742 kapital magazin

Page 1

cover story

analiza

tajnite na eKonomiite Koi brzo ]e rastat vo 2014

malite banKi tonat partisKata vojsKa nema vo zagubi. sleduvaat ni potreba odnapred da ja spojuvawa ili propa\awa! znae li^nosta – Kandidat!

politiKa

број 742 цена 100 ден. | 17 јануари, 2014, петок | година 15

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

str.

42

Koj vo maKedonija e najmnogu potresen od apseweto na Kondaminas?

interview

todor mihajlovsKi биомедицински инженер и докторант на универзитет во мајами

Kvalitetnite lu\e od stranstvo ]e se vratat samo vo celosno promeneta maKedonija 24 str.


62 за продажба 72 станови локали за издавање

1

ГОДИНА

ГРАТИС камата

1

ГОДИНА

ГРЕЈС период

бул. Јане Сандански Населба Аеродром, Скопје



Капитал Капитал број број 742 672 17.01.2014 12.09.2012

4 сОдРжИНА 4 НАВИГАТОР 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа Кога државата чести

14 cover story

тајните на економиите кои брзо ќе растат во 2014

18 АнАлизА

Борба за опстанок: Малите банки тонат во загуби. Следуваат спојувања или пропаѓања!

24 интервју

тОдОр МихајлОвсКи, биомедицински инженер и докторант на универзитет во Мајами Квалитетните луѓе од странство ќе се вратат само во целосно променета Македонија!

www.kapital.mk www.kapital.mk

ИздВОјуВАмЕ Економии кои растат

Ако треба да се извлече една главна лекција успешните економски приказни тоа сигурно би била дека економиите кои најбрзо растат имаат силна и извозно ориентирана домашна индустрија и многу државни инвестиции во инфраструктура. повеќето од брзорастечките економии и годинава ќе практикуваат изразен државен интервенционизам во економијата, масовни инвестиции во изградба на инфраструктура, поттикнување на домашното производство преку евтини кредити, девалвација на домашните валути и лобирање за нови извозни пазари и зделки..

Кондоминас ја стресе и македонија

Апсењето на еден од најзвучните странски инвеститори кои во Македонија се најавуваа на голема врата, (иако за волја на вистината ниту еден бизнис којшто тој го почнал или го најавил во земјава не го довршил) ја заинтересира и македонската јавност. за каков се криминал се товари, колку пари се во прашање, дали можеби процесот ќе отвори и некоја нова афера поврзана со нашата земја, не се знае...Македонските власти молчат и воопшто не го коментираат апсењето, како да не станува збор за бизнисмен којшто и тоа како е вплеткан во проекти кај нас – дел од нив дури и државни!

XX Стр. 14

XX Стр. 42

32 политиКА

Кандидатите за Претседател ќе ги дознаеме во „5 до 12“ партиската војска нема ни потреба однапред да ја знае личноста – кандидат!

36 executive

Кога бизнисмените размислуваат стратешки, границите се бришат подравка и МК Група ги здружуваат силите за освојување на големите пазари!

40 интервју

стефаН МладеНОвсКи, претседател на аиесек скопје Kомпаниите можат да ги одберат најдобрите студенти

42 бАлКАн бизниС и политиКА

Грчкиот земјотрес се почувствува и кај нас Кој во Македонија е најмногу потресен од апсењето на Кондаминас?

14

42

На малите банки црно им се пишува

Регионот се обединува

Малите банки тонат во загуби и се потешко ќе им биде да ја издржат конкуренцијата и темпото кое го наметнуваат големите банки. Конкуренцијата ќе ја издржат само оние кои зад себе имаат големи и силни акционери или се специјализирани за некој пазарен сегмент. но, се чини овој тренд не се сфаќа доволно јасно, па многу мали банки се уште си ја чуваат вредноста високо во облаци чекајќи да дојде некој и да понуди онолку колку што тие мислат дека чинат. А изреката е дека на пазар чиниш толку колку што некој е спремен да плати.

по серијата преземања кои се случија меѓу поголеми корпорации и компании, регионот веќе најавува нов бизнис тренд кој подразбира здружување на компаниите за зголемување на конкурентноста и освојување на новите пазари. Станува збор за бизнис здружување на ниво на соработка, но не и сопственичко здружување. идејата не само што веќе добива голема поддршка од големите бизнисмени во регионот, туку заговара и создавање на таканаречен „Сфрј гигант“ кој има за цел освојување на големите трети пазари.

XX Стр. 18

XX Стр. 36

47 фељтон

Најпознатите светски говори. Сер винСтон ЧерЧил: Дајте ни ги алатките и ќе ја завршиме работата!

50 нА руЧеК Со...

Миле стОјКОсКи инвалидизирано лице со нескротлив дух и со јуначко срце Само од вас зависи како ќе живеете и што ќе направите со сопствениот живот

54 СпецијАлен прилоГ Заштита при работа

18

36



Капитал број 742 17.01.2014

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Makedonskite gra|ani se u{te ne ja dobile smetkata na besplatnoto ~estewe na dr`avata. Dodeka ima od kade da se polni buxetot i dodeka dr`avata mo`e da se zadol`uva, rabotite }e se trkalaat. I bez nikakov problem }e mo`e edna tretina od buxetot da se tro{i na socijala. No, kompaniite za `al imaa se poslaba kondicija da go polnat buxetot. A vo momentot koga dr`avata }e go dostigne plafonot so zadol`uvawata }e stigne i vistinskata cena na mnogute ekonomski nelogi~ni potezi.

Кога државата чести

Б

есплатно зимување на децата од социјално ранливи категории. Бесплатно скијање за пензионерите. Бесплатни здравствени прегледи. Бесплатен автобуски превоз за пензионери. Бесплатно возење на жичарата до Водно за пензионери. Листата на бесплатни работи кои ги нуди власта е многу подолга, и како што наближуваат изборите така таа ќе станува уште подолга. Не, не се проблем пензионерите, иако е очигледно дека тие стануваат главен фактор во Македонија за кој се фатила власта. Проблем е што тие ни се “продаваат” како бесплатни. A уште поголем проблем е што најголем дел од македонските граѓани се живи среќни кога ќе добијат некое бесплатно честење од државата. Без притоа да се запрашаат како некои работи можат да бидат бесплатни, кога сите други за истите работи мора да плаќаат конкретна цена. Едноставно полесно им е да веруваат во чуда, отколку да пресметаат колку чини бесплатниот ручек што им го спремиле политичарите или колку некој друг морал да плати место нив. Додека во Америка децата уште од мали нозе се воспитуваат со девизата дека не постои бесплатен ручек и дека се има своја вредност и цена, во Македонија е врвно достигнување да добиеш нешто без пари од државата. Ништо да не работиш, а да цицаш од државата. Не постои бесплатен ручек е инаку метафора дека не може да се добие нешто за ништо, што ја користеле многу економисти и се уште ја користат приврзаниците на либертијанските начела. Интересно е што потеклото на оваа изрека датира уште од времето на златната грозница на американскиот запад. Во тоа време копачите на злато слободното веме го поминувале во тогашните кафани и многу често

заморот и алкохолот биле причина за многу тепачки заради кои биле оштетувани многу кафани.Но, еден итар газда се досетил на гостите кои ќе нарачаат повеќе од две пијачки да им понуди и бесплатен ручек во обид да го спречи брзото опивање и тепачките. Копачите на злато брзо се фатиле на замката, но уште побрзо им станало јасно дека пијачките кои ги плаќаат се двојно поскапи од другите кафеани и дека бесплатниот ручек всушност не е бесплатен, туку дека за него самите си плаќаат. Ниту во животот, ниту во економијата, а најмалку во политиката не постои бесплатен ручек. Се што се добива треба и да се плати. Се на светот има цена, бидејќи се е ограничено. Оттука произлегуваат и основните економски законитости за понудата и побарувачката - тоа што го има повеќе е поевтино, тоа што го има помалку има повисока цена. Да, постојат поединци како нашите пензионери на пример кои за користење на одредени добра и услуги не плаќаат. Но, тоа не значи дека тие се бесплатни. Прво за тие да постојат и да можат да користат некој претходно платил за нивната изградба или за нивното создавање. Најчесто тоа се даночните должници. Или странски кредитори чии кредити повторно ги враќаат оние кои плаќаат даноци. Со давањето на бесплатно возење за пензионерите во автобусите на јавното претпријатие државата свесно ги намалува приходите на тоа претпријатие, кое патем се задолжи во странство да ги набави тие автобуси. Познатиот економист Милтон Фридман, кој за многумина беше духовен наследник на Адам Смит во 2002 година за време на приемот кој Белата куќа го организираше за да го одбележи 90-ти роденден тој не пропушти да нагласи дека државата е лош стопанственик. “Кога сопствените пари ги трошите на себе, многу внимавате на тоа колку и


www.kapital.mk

Капитал број 738 20.12.2013

КапиталНО

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

7

...СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ НА МАГАЗИНОТ

www.kapital.mk петок 17/01/2014

календар

 24 јануари ЗДРАВЈЕ

 31 јануари ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАР НА СТРУЈА

 7 февруари ОСИГУРУВАЊЕ Пензионерите добија и премногу бесплатни работи од оваа власт. Не, не се проблем пензионерите, иако е очигледно дека тие стануваат главен фактор во Македонија за кој се фатила власта. Проблем е што тие ни се “продаваат” како бесплатни. A уште поголем проблем е што најголем дел од македонските граѓани се живи среќни кога ќе добијат некое бесплатно честење од државата. Без притоа да се запрашаат како некои работи можат да бидат бесплатни, кога сите други за истите работи мора да плаќаат конкретна цена. Едноставно полесно им е да веруваат во чуда, отколку да пресметаат колку чини бесплатниот ручек што им го спремиле политичарите или колку некој друг морал да плати место нив. како ги трошите. Кога сопствените пари ги трошите на други, важно ви е колку го трошите, но помалку ви е важно како се трошат тие пари. Ако туѓите пари ги трошите на себе, не ве интересира колку го трошите, но важно ви е како го трошите. Меѓутоа, кога туѓите пари ги трошите на некој друг, тогаш не ви е гајле ниту колку трошите, ниту како трошите”. Ова звучи познато? Затоа кога Владата ќе преземе мерки за нешто да биде поевтино или бесплатно сите треба да имаат на ум дека за тоа некој друг трпи и плаќа. Оттука, секоја мерка секогаш може да се доведе во прашање дали е оправдана или неоправдана. И дали со тие пари ако се потрошеле на нешто друго ќе се добиела

поголема вредност. Но, оние кои го преспиваат ова правило обично најгласно кукаат кога ќе им дојде сметката што треба да ја платат. Македонските граѓани се уште не ја добиле сметката на бесплатното честење на државата. Додека има од каде да се полни буџетот и додека државата може да се задолжува, работите ќе се тркалаат. И без никаков проблем ќе може една третина од буџетот да се троши на социјала. Но, компаниите за жал имаа се послаба кондиција да го полнат буџетот. А во моментот кога државата ќе го достигне плафонот со задолжувањата ќе стигне и вистинската цена на многуте економски нелогични потези.

 14 февруари ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Повеќе информации во врска со прилозите и комерцијално претставување во истите можете да добиете на телефонскиот број: 02 3298 110 ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:

АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА aleksandra.stojmenova@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ boban.gjorgjievski@kapital.mk


Капитал број 742 17.01.2014

8

www.kapital.mk

...позицијата на капитал...

Зошто некои банки ќе пропаднат?! Затоа што сите мали банки во земјава, а некои и од поголемите, веќе неколку години имаат поголеми трошоци отколку приходи и трупаат загуби, а тоа значи дека вредноста на капиталот се рони. Доколку не се спојат со некои од поголемите играчи или пак меѓу себе, осудени се на пропаст. Александар Јанев aleksandar.janev@kapital.mk

З

атоа што сите мали банки во земјава, а некои и од поголемите, веќе неколку години имаат поголеми трошоци отколку приходи и трупаат загуби, а тоа значи дека вредноста на капиталот се рони. Тие немаат добра позиција на пазарот и доколку не се спојат со некои од поголемите играчи или пак меѓу себе, осудени се на пропаст. Меѓутоа од суета и глупост на нивните сопственици, веројатно тоа е тоа што следува, бидејќи пропаднаа сите обиди на некои странски банкарски брендови да влезат на пазарот преку преземање на некоја од домашните банки. Преговорите завршуваа без договор поради превисоките очекувања на продавачите водејќи

се од лажниот одраз во сопственото огледало. Реалноста е дека странците на нив гледаат со други очи и за жал помина времето кога нивната вредност се проценуваше многу повеќе и од сметководствената вредност на капиталот. Дури и во Европа, денес акциите на многу банки се потценети. Освен тоа, најјаките банкарски групации во Европа кои што претходно планираа да се шират во регионот, па така и во Македонија, сега се преокупирани како да се докапитализираат самите себе бидејќи новите правила Базел 3 се многу построги од порано. Тоа значи дека не може да очекуваме влез ниту на Unicredit, ниту на Reiffeisen или пак некој друг банкарски бренд. Единствено само неколку инвестициски фондови од Швајцарија и Британија го скенирале домашниот банкарски сектор во обид да пронајдат атрактивни акции. Тоа е добра шанса ако знаат да ја искористат

акционерите во овие банки. Главна цел на тие фондови е што побрзо да ја зголемат вредноста на банките, така што се подготвени да регрутираат дури и првокласни странски менаџери кои што ќе ги разработат овие мали банки. На крајот, откако цената на акциите ќе порасне, тие со продажбата ќе профитираат. За првите девет месеци лани, малите банки направиле загуба од 2,9 милиони евра, а коефициентот на трошоци во однос на приходите изнесува 113,6%. Да бидеме реални, ова не се параметри по кои инвеститорите ќе се залетаат. Особено индикативно е тоа што дури и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, отворено кажува дека со секој изминат ден, вредноста на капиталот на помалите банки опаѓа, така што не е далеку денот кога тој ќе дава налози банките да се продаваат за да не пропаѓаат.

Ќе остане ли Македонец во државава? Според сознанијата на Капитал, се зголемува бројот на лица кои во потрага по државна работа ја менуваат својата националност. Владата која претендира да биде перципирана како патриотска, и тоа како треба да размисли кон што води ваквата погубна политика на вработување во јавната администрација по рамковен клуч Габриела Делова gabriela.delova@kapital.mk

И

покрај обидите на Владата да го поттикне претприемачкиот дух во државава преку неколкуте реклами за самовработување, но и субвенциите кои веќе неколку години се доделуваат за охрабрување на младите бизнисмени, никако да успеат помасовно да го мотивираат работно способното население да заплива во приватниот сектор. Напротив, работата во администрација и понатаму останува најпосакуваното работно место, а државната плата, за многумина најсигурна и задоволителна. Тоа го потврдува и бројот на пријавени лица на еден оглас објавен од државните институции, на кој како што покажува праксата и по десет лица аплицираат за едно работно место. Сигурно статистиката ќе се потврди и со најновиот во најава оглас за нови 400 вработувања на лица од немнозинските етнички заедници кој

деновиве го најави Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Иако сосема нелогично и парадоксално е да се бараат нови 400 лица за рамковно вработување, колку и правичната застапеност да не ја исполнила квотата од 25%, кога 1.500 седат дома и земаат плата, она што е уште поинтересно е зачетокот на еден нов тренд- Македонците да се пишуваат Црногорци, Срби, Албанци, Власи со цел да стигнат до државна плата. Во последниот период, според сознанијата на Капитал, се зголемува бројот на лица, особено од македонскиот етникум, кои во потрага по државна работа ја менуваат својата националност, па се пишуваат Црногорци или Срби. Секако, ваквите примери, за среќа се уште малубројни, но гледано долгорочно и тоа како може да бидат зачеток на поголем проблем. Идејата на Владата што поголем број од населението да го држи под своја закрила, преку постојаните вработувања, може да предизвика контраефект, па освен

се почестото иселување особено на младите Македонци, проблем да биде и намалување на Македонците во државава, но не заради иселување, туку поради вработување. А Владата која претендира да биде перципирана како патриотска, и тоа како треба да размисли кон што води ваквата погубна политика на вработување. Оттука, политиката на вработување на администрацијата и тоа како треба да се промени. Прво, преку пребројување на административците, а потоа и преку нивна систематизација. А доколку е потребно, а веројатно е потребно, и нејзино намалување. Болна ,но повеќе од потребна реформа. Оти ваквата погубна политика не само што веќе не може да ја издржи економијата, 180.000 лица да се хранат од скромниот Буџет на државата, туку и води кон само-асимилација на населението, кое во потрага по финансиски средства за преживување на месецот, подготвено е и за промена на националната припадност. Меѓу многуте Албанци, Бугари, Срби, Власи ќе се прашуваме остана ли Македонец во државава?


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

...позицијата на капитал...

9

Колку Ивони има?

Додека се чека јавниот обвинител да дознаe за скандалот, „малку неетичниот тендер“ ја разоткри целата гнилост на македонската новинарска фела – киднапирана од ликови кои лажно се претставуваат себеси за новинари Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

С

реде скандалот со тендерот тежок еден милион евра којшто Министерството за здравство го доделило на фирма (која според документите од опозициската СДСМ е) поврзана со познатата македонска новинарка Ивона Талевска, се појави предлог за новинарите да го објавуваат јавно својот имот. Одлично! Ова треба да се спроведе. Зошто некому којшто се занимава со јавна професија би му пречело пред целата јавност да обелодени со колкав имот располага, колку фирми поседува, каде има акции, народски кажано „колку тежи“... Новинар не може да добива тендери од државна институција, не може да работи како пи-ар на која и да е фирма, не може да биде ниту дел од кабинет на кој и да е државен функцинер – едноставно речено, етиката налага неговата професија да биде исклучива сама за себе.. Ако е веќе новинар, ако не е, а работи како таков тогаш имаме

поголем проблем.Но, со ред... Прво, овој предлог за транспарентно објавување на имотот, мора да важи за сите „медиумски работници“. не само новинарите, туку и за уредниците.И мора точно да се знае кој стои во сопственичката структура. Медиум со сомнителни, или не дај Боже непознати сопственици не смее да постои. Но, секако, факт е дека никој специјално не ја поддржа оваа идеја, па она што можеше да биде силна алатка во борбата против рак –раната на македонското новинарство, веројатно ќе остане без реализација... Во меѓувреме, два моменти останаа недоволно забележани -прво, додека новинарката сите ја ставија во центарот на вниманието, малкумина поентираа дека прстот треба да се впери кон Институцијата! Таа што ги троши народните пари. Да не била Ивона, ќе била Петка, Станка, Крстана... Некој се впуштил во луксузот сомнително да ги троши парите на граѓаните и притоа да не чувствува морална одговорност да си поднесе оставка! Фатен во „малку неетички“ (негови зборови) тендер, министерот Тодоров мораше да биде

доблесен да ја напушти функцијата... . И второ, додека се чека на мрзливиот јавен обвинител да чуе за скандалот, овој случај ја разоткри целата гнилост во професионализмот на македонската новинарска фела. Се појасно е дека не се работи за поединци, се работи за цел систем што тие го имаат изградено. Цели медиумски куќи – заложници. Глумат новинари, а впуштени се во линч на личности и тешка пропаганда (па бидуваат наградени!?) Глумат уредници, а во позадина си ја работат вистинската професија – профитери и газди на фирми. Гледајќи ги како упорно прават вести, прилози, пишуваат текстови се јавува чувството дека тие се исмеваат на се што остана да биде вистинско новинарство, оти за нив тоа никогаш не ни постоело – тие него го гледале само како отскочна штица за да запливаат во други, валкани води. Не се работи тука веќе ниту за право на говор, ниту за цензура, притисок или слобода на медиумите... Редно е да се разбереме – ова воопшто не се медиуми, овие произведувачи на вести одамна мирисаат на фирми кои не се создадени за новинарство!

И спомениците се задушуваат ... во историските магли

Дел од спомениците од „Скопје 2014“ се поставуваат без политичка коректност, неопходна во земја која внатре ја карактеризира меѓуетничка напнатост, а надвор треба да добива дипломатски битки ако сака спорот со името да остане единствен генератор на апсурди на логичниот пат кон ЕУ и НАТО

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Н

а рускиот писател Виктор Ерофеев центарот на Скопје поради нив му наликува на гробишта, граѓаните на Македонија не можат да ги прежалат парите стопени во бронзата, мермерот и бетонот, кои опасно го стеснија урбаниот простор на главниот град; поради нив репортерите на угледни светски весници македонската метропола ја нарекоа европска престолнина на кичот, така релативизирајќи го и единствениот позитивен ефект од спомениците од проектот „Скопје 2014“ - зглемениот број посети на странски туристи. Но, сите овие причини против наездата од споменици која знаеше да удри ноќе за в зори да н$ затечат десетици нови, се наивни во однос на главниот проблем - оној со историјата, кој станува многу опасен кога политиката, односно една политичка опција, наметнува слика

за минатото како дел од политичката борба со цел да го поткопа историскоидеолошко-политичкиот бекграунд на опозицијата. Впечатокот е дека дел од спомениците се поставуваат без никаква политичка коректност, толку неопходна во земја која на внатрешен план ја карактеризира меѓуетничка напнатост на која за да бувне & е доволна само најава за искра, а на надворешен допрва треба да добива дипломатски битки токму околу историјата, ако сака спорот со името да остане единствен генератор на апсурди на логичниот пат кон Европската унија и НАТО. Да го земеме за пример споменикот на Тодор Александров, личноста со чие дело ниту во ВМРО-ДПМНЕ не се сите начисто, кој не претставува провокација за одвај мал дел од Македонците. Деновиве бевме сведоци на инцидентите со споменикот на цар Душан, чиј случај не дочека разрешница, а веќе се појави нов, со спомен плочата на Мара Бунева. Овде не мислам дека споменатите личности

(Александров, Душан, Бунева) се контроверзни - тие не треба да се ценат низ денешниот политичко-историски дискурс, туку со оглед на бремињата на нивното време, но, не би било ли подобро наместо од царот Душан во Скопје да имавме споменик на Никола Тесла - Србин, кој за разлика од царот го слави целиот свет. Ова би бил правецот кадешто (со многу поголема умереност во однос на бројот) треба(ше) да се развива приказната со спомениците која наместо симбол на обединувањето на етничките Македонци околу за нив важните историски настани, требаше да биде свртена кон иднината, која за Македонија е мултиетничка. Секој друг пристап е погубен, особено оној со кој се бара лек за етничките фрустрации (на сите заедници кои се во позиција да бараат), во земја во која освен од фудбал и од политика, сите се разбираме и од историја, и лесно се жестиме на теми за кои можеби реално малку знаеме, но нешто силно н$ заболува кога ќе се отворат.


Капитал број 742 17.01.2014

10 НАВИГАТОР

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

5,6%

пораснал извозот од Македонија за 11 месеци лани, објави Државниот завод за статистика.

Марио Драги

претседател на Европската централна банка

победник на неделата

Бил Гејтс

+

Основачот на Microsoft Бил Гејтс е најпочитуваниот човек во светот. Ова го покажа истражувањето спроведено меѓу 14.000 лица од 13 земји направено по нарачка на американскиот весник The Times. Во оваа трка позади себе ги остави американскиот претседател, Барак Обама, рускиот Владимир Путин, папата Францис кои се меѓу првите десет лица на листата на која гласале анкетираните граѓани. Се чини работите за Гејтс одат само во нагорна линија со оглед на тоа дека минатата година се врати на првото место во категоријата најбогати луѓе на светот. Во моментот, официјалните проценки се дека Гејтс „тежи“ 78,5 милијарди долари. Човекот кој многумина го посочуваат како детето кое го напушти факултетот за да влезе во бизнис светот и да ја оствари својата визија, за многумина важи и за човек кој го промени светот со неговите софтверски решенија. Во последните години Гејт се наметнува и како високопочитуван и респектиран за неговите донации кои во 2012 година во списанијата „Форбс“ го сместија на позицијата најголем филантроп во САД. Донациите на Гејтс изнесуваат 28 милијарда долари а се наменети најмногу за проекти за изнаоѓање лек против маларија,донации за Светската здравствена организација и за Фондот на колеџот за црнци.

