787 kapital magazin

Page 1

analiza Nema investicii vo proizvodstvo na hrana. Zo[to?

analiza Pristapot do struja za biznisot se u[te e dolg i skap

politika "Bomba" za tehni^ka vlada. A tehni^ka vlada za [to?

број 787 цена 100 ден. | 28 ноември, 2014, петок | година 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

5

klu^ni reformi za za@ivuvawe na ekonomijata

Каде оди македонската економија?!

þ Намалување на бројот на јавните службеници þ Намалување на сите непродуктивни трошоци од државната каса

þ Зголемување на јавните

инвестиции до 20% од БДП

þ Државен фонд за кредитирање на приватните фирми

þ Вклучување на државата во

сите решенија за финансиска дисциплина

во овој број СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

KOI SE NAJSILNITE BALKANSKI BRENDOVI?

петок 28/11/2014 www.kapital.mk

...БРЕНДОВИ

MAKEDO BRENDONSKITE VI VO VRTL NA PR OGOT OMENIT E

MENUVAJ SE

IZ^EZNI!

!




Капитал број 787 28.11.2014

4

содржина 06 КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска Кејнз на балкански начин

12 cover story

Каде оди македонската економија?! 5 клучни реформи за заживување на економијата

18 анализа

Како Македонија да го зголеми домашното производство на храна? Нема инвестиции во производство на храна. Зошто?

24 анализа

www.kapital.mk

Издвојуваме 34 политика

"КАПИТАЛ" анализира какви сценарија може да развие "Бомбата" на Заев? "Бомба" за техничка влада. A техничка влада за што?

38 политика

Зошто им се затвора врата на отворените избирачки листи? Големи партии, уште поголеми лидери, а сите бегаат од директен суд на гласачите!

42 балкан бизнис и политика

Србија склучи аранжман со ММФ за кредит од една милијарда долари

Ремонт

Никој не верува дека Македонија не може да ги сервисира долговите или пак дека е пред банкрот, дотолку повеќе што макроекономските параметри покажуваат дека сме далеку од грчкото сценарио што стана синоним за финансиска криза. Mеѓутоа, економистите коментираат дека одложувањето на реформите предолго го држат во заложништво развојот на земјата. Според нив, државата мора итно да направи ремонт на економската политика што ја води и да ги спроведе клучните реформи за да се растовари државната каса од непродуктивните трошоци. XX Стр.12

Пристапот до струја за бизнисот се уште е долг и скап

28 анализа

За 6 месеци 5 милиони евра потрошија Македонците преку Интернет!

ANALIZA NEMA INVESTICII VO PROIZVODSTVO NA HRANA. ZO[TO?

ANALIZA PRISTAPOT DO STRUJA ZA BIZNISOT SE U[TE E DOLG I SKAP

POLITIKA "BOMBA" ZA TEHNI^KA VLADA. A TEHNI^KA VLADA ZA [TO?

БРОЈ 787 ЦЕНА 100 ДЕН. | 28 НОЕМВРИ, 2014, ПЕТОК | ГОДИНА 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

KLU^NI REFORMI ZA ZA@IVUVAWE 5NA EKONOMIJATA КАДЕ ОДИ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?!

 НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ  НАМАЛУВАЊЕ НА СИТЕ НЕПРОДУКТИВНИ

12

ТРОШОЦИ ОД ДРЖАВНАТА КАСА

 ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ

ИНВЕСТИЦИИ ДО 20% ОД БДП

 ДРЖАВЕН ФОНД ЗА КРЕДИТИРАЊЕ НА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ  ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА ВО

СИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

ВО ОВОЈ БРОЈ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

KOI SE NAJSILNITE BALKANSKI BRENDOVI?

петок 28/11/2014 www.kapital.mk

...БРЕНДОВИ

MAKEDO NSKITE BRENDOV I VO VRTLOGO NA PROMEN T ITE

!

46 балкан бизнис и политика

Лисици на рацете и на Мирослав Богичевиќ, сопственик на Млекара Шабац Школски пример како политичари и бизнисмени извлекуваат пари од банки

MENUVAJ SE

IZ^EZNI!

Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Основач и директор: Љупчо Зиков Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје ул. Скупи бб, 1000 Скопје Датум на печатење: 27.11.2014 Тираж: 4.000 примероци

РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ на капитал

48 балкан бизнис и политика

Кој е човекот кој го извади Бандиќ од затвор? Маријан Ханжековиќ адвокат, медиумски могул, трилатералец

50 свет

Детонација

Во овие два месеци, непознати извори лансираа редица тези за тоа со какво полнење е бомбата на Заев. Најопасните нагаѓања произлегоа од неговото навестување дека детонацијата „ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи“. Секако, има и тези дека бомбата на крајот ќе се покаже ќор-фишек, но, поинтересни ( барем за анализа) се оние што претпоставуваат дека Заев не залудно го заложи целиот свој политички кредибилитет и кредибилитетот на целото раководство на СДСМ. XX Стр. 34

Економијата на Путин сепак крвари Русија се лизга во рецесија

54 на ручек со...

Златко Кармариќ

Амбасадор на Република Хрватска во Македонија

Политичарите мора да гледаат подалеку од сегашноста

58 светот на виното ПРОЕКТИ Град на винската цивилизација

34



Капитал број 787 28.11.2014

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Кејнз на балкански начин Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Za `al ekonomskite problemi na Makedonija ne se na stranata na pobaruva~kata. Niskoto nivo na ekonomska aktivnost i niskoto nivo na proizvodstvo i investicii vo privatniot sektor ne se predizvikani od nedostatok na doma{na pobaruva~ka, pa da se o~ekuva deka so nejzinoto zgolemuvawe avtomatski }e dojde i do zgolemuvawe na ponudata. Makedonija ima strukturno nezdrava ekonomija. Najgolem del od proizvodnite kapaciteti vo Makedonija se tehnolo{ki mnogu zastareni, nedostasuvaat moderni proizvodni programi, nedostasuvaat novi i kvalitetni proizvodi, ekonomskata efikasnost i produktivnost se na mnogu nisko nivo...Seto ova pridonesuva zgolemuvaweto na doma{nata pobaruva~ka vo golema mera da se preliva vo stranstvo, bidej}i toa ja zgolemuva pobaruva~kata za uvozni proizvodi.

Ц

елата економска политика на Македонија во последниве неколку години се сведе на управувањето со побарувачката како концепт за економски раст. Резултатите ги гледаме. Македонија има една од највисоките стапки на раст на БДП од околу 3%. Кој главно се креира од капиталните инвестиции кој ги прави државата и кои се финансирани со буџетски пари и со задолжувања во странство. Истовремено, имаме една од највисоките стапки на невработеност во светот која и по сите статистички вратоломии е поголема од 28%. Освен странските фирми во слободните зони, приватниот сектор не инвестира и не вработува и се наоѓа на работ на неликвидност и несолвентност. Извозот ни расте (повторно главно во зоните), но увозот е се уште далеку поголем и на крајот нето извозот негативно учество во бруто домашниот производ. Пензиите и платите на јавната администрација се зголемуваат за да се поттикне приватната потрошувачка, но тој импулс никако да го почувствуваат домашните компании кои почнуваат да ја губат битката со евтиниот увоз. Бидејќи, колку и да сакаме да поттикнуваме приватна потрошувачка, крајниот ефект од ова поттикнување на крај се сведува на зголемување на увозот. Оти реалноста е дека Македонија е мала и целосно увозно зависна земја. Затоа и многу економисти тврдат дека за мали земји со слаба економија кои немаат сопствено производство поттикнувањето на економскиот раст преку управување со побарувачката или кејзијанската логика на поголемо трошење на државата немаат никакви ефекти, па дури и може да и донесе повеќе проблеми. За жал економските проблеми на Македонија не се на страната на побарувачката. Ниското ниво на економска активност и ниското ниво на производство и инвестиции во приватниот сектор не се предизвикани од недостаток на домашна побарувачка, па да се очекува дека со нејзиното зголемување автоматски ќе дојде и до зголемување на понудата. Македонија има структурно нездрава економија. Најголем дел од производните

капацитети во Македонија се технолошки многу застарени, недостасуваат модерни производни програми, недостасуваат нови и квалитетни производи, економската ефикасност и продуктивност се на многу ниско ниво... Сето ова придонесува зголемувањето на домашната побарувачка во голема мера да се прелива во странство, бидејќи тоа ја зголемува побарувачката за увозни производи. Од друга страна дури и да се зголемат платите на јавната администрација и пензиите, тоа не е доказ дека тие целото тоа зголемување ќе го потрошат. Посебно, во вакви неизвесни времиња кога банкротите на компании, па и држави се случуваат многу лесно, поголема е веројатноста да не се троши целиот расположи доход. Тоа не е штедење, но едноставно е одложување на трошењето за некое друго време. И тогаш во такви времиња според овој концепт на управување со побарувачката на сцена стапува државата која троши и повеќе отколку што има реални можности задолжувајќи се кај оние кои имаат вишок пари дома или во странство. Но, ако се погледне структурата на трошењата на државата ќе се види дека дури две третини од буџетот се троши за социјални трансфери и за плати, а само 11% се трошат за капитални инвестиции. И во буџетот за 2015 година најголемо зголемување за над 63 милиони евра има кај социјалните трансфери. Значи државата мора да ги зголеми давачките и да ја скрати личната потрошувачка на одредени луѓе кои ќе плаќаат повеќе, за да направи само прераспределба и да ја поттикне личната потрошувачка на други групи на граѓани. Па затоа на овој начин не може да се лечи проблемот на недоволна лична потрошувачка и на тој начин да се поттикнува економскиот раст. Тоа е само префрлање од шупливо во празно. Нема нова создадена вредност. А на другата страна има зголемување на задолженоста на земјата која има своја цена и која не може да се зголемува постојано, и за која цената ја плаќаат повторно сите. Можеби е сега вистинско време малку да го подзаборавиме Кејнз. Бидејќи на Македонија сега од повеќе од било кога и е потребен економски раст кој ќе се заснова на промени на страната


www.kapital.mk

Капитал број 786 21.11.2014

КапиталНО

Можеби е сега вистинско време малку да го подзаборавиме Кејнз. Бидејќи на Македонија сега од повеќе од било кога и е потребен економски раст кој ќе се заснова на промени на страната на понудата, односно на зголемување на производството, на зголемување на ефикасноста и продуктивноста на производството, на зголемување на инвестициите и вработувањата на приватниот сектор. За мала и отворена земја како Македонија спасот за побрз и поголем економски раст треба да се бара само во извоз на странските пазари. Само извозот е решение и замена за малиот домашен пазар и малата домашната побарувачка. Ако се сведат работите на овие два збора - инвестиции и вработувања во приватниот сектор тогаш ќе се стесни и маневарскиот простор на политичарите да донесуваат политики со кои тотално непродуктивно ќе се трошат парите. на понудата, односно на зголемување на производството, на зголемување на ефикасноста и продуктивноста на производството, на зголемување на инвестициите и вработувањата на приватниот сектор. За мала и отворена земја како Македонија спасот за побрз и поголем економски раст треба да се бара само во извоз на странските пазари. Само извозот е решение и замена за малиот домашен пазар и малата домашната побарувачка. Ако се сведат работите на овие два збора - инвестиции и вработувања во приватниот сектор тогаш ќе се стесни и маневарскиот простор на политичарите да донесуваат политики со кои тотално непродуктивно ќе се трошат парите. Но, тоа подразбира сосема други политики од овие кои Македонија ги води десетици години наназад. Тоа значи крај на мерките и политиките кои се носат во интерес на увозничкото лоби, тоа значи отпуштања во јавната администрација и замрзнувања на нови непотребни вработувања, дисциплинирање на јавните претпријатија, намалување на социјалната помош, намалување на сите непродуктивни трошења...

Но, ова се реформи кои ниту една власт не ги посакува. Но, е принудена да и спроведува кога буџетот ќе снема доволно пари за да ги финансира плати, пензии и социјалните трансфери. До тоа ниво Македонија дојде неколку пати во изминативе триесет години. Тогаш обично политичарите одат да тропаат на вратите на ММФ. На тоа ниво сега се наоѓа Србија. Па сите реформи кои не сакале да ги прават сами сега ги прават со оправдување дека ги бараат лошите од ММФ. Намалуваат плати, отпуштаат вработени од јавните претпријатија и државните служби, кратат социјала, зголемуваат акцизи, даноци...Еден поранешен претставник на Србија во ММФ дава една ваква дијагноза: “Секогаш досега кога земјата имаше аранжман со ММФ, политичката елита се однесуваше пристојно. Штом ќе завршеше аранжманот, власта почнуваше да се расфрла со пари и да се однесува како пијан милионер”. За жал, сите обиди на Балканов да се спроведуваат кејнзијанските политики за поттикнување на економијата завршуваат на ист начин- со трошење без мерка за се и сешто.

7


Капитал број 787 28.11.2014

8

www.kapital.mk

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

12.040 нови ултрабогаташи се појавија оваа година, така што сега бројот на луѓето со богатство од над 30 милиони долари изнесува 211.275, покажа извештајот на Wealth-X и на UBS.

Сума Чакрабарти директор на ЕБОР

победник на неделата

Диомидис Николетопулос

Стапката на нефункционалните кредити во регионот на централна и југоисточна Европа изнесува повеќе од 20%, а за ЕБОР овој проблем кој ги ослабува банките, како и инвестициите и економскиот раст

Косово ја тужи Македонија за на конкуренцијата во авиосо

Е

втините летови од Македонија што ги субвенционира Владата го налутија Косовo да покрене тужба за нарушување на конкуренцијата во авиосообраќајот пред Европската комисија. Косово бара земјава да запре со субвенционирање на авиобилети. Косовските медиуми јавуваат дека, тамошните власти наскоро очекуваат позитивен одговор од Брисел. Од ресорното Министерство за транспорт и врски во Македонија велат дека целата постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски

Банките ја симнаа каматата на станбени кредити на

Дали евтините станбен ќе го спасат пазарот на

+

Нема поубав начин да се одбележи голем јубилеј од тоа да измамите насмевка на лицата на оние на коишто им е најтешко да се насмеат. Стопанска банка по повод 70 години постоење и функционирање направи голема хуманитарна акција, донираше софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија и навистина им подари насмевка на многу дечиња. Акцијата ја започнаа вработените на Стопанска банка, кои први подарија насмевка, а за многу кратко време, во период од јуни до октомври беа собрани еден милион насмевки. За секоја насмевка Стопанска банка донираше средства наменети за децата на кои им треба помош. Во хуманитарната акција се вклучија познати актери, водители, уредници, автори и други јавни личности давајќи свој личен придонес. Освен во здравствените установи во Струга, Струмица, Куманово и Прилеп, банката ја круниса оваа хуманитарна кампања со донација за Детската клиника во Скопје со напреден ехо апарат од производителот „Mindray”, со која ќе се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман на децата. Освен јубилејна, оваа година е и рекордна за Стопанска банка, барем ако судиме според финансиските резултати за првите девет месеци. Банката објави дека генерирала добивка од речиси 22 милиони евра, што е за дури 65% повеќе во однос на првите три квартали од 2013 година.

К

омерцијална банка, најголемата банка во Македонија минатата недела понуди на пазарот станбен кредит со 2,9% годишна камата, фиксна во првите три години и 6,85% годишна променлива за остатокот на период на отплата на кредитот. Овој потег следуваше откако во изминатите три недели втората и третата по големина банки во Македонија излегоа на пазарот

со атрактивни станбени кредити со намалени камати. Првиот чекор го направи Стопанска банка, втората најголема банка во земјата, понудувајќи станбен кредит со 3% годишна камата фиксна за првите три години. Само едена недела по неа третата најголема банка НЛБ Тутунска понуди кредит со 2,9% годишна камата фиксна за првите три години. Имено, за период од три недели


www.kapital.mk

за нарушување ообраќајот

авиопревозници била внимателно анализирана пред да биде спроведена и дополнуваат дека истата е во согласност со европското законодавство. Вкупно 3,7 милиони евра владата во Македонија и исплати на унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz air како субвенции за авиопревозот. Дел парите се државни субвенции за секоја дестинација, а дел се субвенции за превезен патник. Договорот за субвенционирање помеѓу владата и унгарската авиокомпанија е во траење од три години. Субвенционираните летови најмногу придонесоа нагло да се зголеми бројот на летови и патници од македонските аеродроми.

Капитал број 787 28.11.2014

НАВИГАТОР

мисла на неделата

> БРОЈКА

15%

се поевтинети осигурителните продукти на глобално ниво заради конкуренцијата

лидери

на рекордно ниски 2,9%

ни кредити а недвижности? Познавачите на состојбите велат дека ова е еден од последните обиди да се спаси пазарот на недвижности од преголемата понуда на станови кои беа изградени во изминатите дветри години, а кои се уште се непродадени. трите најголеми банки во Македонија излегоа со понуди за поевтини станбени кредити, намалувајќи ја каматата за станбено кредитирање на 2,9% годишно, што е рекордно најниска камата во независноста на Македонија. Заклучно, со септември годинава македонските банки одобриле вкупно 398,9 милиони евра станбени кредити, што е раст за 14,4% или одобрени 50 милиони евра станбени кредити за период од една година. Сите прогнози велат дека станбеното кредитирање ќе продолжи да се зголемува и следната година во обид да се заживее продажбата на недвижности. Познавачите на состојбите велат дека ова е еден од последните обиди да се спаси пазарот на недвижности од преголемата понуда на станови кои беа изградени во изминатите две-три години, а кои се уште се непродадени. Дел од македонските банки во изминативе години одобрија големи износи на кредити на градежни фирми кои бае вложени во изградба на станбени или деловни комплески. Дел од тие кредити сега имаат проблематичен статус заради неможноста да бидат навремено отплаќани, а во одредени случаи банките ги имаат активирано и хипотеките, па сега се јавуваат и како продавачи на станови. Тука веројатно треба да се бараат и причините за големата заинтересираност на банките да се одмрзне пазарот на недвижности преку поттикнување на побарувачката и продажбата на станови преку евтини и поволни кредити.

9

Европската унија треба да им врати половина од своите овластувања на државите членки. На ЕУ треба да и останат помалку од десетина клучни политики, како што се индустриската, земјоделие и истражување и развој.

Никола Саркози

поранешен претседател на Франција

губитник на неделата

Папата Франциск

отворено им кажа на ЕУ пратениците дека секое игнорирање на земјите од Балканот раѓа опасност од нови конфликти, од кој овој регион веќе доста страдаше

Слободан Унковски

Претставата на режисерот Слободан Унковски, "Три сестри" е прогласена за најдобра драмска претстава во Хрватска за 2014 година.

не им беше неделата

Бреди Дуган

1,8 милијарди долари за казни и компензации ќе плати банката Кредит суис во САД затоа што им помагала на богатите Американци да избегнуваат плаќање даноци

Миро Церар

Дури 70,4% од граѓаните изјавиле дека не се задоволни од работата на новата словенечка Влада, што е најбрз пад на популарноста на една влада во Словенија

_

Александар Петрески Догогодишниот сега веќе екс градоначалник на Охрид Александар Петрески е зад решетки. Според истражителите екс градоначалникот од 2007 до март 2013 година формирал злосторничко здружение во кое вклучил лица вработени во општината заедно со кои го оштетиле Буџетот на Општина Охрид во износ од вкупно 47.869.817 денари или 780 илјади евра, а преку повеќе спорни набавки се стекнале со противправна имотна корист од близу 2,5 милиони евра. Иако постојат обиди на целиот случај да му се даде политичка позадина, тие не можат да го негираат криминалот за кој има основани сомневања дека и тоа како постоел. Но, тука веднаш следува и се наметнува уште поголем проблем. Дали има и колкава е корумпираност на другите градоначалниците и локалните самоуправи? И зошто таа не се санкционира и спречува на време, туку излегува на површина кога некој ќе оцени дека е вистинско време. Сега институциите конечно имаат шанса да спроведат фер и транспарентно судење кое нема да е попустливо кон обвинетите, но нема ниту да остави простор за сомнежи од аспект на политички реваншизам. Само на таков начин апсењето на Петрески може да прати вистинска порака и да биде пример за сите оние кои во иднина ќе се обидат да посегнат по заедничкото добро и по туѓата мака и труд.


Капитал број 787 28.11.2014

10

НАВИГАТОР

www.kapital.mk

график на неделата...

Број на активни фирми

Извор: Државен завод за статистика

75.497

74.424 73.118 71.209

70.710 2009

2010

2011

2012

Се намалува бројот на активни фирми во Македонија

3 факти за...

1,41 55

2013

Н

а крајот на 2013 година во Македонија имало 71.209 активни фирми, што е намалување во споредба со претходната 2013 година кога во земјава активно работеле 74.424 фирми. Намалувањето се должи на поголемото затворање во споредба со отварање на нови фирми.

> БРОЈКА

970

милиони долари е трговската размена на Македонија со ЦЕФТА земјите во првите три квартали, извозот е паднат за 8,6%, а увозот зголемен за 19,7%.

светот низ медиумите... The Economist

Британскиот неделник анализира колку е погодена руската економија од целата ситуација со санкциите годинава и какви опасности тоа носи врз остатокот од светот. lll

Entrepreneur “Претприемач“ ни дава 225 идеи за почнување нов бизнис, а открива и кои ќе бидат “најжешките“ бизнис трендови за 2015 година. lll

Time

Кои беа 25-те најголеми пронајдоци во годинава што изминува, меѓу другото пишува Time во своето псецијално издание наречено “Genius Issue” lll

Le Monde Diplomatique Францускиот политички месечник пишува за повеќе светске актуелни теми, како Курдите, Јемен, Русија, глобалното затоплување... lll

17

милиони долари е најголемата дневна заработка што една мобилна игра ја прави во светот

илјади нови корисници дневно има мобилната игра Clash of Clans милијарди долари ќе биде приходот од мобилните игри во 2014 година

Турците ќе добијат слободна зона во Ге пишува:

Дејан Азески

М

dejan.azeski@kapital.mk

инатонеделната изјава на Џемил Чичек претседател на турското Собрание дека бизнисмени во земјава побараа поддршка за добивање земја за бесцаринска зона околу Гевгелија повторно ја актуелизира старата шпекулација дека турските инвеститори ќе добијат ексклузивни поволности и права во Македонија. Според Чичек тоа ќе биде силен придонес за севкупните односи помеѓу двете земји и за регионалниот мир и стабилност „Уверени сме во тоа дека ќе се уважи нивното барање да им се додели некој плац за оформување слободна бесцаринска зона околу Гевгелија“, изјави самоуверено Чичек. Истражувањето на Капитал покажува дека станува збор за идеја која е стара неколку години, а која сега повторно се актуелизира. Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов вели дека Технолошкоиндустриската развојна зона во Гевгелија е отворена пред две години и дека таа е спремна да пречека секаков вид на инвеститори. „Ние како општина сме спремни да направиме се што е потребно во најкратко време само за да се почне со инвестиции. Не знам што точно турските инвеститори бараат, но сигурен сум дека ќе најдеме заеднички јазик нормално во рамките на она што го дозволува законот. Немам прецизни информации во што и како ќе се инвестира, но има најави за 4-7.000 нови вработувања. Веројатно не треба да потенцирам дека тоа ќе значи целосен препород, не само за Гевгелија, тука и за целиот регион. Дојран, Валандово,

Богданци, Демир Капија се населени места каде што има вишок на кадар кој брзо би се вклопил во новите фабрики“, вели Франгов. Сепак малку збунува самата формулација за типот на зоната која ја бараат турските бизнисмени или како што ја нарече Џемил Чичек „безцаринска зона за турски инвестиции“. Во Македонија во моментов не постојат безцарински зони, туку само технолошко-индустриски развојни зони кои се од отворен тип, а не само за инвеститори од една конкретна земја. Министерот за странски инвестиции Веле Самак вели дека има малку информации за новата зона која што се бара. „Гевгелиската зона за која се зборува не би требало да е нешто многу поразлична од досегашните зони низ земјава кои функционираат успешно, со сите нивни погодности поради кои доаѓаат инвеститори од многу различни земји. Единствено менаџирањето на зоната би можело да се врши од страна на турска компанија“, вели Самак. Во поглед на шпекулациите дека зоната би можела да се користи за реекспорт на турски производи кон пазарите со кои Македонија има царински поволности, Самак е уште подециден дека тоа нема да


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

11

проценки... Џим Јонг Ким

> БРОЈКА

претседател на Светската банка

Не очекува најцрно сценарио – недостиг на храна, вода и енергија

Г

25%

лобалното затоплување треба итно да се запре, во спротивно не очекува најцрното сценарио – недостиг на храна, вода и енергија. Тоа се уште може да се спречи ако загревањето на глобално ниво се држи под 2%, но во тоа мора да учествуваат сите. Најразвиените светски економии мора да се свртат кон еколошка технологија, одржлива градба и кон почист јавен превоз. Зелената економија не значи и понизок раст, предупреди Џим Јонг Ким, претседател на Светската банка.

