680- Kapital Magazin 1

Page 1

n Што се крие зад српскиот „Вотергејт“?...52 n Тендерите „лепак“ за македонско-албанските коалиции...46 n “Ало“ од Клинтон, аларм за Иванов!...44

број 680 цена 100 ден. | 8 ноември, 2012, четврток | година 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Stavreski go predlo`i Buxetot Државата во Буџетот догодина ќе собере

Буџетскиот дефицит ќе изнесува

милијарди евра

милиони евра

а планира да потроши

За капитални инвестиции се планирани

милијарди евра

милиони евра

2,4 2,7

300 380

i dogodina sè ke bide 2% isto!? interview

Растот на економијата се очекува да биде

vo ovoj broj specijalen prilog BAnkite i BizniSot intervju l Dimitar Bogov l Pesimizam i kaj biznismenite i кога ќе попуштат kaj bankarite притисоците врз цените, ќе го стимулираме економскиот раст

l Analiza

Лошите кредити го убиваат банкарскиот дух

како да се преживее 2013 година?

l MMF i Svetska banka:

н$ чека уште полоша година од 2012!




Капитал број 672 12.09.2012

 Што се крие зад српскиот „Вотергејт“?...52  Тендерите „лепак“ за македонско-албанските коалиции...46  “Ало“ од Клинтон, аларм за Иванов!...44

4

БРОЈ 680 ЦЕНА 100 ДЕН. | 8 НОЕМВРИ, 2012, ЧЕТВРТОК | ГОДИНА 14

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НАВИГАТОР

Stavreski go predlo`i Buxetot Државата во Буџетот догодина ќе собере

2,4 2,7

Í

Буџетскиот дефицит ќе изнесува

300 380

милијарди евра

милиони евра

а планира да потроши

За капитални инвестиции се планирани

милијарди евра

милиони евра

I dogodina sè ke bide 2% isto!? INTERVIEW

Растот на економијата се очекува да биде

vo ovoj broj specijalen prilog BANKITE I BIZNISOT intervju  Dimitar Bogov  Pesimizam i kaj biznismenite i Кога ќе попуштат kaj bankarite притисоците врз цените, ќе го стимулираме економскиот раст

 Analiza

Лошите кредити го убиваат банкарскиот дух

Како да се преживее 2013 година?

 MMF i Svetska banka:

Н$ чека уште полоша година од 2012!

Prviot broj na Kapital se pojavi na 24 septemvri 1999 godina. Izdava: KAPITAL MEDIA GROUP doo Skopje, ul. Marks i Engels, br.7, zgrada 1, vlez 1, kat 6, stan br: 31 i 32, p.fah: 503, Republika Makedonija; telefon: ++ 389 2 3298 110 faks: ++ 389 2 3298 111 direktor i glaven urednik: Qup~o Zikov izvr{en direktor (marketing i finansii): Gordana Mihajlovska grafi~ki i IT direktor: Nikolaj Toma{evski odgovoren urednik: Biqana Zdravkovska Stoj~evska pomo{nik na odgovorniot urednik: Igor Petrovski odgovoren urednik na specijalni dodatoci: Verica Jordanova odgovoren urednik na www.kapital.mk: Aleksandar Jan~evski grafi~ki prelom: Nade Toma{evska Igor Toma{evski Office manager i finansii: Aleksandra Nikolova; ++389 2 3298 110/ lok:101 aleksandra.nikolova@kapital.mk Pretplata na magazinot Kapital: Sawa Savovska ++ 389 2 3298 110/ lok.104 pretplata@kapital.mk Reklama i oglasi: Aleksandra Stojmenova ++389 2 3298 110/ lok.103 marketing@kapital.mk aleksandra.stojmenova@kapital.mk Specijalni prilozi: Gordana Mihajlovska gordana.mihajlovska@kapital.mk Ovlasten praven zastapnik:

сОдРжИНА 07 Навигатор 14 cover story

Ставрески го предложи Буџетот и догодина с$ ќе биде исто!?

21 специјалеН прилог Банките и БизниСот

46 политика

Само тендерите се единствениот „лепак“ за македонско-албанските коалиции

51 eDItorIal…

катерина СинадиновСка време за наплата...

www.kapital.mk

ИздВОјуВАме Буџет

Буџетот од 2,7 милијарди евра поддршка или товар за бизнисот?! главен адут на министерот за финансии и во новиот Буџет за 2013 година повторно се капиталните инвестиции, кои се планирани на ниво од 380 милиони евра. Државата со капиталните инвестиции може да ја игра пресудната улога во движењето на економијата, но главното прашање е кои капитални проекти ќе се финансираат со овие пари и колку тие навистина може да & помогнат на економијата да се одбрани од рецесијата? XX стр.14

52 региоН

Што се крие зад српскиот „вотергејт“... Закана со решетки за тајкуните или државен пуч?

56 колумНа

МиШа Бркиќ Србија по првите 100 денови на новата влада Чекајќи го Фиат и господ Бог

58 иНтервју

Гаит ал Фаит главен извршен директор на Флајдубаи Флајдубаи планира повеќе летови од македонија

61 ФеЉтоН

зошто Маркс бил во право? глобализација

64 компаНии и паЗари корпоративна општествена одговорност македонските компании се поодговорни кон средината во којашто работат

66 На руЧек со...

виктор Мизо директор на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони постојано се предизвикувам себеси

14 српски “вотергејт“

под силниот притисок од европската унија, која бара државите да почнат не само да ги бараат, туку и да ги најдат одговорните за големите афери за криминал во кои се проневерени милиони и милиони државни пари, во србија се отвори голема борба со корупцијата. првото толкување на аферата во која се откри дека е прислушуван шефот на државата Николиќ, но и вицепремиерот и министер за одбрана вучиќ, е дека е одговор од бизнис-елитата на најавата дека ќе се расчистуваат матните приватизации, но... длабоките анализи говорат дека можно е да се работи за обид за уривање на владата. XX стр. 52

69 специјалеН прилог вино

Sorabotnici: kolumnisti po dogovor Fotografija: Ivana Kuzmanovska Spored misleweto na Ministerstvoto za kultura za nedelnikot “Kapital” se pla}a povlastena dano~na stapka. РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ НА кАПИТАЛ

52




...Навигатор... што ќе донеСе новата Стратегија за земјоделСтво и рурален развој

Субвенции од 725 милиони евра за пет години.

за кого и за што?

Поголеми субвенции за производство на сточна храна и за зголемување на сточниот фонд, повеќе пари за зголемување на квалитетот на земјоделските производи, како и користење сертифицирани семиња и ѓубрива. Новата петгодишна Национална стратегија за земјоделство којашто Владата ја донесе минатата недела предвидува субвенции од 725 милиони евра, а фокусот е ставен на инвестиции во инфраструктура. „Капитал“ анализира, како ќе се трошат парите за субвенции во наредните пет години! пишува:

александра Спасевска

aleksandra.spasevska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

В

купно 725 милиони евра ќе бидат исплатени за субвенции во наредните пет години. Владата минатата недела ја донесе Националната стратегија за развој на земјоделството и руралниот развој во периодот 2013-2017 година, документ кој има прилично голема важност за насoката кон која ќе се движи земјоделството во наредниот период. Во услови на зголемен увоз на храна, драстично намалено домашно производство, климатски промени и суша, мерките коишто се предвидени во овој документ, а пред с$ нивната реализација на терен во голема мера

ќе дефинираат во која насока ќе се движи не само земјоделството, туку и целата економија. Според проекциите на Владата, финансиската поддршка во земјоделството во првата година ќе изнесува 135 милиони евра, во втората 140, а следните три години по 150 милиони евра. Но, еден од најважните моменти е дека за разлика од претходните години, процентуално се зголемуваат сумите предвидени за рурален развој, на сметка на директните плаќања по хектар и по грло, кои во голем дел остануваат на исто ниво во наредните пет години. Фокусот е ставен на инвестиции во изградба на патишта, водоводни и одводни мрежи, воспоставување електрична енергија во руралните средини. Новина во петгодишната програма е и тоа што постепено ќе се зголемуваат и средствата за поволни кредити за откуп и извоз, преку ЗКДФ и преку МБПР, при што е предвидено

од 3 милиони евра следната година, износот на државна поддршка за евтини кредити да се зголеми на 5 милиони евра во 2017 година. Кај субвенциите се заострува контролата на терен, како условите за квалитетно производство. Финансиската поддршка во наредните пет години ќе се намалува ако земјоделците не почитуваат почитување на стандардите за обработка на земјиште, со правилна употреба на пестициди и ѓубриња, како и користење сертифициран семенски материјал. Иако во голем дел кај земјоделските култури, субвенциите по засадена површина и по грло остануваат на исто ниво во наредните пет години, преку дополнителни субвенции ќе се стимулира производството на сточна храна, како и зголемување на сточниот фонд и квалитетот на земјоделските производи.

продолжува на стр.8


Капитал број 680 08.11.2012

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

45,5% од македонските домаќинства што немаат пристап до Интернет (а, тоа се 40,6% од сите домаќинства) како причина за тоа навеле дека немаат потреба. И онака нема ништо ново на Интернет...

Ангела Меркел

германски канцелар

победник на неделата

Ќе мора да го задржиме здивот уште најмалку пет години за да ја победиме кризата во еврозоната. Многу инвеститори не веруваат дека ние во Европа можеме да одржиме ветување. Мора да спроведеме мерки на штедење за светот да се увери дека е рентабилно да се инвестира во Европа.

8

www.kapital.mk

Повеќе работа во странство за градежниците догодина

С

поред податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2012 година вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5,14 милијарди денари (84 милиони евра), што е за 147,1% повеќе во споредба со истиот период претходната година. Меѓутоа, треба да се спомене дека лани договорените работи во странство беа паднати на две милијарди денари (33 милиони евра), што беше најниско ниво

Kако ќе се трошат парите за субвенции во наредните п

Повеќе субвенции за ст за производи со додаде

Костас Ваксеванис

+

Минатава недела за грчкиот новинар Костас Ваксеванис беше бурна - откако беше осуден на казна затвор во својата земја, тој во светските медиуми се издигна како херој. Минатата сабота Ваксеванис, кој инаку, е уредник на магазинот „Хот док“, јавно ја објави листата со 2.059 богати Грци кои имаат сметки вреди милијарди евра во швајцарската банка ХЦБЦ. Тој веднаш беше уапсен поради објава на лични документи и се соочи со казна затвор од пет години. Но, тогаш разумот на грчката власт преовлада, па Ваксеванис беше ослободен бидејќи имињата кои тој ги објави се истите од „Списокот на Лагард“, кој беше доставен до поранешната грчка влада во 2010 година, а за кој власта долго време тврдеше дека исчезнал. „Грчкиот Асанж“ во своја одбрана ги обвини политичарите дека ја кријат вистината и дека ја штитат недопирливата богата елита. Тој истакна дека судењето е политички мотивирано. Потегот и храброста на Ваксеванис треба да претставуваат пример за сите новинари од светот, бидејќи овој список покажува дека грчката власт се обидувала да ги скрие своите врски со „корпоративните пријатели“, кои изнесуваат милијарди евра од земјата, додека таа се бори за живот. Издавачи, бизнисмени, бродосопственици, целиот систем на власта е прозван дека изнесувал пари во странство и не плаќал даноци, додека како што вели Ваксеванис, луѓето во Грција копаат по контејнери за да најдат нешто за јадење.

Според петгодишните проекции за субвенционирање, 70% од 725 милиони евра за субвенции предвидено е да бидат исплатени за субвенции по грло и по засадена површина, додека 30% од субвенциите отпаѓаат на производство по количина. Најголем дел од директните плаќања, 60%, отпаѓаат на поддршка на производи кои се извозно ориентирани, како што е тутун, градинарство, лозарство и овоштарство, овчарство и козарство пишува:

Александра Спасевска

aleksandra.spasevska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

о цел зголемување на сточарското производство, во наредните пет години, според Стратегијата, преку дополнителни плаќања се стимулира производството на сточна храна, како и зголемување на сточниот

фонд. Кај полјоделството предвидено е субвенциите да изнесуваат 20.000 денари за хектар засеана површина, со услов за воведување добра земјоделска практика, при што од 2015 година е предвидена дополнителна директна поддршка од 3.000 денари ако земјоделецот користи сертифицирано семе и 3.000 денари помалку ако не користи. Дополнителни 1.000 денари ќе бидат исплатени за производство на сточна храна, а со цел да се зголеми производството на ориз и на сончоглед, ќе се исплаќаат дополнителни 3.000 денари сите пет


www.kapital.mk

на договорени градежни зделки во странство во последните неколку години. Во првите три квартали од годинава пак, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 725 милиони денари (11,8 милиони евра), што е за 58,6% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија и во Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Босна и Херцеговина, Швајцарија и Србија, а пазари кај што сме договориле работа лани, а годинава не се Австрија, Косово, Романија, Албанија, Словенија и Црна Гора.

Капитал број 680 08.11.2012

години. Субвенциите кај говедарството по грло, според планираното со Стратегијата, ќе останат на исто ниво од 2.800 денари сите пет години, при што дополнителна поддршка ќе биде насочена кон зголемување на стадото со субвенција од 1.500 денари за женско грло. За зголемување на производството на месо, предвидена е субвенција од 2.000 денари за заклано теле во првите две години и двојно зголемување во наредните две годиони, на вкупно 4.000 денари. Кај овчарството и кај козарството предвидено е да се исплаќаат по 1.000 денари по грло во наредните пет години, а за зголемување на стадото, предвидена е дополнителна поддршка од 700 денари за женско јагне или јаре. Додека кај производството на млеко е предвидена финансиска поддршка од 3,5 денари за предадено млеко во млекарница во првите две години, а останатите три години висината на субвенцијата ќе зависи од квалитетот на млекото.

Повеќе пари за производи со додадена вредност

Кај градинарството пак, предвидено е основната субвенција за засадена површина да остане на исто ниво сите пет години, при што најголема поддршка, 30.000 денари, ќе се исплаќа за засадени пиперки и краставици, додека за останатите градинарски култури предвидени се 25.000 денари од хектар. Новина е тоа што од година во година се предвидува зголемување на финансиската поддршка за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од 1,5 до четири денари, во зависност од културата. Истиот модел е и кај овошните насади, при што зголемување на субвенциите по хектар од 28.000 на 30.000 денари е предвидено само последната година. За предадено овошје во преработувачки капацитети овоштарите ќе се стимулираат со дополнителни два денари сите пет години. Нема зголемување на финансиската поддршка кај лозарството и кај производството на тутун, каде што во наредните пет години се предвидени субвенции од 40.000 денари од хектар лозови насади и по 60 денари за килограм предаден тутун. Целосна анализа на мерките кои ги предвидува Националната стартегија за земјоделство и рурален развој ќе можете да прочитате во наредниот број на “Капитал“.

9

мисла на неделата

> БРОЈКА

4

тони злато и околу 24 илјади тони бакар годишно се проценува дека ќе се добива од рудникот Иловица, откако концесионерот Еуромакс ќе почне да го експлоатира најдоцна до 2017 година

лидери

пет години

точарство и дена вредност

НАВИГАТОР

О

На овој свет Најтешко може да се разбере даНокот На доход.

Алберт Ајнштајн научник и нобеловец

губитник на неделата

Реџеп ТАИп еРдОГАН

ткако & се закани на ЕУ дека може да ја загубат Турција ако не се одлучат дали ја сакаат или не, турскиот премиер најави можност за валутна унија на турската лира.

Е

ТИм КуК

пл, технолошкиот гигант под негово водство годинава за 40% ги зголемил инвестициите во истражување и развој.

не им беше неделата

З

АНдОНИс сАмАРАс

а само шест недели Грција е трет пат во генерален штрајк, кој почна веднаш штом премиерот Самарас го предложи пакетот мерки за штедење од кои зависи помошта од ЕУ

Д

ИВИцА дАчИќ

одека Европската унија го притиска за решение со Косово, скандалот со прислушувањето дома му се заканува да ја распадне владејачката коалиција

_

БОЈКО БОРИсОВ Актуелниот бугарски премиер, Бојко Борисов, во иста реченица бара европски пристап во решавањето на проблемите и поставува ултимативни барања. Според него, потребно е Македонија да почне да се однесува европски ако сака во ЕУ. „Македонската Влада треба да почне да ги решава проблемите на европски начин. Таквото однесување е предуслов за бугарска поддршка на европската перспектива на државата. Истото тоа важи и за Турција, Србија, Босна“, вели Борисов во неодамнешното интервју за грчки „Етнос“. Прашањето е какво е тоа европско решавање на проблемите со помош на ултиматуми? Како е можно Македонија која е надвор од ЕУ да биде европски прагматична, а Бугарија како постара членка која треба да дава пример треба да гледа на работите црно и бело. Како е можно немањето гордост и прифаќањето на она што ти е наметнато да биде европска доблест, а барањето на македонските историчари за рамноправен дијалог да не е? Симптоматично е што ваквите за многумина антимакедонски ставови Борисов јавно ги обзнанува токму во грчките медиуми кои се претежно критично настроени не само кон политиките, туку и кон самото право на постоење на македонската држава како таква. По ова многу е јасно дека во Бугарија уште отсега може да гледаме следна Грција од аспект на пречка на патот кон евроинтеграциите. Бидејќи ако Борисов користи вака остра реторика непрашан за ништо и непредизвикан од ништо како ли ќе се однесува ако европската иднина на Македонија падне токму во негови раце?


