Ш
то се случува на Светскиот
економски
форум во Давос (СЕФ), собир на швајцарските
Алпи што се
одржува на почетокот на секоја
година, истовремено е целосно јавно
и лудо нетранспарентно.
Стотици новинари го следат овој
настан секоја година, поголемиот
дел од програмата се емитува и
се пренесува во живо, а сепак
е малку мистериозно што точно
прават илјадници бизнис лидери, политичари, академици и активисти
кога ќе се соберат во швајцарскиот
планински град, пишува Grid News.
Се разбира, форумот со текот на
годините стана предмет на теории на
заговор. Всушност, тоа е местото каде
што веројатно ќе ги најдете клучните
играчи во секоја добра теорија на
заговор, од светски лидери, преку бизнис лидери, до шефови на
разузнавачки агенции. Тоа е настан со нејасна тема, без единствена
цел, но сепак ги привлекува најмоќните луѓе во светот. Најдоброто
објаснување за тоа зошто луѓето се таму е дека другите луѓе се таму. Ваквите теории се поттикнати, велат набљудувачите, со договарањето
зад затворени врати меѓу деловните лидери, постојана карактеристика на
СЕФ што го поддржува верувањето
дека е управуван од таинствена
кабала која работи во приватни
интереси под превезот на решавање
на јавните проблеми.
„Светскиот економски форум е цел на дезинформации бидејќи зазема уникатно место во јавната свест - таму се собираат најмоќните и највлијателните политички и економски актери“, вели Мајкл В. Мосер, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Тексас во Остин.
„Нетранспарентноста на СЕФ, заедно со неговото верување дека економската глобализација е добра за човештвото, го прави цел на обвинувања дека изгубил контакт со ‘обичните’ луѓе“, додава Мосер.
Елитистичката природа
на форумот ја креира
недовербата кај јавноста Елитистичката природа на форумот,
на кој многу деловни лидери плаќаат десетици илјади долари за да присуствуваат, од кои некои летаат со приватни авиони без грижа околу емисиите на стакленички гасови, ја продлабочува таа недоверба.
„СЕФ е совршена цел (за дезинформации) - многу е скапо да се присуствува, само со покана“, рече Клер Вардл од Универзитетот Браун. „Се одвива како она што ја формира основата на секоја теорија на заговор, а тоа е дека светот е контролиран од тајна елита во која вие не сте дел.“
Ова е видливо во саркастичните мемиња по интернет, вклучувајќи го и она што прикажува типичен оброк од Давос - лице навалено над сад со монети со голема лажица во рака. Многу теоретичари на заговор го споменуваат и Големото ресетирање, темата на СЕФ во 2020, поврзана со пандемијата на ковид-19, што тие го гледаат како план на глобалната елита за контрола на светот. Една сесија на СЕФ за „очигледната и присутна опасност од дезинформации“, на која присуствуваа медиумите, вклучително
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 6 COVER STORY
и издавачот на Њујорк Тајмс, и
самата стана цел на теоретичарите
на заговор.
Дебатата за дезинформации, според
еден конзервативен подкаст, била
замислена како критика на правото
на јавноста да ја критикува агендата
на СЕФ.
„Неоснованите изјави и теориите
на заговор го заменија разумот со
фантазија“, рече Јан Зопф, медиумски
директор на СЕФ. „Со зголемените
стравувања за трошоците за
живот – влошени од пандемијата и
енергетската криза – сега е поважно
од кога било да се борите со дезинформациите“
Како сè почна?
Политичарите, шефовите на држави и корпоративните лидери - околу 2.700
од нив оваа година – декларативно
работеа заедно за да го променат
светот. Овде, и критичарите на Светскиот економски форум и самиот
СЕФ имаат нешто заедничко, а тоа е
сознанието дека оваа организација
може да има значително глобално
влијание, односно дека не се работи
само за собирање куп важни луѓе. Не
беше теоретичар на заговор тој што
ја смисли фразата „духот на Давос“
или го нарече СЕФ „партнер што ја обликува историјата“. Тоа беше токму
самиот СЕФ.
Состанокот во сегашната
форма датира од 1974 година, кога на деловна конференција
организирана од германскиот професор со престој во Швајцарија, Клаус Шваб, беа поканети
политичарите да им се придружат
на корпоративните директори во планинското одморалиште. Како што се проширија конференцијата
и организацијата, она што некогаш беше Европски форум за управување стана Светски економски форум во 1987 година. Настаните честопати се лабаво поврзани со темата избрана секоја година - овогодишната тема беше „Соработка во фрагментиран свет“ - а минатогодишната беше „Историјата во пресвртна точка: владини политики и деловни стратегии“.
Непрофитна
организација со приходи од 420 милиони долари Групата која е секогаш тука со полна сила се бизнис лидери, што дава идеја зошто се одржува состанокот во Давос. Според последниот годишен извештај, Светскиот економски форум носи приход од околу 420 милиони долари, од кои најголем дел доаѓаат од „членствата“. А, СЕФ е непрофитна организација. „Поголемиот дел од финансиите се обезбедени од најважните деловни субјекти во светот, кои се приклучуваат на Форумот како членови и партнери за да учествуваат во нашите активности“, објави СЕФ во 2017 година. Според Асошиејтед прес, членарината и таксите за партнерство се движат од 130.000 до 921.000 американски долари, додека трошоците за учество може да се движат од бесплатни или драстично намалени за членовите на граѓанското општество до некаде помеѓу 70.000 и 250.000 долари за компании и поединци. Има речиси 800 партнери, според СЕФ во својот годишен извештај. Со делење на вкупниот приход на партнерството со бројот на тие партнери, доаѓаме до просечен
трошок од околу 330.000 долари.
Па зошто тие плаќаат за тоа?
Затоа што сите други го прават тоа.
Има безброј панели и програми, презентации на извештаи и најави за сериозни јавно-приватни
партнерства, па логично е што Давос стана нешто како фиксна точка
околу која се собира голем дел од светската структура на моќ. Русија
е голем исклучок. Тие беа исфрлени
од конференцијата по инвазијата на
Украина по цена од над 10 милиони
долари, според финансиските
документи на СЕФ.
Сите одат во Давос затоа што
и сите други тоа го прават
Давос е местото каде што можете
да ги најдете готвачот и филантроп Хозе Андрес, извршниот директор на Bank of America Брајан Мојнихан, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг
и поранешниот министер за финансии на САД Лери Самерс во „Голс Хаус“.
СЕФ привлекува деловни луѓе чии компании им ги плаќаат трошоците и кои можат да запознаат клиенти, партнери, инвеститори и владини лидери на едно место. Дружењето
на високо ниво се случува и полујавно - поранешниот директор за комуникации на Трамп во Белата куќа и инвеститор Ентони Скарамучи повторно оваа година организираше забава за дегустација на вино за која солидно се известуваше - и приватно, затоа што Њујорк тајмс го опишува распоредот на еден извршен директор како „ последователни 30минути состаноци секој ден од 7:30 до 19 часот, пред да оди на бројни вечери“.
Од истата причина зошто деловните
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 7
ЗАВРШИ
СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ДАВОС
Состанокот во сегашната форма датира од 1974 година, кога на деловна конференција организирана од германскиот професор со престој во Швајцарија, Клаус Шваб, беа поканети политичарите да им се придружат на корпоративните директори во планинското одморалиште. Како што се проширија конференцијата и организацијата, она што некогаш беше Европски форум за управување стана Светски економски форум во 1987 година.
и политичките лидери одат во Давос
- затоа што сите други го прават тоа –
така и стотици реномирани медиуми
исто така доаѓаат во овој швајцарски
град.
За директорите тоа не е само
можност за средба со клиенти и
партнери, туку и со медиумите, особено електронските медиуми.
CNBC и Bloomberg кампуваат на
конференцијата, соединувајќи широк
спектар на извршни директори и
интелектуалци. CNBC само во еден
ден се пофали со 13 интервјуа со
извршни директори , од Citi и Bank of America
до Palantir и Qualcomm.
Неформални и лични врски
И како што деловните лидери
присуствуваат на приватни
состаноци и настани кои може
да бидат порелевантни од добро
посетените панели, така и можностите
за новинарите да комуницираат
неформално и лично со луѓето што ги
покриваат (и нивните извори) можат
да бидат важни.