помалку СМС пораки се испратени во мрежите на македонските оператори во вториот квартал, бидејќи драстично поевтинија разговорите, но не и пораките

ВЕСТИ...

Нема реекспорт на земјоделски производи кон Русија

евгелија?!

Од надлежните институции тврдат дека зоната нема да е во ништо различна од останатите технолошко индустриски развојни зони освен тоа што би ја менаџирала една или повеќе турски компании. Од таму смируваат дека нема простор за стравување од евентуална злоупотреба на Македонија како зона за реекспорт бидејќи Турција ионака има подобри извозни услови од нас. Турските инвеститори биле заинтересирани единствено за бројните погодности и ослободувања кои ги нуди Македонија на странските компании. се случи. „Сите прописи во сите зони во Македонија се целосно усогласени со барањата за извоз кон ЕУ и сите други земји во кои се извезува од Македонија. Впрочем, затоа и досега не сме имале никаков проблем. Потполно истите работи ќе важат за Гевгелија. Од злоупотреби не треба да се плашиме бидејќи Турција како земја има многу поповолни услови за извоз кон други земји, отколку што тоа го има Македонија. Значи, потенцијалните турски инвеститори не би доаѓале во Македонија заради царински олеснувања, туку заради други олеснителни поволности поради кои доаѓаат и другите инвеститори, како ниски даноци, добра бизнис клима, достапна евтина работна рака и слично“, тврди Самак.

М

акедонската Влада констатираше дека целиот извоз на земјоделски производи од Македонија во Русија се состои од македонски производи и дека нема прекршување на законот ниту докази за реекспорт . Според министерот за економија Беким Незири во извештајот кој комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт стои дека кон Русија се извезувале само македонски земјоделски производи и дека македонските извозници не го прекршиле законот. „Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи

споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен“ изјави Незири. Ваквите податоци се потврдување на ставот на бизнис асоцијациите во земјава дека не се сомневаат во извезените производи од страна на домашните компании. Според нив кон Русија има само благо зголемување на извозот од 20 %.

Македонија не ја дава банкарската тајна

М

акедонија с$ уште не е подготвена за примена на новите стандарди за автоматска размена на банкарски податоци за спречување на одбегнувањето плаќање даноци“ ова го тврди ОЕЦД (Организација за европска соработка и развој) во изјава за БИРН и дополнуваат дека пратиле писмо со покана до македонската влада, која воопшто не одговорила на поканата. Според ова уште поголем проблем е што Македонија воопшто не покажала интерес да потпише договор со уште педесетина земји за автоматска размена на банкарски тајни податоци со што би се вклучила во борбата против затајување даноци на глобално ниво. Од македонското

Министерството за финансии за истиот медиум излегуваат со сосема поинаков став и велат дека во власта постои интерес, но најпрво треба да се потпише Конвенцијата на Организацијата за економска соработка (ОЕЦД) која се однесува на размена на банкарските тајни. Рокот за имплементирање на овие стандарди на европско ниво е 2018 година.


Капитал број 787 28.11.2014

Kade odi maked

cover story story 12 cover

5

www.kapital.mk

klu^ni

za za@ivuvaw

н т о ј о р б а н е њ а в у л þ Нама е н е т и с а н е њ а в у л þ Нтаромша оци од државната ит н в а ј а н е њ а в у м е л о г þ Здо 20% од БДП ди е р к а з д н о ф н е в а ж р þ Дна приватните фирми а в а ж р д а н е њ а в у ч у л þ Вските решенија за фина


donskata ekonomija?! cover story 13 www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

i reformi

we na ekonomijata

и ц и ен б ж у л с е т и н в а на ј епродуктивни а каса

те инвестиции

итирање

ата во ансиска дисциплина

D

Државата им сврте грб на економските реформи и тоа јасно го констатираше Европската комисија во последниот извештај за напредокот на земјата, а се гледа и во секоја од ставките во буџетот за следната година. Никој не верува дека Македонија не може да ги сервисира долговите или пак дека е пред банкрот, дотолку повеќе што макроекономските параметри покажуваат дека сме далеку од грчкото сценарио што стана синоним за финансиска криза. Mеѓутоа, економистите коментираат дека одложувањето на реформите предолго го држат во заложништво развојот на земјата. Според нив, државата мора итно да направи ремонт на економската политика што ја води и да ги спроведе клучните реформи за да се растовари државната каса од непродуктивните трошоци, а за сметка на тоа да поттикне инвестициите и врааботувањата во приватниот сектор, кој сега е на колена. Капитал анализира кои се петте клучни реформи кои мора да се направат за заживување на економијата


Капитал број 787 28.11.2014

14

www.kapital.mk

cover story

Како ќе троши државата во 2015 година (милиони евра) n ПЛАТИ ПЕНЗИИ n ПЕНЗИИ СТОКИ И УСЛУГИ n СТОКИ И УСЛУГИ ОСТАНАТИ СОЦИЈАЛНИ ТРАНСФЕРИ nДООСТАНАТИ ТРАНСФЕРИ ОПШТИНИ СУБВЕНЦИИ СОЦИЈАЛНИ ТРАНСФЕРИ КАМАТИ n ТРАНСФЕРИ ДО ОПШТИНИ n СУБВЕНЦИИ n КАМАТИ ПЛАТИ

603,1

203,6

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Д

ржавата им сврте грб на економските реформи и тоа јасно го констатираше Европската комисија во последниот извештај за напредокот на земјата, а се гледа и во секоја од ставките во буџетот за следната година. Никој не верува дека Македонија не може да ги сервисира долговите или, пак, дека е пред банкрот, дотолку повеќе што макроекономските параметри покажуваат дека сме далеку од грчкото сценарио што стана синоним за финансиска криза. Меѓутоа, економистите коментираат дека одложувањето на реформите во економијата предолго го држат во заложништво развојот на земјата. Според нив, државата мора итно да направи ремонт на економската политика што ја води и да ги спроведе некои клучни реформи како намалување на бројот на јавните службеници за да се растовари државната каса од трошоците за плати, а за сметка на тоа да ги поттикне инвестициите и вработувањата во приватниот сектор, кој сега е на колена. Капитал анализира кои се петте клучни реформи кои мора да се направат за заживување на економијата.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) при последната посета во Македонија и сугерираше на Владата да крене рачна кога ги троши народните пари. Во 2015 година се планира да се потрошат вкупно 3 милијарди евра, но само 345 милиони евра од нив за инвестиции во капитални објекти

97,3

345

303,3

пишува:

"Рачна" за непотребните трошења

264,2

740,9

397,6

што поттикнуваат развој. Тоа е само 0,6% повеќе од предвидените пари за капитални инвестиции годинава, или се на се, само 11% од сите пари што ќе ги собере државата од даноци или ќе ги позајми, ќе ги потроши продуктивно за изградба на патишта, железнички пруги, училишта. Најголем раст во буџетот за следната година има кај социјалните трансфери, за над 63 милиони евра, со што тие достигнуваат 1,34 милијарди евра. Најголем дел од овие пари ќе завршат за пензии и здравствена заштита на граѓаните, но и за зголемување на социјалната помош. Европската комисија во последниот извештај напиша дека „економската политика и управувањето со јавните расходи и понатаму се водени од ад хок проблеми, а не од долгорочните потреби на економијата“, и тоа според проценките на меѓународните финансиски институции може да обезбеди економски раст најмногу до 4%, што значи дека очекувањата за забрзување на растот со стапки од 7% остануваат само желби испишани во предизборните програми. Со ова темпо на развој, Светската банка процени дека ќе ни требаат над 80 години да го стигнеме европскиот просек на животен стандард. Но, наместо кратење на непродуктивните трошења, власта неодамна ги зголеми платите на администрацијата за 4% и пензиите за 5%. За исплата на платите во јавниот сектор следната година ќе завршат вкупно 397,5 милиони евра од народните пари, додека пак за пензии речиси двојно повеќе, односно 740,9 милиони евра. Во исто време,бројот на вработени во јавниот сектор е најстрого чувана тајна во земјава. Според проценките на Европската комисија, 20% од вкупниот број на вработени работат за државата. Тоа значи дека нивниот број достигнува речиси 140.000 луѓе. Во годинашниот Извештај за напредокот на земјава може да се

2.610 + 345 2.955 Тековни трошоци

Капитални инвестиции

Вкупен буџет

милиони евра

милиони евра

милиони евра

најде и фрапантен податок дека 1.700 административци земаат плата од државниот буџет, но седат дома. Но, вработувањето во администрацијата и создавањето на работни места без вистинска потреба, Комисијата го детектираше не само кај рамковните вработувања, туку низ целата администрација и на државно и на локално ниво. „Вработувањето во јавниот сектор продолжува да се зголемува, особено во јавните претпријатија. Секојдневната пракса на креирање на нови работни места на социјална или политичка основа вештачки го дуе јавниот сервис и го поткопува принципот на заслуги и ефикасноста на јавна администрација“, пишува во Извештајот. „Потребни се длабоки економски реформи во јавниот сектор какви што во моментов на пример спроведува Србија. Нашата јавна администрација е предимензионирана, постојат многу државни агенции, регулаторни тела кои што на работниците им исплатуваат превисоки плати и тоа е голем товар за буџетот. Згора на се, за истата работа се задолжени и други административци во слични сектори во министерствата или други институции. Крајно време е да се ревидира оваа политика да се даваат плати од државната каса на луѓе што седат дома и ништо не работат. Мора веднаш да се направи анализа како да се реформира јавниот сектор во ефикасен апарат што ќе ги услужува граѓаните, а за сметка на заштедите да се поттикне поголем развој преку повеќе јавни инвестиции“, смета академикот Абдулменаф Беџети. Светска банка, пак, сугерира да се инвестираат повеќе пари за изградба на инфраструктурни објекти како што се автопатиштата, железницата, гасоводот. Според некои нивни проценки, за да се забрза економската активност земјите во развој треба да инвестираат околу една четвртина од бруто домашниот производ БДП


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

cover story Бруто надворешен долг (% од БДП)

63,0%

49,2%

46,6%

Јавен долг (% од БДП) 33,2%

2007

2008

38,3%

2009

2010

2011

2012

Плати во јавниот и приватниот сектор (денари) 2010

ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ПРОСЕЧНА ПЛАТА

2011

ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

2012

24.852,00 20.553,00

15.176,00 24.826,00

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ПРОСЕЧНА ПЛАТА

20.847,00 15.300,00 24.966,00

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

2013

14.755,00

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ПРОСЕЧНА ПЛАТА

(што во нашиот случај би било околу 2 милијарди евра) во капитални проекти. Кај нас, ниту една влада досега, не одвоила повеќе од 5% од БДП за јавни инвестиции. Друг проблем е што државата не успева да ги реализира предвидените капитални проекти целосно. Професорот Марјан Петрески, вели дека фискалниот дефицит значајно се прошири минатата и оваа година поради редица предизборни ветувања, и тоа врши дополнителен притисок врз јавните финансии и јавниот долг, односно ја загрозува нивната одржливост. „Она што сметам дека треба да се направи сега, за да не се прават подлабоки резови подоцна, е да не се зголемува трошокот за јавната

40,5%

27,2%

23,0% 2006

71,7%

69,4%

58,2% 47,9%

15

20.902,00 15.747,00 25.054,00 21.145,00 администрација, барем не повеќе од растот на трошоците на живот, а секако ниту во смисла на зголемување на бројот на вработените. Ова ќе биде особено важно ако економијата продолжи по патеката на заздравувањето, со што државата ќе остави носител на растот да биде приватниот сектор. Во спротивно сметам дека враќањето на дефицит од 2,5% од БДП за следната година или таа по неа ќе стане се понеостварлива цел“, коментира Петрески.

Поголеми пензии, поголем товар врз буџетот

Ако се споредат податоците за исплатените плати во јавниот сектор, произлегува дека државата е подарежлива кон своите работници отколку другите работодавачи

2013

2014

бидејќи просечна исплатена плата во јавната управа во првите осум месеци годинава изнесува над 25.000 денари, додека просекот во земјата е 21.200 денари. Просечната пензија, пак, во земјава изнесува 12.500 денари и во последните осум години е зголемена за дури 68%. Тоа значи дека еден пензионер добива пензија од 58% од просечната нето плата. Додека пензиите растат, право пропорционално расте и дупката во државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување. Последните податоци од Министерството за финансии покажуваат дека лани Владата морала да му префрли на Фондот 343 милиони евра од државната каса, бидејќи приходите од придонеси биле доволни само за 56% од вкупните трошоци на пензискиот фонд. Со тоа, Владата со пари што ги собира од другите давачки, финансирала дури 41,4% од расходите на Фондот за пензиско осигурување. Според експертите оваа зависност на исплатата на пензиите од државниот буџет е доведена до загрижувачко ниво, особено ако се спореди состојбата во последните пет години. Во 2009 година, на пример, Владата со пари од државниот буџет покривала 33,9% од вкупните трошоци на пензискиот фонд. „Загрижувачки е што исплатата на пензиите станува толку зависна од трансферите од државниот буџет, а до тоа доведоа неколку популистички мерки на Владата како на пример постојаното вонредно зголемување на пензиите, особено пред изборните циклуси и намалувањето на стапката на придонеси. Потоа се увиде дека е тоа погубно за државниот пензиски фонд, па затоа и Владата ја стопираше таа мерка секоја година во континуитет да го намалува придонесот за пензиско осигурување. Бидејќи растот на вработеноста, а со тоа и на бројот на осигуреници е проблематично во вакви економски услови, решението мора да се бара во


Капитал број 787 28.11.2014

16

www.kapital.mk

cover story

тие неколку алтернативи што и стојат на располагање, а тоа би било или подигнување на старосната граница за пензионирање или зголемување на стапката на придонес“, смета поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капиталното пензиско осигурување (МАПАС), Зорица Апостолска. Загрижувачки е што бројот на пензионери во земјава во 2050 година ќе се искачи од сегашните 287.000 на половина милион луѓе, а трошоците за пензии ќе се удвојат на 1,5 милијарда евра во 2050 година за во 2075 година да достигнат 2,2 милијарди евра. Просечните пензии ќе паднат

380

320

365 41,4%

11.845,00

2013 2012

2010

10.870,00 10.470,00 10.182,00

280 удел во вкупниот буџет на ПИОМ

260

33,5%

240 33,9%

220

41,3%

Просечни пензии (денари)

2011

300

П

отребни се длабоки економски реформи во јавниот сектор какви што во моментов на пример спроведува Србија. Нашата јавна администрација е предимензионирана, постојат многу државни агенции, регулаторни тела кои што на работниците им исплатуваат превисоки плати и тоа е голем товар за буџетот. Згора на се, за истата работа се задолжени и други административци во слични сектори во министерствата или други институции. Крајно време е да се ревидира оваа политика да се даваат плати од државната каса на луѓе што седат дома и ништо не работат. Мора веднаш да се направи анализа како да се реформира јавниот сектор во ефикасен апарат што ќе ги услужува граѓаните, а за сметка на заштедите да се поттикне поголем развој преку повеќе јавни инвестиции.

ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ

360 340

Абдулменаф Беџети академик

343 37,9%

285 35,4%

255

231

228

во милиони евра

200 2009

2010

на 48,9% од просечната нето-плата во 2050 година. Ова го покажува актуарскиот извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за долгорочните проекции за иднината на пензискиот систем во земјава, кој е правен врз претпоставки за идните демографски и економски движења, подготвени од релевантните институции.

Задолжувањата ќе растат, но како ќе се трошат кредитите?

Според проценките на Владата во Буџетот за следната година, државата треба да обезбеди вкупно 726,3 милиони евра, од кои 300,8 милиони евра за финансирање на буџетскиот дефицит и 425,5 милиони евра за отплата на долговите што доспеваат

2011

2012

догодина. Меѓутоа, уште годинава Владата се задолжи со 500 милиони евра преку еврообврзница со камата од 3,97%, така што дел од парите ќе се искористат за раздолжување следната година. Пресметките покажуваат дека ќе биде потребно уште едно задолжување за 346 милиони евра и според најавите, поголем дел од парите ќе се бараат од странски кредитори. За камати, пак, државата следната година треба да плати 97 милиони евра. Економистите предупредуваат дека иако сега државата може евтино да се задолжува, во моментот кога тоа ќе заврши државата како Македонија со слаба еконономија и задолженост од над 4 милијарди евра или над 50% од БДП, може да биде во голема

2013*

2014*

опасност заради неможноста редовно и навремено да ги сервисира земените кредити. „Каматните трошоците за сервисирање по основ на надворешниот државен долг се сензитивни на движењето на каматните стапки. Доколку каматните стапки во 2015 година пораснат за 1 процентен поен тоа би предизвикало пораст на каматните трошоци за 8,1%. Оваа сензитивност може да се објасни како резултат на изложеноста на должничкото портфолиото на ризикот од промена на каматни стапки, што е последица на релативно високото учество на долгот со променливи каматни стапки“, пишува во најновата Фискална стратегија што ја објави Министерството за финансии.


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

cover story Марјан Петрески професор на Американ Колеџ

О

на што сметам дека треба да се направи сега, за да не се прават подлабоки резови подоцна, е да не се зголемува трошокот за јавната администрација, барем не повеќе од растот на трошоците на живот, а секако ниту во смисла на зголемување на бројот на вработените. Ова ќе биде особено важно ако економијата продолжи по патеката на заздравувањето, со што државата ќе остави носител на растот да биде приватниот сектор. Во спротивно сметам дека враќањето на дефицит од 2,5% од БДП за следната година или таа по неа ќе стане се понеостварлива цел.

трошење на позајмените пари, дали парите од кредитите, државните записи и еврообврзницата државата планира да ги вложи во изградба на патишта и железници или пак за плати, пензии и социјална помош?! Политиката на задолжувања на државата од 2017 година ќе биде дел и од Уставот откако Владата одлучи да ги ограничи јавниот долг до максимално ниво од 60% од БДП и буџетскиот дефицит до 3% од БДП за да може, како што објасни премиерот, која било идна власт „домаќински да се однесува со народните пари“. Меѓутоа, економистите коментираат дека овој таргет е престрого и непотребно ограничување за

ǮǰȀǼ ǺǼǯǶǹ

ǮǰȀǼǺǼǯǶǹ ȦȜȝȖțȑ

ˌʽʿʰʻʧ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

ˌʶʽ ʸʤˀʰʻʤ

ǯdzǵ ɧɚɞɨ

ɊȿɎɂ ɇȺɇɋɂ ɊȺȵȿ ɇȺ ɄɊȿȾɂ Ɍɂ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ

ɅȿɌɍȼȺȵȿ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

Бела Техника

ɦɟɫɬ

Ǻdzǯdzǹ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ʺʫʥʫʸ ǯȓșȎ ȠȓȣțȖȘȎ

ˌʶʽʸʤˀʰ ʻʤ

ʤʶˉʰ:ʤ

ǹdz Ȁȁ ʺʫ ǰǮ ʥʫʸ ǩdz ʥʫʸʤ

˃ʫˈ ɩɨɞɚɪɨɰɢ ʻʰ ȆǼǽǶǻDZ ʶʤ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ʿʽʪʤˀʽˉʰ

ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ

ˀʫˇʰʻʤʻˁʰˀʤʼʫ ʻʤ ʶˀʫʪʰ˃ʰ

ɅȿɌɍ Ǻdz ȼȺȵȿ ǯdzǹ ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ǽȜȒȎȞȜȤȖ

ɊȿɎɂ ʤʦ˃ʽʺʽʥʰʸ ɇȺɇɋɂɊȺ ˀʫʻʽʦʰˀʤʼʫ ȵȿ ɇȺ Бела ɄɊȿȾɂɌɂ Техника ʺʫʥʫʸ ɩɨɞɚɪɨɰɢ

ǾdzǻǼǰǶǾǮǩdz

ɅȿɌɍȼȺȵȿ

ɉɪ Ɇɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɡɚ ɤɪɟɞɢɬ ɞɟɧɚɪɢ ɫɨ ɪɨɤ ɧɚ ɨɬɩɥɚɬɚ ɝɨɞɢɧɢ ɢ ɫɨ ɮɢɤɫɧɚ ɤɚɦɚɬɧɚ ɫɬɚɩɤɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ Ɂɚ ɨɫɬɚɧɚɬɢɨɬ ɩɟɪɢɨɞ ɤɚɦɚɬɧɚɬɚ ɫɬɚɩɤɚ ɟ ɩɪɨɦɟɧɥɢɜɚ ɢ ɜɨ ɦɨɦɟɧɬɨɬ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɩɪɢ ɲɬɨ ɦɟɫɟɱɧɚɬɚ ɪɚɬɚ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɞɟɧɚɪɢ ɋɨ ɟɞɧɨɤɪɚɬɧɢɨɬ ɚɩɥɢɤɚɬɢɜɟɧ ɬɪɨɲɨɤ ɞɟɧɚɪɢ ɋȼɌ ɢɡɧɟɫɭɜɚ ɧɚ ɝɨɞɢɲɧɨ ɧɢɜɨ ɈɜɢH ɭɫɥɨɜɢ ɜɚɠɚɬ ɡɚ ɤɥɢɟɧɬɢ ɜɪɚɛɨɬɟɧɢ ɜɨ ȳȺ ɢ ȺȾ ɫɨ ɩɥɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɍɇɂȻɚɧɤɚ ɨɞ ɞɨ ɝɨɞ

ǸǾdzDzǶȀǼȀ

ɲɨɩɢɧɝ Бела Техника

ʸʫ˃˄ʦʤʼʫ

ʺʫʥʫʸ

ɧɚɞɨ ɦɟɫɬ

ˌʶʽʸʤˀʰʻʤ

ʺʫʥʫʸ

ǽǼ DzǮ ǾǼ ȄǶ

фискалната политика на мала држава во развој каква што е Македонија. Професорот Марјан Петрески исто така коментира дека во однос на таргетот за долгот, поважно е за која намена би се потрошиле позајмените пари, а не до колку може да се зајмува. „Буџетски дефицит од 3% од БДП е премал за финансирање капитални инвестиции, што е многу важно за земја во развој: може да се генерираат повисоки дефицити денес ако нивната корисност е јасна, но тоа на среден рок ќе донесе посилна економија која ќе генерира суфицити. Развиените земји имаат помал проблем на ваков морален хазард, па затоа ќе биде добро ако имаме некаков консензус и во тој поглед, без оглед дали е тоа уставно регулирано или не“, објаснува професорот Петрески. Од годинава на владината агенда се најдоа неколку инфраструктурни проекти што според економистите може да го забрзаат економскиот развој. Само пред две недели, Владата објави дека доби кредит од 300 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на експресни патишта и за дел од железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија. Претходно годинава стартуваше и изградбата на два автопати, од Скопје до Штип, и од Кичево до Охрид кои што се финансираат со заем од 580 милиони евра од кинеската Ексим банка.