Капитал број 680 08.11.2012

10

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

3 фаКти Кти за... К

Странските директни инвестиции помали за 69% во првите осум месеци 250

Извор: Народна банка на Македонија

(јануари - август 2011)

266

236

(во милиони евра)

(јануари - август 2012)

одобренија за градба се издадени во Македонија во септември 2012 година

200

73,6

28,8

26

21,1

8,8

30,7

17

6,1

35

50

31,6

34,4

100

49,8

109

150

25,5%

повеќе одобренија се издадени во однос на истиот месец лани

С -100

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

-26

-11,4

-12,7

-38,6

0 -50

Јули

Август

Вкупно (I-VIII)

транските директни инвестиции во Македонија според податоците на НБРМ, во првите осум месеци годинава изнесуваат 73,6 милиони долари, што е за две третини помалку од истиот период лани. иако Владата очекуваше повеќе од 300 милиони долари странски инвестиции за 2012 година, очигледно е дека оваа проекција нема да се оствари.

светот низ медиумите... Der Spiegel

Германскиот магазин се занимава со „здравствената состојба на целиот економски, политички, социјален организам наречен С Сад“. Според германските аналитичари, американската империја налик на Римската и Британската го достигнала својот зенит и многу е извесен надолен тренд. lll

476

станови се предвидени да се изградат во рамките на овие одобренија

За девет месеци извоз за 12,2%, а увозот за 1

Jornal do Comercio

Бразилскиот бизнис-весник ја анализира економската судбина на латинска америка и очекувањата за економскиот раст од аспект на позицијата на Сад. Според економските аналитичари, најголемата светска економија с$ уште има пресудно влијание. lll

The Australian

Според официјалните податоци на австралиското Министерство за финансии, досега се собрани 1,5 милијарди австралиски долари помалку даноци до предвиденото. Оваа дупка во најголем дел се должи на намалените нарачки во странство. lll

The Star

Јужна африка никако да се смири. Социјалните немири во комбинација со с$ уште видливата расна дискриминација, ја прават состојбата во најјужната африканска земја исклучително сложена. иако земјата служи за позитивен економски пример во светот овие слики воопшто не & одат во полза на Владата во Преториа. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

1

Промовиран новиот елитен станбен комплекс на Никоб инженеринг

2

Sezarodenden.mk, нов сајт кој нуди креативност во купувањето

3

Балканска млекара отвори фарма во Македонија

4

Македонија понуди прст, Бугарите сакаат цела рака

Во услови на намалено производство на металската, рударската и текстилната индустрија, катализаторите на Џонсон Мети го влечат македонскиот извоз. Според податоците од Државниот завод за статистика, во првите три квартали извозот паднал за 12,2%, а увозот се намалил за 10,5%. Најголемо учество во вкупната вредност на извезени стоки во првите девет месеци имаат катализаторите коишто ги произведува британската компанија во Бунарџик пишува:

александра Спасевска

aleksandra.spasevska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

О

бемот на трговска размена во првите девет месеци годинава бележи пад од 11,2% при што извозот паднал за 12,2%, а увозот за 10,5%, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците од Заводот во септември, споредено со

истиот месец минатата година извозот е помал за 24,4%, а увозот за 20,6%. Споредено со август извозот бележи пораст од 6,3%, а увозот бележи пад од 4,9%. Вредносно гледано во првите девет месеци од Македонија се извезени стоки во вредност од 2,92 милјарди долари, додека увозот изнесува 4,69 милијарди долари, при што покриеноста на увоз со извоз е 62,5%, а трговскиот дефицит за првите три квартали достигна 1,76 милијарди долари. Податоците од трговската размена покажуваат дека извозот од државата го влече фабриката на Џонсон Мети во


МБИ10

3.000

МБИД

2.800 2.600 2.400

www.kapital.mk

2.000

прОЦенки...

ТОп весТи...

Трговската размена со земјите од ЦефТа бележи пад од 17,1%

маријанО рахОј премиер на Шпанија

се надевам дека ќе ги намалиме даноците

Н

В

е размислувам за зголемување на даноците, се надевам дека тоа нема да биде потребно. Се надевам дека ќе можам да ги намалам, и тоа во 2014 година. Следната година нема да ги намалам платите на вработените во јавниот сектор, што годинава се замрзнати.

зот падна 11,6% 10,5% Бунарџик, бидејќи гледано по производи најголемо учество во извозот од Македонија во првите девет месеци имаат катализаторите коишто ги произведува британската компанија во слободната индустриска зона во Скопје. Втор производ со најголема вредност на извозот во првите три квартали е фероникелот, по што следуваат преработки од нафта и производи од железо и челик и облека. Според податоците од Заводот за статистика, во увозот најмногу се застапени платината и легурите од платина, коишто ги користи Џонсон Мети за производство на катализатори, како и сурова нафта, руди на никел и нивни концентрати. Со голем процент во вкупната вредност на увозот учествува и електричната енергија. Гледано по сектори, производите класирани според материјали, каде што спаѓаат катализаторите, коишто учествуваат со 26% од вкупниот извоз и 28,1% во увозот во првите девет месеци бележи пад од 15,5% кај извозната страна и 10,7% кај увозот. Во секторот разни готови производи, каде што спаѓа челикот кој учествува со 19% во вкупниот извоз во првите девет месеци бележи пад од 10,9%, споредено со истиот период лани, додека во секторот на сродни хемиски производи, односно кај нефтените деривати и нивни преработки кој учествува со 16,7% во извозот, бележи пад од 13,2% за првите три квартали. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија, односно 47,1% од вкупната надворешно- трговска размена се врши со овие пет земји.

60 секунди брифинг

2.200

е новото рекордно ниво на сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната за септември годинава.

администрацијата продолжува да се полни

Д

огодина Владата ќе потроши 1,6 милиони евра за привремени вработувања, што е за 300.000 евра повеќе споредено со лани. Ова го покажува предлогБуџетот за 2013 година доставен до Собранието. Иако, Владата уште до крајот на 2011 година требаше да запре со привремено ангажираните службеници и на така вработените да им „подели“ договор за трајно вработување, сепак не само што дел од нив с$ уште немаат добиено договор за вработување на неопределно време, туку според Буџетот, Владата во 2013 година планира нови вакви вработувања.

купната надворешнотрговска размена на Македонија со земјите на ЦЕФТА (Албанија, БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Албанија) во првите осум месеци годинава достигна 1,1 милијарди долари и е за 17,1% помала споредено со истиот период минатата година. Намалување е забележано како од страна на извозот, така и на увозното салдо. „Причина за намалената трговска размена, пред с$, е економската криза која ги погоди земјите од опкружувањето. Вкупниот извоз е во вредност од 628,1 милиони долари и учествува со 24,3% во вкупниот извоз на Македонија, со калкулиран пад од 22,8% во однос на истиот период лани. Увозот изнесува 474,6 милиони долари, што претставува пад од 8% во однос на истиот период од 2011 година, со учество од 11,3% од вкупниот извоз на Македонија во првите осум месеци од 2012 година“, истакна Влатко Стојановски од Стопанската комора. Според Комората, како една од најголемите пречки за зголемување на трговската размена меѓу овие земји е постоењето на различните нетарифни бариери, што е во спротивно со договорот.

македонските работници се најмалку продуктивни во регионот

Б

руто-додадената вредност (БДВ) по вработен во Македонија изнесува 10.208 евра годишно и е најмала во однос на останатите земји од поранешна Југославија, покажува истражувањето за економска ефикасност на земјите во регионот врз основа на БДВ по вработен, кое го спроведе фондацијата Центар за застапување на граѓански интереси (ЦПИ) од Сараево. Според истражувањето, работник во Словенија годишно во просек создава 36.996 евра додадена вредност, што е најголема во регионот. Следува Хрватска со 25.576 евра БДВ по вработен годишно и Црна Гора со 16.585 евра. Пред Македонија се уште БиХ со 15.517 евра и Србија со 13.557 евра БДВ по вработен.

1.800 06/10 10/10 02/11 05/11 09/11 12/11 04/12 08/12

берза

мби 10

3.000 2.800 2.600 2.400

МБИ 10 2.200 2.000

1.767,72

1.800 10 МБИ 06/10 10/10 02/11 05/11 09/11 12/11 04/12 08/12 2010/2012 Max. 2.827,62 2010/2012 Min. 1.808,47 МБИМБИ МБИ 10 10 10 МБИ 10 МБИ 10 2010/2012 Max. 2.827,62 НАЈГОЛЕМ МБИ 10 ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1.808,47 Комерцијална банка 2010/2012 2010/2012 2010/2012 Max. Max. Max. 2.827,62 2.827,62 2.827,62 МБИ 10 2010/2012 Max. на 2.827,62 Конечно благ раст на индексите 2010/2012 2010/2012 Min. Min. Min. 1.808,47 1.808,47 1.808,47 2010/2012 Max. 2.827,62 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1.808,47 Македонската берза. За последната 2010/2012 Max. 2010/2012 Min. 2.827,62 1.808,47 недела тргување МБИ-10 индексот кој ги Комерцијална банка 2010/2012 Min. +1,61% 1.808,47 +40,00 обединува 10-те најтргувани компании се НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ДОБИТНИК ДОБИТНИК НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Max. 2.827,62 искачи за 2% што сепак е чекор напред во НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Комерцијална Комерцијална Комерцијална банка банка банка однос на речиси двомесечниот пад. НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Комерцијална банка Min. 1.808,47 2010/2012 Комерцијална банка НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

1.767,72 1.767,72 1.767,72 1.767,72 1.767,72 1.767,72 1.767,72 2.530,00 1.767,72 2.530,00 Комерцијална банка +40,00 2.530,00 2.530,00 2.530,00 Стопанска банка Скопје 2.530,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2.530,00 2.530,00 +40,00 +40,00 +40,00 Комерцијална банка +40,00 НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 130,00 +40,00 +40,00 Стопанска банка Скопје -13,00 2.530,00 НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 130,00 Стопанска Стопанска Стопанска банка банка банка Скопје Скопје Скопје +40,00 Стопанска банка Скопје Стопанска банка Стопанска банкаСкопје Скопје -13,00 DOW JONES 130,00 130,00 130,00 130,00 130,00 НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 130,00 -13,00 -13,00 -13,00

+1,61%

+1,61% +1,61% +1,61% +1,61% +1,61% +1,61% -9,09% +1,61% -9,09% -9,09% -9,09% -9,09% -9,09% -9,09% -9,09%

Стопанска -13,00 -13,00 банка Скопје -13,00 DOW JONES

130,00

DOW DOW DOW JONES JONES JONES DOW JONES DOW JONES 14.000 -13,00 DOW JONES

-9,09%

13.500 13.000 12.500 14.000 DOW JONES 12.000 13.500 11.500 13.000 14.000 14.000 14.000 14.000 11.000 14.000 13.500 12.500 13.500 13.500 13.500 14.000 10.500 13.500 13.000 12.000 13.000 13.000 13.000 13.500 10.000 12.500 13.000 11.500 12.500 12.500 12.500 07.11 10.11 01.12 04.12 07.12 10.12 13.000 12.000 12.500 11.000 12.000 12.000 12.000 12.500 11.500 14.000 12.000 10.500 11.500 11.500 11.500 12.000 11.000 13.500 11.500 10.000 11.000 11.000 11.000 11.500 10.500 13.000 11.00007.11 10.11 01.12 04.12 07.12 10.12 10.500 10.500 10.500 10.000 11.000 12.500 10.500 07.11 10.11 01.12 04.12 07.12 10.12 10.000 10.000 10.000 10.500 12.000 10.000 07.1107.11 07.11 10.1110.11 10.11 01.1201.12 01.12 04.1204.12 04.12 07.1207.12 07.12 10.1210.12 10.12 10.000 11.500 07.11 10.11 01.12 04.12 07.12 10.12

DOW JONES

07.11

10.11

01.12

04.12

13.093,16

11.000 10.500 10.000

07.11

10.11

01.12

07.12

10.12

+0,03% 07.12 10.12

04.12

Продолжува падот на индексите 13.093,16 на американската берза. Иако 13.093,16 последниот месец започна добро и +0,03% ДРУГИ ПАЗАРИ 13.093,16 13.093,16 13.093,16 за инвеститорите на Dow Jones+0,03% и за 13.093,16 Nasdaq, „украдено“ на 13.093,16 FTSE 100 сумарно им има 5.840,15 -1,05% +0,03% +0,03% +0,03% инвеститорите добри 3% до 5%.

Nikkei225 ДРУГИ ДРУГИПАЗАРИ ПАЗАРИ S&P 500 FTSE 100 FTSE 100 Nasdaq ДРУГИ ДРУГИ ДРУГИ ПАЗАРИ ПАЗАРИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225 Nikkei225 DAX ДРУГИ ПАЗАРИ S&P 500 FTSE FTSE FTSE 100 100 100 S&P 500 TOPIX FTSE 100 Nasdaq Nikkei225 Nikkei225 Nikkei225 Nasdaq FTSE 100 Nikkei225 DAX500 S&PDAX S&P 500 S&P 500 Nikkei225 ДРУГИ S&P 500ПАЗАРИ TOPIX Nasdaq Nasdaq Nasdaq TOPIX S&P 500 ВАЛУТИ Nasdaq FTSE DAX DAX DAX100 Nasdaq DAX Nikkei225 TOPIX TOPIX TOPIX DAX ВАЛУТИевро Фунта TOPIX ВАЛУТИ S&P 500 TOPIX СТАПКА Nasdaq Фунта евро ВАЛУТИ ВАЛУТИ ВАЛУТИ DAX 1,2509 Фунта евро ВАЛУТИ СТАПКА ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА

9.007,44 +0,03% -0,48% +0,03% 1.414,20 -0,94% 5.840,15 -1,05% 5.840,15 2.982,13 -1,05% -1,26% 9.007,44 -0,48% 9.007,44 -0,48% 7.321,38 +0,03% -0,58% 1.414,20 -0,94% 5.840,15 5.840,15 5.840,15 -1,05% -1,05% -1,05% 1.414,20 -0,94% 747,95 -0,55% 5.840,15 -1,05% 2.982,13 -1,26% 9.007,44 9.007,44 9.007,44 -0,48% -0,48% -0,48% 2.982,13 -1,26% 5.840,15 -1,05% 9.007,44 -0,48% 7.321,38 -0,58% 1.414,20 1.414,20 1.414,20 -0,94% -0,94% -0,94% 7.321,38 -0,58% 9.007,44 -0,48% 1.414,20 -0,94% 747,95 -0,55% 2.982,13 2.982,13 2.982,13 -1,26% -1,26% 747,95 -1,26% -0,55% 1.414,20 -0,94% 2.982,13 -1,26% 5.840,15 -1,05% 7.321,38 7.321,38 7.321,38 -0,58% -0,58% -0,58% 2.982,13 -1,26% 7.321,38 -0,58% 9.007,44 -0,48% 747,95 747,95 747,95 -0,55% -0,55% -0,55% 7.321,38 -0,58% евро долар 747,95 -0,55% 1.414,20 -0,94% 747,95 -0,55% СТАПКА 2.982,13 -1,26% евро долар 7.321,38 -0,58% 1,2784 евро долар 747,95 СТАПКА -0,55% ПРОМЕНА

13.093,16 други пазари

VALUTI

£ €

1,2509 Фунта Фунта Фунта евро евро евро +0,21% Фунта евро ПРОМЕНА 1,2509 Фунта евро СТАПКА СТАПКА СТАПКА СТАПКА

ВАЛУТИ ПРОМЕНА СТАПКА +0,21%

СТАПКА 1,2509 1,2509 1,2509 +0,21% 1,2509 1,2509 +0,21% +0,21% +0,21% +0,21% ЗЛАТО +0,21% ФЈУЧЕРСИ 1,2509 ЗЛАТО

ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА ПРОМЕНА ПРОМЕНА Фунта евро ПРОМЕНА ПРОМЕНА ФЈУЧЕРСИ СТАПКА

1.676,20 FJU^ERSI 1.676,20 ЗЛАТО ЗЛАТО ЗЛАТО ZLATO 1.676,20 ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта Нафта Брент ФЈУЧЕРСИ 1.676,20 1.676,20 1.676,20 1.676,20 105,53 1.676,20 105,53 ЗЛАТОБрент Нафта ПРОМЕНА

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО ФЈУЧЕРСИ +0,21% ФЈУЧЕРСИ

105,53 1.676,20 105,53 105,53 105,53 105,53 105,53

€ $

СТАПКА 1,2784 евро евро евро долар долар долар -0,37% евро долар ПРОМЕНА 1,2784 евро долар СТАПКА СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА СТАПКА -0,37%

СТАПКА 1,2784 1,2784 1,2784 -0,37% 1,2784

ПРОМЕНА ПРОМЕНА ПРОМЕНА 1,2784 евро долар ПРОМЕНА

ПРОМЕНА -0,37% -0,37% -0,37% СТАПКА -0,37% -0,37% 1,2784 ПРОМЕНА

-0,37% +0,06% +0,06%

+0,06% +0,06% +0,06% +0,06% +0,06% -0,14% +0,06% -0,14%

Нафта Нафта Нафта Брент Брент Брент Нафта Брент BRENT NAFTA Нафта Брент -0,14% +0,06% Нафта Брент

105,53

-0,14% -0,14% -0,14% -0,14% -0,14%

пОдаТОЦиТе се Од ден 05.11.2012 дО 15ч.