„Многу од врските што ги направив овде доведоа до ударни вести, приказни или интервјуа месеци и години подоцна“, рече уредникот на DealBook и водител на CNBC, Ендрју Рос Соркин.
СЕФ обично се наоѓа во состојба
на криза, или барем непријатност, за време на несигурни времиња, како што е потенцијалната глобална рецесија, кога политичките лидери се преиспитуваат околу пристојноста да се пие топло чоколадо со извршните директори на банките пред камерите на CNBC и Bloomberg.
Кој го Давоспропушти оваа година?
Германскиот канцелар Олаф Шолц
одржа говор, но американскиот претседател Џо Бајден не дојде. Ниту државниот секретар Антони Блинкен, ниту секретарот за финансии Џенет
Јелен.
Делегацијата на САД беше
предводена од секретарот за труд Мартин Волш, заедно со голем број функционери кои поминуваат многу време на средби со нивните странски колеги и деловни групи: директорот на националното разузнавање Аврил Хејнс, трговскиот претставник на САД, Кетрин Таи, администраторката на Агенцијата за меѓународен развој Саманта Пауер, претставникот за климатски промени Џон Кери, демократскиот сенатор Џо Манчин и независниот сенатор Кирстен Синема учествуваа на панел. На крајот на краиштата, Давос понекогаш е исклучително влијателен и важен - само прашајте ги Украинците кои се таму, делегациите од субсахарска Африка и други - а понекогаш се работи за дружење и гледање. Затоа, кај многу луѓе предизвикува цинизам и желба да ги резервираат своите места, под претпоставка дека ќе добијат покана за настанот - и следната година. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 8 COVER STORY
ЗАВРШИ СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ДАВОС
Според Асошиејтед
прес, членарината
и таксите за партнерство на СЕФ во Давос
се движат од 130.000 до 921.000 американски долари, додека трошоците за учество може да се движат од бесплатни
или драстично намалени за членовите на граѓанското општество до некаде помеѓу 70.000 и 250.000 долари за компании и поединци.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 9
СЛАВИЦА КУТИРОВ
директорка на македонската Царинска управа
СО ПРИМЕНА НА
НОВИТЕ СЕРВИСИ И НАПРЕДНИ
ТЕХНОЛОГИИ, ДИГИТАЛНАТА ЦАРИНА
СТАНУВА РЕАЛНОСТ
Дигитализацијата на царинското работење е значаен приоритет на Владата, на кој ние сме целосно посветени, бидејќи Царината е една од важните алки во меѓународниот синџир на снабдување, кој се заснова на глобални стандарди и правила за тргување. Анализите покажуваат дека придобивките
од дигитализацијата и олеснувањето на трговијата, таргетираат над 11.000 домашни компании - активни учесници во увозно – извозните постапки.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 11
INTERVIEW
27 ЈАН. 2023 12
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139
разговара:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
осле шокот
што го претрпе
светот поради
пандемијата
на Ковид-19
во 2020 и 2021, следната, 2022, требаше да
биде година на закрепнување и
враќање во нормален колосек.
Меѓутоа, војната во Украина, геополитичката нестабилност
и инфлацијата што таа ја
предизвика, како „капак“ на
сите претходни проблеми само
ја направија минатата година
да биде една од најтешките за
светската економија последниве
децении, вклучително и
домашната. Погодени беа и
компаниите што се занимаваат
со увозно-извозни активности,
коишто имаат секојдневен допир
со македонската Царинска
управа, од каде што пак ни
велат дека интензивно работат
на воведување нови процеси и
технологии со цел олеснување на
протокот на стоки.
Со директорката на Царинската
управа, г-ѓа Славица Кутиров
разговаравме за тоа како организацијата се справува со
пост-пандемиските предизвици и кои се најзначајните промени во
нејзиното работење што треба да
го олеснат и работењето на преку
11.000 домашни компании.
X Г-ѓа Кутиров, минатата година беше исклучително тешка на економски план, после двете пандемиски години. Како се одрази ова врз работењето на Царинската управа, какви се приходите во 2022?
Ако 2020 и 2021 година останаа
запаметени како години на
пандемија, кога сите се соочивме
со непредвидливоста и стравот
од тоа што се случува во
светот, на самиот почеток на
2022 година се соочивме со
нова, поширока економска и
енергетска криза како резултат
на воениот конфликт во Украина,
од која и ние како држава не
бевме изземени. Во тие услови, Царинската управа покажа
исклучителна способност за брзо
прилагодување и проактивно дејствување во новонастанатите околности. Со примена на низа интервентни мерки за ефикасно ублажување на последиците од кризата, со користење на нови алатки и начини на работа, брзо и успешно обезбедивме непречен
прекуграничен проток на стоките. Исто така, минатата година Царинската управа беше активен учесник во подготовката и имплементација на низа мерки кои ги донесе Владата, а се насочени за поддршка на домашните увозно-извозни компании. На самиот почеток на годината започна имплементација на мерката за трајно намалување или укинување на царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали за индустриско производство, пред сè наменети за извоз. Со тоа излеговме во пресрет на барањата на компаниите за намалување на царинските стапки, а воедно се изврши и усогласување на истите со стапките во ЕУ, што е од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар.
Така, во 2022 година бележиме
раст од 15% при наплата на приходите, во однос на 2021
година или 49% во однос на 2020 година, која беше и најтешка пандемиска година. Минатата година се остварени приходи од 119,2 милијарди денари или 15,6 милијарди повеќе од 2021 година, што претставува скоро половина од вкупните буџетски приходи на државата. Најзначајно е тоа што овие податоци покажуваат дека состојбите во домашната економија полека се подобруваат.
X Пред извесно време ги претставивте пред бизнис заедницата новитетите од процесите на дигитализација на царинското работење, па објаснете за нашите читатели за какви поволности конкретно се работи?
Дигитализацијата на царинското работење е значаен приоритет на Владата, на кој ние сме целосно посветени, бидејќи Царината е една од важните алки во меѓународниот синџир на снабдување, кој се заснова на глобални стандарди и правила за тргување. Навремената и ефикасна имплементација на европските регулативи и системи на национално ниво, а особено директната интерконекција во централните европски системи, го унифицира нивото и начинот на спроведување на царинските постапки со оние во развиениот свет, што е значајно за нас како држава, но пред сè е значајно за домашните компании бидејќи
дава предвидливост, забрзување на процедурите и истовремено намалување на трошоците, како силен поттик при нивното учество на пазарите на ЕУ и пошироко. Анализите покажуваат дека придобивките од дигитализацијата и олеснувањето на трговијата, таргетираат над 11.000 домашни компании - активни учесници во увозно – извозните постапки. Во таа насока, како резултат на силната посветеност на дигитализацијата, го ставивме во функција новиот Систем за обработка на царински
декларации и акцизни документи, со што успеавме да воспоставиме технолошки нова платформа за бесхартиено работење.
Она што е многу значајно е дека оваа нова платформа обезбедува интеграција и интероперабилност
со другите царински системи (NCTS, EXIM, ITE), наменети за електронско процесирање на сите царински постапки, како што се транзитните постапки, електронското издавање на дозволите за увоз – извоз, како и интеграција со системите и базите на податоци за администрирање на давачките и мерките поврзани со царинската тарифа и царинските одобренија. Платформата комуницира и со европски системи, а на национално ниво е поврзана со трезорскиот систем на Министерството за финансии, со Централниот регистар, а од неодамна и со Министерството за транспорт и врски, со системот за дозволи за превоз на патници. Голем предизвик, но и успех за нас е што во 2022 година преку оваа платформа обработивме над 1.3 милиони електронски документи и обезбедивме 99,7% достапност на сите услуги кои се дел од неа. Значајна новина со која во целост го заокруживме бесхартиеното работење во царинските постапки и на што сме посебно горди се новите сервиси ставени во функција со т.н. зелена царинска декларација. Сервисите кои ги нуди зелената царинска декларација им овозможуваат на економските оператори далечински без интервенција и физичка интеракција со царинскиот службеник да ја завршат постапката за еден час и да ги пуштат стоките во слободен промет. Имено, од ноември минатата година економските оператори, поконкретно застапниците, веднаш по пристигнувањето на стоките, електронски ја
INTERVIEW
П
Славица Кутиров
директорка на македонската Царинска управа
Значајна новина
со која во целост
го заокруживме бесхартиеното
работење во
царинските
постапки и на што сме посебно
горди се новите сервиси ставени
во функција со т.н.