ǯdzǵ

ʿʽ˃ˀʽˌ˄ʦʤˋʶʰ ʶˀʫʪʰ˃

ɁȺ ɈȾɈȻɊɍȼȺȵȿ ɇȺ

Сосе сите задолжувања, Владата проценува дека јавниот долг на земјата до крајот на 2015 година ќе достигне до 45,6% од БДП. Во Фискалната стратегија, власта се обврзува дека на среден и долг рок, јавниот долг нема да надмине 60% од БДП, лимит што од 2017 година ќе биде и уставно правило. Економистите коментираат дека нивото на јавниот долг од 46,6% заклучно до септември годинава, не дозволува комоција за нерационални задолжувања, но и ја ограничува позицијата на земјата за понатамошни развојни задолжувања.Тие дискусијата околу долгот на Македонија како земја во развој ја сведуваат на начинот на

17

ǾdzȂǶǻǮǻǿǶǾǮǩdz ǻǮ ǸǾdzDzǶȀǶ

ˌʽʿʰʻʧ


Капитал број 787 28.11.2014

18

www.kapital.mk

анализа

Kako ija edon Mak zgolemi o o da g a[not o dom vodstv z proi hrana? na

Nema investic proizvodstvo

Zo[to? пишува:

Спасијка Ефтимоска

spasijka.eftimoska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

С

амо 0,93% од македонскиот бруто домашен производ го прави прехранбената индустрија, а во индустриското производство учествува со 13,02%. Толкаво е домашното производство на храна во Македонија,

а тоа е многу малку. Само тоа е македонската храна со додадена вредност, а се друго што конзумираме доаѓа од увоз. Примарните земјоделски производи создаваат уште 9,6% од БДП, односно 783 милиони евра. Ова го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика за 2013 година, според кои со производство на храна се занимаваат 2.060 фирми, од кои само 20 се меѓу 200 најголеми компании во Македонија. Зошто Македонија не може да го зголеми домашното производство на храна? Посебно во услови кога на глобално ниво храната е дефицитарен производ, односно во последните пет

години производството расте побавно од потрошувачката, а цените постојано одат нагоре. Зошто тоа не е доволен стимул за претприемачите во земјава да вложуваат во бизнисот со храна? Зошто компаниите кои веќе се влезени во овој бизнис немаат порив да се шират и да растат, не само на локално туку на регионално и на пошироко ниво? Чудно е што беа најавени и серија странски инвестиции во бизнисот со храна, но ниедна досега не се реализираше. Како тогаш Македонија се декларира како аграрна земја кога на домашниот пазар доминираат увозни земјоделски производи и храна? На овие прашања многу малку луѓе


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

анализа

cii vo na hrana. Слабости на македонскиот аграр

XX мали земјоделски стопанства со многу мали производни капацитети XX висок степен на парцелизација на земјоделското земјиште XX органичен пристап до вода и пат XX ниско ниво на образование, несоодветни квалификации, деловни и менаџерски вештини на работниците XX неповолна сортна и расна застапеност XX недостиг на сопствен капитал и отежнат пристап до кредити XX слаба интеграција на синџирите за храна XX ниска продуктивност во земјоделството и прехранбената индустрија XX висок удел на земјоделски производи со ниска додадена вредност

во државава се нафаќаат да зборуваат со образложение дека станува збор за многу сложена проблематика. Што има сложено ако пазарната логика вели дека нема храна што не може да се продаде на пазарот, освен таа што не ги задоволува стандардите за квалитет. Токму тука веројатно лежи голем дел од причината зошто во Македонија не се инвестира во производството на храна – затоа што бара големи вложувања, стандарден квалитет и парите не доаѓаат преку ноќ. Ако на тоа се додадат и тешкотиите да се земе кредит од банка и проблемите со царинските ограничувања, тогаш станува јасно зошто нема бизнис со храна во земјава. Како се тргнати работите, полека ќе исчезнуваат и постоечките производители затоа што увозната конкуренција станува се посилна и ќе ги изеде. Токму оваа закана ја детектира и нацрт-стратегијата за развој на земјоделството 2014-2020, која овој месец ја промовираше министерот за земјоделство. Овој документ најавува зголемена конкуренција на домашниот пазар, недостиг на работна сила поради миграцијата, раст на трошоците

19

Зошто Македонија не може да го зголеми домашното производство на храна кога на глобално ниво храната е дефицитарен производ и цените постојано растат? Чудно е што беа најавени и серија странски инвестиции во бизнисот со храна, но ниедна досега не се реализираше. На овие прашања многу малку луѓе се нафаќаат да зборуваат со образложение дека станува збор за многу сложена проблематика. Што има сложено ако пазарната логика вели дека нема храна што не може да се продаде на пазарот, освен таа што не ги задоволува стандардите за квалитет. Токму тука веројатно лежи голем дел од причината зошто во Македонија не се инвестира во производството на храна – затоа што бара големи вложувања, стандарден квалитет и парите не доаѓаат преку ноќ. Ако на тоа се додадат и тешкотиите да се земе кредит од банка и проблемите со царинските ограничувања, тогаш станува јасно зошто нема бизнис со храна во земјава. Како се тргнати работите, полека ќе исчезнуваат и постоечките производители затоа што увозната конкуренција станува се посилна и ќе ги изеде.


Капитал број 787 28.11.2014

20

www.kapital.mk

анализа

Никола Ветаџокоски

основач на фабриката за производство на здрава храна, Виталиа

А

ко го зголемиме производството на овошје и зеленчук и на другите агроиндустриски култури, и при тоа се обезбедат конкурентни цени, повеќе не треба да се поставува прашањето дали извоз на свежи или на преработени производи. Ќе се извезува и едното и другото доколку е профитабилно. Евентуалното зголемено производство на репроматеријали ќе може да се прифати од производителите на прехранбени производи бидејќи постојните капацитети не се оптимално искористени. Но, со стимулативно кредитирање сегашните капацитети можат брзо и квалитетно да се зголемат. за зголемување на квалитетот и безбедноста на храната и намалување на достапното земјоделско земјиште поради урбанизацијата. Кога на ова ќе се додатат и актуелните проблеми на аграрот и на прехранбената индустрија - мали земјоделски стопанства со многу мали производни капацитети, висок степен на парцелизација на земјоделското земјиште, органичен пристап до вода и пат, ниско ниво на образование, несоодветни квалификации, деловни и менаџерски вештини на работниците, неповолна сортна и расна застапеност, слаба интеграција на синџирите за храна и ниска продуктивност – станува уште појасно зошто, за жал, Македонија е високо увозно зависна од храна. Македонија во 1990 година увезувала храна за 156,8 милиони долари, а во 2013 година увозот достигна 681,4 милиони долари. Во 1990 година, најголема

Закани за македонскиот аграр во следните 7 години XX губење на работоспособната сила поради миграцијата XX раст на трошоците за зголемување на квалитетот и безбедноста на храната XX намалување на достапното земјоделско земјиште XX зголемена конкуренција на домашниот пазар

800 700

Николаус Берлакович

поранешен министер за земјоделство на Австрија

Н

емаме сопствени енергенси, па се свртевме кон обновливите извори. Важен ни е руралниот развој. Две третини од нашата земја е покриена со планини, па фармите меѓусебно се оддалечени, а за нив обезбедуваме пари, од кои пола ги добиваме од ЕУ. Околу 16% од производството настанува на органски фарми, а тој удел расте со поддршка од владата. Предизвикот е обезбедување на ЕУ со храна, па нужна ни е модернизација. Во последно време заедно со хрватските колеги доста разговаравме за заедничка аграрна политика, па сега можеме во ЕУ заедно да ги развиваме нашите идеи. Секоја држава мора сама да си го најде својот пат.

вредност има увозот на овошје и зеленчук (77 милиони долари), кој 2013 е незначително поголем и изнесува 84 милиони долари. Во минатата година, најголем дел од увозот отпаѓа на месо и месни преработки, дури 170 милиони долари. Во 1990 година, увозот на месо изнесува само 9,5 милиони долари. Драстично е зголемен и увозот на жита и нивни преработки, од 15 милиони на 97,5 милиони долари. Увозот на млеко и млечни производи и на јајца е зголемен од 12,7 милиони на 59 милиони долари. Убедливо најголем раст има кај увозот на разни други производи за исхрана (кондиторија, пред се,), кои во 1990 година биле присутни со 2,6 милиони долари, а две децении подоцна со 77 милиони долари. Бројките покажуваат дека е зголемен и извозот на храна, но во споредба со увозот е многу помал. Во 1990 година, тој изнесуваше 31,7 милиони долари, а во минатата година 364,6 милиони долари. Тоа е двојно помалку од увозот на храна. Најмногу е зголемен извозот на овошје и зеленчук, во сурова форма, а не во преработки со додадена вредност. Во 1990 година, изнесувал 4,1 милион долари, а во 2013 година 193,2 милиони долари, што е две третини од вкупниот македонски извоз на храна. Поради тоа Македонија важи за евтин пазар за суровина за фабриките во регионот. Во последната деценија се појавува и извоз на македонско млеко и млечни производи и на житни преработки, но вредноста е многу мала. Извозот на месо, кој и така беше мал, во последните пет години е уште повеќе намален поради пропаѓањето на неколку

фабрики од месната индустрија (Жито Вардар, Пилко). Извозот на останатите прехранбени производи изнесува само 20,8 милиони долари и е над три пати помал од увозот. Ова потврдува дека во земјава има малку производствени капацитети во прехранбената индустрија и по број и по квалитет, кои би конкурирале на сериозната конкуренција од увоз. Што покажуваат податоците за домашното производство на храна? Разочарување. Драстично е намалено производството на сите видови месо во последните години. Кај говедското месо рекордот е постигнат во 2003 година со произведени 8.691 тон, а во минатата година произведени се само 5.485 тони. Во 2000 година, Македонија произвела 4.840 тони пилешко месо, а лани само 1.800 тони. Кај производството на млеко има раст, кој е особено присутен од 2007 година наваму. Сепак, увозот на млеко и млечни производи е далеку поголем. Во 2013 година, се увезени 28 милиони килограми млеко, млечни производи и јајца во вредност од 59 милиони долари. Разочарувачки се и податоците за производство на овошје и зеленчук. Моменталните количини се далеку од постигнатото производство во изминатата деценија. Така, многу е помало производството на пченица и пченка, а е намалено и на компир, домати, пиперки, праски, јаболка, круши.

Што и треба на прехранбената индустрија? На бизнисмените кои веќе се во

Производи за храна (во милиони долари)

600 500

Увоз Извоз

400 300 200 100 0 1991

1992

1993

1994

1995

1996

1997

1998

1999

2000

2001

2002

2003

2004

2005


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

анализа Михаил Цветков

Александар Цветанов

министер за земјоделство

генерален директор на Макпрогрес

В

З

о насока на модернизацијата на секторот и подобрување на условите за живот и работење во руралните средини е предвидено значително зголемување на средстава за кофинансирање на приватните инвестиции во земјоделските стопанства и преработувачките капацитети, а особено оние кои ќе бидат инвестирани во руралната инфраструктура и наводнувањето.

а да се биде успешен извозник и да се има конкурентен производ потребни се инвестиции во нови технологии за производство, силен тим за истражување и развој, одлично менаџиран производен процес и висока продуктивност. Кога некој ќе ме праша кој е рецептот за повеќе да извезувам, секогаш го давам мојот одговор дека тоа е комбинација од повеќе состојки. Прво, конкурентна понуда - квалитет за прифатлива цена. Второ, брза и соодветна реакција на потребите на пазарот. Трето, спроведување на сите потребни правилници и стандарди за безбедност на храната. Четврто, редовна посетеност и присутност на пазарите. Петто, маркетиншка поддршка на дистрибутерите. бизнисот со храна им се познати сите проблеми и предизвици со кои се соочува прехранбената индустрија. Тие сметаат дека агроиндустријата, сепак, има иднина во земјава, но за да се зголеми домашното производство, потребни се стратегија за развој и државна поддршка преку регулативата и третманот на домашните производи на домашниот пазар. Според Никола Ветаџокоски, основач на фабриката за производство на здрава храна, Виталиа, агроиндустрискиот комплекс има големи компаративни предности и државата треба да го промовира во стратешки развојна гранка. Тој советува да се обезбеди и „квалитетно зголемување на обработливите површини преку капитални инвестиции во наводнување и мелиорации, бескаматно кредитирање на земјоделските производители и соодветна аграрна политика под паролата ’земјата за земјоделците’. „Македонија во регионот се уште котира како незагадена еко средина, што е многу важно за успешен развој на оваа гранка. Но, доколку не се преземат конкретни мерки за заштита на еко средината, постои опасност да ја загубиме оваа компаративна предност. Затоа е потребно драстично намалување на загадувањето на реките, еко третман на отпадните води, контрола на аеро загадувањето и понатамошен развој на еко производството“, вели Ветаџокоски. Според него, ако го зголемиме производството на овошје и зеленчук и на другите агроиндустриски култури, и при тоа се обезбедат конкурентни

2006

2007

2008

2009

21

2010

цени, повеќе не треба да се поставува прашањето дали извоз на свежи или на преработени производи. „Ќе се извезува и едното и другото доколку е профитабилно. Евентуалното зголемено производство на репроматеријали ќе може да се прифати од производителите на прехранбени производи бидејќи постојните капацитети не се оптимално искористени. Но, со стимулативно кредитирање сегашните капацитети можат брзо и квалитетно да се зголемат“, заклучува Ветаџокоски. Тој предлага компаниите во во овој сектор повеќе да вложуваат во развој на етно производите со зголемување на нивната функционална вредност, развој на нови иновативни производи со модерна рецептура и традиционален вкус и квалитет, маркетинг и развој на брендирани македонски центри за продажба на прехранбени производи во урбаните центри во регионот. Уште еден успешен пример во македонската прехранбена индустрија е виничката фабрика за кондиторски производи Макпрогрес. Таа е една од ретките компании кои во изминативе години, иако кризни, успеа до отвори многу нови пазари. „За да се биде успешен извозник и да се има конкурентен производ потребни се инвестиции во нови технологии за производство, силен тим за истражување и развој, одлично менаџиран производен процес и висока продуктивност. Кога некој ќе ме праша кој е рецептот за повеќе да извезувам, секогаш го давам мојот одговор дека тоа е комбинација од повеќе состојки.

2011

2012

2013

2014 Q1

2014 Q2

Факти XX Само 0,93% е уделот на прехранбената индустрија во вкупниот БДП во 2013 година XX Земјоделството создава 9,6% од БДП, односно 783 милиони евра. XX Во индустриското производство прехранбената индустрија учествува со 13,02% XX Со производство на храна во 2013 година се занимавале само 2.060 фирми XX 20 од 200 најголеми компании во Македонија се од прехранбената индустрија, меѓу кои има многу што покрај производство вршат и увоз на готови производи XX Земјоделското стопанство во Македонија е шест пати помало од просекот во ЕУ. Просечната големина на едно стопанство изнесува 2,2 хектари, а просекот во ЕУ е 14,3 хектари земјоделско земјиште. XX Македонија располага со 1.261.000 хектари земјоделско земјиште, од кои обработливо површина се само 509.000 хектари. Ораници и бавчи се 413.000 хектари, но се обработуваат само 281.000 хектари. XX Во Македонија, просекот е 1,4 грла добиток по земјоделско стопанство, а во ЕУ е 11 грла. XX Само 20,7% од вработените во земјоделските претпријатија и задруги во Македонија се со земјоделско образование. Вкупно се вработени 3.629 лица. XX Повеќето трактори се постари од 20 години и на земјоделско стопанство не доаѓа ни по еден трактор.


Капитал број 787 28.11.2014

22

www.kapital.mk

анализа

Прво, конкурентна понуда - квалитет за прифатлива цена. Второ, брза и соодветна реакција на потребите на пазарот. Трето, спроведување на сите потребни правилници и стандарди за безбедност на храната. Во производниот процес во Макпрогрес постојат сектори за развој, за контрола на квалитет и за имплементирање и сертификација на сите потребни стандарди (ИСО, Хассп, Халал, ИФС, Кошер и други). Четврто, редовна посетеност и присутност на пазарите. Петто, маркетиншка поддршка на дистрибутерите. Во секоја земја ние имаме по еден дистрибутер, без разлика на големината или куповната моќ на населението. Шесто, учество на најважните светски саеми за храна и кондиторија. Тоа е еден од најважните фактори“, објаснува Александар Цветанов, генерален директор на Макпрогрес. Според него, за прехранбената индустрија да постигне уште подобри резултати треба да го задржи и унапреди домашниот пазар и да ги развива извозните пазари, да ги одржува и унапредува постојните брендови, но постојано да создава и нови и да спроведуваат континуирани инвестиции и развој. Од државата се очекуваат договори за слободна трговија, но и паметна царинска политика која нема да и штети на преработувачката индустрија. За тоа се залага и Македонската асоцијација на преработувачи. „МАП се залага за укинување и намалување на царинските давачки вон сезона. Додека е производна сезона на земјоделски производи, тогаш треба да се штити домашното производство, но по нејзиното завршување зошто да не им се овозможи на преработувачите да набават суровини кои им недостасуваат и на тој начин да го зголемат извозот?“, прашува Сашо Ристоски, претседател на МАП. Според него, извозот на свежи производи од Македонија не може да се забрани поради членството во ЦЕФТА и трговската спогодба со ЕУ. „Но, може да се регулира извозот со воведување квалитативни параметри, на пример, да не се дозволува извоз во несоодветни пакувања (вреќи), туку во картонска или друг вид амбалажа, во која производите би биле соодветно класирани и сортирани“, вели Ристоски. Се добива впечаток дека и Македонија како држава премногу лесно го отвора пазарот за увозниците, а македонските извозници во регионот се оставени сами да се борат против прекршувањата на слободните договори, што не е така ретка појава. Ова е особено видливо во последниве неколку месеци откако Русија забрани увоз на храна од ЕУ. Сега земјите од Унијата на сите начини го штитат домашното производство и го поддржуваат неговиот извоз со цел да им помогнат на производителите. На тој начин овие производи се нелојална конкуренција за македонските на нашиот пазар. „Српските и останатите кондиторски фабрики имаат голема отворена врата на македонскиот пазар, без какви било

дискриминации. Тоа е факт, тоа е точно. Доколку ги погледнете полиците на супермаркетите, ќе заклучите дека можеби српските кондиторски фабрики имаат и своевиден приоритет во изложувањето на нивните производи. На пазарот во Македонија многупати ќе сретнеме кондиторски производи од Бугарија, Грција, Албанија, Косово или Турција кои ги немаат ни основните елементи на декларацијата, немаат текст на македонски јазик и податоци за увозникот, а дури има такви кои на пакувањето ја обележуваат нашата држава со привремената референца ФИРОМ, кое не е уставното име на Република Македонија. Ова за жал се допушта или се прегледува низ прсти од страна на државните институции. За да се промени, сигурно ќе треба да се зголеми нивото на контрола на царинските служби, на пазарната инспекција, како и на контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство“, вели првиот човек на Макпрогрес, Цветанов.

Нова стратегија и 1,1 милијарда долари за развој на земјоделството до 2020

Владата вети дека во следните седум години за поддршка на земјоделството ќе даде 1,1 милјарда евра. Министерот за земјоделство Михаил Цветков ја објави предлог-стратегијата за развој на земјоделството 2014-2020 години, која содржи проекти за модернизација, инвестирање и зголемување на конкурентноста на македонското

земјоделство. Акцент ќе се стави на зголемување на конкурентноста на земјоделското производство и на прехранбената индустрија. „Земјоделскиот сектор треба целосно да се ориентира кон потребите на потрошувачите и кон пазарните сигнали, да ги зголеми ефикасноста во работењето, економијата на обем и адаптибилноста на промените, со цел обезбедување производ со поголема додадена вредност кој е атрактивен и квалитативно поразличен од конкуренцијата“, стои во стратегијата. Стратегијата најавува поддршка на инвестициите во регионални пазарни логистички центри во главните градинарски региони со цел да се зголеми конкуренцијата во откупот на земјоделските производи. Кај виното, главна цел е зголемување на просечната извозна цена. Се очекува до крајот на 2020 година извозот на вино во шише да изнесува 40% од вкупниот извоз на вино и да се прошири пласманот надвор од пазарите во југоисточна Европа и ЕУ. За реализација на овие цели Владата годишно ќе издвојува по 150 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини. Се очекува овие политики да обезбедат раст на земјоделското производство од најмалку 2% годишно, извозот на земјоделско-прехранбени производи да достигне најмалку 600 милиони евра, производството на млеко и свинско месо да се зголеми за 10%, а на зеленчук, овошје, вино и јагнешко месо за 15% до 20%.


1 2 3 1

! " "# $

" %&$ ' $(&$) *+ )&, $&( "+- * .+/& % . 0&* 4 3 4


Капитал број 787 28.11.2014

24

www.kapital.mk

Анализа

I pokraj nizata sprovedeni i najaveni reformi

Pristapot do st biznisot se u[t пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

М

акедонија веќе неколку години наназад е најлошо рангирана за тешкиот и скап приклучок кон струја. Во последниот извештај на Светска банка Дуинг бизнис земјава е рангирана на 88 место од 189 земји во светот. Бизнисот во Македонија за да стигне до струја мора да помине пет процедури на кои ќе потрошат цели 107 дена и 258,6% од просечните годишни приходи на еден жител на земјава. Иако се прават напори за подобрување на состојбите, фактите на теренот покажуваат дека проблемот е далеку од решен. Нашите информации говорат дека стоте дена наведени во извештаите

За да стигнете до струјата во Македонија мора да поминете пет процедури на кои ќе потрошите цели 107 дена и 258,6% од просечните годишни приходи на еден жител на земјава. Овие статистики ја прават земјава една од најлошо рангираните во регионот, а во споредба со најсилната европска економија Германија во која до струја може да се стигне за нас невозможни 17 дена по цена еквивалентна на вредноста од 46,9% на БДП пер капита. Капитал истражуваше зошто процедурата е толку долга и како таа да се намали. некогаш се само почеток и за пристат до струја се чека и до неколку години. Капитал истражуваше на терен кој е патот кој бизнисите го минуваат за да се приклучат на струја и колку навистина ги чини оваа одамна стекната придобивка на цивилизацијата.

