1142- Kapital magazin

Page 1

КАКО ТЕХНОЛОГИЈАТА

ВЛИЈАЕ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ

ТРИ НАВИКИ КОИ ЌЕ ГИ СМЕНИМЕ ВО СЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ

COVER STORY

ПРОПАЃАЊЕТО

НА БАНКАТА НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА ГО СТРЕСЕ СВЕТСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ ЌЕ ИМА ЛИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ? НЕ, ЗА СРЕЌА СЕ КОНЗЕРВАТИВНИ И НЕИЗЛОЖЕНИ КОН СТРАНСТВО

INTERVIEW

ПРОФ.

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ХИГИЕНА И ЗДРАВСТВЕНА ЕКОЛОГИЈА

ВО ОВОЈ БРОЈ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

INTERVIEW

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА членнаУО, ПроКредитБанка ЕЛЕНА ДИМОВСКА раководителна Корпоративни комуникации,А1

ВИКТОР ФИЛИПОВСКИ директорнаДирекција Корпоративно банкарство, УНИБанка

business magazine БРОЈ 1142 l 17 март 2023 петок година 24 l цена 200 ден. l www.kapital.mk
ЗА ДЕБЕЛИНАТА МОРА ДА СЕ ЗБОРУВА И ПРЕКУ СПРАВУВАЊЕ СО НЕА МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ ПРОДУКТИВНОСТА
Д-Р ИГОР СПИРОСКИ

КАПИТАЛ... 1142

COVER STORY

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем

Ќе има ли последици врз

македонските банки? Не, за среќа се конзервативни и неизложени

кон странство

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Колку станаа бизнисите посвесни за

својата врска со заедницата Пандемијата и

кризите по неа ја променија

парадигмата за компаниската општествена одговорност

32

КОО Животна средина, општество и управување ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

COVER STORY

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем..........06 Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се конзервативни и неизложени кон странство

ИНТЕРВЈУ: Проф. д-р Игор Спироски специјалист по хигиена и здравствена екологија......14 За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

E-COMMERC

Доделени наградите за е-трговија за 2022 година во повеќе категории.........20

14

ИНТЕРВЈУ Проф. д-р Игор Спироски специјалист по хигиена и здравствена екологија За дебелината мора да се зборува и преку справување

со неа може да се подобри продуктивноста

20

E-COMMERCE Доделени

наградите за е-трговија за 2022 година во повеќе категории

40

ИНТЕРВЈУ Виктор

Филиповски

директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка Скопје Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОO

 Колку станаа бизнисите посвесни за својата врска со заедницата Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската

општествена одговорност.........................24

 Интервју: Елена Димовска раководителка на Секторот за корпоративни комуникации во А1 Македонија

„За подобар свет“ е хуманата димензија на работењето на А1 Македонија.............28

 Животна средина, општество и

управување

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување....................32

48

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Како технологијата

влијае на нашите животи Три навики кои ќе ги смениме во следните 5 години

 Интервју: Емилија Спировска член на УО на ПроКредит Банка Општествената одговорност се покажува преку дела..................................34  Македонски Телеком Одговорност за одржливост...................38

ИНТЕРВЈУ: Виктор Филиповски

директор на Дирекција корпоративно

банкарство во УНИБанка Скопје.........................40 Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на

нивниот развој

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Како технологијата влијае на

нашите животи.............................................48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 3 Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 16.03.2023 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
06
24

Ф

ранцуската престолнина

деновиве е затрупана со купишта смет поради штрајкот

на ѓубреџиите. Работниците

од јавната комунална служба

се придружија кон протестите

на останатите работници, предизвикани од непопуларната

реформа на пензискиот систем

што ја турка администрацијата

на претседателот Макрон.

Работниците штрајкуваат затоа што

владата предлага да се зголеми границата за пензионирање од 62

на 64 години.

Туристите кои сакаат да ја видат Ајфеловата кула од плоштадот

Трокадеро, по излегувањето од метрото здогледуваат „ѕид“ од

натрупано ѓубре, а на брегот на Сена купишта ѓубре го блокираат

погледот кон катедралата НотрДам. Во понеделникот, градските

власти рекоа дека преку 6.000 тони отпад не се собрани.

Еден коментатор на радиото Europe1 ја опиша ситуацијата

како идеална шведска маса за милионите глувци во Париз, а граѓаните се згрозени и од наездите на лебарки. Во 10-те дистрикти на градот што се покриени од приватни компании

за собирање смет, работата тече

речиси нормално, иако има извештаи и за обиди на активисти да ги попречат овие работници во собирањето на ѓубрето. nnn

ВО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 4
ФОКУС
КАКО “ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА“
СТАНА ПРЕКУ НОЌ ГРАД НА ЃУБРЕТО?

ЌЕ ИМА ЛИ

ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ

МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ?

НЕ, ЗА СРЕЌА СЕ КОНЗЕРВАТИВНИ

И НЕИЗЛОЖЕНИ КОН СТРАНСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 6 COVER COVERSTORYSTORY

ПРОПАЃАЊЕТО НА БАНКАТА НА СИЛИКОНСКАТА

ДОЛИНА ГО СТРЕСЕ СВЕТСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ

ТРИ БИТНИ ТРЕНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО 2023

Иако, според она што го велат

македонските монетарни власти, малку е веројатно да видиме

редици на испаничени штедачи

пред експозитурите на домашните деловни банки периодов,

пропаста

на американската деловна

банка SVB разоткри ново ниво на

ранливост на американскиот, а следствено и светскиот финансиски

систем. Банкарите коишто

„пораснаа“ во ерата на лесната

заработка по кризата од 2008

година не успеаја да се подготват за повторно зголемување на каматните стапки, А, кога цените пораснаа, заборавија што треба да сторат.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 7

Банката во октомври годинава требаше да прослави 40 години од своето

основање во срцето на регионот познат по технолошката моќ и паметното донесување на одлуки. SVB, со седиште во Санта Клара, Калифорнија, израсна во 16-та најголема банка во САД, којашто ги задоволуваше финансиските потреби на технолошките компании од цел свет, не само на американските. Но, низа несреќни инвестициски одлуки доведоа до нејзиниот колапс.

Потребни беа четири децении за Банката

на Силиконската долина (Silicon Valley Bank – SVB) и нејзината матична

компанија SVB Financial Group

да се развијат во еминентен

финансиер во светот на стартапите.

За демонтажа беа потребни само

36 часа. Причините не беа некакви

егзотични финансиски деривати

и преземање ризик поради што

пропаднаа банки во големата

криза од 2008 година, туку се

работи за неусогласеност помеѓу

депозитите и активата – составните

делови на традиционалното

банкарско работење.

Токму тоа традиционално

работење, да не кажеме конзервативно, е причината што

пропаѓањето на американската

SVB нема никакви директни

последици за македонскиот

банкарски систем, како што

немаше ни пропаѓањето на Lehman

Brothers во 2008. Домашните банки

се малку изложени кон нерезиденти,

а имаат и традиционален деловен

модел заснован врз кредитирање

на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање, како што смируваше Народната банка деновиве.

„ Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, внимателно ги следиме сите случувања.“, изјавија од Народната банка.

Сепак, како што објаснија од македонската централна банка, една битна разлика помеѓу домашните комерцијални банки и работењето на SVB, е што американската банка имала висока концентрација и на депозитната база, но и на вложувањата

во хартии од вредност – тие учествувале со 60% во вкупната актива на Банката на Силиконската долина.

„Нашиот банкарски систем има диверзифицирана и стабилна

структура на финансирање во

која депозитите учествуваат со

84% во вкупните обврски, а притоа две третини од депозитите се на населението. Овие средства главно се пласираат во кредити на нефинансиските лица коишто учествуваат со 60% во вкупните средства на банките и коишто имаат висок квалитет. Од друга страна, учеството на вложувањата на банките во хартии од вредност коишто се издадени од нерезиденти е минимално и на ниво на банкарскиот систем е под 1%.“, објаснија од Народната банка. Банка миленичка на технолошките компании Иако, според ова што го велат македонските монетарни власти, малку е веројатно да видиме редици на испаничени штедачи пред експозитурите на домашните деловни банки периодов, оваа епизода на SVB разоткри ново ниво на ранливост на американскиот, а следствено и светскиот финансиски систем. Банкарите коишто „пораснаа“ во ерата на лесната заработка по кризата од 2008 година не успеаја да се подготват за повторно зголемување на

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 8 COVER STORY

ПРОПАЃАЊЕТО НА БАНКАТА НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА ГО СТРЕСЕ СВЕТСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ

каматните стапки, А, кога цените пораснаа, заборавија што треба

да сторат.