зелена царинска
декларација.
Сервисите кои ги
нуди зелената
царинска
декларација им
овозможуваат
на економските
оператори
далечински без
интервенција
и физичка
интеракција
со царинскиот службеник да
ја завршат
постапката за
еден час и да ги пуштат стоките во слободен промет.
поднесуваат царинската увозна или извозна декларација преку
нивните системи до системот на
Царинската управа, во кој се врши
автоматска проверка и валидација
на податоците, електронско приложување на потребните
документи, автоматска селекција
на канал за контрола. Доколку
системот не предвидува контрола и нема дополнителни сомневања од царинскиот службеник, системот проверува дали се платени потребните давачки и автоматски ги ослободува стоките за еден час, за што електронски го
известува застапникот.
Врз основа на тековните податоци за селекција на декларации по канали, овие сервиси овозможуваат за околу 70% од увозните и 97% од извозните декларации да се комплетира царинската постапка за еден час. Ме радува што за оваа новина веќе добиваме многу позитивни коментари од царинските застапници и деловната заедница. Ова забрзување на царинските постапки значи помалку трошоци и ресурси за економските оператори, а тоа
пак влијае позитивно на нивната конкурентност.
X Кои се најзначајните активности на Царинската управа во насока на засилена регионална соработка како чекор кон побрзата интеграција на регионот кон ЕУ?
Царинската управа има интензивна соработка со земјите во регионот. Преку иницијативите како што се ЦЕФТА и Отворен Балкан, паралелно се одвиваат
повеќе активности и сите тие
пред сè имаат за цел олеснување
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 13
27 ЈАН. 2023 14
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139
на прекуграничната трговија и
побрза економска интеграција на
регионот во Европската Унија.
Зелените коридори за проток
на чувствителна стока,
имплементирани во текот
на пандемијата, успешно и
непречено функционираат
со земјите од ЦЕФТА, преку
граничните премини Табановце, Блаце и Ќафасан. На овие
премини се обезбедува
приоритетен третман за стоките
кои се на претходно усогласена
листа помеѓу земјите на ЦЕФТА,
при што вклучените страни
разменуваат известување пред
пристигнување на пратката
преку системот SEED на ЦЕФТА.
Позитивните искуства од
примена на Зелените коридори,
продуцираа активности во
регионот за нивно проширување
кон соседните земји членки на
ЕУ. Во јули 2022 година, во Солун
со гувернерот на Независната
управа за јавни приходи на
Република Грција потпишавме
Меморандум за разбирање
за електронска размена на
податоци, со кој први од регионот
воспоставивме примена на
овие коридори за стоките кои
излегуваат кон Грција. Нашиот
пример го следеа и Албанија
со Италија, како и Црна Гора и
Босна и Херцеговина со Хрватска.
Активностите ќе продолжат во
насока на проширување на овие коридори и со другите земји од ЕУ кои граничат со земјите од регионот.
Во насока на зајакнување на соработката и олеснување на регионалната трговија, минатата година го комплетиравме процесот на меѓусебното
признавање на статусот на Овластен економски оператор со Србија и Албанија.
Овој процес е значаен за
домашните компании иматели на сертификат за Овластен
економски оператор, поради критериумите кои треба да ги
исполнат и самата методологија
на валидација, базирани на
европската регулатива и пракса,
а истиот сега им обезбедува
проширување на поволностите
и во овие земји, приоритетен
третман и поедноставени
постапки, односно помал број на
физички и документарни царински
контроли, како и други директни
и индиректни поволности.
Позитивно е што домашните
компании веќе ги препознаваат
предностите од стекнување на
овој статус, при што во моментов
26 компании имаат статус на ОЕО,
чиј удел во вкупниот увоз и извоз изнесува околу 33%. Преку иницијативата на Отворен Балкан, која во моментот ги вклучува нашата земја, Србија и Албанија, значајно се забрзаа тековните активности, а се започнаа и нови. Во јуни оваа година на граничниот премин Табановце – Прешево, извршени се сите инфраструктурни зафати
и целосно е ставен во примена концептот One Stop Shop, при што колегите од Царина и Гранична полиција од Република Србија
се лоцираа на нашиот граничен премин. Така и на наша страна
се овозможи спроведување на граничните формалности
со единствено застанување на патничките и товарните возила. Овие контроли пред сè се однесуваат на проверка на патните исправи, а кај товарните возила на затворање на транзитниот документ кој ги следи стоките. Интензивно работиме и на воспоставување на истиот концепт и со Албанија на граничниот премин Ќафасан, кој очекуваме дека ќе биде ставен во функција до јуни оваа година. Спроведувањето на сите овие активности, покрај тоа што значително влијаат на унапредување на регионалната соработка и олеснување на трговијата, се и клучна поддршка на започнатите интеграциски процеси и преговорите со Европска Унија.
X Во рамки на иницијативата
Отворен Балкан граничниот премин Табановце почна пред неколку месеци да функционира како заеднички граничен пункт, но имаше реакции од бизнис заедницата дека и понатаму се соочуваат со долго чекање и сл. Каква е сега ситуацијата на терен?
Граничниот премин Табановце е најфреквентен премин во нашата држава, со тенденција на зголемување на бројот на движења како на товарни, така и на патнички моторни возила. Изминатата 2022 година преку овој премин бележиме проток на 39% од увозот и 24% од извозот на стоки во државата. Притоа, во 2022 година 190.000 товарни моторни возила влегле во државата преку овој премин, што во просек значи над 500 товарни возила дневно. Состојбата со
протокот на товарните возила
е вообичаена, без поголеми
задржувања на преминот. Во текот на летото, во екот на
годишните одмори, кога се соочивме со огромен наплив на патнички возила, се реализираа повеќе активности за краток рок кои имаа за цел забрзување на протокот. На влез во државата овозможивме непречено да функционираат 10 ленти, од кои 2 за товарни возила, една за автобуси и 7 за патнички возила, што претставува максимален број на ленти за влез на постоечката инфраструктура.
Исто така, за товарните возила воспоставивме брза лента за празни камиони и камиони кои превезуваат стока со европски транзитен документ NCTS, коишто повеќе не е потребно да влегуваат
во граничниот царински
INTERVIEW
Славица Кутиров
директорка на македонската Царинска управа
Дигитализацијата на која сме силно фокусирани, преку воведувањето на новите сервиси за целосно бесхартиено работење кои се применуваат без непосредна интеракција со царинските службеници, овозможува намалување на субјективизмот при одлучувањето и верувам дека е најсилното оружје за сузбивање на коруптивните појави.
терминал на Табановце. Со поддршка од ЕВН надминат е и долгогодишниот проблем со
прекини на електричната енергија
на преминот, кој предизвикуваше
повремени падови на системите за евиденција и контрола на самиот граничен премин. Во координација
со колегите од Царинските управи и Гранична полиција од земјите од Отворен Балкан, се работи
и на дополнителни олеснувања кои верувам дека ќе придонесат за намалување на времето на чекање на преминот, пред сè во текот на туристичката сезона.
X Пред извесно време имавте рекордна заплена од еден милион евра вредно злато и девизи. Каква е тенденцијата на заплени во 2022 во однос на претходната година?
Покрај ефикасната наплата на приходите, олеснувањето на
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 15
27 ЈАН. 2023 16
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139
трговијата, главен приоритет за
нас е и заштитата на сигурноста и
безбедноста на нашите граѓани,
преку откривање и спречување
на сите видови на криминал
и недозволена трговија. Во
таа насока, во текот на 2022
година бележиме 114 случаи на
заплени, што претставува двојно
зголемување на случаите во
однос на претходните две години.
Мобилните тимови на Царинската
управа минатата година запленија
над 8 тони дроги и психотропни
супстанци, како и девизи, злато и
акцизна стока со вредност над 2
милиони евра.
Значајно е да се спомене
случајот во декември минатата
година, кога мобилните тимови
остварија рекордна заплена на
злато и девизи во вредност од
еден милион евра, во автобус
на излез од државата. Борбата
против организираниот криминал
и спречување на обидите за
нелегална трговија се наш врвен
приоритет, кој и во иднина ќе
остане во фокусот на Царинската
управа.