Домашните бизнисмени лути

Истражувањето го започнавме од индустриската зона Пинтија, која е една

од најголемите во Македонија. Стефан Арсовски, сопственик на компанијата Хемпромак вели пристапот до струја е само еден аспект од лошите услови за водење бизнис. од кои дека е незадоволен од целосната состојба во зоната и односот на државата и институциите кон домашните компании. Но, најреволтиран е од начинот на кој добил струја.


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

Анализа

25

truja za te e dolg i skap „Јас како сопственик и инвеститор морав да ја платам трафостаница во полн износ и после тоа да ја преотстапам на ЕВН. Додека странските инвестиции сето ова да го добиваат гратис. Кога ќе потрошиш неколку десетици илјади евра на нешто што некој го добива гратис поинаку гледаш на работите. Уште еднаш никогаш не би инвестирал повторно ни тука во Пинтија ни никаде во Македонија“, вели Арсовски. Во зоната Визбегово велат дека состојбата во моментов е подобрена, но дека во минатото и тие ги поминале истите маки и проблеми. „Ние ги поминавме истите маки со приклучокот на струја. Тоа беше проблем кој се развлекуваше со години. Прво почнавме да инвестираме сами, па подоцна приватна фирма изгради трафостаница. Сега во моментов состојбата е добра и секој може да се приклучи во релативно кратко време, но фирмите кои беа тука години наназад се мачеа и скапо го платија приклучокот на електрична енергија“, вели

Светлана Пљакоска, потпретседател на Здружението на стопанственици во зона Визбегово За разлика од крајните потрошувачи од ЕВН имаат сосема поинаков став. Тие тврдат дека нивните анкети и истражувања направени на репрезентативен примерок од 1000 испитаници покажуваат значителен скок на задоволство кај клиентите. „Приклучувањето на нови потрошувачи на дистрибутивната мрежа е еден од 11-те критериуми кои се анализираат од страна на Дуинг Бизнис . Македонија на ова поле во последните години забележа значаен напредок што допринесе до нејзино подобро рангирање. ЕВН Македонија активно работи на подобрување на сите овие услови кои ги анализира Дуинг Бизнис како што се: времето за кое еден барател на приклучок се приклучува на дистрибутривната мрежа, надоместокот за приклучок, бројот на процедури“, велат во официјалниот одговор од ЕВН Македонија.

558.600 денари во просек плаќа сопственикот на објектот за проценетата вредност на приклучокот на електрична енергија

62

дена по цена од 66,7% од БДП по жител се потребни во Грција да добиете електрична енергија

88

место од 189 светски економии е рангирана Македонија според брзината на приклучокот до електрична енергија.


Капитал број 787 28.11.2014

26

www.kapital.mk

Анализа

Стефан Арсовски

Светлана Пљаковска

Ј

С

бизнисмен од индустриската зона Пинтија

потпоретседател на Zдружението на стопанственици во зона Визбегово

ас како сопственик и инвеститор морав да ја платам трафостаница во полн износ и после тоа да ја преотстапам на ЕВН, додека странските инвестиции сето ова да го добиваат гратис. Кога во бизнисот ќе потрошиш неколку десетици илјади евра на нешто што некој го добива гратис, поинаку гледаш на работите. Уште еднаш никогаш не би инвестирал повторно ни тука во Пинтија, ни никаде во Македонија.

ите инвеститори од зоната Визбегово ги поминавме истите маки со приклучокот на струја. Тоа беше проблем кој се развлекуваше со години. Прво почнавме да инвестираме сами, па подоцна приватна фирма изгради трафостаница. Сега во моментов состојбата е подобра и секој може да се приклучи во релативно кратко време, но фирмите кои беа тука години наназад се мачеа и скапо го платија приклучокот на електрична енергија.

Што точно кажува извештајот на Дуинг Бизнис?

Во извештајот на Дуинг Бизнис многу прецизно е прикажана постапката и деновите кои се губат за една нова фабричка хала, деловен објект или обично стовариште да дојде до електрична енергија. Долгата процедура прво започнува со пополнување апликација до канцеларијата на ЕВН Македонија. Станува збор за двостран документ кој содржи одобрување конекција и скица со точката за поврзување. Документите кои се додаваат се имотен лист и внатрешен план на распоредот на електричните жици и сертификат од електричар. За оваа процедура се губат 15 календарски денови и таа според Дуинг бизнис чини 2.800 денари. Понатаму мора да се чека во просек 14 дена за местото кое бара приклучување да го посети посебна инспекција од ЕВН, која треба да даде уште едно одобрување. Оваа процедура официјално е бесплатна. Третата најтешка и најскапа процедура е плаќањето на проценетата вредност на приклучокот и долго чекање на екипите на ЕВН да ја завршат својата работа. Значи, откако новиот барател ќе добие дозвола да биде приклучен на мрежата, која веќе во просек ја чекал цел месец, тој ја плаќа проценетата вредност на приклучокот и почнува со чекањето. ЕВН во меѓу време најмува подизведувач кој ја прави целата работа. Подизведувачот го инсталира трансформаторот, каблите и мерачот за плаќање. Откако работата е завршена подизведувачот ја информира ЕВН и нивна техничка комисија излегува на терен да провери дали конекцијата

„Приклучувањето на нови потрошувачи на дистрибутивната мрежа е еден од 11-те критериуми кои се анализираат од страна на Дуинг Бизнис . Македонија на ова поле во последните години забележа значаен напредок што допринесе до нејзино подобро рангирање. ЕВН Македонија активно работи на подобрување на сите овие услови кои ги анализира Дуинг Бизнис како што се: времето за кое еден барател на приклучок се приклучува на дистрибутривната мрежа, надоместокот за приклучок, бројот на процедури“, велат од ЕВН Македонија. работи. Интересен факт е дека иако за оваа процедура и опрема сопственикот на објектот во просек плаќа 558.600 денари, таа останува во трајна сопственост на ЕВН. За оваа процедура во просек се чека 80 дена. Четвртиот чекор е самиот технички

пример на трансформаторот. Повторно тоа треба да го направи нова техничка комисија формирана од експерти на ЕВН. Овие луѓе во просек доаѓаат девет дена после завршувањето на претходната комплицирана фаза и не ја наплаќаат нивната услуга.

Како да се подобри состојбата?

П

окрај чекањето, долго време за приклучок на струја најголема болка на македонските бизнисмени и скапото чинење на истиот тој приклучок. Имено, во споредба со процентот од БДП по жител Македонија има веројатно еден од најскапите приклучоци во Европа. „Подобрување има и во делот на надоместокот за приклучување. Со измените на мрежните правила од 18 јули 2012 година барателите однапред може да ги планираат надоместокот за приклучок и истиот е транспарентен и јавно објавен. За стандардни приклучоци цената за приклучување зависи единствено од моќноста која ја бара потрошувачот. Дополнително олеснување е можноста за плаќање на рати согласно дефинираната динамика во мрежните правила. Фактор кој не оди во прилог на Македонија е вредноста (големината) на БДП кој е основ за споредба на

трошоците со останататите земји. Тоа значи дека со поголем БДП по дефиниција ќе имаме подобар пласман и без да имаме дополнителни подобрувања“, велат од ЕВН Македонија. На истава тема од ЕВН најавија и дека дополнително активно се работи на овозможување имплементација на електронска апликација за приклучок што ќе придонесе кон поедноставување на постапката и намалување на бројот на процедури. „Во меѓувреме ЕВН Македонија веќе изврши целосно оптимизирање на внатрешниот процес кој вклучува поголем број на единици, се воведе целосно автоматизиран процес за следење на приклучокот од неговиот почеток се до крај, се изврши оптимизација на процесот на набавки со зголемување на резервите на материјали што значително го намали времето на приклучување“.


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

Анализа На крајот се чека во просек уште три дена нова комисија (сосема различна од сите погоре споменати) повторно формирана од ЕВН да дојде и да го отвори мерачот за проток на струја. Се на се ако процедурата се изреализира според просечните рокови, ќе добиете струја после повеќе од три месеци или четврт година. „Овие податоци и бројки кои ги има во Извештајот можеби се точни, но само во идеални случаи каде што се е чисто и се функционира подмачкано. Поголем дел од бизнисмените првите погони ги градат на места кои не се со идеална инфраструктура и најрасчистени имотно правни односи. Конкретно во мини индустриската зона каде што јас инвестирам, луѓето што биле тука пред мене веројатно од мака сами си направиле некој вид на див приклучок за неколкуте околни погони. Јас налетав во време кога тоа мораше да се легализира и цела година чекав да се направи тоа“, вели еден соговорник кој побара да остане анонимен. Тој раскажа дека од започнувањето на легалната процедура до донесувањето на кабелот за струја на пет метра од неговиот објект поминале година и половина. Според ЕВН Македонија, со измените на мрежните правила од 2012 година значително се намали времето

кое е потребно за реализација на приклучокот, но сепак, најголемо влијание во овој процес има времето за издавање на градежна дозвола за електроенергетскиот објект (ЕЕО) кој треба да се изгради. „Доколку се спореди критериумот издавање на градежни дозволи ќе видиме дека во Извештајот Доинг Бизнис Македонија е подолу рангирана и е потребно 89 дена за издавање на градежна дозвола. Ова време целосно се рефлектира и на времето на приклучок. ЕВН Македонија заедно со ресорните министерства и РКЕ активно работи на олеснување на овој процес и се надеваме дека во иднина со измените кои се веќе дел од Законот за градба ќе допринесат до значително намалување и поедноставување на процесот на добивање на градежна дозвола“, велат од ЕВН Македонија. Од таму додаваат и дека дополнителен фактор кој влијае на одолговлекување на овој процес се и нецелосно реализирани детални урбанистички планови (ДУП) што резултира со зголемување на временските рокови за приклучување . Според нив, не ретко на лице место – од ДУП планот има само празна ледина кој допрво треба да се урбанизира и парцелизира за да може потоа да се реализира и електроенергетската мрежа.

НОВИ МОДЕЛИ НА

27

Како е во другите земји?

М

акедонија според брзината на приклучокот до електрична енергија во Извештајот Дуинг бизнис е рангирана на 88 место од 189 светски економии. Од регионов земјава е полошо рангирана од Хрватска (59 место), Црна Гора (63), Грција (60), а единствено подобро од Бугарија која се наоѓа на катастрофалното 125 место. Во најдобро рангираната Хрватска процедура исто така е поделена во пет фази, а тие сите заедно траат 70 дена. Сепак, најголем проблем во оваа земја е високата цена на чинење на приклучокот која е еквивалентна од 319,8% од БДП по жител на земјата што е многу повеќе од 258% во Македонија која секако има понизок БДП по глава на жител од оваа земја членка на Европската Унија. Во Грција, пак, и процедурата и цената се дупло пониски од Македонија. Таму бизнисмените приклучок на струја можат да добијат за 62 дена по цена од 66,7% од БДП по жител. Во истиов дел колку за споредба ја додаваме најсилната европска економија Германија во која до струја може да се стигне за нас невозможни 17 дена по цена еквивалентна на вредноста од 46,9% на БДП пер капита.

во сите поголеми IT малопродажни ланци.

LENOVO IDEAPAD Z50-70

БАТЕРИЈА КОЈА ТРАЕ Energy Manager ја користи напредната технологија за заштеда на енергија која има долг животен век на батеријата и максимално време помеѓу две полнења

IdeaPad Z50-70 SILVER/BLACK Intel CoreTM i7-4510U 8GB DDR3

ИСКЛУЧИТЕЛЕН ДИСПЛЕЈ Full HD (1920 x 1080) е одличен дисплеј за мултимедија

1TB 5400rpm + 8G SSHD 15.6" FHD (1920X1080) NVIDIA GeForce 840M 2G

40.800,oo ден. ИЗВОНРЕДНА МЕДИЈА Стерео звучници со Dolby® Home Theater® има извонреден звук за ДВД игри и филмови МОЌНИ ПЕРФОРМАНСИ Со 4-та генерација на и5 и и7 Процесор, брз SSHD и GPU забрзана графика го прави моќен мултимедиален лаптоп

INet ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

ЗАШТИТНИК НА ВАШИОТ DO УРЕД!

IdeaPad Z50-70 WHITE

IdeaPad Z50-70 SILVER

Intel CoreTM i5-4210U

Intel CoreTM i5-4210U

4GB DDR3

16GB DDR3

1TB 5400rpm + 8G SSHD

1TB 5400rpm + 8G SSHD

15.6" FHD (1920X1080)

15.6" FHD (1920X1080)

NVIDIA GeForce 840M 2G

NVIDIA GeForce 840M 4G

34.700,oo ден.

42.600,oo ден. ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk


Капитал број 787 28.11.2014

28

www.kapital.mk

Анализа

e Rastata, d ponudover- no i vo elek e bataonskit ! tr a]awa pl

2013

2,52 милиони евра

2012

1,27

450

милиони евра

2011

932 илјади евра

интренет трговија

(во илјади евра)

97

135

80 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

2011

2012

2013

Za 6 meseci 5 mili potro[ija Makedo preku Internet! пишува:

Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

М

акедонците потрошиле 5 милиони евра преку Интернет. Тоа е вредноста на трансакциите, во кои спаѓаат и он-лајн купувањата и он-лајн плаќањата на

сметки, реализирани само во првите шест месеци од годината. Во истиот период претходната година во интернет сферата на плаќање биле свртени скромни 510 илјади евра што значи дека порастот во овој шестмесечен период е фантастични 880%! Во изминатите три години, од 2011 до 2013 година, вредноста на Интернет трансакциите во земјава пораснале за цели 177%. Податоците за платниот промет од Народна банка на Македонија покажуваат дека пресвртна точка во онлајн трансакциите е ланскиот септември кога имало месечно зголемување на он-

лајн трансакциите за 174%. Кои се причините за големиот пораст на трансакции кои граѓаните и компаниите ги прават преку својот компјутер? Зошто расте интересот да се купува или плаќа преку Интернет? Каде има простор да се шири овој бизнис?... Сублимирано – зголемената понуда за производи и услуги кои можат да се купат он-лајн и зголемената безбедност на трансакциите се главните двигатели на он-лајн бизнисот во земјава. Доста голем удел кон зголемување на бројките кои ги евидентира централната банка од евиденцијата на комерцијалните банки,


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

Анализа

1,3 милиони евра

2014

6,34 милиони евра

2014

август

јули

јуни

мај

април

март

680 февруари

јануари

750

ioni evra oncite имаат и ЕВН, Македонски Телеком, Водовод и канализација и други компании со огромен број на корисници на кои им овозможуваат плаќање на сметките преку нивните веб страници и преку други Интернет платформи. За разлика од порано кога оваа можност беше незамислива, денес таа е реалност за се повеќе луѓе што се гледа и преку зголемениот број на трансакции. Според повеќето луѓе инволвирани во овој бизнис клучната причина за растот лежи во зголеменото користење на паметни телефони и други паметни уреди. Дел од корисниците веќе се толку

навикнати на своите уреди и довербата во онлајн купувањата е толку голема што едноставно некои трансакции, како оние за сметки и слично е незамисливо да се подмират на друг начин. Секако, позитивното искуство се шири преку word of mouth и преку социјалните медиуми, а со тоа и бројот на корисници. Некои од најстарите он-лајн продавници во земјава чија примарна дејност е токму интернет продажбата го потврдуваат овој тренд. Менаџментот на www. ex.mk, он-лајн продавница која работи шеста година, велат дека секоја година бележат раст, а веќе во јули годинава го

29

Зошто интернет трговијата во Македонија расте екстремно? Дали врз порастот на реализираните трансакции на електронски продавници на домашните трговци најголемо влијание имаат глобалните трендови кои доаѓаат и на домашен пазар или пак поголемата понуда на производи и услуги кои можат да се купат електронски? надминале обемот на работа остварен во цела 2013 година. Нивните услуги се достапни и за Македонците надвор од земјава и голем процент од купувачите се луѓе од дијаспората кои нарачуваат подароци за своите роднини и пријатели во Македонија. Директорката Биљана Радоњанин вели дека последно време купувачите од други земји барат испорака на производи и во земјите каде што живеат, но трошоците за транспорт се превисоки за да може да им излезат во пресрет. Оваа он-лајн продавница нуди над 5.000 производи, а најмногу се продаваат подароци, цветни аранжмани, бонбониери и детски играчки. Радоњанин вели дека навиките на македонските купувачи се променети, веќе не постои веќе несигурност околу безбедноста на плаќањето и затоа е “време трговците да ги понудат своите производи онлајн“. “Кај нас порастот на интернет трговијата се должи на повеќе фактори: подготвеност на банкарскиот сектор, вклучувајќи ги операторите како Касис, да го понуди сервисот за on-line трговија, значителна интернет пенетрација, голем број на корисници на мобилна телефонија, промена на навиките на населението и компаниите од аспект на користење на придобивките на технолошките решенија. Очекувам дека бројот на правни лица во Македонија кои нудат on-line трговија ќе се зголеми и бројот на on-line трансакциите ќе расте“, вели Сандра Томановиќ, директор на Касис процесинг центарот чии што услуги ги користат 10 од 14 банки во земјата. Во моментов on-line трговија во Македонија ја нудат 5 банки, од кои 3 го користат сервисот за on-line трговија на Касис. Важна алка во раздвижување на интернет сегментот од трговијата се и популарните сајтови за групна продажба. Пример, Grouper, кој се појави во јануари 2011 година, кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн (според анализата на состојбата со електронската трговија во Република Македонија USAID, 2010), веќе во 2012 година имаше пораст од 200% на бројот на продадени купони, а одржлив раст од 20% продолжи и во 2013. “Атрактивноста на понудите и попустите кои се нудеа беа доволен поттик за македонскиот купувач да ја направи својата прва онлајн трансакција. Сметам дека отворањето на сајтови за групни попусти директно влијаеше на раздвижувањето на е-трговијата во


Капитал број 787 28.11.2014

30

Анализа

Никола Бојков

експерт за дигитален маркетинг

М

ногу од малите бизниси немаат класична онлајн продавница, но примаат нарачки преку пораки на нивната Facebook старана. Тоа значи дека растот на онлајн трговијата ќе биде уште поголем.

земјата“, вели Нина Ангеловска, основач на Grouper во Македонија со статистика дека 40% од вкупниот број трансакции направени онлајн во 2012 и 2013 година биле трансакции направени преку Grouper. Таа вели дека веб продажбата е основата, но дека мора да се оди и чекор понапред. Летово Grouper воведе и мобилна апликација, која уште повеќе го поедноставува плаќањето. Најголем предизвик, вели Ангеловска, беше да се оптимизира плаќањето преку паметен уред поради предвидувањето дека користењето на мобилни, односно паметни уреди во 2015 година ќе биде далеку поголемо од десктоп уредите. “Македонија е далеку од овие бројки меѓутоа во постојан пораст е користењето на мобилни уреди, а очекуваме дека порастот ќе почне да се движи со уште поголемо темпо на квартално ниво. Скоро 20% од продажбите во претходните неколку месеци се направени преку мобилни уреди, што е показател дека одржлив раст се постигнува со следење на трендовите, со иновирање и нудење поголема вредност за крајните корисници“, вели Ангеловска. Во Grouper најпродавани се зделките од категоријата храна и пијалок, а според бројот на посетеност најатрактивни се зделките за патувања. Освен интересот на купувачите, се зголемува и интересот на компаниите да понудат нешто на продажба преку Интернет, макар тоа да е и сајт за групна продажба. Тие ја преземаа “регрутирачката“ улога овозможувајќи им на компаниите да ги имаат своето прво искуство со веб продажба. Раздвижувањето на он-лајн трансакциите укажува дека с$ повеќе домашните компании ги препознаваат бенефитите од ваквиот начин на трговија, а тоа секонкурентост, он-лајн присуство, заштеда на време при купување, достава на производите. Ова е оценката на Владимир Вецовски од MarketKonekt.com, компанија

Само 19% од Хрватите купуваат преку Интернет

С

www.kapital.mk

Биљана Радоњанин ex.mk

В

о последно време купувачите од други земји барат испорака на производи и во земјите каде што живеат, но трошоците за транспорт се превисоки за да може да им излезат во пресрет.

која им овозможува на другите компании побрзо да воведат и развијат е-трговија во работењето. Поаѓајќи од сопственото искуство на растечки интерес на компаниите за ваквите услуги, тој очекува порастот на домашната е-трговија и во иднина да продолжи.

Фејбук-от е првиот контакт на компаниите со он-лајн бизнис

Социјалните медиуми во изминатите неколку година имаа клучна улога во зголемувањето на свесноста за он-лајн каналите за продажба. Тие практично ги донесоа сите бизниси онлајн. Така бизнисите ги почувствуваа придобивките од дигиталниот маркетинг и онлајн како нов канал за продажба. Многу од малите бизниси немаат класични

поред истражувањето на ТЕЛУМ, водечка хрватска компанија за интернет огласување, повеќе од половина од корисниците на паметен телефон, истите ги користат додека купуваат со цел да најдат дополнителни информации за производот, цени во другите продавници и слично. Иако информациите добиени од Интернет имаат голема улога во одлуките за купување, Хрватите се на европското дно според купување преку Интернет, од само 19%. Според ова истражување, во Србија тој процент е 16%, во Бугарија 18%, а на врвот е Велика Британија со високи 47% интернет купувачи. Истражувањето на ГФК, пак, процениле дека 20% од домашните компании го користат Интернетот за продажба.

онлајн продавници за кои треба да направат дополнителни инвестиции, туку примаат нарачки преку пораки на нивните Facebook страници. Тоа значи дека кога овие компании ќе се реашат да отидат чекор понапред, и да отворат он-лајн продавници со опција за Интернет плаќање растот на онлајн трговијата ќе биде уште поголем. “Facebook страниците за голем дел од малите бизниси ги заменија нивните веб страни и им овозможија една интерактивна платформа каде може да комуницираат со своите купувачи и да примаат нарачки. Самиот факт дека бизнисите кои до пред неколку години одбиваа да помислат за онлајн продажба, сега веќе имаат Facebook страна и од


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

Анализа Нина Ангеловска Grouper

А

трактивноста на понудите и попустите кои се нудеа беа доволен поттик за македонскиот купувач да ја направи својата прва онлајн трансакција. Сметам дека отворањето на сајтови за групни попусти директно влијаеше на раздвижувањето на е-трговијата.

Швеѓаните лидери во е-плаќање

П

оследните податоци покажуваат дека четири од секои пет набавки во Шведска се вршат со електронско плаќање или со картичка. Според извештајот на The Local Швеѓаните остваруваат 260 електронски плаќања на човек годишно. Така се избегнува потребата луѓето во земјата да користат банкомати, за да ги повлечат своите средства и да се плаќаат со кеш. Овој тренд не е заеднички за цела Европа. Во Италија, на пример, “кешот царува”, и се користи за три четвртини од сите купувања во земјата. Недостатокот на достапни средства сериозно ги намалува вооружените грабежи во земјата каде нивното ниво е на најниско ниво во псоелдните 30 години. Предвидувања покажуваат дека физичките пари во Шведска можат да исчезнат целосно до 2030 година. прва рака знаат што значи таа за нивниот бизнис, инвестираат се повеќе во дигитален маркетинг и онлајн продажба. Имаме пример на еден наш клиент кој имаше повеќе продажни локации низ државата, затвори дел од тие, а продажбата продолжи да му се зголемува преку инвестиција во онлајн продажбата“, објаснува Никола Бојков, менаџер на im.mk, агенција за дигитален маркетинг. Засега голем дел од онлајн продажбата се уште се одвива само со нарачка на интернет, а плаќање при испорака, што секако се трансакции кои не се регистрираат како он-лајн трговија. Кога и трансакцијата ќе се реалзиира он-лајн вистинските бројки за интернет трговијата во Македонија ќе бидат многу поголеми. Во секој случај, и интернет нарачките преку кои и самите корисници стекнуваат доверба во новиот начин на купување, по што се очекува да започнат и да плаќаат на интернет.