SVB била фокусирана на финансирање на стартап

екосистемот на Силиконската

долина во САД, и единствено била

ранлива на панично подигање

на депозитите, што и се случи. Но, како всушност оваа моќна и богата банка можеше да пропадне за неполни два дена?

Банката во октомври годинава требаше да прослави 40 години

од своето основање во срцето на

регионот познат по технолошката

моќ и паметното донесување на

одлуки. SVB, со седиште во Санта

Клара, Калифорнија, израсна во 16та најголема банка во САД, којашто

ги задоволуваше финансиските

потреби на технолошките

компании од цел свет, не само на американските. Но, низа несреќни инвестициски одлуки доведоа до нејзиниот колапс, како што пренесуваат светските медиуми.

Со оглед дека технолошкиот сектор ја претпочиташе оваа банка, услугите на SVB беа многу барани во последниве три години, за време на пандемијата и по неа. Првичниот пазарен шок предизвикан со Ковид-19 на почетокот од 2020 брзо му го отстапи местото на златниот период за стартапите и етаблираните технолошки компании, бидејќи потрошувачите навалија на разни електронски уреди и дигитални услуги. Многу технолошки компании ја користеле SVB за чување готовина за плати и други деловни трошоци, што доведе до голем прилив на депозити. Банката инвестирала голем дел од депозитите, како што обично прават банките во поразвиените финансиски системи низ светот. Семето на пропаста беше посеано Семето на пропаста било посеано кога SVB инвестирала многу во долгорочни државни обврзници

на САД, вклучувајќи ги и оние покриени со хипотеки. Ова се прилично сигурни инвестиции. Меѓутоа, обврзниците имаат

обратно - пропорционална врска

со каматните стапки; кога стапките растат, цените на обврзниците

паѓаат. Така, кога Федералните резерви почнаа брзо да ги зголемуваат стапките во борбата против инфлацијата, портфолиото

на обврзници на SVB почнало значително да ја губи вредноста. Ако SVB би можела да ги задржи сите тие обврзници неколку години додека не доспеат, тогаш би го вратила својот капитал. Сепак, како што економските услови се влошија во текот на изминатата година, а особено беа погодени технолошките компании, многу од клиентите на банката почнале да ги повлекуваат своите депозити. SVB немала доволно готовина, па почнала да продава дел од своите обврзници со огромни загуби, со што ги исплашила инвеститорите и

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 9

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (SVB) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и

американските банки, но и традиционалниот деловен модел заснован

врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање.

Билансите на нашите банки се исклучително

солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио.

Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната

банка внимателно ги следи сите случувања., изјавија од Кабинетот

на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска по повод пропаѓањето на американската банка SVB.

клиентите. Поминаа само 48 часа

од времето кога беше откриено дека банката продавала свои

средства и нејзиниот колапс.

Што го стампедото?предизвика

Бидејќи банките чуваат само

дел од нивните средства како

готовина, тие се ранливи на ненадејна побарувачка на клиентите. Иако проблемите на SVB произлегуваат од претходните одлуки за инвестирање, алармот беше вклучен на 8 март, кога банката објави прибирање на капитал од 1,75 милијарди долари. Банката им кажа на вложувачите дека мора да ја затвори дупката предизвикана од продажбата на сопственото губитничко портфолио на обврзници.

Одеднаш сите се загрижија дека банката има недостиг од капитал. Клиентите станаа свесни за длабоките финансиски проблеми во SVB и почнаа масовно да повлекуваат пари. За разлика од банките ориентирана кон население, коишто опслужуваат претежно домаќинства и помали фирми, клиентите на SVB генерално имале многу поголеми сметки. Ова значеше дека стампедото на банката беше брзо.

Два дена откако објави дека ќе собира капитал, банката вредна 200 милијарди долари пропадна.

Тоа беше колапс на најголема банка во САД по глобалната финансиска криза.

Има ли опасност од „зараза“?

Непосредната загриженост на јавноста за ширење на „заразата“

и евентуален домино ефект во банкарскиот сектор беше спречена со брзата реакција

на американската влада во

гарантирањето на сите депозити на клиентите на банките. Финансиските фјучерси, кои им овозможуваат на инвеститорите да шпекулираат за идните движења на цените, зајакнаа за американскиот технолошки сектор како одговор на гаранциите.

Имаше загриженост дека сопствениците на сметките

во SVB нема да можат да ги платат вработените доколку

не се активира гаранцијата, што ќе предизвика бранувања во економијата. Во однос на стабилноста, избегнати се верижни реакции, оценуваат аналитичарите. Владите и регулаторите ширум светот, вклучувајќи ги Б. Британија и Австралија, внимателно ја испитуваат изложеноста кон SVB во нивните корпоративни и банкарски сектори. Подолгорочното прашање

е дали ранливоста на SVB на зголемените каматни стапки е споредлива со ризиците на другите банки на прекумерна изложеност на падот на цените на обврзниците. Иако американските и светските аналитичари во моментов не мислат дека американскиот банкарски систем ќе колабира, сепак има забелешки дека и

пред 15 години исто така, првично сите мислеа дека кризата со хипотекарните кредити е под контрола. И потоа сите знаеме што следуваше.

За да се спротивстават на

ризикот, Федералните резерви претставија нова програма која им овозможува на банките да позајмуваат средства осигурени со државни хартии од вредност за да ги задоволат барањата на клиентите. Ова е дизајнирано да ги спречи банките да бидат принудени да продаваат државни обврзници

кои ја изгубиле вредноста поради зголемените каматни стапки. Технолошкиот сектор ќе претрпи нов удар Сепак, има повеќе поврзани проблеми за технолошкиот сектор. SVB обезбедуваше банкарски услуги во Силиконската долина, поддржувајќи стартапи и други технолошки компании од кои традиционалните банки би можеле да се држат подалеку.

Во последниве месеци овој сектор го намалува бројот на вработени бидејќи се влошуваат економските услови. Во време кога им е потребна финансиска поддршка, еден од најголемите поддржувачи пропадна.

„Со оглед на тоа што SVB во суштина беше Господ на банкарскиот екосистем во Силиконската долина изминативе неколку декади, верувам дека негативниот ефект на овој историски колапс ќе има низа на импликации врз технолошкиот сектор допрва“, рече Ден Ајвс, аналитичар во Wedbush Securities во вторникот.

SVB беше клучна за растот на технолошката индустрија, и тоа не само во САД, туку и во Европа, па дури и Кина.

Американската влада не ја спаси

SVB. Банката останува во банкрот и нејзините преостанати средства ќе бидат поделени меѓу доверителитеосвен ако некој купувач не ја врати во живот.

Меѓутоа, во неделата американските власти ја проширија гаранцијата за да ги покријат сите депозити во оваа банка, како и клиентите на Signature Bank, помала банкарска институција која

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 10 COVER STORY

Користетепаметно! го

времето

паметно.

Посветете го времето на

убави нешта, останатото

препуштете ни го нам.

Преземете ја мобилната

апликација Триглав

Пријава и пријавете штета

по каско осигурување

брзо, едноставно и

ефикасно.

Размислувај зелено, одбери
Триглав Пријава
С
è ќе биде во ред. triglav.mk Триглав Пријава

пропадна за време на викендот.

Ова значи дека клиентите на SVB

можеа да пристапат до нивните

пари во понеделникот наутро.

Акционерите на банката и некои

необезбедени доверители не се

заштитени со гаранциите.

Ќе се зголемуваат ли

каматните стапки и понатаму?

Централните банки ширум светот

ги зголемуваа каматните стапки во

текот на изминатата година за да

ја скротат високата инфлација, а

САД од речиси нулта стапка стапки

брзо дојде на повеќе од 4,5%.

Повеќето прогнозери очекуваат

стапките да се зголемат во САД, В.

Британија и Австралија пред да се

стабилизираат.

Апетитот за продолжување на

растот на каматните стапки ќе

се тестира доколку централните

банки станат загрижени

дека проблемите на SVB се

показател за поширока слабост

во корпоративните биланси

предизвикани од зголемувањето

на каматните стапки.

Американските власти итно

интервенираа во неделата за

да го заштитат финансискиот

сектор по колапсот на Банката на

Силиконската долина.