X Една од најгорливите теми за македонското општество и економија е корупцијата, односно
борбата за нејзино сузбивање.
Како во Царинската управа се справувате со овој предизвик?
Функционира ли некаков систем на внатрешни контроли, систем на поплаки од бизнисите и сл.?
Сузбивањето на коруптивните
појави во Царинската управа
е наш приоритет и се третира
на системско ниво. Ние сме
институција која има воспоставено
одделна независна организациона
структура за професионална
одговорност, со која покрај
откривање на отстапувања од професионално и етичко работење
на царинските службеници, работи и на намалување на
корупцијата. Минатата година се
спроведени вкупно 159 внатрешни
истраги и контроли, при што врз основа на наодите покренати
се 20 дисциплински постапки по различни основи. Учесниците
во царинската постапка, своите
поплаки можат да ги достават
преку отворената телефонска
линија 197 или преку електронска
пошта или писмено, по што
задолжително се постапува.
Исто така, минатата година
презедовме низа други
конкретни мерки и активности
кои влијаат на справување
со коруптивните појави. Од
април 2022, започнавме со
задолжителни ротации на
царинските службеници на
граничните премини и царинските терминали, како една од најефикасните превентивни мерки која се применува и во земјите од Европската Унија. Тој процес ќе продолжи и годинава. Исто така, во соработка со Амбасадата на САД, следејќи го позитивното искуство на Министерството за внатрешни работи, работиме на воведување на т.н. боди или телесни камери, наменети пред сè за царинските службеници на граничните премини. Дигитализацијата на која сме силно фокусирани, преку воведувањето на новите сервиси за целосно бесхартиено работење кои се применуваат без непосредна интеракција
со царинските службеници, овозможува намалување на субјективизмот при одлучувањето и верувам дека е најсилното оружје за сузбивање на коруптивните појави. X Во изминатиов период многу се зборува за почеток на процесот на преговори и пристапување на државата во Европската унија. Каде е Царината на тој пат и кои се новините кои можеме да ги очекуваме оваа година?
Царинската управа многу сериозно пристапува на процесот на навремено дефинирање и
планирање на идните приоритети и активности. На тоа интензивно работевме и во текот на минатата година, при што дефиниравме јасна рамка и динамика на проекти и активности кои започнуваат со реализација годинава. Примената на европските стандарди и најдобри практики се наш императив во работењето. Во таа насока, би споменала дека евроинтеграцискиот процес е високо на нашата агенда оваа година, имајќи предвид дека Владата на нашата институција ја додели улогата да раководи со Поглавје 29: Царинска унија. Веќе се формирани преговарачки тимови и се започнати подготовките за првиот билатерален состанок за ова поглавје, закажан за јуни оваа година. Покрај во Поглавје 29, Царинската управа со свои експерти активно учествува и
во 12 други поглавја, со значаен придонес за прашањата во
надлежност на Царината.
Новите проекти чија
имплементација ќе започне
годинава, се дел од агендата за усогласување со последните
регулативи и системи задолжителни за примена на земјите од Европската Унија и се дел од Повеќегодишниот план за воведување на еЦарина на Европската Унија. Во таа насока, продолжувајќи ја дигиталната трансформација на Царината, годинава ќе започнеме со развој и имплементација на четири нови царински системи, и тоа: нов транзитен систем – NCTS 5, нов национален едношалтерски систем (NSW), систем за електронска регистрација на економски оператори EORI 2, како и нов систем за контрола и истраги.
Многу е значајно што годинава ќе започнеме и со имплементација на централен податочен склад, кој ќе ги интегрира царинските бази на податоци и кој ќе овозможи примена на напредни алатки за предвидливи анализи и алатки базирани на вештачка интелигенција, што придонесува за ефикасно откривање и справување со ризиците и заканите во царинското работење. Годинава ќе започнеме и
со воведување на еден нов концепт на т.н. паметни граници. Во рамките на овој концепт на граничните премини и терминали ќе поставиме нова опрема базирана на современи технологии, која ќе може да комуницира меѓу себе и да се интегрира со тековната ИКТ инфраструктура и системи. Оваа опрема вклучува нов систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички на возилата (CCTV и ANPR), интегриран со читачи на кодови на документи, нови автоматизирани рампи и ваги. Целосната имплементација на овој нов концепт на работа, во кој повеќето процеси ќе се одвиваат автоматски, ќе придонесе на намалување на потребата од човечки фактор на граничните премини и терминали, ќе го забрза протокот, ќе влијае на поефикасни контроли и ќе придонесе за намалување на сивата економија и корупцијата. Средствата за овие нови проекти во најголем дел се обезбедени од ИПА програмите преку Делегацијата на Европската Унија во Скопје, заем од Светска Банка, други странски донатори, како и Буџетот на државата. Следејќи го мотото на Светската царинска организација за оваа година „Негување на идната генерација: промовирање култура на споделување на знаење и професионална гордост
INTERVIEW
Славица Кутиров
директорка
македонската Царинска управа
во царината“, наш приоритет годинава ќе биде стекнувањето
на знаења и реализација на повеќе обуки од различни области, пред сè наменети за помладите царински службеници.
Истовремено ќе работиме на мотивирање на поискусните колеги да го споделат своето знаење.
За тоа ќе ја користиме и опремата
која неодамна ја добивме од
Светската царинска организација со поддршка на Царинската служба на Кореја, базирана на иновативна технологија за виртуелно учење, преку која се спроведуваат напредни обуки за царинските службеници со користење на систем за виртуелна реалност за детална контрола на пратки и откривање на обиди за недозволено пренесување на стока.
Многу е значајно
што годинава ќе
започнеме и со
имплементација
на централен
податочен склад, кој ќе ги интегрира
царинските бази на
податоци и кој ќе
овозможи примена
на напредни алатки
за предвидливи
анализи и
алатки базирани
на вештачка
интелигенција, што
придонесува за
ефикасно откривање
и справување со
ризиците и заканите
во царинското
работење.
Преку развој на организациската
култура, градење на човечки капитал и управување со знаења насочени кон новата генерација на царински службеници, Царинската управа продолжува со зајакнување на довербата и продлабочување на соработката со бизнис заедницата, другите владини агенции и меѓународните партнери. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 17
на
РАСТ НА
ОНЛАЈН ТРГОВИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД 2022 КОН ДОМАШНИ
Е-ТРГОВЦИ
РЕАЛИЗИРАНИ
ПРЕКУ 280 МИЛИОНИ ЕВРА, ПОРАСТ ОД 20%
Реализирани се вкупно онлајн трансакции вредни преку 411 милиони евра, што е пораст од 28,2% во однос на претходната година.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 18 ЕКОНОМИЈА
СЕ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 19
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 20 ЕКОНОМИЈА
Согласно најновите објавени податоци
за безготовински
платежни трансакции
на виртуелните места
на продажба на
Народната банка на Република
Северна Македонија во првите
девет месеци од 2022 година
вкупната вредност на онлајн
трансакциите реализирани во
земјата и во странство со домашни
и странски картички, изнесува 25.3 милијарди денари или преку 411 милиони евра (2.8 милијарди денари просечно месечно) што
претставува пораст од 28.2% во
однос на истиот период минатата
година кога се остварила вредност
од 19.7 милијарди денари (2.2 милијарди денари просечно месечно).
Гледано по месеци, во третиот квартал почнувајќи од јули кога има пораст од 22.6% речиси ист како порастот во јануари, во наредните месеци се намалува и во септември порастот на вкупните онлајн трансакции изнесува 9.4% во однос
на истиот месец минатата година. Физичките лица во првите три квартали од 2022 година оствариле раст во онлајн трансакциите од 24.8% спрема 36.9% остварени од правните лица, а со тоа се намалува учеството на физичките лица во вкупните онлајн трансакции на 69.6%.
Со домашни картички кон домашни е-трговци во првите 9 месеци од 2022 година остварени се 17.3 милијарди денари (околу 280 милиони евра) и остварен е раст од 20% во споредба со истиот период минатата година. Она што е забележително како резултат на враќање на животот во нормала е поголем раст на вредноста на направените трансакции кон странски е-трговци, како и од странски картички кон домашните е-трговци.