Европската централна банка е подготвена да преземе решителна акција за да се задржи потребното заживување во Европа. Банката е подготвена да ги разгледа сите расположливи инструменти

Македонија умерено слобо со сериозен проблем со

М

акедонија е рангирана на 43-то место од 184 земји во светот според индексот на економски слободи за 2014 година, што го објавуваат Фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит Журнал“. Годинава Македонија го подобрила индексот на економски слободи за 0,4 поени во однос на лани, што е најдобар скор откако е вклучена во рангирањето во 2002 година и најдобар ранкинг во споредба со земјите од регионот. Во извештајот се наведува дека во Македонија е забележано подобрување

ДИГИТАЛНАТА ВАЛУТА ИНТЕРЕСНА И ЗА РЕ

И македонците мо да тргуваат со bitc

П

ознатиот регионален брокер, FXLider,во новата година влегува побогат за уште еден инструмент за тргување на светската берза - Bitcoin. Bitcoin е моментално еден од најатрактивните инструменти за тргување и големите промени во неговата вредност ги користат луѓето од целиот свет да заработат. Сега и нашите граѓани се во можност да тргуваат со оваа виртуелна валута чуја што вредност во текот на изминатите година дена пораснала од 13 долари на преку 1000 долари за еден Bitcoin. Пример на одлично искористената можност е Ласло Хањеч, програмер од Флорида. Тој купил 1000 Bitcoin-и пред повеќе од година дена и користејќи ја оваа огромна промена на цената во 2014 година влегол како милионер. Интересен податок е, а што е нагласено и од FXLider, дека не се тргува со физички производ,

туку со неговата цена, па со самото тоа профит може да се оствари и кога цената расте, но и кога цената опаѓа, во зависност од тоа дали сте направиле купување или продажба. ‘Цената и понатака варира што на трејдерите им овозможува да имаат одлични можности за заработка. Очекуваме дека популарноста на Bitcoin-от во оваа година ќе биде уште поголема’, велат од FXLider. Доколку сакате да се обидете во тргувањето со Bitcoin-от, FXLider на сите читатели на Kapital.mk им подарува 50 долари прави пари како почетен капитал. Потребно е само да се регистрирате, почнете да тргувате и да заработувате. Неодамна скопската фирма "Коудвел", која изработува апликации за мобилни телефони, изјави дека ја прифаќа виртуелната валута биткоин како платежно средство, со што станаа прва фирма кој прифаќа плаќање со биткоин во Македонија. Европската агенција за банки (ЕБА)


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

НАВИГАТОР

ободна земја, корупција

во девет од 10 категории според кои се врши рангирањето: бизнис-слободи, трговски слободи, фискални слободи, јавна потрошувачка, монетарна слобода, инвестициска слобода, финансиска слобода, слобода на пазарот на труд, право и заштита на сопственост и корупција. “Корупцијата останува сериозен проблем посебно во јавните институции. Спроведувањето на антикорупцицкста легислатива е многу слабо”, се вели во Изветајот, според кој судскиот систем во Македонија е оценет како слаб, оптеретен со корупција и подложен на политички влијанија.

ЕГИОНОТ

ожат coin Познатиот регионален брокер, FXLider,во новата година влегува побогат за уште еден инструмент за тргување на светската берза Bitcoin. Bitcoin е моментално еден од најатрактивните инструменти за тргување и големите промени во неговата вредност ги користат луѓето од целиот свет да заработат. Сега и нашите граѓани се во можност да тргуваат со оваа виртуелна валута чуја што вредност во текот на изминатите година дена пораснала од 13 долари на преку 1000 долари за еден Bitcoin. минатиот месец јавно предупреди на можни ризици во трговијата со виртуелните валути како последица на големите осцилации на вредноста на биткоинот, но и на слабата регулатива и опасноста од перење пари. Од Агенцијата препорачуваат во случај на купување на виртуелни валути да бидете потполно свесни и упатени во нивните конкретни карактеристики. „Ова предупредување е со цел да се нагласат можните ризици со кои би можеле да се соочите во случај на купување, држење или тргување со виртуелните валути, како биткоинот“, се вели во соопштението ЕБА. Биткоинот е дигитална валута со која може електронски да се купуваат вистински производи и услуги. На берзата со биткоини корисниците купуваат биткоини со вистински пари. Еднаш купените биткоини се складираат во комјутерот на купувачот се додека не одлучи да ги потроши во виртуелниот свет за купување на некој производ или услуга. Во последнава година биткоинот доживува голема популарност за што доволно говори податокот дека неговата цена за една година е зголемена за над 500%.

11

> БРОЈКА

мисла на неделата

1,02

Креативниот човек е мотивиран од желбата за повисоки достигнувања, не од желбата да ги уништи другите.

милијарди евра се врзани само во државните записи што ги издава Министерството за финансии заклучно со ноември лани

лидери

Ан Ренд

американски новелист и филозоф

губитник на неделата

Кристијано Роналдо

Фудбалерот на Реал Мадрид по долга доминација на Лионел Меси, успее да ја освои најважната фудбалска награда „Златна топка“.

Едвард Сноуден

Делот на Сноуден добива се поголема меѓународна афирмација. Поранешниот вработен во НСА стана член на американската невладина Фондација за слободни медиуми

не им беше неделата

Франсоа Оланд

Нова љубовна афера го „тресе“ претседателскиот мандат на францускиот претседател Франоса Оланд.

Масималијано Алегри

Поради лошите резултати на еден од најтрофејниот европски фудбалски клубови, тренерот Алегри доби отказ во Милан.

_

Ивона Талевска По објавувањето на информациите дека новинарката Ивона Талевска била вклучена или наводно посредувала во тендерски зделки со Министерството за здравство, во јавноста се отворија безброј дилеми за тоа какви се спреги постојат помеѓу политиката, медиумите и бизнисот. Можеби Талевска во случајот реално е повеќе добитник, во материјална смисла, она што таа го изгуби како новинар –довербата е многу повредно. Барем во етична смисла. Ако новинар ја изгуби довербата кај јавноста, тешко дека некогаш може да ја врати. Досега таа не се ни обиде јавно да ја објасни нејзината позиција и улога во целиот случај со цел да ја убеди јавноста во својата невиност и да се обиде да го заддржи интегритетот. Што упатува на заклучок дека по ова можеби ќе биде “принудена” и не по своја волја да излезе од новинарството. Но, во Македонија и онака има најмалку новинари кои работат во новинарството. Нормално на никој во земјава, па и на новинариите не може да им се забрани да имаат бизниси. Тоа би било спротивно на сите демократски вредности. Но, проблем прави толку таа мала неетичност, како што ја нарече министерот за здравство, која во суштина создава големи облаци во новинарство од кои не може да се види кој, што и за кого работи. Кога би имало поголема транспарентност и јавноста би имала повеќе информации, тогаш самата ќе може да проценува на кого колку може да му се верува и кој за кого одработува.


Капитал број 742 17.01.2014

12

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

број на туристи (ноември'13) 3765 2750

1976

Грција

Турција

Србија

1715

Бугарија

1357

Албанија

1020 Хрватска

Најмногу туристи во Македонија доаѓаат од соседството

Б

ројот на туристи за 11 месеци лани пораснал за 5,7% споредено со претходната година, а растот се должи на зголемените посети од странство. Како најбројни странски туристи во ноември лани се забележани соседите од околните земји.

светот низ медиумите... Time

американскиот магазин прави профил на новата претседателка на Управата за федерални резерви, Џенет Јелен. Освен анализа за стратегијата на Јелен, весникот го има и првото интервју со жената од 16 милјарди долари lll

3 фаКти Кти за... К

3,86 64,6% 2,11

милијарди долари достигна увозот во првите 11 месеци од 2013

изнесува покриеноста на увозот со извоз

милијарди долари достигна трговскиот дефицит во периодот јануари-ноември 2013

Млекарницата Суташ ќ пазарот со квалитетни

The Independent еУ-Сад трговскиот договор е темата која ја анализира британскиот весник The Independent. Весникот пишува за ризиците со кои ќе се соочи Британија со овој договор,меѓу кои суверенитетот го става на прво место lll

Der Spiegel

Несреќата на еден од најпознатите возачи на формула 1 Михаел Шумагер и зошто неговата состојба го допира целиот свет е насловната тема на овој угледен германски магазин. lll

Haaretz

Пишува за смртта на поранешниот премиер на израел, ариел Шарон, кој на 85- годишна возраст почина откако осум години ги мина во кома. Во анализата весникот го опишува Шарон како “комплексен човек“ кој оставил значен печат во политичките и воените односи на израел lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

ние, ниту Албанците не сме 1 Ниту толку Грци за да не почитуваме што сме потпишале!

сме семоќни да ги натераме 2 Не банките да кредитираат Взаемно прифатлив 3 Зиков: кандидат може да биде квалитетна демократска вредност во Македонија

“Суташ" ги презема капацитетите на поранешната Сведмилк и инвестираше 13 милиони евра со кои ја претвори во најмодерна фабрика со најголем капацитет за производство на млечни производи во Македонија со дневно производство од засега 180 тони.

С

о заокружување на инвестициите во погонот во Скопје и со презентација на првата реклама којашто ќе се емитува на медиумите, млекарницата Суташ официјално започна со промотивна кампања на своите производи на македонскиот пазар “Уживајте во природниот вкус". “Не дојдовме тука за да останеме кратко. Имаме долгорочни планови. Меѓу клучните е и отворањето нови работни места што логично ќе следува

со оглед на предвиденото зголемување на производството. Во Македонија не гледаме само одличен пазар, туку и можност за проширување кон регионот, Европа и во светски рамки”, изјави Муарем Јилмаз, претседател на „Суташ Груп“. Целта на „Суташ“ е бавно, но сигурно да се наметне на пазарот како компанија која произведува квалитетни производи. Од таму велат дека зголемувањето на потрошувачката на млеко и млечни производи ќе придонесе


МБИ10

2.900

МБИД

2.700 2.500

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2.300 2.100

прОЦенки...

ТОп ВесТи...

франк-ВаЛТер ШТаЈнмаЈер

нови 400 рамковни вработувања

Министер за надворешни работи на Германија

и македонија треба да придонесе за решение на спорот со грција

М

ногу се надевам дека решението на спорот со името ќе ја означи стартната точка за пристапните преговори. Мора да има почеток, но, и Македонија треба за него да придонесе самата

ќе го освојува и производи за раздвижување на овој сектор и економијата. “Тука сме за да ги претставиме нашите производи со природен вкус што ги произведуваме користејќи ја експертизата и најсовремената технологија на „Суташ“, од македонско млеко и со македонска работна сила, прво во Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот”, рече Јилмаз потенцирајќи дека на македонските граѓани ќе им овозможат да консумираат најсвежи, вкусни и природни млечни производи направени од најквалитетно млеко. Од Суташ информираат дека првата етапа од инвестицијата е успешно реализирана лани преку набавка на најсовремена опрема, а следува втората фаза чија цел ќе биде, како што рече, удвојување на производството од сегашните 70 милиони литри на преку 140. ”Новата кампања која ја почнуваме ќе го раздвижи млечниот сектор во Македонија, почнувајќи од производителите, преку откупувачите, преработувачите и дистрибутерите, до потрошувачите. Нашата цел да се наметнеме на пазарот со квалитетни производи ја остваруваме бавно, но сигурно. Не се плашиме од конкуренција и убедени сме дека вкусот на нашите производи ќе им се допадне на македонските купувачи”, истакна Јилмас кој на средбата со новинарите се вклучи од Турција преку конференциска врска. “Суташ" ги презема капацитетите на поранешната Сведмилк и инвестираше 13 милиони евра со кои ја претвори во најмодерна фабрика со најголем капацитет за производство на млечни производи во Македонија со дневно производство од засега 180 тони. Во Турција компанијата постои 40 години и освен млеко, традиционално произведува широка палета млечни производи, јогурт, ајран, сирење... Годишниот обрт на фабриката достигнува 750 милиони евра и има 4.000 вработени. Своите производи турската млекара ги извезува и во земјите на Блискиот Исток, во Европа и САД. Вкупниот капацитет за собирање на млеко на Групацијата, чие седиште е во Истанбул, достигнува два милиони литри млеко на ден.

1.900

1.700 06/10

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10

3.000 2.800 2.600 2.400 2.200 2.000 МБИ 10 1.800 1.600 1.40010 МБИ

Н

ови 400 вработувања во државната администрација најави Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Станува збор за вработувања од немнозинските етнички заедници, кои како што соопштуваат од владата се дел од стратегијата за вработување на Секретаријатот за 2014 година. Востановена пракса е два пати годишно, на почетокот од година, и некаде во средината, Секретаријатот да објави огласи за немнозинските заедници. И секако огласите сами по себе се сосема логични (напоредно со вработувањата на Македонците, секако дека расте и потребата за вработување на другите етнички заедници со цел да се запази рамковниот процент) но се чинат сосема неоправдани во услови кога 1.500 лица (барем според последниот извештај на ЕУ) седат дома, а земаат плата. За фрапантната бројка која ја открива Европската Унија, во Извештајот пишува: „ Во 2012-та целокупната застапеност на државни службеници од заедниците на малцинствата е благо зголемена на една третина од вкупната бројка, но огромен број (1500) се уште не се распределени во ниту едно административно тело, односно институција. Ромската, турската и другите помали заедници се се уште потиснати,“ стои во Извештајот на ЕУ. Од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор иако во неколку наврати најавуваа конечно распоредување на оние што седат дома а земаат плата, таа прераспределба никако да се случи. Дополнително, никако да заврши ниту систематизација и пребројување на администрацијата, па така, Секретаријатот нема ниту точна бројка за тоа колкава е застапеноста на немнозинските заедници во институциите и во другите јавни организации. Така, место точните бројки да ги нуди Секретаријатот, оттаму се повикуваат на статистиката на Државниот правобранител кој во последниот годишен извештај, застапеноста на Албанците во институциите ја проценува на 17,8 %.

12/10

1.602,00

06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13 07/13

МБИ 10 2010/2012 МБИ 10

1.602,00 2010/2012 2010/2012 2010/2012

Max. Min.

2.827,62 1.808,47

Min.

1.808,47

1.602,00 1.602,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК

2010/2012 2010/2012 Max. 2.827,62 Max. Топлификација НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Конечно после подолг е 2010/2012 2010/2012 Min.период 1.808,47 Min.

2.827,62 1.808,47

2.640,00 2.640,00 1.602,00 1.602,00 1.602,00 на1.602,00 неколку од најинтересните 2010/2012 Max. 2.827,62 2010/2012 Min. 1.808,47 МБИ 10 минимален раст на МБИ Топлификација МБИ 1010 забележан МБИ МБИ 1010 индексот на Македонската

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ДОБИТНИК берза. Поголеми добивки се +10% МБИ 10 евидентирани и кај акциите Топлификација Топлификација 2010/2012 Max. +10% 2.827,62 2010/2012 Max. 2.827,62

компании за тргување во НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК 2010/2012 Min. 1.808,47 2010/2012 Min.Max. 1.808,47 2010/2012 2.827,62 1.602,00 2.640,00 2.640,00 Македонија. 2010/2012 УСЈЕ Min. 1.808,47 Цементарница

НАЈГОЛЕМ 2010/2012 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. 2.827,62 +10% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. 1.808,47+10% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Цементарница УСЈЕ Топлификација НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Топлификација Топлификација НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Топлификација -3,03%

16.000,00

16.000,00 2.640,00 2.640,00 2.640,00 2.640,00

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК Топлификација Цементарница Цементарница УСЈЕ УСЈЕ

+10% -3,03%

2.640,00

DOW JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 16.000,00 16.000,00 DOW JONES Цементарница УСЈЕ

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Цементарница УСЈЕ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

16.000,00 Цементарница УСЈЕ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

+10%+10% +10% +10%

-3,03%

16.000,00 16.000,00 16.000,00 16.000,00

Цементарница УСЈЕ Цементарница УСЈЕ

-3,03%

-3,03%

DOW JONES DOW JONES 17.000

-3,03%

17.000

-3,03%

16.000

-3,03% -3,03%

DOW JONES 16.000

15.000

15.000

14.000 DOW JONES

DOW JONES

14.000

13.000 DOW JONES 13.000

DOW DOWJONES JONES

12.000 12.000

17.000

17.000

11.000 17.000 11.000

16.000 15.000 14.000 13.000 12.000 11.000

16.000 16.000 10.000 10.000

07.11 03.13 07.13 07.13 11.13 11.13 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 15.000 15.000

17.000

14.000 14.000

16.000 17.000 17.000 13.000 13.000 17.000 16.000 15.000 12.000 16.000

16.000 12.000 15.000 14.000 11.000 15.000 15.000 14.000 11.000 13.000

10.000 14.00007.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 13.000 14.000 12.000 10.000 13.000 12.000 07.1111.000 11.11 03.12 07.11 07.12 11.11 11.12 03.12 03.13 07.12 07.13 11.12 11.13 03.13 07.13 13.000 12.000 11.000 12.000 10.000

10.000

15.755,00 15.755,00

11.13

07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 11.13 10.000 11.000 11.000 07.11

10.000 10.000

11.11 03.12

11.12 +0.03% 03.13 07.13

07.12

11.13

+0.03%

07.11 11.11 11.11 03.12 03.12 07.12 07.12 11.12 11.12 03.13 03.13 07.13 07.13 11.13 11.13 07.11

Берзанските индекси во САД ДРУГИ ПАЗАРИ паѓаа во текот на контролирано 15.755,00 ДРУГИ ПАЗАРИ изминатата недела. Ова е прв ваков FTSE 100после подолг6.468,00 случај период +0.03% и не +0.44% FTSE 100 6.468,00 Nikkei225 15.122,00 -1.62% претставува некој посериозен удар+0.44% Nikkei225 15.122,00 -1.62% S&P 500 1.775,00 за15.755,00 инвеститорите и брокерите, -0.01% 15.755,00 ДРУГИ +0.03% +0.03% S&P 500 ПАЗАРИ 1.775,00 -0.01% Nasdaq 4.000,00 +0.06% нормално ако овој тренд не +0.03% +0.03% продолжи и понатаму. Nasdaq 4.000,00 +0.06% DAX 9.104,00 +1.09% FTSE 100 6.468,00 +0.44% 15.755,00

15.755,00 15.755,00

15.755,0015.122,00 1.222,00 9.104,00

TOPIX DAX Nikkei225

-1.29% +1.09% -1.62%

+0.03% +0.03% -1.29% -0.01% други пазари Nasdaq 4.000,00 +0.06%

TOPIX ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1.222,00 S&P 500 1.775,00 ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

ВАЛУТИ FTSE 100FTSE FTSE 6.468,00 +0.44% DAX 9.104,00 +1.09% FTSE 100100 6.468,00 6.468,00 +0.44% +0.44% 100 6.468,00 +0.44% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.222,00 -1.29% Nikkei225 15.122,00 -1.62% -1.62% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225Nikkei225 Nikkei225 15.122,00 15.122,00 -1.62% 15.122,00 -1.62% ВАЛУТИ S&P 500500 1.775,00 -0.01% -0.01% евро-0.01% долар 500 1.775,00 -0.01% Фунта евро 1.775,00 S&P 500 S&P S&P 1.775,00 FTSE 100 6.468,00 +0.44% FTSE 100 6.468,00 +0.44% Nasdaq 4.000,00 +0.06% 4.000,00 +0.06% Nasdaq Nasdaq Nasdaq 4.000,00 +0.06% +0.06% Nikkei225 15.122,00 -1.62% евро долар СТАПКА СТАПКА Фунта евро 4.000,00 ВАЛУТИ DAX 9.104,00 +1.09% Nikkei225 15.122,00 -1.62% DAX 9.104,00 +1.09% DAX DAX 9.104,00 9.104,00 +1.09% +1.09% S&P 500 1.775,00 -0.01% TOPIX 1.222,00 -1.29% S&P 500 1.775,00 1.3779 1.1831 СТАПКА TOPIX 1.222,00 СТАПКА -1.29% -0.01% Nasdaq +0.06% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.222,004.000,00 1.222,00 -1.29% -1.29% евро долар Фунта Nasdaq 4.000,00 +0.06% ПРОМЕНА

1.1831

ВАЛУТИ

DAX СТАПКА DAX -0.24% ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА ВАЛУТИ TOPIX 1.1831

ВаЛуТи ВАЛУТИ -0.24% ПРОМЕНА Фунта евро

£ €

Фунта евро -0.24% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ

Фунта евро Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ

СТАПКА

1.1831

+0.27% евро долар

ПРОМЕНА

$ € 1.3779 евро+0.27% долар

евро долар евро долар СТАПКА СТАПКА

ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Фунта СТАПКА евро 1.1831 ПРОМЕНА ФЈУЧЕРСИевро Фунта

евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА

-0.24% ЗЛАТО ПРОМЕНА 1.1831

ПРОМЕНА

ПРОМЕНА СТАПКА 1.1831 1.1831 -0.24% ЗЛАТО СТАПКА 1.257,00

ПРОМЕНА

1.3779

9.104,00 +1.09% СТАПКА 9.104,00 +1.09% +0.27%-1.29% 1.222,00 ПРОМЕНА 1.222,00 1.3779-1.29%

1.1831 -0.24% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент -0.24% ЗЛАТО

ПРОМЕНА -0.24%1.257,00 -0.24% ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА 1.257,00

1.3779 евро долар

1.3779 1.3779 +0.27% СТАПКА

ПРОМЕНА СТАПКА

+0.27% ПРОМЕНА 1.3779

-0.33%

+0.27% -0.33% -0.33%+0.27%

109,20 фЈуЧерси

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент Нафта Брент

ФЈУЧЕРСИ 1.257,00 ФЈУЧЕРСИ 109,20

-0.16%

109,20 ЗЛАТО 1.257,00 ЗЛАТО зЛаТО

-0.33% -0.16%

ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта

1.257,00 1.257,00 1.257,00 Нафта Брент 109,20

1.257,00

-0.33% -0.16%

-0.33% -0.33% -0.33%

109,20 Нафта Нафта Брент НафтаБрент Брент нафТа Нафта БрентбренТ 109,20 109,20 109,20

109,20

1.3779

ПРОМЕНА +0.27% +0.27% ПРОМЕНА

-0.16% -0.33%

-0.16%

-0.16% -0.16% -0.16% -0.16%

пОдаТОЦиТе се Од ден 17.12.2013 дО 15ч.

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 02


Капитал број 742 17.01.2014

www.kapital.mk

14 Cover story

k e a n e TajniT r e ] o z koi br пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

З

фотоархива на капитал

а разлика од минатите неколку години кога песимизмот владееше во прогнозите, годинава почнува прилично оптимистично со очекување дека светската економија конечно почнува да заздравува од кризата и дека следи период на раст. Експертите на Обединетите Нации сметаат дека оваа 2014 година светската економија ќе расте со стапка од 3%, што е забрзување во однос на растот од претходната 2013 година. Светската банка предвидува дека светската економија годинава ќе расте со стапки од 3,2%, а следните две години со стапки од 3,4% и 3,5%. Експертите на ММФ, пак, се уште поголеми оптимисти и очекуваат светската економија во 2014 година да расте со стапка од 3,5%. Под услов да се остварат оптимистичките проекции за раст на економските активности во САД, Кина и другите земји кои влијаат на светската економија. Прогнозите на ММФ велат дека економскиот раст во САД забрзува и американската економија се очекува годинава да расте со стапки од 2,6%, додека во следните две години со стапки од 3,35% и 3,47%. Кина и Индија годинава ќе имаат стапки на раст од 7,2% и 5,14%. Русија која изминативе години се наоѓаше во 10-те најбрзорастечки економии, благдарение на огромниот извоз и девизните приливи од нафта и гас во 2014 година очекува скромен раст од 3%, кој во следните години ќе се зголемува над 3,5%. Најголем дел од светските аналитичари сметаат дека Европската Унија и годинава ќе биде најслаба точка на светската економија. Освен Германија, чија економија ќе продолжи да расте со стапки од околу 1,5% благодарение на растот на извозот надвор од ЕУ, останатите водечки европски економии се уште не можат да заздрават од кризата и од големите внатрешни и надворешни долгови, намаленото производство, слабата потрошувачка и високата невработеност која во еврозоната достигнува рекордни 12%.