По драматичниот викенд,

регулаторите им рекоа на клиентите на пропаднатата SVB

дека ќе можат да ги повлечат

депозитите од понеделник и ја

затворија Signature Bank, која

исто така беше под притисок во

последните денови, а централната

банка го олесни пристапот

до финансирање на другите

заемодаватели.

И во SVB и во Signature,

поголемиот дел од клиентите беа

од технолошкиот сектор.

Секретарот за финансии

Џенет Јелен, претседателот на

Федералните резерви Џером

Пауел и претседателот на

Федералната корпорација за

осигурување на депозитите

Мартин Груенберг се обидоа да

Претседателот на американските Федерални резерви Џером Пауел, Секретарот за финансии Џенет Јелен (двајцата на фотосот), и претседателот на Федералната корпорација за осигурување на депозитите Мартин Груенберг се обидоа да ги смират стравувањата на јавноста, велејќи дека депозитите ќе бидат исплатени на сите, вклучително и оние што го надминуваат пропишаниот плафон, според заедничката изјава во неделата вечер.

ги смират стравувањата, велејќи дека депозитите ќе бидат исплатени на сите, вклучително и оние што го надминуваат пропишаниот плафон, според заедничката изјава во неделата вечер. Интервенцијата на администрацијата на Бајден јасно ги покажува последиците од зголемувањето на каматните стапки во САД и другите големи економии со цел да се потисне инфлацијата, забележува Ројтерс.

SVB имаше филијала и во Британија, а британската влада и централната банка имаа итен состанок во текот на викендот за да го спречат нејзиниот колапс. Во понеделникот наутро британската комерцијална банка HSBC објави дека ја купува Silicon Valley Bank UK за една фунта. Се вели дека филијалата имала околу 5,5 милијарди фунти заеми и околу 6,7 милијарди фунти депозити на 10 март. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 12
COVER STORY
ИНТЕРВЈУ KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 14 Проф. д-р Игор Спироски специјалист по хигиена и здравствена екологија ЗА ДЕБЕЛИНАТА МОРА ДА СЕ ЗБОРУВА И ПРЕКУ СПРАВУВАЊЕ СО НЕА МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ ПРОДУКТИВНОСТА

Дебелината како тема и

предмет на дискусија

станува многу актуелна

последните години.

Добива карактер

на проблематика која ги засега

сите генерации независно од

возраста и полот. Се разговара

и дебатира во стручната

јавност на широко во однос на категоризацијата и класификација

на дебелината или обезноста, како што стручно се нарекува. Со д-р Игор Спироски, специјалист

по хигиена и здравствена

екологија и раководител на Одделението за исхрана и

здравствено - хигиенски прегледи при Институтот за јавно здравје, токму по повод 4 март, Светскиот ден на дебелината, разговараме

за дебелината, проблем којшто

покрај тоа што го загрозува здравјето на населението, има и

многу пошироки општествени и економски импликации.

X

Доктор Спироски, целта на

нашиот разговор е да ни ги

доловите актуелните ставови на експертската јавност во

однос на дебелината. Затоа на

самиот почеток би ве запрашал, што всушност претставува

дебелината?

Дебелината или обезноста е сложена, повеќе факторска хронична медицинска состојба

со последователно сериозно

негативно влијание врз човековото здравје. Во последните 35

години има експоненцијален

раст ширум светот со двојно

зголемување на стапките на дебелината кај возрасните, при што работоспособното население е сериозно засегнато и тој факт треба да нè загрижи.

Дебелината како појава, независно

од здравствените последици, често е предмет на стигматизација и со себе носи лажна перцепција дека

е последица и вина на поединецот

или недостаток на волја да се

промени начинот на исхрана или пак е резултат на недостаток на физичка активност, што е само

делумно вистина.

Морам да потенцирам дека постои обемна литература заснована

на докази која ја позиционира дебелината како комплицирана

хронична прогресивна медицинска состојба предизвикана од

интеракција на повеќе генетски фактори, метаболички фактори, фактори на средината, како и социјални фактори. Ќе споделам со вас интересен факт околу постоењето на генетската компонента на дебелината и таа е одговорна за дури 40-70% од

ризикот за развој на дебелина. Ова нè носи до констатација дека доказите зборуваат за семејната историја на дебелината и поврзаноста со зголемен ризик од нејзино појавување. Не би навлегувал многу во медицинска терминологија, но доволно јасно и разбирливо е ако кажам дека во 2008 година е општо прифатен ставот дека дебелината е сложена состојба со многу меѓусебно причинско - последични поврзани фактори, при што многу влијанија во голема мера се надвор од контролата на поединците.

Би спомнал дека во сегашно време, експертската јавност

е сложна во однос на ставот за дебелината како болест, но истовремено и општеството треба на дебелината да гледа многу повеќе како проблематика со која системски треба да се занимаваат не само здравствените системи, туку и институциите за труд и социјална политика, како и бизнис заедницата. Причината за тоа лежи во фактот што не зборуваме за индивидуален избор на начин на живот, едноставна метрика или пак рефлексија од недостаток на волја кај поединецот. Според последниот извештај на СЗО за Европскиот регион прекумерна тежина и дебелината влијаат на близу 60% од возрасните и речиси едно од три деца, што се фрапантни податоци. Зборуваме за пандемија во светски рамки која не смееме да ја потцениме од секој можен аспект. X Изненадувачки податок е дека лицата кои живеат со дебелина чекаат дури шест години во просек од соочување со проблемот пред да разговараат на оваа тема со здравствен работник. Причината лежи во фактот што го споменавте дека дебелината е често предмет на стигматизација и со себе носи лажна перцепција дека е последица и вина на поединецот или недостаток на волја. Токму поради ова, интересно е да се знае колку често се зборува за темата дебелина на работното место?

Дебелината на работното место е сè поголем предизвик за работодавците. Сепак, таа претставува незгодна тема за решавање. Зголемената тежина предизвикува проблеми со самодовербата, што води кон вистински страв од навреда дури и при самото дискутирање за дебелина на работа. Тоа е тема, која многу менаџери ќе ја избегнуваат за разговор со персоналот и не е типично

Експертската јавност

денес е сложна во

однос на ставот за

дебелината како

болест, но истовремено

и општеството треба

на дебелината да

гледа многу повеќе

како проблематика со

која системски треба

да се занимаваат не

само здравствените

системи, туку и

институциите за

труд и социјална

политика, како и бизнис заедницата.

Има причина и смисла работодавците

да научат за дебелината и да

станат мотивирани да помогнат. Едноставно, зборувањето за проблемите и охрабрувањето на вработените околу

здрав начин на живот е начин да се помогне.

прашање околу кое работодавците

се вклучуваат во подигање на

свеста. Исто така, лесно може да се третира бесчувствително или како стигма меѓу вработените, нешто што не смее да се смета за прифатливо во модерните, инклузивни општества, а со тоа и на работните места. X Дебелината е препознаена како состојба на болест, што е многу важно да биде прифатено и да го знаат и здравствените власти и работодавачите и раководните структури во организациите. Зошто работодавачите треба да ја имаат во фокус токму дебелината кај вработените?

Работата може да ги влоши предизвиците во контролирање на тежината на многу работници, особено кај оние кои најголем дел

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 15

ИНТЕРВЈУ

ПОСТОЈАТ И ЕФИКАСНИ ФАРМАКОЛОШКИ ТРЕТМАНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДЕБЕЛИНАТА

X Спомнавте различни начини за справување со дебелината меѓу кои и фармаколошки третман на дебелината кој многу често се опишува како ефикасен начин за справување со дебелината во западноевропските земји. Какво е вашето мислење и дали оваа опција е достапна и во нашата држава?

Ова го зборувам зашто честа е праксата овој третман да се прескокне и да се оди директно на оперативен третман, т.н. баријатриска хирургија, која на хируршки начин стимулира намалување на телесната тежина со анатомски промени во нашиот систем за варење на храната.

Истата е оправдан третман при строго дефинирани индикации, но, најголемиот дел на работници спаѓаат во популациска група која справувањето со проблемот кој не успева да се реши со промени во животниот стил треба да го продолжи со следното ниво на третман, односно со фармаколошки третман на дебелината, особено зашто опциите за истиот се веќе достапни и за населението во Македонија. Но, да нагласам, говорам за лекови кои се препорачани од доктор според медицинските упатства за третман на дебелината, а не за „лекови“ кои всушност се разни суплементи, напитоци и слично со недокажана ефикасност и безбедност.