Заживување кај купувањето
од странство со домашни картички Поголем пораст има кај купувањето во странство со домашни картички и во првите 9 месеци од 2022
година остварени се 7 милијарди
денари што преставува раст од 52.3% во споредба со истиот период
минатата година. Странците кон
домашните трговци направиле
онлајн трансакции во износ
од милијарда денари односно
остварен пораст во првите 9
месеци од 2022 година од 37.3% во
однос на истиот период минатата година.
Кон македонските е-трговци се
слеале 18.3 милијарди денари
остварени од домашни и странски
картички во разгледуваниот период
што значи пораст од скоро 21% во
однос на истиот период минатата година.
Што се однесува до структурата, според резидентноста на е-трговецот и издавачот на платежните картички може да се забележи дека согласно остварениот раст на вредноста на платежните трансакции во странство, на 28% се зголемува и вредноста на платежни трансакции во странство со домашни картички од вкупната вредност остварена
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 21
НИНА АНГЕЛОВСКА претседателка на АЕТМ
По значајното зголемување на реализираните онлајн трансакции предизвикани
со COVID-19 пандемијата, позитивно е што трендот
на раст продолжува
и понатаму. Растот во
вредноста на вкупните онлајн трансакции во
првите 9 месеци од 2022
година изнесува 28.2% во
споредба со истиот период минатата година.
во првите 9 месеци од 2022 година спрема 23% во истиот период минатата година.
Нови 169 интернет продажни места во Македонија Вкупниот број на направени онлајн трансакции во првите три квартали од 2022 година изнесува 12.3 милиони трансакции, што преставува пораст од 16.4% во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година (10.5 милиони трансакции). Поголемиот пораст на вредноста на направените трансакции од бројот ја зголемува вредноста на просечната трансакција.
И во текот на првите 9 месеци од 2022 година се забележува
пораст на новоотворени интернет продажни места, па така во првите 9 месеци од 2022 година
се отворени 169 нови интернет продажни места.
“По значајното зголемување на реализираните онлајн трансакции
предизвикани со COVID-19 пандемијата, позитивно е што трендот на раст продолжува и понатаму. Растот во вредноста на вкупните онлајн трансакции во
Што се однесува до
структурата, според резидентноста
на е-трговецот
и издавачот
на платежните
картички може да
се забележи дека
согласно остварениот
раст на вредноста
на платежните
трансакции во
странство, на 28%
се зголемува и
вредноста на платежни
трансакции во
странство со домашни
картички од вкупната
вредност остварена
во првите 9 месеци од
2022 година спрема
23% во истиот период
минатата година.
првите 9 месеци од 2022 година изнесува 28.2% во споредба со истиот период минатата година. Очекувано е дека со враќање на животот во нормала и можноста за патување остварен е поголем пораст на онлајн трансакциите кон странство, како и од странци кон домашните е-трговци. Со тоа се менува односно намалува учеството на трансакциите кон домашни е трговци од 77% на 72% во вкупните онлајн трансакции.“, вели претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска.
Но, остварениот пораст на вредноста на онлајн трансакциите кон домашните е-трговци во првите 3 квартали од скоро 21% спрема истиот период лани, како и зголемувањето на понудата до септември оваа година со нови 169 интернет продажни места ни дава позитивни сигнали за домашната е-трговија како на страната на побарувачката така и на страната на понудата, додава таа.
„Продолжуваме будно да го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, како и да преземаме соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.”
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 22
ЕКОНОМИЈА
ДОКАЖАН ПАРТНЕР
НА БИЗНИСОТ
Ни ден повеќе без камата на
вашата сметка
0.5% за МКД и 0.3% за ЕУР
ФЛЕКСИБИЛНО
користење на средства во секое време
24/7
управување со сметката преку е-банкарство КАМАТА
по видување со месечна исплата
mkd.info@procredit-group.com
www.pcb.mk
БАЛКАН ПРАЈМ ТУРС И ВИНАРНИЦАТА „КУКУТАНОВ“ СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ
СОЗДАДОВМЕ
АВТЕНТИЧНО ВИНСКО
ТУРИСТИЧКО
ДОЖИВУВАЊЕ ВО
РАДОВИШКИОТ КРАЈ!
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023
36 ТУРИЗАМ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
еретко велиме дека ако е нешто добро и квалитетно, сигурно ќе го најде патот кон успехот. Дека ако работиме со страст и љубов, го вложуваме целото свое знаење и искуство, нема ограничувања. Сето ова како и приврзаноста кон Радовиш е врзувачката точка помеѓу Влатко Сулев, оперативен директор на Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tour) и Ѓорѓи Кукутанов сопственик на винарницата „Кукутанов“. Првиот секогаш во потрага по автентични туристички доживувања кои сака да ги понуди на своите клиенти, вториот со желба да произведе што е можно поквалитетно и поприродно македонско вино. Заедничко за двајцата е амбицијата, желбата за унапредување, иновативноста во работењето.
А токму желбата на Влатко Сулев да понуди автентично искуство за странските туристи во источниот дел
Желбата на Влатко Сулев да понуди автентично искуство за странските туристи во источниот дел од земјава, или пак да организира интересен компаниски тим билдинг, го донесе во винарницата „Кукутанов“.
со Ѓорѓи
нејзиниот
сопственик,
создаваат уникатна можност за уживање на странските, но и домашните туристи, секако, во природните убавини радовишкиот крај,
локалните специјалитети, како и во дегустацијата
на квалитетни македонски вина.
од земјава, или пак да организира интересен компаниски тим билдинг, го донесе во винарницата „Кукутанов“.
"Развивме концепт и програма за посета на Радовиш што вклучува планинарска тура на Плачковица во (недопрена букова и ) дабова шума, прошетка покрај езерото Мантово, дегустација на вино во винарницата ‘Кукутанов’, со можност да се види како на традиционален начин се произведува вино, да се вкуси природен радовишки мед, сирење, ајвар...Во дворот на винарницата има фурна на дрва каде може да се присуствува на часови по готвење и подготовка на радовишки сомун (пастрмајлија), на традиционална баница и многу повеќе, и сето тоа во придружба на непосредните организатори од Балкан Прајм Турс, кои секогаш имаат интересни локални приказни... ќе се согласите звучи интересно!" вели Сулев. Источна Македонија е неоткриен бисер. Треба само да се истражува, додава Влатко, експерт за туризам, генерален менаџер на Балкан
Прајм Турс и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) кој сака да ја промени сликата за туризмот како гранка во Македонија. Според него тоа е најчистиот и најдобриот
бизнис што може да придонесе за развој на претприемништвото во земјава, да ги поттикне младите да останат дома и да развиваат сопствен бизнис, да ја промовираат Македонија во најубавото можно
светло.
Според него странските туристи сакаат автентични доживувања, искреност и оригиналност.
„Од локалното население не очекуваат глума или преправање, не очекуваат да бидат нешто
што не се. Сакаат обични работи, лични доживувања и тоа знаат да го ценат. Сакаат свежа, убава и оригинална храна приготвена на традиционален начин, сакаат да ги посетат македонските винарници, да видат изворно како се произведува вино, како се произведува сирење… уникатно туристичко искуство. Сакаат нешто што го немаат во нивните матични
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 37
Н
Источна Македонија е неоткриен бисер
Заедно
Кукутанов,
ЃОРЃИ КУКУТАНОВ
сопственик на винарницата „Кукутанов“
Кукутанов е семејна винарница со
почетен капацитет од 30.000 шишиња
годишно, која е секогаш отворена за туристичките групи, од земјава или странство кои сакаат организирана винска претстава (посета). Да дегустираат, да дискутираат и подетално да се запознаат за самиот вински процес. Нашето вино е различно, а во комбинација со радовишка храна, резултатите се неверојатни. Радовишани се добри домаќини. Гостите не мора да одат некаде далеку за да доживеат искуство што ќе им го промени животот. Доволно е да дојдат тука“.
земји. Тие не преферираат луксузни
хотели и ресторани, туку автентично
семејно доживување.“
Автентична винска приказна
Затоа Влатко заедно со
радовишката винарница
„Кукутанов“ создаваат една
нова и уникатна туристичка
понуда, која вклучува и интересна
винска приказна. Во моментов
од „Кукутанов“ излегува добро
познатото Шардоне, потоа
уникатното Розе, добиено од
автохтоната сорта на грозје
Радовишка (Ж’та) прачка, како
и елегантното Мерло „зачинето“
со радовишки тероар, сите вина
наменети за страсните љубители
на виното. Кога странците ќе ги
пробаат овие вина, изненадени се
ВЛАТКО СУЛЕВ
оперативен директор на Балкан Прајм Турс Источна Македонија е неоткриен бисер. Треба
само да се истражува. Туризмот е најчистиот
и најдобриот бизнис што може да придонесе
за развој на претприемништвото во земјава, да ги поттикне младите да останат дома и да развиваат сопствен бизнис, да ја промовираат
Македонија во најубавото можно светло.
