добијат клиентите и какви се плановите за понатамошен развој на Шпаркасе, којашто сега по преземањето на Охридска банка, ќе биде четврта банка по големина на македонскиот пазар, според активата. XШто X можат клиентите на Шпаркасе, но и оние на Охридска банка да очекуваат сега по веќе комплетираното спојување на двете банки? Дали ќе има нов квалитет во услугите како своевиден резултат на синергијата што се создава од двете страни, каде што имаме две банки коишто имаат меѓународно know-how, големо искуство и традиција на двата принципала исто така? Заради економијата на обем, во банкарството големината е исклучително битна работа. Таа ја зголемува ефикасноста, ги намалува трошоците на работење по единица услуга/производ, ја зголемува стабилноста на банката заради диверзификацијата на ризиците на голем број на клиенти. Тоа беше мотивот за преземање на Охридска банка од страна на Штаермеркише Шпаркасе Банка од Грац, Австрија. Со интеграцијата на банките се оствари првата и најбитна фаза во процесот на консолидација, но не само на овие банки, туку и на банкарскиот систем на Република Северна Македонија. Шпаркасе Банка Македонија ќе се одликува по следните карактеристики: тоа ќе биде стабилна и високо капитализирана банка, динамична и иновативна, во фокусот ќе биде клиентот и ќе се нудат услуги што му носат додадена вредност на корисникот, банка со ефикасни и дигитализирани процеси, лесна и перманентна пристапност до банката, банка што заедно со клиентите ги развива проектите и обезбедува еднаков третман како за населението, исто така и за старт ап и микро компаниите, за малите и средните и за големите мултинационални компании. Се разбира дека професионалниот и стручен тим заедно со “know-how”-то од матичната групација ќе претставуваат драгоцена вредност на Банката. Вработените со нивното знаење се тие што треба да ги разберат клиентите и заедно да креираат услуга или производ што на корисниците ќе им донесе најголема корист и вредност, одлична

соработка и задоволство. Тоа беше одлика на Шпаркасе Банка Македонија и во минатото, а во идниот период овие карактеристики треба уште повеќе да се унапредат. XШто X значи оваа аквизиција за македонскиот банкарски пазар, со оглед на досегашните согледувања на аналитичарите дека има премногу банки за толку мал пазар, претпоставувам дека спојувањето оди во насока на една значајна консолидација на пазарот? Со присоединувањето на Охридска кон Шпаркасе Банка Македонија, вкупната актива ќе достигне 1,250 милијарди евра и од тој аспект ќе биде четврта банка по големина, додека според корпоративните кредити од 480 милиони евра, банката го зазема второто место во банкарскиот систем на Република Северна Македонија, а во однос на вкупните кредити, таа остварува пазарно учество од 14 проценти и го зазема третото место. Во сферата на соработката со меѓународните мултинационални компании присутни во Македонија, а особено оние во зоните, учеството на банката достигнува 70 проценти. Слична е состојбата во сферата на банка чувар на имот, старателско работење и брокерски услуги со странство, каде што банката врши над половина од вкупниот обем на овие трансакции. Во овие бројки не се вклучени трансакциите на Шпаркасе Лизинг и заедничките кредити со матичните банки: Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата во проектот за ветерници “Богословец”, инвестицијата на „Дура“ во зоните, проектот за гасификација на Македонија. Тоа нè прави уникатен финансиски супермаркет, каде што на едно место можете да ги задоволите сите ваши финансиски потреби, да добиете извонредна услуга, од идеја заедно да се развие и финансира проектот. Тоа ќе создаде огромен притисок на финансискиот пазар, кон поголема иновативност, динамизам, ефикасност и натамошна консолидација. Притисоците ќе се засилат и со сè поголемото кредитирање од странство и тоа не само од ЕБРД, ЕИБ, ИФЦ и Светската банка како досега, туку и од голем број на комерцијални банки од регионот што ќе бидат во потрага по добри и одржливи проекти. Тоа во ерата на развој на дигиталните канали на комуникација со банките ќе станува сè помасовно. XКако X Вие ја оценувате моменталната кондиција на македонскиот банкарски сектор, врз кого што, секако пандемијата има ефект, како и на многу сектори од економијата? Во каква насока се движи македонскиот банкарски сектор, кои се според Вас најголемите предизвици што претстојат во пост – пандемичниот период? Македонскиот банкарски сектор во пандемијата влезе високо капитализиран (стапка на адекватност на капиталот од 16,5 проценти), со високо ниво на ликвидност и историски најниско ниво на лоши пласмани (4,2 проценти). Тоа му овозможи лесно справување со ризиците што ги донесе пандемијата. Исто така, одговорот на носителите на економските политики беше адекватен. Централната

банка ја прилагоди монетарната политика во правец на намалување на каматните стапки и дополнително зголемување на ликвидноста. Со мерките на Владата се поддржа личната потрошувачка, се поддржаа компаниите кои беа најжестоко погодени од пандемијата, а преку Банката за обнова и развој се обезбедија гаранции за микро и малите компании. Исто така, банките на двапати го одложија враќањето на кредитите на населението (април и октомври 2020 година), а исто така се репрограмираа кредитите на компаниите од реалниот сектор што беа најпогодени од кризата. Овие мерки, заедно со ставањето под контрола на пандемијата, доведоа до обнова на растот на македонската економија. Предизвиците за банките и економијата ќе бидат од четирикратна природа. Прво, дигитализацијата којашто пандемијата извонредно ја забрза, ќе бара нови инвестиции од страна на банките, но тоа ќе доведе и до зголемена конкуренција во банкарството, особено во сферата на плаќањата, при што конкуренцијата ќе доаѓа и од fin-tech компаниите. Вториот предизвик ќе биде нормализацијата на економските и монетарните политики на глобално ниво и во Македонија. Тоа не смее да се случи прерано, се додека економската обнова не стане самоодржлива, но порано или подоцна ќе дојде до намалување на глобалната ликвидност и нормализирање на нивото на каматните стапки. Исто така, ќе дојде и до намалување на јавното трошење. Трето, зголемената конкуренција во финансискиот сектор ќе доведе до понатамошно намалување на каматните маргини и провизии. Четврто, промената на структурата на економијата кон поголема автоматизација, воведување на вештачка интелигенција, преодот кон зелена и чиста енергија, зголеменото учество на услугите за сметка на индустријата се процеси кои што банките мора да ги разберат и да обезбедат средства за трансформација на македонската економија. Од тоа ќе зависи и динамиката на економскиот раст и порастот на животниот стандард на населението. XКако X всушност, генерално ја оценувате состојбата на македонската економија во актуелниов контекст и кои се вашите предвидувања за нејзиниот развој на краток и среден рок? Пандемиската рецесија по својот интензитет (пад на БДП од 4,5 проценти), може да се оцени како средно просечна контракција, споредено во глобални размери. Економската обнова, како на светско ниво така и во Северна Македонија, беше непосредно поврзана со ставањето на пандемијата под контрола. Согласно со тоа, обновата на растот во Македонија започна во вториот квартал од 2021 година. Динамиката на растот во идниот период ќе зависи пред се од случувањата во Европската Унија, каде што Македонија извезува над 60 проценти од вкупниот извоз. Вториот фактор се брзината на спроведувањето на структурните реформи на домашен план. Како на трајна основа да се зголемува


ГЛИГОР БИШЕВ

ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

17

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Со присоединувањето на Охридска кон Шпаркасе Банка Македонија, вкупната актива ќе достигне 1,250 милијарди евра и од тој аспект ќе биде четврта банка по големина, додека според корпоративните кредити од 480 милиони евра, банката го зазема второто место во банкарскиот систем на Република Северна Македонија, а во однос на вкупните кредити, таа остварува пазарно учество од 14 проценти и го зазема третото место. Во сферата на соработката со меѓународните мултинационални компании присутни во Македонија, а особено оние во зоните, учеството на банката достигнува 70 проценти. продуктивноста и конкурентноста на македонската економија (во последните три години продуктивноста на трудот опаѓа со просечна годишна стапка од 1,5 проценти)? Како да се зголеми вработеноста на работната сила? Во моментот во Македонија вработеноста изнесува 43 проценти од работоспособното население, наспроти 69 проценти во земјите од ЕУ. Гледано од тој аспект Македонија недоволно го користи клучниот фактор на економскиот раст – работната сила. На ова ќе се надоврзе инфраструктурата, промената на структурата на економските дејности и гранки. Со други зборови, како да се трансферира економската активност од дејностите што создаваат ниска додадена вредност и се потпираат врз евтина работна сила, кон економски дејности што создаваат високо додадена вредност и користат високо стручна работна сила? Тоа ќе ја зголеми профитабилноста на севкупната економија и платите и надниците на вработените. Тоа треба да биде наша заедничка

цел. Тоа е единствениот начин за приближување кон ЕУ во вистинска смисла на зборот. XКако X помина првата половина од годината за Шпаркасе Банка Македонија, ги оствари ли банката проектираните резултати за овој период? За вработените на Шпаркасе и Охридска банка овие шест месеци беа поврзани со најголеми предизвици. Од една страна, се подготвуваше миграцијата кон нов ИТ систем и спојувањето на банките, а од друга страна, се продолжи со редовно опслужување на клиентите. И во такви услови, Банката не само што го продолжи своето работење, туку оствари висок кредитен раст, со што се поддржа обновата на економијата. Оперативните приходи беа за 19 проценти повисоки во однос на истиот период од минатата година, а коефициентот трошоци/ вкупни приходи се сведе на 52 проценти. Нефункционалните кредити останаа под целосна контрола и се на едно од

ЈУЛИ 2021

најниските нивоа 4,1 процент. Кај корпоративното работење, Банката особено беше активна во сферата на проектното финансирање: биогасна електрана од 3 мегавати, новите капацитети во автомобилската индустрија на „Дура“ и „Магна“, како и електричниот парк на ветерници „Богословец” и многу други проекти во областа на градежништвото, шопинг центрите, трговијата на мало, прехранбената индустрија и слично. Исто така, ја продолживме поддршката за стартап бизнисите, преку програмата „Чекор по чекор”, каде покрај кредитирањето, обезбедуваме и менторство, обука, тренинг и консултантски услуги. Во оваа област потпишавме и договор за соработка со „Фондот за иновации и технолошки развој“. Во областа на населението, дизајниравме и лансиравме нов потрошувачки кредит, по повод спојувањето на банките, каде што каматната стапка е фиксна во текот на целокупниот период на времетраење


ЈУЛИ 2021

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

на кредитот. Воведовме новини и во станбеното кредитирање, дигиталното банкарство, картичното работење, а ја унапредивме и Viber апликацијата „Sparky“, преку која клиентите перманентно комуницираат со банката. Дизајниравме и реновиравме три нови филијали во Скопје, Охрид и Битола. Истите се дизајнирани по најнови стандарди, се изработени од еколошки материјали, каде клиентите удобно се чувствуваат и можат да ги добијат на едно место сите видови на услуги. Овие филијали ги промовиравме на денот на отпочнувањето со работа на интегрираната банка. Се разбира тука не застануваме. Банката располага со висок капитал, имаме посветени и агилни вработени, „knowhоw” од Групацијата, што треба да ни овозможи динамизам и иновативност во периодот што следи. XКои X ќе бидат стратешките правци на развој на Банката, сега со нова состојба на актива и останатите параметри по спојувањето? Што ќе биде фокус во кредитирањето, дали ќе се случат посериозни чекори кон проектно финансирање, „зелена” економија и сл.? Банката ќе продолжи да работи во сите сегменти од банкарското работење. Ефикасноста, агилноста, професионалноста и ориентираноста кон клиентите ќе бидат основните начела на работење. Банката ќе ги нуди и одобрува оние услуги што им носат дополнителна додадена вредност на клиентите. Интересот и користа за клиентот мора да биде во прв план. Притоа, клиентот ќе може да ги добие оние услуги што може да си ги дозволи. Банките не смеат да ги презадолжуваат клиентите и економијата. Тие мора да се прудентни и одговорни на тој план. Дигитализацијата на процесите и услугите ќе бидат перманентен процес. Меѓутоа, со тоа не смее да се изгуби хуманиот однос кон клиентите, интегрираноста на клиентите со Банката мора и понатаму да се одржува заедно со хуманиот пристап спрема клиентите. Проектното финансирање ќе биде еден од столбовите на работење. Банката ќе ги поддржи сите видови на проекти, особено за здрава и чиста животна средина, за зелена и чиста енергија, за унапредување на енергетска ефикасност на компаниите и домаќинствата, но исто така и големите инфраструктурни проекти заедно со Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, и тоа како на локално, исто така и на регионално ниво. XКако X ги коментирате актуелните глобални случувања на финансиските пазари – дилемите околу каматните стапки, стравот од инфлација, недостиг од репроматеријали, итн. – односно, какво влијание би имале тие врз македонската економија? Светот, подолг период се соочува со ултра ниски (негативни) каматни стапки. Според одредени економисти, вишокот на штедење во глобални рамки ќе биде трајна карактеристика. Справувањето со пандемијата, преку прилагодливите фискални и монетарни политики ја зголемија ликвидноста во светот и