Клучни пречки за развој на интернет трговијата

Иако општиот впечаток е дека во земјава нема посерииозни проблеми или пречки за развој на он-лајн трговија, локалниот консултант Дарко Јаневски укажува и на неколку ограничувачки фактори: XX Слаба промоција на самите интернет трговци и е-трговијата воопшто. Ретко кој знае дека има преку 400 домашни веб продавници, иако дел од овие можеби и не се активни. XX Не постои едно единствено место лоцирано во некој орган за да ја следи редовно состојбата и развојот на е-трговија, да дава статистички информации или информациии на потенцијалните интернет трговци и потрошувачи XX Меѓубанкарските провизиите при плаќање со платежни картички сеуште се високи и паѓаат на товар на

31

880%

порасна вредноста на интернет трансакциите во македонските он-лајн продавници во првата половина од 2014 во споредба со истиот период 2013 г.

177%

порасна вредноста на трансакциите преку компјутер од 2011 до 2013 година

6,3

милиони евра се “свртеа“ во македонската интернет трговија од јануари до август 2014 година

9,7%

од компаниите со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија во 2013 г.

9,4%

од компаниите имаат веб страница која овозможува онлајн нарачки или резервации интернет трговецот XX Од мај 2014 година PayPal влезе на македонскиот пазар, но со лимитиран број на услуги – македонски граѓани може да отворат акаунт, но домашните интернет трговци не може да го направат тоа, односно не може да нудат на своите веб продавници плаќање преку овој систем XX Зачестена е појавата на „диви“ веб продавници, односно нерегистрирани и нелојални „трговци“ кои продаваат производи преку одредени интернет канали (Facebook) XX Надлежните инспекциски органи не се доволно запознаени со проблематиката и речиси и да не вршат контрола врз работењето на интернет трговците од аспект на почитување на Закон за е-трговија.


Капитал број 787 28.11.2014

32

www.kapital.mk

политика

Ќе остане ли Беса верна на бесата за граѓански концепт на државата?

А

Албанците). Иако досега третите опции во албанскиот блок не поминуваа најсјајно, Беса, ги натера „големите“ партии на Албанците во Македонија, макар превентивно, да се обидат да ја дискредитираат уште неформирана. Со изјавите од ДУИ се алудираше дека новата партија е турски проект, на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Ваквите коментари ги сфаќаме како комплимент. Тоа е доказ дека ние не сме исти, напротив, се разликуваме од нив (од ДУИ и од ДПА, н.з.)“, одговорија од Беса.

ко државата се организира според граѓански концепт, и ако се постигне ниту една етничка заедница да не се чувствува обесправена, опцијата за федерализација би одумрела. Ова е една од клучните тези околу кои ќе се гради новата партија во албанскиот политички блок, Беса. Ќе видиме дали во понатамошното дејстување ќе се држат до оваа беса (даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на

> БРОЈКИ

9,6%

Ќе се зголеми ноемвриската плата на специјалистите на скопските клиники, најавија од Владата и Министерството за здравство.

14%

Се зголемила употребата на сигурносните појаси за два месеци, а употребата на сигурносни појаси од совозачите за 21%, покажува анкетата на Републичкиот совет за безбедност

20

Дела пристигнале на адреса на Министерството за култура на конкурсот објавен за крупни музичкосценски форми, кој заврши во саботата, а предвидената сума за целиот конкурс е 20.000 евра

facebook

1

Marchello Verstoj

2

Vlatko Vasilj

3

Mome Martinoski

Ako Paterica e denot koga dojaduvash od vchera,togash vo Makedonija e sekoj den Paterica.. Единствена причина што има водител во емисија каде премиерот е гостин е само поради тоа што би изгледало смешно прашањата што премиерот сам си ги смислувал, сам да си ги прашува "Biro za vrabotuvanje: Namalena nevrabotenosta megju mladite." Se zaposlja u stranstvo.

Studentite najdoa na^in:

Eden protest tri "ot^eti" na premie

Н

астрана од квалитетот на високото образование кое го нуди земјава, настрана од прашањето како истиот да се подобри, што, секако, заслужува внимание, но, тоа во случајов не ни е темата, студентските протести, кои изнесоа на улица преку 3.000 студенти, незадоволни од новите измени во Законот за образование, кој предвидува воведување (како што „откри“ премиерот, Никола Груевски) на државен испит за проверка на знаењата на студентите, испратија многу силна порака, во услови кога се под сериозно прашање доведени институционалните можности да се слушне гласот на јавноста при носењето законски решенија –барем на оние кои и

тоа како ја засегаат. Студентите, сега веќе фамозниот нивен пленум, јасно покажаа дека и тоа како постојат демократски, и што е најважно, мирни начини да се влијае врз владините политики, кога слух за вистинска јавна дебата одамна не постои. Критиките дека Собранието одамна не си ја врши функцијата на контрола на извршната власт, и оти она што како предлог ќе дојде од Илинденска број 2 по кратка постапка (дури и кога истата не е скратена) поминува кај пратениците, веќе можеби и немаат смисла, кога во Законодавниот дом нема опозиција. Во атмосферата која наметнува беспоговорно прилагодување на сите ветришта што дуваат од Владата се стопија и јавните дебати – кој слушнал дека нешто сменил некој став на експерт?


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

бум-трес Институциите ќе доставуваат годишни планови за вработување

И

нституциите на јавниот сектор ќе доставуваат годишни планови за новите вработувања. Ова го уврдува новата предлог измена на Законот за вработените во јавниот сектор, која деновиве беше највена преку електронскиот регистер на прописи, а со кој се сака да се направи систематизација на вработените во јавниот сектор. Дали оваа нова законска обврска ќе помогне конечно да се преброи администрацијата допрва ќе се

- TV ierot

Таквиот чин – протестите - неподготвени ги фати и власта и провладините медиуми, кои, како и вообичаено, веднаш потрчаа да ги дискредитираат студентите, давајќи му на нивното дејствување политички контекст. До душа, на почеток ги изненади масовноста на протестите, па, и на порталите кои во јавноста се сметаат за провладини можеше да се прочита прилично реално известување за случувањата. Но, веројатно тука (со масовноста) и се разбуди алармот за опасност, па, јавноста секојдневно се најде на „удар“ од информациите на провладините медиуми за поврзаноста на одредени учесници на протестот со лица блиски до СДСМ. Како да е грев ако некој „опозиционер“ има ист став со

утврди. Всушност пребројувањето на службениците во државата започна уште со реформите во 2011 година. Министерството за информатичко општество и администрација воведе и Регистер на државни и јавни службеници. Но поради уставните измени, со кои многу јавни службеници беа изземени од дефиницијата јавен службеник, се уште не е познато колку точно брои јавнадата администрација во земјава.

Најголем успех на студентските протести е што премиерот, како ретко по кој повод досега, беше предизвикан - три дена по ред гостуваше во ударните вести на телевизиите, за да ја „дообјасни“ реформата, односно, за да се обиде што побезболно да ретерира. Не се работело за екстерно тестирање, иако, до протестите власта ниту еднаш не ја проблематизираше употребата на овој поим во контекстот, туку за државен испит што не на протестантите, туку дури на идните студенти ќе им дадел неограничен број можности да стигнат до „објективна шестка“ студентите – „Не, за екстерно“. Најголем успех на студентските протести, секако, е што премиерот, како по ретко кој повод досега, беше предизвикан - три дена по ред гостуваше во ударните вести на телевизиите, за да ја „дообјасни“ реформата, од која, барем според сегашните изјави, не планира да се откаже. Но, ефектот се мери и во степенот на ретерирање – студентите немало зошто да протестираат (мерките ќе важеле дури за следните бруцоши) и некои професори ги подбуцнувале студентите, но, (ова е важното) не се работело за екстерно тестирање (иако, до протестите власта ниту еднаш не ја проблематизираше употребата на овој поим во контекстот), туку за државен испит, кој немало да ги засегне професорите, а ниту студентите – па, нели ќе може државниот испит да го полагаат до бескрај? Важно било, како што рече премиерот, барем да дојделе до „шестка“.

33

Ѓорѓи Иванов

претседател на Р.М

о радост можам да кажам С дека денес Македонија има најбрзо растечка

економија од целиот наш регион, се отвораат нови работни места за младите кои не можат да чекаат години и години. Иванов само пропушти да каже дека така неможејќи еден по еден се селат.

Реџеп Таип Ердоган

претседател на Турција

е можете да поставите Н една мајка, која дои, на иста функција како маж.

Приоритет на жените треба да биде мајчинството. Турција која во деведесетите имаше жена премиер, сега дочека да има претседател со најуназадени ставови

Јанис Бутарис

градоначалник на Солун

а не заборавиме дека Д нашите соседи се Бугари. Не постои македонски јазик.

Mожеби староста, можеби политичките математики си го прават своето, но Бутарис преку ноќ ги менува ставовите.

twitter 1

Slobodan Jakoski@flavrsavr39m

2

Миле Паника@mile_panika46m

3

Козле Бозле@kozlebozle3h

Добрата работа од тоа што СДСМ не е во собрание е тоа што конечно луѓето се ослободуваат од илузијата дека во земјава постои опозиција

Тарчуловска вероватно ќе пее во бифето во влада, дур министрите јадат топол оброк, на пауза од седница.

Седи во чекална со капа 'Реформите ќе победат', додека карши него се гледа испуканиот ѕид од болницата.


Капитал број 787 28.11.2014

34

www.kapital.mk

политика

"KAPITAL" analizira kakvi scenarija mo@e da razvie "Bombata" na Zaev?

Nema parcijalni ]e se odi na novi predvremni izbori!

"Bomba" za teh A tehni^ka v


www.kapital.mk

a

Капитал број 787 28.11.2014

политика

35

ко бомбата на Зоран Заев е поткрепена со докази што нема да остават ниту најмал простор за ескиважа на институциите што треба да ги процесираат, ниту, пак, дилеми во јавноста, вистинските прашања се - кој му ги дал доказите, зошто му ги дал, зошто токму сега? И дали целта на провајдерот на експлозивниот материјал е решавање на внатреполитичката криза со подобрување на рамнотежата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, или предвидува создавање предуслови што ќе наметнат потреба од влада на национален спас, широка владина коалиција, техничка влада, како и да се нарече, која би го решила спорот со името, без одговорноста да натежне на некоја од страните? Сценаријата неизбежно одат преку нови предвремени избори, а во меѓувреме, како што „Капитал“ дознава, во буџетот на ДИК за следната, што требаше да биде неизборна година, над половина од парите се предвидени за набавка на опрема и на софтер што ќе овозможат биометриска регистрација на гласачите, односно, ќе ги сведат на минимум можностите за манипулација со избирачкиот список

hni^ka vlada. vlada za [to?


Капитал број 787 28.11.2014

36

www.kapital.mk

политика

o^ekuvawa od "bombata" na Zaev: Тито Петковски лидер на НСДП:

М

у верувам на Заев за она што го тврди. Очигледно е дека власта е корумпирана. Вие имате состојба кога Антикорупциската комисија толку години е активна, а против ниту еден функционер не е покрената постапка за злоупотреба на функцијата или за неосновано збогатување. Сите се ангели. А организираниот криминал и корупцијата не може да постојат без директен контакт со власта, и тоа со нејзиниот врв. Власта се злоупотребува масовно. Начинот на кој владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кој се базира исклучиво на националистички и популистички методи од двете страни, говорат дека власта нема чесни намери ниту кон Македонците, ниту кон Албанците. Меѓусебе

пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

П

фотоархива на Капитал

оради долгото одложување на активирањето на „бомбата“ што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја најави уште пред два месеци, многумина, дури и од опозициските кругови, го загубија трпението и почнаа да го иронизираат случајот сразмерно на помпезноста на најавата. Но, факт е дека барем засега, најавата за бомбата си ја врши работата - ниту еден од пратениците во оставка не се врати во Собранието, што значи дека на Заев не му недостасува уверливост кога пред сопартијците зборува за пресвртот што би настанал по детонацијата, месијански барајќи да му веруваат „на невидено“. Причината поради која досега се одложува објавувањето на аферата или аферите, за кои лидерот на СДСМ изјави дека „кога ќе ги покаже доказите, Никола Груевски за три дена ќе си поднесе оставка“, можеби е оправдана, но ако не е, ќе ги фрли во вода сите жалопојки на опозицијата за судбината на граѓаните под јаремот на „ненародната власт“, и ќе покаже дека проблемот не е како владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, туку во

тоа што СДСМ не е на нивно место. Ова се однесува, како што деновиве се шпекулира, на можноста бомбата да биде ставена во функција преговарачки влог на Заев во тајните преговори со Груевски. Со други зборови, ако влогот се покаже доволен за целите на СДСМ, јавноста (и институциите) може да останат без доказите за криминал во највисоките нивоа на власта, кои Заев тврди дека ги поседува („имаме докази за криминалот на власта, и & ги должиме на јавноста“, изјави Радмила Шекеринска од трибината во Гевгелија). Ако бомбата заврши вака, со неа понатаму ќе треба да си има работа јавниот обвинител. Во меѓувреме, во овие два месеци, непознати извори лансираа редица тези за тоа со какво полнење е бомбата на Заев. Најопасните нагаѓања произлегоа од неговото навестување дека детонацијата „ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи“. Секако, има и тези дека бомбата на крајот ќе се покаже ќор-фишек, но, поинтересни ( барем за анализа) се оние што претпоставуваат дека Заев не залудно го заложи целиот свој политички кредибилитет и кредибилитетот на целото раководство на СДСМ. „Ако не успееме, политички не заслужуваме да ја водиме опозицијата. Е, толку е силна вербата во доказите и аргументите што ги поседуваме!“, рече Заев на

одлично се согласуваат, но и едните и другите владеат на антимакедонска и антиалбанска основа, така што, има многу основа да се смета дека она што го тврди Заев е точно.

Рафис Аљити

потпретседател на Собранието:

ависи каква бомба има Заев. Ако има З кашикара во рака, со кашикара не се урива влада. Која и да е опозиција,

во која и да е земја, ако има некоја информација што не ја знаат граѓаните, во секој момент би излегла и би ја соопштила пред нив - тоа & е во интерес. Ако опозицијата во Македонија има таква информација, немаше зошто да тактизира, и јас не гледам дека имаат таква информација, или нешто сериозно да соопштат пред граѓаните, со што би ја натерале Владата да даде оставка. трибината во Битола. Иако, во контекст на погоре кажаното дека Заев не смее заканата до Груевски да ја формулира како „ќе му кажам на народот што правиш, ако не ги прифатиш моите услови“, тој на истата трибина го изјави и следново: „Премиерот се плаши оти вистината ќе излезе на виделина. Ама шилото и вистината порано или подоцна ќе излезат на виделина. Дали ќе биде тоа по пат на преговори или вака, ќе излезат на виделина“.

Нов „мартовски“ договор за мир во куќата ...

Кога веќе зборува за партизирано судство и за пристрасни медиуми, Зоран Заев секако би требало да е свесен каква треба да биде бомбата ако не сака таа да заврши како претходната, од случајот „Македонска банка“. Евентуалните докази за аферата (аферите) треба да бидат такви што нема да остават ниту најмал простор за ескиважа на институциите што треба да ги процесираат, ниту, пак, за дилеми во јавноста. Е сега, доколку Заев има ваков материјал, доаѓаат на ред вистинските прашања - кој му ги дал доказите, зошто му ги дал, зошто токму сега? Најизгледна е можноста информациите и доказите на Заев да му ги дале „странците“, односно некоја од амбасадите. Но, кој и да е изворот, тој секако има одредени очекувања од објавувањето на аферите. Ако е целта (макар да се почне со) „демонтирањето“ на

власта на Груевски, тоа може да се постигне со силата на такви докази што би го принудиле премиерот да прифати, односно да понуди избори, нови предвремени парламентарни, под услови што би ја успокоиле опозицијата. На вакви избори, доколку бомбата го даде резултатот што го најавува Заев, опозицијата предводена од СДСМ би настапила од многу поповолна позиција од претходно. Можеби не би победила, но би имала многу подобар резултат од последниот, и силен ветер во едрата за понатаму. Ваков развој на настаните предвидува професорот Јове Кекеновски, кој во својата последна колумна пишува дека „светскиот полицаец број 1, во содејство со некои европски сили, пред с$ Германија и нејзината разузнавачка служба, решил да спроведе операција со која треба да се спречи с$ поагресивното автократско владеење на Никола Груевски, кое е на чекор до тоталитаризам, како и енормното богатење на неколку луѓе од власта“. Според Кекеновски не треба да има дилеми дали ваквата операција би одела преку нови предвремени избори: „Дефинивно ситуацијата ќе заврши со предвремени парламентарни избори. Веќе напролет. Ќе биде како мартовскиот договор кога дојде Штефан Филе. Претпоставувам, и сега ќе дојде „чуварот“, и ќе ги собере нашиве. Едните ќе речат - еве ние се враќаме


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

политика Нано Ружин

поранешен амбасадор во НАТО:

Н

е ја знам содржината на таканаречената бомба, сум начул дека се работи за 4 или 5 големи афери, од кои некои биле со криминогена природа, други со фалсификување на избори, а некои, пак, трагични афери за кои биле обвинети едни луѓе, а всушност вистината не била таа. Доколку е точно сето тоа, и особено ако се работи не за една афера, туку за вистински серијал, тогаш е можно да дојде до големи последици во актуелната структура на политиката, и владејачката, и опозициската, како на внатрешен, така и надворешен план. Мислам дека само тројца или четворица во државата ја знаат содржината на овие бомби. Уверен сум дека ако се работи за аргументирани докази за состојби кои во минатото создале големо влијание врз јавното мислење во државата, ќе има многу непријатни последици за сите актуелни политички играчи, пред с$, за оние од власта. за да го распуштиме Собранието, а другите - ние прифаќаме, не се плашиме од избори, за да се прикажат како победници. И ќе се распишат нови избори“, изјави Кекеновски за „Капитал“. На ова совршено се надоврзува последната реченица објавена во, како што јавноста го смета, провладиниот „Вечер“, во текст уште од 16 октомври, во која се вели: „Според дел од информациите низ политичките кругови не се исклучува и можноста опозицијата да се врати во Законодавниот дом со барање за доверба на Владата на Груевски“.

... или сценарио и за решавање на спорот за името?

Во одредени кругови може да се слушне и една поконспиративна хипотеза, која цели многу подалеку од обичното решавање на внатреполитичката криза со подобрување на рамнотежата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Оваа хипотеза предидува прво создавање предуслови што ќе бараат, односно наметнат потреба од влада на национален спас, широка владина коалиција, техничка влада, како и да се нарече. А потоа ваквата влада би го решила спорот со името, без одговорноста да натежне на некоја од страните. Воведот би бил посериозна дестабилизација, во која освен бомбата на Заев, своја улога би имала и владејачката ДУИ. Овде станува јасно дека притисокот од бомбата би требало да

го натера и премиерот, Никола Груевски, да игра синхронизирано. Неговиот албански партнер, Али Ахмети, остава впечаток дека не прави ништо друго освен што се среќава со меѓународни претставници, наводно, с$ со цел да им се сочува перспективата на евроатланските интеграции на Македонија. А во хипотезата, сценариото за дестабилизација би предвидувало умножување на инцидентите како гранатирањето на Владата, протестите поврзани со случајот Монструм, луѓето во црни униформи кои легитимираат во тетовско. На меѓуетничкото конто одат и асистираните од полицијата контроли на Управата за јавни приходи - тајмингот кога се почна со оваа практика е индикативен. Како и неколкуте предупредувања на американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, дека двете најголеми етнички групи во Македонија се оддалечуваат. Дестабилизацијата нужно би довела до предвремени избори, во околности како погоре опишаните. А дека на избори се мисли и во година што требаше да биде неизборна покажува буџетот на Државната изборна комисија планиран за 2015. Имено, од целиот буџет на Комисијата (околу 1,2 милиони евра), повеќе од половина (650 илјади евра) се предвидени за изборни активности. За какви изборни активности се работи, го прашавме потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи:

37

Важни прашања се: Кој стои зад сета оваа работа? Дали помошта е однадвор, или од некои внатрешни субјекти? Дали се работи за намера на некого однадвор да уценува некого по одредени стратешки прашања? Неблагодарно е да се прогнозира, зашто може да се работи за тези кои се опасни по живот за некого. Затоа постои такво молчење, а можеби постои и договор, с$ е можно.

Стојан Андов

поранешен претседател на Собранието:

С

итуацијата не е добра, изгубени се патиштата, има талкање за многу важни прашања, и мислам дека решение не може да очекуваме од дневно-политичките битки. Но, сигурно Заев си оценил колку корист може да има од бомбата, и која ќе биде нејзината улога во покренувањето на клучните прашања во државата. Најодговорните политичари несериозно се однесуваат кон судбината на овој народ и на државата, или не & се дораснати на задачата. „Новото законско решение предвидува идентификација на гласачите преку прст, биометриски. Средствата се за купување на потребните апарати и на софтверот.

Ќе може да се гласа само откако системот вака ќе го регистрира гласачот. За тоа се одвоени 40 милиони денари“, изјави Јакупи за „Капитал“.

Регион: Скопје Вид на вработување: Полно работно време Код за работната позиција: Mkt02

Маркетинг менаџер

VERO брендот хипермаркети, кој во Скопје е основан уште во 1997 година нуди одлична можност за работа во областа на маркетингот. Ние сме во потрага по мотивирана личност која ја има енергијата и страста за работа во комерцијалното одделение и која може да обезбеди додатна вредност на она што им го нудиме на нашите клиенти. Нашата визија е да се подигнат стандардите во бизнисот. Ние нудиме значителен пакет со погодности и идни можности за кариера во балканскиот регион. Потребни квалификации: • Универзитетска диплома од областа на маркетинг • Дополнителни студии во областа на економија ќе се сметаат за предност • Најмалку 5 години работно искуство во мултинационална компанија • Одлично познавање на англиски јазик • Познавање на друг јазик ќе се смета за предност • Интернет маркетинг, маркетинг на социјалните медиуми • Точност и внимание на детали • Докажана способност за работа со различни одделенија • Можност за патување Опис на работната позиција: • Управување и координација на сите маркетинг, рекламни и промотивни работи и активности • Планирање на социјалните медиуми, интернет и директни маркетинг кампањи • Развој и имплементација на маркетинг плановите и проектите за нови и постоечки производи • Управување со продуктивноста на маркетинг плановите и проектите • Набљудување, преглед и извештај за сите маркетинг активности и резултати • Изработка на маркетинг активност во рамките на договорениот буџет • Извештај за враќање на инвестицијата и клучните индикатори; • Одржување врски со медиумите и рекламирањето, креирање маркетинг презентации • Соработка со секторот продажба Ве молиме не аплицирајте ако вашето CV не ги исполнуваат горенаведените квалификации. Квалификуваните CV-а треба да бидат само на англиски јазик и треба да бидат доставени до: radmila.valan@vero.com.mk со спомнување на кодот за работната позиција Mkt02 Строга доверливост е загарантирана.