-0,14%

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10


Капитал број 680 08.11.2012

12

www.kapital.mk

воведник

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Странските инвеститори почнуваат да стануваат директна конкуренција на домашните компании. Со тоа што им се дозволува покрај за извоз, производите произведени во зоната со еден куп давачки да ги продаваат и на домашниот пазар. Ова е преседан кој директно ги дискриминира оние кои произведуваат и ги плаќаат сите давачки во земјата. Или за да имаат еднаков третман треба да отворат фирма во странство, па потоа да дојдат и да инвестираат во Македонија? Со ваква дискриминација не е ни чудо зошто многу фирми во последниве две-три години се одлучуваат да отворат фирми или да го преселат производството во Бугарија, Србија или Албанија, а активностите во Македонија да ги сведат на минимум. Непатриотски, ама многу оправдано. И после ќе се чудиме зошто сите бараат бугарски пасоши?

Наши, а туѓи Б унарџик почна да се полни. За седум месеци отворени седум фабрики, што готови, што допрва ќе се градат. Тоа е веќе темпо за пофалба. Резултатите сигурно ќе ги почувствуваме допрва. Иако на почетокот на заживување на проектот слободна економска зона се најавуваше дека само големи инвестиции ќе добиваат субвенции и ослободување за инвестирање во зоната, денес поволности добиваат сите што ќе одлучат да инвестираат. На пример, последната инвестиција која свечено се отвори во Бунарџик е вредна околу 8 милиони евра. Како што рече директрот на фабриката, кој истовремено е и еден од сопствениците на фабриката, инаку Македонец, во новата фабрика ќе се произведуваат хомеопатски производи, лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. А производите ќе се продаваат на македонскиот пазар, но и на земјите од регионот, на рускиот пазар и на некои други светски пазари. Иако првичната идеја, која е и законски прецизирана, беше дека с$ што ќе се произведува во слободните зони мора да се извезува во странство, за да не се создава нелојална конкуренција. Бидејќи фабриките кои произведуваат во зоната се ослободени буквално од сите давачки, од даноци, царини, придонеси... Па кога нивните проиозводи ќе се појават на домашниот пазар сигурно биле многу поевтини од оние на домашните компании кои ги плаќаат сите даноци и давачки кон државата. Или ако не се поевтини тогаш ќе прават многу поголема профитна маржа, бидејќи трошоците ќе им бидат далеку помали. Сега власта тивко го напушта ова правило и законска одредба. Ако ова продолжи да се практикува, тоа ќе значи преседан со кој

се прави големо нарушување на конкуренцијата и слободата на пазарот. Ако не важи и за другите кои произведуваат во зоната, тогаш повторно прави дискриминација. И не само кон нив. Дискриминирани ќе бидат сите компании кои произведуваат и продаваат на домашниот пазар. Зошто тогаш и тие не биле ослободени од плаќање давачки кон државата? И тие инвестираат, отвораат работни места, извезуваат, плаќаат давачки и не ги изнесуваат парите од Македонија кога нивните матични земји ќе бидат во економски проблеми. Или за да имаат еднаков третман треба да отворат фирма во странство, па потоа да дојдат и да инвестираат во Македонија? На овој дискриминаторски преседан чудно молчаливи се домашните комори и бизнис-заедници, иако секогаш гласно се залагаат за еднаков третман на домашните и странските инвестиции. Зошто, тие си знаат најдобро. Вака како што се поставени работите, домашните инвеститори може само да сонуваат за ослободувањата и поволностите кои ги имаат странците кои вложуваат во Македонија. Сигналите кои се испраќаат до домашните инвеститори се лоши. Дека не се добредојдени дома. Со ваква дискриминација не е ни чудо зошто многу фирми во последниве две-три години се одлучуваат да отворат фирми или да го преселат производството во Бугарија, Србија или Албанија, а активностите во Македонија да ги сведат на минимум. Непатриотски, ама капиталот и бизнисите секогаш се движат онаму каде што имаат поповолни услови за бизнис и каде што можат да прават поголем профит. После да не се чудиме зошто бројот на барања за бугарски пасоши расте секоја година и зошто бројот на жители во Македонија секоја година е с$ помал. Не ќе е само до нераѓањето деца.



Капитал број 680 08.11.2012

14

www.kapital.mk

cover story

СтавреСКи

И дог с$ ќе исто? Буџетот од 2,7 милијарди евра - поддршка или товар за бизнисот?! Главен адут на министерот за финансии и во новиот Буџет за 2013 година повторно се капиталните инвестиции, кои се планирани на ниво од 380 милиони евра. Државата

Капитал... анализира


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

15

cover story

и го предложи Буџетот

година е биде ?! со капиталните инвестиции може да ја игра пресудната улога во движењето на економијата, но главното прашање е кои капитални проекти ќе се финансираат со овие пари и колку тие навистина може да & помогнат на економијата да се одбрани од рецесијата?

} За што ќе се трошат парите од даноци и придонеси во 2013 година? } Каков државен Буџет & треба на Македонија и каков Буџет посакува бизнис-секторот?!

2013 2,4

Државата во година ќе собере Буџетот... на прв поглед милијарди евра од даноци и придонеси, а планира да потроши милијарди евра. Разликата меѓу пориходите и расходите од милиони евра ќе се финансира со кредити од странство и издавање државни обврзници.

2,7 300

Најмногу пари и догодина ќе се потрошат за тековни потреби. Само социјалните милијарди евра трансфери изнесуваат и вклучуваат зголемување на пензиите и социјалната помош за . За набавка на стоки и услуги се планирани 280 милиони евра, а за земјоделски субвенции милиони евра.

1,2 5%

135

Ставката за капитални инвестиции е милиони евра. планирана на

380

Буџетот е поставен на проекција за и економски раст од инфлација од

2% 3,5%.

Извозот и увозот се очекува умерено да пораснат со стапки од и соодветно. По одделни сектори, најголем раст се очекува да има градежништвото, од , особено поради зголемувањето на јавните инвестиции во инфраструктурата и во технолошко-индустриските зони. Индустриското производство во 2013 година се очекува да порасне само .

5,7% 5,3%

3,5%

2,3%


Капитал број 680 08.11.2012

16

www.kapital.mk

cover story

АлеКсАндАр ПАнов

генералeн директор на Макстил

И

нвестициите во инфраструктурата мора да имаат врвен приоритет во државниот Буџет. И што е најбитно, мора да се инвестира до денар целиот износ што се планира за таа намена. Подобро реално да се процени колку навистина можеме да вложуваме во инфраструктурата, отколку да се предвиди износ што потоа ќе се скрати со некој ребаланс на Буџетот. Бизнис заедницата очекува од Владата да ги реализира своите ветувања за подобрување на патната инфраструктура, особено поврзувањето на земјата со Албанија и Бугарија со автопат. Тоа ќе отвори нови перспективи на домашната економија. Освен автопатиштата, за развојот на бизнисот многу е битен и железничкиот транспорт и затоа сметам дека мора што повеќе да се вложува во модернизирање на пругите и инвестиции во нови вагони.

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

А

фотографија:

фотоархива на Капитал

ко државниот Буџет претставува проекција на иднината и ги одразува главните приоритети на една Влада, тогаш јасно е дека идната воопшто нема да се разликува од оваа година. Генерален заклучок е дека и со новиот Буџет, продолжуваат да се реализираат старите проекти,

а Владата и овојпат не направи суштинска реформа на јавните расходи. „Капитал“ анализира: За што ќе се трошат парите од даноци и придонеси во 2013 година? Каков државен Буџет & треба на Македонија и каков Буџет посакува бизниссекторот?! Колку проектите што ќе ги финансира Владата идната година навистина ќе & помогнат на економијата, дали Буџетот е поддршка или товар за бизнисот?! Министерот за финансии, Зоран Ставрески, достави до Собранието буџетски пресметки според кои, Владата и нејзините институции во 2013 година планираат да потрошат

вкупно 2,7 милијарди евра. Предвидено е приходите од даноци и придонеси во државната каса да изнесуваат 2,4 милијарди евра. Најмногу приливи во државната каса Владата очекува по основ на ДДВ, меѓутоа колку таа ќе се полни ќе зависи од закрепнувањето на домашните компании од рецесијата. Разликата меѓу приходите и расходите што претставува буџетски дефицит, ќе изнесува околу 300 милиони евра, или 3,5% од БДП. Тој недостиг од пари во државната каса ќе се финансира главно со задолжување во странство од околу 250 милиони евра, но и со интензивно издавање на подолгорочни обврзници на домашниот пазар. Главен адут на министерот за финансии и во новиот Буџет за 2013 година повторно се капиталните инвестиции, кои се планирани на ниво од 380 милиони евра. Во услови кога се проценува дека извозот идната година ќе нема никаков придонес во растот на економијата, бидејќи исто толку ќе порасне и увозот, а приватните инвестиции поради кризата повторно ќе секнат, државата со капиталните инвестиции може да ја игра пресудната улога во движењето на економијата. Но, главното прашање е кои капитални проекти ќе се финансираат со овие пари и колку тие навистина може да & помогнат на економијата да се одбрани од рецесијата? Ќе се градат локални и регионални патишта, болници, водоводи и канализации, ќе се доградува проектот „Скопје 2014“. Владата обезбеди кредити и за делницата Демир Капија–Смоквица од патничкиот Коридор 10, како и за изградба на пругата Куманово–Бељаковце од железничкиот Коридор 8. Капиталните инвестиции

доколку се реализираат, создаваат подобри услови за привлекување странски инвеститори и подобро работење на домашните компании. Затоа е важно што повеќе пари од Буџетот да се инвестираат во изградба на нова патна и железничка инфраструктура, гасоводи и хидроцентрали. Анализата на структурата на јавните расходи, повторно н$ потсетува на стариот проблем на Буџетот. Проблематичен е, всушност, начинот на којшто се трошат народните пари. И во 2013 година најголем дел, односно 86% од парите ќе се трошат за тековни потреби, за плати на јавната администрација, пензии, социјални давачки, за стоки и услуги кои не овозможуваат економски развој. Помал дел од државната каса ќе се инвестира во изградба на патна, железничка, енергетска инфраструктура. Меѓутоа, друго важно прашање е дали целосно ќе се реализира ставката за капитални инвестиции?!

Капиталните инвестиции да имаат приоритет Буџетот како годишен план за финансирање на функциите и обврските на државата, мора да биде


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

cover story

17

Српската влада ќе плаќа за 45 дена, македонската ветува дека нема да доцни

В

ладата на Србија се обврза со нов закон дека ќе им плаќа на приватните фирми во рок од 45 дена. Рокот за компаниите што ќе & плаќаат на државата или пак на други приватни партнери за набавка на стоки или услуги е 60 дена. Новиот закон се очекува да биде усвоен до крајот на ноември годинава, а министерот за финансии, Млаѓан Динкиќ, најавува дека строго ќе се применуваат новите правила. „Оние што нема да можат да се

развоен. Тоа е неговата првенствена суштинска задача. Која е оправданоста од неговото постоење, од одземањето на дел од доходите и од трошењето на тие заеднички пари, доколку не обезбедува подобро живеење токму на оние што го

прилагодат на новите правила, местото нека го отстапат на други приватни компании што ќе ги почитуваат роковите“, изјави Динкиќ. Српските бизнисмени очекуваат дека овој чекор води кон решавање на проблемот со неликвидноста. „Го поздравуваме овој закон, ова е тоа што му треба на бизнисот“, истакна директорот на Металец, Петрашин Јаковлевиќ. Во Македонија иако имаше иницијатива од бизнис-секторот за скратување полнат. Главното прашање е како да се оствари тоа? Нема дилеми дека развој се постигнува кога се инвестираат што повеќе пари во изградба на патишта, железнички пруги, енергетски капацитети, училишта. Капиталните

на роковите за плаќање, од Владата добија само ветување дека во иднина нема да доцни. Премиерот пред два месеци го призна проблемот со доцнењето на исплатата на долговите кон приватните компании, но се обврза дека до февруари сите заостанати обврски кон приватниот сектор ќе бидат подмирени. Министерот за финансии, Ставрески, при објавувањето на новиот Буџет за 2013 година, исто така вети дека сите обврски ќе се плаќаат навреме. инвестиции ја прават земјата поконкурентна, му овозможуваат на бизнисот подобри услови за работење, на граѓаните поквалитетен живот. Економистите и бизнисмените се едногласни дека во време на рецесија,


Капитал број 680 08.11.2012

18

www.kapital.mk

cover story

државата мора да вложува повеќе пари во изградба на крупни инфраструктурни проекти што ќе & дадат здив на домашната економија. „Инвестициите во инфраструктурата мора да имаат врвен приоритет во државниот Буџет. И што е најбитно, мора да се инвестира до денар целиот износ што се планира за таа намена. Подобро реално да се процени колку навистина можеме да вложуваме во инфраструктурата, отколку да предвиди износ што потоа ќе се скрати со некој ребаланс на Буџетот. Бизнис-заедницата очекува од Владата да ги реализира своите ветувања за подобрување на патната инфраструктура, особено поврзувањето на земјата со Албанија и Бугарија со автопат. Тоа ќе отвори нови перспективи на домашната економија. Освен автопатиштата, за развојот на бизнисот многу е битен и железничкиот транспорт и затоа сметам дека мора што повеќе да се вложува во модернизирање на пругите и инвестиции во нови вагони“, смета генералниот директор на Макстил, Александар Панов. Бизнисмените оценуваат дека со модернизирање на инфраструктурата, Владата ќе создаде подобри услови за инвестиции и развој на бизнисот, а истовремено преку ангажирање на градежната оператива, ќе ја заживее економијата. Дел од нив, очекуваат зголемување на инвестициите во енергетиката.

Ангел Димитров

директор на конфекцијата Мода

К

ога зборуваме за капитални инвестиции сигурно не мислам на разубавување на главниот град. Добро е, го разубавивме, но доста е. Државата сега да се фокусира на подобрување на условите за водење бизнис преку инвестиции во клучните инфраструктурни проекти. На пример, како држава многу малку вложуваме во искористување на водните потенцијали на земјата за произведување на струја и поради тоа имаме голем увоз. Штом се зголеми домашното производство, автоматски ќе се намали и трговскиот дефицит, а друга придобивка е и пониската цена на хидроенергијата. Ова е само еден пример како државата може да го поттикне забрзувањето на економскиот раст со посакувани стапки од 5% или 6%.

„Јас кога би бил премиер, приоритет би им дал на проектите од областа на енергетиката, пред с$ изградбата на хидроцентрали и гасификација на земјата. Енергијата е огромен трошок за бизнисот што постојано се зголемува. Тоа пак ја намалува нашата конкурентност. Јас сум голем противник на трошење на парите од даноци за непродуктивни проекти. Дури ниту најбогатите држави не се расфрлаат со пари за градење музеи или споменици. Овој економски раст што се поттикнува со ангажирање на градежните компании во проектот „Скопје 2014“ е неодржлив и краткорочен“, изјави генералниот директор на Глобус, Раде Трајковски.

Бизнисмените се свесни дека постојат многу ограничувачки фактори поради кои државниот Буџет сепак има поголема социјална компонента отколку развојна, но и во такви услови, сугерираат државата повеќе да инвестира во проекти што најбрзо ќе ги вратат вложените пари. „Кога зборуваме за капитални инвестиции сигурно не мислам на разубавување на главниот град. Добро е, го разубавивме, но доста е. Државата сега да се фокусира на подобрување на условите за водење бизнис преку инвестиции во клучните инфраструктурни проекти. На пример, како држава многу малку вложуваме во


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

cover story искористување на водните потенцијали на земјата за произведување на струја и поради тоа имаме голем увоз. Штом се зголеми домашното производство, автоматски ќе се намали и трговскиот дефицит, а друга придобивка е и пониската цена на хидроенергијата. Ова е само еден пример како државата може да го поттикне забрзувањето на економскиот раст со посакувани стапки од 5% или 6%“, вели директорот на конфекцијата Мода, Ангел Димитров. Менаџерите сугерираат Владата да се фокусира и на изградбата на Коридорот 8 за да може земјата да се поврзе со автопат и железничка пруга со Албанија и Бугарија. „Слабо развиената инфраструктурна мрежа е главна пречка за побрз развој на домашната економија. Јас очекувам да се забрза и изградбата на пругата од Коридорот 8 со која ќе се поврзаме со Албанија и со Бугарија, и тоа значително ќе им олесни на компаниите што сега немаат друга алетрнатива освен Солунското пристаниште. Патната инфраструктура е особено проблематична во Источна Македонија. Не може да очекувате да дојдат инвеститори во овој регион кога, на пример, патот Струмица-Радовиш с$ уште е калдрма. Мора да изградиме нови патишта за да имаат инвеститорите интерес повеќе да вложуваат и во овој дел од земјата. Многу е важно планираните проекти да се реализираат

19

Владата во 2013 ќе се задолжи со 550 милиони евра!