го одложија „нормализирањето” на каматните стапки што почна во САД на крајот од 2019 година. По воспоставувањето на контрола над пандемијата и рестартирањето на економиите се случуваат два процеси: раст на цените на одредени суровини, како резултат на тесните грла во одредени индустрии кои не работеа во услови на пандемија, и најавување на потребата од повлекување на државната интервенција, која што беше од невидени размери во текот на пандемијата. Тоа доведе до нестабилност и неизвесност на финансиските пазари. Но, по првичните реакции, дојде до усидрување на инфлаторните очекувања и до градење на консензус помеѓу носителите на економските политики, дека прилагодливите политики не смеат прерано да се укинат, пред економскиот раст да стане самоодржлив. Тоа важи и за економските политики во Северна Македонија. Покрај тоа, цените на суровините, репроматеријалите и опремата за Македонија се дадени. Исто важи и за каматните стапки. Гледано од тој аспект, во периодот што следи македонската економија ќе мора бргу да се преструктуира, за да полесно ги апсорбира „нормализацијата на меѓународните економски политики”, каматните стапки и промената на структурата на светската економија кон поголема автоматизација и вештачка интелигенција, кон зелена и чиста енергија и глобалниот недостиг на високо квалификувана и стручна работна сила. Верувам дека Северна Македонија, ќе знае да ги искористи своите компаративни предности и успешно ќе се справи со предизвиците што ги носи новата декада. XВо X услови на пандемија особено стана значаен ангажманот на бизнис секторот во делот на општествената одговорност. Каква е стратегијата на Шпаркасе Банка Македонија во овој домен? Кои се најзначајните CSR кампањи и активности што ги има спроведено банката? Шпаркасе Банка Македонија потекнува и и припаѓа на македонската локална и поширока заедница. Таа ја негува одговорната корпоративна култура и ги споделува европските вредности. Гледано од тој аспект, грижата кон заедницата, општеството е висок приоритет. Корпоративната општествена одговорност, Банката ја спроведува под името „Sparkasse Life“. Оваа платформа во континуитет ги развива и унапредува проектите за поддршка на културата и уметноста, здравството, спортот, финансиската едукација и унапредување на заедницата во која припаѓаме. Особено сме горди на бројните општествено одговорни проекти кои ги поддржуваме, кои од година во година прераснаа во силни и стабилни партнерства. Шпаркасе Банка Македонија е првата банка која воведе специјализирана едукативна и менторска програма за поддршка и пристап до финансиски средства за стартап бизнисите преку „Чекор по чекор“ програмата. Деновиве потпишавме и договор за соработка на тој план со „Фондот за иновации и технолошки развој“.

Во соработка со „Бизнис импакт лаб“ го поддржуваме развојот на социјалното претприемништво преку акцелераторската програма „Social Impact Award“ или „Награда за социјално претприемништво“. За најдобрите три (3) идеи/решенија покрај парична обезбедуваме и менторска помош со нашиот стручен тим кој е подготвен да им помогне на учесниците да ја претворат бизнис идејата во реален бизнис или компанија. Развој на идните претприемачи го стимулираме и преку поддршка на едукативни програми и натпревари наменети за средношколците, во соработка со „Junior Achievements Macedonia” за реализација на „Камп на иновации во банкарскиот сектор“. Во сегментот на образование нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе секоја година им овозможува на младите, талентирани студенти да се пријават за учество во програмата „Најдобрите од Југоистокот“ (Best of South East), која им овозможува да се стекнат со меѓународно академско искуство на престижните факултети, како Универзитетот „Карл Франценс“ во Грац, University of Music and Performing Arts Graz, Technische Universität Graz и Montanuniversitiverst Leoben. Истовремено, студентите добиваат можност за работна пракса во реномираната Штаермеркише Шпаркасе Групација, каде можат да стекнат нови знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен професионален напредок. Поддршката за студентите ја реализираме и преку соработката со локалните универзитети како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ Битола, „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ и останати универзитети со кои имаме веќе воспоставена соработка за практична работа за студентите во Шпаркасе Банка. Нашата одговорност и грижа за почиста и поздрава животна средина ја покажуваме преку програми кои ја поттикнуваат заедницата за воведување и примена на современи еколошки практики, но истовремено и ги наградуваме за нивните напори за поголема еколошка одговорност. Вистински пример за тоа е проектот „НАЈЕКО Општина“ во соработка со Пакомак, каде Шпаркасе Банка Македонија секоја година ги доделува наградите на првите 3 општини со најзначаен придонес во заштитата на животната средина на локално ниво. Во соработка со „СОС Детско село“, Банката веќе 5та година го спроведува проектот „Корпоративна филантропија“, со кој ги поттикнуваме вработените да го развијат индивидуалното донаторство со издвојување на одреден износ од нивните месечни примања во фонд за поддршка на проекти од значење за децата без родители и родителска грижа. Граѓаните кои се изложени на висок социјален ризик исто така ги поддржуваме во соработка со бројни организации за заштита на нивните права и поголема инклузија во општеството (Црвениот крст на Република Северна Македонија, Организација на жени на Град Скопје, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром


ГЛИГОР БИШЕВ

ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

За вработените на Шпаркасе и Охридска банка овие шест месеци беа поврзани со најголеми предизвици. Од една страна, се подготвуваше миграцијата кон нов ИТ систем и спојувањето на банките, а од друга страна, се продолжи со редовно опслужување на клиентите. И во такви услови, Банката не само што го продолжи своето работење, туку оствари висок кредитен раст, со што се поддржа обновата на економијата. Оперативните приходи беа за 19 проценти повисоки во однос на истиот период од минатата година, а коефициентот трошоци/вкупни приходи се сведе на 52 проценти. Нефункционалните кредити останаа под целосна контрола и се на едно од најниските нивоа 4,1 процент.

19

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

„Во мојот свет“). Во 2019 година Шпаркасе Банка Македонија стана официјална потписничка на Принципите за одговорно банкарство на ООН – единствена рамка за одржливост во банкарската индустрија, развиена преку иновативно партнерство помеѓу банките ширум светот и Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на Организацијата на Обединетите Нации. Преку принципите за одговорно банкарство, кои се веќе потпишани од 200 банки, меѓу кои и Шпаркасе Банка Македонија, се дефинира улогата и одговорноста на банкарската индустрија во обликувањето на одржлива иднина и усогласување со Целите за одржлив развој на ООН и Парискиот климатски договор од 2015 година. Принципите за одговорно банкарско работење придонесуваат банката уште позасилено да ги развива и унапредува сите свои деловни процеси и преку својот потенцијал да придонесе за поголема заштита на животната средина и создавање на одржлив свет и одржливата развојна економија. Во знак на поддршка на напорите за надминување на последиците од корона вирусот поддржавме и голем број на здравствени институции за полесно справување со истата. Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, претставена во нашата држава преку двете локални банки, Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, својата солидарност ја искажаа преку наменска донација во вкупен износ од 110.000 евра на повеќе здравствени институции и помош на 1.500 социјално загрозени семејства во услови кога им е потребна финансиска помош и поддршка за полесно надминување на последиците од КОВИД-19 кризата. Вкупната донација во износ од 110.000 евра наменски беше искористена за поддршка на различни сегменти од здравствениот систем. За потребите на Универзитетската клиника за инфективни и фебрилни болести во Скопје се донирани средства за набавка на заштитни маски и скафандери како дневни потреби на здравствените работници, како и одржување и ремонт на постојна медицинска опрема (два мобилни рендген апарати) и набавка на вертикална ламинарна комора. Во рамките на оваа донација се издвоија финансиски средства за поддршка на двете општи болници во моментално најпогодените подрачја надвор од Скопје: Куманово и Охрид, обезбедено е гориво за 32 возила што се на располагање на Итната медицинска помош. Истовремено, беше спроведена испорака на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена за 1.500 загрозени семејства, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје. Во текот на изминатата година беше спроведена интерна кампања за поддршка на вработените кои редовно ги извршуваа своите работни обврски во услови на прогласена вонредна состојба во државата и строги мерки за заштита од ширењето на корона вирусот „КОВИД-19“. Кампањата која беше со наслов „Во тимот е силата“ беше наградена од страна на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси. nnn


ЈУЛИ 2021

20 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ВО

ПОРАСТ НА ИНД И ПАД НА ПРО


21

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД 2021

ЕКСОТ ОД 12,2% МЕТОТ ОД 8%


ЈУЛИ 2021

22 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Вкупниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2021 година изнесува околу 87 милиони евра, што претставува намалување од 8% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 95 милиони евра. Ова благо намалување се должи на помалиот промет со акции во БЕСТ системот оваа година за речиси 30%, на 43,5 милиони евра, при што битно е да се нагласи дека минатата година во март и април на пазарот беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на COVID-19, се објаснува во извештајот на Македонската берза за првите шест месеци од 2021.

автор:

В

ИГОР ПЕТРОВСКИ купниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2021 година изнесува околу 87 милиони евра, што претставува намалување од 8% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 95 милиони евра. Ова благо намалување се должи на помалиот промет со акции во БЕСТ системот оваа година за речиси 30%, на 43,5 милиони евра, при што битно е да се нагласи дека минатата година во март и април на пазарот беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на COVID-19, се објаснува во извештајот на Македонската берза за првите шест месеци од 2021. Од друга страна, годинава голем пораст се забележува во тргувањето со обврзници од 159%, на речиси 10 милиони евра (минатата година изостана редовната годишна котација на обврзниците за денационализација). Исто така, пораст бележи и прометот од блок трансакции којшто споредено со претходната година бележи раст од 30% и изнесува 34 милиони евра. Доколку се анализира структурата на прометот во последните неколку години може да се заклучи дека вкупниот промет и со акции и со обврзници од класичното тргување во БЕСТ системот во првата половина од 2021 година (во износ од над 53 милиони евра) е втор најголем берзански промет по овој основ во последните 5 години (најмногу се тргувало токму минатата пандемиска 2020 година).

Македонската берза со поголем промет од Белградската

Компаративната регионална анализа покажува дека акцискиот промет на Македонска берза (акциите се главен финансиски инструмент со коишто

Извор: Македонска берза


23

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Акцијата на Комерцијална банка е повторно најтргувана на Македонската берза, и прометот со неа во првите шест месеци изнесува 34,2 милиони евра, што е 39% од вкупниот промет на Берзата. Во рамки пак на најликвидните 10 акции од МБИ10 индексот, учеството на трговијата со оваа акција е 53,5%. Комерцијална банка има и најголем пораст на цената за шест месеци, за 20,54%, пред акцијата на НЛБ Банка со 19,9% и Алкалоид со 17,3%.

НАЈЗНАЧАЈНИТЕ МОМЕНТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2021

В

о рамките на активностите за одбележување на 25 години од првиот ден на тргување на Македонската берза, беа објавени соодветни интервјуа и колумни во медиумите и се емитуваше серија од пригодни кратки видеа во коишто за Македонската берза зборуваат брокерите, котираните компании, пазарните институции и други засегнати страни и партнери. Изминатото полугодие од 2021 година беше одбележано и со отпочнување и/или продолжување на неколку значајни стратешки проекти што Берзата ги реализира самостојно или во соработка со различни странски партнери. Во 2021 година интензивно се работеше на изработка на нов Кодекс за корпоративно управување на Македонска берза во рамки на заедничкиот проект со Комисијата за хартии од вредност и Европската банка за обнова и развој. Беше изготвена работна верзија на Кодексот и беше одржана јавна расправа со котираните друштва. Започна проектот за изготвување Водич за најдобри пракси за известување за заштита на животната средина, општествена одговорност и управување. Проектот има за цел изготвување на практични алатки коишто истовремено ќе ја подигнат свесноста за оваа проблематика и ќе има помогнат на котираните друштва да бидат целосно усогласени со новиот Кодекс за корпоративно управување. Беа објавени кратките извештаи за две македонски компании во проектот за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании во регионот на југоисточна Европа. Бесплатните инвестициски анализи се изработуваат од страна на консултантската куќа Wood & Company Од Чешка. Македонската стартап компанија Kiimo ги исполни сите предуслови за отпочнување на кампања за прибирање

средства преку crowfunding платформата Funderbeam. Македонската берза се приклучи кон глобалната иницијатива „Ring the Bell for Gender Equality“ во организација на IFC, The World Federation of Exchanges, Sustainable Stock Exchanges Initiative, UN Global Compact, UN Women и Women in ETFs, со што за првпат годинава влезе во друштва на стотина берзи ширум светот. Македонската и Загрепската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректните учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари на Академијата на Загрепската берза, коишто се нудат под повластени услови.