Капитал направи избор од неколку економии кои годинава и следните години ќе имаат високи стапки на економски раст и ги анализираше политиките и мерките на кои се темели тој раст. Заедничко за нив е што никогаш не може од нивните власти да се слушне дека кризата е виновна за нивните лоши резултати. Клучот е што сите тие водат активна економска политика, за разлика од останатите кои едноставно не превземаат ништо и чекаат да бидат погодени од ураганот, кукајќи и пребројувајќи ги жртвите. Ако треба да се извлече една главна лекција успешните економски приказни тоа сигурно би била дека најбрзо растат оние економии кои имаат силна, конкурентна и извозно ориентирана домашна индустрија и земјите кои инвестираат во инфарструктура! Она за што постои очигледно разидување во моментов се мерките и политиките кои треба да се применуваат за да се дојде до поголем економски раст. Многу експерти сметаат дека спасот на Европа е во напуштање на политиките на строго штедење и намалена јавна потрошувачка кои во време на криза очигледно дека не ги даваат посакуваните ефекти. Од друга страна, економските експерти сметаат дека САД успеваат да го одржат високиот економски раст благодарение на мерките на централната банка за евтини пари, консолидацијата на банкарскиот сектор и успехот да ги стават на нозе големите компании кои имаа проблеми во време на кризата. Капитал направи избор од неколку економии кои годинава и следните години ќе имаат високи стапки на економски раст и ги анализираше политиките и мерките на кои се темели високиот економски раст. Заедничко за нив е што никогаш не може од нивните власти да се слушне дека кризата е виновна за нивните лоши резултати. Клучот е што сите тие водат активна економска политика, за разлика од останатите кои едноставно не превземаат ништо и чекаат да бидат погодени од ураганот, кукајќи и пребројувајќи ги жртвите. Ако треба да се извлече една главна лекција успешните економски приказни тоа

сигурно би била дека најсилни економии се оние кои имаат силна и извозно ориентирана домашна индустрија. Овие земји без двоумење застануваат и ја субвенционираат домашната индустрија за време на лошите коњуктурни циклуси и прават болни и структурни реформи во сите сектори со цел да ја зголемат конкурентноста на домашната економија. Повеќето од нив и годинава ќе практикуваат изразен државен интервенционизам во економијата, масовни инвестиции во изградба на инфраструктура, поттикнување на домашното производство преку евтини кредити, девалвација на домашните валути и лобирање за нови извозни пазари и зделки.. Еве земјите чии економии годинава најмногу ќе растат и нивните клучни експанзивни економски политики:

КИНА

И

зминативе две-три години кинеската економија раснеше со стапки од 8% до 10%, но годинава се очекува да расте со 7,25%, а следните две години со стапки од околу 7%. Иако за многумина ова забавување на кинеската економија ќе ги погоди останатите економии, сепак треба да се има на ум дека станува збор за управувана политика


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

15

e T i i m o n ko 4 1 0 2 o v T rasTa На што се темели растот:

на кинеските власти со која сакаат да го успорат досегашниот висок раст базиран главно на државни инвестиции во градежниот сектор и странски инвестиции во ресурси, и тој да се замени со раст кој ќе се темели повеќе на домашна потрошувачка и на приватниот сектор. Овој пресврт во моделот нема да се случува брзо и лесно и заради тоа и аналитичарите очекуваат одредено забавување, бидејќи во случајот на Кина тоа значи државата да се повлече од инвестиции и водење бизнис и да се насочи кон обезбедување на услуги за здравствена заштите, образование, социјална сигурснот и заштита на животната средина. Дали и колку лесно ќе се случува тоа никој не може да прогнозира со сигурност. Понатаму се очекува да се зголемат домашните инвестиции во секторите кои досега беа под државна контрола и да се намалат регулациите за водење

бизнис кои треба да донесат поголеми инвестиции во приватниот сектор. Но, аналитичарите сметаат дека Кина нема лесно да се откаже од својата улога во остварување на високите стапки на раст, па годинава може да се очекува повторно голем раст на поволни кредити за инвестиции, по истиот принцип како што Кина во минатите години го поттикнуваше градежниот бум. Но, на крајот сепак Кина е најголем извозник на злато, јаглен, железна руда и разни ретки метали и други потребни суровини, така што секое заживување на светската економија повлекува и зголемување на извозот, што ќе се случува и годинава.

приватна потрошувачка намалување на регулациите за приватниот бизнис поголем извоз на суровини и метали поттикнување на домашните инвестиции


Капитал број 741 10.01.2014

www.kapital.mk

16 Cover story ИНДИЈА

инфлацијата и валутата. Властите имаат за цел да се намалат каматните стапки со цел да се обезбедат поевтини кредити, за што меѓу другите мерки дозволија и влез на многу нови приватни банки со цел да се зголеми конкуренцијата во финансискиот систем. Индија во мај годинава се соочува со избори, па зголемувањето на инфлацијата се очекува да биде еден од најголемите предивици за остварување на повисоки стапки на економски раст.

ТУРЦИЈА

В

исокиот растот на турската економија во измината деценија се чини дека годинава може најмногу да биде загрозен од политичката нестабилност и постојаните протести и корупциски скандали кои ја тресат земјата во последните неколку месеци. ММФ прогнозира дека економијата на Турција годинава ќе порасне за 3,47%, а во 2015 и 2016 година ќе расте со стапки на раст од 4,32% и 4,40%. Премиерот Реџеп Таип Ердоган се соочува со најголемата криза во изминатите 11 години колку што е на чело на Турција и меѓународните инвеститори не се повеќе сигурни во среднорочната и долгорочната економска

2014

2016

5,00%

2014

перспетива на земјата. Но, турските власти се децидни дека сите економски постулати остануваат и понатаму стабилни, банкарскиот сектор е здрав, а силните јавни финансии дозволуваат простор за реакции на било какви шокови. Турските власти ќе имаат тешка задача да го одржат високиот економски раст со оглед на фактот што Турција влегува во изборен циклус кој почнува во март 2014 и завршува во јуни 2015 година. Се очекува дека економскиот раст годинава ќе биде во најголем дел поддржан со приватната потрошувачка поттикната со кредити и јавни инвестиции во градежниот сектор. Понатаму растот на извозот, поддржан од слебењето на лирата, и годинава ќе остане одлика на турскиот

2015

КАТАР 6,63%

2016

3,50%

2016

3,50%

4,40%

2015

РУСИЈА

3,00%

4,32%

2014

2015

3,47%

2016

6,27%

7,01%

2015

5,14%

7,03% 2014

ТУРЦИЈА

6,46%

ИНДИЈА

7,25%

КИНА

6,24%

И

ндиската економија годинава се очекува да расте со стапки од 5,14%, а во следните две години растот ќе забрзува и ќе изнесува 6,27% и 6,5%. Извозот и земјоделието се два сектори кои ќе го предводат економскиот раст на индиската економија. Инвестициите исто така се очекува да изненадат со својот раст, како резултат на стабилизирањето на

2014

2015

2016

економски раст, како и инвестиции во инфраструктурата кои во изминатите пет години се движат околу 20% од БДП. Во својот новогодишен говор Ердоган потенцираше дека неговата цел е до 2023 година Турција да биде меѓу десетте најразвиени земји во светот.

На што се темели растот:

Јавни инвестиции во инфраструктурата Силна приватна потрошувачка Државна поддршка на домашните извозни компании


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

година девалвираше околу 10% во однос на доларот и еврото. Силен импулс за растот на економијата се очекува да дојде и од инвестициите на државата во инфраструктура. Економијата ќе продолжи да расте и како резултат на растот на домашната потрошувачка, поттикнато од кредитирањето. Но, сепак структурните економски проблеми остануваат нерешени, како на пример ниската продуктивност на работната сила, лошата инфраструктура, високата зависност од извозот на нафта и гас, корупцијата и невладеењето на правото, кои ќе продолжат да го гушат растот на економијата.

на што се темели растот: n n

n n

раст на извозот стабилизирање на инфлацијата поевтини кредити зголемување на инвестиции

на што се темели растот: државни инвестиции во инфраструктура n постојана девалвација на рубљата n извозот на нафтата и гас n силна домашна потрошувачка поттикната со банкарски кредити n

6,00%

2014

5,80%

4,97%

гРУзИЈА

2015

2016

РУСИЈА

И

ако кризата и стагнација неминовно се одразуваат врз руската економија, таа продолжува да расте со многу повисоки стапки споредено со сите европски земји. Така, руската економија според проценките на ММФ, годинава ќе расте со стапки од 3%, а во следните две години со стапки од 3,5%. Како најголеми предизвици со кои ќе се соочува руската економија годинава аналитичарите ги посочуваат промените на енергетскиот пазар, предизвикани од револуцијата со добивање на гас од шкрилци, како и неопходната трансформација на економскиот систем. Иако годинава Русија е домаќин на Зимските олимписки игри во Сочи очекувањата се дека овој настан ќе има само краток позитивен ефект, а подоцна всушност ќе почуствува поголеми негативни ефекти заради преголемото трошење на државни пари во организацијата на овој настан. Девалвацијата на рубљата е уште еден скриен адут со кој Русија ќе продолжи ја зголемува конкурентноста на економијата и извозот. Рубљата континуирано девалвира и само во изминатата 2013

КАТАР

М

ногу арапски земји ќе имаат импресивни стапки на раст годинава, меѓу нив го издвојуваме Катар токму заради тоа што Македонија во последниве години имаше засилени политички врски со оваа земја, но и заради тоа што може да биде навистина интересен извозен пазар за македонските компании. Катар годинава се очекува да расте со стапка од 5%, а следните две години стапките на економски раст ќе биде 6,6% и 6,5%. Растот на економијата покрај на извозот на нафта и гас, се должи на двоцифрените растови во трговијата, рестораните и хотелите, транспортот и комуникацијата, бизнис услугите и недвижностите. Најголем импулс на растот годинава ќе дојде од забрзувањето на имплементацијата на големите инфраструктурни објекти како аеродроми, железници и пристаништа, како и зголемувањето на домашната потрошувачка поттикната од брзорастечката популација. Повеќе од 50% од БДП на Катар се создава од производство и извоз на нафта и гас, кој и годинава се очекува да бидат меѓу главните драјвери на растот. Но, најголемиот поттикнувач на растот ќе биде градежништвото со оглед на фактот што властите планираат да потрошат десетици милијарди долари на изградба на модерна инфарструктура на Катар.

на што се темели растот: n

n

n

Големи инфраструктурни проекти Раст на домашната потрошувачка Извоз на нафта и гас


Капитал број 742 17.01.2014

18

www.kapital.mk

анализа

БорБа Ба за опстаноК: Б опстано

Malite banki tona

Sleduvaat Spojuvawa i пишува:

александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

иту една банкарска групација засега нема интерес за влез во Македонија иако постојано во јавноста се зборува за можни аквизиции или преземања. Дури и малкуте обиди за инвестирање во банкарскиот сектор од страна на некои турски или албански банки пропаднаа откако потенцијалните инвеститори не успеале да се

договорат со акционерите околу цената. Единствено само неколку инвестициски фондови од Швајцарија и Британија го скенираат домашниот банкарски сектор во обид да пронајдат атрактивни акции. Меѓутоа, македонските банки имаат и силна конкуренција во Европа бидејќи овие инвестициски фондови добиваат акции од многу познати банкарски брендови за кои плаќаат цени многу пониски и од нивната книговодствена вредност. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој што е најгласен во јавноста дека 15 банки (ако се изземе државната банка за поддршка на развојот) во Македонија се премногу и со тоа постојано ја актуелизира идејата за преземања, вели дека во моментов

113,6%

изнесува индексот трошоци/вкупни приходи кај малите банки заклучно со септември лани, што значи дека тие имаат поголеми трошоци отколку приходи големите банкарски брендови во Европа се преокупирани со исполнување на барањата од Базел 3 со кои им е потребно зголемување на капиталот и чистење на лошите портфолија во своите матични земји и во некои од земјите на централна и источна Европа каде што се присутни. Тоа според него


www.kapital.mk

-2,9

милиони евра загуба направиле малите банки за девет месеци ла ни

17,3%

е стапката на адекватн на капиталот кај малиост банки до септември лате ни

Капитал број 742 17.01.2014

анализа

продажбата полека се исцрпува“, вели гувернерот Богов. Меѓутоа, тоа што може да се очекува е да се случат прегрупирања на домашен терен, така што некои од малите банки ќе се спојат. Последниот таков пример е од 2012 година кога турската Халк банка откако ја купи ИК банка, се спои со Зираат банка. На тој начин банката го зголеми своето пазарно учество и стана поконкурентна. Халк банка прв пат влезе на македонскиот пазар во 2011 година откако ја купи скопската ИК банка. Малите банки се всушност и најзагрозени бидејќи во последните неколку години тие постојано работат со загуби, имаат поголеми трошоци отколку приходи, а адекватноста на капиталот им се намалува до границата од 12% колку што бара Народната банка. „Оној момент кога ќе биде извесно дека капиталот на некоја банка неизбежно ќе падне под регулаторните лимити или дека постои системски ризик, Народната банка ќе може директно да го поттикне процесот. Конкуренцијата можат да ја издржат само оние кои имаат финансиски моќни акционери и се доволно големи и силни или се специјализирани за некој пазарен сегмент“, објаснува Богов. Од малите и средните банки во земјава, на нишан на инвеститорите најчесто се Уни банка, ТТК, Стопанска банка Битола, Поштенска банка, па дури и најголемата банка во Македонија, Комерцијална банка.

Ниту една банкарска групација засега нема интерес за влез во Македонија иако постојано во јавноста се зборува за можни аквизиции или преземања. Дури и малкуте обиди за инвестирање во банкарскиот сектор од страна на некои турски или албански банки пропаднаа откако потенцијалните инвеститори не успеале да се договорат со акционерите околу цената. Единствено само неколку инвестициски фондови од Швајцарија и Британија го скенираат домашниот банкарски сектор во обид да пронајдат атрактивни акции. Меѓутоа, македонските банки имаат и силна конкуренција во Европа бидејќи овие инвестициски фондови Еуростандард ќе ја добиваат акции од многу докупи цела Поштенска? познати банкарски Еуростандард банка најверојатно ќе брендови за кои плаќаат го купи државниот удел во Поштенска банка од 33,33% со што бизнисменот цени многу пониски и од Трифун Костовски ќе стане единствен нивната книговодствена сопственик на Поштенска, дознава вредност. Капитал, иако досега никој официјално

at vo zagubi.

ili propa\awa! значи дека многу од тие брендови ја преиспитуваат својата стратегија за присуство на пазарите во Централна, Источна и Jугоисточна Европа, а некои дури и се повлекуваат. „Во такви услови единствено може да очекуваме интерес од некои веќе присутни банкарски брендови кои се во релативно стабилна позиција на глобално ниво и имаат интерес од зајакнување на своето присуство во Македонија. Дополнителен интерес има од странски инвестициони и еквити фондови кои гледаат можност да остварат повисок принос во македонскиот банкарски сектор во услови кога приносите во развиените економии се многу ниски. Колку што ми е мене познато, во последните две

19

години имало повеќе заинтересирани инвеститори во неколку помали домашни банки но повеќето преговори пропаднаа поради превисоките очекувања на продавачите. За жал некои акционери не можат да разберат дека времето пред 2008 година кога добивале понуди трипати повисоки од сметководствената вредност на капиталот никогаш нема да се врати. Денес во Европа реткост е некој продавач да ја добие дури и сметководствената вредност на капиталот, а најчесто реализираната цена е далеку пониска. За жал тие не се свесни дека со секој изминат ден вредноста на нивниот капитал и неговата цена се намалуваат, а времето кога доброволно можат да одлучат за

не побарал согласност од Народната банка да учествува на аукцијата. Владата веќе објави дека ќе го понуди на продажба на Македонска берза својот удел 33,33% од вкупниот број акции во Поштенска банка на 24 јануари. Почетната продажна цена на една акција е утврдена според проценката од ревизорите што ја нарача Владата лани и изнесува 188,09 евра, што значи дека доколку акциите бидат продадени по утврдената номинална цена, Владата ќе инкасира нешто над 2,4 милиони евра. Основната главнина на друштвото, пак, како што се наведува во огласот за продажба е 7,2 милиони евра. Со тоа се очекува конечно да заврши сагата за Поштенска банка за која Народната банка даде налог да се продаде уште во 2005 година. Неколку пати се водеа преговори со повеќе заинтересирани инвеститори, меѓутоа, Владата и приватниот акционер не успеаа да се договорат околу продажбата. Најпрво во 2005 година, интерес за влез во македонскиот банкарски сектор преку Поштенска покажа холандската банка ИНГ. Преговорите дојдоа до самиот финиш, но на крајот пред склучување на договорот, скандалозно и без никаква најава холанѓаните се откажаа од Поштенска. Зделката пропадна со


Капитал број 742 17.01.2014

20

www.kapital.mk

анализа

Еуростандард банка најверојатно ќе го купи државниот удел во Поштенска банка од 33,33% со што бизнисменот Трифун Костовски ќе стане единствен сопственик на Поштенска, дознава Капитал

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која поседува 25% од акциите во ТТК банка, неофицијално планира да го продаде својот удел

образложение од Амстердам дека Македонија не била стратешка земја за банкарскиот бренд. Седум месечните преговори паднаа во вода, холандските инвеститори се повлекоа. По 2 години, во 2007 интерес за купување на Поштенска банка покажа Централната кооперативна банка од Софија (ЦКБ). По неколку месечни преговори и средби меѓу македонската и бугарската страна, НБМ во декември 2007 даде согласност за продажба на Поштенска на бугарската ЦКБ. Но и овој пат преговорите не финишираа со конкретен договор, иако претставниците на ЦКБ дури и уплатија депозит од 9 милиони евра за склучување на договорот за купопродажба. Владата со својата златна акција која има одлучувачка позиција, во последен момент се предомисли и ја стопира продажбата. Заинтересирана за Поштенска беше и тетовската компанија Еколог чии сопственици се семејството Дестани. Нивниот консултант обелодени дека преговорите за купување беа во

понапредна фаза, а се најавуваше дека ќе станат сопственици на Поштенска банка преку друга германска банка. Меѓутоа Костовски потоа во медиумите потврди дека се откажале од преговорите со Еколог. Пред две години во банкарските кругови наголемо се зборуваше дека и грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас е заинтересиран да купи банка во Македонија. Еден од сопствениците на Поштенска банка, Трифун Костовски ги потврди информациите дека преговарал со Кондоминас, но преговорите завршија без договор. Костовски преговараше и со албанската банка Крединс, но ниту со нив не успеа да договори продажба на Поштенска банка. “Последните преговори и со грчките и со албанските инвеститори завршија без договор за купување бидејќи условите што ги понудија не беа прифатливи за нас. Тие на Македонија гледаат како на неатратктривна земја за нивниот капитал и ја потценуваат вредноста на домашните банки“,

Уни банка е на продажба според извори од НБМ, но после пропаѓањето на преговорите со турската Шеќер банк засега нема напредок во овој процес изјави тогаш Костовски со што се потврдува објаснувањето на гувернерот дека домашните сопственици на банките имаат преголеми очекувања занемарувајќи ги ефектите од финансиската криза од 2008 година наваму која неколкукратно ја намали вредноста на банкарскиот капитал.

ЕБОР излегува од ТТК?!

Според нашите информации, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која поседува 25% од акциите во ТТК банка планира да го продаде својот удел. Досега имало и неколку заинтересирани инвеститори за купување на ТТК банка, меѓутоа, и за делот што е во сопственост на компанијата Тетекс од 44% од акциите. Како што дознаваме, од Тетекс досега ги одбиле сите доставени понуди. ЕБОР ја докапитализираше ТТК банка во 2007 година со 3,7 милиони евра со што се стекна со четвртина од капиталот на банката. ТТК банка беше формирана во јули 2006 година со спојување на Тетекс кредитна банка и Тетовска банка и денес


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

анализа спаѓа во групата на средни банки. Неодамна ТТК преку јавна понуда на Македонската берза продаде и 2,65% од сопствените акции во вредност од околу 285 илјади евра, меѓутоа не беше објавено кои се новите сопственици. Од неколку соопштенија објавени подоцна на Берзата, се дозна дека претседателот на Управниот одбор на банката, Драгољуб Арсовски, се стекна со 3.250 акции.

Уни банка на продажба?!

Како што дознаваме од извори од Народната банка, Уни банка е на продажба меѓутоа, засега не води преговори во таа насока. Последните информации што се појавија во јавноста се однесуваа на можно купување на Уни банка од страна на турската Шеќер банк. Турците направиле длабинска анализа (due diligence) меѓутоа конечната понуда не била доволна добра за акционерите на Уни банка. Шеќер банк е четврта по големина банка во Турција и има педесет годишна традиција во банкарството. Уни банка пак спаѓа во групата средни банки има двајца мнозински акционери, а тоа се Ивајло Мутафчиев и Цеко Минев кои имаат по 37,5% од акциите. Неодамна се појавија информации дека во Бугарија се воделе преговори меѓу Централна кооперативна банка и Капитал банка кои што се и двете присутни во Македонија и двајцата најголеми сопственици на Уни банка за евентуално нивно спојување во земјава, но и тие преговори завршија без финален договор. МН: Повеќето банки планираат да се развиваат органски Повеќето банки во земјава не размислуваат за какви било аквизиции или преземања, туку планираат да се развиваат органски преку зголемување на кредитното портфолио и депозитната база. Претседателката на Управниот одбор на Охридска банка, Јитка Пантучкова, исто така смета дека 16 банки сосе МБПР се премногу за толку мал пазар, но тие засега немаат планови за аквизиции или спојувања. „Не можам да кажам идеална бројка за тоа колку банките треба да има во Македонија. Тоа зависи од идниот развој и од тоа дали ќе има спојувања и аквизиции во секторот или можеби

21

Димитар Богов

К

олку што ми е мене познато, во последните две години имало повеќе заинтересирани инвеститори во неколку помали домашни банки но повеќето преговори пропаднаа поради превисоките очекувања на продавачите. За жал некои акционери не можат да разберат дека времето пред 2008 година кога добивале понуди трипати повисоки од сметководствената вредност на капиталот никогаш нема да се врати. Денес во Европа реткост е некој продавач да ја добие дури и сметководствената вредност на капиталот, а најчесто реализираната цена е далеку пониска. За жал тие не се свесни дека со секој изминат ден вредноста на нивниот капитал и неговата цена се намалуваат, а времето кога доброволно можат да одлучат за продажбата полека се исцрпува

некоја банка ќе се специјализира за инвестициско банкарство. Во врска со нашата стратегија, Охридска банка ќе се развива исклучиво органски“, изјави Пантучкова. Стопанска банка од Битола која од лани има нов мнозински акционер со 21,85% од акциите, Пелистерка, за годинава не планира да го шири бизнисот преку спојување или преземање на други банки. Претседателот на Управниот одбор, Владимир Ефтимоски вели дека годинава ќе продолжи да ја консолидира банката преку намалување на лошите пласмани натрупани во минатото и подобра наплата на дадените кредити. „Планот за експанзија годинава ќе го оствариме исклучиво органски преку зголемување на кредитното портфолио“, изјави Ефтимоски. На почетокот на годинава се објави и веста дека австриската групација Ерсте која што е присутна во Македонија преку Шпаркасе банка, инвестираше 10 милиони евра во државни записи, што според нив, е доказ за довербата и угледот на државата кај странските инвеститори, меѓутоа, нејасно е зошто банката одлучи да инвестира во државни хартии од вредност наместо да ја докапитализира Шпаркасе банка или пак да купи некоја од помалите банки во земјава за да го зголеми пазарното учество?! Интересен е и случајот со најголемата банка во земјава, Комерцијална банка, која нема доминантен стратешки

Грчките и словенечките банки под притисок од Европската комисија

Не е тајна дека Европската комисија отворено им врши притисок на некои грчки и словенечки банки кои што имаат добиено државна помош да ги продадат своите банки во земјите од регионот, меѓу кои и во Македонија. Станува збор за Нова Љубљанска банка (НЛБ) која во Македонија ја поседува Тутунска банка со 87% од акциите, Националната банка на Грција (НБГ) која има удел од 94,6% во Стопанска банка и Алфа банка од Грција која целосно ја поседува македонската Алфа банка. Меѓутоа, според информациите сопствениците најмногу се противат на идејата да ги продадат македонските банки бидејќи тие важат за најпрофитабилни во групациите. акционер, а постојано се спомнува како мета на странските инвеститори што размислуваат да вложат во македонскиот банкарски сектор. Засега најголем поединечен акционер е шведскиот фонд East Capital Explorer Investments кој ја докапитализираше банката во 2009 година и сега поседува 9,25% од акциите.