Капитал број 787 28.11.2014

38

www.kapital.mk

политика

Zo[to im se zatvora vrata na otvorenite izb

Golemi partii, u[te pogolemi lide a site begaat od dir sud na glasa^ite!


www.kapital.mk

bira^ki listi?

eri, rekten

Капитал број 787 28.11.2014

политика

39

Кога нема отворени листи, граѓаните гласаат за партијата, а не за личноста, па на партиите им е лесно да ги наполнат листите со политички анонимуси коишто на крајот „ни криви ни должни“ завршуваат во Собранието, добиваат пратенички мандат, па потоа уште говорат за значењето на поимот „народен пратеник“. Главното прашање тука секако е дали тие безлични политичари воопшто би можело да се најдат во законодавниот дом без партиската машинерија која им овозможила да дојдат таму. Одговорот е секако „не“, но тоа многу не ги вознемирува партиските лидери, оти на сите иницијативи досега за промена на изборниот модел (со исклучок на ДУИ) големите партии одговараат негативно.

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

фото МИА

З

атвореност, ретроградност, отсуство на политичка култура, дијалог воден на примитивно политичко ниво, задушување на либерализмот, слободите и чистите идеи.... Со овие карактеристики, македонската политичка сцена со години важи за една од најнепрогресивните во регионот, киднапирана од партии и политичари коишто не умеат ниту сцената, ниту борбата, а со тоа ни македонската политика (понатаму и општество!) да ја оттргнат од кругот на меѓусебни дворски пазарења и евтини игри. Од воведувањето на политичкиот плурализам домашната политика секогаш била диригирана од таканаречена „голема четворка“ која вклучува четири партии, две кај македонскиот и две кај албанскиот политички блок, што ги држат конците во свои раце и го имаат најголемиот дел од изборниот колач. Тоа се двете партии кои се на власт (македонска и албанска што освоиле најмногу гласови на изборите) и две во опозиција, не оставајќи простор за некоја друга политичка струја, друга идеологија, други луѓе да се појават и да успеат да внесат нова боја и тон. Малите партии во македонската политика речиси без исклучок се однесуваат како политички приврзоци на овие поголемите, влегуваат во коалиции со нив и го постигнуваат она што им е цел од самиот почеток – директорска, а понекогаш и министерска фотелја. Оние пак, коишто влегуваат во политиката со визија нешто да променат и да дадат свој печат преку сопствена програма, идеи и

конкретни проекти, не поминуваат, а причините за тоа и аналитичарите, но и самите политичари ги гледаат во многу правци, но пред се во изборниот модел и затворените изборни листи кои ги фаворизираат само големите партии, а подлабоко анализирано, што е и пострашно, ги фаворизираат и постојано истите луѓе. Оттука, македонската политика не е само киднапирана од четирите партии (во случајов ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА), туку киднапирана е и од поединци, па истите ликови кај нас се актуелни и над 20 години и покрај сиот нивен спорен политички бекграунд полн со скандали и погрешни потези, што во нормална држава одамна би ги одвеле во политичка пензија. Друг проблем е секако слабиот кадровски потенцијал којшто во вакви услови го презентираат партиите. Кога нема отворени листи, граѓаните гласаат за партијата, а не за личноста, па на партиите им е лесно и комотно да ги наполнат листите со политички анонимуси, без никаков политички капацитет, без соодветен, а честопати и без никаков политички бекграунд коишто на крајот „ни криви ни должни“ завршуваат во Собранието, добиваат пратенички мандат, па потоа уште говорат за значењето на поимот „народен пратеник“. Главното прашање тука секако е дали тие безлични политичари воопшто би можело да се најдат во законодавниот дом без партиската машинерија која им овозможила да дојдат таму. Одговорот е секако не, но тоа многу не ги вознемирува партиските лидери, оти на сите иницијативи досега за промена на изборниот модел (со исклучок на ДУИ) големите партии одговараат негативно.

Поголема излезност кога би се гласало за поединец, а не за партија Уште пред изборите пролетоска се отворија прашањата поврзани со македонскиот изборен модел, како спроведувањето на препораките


Капитал број 787 28.11.2014

40

www.kapital.mk

политика Илија Димовски

Алберт Муслиу

зборното законодавство мора да биде усогласено меѓу поголемите партии. Ние сме подготвени да ги разгледаме сите опции, но во изборниот систем мора да имаме гаранции дека ќе партиципираат сите помали етнички заедници. Понудениот модел исто така мора да гарантира дека ќе добиеме стабилно мнозинство, односно стабилна влада. Тие два интереси се поважни, отколку тоа дали се листите отворени или затворени.

а да ги искористат предностите на Донтовиот модел помалите партии треба да ги концентрираат своите сили во една изборна единица, во недостиг од капацитет да ја покријат целата држава.

ВМРО – ДПМНЕ

И

аналитичар

З

Што точно пропишуваат изборните модели XX Мнозински модел

Kога се применува мнозинскиот изборен модел, оној кандидат што ќе освои најмногу гласови го добива мандатот. Гласачот го дава својот глас за еден од утврдените кандидати што се наоѓаат на гласачкото ливче. Доколку во првиот изборен круг ниеден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, ќе се одржи втор изборен круг на кој учествуваат двајца кандидати кои освоиле најмногу гласови. Во Р Македонија мнозинскиот изборен модел се применува при изборот на Претседател на Републиката и при избор на градоначалници на општините.

XX Попорционален модел

Kога се применува пропорционалниот изборен модел, кандидатите или политичките партии кои добиле најмногу гласови учествуваат во распределбата на мандатите. Во овој случај гласачот гласа за листа на кандидати (листа на политичка партија, коалиција или независни кандидати). Значи, кандидатите добиваат онолку мандати колку што добила гласови нивната предложена листа. Во случај некое пратеничко место да се испразни, истото се пополнува со друго лице кое се наоѓа на листата. Во Р Македонија пропорционалниот изборен модел се применува при избор на пратеници во собранието на Република Македонија и при избор на советници во општините.

на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија, потенцирајќи ја неможноста да биде претставен во Собранието гласот на околу 150.000 граѓани на избори поради Донтовиот систем, дилемите околу отворените листи на кандидати за пратеници, предлогот претседателот на државата да се избира во Собранието наместо на непосредни избори . На многу од тие дебати се потенцираше дека актуелниот изборен модел со 6 изборни единици го стимулира бипартизмот, насочен е против политичкиот плурализам и им остава (во комбинација со Донтовиот систем) мали шанси на, условно речено, малите партии, чии гласови (вкупно се бројат во стотици илјади) остануваат непретставени во Парламентот. Дополнително, владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ, во која поради отсуство на барем уште две-три партии, му дава дополнителна моќ на помалиот коалициски партнер (ДУИ), со што се создаваат услови за фактичко функционирање на двајца премиери... но, ниту еден од овие аргументи не беше доволен за власта да тргне во измени на моделот, па и последните избори поминаа со депласирање на помалите партии и со „успех“ само на оние кои се закачија за некоја од големите коалиции. Директорот на граѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов вели дека анкетите покажуваат дека дури 68,9%

од граѓаните би биле помотивирани да излезат на избори кога би можеле да гласаат за личност, наместо како сега, за листа што ја составил и подредил партискиот врв. Според Алексов не држи тезата на противниците на отворените листи според која граѓаните и администрацијата не би се снашле во комплексните услови на гласање за личности, зашто, како што рече, се покажало дека граѓаните и администрацијата покажале капацитет дури и во најпроблемтичните изборни места да се справат со комплексните избори во 2009 година - заедно претседателски и локални, кога се гласаше во пет изборни кутии. „Ако не дојде до промена на изборниот модел може да очекуваме сериозна апатија кај избирачите, што ќе биде во интерес на само една партија“, рече Алексов. Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, вели дека отворените листи не добиваат поддршка од најголемите партии зашто нивните лидери стравуваат оти така „може да изгубат на избори и од своите членови“.

Граѓаните цел мандат немаат никаква контрола врз пратеникот

Аналитичарите сметаат дека со правилна стратегија помалите партии можат да ги ублажат овие недостатоци на Донтовата формула. Советуваат


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

политика Петре Шилегов

Дарко Алексов

ие имаме проблем да спроведеме демократски и фер избори сега, со овој модел, иако толку години се применува, а камоли да воведуваме нов. Имаме дискусии внатре во партијата, но сега ова не е приоритетно прашање. Кога ќе се откочи дијалогот, а во моментов нема апсолутно никакви разговори со ВМРО – ДПМНЕ, може да дојде и оваа тема на маса.

ури 68,9% од граѓаните би биле помотивирани да излезат на избори кога би можеле да гласаат за личност, наместо како сега, за листа што ја составил и подредил партискиот врв. Ако не дојде до промена на изборниот модел може да очекуваме сериозна апатија кај избирачите, што ќе биде во интерес на само една партија.

СДСМ

МОСТ

Н

концентрирање на капацитетите на партиите во изборните единици каде што се најсилни, а не нивно дисперзирање низ целата држава. “За да ги искористат предностите на Донтовиот модел помалите партии треба да ги концентрираат своите сили во една изборна единица, во недостиг од капацитет да ја покријат целата држава“, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Проблематичноста на Донтовиот модел од овој аспект би можела да се отстрани и со претворање на Македонија во една изборна единица. Ваква иницијатива досега неколку пати предложиле различни политички субјекти поради нејзината прифатливост за помалите партии, зашто би им овозможила да ги групираат гласовите за полесно освојување мандати во Парламентот. Граѓаните во овој случај, носејќи одлука за кого ќе гласаат, не би тргнувале од претпоставката дека нивниот глас ќе заврши во празно и помалите партии не би биле принудени да влегуваат во

Д

предизборни коалиции. Со воведувањето отворени листи пратеничкиот ангажман од јавен граѓански интерес повеќе нема да зависи од добрата војла на пратениците, односно на нивните партиски лидери, туку ќе има систем што ќе го гарантира тоа.„Затворените листи им овозможуваат на пратениците да го преспијат мандатот зашто нивниот евентуален реизбор не зависи толку од гласачите, колку од позицијата на изборната листа, на која ќе ги намести партискиот шеф“, смета универзитетскиот професор, Ѓорѓи Спасов. Со отворени листи, изборот кој ќе биде пратеник е во рацете на гласачите, па граѓаните можат со својот глас да ги турнат дури и партиските лидери на дното од листата, па дури и да им оневозможат влез во парламентарниот состав. Отворената листа овозможува гласачот да го заокружи кандидатот кој му се допаѓа без разлика на кое место на листата се наоѓа. Во нашето соседство отворени листи применува Косово и нивното искуство е позитивно. На последните избори и Бугарија направи обид

Али Ахмети лидер на ДУИ

Д

41

УИ е единствена партија од „големата четворка“ што дава поддршка да се смени моделот и да се воведат отворени листи, но поддршката останува вербална, оти самата партија никогаш не покренала своја иницијатива за такво нешто.

со таканаречени парцијални, полуотворени листи. Тоа значи дека на листите повторно стои името на партијата, но секоја партија номинира по име и презиме свои членови (десет, петнаесет, колку што партијата ќе одлучи). Така, гласачот има можност кога ја заокружува партијата, да заокружи и име и презиме на претставник на таа партија. Вака, се врши проверка на партискиот кадар, се дава шанса на нови луѓе, а граѓаните имаат можност да ги казнат оние политичари од чија што работа не се задоволни и самите директно влијаат врз изборот на партијата на кадрите. Инаку, во голем дел од земјите во ЕУ, но и во земји што не се дел од европското семејство отворените листи се дел од изборните системи. Таков начин на гласање одамна се применува во Шведска, Финска, Данска, Белгија, Холандија, Луксембург, Австрија, Чешка, Словачка, Полска, Естонија, Летонија, Словенија, Грција и Kипар. Ваков принцип на гласање има и во Норвешка, Швајцарија, Босна и Херцеговина.

Стевче Јакимовски лидер на ГРОМ

И

нтересно е дека од малите партии единствено ГРОМ не се залага за отворени листи и промена на изборниот модел. Партијата којашто освои еден пратеник влезе во власта и очигледно е задоволна.


Капитал број 785 786 14.11.2014 21.11.2014

42

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

ja n@i b Sr i ara u^ so MMF od l k s an dit jarm kre li za na milari ed da do

Sleduvaat otkazi vo administracija i ref na javnite pretprija пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

амалување на платите во јавниот сектор и на пензиите, намалување на големите трошења во јавниот сектор, како и намалување на буџетската поддршка на јавните претпријатија, целосно реструктуирање на работерњето големите јавни претпријатија, вклучувајќи ги претпријатијата за електрична енергија, гас, железницата, патните претпријатија... Ова е само дел од обврските кои Србија

ги превзема со поптпишувањето на договорот за аранжман со ММФ. До крајот на годинава бордот на ММФ во Вашингтон треба да го одобри договорот според кој ако Србија ги направи потребните реформи ќе добие кредит од една милијарда долари кој ќе и помогне да ги надмине економските проблеми во кои се најде пред се заради преголемата јавна потрошувачка на државата.

Деталите од ветувањата кон ММФ се уште тајна

Српските власти велат дека станува збор за историски договор со ММФ, кој ќе и помогне на Србија да ја заживее економијата и без кој земјата би отишла во сигурен банкрот. “Економската програма која Владата на Србија треба да ја спроведе во договор со ММФ има за цел да создаде услови за макроекономска стабилизација,

одржлив раст и нови работни места на среднорочен план”, изјави шефицата на мисијата на ММФ Зузана Мургасова. Според неа, главните предизвици на српската Влада ќе бидат високата невработеност од над 17% која останува најсериозен опшествен проблем, високиот јавен долг и високиот дефицит во буџетот. Фискалната консолидација има две цели - да ја заузда високата јавна потрошувачка, односно вкупните трошоци за пензии и плати во јавниот сектор, како и намалување на издатоците од буџетот за јавните претпријатија. Министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ изјави дека договорот за нов аранжман со ММФ е постигнат за 200% од квотата која Србија ја има во ММФ и таа ќе се повлекува кога има потреба. Тој информираше дека со ММФ


www.kapital.mk

Капитал број 786 21.11.2014

Балкан бизнис и политика

43

Намалување на платите во јавниот сектор и на пензиите, намалување на големите трошења во јавниот сектор, како и намалување на буџетската поддршка на јавните претпријатија, целосно реструктуирање на работерњето големите јавни претпријатија, вклучувајќи ги претпријатијата за електрична енергија, гас, железницата, патните претпријатија... Ова е само дел од обврските кои Србија ги превзема со поптпишувањето на договорот за аранжман со ММФ според кој ако ги направи потребните реформи ќе добие кредит од една милијарда долари кој ќе и помогне да ги надмине економските проблеми во кои се најде пред се заради преголемата јавна потрошувачка на државата.

javna forma atija е договорено во следните три години дефицитот на буџетот да се намали на околу 4% од БДП, што значи дека Србија во овој период преку различни мерки ќе треба да направи заштеди од буџетот од 1,4 милијарди евра. Програмата за штедење ќе почне со намалувањето на платите и пензиите, што е веќе предвидено во ребалансот на буџетот за 2015 година, а тоа ќе се продолжи со намалување на трошоците за субвенции и средување на состојбите во јавните претпријатија. “Нема веќе области во кои ќе даваме субвенции од кои нема ефекти. На пример, субвенциите за Железницата мора да се намалат или да се укинат бидејќи тие не даваат никакви резултати”, вели министерот Вујовиќ. Според него, јавните претпријатија мораат да ги намалат трошоците, да направат корпоратива и ефикасна

структура на управување. “Веројатно фискалните ризици. ќе има и отпуштања, односно Во следниот период српските власти рационализација на бројот на вработени ќе бидат посветени на имплементација како што тоа би го направил секој на реформи со кои треба да се намали работодавач на запад. ЕПС има влијанието на државата во економијата, 600 директори, а на фирми од таа со цел да се подобрат условите за големина не и се потребни повеќе од водење бизнис и подобрување на 100 директори. Има дури 14 профитни корпоративното работење, кои треба да центри, а доволни се два или три доведат до поголем раст и инвестиции профитни центри. на приватниот сектор кои ќе отворат Оваа 2014 година Србија ќе ја заврши нови работни места. со буџетски дефицит од 8% и јавен долг Гувернерот на Народната банка на Србија од 68% од БДП. ММФ предупредува дека (НБС) Јоргованка Табаковиќ изјави дека без сеопфатни структурни реформи и НБС од своја страна ќе даде придонес јавниот долг ќе продолжи да расте до за да се забрза кредитната активност и неодржливи нивоа и да ја поткопува за таа цел референтната каматна стапка макроекомската стабилност и ќе биде намалена од 8,5% на 8%. потенцијалите за раст на Следи голема земјата. реформа Српските власти со помош на јавните на ММФ ќе се обидат да претпријатија постават нова економска По склучувањето на програма во која милијарди евра треба аранжманот први во да ск ра ти основите за одржлив Србија од јавната потр процесот на реформи раст и отварање на во следните три годошинувачка влегуваат најголемите и нови работни места ќе јавни претпријатија бидат зголемувањето - за енергетика и на довербата во гас, железниците и за пазарот, зголемувањето управување со патиштата. на инвестиците и растот Според српските на приватниот сектор. Фискалната аналитичари, јавното енергетско консолидација според новата економска претпријатие ЕПС ќе биде ставено како програма првенствено ќе биде пример преку кој ќе се следи реформата насочена кон намалување на расходите на јавните претпријатија. за плати и пензии и намалување на Александар Обрадовиќ, генерален големата буџетска поддршка за јавните директор на ЕПС објаснува дека ќе претпријатија. Србија превзема обврска сладува комплетна реорганизација со реструктуирање на големите јавни на работењето на компанијата и претпријатија - како на пример за дека прв чекор ќе биде спојување и електрична енергија, за гас, потоа на централизација на сите активности и железниците и на патните претпријатија, фирми ќерки кои досега работеле. со што треба да се намалат буџетските “Целта е да се намали одливи за нивнотоо работење и да се администрацијата, да се намалат зголеми квалитетот на услугите кои ги трошоците и да се подобри наплатата нудат. на електрична енергија”, објасни Паралелено, треба да бидат Обрадовиќ. спроведени реформи за зајакнување на Од поочетокот на следната година даночната управа со цел да се зголеми Србија воведува и акциза за електрична ефикасноста на наплатата на приходите, енергија која ќе ја поскапи цената на за подобрување на управувањето овој енергенс. Исто така, од јануари со јавните финансии, зајакнување 2015 година Србија ќе воведе уште една на контролата на јавните расходи и давачка која ќе се плаќа при транспорт

1,4


Капитал број 786 21.11.2014

44

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Зузана Мургасова шеф на мисијата на ММФ во Србија

искалната Ф консолидација има две цели - да

ја заузда високата јавна потрошувачка, односно вкупните трошоци за пензии и плати во јавниот сектор, како и намалување на издатоците од буџетот за јавните претпријатија.

Душан Вујовиќ министер за финансии на Србија

авните Ј претпријатија мораат да ги

намалат трошоците, да направат корпоративна и ефикасна структура на управување. Веројатно ќе има и отпуштања, односно разионализација на бројот на вработени како што тоа би го направил секој работодавач на запад. ЕПС има 600 директори, а на фирми од таа големина не и се потребни повеќе од 100 директори.

Србољуб Антиќ

поранашен претставник на Србија во ММФ

екогаш досега С кога бевме во аранжман со ММФ

нашата политичка елита се однесуваше пристојно. Штом ќе завршеше аранжманот, почнуваше расфрлањето со пари и власта почнуваше да се однесува како пијан милионер.

на гас, а која ќе ја поскапи цената на гасот за 2% до 5%. “Од Владата добив налог дека од 1 јануари следната година сите мораат да плаќаат гас. Доколку сакаме Србијагас да биде конкурентен на пазарот и да се намали притисокот на буџетот, транспортот на гасот мора да биде поскап за два динара и мрежарината мора да биде покачена на реална цена на чинење”, вели Душан Бајатоиќ, директот на Србијагас. Челниците на енергетските претпријатиија објаснуваат дека овие поскапувања се смсилени и наметнати од страна на ММФ кој сака да се осигура и да обезбеди дополнителни приходи во буџетот ако не тргне се најдобро со предвидениот план на реформи. Поранешниот претставник на Србија во ММФ Србољуб Антиќ смета дека нема потреба од толкава еуфорија околу аранжманот, бидејќи ММФ не е добротворна организација и преземените реформи мора да бидат реализирани за да се добијат очекуваните пари. “Реформите мора да се спроведат до крај, бидејќи за да

ни биде подобро треба прво да ни биде потешко. Најнапред треба да бидеме свесни дека ова не се посакувани реформи, бидејќи ако ние сме сакале да ги направиме овие реформи немало да ни треба ММФ”, вели Антиќ. Според него, отпуштања во јавниот сектор сигурно ќе има, бидејќи тоа конкретно го бара и ММФ. Голем број од отпуштањата ќе бидат во ЕПС и другите јавни претпријатија, со што практично ќе почне нивната реорганизација. “Секогаш досега кога бевме во аранжман со ММФ нашата политичка елита се однесуваше пристојно. Штом ќе завршеше аранжманот почнуваше расфрлањето со пари, и власта почнуваше да се однесува како пијан милионер”, вели Антиќ. Последниот аранжман на Србија со ММФ беше потпишан во септември 2011 година, но траел кратко заради неисполнување на договорената фискална консолидација и веќе во февруари 2012 година бил замрзат. Во изминатите 15 години Србија имала три аранжмани со ММФ во 2001 година, стенд бај во 2004 година и аранжман заради претпазливост во 2009 година.


ПОКАНА На 11 декември 2014 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 15. сесија на Клубот на истражувачи, каде што ќе бидат презентирани следниве трудови: XX „Индекси за мерење на банкарската стабилност“, автор: Елена Мучева-Михајловска; и XX „Пост-кризно забавување на кредитната активност во ЈИЕ - Враќање во нормала“ (Post Crisis Credit Slow-Down in SEE-Return to Normality), автори: Бранимир Јовановиќ, Егзона Хани и Љупка Георгиевска.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 15. сесија на Клубот на истражувачи најдоцна до 9 декември 2014 година на тел. +389 2 3298110; и електронска пошта kontakt@kapital.com.mk. Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Зима, камин, снег, новогодишни забави, божиќни подароци, малку магија и чаша шампањ.... Ова се првите асоцијации на главните стилски елементи кои го одбележуваат зимскиот период преполн со празници, подароци и забава.