Странските туристи сакаат автентични доживувања, искреност и оригиналност.
Сакаат свежа, убава и оригинална храна приготвена на традиционален начин, сакаат да ги посетат македонските винарници, да видат изворно како се произведува вино, како се произведува сирење… уникатно туристичко искуство.
од нивниот природен и чист вкус, како и од нивниот раскошен мирис, кој никого не остава рамнодушен. "Кукутанов е семејна винарница со почетен капацитет од 30.000 шишиња годишно, која е секогаш отворена за туристичките групи, од земјава или странство кои сакаат организирана винска претстава (посета). Да дегустираат, да дискутираат и подетално да
се запознаат за самиот вински процес. Нашето вино е различно, а во комбинација со радовишка храна, резултатите се неверојатни. Радовишани се добри домаќини.
Гостите не мора да одат некаде далеку за да доживеат искуство што ќе им го промени животот.
Доволно е да дојдат тука“, вели
Ѓорѓи Кукутанов сопственик на
винарницата.
Мисијата на Балкан Прајм Турс е да открива нови убавини во нашата земја и на тој начин да придонесе кон развој на туризмот. „Да создаде трајни вредности и туристички содржини кои во иднина ќе нè радуваат, исполнуваат и на кои сите ние ќе бидеме горди. Да креира незаборавни доживувања кои ќе се прераскажуваат. Токму затоа во агенцијата обрнуваме внимание на секој детаљ. Последниве месеци сме фокусирани на тим билдинг турите низ земјава кои се навистина креативни, а импресиите од нив се фантастични.“, вели Влатко Сулев од Балкан Прајм Турс. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023
38 ТУРИЗАМ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
ХРВАТСКИОТ ТУРИЗАМ ДОБИВА НА КОНКУРЕНТНОСТ
ВО ХРВАТСКА
ПРИСТИГНУВААТ ТРИ
СВЕТСКИ ХОТЕЛСКИ
БРЕНДОВИ ВО ИСТО ВРЕМЕ
Hyatt ќе го гради првиот хотел во Хрватска, во Задар, Marriott ќе изгради хотел во Ичиќи, додека Mövenpick го завршува својот втор хотел во земјата, во Сплит.
покрај фактот што
светските синџири
на хотели често ја заобиколуваат Хрватска
во нивните инвестициски планови, нивниот туризам ќе добие три
високо луксузни брендирани објекти оваа и следната година. Оваа недела го означува официјалниот почеток на градежните работи на хотелот Hyatt Regency Zadar Maraska во
Задар, во поранешното седиште на фабриката за пијалаци Мараска, пишува загрепски Лидер Медиа. Најавено е доаѓањето на претставниците на инвеститорите, односно Ферит
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 40 РЕГИОН
И
Сахенк, претседателот на управата на Doğuş Group, Такиa Аојама, потпретседателот за развој на Hyatt International, како и Николина Брњац, министер за туризам и
спорт на Хрватска.
Hyatt Regency Zadar Maraska ќе
работи како дел од брендот Regency на Hyatt International Group и
е првиот хотел под брендот Hyatt во Хрватска. Со своите 133 пространи соби и апартмани, покрај врвната
понуда за гостите, хотелот ќе вклучува и конференциски објекти
и простори за состаноци кои дополнително ќе придонесат за развојот на туризмот во Задар, а планирано е хотелот да се отвори во 2024 година.
Важен чекор за Задар како туристичка дестинација Според локалниот портал 057info, изведувач ќе биде Камград, една од најголемите градежни компании во Хрватска. Покрај луксузниот хотел, Групацијата Doğuş има намера
да изгради и луксузни апартмани
под брендот Hyatt, што е прв таков пример во Хрватска, но според еден локален портал, во Задар се уште има политички дискусии околу ова.
Како што ексклузивно изјави Бурак
Бајкан, регионален директор
на Групацијата Doğuş за Лидер
минатата година пред Турскохрватскиот форум, Maraska во моментов е единствениот, но и најголемиот проект на Doğuş во Хрватска, вклучува врвен хотел со станбен комплекс и вкупната вредност на инвестицијата ќе биде околу 120 милиони евра, а хотелскиот дел ќе изнесува околу 50 милиони евра.
И првиот хотел Hyatt во Турција
исто така бил инвестиција на Doğuş, а компанијата со Hyatt соработува речиси 30 години, па ваквата соработка подразбира заеднички вложувања и во Хрватска. Doğuş преговара со овој хотелски бренд околу Maraska проектот уште од 2016 година, но во меѓувреме мораше да се ревидираат некои услови за соработка.
Бајкан изјави дека Hyatt е многу важен чекор напред за Задар, што автоматски ја подигнува вредноста на дестинацијата
и дека се размислува за понатамошна соработка со овој ланец хотели во однос на развојот на хотелиерството во Хрватска.
Според неговата проценка, ќе бидат потребни пет до седум години за Maraska како производ да порасне и да застане на свои нозе на пазарот. Не само во финансиска смисла, туку и да се создаде
во Задар, во поранешното седиште на фабриката за пијалаци Мараска.
потребниот стандард за квалитет на услугата, за што е потребен подолг временски период. За првите 200 брендирани станбени единици во Хрватска, наводно веќе се заинтересирани потенцијални купувачи со висока платежна моќ од хрватската дијаспора и централна и источна Европа, што значи Чеси, Словаци, Унгарци, Полјаци, Австријци, главно странци. За станови се распрашуваат и богаташите кои доаѓаат во Задар на мега јахти. И Marriott и Mövenpick со нови хотели во Хрватска Минатиот петок беше најавено и свеченото потпишување на договорот помеѓу Mariott International и Meszaros Group за управување со идниот луксузен хотел Riva's Hotels & Resorts во Ичиќи, кој треба да ги отвори вратите за своите први гости во сезоната 2024 година. Проектот вреден околу 100 милиони евра го развива унгарскиот претприемач Лоринц Мезарош, за кого по фудбалскиот камп во Осиек ова е најголемата инвестиција во Хрватска, а ја развива со локалната компанија DDG Group.
Riva's Hotels & Resorts ќе има 5 ѕвезди, 185 соби и 12 вили. Проектот опфаќа и изградба на пристапен пат, пешачки мост до морето и уште некои побитни инфраструктурни зафати. Мarriott Hotels се дел од портфолиото на Marriott Bonvoy, кое управува со вкупно 30 хотелски
брендови.
Исто така, по отворањето на првиот хотел Mövenpick во Загреб во март минатата година, групацијата Accor годинава отвора луксузен хотел под истиот бренд и во Сплит. Во Загреб, Mövenpick се наоѓа во близина на аеродромот и е повеќе деловен хотел, додека оној во Сплит ќе биде за одмор, на плажата Жњан, а Accor го гради во партнерство со компанијата Split Peninsula Properties d.o.o. и со развојниот тим на компанијата MPPD d.o.o..
Новиот хотел Mövenpick Split ќе има 156 соби со поглед на море, два ресторани и спа центар, како и иновативен работен простор и објект за одржување конференции. Хотелот ќе располага и со 110 подземни и надземни паркинг места со голем број станици за полнење на електрични возила. Како најсветлиот бисер на хотелот, инвеститорите најавуваат уникатен ресторан на покривот, lounge простор и тераса со infinity базен. Минатата недела, Accor одржа меѓународна онлајн пресконференција, на која го претстави својот нов бренд Handwritten Collection, во кој има намера да вклучи 250 хотели до 2030 година. Според изјавата на менаџментот, Accor лани отворал во просек по еден нов хотел дневно. Наскоро ќе бидат отворени пет нови хотели под новиот бренд Handwritten Collection на сите континенти, но засега нема најави дека ќе има негово присуство и во Хрватска. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 41
Првиот хотел од брендот Hyatt во Хрватска ќе биде лоциран
ПОГРЕШНИТЕ ПРОЦЕНКИ НА ДИРЕКТОРИТЕ МНОГУМИНА ЌЕ ГИ ЧИНАТ
ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ
ОТПУШТААТ ПРЕКУ
50 ИЛЈАДИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023
СВЕТ
42
ВРАБОТЕНИ
РАБОТНО МЕСТО
Две години по неверојатниот успех
на технолошките
гиганти среде пандемијата, ситуацијата во овој индустриски сектор се влошува секојдневно бидејќи компаниите се соочуваат
со растечка економска несигурност.