Капитал број 742 17.01.2014

22

www.kapital.mk

администрација држаВно упраВуВање

Власта ниКаКо да отКрие КолКу плати дели од држаВниот буџет

I so novIte zakonI, admInIstracIja ]e ostane neprebrojana! пишува:

Габриела делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

П

артиска или професионална? Решение на вечната дилема за македонската администрација која со години ја носи етикетата на партизирана служба, не нудат ниту новите закони кои неодмна ги понуди Министерството за информатичко општество во насока на професионализирање на јавната администрација. Две години по создавање на единствениот Регистар, кој барем според зборовите на ресорниот министер, Иво Ивановски, требаше одамна да ја преброи администрацијата и да ја даде вистинската слика за бирократскиот апарат, нема да ја откријат ниту новите законски измени, во кои се вложуваa големи очекувања.. Така, и во иднина проценките за бројката на администрацијата ќе се бараат во широкиот интервал од понудената бројка на власта, дека таа изнеусва 110.000 и проценката на дел од експертите и некои од владините коалициони претставници, кои пребројаа 180.000 вработени. И додека собраниската дебата на релација власт- опозиција се води со

веќе познатата реторика, власта која тврди дека ова е најдобрата реформа досега, а опозицијата дека е законска одредба за поголема партизација, експертите даваат посериозна анализа за новите решенија на владата во однос на администрацијата. Иако дел од решенија понудени во новите законски измени ги сметаат за добри кои можат да гарантираат професионалност, секако доколку доследно се применуваат, тие замеруваат на претераноста во барањето на познавањата на странски јазик и комјутери, но најмногу на фактот што и новите законски решенија не нудат кончено пребројување на административците. Носењето на законот за административни службеници и законот за јавна службе, без донесување на каталогот за работни места и законот за плати на административците, е половична реформа, која ризикува да биде осудена на неупех, велат тие. „Добро е што конечно во Македонија се носат закони кои ја регулираат положбата на службениците. Ако доследно се применуваат одредбите постојат основи за професионализирање на администрацијата. Но од друга страна во пракса сме докажале дека ние сме мајстори за извртување на добрите норми. Од добри норми да создаме лоша пракса“, вели универзитетскиот професор по управно право и декан на

Правниот факултет, Борче Давитковски. Така, додава тој, новите законски решенија нудат само половична реформа на администрацијата. „Важен предуслов за вистинска реформа во администрацијата е донесувањето на каталогот за работните места и законот за плати на административиците. На тој начин ќе се добиеше целосната слика, органомот на целата администрација и еднаш за секогаш ќе се знаеше колкав е бројот на административците и кој какво работно место има во службата. Вака реформата се спроведува половично“, заклучува тој. Сличен е и ставот на универзитетскиот професор Темелко Ристевски. И според него, за вистинска реформа во администрацијата, пред се е потребно нејзино пребројување, а според неговите убедувања и намалување на администрацијата. „Ако доследно се спроведува законот тој може да гарантира поголема ефикасност на администрацијата. Но ние пред се имаме премногу обемна администрација. Сметам дека таа пред се треба да се намали и во неа да останат стручните, одговорните и професионалните кадри“, вели Ристевски.

Законите имаат низа недостатоци

Освен фактот што новите закони не нудат пребројување на бирократската „војска“, експертите забележуваат и


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

државно управување борче давитКовсКи

темелКо ристевсКи

обро е што конечно во Македонија се носат закони кои ја регулираат положбата на службениците. Ако доследно се применуваат одредбите постојат основи за професионализирање на администрацијата. Но од друга страна во пракса сме докажале дека ние сме мајстори за извртување на добрите норми. Од добри норми да создаме лоша пракса

аконите имаат низа недостатоци. Особено кога станува збор за начинот на оценувањекритериумите не гарантираат објективно оценување туку субјективно и тоа може да биде сфатено како форма на вршење присок врз службениците. Затоа мора да се воспостават вистински мерни критериуми кои ќе гарантираат објективност

универзитетски професор

Д

Без пребројување на администрација, реформите во јавната служба се само половични, проценуваат експертите. Иако дел од решенијата ги оценуваат како добри, сепак повикувајќи се на минатата пракса во која, како што велат, докажавме дека сме мајстори од добри норми, да правиме лоша пракса, изразуваат резерва во однос на резултатите од новите законски измени на претерувањата кои се однесуваат во однос на нивото на познавање на странски јазик и копјутерските вештини. Дел од нив пак, замеруваат и на нетранспратеноста и отсуството на јавната дебата во процесот на изготвување на самите закони. „Законите имаат низа недостатоци. Особено кога станува збор за начинот на оценување- критериумите не гарантираат објективно оценување туку субјективно и тоа може да биде сфатено како форма на вршење присок врз службениците. Затоа мора да се воспостават вистински мерни критериуми кои ќе гарантираат објективност. Понатаму, претерано е барањето за познавање на странски јазик. Не може да се бара од луѓе кои вршат технички административни работи да имаат толку високо познавање на странки јазик. И на тоа може да се гледа како на форма на притисок врз административците. Верувајте ваквите измени веќе кренаа паника меѓу вработените во институциите. Многумина кои работат таму веќе не контактираа за дообајснување и толкување на законските одредби“, вели професорот Ристевски. Професорот Давитковски пак, иако забележува на претераноста на барањата за странски јазик и копјутерски познавања и бара нивно поедноставување, сепак тврди дека новиот начин на оценување речиси и да не остава простор за добивање на

универзитетски професор

З

негативна оценка. „Во однос на познавањата на јазик и комјутери потребно е поедноставување. Или ваквите одредби треба да важат за лица кои за време на своето образование ги немале како задолжителни овие предмети. Што се однесува, пак, до начинот на оценување, со оглед на тоа дека оценувањето ќе го прават шест луѓе, сметам дека речиси и невозможно е еден службеник да добие негативна оцена“, вели деканот на Правниот факултет. Само за потсетување, новите законски измени предвидуваат бонус плата за лицата кои ќе добијат позитивна оценка, и бркање од работа, доколку службеникот два пати по ред добие негативна оцена. Освен за законските одредби, дел од експертите кои ги контактираше Капитал, забележаа и на нетранспарентноста и отсуството на јавна дебата во припремата на овие законски решенија. На прашањето на Капитал како ги коментираат новите законски одредби, тие одбија да коментираат со изговор дека не можеле да го добијат предлог текстот на време. „Не можеме да коментираме по законски одредби кои се уште не сме ги виделе и до кои не се транспарентно објавени“, рекоа тие.

И соседството ги оценува службениците на ист начин

Оценувањето на службениците кое жестоко ја разбранува јавноста и ги исплаши административците, ништо поразлично не се спроведува ниту во земјите од регионот кои ги анализираше Капитал. Напротив, законските одредби на Србија, Црна Гора, БиХ се многу слични со оние во Македонија и се добива впечаток дека земјите си ги препишале законските одредби едни од други. Највпечатливата разлика останува познавањето на странски јазик, која иако е присутна во некои од законските одредби кај нашите соседи, сепак во ниту една од овие земји не се бара сертификат од категоријата на ТОИФЕЛ или ИЕЛТС. Така на пример, во Законот за државни службеници на БиХ пишува дека оценувањата на работата на државните службеници го прави раководителот на органот. „Оценката зависи од постигнатите резултати во реализирање на работата предвидена со описот

23

марта арсовсКа томовсКа заменик-министер за администрација

И

нтенцијата е да не се даваат никакви привилегии, никакви поделби на вработени кои се ваши, наши, нивни. Стручноста, компетентноста и професионалноста ќе бидат единствени критериуми за влез во јавната администрација на работното место и целите кои се утврдени. Оцените со кои се оценува кандидатот се назадоволително, задоволително, успешно и значитлно успешно. Резултатите од оценувањето се земаат предвид кога се унапредува службеникот или кога се преместува од една институција во друга. Доколку службеникот има негативна оцена со цел подобрување на состојбата поминува низ посебна програма низ консултации. Доколку два пати добие негативна оценка, раководителот по претходно мислење од Агенцијата решава што ќе прави со државниот службеник“, пишува во законот. Сличен е начинот на оценување и во Србија. Тамошниот закон предвидува дека оценката на работата на државниот службеник подразбира надзор, вреднување на работата и успешноста во вршење на работата во рамки на неговорото работно место. „Оценката на државниот службеник ја прави надредениот државен службеник најмалку еднаш годишно. Агенцијата ги утврдува правилата и критериумите за оцена на државниот службеник. При оценка на работата се трга од резултатите кои се постигнати во извршување на работата. Државните службеници имаат пристап до оцената на својата работа и имаат можност да се жалат на истата. Ако оценката на програмата е негативна тогаш државниот службеник поминува низ дополнителна програма. Ако два пати по ред има негативна оцена, Агенцијата покренува постапка за разрешување на службеникот. За ваквата одлука државниот службеник може да се жали“, предвидува овој закон. Ништо поразлично не е ниту во Црна Гора. Законот за државната служба во оваа земја пропишува дека оценувањето на државниот службеник го прави неговиот раководител. „Пред утврдување на оцената на службеникот, раководителот е должен да го извести државниот службеник за оценката, односно со него да направи разговор. Оценувањето на службеникот се прави преку образец кој го утврдува органот за управување со кадри. По две незадоволителни оцени, работниот однос на службеникот прекинува. Државниот службеник доколку две години по ред добие оцена одличен тогаш може да биде унапреден“.


интервју 24 интервју Капитал број 742 17.01.2014

www.kapital.mk

Todor Mihajlovski

биомедицинсКи инженер и доКторант на универзитет во мајами

kvaliTeTniTe lu\e od sTransTvo ]e se vraTaT saMo vo celosno proMeneTa Makedonija

T

Тодор Михајловски е дел од младата генерација Македонци кои свесно и без никаков комплекс го одбираат и го одат патот до успехот, без да се ограничуваат од било какви граници. Тој има 26 години и е дипломиран биомедицински инженер и докторант на Универзитетот во Мајами, кој веќе активно работи и на примена на неговата многу специфична и футуристичка професија како дел од компанијата „Хартвеар“ која се занимава со производство на пумпи кои се вградуваат на заболено срце. Во време кога се повеќе млади луѓе ја напуштаат Македонија, со Михајловски зборувавме за тоа што е тоа што го натерало да го продолжи своето образование и професионална кариера во САД и во кои услови би можел да размислува да се врати во земјата во која е роден и израснат. Во интервјуто за Капитал, тој зборува за животот, образованието и здравствениот систем во САД, за напредувањето на медицината и се поголемата примена на технологијата во лекувањето на луѓето, за тоа што треба да направи Македонија за да ги привлече и искористи квалитетните кадри кои се иселуваат во функција на поквалитетен развој на земјата...


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

интервју

25


Капитал број 742 17.01.2014

26

www.kapital.mk

интервју фамилија, не можам да кажам дека постои разлика за мене. Носталгијата одамна ја пребродев. Секако голема улога во тоа играа и моите баба и дедо кои живеат во моја близина, а секако и моите родители кои често ме посетуваат. Америка едноставно ги прифаќа сите. Особено Мајами. Тоа е многу мешан град и има луѓе од секаде особено од латинска Америка. И на никого не му е важно од каде си. Ако можеш да направиш нешто што им треба, тогаш во Америка ќе бидеш сакан и почитуван. Америка е една држава, ништо не е „сецкано“ и нелогично како кај нас и се оди преку еден систем. Нема царини, нема граници, се е заедно. Ако зборуваме за квалитет на живот, мислам дека е животот таму е многу поквалитетен од македонскиот, иако самите Американци не мислат така. Се цени трудот и луѓето се платени добро.

Америка е земја која едноставно ги прифаќа сите и на никого не му е важно од каде си. Ако можеш да направиш нешто што им треба, тогаш во Америка ќе бидеш сакан и почитуван.

Сега кога сте веќе повеќе години во САД, можете да направите разлика помеѓу македонското и американското образование? Во што е тајната на американскиот образовен систем?

разговарал:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

Кој е Тодор Михајловски приватно и како се одлучи да го продолжи образованието во САД?

Тодор Михајловски е еден просечен млад Македонец роден во Скопје во 1987 од татко Зоран и мајка Валентина Михајловски. Пораснат сум во Скопје, каде го завршив основното образование во „Песталоци“ и средното образование во гимназијата НОВА. Иницијативата и идејата воопшто да се преселам во САД или првично таму да го завршам образованието ми се роди во средното училиште кое многу ми помогна и ме насочи во тој правец. Исто така еден од факторите кои придонесоа за мојата одлука беше тоа што моите баба и дедо по мајчина страна живеат во едно гратче близу Мајами кое јас во детските денови често го посетував. Значи Америка не ми беше

нешто многу ново како на повеќето Македонци кои одат таму, туку ми беше познат концепт и терен. Аплицирав на повеќе места и од каде што ме примија Мајами ми беше најатрактивно. Покрај тоа што Универзитетот Мајами е на 40 место од сите универзитети во САД и постојано напредува, покрај тоа што има 14.000 студенти и безброј можности за напредок и работа, сакав да сум во Мајами и поради самиот град. Мајами дефинитивно е град каде што има кај да се оди и што да се види. Климата е исто така одлична, како и местоположбата. Иако многумина за Флорида имаат впечаток дека е мочурливо место со лоша клима всушност тоа е само централниот дел. Крајбрежјето е одлично место за живеење, со одлична клима, каде што постојано е лето. Оваа година за прв пат поради работата останав и цело лето во Мајами и навистина добро си поминав. Покрај друштвото таму имам и девојка која е родена во градот така да многу убаво се вклопив и после 5,6 години престој таму, Мајами е веќе мој втор дом. Иако комуницирам и доаѓам и во Скопје каде што имам друштво и

Прво и основно во САД паралелките се помали и секоја наредна година стануваат уште помали што значи дека професорите имаат с$ повеќе време за студентите. Ние работиме директно со професори и многу ретко со асистенти, и односот помеѓу студенти и професори е многу добар. Исто така, многу повеќе се користи најсовремена технологија и примена на знаењето во пракса. Не се користат стари книги, туку нови, „најапдејтирани“ и најдобри и тие се лесно достапни што е голем плус во однос на македонското образование. Студентскиот живот е сосема поинаку организиран. Јас првите три години живеев во студентски дом. Таму домовите се поделени според години. Во прва година живеев со цимер од Кина. Тоа беше извонредно и многу интересно искуство да научам се за една сосема различна култура за која до тогаш само сум слушнал. После тоа се преселив во друг студентски дом каде што имавме можност да изнајмиме мал стан и да се групираме според тоа со кои луѓе најмногу се дружиме.

Како се одлучивте за биомедицинскиинжинеринг? Тоа е област која е целосно непозната кај нас?

Јас уште од мал знаев дека ќе бидам инженер. Тоа го знаеја и моите дома и професорите и цело мое опкружување. Единствено прашање беше каков инженер ќе бидам. Мајка ми е сопственик на кардиолошка ординација, така да јас пораснав со медицината. Кога стигнав во Америка ми предложија да се запишам на биомедицина како некоја комбинација од инженерство и медицина и ми ја посочија како перспективна струка со која може полесно да се најде работа. Кај нас нема таков факултет. Веројатно тоа е нешто слично на завршен електро факултет со некоја


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

интервју

За брзо време ќе може да се прават трансплантација на органи кои ќе се дизајнирани специјално за нас

Медицината оди се понапред и ако навистина има план за светска депопулација, тоа дефинитивно не е преку медицината

специјализација во медицина. Јас сум веќе можат да се вградат. конкретно на медицински инженеринг Што мислите како ќе изгледа со електро смер, а докторатот медицината во иднина и како овие ми е на тема „Бинорал бинс“ или нови трендови и развојни правци влијанието на различните звучни во медицината ќе придонесат за фреквенции во двете ува на самиот подобрување на животот и здравјето мозок. Пред две години кога почнав на луѓето? со магистратурата добив понуда Медицината екстремно напредува. Од да одам на пракса во компанијата нашите органи ќе се прават нови копии „Хартвеар“ во која работеше една моја на тие органи и ќе се заменуваат. поранешна колешка. Станува збор за Нема да има потреба од механички релативно мала компанија, барем од или вештачки, туку ќе бидат копија американски аспект, во која има 400 на нашите органи. Значи нема да вработени. Но, произведува има можност да ги отфрли еден специфичен производ, телото како досега. Исто така, а тоа е пумпа за припомош на модерната медицина ослабена лева комора на оди на операции со срцето. Таа е засега наш минимална инвазија единствен производ, но е или мали засеци. Ќе се Младите многу современ и многу работи скоро без никакво мора да знаат интересен за пазарот. Веќе сечење. Иако има многу што сакаат и имаме неколку илјади теории дека преку пациенти низ светот. Сега за да изберат медицината се прави сега е одобрено во Америка намерна депопулација на професија само како привремено население, јас мислам која ќе е решение до трансплантација, медицината во специфична и дека но во Австралија веќе имаме последните години пациент кој што шест години барана многу напредува и и живее со оваа пумпа. Има понатаму ќе продолжи да неколку компании кои ни напредува, и тој процес се конкуренција низ светов, никој не го кочи. Точно е но нашата предност е што нашата дека медицината е добар бизнис за кој пумпа е многу помала и тоа не прави секогаш има побарувачка, но мислам конкурентни. Особено е погодна дека тоа само ја унапредува, а не ја за мали деца поради нејзините назадува како професија. Тоа може димензии. Генерално медицинава да се забележи и преку се помалите во последно време почна многу и полесно преносливи медицински да еволуира кон технологијата. апарати кои ќе значат поголема Биомедицинскиот инжинеринг не мобилност и полесен пристап до е толку развиен и е релативно нов. пациентите. Според степенот на Фактот дека електрониката е се напредување на медицината, мислам помала и помала многу помага. Првите дека човекот што ќе живее 100 години уреди што биле за да ја контролираат е веќе роден. пумпата биле колку цел шкаф. Сега

27

Македонија мора целосно да се реструктуира ако сака да се надева на враќање на младите интелектуалци однадвор Како е организиран здравствениот систем во САД?

Како прво, во Америка цената на здравството е многу поскапа отколку кај нас или е нереално висока. Таму без осигурување нема лечење, просто и едноставно. Освен тоа, постои одредена дистанца помеѓу пациентот и докторот и нема некоја директна врска помеѓу нив, па многу пациенти не го ни запознаваат својот доктор. Тие имаат контакти со медицинските сестри, со некои техничари, а докторот во контакт со нив доаѓа дури откако ќе влезат во операциона сала. Во Македонија, барем во тој дел, има многу подобар однос. Повторно ќе ја споменам цената на чинење на здравствените услуги. Мислам дека сдноставно медицината не би требало да е толку скапа. Проблемот е што многу медицински компании земаат доста голем профит, вклучувајки и осигурувања што ја прави услугата неколкукратно поскапа од реалната цена, а тоа што станува збор за потреба која е неопходна и дава дополнителна цена. Едноставно во Америка се оди по принципот дали има кој да плати. Значи ако има кој да плати операција од 100.000 долари таа ќе чини толку. Инаку, објективно трошокот не може да биде толкав во никој случај за било каква операција да станува збор. Со здравственото осигурување во САД има многу големи замки. Осигурувањата во никој случај не покриваат се што може да искрсне. Од друга страна, јавното здравство како што е познато не е никаква алтернатива. Единствено брзата помош и итните интервенции се покриени од скоро сите осигурувања.


Капитал број 742 17.01.2014

28

www.kapital.mk

интервју

Годишен собир на биомедицински инжињери од University of Miami во Dauer Classic car museum. Скоро сите членови од мојата лабораторија

на вода. Морам да признам дека во последново не бев особено добар, а и немав доволно време да посветам бидејќи ми го одземаше цел викенд. Што нуди САД во поглед на квалитетено поминување на слободното време?

Сум го видел речиси целиот источен брег на Очигледно дека САД и мислам јавав долго време додека не заминав на факултет дека овој предел во Америка сте успеле одлично да дава добар опис се прилагодите и на на Америка. Уште професионален и на не сум бил на завршиш личен план. Дали западниот брег. Но, мислам дека со едукацијата за некогаш планирате да и на источниот брег можеш да некоја професија, се вратите назад во видиш многу што се однесува на треба да имаш Македонија и имате ли цивилизација, метрополи, до помали вештини кои идеја како државата гратчиња и она што е оригиналната навистина ќе може да ги привлече централна и јужна Америка. Постои користат за нешто. и искористи кадрите голема разноликост, како во поглед Јас сум инженер. како вас во функција на пејсажите, така и во поглед на Знам нешто што на поквалитетен различниот менталитет на луѓето, други не можат да развој? начинот на живот... го работат. Имам За целосно враќање во Сепак, најголемиот впечаток ми го многу другари во Македонија и службено остави Њујорк. Тоа е една огромна Македонија што не и приватно не сум и жива метропола во која постојано Магист знаат што сакаат да ерска церемонија сигурен дека би можело нешто се случува. Сепак, на крајот работат, што сакаат да се случи. Но, сакам Мајами за живот ми одговара да постигнат во да имам врски со најмногу. Некако луѓето таму ми се животот. Поради Македонија и не сакам целосно да најблиски до нашиот менталитет. тоа се запишуваат на економски или ја напуштам Македонија. Сепак тука Дали сте задоволен од она што правен. Не водат грижа за тоа кои сум роден, пораснат, карактерот ми досега го имате постигнатото и таленти и кои предиспозиции ги е од тука. За работа според мојата дали вашиот животен пат би го имаат. диплома објективно немам услови препорачале и на останатите млади Праксата исто така е многу важна во Македонија. Македонија е мала Македонци? работа. Американците за време на земја и мал пазар и нема кому да се Задоволен сум од она што сум го студиите работат во различни фирми. понудиме. постигнал и мислам дека тоа е Сакаат да научат, да видат што сакаат Мислам дека ако државата навистина резултат на фактот дека го најдов, и што сакаат да прават, што е тоа што сака да ги врати квалитетните кадри нив ги интересира. Тука во Македонија за мене, вистинското поле на кое од странство треба целосно да се можам да бидам најуспешен. Не ретко кој го прави тоа. реструктуира. Да се преобрази сакам да давам лажни надежи на Со што се занимава Тодор системот и да се смени менталитетот никого, бидејќи навистина не е лесно Михајловски во она малку слободно кај луѓето. Тоа е прво. Понатаму треба и за се треба многу работа и многу време кое го има? многу повеќе да се инвестира во труд. На младите од Македонија би Главно хоби ми е електроника. Сакам образование. Образованието мора да им препорачал секогаш да одбираат да програмирам и да правам се што вади добри кадри кои ќе се основа за образование или факултет кој има е поврзано со електроника. Исто иден сеопфатен развој на државата. некоја специјалност или ги прави така, се занимавам со фотографија, Тоа така функционира секаде и ние во нешто посебни од другите. Да иако во последниов период немам не можеме да бидеме исклучок. Ако ги направи неопходни и потребни баш време за тоа. Сакам да сликам се има добро образование ќе има што за општеството. Имаме многу амбиенти природа, сакам мојата да се понуди. За да се добие подобро бизнисмени и шефови. Треба да се фотографија да опушта. Оваа пасија образование, мора да се оди кон бараат работи што можеби сега не се во крвта ми влезе уште во средно приватно образование. Значи, повеќе толку популарни, а се многу потребни. школо. Во НОВА имавме посебен приватни основни и средни школи, и Во врска со одењето странство и тоа предмет и таму ги научив тајните на секако факултети. каде да се оди не можам да дадам фотографијата. Во тоа време користев Секако голем проблем се и парите. никаква препорака. Не мора да е и аналоген апарат, а сликите сам ги Бидејќи факултетите бараат големи Америка, може да се оди секаде што развивав. Сега немам време дури ни средства. Во САД затоа има и многу има добро образование. Мислам за дигиталниот. Исто така свирам грантови. Како за самиот факултет, дека Америка е најповолна, оти е пијано, но тоа го правам само лично за но и за самиот професор кој работи моја релаксација. Сакам да спортувам, огромен пазар и има на кого да се на свои истражувачки дејности. Има понудите и да се истакнете. Ако сте пливам кога можам, а велосипедот донации, луѓе кои завршиле на еден навистина добар во тоа што ви е ми е интересен и во Мајами имам факултет, продолжуваат да даваат професија, многу лесно може да се навистина добри услови каде да финансии на тој факултет преку истакнете и да се докажете. На други возам. На Универзитетот имаме полно донации. На тој начин го промовираат места е малку потешко или, пак, спортски клубови. Одреден период образованието. Тоа е многу важно. воопшто нема услови. Но, во Америка се занимавав и со еден интересен Во Македонија, за жал, тоа не е дефинитивно секој талент се цени, и воден спорт кој е комбинација од случај. Исто така, потребни се и треба да се најде само местото каде летање со мал параглајдер и скијање специјализирани работници. Кога ќе да се искористи.