ЈУЛИ 2021

24 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

се тргува и на другите регионални пазари) во првиот семестар од 2021 година е повисок од берзите во Белград, Подгорицa и Бања Лука, а е на слично ниво со берзата во Софија. Вообичаено, регионалниот примат во оваа категорија на промет го имаат берзите од Загреб и Љубљана. Перформансот на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните 10 акции на Македонска берза, почнувајќи од 2016 година регистрира континуирани годишни порасти (16,45% во 2016, 18,92% во 2017, 36,64% во 2018, 34,01% во 2019 и 1,20% во 2020 година). Во текот на првата половина од 2021 година индексот МБИ10, со исклучок на месец февруари, продолжи континуирано да расте и споредбено со крајот на 2020 година, на 30.06.2021 година изнесуваше 5.281,14 индексни поени, односно повторно забележа двоцифрен пораст од 12,25%. Во првата половина од 2021 година се забележува нагорно движење на цените на сите акции што се елементи на индексот МБИ10. Во графичкиот приказ во прилог на овој текст се презентирани ценовните движења на најликвидните акции на Македонска берза во првите шест месеци од 2021 година, како и во период од последните пет години. Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции од индексот во вкупниот промет со акции во класичното тргување во првата половина на 2021 година изнесува 90%. Најтргувани хартии од вредност во овој период беа акциите на Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 34 милиони евра, потоа следат акциите на Алкалоид со вкупен промет од околу 7 милиони евра и акциите на НЛБ Банка АД Скопје со вкупен промет од околу 6 милиони евра.

Добивката на котираните компании поголема за 47%

Во текот на првото полугодие од 2021 година беа објавени финансиските резултати на котираните компании за првиот квартал од 2021 година. Од 98 котирани компании, 64 регистрирале добивка, 26 загуба, 4 компании не доставиле финансиски извештај, додека 4 друштва се долгорочно суспендирани од котација. Вкупната прикажана добивка на котираните компании во првиот квартал од 2021 година беше зголемена за околу 47% споредено со истиот период лани. Котираните компании своите финансиски извештаи за првите шест месеци од 2021 година треба да ги објават најдоцна до 31 јули. До моментот на затворањето на овој текст (23 јули) беа објавени многу малку полугодишни финансиски извештаи на платформата СеиНет за да се извади релевантен заклучок за успехот или неуспехот на котираните компании во првите шест месеци. Првата половина од 2021 година беше и период на одржување на годишните собранија на акционери. Од десетте компании, елементи на МБИ10 индексот, шест компании донесоа одлука за исплата на дивиденда, при што дивидендниот принос се движи помеѓу 1,39% и 6,78%. nnn

Извор: Македонска берза



ЈУЛИ 2021

26 REAL ESTATE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ПОТПИШАН ДОГОВОР ВО СКОПЈЕ

АСУРА СТАНА ОФИЦИЈАЛЕН ПАРТНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИСТ ГЕЈТ МОЛ Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол и Стефан Ханџиски, извршен директор на АСУРА Македонија, потпишаа повеќегодишен договор за деловна соработка, според кој АСУРА ќе обезбеди услуги за интегрирано управување и одржување на трговскиот центар Ист Гејт Мол.


27

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Проектот Скопје Ист Гејт е еден од најголемите проекти за развој на недвижности во Југоисточна Европа. Покрај трговскиот центар Ист Гејт Мол, со вкупна површина за изнајмување од 57.000м2, инвеститорите развиваат деловен парк од бруто површина од 50.000м2 и резиденции со бруто површина од 201.000m2, односно 1.600 станови на истата локација. Целиот проект ќе биде опкружен со 25.000 м2 метри зеленило. Ист Гејт Мол ќе биде отворен за посетителите од средината на октомври 2021 година.

Д

енес, компанијата „АСУРА Менаџмент на објекти д.о.о.е.л. Скопје“, член на групација АСУРА, потпиша договор за управување и одржување на ИСТ ГЕЈТ МОЛ“. Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол и Стефан Ханџиски, извршен директор на АСУРА Македонија, потпишаа повеќегодишен договор за деловна соработка, според кој АСУРА ќе обезбеди услуги за интегрирано управување и одржување на трговскиот центар Ист Гејт Мол. Договорот вклучува услуги за управување со технички капацитети: планирање, грижа и одржување на технички системи, управување со инфраструктурни објекти (чистење, одржување на хигиена и физичко обезбедување). Овој договор ќе создаде повеќе од 160 нови работни места за професионален кадар кој ќе се грижи за техничката исправност, хигиена и физичкото обезбедување на центарот Ист Гејт Мол. По повод потпишувањето на договорот, Игор Давков го изјави следново: „Среќни сме што ја избравме АСУРА за наш технички партнер и што започнуваме соработка во трговскиот центар Ист Гејт Moл, кој

со својата бруто изградена површина од 160.000м2 преставува најголем центар во нашиот регион. Сигурен сум дека долгогодишното искуство на АСУРА во управување со објекти ќе биде добро искористено во нашиот објект. Подготовките за отворањето на центарот се во полн ек, и ја поканувам јавноста да се видиме на свеченото отворање во средината на октомври. Подготвуваме изобилство настани што ќе го направат престојот во центарот пријатен и возбудлив за сите“. Стефан Ханџиски исто така го изрази своето задоволство, изјавувајќи: „Три години подготовка и договор нè доведоа до овој момент. Благодарен сум на г-дин Давков и на целиот тим на Ист Гејт Мол што ни ја доверија задачата во управувањето и грижата за овој модерен објект од ваква димензија. За овој комплексен проект, АСУРА формираше одличен тим на професионалци со долгогодишно меѓународно искуство“. Андреј Мандиќ, извршен директор на Групацијата АСУРА по повод потпишувањето на договорот изјави: „Горд сум на нашиот претставник на Асура во Македонија, Стефан Ханџиски и неговиот тим кој работи успешно на македонскиот пазар

скоро 12 години, а секако и на тимот на Асура во Хрватска кој пружи беспрекорна поддршка и експертиза, во делот на човечки ресурси, маркетинг и технологија, во овие пандемиски услови. АСУРА Групацијата порасна за скоро сто проценти за време на пандемијата. Имаме намера да ги продолжиме нашите планови за проширување во региони каде што сакаме да бидеме присутни со највисок квалитет на независен давател на услуги за управување преку ,,клуч-нарака”, што значи: луѓе, лидерство и исплатливост“. Проектот Скопје Ист Гејт е еден од најголемите проекти за развој на недвижности во Југоисточна Европа. Покрај трговскиот центар Ист Гејт Мол, со вкупна површина за изнајмување од 57.000м2, инвеститорите развиваат деловен парк од бруто површина од 50.000м2 и резиденции со бруто површина од 201.000m2, односно 1.600 станови на истата локација. Целиот проект ќе биде опкружен со 25.000 м2 метри зеленило. Ист Гејт Мол ќе биде отворен за посетителите од средината на октомври 2021 година. nnn


ЈУЛИ 2021

28 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ДЕБАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „ФРИДРИХ ЕБЕРТ“ И ЕКО – СВЕСТ

ПРАВЕДНА ИЛИ БРЗА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Како да направиме брза енергетска транзиција, а во исто време и праведна, беше темата на неодамнешната дебата организирана од германската Фондација Фридрих Еберт во земјава, во партнерство со невладината организација Екосвест. Или, поинаку, кажано како да преминеме од производство на енергија базирано на јаглен, какво што доминира во моментов во Македонија, во производство на струја од обновливи извори, а негативниот ефект врз засегнатите страни, како на пример вработените во енергетските компании, луѓето во регионите коишто работат во рудниците за јаглен и сл., да биде што помал.


29

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Актуелната влада предводена од премиерот Заев се приклучи на амбициозниот план на ЕУ, т.н. Зелен договор, којшто има за цел до 2050 година да Европа да ја направи климатски неутрален континент, односно со нула емисија на штетни гасови. Енергетска транзиција е процес од неколку фази: прво законската рамка, донесен е Закон а енергетика, Закон за енергетска ефикасност, повеќе од 80 подзаконски акти, донесена е стратегија, прва меѓу земјите од регионот којашто целосно се заснова на петте столбови на енергетската стратегија на ЕУ, и како таква, беше посебно поздравена од Европската енергетска заедница.

ИГОР ПЕТРОВСКИ

K

ако да направиме брза енергетска транзиција, а во исто време и праведна, беше темата на неодамнешната дебата организирана од германската Фондација Фридрих Еберт во земјава, во партнерство со невладината организација Еко-свест. Или, поинаку, кажано како да преминеме од производство на енергија базирано на јаглен, какво што доминира со околу 80% во моментов во Македонија, во производство на струја од обновливи извори, а негативниот ефект врз засегнатите страни, како на пример вработените во енергетските компании, луѓето во регионите коишто работат во рудниците за јаглен и сл., да биде што помал. Владини претставници, менаџери во енергетски компании, претставници од невладини организации и други засегнати страни, дискутираа на дебатата, на којашто се обидоа да укажат на придобивките од енергетската

транзиција, но и за цената што општеството треба да ја плати за таа цел. Шефицата на канцеларијата на „Фридрих Еберт“ во Македонија Ева Елерајт, на отворањето на дискусијата истакна дека како организација што доаѓа од Германија, една од највлијателните членки на ЕУ, тие како фондација особено се грижат за имплементација на зелените ЕУ политики на Западен Балкан. „Ова е особено важно, затоа што енергетските и климатските предизвици не познаваат граници, сите глобално се соочуваме со истите предизвици за заштита на животната средина, глобалното затоплување, итн. Енергетската транзиција не е само прашање на поднесување на товарот, туку и споделување на придобивките, постигнување на концептот на одржлива енергија, зголемување на квалитетот на животот на сите, подобрување на здравјето и секако, економски бенефит за општествата.“, истакна Елерајт. Таа додаде дека носењето на политики за енергетската транзиција е амбициозен чекор, затоа што и самите цели се амбициозни. „Политиките мора да се и крајно

внимателни, затоа што мора да се имаат предвид ранливите категории што се на удар при овој процес, да се промисли добро кои се сите засегнати страни од оваа транзиција.“ Министерот за животна средина, Насер Нуредини, на прашањето од модераторот на дискусијата дали се амбициозни целите пропишано од акциониот план на ЕУ дека до 2030 година треба за 50% да се намали нивото на стакленички гасови во однос на она што било во 1990 година, рече дека секако тоа не се лесно остварливи цели, но дека ние како држава мора тоа да го направиме. “Работиме со меѓународни експерти, со УНДП и други организации, имаме дефинирано преку 60 мерки што мораме да ги преземеме и имплементираме во наредниот период. На пример, во делот на зелената енергија, планот е не само приватните компании да се вклучуваат во таквото производство, туку и државните, како ЕСМ, која што, на пример, веќе инвестира во ветропаркови и фотонапонски централи. Се хармонизираме во сите клучни институции, мораме сите да бидеме спремни“, истакна министерот Нуредини.


ЈУЛИ 2021

30 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Во РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во Македонија, којашто работи на јаглен лигнит, трансформацијата во обновливи извори ќе оди во неколку фази. До крајот на 2031 година треба да престане со работа и последниот блок од термоелектрана.

РЕК Битола треба да престане со работа во 2031 година

Васко Ковачевски, директорот на државното претпријатие за производство на електрична енергија ЕСМ, рече дека тие се веќе почнати со енергетската трансформација – во РЕК Осломеј е во изградба нивна сопствена фотонапонска електрана од 10 мегавати која што во септември треба да е готова; исто така во процедура е проект за уште една таква електрана, од 10 мегавати. ЕСМ исто така, штотуку потпиша договор за голема фотонапонска електрана од 100 мегавати преку јавно приватно партнерство, со партнери од Турција и Бугарија. „Овие капацитети од вкупно 120 мегавати со фотоволтаици, всушност го покриваат капацитетот на РЕК Осломеј која работи на јаглен, што значи се врши целосна супституција на со енергија од обновливи извори“, објасни Ковачевски. Што се однесува до ситуацијата со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во Македонија, којашто работи на јаглен лигнит, трансформацијата во обновливи извори ќе оди во неколку фази. “Прво, ќе се прави подготовка и тендерска документација за изградба на гасна ко-генеративна електрана со моќност во прва фаза од 200 мегавати, подоцна до 400 мегавати, којашто ќе се користи и за загревање на Битола и околните населени места. Таа ќе биде супституција на двата блока од РЕК Битола. Планираниот почеток на работите за оваа инвестиција се од наредната година и завршување до

2026 година. Исто така, во кругот на РЕК Битола планирани се пет фотонапонски електрани, прво две од по 10 мегавати, како во Осломеј, потоа една од 40 мегавати и на крајот две од по 50 мегавати, коишто ќе бидат по принципот на јавно – приватно партнерство. И уште еден важен проект во Битла е топловодната мрежа, со што освен загревањето на градот и околината, ќе се намали загадувањето“, истакна Ковачевски. Гасната електрана, фотонапонските централи и топлификацијата се инвестиција од вкупно 350 милион евра од страна на ЕСМ. Ковачевски додаде и дека се работи на зголемување на капацитетот на производство од обновливи извори и на други локации, како во Кавадарци, на пример, каде што ЕСМ има хидроелекетрана и можност да се изгради 100 мегаватна фотонапонска електрана, а тука е и препораката на Владата да и се даде на ЕСМ концецијата за иградба на најголема фотонапонска електрана од 350 мегавати на местото каде што требаше да биде изграден карго аеродромот во Штип. Тоа би била најголема фотонапонска електрана во овој дел на Европа. Паралелно се работи на зголемување на капацитетите за производство на енергија од ветер, во Богданци да се зголеми капацитетот со уште четири турбини и да се заокружи инсталираната моќ на 50 мегавати, а во почетна фаза е и новиот ветропарк во Миравци, исто така од 50 мегавати. „Целта на сите овие проекти е да се засили енергетската трансформација