Во текот на последниве три месеци, планови за отпуштање беа објавени од Amazon, Google и Alphabet, Microsoft и матичната
фирма на Facebook, Meta.
Заедно, тие ќе отпуштат повеќе од 50.000 вработени, што е неверојатен пресврт во споредба со раните денови на пандемијата
кога технолошките компании рапидно растеа за да бидат во тек со зголемената побарувачка од домаќинствата кои мораа да работат и да купуваат онлајн.
Во тоа време, многу извршни директори на технолошките гиганти се чинеше дека очекуваа растот да продолжи и по пандемијата.
Погрешни проценки на топ менаџментот До септември 2022 година, Amazon повеќе од двојно ја зголеми својата корпоративна работна сила во споредба со истиот месец во 2019 година, вработувајќи повеќе од половина милион нови работници. Meta речиси го удвои
Во текот на
последниве три
месеци, планови
за отпуштање
беа објавени
од Amazon,
Google и Alphabet, Microsoft и
матичната фирма
на Facebook, Meta. Заедно,
тие ќе отпуштат
повеќе од 50.000
вработени, што
е неверојатен
пресврт во
споредба со
раните денови на пандемијата кога
технолошките
компании
рапидно растеа
за да бидат во тек
со зголемената
побарувачка од
домаќинствата
кои мораа да
работат и да
купуваат онлајн.
бројот на вработени во периодот
од март 2020 година до септември
минатата година. Microsoft и
Google, исто така, ангажираа
илјадници дополнителни
работници, исто и другите
технолошки компании како Salesforce, Snap и Twitter, коишто пак, исто така најавија отпуштања во
последните недели, објави CNN.
Сепак, се чини дека директорите
погрешно процениле колку
растот поттикнат од пандемијата
ќе продолжи откако луѓето ќе
се вратат во нивните „офлајн
животи.“
Зголемените каматни стапки, инфлацијата и стравувањата
од рецесија доведоа до
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 43
пад на рекламирањето и
потрошувачката во последните
месеци, а сето тоа се одрази на
профитот и цените на акциите
на најголемите технолошки
компании. Аналитичарите од
Волстрит очекуваат едноцифрен
раст на приходите во текот на
најважниот декемвриски квартал
за Google, Microsoft и Amazon, и
опаѓање за Meta и Apple, кога ќе
пријават заработка во наредните
недели, според проценките на
Refinitiv.
Уште само Apple не објавил
дека ќе дели откази
Неодамнешните отпуштања
во повеќето случаи изнесуваат
релативно мал процент од
вкупниот број вработени во
споменатите компании, но тие
сепак ги менуваат животите
на десетици илјади отпуштени
луѓе кои сега се оставени да
бараат нови работни места во
технолошкиот сектор.
„Тие стигнаа од тоа да бидат на
врвот на светот до моментот
да донесат некои навистина
тешки одлуки“, изјави за
CNN, Скот Кеслер, шеф на глобалниот сектор за технологија, медиуми и телекомуникации во инвестициската компанија Third Bridge.
Apple останува исклучок како единствениот технолошки гигант кој допрва треба да објави отпуштања, иако компанијата, наводно, воведе „замрзнување“
на вработувањата во сите
области освен во секторот истражување и развој. Apple го зголеми својот персонал за 20 проценти од 2019 година до минатата година, значително помалку од некои конкуренти. „Тие зазедоа навидум повеќе промислен пристап кон вработувањето и целокупното управување со компанијата“, вели Кеслер.
Сундар Пичаи, шефот на Google (Alphabet), исто како и Марк Закерберг
од Facebook (Meta)
неодамна, ја презеде вината за отпуштањата во компанијата, и рече дека планира да го врати фокусот на компанијата на нејзината основна дејност и „највисоки приоритети“.
Шефовите на Google и Facebook ја презедоа вината Извршните директори во технолошкиот сектор, од Марк Закерберг од Meta до Марк Бениоф од Salesforce, се обвинуваат себеси за прекумерното вработување на почетокот на пандемијата и погрешното предвидување дека растот на побарувачката за нивните производи ќе продолжи и откако пандемијата ќе попушти. Сундар Пичаи, шефот на Google (Alphabet), исто така ја презеде вината за отпуштањата во компанијата, и рече дека планира да го врати фокусот на компанијата на нејзината основна дејност и „највисоки приоритети“.
Apple е засега
единствената компанија
од редот на Big Tech
која ги намалува
платите на извршните директори. Тоа го
побара самиот Тим Кук, извршен директор на компанијата, а неговиот
надомест ќе биде
намален за повеќе од 40 отсто во 2023 година.
„Фактот дека овие промени ќе влијаат на животите на вработените во Google, многу ми тежи и ја преземам целосната одговорност за одлуките коишто не’ доведоа овде“, напиша Пичаи во пораката до вработените која беше објавена на официјалната веб-страница на компанијата минатата недела. Она што е исто така интересно е дека Apple е единствената компанија од редот на Big Tech која ги намалува платите на извршните директори. Тоа го побара самиот Тим Кук, извршен директор на компанијата, а неговиот надомест ќе биде намален за повеќе од 40 отсто во 2023 година. nnn
KAPITAL.MK I
1139
БРОЈ
27 ЈАН. 2023 44 СВЕТ
ОДЛИЧНА ИНВЕСТИЦИЈА
околку сте во потрага по нов дом кој ќе внесе потполно нова енергија, свежина и перспектива во вашиот живот, становите во градба се вистинскиот избор за вас. Инвестицијата во недвижност во изградба отвора широк спектар на можности кои ќе ви обезбедат избор на персонализиран дом, но и можност за зголемена финансиска вредност. Во таа насока ви претставуваме 5 важни причини зошто становите во градба се одлична инвестиција. u Добивате потполно нова градба
без потреба од дополнителни вложувања Доколку се одлучите вашиот иден дом да биде стан во градба добивате одлична поволност, бидејќи со тоа се стекнувате со новоградба во која не е потребно да правите дополнителни вложувања. Новите градби се изработуваат од современи материјали кои се одликуваат со квалитет и енергетска ефикасност, со што вашите трошоци во иднина дополнително ќе бидат намалени. Во новите градби се поставуваат нови инсталации на струја и вода според последните стандарди во градежништвото, така што идните корисници ќе немаат потреба да се изложат на дополнителни трошоци. Повеќето инвеститори практикуваат
при изборот на фината изработка, односно плочките и санитариите во домот да ги консултираат и идните сопственици, со што тие ќе имаат можност да дадат сопствен печат во својот иден дом.
u Повoлни кредити за отплата на рати Становите во градба може да се стекнат и преку поволни кредити наменети специјално за недвижности во изградба. Со тоа градењето на финансиска конструкција за набавка на нов дом станува многу полесно и подостапно.