П

ресметките во Буџетот покажуваат дека Владата идната година ќе треба да обезбеди околу 550 милиони евра со задолжување, за да се финансира буџетскиот дефицит, но и за враќање на старите долгови. За буџетскиот дефицит требаат околу 300 милиони евра, но во јануари треба да се исплати и еврообврзницата од 2009 година од 175 милиони евра. За таа цел, се планира задолжување од околу 290 милиони евра во сранство, издавање државни записи на домашниот пазар во вкупна вредност од 60 милиони

евра. Државата планира да повлече и депозит од околу 200 милиони евра. Бизнисмените апелираат Владата да го намали темпото на задолжување на домашниот пазар, за да се ослободи притисокот врз банките и тие да почнат повеќе да го кредитираат приватниот сектор.

со предвидената динамика за да го поттикнат економскиот раст во време на криза“, оценува Николајчо Николов, генерален директор на Бучим. Македонските бизнисмени сугерираат Владат да остане доследна на своите ветувања и докрај да ги реализира сите планирани капитални проекти во Буџетот за идната година.

Ставрески ветува реализација на сите капитални проекти

Владата ветува секој планиран проект од капиталните објекти да биде изграден согласно со планираната динамика, за да се почувствуваат позитивните ефекти од јавните инвестиции во економијата. Министерот Ставрески изјави дека очекува добра реализација на проектите,


Капитал број 680 08.11.2012

20

www.kapital.mk

cover story

коментар

Николајчо Николов генерален директор на Бучим

С

лабо развиената инфраструктурна мрежа е главна пречка за побрз развој на домашната економија. Јас очекувам да се забрза и изградбата на пругата од Коридорот 8 со која ќе се поврзаме со Албанија и Бугарија, и тоа значително ќе им олесни на компаниите што сега немаат друга алетрнатива на Солунското пристаниште. Патната инфратсруктура е особвено проблематична во источна Македонија. Не може да очекувате да дојдат инвеститори во овој регион кога на пример патот Струмица - Радовиш е се уште калдрма. Мора да изградиме нови патишта за да имаат инвеститорите интерес повеќе да вложуваат и во овој дел од земјата. Многу е важно планираните проекти да се реализираат со предвидената динамика за да го поттикнат економскиот раст во време на криза.

бидејќи поголем дел од нив се веќе почнати и треба да се довршат. Тој објасни дека дури и зголемувањето на буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП е во функција на зголемување на фискалниот стимул за поттикнување на економската активност. „Ова е разумно и неопходно ниво на буџетски дефицит за идната година, особено што голем дел од парите ќе се инвестираат во крупни инфраструктурни проекти што ќе ја раздвижат македонската економија. Планирано е зголемување на капиталните инвестиции за околу 10%, особено во здравството и во образованието. Идната година ќе почне интензивно изградбата на делницата Демир Капија–Смоквица од патничкиот Коридор 10 за што освен од Буџетот, обезбедени се и пари од меѓународни финансиски институции. Во железничката инфраструктура најмногу пари ќе се потрошат за реконструкција на пругата Куманово– Бељаковце од Коридорот 8, но и за ремонт на пругата од Коридорот 10. За инвестиции во енергетиката одвоивме повеќе од 30 милиони евра, вклучувајќи ја и изградбата на националниот гасовод“, истакна Ставрески. Тој уште еднаш потврди дека Владата идната година ќе ги исплати сите заостанати долгови кон приватните компании и ќе продолжи редовно да враќа ДДВ и да плаќа за извршените работи.

Социјалните трансфери се зголемуваат

Колку и да се опишува Буџетот како развоен, и во 2013 година најмногу пари од државната каса ќе се потрошат за тековни потреби. Растат капиталните, но и непродуктивните трошења на Владата. Владата планира да потроши дури 1,2 милијарди евра за социјални трансфери, кои вклучуваат и зголемување на пензиите и социјалната помош за 5%. Тоа се очекува да ја поттикне и личната потрошувачка. Јасно е дека земја како Македонија, со стапки на сиромаштија и невработеност кои

надминуваат 30% од населението, мора да одвојува значителни суми од Буџетот за најранливите граѓани, меѓутоа една Влада најмногу ќе им помогне на социјалните случаи ако им овозможи да се вработат. Токму затоа економистите сугерираат да се вложува во проекти што ќе поттикнат инвестициска активност и отворање нови работни места. Друг голем товар за државната каса е огромната јавна администрација која ги чини даночните обврзници околу 380 милиони евра. Министерот Ставрески потврди дека не е планирано зголемување на платите во јавниот сектор во 2013 година, меѓутоа, не е планирано ниту намалување на бројот на вработени во јавниот сектор иако за дел од нив, како што објави Државниот завод за статистика, нема ниту физички простор каде да одат на работа. Огромни ставки во Буџетот за кои се одвојуваат милиони евра се и набавките на стоки и услуги за потребата на Владата и нејзините министерства. Во 2013 година, за оваа намена планирани се 280 милиони евра. Ако на оваа сума се додадат парите предвидени за набавка на стоки и услуги за државните фондови, ставката достигнува до 600 милиони евра. Голем дел од тие набавки се склучуваат за непродуктивни потреби, за промотивни владини кампањи, за нови автомобили и мебел, за консултантски услуги, за патувања, привремени вработувања. Силна карта на која игра Владата во овој Буџет се и зголемените земјоделски субвенции, за што се планира да се потрошат 135 милиони евра. Меѓутоа, економистите коментираат дека вака поставената политика на субвенционирање на земјоделството не овозможува развој на овој сектор, бидејќи субвенциите завршуваат како дополнителен социјален приход за земјоделците.

Александар Јанев aleksandar.janev@kapital.mk

Ветено – запаметено

Г

олем предизвик е да се исполнат дадените ветувања. Годините наназад покажаа дека власта практикуваше сурова буџетска политика на планирање, но никогаш докрај реализирање на капиталните инвестиции. А постојано им ветуваше на бизнисмените автопатишта, хидроцентрали, железници... Лошите навики создадоа недоверба во ветувања, но министерот за финансии, Зоран Ставрески, тврди дека сега нешто ќе се промени. Бизнисмените ги врежаа ветувањата на Владата во своите мемории и очекуваат целосна реализација на предвидените капитални инвестиции и навремена исплата на обврските. Кратењето на капиталните инвестиции не е добра економска политика, посебно во услови на криза кога државата преку Буџетот треба да ја поттикне економската активност. Ако треба со неколку зборови да се опише предложениот Буџет за догодина, тогаш јасно е дека е идентичен со годинешниот. Власта планира да собере 2,4 милијарди евра од даноци и придонеси, што е всушност помалку во споредба со годинава, а ќе потроши 2,7 милијарди евра. Бројките се во ред, меѓутоа, останува огромен ризик дали државната каса ќе се полни како што планира Владата, особено во време кога повеќе од половина од приватните фирми во земјава се блокирани! Дури и с$ да оди според планот, во државната каса ќе недостигаат 300 милиони евра, бидејќи власта планира да потроши повеќе од приходите. Како ќе се финансира дефицитот? Со задолжување во странство, но и на домашниот пазар. Што е проблематично? Најголем интерес за аукциите на државни записи покажуваат банките и тие наместо во кредити, парите ги пласираат во безризични хартии од вредност. Ова е убиствена политика за развојот на бизнисот и затоа менаџерите на компаниите инсистираат Владата да го исполни и ова ветување – повеќе задолжувања во странство, а не дома.


...Политика... зошто АмериКАнсКиот сеКретАр не доАѓА во мАКедонијА?

“Ало“ од Клинтон, АлАрм зА ивАнов!

Н

ерешениот спор за името кој со години ја обликува македонската надворешна политика, е причината поради која државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, и покрај тоа што беше на турнеја низ Балканот, не го посети официјално

Скопје. Дипломатската порака за ваквото изоставување и самата телефонски му ја пренесе на претседателот Иванов - проблемот со името мора да се реши. САД нема што повеќе да каже... продолжува на стр.44


Капитал број 680 08.11.2012

44

www.kapital.mk

политика

Груевски ги победи медиумите... во фудбал

С

о убедливи 8:1 тимот предводен од премиерот Никола Груевски ја победи екипата составена од сниматели и фоторепортери на фудбалскиот натпревар одигран во спортската сала Форца. За мотивираноста на премиерот во мечот со медиумските работници сведочат четирите голови што ги постигна, од кои еден со лоб-удар. Натпреварот во кој противници му беа сниматели и фоторепортери, секако, гарантираше многу блицови и објективи, односно идеален начин за да го добијат потребниот публицитет лидерските способности на Груевски и во спортот. Ваквиот PR потсети на џудо-демонстрациите на рускиот претседател Владимир Путин, на кои тој со леснотија победува дури и противници кои се значително помлади од него.

> БРОЈКИ

45,1%

од граѓаните на Македонија имаат негативно мислење за проектот “Скопје 2014“, наспроти 40,3% кои ги поддржуваат начинот и идеологијата според кои се менува главниот град, покажа анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања (ИПИС)

70,1%

од населението во Македонија ја одобрува владината политика за субвенции во земјоделството. Субвенциите се најпозитивно оценетиот проект на Владата според резултатите на анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС)

160

студенти ќе заминат на дообразување во Велика Британија. Тешко е да се претпостави колку од нив ќе се вратат назад со оглед на трендот на иселување кој владее во земјава

facebook 1

Ќе се гради комплекс мостови „Оториноларингологија“ - мост „Уво“, мост „Грло“ и мост „Нос“. Ќе бидат сместени меѓу Каме-ниот мост од комплексот Нефрологија и мостот „Око“ од Офтамологија:))) Срѓан Стојанчев

2

Значи ова Американциве ептен се заостанати - од 1789 до денес ниту едни предврeмени избори... Роберто Беличанец

3

А зошто данок на "Стари Ергени"? Па удрете данок на "глупоќа" и имате полн буџет за 13та ... Петар Младеновски

Чудото во Свети Димитрија ни демантирано, ни потврдено

Н

ајпрвин неименуван извор од Националната установа конзерваторски центар – Скопје за “Вечер“ изјави дека нема чудо, туку влагата ги исчистила фреските, за потоа од истата инстанца да изјават дека с$ уште не извршиле испитувања за влијанието на влагата, туку само утврдиле оти немало чистење со хемиски материјали или пак, на некој друг начин било делувано врз фреските. На мешаницата се надоврза и МПЦ, со став дека црковните работи треба да & бидат оставени на црквата, со што изрази стравување од можните резултати на испитувањата. Знаејќи дека луѓето по ова прашање се делат на верници и атеисти, МПЦ треба да знае дека компромисно решение не може да има – атеистите по секоја цена ќе бараат научно објаснување, а верниците во секој случај, ќе си го задржат правото да веруваат во чудо.

„Ало“ од Клинтон, алар Нерешениот спор за името кој со години ја обликува македонската надворешна политика, е причината поради која државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, и покрај тоа што беше на турнеја низ Балканот, не го посети официјално Скопје. Дипломатската порака за ваквото изоставување и самата телефонски му ја пренесе на претседателот Иванов - проблемот со името мора да се реши пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

Т

олку блиску, а сепак толку далеку. Место добар ден и добро ве најдов, државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, со „ало“ се збогува од Македонија. Минатонеделната проштална турнеја на Клинтон низ Балканот, не ја вклучи во агендата посетата на Македонија. Наместо лично да ни ги пренесе ставовите на САД во однос на Македонија, Клинтон на пат од Балканот кон САД, откако ги посети Хрватска, Србија, Албанија и Косово, н$ удостои само со еден телефонски разговор со кој ги повтори познатите американски ставови во однос на Македонија - името, па влез во НАТО. „Сите сакаат да ве видат во НАТО што поскоро и искрено се надевам дека ќе биде отстранета единствената пречка и дека ќе се изнајде достоинствено и практично решение за проблемот со името. Подготвени сме да помогнеме“, му пренесе државниот секретар на САД, Клинтон, на претседателот Ѓорге Иванов. Високиот дипломат кој важи за втора најмоќна жена во светот, а многумина


www.kapital.mk

епизодата со Меморандумот заврши. На ред е самитот на еу!

П

о едномесечно одлагање, Владата одговори на Меморандумот за разбирање од Грција. Начелно, тоа е позитивен одговор, во кој уште еднаш се посочува на предлогот на еврокомесарот Штефан Филе, датум за преговори и паралелно решавање на спорот. Но, како што веќе се појавија коментари, штом премиерот Никола Груевски го остави Попоски да одговори не ќе да сме многу блиску до решението. А ни ставот на медијаторот Метју Нимиц не се разликува многу од претходните. Останува да се дочека само уште одлуката од Самитот на ЕУ во декември дали позадината на нештата сепак е поинаква.

рм за Иванов! НиМиц: со добра волја проблемот со името ќе се реши во следните месеци

А

ко се направи обид на лидерствата и во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја од обете страни, може да се дојде до решение за името. Се надевам дека за наредните неколку месеци ќе видиме решение. Ова го истакна посредникот во македонскогрчките разговори за името Метју Нимиц, без да ги коментира последните случувања во македонско-грчките односи со испратениот Меморандум за разбирање.

ја споменуваат и како следен кандидат за претседател на САД, ниту на крајот од својата кариера како државен секретар за надворешни работи, не најде причина да ја посети Македонија. Ваквото заобиколување наиде на остра критика од страна на Обединетата дијаспора на Македонија, кој ја обвинија Клинтон, а воедно и САД, дека со таквата постпка испраќаат лоша порака за Македонија. И додека во земајва различни групи различно го коментираат недоаѓањето на Клинтон, од тоа дека Хилари нема што да & каже на Македонија, до тоа дека со оваа турнеја ја мобилизира и мотивира дијаспората во САД, што доаѓаат од овој регион, да ја даде својата поддршка за претседателот Барак Обама, поранешниот амбсадор на САД во Македонија, Филип Рикер, ја посочи очигледната причина: „Не мислам дека кој било друг направил повеќе за Македонија на овој пат. Ако имате цел, потребно е да ја постигнете. Тоа не е вселенска наука. Треба само посветеност, лидерство и решителност“, рече Рикер на брифингот пред започнувањето на турнејата на Клинтон, алудирајќи на нерешениот спор меѓу Македонија и Грција и окарактеризирајќи ги одложувањата од двете страни како изговори за да се постигне решение. Инаку, Хилари Клинтон за време на својот мандат како државен секретар на САД, ниту еднаш не ја посети Македонија, иако неколку пати беше во посета на регионот.

Капитал број 680 08.11.2012

буМ-трес

КоМеНтар

45

НиКола ГруевсКи

премиер на РМ

Д

а сечеа раце за корупција, цело СДСМ ќе беше без раце“, изјави премиерот. Тој не мора да сече ниту раце, ниту нозе, но да дава вакви изјави, без притоа да се спроведе конретна акција за основаните сомневања (ако има такви) за корупција та е само гола реторика.

илија ДиМовсКи пратеник

Ц

рквата не само што има право, туку има и обврска да се грижи за клучните прашања што ги мачат граѓаните“, кажа пратеникот како да не е свесен дека проблемот настанува кога црквата се грижи за владините интереси.

али ахМети

пратеник

К

ичево е наше!“, мотивациски во изборен контекст & се обрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на албанската дијаспора во Швајцарија. Ваше на ДУИ или ваше на Албанците?

twitter 1 Дамир Незири@toVornottoV

Свекој трет Грк одговорил дека не му стигаа парете! У Македонија на тоа прашање одговараа: паре???

2 Влатко Васиљ@VlatkoVasilj

Паско Кузман ќе се пензионира. Голема загуба за македонскиот народ и неговото осознавање тесно поврзано со корените од антиката.

3 Ранко Метод Србак@Srbak

Според статистички податоци во Македонија дури 50% од населението страда од биполарно нарушување. Тоа всушност значи дека сме 3 милиони!

Габриела Делова gabriela.delova@kapital.mk

За регионот “браво“, за Македонија “ало“!