којашто е во тек, а за којашто имаме највисоки оцени од Европската енергетска заедница за ваквиот начин на пренамена на изворите од јаглен во обновливи“, вели Ковачевски. Прашањето е колку ќе биде праведна оваа енергетска трансформација? Што ќе стане со луѓето што работат во РЕК Битола, во рудниците на јаглен и сл.? Што ќе стане со компаниите што соработуваат со РЕК Битола или РЕК Осломеј, како транспортери, добавувачи, логистика и сл.? Ковачевски вели дека во ЕСМ прават напори ниту еден вработен да не ја загуби работата и паралелно со капацитетите ќе се врши и социјална транзиција. На пример, приватните инвеститори во фотонапонската електрана од 100 мегавати ќе повлечат 100 вработени од ЕСМ. Потоа, како што објасни Ковачевски, новите капацитети – гасните електрани во Битола и Гази Баба – Скопје, хидрокапацитетот Чебрен, исто така голема стратешка инвестиција во најава, ќе повлечат дел од вработените. „Паралелно со оние што ќе заминат во пензија, подготвуваме и социјални пакети за оние што имаат уште неколку години, да заминат предвреме во пензија. “, вели Ковачевски. Инаку, според него, иако намерата е државава забрзано да се движи кон зеленото сценарио, сепак ние не сме високо развиена земја и затоа правиме оптимални планови за енергетската транзиција. Во следниот период ќе мора да ги скратиме роковите, и планот е РЕК Осломеј да заврши со работа некаде 2022 – 2023 година, РЕК Битола блок 1,


31

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

којшто е во полоша состојба, да биде згаснат во 2025 – 2026, тогаш ќе биде готова и гасната електрана, па следен ќе биде блок 2 до 2028 година и блок 3, којшто е најнов и најоптимален за работа, првичниот план бил да работи до 2035, сега рокот е скратен на 2031 година.

Да учиме од туѓите искуства

Виктор Андонов, советник на премиерот Заев за енергетика, рече дека ако пред 15 – 20 години во енергетските стратегии што се носеле на државно ниво имало неколку опции – јаглен, гас, хидро, итн., сега повеќе не е истата ситуација. „Патот за инвестирање во фосилни горива не е повеќе опција, туку слепа улица. Ако следиме што се случува во Европа, ќе видиме дека се откажуваат и веќе планирани проекти за изградба на термоелектрани на јаглен. Оваа влада тоа го препозна и се приклучи на амбициозниот план на ЕУ, т.н. Зелен договор, којшто има за цел до 2050 година да Европа да ја направи климатски неутрален континент, односно со нула емисија на штетни гасови. Успешната енергетска транзиција е процес од неколку фази: прво законската рамка, донесовме Закон а енергетика, Закон за енергетска ефикасност, повеќе од 80 подзаконски акти, донесовме стратегија, прва меѓу земјите од регионот којашто целосно се заснова на петте столбови на енергетската стратегија на ЕУ, и како таква, беше посебно поздравена од

Европската енергетска заедница. Први меѓу членките на ЕЕЗ изработивме национален план за енергија и клима, и се’ е во насока на тоа да имаме успешна и праведна енергетска транзиција“, рече Андонов. Тој додаде дека е договорено проектот „Праведна транзиција на Северна Македонија“ да биде финансиран од ЕУ и таа дијагностика ќе ја направат експерти за да знаеме што се’ не чека следниве 20-тина години. Андонов доби прашање за тоа каде се граѓаните во однос на плановите, дали Владата ги има предвид и другите форми на граѓанско учество, како енергетските задруги и сл., бидејќи и самиот процес на демократизацијата на енергетскиот сектор е дел од транзицијата. Тој одговори дека за првпат во процесот на изработка на Стратегијата за развој на енергетиката биле вклучени граѓанските организации и тој процес мошне успешно завршил, по што граѓанскиот сектор потврдил дека Стратегијата е инклузивна. „Истата пракса ја продолживме и при изработка на другите документи, како Националниот план за клима, и сега, најново, проектот Just Transition Dijagnostic, каде што во вториот дел ќе бидат вклучени и граѓанските организации. Тој дел не се занимава само со енергетика, туку и со социјалниот дел, односно, кои региони ќе бидат директно и индиректно засегнати, затоа што имаме луѓе и компании што зависат директно или

индиректно од енергетските објекти како Осломеј или РЕК Битола. Таа дијагностика ќе биде сеопфатна со сите аспекти на праведната транзиција, кои мерки ќе се преземаат, и колку финансиски средства ќе има на располагање, од кои извори, итн.“, појасни Андонов. Во дебатата учествуваше и Никос Манцарис од грчката истражувачка организација The Green Tank, којшто ги пренесе искуствата на Грција со енергетската транзиција, којашто е во некоја фаза понапред од македонската, и кои лекции можеме да извлечеме од процесите кај нив. Негова генерална констатација е дека процесот на енергетска транзиција во Грција почнал доцна и дека се загубило драгоцено време со пролонгирање на моделот базиран на јаглен, па јавната дебата во Грција околу праведната транзиција почнала дури во 2016 година. Национален Фонд за праведна транзиција бил формиран исто така прилично касно, а регионот на Западна Македонија бил првиот од трите пилот проект региони во Платформата за транзиција на регионите со јаглен финансирана од ЕУ. „Националниот план за праведна транзиција содржи неколку клучни точки: изградба на фотонапонски капацитети од 2,55 гигавати во регионите со јаглен; капацитети за производство на батерии; капацитети за водород; истражување во енергетика и технологија;

СТАНБЕН КРЕДИТ

• До 100% финансирање • Камата од 2,95% за првите 10 години • Без трошоци за аплицирање • Пакет услуги • Кредитна картичка со лимит до 60.000 ден *Полисата вклучува осигурително покритие и од Ковид 19

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


ЈУЛИ 2021

32 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Од анализите и истражувањата на невладината организација Еко – свест заклучокот е дека локалните заедници дефинитивно сакаат зелен развој. Кичевскиот регион има можност за развој на алтернативни форми на туризам, зголемен број на производители на лешници, на пример, коишто се извезуваат во Италија, потенцијал за фотоволтаични централи, итн.

паметно земјоделие; вински туризам; фармацевтска индустрија, итн., но не е се’ така розово како што изгледа и овие процеси беа проследени со мноштво слабости“, истакна Манцарис. Клучните недостатоци на процесот на енергетска транзиција во неговата земја било, прво, недоволното финансирање – само 1,4 милијарди евра предвидени за периодот 2021 – 2027 година. Потоа, недостиг на детално мапирање помеѓу инвестициите и фондовите; фокусирање речиси во целост на големите инвестиции; недоволно фокусирање на проблемот на складирање на енергијата; инвестиции во фосилни горива (гас) за затоплување; се уште отсуство на план за рехабилитација на земјиштето во загадените подрачја од јаглен; премногу централизиран управувачки механизам со мала застапеност на локалните заедници во планирањето и имплементацијата. И на крајот, отсуство на политички консензус помеѓу партиите околу енергетската транзиција, како и социјалното незадоволство креирано поради недоволната информираност и недоволната транспарентност на процесите. Експертот од Грција сугерираше дека централната улога во енергетската транзиција ја имаат градоначалниците во регионите каде што треба да се случи премин на капацитетите од јаглен на обновливи извори, лобирање пред ЕУ за добивање на средства од Фондот за праведна транзиција, мобилизација на локалните чинители, како и водење на јавна дебата за праведната транзиција; соработка со невладиниот сектор и синдикатите, која што е корисна и

потребна.

Спас од климатската криза

Елена Николовска од невладината организација Еко – свест, истакна дека во Северна Македонија евидентен е недостиг на информации околу енергетската транзиција и дека е потребна анализа за сите последици во регионите што ќе ги доживеат од трансформацијата од јаглен кон обновливи извори, затоа што последиците се директни и индиректни. „Ние направивме анализа за преминот кон обновливи извори за случајот Осломеј. Испитавме повеќе сценарија. Потоа, направивме анализа за можностите за инсталирање на фотоволтаици на домовите во кичевскиот регион, како и анализа за одржлив туризам и одржлив развој, во комуникација со сите засегнати страни. Изработивме и документарен филм за енергетската транзиција, со експерти, но и со локални претставници коишто самите кажаа во која насока сакаат да се изврши таа транзиција.“, вели Николовска. Нејзината организација спровела и мноштво консултации, телефонски разговори, тркалезни маси, тренинзи и обуки. Заклучокот е, дека локалните заедници дефинитивно сакаат зелен развој. Кичевскиот регион има можност за развој на алтернативни форми на туризам, зголемен број на производители на лешници, на пример, коишто се извезуваат во Италија, потенцијал за фотоволтаични централи, итн. „Што е потребно за праведна транзиција. Пред се’, планирање на трансформација на економијата;

вклученост и соработка со локалните заедници и стопанските комори во раните фази; координирање и комуникација на активностите помеѓу централната и локалната власт; проекти на Југозападен плански регион и општина Кичево – локална заедница, инфраструктура; информации и едукација на локалните заедници за сите активности. “, заклучува Николовска. Ивана Вучкова од Фондацијата „Фридрих Еберт“ истакна дека наративот што се пренесува во јавноста е исто така многу важен. „Во моментов го имаме наративот дека енергетската транзиција е неопходна заради подобрување на животната средина, вложувањето во обновливи извори, итн. Како резултат на ваквиот наратив, имаме размислувања од локалните жители во кичевскиот регион, поточно вработен во ТЕЦ Осломеј, дека што ќе му е екологија, ако остане без работи, без извори за егзистенција. Затоа, стручната дебата треба да се насочи и да се преточи во јавен дискурс дека покрај се’ друго, енергетската транзиција е со цел да се спасиме од климатската криза. А таа ќе има последици уште повеќе врз најранливите категории, да не зборуваме за здравствените проблеми присутни во регионите каде што доминира јагленот. Треба да кажеме и дека обновливите извори ќе бидат поевтината варијанта, затоа што со воведувањето на карбон кредититие, цената на струјата од фосилни горива само ќе оди нагоре и дека во 2030 година, веројатно ниту цената на гасот нема да биде повеќе конкурентна“, рече Вучкова. 


НЛБ Иноватор пакет

Поддршка на иновативните бизнис идеи! НЛБ Иноватор пакет им овозможува на најиновативните компании кои имаат склучено договор за финансирање и кофинансирање со Фондот за иновации и технолошки развој, да користат пакет продукти од НЛБ Банка со поволни услови и пониски каматни стапки. Аплицирајте за НЛБ Иноватор пакет, реализирајте ги Вашите бизнис идеи и искористете ги следните привилегии: • • • • •

Основна и наменска трансакциска сметка Дозволено пречекорување на трансакциска сметка - Overdraft, без провизија за одобрување за првата година на користење Проклик мини електронско банкарство без трошоци за првите 6 месеци на користење MasterCard или Visa бизнис картичка без членарина за првата година на користење Краткорочен и долгорочен денарски кредит со пониски каматни стапки

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура, на телефонскиот број 02/15-600 или на веб страницата: www.nlb.mk

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


ЈУЛИ 2021

34 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108


35

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ПОЛИТИЧАР

ДЕМОКРАТИЈАТА СИ ФУНКЦИОНИРА, ТОА ШТО НÈ ФРУСТРИРА СЕ ВИКА ПОИНАКУ – КЛЕПТОКРАТИЈА Пратеникот и поранешен премиер на Грција Јоргос Папандреу во ексклузивно интервју за „Капитал“ зборува за предизвиците на современата политика преку судирот помеѓу прогресивните и силите на регресот насекаде низ регионот, Европа и светот, судир што постојано е следен од една друга битка - онаа на луѓето кои во политиката влегуваат со визија и идеали и на нивните природни противници – тие кои ја поткопуваат демократијата преку клиентелизам и пари... многу пари. Прашањето е просто како да победат оние кои очигледно се малцинство!? разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

С

е разбира дека секогаш е предизвик да се прави интервју со човек кому не му треба посебно претставување во светот на светската политика, но кога разговорот се одлепува од актуелностите и тековните прашања на ниво на политиката како визија и филозофија, предизвикот станува и задоволство. Со Папандреу се сретнавме во една опуштена и пријателска атмосфера, некаде низ ридовите со поглед кон Егејското море – сценографија каде

веројатно природно се вклопија прашањата и одговорите посветени на главната цел на политичките сцени денес – да се врати благородноста на политиката како професија и нејзиното разбирање како алатка за создавање на подобри општества и посреќни поединци. XГ. XПапандреу, во 2003 година кога се создаваше т.н. „Солунска агенда“ европската иднина на земјите од регионот се чинеше многу сигурна. Како ги гледате перспективите на регионот денес, после толку години? Се разбира, јас верувам во европската перспектива и во фактот што Европа не е комплетна без Западен Балкан. Истовремено, и Западен Балкан сака да