Менаџерите би требало да ги поддржат своите вработени во овој предизвик и да им го овозможат овој тип на лекување, во рамки на нивните шеми за здравствено осигурување. Секако, се очекува дека вработените кои ќе успеат да се справат со овој предизвик со поддршка од своите претпоставени, ќе бидат многу помотивирани учесници и чинители во работниот процес на компанијата или организацијата.

од денот поминуваат седејќи, како при возење, при работа на каса во продавници, во фабрики каде најголем дел од работата се одвива со седење на патот на производните линии, работници во т.н. call центри или голем број канцелариски работни места кои ја опфаќаат секоја деловна функција. Ризиците од седењето стануваат сè појасни. Неактивноста е јасно поврзана со прекумерната тежина и дебелина. Дебелината придонесува за лошо здравје, функционални оштетувања, намален квалитет на живот, отсуство од работа со висока честота на боледувања, како и цела палета на сериозни болести и поголема смртност. Дебелината е еден од најголемите ризици за појава на кардиоваскуларните болести, дијабетесот и некои видови на канцер, како и на покачен крвен притисок како посебен ризик фактор. Околу 60% од мажите и 50% од жените во Македонија, на возраст над 18 години, имаат зголемена телесна тежина или дебелина, а во таква состојба се и една третина од децата во државата.

Согласно на тоа, реалноста е дека работоспособното население од година во година е сè подебело. Дебелината и придружните ризици влијаат на работниците т.е. на нивната работоспособност. Важно е постојано да се потенцира дека постојат многу причини за појава на дебелина - индивидуалната генетика и психологија неизбежно играат одредена улога, заедно со економските фактори. Сепак, општествените влијанија и опкружувањето на луѓето се исто така значајни, а тоа ги вклучува: работната средина и влијанијата на колегите.

X Недвосмислен е фактот дека дебелината предизвикува сериозни здравствени проблеми, кои последователно сериозно влијаат на продуктивноста на работното место. Среќавам податоци кои велат и дека постои поврзаност помеѓу дебелината и раната смрт. Ме интересира кои се најголемите проблеми кои произлегуваат од дебелината, а работодавачите и раководните структури во организациите

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142
2023
17 МАРТ
16

Проф. д-р Игор Спироски

специјалист по хигиена и здравствена екологија

Не смееме да го игнорираме и фактот кој што е познат дека дебелината

е често видена кај луѓето на раководни и менаџерски позиции. Многу често за дебелината се употребува и терминот менаџерска болест. Тоа доаѓа од таму што оваа категорија на луѓе се во висок степен изложени на факторите на стрес влијание, мрсна исхрана, нарушен и нерегулиран сон, висок процент на употреба на дигитални можности за комуникација со статична позиција при работа итн. Токму затоа кај оваа категорија на менаџери и раководители, кардиоваскуларните заболувања и дијабетесот се високо застапени.

треба да ги познаваат, како

заради вработените, така и лично заради себе?

Подиректен проблем за работодавците е тоа што дебелината е поврзана со бројни придружни состојби кои може

да се јават како последица од дебелината. Тие вклучуваат дијабетес тип 2, заболувања

на срцето и крвните садови (вклучително коронарна срцева болест, мозочен удар), тромбоза, гихт, замастување на црниот дроб кое не е поврзано со

консумирање на алкохол, камења во жолчка, некои видови на рак (на матка, јајници, дојки, дебело црево, хранопровод, црн дроб, жолчно ќесе, панкреас, бубрези и простата), оштетување („трошење“)

на зглобовите, хронична грбна болка, гинеколошки проблеми (вклучително неплодност), астма, апнеа (престанок на дишење)

при спиење и следствено послаб квалитет на сон, како и емоционални и психолошки проблеми како што се депресија и анксиозност. Дебелината е директно поврзана со раната смрт. Една од проценките сугерира дека дебелината е причина за 5% од сите смртни случаи ширум светот.

X Пандемијата со КОВИД-19 донесе на површина многу теми кои дотогаш беа потценети. Така е и со дебелината, за која науката изнесе многу нови ставови и заклучоци. Дебелината стана нов фокус. Какви иницијативи се во функција во светски рамки? Пандемијата дополнително го истакна прашањето за дебелината, бидејќи ограниченото движење и карантинот доведоа многумина да се здебелат. Што е уште поважно, постојат докази дека дебелината предизвикуваше посериозни симптоми на КОВИД, пролонгирани

симптоми како и многу полош исход кај оние кои имаа дебелина, а беа хоспитализирани заради КОВИД-19. Секоја од горенаведените состојби може да предизвика повторени или долгорочни отсуства или боледување и да создаде тековни здравствени потреби на работното место. Студиите од повеќе земји покажуваат дека лицата со дебелина отсуствуваат повеќе денови од работа (absenteeism), за разлика од лицата без дебелина. Тие, исто така, работат со помалку од полн капацитет кога се на работа (presenteeism).

Во 2015 година сите земји во светот, преку Целите за одржлив развој (ЦОР), решија да се посветат на намалување на предвремената смртност од незаразни болести (НЗБ) за 30% до 2030 година (цел 3.4.1). Денес, малку од земјите

се на пат да го остварат тоа. Пандемијата со КОВИД-19 значајно

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 17

17 МАРТ 2023 18

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142

ИНТЕРВЈУ

влијаеше на функционирањето

и фокусот на здравствените

системи кон НЗБ. Согласно

податоците на СЗО, најчестите НЗБ

(кардиоваскуларните болести,

ракот, дијабетeсот и хроничните

респираторни болести) се

одговорни за 90% од умирањата и

за 85% од годините кои населението

во Европа ги живее со некаков

инвалидитет и неопходно е

здравствените системи повторно

да го свртат вниманието кон овие болести.

Македонија не е исклучок во

однос на НЗБ и факторите на

ризик за нивна појава. Дури

96% од умирањата во земјата се

поврзани со НЗБ, а 23% од нив се

предвремени, на возраст меѓу 30 и

70 години, заради една од четирите

најчести НЗБ.

X Темата дебелина во

организациите е малку присутна

или воопшто не е тема на фокус.

Во исто време е комплексна

и следена со предрасуди и

непознавање на можностите да

помогнат и да направат разлика.

Кој пристап би го препорачале

Вие?

Има причина и смисла работодавците да научат за

дебелината и да станат мотивирани

да помогнат. Едноставно, зборувањето за проблемите и охрабрувањето на вработените

околу здрав начин на живот е начин да се помогне. Препорачан

пристап за работодавците кој дал

резултат е пристапот кој ги следи следните чекори:

• Сфатете ја дебелината како болест и како ризик фактор за други болести;

• Користете ја најдобрата практика за да изградите здрави средини на работното место;

• Ефективно и со емпатија комуницирајте со вработените на тема дебелина.

Обезбедувањето насоки за

менаџерите, кога се занимаваат со темата за дебелината на

работното место, или какви било

поврзани состојби со тоа, може

да им овозможи да се справат

со проблемот со поголемо

разбирање и на информиран начин. Работодавците треба да

преземат структуриран пристап за

да се осигурат дека се свесни за

проблемите, дека имаат сигурни

извори на информации и ги

разбираат достапните решенија.

Има многу корисни информации

за работодавците во врска со

дебелината, кои се достапни на

веб страницата на Светскиот ден

на дебелината кој се одбележува

секоја година во овој период, на 4 март.

X Во текот на разговорот станува јасно дека дебелината е медицинска состојба која

треба да ги загрижува здравствените работници, но не помалку и бизнис заедницата, работодавачите и раководните

структури во организациите (како во приватниот, така и во јавниот сектор). Би ве прашал, зошто заедничката цел на сите засегнати страни треба да биде намалувањето на тежината и справувањето со дебелината? Освен видливиот ефект на физичкиот изглед што може да се очекува?

Во текот на разговорот веќе споменав една цела плејада на коморбидитети и компликации

од дебелината. Зголеменото

губење на тежината е поврзано

со подобрување на многу од овие токму споменати коморбидитети

поврзани со дебелината

Дозволете да ви илустрирам

преку неколку факти. На пример, дали знаете дека само 5% губење

на тежината е поврзано со намалување на систолниот и

дијастолниот крвен притисок и намален HbA1с (просечно ниво на гликоза во крвта) за период од 8-12 недели (околу 3 месеци).