М

ожеби најпознатата изрека за дипломатијата е дека таа претставува уметност со која луѓето се испраќаат во пеколот на таков начин што тие едвај чекаат да тргнат натаму. Вака изведениот заклучок само пока ж ува дека во дипломатијата ретко кога се користи остар речник. Вадењето на дипломатската ракавица, како што во медиумите често се изразуваме, најчесто се прави кога и по неколку дипломатски обиди пораката останува несфатена. По таа логика, недоаѓањето на државниот секретар Хилари Клинтон во земјава во услови кога прошета низ Балканот и тоа како е дипломатска порака. Наивно е да се верува дека Македонија е изоставена од визитата поради тоа што ние овде немаме криза. А со каква криза се соочува тогаш Хрватска? Недоаѓањето на втората највлијателна жена во светот, воопшто не може да се маргинализира и да се остави на заклучокот дека САД и нема што да ни каже. Тогаш телефонскиот разговор со претседателот Иванов би бил сосема излишен. Во таа насока, пораката е јасна, особено ако се следи реториката на Америка во последните години. Прашањето на името, за кое постојано се дава ветување, с$ уште останува нештиклирано во агендите на владејачките гарнитури, останува ветено-неисполнето. Во такви услови, додека не се реши спорот за името, Америка не може да ни понуди ништо повеќе. Но, вистинското прашање е до кога? Плаши неизвесноста, имајќи предвид како се одвиваат работите по однос на ова прашање, Македонија да не падне во заборав во агендата на САД и засекогаш да остане позната како земјата која има проблем со името. Последиците од едно такво сценарио се јасни... За кој не се, нека прочепка низ литературата за важноста зад една мала држава да стои стратешки партнер како големата САД. П.С. Можеби и Македонија треба по примерот на Косово да отвори продавница со името на Хилари Клинтон. Ако нема што да ни каже на нас, може ќе помине низ земјава за да купи пар чевли за себе...


Капитал број 680 08.11.2012

46

www.kapital.mk

политика

Само тендерите се ед за македонско-албанс пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

ема посиг урна потврда за неуспехот на мултиетничкиот ко н це п т в о м а кед о н ското општество од природата на македонско-албанските партискополитички коалиции која е толку лукративна што функционира само при гарантирана исплатливост. Без можност да заиграат на сигурна добивка, лидерите на опозициските СДСМ и ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, ја растурија тукушто формираната коалиција која за ниту случајно да не биде сфатена како мултиетничка ја нарекоа „техничка соработка“. Од друга страна, владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира и во невозможни услови (чија совршена парадигма е ситуацијата со законот за бранителите) поради кои од обидите на двете партии да ja објаснат жилавоста на опстанувањето на актуелната Влада зазвучија тешки апсурди. ВМРОДПМНЕ отворено ги потцени граѓаните велејќи им дека се збунети зашто не биле

Откако пропадна предизборно-коалициската авантура на Црвенковски и Тачи која одвај запали, но не успеа да тргне на погонското гориво – да се порази Груевски, јасно е дека македонско-албански коалиции опстануваат само ако се владини, односно кога се дели буџетот... навикнати на принципиелна политика(?!): „Да, верувам дека многу луѓе се збунети. Но, тоа е така зошто луѓето во Македонија не се навикнати на принципиелно водење политика. Постојат проблеми и недоразбирања во коалицијата, постојат и различни видувања, но она што е пресудно е дека ние немаме намера да се пазариме со тие разлики. Сакаме да ги решаваме проблемите, но не на сметка на граѓаните и на нивните интереси“, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во интервју за Прес 24, иако просторот за повикување на принципиелност и на непазарење одамна си го затворија, особено откако гласаа за автентичното толкување на Законот за амнестија со што им ги простија злосторствата против човештвото на истите борци на ОНА на кои сега „од принципиелност“ не им даваат посебни права. ДУИ своите позиции ги изјасни поискрено, со ставот дека во коалицијата не се поради желба, како

што се изрази портпаролот Бујар Османи, но и дека „не се заинтересирани да направат место за игра на другите со тоа што ќе ја напуштат Владата за да се оди на предвремени избори“, како што изјави членот на партиското Генерално собрание, Ермира Мехмети–Деваја, во интервју за „Журнал“. Дека македонско-албанските коалиции опстануваат само кога се дели (владин) буџет јасно е од фактот што досега немало предизборна соработка од овој вид (освен неодамнешниот краткотраен обид на Црвенковски и Тачи кој покажа дека желбата да се победи Груевски сепак не е доволен мотив), односно сите коалиции меѓу партии од македонскиот и од албанскиот блок биле владини, каква што е и актуелната. Од овие причини во синтагмата „тендер-коалиции“ и експертите го препознаваат јадрото на проблемот. Според професорот Јове Кекеновски, нема несовладлив предизвик за ваквите владини коалиции ако партиите воспостават добра и цврста финансиска врска:


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

политика

47

динствениот „лепак“ ските коалиции „Во сите овие години јасно се покажа дека партиите единствено ги врзува власта. Не видовме ниту една предизборна коалиција меѓу партии од македонскиот и од албанскиот блок, а тоа нема ниту да го има, барем во блиска иднина. СДСМ и ДПА само привремено ја демантираа оваа теза, зашто набргу ја откажаа соработката. Од друга страна, владината коалиција - ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, опстојува и во невозможни услови: Груевски нема контрола врз министрите на ДУИ, а Ахмети се жали дека ДПМНЕ со законот за бранителите ја доведува во опасност безбедноста на државата, но и двајцата остануваат во коалицијата. Светот може да се сврти наопаку, Груевски и Ахмети остануваат заедно с$ додека ги врзуваат финансиски интереси, тендери, вработување на свои луѓе. Опстојувањето на државата е последното нешто што ги интересира нив“, изјави Кекеновски за „Капитал“. Аналитичарот Алберт Муслиу поблаго го оценува ваквото коалицирање подвлекувајќи го фактот дека партиите се организации формирани од интерес, а причината за избегнувањето на македонскоалбанските предизборни коалиции ја гледа во практиката на партиите со „патриотска“ реторика на најевтин начин да дојдат до гласови на избори: „Во Македонија има меѓуетнички коалции, но нема меѓу македонски и албански

партии. Ова очекувам да се смени, и тоа во блиска иднина, кога нема да ме зачуди ако се појават македонскоалбански предизборни коалиции. Тие секако ќе се базираат на интерес, зашто

партиите сепак се интересни заедници. Од друга страна, еден од интересите што го попречува коалицирањето на македонски и албански партии секако се гласовите што се добиваат на сметка на меѓуетничките

Последиците од меѓуетничкото коалицирање по бизнис-модел

П

оради неможноста да профункционира мултиетничкиот концепт таму каде што би требало да почне неговата имплементација – меѓу политичките елити, државата и граѓаните плаќаат висока цена. Најпрвин, еден од клучните механизми за интегрирање на Албанците во општеството по конфликтот од 2001 година - проектот за правичната застапеност на заедниците во јавната администрација, се спроведува по партиска логика и не само што не & служи на својата цел, туку оди против неа. Со инсистирањето при рамковните вработувања да се внимава само на бројката, односно на процентот на застапеност, се дојде во ситуација воопшто да не се внимава на интегративниот момент, туку само на тоа колку се вработени од „нашите“, а колку од „вашите“, со што поделбата на општеството се продлабочува. Од дневно-политички причини кон националната историја – личности, празници, симболи, се пристапува митолошки, па така албанските партии калкулираат дека ако се спротивстават на нешто што се доживува како македонска вредност тоа позитивно ќе биде примено од нивните гласачи, а така размислуваат и македонските партии кога се во ваква ситуација. Затоа секој Александар Македонски мора да има свој СкендерБег, а на Слупчане се одговара со закон за бранителите. Се покажуваат мускули во јавниот дискурс - кој го има главниот збор во Владата – Груевски или Ахмети, во услови кога премиерот де факто нема контрола врз министрите на ДУИ. Никаква општествена одговорност базирана на верба во меѓуетнички соживот не покажа министерот за одбрана, Фатмир Бесими, со чествувањето на борците на ОНА, а ниту ВМРО-ДПМНЕ со провидното инсистирање на компензација преку законот за бранителите.


Капитал број 680 08.11.2012

48

www.kapital.mk

политика

односи, кои се најлесни гласови и затоа партиите не сакаат да се одречат од нив“, вели Муслиу. Според него, неможноста да се формираат македонско-албански коалиции или партии кои покрај другите интереси ќе видат изборен потенцијал и во промовирањето на политики за унапредување на меѓуетничкиот соживот, се должи на стереотипите на мнозинската заедница, македонската: „Од овој аспект одговорност треба да покаже мнозинската заедница. Зашто с$ уште има дебата дали може Албанец да биде министер за внатрешни работи или премиер, на пример. С$ дури постои ваква оптовареност со стереотипи во општеството тешко дека ќе се појави партија без етнички предзнак“, смета Муслиу. Според професорот Жидас Даскаловски, мултиетничките коалиции исклучиво базирани на партиски интереси се сериозна закана на Македонија да & се случи поделба, односно кипарско сценарио: „Власта од 2001 година наваму не успеа

да ја наметне идејата за заедништво, мултикултура и праведно општество. Напротив, со партиски договори и зачувувања на сопствени интереси ги разочараа сите оние граѓани кои сакаат поинтегративно општество. Јавните политики кои се спроведуваа(т) не водат кон градење заеднички светогледи на различните групи во земјава. Партиските програми и партиските делувања не се фокусираат на континуитет во јавните политики, туку некогаш одат до таа мерка што с$ што е постигнато од минатата влада се ништи и се разорува. И власта и опозицијата играат игра на с$ или ништо како да не сфаќаат дека елитите циркулираат и дека менливоста на елитите е нормална појава на демократските општества. Партизацијата на општеството по сите линии и во сите сектори не влијае состојбите да се подобрат, напротив, тоа претставува опасна основа за идни дејствија. Во моментов ни се случува паралелно негување на културите без многу размисла за заедничката држава

Кичево – арена на коалициите за еднократна употреба

А

ко коалициите меѓу македонски и албански политички партии се исклучиво условени со делењето на владиниот буџет, соработката во рамките на етничките блокови релативно лесно се договара кога треба да се покаже сеалбанска или семакедонска солидарност. И покрај тоа што фронталните линии на политичкиот судир во Македонија се исцртани меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од една страна, и ДУИ и ДПА од друга, сепак, и двете двојки договорија заеднички настап – македонски, односно албански, првенствено во Кичево на локалните избори што ќе се одржат во март. Овој феномен е особено интересен во албанскиот политички кампус, зашто Кичево, како нова, петта градска општина со мнозинско албанско население (по поврзувањето со општините Другово, Зајас, Осломеј и Вранешница) неоспорно ќе биде највредниот трофеј за албанските партии на локалните избори. ДПА само за Кичево (од албанските опшини) нема (а најверојатно нема ниту да има) кандидат за градоначалник, со што ќе одработи за ДУИ, односно против македонскиот кандидат зад кој ќе застанат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Останува само прашањето зошто Мендух Тачи знаејќи за договорот меѓу македонските партии (за Кичево) ја прифати понудата на Црвенковски да влезе во опозицискиот фронт предводен од СДСМ. Веројатно сметал дека од Црвенковски ќе ја добие Струга, очекувајќи дека за Кичево нема да важи договорот за заемна поддршка (СДСМ-ДПА) во зависност од етничкиот состав на општината, за истовремено да може на Ахмети да му го препушти Кичево, а за возврат од него да добие поддршка за нов мандат на

Сади Беџети во Тетово, или во некој друг град каде што Албанците се доминантно население, како што брифираат добро упатени извори во случувањата во албанскиот блок. Изборот Кичево да му припадне на ДУИ секако се должи на послабите позиции на ДПА во тој крај, зашто сепак, Али Ахмети е од Зајас, исто како и Муса Џафери, а не помалку важниот Фазли Велиу е роден во село Колари, сегашна општина Зајас. За ДПА да не се чувствува како оштетена страна во блоковскиот „дил“, договорот предвидува Тачи да истакне советничка листа во Кичево за да има свои луѓе во општинскиот совет, тврдат добро брифирани извори. Во македонскиот блок заедничкиот настап на локалните избори е понеизвесен, иако СДСМ вети дека ќе го поддржи канидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево да остане македонска општина, барем според националноста на градоначалникот. Црвенковски поддршката ја услови со барање канидатот „да ужива углед меѓу граѓаните“, а за актуелниот градоначалник Благоја Деспотовски (кој не е исклучено одново да биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ) веќе се изјасни дека не одговара на неговите критериуми. Бидејќи ВМРОДПМНЕ (според најавите) нема да ги претстави своите кандидати до декември, не треба да се исклучи можноста од компликации што би настанеле ако опозицијата се спротивстави на „вмровското“ решение за Кичево. На техничко ниво, за да нема дилеми кој колку придонел за останувањето на Кичево во „македонски раце“, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најверојатно ќе одат со посебни советнички листи, па според бројот на освоени гласови ќе ги распределуваат функциите во општината.

Алберт Муслиу

политички аналитичар

М

акедонско-албанските коалиции секако се базираат на интерес, зашто партиите сепак се интересни заедници. Еден од интересите што го попречува коалицирањето на македонски и албански партии се гласовите што се добиваат на сметка на меѓуетничките односи, кои се најлесни гласови и затоа партиите не сакаат да се одречат од нив.

Јове Кекеновски

професор-политиколог

С

ветот може да се сврти наопаку, Груевски и Ахмети остануваат заедно с$ додека ги врзуваат финансиски интереси, тендери, вработување на свои луѓе. Опстојувањето на државата е последното нешто што ги интересира нив.

Жидас Даскаловски

професор-политиколог

В

ласта од 2001 година наваму не успеа да ја наметне идејата за заедништво, мултикултура и праведно општество. Во моментов ни се случува паралелно негување на културите без многу размисла за заедничката држава и иднина, и, за жал, македонскиот модел на демократија е под закана од кипарско сценарио на расцепување, а не на фински модел на интеграција на различните јазични групи.

и иднина и, за жал, македонскиот модел на демократија е под закана од кипарско сценарио на расцепување, а не на фински модел на интеграција на различните јазични групи“, изјави Даскаловски за „Капитал“. Во меѓувреме ќе видиме како ќе заврши последната можност за македонскоалбанска предизборна коалиција, која се отвори со растурањето на соработката на СДСМ и на ДПА. Непотврдените шпекулации се дека Црвенковски нов партнер од албанскиот блок гледа во Руфи Османи, односно во неговата НДП, но засега гостиварскиот градоначалник не одговара на отворените покани за соработка со „секоја партија која го чека крајот на режимот на Груевски“.


Влезете во простор каде што преовладуваат мирот и хармонијата. Место каде што границите на Истокот и Западот се спојуваат во совршена хармонија. Вашите сетила се стимулираат од природните материјали од камен, дрво и памук. Луксузот ве опкружува, времето застанува и ве обзема чувството на длабока релаксација.

АМАМ И сАунА само мигови од вашата соба... ијлада година назад во времето... е нашиот амам и парна бања. Турската бања од легендите. Опуштете се, затворете ги очите и препуштете се на бескрајните сензации кои призлегуваат од водата и сапуницата...

КЛАсИчнА МАсАжА Изберете од повеќето типови на масажи вклучувајќи класична релаксирачка масажа, спортска масажа, третмани на тело со мед, чоколадо, ароматерапија и пилинг.

ТреТМАнИ ЗА убАВИнА уживајте во различните третмани за лице и тело, прилагодени на типот на вашата кожа. Преку нашите екслузивни третмани за лице и тело вашата кожа ќе биде сјајна, телото подмладено, со енергија потебна за секојдневните активнссти.

хотел Александар Палас

бул. Октомвриска револуција бр.15, скопје тeл: +389 2 3092 190 фaкс: +389 2 3092 152 info@aleksandarpalace.com.mk www.aleksandarpalace.com.mk



www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

EDITorial…

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

... Многу ликови на македонската политичка сцена, и од власта и од опозицијата (некои со едната нога таму, со другата ваму) сега ќе мора да се погледнат во огледало. Па додека им се гади од с$ што ќе видат, да сфатат дека доаѓа времето на наплата... За проблемите ставани под тепих, за казните кои следуваа, а не беа спроведени, за криминалот за кој никој не одговараше... Време е! За оваа држава да се соочи со само едно прашање ќе ја биде или не?

51

Време за наплата...