е дел од ЕУ. Поминаа навистина многу години од 2003 и мора да бидеме појасни околу овој процес. Би рекол, без да давам лажни надежи, дека она што ни треба е да има јасен патоказ, со рокови и цели. Не мора тој да биде конечен, но мора да има јасни датуми за да има смисла процесот. Точно е дека во ЕУ има нешто што многумина го нарекуваат „замор од проширувањето“, но, тоа има повеќе врска со внатрешните европски проблеми, а не со самиот Западен Балкан. Она што следува се важни дискусии за европските вредности и за политиките што сакаме да ги поддржиме за тоа каква слика треба да даде иднината


ЈУЛИ 2021

36 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

на Европа. Затоа, јас верувам дека поради геополитички, но и политички, безбедносни и демократски причини мораме да отскокнеме и да го внесеме Западниот Балкан во ЕУ. Исто така верувам дека ни требаат повеќе актери во ова поле. Имало многу конфликти во ваквите процеси и тие биле успешно надминувани и се продолжувало понатаму. XВелите X дека ни требаат јасни датуми и патокази за европскиот пат. Но, токму тоа го имавме со Солунската агенда... Точно. XПа X што се случи? Како дојдовме до тука? И до каде е тука прашањето за неспособноста на ЕУ да си ги имплементира сопствените политики, а од каде за самите држави кои не беа нешто многу желни за спроведување на вистински реформи? Мислам дека ова е поврзано и одговорноста е взаемна. Од една страна, ЕУ мора да тргне напред и со тоа да им помага на државите да се реформираат, а од друга, се разбира, самите држави и политичките сили таму да имаат вистинска волја за промени. Ова е динамика што се креира, ако се сака. Но, кога оваа динамика забавува, тоа прави да е тешко и за ЕУ и за самите држави внатре. Луѓето си велат – па, во ред, нема тука просперитет, нема иднина со ЕУ, па не мора да се реформираме. Ова поттикнува и клиентелизам и корупција, што не велам дека е уникатна појава за Западен Балкан, го имаме тоа и во Грција, и јас се борев и се борам со овие појави низ годините. Луѓето се опираат на промени. Промените значат дека ќе се сменат внатрешните структури на моќ. Колку се посилни овие структури, толку посилен ќе биде и нивниот отпор за промени и сè помалку ќе сакаат да ја видат земјата во ЕУ, користејќи критики дека - ете нема перспектива. Затоа мора да се скине овој маѓепсан круг и да кажеме – ајде да создадеме нова динамика и нови надежи, паралелно со реформите. ЕУ исто така мора да си научи од претходните искуства, без разлика дали е од Балканот или Централна Европа, и врз основа на тоа да си го одредува фокусот. Понекогаш сметам дека ЕУ е префокусирана на прашањата поврзани со пазарот или приватизацијата, што не помага многу во однос на вистинските прашања поврзани со начините на владеење – правото и правдата, транспарентноста, борбата со клиентелизмот... Понатаму, мислам дека мораме да видиме повеќе инвестиции од ЕУ во регионот за да се креира инфраструктура што ќе овозможи и ние сами да сме си поврзани меѓу себе. Тоа е токму она што е важно. За земји како Грција ова значи многу, оти кога самиот Западен Балкан ќе биде добро поврзан меѓу себе и со нас, тоа значи дека и самата Грција е подобро поврзана со остатокот од Европа. Значи, треба поголем приоритет да се даде на овие прашања, но ЕУ тоа не смее да го прави само преку притисок, туку преку помош и заедничко работење, носење на експерти и знаење и инвестиции. Последната поента е да се потенцира значењето на младината и развивањето на новите економии. Еден од поголемите

проблеми што ги имаме низ сите држави од регионот е егзодусот на младите луѓе, кои се водечката сила за модернизација и промени. Балканот мора да е вклучен во сите програми за млади што ЕУ ги креира. Ова ќе значи инвестиции во тренинзи, вештини, нови технологии.

Идеите за промена на границите на Балканот се фашистички XГледаме X како одложувањето на европските интеграции влијае врз внатрешните реформи, го споменавте и клиентелизмот, а како влијае и врз одлуките на младите да ги напуштат земјите и регионот. Но, колку оваа неизвесност во однос на европската иднина може да биде и потенцијален безбедносен ризик? Ова е регион со бурна историја, а гледаме дека повторно на агендата се јавуваат и опасни идеи кои одат до таму да се предлагаат и размени на територии преку нон-пејпери. Неодамна Вие имавте колумна за Катимерини, со наслов „Европа и Балканот – отворање на Пандорината кутија“ каде строго и остро се спротивставувате на овие визии. Целиот процес да се стане дел од ова пошироко семејство е мотивација за промени и надеж за развој, просперитет и повеќе демократија и почитување на човековите и малцински права низ регионот. Значи не е само просто зачленување во клуб, туку тој клуб мора да биде клуб на вредности. Сè додека оваа динамика беше вака поставена луѓето прифаќаа повеќе промени и низ институциите и во самите животи. Кога оваа динамика почна да бледнее, луѓето станаа фрустрирани дека тие се трудат залудно. Овие фрустрации се користат од демагози, евроскептици и од луѓе кои се просто против ваквите системски промени. Тие тогаш играат на картата на националната гордост и достоинство, што секако сите го имаме. Но, нивното не е достоинство, туку шовинизам – барајќи непријатели во другите преку стереотипи. Ова е регион со тешка историја, особено поврзана со малцинствата. Затоа, идеите за создавање на етнички чисти држави се чисто отворање на Пандорината кутија и поттикнување на конфликти. И не само тоа – ова никако не е европски концепт, токму напротив, крајно е неевропски. Идејата на Европа е дека ние сме различни националности, различни култури, но обединети сме околу систем на вредности, демократија, слободно движење итн., Затоа, можеме да живееме заедно, создаваме систем на симбиоза. И кој е тој што може да одлучи за нечиј идентитет, особено во друга држава?! Знаете, нема држава што е етнички чиста, ова е фашистички концепт. Не постои таква држава. XМожеби X Северна Кореја... Да, токму така, Северна Кореја. Демагозите велат треба да бидеме патриоти. Но, што значи ова? Ако ги видиме сите овие држави, целата историја, ќе видиме дека идентитетот се развива. Тоа е жив процес. Грција од пред 50 години не е исто што и Грција денеска. Што значи модерна Грција денес? Тоа е едно од прашањата за нашиот идентитет – како и каде ние ја

гледаме модерната наша држава. И тоа се менува. Не можете да ја сопрете историјата, ниту менувањето на тоа што значи идентитетот. Затоа, идејата дека можете да создавате етнички чисти граници не решава ништо – во самите тие нови граници, повторно ќе се јават нови идентитети и малцинства и култури. Тоа е жив процес. Затоа, суштината на идејата на Европа е – не менувајте граници, туку обезбедете ги сите права на граѓаните и на сите малцинства за да бидат почитувани, со достоинство, да се чувствуваат како европски граѓани и така да можат да живеат заедно. Овие нон –пејпери затоа директно го подриваат концептот, суштината на самиот проект за ЕУ. Оти, зошто тогаш сме заедно? Нема држава од нашиот регион што нема малцинства и ако овие идеи почнат да се реализираат тие ќе се прошират низ сите земји и надвор од Западен Балкан и надвор од самиот Балкан. Па, размислете што значи тоа за Европа... XОна X што загрижува е дека е дека овие идеи доаѓаат од самата ЕУ. Тоа значи дека концептот за Европа како што Вие ја замислувате не го делат сите... Понекогаш кога зборуваме за Европа зборуваме како да е тоа еден човек, кој таму некаде седи и одлучува. Во Европа има битки – каква Европа создаваме, колку ќе биде тоа демократија, каква социјална правда ќе има, колку ќе биде инклузивна, дали ќе биде повеќе пазарно ориентирана или ќе зависи од социјални политики и договори, какво ќе биде проширувањето - сето ова се дебати и прашања и има несогласувања и различни погледи. Мислам дека прогресивните сили треба да се слушнат погласно. На пример, овие идеи за менување на граници на прв поглед личат на практични, но тие воопшто не се такви. Регресивни се и тотално нереалистични. Мислам дека треба да се обединат сите прогресивни сили, не само во Европа, туку и на Балканот , оти поинаку може да биде многу опасно. Некои мислат дека кога ете после неколку обиди за решавање на отворените прашања, на пример Косово и Србија, на ваков начин ќе може да се пресече „Гордиевиот јазол“. Но, на некои длабоко им се допаѓаат тие идеи за етнички чисти држави оти токму врз политиките на етнички судир тие ги градат своите кариери. Мора да го сопреме тоа и затоа сите прогресивци во ЕУ и низ нашиот регион треба да покажеме дека имаме визија за Европа. Европа е самата по себе експеримент, еден глобален експеримент. Ако покажеме дека ова може да успее, да се биде заедно врз основа на систем на вредности, тоа може да биде рецепт за глобално владеење и решавање на светските конфликти. Племенските конфликти базирани врз етничките карактеристики само ќе покажат дека експериментот не успеал и ќе поттикнат нови конфликти. Ова е многу поширока битка, многу голема битка, ова е една светска битка на денешницата.

Шовинизмот е репресија не само кон другите, туку и кон сопствените граѓани XНиз X оваа битка се рефлектираат не само идеолошките разлики, односно прогресивните сили наспроти оние


37

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ПОЛИТИЧАР

на регресот, туку и разликите по една друга линија, на меритократијата, наспроти клиентелизмот, на луѓе кои се во политиката за да направат нештата подобри и на оние чисти демагози кои ја злоупотребуваат самата идеологија. Прво, сакам да направам разлика меѓу национализам и суверeнизам. Сите сакаме да бидеме горди на сопствените држави, сите си ги сакаме нашите земји. Тоа не е никако лошо, ама лошо е да ги мразиме другите. Понекогаш ги мразиме и кога сакаме да покажеме што е она добро кај нас. Важно е емоцијата да

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

биде позитивна. Да си ја сакам земјата во смисла да покажам што е наше добро, кои се силни страни, што е она што можеме да му го дадеме на светот ние, со што се гордееме.. Она што е важно и што малкумина ги разбираат е дека кога се игра на картата на шовинизмот и национализмот се врши репресија. И таа репресија не е само кон другиот, кон различниот, кон некој кој е од друга националност или зборува друг јазик, не е само кон малцинствата, туку е и кон сопствените граѓани, кон мнозинството, оти што е пораката – јас го

имам моделот за вас, јас знам кој си ти и јас знам кој треба да бидеш. Јас ќе кажам дека што треба и што значи да се биде Грк, или Македонец или Албанец.. XИ Xсè надвор од тој концепт и од тие дефиниции едноставно не е доволно добро, не си доволно голем Грк или Македонец... Апсолутно. Значи даваш моќ на некој друг да каже што си или што треба да исполнуваш за да си тоа што си. Тие ќе кажам како точно треба да се сака земјата. Тоа е недемократски, тоа е многу недемократски и не само тоа, туку и им


ЈУЛИ 2021

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

дава моќ на автократитите, ама и на олигарсите да ги злоупотребуваат овие дефиниции за свој клиентелизам и за давање моќ на дадени групи, наместо да се изгради систем на правила и права. Во регионот имаме богата историја на клиентелизам и корупција. Овие системи немаат врска со меритократија. Во својот екстрем ова е принципот на филозофија на мафијата – ако си со мене ќе ти помогнам, ако си против мене ќе те уништам. Ова е менталитетот. За младите луѓе кои инвестирале во себе, во смисла на образование и надградба, па и за нивните родители, ова е порака дека немаат иднина тука. Или дека единствената иднината им е во односот – ќе ти помогнам, ако гласаш за мене... Ова се рефлектира низ сите структури на моќта.

Демократијата си е одлична, тоа што нè фрустрира се вика поинаку клептократија XОва X ја портретира политиката како одвратна и валкана работа, работа со којашто чесните и способните не сакаат да си имаат врска. Како да се бориме со ова? Како да се направи политиката повторно благородна? Уф, ова е одлично прашање. Знаете, политиката се многу нешта. Можете да бидете во политика без да сте свесни за тоа. Многумина кои велат не ме интересира политиката, таа е валкана работа, всушност се во политика кога се борат за животна околина, човекови права, ЛГБТ права, женските права... сите овие битки, сето ова е политика. Дали сакате да влезете професионално во политиката, да бидете претставник на граѓаните, тоа е друго прашање. Но, повторно, мора да имаме систем што е далеку поотворен и потранспарентен. Ова се прави преку реформирање на партиите каде не смее да се формираат естаблишменти и хиерархии надвор од квалитет и способности. XНие X ги викаме султан –партии... Да, ние ги викаме барон – партии. Ова мора да се напушти, ова е нездрав концепт. Но, ова не се случува магично. Младите велат – не сакам политика, но тоа значи дека токму така даваат моќ на оние кои не ги сакаат или сакаат да ги сменат. Некои мислат дека е многу револуционерно да кажеш – нема да гласам, ама тоа значи дека си пасивен, дека си се откажал, а ако се откажеш нештата никогаш нема да се сменат. Ние живееме во една т.н ап – култура, знаете, даунлодирате апликација на телефон и магично решавате проблем. Но, нема таква апликација во политиката, овие процеси не се реализираат преку апликација. Сите социјални мрежи даваат чувство на конекција, но што прават врз политиката – ги гледате сите лајкови и врз база на тоа креирате политики. Тоа не е лидерство. Плус, одзема многу време, реално... Друга важна поента е што нашите демократии се подриваат со многу пари. Има многу пари во политиката, а причината зошто има многу пари во политиката е оти има концентрација на моќ и богатство. Тоа богатство не мора да е во нашите земји, може да биде и надвор. И од надвор да се внесува внатре, да се купуваат медиуми, лоби


39

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ПОЛИТИЧАР

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Легитимно е прашањето дали ако како премиер Јоргос Папандреу за свој соговорник имаше друг политички профил од оној на Никола Груевски спорот за името ќе беше затворен години порано!?

ПОСЛЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР АТМОСФЕРАТА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Е ДРАМАТИЧНО ПРОМЕНЕТА НА ПОДОБРО XКако X гледате на спорот за името од оваа перспектива? Лично бевте вклучен низ годините на барање на решение? Да, и како министер за надворешни работи и потоа и како премиер. Навистина се трудев и сакав решение со Северна Македонија. Сега кога го имаме Преспанскиот договор треба да продолжиме кон негова имплементација. Мислам дека атмосферата помеѓу двете земји е променета драматично на подобро, ама драматично. Се разбира дека има опозиција на двете страни, има емоции и треба да ги разбереме, но, мора да сме над тоа. Договорот треба да се почитува и спроведе и покрај сите

групи, да се влијае... Овие гласови се корумпирани. Моќта на ваков глас е стократно поголема од моќта на мојот глас. XИ Xкаде е тука демократијата?! Така е... Каде е тука демократијата!? Кога ќе речат луѓето – еее, не функционира демократијата, всушност не е демократијата таа што не функционира, туку клиентелизмот и системот изграден врз корупција, тоа не функционира, клептократијата. Демократијата е киднапирана. Против ова мора да се бориме. Пандемијата ни ги извади на виделина сите класни разлики и големиот јаз меѓу социјалните класи. Уште кога бев премиер зборував дека не можеме да очекуваме луѓето да плаќаат данок, ако гледаме дека екстремно богатите не плаќаат или плаќаат многу мали суми, вадат пари надвор, наоѓаат даночни раеви... Сопственикот на Амазон има богатство колку БДП на Грција, а колку плаќа данок? Ова е само еден пример, се однесува на сите, како принцип.

ЈУЛИ 2021

тешкотии и кај вас и кај нас, духот на соработка треба да надвладее, оти ова е позитивен процес од којшто двете земји само ќе профитираат. И не само нашите две земји, ова е пример за светот дека можеме да решиме и тешки и сериозно чувствителни прашања. Толку многу имаме заедничко како народи, толку добро се разбираме, би рекол дека нема ништо поприродно од тоа да работиме и да соработуваме заедно. Ни треба соработка во културата, образованието, требаат програми за размена, за развој и соработка. Да ги поврземе организациите, институциите, ама и младите луѓе да си помагаме меѓу себе, да се поттикнуваме и да одиме заедно напред, над минатото и над раните.

Зборуваме за огромни суми и мораме да најдеме начин како ова да се адресира. Во спротивно, ова ни ги подрива демократиите. Дури и кога овие луѓе би биле добронамерни, тоа е повторно влијание. УСА што е меѓународно призната демократија беше поткопана, оти истурени се многу пари. Ова ја прави политиката таква каква што е денеска – да се гледаат анкетите, каков ми е дневниот „рич“ на фејсбук, какви ми се коментарите... Ова е акробација, ова не е политика. Акробација по работ... Од античко време идејата на политиката е визија, имагинација за тоа каков треба да биде светот, да се собираат идеи, да се разговара за нив, да се дебатира и да се судираат аргументи. Мораме да се вратиме на овој начин на поимање на политиката. Ова нема да биде лесно. За ова ќе мора да се бориме. Би им рекол на младите луѓе – да, политиката денес не е таква каква што сакаме да биде, ама нема да ја промениме ако не се бориме да ја промениме. А ако не се промени, луѓето

ќе продолжат да бидат фрустрирани.

Политиката што од граѓаните прави поларизирани навивачи не е политика туку циркус XЗборуваме X повеќе генерално, но колку ова сето се однесува на грчката политика денес? Кои се главните битки кај вас? Кога бев избран за премиер реков – или ќе се промениме или ќе потонеме. И тоневме. А причината зошто тоневме (и во ова верувам уште повеќе сега кога фрлам поглед назад после 10 години) беше фактот што нашите институции не беа доволно силни за да се борат со клиентелизмот. Што значи ова? Грција позајмуваше пари, но каде тие пари одеа? Владата претходно ги користеше овие пари за политичко влијание и тие се трошеа залудно, корупцијата стана посилна. Позајмувавме и тие заеми мораше да бидат вратени од грчките граѓани, ама не се трошеа тие пари за инвестиции и за јавен интерес туку за политички интерес. Имавме огромен буџетски дефицит. Јас


ЈУЛИ 2021

40 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

се борев против клиентелизмот и за транспарентност. Прво што сторив е што ги направив сите трошења на јавни пари и од централната и од локалната власт транспарентни. Не смееше да се потроши ниту евро без граѓаните да знаат како и за што. Тоа се нивни пари. Ви нашите култури преовладува мислењето дека кога министер или Владата ќе направат нешто треба да сме благодарни, како да потрошиле пари од свој џеб. Голема реформа што се направи беше во здравствениот фонд со што практично се сопре практиката доктори да го злоупотребуваат фондот преку препишување на десетина лекови наместо еден или праќање на испитувања од кои немате потреба. Внесовме електронски упати и електронски рецепти со што контролата стана поголема, ама ова создаде голем револт кај докторите и фармацевтските компании. Значи, низ кризата имавме реформи, иако се разбира не е доволно и треба уште. Најголемиот предизвик сега е да се ориентираме кон модерна економија и новите технологии. Оваа транзиција е предизвик, ама и можност и не само за Грција, туку и за Балканот исто – нови предизвици, нови технологии, нова енергија. XРазговарате X ли за ова со вашите политички опоненти? Има ли заеднички јазик или барем вистинска дебата со почит и демократија за важните прашања? Знаете поларизацијата во општествата е огромна, не само на Балканот или Европа, туку гледаме и во САД... Ако ја сведеме политиката просто на моќ, ако се бориме меѓу себе само за моќ и потоа ако се користи таа моќ за клиентелизам тогаш ќе продолжиме да бидеме поларизирани. Таа е 1:0 игра – јас добивам, ти губиш и обратно. Ако се бориме за моќ, повторно за моќ, но не како цел, туку како алатка за реализација на политичка програма, тогаш дебатите ќе бидат за нашите политички програми – која е подобра, кое владеење е подобро, како да бидеме подобри... Битката треба да биде да им се покаже да граѓаните кој може да владее подобро. Ова се две сосема спротивни сфаќања на политиката. Важно е да се види каде има простор за консензус. Можеме да се расправаме за различни прашања, но на пример за меритократијата како принцип треба да сме заедно, или за транспарентноста. Поларизацијата исто е поврзана и со нешто друго – да не им се даде на граѓаните можност да изберат во една логична смисла. Во поларизираните општества граѓанинот е за неговиот тим без разлика на што и да е. Тоа е циркус, тоа е навивање, не е тоа политика, не е тоа вклученост. Елитите сакаат да навивате, не да размислувате. Тоа го прави граѓанинот не граѓанин, туку следач и фан. Објект. Ние мораме да направиме граѓаните да се активни преку партиципативна демократија. Тие мора да се вклучени, не само на денот на гласање, туку да се смислат начини како да се вклучат во политиката активно преку комуникација и слушање на нивните идеи. nnn

КОЈ Е ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ (ПОМЛАДИОТ) Јоргос Папандреу (роден на 16 јуни 1952) е грчки политичар и поранешен премиер на Грција. Неговото семејство потекнува од долгогодишна политичка династија која е присутна во поновата историја на Грција. Во текот на 1939 година, таткото на Папандреу, Андреас Папандреу бил прогонет од Грција како премиер на државата. Тој заминал во САД каде е роден Јоргос од мајка Американка. Тој се образувал во училишта во Илиноис, Шведска и Канада и поседува дипломи од Емерст колеџ, Лондонската школа по економија и Харвардскиот универзитет. Во Грција се вратил заедно со своето семејство по обновата на демократијата во 1974 година. По доаѓањето во Грција, тој се присоединил кон партијата на својот татко. Во 1981 година Јоргос бил избран за пратеник во Собранието на Република Грција. Претходно, неговиот татко Андреас бил основачот на ПАСОК и бил премиер во два наврата, а пак дедо му по когого добил името, Јоргос, ја вовел Грција во либералните промени. Кормилото на ПАСОК го преземал во јануари 2004, по повлекувањето на тогашниот премиер Костас Симитис, а на партиските избори и официјално станува водач на партијта. Во изминативе години успеал да ги зацврсти позициите на социјалистите што пак му ја донело позицијата на претседател на социјалистичаката интернационала, светска организација која ги обединува лево ориентираните водачи. Предизборната кампања му се зановала на ветувања за борба против невработеноста и програма за јакнење на банкарскиот систем. Во текот на 80-тите и 90-тите години, Папандреу извршувал многу важни функции во грчката влада меѓу кои и министер за образование. Важен момент во неговата кариера бил изборот за шеф на дипломатијата во 1999 година, кога придонел во смирувањето на долгогодишните тензии со соседна Турција. По неговиот дедо Јоргос и неговиот татко Андреас тој е третиот член на семејството Папандреу кој станал премиер на земјата. Папандреу поднесе оставка на 11 ноември 2011 година за време на грчката должничка криза за да се отвори пат за влада за национално единство. Во март 2012 година, тој поднесе оставка и како лидер на ПАСОК, а во јануари 2015 година, тој ја напушти партијата целосно, основајќи своја политичка партија, Движење на демократските социјалисти (КИДИСО), која беше 8-ма најгласана партија во јануари 2015 година избори, но не успеа да влезе во Парламентот. Во 2017 година, КИДИСО се приклучи на Демократското усогласување, политички сојуз формиран од ПАСОК и други партии од левиот центар. Демократското усогласување подоцна прерасна во Движење за промена, кое на изборите во 2019 година стана трета партија со најмногу гласови, а самиот Папандреу се врати во Парламентот како пратеник што го претставува регионот на Ахаја.



ЈУЛИ 2021

42 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

МАЈА ФИЛИПЧЕВА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ НА АМЧАМ

ИНИЦИЈАТИВАТА „3-ТЕ МОРИЊА“ ОТВОРА МОЖНОСТИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА


43

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Од лево кон десно, Јордан Димитровски - АмЧам Северна Македонија, Тони Хоуш - АмЧам Полска, Маја Филипчева - АмЧам Северна Македонија, Ајша Водник - АмЧам Словенија, Петар Т. Иванов - АмЧам Бугарија.

Декларацијата која беше потпишана на „3-те Мориња“ Самитот во Софија од страна на 10 АмЧам канцеларии има за цел изразување поддршка за подобра инфраструктура, разновидни и безбедни извори на енергија, брза дигитализација и иновации, и ја потенцира улогата на коморите во исполнување на целите кои ги има поставено „3-те Мориња“ за изградба на поинтегриран, повеќе просперитетен и побезбеден регион во рамките на единствениот пазар на ЕУ. Во насока на продлабочување на регионалната соработка, јас и мојот колега од Одборот на директори г-дин Јордан Димитровски, бевме дел од овој самит на покана од колегите од АмЧам Бугарија и на кој имавме прилика да се запознаеме со можностите за соработка и вклучување на Северна Македонија како нон-партнер во проектите на оваа иницијатива. разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

ретседателот на Одборот на директори на Американско – македонската стопанска комора – АмЧам, г-ѓа Маја Филипчева, заедно со членот на Одборот, г-дин Јордан Димитровски, на 8 и 9 јули годинава беше присутна во Софија, на „3-те Мориња – Самит и деловен форум“, иницијатива што е почната во 2015 година, и којашто има основна цел зајакнување на

економскиот раст и благосостојбата во 12-те земји од Централна и Источна Европа – обиколени од Јадранското, Балтичкото и Црното море. Разговаравме со Филипчева околу тоа што значи оваа иницијатива за Северна Македонија, односно какви придобивки може да имаат македонската економија и општество од проектите што се планираат и реализираат во рамки на „3-те Мориња“. XПред X извесно време бевте дел од „3-те Мориња - Самит и деловен форум“ во Бугарија, можете ли да ни раскажете повеќе за оваа иницијатива?