Поголемото губење на тежина носи повеќе придобивки за поединецот. Губењето на тежината од 5-10% е поврзано со намалување на триглицеридите, зголемување на добрите масти, а намалување

на нивото на лошите масти, подобрување на репродуктивната

функција кај жените; превенција на дијабетес тип 2, итн.

Не смееме да го игнорираме

и фактот кој што е познат дека

дебелината е често видена кај луѓето на раководни и менаџерски позиции. Многу често за дебелината се употребува и терминот менаџерска болест. Тоа доаѓа од таму што оваа категорија на луѓе се во висок степен изложени на факторите на стрес влијание, мрсна исхрана, нарушен и нерегулиран сон, висок процент на употреба на дигитални можности за комуникација со статична позиција

при работа итн.

Токму затоа кај оваа категорија

на менаџери и раководители, кардиоваскуларните заболувања

и дијабетесот се високо

застапени. Од тука произлегува прашањето, колку треба да

ја намалат телесната тежина

и зошто би го сториле тоа. Повторно ќе илустрирам со факти. Намалувањето од 10-15% од

телесната тежина придонесува за значително подобрувања на заболувањата на срцето и крвните садови, додека над 15% губење на тежината може да доведе дури и до исчезнување на симптомите на дијабетес тип 2, особено кога траењето на дијабетесот е кратко. Подобрувања на срцевата слабост и намалување на кардиоваскуларната смртност е потврден бенефит кој треба да биде доволен мотив за намалување на телесната тежина и справување со дебелината.

X Базирано врз она што го споделивте досега, сосема е јасно дека проблемот на дебелината треба да биде во фокус на секоја организација. Дали

можете да им предложите на работодавачите и раководните структури во организациите (како во приватниот, така и во јавниот сектор) практични активности

и совети за справување со дебелината на работното место? Работодавците можат да помогнат

и на многу практични начини, како што се:

• Создавање иницијативи за управување со тежината на работното место, поддржани од професионалци обучени за исхрана, вежбање и управување со тежината;

• Поддршка за справување со тежината според постоечките одредби за здравственото осигурување на компанијата и програмите за помош на вработените;

• Директните даватели на угостителски услуги да вклучат поголем дел на здрави опции во кантините и автоматите за храна присутни во објектот каде се служи храната на работното место;

• Физичката активност треба да се поттикнува – СЗО советува 150 минути активност со умерен до силен интензитет неделно;

• Се препорачува прекинување на долги периоди на седење;

• Спонзорирање и поддршка на оние кои се занимаваат со фитнес заради надминување на своите здравствени предизвици;

• Таму каде е можно, да се користат стоечки маси - тие стануваат сè попопуларни меѓу канцеларискиот персонал; • Персоналот би требало да се охрабрува да користи скали наместо лифтови. Промената на условите на работното место и на стилот на живот за спречување на дебелина или за третирање на истата се

Проф. д-р Игор Спироски

специјалист по хигиена и здравствена екологија

Дебелината е еден од најголемите ризици за појава на кардиоваскуларните болести, дијабетесот и некои видови на канцер, како и на покачен крвен притисок како посебен ризик фактор. Околу 60% од мажите и 50% од жените во Македонија, на возраст над 18 години, имаат зголемена телесна тежина или дебелина, а во таква состојба се и една третина од децата во државата.

многу важни во процесот на надминување на тој здравствен проблем. Сепак, склони сме кон пронаоѓање на брзи решенија доколку гледаме дека претходните активности не даваат резултати.

При тоа, треба да се спомне дека препорачаниот пат за справување со дебелината, посебно во услови каде со истата се справува работоспособно население, е еднаков како и кај препораките

за општо население, односно промените во животниот стил, доколку не дале резултати, да се надополнат со фармаколошки третман на дебелината.

X Отворивме многу теми поврзани со дебелината, влијанието врз здравствената состојба, работните процеси и продуктивноста. Евидентно е дека организациите

дебелината треба да ја имаат во својот фокус не зависно што на прв поглед изгледа дека е здравствен проблем со кој треба да се занимаваат здравствените работници. Мојот заклучок од разговорот би бил дека преку справувањето со дебелината, влијаеме позитивно на продуктивноста. Што вие би сакале да сумирате како заклучок на крај и препорака?

Сите чинители во општеството и заедницата треба бидат свесни за фактот дека дебелината е сложена мултифакторска прогресивна болест која не зависи од волјата на поединецот и дека истата е поврзана со зголемен ризик за развој на многу незаразни болести со последователен економски директен и индиректен импакт по заедницата, здравствените системи и бизнис заедницата. Поради

влијанието на дебелината врз поединецот во сите аспекти, истата треба да биде високo на агендата на општеството, здравствените системи, организациите, работодавачите, но и на личната

агенда на поединецот со свесност за последиците, компликациите и можностите за справување. Не смееме да го игнорираме фактот дека неодамнешните проценки токму на СЗО зборуваат

дека прекумерната тежина и дебелината се четвртиот најчест фактор за ризик за незаразни болести непосредно по високиот крвен притисок, по ризиците од исхраната и тутунот. Дебелината е поврзана со поголем морбидитет и морталитет (смртност) од КОВИД-19, поради што сите инволвирани нè повикува на акција стратешки да развиваме модели и концепти за справување со дебелината. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 19

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ

ЗА Е-ТРГОВИЈА ЗА 2022

ГОДИНА ВО ПОВЕЌЕ

КАТЕГОРИИ

На изборот за најдобри е-трговци во Македонија за 2022 година во организација

на АЕТМ, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 23 категории, организирани во 3 секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, во чии рамки се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 20 E-COMMERCE

Во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje

деновиве се одржа свечена манифестација

за доделување

на македонските

награди за е-трговија за 2022 година - “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија - АЕТМ. Манифестацијата се одржа во

присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со

богата програма составена од голем број на домашни уметници и

актери.

На изборот за најдобри

е-трговци во Македонија за 2022

година, домашните е-трговци

се натпреваруваа во вкупно 23

категории, организирани во 3

секции: “Најдобри е-продавници

по сектори”, “Најдобри е-трговци

во одбрани аспекти на онлајн

продавање” и “Шампиони во

е-трговија”, во чии рамки се додели

и главната награда „Е-трговец на годината”.

Избор во 5 фази Изборот на најдобрите од е-трговијата за 2022 се организираше во 5 фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Изборот започна со пријавување на е-трговците, каде што повеќе од 150 домашни компании се пријавија за учество на натпреварот. Оние кои ги исполнуваа условите беа поставени за гласање од јавноста, каде што во текот на јануари и февруари беа собрани 93.390 гласови од 6.584 гласачи. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 13 членови.

Во категориите со 30 или повеќе номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 10 финалисти и потоа на крајот беа избрани 3 победници (прво, второ и трето место), додека во категориите

со помалку од 30 номинирани компании, листата на финалисти

се состоеше од 5 е-трговци, од кои еден беше избран за победник.

По собирање на гласовите од јавноста и од стручната жири комисија, согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани

финалните ранг листи кои ги одредија победниците. Категоријата “Најпопуларна е-продавница ” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

Кои се победниците?

Победниците во сите категории може да се погледнат во продолжение, а објавени се и на официјалната веб страница на натпреварот, на следниот линк: https://ecommerceawards.mk/ pobednici/ Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 21

u Е-продавница за облека и обувки на годината - fashiongroup.com.mk

u Е-продавница за бела техника и електроника на годината - neptun.mk

u Е-продавница за храна и пијалаци на годината - paket.mk

u Е-продавница за туристички услуги на годината - grouper.mk

u Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината - fashiongroup.com.mk (1 место)

u Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината - fitkit.app (2 место)

u Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината - mytime.mk (3 место)

u Е-продавница за дом, мебел и градина на годината - dormeo.mk

u E-продавница за бебешка и

детска облека, опрема и играчки на годината - svetotnabibi.mk

u Е-продавница од областа на

услужни дејности на годинатаkorpa.mk

u Е-продавница за култура, настани и едукација на годинатаliteratura.mk

Добитници на награди во секцијата

“Најдобри е-трговци во одбрани

аспекти на онлајн продавање” се:

u Мобилна апликација за онлајн

шопинг на годината - korpa.mk

u Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање - fashiongroupoutlet.