Дводневна обука l 23-24 ЈАНУАРИ 2013 година

09.00-17.00 часот Капитал Академија, Скопје

Извештаи за менаџмент SUCCESS® Како професионалци во својата област, вие секојдневно располагате со огромен број на важни информации. Сите тие информации треба да ги сумирате и да ги претставите во форма на Извештај за менаџмент (Management report). Извештајот може да биде во облик на PowerPoint презентација, Excel табели и графикони, дијаграми, извештај во примена форма или е-маил. Фокусот во извештаите треба да биде на пораката која сакате да ја пренесете. Извештајот за менаџментот бара јасни правила, стандардизација, поедноставување како и фокус на најбитната порака. Извештајот треба да биде визуелно јасен и допадлив за оној за кој е наменет (менаџментот, купувачите, вработениот, публиката) и веднаш да разбере за што се работи во Извештајот. Оваа обука ќе ви помогне да направите ефектен Извештај. Ефектниот извештај е функционален, едноставен, прегледен и со јасно пренесена порака за публиката. Врз основа на тој извештај публиката може да донесе одлука благодарение на јасната комуникација. Оваа обука треба да ви помогне да се ослободите од тортурата на лошите Извештаи и јасно да ги разберете принципите на добриот Извештај. Обуката се базира на SUCCESS® правилата кои се развиени од еден од најголемите светски експерт за креирање Извештаи за манеџмент (Management Report), професор Хичерт од Швајцарија.

Содржина на обуката: l Прв дел: SUCCESS® правила l Втор дел: Примена на правилата во Excel и PowerPoint

Прв дел: SUCCESS® правила SUCCESS® е кратенка за седум правила: 1. Say: Кажете ја пораката 2. Unify: Стандардизирајте ја содржината 3. Condense: Сублимирајте ги информациите 4. Check: Обезбедете квалитет 5. Enable: Спроведете го концептот во пракса 6. Simplify: Избегнувајте компликации 7. Structure: Организирајте ги извештаите. На обуката ќе биде образложено кој вид на графикони (chart) треба да се користат, каде и зошто. Ќе бидат образложиме конкретни правила за креирање на табели во Excel како и табелата јасно да ја пренесе пораката. Примерите се од различните сектори (банкарство, телекомуникации, FMCG, градежништво, ИТ... ).

ВТОР дел: Примена на правилата во Excel и PowerPoint Во вториот дел на обуката ќе подготвиме SUCCESS® правила во Excel и PowerPoint. Ќе ве научиме со неколку трикови како Вашиот извештај да ја остави публиката без здив. Со SUCCESS® правилата како и Excel триковите, ќе бидете во состојба да направите магични графикони, табели и дијаграми.

За кого е наменета обуката:

l Менаџментот, кои секојдневно добида голем број на извештаи. Посебно е корисен за топ менаџментот кој донесува одлуки врз основа на Извештаите. Обуката е наменета и за генералните (CEO) и финансиските директори (CFO), техничките дирекори, директори на продажба, ЧР директори, директор на производство и сл. l Controlleri, кои секојдневно дизајнираат извештаи. Шефови на контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX/OPEX controlling, IT controlling. l Професионалци, кои имаат потреба да направат квалитетен извештај. Оваа обука е корисна за сите професионалци, без оглед на дејноста, ниво на менаџмент и претходно искуство. Обуката се однесува и за регионалните директори на продажба, маркетинг менаџери, супервизори на производство, шефови на филијали, бренд менаџери, книговодители, продавачи и сл.

Обучувач: Бојан Шчепановиќ

е еден од најискусните професионални тренери во Србија од бласта на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејки како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор.

Сите заинтересирани за учество во оваа обука можат да се пријават најдоцна до 15 јануари 2014 година. Учесниците на обуката потребно е да донесат лаптоп. Препорачливо е да ги донесат своите извештаи кои ќе можат да се променат, прилагодат и подобрат. На овој начин SUCCESS® концептот ќе се примени веднаш во пракса. Доволно е познавање на Excel или PowerPoint на основно ниво. Обуката и сите материјали се на спрски јазик. За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со:

l лицe за контакт: Гордана Михајловска и Ленче Зикова l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3280 911


Капитал број 742 17.01.2014

30

www.kapital.mk

политика

Самарас не ја ни споменува Македонија

Г

рчкиот премиер Андонис Самарас обраќајќи се пред Европскиот парламент во Стразбур, каде ги изложи приоритетите на грчкото претседателство со Европската Унија, зборуваше и за проширувањето на Унијата, воопшто не ја спомена нашата држава, којашто е најстариот кандидат за членство од земјите од Западен Балкан, јавува дописникот на МИА од Стразбур Од 32-минутниот говор на Самарас на проширувањето му беше посветена

> БРОЈКИ

660

деца до сега ја искористиле услугата бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории, проект на Министерството за труд и социјална политика

282

Предлози и коментари доставиле операторите, државните институциите и регулаторните тела во врска со новиот предлог-текст на Законот за електронски комуникации. Од нив 120 се прифатени

17

милиони евра искористило Министерството за правда од ИПА средствата достапни за Македонија, соопшти министерот Блерим Беџети по средбата со вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими

facebook 1

"Ahmeti ke ja urne vladata na Gruevski" Scene 1, Take 49345 Edmond Ademi

2

Што сте се разгракале, бе, не е цел за неа, пола мора да врати у партијата Sasho Kokalanov

3

Ако се пласираме на СП во фудбал во Катар 2022-ра, за да стигниме на време најдобро е да тргниме некаде околу 2020-та, најдоцна до средина на 2021-ва година. Бетмен велит

само една минута: - Грција покажа дека го поддржува проширувањето во минатото, посебно за земјите од Западен Балкан. Тоа што не интересира е да бидеме практични и ефикасни. Патот за зачленување на овие земји во ЕУ зеде нова динамика во последните две години, благодарејќи на членството на Хрватска, почетокот на преговорите со Црна Гора и доделувањето статус земја кандидат на Србија, рече Самарас.

Прва официјална средба на лидерите

Взаемно прифатлив к на угледот на позици Взаемно прифатлив кандидат кој нема во мандатот да го носи товарот на хипотеката за враќање на долгот кон партијата и лидерот што го одработиле неговиот избор, е решението за обновување на угледот на институцијата претседател на Македонија, зад кој застанаа ДУИ и Алијансата за позитивна Македонија

О

колу начинот на кој може да & се врати угледот на институцијата претседател на Македонија во услови на актуелниот политички моментум се сложиле лидерите на ДУИ и на Алијансата за позитивна Македонија, Али Ахмети и Љупчо Зиков. На средбата одржана во понеделникот, во седиштето на ДУИ во Тетово, на која присустувал и претседателот на Главниот одбор на Алијансата, Владо Бучковски, била афирмирана идејата за взаемно прифатлив кандидат за претседател на државата - заеднички прифатлив за поедини партии од македонскиот и албанскиот блок. Лидерот на Алијансата, Зиков порачува дека ваквата практика би била нова демократска вредност за подигнување на квалитетот на кандидатите, со тоа што ќе се создаде покреативна демократска клима за појава на повеќе квалитетни кандидати на поедините партии и коалиции од двата блока и другите партии на етничките заедници, заемно прифатливи за сите граѓани на Македонија. „Притоа, ваквата нова демократска вредност или принцип не значи менување на Законот за избор на претседател, и не значи узурпација на правото на граѓаните за слободен избор на претседателот

на државата изразено преку непосредни слободни избори, стои во соопштението од Алијансата. На средбата во Тетово, покрај за претстојните претседателски избори, биле разменети мислења и за повеќе вaжни прашања за политичките и за економските состојби во Македонија, пришто била направена анализа на актуелната политичка и економска состојба


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

бум-Трес аџиев – вечен претседател на Комисијата за лустрација!?

Ч

овекот којшто беше претседател на лустрациската комисија, и за време, но и по завршувањето на неговиот официјален мандат, Томе Аџиев изгледа сосема се навикна на фотељата. Во средата тој повторно во собраниската комисија за избори и именувања беше предложен ем за член ем за претседател на ова тело кое што веќе три години лови кодоши. За други членови на Комисијата за лустрација се предложија: Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд

Винца, Даут Даути, Цветанка Соколова Младеновска и Марија Зафировска. Претставниците на СДСМ оценија дека новиот состав на лустрациска е доказ дека продолжува битката со неистомислениците. Претседателот на Комисијата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека би било добро и СДСМ да биде вклучен во процесот на лустрација. Додаде дека со самиот факт што одбива да учествува во лустрацијата, СДСМ сака процесот да го користи за политички цели.

На дуи и На алијаНсаТа:

кандидат за враќање ијата претседател

31

НиКола Тодоров

министер за здравство

„Настана ситуација која би ја окарактеризирал како малку неетична“ перцепцијата за беспрекорна етика во Владата ,на Тодоров му ја поматил тендерот вреден 1 милион евра дадено на фирма поврзана со уредничка на провладини медиуми. Колку милиони требаше да тежи тендерот за да стане „многу неетичен“, Тодоров не кажува...

аНдреј ЖерНовсКи

градоначалник на општина Центар

„ВМРО–ДПМНЕ веќе седма година вработува кого сака, а не дозволуваат друг да се вработи“. Жерновски не е задоволен со позицијата во којашто тој ем е градоначалник, ем не може да вработува „кого сака и колку сака“

влаТКо Ѓорчев

пратеник на ВМРО – ДПМНЕ

„Го видел ли некој Заев последниве 3-4 дена? Каде е човекот? Се загуби по аедодроми?“... Пратеникот не може да издржи ни ден без лидерот на опозицијата, иако доволен беше нејзиниот портпарол за да ја одбележи неделата...

twitter

во земјата и перспективите во евроатланските интеграции, низ призмата на соговорниците. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги информирал Зиков и Бучковски за неговите последни посети во повеќе европски центри и за остварените средби со европските официјални лица. Ахмети ја потенцирал и ја образложил важноста за брзи евроатлански интеграции на Македонија, за добивањето на датумот за

преговори на земјата со ЕУ и за приемот во НАТО. Претседателот на Алијансата, Љупчо Зиков, во разговорот ја афирмирал потребата и важноста од посилна соработка на партиите од условно речено македонскиот и албанскиот блок, како и партиите на другите етнички заедници во Македонија, со цел подобрување на политичкиот дијалог и унапредување на климата за меѓуетнички соживот.

1

Ljubiša@sulimanovic5h

2

i999y@i999y2h

3

Миле Паника@mile_panika4h

Ивона негира дека ја познава мајка си

Зошто да инвестираме во младите,секако ќе емигрираат

Ова само кај нас го има. Министер за финасии да икача на ТВ и да ти објаснува правила за Наградна игра. И ја зема работата на Натали


Капитал број 742 17.01.2014

32

www.kapital.mk

политика

Kandidatite za Pretsedatel ]e gi doznae

Partiskata vojska ne ni potreba odnapred znae li^nosta – kandi

На месец и пол пред март – месецот кога треба да се одржат претседателските избори во Македонија, граѓаните се уште не знаат за кого ќе може да гласаат! И додека во нормалните држави, месеци и месеци пред официјалниот почеток на кампањата се знаат кандидатите на главните политички партии, кај нас очигледно тие ќе се објават таман на време за партиските војници да успеат да добијат насока чие име треба да заокружат на „денот Д“... Македонија повторно ќе гласа за партии! пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

П

одготвени за Хилари – вака се вика групата којашто уште од минатата година во САД собира поддршка за поранешната прва дама и поранешен државен секретар, Хилари Клинтон да се кандидира за претседател на изборите во 2016-та. Минатиот вторник, шефот на групата, Адам Паркоменко за Хафингтон Пост изјави дека досега групата има собрано околу 4 милиони долари, кои би се искористиле во кампањата 2016-та и дека најголемиот дел од парите всушност се собрани преку мали донации од по 100 долари, додека Вашингтон Пост објави дека станува збор за околу 35 илјади граѓани кои решиле да ја поддржат Клинтон на овој


Капитал број 742 17.01.2014

политика 33

eme vo „5 do 12”

ema d da ja didat!

Во САД веќе наголемо се мисли на претседателските избори 2016-та. Групата за поддршка на Хилари Клинтон за кандидат на американските Демократи. начин. Американското демократско општество навистина фасцинира со начинот на којшто ја практикува политиката и нивото на коешто таму се одвива политичката борба. Ако не се доволни внатре - партиските избори за кандидати за претседател и начинот на којшто се спроведуваат, дебатите коишто се водат притоа, јавните дуели во коишто кандидатите со задоволство учествуваат сакајќи да освојат што повеќе гласачи благодарение на својата елоквенција, подготвеност и аргументи кои ги спротивставуваат со противникот, тогаш оваа подготовка на теренот за изборите кои замислете ќе бидат дури после 3 години, е сосема јасен показател за тоа колку напредна е таа политика. Ретко кој од вас ќе се сети, или воопшто знае, како се вика претседателот на американската Републиканска или Демократска партија. Таму лидерите немаат никаква побитна улога освен „менаџерска“. Тие не се „султани“ – тие се едноставно шефови. Тие не се мали (или големи, ако сакате) диктатори кои не даваат внатре во партијата да се јават струи, различни мислења, дебати. Напротив, истите ги поттикнуваат. Знаат како една партија треба да се постави на политичката сцена и знаат дека од нив Американците очекуваат понуда. На програма, визија, кадар... Затоа, нив можеби никој не ги знае, но

кандидатите мора да се знаат на време. Мора толку добро да се знаат, па не само САД, туку целиот свет мора да има можност да се запознае со нивната доктрина, идеи, најави за проекти и реформи, живот и лични особености. Цела година траат само внатре партиските избори, време потребно за секоја партија да излезе со вистинскиот човек кој ќе биде достоен воопшто да влезе во трката за Белата куќа. Таму нема импровизации. Таму никогаш се нема случено кандидат (а камоли претседател) да биде човек со спорни политички вештини. Слаб оратор. Без харизма. Залутан во политичките води. Политичка марионета во рацете на партискиот лидер-султан. Човек без политички интегритет и цврстина...

„This is not America!“

Но, тоа е Америка! А ова тука е Балкан. И пострашно, Македонија. На месец и пол пред март, месецот кога треба да се одржат претседателските избори, македонските граѓани не знаат за кого ќе може да гласаат. Ниту една политичка партија го нема објавено својот кандидат. Што се случува во Македонија пред избори кои треба да го дадат идниот „шеф на државата“? Како Македонија го избира својот „татко на нацијата“? Што се случува во партиите? Како тие го избираат својот човек за изборната трка?


Капитал број 742 17.01.2014

34

www.kapital.mk

политика

Алберт Муслиу:

Како општество не ни се остава време да ја провериме личноста, кандидатот, колку му се кредибилни предизборните ветувања. Ќе следува едносмерна кампања во која јавноста нема да има право на прашања. Веќе 24 години не избираме личности, туку политичка опција која ги предлага.. На сите овие прашања одговорите сме ги виделе и во изминатите изборни циклуси, но очекувањата на оние граѓани коишто знаат што значи еден демократски политички амбиент, се дека државата, а со неа и политичката култура и понуда треба да растат со текот на времето и годините поминати во политички плурализам. Политичките партии во моментов се преокупирани со меѓусебни пазарења. ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА како најголеми партии се влезени во филмот во којшто поддршката за некој кандидат, неговиот избор или можеби заедничкиот настап се определени строго од математиката во којашто на кантар се ставени партиските интереси. Или интересите на лидерите (и групите околу нив лично). Повеќе од очигледно е дека во Македонија кандидатите за претседател нема да произлезат од самата партија, од внатре. Како може да веруваме дека ВМРО – ДПМНЕ или СДСМ (како најголеми партии) ќе понудат личности кои се избор на членството, ако и самото тоа допрва дознава преку медиумски шпекулации кои имиња се воопшто во игра!? Каква е играта на ДУИ притоа, чијшто лидер Али Ахмети навидум има најфер позиција оти презентира јасен став дека бара консензуален претседател, но притоа не пропушта да каже дека „во спротивно ќе ја напушти Владата“ со што открива дека „јасната позиција“ во суштина е сепак дигање на цената и обид за нов пазар!? Во вакви услови, многу е јасно дека кандидатите ќе ги добиеме во „5

Професорот Јове Кекеновски е засега првиот официјален кандидат. Ама тој е кандидат за кандидат за претседател оти неговата кандидатура (којшто самиот си ја поднесе) се однесува на изборот внатре во ВМРО – ДПМНЕ. до 12“, а потоа партиската војска ќе добие наредба да гласа за „фиљан и фиљан“, без воопшто да го стави под знак прашалник личниот потенцијал на кандидатот! Таман да е најдобриот и таман да е најлошиот можен кандидат, ако лидерот каже дека партијата стои зад него, за обичниот македонски партиски член тоа е гаранција од прв ред дека на денот Д, треба да се заокружи неговото име. Не дека тој така мисли, не дека кандидатот како личност особено блеснал, не дека му верува на неговите лични квалитети, туку од едноставна причина што тој е избор на масата со којашто партискиот гласач одамна се идентификувал, ја избрал и понатаму не се преиспитува. Ако се има предвид пак фактот дека во игра се и предвремени парламентарни избори, хаосот околу пазарењата и цените кои се договараат добиваат и коалициски, ама собраниски елементи.

Не се остава време да се провери личноста на кандидатот

Ова сосема ја девалвира претседателската функција и ја открива системската аномалија на македонската политика заробена во канџите на партиските шефови. На Македонија и треба претседател на сите граѓани, прифатен од мнозинството граѓани по нивно лично убедување (а не партиска сугестија), консензуален претседател, но со општ граѓански, а не партиски консензус, вистински татко на нацијата, кој ќе биде и нејзин патрон и нејзина гордост. Кој ќе зборува со гласот на сите граѓани. Ке ја претставува целата држава, а таа ќе стои зад него обединета. Точно е дека Македонија (за разлика од САД) нема претседателски политички систем, туку парламентарен, но евентуалните забелешки дека сето горе набројано за состојбите во САД важи само затоа што таму системот е таков, паѓа во вода со неспорниот факт дека кај нас и кога се избираат пратениците повторно не се гласа за личност туку за партија. Аналитичарите велат дека кај нас

рамките на целата кампања се такви што дозволуваат тактизирање - нема граници во црната кампања во медиумите, особено во провладините, а политичката култура на граѓаните е прилично ниска - нема ниво како во САД или во западноевропските земји, односно гласачите не казнуваат за тоа што некој ги малтретира со црна кампања. „Напротив, гласачкото тело е подложно на влијанија од ваквата црна кампања. Потоа, тука е фактот што се бара кандидат кој ќе биде партиски, а не независен. С$ уште актуелниот претседател Иванов е пример - како слепо црево е, непотребен дел од државата, целосно занемарлив како политички фактор. За кандидат кој на сличен начин би бил избран и би ја вршел функцијата, не е потребна голема промоција.“ вели професорот Нано Ружин, којшто и самиот беше кандидат за претседател на изборите во 2009-та. Тој исто така вели дека битен момент е неизвесноста дали со претседателските избори ќе има и предвремени парламентарни - односно проблемот со излезноста. ДУИ поставува услови за да испорача излезност - бара консензуален кандидат во околности што не се лесно прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека ова што се случува во контекст на претстојните претседателски избори е рефлексија на политичката реалност и свест во Македонија. „Тука не треба да се обвинуваат само политичарите кои се одраз на ваквата политичка култура – најголеми партии имаат по два-три кандидати, а ќе се одлучат за оној кој најмногу ќе одговара за политичката клима. Едната партија чека да види со кој кандидат ќе излезе другата, и обратно. Со ова неизлегување со кандидати до последен момент се потврдува дека немаат намера да предложат личност со потребниот политички интегритет за да биде независен претседател на државата. Како општество не ни се остава време да ја провериме личноста, кандидатот, колку му се кредибилни


капитал број 742 17.01.2014

политика 35 актуелНи паРтиски пазаРења

И

НаНо РужиН:

Битен момент е неизвесноста дали со претседателските избори ќе има и предвремени парламентарни - односно проблемот со излезноста. ДУИ поставува услови за да испорача излезност - бара консензуален кандидат во околности што не се лесно прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ. предизборните ветувања. Ќе следува едносмерна кампања во која јавноста нема да има право на прашања. А барем за претседателски избори може да се направи отстапка и да се преложи личност со интегритет. Но, ние веќе 24 години не избираме личности, туку политичка опција која ги предлага. А ако Владата и претседателот доаѓаат од иста партија и функционираат како едно, тогаш зошто избираме претседател? Се глуми парламентарна демократија со поделба на власта на повеќе институции, а всушност се владее од еден центар“ оценува Муслиу.

специјален прилог

додека граѓаните се во неизвесност она што може да се слушне во партиските штабови се уште е на ниво на неофицијални информации. Според партиски извори од опозициската СДСМ листата на можни кандидати на месец и пол пред изборите успеала да се стесни на тројца од осум чии рејтинзи биле тестирани. Иста е ситуацијата и во ВМРО – ДПМНЕ. Неколку имиња се пуштени во „оптег“ но никој официјално не открива за кого се работи. Имињата со коишто се лицитира во јавноста „Капитал“ воопшто нема да ги пренесе оти несериозно е за вака сериозна тема да се повикуваме на партиски „кујнски шепотења“. Во периодот пред неколку месеци кога според логиката на нештата имаше смисла да се шпекулира со имиња „Капитал“ направи анализа со можни кандидати. Сега веќе требаше да пишуваме за нивните политички визии и да почнеме аналитички да ги споредуваме.

31

ЈАНУАРИ 2014

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАР НА СТРУЈА Од први април 2014 година ќе се либерализира македонскиот пазар на електрична енергија за 222 компании што имаат над 50 вработени и приходи од 10 милиони евра годишно. Со тоа почнува, веќе два пати, одложуваната втора фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. ВО СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ, ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПРАКТИЧНО ЌЕ ЗНАЧИ ОВАА ПРОМЕНА НА ПАЗАРОТ ЗА СТРУЈА ВО ЗЕМЈАВА:  Колку поевтина електрична енергија може да

очекуваат компаниите со либерализацијата на пазарот? Дали се реални најавите дека струјата може да биде поевтина и до 30% во однос на регулираната цена?  Каква ќе биде шемата на пазарот за електрична енергија, обврските и правата на потрошувачите од први април 2014 година?  Какви подготвки треба да направат компаниите што се квалификувани да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар?  Кои се главните играчи на либерализираниот пазар за електрична енергија, односно најголемите трговци со струја во Македонија?  Какви се искуствата со либерализираниот пазар на електрична енергија во земјите од регионот? Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ


36

www.kapital.mk

executive

миодраг Костиќ МК Група Работиме и на идејата за регионално поврзување, односно создавање на голема компанија под името АМАНП, што се првите букви од компаниите Агрокор, МК група, Атлантик Група, Нектар и Подравка. Таа заедничка компанија би имала една управа и приход од околу седум милијарди евра и за нејзе би имало голем интерес. Компанијата би произведувала, но и би ги продавала практично најпознатите брендови од подрачјето на поранешна Југославија, од вегета, преку Кокта до смоки, цедевита, фруктал сокови.

Кога бизнисмените размислуваат стра

Podravka i Mk GruPa G silite za osvojuvawe

П

о серијата преземања кои се случија меѓу поголеми корпорации и компании, регионот веќе најавува нов бизнис тренд кој подразбира здружување на компаниите за зголемување на конкурентноста и освојување на новите пазари. Станува збор за бизнис здружување на ниво на соработка, но не и сопственичко здружување. Идејата не само што веќе добива голема поддршка од големите бизнисмени во регионот, туку заговара и создавање на таканаречен „СФРЈ гигант“ кој има за цел освојување на големите трети пазари. Токму повеќемесечните преговори меѓу хрватскиот гигант Подравка и српската МК Група за заедничка соработка и

„напад“ на големите пазари како ЕУ, Русија, Блискиот и Средниот Исток, го најавуваат ваквиот тренд кој има за цел агресивен настап на трети пазари. Иако, за преговорите кои се држеа долго време далеку од очите на јавноста, прво се типуваше на соединување на компаниите, што вете страни децидно го отфрлија и ја изнесуваат вистината на виделина. Компанијата МК Група договори со хрватската Подравка соработка и настап на нови потенцијални пазари, но не и за корпоративно поврзување, изјавија од МК Група. Ваквиот начин на соработка иницирана од претседателот на компанијата МК Група, Миодраг Костиќ, само што беше презентиран, веќе наголемо почнува да ја добива поддршката од големите

тајкуни во регионот, а за ваквата бизнис соработка поддршка даде и најбогатиот човек на Балканот и сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ. „Идејата која ја изнесува Костиќ е одлично стратешко размислување и е нешто за кое Агрокор секогаш зборува. Тоа е единствениот исправен пат за развојот на регионалните компании за нивната конкурентност“, велат од Агрокор. Инаку, Костиќ оди дури и понатаму. Освен што се јавува како иницијатор за ваквата соработка со Подравка, тој веќе работи и на идејата за регионално поврзување, односно создавање на голема компанија под името АМАНП, попознат како „СФРЈ гигант“ што се првите букви од компаниите, кои според


www.kapital.mk

Капитал број 742 17.01.2014

профил

атешКи, границите се бришат

37

По бизнис трендот на соединување и сопственичко преземање компании, моќните бизнисмени од регионот најавуваат нов бизнис тренд - заедничка соработка за освојување нови пазари, но без сопственичко здружување. Иницијативата која прв ја начна претседателот на МК Група, Миодраг Костиќ, оди дотаму што во бизнис круговите веќе се заговара и создавање на нов СФРЈ гигант, што добива поддршка од големите бизнисмени во регионот

Gi zdru@uvaat e na GoleMite Pazari! неговата идеја, ќе се здружат- Агрокор, МК група, Атлантик Груп, Нектар и Подравка. Таа заедничка компанија, како што објаснува Костиќ, би имала една управа и приход од околу седум милијарди евра и за нејзе би имало голем интерес. Според неговата идеја, компанијата би произведувала, но и би ги продавала практично најпознатите брендови од подрачјето на поранешна Југославија, од вегета, преку Кокта до смоки, цедевита, фруктал сокови.