Иницијативата „3-те мориња“ е иницијатива на 12-те земји членки на ЕУ од Централна и Источна Европа и се смета за најзначајна политичка и економска иницијатива во изминатите 50 години. Токму поради тоа се очекува да стане европски и трансатлантски приоритет. Оваа иницијатива е започната во 2015 година од тогашните претседатели на Хрватска и Полска и е поттикната од извештајот „Комплетирање на Европа“ на американскиот тинк - тенк Atlantic Council. Во овој извештај се посочуваат разликите во развојот помеѓу земјите од


ЈУЛИ 2021

44 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Западна, и Централна и Источна Европа, и можностите кои северно - јужниот коридор може да ги има за натамошната интеграција на Европа и нејзината конкурентност како еден пазар на глобалната мапа. Она што започнува како платформа за размена на мислења помеѓу претседателите на вклучените земји, подоцна се проширува и на деловен форум и комерцијален инвестициски фонд, со идеја да се финансираат инфраструктурни проекти од областите на транспортот и енергетиката, како и дигиталниот сектор. Со текот на годините иницијативата вклучува се повеќе креатори на политики, претставници на бизнис заедницата, но добива и поддршка од земји кои не се дел од иницијативата како што се Германија и САД, кои станаа нејзини партнери во 2018 година. Во инвестицискиот фонд во рамките на „3-те Мориња“, до сега, 9 од вкупно 12-те земји членки имаат дадено придонес, вклучувајќи ги и САД, со што вкупниот износ на прибрани средства изнесува 1,25 милијарди евра. Планот не е да се застане тука, напротив, се работи на прибирање средства и зголемување на фондот преку партнерства од приватниот сектор, донатори и поголемо вклучување на ММФ. Одлуките за проектите во кои се инвестира се базирани на критериумот на усогласеност со стратегијата на Фондот, како и очекуваните стапки на поврат од конкретниот проект. Според проценките на ММФ потребни се околу 600 милијарди евра за да се надмине инфраструктурниот јаз во регионот на 3-те мориња бидејќи најголем дел од патната инфраструктурата се движи од исток кон запад со што е оневозможена поголема регионална поврзаност. Токму северно - јужниот коридор и инвестициите во патишта, цевководи, пруги и електрична мрежа се очекува да придонесат за просперитетот и стабилноста на Европа, па дури во одреден момент овој регион да стане и носител на економскиот раст во Европа. Шестиот по ред Самит и деловен форум „3-те Мориња“ кој се одржа во Софија, на 8 и 9 јули, доаѓа во клучен момент за земјите партнери на иницијативата и дава многу можности за ревитализирање на нивните економии во пост - пандемискиот период, доколку работат заедно. Учеството на 12 претседатели и премиери, вклучувањето на претседателот Бајден и државниот секретар Блинкен, над 50-те претставници на државни институции, ЕУ агенции, интернационални организации и стопански комори, како и претставници на компании укажуваат дека се одлучни заедно да работат кон остварување на оваа цел. XДали X во догледно време може да очекуваме операционализација на конкретни проекти што би произлегле од Иницијативата „3те Мориња“ и што е потребно да се направи во насока заложбите и заклучоците од Деловниот форум да не останат само на хартија? Почнувајќи од Самитот во Букурешт во 2018 година, секоја година понатаму се презентира листа на приоритетни проекти. Оваа година листата опфаќа вкупно 90 проекти, со вкупна вредност

од 181 милијарди евра, од кои 49% се од областа на транспортот, 37% од областа на енергетиката и 14% се проекти за дигитализација. Она што е интересно е дека до сега се обезбедени дури 53% од вкупно потребните финансиски средства за реализација на регистрираните проекти и тие доаѓаат од различни извори: инвестицискиот фонд „3-те Мориња“, ЦЕФ, ЕУ, и националните буџети на земјите членки. Што се однесува до операционализацијата, од вкупниот број проекти, една третина од проектите се веќе почнати, a два се завршени, едниот во областа на транспортот, другиот во енергетиката. Иницијативата „3-те Мориња“ иако е платформа за привлекување на инвеститори од приватниот сектор, сепак за нејзиниот успех се најважни воспоставените јавно - приватни партнерства. И покрај досегашните добри резултати, одредени земји членки се уште имаат потреба од дополнителна мотивација за воспоставување на политики за привлекување инвестиции и поттикнување на пазарно ориентиран раст и развој бидејќи во крајна инстанца долгорочните структурни инвестиции ќе дојдат од приватниот сектор. XДеловниот X Форум се состоеше од 4 панели – енергетика, транспорт, иновација и дигитализација. Колку од она што беше дискутирано беше релевантно за нас? За разлика од земјите од Западна Европа кои имаат исклучително добра меѓусебна патна поврзаност, земјите од „3-те Мориња“ согледале дека иако се членки на Европската Унија токму нивниот регион заостанува во транспортна инфраструктура. Кога би направиле паралела со регионот на „3-те Мориња“ и земјите од Западен Балкан, во слична ситуација може да кажеме дека сме и ние. Ова креира јаз помеѓу пазари, односно ги прави затворени во однос на оние на Западна Европа. Транспортот е секако тесно поврзан со енергетиката, и преку изјавите на говорниците на панелите може јасно да се согледа не само нивната поврзаност туку и насоката во која тие се стремат - а тоа е одржлив развој и намалување на загаденоста и штетните емисии. Работат на изнаоѓање на поефикасен систем за транспорт и логистика, односно скусување на траекторијата помеѓу појдовната и дојдовната точка, отворање на нови коридори, и начини за транспорт кои придонесуваат за намалување на трошоците и емисијата на штетни гасови во околината. Истовремено, работат на транзиција од енергенси кои се користат денес кон обновливи извори на енергија, план кој треба да се спроведе во целост до 2050 година. Со овој план треба да се делува на намалување на претходно споменатите штетни гасови кои доведуваат до климатски промени и чести катастрофални временски непогоди. Исто така, фокус е ставен на енергетска ефикасност и трансформација на методите на транспорт – како што е хибридизација на железниците и возилата како алтернативен начин за логистика наместо употреба на авионските линии. Оттука, се разгледуваат и

можностите за воведување на нови начини на транспорт на стоки – како што се дроновите, бидејќи и самите градови стануваат се погусто населени и позадушени. Ова е само пример за креативен пристап и користење на технологија и иновативни решенија како начин да се надминат бариерите за транспорт, и да се цели кон одржлив развој во овие сектори. Кога зборуваме за иновативност и иновации, несомнено е дека тие се составен дел од развојот на секоја економија, не само бидејќи нудат нови решенија за постојните проблеми, туку и бидејќи создаваат поголема додадена вредност. Исто така, треба да се има предвид дека најголемиот број на иновации, пронајдоци и патенти произлегуваат од малите и средните претпријатија, кои впрочем сочинуваат најголем дел од деловната заедница. Иако на овој самит дигитализацијата имаше свое посебно место, заклучокот е дека дигитализацијата е неминовна и постои потреба од нејзина интеграција во сите сектори. Тука зборуваме за вертикална интеграција на дигитализацијата во другите сегменти при што таа ќе стане нивен составен дел. Во личен разговор со претседателката на Естонија, држава која е пионер и лидер во дигитализацијата, таа посочи дека за да се постигне високо ниво на дигитализација, треба да гледаме подалеку од основните и минимални критериуми како што е заштита на личните податоци (ГДПР), туку да обрнеме внимание на критериуми како што е интернет безбедноста, бидејќи како општества имаме одговорност да гарантираме заштита на приватност на единката како основно загарантирано човеково право. Само на тај начин може да се обезбеди брз пристап до податоци кои бараат висок степен на безбедност поради нивната природа која оди подалеку од границите на она што е предвидено со регулативата за заштита на личните податоци. Во поглед на регулативите, тие треба да се рефлексија на денешниот свет на бизнисот, и тоа што сега важи на локалното ниво, не смее да не важи и за дигиталното. На овој начин, се гради доверба во заедницата и се придонесува за поголем напредок. XНа X Самитот беше потпишана декларација за соработка помеѓу 10 Американски Стопански Комори (АмЧам), кои се дел од земјите на „3-те Мориња“, што претставуваа таа и како АмЧам Македонија е дел од овој Самит? Како што напоменав претходно, концептот на иницијативата и самиот Самит и деловен форум се базирани на инклузија и соработка помеѓу креаторите на политики и приватниот сектор, бидејќи не може да се зборува за економски раст и благосостојба во регионот без поддршка од деловната заедница. Мрежата „АмЧам во Европа“ се состои од 44 американски стопански комори во Европа, и нејзините членки го препознаваат значењето кое оваа иницијатива го има не само за земјите членки на „3-те Мориња“, туку и за целокупниот европски пазар и трансатлантските односи. Затоа, уште во 2019 година на самитот „3-те Мориња“ во Љубљана, Американските стопански


МАЈА ФИЛИПЧЕВА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ НА АМЧАМ

45

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Шестиот по ред Самит и деловен форум „3-те Мориња“ кој се одржа во Софија, на 8 и 9 јули, доаѓа во клучен момент за земјите партнери на иницијативата и дава многу можности за ревитализирање на нивните економии во пост пандемискиот период, доколку работат заедно. Учеството на 12 претседатели и премиери, вклучувањето на претседателот Бајден и државниот секретар Блинкен, над 50-те претставници на државни институции, ЕУ агенции, интернационални организации и стопански комори, како и претставници на компании укажуваат дека се одлучни заедно да работат кон остварување на оваа цел.

комори од 11-те земји членки ја потпишаа првата декларација за соработка и поддршка на иницијативата. Оваа година, соработката помеѓу иницијативата „3-те Мориња“ и мрежата на АмЧам е подигната на едно ново, повисоко ниво, при што АмЧам Бугарија стана ко - организатор на самитот и деловниот форум во Софија и модератор на панелот за дигитализација. Интересно е тоа што заклучоците кои беа донесени во рамките на панелот за дигитализација, а се однесуваат на вертикалната интеграција на дигиталниот сектор во сите останати сегменти на самитот: транспорт, енергетика и иновации, даваат нова насока во пристапот и начинот на третирање на дигитализацијата, не само на самиот самит, туку и воопшто. Декларацијата која беше потпишана на „3-те Мориња“ Самитот во Софија од страна на 10 АмЧам канцеларии има за цел изразување поддршка за подобра инфраструктура, разновидни и безбедни извори на енергија, брза дигитализација и иновации, и ја потенцира улогата на коморите во исполнување на целите кои ги има поставено „3-те Мориња“ за изградба на поинтегриран, повеќе

просперитетен и побезбеден регион во рамките на единствениот пазар на ЕУ. Во насока на продлабочување на регионалната соработка, јас и мојот колега од Одборот на директори г-дин Јордан Димитровски, бевме дел од овој самит на покана од колегите од АмЧам Бугарија и на кој имавме прилика да се запознаеме со можностите за соработка и вклучување на Северна Македонија како нон-партнер во проектите на оваа иницијатива. XКои X се заклучоците на АмЧам од сето ова, што можеме да извлечеме ние како држава и регион воопшто, и што вие како АмЧам имате во план? АмЧам како комора беше дел од повеќе форуми и самити изминатиот месец -конференција на земјите од Западен Балкан за нивната перспектива за привлекување инвестиции и нивните политики за идниот економски развој како регион, „Скопје економскиот форум“ кој се одржа за прв пат, во организација на Делфи економскиот форум, и на „3-те Мориња – самит и Деловен форум“. Заеднички заклучок од сите, пред се, е дека преку ситуациона анализа треба да

ЈУЛИ 2021

се одлучи која е нашата појдовна точка врз основа на тоа со што располага земјата како потенцијал (индустрија, географија, демографија) и точно кон што се стремиме, односно насоката по која треба да се движиме. Кога би се мапирале слабите точки споредбено со поразвиените земји, и она што го овозможува нивниот економски развој, би следеле конкретни активности и многу работа. Како што може да видиме од позитивниот пример на нашите соседи и земјите од „3-те Мориња“ вмрежувањето и регионалната соработка се клучни за преземање големи подвизи за подобрување. Регионалната соработка и формирањето на стабилни партнерства кои имаат јасна мисија се есенцијални доколку сакаме да напредуваме. Да, точно е дека сето ова бара залагање, ангажман од деловната заедница и секако волја и работа од политичката страна. Но, доколку се постават јасни цели, и со добра соработка, ништо од ова не е недостижно. nnn


ЈУЛИ 2021

46

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

ЗОШТО УНИВЕРЗАЛНИОТ ДАНОК Е ЧЕКОР НАПРЕД

МУЛТИНАЦИОНАЛНИТЕ КОМПАНИИ КОНЕЧНО ПОДЛЕЖАТ НА ЗАКОНОТ


47

ЈУЛИ 2021

Фото: Sundry Photography / Getty Images

Фото: Sean Pollock / Unsplash

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Во 2017 година, Гугл внесе скоро 20 милијарди евра само на своите сметки на Бермудите, откако претходно ги помина низ разни даночни раеви. Таа година, во Франција, мултинационалната компанија платила само 14,1 милиони данок на доход – џепарлак за нејзе.