mk (1 место)

u Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање - telekom.mk (2 место)

u Е-трговец со најдобро искуство за

е-плаќање - gley.mk (3 место)

u Е-трговец со најдобра грижа за корисници - grouper.mk (1 место)

u Е-трговец со најдобра грижа за корисници - paket.mk (2 место)

u Е-трговец со најдобра грижа за корисници - a1.mk (3 место)

u Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - korpa.mk

(1 место)

u Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - paket.mk

(2 место)

u Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - kliknijadi.mk (3 место)

u Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - grouper. mk (1 место)

u Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - fashiongroup.com.mk (2 место)

u Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - svetotnabibi.mk (3 место)

u Најдобра веб страна за плаќање на сметки - evnonline.mk

u Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината - https://e-pdd.ujp. gov.mk/

u Најдобра е-продавница основана од жена - korpa.mk (1 место)

u Најдобра е-продавница основана од жена - elenaluka. com.mk (2 место)

u Најдобра е-продавница основана од жена - boksy.mk (3 место)

u Најдобра е-продавница со

меѓународна продажбаkupikniga.com.mk

u Mаркетплејс платформа на годината - paket.mk

u Најдобар верификуван е-трговец - fashiongroup.com.mk

Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:

u Најдобра новоотворена е-продавница - korpa.mk

u Најпопуларна е-продавницаfashiongroup.com.mk (1 место)

u Најпопуларна е-продавницаpaket.mk (2 место)

u Најпопуларна е-продавницаzegin.com.mk (3 место)

u Е-трговец на годината за 2021 година - grouper.mk (1 место)

u Е-трговец на годината за 2021 година - paket.mk (2 место)

u Е-трговец на годината за 2021 година - fashiongroup.com.mk (3 место)

Инаку, македонските награди за е-трговија - “Ecommerce Awards 2022” беа овозможени благодарение на поддршката од генералниот партнер Mastercard

и на организацискиот партнерОтворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на Германската влада. Златен партнер на натпреварот беше Комерцијална Банка АД Скопје, Iute Credit Macedonia, беше сребрен партнер, а натпреварот го поддржа и винскиот партнер wine.mk. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 22 E-COMMERCE
ИНТЕРВЈУ KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 40 Виктор Филиповски директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка Скопје КЛИЕНТИТЕ ЈА ПРЕПОЗНАВААТ УНИБАНКА КАКО СВОЈ ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР И ПОДДРЖУВАЧ НА НИВНИОТ РАЗВОЈ

X Г. Филиповски, каква е

динамиката во делот на

кредитното портфолио за

правни лица изминатиов

период во УНИБанка, расте ли

кредитирањето на компаниите?

Расте кредитирањето на

компаниите дефинитивно и тој

тренд очекуваме да продолжи

и во текот на оваа година.

Тој раст пред се’ се должи на

флексибилната и прагматична

стратегија на УНИБанка со цел

да ги следи трендовите и брзо да

излезе во пресрет на потребите

на компаниите баратели на

кредити. Како банка постојано

сме активни и секогаш во

непосредна комуникација со

клиентите, при што настојуваме

да креираме кредитни производи

со кои клиентите ја препознаваат

Банката како свој деловен

партнер и поддржувач на нивниот

развој. Токму таквата стратегија

придонесува за градење

на долгорочни релации со

клиентите на Банката и испраќа

силна порака за сите останати

македонски компании кои се’ уште не отпочнале соработка со

нас.

X За што најмногу бараа кредити

компаниите изминативе три

години на криза со пандемијата

и потоа енергетската и

економска криза?

Изминативе неколку години по

многу нешта беа специфични.

Психолошкиот страв предизвикан

од пандемијата донесе благ

песимизам и воздржаност од

нови инвестиции како и намалена

побарувачка за инвестициони

кредити, додека пак економската

и енергетската криза имаа големо влијание компаниите да се насочат кон значителни промени во сопствената расходната политика, со цел да се издржат полесно ценовните шокови на енергенсите кои се’ уште се актуелни. Со цел да се даде придонес во намалувањето на трошоците на работење на

клиентите, Банката ги разви и постојано ги усовршува

дигиталните канали на работење,

со што во целост одговори и на

најдеталните барања и потреби

на клиентот, а при тоа драстично

ги намали цените на услугите во споредба со „хартиеното“

работење.

Последниве години, приоритет во

кредитната поддршка дадовме

за проекти кои придонесуваат

кон поттикнување одржлив

развој и производство на зелени

енергии. Се трудиме како банка

да бидеме партнер на локалната

заедница и општествено одговорна компанија со што би ја истакнале нашата перцепција на модерна, динамична и брзо растечка банка, која се грижи за заедницата и клиентите. Карактеристични за овој период се инвестициските кредити во алтернативни извори на енергија за сопствени потреби, но и инвестиции во високонапонски фотоволтаични централи за производство и трговија на електрична енергија за продажба на отворен пазар. Краткорочните кредити за одржување на тековна ликвидност на компаниите и набавка на обртни средства се вообичаена активност, каде силна поддршка даде и државата преку Развојната Банка на Северна Македонија со субвенционирани кредити, кои Банката ги дистрибуираше и се се’ уште достапни на компаниите. Во овој период Банката ја отпочна и директната соработка со Фондот за Иновации и Технолошки Развој на РСМ, со единствена цел кредитирање на акредитирани проекти за иновации од нивна страна, со што придонесовме за лесно и едноставно реализирање на бројни иновативни проекти. Постојат повеќе успешни бизнис приказни поттикнати токму од нас, што не прави горди и задоволни, бидејќи и во услови на криза поддржавме реализација на успешни идеи.

X Каков пакет на услуги можат компаниите да добијат во УНИБанка, објаснете ни накратко што сè им нудите како продукти?

Покрај сите стандардни банкарски производи и услуги тимот на УНИБанка постојано креира различни продукти и пакети на услуги, инспирирани од најразличните потреби и желби на клиентите. Во лепезата на производи присутни се и сите кредитни линии и гарантната шема на Развојната Банка на Северна Македонија. Моментално актуелни и нови пакети за клиентите кои сакаат разновидност, се двата депозитни продукти наречени ЗЛАТНА 5-ка и ЗЛАТНА 10-ка, кои многу брзо наидоа на одличен прием на пазарот. Наменети се за клиенти кои креираат високи приходи и располагаат

тековни средства, а кои во овие продукти препознаваат грижа за оптимизирање на нивните трошоци. Продуктите се внимателно

Како банка

постојано сме

активни и секогаш

во непосредна комуникација со

клиентите, при што настојуваме

да креираме

кредитни производи

со кои клиентите ја препознаваат

Банката како свој

деловен партнер

и поддржувач на нивниот развој. Токму таквата стратегија

придонесува

за градење на долгорочни релации

со клиентите на

Банката и испраќа

силна порака за сите останати македонски компании кои сè уште не започнале соработка со нас.

проектирани со различни каматни стапки зависно од висината на депозитот, во комбинација со подарок инвестициско злато, производ по кој сме единствени како банка на македонскиот пазар. Пакетите нудат дополнителни поволности при користење на е-банкарство со намалени или целосно укинати трошоци за користење на услуги во платниот промет. Накратко кажано, изработени се продукти со УНИкатен микс од специфични банкарски услуги својствени на УНИБанка, кои тимот грижливо ги изработи следејќи го пулсот и желбите на најпребирливите клиенти.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 41
со слободни

17 МАРТ 2023

ИНТЕРВЈУ

„Моментално актуелни и нови пакети за клиентите кои сакаат разновидност, се двата депозитни продукти

наречени ЗЛАТНА 5-ка и ЗЛАТНА 10-ка, кои многу брзо наидоа на одличен прием на пазарот. Наменети се за клиенти кои креираат високи приходи и располагаат со слободни тековни средства, а кои во овие продукти препознаваат грижа за оптимизирање на нивните трошоци.“, вели Филиповски.

X Што значи УНИКатниот

е-бизнис пакет што го нудите за правни лица?

Е-Пакетите за Правни лица во

промотивната кампања со право

ги нарековме УНИкатни, бидејќи

ваков вид на пакети се појавија за

првпат на банкарскиот пазар во

земјата. Креирање на Е-пакетите

е потврда дека УНИБанка го

препознава и го следи трендот за дигитализација и современите

потреби на компаниите во

поедноставување и минимизирање

на трошоците при нивното работење. Главните придобивки на

Е-пакетите се во тоа што клиентите неколкукратно ги намалуваат своите банкарски трошоци во тековното работење и притоа се едноставни во прикажување на

содржината и цената на самите

пакети и услуги. УНИ Банка

нуди Е-пакети со кои компаниите

заштедуваат од една страна, а притоа ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во

работењето преку електронското

банкарство од друга страна.