Големите компании во регионот имаат волја да соработуваат

Освен сопственикот на Агрокор, за оваа идеја се произнесоа и од Атлантик група,

инаку една од водечките прехранбени компании во регионот. Оттаму велат дека компаниите на овие простори, без разлика колку и да се значајни и големи, во регионални рамки и понатаму се мали субјекти за големите трети пазари и дека за значаен успех на таквите пазари мора да пронајдат успешна формула за заеднички настап. „Тоа може, но не мора да биде сопственичко поврзување. Но, во било кој облик да се работи за поврзување треба да се води сметка за нивото на дозволена концентрација, во согласност со законските регулативи кои ги контролира агенцијата за заштита на конкуренцијата на поедините пазари во секој посебен сектор, исто како и за вертикалната интеграција“, велат од

оваа компанија. Во Атлантик група потсетуваат дека како што и порано наведуваа, секогаш се отворени за разговор за секоја иницијатива и додаваат дека кога станува збор за раст и развој на работата, не ги гледаат компаниите според географските ознаки, туку пред се преку визијата за работна логика и заеднички интерес. Сличен е ставот и на експертите во регионот. Според нив, како што пишуваат регионалните медиуми, соработката и поврзувањето во регионот е еден од начините компанијата да биде попрепознатлива, поконкурента и поусшено да настапува на трети пазари. Притоа коментирајќи ја актуелната соработка меѓу Подравка и МК Група,


Капитал број 742 17.01.2014

38

www.kapital.mk

executive Ивица Тодориќ

Емил Тедески

И

К

Агрокор

Атлантик Група

дејата која ја изнесува Костиќ е одлично стратешко размислување и е нешто за кое Агрокор секогаш зборува(...). Тоа е единствениот исправен пат за развојот на регионалните компании за нивната конкурентност

омпаниите на овие простори, без разлика колку и да се значајни и големи, во регионални рамки и понатаму се мали субјекти за големите трети пазари и дека за значаен успех на таквите пазари мора да пронајдат успешна формула за заеднички настап. Тоа може, но не мора да биде сопственичко поврзување. Но, во било кој облик да се работи за поврзување треба да се води сметка за нивото на дозволена концентрација, во согласност со законските регулативи

експертите прогнозираат соработка и во другите сектори. „Простор за таква соработка постои не само во прехранбената индустрија туку и во секторите на металската и наменската индустрија, електростоФпанството, како и во хемиската, фармацевтската или дрвопреработувачката индустрија. Ваквиот начин на соработка го поздравуваат и дел од стопанските комори во регионот. Тие сметаат дека ваквата бизнис соработка не само што ќе ги направи компаниите поконкурентни, туку ќе придонесат и за зголемување на трговската размена меѓу државите, унапредување на економската соработка и поуспешно соочување о предизвиците кои ги носи приближувањето и влезот во ЕУ. Според, директорот на Бирото за регионална соработка на Стопанската комора на Србија, Митар Пржуљ, регионалното поврзување дава можност за успешен заеднички настап на трети пазари, односно пазари на кои мрежата на врски како за соработка во економијата, така и за дипломатскоконзуларините претставништва, е добро развиена.

Во регионот веќе постојат вакви позитивни примери

Меѓу позитивните примери на регионално работење во регионот се споменува соработката на компанијата „Александија“ од БиХ, каде производството на кондиторски и млински производи е таму организирана, додека примарното производство на брашно е организирано во Србија, готовите производи во Црна Гора, а слободен пласман на оваа кондиторски производи на целиот пазар на ЦЕФТА. Вино Жупа од Александровец со бизнис партнер од Сараево, пак, купи дел од производните капацитети на „Хепока“ од Мостар и организираа подигнување на винските лози и производството на вина и сокови, пишуваат медиумите. Како пример на соработка во градежниот сектор, позитивен пример е конзорциумот „Феникс“ кој го сочинуваат градежни компании и производители на градежни материјали од Србија, Словенија и БиХ. Според некои прогнози во Србија во тек се активности и на интензивирање на бизнис соработката со можност за формирање конзорциум во секторот на градежништвото меѓу Србија и БиХ (Република Српска) како и вклучување на градежна оператива од Македонија. Во металскиот и електростопанскиот сектор, познавачите гледаат можност

Каде лежи поривот за ваква соработка?

А

ко се верува на пишувањата во медиумите, целта на ваквата соработка која ја иницира Костиќ лежи во бизнис планот на МК Група преку Подравка да го освои пазарот на ЕУ, до коj оваа хрватска компанија сега веќе има слободен пристап. Ништо поразлична не е ниту целта на Подравка, која со влезот на Хрватска во ЕУ, го загуби повластениот пристап до пазарот на ЦЕФТА, а токму ваквата бизнис соработка може да и обезбеди и лесен и певтин пристап во рускиот пазар. Хрватскиот весник „Јутарњи лист“, пишува дека поради политичките превирања и обиди на бившиот менаџмет да ја преземе компанијата, Подравка не е добро подготвена за влез на Хрватска во ЕУ и дека затоа сега се обидува да најде позиција на пазарот на ЦЕФТА и во Русија. „Подравка за разлика од Агрокор не организира сопствени производни капацитет на пазарот на ЦЕФТА, па сега ја разгледува можност да ги најми тие капацитети од Костиќ. Тоа на Подравка производите, преку пазарот на Србија, БиХ и Македонија, широко би и ги отворил вратите на пазарот на бившите републики на Советскиот сојуз, а посебно во Русија“, пишува весникот. Од друга страна, пак, како што анализира весникот повикувајќи се на добро упатен извор во преговорите меѓу двете компании, Костиќ преку ваквата соработка ќе дојде до пазарот на ЕУ. „Костиќ би можел да има корист и за своето производство затоа што Подравка може да му понуди дистрибуција на своите 17 пазари кои ги покрива, а на српскиот тајкун интересен му е и бизнис исчекорот на пазарот на ЕУ“, пишува весникот. за организарање на заедничко и кооперативно производство на делови и склопување за потребите на автомобилската индустрија, за шински возила, како и производство на земјоделски машини за трети пазари. Со формирање на

конзорциум во металскиот сектор и електростопанството, активно може да се конкурира на тендери и огласи за железници, енергетскиот сектор како и учество за реализација на инфраструктурни проекти за заштита на животната средина, велат тие.


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


executive 40

Капитал број 742 738 17.01.2014 20.12.2013 редакција Капитал

Стефан МладеновСКи претСедател на аиеСеК СКопје

Kompaniite mo@at da gi odberat najdobrite studenti

Во време кога се уште течат подготовките за годинешниот настан Денови на кариера, Капитал направи интервју со претседателот на АИЕСЕК Скопје, Стефан Младеновски во кое тој потенцира дека претставувајќи го квалитетот и успехот на својата компанија, компаниите можат на Денови на кариера себеси да се позиционираат како најпосакувана дестинација за идно вработување меѓу талентираните студенти.

XX Што е АИЕСЕК и како тој придонесува за развојот на студентите, како и за односот помеѓу студентите и компаниите во македонското општество? АИЕСЕК е интернационална студентска платформа која е присутна во 124 земји, со членство кое брои повеќе од 65.000 студенти ширум светот. Во Република Македонија, АИЕСЕК како организација има 60 годишна историја во успешна трансформација на македонските студенти во лидери на утрешнината. Со комитети во главните универзитетските центри Скопје, Тетово, Штип и Прилеп/Битола ја остваруваме основната компонента поради која нашата организација и постои, откривање и развивање на лидерскиот потенцијал кај младите луѓе. Со целото портфолио на активности и настани во организација на АИЕСЕК во нашата држава, се трудиме да направиме промена на општеството и да воведеме нови, позитивни вредности кај македонската младина. XX Која е целта и значењето на проектот „Денови на кариера“ Денови на кариера како проект има 17 годишна успешна традиција, претставувајки мост помеѓу корпоративниот и студентскиот сектор. Целта на проектот е да овозможи интеракција помеѓу студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукација на студентите со цел оспособување за почетните чекори и на успешна кариера, зголемување на вработеноста на студентите од сите факултети.

Маратон

Проектот “Денови на кариера” претставува извонредна можност за средба со студенти и млади луѓе за пренесување лични знаења и искуства во планирање и градење успешна кариера. Високообразованите кадри се генератор на идеи, промени, свежина, идни лидери. Тие се нашата иднина, а сите ние треба да учествуваме во нивното обликување, калење, развивање како личности и како професионални кадри, непосредно пред нивниот влез во “реалниот” живот, пред прагот на нивната професионална кариера. Не секогаш и не секој има потреба да го сподели она што не го пишува во ниту еден учебник, а ние сакаме, имаме потреба и желба да учествуваме во потковувањето на првото скалило во нивната кариера, преку наше споделување на лично и професионално качување по скалилата на кариерата на поединците, односно нашиот компаниски развој.


интервју

XX Што е она што е поразлично оваа година кај проектот Денови на кариера? Во компарација со минатогодишниот Денови на кариера, оваа година како новини и промени може да се напоменат неколку работи. На наше големо задоволство, овогодинешниот Денови на кариера е во заедничка организација со нашата партнерска организација од Техничкиот Кампус, ЕЕСТЕК Скопје. Оваа година, Саемот на компании каде што сите учесници од корпоративниот сектор може да стапат во директен контакт со студентите и да се промовираат пред истите, ќе се одвива во Националната Универзитетска Библиотека “Св. Климент Охридски”. Со индивидуалните интервјуа сите учесници во проектот имаат можност да стапат во директен контакт со претставници од компаниите-учесници и да дознаат нешто повеќе за програмите за вработување во истите. Придобивка од овие работилници е креативните идеи кои може да се споделат помеѓу присутните студенти, како и директно да се учествува во изнаоѓање на практично решение за проблем од секојдневното работење во компаниите. XX Од минатите години веќе ни е познато дека на овој проект учевствуваат голем број познати и престижни компании. Дали за оваа година компаниите кои ќе учевствуваат се веќе познати? Подготовките за овогодинешниот Денови на кариера се се уште во тек и можноста за учество на проектот е се уште отворена. Веќе ни се потврдени дел од учесниците, меѓу кои се редовни наши партнери и поддржувачи, но и нови компании, кои за прв пат ќе бидат дел од проектот.

XX Како можат компаниите да станат дел од проектот „Денови на кариера“ и кои се нивните придобивки од самото учевство? Секоја година при организацијата на Денови на кариера се контактираат многубројни компании од Македонија со цел да им се претстави проектот и да им се овозможи учество на истиот. Тоа значи дека секоја компанија која е заинтересирана може да стане дел од проектот. Преку учество на проектот со презентација и саемското претставување на Саемот на компании, истите тие добиваат единствена можност за интеракција и контакт со младите перспективни луѓе. Денови на кариера како проект, им овозможува да имаат удел во процесот на обука и усовршување на македонските студенти, со што на долгорочен план инвестираат во нивните идни потенцијални кадри. Претставувајќи го квалитетот и успехот на својата компанија, компаниите себеси се позиционираат како најпосакувана дестинација за идно вработување меѓу талентираните студенти. XX Дали компаниите влијаат позитивно врз македонското општество со нивното учество и со регрутирањето на денешните студенти, гледајќи ги како идни вработени, менаџери и лидери? Преку овој настан, компаниите имаат можност да се истакнат како општествено одговорна компанија, која се грижи и ги поддржува студентите и активно им помага во нивното идно вработување. XX Веќе ги кажавте бенифитите на компаниите, но не интересираат и придобивките на студентите од посетата на овој проект и секако, како тие се задоволни од проектот од минатата година?

41

Арс Ламина

„Денови на кариерата“ на АИЕСЕК е клучен настан во областа на развојот на кариерата во нашата земја, каде се собираат голем дел од студентите, па и од македонските компании. За нас, како еден од најголемите и најзначајните издавачи на стручна литература во земјата, е важно да се претставиме пред сите нив, да воспоставиме интеракција и да ги испитаме можностите за понатамошна соработка. Соработката со АИЕСЕК ја гледамe како вложување во развојот на здрави и квалитетни кадри уште од рана фаза, што е од клучно значење за иднината не само за нашата компанија туку и воопшто за економијата. На ваквите настани можеме директно да видиме што с$ дополнително можеме да сториме за да го помогнеме овој процес. Како што напоменав и во претходното прашањe, основната цел на проектот е да овозможи интеракција помеѓу студентите и македонските компании и на некој начин да претставува мост помеѓу студентскиот и корпоративниот сектор. Долгогодишната традиција која говори за квалитетот и значајноста на настанот е потврдена од досегашните учесници, задоволни компании и голем број на студентите кои своето прво работно искуство го добиле токму благодарение на Денови на кариера. Реакциите и позитивниот фидбек кој го добиваме секоја година од учесниците на проектот, од студентскиот како и од корпоративниот сектор, ни дава оптимизам и сигурно тло за уште поуспешно продолжение на проектот и во наредната година.


BIZNIS I POLITIKA

BIZNIS I POLITIKA Грчкиот земјотрес се почувствува и кај нас

KOj vO MAKedONI e NAjMNOgu POTr Od APSeweTO NA KONdAMINAS?


43

Апсењето на еден од најзвучните странски инвеститори кои во Македонија се најавуваа на голема врата, (иако за волја на вистината ниту еден бизнис којшто тој го почнал или го најавил во земјава не го довршил) ја заинтересира и македонската јавност. За каков се криминал се товари, колку пари се во прашање, дали можеби процесот ќе отвори и некоја нова афера поврзана со нашата земја, не се знае... Македонските власти молчат и воопшто не го коментираат апсењето, како да не станува збор за бизнисмен којшто и тоа како е вплеткан во проекти кај нас – дел од нив дури и државни! Капитал ви пренесува детали од најголемата корупциска афера во моментов на Балканот...

ija resen

?

подготви:

Катерина Синадиновска

Г

katerina.sinadinovska@kapital.mk

олема прашина крена и тоа не само во Атина, приведувањето на познатиот грчки бизнисмен Димитрис Кондаминас кого полицијата го товари за вмешаност во аферата „перење на пари“ во грчката Поштенска банка, којашто е во сопственост на државата. Грчкото јавно обвинителство побара Кондаминас, којшто е сопственик на телевизијата Алфа и на компанијата за осигурување Интраамерикан да биде задржан во притвор се до судењето поради инволвираност во голем скандал со „лоши заеми“. Дваесет и пет лица, вклучувајќи го и поранешниот шеф на банката, се уапсени досега откако иследниците изјавија дека ја откриле шемата како биле „испрани“ повеќе од 500 милиони евра преку кредити кои никогаш не биле исплатени. Веднаш по избивањето на скандалот здравствената состојба на Кондаминас (кој изјави дека е невин и дека не сторил ништо погрешно) дополнително се влоши, па тој беше уапсен во болница, каде што веќе беше хоспитализиран поради проблеми со дишењето. Грчките власти, во вторникот го посетија во неговата болничка соба на една приватна атинска клиника, со образложение дека мора да даде изјава и дека истрагата не смее да чека. И додека јавниот обвинителот Попи Папандреу стои на ставот дека притворот мора да му биде продолжен, еден од иследниците Јоргос Андреас, како што јавуваат грчките медиуми предложил Кондаминас да биде пуштен на слобода со кауција од 5 милиони евра. Судскиот совет до затворањето на овој број на "Капитал" немаше донесено одлука како ќе постапи виза ви притворот. Во меѓувреме, грчкиот печат информира дека на средбата со обвинителите Кондаминас им предал веќе подготвена писмена изјава, а се шпекулира дека ќе се брани со ставот дека заемите може да ги врати преку неговите имоти и заштеда. Кондаминас во Грција важи за мистериозната бизнисмен, околу кои постојат многу неодговорени прашања. Некои медиуми го опишуваат како бизнисмен дека црквата не ќе прогласи за светица , поради неговите активности

Како се одвивал криминалот?

Грчкиот бизнисмен и медиумски магнат, којшто и досега неколкупати беше вмешан во финаниски скандали, сега се товари за измама со којашто ја оштетил државата за 150 милиони евра и за перење пари преку нелегални активности. Тој треба да одговара и за 30-те милиони евра кои ги добил од компанијата „Бестлајн“ што ја продал на Поштенска банка за преку неа да се изготвуваат кредитни картички, но и за заемот од 110 милиони евра – пари коишто требало да бидат искористени за бизнис активности, а наместо тоа завршиле на негови лични сметки преку оф –шор компании, за подоцна со нив тој

да купува недвижнини во Лондон. Токму протекот на овие 110 милиони од сметките на неговите компании „Демко“ и „Вилиџ синемас“ на приватни сметки ги отвора очите на обвинителите и го пали црвениот аларм. Овие активности фрлиле светло на бројните оф-шор компании кои биле контролирани од самиот Кондаминас и се смета дека преку нив се одвивале различни нелегални активности. Во префрлањето на парите се споменуваат неколку оф – шор компании со седишта во Панама и Кипар. "Катимерини" веќе има објавено дека како акционери - сопственици на телевизијата Алфа се јавуваат три оф-шор компании (од кои едната се поврзува и со поранешен пратеник), отворајќи го прашањето како може медиум да има таква сопственост. Ова не е прв пат Кондаминас да се соочи со ваква ситуација. Тој досега беше обвинет од поранешен директор на неговата телевизија за нелегални економски активности со коишто и наштетил на телевизијата – зел кредит од 68 милиони евра на сметка на „Алфа“, а парите исчезнале преку ноќ. За овој случај Кондаминас сепак беше ослободен од обвинение. Втор голем скандал во којшто беше вмешан Кондаминас е обвинувањето дека фалсификувал и проневерил пари на Грци од Северна Африка, Германија, Белгија и Холандија коишто инвестирале во „Интерамерикан“ и забележале дека парите мистериозно им исчезнуваат. За овој случај тој беше осуден со парична казна од 300 илјади евра и забрана за напуштање на државата.

За Македонија, особено за нашите влади, Кондаминас не е „странец“

И додека трае сагата во Грција, македонската јавност е подеднакво заинтересирана. Овој контроверзен бизнисмен, за кого медиумите кај јужниот сосед велат дека во најблага форма речено – Црквата не би го прогласила за светец, а во најостра – тоа е неприкосновен криминалец, им е добро познат и на македонските граѓани. Кондaминас, е еден од најзвучните странски инвеститори кои во Македонија се најавуваа на голема врата, иако за волја на вистината ниту еден бизнис којшто тој го почнал или го најавил во земјава досега не го довршил. Притоа, целата активност на Кондаминас во Македонија исто така е придружена со сомнмевања за нелегални потфати. Но, со ред... Неговото присуство во Македонија почнува со купувањето на локалната скопска телевизија ТВ Скопје, со план набрзо оваа телевизија да добие и национална концесија. Реализацијата на овој план не успееа, национална концесија, тогаш, ТВ Алфа не доби, па Кондaминас ја продаде телевизијата. За него "Транспаренси Интернешнл Македонија " тврди дека е вклучен и во големиот корупциски скандал на " Дојче Телеком ". Тој е татко на грчката осигурителна компанија " Interamerican " , а во Македонија е познат како сопственик на фирмата " Kosmotelko ",


BIZNIS I POLITIKA За само 100 евра за квадрат, Кондаминас купи 6300 квадрати во срцето на Скопје, на плоштадот за да гради Офицерски дом и хотел, на тендер на којшто тој беше единствен учесник. Законот веднаш потоа се смени, па сега не е дозволени лицитации со само еден лицитант, но „ДЦ прајм пропертис дооел Скопје“ во сопственост на грчката компанија „Демко“ на Кондаминас веќе ја доби зделката, којашто се проценува на 40 милиони евра што има дел од акциите во "Македонски телеком" и ја доби националната лиценца за WiMax , широкопојасен интернет. Според профилот на компанијата објавен во " Катимерини ", " Kosmotelko " има 7,4 % акции во " Камени мост Комуникации АД" , компанија контролирана со 51% од " Македонски телекомуникации. Резултатите на истрагата на американските институции покажале дека функционери од две македонски партии земале поткуп преку оф шор кипарската компанија Чаптекс лимитед, сопственост на Кондaминас. Според истрагата, обвинетите од Телеком склучувале лажни договори за консултантски услуги со Чаптекс, а потоа со тие пари се подмитувале македонските политичари и фунционери со цел да се помогне во одржувањето на монополската позиција на Телеком. Се претпоставува дека биле поделени речиси 5 милиони евра мито. Во оваа афера Кондаминас не доби никакво обвинение затоа што судот не можеше да ги обезбеди оригиналните договори за нелегалните исплати на македонски функционери. Кондаминас беше сопственик и на земјиште од околу 22.000 квадратни метри во близина на хотелот "Александар Палас", каде што тој наводно имал планови за изградба на голем трговски и деловен центар. Оваа идеја никогаш не се реализира, бидејќи земјиштето преку реституција беше вратен на сопствениците. Многу медиуми потоа пишуваа дека Кондаминас планира да отвори банкарска и осигурителна компанија во Македонија. Некоја година подоцна се појавија информации дека Гркот е заинтересиран да инвестира во хидроцентралите Чебрен и Галиште – уште една најава која не виде бел ден.

Но, не се проектите во телекомуникацискиот сектор и енергетиката, тие коишто најмногу го прославија Кондаминас кај нас.

Виси инвестицијата на плоштадот во Скопје – на земјиште купено за само 100 евра за квадрат!

Грчкиот бизнисмен ја шокираше грчката, но пред се македонската јавност кога пред три години на тендер на којшто тој беше единствен учесник за само 630 илјади евра купи максимално атрактивна локација во срцето на Скопје, на плоштадот за да го гради Офицерскиот дом – дел од проектот на Владата на Никола Груевски, „Скопје 2014-та“, проект што во Грција важи за огледало на наводната „иредентистичка и националистичка скопска политика“ ... Законот веднаш потоа се смени, па сега не е дозволени лицитации со само еден лицитант, но „ДЦ прајм пропертис дооел Скопје“ во сопственост на грчката компанија „Демко“ на Кондаминас на лицитација што се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски веќе ја доби зделката, којашто се проценува на 40 милиони евра. Освен офицерскиот дом, Кондаминас на скопскиот плоштад гради и хотел на седум ката. Што ќе биде сега со овие инвестиции, дали изградбата ќе сопре, што се случува во позадина во неговите фирми – никој не открива. Во македонската Влада – молк. Надлежните министри, но и самиот премиер досега не се огласија за случајот, како Кондаминас воопшто да не е поврзан со државава и тоа со владини проекти. Во министерството за транспорт и врски останаа неми за пораките на „Капитал“. Портпаролите ниту одговараат на телефонски повици, ниту на пораки.

За што се се товари Кондаминас?

Г

рчкиот бизнисмен и медиумски магнат се товари за измама со којашто ја оштетил државата за 150 милиони евра и за перење пари преку нелегални активности. Тој треба да одговара и за 30те милиони евра кои ги добил од компанијата „Бестлајн“ што ја продал на Поштенска банка за преку неа да се изготвуваат кредитни картички, но и за заемот од 110 милиони евра – пари коишто требало да бидат искористени за бизнис активности, а наместо тоа завршиле на негови лични сметки преку оф –шор компании, за подоцна со нив тој да купува недвижнини во Лондон. Не одговори ниту владиниот портпарол, Александар Ѓоргиев, а вториот неформален портпарол, кој всушност е шеф на Кабинетот на вицепремиерот Муса Џафгери, Мухамед Хоџа само кусо ни изјави дека иако во вторникот Владата имаше редовна седница, темата за Кондаминас никој официјално не ја отворил. Од адвокатската канцеларија „Чукиќ и Марков“, која е правен застапник на фирмата во сопственост на бизнисменот која ги откупи парцелите, исто така се затворија за јавноста. Двајцата адвокати биле на пат, со исклучени мобилни телефони. Но, медиумите претходно објавија нивен став, според кој тие с$ уште немаат информации што ќе се случува понатаму, иако велат дека засега се течело „нормално“. „Сега за сега не располагаме со такви информации. Во моментов с$ се одвива најнормално и регуларно течат


45 Презаштитен за да падне така лесно!?