5

ДЕКЕМВРИ 2014

Business Style

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ IN, ДЕФИНИТИВНО ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ОВИЕ РАБОТИ:  Во кои бои треба да се облечете зимава? Дали да одберете капут кој на голема врата се враќа на модната сцена или јакна? Кој е вистинскиот избор за Вас?  Коктел забавите кои следуваат веќе следниот месец се вистински предизвик. Осмислете во вашиот изглед навреме. Ве советуваме како да го направите вистинскиот избор и комбинација на “парталчиња“ доколку сакате да изгледате како “милион долари“? Секако не заборавајте дека и изборот на храната мора да биде соодветен и за пригодата и за гостите кои сте ги поканиле!  Подароците никако не ги заборавајте. Навреме подгответе се и добро осмислете што да им подарите на вашите соработници,

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3280 910

партнери и пријатели? Дефинитивно, потрудете се да бидете креативни и оригинални. Македонскиот пазар нуди широк избор на прекрасни подароци- часовници, уникатен и модерен накит, ексклузивни пијалоци, канцелариски аксесоари...! Изборот е голем!  Бизнис гаџети за 2015 година! Што ново доаѓа на сцената на мобилни уреди и аксесоари неопходни за секој бизнисмен?  Во светот на брзи промени некои нешта никогаш не се менуваат и не излегуваат од мода- ексклузивни автомобили и добри часовници се дел од нив! Кој е вистинскиот избор за Вас? Што ново може да очекувате во новата година?

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

САЊА САВОВСКА


Капитал број 787 28.11.2014

46

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Lisici na racete i na Miroslav Bogi^evi], sopstve

[kolski primer kak biznismeni izvleku пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

еделава во центарот на вниманието е бизнисменот Мирослав Богичевиќ, еден од прочуената тројка тајкуни во Србија, познат како сопственик на концернот Фармаком МБ кој што полицијата го уапси во понеделникот на белградскиот аеродром Никола Тесла во обид да ја напушти земјата. Полицијата му ставила лисици на рацете по налог на Обвинителството за организиран криминал поради сомневања дека во периодот од октомври 2012 година до март лани земал кредити од неколку српски банки без соодветно обезбедување. Финансиската шема според објаснувањата на српското Министерство за внатрешни работи, одела преку други фирми кои што земале кредити од Привредна банка од Белград, за кои како жирант се јавила токму неговата компанија Фармаком МБ, меѓутоа, парите уште истиот ден се трансферирале на сметката на компанијата на Богичевиќ во вид на позајмица. Заедно со него е уапсен и директорот на кредитниот одбор на Привредна банка, Миодраг Салај. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека овие малверзации не би биле можни ако во целата злоупотреба не биле вмешани и српски политичари кои што биле во спрега со

бизнисмените и директорите на банките. Тој изјави дека истрагата за Богичевиќ ќе биде проширена и ќе опфати многу повеќе луѓе, бидејќи засега на негов товар е само мал дел од сите малверзации што се истражени. Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави дека верува дека истрагата во случајот Фармаком ќе покаже дека и други банки се оштетени поради давање ненаплатливи кредити и порача дека партиската книшка нема никого да заштити. Засега се знае дека Привредна банка од Белград одобрила кредити без адекватно обезбедување на повеќе фирми, и тоа 2 милиони евра за компанијата Еурогума ББС, 1,8 милиони евра за Еко Фокус, 1,9 милиони евра за Инмолд, 1,88 милиони евра за Олимпикус БП, 1,88 милиони евра исто така за Порфито траде, 1,69 милиони евра за Вадрапром, уште толку за Аматор, милион евра за Фермин и 1,3 милиони евра за Михмил. Вкупно 15,14 милиони евра за кои што обвинителството смета дека е направена штета и на банката но и на државата. Апсењето на познатиот бизнисмен од Шабац доаѓа во време кога тој заедно со уште двајца познати деловни луѓе во Србија, Горан Перчевиќ и Жељко Жуниќ се во центарот на медиумското внимание поради наводни малверзации со милионски кредити земени од повеќе банки. Перчевиќ инаку поранешен функционер на СПС и бизнисмен на годината во 2012 година, е уапсен уште пред десетина дена, а премиерот на Србија, Александар Вучиќ уште истиот ден изјави дека Богичевиќ заедно со Перчевиќ и некои политичари земале кредити од неколку милиони евра од Српска банка, а како обезбедување

Србија расчистува финансиски криминал тежок над милијарда евра! Ако се соберат сите финансиски афери што во последно време се откриваат во Србија, а во кои се вмешани најголемите српски тајкуни, произлегува дека тие оштетиле повеќе државни банки и јавни претпријатија, а со тоа и државниот буџет за над милијарда евра. Моделот на кражба бил ист во сите банки. Моќните бизнисмени земале повеќе милионски кредити од повеќе државни банки, а како обезбедување на заемот, по повеќе пати ги оставале истите парцели, деловни згради, хангари, па дури и јаловина.


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

Балкан бизнис и политика

enik na Mlekara [abac

47

ko politi^ari i uvaat pari od banki Ако се соберат сите финансиски афери што во последно време се откриваат во Србија, а во кои се вмешани најголемите српски "тајкуни", произлегува дека тие оштетиле повеќе државни банки и јавни претпријатија, а со тоа и државниот буџет за над милијарда евра. Моделот на кражба бил ист во сите банки. Моќните бизнисмени земале повеќе милионски кредити од повеќе државни банки, а како обезбедување на заемот, по повеќе пати ги оставале истите парцели, деловни згради, хангари, па дури и јаловина. Неделава во центарот на вниманието е бизнисменот Мирослав Богичевиќ, еден од прочуената тројка тајкуни во Србија, познат како сопственик на концернот Фармаком МБ кој што полицијата го уапси во понеделникот на белградскиот аеродром Никола Тесла во обид да ја напушти земјата. за кредитите давале јаловина. Дел од медиумите, пак, пишуваат дека станува збор за „извлекување пари во Кипар“. Мирослав Богичевиќ како дел од прочуената тројка тајкуни, заедно со Горан Перчевиќ, сопственик на Интеркомерц кој што исто така е уапсен и Жељко Жуниќ, сопственик ма Беохемија, се задолжувале во повеќе банки, меѓу кои Агробанка, Развојна банка Војводина, Привредна банка, Универзал, Српска банка, Дунав и Јубмес банка. Четири од нив веќе се згаснати со загуба поголема од 800 милиони евра. Во Управните одбори на банките седеле луѓе кои што се блиски соработници на Богичевиќ бидејќи самиот тој бил малцински акционер во нив до 5%, што е максимално дозволено да се купи без проверка и претходна дозвола од Народната банка на Србија. Должен е уште во десетина домашни и странски банки. Според пишувањата на српските медиуми, Богичевиќ е осомничен дека им должи на банките над 450 милиони евра, над 40 милиони евра на добавувачите и уште 13 милиони евра на даночната управа. Дека целата „игранка“ со земањето кредити кои Богичевиќ не може да ги врати со оглед на состојбата во која се наоѓаат неговите фирми, дојде до крај, потврдува и одлуката на судот, концернот Фармаком МБ да оди во стечај, но не на барање на домашните доверители, туку на Светска банка. Богичевиќ очекувал дека ќе се спаси со пролонгирање на долговите за 24 месеци или репрограмирање на десет години, меѓутоа, со оглед на дубиозите во кои западна бизнисменот, тешко дека ќе се извлече од оваа

ситуација. Неговата компанија Фармаком МБ минатиот месец отиде во стечај поради трајна платежна неспособност. Според податоците на Народната банка на Србија (НБС), сметката на Фармаком МБ е во непрекината блокада 520 дена, од април 2013 година. Сопственикот на Фармаком МБ на почетокот на годината беше споменуван и како еден од најголемите должници на пропаднатата Универзал банка. Потоа српските медиуми пишуваа за излевање на токсичен отпад од затворениот рудник Столица кој што е во негова сопственост. Неговото име во минатото се поврзуваше и со купувањето на Политика, а јавноста сепак најмногу го знае како сопственик на Фабриката за акумулатори Сомбор и Млекарата Шабац. Во спортските кругови се спомнуваше дека бил на прагот да го преземе фудбалскиот клуб Партизан. Богичевиќ ја основал компанијата Фармаком во 1989 година, чија основна дејност била аптекарско работење, а паралелно со тоа и увоз и извоз. Осум години покасно е извршена пререгистрација на компанијата во Фармаком МБ, а основна дејност на фирмата станува трговија на големо, како и производство на средства за заштита на билки, обоени метали и минерални ѓубрива, а се се реализира преку заедничко производство и тоа со компании во составот на претпријатието Зорка од Шабац. Набрзо Фармаком МБ стекнува сопствеништво на Млекара Шабац, Фабрика за акумулатори Сомбор, Земјоделски комбинат 7 јули, Индустриски комбинат Гуча, Леарница Пожега, Рудници

и топилница Зајечар, рудникот за антимон и цинк Сува Руда, и рудникот за олово и цинк Леце. Тој е роден на 5 октомври 1953 година во Шабац, виша управна школа завршил во Сараево, а првото вработување го добил во 1973 година во Фондот за здравствено осигурување. Во приватниот бизнис преминува во 1992 година во фармацевтската индустрија, односно бизнисот со аптеки, а потоа и со трговија и производство. Иако од 2003 година и тој учествуваше во бројни приватизации и кон концернот Фармаком придодаде уште девет компании од различни сектори, за него не се врзуваа вообичаените афери што го следеа тој процес. Освен Богичевиќ, српското Обвинителство за организиран криминал во случајот Развојна банка Војводина подигна обвиненија против шест осомничени дека на компаниите Боровица и Унихемком им одобриле кредити без соодветни покритија во вредност од околу 30 милиони евра. Сопственикот на Делта Холдинг, Мирослав Мишковиќ и неговите соработници се товарат дека ги оштетиле државните претпријатија за патишта за над 140 милиони евра. Во аферата Агробанка, во кои се осомничени 21 луѓе меѓу кои и сопственикот на Хабитфарм, Радослав Лале Секулиќ кој што во меѓувреме почина, се проценува дека е направена штета од 47,5 милиони евра. Поранешниот генерален директор на Галеника, Ненад Огненовиќ и неколку негови соработници се обвинети за финансиски малверзации од 7,5 милиони евра.


Капитал број 787 28.11.2014

48

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

e j o K kot ae v ^ovgo iz i] d koji Banvor? d zat od

Marijan Han@ekovi]

advokat, mediumski mogul, trilateralec пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

е со заложени недвижнини, туку со гаранција од околу два милиони евра во кеш, загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ излезе од затворот во Реметинац и ќе се брани од слобода во случајот Аграм. Иако тој при напуштањето на затворот одби да одговори на новинарското прашање кој му ја платил гаранцијата, набргу се дозна дека неговиот адвокат, Маријан Ханжековиќ, ја обезбедил целокупната сума подигајќи краткорочен кредит во банка. Не поминаа неколу часа

од објавувањето на информацијата, а веќе се постави прашањето дали е легална гаранцијата за пуштањето на Бандиќ на слобода. Пратеникот на Социјалдемократската партија на Хрватска (на премиерот Зоран Милановиќ, а на која Бандиќ & припаѓаше долги години, пред да се конфронтира со неа откако во 2009 година истакна самостојна кандидатура на претседателските избори во земјата), Пеѓа Грбин, оцени дека загрепскиот градоначалник не смеел да ги прими двата милиони евра (15 милиони куни) од адвокатот Ханжековиќ, бидејќи тоа претставувало судир на интерес. Грбин се повикува на хрватскиот Закон за спречување судир на интереси, во кој се вели дека „јавен функционер не смее да прими подарок кога тој е во пари“, и оти „правата и услугите дадени без надомест можат функционерот да

го доведат во однос на зависност кон дарителот“. Покрај ова, Ханжековиќ, односно неговата адвокатска фирма „Ханжековиќ и партнерите“, со години е на листата на ополномоштени застапници на трговското друштво Загрепски холдинг д.о.о. (во аферата Аграм осомничен е и сега веќе поранешниот директор на Холдингот, Слободан Љубичиќ, за кој, исто така, се обезбедени услови за да излезе од притвор и да се брани од слобода). Како и да е, Хрватската адвокатска комора одговори на прашањето за легалноста на гаранцијата, со мислење дека Ханжековиќ, од еснафска гледна точка, „не е во судир на интереси како ополномоштеник на одредени подружници на Загепскиот холдинг“, и оти не сторил нешто што е во спротивност со одредбите на Кондексот на адвокатската етика.


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

Балкан бизнис и политика Адвокатот која „како од шега“ подигна кредит од два милиони евра за кауција

Преземањето на одбраната на Бандиќ од страна на адвокатот Маријан Ханжековиќ, би требало можноста за победа на Бандиќ во спорот да ја подигне до границите на можното. Ханжековиќ е најмоќен и најбогат адвокат во Хрватска, и еден од најбогатите Хрвати (леснотијата, односно брзината со која го подигна кредитот за кауцијата на Бандиќ е доволно илустративна). Неговата адвокатска фирма брои 104 вработени, а во 2013 година приходувала со околу шест милиони евра, со профит од над милион евра. Кога е во прашање профитот, фирмата одлично поминала во 2012, кога добивката изнесувала скоро 2,5 милиони евра. Ханжековиќ е поврзан со 23 различни деловни субјекти, а најкорисна за Бандиќ, секако ќе биде врската на неговиот адвокат со Еуропапрес холдингот (EPH), медиумската компанија која ги издава хрватски Јутарњи лист, Слободна Далмација, Глобус, хрватското издание на Форбс, Глориа ...Имено, компанијата Еуро потицаји д.о.о, чиј единствен основач е Маријан Ханжековиќ, неодамна го откупи мнозинскиот удел (90%) во темелниот капитал на EPH, кој го поседуваше Хипо Алпе-Адриа банката. Не е тешко да се претпостави како ќе известуваат (влијаат) некои од споменатите медиуми за понатамошниот судски тек на случајот Аграм. Понатаму, не дека ќе има потреба да се потегнат толку високи „врски“ во одбрана на Бандиќ, но, за да се добие претстава за моќта на Ханжековиќ треба да се спомене и тоа дека тој е еден од тројцата членови од Хрватска во Трилатералната комисија (заедно со Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешната министерка за надворешни работи и за европски интеграции, поранешен амбасадор на Хрватска во САД, и денеска помошник на главниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, и со Фрањо Луковиќ, кој беше еден од најдолговечните банкарски шефови во Европа, со цели 22 години на чело на Управата на Загребачка банка). Трилатералната комисија е сестринска организација на Билдерберг групата, и е основана од Дејвид Роквелер. Целта & е промовирање блиски односи меѓу САД, Европа и Јапонија, а европската група „трилатералци“ неодамна се состана во Белград. За престижноста на членството во Триалтералата зборува правилото дека тоа се добива само по покана од раководството на организацијата која конспиративците ја нарекуваат „светска влада во сенка“. Во контекстот не е на одмет да се спомене и дека Ханжековиќ е високопозициониран масон (од највисок, 33 степен, и тоа во ценетиот Шкотски ред). Хрватскиот печат пишува дека значаен дел од своите бизнис подвизи адвокатот ги постигнува како „изнудувач“ на долгови за гиганти од видот на Хрватскиот телеком, на Хрватската радиотелевизија ... и, што е во случајов е најинтересно, на Загрепскиот холдинг. Имено, адвокатската фирма на Ханжековиќ оваа

49

Преземањето на одбраната на Бандиќ од страна на адвокатот Ханжековиќ, би требало можноста за победа на загрепскиот градоначалник во случајот Аграм да ја подигне до границите на можното. Најмоќниот адвокат во Хрватска, кој „преку ноќ“ подигна кредит од два милиони евра за неговиот клиент да може да се брани од слобода, однеодамна поседува 90% од медиумското царство Еуропапрес холдинг, кое издава неколку од највлијателните весници во земјата година (првенствено благодарение токму на неговиот клиент Бандиќ) ја преземала наплатата на долговите на граѓаните кон загрепска Чистота и Градското станбено-комунално стопанство (кои припаѓаат на Загрепскиот холдинг). Приходите само од оваа зделка на „Ханжековиќ и партнерите“ во 2014 ќе им донесат приходи од околу 2,2 милиони евра, при што, како што пишува Индекс.хр, се работи за износ без ДДВ. Потралот, навраќајќи се низ биографијата на адвокатот, наведува дека тој стекнал поприлично богатство во 2007 година, кога го продал својот удел (косопственички) во компанијата за кредитни картички Динерс, на Ерсте банката, за 150 милиони евра, од кои негови биле 51 милион.

Бандиќ во претседателската трка на 28 декември?!

На загрепскиот градоначалник, Милан Бандиќ, кој очигледно чувствува дека е во сигурни адвокатски раце, прва грижа по излегувањето од Реметинац му беше да си ја поврати кондицијата за трчање, бидејќи, како што самиот се пожали, во затворот можел само да пешачи. Бандиќ пред пуштањето на слобода потпиша дека нема да ги крши условите на гаранцијата, односно оти нема да ја врши должноста за која е избран на непосредни избори (градоначалничката), и дека нема да влијае на сведоците. Но, извесен маневарски простор му остава правната

дупка, односно Законот за кривична постапка кој не определува кое тело ќе го врши надзорот врз почитувањето на условите на гаранцијата од страна на Бандиќ. Судот, како што пишува хрватскиот печат, треба на загрепскиот Совет и власти да им достави решение дека на осомничените им е изречена мерката забрана за вршење на дејноста, а Ускок (хрватската Канцеларија за борба со корупцијата и со организираниот криминал) треба редовно да бара извесувања од двете тела на градот за тоа дали има прекршување на условите од гаранцијата. Што се однесува, пак, до спречувањето на комуникацијата со сведоците, тоа би требало да го контролира локалната полиција. Дека правната празнина не значи оти Обвинителството останува без можност ефикасно да го следи придржувањето на Бандиќ (и на останатите осомничени) до ветеното при условното пуштање на слобода, се изјасни претседателот на Жупанискиот суд во Загреб, Иван Турудиќ, кој смета дека градоначалникот има „15 милиони причини“ (сумата на гаранцијата изразена во куни - досега најголема во Хрватска, по онаа што во заложени недвижнини во вредност од 1,6 милиони евра беше дадена за да може да се брани од слобода Иво Санадер) да внимава што прави. „До сознанија за евентуално кршење на условите може да дојде Државното обвинителство, како што доаѓа до сознанија, на пример, за сторено кривично дело“, изјави Турудиќ.


Капитал број 787 28.11.2014

50

www.kapital.mk

свет

sankciite protiv Putin imaat efekt

Rusija se li vo recesija


www.kapital.mk

izga a

Капитал број 787 28.11.2014

свет

51

да продолжи да паѓа. Тоа ќе ги натера инвеститорите веднаш да ги ревидираат прогнозите за Русија. Според Економист, Спасијка Ефтимоска spasijka.eftimoska@kapital.mk еден од поголемите проблеми се долговите на руските фирми, кои имаат фотографија: над 500 милијарди долари надворешен фотоархива на Капитал долг, од кои 130 милијарди долари треба да ги платат пред крајот на 2015 година, односно во време кога многу малку уската економија е ранета западни банки сакаат да ги зголемат и може да влезе во криза, а своите пласмани во Русија. Дури и виновник за тоа во најголем компаниите кои имаат доларски приходи дел е политиката на премиерот може да имаат проблем со плаќање на Владимир Путин, пишува долговите. Нафтениот гигант Роснефт лондонскиот магазин Економист. Сите неодамна побара од Кремљ позајмица очекуваат стагнацијата да продолжи, од 44 милијарди долари. Лошите но веројатно Путин е доволно силен кредити се зголемени и покрај тоа што за да го преживее тоа. Падот на каматната стапка е намалена на 9,5% за рубљата ги направи некои извозни да ја брани рубљата. Според Економист, индустрии, како фармерството, многу директно или индиректно, многу од овие поконкурентни. Овој извоз комбиниран сметки на крај ќе завршат во Кремљ. со санкциите на Путин кон Западот Реално, руската влада има можеби 270 се уште и обезбедуваат мал трговски милијарди долари во готовина, кои суфицит на Русија. Но, се прогнозира се на располагање без да мора да се дека кризата може да се случи многу преземаат масовни резови. Освен ако брзо. Слабостите на Русија Путин со своите политики се многу поранливи отколку не ги влоши работите. што се чини на прв поглед Уште подлабоко мешање и може да бидат тестирани во Украина ќе предизвика веќе со следниот надолен поголеми санкции од тренд на цената на нафтата, Западот. милијарди долари е со растечките долгови на Последната голема надворешниот долг на руските фирми или со нови економска криза и се руските фирми, од кои санкции од Западот. Кога случи на Русија во 1998 130 милијарди долари економијата е на неодржлив година, која доведе треба да ги платат курс, меѓународните до оставка на владата. пред крајот на 2015 финансиери често Овој пат и се закануваат година, односно во предизвикуваат земјата криза, време кога многу малку банкарска многу побрзо да стигне банкроти на компании западни банки сакаат до работот отколку што и длабока рецесија. Тоа да ги зголемат своите очекувале политичарите или ќе предизвика штета и пласмани во Русија инвеститорите. за други земји. Извозот „Некои од руските слабости во Русија создава 5% од се добро познати. Нејзината БДП на Балтикот и на економија која се базира Белорусија, а Австрија на нафтата порасна и Шведска ќе страдаат благодарение на цените поради изложеноста на енергенсите, но сега долари за барел е цената на нивните банки кон цената на нафтата падна, од руски компании. „Ако на нафтата која Русија просекот од 110 долари за руската економија се ќе ја однесе во рецесија барел во првата половина ближи до колапс, се следната година, што на годинава на сегашните 80 очекува Западот да биде ќе се случи и ако САД долари. Тоа ја погоди Русија. повикан да ги укине и нивните сојузници ги Над две третини од рускиот санкциите. Путин нагласи засилат санкциите извоз доаѓа од енергијата. дека работните места на Вредноста на рубљата 300.000 Германци зависат падна за 23% во последните од трговијата со Русија“, три месеци. Санкциите од Западот коментира Економист. исто така предизвикаа проблеми, а банкарите наметнаа рестрикции, не за Критична точка е цена партнерите на Путин, туку за руските на нафтата од 60 долари бизниси. Генерално кажано, годините Рускиот министер за финансии Антон на клептократија имаа корозивен ефект. Силуанов изјави дека Русија ќе влезе во Голем дел од богатството на земјата рецесија следната година ако цената на беше поделено помеѓу пријателите на нафтата падне на 60 долари за барел и Путин“, пишува Економист. ако САД и нивните сојузници ги засилат Главната грижа е цената на нафтата. санкциите. „Економијата на најголемиот Путин верува дека таа ќе се опорави. Но, извозник на енергија во светот нема да се чини понудата се зголемува, а ОПЕК расте повеќе од 1% во 2015 година дури и се обидува да го одбрани својот пазарен цената на нафтата да остане стабилна и удел. Американската владина агенција санкциите да не се променат. Рецесијата предвидува дека цената на нафтата ќе е очекувана во 2015 ако ситуацијата се биде во просек 83 долари за барел во влоши“, вели Силуанов. 2015 година, малку под нивото од 90 Оваа година економскиот раст на Русија долари за барел кое и треба на Русија е најбавен од 2009 година и се очекува за да избегне рецесија. Ако глобалната во третиот квартал да изнесува 0,7%. побарувачка заслабне – Јапонија влезе Околу 70% се шансите за рецесија во во рецесија – цената на нафтата може следните 12 години, покажа анкетата на пишува:

Р

500

60


Капитал број 787 28.11.2014

52

www.kapital.mk

свет Антон Силуанов

Сергеј Глазјев

Р

Р

главен економски советник на Владимир Путин

министер за финансии на Русија

27 економисти во октомври. Во минатиот месец беа 60%. Централната банка на Русија, која прогнозираше раст на БДП од 0,3% оваа година, минатата недела информира дека растот идната година ќе биде нула. Банката очекува санкциите да завршат во 2017, а цената на нафтата да биде во просек 95 долари. Но, Силуанов не очекува кризата да биде поголема од таа што се случи по падот на Леман брадрс. Тој тврди дека растот ќе се опорави откако економијата ќе се адаптира на новите услови. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 0,6% од БДП во 2015 година, за разлика од годинашниот суфицит од 0,1% до 0,3%. Според сегашните проценки, руската економија губи најмалку 40 милијарди долари поради санкциите од Западот и 90-100 милијарди долари поради падот на цената на нафтата. Путин смета дека причина за намалувањето на цената на нафтата е зголемувањето на производството во Саудиска Арабија, Либија и Ирак, незаконската продажба по ниски цени која ја вршат припадниците на Исламската држава (30 долари по барел) и намалувањето на потрошувачката поради економската криза. Русија веќе годинава бележи пад на БДП и тоа во вториот и третиот квартал, што се случува за првпат после четири години. Паѓа и бројот на вработени. Според најновите податоци, индексот на набавки за потребите на производството паднал под критичната граноца од 50 поени, што значи дека стопанскиот раст влегол во таканаречената „минус фаза“. Канцеларијата за статистика објави дека компаниите во јули отпуштиле најмногу вработени во споредба со претходните

усија поради погрешната економска политика во изминатите 10 години стана само суровински додаток на Западот. Руската економија во иднина ќе доживее целосен колапс ако владата не се откаже од сегашниот либералномонетаристички курс.

economist.com

усија ќе влезе во рецесија следната година ако цената на нафтата падне на 60 долари за барел и ако САД и нивните сојузници ги засилат санкциите. Економијата на најголемиот извозник на енергија во светот нема да расте повеќе од 1% во 2015 година дури и цената на нафтата да остане стабилна и санкциите да не се променат. Рецесијата е очекувана ако ситуацијата се влоши.