Ја користам оваа пригода да го

најавам третиот најнов Е-пакет

МИНИ, кој го креиравме и е

наменет за Микро и МС компаниите

кои немаат голем број и обем

на трансакции, а претставуваат

значаен фактор во македонската

економија. Цената е симболична

и атрактивна, во потполност

оптимизирана токму за овој тип на корисници, со цел значителна

заштеда при користење на Е-банкарство. Имено, со уплата

од 590 денари, корисниците на пакетот добиваат, целосно месечно

одржување на сметката, 30 интерни плаќања, 10 КИБС плаќања и 2 МИПС плаќања, при што заштедата

која би можеле да ја остварат

се движи од минимални 1.520 денари до 6.350 денари. Пакетот

е веќе достапен за сите оние кои се заинтересирани и доколку

клиентите сакаат да го активираат

тоа може да го сторат со директно

аплицирање преку Е-банкарство

или во најблиската експозитура.

Секоја компанијата многу едноставно може да го направи изборот на пакетот во зависност дали работи повеќе денарски или денарски и девизен платен промет. Клиентите плаќаат една провизија месечно за сите продукти кои се опфатени со Е-пакетот. Накратко, во сите три пакети се вклучени различни бенефиции како на пример, неограничен број интерни плаќања преку електронско банкарство, соодветен бесплатен број на денарски плаќања преку КИБС и преку МИБС, додека Е-ПАКЕТ+ овозможува дополнително бесплатни

неограничени девизни приливи и 3 бесплатни девизни плаќања

независно од износот.

X Во колкава мера ги прифаќаат и ги користат придобивките

од дигитализацијата вашите

клиенти компании, каде има најголем напредок во тој поглед, а каде се уште треба едукација и информираност?

Дигитализацијата е веќе наше

секојдневие. Нашите клиенти одамна ги уживаат бенефитите од дигиталните плаќања кои овозможуваат брзина, сигурност, заштеда на време и секако значително пониски провизии во споредба со оние кои ги нудат традиционалните методи на плаќања. Вработените во УНИБанка во континуитет и на дневна основа ги едуцираат и информираат клиентите за предностите од дигиталните плаќања. Дефинитивно и со сигурност можам да кажам дека навиките се менуваат и се поголем е бројот на клиенти кои користат електронско банкарство. Имено ова го потврдува и фактот дека во 2019 година застапеноста на плаќањата со е-банкарство учествуваа со 42% од вкупниот платен промет во банката, додека тој процент денес веќе изнесува 85%.

Со цел едукација и информирање на клиентите со гордост можам да кажам дека е изработен современ контакт центар и развиена едукативна т.н. ВЛОГОСФЕРА, која е достапна на веб страната на банката, како едукативен програм-водич за користење на е-банкарството, каде преку видео содржина се појаснуваат сите функционалности на е-банкарството.

Наш императив и во годините кои следат е и понатаму да развиваме нови и иновативни банкарски производи според потребите на корисниците.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142
42

Виктор Филиповски

директор на Дирекција Корпоративно работење во УНИБанка

Би

ги охрабрил компаниите да не

се

ограничуваат само на македонскиот пазар, туку да размислуваат регионално и пошироко, со цел да ги диверзифицираат ризиците од работењето и да пркосат на предизвиците. Секогаш да ги следат трендовите, очекувањата и желбите на потрошувачите, да се модерни и дигитализирани, бидејќи во тоа е иднината. Се разбира дека при тоа треба внимателно да одберат сигурна, стабилна и доверлива банка, со силна развојна стратегија, која во чекор ќе ги следи нивните потреби и активности.

 Кои се според вас најголемите

предизвици за малите и средни

компании во земјава, од аспект на општиот економски амбиент во којшто работат?

Неспорно е дека компаниите минаа

тешки години полни со предизвици,

но би сакал да бидат запаметени

по она што го добивме и научивме, наместо по она што го загубивме. Дел од компаниите покажаа флексибилност, издржливост и успешно ги надминаа проблемите, но за жал имаше и компании кои не успеаја да се адаптираат на промените.

Малите и средни компании се столбот и двигателот на секоја економија. Флексибилни се, брзо се прилагодуваат на промените и полесно се адаптираат на новиот економски амбиент. Предизвици постојано имало и ќе има. Би истакнал дека компаниите

Најдоброто место за Вашите пари!

ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА

за 36 месеци во МКД

• 3% за 24 месеци во МКД

• 2,5% за 12 месеци во МКД

www.unibank.mk

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 43

Е-Пакетите за правни лица во промотивната кампања со право ги нарековме УНИкатни, бидејќи ваков вид на пакети се појавија за првпат на банкарскиот пазар во земјата. Креирање на Е-пакетите е потврда дека УНИБанка го препознава

и го следи трендот за дигитализација и современите потреби на компаниите во поедноставување и минимизирање на трошоците при нивното работење. Главните придобивки на Е-пакетите се во тоа што клиентите неколкукратно ги намалуваат своите банкарски трошоци во тековното работење и притоа се едноставни во прикажување на содржината и цената на самите пакети и услуги.

покрај многуте предизвици кои

го карактеризираа периодов

генерално се соочија со два

позначајни со кои се’ уште се

справуваат.

Првиот е ценовниот шок и

инфлацијата. Тоа бараше од

нив брзо прилагодување како

и правилна и точна ценовна

политика, со цел да ги задржат

купувачите, зголемат учеството на

пазарот, но и ја задржат својата

профитабилност.

Вториот предизвик е недостатокот

на човечки ресурси, односно

квалификувана работна сила.

Општ впечаток е дека денес не е

само предизвик да се најде нова

работна сила туку и да се мотивира

и задржи постоечката.

Како заклучок по ова прашање, би ги охрабрил компаниите

да не се ограничуваат само

на македонскиот пазар, туку

да размислуваат регионално

и пошироко, со цел да ги диверзифицираат ризиците од работењето и да пркосат на предизвиците. Секогаш да ги следат трендовите, очекувањата и желбите на потрошувачите, да се модерни

и дигитализирани, бидејќи во тоа е иднината. Се разбира дека при

тоа треба внимателно да одберат сигурна, стабилна и доверлива банка, со силна развојна стратегија, која во чекор ќе ги следи нивните потреби и активности.

X Што вие како банка која работи секојдневно со компании откривате како слабост на која треба да се работи повеќе со цел да бидат поотпорни на различен тип шокови и поконкурентни на пазарот?

Како Банка пред се настојуваме со овие компании да развиваме директна и непосредна комуникација. Целта е на овој начин компаниите да го искористат можеби нашиот највреден продукт кој го нудиме, а тоа е банкарскиот совет и искуство.

Насоките се, да бидат внимателни во планирањето, да ја контролираат задолженоста на своите компании, редовно да ги подмируваат своите обврски кон сите институции и своите вработени. При тоа да користат наменски и прецизно структурирани

банкарски производи кои би придонеле за минимизирање на нивните банкарски трошоци и би придонеле за пораст во нивното работење. Дополнително влијание во оптимизирање на трошоците ги истакнуваме и поволностите од дигиталното банкарство, како максимизација на ефектот од своите слободни парични средства со атрактивни депозитни продукти кои ги споменавме.

За крај би истакнал дека не може да зборуваме за развој на економијата, за зголемување на конкурентноста на компаниите, за зголемена ефикасност и оптимизација на трошоците, доколку немаме стабилни, сигурни и доверливи Банки. Модерни банки, кои следејќи го финансискиот пулс на компаниите и економијата ќе креираат производи со основна цел успешен раст и развој на компаниите.

Ова е основната мисијата на УНИБанка АД Скопје, да биде водечки и суштински дел од креирањето на еден модерен финансиски систем во кој ќе стопанисуваат компаниите. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142
2023
ИНТЕРВЈУ
17 МАРТ
44

В

ашиот дом треба да биде место кое ќе ви влева сигурност и ќе ви дава чувство на стабилност, ваше гнездо каде семејството ќе се развива и ќе ги одбележува животните радости. Токму затоа пред да се одлучите која ќе биде базата на вашата иднина треба да се информирате за квалитетот на градба на вашето потенцијално живеалиште, бидејќи се работи за клучен сегмент кога е во прашање значителна долгорочна инвестиција. Достапните податоци покажуваат дека пазарот на недвижности изобилува со понуди за избор на живеалишта кои се пласираат по цени што варираат, во зависност од повеќе критериуми како: локацијата, годината на градба и квалитетот на изведба на објектот. Цената на недвижноста и нејзиниот надворешен изглед во никој случај не смеат да бидат пресудни при изборот на место каде ќе живеете. Покрај локацијата, квалитетот на градба на недвижностите треба, секако, да биде приоритетен критериум при изборот на вашиот иден дом, бидејќи инвестицијата во квалитет на долг рок секогаш се исплати. Објектот „Гранд Ривер“ кој се гради во центарот на Скопје спроти хотелот „Холидеј Ин“ ги поседува сите карактеристики на квалитетен објект, кој се гради во согласност со највисоките стандарди во градежништвото.