Тоа што пишуваат и на што предупредуваат грчките медиуми е дека Кондаминас е преголем и презаштитен за да може да падне така лесно. Во Грција по обелоденувањето на скандалот со банкарските заеми особено е интересен фактот дека Кондаминас добивал државни пари во истиот период кога неговата телевизија „Алфа“ преку обелоденувањето на скандалот „Ватопеди“ почна да го руши поранешниот премиер Костас Караманлис. „Вима“ пишува дека Кондаминас нема да дозволи да падне и дека повторно може да ја злоупотреби телевизијата за притисок врз актуелниот премиер Андонис Самарас. „Ќе избере еден скандал поврзан со Самарас и ќе го емитува деноноќно на неговата телевизија. Или некоја сексуална афера поврзана со судиите за да им го намалио кредибилитетот. Кога и да се најде на мета на државата, тој одговара преку „Алфа““, се вели во коментарот на весникот. активностите. Доколку има промена ќе ве известиме благовремено“ изјавиле од таму.

Кондaминас бил замешан и во спорот за името!? По објавувањето на тендерот за хидроцентралите , некои од грчките медиуми имаа дилема дали оваа инвестиција има политичката заднина. Порталот " Protagon.gr " , повикувајќи се на извори од грчкото Министерство за надворешни работи, објави дека поранешниот премиер Јоргос Папандреу добил понуда преку која било предложено дека грчките инвестиции во Македонија ќе влијаат

за побрзо решавање на спорот за името , бидејќи тие кои се одговорни за донесување на одлука бараат финансиска поддршка. Според порталот, неколку луѓе кои се вклучени во грчките инвестиции во Македонија успеале да го убедат поранешниот грчки премиер Костас Симитис , дека инвестициите позитивно ќе влијаеле врз процесот и ќе помогнеле во „омекнување“ на македонската страна. Ова е само дел од она што се знае за бизнис зделките на Кондaминас, кои во еден период оделе и преку контраверзниот Емануел Малелис Маноли. Дали оваа афера во Грција ќе отвори некои нови сомневања за вмешаноста на Кондaминас и во

други корупциски зделки поврзани и со Македонија, допрва ќе се знае. Грчката полиција соопшти дека вчера во Истанбул од страна на тамошната полиција бил уапсен и Ангелос Филипидис, поранешен раководител во Хеленик Постбанк. Истрагата за целиот овој скандал почнала лани на 3 јуни. Обвиненијата за сите се за измама против државата поголеми од 150 илјади евра, измами со материјална штета до и над 30 илјади евра, соучество во измама, легализација на приходи од нелегални активности (перење пари), за соучество во перење пари, дело во кое е вмешан и еден вработен во банка.



...Фељтон... НајПоЗНатите СВетСКи гоВоРи

Сер ВинСтон ЧерЧил:

br.

6

Dajte ni gi alatkite i ]e ja zavr[ime rabotata! Фељтон на Капитал-Најпознатите светски говори. изборот е направен според говорите кои оставиле најголем впечаток и кој најмногу мотивирале, и кои станале запаметени низ истори-јата. ги објавуваме во надеж дека истите ќе ги зголемат лидерските капацитети во бизнисот и политиката.

За време на најтешките денови од воздушната битка за Велика Британија, британскиот премиер Винстон Черчил преку радио Би-БиСи и се обраќа на нацијата. Покрај неколкуте неспорни дотогашни успеси на неговите армии, тој пред јавноста ќе го претстави и писмото на отворена поддршка од страна на американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт, во коешто тој преку стихови од американскиот поет Лонгфелоу ја изразува отворената поддршка кон Лондон. Черчил токму во ова обраќање јавно му одговара на Рузвелт и му се заблагодарува на поддршката која понатаму ќе се покаже како пресудна за добивање на војната.


Капитал број 733 15.11.2013

48

Хитлер да ја добие војната мора да ја уништи Велика Британија. Може да ги окупира Балканските Држави, може да отцепи големи провинции од Русија, може да маршира до Каспиското езеро, може да маршира и до портите на Индија. Сето ова нема да му донесе ништо. пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

П

оминаа пет месеци откако последен пат и се обратив на Британската нација и на Империјата преку радио. Во време на војна важи мотото „Дела, а не зборови“. Како и да е, добро е од време на време да се осврнеме на веќе направеното, со оглед на фактот дека во овие пет месеци нашата позиција напредна многу повеќе од колку што многумина очекуваа. Ние сепак ја одбранивме нашата земја и храбро се соочивме со двајца диктатори во нивната најголема сила, и си докажавме себеси дека сме способно да опстоиме против нив сами. После тешките загуби на германското воздухопловство кое им ги нанесоа нашите пилоти во август и септември, Хер Хитлер се прeмисли и не се осмели да продолжи со планираната инвазија на островот. Заблуден од таа негова идеја тој мислеше дека ќе го скрши духот на Британската нација преку бомбардирањата на нашите градови. Ние докажавме на општо одушевување на светот и на нашите пријатели во САД дека оваа форма на уцени, убиства и тероризам , наместо да го ослаби нашиот дух, само го запали

универзалниот пламен на борбата кој не бил виден никогаш порано во ниедно модерно општество. Целата Британска Империја е горда на Матичната Држава и тие треперат од желбата да бидат со нас во што поголем број. Ние бевме длабоко загрижени за опаѓачкото влијание на љубовта кон круната насекаде во светот годините наназад. Но токму како наше главно воено мото излезе поговорката: да се биде вреден на таа љубов, за да се зачува и тоа ги смена работите. Во овие мрачни зимски месеци непријателот беше доволно силен да фрли три или четири тона бомби, на секој еден тон кој ние ќе го испративме во Германија како одговор. Во моментов работиме на тоа работите да се сменат, но во меѓувреме Лондон и другите наши големи градови мора да останат цврсто на одбраната на своите позиции. Тие ме потставуваат на Британските војски кај Ватерло. Овдека нема војнички формации со сјајни палта. Овде има само обични Англичани, Шкотланѓани и Велшани, кои храбро опстануваат на своите позиции заедно. Но нивниот дух е исти, нивната слава е иста и на крајот нивната победа ќе биде многу поголема од толку споменуваниот Ватерло. Ние ја скршивме „кичмата“ на зимата. Денот расте, а ноќта се намалува. Кралската Авијација расте и веќе е господар на небото. Нападите можеби се поостри, но ќе бидат пократки, ќе има повеќе можности за работа и нормални активности и прилики за живот. Значи

Господарот на морињата и воздухот, Британската империја и цел свет кој зборува Англиски ќе остане на својата позиција носејќи го мечот на правдата.

ако нашата прва победа беше одговор на напаѓачите, нашата втора е како фрустрација од нивното однесување терор и тортура кон нашите луѓе. Во меѓувреме во октомври се случи една чудесна работа. Еден од двајцата диктатори ладнокрвниот Италијанец со црно срце кој мислеше дека ќе ја обнови евтино империјата на грбот на падната Франција. Мусолини без никаква провокација, поттикнат од алчност ја нападна Грција. Но неговиот напад само се одби од херојската Грчка Армија. За која можам само да кажам дека пред нас се докажа вредна на славата на нивната земја од класичниот период. А додека Сињор Мусолини се гушеше во неможноста да ја совлада грчката армија во Албанија нашите трупи во Африка добија значајни засилувања кои почнаа да ја добиваат војната во регионот. Сите бевме забавувани и верувам и поттикната од експозицијата на понижување на другиот како што Бајрон вели: „Тоа идолизирање на сабјата, со предница од месинг и нозе од глина “ Додека овие несекојдневни настани ги носеше струјата ние од катастрофална состојба во мај и јуни, дојдовме во позиција да можеме да бидеме убедени во нашата сила да ја извршиме нашата должност. Во меѓувреме моќна плима од симпатии, од добра волја и ефикасна поддршка почна да надоаѓа од Атлантикот како поддршка на светската кауза која е доведена во прашање. Истакнати Американци дојдоа да ни


Кој е Сер Винстон Черчил? Ние не смееме да направиме грешка, бидејќи само нашата непогрешливост стои помеѓу него (н.з. Хитлер) и светската доминација.

Со секој изминат месец многуте горди и некогаш среќни земји кои сега (н.з. Хитлер) тој ги држи со брутална сила ќе се издигнат и ќе научат да ја мразат Пруската шега и Нацистичкото име како ништо што не се мразело толку интензивно и толку распространето помеѓу луѓето претходно. изразат поддршка и да видат како САД можат да ни помогнат најдобро и најбрзо. Откако сум премиер се трудам да бидам многу внимателен и да не оправдувам лажни надежи или пророштва, но сепак приказната која ќе ја кажам денеска е една таква која мора да ни даде цел која мора да ја оствариме. Сите ние се прашуваме: Што ни припрема следно злобниот човек ? Што следно ќе изведе? Која нова мала земја ќе ја прегази? Каков нов вид на напад ќе изведе на нашиот матичен остров и на нашите тврдини? Сето ова води кон еден заклучок и една цел, дека ние не смееме да направиме грешка, бидејќи само нашата непогрешливост стои помеѓу него и светската доминација. Може да бидеме сигурни дека војната ќе влезе во фаза на поголемо насилство. Многу сигурно ќе се случи додека американската помош стане ефективна, и додека нашата воздушна сила порасне на ниво на добро наоружана армија и додека воената моќ на нашите армии на истокот дојдат на потребното ниво. Но ништо не е посигурно од тоа дека ако земјите од југоисточна Европа си дозволат да бидат распарчени една по една нив ќе ги снајде судбината на Данска, Холандија и Белгија. И никој не ќе може да каже колку бргу ќе дојде часот на нивната пропаст. Една од нашите тешкотии е да ги убедиме овие неутрални земји во Европа дека ние ќе победиме. Ние мислиме дека е пресудно и тие јасно како и ние

самите да го видат ова. Се сеќавам дека за време на последната војна во јули 1915, почнавме да размислуваме дека можеме да ја убедиме Бугарија да се сврти на наша страна. Затоа господин Лојд Џорџ, господин Бонар Лов и јас го замоливме нивниот премиер да вечера со нас за да му објасниме каква будала прави од себеси Кралот Фердинанд одејќи на губитничката страна. Тогаш ние не успеавме. Кутриот човек или не можеме и самиот да поверува или во тоа не можеше да ја убеди неговата влада. Како и да е за Хитлер да ја добие војната мора да ја уништи Велика Британија. Може да ги окупира Балканските Држави, може да отцепи големи провинции од Русија, може да маршира до Каспиското езеро, може да маршира и до портите на Индија. Сето ова нема да му донесе ништо. Може да ја прошири неговата клетва уште пошироко низ Европа и Азија но повторно нема да постигне ништо. Со секој изминат месец многуте горди и некогаш среќни земји кои сега тој ги држи со брутална сила ќе се издигнат и ќе научат да ја мразат Пруската шега и Нацистичкото име како ништо што не се мразело толку интензивно и толку распространето помеѓу луѓето претходно. И за целото време господарот на морињата и воздухот, Британската империја и цел свет кој зборува Англиски ќе остане на својата позиција носејќи го мечот на правдата. Претходниот ден, Претседателот Рузвелт ми испрати писмо во кое стојат следниве стихови:

Винстон Леонард Спенсер Черчил (19741965) е британски политичар, државник, писател и борбен империјалист, најпознат по неговата улога во Втората Светска војна како Британски премиер и еден од творците на антихитлеровската коалиција. Черчил уште од најмлади години е успешен млад политичар кој првата светска војна ја дочекува како најмлад Прв Лорд на адмиралитетот(командант на британската кралска морнарица). Токму во овој период Винстон Черчил ќе ја доживее најголемата катастрофа, кога ја губи судбоносната битка на Галиполе против условно распаднатата Турска Армија. Неговите блиски велат дека духовите од Галиполе го прателе Черчил до крајот на животот. Поради овој катастрофален и срамен пораз на Британската Армада, Черчил помеѓу 1916 и 1941 не добива ниту една извршна функција во Лондон. Во предвечерјето на Втората Светска Војна се истакнува по неговите антигермански настапи во горниот дом (Домот на Лордовите) во Британскиот парламент. Откако неговите наоди ќе се покажат точни и кога ќе се откријат вистинските намери на Хитлер, Черчил е рехабилитиран и вратен на функцијата Прв Лорд на Адмиралитетот, а неколку месеци подоцна е избран и за премиер на Британија. Познат е по неговата одлучност и бескруполозност кон фашистите ширум Европа и нивните подржувачи, а многумина го сметаат како клучна фигура за големата победа на сојузниците врз злото нарешено фашизам. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1953 година, благодарејќи на книгите во кои ја опишал модерната англиска и светска историја,а во 2002 година е избран за најголем Британец во историјата.

Плови напред, О броду на Државата! Продолжи да пловиш, О Унијо, моќна и голема! Човештвото ќе ги победи своите стравови, Со сите надежи за идните години, Се предава широкоградо на судбината! А кој е одговорот кој јас ќе му го дадам во ваше име, на овој голем човек, трет пат избран да биде на чело на нација од сто и триесет милиони луѓе? Еве го одговорот кој ќе му го дадам на Претседателот Рузвелт: Имајте целосна доверба во нас. Дајте ни ја вашата доверба и благослов и се ќе биде добро. Ние нема да згрешиме или да се двоумиме, нема да ослабнеме или да се умориме. Ниту ненадејниот шок на битката, ниту долгите маки на исцрпување ќе не исплашат. Дајте ни ги алатките и ние ќе ја завршиме работата.


капитал број 742 17.01.2014

50

www.kapital.mk

на руЧек со...

Миле СтојкоСки инвалидизирано лице со нескротлив дух и со јунаЧко срце

Samo od vaS zaviSi ka @iveete i [to ]e nap So SopStveniot @ivot


www.kapital.mk

Јавноста го познава како човекот кој со инвалидиска количка со месеци и години го обиколуваше светот, за да стигне до олимписките центри Атина, Пекинг и Лондон, каде што на најоригинален начин ја пренесуваше пораката за лошата положба и за општествената маргинализација, со која се соочуваат најголемиот дел од инвалидизираните лица во светот. За време на тричасовниот разговор со него, покрај тоа што откривме од каде извира таа нескротлива енергија на Миле Стојкоски, ги сфативме и значењето и улогата на волјата во животот на секој човек, без разлика во колку тешка состојба се наоѓа.

ako ]e pravite t

Капитал број 742 17.01.2014

51

Секој здрав човек е потенцијален инв алид. Поради сите заедно треба да придонесеме за подобрување на состојбататоа, на овие лица. пишува:

Дејан Азески:

dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

П

рилепчанецот Миле Стојкоски е дефинитивно многу повеќе од обичен припадник на огромната двестеилјадна популација на инвалидизирани лица во Македонија. Јавноста го познава како човекот кој со инвалидиска количка со месеци и години го обиколуваше светот, за да стигне до олимписките центри Атина, Пекинг и Лондон, каде што на најоригинален начин ја пренесуваше пораката за лошата положба и за општествената маргинализација, со која се соочуваат најголемиот дел од инвалидизираните лица во светот. За време на тричасовниот разговор со него, покрај тоа што окткривме од каде извира таа нескротлива енергија на Миле Стојкоски, ги сфативме и значењето и улогата на волјата во животот на секој човек, без разлика во колку тешка состојба се наоѓа.

Брзото соочување со реалноста ми помогна да живеам нормално

Петгодишнината од независноста на Македонија, прилепчанецот Миле Стојкоски ја дочекал како еден просечен македонски граѓанин. Како 31-годишен човек со сопствено семејство, сопствен стан и со нормална работа. Тој фамозен 8 септември 1996 година засекогаш ќе му го промени животот. „Беше недела и се движев низ Прилеп со моторче „Томос“. Ниту моторот беше особено силен, ниту јас возев брзо. Можеби, во моментот на несреќата се движев со 15 км на час, но колата ми го пресече патот и неизбежно беше да се судриме. Јас паднав во паркот и со колената удрив на работ. Ударот ми се пренесе во ’рбетот. Подоцна сфатив дека тоа било фатално“. И навистина. По втората од трите операции кои ги имал Миле Стојкоски целосно го изгубил чувството во нозете и останал врзан за инвалидската количка. Во таква состојба,

за која и самиот признава дека не можел до крај да ја сфати и да ја разбере, тoj веднаш по операцијата се наоѓа себеси меѓу многу штитеници од Центарот за рехабилитација при специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, од каде што започнува неговиот нов живот. „Во периодот меѓу сознанието за мојата состојба и пристигнувањето во Охрид, цело време размислував како ќе ја прашувам мојата д-р Зорe да ме научи да ги извршувам основните животни потреби од инвалидската количка. Но, во еден момент сфатив дека таа тоа, за среќа, никогаш го нема искусено и дека е подобро да прашам некој од цимерите. Тоа беше мојот цимер Богоја Трифуноски, на кого сум му неизмерно благодарен и кој со своето тогашно 18-годишно искуство, кое ми го пренесе за многу кратко време, ми помогна за максимално кусо време од половина година да го надживеам сето она со кое тој се бореше во сите тие 18 години“. Сепак, нашиот херој се сеќава дека се соочувал со многу тешки моменти за време на тоа забрзано заздравување . „Првото нешто што го побарав од мојот цимер беше да ми каже како да ја користам бањата. Откако ја видов техниката на Богоја, јас направив нешто непредвидено, кое него многу го исплаши, а беше плод на мојата желба што побрзо да се осамостојам. Штом влегов во бањата, се заклучив внатре и му кажав на цимерот дека залудно ќе се трудат да ме извадат одтаму додека не научам самостојно да ја користам бањата. Тоа беше многу тешко. Неколкупати паѓав со силен тресок, а Богоја сакаше да повика помош. Јас, сепак, издржав и по неколку саати излегов оттаму со целосно совладани пречки, кои ги има едно инвалидизирано лице на едно такво многу потребно место. Истиот принцип го применав со сите други пречки и проблеми и успеав за два до три месеци целосно да се осамостојам и да не зависам од никого. Единствен проблем ми беше што требаше да совладам прагови и скали, а со се друго функционирав како нормален човек“. Сепак, на Миле Стојкоски ќе му биде потребна дополнителна година и половина за на физичката да ја надоврзе и психичката рехабилитација, за да може да се врати дома во Прилеп кај


капитал број 742 17.01.2014

52

www.kapital.mk

на руЧек со...

семејството. „Дома се соочив со комплетно нова ситуација. Нашиот стан кој беше на втори кат во зграда без лифт беше недостапен за мене. Тоа значеше дека мора да го смениме и да одиме под кирија. Ова беше само една од многуте пречки со кои се соочивме како семејство и кои мора да кажам дека со заемно разбирање од двете страни успешно ги надминавме“. Сепак, Миле во Прилеп се соочил со најголемиот предизвик. Нему Гордо од порано му била добро подигнато позната статистиката дека македонското 99% од инвалидизираните знаме на патот лица, по несреќата го губат за атина партнерот и се разведуваат. 2004 Тој во Прилеп се вратил со мисија тоа да го избегне. „Цимерот тоа сакаше да ми го прикаже како една нормална појава, којашто јас одбив да ја прифатам бидејќи ми пречеше. Од сето ова интересирање констатирав дека, за жал, за оваа работа најмногу е виновно самото инвалидизирано лице и неговиот однос кон околината. Јас, спротивно на тоа, се држев до девизита дека ако сум искрен и ако го споделам сето она што го чувствувам, многу полесно ќе ми биде и во бракот, и во одгледувањето на децата, а и во делот на оддржувањето на нормален сексуален однос, кој е, исто така, многу значаен за бракот. Докажав со сопствен пример дека сето ова е сосема можно, само ако и двајцата партнери подеднакво придонесуваат со енергијата и со разбирањето“. Миле Стојкоски вели дека во тие клучни моменти од неговиот живот пресудно било тоа што се помирил со фактот дека ќе го помине остатокот од животот во заздравување на пациентите кај нас. инвалидската количка, но дека тоа ќе го Поради таа несоодветна рехабилитација направи на начин како што тој сака. многу од инвалидизираните лица се „Бев решен инвалидската количка од срамат да се борат или да ги побараат оптоварување да ја направам помагало и своите права. Тие се срамат да го бев подготвен наредните сто години да замолат својот најблизок да им пушти ги поминам во неа“. телевизија само за да не се досадни. Тие поради средината во која живеаат, Ме револтира игнорантскиот поради предрасудите што постојат тука, однос на општеството кон не можат да се охрабрат; едноставно се инвалидизираните лица срамат што се во таква состојба“. Иако е општопозната и научно Стојкоски вели дека најжално од се прифатена дефиницијата дека секој е што во Македонија дискутираме за здрав човек е потенцијален инвалид, вакви основни норми на хуманоста, а општеството кај нас и во втората декада во светот се формираат професионални на 21-от век многу маргинализирачки кошаркарски лиги за инвалидизирани и многу дискриминирачки се однесува лица во количка. Според него, кон оваа популација. Непостоењето Македонија и регионот мора да се на ниту еден соодветен центар за поврзат со развиените земји во односот рехабилитација на целиот Балкан на оваа популација, а, според него, дополнително ги потврдува овие жални тоа ќе се случи кога премиерот и тези. претседателот ќе имаат барем еден Миле Стојкоски вели дека најголем советник кој потекнува токму од доказ за тоа е долгиот, бескраен период инвалидизираните луѓе. на заздравување на инвалидизираните лица во Македонија, како и катастрофалниот квалитет на нивниот подоцнежен живот. „Во Франција и Германија центрите за рехабилитација гарантираат целосна рехабилитација за шест месеци. Нормално, ако пациентот соработува. Кај нас луѓето порано седea и по 5,6 години во „Св. Еразмо“ во Охрид без никаков напредок. Уште поголема болка е речиси никаквата помош при психичкото

Миле Стојкоски како најдобар амбасадор на инвалидизираните лица во светот

Атина 2004, Пекинг 2008 и Лондон 2012 се трите најголеми подвизи на Миле Стојкоски, преку кои засекогаш ќе остане запаметен во историјата на сите инвалидизирани лица во светот. Се уште за многумина нереално изгледа она што тој го направи. И самата помисла да се

кога ога по толку години ги почувствував нозете, мислев дека одново се раѓам

Ч

удата се можни и навистина се случуваат. Намерно за крај го чувавме фактот дека Миле Стојкоски на нашето интервју дојде без неговата препознатлива и светски славна инвалидска количка. Тој од пред неколку месеци се движи со помош на патерици, а ние и сета јавност очекува во најбрзо време и целосно да заздрави. „Додека патував низ Европа, посетив дел од центрите за рехабилитација каде што се консултирав со врвни експерти. Тие ми препорачаа разни вежби, чаеви и креми. Кога се вратив од Франција, одлучив да применам дел од нивните препораки. И по неколку месеци навистина се случи чудо и повторно почнав да ги чувствувам моите нозе. Не можам на никој начин да го опишам чувството по 16 години повторно да добиеш дел од себе, кој така несреќно ти бил одземен. Почувствував како одново да се раѓам“.


www.kapital.mk

стара лада и со позајмена приколка успеав за 15 дена да поминам 704 км до Атина и да стигнам до влезот на Олимпискиот стадион. Тоа беше голем успех за мене и голема порака до општеството за состојбата на сите инвалидизирани лица, бидејќи мојот подвиг го следеа многу македонски, грчки, но и светски медиуми кои беа на Олимпијадата“. По враќањето во Македонија, Со македонската Стојкоски беше примен од тогашниот македонски музичка легенда Тоше претседател, доделена му е наградата „Мајка Тереза“ Проески за хуманост, признанието „Вулкан“ од „Полио плус“ и признанието за оддржлив развој „Hert Jan van Apeldorn“. Стојкоски одлучува оваа негова популарност да ја искористи и во Македонија, каде што заедно со дваесет невладини органзации успеваат да соберат околу 20.000 потписи за предлагање нов закон за инвалидизираните лица во Македонија. За оваа цел, Миле со својата инвалидска количка ќе помине 1.500 километри за да посети 44 градови во Македонија. Потоа следуваат патувањата за Пекинг и за Лондон. При првото патување Миле ќе успее да стаса дури до Дамаск во Сирија, од каде што ќе мора да се врати поради недостаток на средства и поради недоволна поддршка од институциите. При второто патување неуморните раце на Миле Стојкоски и неговата Дел од инвалидска количка ќе го патувањето однесат до Кале, последниот за Пекинг француски град на Ла Манш, на минимално можно растојание од Британската престолнина. патува од Прилеп до Атина За иронијата да е поголема, Миле и до Лондон, во инвалидска не може да го помине каналот количка е доволна храброст, а тоа и и да влезе во Англија поради да се направи, како што тоа го направи неодобрената виза. Тој го изразува Миле Стојкоски е вистинско јунаштво. својот револт на многу специфичен Тој за Капитал раскажува како дошол до начин. оваа повеќе од смела идеја. „Јас за Пекинг и за Лондон одев како „По несречата и мене, како и на сите амбасадор на инвалидизираните мои пријатели во „Св Еразмо“, ми беше лица од Балканот, пренесувајќи ја криво што токму мене од сите луѓе ми пораката дека во осум држави од се случила трагедијата. Во тие моменти тој регион нема соодветен центар размислував и донесов одлука која ја за рехабилитација и дека овие кажував јавно пред сите таму дека во луѓе се оставени сами на себе. животот ќе направам нешто што дури Кога не ми дозволија да влезам и здравите луѓе ќе ги натера да се во Англија, бев толку револтиран почувствуваат засрамени од себеси. Од што го замолив градоначалникот оваа гледна точка и јас се чувствувам на Коккел да ми обезбеди патека засрамено што сум имал таква мисла. од 360 метри на еден паркинг-плац, Но, веројатно, во тој момент таквото на која возев 40 дена непрекинато размислување било продуктивно“. напред-назад, а во кои на секои 45 Летото 2004 година Миле се сеќава минути одмарав само по 15 минути. како му дошла првичната идеја за И така дење и ноќе“. заминување на Олимпијадата во Атина. Миле од Топкел испраќа ултиматум „Со мојот пријател Тони Атанасовски, преку светските медиуми дека нема кој е професор по физичко, во неврзан разговор споменавме дека е добро јас со да престане со возење додека сите познати светски милијардери не инвалидската количка да се измачам и донираат барем по еден милион за да одам до Скопје за да пренесам некоја инвалидизираните лица во светот. порака за инвалидизираните лица. Во За жал, апелот на Стојкоски не е истата секунда сфатив дека е јуни 2004, слушнат и тој финансиски исцрпен а дека на 13 август во Атина е почетокот се враќа во Македонија. Колку тоа на Олимпијадата. Веднаш го прашав што го направил е големо или мало, Тони колку километри има до Атина, а ќе каже историјата или наредните тој ја сфати и прифати мојата идеја и ми генерации. помогна во подготовките. Со само една

Капитал број 742 17.01.2014

53

Единствената разлика помеѓу лице во количка и сосем здраво лице е техниката на движење. Се друго е апсолутно исто.