Н

ајдобра дефиниција за манипулативната политика, е онаа што ја објаснува како уметност на пролонгирање... на настани, одлуки, процеси с$ со една цел - нивно доведување до точка кога ја губат релевантноста. И тогаш работата е завршена! Темите веќе стануваат неважни... а фотелјите стабилни! Токму ова е главен проблем во Македонија - с$ губи релеванција пред да добие завршница. Се сеќавате ли како завршија кутиите што Ване Цветанов му ги однесе на јавниот обвинител Љупчо Шврговски откако беше разрешен од прв човек на Управата за перење пари, а кои, според него, содржеа докази за криминал? Погодивте - никако! Или исто како што завршија и Окта и Изгрев и Надеж и тајванските кредити и продажбата на Телеком и спорните резервни тенковски делови и ТАТ и ХЕЦ Злетовица... Или како што завршија и ревизорските извештаи за работата на речиси сите министри или директори на јавни претпријатија, вклучувајќи го и јавниот сервис. Па еден атентат и еден обид за атентат на претседател на државава останаа нерасчистени! Политичките лидерства дваесет години си помагаат во селекцијата на битното од небитното и во претворањето на релевантните прашања во банал, а на налудничавите идеи во топ-теми! (штом Ванчо Шехтански и неговиот данок за ергени и моми се „дограба“ во топ-њуз, што друго да се каже)... А деновиве Македонија живее во една исклучително важна есен во која неопходна е токму релеванција... Релевантни политичари, бизнисмени, интелектуалци, новинари, културни работници, спортисти - сите треба да се впрегнат во остварување на историските можности кои се отвораат пред нас! А такви ликови нема... или има с$ помалку. Па оттука, ниту некој поставува вистински прашања, ниту некој истите ги решава. Пристапниот дијалог нели беше процес во кој ќе нема бегање! Најавено беше чистење на партиските послушници во судството и администрацијата, тргање на јамката од вратот на новинарите, ослободување на пазарот, победа на пазарната економија, бескомпромисна борба со криминалот, затоплување на односите со соседите... Што добивме? Закон за декриминализација на клевета, на кој не знаеме дали да плачеме или да се смееме, најавени покачувања на платите на администрацијата, селективно доближување до комшиите и една „повампирена“ Бугарија, а борбата со криминалот ќе си почека додека не се

донесе законот за кривична постапка. Тој закон што нашиве три години го работат, за да заклучат дека им е многу комплициран и да го одложат за неодредено, а новата српска Влада го стави пред пратениците за три месеци откако беше формирана! Во однос на решавањето на спорот за името, пак, скепсата расте и кај најголемите оптимисти правопропорционално со телевизиските појавувања на Тодор Петров или колумните на тешките патриоти што „око и бубрег даваат ама име не“! Кој од кој... понерелевантен! А им се дава простор... Во меѓувреме, најавуваше и опозицијата. Ќе се реформирале, ќе понуделе кадар, програма, решенија, ќе им се качел рејтингот, ќе излезеле со кандидати од кои вилицата ќе ни падне! И што направија? Спакуваа моќен говор (не се ни мачеле многу, компилирале текстови и тези на „Капитал“) и му го дадоа на лидерот Бранко Црвенковски да го упропасти со својот кредибилитет, а за кандидат за Скопје го извадија Јани Макрадули за битката однапред да добие предзнак на „изгубена“... Е сега! Ова махерско одлагање на големите прашања, на сметка на тоа што јавноста се бомбардира со идиотизам во секој облик, не може да трае до бескрај! Дојдено е време кога оваа држава ќе се соочи со клучното прашање од својата независнот – ќе ја биде или не! Многупати досега Македонија преку корумпираните водства падна на државни испити! Овој тест сега не е ексклузивно наш. Го поминуваат сите на Балканот. И секаде се отвораат процеси. Се бајпасираат радикалните сили, се помируваат завојуваните страни, се спроведуваат клучни демократски реформи... Се прават држави. Затоа многу ликови на македонската политичка сцена, и од власта и од опозицијата сега ќе мора да се погледнат во огледало. Па додека им се гади од с$ што ќе видат, да сфатат дека доаѓа времето на наплата... Кај и да е, ќе се плаќаат цените! За долговите кои досега беа одлагани, за темите и прашањата ставани под тепих, за казните кои следуваа, а не беа спроведени, за криминалот за кој никој не одговараше. Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора... „Капитал“ во следниот период многу ќе пишува за оваа тема и процесите кои ги дрмаат овие држави виза ви Македонија. Оти за нас, ова е клучното прашање... а политичарите кои се трудат да спасат глава или фотелја веќе одамна дојдоа до точка кога станаа нерелевантни... Па, како такви неважни ниту за народот, ниту за државата! А како такви, кај и да е, ќе заминат во историјата... која нека ја толкуваат како сакаат, ама за нив, ништо добро нема да пише.


Капитал број 680 08.11.2012

52

www.kapital.mk

регион

Што се Крие зад српсКиот „Вотергејт“...

Закана со реш тајкуните или Под силниот притисок од Европската унија, која бара државите да почнат не само да ги бараат, туку и да ги најдат одговорните за големите афери за криминал во кои се проневерени милиони и милиони државни пари, во Србија се отвори голема борба со корупцијата. Првото толкување на аферата во која се откри дека е прислушуван шефот на државата Николиќ, но и вицепремиерот и министер за одбрана Вучиќ, е дека е одговор од бизнис-елитата на најавата дека ќе се расчистуваат матните приватизации, но... длабоките анализи говорат дека можно е да се работи за обид за уривање на Владата пишува:

најтешката афера - прислушување на претседателот Томислав Николиќ и на вицепремиерот и министер за одбрана, Александар Вучиќ. Српскиот „Вотергејт“, како што ја нарекуваат дел од медиумите аферата која веќе неколку дена ја тресе српската јавност, ја поставува дилемата – дали се работи за контраудар за најавената борба со корупцијата или распоредување на силите во еден од најважните сектори на секоја влада полицијата, која барем засега во Србија е директорувана од личност која важи за блиска до партијата на претходниот претседател Борис Тадиќ.

габриела делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

П

о хрватскиот случај со премиерот Иво Санадер, кој сега веќе се толкува дека претставува првата алка од криминалниот синџир на Балканот, преку јасните пораки до Црна Гора дека мора да расчисти со криминалот и со корупцијата за да не застане на патот кон Европската унија, сега Србија, приближувајќи се кон Брисел, паѓа на „уцената“ - за приближување кон семејството, покрај надминувањето на билатералните спорови неопходни се и резултати! А полето на криминалот и корупцијата е првото што мора да се изора. Така, на само неполн месец од најавата во Србија дека започнува жестока борба со криминалот и со корупцијата, поклопувајќи се со стодневното водење на државата на новата владејачка гарнитура, државиот врв се соочува со можеби досега

томислаВ ниКолиќ

иВица дачиќ

претседател

министер за внатрешни работи

ој сака да се занимава со политика треба да основа партија, а не да се крие во сенка, да вади пари од џебот, да купува души, да прислушува, да следи, да снима пораки на луѓето од Србија. Ова мора да биде огромна акција. Ќе бидат опфатени многу луѓе. Знаат што направиле. Што сега се чешаат по главата?"

рашањето кое сега се наметнува е што правел актуелниот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ? Два месеци не успеал да дознае дека се подготвувал „удар врз претседателот“? Дополнително, што Дачиќ не е министер само во оваа Влада, тој на таа фотелја седи уште од 2008 година како дел од претходниот кабинет на Мирко Цветковиќ.

К

П


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

регион

53

број на Во следниотчитајте за „Капитал“,е криминални отворенитруптивни скандали афери и ко ја кои с$ уште во Македони шница, а кои немаат завризите би биле според аналкедонија ќе мора цел која Маигне на патот кон да ја дост ал“ ќе го објасни ЕУ. „Капит државните тестот на и за справување со капацитет , кој Македонија криминалот положи. ќе мора да го

шетки за државен пуч? Ако се верува на изјавите на претседателот Николиќ, како и на министерот за одбрана Вучиќ, двајцата функционери кои се предмет на прислушување, целата афера е всушнот игра на тајкуните, на моќните лица во Србија, исплашани од неочекуваната акција на државниот врв да отпочне судска постапка за сите спорни приватизации во земјата. Според пишувањата во српските медиуми, прстот барем засега се посочува кон првиот човек на Делта холдинг, еден од најбогатите луѓе во Србија, Мирослав Мишковиќ.

АлеКсАндАр Вучиќ

Го најавува ли српскиот „Вотергејт“ неизбежниот чекор на патот до Европската унија, битка со криминалот и корупцијата, или ја открива слабоста на Балканот во која лидерите водени од сопствените интереси, речиси секогаш ги жртвуваат интересите на граѓаните тешко е да се претпостави. Но, по случајот со поранешниот хрватски претседател Иво Санадер (кој заврши во затвор поради криминал и корупција), и актуелните случувања во Србија, несомено се раѓа искра надеж дека Балканот конечно оди во вистинска насока и дека судбината, црниот „буре барут“ можеби конечно ќе

МирослАВ МишКоВиќ

вицепремиер и министер за одбрана

сопственик на Делта холдинг

ледам дека тој има желба да н$ тргне од Владата по секоја цена, но ќе видиме кој ќе победи. Тој сака да се формира мнозинство чиј дел би бил. Тајкуните сакаат да управуваат со земјата, но тој филм нема да го гледаат. Државата мора да победи. Нема да има реконструкција на Владата по желба на Мишковиќ."

рвообвинетиот“ за аферата, сопственик на гигантот Делта холдинг, се споменува во повеќе спорни приватизаци, од оние за кои владата на Дачиќ најави детална истрага. Различни се коментарите кој е неговиот мотив за да стави „јаже околу вратот“ на Николиќ. Eдни тврдат дека тој е исплашен, другите велат дека играта е поголема и дека ова е обид за уривање на владината коалиција. Мишковиќ досега се нема јавено со коментар.

Г

П

Кој е Мирослав Мишковиќ?

М

ирослав Мишковиќ е претседател на компанијата Делта холдинг. Важи за еден од најбогатите лица во Србија, со богатство вредно околу 2 милијарди долари, според податоците на магазинот „Форбс“ кој секоја година објавува список на 100-те најбогати луѓе во посткомунистичките земји. Согласно со извештајот за 2008 година неговиот капитал се цени на 2,8 милијарди долари. Мишковиќ исто така важи за доста близок човек на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ. Исто така, до денес Мишковиќ се смета дека има многу големо политичко влијание во Србија. Освен во Србија тој важи за влијателен човек низ целиот Балкан, со силни конекции во Бугарија, Босна, Македонија, па с$ до Кипар.


Капитал број 680 08.11.2012

54

www.kapital.mk

регион Радољуб Миловиќ

началник на полицијата на Србија

З

арем некој верува дека сум ги прислушкувал претседателот Николиќ и министерот Вучиќ, со чија чесност и храброст се гордеам.

ја остави во историјата.

Како започна целата афера?

Зачудувачки интересно е што всушност целата афера ја предочува Хидрометеоролошкиот завод на Србија, па забавната страна на овој случај на крајот се сведува на заклучокот времето денес во Србија е променливо облачно со постојани можности за прислушување на претседателот Николиќ и министерот Вучиќ. Имено, размерот на илегалното прислушување во Србија го откри случајно Републичкиот хидрометеоролошки завод, кој истражувајќи ја состојбата во која се наоѓаат радарските системи за одбрана од град, на 16 контролирани објекти открил околу 430 антени и други комуникациски уреди непознати за владата и со нејасно потекло. По, предочувањето од Заводот, прво министерот Вучиќ, а потоа

Која е аферата „Вотергејт“ и неговата поврзаност со Србија?

„В

отергејт“ скандалот се однесува на случувањата од 1972 година за време на владеењето на американскиот претседател Ричард Никсон, кога дел од неговиот тим ангажиран за наредните избори организира и извршува упад во канцелариите на Демократската партија кои се наоѓале во деловниот комплекс Вотергејт со цел да постават уреди за прислушување. Обидот бил неуспешен и дел од извршителите се уапсени на местото на настанот. Истрагата по извршениот упад ги поврзува извршителите со тимот ангажиран од Никсон за наредните избори, по што од страна на кабинетот на Никсон се правени обиди за да се прикрие настанот како и да се спречи понатамошната истрага. По одредени сведочења дадени на Комитетот од Сенатот формиран да изврши истрага за скандалот, откриено е дека Никсон во неговата канцеларија имал поставено уреди за прислушување. По неколку судења. Врховниот суд на САД му наредува на Никсон да ги предаде касетите, кои директно го вмешуваат во прикривање информации и обид за спречување на истрагата. Соочувајќи се со речиси сигурна можност за негов импичмент, како и за криминални обвиненија, Никсон си поднесува оставка. Неговиот наследник, претседателот Џералд Форд подоцна го помилува, со што му дава имунитет против криминално гонење за каков било криминал сторен за време додека ја извршувал претседателската функција. Во случајот со Србија станува за обратна логика кога овде државниот врв е прислушуван. Поради различните мотиви на прислушување, единствената логика која ги поврзува овие афери е акцијата прислушување во која е вмешан претседателот на земјата. и претседателот Николиќ, јавно признаваат дека во последните два месеци се цел на прислушување. „Ние овде паднавме во змиско гнездо. Ние паднавме меѓу луѓето кои се дрзнаа да ме прислушуваат најпрвин мене, а потоа и министерот Александар Вучиќ. Тоа ќе мора да се истражи докрај. Така во Србија не може да се живее. Кој се навикнал на таков начин да контролира луѓе, да командува со нивниот живот, да ги насочува нивните активности, тој нека бега од Србија. Од оваа борба нема да се откажеме“, е изјавата со која претседателот Николиќ официјално призна дека е прислушуван. Ваквото признание на Николиќ не само што ја тресе јавноста во Србија, туку во прашање ја доведува функционалноста на државните структури и одржливоста на коалицијата. Во најголема мера овде се доведува во прашање способноста на премиерот и министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој два месеци не успева да дознае дека се случува таков удар врз претседателот. Наместо оставка, како што би било практика во сите држави во светот, првично Дачиќ ваквиот пропуст го правдаше со целосна

Кои се приватизациите за кои Србија најави детална истрага

М

еѓу 24-те приватизации кои со резолуција на Европскиот парламент се означени како спорни се: XXСартид XXЈугоремедиа XXМобтел XXЦемаркет XXЛука Београд XXВечерње новости XXСрболек XXАвтотранспортно претпријатие Војводина XXНационална штедилница XXВетеринарски завод Земун XXКерамика од Кањиже XXЗастава електро XXТехнохемија XXШинвоз XXПросвета XXАзотара Панчево.

истрага во Министерството за внатрешни работи на Србија и во полицијата, заклучувајќи дека решението лежи во промената на директорот на полицијата, за чија фотелја претходно тој веќе објави конкурс. Два дена подоцна, тој рече дека доколку има потреба, ќе превземе и одговорност. Оттука, дел од познавачите во Србија целата афера ја базираат на класична борба внатре во полицијата, со цел владејачките партии да ги сместат своите луѓе на највисоките функции во МВР ,особено поради гласините


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

регион Српски Телеком не даде конкретен одговор за аферата

Н

алог од Министерството за внатрешни работи за следење на листата на повици од телефонот на вицепремиерот Вучиќ не е евидентиран од страна на Телеком. Но, како што пишуваат српските медиуми, Телеком не ја исклучува можноста од злоупотреби. Ваквиот извештај на Телеком уште повеќе ги мрси конците во целата афера, во која се уште не може конкретено да се одговори зошто имало прислушување на првиот човек на Србија, претседателот Томислав Николиќ и на вицепремиерот, Александар Вучиќ.

низ кулоарите дека премиерот Дачиќ и директорот на полицијата Милорад Велјовиќ „не се мирисаат“, бидејќи Велјовиќ важи за близок до партијата на поранешниот преседател Борис Тадиќ, Демократската партија. Најрадикалните размислувања кои доаѓаат од некои структури во Србија, се дека позади аферата стои Централната разузнавачка агнеција на САД (ЦИА). Барем засега официјални ставови или реакции за ваквите радикални изјави нема. Меѓутоа, и претседателот Николиќ, и министерот Вучиќ, за целата афера прстот го посочуваат кон тајкуните и богаташите во Србија соочени со судските постапки преку најавената борба со криминалот во спорната приватизација. „Кој сака да се занимава со политика треба да основа партија, а не да се крие во сенка, да вади пари од џебот, да купува души, да прислушува, да следи, да снима пораки на луѓето од Србија. Ова мора да биде огромна акција. Ќе бидат опфатени многу луѓе. Знаат што направиле. Што сега се чешаат по главата“, праша Николиќ директно обвинувајќи ги богатите луѓе. Дали со ваквите изјави првите луѓе на државата ја забошотуваат аферата и ја водат во друга насока, штитејќи свои интересни тешко е да се претпостави особено во овој период од истагата. За тоа најверојанто ќе покаже времето и насоката во која ќе се движи целата истага. Засега само јасно е дека прислушувањето на претседателот и министерот се успешно запрени, и дека целта, според досегашната истрага не е да се види со кој

разговарале тие, туку да се следи нивното движење.

Аферата води директно до Мишковиќ, првиот човек на Делта холдинг?

Според изјавите на министерот Вучиќ, целата афера води директно до најголемиот тајкун во Србија, тежок 2,8 милијарди долари. Вучиќ тврди дека директорот на Делта холдинг, Мирослав Мишковиќ подготвува „јаже околу вратот“ за владината коалиција. Причината за обидот за политичко влијание од човекот кој важи за еден од најмоќните луѓе во Србија, Вучиќ ја гледа во одлуката на владата за борба

55

против корупцијата и криминалот. „Гледам дека тој има желба да н$ тргне од Владата по секоја цена, но ќе видиме кој ќе победи. Тој сака да се формира мнозинство од кое би бил дел. Тајкуните сакаат да управуваат со земјата, но тој филм нема да го гледаат. Државата мора да победи. Нема да има реконструкција на Владата по желба на Мишковиќ“, рече Вучиќ. Врз основа на што ги темели ваквите заклучоци Вучиќ, засега и во Србија не може да се претпостави. Инаку, името на Мишковиќ, сопственикот на Делта, се споменува во повеќе спорни приватизаци, од оние за кои Владата на Дачиќ најави детална истрага.