Слабостите на Русија се многу поранливи отколку што се чини на прв поглед и може да бидат тестирани веќе со следниот надолен тренд на цената на нафтата, со растечките долгови на руските фирми или со нови санкции од Западот. седум месеци. Руските економисти сметаат дека руската економија ќе доживее целосен колапс ако владата не се откаже од либерално-монетаристичката насока. Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека Русија е веќе во рецесија, поради што ја намали прогнозата за раст на руската економија на 0,5% за оваа и на 1,3% за наредната година. „Во сегашната ситуација причина за воздржан оптимизам околу идниот развој на состојбата во руската

економија може да биде податокот за јулскиот скок на нарачките за извоз од индустријата до највисоко ниво во изминатите 14 месеци. Надворешната побарувачка е добра основа за нова фазат на раст и по тоа оваа ситуација многу се разликува од кризата која ја зафати економијата во 2008 и 2009 година, кога рускиот БДП падна најмногу во однос на другите земји од групата осум индустриски најразвиени“, вели Александар Морозов, главен економист во ХСБЦ банката. Според него,


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

свет натамошното слабеење на инфлацијата, која годинава нема да биде поголема од 6%, може да влијае на стабилизацијата на приходите на граѓаните и на растот на приватната потрошувачка.

53

Зошто е одбиен планот за раст од 8% до 10%?

Но, најголем дел од руската индустрија е во криза, а трајноста на поголемата побарувачка за извоз не е загарантирана, пред се поради натамошното забавување на кинеската економија. Инаку, Кремљ за оваа година прогнозираше економски раст од 3,5% до 4%. Еден од главните економски советници на рускиот претседател, Сергеј Глазјев, на крајот од минатата година му предложи на Путин целосно нов концепт за стопанството кој би требало да гарантира многу брз годишен економски раст во распон од 8% до 10%. Но, владата на Дмитриј Медведев не го усвои овој план бидејќи го оцени „како многу радикален и неприменлив во сегашните прилики во домашната и светската економија“. Планот на Глазјев предвидува, меѓуостанатото, забрзаната дедоларизација на Русија, претворање на рубљата во валута со регионално значење, големи стимулации за раст на производството, а и големи инвестиции во инфраструктура и во стопански објекти со стратешка важност. Според Глазјев, Русија поради погрешната економска политика во изминатите 10 години стана само суровински додаток на Западот. Тој верува дека руската економија во иднина ќе доживее целосен колапс ако владата не се откаже од сегашниот либералномонетаристички курс. „Дури и цената на нафтата да се врати на задоволителна бројка, руската економија и понатаму ќе има големи проблеми. Рацете на челниците во Москва се врзани, буџетот е на издивнување, а банките на кои им треба финансиска помош би можеле до крајот на годината да ги потрошат своите ресурси“, смета Волф Фабиан Хунгерланд, економист на Бернеберг банката од Хамбург. Според Светската банка, руските компании и банки ќе се соочуваат со се поголеми ограничувања во пристапот до меѓународните пазари на капитал, што ќе доведе до натамошен раст на цените на кредитите и до намалување на инвестициските активности.

Економскиот модел веќе не дава резултати

Економската криза во Русија сруши многу планови. Руските банки веќе не можат да добијат пари кај европските банки. Московските трговци со акции сега на своите муштерии им препорачуваат продажба на акциите од банкарскиот и енергетскиот сектор. Поради растечката инфлација, пак, банките не даваат кредити или ги даваат со високи камати. Од тоа се погодени сите и граѓаните и фирмите. Валериј Миронов од Економскиот факултет во Москва смета дека руската економија може најмалку една година да живее без ниедна голема фирма да мора да банкротира. „Но, растот и обновувањето на производството осетно

ќе забават. А колку подолго се живее без инвестиции и само се отплаќаат долгови, дали со свои заштеди или од резервните фондови на државата, кои изнесуваат околу 450 милијарди долари, тогаш нема модернизирање, па се губи конкурентната способност“, вели тој. Ректорот на Руската академија за народно стопанство и за државна администрација, Владимир Мау, смета дека ниту за руските, ниту за европските економски проблеми санкциите не претставуваат некаква основа, туку проблемите се појавиле многу порано, а санкциите се последица на кризата. Но, основата причина за забавување на економскиот раст се бара во економскиот модел кој веќе не дава резултати. Тоа се случи како од надворешни причини, бидејќи престана

да расте цената на нафтата, така и од внатрешни причини, некои економисти оваа појава ја нарекуваат „стапица на средното ниво на приходи“. Русија се претвори во земја со висока цена на трудот и со релативно лоши економски институции. Според динамиката на БДП по глава на жител, Русија во последниве години се искачи на ниското ниво на развиени земји, а според квалитетот на институциите остана во групата на земји во развој. Бизнисот е подготвен да се помири со релативно лошите институции при ниски цени или да плати повеќе со гаранции кои ги даваат добрите институции. Сепак комбинацијата на лоши институции со скап труд е лоша за бизнисот. Сега е неопходен премин од „економска побарувачка“ кон „економска понуда“.


Капитал број 787 28.11.2014

54

www.kapital.mk

на руЧек со...

Златко Кармариќ Амбасадор на Република Хрватска во Македонија

Politi^arite m da gledaat poda od sega[nosta


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014

на руЧек со... Нашето мени Од богатото мени на Aрабеска избравме мешано овошје и Сејлор салата

mora aleku

55

Првиот хрватски амбасадор на Косово и поранешен воен градоначалник на Осијек вели дека после се што поминал дефинитивно му се потврдило дека конфликтите се бесмислени. Во опширното интервју Крамариќ испраќа пораки за разбирање и мир, но и совети до политичарите да го релаксираат крутото сфаќање на политиката и да престанат да бараат влакно во јајцето. разговарал и фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Македонист, воен градоначалник на Осијек, четири пати избран за градски татко, пријател на фамилијата Хабзбург, прв хрватски амбасадор на Косово. Ова се само дел од интересните факти за Златко Крамариќ, актуелен амбасадор на Република Хрватска во Македонија кој оваа недела е гостин во рубриката На ручек со. На неговата екселенција му оставивме слобода сам да почне да ја раскажува својата богата и интересна животна приказна.

Амбасадорот обично си оди заљубен од земјата, а јас дојдов веќе заљубен во Македонија

Амбасадорот Крамариќ со гордост потенцира дека е присутен во Македонија децении пред стапувањето на неговата функција. Тој е еден од неколкумината прочуени македонисти кои се најдобри амбасадори на македонската литература и култура надвор од нашите државни. Еве како Крамариќ се импресионирал од нашата литератуrа и решил нејзе да и ја посвети целата професионална кариера. "Во Загреб завршив Факултетот за славистика и филозофија. Можеби поприродно ќе беше да се занимавав со некој друг словенски јазик на пример словнечкиот, бидејќи сум кајкавец по раѓање. Но, еден прочуен професор Петар Кепески, прво ме навлече, а потоа и вечно ми ја всади љубовта кон македонскиот јазик. Уште се сеќавам на неговата антологија на македонската поезија која успеа да ме фасцинира и да ме увери дека има смисла, покрај македонската драма и проза да се посветам и на македонистиката. Во понатамошната соработка со Македонија Крамариќ се сеќава на прекрасните дружења со легендарниог Славко Јаневски и цела генерација на други извонредни македонски автори од тој период како на пример Живко Чинго, Петре М. Андреевски... Но, со жалење констатира нешто што уште тогаш го забележал, дека културната размена на југословенско ниво е ограничена само на ограничени кругови од високата академска класа. "Токму тоа беше основа на сите проблеми. Југославија со прекини

Ото Фон Хабсбург го доживеа падот на комунизмот како обновување на неговата империја

На линијата на осијечкиот фронт помеѓу многуте луѓе тој стигнува и да го запознае Ото Фон Хабсбург во тој момент последен никулец на славната царска лоза која владееше со Европа со векови. За Крамариќ тоа претставува несекојдневна појава, а особено задоволство му е што контактите со семејстовото Хабсбург, поточно со нивните наследници ги одржува до ден денес. „Ото Фон Хабсбург исклучително се ангажираше во деведесетите години во Чешка,во Унгарија и во Хрватска. На некој начин паѓањето на комунизмот го доживуваше како возобновување на неговата веќе фиктивна империја. Јас лично сум против носталгијата за некое друго време како за Австроунгарија, така и за Југославија, едноставно мислам дека треба да се гледа напред. Но, сфаќањата на Хабсбург за обединета Европа каде луѓето и идеите ќе се движат со брзина и слобода на ветровите е многу блиска до моите погледи на светот“. постоеше повеќе од 70 години. Недопустливо е што културите останаа толку затворени во етничките граници. Дури кога станав амбасадор на Косово сфатив колку малку сме знаеле ние за останатата култура на другите народи припадници на една држава. Едноставно сме имале премногу стереотипи, а премалку знаење!“ Бидејќи Крамариќ е добар познавач на македонскиот јазик и негов долгогодишен истражувач од објективна дистанца се одлучивме да го прашаме и за некои дилеми повразни со македонскиот јазик. Како на пример дилемата која се пласира во јавноста дека Блаже Конески создал вештачки затворен јазик кој е неспособен за природно ширење и кој согласно на тоа е предодреден да изумре. "Како прво судирот на концептите на Конески и Маркоски треба да се гледа од тогашна, а не од сегашна перспектива. Сигурно има многу


Капитал број 787 28.11.2014

56

www.kapital.mk

на руЧек со...

Проблемот на Југославија беше многу малата културна соработка помеѓу различните народи и различните региони

Мојата улога во војната беше да ги смирувам страстите и мислам дека тоа го направив добро

Во политиката и дипломатијата не треба да се бара влакно во јајцето

Одржувам 37 годишен успешен студентски брак

З

латко Крамариќ приватно вели дека е многу едноставен човек која не се поклопува со никакви дипломатски стандарди. Се сеќава дека раното детство го поминал во преубавото Загорје кај неговата баба Ангелина, за на шест годишна возраст да се врати во родниот Осијек и да го започне образованието. Чест му е што завршил во истата гимназија од каде излегле дури двајца нобеловци, познатите Хрвати кои едно време од својот живот го поминале и во Осијек, Лавослав Ружичка и Владимир Прелог. Судбината ќе посака својата работна кариера да ја почне токму како професор во истата таа гимназија. Но, животот на Факултет ќе му донесе и многу други позитивни изненадувања. „Со сопругата Алемка која денес е професор по хрватски и руски јазик се сакавме уште од факултет. Таа љубов пред време или можеби на време резултира со нашето

оправдани причина зошто бил прифатен едниот метод, а не другиот. Но, дефинитивно не е погрешно и нема никаква реална опасност. Јазикот е жива материја која сама од себе се корегира. Можеби ново нормирање воопшто и нема да е потребно. Тој на долг рок сам ќе си ги усклади нелогичностите и пропустите ако ги има. Така да стравувањата апсолутно се неоправдани".

Војната ме вовлече во политиката која никогаш не ја сакав

Општествено политичките промени во Југославија го затекнуваат Крамариќ како многу успешен и тотално аполитичен професор на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој самиот кажува дека никогаш не ја сакал политиката и постојано се трудел да се одржи дистанца од нејзе. Но, формирањето на првите политички партии во Хрватска во комбинација со растот на нестабилност во земјата очигледно ќе го натераат да се премисли. "Колку и да си неутрален и аполитичен, кога ќе дојдат такви нестабилни

дете Еуген кој се роди уште додека бевме на студии. Овој настан ме предизвика да се трудам што побрзо да напредувам низ кариерата со цел да можам да ја одржувам фамилијата“. Денеска синот Еуген има 36 години и е вработен во хрватската индустрија за нафта Кроско, а сопругата Алемка и Златко живеат во Скопје од каде се многу задоволни и наоѓаат интересни начини да го пополнат слободното време. „Јас сум заколнат невозач и антипушач, но затоа сум голем шетач. Избрав претежно неатрактивен дел од градот. Живеам во Влае затоа што е блиску до реката Вардар и секој ден пешачам до Александар Палас. Имам голем број пријатели во Македонија и со нив често одам на македонски ракомет. Веројатно сум еден од најголемите и најредовни навивачи на македонскиот ракомет“, вели Крамариќ.

времиња одговорен човек добива потреба барем нешто да се обиде да направи. Не можев да си го допуштам луксузот да се однесувам аутсајдерски, што инаку е моја омилена позиција, да бидам управител на теориската празнина. За релативно кратко време по моето политичко активирање на листата на либералите, во 1990 година бев избран за градоначалник на Осијек. Знаев дека состојбата е лошам, но не верував дека меѓународниот фактор ќе дозволи војна во самото срце на Европа". Реалноста на најлош можен начин го демантира Крамариќ. Осијек во наредните неколку месеци ќе се најде на линијата на фронтот како најголема урбана средина во Хрватска која воопшто е зафатена од конфликтот. "Тоа беа навистина тешки времиња. Во период од една година градот беше под постојани напади. Јас секое уутро држев пресконференции на кои известував за штетите и жртвите. Секојдневен просек беше да известам за барем пет мртви и уште толку повредени, за на крај да преброиме

трагична бројка од 1.500 загинати". Крамарич иако себеси не се смета за храбар човек вели дека во тие моменти добил некоја одлучна сила која му помогнала и нему и на целиот град. "Јас сватив дека мојата професорска улога во градоначалничката функција е да ги смирам работите. Одбив на хистеријата да возвраќам со хистерија и на лудилото со уште поголемо лудили. Бев искрен и им кажав на граѓаните дека јас друго искуство освен литературното немам, но и ги потсетив дека во литературата е запишано буквално се. На крај задоволен сум што успеав да ги убедам граѓаните и од Хрватска и од српска националност дека во градот функционираат институции кои се тука да им служат и да ги заштитат. Така избегнавме поголемо крвопролевање и катастрофа".

На секоја земја и се потребни државници кои гледаат далеку Како искусен дипломат кој потекнува од земја членка на ЕУ побаравме од Крамариќ да ги проанализира и состојбите во Македонија и да ни


www.kapital.mk

Капитал број 787 28.11.2014 Прием кај Јакуп Красничи поранешен претседател на Косово

Со министерката за култура Елизабета Канческа Милеска

Со Стипе Месиќ во воените денови советува излез од моменталната криза. Тој како пример или контра аргумент ни го посочи хрватско-словенечкиот спор за Пиранскот залив. "Разрешувањето на спорот ни покажа дека политичките прашања треба да се гледаат од една полежерна перспектива која произлегува од секојдневните потреби и живот. Бидејќи, ако сакаме да бараме влакно во секое јајце може и од помали проблеми да направиме непремостливи пречки. Затоа, политичарите треба да бидат

визионери. Абрахам Линколн направи нешто за што веруваше и дури загина поради тоа кое се оставари на дело дури после сто години. Тоа е државнички потег. Кон тоа треба да се стремат сите политичари на Балканот". Следствено на ова Крамариќ смета дека спорот помеѓу Македонија и Грција не е толку страшен како што изгледа и дека е сепак надминлив. "Фактот дека Грците се во редот на најбројните инвеститори во Македонија, а Македонците меѓу најдобрите туристи

на руЧек со...

57

Тајната на дипломатија е во разбирањето

„Немам ништо против луѓе кои размислуваат различно од мене. Но, имам против луѓе кои за самото размислувањето имаат ограничено сфаќање. Значи, вие може да размислувате различно, но тоа не ви дава за право да ме ограничувате мене во слободата на размислувањата“. Вака Крамариќ на филозофски начин ги објаснува неговите сфаќања на дипломатијата. Тој е дециден поборник на тезата дека за се може да се најде решение и за се има договор, само ако тоа се сака од двете страни. „Кај нас во Осијек воената состојба траеше цели осум години. Само од мојот град загинаа 1.500 луѓе, за на крај повторно да седнеме на маса и да ги договориме границите кои се воспоставени со Авној во 1943 година. Кога ќе го преживееш сето тоа, сфаќаш колку војните се бесмислени“. Крамариќ врз основа на своето искуство ги советува младите дипломатите дека се се постигнува со мала чекори и ништо не може да се направи преку ноќ. „Концепти како пинг-понг политиката на Никсон за помирување со Кина се многу ретки или невозможни. Дури и тоа што изгледа дека се направило брзо и ненадејно е подготвувано со години и децении. Затоа, треба да се внимава на секојдневните потези на малите факти и на таков начин да се постигне крајната цел, а не на сила и преку ноќ“.

Со пратеникот Антонио Милошески на едно од дипломатските дружења

во Грција сам по себе кажува многу. Влезот во ЕУ е можен и потребен. Денеска тие интеграции не се само политичка, туку и една цивилизациска придобивка за која вреди да се потрудиме". Крамариќ смета дека во преговорите тежината целосно треба да се фрли на името каде што отстапките и не се толку страшни, а кои според него ќе послужат како добра основа за зачувување на идентитетот како работа околу која не треба да се преговара.


58

Капитал број 787 28.11.2014

светот на виното ПРОЕКТИ

Grad na vinskata civilizacija

K

аде ако не во Бордо!? Во Бордо треба да се изгради Градот на винската цивилизација. Отворањето се очекува во мај 2016 година. Мотивот да се создаде еден таков град е повеќекратен. Пред се, градот Бордо се развивал низ вековите врз винската активност во околината. Вината од областа на Бордо се најпознати во светот по својата исклучителност. Но, се смета дека и покрај с$, виното немало соодветен третман, па така овој проект е своевидно оддолжување на градот кон културата на вино. Во центарот на оваа иницијатива беше долгогодишниот градоначалник на Бордо, Ален Жипе, познат француски политичар, некогашен министер за надворешни работи на Франција. Тој првпат е избран за градоначалник на Бордо во 1995 година и од тогаш е постојано на чело на градот каде што виното низ целата негова историја е главната дејност. Во текот на своите мандати Жипе го вовел и Празникот на виното како празник на градот. Истиот тој концепт, концепт на празнување се пренел во Квебек, во Хонг Конг и Брисел. Со формирањето на Градот на винската цивилизација ќе се овозможи да се создаде место каде што на посетителите ќе им се зборува за виното, за неговото значење и важност. Како што тоа се прави на пример во шпанската област Риоха или во долината Напа во Калифорнија. На посетителите на Градот на винската цивилизација ќе им се овозможи низ 23 различни целини на тој град, да откријат што е тоа елаборација на вино, а ќе бидат воведувани и во првични познавања на винските ароми, ќе учат за дегустацијата, за теруарите и винските области во светот.

Оние кои ги познаваат проектите за градба се воодушевени од нивната оригиналност. Тоа ќе го ревитализира и делот од градот каде што се гради, а Градот ќе биде поврзан со трамвајска линија и ќе има свое пристаниште за јахти, хотел од висока категорија и продажен центар со производи од Бордо и соседните региони во тој дел на Франција. Се претпоставува дека ќе има од 350 до 400 илјади посетители годишно, што нема да биде тешко затоа што во Бордо и онака годишно доаѓаат по три милиони туристи. Овој проект е и дел од проектот за ревитализација на целиот град, кој е многу стар и има многу споменици. Се очекува тука да се слеат и многу средства од европските фондови затоа што се работи за исклучително значаен проект и се реперкуира не само на Франција туку на светот на виното воопшто. Во финансирањето и раеализацијата на проектот учествуваат и многу значајни производители, особено винариите кои се наоѓаат на листа на големи вина од Бордо, направена уште во 1855 година и непроменета досега. И воопшто, сите фактори на винското производство на свој начин се

Казна за биовино

Е

Во Бордо се гради Градот на винската цивилизација. Тој ќе претставува своевидна изложба на винската култура воопшто, а покрај туристичка ќе има и едукативна функција. Треба да биде завршен до мај 2016 година вклучуваат во овој грандиозен проект, а формирана е и фондација во САД за прибирање на средства наменети за реализирање на проектот - Град на винската цивилизација. Всушност, сосема логично е што еден ваков проект се изведува во Бордо град од 700.000 илјади жители, без претерување, светска престолнина на виното, под заштита на УНЕСКО. Бордо со нова линија на брзи возови се приближува до Париз на само два часа возење. Освен тоа во Бордо се одвива најголемата трговија со вино во светот, во него има бројни универзитети, вински школи и професионални установи посветени на виното.

мануел Жибуло, лозар од Бургундија, приврзаник на биодинамика уште од седумдесеттите години, казнет е со парична казна од 30.000 евра и шест месеци затвор затоа што не ги заштитил своите лозја од болест која пак се проширила на соседните насади. Неговото противење да се справи со болестите кои ги предизвикуваат одредени инсекти, разви голема полемика во винските кругови на Бургундија. Ставот на професионалците е дека немало начин да се излезе на крај со болеста која ја предизвикуваат инсекти што доведува до тотално уништување на лозјата и затоа заштитата е неопходна. Овој случај разви и друга полемика околу тоа дали е можно да се направи вистинско био вино без да се загрози севкупното производство. Оваа казна на лозарот кој одбивал да го заштити своето лозје ќе биде преседан и за други вакви случаи.



Со секоја купена Тортина 450г од Винчини донирате 5 денари за децата со посебни потреби во Виница, Штип, Куманово и Струмица


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.