Кога излегов од Св. Еразмо, во 1998 година, психички бев подготвен наредните сто години да ги поминам во инвалидска количка и да функционирам нормално.

Психичкото заздравување на личноста е неколкукратно поважно од физичкото


| Специјален прилог | ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Zakonot ne e dovolen da se kreir beZbeden ambient Za rabota! neophodno e da ja smenime svesta! Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

ста на работното Здравјето и безбеднода т “бирократска место не треба да бинска обврска за процедура“ или зако за заштита на спроведување мерки неопходен и работните места, тукуод работењето на можеби витален дел нансиските загуби секоја компанија. Фи евентуално кои произлегуваат од ради смрт или губење на работницимепо сто, и трошоците повреда на работно пр оцедурата и кои произлегуваат одза надополнување времето потрошени се многу на тоа работно местое кои компаниите поголеми од меркит за обезбедување треба да ги преземат ста. Свесни ли се безбедни работни мекомпании? за тоа македонските

Б

езбедноста и здравјето на работните места ќе биде во фокусот на интерес и во 2014 година. Н еколкуте измени на Законот Неколкуте за безбедност и здравје при работа донесени во текот на минатата година, предвидуваат одредени промени во поглед на креирањето безбеден амбиент за работа во македонските компании. Измените најмногу се однесуваат на полагањето на стручниот испит за безбедност и здравје при работа, проширување на опсегот на лекарските прегледи, како и поголема и позасилена контрола од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот санитарен инспекторат. Но, и покрај измените кои, според надлежното Министерство за труд и социјална политика, се носат со цел да се подобри

безбедоста и здравјето на работниците, експертската јавност смета дека свесноста за безбедноста и здравјето на работните места во Македонија се уште е на ниско ниво. Оваа тема засега се сведува на формално исполнување на законски наметнатите обврски, додека суштинската тема за тоа како и зошто е потребно да се креираат безбедни услови за работа – е се уште далечна. Експертите имаат и бројни забелешки за законските решенија во оваа област, кои според нив, не влијаат значително за подобрување на состојбите во оваа област. Забелешките се однесуваат на опсегот на законот, на интенцијата на законодавецот да воведе и тарифник за услугите во оваа дејност, како и за целокупното формализирање на овој процес. “Покрај промените за систематските прегледи и инспекцискиот надзор, во однос на компаниите не беа воведени некои нови позначајни мерки. Безбедноста и здравјето при работа е систем кој бара да биде постојано обновуван и одржуван од страна на

377.497.308

изнесувала загубата од смртните случаи на работа, според годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа за 2008 г.

54 | 27 декември, 2013


Специјален прилог | ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Додека Министерството за труд и социјална политика ги стега условите за полагање стручен испит за безбедност и здравје при работа, експертите од ова област се децидни дека македонската легислатива е премногу формална и опсежна, но е далеку од доволна за да креира што безбедни услови за работа!

ra

5.500

компаниите. Финансиски моќните компании ги исполнуваат законски пропишаните барања и имаат задоволителни практики на безбедност и здравје при работа, но се уште постојат компании кои не обрнуваат внимание на исполнување на нивните обврски и не го почитуваат Законот за БЗР во целост “, велат од Македонското здружение за безбедност и здравје при работа. Здружението, кое со своите бројни работилници и семинари настојува да ја подигне свеста во Македонија и да ги едуцира заинтересираните компании како да го подигнат нивото

на имплементација на БЗР во нивните работни околини, смета дека македонскиот закон во оваа област утврдува релативно минимални барања за компаниите, во споредба со европските закони. Тие минимум дефинирани барања во целост ги исполнуваат помоќните и поголеми компании во земјава, но многу компании воопшто и не им посветуваат внимание, велат оттаму. Оттука, и нивните напори многу повеќе да се работи со компаниите и особено со нивниот менаџмент, на подигнување на степенот на свесност и информираност за безбедноста и здравјето при

работа со цел исполнувањето на законските обврски да не се сфаќа и практикува само како формална, бирократска процедура.

лица секоја година ги своите животи во ЕУ губат резултат на не еќикако на работното место,срЕу ростат

Значаен дел од безбедноста при работа е проценката на ризик, која е задолжителна за секоја компанија. Проценката вклучува на ризик вклучува изјава за безбедност, интерни акти за безбедност кои треба да бидат поединечно изработени од секоја компанија, обуките за вработените за ризикот на нивните работни места (една од најзначјните обврски на работодавачот е да ги спроведе овие обуки), но секако и обврските на работникот да се однесува одговорно и да ги спроведува мерките за безбедност кои ги наложил работодавачот. Исто така, компаниите треба да имаат и претставник на работниците за безбедност и здравје при работа. Бројот на ваквите претставници варира во зависност од бројот на вработените. Безбедноста и здравјето при работа ги опфаќа и психолошките аспекти поврзани со безбедноста и здравјето при работа, како притисокот и стресот на работното место. Новата кампања на Европската агенција за безбедност и здравје при работа е насловена како „Управување со стресот” и ќе се насочи токму кон психолошките аспекти на работните места. 27 декември,2013 | 55


| Специјален прилог | ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Секои 15 Секунди

работник умира од не или болест поврзанасреќа со работата

Многу забелешки на законските решенија за подобрување на безбедноста при работа имаат и експертите од оваа област. Една од најголемите забелешки се однесува на преголемиот опфат на Законот, кој што предвидува проценка на ризик на работно место да прават дури и фирми со само еден вработен. “Наместо сите напори да се насочат кон оние дејности и компании каде реално има потреба за поголема безбедност и здравје на работните места, законските обврски се шират буквално на сите фирми кои треба да направат проценка на ризик на работни места, да спроведат обуки за безбедност и да обучат лица од својата

Расте бројот на несреќи и смрт при работа

Г

одишен извештај за смртни случаи, повреди и несреќи на работа на Македонското здружение за заштита при работа за 2012 година покажува дека во Македонија има благо зголемување на бројот на несреќи при работа со смртен исход, што се смета дека е резултат на намалените буџети за лична заштитна опрема, како дел од напорите за кратење на трошоците за работа. Во 2012 година имало вкупно 45 смртни случаи и 116 повреди на работно место. Најмогу несреќи има во дејноста

фирма... Сметам дека овој концепт треба да се промени во насока на точно дефинирање на ингеренциите на државата, на овластените фирми и стручните лица за безбедност“, констатира Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа. Неговото искуство покажува дека во пракса Законот многу тешко се спроведува токму поради бројните обврски наметнати на компаниите. Односно, тие се буквално “растрчани“ да обезбедат документација од овластените

јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување” по што следи градежништвото. Најголем број на несреќи кои резултирале во смрт има во дејности на домаќинствата (несреќи со трактор и при вршење земјоделски работи), по што следи дејноста транспорт и складирање. Во однос на местото, Скопје е град со најголем број на несреќи, по што следат Штип и Куманово, а Струмица е град со најголем број на смртни случаи.

Секои 15 Секунди

фирми за проценка на ризик за да се заштитат од казните на инспекторите, наместо повеќе да се работи на обезбедување безбедни услови за работа. Секако дека ова не се однесува на сите компании, затоа што има многу сериозни домашни компании, и особено странските компании, кои суштински ја разбираат потребата од безбедни и здрави работни места и делуваат континуирано во насока на подобрување на условите за работа.

160 работниц доживуваат несриеќа поврзана со работата

Освен проценката на ризик, Законот наметнува и обврски за испитување на опремата за работа, но познавачите во овој дел укажуваат на неколку работи. Прво, дека прецизно не е дефинирано на која опрема се однесува обврската, односно дали во ова се вклучени компјутерите и рачниот алат, на пример.

MULTINACIONALNA KOMPANIJA SO POVE]E OD 60.000 PROIZVODI

О

према за заштита при работа, лепливи траки, ауторепаратура, сообраќаен програм, рефлeктирачки материјали, прибор за телекомуникациска опрема, имплантанти за стоматологија, стетоскопи, хемија, канцелариски материјал се само мал дел од огромната лепеза на производи на милутинационалната компанија 3М чиј застапник за Македонија е Екотип.

Биљана Суботиќ од претставништво на 3М - Белград вели дека: веќе петта година соработуваат со Екотип како нивни дистрибутер на македонскиот пазар и имаат само позитивни впечатоци. Се надеваат на уште подобра и попрофатибилна соработка со Еkотип во иднина. „Со оглед на тоа што индустријата е уништена на просторите на поранешна Југославија, не очекуваме дека заштитната опрема ќе може да си го најде лесно своето место, особено ваква скапа опрема со висок квалитет каква што и нудиме. Сепак на овие простори беа застапени само евтини производи кои ја задоволуваа само проформата, а не и она основното поради што се носат, заштитата и безбедноста на оној кој ја носи опремата“. Сепак според Суботиќ може да се очекува дека доаѓаат современи компании кои инсистираат на квалитетна и адекватна заштита на вработените и дека тоа ќе помогне на овие пазари да се подобри продажбата на нивните производи. 3М во светот е познат и по прочуениот Литманов стетоскоп кој го користи скоро секој лекар како и самолепливите ливчиња Постил кои се нивни производ.

ECOTIP д.о.о. Скопје Бул. Партизански одреди 62/2-39 1000 Скопје Македонија +389 2 3176 907 +389 2 3176 920 e-mail: info@ecotip.com.mk

56 | 27 декември, 2013

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА...


Специјален прилог | ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Основни принципи на превенција од ризик: одбегнувајте ги ризиците Направете проценка кои ризици не можат да се одбегнат Борете се со ризиците во самиот извор Прилагодете ја работата на поединецот, особено кога се работи за дизајнот на работните места и изборот на опрема и на методи за производство, како и намалување на монотоните практики колку што е можно Прилагодете се кон техничкиот напредок Заменете го опасното со не-опасно или помалку опасно Развијте кохерентна сеопфатна политика за превенција која ги опфаќа технологијата, организацијата на работа, работните услови, социјалните односи и друго Ставете приоритет на колективните заштитни мерки во однос на индивидуалните заштитни мерки обезбедувајте соодветни инструкции на работниците Понатаму, испитувањето е препуштено во надлежност на фирмите со овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа (45 во моментот кои имаат овластување од Министерството за труд и социјална политика), а не на производителот или овластениот сервисер на опремата, кои по дефиниција најдобро ја познаваат таа опрема. Во ваква ситуација, објаснуваат познавачите, документот за безбедноста на опремата го издава компанија која можеби никогаш претходно немала контакт со таков тип на опрема, а треба да гарантираат дека истата е безбедна за работа. Во други земји таквата гаранција ја дава самиот производител на опремата , којиздава сертификат за нејзината безбедност и ја презема одговорноста за нејзино одржување и сервисирање.

Од небезбедни работни места годишно се губат 4% од глобалниот БДП

С

поред податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), секој ден, 6.300 луѓе умираат како резултат на несреќи или болести поврзани со работата. Тоа се повеќе од 2,3 милиони смртни случаи во текот на годината. На годишно ниво се случуваат и 317 милиони несреќи на работа, кои во голема мерка резултираат со продолжени отсуства од работа. Како резултат на недоволните практики на безбедност и здравје при работа, поради кои се случуваат овие несреќи, загубите се проценуваат на 4% од годишниот глобален бруто домашен производ. Според Меѓународната организација на труд условите на безбедност и здравје при работа се многу различни помеѓу државите, економските сектори и социјалните групи. Смртта и повредите се особено изразени во земјите во развој, каде поголемиот дел од населението е вработен во земјоделството, рибарењето и рударството. Во светски рамки, најсиромашните и најмалку заштитените, најчесто жени, деца и имигранти, се најпогодени.

“Законската рамка се повеќе се шири, но тоа не ја подобрува состојбата на терен. Затоа и како стручни здруженија за заштита при работа сметаме дека треба да се излезе од стереотипот на папирологија и да се направи реална проценка како во земјавата може да се креира амбиент за побезбедни работни места“, вели Стојчевски оценувајќи дека носењето на нови правилници и законски измени не се доволни за суштинско подобрување на безбедноста при работа. Тој предупредува дека најавеното воведување на единствен тарифник за услугите кои ги вршат компаниите со овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, дополнително ќе го спушти нивото на квалитет затоа што без разлика колку овие компании инвестираат во опрема и обуки на својот кадар, според цените ќе бидат ставени сите во ист кош. Според Законот за безбедност и здравје при работа, без разлика на дејноста, компаниите имаат обврска да назначат едно или повеќе стручни лица за бесзбедност (интерно или надворешно од овластена фирма), треба да направат проценка на ризик и изјава за безбедност на работните места. Треба да се донесат безбедносни мерки против пожар и план за евакуација. Треба да се спроведе обука

за вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма, но и опрема за лична заштита на вработените доколку преземените безбедносни

мерки не се доволни. Законот предвидува и повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема и следење на здравствената состојба на вработените.  Контрола на квалитет и квантитет на стоки  Консалтинг на меѓународни стандарди  Безбедност и здравје при работа  Лабораториски испитувања во работна и животна средина  Екологија и еколошки мерења

УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА НА ЕУРОМАК-КОНТРОЛ: 1. Обука на вработените за безбедност и здравје при работа 2. Изработка на проценка на ризик на работно место и концепт изјава за безбедност 3. Мерење на микро климатски услови (температура, влажност, струење на воздух) и осветленост 4. Мерење на физички штетности (бучава и вибрации) 5. Мерење на хемиски штетности гасови (CO2, CO, O2, NOx, VOC, LEL и SO2) и прашина 6. Технички преглед на нисконапонска Лабораторија за инсталација, отпор на заштитно тестирање заземјување и громобранска инсталација 7. Редовно тестирање и контрола на опрема 8. Имплементација на Систем за безбедност Инспекциско тело и здравје при работа – OHSAS 18001 КОНТАКТ: Еуромак Контрол Васил Ѓоргов 29, локал 6 1000 Скопје, Македонија

 тел/факс: +389(2) 3124 322  mail: mail@euromakkontrol.com  www.euromakkontrol.com

27 декември,2013 | 57


| Специјален прилог | ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

[to zna^i izjava za bezbednost i kako se pravi procenka na rizik? Автор:

Борче Стојчевски

Стручно лице за безбедност при работа

П

оминаа 3 години и 5 месеци од можноста за отпочнување на изготвување на изјавата за безбедност и проценката на ризик на работните места. Иако законот е донесен пред околу 7 години отпочнувањето на овој процес беше условен од полагање на стручен испит за безбедност при работа и добивање на овластувања на овластени правни и физички лица кои ќе можат да вршат одредени работи за безбедност при работа согласно Законот за безбедност и здравје при работа (ЗБЗР). Можеби е време да се запрашаме до каде сме со овој процес и какви се резултатите. Дали целта која требаше да се постигне (освен потребата за усогласување со европското законодавство) со донесување на законот како и придружните правилници како и системот за безбедност и здравје при работа кој го градиме во Р.Македонија, е постигната? За ова нема ниту едно истражување од кое би извлекле заклучок, а мора да се спроведе особено затоа што казните се од трета категорија, и изнесуваат од 5.000-8.000 евра за работодавачот.

Што претставува изјавата за безбедност?

„Елаборат за проценка на ризик“, „Елаборат за изјава за безбедност“, „Проценка на ризик“, „Изјава за безбедност со проценка на ризик“ и др. се наслови кои се среќаваат кај нас на документ кој е обврска да го поседува секој работодавач согласно член 11 од ЗБЗР („Секој работодавач мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место, прецизирајќи го начинот, како и мерките кои треба да се преземат“). Во членот 3 од ЗБЗР точно е дефинирано што е изјава за безбедност односно дека тоа е „документ кој ги опишува карактеристиките на работниот процес и содржи идентификација на опасностите и проценка на ризикот за безбедноста и здравјето на работното место и пропишува соодветни мерки за заштита“. Со посебен правилник (Правилник за начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова процената на ризикот) се регулира како се изготвува и што содржи. Според Законот и правилникот не постои елаборат, постои изјава за безбедност во која покрај другите содржини, содржи и проценката на ризик.

58 | 27 декември, 2013

Што претставува проценката на ризик?

Во членот 2 од споменатиот Правилник е дефинирано дека „Проценка на ризик е систематско евидентирање и проценување на сите фактори на работниот процес, со цел да се утврдат можните видови на опасности и штетности на работното место и работната средина кои можат да предвизвикаат оштетување на здравјето, повреди на работа, професионални болести и болести во врска со работата.“ Според истиот правилник проценката на ризик е составен дел на изјавата за безбедност. Кој ја изготвува изјавата на безбедност? Обврската за изготвување на изјавата за безбедност е на работодавачот кој со одлука за поведување на постапка за проценка на ризик и назначување на едно или повеќе стручни лица од редот на вработените го отпочнува процесот. Во изготвувањето на проценката на ризикот учествуваат стручното лице за безбедност при работа, правното или физичкото лице овластено од министерот надлежен за работите од областа на трудот и специjалист по медицина на трудот од овластена здраствена установа, овластена од министерот надлежен за работите од областа на здраството. Во изготвување на проценката на ризикот покрај претходно наведените лица, можат да се вклучат и други лица кои имаат соодветна стручност и знаење потребно за вршење на проценката на ризикот. Значи изјавата за безбедност при работа ја донесува работодавачот, концептот на изјавата го подготвува правното или физичкото лице овластено од министерот надлежен за работите од областа на трудот со соодветно овластување додека во проценката на ризик, која е составен дел на изјавата за безбедност, учествуваат субјектите кои претходно се наведени. Содржината на изјавата и основните начела на кои се темели проценката на ризикот се дадени во Правилникот. Во еден ваков концепт каде, особено кај проценката на ризик, тешко можат да се дефинираат кој од субјектите каква обврска има при проценување на ризиците и изготвување на документацијата, многу тешко може да се утврди и одговорноста при несогледување на состојбите кои довеле до повреда на работа или професионално заболување. Од друга страна (како што сега се сфаќа и прикажува проценката на ризик) невозможно е да се следи постапка при задоволување на основната дефиниција на проценка на ризик односно неможноста за систематско евидентирање. Но за ова на крајот од текстот. Значи треба да заборавиме дека проценката на ризик ја прават само

овластените правни или физички лица овластени од министерот надлежен за работите од областа на трудот.

Која метода се користи за проценка на ризиците?

Генерално во правилникот се наведени начинот и постапката за изготвување на проценката на ризик. Според него за проценка на ризикот може да се применуваат сите достапни, применливи и прифатени методи од национална или меѓународна пракса во овој домен. Ова дава голема слобода, но и дозволува поголема злоупотреба од тимот кој ја врши проценката особено од овластените правни физички лица кои најчесто бираат метода која е најлесна и најбрза, а не метода која во зависност од процесот на работа најобјективно би ги оценила постоечките ризици. Праксата покажува дека ретко каде изборот на метода е на целиот тим. Најчесто методата ја дефинираат овластените правни или физички лица со овластување.

Што претставува заклучок на изјавата за безбедност?

По спроведената постапка на снимање на организацијата на работа, препознавање и утврдување на опасностите и штетностите, проценката на ризикот во однос на опасностите и штетностите и утврдувањето на мерките за остранување, намалување или спречување на ризикот на работното место, од страна на работодавачот се донесува заклучок кој мора да содржи: сите работни места на кои е извршена проценката на ризикот, работни места кои се утврдени како работни места со зголемен ризик, приоритети во отстранување на ризикот и изјава на работодавачот со која треба да ги примени сите утврдени мерки за безбедност и здравје при работа на работните места и работната средина согласно проценката на ризикот. Значи составен дел на секоја изјава се утврдени мерки кои треба да ги превземе работодавачот за отстранување или намалување на ризикот. Ова е една од најважните обврски кои произлегуваат од овој документ и со него би требало да се постигне целта за неговото постоење. Неспроведувањето на овие мерки во предвидените рокови исто така може да доведе до казнени мерки. Кога се врши измена и дополна на изјавата за безбедност? Изјавата за безбедност со проценка на ризик на работното место и работната средина, потребно е да се менува и дополнува во случај: на фатални повреди на работа со смртни последици и тешки повреда на работа, кога постојните мерки за отстранување, намалување или спречување на ризикот не се доволни,


Специјален прилог | ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Основни совети за работодавачите Одберете тим кој навистина си ја знае работата и ќе соработува меѓусебно. При избор на тимот бирајте како да треба да купувате сопствено возило, внимавајте на „шминките“ Учествувајте во постапката за проценка, „изгубеното“ време може подоцна да ве чини многу повеќе кога постојат можности и начини за унапредување, односно дополнување на проценката.

Заклучок

односно не одговараат на проценетата состојба, кога проценката е темелена на податоци кои не се веќе ажурни и

Оваа обврска која произлегува од Законот за безбедност и здравје при работа мора да се почитува со сите нејзини предности и недостатоци. Колкава ќе биде придобивката од овој документ зависи исклучиво од работодавачот и одговорното лице кај работодавачот. Тој учествува во изборот на тимот од кој зависи квалитетот на документот, тој ги превзема обврските за примена на

Внимавајте каков документ потпишувате, проверете ја неговата содржина пред да потпишете. Учествувајте во донесувањето на мерките особено во прецизирање на типот на мерка и рокот за завршување. Користете го документот Најдете модул за ажурирање на документот мерките, тој го одржува во живот документот со сите потребни измени и дополни односно ажурирања. Во пракса постојат работодавачи на кои овој документ им служи само за покажување на надлежните инспекциски органи додека на други им е основа за поставување на систем за безбедност при работа. Исто така во пракса има изјави за безбедност кои се навистина сеопфатни и изјави кои се копија и личат како јајце на јајце. Но едно е заедничко за сите изјави, за жал тоа е дека сите собираат прашина во некој од ормарите. Ако работодавачот плаќа за изработката тогаш зошто и да не го користи тоа што го платил?

27 декември,2013 |59



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.