капитал број 680 08.11.2012

56

www.kapital.mk

колумна

СрБија по првите 100 денови на новата влада

Чекајќи го Фиат и Господ Бог

З

миша Бркиќ

Уредник и коментатор од Белград

начи буквално пред одбележувањето на 100 денови работа, во Парламентот стигна барање од Народната банка на Србија (НБС) под итно да се промени Законот за НБС, а токму тој Закон беше прв акт кој во Парламентот ја усвои владејачката коалиција. И тогаш од сите страни стигаа предупредувања дека усвојувањето на таков закон е спротивно на европските стандарди и принципи, дека со него сериозно се нарушува независноста на централната монетарна власт и дека неговото усвојување ќе го разлути главниот српски финансиер Меѓународниот монетарен фонд. Владејачката коалиција воопшто не се огласуваше на тие забелешки и крајно самоуверено го смени претходниот гувернер Дејан Шошкиќ и на негово

место ја избраа Јоргованка Табаковиќ, потпретседател на Српската напредна партија. По неполни 100 денови Народната банка покајанички признава „дека не можела да ги предвиди околностите“, дека сега бара промена на Законот „за да ги исполни меѓународните обврски“ и Законот да го „усклади со прописите на ЕУ“. Тоа беше голем шамар за новата владејачка коалиција во Србија пред прославата на 100-те денови од нејзината работа. После тоа следуваа самофалби за тоа што е с$ добро направено за нешто повеќе од три месеци. Имаше многу маркетинг за „спектакуларните резултати“, а малку конкретни бројки за успесите. Анкетите кои ги правеа медиумите завршуваа со „јака тројка“ (3,2) за она што Владата го направила. Во добрите


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

колумна Таков малер не би посакал ниту на една власт во светот после првите 100 работни денови. А на власта во Србија им се случи малер токму во првите 100 денови да мораат да ја излижат големата „брљотина“ која ја направија штом седнаа на власт. потези и се вбројува прагматичниот пристап во дијалогот за Косово и разбивање на митовите за јужната српска покраина како „колевка на српството“. А како добар потег владата себеси си ги препишува заслугите за спречување банкрот на државата. Најчесто емоции засега предизвикува клучниот играч на Владата - првиот потпретседател Александар Вучиќ задолжен за одбрана, безбедност, тајни служби и борба против корупција и организиран криминал, кој во меѓувреме се довлечка до местотото шеф на Српската напредна партија. Вучиќ на почетокот на мандатот ја фати „вештерката за опаш“ и околу тоа се крена голема прашина во јавноста, бидејќи повеќе домашни луѓе, а и набљудувачите однадвор гледаат на корупцијата како на најголемата болест на Србија. Спрската држава и општество навистина се заложници на повеќедецениската спрега на политиката, бизнисот и криминалните структури. Иако постојано најавуваше борба против корупцијата, поранешниот претседател на државата Борис Тадиќ ја остави Србија во прилично „јадна“ состојба со висока корупција која системски извира од моделот на власта и без институција која би можела да се фати во костец со таа напаст. Вучиќ, поведен од предизборните ветувања дека на октоподот ќе му ги исече пипките, сам влета во пресметка со корупцијата. Недостатокот на некои институции за борба против корупцијата и маргинализацијата на некои кои веќе постојат ќе придонесе Вучиќ по три месеци да се чувствува осамен во таа борба. Нервозата со која настапува и признавањето дека „с$ мора сам да работи“ не се охрабрувачки сигнали за Србија. Бидејќи, во денешната модерна политика успехот на некоја акција е загарантиран само ако поединецот ја стартува работа, а институциите на системот се тие кои таа работа треба да ја обработат. Напорот на Вучиќ да ја победи корупцијата заслужува честитки, но само од аспект на модернизација на српското општество многу позначајно би било новата владејачка коалиција да ја среди државата, да денесе закони и да формира институции и така да го уреди системскиот амбиент во кој корупцијата нема да може да се развива. Таа работа & претстои на српската политичка елита низ процесот на

европските интеграции. И уште толку е поважно што сегашната гарнитура се изјаснува како евроентузијаста. Меѓутоа, и на почетокот изгледаше дека донесувањето на Законот за Народната банка на Србија делимично & ја затвори вратата од ЕУ на Србија. Иако власта со сите сили се труди да ги убеди граѓаните дека живеат поубаво, економските неприлики не влеваат многу оптимизам. Можеби владејачката коалиција привремено ја спаси државата од банкрот, но сите генератори на кризата на јавните финансии продолжија да работат. Впрочем, банкрот е избегнат така што државата се задолжи со нова милијарда евра, а токму сегашната влада ја критикуваше претходната дека ја задолжила државата до најголемо историско ниво. Засега нема најави за сериозни реформски мерки кои би направиле ефикасна мала и евтина држава. Напротив, вработените во државната администрација добија цврсто ветување дека додека трае кризата нема да има отпуштања и дека ќе има сигурно работно место и дека платите нема да им бидат многу намалени. Така што вработените во државната администрација се единствените во Србија кои молат бога кризата да трае што подолго. Добар и привлечен економски амбиент со кој Србија би привлекла толку потребни инвеститори споро и спорадично се прави. Висококорумпираната администрација, високата инфлација, нестабилниот курс и честите политички пресметки со бизнисмените не се баш премногу добар мамец за истите тие бизнисмени. Министерот за економија и земјоделство смета дека Србија ќе преживее ако догодина привлече две милијарди евра директни странски инвестиции. Економистите израчунале дека ако сакаат да имаат сериозен економски раст од неколку проценти Србија би морала годишно да привлече десет милијарди евра. Економскиот оптимизам на владејачката коалиција, вграден во буџетот, почнува на фабрика на Фиат во Крагуевац и на Господ, од кого се очекува да биде милосрден према српското земјоделство. „Така во втората деценија на 21 век никако не се прави економска политка“ заклучил Дејвид Банџаи, менаџер на американската компанија Бол Пекиџинг во Србија.

57


Капитал број 680 678 08.11.2012 24.10.2012

58

www.kapital.mk

exclusive интервју

Главниот извршен директор на нискобуџетната авиокомпанија на Соединетите Арапски Емирати, Флајдубаи, Гаит Ал Гаит, во интервjу за “Капитал“ открива кои се плановите на компанијата за освојување на македонскиот, но и на регионалниот пазар. Гаит очекува дека поволностите од овој лет за Македонија ќе значат и прилив на туристи од ОАЕ. Зборувајќи за глобалните предизвици во авиособраќајот, Гаит за “Капитал“ вели дека најголемиот проблем со којшто се соочуваат, а за кој не можат ништо да сторат е цената на горивото, која директно влијае на формирањето на цената на авиобилетите

Гаит Ал Гаит главен извршен диреКтор на Флајдубаи

Флајдубаи планира повеќе летови од Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

exclusive

59

пишува:

Катерина Попоска

katerina.poposka@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

XX Флајдубаи почна да лета на линија Дубаи-Скопје за цена од 390 евра. Што с$ е вклучено во цената на билетот? Цената на летот ќе биде конкурентна, во зависност од она што ќе сака патникот. All inclusive цената за повратен лет ќе биде од 390 евра. Во цената е вклучен багаж од 20 килограми и сите аеродромски такси на скопскиот и на дубајсkиот аеродром. Цената ќе зависи и од исполнетоста на авионот. Тоа значи дека како што ќе расте интересот за билетите, така ќе расте и цената, што е практика кај сите нискотарифни авиокомпании. Флајдубаи ќе ја задржи подолг период оваа промотивна цена на билетите. XX Сметате ли дека цената од 390 евра е доволно атрактивна, имајќи предвид дека доаѓате на пазар со скромна куповна моќ? Мислам дека е привлечна цената затоа што се работи за почетна цена на пазарот. Што се однесува до нас, дефинитивно, со текот на времето повторно ќе го разгледаме пазарот и секогаш ќе имаме пакети на цени на билетите кои ќе го рефлектираат барањето на пазарот. XX Со оглед на тоа што за македонските граѓани потребна е виза за Дубаи, каква ќе биде процедурата за добивање виза? Дали ќе има некакви олеснителни околности? Во Флајдубаи ќе ја нудиме услугата за олеснување за издавање виза за патниците. Патник кој ќе сака да патува во Обединетите Арапски Емирати ќе може да го поднесе барањето со соодветната документација до нас и ние ќе дадеме електронски одговор за патникот за помалку од 24 часа. Соработката со соодветните министерства за издавање визи ќе оди преку нас. Но, сакам да потенцирам дека ние ќе помагаме во вадењето визи само за патниците на Флајдубаи. Постапката е едноставна. Се скенираат документите и се плаќа одреден надомест и потоа кога ќе добиеме одговор од емиграционото биро во Дубаи, во период од 24 часа, визата може да се добие по електронски пат преку партнерите на Флајдубаи во Скопје. Постапката нема да биде воопшто сложена. XX Дубаи е атрактивна туристичка дестинација за македонските граѓани, но од неодамна оваа земја стана посакувана и за работа. Дали ова беше причината за да почнете да летате до Скопје? Да, секако. Македонија нуди многу добра работна сила во регионот. Претходно за да дојдат во Дубаи македонските граѓани мораа да летаат преку неколку земји, па затоа, сметаме дека оваа маршрута ќе им помогне на луѓето кога се во прашање патувањата. Се надевам и дека со оваа маршрута ќе ги натераме луѓето да патувааат кон нашата, но и кон други земји. XX Која е стратегијата на Флајдубаи

XX Кои се предизвиците кои стојат пред авиоиндустријата во следниот период? Од наша гледна точка, ќе треба да го управуваме нашиот раст, ќе треба да продолжиме да растеме. Најголемиот проблем со којшто се соочуваме, а за кој не можеме ништо да сториме и да промениме е цената на горивото. Само врз тоа немаме контрола, со с$ друго немаме проблем. XX Каква ќе биде вашата стратегија за да го надминете овој проблем? И ние ја плаќаме истата цена како за пазарот на Балканот? Дали во иднина планирате да летате од Скопје директно и до некоја друга дестинација? Го скениравме Балканскиот регион и одбравме Скопје да го внесеме во нашата мрежа од дестинации бидејќи од овој дел од светот до Блискиот Исток нема директен лет. Направивме истражување и го избравме овој аеродром примарно затоа што географски има соодветна инфраструктура за регионот и ни се допадна како функционира ТАВ овде. Веруваме дека има доста потенцијал, ова е само почеток на нашата работа и ако се исполнат нашите очекувања, ќе додадеме и дополнителни летови во блиска иднина. Кога летате со нас кон Дубаи имаме конекции со 50 дестинации за Флајдубаи. На аеродромот во Дубаи, исто така, имаме над 150 меѓународни дестинации од Блискиот Исток с$ до Нов Зеланд, така што патниците можат да се поврзат со сите овие летови. Мислам дека за да почнеме да размислуваме за проширување на дестинациите, прво мора да се зголеми сообраќајот на оваа дестинација СкопјеДубаи, да има поголем транзит. Ако регионот се покаже како добар, треба да имаме и повеќе летови. XX Дали овој лет ќе биде врзан и со конкретна туристичка понуда за Дубаи? Сигурен сум дека тоа ќе се случи. Ние сме доста посветени на овој пазар. Започнавме со летот и ќе направиме с$ што е во наша моќ за да биде успешен потегот. XX Што мислите кога велите да биде успешен потегот? Со колкав број патници на годишно ниво би биле задоволни?

и секој друг. И тоа е најголемиот предизвик за нашата авиокомпанија. Овој проблем ќе го надминеме со посветеноста да ги намалиме цените, да се намалат другите трошоци. Кога цената на горивото е висока, авиокомпаниите мора да ја зголемат и цената на билетите и тоа е единствен начин за компаниите да се справат со овој проблем, бидејќи цената мора да го рефлектира трошокот. Едноставно, ако се зголеми трошокот, мора да се зголеми и цената. Мислам дека за нас успех ќе биде кога ќе воведеме и трет, па и четврт лет од Дубаи до Скопје во текот на неделата. XX Флајдубаи е нискобуџетна државна авиокомпанија. Кој беше предизвикот за да основате токму нискобуџетна авиокомпанија? Ние започнавме да работиме во 2009 година, период кога глобален предизвик беше финансиската криза. Но, за нас тоа не беше проблем, бидејќи ние точно знаевме дека ако се има авиокомпанија како Флајдубаи во Дубаи ќе биде успешно. И без разлика што во тој период поминувавме низ тешки финансиски моменти, ние продолжувавме да растеме и растеме многу брзо. Започнавме со еден воздухоплов, а сега веќе имаме 26 летала. Пред да почнеме со летовите нарачавме 50 воздухоплови, што покажува дека имаме многу голема самодоверба во тоа што го правиме. XX Колку глобалната економска криза влијае на вашето работење? Повеќето европски авиокомпании сериозно се погодени од кризата. Каква е состојбата кај вас? Да, кризата н$ прави подобри. Кога започнавме со работа, во екот на светската економска криза, од наша гледна точка, с$ што се обидувавме да направиме беше потешко отколку тоа да го правевеме во нормални услови на работа, најмногу поради финансиските проблеми. И бидејќи продолживме да растеме токму како што планиравме, тоа значи дека ние сме посилни поради кризата. Ние имаме успешен раст, главно поради опкружувањето на нашата земја. Бизнис-климата во нашата земја ги охрабрува инвеститорите, имаме одлична инфраструктура со која привлекуваме нови бизниси и туристи.



...Фељтон... Зошто Маркс бил во право

ГлобалиЗација

пишува:

Дејан азески

dejan.azeski @kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

С

ите фиксирани, брзо замрзнати односи, со нивниот воз на антички и преподобни предрасуди и мислења се збришани. Сите новоформирани стануваат антички пред да се доразвијат. С$ што е цврсто се топи во воздухот, с$ што е свето се осквернавува... потребата од постојано ширење на пазарот за нивните производи ги брка буржуите преку целата површина на земјината топка. Мора да се оседла секаде, да

бр:

6

“Капитал“ во десет продолженија ќе го анализира “Капиталот“ на Карл Маркс. Во услови на криза, “Капиталот“ на Карл Маркс станува библија. Што е она што и по 20 години од официјалниот крах на комунизмот го прави Маркс толку актуелен? Дали генијалниот филозоф навистина можел да ја предвиди економската иднина? пушти корења секаде, да обезбеди врски секаде.“ Овој цитат на Маркс од Комунистичкиот манифест многумина го толкуваат како најава на глобализацијата. Иако конкретно Маркс овој термин не го споменува, неговите насоки на размислување за процесот кој денес ни се случува се несомнено јасни.

Интересен факт е дека Карл Маркс овие предвидувања ги напишал пред повеќе од 150 години кога техниката била на таа фаза на развој, кога да се патува околу светот за 80 дена било вистинско чудо или научна фантастика како што напишал Жил Верн. Единствените мултинационални компании во тој момент биле оние кои се занимавале со поробување и


www.kapital.mk

Протестите против глобализацијата се с$ почест случај насекаде низ светот. експлоатација како што била „Источно индиската компанија“ која во име на британската власт го експлоатирала без никакви ограничувања целиот подконтинент Индија. По Втората светска војна поимот и општо процесот глобализација доживува ренесанса. Помалите држави и борците против империјализмот го доживуваат како супституција на некогашниот колонијализам само на еден пософистициран начин. Секоја година насекаде во светот се одржуваат масовни протести против овој феномен на кој младите луѓе му ја препишуваат целата безидејност на нивната с$ потешка состојба. Во таа насока оди и славната изјава на Нелсон Мандела, еден од најголемите борци за човекови права во историјата воопшто.

„Глобализацијата најчесто значи дека богатите и моќните сега имаат нови начини уште повеќе да се збогатат на сметка на сиромашните и слабите. Поради ова ние имаме одговорност да се буниме во името на универзалната слобода.“ Овие факти во текот на 80-тите години ги констатира и потврдува тогашниот американски претседател Џими Картер кој е познат по своите либерални погледи во однос на социјалната и надворешната политика многу налик на денешните на Барак Обама. „Глобализацијата додека е дефинирана од богатите луѓе како нас, е многу убава работа... зборуваме за работи како Интернет, мобилни телефони, компјутери. Ова сепак не им прави голема разлика на две третини од луѓето во светот“, вели Картер.

Иако директно не ја споменува глобализацијата, неговите следбеници сметаат дека Маркс јасно ја најавил во неговите трудови. Но, поделени се мислењата дали Маркс бил за или против овој процес кој денеска незадржливо н$ окупира

Глобализацијата е одамна излезена од контрола

С

екаде низ светот на големо се дебатира и спори што всушност претставува поимот глобализација. Уште поинтересно прашање е кој ја промовира и контролира глобализацијата. Најчестите објаснувања се дека големите и моќните во светот ја пропагираат и контролираат глобализација за сопствени бизнисинтереси и цели. Сепак, не мислат сите на тој начин. Бранко Милановиќ, еден од првите економисти на Светска банка кој често пишува за глобализацијата вели: „Глобализацијата без разлика од кого е поттикната е процес од кој нема враќање назад. Толку е моќна што ни најмоќните како Америка не можат да ја контролираат“. Со ставот на Милановиќ се согласува и Пендаровски кој додава дека конкретно

САД како земја која е најобвинувана за процесот на глобализација во многу аспекти, се дистанцира од оваа појава. „САД иако официјално е за унифицирано светско законодавство во неговата примена настапува селективно. Не се меша во меѓународните трибунали и не сака да стои зад какви било проекти кои официјално поттикнуваат глобализација“, вели Пендаровски.