Идните жители и деловни корисници на „Гранд Ривер“ ќе имаат можност да живеат во објект кој е изграден со примена на комбиниран конструктивен систем за поголема стабилност и сеизмичка отпорност на објектот, со што на корисниците на објектот ќе им се гарантира сигурност и безбедност. Во целиот објект ќе биде поставена инсталација на спринклер систем кој ќе обезбеди заштита за сите корисници на објектот во случај на пожар. Исто така, во објектот ќе биде поставен и специјализиран лифт за евакуација во случај на пожар. Сите лифтови кои ќе бидат ставени во употреба во објектот ќе бидат креирани за висококатници

и ќе обезбедат сигурност, брзина и напредни стандарди на одржливост.

Еден од најважните аспекти при

изборот на идниот дом претставува и интимноста која тој ја овозможува. Во објектот „Гранд Ривер“ ќе биде инсталирана висококвалитетна звучна изолација за намалување на несаканите звуци и зголемена приватност и комфор. Објектот ќе поседува термоизолирана фасада и ќе биде поставено ниско енергетско стакло со што ќе се овозможи заштеда на топлинска и електрична енергија и минимално влијание на животната средина, а со тоа и помали трошоци за греење на домот. Доколку се одлучите вашиот иден дом да биде во „Гранд Ривер“, бидете сигурни дека вашиот дом ќе се наоѓа на безбедно место каде има контролиран пристап, домар и обезбедување, како и 24/7 безбедносни камери и алармни системи.

Во самиот објект ќе бидат применети и инвентивни решенија за што поголема присутност на зеленило, кое ќе обезбеди свежина и пријатна

атмосфера за живеење. Сите оние кои се во потрага по нов дом, кој е граден квалитетно, според светски стандарди, може да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО КВАЛИТЕТ:
ИЗБЕРЕТЕ ДОМ ВО СОГЛАСНОСТ
СО НАЈВИСОКИТЕ СТАНДАРДИ
ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

КАКО ТЕХНОЛОГИЈАТА ВЛИЈАЕ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ

ТРИ НАВИКИ КОИ ЌЕ ГИ СМЕНИМЕ ВО СЛЕДНИТЕ

5 ГОДИНИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023
48 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Истражувањето спроведено од компанијата Visa, за новите дигитални навики на потрошувачите

во Македонија, покажува дека повеќе од 35 отсто од

испитаниците веруваат дека нивните навики ќе станат подигитални, пред сè во областа на работата, проследено со транспорт и

здравство, - и финансии со 23, односно 20 отсто.

Ниту една технолошка револуција не донесе толку неочекувано брзи и радикални транзиции, како што тоа го направи дигитализацијата.

Тоа суштински ги промени нашите животи, нашите преференци, нашите навики, а исто така и нашите можности. Дигитализацијата продолжува да се развива брзо, а веќе можеме да заклучиме и предвидиме како таа ќе ја обликува иднината на сите нас. The Digital Global Overview report за 2023 година покажува дека денес во светот има 5,16 милијарди корисници на интернет, што е речиси 65 отсто од вкупната светска популација, а меѓу нив дигитализацијата ќе донесе уште поголеми промени.

9 од 10

корисници на интернет

користат и социјални мрежи Очекувано, користењето на социјалните мрежи продолжува да расте, па така на почетокот на годината бројот на корисници достигна 4,75 милијарди, односно повеќе од 92 отсто од сите корисници на интернет се на социјалните мрежи. Тоа е годишен раст од три проценти, а просечниот корисник на интернет денес поминува шест часа и 37 минути онлајн дневно. Покрај сите други навики, кои во голема мера ги усвоивме на глобално ниво, да видиме какви промени се одразиле на другите, функционални аспекти од нашето секојдневие во Македонија и што нè очекува во блиска иднина. Истражувањето спроведено од компанијата Visa, за новите дигитални навики на потрошувачите во Македонија, покажува дека повеќе од 35 отсто од испитаниците веруваат дека нивните навики ќе станат подигитални, пред сè во областа на работата, проследено со транспорт и здравство, - и финансии со 23, односно 20 отсто. Интересно е што скоро 41 отсто од испитаниците имаат посочено дека нивниот живот значително ќе се подобри со поголема употреба на апликации

и онлајн платформи за услугите на јавната администрација.

Приспособување на новите технологии бара време, но врз основа на моменталната состојба, можеме да таргетираме три навики, кои дефинитивно ќе ги промениме во следните пет години.

1. Дигитални паричници

Постарите веројатно непријатно се сеќаваат кога плаќаа на шалтери, во пошта. Трпеливо чекање во ред, гужви, купишта хартиени листови, кои треба да се пополнат рачно, сето тоа наскоро ќе биде сосема незамисливо. Дигиталната трансформација влијаеше и на индустријата за платежни услуги и сега можеме да вршиме плаќања на безброј различни начини, каде било и во секое време. Истражувањето „Нови дигитални навики“ покажа дека секој втор испитаник најчесто користи електронско банкарство и дигитални плаќања. Покрај дигиталните картички и разните видови апликации за правење трансакции, нашите мобилни телефони и други паметни уреди сега можат да се користат и како платежно средство.

2. Дигитализација на услуги и администрација

Јавната администрација е сектор кој испитаниците во Македонија го сметаат за исклучително важен и во кој сакаат поголем степен на дигитализација, односно можност за полесно завршување на обврските онлајн или со апликација. Според тоа, граѓаните очекуваат поедноставно и побрзо да се регулираат даноците, разните давачки, здравствените услуги, вадењето документи и другите административни задачи, без разлика дали тоа се прави онлајн и преку некоја од апликациите или во живо, со плаќање со бесконтактна картичка или мобилни уреди. Банките се добар пример за оваа практика бидејќи многу услуги се достапни со еден допир на прст, навиките на луѓето станаа толку дигитализирани што за некои дури и одењето во банка е веќе минато.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 49

Истражувањето „Нови

дигитални навики“ покажа

дека секој втор испитаник

најчесто користи електронско

банкарство и дигитални

плаќања. Покрај дигиталните

картички и разните видови

апликации за правење

трансакции, нашите

мобилни телефони и други

паметни уреди сега можат

да се користат и како

платежно средство.

3. Дигитализација на процеси со AI технологија

Откако новиот chat bot - ChatGPT беше лансиран на крајот на ноември, AI технологијата стана

топ тема. Без разлика дали се работи за системи што следат биометриски податоци, автомобили со самоуправување или софтвер, кој ги следи финансиите и пишува текстови, AI технологијата се шири низ многу индустрии.

Вештачката интелигенција може да

се користи за автоматизирање на многу рутински задачи како што се внесување податоци, распоред и услуги на клиентите, што во иднина може значително да заштеди време и да ја подобри ефикасноста на многу работни места. Покрај ова, AI технологијата може да се користи и за анализа на големи количини на податоци и донесување одлуки за сложени процеси, како што се препознавање трендови, предвидување резултати и

Јавната администрација

е сектор кој

испитаниците во Македонија го сметаат за исклучително важен и во кој сакаат поголем степен на дигитализација, односно можност за полесно завршување на обврските онлајн или со апликација.

предлагање конкретни активности. Колку и да се изненадувачки и ненадејни, промените што новите технологии и дигитализацијата ги носат во нашите животи, треба да се гледаат низ призмата на општествениот напредок, што до неодамна беше незамислив. Затоа нè очекуваат возбудливи пресвртници во следните 5 години и секако значајни промени во начинот на кој ги поминуваме деновите. 

Контакт

+389 43 212 560

office@brako.com.mk www.brako.com.mk

KAPITAL.MK I БРОЈ 1142 17 МАРТ 2023 50 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
Печат за успех

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.