Во моментов постои одлична можност преку станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“ – МГ Фешн да се стекнете со дом во објектот „Гранд Ривер“, преку одлични услови креирани во согласност со македонските стандарди. Овие станбени кредити нудат бројни поволности, како: најдолг рок на отплата, атрактивна месечна рата, гарантирана каматна стапка, ослободување од административни и нотарски трошоци за одобрување на кредитот итн. Повеќе информации за нив се достапни на GRAND Кредити –Grand Skopje.
u Добивате безбеден објект според современи стандарди Освен квалитетната градба во согласност со најновите технолошки достигнувања, новоградбите поседуваат и одлични услови во однос на одржувањето и безбедноста на објектите, кои не можат да се најдат кај постарите градби. Објектот „Гранд Ривер“, кој се гради во склоп на комплексот „Гранд Скопје“, поседува контролиран пристап на влез, домар и обезбедување 24/7, како и безбедносни камери и алармни системи кои вашето домување ќе го направат сигурно и безгрижно. Новоградбите полесно се одржуваат од аспект на чистота, па така во заедничкиот внатрешен простор ќе бидете сигурни дека ќе наидете на чисти површини кои вашето живеење ќе го направат пријатно и удобно.
u Креирате дом во согласност
со вашиот карактер и визија Доколку се одлучите да инвестирате во дом кој е во фаза на градба со сигурност ќе можете да знаете дека добивате дом во кој вие ќе бидете први жители, катче каде вие ќе можете да ја креирате својата приказна и потполно нова енергија креирана за нови почетоци и успеси. Откако ќе ја направите уплатата за вашиот дом во градба и ќе ја дознаете временската рамка кога ќе биде тој готов, ќе имате доволно време да се посветите на неговото внатрешно уредување. Набавката на мебел и декорација за вашиот дом нема да биде стресна, туку напротив ќе имате време да уживате во изборот на материјали кои ќе го красат вашето живеалиште и ќе му дадат посебен декор и шарм.
u Повисока вредност откако објектот ќе биде изграден Новоградбата, квалитетните материјали, можноста за поволни
услови за купување ги прават недвижностите во градба атрактивен тип на инвестиција. Со инвестиција во стан во градба можете да биде сигурни дека кога објектот ќе биде завршен ќе добиете недвижност со повисока вредност од онаа што сте ја вложиле.
Ова е посебно изразено во последниот период кој се карактеризира со голем раст на цените на становите. Така, според официјалните податоци на Народна банка, цените на становите во земјава во третиот квартал од 2022 година пораснале дури 21,2 отсто во однос на истиот период минатата година, а предвидувањата на експертите се дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.
Порастот на цените на недвижностите експертите го препишуваат на политичко-економските фактори, ограничениот број на локации за градба, порастот на цените на градежните материјали, но и на работната сила која сè почесто заминува во странство.
Овие информации говорат дека можете да бидете сигурни оти инвестицијата која сега ќе ја направите со тоа што ќе се решите вашиот иден дом да биде недвижност во градба со сигурност ќе ви се исплати.
Сите оние што се во потрага по нов дом кој е во градба на неповторлива и атрактивна локација во строгиот центар на Скопје можат да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.
5 ПРИЧИНИ ЗОШТО
Д
ПЛАНИРАЊЕ
ТЕОРИЈА, ПРАКСА И
ПОНЕКОЕ ПРОРОШТВО
Зошто управувањето со залихи или, уште подобро, балансирањето на залихите е најважното нешто во бизнисот на која било трговска или производствена компанија?
Ова може да се објасни само со пракса. Како што теоријата за атомите се покажа како точна во пракса по развојот на микроскопот, така и дел од теоријата на синџирот на снабдување и управувањето со залихите ги има своите корени во неа.
Често слушаме дека
теоријата е една работа,
а практиката е нешто
сосема друго. Или, теоретски е точно, но
во пракса функционира сосема
поинаку. И слично на тоа. Дали
е тоа навистина точно? Дали
теоријата и практиката навистина
се толку разделени и колку се
меѓусебно условени? Кога ја
спомнуваме теоријата, прво
помислуваме на образованието,
училиштата и факултетите.
Таму учиме за теории, модели и
концепти. Мораме да знаеме дека
светот околу нас (и не зборувамe
само за светот на бизнисот) е толку
сложен што ако станеме свесни за
сите информации што влегуваат
во нашиот мозок секоја секунда,
веројатно ќе го изгубиме умот. Знаеме и дека човечкиот мозок троши третина од вкупната енергија на телото. Поради овие причини, тој (мозокот) прибегнува кон донесување одлуки врз основа на модели создадени според претходните искуства. Така се раѓаат теориите. Некои од многу проникливите теории на грчките филозофи кои изгледаа чисто теоретски (како учењето на Епикур дека светот се состои од атоми) се покажаа како многу практични и пред сè точни.
За жал, нема многу економски факултети во Македонија, па и во регионот, каде што се изучува темата, или подобро речено проблематиката
за управување со синџирот на снабдување. Зошто управувањето
со залихи или, уште подобро, балансирањето на залихите е најважното нешто во бизнисот на која било трговска или производствена компанија? Ова може да се објасни само со пракса. Како што теоријата за атомите се покажа како точна во пракса по развојот на микроскопот, така и дел од теоријата на синџирот на снабдување и управувањето со залихите ги има своите корени во неа. Пример 1. Паника и вишок залихи Разговарајќи со бизнисмените секогаш можете да слушнете интересни детали и меѓу редови да предвидите какви трендови не’ очекуваат, но можеме и да потврдиме и некои прогнози и тврдења кои беа направени
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 46 МЕНАЏМЕНТ
претходно - чисто како додаток
на кривата на учење. Па така, менаџерите ќе ви кажат дека
во 2022 година, многумина се
соочуваа со голем недостиг и долго
време на испорака за речиси
сите материјали, компоненти
и производи. Поради ова, инвентивните менаџери за набавки
мораа да најдат различни начини
за набавка на стоки. Тие најчесто
ги нарачувале од различни извори (од неколку различни добавувачи) и
наоѓале алтернативни начини како
да не запре производството. Сепак,
како и да е, времето на испорака
било до шест месеци или дури и
подолго.
Откако поминаа шест месеци и
робата почнала да пристигнува во
магацините, залихите пораснале двојно повеќе од потребното за нормално производство. Не долго потоа полека се приближувале
роковите за плаќање на тие стоки, што природно предизвикало
паника во финансискиот оддел
на компаниите. Добрата вест е
што паниката останала само во финансиите.
Директорот
останал смирен, свикал состанок
и направил план. Направен
е пресврт во соработка со
најголемите добавувачи и
договорено е да се премине на нов начин на управување со залихи, кој теоретски се нарекува
„управување на залихите од страна на добавувачот“ (vendor managed inventory - VMI). Во овој аранжман, добавувачот држи
одредена количина на залиха во својот магацин и се грижи да нема недостиг, а од друга страна, нема влијание врз ликвидноста во бранови, туку можно е да се планира готовинскиот тек.
Пример Проблем2:со испорака
Друг пример од практиката е следниов. Компанија има обратен проблем од горенаведениот недостаток и продолжени рокови за материјали. Имено, имале тешкотии со капацитетот и навремената достава до клиентите. Анализирајќи го процесот, многу брзо се заклучило дека проблемот е во продажбата во филијалите кои повеќе се однесувале како сметководители отколку како продавачи.
Тие добивале нарачки од клиенти
и ги препраќале во производство, наместо да ја испорачуваат стоката од нивниот магацин. Кога биле
прашани зошто не нарачуваат поголеми количества за магацин
и потоа да им доставуваат на клиентите според нивните нарачки, одговор бил дека не можат да
прогнозираат што ќе порача секој купувач. Очигледно не чуле за правилото „80/20“ на италијанскиот научник Вилфредо Парето кое што вели дека дваесет проценти од артиклите прават осумдесет проценти од продажбата. Врз основа на ова правило, може да се планираат голем број нарачки, а само оние кои се специфични и помалку предвидливи (читај: поретко се нарачуваат) ќе завршат како поединечни налози во производството. Откако е воведен тој систем, сите биле задоволни: производство, продажба, клиенти и - менаџмент.
„ Планирањето е сè, плановите се ништо“ Американскиот генерал и подоцна претседател Двајт Ајзенхауер има речено: „Планирањето е сè, а плановите се ништо.“ Тој сакал да
каже дека е тешко да се предвиди што ќе се случи во иднина, но дека е голема грешка ако не се обидеме. Знаеме дека нема да прогнозираме точно и знаеме дека заедничко на сите прогнози е дека се погрешни, бидејќи точноста на прогнозите и на најдобрите компании во светот е меѓу 40 и 75 проценти. Сепак, тоа не ги спречува сè уште да планираат.
Да се потсетиме само на пророштвата на Нострадамус, за коишто знаеме дека се прилично нејасни и двосмислени и најлесно се толкуваат потоа, кога веќе се остварени. Тешко е да се предвиди што ќе се случи, но имаме доволно искуство од претходни слични ситуации за да можеме да дизајнираме можни модели и сценарија и да се подготвиме за различни ситуации со цел да ги амортизираме непредвидените и „теоретски“ ситуации. nnn
KAPITAL.MK I БРОЈ 1139 27 ЈАН. 2023 47