Стево ПендаровСки

експерт за меѓународни односи

Богатите во принцип се плашат од правниот аспект на поимот глобализација. Ако навистина сите се еднакви пред законот многу полесно малите луѓе ќе доаѓаат до поголеми можности. А тој аспект многу лесно може да доведе барем визуелно до поправедна распределба на богатсвото од која богатите исклучително се плашат.


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

Една од илустрациите како обични луѓе гледаат на поимот глобализација. И домашните експерти се согласни дека глобализацијата е процес кој покрај позитивните носи и многу негативни појави во општеството. Експертот за меѓународни односи Стево Пендаровски повикувајќи се на светска литература смета дека една од најголемите нуспојави на глобализацијата е што јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува. „Иако фактички нашите предци биле многу посиромашни од нас сега имаме состојба на најголем јаз меѓу богатите и сиромашните воопшто. Многу големи светски авторитети оваа состојба ја препишуваат токму на глобализацијата“, вели Пендаровски.

Дали Маркс навистина бил против глобализацијата?

Експертите иако едногласно го признаваат Маркс како првиот кој ја предвидел и најубаво ја анализирал глобализацијата во нејзината современа форма, се поделени околу прашањето дали тој бил нејзин противник. Точно е дека Маркс ги потенцирал негативните ефекти од претераната концентрација на моќта, но тој сепак се залагал и за концепти како бездржавност и еднаквост меѓу нациите кои се сметаат како една од главните фази на глобализацијата. Според многумина, Маркс со неговите ставови на некои аспекти од овој процес гледал како на нужна потреба во преодната фаза кон комунизмот. Професорот Пендаровски се согласува единствено со фактот дека

Џими Картер

поранешен американски претседател

Глобализацијата додека е дефинирана од богатите луѓе како нас, е многу убава работа... Зборуваме за работи како Интернет, мобилни телефони, компјутери. Ова сепак не им прави голема разлика на две третини од луѓето во светот. унифицирањето на светското законодавство и засилениот мониторинг може да доведе до состојба која ќе преферира еднакви вредности и можности за сите. „Богатите во принцип се плашат од правниот аспект на поимот глобализација. Ако навистина сите се еднакви пред законот многу полесно малите луѓе ќе доаѓаат до поголеми можности. А тој аспект многу лесно може да доведе барем визуелно до поправедна распределба на богатсвото од која богатите исклучително се плашат“, смета Пендаровски. Теоретичарите на заговор кои делумно се повикуваат и на Маркс сметаат дека главна цел на моќниците во светот е да обезбедат што помалку центри на моќ од каде што многу полесно би манипулирале со светски влади поради своите бизнис-интереси. Некои од светските експерти сметаат дека

Нелсон Мандела

еден од најголемите живи борци за човекови права

Глобализацијата најчесто значи дека богатите и моќните сега имаат нови начини уште повеќе да се збогатат на сметка на сиромашните и слабите. Поради ова ние имаме одговорност да се буниме во името на универзалната слобода. процесот е обратен и дека државите и моќниците сватиле дека на сегашниот принцип на посебни валути и држави можат Дејвид Селт, врвен светски експерт за областа глобализација, смета дека работите не се црни и бели и дека луѓето во светот имаат тотално погрешна концепција за поимот глобализација. Според него, кога ќе се спомне глобализација луѓето најмногу гледаат на мултинационалните компании кои се раширани насекаде низ глобусот што Селт смета дека е само мал аспект од целиот мозаик. „Иако самата глобализација влече корени и е поттикната од економскиот аспект сметам дека конкретно во економската област глобализацијата не е отидена далеку. Светското законодавство е најнапред отидено во поглед на глобализацијата и с$ послично е едно на друго“, вели Селт.


Капитал број 680 08.11.2012

64

www.kapital.mk

КоМПАНИИ КоМПАНИИИ ИПАЗАРИ ПАЗАРИ

КоРПоРАтИВНА оПштестВеНА одгоВоРНост

Македонските компан поодговорни кон сре во којашто работат пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

М

акедонските компании станувaат с$ поодговорни кон општеството, средината во којашто делуваат, кон вработените и кон животната средина. Поткрепа на оваа теза е растечкиот интерес на компаниите, кои од година во година с$ помасовно се пријавуваат за националната награда за општествена одговорност на претпријатијата. Годинава во конкуренција беа 59 проекти реализирани од страна на 36 претпријатија.

На годинешниот петти по ред конкурс за награди за општествена одговорност аплицираа 36 претпријатија, од кои 13 мали и средни и 23 големи компании, со вкупно 59 проекти, што е за 40% повеќе од пред две години Цементарница Усје, Македонија лек, Фени индустри, Дониа-Прилеп, АД ЕЛЕМ, Макпрогрес-Виница, Принцес груп-Гевгелија, ЕВН Македонија, Пивара Скопје, Ренова и Американ колеџ се годинешните добитници на наградите за општествена одговорност, кои се доделуваат во пет категории: односи со вработените, етичко управување, животна средина, односи на пазарот и вложување во заедницата. Зголемениот интерес на компаниите, според министерот за економија, Ваљон Сараќини, потврдува дека концептот на општествена одговорност станува дел од нивната деловна политика, со што се подобрува и нивната конкурентност, углед и имиџ, односите

со доставувачите, потрошувачите и потенцијалните инвеститори, како и лојалноста на вработените. “Од аспект на странските инвеститори, општествената одговорност е еден од начините за намалување на перцепцијата за ризик за инвестирање во земјата“, изјави Сараќини на доделувањето на наградите. Евроамбасадорот Аиво Орав пак, потенцираше дека во европски рамки драстично е пораснат бројот на компаниите кои применуваат мерки на општествена одговорност како израз на нивната волја, но истото важи и за македонските компании кои сакаат да работат на европскиот пазар и со европски компании.


www.kapital.mk

Капитал број 680 08.11.2012

65

Цементарница Усје, Македонија лек, Фени индустри, Дониа-Прилеп, АД ЕЛЕМ, Макпрогрес-Виница, Принцес груп-Гевгелија, ЕВН Македонија, Пивара Скопје, Ренова и Американ колеџ се годинешните добитници на наградите за општествена одговорност.

ании се едината Наградени компании

Од големите претпријатија, во категоријата односи со вработените наградата ја доби Цементарница Усје, за етичко управување награден е Фени индустри од Кавадарци, за односи со доставувачите и со потрошувачите наградата отиде кај Електрани на Македонија, додека во категоријата животна средина Макпрогрес-Виница се истакна со својот проект за рециклирање и редуцирање на отпадот. Наградата за вложување во заедницата ја добија ЕВН Македонија за патувачката детска опера и Пивара Скопје за обука за менаџери. Од малите и средните преторијатија во сегментот односи со вработените наградена е Македонијалек, компанијата Дониа од Прилеп ги зеде наградите и за етичко управување и за односи со снабдувачите и со потрошувачите, додека за животна средина беше наградена Принцес Груп од Гевгелија, а Ренова од Џепчишта и Американ колеџСкопје се наградени за вложување во

По пет години доделување на оваа награда, за првпат годинава признанија за посебен придонес, пристап и поддрш ка на корпоративната општествена одговорност во пошироката јавност добија нот “Капитал“, телевизиите Алсат, Алфа и Сител, Македонскомагази радио и дневниот весник “Дневник“. заедницата. “Добивме прва награда за односи со вработените, што многу ни значи, бидејќи сме особено посветени на општествената одговорност и на вработените, кои се нашата основна сила. Затоа, тие се во фокусот на целокупната бизнис-дејност. Минатата година зедовме награда за заштита на животната средина, што значи дека нашите заложби се големи, а наградата претставува уште поголема мотивација за уште поголеми заложби“, вели Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница Усје а.д. Скопје. Дека доделените награди делуваат навистина позитивно за компаниите да го менуваат и да го подобруваат своето однесување потврдува искуството на Фени индустри, кои годинава добија награда за етичко управување, а минатата година беа општествено најодговорна компанија во делот на односите со вработените. “Откако минатата година

ја добивме наградата, потпишавме колективен договор со вработените, како основно право на дијалог со вработените. Со оглед на тоа дека од 2009 година со нашите проекти конкурираме за оваа награда, Фени во континуитет во својата традиција делува како општествено одговорна компанија. Дали има или нема награди, тоа не влијае на насоката на фирмата, меѓутоа убаво е кога вака јавно ќе се препознаат заложбите и тоа ќе биде поттик за сите останати компании“, изјави Зорица Ставрова, менаџер на администрација во Фени индустри. Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата годинава е дел од проектот “Општествена одговорност на претпријатијата во РМ“, кофинансиран од Европската унија, а спроведуван од Министерството за економија во партнерство со Македонската развојна фондација на претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и со здружението Конект.


капитал апитал број 680 08.11.2012

66

на руЧек со...

www.kapital.mk

Виктор Мизо

ДИректор на ДИрекцИјата за технолошкИ ИнДустрИскИ

Постојан предизви себеси

Неколкугодишното живеење и работење во САД му помагаат да научи и да искуси како функционира светската економија и одблиску да види како е да се работи во една глобална компанија како што е Џенерал eлектрик. Од пред шест години се врати во Македонија за со своето знаење и искуство да придонесе и за својата земја пишува:

Петре Димитров

petre.dimitrov@kapital.mk

фотографија:

Ивана кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

П

оради работата на неговите родители - мајка му, архитект по професија (која ги има проектирано охридските хотели Гранит, Белви и многу други

објекти како на пример Летница) и татко му, кој е електромашински инженер на петгодишна возраст - Мизо се сели од родниот Охрид во Скопје. “Преселбата не ја доживеав трагично. Процесот на образование го почнав во Скопје. Основно завршив во Владимир Илич Ленин (денес Гоце Делчев), а средно во познатата скопска гимназија Корчагин“, раскажува Мизо. Важел за многу солиден ученик, кој покажувал најмногу интерес за математика и за физика, но сакал и историја и географија. Во основно образование освоил неколку награди на натпревари по овие предмети,

н а ш ето м ен И богататаот со мизонод ран ес р а понуда се одтолучивме арабескато со зеленчук за рижосо четири и њоки сирење. видови

а со исто темпо продолжил и во средно, кога стигнал и до сојузни натпревари и награди на ниво на поранешна Југославија. Средното училиште го завршува како еден од првенците на генерацијата. “Училиштето никогаш не ми беше проблем. Сакав да научам што е можно повеќе работи. Уште од второ одделение веќе учев и англиски јазик, кој го усовршив на неколкуте патувања во Лондон додека бев во средно.“ По завршувањето на средното образование аплицирал на неколку факултети во САД. “Од техничко-технолошка гледна точка,


www.kapital.mk

капитал апитал број 679 680 31.10.2012 08.11.2012

на руЧек со...

и развојни зони

но се икувам

САД отсекогаш беше понапред од остатокот од светот. Затоа немав дилема дека САД е вистинскиот избор.“ Успеал да се запише на електротехничкиот факултет во Рочестер. “По првата година ми стана досадно. Сакав нешто поконкретно, па по завршувањето на првата година преминав на машински. Постојано имам нови желби и барам нови предизвици. Сакам да ги завршам работите до крај, а подоцна и да ги надградам истите.“ И таму успеал да го задржи високиот просек, а во втора година запишал и постдипломски студии и завршил со највисок просек во генерацијата (summa cum laude). Брзо се вклопил во новата средина без никакви проблеми. “Воопшто не бев сентиментален. Во тоа време на факултетите во САД имаше многу малку луѓе од поранешна Југославија и од Источна Европа, но затоа пак, имаше студенти од целиот свет. Интересно беше што на факултетот имав можност и за

сакам да ги врш ам ра тите до крај а подоцна и за да ги надграбо дам истите ,

67


капитал број 680 08.11.2012

68

www.kapital.mk

на руЧек со...

училиштето никогаш не ми беше проблем

насекаде по Д се цени прак никој не те прса ото искуство. ува од каде дотиаѓчн туку што си нааш правил и што знае аш, ш

немам проблем со критиките кога се дебатира и се пишува за странските инвестиции, но само ако тие се аргументирани

стекнување практично знаење, па паралелно почнав да ги заработувам и првите пари.“ Првото работно искуство го има на почетокот од третата година од неговите студии во компанијата Њу венчр гиар (New Venture Gear), каде што работи на дизајнирање менувачи за воени “хамери“, а потоа пред завршувањето на студиите се вработува во Џенерал електрик, компанија којашто има годишен обрт од 150 милијарди долари, во транспортната дивизија на компанијата и е дел од тимот кој работи на дизајн на локомотиви. “Стануваше збор за многу комплексна работа. Најдобар показател за тоа е фактот што самата локомотива има 13 илјади делови... Работата ми беше многу исполнителна. Во Џенерал електрик работев како проектменаџер на неколку големи проекти и стекнав големо работно искуство на три континенти. Бев еден од осумдесетте лица кои за компанијата водеа специјална програма за машински дизајн и менаџмент...“ Потребата да создава и да креира го носи понатаму. По искуството во Џенерал електрик, се испробува во консалтинг во њујоршката компанија Мекинзи консалтинг, една од најголемите ко м п а н и и з а м е н а џ м е н тконсалтинг. “ То а ш то м и п р е ч е ш е в о работењето во огромна компанија како што е Џенерал електрик, што е типично и за поголемиот број компании, е што финансискиот директор е тој што одлучува во какви програми ќе се инвестира, а ти како инженер сосема поинаку гледаш на тие работи.“ Не застанува и со образованието. Во 1998 година на дваесет и седумгодишна возраст станува првиот Македонец кој се запишал на престижната Бизнис-школа на Харвард, каде што ја завршува МБА програмата. Податокот дека 1/3 од топ-менаџерите на компаниите рангирани од магазинот “Форчн“ се образувале овде, зборува сам за себе. “Посебно ме фасцинираше на Харвард тоа што уште на почеток те тераат на системско размислување и с$ е практично работење. Ништо не се прави шаблонски. Насекаде по САД се цени практичното искуство. Никој не те прашува од каде доаѓаш, туку што си направил и што знаеш.“ Во осумдесеттите години при честите патувања во Лондон се запознава и со електронската музика, која во тоа време е во зачеток и го нема комерцијалниот аспект кој постои денес. Неколку години подоцна пасијата кон

музиката го носи и во други бизнис-води. Се обидува и во менаџирање музички настани и познати светски диџеи. “Со неколк у пријатели ја основавме “старт ап“ компанијата Trustthedj.com, зад која застанаа големи спонзори со капитал од 40 милиони фунти. Еден од партнерите ни беше и менаџерот на Карл Кокс...“ За брзо време благодарение на неговата комуникативност и на контактите кои веќе ги имал во оваа област, Мизо почнува да работи за врвни светски диџеи од типот на Тиесто. “Бев задолжен за неговите настапи во Јужна Америка... Летови со приватен авион, убави журки, убави жени, големи пари... С$ беше перфектно. За мене лично посебно беше убаво што имав можност да преговарам со познати компании, како Нокиа, Телефоника, Кока-кола, Пепси и Ред бул, кои вообичаено, стојат зад вакви музички настани. Тоа беше големо искуство за мене.“ Подоцна уште повеќе навлегува во оваа сфера, па е дел и од уште една компанија од областа на дигитална музика и видео, основана во Јапонија. На крајот на 2006 година за 360 степени го менува дотогашниот “лајфстајл“ и одлучува да се врати и да работи во Македонија. Уште пред официјално да стане директор на Агенцијата за странски инвестиции, тој веќе работи на промоција на Македонија и е дел од тимот што ја прави рекламната кампања Invest in Macedonia. “Си реков себеси - сега сакам да работам нешто друго. Не дека ми беше лошо со претходните работни искуства. Почувствував дека дојде време да направам нешто за Македонија и да придонеса м за позитивни промени кај македонските граѓани.“ Во Агенцијата останува пет години, а од пред една година е директор во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, останувајќи повторно во сферата на странските инвестиции. “Немам проблем со критиките кога се дебатира и се пишува за странските инвестиции, но само ако тие се аргументирани и ако придонесуваат за подобрување на работите. Никој не се родил учен. Учиш додека работиш.“ Цел живот е со многубројни обврски и тоа го движи напред. Има многу малку слободно време, кое сака да го искористи со пријателите или во возење велосипед. Досега посетил 108 земји во светот, а е и голем љубител на скијачки скокови и биатлон.


VACANCY ANNOUNCEMENT The IFC Western Balkans Trade Logistics Project is looking for a Short Term Consultant who will conduct desk and field research into bottlenecks related to trade logistics and border clearance procedures in Macedonia to identify the regulatory and/or legal burdens or practices that constrain the ability of private enterprises to trade effectively in the region. Based on research findings and consultation with clients, the consultant, together with project experts and team members in other countries as appropriate, will formulate recommendations for reforms, and provide technical assistance to the Government to ensure effective implementation of these initiatives. Please refer to the following link to find the relevant Terms of Reference and apply: https://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec /index.html Closing date for applications is November 26, 2012.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.