АЛЕН ДЕНО Професор по филозофија на Универзитетот во Монктон (Канада) и автор на делото Легализирана измама. Прецизно за „даночните раеви“, Екососиете, 2016

В Европската унија го обликуваше континентот според самата логика на глобализацијата, оставајќи ја Романија, на пример, да се развива како слободна зона, Малта како слободно пристаниште, Ирска и Холандија како регулаторни раеви, а Луксембург дури и како еден супермаркет на пермисивна законска регулатива.

о 2017 година, Гугл внесе скоро 20 милијарди евра само на своите сметки на Бермудите, откако претходно ги помина низ разни даночни раеви. Таа година, во Франција, мултинационалната компанија платила само 14,1 милиони данок на доход – џепарлак за нејзе. Официјално, нејзините седумстотини директори вработени во Франција не и продадоа ништо на Франција; тие едноставно ја помагале ирската подружница на групацијата: токму таа ги држела сметките, под беневолентното покровителство на овој европски даночен рај1. Што се однесува до Амазон, гигантот за онлајн продажба на мало, тој избегнува, од година во година, да плаќа федерален данок на доход во САД и успева, во Европа, дури и да прогласи загуби, во моментот кога здравствената криза прави неговите профити да експлодираат2. Оваа пролет, независната организација ПроПублика потврди дека, како поединци, познатите милијардери – Џеф Безос, Мајкл Блумберг, Ворен Бафет, Карл Икан, Илон Маск и Џорџ Сорос – не платиле (или скоро и да немаат за плаќање) данок во САД, искористувајќи ги сите дупки што законот им ги става на располагање3. Парадоксално, само САД, нивниот најдобар сојузник, денес се чини дека е способен да застане и се соочи со овие мултинационални компании за прашањата за оданочување и странски инвестиции. Затоа беше неопходно американскиот претседател Џозеф Бајден да апелира до своите партнери од Г7

во корист на универзален данок од 15%, применет на нивниот консолидиран приход (т.е. кумулативен приход на сите нивни подружници), така што другите земји, вообичаено не толку активни во оваа област, треба да го следат примерот. Овде не е ништо смешно и неефикасно: „Ставаме крај на даночните раеви и банкарската тајна“, парола лансирана од францускиот претседател Никола Саркози на самитот на Г20 во 2009 година.

Богатите корпорации пак ќе плаќаат помалку од останатите

Дополнително, стапката што се користи за овој универзален данок, 15%, е минимална, ако не и за потсмев. Ова одговара на типичниот бакшиш оставен од клиентите на рестораните во Северна Америка. Сепак, ова сведочи за еден жилав парадокс: американскиот претседател честопати открива дека е помоќен на светската дипломатска сцена отколку во својата земја. Иако американскиот претседател Бајден беше во можност да побара усвојување на неговиот предлог од неговите меѓународни колеги, без да наиде на отпор, сепак, не беше во можност да ги убеди и републиканците во американскиот Конгрес да ја зголемат таа даночна стапка на 21% во САД. Неговата првична цел беше таа да биде дури 28%. Сепак, скромна амбиција: стапката изнесуваше дури 35% кога Доналд Трамп се всели во Белата куќа во јануари 2017 година… Во последниве години, сите поголеми земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го намалија нивото на оданочување, обидувајќи се да имитираат даночни раеви, наместо да се борат против нив. Во Германија, Канада, Франција и скандинавските земји, официјалната стапка беше намалена на далеку под 30%


ЈУЛИ 2021

48

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE Фото: Getty images/AFP/E. Piermont

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Во последниве години, сите поголеми земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го намалија нивото на оданочување, обидувајќи се да имитираат даночни раеви, наместо да се борат против нив. Во Германија, Канада, Франција и скандинавските земји, официјалната стапка беше намалена на далеку под 30% во текот на последните десет години.

во текот на последните десет години. И, всушност, мултинационалните компании ги множат своите стратегии за да ги намалат даноците и понатаму. Економистот Томас Пикети има право кога тврди дека, со толку ниска даночна стапка, одобрена од самите држави, се чини дека мерката го етаблира привилегираниот даночен режим за мултинационалните компании. „Со официјализирање на фактот дека мултинационалните компании ќе можат да продолжат да ги лоцираат своите профити во даночните раеви по своја слободна волја, со единствена даночна стапка од 15%, Г7 го формализира влезот во свет каде што олигарсите плаќаат структурно помалку данок од остатокот од населението“, напиша овој економист во Ле Монд на 12 јуни о.г. Дури и земјите од Југот нема да имаат никаква корист од овој нов даночен контекст. Овие земји ќе продолжат да извлекуваат ниски приходи од меѓународниот даночен систем, поради фактот што нивниот пазар сè уште се сведува на трговија со суровини, официјално непрофитабилни и затоа малку оданочени. Како и да е, ако ја разгледаме од правна гледна точка, отколку само од гледна точка на приходи од данок, мерката предложена од Бајден претставува сепак еден чекор напред. Таа дава на мултинационалните компании статуси на правни субјекти, додека, претходно, само нивните подружници се сметаа, една по една, и независно на една од друга, како правни лица од страна на државите. Од нивното постепено појавување пред еден век, ваквите мултинационални компании ја злоупотребуваат оваа законска фрагментација. Тие добро ги играа игрите, профитирајќи од

процесите на цената на трансферирање и на авторските надоместоци за правата на интелектуална сопственост на брендовите, со зголемување на сметководствените акробации меѓу правните субјекти активни во земјите со одредена даночна стапка и фасадните структури во даночните раеви каде непријавените приходи од други земји вештачки се акумулираа. Помниме како претставниците на Старбакс објаснуваат во 2012 година на членовите на Парламентот на Велика Британија дека не создавале никаков приход во нивната земја, поради авторските надоместоци што требало да ги плаќаат на други структури од истата групација, сопственици во даночните раеви на многу патенти и права на употреба. Овие износи одземени од приходот му овозможија на субјектот дури и да достави негативна даночна пријава до даночните институции. Технички гледано, одлуката на Г7 делумно ја заобиколува улогата на даночните раеви, бидејќи сега ќе стане збор за оданочување на мултинационалните компании за сите нивни профити: без разлика на тоа која подружница ја има која сметка и каде е нејзиното пријавено службено седиште. Некоја голема компанија во земјоделскопрехранбениот, ИТ или енергетскиот сектор може да им ги довери своите права на интелектуална сопственост или одредени средства на бермудски, ирски или луксембуршки правни субјекти, сепак и тие ќе подлежат на овој данок. Со вакви темели воспоставени, сега е огромен предизвик да се покачи оваа стапка.

Даночните раеви стануваат политички и дипломатски прашања Пристапот на претседателот Бајден

ја потврдува високо-политичката и дипломатската природа на меѓународното даночно досие, наспроти обидите истово да се сведе само на неговата сметководствена димензија како таква. Одговорниот службеник за ова прашање во ОЕЦД, Паскал Сен Аманс, сега може да се потруди да се презентира себеси како архитект на овие договори, но тие дијаметрално противречат на реториката што ја користел со години: тој долго време тврдел дека досието во суштина бара техничко и математичко знаење и вклучува огромен напор за усогласување на даночните системи на околу двесте земји. Тоа беше времето кога тој тврдел во сите медиуми дека: „Усогласувањето на корпоративниот данокот на добивка на глобално ниво (…) би било спротивно на принципот на државниот суверенитет“4. Во една изјава, САД го открија недостатокот на конзистентност на овој говор. Бидејќи не се техничките достигнувања во областа на меѓународното сметководство што ги водат политиките напред, туку политиките што ги налагаат сметководствените промени. Така, даночните раеви стануваат политички и дипломатски прашања. Станува збор за закони донесени од држави за да го неутрализираат законот што е на сила на друго место, каде што големите корпорации и богатите поединци се вистински активни. Владите се мешаат во работите на другите држави. На пример, Парламентот на Бахамите создаде т.н. изземени компании, кои не мораат да плаќаат данок на доход или да го откриваат идентитетот на своите директори, под услов да не вршат никаква активност на архипелагот. Со други зборови, дозволено им а само


49

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1108

Парламентот на Бахамите создаде т.н. изземени компании, кои не мораат да плаќаат данок на доход или да го откриваат идентитетот на своите директори, под услов да не вршат никаква активност на архипелагот. Со други зборови, дозволено им а само да регистрираат капитал генериран во странство. да регистрираат капитал генериран во странство. Така, Бахамите носат закон за тоа како ќе се администрира и оданочува капиталот генериран насекаде во светот… освен во таа држава. Кога комесарот за конкуренција и пазар на Европската унија, Маргарет Вестагер, се обиде – спротивно на принципите на сопствената институција – да ги откаже даночните предности што Ирска ги обезбеди во 2016 година, во корист на компјутерската компанија „Епл“, таа ја фалсификуваше дефиницијата за улогата на овој даночен рај, што сега може да се примени и на сите други. Ирска, тврди таа, одлучувајќи корпоративен данок од европски размери, а не само за нејзината земја, ја злоупотребувала својата законодавна моќ и се мешала во работите на другите држави. Нејзината одлука конечно беше поништена во 2020 година од судот на Европската унија. Како и да е, ова сепак помогна да се дефинира законодавството во врска со офшор јурисдикциите и ги отвори вратите за мерките што Бајден сега ги промовира. Наместо да води дипломатска реплика против сите земји кои, како Ирска, ја злоупотребуваат својата законодавна моќ, САД ја убедија Г7 да усвои принцип што ги прави нивните мерки неефикасни: признавање на мултинационалните компании како самостојни субјекти на правото. Во моментов е многу тешко да се предвиди ефикасноста на овие најави. Два критериума може да се користат

да се измери делокругот на овој проект. Прво, индикаторот за странски директни инвестиции (СДИ). Ако интрагрупните псевдо-трансакции, кои вештачки ги прават Кајманските Острови, Луксембург или Делавер големи меѓународни финансиски центри, не се намалат, ова ќе значи дека сè уште има начини да се сокријат средства во даночните раеви. Втор критериум: компаниите треба логично да придонесат повеќе за јавната каса на државите каде што работат. Во моментов, корпоративниот данок претставува само околу 5% од даночната основа во Франција или Германија. И овие податоци го вклучуваат уделот на даноците платени од малите и средни претпријатија, кои се многу повеќе зависни. За споредба, даноците на потрошувачка и личниот доход варираат помеѓу 60% и 65%.

Европа не е во можност да го сопре офшор феноменот во своите рамки Покрај тоа, треба да се има предвид дека даночното прашање е само еден од многуте аспекти на целокупниот проблем на законодавството во контекст на неговата целисходност. Истиве не само што овозможуваат заобиколување на даночниот закон на државите каде што работат компаниите, туку и самиот закон. Слободните зони и слободните пристаништа спречуваат користење на какви било работнички права, додека другите регулаторни раеви, како Кајманските Острови за шпекулации со акциите, Маршалските Острови за

експлоатацијата на нафта или Канада за рударската индустрија, опфаќаат групации што регистрираат компании во контекст на законот за животна средина или човековите права. Што се однесува до човековите права, знаеме дека мултинационалните компании се вешти да се извлечат пред судовите кога некоја од нивните подружници е инволвирана во скандал тука или таму во светот. Премногу често, судијата не сака да ја осуди матичната компанија, за она што една од нејзините подружници, независна според законот, го сторила во странство. За тоа сведочи и одлуката на судот во Хаг, кој, во 2013 година, одби да ја осуди матичната компанија на претпријатието Шел, лоцирана во Холандија, за исклучително сериозна штета врз животната средина сторена во Нигерија, за што одговорноста и ја припишуваше исклучиво на нејзината подружница. Останува оваа вознемирувачка констатација: само САД изгледаат во позиција да дозволат, или еден ден повторно да го спречат, овој вид на шеми, додека Европа сепак не е во можност да го запре офшор феноменот во своите рамки. Траба сепак да се забележи дека Европската унија го обликуваше континентот според самата логика на глобализацијата, оставајќи ја Романија, на пример, да се развива како слободна зона, Малта како слободно пристаниште, Ирска и Холандија како регулаторни раеви, а Луксембург дури и како еден супермаркет на пермисивна законска регулатива. nnn

Преведено од: Дарко Путилов Фусноти: 1. Boris Cassel et Matthieu Pelloli, « En 2018, Google n’a payé en France que 17 millions d’euros d’impôt », Le Parisien, 01.08.2019, et Maxime Vaudano, « Optimisation fiscale : Google évite des milliards d’impôts en déplaçant toujours plus de profits aux Bermudes », Le Monde, 04.01.2019. 2. Rupert Neate, « Amazon had sales income of €44bn in Europe in 2020 but paid no corporation tax », The Guardian, Лондон, 04.05.2021.

3. Jesse Eisinger, Jeff Ernsthausen et Paul Kiel, « The secret IRS files : Trove of never-before-seen records reveal how the wealthiest avoid income tax », ProPublica, 08.06.2021, www.propublica.org 4. Sarah Belhadi, « Pascal Saint-Amans (OCDE) : “Sur l’optimisation fiscale, il fallait changer de paradigme” », La Tribune, 27.11.2015.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.